2.5.4. Неспоивост ratione materiae Споивоста ratione materiae наложува, наводните повреди да се однесуваат на права кои се заштитени со Конвенцијата. Оваа надлежност произлегува од материјалната надлежност на Судот. Имено, ова значи дека за една жалба да биде споива ratione materiae со одредбите на Конвенцијата, правото на кое се повикува жалителот мора да биде гарантирано со Конвенцијата и со нејзините протоколи кои стапиле во сила. 596 Притоа, Судот има обврска да испита дали има надлежност ratione materiae во секоја фаза на постапката, без оглед на тоа дали владата поднела приговор во оваа насока. 597 Доколку жалбата, или жалбените наводи се однесуваат на права кои не се заштитени со Конвенцијата, истите ќе бидат прогласени за недопуштени врз основа на критериумот ratione materiae . Така, на пример, жалбата која се однесува на правото на самоопределување ќе биде прогласена за недопуштена, од причинa што ова право не е заштитено со Конвенцијата. 598 Исто така, жалбата ќе биде прогласена за недопуштена доколку се однесува на права за кои е утврдено дека не спаѓаат во опфатот на членовите на Конвенцијата, како што е, на пример, активност за која не се смета дека претставува составен дел на концептот„приватен живот“, според член 8 од Конвенцијата. 599 Имено, важно е да се има предвид дека неспоивоста ratione materiae се однесува и на права за кои е утврдено дека не спаѓаат во опфатот на членовите на Конвенцијата, особено од причина што голем број на одлуки со кои жалбите се прогласуваат за недопуштени ratione materiae се однесуваат токму на опфатот на членовите на Конвенцијата и нејзините протоколи. Притоа, најголем дел од овие одлуки се однесуваат на опфатот на правата заштитени со: членот 5(право на слобода и безбедност), членот 6(право на правично судење), членот 8(право на почитување на приватниот и на семејниот живот, домот и преписката) и членот 1 од Протоколот 1 (заштита на сопственоста). 600 Меѓутоа, исто така, важно е да се има предвид принципот дека Конвенцијата треба да се толкува како„жив инструмент“. 601 Според тоа, Судот има обврска да ја толкува Конвенцијата во контекст на денешните услови, а не преку процена на намерата на креаторите на Конвенција во поглед на определена одредба. Во оваа смисла, треба да постои свесност, особено кај практичарите, за можноста определена одредба да биде развиена со цел да биде усогласена со денешните ситуации. Така, на пример, малку е веројатно дека оние коишто ја изготвиле Конвенцијата предвиделе дека член 8 ќе обезбедува заштита на домот на жалителот од ефектите на постројка за третман на отпад во приватна сопственост, која се наоѓа во близина. Сепак, во случајот Lopez Ostra v. Spain , 602 Судот утврдил повреда на член 8 во такви околности. Доколку жалбата се однесува на одредба од Конвенцијата во однос на која тужената држава изразила резерва, таа ќе биде прогласена за неспоива ratione materiae со Конвен596 European Court of Human Rights, supra note 240, p. 52. 597 Tănase v. Moldova [GC], No. 7/08,§ 131, ECHR 2010. 598 X v. Netherlands (dec.), No. 7230/75, 4 October 1976, DR 7. 599 Baytüre v. Turkey, No. 3270/09,(dec.) 12.3.13 – жалба според член 8 од Конвенцијата, во врска со парализа која настанала како резултат на вакцина; прогласена е за неспоива ratione materiae. 600 European Court of Human Rights, supra note 380, p. 53. 601 Selmouni v. France [GC], No. 25803/94,§ 101, ECHR 1999-V. 602 López Ostra v. Spain , 9 December 1994. 100 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Buch
Kriteriumite za dopuštenost spored Evropskata konvencija za čovekovi prava i Makedonskite predmeti pred Cudot vo StrazvurКритериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten