ФОНДАЦИЈА ” ФРИДРИХ ЕБЕРТ ” РЕВИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 2008 Год. 1 Бр. 1 Стр. 1-94 Скопје, јуни 2008 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 1-94 Скопје, јуни 2008 Издавач: Фондација ” Фридрих Еберт ” Скопје За издавачот: Штефан Денерт Главен уредник: Маја Геровска Митев Уреднички одбор: Марија Доневска, Благица Новковска, Јасминка Фришчиќ, Лилјана Јанкуловска, Ирена Трајковска Теренски истражувач: Светлана Трбојевиќ Лектура: Инда Костова Савиќ Техничка подготовка: Печати: Полијестердеј, Скопје www.polyesterday.com.mk Тираж: 200 ИССН 1857-6052 Изразените мислења во овој труд се одговорност на авторите и не го претставуваат официјалниот став на Фондацијата Фридрих Еберт. Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 1-94 Скопје, јуни 2008 Содржина Вовед................................................................................................................................... 5 Статии Зоран Шуќур: Социјална исклученост: поим, пристапи и операционализација............ 7 Пол Стабс, Маја Геровска Митев: Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост..................................................... 20 Сузана Борнарова: Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Република Македонија................................................................... 34 Благица Новковска: Социјалното исклучување на младите лица.................................. 47 Фимка Тозија: Социјална инклузија на Ромите во здравството- состојби, предизвици и можности........................................................................................................................... 58 Зора Јачова: Инклузивно образование на децата со оштетен слух................................ 68 Анализи и осврти Јасминка Фришчиќ: Национален план за акција за родова рамноправност- размисли и видувања........................................................................................................................... 76 Лилјана Јанкуловска: Можните придобивки од ратификацијата и примената на Европската социјална повелба(ревидирана)............................................................. 82 Од практиката ................................................................................................................ 88 Социјална статистика ............................................................................................... 91 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 1-94 Скопје, јуни 2008 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 1-94 Скопје, јуни 2008 Вовед Вовед Иницирањето на”Ревијата за социјална политика” е резултат на потребата од надо­ пол­ну­ва­ње на празнината што постои во сис­ те­мат­скиот, научен, но и апликативен пристап кон социјалната по­ли­ти­ка во Македонија од 1985 година, наваму. Имено, од 1973 до 1985 го­дина, Вишата школа за социјални работници во Скопје обја­ву­ва­ше периодична публи­ка­ ција под наслов-”Социјална по­ли­ти­ка: сп­и­са­ ние за теорија и пракса”. Списанието, што из­ ле­гуваше во четири, па се прошири на шест броја годишно и што се објавуваше во тираж од 1.500 примероци, даде значаен придонес во“тре­ти­ра­ње­то и рас­вет­лувањето на бројни прашања и проблеми во областа на со­ци­јал­ ната политика”, имајќи“позитивен одѕив меѓу соод­вет­ни­те оп­штес­тве­ни и стручни структури во нашата Република” 1 . Два­е­се­тина го­ди­ни подоцна, оваа Ревија ги има истите стремежи, што ќе се обиде да ги продолжи и постигне во сосема поинакви, изменети соци-еко­ном­ски услови. ”Ревијата за социјална политика” е замислена како списание во кое своите ставови, раз­ми­ слу­вања, критики и предлози ќе ги изнесуваат теоретичарите, аналитичарите, про­фе­си­о­ нал­ци­те од праксата, но и корисниците на услугите од социјалната политика и соци­јал­ ната заштита. Целта е афирмирање и по­до­ бру­вање на теоријата и праксата на соци­јал­ ната по­литика. Рубриките во Списанието ќе опфаќаат статии, странски преводи, анализи и ко­ментари, осврти на најнови случувања, искуства и предлози на корисниците, како и прилог од социјалната статистика. Дијапазо­ нот на темите што ќе ги третира Списанието ги опфаќа следните области: социјалното оси­ гу­рување, социјалната заштита, вработување, плати и животен стан­дард, здравство, до­му­ ва­ње, образование, се­меј­на заштита, како и по­литики на еднаквост(род, етничка при­пад­ ност, онеспо­со­бе­ност), обез­бе­ду­ва­ни на над­ на­­цио­нал­но, национално и ло­кал­но ни­во од страна на државни, приватни и невладини актери. Цел­та на Спи­санието е да придонесе за поголем критички осврт кон случу­ва­ња­та и промените во социјалната политика во Ма­ кедонија, како и да ги истакне различните гле­ дишта на сите актери вклучени во социјалната политика. Почетниот број на Списанието како заедничка тема на сите прилози ја има про­бле­ма­т­и­ка­та на социјалната исклученост. Темата, поради својата ак­туелност и повеќедимензионален ка­рактер, сме­таме дека ќе даде сеопфатен преглед на раз­личните предизвици, проблеми, состојби и по­литики што се поставуваат пред социјалната по­ли­тика. На тој начин, се на­де­ ваме дека овој прв број, истовремено ќе даде и свој придонес за можните модели, прис­та­ пи и решенија во однос на националната политика за социјална вклученост. Се предвидува Ревијата да излегува двапати го­диш­но. Во интерес на што поголем кри­тич­ ки и ин­тер­дисциплинарен пристап, ги по­ви­ку­ ваме сите заинтересирани страни за со­ра­бот­ ка и придонес во развивањето на Ре­ви­јата за социјална политика во публикација која ќе претставува неизбежна алатка во процесите на создавање современ, одржлив и оп­што­ при­­фатен модел на социјална политика во Македонија. На крајот, неизбежно е да се спомене дека из­ да­вањето на ова Спи­са­ние немаше да биде воз­мож­но без сесрдната и материјална под­ др­шка на Фондацијата“Фридрих Еберт“, чии севкпупни залагања во социјалниот домен се поистоветуваат и со целитe нa Списанието. Главен уредник: Маја Геровска Митев 1 Редакциски одбор,“Десетгодишен јубилеј” во Социјална политика: списание за теорија и практика, година X, број 1, 1982, Скопје: Виша школа за социјални работници, стр. 6. Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 1-94 Скопје, јуни 2008 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација Проф. д-р Зоран Шуќур, Правен Факултет, Студиски Центар за социјална работа, Универзитет во Загреб УДК 304-058.3(4) СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ: ПОИМ, ПРИСТАПИ И ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА 1 Резиме: Популарноста на социјалната исклученост е несразмерна со нејзината концептуална и теоретска втемеленост. Во текстот се говори за проблемите на дефинирање на социјалната исклученост, за основните пристапи, како и обиди за операционализација на овој концепт. Авторот посебно внимание посветува на разграничување на социјалната исклученост од другите концепти или пристапи, особено на разграничувањето на социјалната исклученост и сиромаштијата, бидејќи во почетоците поимот на исклученост се појави како замена за сиромаштијата. Авторот ги анализира предностите и недостатоците на концептуалното пренасочување кон социјалната исклученост. Една од предностите на концептот е што овозможува лесно преоѓање од еден дискурс или парадигма, кон друга. Различните значења и причинители за социјалната исклученост, како и моделите на социјалната интеграција се анализирани преку три парадигми: солидарност, специјализација и монопол. Досега постоеја различни обиди за операционализација на социјалната исклученост. Авторот смета дека комбинацијата од неповолни дистрибуциски и релациони(пар­ти­ци­ па­тивни) димензии може да служи како показател за социјална исклученост. Исто така, се укажува на потребата за посложена анализа на индикаторите за ис­клученост. Концептот на исклученост ги поврза материјалните и социо-пси­ хо­лошките аспекти на животниот стандард. Настојувањата во европската со­ ци­јална политика за замена на терминот сиромаштија со исклученост, не се со­сема оправдани. За да може социјалната политика да ги насочи своите ин­ стр­у­менти кон ризичните групи и да спречи сиромаштијата да заврши со мар­ ги­нализација и ограничена социјална партиципација, се чини разумно дека тре­ба да ги задржи и двата пристапи: сиромаштијата и социјалната иск­лу­че­ ност. Клучни зборови: социјална исклученост, сиромаштија, маргиналзиација, дистрибутивни и релациони димензии, социјална интеграција, депривација, вклучување. 1. Историјат на концептот на социјална исклученост Развојот на концептот на социјална ис­клу­ че­ност се случува од пред триесетина години. Од влегувањето на развиените ин­дус­три­ски земји во периодот на рецесија кон крајот на 1970-тите, во овие земји во голема мера е присутен порастот на невработеноста и до­хо­ довната нееднаквост, доаѓа до пораст на си­ ро­маштијата, или, оп­што, до ширење на ста­ ри­те и појава на некои нови социјални про­ бле­ми. Порасна бројот на луѓе кои живеат во социјална не­си­гур­ност, или зависат од разни државни или недржавни програми за помош. Од 1970-тите години с é почесто се дискутира за фе­но­ме­ните, како што се:„нова си­ро­маш­ 1 Овојтекстеизменета и дополнетаверзијанаистоимениоттекстобјавенво”Ревијазасоциологија” 45-60. Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација тија”,„нова невработеност” и„нови ризици”. То­кму поимот социјална исклученост требаше да укаже на овие нови социјални проблеми и на поврзаноста меѓу различните процеси во општеството (економски, социјални, поли­ тички и други). Поимот социјална исклученост има фран­ цус­ко потекло. Самиот израз„исклучени” (фран­ц. les exclus ) се припишува на Рене Ле­ ноар, кој во 1970-тите години бил државен се­ кре­тар за социјални пра­ша­ња во француската влада. Тој во 1974 година ја објавил книгата под наслов„Исклучен, секој десетти Фран­цу­ зин”( Exclus, un Français sur dix ), во која по­и­ мот социјално исклучени не е јасно дефи­ни­ ран, но се чини дека се однесува на лицата кои не се опфатени со тра­ди­ци­о­налниот сис­ тем на социјална заштита. Леноар признава дека за­слу­гата за инвенција на терминот тре­ ба да му се припише на из­да­ва­чот, кој од не­ кол­куте понудени наслови за книгата го из­ брал токму терминот„исклучени”(еден од ал­ тер­нативните наслови бил и„Поинаква Франција”). Тој меѓу исклучените ги набројал след­­ните категории: ментално ретар­ди­ра­ ните, физички неприспособените(хен­ди­ке­пи­ ра­ни­те и лицата со инвалидитет), како и со­ци­ јал­но неприспособените(зависници, де­ли­ квен­­ти, мал­тре­тирани деца, алкохоличари, психо-болни, не­вра­ботени, луѓе склони кон самоу­бис­­тво, мар­ги­нал­ни и асоцијални лица). Исклученоста ги зафаќа си­те категории во оп­ штес­тво­то, сите социјални слоеви и сите воз­ рас­ни групи. Ниту едно семејство, без разлика да­ли е работничко, од сред­на или висока класа, не може да гарантира дека нивните де­ ца не­ма да станат зависници, деликвенти, или дека нема да избегаат од дома. Очигледно под влијание на Франција, тер­ ми­нот социјална исклу­че­ност подоцна го при­ фа­ќаат институциите на Европската унија (ЕУ), кои одиграле важна улога во неговиот развој и ши­ре­ње. ЕУ го отвори патот за влез на концептот на социјална исклученост во меѓународниот простор и институционално го воведе овој поим во по­ли­тич­киот и ис­тра­ жу­вачкиот речник, наметнувајќи го на земјите со различни јазични и културни тра­ди­ции(Sa­ ra­ceno, 2001). Европската комисија првпат го спо­мнува терминот исклученост во еден свој до­кумент од 1988 година, пред крајот на т.н. Втора програма за борба против си­ро­маш­ти­ јата(Com­mins, 1995). Веќе наредната година, Советот на ми­нистри усвојува Резолуција за „Борба против со­цијалната исклученост”. За време на спро­ве­ду­ва­њето на Третата про­гра­ ма за борба против си­ро­маштијата (19891994), терминот социјална ис­клу­ченост е при­ фа­тен како дистинктивен концепт, различен од поимот сиромаштија. Во 1990-тите го­ди­ни се случува засилена интеграција на со­ци­јал­ ната политика на ЕУ, што влијаеше врз офор­ му­ва­њето на заедничката стратегија за борба против со­цијалната исклученост- т.н. модел на отворена ко­­ординација(open method of co­ or­­dination- OMC). Централната улога на кон­ цеп­­тот на социјална ис­клу­ченост во рамките на т.н. европски социјален мо­дел е потврдена во текот на деведесеттите години со почетокот на новиот милениум, преку ни­за документи (договорите од Мас­трихт, Ам­стер­дам, Ница, Социјалниот протокол, Лаекенските ин­­ди­ка­ тори, итн.). Иако дискусиите за социјалната исклу­че­ ност не се само ограни­че­ни на земјите на ЕУ (Rogers, Gore и Figueiro), исклученоста е при­ мар­но ев­роп­ски, или„евроцентричен” кон­ цепт. Истражувачите и по­ли­­тичарите во зем­ји­ те од третиот свет повеќе се потпираат врз ста­­ри­те концепти на: си­ро­маш­ти­ја, не­ед­на­ квост, маргиналност и„пе­ри­фе­рен ка­пи­та­ли­ за­м”(Faria, 1995), додека доминантните кон­ цеп­ти во американскиот и англосаксонскиот ис­тра­жувачки и поли­тич­ки реч­ник и натаму се: си­ромаштија, маргиналност, поткласи и со­ци­јал­на зависност. 2. Проблеми на дефинирање на соци­јал­ ната исклученост Многумина се согласуваат дека концептот на со­цијална исклу­че­ност е магловит, нејасен и по­ве­ќе­значаен. Некои тврдат дека тер­ми­ нот исклу­че­ност е нов само по името, додека со­држински гене­рално се поклопува со кла­ сич­ните поимања за: сиромаштија, мар­ги­нал­ ност и дискриминација. Се поставува пра­ша­ ње­то: дали социјал­ната ис­клу­ченост е нов кон­цепт кој ги одразува новите обележја на ре­алниот свет или, пак, со него само се за­ме­ ну­ваат старите кон­цеп­ти? Постојат при­ли­чен број аргументи во прилог на двете гледишта. Дали во голема мера се разликува, на пример, по­и­мот исклученост од поимите мар­гиналност Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација или пот­класи или, пак, се работи само за различни ди­с­курси, карак­теристични за на­уч­ ни­те и културните тра­диции на одредени зе­ мји( Fassin, 1996 )? Очи­глед­но се работи за три дискурси, или три интер­пре­тативни системи кои објаснуваат слични општествени појави, служејќи се со различни просторни метафори (Табела 1). Трите споменати пристапи ги од­ ра­зуваат раз­лич­ните научни тра­ди­ции и шко­ ли на размислување. Првите, односно вто­ри­ те членови на оваа дихотомија(внатре/цен­ тар/горе, односно надвор/периферија/долу) опи­шуваат исти, или слични делови на ствар­ но­ста, бидејќи лицето кое се наоѓа„надвор”, често ќе би­де маргинализирано(на„пе­ри­фе­ ри­јата” на оп­штес­твото) и ќе се наоѓа„долу”, блиску до дното на општеството. Табела 1: Три пристапи на интерпретација на општествениот простор Социјална Маргиналност Поткласа исклученост Земји во кои Европски земји Земји на третиот свет Англосаксонски земји пристапите се(земји на ЕУ)(латиноамерикански(САД, Канада, В. доминантни земји) Британија) Влијателни Диркем Парк, Вилсон мислители Стонквист Мјуреј Тип на просторна Внатре/надвор Центар/периферија горе/долу дохотомија Засега не може да зборувa за усогласена и оп­што­при­фатена де­финиција на соци­јал­на­та ис­клу­че­ност. Социјалната исклученост тре­ба, пред с é , да се сфати повеќе како т.н.„ча­дорконцепт”, отколку како поим што може прецизно да се опе­ра­цио­на­ли­з­ира. Поради ши­рината на концептот, сите дефиниции на исклученоста имаат одредена мера на ар­би­ трар­ност и зависат од идејната и теориската појдовност на авторите. Една од почесто цитираните дефиниции на социјалната исклученост е онаа на Бурхарт, Ле Гранд и Пишо(1999), која во социјално исклучени ги набројува оние членови на општеството кои не можат да партиципираат во нормалните актив­но­сти на граѓаните на тоа општество, иако би сакале, но тоа им го оневозможуваат факторите надвор од нивна контрола. Во оваа дефиниција акцентот е на концептот„нормални” активности и желбата на авторите да ја раз­граничат недоброволната исклученост од доброволното повле­ку­ва­ње или самоисклученоста. Според споменатата де­фи­ни­ци­ја, оние кои доброволно се повлекуваат од оп­штес­твото нема да би­да­ат сметани за исклучени. Но, одредени автори, како Бари(1998) ука­жаа дека не е едноставно да се каже дали еден чин е доброволен, или не(на пр. ако некој се само­ис­клу­чил во ситуација кога бил соочен со дискриминација и непријателски ставови). Бари смета дека не се исклучени само оние кои сакаат да учес­ тву­ваат во општеството, а се спречени во тоа од фактори врз кои не можат да влијаат, туку, генерално, сите поединци(или групи) кои немаат можности за учество во опште­стве­ ните активности, без разлика дали сакаат да учествуваат, или не. Исто така, често концептот на социјална ис­клу­ченост се поврзува со Маршаловиот (1950) концепт на„граѓански статус”(citizen ship). Имено, исклученоста се сфаќа како не­ ус­пех во еден, или повеќе клучни општествени системи(Бергман, 1995,1997; Влемник и Бергман, 2001; Шофе, 2001; Алден и Томас, 1998; Сарачено, 2001): • Демократско-правен систем, што обез­ бедува граѓанска или цивилна ин­те­гра­ ција; • Работно-пазарен систем, што ја про­мо­ ви­ра економската интеграција; • Систем на социјална заштита, што ја промовира социјалната интеграција; • Семеен систем и систем на локалната заедница, што ја обезбедуваат интер­пер­ соналната интеграција. Чувството на припадност или исклученост ќе зависи од си­ту­а­ци­јата во сите четири Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација системи. Да се биде цивилно интегриран зна­ чи да се биде еднаков или рамноправен пред другите во демо­крат­ски­от систем. Економската интеграција им­пли­цира пристап до вра­бо­ту­ ва­њето и економските добра. Да се биде со­ ци­јално интегриран зна­чи да може да се има ко­рист од надоместоците, или социјалните ус­ лу­ги што ги нуди државата. Интер­пер­со­на­л­на­ та интеграција под­раз­бира вос­по­ста­ву­вање и одржување се­­меј­ни, пријателски или со­сед­ ски врски, што се важни во случај на потреба од морална поддршка, дружење или помош. Сите четири општествени системи се важни и меѓусебно комплементарни: ако е еден слаб, другите треба да бидат посилни. Секако дека се во најлоша ситуација оние кои се неус­пеш­ ни во сите системи. Социјалната исклученост ста­­ну­ва сериозен проблем до­колку некој е со­ ци­јално исклучен од повеќе сис­теми или на повеќе димензии(ако е не­кој исклучен само на една ди­мензија, тоа, често, не значи дека се работи за вистинска со­ци­јал­на ис­клу­че­ ност) и доколку исклученоста има ре­ла­тив­но траен карактер(трае низ подолг временски период). 2.1 Социјална исклученост и сиро­маш­тија Постојат значајни проблеми околу разгра­ ни­чување на сиро­маш­ти­јата и социјалната ис­ кл­ученост. Дали сиромаштијата е потесен или по­ши­­рок поим од исклученоста? Данскиот социолог Пе­тер Аб­рам­сон(1995) смета дека исклученоста е само поинаков израз за си­ ромаштијата(„старо вино во нови шишиња”). Тој вели дека многу по­ли­ти­чари и влади во развиените земји не сакаат да го користат тер­минот сиромаштија, на крајот од 20 и по­че­ то­кот на 21 век, бидејќи сиромаштијата прет­ ста­вува знак за неуспешност на нивната власт и моделот на социјална држава што го подржуваат. Едни ги прифаќаат поимите сиромаштија и со­ци­јална исклу­че­ност како синоними, дру­ ги исклученоста ја подредуваат на си­ро­маш­ тијата, додека трети, пак, сиромаштијата ја дефинираат како облик на исклученост. Се­ пак, поголемиот дел автори не ги пои­с­то­ве­ту­ ваат сиромаштијата и исклученоста. Додека си­ромаштијата главно се сведува на ма­те­ри­ јална димензија, или„недостиг на ресурси”, ис­клученоста подразбира многу, многу повеќе од недо­стиг на пари(таа по својата природа е плуродимензионален концепт). Луѓето можат да бидат исклучени од различни подрачја на општествениот живот: вработување, обра­зо­ ва­ние, домување, соци­јал­ни врски, почит, итн. Целта на борбата против сиро­маш­тијата е распределба на ресурси, додека исклу­че­но­ ста настојува да обез­бе­ди повеќе од рас­пре­ дел­ба на добра, да обезбеди социјална ин­те­ гра­ција и учество. Анализирајќи ги разликите меѓу сиро­ маш­­тијата и соци­јал­на­та исклученост, ав­то­ри­ те нај­чес­то ги нагласуваат следните обе­леж­ја, или пред­но­сти на концептот на социјална исклученост: сеоп­фат­ност, мултиди­мен­зи­о­ нал­ност, релативност, делување, динамичен ка­рактер(Аткинсон, 1998; Рум, 1995, 1999; Бергман, 1995, 1997; Влемник и Бергман, 2001). Кон­цептуалниот премин од по­и­мот сиромаштија, кон поимот социјална исклу­че­ ност се тол­кува како промена на перспективата: од статичен, кон динамичен пристап; од ед­но­ ди­­мензионален, кон повеќедимензионален пристап; од дис­три­бу­тивни, кон релациски пра­ шања; од истакнување на инди­ви­ду­ал­ните и семејните ресурси, кон истакнување на ресурсите на локал­на­та заедница; од кон­ти­ ниумот на нееднаквост, кон катастрофално раскинување на социјалното ткиво. Меѓутоа, прилично е оспорувано стоја­ лиш­тето дека прис­та­пот на социјалната ис­клу­ ченост за првпат ги воведува во анализа елементите на повеќедимензионалност, рела­ тив­ност, динамич­ност, дисконтинуитет, и сл. Голем број на ис­тра­жу­вачи на сиро­маш­тијата биле свесни за неговата мултидимензионална природа уште од 1970-тите години(Таусенд, 1979; Мек и Ленсли, 1985; Нолан и Вилен, 1996). Класичните студии на сиро­маш­ти­јата биле свесни за ди­намичната или времената димензија на сиромаштијата(на пр. обидите да се истражат процесите на интергенерациска преносност на сиромаштијата). Исто така, пред по­јавата на концептот на со­ци­јал­на ис­ клу­ченост, во­очена е важноста од ко­лек­тив­ни­ те, или за­ед­нич­ки­те ресурси, т.е. дека не­ед­нак­ вата достапност на ре­­сур­си­те во локалната заедница(неквалитетни училишта или бол­ни­ ци, оддалечени продавници, лош јавен транс­ 10 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација порт) придонесуваат за одржување на ин­ди­ви­ дуалната сиромаштија. 3. Парадигми или дискурси на социјалната Придонесот на концептот на социјална исклученост исклученост се сос­тои во тоа што тој ги зацврсти оние пристапи кои настојуваа да до­ ка­жат дека проблемите на општествената партиципација не можат да се сведат само на недостиг на материјални ресурси. Потребно е да се истражат и други причинители на не­у­чес­ твото, или не­це­лос­но­то учество во општес­тве­ ниот живот, како што се: дискри­ми­на­ци­јата, хроничната болест, ге­о­граф­ската ло­ка­ци­ја, културниот иде­н­ти­тет, и сл. Ма­теријалните ресурси и натаму остануваат клучен фак­тор на неучеството, но тие не се един­стве­ни причинители. Пристапот на социјалната ис­клученост битно не ја измени насоката на ана­лиза, туку, пред с é , изменет е акцентот на ана­ли­зата(Хилс, 2002; Аткинсонс, 2002). Овој концепт, за разлика од поимот сиромаштија, ги нагласува во поголема мера некои аспекти на социјалната нееднаквост, како што се: повеќеди­мен­зи­о­нал­но­ста, соци­ Подеталните анализи покажуваат дека постојат големи разлики меѓу земјите во од­нос на содржинското одредување и пристапот кон со­ци­јал­ната исклученост. Поаѓајќи од мно­ш­ твото зна­че­ња на поимот исклученост, Х. Сил­ вер(1994) смета дека тие значења мо­жат да се анализираат и интерпретираат во рам­ки на неколку клучни парадигми. Пара­диг­ма­тските концепции на ис­клу­ченоста, кои ав­тор­ката Силвер ги нарекува со­лидарност, спе­ци­ јализација и мо­нопол, ги одразуваат ра­з­­­лич­ ните теоретски и политичко-иде­о­ло­шки пер­ спективи, или дискурси(фран­цус­киот ре­пу­­ бликанизам, англосаксонскиот ли­бе­ра­ли­зам и европската социјалдемократија). Секоја па­ радигма дава различни причини за исклу­че­н­ оста, имајќи ги на ум специфичната кон­цеп­ ција на општествата, како и по­са­ку­ва­ни­те мо­­ дели на општествена интеграција(табела 2). јал­ната партиципација, нематеријалните ас­ пек­ти на животниот стандард, и сл. Табела 2. Парадигми на социјалната исклученост Политичкоидеолошка традиција Причини за исклученост Борба против исклученоста Солидарност Француски републиканизам - слабеење на колективните вредности(свест) - кинење на врските меѓу поединецот и општеството - индивидуални права и обврски за национална солидарност - важност на јавните институции Специјализација Англоамерикански либерализам Монопол Европска левица - препреки на доброволните размени - нееднаков(класно условен) пристап кон ресурсите - права и обврски во договорна смисла - ограничена јавна интервенција - проширување на еднаквите права на граѓанскиот статус - партиципација во заедницата 3.1 Парадигма на солидарноста Пристапот на солидарноста е карактеристичен за Франција и се заснова врз Дир­ке­мо­виот поим за социјалните врски и неговата концепција за општеството(општеството се сфаќа како нормативна и морална појава, како збир на убедувања и верувања што ги делат членовите на општествената заедница). Либералниот индиви­ду­а­лизам(кој се сведува на тоа дека секој треба да ги следи своите инереси и на тој начин општеството ќе биде интегрирано) не е доволна основа за со­ци­јал­ на интеграција. Потребна е колективна свест која ќе ги поврзе поединците со општеството. Исклученоста се јавува тогаш кога до­аѓа до распаѓање на социјалните врски и ис­чез­ нување на солидарноста меѓу поединецот и оп­штеството. Со­ли­дар­носта овде подразбира „општествени” односи во потесна смисла на зборот- односи меѓу поединецот, групата и оп­штеството- а помалку политички или па­ зар­ни односи. Исклученоста не се гледа само како економско- политички проблем(како 11 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација економска или политичка маргинализација), туку како недостиг на солидарност и јаз во социјалната структура. Со поимот со­ли­дар­ ност се поврзуваат економските и социјалните компоненти на животот(на пр., за Диркем по­ дел­бата на трудот не е само фактор кој води до поголема продуктивност и про­из­вод­ност, туку и кон поголема поврзаност меѓу лу­ѓе­то, создавајќи еден тип на солидарност, ко­ја тој ја нарекува органска солидарност). Може да зебележиме дека фран­цус­ киот дискурс ги истакнува во прв план„со­ци­ јал­ните”, или колективните врски. Во сре­диш­ те­то на дис­курсот се социјално ано­мис­ките однесу­ва­ња и потребата да се неутрализираат ме­ха­низ­мите што ги про­из­ве­дуваат таквите одне­су­­вања. Социјално ис­клу­чените, заради од­ре­де­ни причини, се наоѓаат надвор од со­ цио­политичкиот поредок, бидејќи не се во можност да воспостават, или да ги одржат со­цијалните врски. Типи­чен пример за со­ци­ јал­но исклучени се самците(најчесто машки лица, со различни индивидуални или со­ци­ јал­ни хендикепи), кои е по­требно да се ин­те­ гри­раат или реинтегрираат. Должност на оп­ штес­­твото и државата(на пр. преку соци­јал­ ните работници) е активно да ги откриваат социјално исклучените, со цел да се обидат да ги обноват нивните социјални врски, или да им обезбедат можност за интеграција. Во оваа перспектива, клучен концепт е„до­го­во­ рот за вклучување”, кој е по­бли­зок до кон­цеп­ тот на Ру­со­овиот општествен договор со кој се уредуваат темелните од­носи во оп­штес­ тво­то, отколку до поимот на индивидуалниот работен договор. Принципот на реципроцитет ја нагласува одговорноста на заедницата и социјалните работници, но и на корисниците. На тој начин, социјалната исклученост не е ориентирана на истакнување на обврските на корисникот(како во САД или Велика Бри­ та­нија), туку повеќе на нивната преговарачка моќ и активност. Овие настојувања го над­ми­ ну­ваат нивото на паричната помош, или по­ мош­та при вработувањето, опфаќајќи мерки за борба против чувствата на искоренетост и изолираност. 3.2 Парадигма на специјализација Пристапот на специјализација е карак­те­рис­ тичен за англо­аме­риканскиот либе­ра­­ли­зам. Ли­бералната идеологија го сфаќа оп­штес­ твото поинаку од Диркемовиот прис­тап, од­ нос­но како мрежа на доброволни раз­ме­ни меѓу са­мо­стојните поединци кои имаат свои интереси и мотиви. Општествените групи меѓусебно се поврзуваат поаѓајќи од своите посебни интереси и желби, што создава културен и политички плурализам. Исклу­че­ но­ста е резултат на специ­јали­зацијата(еко­ ном­ска поделба на трудот, социјална дифе­ рен­ци­јација и раздвојување на општествените сфе­ри на делување). Всушност, исклученоста е индивидуална по својата природа, но при­чи­ ни­те за исклученоста не се само во инди­ви­ду­ ал­ните желби, туку и во структурите што соз­ да­ваат индивидуален натпревар и сора­ботка. Исклученоста настанува тогаш кога сферите на делување не се со­од­ветно раздвоени, или кога се користат несоодветни правила во од­ ре­дена сфера, или кога се поставуваат ба­ри­ е­ри на слободното дви­жење меѓу сферите. На пример, често се јавуваат тензии меѓу сфе­ ра­та на цивилното општество, која се темели врз слобода, и ме­ѓу јавната сфе­ра, која се те­ ме­ли врз еднаквост и демократија. Еден по­ еди­нец не мора да биде вклу­чен во сите сфери. Меѓутоа, кога групните граници ги спречуваат поединците слободно да учес­тву­ ва­ат во социјалните размени, тогаш исклу­че­ нос­та се јавува како фор­ма на дискри­ми­на­ци­ ја. Сепак, се смета дека групниот и па­зар­ниот нат­превар, како и заштитата што ја обезбедува ли­бе­рал­на­та држава ја спречуваат спо­ме­на­ та­та форма на исклученост. Концептот на исклученост е надвор од англосаксонската тра­диција, во која до­ми­ни­ ра­ат поимите на културата на сиро­маш­ти­ја и поткласи. Фокусот во оваа традиција е ставен на инсти­ту­ци­о­нал­ните бариери и форми на дискриминација, како и на социјалната ди­фе­ ренцијација, како последица на ин­ди­ви­ду­ал­ ни­те активности. Дол­ж­ност на оп­штес­тво­то е да ги отстранува бариерите, а поединецот да на­прави најдобар избор од понуденото. Кон­ цеп­тот на исклу­че­но­ст овозможи повторен осврт на културата на сиро­маш­ти­ја преку не­ ш­то поинаква и побогата призма(мултиди­ мен­зи­о­нал­ност, социјални мре­жи, само­пер­ цеп­­ција). Од друга страна, со­ци­јал­на­та исклу­ че­ност го насочува вниманието на со­­­ци­­­јал­ните, наспроти индивидуалните ме­ханизми кои во­ 12 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација дат до губење на чувството на при­пад­ност (дис­криминација на пазарот на трудот, пристап кон социјалните надоместоци, до­му­вање, кре­ дит, или потрошувачка). Од оваа перспектива произлезе интересот за ме­ха­низмите кои до­ве­ ду­ваат до појава на сиромаштија меѓу вра­бо­те­ ните и социјалната за­вис­ност(поврзани со социјалната држава). 3.3 Парадигма на монополот Пристапот на монопол е карак­те­рис­ тичен за европската левица. Овој пристап, што доаѓа од идеите на К. Маркс и М. Вебер, на општеството гледа како на низа целини, хиерархиски поредени согласно односите на моќ и доминација. Исклученоста се јавува како последица на формирање на групни мо­ но­поли и т.н. социјално затворање. Моќните клас­ни и статусни групи, кои имаат свои кул­ тур­ни и социјални идентитети и институции, по пат на социјално затворање го ограничуваат прис­тапот на„аутсајдерите” кон значајни ре­ сур­си(добри работни места, надоместоци, об­разование, урбана локација, статусни об­ лици на потрошувачка). По пат на културни и инс­титуционални разлики поединците се држат не само надвор од одредени граници против нивната волја, туку така се одржува и оп­штествената нееднаквост. Исклучените по­ един­ци не само што немаат пристап кон зна­ чај­ните ресурси, туку се и предмет на до­ми­на­ ци­ја или експлоатација, додека т.н. вклучени или„инсајдери” уживаат монопол над ре­сур­ си­те. Нагласокот е врз групните разлики што соз­даваат нееднаквост, а нееднаквоста и еко­ ном­ската експлоатација водат кон исклу­че­ ност. Додека либералната парадигма ги ис­ так­нува разликите на социјалната зависност за сиромашните, парадигмата на монополот ги нагласува културните, материјалните и сим­боличките привилегии на инсајдерите како причина за исклученост на аутсајдерите. Вклучувањето се состои во проширување на правата на граѓанскиот статус на аутсајдерите. Дискурсот на социјално затворање може да се примени и на меѓународен план(на пр. на односите меѓу ЕУ и другите земји). Оние автори, кои ја гледаат ЕУ како„европска твр­ дина”, ги истакнуваат внатрешните и над­во­ реш­ните бариери што им пречат на некои групи да учествуваат со целосен граѓански статус. Додека во либералниот дискурс вни­ ма­нието е примарно насочено кон правата што создаваат социјална зависност(правата од социјална помош), пристапот на монополот во средиште на интересот ги става стан­дар­ дни­те социјални права(заштита од нев­ра­бо­ те­ност, пензиското осигурување, итн.). Па­ра­ диг­мата на мо­но­полот главниот проблем го гледа во дарежливите и презаш­ти­те­ни­те социјални права на инсајдерите, кон кои другите групи имаат мо­шне ограничен прис­ тап. Во овој случај, вклученоста имплицира не само проширување на пристапот кон правата, туку и транс­фор­ма­ција на системот на социјална сигурност, со намера истиот да стане поинклузивен и поприспособен кон индивидуалните и соци­јал­ните ризици и различните животни околности. 4. Операционализација на социјалната исклученост: димензии и индикатори Дури и кога е постигната согласнот околу некои теоретски аспекти на исклу­че­но­ ста, остануваат проблемите поврзани со про­ це­сот на операционализација. Не постои стандарден инструмент за истражување на социјалната исклученост. Од тие причини, важно е пра­шањето: како воопшто да се мери социјалната исклученост? При­стапите кон социјалната исклученост во рамки на земјите на ЕУ, гла­вно се потпираат врз две ис­тра­жу­ вачки традиции: англо­сак­сон­ска­та традиција на истражување на сиромаштијата, која ги на­ гла­­су­ва дистрибуциските аспекти на соци­јал­ ната исклученост, и фран­цус­ката(франко­ фон­ската) традиција, која ги истакнува рела­ цис­ките ас­пекти на социјалната исклученост (нееднаква социјална пар­ти­ци­па­ција, односно недостиг на моќ, или кинење на со­ци­јал­ни­те врски). Дистрибуциските димензии се одне­су­ ва­ат на рас­пре­дел­ба на финан­сиските/ма­те­ ри­јални добра и“опште­стве­ни­те” награди ме­ ѓу поединците/групите, додека релациските ди­мензии ги оп­фа­ќа­ат социјалните врски и односи(исклученост на по­е­дин­ци­те/групите од социјалните мрежи, заеднички вредности или иден­ти­тет). Ав­то­ри­те се согласни дека комбинацијата од дистрибуциски и ре­ла­ци­о­ ни димензии може да понуди подобра пер­ спек­тива за истражување на социјалната не­ 13 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација ед­наквост, отколку истражувањата на си­ро­ маш­ти­ја­та кои се концентрираат само на материјалната ди­мен­зија. Се по­а­ѓа од фактот дека дистрибуциските и релационите ди­мен­ зии се по­вр­зани: колку е понеповолна дис­три­ бу­циската си­ту­а­ци­ја(мали при­ма­ња, низок жи­вотен стандард, лоши станбени усло­ви), толку по­еди­нците почесто ќе имаат прекинати со­цијални врски, сла­ба по­ли­тич­ка парти­ци­па­ ци­ја и други симптоми на нематеријална де­ при­ва­ција. Меѓутоа, новите истражувања ја дове­ ду­ваат во прашање емпи­риската и тео­рет­ ската валидност на тезата за поврзаноста на исклу­ченоста со сиромаштијата, на невра­ ботеноста со сиро­маш­тија­та, на социјалната изолираност и сиромаштијата/не­вра­бо­те­нос­ та. Овие врски варираат не само меѓу оп­штес­ тве­ните групи, во за­вис­ност од траењето на искуството, туку и меѓу земјите, зависно од типот на системот на социјална сигурност, кул­утра и семејни ре­ла­ции(Паугам, 1995,1996). Густите мрежи во кои живеат сиро­ маш­ните и невработените во јужноевропските земји го побиваат втемеленото мислење за економско исклучените како социјално изо­ли­ ра­ни. За таа цел, потребно е потемелно да се анализира исклученоста на ниво на ин­ди­ви­ ду­ални и социјални права, како и на ниво на член­ство во заедницата. Членството во заедницата, без индивидуални права, може да биде на еднаков начин исклучувачки, како и мож­но­ста за пристап кон социјалните права, без членство во заедницата. Најсериозна форма на исклученост се јавува кога и двата типа на права се оневозможени. Поединечни студии, или авотри, на­ве­ ду­ваат различен број димензии или подрачја на социјална исклученост(Табела 3). Бројот на подрачја и изборот на индикатори зависат од теориските ста­но­виш­та на авторите, како и од тоа чија социјална исклученост ис­тра­жу­ ваме: кај децата и младите, кај старите, кај работното, или вкупното население. Табела 3. Примери на операционализација на социјалната исклученост(димензии) Автори ЕУ(Лаекен индикатори) (2001) Бурхард, Ле Гранд и Пишо(2002) Бенке(2001) Галие и Паугам(2004) Цаклоглу и Пападопулос(2002) Димензии на исклученост 1. Финансиска сиромаштија 2. Пазар на труд(вработеност) 3. Здравје 4. Образование 1. Потрошувачка 2. Производство 3. Политички ангажман 4. Социјална интеракција 1. Пазар на труд 2. Животен стандард 3. Финансиска сиромаштија 4. Домување 5. Образование 6. Резиденцијална област 7. Социјални односи 8. Политички ангажман 9. Аномија 10. Анксиозност 11. Долгорочно лоши животни услови 1. Пазар на труд 2. Сиромаштија 3. Социјална изолација 1. Финансиска сиромаштија 2. Животни услови 3. Нужни животни активности и потреби 4. Социјални односи 14 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација Поги(2003) 1. Основни потреби 2. Приход 3. Квалитет на живот 4. Домување 5. Социјални односи 6. Здравје 7. Еколошки услови 8. Пазар на труд Кунц(2003) 1. Финансиски капитал 2. Човеков капитал 3. Социјален капитал 4. Физички капитал Кронауер(1998) 1. Исклученост од пазарот на трудот 2. Економска исклученост 3. Културна исклученост 4. Социјална изолација 5. Просторна исклученост 6. Институционална исклученост Забелешка: Секоја од димензиите се мери преку еден, или повеќе индикатори Значителни тешкотии постојат во на­чи­ нот на анализа на индикаторите на исклу­че­­ но­­ста. Дали димензиите, или индикаторите треба да ги анализираме независно едни од дру­­ги, или, пак, е потребно на создавање ку­ му­­лативен, или композитен индекс на со­ци­ јал­­­на исклученост? Заради проблемите на де­­фи­нирање на соци­јал­ната исклученост, како и за­ради огра­ни­че­но­ста на искуствата со исклученост на мош­не мала група по­е­дин­ ци, голем број автори во емпириските ис­тра­ жу­­ва­ња го прифаќаат кон­цеп­тот на мулти­ди­ мен­­зи­о­нална де­привација, ка­ко за­мена за со­ ци­јална исклученост. Можно е да се ана­­лизираат опште­стве­ните групи со­глас­­но сте­пенот на кумулација на димензиите на исклученост, што значи де­ка би можеле како исклучени да ги сметаме сите оние кои се депривирани на две, или по­­веќе димензии (без ралика кои се тие димензии). Таквата анализа би била по­ве­ќе­ди­мен­зи­онална, но не би ја земала предвид поврзаноста меѓу дистрибуциските и ре­ла­циските димензии. Меѓутоа, доколку е некој де­при­виран само во дистрибуциска(ма­те­ри­јал­на) сми­сла, тогаш може да стане збор за си­ромаштија, но не нужно и за“социјална исклученост”. Од друга страна, кога поедин­ците се депривирани само во релациска, но не и во ди­с­трибутивна смисла, тогаш станува збор за социјална изо­ ла­ција, но не нужно и за социјална исклученост (Бари, 1998). Конечно, социјалната исклу­че­ ност е можно да се ана­ли­зира како потесен кон­­цепт(т.н.“реална” или“вистинска” исклу­ че­ност).“Реалната” ис­клученост би прет­ста­ ву­вала секогаш комби­на­ци­ја на една, или по­ ве­ќе дистрибуциски ди­мен­зии и една, или по­ ве­ќе релациски ди­мензии. Начинот на анализа на емпириските по­­­ка­за­тели станува значаен пред с é заради тоа што студиите за социјална исклученост покажуваат дека нема концентрација на ди­ мен­зи­ите на исклученост меѓу населението. По­ве­ќедимен­зи­о­нал­ната депривираност, ка­ ко и ком­бинацијата на материјалната и ре­ла­­ циска исклученост, прет­ста­вува обележје на релативно мал број луѓе во развиените ев­ ропски земји. Во Германија никој не бил по­го­ ден со повеќе од 5, од мож­ните 11 ди­ме­н­зии, до­дека пак 8% од населението било ис­клу­че­ но од 3, или по­ве­ќе подрачја(Бенке, 2001). Во 12 земји на Ев­ропс­ката уни­ја процентот на населението што е исклучено од 3, или од ма­ксимално можни четири димензии, из­не­ су­­вал меѓу 1-6%(Цаклоглу и Пападопулос, 2002). Во Велика Британија, бројот на ис­клу­­ чените од 3, или вкупно 4 подрачја, бил помал од 2,5%(Бур­хард, Ле Гранд и Пишо, 2002). Бројот на повеќедимензионално де­при­­ви­ раните(депривирани од две, или по­ве­ќе ди­ мен­зии) во Хрватска изнесувал 13,5%, до­де­ка, пак, уделот на“вистински” ис­клу­чените(ком­­­ бинација на дистрибусицки и релациски ди­ мензии) изнесувал околу 2%(Шуќур, 2006). 5. Заклучни разгледувања За Турејн(1992) социјалната исклученост е постмодерен феномен заради тоа што цен­ 15 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација трални проблеми во постмодерните оп­штес­ тва не се нееднаквоста и хиерархијата, туку хоризонталната се­грегација и одбивање на вклучувањето. Фо­ку­сот веќе не е на не­ед­на­ квостите и нивното по­пра­вање, туку на ин­ те­грацијата, вклу­чу­вањето, или пов­тор­но­то вклучување. Абрамсон(1997) истак­ну­ва дека социјалната исклученост се пер­це­пира ка­ко постмодерен кон­цепт не затоа што луѓето во пос­тмодерните општества имаат по­со­фис­ти­ ци­ра­ни потреби, туку затоа што во так­ви­те општества е мо­шне потешко да се откријат при­чините за социјалната интеграција. Де­ нес, активниот гра­ѓан­ски статус е по­вр­зан со ек­сплозија на“раз­лич­ности”, кои порано били скриени или потиснати. За полезноста и применливоста на кон­ цеп­тот на социјална исклученост постојат спро­ти­с­та­вени гледишта. Можеби поимот социјална ис­клу­ченост ги сензибилизираше ис­тражувачите и кре­а­то­рите на социјалните мерки да прифатат широка про­гра­ма на деј­­ ствување. Концептот на исклученоста на­вис­ ти­на го насочи вни­ма­ни­ето на оние аспекти на социјална нееднаквост, кои биле за­пос­та­­ ву­вани во рамки на традиционалните при­ста­ пи кон си­ромаштијата, мар­гиналноста, или дис­кри­ми­на­ци­јата. Тој ги воведе во анализа со­ци­опсихолошките аспекти и ги поврза аспектите на социјалната депривација со инди­видуалната партиципација и оп­штес­ твената стабилност. Ма­гло­витоста на по­и­ мот им дава можност на по­ли­­ти­ча­ри­те да го посвојат истиот како главен со­ци­јал­но­по­ ли­тички концепт и, притоа, да го користат како стратегиски концепт без да мораат пре­ цизно да ја наведуваат неговата суштина. Концептот на исклу­че­ност е приспособлив, што означува дека тој може да се адпатира на различни контексти. Покрај ова, поимот на социјална исклу­ че­ност е погоден по­ра­ди тоа што служи како сред­ство за движење помеѓу па­ра­диг­ми­те и дискурсите кои се мошне различни, овоз­мо­ жу­вајќи лесно преоѓање од една алтернатива, кон друга. На пример, Ле­ви­тас(1998) укажува на три начини(дис­курси) на употреба на поимот социјална ис­клу­че­ност во Велика Бри­ та­нија: 1)„редис­три­бу­ти­вен дискурс”(како при­чи­ни за нееднаквоста ја на­гла­сува си­ро­ маштијата и нецелосниот гра­ѓански статус); 2)„морален дискурс на поткласи”(како при­ чини за исклученост ги истакнува инди­ви­ду­ ал­ни­те морални особни на си­ро­машните); 3) „дис­курс на социјална интеграција”(кој во вра­ бо­ту­ва­ње­то го гледа главниот фактор на бор­ бата про­тив исклученоста). Различни прис­та­ пи кон со­ци­јал­на­та исклученост се евидентни и во ЕУ. Дис­кур­сот на ЕУ се движеше од истакнување на прис­тапот кон социјалните пра­ва, до нагласување на вработувањето како главен механизам на со­ци­јал­ното вклу­ чу­вање. Еднаш се инсистира на важност на концептот на социјалните права(да се обез­ бе­дат за сите еднакви можности и при­с­тап кон па­за­рот на трудот, об­ра­зо­ва­ни­ето, здрав­ стве­на­та заш­ти­та, правниот систем, одлу­чу­ вањето и пар­ти­ци­па­цијата), додека другпат со­ци­јалните права се интер­пре­ти­ра­ат на сосема традиционален начин, т.е. проблемите на исклу­че­ност и вклу­че­ност, главно, се све­ ду­ваат на учество на пазарот на труд(вра­бо­ ту­вањето се смета како клучен фактор за ин­ те­грација, до­де­ка невработеноста, особено дол­готрајната, за најважен фактор на исклу­ че­но­ста). Меѓутоа, Ле­ви­тас(1996) смета дека е про­бле­ма­тично да се смета само платената работа како механизам на оп­штес­твена ин­те­ гра­ција. На тој начин се игнорираат типовите на инте­грација што се ос­тва­руваат низ дру­ги­ те ин­с­ти­ту­ции. Инте­гра­ци­­ј­ата на пазарот на труд не мора секогаш да има по­са­кувани ефекти(статусот што го имаат поединците во платената ра­бота е не­ед­на­ков и нужно не создаваат социјална кохезија). Број­ни студии за мла­ди­те покажуваат дека, иако невра­бо­те­ ни и не­ин­те­гри­рани на па­за­рот на труд, можат да бидат интегрирани во оп­штес­тво­то, бла­го­ да­реј­ќи на социјалните мрежи што им по­ма­га­ ат да ја из­бегнат со­циј­ал­ната изолација. На­ мес­то инте­гра­ци­ја преку пла­те­на­та работа, тие се интегрираат во некои алтернативен, но сод­ржин­ски начин на живот. Постојат, пак, автори кои мислат дека при­­с­тапот на со­ци­јал­на исклученост е сосема бес­ко­ри­сен, бидејќи нема усогласена де­фи­ ни­ција, при што, широката и нејасна дефи­ни­ ци­ја концептот го прават практично не­упо­ треб­лив, и на тој начин поимот исклученост претставува само уште една алка во ланецот на изменетите терминологии. Според мисле­ ње­то на Сандерс и Цуоми(2002), концептот на исклученост води кон политика што го 16 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација поткопува потпирањето врз сопствените сили, бидејќи смета дека она што им се случува на другите не е нивна вина и на тој начин се оправ­ду­ва­ат барањата за поголема редистрибуција. Некои автори го гледаат проблемот и во дуалноста(статитичноста) на кон­цептот на соци­јал­на ис­клу­че­ност(ис­клу­че­ ни наспроти вклучени), со што не им се до­зво­ лу­ва на луѓето можност да изберат делување надвор од општествената„матица”(main stream) или, пак, истовремено да бидат и ис­ клу­чени и вклучени. Дуалниот концепт не ги зема пред­­вид разбирањата за алтернативните пот­кул­ту­ри или контракултури, во кои луѓето можат да го про­најдат своето место и да развијат соп­стве­ни сфаќања за светот и своето место во него. Ваквите прос­то­ри, во кои доминира исклученоста од општествената моќ, можат да се користат за спро­тис­тавување на општествената„матица” и да прет­ста­ вуваат алтернативни погледи на вистината. Во поголемиот дел од дискусиите, ели­ ми­ни­рањето на исклу­че­носта се смета за „добра ра­бота”, бидејќи многумина сметаат дека ис­клу­че­но­ста треба да се сфати како нешто лошо. Соци­јал­на­та исклученост прет­ ста­вува пандан на збирот на позитивни улоги и карактеристики на„вклучениот” по­е­ди­нец (продуктивниот и од­го­вор­ни­от граѓанин кој заработува средства за се­меј­ство­то и кој плаќа даноци). Очигледно дека вак­ви­те пристапи кон исклученоста по­а­ѓаат од сликата на општеството во која, било какво одда­ле­чу­ ва­ње од моралниот поредок, кој ги поврзува групите преку заедничките обврски и права, се перцепира како општествено зло. Оп­штес­ тво­то е морална заедница со мрежи за за­ед­ ничка поддршка, во која„социјалните жртви” го губат допирот со овие мрежи, а задачата на социјалната политика е да ги реинтегрира во споменатите мрежи. Зацртаното сфаќање за општеството претставува форма на не­о­ функ­ционалистичка теорија, или„нео-Ди­р­ке­ мо­ва хегемонија”(Ле­витас, 1996). На овој на­ чин се запоставува комплексноста на иден­ти­ те­тот што ги карактеризира луѓето во нивните од­но­си со другите луѓе, заедницата, пазарот или др­жавните структури, како и фактот дека општеството може опресивно да делува кон не­кои групи(познати се случаите на морална паника поради активностите на младинските поткултури, бидејќи се сметало дека прет­ста­ ву­ваат закана за со­ци­јал­ната интеграција). Како што тврди и Портер(2000), вклученоста во главните текови на општеството, за некои жени може да значи крајно негативно искуство на експлоатација, дискриминација и по­ни­жу­ ва­ње. Можно е некои групи да сакаат да ос­та­ нат„(полу)оддалечени” од општес­твото, така што насилното прекинување на нивната „исклученост” би било неправедно и ре­пре­ сив­но. Поединечни ав­тори со право ја истак­ ну­ваат потребата на некои групи кои не се стре­мат кон вклучување, да имаат сопствен (ге­ографски) простор. Политиката на вклу­чу­ ва­ње може да имплицира потреба за ме­ну­ва­ ње на општествената„матица”, а не само очекување дека маргиналните групи мора да се приспособат кон неа. Истражувањата покажуваат дека по­ сто­јат преклопувања ме­ѓу индикаторите за си­ ро­­маштија и исклученост, иако таквото пре­ кло­­пување е помало, отколку што се оче­ку­ва­ ше. Социјалната исклу­че­ност не мора нужно да оди заедно со сиромаштијата, ниту, пак, си­ ромаштијата мора да резултира со процес на исклучување. Кон­сек­вент­но, замената на термините сиромаштија со исклу­че­ност, во дискусиите за европската социјална политика не е сосема оправ­да­на. За да може соци­јал­ на­та политика да ги насочи своите инс­тру­мен­ ти кон ризичните групи и да спречи си­ро­маш­ ти­јата да резултира во маргинализација и огра­ни­че­но општествено учество, се чини ра­ зумно дека истата ќе мора да ги задржи и два­ та пристапа: и сиромаштијата и социјалната исклученост. Најважниот фактор за ограничување на можноста за опш­тес­тве­но учество е кул­ми­ ни­рање на повеќе аспекти на депривација и истовремена повеќедимензионална депри­ви­ ра­ност во материјална и социопсихолошка смисла. Покрај ова, се чини дека долго­трај­но­ то одржување на лошите животни услови силно влијае врз со­ци­јал­на­та исклученост. Ко­ га неповолните околности се зацементирани по­­дол­го време, голема е веројатноста дека ќе се појави перцепција за огра­ничена оп­ штес­твена партиципација, што значи чувство на беспомошност и ограничен пристап кон инс­титуциите. Задача на социјалната по­ли­ти­ ка и социјалната работа е да ја спречат дол­го­ трај­­ната и кумулативната депривација. Во 17 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација кол­­кава мера соци­јал­ната исклученост ќе ги погодува граѓаните на една земја, зависи не само од нивните лични карактеристики, туку и од моделот на социјална држава, или со­ци­ јална политика. Превела од хрватски јазик: Маја Геровска Митев ЛИТЕРАТУРА: Abrahamson, P.(1995) Social Exclusion in Europe: Old Wine in New Bottles? Družboslovne razprave 11(1920): 119-136. Abrahamson, P.(1997) Combating Poverty and Social Exclusion in Europe, in W. Beck, L. van der Maesen i A. Walker(eds.) The Social Quality of Europe. The Hague: Kluwer Law International. Alden, J., Thomas, H.(1998) Social Exclusion in Europe: Context and Policy. International Planning Studies 3(1): 7-13. Atkinson, A. B.(1998) Social Exclusion, Poverty and Unemployment, in A. B. Atkinson, J. Hills(eds.) Exclusion, Employment and Opportunity. CASEpaper 4. London: Centre for Analysis of Social Exclusion, London School of Economics Barry, B.(1998) Social Exclusion, Social Isolation and the Distribution of Income. CASEpaper 12. London: Centre for Analysis of Social Exclusion, London School of Economics. Berghman, J.(1995) Social Exclusion in Europe: Policy Context and Analytical Framework, in G. Room(ed.) Beyond the Threshold: The Measurement and Analysis of Social Exclusion. Bristol: The Policy Press. Berghman, J.(1997) The Resurgence of Poverty and the Struggle Against Exclusion: A New Challenge for Social Security in Europe? International Social Security Review 50(1): 3-21. Böhnke, P.(2001) Nothing Left to Lose? Poverty and Social Exclusion in Comparison. Empirical Evidence on Germany. Berlin: Social Science Research Center. Burchardt, T., Le Grand, J., Piachaud, D.(1999) Social Exclusion in Britain 1991-1995. Social Policy and Administration 33(3): 227-244. Burchardt, T., Le Grand, J., Piachaud, D.(2002) Degrees of Exclusion: Developing a Dynamic, Multidimensional Measure, in T. Burchardt, J. Le Grand, D. Piachaud (eds.) Understanding Social Exclusion. Oxford: Oxford University Press. Choffé, T.(2001) Social Exclusion: Definition, Public Debate and Empirical Evidence in France, in D. G. Mayes, J. Berghman, R. Salais(eds.) Social Exclusion and European Policy. Cheltenham: Edward Elgar. Commins, P.(1995) Social Exclusion in the Context of the European Union’s Third Poverty Programme. Družboslovne razprave 11(19-20): 137-150. Faria, V.(1995) Social Exclusion and Latin American Analyses of Poverty and Deprivation, in G. Rodgers, C. Gore, J. Figueiro(eds.) Social Exclusion: Rhetoric, Reality, Responses. Geneva: International Institute for Labour Studies. Fassin, D.(1996) Exclusion, underclass, marginalidad. Revue française de sociologie 37(1): 37-75. Gallie, D., Paugam, S.(2004) Unemployment, Poverty, and Social isolation: An Assessment of the Current State of Social Exclusion Theory, in D. Gallie(ed.) Resisting Marginalization: Unemployment Experience and Social Policy in the European Union. Oxford: Oxford University Press. Hills, J.(2002) Does a Focus on„Social Exclusion” Change the Policy Response?, in T. Burchardt, J. Le Grand, D. Piachaud(eds.) Understanding Social Exclusion. Oxford: Oxford University Press. Kronauer, M.(1998)„Social Exclusion” and„Underclass” – New Concepts for the Analysis of Poverty, in H.-J. Andress(ed.) Empirical Poverty Research in Comparative Perspective. Aldershot: Ashgate. Kunz, J.(2003) Where Is Platform 9 ¾? Understanding Income Security and Social Exclusion. A presentation at the CCSD/HRDC conference„Building a Social Inclusion Research Agenda”, March 28. Lenoir, R.(1974) Les exclus: un Français sur dix. Paris: Le Seuil. Levitas, R.(1996) The Concept of Social Exclusion and the New Durkheimian Hegemony. Critical Social Policy 16(46): 5-20. Levitas, R.(1998) The Inclusive Society? Social Exclusion and New Labour. London: MacMillan Press. Mack, J., Lansley, S.(1985) Poor Britain. London: George Allen& Unwin. Marshall, T.H.(1950) Citizenship and Social Class. Cambridge: Cambridge University Press. Nolan B., Whelan, C.(1996) Resources, Deprivation and Poverty. Oxford: Oxford University Press. Paugam S.(1995) The Spiral of Precariousness, in G. Room(ed.) Beyond the Threshold: The Measurement and Analysis of Social Exclusion. Bristol: The Policy Press. Paugam S.(1996) Poverty and Social Disqualification: A Comparative Analysis of Cumulative Disadvantage in Europe. Journal of European Social Policy 6(4): 287304. 18 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 7-19 Скопје, јуни 2008 Проф. д-р Зоран Шуќур,социјална исклученост: Поим, пристапи и операционализација Poggi, A.(2003) Does Persistence of Social Exclusion Exist in Spain. Universitat Autonoma de Barcelona, Department of Applied Economics. Porter, F.(2000) Social Exclusion: What’s in a Name? Development in Practice 10(1): 76-81. Rodgers, G., Gore, C., Figueiro, J.(eds.)(1995) Social Exclusion: Rhetoric, Reality, Responses. Geneva: International Institute for Labour Studies. Room, G.(1995) Poverty and Social Exclusion: The New European Agenda for Policy Research, in G. Room (ed.) Beyond the Threshold: The Measurement and Analysis of Social Exclusion. Bristol: The Policy Press. Room, G.(1999) Social Exclusion, Solidarity and the Challenge of Globalization. International Journal of Social Welfare 8(3): 166-174. Saraceno, C.(2001) Social Exclusion: Cultural Roots and Diversities of a Popular Concept. Paper presented at the conference on„Social Exclusion and Children”, Columbia University, 3-4 May. Saunders, P., Tsumori, K.(2002) Poor Concepts,‘Social Exclusion’, Poverty and the Politics of Guilt. Policy 18(2): 32-37. Silver, H.(1994) Social Exclusion and Social Solidarity: Three Paradigms. International Labour Review 133(56): 531-578. Šućur, Z.(2006) Siromaštvo, višedimenzionalna deprivacija i socijalna isključenost u Hrvatskoj. Revija za sociologiju 36(3–4): 131–147. Touraine, A.(1992) Inegalités de la société industrielle, exclusion du marché, u J. Affichard, J. B. de Foucauld (eds) Justice sociale et inégalité. Paris: Esprit. Townsend, P.(1979) Poverty in the United Kingdom. Harmondsworth: Penguin Books. Tsakloglou, P., Papadopulos, F.(2002) Aggregate Level and Determining Factors of Social Exclusion in Twelve European Countries. Journal of European Social Policy 12(3): 211-225. Vleminckx, K., Berghman, J.(2001) Social Exclusion and the Welfare State: An Overview of Conceptual Issues and Implications, in D. G. Mayes, J. Berghman, R. Salais(eds.) Social Exclusion and European Policy. Cheltenham: Edward Elgar. European Social Policy 12(3): 211-225. Vleminckx, K., Berghman, J.(2001) Social Exclusion and the Welfare State: An Overview of Conceptual Issues and Implications, in D. G. Mayes, J. Berghman, R. Salais(eds.) Social Exclusion and European Policy. Cheltenham: Edward Elgar. Abstract: Attractiveness of the social exclusion is not correspondent with its con ceptual and theoretical establishment. The article explores different problems of defining social exclusion, basic approaches as well as efforts for conceptual op erationalization. The author pays particular attention to differentiating social ex clusion from other concepts or approaches, especially its separation from pov erty, as early use of the exclusion concept appeared as substitute for poverty. The author analysеs advantages and disadvantages of the conceptual turn to wards social exclusion. One of its advantages is that enables easy shifting from one discourse or paradigm to another. Different meanings and causes of social exclusion as well as models of social integration are being analysed through three paradigms: solidarity, specialization and monopoly. Until now there have been different efforts for operationalization of the social exclusion. The author argues that only the combination of inadequate distributional and participative dimensions can serve as an indicator for social exclusion. Also the article em phasizes need for more systematic analysis of indicators of exclusion. The con cept of social exclusion has merged the material and socio-psychological as pects of the living standard. Tendencies within European social policy to replace the term poverty with exclusion are not fully justified. Social policy needs to maintain both approaches so that it can direct its instruments towards risk groups and prevent poverty to end with marginalization and limited social par ticipation. Key words: social exclusion, poverty, marginalization, distributional and participative dimensions, social integration, deprivation, inclusion 19 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Научен советник, Економски институт, Загреб д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост УДК 316.344.23(497-15) Доц. д-р Маја Геровска Митев, Институт за социјална работа и социјална политика, Филозoфски Факултет, Универзитет„Св. Кирил и Методиј„ КЛУЧНИ СОЦИЈАЛНИ ИНДИКАТОРИ И ПОЛИТИКИ ЗА МЕРЕЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ 1 Резиме: Текстот ги анализира клучните социјални индикатори за мерење на си­ро­ маш­тијата и социјалната вклученост. Исто така, текстот ја нагласува разликата меѓу индикаторите, одредниците и стандардите. Предмет на анализа се ин­ди­ ка­то­рите и политикити што најчесто се користат за мерење на човековиот на­ предок и благосостојба. За секој од нив се дава поширок осврт што ги опфаќа историјата и актуелниот статус на инцијативата, поважните индикатори што се применуваат, како и некои од предностите и недостатоците на индикаторите и креирањето на политиките. Авторите се одлучуваат за генерално објективни индикатори за дол­го­ роч­ните(системски) резултати. Тоа се должи на фактот што овој текст се за­ни­ ма­ва со социјалните индикатори што ги користат меѓународните агенции, како: Европската Унија/ЕУРОСТАТ, УНДП, ОН, Меѓународниот монетарен фонд, Свет­ската банка, како и ОЕЦД. Нивните индикатори најчесто се квантитативни, обично изразени како однос или пропорција на односната популација. Се раз­ би­ра, како такви, ваквите стапки укажуваат на агрегираната(вкупна) состојба на луѓето, но малку, или ништо за квалитетот на нивниот живот. Авторите за­ клу­чуваат дека нагласокот на широк спектар на индикатори за резултатите, без соодветно набљудување на влезните елементи во креирањето на по­ли­ти­ ки­те, може да ги запостави најважните прашања во однос на програмските искуствени алтернативи. Текстот, исто така, ја нагласува важноста од воведувањето на соодветни стандарди за квалитет, како мост меѓу индикаторите за креирање на политиките и квантитативните индикатори за мерење на резултатите. Клучни зборови: социјални индикатори; лаекен индикатори; извештај за човековиот развој и индекс за човековиот развој; милениумски развојни цели, стратегии за намалување на сиромаштијата; социјални индикатори на ОЕЦД; Индикатори за социјална кохезија. 20 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост Контекст и дефиниции Во последната деценија, на меѓународен план се забележува воз­об­новување на ин­те­ ресот и заедничките напори за намалување на сиромаштијата и промовирање на со­ци­ јалната вклученост преку градење пар­тнер­ ства меѓу националните влади, меѓу­на­род­на­ та за­ед­ница, граѓанското општество и други фактори. Покрај тоа, на­пра­ве­ни се и голем број обиди за дефинирање на социјални инди­ ка­то­ри со кои ќе се мери степенот на бла­го­ сос­тојбата кај лу­ѓе­то и постигнатиот напредок во остварувањето на целта за на­ма­лу­вање на сиромаштијата и постигнување социјална вклученост. По­не­ко­гаш, таквите активности се по­врзани со одредени политички про­це­си, додека, пак, во други случаи, тие се развиват не­зависно од нив. Во денешниот свет на различности и не­ ед­­наквости, а при зго­ле­ме­на и интензивирана гло­бална меѓузависност, не е воопшто едно­ ста­вна задачата да се формулираат социјални индикатори за нама­лу­вање на сиромаштијата и социјалната вклученост. На извесен начин тука се соочуваме со одреден природен па­ра­ докс. Имено, од една страна, за споредување на земјите во светот е потребна универзална група индикатори со што би се стан­дар­ди­зи­ ра­ле соодветните критериуми, од друга стра­ на, пак, постои опасност таквата група ин­ди­ ка­­то­ри да биде малку повеќе од сведување на на­јмал заеднички именител на основните ин­ди­катори, кои не­до­вол­но би укажувале на комплексноста на процесите и резултатите во раз­­личните региони од светот. Во таа смисла, голема е веро­јат­но­ста дека ќе бидат изо­ста­ве­ни клучните специфики на сиро­маш­ ти­јата и социјалната инклузивност во даден кон­кре­тен контекст. Исто така, не треба да се заборават и различните културни перспективи за тоа што е благосостојба 2 . Употребата на голем број индикатори са­мо ја зголемува кон­фу­зи­јата. Притоа, во на­ ви­дум бескрајната потрага по„нови„ ин­ди­ка­ то­ри се јавува уште еден парадокс. Имено, „ако индикаторите дадат ,очекуван’ резултат, то­гаш треба веднаш да се отфрлат затоа што и не откриле ништо ново. Ако, пак, ни дадат не­очекуван резултат, тогаш истите ја до­ве­ду­ ваат во прашање самата методологија“ 3 . Потрагата по веродостојни социјални ин­дикатори барем делумно подразбира верба во можноста преку мерливите крајни ре­зул­та­ ти да се приложи доказ за водењето ефи­кас­ на, ефективна и правична социјална политика. Се­како дека ваквата верба не претставува но­ вост и во Велика Британија таа потекнува од Фабијанскиот „со­ци­јал­ниот инженеринг“, со оглед на обновениот момент на„повторно от­ кри­вање на сиромаштијата“ во раните ше­есе­ т­ти години на ми­на­тиот век. Во поново време, враќањето на таквата верба на светско ниво може да се поврзе со некои суштински начела на„новиот јавен менаџмент“, при што од­го­ вор­носта во еден„пост-модерен“, плу­ра­лен, из­мешан, хибриден и по­ли­ти­зи­ран свет, с é повеќе се мери со постигнување согласност за критериуми за успехот во ра­бо­та­та ба­зи­ра­ ни врз резултати 4 . Во ваков контекст, не­из­беж­ но е да се јави си­туација во која на едни ќе им се чини дека станува збор за си­с­те­матска, усо­гласена и конзистентна при­ме­на на инди­ ка­торите во борбата против светската сиро­ маш­тија и исклучeност, додека на дру­ги, ис­ тото ќе им изгледа како параван зад кој ра­бо­ ти­те се одржуваат на ниво на статус-кво, не­променети 5 . Иако во глобални рамки инди­ ка­торите играат важна улога и се очекува де­ ка ќе бидат користени на долг рок, нашето гледиште е дека индикаторите, сепак, ги за­ дол­жуваат лицата кои можат прогресивно да повлијаат во дебатите за формулирање на по­ литиките, да се трудат да ги сфатат, следат, критички да ги оценат, приспособат, при­ме­нат 1 Текстот е скратена верзија на студијата Social Indicators for the Western Balkans-Tools for Assessing and Pro-moting Poverty Reduction and Social Inclusion, 2004, Save the Children- UK,(необјавена). 2 Cf Gough I. in human Well-Being and Social Structures: relating the universal and the global Global Social Policy 4(3); 289- 312 3 Carter, R.(2001)‘Defying Prejudice, Advancing Equality – 1: Minorities in Central and Eastern Europe and the former Soviet Union’, London: Everychild; p. 15. 4 Minogue, M.(2000)‘Should Flawed Models of Public Policy Be Exported?’ University of Manchester IDPM Working Paper 15; p. 11. 5 Cf. Gould, J.(2003)‘Transnational Actors and the Politics of Poverty Reduction’, and Voipio, T.(2003)‘Finnish Per-spectives on the Role of the International Non-State Actors in Policy Formation’, in Global Social Policy 3(3); 349-366 21 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост и кога е потребно, дури и да ги дополнат пос­ тој­ните индикатори. Во духот на едно та­кво размислување е напишан и овој авторски текст. Од големо значење е, исто така, да се прави разлика меѓу ин­ди­каторите, стан­дар­ди­ те и одредниците 6 : ИНДИКАТОРИ се специфични, кван­ти­ та­тивни мерки кои ста­тис­тич­ки може да се верификуваат, а преку кои може да се следи ра­бо­та­та на одреден систем. Индикатори мо­ же да се постават на ниво на долгорочни (системски) резултати, на ниво на конкретни про­из­води на системот, на ниво на влезни единици во системот и/или на ниво на про­це­ си­те во рам­ките на системот. ОДРЕДНИЦИ се групи на поврзани ин­ ди­катори кои на агрегирано ниво даваат ва­ж­ на и прецизна систематска споредба на ра­бо­ те­­ње­то на еден систем, или потсистем, во те­ кот на времето(по­сле­до­ва­тел­ни одред­ници), или на различни системи, или пот­сис­те­ми, за еднаков временски период(исто­вре­ме­ни одредници). Понекогаш ваквите одред­ни­ци се на­ре­куваат ИНДЕКСИ . СТАНДАРДИ се групи поврзани одред­ ни­ци, индекси или ин­ди­ка­то­ри, кои на агре­ги­ ра­но ниво даваат општествено значајни ин­ фор­­ма­ции за постигнатиот напредок на од­ре­ ден еле­мент на некој систем, или потсистем. Стандардите треба да дадат прецизна слика за ква­литетот и може да се поделат на ми­ни­ мал­ни(доволно добри) стандарди и опти­мал­ ни(нај­добри примери) стандарди. Со цел добивање значајни резултати, единиците за мерење на ин­ди­каторите, одред­ ни­ците и стандардите мора внимателно да се из­бе­рат. С é повеќе социјалните индикатори се расчленуваат на по­ве­ќе варијабли, како на пример: пол, возраст, социо-економски статус и национална припадност. Иако постои тен­ ден­ција единиците мерки за најголем број социјални индикатори да се применуваат на др­жав­но ниво, с é поголемо внимание се посветува и на регионалните спе­ци­фики во рамките на дадена земја. Споредбите што се прават меѓу државите добиваат на значење поради глобализацијата и создавањето на тран­­с­националните сојузи, како што е Европ­ ска­та унија, и затоа може да се очекува пого­ лем интерес за поставување на меѓу-државни одредници и супра-национални стан­дар­ди. Сепак, во овој момент, споредбите што се прават во социјалната сфера на меѓународен план, с é уште се ограничуваат само на упо­ тре­бата на индикаторите што се од примарен интерес во овој труд. Индикаторите самите по себе не се од­ ли­куваат со објективност или не­утралност. Са­мотo избирање, групирање во одредници, индекси или стандард, или одредувањето на доменот, упатува на избор каде едни ин­фор­ ма­ции добиваат приоритет наспроти други. Во услови на с é поголема важност на ква­ли­те­ тот на општествениот жи­вот при ана­ли­зи­ра­ ње­то на политиките, директно мерливите ин­ ди­­ка­то­ри се надополнуваат со квалитативни инди­катори со нумерички вред­ности. Притоа, индикаторите што се сметаат за објективни се на­дополнуваат со агрегации на субјективни проценки. Со упо­тре­ба­та на бројни вредности се врши и избор на де­фи­ни­циите и по­да­то­ци­ те. Реални проблеми се ја­ву­ваат и во однос на споредливоста на по­да­то­ците од различни земји во функција на времето. Предмет на анализа на овој текст се ин­ ди­каторите и политиките што најчесто се користат за мерење на човековиот напредок и бла­го­состојба. За секоја од темите се дава поширок осврт, што ги оп­фа­ќа историјата и актуелниот статус на иницијативата, по­важ­ни­ те ин­дикатори што се применуваат, како и не­ кои од предностите и недостатоците на инди­ каторите и креирањето на политиките, осо­бе­ но во однос на нивната употреба во зем­јите од Западен Балкан 7 . Секогаш кога беше по­ треб­но да се направи избор, се одлу­чу­вав­ме за генерално објективни индикатори за дол­го­ роч­ните(системски) ре­зултати. Тоа се дол­жи на фактот што овој текст се занимава со со­ци­ јал­ните индикатори што ги користат ме­ѓу­на­ род­ни агенции. Станува збор за кванти­та­тив­ 6 Fitz-Gibbon, C. T.(2002)‘Evaluation in an Age of Indicators: challenges for public sector management’, Evaluation 8(1); 140-148. 7 Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија 22 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост ни индикатори, обично изразени како однос, или пропорција на односната попу­ла­ци­ја. Се разбира, како такви, ваквите стапки ука­жуваат на агрегираната(вкупна) состојба на луѓето, но малку, или ништо за квалитетот на нивниот живот. Европската унија и процесот Лисабон Лаекен Историски гледано, Европската унија (ЕУ) релативно доцна се придружи на ос­та­на­ тите од меѓународната заедница во мерењето на сиромаштијата и социјалната инклузија. С é до неодамна, ЕУ беше далеку помалку за­ ин­тересирана за квантитативни анализи и индикатори, отколку за донесување на ин­тер­ вент­ни мерки и дефинирање на политики. По­ зна­чајните квантитативни заложби кои ЕУ ги пра­ви на ова поле немаат долга историја, ка­ ко на пример оние на ОЕЦД, Светската бан­ ка, или агенциите на Обединетите нации. Си­ ро­­маштијата и социјалната исклучeност вле­ гоа во фокусот на вниманието оној момент ко­га се појави ризик од нарушување на ко­­­ хезијата на Европската унија заради ви­со­ка­ та невработеност и новите форми на со­ци­ јална исклучeност и кога со агендата од Ли­ сабон исклученоста стана пречка за успешна и динамична економија, базирана на зна­ ење. Некои од причините за првобитниот не­до­ статок на интерес на ЕУ за оваа област се: Големиот исчекор во политиката на ЕУ против сиромаштијата и социјалната исклучeност бе­ ше поттикнат од страна на Европскиот Со­вет, од­ржан во март, 2000 година, во Лисабон. Се пред­ложи отворен метод на координација за­ ра­ди конвергирање на политиките, со кој се соз­дава простор за политичка координација на полето на социјалната заштита и соци­јал­ на инклузија, а со цел заемно учење и размена на позитивни искуства. Овој метод вклу­­чува за­еднички цели, заеднички инди­ка­то­ри, доста­ ву­вање стратешки извештаи(пора­неш­­ните на­ционални акциски планови за со­ци­јална ин­ клу­зија) од земјите членки и за­ед­ничките из­ веш­таи што ги усвојуваат Советот и Ко­ми­си­ја­ та. Воспоставувањето на заеднички инди­ка­ тори на ниво на ЕУ претставува важно поместување во борбата против си­ро­маш­ти­ јата и социјалната исклучeност. Индикаторите за сиромаштијата и социјалната исклучeност што беа иницирани за време на белгиското претседателство со Унијата 9 , беа прифатени на состанокот на Европскиот Совет одржан во Лаекен во декември 2001 година, а потоа дополнети во јуни 2006 година. Портфолиото за мерење на процесите на социјална заштита и социјална инклузија опфаќа 14 главни ин­ди­ ка­тори(+11 индикатори за ситуацијата) и 3 по­ себ­ни портфолија за социјалната ин­клу­зи­ја, пен­зиите, здравството и долготрајната заш­ тита. (а) високата стапка на раст кај земјите членки во педесеттите и шеесеттите години на ми­на­ ти­от век, проследено со ниска стапка на ин­ фла­ција и незначајна стапка на невра­бо­те­ ност; (б) неспособност и/или непостоење интерес за проширување надвор од раната пазарна ориентација на Европската унија, и (в) доминантноста на десноориентираните политички сили во земјите членки кои беа против или, пак, скептични кон с é опфатна по­ ли­тика за намалување на сиромаштијата 8 . 8 Gayer, R.(2000) Exploring European Social Policy, Cambridge: Polity Press. 9 Atkinson, T. et al(2002) Social Indicators: the EU and Social Inclusion. Oxford: University Press. 23 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост Табела 1 Индикаторите од Лаекен за мерење на социјалната инклузија(дополнети во јуни 2006 год.) Примарни индикатори Стапка на ризик од сиромаштија Перзистентна стапка на ризик од сиромаштија Релативен среден јаз на ризик од сиромаштија Долготрајна стапка на невработеност Популација која живее во домаќинства без вработени членови Лица кои рано го напуштаат школувањето, а не се опфатени со обука или квалификација Јаз во вработеноста кај емигрантите Материјално осиромашување Домување Незадоволени потреби за нега од минимални приходи Добросостојба на децата Секундарни индикатори Стапка на ризик од сиромаштија(целосен преглед по возраст) Ризик од сиромаштија по домаќинство Ризик од сиромаштија според интензитетот на работа во домаќинството Ризик од сиромаштија според статусот на најчестата активност Ризик од сиромаштија според статусот на домување Дисперзираност околу прагот на ризикот од сиромаштија Лица со низок степен на образование Ниско ниво на писменост за читање кај децата Извор: http://ec.europa.eu/employment_social/spsi/common_indicators_en.htm Индикаторите овозможуваат споредби меѓу државите и може да се комбинираат со на­ ционалните и меѓународните индикатори за апсолутна сиромаштија. Првостепените ин­ди­ катори се најважните елементи што укажуваат на монетарна сиромаштија и може да доведат до социјална исклучeност. Второстепените ин­дикатори ја опишуваат слоевитоста на про­ блемот. Тие може да бидат надополнети со третостепени индикатори за кои не е потребно усогласување меѓу земјите членки и кои може да се искористат за нагласување на спе­ци­фи­ ки­те на поединечни земји. Надополнетите индикатори покажуваат дека поголемиот дел од претходната критика (недостаток на индикатори кои се однесуваат на децата, итн.) беше прифатена и вградена во ново портфолио, што овозможува по­си­гур­ но откривање и мерење на„скриената“ со­ци­ јал­на исклученост. Сепак, с é уште остануваат некои пробле­ма­тич­ни аспекти. Така на при­ мер, постои нејасна мешавина на објек­тив­ни и субјективни индикатори, па затоа Европ­ска­ та мрежа против сиромаштијата повикува на учество на сите заинтересирани страни во про­­цесот со кој ќе може да се измерат про­ме­ ните во се­кој­днев­ни­от живот на луѓето кои жи­ веат во сиромаштија и социјална ис­клу­чe­ ност 10 . Понатаму, недостасуваат индикатори со кои би се тре­ти­ра­ле различните аспекти на сиромаштијата, исклучeноста и ри­зи­ци­те кај земјите во транзиција, а посебно во оние делови од Регионот кои се зафатени со војна, децата сместени во разни институции, ра­се­ лу­вањата, трговијата со луѓе и прашањата поврзани со инвалидитетот. Исто така, не­дос­ та­сува и интерес на јавноста и постигнување консензус меѓу различните фактори. Притоа, влијателните невладини организации, како на пример Европската мрежа, против сиро­ маш­тијата предложија свои групи на ин­ди­ка­ тори, во следниве области: сиромаштија, вра­ бо­тување, образо­ва­ние/обука, здравство и до­му­вање 11 . И покрај с é , важно е да се на­гла­ си дека овие индикатори даваат важен поттик за поголема координација меѓу земјитечленки и земјите-кандидати за ЕУ во нивните заложби за ефикасно мерење и справување со проблемите на сиромаштијата и со­ци­јал­ ната исклу­чe­ност. Секако дека мо­мен­тал­ната работа врз индикаторите за си­ро­­маштијата кај децата и индексот за материјалното оси­ ро­ма­шу­ва­ње, укажува на фактот дека ин­ди­ка­ 11 http://www.eapn.org/docs/position/indicators_en.doc 10 Pena-Casas, R., Degryse, C. and Pochet, P.(2002) European Strategy in the Field of Poverty and Social Exclusion, OSE, European Social Network. http://www.ose.be/files/docRPC/CPASfinalEN.pdf 24 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост то­ри­те на Европската унија се динамична ка­ те­го­рија. Извештаи на човеков развој и индекси на човеков развој човеков развој од 2007/2008, а со корис­те­ње на податоци од 2005 година, се подредуваат 177 земји од Ис­ланд(со индекс 0,968), до Си­ е­ра Леоне(индекс 0,336) во три главни гру­ пи: Иницијативата за човеков развој ја покрена Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во 1990 година. Суштинската прет­пос­ тав­ка на оваа Иницијатива и на соодветниот Индекс за човеков раз­вој(HDI/ХДИ), е дека развојот е нешто повеќе од економски развој што се мери преку приходот и богатството. Во таа смисла, овој индекс вклучува пошироки аспекти на човековата бла­го­состојба. Секоја година под покровителство на УНДП групи не­ за­вис­ни експерти подготвуваат годишни изве­ штаи за човековиот раз­вој на светско, реги­о­ нално и национално ниво. Во овие из­веш­таи се обра­ботуваат одредени теми, со детален статистички приказ за чо­ве­ковиот развој. Глобалните извештаи за човековиот развој содржат голем број индикатори што се во голема мера стандардизирани, за да овоз­мо­ жат споредби меѓу различни држави. Така, во Извештајот за 2007/2008 година тие податоци се претставени во 35 табели со ин­ди­катори. Исто така, во процесот се користат индикатори за дефинирање на четири индекси: индексот на човеков развој(HDI/ХДИ), индексот на развој на родовите односи(GDI/ГДИ) ; мерката за зајакнување на родовите(GEM/ГЕМ) ; и индексот на човекова сиромаштија(HPI/ ХПИ). Најцитиран индекс е индексот на човеков раз­ вој, кој има и најширока примена и кој кон­зис­ тентно се пресметува од 1975 година. Овој ин­ декс се состои од три под-индекси: Група 1: Земји со висок човеков развој(HDI >0.8) – 70 земји Група 2: Земји со средно ниво на човеков развој(HDI 0.5-0.8) – 85 земји Група 3: Земји со ниско ниво на човеков развој (HDI<0.5) – 22 земји Поради недостаток на прецизни податоци, 17 земји, меѓу кои Србија и Црна Гора, не се рангирани според индексот на човеков развој (HDI). Индексот за развој на родовите односи(GDI/ ГДИ) во основа ги користи истите три главни групи на под-индекси, што ги користи и ХДИ, приспособени за мерење на нееднаквостите меѓу мажите и жените. Во Извештајот за чо­ве­ ков развој за 2007/2008, 157 земји се кла­си­ фи­цирани според ГДИ, почнувајќи од Исланд (0,962) до Сиера Леоне(0,320). Мерката за зајакнување на родовите(GEM/ ГЕМ), во суштина го мери родовото зајак­ну­ва­ ње во однос на нивото на учество на жените во политичката и економската сфера(учество на жените во парламентот, во законодавниот сис­тем, процент на жени на ра­ководни и извршни функции, процент на жени на про­фе­ си­онални и советодавни позиции) и во однос на економската сила(однос на приходите меѓу жените и мажите). Во Извештајот за човеков развој за 2007/2008 околу 93 земји се оценуваат според ГЕМ од Норвешка (0,910) до Јемен(0,129). а. Индекс за очекувано траење на жи­вотот ; б. Индекс за образование, кој е комбинација на стапката на писменост кај возрасните и комбинирани стапки на уписи во ос­нов­ но, средно и универзитетско обра­зо­ва­ ние ; в. Индексот на бруто домашниот производ (БДП по глава на жител при паритет на куповна моќ). Овој индекс се изразува со нумеричка вред­ ност помеѓу 0 и 1. Во гло­балниот Извештај за Индексот на сиромаштија(HPI/ХПИ) се сос­ тои од два различни кумулативни индекси за раз­лични групи земји. HPI-1 се пресметува врз основа на пет аспекти на сиромаштијата и неразвиеноста, сите изразени во проценти на населението: i. Веројатност да не се доживее 40 години старост(од моментот на раѓање) ; ii. Стапка на неписменост на возрасните лица ; 25 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост iii. Колкав дел од населението нема пристап до сигурно снабдување со вода ; iv. Колку деца до четиригодишна возраст се под нормалната тежина за возраста ; v. Колкав дел од населението живее во си­ро­ маш­тија со помалку од 1 долар/ден; по­ мал­ку од 2 долари/ден; под националната ли­нија на сиромаштија. Извештајот за човеков развој од 2007/2008 подредува 108 земји според HPI-1, почнувајќи со Барбадос, со 3,0% население кое живее во сиромаштија, до Чад, со 56,98% од насе­ ле­нието кое живее во сиромаштија. ХПИ-2 е посоодветен за примена на земјите на ОЕЦД, како и земјите од Централна и Ис­ точ­на Европа и земјите на Комонвелт. Во про­ цен­ти, опфатени се четири елементи: i. Веројатност да не се доживеат 60 години старост(од моментот на раѓање); ii. Функционална стапка на неписменост кај возрасните; 3. Употребува објективни индикатори на­ спро­ти субјективни судови ; 4. Може да ја отслика нерамноправноста меѓу родовите во смисла на резултати и зас­тапеност. Недостатоци на ХДР и на ХДИ: 1. ХДИ не е најдобро приспособен за земјите во транзиција, при што може“многу повеќе ин­формации да скрие отколку да от­ крие” 12 ; 2. ХПИ не се пресметува за земјите во тран­ зи­ција по ниедна основа ; 3. Покрај родовите прашања, индексите не се доволно приспособени за мерење на другите форми на исклученост и не­ед­нак­ вост(возраст, регион, етничка припадност, итн.) ; 4. Предизвикуваат мал интерес кај по­ли­ти­ ча­рите, особено во земјите во тран­зи­ ција ; 5. Не се посветува доволно внимание на ана­лиза на податоците од аспект на дет­ ски­те прашања. iii. Колкав дел од работната сила е подолго време без вработување; Милениумски развојни цели(MDGs/МДГ) iv. Сиромаштија според приходот(врз основа на три елементи – помалку од 50% од про­ сеч­ниот приход; помалку од 11 долари/ ден; помалку од 4 долари/ден). Во Извештајот за човеков развој за 2007/2008 година се рангираат 19 земји според ХПИ-2, почнувајќи со Шведска, со 6,3% сиромаштија, до Италија, со 29,8%. Заради недостаток на податоци, некои од земјите на Централна и Источна Европа и Комонвелтот на независни држави, не се опфатени на листата. Предности на Извештајот за човеков развој (HDR/ХДР) и Индексот на човеков развој (HDI/ХДИ): 1. ХДИ е стар и добро проверен индекс, со голем степен на валидност ; 2. Овој индекс овозможува значајни спо­ред­ би меѓу земјите во функција од времето ; На Милениумскиот самит на Обединетите на­ ции, одржан во сеп­тем­ври 2000 година, свет­ ски­те лидери ги усвоија Милениумските раз­ вој­ни цели(MDGs/МДГ) кои се состојат од поопшти(крајни) и поко­н­крет­ни цели кои тре­ ба да бидат исполнети најдоцна до крајот на 2015 година. Во следниот чекор, експертите од ООН, OЕЦД, Свет­ска­та банка и ММФ де­ фи­нираа одреден број индикатори како дел од„Планот за реализација на Милениумската декларацијата на Обе­динетите нации“ 13 . Иде­ ја­та е рамките на групата на Обе­ди­не­тите на­ ции за развој, а со која претседава Адми­ни­ стра­торот на УНДП, агенциите на Обеди­не­ти­ те нации, Бретон-Вудс и другите институции да ги интегрираат Милениумските раз­војни цели во сите аспекти на своите активности. Некои од целите, како на пример оние по­вр­за­ ни со образованието, имаат подолга исто­ри­ ја, односно произлегуваат од целите усво­ени во Јомтиен и Дакар во рамките на Свет­скиот 12 Human Development Report – Croatia, 1998. 13 http://ods-dds-ny.un.org/doc/UNDOC/GEN/N01/526/07/PDF/N0152607.pdf?OpenElement 26 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост форум за образование 14 . Покрај гло­­балното следење на на­предокот, секоја земја во развој и транзиција, до крајот на 2004 го­дина треба да подготви извештај за Милениумските раз­ вој­ни це­ли. Оставена е и можноста земјите да ги приспособат и до­пре­ци­зи­раат целите и ин­дикаторите за подобро да го одразуваат специ­фич­ни­от контекст. Понатаму, во јули 2002 година, Генералниот секретар на Обе­ди­не­ти­те нации го формираше Милениумскиот проект како независно со­ве­ то­давно тело со кое претседава про­фе­со­рот Џефри Сакс. Овој проект се состои од десет работни групи кои треба да помогнат во определување на оперативните при­ори­те­ти, организациските сред­ства за реализација, како и дефинирање на структурите за фи­нан­ си­рање кои се неопходни за остварување на Милениумските раз­вој­ни цели 15 . По првобитната елаборација, во поната­мош­ ни­от процес, Ми­ле­ни­ум­ски­те развојни цели прет­рпија и одредено попрецизно дефи­ни­ра­ ње, т.е. развивање на индикатори за мерење на напредокот. Во нивната сегашна форма, Милениумските развојни цели се состојат од 8 крајни цели, 18 поконкретни цели и 48 индикатори на кои се работи во континуитет. Во целите спаѓаат: Табела 2: Милениумски развојни цели КРАЈНА ЦЕЛ ПОКОНКРЕТНА ЦЕЛ 1. Искоренување на екстремната сиромаштија и глад 2. Обезбедување на универзално основно образование 3. Промоција и јакнење на родовата еднаквост на жените 4. Намалување на смртноста кај децата 5. Подобрување на здравјето на родилките 6. Борба против ХИВ/СИДА, маларија и други болести 1. Намалување на половина на бројката на луѓе кои живеат со помалку од еден долар дневно 2. Намалување на половина на бројката на луѓе кои гладуваат 3. Сите машки и женски деца да имаат универзално основно образование 4. Намалување на разликите меѓу половите во основно и средно образование по можност до 2005 и на сите нивоа на образование, не подоцна од 2015 година 5. Намалување за 2/3 на стапката на смртност кај децата под 5 години, меѓу 1990 до 2015 година 6. Намалување за 3/4 на стапката на смртност на родилките меѓу 1990 и 2015 година 7. Запирање на ширењето на сидата до 2015 година и почеток на нејзиното смалување 8. Запирање на ширењето на појавата на маларија и други болести до 2015 година и почеток на нивното намалување 7. Обезбедување одржливост на животната средина Поконкретни цели 9-11 8. Развивање на глобални партнерства за развој Поконкретни цели 12-18 Судејќи според природата и опфатот, Ми­лениумските развојни цели имаат многу пред­но­сти. Имено, иако станува збор за гло­ ба­лен про­цес, сепак Милениумските развојни цели до­зво­луваат вгра­ду­вање на спе­ци­фич­ но­стите на секоја земја; насочени се кон јасни гло­бал­ни приоритети на начин кој е мерлив и кој реално може да се оствари; во најголем број слу­чаи се воспоставува јасна врска меѓу крајните цели, поконкретните цели и ин­ди­ка­ то­ри­те; се создава платформа околу која раз­ лич­ните супранационални и билатерални аген­ции за помош може да работат заеднички и се создава можност да се направи врска со це­лите по­врзани со пристапот во Европската унија. Притоа, процесот на подготовка на из­ веш­та­и­те може да придонесе за јакнење на ка­пацитетите и подигнување на свеста. Се­ пак, има не­кои карактеристики на кои треба да им се посвети поголемо внимание, како на пример: не­достаток на јасност и согласност помеѓу општите цели, задачите и ин­ди­ка­то­ рите; нејас­но­тии во односот помеѓу гло­бал­ни­ те задачи и индикатори и држав­ните прис­по­ 14 За рамката од Дакар види http://www.unesco.org/education/efa/ed_for_all/dakfram_eng.shtm l. 15 http://www.unmilleniumproject.org 27 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост со­бувања, от­суство на јасни упатства на ре­ги­ о­нален план, заради што споредбите се крај­но тешки да се спроведат; недостаток на чув­ство дека процесот го водат самите др­жа­ ви, заедно со ни­с­ко ниво на јавна свест, па дури и меѓу експертите за Ју­гоисточна Европа. Исто така, од­ре­ду­вањето на 1990 година како основна одредница, дава погрешна слика за земјите во тран­зиција. Стратегии за намалување на сиромаштијата Стратегиите за намалување на сиро­ маш­тијата ги промовираат многу меѓународни аген­ции, почнувајќи со Бретон-Вудс инсти­ту­ ци­ите, т.е. Меѓународниот монетарен фонд и Свет­ска­та банка во рамките на нивната го­ диш­на средба, одржана во септември 1999 год. Та­квите стратегии претставуваат обид за еден покохерентен и по­ефективен приод кон по­мош­­та и развојот, како реакција на критиката на неуспехот на неолибералниот,„од горе на­ до­­лу“ универзалистички рецепт за светот во развој, кој понекогаш се нарекува„Ва­шин­г­тон­ ски консензус“. Во суштина, Стратегиите за намалува­ ње на сиромаштијата се среднорочни на­ци­о­ нални планови за намалување на си­ро­маш­ тијата и економски развој. Истите се зами­сле­ ни да би­дат дефинирани и спроведени од самите држави и да се засноваат врз процес на конс­ул­та­ции во процесот на дефинирање, спроведување и следење, со сите фактори и засегнати стра­ни, а особено со претставниците на граѓанското општество. Стратегиите за нама­лу­ва­ње на сиромаштијата ставаат на­ глас­ка на повеќе­димен­зи­о­налноста на си­ро­ маш­тијата и по­требата за меѓуресорен приод. Врз основа на ригорозни анализи, Стра­те­ги­ ите за на­ма­лу­вање на си­ромаштијата треба да постават јасни задачи и да де­фи­нираат ин­ ди­к­таори и од­редници за мерење на ре­зул­та­ ти­те. Земајќи ја предвид ком­плексната при­ро­ да на самите про­цеси и на Стра­тегијата, се очекуваше да се постигнат зна­чајни резултати во на­ма­лу­ва­ње­то на си­ро­маштијата и про­мо­ ви­рањето на одржливиот економски пораст. Со оглед на фактот дека меѓународните финансиски институции ги разгледуваат сите Стра­тегии за намалување на сиромаштијата, а во контекст на зголемената важност на овие процеси за сите поголеми меѓународни аген­ ции за помош, постои опасност со Стра­те­ги­ ите за намалување на сиромаштијата да се во­веде нов услов за оценување на спо­соб­но­ ста на земјите да добијат заеми и кредити 16 . Исто така, процесите на вклучување на сите за­интересирани страни добија критика дека се само симболични и без вистинска кон­сул­ та­­ци­ја, и се спроведуваат со цел навидум да се задоволат условите за обез­бе­ду­ва­ње за­ еми. Уште посуштинска критика дојде со број­ ни­те коментари дека Стратегиите за на­ма­­лу­ ва­ње на сиромаштијата не претставуваат дра­ ма­тично отста­пување од Вашин­г­тон­ски­от кон­­сен­зус и недоволно се фокусираат врз рас­ тот кој ќе оди во прилог на сиромашните, на ком­плек­сната динамика на семејната и детска сиромаштија ниту, пак, на влијанието на па­за­ рот и либерализацијата на трговијата врз загрозените групи 17 . Земајќи предвид дека с é уште зборуваме за почетоци на процесите на формулирање на Стратегиите за нама­лу­ва­ ње на сиромаштијиата, останува фактот дека со експлицитното реферирање на на­ма­лу­ва­ ње­то на сиромаштијата како на клучна стра­ теш­ка цел, како и со промовирањето на про­ це­си­те на учество на сите засегнати страни, се отвора простор за алтернативни политики и ре­шенија 18 . Не постои однапред дефинирана група на индикатори или цели кои мора да се вклучат во Стра­тегиите за намалување на си­ ро­маштијата. И додека со таквиот став се по­ тв­рдува де­ка процесот треба да биде при­спо­ собен и воден од условите и ситуацијата во да­дената зе­мја, меѓународните финансиски институции неодамна самите ја прокомен­ тираа потребата за дефинирање соодветни индикатори за„следење на резултатите и увид во ре­али­за­ци­ја­та на јавните програми“. И покрај скорешните подобрувања,„листата 16 Redmond, G.(2004)‘Poverty Reduction Strategies and Well-being in Albania and former Yugoslavia’, во Papatheodorou C. and Petmesidou, M.(eds.) Poverty in Mediterranean Countries, forthcoming, Zed Press. 17 cf. Marcus, R. et al(2002) PRSPs – fulfilling their potential for children in poverty? во J. of International Development 14; 1117-28; and Bretton Woods Project(2003) PRSPs: a rough guide. http://www.brettonwoodsproject.org 18 Забелешки од дебатата меѓу Џереми Гоулд и Тимо Воипио и одговорот од Пол Стабс во Global Social Policy 3(3); 349-366, 2003. 28 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост на индикатори често­па­ти е предолга и пре­ мно­гу општа... додека вистинските индикатори по­некогаш се не­до­вол­но прецизно де­фи­ни­ра­ ни, а основните податоци не се секогаш на располагање“ 19 . Иако првичните Стратегии за на­ма­лу­ва­ ње на сиромаштијата им претходат на Ми­ле­ ни­ум­ски­­те развојни цели, во неодамнешниот извештај за напредокот во однос на Стра­те­ гиите за намалување на сиромаштијата се конс­татира дека долгорочните задачи по­вр­ зани со Ми­­лениумските развојни цели се релевантни за среднорочните Стратегии за нама­лување на сиромаштијата и се потенцира важноста индикаторите во Стратегиите за на­ малување на сиромаштијата да бидат ставени во контекст на Милениумските раз­вој­ни цели. Општо земено, и покрај с é поголема употреба на индикаторите на Милениумските развојни цели во процесите на формулирање на Стратегиите за намалување на си­ро­маш­ти­ јата, сепак по­криеноста со индикатори оста­ну­ ва недоволна. Притоа, во Стра­тегиите за на­ ма­лување на сиромаштијата се вклу­чу­ваат ин­дикатори за одредени цели кои се одне­су­ ваат на предвидување на финансиски сред­ ства, управување и дефинирање на за­кон­ ската рамка кои, пак, не се опфатени со Ми­ле­ ни­умските развојни цели. Исто така, Стра­тегиите за на­ма­лу­вање на сиромаштијата овозможуваат поврзување на сред­но­роч­ни­те развојни стра­те­гии, намалување на си­ро­маш­ тијата и надворешната помош. Исто така, тие про­мовираат по­ригорозно водење на ста­тис­ тички податоци за сиромаштијата и ана­ли­зи и го пот­тик­ну­ва­ат учеството на различни за­ин­ тересирани страни. Од друга страна, усло­­ви­ те поврзани со Стратегиите за намалување на сиромаштијата го отежнуваат вис­тин­ско­то учество на сите страни и се залагаат за одредени решенија и политики. Понатаму, по­ стои отсуство на со­глас­ност за индикаторите и очекување да се поврзат Стратегиите за намалување на си­ро­маш­тијата со Ми­ле­ни­ум­ ски­те развојни цели или со други договори и об­врски. Неретко, ана­лизата на сиромаштијата не е доволно дисагрегирана на детска или се­ мејна си­ро­маш­тија. Во Стратегиите за на­ма­ лу­вање на сиромаштијата не се по­светува до­ волно внимание на нееднаквостите, не­ед­нак­ вите влијанија на одердени политики врз за­­грозените групи или врз малцинствата. Ко­ нечно, Стратегиите за намалување на си­ро­ маш­тијата за Западен Балкан не посветуваат соодветно внимание на идната инте­грација во Европа и на по­тре­ба­та да се посветат на релативната сиромаштија и социјална ин­клу­ зија. Социјални индикатори на ОЕЦД Може да се каже дека Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД) е пионер во по­ставувањето на социјални ин­ди­ ка­тори. Со цел да им се помогне на владите во раз­би­ра­ње­то на социјалниот развој, за време на шеесеттите и седумдесеттите го­ди­ ни на минатиот век се воведе систем за из­вес­ тување за социјалните прашања. Со тоа се постави пример за„систем на социјални из­ веш­таи“ аналоген на системот на национални из­вештаи. По Ми­ни­стерската декларација во 1970 година, ОЕЦД ја претстави својата Про­ гра­ма на со­ци­јал­ни индикатори. Главната цел на Програмата беше да се формулираат ме­ѓу­ народно при­фа­те­ните социјални индикатори. Процесот заврши во 1982 година, кога се об­ јави листа од 33 ин­дикатори, 20 која се состоеше од важни социјални варијабли. Но, се­пак, на листата не­до­ста­суваше поконкретна струк­ту­ ра. По завршувањето на проектот, кон­цептот на редовно со­би­рање и издавање на со­ци­јал­ ните индикатори на ОЕЦД, про­падна. Според Мартин и Пирсон, возобнове­ ниот интерес на ОЕЦД за социјалните инди­ като­ри се должи на зголемената за­ин­те­ре­си­ ра­ност на владите и политиките за„одр­жли­ виот развој“, ка­ко и потребата владите на земјите да располагаат со алатка со која ќе се оценува ис­пла­т­ли­воста и ефикасноста на политиките 21 . На тој начин, на состанокот на ми­нистрите за со­ци­јална политика и здрав­ ство, одржан во 1998 година, беше побарано од ОЕЦД да раз­вие со­цијални индикатори, со цел да се обезбеди корисна алатка за спо­ре­ ду­вање на ре­зул­та­тите од социјалното пла­ни­ 19 IMF и IDA(2003)‘PRSPs – progress in implementation’, 12 September http://poverty.worldbank.org/files/091203.pdf 20 Види OECD(1982), The OECD List of Social Indicators, Paris. 21 Martin, P. and Pearson, M.(2001), OECD Social Indicators: A Broad Approach towards Social Reporting, Swiss Federal Statistics Office. http:// www.statistik.admin.ch/events/symposium/abstracts/martin_internet.pdf 29 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост ра­ње во различни земји. Сепак, мора да се на­ гласи дека ОЕЦД не предвиде посебни индикатори за социјална исклучeност, туку наместо тоа фор­му­ли­ра­ше една поопшта рам­ ка на социјални индикатори, во чии рамки би се анализирале ин­дек­си­те на социјална исклучeност. Заради ефективно комбинирање на ин­ ди­каторите и нивна соодветна структурна под­ дршка, ОЕЦД го позајми еколошкиот модел наречен „притисок-држава-одговор“ и го при­ мени во но­вата група на социјални индикатори. На тој начин, се дефинираа индикатори за со­ ци­јал­на­та положба(на пр. невработеност, старосни очекувања, сиромаштија); ин­ди­ка­ то­ри за со­циеталните мерки(на пр. ниво на помош за невработените; број на кревети во бол­ни­ци­те; трошоци за социјални про­гра­ми); инди­ка­тори на состојбата(на пр. Де­мо­граф­ ска струк­тура на населението, прираст на на­ се­лението, приход на државата, итн). По сеопфатната дискусија со сите земји членки на ОЕЦД, новиот пристап кон со­ци­ јал­ни­те индикатори исто така идентификува­ ше четири широки социјални цели: са­мо­до­ волност, ед­наквост, здравје и социјална ко­хе­ зија. Индикаторите на ОЕЦД во споредба со други социјални индикатри имаат неколку пред­но­ сти, како на пример: употреба на„објективни“ наместо „субјективни“ индикатори; ин­ди­ка­то­ ри за социеталните мерки; ги сумира со­ци­јал­ ните цели на владите и дава еден сеопфатен пре­­глед на различните социјални реалности. Не­достатоците, пак, на овие социјални ин­ди­ ка­­тори на ОЕЦД се забележуваат во: не­до­ста­ ток на индекси кои ја претставуваат при­ро­да­ та на сиромаштијата и социјалната исклу­чe­но­ ст кај децата; недостаток на поконкретни ин­­ди­катори во областите, како на пример: мал­цински етнички групи, инвалидитет, ин­сти­ ту­­ци­о­нална грижа, згрижувачки семејства и ма­лолетнички криминал. Сите наведени пра­ ша­ња се од особено значење за земјите од Западен Балкан, подеднакво како и ниската јавна свест, или влијанието врз градењето на политиката. Социјални индикатори на ЕУРОСТАТ И покрај тоа што ЕУРОСТАТ како Инс­ти­ ту­ција за статистика на Европската Заедница беше основана во 1953 година, нејзината ра­ бо­та врз индикаторите на полето на со­ци­ја­ла­ та е с é уште во рана фаза. Според сер Тони Аткинсон: „статистиката на 36,8 милиони си­ро­ ­машни луѓе во Европската Заедница, од пред четврт век може да се смета за почеток на заедничките индикатори на ЕУ за социјална инклузија, договорени во декември 2001 го­ди­ на“ 22 . Профилот на статистиката на ЕУ­РО­ СТАТ за сиромаштијата и социјалната ис­клу­ чe­ност започна да се зголемува во 1997 го­ди­ на, со воведувањето на Социјалното поглавје во Договорот од Амстердам(види член 136 и 137). Работната група за сиромаштија и со­ци­ јал­на исклучeност на ЕУРОСТАТ во 1998 го­ди­ на препорача користење на линија на си­ро­ маш­­тијата поставена на 60 проценти од ме­ди­ ја­­ната, наместо претходната употреба на про­­­центи во однос на просекот. На тој начин, започнаа да се објавуваат проценки за си­ро­ маш­тијата за сите земји членки на Европската унија, врз основа на заедничката линија на сиромаштија и паритетот на куповна моќ 23 . На Советот на Европа, одржан во Ница, во 2000 год., се постигна согласност за една прво­битна листа на„структурни индикатори“, од кои 7 од областа на социјалната кохезија. За тие индикатори беа изложени податоци во Збирниот извештај на Комисијата на Ев­роп­ ски­от Совет, одржан во Стокхолм, во 2001 го­ ди­на(и повторно во март, 2002 год., во Бар­це­ лона). РАМКА: Структурни индикатори на ЕУРОСТАТ 24 Индикатори на социјална кохезија Нееднаквост во дистрибуцијата на приходите Стапка на ризик од сиромаштија Стапка на перзистентен ризик од сиромаштија Распоред на регионални стапки на вработување Број на лица кои прерано ги напуштаат училиштата Долготрајна стапка на невработеност Популација во домаќинства без вработени 22 Martin, P. and Pearson, M.(2001), OECD Social Indicators: A Broad Approach towards Social Reporting, Swiss Federal Statistics Office. http://www.statistik.admin.ch/events/symposium/abstracts/martin_internet.pdf 23 Eurostat(2000) Income, Poverty and Social Exclusion in Member States of the European Union, Office for Official Publications of the European Communities, Luxembourg. 24 Извор: http://europa.eu.int/comm/eurostat/structuralindicators 30 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост Во однос на мерењето на сиромаштијата и социјалната исклучeност, ЕУРОСТАТ тесно соработува со службите на Комисијата и ра­ бот­ните групи на Советот. Така, во однос на раз­вивањето на социјални индикатори, ра­бо­ та­та на ЕУРОСТАТ е во согласност и е ко­хе­ рент­на со работата на Европската унија(за која индикаторите веќе беа споменати во вториот дел од главата I погоре). Соработката меѓу ЕУРОСТАТ и службите на Комисијата про­должува со цел допрецизирање и про­ши­ ру­вање на листата на Лаекен индикаторите. Во таа смисла, може да предложиме некои од структурните индикатори на ЕУРОСТАТ да бидат подобрени, земајќи ги предвид след­ни­ ве недостатоци: постепеното зголемување на бројот на структурните индикатори создава теш­котии во мерењето на напредокот кон це­ лите од Лисабон; недостаток на индикатори за сиромаштија кај децата; недостаток на по­ да­тоци за многу од структурните индикатори за земјите од Западен Балкан. Заклучок И покрај зголемената свест за важноста на дисагрегираните податоци, повеќето од по­ знатите и користени индикатори најчесто се засноваат врз национални агрегати. По­тре­ба­ та од поголемо внимание на варијациите во однос на возраста и типот на до­ма­ќин­ство­то; ру­ралното и урбано окружување; инва­ли­ди­те­ тот; етничката припадност, националност и др­жавјанство и просторните нееднаквости на РАМКА: Нова листа на социјални индикатори на ОЕЦД Индикатори на состојбата Г1 Национален приход Г3 Стапка на зависност кај старата популација) Г5 Бегалци и баратели на азил Г7 Семејства со еден родител Индикатори за самодоволност Социјален статус А1 Вработување А2 Невработеност А3 Невработени млади А4 Невработени домаќинства А5 Мајки кои работат А6 Возраст на пензионирање Индикатори за еднаквост Социјален статус Б1 Релативна сиромаштија Б2 Нееднаквост во приходот Б3 Вработување со ниски примања Б4 Разлики во плати меѓу родови Индикатори за здравство Социјален статус Ц1 Очекувано траење на животот Ц2 Смртност кај новороденчиња Ц3 Потенцијално изгубени години живот (предвремена смртност) Ц4 Очекување за живот без хендикеп Ц5 Несреќи Индикатори за социјална кохезија Социјален статус Д1 Штрајкови Д2 Смрт од користење на дроги и смрт поврзана со дрога Д3 Самоубиства Д4 Криминал Г2 Прираст на население Г4 Странци(и население родено во странство Г6 Стапка на разводи Општествени мерки А7 Политика на активирање А8 Средства што се трошат за образование А9 Образование и нега во раното детство А10 Успех во образованието А11 Писменост А12 Стапки на замена А13 Износ на даноците Општествени мерки Б5 Минимални плати Б6 Јавна општествена потрошувачка Б7 Приватна општествена потрошувачка Б8 Нето општествена потрошувачка Б9 Приматели на социјална помош Општествени мерки Ц6 Стари лица во институции Ц7 Јавна општествена потрошувачка Ц8 Приватна општествена потрошувачка Ц9 Нето општествена потрошувачка Општествени мерки Д5 Групни членства Д6 Гласање Д 7 Затвореници поголемите географски региони, секако се од голема важност, особено за земјите од За­па­ ден Балкан. Универзалните индикатори, кол­ ку и да се важни, не може никогаш да обез­бе­ дат информација за длабочината и сте­пе­нот на исклучeност од социјалниот напредок на 31 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост гру­пите, регионите или деловите од по­пу­ла­ ци­јата. Профилот на исклученост, кој ќе ни каже кој, како и колку е исклучен, мора да би­ де заснован врз концептите на заемни односи, нееднаквости и разлики. Грубите агре­ги­ра­ња на податоците водат до погрешна слика за си­ ту­ацијата во општества во кои постои не­ед­ наквост. Врската помеѓу социјалните индикатори и градењето на политиката, посебно во зем­ји­ те од Западен Балкан е проблематична и нај­ до­бро се изразува преку забелешката дека е за­течена меѓу европската иднина, за која не се направени подготовки, и сегашноста, во ко­ ја доминира бесполезната врска помеѓу инди­ ка­торите и политиката, базирани врз моделот на неразвиениот свет, или светот во развој и пред­мет на новите услови на ме­ѓу­на­родните финансиски институции. Ова особено се илустрира со недостатокот на по­да­тоци за релативната сиромаштија. Што се однесува до апсолутната сиромаштија, постои нере­ши­ тел­ност за линиите според кои може да се на­ пра­ват меѓународни споредби за регионот. Нагласокот на широк спектар на инди­ка­ то­ри за резултатите, без соодветно набљу­ду­ ва­ње на влезните елементи во креирањето на политиките нема да ги постави најважните пра­шања во однос на програмските ал­тер­на­ ти­ви засновани врз докази, бидејќи не може да се разјасни на што се должат резултатите. Ова е особено важно за земјите во транзиција со покомплексно коегзистирање на„старите“ и„новите“,„формалните“ и„неформалните“ струк­тури и процеси. Последно, но не и нај­ малку важно, претставува воведувањето на со­од­ветни стандарди за квалитет, како мост помеѓу индикаторите за креирањето на по­ли­ ти­ки­те и квантитативните индикатори за мерење на резултатите. Превела од англиски јазик: Соња Трајаноска Abstract: The article explores key social indicators for poverty reduction and social inclu sion. It also emphasizes the distinctions between indicators, benchmarks and stan dards. The focus in this paper is, by and large, on the indicators and policy processes most often used to measure human progress and well-being. For each, the authors address in broad terms: the history and current status of the initiative; the main indi cators used; and some of the advantages and disadvantages of the indicators and policy processes. Wherever specific choices are made, the emphasis is on broadly objective outcome indicators. This is primarily because this paper focuses on the social indicators used by international agencies, such as: European Union and EUROSTAT, UNDP, UN, International Monetary Fund and the World Bank and OECD. Their indicators tend to be quantitative indicators, often expressed as rates or propor tions of the relevant population. As such, of course, these rates tell us about the ag gregate sitaution of people, but little or nothing about the quality of their experiences. Authors conclude that a focus on a wide range of outcome indicators, with no corre sponding attention to monitoring policy inputs, may fail to pose some of the most important questions about evidence-based policy alternatives. Article also empha sizes the importance of introducing meaningful quality standards, as something of a bridge between policy input indicators and quantitative outcome indicators. Key words: Social indicators, Laeken indicators, Human Developemnt Report and Human Development Index, Millenium Development Goals, Poverty Reductions Strategy Papers, OECD Social Indicators, Social Cohesion Indicators. 32 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 20-33 Скопје, јуни 2008 д-р Пол Стабс, Доц. д-р Маја Геровска Митев, Клучни социјални индикатори и политики за мерење на сиромаштијата и социјалната исклученост ЛИТЕРАТУРА: Atkinson, T. et al(2002) Social Indicators: the EU and Social Inclusion. Oxford: University Press. Carter, R.(2001)‘Defying Prejudice, Advancing Equality – 1: Minorities in Central and Eastern Europe and the former Soviet Union’, London: Everychild; p. 15. Martin, P. and Pearson, M.(2001), OECD Social Indicators: A Broad Approach towards Social Reporting, Swiss Federal Statistics Office. Minogue, M.(2000)‘Should Flawed Models of Public Policy Be Exported?’ University of Manchester IDPM Working Paper 15; p. 11. Fitz-Gibbon, C. T.(2002)‘Evaluation in an Age of Indicators: challenges for public sector man agement’, Evaluation 8(1); 140-148. Gayer, R.(2000) Exploring European Social Policy , Cambridge: Polity Press. Gough I. et al in Global Social Policy 4(3), forthcoming. Gould, J.(2003)‘Transnational Actors and the Politics of Poverty Reduction’, and Voipio, T.(2003)‘Finnish Perspectives on the Role of the International Non-State Actors in Policy Formation’, in Global Social Policy 3(3); 349-366 IMF and IDA (2003)‘PRSPs – progress in im plementation’, 12 September http://poverty. worldbank.org/files/091203.pdf Marcus, R. et al(2002) PRSPs – fulfilling their potential for children in poverty? in J. of International Development 14; 1117-28; and Bretton Woods Project(2003) PRSPs: a rough guide. http://www.brettonwoodsproject.org OECD(1982), The OECD List of Social Indicators , Paris. Pena-Casas, R., Degryse, C. and Pochet, P. (2002) European Strategy in the Field of Poverty and Social Exclusion , OSE, European Social Network. http://www.ose.be/files/ docRPC/CPASfinalEN.pdf Redmond, G.(2004)‘Poverty Reduction Strategies and Well-being in Albania and for mer Yugoslavia’, in Papatheodorou C. and Petmesidou, M.(eds.) Poverty in Mediterranean Countries , forthcoming, Zed Press. Room, G.(1993) Anti-Poverty Action Research in Europe. Polity Press. Ruxton, S. and Bennett, F(2002) Including Children? Developing a coherent approach to child poverty and social exclusion across Europe(commissioned by Euronet). 33 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија Доц. д-р Сузана Борнарова Институт за социјална работа и социјална политика Филозофски факултет Универзитет“Св. Кирил и Методиј” УДК 364.65-053.9(497.7) СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД СИСТЕМОТ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РEПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА РЕЗИМЕ Глобалното стареење на населението го актуелизира проблемот на социјална исклученост на старите лица од сите сфери на општественото живеење, вклучително и од системот на социјална заштита. Во Република Македонија, која исто така се соочува со процесот на демографско стареење на населението, закодавните одредби не ги исклучуваат старите лица од пристапот до овие права по било која основа: националност, пол, возраст, припадност на рурална или урбана средина. Сепак, во практиката се забележуваат одредени ситуации на ограничен, или отежнат пристап до правата од социјална заштита. Меѓу доминантите пречки се: сложените административни процедури и нерешените семејни односи(односи родителидеца) кои се често услов за остварување на определено право. Недостигот и недоволната развиеност на, со Закон предвидените форми на социјална заштита(како домашната нега и помош, дневното згрижување, хранителската заштита), условува старите лица да имаат често само нормативен, но не и реален пристап и можност за користење на овие услуги. Ваквата состојба ја наметнува потребата од надминување и укинување на наведените бариери во практичната имплементација на законските одредби; развивање нови форми на заштита(пред сî вонинституционални); како и развој и диверзификација на пензиските системи во насока на воведување јавни и приватни пензиски шеми за покривање на трошоците за различни видови социјални услуги во староста. Клучни зборови: стари лица, социјална заштита, социјални услуги, права од социјална заштита, социјална исклученост. ВОВЕД Глобалното стареење на населението го трансформира општеството во кое жи­ве­е­ ме, а трендот на продолжен животен век е глобален феномен. Под влијание на овој фе­ но­мен, скоро насекаде во светот, националните политики во врска со социјалната сигурност се ставени на повторна анализа, здрав­стве­ ните системи и системите на социјална заш­ тита се обидуваат да одговорат на растечките потреби, и воопшто, економските, политичките и социјалните последици се огромни. Ваквиот, досега незабележан демографски тренд, е предизвик за сите земји во светот, како и за Ре­публика Македонија која, исто така, се со­о­ чу­ва со феноменот на стареење на својата по­пулација. Во Република Македонија, од 1961 година наваму, според податоците на офици­ јал­на­та статистика, се забележува истиот тренд на стареење на населението, што се из­ ра­зу­ва со пораст на бројот на стари лица � и 34 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 во апсолутен број и во поглед на учеството во вкуп­ната популација. Имено, од 5,33% удел на стари лица над 65 години во вкупното насе­ ле­ние во Република Македонија во 1961 го­ди­ на, веќе во 1994 година, тој процент се зго­ле­ му­ва на 8,46%. Во 2002 година, според по­ след­ните пописни резултати, уделот на ста­рите лица над 65 години во вкупното насе­ ле­ние изнесува 10,6%. Воедно се забележува и тренд на феминизација на стареењето на популацијата. Бројот на стари жени над 65 години е во по­стојан пораст, во однос на бројот на стари мажи над 65 години, кој се намалува. Во пе­ри­о­дот од 1991 до 2002 година, процентуалното учество на мажите на возраст над 65 години од 45,9% се намалува на 45,1%, а на жените од 54% се зголемува на 54,9%(Државен за­вод за статистика, 2003). Демографскиот тренд на стареење на населението го по­твр­ду­ва­ат и податоците, според кои, во периодот од 1996 година, до 2006 година, учеството на мла­дото население(0-14 години) во вкупното на­се­ле­ ние во земјата е намалено од 24,1 на 18,9%, а учеството на старото население(65 години и повеќе) е зголемено од 9,0 на 11,2%(Др­жа­ вен завод за статистика, 2008). Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија услуги и бенефиции на старите лица, во однос на следните неконтрибутивни бе­не­фи­ ции: право на социјална помош, институционална заштита, вонинс­ти­ту­ци­о­ нал­на заштита и социјална превенција, уре­ де­ни согласно Законот за социјална заштита. Покрај анализата на евентуалната исклу­че­но­ ст на старите лица, како категорија која би тре­бала да оствари пристап до овие права во са­мата законска рамка(нормативното регу­ли­ ра­ње), посебен акцент ќе биде ставен на идентификацијата на бариерите и тешкотиите што се јавуваат при практичната им­пле­мен­ тација на правата, а кои би можеле да прет­ ста­вуваат фактор за социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заш­тита. 1. СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ ОД ПРАВОТО НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ Од можните видови социјална помош, старите лица го остваруваат правото на: по­ сто­јана парична помош ; социјална парична помош ; паричен надоместок за помош и нега ; здравствена заштита ; еднократна парична по­ мош или помош во натура и домување. Во услови на демографско стареење на населението, социјалната инклузија и пра­ ша­њата поврзани со еднаквоста и рамно­прав­ но­ста на старите лица претставува важна област за креирање соодветен одговор на социјалната политика. Бидејќи пензионерите, во основа имаат понизок приход од вра­бо­те­ ни­те, демографското стареење укажува на тоа де­ка нерамноправноста на приходот и стапките на сиромаштија ќе продолжат да растат. Раз­лични категории стари лица- сам­ ци, лица со инвалидитет, лица кои живеат во оси­ро­ма­шени урбани подрачја, или пе­ри­фер­ ни рурални области, живеат во ризик од си­ро­ маш­ти­ја и социјална исклученост од по­ве­ќе домени на општественото живеење: об­ра­зо­ ва­ние, здрав­ство, култура, пазар на труд, со­ ци­јална заштита. Целта на овој труд е да го истакне про­ бле­мот на социјална исклученост на старите ли­­ца од системот на социјална заштита во Република Македонија и да ги идентификува си­­вите зони во системот кои го оневозможуваат, или попречуваат пристапот до со­ци­јал­ни­те 1.1. Постојана парична помош Според Законот за социјална заштита, на постојана парична помош, покрај ос­та­на­ти­ те категории, имаат и жена и маж постари од 65 години. Притоа, корисникот на постојана па­рична помош воедно може да биде и ко­рис­ ник на паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Постојана парична помош мо­ же да оствари и старо лице кое склучило до­ го­вор за доживотно издржување со центарот за социјална работа(Закон за социјална заш­ ти­та- пречистен текст, 2006 год.). Постојаната парична помош е нај­чес­ та­та форма на социјална заштита што ја ко­ рис­тат старите лица. Во моментов се прак­ тикува во центрите за социјална работа без по­себен пра­вилник. Центрите се рако­во­дат ис­клучително од Законот за социјална заш­ти­ та и за­дол­жи­телните инструкции што ги до­би­ ва­ат од надлежното Министерство за труд и социјална по­литика. Заради ова, но и заради начинот на кој е предвидена импле­мен­та­ци­ја­ та на по­сто­јаната парична помош, по­стојат и 35 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 најголем број тешкотии во оства­ру­ва­њето при­ с­тап до ова право. Идентификуваните пречки заради кои старите лица често не го ос­тва­ру­ ва­ат ова пра­во, се од различна природа. Нај­ до­минантни се следните: • Неинформираност за постоењето законска можност за ваков вид парична помош (особено меѓу неписмените самци, како и меѓу брачните парови на стари лица и стари лица кои живеат со своите деца) ; • Сложени административни процедури и преобемна документација што треба да се обезбеди за да се реализира правото (старите лица често се сами, без семејна помош, не се во можност и не знаат каде треба да се обратат за да ги извадат потребните документи) ; • Старите лица без државјанство и без остварен постојан престој, не можат да го користат ова право и тоа често се јавува како најголем проблем кој тешко се над­ми­ нува ; • Нерегулираната оставинска постапка(не­ до­вршената постапка заради одредени при­чи­ни, како што е вадењето умреници од родителите, заради тоа што не знаат каде им живееле родителите, каде по­чи­на­ ле, или во случаи кога некои од нив во­оп­ што не се за­ведени, односно регистрирани во матичната книга на умрените) про­из­ве­ дува про­бле­ми во однос на откривањето на тие случаи, надминување на пречките и ре­а­ли­зи­ра­ње на правото. Заради оваа пречка, голем број стари лица, кои реално имаат потреба од овој вид помош, не се во можност истата да ја добијат ; • Според Законот, постојана парична помош не може да добие старо лице кое не ос­тва­ ри­ло издржување врз основа на склучен договор за доживотна издршка, а не по­кре­ на­ло постапка за раскинување на тој до­го­ вор. Оваа одредба, во праксата резултира со многу проблеми, поради кои старите лица не можат да го остварат ова право. Имено, се јавуваат бројни ситуации во кои старото лице склучило договор за до­жи­вот­ на из­др­шка, но лицето со кое е склучен до­ го­вор не ги исполнува своите обврски, ни­ 36 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија ту, пак, сака да го раскине договорот. По­ тре­бата од помош и згрижување на тоа старо лице ос­та­нува, а на Центарот за со­ ци­јална работа му преостанува единствено да интервенира со еднократна парична помош, бидејќи нема поголеми ингеренции од типот на давање струч­но мислење до судот, за раскинување на таквиот договор ; • Со измените во Законот за социјална заш­ ти­та од 2005 година се воведува и од­ред­ба­ та за неможност за остварување право на постојана парична помош и социјална па­ рич­на помош, доколку лицето, во прет­ход­ ните 3 години пред поднесување на ба­ра­ ње­то, остварило средства за издржување со продажба на имот, или го подарило сво­ јот имот. ЦСР по службена должност бара информација од општината или градот Скопје, кој води евиденција за вакви деј­ ства(по некоја нелогичност само за една претходна година). Во практиката, оваа одредба претставува голема пречка која го оневозможува пристапот до ова право ; • Законот за семејство кој ја регулира ре­ци­ проч­ната обврска за меѓусебна грижа и из­ др­жување меѓу родителите и децата про­из­ ве­дува посебни тешкотии. Имено, иако За­ ко­нот ги обврзува децата да ги издржуваат старите родители, тоа во праксата не е се­ когаш случај, па дури и кај оние со задо­во­ ли­телна материјална состојба. Про­бле­­ми­ те, што се јавуваат во овие случаи, се од различен вид: стари лица кои има­ат деца кои жи­веат во странство, со кои немаат кон­такти и не можат да се лоцираат(од­нос­ но не можат да докажат дека нема кој да се грижи за нив, што е услов да се оствари пра­во­то) ; деца чие живеалиште е познато, можат да се лоцираат, но не сакаат да потпишат изјава дека се откажуваат од гри­ жа­та за родителите, без која изјава ста­ро­ то лице повторно не може да го оствари ова право ; деца кои, едноставно, не сакаат да им ги стават на располагање потребните документи што ги поседуваат ; • Начинот на пресметка на износот на пос­то­ ја­ната парична помош(по член на до­ма­ ќин­с­тво), според кој се земаат во предвид и приходите на децата кои не живеат со старото лице, резултира со тешкотии во Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 имплементацијата, па и злоупотреби. Де­ ца­та кои не живеат во исто домаќинство со старото лице, а остваруваат приход над пресметаниот за постојана парична помош, се должни разликата да ја даваат на родителот. Тоа, често, не се остварува, од повеќе причини: децата не се волни тоа да го прават ; пот­пи­шу­ваат, или одбиваат да потпишат изјава дека не сакаат да го из­др­ жу­ваат родителот ; лаж­но ги прикажуваат приходите ; самите стари лица ја прикриваат фактичката сос­тој­ба за да ги заштитат децата, на тој начин што не кажуваат точно колку деца имаат кои не живеат со нив. Во ваквите случаи, што се доста чести во праксата, наместо старите лица, соци­јал­ ни­те работници се тие кои по службена дол­ жност се ангажираат(на пр.: заради вадење до­­кументација ; упатување службени барања до МВР и МНР за лоцирање на членови на се­ мејството ; поднесување тужба против ро­ди­ тел/дете заради нереализирање на за­кон­ска­ та обврска за меѓусебна грижа и издржување - кон што, сепак, ретко се прибегнува ; интер­ ве­нирање со еднократна парична помош за старите лица кај кои постојат вакви пречки, но и неизбежна потреба од помош). Честопати, целокупната постапка на прибирање на до­ку­ мен­тацијата завршува безуспешно и на штета на старото лице, кое поради некоја од на­ве­де­ ните пречки, едноставно, не може да ги ос­ твари своите права. Во најнеповолна состојба за реализирање на ова право се токму ста­ рите лица кои потекнуваат од семејства со на­ ру­шени семејни односи. Што се однесува до можноста да се реализира постојана парична помош преку склучување договор за доживотно издржување со Центарот за социјална работа, тоа е редок случај во праксата. Ова се должи, пред с é , на неинформираноста за постоење на ваква можност. Од друга страна, склучувањето до­го­ вор за доживотно издржување се врши врз основа на проценка на имотот и ресурсите со кои располага старото лице, или со еден збор проценка на исплатливоста на таквиот до­го­ вор. Иако не постои посебен правилник, врз основа на кој би се вршела таквата проценка, заради што таа е често арбитрарна, сепак вакви договори ретко се склучуваат бидејќи најчесто се работи за стари лица кои се си­ро­ Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија маш­ни, не располагаат со никаков имот, или рас­полагаат со имот со минимална вредност. За оние стари лица кои располагаат со имот со поголема вредност, најчесто се грижат нив­ ни­те деца, или некои од членовите на се­меј­ ството. 1.2. Социјалната парична помош Овој вид помош се обезбедува за граѓаните кои се изложени на социјален ризик, а се утврдува во висина зависно од бројот на членовите на домаќинството: - 1.700 денари(28 евра) за едночлено домаќинство ; - 2.200 денари(36 евра) за двочлено домаќинство ; - 2.800 денари(46 евра) за тричлено домаќинство ; - 3.600 денари(59 евра) за четиричлено домаќинство ; - 4.200 денари(69 евра) за петчлено и повеќечлено домаќинство. Домаќинство има право на социјална парична помош доколку вкупните месечни приходи на сите членови на домаќинството се пониски од утврдената висина на со­ци­јал­ на­та помош за соодветното домаќинство. Висината на социјалната помош се утврдува и пресметува врз тримесечна или годишна основа, во зависност од категоријата на барателот: • Домаќинството, во кое носителот е лице кое е вработено ; • Домаќинството, во кое носителот е ко­рис­ ник на пензија ; • Домаќинството, во кое носителот е лице кое не е вработено ; • Домаќинството, во кое носителот е ко­рис­ ник на постојана парична помош согласно Законот за социјална заштита(1997). • За сите други домаќинства(Закон за со­ци­ јал­на заштита- пречистен текст, 2006). Старите лица се поретко носители, но че­стопати индиректни корисници на соци­јал­ на­та парична помош како членови на до­ма­ 37 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 ќин­ството кое го остварило ова право. Теш­ко­ ти­ите, поврзани со имплементацијата на ова право, најчесто се поврзани со иденти­фи­ку­ вање на домаќинствата. Во случаите кога старите лица живеат во иста куќа со децата, на пример, тие најчесто се пријавуваат дека живеат во 2 одвоени домаќинства. Проблемот да го остварат ова право настанува кога жи­ве­ ат во стан и кога е потешко да се докаже и да се издвојат во 2 посебни домаќинства. Друг проблем, што веќе го истакнавме во делот на пречките за остварување постојана парична помош, а кој подеднакво се однесува и на остварувањето социјална парична по­мош, е неможноста истата да се добие во случај на остварување средства за издржување со продажба на имот или подарување имот во претходните три години. Воедно, проблем се јавува во однос на можноста за остварување на ова право во случаите кога во рамките на домаќинството не работи некое од децата, а мајката или таткото се корисници на постојана парична помош. Децата немаат право да остварат соци­јална парична помош врз основа на социјална загрозеност затоа што постојаната парична помош се смета како приход во домаќинството. Спротивно на ова, во до­ма­ ќин­ство во кое децата се вработени(на при­ мер, синот) и остваруваат плата пониска од пре­сметаниот износ на постојана парична по­ мош по член на домаќинство, родителот- ста­ ро­то лице може да го оствари целиот износ на постојана парична помош и покрај при­хо­ дите од плата во домаќинството. 1.3. Паричен надоместок за помош и нега Право на паричен надоместок за помош и нега може да оствари лице: со тешки и најтешки пречки во интелектуалниот развој ; со потешка и најтешка телесна попреченост ; слепо лице ; со трајни промени во здрав­стве­ на­та состојба, заради што не може само да ги задоволува основните животни потреби, не може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во станот, или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува, да ја одржува личната хигиена, ниту да ги врши основните физиолошки потреби ; заради трајни или привремени промени во здрав­стве­ 38 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија на­та состојба не може без помош од друго лице целосно да ги задоволува основните животни потреби. Висината на паричниот на­ до­месток се утврдува во зависност од обе­мот на потребата за помош и нега од друго ли­це и просечниот месечен приход на се­меј­ство­то на подносителот на барањето(Закон за со­ци­ јал­на заштита- пречистен текст, 2006). Оттука, старите лица кои се наоѓаат во ваква ситуација можат да го користат ова право. За разлика од правото на постојана па­ рич­на помош, во случај на правото на па­ ричен надоместок за помош и нега се земаат во предвид само приходите на децата кои жи­ ве­ат со старото лице. Притоа, со помош на утврдена скала, точно се определува износот на надоместокот што е помал, како што се зголемуваат приходите во семејството. До измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита во 2005 година, утврду­ва­ њето на болеста и неспособноста(од страна на лекарска комисија) бил единствен услов за добивање на овој надоместок. По 2005 година, заради очекувањата дека ќе се на­ма­ ли бро­јот на корисници на паричниот надо­ мес­ток, за помош и нега се вклучуваат и при­ хо­дите ме­ѓу критериумите што се земаат пред­вид. Сознанијата од праксата говорат де­ ка значително намалување на бројот на ко­ рис­ници на ова право, како резултат на изме­ ни­те, не е забележано. Напротив, со ваквото ре­шение се воведени приходите што во мо­ мен­тов се јавуваат како доминантна пречка за реализација на правото. Односно, старо лице на кое поради тешка болест му е по­тре­ б­на нега од друго лице и кое не може само да се грижи за себе, нема да може да го оствари ова право доколку во домаќинството постојат приходи поголеми од предвидениот износ за домаќинство со тој број на членови. Покрај приходите, поголеми тешотии се јавуваат како резултат на одредбите за обнова на медицинската документација и тоа не за оние лица прогласени за трајно не­спо­ соб­ни(кои ги обновуваат само документите за приходите), туку за оние со контролен пре­ г­лед кои мора да ја обновуваат медицинската документација и да се препраќаат на лекарска ко­мисија. Воедно, одредбата дека меди­цин­ ска­та документација не треба да е постара од 6 месеци, без оглед за каков вид болест се Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 ра­боти, е нелогична и само ја усложнува ад­ ми­нистративната процедура поврзана со реа­ ли­­зацијата на ова право. На ова се надоврзува и потребата од ревизија на листата на бо­лес­ ти, во насока на можно инкорпорирање на бо­ лес­ти што се јавуваат во староста, а во мо­ мен­тот не се наоѓаат на листата, со тоа оне­ воз­можувајќи им на некои стари болни лица да ја искористат оваа бенефиција. 1.4. Право на здравствена заштита Секое старо лице кое остварило некое право од социјална заштита е здравствено осигурано, ако не е осигурано врз друга основа (на пример пензија). Право на здрав­ ствена заштита имаат старите лица корисници на постојана парична помош, оние сместени во згрижувачко семејство, старите лица смес­ те­ни во установа за социјална заштита, како и корисниците на паричен надоместок за по­ мош и нега(Закон за социјална заштита- пре­ чистен текст, 2006). Сепак, голема пречка за остварување на правото на здравствена заштита се јавува за категоријата лица од 55- 65 годишна воз­ раст. Ова од причина што Агенцијата за вра­ бо­­ту­вање лицата над 55 годишна возраст ги брише од евиденција како невработени(до­де­ ка е на евиденција тоа лице е здравствено оси­гурано). Штом се брише од евиденцијата, нема право на здравствено осигурување, така што онаа возрасна група од 55-65 години се наоѓаат во временски вакуум кој им оне­воз­ мо­жува остварување на правото на здрав­ стве­на заш­тита. Доколку не постои болест, тие не можат да остварат постојана парична помош, ниту паричен надоместок за помош и нега, а оттука ниту здравствена заштита. Во овој период, можат да остварат социјална парична помош, но не и притоа да бидат здрав­ствено осигурани. Доколку постои, пак, можност за остварување инвалидска пензија, во тој случај лицето може да биде осигурано, или, пак, ако нема работен стаж, врз основа на болест да оствари постојана парична помош и врз таа основа да биде осигуран. 1.5. Еднократна парична помош или помош во натура Овој вид социјална помош се доделува Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија на лица или семејства кои се нашле во сос­тој­ ба на социјален ризик, а заради претрпена при­родна непогода или епидемија, по­дол­го ле­кување во здравствена установа, или друга со­цијална криза. Еднократната парична по­ мош се доделува најмногу во висина на две просечни месечни нето плати по работник во Република Македонија остварени во послед­ ни­те три месеци. Помошта во натура, пак, под­разбира обезбедување облека, храна и други средства неопходни за минимална ег­ зис­тенција(Закон за социјална заштита пречистен текст, 2006). За старите лица, еднократната па­рич­ на помош најчесто се доделува во случаи на подолго боледување, или за покривање на погребни трошоци за член од семејството, на кои се изложени лицето и неговото семејство. По­мошта во натура(храна, облека и сл.) се распределува преку Центарот за социјална работа, во соработка со други организации, ка­ко што е Црвениот крст и други кои до­ста­ву­ ваат помош од ваков вид. Центарот потоа прави списоци на најзагрозени семејства, или корисници на услуги на кои помошта им се распределува. Во практиката, сепак, и овој вид помош с é поретко се доделува. 1.6. Право на домување Ова право се озбедува на социјално за­грозени лица- социјално необезбедени. При­тоа, како социјално загрозени лица се сметаат, меѓу другите, и корисниците на постојана парична помош, што значи ги под­ раз­бираат и старите лица. Критериумите и на­ чи­нот на остварување на ова право ги опре­де­ лу­ва општината, или градот Скопје. Сред­ства­ та за остварување на правото на домување се обезбедуваат од буџет, донации, фон­да­ ции, кредити и друго(Закон за социјална заш­ ти­та- пречистен текст, 2006). С é до измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита во 2005 година, правото на домување се реализираше преку центрите за социјална работа. Во случај на потреба од обезбедување домување на за­гро­ зе­но старо лице, центарот за социјална ра­бо­ та домувањето го обезбедуваше најчесто пре­ ку помош во изнаоѓање куќа или мал стан, за што ги покриваше трошоците за станарина 39 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 пре­ку еднократна парична помош. Со изме­ни­ те на Законот за социјална заштита, оства­ру­ ва­њето на ова право е во надлежност на оп­ шти­ните и градот Скопје, но за жал, до сега, и по изминати скоро 3 години, истото не фун­к­ цио­нира, односно општините не ја реали­зи­ раат оваа своја надлежност. Центарот за со­ ци­јална работа и во вакви ситуации интер­ве­ ни­ра во интерес на заштитата на старите ли­ца на кои им е неопходно решавањето на про­блемот на домување, на тој начин што ги сместува во дом за стари лица или во геријатрискиот центар. 2. СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ИНСТИТУЦИОНАЛНА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Согласно Законот за социјална заш­ти­ та, правото на сместување во установа за со­ ци­јална заштита, покрај останатите категории ко­рисници, имаат и старите лица кои немаат соодветни услови за живеење во своето семејство, или од други причини им е потребно сместување во установа за социјална заш­ти­ та, а не може да се примени друг вид на заш­ тита, односно кои не се во состојба сами да се грижат за себе, а заради станбената и семејната состојба нема можност да им се обезбеди заштита на друг начин(Закон за социјална заштита- пречистен текст, 2006). Во Република Македонија постојат 4 јавни установи за згрижување на стари лица: ЈУ Дом за стари лица“Сју Рајдер” Битола ; ЈУ Дом за стари лица“Зафир Сајто” Куманово ; ЈУ Дом за стари лица“Киро Крстески - Платник”- Прилеп ; Геронтолошки завод“13 Ноември” Скопје ; Оддел(Дом за стари лица)“Мајка Тереза” – Скопје. Право на сместување во институција за социјална заштита може да оствари и ко­ рис­ник на постојана парична помош, како и пензионери и покрај тоа што имаат блиски срод­ници. Само во случаите кога старото лице е сосема само и без никакви средства за егзис­тенција, трошоците во целост ги по­ 40 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија кри­ва Центарот за социјална работа. Пречките за остварување на ова право се од слична природа како и за правото на социјална помош. Меѓу нив најдоминантни се пречките поврзани со: администрирање на постапката и обемната документација ; ло­ци­ ра­ње на сродниците и регулирање на од­но­ сите меѓу нив и старото лице ; како и проблеми кои произлегуваат од немање државјанство. Сепак, за разлика од правото на социјална помош, каде во случај на пречка од ваков или сличен вид старото лице, едноставно, нема да може да го оствари правото, кога станува збор за утврдување потреба за сместување на старо лице во установа за социјална заштита постои алтернативна можност која им стои на располагање на центрите за со­ци­ јал­на работа. Имено, во случај на иден­ти­фи­ ка­ција на стари лица кои се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, се пре­пуш­те­ ни сами на себе, или се практично без­дом­ ници, центарот за социјална работа може да го смести тоа лице само со решение во кое се вметнува одредбата“ се сместува до ут­вр­ ду­вање на фактичката состојба”. Во ваква си­туација, старото лице е згрижено, а цен­та­ рот за социјална работа продолжува да ја во­ ди постапката до целосно регулирање и при­ би­рање на целокупната потребна до­ку­мен­та­ ција. Покрај горенаведените пречки, по­сто­ јат и регионални разлики во остварувањето на пристапот до ова право. Ова е пред­од­ре­де­ но, пред с é од географската лоцираност на постојните јавни установи за стари лица во: Скопје, Куманово, Битола и Прилеп, оневоз­ мо­жу­вајќи им на голем дел од корисниците на кои им е потребна институционална заштита да продолжат да живеат во местото на жи­ве­е­ ње на кое се навикнати. Овие 4 установи се ло­цирани во големите градски агломерации, што е добро решение, но сепак не постои нивна дисперзија и во останатите општини. За­ради тоа што постојните домови не ја по­ кри­ваат рамномерно територијата на целата др­жава, во нив се сместуваат стари и други воз­расни лица од сите општини од Ре­пу­бли­ ката. И покрај тоа што нивниот капацитет е двој­но поголем од проектираниот, сепак не ги за­доволува акутните барања за сместувања (Борнарова С., 2004). Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 На претходната констатација се на­до­ вр­зува потребата од развивање нови форми на институционална заштита(мали групни домови, хранителски домови, заштитено до­ му­­ва­ње и слично), или со други зборови зго­ ле­мување на можностите за избор на со­од­ ветно и најпосакувано домување во по­веќе гра­дови во Македонија, водејќи, притоа, смет­ ка за нивна рамномерна географска распре­ де­леност. Во областа на институ­ци­о­нал­на­та заш­ ти­та на старите лица, присутна е и при­ватната ини­цијатива. Досега се отворени 4 приватни до­мови за стари лица во Република Ма­ке­до­ нија(кои с é уште не се регистрирани како уста­нови за социјална заштита, туку како тргов­ски друштва). Сепак, заради пре­ви­со­ ката цена на месечните услуги за смес­ту­ва­ ње во овие домови(која се движи од 1821.000 денари, или 300-350 евра) истите им се дос­тапни само за мал дел од популацијата на стари лица, оние кои потекнуваат од по­и­ маш­ни семејства. 3. СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВОТО НА ВОНИНСТИТУЦИОНАЛНА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија или советувалишна работа заради добивање ин­­формации, оспособување за самостојно од­ лу­­чување, зачувување и развој на соци­јал­ни­ те потенцијали. Правото на помош на се­меј­ ството опфаќа стручна помош за надми­ну­ ва­ње на семејни кризи во брачните односи, или односите родители- деца(Закон за соци­ јална заштита- пречистен текст, 2006). Овие права им стојат на располагање на сите корисници на социјална заштита, вклучително и на старите лица. Во работата со стари лица, во практиката се поаѓа од идентификација на состојбата на социјален ризик, како и изнаоѓање на можни решенија меѓу постојните услуги. Особено е карак­те­ рис­тична интензивната работа за над­ми­ну­ вање на кризи во односите родители- деца, пред с é заради фактот што, во најголем дел, услов за остварување на правата на старите лица, зацртани во Законот за социјална заш­ ти­та, е регулирани односи меѓу родителите и де­цата. Сепак, заради постојните состојби на преоптовареност со административна работа на реализација на правата во центрите за со­ ци­јална работа, и во работата со оваа ка­те­ горија корисници на услуги се запоставуваат елементите на превентивна работа, сове­ту­ва­ лиш­на работа, помош на поединецот во однос на оспособување за самостојно одлучување и развој и зачувување на социјалните по­тен­ цијали. Согласно Законот за социјална заш­ тита вонинституционалната заштита опфаќа право на: прва социјална услуга на корисници на социјална заштита; помош на поединец; помош на семејство; домашна нега и помош на поединец и на семејство; дневно и при­вре­ мено згрижување како помош на поединец и семејство; и сместување во згрижувачко се­ меј­ство(Закон за социјална заштита пречистен текст, 2006). 3.1. Право на прва социјална услуга, помош на поединецот и семејството Правото на прва социјална услуга оп­ фаќа воочување на проблемот кој произ­ле­ гува од состојбата на социјален ризик, ука­жу­ ва­ње на корисникот на можните решенија, ус­ лу­ги и средства за заштита, како и мрежата на установи за давање услуги. Помош на по­е­ ди­нецот подразбира стручна, советодавна 3.2. Право на домашна нега и помош Ова право се обезбедува на старо, изнемоштено и лице со телесна попреченост кое не е во состојба да се грижи за себе и му е потребна нега и помош во задоволувањето на егзистенцијалните потреби и кога тоа лице живее во семејство(Закон за социјална заштита- пречистен текст, 2006). Во Република Македонија, со пробивот на невладиниот сектор на социјалната сцена, религиозните организации, меѓународните аген­ции за помош и други фондации, меѓу ос­ та­­натото се направи и извесен чекор напред во заштитата на оваа категорија лица на ло­ кално ниво. Сепак, голем дел од активностите се сведуваат само на инди­виду­ални проекти со кои старите лица се опслужуваат само парцијално. Како резултат на сето ова, постои кон­тинуирана зависност од странската по­ 41 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 мош, или во форма на континуирани проектни иницијативи или директна помош од големите независни агенции кои се спремни да до­ни­ раат средства. Оттука, и покрај успесите на поединечни проекти во доставувањето до­ маш­на нега и помош на старите лица, оста­ нува потребата Република Македонија да се придвижи прогресивно подалеку од завис­но­ ста од странската помош во креирањето на соп­ствениот систем од социјални услуги од овој вид и развивање сопствени и специфични мул­тидисциплинарни и мултисервисни аген­ ции на локално ниво(Борнарова С., 2004). Постојните јавни установи за социјална заш­тита на стари лица, освен институ­цио­нал­ ната, имаат законска можност да ја развиваат и функцијата на домашна нега и помош која сама по себе има карактер на превенција од институционализација, но тоа не е случај. Имено, според Законот за социјална заштита, установата за стари лица може да организира и вонинституционални форми на заштита, во вид на давање помош дома, дневен престој на пензионирани и стари лица, или да обез­бе­ дува услуги за домување. Цен­тарот за давање помош во домашни услови, на изнемоштени стари и други возрасни лица им обезбедува услуги во вид на: исхрана, лична хигиена, хигиена на станот и други работи во домот на корисникот(Закон за социјална заштита, 2006). Сепак, дејноста на постојните установи за стари лица, се сведува на класична инс­ титуционална заштита, додека ниту една од нив не обезбедува вонинституционални форми на социјална заштита. И покрај тоа што Законот за социјална заштита ги регулира овие облици, тоа е утврдено со статутите на уста­новите, а воедно е извршена и реги­с­тра­ ци­ја во дејноста на установите пред над­леж­ ните судови, тие, сепак, не обезбедуваат дне­ вен и полудневен престој, ниту давање помош во домашни услови(Борнарова С., 2004). 3.3. Право на дневно згрижување Правото на дневно згрижување, се обез­бедува и за стари и изнемоштени лица, преку услуги во врска со исхрана, дневен престој, културно-забавни активности, одржу­ вање хигиена(Закон за социјална заштита пречистен текст, 2006). 42 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија За жал, старите лица од Република Ма­­кедонија не можат да го остварат ова право, од едноставна причина што услуги за дневно згрижување на оваа категорија ко­рис­ ници, што би се пружале врз континуирана основа, практично не постојат и во јавниот и во приватниот сектор(непрофитен) на да­ва­ те­ли на услуги. Дневно згрижување се обез­бе­ дува како функција во рамките на некои од постојните приватни домови за стари лица по пат на наплата на услугите. Од останатите досегашни иницијативи, дневно згрижување за старите лица во Република Македонија во изминатите неколку години било пружано во рамките на различни проекти, реализирани и од страна на државни и приватни организации. Сепак, поради зависноста од донаторите, тие иницијативи, по истекот на проектниот пе­ри­ од, завршуваат како неодржливи. Старите лица, исто така, користат услуги во врска со ис­храна од постојните народни кујни, орга­ни­ зирани од страна на верските заедници во Македонија(Народна кујна при православната црква“Св. Петка”- Скопје, Народна кујна при православната црква“Св. Петар и Павле” Скопје, Народна кујна при евангелска(про­ тест­антска) црква- Кочани),(Борнарова С., 2004). Со реализирањето на иницијативата на Министерството за труд и социјална политика за отворање повеќе народни кујни во Македонија, ќе се зголеми бројот на стари лица на кои ќе им биде овозможен пристапот до овој вид услуги. Сепак, овде треба да се на­гласи дека иницирањето и обезбедувањето на ваквиот вид социјални услуги треба да се промовира како надлежност на општините, а не на централната власт. Како и во случајот со правото на домашна нега и помош, можноста за понуда на услуги од типот на дневно згрижување им стои на располагање и на постојните јавни установи за институционална заштита на ста­ ри лица, но тие ја немаат развиено истата ка­ ко функција. Законот предвидува вршење услу­ги за социјална заштита во вид на дневен престој, исхрана, лична хигиена, организирање на работни, културни, забавни и други ак­тив­ ности, како и одделни услуги од дејноста да се вршат во домот на корисникот(Закон за социјална заштита, 2006). Клубовите за стари лица, исто така, се Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 услуги од типот на дневно згрижување. Во Република Македонија при центрите за соци­ јална работа функционира само еден таков Клуб за стари лица,“Чашка”, во Велес. Во рамките на 39 домови за пензионери функ­ цио­нираат 21 клуб за стари лица. Нивното функционирање и услугите што се нудат, не задо­во­лу­ваат. Некои од нив се користат ненаменски, а во други целокупните актив­ ности се ли­ми­тирани на играње забавни игри (шах, табла, карти) и гледање ТВ, и тоа само за старите лица од машки пол, што во целост ги исклучува старите жени како потенцијални ко­рисници на услугите во овие клубови(Бор­ на­рова С., 2004). Иако користењето и начинот на функ­ци­о­нирање на овие клубови не е уредено со Законот за социјална заштита, ги ис­такнуваме како единствени социјални услу­ ги од овој вид кои врз континуирана основа постојат во земјата. 3.4. Право на сместување во згрижувачко семејство Во згрижувачко семејство може да се смести и старо лице, возрасно лице со те­ лесна попреченост и лице со пречки во ин­те­ лек­туалниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради станбената и семејната положба нема можнот да му се обезбеди заштита на друг начин(Закон за социјална заштита- пречистен текст, 2006). Сепак, може со сигурност да се каже дека во практиката ова право скоро и не се остварува. Оваа форма на згрижување нај­ чес­то се применува за категоријата деца, и оттука е неразвиена како форма на згри­жу­ вање на старите лица. Недостатокот на про­ мо­ција на оваа форма резултира со мо­мен­ тална незаинтересираност кај потенцијалните згрижувачи, кои повеќе се одлучуваат да згрижат дете, за кое тие сметаат дека е по­лес­ но да се грижат, отколку старо лице. Од друга страна, непостоењето на платена грижа од страна на роднини(kinship ca­re) која не постои како форма на заштита регулирана со нашиот Закон за социјална заштита, се јавува, исто така, како пречка во ос­тварувањето на ова право. Имено, згри­жу­ ва­њето на старите лица од страна на род­ни­ ни­те е многу почест случај, отколку згри­жу­ва­ Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија ње­то во друго семејство. Кога би била ре­гу­ли­ ра­на и оваа форма на згрижување, роднините на старите лица кои се нашле во состојба на социјален ризик би биле помо­тивирани да ја понудат оваа заштита и квантитативно и квалитативно подобро, отколку што тоа сега е случај. Воедно, мора да се укаже и на по­тре­ ба­та дека пристапот до овие услуги би бил зна­чително олеснет и овозможен и преку раз­ ви­вање на различните форми на заштита во згрижувачко семејство. Меѓутоа, во моментот тие не постојат во нашиот систем на заш­тита. Таква е, на пример, привремената заштита во згрижувачко семејство или профе­си­ оналните згрижувачки семејства кои би биле особено поволни за згрижување стари лица со болести типични за староста, како де­мен­ ци­ја, алцхајмерова болест, депресија и други. Исто така, регулирањето на статусот на згри­ жу­вачите како вработени лица би придонело кон зголемување на интересот за оваа згри­ жу­вачка функција. Може да се заклучи и за ин­с­ти­ту­ци­о­ нал­ните и за вонинсти­ту­ционалните форми на заштита на старите лица во земјата дека не се поврзани во континиум од услуги за дол­ го­рочна заштита(long-term care) составен од услуги за заштита во домашни услови, услуги во локалната заедница и услуги за ин­сти­ту­ цио­налната заштита. Отсуството на ваков кон­тиниум оневозможува оние стари лица кои имаат потреба од различни услуги да ги користат и во рамките на тој континиум да се движат, зависно од потребите и промените на состојбата во која се наоѓаат. Исто така, не­ пос­тоењето диверзитет во пензиските ше­ми, воопшто(и јавни и приватни), па оттука и непостоењето пензиски шеми за покривање на трошоците за долгорочна заштита во ста­ рос­та, во голема мера го оне­воз­мо­жу­ваат прис­тапот до некои од овие услуги за старите лица кои имаат потреба од нив, а кои не се во можност истите да си ги овозможат. 4. СОЦИЈАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА За остварување на социјалната пре­ вен­ција Законот предвидува едукативно сове­ ту­валишна работа, развивање на формите 43 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 на самопомош, волонтерска работа со лично ангажирање и без надоместок и други методи (Закон за социјална заштита-пречистен текст, 2006). Сепак, како и за повеќето останати категории корисници на системот на социјална заштита, социјалната превенција и во однос на старите лица е недоволно развиена. Фор­ ми­те на самопомош и волонтерската работа, кои се особено поволни за старите лица, не се промовирани на задоволително ниво, а едукативно-советувалишната работа, исто та­ка, е запоставена. И во овој случај, соци­јал­ на­та превенција постои како право до кое старите лица немаат скоро никаков пристап, пред с é поради тоа што ова право и методите за негова реализација се само нормативно ре­гулирани, а во практиката не се спро­ве­ду­ ва­ат на задоволително ниво. ЗАКЛУЧОК Од анализата на одредбите од Законот за социјална заштита не може да се забележи исклучување на старите лица како категорија на корисници на услугите и пра­вата во самата законска рамка. Не постои исклученост од пристапот до овие права по било која основа: националност, пол, возраст, припадност на ру­ рална или урбана средина. Сепак, во прак­ти­ ката се забележуваат одредени ситуации на ограничен или отежнат пристап по некоја од наведените основи, или тенденција на зголемено искористување на одредени права кај одредени групи стари лица, споредени со други. Така на пример, иако при надлежното Министерство за труд и социјална политика не се води евиденција на корисниците на социјална помош според националност, про­ цен­ките од праксата говорат дека во оства­ру­ ва­њето на правото од социјална помош пред­ ни­чат старите лица од албан­ска националност, кои, пак, се многу поретко корисници на услу­ гите за институционална заштита. Поголемата искористеност на правата на социјална по­ мош од страна на корисниците од албанска на­ционалност се должи на поголемата ин­фор­ мираност и поголемата ангажираност на семејството околу пружање конкретна помош на старите лица заради остварување на нив­ ни­те права(пр. ангажирање околу обез­бе­ду­ вање на потреб­ната документација). Поголем 44 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија дел од корисниците на социјална помош, исто така, се жени. Припадноста на рурална и урбана средина е фактор што го попречува и отежнува остварувањето на правата, пред с é на оние стари лица од руралните средини. Кон неостварување на правата од социјална заштита, исто така придонесува и неинфор­ мираноста меѓу старите лица. Сепак, за­кон­ ските одредби, иако сами по себе не се исклу­ чувачки, произведуваат одредени нело­гич­ ности и бариери во реализацијата на правата од социјална заштита. На тој начин при­до­не­ суваат кон социјалната исклученост на овие корисници од системот на социјална заштита. Имено, одредени критериуми, или постапки за остварување на дел од правата уредени со посебните правилници го оневозможуваат пристапот до нив од страна на старите лица. Меѓу нив најдоминантни се пречките поврзани со сложените административни процедури и нерешените семејни односи(односи родители - деца) кои се често услов за остварување на определено право. Од друга страна, пристапот до правата од социјална заштита на старите лица е ограничен и оневозможен и поради недостатокот и недоволната развиеност на, со Закон предвидените форми на социјална заштита, како домашната нега и помош, дневното згрижување, хранителската заш­ти­ та, поради што старите лица во Република Ма­кедонија имаат само нормативен, но не и реален пристап и можност за користење на овие услуги. Не треба да се запостават ниту пречките што стојат на патот кон остварување на правото на институционална заштита и сместување во соодветните јавни установи за згрижување на стари лица. Ваквиот заклучок упатува на потребата од надминување и укинување на постојните пречки во практичната имплементација на законските одредби за да се олесни пристапот до правата од социјална заштита за старите лица. Воедно, развивањето на новите форми, пред с é формите на вонинституционална заш­ тита во Република Македонија, барем досега, во најголема мера се фокусирал на формите за заштита на децата, со тоа запоставувајќи ги реформските процеси за социјална заш­ти­ та на растечката популација стари лица. Оттука произлегува потребата во иднина да се посвети поголемо внимание не само на промовирање и креирање реални можности Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 за социјална заштита на старите лица преку предвидените и постојните форми, туку и нивно збогатување со нови форми на заштита кои би соодветствувале на состојбата и животниот контекст на старите лица во нашата земја. Диверзификацијата на пен­зис­ Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија ки­те системи, во насока на воведување нови јавни и приватни пензиски шеми за покривање на трошоците за различни видови социјални услуги во староста, исто така би било значајно за создавање реални можности за подобрен пристап до постојните услуги во земјата. ЛИТЕРАТУРА: 1. Борнарова С.(2004),“Социјалните сер­ви­ си за стари лица и современите трендови во социјалната политика- состојби и перспективи во Република Македонија“ (магистерски труд). 2. Државен завод за статистика(2003),“Ста­ тис­­тички годишник на Република Ма­ке­до­ нија“ XXXVIII . 3. Државен завод за статистика(2008),“Ма­ ке­донија во бројки“. 4. Правилник за начинот и условите за ос­ тва­ру­вање право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице(“Службен весник на РМ“, бр. 102/2006). 5. Правилник за определување на висината на правото на еднократна парична помош (“Сл.весник на РМ“, бр. 2/2003, 57/2003, 23/2005, 105/2005, 56/2006, 71/2006 и 78/2006). 6. Правилник за нормативи и стандарди за основање и започнување со работа на ус­ та­нови за социјална заштита за стари ли­ ца(“Службен весник на РМ“, бр. 10/2005). 7. Правилник за критериумите за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство, видот и обемот на услугите од социјална заштита што му се обезбедуваат на сместеното лице, висината на надоместокот на тро­ шо­ците за сместување и на надоместокот за згрижување(“Службен весник на РМ“, бр. 63/2006). 8. Правилник за видот и обемот на услугите од социјална заштита што се плаќаат од страна на корисникот и роднините кои се должни да го издржуваат и висината на учеството во трошоците на корисникот и роднините(“Службен весник на РМ“, бр. 133/2006). 9. Правилник за начинот на определување на носителот на правото на социјална па­ рич­на помош, прикажување на приходите на лице, семејство или домаќинство при поднесување на барање за остварување на правото и потребната документација за потврдување на состојбата на при­хо­ ди­те(“Службен Весник на РМ“, бр.103/07). 10. Закон за социјална заштита(пречистен текст), 2006. 11. Закон за семејството(пречистен текст), 2006. 45 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 34-46 Скопје, јуни 2008 Доц. д-р Сузана Борнарова, Социјална исклученост на старите лица од системот на социјална заштита во Рeпублика Македонија SOCIAL EXCLUSION OF OLDER PEOPLE FROM THE SOCIAL PROTECTION SYSTEM IN R. MACEDONIA Abstract: The global population aging highlights the problem of social exclusion of old er people from all spheres of societal life, including from the social protection sys tem. In R. Macedonia, also undergoing the process of demographic population ag ing, legislation in itself does not exclude older people from the social protecion rights on any basis: nationality, gender, age, rural or urban belonging. However, the practice evidences situations of limited or impeded access to the social protection rights. The overriding obstacles are: complex administrative procedures and unset tled family relations(parents-children relations) that are quite often requirements for enjoyment of a specific social protection right. The lack and the underdevelop ment of the forms of social protection anticipated by Law(such as home care and assistance, day care, foster care) results into older people having often only norma tive, but not concurently a real access and possibilities to use those services. This situation imposes the need to overcome and eliminate the existing bariers in the practical implementation of the legislative regulations; to promote new forms of pro tection(non-institutional in the first place); as well as to develop and diversify the pension system in terms of introducing public and private pension schemes to cov er diverse social services expenses thay may occur in old age. Key words: older people, social protection, social services, social protection rights, social exclusion. 46 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 м-р Благица Новковска, Државен завод за статистика, Скопје м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица УДК 364.4-053.6(497.7) СОЦИЈАЛНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛИЦА Вовед Апстракт Социјалното исклучување, кое се дефинира како губење(нарушување) на социјалната кохезија, претставува неможност одредени членови на оп­штес­твото да ги користат постојните можности за социјално учество и да држат чекор со развојот на општеството во кое живеат. Во овој труд е анализирано социјалното исклучување на младите лица кои, заради влијанието на различни фактори, социјалното исклучување може да го доживеат на различни начини. Посебен осврт е направен на социјалното исклучување на младите лица на возраст од 15 до 19 години(НОВО- Не се Вклучени во Образованието, Вра­бо­те­носта или Обуките). Во трудот е направена анализа на ризичните фактори што влијаат на социјалното исклучување на младите лица и се претставени некои поважни сознанија за присутноста и третманот на социјално исклучените млади лица во другите земји. Анализирани се сознанијата за присутноста и третманот на социјално исклучените млади лица во Република Македонија и можните политики за нивно социјално вклучување и развој. Клучни зборови: социјална вклученост, социјална кохезија, социјално исклучување, социјално исклучување на младите лица на возраст од 15 до 19 го­ дини(НОВО- Не се Вклучени во Образованието, Вработеноста или Обу­ките). Транзиционата реалност во Република Македонија постави неколку сериозни п­о­сле­ ди­ци за населението: сиромаштијата, не­ед­на­ квоста, социјалната исклученост, дол­го­трај­ ната не­вра­бо­те­ност, ми­грациите на младите лица, стареењето на популацијата. Досегашните проучувања на овие по­ја­ ви потврдија неколку факти: мул­ти­ди­мен­зи­о­ нал­но­ста на сите овие појави, високата по­вр­ за­ност помеѓу нив како причини и последици и високото учество на младите лица во ри­зич­ ниот дел од населението. чу­вање отвораат многу проблеми, но пред с é ја зго­лемуваат за­гри­же­носта за социјалното и економското учество на младите лица во раз­­војот на Република Македонија. Во овој кон­текст, многу важно пра­шање е обез­бе­ду­ вањето на успешен премин на младите лица од основното образование во натамошниот про­цес на об­разование(формален или не­ фор­мален), или во статусот на вработеност. Но, колкав дел од младите лица во Ре­ пу­блика Македонија имаат успешна тран­зи­ ција? Појавата на намалено учество на мла­ ди­те во вкупното на­се­ле­ние и процесите на нив­но­то осиромашување и социјално ис­клу­ Одговорот на ова прашање го дава ин­ дикаторот за про­пор­ци­ја­та на младите лица на возраст од 15 до 19 години, кои не се вклу­ 47 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 че­ни во образованието или вработеноста. Овој индикатор е познат како иникатор на социјалното исклу­чу­вање, исклученост на младите лица на возраст од 15 до 19 го­ди­ни (НОВО)(Не се вклучени во об­ра­зо­ва­ни­ето, вработеноста или обуките) или како еко­ном­ ска неактивност на младите 1 . Дефинирање на социјалното исклучување Социјалното исклучување е мулти­ди­ мен­зионален феномен за кој постојат повеќе де­финиции. Основната причина за ова е што постојат различни фактори што влијаат врз по­јавата на социјалното исклучување и раз­ лич­ни форми низ коишто тоа се ма­ни­фес­ти­ ра. Со­цијалното исклучување се случува, по­ стои и се развива, пред с é во околности кои се спе­цифични и различни во секоја зе­мја. Слично како и сиромаштијата и со­ци­јал­ното исклу­чу­­вање постои во секоја земја, но се ја­ ву­ва со различен интензитет , во различни фор­ми и опфат. Со појавувањето на концептот на со­ци­ јал­ното исклучување, се јавуваат и првите де­ фи­ниции(1974) за тоа што претставува со­ци­ јалното исклучување. Во почетокот се сме­та­ ло дека социјалното исклучување се однесува на оние кои не биле опфатени во сис­те­мот на со­цијално осигурување, на оние кои ад­ми­ни­ стративно биле исклучени од државата.(М. Доневска& С. Савеска, 2002). Подоцна се појавиле многу други де­фи­ ни­рања на терминот социјално ис­клу­чување, со цел што попрецизно да се обја­сни раз­ли­ ката на концептот на социјално исклучување, од концептот на сиромаштијата. Во тој кон­ текст, за разлика од сиромаштијата која се фо­кусира на поединците или домаќинствата, со­цијалното исклучување примарно ги оп­фа­ ќа односите меѓу поединецот и општеството, како и динамиката на тие односи(http: /www1. oecd.org/cer/obj5/docs.htm). Социјалното исклучување е губење(на­ ру­­шување) на социјалната кохезија, што прет­ ста­вува неможност одредени членови на оп­ штес­твото да ги користат постојните мож­но­ м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица сти за социјално учество и да држат чекор со развојот на општеството во кое живеат. Ова резултира со силно опаѓање на нивното учество во општеството, со губење на чувството на значење, со губење на илузии и со лично дистанцирање(самоизолација) од општеството. Социјалното исклучување значи не­мож­ ност ефективно да се партиципира во еко­ном­ скиот, културниот и социјалниот живот и, на одреден начин, претставува отуѓување и дис­ тан­цирање од нормалните текови на опште­ ството. За разлика од сиромаштијата која се фокусира на поединците или домаќинствата, со­цијалното исклучување примарно ги оп­фа­ ќа односите меѓу поединецот и општеството, како и динамиката на тие односи. Во создавањето на социјалното ис­клу­чу­ вање и отуѓувањето на лицата и семејствата, битна улога имаат различни фактори. Факторите што предизвикуваат марги­на­ ли­­зација на лицата и семејствата и влијаат на појавата на нивно социјално исклучување, може да бидат класифицирани како: еконо­м­ ски, социолошки, културни, физички и мен­тал­ ни. Понекогаш, само заради делувањето на еден од овие фактори, може да се случи со­ци­ јално исклучување, но многу често исто­вре­ мено делуваат повеќе фактори. Од ова произлегува дека социјалното исклучување е мултидимензионално и оттука може да се зборува за економска исклученост, етничка исклученост, исклученост по род, воз­ раст, исклученост од образовниот систем, културна исклученост и сл. Според Кизелбах(Kieselbach, 2003) ри­ зи­кот од социјално исклучување е с é повисок за голем дел од населението и особено за младите лица. Затоа е многу важно да се раз­ бе­ре што е социјална исклученост, за да може да се утврдат соодветни мерки за социјална вклученост. Социјалното исклучување не треба да биде разбрано само како исклученост нас­ проти, вклученост, туку како голем број на 1 Новковска Б.(2006)„Социо-економкиот статус на семејството како факор за социјалната исклученост на лицата на возраст од 15-19 години од образованието и вработеноста”, Магистерска теза одбранета на Филозофскиот факултет, Скопје. 48 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 околности што ја зголемуваат, или намалуваат ранливоста на индивидуите. м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица лица кои се надвор од образованието, вра­бо­ те­носта или обуките. Социјално исклучување на младите лица Младите лица може да го доживеат социјалното исклучување на различни начини за­ради влијанието на различни фактори. Главни причини за социјалното исклучување на младите лица може да бидат: не­вра­бо­те­ носта, недостатокот на социјална заштита, нелегалната експлоатација(работа на црно) ограничениот пристап до образовни, здрав­ стве­ни, културни услуги. Одредени групи на млади лица имаат висок ризик од соци­јал­но исклучување заради одредена дискри­ми­на­ ција на пазарот на трудот, или во оп­штес­тво­ то во целина, заради: родот, етничката при­ пад­ност, религиозната припадност, сек­су­ал­ ната ориентација, физичката или менталната неспособност, или возраста. Други фактори кои придонесуваат за социјалната исклученост се: ниското образование, недостатокот од обу­ ки, лошиот квалитет на домувањето, без­дом­ ни­штвото, лошата здравствена состојба и друго. Како посебно ранлива група на со­ци­ јал­но исклучените млади лица се дефинираат оние кои не се вклучени во вработеноста, образованието или обуките и се на возраст од 15 до 19 години. За да се опишат состојбите со младите лица на возраст од 15 до 19 години кои не се вклучени во образованието, вработеноста или обуките, најчесто се среќаваат тер­ми­ ните: социјално исклучени млади лица, обес­ хра­брени млади лица, млади лица со“статус zero” или лица кои припаѓаат на група која не е во образованието, вработеноста или обу­ки­ те(НОВО). Терминот НОВО(не се вклучени во образованието, вработеноста или обуките) е при­фатен како понеутрален термин и тој се користи многу често во развиените земји кои го третираат проблемот на социјалната исклу­ че­ност на младите лица. Како и да е, сите овие термини: со­ци­ јал­но исклучени млади лица, млади лица со “ста­тус zero” и НОВО се однесуваат на млади Ризични фактори што влијаат на социјалното исклучување на младите лица Младите лица се исклучително ран­ли­ ви на социјалното исклучување, особено во периодот на транзиција од процесот на образование кон пазарот на трудот.(European Youth Forum Policy on Youth People and Social Exclusion). Во овој период од нивниот живот при­стапот до социјалната заштита е лими­ти­ ран, а невработеноста и неактивноста се мно­ гу високи. На пример, проценките покажуваат дека просечно, на ниво на Европската унија, (Извор: Еуростат) околу 10% од младите лица, на возраст од 16 до 18 години, во Европ­ ска­та унија не се во образованието, обуките или вработеноста и тие не добиваат социјални бенефиции. На тој начин, тие не учествуваат во општеството и ефективно стануваат соци­ јално исклучени. Факторите што предизвикуваат ризик од социјално исклучување, или при­до­не­су­ва­ ат за социјална исклученост на младите лица на долг рок, може да се поврзат со: • Приходот Сиромаштијата е една од главните причини која оневозможува индивидуите целосно да пар­тиципираат во општеството и го лимитира квалитетот на нивното живеење. Во се­меј­ ства­та во кои родителите се ниско платени, или вкупните семејни приходи се многу ниски, ефек­тите ги чувствуваат сите членови, а последиците за децата се долгорочни. Децата кои се родени и живеат во сиромаштија имаат висок ризик да бидат социјално исклучени во поголем дел од нивните животи. • Вработеноста Младите лица кои се без образование или имаат ниски квалификации најчесто се не­вра­ бо­те­ни. Но, вработеноста при такви пер­фор­ ман­си, исто така, не ветува помал ризик или 49 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 из­­лез од социјалното исклучување. Лицата со ниски квалификации најчесто се вработени на слабо платени работни места во не­фор­ мал­ниот сектор, со многучасовно работно време и во лоши работни услови. • Социјалната заштита м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица јано расте, со повисоко учество на младите ли­ца кои комплетираат повисоко ниво на об­ ра­зование и учествуваат во некои форми на натамошно образование и обуки. Но, стапките на младите лица кои го напуштиле об­ра­зо­ ванието и не се вклучени во ниту една форма на обуки се с é уште високи во некои земји. Во с é поголем број земји, проблемите со висо­ ка­та невработеност се решаваат со активна по­литика на пазарот на трудот. Ова значи ре­ ду­цирање на дел од мерките за социјална заш­тита, затоа што системот на социјални бе­ не­фиции се поврзува со активното барање на вработување, или активното учество во обу­ки. На тој начин, младите лица кои се не­ ак­тивни и кои не се вклучени во никакви обу­ ки, стануваат поранливи на социјалното исклу­ чу­вување. • Домувањето Од аспект на домувањето, лошиот ква­ ли­тет на живеење и бездомништвото се пре­ познатливи белези на социјално исклучување. Областите кои се карактеризираат со лоши услови за живеење најчесто ги водат овие области кон социјално исклучување со ка­рак­ те­ристики на висок криминал и слаби по­год­ ности за социјализација( вклучувајќи ги и училиштата). • Големината и структурата на семејството Младите лица кои се надвор од обра­зо­ ва­нието и се невработени, финансиски се за­ висни и затоа долг период остануваат да живеат со родителите. Дури и да се вработат заради ниските квалификации и слабата заработувачка, тие остануваат во домот на родителите. Ваквите состојби придонесуваат за подолготрајно социјално исклучување за целото семејство. • Образованието и обуките Образованието и нивото на писменост се важни фактори за определување на инди­ ви­дуалното учество во вработеноста и вклученоста во општеството. Во Европската унија, просечното ниво на образование по­сто­ 50 Загрижувачки е и односот кон лицата со посебни потреби во однос на едукацијата. Голем дел од овие лица остануваат со многу ниско образовно ниво, а со самото тоа и со ризик за долгорочно социјално исклучување. • Дискриминацијата Некои лица може да бидат невработени или слабо платени вработени, со слаб при­ стап до здравствените и образовните услуги, социјалните бенефиции и со самото тоа да имаат намалено учество во општеството, а причината да е дискриминација. Дискри­ми­на­ цијата заради: род, возраст, етничка при­пад­ ност, ментална или физичка неспособност, религиозна припадност и друго е форма на социјално исклучување. Младите лица многу често страдаат истовремено од повеќестрана дискриминација. За овие лица е многу по­ тешко да се овозможи социјална вклученост, за­тоа што не е доволно само да им се обез­бе­ ди вработување или обуки, туку треба да се работи и на промена на причините за нивната дискриминација. Некои поважни сознанија за при­сут­ но­ста и третманот на социјално исклу­че­ни­ те млади лица во другите земји Во повеќе развиени земји(Англија, Нов Зеланд, Скандинавските земји, Данска и др.) на постоењето на групата НОВО се гледа како на клучен фактор за тековната и идната со­цијална исклученост на дел од на­се­ле­ нието. Токму затоа одговорните за социјалната по­литика во овие земји спроведуваат посебни истражувања, програми и мерки, за да се овозможи ангажирање на овие млади лица во образовниот процес, обуките или вра­бо­ту­ вањето. Во Англија според проценките на ана­ли­ ти­чарите долгорочниот финансиски трошок Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 за лицата кои не се во образованието, вработеноста или обуките, достигнува 97.000 фунти за секоја млада личност. Од страна на Одделот за образование и квалификации на Англија(UK Department for Education&Skills –DfES) е проценето дека за 157.000 Англичани кои се во групата НОВО, вкупниот трошок би бил 15.1. билион фунти. Проценките се однесуваат на среден рок, со сите претпоставки за идните позиции на овие лица на пазарот на трудот. Според аналитичарите, заради недо­ статок на подетални податоци за трошоците од областа на здравството и криминалитетот, овие податоци се потценети и се претпоставува дека реалните трошоци се многу повисоки. Аналитичарите, исто така, процениле дека реангажирањето во образованието, вра­ бо­теноста или обуките за секои 10.000 млади лица долгорочно би значело заштеди за владата од 970 милиони фунти. Истражувањата и анализите на групата НОВО во Англија покажуваат дека инвес­ти­ра­ њето во овие млади лица на државата í заштедува средства што таа би ги дала како бенефиции за овие социјално исклучени лица во текот на нивниот натамошен живот. Политичарите во Нов Зеланд процениле дека во нивната земја долгорочните заштеди од реангажирањето на младите лица од групата НОВО во образованието, вработеноста или обуките, би биле една милијарда УС долари. Во Скандинавските земји постојат ко­ор­ ди­нирани активности и услуги за поддршка на младите лица на локално ниво. Локалните авторитети се обврзни да ги преземат сите потребни мерки, во образовниот процес да ги вклучат сите млади лица на возраст до 19 години. Во Данска постои сличен модел како во Скан­динавските земји, според кој, на локално ниво се преземаат сите мерки за вклучување на младите лица во образованието, обуките или вработеноста. Доколку некое младо лице не сака да ги користи понудените можности за образование или вработување, тогаш тоа м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица има негативно влијание на натамошното користење на паричните бенефиции. Некои поважни сознанија за присутноста и третманот на социјално исклучените млади лица во Република Македонија Во Република Македонија за лицата на возраст од 15 до 19 години, кои се надвор од образованието, вработеноста или обуките, не постојат посебни анализи и истражувања, а оттаму ниту посебни политики со кои би се овозможила нивната социјална вклученост. Расположивите демографски податоци според возраста и економската активност овоз­можуваат да се пресмета големината и те­риторијалната дистрибуција на групата НОВО, т.е. колкав дел од младите лица на возраст од 15 до 19 години не се во обра­зо­ва­ ни­ето или вработеноста. Овие податоци овоз­ мо­жуваат да се направи споредба со со­од­вет­ ните податоци за групите НОВО во другите земји. Таа споредба покажува дека во Ре­пу­ бли­ка Македонија делот од населението кој е на возраст од 15 до 19 години и е социјално ис­клучен, е релативно висок. Во земјите во кои овој проблем се третира веќе подолг пе­ риод(на пример, Англија, Нов Зеланд), по­да­ то­ците покажуваат дека околу 10% од лицата на возраст од 16 до 18 години не се во обра­зо­ ва­нието, вработеноста или обуките. Според по­датоците на ЕУРОСТАТ(Европската ста­ тистичка служба), на ниво на земјите членки на Европската унија, процентот на лицата на возраст од 15 до 19 години, односно од 16 до 18 години, кои се исклучени од образованието, вработеноста или обуките, исто така, е 10%. Врз основа на расположивите податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2002 година, може да се пресмета дека во Република Македонија на групата НОВО í припаѓаат 55.611 лица или 33,9% од вкупниот број на лица на возраст од 15 до 19 години. Освен демографските податоци кои го потврдуваат постоењето на оваа појава, не постојат други подетални информации за социо-економските карактеристики на овие лица, а недостасуваат и подетални истра­жу­ ва­ња за групата НОВО. Сите овие факти упа­ 51 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица туваат на потребата овој проблем да добие сериозен третман од страна на истражувачите, владата и институциите кои се задолжени за спроведување на социјалната политика. Во овој момент, основен извор на по­да­ тоци за утврдување на големината на НОВО, се податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2002 година. Ко­ рис­тењето на податоците од претходните пописи на населението, за да се утврди вре­ мен­ска­та димензија на социјалното исклу­чу­ ва­ње на младите лица, е лимитирана заради раз­­лич­ното дефинирање на категоријата не­ вра­ботени, но и заради други методолошки раз­­лики. Ова упатува на потребата за раз­ви­ вање и на други извори на податоци по при­ме­ рот на земјите кои имаат подолга историја во истражувањето на оваа категорија, а со цел да се создаде квалитетна база на информации. Обезбедувањето на сеопфатни и квалитетни податоци за оваа категорија на социјално исклучени млади лица ќе значи можност за мерење, следење и анализа на оваа ка­те­го­ рија од населението и подготовка на соодветна стратегија за социјална вклученост. Во прегледот бр. 1 е прикажана струк­ту­ ра­та на младите лица на возраст од 15 до 19 години според економскиот статус. Врз основа на овие податоци, а според концептот за ак­ тив­ност и неактивност на младите лица, ко­ рис­тен во истражувањата на ОЕЦД, утврдена е големината на групата НОВО во Република Македонија. Преглед 1. Млади лица на возраст од 15 до 19 години според економскиот статус, 2002 Економски статус Вкупно Активни лица Вработени Невработени Неактивни лица Ученици и студенти Домаќинки Трајно неспособни Други неактивни НОВО Лица на возраст од 15 до 19 години Број на лица Структура(%) 164.156 24.807 3.143 21.664 139.349 105.402 6.993 487 26.467 55.611 100.0 15.1 1.9 13.2* 84.9 64.2 4.3* 0.3* 16.1* 33.9 Извор: Пописот на населението, домаќинствата и становите во РМ, 2002 Забелешка: Големината на групата НОВО е утврдена како збир од категориите: невработени, домаќинки, трајно неспособни и други неактивни лица. Според расположивите социоекономски индикатори за 8-те региони во Република Ма­кедонија, дефинирани за статистичките потреби и големината на групата НОВО во соод­ветните региони, може да се согледа многудимензионалноста на социјалното исклу­чување на младите лица во Република Македонија. 52 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица Табела 1. Регионална дистрибуција на НОВО во Република Македонија и основните економски индикатори Регион НОВО 2 % БДП по жител во ПКМ САД$ Учество на градското во вкупното население Македонија 33.9 6.850 59.8 Скопски 30.8 11.964 81.5 Пелагониски 26.2 6.905 65.9 Вардарски 46.7 5.591 70.3 Североисточен 41.9 3.541 54.6 Југозападен 37.2 4.192 45.2 Југоисточен 35.9 6.050 40.6 Полошки 43.2 3.076 32.6 Источен 25.1 5.104 60.5 Извор: Попис на населението, домаќинствата и становите во РМ, 2002 Стапка на невработеност 38.1 30.4 39.9 43.9 48.6 42.4 34.4 49.9 34.5 Податоците од табела 1 покажуваат дека највисоко учество на НОВО има во Вар­ дар­скиот регион, а најниско во Источниот регион. Но, ако истовремено се анализираат и еко­номските индикатори за соодветните региони за да се најде поврзаност помеѓу со­ ци­јал­но исклучување и економската состојба, се доаѓа до заклучокот дека директна ко­ре­ лација не постои и дека покрај економските, многу други фактори влијаат врз позицијата на мла­ди­те лица. Квантитативните податоци за делот од младата популација која не е во обра­зо­ва­ни­ ето, вработеноста или обуките во Република Македонија укажуваат дека проблемот постои и дека е неопходно да се воспостави со­од­ ветен активен однос кон него. Според резултатите од досегашните истражувања на социјалното исклучување на ли­ца­та на возраст од 15 до 19 години спро­ве­ дени во развиените земји, неактивноста на младите лица може да биде предизвикана од влијанието на повеќе фактори: • Образовниот систем и достапноста и приспособливоста на образовните услуги кон потребите на населението; • Пазарот на трудот и неговата флек­си­ билност; • Социо-економскиот статус на се­меј­ствата на кои им припаѓаат младите лица; • Психо-физичката состојба на младите лица; Исклучувањето може да се случи под влијание на сите овие фактори, но и заради влијанието само на одредена група фактори. Во секој случај мора да се има предвид дека е неопходно квалитетно и целосно истра­жу­ вање на влијанието на сите овие фактори за да се утврди вистинската позадина на про­ бле­мот, дефиниран како социјално исклу­чу­ вање на младите лица. Можни политики за социјално вклу­чу­ва­ ње и развој на младите лица Социјалното исклучување е феномен и на минатото и на сегашноста, и доколку не се направи нешто за постигнување на социјална вклученост на ранливите групи, таа со си­гур­ но­ст ќе стане феномен и на иднината. Таа до­ пи­ра милиони луѓе кои се борат за да пре­жи­ веат во најтешки животни и работни услови. Со текот на времето, формите низ кои се по­ја­ ву­ва социјалното исклучување ево­луирале, како во поглед на појавните карак­те­рис­тики, така и во поглед на интензитетот. Социјалното исклучување има ком­плек­ сни и мултидимензионални причини и по­сле­ дици, создава длабоки и долготрајни про­бле­ ми за самите индивидуи, нивните семејства, за вкупната економија, но и за целото оп­ 2 Пресметки на авторот 53 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 штество во целина. Последиците од со­ци­јал­ ната исклученост, а особено од долгорочното социјално исклучување, не влијаат само на оние кои се исклучени, туку тие може да би­ дат пренесени од генерација на генерација и да вли­јаат врз животните промени на голем број лица. Заради мултидимензионалноста на фе­ но­менот социјално исклучување, секогаш има тешкотии во постигнувањето усогласе­ ност околу формалното дефинирање на тер­ ми­нот“социјално вклучување“. Центарот за економска и социјална исклученост на Англија, ја предлага следната дефиниција: “Социјалното вклучување е процес со кој се прават напори да се обезбеди секој, без разлика на искуството и околностите, да може да го постигне својот потенцијал во животот. За да се постигне социјална вклу­че­ ност, вработеноста и приходите се неопходни, но не и доволни. Едно инклузивно општество се карактеризира со стремеж за намалување на нееднаквоста, на рамнотежата меѓу пра­ва­ та и обврските и зголемувањето на со­ци­јал­ ната кохезија”(2002). Поаѓајќи од оваа дефиниција, со­ци­јал­ ното вклучување е определено од два фак­то­ м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица ри: 1) од степенот до кој индивидуата има при­ стап до услугите и ресурсите и 2) од можноста да учествува во активностите кои за повеќето луѓе се дозволени. Степенот до кој една индивидуа е со­ци­ јално вклучена може да се оцени со добивање ин­формации во однос на нивото на пристап и/или учество во различни активности, како на при­мер: здравствени и социјални услуги, техничко и повисоко образование, вра­бо­ту­ вање, за­бава, модерна комуникација, при­ја­ тел­ства, семејство/партнерство. За да се постигне социјално вклучување на социјално исклучените млади лица и да се обезбедат услови за нивен разво, треба да се ангажираат сите актери кои се важни за нив­ ниот развој: семејството, врсниците, ло­кал­на­ та заедница, државните институции. Со под­ дршка на развојот на младите лица ќе се по­ сти­гне зголемување на социјалниот ка­пи­тал на ниво на заедницата, а тоа ќе помогне за подобрување на социјалнта кохезија во по­ши­ роката заедница. Придонес кон процесот на социјална вклученост на овие млади лица мо­ же да се даде со обезбедување на потребните ресурси или преку соодветни политики и мер­ ки со кои ќе се засили нивното зајакнување. Графикон 1: Рамка за вклученоста на младите лица и нивното зајакнување Извор: La Cava and Lytle, 2003. 54 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 На ниво на локалната заедница, на социјално исклучените млади лица може да им се помогне со обезбедување на услови за нивен пристап до: образовниот систем, обу­ки­ те, кре­дитните средства, вработувањето. Исто така, важно е да им се обезбеди пристап до: ин­формации, културни и образовни слу­чу­ ва­ња и активности. Со ограничен пристап до еко­ном­ските, социјалните и културните сред­ ства кај овие млади лица се зајакнува пози­ци­ јата на социјална исклученост и недостаток на социјална кохезија. За да се постигне социјално вклучување на овие млади лица, мора да се зајакнуваат политиките и интервенциите на: индивидуално ниво, на ниво на заедницата и на макро ниво. На графиконот 1 се илустрирани мож­ни­ те правци на развој на младите, кога постојат бариери за нивното социјално интегрирање и зајакнување и спротивно, кога бариерите се надминати и младите лица добиваат под­ дршка. При утврдувањето на можните политики и мерки за социјално вклучување на мла­ди­те лица, најпрво мора да се има предвид нивната индивидуална различност. Сите по­ли­ти­ки и мер­ки мора да започнат од индивидуално ни­ во, па да продолжат на локално ниво и, се­ како, да ја имаат и макро рамката. Индивидуалните различности се од­не­ су­ваат на: возраста, полот, социо-економскиот статус, религиозната определба, етничката припадност, местото на живеење. Зајакнувањето на младите лица може да се постигне со:(1) дизајнирање на политики и програми коишто ќе имаат интегрален пристап кон прашањето на социјалното ис­клу­ чу­ва­ње на младите лица во Република Ма­ке­ до­нија(2) поддршка на иницијативите на младите ли­ца(3) дизајнирање на посебни про­грами за младите лица кои сакаат својата иднина да ја насочат кон започнување на сопствени бизниси, или самовработување. 1. Политиките и програмите за пос­тиг­ну­вање на социјално вклучување на мла­ди­те лица мора да имаат мулти­ди­мензионален пристап, заради: м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица • Мултидимензионалноста на потребите на младите лица. Во периодот кога се на пре­ мин од детството кон полнолетството, потребите на младите лица се навистина мул­ти­димензионални и за да се постигне нивно задоволување неопходно е во овие про­гра­ми и политики да се ангажираат повеќе сектори: Министерството за труд и соци­јал­на политика, Министерството за образование, Агенцијата за спорт и млади и други институции и агенции. Само мул­ти­ секторскиот пристап и, секако, мулти­сек­ тор­ската соработка може да обезбедат надминување на социјалното исклучување на голем дел од младата популација на возраст од 15 до 19 години ; • Обезбедување на учество на младите во процесот на дизајнирање на програмите и мер­ките. Но, исто така, важно е да се обезбеди нивно учество во процесот на сле­де­ње на имплементацијата на актив­ни­ те политики и програми. Учеството на мла­ ди­те лица во процесот на оценка на од­р­ жли­воста и успешноста на овие политики и про­гра­ми, исто така, мора да биде обезбедено, затоа што тие може да бидат многу ва­жен коректив на мерките и по­ли­ ти­ките кои биле неуспешни или не­со­од­ ветно ди­зај­ни­рани ; • Најважна компонента во овие политики и програми треба да биде зајакувањето на прис­тапот на социјално исклучените млади лица кон образовниот систем. Пристапот на овие млади лица кон фор­ мал­ното и неформалното образование мо­ ра да биде фи­нан­сиски поддржан, затоа што основната причина за нивната ис­клу­ ченост од обра­зов­ниот систем е си­ро­маш­ тијата ; • Следна компонента е креирање на по­ли­ ти­ки за зголемување на можностите за вра­бо­тување на младите кои се на возраст од 15 до 19 години. Овие политики треба да се поддршка за оној дел од социјално исклучените млади лица кои не сакаат да го продолжат школувањето, дури и да им се обезбедат услови за тоа. Во услови кога на пазарот на трудот во Република Македонија една од најризичните групи се младите лица, со стапка на невработеност 55 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 повисока од 70%, се чини дека е ургентно за мла­дите лица кои бараат работа да им се обезбеди поддршка. Мора да се има предвид дека тоа се лица без било какви квалификации и единствено решение за нив е да се организираат посебни обуки или програми, со што овие лица би се стекнале со одредени квалификации за профили кои ќе бидат потребни на пазарот на трудот. Заради специфичниот профил на овие лица,(релативно млади и без било какви квалификации), обуките за нив мора да бидат подготвени и организирани на локално ниво. За да се обезбеди нивно сигурно вработување, мора да се утврдат потребните профили на локално ниво и соодветно на тоа да се подготват и програмите за поддршка на младите лица. Вра­ботувањето на младите социјално ис­ клу­чени лица кои не сакаат да го продолжат шко­лувањето мора да биде поставено како висок приоритет. Ако овие лица бидат оста­вени без соодветна поддршка, из­ разена преку нивно вклучување во не­фор­ мални форми на образование, со си­гур­ ност може да се тврди дека тие ќе бидат долгорочни учесници во неформалниот сек­тор. Не обезбедувањето на услови за вра­ботување на овој дел од населението за нив ќе значи долгорочна мар­ги­на­ли­ зација. (2) Поддршката на иницијативите на младите лица мора да биде насочена кон: • Овозможување на младите да имаат пристап до информации, пред с é до оние кои се однесуваат на нив. Социјално исклучените млади лица треба да ги знаат своите основни права. На пример, можноста од 15 години да се пријавуваат во Агенцијата за вработување. Исто така, тие треба да имаат информации за активностите или програмите кои постојат и во кои има можности и тие да учествуваат ; м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица • Овозможување да научат користење на компјутер. Организирање на бесплатни курсеви за учење на странски јазик и користење на компјутер. На тој начин, на мла­ди­те лица ќе им се даде можност да ги запознаат новите технологии ; • Дизајнирање на специфични програми за најризичните групи(младите девојчиња од руралните средини, хендикепираните млади лица, Ромите и слично) ; • Поддршка на невладините организации (НВО) кои имаат посебни активности и програми за поддршка на социјално исклучените млади лица. (3) Дизајнирањето на посебни програми за младите лица, кои сакаат својата иднина да ја на­сочат кон започнување на сопствени бизниси, или самовработување, треба да овоз­можи: • Финансиска поддршка во вид на поволни кредити за сите млади лица кои сакаат да започнат со некои бизниси; • Обуки за водење на мали бизниси. Без квалификации и без работно искуство, на младите лица ќе им биде многу тешко да бидат конкурентни и успешни на пазарот. Затоа, најкорисно би било, на овие млади лица да им се овозможи да се стекнат со соодветни квалификации и знаења преку обуки за водење на мали бизниси. На овој начин, може да им се создадат предуслови за посигурна работна иднина. 56 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 47-57 Скопје, јуни 2008 ЛИТЕРАТУРА: м-р Благица Новковска, Социјалното исклучување на младите лица Државен завод за статистика,(2004) “Вкуп­но население во земјата според ак­тив­ но­ста“, книга VI, Скопје Доневска М. и Савеска С.(2002)“Си­ро­ маш­твото како обележије на трајна мар­ги­на­ ли­за­ција“(според пилот-истражувања во урбана средина- Скопје), Скопје Economic and Social Committee(1998), Cost of poverty and social exclusion in Europe, Official Journal of the European Communities, Brussels, 98c284/07 Kieselbach, T.(2003), Long-Term Unem­ploy­ ment Among Young People: The Risk of Social Exclusion, American Jirnal of Community Psychology, Vol.32, Nos.1/2, Новковска Б.(2006)„Социо-економкиот статус на семејството како факор за со­ци­јал­ на­та исклученост на лицата на возраст од 1519 години од образованието и вработеноста”, Ма­гистерска теза одбранета на Филозофскиот факултет, Скопје. www.stat.gov.m k European Youth Forum Policy on Young People and Social Exclusion, adopted by the Executive Committee, Geneve, Switzerland, 2628 November, 1999 www.dfes.gov.u k www.york.ac.u k Abstract Social exclusion, which is defined as a loss(disturbance) of social cohesion, pres ents impossibility certain society members to use the existing possibilities for social participation and to keep pace with the development of the society in which they live. This paper analyses the social exclusion of the youth, which can be experi enced in different manners due to the impact of different factors. A special review is given to the social exclusion of the youth at age between 15 and 19(NEET)(Not in cluded in Education, Employment and Training). The paper gives analyses of the risk factors that influence on the youth social exclusion and certain more important findings about the existence and the treatment of the socially excluded youth in oth er countries are presented, as well. In addition, findings about the existence and the treatment of the socially excluded youth in the Republic of Macedonia and possible policies for their social inclusion and development are analysed. Key words: social inclusion, social cohesion, social exclusion, social exclusion of the youth at age between 15 and 19(NEET)(Not included in Education, Employment and Training). 57 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 доц. д-р Тозија Фимка Републички завод за здравствена заштита- Скопје доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството УДК 364-22(497.7:=214.58) Социјална инклузија на Ромите во здравството: состојба , предизвици и можности Резиме Националниот акционен здравствен план е дизајниран да ја поддржи имплементацијата на Милениумските развојни цели и Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, приспособен на локалните здравствени потреби на ром­ ска­та популација. Имплементацијата на предвидените активности од овој план: позитивна дискриминација на Ромите, вертикални превентивни про­ гра­ми, специјална превентивна програма за Ромите(здрав стил на живот, ре­продуктивно здравје, безбедна бременост, имунизација), промоција на здрав­­јето, подобрување на примарната здравствена заштита за Ромите, вклу­­­чување на Ромите во здравствена политика, ќе придонесе за подобро здравје на ромската популација, особено децата, младите и жените, подобар пристап, квалитет и квантитет на здравствените услуги, и повеќе бенефити од здравственото осигурување. Клучни зборови: Роми/проблеми/здрвствени потреби/пред­из­ви­ци/здравствен акционен план. СОСТОЈБА- Ромите и нивните права и проблеми Во Европа живеат околу 8 до 10 милиони Роми(5% од вкупната популација). Ромите се посебно малцинство во Европа, кое не живее на една територија, туку речиси во сите земји на Централна и Источна Европа. 58 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството Во 1991 со распаѓањето на Со­вет­ скиот Сојуз и Југославија, започна де­ценија на регионални конфликти, не­­стабилност, зго­ лемено движење на на­се­лението. По­ли­тич­ ка­та, економската и социјалната транзиција значеа за­бе­ле­­жителен пад на условите за живот и влошување на пристапот до услуги, можности за образование, вработување, како и пад на здравствените показатели, што доведе до пораст на сиромаштијата. Овие промени ги засегнаа ранливите групи население, особено Ромите.(World Bank 2000 ) Ромите за првпат по не­колку десетлетија добија можност да го искажат својот етнички идентитет, да учествуваат во граѓанското општество и да се вклучат во претходно недостапните економски активности. Ме­ѓу­ тоа, за многу Роми тие придобивки не беа еднакви, бидејќи драматичните промени и ури­ва­њето на социјалистичките држави до­ ве­доа до намалување на можностите: еро­ зија на сигурноста на работните места, жи­ ве­алишта и други услови, и кон отсуство на конкретни економски можности, што имаше за последица сериозна сиромаштија на Ромите. (UNDP 2003) Ромите во Централна и Источна Евро­ па се една од главните ризични сиромашни групи во Регионот.(Ringold D et al 2003) Ромите се посиромашни од другото население, а ве­ ројатноста да западнат и да останат во си­ро­ маштија кај нив е поголема. Корените на си­ро­ машти­јата кај Ромите се испреплетуваат со многу фактори, кои корелираат со факторите на сиромаштијата во Регионот, вклучувајќи го ниското ниво на образование, не­вра­ботеноста и многубројноста на се­меј­ствата.(UNDP 2003) Уписот на децата Роми во основните училишта е за 20% до 33% понизок отколку кај останатите деца, а осипувањето кон крајот на циклусот од основното образование е повеќе од двапати повисок кај ромските деца отколку кај останатите. Ова влијае врз нискиот степен на образование и сиромаштија.(Revinga A et al 2002). Според пописот од 2002 година, во Република Македонија живеат 53.879 Роми, што претставува 2.7% од вкупното население. Ромската популација е за­стапена на целата територија на Ма­ке­до­нија, но најголемиот број живее во Скопје, во населбата Шуто Оризари(13.311), која претставува најголема ромска населба на Балканот. Ромите се концентрирани во градските населби, главно во Прилеп(4.333), Куманово(4.256), Битола (2.594), Тетово(2.357), Штип(2.195), Кочани (1.951), Гостивар(1.904), Кичево(1.630), Виница(1.230) Дебар(1.079,) итн. Процесот на транзиција во Ма­ке­до­ нија, како и во останатите земји во Регионот до­ведоа до низа социо-економски и полити­чки промени и проблеми. Ромите се соочуваат со истите проблеми како и ос­та­натата популација во Македонија, само во многу поизразена форма, особено во однос на сиромаштијата и социјалната ис­клученост. Приливот на Ромите бе­гал­ци по Косовската криза при­ до­несе за зголемување на проблемите кај оваа популација, бидејќи постојните ресурси и инфраструктура во земјата не можат да ги за­­доволат потребите на зголемениот број Ро­ ми, особено пружањето на квалитетна здрав­ ствена заштита. Неопходно е меѓу­на­родната заедница да помогне во дол­го­рочното и пра­ вилно решавање на овој проблем.(Ringold D et al, 2003). Ромите и нивните права(право на здравствена заштита) Република Македонија претставува мул­тиетничка и мултикултурна држава во која со Уставот се загарантирани правата на сите граѓани, меѓу кои и правото на еднаквост. Уставот го гарантира правото на здравствена заштита за сите граѓани на Македонија, но и правото и обврската за заштита и уна­ пре­дување на сопственото и здравјето на другите. Република Македонија е потписник и ги спроведува сите меѓународни акти за заштита на правата за здравствена заштита и превенција од дискриминација, кои се инкорпорирани и во домашната легислатива: Меѓународна конвенција за граѓански и по литички права; Меѓународна конвенција за економски, социјални и кул­тур­ни пра ва; Меѓународна конвенција за елимина ција на сите форми на расна дискримина ција; Меѓународна конвенција за елимина 59 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 ција на сите форми на дискриминација на же ната; Конвенција против тортура и друг груб, нехуман и деградирачки третман или казна; Конвенција за правата на детето; Европската социјална повелба. Секој граѓанин во Република Маке­ до­нија има право на здравствена заштита согласно Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување, со кои се регулирани односите и правата од здравственото осигурување, постапката на користењето на здравствената заш­ти­та и сис­темот и организацијата на здрав­ствената заштита. Здравствениот систем во Репу­бли­ ка Македонија е организиран врз цен­­трална основа. Министерството за здравство се наоѓа на врвот на пи­ра­ми­дата на здравствениот систем и е одговорно за планирање и обез­бе­ дување на здравствената заштита. Фондот за здравствено осигурување е институција преку која осигурениците непосредно ги остваруваат правата од основната здрав­ствена заштита. Ромите ги остваруваат своите права од здравствена заштита во постојниот систем на здравствена заштита, имаат еднаков пристап до здравствените услуги, што можат да ги користат под исти услови како и останатото население. Локалната самоуправа учествува во управувањето со примарната здрав­ ствена заштита, следењето на здрав­стве­ ната состојба и учеството во решавањето на здравствени проблеми на одредени ранливи категории население, особено на Ромите. Здравствената заштита е лесно дос­ тапна до населението бидејќи се спроведува во распространета мрежа на здравствени организации, со што е овозможено околу 90% од населението да добие лекарска помош за помалку од 30 минути.(Републички завод за здравствена заштита 2007) Здравствената заштита е ор­га­­низирана на три нивоа: примарна, се­кун­дарна и тер­ ци­јарна. Примарната здравствена заштита претставува база на севкупниот здравствен систем и обезбедува основна здравствена заштита на ниво на општина за сите жители 60 доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството под еднакви услови. Здравствената заштита во Македонија е достапна и во двата секто ра, јавниот и приватниот.(Републички завод за здравствена заштита 2007) Проблеми со кои се соочуваат Ромите Главни проблеми кај ромската по­ пулација што имаат директно или индиректно влијание врз нивната здрав­ствена состојба, а исто така и врз корис­те­њето услуги на здравствената заштита, како и правата од здравственото оси­гу­ру­вање, се следните: Сиромаштијата и социјалното ис­клучување – Ова е клучен фактор што директно влијае врз здравјето. Според про­ценките од Светската банка за нивото на сиромаштија во Регионот, Ромите претставуваат најмаргинализирана гру­па и најсиромашна група која живее во ми­нимални и екстремнo лоши услови за животот. Кај ром ското население стапката на сиромаштија е поголема во споредба со другата популација. (UNDP 2003) Невработеност – Кај Ромите во Регионот, на возраст од 15-55 години, невработеноста се движи од 44% во Романија, до 71% во Македонија.(UNDP 2003). Социјална заштита - Иако по­стои социјална заштита, кај ромската по­пулација птоцентот што ја користи е различен и ва­ри­ ра, а бенефитите се лимитирани заради не­ доволен, или целосен дефицит на информации за овие и други услуги, што се должи на нис кото ниво на образование.(UNDP 2003) 1. Домување- Најголемата општина со ром ска популација во Македонија е Шуто Оризари, со релативно развиена инфра структура. Ромите живеат во тешки усло ви за живот, со многу оскудна и неразви ена инфраструктура. Околу 28% од ром ското население живее во импровизира ни домови, во сиромашни населби, кај кои постојат дивоградби, или, пак, цела та населба не е легално регистрирана, со крајно лоши, субстандардни услови, во големи семејства и повеќе лица во една просторија. Околу 50% ромски домови немаат канализација, и околу 61% нема - Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 ат внатре тоалет или бања(UNDP 2003). Снабдувањето со безбедна вода за пи ење кај ромската популација е проблем, а заедно со несоодтветната диспозиција на отпад и отпадни води, претставуваат вис тински ризик фактор за појава на зараз ни заболувања и епидемии. Многу битен фактор кај Ромите е и феноменот на пре селување, што игра важна улога за сле дење на здравјето на децата и нивното образование.(UNDP 2003, Unicef 2005) Култура, традиција, предрасудите и навиките- живеењето во гетоизирани на­ селби заради чувството на поголема сигурност меѓу своите, придонесува за одржување на традицијата и одредени навики, кои директно придонесуваат за низок степен на образование, ниска општа, а посебно здравствена култура, што, пак, влијае врз здравствената состојба на Ромите: напуштање на образовниот про­ цес, малолетнички бракови, рана и ризична бре­меност, голем број раѓања, висока до­е­ нечка смртност, матернална смртност, висок морбидитет кај децата и малите деца, итн. Недоволната вклученост и де­фи­цит на образованието - е по­сле­дица од со­ци­јал­ ното исклучување, не­вра­ботеноста и сиро­ маштијата, како и за­ради необразованост на родителите. Стапката на писменост кај же ните Ромки е пониска во споредба со маш киот пол.(UNDP 2003, Unicef 2005) Многу е мал бројот на Ромите кои продолжуваат средно образование или виша школа. Околу 20% од запишаните го завршуваат средното образование, околу 40% од нив се ученички. (UNDP 2003) Лимитираното образование претставува главна при­чи­на за исклучувањето на ромската по­пу­лација од социјалниот, економскиот и политичкиот живот. Нееднаквост на половите- суб­ор­ ди­нирана улога на жената во ромското семејство, отсуство на образование, пого­ лема оптовареност на жената со работа во и вон семејството(UNDP 2003, Unicef 2005), жената, а и децата често се жртва на семејно насилство, итн.(Тозија Ф. и сор. 2006) Околу 14% од анкетираните Ромки во 2000 г. изјавиле дека имаат забрана од сопругот за работа надвор од домот, што е многу повисоко отколку кај Македонките(ЕСЕ 2006) доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството - еманципацијата и образованието на жената битно ќе го подобри нејзиниот и здравствениот статус на децата, а ќе се зајакне и ромското семејство(UNDP 2003) Традиционални бракови - рано ста­ пу­вање во брак и рано мајчинство- според ромските обичаи, малолетници склучуваат традиционални бракови, кои не се официјални. (UNDP 2003, Unicef 2005) Како резултат на ова се голем број родени деца во вонбрачна заедница, често од малолетни родители(во 2003 г. околу 45% од сите живородени Роми се родени вонбрачно, а во Шуто Оризари е уште повисок, или 60%).(Државен завод за статистика 2004) Во Република Македонија само 1% жени стапуваат во брак пред 15 годишна возраст, додека овој процент е многу висок кај ромската популација, 11.5%, а 48,6% стапуваат во брак под 18 г.(UNDP 2003). Дискриминацијата, запо­ста­ве­но­ста и чувството на помала вредност, често пати е причина за напуштање на образовниот процес или некористење на одредени јавни услуги, вклучувајќи ги и здравствените услуги. (UNDP 2003). Неинформираноста, незнаењето, ниската здравствена култура, се при­­чина за недоволно користење на пра­ва­та од здравственото осигурување, пре­вен­тивните јавни здравствени програми, здравствените услуги кога се потребни, или пак непочитување на советите на здравствените работници (но често пати и заради нискиот социоекономски статус),(UNDP 2003, Unicef 2005). Воведувањето позитивна дискриминација и осло­бо­ду­вањето од партиципација, како и бесплатните основни здравствени услуги, ќе ја зголемат финансиската достапност и користењето на здравствените услуги од ромската популација. 2. Недоволнатаа и лоша ин­фра­струк­ту­ра во населбите каде што живеат Ромите - образовни, социјални и здрав­ствени установи влијае на социо-економскиот статус на Ромите, а особено на зравствената состојба(Unicef 2005). Децентрализацијата и преодот на дел од надлежностите на локалната самоуправа(урбанизам, образование, социјала, здравство) ќе 61 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 овозможи решавање или ублажување на дел од постојните проблеми, осо­бе­но сиромаштијата кај ромската по­пу­лација. (Институт за социолошки и политичко правни истражувања 2004) Предизвици - Здравствена состојба и здравствена заштита на Ромите Во Република Македонија, како и во многу други земји во Регионот по­стои правна заштита која спречува при задолжителната идентификација и евиденција, Ромите, како и другите мал­цинства да бидат евидентирани како такви при националната здравствена ста­тистика. Овој технички проблем и ли­ ми­тираност оневозможува следење на здравствената состојба и заштита на Ромите, како и следење и мониторинг на преземените интервентни програми. Заради овие причини, проценката на здравствената состојба на Ромите е из­ вр­шена врз основа на податоци од целни насочени истражувања, што се спроведени наменски кај ромската популација, а не врз ооснова на рутинските податоци собрани во здравствениот сектор. Ис­клучок се одредени податоци добиени од Државниот завод за статистика, а се однесуваат на природното двиежње на населението. Здравствената статистика и еви­ ден­­циите во здравството се водат спо­ред важечката легислатива: Закон за здрав­ствена заштита, Закон за евиденции во областа на здравството, Закон за др­жав­на статистика, Програма за ста­тис­тич­ки истражувања во здравството, Закон за заштита на населението од заразни бо­лести, и др. Повеќето целни истражувања досе­ га спроведени, покажуваат дека општата здравствена состојба на Ромите е полоша отколку кај останатото население: зна­чи­ тел­но пониско очекувано траење на жи­во­­ тот, највисок доенечки морталитет со два­ пати повисока стапка од просечната. Оп­ шти­от морталитет кај Ромите е по­ви­сок од државниот 8.9%о(смртноста кај Ромите од наслбата Шуто Оризари во 2003 г. изнесува 11.3%о, што е значително повисока отколку 62 доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството просечната смртност во Македонија од 8.9%о, при што 24% прет­ходно биле лекувани во здравствена организација). Здравствени ризици кај ромската попу­ лација, особено кај Ромите бегалци, на кои тре­ба да се обрне посебно внимание, се ну­ триционен дефицит, заразна жолтица, ту­ беркулоза и посттрауматски синдром. Истра­ жу­вањето на UNDP во Македонија покажува дека во 2000 година, 82.5% од Ромите не можат да купат доволно храна.(UNDP 2001) Покрај овие заболувања и состојби, кај оваа популација и хроничните незаразни дегенеративни заболувања имаат растечки тренд. Здравствената состојба на децата Роми е полоша отколку кај возрасната популација, пред сî заради помалиот опфат на децата со превентивни мерки. Иако се бесплатни и обезбедени со Пре­вен­тивните вертикални здравствени про­грами, превентивните мерки не се до­вол­но искористени и спроведени кај оваа популација, заради нивната не­ин­ фор­мираност или, пак, предрасуди и страв. Опфатот со имунизација е понизок отколку кај останатите деца во Македонија.(Unicef 2005) Дијарејата, респираторните инфекции, како и други заразни болести, се високо застапени во детската па­то­ло­гија.(Unicef 2005) Повредите, ненамерни и намерни, се доста чести во детската патологија. Децата Роми често се жртви на сообраќајни несреќи, со учество од 4.1% во вкупно повредените на таа возраст во сообраќајни несреќи во Македонија во 2000г., што сигнификантно се разликува од нивната застапеност во популацијата. Инциденцијата на сообраќајните повреди и кај Ромите е повисока кај машките, ра­сте со возраста и е највисока кај адо­лесцентите, на возраст од 15-17.(Тозија Ф. 2002) Бариери во користењето на пра­ва­та од здравственото осигурување- Ромите се соочуваат со одредени бариери при користењето на правата од здравственото осигурување кои се ре­гулирани со Законот за здравствено оси­гурување(Templeton MN 2002): не­ин­фо­рмираност и незнаење на правата; не­регулирано државјанство (според по­след­ниот попис околу 23% од лицата без државјанство во Македонија Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 се Роми); тешко обезбедување право на социјална помош, а со тоа и на здравствено оси­гу­рување; оддалеченост на службите на Фондот за здравствено осигурување и тежок, или неможен пристап до нив, често поради недостиг на финансиски средства. Односот на здравствените ра­­ботници кон пациентите Роми- Интервјуираните здравствени ра­бот­ници истакнале дека не постои ни­каква дискриминација на Ромите, но де­ка е потешко да се работи со нив за­ради нивната: необрзованост, не­ин­фор­мираност и неследење на со­ве­тите на лекарот, полоша здравствена состојба, барање медицинска помош во понапредната фаза на болеста, низок степен на хигиена, лоши домашни услови, сиромаштија и неможност да се снаб­ дат потребните лекарства, оставање на де­ ца­та во болница подолго од потребното по­ ради финансиски причини, порано на­пуш­ тање на болницата кога болеста сî уште не е излечена, итн.(Templeton MN 2002) Достапност и квалитет на здрав­ ствените услуги- Во одредени на­сел­би каде што не постои соодветна ин­фраструктура на здравствени ор­га­ни­зации, здравствените услуги се тешко достапни заради отсуство на медицински објект, или, пак, заради работа само во една смена, или одреден ден во сед­ мицата, или, пак, постои објект, но заради не­ мање здравствено осигурување, не може да се користи. Ова особено е важно во итни случаи, потреба од итна медицинска помош, во тек на бременост и особено при породување. Во одредени средини службата за ИМП не одговара навреме на повиците што доаѓаат од ромската полулација(Templeton MN 2002). Осигурените лица плаќаат партиципација, а неосигурените, целосниот износ на чинење на здравствената услуга. Ова прет­ставува се­риозен проблем за Ромите, многу често и неможно да се плати(исклучок е итната медицинска помош). Квалитетот на здравствените услуги во одредени средини е полош заради ру­и­ни­ра­ ност на објектите, несоодветна опрема, не­ достиг на лекови, недоволно персонал, итн. Оваа состојба ги засега не само Ромите, туку и другото население, иако според некои истражувања Ромите тврдат дека постои доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството дискриминиативен однос во споредба со другите етнички групи, особено во западна Македонија. (Templeton MN 2002) Проценка на здравствените по­ треби на Ромите- Оценката на по­тре­ бите за здравствената заштита на Ромите (прашање во врска со дискриминацијата и исклучувањето) со посебен осврт на жените и децата, социјалните детерминанти во достапноста на здравствена заштита, учество на Ромите во креирањето на здравствената политика и стратегиите за подобрување на статусот на здравствената состојба на жените Роми, се приоритети што се утврдени и од Советот на Европа.(Council of Europe 2003). Подобро здравје, праведност и еднаквост за сите, со акцент на малцинствата и Ромите, се основните определби и во Стратегијата, здравје за сите во 21 век- цел 1.(СЗО 2000) Точната проценка на здравствените потреби на Ромите ќе овозможи креирање на здравствена политика и соодветен одговор на здравствениот систем на сите нивоа, со што значително ќе се подобри здравствената состојба на ромската популација и ќе се намалат разликите со останатото население на овие простори.(McKee M 1997) МОЖНОСТИ – Инструменти за социјална инклузија на Ромите во здравството Реформите во одредени сектори, осо­ бено образованието, социјалната заш­­тита и здравството, треба да се интензивираат и приспособат на по­тре­бите на оваа популација и на условите во средината во која живеат. (Уницеф 2005) Особено реформите во здрав­ стве­ниот систем, во примарната здравствена заш­­тита, треба да бидат насочени кон по­до­ брувањето на нејзиниот ква­ли­тет, до­стап­ носта, ефикасноста и ра­ционалноста. Вра­ бо­тувањето на по­голем број здравствени работници од ромска популација значително ќе при­до­несе за поголема достапност на здравствените услуги, полесно користење на здравствените услуги и правата од здрав­ ственото осигурување. Здравствените потреби на Ромите во 63 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 текот на Декадата вклучување на Ромите 2005-2015, треба да бидат во фокусот на вниманието на јавното здравство во Ма­ке­до­ ни­ја, како и во останатите земји од Регионот, а дефинирани во Националниот акционен план за здравство. Социјалната инклузија на Ромите во здравството ќе се обезбеди со следните инструменти: • Национален акцвионен план за здравство кој треба да се вклопи во општата рамка на Декадата на вклучување на Ромите 2005-2015, односно утврдените цели и приоритетни области на глобално ни­ во, а имајќи ги предвид потребите за здравствена заштита на Ромите, состојбата во здравствениот систем и расположивите ресурси на национално и локално ниво во Република Македонија.(Министерство за труд и социјална политика 2004) • Декада на вклучување на Ромите 2005-2015(Декада) која е резултат на определбата на Европската унија(ЕУ) и е тесно поврзана со две тековни иницијативи, во кои сите земји членки- кандидати за членство во ЕУ учествуваат, или наскоро ќе учествуваат: • Милениумски развојни цели(МРЦ и • Програма за социјално вклучување на Европската унија • Целите на Декадата треба да се вметнат во генералната рамка на Милениумските развојни цели, како и со целите и ин­ди­ ка­торите идентификувани како дел од Програмата за социјално вклучување на ЕУ.(Светска банка 2003) Милениумските развојни цели се за­да­ де­на рамка што треба да биде со­од­ветно прис­пособена на развојните потреби на секоја земја, а за Република Македонија се дефинирани во Извештајот за Милениумските развојни цели(Влада на РМ, 2005). Седумте цели се надополнува­ат меѓу себе и се насочени кон намалување на сите форми на сиромаштијата, но и промоција на оп­ што­прифатени стандарди на однесување за подобро здравје, промовирање законска регулатива, оп­штествени и еколошки услови кои го намалуваат ризикот и подобруваат жи­во­ 64 доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството тот како на поединецот, така и на за­ед­ницата. Последната цел, глобално пар­тнерство за развој, ги дефинира средствата со кои би се постигнале првите седум цели. • Според податоците со кои располага Светската банка, Република Македонија има реални шанси да постигне три милениумски цели, тесно поврзани со унапредувањето на здравјето на Ромите: намалување на стапката на смртност кај децата; подобрување на здравјето на труд­ ни­ците и родилките; борба против ХИВ/ СИДА, маларија и други болести.(Светска банка 2003) Национален акционен план за здравство на Ромите При дефинирањето на целите, ак­ тив­ностите и индикаторите за следење на имплементацијата на Националниот акционен план за здравство, земени се предвид сите области и приоритетни теми од Декадата, како и Стратегијата за Ромите во Република Македонија. Ова заради меѓусебната по­ вр­заност и интеракција, како и влијанието врз здравствената состојба на Ромите од една страна, а од друга, во обезбедувањето квалитетна здравствена заштита на Ромите и остварувањето на нивните права од здрав­стве­ ното осигурување. Националниот акционен план за здравство треба да овозможи: • Подобра здравствена состојба на ромската популација, а особено на вулнерабилните групи деца и жени; • Подобра здравствена заштита: подобар квалитет и квантитет на здравствените услуги соодветни на потребите на ромската популација; • Подобар пристап до здравствената заштита и користење на правата од здравственото осигурување. Владата на Република Македонија, преку Министерството за здравство, во соработка со другите министерства, вла­ ди­ни и невладини организации, треба да ги преземе следните активности за да ги реализира поставените цели за подобрување Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 на здравствената заштита на Ромите: • Подобрување на социо-економскиот статус, со зголемување на вра­бо­ту­ва­ њето на Ромите, особено во јавниот сектор; • Стручна квалификација и до­ква­ли­ фикација на Ромите, со што ќе се зголеми нивната конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно на­та­ мошно стручно усовршување; • Позитивна дискриминација, во смисла на ослободување од партиципација, односно обезбедување бесплатни ос­новни здравствени услуги- суб­вен­ ции; • Проширување на постојните пре­ вентивни програми, со посебен дел за Ромите, како и изготвување посебна програма за Ромите, со акцент на здраво живеење, промоција и образование за репродуктивното здравје, безбедна бременост и имунизација; • Подобра кадровска обезбеденост, снаб­деност со лекови и опрема во здравствените установи, кои работат во средини каде што доминира ромската популација; • Едукацијаназдравственитеработници, социјалните и просветните работници кои работат со ромска популација, за здравствените ризици и потреби на Ромите; • Подобрување на евиденциите во здравството и здравствената ста­тис­ ти­ка, што ќе овозможи собирање податоци за ромската популација; • Здравствена промоција и образование борба против стереотипите и тра­ди­ циите кај целата популација и на­со­ чено кон одредени ранливи групи, за здраво живеење, со посебен ос­врт кон пушењето, алкохолизмот, на­рк­о­ма­ ни­јата, безбеден секс, превенција на повреди и насилство; • Поголема ангажираност на па­тро­наж­ ната служба, службата за домашна посета и ПЗЗ; доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството • Формирање поливалентни мобилни тимови (лекар, патронажна сестра, со­ ци­јален работник) кои ќе ја посетуваат ромската заедница еднаш месечно; • Спроведување научни целни ис­тра­ жу­вања кај ромската популација и кај одредени таргет групи; • Во локалната самоуправа да се опре­ де­ли лице кое ќе биде одговорно за пра­шања од здравствена заштита, со­цијална заштита и образование кај Ромите; • Вклучување на ромската популација во здравствената политика; • Медиумска активност; • Мотивирање на локалната заедница, граѓанското општество. Очекувани бенефити од Националниот ак­ ционен план за здравство Успешната имплементација на Наци­о­ нал­н­иот акционен план за здравство ќе при донесе за остварување на визијата Подобро здравје на сите Роми во Македонија, преку: • Успешна имплементација на Декадата на вклучување на Ромите 2005-2015; • Остварување на дефинираните цели во областа на здравството; • Подобрување на ефикасноста и одр­жли­ воста на преземените активности во здравствениот систем и пружањето здрав­ ствена заштита на Ромите; • Подобар квалитет на здравствена заштита усоглсен со реалните потреби на Ромите; • Подобар пристап на Ромите до здрав­стве­ ната заштита: територијален, временски и финансиски; • Подобрување на користењето на правата од здравственото осигурување; • Подобро здравје на ромската популација на целата територија на Македонија; • Поголема продуктивност и економска моќ во општеството; • Социјално вклучување на Ромите во оп­ штеството. 65 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 Литература Council of Europe(2003) Conference on Roma Women and Access to Public Health Care: Final Report. Strasbourg. Декада на вклучување на Ромите 2005-2015 Концепт, Будимпешта, 2003 доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството of Roma Poverty in Central Europe. Technical Paper No 531. World Bank Ringold, D., Orensyein, M.A., Wilkens, E.(2003) Roma in the Expanding Europe: Breaking Poverty Cycle. World Bank. Државен завод за статистика(2004) Природно движење на населението во РМ во 2003, Скопје: Државен завод за статистика ЕСЕ(2000) Семејно насилство- Извештај за спроведено теренско истражување, Скопје: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените Републички завод за здравствена заштита (2007) Здравствена карта на РМ во 2006, Скопје: Републички завод за здравствена заштита. Светска Банка(2003) Милениумски развојни цели и Европа и централна Азија- Извештај, Светска банка. Government of the Republic of Macedonia (2005) REPORT of the Republic of Macedonia on Millennium Development Goals, Skopje. Gypsy(Roma) culture health refugees immi grants. http.//www3.baylor.edu/ Институт за социолошки и политичко правни истражувања(2004) Социјална процена на здравствениот систем во Република Ма­ке­до­ нија, Скопје: Институт за социолошки и по­ли­ тичко правни истражувања. McKee, M.(1997)”The Health of Gypsies” in the British Medical Journal. МЦМС(2000) Граѓански практики- Едукацијата како основа за излез од сиромаштијата. Број 3, Скопје: Македонски центар за меѓународна соработка Министерство за труд и социјална политика (2004) Информација за Влада за Декадата на вклучување на Ромите, Скопје. Правилник за поблиски просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации, С;ужбен весник на РМ бр.11, 1992 Програма за превентивна здравствена заштита во РМ(објавена во Службен весник секоја година) Revinga, A., Ringold, D., Tracy W.M.(2002) Poverty and Ethnicity: A Cross Country Study Светска банка(2003) Постигнување на човеков развој и милениумски развојни цели во Европа и Централана Азија- Извештај, Светска банка. Светска Здравствена Организација(2000) Стра­тегија здравје за сите во 21 век: Ко­пен­ хаген. Templeton, M.N.(ed.)(2002) On the Margins: Roma and Public Services in Romania, Bulgaria and Macedonia, New York: Open Society Ins­ titute, 2001 Тозија Ф.(2002) Социјално-медицински аспекти на сообраќајниот трауматизам кај децата и младите во Република Македонија, Скопје: Медицински Факултет. Тозија Ф. и сор.(2006) Насилство и здравје во Македонија водич за превенција, Скопје: Министерство за здравство. UNDP(2001) National Human Development Report Social Exclusion and Human insecurity in FYR Macedonia, Skopje: UNDP. UNICEF(2006) Multiple Indicator Cluster Survey 2005, Skopje:UNICEF United Nations Development Program(2003) Avoiding the dependency trap: The Roma Human development Report www.undp.org УСТАВ на Република Македонија World Bank(2000) Roma and the Transition 66 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 58-67 Скопје, јуни 2008 in Central and Eastern Europe: Trends and Challenges. World Bank and Open Society Institute(2003) Conference“Roma in the expanding Europe – Challenges for the future” Budapest. Закон за државна статистика“Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 54/1997 Закон за локална самоуправа на РМ“ Сл. весник на Р. Македонија” бр. 5/2000 доц. д-р Тозија Фимка, Социјална инклузија на Ромите во здравството Закон за заштита на населението од заразни болести“Сл. лист на СФРЈ“ бр. 51/84 и“Сл. лист на СФРЈ“ бр. 63/90 Закон за заштита на населението од заразни болести“ Сл. весник на СРМ“ бр. 18/76 и бр. 18/82 Закон за здравствено осигурување.(“Службен весник на РМ” број 25/2000, 34/2000 и 96/2000 Закон за санитарната и здравствената инс­ пекција“Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 19/95 Закон за здравствена заштита на РМ. Службен весник на РМ бр. 38/91, бр. 17/97( Пречистен текст), бр. 10/2004 Abstract National Health Action Plan is designed to support the implementation of Millennium Development Goals and the Decade for Roma inclusion 2005-2015, adapted to the local health needs of Roma population. Implementation of the de fined Plan activities: positive discrimination for Roma, vertical preventive programs, special preventive program for Roma(healthy life style, reproductive health, safe pregnancy, immunization), health promotion, improvement of the primary health care for Roma, Roma inclusion in health policy, will contribute to better health for Roma population, especially children, youth and women, better access, quality and quantity of health services, and more benefits from health insurance. Key words: Roma/problems//health needs/challenges/health action plan 67 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 Доц. д-р Зора Јачова Институт за дефектологија Филозофски факултет Универзитет“Св. Кирил и Методиј” Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух УДК 376:371.212.043-056.263(497.7) ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ РЕЗИМЕ Основната интенција на овој труд е да се презентира и анализира ди­вер­ген­т­ носта на инклузивното образование на децата со оштетен слух. Современите европски стандарди и модели на инклузивно образование на уче­ниците со оштетен слух предвидуваат иницирање и имплементирање на иновации во образованието, согласно националниот контекст и востановената дидактичка основа со традиција. Во таа смисла, наставниците чувствуваат потреба од втемелување на соодветна инклузивна методологија, технологија и стратегии во инклузивната практика. Значи, неопходно е да се иницираат активности за образование на наставниците во редовните училишта, со цел да се создадат најсоодветни модели на инклузивната практика за учениците со оштетен слух. За непречено реализирање на оваа цел, релевантните институции иницираат и поддржуваат активности што значат поквалитетно и похумано образование. Тоа подразбира обезбедување локална инфраструктура и координација на професионалци за поддршка на редовните училишта во кои се вклучени деца со оштетен слух и креирање на најсоодветен инклузивен модел на практика. Клучни зборови: инклузивно образование, деца со оштетен слух. Инклузивното образование и децата со оштетен слух Општеството има обврска да ги образува сите деца. Детските потреби и способности треба да ја диктираат соодветната образовна средина во која ќе се одвива учењето на децата со оштетен слух. Постојат одредени идеални услови за образовната средина и карактеристики на наставникот кои придонесуваат за успешноста на овој процес. Најпрвин, средината во која се случува образованието треба да се приспособи кон детето, со цел тоа да развие позитивна слика за себе и да му се овоможи најсоодветен курикулум. Наставниците во образовната средина треба да ја земат предвид различноста на децата со цел да се обезбеди основа во процесот на планирање и реализација на наставните содржини. 68 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух Децата треба да бидат ученици полни со оп­тимизам и одредени способности за пар­ти­ ци­пација и интеракција во инклузивното уч­и­ ли­ште. Детските посебни интереси и барања ќе би­дат исполнети доколку училиштето и ро­ди­ те­лите соработуваат во процесот на до­не­су­ ва­њето на одлуки. Родителите бараат вклучување на детето со оштетен слух во образовни услови кои нудат добра јазична и културна средина. Во таа смисла постојат различни спе­ци­ја­ли­зи­ рани програми за рана интервенција насочени кон семејството и фокусирани кон зголе­му­ва­ њето на когнитивните и комуникациските способности и употребата на остатоците на слух. Влијанието на овие програми покажува дека тие промовираат здрав емоционален раз­вој и ефикасно социјално функционирање меѓу децата со оштетен слух и нивните врс­ ници. Истражувањата покажуваат дека слушно оштетените деца, кои се вклучени во про­гра­ ми­те за рана интервенција, имаат социјални способности споредливи со врсниците кои слушаат и супериорни во однос на глувите врсници кои не посетуваат вакви програми. Значи, раното вклучување во програмата за рана интервенција претставува основен пред­ услов за училишните постигнувања на децата со оштетен слух. Социјалните и комуникациските спо­соб­ но­сти стекнати преку програмите за рана ин­ тер­венција се јасно поврзани со флуентноста на говорот и користењето на различни ко­му­ ни­кациски стратегии. Значи, можеме да за­клу­ чи­ме дека вклучувањето во програмите за рана интервенција ги развива социјалните и јазичните способности на слушно оште­те­но­ то дете, без оглед на јазичната ориентација на програмата и овозможува подобра под­гот­ веност на децата за вклучување во училиште (Јачова З., 2005). Кај глувите деца ова насочување најчесто е поврзано со социјалниот аспект, додека ака­ дем­ското насочување е резервирано за оние деца чии способности ги квалифицирале за сместување во редовни услови. Новиот тер­ мин, инклузија се обидува да ги комбинира овие два аспекта на социјално и академско насочување. Со ова се овозможени услуги и во редовните одделенија, без разлика на ака­ дем­ското функционирање на детето. Ова зна­ чи дека овие деца се среќаваат со одредени академски стандарди за вклучување, но, во исто време, ја добиваат потребната помош од специјализираните центри. Инклузивното образование за слушно ош­ те­тените деца зависи од еден комплекс фак­то­ ри, што не дозволуваат системско ре­ша­ва­ње на проблемот. Сепак, технологијата на ко­хле­ арната имплантација овозможува ин­клу­зија за оваа популација на деца. Децата кои се сместуваат во редовно одделение покажуваат повисоки нивоа на стандардните тестови, од оние кои не се сместуваат. Говорната интелегибилност е често посупериорна во однос на децата во спе­цијалните одделенија. Се смета дека ова е резултат на потребата од вербално ко­му­ни­ ци­рање со нивните врсници кои слушаат. Вклучувањето на децата со оштетен слух во редовно одделение подразбира евалуација со стандардизираните тестови што се при­с­по­ со­бени за децата кои слушаат. Треба деа би­ дат проценети способностите во читањето и говорот, со цел да се види како тоа дете ќе се вклучи во средина со врсници кои слушаат. Постојат и стандарди што ќе ја одредат подготвеноста на детето за редовното од­де­ ле­ние. Тоа се академските способности, спос­ об­носта да ги искаже своите потреби вер­бал­ но, како и социјалната интеракција со другите деца. Детето со оштетен слух треба да има добри говорни способности, со цел да може да комуницира со својот наставник и со уче­ни­ ци по пат на орален говор. Некои од децата немаат добри вербални способности, па затоа го користат и знаковниот јазик во комуни­ ка­­ци­јата. Во таа смисла е неопходно да се обезбеди соодветен модел на поддршка за де­­тето со оштетен слух, со цел непречена ко­ му­никација со децата врсници и наставниците. Значи, неопходно е воведување на извесни мо­дификации во работата на редовното од­де­ ле­ние, односно детерминирење на моделот 69 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 на поддршка и видот на специјалните услуги што ќе ги користи инклузивното училиште. За децата со кохлеарен имплант, на возраст од 2 години, треба да се овозможат ре­довни услови во градинка во која ќе се изведуваат индивидуални сесии во траење од 30 минути. За да се овозможи успех во овој процес, на детето со кохлеарен имплант му е потребна поддршка. Установите за кох­ ле­арен имплант треба да се осигураат дека обра­­зов­ните програми, односно инди­ви­ду­ал­ ни­те образовни планови се приспособени на овие деца и се водат правилно. Анализата на образованието на децата со оштетен слух во светски рамки укажува на дивергентност во однос на моделите на обра­ зо­вание на децата со оштетен слух, поаѓајќи од специјалното училиште, преку ресурните еди­ници при редовните училишта(преодна фор­ма меѓу интеграција и инклузија), до вклу­ чу­вање на децата со оштетен слух во редовни одделенија. Во таа смисла е неопходно да се направи разлика меѓу термините интеграција и инклузија, притоа респектирајќи го со­ци­о­ лош­киот аспект. Разлики меѓу термините интеграција и инклузија Инклузијата претставува мултидимен­зи­о­ Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух на­лен концепт што во себе содржи нови прин­ ципи базирани врз кохезијата на пос­тмо­дер­ ното општество, а од друга страна инклузијата ја разбираме како модел на интервенција за социјално исклучените групи. Новиот концепт и терминологија се ре­зу­л­ тат на промените во социјалната реалност, но­вите социо-економски услови, идеи и тен­ ден­ции. Фактот, дека терминот инклузија и ин­те­ гра­ција честопати се употребуваат како си­но­ ни­ми, ја наметнува потребата од нивна дистинкција. Инклузијата не претставува интеграција (преместување и вклучување во редовни услови) и не означува асимилација или ако­ мо­дација на идивидуата во рамките на социоеко­номските услови и релации во општеството, во тој контекст инклузијата ги реконструира редовните услови на живеење на начин на кој се креираат можностите за целосна пар­ти­ ци­пација, припаѓање и социјална интеракција . Значи, филозофијата на инклузивно обра­зо­ ва­ние во себе го содржи радикалниот концепт на трансформација на општеството во сите негови сегменти, односно менување на вред­ нос­тите, приоритетите и политиката со која се поддржува вечната пракса на исклучување и дискриминација(Barton L., 1999). Табела 1. Разлика меѓу интеграцијата и инклузијата Интеграција Модерен концепт Хиерархиска структура Универзалност Асимилација Инклузија Постмодерен концепт Мрежна структура Индивидуализација Идентификација Определувајќи ги разликите меѓу тер­ми­ни­ те инклузија и интеграција(табела број 1) до­ а­ѓаме до следните заклучоци: Инклузијата е многу поприфатен термин во однос на интеграцијата, бидејќи прет­ ста­вува рефлексија на социјалната поли­ фо­нија на постмодерното општество, од­ но­сно инклузијата кореспондира со пос­т­ мо­дерниот принцип на плурализмот би­дејќи пристапот врз кој е базиран е“со­ ци­јалната интеграција” и може да се 70 обезбеди преку избор, соработка и почи­ту­ вање на различните постигнувања; Монолитноста е карактеристика на мо­дер­ ни­те програми за интеграција, базирани врз одговорноста на државата и ин­с­ти­ту­ ци­ите. Во таа смисла, интеграцијата ја по­ вр­зуваме со официјалните институции на општеството кои се организирани преку хиерархиски принцип; Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух Инклузијата се организира преку мрежна струк­тура на координација, така што се­ко­ ја индивидуа е во центарот на системот; Моделот на интеграција го поврзуваме со специфични стандарди, дефинирани нор­ ми, или сет на постигнувања кон про­сеч­ни­ те резултати, врз основа на кри­те­ри­у­мот нор­мализација; Инклузијата вклучува различна парти­ци­ па­ција на индивидуата или групата во со­ ци­­јал­ните процеси, почитувајќи ја раз­лич­ но­ста, индивидуалните можности и же­л­ би. Фундаменталниот принцип на инклу­зив­ ното обра­зо­ва­ние е проценување на раз­лич­ но­ста во рамките на хуманото оп­штество, зна­ чи инклузивното образование вклучува иден­­ ти­­фикација, предизвик и надминување на бариерите на пар­тиципација, условени од со­ ци­јал­ните, културните, иде­о­лош­ките и фи­зич­ ки­те фактори(Јачова З., 2004). Зна­чи, ин­клу­ зи­ја­та е технички едноставна, но со­ци­јал­но ком­плек­с­на би­дејќи е поврзана со ре­ал­но­ста на учи­лиштето, другите обра­зовни сре­ди­ни, до димензијата на ин­клузијата, на­­ре­че­на“кул­ ту­ра”. Во таа смисла, инклузијата претставува транс­фор­ма­ци­ја на: ста­во­ви­те на луѓето, учи­ ли­штата, системот и општеството(UNESCO: CEPES, 2000). Современите европски стандарди и модели на инклузивна едукација на ученици со оштетен слух, предвидуваат иницирање и имплементирање на иновации во обра­зо­ва­ ни­ето врз една востановена дидактичка ос­но­ ва со традиција. Во таа смисла, наставниците чув­ству­ваат потреба од втемелување на со­од­ ветна инклузивна методологија, технологија и стратегии во инклузивната практика. Значи, неопходно е да се иницираат активности за едукација на наставниците во редовните учи­ ли­­шта, со цел да се создадат најсоодветни мо­дели на инклузивната практика(Јачова З., 2002). За непречено реализирање на оваа цел, релевантните институции иницираат и под­­др­жуваат активности што значат по­ква­ли­ тет­но и похумано образование, што под­раз­би­ ра обез­бедување на локална инфраструктура и координација на стручни лица за поддршка и со­одветна изработка на ИОП(ин­ди­ви­ду­ал­ ни­те образовни планови) за децата со ош­те­ тен слух. Во таа смисла, редовните училишта треба да пристапат во изработката и при­ме­ ната на ИОП(индивидуалните образовни планови), со цел да се фокусираат на ПОП (по­себ­ните образовни потреби на учениците), со нагласка на специфичните цели чие оства­ ру­вање треба да покаже значителен напредок кај учениците. Придонесот на ИОП(индивидуалните образовни планови) во градењето на ин­ клу­зив­ната методологија за децата со оштетен слух Начинот на кој едно училиште го гради од­ но­сот кон Кодексот на инклузивната практика ќе најде одраз во подготовките и приодот кон планирањето врзано со учениците со оштетен слух. Успешноста на ИОП(индивидуалните образовни планови) несомнено зависи од сре­ ди­ната во која постои ефикасно и детално пла­нирање како сегмент од севкупната стра­ те­гија за проценка и евидентирање. Основните карактеристики на ИОП(ин­ ди­видуалните образовни планови) вклучени во Кодексот на инклузивната практика се: Внимателно фокусирање на спе­ци­фич­ни­ те тешкотии во учењето кај детето; Да се земе предвид она што детето го има пос­тигнато следејќи ја наставната про­гра­ ма; Да се постават јасни цели што детето треба да ги совлада во одреден временски период; Во изготвувањето на ИОП(индивидуалните образовни планови) треба да учествуваат родителите и детето(доколку дозволуваат способностите на детето); Во изработката на ИОП(индивидуалните образовни планови) да се вклучат и на­дво­ решни специјалисти. Од досегашните анализи во светски рамки, најчести слабости на ИОП(индивидуалните обра­зовни планови) се: 71 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 непрецизна терминологија; недоволно учество на ученикот; не се поврзуваат со другите процедури за тестирањето и евидентирањето на уче­никот. Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух га­та на специјализираниот наставник за глуви уче­ници, кои упатуваат кон акцентирање на по­требата за дефинирање на неговото учес­ тво во процесот на планирањето и со­ра­бот­ка­ та, дефинирани се и различните модели на поддршка: Петте најсилни точки на ИОП(индивидуалните образовни планови) се: засновани се на вистинско познавање на ученикот; изработени се според вистинските способности и интереси на учениците; предвидуваат реални временски рокови; поврзани се со ресурсите во училиштето; во одредена фаза на изработка ги вклучуваат и родителите. Успешноста на ИОП(индивидуалните образовни планови) несомнено зависи од сре­ ди­ната во која постои ефикасно и детално пла­нирање како сегмент од севкупната стра­ те­гија за проценка и евидентирање. Основната цел на ИОП(ин­ди­ви­ду­ал­ ните образовни планови) е да укажат што тре­ ба да се направи во најблиска иднина и да му се помогне на ученикот и на инклузивниот тим да постигнат успех. Според тоа, може да се користат во процедурите на локалните институции за обезбедување на документација за време на ревизиите. Сепак, нивната ос­но­ вна цел останува да бидат начин што ќе им по­могне на наставниците и на учениците да се стремат кон постигнување на клучните це­ ли во процесот на учењето. На крајот можеме да заклучиме дека ИОП(индивидуалните образовни планови) при­донесуваат во зголемувањето на стан­дар­ ди­те на учениците со посебни образовни по­ тре­­би и одржувањето на позитивната клима во инклузивната практика(Јачова З., 2002). Модели за поддршка во рамките на инклузивниот процес за децата со оштетен слух 1. Модел за поддршка со читање на говор од уста; 2. Поддршка во рамките на пристап со це­лос­ на комуникација; 3. Модел со знаковна метода на поддршка; 4. Вонредни наставници- дефектолози за под­дршка; 5. Наставникот за ученици со оштетен слух ка­ко консултант и двигател на промените. Модел за поддршка со читање на говор од уста Овој модел нуди можност на глувиот ученик, интегриран во редовно одделение, да му се обезбеди целосен пристап до На­ци­о­ нал­ниот курикулум. Доколку говорната раз­ви­ е­ност е на високо ниво и максимално се користат можностите на слушниот ам­пли­фи­ катор, се поставува прашањето за мо­ж­но­ста на ученикот да го следи предавањето. Видот, количината и локацијата на под­ др­шката е детерминирана од страна на нас­ тав­ни­кот и низата прашања што ќе произлезат во дадената ситуација, затоа што некои уче­ ни­ци се чувствуваат помалку етикетирани до­ кол­ку поддршката им се обезбедува вон ре­ дов­­ни­те одделенија. Проблемот на остварување на контакти и пријателства, како и етикетирање заради ко­ рис­тењето на ФМ-системот, претставуваат значајни прашања што не треба да се пот­це­ нат при пружањето на поддршката на спе­ци­ја­ ли­зираниот наставник. Земајќи ги предвид емо­­тив­ните потреби на учениците со оштетен слух и прашањето на сопствениот идентитет во светот во кој слободно комуницираат, се креираат потребните услови за примена на овој модел на поддршка. Земајќи ги превид размислувањата за уло­ 72 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 Поддршка во рамките на пристап со целосна комуникација Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух ду­вање на поддршката, во услови на инклузија на ученици со оштетен слух. Овој модел нуди поддршка(целосна комуникација, знаковен јазик, дактилологија) од страна на специјализираниот наставник, што би требало да обезбеди пристап до по­го­ ле­миот дел од усното излагање, забелешките и доколку е потребно и поддршка со знаци. Во тој случај, ученикот има можност да го следи редовниот наставник, а поголемиот дел од времето се потпира на поддршката на специјализираниот наставник за глуви уче­ни­ ци, што се состои во дополнително об­јас­ну­ва­ ње на непознатите поими. Прашањата што произлегуваат од ваквиот модел на поддршка, рааѓат дилеми во на­со­ка на обезбедување на синхронхронизација ме­ ѓу изустената порака на редовниот наста­в­ник (пораката преку радио ситемот) и зна­ков­но­то толкување на специјализираниот нас­тав­ник при објаснивањето на клучните зборови. Нај­ добра варијанта на решавањето на овој про­­ блем е изготвувањето речници на зна­ков­ни­от јазик соодветни на содржините на нас­тав­­ниот план, но во секој случај основна за­да­ча за сурдопедагогот е планирање на ак­тив­нос­­тите заедно со редовниот наставник во прис­тапот на објаснување на семантичкото зна­чење на поимите од презентираните содржини. Модел со знаковен метод на поддршка Вонредни наставници- дефектолози за поддршка Оваа форма на поддршка што ја пружа наставникот за ученици со оштетен слух, на­ мет­нува прашања од типот на можноста за координација на редовните наставници и де­ фек­тологот, чија задача е, во одредени, однапред договорени термини, да пружи до­ пол­ни­телна поддршка, со онапред изготвени активности што соодветствуваат со нас­тав­ни­ те со­држини. Оправданоста од пружањето на овој вид поддршка е прифатлива заради фи­ нан­сиски причини. Наставникот за ученици со оштетен слух како консултант и двигател на промените Улогата на наставникот консултант за глуви ученици покрај сите напред наведени мо­дели во пружањето поддршка, има особено значање. Во својство на двигател на про­ме­ни­ те и обезбедувањето на потребните ин­фор­ма­ ции од сите аспекти на едукацијата за глу­ви­ те ученици, односно методскиот пристап со­ од­ветен на потребите на слушно оштетениот уче­ник. Примената на овој модел подразбира де­фектологот да располага со исклучителни стручни компетенции.(Watson L.&Parsons J., 1998) Овој модел на поддршка со знаковниот јазик го наметнува прашањето на следење са­ мо на еден од наставниците, додека ре­дов­ни­ от наставник им се обраќа на сите ученици. Во тој контекст се наметнува прашањето за уло­гата на специјализираниот наставник, од­ нос­но дали тој синхронизирано ја толкува содржината или, пак, на ученикот му е по­треб­ но до­полнително објаснување за да го сфати концептот на материјата што се презентира. Зна­чи, во првиот случај е потребен толкувач на високо ниво, а во другиот дополнителни спо­собности за објаснување на поимите. Изборот на лицето кое толкува од редовите на глувите луѓе во давањето на поддршка, имлицира низа едукативни дилеми. Затоа, повеќе од очигледна е потребата од пре­ис­пи­ ту­вања на практиката и процесот на обез­бе­ Заклучок: Структурата за успешна инклузија под­ раз­бира(Bartolo P.,Blake C.,Jacova Z.,2007): соодветна поддршка и специјализирани служ­би за учениците; - добро дизајнирани ИОП; - професионален развој на наставниците во редовното и специјално образование; време за наставниците, за планирање, средби, креативност и евалуација на ученикот со сите членови на тимот; редуцирање на одделенијата и пре­ци­зи­ра­ ње на потребите на ученикот; - професионален развој на вештини во рам­ ки­те на кооперативното учење, туторство на врсници, адаптација на курикулумот, 73 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 раз­ноликост на стилови за учење; - соработка меѓу родителите и нас­тав­ни­ ците. Дивергентноста во размислувањата во однос на изградбата на најсоодветен модел на едукација на учениците со оштетен слух се сведува на една заедничка констатација за количината на специјалистичка помош која е неопходна да обезбеди пристап до На­ци­о­ нал­ни­от курикулум, земајќи ги предвид широ­ ки­те образовни потреби. Според ова, јасно е дека треба да им се придава особено значење на ИОП(ин­ди­ви­ду­ ­ал­ните образовни планови) и да се предвидува дека тие ќе имаат стратешка улога во учи­­ лиштата. Меѓутоа, треба јасно да се прецизира основната содржина на ИОП(ин­ди­ви­ду­ал­ ните образовни планови), да се дефинира ЛИТЕРАТУРА: Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух врската меѓу ИОП(индивидуалните обра­зов­ ни планови) и планирањето на содржините од наставната програма, да се обезбеди еду­ ка­ци­ја на наставниците за да може да му се помогне на ученикот да напредува кон јасно усво­­ените цели во образованието, да се обрне внимание на тоа како акционите пла­но­ ви на училиштето се вклопуваат во стратегиите поврзани со инклузивната практика. Тоа значи дека содржините на програмите, сепак, треба да бидат ориентирани кон пла­си­ рање на знаења, во функција на снаоѓање во сложениот систем на општествени односи. Тоа ќе овозможи максимална активност и само­стојност на слушно оштетените лица, како рам­ноправни членови на општествената заедница во сите нејзини сегменти кон ос­тва­ ру­ва­ње на заедничката цел, социјалната ин­ клу­зија. Barton L.(1999) Market ideologies, education and the challenge for inclusion. Inclusive Education, London: Kogan Page: 58 Bartolo P., Blake C.,Jacova Z.(2007) ”International Perspectives on SEN and Inclusion” in British Journal of Learning Support, 2, 2007:50 Јачова З.(2005)„Соработката со родителите во рамките на раната интервенција кај слушно оштетените деца, како основен предуслов за изборот на моделот на едукација„ во Образовни рефлексии 2-3, Скопје: 70 Јачова З.(2004)“Инклузивното образование на децата со посебни потреби во Р.М.” во Дефектолошка теорија и практика, 1-2, Скопје: Филозфски Факултет: 36-38. Јачова З, Самарџиска-Панова Љ., Лешковски И., Ивановска М.(2002) Прирачник за проектот Инклузија на децата со посебни потреби во редовните училишта во Република Македонија, Скопје: Биро за развој на образованието: 8 Јачова З.(2002) Придонесот на индивидуалните образовни планови во подигањето на стандардите за учениците со посебни потреби, во„Oбразовни рефлексии„ 2-3, Скопје: 5 Unesco Cepes(2000) Report-Sub-Regional Workshop Central And Eastern Europe, Bucharest: 35 Watson L. and Parsons J.(1998)“Supporting deaf pupils in mainstream settings”, Issues in Deaf Education , London: David Fulton Publishers: 137-142 74 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 68-75 Скопје, јуни 2008 Доц. д-р Зора Јачова, Инклузивното образование на децата со оштетен слух INCLUSIVE EDUCATION OF CHILDREN WITH HEARING IMPAIRMENT Zora Jachova ABSTRACT The basic intention of this paper is to make a presentation and an analysis of the divergence of the inclusive education of the children with impaired hearing. The contemporary European standards and models of inclusive education of the pupils with impaired hearing foresee initiation and implementation of the in novations in the education according to the national context and the established didactical basis with tradition. In that direction the teachers feel the need to estab lish an appropriate inclusive methodology, technology and strategies in the inclu sive practise. So, it is necessary to initiate activities for education of the teachers in the regular schools with a purpose to create the most appropriate models of inclu sive practise for the pupils with impaired hearing. For a continuous realization of this goal the relevant institutions initiate and support activities that assure a more quality and a more human education, that implies provision of local infrastructure and coordination of the professionals for support of the regular schools in which hearing impaired children are included and the creation of a most appropriate model of inclusive practise. Key words: inclusive education, hearing impaired children 75 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 76-81 Скопје, јуни 2008 АНАЛИЗИ И ОСВРТИ Анализи и осврти, Јасминка Фришчиќ Јасминка Фришчиќ Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ УДК 305-055.2:316.663(497.7) НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА АКЦИЈА ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ РАЗМИСЛИ И ВИДУВАЊА Овој текст има задача да даде осврт и видување за политиката за родова рам­но­прав­ ност на Република Македонија, со посебен ак­ цент на вториот/тековниот На­ци­о­на­лен план за акција за родова рамноправност 20072012. Но, пред да преминеме на не­го­ва ана­ ли­­за, накратко ќе го прикажеме досегашниот раз­вој на состојбите на ова поле, кој ќе овоз­ мо­­жи појасно да се согледаа состојбите и да се разбере изразената загриженост по однос на ова прашање. Родовата рамноправност и еднаквоста на мажите и жените се интегрален дел на си­ те меѓународни документи и претставуваат фун­дамент и одлика на работењето и за­лож­ бите на ООН и ЕУ. Како такви, покрај нивното ин­тегрирање во политиките што тие ги раз­ ви­­ваат, ги обврзуваат и земјите членки да ги ин­тегрираат во домашното законодавство и целосно да ги спроведат. Во оваа смисла, од многуте ме­ѓу­на­род­ ни договори и до­ку­мен­ти, би ги издвоиле: Кон­ венцијата на ООН за елиминирање на сите форми на дис­кри­ми­нација на жените и Ма­па­ та на ЕУ за ед­нак­вост на мажите и жените 2006-2010, кои служат како насоки при им­пле­ мен­тирањето и почитувањето на родовата рамноправност и ед­нак­вите можности за ма­ жи­те и жените. Клучни претпоставки за родовата рам­­ноправност и една­кво­ст е нивното дефи­ ни­­ра­ње како приоритет во по­ли­тиките/ак­ тив­­­нос­ти­те во различни области, соодветна ле­­­ги­сла­ти­ва/политики за ро­до­ва еднаквост, вос­­поставување и развивање механизми за родова ед­наквост, водење родова раз­де­ле­ 76 на статистика, развиена екс­пер­ти­за кај си­те релевантни струк­тури, финансиска под­др­ шка за ре­али­за­ција на зацртаните цели и рам­ноправно учес­тво на мажите и жените во одлучувањето. Уставот на РМ прокламира еднаквост на сите граѓани во слободите и правата, без оглед на: полот, расата, бојата на кожата, на­ционалното и социјалното потекло, по­ли­ тич­ко­то и верското уверување, имотната и општествената положба. Принципот на рам­­ но­прав­ност, покрај гарантираноста со нај­ високиот правен акт на нашата земја, пре­д­ви­ ден е и со ос­танати законски прописи. Во случај на повреда на законските одредби поврзани со родовата рамноправност, предвидена е прекршочна и кривична одговорност. За раз­ лика од високо-усогласеното постојно зако­но­ давство со меѓународно-предвидените стан­ дар­ди, понеповолна е состојбата во однос на имплементирањето на усогласените законски про­пи­си и најнеповолна е состојбата на же­­ ната во семејството и општеството, од­носно по­ стои изразен расчекор меѓу не­ј­­зината правна и фактичка состојба. Разгледувајќи ги состојбите на полето на родовата рамноправност и еднаквост во­ оп­што, неизбежно е да говориме за ДВА ос­ новни појдовни предуслови за системско и континуирано унапредување на состојбите, и тоа политиките кои се однесуваат на оваа про­блематика и, секако, институционалниот механизам задолжен за нивна имплемен­ тација. Нашата земја, како и повеќето земји од Регионот, на прашањето на родова рамно­ Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 76-81 Скопје, јуни 2008 прав­ност му дадоа посебно значење по доне­ сувањето на Пекиншката Платформа и План за Акција на Четвртата светска конференција за жената на ООН, одржана во Пекинг 1995 г. Со Платформата и Планот за акција, земјите членки на ООН се обврзаа да ги ре­а­ли­зираат заложбите за зајакнување и унапредување на положбата на жената во областите од посебен интерес. Оваа иницијална каписла не само што го иницираше процесот на под­ готовка на политики, туку и го иницираше неизбежниот процес на инсти­ту­цио­на­ли­зи­ ра­ње на механизам кој ќе биде одговорен за спроведување на преземените обврски и за­ лож­би на државата. Во духот на преземените обврски, пр­ ви­от чекор кој државата го презеде е ос­но­ва­ ње­то на Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите во рамките на Министерството за труд и социјална политика во 1997 г. Три години подоцна, односно во 2000 г., донесен е првиот Национален ак­ ци­онен план, кој до 2006 г. претставуваше един­­ствен документ што ја утврдува оваа по­ литика. Овој план беше изготвен од страна на Ко­ми­тет, во кој учествуваа претставници на државни и граѓански организации, кој, за жал, по изготвување на планот, беше распуштен. Во овој период на важење на првиот Национален акционен план, постигнати се значајни резултати кои во голема мера мо­жат да се припишат на граѓанските ор­га­ ни­зации што работат на полето на родова рамноправност. Тие и денес се носители и предводат повеќе процеси, активности и мерки кои декларативната рамноправност ја преточуваат во РЕАЛНОСТ. Од постигнатите резулати, меѓу другите, може да се из­ двои напредокот постигнат на полето на ис­тражувањето, законското регулирање и превенирање на семејното насилство, тр­ го­вијата со луѓе, воведувањето квоти за по­ литичко учество на жените, воведувањето за­ дол­жителен преглед на грло на матка, итн. Овие резултати ќе беа далеку по­ број­ни и значителни, доколку активностите пред­видени во планот беа РЕАЛНИ и ОСТВАРЛИВИ. Во голема мера тие беа надвор од реалните можности за имплементирање. Од друга страна, лимитираниот капацитет на институционалниот механизам за родова рам­ноправност и, речиси, целосно отсуство Анализи и осврти, Јасминка Фришчиќ на координација на овој механизам и гра­ѓан­ ските организации, дополнително го отежнаа неговото имплементирање. Кон оваа состојба во голема мера при­донесе отсуството на временска рамка, индикативен буџет за негово реализирање и, што е уште побитно, непредвиденост на план за следење на прогресот од преземените ак­ тив­ности. Во меѓувреме, државата го подготви Првиот извештај за Милениумските развојни цели, за првпат извести пред Комитетот за елиминирање на сите форми на дискри­мина­ ција на жената при ОН, го доби кандидатскиот статус за зачленување во ЕУ. Сите овие процеси, а особено кандидатскиот статус и потребното услогласување со стандардите на ЕУ, дополнително ги забрзаа и условија со­стојбите на ова поле. Имено, сите овие про­ це­си предвидуваат и налагаат преземање мерки и активности на полето на родова рам­ но­прав­ност и еднаквост на мажите и жените, но притоа утврдуваат јасни граници/резултати што треба да се постигнат. Во насока на усогласувањето со ЕУ, во 2006 г. се изготви и донесе Законот за еднакви можности за жените и мажите. Застареноста на првиот акционен план и евидентната по­ тре­ба од негово ревидирање, доведе до из­ гот­вување на сегашниот/втор Национален ак­ционен план. Содржина и карактеристики на новиот план Процесот на подготовка на вториот Национален план за акција се одвиваше на несоодветен и нестранспарентен на­ чин. Несоодветен, заради отуството на се­ оп­фатна и јас­на политика на полето на ро­ дова рамноправност, односно Стратегија за родова рам­но­прав­ност. Без јасно изразена по­литичка волја за оживотворување на прин­­ципот на родова рамноправност и ед­ на­к­ви можности, овој План, како впрочем и претходниот, добија за­ед­нич­ки именител, а тоа е НЕРЕАЛЕН план. Нетранспаретен, заради тоа што во текот на процесот на негова подготовка, со ис­ клу­чок на неговото финализирање, пот­по­мог­ нато од УНИФЕМ, немаше детални ин­фор­ма­ ции за тоа како ќе се одвива целиот процес. 77 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 76-81 Скопје, јуни 2008 Селективноста во вклучувањето на одредени фактори, а без притоа да има утврдена пос­ тап­ка и критериуми за вклучување, како во ра­ботната група задолжена за изготвување на нацрт планот, така и по однос на на­та­мош­ ните фази во негова изработка, се доволна поткрепа за ваквото размислување. Во содржинска смисла, Националниот ак­ционен план(како и првиот, а во со­глас­ ност со Пекиншката платформа и План за акција) предвидува активности во десет стра­ теш­ки области, и тоа Жената и човековите пра­ва, Жената во процесите на од­лу­чу­ ва­ње, Жената и здравјето, Жената и со­цијалната заштита, Жената и обра­ зо­­ва­ни­ето, Жената и вработувањето, Же­ната и насилството, Жената и ме­ди­ умите, Жената и мировните активности и Жената и животната средина. Обемноста, сеопфатноста и ком­плекс­ но­ста на секоја од погоре наведените стра­те­ ш­ки области веднаш имплицира на потребата за сериозни и длабински истражувања на сос­ тој­бите по однос на секоja од нив. Со други збо­рови, секоја одделна стратешка област, или, пак, дури и стратешка цел, заслужува од­делен план за акција. Вакви сериозни и дла­­бин­ски анализи, кои вообичаено траат од една до две години и претходат на една се­ ри­­оз­на политика/документ кој претендира на се­риозни и системски промени, во овој случај от­сус­твуваа. Во методолошките објаснувања за изработката на планот се вели дека тој е на­ пра­вен врз проценка и анализа на состојбите од страна на работната група и спроведени фокус групи. Непознато е на која целна група, на кои прашања и во кој број се спроведени фо­кус групите и кои се резултатите од спо­ме­ на­тата анализа, бидејќи тие не се посебно елаборирани во планот, ниту пак се ставени на увид на пошироката јавност. Сето ова придонесува стратешките цели и активности предвидени во планот да НЕСООДВЕТСТВУВААТ на реалните по­тре­ би, туку да се моделираат и одговараат на ве­ќе планираните активности на државните инс­титуции. Тоа, впрочем, е воочливо од премногу генералното и воопштено фор­му­ли­ ра­ње на целите и активностите, без притоа да се адресираат специфичните потреби на ма­жите и на жените. Ова ќе го илустрираме со стратешките цели предвидени во об­ 78 Анализи и осврти, Јасминка Фришчиќ лас­та на жените и социјалната заштита, кои гласат: Поефикасна социјална заш­ ти­та за маргинализирани групи на на­ се­ление; Унапредување на грижата и заштитата на старите лица и Обез­бе­ дување релевантни, навремени и се­оп­ фатни статистички показатели за ко­ рис­ниците на системот за заштита . Чи­тајќи ги овие цели, доколку не знаете де­ ка тие се составен дел на документ кој уре­ дува политика за родова рамноправност, ќе мислите дека се работи за политика што се однесува на социјално вклучување, на­ма­ лување на сиромаштија или реформи на сис­ те­мот на социјална заштита. Одредени, пак, приоритети/прашања не најдоа свое место во планот. Во таа сми­­сла би ги издвоиле инкорпорирањето на дефиницијата за дискриминација во Ус­­­ тавот и другите соодветни закони, со­гла­с­но на одредебите на Конвенцијата; обез­бе­ду­ ва­ње на сеопфатни решенија за родова дис­криминација на политичко, еко­ном­ско, со­цијално, културно, граѓан­ско и други по­ ли­ња во Законот за еднакви можности на ма­жите и жените; презeмaње на се­опфатни мерки за елиминација на дискриминација на жените од етничките малцинства пре­ку си­те расположиви средства, вклучително и при­времени специјални мерки во об­лас­та на образованието, вработувањето, политичкото учество, здравството, итн.; инте­гри­ра­ње на родово сензитивен пристап во процесот на одобрување статус на азилант/бегалец, вклучително и во фазата на поднесување на барање; преземање сеопфатни чекори за ис­тражување, интервенција и превенција на силувањето, сексуалното вознемирување и проституцијата, итн. Дел од овие приоритети се препораки дадени при последното из­вес­ тување на земјата пред Комитетот за ели­ми­ нирање на сите форми на дискри­ми­на­ција на ОН во 2006 г. Но, при изготвувањето на овој документ не се користени и други по­с­ тој­ни документи кои можеа да по­мог­нат во утв­рдувањето и усогла­су­ва­њето на идните ак­ ции на ова поле. Акциониот план нема предвидено вре­­менска рамка и индикативен буџет за спроведување. И покрај обидот за ут­вр­­ дување индикатори кои ќе служат за ме­ ре­ње на ефектите, поголемиот дел од нив Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 76-81 Скопје, јуни 2008 СЛЕДНИ ЧЕКОРИ – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА По неговото донесување/усвојување, треба да се пристапи кон: - Промоција на документот и обврските што произлегуваат од него пред институциите и пред јавноста; - Утврдување на обврските за секој фактор и засегната страна, со обезбедување раци­ о­нал­но и комлементарно користење на ресурсите; - Дисеминирање на истиот и запознавање со обврските; - Изработка на социо-економска анализа и про­ цен­ка на влијанието на мерките и активностите што ќе се спроведат со овој Национален план за акција, а како основа за изработка на На­ци­ о­налниот план за акција за еднакви можности на жените и мажите(согласно со Законот за еднакви можности меѓу жените и мажите); Двата акциони плана се преклопуваат во сво­и­т­е намери и приоритети, и оттаму е неопходно да се обезбеди комплементарност на ак­тив­нос­тите и напорите; Изработка на првиот Оперативен план 2007/2008 во партиципативен процес со учес­тво на владините инсититуции, син­ ди­катот, граѓанскиот сектор, рабо­то­да­ва­ чите и во тесна соработка и ко­ор­ди­на­ција со меѓународната заедница; Опера­тив­ниот план треба да содржи мерки за кои се очекува да дадат резултати на кра­ток и на среден рок, со реална динамика, точно утврдени обврски и механизми, за точно утврдени извршители, очекувани ре­зултати, буџет и квалитативните и квантитативните индикатори за постигнатиот успех; - Усогласување на Оперативниот план со про­цесот на стратешко планирање и про­ек­ тирање на Буџетот на РМ за следната го­дина - со цел за постигнување на оптимален и реален успех. - Воспоставување на практика(и ме­ха­ низам) на координирање на ак­тив­нос­тите и редовна комуникација Извадок од Националниот план за акција за дова рамноправност 2007-2012 Анализи и осврти, Јасминка Фришчиќ се индикатори за мерење на спроведени активности, а не за мерење на прогрес. Поради ваквиот развој на сос­тој­би­те, во фазата на финализирање на пла­нот, де­фи­ни­ рани се одредени след­ни чекори(види го тек­ стот во та­бе­лата) без чие преземање не може ре­ално да се пристапи кон им­пле­мен­ти­рање на планот. Вака дефинираните следни че­ко­ри, а осо­ бе­но оние кои се однесуваат на изработка на првиот Оперативен план и воспоставување на практика на координирање и редовна ко­­ му­ни­ка­ција, говорат за намерата идните про­ цеси/активности да се одликуваат со пар­ти­ци­ па­тивност и широки кон­сул­тации. Но, ваквите добри намери по се из­ гледа дека се изјаловија при из­гот­ву­вањето на Оперативниот план за 2007-2008. Не­о­ дамна тој план беше пре­зентиран од стра­ на на Секторот за еднакви можности. Гра­ ѓан­скиот сек­тор, за жал, и во овој ПАР­ТИ­ ЦИ­­ПА­ТИВЕН процес не учествуваше, или СЕЛЕКТИВНОСТА уште еднаш по­беди пред партиципативноста. Механизми за следење Еден од основните предуслови за ре­ ализирање на било кој до­ку­мен­т­/план/по­ли­ ти­ка, е механизмот за сле­де­ње на неговата им­плементација. Во овој слуај, за мерење на ре­зул­та­ти­те и за имплементација на На­ ци­­­о­нал­ниот план за акција, ЕДИНСТВЕНО Е ОДГОВОРЕН Секторот за еднакви можности. Со други зборови, судбината за реализирање и следење на про­гре­сот на овој документ е во рацете на ед­но тело. Во оваа насока, др­жа­ вата мо­ра што поскоро да обезбеди услови за фор­мирање на НЕЗАВИСНО тело кое ќе биде одговорно за следење на ра­бо­тата на институционалниот механизам за родова рам­ноправност. Од не помала важност е и пра­ша­­ње­то за подготвеноста на инсти­ту­ци­онал­ниот ме­ ханизам за родова рам­но­правност за ре­ал­и­ зи­рање на пред­ви­де­ните ак­тив­но­сти. Имено, анализите ука­жуваат дека наз­на­че­ните коор­ ди­на­то­ри за еднакви можности при ре­­сор­ните министерства и формираните ко­­ми­сии за еднакви можности при еди­ни­ците на локална са­­моуправа, се лица на кои доделените за­ 79 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 76-81 Скопје, јуни 2008 Одговорноста и отчетноста се централни прин­ ци­пи во ефективното владеење. Од тие при­чи­ ни, Министерството за труд и социјална по­ли­ти­ ка и Секторот за еднакви можности при истото, се одговорни за: следење и координирање на процесот на им­ пле­ментација на Националниот план за ак­ци­ ја за родова рамноправност и изготвување на годишни извештаи; поддршка на ресорните министерства и дру­ ги­те владини тела на национално и на ло­кал­ но ниво во имплементацијата на НПАРР; изготвување годишни планови за ре­а­ли­за­ ција на целите зацртани во НПАРР со за­ пазување на начелото на тран­спа­рент­ност и пар­ти­ци­па­тивност; иницирање и формирање на ме­ѓу­ми­нис­тер­ ски и меѓусекторски групи за следење на им­ пл­е­ментацијата на НПАРР, како и иницирање и формирање на едно трилатерално тело за соработка и следење на НПАРР со прет­став­ ни­ци од државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните организации; развивање и подобрување на индикаторите за промена, онаму каде што е потребно; Изработка на Стратегија за родова рам­но­ правност и еднакви можности за мажите и жените. Анализи и осврти, Јасминка Фришчиќ дачи од областа на родова ра­м­ноправност им се до­пол­ни­телна, а не примарна задача. Заклучок И сосема на крај, мораме да зак­лу­ чиме и укажеме на тоа дека из­гот­ву­вањето на политиките по однос на би­ло кое прашање, па и по однос на ова, не е цел сама за себе, или заради при­видно приближување кон одредени станд­арди, туку се изготвуваат ЗАРА­ДИ ТОА ШТО СЕ НЕОПХОДНО ПО­ ТРЕБ­НИ. Потребноста може да се утврди са­­мо и ЕДИНСТВЕНО преку вклучување и кон­­сул­тирање на сите релевантни фактори, вклучително и оние за кои се наменети овие политики. Да не заборавиме дека прашањето на родова рамноправност не зависи само од закони/политики/планови и развојот на институционалните механизми, туку МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЕДИНСТВЕНО доколку е приоритет во сите политики и активности, доколку континуирано и системски се водат и прибираат родово разделени податоци, до­­колку се развие потребното знаење и екс­ пер­тиза кај релевантните структури на сите нивоа, доколку се алоцираат фи­нан­сиски средства за имплементација на пред­ви­де­ ните политики и доколку постои доволно при­ фат­лива застапеност на мажите и жените во донесувањето одлуки. Нашата држава до­­сега не може да се пофали со значајни пос­­тигнувања во однос на ниту една од овие КЛУЧНИ ПРЕТПОСТАВКИ. Извадок од Националниот план за акција за родовата рамноправност 2007-2012 80 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 76-81 Скопје, јуни 2008 Анализи и осврти, Јасминка Фришчиќ ЛИТЕРАТУРА: Влада на Република Македонија(2000), На­ ционален план за акција за родовата рам­но­ правност; Влада на Република Македонија, Национален план за акција за родовата рамноправност 2007-2012; Влада на РМ(2005), Извештај на РМ за ми­ле­ ни­умските развојни цели; Европска унија, Мапа за еднаквост на мажите и жените 2006-2010; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ- ЕСЕ(2005), Извештај во сенка кон Конвенцијата за ели­ ми­нирање на сите видови на дис­криминација врз жените; Конвенција на ООН за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените; ООН, Пекиншка Платформа и План за Акција 1995 г.; Устав на РМ 81 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 82-87 Скопје, јуни 2008 Лилјана Јанкуловска Сојуз на синдикатите на Македонија Анализи и осврти, Лилјана Јанкуловска УДК 364(4)(094.2) 304(4)(094.2) МОЖНИ ПРИДОБИВКИ ОД РАТИФИКАЦИЈАТА И ПРИМЕНАТА НА ЕВРОПСКАТА СОЦИЈАЛНА ПОВЕЛБА(РЕВИДИРАНА) Европската социјална повелба е мно­гу значаен документ со кој земјите пот­пис­­ нич­ки, членки на Советот на Европа, оства­ру­ ваат потесно единство, за да се сочуваат и ос­тварат идеалите и принципите, како нивно заедничко наследство и да го поттикнат нив­ ни­от економски и општествен напредок, то­ кму преку заштитата и развојот на правата на човекот и основните сободи. Прв посебен документ, со кој се пред­ ви­дува да се обезбедат граѓанските и по­ ли­тичките права и слободи на граѓаните на земјите- членки на Советот на Европа, е Европската конвенција за заштита на чо­вековите права и основни слободи, потпишана во Рим, на 4 ноември, 1950 година и Протоколот кон Конвенцијата. на РМ за 2008 година е предвидено да се пот­пише ревидираната Европска социјална по­велба од 1996 година, а потоа да започне постапката за нејзината ратификација. Потребата од потпишување и ра­ти­ф­и­ ка­ција на Европската социјална повелба од 1996 година е повеќе од евидентна. Постојат најмалку три причини заради кои треба да се пот­пише и ратификува Повелбата: со­ци­ јалните, покрај другите промени кои се јавија од до­несувањето на Повелбата 1961 година; додадените права утврдени на повеќе ми­нис­ тер­ски конференции за човекови права, и потребата од заштита на неприкосновеното единство на сите човекови права, без оглед дали се граѓански, политички, економски, со­ ци­јални или културни. Со Европската социјална повелба(Турин, 18 октомври, 1961 година) и Протоколите кон По­велбата, земјите- членки на Советот на Европа се согласиле да ги обезбедат со­ци­јал­ ните права на своето население, наведени во тие инструменти, со цел подобрување на нивниот животен стандард и нивната социјална добросостојба. Од 1961 година, преку министерските кон­ фе­ренции за човековите права, Европската социјална повелба постојано е надоградувана со нови права, за во Стразбур, на 3 мај, 1996 година да се донесе Европската социјална повелба(ревидирана). Република Македонија, Европската со­ци­ јал­на повелба од 1961 година ја ратификува во 2005 година, а Европската социјална по­ вел­ба од 1996 година(ревидирана) сé уште ја нема ратификувано. Со Програмата за работа на Владата 82 Кои се можните придобивки за Ре­пу­ блика Македонија од ратификацијата и при­ ме­на­та на Европската социјална повелба од 1996 година? Република Македонија е држава која од донесувањето на Повелбата во 1961 го­ди­на има големи промени во својот оп­штес­твен, по­литички, економски и правен систем. Во 1991 година, Ре­пу­бли­ка Македонија стана су­ ве­рена и самостојна држава, се донесе но­ви­ от Устав на РМ, а во 1993 година Република Ма­кедонија стана пол­ноправна членка на ООН. Правата гарантирани со ме­ѓу­на­род­ ните акти на ООН,(меѓу кои: Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни пра­ва; Меѓународниот пакт за граѓанските и по­ли­тич­ки­те права; Меѓународната кон­вен­ ција за елиминирање на сите видови рас­на дискри­ми­на­ци­ја; Конвенцијата за сите ви­ дови дис­криминација на жената), Уставот на РМ во основа ги им­­пле­мен­ти­раше и, потоа, низ законодавството беа разработени. По­ Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 82-87 Скопје, јуни 2008 крај им­пле­мента­ци­јата на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни пра­ва, во Уставот на РМ и на­ционалното за­ко­нодавство, во законодавството во РМ во основа беа имплементирани и ра­­ти­фи­ ку­ваните меѓународни конвенции на МОТ и правата уредени со Ев­ропската со­ци­јал­на повелба на Советот на Европа, иако таа во тој период не беше ратификувана. Уре­ду­вањето и утврдувањето на исти, или слични права со различни меѓународни акти, обез­бе­дија во нашата држава да се пренесат тие права и во нашите закони. Под претпоставка дека се познати пра­ вата и принципите од Европската социјална по­вел­ба од 1961 година, со потпишувањето, ратификацијата и примената на Европската со­ ци­­јална повелба од 1996 година(ревидирана) се обезбедува неприкосновено единство на еко­номски, социјални и културни права, се воспоставуваат нови и пошироки права и се соз­даваат инструменти за заштита на тие права. Имено: 1. Се подобрува во квалитет правото на сите работници на правична заработувачка која обез­бедува пристоен животен стандард, а не само како до тогаш, задоволувачки жи­ вотен стандард; 2. Се прошируваат правата на секое лице со посебни потреби и тоа има право на не­за­ вис­ност, социјална интеграција и учество во општествениот живот. Со Повелбата од 1961 година, лицето имало права само на професионално образование и профе­ сионал­но и социјално оспособување; 3. Се прошируваат правата на децата и мла­ динците кои, покрај правото на соодветна социјална и економска заштита, имаат и правна заштита, како и право на бесплатно основно и средно образование; 4. Се воведуваат 11 нови права, кои се од осо­ бена важност за економско-социјалната по­ ложба на работниците, како што се пра­вото на: - Еднакви можности и еднаков третман на сите работници за прашања поврзани со вработувањето и професијата, без било каква полова дискриминација; Анализи и осврти, Лилјана Јанкуловска - Информирање и консултирање на ра­бот­ ни­ците во рамките на прет­пријатието; - Учество на работниците во утврдувањето и подобрувањето на условите за работа и работната средина во рамки на прет­при­ јатието; - Социјална заштита на секое постаро ли­ це; - Заштита на секој работник, во случај на пре­станување на работниот однос; - Заштита на побарувањата на сите ра­ бот­ници во случај на несолвентност на нивниот работодавач; Достоинство при работа; - Вработување на сите лица со семејни об­врски и кои се вработени или сакаат да се вработат, без да бидат предмет на дискриминација и колку е можно повеќе, без судир меѓу нивните работни и семејни обврски; - Заштита на претставниците на вра­бо­те­ ните во претпријатијата од дејства штет­ ни за нив и на истите треба да им се обезбедат соодветни средства за из­вр­шу­ ва­ње на нивните функции; - Информирање и консултирање на ра­бот­ ниците во постапките за колективен тех­ но­лошки вишок; - Заштита од сиромаштија и социјална исклученост за секого; Домување за секого. 5. Со потпишувањето и ратификацијата на Европската социјална повелба од 1996 година(ревидирана), нашата држава би се обврзала да ги прифати: - Делот I од Повелбата како изјава во која се утврдуваат целите што таа ќе ги остварува со сите соодветни средства; - Најмалку шест од следните девет членови од делот II од Повелбата: 1, 5, 6, 7, 12, 13, 16, 19 и 20; - Дополнителен број членови, или ставови, наброени во делот I од Повелбата што таа ќе ги избере, со тоа што вкупниот број на наброените членови и ставови што ги прифатила да не биде помал од 16 членови, или 63 ставови. Република Македонија, со потпи­шу­ва­ њето и со ратификацијата на Европската со­ 83 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 82-87 Скопје, јуни 2008 ци­јална повелба(ревидирана), треба да при­ фати, место досегашните четири, најмалку шест од деветте членови, односно правото на: - Работа; - Организирање; - Колективно договарање; - Заштита на децата и младинците; - Социјално осигурување; - Социјална и здравствена заштита; - Социјална, правна и економска заштита на семејствата; - Заштита и помош на работниците мигранти и нивните семејства; - Еднакви можности и еднаков третман за прашања поврзани со вработувањето и професијата без било каква полова дискриминација. За тоа, кои права, односно членови ќе бидат прифатени од страна на државата, од­­­лу­чу­ва државата, но, свои предлози даваат и социјалните партнери. Треба да се истакне дека при претходната ратификација на Повелбата, предлозите на социјалните партнери беа скоро во целост испочитувани и прифатени. За работниците и синдикатот, тоа се, пред с é , правата на: работа, ор­га­ни­ зи­­рање, колективно договарање, социјално оси­­гурување, еднакви можности, итн. При ра­­тификацијата на Европската социјална повелба(ревидирана), особено за членовите што треба да се ратификуваат(од 9 да се из­берат најмалку шест), треба повторно да се произнесат и социјалните партнери синдикатот и организацијата на ра­бо­то­да­ва­ чите. Но, согласно Повелбата, доколку др­ жа­­вата по ратификацијата прифати и член или став што не бил ратификуван, има можност да изјави, со известување упатено до Ге­не­рал­ни­от секретар, дека го прифаќа членот, или ставот од делот II од Повелбата, (во делот II од По­велбата се правата што се утврдени со Повелбата). Овие дополнително преземени обврски се сметаат за составен дел на ратификацијата, прифаќањето или одо­брувањето и имаат исти ефекти од првиот ден од месецот по истекот на период од еден месец, сметано од денот на доставувањето на известувањето. Анализи и осврти, Лилјана Јанкуловска Спроведување на обврските Ратификацијата на Европската социјална повелба(ревидирана) значи и обврски за спроведување на членовите од 1 до 31 од Дел II од Повелбата. Спроведувањето на обврските од членовите се остварува преку: а) Закони или прописи; б) Договори меѓу работодавачите, или ор­ ганизациите на работодавачите и ор­га­ни­ за­циите на работниците; в) Комбинација на овие два метода; г) Други соодветни средства. Анализирајќи ги правата и интересите на човекот и основните слободи што се утвр­ де­ни со Европската социјална повелба и колку од нив и во кој обем се остваруваат во Ре­пу­бли­ка Македонија, може да се конс­ та­тира дека во најголем број случаи тие се им­пле­мен­ти­рани, но, има уште потреба од доусогласување и утврдување на правата што досега не се уредени и нивно целосно почитување во практиката. Тоа е случај, на пример, со: до­уре­ду­ва­ње­то на правата по­вр­ зани со еднаквите можности; посебните по­ тре­би на хен­де­ки­пи­ра­ните лица; условите за работа; правичната зара­бо­тувачка; син­ди­ калното организирање; колективното до­го­ва­ рање и развој на социјалниот дијалог; како и утврдување на правото на застапување на интересите на работниците пред органите на управување; усо­гла­су­вање на работните и семејните обврски; правото на домување; правото на правична за­ра­бо­тувачка, итн. Затоа, потпишувањето и рати­фи­ка­ци­ јата на Европската социјална повелба(ре­ видирана) 1996 година е од особено зна­че­ ње, како за самата држава, уште повеќе за самите граѓани, работници и други лица. Со ратификацијата државата се согласува да ги обезбеди социјалните права за по­ до­брување на животниот стандард и со­ци­ јал­ната добросостојба, како и заштита на неприкосновеното единство на сите човекови права, без оглед дали се граѓански, политички, економски, социјални или културни. На потребата од потпишувањето и ра­тификацијата на Европската социјална 84 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 82-87 Скопје, јуни 2008 по­вел­ба(ревидирана) 1996 година, ќе вли­ја­ ат организациите на работодавачите и син­ ди­катите, како и невладините организации, бидејќи преку почитувањето на социјалните и други права се обезбедува економски и општествен развој на една држава. Анализи и осврти, Лилјана Јанкуловска низации можат да поднесат жалби во со­глас­ ност со постапката пропишана само за оние прашања за кои тие имаат призната струч­ ност. Која е постапката за поднесување ко­ лек­тивна жалба? Колективни жалби Во 1995 година е донесен до­пол­ни­тел­ ниот Протокол кон Европската социјална по­ вел­ба, со кој се утврдува систем на колективни жалби кој се применува на обврските дадени во Повелбата за земјите кои го ратификувале Протоколот. Воведувањето на системот на ко­лек­ тив­ни жалби за применување на обврските утврдени во Повелбата е од особено значење за развојот на правата на човекот и основните слободи. Дополнителниот Про­ то­кол кон Европската социјална повелба, кој го утврдува системот на колективни жалби, мо­же да се прифати при ратификацијата, при­фаќањето, или одобрувањето на оваа Повелба, како и со известување доставено до Генералниот секретар на Советот на Европа дека прифаќаат контрола на своите обврски од Повелбата. Согласно дополнителниот Протокол кон Европската социјална повелба, правото на организациите да поднесат жалби за, на­ водна, незадоволителна примена на По­вел­ бата, го имаат: а) Меѓународните организации на ра­ ботодавачите и син­ди­кал­ни­те ор­га­ни­за­ ции; б) Меѓународните невладини организации со советодавен статус во Советот на Европа кои се наоѓаат на списокот изготвен за оваа цел од страна на Владиниот Комитет; в) Репрезентативните национални ор­ганизации на ра­бо­то­да­ва­чи­те и синдикалните организации со те­ри­то­ ријална надлежност во страната- до­ говорничка, против која е поднесена жалбата. Меѓународните невладини ор­га­­ низации и националните не­вла­дини ор­га­ Постапката за поднесување колективна жалба започнува со поднесувањето жалба во писмена форма до Генералниот секретар, кој ја доставува до Комитетот на независни експерти. Комитетот на независни експерти е многу значајно тело во постапката на ко­лек­­ тив­ни­те жалби. Комитетот изготвува из­веш­ тај во кој ги вклучува своите заклучоци за тоа дали за­сегнатата страна обезбедила за­доволителна примена на одредбата од Повелбата наведена во жалбата. Извештајот се доставува до Комитетот на министри кој донесува резолуција со препорака до засегнатата страна, односно државата. Државата, во својот следен извештај што го доставува до Генералниот секретар, ин­ фор­­мира за мерките што ги презела за спро­ ве­дување на препораката на Комитетот на министри. Воведувањето на колективната жалба, како еден од инструментите за спро­ве­ду­ва­ње на Европската социјална повелба на Советот на Европа низ националното за­ко­но­да­в­ство, отвора широка можност за активност на су­ бјек­тите утврдени во Повелбата, за што по­ го­лемо почитување на правата утврдени со Повелбата и создавање поголемо и по­ви­со­ ко ниво на уредување на правата на сите работници и граѓани во државите. Од периодот на ратификацијата на Европската социјална повелба од 1961 година од страна на нашата држава(2005 година) до Советот на Европа нема доставено ниту една колективна жалба. Се поставува прашањето, дали правата во тој обем се уредени или истите се почитуваат, што немало потреба од користењето на правото на колективни жалби, или е во прашање нешто друго. Мора да се признае дека правото и постапката на поднесување на колективни жалби е малку познато право во државата и на авторот на 85 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 82-87 Скопје, јуни 2008 овој текст не му е познато дека на тоа право укажува некоја законска норма. Со ра­ти­фи­ ка­ци­јата на Повелбата државата ќе биде принудена ова право да го утврди и уреди во закон. Правото да поднесуваат колективни жалби од страна на организациите, особено на­ционалните, како што се синдикатите и невладиниот сектор е од особено зна­ че­ње. Синдикатите преку своето право на остварување и заштита на правата на работниците имаат можност таа заштита да ја прошират и остварат и пред меѓународните органи и организации. Невладините орга­ни­ зации, пак, можат да се изборат за своето место и ги ос­тва­рат целите за кои се формирани, односно влијаат на нивното с é поголемо учество во раз­војот на правата на човекот и основните слободи. Правото на жалба добива во својата со­држина уште и со фактот што колективната жалба можат да ја поднесат сами и ме­ѓу­на­род­ните организации на ра­ бо­тодавачите, синдикалните организации и невладините орга­ни­зации, но преку нив и националните орга­ни­за­ции. Со цел да се обезбеди поголемо ос­тва­рување на правата, како и применување на обврските дадени во Повелбата, треба да почне да се применува правото на поднесување колективни жалби тогаш кога државата тоа не го прави. Извештај за примената на одредбите од Повелбата Согласно Европската социјална по­ вел­ба, земјите потписнички имаат и обврски. Секоја втора година, секоја држава- потписник на Повелбата, на Генералниот секретар на Со­ветот на Европа му поднесув извештај за примената на одредбите од дел II од По­вел­ бата, коишто ги прифатиле. По ратификацијата на Повелбата, на­шата држава во 2007 година за првпат под­несе извештај за членовите 1 и 15, а се однесуваат на правото на работа и правото на про­фе­си­о­нално обра­зование и на про­ фе­сионална и социјална рехабилитација на лица со телесна попреченост, или лица со пречки во инте­лек­ту­ал­ни­от развој. Првиот Извештај за примената, односно реализацијата на обврските преземени од 86 Анализи и осврти, Лилјана Јанкуловска Европ­ската социјална повелба го опфаќа периодот од 30.04.2005- 31.12.2006 година. Со оглед на тоа што е прв, Извештајот, кој се поднесува по ратификацијата на Европската социјална повелба од 1961 година, е доста обемен( 91 страница). Во Извештајот се содржани: Основните економски показатели во Ре­ пу­блика Македонија од 1990 до 2006 година; Приказ на законодавството на РМ, согласно член 32 од Уста­вот на РМ, за економскосоцијалните права на ра­бот­ни­ците, со посебен преглед на ратификуваните кон­ вен­ции на МОТ, пот­пишани колективни договори и подзаконски акти; Политики за вработување во последните две години и мерки за зголемување на вработеноста, флексибилноста на па­за­ рот на трудот, правата по основ на не­вра­ бореност; Структурата на работоспособното на­се­ле­ ние, вработеноста, невработеноста; Елиминација на секаков вид дис­кри­ми­на­ ција при вра­бо­ту­ва­ње­то; Вработување на странски државјани; Забрана за присилна работа; Организациска структура на агенциите за вработување; Правата на професионална ориентација; Еднаков пристап при вработувањето на хен­дикепирани лица(ста­тус, образование, вработување, преквалификација, про­фе­си­ онална рехабилитација, специјализирани институции за обука) При испраќањето на извештаите до Ге­не­ рал­ниот секретар, треба да се истакне дека ко­пии од извештаите државата доставува и до националните организации на работодавачите и синдикалните организации кои можат да до­стават свои коментари за извештаите. Со­­гласно ваквата обврска од Повелбата по­­стапи и нашата држава и Извештајот за реализација на обврските преземени од Ев­ роп­ската социјална повелба беше доставен до социјалните партнери, кои се изјаснија по­ зи­тивно. По поднесувањето, извештајот се раз­гле­ ду­ва од Комитетот на независни експерти, кој изготвува извештај кој ги содржи неговите заклучоци. Заклучоците на Комитетот на не­за­ вис­ни експерти се доставуваат до Владиниот комитет, до Парламентарното собрание и до орга­низациите кои се членки на меѓународни Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 82-87 Скопје, јуни 2008 организации на работодавачите и син­ди­кал­ ните организации. Што се однесува до првиот поднесен Из­ веш­тај од страна на нашата држава за при­ ме­­ната, односно реализацијата на обврските преземени од Европската социјална повелба, постапката е во тек. Нашата држава, до крајот на мај месец, оваа година, треба да достави одговор на неколку дополнителни прашања поставени од Комитетот на експерти. Поаѓајќи од изнесеното, со ра­ти­фи­ка­ цијата на Европската социјална повелба од 1996 година(ревидирана), треба да очекуваме дека: а) Ратификацијата на Европската со­ ци­јална повелба од 1996 година ќе обезбеди поголем квалитет и квантитет во уредувањето на правата во националните закони, бидејќи државата се обврзува да ги вгради и примени одредбите од Европската социјална повелба. Иако во нашето законодавство ре­ла­тив­ но добро се уредени економско-социјалните права на работниците, не можеме во целост да бидеме задоволни бидејќи нашите закони не ги уредуваат сите односи, интереси и права, утврдени со меѓународни акти, а кога истите се уредени не секогаш доследно и се применуваат. Но, меѓународните акти кои Ре­публика Македонија се обврзала да ги почитува, имаат с é повеќе позитивно влијание во содржината на истите; б) Со ратификацијата државата се согласува да ги обезбеди социјалните права за подобрување на животниот стандард и социјалната добросостојба, како и заштита на неприкосновеното единство на сите човекови права, без оглед дали се граѓански, политички, економски, социјални или културни; Анализи и осврти, Лилјана Јанкуловска ќе инсистираат на почитување на Повелбата, осо­бено вградување на правата и решенијата во законските одредби и колективните до­­­ го­вори. Низ учеството на социјалните парт­ не­ри во донесувањето на законите, низ нив­ните предлози и сугестии ќе се развива и социјалниот дијалог, кој с é уште не е на очекуваното ниво во својот квалитетен развој; д) Со воспоставувањето на системот на колективни жалби, се заокружува процесот на остварувањето на правата уредени со некој акт. Тоа значи дека покрај уредувањето на правата од економско-со­ци­јалната сфера со националното законодавство, согласно Европ­ ска­та социјална повелба, како и обврската за поднесување на из­веш­тај за почитувањето на Повелбата, се создава можност за по­кре­ну­ вање постапка, со поднесување на колективна жалба за непо­чи­ту­ва­ње­то на обврските за спроведување на одредбите од Европската со­ци­јална повелба и пред меѓународните ор­ га­низации и органи. в) Ратификацијата на Европската со­ цијална повелба од 1996 година ќе изврши уште поголемо позитивно влијание и во делот на примената на законските норми. Поднесувањето на Извештај за примената на одредбите од Повелбата и можноста за контрола е многу значаен инструмент кој позитивно ќе влијае врз изготвувачите, но­си­ телите и спроведувачите на законите; г) Социјалните партнери- синдикатот и организацијата на работодавачи и невла­ди­ ни­те организации од своја страна, исто така, 87 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 88-90 Скопје, јуни 2008 ОД ПРАКТИКАТА Од практиката Системот на социјална заштита е пред предизвикот од нови реформи. Социјалната по­мош е еден од формите на социјална под­ дршка која во скоро време ќе биде предмет на одредени системски промени. Ценејќи ги ис­куствата од практиката- на социјалните ра­ботници, како администратори на со­ци­јал­ ната помош, но и на корисниците на соци­јал­ ната(парична) помош, за потребите на Ре­ви­ јата се направени неколку фокус групи, со цел да се истакнат нивните размислувања и ставови.  ИЗВАДОЦИ ОД РАЗГОВОРИТЕ СО СОЦИЈАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ Со кој проблем се среќавате како социјални работници во однос на паричната помош? „Проблеми при утврдување на по­ себ­но домаќинство и семејство. Една соба претставува едно домаќинство, во три соби од една куќа има три домаќинства. Не сме во можност да ги определиме посебните економски заедници. Мораме да ги поучиме странките за да се стекнат со правото на социјална помош. Со посебен влез се смета посебно домаќинство”. “Законските прописи за поднесување на документите за социјална помош. Се ба­ раат повеќе документи од луѓето од тоа што е потребно. Тоа може да се направи на подруг начин, наместо странката да ни донесе документ од пиом или од Аген­ ци­јата за вработување, ние треба да бидеме поврзани меѓусебно компјутерски и ние да си ги средиме документите на по­инаков начин. Не можеме да очекуваме дека странката која трпи за леб денес ќе појде во центарот на градот до една, а утре до друга институција со цел да ни ги достави сите потребни документи. Со оглед на неукоста на странките, често и не разбираат она што го бараме”. 88 Кои се проблемите на кои наидуваат ко­­рисниците на социјалната(парична) помош? „Поплаки поврзани со селењето на странките, а кои не ги пријавуваат про­ ме­ните на адреса. Постојат странки кои се крајно загрозени, но кога постапуваме согласно законот мораме да им ја укинеме помошта. Според Законот, ако двапати не се најде на исто место, им се укинува по­ мошта”. „Најчесто поплаките се на до­ку­мен­ тацијата. 17 и повеќе документи тие не се во можност да ги набават. Без парични средства не се во можност тие да ги на­ бават овие документи”. “Поплаки постојат поради не­пра­вил­ ности, нерешени односи меѓу нас и Аген­ци­ јата за вработување, или некоја друга наша институција”. “Проблем поврзан со здравствената заштита, а се однесува на старите лица на кои, веројатно, здравствената заштита им е најпотребна. Старите лица се прија­ву­ва­ ат во Агенцијата за вработување до 62-64 години од каде им е обезбедена здрав­стве­ на­та заштита. Во центарот за социјална работа постојана па­рична помош примаат од 65 години во тој период од 62 или 64 до 65 тие не се здравствено осигурани. Ги испраќавме во фондот за здравство, а тие повратно нам ни ги препраќаат. Не можеме да им обезбедиме здравствена заш­ ти­та. Колку пати ова сме го споменале, ни­кој ништо не реагира. Старите лица ком­ пјутерски се исфрлаат од системот”. Како да се подобри положбата на ко­рис­ ниците на социјална парична помош? „Да се вклучи невладиниот сектор во помош за обезбедување на документација. За да се пријави новороденче треба пари, ако изминат 30 дена, се применуваат казни. Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 88-90 Скопје, јуни 2008 Организирано да се обезбеди потребна до­ ку­ментација и на тој начин да се пријават во Аген­цијата за вработување, да им се обезбеди здравствена заштита и социјална по­мош“. „Да се разбијат гетата. Многу често се поведуваат според средината. Ако детето на комшијата не учи и тој не го праќа на училиште”. „Социјалната парична помош по мое мислење треба да се подели на две ка­ тегории. За лица кои се писмени и еду­ци­ра­ ни, и за оние кои се неписмени. Би требало да има поделба помеѓу овие две категории. Оние кои се писмени би требало да се во­ дат при Аген­цијата за вработување како ра­ботоспособни лица, и категоријата на ли­ца работоспособни- неписмени, некоја таква категорија”. Дали според вас треба да биде условена со­цијалната парична помош од редовно посетување на училиште и здравствена заштита? „Доколку биде условена можеби би се зголемил процентот на децата или свеста би се променила кај мајките, родителите или дека треба да ги праќаат децата на училиште и да се грижат за примарното здравје. Но не сум сигурна од ефектот од сето тоа”. „Ако ги условиш со нешто кај нив нема ефект”. Од практиката вал и зошто социјален проблем си останал. Ми рекоа наполни 64 години и немаш повеќе работа со нас, со бирото за вра­бо­тување, сега ми рекоа наполни 65. На жената ñ рекоа наполни 62 години ја отпишаа и ñ ги укинаа плавите картони, сега трета година е без здравствено осигурување”. „Мојот внук социјално примаше околу 3.200 денари. Добил решение дека нема право да користи социјално, зошто дедо му примал пензија. Какво е ова решение ако јас имам пензија, внукот мој кој живее со татко, со мајка, со две деца, со жена, а јас земам пензија- да го одбијат од социјално? Бев во Министерство, прашав зошто го одбиле, ми рекоа ти земаш пензија што не го помагаш. Со што, со 7.000 денари пен­зија од кои 2.000 давам за лекови? Вода треба да плаќаш, струја треба да плаќаш, од каде, јас сакам ама сите давачки од каде да ги платам”? “Јас како самохрана мајка, со 4.000 де­нари, син невработен, 7 години стаж, го истераа од Каросерија, три деца има, завршија основно, од кај да ги прати во средно кога пари нема. Ниту струја плаќам, ниту вода. Ми ја скинаа струјата, сум ја пуштила стр­у­ја­та. Без струја како можам болна жена со притисок. Нема да ви­дам кој апчиња да пијам. Нека дојдат, нека ми ја скинат, јас пак ќе ја пуштам, кажете ми каде да одам”. Со какви проблеми се соочувате во однос на праќањето на децата на училиште?  ИЗВАДОЦИ ОД РАЗГОВОРИТЕ СО КОРИСНИЦИ НА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ Со какви проблеми се соочувате како корисници на социјална парична помош? „Од 1982 година чекам вработување. Од 35 годишна возраст чекам во бирото за вработување, никој ниту еднаш не ме повика на едно интерјву, со 1.100 денари социјална помош живеам, никој не дојде да тропне на врата да ме праша како живеам, а плус ме прашуваат зошто ти децата не си ги шко­лу­ “Ние живееме во село Блаце, највеќе про­блем имаме со превоз. На пример, ако се вто­ра смена децата треба да тргнат на училиште во 8 часот, да се мотаат по град, па да одат во 13.30 во школо. Затоа децата кои одат во средно ги испраќам во Јанкович. Осум километри идат пешки. Но заради висината на трошоците морам таму да ги пратам на школо”. “Не одат моите деца во школо, онаа што има десет го­дини, одеше во прво одделение, што викаат оној Каритас по­ мага. Дојде зима, немаше што да облече, не 89 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 88-90 Скопје, јуни 2008 ја пратив во школо, ја отпишав и сега не оди во школо. Оваа сега сакам да ја пишам, но ќе видам. Тоа не е школо еден ден да одиш, еден ден да неодиш и вака не ги праќам”. Од практиката Дали би Ви помогнало ако Ви се обезбедат средства за праќање на децата во училиште и за здравствени контроли или, пак, да се обучувате за да најдете работа? “Разведена сум. Под кирија живеам, трите поголеми одат во школо, најголемата е 7 оделение, другото трето, а најмалата 7 години. Имам уште еден 7 години тој не учи школо. Немам можности, треба да се чисти, треба прашак, немам можности, па затоа не го праќам во школо. Да не е гладен, да не гледа во другите”. “Само 1.900 денари Ви требаат за храна и уште 1.000 за слободна, а каде ви се книгите 11.000 нови книги за медицинско, 5.000 денари да ги купиш на пазар. Три месеци треба да собирам социјална помош за да ги купам. 30 дена по 3 леба, господинот има 5 деца, по 5 леба, триесет дена по 20 денари немате за леб”. Дали одите на редовни лекарски прегледи? “Не, никаде не сум била, зошто немам бонови”. “Малите би требало да ги запишам во градинка или да земам жена. Но ако земам жена, ќе немам рачун. За да се обучам, ќе треба најголемата да ја отпишам од школо да ми ги чува помалите, близначињата”. “Примам социјалана парична помош ама бонови не ми даваат. Имаше порано можност да се плати во социјално за бонови, три месеци плаќав по 50 евра, сум прес­та­ нала да плаќам, а тие ми правеле бонови и сега ми се качила камата, многу. Јас цел живот нема да земам бонови, многу пари треба да платам”. 90 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 91-94 Скопје, јуни 2008 Социјална статистика СОЦИЈАЛНА СТАТИСТИКА Табела бр. 1: Релативна сиромаштија во Република Македонија во период од 2004-2006 година 70% од медијалните еквивалентни трошоци 2004 2005 2006 Вкупен збирен индекс Индекс на длабочина на сиромаштијата Струк­тура на сиро­машни­те Вкупен збирен индекс Индекс на длабочина на сиромаштијата Струк­тура на сиро­машни­те Вкупен збирен индекс Индекс на длабочина на сиромаштијата Струк­тура на сиро­машни­те Извор: Државен Завод за Статистика, 2007 29.6 9.4 100.0 30.0 9.7 100.0 29.8 9.9 100.0 Вкупно Табела бр. 2: Релативна сиромаштија во Република Македонија во период од 2004-2006 година 70% од медијалните еквивалентни трошоци Вкупно Старечки Домаќинс­ тва Брачен пар со деца Други домаќинс­тва со деца Домаќинс­ тва без деца Вкупен збирен индекс 29.6 18.2 28.2 35.1 25.2 2004 2005 2006 Индекс на длабочина на сиромаштијата Струк­тура на сиро­ машни­те Вкупен збирен индекс Индекс на длабочина на сиромаштијата Струк­тура на сиро­ машни­те Вкупен збирен индекс Индекс на длабочина на сиромаштијата Струк­тура на сиро­ машни­те 9.4 100.0 30.0 9.7 100.0 29.8 9.9 100.0 5.3 8.7 3.5 13.6 22.2 24.8 5.9 7.8 3.2 8.8 24.5 23.8 6.1 9.1 2.4 8.6 11.9 7.3 52.3 30.7 33.6 27.1 11.1 8.8 57.8 30.1 33.6 26.9 12.2 7.4 56.3 32.7 Извор: Државен завод за статистика, 2007 Табела бр. 3: Статус на сиромаштија на деца, според возрасна група Сиромашни деца во домаќинство 2004 Вкупно 100.0 На возраст од 0-6 години 32.1 7-14 години 39.8 15-19 години 28.1 Извор: Државен завод за статистика, 2006 2005 100.0 28.9 42.1 29.0 Индекс на сиромаштија 2004 32.7 35.72 31.6 32.2 2005 32.4 32.4 33.2 33.0 91 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 91-94 Скопје, јуни 2008 Социјална статистика Табела бр. 4: Релативна сиромаштија според образование на глава на домаќинство, 20042006 г. 70% од медијалните еквивалентни трошоци Извор: Државен завод за статистика, 2006 Вкупно Без образо- вание Средно Више Високо Вкупен збирен индекс 29.6 57.9 32.8 38.4 22.9 17.4 9.1 2004 Индекс на длабочина на сиромаштијата 9.4 17.1 11.7 12.7 6.7 4.6 2.1 Струк­тура на сиро­ машни­те 100.0 5.4 14.8 45.8 29.3 2.7 1.9 Вкупен збирен индекс 30.0 46.8 39.9 38.2 23.4 17.6 7.3 2005 Индекс на длабочина на сиромаштијата 9.7 17.7 13.0 13.0 7.1 4.9 1.7 Струк­тура на сиро­ машни­те 100.0 5.6 18.4 41.5 30.1 2.7 1.7 Вкупен збирен индекс 29.8 53.9 37.6 39.8 22.8 17.4 8.9 2006 Индекс на длабочина на сиромаштијата 9.9 21.0 13.6 14.1 6.7 4.6 2.3 Струк­тура на сиро­ машни­те 100.0 4.8 15.1 43.9 31.7 2.6 2.0 Табела бр. 5: Просечен број на корисници и просечна висина на социјална помош во 2006 Социјална парична помош (бр. на домаќинства) Постојана парична помош Еднократна парична помош Паричен надоместок за помош и нега Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа Просечен број на корисници(месечно) 64,749 4,988 1,139 21,499 42 Просечна виснина на средства по лице(месечно) 2,154 ден. 3,046 ден. 2,080 ден. 3,390 ден. 6,590 ден. 89 3,567 ден. Извор: Министерство за труд и социјална политика, 2006 92 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 91-94 Скопје, јуни 2008 Социјална статистика Табела бр. 6: Корисници на социјална парична помош(%) според етничка припадност на носителот на правото во домаќинството Етничка припадност Македонци Албанци Роми Турци Други Вкупно 1998 46,8 25,4 14,1 7,9 5,9 100,0 1999 42,6 32,8 12,1 7 5,5 100,0 2000 40,7 31,7 11,4 6,6 9,6 100,0 2001 40,7 30,2 11 6,5 11,6 100,0 2002 37,7 30,4 10,7 6,3 14,8 100,0 2003 Април 36,7 29,7 12,1 6,9 14,6 100,0 Етничка припадност Македонци Албанци Роми Турци Други Вкупно 2004 (недостапни) / / / / / / 2005 39,5 33,5 12 6,2 8,8 100,0 2006 38,6 34 12,6 6,2 8,6 100,0 2007 Септември 33,5 37,0 14,1 6,4 9,0 100,0 Извор: Верме, П.(2008) Статистички анекс во Прегледот за системот на социјална заштита во Република Македонија, необјавен извештај(за потребите на Светската банка во рамки на проектот за Условени парични трансфери). Табела бр. 7: Корисници на осигурување во случај на невработеност и здравствено оси­гу­ру­ вање преку Агенцијата за вработување Година(согласно состојбата во месец декември во годините) Корисници на осигурување во Невработени лица корисници на случај на невработеност здравствено осигурување 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007( Февруари) 41,375 46,772 47,324 45,867 40,124 30,572 29,300 Извор: Агенција за вработување на Република Македонија, 2007 220,883 230,444 238,123 252,612 244,935 252,566 250,985 93 Рев. за соц. пол. Год. 1 Бр. 1 Стр. 91-94 Скопје, јуни 2008 Социјална статистика Табела бр. 8: Структура на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вра­бо­ту­ва­ње според етничката припадност Македонци Албанци Турци Роми Срби Власи Други Вкупно Етничка припадност 31.12. Број 2007 % Број 31.12. 2006 % 229971 64.4 242014 66.0 83653 23.4 81234 22.2 13637 3.8 13769 3.8 17672 4.9 16797 4.6 3065 0.9 3214 0.9 446 8722 357166 0.1 2.4 100.0 464 9059 366551 0.1 2.5 100.0 31.12. Број 2005 % Индекс 12.07/12.06 Индекс 12.07/12.05 239688 66.6 95.0 95.9 77883 21.6 103.0 107.4 14062 3.9 99.0 97.0 15714 4.4 105.2 112.5 3214 0.9 95.4 95.4 459 8969 359989 0.1 2.5 100.0 96.1 96.3 97.4 97.2 97.2 99.2 Извор: Агенција за вработување на Република Македонија, 2007 Табела бр. 9: Нето стапка на завршување на основно образование според етничка припадност Македонци Албанци 89 83 Извор: УНИЦЕФ(2007) Роми 44.6 Табела бр. 10: Стапка на смртност под 5 години според дополнителни карактеристики(на 1000 живородени) Област Град Село Образование на мајката Основно 10 26 28 Извор: МИЦС 2005/2006 година Благосостојба Најсиромашни 25 Просек за Македонија 17 94