ФОНДАЦИЈА „ ФРИДРИХ ЕБЕРТ „ РЕВИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА БРОЈ 2 2008 Год. 1 стр. 95-196, Скопје, декември 2008 95 СОДРЖИНА Вовед 97 Статии 99 Проф. д-р Димитар Ефтимоски: Животниот стандард и квалитетот на живот на луѓето- теоретски аспекти и основни мерила 99 Ванчо Узунов : Новиот систем на бруто плати во РМ и неговите можни импликации врз животниот стандард 121 Аница В. Драговиќ: Нискиот фертилитет, политиките и квалитетот на живот во Република Македонија 131 Проф. д-р Јован Пејковски: Глобална рецесија, или нов државен интервенционизам- ефекти и мерки во социјалната сфера 145 Анализи и осврти 163 Милан Мановски: Системот на бруто плата низ предлогот на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување 163 доц. д-р Сузана Борнарова: Сузана Борнарова: IV Светски конгрес за стареењето и генерациите 171 м-р Софија Арнаудова: Меѓународна работилница- Квалитетот на живот во институциите за ментално здравје 173 м-р Благица Новковска: Меѓународна конференција Меѓугенерациска солидарност- предизвик со кој се соочуваат модерните општества 175 м-р Сузана Борнарова: Јавна презентација на Извештајот за проценка на потенцијалот за добро управување во областа на социјалната заштита 177 Интервјуа 179 Стасе Нолев, Мерење на животниот стандард во Македонија 179 Мите Кузески, и Тања Малеска, Обележја на домувањето на ранливите групи во Македонија 184 Социјална статистика 189 96 Вовед Вториот број на“Ревијата за со­ ци­јал­на политика” е фокусиран на ана­ли­за на состојбите и политиките поврзани со животниот стандард во Македонија. Стремежот“Ревијата” да ги анализира најактуелните, горливи проблематики и состојби, беше ос­нов­ на причина за из­борот на оваа тема. Име­но, во пе­риодот од јули 2008 годи­ на, до за­тво­ра­њето на овој број, во Ре­пу­блика Ма­ке­донија се донесоа и усво­ија неколку законски измени и до­пол­ну­вања, кои во голема мера ќе влијаат врз жи­вот­ни­от стандард во Ма­ке­до­ни­ја. Во тој кон­тек­ст, ка­ ко релеватни ќе ги споменеме из­ мените и допол­ну­ва­ња­та на Законот за работни односи, пред­лог Законот за придонеси за задол­жи­телно со­ ци­јално осигурување, како и мерки за суб­вен­ци­онирање на на­та­ли­ тетот кои про­из­ле­гуваат од прет­ход­ но донесената Стратегија за де­мо­ граф­ски развој на РМ. Ис­товремено, на гло­ба­лен план се соочуваме со глобалната економска криза, која, исто така, свои по­следици ќе остави како врз жи­вот­ни­от стандард на на­се­ лението на гло­бал­но, така и на на­ци­ о­нално/локално ниво. Во тој контекст, авторите на ста­­­тиите во овој број(Ефтимоски, Узу­нов, Драговиќ и Пејковски) од раз­лични аспекти ги анализираат на­ чи­ни­те на мерење, тенденциите и про­бле­ми­те поврзани со животниот стандард во Ма­кедонија. Рубриката: Анализи и осврти, исто така, дава свој придонес на оваа тема, па така, преку ставовите на Сојузот на синдикати на Македонија(Мановски) се здобиваме со еден не­за­ви­сен став за можните негативни ефек­ти и низа отворени прашања што про­ из­легуваат од Законот за придонеси за задолжително социјално осигу­ ру­ва­ње. Во истата рубрика, даден е осврт(Бор­нарова, Арнаудова, Новковска) на не­колку позначајни меѓународни и на­ци­онални настани поврзани со ква­ли­те­тот на живеење на различни категории население (стари, корисници на услуги за мен­ тално здравје, корисници на со­ци­ јална парична помош). Како но­ви­на, во овој број се јавува рубриката: Ин­ тервјуа, во која преку своите ис­кус­тва во праксата стручни лица говорат за одредени состојби поврзани со жи­­во­т­­ниот стандард во Македонија. Така, пре­т­ставникот на Државниот завод за ста­тистика(Нолев) ги отсликува глав­ни­т­е начини на ме­ ре­ње на животниот стандард, како и одредени сознанија по­врзани со потрошувачката во Ре­пу­бли­ка Ма­ кедонија. Претставниците на не­вла­ ди­ната организација, Хабидат Ма­­ ке­донија преку приказ на своите про­­­­ектни активности укажуваат на про­­блемите поврзани со субс­тан­ дар­дно­то живеење во Македонија. “Ре­ви­ја­та”, на крајот нуди прилог од со­ци­јал­­на статистика, повторно поврзана со жи­вотниот стандард, 97 Ревија за социјална политика год. 1 стр. 95-196, Скопје, декември 2008 цените, платите и по­тро­шувачката во Македонија. Се надеваме дека и овој број ќе предизвика интерес кај читателите на “Ревијата”, дека анализираната тема ќе придонесе за поголема критичка дебата во јавноста. Истовремено, ги по­ви­ку­ва­ме сите заинтересирани да учествуваат со свои прилози во “Ревијата” и со тоа да ги збогатат содржините на истата. Уредник, Маја Геровска Митев 98 СТАТИИ 330.59(497.7)„2005” Проф. д-р Димитар Ефтимоски Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи, Битола ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД И КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО- ТЕОРЕТСКИ АСПЕКТИ И ОСНОВНИ МЕРИЛА Резиме Трудов, во основа, има те­о­рет­ски карактер. Предмет на ела­бо­ра­ ци­ја се концептите на животниот стандард и квалитетот на животот, како и нив­ни­те, т.н. сродни концепти, како што се: благосостојбата, човековиот развој, сиро­маш­ти­ја­та и економската не­еднаквост. Во тру­ дов се презен­ти­ра­ни ос­новните мерила на одделните кон­цеп­ти, про­ це­нето е нивото на жи­вот­ни­от стандард и квалитетот на жи­во­тот во Ре­публика Македонија и е на­пра­вен обид за споредба со висо­ко­раз­ ви­ените земји и земјите од Цен­трал­на и Источна Европа. Клучни зборови: животен стандард, ква­литет на живот, благосостојба, чо­ве­ков развој, сиромаштија, економска нееднаквост. 99 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 1. Животен стандард Животиот стандард го прет­ста­ ву­ва квантитетот и квалитетот на до­бра и услуги кои им се достапни на луѓето, како и начинот на кој тие добра и услуги се дистрибуирани меѓу луѓето. Поимот животен стандард се однесува на материјалната ком­ по­нента на квалитетот на живот на луѓето и, во основа, го објаснува најголемиот дел од овој поим. Во однос на мерењето на жи­ вот­ниот стандард, најчеста примена има­ат следниве мерила: реалниот доход(БДП) per capita, мерилата на доходовна(монетарна) сиромаштија и мерилата на доходовна(економска) нееднаквост. Мерилата од типот: достигнато обра­зо­ва­ние(на пример: стапка на писменост на возрасните и бруто стапка на упис на сите три степени на образование); очекувано траење на животот и достапност на определени добра и услуги(на пример: број на персонални ком­пју­ тери на 1000 жители, број на ко­рис­ ни­ци на интернет услуги на 1000 жи­ тели, и сл.) исто така се користат при мерење на животниот стандард на луѓето. 1 Реалниот БДП per capita е нај­ чес­то ко­ристено мерило на жи­вот­ни­ от стан­дард на луѓето. Тој го мери про­сечниот жи­вотен стандард на лу­ ѓе­то и апро­кси­ма­тивно ја покажува па­зарната вредност на финалните до­бра и услуги што секој поединец би можел да ги купи во текот на го­ди­на­ та, под претпоставка дека постои рам­ но­мерна дистрибуција на доходот, од­носно дека секој поединец добива по­деднаков дел од создадениот до­ ход(БДП). Реалниот БДП per capita се користи и за споредба на нивоата на просечниот животен стандард ме­ ѓу земјите. Основен предуслов за тоа е БДП per capita да биде искажан во споредливи големини, како на при­ мер, во американски долари, или со помош на, т.н. конверзационен фа­­к­тор - паритет на куповна сила 2 , искажан во американски долари(Purchasing Power Parity- PPP US$). 2. Квалитет на живот и благосостојба Поимот квалитет на живот се однесува на благосостојбата на луѓето. Тој опфаќа повеќе компоненти, меѓу кои едни се мерливи, како на пример, животниот стандард на лу­­ѓето, а други Со оглед на фактот дека мерењето на животниот стандард најчесто се базира на средни големини(на пример, реален доход per capita) не е редок случајот, заради постоење на изразена нерамномерност во дистрибуцијата на доходот, пресметаниот животен стандард, за поголениот дел од луѓето, да е преценет. 2 Методологијата на паритет на куповната сила се базира врз хипотезата за т.н.“закон на една цена”, според која едно исто добро не може да се продава по различна цена во различни земји. Според тоа, конверзацискиот фактор- паритет на куповна сила, искажан во американски долари(PPP US$), покажува колку парични единици на некоја земја(на пример, денари) се потребни за да се купи исто количество добра и услуги на нејзиниот пазар, колку што може да се купи на американскиот пазар за еден долар. Конверзацискиот фактор, всушност, пред да започне да врши споредба на нивоата на животниот стандард меѓу земјите, ја изедначува куповната сила на нивните валути, преку приспособување на релативните цени на определен број производи. 100 СТАТИИ Проф. д-р Димитар Ефтимоски немерливи, како на пример: среќата, слободата во изборот, животната сре­­ди­на, у­мет­носта, слободното вре­ме, си­­гурноста, општествениот живот, итн. Сепак, најголемиот дел од поимот ква­литет на живот се однесува на жи­вот­ни­от стандард на луѓето. Постојат повеќе мерила за ква­­­ ли­те­тот на животот на луѓето, меѓу кои позначајни се: индексот на квалитетот на животот, индексот на човековиот развој, индексот на фи­ зич­киот квалитет на животот, бруто на­ционалната среќа(задоволство), и други. Од нив, најчеста примена имаат индексот на квалитетот на жи­ вотот и индексот на човековиот раз­ вој. Индексот на квалитетот на животот се базара врз методологија која ги поврзува резултатите од ан­ ке­тите за субјективното за­до­вол­ ство од животот и објективните фак­ то­ри на квалитетот на животот(Mc Connell and Brue, 2005). Производ е на„The Economist Intelligence Unit” и се пресметува за 111 земји во светот(The Economist Intelligence Unit, 2005.:1-4). Анкетата за субјективното задоволство од животот се базира врз едноставни пра­шања за субјективните ста­ во­ви на испитаниците во однос на квалитетот на нивното живе­е­ ње. Притоа, одговорите се кла­си­ фицираат во четири основни гру­ пи: многу задоволни, значително за­доволни, не многу за­до­волни и воопшто незадоволни. Резултатите од анкетата се користат за оп­ре­де­лу­ вање на пондерите на деветте фак­ то­ри на квалитетот на животот, што се опфатени во индексот: 101 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Табела 1. Фактори на квалитет на живот опфатени во индексот на квалитет на живот Фактори на квалитет на живот Индикатори што ги претставуваат факторите 1 Материјална благосостојба БДП per capita, PPP US$ 2 Здравје Очекувано траење на животот при раѓањето 3 Политичка стабилност и безбедност Политичка стабилност и безбедносен рејтинг 4 Живот во семејство (семејни односи) Стапка на разводи(на 1000 жители), конвертирано во индекс што се движи од 1(за најниски стапки на развод), до 5(за највисоки стапки на развод) 5 Живот во заедница 6 Клима 7 Сигурност на работното место 8 Политичка слобода 9 Родова еднаквост Дами променлива(dummy variable) која поприма вредност 1, доколку земјата има или висока стапка на посетување на верски објекти(цркви) или, пак, висока стапка на членство во синдикати. Во обратен случај, дами променливата поприма вредност 0. Географска ширина Стапка на невработеност, во% Просек од индексите на политичките и граѓанските слободи. Распонот се движи од 1(за целосна слобода), до 7(за непостоење слобода) Коефициент на просечните заработувачки на мажите и жените При пресметката на индексот, нај­­висок пондер добиваат факторите: здравје, материјална благосостојба и по­литичка стабилност и безбедност, додека помал пондер факторите: семејни односи, живот во заедница, итн. Врз основа на пондерираните фактори на квалитет на живот се пресметува индексот на квалитет на живот, кој може да се движи во распон од 1 до 10. Индексот овозможува следење на напредокот во ква­ ли­тетот на живот во соодветната зе­мја за определен временски пе­ риод(најчесто од 1 година), како и рангирање на земјите во однос на достигнатото ниво на квалитет на жи­веење. Како и најголемиот број ин­декси од овој вид, така и индексот на квалитет на живот, претпоставува непостоење на автоматска врска меѓу растот на квалитетот на живот и растот на нивото на реалниот БДП per capita. Благосостојбата е поим кој се однесува на квалитетот на живот на луѓето. Проблемот на благосостојба е поврзан со цел еден правец во економската наука, познат како„еко­ номија на благосостојба”. Во цен­та­ рот на вниманието на оваа научна 102 СТАТИИ Проф. д-р Димитар Ефтимоски дисциплина е благосостојбата на поединецот. Збирот на бла­го­сос­ тојбата на сите поединци во оп­ штес­твото ја дава т.н.“општествена благосостојба”. Економијата на бла­ го­состојба, всушност, се сведува на два концепта: 1) концептот на економска ефикасност и 2) концептот на дистрибуција на доход(Begg, et al., 2000.:257-277). Концептот на економска ефикаснот се одликува со позитивистички пристап и се од­несува на„големината на пи­тата”, додека концептот на дис­три­­буција на доход се одликува со нормативистички пристап и се однесува на„распределбата на питата”. Со цел, што е можно повеќе да се разграничат концептите на економска ефикаснот и дистрибуција на доход, економистите ја користат т.н. парето ефикасност, според која дистрибуцијата е парето ефи­ касна доколку ниту една ре­дис­ три­буција на добрата не води до подобрување на состојбата на едни лица, без, притоа, да се влоши состојбата на други лица. За дадени ресурси, технологија и вкусови на по­ трошувачи, во економијата постојат голем број дистрибуции со парето ефикасност, кои се разликуваат по распределбата на благосостојбата меѓу поединците. Постојат повеќе мерила на бла­ го­состојбата на луѓето, како што се: индексот на квалитет на жи­вот, индексот на човеков развој, глав­ни­ от збирен индекс, индексот на дла­ бо­чина на сиромаштија, индексот на човекова сиромаштија, индексот на физички квалитет на живот, бруто националната среќа(задоволство) и други. Меѓу нив најчеста примена има индексот на човеков развој, како и доходовните(монетарните) ме­рила на сиромаштија, како што се главниот збирен индекс и индексот на длабочина на сиромаштија. 3. Човеков развој Човековиот развој е уште еден поим кој е тесно поврзан со жи­ вот­ниот стандард и квалитетот на живот на луѓето. Станува збор за релативно нов теоретски концепт од областа на развојната економија, кој за првпат е промовиран од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации(United Nations Development Programme- UNDP) во Извештајот за човеков развој(Human Development Report) од 1990-та година 3 . Чо­вековиот развој е дефиниран ка­ко процес на зголемување на чо­ ве­ковиот избор, во поглед на спо­ соб­ностите(можностите) човекот да води долг и здрав живот, да биде добро образован и да има пристоен животен стандард(Sen, 2000). Кон­ цеп­тот, во основа, е концетриран на три меѓусебно поврзани процеси: 1) процесот на пораст на човековите способности(можности); 2) процесот на дистрибуција на економскиот раст; и 3) процесот на партиципација на човекот во промовирањето на економскиот раст. Според концептот, 3 Идеен творец на концетот е пакистанскиот економист Махбубул Хаг(Mahbub ul Haq) кој зедено со американскиот економист од индиско потекло нобеловецот Амартја Сен(Amartya Sen) се сметаат за основоположници на концептот. 103 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 порастот на благосостојбата на луѓето е во директна врска со слободата во нивниот избор. Порастот на способностите на луѓето водат до поголема слобода во изборот, така што луѓето можат да споредуваат (истражуваат) поголем број опции што водат до поголема благосостојба. Оттука, нивото на квалитет на живот на луѓето не треба да се цени спо­ ред просечното ниво на доход, ту­ ку според нивната способност да во­ дат здрав живот, да се образуваат и активно да партиципираат во оп­штествените текови. Целта на концептот е преку поставување на чо­векот во центарот на напорите за развој, да се прошират неговите способности, што во крајна линија би резултирало со пораст на неговиот квалитет на живот. Концептот на човеков развој сугерира дека не постои автоматска врска меѓу растот на реалниот БДП и растот на нивото на човековиот развој(мерено преку индексот на човеков развој). Растот на реалниот БДП не мора да значи пораст на квалитетот на живот на луѓето, односно автоматско решавање на дефектите поврзани со квалитетот на живеење, како што се: невработеноста, економската не­ ед­наквост, социјалната неси­гур­ност, сиромаштијата и други. Според тоа, економскиот раст е неопходен, но не и доволен услов за човеков развој. Квалитетот на економскиот раст е исто толку битен колку и неговиот квантитет. Притоа, под квалитетен еко­номски раст се подразбира рас­ тот кој генерира: поголема вра­бо­ те­ност; обезбедува сигурност на на­селението; придонесува за од­р­ ж­лив човеков развој; обезбедува по­рамномерна дистрибуција на ко­ рис­тите; го поддржува развојот на демократското општество и обез­ бе­дува поголема партиципација на луѓето во општествено- еко­ном­­ ските текови. Основно мерило на концептот на човеков развој е ин­ дексот на човеков развој. Индексот на човеков развој е ин­ ди­катор на просечните достигнувања на полето на основните човекови спо­­­­собности. Тој е стандардно спо­ ред­­бено мерило на квалитетот на жи­вот на луѓето меѓу земјите. Се базира на три компоненти: дол­ жина на живот, достигнато обра­ зо­вание и животен стандард. Не­ го­вата пресметка подразбира три по­следователни етапи(Sen and Anand, 1994). Во првата етапа се от­крива во која од трите претходно споменати компоненти изразени преку индикаторите: очекувано тра­ ење на жи­вотот при раѓањето (X 1 ) , достигнато образование (X 2 ) и ре­а­ лен БДП per capita- PPP US$ (X 3 ) , соодветната земја покажува скуднос. Притоа, индикаторот, достигнато образование (E) се добива преку изразот, каде па­ра­мет­ рите a 1 и a 2 изнесуваат 2/3 и 1/3 и се однесуваат на писменоста на воз­ расните (P) и на бруто стапката на упис на сите три степени на обра­ зование (G) , респективно. За прес­ метка на индексите на првите два индикатора( X 1 и X 2 ) се користи следниов израз 104 СТАТИИ каде индексот I ij претставува по­ка­ зател на скудноста за ј- тата земја во однос на i- тиот индикатор, при што минималните и максималните вредности на индикаторите се стан­ дардизирани и фиксни за сите земји. Пресметката на индексот на третиот индикатор W(y), т.е. БДП per capita (PPP$), се врши преку изразот, Проф. д-р Димитар Ефтимоски при што минималните и макси­ мал­ните вредности, исто така, се стандардизирани и фиксни. Скудноста за определена компонента ја става земјата во ранг од 0 до 1 . Во втората етапа се определува збирниот индекс на скудноста (Ij) : додека во третата пресмета индексот развој: 4 , етапа да се на човеков Табела 2. Стандардизирани минимални и максимални вредности на индикаторите на HDI Компоненти Минимум Максимум Очекувано траење на животот при раѓањето(во години) 25 85 Писменост на возрасните% 0 100 Бруто стапка на упис на сите три степени на образование(%) 0 100 Доход(реален БДП per capita- PPP$) 100 40.000 4. Сиромаштија Сиромаштијата и нееднаквоста се социо-економски проблеми кои имаат силно влијание врз животниот стандард и квалитетот на животот на луѓето. Според статистичката служба на Европската Унија“Еу­ро­ стат”, како сиромашни се сметаат ли­ца, домаќинства и групи лица, чии ресурси(материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално при­фат­ ливиот начин на живеење во земјата во која живеат. Во однос на мерењето на сиромаштијата, разликуваме ап­ со­лутна и релативна сиромаштија (Ravallion, 2000). Апсолутната си­ро­ маш­тија се однесува на поставен стан­­дард кој е конзистентен низ вре­ ме­то и просторот. Така, процентот на населението што консумира 4 Според постојната методологија на Програмата за развој на Обединетите нации(United Nations Development Programme- UNDP), во зависност од висината на индексот на човеков развој, земјите се класифицираат во три основни групи: земји со високо ниво на човеков развој- индекс над 0.800; земји со средно ниво на човеков развој- индекс од 0.500 до 0.799; и земји со ниско ниво на човеков развој- индекс под 0.499. 105 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 хра­на помалку од потребното(од 2.000 до 2.500 калории, дневно) е пример за апсолутно мерење на сиромаштијата. Споредбата, пак, на вкупното богатство на нај­си­ ромашната една третина од на­се­ ле­­нието, со вкупното богатство на нај­богатиот 1% од населението, е при­мер за реалтивно мерење на си­ро­маштијата. Третманот на овој про­блем во социо-економската те­о­ рија, во основа е поврзан со четири кон­цепциски приоди: 1) Концепт на доходовна(монетарна) сиромаштија; 2) Концепт на основни потреби; 3) Концепт на способности и 4) Концепт на човеков развој. Според концептот на доходов­ на(мо­нетарна) сиромаштија, по­ е­­ди­­нецот се смета за сиромашен ако, и само ако, неговиот доход е под определен праг(линија) на си­ромаштија. Притоа, прагот(ли­ ни­­јата) на сиромаштија обично се утврдува на ниво на доход, со кој поединецот/домаќинството мо­­­ же да обезбеди определено ко­ ли­чество храна. Концептот на ос­новни потреби ја дефинира си­ ро­маштијата како недостаток на ма­теријални потребности(добра и услуги) неопходни за минимално прифатливо ниво на задоволување на човековите потреби, вклучувајќи ја тука и храната. Овој концепт е нешто поширок од концептот на доходовна сиромаштија и во својот опфат ги вклучува и потребите за основна здравствена заштита и образование на луѓето, како и потребите за основни услуги кои на луѓето треба да им бидат обезбедени од страна на државата. Концептот посебно вни­мание им придава на потребите за вработување и партиципација на луѓето во општествените текови. Според концептот на спо­­соб­ ности, сиромаштијата прет­ста­­вува недостаток(отсуство) на не­кои основни способности за фун­к­ционирање на луѓето. Притоа, оби­чно се мисли на немањето мож­ност луѓето да постигнат некои ми­нимално прифатливи нивоа, не­опходни за функционирање. Во тој контекст, под минимално при­фат­ливи неопходни нивоа за фун­к­ционирање се подразбираат две компоненти: 1) физичка компонента, во која спаѓаат исхранетоста, облеката, живеалиштето и сл., и 2) општествена компонента, која подразбира активно учество на чо­ве­кот во животот на заедницата. Ка­ рак­теристика на концептот е тоа што ја изедначува апсолутната со ре­ лативната сиромаштија, сметајќи дека релативното намалување на доходот води кон апсолутно на­ма­лу­вање на способностите на луѓето. Концептот на човеков развој, во однос на дефинирањето на сиро­ маш­тијата, оди подалеку од трите претходно споменати концепти(иако сво­ите корени ги влече од концептот на способности) и сиромаштијата ја поврзува со немањето можност (шанса) за избор, односно не­мож­ носта луѓето да се образуваат, здрав­ ствено да се заштитат и да обез­ бе­дат пристојно ниво на животен стан­­дард. Во практиката, најчеста при­­мена од гореспоменатите четири кон­цепти на сиромаштија, има кон­ цеп­тот на доходовна(монетарна) си­ ро­маштија. 106 СТАТИИ При утврдувањето на степенот на сиромаштија, значајно е правилно да се утврди прагот(линијата) на сиромаштија, кој претставува ми­ни­ мал­но прифатливо ниво на доход, или потрошувачка на поединецот, од­носно домаќинството(Coudouel and Hentschel, 2000). Станува збор за праг (линија) кој мора да биде достигнат, со цел определено лице, или домаќинство, да не се смета за сиромашно. Тоа, практично, зна­чи дека е потребно однапред да се дефинира нивото на животен стан­дард кое на луѓето во определена зе­мја им “гарантира” минимално при­фат­лив начин на живеење. Прагот(ли­нијата) на сиромаштија, главно, се искажува во per capita форма, а потоа се споредува со per capita доходот или per capita потрошувачката. За опре­ делување на прагот(линијата) на сиромаштија, најпрвин е потребно да се направи приспособување на воз­ раста и/или полот на членовите на домаќинствата кои се опфатени во анализата, како и да се одлучи дали во анализата домаќинствата со различна големина ќе се третираат заедно, или одделно. Потребата од приспособување во однос на полот и возраста, во основа произлегува од Проф. д-р Димитар Ефтимоски разликите во калории што при исхраната ги внесуваат помладите и постарите членови на домаќинството, односно мажите и жените(EssamaNash, 2005). Приспособувањето, пак, во однос на големината на до­ маќинствата е потребно да се на­пра­ ви заради предностите што по­го­лемите домаќинства ги имаат во однос на помалите, како во однос на количеството купени добра, така и во однос на нивното економизирање. Приспособувањата вообичаено се вршат со т.н. еквивалентни ска­ли, кои функционираат како еден вид дефлатори кои ги“изедначуваат” домаќинствата во однос на нивната големина, полова и старосна структура. Примената на еквивалентните скали е врзана со пресметка на доходот, или потрошувачка по т.н. еквивалентно возрасно лице. Најчесто применувани еквивалентни скали, врз чија основа се пресметува прагот(линијата) на сиромаштија се: OECD еквивалентната скала, OECD модифицираната еквивалентна скала и LIS(Luxembourg Income Study) еквивалентната скала (Државен завод за статистика, 1997.:115). Вредноста на коефициентите по различните еквивалентни скали е дадена во табелата 3. Табела 3. Еквивалентни скали Прв возрасен Втор возрасен Деца OECD еквивалентна скала 1.0 0.7 0.5 OECD- модифицирана еквивалентна скала 1.0 0.5 0.3 LIS- еквивалентна скала 1.0 0.7 0.3 107 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Нивото на сиромаштија најчесто се пресметува врз основа на утврден апсолутен и/или релативен праг (линија) на сиромаштија. Ап­со­ лутниот праг(линија) на си­ро­маш­ тија се базира врз стандарди за потрошувачка на домаќинствата, односно врз стандарди за опстанок на домаќинствата со минимални трошоци. Овој праг(линија) на сиромаштија се поистоветува со т.н.“раб на опстанок на домаќинствата”. Апсолутниот праг(линија) на сиромаштија е фиксиран во времето и просторот (за разлика од релативниот праг кој може да варира). Релативниот праг(линија) на сиромаштија се поставува произволно, најчесто врз основа на просечна(медијална) потрошувачка, или доход, што упатува на утврдување на релативен стандард за опстанок на домаќинството. Така на пример, релативниот праг (линија) на сиромаштија може да се постави на ниво од 50, 60 или 70% од просечната(медијалната) еквивалентна потрошувачка/до­ ход на просечно домаќинство во земјата. Пресметката на степенот на сиромаштија може да се врши и преку утврдување т.н. субјективен праг(линија) на сиромаштија, кој претставува субјективен став на луѓето за нивото на минимално прифатливиот животен стандард во соодветната земја. Мерењето на сиромаштијата нај­чество се врши преку т.н. до­хо­ довни(монетарни) мерила на си­ ро­маштија . Најчесто користени до­ хо­довни(монетрани) мерила на си­ромаштија се: главниот збирен индекс, индексот на длабочина на си­ ро­маштија и индексот на острина на сиромаштија(Thorbecke, 2004). Главниот збирен индекс(Head count index), или како што уште се нарекува“стапката на сиромаштија” (poverty rate), го покажува процентот од вкупното население чиј доход, или потрошувачка per capita е под прагот(линијата) на сиромаштија. Всушност, станува збор за процент од населението кој не може да ги обезбеди добрата и услугите што влегуваат во потрошувачката кошничка на еден типичен урбан потрошувач(домаќинство). Ма­те­ма­ тич­ки може да се изрази како: каде: H е главен збирен индекс, q е број на поединци/домаќинства кои се сметаат за сиромашни и n е вкупно население/домаќинства. Индексот на длабочина на си­ ро­маштија(poverty gap index) дава одговор на прашањето: Колку под прагот(линијата) на сиромаштија се наоѓа потрошувачката/доходот на сиромашните поединци/домаќинства? Овој индекс го мери вкупниот дефицит на сите сиромашни лица, односно нивниот недостаток во однос на прагот(линијата) на сиромаштија. Тој покажува колку ресурси се потребни сиромашните поединци/домаќинства да се изедначат со прагот(линијата) на сиромаштија. 108 СТАТИИ Математички може да се изрази на следниот начин: за за каде: PG е индекс на длабочина на сиромаштија, z е линија на сиромаштија, n е вкупно население, y i е доход на поединецот/домаќинството i, q е број на луѓе кои се сметаат за сиромашни. Од горната равенка е јасно дека индексот на длабочина на сиромаштија претставува просечен дефицит на доход на целата популација(не само на сиромашните лица), односно агрегиран дефицит на доход на сиромашните лица, во однос на прагот(линијата) на сиромаштија, поделен со вкупното население. Врз основа на просечниот доход на сиромашните лица y q , при што: , како пропорција од прагот(линијата) на сиромаштија z , може да се добие средната длабочина на сиромаштија, односно т.н. коефициент на недостаток на доход I (Income gap ratio): Оттука, индексот на длабочина на сиромаштија може да се напише и во следнава форма: PG=I x H. Индексот на острина на сиромаштија(Poverty severity index) е мерило што е блиско и поврзано со индексот на длабочина на Проф. д-р Димитар Ефтимоски сиромаштија. Тоа при агрегацијата им придава поголема тежина(пондер) на оние лица кои се подалеку од прагот(линијата) на сиромаштија (најсиромашните), отколку на лицата кои се поблиску до прагот(линијата) на сиромаштија(помалку сиромашните). Мерилото е деривирано од т.н. Foster- Greer- Thorbecke индексот(Foster, Greer and Thorbecke, 1984.:761766), познат уште како мерило од P a класа: за a ≥ 0. Како што може да се забележи од претходната равенка, Foster- Greer – Thorbecke, индексот ги вклучува сите три претходно сопоменати доходовни мерила на сиромаштија, при што: H кореспондира со a=0, додека PG кореспондира со a=1. Математички индексот на острина на сиромаштија може да се напише на следниов начин: , каде: P2 е индекс на острина на сиромаштија, z е праг(линија) на сиромаштијата, n e вкупно население, y i e доход на поединецот/ домаќинството i, q е број на луѓе кои се сметаат за сиромашни. 5. Економска нееднаквост Економската нееднаквост, во основа, се однесува на диспаритетите во дистрибуцијата на доходот меѓу поединците и групите во општеството. Таа обично претставува 109 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 дел од пошироката анализа на сиромаштијата и благосостојбата. Таа е поширок концепт од сиромаштијата, што, практично, значи дека се однесува на цела, а не на ограничена дистрибуција на поединци, или групи, кои се наоѓаат под определено ниво на доход, или потрошувачка(праг на сиромаштија). Доходите на врвот и во средината на дистрибуцијата, при дефинирањето и мерењето на нееднаквоста, можат да бидат исто онолку битни, колку што се битни оние на дното од дистрибуцијата. Концептот на нееднаквост е многу потесен од оној на благосостојбата (Sen and Foster, 1997). Иако и двата концепта ја опфаќаат целата дистрибуција на популацијата, се разликуваат по тоа што нееднаквоста е независна во однос на просекот на дистрибуцијата и е ориентирана кон нејзината дисперзија. Мерилата на нееднаквост се делат во две основни групи: позитивни и нормативни. Позитивните мерила настојуваат да ја квантифицираат нееднаквоста во објективна смисла, при што најчесто користат некое статистичко мерило на релативната варијација на доходот. Нормативните мерила, пак, ја мерат нееднаквоста согласно некои нормативни сфаќања на општествената благосостојба, така што, за даден вкупен доход, повисок степен на нееднаквост одговара на пониско ниво на општествена благосостојба. Најчесто користени позитивни мерила на нееднаквост се: распонот, просечното релативно отстапување, варијансата, ко­е­ фи­циентот на варијација, Џини коефициентот, Теиловиот ентрописки коефициент, и други, додека најчесто користени нормативни мерила се: Далтоновото и Аткинсоновото мерило на нееднаквост. Општо прифатено мерило на нееднаквоста е Џини коефициентот. Тој се пресметува врз основа на Лоренцовата крива, која е визуелано мерило на нееднаквоста. Лоренцовата крива го покажува процентот од доходот присвоен од страна на најсиромашните X% од населенито. Таа би се трансформирала во дијагонала доколку секое лице би примило просечен доход(случај на совршена еднаквост). Во спротивно, доколку едно лице би го примило целиот доход (случај на совршена нееднаквост), Лоренцовата крива би формирала агол од 90 степени. Колку е поголема површината меѓу линијата на совршена еднаквост(дијагоналата) и Лоренцовата крива, толку е поголема нееднаквоста во доходите. Џини коефициентот претставува однос меѓу површината што ја затвораат дијагоналата и Лоренцовата крива и вкупната површина под дијагоналата. Математички Џини коефициентот G може да се искаже како: каде: n е вкупно население; е про­ сечен доход; y i е доход на лицето i; y j е доход на лицето j . Џини коефициентот ги зема предвид разликите на сите парови доходи, со што го избегнува споредувањето со просекот. Тој го избегнува и квадрирањето и не ја губи сензитивноста при преносот на доходите од побогатите кон 110 СТАТИИ посиромашните лица. Негов основен недостаток е тоа што претставува статичко мерило, што значи дека не дава информации за менувањето на положбата на лицето внатре во дистрибуцијата на доходот. 6. Животниот стандард и квалитетот на живот во Македонија Во Македонија се користат неколку мерила на животниот стандард на луѓето, меѓу кои најзначајни се: БДП per capita(PPP US$) и главниот збирен индекс. БДП per capita(PPP US$) иако бележи тенденција на постојан пораст(од Проф. д-р Димитар Ефтимоски 4.210 US$ во 1997 година, на 7.200 US$ во 2005 година), сепак, индицира релативно ниско ниво на животен стандард на македонските граѓани (види, графикон 1) што е под просекот на животниот стандард на граѓаните од Централна и Источна Европа (9.527 US$) и далеку под просекот на животниот стандард на граѓаните од високо развиените земји(33.082 US$) (види табела 4). Оваа констатација дополнително ја потврдува и главниот збирен индекс, кој, исто така, бележи тенденција на континуиран пораст(од 19% во 1997 година, на околу 29% во 2005 година). Извор: Human Developmen Reports(1990-2008), UNDP, Државен завод за статистика и сопствени пресметки 111 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Табела 4. Животниот стандард по селектирани индикатори, 2005 Индикатор Македонија Централна и Источна Европа (просек) Високо развиени земји (просек) БДП per capita(PPP US$) 7.200 9.527 33.082 Главен збирен индекс(%) 29* - Стапка на писменост на возрасните(%) 96,1 Бруто стапка на упис на сите три степени на 70,1 образование(%) Очекувано траење на живот при раѓање(години) 73,8 99,0 83,5 92,3 68,6 79,4 Број на корисници на интернет услуги на 1000 79 жители 185 525 Извор: UNDP(HDR: 2008), Државен завод за статистика и*сопствени пресметки Од вкупно 111 земји во светот, за кои се пресметува индексот на ква­литет на живот, Македонија е ран­гирана на 89-то место. Со индекс 5.337, Македонија спаѓа во редот на зем­ји со релативно ниско ниво на ква­ ли­тет на живеење(види табела 5). 112 СТАТИИ Проф. д-р Димитар Ефтимоски Табела 5. Индекс на квалитет на живот и БДП per capita(PPP US$) по селектирани земји, 2005 Земја Ирска Индекс на квалитет на живот 8.333 Ранг на индексот 1 БДП per capita (PPP US$) 36,790 Швајцарија 8.068 2 33,580 Италија 7.810 8 27,960 САД 7.615 13 41,529 Јапонија 7.392 17 30,750 Грција 7.163 22 22,340 Франција 7,084 25 30,640 Германија 7.048 26 28,250 Словенија 6.986 27 21,892 Велика Британија 6.917 29 31,150 Мексико 6.766 32 10,000 Аргентина 6.496 40 13,350 Катар 6.462 41 33,840 Хрватска 6.301 49 11,870 Кувајт 6.171 55 14,550 Бугарија 6.162 57 8,664 Обединети Арапски 5.899 69 Емирати 18,330 Индија 5.750 73 3,290 Египет 5.605 80 3,930 Иран 5.343 88 7,630 Македонија 5.337 89 7,200 Јужна Африка 5.245 92 10,810 Русија 4.796 105 9,810 Зимбабве 3.892 111 1,500 Извор: The Economist Intelligence Unit, The World in 2005 и UNDP(HDR: 2008) 113 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Според последниот извештај на Програмата за развој на Обединетите Нации за 2008 година, индексот на човеков развој за Република Македонија изнесува 0.801 и ја рангира земјата на 69-то место, од вкупно 177 земји во светот. Имајќи ја предвид постојната методологија на Обединетите Нации, оваа висина на индексот на човеков развој значи средно ниво на развиеност на земјата во однос на квалитетот на живот на луѓето. Извор: Human Developmen Reports(1990-2008), UNDP. Индексот на човеков развој на Република Македонија ја следи динамиката на раст на БДП per capita(PPP US$) што индицира директна зависност на нивото на квалитет на живот на македонското население од растот на реалниот доход (реалниот БДП per capita)(види, графикон 2). Тоа, практично, значи дека на примерот на Република Македонија не се потврдува прет­ ход­но изнесената хипотеза за не­ по­стоење на автоматска врска ме­ѓу растот на реалниот БДП и рас­ тот на нивото на човеков развој. Незначителните диспаритети меѓу овие две компоненти, во основа, се резултат на умерената нееднаквост во дистрибуцијата на доходот, односно на успешноста и начинот на кој остварениот доход се конвертира во човеков развој. Табела 6. Потребни индикатори за пресметка на индексот на човеков развој- 2005 година Очекувано траење на животот при раѓање(во години) 73.8 Стапка на писменост на возрасните(%) 96.1 Бруто стапка на упис на сите три степени на образование 70.1 Извор: Human Development Report(2008), UNDP БДП per capita (PPP US$) 7.200 114 СТАТИИ Проф. д-р Димитар Ефтимоски Табела 7. Индекс на човеков развој на Република Македонија- 2005 година Индекс на очекувано траење на животот Индекс на достигнато образование Индекс на приспособен БДП per capita(PPP US$) Индекс на човеков развој 0.814 0.875 0.714 0.801 Извор: Human Development Report(2008), UNDP Индексот на човеков развој на Македонија значително отстапува од просечниот индекс на човеков развој на високо развиените земји- 0.936. Отстапување е особено изразено во индексите- достигнато образование и приспособен БДП per capita(PPP US$)- кои во високо развиените земји изнесуваат 0.937 и 0.968, респективно. Големата разлика во индексот на приспособениот БДП per capita(PPP US$), која изнесува цели 0.254 индексни поени, се должи на речиси трипати помалиот БДП per capita на Македонија(7.200 US$) во споредба со просечниот БДП per capita на високо развиените земји (33.082 US$). Во споредба, пак, со земјите од Централна и Источна Европа, Македонија, во основа покажува задоволителни резултати. Единствениот диспаритет се јавува во однос на индексот на достигнато образование, чиј просек во земјите од Централна и Источна Европа изнесува 0.938(види графикон 3). Извор: Human Developmen Report(2008), UNDP. 115 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Прашањето за нивото на си­ро­ маш­тија во Република Македонија се актуелизираше веднаш по о­са­­мостојувањето на државата. Транзициските процеси резултираа со намалување на квалитетот на живот на луѓето и придонесоа за значителен пораст на стапката на сиромаштија. 5 Пресметувањето на апсо­лут­ни­ от праг(линија) на сиромаштија во Македонија, обично се врши врз основа на податоци за по­тро­­ шувачка на домаќинствата и ка­ло­ ричната вредност на пре­хран­бе­ните производи. За таа цел, се ко­ристат податоци од Анкетата за потрошувачка на домаќинствата и Министерството за здравство. Со употреба на една од трите екви­валентни скали(најчесто OECD еквивалентната скала) по­ тро­шувачката на домаќинствата се конвертира во потрошувачка на т.н. еквивалентно возрасно лице. 6 Релативниот праг(линија) на сиромаштија, исто така, се пресметува врз основа на потрошувачката на домаќинствата, при што во предвид се зема како прехранбената и непрехранбената потрошувачка, така и вредноста на потрошувачката на домаќинствата од сопствено производство. Притоа, релативниот праг(линија) на сиромаштија се поставува на неколку нивоа(обично на 50, 60 и 70%) од медијалната еквивалентна потрошувачка на домаќинствата, користејќи една од трите екви­ва­лентни скали(најчесто OECD еквивалентната скала). Од претходно изнесеното мо­же да се констатира дека, во Ма­ке­до­нија, мерењето на степенот на си­ромаштија, во основа се базира врз Анкетата за потрошувачка на домаќинствата. Како показател на животниот стандард на 5 Кон крајот на 2000-тата година, Македонија склучи аранжман со ММФ кој претставуваше комбинација од два вида заеми: EFF(Extended Fund Facility) и PRGF(Poverty Reduction and Growth Facility)- кои во вкупниот аранжман учествуваа со 70% и 30%, респективно. Како корисник на кредит од ММФ под PRGF услови и кредитна линија од Светската банка под IDA услови, Македонија беше обврзана да изготви Национална стратегија за намалување на сиромаштијата. Но, заради воената криза од 2001 година, Владата не успеа да ги исполни зацртаните таргети поставени во аранжманот, така што во ноември 2001 година, аранжманот беше прекинат, а Македонија веќе не беше обврзана да ја презентира Стратегијата пред бордовите на ММФ и Светската банка. И покрај тоа, во 2002 година, без разлика на статусот, пред домашната јавност беше презентиран документ под наслов:“Национална стратегија за намалување на сиромаштијата во Република Македонија”. 6 Апсолутниот праг(линија) на сиромаштија се пресметува во две фази. Во првата фаза, врз основа на методот на енергетска вредност на храната, кој се базира врз врската меѓу внесените калории и вкупната потрошувачка на домаќинството за храна, преку линеарна регресија се добива апсолутниот праг(линија) на сиромаштија за храна, на кој му се додава вредноста на непрехранбената потрошувачка- пресметана како медијална потрошувачка за непрехранбени производи. Во втората фаза се селектираат домаќинствата кои се близу до прагот(линијата) на сиромаштија. Под, претпоставува дека овие домаќинства трошат минимален дел од својот доход за непрехранбени производи, предвид се зема средната вредност на непрехранбената потрошувачка на селектираните домаќинства. Со нејзино додавање кон прагот(линијата) на сиромаштија за храна, се добива комплетниот, апсолутниот праг(линија) на сиромаштија. 116 СТАТИИ населението најчесто се користат податоци за потрошувачка на домаќинствата, наспроти можноста да се користат податоци за нивните доходи. Со употреба на една од трите ек­вивалентни скали(најчесто OECD- еквивалентната скала) потрошувачката во домаќинствата се конвертира во потрошувачка на т.н. еквивалентно возрасно лице. Пресметувањето на релативниот и, во поново време субјективниот праг(линија) на сиромаштија, како и инцидентното пресметување на апсолутниот праг(линија) на сиромаштија, се изведува согласно меѓународно прифатените Проф. д-р Димитар Ефтимоски стандарди и процедури. Според официјалните ста­тис­тички податоци од Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија(мерена според главниот збирен индекс) из­не­су­ва околу 29% и во однос на преттранзицискиот период, речиси, е двојно зголемена. Податоците за висината на главниот збирен ин­декс и индексот на длабочина на си­ро­ маштија, при утврден релативен праг (линија) на сиромаштија на ниво од 70% од медијалната еквивалентна потрошувачка на домаќинствата, за периодот(1997- 2005) се пре­зен­ти­ ра­ни во табелата 8. Табела 8. Сиромаштијата во Република Македонија, релативен метод 2000 2003 2005* Главен збирен индекс 22.3 30.2 29,0 Индекс на длабочина на 4.6 5.1 5.7 6.0 5.4 9.3 9.4 9.4 9,3 Извор: Државен завод за статистика и*сопствени пресметки 117 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Македононија спаѓа во редот на земји со умерено ниво на нееднаквост во дистрибуцијата на доходот. Џини коефициентот кој во преттранзицискиот период се движеше 22 единици, денес изнесува 35 и е релативно стабилен 7 . Ваквиот пораст, главно, е резултат на јакнењето на приватниот сектор, каде нееднаквоста во дистрибуцијата на доходот е изразена во поголема мера. Како што може да се забележи од графиконот 4, дистрибуцијата на просечните годишни доходи на домаќинствата покажуваат гру­ пи­рање околу модалната средна го­лемина(на левата страна од хистограмот) што, практично, значи дека најголемиот број домаќинства во Македонија остваруваат годишен доход меѓу 70.945 и 212.832 денари. Учеството, пак, на домаќинствата кои остваруваат највисок просечен годишен доход(над 945.285 денари) е релативно мал и изнесува 3% од вкупниот број домаќинства. 7 Интересно е да се истакне дека според нобеловецот Сајмон Кузнец(Simon Kuznets) нивото на економската нееднаквост е резултат на фазата на економскиот развој(Кузнецова крива) што практично значи дека земјите со ниско ниво на економски развој се карактеризираат со релативно еднаква дистрибуција на доход. Таков е примерот и со Македонија. 118 СТАТИИ Користена литература Проф. д-р Димитар Ефтимоски Begg, D. et al.(2000) Economics, sixth edition, McGraw-Hill. Coudouel, A., and Hentschel, J.(2000)“Poverty Data and Measurement”, The World Bank, Washington D.C. Chakravarty, S. and Majumder, A.(2008)“Millennium Development Goals: Measuring Progress towards their Achievement”, Journal of Human Development, issue 1- 2008. Државен завод за статистика,(2005) Анкета за потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2004, 4.4.5.01. Eftimoski, Dimitar(2006)“Measuring Quality of Life in Macedonia- Using Human Development Indicators” , Proceedings of Rijeka Faculty of Economics- Journal of Economics and Business, Vol. 24, No 2. Ефтимоски, Д.(2003)„ Економија на развојот”, Економски институт- Скопје, Скопје. Essama-Nash, B.(2005)“Inequality and Poverty Simulations within the Lorenz Framework” , Poverty Reduction Group, The World Bank, Washington D.C. Foster, J.E., J. Greer, E. Thorbecke(1984)“A Class of Decomposable Poverty Indices”, Econometrics 52, pp.761-766. Human Developmen Report.(2008) Beyond Scarcity: Power, Poverty and The Global Water Crisis, UNDP. Human Development Reports.(1990-2008), UNDP. McNeill, D.(2007)“Human Development – The Power of the Idea”, Journal of Human Development, issue 1- 2007 . Prescott-Allen, R.(2001) The Wellbeing of Nations: A Country-by-Country Index of Quality of Life and the Environment, Covelo, CA. IDRC/Island Press 2001. Ravallion, M.(2000) Poverty- Concepts and Measures, Development Research Group, The World Bank, Washington D.C. Sen, A.(2000)“A Decade of Human Development”, Journal of Human Develop­ ment, Vol. 1, No. 1, February. Sen, A. and Anand, S.(1994)“Human Development Index- Methodology and Measurement”, Human Development Report Office. Sen, A. and Foster, J.(1997)“On Economic Inequality”(Radcliffe Lectures), Oxford University Press. The Economist Intelligence Unit.(2005)“The Economist Intelligence Unit’s Quality-of-life index”, The World in 2005. Thorbecke, E.(2004)“Conceptual and Measurement Issues in Poverty Analysis”, WIDER Discussion Paper, No. 2004/04. Helsinki: UNU-WIDER. 119 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 99-120, Скопје, декември 2008 Summary This paperwork basically has theoretical character. Subject of this elaboration is the concept of living standards and quality of living, as well as concepts similar to it, as the following; wellbeing, human development, poverty and economic inequality. In this paperwork basic measurements for particular concepts have been presented, the level of living standards and quality of living in the Republic of Macedonia have been evaluated, and an effort for comparison with high developed countries and Central and Eastern Europe countries has been made. Keywords: living standards, quality of living, wellbeing, human development, poverty, economic inequality. 120 Ванчо Узунов, 331.215.62(497.7)„2009” вонреден професор Правен факултет“Јустинијан Први” Универзитет“Св. Кирил и Методиј”- Скопје НОВИОТ СИСТЕМ НА БРУТО ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВИТЕ МОЖНИ ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД Резиме: Во овој осврт се разгледани некои од можните импликации од воведувањето на системот на бруто плати и интегрираната основица за засметување на задолжителните социјални придонеси во Република Македонија. Вниманието е особено сконцентрирано врз намалените стапки на задолжителните соци­јал­ни придонеси кои, во рамки на постојните издвоени средства од страна на работодавачите, рез­ул­ти­раат со заштедени средства. Заш­те­дените средства се како резултат на намалените трошоци на работна сила. Наодите од овој осврт во однос на намалените трошоци на работна сила, упатуваат на економската логика која, првенствено, е ба­­зи­рана врз економската кал­ку­ла­ција кај секој работодавач од­дел­но. Деловните проекции на се­кој одделен работодавач ќе одлучат дали продуктивноста на вработените остава простор за нивно стимулирање преку зголемување на платите. Кај други работодавачи, калкулациите ќе бидат тие што ќе упатат на аплицирање на опцијата за заштедени средства, или опцијата на отворање нови работни места, или, пак, некоја сосема друга опција. Темата е актуелна како за стручните кругови, така и за широката јавност, бидејќи третира едно од егзистенцијалните прашања, како што се платите. Клучни зборови Бруто плати, трошоци на трудот, придонеси од плати. 121 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 121-130, Скопје, декември 2008 Вовед Во системите за калкулирање и исплаќање на плати на вработените лица кои се функционални во поголем број држави во светот, покрај таканаречената основна плата, во категоријата бруто плата се вклучуваат и: надоместоците за прекувремената работа, плаќањата за користени одмори и боледувања(иако во однос на боледувањата, периодот за кој надоместокот за боледување се третира како дел од бруто платата, различно е ре­гу­лиран), периодичните бонуси(на пример бонусот за Божиќ, тринаесетта, или четиринаесетта плата), како и дополнителните ме­сеч­ ни бонуси и други плаќања од страна на работодавачите. Во таа смисла, во тие држави вработените примаат бруто плати од кои, потоа, самите или преку нивните ра­бо­тодавачи, уплаќаат различни видови на придонеси за социјално и други видови оси­ гурување, и сл. Од друга страна, до сега во Ма­кедонија функционира систем на калкулирање и исплаќање на платите на вработените лица што е познат како систем на нето плати, односно вработените примаат плата од која претходно се минусирани сите придонеси за задолжително социјално осигурување. Сега, во Република Македонија се планира и предлага воведување систем на бруто плати, како паралелен процес со хармонизирањето на основицата за пресметка на придонесите. Тоа, секако, ќе има свое влијание врз дефинирањето на категоријата бруто плата. Согласно Предлогот за доне­ су­вање на Закон за придонеси од задолжително социјално оси­гу­ру­вање со Предлог на закон(кој е објавен на web страницата на Министерството за финансии), де­фи­нирани се категориите плата и дополнителни примања од работен однос. Платата е дефинирана како плата утврдена согласно закон, колективен договор и договор за вработување, а до­пол­ни­ тел­ните примања од работен однос се исплатите по основ на деловна успешност на работодавачот и на­ до­местоци на платата, утврдени со Законот за работни односи и колективен договор. Исто така, де­­ финирана е и основицата за пре­смет­ ка и плаќање на придонесите, како плата, дополнителни примања од работен однос утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договор за вработување, за лице во работен однос. Всушност, основицата за пресметка и плаќање на придонесите ја преставува опфатноста на бруто платата. Имајќи ги предвид овие општи сознанија, целта на овој осврт е да се направи обид за согледување на ефектите врз животниот стандард на граѓаните и врз квалитетот на деловното опкружување во Македонија од воведувањето на новиот систем на калкулирање и исплаќање на платите на вработените лица. Во таа смисла, освртот е организиран на следниот начин: најнапред накратко 122 СТАТИИ станува збор за дефинирањето на предлогот за воведување бруто плати во Македонија, потоа е опишан предлогот на новиот систем на плати во Македонија, а потоа е направен преглед на некои можни решенија кои имаат влијание врз животниот стандард на граѓаните. Дефинирање на предлогот за воведување бруто плати во Македонија При воведувањето на новиот систем на бруто плати во Република Македонија, прво се појавува ди­ле­ мата поврзана со дефинирањето на таа категорија. Поточно, пра­ша­ ње­то што се поставува е што с é ќе биде вклучено во бруто платите. Во таа смисла, во прв ред станува збор за износите кои сега на вра­бо­ те­ните им се исплаќаат по основ на, таканаречени,“хранарина и пре­воз”. Во досегашната практика, исплаќањето на хранарината и превозот работодавачите го вр­шат како законска обврска, која про­из­ ле­гува од одредбите на Законот за работни односи. Бришењето на тие категории од одредбите на Законот за работни односи, како и во единаесет други законски текстови, од страна на Владата се аргументира со ставот дека со воведувањето на системот на бруто плати нема потреба од натамошно постоење на тие ка­те­го­ рии. Од друга страна, Владата има очекување дека работодавачите, Ванчо Узунов, вонреден професор во рамките на бруто платите, ќе ги засметувааат и средствата што до сега биле предвидувани и ис­ пла­тувани за хранарина и превоз на вработените. Со тоа, тие би ги задржале вработените да останат вработени кај нив, а во спротивно, доколку ги намалат платите за тие износи, Владата смета дека ќе дојде до напуштање на работните места од страна на вработените. Гледајќи ги работите од тој агол 8 , ризикот останува, т.е. се пренесува на стопанствениците, кои од новиот систем на бруто плати треба да извлечат корист, со тоа што би им останал простор за заштеда на средства од платите кои можат да ги искористат за други намени. Од друга страна, со воведувањето на системот на бруто плати се очекува особено да се заштитат вработените во оние дејности кои имаат плати многу пониски од просечната плата во Република Македонија, на при­ мер во текстилната дејност, и кај кои износите што се исплаќаат за хранарина и превоз се значајни во однос на средствата што се добиваат по основ на плата. Исто така, треба да се напомене дека воведувањето на новиот сис­ тем на бруто плати се совпаѓа со комплетирањето на реформата за интегрирана наплата на придонесите и персоналниот данок на доход. Суштината на оваа реформа се состои во тоа што во постојниот сис­ 8 Иако останува отворено прашањето на целисходноста на тоа тврдење, особено во услови на толку голема невработеност, каква што постои во Македонија, при што најголемиот дел од вработените немаат речиси никаква“преговарачка моќ” во однос на своите работодавачи. 123 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 121-130, Скопје, декември 2008 тем секој фонд врши наплата на со­ од­ветниот придонес, посебно што соз­дава поголеми административни (тран­сакциски) трошоци за ра­бо­­ тодавачите. Со новиот Закон за придонеси од задолжително со­ци­ јално осигурување се утврдуваат сите придонеси кои ќе се плаќаат како еден износ од бруто платите, а кои потоа како средства ќе се слеваат во Управата за јавни приходи. Воедно, и контролата на уплатените плати, задолжителните социјални придонеси и на персоналниот данок на доход, ќе ја врши Управата за јавни приходи. Имплементација на системот на бруто плати Воведувањето на новиот систем на исплата на бруто плати во Репу­ бли­ка Македонија од почетокот на 2009 година, ќе претставува суш­ тес­твена промена во системот на плати и негово приспособување кон соодветните системи што се при­­менуваат во другите држави. Концепциски, обврзник на сите јавни давачки од плата станува работникот, а работодавачите, пред да ги исплатат платите, ќе имаат обврска да ги пресметаат, задржат и уплатат задолжителните социјални придонеси и персоналниот данок на доход. Со таквата поставеност на системот на бруто плати, ра­бо­то­да­ вачите претставуваат“агент” на др­ жа­вата. Од имплементацијата на сис­ темот на бруто плати, Владата очекува позитивни ефекти и низа погодности, како од апект на работодавачите, така и од аспект на вработените, но и бројни погодности за подобрување на бизнис опкружувањето. Во таа смисла, како погодности од аспект на работодавачите, се очекува:  намалување на трошоците на трудот;  намалување на адми­ни­стра­ тивниот товар;  намалување на вкупните тро­ шоци на вработување. Како погодности од аспект на вработените, се очекува:  постоење целосен увид во висината на бруто платата и на сите категории што се инкорпорирани во бруто платата;  стекнување сигурност за извршена уплата на за­ дол­жителните социјални придонеси и надминување на состојбата работодавачите да не ја вршат уплатата на тие давачки;  создавање можност за зго­ле­ мување на платите, особено кај пониските или повисоките категории плати. Како погодности за подобрување на бизнис опкружувањето, се очекуваат:  нови вработувања;  намалување на сивата еко­ номија;  редовни приливи на сред­ ства врз основа на пер­ сонален данок од доход и за­должителните социјални 124 СТАТИИ при­донеси;  подобра евиденција во од­ нос на уплатата на пер­со­ налниот данок на доход и задолжителните социјални придонеси. Ванчо Узунов, вонреден професор да има позитивни, или не­га­тивни вредности. Во случајот на Република Македонија нема про­ме­ни кај висината на стапката на персоналниот данок на доход, која и во 2009 година останува на ниво од 10%. Но, при наведувањето на оче­ ку­ваните позитивни ефекти од им­ пле­ментацијата на системот на бруто плати, логично се наметнува и прашањето за начинот на нивното постигнување. Притоа, начинот на пресметувањето на задолжителните социјални придонеси и персоналниот данок на доход, како и вредноста на тие износи заедно со семејните готовински приливи, имаат пресудно влијание врз остварените нето заработки по основ на плата, а соодветно на тоа и врз вредноста на бруто платите. Во таа смисла, промените што настануваат кај категориите бруто плати, се јавуваат како резултат на:  промените во националното даночно законодавство и даночните олеснувања;  разликата меѓу промените во заработките и промените на структурните параметри на да­ ночниот систем;  промените во извештајната практика кај самите држави. Ревидирањето на националното даночно законодавство и даночните олеснувања подразбира интервенции на три пунктови: Прво, во висината на пер­со­ налниот данок на доход, кој може Второ, во висината на задо­л­жи­ телните социјални придонеси, кои исто така може да имаат позитивни, или негативни вредности. Во случајот на Македонија, со интервенциите во националното законодавство, се делува во сферата на социјалните придонеси, односно се намалува висината на задолжителните со­ цијални придонеси, и тоа придонесот за задолжителното пензиско и ин­ ва­лидско осигурување, како и при­ донесот за задолжителното здрав­ стве­но осигурување. Притоа, кај стапката на при­до­ несот за пензиско и инвалидско оси­гу­ рување, која сега изнесува 21,2%, во 2009 година ќе следи намалување од 2,2 процентни поени. Воедно, треба да се напомене дека намалувањето ќе има соодветна динамика, сé до 2011 година, на следниот начин:  од 1 јануари 2009 година, ќе изнесува 19%;  од 1 јануари 2010 година, ќе изнесува 16,5%;  од 1 јануари 2011 година, ќе изнесува 15%. Кај стапката на придонесот за здравствено осигурување, која сега изнесува 9,2%, во 2009 година, исто така, ќе следи намалување од 1,7 процентни поени. И кај овој социјален 125 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 121-130, Скопје, декември 2008 придонес постои предвидена соодветна динамика на намалување до 2011 година:  од 1 јануари 2009 година, ќе изнесува 7,5%;  од 1 јануари 2010 година, ќе изнесува 7%;  од 1 јануари 2011 година, ќе изнесува 6%. Таквото намалување на стапките на задолжителните социјални придонеси, всушност ослободува простор за заштеда на средства од страна на работодавачите, во рамките на постојните средства што тие веќе ги издвојуваат за бруто плати. Економската калкулација и деловните проекции на секој поединечен работодавач треба да го даде одговорот на следните прашања:  дали тие заштедени средства ќе значат поевтинување на цената на чинење на постојната ангажирана работна сила, што значи дека ќе нема промена во висината на нето заработките по основ на плата кај вработените;  дали заштедените средства ќе се искористат за зголемување на нето заработките по основ на плати на вработените, во кој случај за работодавачот ќе значат непроменети трошоци за ангажираната работна сила; или  воспоставување на одреден еквилибриум меѓу наведените два случаја. Покрај со промена на стапките на задолжителните придонеси, врз номиналната вредност на за­дол­ жителните социјални придонеси може да се делува и со утврдување на најниска и највисока основица за пресметка и уплата на придонеси. Основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување, не може да биде пониска од 50% од просечна плата по работник во Република Македонија, објавена во тековниот месец. Во Македонија, исто така, се воведува и највисоки износ на бруто плати до кој ќе се засметуваат задолжителните придонеси. Горниот праг на бруто платите до кој ќе се засметуваат придонесите е поставен на ниво од четири просечни плати по работник во Република Македонија, објавена во тековниот месец. Тоа решение, во однос на основицата за пресметка и уплата на придонеси, исто така, резултира со создавање простор за заштедени средства во рамките на постојните средства што веќе се издвојуваат за бруто плати. Дилемата за намената на вака ослободените средства се разрешува на горе наведениот начин. И третиот начин на интервенции на националното во даночно законодавство и даночните олеснувања е висината на олеснувањата, т.е. висината на готовинските трансфери што ги дава владата и што може да се зголемуваат, или намалуваат. Во случајот на Македонија, значајно влијание врз висината на бруто платите ќе имаат и зголемените 126 СТАТИИ вредности на бенефитите, односно личните ослободувања што ги прави Владата. Од 2009 година, вредностите на личните ослободувања значително ќе се зголемат и ќе достигнат ниво од 6.800 денари, што значи ќе се изедначат со најниските плати. На тој начин, практично се постигнува ослободување на најниските плати од плаќање на персонален данок на доход. Кај најниските плати, зголемената вредност на личните ослободувања, како одбивна ставка, резултира со непостоење основица за пресметување на персоналниот данок на доход. Таквото решение, имплементирано само кај најниските плати, исто така ќе резултира со создавање простор за вишок средства во рамките на постојните средства, што веќе се издвојуваат за бруто плати. Сепак, мора да се констатира дека реалните промени на годишно ниво на платите се согледуваат кога има промени кај бруто платите, што значи пред да се одбијат персоналниот данок на доход и задолжителните социјални придонеси. Заклучоци Ова се само првични согледува­ња за можните ефекти од во­ ведувањето на новиот концепт на бруто плати во Македонија во 2009 година. Потребно е да следат многу поопсежни анализи, кои би ги опфатиле промените и нивната рефлексија врз даночните приходи и задолжителните социјални придонеси преку нивното учество Ванчо Узунов, вонреден професор во бруто домашниот производ на комплексен начин. Анализите треба да се насочат и кон промените што ќе се предизвикаат поединечно кај персоналниот данок и социјалните придонеси, преку нивното учество во националниот микс на одбитоци. Во начелна смисла, при ди­ зај­­нирањето на еден систем на бруто плати и одредувањето на неговите ефекти врз приходите на вработените и/или користа/ заштедите на работодавачите, пресудно значење има политиката на прогресивни стапки на одбитоците, односно прогресивните стапки на персонален данок од доход и на стапките на социјалните придонеси. Од друга страна, прогресивноста и пропорционалноста на системите на одбитоците од бруто платите се потенцираат бидејќи се ставаат во корелација со еластичноста на промените на бруто платите. Всушност, вниманието треба да се сконцентрира врз еластичноста на заработките по спроведените одбитоци(нето платите), кои се единствен репер за одредени по­ зитивни, или негативни поместувања кај животниот стандард на вра­ ботените. Кај пропорционалните даночни системи, кога бруто платите ќе се зголемат, или намалат за 1%, и еластичноста на нето заработките, исто така, изнесува 1%, односно, процентот на зголемување, или намалување на нето заработките по основ на плата, го следи соодветно процентот на зголемување, или намалување на бруто платите. 127 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 121-130, Скопје, декември 2008 Кај прогресивните даночни системи, пак, кога бруто платите ќе се зголемат, или намалат за 1%, еластичноста на нето заработките е со помали вредности од наведените промени кај бруто платите во висина од 1%. Со други зборови кажано, процентот на зголемување, или намалување кај нето заработките по основ на плата го следи со намалена динамика процентот на зголемување, или намалување на бруто платите. Во истата смисла, се извлекуваат и заклочоците во однос на можните импликации од воведувањето на системот на бруто плати во Република Македонија. Имено, наодите од овој осврт упатуваат на економската логика, која првенствено е базирана врз економската калкулација кај секој работодавач одделно. Деловните проекции на секој одделен работодавач ќе одлучат дали продуктивноста на вработените остава простор за нивно стимулирање преку зголемување на платите, а кај други работодавачи калкулациите ќе бидат тие што ќе упатат на аплицирање на опцијата за заштедени средства, на опцијата за отворање нови работни места, или, пак, некоја трета опција. Преглед на некои термини користени во овој осврт Трошоци на трудот , или бру­ то плати, или бруто заработки по основ на плата- од аспект на стопанствениците ги изразуваат комплетните трошоци на трудот што работодавачите ги имаат по основ на ангажираната работна сила на вработените. Бруто платите од аспект на работниците се заработките на вработените што произлегуваат од заснованиот работниот однос, а вредносно се искажани пред да се спроведат одбитоците од било кој вид. Бруто плати се збир на сите парични средства што работодавачите се должни да им ги плаќаат на работниците како надоместок за ангажираната работа, во форма на плата и соодветни даноци и придонеси. Нето плати , или нето заработки по основ на плата, се износите што кореспондираат со корегираните бруто плати за соодветните одбитоци. Нето заработките ги претставуваат нето износите наменети за лична потрошувачка на вработените, или, фигуративно кажано, износите што вработените ги носат дома. Одбитоци претставуваат износи за кои се намалуваат бруто платите и ги опфаќаат категориите, како што се: персонален данок од доход, задолжителни социјални придонеси (на пр. пензиско и здравствено осигурување, и др). Со други зборови, одбитоците претставуваат даночносоцијални давачки, кои многу често се подведуваат под поимот даноци. Користи (бенефити) се од­не­ суваат на олеснувањата/осло­бо­ дувањата што ги дава владата, или кои, како готовински трансфери, ги префрла во зависност од бројот на издржувани лица. Притоа, особено големо влијание имаат издржуваните деца. 128 СТАТИИ Маргина на одбитоци (Tax Wedges), ја претставува разликата меѓу трошоците на трудот на работодавачот и износот кој кореспондира со нето сумата што вработениот ја носи дома. Оваа маргина на одбитоци ги изразува Ванчо Узунов, вонреден професор сумите на персоналниот данок на доход и сите задолжителни социјални придонеси, минус готовинските бенефити. Целокупната сума се изразува како процент од трошоците на трудот Користена литература: Предлогот за донесување Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување(2008), www.finance.gov.mk Закон за работните односи,„Службен весник на РМ”, бр. 62/2005 Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи,„Службен весник на РМ”, бр. 106/2008 129 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 121-130, Скопје, декември 2008 Abstract: The difference between gross wages(or employers’ labour costs) and net take-home wage for employees is sum of the personal income tax and all social security contributions, minus the cash benefits(defined as percentage of labour costs). Generally, changes in gross wages are limited value presented as percentage points as a positive or a negative rate. Larger changes generally have one of the following three causes:  changes in national tax, compulsory social security contributions and benefit legislation  divergences between the change in earnings and the changes to the structural parameters of the tax system and  changes in countries reporting practices In the case of Macedonia, the proposed legislative changes will be effected by the decrease of the gross wages. The suggested modifications are in:  legislation of social security contributions and  benefit legislation. The reduction of labour costs is identified in the rates of social security contributions and will be caused by changes to the pension security contributions and health security contributions. Compulsory social security contributions will be paid by employers on behalf of the employees to general government under the effective control of the government. Contributions will be levied on gross earnings and will be earmarked to provide social security benefits. In the case of Macedonia, it is applicable the system of standard tax reliefs. The standard tax reliefs are reliefs which are unrelated to actual expenditures incurred by the taxpayer and are automatically available to all taxpayers who satisfy the eligibility rules specified in the legislation. The increased value of these standard tax reliefs by the government also will cause the reduction in gross wages, particularly the wages which are on the lower level. 130 СТАТИИ Аница В. Драговиќ, вонреден професор Аница В. Драговиќ, вонреден професор 314.3(497.7)„1994/2006” Универзитет“Св. Кирил и Методиј”, Скопје Филозофски факултет- Институт за социологија Нискиот фертилитет, политиките и квалитетот на живот во Република Македонија Резиме Основната цел на трудот е емпириска анализа на стапките на фертилитетот и семејните политики во Република Македонија. Актуелните политики се анализираат од аспект на нивните можности да влијаат врз развојот на населението. За предмет на анализа се земени семејните политики кои се однесуваат на грижа и чување на децата, а тоа е мајчинската политика, родителското отсуство, грижата за деца и детската заштита, како политики кои се непосредно врзани за раѓањето деца. Клучни зборови: фертилитет, семејни политики, Република Македонија 131 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 Вовед Акциониот план донесен на Ме­ѓународната конференција за население и развој, одржана во Каиро во 1994 година, најави нов концепт за развојот на населението, како и развојот воопшто. Акцентот беше ставен врз благосостојбата на човекот, економскиот пораст и одржливиот развој. Предвидено беше тој концепт да се реализира преку разни активности, како на национално, така и на меѓународно рамниште. Содржината на Акциониот план ја истакнува важноста од: вложување во здравјето и образованието на населението; понатаму осознавање на потребата на брачните парови и поединците за квалитетни ре­про­ дуктивни здравствени услуги; како и подобрување на позицијата на жената во сите сфери во општеството, сé со цел жената да има еднаков третман со мажите во сите сфери во општеството. Споменатите аспекти, како и другите содржини на Конференцијата во Каиро, иницираа нов почеток на глобалните политики за создавање услови неопходни за глобалната стабилност и отворањето можности за подобар, поквалитетен живот на луѓето. Со целосна почит кон овој концепт се однесува и европскиот континент и тоа во засебни документи, како што се: Стратегијата за одржлив развој на Европската Унија(ЕУ), како и Лисабонската стратегија. Кога станува збор за развојот на населението во светот, генерални се оценките дека тој не е на завидно 132 ниво, како за развиените, така и за неразвиените земји. За првата гру­ па земји, фертилитетот сé уште е „ најодговорен”, во споредба со останатите два демографски фе­ но­мена- морталитетот и ми­гра­ циите, за неповолниот демографски развој. Меѓу обидите да се „ ублажат” неповолните трендови во однос на репродукцијата на населението се и препораките од Собранието на ЕУ, а тоа е до 2010 година најмалку триесет и три проценти од децата кои живеат во земјите, членки на Европската Унија, да бидат опфатени со програмите за детска заштита(European Council, 2002, 12). За значајна се смета и потребата од законска регулатива на родителското отсуство (Council Directive, 1996). Имено, овие, како и другите активности, претставуваат обид да се воспостават стандарди за вработување кои треба да бидат усогласени со мерките на семејните политики. Усогласувањето се смета за неопходно заради тоа што семејните политики претставуваат институционален контекст, кој како таков, може да има влијание врз бројот на раѓања на деца(Pinnelli, и сор., 2001). Исто така, овие мерки се разгледуваат во контекст на поддршка на жените од ЕУ за нивното поголемо учество во работна сила и тоа преку усогласувањето на обврските кон семејството и работата, а сето тоа се очекува позитивно да влијае врз фертилитетот. Актуелниот развој на насе­ле­ни­ето во Република Македонија, во основа СТАТИИ Аница В. Драговиќ, вонреден професор не отстапува од трендот на развојот семејните политики се „ лек” за нискиот на населението на развиените земји, фертилитет. особено во делот на фертилното однесување. Тоа, логично, значи дека Фертилитетот во ги дели и сите последици од таквиот Република Македонија начин на репродуктивно однесување. Додатно, излезните решенија ги бара, Мерено со тоталните стапки на главно, во соодветните политики на фертилитет(ТФР), транзицијата на државата за поддршка на развојот на фертилитетот 9 се дели во пет фази. населението. Кога во земјата тоталната стапка на На почетокот на 2008 година, Владата на Република Македонија ја донесе Стратегијата за демографски развој на Република Македонија 20082015. Основната стратешка цел на Стратегијата е одржлив демографски развој на населението во Република Македонија преку подобрување на квалитетот на човечкиот капитал, намалување на разликите по разни основи и зголемување на социјалната кохезија. Ваквиот сеопфатен пристап е предвидено да се реализира преку три специфични цели, од кои едната е квантитативна цел насочена кон ниските стапки на фертилитет. На­ме­ рата е тој да се надмине преку соз­ давање услови за раѓање на по­ве­ќе деца и тоа преку создавање со­од­ ветни услови за мајчинство и грижа на децата. Во таа смисла се движи и основната намера на овој труд, а тоа фертилитетот изнесува над 5 деца, велиме дека земјата се наоѓа во „ преттранзициска фаза”. Кога фертилитетот почнува да се намалува до 5 деца, велиме дека земјата се наоѓа во „ рана фаза”, а во „ средна фаза” е тогаш кога трендот на намалување на фертилитетот продолжува и из­ не­сува од 5, до 3 деца, по жена. Во ситуација кога пресметаните вред­ но­сти на ТФР се помалку од 3 де­ ца, но повеќе од 2,1 деца, тогаш земјата се наоѓа во „ напредна фаза”. Намалувањето на вредностите на ТФР под 2,1 деца, по жена, земјата ја категоризира во „ постранзициска фаза”, кога, всушност, се поставува и прашањето за биолошката обнова на населението. Логично е во тие услови сé почесто да се прашуваме: како тоа ќе влијае врз бројот на на­се­ лението? е анализа на селектирани политики во контекст на надминување на про­ блемот со ниските стапки на фер­ ти­литет. Македонското искуство ќе биде споредено со искуствата на другите држави, со цел да се до­бли­ жи до одговорот на прашањето дали Релевантната демографска ли­ те­ратура одговара дека кога вред­ ностите на ТФР се под нивото на обнова на населението, и тоа до 1,5 деца, по жена, бројот на на­ се­лението се намалува со слаб пораст. Оваа фаза од транзицијата 9 Под транзиција на фертилитетот се подразбира модел кој ги опишува промените на нивото на фертилитет(на раѓања деца) во текот на времето. Овој модел се поврзува со моделот на“демографската транзиција”. 133 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 на фертилитетот за населението претставува „ сигурна зона”. Меѓутоа, кога вредностите на ТФР се под 1,5, се сметаат за „ многу ниски” и тогаш бројот на населението се намалува со голема брзина, што е ризично за репродукцијата на населението. Потребно е да се спомене дека во светот повеќе од 30 земји имаат ТФР под 1,5 деца, по жена. Република Македонија, како и другите земји во Европа, веќе подолго време е соочена со ниските стапки на фертилитет. Сликата 1 ги претставува то­тал­ ните стапки на фертилитет во Ре­пу­ блика Македонија во изминатиот век. Слика 1. Тоталните стапки на фертилитет, Република Македонија, 19501981 TFR 7,0 6,6 6,0 5,0 4,0 3,0 2,0 1,0 0,0 1950 5,5 1955 4,4 1960 3,0 1971 2,5 1981 Извор: ДСЗ,”Статистички годишник на Република Македонија”, 2000 Забелешка: за 1950, 1955 и 1960 во Marital fertility and employment во Non-agricultural sector in Yugoslavia, Hagazy, стр.40. Споредено со стапките на фертилтиет во другите европски земји, Република Македонија е меѓу последните земји во Европа во која започнува демографската транзиција. Како што се гледа од слика 1, намалувањето на ТФР започнува подоцна и тоа од многу високи стапки. Во 1971 година, ТФР изнесувала 3,0 деца, по жена, а во 1981, изнесува 2,5 деца, по жена. Овие вредности се значајно повисоки во однос на земјите од Европа во истиот период. 134 СТАТИИ Аница В. Драговиќ, вонреден професор Слика 2. Тоталните стапки на фертилитет, Република Македонија, 19942006 TFR 2,5 2,1 2 1,5 1 0,5 0 1994 1,9 1996 1,7 2000 1,5 2006 Извор: ДСЗ,„Демографска статистика по региони”, 1994-2004. За 2006: ДСЗ,„Статистички годишник на Република Македонија”, 2006. Трендот на константно на­ма­ лување на фертилитет е видлив во последната декада од дваесеттиот век, кога стапката на фертилитет во 1999 година изнесува до 1,76, со благо намалување на 1,6(2002) и 1,4 деца, по жена во 2006 година.(види: Слика 2) Фазата на демографска тран­ зиција, во која се наоѓа Република Македонија од втората половина на последната деценија на минатиот век, во споредба со т.н. постојано ниско-фертилни земји од Европа, како што се Австрија, Германија, Грција, Шпанија и Италија, започнува уште од 80-те години на 20-от век. Во Данска и Холандија периодот на низок фертилитет започнува во текот на 80-те, а во Шведска во текот на 90-те години од минатиот век.(Neyer, 2003) Актуелните анализи на оваа тема предупредуваат дека ваквата ситуација влијае врз возрасната структура. Во подолг временски рок ќе влијае негативно и врз порастот на населението. Имено, основата на старосната пирамида сé повеќе се стеснува и тоа како резултат на помал број на раѓање деца, што во подолг рок може да доведе и до сé помало учество на жените на репродуктивна возраст. Релевантните анализи предупредуваат дека ваквиот тренд не може да се ублажи ниту со миграциите(О’Neill и Scherbov, 2003). Толкувано од демографски ас­ пект, нискиот фертилитет во земјите е последица на, таканаречениот„time effect”. Тоа значи, одложување на склу­чувањето брак на повозрасни го­ дини, а што предизвикува про­мена на воз­расната граница на мајчинството и раѓање на првото дете, воопшто. Мај­ките, кои го родиле своето прво дете во 2006 година, се за две години постари во однос на 1994 година. Поточно, просечната возраст на мај­ 135 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 ките во 1994 година, кои го родиле првото дете, изнесувала 23,5, а во 2006 година, 25,3 години. За истиот период, просечната возраст на невестите се зголемила од 23,5 во 1994 година, на 25,2 години, во 2006 година. Како социо-економски фактори на влијание врз фертилитетот се сметаат неповолната економска ситуација, повисоките стапки на невработеност, општата стапка на несигурност, како и сé поголемото вклучување на жената во работната сила, и сé поголемото учество на женското население во образовниот процес. Но, исто така, и како промена на вредносниот систем во општеството под влијание на модернизација и социјалната либерализација и нивното влијание врз одлуката за раѓање деца(Lesthaeghe и van de Kaa, 1986). За еден вака полидетерминиран феномен, како што е фертилитетот, прашањето дали интервенцијата на државата во форма на одредени политики, активности, или мерки, ќе помогне да се надмине проблемот со ниските стапки на фертилитет, е сосема основано. Во оваа прилика активностите на државата ќе се разгледуваат во контекст на семејните политики, бидејќи се смета дека тие непосредно влијаат врз фертилитетот. Нивната меѓусебна поврзаност е особено значајна во периоди на опаѓање на фертилитетот и намалувањето на бројот на населението. Само да пот­сетиме дека под активности на државата се мисли на политиките за населението, или популациона политика. Под популациона политика се подразбираат усогласените групи мерки што државата ги востановува за да постигне одредени демографски цели, заеднички за одредена оп­ штествена заедница.(Stropnik, 1995). Семејна политика Обидите за концептуализацијата и мерењето на семејните политики наидуваат на тешкотии. Една од причините е нивната поврзаност со неколку аспекти од семејниот живот, како што се односите меѓу партнерите и обврските на родителите, како и одговорноста од двете“улоги”. Втората причина се огледа во тоа што најчесто кога се размислува за семејните политики тие се идентификуваат со поставените цели и задачи. Во таа смисла, во објаснување на семејните политики се тргнува од поставените цели. Во основа, тие не се спорни. Тоа се подобрување на квалитетот на живот на семејствата, по­добрување на економската бла­­ госостојба на семејствата и усо­ гласување на работните, со ро­ди­ телските обврски, а особено на мајките кои се традиционално задолжени за грижа и чување на децата. Во оваа смисла, сосема е коректно да се раз­ ми­слува дека семејните политики може да го обликуваат животот, како на жената, така и мажот, и може да ја одредат нивната позиција во семејството, на пазарот на трудот и во општеството, воопшто. 136 СТАТИИ Најчесто практикуван начин да се реализираат поставените цели е преку помош на родителите, во делот што се однесува на трошоците за грижа и чување на децата. Поточно, “семејната политика се смета како продолжеток на социјалната политика која, главно, е насочена кон деприватните поединци и семејства, со цел да им се обезбеди минимални услови за живот”(Stropnik, 1995, стр. 215). Емпириски е потврдено дека многу мерки што се однесуваат на семејните политики, како што се: детскиот додаток, даночните олеснувања, платените и неплатените отсуства на родителите, материјалната помош при раѓање деца, субвенциите за јасли и градинки, здравствените услуги за децата, платеното боледување за нега на децата, помошта при решавањето на станбеното прашање на младите семејства и слично, имаат влијание врз демографските движења(Stropnik, 1995, Bahle 1995, 19-20; Kamerman and Kahn 1978, 483). Како што е веќе нагласено, вни­ ма­нието на овој труд е насочено кон дел од семејните политики кои се во најголем обем поврзани со фертилитетот. Поточно, семејните политики се операционализирани преку мајчинската политика, родителското отсуство, детската заштита и детскиот додаток. Овие четири политики ја претставуваат суштината на семејните политики на развиените држави и се користат како рамка за компаративни анализи. Терминологијата што се користи Аница В. Драговиќ, вонреден професор за семејните политики се разликува од земја до земја. Од тие причини, содржински ги определуваме ос­нов­ ните поими што се користат во овој труд. Под политика кон мајката, или мајчинска политика, се мисли на активностите на државата во насока на заштита на жената во бременоста, кога ќе стане мајка и грижа за новороденчето веднаш по породувањето, во смисла на отсуство од работа(Employment Outlook, 2007). Под отсуство на таткото, или отсуство на родителите, се мисли на дозволено отсуство од работа што му се дава на таткото, или на обата родитела, за да се грижат за нивното дете во првите неколку години од неговиот живот. Поконкретно, под родителско отсуство се мисли на додатокот што го добиваат ро­ди­ телите за време на таквото отсуство. Отсуството, за кое се говори во овој труд, треба да е регулирано со закон. Тоа значи дека не се земаат предвид индивидуалните договори меѓу работодавачот и работникот(Employment Outlook, 2007). Под детска заштита се мисли на заштитата што ја нуди државата, приватните институции, или некоја друга институција која се грижи за децата. Услугите на детската заштита се озбезбедуваат преку државата, приватниот сектор- работодавачите, или некоја непрофитна организација. Во оваа пригода не се зема предвид грижата на родителите, или роднините за нивните деца. 137 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 Под детски додаток се мисли на јавен трансфер на средства наменети за децата. Детскиот додаток е операционализиран само преку директни трансфери. Поточно, не се сметаат формите како што се разните даночни ослободувања. Компаративните анализи на семејните политики во Европа посочуваат различни модели на семејни политики. Може да се направи разлика меѓу земјите од Северна Европа, Јужна Европа, земјите од француското и англиското говорно подрачје(Missoc, 2001). 10 Во Скандинавските земји, семејната политика има поставено три цели. Тоа се: олеснување на вработувањето на мајката; ослободување на мајката од грижата за децата и измена на родовите односи во вработувањето; како и грижа за децата. Породилното отсуство во овие земји се движи од 8,5 недели, до 18 недели, а дали ќе се користи, зависи од ставот на жената. Во вој дел од Европа се забележува зголемен интерес на државата за грижа за децата. Со системот за згрижување на деца се опфатени децата на сите возрасти, а јавните установи за згрижување на децата се дел од вкупниот социјален систем на државата. Начинот на кој е организирана грижата за децата не го оптоварува буџетот на родителите. Финска и Норвешка, на извесен начин отстапуваат од целосната грижа за децата во јавните институтции и се поборници за тоа дека за децата треба да се грижат мајката, или таткото, а за таа грижа државата им помага преку финансиски надоместоци(OECD, 2007). Во земјите од Јужна Европа, семејната политика поврзана со раѓањето и чувањето деца не е на завидно ниво. Породилното отсуство за мајката не е помало од 16 недели, и надоместоците не се разликуваат од другите земји и се движат од 80 - 100%. Во овие земји, родителското отсуство не е платено. Олеснувањата поврзани со децата(грижа за децата) не се универзални и се многу ниски во споредба со европските стандарди (Esping-Andersen, 2002). Освен во Италија, помошта што ја нуди државата за грижа за децата под три години е многу ретка, и покрај тоа што трошоците за нив се многу повисоки(Esping-Andersen, 1999). Истовремено, во овие земји пазарот на работна сила го поддржува вработувањето на младите мажи и жени. Ваквата ситуација ги форсира младите семејства да избираат меѓу вработувњето, или грижата за децата. Земјите од континентална Ев­ ро­па се наоѓаат некаде меѓу двете анализирани групи земји. Земјите од француското говорно подрачје, Франција и Белгија, ја форсираат политиката на вработување на мајката. Во обете земји, државата 10 Во овој дел од анализата се претставува искуството во следниве земји- членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Обединето Кралство на Велика Британија, Португалија, Финска, Франција, Холандија, Шведска и Шпанија. 138 СТАТИИ дава поддршка за грижа на децата, и тоа се случува на различен начин. Франција тоа го прави преку различни олеснувања, а Белгија е насочена кон моделот на ротација на работното место и флексибилна пазарна ори­ ен­тација. Во Белгија и Франција се обезбедува згрижување на децата на сите возрасни групи и опфатеноста е на високо ниво. Во Белгија, грижата за децата е комбинација на грижа за децата во јавните установи и грижа за децата во самите семејства, домовите, кои, во основа, се замена за владините јавни услуги(Bussemaker, и van Kersbergen 1999). Во Холандија и Велика Британија при креирањето на семејните по­ литики се дава предност на пазарот на работна сила(Mahon, 2002). Во Холандија системот на грижа за децата до 1990-те години не бил промовиран. Оттогаш, Владата започнува да се залага за поголема грижа за децата како во приватниот, така и во државниот сектор(Knijn, 1998). Во Германија и Австрија, јавната политика дава приоритет на приватната грижа во однос на јавната грижа за децата. Политиките кои се насочени кон комбинација на вработување и грижа за децата се недоволно развиени и се не­по­сто­јани. Поддршката што се дава на се­меј­ ството е голема, но поддршката што се дава за грижа на децата е ниска, или недоволна за да ги задоволи потребите на семејството. Велика Британија, Германија и Австрија се убедени дека треба да се поддржи опцијата мајката да се грижи за своите деца, наспроти тоа децата да Аница В. Драговиќ, вонреден професор се згрижуваат во јавните установи, и на тој начин дел од грижата да се префрли на државата(Ostner, 1994). Во која група спаѓа Република Македонија? Активностите во Република Ма­ кедонија во делот на семејната по­ литика се насочени кон тоа, на мај­ки­те да им се обезбеди приход и сигурност на работното место. Мајката има право на отсуство во траење од 9 месеци, а доколку роди повеќе од едно дете, отсуството трае една година(Закон за работни односи- ЗРО, „ Службен весник на РМ”, бр. 62, 2005, член 166). Користењето на породилното отсуство претставува индивидуално право на избор и мајката може да го прекине и пред истекот на предвидениот рок. По завршувањето на породилното отсуство, мајката се враќа на истото работно место. Висината на надоместокот за плата за време на породилно отсуство, раѓање или мајчинство, изнесува 100% од основицата на надоместок на плата, поточно онолку колку е пла­тен придонес за задолжително здравствено осигурување во по­ следните шест месеци од денот на настанување на случајот заради кој се стекнува правото на надоместок (Закон за здравствено осигурување „ Службен весник на РМ” бр. 25, 2001, член 14). За да се обезбеди соодветна грижа на детето, во случај мајката од било кои причини да не го користи правото на породилно отсуство, тоа може да го користи таткото, или по­сво­ ителот на детето(ЗРО, член 167). 139 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 Во Република Македонија, освен оние кои се наведени погоре, нема посебни политики кои се поврзани со дозволено отсуство на таткото за време на раѓањето на детето, или за негова грижа и развој. Поточно, платениот одмор за раѓање дете не се одделува специфично од некои други случувања во семејството. Според Законот за работни односи: „ Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности(за склучување брак, ра­ѓа­ ње дете /само за таткото/ и/или смрт на близок роднина), до седум работни денови”(ЗРО, член 136). Во Република Македонија, децата може да се згрижуваат и воспитуваат во јавни или приватни установи за згрижување деца(детски градинки). Во овие детски градинки може да се опфатат деца помлади од 12 месеци, до возраста додека детето не појде на училиште, односно до поаѓање во основно училиште. Освен што државата обезбедува партиципација во цената на услугата што ја вршат детските градинки за семејствата со слаба материјална положба, други форми на ослободувања, или помош за родителите не се пропишани. Селективните критериуми за користење на детскиот додаток се возраста на детето, но и бројот на членовите, како и материјалната положба на семејството и др­жав­јан­ ството на родителот. Право на детски додаток имаат и другите категории деца, кои се неспособни за работа, или од здравствени причини вонредно се школуваат. Висината на детскиот додаток е во однос на просечната плата во Република Македонија. Дали семејните политики се доволно силни да се борат против ниските стапки на фертилитет? Доколку моделите на семејните политики се споредат со висината на ТФР во земјите во Европа, од­го­ ворот е позитивен. Поточно, земјите кај кои семејната политика се третира како дел од политиката на работна сила, и родовата политика, во која е пропишано родителско отсуство, покажуваат зголемување на вредностите на ТФР. Достапноста на установите за згрижување деца е гарантирано како социјално право на децата. Ваквата форма ги релаксира родителите во поглед на грижа за нивните деца. Успехот на овие земји е во тоа што нивните активности се насочени кон тоа дека и мажот и жената имаат можност да работат и создаваат приход и кога имаат мали деца, а е регулриано со опцијата родителско отсуство. Како форма на поддршка на семејствата повеќе се преферира формата на обезбедување на социјални услуги, отколку директна финансиска помош за грижа на нивните деца. Во таа смисла, може да се ре­че дека повисоките инвестиции на др­жав­ ите во сферата на јавна грижа за де­ ца­та, ќе вродат со плод во насока на тоа родителството да не претставува про­блем за вработување, односно вра­ботувањето да не е проблем за ро­дителството. 140 СТАТИИ Политиките на државите треба да го насочат своето внимание кон надминување на сите форми на дискриминација на жената, во смисла на вработување и грижа за децата. Дефинитивно, целта на ЕУ е подеднакво насочена и кон поголемо вработување на жената и кон грижа за децата. Тоа се први чекори кои треба да се направат за воопшто да започнат дебатите за грижа за жената, вработување на жената, семејната политика и зголемување на нивото на фертилитет во Европа и Македонија, како дел од неа. Во Република Македонија, може да се каже дека споменатите аспекти не се до крај нагласени. Во почетокот на 2008 година беше донесена Стратегијата за демографски развој на Република Македонија. Таа треба да се реализира во периодот од 20082015 година. Со усвоената Стратегија за демографски разој на населението, Владата на Република Македонија се определи за про-натална политика, насочена кон квантитативни цели, како што е позитивниот пораст на населението. Имено, очекувањата од првата стратешка цел се забавување на стапката на намалување на населението и создавање услови за одржлив демографски развој на земјата и тоа преку создавање соодветни услови за мајчинство и грижа за децата(Стратегија за демографски развој на Република Македонија, 2008). Актуелната демографска стра­ те­гија го промовира концептот на повеќедетност, но специфичните Аница В. Драговиќ, вонреден професор мерки и интервенции се селективни и, главно, се однесуваат само за подрачја во државава со ТФР под 2,1 деца, по жена. Посебен акцент е ставен на финансиската помош на семејствата, или решавање на некои од нивните социјални проблеми, како што се невработеноста, или домувањето. Неоходно е да се спо­ ме­не дека ваквите интервенции се покажаа како неуспешни во земјите кои подолго време се соочени со ниските стапки на фертилитет. Финансиската помош, предложена во Стратегијата, се однесува на помошта за прво новородено дете, како и помош на семејствата со две и три деца. Можноста сите мајки да користат породилно отсуство, иако не го остваруваат како вработени мајки и тоа во износ најмалку триесет проценти од просечната плата во РМ, ја намалува тензијата меѓу мајчинството и платената работа, меѓутоа само за одредени подрачја во државава. Повторно да се спомене дека искуството од земјите кои се подолго време соочени со ниските стапки на фертилитет сугерираат дека меѓусебната усогласеност на законот за работните односи со семејните политки може да даде одреден успех. Родителското отсуство е социјално право и за мајките и за татковците и како такво се смета за особено значаен чекор кој може да доведе до промена во односите во семејството и сферата на вработувањето, но таквата форма во РМ не постои. Потоа, поддршка на жените во извршување 141 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 на нивните обврски како мајка, преку шеми на различни услуги, како што е на пример ротацијата на работата, или флексибилен пазар на трудот, не се практикува. Од аспект на работните односи и нивна усогласеност со семејните политики, не се забележуваат некои новини. Акцентот е поставен врз следење на остварување на постојната законска регулатива, која се однесува на правото на мајчинско отсуство. Дополнително се предлагаат мерки и интервенции за вработување, односно олеснување при вработување на самохраните родители, или, пак, на младите брачни парови. Стратегијата предвидува из­ме­ ни во однос на грижата за децата. За­ мислено е да се покријат поголем дел од трошоците, наменети за грижа за децата, но само за сиромашните. Дел од предложените ин­тер­ венции, опфатени со Стратегијата, првенствено ги решаваат социјалните проблеми на населението со мали деца и тоа во одделни подрачја и како такви не може во целост да се очекува да ја остварат таквата поставена цел, а тоа е зголемување на фертилитетот, односно повеќедетно семејство во целата држава. Ваквиот концепт на ин­ди­ви­ ду­ални иницијативи со долги пронатални цели и тоа со мерки и ин­ тер­венции со директна финансиска помош, во транзиционите моменти на државата, во какви што, впрочем, се наоѓа Македонија, како што се политичката и моралната криза, хроничниот недостаток на одржување на средствата на домаќинство, не­ вра­ботеноста и апатијата, може да се иницра, но резултатите, односно промената на состојбата ќе наиде на тешкотии. Субјективни се оценките дека предложениот пристап за развој на населението во Стратегијата, нема да придонесе со зголемување на бројот на раѓање деца(повеќедетно семејство), туку поверојатни се претпоставките дека ваквиот пристап ќе им овозможи на родителите да им обезбедат поквалитетен живот на нивните деца, и тоа на пониски паритети. Поконкретно, ваквиот пристап на развој на населението, може да доведе во одреден дел до очекуваните резултати, меѓутоа, за посакуваниот ефект да стане реалност, потребно е да измине подолг временски период. Генерално, очекувањата се Ма­­кедонија и во иднина да не от­ стапува многу од општиот тренд на фертилитет во светски рамки. Поволноста на РМ е што според вредностите на ТФР се наоѓа во, таканаречената, „ сигурна зона”, но, сепак, треба да се излезе во пресрет на последиците од ниските стапки на фертилитет. Доколку се осврнеме на демографската иднина на Република Македонија низ призмата на другите специфични цели поставени во Стратегијата за периодот од 2008-2015 година, а кои, како што споменавме, се на­сочени кон зголемување на социјалниот капитал и тоа преку подобрување на нивото и квалитетот на образованието, подобрување на пристапот и квалитетот на 142 СТАТИИ здравствената заштита за сите возрасни групи, социјалниот статус на населението преку програмите Аница В. Драговиќ, вонреден професор за вработување и намалуавње на сиромаштијата, можностите да се влијае врз квалитетот на животот на населението се големи, особено ако целите се остваруваат во подобрена економска ситуација. Користена литература: Bussemaker, J.,& van Kersbergen, K.(1999) Contemporary social-capitalist welfare states and gender inequality. In: Sainsbury, Diane(ed.)(1999): Gender and welfare state re­ gimes. Oxford University Press: Oxford, 15-46. Државен завод за статистика(2006) „ Демографска статистика по региони, 19942004”, Скопје: Државен завод за статистика. Државен завод за статистика(2007) „ Статистички годишник на Република Македонија”, 2006, Скопје: Државен завод за статистика. Esping-Andersen, G.(1999) Social Foundations of Postindustrial Economies. Oxford University, Press: Oxford. Esping-Andersen, G.(2002) A child-centered social investment strategy. In: Esping-Andersen, Gøsta with Duncan Gallie, Anton Hemerijck, and John Myles: Why we need a new welfare state. Oxford University Press: Oxford, 26-67. European Council(1996) Council Directive 96/34/EC of 3 June 1996 on the framework agreement on parental leave concluded by UNICE, CEEP and ETUC(OJL 145, June 19, 1996, 4-9. European Council(2002) Presidency Conclusions. Barcelona European Council 15 and 16 March, 2002. poseteno na 14.07.2007: http://europa.eu.int/council/off/conclu/. Закон за здравствено осигурување „ Службен весник на РМ”, бр. 25, 2001. Закон за работни односи, „ Службен весник на РМ”, бр. 62, 2005. Knijn, T.(1998) Social care in the Netherlands. In: Lewis, Jane(ed.): Gender, social care and welfare state restructuring in Europe. Ashgate: Aldershot, 85-109. Lesthaeghe, R., and D. J. van de Kaa,(1986). Twee Demografische Transities?, во van de Kaa, D.J.&Lesthaeghe, R.(Eds.), Groei en Krimp. DDeventer: Van Loghum–Slaterus, pp. 9–24. Mahon, R.(2002): Child care: Toward what kind of“social Europe”? In: Social Politics 9/3, 343- 379. Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија(2008) Стратегија за демографски развој на Република Македонија, 2008-2015, 143 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 131-144, Скопје, декември 2008 Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија, Посетено на 14.11.2008 на интернет страницата на МТСП на РМ. www.mtsp.gov.mk/default.asp?ItemID=BD66FCC3A7FBCB47AB9150CBFECD2C96 Missoc(2001) Social protection in the member states in the EU member states and the European economic area: http://europa.eu.int/comm/employment_social/missoc/index_en.html Neyer, G.( 2003) Family Policies and Low fertility in Western Europe, Max Planck Institute for demographic Research. OECD(2007) Employment Outlook 2007, OECD Family Data Base, PF7 Key charcterisitc of parental leave systems) Poseteno na 13.07.2007 na http://europa.eu.int/comm/ employment_social/missoc/index_en.html Ostner, I.(1994): Back to the fifties: Gender and welfare in unified Germany. In: Social Politics, 1/1, 32-59. Pinnelli A., Nowotny-Hoffman, J.H., Fux B.(2001) Fertility and new types od households and family formation in Europa, Population Studies 35, Council of Europa Abstract The main aim of this article is empirical analysis of the fertility level and family policies in the Republic of Macedonia. The policies are analyzed from their opportunity to influence on the population development. The policies that are matter of concern in this article are policies that are in a close relation to the childbearing and rearing of children such as maternity policies, parental-leave policies, childcare services, and child benefits. 144 Проф. д-р Јован Пејковски Универзитет“Св. Кирил и Методиј” Филозофски факултет 338.124.2: 339.91- 025.511 338.124.2: 338.242.4 Институт за социјална работа и социјална политика ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА ИЛИ НОВ ДРЖАВЕН ИНТЕРВЕНЦИОНИЗАМ ЕФЕКТИ И МЕРКИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СФЕРА Резиме Глобалноста доведе до промени, до раст и развој кои про­ду­ ци­раа позитивни ефекти, кои се нерамномерно распоредени. На па­зарното работење иманентна е појавата на рецесии и кризи за кои е потребен одговор во насока за обезбедување на тековите на репродукцијата. Покрај економските, во анализа на кризата мо­ра да се согледаат и социјалните аспекти. Тие се неизбежни и ако не се решаваат, се доведува во прашање опстанокот на сис­темот. Оттаму, може да се оцени дека е неопходен нов светски финансиски поредок, со цел да бидат спречени финансиските и реалните кризи во иднина, но и решенија во социјалната сфера што ќе влијаат во насока на социјален развој. Тоа значи дека мерките што сега се преземаат не се еднократни и само санациони, туку се фундаментални и насочени кон оформување нов систем што треба да обезбеди стабилност и ефикаснот на долг рок, но и социјална праведност. Глобалниот капитализам, глобалната економија, глобалните финансиски и реални пазари неопходно бараат и нови глобални правила, но и глобални институции кои ќе ги регулираат глобалните пазари и процеси и социјаните аспекти на живеењето. Ориентацијата е насочена кон зајакнување на регулаторните механизми на самите држави, односно воведување нови принципи на интервенција на државата во услови на пазарно работење, со што се овозможува опстојувањето на самиот општествен систем, како и меѓународни регулатори на кои државите ќе им пренесат дел од ингеренциите за воспоставување стабилност во пошироки рамки. 145 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 Клучни заборови: финансиска криза, глобализација, ефекти од кризата, мерки за решавање на економската и социјалната сфера. ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И ЕКОНОМСКА РЕЦЕСИЈА Глобализацијата и поврзаноста на економиите на државите ги разви до невидени размери потенцијалите за соработка и за динамизирање на економските процеси во светски рамки. Тоа доведе до забрзување на растот и развојот и до остварување на перформанси кои биле незамислени до пред десетици години. Иновациите стануваат побрзо достапни, полесно се применуваат и прифаќаат и од економски послабите социјални категории. Ако до пред 50 години компјутерот, телевизорот, телефонот беа непознати, или недостапни за поглем број граѓани, денес може да се споредува: не дали, туку колку компјутери има едно домаќинство, колку телевизори, колку телефони (статични, мобилни, втора, трета, или којзнае која генерација, итн.), колку и какви апарати за домаќинство и друго. Понатаму се согледува, каков е степенот на интернет пристапот, кабловско и/или безично поврзување, дигитална, кабловска и/ или сателитска телевизија, нивото на стандард, итн. Динамизмот на промените влијае врз сите сфери на работа и живеење, како во национални рамки, така и во глобални рамки. Ефектите се позитивни, анализирано од аспект на развојна димензија на среден и долг рок. Глобалистите ги поддржуваат овие тези и укажуваат дека растот на глобално ниво носи позитивности за човештвото. Наспроти нив, ан­ ти­глобалистите укажуваат дека се врши нерамномерна распределба на новосоздадените вредности и дека полза од тоа имаат во поголем обем богатите кои и натаму се збогатуваат, а сиромашните се сé посиромашни. Според вторите, светот е регулиран според правилата воспоставени од богатите и моќните, додека си­ ромашните имаат сé помали шанси. Вистината е некаде помеѓу овие два става, со оглед дека покрај гло­балофилите и глобалофобите (глобалисти и антиглобалисти), постои и трета категорија, или гло­ бални реалисти, кои балансирано ги согледуваат и позитивните и не­ га­тивните ефекти од овој процес. Факт е дека милијарди луѓе ги ко­рис­ тат современите производи и дос­тиг­ нувања од информатиката, од соз­да­ дените нови материјали, опрема и средства, од хемиските супстанци, со кои се влијае врз повеќе сфери (заштитата на здравјето на луѓето преку фармацеутските производи) 146 СТАТИИ Проф. д-р Јован Пејковски био­инженерингот, генетиката, ко­ развиена земја, САД. Финансиската ристење стандарди за квалитетно сцена и финанските пазари до­жи­ производство и ефикасно користење веаја пад кој се рефлектира во на ресурсите. Но, факт е дека делот од сите сфери на живеење. Колку е популацијата кој ги има тие можности, сериозна кризата, потврдуваат збо­ спаѓа во редот на високо и средно ро­вите на поранешниот директор на развиените средини. Недоволно Федералните резерви 11 кој оценува развиените земји, соочувајќи се со дека:“кризата во финансиската сфера сиромаштија, недостиг од разен вид, е рамна на цунами, што се случува глад, болести, немаат пристап до еднаш во векот”. Неверувањето совремните можности и производи, во сериозноста на кризата може што реално постојат. За нив тие се да доведе до нејзино натамошно непознати, или, пак, неможноста да продлабочување. Барањето ре­ ги имаат го прави истиот ефект. ше­нија за излез од хипотекарната Затоа, кога се согледува гло­ба­ лизацијата, мора да се имаат предвид и социјалните прашања кои се не­од­ минливи, и, иако развојните ефекти и иновации во принцип се достапни и корисни до секого, сепак, секој не и финансиската криза, станува неминовност. Доколку продолжат негативните тенденции, можен е крах на берзите и на стоковите пазари, но и на системите што ги регулираат пазарните процеси. може да ги купи, да ги има и да ги Во согледувањата што се пра­ ползува. Имено, сé уште голем дел ват, доминира монетаристичкиот од популацијата во светот живее пристап во анализа на состојбите во скромни услови, под нивото на по одделни држави, пред сé, просекот за минимум егзистенција, поразвиените, како и мерките што или е на границата на сиромаштија, тие ги предлагаат за решавање на соочувајќи се со споменатите проблемите. ограничувања и бројни проблеми. Јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува, а показателите што ги објавуваат ООН за човековиот развој по одделни земји и региони, ги потврдуваат овие наоди. Тоа значи дека иако постојат можности и средства, тие се ограничени и нерамномерно распоредени. Отсуствуваат согледувањата, ка­ ко оваа криза ќе се рефлектира од социјален аспект, како ќе се одрази врз средно и помалку развиените земји, како и во неразвиените и сиромашни држави. Дури се поставува прашање дали овие аспекти може да бидат предмет на интерес во почетните фази на појавување на рецесијата, Глобалниот свет во 2008 година односно кризата(доколку рецесијата повторно е соочен со појава на ре­ ескалира), со оглед дека истата цесија која започна во најсилната и нај­ започна и се случува во најразвиените 11 Алан Греенспан, поранешен директор на Американските федерални резерви, институција што има улога на централна банка во САД, 23.10.2008,„Ројтерс“. 147 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 земји, кои се преокупирани со спа­ сување на сопствените економии. Нивниот интерес не е насочен кон другите области, ниту региони, иако на светско ниво, групата Г-7 и Групата Г-20, одржаа состаноци на кои ги анализираа можните консеквенци од кризата со која сите се соочуваат. Како да се гледа на реалноста, од кој аспект и од кој сегмент да се анализира кризата? Тоа е мошне важно за да се разберат случувањата, основите на кризата, последиците и можните излезни решенија. Имено, финансиските пазари и падот на хипотекарното штедење доведоа до промени во сфаќањето дека пазарот е перфектен регулатор на пазарните процеси. Се потврди дека пазарот нема волшебна сила и дека корективот на државата во услови на криза е неопходен. Тачеризмот и реганизмот, како водечки неолиберални сфаќања за економските процеси и пазарните слободи од осумдесеттите години, дефинитивно се завршени. Нив не ги потврди практиката на долг рок, ниту, пак, понуди нови решенија кои можат да бидат прифатливи во светски рамки. Економиите на најразвиените земји во подолг период беа подгревани врз основа на неограничените кредитни механизми, што доведе до спирално надоградување и експанзија, особено во доменот на хипотекарното и кредитното работење. Инаку, кредитната активност е неизбежен дел од човековото современо живеење. Секој може да користи кредит и тоа е добро, значи дека има приход од кој може да го врати позајмениот капитал, односно го подобрува својот тековен стандард и живеење за сметка на идните приливи. Ако, пак, некој мисли дека ќе земе кредит и потоа банката ако пропадне нема да го врати, тоа е илузија, зошто во економијата има изрека:“не постои бесплатен ручек”. Банката што ќе пропадне, ќе мора да оди во стечај, а понатаму во постапка доверителите, или тие што ќе ја откупат, или преземат, ќе ги наплатат побарувањата, без одлагање. Неконтролираниот раст на економиите доведе до нивно прегревање, до невидени размери, а потоа следи неизбежната фаза: соочување со реалноста, односно пукање како балони, пад и соочување со негативните последици, што на крај се манифестира со рецесија во светски рамки. Кредитните мултипликации не се неограничени, што се потврди и во овој случај, особено ако истите не базираат врз реална материјална основа. Кои одрази ги има кризата, во кои домени, во кои земји? Масовно повлекување на штедните влогови на населението во развиените држави ја потврдува констатацијата дека довербата е изгубена. Одделни земји бараат итна помош од Меѓународниот монетарен фонд, што е знак за остварување на стравувањето дека заминувањето на странските инвеститори може да предизвика системска криза. Земјите од Источна Европа 148 СТАТИИ живеат над своите реални можности, па затоа се соочуваат со целосна кредитна криза. Овие земји, заради тоа ќе мора да го намалат увозот, што, од друга страна, ќе предизвика земјите од еврозоната да се најдат во уште поголема рецесија. Сé поголемиот ризик од глобалната рецесија предизвикува пад на цените на акциите на многу глобални берзи, пазарните индекси осцилираат како резултат на напорите на владите со интервенции да ја вратат кредитната моќ на банките и да го спасат финансискиот систем од целосен распад. Тоа доведе до губење на довербата во пазарните механизми и во институциите што ги регулираа пазарните односи и процеси. Овие појави ги ослабуваат напорите за излегувањето од кризата бидејќи, пред сé, треба да се воспостави систем на доверба, врз која основа базира целата филозофија на пазарната економија. Повторно теоретичарите го препрочитуваат Кејнс, неговите дела и неговите ставови кои помогнаа да се излезе од Големата економска криза од 1929-33 година. Други се потсетуваат на ставовите на Карл Маркс за пропаста на капитализмот и неговите предвидувања за начините на кои може да се случи таков процес. Сличностите се компарираат за да се извлечат заклучоци во насока: како да се минимизираат негативностите, што се реални, а да се оствари натамошен раст и развој. Проф. д-р Јован Пејковски ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И СОЦИЈАЛНИТЕ ЕФЕКТИ Токму заради глобалната поврзаност на економиите, на државите и на луѓето, информациите за случувањата во финансиската и во реална економска сфера брзо се шират и предизвикуваат несигурност, паника и страв за иднината на луѓето. Глобализацијата на која претходно е укажано, го мултиплицира негативниот ефект од појавата на поширока рецесија, или криза, и може да се прошири до невидени димензии. Заради тоа, неопходно е да се согледа и социјалниот сегмент, односно потребен е социо-економски пристап во согледувањето на кризата, како и во предлагањето мерки за излез од неповолните состојби. Социјалната сфера во почетните фази не доминира, но продлабочувањето на кризата ќе ги исфрли на површина социјалните проблеми кои можат да влијаат врз натамошното нарушување на системите и натамошното продлабочување на кризата. Оттаму, без решавање на прашањата поврзани со работните, животните и општествените услови на луѓето, нема да може да се обезбеди излез од кризата. Негативниот одраз од истата, манифестиран преку: невработеност, пад на животниот стандард, раст на цените на енергијата, храната и сите потреби неопходни за живот, појава на глад, уште повеќе алармираат на потребата од синхронизирано дејствување на државата/државите, надлежните меѓународни органи 149 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 и институции во барањето решенија за излез од кризата. Кризата ќе предизвика социјални промени што не може да се запостават и истите мора да се разгледуваат при креирањето на мерките и политиките за решавање на проблемите кои сé почесто се изразуваат. Намалените плати, скратување на работното време и неангажирањето на работниците, затворање на фабрики и разни претпријатија, води кон пад на животниот стандард, до промена на квалитетот на живеење и креирање на неповолни социјални состојби. флацијата на цените на основните прехранбени продукти доведе оваа година до глад на дополнителни 119 милиони луѓе во светот. Вкупно 967 милиони луѓе во светот страдаат од неисхранетост 13 . Поранешниот генерален секретар на ООН, Кофи Анан 14 предупреди дека глобалната криза заради гладувањето не е помалку сериозен проблем од сегашната финансиска криза, така што борбата против неа бара преземање на истите специјални мерки. Тој смета дека финансискиот колапс не треба да се користи како извинување за стопирањето на помошта за земјите во развој. Најавите дека се можни драматични случувања со отпуштања на над 20 милиони работници 12 до крајот на наредната година како резултат на финансиската криза, значи зголемување на армијата на гладните и социјалните случаи и смален раст на светското стопанство. Се проценува дека најмногу ќе бидат погодени секторите на финансиските услуги, градежништвото, недвижностите и индустријата за автомобили. Со тоа, бројот на невработни во светот заради финансиската криза, до крајот на наредната година ќе се зголеми на 210 милиони, од минатогодишните 190 милиони, а првпат во историјата ќе биде надмината границата од 200 милиони невработени. Речиси на една милијарда луѓе во светот им се заканува глад. ИнПомошта е неопходна и таа треба да продолжи со оглед дека се решаваат егзистенцијални прашања на граѓаните. Постоење стапки на висок морталитет кај децата во неразвиените земји заради гладување и проблемите со храната, ги имаат голем број држави. Секој ден по 10 илјади деца умираат од глад. Финансиската криза не може да биде основа за исклучување на интересот за сиромаштијата и за запирање на барањето решенија за нејзино елиминирање.“Ние можеме да ги прекинеме гладувањето и сиромаштијата”, нагласува поранешниот генерален секретар на ООН. “Неопходни се 30 милијарди долари годишно за да се одговори на проблемот на 923 милиони гладни луѓе во светот. Производството на храна треба двојно да се зголеми, бидејќи 12 Проценки на Меѓународна организација на трудот и ММФ. 13 Извор: ФАО. 14 Излагање на Кофи Анан од 16.10.2008 год. Изјава дадена на Светскиот ден на храната. 150 СТАТИИ до 2050 година на нашата планета ќе живеат девет милијарди луѓе.” 15 Само здрава популација може да ја спаси економијата во тешки времиња, а здравјето е темел на економскиот просперитет.“Владите во државите од светот не треба да подлегнат на искушенијата за намалување на буџетите за здравство, како одговор на глобалната криза”. 16 Намалувањето на националните здравствени буџети за време на претходната нафтена криза и Големата економска криза од триесеттите години на минатиот век, предизвикале сериозни проблеми во сиромашните региони во светот. Дел од произведувачите на лекови неодамна изразија стравување дека глобалното забавување на економиите може да доведе до намалување на вложувањата во медицинскиот и фармацеутскиот сектор, односно до влошување на здравјето на луѓето. Заради кризата што ги зафати и Америка и Европа, многу Европејци велат дека ја намалиле потрошувачката кога се работи за нешто што апсолутно не им е неопходно, како: летните одмори, или купувањето мебел и облека најчесто во мега-маркетите, затоа што таму добиваат и одреден попуст. Истовремено, на другиот крај на Европа, во Шпанија, весниците пишуваат за новата“мода” за Проф. д-р Јован Пејковски преселувањата на младите кај родителите, заради финансиската криза. Околу 60% Германци веруваат дека економската состојба ќе се влоши, покажа неодамнешното истражување на јавното мислење, што го направи истражувачката куќа“Форса”. Според истражувањето на француската агенција за испитување на јавното мислење“БВ”, 64% од Французите со песимизам гледаат на иднината. Кризата се чувствува насекаде, од луксузните, до обичните продавници, во хотелите, хуманитарните манифестации. Во италијанската хуманитарна организација за напуштени деца “АИБА” велат дека донациите за деца во сиропиталиштата се намалиле за 20%. Европејците сé помалку ја­дат во рестораните, тројца, од четворица вработени работници во Велика Британија носат ручек од дома барем еднаш неделно, покажува анкетата што ја спроведе Британската радио-телевизиска куќа Би-Би-Си. Заради спречување на социјалната криза која би можела да биде тешка, долготрајна и глобална, потребна е итна и координирана акција на владите, отворање работни места и други мерки за поддршка на“вистинското стопанство”. 15 Изјава на директорот на ФАО, г. Дуиф:“Земјите-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ) добиваат во вид на субвенции повеќе од 370 милијарди долари годишно, а на оружје трошат илјада милијарди, додека, од друга страна, расте бројот на гладните во светот”. 16 Предупредува генералниот секретар на СЗО, Маргарет Чан. 151 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 МЕРКИ ЗА СООЧУВАЊЕ СО ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ГЛОБАЛНАТА РЕЦЕСИЈА Координираниот одговор на фи­ нансиската криза и активното вклу­ чување на држзавата, со гарантирање на заштедите, можеби е еден од­ говор на состојбите. Самиот чин што нај­силните и најмоќни држави се согласни и се договараат за глобален одговор на глобална криза, упатува дека никој нема да може да ги одбегне последиците од кризата. Прашањето е: до кога ќе трае состојбата, кое е дното што ќе го достигне кризата и кога може да се очекува смирување на овие процеси, односно опоравување и раст? Никој не е изолиран од влијанието на кризата. Во колкав обем ќе се почувствува, зависи од интензитетот на поврзаност и влијанието што ќе биде пренесено од земја во земја, или, пак, во глобални регионални рамки. Влијанието на мерките, што на глобално ниво ќе бидат преземени, исто така може да придонесе за намалување на интензитетот на кризата и за барање решенија за нејзино надминување. Лидерите на Г-8 групата на нај­ развиени земји се единствени во оценките и се подготвени да преземаат заеднички мерки со цел да се справат со финансиската криза и последиците што таа може да ги предизвика. Со јакнење на финансиските институции и примена на инструменти и мерки што им стојат на располагање, тие оценуваат дека е неопходно да се дејствува во правец на враќање на довербата во финансискиот систем на глобално и на ниво на држави. Тие оценуваат дека се неопходни промени во регулациските механизми и системи, како и во светскиот финансиски сектор за заздравување од дефицитот во кој се доведени од финансиската нестабилност. Во исто време, се согласуваат со потребата за соработка и координација на мерките за поттикнување на економијата и развојот, како и за воспоставување стабилност и просперитет. Најавите се дека мерките се од времен карактер и по завршувањето на кризата, истите не би требало да се применуваат. 17 Во септември и октомври 2008 го­дина владите низ светот презедоа серија мерки без преседан за да ги закрепнат разнишаните банки. Во 17 Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека државното преземање на уделите во финансиските институции во САД се само привремени и ограничени мерки и изрази уверување дека американската економија со текот на времето ќе се извлече од кризата. “Многу е важно американскиот народ да знае дека нашата програма е наменета за зачувување на слободното претприемништво, а не да го замени слободното претприемништво. Мерките што ги преземавме за да ја зголемиме ликвидноста и да обезбедиме нашите финансиски инструменти да бидат силни, се само привремени, додека државата со време ќе ги продаде акциите во банките, кои сега ги купи. Освен тоа што е привремена, програмата е и ограничена, со други зборови Владата ќе купи само извесен број акции во поедини банки”, објасни Буш, додавајќи дека овие банки ќе бидат„под приватна контрола”. Буш призна дека администрацијата презема вонредни мерки, но рече дека тие се добро промислени и дека се преземаат затоа што земјата е соочена со вонредни околности.„Убеден сум дека, на долги патеки, нашата економија ќе се опорави„ рече Буш. Цитирано според МИА: Македонска информативна агенција(20.10.2008). 152 СТАТИИ САД, Федералните резерви и Министерството за финансии го преплавија финансискиот систем со ликвидност, потоа на неколкуте преостанати инвестициски банки им доделија дозволи за комерцијално банкарство, позајмија фондови против негативните финансиски инструменти, за на крајот, од повеќе фирми и банки да купат акции без право на глас и долг со залог. Неколку европски држави ги гарантираат сите банкарски депозити и крат­корочните меѓубанкарски заеми. Ли­дерите на 27 земји, членки на Европската Унија, во Брисел разговараа за решавање на финансиската криза, согласно планот кој предвидува средства од дури 2.000 милијарди евра. Европската комисија предложи банкарските депозити во Европската Унија во иднина да бидат гарантирани со најмалку 50.000 евра, за до 2009 година, таа долна граница да се помести на 100.000 евра. Овие мерки послужија барем привремено да се запре паниката и на тој начин да се спречи истовременото подигање на влоговите од банките, како и да се спречи загушувањето на кредитните пазари. Сепак, преземените мерки беа само залажувачки. Тие не ги допреа корените на кризата, иако ги пренасочија. Наместо кон елиминирање на ризичните, лошо пресметани инвестиции и лоши заеми, дозволувајќи пропусти и банкроти, владите ги пренасочија долговите и ризиците од финансиските институции кон даночните обврзници и кон успешните. На тој начин прашањето веќе не Проф. д-р Јован Пејковски е дали оваа или онаа банка ќе преживее, туку дали оваа или онаа земја ќе остане солвентна. На пример, Исланд беше доста лошо погоден од целата ситуација. Други земји, вклучувајќи ги и САД, беа должни да платат за оваа великодушност во битката со опасната инфлација. И, додека САД го почна своето долго закрепнување, Европа и Азија беа оставени да го сносат ударот на американското расипништво, алчност, регулаторна дисфункција и кратковидост. Во истражувањето на Кредит Свис е наведено дека балтичките земји: Бугарија, Украина, Романија и Унгарија, се соочени со истите макроекономски тешкотии како и Исланд, со големи дефицити на платните биланси и со висок сразмер на кредити на приватниот сектор кон бруто-домашниот производ. На овие земји може да им се приклучи и Јужна Африка. Преместувањето на ризикот од приватниот сектор на јавниот и од едно место (САД) на друго(Европа, Азија), не е долгорочно решение. Тоа само го одложува неизбежното. Неизбалансираноста во меѓународниот финансиски систем е таква што за нејзиното израмнување е потребна долготрајна и болна глобална рецесија. Иако овие оценки, изјави, ставови и најави се синтетизирани, може да се согледа дека светот е соочен со глобална рецесија што ја препознаваат и лидерите на најразвиените земји и кои се свесни дека без глобално и сихнронизирано дејствување нема можност за излез од неа. Таа би се прелевала од држава во држава, од континент на континент и на крајот, 153 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 во глобална форма би го довела светот во криза, без преседан во човековата историја. Споредбите со кризата од трисеттите години се само индикатор дека можноста за глобална криза реално постои, но сега, заради глобалноста на пазарите, нејзината сложеност и длабочина би била покомплексна, а мерките и инструментариумите не зависат само од националните влади, туку од меѓународната соработка во барањето решенија за излез од таквата глобална криза. Кризата постепено ја добива формата на голем вител, кој внесува сé во себе и го потонува, без да се согледа каде е дното. Објаснувањето може да биде и во обратна перцепција, односно кризата е како торнадо кое превртува и руши сé што ќе му се најде на патот. Таа разорна моќ на кризата, секако дека ќе го заборави остварувањето на развојните приоритети за кои се залагаат владите и меѓународните институции, ќе го запре реализирањето на милениумските развојни цели, на прашањата од Агендата 21, на стратегиите за намалување на сиромаштијата и за зголемување на вработеноста. Ваквиот исход е заради обратноста на процесот што ќе предизвикува длабоко негативни екстерналии за кои ќе требаат нови стратегии, многу средства и нови концепти за излез од кризата. Оттаму, може да се оцени дека е неопходен нов светски финансиски поредок, со цел во иднина да бидат спречени финансиските и реални кризи. Тоа значи дека мерките што сега се преземаат не се еднократни и само санациони, туку се фундаментални и насочени кон оформување нов систем што треба да обезбеди стабилност и ефикаснот на долг рок. Токму затоа е потребно да се променат улогата и надлежностите на ММФ и Светската банка, кои треба да добијат нова зајакната позиција во рамките на светските финансиски текови. Добивајќи зајакната позиција, па и сериозни регулаторни механизми, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка ќе може да ги применуваат во насока на превентивно дејствување, за да се спречи крахирањето на финансиските и другите пазари. Исто така, со зајакнување на улогата на Европската централна банка, Европската банка за обнова и развој и други регионални финансиски институции, всушност се оцртуваат контурите на новиот светски финансиски поредок за кој се договараат развиените држави, а во насока на спас на банкарскиот и финансиските системи во развиените земји. Всушност, глобалниот капитализам, глобалната економија, глобалните финансиски и реални пазари неопходно бараат и нови глобални правила, но и глобални институции што ќе ги регулираат глобалните пазари и процеси. Тука, ориентација е кон зајакнување на регулаторните механизми на самите држави, односно нови принципи на интервенција на државата во услови на пазарно работење, со што се овозможува опстојувањето на самиот општествен 154 СТАТИИ капиталистички систем, како и меѓународни регулатори на кои државите ќе им пренесат дел од ингеренциите за воспоставување стабилност во оваа сфера. Францускиот претседател Саркози 18 предложи да се формира“економска супервлада”, или“светска супервлада”, која би имала ингеренции за брзо и ефикасно решавање на проблемите предизвикани од финансиската криза. Со определување на сос­ та­вот и ингеренциите би започнало оформувањето на нов светски поредок кој би го заменил Бретонвудскиот систем од 1944 година(со кој се фор­ мирани ММФ и Светската банка), а би се вопоставила контрола на работата на сите поважни финансиски ин­­­ ституции, банките, рејтинг агенциите, осигурувањето, итн. Понатаму, би се воспоставил нов систем на валутна соработка меѓу државите и надминување на хаосот што се создаде во валутно-паричните механизми. Како дополнителен предлог, г. Саркози упатува на потребата од формирање“економска влада” во зоната на еврото, односно на Европската унија, која, исто така, би добила ингеренции за справување со глобалната финансиска криза. Еврозоната бара единствен одговор и јасни правила на управување во финансиската и економската сфера. Во тие рамки, тој се залага Европската централна Проф. д-р Јован Пејковски банка да биде независна институција, но и да соработува со земјите во кои функционира еврото како национална валута. 19 Како за економската и финансиската сфера, вакви глобални регулатори, веројатно, треба да се дефинираат и за социјалната сфера, со оглед дека постојните институции и меѓународните организации имаат лими­ти­ ра­ни ингеренции и мали финансиски ресурси за да можат поактивно да деј­­­ствуваат во насока на намалување на социјалните проблеми и потреби на глобално ниво. Социјалната сфера и натаму е во ингеренции на националните држави, но проблемите стануват глобални, исто како и побарувачката и понудата на факторите на репродукцијата, заради што и социјалната сфера треба да се согледува од глобален аспект. Мерките на државната интервенција во економската сфера треба да се компилираат со макроекономски микс на мерки кои ќе ја инкорпорираат и социјалната сфера, со што нивото на стабилноста може да зајакне и да се одржува на подолг рок. Како што кризата на глобалните финансиски пазари е предизвик што не може да го реши сама ниту една држава, исто така и социјалната сфера е предизвик кој треба да се решава за да не ескалираат негативните ефекти кои може да доведат до по18 Никола Саркози, претседател на Франција, во изјава за медиумите, 21.10.2008 година, во супервладата би биле најразвиените Г-8: Кина, Индија и Бразил и други држави. 19 Саркози оценува дека:“Европа мора да биде носител на идеите за измени на основите на светскиот капитализам, додека глобалната економска криза претставува‘предавство’ на вредностите на капитализмот, а не доведување во прашање на пазарната економија.”. 155 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 широки потреси во државите и на глобален план. Глобалните мерки што се оформуваат за финансиската сфера предвидуваат: 1. Создавање глобален систем за рано предупредување, со цел спречување на идни можни кризи; 2. Прифаќање стандарди за ре­ гу­лација и контрола, базирани врз меѓународна основа; 3. Ефикасно трансгранично на­ бљу­дување на 30-те најголеми светски мултинационални ком­ па­нии; 4. Соработка и усогласени дејства на државите во услови на кри­ за; 5. Подигнување на нивото на га­ ран­цијата на депозитите во бан­ ките. во рамки на екстреми што не се забележани во економиите во светски рамки, јасно е дека не е воспоставена стабилност меѓу понудата и по­ба­ ру­вачката, заради што се можни натамошни осцилаторни промени во одредени маргини кои ќе влијаат врз продлабочување на рецесијата и влегување во криза со сериозни и длабоки последици. Понатаму, дилемите се: кои ме­ ханизми стојат на располагање и во кои области треба да се дејствува; дали во банкарската сфера и со кои механизми; дали во реалната економска сфера, а да не се на­ру­ шат основните прнципи на пазарно работење; дали треба да се ин­тер­ве­ ни­ра во социјалната сфера, до кое ниво и обем и од кои извори; или, пак, е неопходен микс од мерки во сите об­ ласти кои можат да бидат погодени од рецесијата, односно од глобалната криза? Како ќе се одразат овие про­ мени врз малите земји и земјите во развој? Состојбите во овие земји по­сто­ јано се влошуваат во еден подолг период. Ако на тоа се додадат економските движења во претходната 2007 година, во која започна растот на цените на енергенсите(нафтата и гасот), растот на цените на храната, како и на металите, суровините и минералите кои котираа на берзите, може да се согледа дека неповолниот тренд продолжи и во 2008 година, кога и се остварија неверојатно високи цени на споменатите производи. Иако цените се движат осцилаторно За да се спречат можни негативни појави кои стануваат сé поизвесни, се најавуваат и/или се преземени мерки кои, во основа, значат засилен државен интервенционизам во фи­ нан­сиската сфера, а во дел и во ре­алната сфера. Некои тоа го нарекуваат национализација на банките, други сметаат дека е само времено премостување на кризата, со цел за повторно воспоставување на пазарни односи и продолжување на регулаторната фунција на понудата и побарувачката, но во основа, се единствено реално расположливи мерки што ги преземаат државите и од кои може да се очекуваат одредени ефекти. 156 СТАТИИ Се поставува прашање што сé треба да се санира, до кој обем и ниво на влијание, односно кои области на дејствување се неопходни за да започне процесот на воспоставување стабилност на системите. Имено: 1. Пред сé, да се дејствува за санирање на изгубената доверба во банкарскиот систем. Иако изгледа дека тоа е појава од психолошки карактер, ова е првиот сегмент што треба да го стабилизира системот за да може да продуцира ефикасност и одржливост во работењето. Затоа е неопходно подигнување на нивото на депозитите за кои гарантира државата; Проф. д-р Јован Пејковски 4. Банките ќе мора да го прифатат капиталот од државата, да издадат акции(или други видови хартии од вредност) и да го признаат нејзиното право да учествува по основ на капиталот во управувањето со банките. Тоа е и основата за јакнење на довербата и за оспособување на финансиските пазари и текови за да продолжат со своите активности; 5. Помош на лицата кои ќе се соочат од ризик во форма: губење на работно место, загуба на домот (заради неможност да се враќаат кредитите се активираат хипотеките и голем број граѓани ги губат своите куќи, станови и живеалишта); 2. Санација на банките кои се соочуваат со финансиски ду­ би­ози и неможност за наплата на побарувањата, особено ризичните. Банките кои нема да може да се санираат, ќе мора да го понесат товарот на стечај или банкрот, а со тоа да се активираат гарантните механизми за повраток на депозитите. Во спротивно, ќе бидат погодени сите слоеви во општеството, а најмногу социјално најранливите; 6. Помош на социјално за­гро­ зените преку програми, особено за старите, неспособните и болните лица кои немаат шанси да опстанат ако државата не им помогне; 7. Програми за работно ан­га­ жи­рање на безработните и нивно алиментирање до фазата на наоѓање нова работа преку преквалификација, дообразование и други форми под­ држани од државата. 3. Внесување на дополнителен капитал за одржување на стабилноста на банките, особено големите кои можат да се соочат со нагло повлекување на депозитите на граѓаните и на компаниите. Изворот на овој капитал се согледува во буџетите на државите и негово трансферирање во период од неколку години за спасување на банкарските системи. Просторот не дава можност да се елаборираат детално наведените мерки, како и други помалку значајни зафати, кои неизбежно се користат во стабилизационите програми на макро ниво и во доменот на социјалната сфера. 157 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 ГЛОБАЛНАТА РЕЦЕСИЈА И МОЖНИТЕ СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА Се поставува прашање каде во сите овие случувања се наоѓа Република Македонија и до кое ниво може да се соочи со влијанието на рецесионите движења во светски рамки? Македонската економија е отворена и таа, секако дека ќе претрпи одредено влијание. Затоа е потребата од постојана координација меѓу Народната банка на Република Македонија, деловните банки и Министерството за финансии. Секој од нив, во рамките на надлежностите, да ги следат состојбите со цел да се реагира на ниво на Влада, или држава, за да се спречат негативните појави, онолку колку што е можно, или да се ублажат негативните последици. Не е потребна паника, потребна е смиреност, бидејки е прашање колку долго може светот да бара решение за да се справи со кризата. Обезбедувањето финансиски средства, кои се рамни на едногодишни буџети на државите, укажува на сериозноста на кризата, но и на подготвеноста на државите да се најде решение за истата. Секако дека кај нас: намалувањето на дефицитот, зголемувањето на извозот и јакнењето на инвестиционата активност, привлекувањето домашни и странски инвестиции, се решенија што можат позитивно да влијаат врз натамошниот раст и развој. Одделени оценки за влијанието на кризата по земји, иако се разликуваат, упатуваат на показателот дека државите, кои, како и Република Македонија, се послабо интегрирани во меѓународните финансиски пазари, имаат помали шанси да го почувствуваат влијанието на финансиската криза и со тоа помалку да се погодени од негативните ефекти. Како веројатност за ова се и ригидните мерки од властите во поглед на безбедностните резерви на банките, контролата и супервизиската контрола, врзувањата на сигурносни механизми при издавањето кредити, повисокото ниво на заштита, итн. Но, тоа не значи дека банките се имуни и изолирани. Ако на француската банка Sosiete General француската влада обезбеди финансиска помош од 1,7 милијарди евра, што укажува дека оваа банка се соочува со можни дубиози, прашање е во колкав обем филијалата на оваа банка во Македонија(или Охридска банка) ќе има помош во рамките на системот на банки или, пак, во одредени услови, ако има потреба, таа ќе бара помош од други извори. Меѓутоа, никој нема да може да ја избегне кризата затоа што финансиската сфера е првиот чекор на влијание врз рецесијата. Следат негативните ефекти во реалната економска сфера, кои, како бранови можат да ги погодуваат државите, зависно од доминантноста на стопанската структура, секторската и пазарната отвореност. Тоа значи дека покрај индиректните влијанија во финансиската сфера(изразени преку курсевите на валутите и цените на 158 СТАТИИ акциите кои паѓаат), можни се директни последици кои веќе се изразија преку отпуштање на работници од маталургијата и металната индустрија (ФЕНИ, Скопски легури и други), можни ограничувања во сферата на обоените метали(Бучим), и друго. Во оваа област се вработени над 9.000 лица кои можат директно да ги почувствуваат последиците од кризата, а индиректните ефекти се пренесуваат пошироко и завршуваат во социјалната сфера. Исто така, заради смалената светска конјунктура, намалувањето на извозот станува сé поизвесно, намалувањето на порачките, на лон-производството(особено во текстилната индустрија) и сма­ лените приливи од странство, како и помалите странски вложувања, мо­ жат да влијаат врз растот на плат­но­ билансниот дефицит на др­жавата, а со тоа и врз вкупната економска активност. Сето тоа, секако, е по­ вр­зано и влијае и врз социјалната сфера. Негативните ефекти и таму може да се изразат во негативен кон­ текст и да се мул­типлицираат без изгледи за решавање ако дојде до про­дла­бочување на рецесионите движења. Токму затоа, реално звучат ука­ жу­вањата на генералниот секретар на ООН, Бан Ки-Мун кој ја истакнува потребата од солидарност на земјите и потребата да бидат решителни во настојувањата да се надмине актуелната финансиска криза. Глобалната солидарност е неопходна и е во интерес на сите, независно од моќта и големината на земјите и Проф. д-р Јован Пејковски ресурсите со кои располагаат. Про­ блемите кои се изразуваат и кризата, не се во можност да ги решат самите, бидејќи истите се глобални, со глобално влијание и последици. Но, не смее да се дозволи глобалната економска криза да се претвори во хуманитарна криза, туку со сите механизми мора да се дејствува за да се спречи нејзиното ширење. Тоа претпоставува дека, покрај активните економски мерки, да се применуваат и засилени мерки во борбата против сиромаштијата и во обезбедувањето храна по пристапни цени и за сиромашните и гладните, намалување на долговите на земјите, и друго. Во исто време, активно да се дејствува во сферата на забрзување на социјалниот развој и подобрување на условите за живот и работа на граѓаните во сиромашните и недоволно развиените земји, во кои, ако не се дејствува, кризата може да има значително негативно и компликувано влијание. Република Македонија мора активно да ги следи состојбите и настаните на глобалната економска сцена, како и неповолните социјални консеквенци кои можат да се пренесат. Во тие рамки, неопходно е да се бараат решенија кои ќе овозможат да се одржуваат добри врски со економските партнери, пред сé со Европската Унија, со земјите кои се традиционални трговски партнери, земјите на: ЕФТА, САД, Руската федерација, Кина. Исто така, потребна е добра соработка со: ММФ и Светската банка, ЕИБ и ЕБРД, кои во овој случај можат да добијат и нова улога 159 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 на глобални регулатори на процесите во плаќањата и долгувањата. Сепак, се работи за историски случувања кои ќе се одразат и врз идните процеси и настани во глобални рамки. Предизвиците наметнуваат нови решенија и координација, која, и кај нас треба да се дефинира уште во превентивна фаза, како усогласено следење и подготовка за дејствување на надлежните органи од макроекономската и монетарната сфера, но и од социјалната сфера, со што би се спречиле негативните појави на финансиски и реален економски план. Покрај тоа, превентивно треба да се дејствува и во социјалната сфера за да се спречи појавата на неповолни ефекти, а ако истите се изразат да се дејствува со активни мерки во насока на нивно решавање. Тоа претпоставува, како заштита на категориите граѓани кои ќе бидат изложени на ризик од загубата на работното место, така и за примателите на социјална помош и обебзедување систем на социјални трансфери, што ќе ги покрие потребите на граѓаните во повеќе сфери на социјалното живеење. Како заклучок, да се вратиме на ставот на нобеловецот Штиглиц 20 , а тоа е:“Глобализацијата сама по себе не е проблем, туку начинот на кој со неа се управува”. Имено, техниките и методите, правилата на игра што се утврдени во постојниот глобален систем, постепено се надминуваат. Тие мора да се ме­ну­ ваат и да се приспособуваат кон потребите на луѓето во глобалниот свет. Потребни се реформи на меѓународните институции и орга­ ни­зации, заедничко дејствување, респектирање, како на економските, така подеднакво и на социјалните аспекти на глобализацијата, изградба на сигурносни механизми што ќе спречуваат појави и ескалација на кризи што секогаш завршуваат со продлабочени социјални проблеми. Неопходна е хуманизација на гло­ба­ ли­зацијата, поголема праведност во распределбата на новосоздадените вредности, подигнување на животниот стандард на населението и посебно на си­ромашните, со промена на јавната пер­цепција за нивно помагање, како основа за социјален раст и развој. 20 Роберт Штиглиц. 160 СТАТИИ Проф. д-р Јован Пејковски Користена литература: Food and Agriculture Organization(2008) Speech of FAO Director-General Jacques Diouf at http://www.fao.org/english/dg/2008/index.html G20(2008) Declaration of the Summit on Financial Markets and the World Econ­ omy, www.imf.org International Labor Organization(2008) Impact of financial and economic crisis on the world of work, ILO/08/46, www.ilo.org. International Monetary Fund(2008) Financial Crisis Takes Harsh Toll on Europe, www.imf.org Stiglitz, J.(2003) Globalization and Its Discontents, New York: W W Norton& Co Inc. World Health Organization(2008) Impact of the global financial and economic crisis on health, http://www.who.int/mediacentre/news/statements/2008/s12/en/ index.html Abstract: The globalization has contributed towards changes, towards growth and development that produced positive effects, which are imbalanced. When recession and crisis hit global markets it is of immense importance to undertake measures that provide and safeguard current reproduction. The analysis of the crises, along the economic aspect should also take into consideration social aspects as well. The social aspects are also vital which if not mitigated could endanger the survival of the system. Therefore, it might be said that a new world financial order is needed, to tackle the future financial and real crises, but also osculation in the social sector that will have affect on the social development. This means than the undertaken measures should not have ad-hock and remedial purpose, but they should be fundamental and targeted towards creation of a new system that will provide stability, efficiency as well as social justice, on the long term. The global capitalism, the global economy, the global financial and real market are in need of new global rules, but also global institutions that will regulate global markets and processes, as 161 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 145-162, Скопје, декември 2008 well as social aspects of living. The current trend is directed towards strengthening of regulatory mechanisms of the states that is introduction of principles of state intervention in the condition of market economy, which should enable the normal functioning of the societies. This is also accompanied with international regulation to which the states will transfer part of their responsibilities to provide for stability in the wider context. 162 АНАЛИЗИ И ОСВРТИ Милан Мановски 331.215.62: 336.226.112.1(497.7)„2009” Секретар на Секторот за економско-социјални истражувања и колективно договарање при Сојузот на синдикатите на Македонија СИСТЕМОТ НА БРУТО ПЛАТА НИЗ ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ Сојузот на синдикатите на Ма­ ке­до­нија(ССМ) во месец октомври 2008 година, имаше голем број ак­ тив­­ности поврзани со најновите за­ кон­ски измени и дополнувања во доменот на работните односи и со­ цијалното осигурување. Во тој кон­ текст, овој осврт прави детален приказ на ставовите на ССМ во однос на можните ефекти на Законот за придонеси за задожително социјално осигурување врз работниците, како и, генерално, неговото можно влијание врз состојбите со вработеноста и пазарот на трудот во Македонија. Со цел намалување на админи­ стра­тивниот товар врз фирмите, ка­ ко и намалувања на трошоците за работна сила и отворање нови ра­ ботни места, во економската про­ гра­ма на Владата на Република Ма­ ке­донија се предвидени суштински реформи во системот на социјално осигурување и персонален данок на доход(ПДД). Реформите се состојат од: 1. Воведување концепт на бруто плата- целта на оваа реформа е да се намали административниот товар и комплексните пресметки на бруто и нето плата, со што значително ќе се зголеми транспарентноста од аспект на препознавање на вкуп­ни­ те трошоци за работна сила на ра­ ботодавачот. Тоа е важно од ас­пект на домашните компании при под­ готовка на нивните бизнис пла­но­ ви, но и за потенцијалните на­дво­ реш­н­и инвеститори. Исто­вре­ме­но, ма­кедонскиот систем на плати ќе се изедначи со истиот во земјите членки на ЕУ, ОЕЦД земјите, како и повеќето земји во Регионот; 2. Намалување на трошокот за ра­бот­на сила преку намалување на стап­ките за социјални придонеси за 10 п.п., односно од сегашните ку­ му­лативни 32%, на 22%, постепено во периодот од 1.01.2009, до 1.01.2011. 163 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 Динамиката на намалување е во три фази: Придонес за пензиско осигурување Придонес за здравствено осигурување Придонес за осигурување во случај на невработеност 01.01.2009 21,2> 19% 9,2%> 7,5% 1,6%> 1,4% 01.01.2010 19%> 16,5% 7,5%> 7% 1,4%> 1,2% 01.01.2011 16,5%> 15% 7%> 6% 1,2%> 1% 3. Целосно усогласување и инте­ гри­­ра­ње на основиците, прес­мет­ ки­те и наплатата на социјалните придонеси, вклучително и ПДД. Со овие измени ќе се олесни ад­ми­ни­ стративниот товар врз фирмите во смисла на посебна пресметка и плаќање на секој придонес посебно, а и ќе се зголеми капацитетот на инс­ титуциите за контрола и со­од­вет­ но казнување на евазијата, со што државата ќе создаде можност за слободна и рамноправна кон­ку­ренција помеѓу економските суб­јекти. Што значи концептот на бруто плата низ Предлог- законот за придонеси за задолжително социјално осигурување? При примена на системот на бру­то плата, обврзник за плаќање на придонесите од плата и пер­со­нал­ ниот данок од доход(ПДД) ќе би­де самиот работник, додека, пак, ис­ти­те ќе ги уплатува работодавачот во име и на сметка на работникот. Притоа, во овој систем, предмет на договор при воспоставување на работен однос ќе биде бруто пла­тата, а не досегашната нето плата. Придонесите за социјално 164 оси­гу­ру­ва­ње ќе се пресметуваат и упла­ту­ваат на бруто платата, додека, пак, основица за пресметка на ПДД ќе биде бруто платата намалена за уплатените придонеси и за личното ослободување. Значи, нето платата ќе се добива на индиректен начин, кога од бруто платата ќе се одземат социјалните придонеси и ПДД. Овој систем овозможува работникот да знае колкава е неговата нето плата и колкав е делот од платата што се однесува на придонесите и ПДД. Целта на овие измени е да се на­ма­ли комплексноста на системот, но и да се промовира концептот на трошоци за работна сила од кои, всушност, зависи интересот на ра­ бо­тодавачите за вработување но­ ви лица. Оттука, заради потранс­па­ рен­тен концепт и можна споредба со другите земји(особено важно за странските инвеститори), не­оп­ ходно е интегрирање на сите тро­ шо­ци за работниците, наместо се­ гаш­ниот систем во кој има плата, по­тоа хранарина и превоз, некои дополнителни трошоци, и сл. Затоа, целта на Владата е храната и прево­зот да се интегрираат во бруто плата- та, бидејќи во реалноста тие најчесто се исплатуваат во готовина, а не како топол оброк или автобуска карта и слично, односно со текот на времето ја изгубиле вистинската функција. Исто така, нивното неоданочување (до одреден износ) е злоупотребено од некои работодавачи, кои, всуш­ ност, ја супституираат платата со хранарина и превоз. Сепак, за да биде оваа промена неутрална и од аспект на работодавачите и од аспект на работниците, Владата пред­лага зголемување на личното ослободување при плаќање на пер­со­ нален данок на доход од сегашните 3.294 на 6.800 денари. Кои се придобивките за рабо­то­ давачите од интегрирање на на­до­ мес­тоците за храна и превоз? Бруто платата ќе биде вистински и реален показател за нивните трошоци за работна сила, односно нема да има дополнителни“скриени”, па и непланирани трошоци. Секако, и пресметката на платата ќе биде поедноставна и нема да одзема многу време. Нема да има негативни ефекти, бидејќи со зголемување на личното ослободување, ПДД нема да се зголеми. Која е користа за работниците? Со интегрирање на хранарината и превозот во бруто платата, ра­бот­ ниците ќе добијат поголема соци­јал­на сигурност, ќе се уплатуваат придонеси и за висината на хра­на­ри­ната и превозот, а исто така се зголемува и вредноста на личното ослободување АНАЛИЗИ И ОСВРТИ од платите за ПДД. За да се воведе системот на бру­то плата и интегрирање на хра­ на­рината и превозот, неопходно е пре­до­говарање на индивидуалните до­­говори за вработување, заради нивно изразување во бруто износи. При овој процес од особена важност е придобивката што се очекува и кај работниците и кај работодавачите. Можни се неколку излезни решенија, зависно од волјата и моќта на до­го­вор­ ните страни: - нето платата да остане иста, што со новиот систем на пресметка, како и со постепеното намалување на социјалните придонеси ќе доведе до намалување на бруто платата; - бруто платата да остане иста, со што ќе се зголеми нето платата; - средно решение, во кое малку ќе се зголеми нето платата и малку ќе се намали бруто платата, што е и најверојатен резултат од пре­ го­ворите. Со оглед на тоа што секоја година ќе се намалуваат придонесите, до 2011 година, треба секоја година да се предоговараат работните до­го­ вори. Значајна промена е и тоа што на­мес­то да постојат три поединечни закони за социјално осигурување, ќе постои еден Закон за придонеси од социјално осигурување, со што ќе се обезбеди: а) целосна усогласеност на ос­ 165 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 но­виците за плаќање на при­ до­неси, на постапките при на­ пла­тата и други елементи(на при­мер: казните, каматите за не­навремена исплата, и сл.); б) наместо измени во три по­еди­неч­ ни закони, ќе се подготви еден закон; в) потранспарентен систем, во кој обврзникот ќе ги добие сите не­ оп­ходни информации со увид во само еден закон. Бруто платата, за познавачите на оваа материја и не е некоја новина. Таа и досега постоеше во пресметките на платите, при што не беше појдовна, туку изведена категорија. Во сегашниов систем, прес­мет­ ки­те се засноваат врз нето платата, при што и сите други показатели (статистички, споредбени, анали­тич­ ки, дури и казнени) беа поврзани, или поаѓаа од оваа категорија. Сега сето тоа треба да се измени и соодветно да се усогласи. Работата можеби не е сложена, но е обемна и бара многу време. Овој факт, а и други, беа причина, Сојузот на синдикатите на Македонија да бара одложување на планираниот термин за почеток на примената на системот на бруто плати од јануари 2009 година. Од аспект на ССМ, во контекст на претходно изнесената заложба, треба да се истакне дека во сите колективни договори, на сите нивоа на нивно донесување, одредбите со кои се уредува најниската плата, и платите воопшто, надоместоците од плата и многу други права и обврски на работниците и работодавачите, се поврзани со нето платата. Ова значи дека е неопходно усогласување на овие документи, што, исто така, е обемна работа, за што е потребно и соодветно време. Според најави од Ми­нис­тер­с­ тво­то за труд и социјална политика, во најскоро време ќе поднесат ини­ цијатива за изменување и до­пол­ну­ вање на Законот за работни односи, за бришење на надоместокот за хра­ на и превоз. Овој потег, доколку се реализира, е мошне неповолен за работниците кои досега ги примаа овие надоместоци. Познавајќи ја„ло­ ги­ката” на нашите работодавачи, се разбира не сите, овие надоместоци едноставно ќе ги снема, бидејќи нема да постои законска обврска. Целата работа се префрлува на ко­лек­тивното договарање, што во вакви услови се изострува и се по­треб­ни макотрпни преговарања за да се убедат работодавачите овие надоместоци да ги вградат во бруто платата. Со оглед на важноста на ова прашање, особено за работниците кои имаат ниски примања и на кои овие надоместоци многу им значат, ССМ предлага измените во Законот за работни односи да се вршат по воведувањето на концептот на бруто плата, во која ќе бидат вградени и надоместоците за храна и превоз. Со цел да се утврдат придобивките, и евентуалните недостатоци, од во­ве­ дувањето на системот на бруто плата за работниците, во ССМ се направени повеќе верзии на прес­мет­ки на бруто патата. 166 АНАЛИЗИ И ОСВРТИ 1. Сегашна состојба- нето Нето плата Даночно ослободување Нето основица Персонален данок Основица за данок со 10% Бруто 1 Бруто 2 Придонес за ПИО 21,2% Придонес за здравство 9,2% Придонес за вработување 1,6% Вкупно придонеси Прид. за проф. рехабил. 0,5% Прид. за водостопанство 0,2% Вкупно средства за плата 15.605 3.294 12.311 1.368 13.679 16.971 24.957 5.291 2.296 399 7.986 125 50 25.132 При пресметките е користен из­носот на просечната нето пла­та исплатена во Република Ма­ке­до­ нија и стапките на придонеси и за персонален да­нок што сега се при­ менуваат, а за пресметките за 2009 година и на­та­му се применети еле­ ментите од ма­­теријалот на Ми­нис­ тер­ството за финансии(да­ноч­но­то ослободување и стапките на при­ донесите). Оваа пресметка покажува де­ка за да се обезбеди исплата на се­гаш­ ниот износ на просечната нето пата во Република Македонија, потребни се бруто средства од 25.132 денари. Во оваа сума не се вклучени средствата за превоз и исхрана. За стопанството тие изнесуваат вкупно 4.300 ден, и во тој случај вкупните средства за плата и придонеси за работникот во стопанството изнесуваат 29.432 ден. Во јавниот сектор, за превоз и исхрана се исплатуваат вкупно 3.200 ден., што значи дека за еден работник, чија плата е колку просечната во Републиката, потребни се вкупни средства од 28.332 ден. 167 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 2. Пресметка на бруто плата според Предлог- законот за единствени стапки за задолжително социјално осигурување, со нето основица од 8.000 денари Година 2008 2009(1) 2009(2) Нето плата Даночно ослободување Нето основица Персонален данок Основица за данок со 10% Бруто 1 Бруто 2 Придонес за ПИО 21,2% Придонес за здравство 9,2% Придонес за вработување 1,6% Вкупно придонеси Прид. за проф. рехабил. 0,5% Прид. за водостопанство 0,2% Вкупно средства за плата Со вклучена храна и превоз од 4.300 3.200 8.000 3.294 4.706 5 23 4.229 8.523 12.539 2.658 1.153 200 4.011 20 25 12.584 ден= ден= 11.200 6.800 4.400 488 11.688 16.211 12.300 6.800 5.500 611 12.911 17.907 4.523 16.211 4.996 17.907 16.884 15.784 Напомена: Во првата пресметка за 2009 година, во нето платата се вкучени 3.200 денари за храна и пре­воз, а во втората пресметка, хра­ната и превозот се во износ од 4.300 денари. Вкупната стапка на при­до­не­си и за двете пресметки за 2009 го­ди­на е вкалкулирана на 27,9%. Пресметките покажуваат дека и во двата случаја обврските на ра­ бо­тодавачот се зголемуваат. Ако хра­ната и превозот е во износ од 4.300 денари, зголемувањето е 6%, а ако овој надоместок е во износ од 3.200 ден., тогаш зголемувањето на обврската е 2,7%. Овие примери покажуваат дека кај пониските плати не се остварува основната заложба на концептот на бруто плати за рас­ то­варување на работодавачите и обез­бедување дополнителни сред­ ства за евентуални инвестирања и дел за зголемување на платите на работниците, како и за нови вра­бо­ ту­вања. Пресметките се вршени со при­ мена на намалени стапки за при­до­ несите за ПИО, здравство и за вра­ бо­тување, што би се користеле во 2009 година. Соодветни пресметки можат да се направат и за 2010 и 2011 година, кога овие стапки уште се намалуваат и би го достигнале 168 следново ниво: ПИО 15%, од се­гаш­ ните 21,2%; здравствено оси­­гу­ру­вање 6%, од сегашните 9,2% и за вра­бо­ тување на 1%, од сегашните 1,6%. Во тие пресметки, за да се задржи АНАЛИЗИ И ОСВРТИ приближно истата сума на вкупните средства за плата на вработените, што ги обезбедува работодавачот,(се­ како во просек) соодветно тре­ба да се намалува даночното осло­бо­ду­вање. ДАНОЧНО ОПТОВАРУВАЊЕ НА РАБОТНАТА СИЛА: ПРЕД И ПО РЕФОРМАТА Година 2008 2009 2008 2009 2008 2009 2008 2009 Вкупен приход на работникот 8.300 10.300 16.300 24.300 Нето плата Хранарина и превоз Даночно оптоварување Вкупен трошок за работник Дан.оптов.% од вк.трошок Разлика во дан. оптовар. 4.000 8.300 4.300 0 5.214 3.525 13.514 11.825 34,4 29,8 - 4,6 6.000 10.300 4.300 0 5.436 4.629 15.736 14.929 34,5 31,0 -3,5 12.000 16.300 4.300 0 7.069 7.940 23.369 24.240 30,2 32,8 +2,6 20.000 24.300 4.300 0 12.141 12.354 36.441 36.654 33,3 33,7 +0,4 Од табелата може да се забележи дека кај повисоките плати вкупните средства за даноци и придонеси се зголемуваат, и тоа за 2,6, односно 0,4% ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА: 1. Како посериозно пра­ша­ње што се наметнува во транс­фор­ми­рањето на системот на нето плати во бруто се надоместоците и додатоците на плата што во моментов се присутни во практиката, како што се: минатиот труд, прекувремената работа, ра­бо­ та­та во празници и сл. Тие досега се додаваа на нето платата- основната плата. Дилема е присутна по пра­ша­ ње­то дали тие и натаму така да се третираат? Ставот на ССМ по ова прашање е сите надоместоци и додатоци на не­то платата и натаму да се сер­ви­ сираат согласно законските ре­шенија. Оваа обврска да биде вгра­де­на и во новиот Закон за бруто пла­та. 2. Воведување на минималната плата како законска категорија во која ќе бидат додадени надоместоците за превоз и за исхрана. 169 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 3. Отворено прашање е и вклу­­чувањето на надоместоците на трошоците за превоз и за ис­ храна во бруто платата. Сé уште не е прецизиран ставот околу ова прашање, а особено во ситуациите кога превозот и исхраната се ор­ ганизирани од страна на ра­бо­то­ да­вачот, или, пак, ситуациите кога овие надоместоци воопшто и не се исплатуваат. По ова прашање е проблем и висината на овие на­ до­местоци, со оглед што постојат раз­лични решенија во законите и колективните договори кои раз­лич­ но ја утврдуваат висината на надо­ мес­токот за исхрана. Треба да се при­фати тоа што е утврдено со ко­ лек­тивните договори, бидејќи е по­го­ лемо право за работниците. Покрај прашањата што преходно се спомнати, постојат и прашања што треба да се расчистат и уредат, како што се: - целосна дефиниција на поимот “плата” и дека, всушност, тоа е бруто платата; - задолжително вклучување на хра­ ната и превозот во бруто пла­тата за сите вработени, и од јавниот и од приватнит сектор; - даночното ослободување да изнесува најмалку 7.600 денари, за да се постигнат ефектите од примената на системот на бруто плати; - да се дефинира колкав процент од собраните средства ќе се насочува во првиот, а колкав во вториот пензиски столб? - воведувањето на системот на бруто плата неминовно бара утврдување и минимална пла­ та; - казните за работниците се ви­со­ ки и треба да се намалат; - рокот за примена на Законот е кра­ток, а и институциите што тре­ ба да го имплементираат не се подготвени. Сите овие, а секако и други пра­ ша­ња, бараат сериозен пристап кон начинот на донесувањето на Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување, и вклучување на сите релевантни фактори(со­ци­ јалните партнери, науката, екс­пер­ти, и сл.) во изнаоѓањето на добри, јасни и прецизни решенија кои ќе придонесат за правилно им­пле­ментирање на Законот и за пос­тигнување на целите што се са­ка да се остварат со неговото до­не­сување. НАПОМЕНА: Додека се под­гот­ ву­ваше овој текст Собранието на РМ го усвои Законот за придонесите за задолжителното социјално оси­ гу­рување. Временските рокови не овозможија да се направи анализa на тоа кои забелешки и предлози беа прифатени, а кои не, а не е донесен и Правилникот за имплементација на Законот, кој е клучен инструмент за ,, разјаснување на одделни ,,спорни одредби, како и за техниката на примената на концептот на бруто плата. 170 Доц. д-р Сузана Борнарова Универзитет„Св. Кирил и Методиј”, Скопје Филозофски Факултет Институт за социјална работа и социјална политика АНАЛИЗИ И ОСВРТИ 364.422-05(497.7) ЧЕТВРТИ СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА СТАРЕЕЊЕТО И ГЕНЕРАЦИИТЕ На Универзитетот во St. Gallen, во Швајцарија, од 28 до 30 август, 2008 година беше одржан IV светски когрес за стареењето и генерациите, во организација на Светската де­мо­ графска асоцијација. На Конгресот претставник од Македонија беше доц. д-р Сузана Борнарова од Институтот за социјална работа и социјална политика, која учествуваше на овој настан на покана од Светската демографска асоцијација и ERSTE фондацијата, со седиште во Виена. На Конгресот, на кој присуствуваа око­лу 600 претставници од голем број земји во светот, се адресираа теми од витална важност за светските лидери, бизнис заедницата, невладините организации, академските кругови, и за јавноста во целост, но и се раз­менуваа мислења, искуства и споделуваа предлози за повеќе конкретни решенија. Конгресот привлече реномирана меѓународна публика, чиј заеднички интерес беше дискусија за предизвиците и можностите кои ги предизвикува трендот на демографското стареење на населението во светот. Конгресот, со свои воведни об­ ра­­ќања посветени на пред­­из­ви­ците од демографското стареење како глобален феномен, го отворија директорот на Светската демографска асо­цијација, Alfonso Sousa-Poza, деканот на Универзитетот во St. Gallen, и ев­ропскиот комесар за вра­бо­ тување, социјални прашања и ед­ накви можности, Vladimir Spidla. Посебен интерес предизвика об­раќањето на шефот на Од­де­ле­ нието за социјална заштита и труд при Светската банка- Robert Holzmann, кој се осврна на потребата од редефинирање на социјалната заштита во услови на стареење на општеството. За предизвиците од демографското стареење по работна сила, говореше поранешниот прет­ седавач на Советот на ИБМ ЕМЕА Hans-Ulrich Maerki, кој дискутираше за овој тренд од аспект на предизвиците, но и на можностите што ги нуди за пазарот на трудот. Неизбежно внимание беше посветено и на здравствените прашања поврзани со гло­балното стареење на населението, преку темите:“Социјалните детер­ 171 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 ми­нанти на нерамноправноста во однос на здравствениот статус” на директорот на Меѓународниот институт за здравје и општество и професор при Универзитетскиот колеџ Лондон- Michael Marmot, како и презентацијата на претставничката од Светската срцева федерација- Janet Voute, насловена како:“Хроничните болести и глобалните здравствени предизвици”. Покрај пленарните излагања, во текот на Конгресот беа организирани и неколку пленарни панели, на следните теми:„Предизвиците по здравствениот систем во земјите во развој„;„Здравствени стратегии за јавниот и приватниот сектор„ и„Развој на поддржливи заедници за старите лица„. На посебните паралелни сесии беше пружена можност за фокусирање на поконкретни аспекти поврзани со феноменот на демографското стареење и меѓугенерациската солидарност, како на пример: жените и стареењето, финансирањето на здравствената заштита; предизвиците на пазарот на трудот; дискриминацијата во староста; пензиските системи; развојот на сребрените пазари и многу други. Општа оценка за Конгресот, од аспект на содржините што беа опфатени, е дека скоро во си­ те презентации и излагања пре­о­ владуваа размислувања зас­но­вани врз повеќе загрижувачки и пе­си­ мис­тички сценарија за не­га­тивните ефекти од процесот на стареење на населението по социјалните, здравствените и економските сис­те­ ми на државите. Само мал број учес­ ни­ци ги истакнаа предизвиците од гло­балното стареење во позитивно светло, истакнувајќи ги како триумф на човекот и неговиот напредок. Уште помалку, за глобалното стареење се говореше како за предизвик со кој, доколку се воведат соодветни прис­ пособувања во политиките и прак­ тиките, државите не само што ќе можат да се справат, туку и да ги искористат за својот напредок бе­не­ фи­циите што овој процес ги носи со себе. Токму во оваа насока треба да се насочуваат идните дискусии за демографското стареење и ме­ ѓу­генерациската солидарност во све­тот, а проценките и деталните ана­лизи неминовно ќе треба да го сменат фокусот од предвидувањата за растечките трошоци и црните е­фек­ ти по државните буџети врз пред­ видувањата за предностите, еко­ном­ ски­те бенефиции и можностите за развој. 172 М-р Софија Арнаудова Универзитет”Св. Кирил и Методиј”, Скопје Филозофски Факултет Институт за социјална работа и социјална политика АНАЛИЗИ И ОСВРТИ 364-785.24 Регионална работилница: Квалитетот на живот во институциите за ментално здравје, Загреб, 14-16 ноември, 2008 Во организација на Мрежата за зајакнување на социјалната работа во менталното здравје во Југоисточна Европа, финансирана од страна на DAAD(Deutscher Akademischer Ausatausch Dienst), во Загреб се одржа третата Регионална работилница, со наслов:” Квалитетот на живот во институциите за ментално здравје”. На работилницата учествуваа експерти и студенти од областа на социјалната работа и психологијата од: Германија, Хрватска, Албанија, Косово и Македонија. Во текот на воведниот дел на работилницата, проф. д-р Кнегиња Рихтер Соколовска ги изложи своите гледишта во однос на унапредувањето на квалитетот на живот во институциите за ментално здравје, начините на мерење на истото со помош на прашалникот за квалитет на живот, MANSA(Manchester Short Assessment of Quality of Life), во корелација со прашалник за квалитетот на услугите кои институциите ги нудат и социјалните вештини на персоналот кој работи во овие институции. Како заклучок од работните групи произлезе дека во секоја од земјите учеснички, вклучувајќи ги и Србија и Босна и Херцеговина, чии претставници оправдано беа отсутни, ќе треба да се спроведе истражување во кое ќе бидат вклучени 100 лица од институциите за ментално здравје, и тоа, 50 кои се изложени на болнички третман и 50 кои се сместени во дневните центри за ментално здравје. Проф. д-р Гертруда Милер и проф. д-р Јосип Јанковиќ, зборуваа за ефектите од војната во Германија/ Хрватска, врз психотрауматскиот живот на лицата кои ја преживеале истата и последиците врз квалитетот на живот. Јанковиќ во својата презентација истакна резултати кои се однесуваат на психолошките проблеми(тикови, грицкање нокти, чкртање со заби, пелтечење, и сл.) со кои децата се соочувале пред и по војната. Неговиот заклучок беше дека децата кои во текот на војната биле сместени во Шелтер центри без своите родители, имаат помал процент на психолошки проблеми во однос на оние деца кои во текот на војната биле со еден, или со двајцата свои родители, бидејќи токму тие им го пренесувале стравот на своите деца. Проф. д-р Верица Стаменкова Трајкова од Институтот за социјална 173 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 работа и социјална политика од Скопје во своето излагање го образложи терминот психологија во заедницата, целите на психологијата во заедницата, моделите и методите на работа во заедницата, а сето тоа со посебен акцент на зајакнувањето на лицата сместени во институциите за ментално здравје, како една од основните цели на психологијата во заедницата. тално здравје. За ситуацијата во Албанија збо­руваше Стојан Бајрактаров, изложувајќи ги податоците од Извештајот на Светската здравствена организација од неколку поголеми градови во Албанија, каде, исто така, постои недостаток од професионален кадар за унапредување на менталното здравје во заедницата. Како надоврзување на ова, сле­ дуваше презентацијата на м-р Иван Трајков, од Институтот за социјална работа и социјална по­литика во Скопје, во однос на компаративната анализа на усло­вите и видот на третманот во Психијатриската болница во Скопје и Центарот за ментално здравје – ”Пролет”. Заклучоците од неговата презентација гласеа дека квалитетот на живот, рехабилитацијата и ресоцијализацијата, како и по­чи­ тувањето на правата на корисниците се многу подобри во Центарот за ментално здравје –”Пролет”, со самото тоа што истата претставува институција која го промовира менталното здравје во заедницата. Професорот Драгидела од Ко­ сово ја претстави ситуацијата во новоотворениот Институт за социјална педагогија, каде како посебна насока се изучува социјалната работа. Неговото мислење, како и мислењето на неговиот помлад колега Салиу, се дека во Косово постои недостаток од помошен кадар кој би работел за унапредување на менталното здравје и квалитетот на живот на корисниците сместени во институциите за мен­ Проф. д-р Ленче Милошева ја презентираше предметната про­ грама за менталното здравје на Медицинскиот факултет од Штип. Целата работилница прет­ста­ вуваше можност за добивање увид во она што земјите учеснички во Мрежата за зајакнување на социјалната работа во менталното здравје во Југоисточна Европа го направиле досега, но и можност за договарање на наредните чекори. Во тој контекст, беше до­го­ ворено наредната Работилница да се одржи во мај, 2009 година, во Белград, во областа на превенцијата на менталното здравје на децата и младите, а наредната Летна школа, во Охрид, во август 2009 година, со работен наслов: Стрес менаџмент во менталното здравје. Со оглед на тоа што имаше го­ лем број учесници, а малку вре­ме, оваа работилница треба да прет­ста­ вува поттик за организирање и на дру­ ги средби кои ќе придонесат за уна­ предување на менталното здравје во заедницата. 174 М-р Благица Новковска Државен завод за статистика Скопје АНАЛИЗИ И ОСВРТИ 364.4-053.6(062) Меѓународна конференција: Меѓугенерациска солидарност- предизвик со кој се соочуваат модерните општества, 10- 14 ноември 2008, Раденци, Словенија Еден од предизвиците со кои се соочуваат модерните општества, секако е меѓугенерациската со­ лидарност. Процесот на демографско стареење на на­селението е присутен во најголем број европски земји и оттаму потребата да се дискутираат, анализираат и подготвуваат со­од­ ветни политики за поддршка на старите лица. Во тој контекст, од 10 до 14 но­­­­ем­ври, 2008 година, во Ра­ден­ ци, Словенија, се одржа 18-та кон­­ференција, насловена како: ,,Ме­ѓугенерациска солидарност пред­­извик со кој се соочуваат мо­ ,, дер­ните општества организирана од Статистичкото друштво на Сло­ венија, Заводот за статистика на Ре­ публика Словенија и Институтот за макроекономски анализи и развој. На Конференцијата имаше 171 учесник, од 8 земји, и претставници на повеќе меѓународни институции. На Конференцијата беа ор­га­ низирани повеќе сесии, на кои се обработуваа темите: иновативен пристап кон комуникацијата со разни групи корисници- организациски и информациски аспекти; политики од­говорни за меѓугенерациска солидарност; социјална сигурност; податоци за поддршка на политиките; пазар на трудот; социо-демографски аспекти; образование и писменост; и здравство. Паралелно со овие сесии беа организирани три тркалезни маси, на кои, меѓудругото, беше дискутирано и за прибирање, процесирање и ди­ семинација на чувствителни по­да­ тоци. На оваа Конференција, учесник од Република Македонија беше Бла­ гица Новковска, директор на Др­жав­ ниот завод за статистика. Таа го прет­ стави својот труд, насловен како: ,,Посебната позиција на неплатениот ,, семеен труд. Генерално, структурата на работната сила во Република Македонија може да се означи како не­поволна и тоа не само заради ви­ со­ката стапка на невработеност, не­ поволната образовна и старосна структура на вработените, туку и заради многу високото учество на неплатените семејни вработени во вкупно вработените во Република Македонија, што е повеќе од 10% од вкупната вработеност. Целта на трудот беше да се илустрира економското и социјалното значење 175 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 на неплатениот семеен труд, родовата сензитивност на неплатениот труд, економскиот придонес на овој труд кон вкупната економија, учеството на неплатениот труд во неформалниот сектор и земјоделството. Врз основа на направените анализи во трудот, се презентирани следните заклучоци:(1) мерењето на неплатениот семеен труд е неопходно за да се разбере вкупната економија; (2) неплатениот труд во Република Македонија има силно економско и социјално значење за пазарот на трудот и вкупната економија; (3) со идентификување на врските меѓу платениот и неплатениот труд може да се постигне зајакнување на економските и социјалните политики; (4) високото учество на неплатениот семеен труд во вкупната економија бара сериозен пристап на носителите на активните политики за пазарот на трудот и носителите на социјалните политики кон категориите кои се вклучени во неплатени економски активности. Овие категории од населението се без економска и социјална сигурност и оттаму се со висок ризик од осиромашување и социјална исклученост;(5) поодговорни и добро таргетирани економски и социјални политики може да придонесат кон постигнување поголем баланс меѓу човековиот и економскиот развој. 176 АНАЛИЗИ И ОСВРТИ Доц. д-р Сузана Борнарова Универзитет„Св. Кирил и Методиј„ Скопје 364.65-053.9(100)(062) Филозофски Факултет Институт за социјална работа и социјална политика Јавна презенација на Извештајот за проценка на потенцијалот за добро управување во областа на социјалната заштита, 28 октомври, 2008 година, Скопје Со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, во текот на 2006-2008 година се реализира меѓупрограмската иницијатива,„Проценка на потенцијалот за добро управување на Македонија”. Општата цел на оваа нова меѓупро­ грамска иницијатива на ФИООМ е да се промовира концептот на јавен интерес во Македонија, со интензивирање на мониторингот и со охрабрување на примената на принципите на добро владеење од страна на државните институции, согласно процесот на пристапување кон ЕУ. Во рамките на овој поширок проект, во текот на 2007 година беше извршена анализа на потенцијалот за добро управување во осум области: образование, здравство, локална самоуправа, реформа на судството, човекови права, економија, социјала и мониторинг на распределба и трошење на државните пари. По тој повод, на 28 октомври, 2008 година, во Скопје беше одржана јавна презентација на Извештајот од спроведеното истражување во областа на социјалната заштита, чии автори се: Софија Спасовска, Сузана Велковска, доц. д-р Сузана Борнарова, Елизабета Куновска и Пенка Николовска. Целта на настанот беше презентирање на наодите и препораките од спроведената анализа, со акцент на остварувањето на правото на социјалната парична помош(СПП) и дискусија со засегнатите страни. Учесници на настанот беа претставници од релевантните министерства(за труд и социјална политика, за економија), центрите за социјална работа од Македонија, Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на Република Македонија, Заводот за социјални дејности и повеќе странски и домашни невладини организации и фондации. Анализата беше спроведена во текот на 2007 година, на три нивоа: Министерство за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и корисниците на СПП. Анализата резултираше со заклучоци и препораки за следниве принципи за добро управување: ефективност, ефикасност и економичност, транспарентност/планирање, зајакнување и партиципација. За потребите на оваа анализа се користеше комбинирана квалитативно- квантитативна методологија која овозможи изведување заклучо177 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 163-178, Скопје, декември 2008 ци од квантитативното истражување спроведено со репрезентативен примерок на испитаници- корисници на СПП, но, исто така, и од квалитативната анализа на состојбите во доменот на доброто управување во селектираните институции на централно и на локално ниво. Во текот на презентацијата, проследена со конструктивна дискусија, беа истакнати повеќе суштински заклучоци. Имајќи го предвид големиот број корисници на СПП и вкупната сума што се издвојува за СПП од една страна, како и сумата која поединечно ја добиваат корисниците, а која е ни­ ска и не ги задоволува дури ни ос­нов­ ните потреби за живеење, од друга страна, се наметнува потребата од из­на­оѓање соодветни решенија со кои ќе се намали зависноста од СПП, ко­ја поддржува пасивност и наместо до­сегашниот приод, во креирањето на политиките да се стимулираат про­активни решенија. Особено за­ гри­­жуваат податоците за високиот број на работноспособни лица кои го остваруваат ова право во подолг вре­менски период. Истовремено, за­ ради големиот број корисници, сло­ же­ните административни про­це­ду­ри за остварување на ова право и от­ сус­твото на нормативи и стандарди за работа, стручните служби во цен­ три­­те за социјална работа не се во мож­­ност во целост да се посветат на обез­бедување други стручни ин­тер­ вен­ции. Исто така, беше нагласено и дека не постои координиран стратешки приод помеѓу областа на вработувањето и социјалната заштита, што резултира со отсуство на програми за вработување насочени кон корисниците на СПП(ниту се дава приоритет на корисниците на СПП во постојните програми за вработување) и намалување на сиромаштијата кај оваа категорија на граѓани(на пр. во Националната стратегија за вработување, во делот на активните мерки корисниците на СПП не се земени предвид како посебна група). Соодветно на некоординираноста во областа на вработува­ њето и социјалната заштита, следи и слаба имплементација на предвидените мерки за вработување, при што е присутна неадаптибилноста на работниците и работодавачите. Најзагрозените лица и семејства/ домаќинства не се соодветно таргетирани. Најголемиот број од корисниците на СПП се задржуваат многу долго време во системот, без стимулација за преземање активност и надминување на состојбата на невработеност, а се обезбедуваат само пасивни мерки на заштита. Системот на социјална заштита е патерналистички, креира за­ вис­ност и наместо врз индивидуално идентификување на потребите и обезбедување на неопходниот пакет на услуги, се базира врз права. На крајот беше констатирано де­ка проценката на доброто управување на сите нивоа на кои се креираат и имплементираат политиките на социјална заштита, е од особена важност. Анализата на политиките во оваа област даде можност за иден­ти­фи­кување на слабите точки и понатаму, креирање соодветен одговор, со цел да се унапреди системот на социјална заштита во Македо нија. 178 ИНТЕРВЈУА Стасе Нолев 311.312:330.567.2(497.7) Раководител на Одделение за животен стандард Државен завод за статистика МЕРЕЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ВО МАКЕДОНИЈА Кои се начините преку кои Државниот завод за статистика го мери животниот стандард во Македонија? Пресметките за сиромаштијата се започнати од 1997 година и се правени по препораки на Светската банка. Линијата на сиромаштија во РМ е дефинирана на нивото од 70% од медијалната еквивалентна потрошувачка. Што значи дека Државниот завод за статистика ја мери сиромаштијата преку расходите, бидејќи наше мислење и мислење на Светската банка е дека расходите се порелевантен податок за мерење на сиромаштијата во моментот, бидејќи податоците што се прибираат за пресметка на сиромаштијата од анкетата за потрошувачка на домаќинствата, се порелевантни во однос на приходите. За овие мерења да бидат споредливи со другите земји, Државниот завод за статистика во иднина ќе презема чекори, со што би се вовеле нови истражувања и сиромаштијата би се пресметувала преку приходите и преку дефинициите согласно препораките на Статистичкиот уред на Европската Унија- Еуростат, каде што сиромаштијата би била дефинирана како 60% од медијалните еквивалентни приходи. Што кажува статистиката за животниот стандард во Македонија? Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2007 година, процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 29, што во споредба со 2006 година претставува намалување за 0,4 процентни поени. Анализирано по профили, нај­ ран­ливи групи се повеќечлените до­ маќинства, имајќи го предвид фак­тот дека 60,4% од сиромашните жи­веат во домаќинства со 5 и повеќе чле­но­ ви. Стапката на сиромаштија кај не­ вра­ботените е 39,1%, односно 45,9% од сите сиромашни се невработени ли­ца. Образованието на главата на до­маќинството, исто така, влијае врз бројот на сиромашни лица. Имено, 64,3% од сиромашните лица 179 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 179-188, Скопје, декември 2008 живеат во домаќинства каде што носителот на домаќинството нема, или има завршено најмногу основно образование. Кажете ни нешто за по­тро­шу­ вачката кошница? Што содржи таа, дали е соодветна за мерење? Потрошувачката кошница Др­жав­ ниот завод за статистика ја пресметува на месечно ниво, и таа се однесува само на исхрана и пијалоци. Треба да се потенцира дека таа не треба да ни го покажува животниот стандард, односно дали е таа доволна, мала или преголема, туку главна цел на потрошувачката кошница е да ни укаже како промената на цените влијаат врз намалувањето, или зго­ лемувањето на месечниот буџет за исхрана и пијалоци на едно просечно четиричлено домаќинство. Таа е направена врз основа на податоците од анкетата за потрошувачка на домаќинствата каде што е земена просечната потрошувачка за едно четиричлено домаќинство, за исхрана и пијалоци, изразено во количини. Тие количини на одредени производи на исхрана и пијалоци во текот на една година се фиксни и секој месец се множат со просечните цени на мало во тековниот месец. За мерењето на животниот стандард треба да се земат податоците за сиромаштијата. Од податоците за животниот стандард дали може да се извлечат некои препораки за подобрување на политиките во овој домен? Па секако, државата и соодветните ресорни министерства, задолжени за сузбивање на сиромаштијата, вклучувајќи ја и Владата, треба да ги анализираат релевантните податоци за сиромаштијата во Ре­ пу­блика Македонија. Треба да се преземаат некои политики на Владата за сузбивање на сиромаштијата, а особено за најранливите групи, кои, покрај тоа што се сиромашни, се и социјално исклучени од здравството, образованието и слични области. Тоа, сепак, се домаќинствата со низок степен на образование на неговите членови, како и домаќинствата кои немаат ниту еден член вработен, исто како и повеќечлените домаќинства. Овие домаќинства се најранливи групи, а мерките и политиките треба да се насочени кон нив. Секако дека тука спаѓаат и ивалидизираните лица, како и самохраните родители. Дали примената на Silc методот (Survey of income and living conditions/Истражување за приходите и животните услови) ќе придонесе за подобрување на мерењата и согледување на состојбите со животниот стандард во Република Македонија? SilC истражувањето, или ис­ тражувањето за приходите и жи­вот­ ниот стандард е истражување кое е по препорака на Европската Унија. Државниот завод за статистика, секако дека ги следи препораките на ЕУ за воведување нови истражувања, со цел статистиките што ќе про­из­ лезат од тие истражувања, од­нос­ но податоците да се меѓународно споредливи како со земјите од Ев­роп­ ската Унија, така и со идните земји 180 кандидати кои вршат пресметки преку Silc истражувањето. Државниот завод за статистика планира наредната, 2009 година, да спроведе пилот истражување за да се тестира образецот, при­ме­­рокот за ова истражување. Се пла­нира, согласно прописите за ста­тистичко истражување, Silc ис­тражувањето од 2010 да влезе во редовните статистички ис­тра­жу­вања на Државниот завод за ста­тистика. Податоците ќе бидат поквалитетни, или не, ќе покаже самата анкета, меѓутоа, со нејзиното спроведување ќе се добие извор на податоци, кои согласно дефинициите и препораките ќе бидат меѓународно споредливи. Таму е дефинирано дека сиромаштијата, мерена согласно приходите, би била дефинирана на 60% од медијалните еквивалентни при­ ходи. Со тоа што, откако ќе ги имаме податоците со Silc истражувањето, ќе може да се пресметаат Лаекен ин­дикаторите, кои, исто така, се по­­ требни на државата при по­пол­ну­ва­ ње­то на сите меморандуми откако ќе добиеме датум на преговори за членство во ЕУ. Така, сето ова ќе биде согласно европските регулативи и за првпат ќе бидеме споредливи, со исти дефиниции со земјите од Европската Унија. Во моментот не можеме да се споредиме дури ни во Регионот, затоа што Бугарија и Романија веќе започнаа да го спроведуваат Silcот. Пресметките за сиромаштијата се на пониско ниво во: Србија, Босна, Албанија, Косово, бидејќи тие таму имаат некои експериментални пресметки на ниво на апсолутна сиромаштија. ИНТЕРВЈУА Зошто официјалната статистика во Македонија не го мери Џини ин­ дексот/коефициентот(за доходовни разлики)? Државниот завод за статистика официјално не го пресметува Џини коефициентот заради тоа што анкетата за потрошувачката на домаќинствата за исхрана и пијалоци како извор на податоците, покрај за потрошувачката, се користи и за приходите. Мислиме дека приходите не се прибрани нај­ квалитетно преку оваа анкета, затоа откако ќе се примени Silc анкетата, ќе се овозможи пресметка на Џини коефициентот. Според анкетата за потрошувачка на домаќинствата, ние ги прашуваме домаќинствата за приходите во последните 3 ме­ се­ци, додека во Silc-от тоа е по­ инаку дефинирано, прашањето за приходите се однесува за цела година, бидејќи на начинот како ние ги прашуваме сега домаќинствата секако имаме потценет податок за при­ходите. Прво, заради тоа што од страна на домаќинствата не се добиваат точни бројки, а второ дека е потценет податокот кај земјоделските домаќинства и нивните земјоделски приходи, бидејќи можеби во период од три месеци тие нема да остварат никакви приходи. Знаеме дека голем број од земјоделските домаќинства се исплаќаат еднаш годишно, на пример за оние кои одгледуваат: тутун, јаболка, грозје, односно сите тие кои своите производи ги даваат во откупни центри, приходите ги добиваат еднаш, двапати или во зависност од исплатата на ратите. Овие домаќинства, доколку додека 181 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 179-188, Скопје, декември 2008 ги анкетираме немаат приходи во последните три месеци, не ги пријавуваат. Таквите приходи се потценети и не се релевантни. Дали овие проблеми можат да се надминат ако се добиваат податоците од Управата за јавни приходи? Би можело, доколку имаме регистри за приходите. Можеби тоа е во почетна фаза. Секако дека тоа би можело да се искористи како база доколку нашите регистри се на високо ниво. Некои високоразвиени земји од Европската Унија во анкетата за Silc воопшто не поставуваат прашања за приходот, затоа што тие ги користат податоците од нивните регистри. Таков е случајот со скандинавските земји или, пак, со Словенија, која има високоразвиен систем на регистри. Само во тој случај можат да се користат податоци од регистрите, но ние сме во почетна фаза. Секако, во натамошниот период ќе можат да се користат податоците, но само доколку тие регистри се согласно препораките на Европската Унија. Па, секако дека се големи раз­ ликите во приходите. Свесни сме де­ ка полека се губи средната класа, сé повеќе и повеќе се забележува дека раслојувањето во приходите во Македонија е големо. Тие, или се екстремно високи, или екстремно ниски. Секако, државата треба да пре­зема политики за ублажување на сиромаштијата преку социјалната политика, сузбивање на сиромаштијата на најсиромашните и најранливи групи, а треба да се направи и ре­ дис­трибуција на давачките за да се ублажат екстремните приходи во една гранка, во однос на друга гранка. Општо, знаеме дека претстојат преговори меѓу Владата, Синдикатот и Работодавачите за утврдување на минимална плата, што е чекор напред. Не сум сигурен, но мислам дека сме една од ретките земји која нема утврдено минимална плата. Со тоа би се воспоставила поголема стабилност во секторите и рамнотежа меѓу приходите на најбогатите и најсиромашните и, секако, би се вра­ тил средниот слој, средната класа во Република Македонија. Според вашите сознанија дали разликите во приходите во Ре­ пу­блика Македонија се големи и каков вид на политики можат да придонесат за намалување на овој јаз- редистрибутивни(со­ цијални трансфери до групите без примања и со ниски приходи), или рестриктивни политики(со огра­ ничувања на разликите меѓу нај­ високата и најниската плата)? 182 Што се однесува до јазот меѓу сиромашните и богатите, навиките на домаќинствата кои се во длабока сиромаштија се менуваат. Податоците околу структурата на нивната по­тро­ шувачка бележи фрапантни разлики. Во првата децилна група, односно 10% најсиромашни домаќинства во РМ, околу 75,8% од нивната потрошувачка е за исхрана и пијалоци, за разлика од нив, во 10-тата децилна група, односно 10% од домаќинствата со највисока потрошувачка, кај нив храната учествува само со 21,4%, за разлика од тоа многу е повисок про­ центот за: домување, сметки, тран­ спорт, комуникации, што е резултат на нивниот висок животен стандард. Дали има нешто друго што би сакале да ни кажете во однос на животниот стандард во Република Македонија? Друго што е важно и специфично за Репубика Македонија е по­тро­ шувачката на сопствени производи. Тоа, кај нас има особено големо зна­ чење, земајќи го фактот што при пре­ сметка на сиромаштијата се земаат предвид и потрошените производи од сопствено производство. Влијанието на оваа натурална потрошувачка е околу 5,8% во вкупните рас­по­ ИНТЕРВЈУА ло­жливи средства, односно во вкуп­­­ните приходи. Со развојот на зем­јоделството и со неговото пот­ тикнување и унапредување, мер­­ ките што се преземаат при­до­не­ суваат земјоделците што повеќе да произведуваат, што повеќе да продаваат и што поголем дел да останува за нив, со што во не­кој дел би ја ублажиле нивната еко­­ номска ситуација и не би ос­та­ нале заглавени на дното на си­ро­ маштијата. Домаќинство кое нема вра­ботени, но има градина, земја, може мно­гу полесно да ја преброди си­­ро­маш­тијата, да продаде дел од производите, за разлика од ур­ба­ ните средини каде единствен из­ лез од сиромаштијата се или вра­ бо­тувањето, или пензиите, или един­ствено мерките на Владата околу со­цијалната помош за ублажување на сиромаштијата. 183 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 179-188, Скопје, декември 2008 Мите Кузески, координатор за волонтери во невладината организација Хабитат Македонија 364-787.9(497.7:=217.58) 365.4(497.7:=217.58) Тања Малеска, менаџер за развој на ресурси и комуникации во невладината организација Хабитат Македонија ОБЕЛЕЖЈА НА ДОМУВАЊЕТО НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО МАКЕДОНИЈА Какви се состојбите со домувањето меѓу ранливите групи население во Македонија? Ромските семејства, нај­чес­ то живеат во лошо градени суп­ стандарди и домови, во кои нема соодветен довод на вода за пиење и санитарии. Податоците од Ре­ пу­бличкиот за­вод за здравствена заштита, за 7 ром­ски заедници на територијата на градот Скопје, без „Шуто Оризари” покажуваат дека 7,25% од семејствата живеат во импровизирани куќи, изработени од неградежен материјал(картон, најлон, алуминиумски ли­мо­ви, пластика, итн.), 29,5% во руинирани и монтажни објекти, а само 63%, во објекти од цврста градба. До­ мовите на ромските семејства се мали, планирани за извршување и обезбедување на основните по­ треби, со животен простор од по­ малку од 5 квадратни метри по член на семејството, кај повеќе од 50% од населението. Околу 40% од семејствата живеат во колективни домови, односно во домови кои ги делат со друго семејство. Само 16% од ромските домови, во овие 7 ромски населби, имаат тоалет и бања, внатре во куќата; 77% од 184 семејствата имаат санитарен јазол (или полски тоалет) во дворот, и 58% користат чешма за вода, надвор од домот. Но, и натаму, речиси 10% од ромското население во овие населби нема никаков довод на вода за пиење и хигиена, а се проценува и дека околу 50% од овие семејства немаат соодветно решение за одвод на отпадните комунални води од нивните домови. Кои се најризични групи и региони во однос на супстандардното до­ мување во Македонија? Најризични групи во однос на супстандардното домување се Ромите, ако се разгледуваат како екстремен пример на сиромашно до­мување, но ситуацијата не е значително подобра и кај другите етнички заедници во Македонија. Кои се начините преку кои Хабитат помага во подобрувањето на суп­ стандардното домување? Програма која нуди заеми за оние кои имаат супстандардни услови за живеење, меѓутоа се економски активни, но нивните приходи не се доволни за да се подобрат условите на нивното живеење, потоа, за лица кои не се кредитно способни. Хабитат во фокусот ги има оние луѓе кои се во работен однос, но кои не можат да земат кредит од банка за да ги унапредат условите на живеење во нивниот дом. Со втората програма се даваат заеми кои не се грантови, тие се микро финансирање. Заеми кои се до 4.000 евра и се враќаат во рок од 5 години, со рата од 5.000 денари месечно. Наменети се за подобрување на услвите за живеење, за домови без тоалети, обезбедување изолација за домовите кои имаат влага, конкретно подобрување на супстандардните услови за живеење. Колкав е бројот на корисници? Досега како корисници има 330 семејства низ целата територија на Репубилика Македонија, кои го подобриле својот живот преку по­ добрување на условите за домување. Важна компонента поврзана со Habitat for Humanity е тоа што средствата се обезбедуваат исклучително за семејства, а не за поединци, стари лица или студенти, млади лица кои живеат сами. Покрај оваа програма постои и програма која е градена врз основа на програмата„Подобар дом”. Таа програма е специјализирана за „Роми и маргинализирани групи во Република Македонија” поаѓајќи од фактот дека Ромите, не само во Македонија, туку и во светот, се најранливата група, којашто живее во многу лоши услови. Во оваа програма ИНТЕРВЈУА има ромски семејства. Ова е само начин Ромите, како најранлива група, да имаа посебен третман. Меѓутоа, оваа програма не е затворена за другите групи, туку е сконцентрирана на подрачјата каде живеат Роми. Програмите опфаќаат лица кои остваруваат приход, но помалку од 1% меѓу нив се регистрирани како вработени лица. Која е гаранцијата дека корисниците на програмата остваруваат приходи? Токму затоа партнерски ра­бо­ ти­ме со„Хоризонти„ кои веќе имаа работено со целните групи и нивната работа се покажува како успешна, што е доволна гаранција дека семејствата ќе ги исполнат обврските. Најголем проблем за семејствата е тоа што тие не можат да ги докажат своите приходи, а ги имаат и се способни да ги враќаат. Доколку им се овозможи заем, тие го враќаат. Семејствата не можат да отидат во банка и да побараат заем, бидејќи немаат никакви документи за примањата. Нашата организација ги зема предвид сите нивни примања. Ние не треба да бидеме сфа­ тени како банка, бидејќи сме НВО и работиме хуманитарно, тие не доаѓаат кај нас, ние одиме кај нив. На одобрените средства постои камата, меѓутоа тоа е поврзано со микрофинансирањето како концепт. Микрофинансирањето е едно од нај­ ризичните финансирања од кредит заемите. 185 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 179-188, Скопје, декември 2008 По што се раликува програмата „Роми и маргинализирани групи во Република Македонија” од програмата„Подобар дом”? Оваа програма е поедноставна и поблиска до микрокредитирањето. Досега имаме работено само со веќе постојните клиенти на„Хоризонти”, а тие се дел од Catholic Relief Services, сега регистрирани како сопствена Фондација, која дава бизнис микро кредити. Како почнува соработката со нив? Тие им дале бизнис кредити на семејствата во населбата во Скопје, „Шуто Оризари”, а состојбата со домувањето таму, како што е познато, е огромен проблем. Начинот на кој се обезбедува гаранцијата е следниот: се собираат пет жени како група и потпишуваат една за друга, а кога едната нема, ñ помагаат другите. семејство корисник од„Топаана”. Причината зошто пилот проектот се спроведуваше во„Шуто Оризари” е заради одбраниот партнер и сигурноста на заемите. Семејствата, претходно биле корисници на бизнис кредит и истиот веќе го вратиле, што е доволна гаранција дека тие се кредитно способни и дека и натаму така ќе постапуваат. Од наредната година, проектирано е од оваа програма да се обезбедат средства во Велес и Кочани, значи ќе се опфатат и други заедници каде живеат Роми. Дали Habitat for Humanity има поддршка од локални донатори за своите програми? Ова е малку комплексна тема. Локални донатори колку што знам, немаме. Програмата е мошне корисна. Се работи само со жени кои се како менаџери на домот. Сметаме дека нема друг начин како да се излезе од кругот на сиромаштија, поточно нема друг одржлив начин. Ние можеме да им дадеме пари, но прашање е што ќе се случи. На овој начин ние не сме само хуманитарна, туку развојна организација. Не е целта само да ги потрошиме парите што ги имаме и да прекине нашата работа. Враќањето на тие средства овозможува да му помогнеме на друго семејство. Оваа програма има 60 корисници, согласно проектирањето за првата година. Програмата се спроведува само во скопската населба„Шуто Оризари”, а се приклучи и едно 186 Сте се обиделе ли да мотивирате некоја организација? Проблемот е поврзан со Законот за спонзорства и донации кој почна да се имплементира пред година и пол. Првите резултати за тоа како се имплементира, ги добивме во месец март, 2008 година, меѓутоа самиот Закон е проблем за донаторот. Донаторот може да издвои и до 5% од даночната обврска, но треба да оди во Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања, а не знам од кои причини токму тие се надлежни, и да докаже дека ние сме организација која работи за јавно добро, со што се прави огромен притисок врз донаторите. Многу попрактично би било до­ наторот нам да ни ги даде средствата, а ние од наша страна да се справиме со потребната папирологија. Ако некој донира средства, тоа е како да Ви направил лична услуга. За жал, во Македонија не постои солидарност за другиот, како што постои во западниот свет. Кај нас солидарноста е многу повеќе на фамилијарно ниво, отколку да му се помогне на некој кој не го познаваме. Перцепцијата е друг проблем со кој се соочуваме во Република Македонија. Многу луѓе во рамките на својата лична перцепција, во рамките на“пост распаѓање на менталитет”, формиран како резултат на губењето на стабилноста, односно тлото под нозете, прави секој поединец за себе лично да смета дека нема. Луѓе за себе говорат во кафуле, додека го пијат третото кафе, и сметаат дека немаат пари да донираат. За разлика од лица од САД, каде поединци направиле случаен избор од листата на организации, и не одбираат нас. Дури сега имаме прва лична до­ нација и ќе видиме како тоа ќе функ­­ ционира. Законот е најдобар за ли­ чни донации, бидејќи може да се одземат од хонорарите. Дали Хабитат има поддршка од државата за реализација на своите програми? Со Министерството за транспорт и врски имаме соработка, особено во однос на земјиштето, што го добивме за изградба на 90 домови. ИНТЕРВЈУА Освен таа соработка, ќе ја истакнеме и одличната соработка со градоначалникот на општина Велес. Пробавме да воспоставиме ваква соработка со општината„Илинден”, но се појавија проблеми поврзани со сопственоста на земјиштето. Кој ќе биде корисник на овие домови, дали се тоа лицата чии куќи се во опасност од лизгање на земјиштето? Ова прашање многу често се по­ста­ вува, но ние ги градиме до­мо­вите за семејствата кои ги исполнуваат условите, а тоа се семејства кои немаат сопствен дом, или живеат во супстандардни услови. Исто така, треба да сакаат да работат на изградбата. Значи ли тоа дека веќе имате лица кои работат на изградба? Да, но сега е само на ниво на поставени темели. Хабидат Македонија гради куќи кои се согласно стандардите во дадената земја во која дејствува. Во овој случај се работи за домови кои се од 50 до 80 м 2 . Се работи за дуплекс градба. Какви политики се потребни за подобрување на проблемот со домување во РМ? Решавање на правото на соп­ ственост. Пред сé, потребно е да постои политика. Ако тргнеме од фактот дека во минатото имаше политка на изградба на државни станови, денес постои недостаток 187 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 179-188, Скопје, декември 2008 на генерална станбена политика. Не се сеќавам дека некој по распаѓањето на Југославија водеше грижа за домувањето. Државниот завод за статистика не располага со податок за бројот на луѓе кои живеат во супстандардни услови. Каква е состојбата во Македонија со домаќинствата. Имаме потреба од такви информации, на пример колку семејства живеат без електрична енергија, колку семејства користат тоалет во дворот, а не во рамките на станбената целина. Постои огромна потреба поврзана со креирањето политика во врска со решавањето на проблемите со до­мувањето. Бесцелно решаваме проблеми поврзани со образованието, ако немам каде да ја напишам до­ машната работа, напразно го ре­ша­ ваме проблемот со здравството, ако живеам во влажна просторија која постојано ме разболува и можам потенцијално да заболам од хронична болест. Сé започнува од домот. Не можеме без постојна политика да влеземе во креирање политика, знаеме како се креира политика, најпрвин треба да се креира јавна политика. Најпрвин се работи на освестување на народот, а потоа да внесуваш било какви промени и да се бориш за таа политика. Потребна е волја и платформа на сите оние организации кои работат на ова поле, да започнат со застапување, да го промовираме ова како проблем. Луѓето и не се свесни дека живеат во нездрави услови, постојат ис­ тра­жувања кои укажуваат дека ако работите не ви се средени дома, тогаш ништо не ви е средено. Кои се други Ваши активности? Летото имавме програма која подразбираше доизградба на веќе започнати градби, меѓутоа таа програма ја прекинавме бидејќи средствата не беа доволни за до­ вр­шување на карабината, но се надеваме дека во рамките на следните програми, ќе обезбедиме поголеми средства, до 10.000 евра, средства кои би биле доволни за завршување на веќе започната програма. Друга програма на која ра­бо­ тевме е помош за обезбедување на водоснабдување и санитарии за решавање на еден конкретен проблем. Целта на овој проект беше да им се помогне на семејствата кои немаат прописна санитарна мрежа, ситуација кога бунарите од кои се црпи вода се многу блиску поставени до често непрописно изградени септички јами, па постои опасност од мешање на фекалии и вода. Успеавме 142 семејства од Рашче, од Мамутчево и од општина Василево да ги поврземе на главната водоводна мрежа. Тоа се семејства кои живеат во крајна беда, заемите се многу мали, семејствата ќе треба да вратат по 10 евра месечно, а добиваат нешто што ќе им го заштити нивното и здравјето на нивните поколенија. 188 СОЦИЈАЛНА СТАТИСТИКА Табела бр. 1: Вредност на потрошувачката кошница и просечна нето плата Април 2008 Мај 2008 Јуни 2008 Ведност на кошницата 12 404 12 414 12 333 Просечна нето плата 15 605 15 728 15 759 Кошницата во однос на платата 79,5 78,9 78,3 Остаток на платата во% 20,5 21,1 21,7 Извор: Државен Завод за статистика, 2008 Табела бр. 2: Број на производи и услуги што можат да се купат за просечна исплатена нето плата, јуни 2008 Red. broj PROIZVOD ILI USLUGA Edinica Prose~na Koli~. koi mo`at merka cena da se kupat 1 Kravjo mleko litar 38.06 414 2 Priroden med kg 221.46 71 3 Leb od p~eni~no bra{no, tip 500 kg 44.41 355 4 Malinov sok(koncentriran), so{i{e litar 78.34 201 5 Svinsko meso bez koski kg 284.22 55 6 Jagne{ko meso kg 321.11 49 7 Maslo za jadewe(rafinirano), bez{i{e litar 97.89 161 8 Pr`eno kafe kg 322.40 49 9 Kisela mineralna voda od 1.5l litar 20.35 774 10 Svetlo pivo vo{i{e od 1/2 l, bez{i{e ,, 11 Cigari ,,Rodeo super lajt litar 32.00 492 kutija 52.63 299 12 Ma{ko zimsko palto od{tof, 80-100% volna par~e 6 363.72 2.5 13 Trenerki za vozrasni komplet 2 844.78 6 14@enski xemper, me{avina par~e 1 340.15 12 15@enski tenki~orapi od sinteti~ko vlakno, prva klasa par~e 124.53 127 16 Postelnina za edno lice od damast(jastu~nica, du{e~en i jorganski~ar{af) komplet 1 373.10 11 17 Frotir pe{kir, golemina okolu 50h100 sm par~e 185.16 85 18 U~eni~ka torba par~e 773.54 20 19 Drvo za ogrev(za doma}instvo) m3 2 621.48 6 20 Bojler vertikalen, 80 l par~e 5 145.61 3.1 21 Ma{ina za perewe par~e 15 365.79 1.0 22 Fri`ider kombiniran, 280/70 l par~e 19 674.55 0.8 23 Digitalen fotoaparat par~e 8 730.00 1.8 24 Elektri~na pegla, okolu 1000 vati par~e 1 680.22 9 25 Detergent za ma{insko perewe kg 110.63 142 26 Lak za kosa, 200 gr par~e 138.91 113 27 Benzin MB-96(premium) litar 77.60 203 28 Cement portland kg 6.52 2417 29 Yidni}erami~ki plo~ki m2 546.98 29 30 Vleznica za kino karta 129.35 122 31 Mese~en bilet na vraboteniot za prevoz vo grad karta 1 759.35 9 Извор: Државен Завод за статистика, 2008 189 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 189-196, Скопје, декември 2008 Табела бр. 3: Просечна исплатена месечна нето плата по вработен, август 2008 Извор: Државен Завод за статистика, 2008 Табела бр. 4: Просечна исплатена месечна нето плата по сектори на дејности, август 2008 Извор: Државен Завод за статистика, 2008 190 СОЦИЈАЛНА СТАТИСТИКА Графикикон бр.1: Просечна исплатена месечна нето плата по вработен, август 2008 А Земјоделство, лов и шумарство Б Рибарство В Рударство и вадење на камен Г Преработувачка индустрија актив. Д Снабдување со електрична енергија, гас и вода зашт. Ѓ Градежништво Е Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата Ж Хотели и ресторани З Сообраќај, складирање и врски Ѕ Финансиско посредување И Недвижен имот, изнајмување и делов. Ј Јавна управа и одбрана, задолжит. соц. К Образование Л Здравство и социјална работа Љ Други комунални, културни, општи и лични услужни активности 191 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 189-196, Скопје, декември 2008 Табела бр. 5: Месечен просек на издатоци на работодавачот по вработен според видот на издатоците и според сектори, 2006 Извор: Државен Завод за статистика, 2008 192 СОЦИЈАЛНА СТАТИСТИКА Табела бр 6: Индекси на трошоците на животот, октомври 2008 Извор: Државен Завод за статистика, 2008 193 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 189-196, Скопје, декември 2008 НАСОКИ ЗА АВТОРИТЕ ДОЛЖИНА НА ТРУДОТ: Изворни(научни) трудови и стручни статии до 5.000 зборови. Сите останати прилози(приказ на книга, регулатива, информации и осврти), до 2.000 зборови. СОДРЖИНА НА ТРУДОТ:  Наслов на статијата  Поднаслов(ако е потребно)  Име(имиња) и презиме(презимиња) на авторите и по потреба и иницијалите на името на таткото  Назив и место на установата каде авторот е вработен  Резиме на јазикот на кој е напишана статијата  Клучни зборови  Текстот на самата статија  Користена литература  Резиме на странски јазик ФОНТ: Mak. C. Times – 12 , ПРОРЕД: Единечен(Single) ЦИТИРАЊЕ: При повикување на други автори и дела, независно дали се работи, или не се работи за цитати, изворот се наведува во текстот, а не во фусноти. Референцата во текстот се става во заграда и содржи: презиме на авторот и година на издавање. Ако станува збор за прецизен навод или цитат, во референцата треба да се вклучи и број на страницата. Референците се наведуваат согласно следните пример:(Тозија, 2006),(Coury, 2001.a, 2001. b),(Пуљиз и Бежован, 1994.:25),(Пуљиз и сор., 2000.:25-26),(Gough i sur., 1997.; Esping-Andersen, 1990., 1999., 2004.),(Институт за социолошки и политичко правни истражувања, 2004.),(Закон за локална самоуправа на РМ, С.В. 5/2000, чл. 21, ст.1). 194 СОЦИЈАЛНА СТАТИСТИКА ЛИТЕРАТУРА На крајот од статијата се наведува целосниот попис на литературата, по азбучен редослед, согласно следните примери:  Книга: Ружин, Н.(2006)„ Современи ситеми на социјална заштита”, Скопје: Филозофски Факултет.  Статија: Јачова, З.(2004)„Инклузивното образование на децата со посебни потреби во Р.М.”,„ Дефектолошка теорија и практика”, 12:36-38.  Прилог во зборник: Хорт, С.(2007)„Заеднички патишта, поинакво потекло? Педесет години општествени науки и социјална политика во Европа” во: Геровска Митев, М.(ур.)„ Врамување нова социјална политика: актери, димензии и реформи”(стр. 14-28), Скопје: Фондација„Фридрих Еберт” и Филозфски факултет.  Мрежен(електронски/интернет) извор: Денерт, Ш., Диболд, А.(2006), „Вредностите и политиката”. Посетено на 20.09.2008 на интернет страницата на Фондацијата„Фридрих Еберт” http://www.fes.org.mk/ pdf/WERTE-MK.pdf  Корпоративен автор: Институт за социолошки и политичко правни истражувања(2004)„ Социјална процена на здравствениот систем во Република Македонија”, Скопје: Институт за социолошки и политичко правни истражувања.  Правен извор: Закон за здравствена заштита на РМ„Службен весник на РМ”, бр. 38/91, бр. 17/97(Пречистен текст), бр. 10/2004  Статистички извор: Државен завод за статистика(2004)„Природно движење на населението во РМ во 2003”, Скопје: Државен завод за статистика 195 Рев. за соц. пол. год. 1 стр. 189-196, Скопје, декември 2008 196