ФОНДАЦИЈА „ ФРИДРИХ ЕБЕРТ „ РЕВИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 2009 Год. 2, Бр. 3, Стр. 197- 302, Скопје, јуни 2009 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Издавач: Фондација ” Фридрих Еберт ” - Скопје За издавачот: Штефан Денерт Главен уредник: Маја Геровска Митев Уреднички одбор: Марија Доневска, Благица Новковска, Јасминка Фришчиќ, Лилјана Јанкуловска, Ирена Трајковска Теренски истражувач: Светлана Трбојевиќ Лектура: Инда Костова Савиќ Техничка подготовка: Тодор Трајковски Печати: Полијестердеј- Скопје Тираж: 300 198 СОДРЖИНА Вовед 203 СТАТИИ: Антидискриминирачката политика и правото на еднаков третман во европското и македонското законодавство, Наташа Богоевска 205 Половата поделба на трудот- фактор на женската дискриминација, Сузана Симоновска 220 Стигматизација на лица болни од шизофренија и на зависници од дрога и алкохол, Михајло Поповски и Катерина Наумова 232 „Провокативните“ девојчиња и„нечувствителните момчиња“: меѓуврсничко сексуално вознемирување и креирање полово нееднаква атмосфера во основните училишта, Николина Кениг 246 Нееднаквости во опфатот и правата од пензискиот систем во Република Македонија, Зоран Вучев 266 АНАЛИЗА/ МИСЛЕЊА: 282 Предлог- закон за антидискриминација 282 Елена Грозданова, Министерство за труд и социјална политика 283 Ѕвонко Шаврески, Полио Плус 284 Алберт Муслиу, Асоцијација за демократски иницијативи- АДИ Гостивар 286 Томка Дилевска- Организација на жени на град Скопје 288 НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ: 290 Јавна расправа во Собранието на РМ: Европски политики за заштита од дискриминација во Република Македонија, Наташа Постоловска 290 Регионална конференција:„Интегрирање на разлики – човекови права, социјална инклузија и социјална кохезија на Балканот кон патот до Европската Унија”, Јана Лозаноска 293 Студија – Социјална исклученост на старите лица во Република Македонија, Сунчица Димитријоска 296 Приказ на извештајот: Граѓански засновани анализи, Јован Пејковски 298 Приказ на книгата:“Социјален развој” од проф. д-р Јован Пејковски, Мариа Доневска 301 199 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 200 Вовед Третиот број на„Ревија за со­ци­­­ јална политика“ ја донесува со себе проблематиката на анти­дис­кри­­ми­на­ ци­ја. До скоро, по­­литиките на ед­ наквост, рам­но­правност и суз­би­вање на дис­криминацијата во Ма­ке­донија се сметаа за инко­р­по­ри­ра­­ни во сис­те­ мот преку залагање за темелните прин­ципи на еднаков трет­ман, не­за­ вис­но од: полот, воз­рас­­та, верската, националната, ет­нич­­ка, или социјална припадност. Вак­вите принципиелни одредби беа, и се инкорпорирани во нај­ви­­­соките законски акти, поаѓајќи од Уставот, па сé до посебните за­ко­но­ дав­ства во сферите на: вра­бо­ту­ва­ње­ то, образованието, здрав­ство­то, со­ци­ јал­ната сигурност. Се­­пак, по­стоењето вакви политики и законски одредби сé до 2000 го­ди­на, не значеа, исто­вре­ мено, и про­моција на наведените пра­ ва, ниту санк­ци­он­и­ра­ње на истите во случај на нивно прекр­шу­вање. Во таа смисла, по­литиката на анти­дис­кри­ми­ нација како на за­ко­нодавно, така и на инс­ти­ту­ционално ниво, може да се смета за по­нов феномен, чиешто прак­ тикување во Ма­кедонија особено се зајакна под влијание на меѓународните фактори, меѓу кои предничи Европ­ска­ та Унија. Дека станува збор за понов фе­ но­мен, кој е недоволно прецизен и ис­­тражуван кај нас, потврди и на­ше­­ то првично објавување на повикот за текстови за овој број, преку кој до­­­ бивме голем број трудови, кои, од една страна беа допирни со оваа про­блематика(социјална ин­клу­зија, интеграција), но, од друга стра­на, недоволно фокусирани на(не) дис­кри­ минирачките примери/по­литики кон одредени групи, или во одредени до­ ме­ни. Сепак, на кра­јот успеавме да из­двоиме и обја­ви­ме статии кои ја ана­лизираат не­дис­кри­минирачката по­ литика и концепт во Македонија, како од компаративен аспект, така и во контекст на политиката и праксата на еднаков третман кон одредени групи во земјата. Воведниот текст во овој број од „Ревија“ (Богоевска) дава ком­па­­­­­ра­ти­ вен легислативен приказ на ди­­рек­ти­ ви­те за еднаков трет­ман, со­­држани во европското за­ко­но­­дав­­ство, кои Ма­ке­ донија треба да ги инкорпорира, како и увид во ак­ту­елните законски, но и други про­гра­мски иницијативи, преку кои се про­мовира концептот на не­дис­ кри­минација. Наредната статија,(Си­ мо­новска) прави осврт на био­со­ци­јал­ ни­те услови за поделбата на трудот според полот и улогите на половите; вредносните ставови како фактор за половата поделба на трудот, ка­ко и улогата на образованието во јак­не­­ње на еднаквоста/нееднаквоста ме­­­ѓу половите. Авторите на трудот што сле­ ди(Поповски, Наумова), пре­­ку ем­пи­ риско истражување на осо­бе­ностите на стигматизацијата кај дел од сту­ден­ тската популација во однос на лица болни од шизофренија, за­­висници од дрога и алкохол, по­ка­­жуваат дека покрај постоењето под­гот­веност за по­ ма­гање на овие лица, студентите про­ ја­вуваат и тен­ден­ција за нивно 201 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 дискриминирање. На­редниот труд, исто врз основа на емпириска анализа (Кениг), утврдува постоење сексуално вознемирување во училиштата во Македонија, не­ед­наква позиција на момчињата и девојчињата, меѓутоа и непостоење по­сериозно организирани форми на превенција и надминување на оваа состојба. Конечно, завршната статија(Вучев) ги анализира ситуациите на нееднаквиот пристап кон правата од пензискиот систем, како и одделните групи кои се исклучени, или не се корисници на пензиските права. Покрај научните статии,„Ревија“ дава анализа на различните ставови, толкувања и сугестии во однос на актуелниот Предлог-закон за ан­ти­ дис­­криминација. Во тој контекст, прет­­­ставници на Министерството за труд и социјална политика, како и претставници на граѓанските здру­ же­нија во Македонија, ги истакнаа своите мислења, со што„Ревија“ при­ до­несува во продлабочувањето на дебатата за критичко инкорпорирање на концептот на недискриминација во национални рамки. На крајот,„Ревија“ преку при­ло­ гот: Осврти и настани, прави увид во позначајните случувања и во но­ во­објавените публикации, кои сме­та­ ме дека имаат своевиден при­донес во развивањето како на кон­цеп­тот и политиките за еднаков трет­ман во Ма­ ке­донија, така и во про­мовирањето на подинамична, прогресивна и ис­ куствено-втемелена социјална по­ли­ тика. Како и секогаш, уредничкиот од­ бор се надева дека и овој број ќе пре­ д­извика посериозно внимание, ка­ко меѓу креаторите на социјалната по­ литика, така и меѓу сите фактори кои ја администрираат, истражуваат, или ги користат услугите од со­ци­јал­на­ та политика, повикувајќи ги, ис­то­вре­ мено, сите заинтересирани за при­до­ нес во идните броеви на„Ре­ви­ја“. Уредник, Маја Геровска Митев 202 СТАТИИ УДК 342.72/.73(4) 342.72/.73(497.7) м-р Наташа Богоевска, Универзитет“Св. Кирил и Методиј”, Скопје Филозофски факултет, Институт за социјална работа и социјална политика Антидискриминирачката политика и правото на еднаков третман во европското и македонското законодавство Резиме Во последниве години Европската Унија врши активно промовирање на правото на еднаков третман, како фундаментален принцип, кој се зема предвид при креирањето на сите политики. Со член 13 од Договорот од Амстердам во 1997 година, Унијата се стекна со овластување за преземање мерки за справување со сите видови дискриминација. Тоа претставуваше основа за градење стабилна антидискриминирачка ле­гислатива која вклучува три директиви:(I) Директива 2000/43/EЦ, со која се забранува дискриминирачко постапување во областа на: вра­ботувањето, обуката, образованието, социјалното осигурување, здравствената заштита, домувањето и пристапот кон јавните добра и услуги, без оглед на расното или етничкото потекло;(II) Директива 2000/78/EЦ во која се имплементираат принципите за еднаков третман во областа на вработувањето и професионалното занимање;(III) Директива 2004/113/EЦ за еднаков третман на жената и мажот во при­ стапот и обезбедувањето со добра и услуги. Активностите на Унијата за превенција и борба против дискриминација, како и евалуација на ефективноста на предвидените политики и усвоените практики се од­ виваат во континуитет преку имплементација на низа стратешки до­ку­ 203 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 мен­ти, меѓу кои: Зелена книга за еднаквост и недискриминација во про­ ши­рената Европска Унија(2004), Стратегија за недискриминација и ед­накви можности(2005), Одлука за прогласување на 2007 година за европска година на еднакви можности за сите, Резолуција на Советот на Европската Унија(2007). Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија има обврска за усогласување на своето законодавство со анти­ дискриминирачката легислатива на Европската Унија. Тоа прет­ста­ ву­ва дел од копенхагенските политички критериуми за членство. Во Република Македонија не постои општ закон за заштита од дис­кри­ ми­нација. Со одделни законски текстови парцијално се забранува дис­криминирачко однесување во различни сектори и од страна на различни актери: здравство, образование, култура, социјална заш­ ти­та, детска заштита, семејните односи, изборното законодавство, каз­неното законодавство, државната служба, органите на прогон и казнување, управната постапка, судските постапки, невладиниот сек­ тор, политичките партии. Заради создавање комплетен систем на за­ шти­та, согласно европските директиви, неопходно е донесување сис­ тем­ски закон со едноставна структура и јасна содржина, со што би се постигнала негова реална и ефикасна имплементација. Клучни зборови: дискриминација, еднаков третман, правна 204 СТАТИИ м-р Наташа Богоевска, 1. Антидискриминирачка политика на Европската Унија Принципите на еднаков третман и недискриминација се темелат врз европскиот социјален модел. Тие претставуваат основа за почитување на фундаменталните човекови права и вредности врз кои се потпира денешната Европска Унија. Ан­ тидискриминирачката политика прет­ ставува важен дел на пристапот на Европската Унија во регулирањето на многу сектори, како што се: вработувањето, заштитата, имиграцијата, интеграцијата, родовата рамно­ прав­ност. Европската Унија врши ак­тивно промовирање на принципот на недискриминацијата, како основна алатка за создавање инклузивно општество. Мерките на Унијата за промовирање на родовата еднаквост за првпат беа усвоени во 70-тите години на минатиот век. Легислативната акција генерално беше насочена кон сузбивање на половата дискриминација, поврзана со: работните услови, платата и социјалната сигурност. Иако оваа област остана предмет на специфично дејствување, врз основа на стекнатите искуства, Европската Ко­мисија предложи поширока програма за борба против сите видови дискриминација. Резултат од оваа иницијатива беше вклучувањето нов член 13, со кој се постави основата за гарантирање на правото на една­ ков третман. Заедницата се стекна со овластување за преземање мерки за справување со дискриминаци­ ја­та врз разни основи, вклучувајќи: расно, или етничко потекло, религија или верување, старост, попреченост и сексуална ориентација. Член 13, кој стапи на сила со Договорот од Амстердам во 1997 година, беше модифициран со Договорот од Ница, со што се овозможи донесување потенцијални мерки против дискриминација според правилата за гласање со квалификувано мнозинство во Советот. Законодавното дејствување и натаму претпоставува едногласно одобрување од страна на Советот, и покрај предлогот на Комисијата за прифаќање на квалификуваното мнозинство. Определбата за борба против дискриминацијата, утврдена со Договорот од Амстердам дополнително беше потврдена со член 21 од Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија, кој предвидува: (I) Секоја дискриминација заснована врз било која основа, како што е: пол, раса, боја на кожа, етничко, или социјално потекло, генетско обележје, јазик, вера или уверување, политичко, или какво и да било друго мислење, припадност на малцинска група, имотна состојба, инвалидност, возраст, или сексуална ориентација, ќе биде забранета;(II) Во рамките на Договорот за основање на Европската заедница, како и Договорот за основање на Европската Унија и без оглед на посебните одредби на тие договори, било каква дискриминација врз основа на државјанство, ќе биде забранета. 205 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 1.1. Европски директиви за за штита од дискриминација Европската Комисија ги спроведе во дело овластувањата предвидени со член 13 и понуди пакет-мерки со кои би се обезбедила правна заштита од дискриминација на сите лица кои живеат во рамките на Европската Унија. Воедно, тоа претставуваше основа за донесување три директиви со кои се создаде стабилна правна рамка за заштита од дискриминација, и тоа:  Директна дискриминација: ед­­но лице било доведено, е, или би мо­­жело да биде доведено во понеповолна позиција од други лица во исти, или слични ситуации;  Индиректна дискриминација по­стои кога одредена, навидум неутрална одредба, критериум или практика, го става, или би го ставила, во понеповолна положба во однос на другите лица заради определено негово својство, статус, определување или уверување; 1. Директива 2000/43/EЦ со која се имплементираат принципите за еднаков третман во областа на вработувањето, обуката, образова­ ни­ето, социјалното осигурување, здрав­ствената заштита, домувањето и пристапот кон јавните добра и услуги, без оглед на расното или етничкото потекло; 2. Директива 2000/78/ЕЦ со која се поставува основата за борба против дискриминација врз основа на религија или верување, попреченост во развојот, старост или сексуална ориентација во областа на вработувањето и професионалното занимање; 3. Директива 2004/113/ЕЦ за еднаков третман на мажот и жената во пристапот и обезбедувањето со добра и услуги. Со директивите се дефинира концептот на дискриминација, при што се предвидуваат три форми на дискриминација: 206  Вознемирување е секое постапување кое има за цел, или претставува повреда на достоинството на лицето, а кое предизвикува страв, или создава непријателско, понижувачко, или навредливо однесување. Во овој контекст директивите дозволуваат дефинирање на концептот на вознемирување, согласно наци­ о­налните права и практиките на зем­јите членки. Со Директивата за еднаков третман на мажот и жената во пристапот и обезбедувањето со добра и услуги, како посебна форма на дискриминација се издвојува и сексуалното вознемирување и се предвидува забрана за секаков вид непосакувано физичко, вербално или невербално однесување од сексуална природа, со кое се врши застрашување, или се предизвикува понижувачко, или навредливо однесување. Со двете директиви од 2000 година дополнително се дефинира и терминот: инструкција за дискриминирање, како поттикнување за диск- СТАТИИ риминирање на трето лице врз било која основа предвидена со споменатите директиви на ЕУ. Директивите се однесуваат на сите лица во ЕУ, без разлика дали се работи за јавен или приватен сектор. Сепак, таксативно се набројани случаи во кои се дозволува одредено постапување, што претставува исклучок од забраната за дискриминација. Два случаи се среќаваат во трите директиви:(I) Позитивна акција,(II) Кога се работи за лица со пре­чки во развојот. Двете директиви од 2000 година кои се однесуваат на вработувањето и професионалното занимање, дополнително предвиду­ ва­ат генерална одредба според која нема да се смета за дискриминација постапување кое поради природата на професионалните активности, од­ но­сно контекстот во кој се реализира одредено вработување, постои ав­тентичен и определувачки услов за вработување, и ако се гарантира дека исклучоците ќе имаат легитимни цели, кои се соодветни и неоп­ход­ ни. Притоа, треба да се исцрпени, или да не постојат било какви можности за постигнување на истите цели со други недискриминирачки ме­ханизми. Сите три директиви предвидуваат правила и обврски за државите членки: Правна заштита на жртвите на дис­криминација (управна и судска заш­тита, а таму каде што е можно и по­стапка за помирување); м-р Наташа Богоевска, • Интензивирање на социјалниот дијалог и задолжително вклучување на организациите од невладиниот сектор, кои согласно националното право и практика имаат легитимен интерес да придонесат во борбата против дискриминацијата; • Посебна заштита за лицата кои се борат за примена на принципите на еднаков третман и недискриминација; • Товарот на докажување во случај на презентирани докази за дискриминација, паѓа на страната што извршила дискриминација; • Формирање тела за промоци­ ја на правото на еднаков третман; • Усогласување на целокупното законодавство на земјите членки со одредбите на овие директиви; • Доставување петгодишни извештаи за состојбата во оваа област до Европската Комисија. Со транспонирањето на трите директиви во националните законодавства на земјите членки, значително се подигна нивото на заштита од дискриминација дури и во оние земји кои имаа современи системи на антидискриминирачка политика. За првпат беа воведени нови дефиниции и нови концепти на заштита. Сето тоа беше проследено со јакнење на институционалната рамка за имплементација, преку воспоста­ ву­вање специјализирани тела, или зго­лемување на надлежностите на 207 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 веќе постојните. Европската Коми­си­ ја е овластена да ја следи состојбата и да осигура самостојност, средства за финансирање и капацитет неопходен за ефикасно функционирање на овие тела. Директивите за расна еднаквост и еднаквост при вработувањето се дополнети со Акциона програма за борба против дискриминацијата (2001-2006) чија основна цел е развивање на капацитети за превенција и борба против дискриминацијата и евалуација на ефективноста на предвидените политики и практики. Со оваа програма се опфатени сите видови дискриминација, со исклучок на половата дискриминација која е во рамките на Програмата на Унијата за родова еднаквост. Оваа Програма, од 1 јануари 2007 е заменета со PROGRESS Community programme, која вклучува низа иницијативи за воспоставување заеднички принципи за борба против дискриминацијата. 1.2. Други активности за промоција на правото на еднаков третман Активностите на Унијата за ефи­касна борба против дискриминацијата се одвиваат во континуитет и преку донесување низа стратешки документи. Некои од нив накратко ќе бидат презентирани. Европската Комисија, во јуни 2003 година започна со реализација на петгодишна информативна кампања:“За различноста- против дискриминацијата”(For Diversity Agai­nst Discrimination). Кампањата имаше за цел да ги запознае луѓето со правата утврдени со европското и националното антидискриминирачко право, како и промоција на позитивните придобивки од почитувањето на различноста за општеството како целина. Четири години по усвојувањето на двете директиви од 2000 година, се пристапи кон анализа на постигнатото на полето на еднаквите можности. Европската Комисија ја презентира: Зелената книга за еднаквост и недискриминација, во проширената Европска Унија(2004). Со Зелената книга се отвори широка дискусија за иднината на антидискриминирачката политика меѓу различни актери на европско, национално и локално ниво. Врз основа на добиените комен­ та­ри од расправата отворена со Зе­ле­ на­та книга, се подготви Стратегијата за недискриминација и еднакви можности за сите(2005). Стратешкиот пристап има за цел обезбедување ефективна правна заштита против дискриминација преку целосно транспонирање на легислативата од оваа област во сите земји членки. Стратегијата, исто така, ги охрабрува земјите во преземањето дополнителни мерки во насока на подигање на свеста, пренесување искуство, обука и пристап кон системот на правдата. Европскиот Парламент и Советот, во јуни 2006 година го усвоија 208 СТАТИИ предлогот на Европската Комисија, 2007 година да се прогласи за Европска година на еднакви можности за сите. Кампањата вклучи бројни активности на европско, но и на национално и локално ниво. Целта на оваа европска кампања беше спроведување стратегија за осигурување на влијателна борба против дискриминацијата, намалување на различностите, како и запознавање на граѓаните со европското законодавство во тоа подрачје. Европската Комисија предложи четири теми за постигнување на целите на Европската година на еднакви можности:  Права - Подигање на свеста за правата на еднаквост и недискриминација, како и проблемот на повеќекратна дискриминација. Ранливите групи кои се особено изложени на дискриминација треба да станат посвесни за гарантирањето на нивните права и постојното законодавство во областа на недискриминацијата;  Застапеност - Потикнува­ ње на размислување и расправи за потребата од поголема застапеност и партиципација на овие групи во општеството, како и поголема вклученост во активностите за борба против дискриминацијата, во сите сектори и на сите нивоа;  Признавање и препознава­ ње - Нагласување на придонесот на луѓето во развојот на општеството без оглед на: полот, расата, етничкото, или социјалното потекло, верата и религиозното убедување, возраста, м-р Наташа Богоевска, или сексуалната ориентација, особено имајќи го предвид богатството на различностите;  Почитување - Подигање на свеста за негативните последици на предрасудите, стереотипите, насилството, промовирање добри односи врз еднакви основи меѓу сите во општеството, особено меѓу младите и пренесување на вредностите важни за борбата против дискриминацијата. Во рамките на оваа кампања се пред­виде одржување состанок на врвот за еднаквоста(Equality summit), ан­кети за европскиот однос кон дис­ кри­­­минацијата(Eurobarometar sur­ veys), Паневропска кампања за ев­ роп­­ската политика и законодавство во подрачјето на сузбивање на дис­ кри­­минацијата. Активностите на полето на анти­ дис­криминацијата продолжуваат со усвојување на Резолуцијата на Советот на Европската Унија(2007), со која се поздравуваат низа активности насочени кон подобрување на ситуацијата: • Усвојувањето на Социјалната агенда 2005-2010, која ја дополнува Лисабонската Стратегија и има значајна улога во утврдувањето на социјалните димензии на економскиот развој. Еден од основните приоритети на Агендата е промоција на еднакви можности за сите како услов за постигнување инклузивно општество; 209 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 • Со Европскиот пакт за родова еднаквост, усвоен од страна на Европскиот Совет во 2006 година и Водичот за еднаквост меѓу жените и мажите 2006-2010, земјите членки и Европската Комисија се обврзаа да имплементираат политики за родова еднаквост на европско и национално ниво; • Одржувањето на Самитот за еднаквост, во јануари 2007 година, под германско претседателство со Советот и на Завршната конференција на Европската година на еднакви можности, одржана во ноември 2007 година, под португалско претседателство. Водењето дијалог и раз­мената на информации и добри прак­тики меѓу креаторите на полити­ ки­те на европско ниво е особено зна­ чај­но за постигнување напредок во про­мовирањето на еднаквите можности. Со Резолуцијата се препознава големиот напредок во борбата против дискриминацијата, како резултат на усвојувањето на антидискриминирачката легислатива и формирањето национални тела за еднаквост. Истовремено, се апелира на натамошно дејствување во оваа област, со оглед на важноста на прашањето и сé уште присутната дискриминација на европско ниво. 2. Состојбата на полето на заштитата од дискриминација во Република Македонија Правото на еднаков третман и пра­шањето за правна заштита од дискриминација, се во центарот на интерес на стручната јавност во Република Македонија од неколку причини. Прво, принципите на недискри­ ми­нација и еднаквост се уставни ка­ те­гории. Во Уставот на Република Македонија, во делот на граѓански и политички слободи и права е утврдено дека граѓаните на Република Ма­ ке­донија се еднакви во слободите и пра­вата независно од: полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и оп­штествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Таксативно наведувајќи ги случаите на ограничување на правата и слободите на човекот и граѓанинот, Уставот ја исклучува можноста ваквото ограничување да биде дискриминирачко врз било која основа. Со Амандманите на Уставот од 2001 година, се дозволува примената на пози­тив­ на акција заради постигнување соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Второ, принципите на недискриминација и еднаков третман претставуваат составен дел на фундаменталните права врз кои почива Европската Унија. Нивното почитување претставува дел од копенхагенските политички критериуми за влез на нови земји- членки. Република Македонија, како земја кандидат за член­ство во Унијата, има обврски да го усогласи своето законодавсто со директивите против дискриминација, што е утврдено и со Национал210 СТАТИИ ниот план за усвојување на правото на Европската Унија. м-р Наташа Богоевска, Советот на Европа за постигнување напредок во оваа област. Трето, критиките од неколку меѓународни организации за состојбата во Република Македонија во оваа област. Во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во 2008 го­ди­ на се критикува:(I) Непостоењето општ закон за забрана на дискрими­ на­­ција;(II) Сé уште невоспоставените механизми за идентификација, кривично гонење и криминализација на сите форми на дискриминација; (III) Сé уште присутната дискриминација на малцинствата, лицата со посебни потреби и хомосексуалните лица(Европска Комисија, 2008). Комесарот за човекови прашања на Со­ветот на Европа, во Извештајот од септември 2008, наведува дека состојбата во Република Македонија во поглед на дискриминацијата остава многу простор за напредок и дека има потреба како за воспоставува­ ње подобра антидискриминирачка прав­на рамка, така и за преземање по­конкретни и сеопфатни мерки во оваа област. 2.1. Мерки за промоција на концептот на родова еднаквост Една од областите предводник во процесите на промоција на правото на еднаков третман е борбата против полова дискриминација. За таа цел се започнати активности за вклучување на родовата рамноправност во главните политики и практики. Република Македонија е вклучена во низа активности реализирани од Во 1997 година е поставена инс­титуционалната рамка за промоција и имплементација на концептот на родова еднаквост. Во рамките на Министерството за труд и социјална политика е формирано Одделение за унапредување на рамноправноста меѓу половите, кое во 2007 година прерасна во Сектор за еднакви мо­жности. Во 1999 година е усвоен првиот Национален план за акција за полова рамноправност. Со доне­ су­вањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите, во мај 2006 година, се создаде законска основа за воспоставување на сис­темот на мерки за постигнување ро­дова еднаквост и субјекти одговорни за нивно усвојување и спроведување. Во 2007 година, Владата на Република Македонија усвои Национален план за акција за родова рамноправност 2007- 2012, со кој ги дефинира: целите, мерките, индикаторите и клучните креатори на политиката за унапредување на родовата рамно­правност. Реализацијата на план­ските активности се конкретизира преку донесување оперативни планови за имплементација за 2008 и 2009 година. Во Собранието на Република Македонија, од септември 2006 година функционира Комисија за еднакви можности на жените и мажите, со задача да ја следи законската регулатива што ја предлага Владата на Република Македонија од аспект на вклученост на родовиот концепт. 211 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Посебно внимание се обрнува на за­конските акти од областа на соци­ јал­ната заштита, образованието и здравството, семејството и заштитата на децата. Во насока на инкорпорирање на родовата перспектива и еднакви можности во локалната политика и унапредувањето на положбата на жената на локално ниво, согласно Законот и Националниот план за акција се формирани комисии за еднакви можности на жените и мажите во единиците на локалната самоуправа. Организациите на невладиниот сектор се иницијатори и реализатори на низа активности поврзани со родовите прашања. Многу од темите, коишто воопшто не се третираа, сметајќи ги за приватна работа на поединци, денес се целосно регулирани. Тука, во прв ред се мисли на семејното насилство и трговијата со луѓе. Со измените и дополнувањата на семејното, социјалното и кривичното законодавство, се предвиде цел систем на мерки за превенција и заштита на жртвите, како и санкции за сторителите на кривичните дела. Со изборното законодавство се предвидува соодветна застапеност на жените во органите на власта. Во Собранието на Република Македонија, од вкупно 120 пратеници, 38 се жени, а се планирани дополнителни мерки за поголемо вклучување на жените во јавниот и политичкиот живот, како и во процесите на одлучување. Организирани се низа кампањи за по­дигање на јавната свест за овие пра­шања. Во последно време се водат јавни расправи за воведување родово сензитивно буџетирање, за што се консултираат низа странски експерти. Сепак, многу прашања остану­ ва­ат нерешени. Стереотипите и пред­­­расудите сé уште се присутни, осо­бено во руралните средини. Во Извештајот на Европската Уни­ја од 2008 година се изразува за­­­гриженост за низа прашања: учеството на же­ни­ те на пазарот на тру­дот, за­шти­тата од сексуалното воз­немирување, прак­­­тиката на се­меј­но гласање спо­ ред упатства во рам­ките на ал­бан­ ска­та етничка за­ед­ница, двојната дис­криминација(рас­на и родова) на же­ните Ромки. 2.2. Потреба за донесување општ закон за заштита од дискри минација Во Република Македонија не по­ стои општ закон за заштита од дис­ кри­­минација. Со одделни законски текс­тови парцијално се забранува дис­криминирачкото однесување во раз­лични сектори и од различни актери: вработување, здравство, образование, култура, социјална заштита, детска заштита, семејните од­­носи, изборното законодавство, каз­неното законодавство, државна­та служба, органите на прогон и казнување, управната постапка, судските постапки, невладиниот сектор, политичките партии. Заради создавање комплетен систем на заштита, во стручната јавност е утврдена потребата за донесување системски закон со кој ќе се уреди ова прашање и е подготвен предлог-текст. 212 СТАТИИ Првичната верзија на Законот за заштита од дискриминација е испратена на експертиза до Венецијанската комисија, во јуни 2008 година. Заради увид во националниот контекст, актуелниот законодавен про­цес, предизвиците и социјалните импликации од новата антидискриминирачка политика, Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР имаа заедничка информативна мисија во Скопје. Иако во меѓувреме е изготвена нова верзија на законот, Венецијанската комисија изврши експертиза на стариот текст, со цел препораките да се вметнат во новиот текст пред праќањето на конечниот предлог во Парламентот. Во Мислењето, усвоено во декември 2008 година, Венецијанската комисија генерално ја поздравува амбицијата за донесувањето општ закон за заштита од дискриминација, но дава и низа забелешки за текстот: (I) Повеќе прашања остануваат про­­ блематични и го прават нацрт за­конот прилично апстрактен, комплек­сен и општ, оставајќи премногу простор за дискреција и неможност за ефикасна имплементација;(II) По­­стои не­достаток на транспарент­ност во законодавниот процес и вклу­­­ченост на граѓанскиот сектор. За­­­­белешките на невладините орга­ни­зации вклучени во процесот не биле земени предвид при изготвувањето на нацрт текстот;(III) Листата на критериуми за определување на дискриминација е многу долга, со што се создава можност целиот концепт да биде разблажен на начин кој би можел да ја ослаби заштитата од посериозни м-р Наташа Богоевска, дискриминирачки активности;(IV) Дел од користените термини и дефиниции се конфузни и непрецизни; (V) Делот кој се однесува на исклучоците треба детално да се ревидира, ограничи и да биде предмет на општ принцип на пропорционалност; (VI) Комисијата предвидува дека Народниот правобранител не може да биде одговорен орган за заштита од дискриминација и препора­чува формирање специјализиран независен орган. Во актуелната верзија на Предлог- законот за спречување и заштита од дискриминација се прифатени голем дел од сугестиите на Венецијанската комисија. Особено е важно тоа што во голем дел предлогот е усогласен со европските директиви и е предвиден посебен механизам за заштита(формирање самостојно тело, комисија, чии членови ќе се избираат од страна на Собранието на Република Македонија). Сепак, конечната верзија на Законот ќе биде позната по завршувањето на амандманската расправа во Собранието и неговото усвојување. Заклучни согледувања Во Европската Унија е постигнат значаен напредок во борбата против дискриминацијата како резултат на усвојувањето на антидискриминирачката легислатива и практика. Со транспонирањето на трите директиви во националните законодавства на земјите членки, значително се подигна нивото на заштита од дискриминација, дури и во оние земји кои 213 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 имаа современи системи на антидискриминирачка политика. За првпат беа воведени нови дефиниции и нови концепти на заштита. Сето тоа беше проследено со јакнење на институционалната рамка за имплементација, преку воспоставување специјализирани тела за еднаквост, или подобрување на капацитетите на веќе постојните. Сепак, во документите на Унијата се констатира дека нееднаквоста и дискриминацијата по разни основи сé уште се присутни на штета на секој маж и жена индивидуално, но и на европското општество како целина. Сиромаштијата и социјалната исклученост се потенцираат како главни пречки за постигнување на концептот на еднакви можности. Истражувањата на Eurobarometer покажаа дека само една третина од луѓето во Европската Унија ги знаат своите права во случај да станат жртви на дискриминација, или вознемирување врз било која основа. Податоците за недоволно познавање на антидискриминирачката регулатива поттикнаа реиницирање на кампањата:“За различноста- против дискриминацијата”, во 2008 година. Извесно поместување на работите напред се забележува и во Ре­публика Македонија, особено на полето на родовата еднаквост. Во изминатиов период се интензивирани активностите за поставувањето општа нормативна рамка преку донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.“Сепак, значајно е не само да се донесе добра легислатива, туку и да се осигура дека таа добра легислатива правилно и ефективно ќе се применува. Иако правниот пристап е клучен, подеднакво значајно е и зајакнувањето на институциите одговорни за примена на законот и за преземање сеопфатни административни активности” (Венецијанска комисија, 2008:5). 214 СТАТИИ Користена литература м-р Наташа Богоевска, Венецијанска комисија, 2008, Мислење бр. 486/2008 за Нацрт законот за заштита од дискриминација на Република Македонија, Стразбур: Европска комисија за демократија преку право, Венецијанска комисија; Закон за еднакви можности на жените и мажите,“Службен весник на РМ”, бр. 66/2006, 117/2008; Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2008 година, Брисел, СЕЦ(2008) 2695. Посетено на 15.05.2009 на интернет страницата на Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија; http://www.sep.gov.mk/content/Dokumenti/MK/izvestaj%202008_ za%20vlada.pdf Национален план за акција за родова рамноправност(2007-2012) усвоен од страна на Владата на Република Македонија, 2007. Посетено на 15.04.2009 на интернет страницата на Министерството за труд и социјална политика; http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/NPARRfinalen%20dokument.pdf Оперативен план за 2009 за имплементација на Националниот план за акција за родова рамноправност(2007-2012), усвоен од страна на Министерството за труд и социјална политика, 2009. Посетено на 20.05.2009 на интернет страницата на Министерството за труд и социјална политика; http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/Operativen%20plan%20za%202 009-NPARR-L%20finalen.doc Устав на Република Македонија, усвоен од Собранието на Република Македонија на 17 ноември, 1991. Commission Green Paper of 28 May 2004- Equality and nondiscrimination in an enlarged European Union[COM(2004) 0379 Communication from the Commission to the Council, the European Parliament, the European Economic and Social Committee and the Committee of the Regions of 1 June 2005-“Non-Discrimination and Equal Opportunities for All- A Framework Strategy”[COM(2005) 224 215 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Council Directive 2000/43/EC of 29 June 2000 implementing the principle of equal treatment between persons irrespective of racial or ethnic origin, OJ L 180, 19.7.2000 Council Directive 2000/78/EC of 27 November 2000 establishing a general framework for equal treatment in employment and occupation, OJ L 303, 2.12.2000 Council Directive 2004/113/EC of 13 December 2004 implementing the principle of equal treatment between men and women in the access to and supply of goods and services, OJ L 373, 21.12.2004 Council Decision 2000/750/EC of 27 November 2000 establishing a Community action programme to combat discrimination(2001 to 2006) OJ L 303, 2.12.2000 Council Resolution of 5 December 2007 on the follow-up of the European Year of Equal Opportunities for All(2007) OJ C 308, 19.12.2007 Decision No 771/2006/EC of the European Parliament and of the Council of 17 May 2006 establishing the European Year of Equal Opportunities for All (2007)— towards a just society, OJ L 312, 11.11.2006 Discrimination in the Europen union, 2007, Eurobarometer. Посетено на 20.04.2009 на интернет страницата на Европската Унија http://www.sobranie.mk/ItemID=988772D659F5CF448B41939158D69EC9 http://www.mtsp.gov.mk/ItemID=BD66FCC3A7FBCB47AB9150CBFECD2C96 http://www.pravo.org.mk/main.asp http://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=83&langId=en 216 СТАТИИ м-р Наташа Богоевска, Anti-discrimination policy and the right of equal treatment in the European and Macedonian legislation ABSTRACT The article presents an overview of the legal and institutional framework for equal treatment and non-discrimination in the European Union and the Republic of Macedonia. The principles of equal treatment and non-discrimination are the core of the European social model. They represent the basis for respect of the fundamental human rights and values. The gender equalities initiatives were first adopted in the 1970’s. The experiences gained in this area were used by the European Commission for development of a broad program for fight against all types of discrimination. Under the Treaty of Amsterdam a new Article 13 has been written to guarantee the right of equal treatment. Article 13 empowered the Community to take action to deal with discrimination on a whole new range of grounds, including racial or ethnic origin, religion or belief, age, disability and sexual orientation.The EU has put in place a strong legal framework to tackle discrimination by adopting three directives:(I) Council Directive 2000/43/EC implementing the principle of equal treatment between persons irrespective of racial or ethnic origin,(II) Council Directive 2000/78/EC establishing a general framework for equal treatment in employment and occupation;(III) Council Directive 2004/113/EC implementing the principle of equal treatment between men and women in the access to and supply of goods and services. A coherent and integrated approach towards the fight against discrimination is provided by adopting and conducting a wide range of activities: Council Decision establishing a Community action programme to combat discrimination(2001 to 2006), Commission Green Paper of Equality and non-discrimination in an enlarged European Union(2004), Non-Discrimination and Equal Opportunities for All- A Framework Strategy(2005), Council Resolution on the follow-up of the European Year of Equal Opportunities for All(2007). The principle of non-discrimination is one element of the political criteria for membership agreed by Member States at the 1993 Copenhagen European Council. Republic of Macedonia as a candidate country has obligation to transpose the three anti-discrimination Directives before joining the EU, as part of the Community legislative acquis. At the moment, the legal protection from different types of discrimination is provided with several laws covering differ217 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 ent sectors: employment, health insurance, social protection, child protection, education, election laws, governmental and non-governmental organizations, and political parties, administrative and judicial procedures. Therefore, the government is engaged in drafting general framework on prevention and fight against discrimination. Key words : discrimination, equal treatment, legislation 218 СТАТИИ Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска УДК 316.346.2: 316.663(497.7) Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска Универзитет “ Св. Кирил и Методиј ” , Скопје Филозофски факултет, Институт за родови студии Половата поделба на трудот- фактор на женската дискриминација РЕЗИМЕ Поделба на трудот според полот е клучната категорија во објаснувањето на положбата на жените во сите општествени релации. Местото што поединците го имаат во дистрибуцијата на моќта е директна последица на местото што тие го заземаат во поделбата на трудот. Затоа, вниманието во овој труд е насочено кон причините кои доведуваат до половата сегрегација и воспоставувањето на машката доминација. Преку анализа на биосоцијалните услови за поделбата на трудот според полот и на вредносните ставови за местото на“машкото” и“женското” во културните и општествено-економските аспекти на човековиот живот, целта е да се расветлат скриените механизми на женската дискриминација. Обидот за една ваква трансисториска генерализација на односите меѓу половите е во функција на расветлување на постојната полова хиерархија, која сé уште постои во нашата Република и покрај постојните законски регулативи за рамноправност меѓу мажите и жените. Со цел да се објасни половата асиметрија, едно од прашањата на кое му е посветено внимание во овој труд е колку образованието, како еден од клучните сегменти во општествените процеси, придонесува во поттикнувањето еднаквост/нееднаквост меѓу половите и во родовото сензибилизирање на младите кадри, како услов за јакнење на родовата еднаквост. Во врска со поимот поделба на трудот, како клучна категорија, овој труд содржи: кус историси осврт на биосоцијалните услови за поделбата на трудот според полот и улогите на половите; вредносните 219 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 ставови како фактор за половата поделба на трудот и за градењето на стереотипите за женски и машки занимања; женскиот труд и општествениот статус; машката доминација и поделбата на трудот; образованието како фактор за јакнење на еднаквоста/нееднаквоста меѓу половите. Клучни зборови: полова поделба на трудот, полови улоги, женска дискриминација, машка доминација, родова еднаквост и родова рамноправност. Вовед Прашањето за природата и настанувањето на општествената потчинетост и дискриминација на жените, веќе подолго време е во фокусот на интересот не само во постојната феминистичка литература, туку и пошироко. Женското движење, т.е. модерниот феминизам од шеесеттите години на XX век, поттикна една нова критичка свест и нов сензибилитет во проучувањето на жените, нивната положба, искуство и судбина. Се отвораат нови хоризонти во анализата на половоста, половите улоги и особини, насочени кон разградување на традиционалните претстави за“машкото” и“женското”, и за нивните предодредени улоги и особини. Целта е да се коригираат видувањата и толкувањата на женскиот свет коишто преовладуваат во општествените науки, и да се подобри општествениот статус на жената.(Tomić, 2001; Papić, Ž., Sklevicky L., 2003) Во обидите да се одговори на прашањето: зошто жената главно била“вториот пол”, и зошто покрај сите варијации на општествените форми мажот бил во фокусот на културните вредности, имал поголем авторитет и бил супериорен во јавната идеологија, поделбата на трудот се смета за клучна категорија во објаснувањето на положбата на жените во сите општествени релации. Местото што мажите и жените го имаат во дистрибуцијата на моќта е директна последица на местото што тие го заземаат во поделбата на трудот. Станува збор за поделба на трудот според полот- машки и женски труд, и за нивно различно вреднување. До денес не се надминати стереотипите за женски и машки занимања, а кои се должат на долгата патријархална традиција, во која улогата на жената се врзува главно за домот. 220 СТАТИИ Биосоцијалните услови за поделбата на трудот според полот Поделбата на трудот според полот своите корени ги има во физичките и биолошките разлики меѓу мажите и жените. Бидејќи го раѓа потомството, Енгелс поделбата на трудот според полот ја смета за прва општествена поделба, и за сосема природна: мажот како физички по­си­ лен, војува, оди во лов и риболов, набавува храна, а жената заради репродуктивните функции: останува во домот, подготвува храна, готви, ткае, шие. Секој е господар во својата област,“мажот во шумата, жената во куќата”.(Fridrih, 1950: 298) Ваквата, според него, непроблематична теза, ја исклучува можноста за полова сегрегација и доминација според полот во преткласните општества. Половата диференцијација е првата диференцијација во општеството и се разликува од половото раслојување во класните општества, кога се случува потчинувањето и дискриминацијата на жените. Сè до втората половина на XX век биле доминантни сфаќањата, со различни варијации, според кои раз­личната положба и улоги на же­ните и мажите се сведувала на би­олошките и физичките разлики. Разграничувањето на задачите ме­ ѓу мажите и жените се објаснува врз основа на различната генетска пре­ дис­понираност, а исто така и некои пси­хички особини и способности што им се припишуваат исклучително на Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска мажите, или на жените, се објаснуваат како резултат на генетското влијание врз однесувањето на припадниците на различните полови. Во аргументирањето на ваквите ставови како доказ се наведуваат истражувањата на голем број ан­ тро­­полози, кои ја покажуваат доми­ нантната улога на мажите во сите познати општества- мажите се се­ ко­гаш воини, го носат најголемиот дел од одговорноста за физичката заштита на групата, ја имаат кон­ тро­лата над важните средства и богатства во општествата и, воедно, се носители на најважните и нај­ ви­соко наградувани дејности. За раз­лика од нив, жените се огра­ни­ че­ни во домашниот контекст и се ис­клучени од јавната општествена моќ. Бременоста, раѓањето и до­е­ ње­то, што трае еден долг период се на­­ведува како причина за нивната преокупација со децата и за нивното ограничено учесто во јавниот живот, особено во војната и политиката. Оттука, се извлекува заклучокот де­ ка генетската ограниченост е во осно­ вата на универзалната поделба на трудот.(Фридел, 1999; Митерауер, 2005) Од физичките и биолошките раз­ ли­ки меѓу половите произлегуваат раз­личните, асиметрични места и уло­ги што ги имаат мажите и жените. Деј­ностите на жените се толкувани како поблиски до“природата” и се обезвреднувани во однос на деј­ нос­тите што ги извршува мажот, а кои симболично се поврзуваат со 221 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 “кул­турата”, се сметаат за најважни во општеството и се наградуваат високо. Така на пример, за Ото Вај­ ни­нгер, жената, наспроти мажот, е како природата спрема културата; при­родата сфатена како нужност и културата сфатена како слобода, од што призлегува и:“способноста на мажот да ја опфати целата при­ ро­да”.(Vajninger, 1998: 386) Во све­тот на културата се создаваат трај­ни дела, за разлика од жената, која создава:“само краткорочни про­изводи - човечки суштества”. За­ тоа и сите дејности на жената се сфа­ќаат како од понизок ранг, како кул­турно помалку вредни, и без право на еднаква општествена моќ - едноставно:“на жената местото и е дома”.(Ortner, 2003: 161) Секако дека во различните култури се приз­­нава улогата на жените како ак­тивни учесници во нејзините по­ себни процеси, но, воедно, за­ра­ ди анатомијата на телото и реп­ ро­дуктивните функции, жените се сфа­ќаат како:“вечно вкоренети во природата, или понепосредно сродни со природата”.(Исто: 153) Доколку жените се сфаќаат како поблиски до природата, а целта на секоја култура е да ја потчини природата, тогаш из­ гледа сосема“природно” жената да се подреди. Ваквиот модел со векови се не­ гувал во општествената теорија и пракса, што, од своја страна, ги им­ пли­цира верувањата дека жените се инфериорни во однос на мажите. Ма­жот и жената антрополошки се заокружуваат како два пола со значајни разлики. Структурата на женскиот род се објаснува со би­о­ лош­ките дадености, без да се зема предвид општествената условеност на нејзината положба:“Што е жената?... како женка- предодредена е за продолжувањето на видот, како цицач- одредена е за одгледување на децата, како примат- потчинета е на мажјакот”.(Moren, 1979:189) Различноста на жената се толкува како нејзина аисторична, природна суштина, при што се запоставуваат фактите дека жената во поголемиот број општества го зазема местото определено според нејзината биолошка, репродуктивна улога. Доколку се прифати тезата за по­ловата поделба на трудот како “природна”, или“предопштествена”, тогаш припадноста на мажите и жените на различни и строго одвоени сфери, во текот на човековата историја се припишува на неоправданата биологизација и се отстранува како општествено прашање. Тоа зна­чи дека со човековата историја вла­деат непроменливи биолошки за­ ко­ни, врз кои човековата пракса не мо­же да има влијание. Уште повеќе, сфаќањето за половите улоги како “природни”, имплицира дека тие би требало да останат како такви, да не се менуваат, бидејќи отстапувањето од улогите, првобитно доделени на мажите и жените, би предизвикало повеќе штета, отколку корист. Оттука произлегуваат и оби­ди­ те да се разградат постојните судови за“вечните” карактеристики, мес­тото и улогите на половите и да се покаже нивната општествено - културна условеност. Со цел да 222 СТАТИИ се аргументираат ставовите за оп­штествената условеност на­ по­ ло­вите улоги, се поаѓа од ан­тро­ полошките податоци кои упа­ту­ваат на очигледните разлики во половите улоги во различни општествени заедници (некои занимања кои при­ род­но се сметаат за женски, истите во други општества се сметаат за при­родно машки; во некои општества жените биле поглавари, воини, премиери на држави, учествувале во контролата над важни стопански дејности надвор од домот, итн. (Фридел, 1999; Митерауер, 2005) Посочувањето на разно­образ­ носта на половите улоги во различни општествени заедници е во функција да се покаже дека различните уло­ ги не се вродени, или генетски пре­ дис­понирани, туку се производ на различниот општествен ангажман. От­стапувањата од општите правила за дејностите кои генерално им се при­пишуваат на едниот, или другиот пол, говори дека поделбата на тру­ дот според полот не претставува ан­­трополошка константа. Подел­ ба­­та на трудот заснована врз би­ о­­лошките закони станува темел на половата дискриминација во клас­ните општества, а она што се смета како природна поделба на тру­дот, всушност, општествено се усло­вува. Во услови на неразвиена тех­нологија и најмалите разлики во поглед на физичката сила биле значајни за половата поделба на тру­дот, така што таа не е биолошки од­редена, туку биосоцијално усло­ вена.“Биосоцијалното” значи:“оп­ штес­твено неопходна реакција на Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска би­олошките дадености во извесни околности на надворешниот свет”. (Митерауер,2005:46) Исклучувањето на жените од доменот на машките дејности, всушност, е социјална ре­ак­ ци­ја на биолошките разлики. Вредносните ставови како фактор за половата поделба на трудот Направената неправда кон же­ ни­те и нивната дискриминација- ис­ клу­ченост од важните општествени по­зиции и признанија, всушност, се должи на погрешното сфаќање за “природните” улоги. Тоа не значи де­ка се одрекуваат биолошките раз­ лики меѓу мажите и жените(според кои припадници на човековиот род се разликуваат како мажи и же­ни), туку дека овие разлики доби­­ваат значење на повеќе/помалку вредно во рамките на културно- де­ф­и­­ нираните вредносни системи. Во тој дух, Шери Ортнер посочува де­ ка половите улоги не се дело на при­родата, туку на специфичната културна операција, со која една по­ ло­вина од човековиот род- жените, се доживуваат и се дефинираат како по­малку вредни.(Ortner, 2003) Различното вреднување на при­донесот на мажите и жените и второстепената улога на жените произлегува од дихотомијата на приватното и јавното. Жените се ситуираат во приватното, како од понизок ранг статусно подрачје на општественоста, за разлика од јав­ ното, кое им припаѓа на мажите, а во кое доминира“говорот на власта”, ав­ торитетот и моќта(Papić, Ž., Sklevicky 223 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 L., 2003). Домашните работи не носат општествена промоција и престиж и се сметаат за помалку вредни и значајни. Историски гледано, и во процесот на пренесувањето на одре­ дени женски дејности на мажите, од приватната во јавната сфера, сепак во вреднувањето на значењето на женскиот труд се придава помала важност. 1 Останува линијата на разграничување на домашните, од вондомашните дејности, меѓу повеќе вреднуваниот машки труд и невреднуваниот женски труд, што е поврзано со престижот. Дејносите во приватната и јавната сфера вклучуваат определен збир на улоги, однесувања, вредности, активности и атрибути, кои одредено општество ги смета како соодветни за жените и мажите. Прифатените вредносни искази за природата на мажите и жените се во основата на социјалната конструкција на половите улоги, што се очекува од припадниците на еден пол. Тоа значи дека поделбата на трудот меѓу половите, различната распределба на моќта и признанијата за мажите и жените, квалитетот на односите меѓу половите, зависи од општествената и политичката организација на општествата. Доминацијата на мажите 2 и потчинетоста на жените се манифестира на најразлични начини. Степенот и видот на доминацијата значително се разликува од едно до друго општество, но тоа не значи дека таа не е неминовна и дека треба да остане како трајна состојба. Женскиот труд и општествениот статус Дури и да се уништи митот дека човековата биологија допушта тесен избор на машко и женско однесување, машки и женски дејности, тоа не значи дека автоматски ќе ги ослободи мажите и жените во современите општества од обврските, па дури и од желбата да ги исполнуваат улогите што историски се очекуваат од нив. Обрасците на однесувања, настанати врз основа на поделбата на трудот, влијаат на долги патеки. И покрај активизмот на поборниците на женската еман­ ципација, за пречекорување на тра­ диционалните норми на ти­пич­ното полово однесување, сè уште не се надминати стереотипите 3 за улогите на половите. Така на пример, сè уште е ра­ ши­рено сфаќањето дека жените не само што ги извршуваат дејностите 1 Taka, na primer, gotveweto se smeta za`enska rabota, no ako nekoja kultura(na primer, Francija ili Kina) razvie tradicija na"vistinsko gotvewe", toga{ vrvnite gotva~i se skoro sekoga{ ma`i. 2 Ma{kata dominacija se definira kako situacija vo koja ma`ite imaat povlasten pristap do najcenetite dejnosti vo op{testvoto(iako ne sekoga{ i isklu~itelni prava na niv), a~ie izvr{uvawe ovozmo`uva opredelena mera na kontrola nad drugite(Fridel, 1999: 212). 3 Rodovite stereotipi se psiholo{ki karakteristiki koi{to se povrzuvaat na razli~en na~in so`enite i ma`ite vo oddelni kulturni grupi.(^e{larov, 2002: 337) 224 СТАТИИ врзани во домот, туку тоа го прават со целосна посветеност, ангажираност и љубов. Домот е нивното“вистинско царство”, а грижата за семејството и домашните работи се сметаат како нивна вистинска интринсична ак­тивност, додека за работата над­ вор од домот, кај жените постои екс­ тринсична мотивираност. Тоа значи дека доколку мажите доволно би за­работувале, жените воопшто не би работеле. Жените работат затоа што мораат и кај нив, за разлика од мажите, отсуствува посветеноста на работата надвор од домот. Ваквите сфаќања, кои до денес не се целосно надминати, се аргументираат и со ре­зултатите од анкетите што се спро­ведени меѓу жени кои работат во фабрики и кои доколку би имале услови, би го прекинале работниот однос.(Ѓуровска, 2008) Тоа, секако, се должи на постојните стереотипи за женски и машки занимања. Мотивираноста за работа надвор од домот не е врзана со припадноста на полот, туку за видот на дејноста. До­колку станува збор за работа по­ врзана со лична и општествена са­ тис­факција, во која доаѓа до израз креативноста и самопотврдувањето, тогаш и жените и мажите се ин­три­ сич­но мотивирани. Работата, како за мажите, така и за жените, не значи само економска независност, туку и поле на лично докажување и вреднување и услов за надминување на машката доминација. Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска Од друга страна, не само што домашните работи се сметаат за типично“женски”, туку и одредени за­нимања надвор од домот се сме­таат како“женски” и помалку достојни за мажите. Така на пример, кога за првпат неквалификуваниот женски труд е вклучен во процесите на производството(во периодот на индустријализацијата, по Пр­ ва­­та индустриска револуција), во тек­стилната индустрија биле вра­ ботувани главно жените. Тоа се должело, од една страна на не­до­ ста­ток на ефтина работна сила, а од друга страна, на сфаќањето дека тка­ е­њето е женска работа. Под поимот женски труд, денес се подразбира професионална ак­ тив­ност на жените, што прет­по­ста­ ву­ва платена работа која се одвива надвор од домаќинството и како таква е спротивна на неплатените ак­­тивности во домаќинството. (Ми­­­­терауер, 2005: 41) Женскиот труд, како помалку вреден бил и по­­малку платен- состојба што до де­нес не е надмината во некои ви­ со­­­коразвиени западни општества. Така, прашањето за дискриминација на жените сè уште е актуелно и по­ крај донесените меѓународни акти за обезбедување еднакви права за ма­жите и жените 4 . Во изминатата де­ це­нија, жените од цел свет лансираа меѓународно движење за правата на жените без предрасуди а, сепак, покрај промените во областа на 4 Univerzalnata deklaracija za pravata na~ovekot na ON; Evropska konvencija za~ovekovite prava;@enevskata konvencija, Konvencijata za eliminacija na site formi na diskriminacija kon`enite, i dr. 225 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 меѓународното право и политика, во секојдневната реалност се со­ о­чуваат со негирање на нивните фун­даментални права.(Права на же­ните, 2001) Тоа значи дека со са­мото донесување на законските акти, автоматски не се исклучува ро­довата дискриминација, и не се обезбедува еднаков третман и ед­ накво учество на жените во сите сфери на општествениот живот. Постојните стереотипи се еден од факторите за половата хи­ ер­архија која постои и во нашата Ре­публика, и покрај заложбите, со­ гласно Европската конвенција и по­ ли­тиките на Европската Унија, да се обезбедат законски регулативи за родова рамноправност(правата за­гарантирани со Уставот од 1991 година, Законот за еднакви можности на жените и мажите од 2006 година и Националниот план за акција за ро­дова рамноправност, 2007-2012). Жените сè уште се обидуваат да се пробијат во“машкиот свет”(јавната сфера) и да ја покажат сво­ја­та рам­ но­правност, но кога станува збор за домот и семејството(приватната сфера) се смета за разбирливо дека тие се одговорни за воспитувањето на децата и одржувањето на куќата 5 . Главната бариера во остварувањето на еднаков третман и еднакво учес­ тво на жените во сите сфери на општествениот живот и нивниот про­­­бив кон водечките места, прет­ ставува традиционалниот мо­­дел на патријархалното вос­пи­ту­­вање на машките и женските де­ца. Во­о­ би­чаените претстави за раз­лич­но­ то воспитување, согласно полот на детето, вредносните судови за местото и улогата на“машкото” и “женското”, свесно, или несвесно, на различни начини се пренесуваат и претставуваат израз на вековната традиција на поделбата на работните задачи на машки и женски, кои, пак, погрешно се доведуваат во ко­ ре­­лација со половата припадност. Затоа, во процесот на воспитанието треба да се бара појдовната то­чка за промените, чија цел е еман­ци­па­ ци­јата. Образованието како фактор за јакнење на еднаквоста/ нееднак-воста меѓу половите Образованието е еден од клучните сегменти во процесот на воспи­ танието и социјализацијата, кое при­­донесува во формирањето на лич­ните погледи и начинот на однесување. Во процесот на образованието, учениците/ученичките како припадници на различни полови го градат својот психолошко-социјален идентитет. Започнатите реформи во образовниот систем, преку реализирање акциони проекти, се дел од динамич­ 5 Rezultatite od sprovedenoto istra`uvawe za rodovite stereotipi me|u sredno{kolcite vo Makedonija, vo 2000 godina, poka`uvaat deka 74,41% od ispitanicite smetaat deka glavnata uloga na`enata e vo domot; 56,30% od ispitanicite go prifa}aat stavot deka ma`ot e privilegiran pri vrabotuvaweto vo op{testvoto, a 64,17% smetaat deka e neprirodno`enata da ima pogolema plata od ma`ot.(^e{larov, 2002) 226 СТАТИИ ните политички, економски и социјални промени што се случуваат во Република Македонија, а согласно современите меѓународни текови за унапредување на човековите права и слободи. Во тие процеси една од основните задачи на образованието е надминувањето на традиционалната поделба на машко- женски улоги во општеството, како начин за еднакво и активно вклучување на мажите и жените во различните домени на општествениот живот.(Адамова, 2003) Традиционално вкоренетите сте­реотипи за“машки” и“женски” про­фесии, се една од причините за ро­довиот дисбаланс кој сè уште постои во нашиот образовен систем во однос на изборот на видот на образование, и покрај тоа што во однос на вклученоста во сите степени на обра­зование, според досегашните ста­тистички податоци, не постои родов дисбаланс. 6 (Национален план за акција за родова рамноправност 2007-2012, 2007:36) Од друга страна, ваквиот родов дисбаланс се должи на големиот број стереотипи кои сè уште постојат во образовната литература, како и на недоволно инкорпорираниот кон­ цепт на родовата рамнопраност во наставните програми и надвор од наставните активности. Прашањето Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска за односот меѓу половите и положбата на жената е запоставено, а сликата на жената што преовладува во оп­ штес­твените науки е нецелосна, ис­ кри­вена, или поедноставена. Отсуствува подетална анализа на социјалната конструкција на родот, што придонесува во градењето на судовите за“вечните” карактеристики, местото и улогите на половите. Може да се забележи еден специфичен вид сегрегација по полот, при што се истакнуваат, препознаваат и со­се­ма се евидентни интересите и ак­тив­нос­ тите на мажите. Имајќи ја предвид клучната улога на образованието во по­ди­га­ њето на свеста и над­ми­ну­ва­ње­то на предрасудите и постојните сте­ре­о­ типи, неопходно е да се направат по­ ра­дикални чекори за коригирање на постојниот начин на интерпретација и за поцелосно интегрирање на про­ у­чувањето на жената во општата те­ о­рија на општеството и културата. Тоа подразбира да се преточи во дело стратешката цел на Акциониот план за родова рамноправност, за редизајнирање на учебниците, учеб­ните помагала и наставните про­­грами, со цел да се надминат и отстранат родовите стереотипи и воведување нови содржини со ро­­дова компонента, насочени кон но­­вите хоризонти во анализата на половоста и подобрувањето на 6 Taka, na primer, vo srednoto obrazovanie mnogu e mal brojot na devoj~iwata koi se zapi{uvaat vo tehni~kite paraлelki. Vo visokoto obrazovanie se zabele`uva zgolemuvawe na brojot na studentki{to se zapi{uvaat na tehni~kite fakulteti, no sé u{te e mal brojot na studenti koi se zapi{uvaat na Pedago{kiot fakultet, ili, pak, na Institutot za pedagogija na Filozofskiot fakultet vo Skopje. Rodov disbalans postoi skoro vo site visokoobrazovni institucii vo na{ata Republika. 227 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 општествениот статус на жената. (Национален план за акција за родова рамноправност 2007-2012, 2007) додипломски студии од ваков вид во нашата Република и пошироко на Балканот. На овој план, Филозофскиот фа­ култет во Скопје, следејќи ги совре­ мените светски текови за воведување и спроведување родово сензи­ тивно образование, направи чекор во насока на подигнувањето на свеста, едукацијата и сензибилизацијата - постојните наставни планови и програми ги збогати со новосоздадени дисциплини во кои е инкорпорирана родовата проблематика. Институци­ о­налниот напредок на Филозофскиот факултет во борбата против ро­довата дискриминација, посебно го означува основањето на Инситутот за родови студии, кои се првите Сепак, и покрај значителните напори на Филозофскиот факултет, тоа не значи дека се остварени сите цели во постигнувањето на родовата еднаквост. И натаму остануваат голем број нерешени прашања кои ја налагаат потребата од преземање конкретни и охрабрувачки мерки во однос на уписната политика за надминување на постојниот родов дисбаланс при изборот на студиите, за надминување на стереотипите во образовната литература, но и за надминување на стереотипите својствени за дел од наставниот кадар. 228 СТАТИИ Заклучок Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска Напорите насочени кон менување на културните претпоставки по пат на ревизија на образовните материјали, или по пат на утврдување квота при вработувањето, не можат да бидат успешни, доколку и мажите и жените подеднакво не се вклучат во проектите на создавање поинаква стварност, со поинакви културни видувања. Традиционалната патријархална матрица во уредувањето на односите меѓу половите, претставува реална пречка во остварувањето на фактичката родова рамноправност. Сé додека жената универзално “се дефинира во границите на својата, главно, мајчинска и домашна улога, може да се говори за нејзината универзална потчинетост”. (Papić, 2003: 23) Тоа, всушност, е конкретизација на познатата Марксова теза дека степенот на женската еманципација е природна мера на општата еманципација. Биолошката природа не треба да биде тесна рамка што го ограничува човечкиот организам, туку широка основа врз која можат да се изградат разновидни структури, со цел да се обезбеди родова еднаквост во поглед на можностите и да се прошири изборот на опции достапни на мажите и жените. 229 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Користена литература Адамова, Д.(2003)“Учество на родовите во демократските процеси во образованието и нивната социјална компетентност”, во: Колозова, К. (ур) Истражувања од областа на родовите студии,(том 2/3) Скопје: Euro Balkan. Vajninger, O.(1998) Pol i karakter, Beograd: Narodna knjiga Alfa. Ѓуровска, М.(2008) Социологија на женскиот труд, Скопје: Филозофски факултет. Engels, F.(1950) Poreklo porodice, privatne svojine i države, Beograd: Kultura. Митерауер, М.(2005) Европското семејство- историско-антропо лошки огледи, Скопје: Слово. Moren, E.(1979) Duh vremena,(tom 2) Beograd: BIGZ. Ortner, Š.(2003)“Žena spram muškarca kao priroda spram kultura”, во: Papić, Ž., Sklevicky L.(ur.) Antropologija žene, Beograd: Biblioteka XX vek. Papić, Ž., Sklevicky L.(ur.)(2003) Antropologija žene, Beograd: Biblioteka XX vek. Tomić,.Z,(2001) Muški svet, Beograd: Zepter, Book World. Фридел, Е.(1999)“Расправа за одредниците на половите улоги”, во: Марковска, С., Симоновска, С.(ур.) Антропологија- зборник текстови, Скопје: Догер. Чешларов, М.,(2002)“Родовите стереотипи меѓу средношколците во Македонија”, во: Колозова, К.(ур) Истражувања од областа на родовите студии,(том 1.), Скопје: Euro Balkan. Закон за еднакви можности на жените и мажите.“Сл. весник на РМ”, бр. 66/06. Национален план за акција за родова рамноправност 2007-2012. (2007) Скопје. Права на жените: чекор по чекор.(2001) Скопје: Магор. 230 СТАТИИ Вон. Проф. д-р Сузана Симоновска Gender division of labour – Factor of Discrimination Against Women Summary Gender division of labour is a key category when trying to explain women’s role in all social relations. The position held by individuals in the distribution of power is a direct result of the position they hold in the division of labour. That is why this study is focused on the causes which bring about gender segregation and establish male domination. Through analyses of the biosocial conditions for the gender division of labour and the valued opinions of“man’s” and“woman’s” place in all cultural and economic aspects of human life, the aim is to uncover the hidden mechanisms of discrimination against women. The attempt at such a transhistorical generalization of the gender relations is aimed at uncovering the existing gender hierarchy which still exists in Macedonia, despite all the laws for equality between men and women. In order to explain the gender asymmetry, one of the issues which this study focuses on is: How much does education, as one of the key segments in the social processes, contribute to gender equality/ inequality and to gender sensitization of young people as a condition of strengthening gender equality? Taking into account the term division of labour as a key category, this study contains: a short historical retrospect of the biosocial conditions for the division of labour according to gender and the roles of the genders; valued opinions as a factor in gender division of labour and creating stereotypes of men’s and women’s professions; women’s labour and their social status; men’s domination and the division of labour; education as a factor in strengthening gender equality/ inequality. Keywords: gender division of labour, gender roles , discrimination agains women, male domination, gender equality. 231 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 232 СТАТИИ Проф. д-р Михајло Поповски Проф. д-р Михајло Поповски М-р Катерина Наумова УДК 316.647.82: 616.89 Институт за психологија, Филозофски факултет Универзитет“Св. Кирил и Методиј”- Скопје Стигматизација на лица болни од шизофренија и на зависници од дрога и алкохол РЕЗИМЕ Стигматизацијата на лица со нарушено ментално здравје е присутна кај голем дел од општата популација, вклучувајќи ги и студентите. Во овој труд се презентираат резултати од емпириско истражување на особеностите на стигматизацијата кај дел од студентската популација, во однос на лица со различни нарушувања на менталното здравје, т.е. на лице болно од шизофренија, зависник од дрога и зависник од алкохол. Резултатите од истражувањето, општоземено, покажуваат дека студентите повеќе ги стигматизираат зависностите, отколку шизофренијата. Појавата на зависностите тие ја објаснуваат повеќе како последица на лична одговорност и вина, заради што кај нив се јавува и поголемо чувство на лутина, поголем страв и поизразена склоност за избегнување контакти со зависници. Наспроти тоа, студентите помалку ја припишуваат појавата и контролабилноста на шизофренијата на внатрешни фактори и повеќе го сожалуваат лицето болно од шизофренија. Но, сепак, сметаат дека тоа лице најмногу треба да биде социјално изолирано и присилено на лекување. Истражувањето откри дека кај студентите постојат и две спротивставени тенденции: од една страна, тие искажуваат подготвеност за помагање на лицата со нарушено ментално здравје, а од друга страна, пак, кај нив постои истакната тенденција за нивно дискриминирање. Клучни зборови: стигматизација, дискриминација, нарушу вање на ментално здравје, атрибуција 233 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Вовед Истражувањата спроведени во последните три децении покажуваат дека и покрај зголемениот број сознанија за природата и за особеностите на менталните болести, кај голем дел од општата популација сé уште е присутна истакната стигматизација на лицата со нарушено ментално здравје. Некои автори дури наведуваат дека стигматизацијата на овие лица во овој период, всушност, и се зголемила (Pescosolido et al. 1999, според Corrigan et al., 2002). Стигматизацијата на менталните болести е сложен феномен кој обично се состои од три компоненти: стереотипи, предрасуди и дискриминација. Стереотипите се колективно прифатени верувања за карактеристиките на припадниците на одделни социјални групи. Овие верувања овозможуваат брзо категоризирање на информациите и создавање општи импресии и очекувања за лицата кои припаѓаат на определена група. Најчести стереотипи за ментално болните лица се верувањата дека тие се опасни и одговорни за тоа што се разболеле и дека поради тоа заслужуваат да бидат обвинети и изолирани. Предрасудите, како негативни ставови кон припадниците на некоја група, се поврзани со стереотипите и, по правило, генерираат негативни емоционални реакции. На пример, ментално болните лица не само што може да се перцeпираат како нападни и насилни, туку се доживуваат и како лица кои предизвикуваат страв и вознемиреност кај другите. Стереотипите и предрасудите често резултираат со неоправдани и неправедни постапки, т.е. со дискриминација на припадниците на определена група. Дискримина цијата на ментално болните лица 234 може да се јави во различни форми: принуда, сегрегација, хостилно од­несување, воздржување од пома­ га­ње, избегнување, и сл. Секоја фор­ ма на дискриминација, всушност, вклу­чува и тенденција на социјално из­бегнување и неподготвеност за ста­ пу­вање во каква била интеракција со ментално болните лица. Актуелните истражувања покажуваат дека различните форми на дискриминација на ментално болните лица може да бидат значајно посредувани од атрибуциите, т.е. од каузалните објаснувања на болеста што ги создаваат луѓето кога се соочуваат со такви лица. Според моделот на атрибуцијата на Вајнер (Weiner, 1995, според Corrigan et al., 2002; 2003), однесувањето на луѓето кон овие лица е определено од еден когнитивно-емоционален процес кој започнува со создавање атрибуции за причината и контролабилноста на нивната болест, што доведува до изведување судови и за нивната одговорност за состојбата во која се наоѓаат. Овие судови може да побудат одредени емоционални реакции, како што се, на пример, лутина или сожалување, кои потоа влијаат врз веројатноста на преземањето одре- СТАТИИ дени постапки. Значи, доколку некое лице со нарушено ментално здравје е видено како лице кое има одреден степен одговорност и контрола над она што му се случува, голема е веројатноста дека тоа ќе предизвика лутина кај другите, која потоа може да доведе до избегнување на контактите со него, па дури и до преземање постапки за негово изолирање. Од друга страна, пак, ако на лицето не му се припишува одговорност(вина) за состојбата во која се наоѓа, т.е. ако на состојбата се гледа како на нешто што е надвор од негова контрола, многу е веројатно дека тоа ќе предизвика сожалување кај другите и на тој начин ќе доведе до преземање одредени просоцијални постапки со кои би се подобрила неговата благосостојба. Имајќи предвид дека овој модел се користи од неодамна како концептуална рамка за објаснува­ ње на стигматизацијата на лица со на­рушено ментално здравје, досе­ гаш­ните истражувања сé уште не обез­бедуваат доволно докази за прет­поставената каузална структура на стигматизацијата. На пример, во едно истражување на Мартин и сор. (Martin et al., 2000, според Corrigan et al., 2003) е откриено дека припишувањето лична одговорност за појавата на нарушувањето на менталното здравје довело до зголемување на социјалната дистанца, додека неприпишувањето лична одговорност било поврзано со намалување на социјалната дистанца. Во едно друго истражување, пак, на Кориган и сор. спроведено во 2001 година, утврдеПроф. д-р Михајло Поповски но е постоење негативна поврзаност меѓу чувството на лутина и подготвеноста за помагање, но не е откриена поврзаност меѓу припишувањето одговорност и помагањето, ниту меѓу припишувањето одговорност и емоционалните реакции(Corrigan et al., 2003). Во литературата се наведува уште еден модел кој е конципиран со намера да овозможи дообјаснување на појавата на стигматизацијата во однос на нарушувањата на менталното здравје(Corrigan et al., 2002). Според овој модел, кој, всушност, претставува дополнување на моделот на Вајнер, основен фактор за дис­криминирање на лицата со нару­ ше­но ментално здравје е перцепци­ ја­та на овие лица како опасни. Во до­сегашните истражувања е потврдена поврзаноста на перцепцијата на опасноста и каузалните атрибуции за нарушувањата на менталното здравје. Во веќе спомнатото истражу­ ва­ње на Мартин и сор ., откриено е де­ ка испитаниците ги перцeпирале ка­ ко опасни оние лица за кои сметале де­ка се виновни за појавата на своите тешкотии со менталното здравје. Исто така, Бојсверт и Фауст(Boisvert and Faust, 1999, според Corrigan et al., 2003), истражувајќи ги реакциите кон лице болно од шизофренија, кое било опишано како насилно, но во контекст на неповолни надворешни услови, утврдиле дека неговото однесување било проценето како по­ малку опасно и условено од надворешни фактори. Ваквите наоди упатуваат на 235 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 заклучокот дека кога се проценуваат како опасни лицата со нарушено ментално здравје, поголема е веројатноста тие, истовремено, да се доживуваат и како одговорни за состојбата во која се наоѓаат, што натаму резултира со нивно социјално отфрлање. Од друга страна, пак, според овој модел, перцепцијата на опасност може да доведе до социјално отфрлање, поради стравот предизвикан од заканата за личната безбедност. На тој начин перцепцијата на опасност што предизвикува страв може да резултира со дискриминација, независно од каузалното објаснување за појавата на нарушувањето. Во повеќе наврати е утврдено постоење поврзаност меѓу перцепцијата на лицата со нарушено ментално здравје како опасни и појавата на страв од нив(Link& Cullen 1986; Levey& Howells 1995; Angermeyer& Matschinger 1996; Wolff et al. 1996, според Corrigan et al., 2002), како и меѓу стравот од нивното опасно однесување и избегнувањето каква било интеракција со нив(Madianos et al. 1987; Levey and Howells 1995, според Corrigan et al., 2002). Покрај тоа, во досегашните истражувања во кои се вршени споредби во поглед на структурата на стигматизацијата на одредени видови нарушувања на менталното здравје, откриено е дека луѓето се повеќе склони да ги стигматизираат зависниците(особено зависниците од алкохол), отколку лицата со други видови нарушувања на менталното здравје(на пр. лицата болни од депресија, шизофренија, фобија, итн.). Припишувањето одговорност, перцепцијата на опасност и нагласеното чувство на лутина, обично се поприсутни во стигматизацијата на зависниците, додека намалената контролабилност на нарушувањето, сожалувањето и подготвеноста за помагање, се почести компоненти на стигматизацијата на лицата кои страдаат од друг вид нарушувања на менталното здравје(Corrigan et al., 2005). Со оглед на тоа што во Република Македонија досега не се направени поопсежни истражувања на стигматизацијата на лица со нарушено ментално здравје, ова истражување претставува еден од првичните обиди за стекнување систематски сознанија за особеностите на овој феномен. Поточно, целта на истражувањето е прво да ги идентификува, а потоа и да ги спореди особеностите на стигматизацијата кај дел од студентската популација, во однос на лица со различни нарушувања на менталното здравје, т.е. на лица болни од шизофренија, на зависници од дрога и на зависници од алкохол. МЕТОД Испитаници Истражувањето е извршено на пригоден примерок од 221 ис­пи­та­ ник. Испитаниците се студенти на раз­лични студиски групи на два факултета на Универзитетот“Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Две третини од испитаниците(69%) се студен236 СТАТИИ ти на Филозофскиот факултет(т.е. на институтите за психологија, за со­цијална работа и социјална политика, за дефектологија и за историја), додека една третина(31%) се студенти на Правниот факултет(т.е. на правни и на политички студии). Притоа, најголемиот дел од нив се студенти на трета година(72%), а значајно помал број се студенти на втора(22%) и четврта година(5%). Просечната возраст на испитаниците е 22 години. Во однос на полот, во примерокот доминираат испитаници од женски пол(71%), додека во однос на местото на живеење, речиси сите испитаници живеат во градски населби(90%). Инструмент и постапка Податоците за стигматизацијата на лицата со нарушено ментално здравје, т.е. на лице болно од шизо­ фре­нија и на зависници од дрога и алкохол, се прибирани со Пра шалник за атрибуција, изготвен од Кориган и сор.(Attribution Questionnaire-27, Corrigan et al., 2003). Прашалникот се состои 27 ставки, распределени во девет супскали преку кои се врши процена на три групи фактори на стигматизацијата: ста вови(припишување вина, т.е. лична одговорност за нарушеноста на менталното здравје и перцепција на опасноста од лицата со нарушено ментално здравје), емоционални реакции(појава на чувства на страв, лутина и сожалување кон лицата со нарушено ментално здравје) и одне сување(подготвеност за помагање, избегнување, сегрегација и присилПроф. д-р Михајло Поповски но лекување на овие лица). Секоја од деветте супскали се состои од 3 ставки на кои одговорите се даваат на деветстепена скала на процена, при што најнизок можен скор на супскалата е 3, а највисок е 27. Одговорите на ставките, испитаниците ги даваа во три наврати и во однос на три хипотетски описи на лице болно од шизофренија, на зависник од дрога и на зависник од алкохол. Со цел да се избегне потенцијалното влијание на редоследот на описите врз одговарањето, беа подготвени прашалници со сите можни варијанти на редоследот на описите. Покрај Прашалникот за атри буција, на испитаниците им беа поставени и прашања за неколку социодемографски обележја, т.е. за нивниот пол, возраст, факултет/студиска програма, година на студирање и за местото на постојано живеење. Прибирањето на податоците се вршеше групно во просториите на факултетите каде што студираат испитаниците, во април 2009 година. РЕЗУЛТАТИ Истакнатост на факторите на стигматизацијата . Истакнатоста на факторите на стигматизацијата на лицата со нарушено ментално здравје, т.е. на лицето болно од шизофренија, на зависникот од дрога и на зависникот од алкохол, изразена преку аритметичките средини на скоровите на сите испитаници на деветте супскали на прашалникот за атрибуција, прика237 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 жана е во табела 1. Покрај вредностите на аритметичките средини, во табелата се прикажани и резултатите од проверката на значајноста на разликите меѓу нив и резултатите од post hoc споредбите. Со разгледување на варијациите во истакнатоста на факторите, во рамките на секое нарушување на менталното здравје може да се забележи дека кај испитаниците, општо земено, постои тенденција на диференциран пристап во проценување на лицата. Ова посебно се однесува на процените на лицето болно од шизофренија, при што вредностите на аритметичките средини се движат во опсег од 10,17(припишување вина) до 22,04(присилно лекување), додека во другите два случаја вредностите се движат од 15,07(страв), до 22,36(присилно лекување), односно од 14,30(страв), до 21,18(присилно лекување). Проверката, пак, на значајноста на разликите меѓу аритметичките средини на скоровите на факторите при споредувањето на процените на трите лица, открива дека кај испитаниците постои и тенденција за диференцирана стигматизација на нарушувањата на менталното здравје. F-тестот на значајноста на разликите на повторени мерења, покажува дека испитаниците различно ги проценуваат трите лица во однос на сите фактори на стигматизацијата, освен на факторот помагање. Табела 1. Значајност на разлики во истакнатоста на факторите на стигматизацијата на лица со различни нарушувања на менталното здравје Фактори на стигматизација Лице болно од шизофренија (1) M(SD) Зависник од дрога (2) M(SD) Зависник од алкохол (3) M(SD) F Sig Post hoc Споредби 1. Прип. вина 10.17(4.30) 19.86(4.24) 20.56(4.18) 361.16.000 ** 1< 2< 3 2. Пер. на опас. 14.87(6.56) 16.95(6.54) 16.28(6.01) 8.13.000 ** 1< 2,3 3. Лутина 12.77(5.91) 16.22(6.19) 16.55(5.76) 38.25.000 ** 1< 2,3 4. Сожалување 18.55(5.31) 15.41(6.00) 15.09(5.72) 49.00.000 ** 1> 2, 3 5. Страв 13.43(6.79) 15.07(6.99) 14.30(5.48) 5.30.006 ** 1< 2 6. Помагање 19.91(5.83) 19.44(6.26) 19.95(5.84) 1.71.183 1=2= 3 7. Избегнување 16.84(5.76) 18.99(5.58) 18.22(6.18) 15.52.000 ** 1< 3< 2 8. Сегрегација 20.02(5.75) 18.33(6.79) 15.79(6.61) 39.70.000 ** 1> 2> 3 9. Прис. лекув. 22.04(4.93) 22.36(5.11) 21.18(5.55) 8.62.000 ** 1,2> 3 ** p<0.01 Со оглед на тоа дека станува збор за значајност на разлики меѓу три аритметички средини, направени се дополнителни споредби за да се утврдат изворите на разликите. Имено, според резултатите од дополнителните споредби, произлегува дека во однос на првиот фактор 238 СТАТИИ испитаниците го сметаат зависникот од алкохол како најодговорен, т.е. највиновен за нарушувањето на неговото ментално здравје. Помала вина му припишуваат на зависникот од дрога, а најмала на лицето болно од шизофренија. Зависникот од дрога и зависникот од алкохол се перцепирани и како значајно поопасни од лицето болно од шизофренија. Првите две лица предизвикуваат и повисок степен на лутина кај испитаниците, во споредба со лутината што ја предизвикува лицето болно од шизофренија. Но, ова лице тие повеќе го сожалуваат во споредба со другите две лица. Во однос на емоцијата страв, не постои разлика во исплашеноста на испитаниците од лицата зависници. Единствено тие се повеќе исплашени ако се во близина на зависник од дрога, отколку ако се во близина на лице болно од шизофренија. Во однос на другите фактори на стигматизацијата, евидентно е дека испитаниците најмногу се стремат да го избегнуваат лицето зависник од дрога, помалку зависникот од алкохол, а најмалку лицето болно од шизофренија. Во однос Проф. д-р Михајло Поповски на сегрегацијата, пак, постои спротивна тенденција. Отстранувањето од социјалната средина е најмногу изразено во однос на лицето болно од шизофренија, помалку во однос на зависникот од дрога, а најмалку во однос на зависникот од алкохол. И конечно, испитаниците повеќе се склони да преземат активности за присилно лекување кога станува збор за зависник од дрога и лице болно од шизофренија, а помалку во случајот на зависник од алкохол. Меѓусебна поврзаност на факторите на стигматизацијата. Проверката на меѓусебната по­врзаност на факторите на стигматизацијата е направена за секое нарушување на менталното здравје засебно. Резултатите од проверките табеларно се прикажани според следниов редослед: прво се претставени корелациите меѓу факторите на стигматизацијата во однос на лицето болно од шизофренија, потоа во однос на зависникот од дрога и, на крај, во однос на зависникот од алкохол. Табела 2. Меѓусебна поврзаност на болно од шизофренија 1. 2. 1. Пр. вина --2. Пер. на опас. .06--3. Лутина . 16*.73** 4. Сожалување -.04 .16* 5. Страв .09 .89** 6. Помагање .04 -.24** 7. Избегнување .04 .63** 8. Сегрегација .10 .61** 9. Прис. лекув. .07 .45** * p<0 . 05** p<0 . 01 факторите на 3. 4. --.12* .75** -.20** .48** .45** .30** --.14* .43** .02 .28** .30** стигматизацијата 5. 6. ---.24** .57** .57** .43** ---.37** -.06 -.03 во однос на лицето 7. 8. 9. --.52** --.39**.79** --239 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Врз основа на пресметаните коефициенти на корелација меѓу факторите на стигматизацијата, во однос на лицето болно од шизофренија (табела 2), може да се заклучи дека, речиси, сите фактори меѓусебно се поврзани, и тоа во повеќето случаи позитивно, а само во неколку случаи негативно. Единствено факторот при­пишување вина за појавата на менталното нарушување е поврзан само со еден фактор, т.е. со доживувањето лутина кон болното лице (r=.16). Оваа поврзаност, иако е значајна, многу е послаба во споредба со повеќето поврзаности меѓу факторите. Сосема е поинаков случајот со факторот перцепирање опасност кој е значајно поврзан со сите други фактори на стигматизацијата, освен со припишувањето вина. Перцепцијата на опасност во однос на лицето болно од шизофренија е најсилно поврзана со чувствата на страв (r=.89) и лутина(r=.73), а послабо со чувството на сожалување на лицето (r=.16). Понатаму, доживувањето на ова лице како опасно е поврзано и со тенденциите за негово избегнување(r=.63), сегрегирање(r=.61) и присилно лекување(r=.45). Овој фактор е негативно поврзан со помагањето(r=-.24), а тоа значи дека со перцeпирањето на лицето како поопасно се намалува подготвеноста за преземање постапки со кои би му се помогнало. Значајна поврзаност постои и меѓу факторите кои се однесуваат на емоционалните реакции. Најсилна е поврзаноста меѓу чувството на лутина и чувството на страв(r=.75), а послаба меѓу секое од овие чувства и сожалувањето на лицето болно од шизофренија(r=.12 и r=.14). Кога станува збор за поврзаноста на овие чувства со помагањето, един­стве­но само чувството на сожалува­ње е позитивно поврзано со помагањето (r=.43), додека чувството на страв и чувството на лутина се негативно поврзани со помагањето(r=-.24 и r=-.20). Покрај тоа, двете, од трите проценувани чувства, се значајано поврзани со истакнатоста на тенденциите за дискриминирање. Чувството на страв е поврзано со трите вида дискриминација, т.е. со избегнувањето (r=.57), сегрегацијата(r=.57) и при­ сил­ното лекување(r=.43), додека чувството на сожалување е поврзано само со два вида дискриминација, т.е. со сегрегацијата(r=.28) и со присилното лекување(r=.30). Поврзаноста е присутна и меѓу трите вида дискриминација, односно меѓу сегрегацијата и тенденцијата за присилно лекување(r=.79), меѓу избегнувањето и сегрегацијата(r=.52) и меѓу избегнувањето и присилното лекување(r=.39). Во табела 3 се наведени коефициентите на корелација меѓу факторите на стигматизацијата во однос на зависникот од дрога и од неа јасно се гледа дека постојат поинакви констелации на поврзаностите меѓу факторите. На пример, оценувањето на ова лице како виновно за своите тешкотии со менталното здравје е значајно поврзано со повеќе од еден фактор, т.е. со присуството на лутина(r=.20) и отсуството на сожалување(r=-.19), а потоа со перцепција240 СТАТИИ Проф. д-р Михајло Поповски та на лицето како опасно(r=.13) и со тенденцијата за негово избегнување (r=.11) и присилно лекување(r=.12). Овие поврзаности, иако се значајни, очигледно не се толку силни како во случајот со поврзаностите на доживувањето на лицето како опасно, со чувството на страв од него(r=.90) и чувството на лутина кон него(r=.78), како и со тенденцијата за негово избегнување(r=.58), сегрегирање (r=.70) и присилно лекување(r=.46). Утврдена е силна поврзаност и меѓу чувствата на страв и лутина(r=.74). Интересно е што и при процените на ова лице, чувството на сожалување е позитивно поврзано со подготвеноста за негово помагање(r=.60). Но, за разлика од процените на лицето болно од шизофренија, во овој случај чувството на сожалување е исклучително негативно поврзано со другите фактори, т. е. со припишувањето вина(r=-.19), со перцепцијата на опасност(r=-.13), со лутината (r=-.16), со избегнувањето(r=-.40) и со сегрегацијата(r=-.17). Ова чувство не е поврзано само со чувството на страв и присилното лекување. Табела 3. Меѓусебна поврзаност на факторите на стигматизацијата во однос на лицето зависник од дрога 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 1. Пр.вина 2. Пер. на опас. 3. Лутина 4. Сожалување 5. Страв 6. Помагање 7. Избегнување 8. Сегрегација 9. Прис. Лекув. --.13* --.20**.78** ---.19**-.13*-.16* --.09 .90**.74** -.10--.04 -.24**-.25**.60**-.28** --.11*.58**.51**-.40**.56**-.50** --.10 .70**.57**-.17**.65**-.22**.55** --.12*.46**.35** -.06 .41** -.09 .35**.57** --* p<0 . 05** p<0 . 01 Најслични поврзаности меѓу факторите при процените на лицето зависник од дрога со лицето болно од шизофренија се јавуваат во однос на помагањето. Имено, покрај споменатата позитивна поврзаност на помагањето со чувството на сожалување, овој фактор е негативно поврзан со перцепцијата на опасност(r=.24), со чувството на лутина(r=-.25), со чувството на страв(r=-.28), со избегнувањето(r=-.50) и со сегрегацијата(r=-.28). Исто така, идентична е и поврзаноста меѓу трите фактори на дискриминацијата, т.е. сите тие се меѓусебно позитивно поврзани. Табела 4. Меѓусебна поврзаност на факторите на стигматизацијата во однос на лицето зависник од алкохол 1. Пр.вина 2. Пер. на опас. 3. Лутина 4. Сожалување 5. Страв 6. Помагање 7. Избегнување 8. Сегрегација 9. Прис. лекув. * p<0 . 05 1. --.10 .20** -.13* .05 .06 .09 .02 .20** ** p<0 . 01 2. --.68** .01 .86** -.11* .53** .60** .40** 3. 4. 5. 6. --.05 .63** -.05 .42** .39** .31** --.08 .56** -.24** -.04 .16* ---.08 .49** .53** .40** ---.37** -.11* .13* 7. 8. 9. --. 47 ** --. 31**.54** --241 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Кога станува збор, пак, за лицето зависник од алкохол, вредностите и насоката на пресметаните корелации (табела 4) покажуваат одредени слич­ности со она што е утврдено во случајот со лицето зависник од дрога. Припишувањето вина на ова лице за состојбата во која се наоѓа е поврзано со чувството на лутина(r=.20), со отсуството на сожалување(r=-.13), како и со склоноста за негово присилно ле­ кување(r=.20). Но, за разлика од процените на зависникот од дрога, овде не се јавуваат поврзаности со перцепцијата на опасност и со избегнувањето. Перцепцијата на зависникот од алкохол како опасен е поврзана со шест, од осумте фактори на стигматизацијата, и тоа на идентичен начин, како и во случајот со зависникот од дрога. Единствената разлика се јавува само во однос на сожалувањето, кое не е поврзано со перцепцијата на опасноста. Чувството на лутина е позитивно поврзано со чувството на страв(r=.63) и со трите фактори на дискриминацијата(r=.42, r=.39 и r=.31). Интересно е тоа што ова чувство не е поврзано со помагањето како во случајот со процените на другите две лица со нарушено ментално здравје. Чувството на сожалување на зависникот од алкохол, од една страна, е поврзано со неговото помагање(r=.56) и со неговото помало избегнување(r=.-24), а од друга страна и со подготвеноста за негово присилно лекување(r=.16). Чувството на страв, како и во претходните два случаја, најсилно е поврзано со перцепцијата на лицето како опасно (r=.86). Тоа, исто така, е поврзано и со склоноста за негово избегнување (r=.49), сегрегирање(r=.53) и присилно лекување(r=.40). Во однос на факторот помагање, утврдено е дека помагањето позитивно корелира со присилното лекување(r=.13), но тоа не е поврзано со чувството на лутина како при процените на другите две лица. Што се однесува, пак, до факторите на дискриминацијата, и во овој случај трите фактори се меѓусебно позитивно поврзани. ДИСКУСИЈА Испитувањето на стигматизацијата на три вида нарушувања на менталното здравје- шизофренија, зависност од дрога и зависност од алкохол- кај дел од студентската популација во Република Македонија покажа дека студентите во различен степен и на поинаков начин ги стигматизираат лицата со такви нарушувања. Имено, добиените резултати покажуваат дека студентите повеќе ја стигматизираат зависноста од супстанции, отколку шизофренијата, иако во јавноста шизофренијата е обележана како најтешка форма на ментално нарушување. Гледано од аспект на моделот на атрибуцијата на Вајнер, истражувањето потврди дека појавата на зависностите(особено зависноста од алкохол), за разлика од појавата на шизофренијата, во поголем степен се припишува на внатрешни фактори, т.е. на лична одговорност и вина. Покрај тоа, кај студентите постои тенденција за доживување и на поистакнато чувство на лутина кон зависниците, додека 242 СТАТИИ кон лицето болно од шизофренија, поистакната е тенденцијата за негово сожалување. Зависникот од дро­га, исто така, се проценува како по­опасен од лицето болно од шизо­ фре­нија, а со тоа и како лице кое пре­ диз­викува поголем страв. Кај студентите постојат разлики и во однос на дискриминацијата на лицата со нарушено ментално здравје. Во согласност со моделот на атрибуцијата на Вајнер, но и со мо­ делот за процена на опасност, студен­ ти­те повеќе се склони да избегнуваат кон­такти со зависници(особено со за­висници од дрога) отколку со лица болни од шизофренија. Покрај тоа, студентите го сметаат присилното лекување како најдиректна форма на дискриминација, соодветно за трите вида нарушување. Но, ако се прави споредба меѓу испитуваните нарушувања, присилното лекување се проценува како посоодветно за лица болни од шизофренија и за зависници од дрога, а помалку за зависници од алкохол. Слична тенденција е утврдена и во поглед на сегрегацијата. Студентите сметаат дека институционализираното лекување надвор од социјалната заедница е најсоодветна форма на лекување за лица болни од шизофренија, помалку соодветна за зависници од дрога, а најмалку соодветна за зависници од алкохол. Во врска со присилното лекување и сегрегацијата, наодите во некои истражувања покажуваат дека јавноста ги преферира овие форми на дискриминација, посебно во однос на лица кои се перцeпираат како опасни(Pescosolido et al. 1999; Проф. д-р Михајло Поповски Torrey and Zdanowicz 2001, според Corrigan et al., 2003). Toa што во ова истражување е откриено дека за лицето болно од шизофренија треба да се примени присилно лекување и изолирање, а истовремено на него не се гледа како на лице кое е многу опасно, значи дека студентите, веројатно, на шизофренијата ñ припишувале некои други карактеристики кои за нив биле порелевантни при неговото дискриминирање. Едно можно објаснување на вак­ ви­от наод произлегува од две обемни студии за стигматизацијата(Taylor & Dear, 1980; Brockington et al., 1993 според Holmes et al., 1999) во кои е утврдено дека постојат три фактори што ги определуваат ставовите во врска со стигматизацијата: а) авто ритарност- лицата со нарушено ментално здравје се неодговорни, затоа нивните животни одлуки треба да бидат донесени од страна на друг; б) беневолентност- лицата со нарушено ментално здравје се како деца, затоа некој треба да се грижи за нив и в) страв и отфрлање - треба да се плашиме од лицата со нарушено ментално здравје и затоа тие треба да бидат исклучени од заедницата. Значи, при разгледувањето на потребата за сегрегација и присилно лекување на лицето болно од шизофренија, можно е кај студентите да дошле до израз првите два фактора. Интересно е и тоа што иако кај студентите се забележува тенденција за различно стигматизирање, тие се еднакво подготвени за пома243 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 гање на лица со ментални тешкотии. Ваквиот наод е позитивен и отстапува од она што се тврди во двата модела за објаснување на стигматизацијата. Со други зборови, резултатите на ова истражување не покажуваат дека поголем степен на дискриминација би требало да биде поврзан со помала подготвеност за помагање. Во однос на претпоставките за меѓусебна поврзаност на компонентите на стигматизацијата, што произлегуваат од моделот на атрибуцијата на Вајнер, се утврди дека кај сите нарушувања постои поврзаност меѓу припишувањето вина и чувството на лутина, при што кај шизофренијата лутината не е поврзана со дискриминација, додека кај зависностите, лутината е поврзана со дискриминација. Од друга страна, пак, чувството на лутина кое се појавува во однос на лицето болно од шизофренијата е придружено со нивно сожалување, додека чувството на лутина кон зависниците е придружено со нивно несожалување. Истражувањето, исто така, потврди дека сожалувањето ја зголемува подготвеноста за помагање. Во однос на претпоставената поврзаност меѓу перцепцијата на опасноста и припишувањето вина, се покажа дека тоа важи само за зависникот од дрога. Резултатите од истражувањето ја потврдуваат и клучната претпоставка на другиот модел за објаснување на стигматизацијата, т.е. моделот на процена на опасност. Имено, утврдено е дека перцeпирањето на лицата со нарушено ментално здравје како опасни, речиси сигурно предизвикува страв, што натаму доведува и до нивна дискриминација. Општо земено, добиените резултати покажуваат дека кај студентите опфатени со ова истражување доминира тенденцијата на дискриминирање на лицата со нарушено ментално здравје, во вид на нивно избегнување, сегрегација и присилно лекување. Ваквата тенденција не е карактеристична само за нашата средина, туку често се среќава и во земји во кои со децении се афирмираат и практикуваат деинституционализирани форми на лекување и на психосоцијална рехабилитација, особено во однос на лица болни од шизофренија(Pescosolido et al. 1999, според Corrigan et al., 2003). Иако во последнава деценија и во Македонија се спроведуваат интензивни реформи во таа насока, сепак, за да се смени општиот однос на јавноста кон лицата со нарушено ментално здравје, неопходно е осмислување на антистигма-програми за различни целни групи, кои би биле засновани врз научни сознанија за особеностите на стигматизацијата. На тој начин би се создале реални можности за надминување на постојните психолошки бариери кон овие лица. 244 СТАТИИ Користена литература Проф. д-р Михајло Поповски Corrigan, P.W., Lurie, B.D., Goldman, H.H., Slopen, N., Medasani, K., Phelan, S.(2005). How Adolescents Perceive the Stigma of Mental Illness and Alcohol Abuse. Psychiatric Services, 56(5), 544-550. Corrigan, P.W., Markowitz, F.E., Watson, A., Rowan, D., Kubiak, M.(2003). An Attribution Model of Public Discrimination towards Persons with Mental Illness. Journal of Health and Social Behavior, 44(6), 162-179. Corrigan, P.W., Rowan, D., Qreen, A., Lundin, R., River, P., Uphoff-Wasowski, K., White, K. and Kubiak, M.(2002). Challenging Two Mental Illness Stigmas: Personal Responsibility and Dangerousness. Schizophrenia Bulletin, 28(2), 293-309. Holmes, P.E., Corrigan, P.W., Williams, P., Conor, J., Kubiak, M.(1999). Changing Attitudes about Schizophrenia. Schizophrenia Bulletin, 25(3), 447456. 245 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 THE STIGMA TOWARDS PEOPLE SUFERING FROM SCHIZOPHRENIA, DRUG ADDICTION AND ALCOHOL ADDICTION Abstract The stigma of mental illness is common in the general population, including students. This paper presents results from a study on the features of stigma among students towards people with different mental health disorders, i.e. schizophrenia, drug addiction and alcohol addiction. The results show that students generally stigmatize addiction more severely than schizophrenia. They tend to attribute higher personal responsibility and blame the addiction, as a result of which they express increased anger and fear of addicts, as well as avoidant behaviour towards them. In contrast, students tend to attribute less personal responsibility and controllability to schizophrenia, thus feeling increased pity for people suffering from this disorder, although at the same time they believe that segregation and coercion are most appropriate for them. The study also found two opposing tendencies among students: a concurrent preparedness for helping behaviour as well as a tendency towards discriminatory behaviour against people with different mental health disorders. Key words: stigma, discrimination, mental health disorder, attribution 246 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент д-р Николина Кениг , доцент УДК 37: 364.633 Универзитет„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Филозофски факултет, Институт за психологија „Провокативните“ девојчиња и„нечувствителните момчиња“: меѓуврсничко сексуално вознемирување и креирање полово нееднаква атмосфера во основните училишта РЕЗИМЕ Основниот проблем на ова истражување е поврзан со утврдување на искуствата на момчињата и девојчињата(од 7. и 8. одде ление) со сексуалното вознемирување на релација„ученици – ученици“. Вниманието се задржува и на идентификација на перцепцијата на наставниците за застапеноста на испитуваните форми на меѓуврсничко сексуално вознемирување и на нивните атрибуции на причините заради кои момчињата, односно девојчињата се жртви на истото. Истражувањето е спроведено во 4 основни училишта – едно рурално и три урбани, на 187 ученици и 80 наставници. По извршената анализа на податоците, добиени се следниве наоди:(а) девојчињата се почесто жртва од момчињата, во пет, од деветте испитувани начини на сексуално вознемирување;(б) момчињата не соопштуваат дека се почесто жртва од девојчињата за ниту една форма на вознемирување; (в) процентот на девојчињата кои репетитивно се жртва на вознемирување е повисок отколку процентот на момчињата со истото искуство; (г) седум, од девет форми на сексуално вознемирување, многу почесто се вршат од страна на едно, или повеќе момчиња, отколку од едно, или повеќе девојчиња;(д) наставниците, главно, имаат соодветна перцепција на дистрибуцијата на однесувањата кои имаат карактер на сексуално вознемирување;(ѓ) според наставниците, причините за тоа зошто на девојчињата и на момчињата им се случува да бидат жртва на вознемирување, се разликуваат во тоа што девојчињата не се соодветно облечени и во тоа што нивните врсници не се доволно свесни дека тоа што го прават е вознемирување. 247 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Опишаната состојба јасно сугерира дека девојчињата и момчињата во основните училишта се во значително различна позиција во однос на искуствата со различни форми на сексуално вознемирување. Со оглед на тоа што училиштата се окружување коешто родово е несензитивно, и средина каде што, речиси, не се спроведуваат никакви превентивни, ниту интервентни мерки насочени кон сексуалното насилство, девојчињата, воедно, се и поранливи во однос на последиците од сексуалното вознемирување. Клучни зборови : меѓуврсничко сексуално вознемирување, родова сензитивност, основно училиште ВОВЕД Во последните неколку години, насилството во училишен контекст станува тема која сé повеќе отворено се дискутира. Но, додека наставниците и учениците релативно успешно ги препознаваат и признаваат формите на физичкото и психичкото насилство, кои секојдневно се присутни во училиштата, сексуалното вознемирување потешко го идентификуваат, а неретко и погрешно го толкуваат. За волја на вистината, сексуалното насилство врз децата неретко се појавува како главна медиумска вест, а од неодамна, од страна на неколку релевантни институции почнува и да се третира како појава која не е за запоставување. Сепак, ваквиот однос, главно, се однесува на побруталните форми на сексуално насилство, коишто вклучуваат физички напад и обид, односно реализација на сексуален чин. Останатите форми на сексуално насилство, обединети под терминот сексуално возне мирување, се чини дека и натаму се запоставени, или сосема погрешно интерпретирани, иако доказите за психичките последици по жртвите на ваквите напади се прилично добро документирани 7 (Gruber& Fineran, 2007, Hand& Sanchez, 2000; Lee, Croninger, Linn,& Chen, 1996; AAUW, 1993). 7 Во наведените истражувања се идентификувани следниве последици од изложеност на сексуално вознемирување во училиштата: депресивност, губење апетит, нарушување на сонот, намалена самодоверба и чувство на страв и засраменост. Интензитетот на последиците е поврзан со репетитивноста на однесувањето на агресорот/ите(Kopels and Dupper, 1999). 248 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент Една од најчесто користените одредби, предложени од страна на Американското одделение за образование, гласи дека: сексуалното вознемирување може да се однесу ва на непосакувани сексуални при оѓања, барања за сексуални услуги и други вербални, невербални или физички однесувања од сексуална природа од страна на вработен, ученик или некое трето лице, ко ишто се доволно силни, перзистен тни, или первазивни за да ја огра ничат можноста на ученикот/чка та да учествуваат, или да имаат корист од едукативните актив ности, или пак, коишто креираат хостилна образовна клима(U.S. Department of Education, 1997:12038). Во оваа земја, сексуалното вознемирување во училиштата се третира како форма на дискриминација, а процедурите за негово регулирање се дефинирани со документ(Sexual Harassment Guidance, 1997) кој е дел од Амандманите за образование од 1972. Кај нас, сексуалното вознемирување не е споменато во Законот за основно образование. Во Законот за еднакви можности на жените и мажите се третира како:„каква било форма на несакано вербално, невербално, или физичко однесување од сексуален карактер, чија цел, или последица е повреда на достоинството на едно лице, особено кога се создава застрашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка, или навредлива атмосфера“(Закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите,“Службен весник на РМ“, 117/08, чл. 1, стр.1). 8 Во рамките на училиштата, сек­суалното вознемирување може да се одвива на две релации:„уче­ ник – ученик“(меѓуврсничко воз­не­ мирување) и„наставник(или друг воз­расен во училиштето) – ученик“. Ова истражување ќе се задржи само на меѓуврсничкото вознемирување, коешто, без ис­клу­чок, се јавува многу почесто, но и потешко се препознава. За да го олеснат идентификувањето на сексуалното вознемирување, го­ лем број автори пристапуваат кон опе­рационализација на типичните активности коишто можат да се де­ ривираат од дефинициите. Во ме­ ѓу­врсничките односи, такви се на при­мер: ширењето невистини за не­­кого поврзани со сексуалното од­ не­­­сување, непосакуваните допири, не­посакуваните гестови со сексуална конотација, непосакуваното из­­ложување на вербален, или слико­ вен материјал со сексуална содржи­ на, насилното соблекување на дело­ ви од облеката, влечењето за градник, гледањето под здолништето, ис­праќањето sms пораки со сексуална содржина, и слично.(Gruber& Fineran, 2007) Значи, главната диференцијална одредница меѓу нешто што би можело да се третира како регуларна интеракција меѓу децата 8 Всушност, сексуалното вознемирување е дефинирано со Законот за еднакви можности на жените и мажите, објавен во„Службен весник на РМ“, бр. 66/06(член 4, стр. 2), а потоа дефиницијата е изменета, односно дополнета со Законот за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, објавен во„Службен весник на РМ“, 117/08. 249 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 (особено на возраст кога сé уште се дефинира родовиот идентитет) од една, и сексуалното вознемирување, од друга страна, претставува субјективната реакција(која е негативна доколку се работи за вознемирување) на оној кому му е упатено конкретното однесување. Но, целата слика не би била комплетна доколку не се вклучи и намерата на оној којшто го врши вознемирувањето. Обично жртвата лесно препознава дека вознемирувањето се прави со цел таа да се деградира, застраши, или„само заради забава“(AAUW, 2006). Релевантни истражувања Покрај неколку други при­чи­ни, како што се, на пример, сен­зи­тив­ носта на прашањето заради не­го­ва­ та релација со сексуалноста, или мис­­перцепцијата на сексуалното воз­немирување како начин на нор­­ мална манифестација во пу­бер­­ тетската фаза на развој на пси­ хосексуалниот идентитет, овој на­чин на однесување во основните учи­ лиш­та се пренебрегнува и заради тоа што се мисли дека учениците се сé уште на возраст кога сексуалното вознемирување не е нешто што често им се случува. Но, емпириските по­ да­тоци покажуваат нешто сосема друго. Дури и во САД, каде постои со­лидна законска регулатива и со­ци­ јална клима којашто поддржува при­ ја­вување насилство, сексуалното воз­немирување меѓу врсниците е ен­ дем­ска појава. Според Извештајот на AAUW(2001), околу 80% од учениците(од двата пола) биле вознеми­ ру­вани барем еднаш, а за третина од овие испитаници, ова искуство било познато пред да наполнат 12 години. Кај повозрасните се зголемува и инциденцата, која на сите возрасти е повисока кај девојчињата отколку кај момчињата.(Gruber& Fineran, 2007) Се смета дека нешто пониските проценти што се соопштуваат во други култури, повеќе се одраз на одбранбено одрекување на злонамерноста на вознемирувањето и неподготвеноста да се признае, отколку на реално подобрата ситуација. Квалитативните податоци, добиени во рамките на истражувањето за состојбите во основното образование во Македонија, спроведено на крајот на 2006 година, за потребите на проектот на УНИЦЕФ, наречен: Училиште по мерка на дете то, упатуваат на тоа дека: 1) и меѓу нас­тавниците и меѓу учениците, пра­ гот на толеранција на сексуалното воз­немирување е висок – најголемиот број однесувања кои претставуваат јасни форми на сексуално воз­немирување, најчесто насочени кон девојчињата, се третираат како не­миновен дел на машко-женските од­носи во раната адолесценција; 2) ре­акциите на дел од наставниците су­герираат сексуална атрибуција на при­чините за појава на сексуално воз­немирување, како на релација нас­тавници- ученици, така и меѓу врсниците; 3) училиштата не преземаат речиси никакви мерки за системско превенирање и сузбивање на сексуалното вознемирување. За да се контекстуализира натамошната анализа на состојбата во врска со сексуалното вознемирување 250 СТАТИИ во основните училишта, неопходно е да се нагласи дека оваа, како и други анализи,(Кениг, 2008, Најческа, 1999) укажуваат на тоа дека училиштата во земјата не се средина која може да се третира како родово сензитивна. Прво, содржината на материјалите за учење е изразено родово-стереотипна и не им нуди на девојчињата доволно родово-неутрални модели за идентификација, додека, пак, зa наставниот кадар, составен претежно од лица од женски пол, покажува многу низок степен на чувствителност во врска со родовите прашања и само споредно добива релевантна дополнителна едукација дури и за најбазична сензитизација за родова рамноправност. Надоврзувајќи се на претходните емпириски утврдени состојби, ова истражување треба да одговори на прашањата: I) Постојат ли разлики во ис­ куствата на момчињата и де­вој­ чињата(од 7. и 8. одделение) во однос на најчестите форми на меѓуврсничко сексуално воз­не­ми­ рување? II) Каква е перцепцијата на на ставниците за застапеноста на сексуалното вознемирување меѓу врсниците? III) На кои причини наставни ците го припишуваат меѓуврснич кото сексуално вознемирување во училишен контекст? д-р Николина Кениг, доцент МЕТОД Примерок Истражувањето е спроведено во 4 основни училишта – три урбани(општина:„Чаир“,„Кисела Вода“ и Струмица) и едно рурално(општина Струга). Во рамките на секое од избраните училишта, на сите достапни предметни наставници им е зададен прашалник со кој се идентификуваат нивните искуства и перцепции за формите на сексуално вознемирување во училиштето меѓу врсниците, како и причините за нивното појавување кај двата пола. По случаен пат, во секое училиште е избран по еден клас од 7. и еден клас од 8. одделение каде што сите присутни ученици се испитани со верзија на прашалникот приспособен на нивната возраст. Така, вкупниот број испитани ученици е 187 (100 женски и 87 машки, 72 од VII 9 и 115 од VIII одделение) и 80 наставници(60 жени и 20 мажи). На испитаниците им е загарантирана целосна анонимност(инструментот не бара податоци за идентификација) и доброволно учество во ис­тражувањето. Прибирањето на по­датоците се одвиваше во текот на месец март и април 2009 година. Процентот на одбивање е незначителен(<5%). 9 Бројот на испитаници од VII одделение е значително помал, заради исклучување на прашалниците кај кои не се одговорени повеќе од 10% од вкупниот број прашања. Со тоа, од вкупната анализа се исфрлени 20 прашалници. 251 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Инструменти Во прашалникот наменет за ученици, селектираните начини на сексуално вознемирување од страна на врсниците се формулирани под две рубрики:„ мене ми се случило“ и„ му се случило на друг во училиштето“. По принципот на можност за повеќе заокружувања, од респондентите се бара и да назначат за секоја од формите на вознемирување, доколку се случиле, дали ги направиле момче, девојче, група момчиња, или група девојчиња. Во прашалникот за наставниците, издвоени се осум однесувања кои индицираат сексуално вознемирување од типот„ученик-ученик“. Наставниците се прашувани и за тоа што сметаат дека се причините заради кои сексуалното насилство им се случува на девојчињата, односно на момчињата, и тоа преку понудени алтернативи и отворен дел. РЕЗУЛТАТИ Ад 1. Искуства и перцепции на момчињата и девојчињата во врска со меѓуврсничкото сексуално вознемирување во училишен контекст Обработката на податоците за искуствата со меѓуврсничкото сексуално вознемирување добиени од учениците, ги даде резултатите прикажани на Графикон 1. 252 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент Графикон 1. Изјави на момчињата и девојчињата за тоа колку пати биле изложени на сексуално вознемирување(%) Ако се погледнат графиконските прикази, може да се забележи дека кај најголемиот број манифестации на вознемирување има повисок процент на девојчиња отколку момчиња кои соопштуваат дека повеќе од еднаш би­ле жртва на соодветната форма на вознемирување. Ова тврдење не важи само за кажувањето ше­ ги против волјата на жртвата и 253 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 насилното соблекување делови од облека. 10 За да се фокусира вниманието на сите ученици кои соопштуваат дека имале искуство во улога на жртва на сексуално вознемирување од страна на врсниците, натамошната анализа е направена на оние испитаници кои на прашањата одговориле дека дадената форма на вознемирување лично им се случила„еднаш“, или„повеќе од еднаш“. Овие два кумулирани проценти, одделно за момчињата и девојчињата, се прикажани во Табела 1. На истата Табела се прикажани и одговорите на испитаниците за тоа дали односната форма на вознемирување била направена од страна на едно момче, едно девојче, или група момчиња, односно девојчиња. Бидејќи при повеќекратните искуства постои голема веројатност вознемирувачот/ите да бидат различни, на испитаниците им беше дадена можност да изберат повеќе алтернативи истовремено (оттука, збирот на процентите во Табелата за колоната:„ Кој го сторил тоа?“ е поголем од 100). Тестирањето на статистичката значајност на разликите меѓу кумулираните проценти(за личните искуства), открива дека статистички значајна разлика меѓу двата пола постои за пет од испитуваните форми на однесување: непосакувани гести кулации со сексуална содржина, не посакувани допири, непосакувани коментари за физичкиот изглед (p<0.01), кажување шеги и ширење невистини со сексуална конотација (p<0.05). Кај сите наведени форми на вознемирување, девојчињата соопштуваат дека биле жртви почесто од момчињата . 10 Соблекувањето делови од облека е единствената форма на однесување каде што е забележано дека учениците почесто од ученичките соопштиле дека се жртви. Но, разликата не е статистички значајна. 254 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент Табела 1. Зачестеност на лични искуства со сексуално вознемирување – кому му се случило и кој го направил Мене ми се случило... еднаш или повеќе од еднаш(%) женски машки ...да се обидуваат да ми соблечат некој дел од об24,0 18,0 леката против моја волја. ...против моја волја да ми покажуваат слики, или филмови со сексуална 22,0 18,4 содржина. ...да пишуваат по ѕидовите, или на табла за тоа кој ми е симпатија, или 59,2 56,1 дечко/девојка и слични работи. ...да ја отворат вратата од тоалетот, или од кабината за пресоблекување доде54,0 48,3 ка јас сум бил/а внатре. ...да ми упатуваат гестикулации со сексуално значење кои ми биле не62,8 22,0 посакувани и непријатни. ...да зборуваат за мојот изглед на начин на којшто 61,0 36,8 не ми е пријатно. ...да шират невистини за мене поврзани со мојата 72,0 60,1 интима. ...да ме допираат без да сакам и на начин којшто 47,0 17,3 ми е непријатен. ... во мое присуство, против моја волја, да се кажуваат шеги, или случки 45,0 32,2 со сексуална содржина. Кој го сторил тоа?(%) момче девојче група мом­ чиња група девој­ чиња 55,6 16,7 36,1 19,4 55,3 10,5 44,7 5,3 25,5 43,1 32,3 41,1 29,4 13,9 67,1 20,2 51,4 14,3 37,1 5,7 20,4 20,3 28,7 34,8 41,0 11,5 44,0 39,7 41,7 36,5 46,0 23,1 26,4 13,9 68,0 27,8 255 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Податоците од Табела 1 упатуваат и на тоа дека само кај две од понудените форми, девојчињата се поактивни вознемирувачи – кога пишу ваат графити и кога шират невис тини поврзани со интимата на жртвата. Во последниот случај, во улога на агресор тие се јавуваат почесто од момчињата кои тоа го прават поединечно, но поретко од момчињата кои тоа го прават во група. За сите останати форми, учениците соопштуваат дека почесто група момчиња, или едно момче, отколку група девојчиња, или девојче, биле тие што ги вознемирувале. Момчињата, или поединечно, или како група, особено се„поактивни“ од девојчињата во покажување визуелни материјали со сексуална содржина против вол­ ја­та на оној кому му е покажано, упа­тување непосакувани гестови со сексуално значење, обиди насил но да соблечат нечиј дел од облека, или во непосакувано допирање. Интересно е и тоа дека кај еднa од нај­ офанзивните форми( отворање вра­ та од тоалет), убедливо доминира процентот на група момчиња како извршители на таа форма на вознемирување. Вообичаен начин на проверка на валидноста на давање одговори за себе, тогаш кога прашањата се од многу чувствителна, односно лична природа, е да се праша какви се искуствата на другите, бидејќи се поаѓа од претпоставката дека испитаниците многу полесно„признаваат“ дека со­цијално непожелни искуства им се случуваат на другите. Се смета дека ако разликата во процентот на одговорите за тоа какви се личните искуства на испитаниците и оние соопштени за другите се многу големи, тогаш тоа може да е знак за неподготвеност да се признае, додека, пак, сличноста во процентот на одговори зборува за прилично реално соопштување на сопствените искуства. Но, освен да служат само како контролен механизам, овие информации, се разбира, може да дадат слика и за тоа колку учениците се свесни за тоа што се случува во околината. Во Табела 2 се прикажани одговорите на испитаниците за нивната перцепција на тоа колку често другите соученици имаат искуство со наведените форми на вознемирување, како и од кој пол се тие кои ги направиле соодветните форми на вознемирување, агрегирани на истиот начин како и одговорите за сопствените ис­ куства. 256 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент Табела 2. Перципирана зачестеност на искуства со сексуално воз­не­ми­ру­ ва­ње кај соучениците – кому му се случило и кој го сторил тоа Им се случило на други во нашето училиште... ...насилно соблекување на делови од облеката ... непосакувано изложување на визуелни сексуални содржини Кому му се случило? (%) едно или едно или повеќе повеќе девојчиња момчиња 24,4 25,6 12,1 11 Кој го сторил тоа? (%) група момче Девојче мом­ чиња група девој­ чиња 35,9 13,4 64,7 16,8 35,2 7,4 68,5 9,3 ...пишување по ѕидовите, или на табла 67,4 40,3 27,1 37,9 45,7 53,4 ...отворање врата од тоалетот, или од кабината 67,2 ...непосакувани гестикулации со сексуално 29,4 значење ...непосакувани коментари за изгледот 68,9 ...ширење невистини поврзани со сексуал- 68,0 носта ...непосакувани допири со сексуална конота- 63,2 ција ...непосакувано експонирање шеги со сексу- 33,5 ална содржина 22,6 29,4 13,9 67,1 20,3 11,1 48,4 9,6 56,4 12,9 38,4 24,2 22,4 53,7 50,0 41,4 47,3 10,8 52,7 24,3 10,9 42,1 21,5 47,4 15,8 18,8 32,4 10,8 71,6 21,6 Процентите на зачестеност на формите на сексуално воз­не­ми­ рување за кои децата виделе/слуш­ нале дека им се случуваат на другите (Табела 2) се поклопуваат, главно, со соопштените за личните искуства. Нај­голем јаз, и тоа во насока на „пот­ценување“ на зачестеноста на ис­куствата, има за отворањето вра­та од тоалет, непосакуваните гестикулации и експонирањето на визуелни материјали со сек­су­ ална содржина, што упатува на тоа дека соучениците секогаш не ги споделуваат искуствата за сек­су­ал­ ното вознемирување. Од Табела 2 уште се гледа и дека, речиси за си­те форми на вознемирување, уче­­ниците ги перципираат де­вој­чи­­ ња­та како жртва многу почесто от­ колку момчињата, исто како што ги перципираат почесто момчињата от­ кол­ку девојчињата како агресори. 257 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Ад. 2. Перцепцијата на нас­тав­ ниците за застапеноста на сек­ суалното вознемирување меѓу врс­ ни­ците Резултатите за тоа како наставниците гледаат на тоа колку често девојчињата, а колку често момчињата се жртви на одредени форми на меѓуврсничко сексуално вознемирување, се прикажани во Графикон 2. Освен во случајот со непосакуваните коментари за изгледот, наставниците сметаат дека девојчињата или често, или ретко, но, главно, почесто од момчињата, се жртви на меѓуврсничко сексуално вознемирување. За момчињата, наставниците воочливо почесто одговараат дека не знаат што се случува, или дека воопшто не се засегнати од сексуално вознемирување. Споредбата на одговорите на наставниците со оние дадени од децата, сугерираат дека наставниците имаат релативно добар увид во тоа што се случува. Ако се исклучи тоа дека наставниците проценуваат дека непосакуваните коментари за физичкиот изглед повеќе ги засегаат момчињата од девојчињата, како и процената за непосакуваните допири(чија зачестеност во случајот на девојчињата е прилично потценета), наставниците, главно, соодветно ја процениле застапеноста на меѓуврсничките форми на сексуално вознемирување. 258 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент Графикон 2. Перцепција на наставниците за зачестеноста на типични форми на меѓуврсничко сексуално вознемирување кога жртвата е момче/ девојче Ад. 3. Атрибуција на причини з а сексуално вознемирување во училишен контекст На петте понудени одговори, на кои наставниците можат да се из­ јаснат на четиристепена скала(од „ воопшто не се согласувам“, со оценка 0), до„ сосема се согласувам“, со оценка 3), добиени се резултатите прикажани на Табела 4. Споредбата на аритметичките средини за мом­чи­ њата наспроти девојчињата, ука­­­­­жува на тоа дека според нас­тав­­­ниците, тие не се идентични во два случаја: кога станува збор за начинот на облекување и за свесноста на врсниците за не­со­од­­­ветноста на однесувањата кои можат да се дефинираат како сексуално воз­не­ми­ 259 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 ру­вање. Имено, степенот на со­глас­ ност за начинот на облекување на девојчињата(t(77)=6,16; p<0,01) и степенот на согласност за отсуст вото на сензитивност кај врсници те(t(76)=2,17; p<0,05) како причини за тоа зошто девојчињата се цел на сексуално воз­немирување, статистички значај­но се разликуваат од степените на согласност за истите причини кај момчињата. Со други зборови, додека надворешните при чини(недостаток од сексуално об разование во училиштата, нечувс твителноста на наставниците и недостатокот на правна регула тива) се проценети како идентично релевантни за момчињата и девојчињата , кога се проценува зошто девојчињата се жртва на вознемирување, како многу поважни отколку кај момчињата, се наведуваат начинот на кој тие се облекуваат и нечувствителноста на нив­ните врсници за тоа дека возне­­ми­­ру­вањето е проблематично. На вак­вата перцепција може да се гледа и на следниот начин: одговорноста кај де­војчињата е лоцирана во начинот на кој се облекуваат, а кај момчињата, во отсуството на сензитивност за тоа дека испитуваните однесувања имаат карактер на сексуално вознемирување. Во отворениот дел од истото прашање, каде од наставниците се бара нивната лична перспектива што би сакале да ја соопштат, тие наведуваат и неколку други релевантни причини, важечки и за едниот и за другиот пол, меѓу кои доминира идејата дека сексуалното вознемирување е резултат на малиот интерес на родителите за воспитувањето на децата и тоа што тие се„препуштени само на училиштето“, потоа, силното влијание на медиумите кои ги сексуализираат децата уште во рана возраст, наспроти посветеноста на наставниците кои во тој поглед се „и повеќе од коректни“. За изјавите е карактеристично чувството на наставниците дека тие не можат многу да сторат во однос на овој проблем, или, со зборовите на една од испитаничките:„наставниците се во голема мера немоќни, многу е битно воспитувањето дома и односот на родителите кон тие проблеми“. 260 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент Табела 4. Перцепција на наставниците за причините заради кои момчиња та и девојчињата се жртви на сексуално вознемирување Причини момчиња девојчиња М( σ ) М( σ ) t- тест df Начинот на којшто се облекуваат и однесуваат(про- 0,84(0.91) 1,72(0.99) 6,16 77 вокативно, несоодветно). Непостоење свест кај врсниците дека таквото однесување е проблема1,75(0,95) 2,17(0,93) 2,17 76 тично. Нечувствителноста на наставниците дека таквото однесување е проблема1,16(0,96) 1,11(0,95) 0,32 75 тично. Недостаток на релевантна правна регулатива. 1,71(1,03) 1,90(1,07) 1,62 77 Недостаток на сексуално образование во училишта- 1,77(1,0) 1,89(1,0) 0,98 77 та. p <0,01 <0,05 >0,05 >0,05 >0,05 ДИСКУСИЈА Резултатите добиени од ова ис­­тражување недвосмислено су­ге­ ри­раат дека сексуалното воз­не­ми­ ру­­вање во основните училишта кај нас, исто како и во другите средини, се одвива во контекст на изразена родова асиметрија. Девојчињата, во значително поголем број соопштуваат дека биле жртви почесто од мом­чи­ њата. Истата диспропорција може да се констатира и кога учениците да­ваат изјави за тоа колку често сек­суалното вознемирување им се случува на другите. Згора на тоа, процентот на девојчињата кои соопштуваат дека повеќе од ед­­наш биле жртва на некои, или по­веќе форми на вознемирување, ис­то така го надминува процентот на момчиња со такви искуства. По­ лот/родот не определува само кој има повеќе шанси да биде жртва, туку и кој почесто ќе се јави во улога на агресор. Момчињата, било како поединци, или во група, многу по­ често од девојчињата се јавуваат како вршители на сексуално воз­не­ ми­рување, особено на неговите фи­ зички форми. Со оглед на добиените ре­зул­ тати, очигледно е дека ваквата не­ед­ наква позиција на момчињата и девојчињата им е сосема јасна и на наставниците, но, досега, не се забележани посериозни орга­ни­зи­­ рани форми на превенција и на на­д­­ минување на ваквата состојба. Еден извор на амбиваленција мо­­же да биде неизвесноста за тоа кое 261 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 однесување е, а кое не е сексуално вознемирување, бидејќи „диференцијалната дијагноза“ за­ви­ си, пред сè, од тоа дали жртвата конкретното однесување го доживува како малициозно, или не. Друго можно објаснување за тоа е дека на сите овие форми на сексуално воз­ немирување наставниците гле­да­ат како на процеси низ кои се ре­гу­ лираат и продуцираат родовите дис­ курси и идентитети на младите адолесценти, особено на момчињата. На­одите од ова истражување добро го илустрираат совпаѓањето меѓу тра­ди­ционалното гледање на тоа кое однесување е„иманентно“ за едниот, наспроти другиот пол – девојчињата„водат“ пред момчињата во ширење не­вистини(озборување) и продукција на графити за тоа кој кому му е симпатија, или дечко/ девојка, а мом­чињата, во т.н. физички форми на вознемирување. На крајот, нас­тав­­ниците, можеби навистина се убедени дека регулирањето на од­ носите меѓу двата пола не е во до­ме­ нот на нивните надлежности во учи­ лиштето, или, пак, едноставно, не­ маат доволно вештини и знаења да направат било какви интервенции во таа сфера. Во крајна линија, кои и да се при­чините за честата појава на сек­­­суално вознемирување меѓу врс­­­ниците, она што е најважно е да се потцрта дека отсуството на мер­ки за превенција и стратегии за справување со нив, како и отсуството на политики и пишани документи 11 со кои тоа би се регулирало на ниво на училиште(УНИЦЕФ, 2006), го прават училиштето место кое не е доволно безбедно(се разбира повеќе во психолошка, отколку во фи­зичка смисла) за девојчињата(и веројатно, помалку„маскулините“ мом­чиња). Ако згора на тоа се земе предвид генералниот контекст во нашите училишта од родов аспект, т.е. нивното функционирање, главно долж линиите на традиционалните родови стереотипи, во рамките на кои формите на сексуално воз­не­ ми­­рување може да се сместат како природни начини на конструкција на родовиот идентитет, јасно е дека девојчињата се ставени во подредена и загрозувачка позиција. Препораки Училиштата во кои за сек­су­­­ алното вознемирување не се дис­ ку­тира, а далеку од тоа да се пре­ве­ нира, или сузбива, не можат да бидат ниту здрава средина за едукација, ниту, пак, може да се третираат како институции во кои не се врши имплицитна дискриминација врз основа на пол/род. Сексуалното 11 Во нашето законодавство, сексуалното вознемирување е регулирано со Законот за работни односи и Законот за еднакви можности на жените и мажите. Првиот, би можел да се имплементира врз односите на вработените во училиштето, но не и за меѓуврсничкото вознемирување. Законот за еднакви можности на жените и мажите може да биде соодветен во случај на сексуално вознемирување меѓу учениците. Но, постапката за заштита може да биде многу поефикасна и поедноставна доколку на ниво на училиште бидат формулирани соодветни механизми за справување со вакви ситуации. Светските искуства насочуваат кон создавање услови за медијаторство и неформално разрешување на сите форми на дискриминација, вклучувајќи го и сексуалното вознемирување(Elis, 2005). 262 СТАТИИ воз­немирување ќе претставува сé повеќе и повеќе горлив проблем, до­колку не се преземат сериозни мер­ки од аспект на посоодветно прав­но регулирање и соодветна еду­ кација. Во таа смисла, она што ми­ ни­мално би требало да се стори е преземањето на следниве чекори: 1. Сензитизација на учениците и наставниците – и наставниците и учениците би требало да бидат за­поз­ на­ти со тоа кога едно однесување се третира како вознемирување, а кога како забава, или додворување. Во спротивно, тешко дека може да се замисли каква и да е превенција од ваквата форма на однесување. 2. Регулирање со интерни до­ ку­менти – искуствата во другите зе­ мји покажале дека е корисно кога учи­­лиштата развиваат интерни до­ку­ мен­ти, напишани на јазик раз­бирлив за децата, достапни за родителите и истакнати на најтранспарентен можен начин(во ходниците како постери, на пример) за тоа што е сексуално воз­немирување, кој е надлежен да реагира кога тоа ќе се случи, кому мо­же да му се обратат жртвите, како и кои се дисциплинските мерки кои следуваат доколку некој го врши воз­ не­мирувањето. Се разбира, клучен фактор за успешно функционирање на оваа мерка е доследноста во им­ пле­ментација на правилата, како и учес­твото на учениците во нивното фор­мулирање. Оваа мерка е дотолку по­веќе корисна, ако се земе предвид фак­тот дека интервенирањето во вр­ ска со сексуалното вознемирување врз основа на законите, особено во учи­лишен контекст, е исклучително д-р Николина Кениг, доцент сложена процедура од перспектива на жртвите. 3. Мониторинг со самоевалуација – постои обемна документаци­ ја за тоа дека жртвите на сексуално вознемирување избегнуваат да го пријават таквиот вид малтретира­ ње дури и кога постојат назначени ли­ца, надлежни за решавање на такви случаи.(AAUW, 2006) За да се избегне добивањето погрешна сли­­ка дека сé е во ред, корисно е кога училиштата спроведуваат са­ моевалуација преку анонимни од­го­ вори на учениците – барем еднаш или двапати годишно. Исто така, ко­­рисна стратегија за превенција мо­же да биде организирањето уче­ нич­ки мониторинг тела, кои за вре­ме на одморите би набљудувале што се случува по ходниците и во учи­ лишниот двор – места каде се слу­чу­ ваат над 80% од однесувањата кои се третираат како вознемирување. (AAUW, 1993) 4. Дополнителна едукација – вградена во постојаните наставни содржини , како посебен предмет или обука, дополнителната едукација од областа на сексуалноста сообразена на возраста, сигурно е неопходна и за наставниците и за учениците. Туѓите искуства покажуваат дека дури и еднократните обуки помагаат во превенирањето на фреквентни манифестации на сексуално вознемирување, но, исто така, и во охрабрувањето на жртвите да го пријавуваат(Martin, 2008) и да се спротивстават на интроектираниот стереотип дека, всушност, тие самите се одговорни за тоа што им се случува. 263 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Користена литература AUUW: American Association of University Women(2006). Drawing the Line: Sexual Harassment on Campus. Washington, DC: Harris/Scholastic Research. AUUW: American Association of University Women.(1993). Hostile hall ways: The AAUW survey on sexual harassment in America’s schools(Research Rep. No. 923012). Washington, DC: Harris/Scholastic Research. Elis, E.(2005). EU-Antidiscrimination Law. Oxford:Oxford University Press. Gruber, J. E.& Fineran, S.(2007). The Impact of Bullying and Sexual Harassment on Middle and High School Girls. Violence Against Women, vol.13/6: 627-643. Hand, J.,& Sanchez, L.(2000). Badgering or bantering? Gender differences in experience of, and reactions to, sexual harassment among U.S. high school students. Gender& Society, 14:718-746. Kopels, S.,& Dupper, D. R.(1999). School-based peer sexual harassment. Child Welfare, 78, 435-460. Lee, V. E., Croninger, R. G., Linn, E.,& Chen, X.(1996). The culture of sexual harassment in secondary schools. American Educational Research Jour nal, 33 : 383-417. Martin, J.(2008). Peer Sexual Harassment: Finding Voice, Changing Culture- An Intervention Strategy for Adolescent Females. Violence Against Wom en, vol.14/1: 100-124. Sexual Harassment Guidance, 1997. www.ed.gov/about/offices/list/ocr/ docs/sexhar01.html Sexual Harassment on Middle and High School Girls. Violence Against Women. vol. 13(6), pp. 627-643 U.S. Department of Education, Office for Civil Rights(1997). Sexual harassment guidance: Harassment of students by school employees, other students, or third parties. Federal Register, 62 (49): 12034-12051. Закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите,„Службен весник на РМ“, бр. 117,(Пречистен текст) 18.09.2008 година; Закон за еднакви можности на жените и мажите„Службен весник на РМ“, бр. 66/06 од 29.05.2006 година Кениг, Н.(2008). Неподносливата леснотија на половото стереотипи264 СТАТИИ д-р Николина Кениг, доцент зирање: анализа на учебниците по македонски јазик, историја и природа и општество за основно образование „ Годишен зборник на Филозофскиот факултет“- Скопје,(60):159-175 Најчевска, М.(1999). Еднаквоста на половите во курикулумот. Необјавен извештај подготвен за УНИЦЕФ УНИЦЕФ(2006). Училиште по мерка на детето: Иницијална состој ба во Македонија, Публикација за интерна употреба. 265 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 „Provocative“ girls and„insensitive” boys: Peer sexual harassment and creation of gender unequal climate in elementary schools Resume The basic problem of this research is connected with exploring the experiences of peer sexual harassment among elementary school girls and boys(7 th and 8 th grade). The study also focuses on identifying teachers’ perception of the frequency of several types of peer sexual harassment as well as teachers’ attributions why the girls and the boys are victims of it. The research is carried out in four primary schools – one rural and three urban, on a sample of 187 students and 80 teachers. The data analysis shows that(a) girls are more frequently victims in case of five out of the nine form of sexual harassment(b) boys do not declare to be more frequently victims in any of the harassing behaviors(c) the percent of girls who are repeatedly victims of harassment is considerably higher than the percent of boys with the same experience(d) the majority of sexualлy harassing behaviors are perpetuated by boys more frequently than by girls (е) teachers have adequate picture of the distribution of sexual harassment along gender lines, and(f) according to the teachers, girls are victims because they dress themselves in a provocative way and because their male peers are not aware enough that some kinds of behavior are actually harassing. These conditions clearly suggest that the elementary school girls and the boys are situated quite differently in terms of their experiences with sexual harassment. Taking into account the elementary schools in the country are gender insensitive environment where almost no preventive or intervention actions against sexual violence are taken, girls are clearly more vulnerable to the consequences of sexual harassment. Key words : peer sexual harassment, gender sensitivity, elemen tary school 266 СТАТИИ м-р Зоран Вучев м-р Зоран Вучев Раководител на Одделение за статистичка УДК 364.35- 624(497.7) обработка на податоци и евиденција на корисниците на услуги за потребите на Министерството за труд и социјална политика Нееднаквости во опфатот и правата од пензискиот систем во Република Македонија Резиме Во овој труд се елаборират спецификите, структурата на ре­фор­ ми­раниот повеќестолбен пензиски систем во Република Македонија и импликациите што се очекуват од воведувањето на овој комбиниран систем. Наодите во овој осврт се направени за пристапот на правата на корисниците во првиот столб, како и опфатот на членовите во за­дол­ жителните капитални пензиски фондови. Во трудот се изнесени ин­ ди­катори за првиот столб во однос на структурата на корисниците на поедини права од пензија, според видот на пензијата, старосната структура и износот на веќе стекнатите пензии, како резултат на им­ пли­кациите од реформите што се правеа во пензиската политика во изминатите 18 години. Во задолжителните пензиски фондови се ела­ бо­рирани: опфатот на лицата, статусот и периодот на потпишување на договорите за членство, како и приносот на средствата во задолжителните пензиски фондови. Посебен осврт е направен во делот на социјалниот дијалог во Европската Унија(ЕУ), како алатка во реформите во пензиските политики. За предмет на анализа се земени неколку поистакнати земји(претежно членки на ЕУ) во стручната литература, во доменот на реформите кои ги презеле во пензиските политики. Клучни зборови: пензиски систем, структура на пензиски систем, пристап до правата во повеќестолбниот пензиски систем во Република Македонија, социјален дијалог во реформскиот процес на пензиската политика. 267 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 1. Специфики на реформираниот пензиски систем во Македонија По повеќегодишна подготовка, реформираниот тристолбен пензиски систем започна да функционира во пракса од 1 јануари, 2003 година. Во минатото, пензионерите добиваа пензии од придонесите што ги плаќаа вработените, преку т.н. генерациска солидарност. Приватни аранжмани во пензискиот систем не постоеја. Начинот на исплата на пензиите врз основа на солидарност, во економската литература стручно е познат како PAYG 12 систем, кој во основа значи префрлање на средствата од компаниите на сметките на фондовите за пензии. 13 (Талески, 2005) Реформата во пензискиот систем беше наметната, главно, заради две причини: државниот пензиски фонд, заради намалениот прилив на придонеси со текот на времето започна да станува несолвентен(Атанасовски, 2004), а од друга страна, демографскиот притисок заради стареење на населението уште повеќе можеше да ги доведе во прашање пензиите на идните генерации. Од стопански и социјален аспект, намалувањето на вработеноста предизвикува повеќекратни последици, односно значителни тешкотии за вработените, дејностите и пензискиот систем, кој е доста погоден во конкретната ситуација. Придонесите во минатото опаѓаа, а исплатата на пензиите се зголемуваше, што создаде финансиски јаз. Претпријатијата не вршеа редовни уплати на придонесите во име на вработените, со што се зголемуваа финансиските долгови. Отпуштените работници кои наоѓаат работа во неформалниот сектор, најчесто се надвор од дофатот на органите за наплата на социјалните придонеси. Од друга страна, се вршеше зголемување на износот на придонесите во минатото и, истовремено, либерализација на одредбите за предвремена и инвалидска пензија, за да се овозможи компензација на зголемената невработеност во земјата(ibid, стр. 14-15). Соодносот во 2007 година меѓу осигурениците кои плаќаат придонес и корисниците на пензија изнесува 1,4 вработени на 1 корисник на пензија, а соодносот на вкупниот број осигуреници на еден корисник на пензија изнесува 1,6 осигуреници на 1 корисник на пензија. Овој сооднос е неповолен, од тие причини расходите за пензискоинвалидското осигурување(ПИО) учествуваат од 10-13% од бруто домашниот производ(БДП) на Република Македонија, за исплата на пензиите на пензионерите во изминатите години. 12 PAYG- Pay As You Go – Sistem koj ozna~uva princip na solidarno penzisko osiguruvawe. 13 Elaine Fultz,Markus Ruck,“The Reforms of the Pension System in Centar and Eastern Europe”ILO, Budapest, 2001, str.5. 268 СТАТИИ 2. Структура на реформираниот пензиски систем Новиот систем е насочен кон втемелување нов модел на пензиско и инвалидско осигурување, кој е составен од три дела(три столба). 2.1. Задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност(државен I столб) Првиот столб претставува(Фон­ дот за пензиско и инвалидско осигурување) солидарен систем кој е задолжителен за сите вработени, а средствата се наменети најнапред за финансирање на сегашните и идните пензионери(овој Фонд е во постојан финансиски дефицит, средствата се надополнуват од страна на буџетот на државата). 2.2. Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување - приватен II столб Капиталното финансирано пензиско осигурување се заснова врз штедење на придонесите на индивидуална сметка и нивно инвестирање, со што се формира парична маса која се акумулира и служи за исплата на пензијата на самиот осигуреник(ibid, стр. 20). Социјалните причини за воведување на вториот столб најдобро може да се согледаат во предностите кои се очекува да бидат постигнам-р Зоран Вучев ти со овој вид осигурување: - Дел од финансискиот товар се префрла на самите осигуреници, согласно нивните индивидуални издвојувања. Останатиот дел и натаму ќе биде со издвојувањата и со правото на пензија преку солидарниот систем; - Треба да се намалат обврските на идните поколенија за издршка на пензионираните лица, кои со помош на вториот столб сами ќе бидат во состојба да си го обезбедат својот материјален опстанок и социјална сигурност; - Доходот на пензионираните лица ќе биде стабилизиран. Нив­ни­ от доход нема да зависи од не­по­ вол­ната демографска структура на населението; - Се очекува секој поединец да по­каже иницијативност за работа и социјално осигурување и сам да се погрижи за сопствената иднина; - Износот на пензијата нема да за­виси само од уплатите во текот на осигурените години, туку и од при­ ходите остварени од каматите, ди­ видендите и другите приходи оства­ рени со инвестирањето на упла­ тените придонеси; - Осигурениците имаат можност за избор на фондот во кој ќе ги вложуват средствата. Втор столб од пензискиот систем значи индивидуално, персонално 269 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 пензиско осигурување за разлика од колективното пензиско осигурување во вториот столб, кој се практикува во одредени земји. Кај нас постојат универзални пензиски фондови. Во овие фондови секој осигуреник пристапува сам и по своја волја. 3. Пристап до правата од пензискиот систем- прв столб Право на пензии од првиот столб имаат сите осигуреници кои се под режимот на плата и контрибуирале средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија за време на нивниот работен век, под услов минимум да котизирале 15 години, блиските сродници(деца, брачен другар, или издржувано лице од страна на осигуреникот). Кај овој вид пензија станува збор за семејни пензии и инвалидски пензии. Подолу ќе ја проследимe структурата на пензионерите според видот на пензијата, старосната структура и според износот на пензијата. Табела 1: Број на пензионери од првиот столб, според видот на пензија Година 2007 2008 Старосни 150.075 149.075 Инвалидски 48.054 48. 502 Семејни 74.257 75.156 Вкупно 272.386 273.221 Според Tабела 1, произлегува дека повеќе од една половина од вкупниот број корисници на пензија се корисници на старосна пензија, а другата половина се однесува на корисници на семејна и инвалидска пензија во 2007 и 2008 година. Вкупниот број корисници на старосна пензија кај возрасната структура од 45-65 години е 49.706 (33.1%), додека кај инвалидската пензија за истата возрасна структура има 27.097(56.36%) корисници во 2007 година. Овде посебно заслужуваат внимание старосните структури од 55-60 и 60-65 години, (Извештај на ФПИО на РМ 14 за 2007 г., стр. 11-12). Законскиот ква­ ли­фикуван период за пензија е 62 години за жени, со можност до 64 години по избор, и 64 години старост за мажи. Вработените од двата пола имаат можност да работат и по овој период на возраст, само под одредени услови(значи горниот плафон на возраст е отворен). Овие податоци ни покажуват релативно ниска старосна структура на излез од пазарот на трудот кај двете категории пензионери. Посебно треба да се обрне внимание од која гранка на сто­пан­ 14 Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република(во натамошниот текст: ФПИО РМ). 270 СТАТИИ ството или јавниот сектор доаѓа оваа категорија корисници на ин­ ва­лидски пензии кај овие возрасни групи, за да се согледа причината за инвалидитетот и да може да се преземат соодветни мерки од страна на Инспекторатот за труд и заштита при работа во делот на подобрување на работните услови за работниците. Во 2007 година, од 272.386 ко­рисници на пензија, 131.405 корисници, или 48,2% од вкупниот број примаат пензија до 6.500 денари; 81.865 корисници, или 30,1% примаат пензија од 6.500, до 10.000 денари; 43.755 корисници, или 16,1% примаат пензија од 10.000 до 15.000 денари, а 15.361 корисници, или 5,5% од вкупниот број корисници примаат пензија над 15.000 денари, од кои само 1.089 примаат највисок износ на пензија. Овие податоци покажуваат дека скоро половината од пензионерите живеат под линијата на сиромаштија(ibid, стр. 21). 4. Опфатеност на членовите во задолжителните капитални пензиски фондови Сите категории вработени лица немаат право да членуваат во вториот столб. Овој столб ги исклучува: земјоделците; под одредени услови лицата со бенефициран стаж; како и одредени категории лица кои имаат работен стаж кој не е поволен да се членува во вториот столб. Задолжителното дополнително пензиско осигурување се очекува м-р Зоран Вучев да ги опфати помладите вработени лица, кои не се постари од 35 години. Лицата од средната возраст и оние кои се пред пензионирање се очекува целосно да бидат препуштени на условите на првиот столб. Со измените и дополнувањата на Законот за ПИО, бр. 70/06, ин­ди­ видуалните земјоделци не се оп­фа­ ќаат како задолжителни членови на задолжителното капитално фи­ нан­­сирано пензиско осигурување би­дејќи придонесот го плаќаат на основици, а не на исплатена плата, што се многу пониски од останатите ка­тегории на осигуреници. Со членот 5 се исклучуваат индивидуалните зем­јоделци од задолжително фи­ нан­­сирано капитално осигурување, заради фактот што оваа категорија осигуреници придонесот за пензис­ ко­то и инвалидско осигурување го плаќа на најниска основица(30% од просечната плата во Републиката во претходната година). Исто така, и по­ крај можноста да плаќаат придонес на повисока основица, тие според ка­тастарскиот приход, придонесот го плаќаат на најниска основица. Тоа генерира и остварување на ниски пензии до 1000,00 денари и заради тоа овие осигуреници скоро во секој случај остваруваат најнизок износ на пензија. Според тоа и кога би се влкучиле во капитално финансирано пензиско осигурување, не постојат услови за остварување на принос, заради нискиот износ на средства трансвериран на личните сметки во приватните пензиски фондови. Имено, според Законот за пензиското и инвалидското осигурување, ако 271 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 пензијата врз основа на генерациска солидарност и пензијата, односно ануитетот од капитално осигурување се помали од најнискиот износ, се гарантира најнизок износ на пензија. Тоа значи дека индивидуалните земјоделци и да бидат вклучени во капиталното осигурување, во секој случај ќе го користат најнискиот износ на пензија во Фондот. Според Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, индивидуалниот земјоделец се дефинира како лице на кого земјоделската дејност му е единствено занимање и остварува приход по основ на вршење на земјоделска дејност. Основицата за пресметка и плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување за индивидуален земјоделец претставува 20% од просечно исплатената месечна плата по работник во Републиката, објавена во тековниот месец. Досега, во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, основицата беше определена според висината на катастарскиот приход и истата не можеше да биде помала од 30% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година. Додека во Законот за здравствено осигурување, основицата беше дефинирана како плата од вршењето на дејноста, односно утврдениот катастарски приход, при што истата не може да биде помала од најниската плата утврдена со колективен договор за соодветната дејност, vо овој Закон се дефинира единствена основица од која индивидуалниот земјоделец ќе ги плаќа придонесите. Најголемиот број осигурeници - индивидуални земјоделци се на возраст над 64 години(мажи), односно над 62 години(жени), кои ќе остварат право на старосна пен­ зија. Многу е мал бројот на млади оси­гуреници кои се пријавуваат во осигурување по основ на вршење земјоделска дејност. Во 1989 година кога се вклучија во пензиското и инвалидско оси­гу­ рување, бројот на осигуреници из­ несуваше 46.000. Малиот број оси­ гу­реници, денес, е последица на сос­тојбата што индивидуалните зем­јоделци кои оствариле право на пен­зија не ја пренесуваат сопственоста на земјоделското земјиште на членовите на семејството, како би можеле и тие да продолжат cо осигурување, бидејќи основен услов за осигурување е сопственост на имот од земјоделска дејност и вршење на земјоделска дејност како единствено занимање. Наплатата на придонесите од оваа категорија е многу ниска, односно индивидуалните земјоделци не го плаќаат редовно придонесот. Дел од нив обврските ги исполнуваат на крајот на годината, или во најголем дел, при остварување права од пензиско и инвалидско осигурување. Во 2008 година, наплатата на придонес за ПИО од индивидуалните земјоделци изнесува 29,26 милиони денари, или 11,8% повеќе отколку во 2007 година. 272 СТАТИИ Кога станува збор за осигуреници кои работат на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење од задолжителното капитално финaнсирано пензиско осигурување, тие осигуреници не се вклучени во Глава IV од Законот за ПИО(осигуреници од МВР, МО и kазнено-поправни и воспитно-поправни установи). Овие осигуреници, според членовите 95 и 101 од овој Закон, можат да остварат право на пензија само со навршување 25 години пензиски стаж, во кој се засметува и бенефицираниот стаж, со што нема доволно време за акумулирање на средствата на индивидуалните сметки. Во 2008 година, во задолжителниот капитален пензиски фонд, м-р Зоран Вучев НПФ 15 , има 93.666 осигуреници, од кои доброволни(30.240), задолжителни со договор(40.147), распределени(20.110), времено распределени од страна на МАПАС(3.169), вкупно по последните три основи, 63.426 лица. Во задолжителниот капитален пензиски фонд КБ има 101.474 осигуреници, од кои доброволни (36.060), задолжителни со договор (39.770), распределени(21.842), времено распределени од страна на МАПАС(3.802), вкупно по последните три основи 65.414 лица. Вкупно во двата задолжителни фонда има 195.140 осигуреници,(Статистички извештај на МАПАС, стр. 2, 2008). Табела 2: Членство во задолжителните пензиски фондови според статусот и периодот на потпишувањето на договорите за членство во задолжителен пензиски фонд*(ibid, стр.2) Дата До 1.12.2007 До 1.12.2008 Вкупно Вкупно по фонд НПФ Добро- Задолживолни телни 29.312 29.565 КБ Прв Добро- Задолживолни телни 35.150 31.172 Вкупно Добро- Задолживолни телни 64.462 60.737 1.245 30.557 11.172 40.737 71.294 1.352 36.507 9.298 40.470 76.977 2.602 67.064 20.470 81.207 148.271 Вкупно 125.199 23.072 148.271 • Во табелата се вклучени само членовите кои потпишале договор за членство во задолжителен пензиски фонд. Осигурениците распределени од страна на МАПАС се изземени. 15 Акционерско друштво за управување со пензиски фондови НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД, Скопје кое управува со НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД(во натамошниот текст- НПФ) – Отворен задолжителен пензиски фонд 273 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 По горните два основа, во КБ Прв пензиски фонд има поголем број членови во споредба со НПФ, разликата меѓу двата фонда е 5.683 осигуреници(види Tабела 2). Табела 3: Старосна структура на членовите во задолжителните пензиски фондови во 2008 година (ibid, стр. 3). Возраст До 20 години Од 21-25 години Од 26-30 години Од 31-35 години Од 36-40 години Од 41-45 години 46 и повеќе Мажи 1.287 НПФ Жени 899 Вкупно 2.186 Мажи 1.351 КБ Прв Жени 934 Вкупно 2.285 10.559 8.416 18.975 11.069 8.716 19.785 15.476 13.668 29.144 15.731 14.313 30.044 12.156 10.525 22.681 12.990 11.994 24.984 7.060 6.311 13.371 8.012 8.007 16.019 2.695 2.672 5.367 2.978 3.261 6.239 1.011 50.244 931 43.422 1.942 93.666 1.104 53.235 1.014 48.239 2.118 101.474 Вкупно 4.471 38.760 59.188 47.665 29.390 11.606 4.060 195.140 Старосната структура во КБ Прв пензиски фонд е повисока кај сите старосни групи, поголеми разлики се јавуват кај возрасните групи од 31-35 и 36-40 годишна возраст(види Tабела 3). Табела 4: Принос на задолжителните пензиски фондови сведен на годишно ниво и по период (ibid, стр.4). Период НПФ 01.01.2006-31.12.2007 7.48% 01.01.2006-31.03.2008 5.52% 01.01.2006-30.06.2008 2.61% 01.01.2006-30.09.2008 1.99% 01.01.2006-31.12.2008 0.05% Приносот на задолжителниот пензиски фонд КБ Прв е поповолен досега во целиот период во споредба со НПФ(види Tабела 4). КБ Прв 7.38% 6.26% 4.46% 4.02% 2.32% 274 СТАТИИ 5. Социјален дијалог како алатка во реформите во системот против дискриминацијата Социјалниот дијалог е инт­е­гра­ лен дел на европскиот ин­дус­трис­ки систем. Социјалниот дијалог има различно значење и обем во раз­ ли­чен национален контекст, но има заедничка црта во инволвирањето на социјалните партнери, владата, во консултации, преговори и колективно преговарање за главните политички цели, како што е: политиката за пла­ ти­те, усогласување на примањата и различни аспекти во реформата за пазарот на трудот и системот за социјална сигурност. Има случаи за меѓусекторски и секторски дого­ вор, кој добива легитимна сила од директивите на Советот на ЕУ, кој стана законски интегрален дел меѓу земјите членки(Меѓусекторски договор), кој е implementiran(1995), скра­теното работно време(1997), определен- фиксиран период на работа(1999), работа на далечина - telework(2002). Овој социјален дијалог станува перманентно авто­ ном­но барање, како договор за ши­ рок круг прашања, како што се: по­ ло­вата рамноправност, работата на далечина и стресот на работа(Sarfati H., 2007, стр. 74-75). Таканаречениот Луксембуршки процес, лансиран на Самитот на ЕУ за вработеност во 1997, од страна на социјалните партнери е наречен: „ин­­волвираност на формалниот во­ дич за вработување, мониторинг и имплементација во земјите член­­­­ м-р Зоран Вучев ки на Европската стратегија за вработеност”. Овој пристап е на­ гла­сен на Лисабонскиот самит во 2000 година, и со Отворениот ме­ тод на координација(ОМК) на ЕУ, со вклучување општи промени во поглед на социјалните партнери, во делот на прашањата, како што се: промовирање вработеност; кон­ти­ нуиран тренинг; еднакви мож­нос­ ти; пензии; и социјална инклу­зи­ја (Европска комисија 2003). Ев­роп­ ската Комисија неколкупати ја на­гла­ сува потребата од зајакнување на социјалниот дијалог, како сила за иновација и промена на ниво на ЕУ и меѓу земјите членки( Европска Ко­ мисија, 2004). Во изминатите три декади, фо­­кусот се движи во делот на пла­ тите, воведување поголема флек­ си­билност во законодавството кое ја третира заштитата при работа, правени се напори во генерирање на работните места, намалување на невработеноста, обезбедување еко­номска стабилност и развивање на конкурентноста. Тоа е постигнато пре­ку усогласување на политиките за платите, социјалниот и пактот за вра­ бо­теност, кое вклучува размена меѓу ра­ботодавачите и вработените за при­фаќање промени на пазарот на тру­дот(Fajertag i Pochet,1997,2000; Sarfati,1999; Euro Foundation Sisson со соработниците, 1999). Со развивањето на некои од овие заштитни функции, се намалува улогата на државата, во одреден број европски земји синдикатите ја играат главната улога во социјалниот 275 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 дијалог(осигурувањето заради не­ вра­ботеност, професионалните пен­ зии, некогаш и управувањето на па­ за­рот на трудот преку трипартитни или двопартитни тела).(Brugiavini со соработниците 2001),(ibid, 2007, стр. 75) Наспроти декадите наназад, на релација на меѓусебен дијалог во индустрискиот систем, има слу­чаи кога социјалниот дијалог бил при­гу­ шуван кај пензиите и реформите на пазарот на трудот, како што е при­ мерот во Германија и Австрија. Сè уште во некои земји социјалниот ди­­јалог се карактеризира како“не­ при­­јател” во меѓусебниот контекст. Има случаи кога бил постигнуван консензус во делот на пензиите во Италија(1995), кој предходно бил отфрлан(1994), додека во Шпанија бил задушуван/кршен, или како што било отсуството на социјален дијалог во Франција. Значењето на социјалниот дијалог во реформата за пензиите било нагласено од страна на Меѓународната организација на трудот и ISSA.(Reynaud 2000; Lourdelle 2002),(Sarfati H., 2007, стр. 76) Пензиските реформи се во тек, овој процес трае долго време, некол­ ку декади, притоа вклучувајќи болни из­бори, со спротивни ефекти, гледано на кус рок . Тоа, особено ги загрижува следните актери: владата, која треба да се соочи со гласачите; бизнисот, со конкуренцијата меѓу компаниите; синдикатот, бидејќи ги засега нивните членови. За да се остварат прифатливи солуции, се наметнува потребата од преговори, што имплицира промени во стекнатата меѓугенерациска солидарност, како значаен елемент за економски успех, кој се демонстрира во праксата во Нордиските земји.(ibid, 2007, стр. 77) 5.1. Примери на социјален дијалог во реформскиот процес Недостаток на консензус во кон­ тро­верзниот простор во пензиските реформи, го ослабнал рејтингот на четири европски влади во изминатите неколку години, кои и денес се соочуваат со предизвиците во пен­зискиот домен. Владите кои се обидувале да го реформираат пензискиот систем без консултации во периодот на 1990-те, се соочувале со силна опозиција. Вакви примери се: Австрија, Германија, Италија и Франција. Англија и Нов Зеланд го реформирале нивниот систем за социјална сигурност, наспроти отпорот кој бил пружен од страна на Синдикатот во 1980-те и 1990-те, но како најлибеларни земји, тие повторно го регулирале пазарот на трудот. Во 2000 година, Новозеландската влада го вратила Законот од 1991 година за ограничување на правата на колективното преговрање на Синдикатот на работниците(Harbridge и Walsh, 2002). Во Англија, навраќајќи се на однесувањето на владата кон пазарот на трудот од 1997, карактеристични се неколку мерки кои обезбедуваат иницијативи кои се однесуваат на поисплатливата работа: пома276 СТАТИИ гање на слабо платените работници, како млади, така и постари работници, за да се вратат и да останат подолго на работа. Биле усвоени мерки и иницијативи кои биле преземени од страна на локалните авторитети, бизнисот и Синдикатот, кои посредувале за повторен влез на женската работна сила на пазарот на трудот. (Cressey, 2002; Millar, 2002) Земји кои успеале да воведат реформи со консензус се: Данска и Холандија, како најчесто користени примери. Нивниот пример илустрира како соработката со Синдикатот обезбедува одговорна реформа и адаптирање на социо-сигурносниот систем на промените, кои поминале различни патишта во реформите. Решенијата бараат грижливо ба­лансиран политички микс и коор­ ди­нација меѓу пазарот на трудот и по­литиката за социјална заштита. Во овие две земји, инволвирањето на социјалните партнери продуцирало, по долги преговори,“волшебна формула”, интегрирање на флексибилност и сигурност(вообичаено се среќава како flexicurity). Стратегијата проследена во Нордиските земји се однесува на одржување високо ниво на бенефити на долг рок, комбинирано со задолжителност(обврзност) за оние кои бараат и прифаќаат работа преку мерки кои вклучуваат професионално насочување, индивидуални работни планови, професионални советувања, континуирана обука. Данскиот добар пристап се однесува на сигурност на лицата под м-р Зоран Вучев плати, која не е резултат на законска заштита против отпуштање, туку повеќе е резултат на пристапот на тренинг со добар квалитет и соодветни примања, надополнето за големиот број години. Овој пристап ја олеснува мобилноста меѓу работата и меѓу отсуството на патернализам и работата. Политиките на активен пазар на трудот се клучот во владината политика во овој домен од 1970-те. Ова било дополнително поддржано во 1990-те, што резултирало со намалување на нивото на невработеност(Madsen, 2002). Ова е пример кој најблиску ја илустрира вработеноста и мобилноста(employability) еден од четирите столба на Европската стратегија за вработување, која се планирала да се имплементира. Во Холандија имплементаци­ја­ та на реформата наидувала на теш­ котии и повторни барања за приспособување(Pennings, 2002). Ова придонело за голем развој на вработување на женската популација, но со скратено работно време(part time). Оваа форма на вработување првобитно наидувала на голем отпор од страна на Синдикатот на работниците(Sarfati, 1999). Холандија не е единствена земја со висок процент на вработеност со скратено работно време на женската работна сила. Високата покриеност преку колективно преговарање во делот на договорот за плати во двете земји, гарантира релативно високо ниво минимални примања за поголемиот дел од популацијата во работоактивниот кон277 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 тингент, кое од своја страна ги дискриминира по однос на квалитетни услуги за живот. Во Италија, во делот на пензиите била предложена“Дини реформа”. Владата била срушена во 1994 година, потоа со Законот за јавни пензии во 1995 бил постигнат договор, кој, во основа, бил постигнат меѓу владата и трите синдикални конфедерации, а не бил потпишан од страна на работодавачите (Baccaro, 2002). Во Унгарија, пензиските реформи долго време биле дискутирани меѓу социјалните партнери, потоа предлогот бил преточен во закон (Fultz, 2002). Во Финска, со закон се регулирани јавните пензии, но принципите на реформите во најголем дел се воведени во 2003 година, кои биле усогласени преку преговори со социјалните партнери.(Sarfati H., 2007, стр. 77-79) 6. Пензиски систем во услови на економска рецесија Кризите присутни во пензискиот систем можат да се препознаат низ цела Европа. Повеќето влади преземаат мерки да се спротивстават на предвременото пензионирање, зголемување на работниот век и контрибуциониот период. Понекогаш се прави изедначено приспособување на пензиите на промените на очекуваниот животен век(пример: Шведска, Полска, Италија, и др.). Активното стареење било идентификувано во Европа од 2003 година, како еден од трите главни приоритети, како ургентна акција за постигнување на Лисабонските стратешки цели за вработеност. Потребата од макрореформите, кои треба да се направат и на економската реформа, се круцијални за креирањето работа.”Целосна вработеност и подобри работни места за сите” е мотото во 2003 година што е понудено како верзија од страна на Европската стратегија за вработување(EES). Во Стратегијата мерките се движат меѓу активното стареење, со вклучено доживотно учење, промовирање на адаптибилност со промени, правејќи ја работата исплатлива, промовирање на полова еднаквост, намалување на регионалните диспаритети и развивање на дотур на јавни услуги на вработеност. Овој пристап бил реформулиран во Зелената книга на Комисијата за предизвик и демографски промени, кој бил дискутиран на Конференцијата во 2005 година, преку проширување на обемот, како резултат на политичкиот одговор за вклучување на семејната политика, баланс меѓу работата и животот, активно стареење, како задача на ЕУ да овозможи успешно да се одговори на демографското стареење. Сепак, кога се разгледуваат ге­нерално нерешените демографски закани, потребите на кој упатува обемот и начинот на нагласената улога на пазарот на трудот, успехот ќе биде многу мал за постигнување на Лисабонските стратешки цели, 278 СТАТИИ кои се планирани да се реализираат до 2010 година. Некои земји го надминале овој проблем, додека одредени земји се многу далеку од постигнувањето на овие цели. На ова ни укажуваат податоците кои се однесуваат на различните фактори, кои се јавуваат како причина за ова. Во 2005 година, само четири, од 25 земји членки на ЕУ, ги имаат постигнато целите за вработеност до 2010 година, м-р Зоран Вучев тоа се: Данска, Холандија, Шведска и Англија, додека на четири им недостасуваат уште 3% поени(Кипар, Финска, Ирска и Португалија). Девет земји(инаку биле шест во 2004) ја постигнале целта од 60% за вработеност на жените(Данска, Шведска, Англија, Финска, Холандија, Австрија, Словенија, Португалија и Естониија), додека на други шест земји им недостасуваат уште 3% поени. (Sarfati H., 2007, стр. 82-83) Заклучок Во Македонија има трансформација на системот на долг рок, со тенденција на репродуктивност на првиот столб, додека вториот столб е проектиран да се развива врз основа на котизации и оплодување на пласираните средства на пазарот на капитал и третиот столб е во почетна фаза на воспоставување. Но, реформата не оди така лесно според направените проекции. Со намалувањето на социјалните пензиски контрибуции, проекциите се дека ќе се загрози финансиската стабилност на првиот столб(заради финасискиот јаз кој ќе се појави на долг рок, заради ретрансферирање на дел од котизицираните средства во вториот столб). Во вториот столб, исто така, ќе се почувствува дефицит на прилив на котизации и оплодени средства заради кризата во финансискиот сектор. Двата столба ќе ги почувствуваат последиците од губење на работните места на дел од работната сила. Посебно ова се однесува на првиот столб каде има постојан прилив на нови пензионери, а истовремено, треба да се финансираат пензионерите кои веќе го стекнале ова право. Ова значи дека државата или ќе го покрива зголемениот дефицит од буџетот во првиот столб, или ќе се ориентира кон намалување на супституцијата на пензијата во однос на платата(ќе го намали процентот на соодносот на штета на пензионерите). По оваа основа ќе се изврши дискриминација кон оние кои котизирале најдолги години во овој пензиски фонд. Во минатата 1.8 декада, несоодветната грижа на државата за пазарот на трудот и пензиската политика придонесе да се влоши не279 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 вработеноста, да исклучи голем број лица од пазарот на трудот, кои и денес не можат да ги решат своите егзистенцијални права. Една група пензионери, околу 49%, живеат под линијата на сиромаштија во Република Македонија. Исто така, според тоа како е креиран вториот столб, во него одредени категории вработени не можат да членуваат, како што се: земјоделците, професии со бенефициран стаж, лицата кои имаат од 10 и повеќе години работен стаж, кога започна имплементацијата на овој систем. Оплодувањето на средствата во вториот столб, како резултат на економската рецесија во која западна светската економија, ќе стагнира, претрпи загуби на пласираните средства, додека очекувањата се дека со губење на работните места, ќе се намали бројот на осигурениците во овој столб, како и средствата кои се котизираат по тој основ (проекциите се дека оваа појава нема да биде долгорочна). Тенденциите во светот одат во една прогресивна интегрирана насока. Во делот на пазарот на трудот и пензиската политика, актерите кои се директно засегнати учествуваат во донесувањето на одлуките, преку директни социјални преговори, во делот за иднината на нивните животи. Ваквиот тренд во Македонија треба да биде поизразен, со цел пристапот до правата од пензискиот систем да биде втемелен врз основа на барањата и потребите на оние кои котизираат во него, како и да се инкорпорираат повеќе категории кои во моментот немаат пристап до пензискиот систем. 280 СТАТИИ Користена литература: м-р Зоран Вучев 1. Sarfati H,(08 September 2007). Social Dialogue For Sustainable Pension And Flexible Labour Markets. European Papers On The New Welfare. The Risk Institute, Triesete-Milan-Geneva, Macros Research, Paper No.8, страна,72-90. http://www.newwelfare.org/eng/wp-content/pdf/N8.pdf. 2. Соопштение од Комисијата на ЕУ. Учење за возрасни: Никогаш не е доцна да се учи, http://eurlex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=COM:2006:0614: FIN:EN:PDF. 3. Hering M.,(March 29-April 2, 2006). The Politics of Structural Pension Reform in Western Europe: Does the EU Matter?Paper to be presented at the Fifteenth International Conference of the Council for European Studies, March 29-April 2, 2006, Chicago, IL. Department of Political Science MCMaster Universirty-Hamilton, ON, Canada.http://www.sec.columbia.edu/pub/papers/Hering. pdf 4. Working Document of Commission Staff(11.05.2007). Europe’s Demographic Future: Facts and Figures. Commission of the European Communities ,SEC(2007)638. http://ec.europa.eu/employment_social/spsi/docs/social_situation/sec_2007_638_en.pdf 5. Извештај за работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија(за 2007 година), Скопје, април 2008 година. 6. Извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување(2007 година). Скопје, февруари 2008 година. http://www.mapas.gov.mk/ ?ItemID=817A625CE04C484C90F3F5EE20B6820D 7. Годишен статистички извештај(за 2008 година). Состојби во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување на Република Македонија. http://www.mapas.gov.mk/ ?ItemID=817A625CE04C484C90F3F5EE20B6820D 8. Талески П.(2005). Нов пензиски систем.“Македонска реч”, САКСТИЛ-Скопје 4, 2005. ISBN 9989-163-15-4, COBISS.MK-ID 63145482. 281 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Summary In this paper I have elaborated the specifications, the structure of the reformed three pillar pension system in Republic of Macedonia and the implications which are expected to happen with the introduction of this combined system. The findings mentioned in this review are preformed for the access to the rights of the users of the first pillar, as well as the ambit of the members in the compulsory capital pension funds(the second pillar). In this paper I have brought out the indicators for the first pillar in relations to the structure of users with particular rights to pension, according to the type of pension, age structure and amount of already acquired pensions, as a result of the implications of the reforms which were done in the pension politics in the last 18 years. In the compulsory pension funds I have elaborated the ambit of the persons, the status and the period of the membership agreement signing as well as the revenues of the compulsory pension funds. Particular regard is paid to the social dialog with the European Union(EU) as a tool of the reforms in the pension politics. As a subject of analysis we have taken several distinct countries(mostly members of the EU) in the vocational literature in the filed of the reforms which they have preformed in the pension politics. Key words : pension system, structure of pension system, access to rights in the muti-pillar pension system in Republic of Macedonia, social dialog in the process of reformation in the pension politics. 282 АНАЛИЗА/ МИСЛЕЊА: АНАЛИЗА/ МИСЛЕЊА: Предлог- закон за антидискриминација Република Македонија се наоѓа пред усвојување на закон за спречување и заштита од дискриминација. Со цел што поблиску да се информира стручната и севкупната јавност за предложените законски рамки, во рубриката: Анализа, за овој број се дадени различни ставови и милења во однос на Предлог-законот за заштита од дискриминација, како од страна на официјални владини претставници, така и на претставници на граѓанските здруженија во Македонија. Предлог-законот за заштита од дискримација се состои од 8 делови, кои се однесуваат на општи одредби, форми на дискриминација, исклучоци од дискриминација, подрачја на примена, институционална рамка, правна заштита, прекршочни санкции и преодни и завршни одредби. Во првиот дел, повикувајќи се на директиви на Европската Унија, Предлог-законот ги образложува целите и основите на дискриминацијата и ја дефинира истата. Според Предлог-законот дискриминацијата се дефинира како: „Секое разликување, исклучу вање, ограничување, или нееднакво постапување, или непостапување мотивирано од основите што се споменати(кои постојат во момен тот, или порано постоеле, а не постојат во моментот, или можат да постојат во иднина, или кои се припишуваат на одреден човек, гру па или заедница), а кое има за цел, или резултира во оневозможување, или отежнување на признавањето, уживањето, или практикувањето од страна на сите луѓе, групи, или заедници врз еднаква основа на сите права и слободи, односно во понеповолен третман на еден чо век, група или заедница во однос на друг/а во слична ситуација”(чл. 6, стр. 3). Исто така, во Предлог-законот, во член 4 се дадени основите, врз кои се забранува секоја форма на дискриминација: „пол/род, раса, боја на кожа, етничка припадност, јазик, др­жав­ јан­ство, социјално потекло, рели гија, или уверување, образование, мислење, политичка припадност, личен, или општествен статус, ин­ ва­­лидитет, возраст, сексуална ори­ ентација, семејна, или брачна сос­ тојба, имотен статус, припадност на маргинализирана група, на здрав­ ствена состојба, или било која дру га основа која е предвидена со за кон, или со меѓународен договор(во натамошниот текст: основи на дискриминација).” Предлог-законот, исто така, ги де­финира и подрачјата на примена на Законот(работа и работни одно283 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 си; образование, наука и спорт; социјална сигурност; правосудство и управа; домување; јавно информирање и медиуми; пристап до добра и услуги; членување во синдикални, политички, или други невладини организации; културното и уметничкото творештво; како и други области определни со закон), кон кои треба да се придржуваат сите државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, органите со јавни овластувања, како и сите правни и физички лица. Во однос на институционалната рамка, овој Предлог-закон предвидува формирање комисија за заштита од дискриминација, која ја избира Собранието. 284 АНАЛИЗА/ МИСЛЕЊА: Елена Грозданова , државен советник, Министерство за труд и социјална политика Подготовката и суштинските информации при изготвувањето на Предлог-законот за заштита од дискриминација се обезбедуваат благодарејќи на поддршката на невладините организации. Токму од таму пристигнаа сознанијата дека најголемата дискриминација се прави при трудовата експлоатација во Република Македонија, но има и други видови дискриминација, како што се сексуалното вознемирување, дискриминација врз лицата постари од 50 години кои бараат вработување и други примери што ќе ги реши ова законско решение. Со овој нов Закон, кој се носи во две фази, се унапредува и се штити правото на поединецот да не биде дискриминиран. Законот е во согласност со директивите на ЕУ и воедно овозможува една посебна судска заштита која ќе се реализира преку судска постапка и со посредство на независно тело, односно Народниот правобранител, кој ќе има пет заменици исклучително за оваа проблематика. Министерството за труд и социјална политика по изработката на првиот предлог-текст на Законот за заштита од дискриминација одржа 6 јавни трибини во: Битола, Куманово, Велес, Тетово, Штип и Струмица. Целта на трибините беше да се промовира и образложи предлог-текстот на Законот пред сите заинтересирани субјекти на локално ниво, со цел да се добијат конструктивни мислења, предлози, коментари и сугестии. Предлог-текстот на Законот бе­ ше испратен и до ОДИХИР и Венецијанската комисија, како и до Канцеларијата на Европската Комисија во Република Македонија. Добиените мислења и коментари од овие институции ќе бидат разгледани од страна на работната група формирана за подготовка на Предлог-законот. Предлог-текстот на Законот бе­ ше испратен и до сите министерства во Владата на РМ и од нивна страна се добиени коментари, предлози и сугестии. Предлог текстот на Законот бе­ ше предмет и на јавната расправа, организирана од страна на Националниот совет за евроинтеграции, во соработка со Сојузот„Македонија без дискриминација”. На јавната рас­ права од страна на присутните беа дадени конструктивни предлози, за­ белешки и сугестии по однос на пред­ лог-текстот на Законот и истите беа раз­гледани и земени предвид од страна на работната група задолжена за подготвување на Предлог-законот за заштита од дискриминација. Од страна на работната група 285 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 се разгледани сите добиени коментари и забелешки по однос на предлог-текстот на Законот и дел од нив се вметнати во унапредената верзија на Предлог-законот за заштита од дискриминација. По оваа предлог-верзија на Законот беше организирана уште една јавна расправа во Скопје, по која работната група за изработка на Предлог-законот уште еднаш го унапреди текстот и истиот го достави до Владата на Република Македонија на разгледување и усвојување. Ѕвонко Шаврески Полио Плус- движење против хендикеп Коалицијата“Македонија без дис­криминација”, составена од по­ ве­ќе граѓански организации кои ра­ ботат на полето на заштитата од дискриминација, чиј Секретаријат е раководен од Полио Плус- дви­ же­ње против хендикеп, по­све­те­­но ра­ботеше на подготовка на Пред­­ лог-законот на заштита од дис­кри­ минација. Во работната група за под­готовка на Предлог-законот од стра­на на Министерството за труд и социјална политика беа вклучени и г. Ѕвонко Шаврески од Полио Плус и г-ѓа Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти. Тие имаа можност да ги изнесат коментарите и забелешките на граѓанските организации. Последната верзија на Пред-­ лог-за­конот не ги задоволува во це­ лост стандардите кои се поставуваат од ЕУ и другите релевантни ин­сти­ту­ ции од областа на заштита на чо­ве­ ковите права, па затоа ова се дел од за­бе­леш­ките за негово подобрување, во функција на целосна заштита од дискриминација. МИСЛЕЊЕ ПО ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Во делот на општите одредби во Предлог-законот недостасува промовирањето на еднаквоста, еду­ ка­цијата и дефиницијата на дис­кри­ ми­нацијата, што е ис­клу­чи­телно важ­ но при обезбедувањето на неј­зи­ната заш­тита. Потребно е да се потен­ци­ ра: сеопфатноста на за­бра­на­та која е проширена и надвор од деј­ству­ва­ њето на државните органи; че­тирите важни основи: род, уве­ру­ва­ње, мис­ ле­ње и припадност на мар­ги­на­ли­зи­ ра­на група и дефиницијата за дис­ кри­минација заради во­ед­на­чу­ва­ње на пристапот во различни за­ко­ни и, уште повеќе, заради во­ед­на­чу­ва­ње на праксата. Во делот на формите на дис­ кри­минација/ исклучоци од диск­ри­ ми­нацијата , отстрането е прак­ти­ку­ ва­њето на човековото право, кое, всуш­ност, претставува најважен ре­ зул­тат на недискриминирачкото од­ не­сување, потоа условувањето за 286 учество во некоја активност која е значајна од аспект на праксата(на пример, условувањето за членување во политичка партија, посетување настава по веронаука, припаѓање на некоја религиозна определба, и сл.). Понатаму, ограничувањето на се­гре­ га­цијата само на нејзината просторна димензија ги запоставува другите видови сегрегација(во обра­зо­ва­ни­ ето, во спортот, во секојдневниот живот). Присилната асимилација е ис­клучително важна од аспект на мож­ни форми на етничко чистење. Адресирањето на дискриминацијата во медиумите е неопходно да биде дел од ова законско решение. Во законите на многу држави, каде што традицијата на еднополова војска и вој­ска која има отпор кон пре­поз­на­ ва­њето на нехетеросексуалната ориен­тација, претставуваат пракса и дол­гогодишна традиција(каков што е случајот и со нашата држава), по­ стои посебна одредба која го ре­гу­ лира ова прашање. Во делот на подрачјето на при­ мена , постои мешање на поимите на: нееднакво постапување, кое не се смета за дискриминација, афир­ ма­тивна акција и заштитни ме­ха­низ­ ми за одредени категории лица. На овој начин создадената конфузија во праксата ќе се одрази во неможност АНАЛИЗА/ МИСЛЕЊА: за разграничување на дис­кри­ми­ни­ рач­ките од недискриминирачките прак­си. Во делот на институ­ци­о­нал­на­ та рамка не е ништо сменето во однос на постојните надлежности на Народниот правобранител, не е из­ вр­шено проширување на подрачјето на неговото дејствување, ниту, пак, се предвидени структурни промени со кои би можел да биде иден­ти­фи­ куван како посебно тело, надлежно за заштита од дискриминација. Овде, пред сé, се мисли на фор­ми­ рање тело(комисија, агенција) врз основа на Париските принципи. Во делот на правната заштита недостасува одговорноста на над­леж­ ните лица во институциите во слу­ чаи на постоење дискриминација и се минимизира влијанието што овој Закон треба да го изврши во насока на терминолошка унификација на сите закони, во насока на прецизирање на дискриминирачките одредби во другите закони. Во делот на постапката , по­ треб­ни се измени во насока на по­ едноставување на постапката, по­себ­ на поставеност(од аспект на судски такси, и слично) и отворање можност за разрешување на проблемот по вонсудски пат. 287 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 Алберт Муслиу Асоцијација за демократски инцијативи – АДИ Гостивар Иако концептот на ан­ти­дис­ кри­­минација не е супституција на аномалиите во општеството кои се настанати како продукт на по­­ долгорочна дискриминација и ис­ клу­ченост на поединци во за­вис­ ност од нивната етничка, полова, верска и други припадности и спе­ ци­фики, сепак донесувањето на за­ конска рамка за борба против дис­ кри­минацијата треба да обезбеди резултатите на поранешната дол­ го­рочна дискриминација да не се продлабочат понатаму, како и да се превенираат нови случаи на дискриминација во иднина. За омекнување на дис­кри­ми­ нирачките политики од ми­на­то­то, ре­ ше­ние е позитивната дис­кри­минација (или афирмативна ак­ција- термин кој сé повеке се ко­рис­ти и во ме­ѓу­ народни рамки). Име­но, афир­ма­ тивната акција е склоп на актив­но­сти и законски ре­ше­нија, кои марги­на­ лизираните и дискриминираните групи треба да ги донесат на исто рамниште на културен, економски и по­ли­тич­ки развој, како и водечките (мно­зин­­ските) групи, било етнички, по­лови, верски, итн. Ова, бидејќи им­ плементирањето само на антидис­ кри­минирачките политики, без афир­­­ мативни акции, би значело и за­­мрз­ ну­вање на воспоставените дис­кре­­ панци и нееднаквости во социо-еко­ ном­скиот и политичкиот живот, кои произлегле како резултат на дол­го­го­ диш­ните дискриминирачки и исклу­ чувачки политики. Како при­мери на афирмативна акција може да се земат законските ре­ше­нија кои произлегуваат од Ох­рид­скиот рам­ко­ вен договор, кои се занимаваат со афирмативни ак­тив­но­сти од сферата на: културата, ја­зи­кот, политичкото претставување и ефективната пар­ти­ ци­пација(пра­вич­ната застапеност). Исто така, за­конските решенија од сферата на изборните закони, кои обезбедуваат 30% застапување на женскиот пол, се примери на афир­ ма­тивна ак­ција која настојува да ја омекне дол­гогодишната ис­клу­че­ност и дис­­­­кри­минација на жените од по­ли­ тич­киот живот. Заради горенаведените при­чи­­ ни, НВО во Македонија ја ани­ми­раат македонската јавност за потребата од донесување закон за анти­дис­кри­ ми­нација, но, исто та­ка, во секој­днев­ ните активности, про­должуваат да ги промовираат и афирмативните акции како суш­тин­ска потреба за омек­ну­ вање на неправдите и диск­ри­ми­на­ци­ јата од минатото. Со цел анимирање на јав­но­ста за потребата од носење за­кон за антидискриминација, е формирана и Коалицијата “Ма­ке­­донија без дис­кри­ минација”, сос­та­вена од граѓански организации кои дејствуваат во об­ лас­та на заш­тита на човековите 288 права и не­дискриминацијата. За нас како гра­ѓан­ски организации, не­ос­но­ ва­но е отсуството на неколку битни прашања, како: 1. Законот кој се однесува на заштита од дискриминација не пред­ ви­дува промоција, едукација и нема дефиниција за дискриминација, до­ дека поимникот на употребени тер­ ми­ни е сведен на 4 од предложени по­веќе од 60 дефиници за поимите. 2. Отстранувањето од првич­ни­ от текст на родот, уверувањето, ми­ сле­њето и маргинализираните групи како основи за дискриминација. 3. Неприфаќањето на усогла­су­ вањето на другите закони со тер­ми­ но­логијата на овој закон. 4. Испуштање на сите членови што ја регулираат одговорноста на лицата кои пропуштиле, а биле дол­ жни да преземат дејства во случаи на постоење дискриминација, за која биле известени. АНАЛИЗА/ МИСЛЕЊА: 5. Институционалната рам­ка не предвидува конкретни суш­тин­­ски по­ зитивни промени. На На­род­­ниот пра­ во­бранител не му се до­де­лени ни­как­ ви посебни над­леж­ности со кои са­ мата заштита би била поефикасна, од­носно нема про­ширување на под­ рач­јето на не­го­вото дејствуваат, ниту, пак, се вос­поставува институција за заш­ти­та од дискриминација, со­глас­ но стан­дар­ди­те за националните инс­­титуции за човекови права(Ко­ми­ сија според Париските принципи). Република Македонија, по до­не­ су­вањето на закон за антидискрими­ на­ција ќе се најде повторно во сос­ тој­ба кога граѓаните ќе ги исцрпат сите прав­ни лекови во РМ и повторно ќе се обратат пред Европскиот суд за човекови права, што, пак, ќе се одрази и на имиџот и на буџетот на РМ. Томка Дилевска- потпретседател, Организација на жени на град Скопје Република Македонија го усо­ гла­сува своето законодавство со за­конодавството на ЕУ и еднаквите можности за политиката кон ра­бот­ ни­ците и со тоа се обезбедува заш­ ти­та од физичките и несигурните дис­криминирачки пракси внатре, на нивното работно место. Имено, дис­криминацијата(директна и ин­ ди­ректна), за првпат е дефинирана во Законот за еднакви можности на жените и мажите(2006) и во Законот за работни односи(2005). Понатаму, прав­ната рамка пружа: забрана за дискриминација, надокнада за дискриминација на актот, ста­ва­ ње на товар на докажување во случај на дискриминација на ра­бо­ тодавачот, институционални ме­ха­ низ­ми за заштита, дефинирање на 289 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 во­знемирувањето и сексуалното воз­ немирување, како акт на дискри­ми­ на­ција. Според Законот за работни односи, за кршење на забраната за дискриминација не само што е за­ кон­ски одговорен работадавачот, туку е одговорен и директорот, или било кое друго одговорно лице. Од друга страна, освен прав­ на­та покриеност за феноменот дис­криминација, вознемирување и сексуално вознемирување, и на­ та­му недостасува процесот на им­ пле­ментација. Имено, не постојат на располагање податоци за такви случаи, ниту внатре во институциите кои се одговорни за решавање на проблемот на наведените дела за дискриминација, ниту во годишниот извешај на Обдусманот. Освен тоа, овие акти на дискриминација не се користени како основа за ини­ цирање административни и суд­ски процедури, како што стои во оп­ штите препораки на ОН(Комитет за економски, социјални и културни права), имајќи ги предвид најновите извештаи за македонската Влада во 2006. Освен сеопфатноста на тие прописи, сé уште не се инкорпорирани сите елементи на мобинг и системот на заштита во такви случаи. Иако во 2007 година е усвоен Законот за безбедност и здравје при работа, тој не пропишува одредби по ова прашање. Воопшто, ниското ниво на свест и знаењето за феноменот како таков, негативно влијае врз вкупното разбирање за неговата природа и видовите манифестации. Освен тоа, не постојат емпириски истражувања спроведени од страна на државата по прашањето на мобинг, ниту пак Владата на РМ го препознала овој феномен. Доколку се работи за посебен закон за недискриминација, сметаме дека оваа постапка би траела подолг период, за што сметаме дека нема многу време, со оглед на состојбите. Сепак, напоменуваме дека паралелно со ваквиот Закон неминовно е почитување и на Законот за работни односи, кој дава насоки и во однос на справувањето со сторителите на дискриминација. Во овој дел посебно место треба да заземе и психичкото насилство, или МОБИНГ, кој во сегашни услови не е ниту визуелизиран, ниту се предвидени одредени санкции против сторителите. 290 НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ: НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ Наташа Постоловска УДК 316.644: 316.647.82(497.7) Полио Плус, Коалиција“Македонија без дискриминација” Јавна расправа во Собранието на РМ Европски политики за заштита од дискриминација во Република Македонија Националниот Совет за евро­ ин­теграции и Сојузот“Маке­до­ни­ ја без дискриминација”, на 14. 04. 2009 година, во Собранието на Ре­ пу­блика Македонија организираа јавна расправа за предлог-ра­бот­ ниот текст на Законот за заштита од дискриминација. Воведно по­јас­ ну­вање и насоки за оваа расправа даде претседателот на Советот, Рад­ ми­ла Шеќеринска. Амбасадорот на Крал­ството Холандија ја поздрави иницијативата и предложената ра­ бот­на верзија на Законот против дис­криминација, изготвена од Ми­ нис­­терството за труд и социјална по­литика, како и заложбите на др­жа­ вата за поскоро донесување на За­ конот. Појаснувања за потребата од ваков закон, како и за суштината на изготвениот Предлог- закон, говореше актуелниот министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, а за гледиштата што ги застапува неформалниот Сојуз, МБД, во однос на напорите за искоренување на дискриминацијата, како и за насоките по кои треба да се движи финалниот текст на овој Закон и за потребата од востановување посебно тело за еднаквост, според постојните примери од голем број европски држави, говореше Ѕвонко Шаврески. За предложениот законски тек­ ст, со свои видувања, сугестии и за­ бе­лешки се произнесоа голем број учес­ници на оваа расправа, меѓу кои: Народниот правобранител, Иџет Мемети, Скендер Буџаку, од ИВЗ, Анита Арнаудовска од Академијата за обука на судии и јавни обвинители, претседателот на Адвокатската ко­мо­ ра на РМ- Ненад Јанаќијевиќ, Му­ ха­мед Точи, од НВО“Месечина”, од Гостивар, како и потпретседателот на Советот, Силвана Бонева, пра­ тениците Лилјана Поповска, Цве­тан­ ка Иванова, и др. Од оваа плодна јавна расправа, на која учествуваа околу сто лица, од кои четириесетина жени, произлегоа следните заклучоци: 1. Националниот совет за евро­ ин­теграции го поддржува до­не­су­ва­ њето на Законот за заштита од дис­ криминација, со кој, согласно ме­ѓу­ народните стандарди и европското законодавство, ќе се обезбеди ефективна заштита од сите форми на дискриминација и еднаквост на секое лице во остварувањето на правата загарантирани со Уставот, законите и меѓународните договори. 291 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јули 2009 2. Имајќи ги предвид: Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2007 година, Извештајот за состојбите од ОДИХР и ОБСЕ од 2007 година, Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2007 година, забелешките, коментарите и предлозите на работниот текст на Законот за заштита од дискриминација изнесени од страна на Венецијанската Комисија на Советот на Европа, заклучните согледувања на специјализираните тела на Обединетите нации за состојбите во Република Македонија за остварување на правото за заштита од дискриминација, забелешките на Сојузот“Македонија без дискриминација”, како и во текот на јавната расправа, Советот укажува на неопходноста од сериозна интервенција во одредбите од работниот текст на Законот за заш­ ти­та од дискриминација, согласно ме­ѓународните стандарди, Директивата на Советот на ЕУ 2000/43/ЕЗ за спроведување на принципот за еднаков третман на луѓето, без разлика на нивната раса или етничко потекло и Директивата на Советот на ЕУ 2000/78/ЕЗ за воспоставување оп­­шта рамка за еднаков третман во вра­ботувањето и занимањето, што ја дефинираат основната рамка на ан­тидискриминирачкото законо­ давство. 3. Согласно критериумите од Па­ рис­ките принципи, како основни ме­ ѓу­народни стандарди за националните институции за човекови права, Советот смета дека е потребно да се вос­постави таква институционална рамка, во која низ процес на координација и синхронизација на активностите, ефикасно ќе се обезбедува правото на заштита од дискриминација. 4. Советот препорачува во Законот да се дефинира модел и да се определи тело за еднаков третман на сите луѓе, за да се постигне ефикасна заштита од нивна дискримина­ ци­ја, врз сите основи и во сите области. Ако целта на Законот е да се обезбеди висок степен на заштита од дискриминација, тогаш истиот мора да воспостави соодветен и ефи­касен механизам за заштита од дискриминација. 5. Советот оценува дека предлозите, забелешките, препораките и коментарите по работниот текст на Законот за заштита од дискриминација, изнесени на јавната расправа, треба да бидат земени предвид од Министерството за труд и социјална политика при изготвувањето на Предлогот на законот за заштита од дискриминација, при што да се почитуваат препораките од Венецијанската Комисија на Советот на Европа, ОДИХР и заклучните согледувања на специјализираните тела на Обединетите нации. Оваа јавна дебата заврши со најава за повторна поширока и по­­ кон­структивна расправа, сé со цел усвојување законски текст кој нај­со­ од­ветно ќе ја регулира и уреди оваа материја. 292 НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ м-р Јана Лозаноска Институт Евро-Балкан УДК 304.4(497)(063)(049.3) Директор на Центарот за демократија и сигурност Регионална конференција „Интегрирање на разлики – човекови права, социјална инклузија и социјална кохезија на Балканот кон патот до Европската Унија” Институтот Евро-Балкан од 2831 мај 2009, во Охрид, х.„Кли­мен­ти­ ца” и„Пела” организираше ре­­ги­о­нал­ на конференција, со на­слов:„Инте­ гри­рање на разлики – чо­ве­ко­ви пра­ ва, социјална инклузија и со­ци­јална кохезија на Балканот кон па­тот до Европската Унија”, под­др­жана од Жан Моне Програмата на Ев­роп­ска­ та Комисија и Владата на Република Македонија. Конференцијата претставуваше ретка можност и е прва од ваков вид во Регионот која собра на едно ме­ сто претставници од државната ад­ ми­нистрација од Регионот, ис­тра­жу­ ва­чи и претставници на не­вла­ди­ни­от сектор кои се за­ни­ма­ваат со пра­ша­ њата поврзани со со­цијалната вклу­ че­ност, односно исклученост, со­ци­ јал­ната кохезија и европското гра­ ѓанство. Во фокусот на истата бе­ше проучувањето на теоретските и прак­ тичните(со­ци­јални, економски и по­ ли­тички) пред­ности од пристапот на социјално вклу­чување и це­ло­куп­но­ то разбирање на социјалните про­ бле­ми на Балканот. На четиридневната конфе­рен­­­ ција се изнесоа: предавања на ис­так­ на­ти професори од Ре­ги­онот и по­ши­ роко, презентации од ис­тражувања и истражувачки ме­то­дологии на 33 презентери на тру­дови, во присуство на 26 учес­ници кои работат во об­лас­ та на со­ци­јал­ната исклученост и европ­ската интеграција. Презентациите на кон­фе­рен­ цијата беа организирани во четири дела: 1. Култура, развој и социјална инклузија Оваа работилница ја раз­гле­­ду­ ва­ше улогата на културата и ин­сти­ту­ циите од културата во еко­номскиот раз­вој и градење на со­цијално инклу­ зив­ни општества. Модератор: проф. Небојша Ви­ лиќ 2. Човекови права, не­дис­кри­ми­ нација и социјална инклузија – Ин­те­ гри­рање на концепти и пер­спек­ тиви на европското граѓанство на Балканот Оваа работилница се фо­ку­си­ра­ ше на повеќеслојните прашања и де­ лум­но заборавените балкански те­о­ рет­ски перспективи(Ромите, жените, ли­цата со посебни потреби, развојот, постколонијалните студии и децата) 293 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јуни 2009 на социјалната исклученост и ев­роп­ ското граѓанство, донесувањето на законите против дискриминацијата и социјалните реформи, кои во мо­мен­ тов се случуваат во Регионот. Ос­вр­ ну­вајќи се на работата на експертите по европско граѓанство, по­ли­ти­ко­ло­ зи­те, правниците, научните ра­бот­ни­ ци, коишто работат во областа на кул­турните и студиите за човекови права, филозофите по право и со­ци­ о­лозите, оваа работилница се обиде да ги редефинира човековите права, недискриминацијата, социјалната ис­ клу­ченост и европското граѓанство од перспективата на Ромите, жените, лицата со посебни потреби, старите ли­ца и децата. Модератор: проф. Татјана Пе­ тру­шевска 3. Социјална исклученост, ев ропско граѓанство и социјална по литика: примена и критички пре глед на европското и балканското истражување на социјалната ис клученост Оваа работилница ги раз­гле­ду­ ва­ше истражувањата и примената на социјалната политика во европски и балкански контекст. Посебен ак­ цент се стави на анализата на кон­ крет­ните чекори и планови кои се со­ о­чуваат со борбата против ис­клу­че­ носта во сите форми, вклучувајќи го: расизмот, ксенофобијата, омразата кон жените и хомофобијата. Модератор: доц. др. Маја Ге­ ров­ска- Митев 4. Воспоставување агенда за со­цијална исклученост за Балканот и креирање регионална ис­тра­жу­ вач­ка мрежа Оваа работилница се за­ни­ма­ва­ ше со трудови кои ќе дадат кон­крет­ ни предлози за креирање на бал­кан­ ска истражувачка агенда од областа на социјалната исклученост и за гра­ дење мрежа на балкански ис­тра­жу­ ва­чи кои работат во областа. Модератор: проф. Катерина Ко­лозова и доц. др. Деспина Ан­ге­ лов­ска Предавачи од Регионот и пошироко, кои го дадоа својот академски придонес на конференцијата, беа: проф. д-р Јелисавета Благојевиќ, продекан и професор на Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидинум, Белград, проф. д-р Весна Црниќ-Гротиќ, продекан и професор на Правниот факултет во Риека, Хрватска, д-р Ноеми Ленд ваи, Факултет за политички студии, Универзитет Бристол, проф. д-р Фи лип ван Парис, Католички Универзитет од Лувен(Chaire Hoover d’Ethique Economique et Sociale), Белгија, д-р Пол Стабс, Економски институт Загреб, Хрватска и д-р Пео Хансен, политички научник и вонреден професор на етнички студии на Липкониг Универзитет, Шведска. Главната цел на регионалната кон­ференција беше креирање реги­ о­нална мрежа, со седиште во Ре­пу­ бли­ка Македонија, на академски ис­ тра­жувачи, државни службеници, но­ ви­нари, како и активисти(Балканска мрежа за социјална инклузија и ев­ роп­ско граѓанство), заснована врз мо­делот на Европската мрежа за со­ 294 ци­јална исклученост и развој на ев­ роп­ското граѓанство(СЕДЕЦ). Во склоп на активностите по­вр­ за­ни со реализирање на кон­фе­рен­ ци­јата, Институтот Евро-Балкан www.seesoc.org.mk под­гот­ви ин­тер­ нет страница која содржи новини од областа на човекови права, со­ци­јал­ НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ но вклучување и социјална кохезија, по­датоци за пре­да­вачите, ра­ко­во­ди­ те­лите на ра­бо­тил­ниците, пре­зен­те­ ри­те на тру­до­вите, како и пу­бли­ка­ ции, студии и извештаи од областа на човековите права, социјално вклу­ чу­вање/исклу­чу­вање и социјална ко­ хе­зија. 295 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јуни 2009 проф. д-р Сунчица Димитријоска УДК 364-3-053.9(497.7)(049.3) Универзитет„Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Филозофски Факултет Институт за социјална работа и социјална политика Студија – Социјална исклученост на старите лица во Република Македонија Во Студијата за социјална исклученост на старите лица во Република Македонија, финансиски поддржана од УНФПА, се анализира про­блемот на социјалната исклу ченост на старите лица во однос на: покриеноста, правата, достапноста, обезбедениот квалитет на услуги, пречки во остварување на она што е дефинирано со законите и политиката во заштитата и вистинската состојба, како и тековните реформи и предизвици на системите на: социјалната заштита, пензискиот систем, образованието и здравс твената заштита. Студијата содржи анализа на научната литература, меѓународните и национални законски акти, со по­се­ бен акцент на регионалните, ет­нич­ ки­те и родовите разлики на старите лица, како ранлива група. Спро­ве­ дена е квантитативна ана­ли­за на анкетно истражување на репре­зен­ тативен примерок од 1222 стари ли­ ца, квалитативна анализа од 8 фо­ кус групи и 46 интервјуа, на­пра­вени со персоналот во: Ми­нис­тер­ството за труд и социјална политика, Ми­ нистерството за здравство, Ми­нис­ терството за образование, цен­три­те за социјална работа, Аге­н­ци­ја­та за вработување и домовите за стари лица. Истражувањето е спроведено во периодот од 20 декември 2008 го­ ди­на, до 20 февруари 2009 година, под раководство на локален кон­сул­ тант, авторот на студијата, проф. д-р Сунчица Димитријоска. Основната цел на студијата е да се придонесе за ди­јаг­нос­ти­ци­ра­ ње­то на социјалната исклученост на старите лица во Република Ма­ке­до­ ни­ја и да се даде придонес во со­ци­ јал­ната инклузија на старите лица, со­гласно претстојниот процес на пре­ говори за членство на земјата во ЕУ во областа на заштитата и со­ци­јал­ ната инклузија на старите лица, ка­ко и Заедничкиот меморандум за ин­ клузија. Истражувањето покажа дека во рамките на социјалната заштита, социјалната исклученост е заради нерегулираните имотно-правни од­ но­си, усложеноста на ад­ми­ни­стра­ тив­ните процедури, географската од­ да­леченост на институциите во кои мо­же да се остварат правата- цен­ три­те за социјална работа. Во однос на пазарот на трудот, лицата над 54 го­дини имаат малку можности за 296 вработување, нема доволно курсеви за доквалификација и преква­ли­фи­ ка­ција и нема анализи за потребите за доквалификација и преквали­фи­ ка­ција. Во однос на образованието, постои мала мотивираност за обра­ зо­вание на возрасните над 54 години и нема можности за преква­ли­фи­ка­ ција и доквалификација. Во однос НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ на здравствената заштита, присутна е исклученост во однос на самото право, недостапноста заради нема­ ње­то транспорт, посебно јавен, во ру­ралните средини. Студијата дава и предлози за преземање соодветни активности за намалување на исклученоста, посебно во секое подрачје од истражувањето. 297 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јуни 2009 проф. д-р Јован Пејковски УДК 352.071.2(497.7)(047.31)(049.3) Универзитет„Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Филозофски Факултет Институт за социјална работа и социјална политика Приказ на извештајот: Граѓански засновани анализи Во издание на УНДП(Програ­ ма­та за развој на Обединетите нации), Канцеларија во Скопје, во парт­ нер­ство со Универзитетот на Југоисточна Европа, излезе од печат книгата: Граѓански засновани анализи 2009, регионален развој, локална власт и квалитет на живот. Книгата е во форма на извештај во кој се прикажани одделни области на живеењето во Република Македонија. Со помош на прашалник, приме­ нет на над 3000 испитаници, добиени се резултати кои се релевантна потврда за ефектите од политиките што се однесуваат на просторните дис­паритети во квалитетот на животот и социјалната исклученост. Во првиот дел, воведот, даден е општ приказ на состојбите во Република Македонија и е направен пре­сек и поврзување со сознанијата кои се содржани во претходните истражувања на овие прашања, како и за одделните политики кои се остварувани и се применуваат во оваа сфера. Во второто поглавје е даден при­каз на регионален профил на квалитетот на живот, преку оценки за: задоволство и среќа, за распределбата на приходот и сиромаштијата, за нееднаквост на приходите, за социјалната исклученост и ранливост на домаќинствата. Согледани се и состојбите: на пазарот на трудот, во сферата на образованието и обуката и пристапот до здравствените услуги. Во третото поглавје е даден при­каз на: меѓуетничките односи од аспект на етничката тензија и меѓует­ ни­ч­ките односи, за улогата на масов­ ни­те медиуми, за децентрализаци­ја­ та, локалните политики и меѓуетнички односи, како и за образованието, етничката припадност, и друго. Извештајот ја елаборира поврзаноста на природата на регионалниот развој и просторните аспекти на квалитетот на животот. Се конста­ ти­ра дека постојат големи регионални диспаритети во задоволството од жи­вотот, кое за возврат е во голема ме­ра под влијание на возраста и мес­тото на живеење, со тоа што мла­ да­та градска популација се наоѓа на врвот на скалата на среќата, а возрасната рурална популација, на дното на скалата на среќата. Постојат големи диспаритети и во однос на приходот по статистичките региони, како и значителни реги­ о­нални диспаритети во однос на 298 учес­твото на пазарот на работната сила. Постојат разлики меѓу регионите во однос на проблемот на ранливоста заснована врз вработува­ње­ то, образованието, пристапот до здрав­­ствените установи и другите со­­цијални услуги, кои натаму водат кон разлики во задоволството и ниво­ ата на исклученост меѓу регионите. Во четвртото поглавје е даден приказ на локалната власт преку функциите на локалната самоуправа и остварувањето на децентрализацијата. Согледан е квалитетот на животот во општините и регионите, преку ефектите и проблемите што ги засегаат луѓето. Анализирани се безбедноста, влијанието на децентрализацијата врз квалитетот на животот, задоволството од општинските услуги, направена е проценка на ефектите од работата на локалните власти во општините. Исто така, согледан е и економскиот развој и мож­ но­стите за промоција на мали бизниси како предуслов за локален економски развој. Оценето е и учеството на граѓаните во институциите на локалната самоуправа, можностите што ги имаат за контакт со институциите на локалната власт, за учество во одлучувањето во институциите на локалната власт, и друго. Разликите во руралниот сегмент одделно се согледани заради што се изразува јасна потреба за изградба на соодветни политики за рурален развој, кои треба да ги третираат овие проблеми, како и за инвестирање во инфраструктура и соз­ да­вање работни места. НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ Во петтото поглавје се дадени пре­пораки за подобрување на квалитетот на животот за регионалната политика, за етничката кохезија и за ра­ботењето на локалната власт според потребите на граѓаните. Може да се оцени дека се работи за еден комплексен труд во кој се вклучени бројни експерти, истражувачи, аналитичари и одлични познавачи на материјата, со што на синтетизиран начин се прикажани ас­пекти битни за подобро живеење. Во трудот се понудени одговори за бројни прашања од истражуваните области и тоа врз основа на аргументирани сознанија. Со тоа, трудот добива во квалитет и сериозност во пристапот за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Извештајот е одлична можност за непосредно запознавање со оваа прбо­ле­ ма­­тика на факторите кои се вклучени во процесот на анализрање, гра­ де­ње ставови и политики во насока на јакнење на граѓанското општество. Во извештајот се доаѓа до заклучок дека регионалниот развој е сложен процес, кој е под влијание не само на економските услови, ту­ ку, исто така, и на перцепциите на ква­литетот на животот, ефективноста на локалната власт и обемот на социјалната исклученост и етничката кохезија на локално ниво, при што се нудат решенија за тоа како да се намалат овие диспаритети пре­ ку ефективни регионални политики. 299 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јуни 2009 проф. д-р Мариа Доневска УДК 364(497.7)(075.8)(049.3) Универзитет„Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Филозофски Факултет Институт за социјална работа и социјална политика Приказ на книгата:“Социјален развој” од проф. д-р Јован Пејковски Во издание на Филозофскиот факултет при Универзитетот“Св. Кирил и Методиј” од Скопје, излезе од печат книгата на проф. д-р Јован Пејковски:“Социјален развој”. Во трудот“Социјален развој”, на 342 страници се прикажани со­ вре­мените сфаќања за оп­штес­тве­ни­ те процеси кои го определуваат раз­ во­јот како централен интерес за потребите и аспирациите на луѓето во граѓанското општество. Развојот како комплексен и мул­ти­ди­мен­зи­о­ на­лен процес постојано е во фокусот на интересот, со желба да се по­ стигне повисок квалитет на животот за сите луѓе. Преку прикажување на од­делните аспекти кои го де­фи­ни­ра­ ат и оформуваат социјалниот развој, како од материјален, така и од по­ши­ рок хуман аспект, се согледуваат ре­ ле­вантните поимања на овој ком­ плек­сен процес кој инкорпорира мно­ штво елементи, од чиешто поз­на­ва­ ње и влијание врз истите се овоз­мо­ жува динамизирање на севкупниот развој. Осознавањето на потребите на луѓето, нивните барања, стремежи и цели и откривањето на процесите за 300 нивно задоволување, како и мож­нос­ ти­те и начините како да се ос­тва­ру­ ва­ат растот и развојот на оп­штес­тв­о­ то, се доминантните прашања кои се претставени во трудот,“Социјален развој”. Во првиот дел на трудот се раз­ ра­ботени повеќе прашања, со кои се објаснува развојот како потреба за постигнување повисок квалитет на животот и како фундаментално човеково право и потреба. Исто та­ ка, прикажани се и значењето на со­ ци­јалниот развој и неговата со­др­жи­ на, при што се дава приказ на те­о­ри­ ите за социјален развој. Преку раз­ лич­носта на концептите и сфаќањата за социјалниот развој се упатува и на компонентите и факторите на социјалниот развој. Даден е акцент на развојните предуслови, при што се укажува и на разните видови развојни ограничувања што постојат и што не се постигнати, заради што се јавуваат лимити во социјалниот развој. Во овој дел се дадени и вли­ја­ ни­јата на економското опкружување и социјалните можности, при што посебно се прикажани врските и влијанијата меѓу економскиот и со­ци­ јалниот развој. Посебно внимание им е посветено на социјалните по­ тре­би и развојот, а заради значењето што го имаат, одделно се прет­ста­ве­ ни социјалните индикатори и со­ци­ јал­ното известување во следењето, прикажувањето и планирањето на социјалниот развој. Во вториот дел се прикажани системските основи за планирањето со­цијален развој, при што се ис­так­ нуваат основите на оп­штес­тве­ни­от систем кои влијаат врз пла­ни­ра­ње­то и на подсистемите на системот на планирање. Укажано е на де­фи­ни­ рањето на приоритетите во раз­во­јот, како основа за поквалитетно ди­на­ мизирање на развојните пер­фор­ман­ си. Даден е приказ на влијанието на мерките на социјална регулатива со кои се оформува социјалниот раз­ вој. Исто така, прикажани се прак­ти­ ка­та и видовите планирања на со­ци­ јал­ниот развој во одделни земји. Ин­ ди­кативното планирање е објаснето како модел и форми кои се при­ме­ну­ ваат во современите држави, а е да­ ден и приказ на состојбите и раз­во­ јот на планирањето на социјалниот раз­вој во Република Македонија и пла­нирањето во Европската Унија. Планирањето е обработено и според видовите краткорочно планирање, со приказ на социјалните цели во го­ диш­ните макро-економски пла­ни­ра­ ња, потоа среднорочното пла­ни­ра­ ње, како и долгорочното планирање, а посебно е прикажано стратешкото планирање. Во третиот дел од трудот, ав­то­ рот ја обработува меѓународната НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ димензија на развојот и на соци­јал­ ниот развој. Притоа е прикажана по­ вр­заноста на развојот во пошироки рамки и влијанијата кои се пре­не­су­ ваат како кризи во развојот и врз со­ ци­јалниот развој. Објаснети се ка­рак­ теристиките и трендовите на со­ци­ јал­ниот развој во глобален контекст и врз таа основа се прикажани меѓу­ на­родните организации и институции во чиј домен на активност е и со­ци­ јал­ниот развој. Во трудот се дава при­каз и на поважните документи за ме­ѓународен развој и се укажува на про­цесите и потребите за за­си­лу­ вање на меѓународната соработка за развој. Во четвртиот дел е обработен со­цијалниот развој во Република Ма­ ке­донија. Дадена е врската на со­ци­ јал­ниот развој и сигурноста и нив­но­ то оформување, а е направен и при­ каз на социјалниот развој во одделни области. Развојот како процес треба да се менаџира и на ова прашање е укажано како потреба заради остварување на растечките барања и потреби на граѓаните. Посебно внимание е посветено на улогата на општината во оформувањето на социјалниот развој. Имено, со приказ на системските основи и надлежности на општината се да­ ва прегледност на основите и над­ леж­ностите што треба да се оствару­ ваат во доменот на социјалниот развој и неговото планирање. По одделни делови, авторот при­­ложува современа литература, која, покрај сопственото богато прак­ тич­но и теоретско искуство, ја ко­ 301 Рев. за соц. пол. год. 2 Бр. 3 Стр. 197- 302, Скопје, јуни 2009 ристел при пишувањето на книгата. Иако авторот во воведот ја ис­ так­нува намената на трудот, оценка е дека истиот има поширок домен и го надминува опсегот на универ­зи­ тет­ски учебник. Истиот може да им биде од полза на сите оние кои ги про­учуваат прашањата на соци­јал­ ни­от развој во рамките на општес­ тве­ните процеси и водењето соци­ јал­на политика на државите, а пред сé во образовните институции, на­уч­ ните, државните, како и на сите кои непосредно работат, го оформуваат и дефинираат опфатот на потребите и планирањето на ресурсите за за­до­ во­лување на социјалните потреби и развојот. Може да се оцени дека темите, опфатени во книгата, се современи, актуелни, јасно и документирано раз­ ра­ботени. Претставуваат целина ко­ ја­што ги објаснува: социјалниот раз­ вој, неговото значење и потребите за негово осознавање и планирање, како врз научна основа, така и во практиката на меѓународните ор­га­ни­ за­ции, на државно и на локално ниво во Република Македонија. 302