6 Год. 3 Бр. 6, Скопје, декември 2010 ФОНДАЦИЈА „ ФРИДРИХ ЕБЕРТ „ УНИВЕРЗИТЕТ СВ.„КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ РЕВИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 2010 Год. 3, Бр. 6, Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Издавач: Фондација ” Фридрих Еберт ” - Скопје Филозофски Факултет, Скопје За издавачот: д-р Хајнц Бонгарц Dr. Heinz Bongartz Главен уредник: Маја Геровска Митев Уреднички одбор: Мариа Доневска, Благица Новковска, Јасминка Фришчиќ, Лилјана Јанкуловска, Ирена Трајковска Теренски истражувач: Светлана Трбојевиќ Лектура: Инда Костова Савиќ Техничка подготовка: Тодор Трајковски Печати: Пропоинт- Скопје Тираж: 300 512 СОДРЖИНА Вовед 515 СТАТИИ: Зоран Костов: Поимање, карактеризација, класификации и индикатори на социјалната исклученост во домувањето во Македонија 517 Али Пајазити, Агрон Рустеми: Домувањето во руралните општини во РМ: примерот на Желино 529 Елвис Мемети: Состојби и предизвици во домувањето кај ромската популација во Македонија: Искуства од спроведувањето на НАП за домување од Декадата за вклучување на Ромите 540 Вера Димитриевска: Практики на домување кај лицата со интелектуална попреченост: служби за домување со поддршка во заедницата 552 ИНИЦИЈАТИВА М-р Живко Митревски, Инда Костова Савиќ: Солидарен станбен фонд - потреба и перспектива 568 ОД ПРАКТИКАТА Маргарета Липковска Атанасова: Искуства со примената на пилотпрограмата за резиденцијална енергетска ефикасност како дел од пилотпроектот за социјална сигурносна мрежа на УСАИД 574 ИНТЕРВЈУ Софија Спасовска: Легислативната и институционалната поддршка на домувањето низ системот на социјална заштита 578 Љубиша Јовановски: Легислативните предизвици во однос на домувањето низ практиката на Министерството за транспорт и врски 582 НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ Галаба Златкова- Гареска: Домувањето на децата без родители и родителска грижа по напуштање на институциите 585 Мила Царовска: Промотивните активности на Македонската платформа против сиромаштија 587 Маја Геровска Митев: Меѓународна конференција:„Европски и национални практики во соочувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост” 589 513 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Вовед Новото издание на„Ревија за со­­ цијална политика”, шесто по ре­до­след, надополнува една клучна пра­зн­ и­на во македонската стручна ли­те­р­ атура и ги афирмира состојбите во домувањето, станбените услови и стан­бената по­ли­ ти­ка во Р. Македонија. Одзивот на по­ ви­кот за текстови беше прилично скро­ мен, што упатува на можен заклучок дека домувањето како научно­ис­тра­жу­ вач­ка тема е во фаза на почетен развој. Сепак,„Ревијата” до­несува низа ин­те­ рес­ни статии кои успеваат да ги опишат сос­тојбите и предизвиците во однос на до­мувањето како пракса и политика, осо­бено во кон­текст на одредени спе­ циф­ ични ка­те­гории на население. Воведната статија(Костов) го ана­ лиз­ ира домувањето во Македонија и презентира индиции кои реферираат на супстандардно и сиромашно до­му­ ва­ње. Според авторот,„суп­станд­ ар­ дно­то до­м­­ ување во Македонија вклу­ чува от­суство на соодветни приклучоци кон елек­тричната, водоводната и ка­на­ л­ из­ ационата мрежа, прена­се­ле­нос­ т на до­мот, или немање правен основ за сопственост или користење на зем­јиш­ те­то”. Исто така, авторот сме­та дека иниц­ ијативите во делот на домувањето не смеат да застанат само на проектите за социјални станови, туку да се отвори инт­ егрален пристап кон намалување на сиромаштијата и социјалната ис­ клуч­ ен­ ост во до­мув­ ањ­ ето. Втората статија(Пајазити, Рус­те­­ ми) дава осврт на домувањето во ру­ рал­ните општини во РМ, преку при­ме­ рот на општина Желино. Ав­то­рите ука­ жу­ваат дека жителите во оваа рурална оп­штина, во која 99% се од албанската етничка заедница, се соочуваат со ни­ за проблеми во сферата на до­му­вањ­ е­ то, како: голем број на членови под ист по­крив, недоволен про­стор во до­мо­ви­ те, нес­ оодветно сна­бдување со вода, нес­­ оод­ветна канализација, не­соод­вет­ ни сан­ итарни услови, аверзија кон ста­ на­р­ и­на, пот­стан­ арство или туѓа соп­ ствен­­ ост. Како илустрација, авторите на­в­ е­ду­в­ аат де­ка акутниот проблем со нес­ оо­ д­ветно снабдување со вода може да се види преку фактот дека нај­го­ле­ ми­от дел од жителите користат соп­ ствен хид­ ро­фор, потоа копан бунар, улич­ на јав­на чешма, додека, пак, дел од до­ма­ќинс­ тва­та пијат вода од не­сре­ ден извор, а има такви кои користат во­ да која ја земаат директно од езеро, па дури и од пештера, понор или јама со вода. Ав­то­ри­те сметаат дека покрај цен­тралната власт, треба да се зго­ле­ мат граѓанските и инцијативите на ло­ кал­ната са­мо­упра­ва, преку ап­лиц­ ир­ а­ 514 кал­ната са­мо­упра­ва, преку ап­ли­цир­ а­ ње во меѓународни фондови, преку кои може да се подобри квалитетот на живот. Во наредната статија, авторот (Ме­м­ ети) говори за состојбите и пред­ из­виците на домувањето кај ромската по­пулација преку искуствата на спро­ ведувањето на плановите кои про­из­ле­ гоа од Декадата за Ромите. Авторот ис­ такнува дека според впечатокот на по­ го­лемиот дел од ромското на­се­ле­ние, спроведувањето на Де­ка­дата за вклу­ чување на Ромите 2005- 2015 мо­же да се спореди со позитивна нула. Не­по­ стое­ њето на соодветна структура на ло­кално ниво за имплементација на активности од Декадата и Стратегијата на Ромите, како и посебни ставки во буџ­ етите на општините, е во спро­тив­ ност со намерата за децентрализирање на активностите на примарното ниво од каде што произлегуваат поголемиот дел од проблемите. Авторот пред­ла­га по­литиките да се насочат кон обез­бе­ дување на живеалишта за Ромите кои немаат свои домови, т.е. кои жи­веа­ т во, таканаречени,„картонски ма­ала”, иден­тификување на бројот на такви се­ меј­с­ тва и нивно вклучување во по­стој­ ни­те афирмативни мерки, над­ми­ну­ва­ ње на ризиците од останување без дом, а потоа и на подобрување на усло­в­ ите за живеење во домовите, во кои живее ромската заедница. Во последната статија, авторката (Дим­ итриевска) ги прикажува прак­ти­­ ките на домување кај лицата со ин­те­ лек­туална попреченост. Авторката ги анализира службите за домување со под­дршка во заедницата и ис­так­нува ком­паративни примери кога функ­цио­ ни­рањето на ваквите служби во голема мера генерираат позитивни ефекти во пет, до шест области(спо­соб­ност и личен раст, опсервирано бе­хе­виорално однесување, учество на заедницата, ангажмани во значајни активности и контакти со персоналот). Авторката, исто така, истакнува дека Р. Македонија има направено само мал исчекор во од­нос на моделот на до­мување со под­ др­шка за лицата со попреченост, и де­ ка е неопходно да се вложи многу по­ ве­ќе во рамките на развојните политики за социјална заштита. Покрај авторските статии,„Ре­ви­ја­ та”, во посебен дел, ја презентира Ини­ циј­ативата на Сојузот на син­ди­катите на Македонија, која се залага за фор­ ми­рање на солидарен станбен фонд. Оваа Инцијатива се темели на прин­ци­ пот домување по пристапни цени, како пер­спектива за решавање на стан­бе­ ни­те прашања на работниците и гра­ѓа­ ни­те во РМ. Исто така, според ССМ, вак­вата Инцијатива би придонела за за­живување на повеќе стопански гран­ ки, меѓу кои: индустријата за гра­деж­ни ма­теријали, дрвната, металната, тек­ стил­ната, хемиската, и др. „Ревијата”, исто така, дава приказ на практичната примена на проектот за домување на Американската агенција за меѓународен развој(УСАИД), на­ словен како„Резиденцијална енер­гет­ ска ефикасност”. Овој пример по­ка­ жува како преку практични заштеди во домувањето(преку соодветна ин­фра­ структура, преку соодветни енер­гет­ски заштеди) може да се влијае на за­ште­ ди­те како во индивидуалните до­ма­ќин­ ства, така и во однос на па­сивните по­ ли­тики за социјална заш­ти­та. 515 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Во рубриката Интервјуа,„Ре­виј­а­ та” ги пренесува легислативните но­­ ви­ни, предизвици и активности во сек­ торот домување преку праксата на Ми­ нис­терството за труд и социјална по­ли­­ тика(Спасовска) и Ми­нис­терс­ твото за транспорт и врски(Јовановски). На крајот,„Ревијата” како и се­ко­ гаш дава осврт на позначајни анализи, настани и конференции актуелни за периодот јули-декември 2010. За сите заинтересирани за темите и анализите во„Ревијата за социјална по­литика” информираме дека таа про­ дол­жува со своите тековни броеви и во наредната година, во која се очекуваат уште многу интересни статии, дискусии и информации. Срдечно, Маја Геровска Митев, проф. д-р Уредник на„Ревијата” 516 Д-р Зоран Костов Извршен директор на Хабитат Македонија 364.662: 316.344.2(497.7) Поимање, карактеризација, класификации и индикатори на социјалната исклученост во домувањето во Македонија Резиме Овој труд ја третира социјалната исклученост во домувањето, како ком­ плек­сен социјален феномен со сопствена карактеризација, класификации и индикатори, сите во силна корелација со останатите форми на социјална маргинализација. Според пристапот елабориран во трудот, социјалната исклученост во до­ му­вањето е последица на три основни бариери- економската, социо-кул­ ­тур­ната и правната, кои, истовремено, се ставаат во релација со ли­цата кои по овaa основa се соочуваат со социјалната исклученост, но и со ло­ ка­литетите за живеење кои се сегрегирани заради определен сплет на со­ц­ и­јал­ни околности. Во недостаток на прецизно развиени индикатори кои посочуваат на со­ци­ јална исклученост во домувањето во Македонија, трудот презентира ин­ ди­ции кои реферираат на супстандардното и сиромашното домување, го ограничуваат пристапот до стан и извори на финансирање за унапредување на домувањето, или имплицираат правна несигурност која произлегува од нефoрмалниот карактер на домувањето. Поимањето на социјалното домување како компензирачки механизам на социјалната исклученост во домувањето, исто така, е предмет на интерес на трудот. Набележано е дека се работи за концепт кој во Македонија е разбран на различни начини и носи ризици од погрешни интерпретации, но и дека од нормативната рамка за домувањето која е во создавање се очекува да не се ограничи на проектите за изградба на социјални станови во државна сопственост наменети за специфични целни групи, туку да се отвори за интегрален пристап кон намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во домувањето. Клучни зборови: домување, социјална исклученост, сиромаштија, социјално домување. 517 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Вовед Концептот на социјалната ис­клу­ченост стана клучна тема во академската и по­литичката дебата во текот на 1990тите. Првобитно разв­ иен од социо­лош­ ката мисла со интерес фокусиран на врската меѓу поединецот и општеството, последниве две децении тој нашироко се применува за реферирање кон ку­ му­лативната маргинализација во од­ нос на производството, по­тро­шу­вач­ка­ та, социјалното вмрежување и до­не­су­ ва­њето одлуки. Во традиционален кон­ текст, ова е рефлектирано како ли­ше­ ност од способност за економска, со­ ци­јална и политичка интеграција за­ ради непоседување финансиски сред­ ства или конвенционални способности, а во иновативниот контекст- како не­по­ се­дување културолошки квалитети или пристап до информации. Ова широко и комплексно толкување на улогата на поединецот, институциите и пошироката општествена средина, одамна го надмина разбирањето спо­ ред кое зголемувањето на социјалната ис­клученост се сфаќаше само како уна­задување на трендот насочен кон на­малување или затворање на ја­зот меѓу богатите и сиромашните. Нас­ ­про­ ти оригиналната интервенција на Рене Ле­ноа, кому му е припишана заслугата за воведувањето на терминот со ре­фе­ ри­р­ ање кон административна преч­ка за пристап кон државните ме­ханизми на социјална заштита на Франција(ви­ ди: Todman, 2004), со­вре­меното по­ има­ње на социјалната исклученост вклуч­ ува материјална и нематеријална ком­понента, објективна и субјективна ди­мензија, активна и пасивна форма, дистрибутивен и ре­ла­циски аспект, на кои уште може да им се припише конс­ ти­тутивна релевантност и инс­тру­мен­ тал­на важност(види: Silver, 1995; Bhalla and Lapeyre, 1997; Sen, 2000). Феноменологија на социјална исклученост во домувањето, карактеризација и класификации Социјална исклученост во домувањето претставува комплексен социјален фе­ ­номен во силна корелација со оста­на­ ти­те форми на социјална мар­ги­на­ли­за­ ција. Третирано како легитимна ком­по­ нен­та во спектарот претпоставки на со­ц­ ијалната вклученост – од„си­гур­ ност, преку вработување, приход, имот, кре­дит, земја, минимално ниво на по­ тро­ш­ увачка, образование, вештини, кул­т­­­ урен капитал, државјанство и пра­ в­н­­ а еднаквост, демократско учес­тво, при­с­­ тап кон јавни добра, до се­меј­ство и социјабилност“(Silver, 1995: 60) – до­ мув­ ањето, истовремено, е во ре­л­ а­ци­ја со лицата, семејствата или до­ма­ќин­ ствата кои врз некоја основа се соо­чу­ ваат со социјална исклученост, со мес­ та­та или локалитетите за жи­ве­ење кои се маргинализирани за­ра­ди опре­делен сплет на социјални окол­но­сти, но и со ре­гулаторната рамка во која се ос­тва­ ру­ва правото на домување. Исто­вре­ ме­но, домувањето е во тесна врска со здравјето, образованието и општата благосостојба на поединецот и се­меј­ ство­то, а влијае и врз функ­цион­ и­ра­ње­ то на заедницата, како и ге­не­рал­но, на социјалната кохезија. 518 СТАТИИ За еден дел од авторите, исклученоста од пристојното домување и ко­му­нал­ ните услуги се наоѓа меѓу„трите типа на посебна исклученост, која ја има издигнато јавната свест во Европа“, која, патем, има и„етничка или ми­ грант­ска конотација“(Rodgers, 1995: 44). Уште повеќе, домувањето може да има директно учество во исклученоста, со оглед дека групирањето на сиро­ маш­ните во реоните без санитација, чиста вода, рекреативни содржини, ста­б­ илна снабденост со електрична енер­гија и други услуги, може истата ди­р­ ектно да ја промовира. Притоа, про­с­ торната сегрегација добива трет­ ман на преовладувачка грижа, со оглед дека„населувањето во вакви ло­ка­ции може да стигматизира, може да води кон кревко здравје и може да ја направи интеграцијата во заедницата мно­гу тешка“(ibid: 45). Од тие причини, многу автори укажуваат на потребата од ши­ рок пристап кон создавање ква­литетни места за домување, при што ќе се води сметка за„рас­то­јан­ ијата, густината, раз­личноста, соо­ д­ветноста за живот, по­врзливоста и рас­положивоста на ра­ бот­ни места од кои ќе се создава при­ ход“(види: Turok, 2008). Во оваа смисла, ако може да се направи една генерална поделба на факторите кои ја условуваат социјалната ис­клу­ ченост во домувањето, тогаш тоа би би­ле:(i) фактори независни од по­тес­­ ното разбирање на домувањето, гла­ вно социјална маргинализација за­ра­ ди материјална сиромаштија, не­вра­ бо­т­ еност, асоцијално поведение или дру­г­а специфична социјална конс­те­ ла­ц­ ија која продуцира традиционално со­ц­ ијално исклучени категории во до­м­­ у­вањето(бездомници, бегалци и Д-р Зоран Костов внатрешно раселени лица, деца без родителска грижа, жртви на семејно насилство, номади); и(ii) фактори кои се дел од системот на домувањето, главно поврзани со разбирањето, де­ финирањето и регулирањето на со­ци­ јал­ното домување. На уште една врска меѓу домувањето и социјалната исклученост укажува Хулс(види: Hulse, 2008), и тоа во фак­ ти­те дека:(i) недостапното домување при­до­н­ есува кон финансиски удар или при­т­ исок кој влијае врз семејните од­ нос­ и, економската и социјалната пар­ ти­ц­ ипација,(ii) домувањето влијае и врз здравствената состојба која по­сле­ дователно, исто така, влијае врз еко­ номската и социјалната пар­ти­ци­па­ц­ ија, и(iii) домувањето е значајно за по­сти­ га­њата во образованието, што, по­втор­ но, влијае врз економската и со­цијална пар­тиципација. Таа, истов­ ре­м­ ено, пре­ поз­нава исклученост од до­мување и ис­клученост преку до­мув­ ање, а нај­зна­ чај­ните аспекти на иск­ луч­ еност се мо­ бил­носта без избор, локациите со не­ до­волно јавни услуги, не­безбедноста и нес­ табилноста. Конечно, во смисла на достапност, нај­ го­лемиот број автори препознаваат три основни бариери за социјална вклу­че­ ност во домувањето- економска, со­ цио-културна и правна, кои, всушност, прет­ставуваат ранливост по основ на: - Пренаселеност на домот, изра­зе­на во потпросечна корисна станбена по­в­­ ршина по член на домаќинството, и паралелно со тоа, супстандардност на условите на домување, изразена пре­ку недостаток на комунални при­ клу­ч­­­ оци и друга инфраструктура, или неквалитетна и небезбедна 519 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 конст­­­ рук­ција; - Просторна сегрегација на етнички, или други видови заедници со соп­ стве­ни културни и социјални ма­три­ ци, како резултат на наследени сте­ рео­типи; - Ризик од загуба на станарскиот ста­ тус заради правна несигурност, ре­ зул­тат на промена или доследно спро­в­ едување на законите од об­лас­ та на просторното и урбанистичко пла­н­ и­рање, како и градбата. Индикации на социјална исклученост во домувањето во Македонија Посебно развиени индикатори на со­ци­ јалната исклученост во до­му­ва­њето во Македонија не постојат. Раз­виени се општи индикатори на сос­тојбата на стан ­ бениот фонд и про­фил­ от на до­ма­ ќин­ствата, најавени се стандарди со кои се определува ми­ни­малното и со­ од­ветно домување, а по­следните го­ди­ ни се прават обиди за воспоставување прав­на рамка за со­циј­ал­но домување. Во оваа смисла, може повеќе да се збо­р­ ува за индикации, отколку за ин­ди­ ка­т­ ори на социјалната исклученост во до­м­ увањето. Во локални услови, тоа, глав­но, е илустрирано од: - Карактеристиките на супстандардното и сиромашното домување, како и пристапот до нов стан и извори за финансирање на домувањето кои имплицираат економска бариера; - Пристапот до социјално домување што имплицира социјална и често политичка бариера; - Социјална исклученост по основ на 520 правна несигурност што имплицира правна бариера. Супстандардното и сиромашното до­ мување во Македонија имаат мно­гу­ крат­ни облици кои не може да бидат дефинирани со едноставни параметри. Сепак, основното разбирање на суп­ станд­ ардното домување вклучува от­­ суство на соодветни приклучоци кон електричната, водоводната и ка­на­ли­ зационата мрежа, пренаселеност на домот- споредено со просечната ко­ рисн­ а станбена површина по една станбена единица, која во Македонија изнесува 71,21 м2, односно 19,72 м2 по член на домаќинство(Државен завод за статистика на Република Македонија, 2005: 50) или немање правна основа за сопственост или користење на жи­ве­­ алиштето. Нестабилните, не многу со­ лид­ни конструкции, исто така, се многу чести меѓу супстандардните домови, како и домовите кои заради низа технички не­ до­с­татоци се третираат како нездрави и носат ризици од болести. Во оваа смисла, и покрај тоа што про­цен­ кит­ е укажуваат дека во Македоија има околу„100 супстандардни населби во кои живеат околу 274.000 жители“(World Bank, 2005: 46), широко е убедувањето дека бројот на вакви населби и семејства кои живеат во супстандардни услови е многу поголем. Најинтензивни периоди во поглед на изградба на нови станови во Македонија беа 1970-тите и 1980тите години, што значи дека просечната старост на станбените згради во Ма­ ке­донија е околу 30 години. Со оглед на тоа што општата сиромаштија во последните години постојано расте: 31,1% во 2009 година(Државен завод за статистика, 2010а) наспроти 18,1% СТАТИИ Д-р Зоран Костов во 1996 и 20,7% во 1998 година, лошото и недоволно одржување на станбениот фонд е една од главните причини за актуелната ситуација со сиромашното домување во Македонија. Уште повеќе, трошоците за домување меѓу домаќинствата во Македонија се про­порционално најниски меѓу се­меј­ ства­та со најниски приходи, што асоцира на кумулативна исклученост. Во 2008 година најсиромашните домаќинства на до­мување потрошиле само 3,8% или 2.508 денари годишно од употребените средства, споредено со најбогатите до­ ма­ќинства, кои на домување потрошиле 9,4%, или 146.843 денари(Државен за­ вод за статистика на Република Ма­ке­ до­нија, 2009а). Со оглед на тоа што во структурата на приходите на нај­си­ро­ маш­ните семејства доминираат приходи по основ на пензиско осигурување, ста­ нув­ а јасно дека најмалку на домување троши старосната група над границата на пензионирање. Во поглед на купувањето нов стан како решение на постојното супстандардно или сиромашно домување, се сме­та дека условите за купување во Ма­ке­донија се крајно неповолни, главно заради високите цени кои се последица на континуирано ниското ниво на градежната активност во областа на домувањето во текот на целиот транзициски период, паѓајќи од 5 новоизградени стана на 1.000 жители во 1990 година, на само 1,6 во 1998 (UNECE, 2000: online), за во 2008, овој број да изнесува 2,5(Државен завод за статистика на Република Македонија, 2009б: 18). Притоа, цената на квадратен метар корисна станбена површина во главниот град, кој вдомува 1/3 од популацијата во државата, варира од 40.000, до 100.000 денари. Таа се зголеми двојно во последните 7 години, додека просечните плати само благо растат и во септември 2010 година изнесуваат околу 20.500 денари. На овој начин, за да се купи стан од 60 м2, со просечната цена од 55.556 денари(Државен завод за статистика на Република Македонија, 2009б: 17) потребни се околу 165 просечни нето плати, односно приход од 13,5 години работа без да се троши на ништо друго, или од околу 40 години работа ако од платата се одвојува 1/3. Оттука, според различни проценки, повеќе од 30% од урбаното население во Македонија не може да си дозволи било каков тип стан понуден на пазарот. Како последица на ова, во Македонија е честа појавата повеќе генерации да живеат во една станбена единица. Имено, во земјата секоја година се склучуваат околу 15.000 бракови(Др­ жавен завод за статистика на Република Македонија, 2010в), што изнесува 7,5 бракови на 1.000 жители. Знаејќи дека само 1,6 до најмногу 2,5 нови станови на 1.000 жители се градени во текот на последните 15 години, очигледниот диспаритет не им остава друг избор на младите брачни двојки. Истовремено, достапноста на поволни станбени кредити или други форми на финансирање на станбената изградба, е тема која се дебатира со години, без било каков позитивен исход за по­тен­ци­ јал­ните купувачи, иако е познато дека во периодот на централно водената еко­но­ ми­ја, оние кои планираа да купат стан, или да градат куќа, имаа на располагање кре­дити со ниски каматни стапки. Во смисла, пак, на пристап кон пазарот за изнајмување станови, само 10% од 521 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 до­маќинствата во Македонија не по­се­ дув­ аат сопствен стан(World Bank, 2005: 25), што укажува дека не може лесно да се постават индикатори за цената на из­ нај­мување на станбена единица во Ма­ ке­донија, наспроти про­сечниот приход. Тра­диционално, Македонија има висока стапка на приватна сопственост врз станбениот фонд, а по приватизацијата во периодот на 1990-тите, дури 95% од станб­ ените единици во Македонија се во приватна сопственост- бројка која е повисока од просекот во многу градови и земји на Европската Унија(види: CRPRC Studiorum, 2003). Иако високиот процент на приватизација на станбениот фонд делумно ја ре­ла­ти­ ви­зира потребата од станови за из­нај­ мув­ ање, тоа, секако, не ја исклучува од­говорноста на општеството(и др­жа­ ва­та) кон определени социјални ка­те­го­ рии. Во вакви услови, одговор на соц­ и­ јал­ната исклученост во домувањето, и истовремено наследник на напуштениот концепт на општествена сопственост на станб­ ениот фонд последните години Ма­ ке­донија бара во социјалното домување - концепт кој локално е разбран на раз­ лич­ни начини и носи ризици од погрешни ин­терпретации. Истото, имено, често се става во контекст, односно реферира и на обезбедувачот на овој посебен вид домување, но и на целната група за која домувањето се обезбедува, па како по­ сле­дица на таа и на други недоречености, сé уште се чека на конзистентен закон за социјално домување. За жал, дури и при најдобри законски решенија, социјалното домување нема да даде сериозен и брз придонес во на­ ма­лувањето на социјалната исклученост во домувањето. Имено, краткиот преглед на бројот на новоизградени станови во 2008 година(5.144) покажува дека само 224(4,3%) се некаков облик на државна или јавна инвестиција(Државен завод за статистика на Република Македонија, 2009б). Во тие рамки уделот на станови на кои потенцијално може да им се при­ пи­ше конотација на социјално домување е уште помал: вкупниот број на станови во државна сопственост на крајот на 2009 изнесува 5.657(Државен завод за статистика на Република Македонија, 2010г), што изнесува само околу 0,9% од вкупниот станбен фонд во земјата. Конечно, во сферата на правната не­ сиг­урност која, исто така, имплицира со­ц­ ијална исклученост во домувањето, се проценува дека во Македонија има око­лу 40.000 бесправно изградени објек­ ти за домување, од кои околу 80% се наоѓаат во субурбаните подрачја на главниот град Скопје. Само во 2009 го­дина, бројот на бесправно из­гра­­ дени објекти во земјата изнесува 1.818 (Државен завод за статистика на Ре­ пу­блика Македонија, 2010д). Нивната класификација укажува, главно, на три типа на нелегалност, при што во првите две групи може да се препознае умерена, а во последната, голема засегнатост на јавниот интерес, што, пак, создава отпор кон поширока општествена акција во правец на ублажување на несигурноста. Имено, се работи за:(i) градби кои се изградени на сопствено земјиште, без да се обезбедат потребните дозволи;(ii) градби кои се изградени со пренамена на земјоделско земјиште во градежно, и (iii) градби кои се изградени на државно или на сопствено земјиште, но истите се наоѓаат во посебни заштитени зони во градовите(види: Канцеларија за контакт помеѓу НВО и Собранието на Р. Македонија, 2007). 522 СТАТИИ Д-р Зоран Костов Притоа, факт е дека голем број до­ма­ ќинс­ тва од супстандардните населби ниту поседуваат некакви права над земјиштето на кое се изградени нивните куќи, ниту ја имаат потребната градежна до­кументација. Долгите законски про­ це­дури, како и нивната честа измена, заедно со високите трошоци кои се дел од легализацијата на живеалиштата, исто така, не им се наклонети на си­ ро­м­ ашните. Бидејќи најголем дел од суп­стандардните живеалишта се ди­во­ град­би уште од нивната изградба, не постојат релевантни податоци кои ќе ја разјаснат имотно-правната состојба на овие објекти. Во некои од тие населби, речиси секоја трета куќа не може да ги утврди границите на својата парцела, а еден дел од станарите, всушност, не знае на кого му припаѓаат парцелите, ниту, пак, знаат кога биле изградени нивните куќи. Постојна нормативна рамка во Македонија, засегнати и препознати целни групи Заедно со сиромашните, социјална гру­ па кај која се евидентирани најлошите при­мери на супстандардно домување во Македонија, е ромската етничка за­ ед­ница. Познато е дека заедниците на Ро­мите, главно, се лоцирани на пе­ри­ фе­риите на градовите- најчесто тоа се пре­населени, импровизирани населби кои наликуваат на гето, со типичен не­ дос­таток на основната инфраструктура, како: вода за пиење и санитација, ас­ фал­тирани патишта, или поврзаност со елек­тричната мрежа. Во многу градови, ром­ските семејства живеат во мали, про­ сторн­ о и социјално сегрегирани населби. За жал, ромските семејства, најчесто, не­маат редовен приход и затоа не се во сос­тојба да планираат подобро до­мув­ а­ ње, за подолг период. Најголем дел од нив не можат да си дозволат да плаќаат дополнителни сметки, вклучувајќи ги и станбените трошоци, со оглед дека нивниот тековен приход е доволен само за задоволување на основните потреби. Покрај сиромашните и ромската етничка заедница, помали социјални групи кои се засегнати од несоодветен пристап кон домувањето, се бездомниците и децата без родителска грижа. Оддалечените рурални заедници припаѓаат на со­ци­ јална група која, исто така, може да се третира како маргинализирана, во поглед на пристапот кон здрава во­да и санитација, како елементи на ми­ним­ ал­ но­то домување. Во оваа смисла, скромната нормативна рамка во областа на домувањето во Македонија препознава шест категории на станбено необезбедени граѓани кои се потенцијални корисници на социјални станови:(i) деца без родители или ро­ди­ тел­ска грижа;(ii) корисници на со­ци­јална и постојана парична помош;(iii) лица погодени од елементарни – природни не­погоди;(iv) инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од други лица;(v) лица припадници на ромската заедница социјално за­ гро­зени, и(vi) самохрани родители со малолетни деца(Службен весник на Република Македонија, 2009: 4). По­ стојн­ ата институционална поддршка и помош во областа на домувањето, за овие категории е концентрирана на изградба на станови кои се издаваат, преку задолжување кај Банката за развој при Советот на Европа, подоцна реорганизирана и именувана како из­ град­ба на социјални станови според Програма за изградба и одржување на 523 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 станови во сопственост на Република Македонија. За адресирање на овие и на поголем број други отворени прашања, де­фи­ни­ рани се и долгорочни, национални стра­ тешк­ и насоки на идната политика на до­мувањето, пред сé во Стратегијата за домување подготвена од Министерството за транспорт и врски, која го вклучува и Законот за домување, донесен во 2009 го­дина. Постигнувањето на долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на до­мувањето, согласно со современите стан­дарди за квалитетен живот, е основ­ ната цел на оваа Стратегија(види: Ми­ ни­стерство за транспорт и врски на Ре­ пу­блика Македонија, 2007). Стратегијата вклучува анализа на состојбата во областа на домувањето, приоритети и цели на стратегијата, фактори кои вли­ ја­ат врз политиката на домување, правна рам­ка, субјекти вклучени во спро­ве­ду­ ва­ње на стра­тег­иј­ата за домување, мер­ ки и активности за спроведување, како и индикатори кои ќе го стандардизираат и мерат развојот во оваа област. Стратегијата, притоа, посебно, но огра­ нич­­ ено го третира социјалното до­ мув­­ ање и домувањето на ранливите груп­ и, предвидува и донесување на посебен закон за социјално домување, но концепциски не предвидува нова ориен­тација и структурни реформи во правец на обезбедување системски механизми кои ќе го јакнат социјалниот станбен фонд во Македонија, како еден од најскромните во Европа. Стратегијата, исто така, не ја специфицира, ниту ја моделира најавената реална и одржлива финансиска поддршка на социјалното домување. Од своја страна, Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и со­цијалната исклученост(види: Ми­ нист­ ерство за труд и социјална по­ли­ тика на Република Македонија, 2010), социјалната исклученост во домувањето ја третира во поголем дел од нејзината комплексност, при што трите основни бариери кон пристојното домување екон­ омската, културната и правната - истовремено се ставени во релација со лицата кои по оваа основа се со­о­ чув­ аат со социјална исклученост, но и со локалитетите за живеење кои се маргинализирани заради определен сплет на социјални околности. Притоа, социјалното домување е препознато само како еден од компензирачките механизми на социјалната исклученост во домувањето. Конечно, на одредена нормативна рамка може да се реферира и во областа на справување со бесправната градба. Се смета, имено, дека Уставот на Република Македонија дава поголема заштита на економските интереси на градителите на нелегалните градби преку заштитата на сопственоста и неповредливоста на домот, споредено со заштитата на јавниот интерес. Во иста насока, на економските и социјалните права и ин­ те­реси на оваа засегната категорија об­врзуваат и меѓународни акти, меѓу кои и Виенската декларација за не­ фор­м­ алните населби во Југоисточна Европа(види: Ministerial conference on informal settlements in South Eastern Europe, 2004). 524 СТАТИИ Д-р Зоран Костов Скица за интегрален пристап кон социјалната вклученост во домувањето Инвестирањето во домување и, особено, во унапредување на домувањето на социјално-маргинализираните и ис­ клу­чени групи, претставува скап и дол­горочен зафат, со мал опфат на популацијата. Како таков, политички е неконјунктурен и редовно се наоѓа ниско на политичките агенди. Од своја страна, пристапот кој со­ци­ јал­н­ ото вклучување во домувањето ре­д­ уцира на изградба на симболичен број социјални станови за изнајмување, игнорира големи засегнати групи кои се социјално исклучени во областа на до­мувањето. Имено, било каква ини­ ци­јатива во оваа сфера не смее да се затвори во проектите за изградба на социјални станови во државна соп­ стве­ност наменети за специфични цел­н­ и групи, туку да се отвори за ин­те­грал­ ен пристап кон намалување на си­ром­ аш­ ти­јата и социјалната ис­клуч­ е­ност во до­ му­вањето. Во оваа смисла, долгорочните цели тре­ба да вклучат – од намален степен на супстандардни услови на домување, изразени преку недостаток на комунални приклучоци и друга инфраструктура, не­ ква­литетна и небезбедна конструкција, преку намален степен на пренаселеност на домот, изразена во потпросечна корисна станбена површина по член на домаќинството, до сузбиена про­ сторн­ а сегрегација на етничките и дру­ ги видови заедници, како последица на постојни културни и социјални ма­ три­ци. Намалениот ризик од загуба на станарскиот статус заради правна несигурност, како резултат на промена или доследно спроведување на ре­ гу­лативата од областа на градбата и областа на просторното и урбанистичко планирање, исто така треба да се вброи меѓу долгорочните цели. Независно од нив, определен фокус на социјалното домување, со прецизен опис и дефинирање на целната група, останува неминовна алтернатива на веќе воспоставената пазарна логика и механизми во овој сектор, при што интегралниот пристап би бил обезбеден преку комплексни механизми: од прецизно дефинирање и распределба на актерите, улогите и одговорности во секторот на социјално домување- со вклучување на локалната јавна ад­ми­ ни­страција, невладиниот и де­ловниот сек­тор, до дефинирање претпоставки, механизми и институции за капитално финансирање на социјалното домување и постигнување развиен социјален стан­ бен фонд кој ќе вклучи фискални ме­ ха­низми и носители, како и социјално мо­тивирани инвеститори или јавноприватни партнерства. Тоа, секако, нема да биде возможно без формирање и дефинирање на права и одговорности на регулаторно тело за социјално домување, кое, потоа, ќе обезбеди лиценцирање на обезбедувачи на услуги на социјално домување, посебно дефинирани видови на услуги и стандарди за минимум квалитет и, секако, кредибилна и транспарентна постапка за стекнување и губење на правата на користење социјален стан. 525 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Литература: Bhalla, Ajit and Frederic Lapeyre(1997)“Social Exclusion: Towards an Analytical and Operational Framework”, in Development and Change, Vol. 28, pp. 413-433, London: Blackwell Publishers Државен завод за статистика на Република Македонија(2005), Вкупно население, домаќинства и станови според територијалната поделба на Република Македонија од 2004 година, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2009а), Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2008, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2009б), Градежништвото во Република Македонија 2004-2008, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2010а), СООПШТЕНИЕ: Во 2009 процентот на сиромашните изнесува 31,1%, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2010б) СООПШТЕНИЕ: Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2010 г., Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2010в), СООПШТЕНИЕ: Зголемен бројот на склучените и разведените бракови во 2009 година, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2010д), СООПШТЕНИЕ: Бројот на станови во државна сопственост во Република Македонија на крајот на 2009 година изнесува 5.657, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Државен завод за статистика на Република Македонија(2010д), СООПШТЕНИЕ: Бројот на бесправно изградени објекти на територијата на Република Македонија во 2009 година изнесува 1.818, Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија Канцеларија за контакт помеѓу НВО и Собрание на Р. Македонија(2007), Анализа на Иницијатива за легализација на дивоградбите, Скопје: Канцеларија за контакт помеѓу НВО и Собрание на Р. Македонија, достапно на: http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=1900&gid=111&tid=3&page=analysis.php Ministerial conference on informal settlements in South Eastern Europe(2004), Vienna Declaration on Informal Settlements in South Eastern Europe, Vienna: OSCE Hofburg, 28 September – 1 October 2004, достапно на: http://www.stabilitypact.org/housing/f%20-%20050415_Vienna%20Declaration.pdf Министерство за транспорт и врски на Република Македонија(2007), Стратегија за домување на Република Македонија(2007-2012), Скопје: Министерство за транспорт и врски на Република Македонија, достапно на: http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=612 Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија(2010), Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020, Скопје: Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија, достапно на: http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=BD66FCC3A7FBCB47AB9150CBFECD2C96 Rodgers, Gerry(1995),“What is Special about a Social Exclusion Approach”, in Social Exclusion: Rhetoric, Reality, Responses, edited by Gerry Rodgers, Charles Gore, and Jose Figueiredo, Geneva: International Institute for Labour Studies. 526 СТАТИИ Д-р Зоран Костов Sen, Amartya(2000), Social Exclusion, Concept, Application, Scrutiny. Social Development Papers No. 1, Asian Development Bank: Office of Environment and Social Development, достапно на: http://www.adb.org/documents/books/social_exclusion/social_exclusion.pdf Silver, Hilary(1995),“Reconceptualizing Social Disadvantge: Three Paradigms of Social Exclusion”, in Social Exclusion: Rhetoric, Reality, Responses, edited by Gerry Rodgers, Charles Gore, and Jose Figueiredo, Geneva: International Institute for Labour Studies. Службен весник на Република Македонија(2009), Одлука за распределба на социјалните станови, како и условите за нивно користење изградени со програмата за изградба и одржување станови сопственост на Република Македонија, Скопје:„Службен весник на Република Македонија“, бр. 96/2009 „Службен весник на Република Македонија“(2009), Закон за домување, Скопје: Службен весник на Република Македонија бр. 99/2009, достапно на: http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=4647&gid=93&tid=1&page=documentlaws.php Todman, Lynn(2004), Reflections on Social Exclusion, paper, Italy: University of Milan, Department of Sociology and Social Research Turok, Ivan(2008)“Housing and Social Inclusion: A UK Perspective”, presentation at AHURI Annual Conference, October 7th, 2008, Melbourne: Australian Housing and Urban Research Institute UNECE(2000),“Total number of dwellings completed per 1000 inhabitants in 1990, 1995, 1997 and 1998”, in Bulletin of Housing and Building Statistics for Europe and the North America 2000, достапно на: http://www.unece.org/hlm/prgm/hsstat/00pdf/H12.pdf World Bank(2005), FYR of Macedonia Poverty Assessment for 2002–2003, Poverty Reduction and Economic Management Unit, Europe and Central Asia Region, достапно на: http://go.worldbank.org/9BXYN8WMO0 Habitat for Humanity Macedonia(2004) Housing Need Assessment Macedonia(2005), Skopje: Habitat for Humanity Macedonia Hulse, Kath(2008),„Understanding the importance of home and place as the foundation stone for social inclusion”, presentation at AHURI Annual Conference, October 7th, 2008, Melbourne: Australian Housing and Urban Research Institute CRPRC Studiorum(2003), Report on Poverty Housing in Europe and Central Asia, Skopje: CRPRC Studiorum, достапно на: http://studiorum.org.mk/en/?p=242 527 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Understanding, characterisation, clasification and indicators for the social exclusion in the housing in RM Summary This paper elaborates on the social exclusion in housing sector as a complex social phenomenon with its own characterization, classifications and indicators – all in strong correlation with other forms of social marginalization. Based on the approach elaborated in this paper, the social exclusion related to the housing is a consequence of three fundamental barriers – economic, socio-cultural and legal, which at the same time are related to the persons that are facing the social exclusion in this segment, and to the living quarters and locations that are segregated as a result of a given set of social circumstances. While lacking precisely developed indicators for measuring the social exclusion in the housing sector, this paper is presenting points that refer to the substandard and poverty housing, limit the access to a home and to the financial sources for improvement of the housing, or imply legal insecurity resulting from the informal character of the housing. Understanding the social housing as a compensating mechanism of the social exclusion in the housing sector is also of interest to this paper. It is observed that in Macedonia, this concept is understood in various ways, with risks of misinterpretation, but also, that the normative framework for the housing sector which is in development, is expected to envision beyond the projects for the construction of state-owned social dwellings for specific population groups, that way enabling a perspective for the integrated approach towards poverty reduction and social inclusion in the housing sector. Key words: housing, social exclusion, poverty, social housing 528 Проф. д-р Али Пајазити 364.612-78-24(497.751) М-р Агрон Рустеми Факултет за jавна администрација и политички науки ЈИЕ – Универзитет, Тетово Домувањето во руралните општини во РМ: Примерот на Желино Резиме: Домувањето отсекогаш имало големо значење во социјалната политика како фактор којшто е директно поврзан со квалитетот на живеење на населението, нивното општо здравје и функционирање. Во статијата се анализираат различните теоретски пристапи на поимот домување, се фокусира важноста на квалитетот на домувањето за нормален рурален и урбан живот, се дава и еден социолошки осврт врз улогата на домувањето во општата благосостојба на населението. Во текстот освен општиот дел се анализира и квалитетот на домувањето во Република Македонија, со посебен осврт на општина Желино која се наоѓа во Полошкиот регион и во подножјето на планината Сува Гора. Општината е составена од 17 населени места(села) со вкупно 24.390 жители (податоците се земени од последниот Попис од 2002 г.). Се употребува акционо истражување, што подразбира анализа на статистички податоци кои се надополнуваат со емпириското истражување на терен, преку анкетирање и интервју за тоа колку населението во овој регион е задоволно од условите на домување, дали и колку е задоволно со другите фактори коишто директно имаат влијание врз квалитетот на домувањето, како што се: патиштата, уличното осветлување, канализацијата, електричната енергија, итн. Имајќи предвид дека се работи за општина којашто се простира на 199 км², во која некои од селата се во планински предели и физички се поизолирани од другите села, се истражува и фактот дали и колку општинските власти се спремни да му обезбедат еднакви услови на ова население, наспроти населението што живее во подостапните делови на општината. Темата е актуелна затоа што директно е поврзана со квалитетот на живеење на дел од населението во Република Македонија, што може да го привлече вниманието како на научните кругови, така и на пошироката јавност. Клучни зборови: домување, oпштина Желино, населени места, квалитет на домување. 529 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Вовед Како што популацијата на земјите во раз­вој станува поурбана, нејзините потреби за тоа што го чини добриот живот се зголемуваат(Ацески, 1995: 438), па така, новите генерации имаат повисоки барања во врска со квалитетот на живот(quality of life). Луѓето кои жи­ веат во економии во транзиција, обично имаат понизок квалитет на живот и се помалку среќни од оние кои живеат во развиени пазарни економии, дури и кога се земаат предвид разликите во материјалните стандарди на живеење. Денес, Република Македонија сé уште се наоѓа во процес на незавршена тран­ зи­ција, граѓаните се соочуваат со разни про­блеми, меѓу кои се и тие од сферата на домувањето. Домувањето е синоним за засолниште, жи­веалиште, особено живеалишта обез­ бедени за една заедница или за одреден број на луѓе(Britannica, 1983, vol. V: 155), колективни домови, обезбедување дом за група, како за голем прилив на работници, сé што покрива или заштитува(Webster, 1986: 928). Низ историјата, човекот го следи потребата од дом или куќа. На секој човек му е неопходно место за спиење, простор каде што ќе ја врши основната лична хигиена, извор на вода, на храна, и простории каде што ќе приготвува храна. Повеќето луѓе живеат како дел од семејството, во место наречено дом (Ален, 2008: 32-34). 1. Теориски пристап: Домување? Домот e местото каде што човекот: се храни, спие, каде што ги чува нештата што ги поседува и каде што се заштитува од разните природни непогодности.„Домот е место за одредени видови работи, извршени од страна на членовите на семејството, занимавањето со хоби, пишување писма, чистење и поправање работи, водење финансиски работи. Домот, исто така, е место за игра и забава со пријателите... Треба да биде безбедно, пријатно место, исполнето со работи од нечиј живот, понекогаш затворено и приватно, а понекогаш отворено за пријатели, зависно желбите на нејзините станари“(Ален, ibidem). Човекот својот дом секогаш го замислува како сигурно ме­сто, како свое прибежиште. Единката и семејството својот дом го сметаат и ка­ко дел од идентитетот, т.е. тие се иден­т­ ификуваат со својот дом: со про­ стран­ оста, комоцијата, естетиката, хигиената на својот дом, со нештата коиш­ то го разубавуваат домот, со ме­ сто­п­ оложбата на својот дом, стилот на градбата, итн. Со напредокот на чо­ве­ ковата цивилизација и технологија до­­ мувањето или својствата на домот, за­ зе­маат многу важна позиција(Jackson & Southers, 1993: 17-22). Функциите на руралните и урбаните населени места, меѓудругото, се огледаат и во задоволувањето на основните чо­ ве­кови потреби за егзистенција(во гер­ ман­ската терминологија: Daseinfunktionen des Menschen, Partzsh, 1970), а меѓу тие категории се: домувањето, снабдувањето, одморот, патувањето и комуникациите. 530 СТАТИИ Проф. д-р Али Пајазити, М-р Агрон Рустеми Илустрација бр. 1. Шема на основните човекови потреби за егзистенција(Partzsch, 1970, во Vresk, 2002:37) Домувањето е една од круцијалните компоненти на човековиот живот, којашто влијае врз начинот на организирање на животот, модус вивенди, но и од аспект на самореализација и самоперцепција на секоја единка. Напредните модерни општества на оваа социјална димензија ѝ придаваат голема важност, сметајќи ја за право, а не за привилегија. До­ му­вањето е регулирано и во ме­ѓу­ на­родните конвенции, меѓу другото и со членот 25(а) од Универзалната де­кларација за човекови права на ООН:„Секој има право на стандард на живеење којшто ќе биде адекватен за неговото здравје и благосостојба и здравјето и благосостојбата на неговото семејство, вклучувајќи ја: храната, обле­ ка­та, домувањето и здравствената заш­ ти­та, како и задолжителни социјални служби, правото на заштита во случај на невработеност, болест, инвалидност, развод, како и во случај на недостаток на услови за живот“. Домувањето како човеково право е реафирмирано и со членот 11 од Меѓународната повелба (пакт) за економски, социјални и кул­тур­ ни права(1966)(CESCR, 1991). Во сферата на социологијата постои една гранка наречена социологија на домувањето. Природата на домувањето како физички артефакт, нејзината про­ сторна дистрибуција и условите за вла­деење(физички, правно и фи­ нан­сиски) се под големо влијание на општествените структури и процеси. Во социологијата на домувањето можат да се идентификуваат пет сфери на студирање:(1) влијанието на културата и социјалните поделби(клас, 531 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 род) во дизајнот на домувањето;(2) како социјалните структури и процеси влијаат врз поделбата на разните со­ циј­ални групи во резиденцијалните ло­ кации;(3) како физичката природа на до­мувањето и на просторните релации помеѓу единиците на домување влијае врз индивидуалните домаќинства;(4) како детерминантите на домувањето вли­јаат во разните видови општества(со­ цијалистички, капиталистички, во развој) врз развивањето на сивата економија, по­литичките процеси и општествени дви­жења;(5) улогата на домувањето врз креирањето на трајни општествени поделби или општествена солидарност, вклучувајќи ги истражувањата: за со­ од­носот помеѓу домувањето и класите, општеството, статусот, родот, расата или формите на консумирање.(Scot& Marshall, 2005: 278) 2. Домување во РМ Според податоците на Светската банка во врска со условите за живот во РМ за 2002-2003, над 90% од домовите биле во сопственост на граѓаните(се приватизирани), без разлика на нив­ни­ от социјален статус(сиромашни или бо­гати), податок сличен со другите тран­зициски држави. Во тој период, условите за домување се разликувале помеѓу сиромашните и несиромашните. Сиромашните живееле во позбиени живеалишта(14 м², наспроти 21 м² по жител). Истото истражување покажува дека најголемиот број од домовите во РМ имале пристап до вода, канализација и електрична енергија, а одреден број домаќинства немале ниту кујна или бања (види Табела 1).(Катсу, 2005: 30-31) Табела 1. Услови за домување Изнајмувањето дом било скапо за многу луѓе, што претставува проблем особено за младите семејства и мигранти; станбениот фонд се влошувал и не бил добро одржуван, а субвенциите за домување биле лошо таргетирани. Во земјата има околу 100 субстандардни населби во кои живеат околу 274.000 жители.(Катсу, 2005: 55) 1 Според едно поново истражување на УНДП и Универзитетот на Југоисточна Европа, насловено„Граѓански засновани анализи: Извештај за квалитетот на социјалните услуги”(People Centred Analyses)(Види: Бартлет, 2010) засновано врз резултатите од анкетирањето на домаќинствата извршено во септември 2009, со репрезентативен примерок со 1.000 домаќинства од целата држава, по­ големиот дел од испитаниците(85,5%) живеат во куќи, додека само 13,8% во станови. Наодите зборуваат де­ка 1 Најголеми субстандардни населби има во Скопје: Шуто Оризари, Серава, Гази Баба, каде што живеат етнички Pоми и Албанци. Такви примери има и во Радовиш(5 населби со 5.800 жители), Прилеп(2 населби со 14.000 жители) и Струмица(три населби со 6.800 жители).(Катсу, 2005: 55). 532 СТАТИИ Проф. д-р Али Пајазити, М-р Агрон Рустеми проблемот на домување сé уште е при­ су­тен кај нас(шестмина изјавиле дека жи­веат во колиби или импровизирани ку­ќи). Во 2004 година, Министерството за труд и социјална политика одобри про­грама за поддршка на луѓе исклучени од општеството, вклучувајќи: зависници од дрога, сираци, жртви на семејно насилство и бездомни луѓе(Види: mtsp. gov.mk). Но, по сé изгледа, проблемот не е решен целосно. Табела 2. Каде живеат испитаниците? На прашањето„Што од наведеното најдобро го опишува Вашето жи­ве­али­ ште?“(сопственост без хипотека, соп­ ствен­ ост со хипотека, потстанар, плаќа стан­ арина во социјални/хуманитарни/ оп­штински станови, сместувањето е обез­бедено без плаќање станарина, жи­веалиштето не е во сопственост на испитаникот или на друг член од до­ ма­ќинството), 90,8% одговориле со „сопственост без хипотека”, додека само 2,7 рекле дека се потстанари, што зборува дека македонскиот граѓанин повеќе сака сопствен дом, т.е. има психолошка аверзија кон станарината, потстанарството или туѓата сопственост. Со зголемувањето на нивото на обра­ зо­вание, луѓето преферираат живот во стан(6,5% од испитаниците со ос­ нов­но образование, наспроти 23% на оние со високо образование). На пра­ ша­њето„Дали секое дете има своја соба(која не ја дели со никого)?”, скоро 1/3 одговориле со„не“, што значи дека обичниот граѓанин на РМ се соочува со проблем на обезбедување на основните животни услови за своите деца. На прашањето во врска со проблемите со живеалиштето, околу 1/3 од граѓаните на РМ се жалат на недостаток на простор. Само 39,1% од испитаниците рекле дека секое дете има своја соба, 1/4(24,9%) се жалат на оштетени прозорци, врати или подови, нешто повеќе се жалат на влага на ѕидовите или подовите(27,5 %), 1/5 на протекување на покривот, 1/4 на прекумерна врева од соседите или улицата, 11% немаат чиста вода од чешма. Струјата не е проблем, ја има скоро на 99% од територијата на др­жавата, 75% од граѓаните имаат фиксна телефонија, но ситуацијата е катастрофална кај централното греење, само 7,1% од граѓаните користат таква услуга, 22,8% користат канализација. 3. Oпштина Желино и домувањето Илустрација бр. 1- Грб на општината Желино Желино и 17 други селски населени места ја формираат општината Желино, којашто се простира на 199 км² и спо­ ред Пописот од 2002 година, има око­ лу 24.390 жители(121,32 жители на км²)(Попис, 2002, Книга 2: 42). Од ге­ 533 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 о­графски аспект гледано, Желино му при­паѓа на Долен Полог, од десната страна на реката Вардар, со Сува Гора, стигнува сé до реката Треска. Оваа општина е формирана со првата територијална поделба, односно во 1996. Според морфолошката структура, на територијата на општината има низински и ридско-планински населени места. Се граничи со општините: Тетово, Брвеница, Јегуновце, Самоков, Сопиште и Сарај. Населени места кои се дел од оваа општина се: Желино, каде се наоѓа и седиштето на општината, Стримница, Долна Лешница, Горна Лешница, Тре­ бош, Палатица, Озурмиште, Дебарца, Груп­чин, Чифлик, Лaрце, Копачиндол, Ново Село, Рогле, Мерово, Луковица, Седларево и Церово. Овие села се на­ се­лени, главно, со албанско етничко на­ се­ление(99%) и мал број Македонци и други. Илустрација бр. 3- Географска позиција на граѓаните во работата на локалната самоуправа(Јашари, 2008). Според Пописот од 2002 година, оп­ штина Желино имала 5.226 до­ма­ќин­ ства, со 5.325 станови(сите видови на живеалишта). Најголемиот дел од домаќинствата живеат во 4, 5 и 6-члени семејства(3.108 домаќинства). Ста­тис­ тичките податоци покажуваат дека нај­ распространети се семејствата со 4 члена, но, исто така, постојат и семејства кои имаат повеќе од 10 члена(97 семејства), што покажува дека традиционалното проширено семејство сé уште е присутно кај населението на оваа општина(Попис 2002, Книга 3: 115). Значи, оваа општина видно се разликува од некои во Источна Македонија, каде вакви семејства се апсолутен раритет или воопшто ги нема (повеќе од десет члена имаат: во Штип, со 47.796 население, само 9 семејства, во Кочани, со 18.497 население, само пет семејства, Свети Николе, со 33.689 население, само две семејства). Во однос на седиштето на локалната самоуправа, дел од населението смета дека тоа е многу далеку и пристапот е особено отежнат во зимски и летни услови, при екстремни температури. Проб­ лемите од овој аспект треба да се над­минуваат преку начинот на добро владеење и поголема партиципација Вкупната површина на становите во оваа општина изнесува 407.543 м², по­вршината на станови населени со ин­дивидуални домаќинства изнесува 391.266 м², индивидуални домаќинства има 5.226. Предничат становите од 15,10- 20,00 м² по лице(1.140), потоа следуваат оние од по 12,10 до 14 м², а има и станови од по 53 м² по лице. Просечната станбена површина по член на домаќинство изнесува 16,04 м², факт што покажува дека овој просек е меѓу најнискиот во државата. Понизок просек на м² по глава на жител имаат само: Студеничане(12,92 м²), Шуто Оризари, (13,19 м²), Арачиново,(14,09 м²), Сарај (14,58 м²), Чаир(14,92 м²), Сопиште(15,42 м²) и Чучер-Сандево(15,61 м²)(Попис, 534 СТАТИИ 2002, Книга 3: 51). Ако ги споредиме овие податоци со оние во Карпош(22,76 м²), Гевгелија(23,68 м²), Струга(24,24 м²) и Ресен(27,94 м²), ќе заклучиме дека постои голем јаз во однос на условите за домување помеѓу разните општини во РМ. Просекот на м² по глава на жител во општина Желино е низок споредено со просекот во некои западноевропски држави(за 2007), како: Австрија(50,39 м²), Шведска(43,6 м²), Германија(41,3 Проф. д-р Али Пајазити, М-р Агрон Рустеми м²) и, особено, Луксембург, кој од овој аспект има највисоки стандарди,(65,9 м²), кои тешко можат да се достигнат. (statinfo, 2010) Интересен е фактот дека просторноста на становите во споменатата општина е на рамниште на некои од бившите комунистички земји, како Словачка(17,6 м²), а малку повисока од некои други(како Романија, 14,09, Бугарија, 14,6 м²)(statinfo, 2007). Табела 2. Станови според опременоста со помошни простории и видот на сопственоста(опременост со помошни простории) Извор: Попис на населението, до­ма­ќин­ ствата и становите во Република Ма­ кедонија, Републички завод за ста­тис­ тика, дефинитивни податоци, 2002. Од Табелата се гледа дека околу по­ ло­вината од становите имаат тоалет над­вор од станбените простории, факт којш­ то зборува за лоши услови за живот. Уште позагрижувачки е бројот на станови - 179, со бања надвор од станот. Бројот на станови во општина Желино е 5.304, со површина од 406.359 м², 17.217 соби, 538 станови имаат мали кујни(до 4 м²), 2.944 станови имаат кујни од 5-10 м², додека 126 станови имаат кујни од 17-20 м², и 58 со над 20 м². Од населени 5.123 станови(од кои 5.102 се во приватна, а 21 во државна сопственост),(Попис 2002: 210). Значи, апсолутниот број на станови се во приватна сопственост. Во општина Желино има 202 ненаселени станови, што е мал број споредено со оној во другите општини, како: Виница 499, Богомила 734, Берово 2.081, Делчево 1.728, Крива Паланка 2.979 (Попис од 2002, Книга 3, 113-117). Од 5.226 станови, само 2 се во државна сопственост, 1 приватна сопственост (цел стан), 31 се корисници на дел од станот, социјални станови нема, и 106 се од сродство. Овие податоци, споредени со оние во другите општини каде што има многу повеќе социјални станови (Пробиштип 5, Македонска Каменица 5, Делчево 6, и интересен е фактот дека Другово со 1.152 домаќинства има 3 социјални станови) зборуваат дека државата во ова подрачје не ја игра улогата на вистинска социјална држава. Од 4.156 згради кои ги има во општина Желино, поголемиот дел се сочинети од еден стан(3.233), иако има и со по два(720), три(165) и четири стана(34). Со десет, или повеќе станови нема ниту една зграда во оваа рурална општина, што е и нормално. Станови 535 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 за одмор и рекреација и станови кои(3.597), еднокатните(510) и двокатните се користат за време на сезонските(49), петкатни и повисоки згради нема. работи во земјоделството(вкупно 21), Поголемиот дел од становите- 4.224(од се со површина од 1.184 м 2 , од кои: 3 вкупниот број 5.325), се изградени во се еднособни, 11 двособни и 7 со три периодот 1971-1999, но има и 17 кои се или повеќе соби. Во однос на бројот на изградени до 1919 година и 27 од 1919катови, доминираат приземните куќи 1945 година. Табела 4. Згради според материјалот од кој е изграден системот на носивост Од горната Табела се гледа дека во оваа општина како градежен материјал се преферира бетонот и армираниот бетон, тулите, но има и доста куќи кои се изградени од камен. Водата за пиење е conditio sine qua non, една од основните потреби на човекот. Во општина Желино преовладува системот на снабдување со вода од сопствен хидрофор(3.324 домаќинства од вкупно 5.226), потоа од копан бу­нар (586) улична јавна чешма(400 до­ма­ ќин­ства), дупчен(цевен) бунар(219), од чешма од двор приклучена на јавен во­довод(184), улична јавна чешма со во­да од јавен водовод(74), а што е чудно, дури 62 домаќинства пијат вода од несреден извор и две домаќинства ко­ристат вода која ја земаат директно од езе­ро и едно од пештера, понор или јама со вода. 2 (Попис 2002, Книга 3: 181). При ис­тражувањето спроведено во 2008,(во тимот на експерти учествуваа и авторите на оваа статија), се дојде до сознание дека во неколку населени места од оваа општина, проблемот со водата се јавува како еден од главните во врска со приоритетите за развој, 3 вклучувајќи ја и потребата од воведување канализација, потоа отворањето нови работни места, и др.(Јашари, 2008) 536 СТАТИИ Проф. д-р Али Пајазити, М-р Агрон Рустеми Заклучоци Република Македонија поминува една фаза на(пре)долга транзиција со социоекономски турбуленции коишто генерираат негативни рефлексии во сферата на секојдневниот живот, особено кај најнискиот општествен слој, т.е. ранливата популација. Во светлото на тешката општествено-економска ситуација со која се соочени многу домаќинства, еден од приоритетите на Владата треба да биде интензивирање на борбата против социјалната исклученост. Гледано генерално, од горенаведените интерпретации и евалвации, констатираме дека општината Желино има сериозни проблеми во сферата на домувањето, коишто директно влијаат врз квалитетот на животот, како и врз здравјето и перформансите во градењето на стабилно општество од аспект на субјективна и објективна благосостојба. Како општи заклучи може да ги споменеме следните: • Релативно сиромашно, кое ја вклучува и инфраструктурата и физичките проблеми поврзани со домувањето • Граѓаните имаат аверзија кон станарината, потстанарството или туѓата сопственост • Недоволниот простор на домовите е една од ранливите категории на оваа општина • Голем е бројот на членови кои живеат под ист покрив • Недостатокот на социјални станови е евидентен • Канализацијата и водата за пиење се акутни проблеми • Треба да се инвестира во уличното осветлување • Санитариите, т.е. голем број семејства имаат бањи и тоалети надвор од домот • Општината има големи можности за развиток, особено ако се реализира проектот на Владата за индустриската зона во Тетово. На крајот, наша сугестија е државата да инвестира повеќе во ова подрачје, да се зголемат инвестициите за домување и комунални услуги, но, исто така, и локалната самоуправа и граѓанските иницијативи да аплицираат во разни меѓународни фондови за да се подобри квалитетот на живот. Претходно е важно да се прават перманентни анализи и планови за целисходни акции. 2 Завод за статистика(2002) Попис 2002, Книга 3: 181 3 Во поедини села постои редукција на водата, од 24 часот навечер, до 5 часот наутро и од 11- 18 часот во текот на денот. Во некои делови од населените места вода има многу ретко. 537 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Литература Ален Е.(2008) Како функционираат градбите: Природниот ред на архитектурата, трето издание, Скопје: Арс Ламина. Ацески, И.(1995) Социологија на градот, Скопје: Универзитет„Св. Кирил и Методиј“. Бартлет В. и другите(2010) Граѓански засновани анализи, Скопје: ЈИЕУ& UNDP. Givon, B.(1969) Man, Climate and Architechture, New Yor: Elsevier. Encyclopedia Britannica(1983), том V. Jackson, N. and Southers, C. L.,„Housing and family well-being: A classroom approach to examining resource availability”. Journal of Home Еconomics. 85(2). Јашари Х. и други(2008) Социо-економски развој на руралните општини Желино, Сарај и Чучер-Сандево, Тетово(необјавен текст). Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија(2002) Републички завод за статистика, дефинитивни податоци, Книга 2 и 3. Random House Webster’s Unabridged Dictionary, 1986: New York, Scot Ј.&Marshall G.(2005) Dictionary of Sociology, New York: Oxford University Press Inc. Vresk M.(2002) Grad i urbanizacija, Zagreb: Školska кnjiga. Шигео, К.(2005), ПЈР Македонија: Проценка на сиромаштијата за 2002-2003, Скопје: Светска банка. CESCR General Comment 4: The right to adequate housing”. UN OHCHR. 1991-12-13. http://www.unhchr.ch/tbs/doc.nsf/(Symbol)/469f4d91a9378221c12563ed0053547e?O pendocument. Retrieved 2008-06-02 http://civilliberty.about.com/od/equalrights/f/Housing-Human-Right.htm http://www.annualreviews.org/doi/pdf/10.1146/annurev.so.06.080180.002325 http://www.zhelina.gov.mk/perne.asp http://www.zhelina.info, посетено на 23.11.2010. http://statinfo.biz/Data.aspx?act=1762&lang=2, посетено на 25.11.2010. 538 СТАТИИ Проф. д-р Али Пајазити, М-р Агрон Рустеми Prof. d-r. Ali Pajaziti M-r. Agron Rustemi Faculty of Public Administration and Political Sciences SEE – University, Tetovo HOUSING IN RURAL COMMUNITIES IN MACEDONIA: THE CASE OF ZELINO Summary Housing has always been important factor in social policy that is directly related to the quality of life of the population, their general health and functioning. The article analyzed different theoretical approaches to the concept of housing, examines the importance of quality housing in rural and urban areas, this paper presents a sociological emphasis on the role of housing in the general welfare of the population. In this paper is going to be analyzed the quality of housing in the Republic of Macedonia with a special focus on Zelino municipality located in Polog region and at the foot of the mountain Suva Gora. The municipality is composed of 17 villages and a total 24.390 people(data are taken from the last census of 2002). We will use action research that involves analysis of statistical data which will be supplemented with empirical research in the field through surveys and interviews about how the population in this region are satisfied with their housing conditions, whether and how satisfied the other factors that directly have impact on the quality of housing as a drinking water, street lighting, sewerage, electricity etc. Given that a municipality which is extended to 199 km² where some villages are in mountainous areas and who are physically are more isolated from other villages, which explores the fact whether and how local authorities are willing to provide equal conditions of this population versus the population living in more available parts of the municipality. The topic is relevant because it is directly related to the quality of life of the population living in Macedonia, which may attract interest as in scientific circles also and in public ones. Key words: housing, Zelino, municipalities, quality housing 539 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Дипл. политиколог Елвис Мемети Министерство за труд и социјална политика Советник во Одделението за имплементација на Стратегијата и Декада на Ромите 364-787.9(497.7:=214.58) Состојби и предизвици во домувањето кај ромската популација во Македонија: Искуства од спроведувањето на НАП за домување од Декадата за вклучување на Ромите Резиме Според термините коишто често ги користиме- пристапот е веќе познат(про­ цес, проект, акциони планови, национална стратегија, социјално домување, ром­ска декада, инклузија, интеграција). Ваквиот опишан пристап ја олеснува ви­зијата тогаш кога сакаме да го опишеме она што треба да биде наспроти она што навистина е! На почетокот на одминувањето на 5 години од Декадата на Ромите, оче­ку­ ва­њата кај ромската заедница се големи(значителен процент од Ромите слу­шнале за Ромската декада, но реално мал број од нив ја познаваат суш­ тината на процесот којшто трае), наспроти реалните очекувања кои сраз­ мер­но растат со сé поизразените проблеми од приоритетните области на Де­кадата на Ромите- со посебен акцент на домувањето и инфраструктурата на населбите каде што живее ромската заедница. Сé почести се прашањата од типот: што е направено овие 5 години; како ќе се одвива натамошниот процес; дали домувањето останува и натаму нај­тешката алка во справувањето со проблемите со коишто се соочува ром­ската заедница; дали издвојувањето на националните средства за им­ пле­ментација на акционите планови ќе ја поттикне реализацијата, со што ефек­тите ќе ги почувствува ромската заедница врз сопствена кожа. Натамошниот текст претставува осврт, коментар и информации од спро­ве­ду­ вање на активностите од областа на домувањето, со акцент на ромската по­ пу­лација(деца, жени, самохрани родители, бездомници): изградени домови кои не се вклопени и не можат да се вклопат во ДУП и ГУП, диви населби и гета, вдомени домаќинства, инф­ раструктурата во ромските нас­ ел­би, 540 СТАТИИ Дипл. политиколог Елвис Мемети социјалното домување, стан­бените субвенции, квалитетот на домувањето, како и активности на коишто ромската заедница, во конт­ екстот на ромската Декада, евен­туално, би можела да се на­де­ва дека ќе донесат одредени по­местувања во реализацијата на пла­нираното. Наспроти реалната дис­ крепанца помеѓу идејата и прак­тиката, ромската популација жи­вее со идејата за соодветен дом со стандардни услови за жи­в­ от надвор од улицата и мар­ гинализираните населби, во прак­ти­ката се реализира воз­мож­ното. Вовед Поттикната од иницијативите на Свет­ ска­та банка и Институтот Отворено оп­штество во текот на 2003/2004, Владата на Република Македонија се приклучи кон процесот наречен Декада за инклузија на Ромите. Во исто време, за­ради аспирациите на државата за влез во Европската Унија, паралелно се градеше Национална стратегија за Ромите, Национални акциони пла­но­ви. Со тоа, беа воспоставени сите инс­ти­ туционални аспекти за да започне про­ це­сот на имплементација. Декадата за инклузија на Ромите, од февруари 2010 год. е влезена во својата втора половина на имплементација. Во овие, скоро пет години на процесот на подготовка на институционализација на НАП, Локални акциони планови, ре­ ализација на споредни проекти, поли­ тич­ки превирања, координација, сепак отсуствуваат активни конзистентни сис­ тем­ атски политики за имплементација на активностите предвидени во НАП. Рака под рака со образованието, вра­ бо­т­ увањето и здравствената заштита, до­мувањето како една од четирите области на НАП претставува едно од горливите прашања со кои се соочува ромската заедница. Ова го потврдуваат извештаите на бројни меѓународни институции. Еден од важните извештаи кои зборуваат за ова е Акциониот план за подобрување на состојбите на Ромите и Синтите во областа на дејствување на ОБСЕ од 2003 година. 4 Меѓусебната поврзаност на домувањето со другите области е голема, бидејќи лошите субстандардни услови често водат кон здравствени проблеми, без со­одветно домување тешко се доаѓа до квалитетно образование, а без обра­з­ ование тешко се наоѓа соодветно вра­ботување. Со оглед на причинскопоследичните врски помеѓу домувањето и останатите области, од клучно зна­ че­ње е пристапот во решавањето на прашањето на соодветно домување на ромската заедница. Аналогно на акционите планови за до­ му­вање, Владата на РМ се обврза на по­добрување на животниот стандард на ромското население со повеќе мер­ ки, од легализирање на дивоградби, вклу­чување во социјални програми за обез­бедување живеалишта(социјални ста­нови), до распределба на државно зем­јиште за новоградби кои ќе бидат со легален статус. Имајќи предвид де­ка токму проблемите на Ромите со домувањето најакутно се манифестираат во контекст на локалните прилики и услови на живеење, разбирливо е дека 4 2003, ОSCE Action Plan on Improving the Situation of Roma and Sinti within the OSCE Area. 541 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 успешноста на Националната стратегија првенствено е условена од нејзината практична реализација на локално ниво. Како резултат на тоа, одредени општини, каде што е сконцентрирано мнозинството ромско население, заедно со ромските невладини оранизации покренаа иницијативи за донесување на локални акциони планови, заради пренесување на активностите од цен­ трал­но, на локално ниво 5 . Меѓутоа, по­ ра­ди отсуството на посебни издвоени средства и ресурси за имплементација на ЛАП 6 , поголемиот дел од активностите ос­тануваат само на хартија. Домувањето, честопати, се поврзува и како една од причините за социјалната ис­клученост на ромската заедница. Имено, социјалната исклученост на Ро­мите води и до неискористување на бе­нефициите коишто низ програми и мер­ки произлегуваат од активностите на цен­тралната власт. Според податоците на ромските организации од терен, дел од ромските семејства не успеваа да ја приложат потребната документација (последна платена сметка за електрична енергија или, пак, нерегулирани правносопственички односи на домовите, пре­ сто­јување во живеалишта под наем, ка­ де што односите со газдите не се со­од­ ветно регулирани), што е, можеби, ед­на од причините што дел од ромската за­ ед­ница не може да биде корисник на суб­венциите. Додека добрите на­ме­ри остануваат на хартија, дел од на­ве­де­ ните примери може повторно да се ре­ пли­цираат во било која наредна ак­тив­ ност. 2. Актуелна состојба 2.1 Правна рамка Правото на домување е содржано во бројни меѓународни документи кои им наметнуваат на државите потписнички да преземаат активности со цел да се подобрат животните услови на сите лица кои не се во состојба да го остварат своето право на адекватно домување. Во Меѓународната конвенција за еко­ ном­ски, социјални и културни права, во Генералниот коментар бр. 4 од оваа Конвенција, Комитетот за економски, со­ циј­ални и културни права на Обединетите на­ции го дефинира поимот адекватно до­мување како: • Правна сигурност на сопственоста • Достапност на сервиси, материјали и инфраструктура • Достапност • Локација,достапностдовработување, здравство, едукација, детска заштита и други социјани бенефиции Одредбите содржани во овој документ и бројни меѓународни легални инструменти ја детерминираат и нашата нормативна рамка за обезбедување и заштита на правото на домување во Република Македонија. Во Република Македонија сé уште не постојат соодветни одредби во Законот за домување за дефинирање на поимот на адекватно домување, иако во рамките на Министерството за труд и социјална политика се подготвува и закон за социјално домување. Овој закон дополнително ќе го воспостави системот и начинот на остварување на 5 Spored Zakonot za lokalna samouprava( “ Sl. vesnik na RM “ br. 5, 29.01.2002) Nadle`nostite na op{tinite vo ramkite na domuvaweto se izdvojuvaat(Uralno i ruralno planirawe, Za{tita na`ivotnata sredina, Organizirawe i upravuvawe so komunalnata infrastruktura, vodosnabduvawe, uli~no osvetluvawe, transport, javna~istota). 6 ЛАП – Локални акциони планови. 542 СТАТИИ Дипл. политиколог Елвис Мемети социјалното домување, дефинирање на поимот, концептот и разбирањето на социјалното домување, со што би требало да се опфати и домувањето на најранливите категории на населението, меѓу кои спаѓаат и Ромите. Во законодавството на ЕУ, одделно во сите држави членки се регулира социјалното домување како дел од домашното законодавство(во дел од државите-членки на ЕУ постои систем на т.н. општинско домување, каде што општините ги дефинираат највисоките ренти за социјалните групи, условите за домување, и сл 7 .). 2.2 Тековна состојба на домувањето кај ромската заедница Општа констатација е дека условите во кои живее ромската заедница се мошне лоши, често под нивото на про­кламираните стандарди на со­од­ ветно домување. Често се работи за долгорочно населени населби со не­ јас­ ен сопственички статус 8 надвор од урбаното планирање, немаат основна инфраструктура и услугите на државниот сис­тем се тешко достапни. Според некои про­ценки, околу 70% од Ромите немаат до­кументи за сопственост на нивното жи­веалиште. Податоците говорат дека најголем број Роми во Македонија живеат во урбани населби(95%), при што побројно се сконцентрирани во посиромашните реони(гета) или во субурбани области. Според статистичките податоци и по­ да­тоците од Пописот на населението спро­веден во РМ во 2002 година 9 , нај­ го­лем дел од ромската популација со офиц­ ијално регистрирано живеалиште (околу 45%) живее во само 10 општини: Би­тола, Виница, Гостивар, Дебар, Ку­ма­ но­во, Кичево, Прилеп, Тетово и Штип. Во однос на регионалната дистрибуција на населението, важно е да се нагласи дека, речиси, исто толку живеат на територијата на градот Скопје(43,06%), а дури половината од нив, во општината Шуто Оризари. Ромите живеат во тешки услови за живот, со многу сиромашна и неразвиена ин­ фра­структура. Околу 28% од ромското на­селение живее во импровизирани до­мови, во сиромашни населби во кои по­стојат дивоградби или, пак, целата населба не е легално регистрирана, со крајно лоши, субстандардни услови, во големи семејства и повеќе лица во една просторија. Околу 50% од ромските домови немаат канализација и околу 61% немаат тоалет или бања внатре, во домот(УНДП 2003). Имајќи ја предвид актуелната состојба на ромската заедница во однос на домувањето, како и одминувањето на 5 години од регионалниот процес Де­­ ка­да на Ромите, перцепцијата, т.е. со­ гле­дувањата на заедницата за бе­не­ фи­тот од истиот процес е содржан и во последниот извештај на ДЕКАДНА СТРАЖА 2010, каде што ромските ак­ти­ висти го оценуваат напредокот од Де­ка­ да­та за вклучување на Ромите. Според истиот, најголемо подобрување во однос на домувањето и инфра­струк­ ту­рата, ромската заедница забележува кај уличното осветлување(околу 1/4 од испитаниците). По ова, подобрување се забележува кај уредувањето на улиците во населбите каде живеат Роми(14%), 7 http://www.cecodhas.org/index.php?option=com_content&task=view&id=75&Itemid=117 8 Spored posledniot neformalen izve{taj za~ovekovite prava, gra|anskite organizacii izjavile deka kaj Romite postojat okolu 14.000 slu~ai na nere{eni imotno-pravni odnosi. 9 Dr`aven zavod za statistika na Makedonija,„Statisti~ki godi{nik“ i Popis 2002. 543 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 а нешто помалку кај снабдувањето со вода(11%). Одредено подобрување има во однос на електричната мрежа, а најмало кај канализационата мрежа, зеленилото и јавните објекти. Најголем број од одговорите се дека состојбите, споредено со периодот пред пет години, не само што не се изменети, туку дури и се влошени. Во скопските општини, најголем приориет треба да се даде на зеленилото и јавни­ те објекти, а во Шуто Оризари, на про­ блемот со снабдувањето со вода. Од останатите општини, во Прилеп нај­го­ ле­мо внимание треба да се посвети на ка­нализационата мрежа, со оглед на тоа што 90% од испитаниците сметаат дека состојбата е влошена. Интервенции на електричната мрежа се неопходни во Кичево и Гостивар, а во Штип, Кочани и Де­бар треба да се работи на зеленилото и парковите. Во Куманово и Делчево како поголем проблем се посочува уличното осветлување, во Битола и Пехчево – уредувањето на улиците, а во Тетово – водоснабдувањето и уличното уредување.(Извадок: Декадна стра­жа 2010: Роми активисти го наб­ људуваат напредокот на де­ка­да­та за вклучување на ро­мит­ е 2005-2015). Според истиот Извештај, голем дел од испитаниците како најголем проблем го наведуваат и немањето на документи за сопственоста на нивните живеалишта. Токму поради тоа, честопати, немањето соодветна документација придонесува и за откажување од бенефитот на некои социјални услуги. Наспроти ваквите укажувања за оцен­ка на напредокот во областа на до­мув­ а­ње­ то, стојат и официјалните политики за ин­теграција и вклучување во рамките на Декадата и Стратегијата на Ромите. Во однос на состојбата на домување кај ромската заедница, како главен извор на информации се земени податоци и извештаи од граѓанските организации. Од страна на државата досега сé уште не се изготвени квантитативни податоци и систематски информации коишто би упатувале на одредена состојба на етничката заедница од аспект на до­му­ вањето, иако во Стратегијата на Ромите се истакнува потребата за прибирање на релевантни статистички податоци за најранливите категории кои се не­ до­волно покриени со досегашните мер­ки. Тоа, пак, од друга страна, го оне­возможува евалуирањето на по­ли­ тиките и програмите, развивањето на ин­дикатори кои ќе ја отсликаат мул­ тид­ имензионалната природа на со­ци­ јал­ната ексклузија и запоставеноста на одредени права на групите. Како и во други земји, така и во Република Македонија нема точни податоци за вкупниот број на Роми бездомници, нерегистрирани гета, иако постојат мерки и идентификувани проблеми прикажани во ревидираниот Национален акционен план за домување. Република Македонија во споредба со останатите земји беше лидер во процесот (прва земја којашто донесе национални акциони и оперативни планови во рам­ ките на Декадата и посебна Стра­ те­гија за Ромите во Република Ма­ ке­донија, којашто беше усвоена од Парламентот). Донесувањето на двата клучни документа дадоа добра основа за почеток на процесот. Приоритетите за интервенција, меѓу кои и домувањето, беа евидентирани на хартија, додека, пак, во практиката недостасуваше при­мена на предвиденото. Се соз­ да­де впечаток дека во плановите по­ стои дискрепанца помеѓу желбите, 544 СТАТИИ Дипл. политиколог Елвис Мемети мож­ностите и роковите предвидени за имплементирање на активностите. За­р­ ади таа цел, се пристапи и кон ре­­ ви­дирањето на НАП за периодот 20092011, што кореспондираше со по­зи­тив­ на­та клима да се опстои во ак­ци­јата. Во рамките на ревидираните НАП, за првпат се предвиде и структура за им­ пле­ментација на НАП(со примарен ак­цент на ресорните министерства од областите: образование, домување, вра­б­ отување и здравство, Министер без ресор- Национален координатор, Ми­нистерство за труд и социјална по­ ли­тика- Одделение за спроведување на Стратегијата и Декадата на Ро­ми­ те и Национално координативно тело - составено од претставници на ре­ле­ вант­ните министерства и државни инс­ ти­туции и претставници на НВО). Во рамките на ревидираните НАП од областа домување, се идентификуваа не­колку приоритетни проблеми поврзани со целните групи: деца, жени, самохрани ро­дители кои се бедомници и живеат на улица, домови кои не се, и не можат да се вклопат во ДУП И ГУП, домаќинства кои биле изманипулирани(купени домови кои немале право да се продаваат потреба од целосно вдомување), вдо­ ме­ни домаќинства коишто треба да се преселат на друго место поради гус­ та­та населеност во населби претежно нас­ елени со Роми. Како генерална цел на НАП за домување, се предвидува вдо­мување на ромски домаќинства (нај­малку 400) според минимални стан­ дар­ди за домување, за периодот 20092011, преку социјално домување, и ре­ кон­струкција на домови, урбанизација и административна поддршка за до­ кументација и подобрување на ин­фра­ структурата(улици, водовод, ка­на­ лизација) на 13 населби претежно на­ се­лени со Роми. Министерството за транспорт и вр­ ски, како ресорно Министерство во областа домување, во рамките на по­ себ­на Програма за поддршка на им­ пле­м­ ентација на Декадата и Стра­те­ги­ јата на Ромите, предвидува средства за имплементација на НАП(од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, во 2009 год. беа издвоени 5.000.000 ден. за Декадата на Ромите 10 ). Во однос на инфраструктурните проекти спроведени од страна на Министерството за транспорт и врски за периодот 2008, 2009, 2010, направено е следново: Од приложеното може да се констатира брување на инфраструктурата на на­ дека во однос на НАП, најмногу на­по­ селбите каде што живеат Роми. Вкуп­ ри и средства се вложуваат за по­до­ ниот износ на средства од 10.894.000,00 10 Извор:Веб страницата на Министерството за финансии http://www.finance.gov.mk/files/budget_2009_final.pdf 545 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 ден.(177.000,00 евра) се определени во Буџетот на Република Македонија за 2010 год. за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, за изградба на комунални инфраструктурни проекти во соработка со општините. Исто така, одредени активности се пре­ зем­ аат и во однос на доделувањето на социјални станови на ромски семејства, со што се овозможува нивно вдомување според минимални стандарди преку со­ циј­ално домување(општа цел на НАП). Во 2010 год. е извршена распределба на станови на 8 објекти, со 339 социјални станови, од кои 61 се доделени на ромски семејства(согласно Одлуката на Владата, 10% од предвидените со­ циј­ални станови да бидат распределни на ромската популација). Во однос на потребата од поголема ко­м­ уникација помеѓу ромската за­ед­­­ ница и институциите на системот, ад­ министративна и логистичка под­др­шка за одредена документација(иден­ти­ фик­ увани како проблем во НАП за до­ мување), Министерството за труд и социјална политика преку ромските ин­ фор­мативни центри(партнерски проект на МТСП и НВО што се спроведува во 8 општини во РМ: Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Куманово, Штип, Делчево и Ско­ пје) придонесува за зголемување на ин­ фор­мираноста на ромската заедница во однос на одредени административни про­цедури и потребни документи за ос­ тва­рување на одредени права. На тој начин, поголемиот дел од огласите и активностите од соодветната област се достапни до ромската заедница. Како што може да се забележи од го­ рен­ аведените табели во однос на Ак­ цион­ иот план за домување на Ромите, се преземаат соодветни активности за над­минување на проблемите со кои се соочува ромската заедница. Сепак, ге­ нерална карактеристика која ги од­ли­ ку­ва истите е ДИСКОНТИНУИТЕТ во спроведувањето на активностите, при што таквата констатација се забележува ток­му во изминатите 5 години. Ваквите позиции само потврдуваат де­ ка надлежните органи не издвојуваат пер­манентни средства во соодветните бу­џети. Решавањето на прашањето со до­мувањето бара ангажирање на големи ма­теријални средства, ресурси, човечки ка­пацитети и, пред сé, политичка волја. „Убави планови, но многу малку пари, за мно­гу програми” е честата клаузула која ја практикува како централната, така и ло­калната власт, со што ги запоставуваат ка­питалните проекти кои се однесуваат на инфраструктурата на местата каде што живеат Ромите и даваат предност на проекти кои носат поголеми политички гласови. 546 СТАТИИ Дипл. политиколог Елвис Мемети Најдобри практики: Искуства од земјите учеснички во Декадата на Ромите Повеќето земји-учеснички во Декадата на Ромите се соочуваат со, речиси, истите проблеми во поглед на домувањето. Единствено нешто што се разликува е пристапот и начинот на кој останатите земји преземаат акции за решавање на овие проблеми. Така, на пример, во: Бугарија, Чешка, Ро­манија и Словачка се пристапува во гра­дење на социјални станови и по­д­ о­ бру­вање на инфраструктурата во рам­ кит­ е на постојните маинстреам по­ли­тики и програми. Во Унгарија постои програма за т.н. гра­д­ ови- колиби, таргетирани се 39 ром­с­ ки села, каде што треба да се из­ гра­д­ ат соодветни живеалишта со сета не­о­ пходна инфраструктура. За таа на­ ме­н­ а, од страна на локалната власт и цен­тралниот буџет се издвоени 12 ми­ ли­о­ ни евра. Во Бугарија постои Национална про­ гр­а­ма за подобрување на условите за до­м­ ување на Ромите којашто треба да се имплементира во наредните 10 го­ ди­ни. Во периодот 2007 – 2009, Про­ гра­мата беше финансирана со 10-11,7 ми­лиони лева од државниот буџет. Во 18 општини, за околу 8.000 граѓани од ромската заедница, се преземени око­ лу 20 проекти за реконструкција на во­ до­водните системи и канализационата мрежа. Во Полска е ставен фокус на ре­кон­ струк­ција на канализациониот систем, во­доводниот систем и достапноста на областите со електрична енергија. Во таа насока се изградени 44 нови со­ цијални станови за припадници на ром­ ска­та заедница. Во Романија, од 2008 год. се спроведува пилот-програма за со­цијално домување на ромската за­ед­ ни­ца, во која е предвидено изградба на 300 социјални станови, во 8 региони во земјата. Според поставените цели и индикатори, Хрватска има добар напредок во однос на домувањето на Ромите. Од вкупно 14 општини кои имаа обврска да направат пла­нови за подобрување на домувањето на Ромите, дури во 12 се донесени ва­ к­ви планови. Само две населби во це­л­ ата држава ги исполнувале овие усло­в­ и за легализација, додека до кра­ јот на 2007 година, 11 населби ги ис­ пол­н­ уваат критериумите и се дел од со­о­ д­ветните урбанистички планови. Спо­р­ ед Канцеларијата за национални мал­ц­ инства, од вкупно 13 населби, 9 се легализирани и го немаат статусот на дивоградби. Европската Унија преку своите препораки до земјите-членки и нивните национални законодавства прави одредени напори во решавањето на проблемот со домување на ромското население. Во рамките на ЕУ политиките, на располагање стојат и структурните фондови за периодот 2007 – 2013 за социјални проекти за домување (вклучувајќи проекти за легализација на ромските домови и обезбедување на неопходната инфраструктура). Во таа насока, Евроспката комисија подвлекува и ги охрабрува земјите да ги искористат Структурните фондови за подобрување на животните услови на ромската за­ ед­ница. 547 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Заклучок и препораки По пет години од започнувањето на спроведувањето на Декадата за вклу­ чу­вање на Ромите 2005 – 2015, може да се заклучи дека како резултат на преземените активности и мерки се по­стигнати позитивни промени во од­ ре­дени области, но општ е впечатокот дека е неопходен посериозен пристап и ангажман на државата на централно и локално ниво. Според поголемиот дел од ромското на­селение, резултатите можат да се споредат со позитивна нула, од аспект на обемниот материјал за работа во однос на домувањето на ромската заедница. Сепак, може да се констатира одреден напредок во рамките на спроведувањето на генералната политика. Непостоењето на соодветна структура на локално ниво за имплементација на активности од Декадата и Стратегијата на Ромите, како и посебни ставки во буџетите на општините за имплементација на ЛАП, е во спротивност со намерата за децентрализирање на активностите на примарното ниво, од каде што про­из­ле­ гу­ваат поголемиот дел од про­блемите. Од друга страна, пак, и досегашното ниво на политичка пар­ти­цип­ ација и политичка моќ на ромските ли­дери не го задоволува соодветниот кри­териум – ништо за Ромите, без Ро­ми­те. Впрочем, учеството во процесот на планирање и координација, како и поврзување на парцијалните активности со маинстреам политиките, и поголемо издвојување на национални средства на годишно ниво за реализација на дел од активностите предвидени во НАП, е предизвик на којшто одговорните лидери соодветно треба да одговорат. Во спро­тив­но, жа­ риш­тето на проблемот и по­на­там­ у ќе расте и негативните ефекти ќе се мул­ ти­плицираат. Потребно е издојување на буџетски средства за имплементација на локал­ ните акциони планови, со посебен акцент за интегрирање на постојните ромски гета во приспособени живеалишта во согласност со стандардите за живеење. На гетоизацијата мора да се пристапи со интегрирачки елементи на вклучување и разбирање на постојните недостатоци на специфичната група којашто произлегува од таков склоп на живеење. Ромските населби не смеат да бидат генератор на социјална исклученост. Напротив, раз­ ликите и стандардите мора да се про­ мо­вираат како позитивна страна. Првенствено, поддршката на политиките треба да се насочи кон: обезбедување на живеалишта за Ромите кои немаат свои домови, односно кои живеат во, та­ ка­наречени,„картонски маала”; иден­ти­ фикување на бројот на такви семејства и нивно вклучување во постојните афир­м­­ ативни мерки; надминување на ризиците од останување без дом; а потоа и на подобрување на усло­ви­ те за живеење во домовите каде што жи­вее ромската заедница. Исто така, предложени се и мерки за: суб­вен­цио­ ни­рање на домувањето на социјално загрозените лица, со надоместување на одреден процент од рентата; во­ве­ ду­вање на алтернативи и услови за до­ мување за лицата без соодветно до­му­ ва­ње во јавни станбени единици; како и бесплатно вдомување на Ромите или обезбедување на домови под наем, со ниска цена на наемнина. Отстранувањето на ризиците од ос­та­ну­ ва­ње без дом, треба да има приоритет во активностите, во спротивно, мерките за домување би се покажале неуспешни, бидејќи ќе се појават нови бездомници. 548 СТАТИИ „Картонските маала” се крајниот ре­зул­­­ тат на социјалната исклученост и ге­ нератор на одредени девијации.„Би биле задоволни, ако ништо друго, ба­ рем децата кои живеат во ,картонските ку­ќарки’ да се сместат во соодветен дом во текот на Декадата на Ромите” – се дел од најчестите изјави во секојдневниот говор на ромските интелектуалци. Во таа насока, проактивното делување на РИЦ на инфомирање на ромската заедница за можностите на локално ниво, заедно со институциите на подрачните единици и ЕЛС, мора поагресивно да работат на вклучување на оваа ранлива категорија во постојните мерки. Дополнително, неопходен е и поголем ангажман за решавање на проблемот со домувањето на Ромите кои се при­ вре­мено сместени во колективни цен­ три. Досегашното сместување во ко­ лек­тивни центри создава впечаток кај ромската заедница дека тоа е един­ стве­ното нешто што следува кога не­­­ маш свој дом, иако условите за смес­­ ту­вање не соодветствуваат на стан­ дар­дите. Следењето на дел од се­ меј­с­ твата сместени во колективните цен­т­ ри во процесот на остварување на примарните права од областите здрав­ ство и образование, од страна на со­ циј­алните служби, како целосно да се за­поставува. Поаѓајќи од фактот дека многу аспекти од животот на граѓаните зависат од нивниот дом(постојаната адреса на живеење, на пример, е предуслов за повеќе јав­ ни услуги, односно остварување на Дипл. политиколог Елвис Мемети различни права, поседувањето на дом во кој работник или ученик можат да се одморат за следниот работен ден, исто така, е предуслов за нивната про­­­ дук­тивност и успех, итн.), го прави ре­ ша­в­ ањето на проблемите поврзани со до­мувањето уште повеќе итно и важно. Во однос на проблемот со документите, во рамките на Министерството за труд и социјална политика е формирана работна група, која по одржувањето на Регионалната конференција,„Овоз­ мо­жување на пристап на Ромите до до­кументи за лична идентификација – регионален предизвик”, предложи кон­­ крет­ни мерки за надминување на про­­ бле­мот. Постоењето на фискални и за­ кон­ски импликации, го отежнува про­це­ сот на нивно усвојување. Во очекување на нивно усогласување и примена, сепак ос­танува надежта за прекинување на ма­гичниот круг на исклученост и за­ме­ну­ ва­ње на терминот фантоми, со гра­ѓа­ни на Република Македонија. Од особено знаечење во реализирањето на дел од мерките предвидени во ре­ви­ ди­раниот Национален акционен план, е и донесувањето на Законот за трет­ман на бесправно изградени објекти. Оче­ку­ ва­њата се дека голем дел од ром­скит­ е нас­ елби кои имаат нелегална град­ба и не се регистрирани во постојните еви­ ден­ции, по донесувањето на Законот мо­же да се евидентираат и соодветно да бидат дел од ДУП И ГУП. Преземање на активности коишто би значеле СООДВЕТЕН ДОМ за сите, е идеална ситуација за совршен крај. 549 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Користена литература Влада на РМ(2010) Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010- 2012, Скопје Државен за статистика(2002), Попис на населението, Скопје: Државензавод за статистика Europaеn Union Agency for Fundamental Rights(2009), Housing conditions of Roma and Travellers in the European Union, Comparative Report European Commission,(2010), Commission Staff Working Document- Roma in Europe: The Implementation of European Union Instruments and Policies for Roma Inclusion Европска комисија 2010, Социјално домување. Посетено на 24.11.2010 http://www.cecodhas.org/index.php?option=com_content&task=view&id=75&Itemid=117 Закон за домување на РМ.„Службен весник на РМ”, бр. 99/2009. Изменување и дополнување, 26.04.2010 Закон за локална самоуправа на РМ.„Службен весник на РМ”, бр. 5, ИнСоК, 2010, МК Декадна Стража 2010- Роми активисти го набљудуваат напредокот на Декадата за вклучување на Ромите 2005- 2015, Скопје Милевска- Костова Н., Еминова E.(2006) Состојби и предизвици во домувањето и здравството, Скопје Министерство за транспорт и врски(2010) Презентација на преземениактивности во областа на домувањето, Скопје Министерство за труд и социјална политика(2005), Стратегија за Ромите во Република Македонија, Скопје, 29.01.2002 OSCE(2003)ОSCE Action Plans on Improving the Situation of Roma and Sinti within the OSCE Area OSCE(ODIHR), 2006, Roma Housing and Settlements in South – Eastern Europe, Summary and Recommendation Реџепи Н.(2006) Декада на вклучување на Ромите- Прогрес и стагнација, Скопје 550 СТАТИИ Дипл. политиколог Елвис Мемети Situation and challenges in the housing for the Roma population in RM: The experiences from the realisation of the NAP for housing from the Decade for inclusion of Roma Summary In fact, according to the terms that we often use, the approach is already known (process, project, certain framework, action plans, national strategy, researches, Human Rights, Decade of Roma Inclusion, integration). When we describe an approach in this way it becomes easier for us when we need to visualize and describe what should be against what really is! Today, at the beginning of the end of the fifth year of the Decade of Roma Inclusion, the expectations of the Roma community are big(a significant percentage of the Roma have heard about the Decade but in reality only a small number of them know the essence of the process that is taking place) against the real expectations which proportionally grow with the more expressed problems in the community, and the growing doubt about the success of this process. Very often there are questions like: what has been done in the past five years; how would the processes develop further on; will the conflict among us inhibit the process; will the Government begin to realistically allocate finances for the implementation of the Action Plans. The following text represents comments and information about implementation of the activities from the field of Housing with accent of Roma population. Despite the real discrepancy between the idea and practice, the Roma population live with the idea of a proper home with standard conditions of life outside of street and disadvantaged neighborhoods, while in practice is realized that what is practically possible. 551 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 М-р Вера Димитриевска Независен истражувач 364.622-056.31(100) Практики на домување кај лицата со интелектуална попреченост: Служби за домување со поддршка во заедницата Резиме Со појавувањето на т.н.„социјален модел“ во текот на 20 век, кој е спротивен на претходниот доминантен„медицински модел“, се отпочна промовирањето на правата на лицата со попреченост и нивна вклученост во општеството. Овој холистички модел, карактеристичен за земјите од Западна Европа, полека се развива и во земјите од Југоисточна Европа(ЈИЕ). Развојот на социјалниот модел(служби за домување со поддршка во заедницата) претставува алтернатива за институциите за долгорочен престој на лицата со попреченост и е од суштинско значење за постигнување вистинска социјална вклученост. Промовирањето на социјалната вклученост и почитувањето на човековите права се дел од основните компоненти на членството во Европската Унија. Тоа значи дека лицата со попреченост имаат можност да ги остварат своите фундаментални права, да направат сопствен избор, да стекнуваат нови вештини, да развијат односи со други луѓе и да добијат поддршка соодветна на нивните индивидуални потреби. Развојот на меѓународната легислатива за правата на лицата со попреченост во текот на 70. години, претставува, исто така, водилка за основање на службите за домување со поддршка во една заедница. Со усвојувањето на Стандардните правила за изедначување на можностите за лицата со попреченост во 1993 г. на Генералното собрание на ООН се претставуваат правата на лицата со попреченост како прашање на еднаква можност, отколку на прашање за специјални потреби. Во земјите на Југоисточна Европа(ЈИЕ) во различни етапи за пристап во ЕУ, клучниот правен инструмент е Препораката (бр. 92) на Советот на Европа на Комитетот на министрите на земјите членки за кохерентна политика за лицата со попреченост. Во однос на финансиската перспектива на овие служби, резултатите се прикажани во повеќе извештаи за институционалната грижа и службите за 552 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска домување. Во нив се реферира дека нема доказ, дека моделот на службите за домување е битно поскап од институциите. Други студии наведуваат дека гриж­ ата во институициите може да биде поскапа од грижата пружена во служ­бите, но проценката на директните и индиректните трошоци – и за дол­ го­трајните бенефити на зголемено социјално учество – сепак, останува отво­ ре­на.(Ward, H., Holmes, L. and Soper, J. 2008) Битен елемент за овие служби е дека мора да се воспостави ефикасна мрежа на квалитетни служби за домување и да се развијат стандарди за квалитетот на услугите и системи за мониторинг. Согласно ЕУ практиките, квалитетните служби за домување работат според следните принципи: • Секое лице треба да добие поддршка во согласност со сопствените лични потреби; • Секое лице со попреченост има право да живее во заедницата; • Лицата со попреченост треба да бидат вклучени во вообичаената средина во поглед на домувањето и вработувањето и во социјалните и културните активности во заедницата; • Програмите за домување во заедницата треба да обезбедат домување со големина на едно семејство; • Треба да се промовира развојот на социјалните односи помеѓу луѓето со попреченост и другите членови на заедницата; • Лицата со интелектуална попреченост треба да имаат реални можности да партиципираат во општеството и да развиваат вештини кои им се потребни за, колку што е можно, понезависно живеење; • Вклученоста на лицата со попреченост и нивните семејства во креирањето, мониторингот и евалуацијата на услугите за поддршка кои се базирани во заедницата е од суштинско значење. 553 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Вовед Едно од прашањата што се наметнува во услови на транзиција и промена на погледот во однос на лицата со интелектуална попреченост, е и нивното домување. Тоа треба на лицата со интелектуална попреченост сместени во институции, да им овозможи да го започнат повторно својот живот и да бидат ослободени од заштитните институции. Како земја потписничка на повеќе ме­ ѓународни документи, Република Ма­ке­ донија е обврзана на овие лица да им обезбеди посебна заштита, прилики и можности за здрав и нормален раз­вој, бенефиции во социјалното и здрав­стве­ но­то осигурување, лечење и посебна ме­дицинска нега, да ги заштити од било каков вид на дикриминација, и сл. Политиката на Советот на Европа и ООН за лицата со попреченост наведува дека„на лицата со попреченост треба да им се обезбеди целосно и активно учество во животот на заедницата и да им се овозможи да бидат ослободени од институционализација и ограничувања”. други организации особено во втората по­ловина на минатиот век, донесоа многу значајни резолуции, декларации, ста­во­ ви, препораки, извештаи и други до­ку­ мен­т­ и што се однесуваат на положбата и грижата на лицата со ин­телектуална попреченост, гледано како од аспект на здравствената и социјалната заштита, така и од аспект на правната заштита, како една од основните компоненти во посоодветно креирање на политиката за заштита на лицата со интелектуална попреченост. Лицата со интелектуална попреченост ги имаат истите права како и сите други граѓани, но поради нивната попреченост имаат и право на дополнителна заш­ тит­ а. Живеењето во заедницата има многу поголемо значење отколку по­до­ брување на животните услови на ли­ цата со попреченост преку промена на местото на нивното живеење. Тоа зна­ чи дека лицата со попреченост имаат мож­ност: да ги остваруваат своите фун­ да­ментални права, да прават сопствен из­бор, да стекнуваат нови вештини, да развиваат односи со други луѓе и да добиваат поддршка соодветна на нив­ ни­те индивидуални потреби. Во денешно време, меѓународната за­ ед­ница, претставена преку клучните ак­тери, како што се Обединетите на­ ции, Европската Унија и Советот на Ев­ропа, ја потврди потребата од про­ ме­на на парадигмата во начинот на кој општеството им пристапува на ли­ ца­та со интелектуална попреченост. Ин­т­ електуалната попреченост се на­ бљу­д­ ува како прашање на човекови пра­ва. ООН, УНЕСКО, УНИЦЕФ, Свет­­ ска­та здравствена организација, Ме­ ѓу­народната организација на трудот и Теориска основа Во текот на доцните години од XX век се појави т.н.„социјален модел“(како ре­зултат на социјалните бариери, пре­ ве­нира лицата со попреченост да учествуваат во општеството). Овој модел е спротивен на претходниот доминантен „ме­дицински модел“(во кој хендикепот е сметан како патологија на индивидуата) кој дотогаш се базирал најмногу врз обезбедувањето на услугите за лицата со попреченост насекаде низ светот. 554 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска Во овој социјален тек, филозофијата на независно живеење(домувањето со поддршка) беше развиена од ор­га­ ни­зациите на лицата со попреченост, ставајќи акцент на концептите на лична контрола, права и одговорности. Неодамна развојот на холистичкиот мо­ дел дава едно глобално разбирање за хенд­ икепот, во кој се земени превид сите ди­мензии. Таквиот холистички пристап ги препознава инпутите од разни сфери (биомедицински, рехабилитациски, со­ циј­ални и човекови права). Холистичкиот пристап е фундаментален за развојот на сеопфатни и инклузивни политики, пла­н­ ирање и имплементирање на ин­ тер­д­ исциплинарните и ин­ди­вид­ у­ал­ни­ те сервиси. Процесот на создавање на хендикепот е модел кој налага хо­ лис­тички пристап, во кој: хендикепот го дефинира како нарушување на жи­вот­ ни­те навики на личноста како ре­зул­тат на динамичната интеракција помеѓу лич­ните фактори(оштетеноста или хенд­ икепот) и надворешните фактори (пречки). Меѓународен контекст Правна рамка и меѓународни документи Националните политики- иницијативи во западните земји(Италија, Германија, Англија) ги вклучуваат: Законот 180 во Италија(1978), кој ги затвора псих­ и­ јатриските болници, Експертската ко­ми­ сија(1988) во Германија, ги поставува це­лите за развој на интегрирани сер­ ви­си базирани во заедницата, и во Англија, Рамковните национални сер­ ви­си за ментално здравје и стари ли­ ца, Вреднување на лицата и Белата книг­а за лицата со интелектуална попреченост. СЗО аргументира дека националната политика за ментално здравје, на пример, е императив за из­ диг­нување на свеста и обезбедување на ресурси, но мора да биде најнова и широко прифатена. Исто така, мора да биде разгледана и да ги содржи сите акции потребни за задоволување на потребите за лицата со попреченост и да биде имплементирана(во земјите кои нудат доказ на регионални или локални варијации во имплементацијата). Исто така, би требало да биде донесена во консултација со лицата кои ги засегаат проблемите. Меѓународните рамки и конвенции овоз­ мо­жуваат важен дел за креирање на на­ционалните политики. Во повеќето европски земји, лицата со попреченост не ги уживаат истите можности и права како и останатото население. Примарните меѓународни извори за човекови права и нивната важност за домувањето и независното живеење можат да се ви­дат во Табелата 1. Многу лица со по­преченост немаат права да бидат заш­титени, без оглед на ограничената природа на законите кои биле основа за создавање на овие декларации. Постојат меѓународни декларации за посебни групи на луѓе, како:„Принципи за заштита на лицата со ментални болести и за подобрување на медицинската грижа“, усвоени од Генералното собрание на ООН во 1991 година, во кои се поставени основните права и слободи за лицата со попреченост и оние кои се сместени во психијатриските установи, поврзано со Декларацијата од 1996 година за еко­ ном­ски, социјални и културни права. Овие принципи покриваат прашања кои претставуваат критериуми за утвр­ 555 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 ду­вање кога некој има ментално за­бо­ лување, заштита и доверливост, стан­ дар­ди за грижа, правата на лицата во институциите и обезбедување на ре­ сурси. На европско ниво, во 1950 година е донесена Европската конвенција за човекови права и основни слободи, поддржана од 46 земји во Советот на Европа и, секако, тука се вклучени и статутите на ЕУ, принципите и на­со­ ки­те, како членот 6 од Уставот на ЕУ и поглавјето за Основните човекови пра­ва. Зелената книга на ЕК од 2005 година за менталното здравје, ги става човековите права во центарот на овие предлози, поврзани со обезбедување на почитување, борба против стигма и дискриминација, промовирање на еднаквост и социјална инклузија, учество во донесувањето на одлуки. Промовирањето на грижата во за­ед­ ни­ц­ ата и домувањето со поддршка е основа на сите предлози. Зелената книг­а е произлезена од Декларацијата од 2005 година на Конференцијата на европските министри за здравство(СЗО Декларација за ментално здравје за Европа,„Соочување со предизвиците, градење на решенија“). Причината да се биде дел од ЕУ стратегијата на полето на менталното здравје е само додадена вредност на акциите на земјите членки кои дејствуваат сами. Секако, ниту ед­ на од овие декларации и поставени прин­ципи нема да бидат вредни ако не се имплементираат, и постојат неколку санк­ции достапни за меѓународните те­ла во случај на непридржување кон ис­т­ ите. Така,„кафезните кревети“, хе­ мис­к­ ите принуди, самиците, физичкото и сексуалното злоупотребување, елек­ тро-терапијата без анестезија или ос­ ла­бување на мускулите, продолжува да ги карактеризира многу институции во Европа, со бесрамно прекршување на договорените меѓународни принципи. Иако постојат многу бариери за ин­ди­ ви­дуалните корисници чии права се пре­кршени, во рамките на Европската кон­венција за човековите права тие мо­ жат да ги достават своите жалби до Ев­ ропскиот суд за човекови права. Табела 1. Меѓународни човекови права и домување со поддршка(независно живеење) Инструмент Значење на домувањето(независното живеење) Универзална декларација за човекови права 1948 Опсегот на цивилните и политичките права и економските, социјалните и културните права, како: правото на живот на слобода, правото на брак и основање на семејство, правото на работа и правото на адекватен стандард на живеење. Член 1:„Секое човечко суштество е родено да живее слободно и е еднакво во дигнитетот и правата...“ ООН Меѓународен договор за цивилни и политички права, 1966 Вклучува: право на живот, право на слобода, право на брак и основање на семејство, право на учество во водењето јавни работи, право на глас. Клучен принцип на еднаквост:„понекогаш бара од партиите на државата да преземат афирмативна акција за да се намалат или елиминираат условите во кои се предизвикува- прави дискриминација“ 556 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска ООН Меѓународна повелба за економски, социјални и културни права, 1966 Конвенција за правата на децата на ООН, 1989 Конвенција на ООН за правата на лицата со попреченост 2006 ООН Правила на стандарди за еднаквост на можностите за лицата со попреченост, 1990 Вклучува: право на работа, право на достигнување на највисок достапен стандард за физичко и ментално здравје. Во однос на лицата со попреченост е... да се преземе позитивна акција да се намалат структуралните недостатоци и да се даде соодветен третман...„за да се постигнат целите на целосно учество и еднаквост во општеството за сите[лицата со попреченост]“. Член 23: препознавање дека сите деца со попреченост„треба да уживаат целосен и скромен живот, во услови во кои се обезбедува достоинство, промовирање на самоуверување и можности децата активно да учествуваат во заедницата“. Член 3 реферира дека генералните принципи, вклучуваат:„Почит за битно достоинство, индивидуална автономија вклучувајќи слобода да се направи слободен избор и независност на лицата“ Член 19 обезбедува за препознавање на„еднаквото право за сите лица со попреченост да живеат во заедницата...“. Учество во главни прашања. Предусловите за учество, вклучуваат потреба за обезбедување на развој и сервиси со поддршка... да се помогне[лицата со попреченост] да го зголемат нивното ниво на независност во дневното живеење и да ги уживаат своите права“ (Правило 4). Клучните области за учество вклучуваат: образование (Правило 6), вработување(Правило 7) и семеен живот и личен интегритет(Правило 9). Државата треба„да креира легални основи за мерки со кои ќе се постигнат целите за целосно учество и еднаквост за[лицата со попреченост]“(Правило 15). Националната правна рамка за формирање на службите за домување во Република Македонија Република Македонија е потписник на меѓународни документи кои правно ја обврзуваат да преземе конкретни акции за подобрување на општествената по­ лож­ба на лицата со интелектуална по­ пре­ченост, и тоа: Повелбата на ООН, Уни­верзалната декларација за човекови права(1948 година), Резолуцијата на ОН за стандардните правила за изед­ на­чување на можностите на лицата со хенд­ икеп(од 1993 година, Резолуцијата 48/49), Европската конвенција за чо­ве­ ков­ и права(1950 година), Европската со­цијална повелба, 1961(ревидирано По­главје, 1996), Конвенцијата на ООН за пра­вата на лицата со попреченост, 2006. Република Македонија на 30.03.2007 година ја потпиша Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, но не го потпиша и придружниот Опционен протокол. Меѓународната Конвенција во која се промовира и заштитата на лицата со интелектуална попреченост, ќе даде значаен придонес за донесување про­ мени во пристапот кон лицата со ин­ телектуална попреченост ширум све­ тот. Во самата Конвенција се наоѓа и 557 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 основното право на лицата со ин­те­лек­ туална попреченост да живеат во за­ед­ ницата и да учествуваат во оп­штес­тве­ ниот, културниот, политичкиот и еко­ном­ скиот живот. Правата на лицата со интелектуална попреченост во Република Македонија се регулирани и со Уставот на Република Македонија и Законот за социјална заш­тита. Според член 35 од Уставот, Република Македонија е должна да обезбеди посебни услови и права за оваа категорија на луѓе, заради нивно вклучување во општествениот живот. Член 39 од Законот за социјална заштита(„Сл. весник на РМ“, бр. 79/09) ги содржи следните одредби кои се значајни за отпочнување на де­инст­ и­ туционализацијата и развојот на ал­ тер­нативните социјални служби за до­мување во заедницата: Правото на жи­веење со поддршка во мал групен дом се обезбедува за лица кои немаат со­одветни услови за живеење во нив­ни­ те семејства, или за лица кои немаат се­ меј­ства, како и за лица кои поради некоја од наведените причини се сместени во институции за социјална заштита. Покрај Уставот и Законот за социјална заш­тита, Република Македонија има до­несено и Национална стратегија за изедначување на можностите на ли­ цата со хендикеп во Република Ма­ ке­донија и Национална стратегија за де­институционализација на системот на социјална заштита 2008-2018 го­ ди­на, со цел успешно спроведување на деинституционализацијата на ли­ ца­та со интелектуална попреченост. Во согласност со Националната стра­ тег­ија за деинституционализација на сист­ емот на социјална заштита на Ре­ пу­блика Македонија, Министерството за труд и социјална политика, во де­­ кември 2008 година отпочна со де­инс­ титуционализација на ЈУ Спе­ци­ја­лен завод- Демир Капија, преку обез­бе­ дув­ ање на вонинституционални фор­ ми на згрижување на лицата со ин­те­ лектуална попреченост. Во раз­ви­ва­ ње­то на политиките за социјална заш­ тит­ а, Република Ма­кедонија ги сле­ди ев­ропските политики. Така, спро­ве­ду­ ва­њ­ ето на националната стратегија е ком­понента од Националниот план за при­ближување на законодавството на Реп­ ублика Македонија со европското acquis(NPAA). Службите за домување и живеењето во заедница- реалитет Иако службите за домување се бит­ни за осигурување на лицата со по­пре­ че­ност, им се овозможуваат нивните ос­новни права, сепак службите како так­ ви не се доволни. Тие мора да би­ дат фокусирани да им се овозможи на лицата со попреченост да бидат вклу­ чени во нивните заедници и да ги по­ стигн­ ат нивните целосни потенцијали. На тој начин, тие мора да промовираат „живеење во заедница“(исто така познато како„независно живеење“). Всушност, живеењето во заедница реферира на: „...лица со попреченост кои се способни да живеат во нивните заедници како еднакви граѓани, со поддршка која ќе им биде потребна да учествуваат во секојдневниот живот, како живеење во нивните сопствени домови со нивните семејства, одење на работа, одење на училиште и учествување во активности на локално ниво.“(ECCL: November 2008). 558 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска Некои истражувања покажуваат„мно­ гу“ добри резултати за лицата со по­ пре­ченост кои добиваат поддршка во службите за домување. Нивните се­меј­ ства и персонал ги поддржуваат во тоа. Да се постигне целта на живеење во заедница, развојот на квалитетни служ­ би за домување во заедницата мора да биде заснован врз основните вредности за еднакво граѓанство и социјална ин­ клу­зија.(Included in Society, 2003) пре­ченоста и да им се овозможи на ли­цата да имаат добар и квалитетен живот). • Овозможуваат овие принципи да се им­плементираат во секојдневната по­мош на лицата на кои им треба под­дршка.(Canterbury: Tizard Centre, University of Kent, 2006). Службите за домување во пракса во Република Македонија Клучни принципи за службите за домување базирани во заедницата: • Насоченост кон себе.(Тие се при­с­­ пособени кон потребите на индивидуата, желбите и асп­ и­ра­ци­ ите. Обезбедување на помош на лич­ но­ста да ги постигне своите цели и адап­тирање на видот и ни­во­то на под­дршка, понекогаш и пре­ку­вре­ мено). • Тие го усвојуваат социјалниот мо­ дел на попреченост. Ова значи де­ка бариерите, предрасудите и иск­ лучувањата од општеството (на­м­ ерно или по грешка) се улти­ ма­тивните фактори кои одредуваат кој е со попреченост и кој не е дел од општеството. Се препознава дека некои лица имаат физички, ин­телектуални или психолошки раз­лики од статистичката средина, кои можеби понекогаш да бидат и оштетувања. Но, тие не треба да водат кон попреченост без оглед што општеството не успеало да ги смести или вклучи во оние кои не се со попреченост. • Холистички ги адресираат животите на луѓето.(Тие ја обезбедуваат се­ко­ ја потребна поддршка за да се над­ ми­не ефектот на оштетувањето и по­ По подолг период на застој, се за­поч­ на со исклучување на лицата со по­ пре­ченост од институциите и нивно сместување во станбени единици во локалните заедници. Во 2008 година, во рамките на МТСП, а во соработка со НВО секторот, во Скопје и Неготино се основани првите служби за домување со поддршка во заедниците наменети за лицата со попреченост над 26 годишна возраст. Во овие сервиси се сместени само 50 лица од предвидените 192 лица од Специјалниот завод Демир Капија, од кои 18 се мажи и 22 се жени. Најстариот ко­рисник е на возраст од 63 години. Обу­ че­ниот тим кој се грижи за овие лица е составен од тројца асистенти, еден социјален работник и еден дефектолог. Овој вид на деинституционализација прет­ставува еден вид долготрајна грижа, при што лицата со попреченост имаат целосна поддршка од стручниот тим во нивното секојдневно живеење. Во рамките за деинституционализацијата и ресоцијализацијата на лицата со проблеми во менталното здравје, што е дел од Стратегијата за ментално здрав­ је, пак, се отворени центри за мен­тал­ но здравје во заедницата. Притоа, по­ крај постојните седум, отворен е еден нов Центар за ментално здравје на 559 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Универзитетската клиника за пси­хи­­ ја­трија, како дел од активностите на Нац­ ионалната стратегија за ментално здравје. Од друга страна, пак, се претпоставува дека во 2003 година 30 деца се деинституционализирани од Спе­ци­јал­ ни­от завод Демир Капија, во кој еден дел се вратени кај биолошките семејства и во згрижувачки семејства. Сепак, процесот на де­инс­тит­ у­цио­на­­ л­и­зацијата во РМ, без разлика на неј­ зин­ иот мал и бавен успех, ја стави во сенка потребата за де­инст­ и­ту­ци­­ о­на­лизација на останатите лица из­ ло­жени на ризик кои, исто така, се во установи за сместување. Иако се обез­­ бе­дуваат финансиски средства за им­ пле­ментирање на овој процес, сепак тие не се соодветни. Преку заложбата овие услуги за деинституционализација да се администрираат на локално ни­во, се покажува дека општините немаат до­­ волно административен капацитет за исполнување на обврските од со­циј­ал­ ната политика, што им се пре­не­сени ка­ко дел од втората фаза на де­цен­тра­ ли­зацијата. Генерално, општествената интеграција на лицата со посебни потреби не е по­ до­брена, нивниот пристап до обра­зо­­ ванието, вработувањето и јавните услу­ ги останува ограничен. Севкупно, не се иницирани долгорочни политики за со­цијална вклученост на општествено ранливите лица, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, и недостига примена на соодветни мерки. Систем на поддршка Системот за поддршка на целиот процес за домување се базира на основање на службите за поддршка на домувањето во заедницата и се пружа поддршка за луѓето во нивните дневни активности во домаќинството и во заедницата. Видот, степенот и обемот на поддршка, како и лицата одговорни за обезбедување на поддршката, се дефинирани во„план насочен кон личноста“ на корисникот, којшто се изготвува за секое поддржано лице. Координаторот за поддршка го олеснува спроведувањето на планот. За да се остварат целите од планот, лицето добива поддршка од службата за поддршка на домувањето во заедницата, како и од други луѓе од природно воспоставената социјална мрежа на корисникот. Потребни нивоа на поддршка Преминот од медицинскиот, на со­циј­ал­ ни­от модел на попреченост, го смени фо­кусот, од дијагнозата за едно лице (лесна, умерена, тешка и најтешка ин­ телектуална попреченост), кон утвр­ дување на нивото на поддршка по­ треб­на за лицето да функционира во сопствената социјална средина. Нивоата на поддршка кои може да му бидат потребни на лицето со ин­те­лек­ ту­ална попреченост се следните: • Повремена поддршка. Се обезбедува за лицата кои имаат високо ниво на независност, но повремено имаат потреба од поддршка. На пример, лице кое може независно да раководи со парите, но има потреба од под­др­ шка околу правењето месечен план за користење на парите или има по­ тре­ба од поддршка при купување ла­ 560 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска дил­ник. Ваквиот тип на поддршка, исто така, се обезбедува кога има про­мена на животните услови на лицето, пример, ако се сели во друг стан или доколку прекине интимна врска. • Ограничена поддршка. Се однесува на постојана поддршка за одредени активности, што може да биде не­ колк­ у часа во текот на денот или не­ де­лата. На пример, на лицето може да му биде потребна поддршка да купува намирници трипати неделно по два часа, да стигне до своето работно место, или, пак, да земе ле­кови двапати во текот на денот. Овој вид поддршка, вообичаено, го обезбедуваат вработените директно задолжени за секојдневна нега на корисниците(асистентите). • Интензивна поддршка. Овој тип на под­дршка се обезбедува секојдневно, за одредени активности, во текот на денот, но не 24 часа. • Сеопфатна поддршка. Се обезбедува секојдневна 24-часовна поддршка сé додека на лицето истата му е потребна. На одреден број лица овој вид поддршка им е постојано потребна, но на други им е потребна само во текот на одреден период. Финансиски аспект на домувањето за лицата со попреченост наспроти институционална грижа Материјални и нематеријални аспекти на институционалната грижа Материјалните услови на живот во инс­ титуциите можат често да бидат по­ло­ ши за повеќето луѓе во поширокото оп­ штест­ во. Според Извештајот на ЕУ за Транз­ иција од институција кон служби за домување базирани во заедницата, од 2009 година, се наведуваат че­ти­ри „класични“ карактеристики – деп­ ер­со­ на­лизација, ригидност во рутината, спор или закочен третман и социјално отсуство. Ова се често употребувани карактеристики каде материјалните услови се неадекватни: менаџментот се бори да обезбеди храна, греење и други основни ресурси. Екстремни случаи на материјална загуба, комбинирана со запоставување и/или злоупотребени практики, од неодамна се документирани во некои нови земји-членки на ЕУ, но и во „старите“ земји-членки. Проблематичните карактеристики на институционалната грижа не се ексклузивно поврзани со сиромашните материјални услови – и дискутабилно е дека тие можат да бидат решени едноставно со подобрување на истите. Очигледно е дека добар и квалитетен персонал и зголемен на­ гла­сок на значајните активности, мо­ жат да го подобрат квалитетот на грижата. Проблемите кои се поврзани со деперсонализацијата, блокиран третман, ри­гидни рутини и социјалната далечина, про­должуваат да постојат во установите, во кои, генерално, материјалните услови се разумно добри. Некои од наведените карактеристики на институциите сé повеќе се препознаваат како стигматизирање на корисниците кои се физички и социјално изолирани (сегрегирани) од поширокото општество. Повеќето од корисниците не може сами да се остават и не може да живеат било каде. Повторно, се појавува наследен про­блем на институционалната грижа и не може да се реши со зголемување на трошоците на институциите. 561 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Во некои современи институции на зем­јите-членки на ЕУ различен е ква­ ли­тетот, материјалните услови и прак­ ти­ките за грижа. Во овие институции, ма­нифестирањето на наведените ка­ рак­теристики е со различни степени. Не­кои проблеми остануваат во прин­ цип наследени од основањето на инс­ ти­туциите. Во некои истражувања на зем­јите-членки на ЕУ, во 70-тите години се обезбедуваат слични неквалитетни ис­ходи за корисниците сместени во инс­ тит­ уциите во САД, Англија и Шведска. (Freyh­ off G, Parker C, Coué M, Greig N. 2004). нивн­ ите семејства и персоналот ја под­држуваат. Истражувањата за де­ инст­ итуционализацијата и живеењето во заедницата, извршени во 90-тите го­дини на минатиот век, илустрираат варијација помеѓу службите во опсегот на различните мерки. Податоците по­ка­ жув­ аат дека опсегот на резултатите од раз­лични мерки се поклопуваат значајно помеѓу големите институции, малите институции и службите за домување базирани во заедницата. Во просек, се покажува дека службите за домување базирани во заедницата се најдобра можност. Институционалниот модел на грижа сé повеќе се смета како несоодветен. Сé повеќе, без оглед на тоа колку пари се трошат во институциите, ка­ рак­теристиките на институционалната гриж­ а се ограничени. Се покажува слаб квалитетен живот за корисниците во институциите, незадоволување на чо­ вековите права и непостоење на со­ци­ јал­ната инклузија. Оценувањето на ефектот на пре­се­лу­ ва­њето од институции, во служби за до­мување базирани во заедницата во Англија и Ирска, во поголемите студии реферираат позитивни ефекти во пет до шест области(способност и личен раст, опсервирано бихевиорално однесување, учество на заедницата, ангажмани во значајни активности и контакт со пер­ со­нал). Институционалната грижа наспроти домување за лицата со попреченост Во повеќето земји или региони на Европа, големите институции се заменети со помали, и насекаде каде се случувала деинституционализацијата, постепено институциите се заменуваат во служби за домување базирани во заедницата (грижа во заедницата, мали групни домови). Голем број истражувања покажуваат дека се постигнуваат подобри ре­ зул­тати кај грижата за лицата со попреченост во службите за до­му­ ва­ње базирани во заедницата, која Достапните студии потрдуваат дека ако се овозможи висококвалитетни служби за домување базирани во заедницата, во тој случај поранешните институционални корисници имаат јасна предност за жи­ веење во заедница и покажуваат ви­ со­ки нивоа на лично задоволување и со­цијална инклузија, со мали проблеми по­врзани со небезбедноста или оса­ме­ но­ста, која се претпоставува. Во студијата Вклучени во општеството, финансирана од ЕК, која ги опи­шу­ ва генералните проблеми на инст­ и­ туционалната грижа, како и ус­пеш­ните приказни во однос на де­инс­тит­ уц­ ио­ на­лизацијата, се заклучува дека„во 562 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска просек, службите за домување базирани во заедницата нудат подобар исход во однос на квалитетот на животот за лицата со попреченост, отколку во институциите“. Најјасните разлики за исходите за инс­ ти­туционализацијата можат да бидат демонстрирани во областа на грижата за децата(со попреченост, како и за децата без пречки). Добро е документирано дека децата кои растат во институции покажуваат ужасни стапки на неуспех во подоцнежниот живот(алкохолизам и зависност од дрога, криминално од­не­ су­вање и суициди). Спротивно на ова, мла­дите адолесценти кои израснале во згрижувачки семејства, потребно е да се интегрираат во општеството без значајни потешкотии. Сé повеќе се зголемува трендот ефектите од инс­ти­ ту­ционализацијата, дури и она­му каде инс­титуциите имаат добри материјални услови и квалификуван персонал – за децата да бидат слаби, децата се соочуваат со физички и здравствени про­блеми, тешкотии во развојот и се можни тешки психички нарушувања. (Freyhoff G, Parker C, Coué M, Greig N. 2004) Односот трошок-резултат За креаторите на политики, резултатите од институционалната грижа и службите за домување базирани во заедницата се неизбежни во делот за трошоци. Сложените односите помеѓу потребите, трошоците и исходите се објаснети во Извештајот DECLOC, во 2006 г. Во наведениот Извештај се реферира дека нема доказ дека моделот на служби за домување базирани во заедницата е битно поскап од институциите. Други студии наведуваат дека грижата во институциите може да биде поскапа од грижата пружена во службите за домување, но проценката на директните и индиректните трошоци – и за долг­о­ трајните бенефити на зголемено со­ци­ јал­но учество – сепак, останува отворено. (Ward, H., Holmes, L. and Soper, J. 2008) Аналитичари кои се само економски настроени, можат да докажат дека сла­ биот квалитет на институционална грижа може да биде поевтин од добрата грижа во службите за домување ба­зир­ ани во заедницата и да даде подобри ре­зултати. Ваквите расудувања, сепак, прет­ста­ву­ ва­ат голема грешка. Наскоро, или по­ доцна, во повеќето земји на ЕУ, јавниот при­тисок, веројатно, ќе резултира за по­добрување на квалитетот на грижата во институциите, која традиционално била неквалитетна – етапа кога грижата во заедницата ќе обезбеди можност која нема да биде само подобра за корисникот, туку, исто така, и исплатлива за обезбедувачот на услугите. 563 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Заклучок Креаторите на политики и оние кои носат одлуки, како и сите професионалци, се заглавени во медицинскиот при­ стап за лицата со попреченост. Со имплементирањето на промената на парадигмата би се заштедило повеќе време и ресурси на подолг рок и со тоа ќе се има позитивно влијание врз животот на лицата со попреченост. На пример, развојот на инклузивното образование треба да биде еден од приоритетите во секоја држава, со што, кај идните генерации ќе се влијае за промена на перцепцијата на лицата со попреченост. Усвојувањето на силна ан­тидискриминаторска политика и ле­г­ислатива и зајакнувањето на пра­ ви­л­­ ата за пристапност и регулативи, мо­жат да донесат големи промени во по­глед на прашањето за хендикепот во општеството. Последните извештаи на Европската ко­мисија нотираат дека Република Ма­ ке­донија неуспешно и многу малку ги ис­полнува меѓународните стандарди во однос на домувањето кај лицата со по­преченост. Проблемот не е поради не­достаток на финансиски средства, туку, пред сé, поради недостатокот на политичка волја за да се направат ра­ бо­тите подобри за нејзините најранливи гра­ѓани. Пораките апелираат дека усло­ ви­те во институциите се мизерни и суб­стандардни и корисниците се лошо тре­тирани. Животните услови се многу лоши и со недоволен и мал број на персонал. Процесот на извлекување и сместување на корисниците во службите за домување е бавен поради многу бирократски бариери. Во десетгодишниот период од от­поч­ ну­вањето на моделот на домување со под­дршка за лицата со попреченост, во Република Македонија се направи мал исчекор за негово имплементирање во рамките на системот за развојните политики на социјалната заштита. Земајќи го превид сегашниот политички мо­ментум за реформа после подолг период, во кој се загрозени правата на лицата со попреченост и нивното достоинство, времето за промена е одамна отпочнато. 564 СТАТИИ Литература: М-р Вера Димитриевска Disability Monitor Initiative(2004) Beyond de-institutionalization: The Unsteady Transition towards an Enabling System in SEE Disability Monitor Initiative.(2008) The right to live in the community: Making it happen for people with intellectual disabilities in Bosnia, Montenegro, Serbia and Kosovo EC(2009) Report of the Ad Hoc Expert Group on the Transition from Institutional to Community-base Care Ericson, K.(2000) Deinstitutionalization and community living for persons with intellectual disability in Sweden: Policy, Organizational change and personal consequences EU Employment and Social Affairs(2007) Social Protection and Social Inclusion in FYR Macedonia ec.europa.eu/employment_social/spsi/docs/social_inclusion/2007/ fyrom_summary_en.pdf Freyhoff G, Parker C, Coué M, Greig N.(2004) Included in Society: Results and recommendations of the European research initiative on community-based residential alternatives for disabled people. Brussels: Inclusion Europe Koyanagi,C, Bazelon, D.L.(2007) Learning from History: Deinstitutionalization of People with Mental Illnes as Precursor to Long-Term Care Reform Mansell, J.L.(2006) Deinstitutionalization and community living Министерство за труд и социјална политика.(2008) – Национална стратегија за деинституционализација во системот на социјална заштита на РМ 2008-2018 година, http://www.mtsp.gov.mk Mинистерство за труд и социјална политика.(2009)- Програма за остварување на социјална заштита за 2009 година, http://www.mtsp.gov.mk Mинистерство за труд и социјална политика.(2009)- На патот кон ЕУ:Придонесот на граѓанското општество во креирање на политиката за социјалновклучување во Република Македонија, http://www.mtsp.gov.mk План за воспоставување на социјални служби во заедницата за лицата со попреченост(2008) – Иницијатива:Заедница за сите- Македонија UNDP, National Human Development Report.(2004) FYR Macedonia: Decentralization for human development UNICEF(2007) Проценка на реформата на системот за заштита на деца во Македонија UNICEF and World Bank.(2003) Changing minds, policies and lives: Redirecting resources to community-based services. Florence, Italy: UNICEF-ICDC USAID(2006) Emerging practices in community-based services for vulnerable group in SEE 565 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Vera Dimitrievska, MPH Independent researcher Resume Practices of housing among people with intellectual disabilities: community-based supported housing services Over the course of the late XX th century the so-called“social model”(which views disability as the result of social barriers that prevent people with disabilities from participating into the society) arose. This model opposed the previously dominant “medical model”(in which disability is considered as an individual pathology) that had until then underpinned much of service provision for people with disabilities all around the world. Latterly the development of holistic models brought about a global understanding of disability, taking into consideration all dimensions. The development of international legislation on the rights of people with disabilities during the 1970s also accounts for this shift in paradigm from the medical to the social model of disability. Among those, the adoption by the UN General Assembly of the Standard Rules on the Equalization of Opportunities for Persons with Disabilities in 1993, presented disability rights as an equal opportunity issue rather than a special needs issue. For South East European countries at various stages of an EU association or accession process, a key legal instrument is the Council of Europe Recommendation No. R(92) 6 of the Committee of Ministers to Member States on a Coherent Policy for People with Disabilities. In terms of the financial perspective of these services, the results are shown in many reports for institutional care and community-based services. In all of them is noted there is no evidence, that model of community-based services is rather expensive than care in the institutions. Other studies, note the opposite meaning. Experience shows that simply closing institutions is not, in itself, enough to ensure the social inclusion of people with intellectual disabilities. In order to achieve real inclusion, an efficient network of quality community-based services must be established, and service standards and monitoring systems must be developed. Quality community-based services work according to the following principles: - Every person is an individual and should receive support in accordance with his/her individual needs. - Every person with disabilities has the right to live in the community. - People with disabilities should be included in regular housing and employment environments and the social and cultural activities in the local community. - The size of community-based housing programs should be family scale. 566 СТАТИИ М-р Вера Димитриевска - The development of social relationships between people with disabilities and other members of the community should be promoted. - People with intellectual disabilities should have real opportunities to participate in society and to develop skills necessary for living as independently as possible. - Including people with disabilities and their families in the creation, monitoring and evaluation of the community-based support services is essential. 567 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 ИНИЦИЈАТИВИ М-р Живко Митревски Инда Костова Савиќ Сојуз на Синдикати на Македонија 351.778.532(497.7) Солидарен станбен фонд – потреба и перспектива Резиме Решавањето на станбеното прашање е решавање на едно од основните егзистенцијални потреби на секој работник, граѓанин на Република Македонија. Со Уставот, како и со потпишувањето на Европската социјална повелба, Република Македонија ја прифати обврската за унапредување на материјалната, правната и социјалната заштита на семејниот живот со преземање соодветни мерки, како што е поттикнување на станбената изградба. Со носењето на Законот за домување во 1998 година(„Службен весник на РМ“, бр. 21) се укина категоријата општествени станови и станот започна да се третира како економска категорија. Со престанување на изградбата на станови во општествена сопственостт, станбеното прашање се решаваше, и се решава, според личните можности, најчесто со станбени кредити со високи каматни стапки. Невработеноста и ниските плати дополнително негативно влијаат врз опаѓањето на животниот стандард на граѓаните, а со тоа се намалуваат можностите за обезбедување живеалиште. Неможноста да се реши оваа животна потреба, за многу лица е една од основните причини, посебно на младите, за заминување на работа во странство. За Сојузот на синдикатите на Македонија домувањето претставува значаен сегмент во изградбата на социјална држава, како што е декларирана Република Македонија. Затоа, програмската стратегија на ССМ, меѓу другото, е заложбата за водење соодветна станбена политика во државата, која има силно влијание врз обезбедувањето на животниот стандард на работниците и граѓаните на РМ. Со цел да се придонесе во создавањето поповолни услови за решавање на станбените прашања на работниците и граѓаните, а со тоа и да се придонесе кон поголема мотивација и продуктивност во работењето, ССМ покрена Иницијатива за формирање солидарен станбен фонд во Република Македонија. 568 ИНИЦИЈАТИВИ I. Иницијатива на ССМ за формирање станбен солидарен фонд Сојузот на синдикатите на Македонија како едно од приоритетните прашања за кое се залагаше и уште поинтензивно ќе се залага во наредниот период, со­ глас­но Програмата за работа усвоена на 18. Конгрес на ССМ, е обезбедување по­волни услови за решавање на стан­ беното прашање како основна ег­зис­тен­ цијална потреба на секој работник и гра­ ѓан­ ин на нашата држава. Можностите за решавање на ова горливо прашање прет­ ставува голем проблем од повеќе при­чи­ ни, а пред сé: заради нискиот животен станд­ ард; сé уште станот се третира како екон­ омска категорија; се решава според личн­ ите можности; станбената политика е неповолна; станбените кредити се со ви­соки каматни стапки, итн. Следејќи ги практичните искуства во другите земјии, а со цел да се придонесе за создавања поволни услови за ре­ ша­вање на ова исклучително важно жив­ отно прашање за работниците и воопшто за граѓаните, ССМ покрена Ини­цијатива за формирање солидарен стан­бен фонд во Република Македонија. 1. Во солидарниот станбен фонд ќе партиципираат: Владата на РМ, ССМ и работодавачите; 2. ССМ во Фондот ќе партиципира пре­ку синдикалната членарина, со­ гласно одлуките донесени од за­ин­ те­ресираните синдикати здружени во ССМ; 3. Ќе се формира посебен правен су­бјект за реализирање на планираните про­ екти за станбена изградба составен од: државата/локалната самоуправа, ССМ и работодавачите; 4. Становите ќе можат да ги купуваат М-р Живко Митревски, Инда Костова Савиќ вработените во претпријатијата и установите, кои ќе партиципираат во фондот; 5. Финансирањето на проектите за стан­бена изградба ќе се одвива на повеќе начини: а) Принцип на солидарност – 30% сред­ства ќе се обезбедат пре­ку локалната смоуправа, со доде­лу­ва­ ње наменски бесплатни градежни ло­кации, и со ослободување од тро­ шоц­ ите за комуналии, што во многу ќе влијае врз далеку поповолната це­на на становите по метар квад­ ра­тен во однос на пазарната цена; б) Принцип на доброволност – парт­не­ ри­те на фондот ќе уплаќаат износ кој се пресметува со примена на про­центи од 0,7 на збирот на си­ те бруто-плати на вработените кај вложувачот за претходниот ме­сец, при што бруто-платата прет­ставува само основица на ко­ја ќе се примени процентот од 0,7, а средствата вложувачот ќе ги обезбеди од сопствени извори (при­ходи), а не од платите на вра­ бо­тените. Притоа, вложувачот може да уплатува и поголеми износи од оние предвидени во договорот за вложување и здружување на средства. Средствата на вло­жу­ ва­чите – членки, им се враќаат во це­локупен износ преку добиен м2 од станот, што значи дека цената на станбен м2 нема да биде иста за сите членки; в) Трет начин за финансирање на стан­бе­ните проекти е преку кре­ди­ т­ните средства/со кредитно учество на финансиските партнери како од земјата, така и од странство. Кредитните средства ќе бидат не­опходни заради затворање на 569 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 фи­нансиската конструкција, а ќе се темелат врз обезбедување на враќање на кредитите преку до­ говорите за хипотека на пред­мет­ ното земјиште и станбената еди­ни­ ца. 6. При изградабата на становите преку Фондот за солидарна станбена из­ град­ба ќе се практикуваат идејни ре­ шен­ ија за цели населби, со деловни об­јекти, ќе се користат еколошки ма­теријали и обновливи извори на енер­гија, станбените и деловните објекти ќе бидат приспособени за лица со инвалидитет, и др. Реализацијата на оваа Иницијатива ќе значи перспектива за решавање на станбените прашања на работниците и граѓаните во РМ, но и раздвижување на повеќе стопански гранки: индустријата на градежни материјали, градежната опе­ратива, дрвната, металската, тек­ стилн­ ата, хемиската индустрија и други деј­ности што ќе се вклучат во изградбата на станбените објекти. Со реализирањето на Иницијативата на ССМ за формирање солидарен стан­ бен фонд во многу ќе се придонесе за натамошна хармонизација на со­циј­ал­ на­та станбена политика во Република Мак­ едонија. Почетните чекори на ССМ за реализи­ ра­ње на Иницијативата на ССМ за формирање на станбен солидарен фонд се темелат на Конференцијата посветена на социјалното домување. Истата беше организирана од Црногорскиот фонд за солидарна станбена изградба(ЦФССИ), Институтот за недвижности, изградба и домување и Министерството за уредување на просторот и заштита на животната средина на Црна Гора. Конференцијата ги собра претставниците на синдикатите, работодавачите и вла­ ди­те на околу шест земји од Балканот. Пристап кон социјално партнерство Анализата и практичното искуство во земјите од Западна и Централноисточна Европа покажуваат дека имп­ле­мен­та­ циј­ата на успешен сектор за пристапно до­мување на земјите во транзиција бара три основни елементи: а) Соодветни прописи на ПЈП(при­ ватно-јавно партнерство) во обла­ ста на домувањето; б) Финансиски модел кој овозможува пристапно домување под закуп и во сопственост; в) Институционална постапка со ви­ соко ниво на застапеност на гра­ѓан­ ското општество и Владата(модел на социјално партнерство). Моделот, веројатно, ќе привлече зна­ чај­на поддршка кај соседните земји, ме­ѓународните донатори и европските инс­титуции. Правни прописи Република Македонија треба да мине низ процес на оценка на постојното законодавство во областа на домувањето, како и да ја разгледа правната реформа за да овозможи имплементација на секторот ПЈП во областа на домувањето. Во случај правната реформа да не може да се постигне навремено, прописите што недостигаат може да се заменат со статутот на македонскиот солидарен станбен фонд. Но, гледано долгорочно, станбеното законодавство, согласно со меѓународните позитивни искуства, претставува потреба и нужност. 570 ИНИЦИЈАТИВИ Модел на финансирање М-р Живко Митревски, Инда Костова Савиќ Социјално домување Пристапното домување за станаритесопственици полесно е да се финансира, отколку домувањето со закуп. Тоа бара: • Краткорочно финансирање во пе­ри­ о­дот на изградба(со најниска можна каматна стапка); • Мерки за намалување на деловните ризици кои заради тоа овозможуваат пре­мија на низок ризик(на пр. соп­ ствен капитал); • Било кој вид субвенции за да се на­ мали куповната цена(на пр. бес­плат­ но земјиште). Пристапното домување под закуп бара некој вид структурно финансирање, кое се состои од следните елементи: • Бесплатноземјиштеиинфрастуктура; • Сопствен капитал(придонес на акционерите) или државни субвенции, или придонеси на клиентите(на пр. некое министерство за кое се градат станови); • Вкрстени субвенции од профитни активности(на пр. деловен простор или станови во сопственост) кон станови за закуп и од побогатите кон посиромашните региони; • Долгорочни, нискокаматни заеми (на пр. од меѓународни финансиски институции, како што се DIGH или CEB); • Индексирани закупнини. На долги стази за станбената ор­ган­ и­ зација ПЈП, домувањето под закуп е економски поисплативо, отколку до­ мувањето во сопственост. Тоа овоз­мо­ жу­ва финансиски посилни ор­га­низации. Социјалното домување треба да се смета како интегрален дел од пазарот на недвижности, како средство за промовирање на економскиот развој, урбаниот развој, намалување на при­ ти­сокот за домување и како опција на политиката за решевање на проблемот со дивоградбите. Социјалното домување може да по­ ну­ди можности за развој на пазарот за недвижности и станбениот сектор, а тоа може да биде стабилизирачки фак­тор за економскиот развој. Ино­ ва­тивната социјална политика за до­ мување може да придонесе за са­ни­ рање на трошните згради, како и за стабилизирање на изградбата на ста­ нови по пат на повеќегодишни пла­но­ ви за изградба на нови станбени еди­ ници. Таа, исто така, може да го оле­ сни урбаниот развој, да придонесе за при­мена на еколошки стандарди при нови градби или реновирање, да ги стабилизира миграциските текови и да ги намали социјалните тензии. Во неколку западни земји, социјалното до­ му­вање е имплементирано како дел од на­ционалните стратегии за домување. Исто така, големиот процент на приватна сопственост(т.е. над 80%) може да би­ де обесхрабрувачки за релокација на ра­ботната сила. Основни предуслови за успешна политика за социјално до­му­ вање се повеќегодишни стратегии, вос­ по­ставување на институции и економска средина која го поттикнува политичкиот континуитет и долгорочните инвестиции. 571 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Клучни индикатори 1. Домот е основна инвестиција за се­кого, инвестиција која не може се­когаш да биде исполнета преку директен пристап до пазарот на недвижности. Сепак, пристапот до сопственост може да биде под­др­ жан од владата директно или пре­ ку долгорочен кредит. Секоја зе­ мја треба да развие политики за социјални станови кои ќе можат да одговорат на барањата на сите сег­ мен­ти од популацијата. фаворизираат мобилноста на лу­ ѓе­то заради работа и учење, а од дру­га страна, да даваат конкретни од­говори(на пример, преку даночни олес­нувања од страна на државатачленка или социјални станови за изнајмување поддржани од др­жа­ вата) на групите со ниски приходи. 5. Треба да се усвојат сеопфатни, усог­ласени закони кои ги ре­гу­ли­ раат станарините, становите, упра­ вувањето и одржувањето, суб­вен­ци­ ите и социјалните станови. 2. Националната и локалната ад­ми­ ни­страција треба, во согласност со лок­ алните услови за домување, да спроведе долгорочни планови за поволен лизинг за купување куќа или преку наплата на постојниот стан­бен фонд или преку нова градба. Се препорачува рано планирање, затоа што за имплементација на социјални станбени планови оби­ чно се потребни четири до осум години од првата иницијатива, до моментот кога објектите се пуштаат во употреба. 3. Треба да се подигне свеста за важ­носта од посветеноста и ин­ тер­венцијата на државата за про­ мо­вирање на социјални станови, а исто така, и да се одговори на побарувачката од сиромашните и ранливите групи. Исто така, тре­ба да се подигне свеста дека обез­бе­ ду­вањето на социјални станови за оние кои имаат потреба е обврска на Владата. 4. Политиките за изнајмување и ли­ зинг треба, од една страна, да ја 6. ПЈП во областа на домувањето има покажано убедливи резултати во многу земји. Иницијативите треба да се развиваат во согласност со UNECE Водичот за промовирање на добро управување во јавноприватните партнерства(Њујорк и Женева, 2008). 7. Социјалното домување(преку јавно домување, ПЈП, задруги, итн.) треба да се развива како составен дел од пазарот на домување. Тоа треба да се натпреварува со приватните пазари за да се стабилизираат трошоците за домување. Гарантирање на заемите Во земјите во развој и во земјите во економска транзиција, често не можат да се обезбедат заеми за проекти за домување, затоа што банките сметаат дека ризикот од високите каматни стапки и од основните плаќања е превисок. Во оваа смисла, најчесто се користат услуги од меѓународни фондации за гаранции за домување кои овозможуваат 572 ИНИЦИЈАТИВИ М-р Живко Митревски, Инда Костова Савиќ реализирање на проекти за евтино до­ му­вање за лица со ниски примања од земјите во развој и од земјите во еко­ ном­ска транзиција. Со гарантирање на кредитната камата и основните плаќања ќе се направи пресврт во областа на јавното домување и ќе се стимулираат економиите на овие земји. Овој вид финансирање мора секогаш да се прави во консултација со ин­вол­ ви­раните влади и често се вклучува во рам­ките на веќе постојните проекти и де­кларации за намера. Заклучоци Во социјалното пазарно стопанство, што е карактеристика на секое модерно општество, пазарот не може да биде единствениот критериум за стандардот на граѓаните, бидејќи станот- домувањето е дел од правото на достоинството на чо­векот. Затоа, во приодот, односно изн­­ аоѓањето мерки, инструменти и ак­тивности треба да се поаѓа од ново редефинирање на категоријата дом, жи­в­ еалиште на човекот и, согласно ме­ѓ­­ународните темелни документи за чо­вековите права имплементирани во македонското законодавство, ова пра­ шање да се смести во корпусот на еко­ ном­ско-социјални права на граѓаните. Сојузот на синдикатите на Македонија презема конкретни мерки во изнаоѓањето можни опции за поттикнување на стан­ бената изградба во Република Ма­ке­ донија. Во таа функција покрена Ини­ ци­јатива за формирање солидарен стан­бен фонд во Република Македонија, ка­ко позитивно искуство и практика во водењето на станбената политика во другите земји. Натамошните чекори за конкретно им­ пле­ментирање на Иницијативата за соз­ давање поповолни услови за стек­ну­ва­ ње со евтини станови на вра­бо­т­­ ените - членови на синдикатите здру­ж­ ени во ССМ, како и граѓаните на Република Ма­кедонија, ќе бидат за донесување заедничка стратегија и одлуки со Владата на Република Ма­кедонија, локалната самоуправа и работодавачите. Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека иднината на заживувањето на станбената изградба и перспектива во решавањето на станбените прашања на вработените- граѓаните во Република Македонија, секако треба да се гледа и во формирањето на станбен фонд врз солидарен принцип. 573 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 ОД ПРАКТИКАТА УДК 620.9 Маргарета Липковска Атанасова, УСАИД Искуства со примената на пилот-програмата за резиденцијална енергетска ефикасност како дел од пилот-проектот за социјална сигурносна мрежа на УСАИД Од кога се спроведува Програмата за енергетска ефикасност на згради и станбени единици? Пилот-проектот е почнат оваа година, во февруари(2010), додека градежните работи беа изведени во периодот јули – октомври 2010 година. Работите се за­вршени кон крајот на октомври и за наредните месеци се закажани енер­ гет­ските мерења по интервенцијата. За имплементација на овој пилот-про­ ект, Македонија беше избрана по­ме­ ѓу неколку земји во регионот. Во мо­ мен­тот на аплицирање на проектот, веќе беше во дискусија програмата за намалување на енергетска си­ро­ маш­тија, така што постоеја некои еле­ мен­ти кои придонесуваа кон тоа да се донесе конечната одлука и да се избере Македонија за имплементација на проектот. Финансиски, проектот е целосно поддржан од УСАИД, до­де­ка партнери во спроведување на про­ек­ тот се, во делот на реалзицијата: Ха­би­ тат Македонија, контракторот АРГ од САД, Организацијата Севен од Чеш­ ка, ИПСОС, Тимел проект и Баџак ин­ж­ енеринг од Македонија. Покрај нив, беа вклучени и дадоа поддршка и Министерството за труд и социјална по­литика, Министерството за економија, ЕВН и Топлификација. Која е целта на Проектот? Целта е да се оствари или поголема енер­ гет­ска заштеда кај домаќинствата, или да се унапреди комфорот на живеење. Проектот стреми да изведе детални мерења во однос на заштедата, имајќи предвид дека тие податоци, заштедите на крај, во однос на енергетиката, во однос на намалувањето на трошоците, заштедата од страна на семејствата, ќе се прикажат како една можност, дека ваквиот вид на интервенции, односно ин­вестирањето во ваков вид на ин­ тер­венции за заштеда на електрична или топлинска енергија, би можело да се презентира како еден потенцијален мо­дел за намалување на трошоците, односно како еден вид социјална помош, со што би се заменила програмата на субв­ енционирање на електричната енер­гија. Кои се главни корисници на Пилотпроектот? Интересено е спојувањето на енер­гет­ скиот со социјалниот аспект, односно спојување на заштедата, со заштитата на социјалните групи. Корисници на про­ грам­ ата се семејства со ниски примања. Таа дефиниција се користи од Хабитат, нивната формула опфаќа категорија на 574 ОД ПРАКТИКАТА Маргарета Липковска Атанасова, УСАИД лица кои се во состојба да плаќаат заем по некои поволни услови. Причината зошто не се опфатени примателите на социјална заштита, е неможноста истите да бидат лоцирани во една станбена единица. Во соработка со МТСП, бевме информирани дека тешко можат да се добијат податоци за тоа каде тие се лоцирани и, честопати, се случува повеќето од нив да живеат во индивидуални станбени објекти. Тоа, некако, не се вклопуваше во нашиот концепт, семејства да живеат во станбени згради, во кои барем мнозинството од семејствата се со ниски примања. Во практична смисла, бидејќи средствата беа лимитирани, се работеше само на три станбени згради. Две од зградите се лоцирани во Скопје, а една во Куманово. Вкупно беа опфатени 57 семејства во сите три згради. Според кој критериум беа избрани зградите? Зградите беа избирани според со­циј­ал­ ната структура на населението. Ние се обра­тивме до Топлификација и до ЕВН да добиеме хронолошки податоци за наплата на сметките на парно и струја, со цел да се има увид во тоа кои се тие семејства кои имаат потешкотии во наплатата на сметките. Од вкупно 16 згради, постепено се одеше на ели­ми­ нац­ ија и истите ги сведовме на тие три објекти. Целта беше да се изберат објекти со таква структура, да бидат од северниот дел на Македонија, каде има по­студени услови и се внимаваше зградите да користат различен тип на грее­ ње. Една од зградите да биде по­ вр­зана на парно греење, тоа е зградата во Автокоманда, едната да се грее ис­ клу­чително на струја и една која би се греела на комбиниран метод, струја и дрва. За жал, таа во Куманово привично имала таква комбинација, но сега се сите префрлени на струја, затоа што е почисто и поевтино. Луѓето во Македонија масовно користат струја. Исто така, еден од критериумите за избор на зградите беше и мешаниот етнички состав. Што содржеа интервенциите? Иако не е една од главните критични мерки за енергетска ефикасност, во сите три згради најпрвин беа променети по­ крив­ ите. Покривите, можеби, не вли­јаат врз заштедата, но со самото про­те­кување и влажноста, го намалуваат квалитетот. Навистина, имаше некои страшни слики, згради во кои четириесет години ни­кој ништо не инвестирал, влажноста зна­ чеше многу во однос на заштедата. По­ кри­вите се многу голема ставка, токму за­тоа се смета дека исплатливоста во по­натамошниот период е долгорочна. По­крај на покривите, се работеше и на надворешна изолација на зградите. Изо­лацијата содржеше 12 см стиропор, вклу­чувајќи го тука чистењето на по­ стој­ната фасада, лепак, шрафови, ле­ пење на мрежа и поставување на но­ва фасада. Оваа изолација беше на­пра­ ве­на согласно упатствата од нашиот кон­султант од Чешка. Исто така, беше направена и промена на балконските врати и прозорци. Само во Куманово ги сменивме сите прозорци и врати. Во другите згради беше предвидено да се поправаат постојните прозорци кои не дихтуваат, со цел да се докаже што би било поефикасно. Неколку од семејствата имаа интерес сами да си ги сменат прозорците. Прозорците од внатрешните скали во заедничкиот простор не беа сменети, но беа поправени. Се работи и 575 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 на сменување на главните влезни врати и сменување на внатрешните сијалици со штедливи, бидејќи со дел од буџетот беше предвидено обезбедување на семејствата со по три штедливи сијалици. Иако е можно, а и се очекува, во некои случаи да не се покаже заштедата во енергијата, меѓутоа, конфорот на живеење ќе се зголеми. Уште една битна компонента која ја вклучивме е практикантската работа на ученици од средните стручни училишта: електро, градежно и машинско. Желбата беше да се воведе еден вид на green jobs corps(корпуси на млади луѓе поврзани со зелени технологии). Сакавме да ви­диме колку би биле младите заи­ н­ тер­ есирани за тоа, па успеавме да обезбедиме 12 ученици, што значи ангажирање по четири ученици на секоја зграда. Сметаме дека тоа даде многу по­зитивни резултати, учениците беа на­вистина воодушевени. За учениците беше организирана еднонеделна обу­ка со посебен фокус на енергетска ефи­ кас­ност, нешто што, за жал, во нивните учил­ ишта не е ниту споменато. На кои проблеми и тешкотии наидовте во досегашното спроведување на Програмата? Покрај горенаведените проблеми, се соо­ чивме со проблеми поврзани со до­бивањето согласности, пред сé, од причини што еден од нашите услови се однесуваше на тоа во зградите да не се прават никакви интервенции во период од најмалку две години (заради одржување константност на мерењето). Но, постоеја и такви случаи кога некои лица се обидуваа да добијат одобрување за добивање на станбен простор во кровниот дел од зградите и тие се појавија како кочничари на интервенцијата. Друг проблем беше стравот ние да не го злоупотребиме тој простор, еден лош индикатор за тоа што се случува во градот во однос на искористување на секој слободен простор. Исто така, интересно е дека во сите три општини добивме различни согласности. Тоа е еден од проблемите, различно толкување на Законот, некои даваат само одобрување, некои само согласност, односно различно се интерпретира Законот. Тоа значи дека се јавува по­ тре­ба да се хармонизираат Законот за домување и Законот за градба на станбени згради, така што тие се некои работи кои ги воочивме во текот на самата реконструкција. За да се направи било каква интервенција во зградите потребна е согласност на повеќе од половината станари и потребно е да бидат формирани куќните со­вети. Некои од зградите воопшто не­ маа формирано куќен совет, па затоа се одеше на прибирање на поединечна со­гласност од сите станари. Истата таа сог­ласност е потребна кога се поставува ба­рање до општината за санација на бил­ о каков објект. Овие работи мора на не­кој начин да се поедностават. Што би требало да биде преземено за унапредување на енергетската ефи­кас­ност на станбените единици во однос на законската регулатива? Кај нас клучно е да се донесе правилникот за енергетска ефикасност на градба на нови згради, тоа е во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Постои еден вид подвоеност, енер­ гетиката е во надлежност на Ми­нис­ терството за економија, додека градбата 576 ОД ПРАКТИКАТА е во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Во Македонија, интервенциите во енер­ гетската ефикасност, односно за­ште­ дата, се првиот чекор во однос на им­ пле­ментирање на било каков проект во обновливи облици на енергија. Притоа, пред сé, треба да се насочиме кон заштеда на енергија, колку повеќе ќе заштедиме енергија, толку помалку ќе треба да се инвестира во производство Маргарета Липковска Атанасова, УСАИД на обновливи видови енергија. По­тен­ ци­јалите за заштеда на енергија во Ре­публика Македонија се огромни, по­ сто­јат 600.000 станбени единици, при што голем број од нив се индивидуални објекти, каде потрошувачката на елек­ тричн­ а енергија е огромна. Клучно е тоа што во Македонија индустриските и резиденцијални капацитети се нај­ го­лемите потрошувачи на енергија, па от­тука и можностите за заштеда се огромни. 577 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 ИНТЕРВЈУ 364.3-232:347.171(497.7)(047.53) Софија Спасовска Министерство за труд и социјална политика Помошник-раководител на Сектор за социјална заштита Легислативната и институционалната поддршка на домувањето низ системот на социјална заштита Kои закони, стратегии и програми ги има донесено МТСП, кои го третираат проблемот на домувањето/социјалното домување? Домувањето како систем е во над­ леж­ност на Министерството на тран­ спорт и врски. Легислативните ос­но­в­ и се уредени со Законот за до­му­в­­ ање и подзаконските акти кои про­из­ле­гу­ ваат од овој Закон, како и со На­цио­ налната стратегија за домување ко­ја е објавена на веб страницата на Ми­ нист­ ерството за транспорт и врски. Од аспект на социјалното домување, Ми­нистерството за труд и социјална политика има две допирни точки со Министерството за транспорт и врски: Законот за локална самоуправа, го опфаќа домувањето во делокругот на работите кои се децентализираат, а влегуваат во законската надлежност на општините и во однос на Законот за социјална заштита, во кој е опфатено домувањето. Во Законот за социјална заштита од 2009 година е прецизиран па­ричниот надоместок за домување, значи обезбедување на парични сред­ ства за плаќање на трошоци во до­му­ ва­њето за две ризични групи: ко­рис­ ни­ц­­ ите на постојана парична помош и ли­цата кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, зна­чи по напуштање на институции и згри­ жу­вачко семејство, а најмногу до 26 го­ ди­ни. Согласно Законот за социјална заш­тита постои поделеност во однос на надлежноста, значи Министерството, односно Министерот, има обврска да донесе Правилник со кој ќе го уреди пра­вото на домување за лицата до 26 го­дишна возраст. Додека за корисниците на постојана парична помош обврската е дадена на локалните самоуправи, значи секоја самоуправа треба да си донесе свој правилник како тоа ќе го уредува. Со Законот за домување е утврдено непрофитното домување и е утврдено субвенционирањето на домувањето за најзагрозените групи. Реализацијата на овој вид домување се врши со Програма на Владата за изградба и одржување на станови за оваа намена. Таа е донесена во 2009 година и се спроведува сук­це­ сивн­ о, согласно динамиката на градба и распределбата на истите. Се донесоа сите потребни подзаконски акти, за овие 578 ИНТЕРВЈУ две категории на граѓани да ги задоволат станбените потреби преку непрофитно домување и преку субвенционирање и, согласно овие подзаконски акти, де­ фак­то, се утврдија ризичните групи за кои државата ги наменува овие станови. Значи, тоа се лица со ниски приходи, млади брачни парови, корисници на право од социјална заштита, бездомници, жртви на семејно насилство, инвалидни лица, итн., односно најризичните групи. Во самите одлуки што ги носи Владата, односно Програмата за распределба, се утврдува која е приоритетна категорија од сите ризични групи за доделување на станови во дадената година. Во 2009 г. имаше распределба на станови за лицата кои ги напуштиле домовите за деца без родители и без родителска грижа, конкретно Детскиот дом„11 Октомври“, значи лица кои станале полнолетни и кои по основ на претходниот статус до­бија станови. Како Министерство, бевме на идеја, во согласност со На­ цио­ налната програма за домување, да се донесе посебен Закон за социјално до­мување. Имајќи во предвид дека оваа про­блематика веќе се решава, значи се до­делуваат станови, а најбитно од сé е дека се определува квота која се гради и наменува за оваа категорија, па потоа се врши распределба, се појавува потреба да се процени дали е потребна посебна нова регулатива, или во рамките на постојниот Закон за домување да се регулира овој домен. Кои се главните предизвици во однос на законските прописи во делот на домувањето(финансиски, административни и сл.)? Од 1991 година кога се централизира целиот станбен фонд, како фонд на Република Македонија до новиот Закон за домување, всушност постоеше една празнина. Значи, распределбата на овие станови за задоволување на ризичните групи, всушност, не се остваруваше. Она што како политика државата го прави врз основа на странски донации и заеми, е обезбедување на средства за иградба на вакви станови. Значи, основното пра­ ша­ње е практичната примена, колку рас­ полагаме со станбениот фонд. Со­глас­ но гореспоменатата Програма, веќе е зацртано колку станови државата е во можност да обезбеди за овие нај­ран­ ли­ви категории на граѓани. Ова што го споменав со Законот за социјална заш­ти­ та и со Законот за локална самоуправа, е во контекст на тоа дека сé уште не постои интерес од општините. Тоа, пред сé, се јавува од неколку причини, прет­по­ста­ ву­вам дека првата, и основна причина, е што самите општини не располагаат, или малку располагаат со станбен фонд. Иако имаат и свои модуси како тоа да го на­прават, согласно Законот за домување, со разни донации, кредити, заеми, итн., да обезбедат сопствен станбен фонд. Ме­ѓутоа, сé уште се остава сé да се реши на централно ниво. Владата формира посебна Комисија на национално ниво за распределба на становите, согласно Законот за домување и подзаконската регулатива, што ги обезбедува овој За­ кон, значи формално постои таков орган. Тој е интер-ресорски, ние сме таму пар­ ти­ципиенти, за да ги штитиме правата на најзагрозените категории на граѓани и, на некој начин, да им помогнеме на другите релевантни претставници на ми­нистерствата во креирањето на на­ там­ ошните политики, како што се, во најголем број, претставниците на Ми­ни­ стер­ството за транспорт и врски. 579 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Какви видови на парични субвенции и други дополнителни услуги се обезбедуваат преку системот на социјалната заштита за домување на социјално ранливите категории? кас­ност на зградите од јавен карактер. Тука се сигурно и нашите установи за социјална заштита, во кои корисниците го остваруваат правото на некој начин на домување, додека им трае правото на сместување во институцијата. Значи, сé она што е нормативно и де факто го спроведуваме за децата до осумнаесеттата година, а биле без родители и родителска грижа. Веќе имаме усвоено Правилник и тој се спроведува. Ако го гледаме поширокиот контекст на домувањето, од 1 септември се имплементира и Програмата за субвенционирање на електричната енергија за поквалитетно домување и во тек се активности кои се координирани од Министерството за економија, во поглед на енергетската ефикасност. Значи, Министерството за економија реализира два проекта со УСАИД, во кои се побара наше вклучување во поглед на детектирање на станбени објекти во кои живеат сиромашни луѓе со ниски примања и корисници на одредени права од социјална заштита, за да мо­ же преку овие проекти да се изврши таа реконструкција за постигнување на енергетска ефикасност. Тој проект ќе тече и понатаму, со цел да се види кол­кави се ефектите од вложените сред­ ства, наспроти заштедите, за ис­ти­те понатаму да се предложат како по­ли­ тики. Се надеваме дека тоа е едно ин­те­ ресно подрачје, бидејќи фокусот на Ев­ ропската Унија се насочува повеќе кон фин­ ансирање на вакви методи, отколку кон давање на парични надоместоци за суб­венционирање на енергијата. Покрај овој проект, при Министерството за економија постои и работна група која треба да изготви план за енергетска ефи­ Кои форми на институционална поддршка и помош во доменот на домувањето постојат за овие категории на ранливи групи? Институционалната поддршка е согла­ сно Законот за социјална заштита, значи установите за социјална заштита кои функционираат во системот согласно згрижување на одредена група. Дали се тоа деца со посебен статус, односно потреби. Ние имаме седум институции во државата за ризиците во однос на децата без родители, телесно попречени лица, воспитно запуштени деца, итн., како и четири старски домови. Од нив, три се децентрализирани во општините, а еден е со несигурен статус, односно градот Скопје не го презел како своја установа. Исто така, има развој на вон­ инс­титуционална форма на заштита, моментално има 22 дневни центри за деца со попреченост. Помагаме во ме­ на­џирањето на пет центри за возрасни со попреченост. Потоа, има два државни дневни центри за деца од улица, но по­магаме и невладини организации, како што е една организација во Шуто Оризари. Има шест центри за жртви на семејно насилство, еден центар за бездомници. Тоа е она што државата го овозможува. Но, дневните центри, де факто, не го остваруваат домувањето во смисла на престој, туку обезбедуваат згрижување во поголемиот дел од денот. 580 Каква е праксата на системот на социјална заштита на локално ниво, дали постојат иницијативи и активности кои се спроведуваат во однос на поддршка на домувањето на локалното ранливо население? До 2009 год., Законот даваше само можност општините да направат ак­ цио­ ни планови за потребите, од­но­ сно за специфичните потреби на на­ се­лението од тоа подрачје. Искрено, офиц­ ијални податоци за тоа немаме, но неофицијално, следејќи ги нивните веб страници, имаме сознанија за одредени општини. Од јули месец 2009 год., ова стана нивна законска обврска, но нив­ ни­те акциони планови треба да бидат усо­гласени со Националната програма за развој на социјалната заштита. Што значи дека таа е донесена како документ во септември оваа година, сега сме во постапка на повикување на општините да ги развијат своите планови и да ги усогласат со мерките на национално ниво. Со тоа ќе постигеме вмрежување на државните, со локалните политики, и ќе можеме да се запознаеме со тоа што општините го прават, кои се ризични групи, кои се најприоритетни групи, кои се мерките што тие ги преземаат и дали планираат такви мерки, за да можеме ние, како национална политика, да ја насочиме заштитата да биде поефикасна за населението. ИНТЕРВЈУ Кои се промените во однос на домувањето во споредба со минатото? Сметам дека сега системот во доменот на домување е поуреден. Поранешните прописи правеа некаква конфузија. Се даваше станарско право, постоеше некој вид на стекнато право. Сега социјалното домување правно добива свое место и заштита, што претставува и основа за унапредување. Јасно е дефинирано дека тоа се закупнички односи, дека становите се даваат под одредена закупнина, постои и институтот субвенционирање за оние групи што не можат да ја платат. Сопственичкото право се задржува, но не се пренесува. Има поголема можност за управување со станбениот фонд. Значи, постои одреден станбен фонд, тој ја задржува својата функција да биде наменет за социјално домување. Се воспоставува систем на следење во однос на исполнување на условите, престанокот, продолжувањето на правото, итн. Што значи дека со тој станбен фонд ќе може и во иднина да се продолжи со заштитата, за разлика од поранешниот систем на станарско право, начелото на солидарност во однос на социјалните станови, кога имаше одлевање на станбениот фонд. 581 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Љубиша Јовановски 349.444:340.13(497.7) Министерство за транспорт и врски Раководител на Сектор за комунални работи и инфраструктура Легислативните предизвици во однос на домувањето низ практиката на Министерството за транспот и врски Кои закони, стратегии и програми го третираат проблемот на домување во Македонија? Стратегијата за домување е усвоена од страна на Владата на РМ во 2007 година, врз чија основа, во 2009 година, во месец август, се донесе нов Закон за домување. Има и Програма на Владата, која се усвојува секоја година, во однос на изградба и одржување на станбениот простор во сопственост на РМ, во која се предвидени три типа на станови, од кои еден е класично социјален. Согласно Програмата за изградба на станови, со средства од Буџетот на РМ и средства од кредитот на Развојната банка при Советот на Европа, во висина од 50 милиони евра, предвидената изградба од 1.708 стана е зголемена на 1.728 стана, низ цела Македонија. Секако, има и други подзаконски ак­ ти кои се носат согласно Законот за до­мување. Сега се работи на нор­ма­ тиви за минимално и соодветно до­ мув­ ање, односно на утврдување кои еле­менти треба да ги содржи, каков ква­литет на инфраструктура треба да биде приклучен за да се задоволат ми­нималните услови за живеење и ми­нималните потреби. Треба да се 582 усвои и закон за социјално домување. Истиот е во фаза на изготвување, беше и во владина процедура, но имаше некои контрадикторности во врска со преклопување на ингеренциите со владината Комисија за домување. Кои новини ќе се воведат со законот за социјално домување? Законот за социјално домување е многу важен закон, особено кога се работи за обезбедување на начин и услови за до­ делување социјални станови. Со тој закон би требало да се утврдат сите со­ циј­ални корисници кои треба да примаат помош за домување. Со тој закон треба да се утврди кои граѓани во државата се загрозени во однос на домувањето. Групи кои треба да бидат определени ка­ко приоритети кои државата треба да ги обезбеди со домување. Овие групи треба да се стекнат со ова право по основ на социјална заштита. Законот треба да се заснова врз три столба. Првиот столб се однесува на: утврдување база на податоци; еви­д­ ен­ти­ рање на граѓаните; кои се по­требите од домувањето; за кои гра­ѓа­ни; и колку ги има. Преку центрите за социјална работа тре­ба да се утврди бројот на граѓаните кои имаат проблем со домувањето. ИНТЕРВЈУ На пример, постојат лица кои живеат во рурални куќи, неевидентирани во катастар. Граѓаните се пријавуваат како лица кои не поседуваат куќа, па најпрвин треба да се направи евиденција по центрите за социјална работа. Условите за живеење во куќа може да се подобрат за 1.000 или 1.500 евра. Ако на овие лица им доделите стан, губите стан кој чини над 20.000, до 30.000 евра, но ја губите и куќата која останува празна. Од тој аспект, законот за социјално домување треба да обезбеди начин за давање на средства за ревитализација, односно подобрување на домувањето преку мерки на минимално и соодветно домување, односно тоа би било де­фи­ ни­рано во правилникот кој ќе произлезе од Законот за домување. Вториот столб се однесува на видови објекти и тип на сместување за оства­ рув­ ање на домувањето. Во таа смисла, ако се земат, на пример, бездомниците, ако истите планирате директно да ги вселите во станбена зграда заедно со гра­ѓани кои имаат техничка култура на живеење во станбена зграда, нешто што на бездомниците им недостасува, може да се соочиме со проблем. Од тој аспект, треба да се направи градација за ресоцијализирање, односно за смес­ тување на граѓаните по разни уста­нов­ и. Најпрвин, овие луѓе треба да се смес­ туваат во прифатни центри, каде по­сто­ јат воспоставени стандарди, да им се по­мага во стекнувањето на основните на­вики поврзани со хигиената, потоа ис­ ти­те да се преместат во групни домови, со заеднички простории, дури потоа да се преместат во установи каде тие има­ат одреден степен на интимност, што значи полека работите на нивна ре­социјализација. Од една страна, ги про­мовирате нивните услови, но од друга страна, правата мораат да се зас­лужат. Тоа би подразбирало и нивно вра­ботување, како истите би можеле да ги одржуваат домовите. Потребно е да постои субвенционирање од страна на државата, но не севкупно покривање на трошоците. Сепак, исклучок би би­ ле лицата кои се трајно неспособни за остварување на приходи, тоа не се го­л­ ема група на лица, корисници на постојана парична помош, туку нивниот број е утврден. Во однос на домувањето, ве­ројатно се потребни не повеќе од 10.000 стана за да се задоволат по­тре­ бит­ е во државата. Третиот столб е субвенционирањето за домување. Субвенционирање на бил­ о какви трошоци, вклучувајќи ја ки­ ријата, комуналната давачка, ин­вес­ тиционото тековно одржување. Суб­вен­ цион­ ирањето за социјалното до­му­вање, мо­же да биде на било каков начин, и по било која основа, и од било кој аспект на домувањето, но тоа е работа на МТСП. Дистрибуцијата, распределбата, ја прави независен орган, тоа е Станбената комисија на Владата, врз основа на правила, согласно методологијата за непрофитно домување, опфатена со Законот за домување. Кои ранливи категории се опфатени со оваа Програма? Првата категорија се децата без ро­дит­ е­ ли, кои добиваат станови без разлика на кри­териумите. Но, истите не ги добиваат како свои, туку на користење. Потоа, има инвалидизирани лица, самохрани ро­дители, корисници на постојана или со­цијална парична помош. 583 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 Во кои градови до сега се изградени вакви станови? За сега, вакви станови има во: Кичево, Крива Паланка, Кавадарци, Македонска Каменица, Охрид и Скопје. Кои се главните предизвици во однос на законските прописи во делот на домувањето? Главен предизвик за домувањето е тоа што треба да се стави ред. Не случајно, еден голем дел од законот се однесува на управувањето со станбените згра­ ди. Наспроти сите коментари во од­нос на тоа, управувањето значи де­ка во една колективна зграда, евен­ту­ал­ното влошување на условите на ин­ди­вид­ у­ ал­ните станови влијае и врз другите станари. Но, иако полека, сепак се гледа голем број на регистрирани единици. Тоа е најголемиот предизвик, сé друго е техничка работа. Дали локалните заедници преку процесот на децентрализација имаат одредени права во делот на поддршка на домувањето? Секако дека имаат, но не само пра­ва, имаат и обврски, во однос на: еви­ден­ти­ рањето на станбените згради, на упра­ви­ те­лите, контрола на тоа кој и што работи на нивна територија, дури имаат и права да формираат свој станбен фонд. Дали постојат иницијативи и активности кои произлегуваат од локалните самоуправи во однос на реализирање на проекти за поддршка на домувањето на локалното ранливо население? Сега за сега, во оваа област активностите на локалните самоуправи се скромни. Тоа, можеби, е резулатат на фактот што со децении домувањето беше во надлежност на државата. Има ед­на иниц­ ијатива од општина Шуто Ори­за­ ри, заедно со МТСП, за изградба на со­ цијални станови. Оттука, општина Шуто Оризари е првата во реализација на ваква иницијатива. Општината Велес има иницијатива со Хабитат, но тоа се сме­та за приватна иницијатива. Тоа е на ни­во на некој зародиш, но добро е. Но, по­лека се увидува дека постои можност за користење на кредити од странски до­ на­ции. Полека, локалните самоуправи уви­дуваат дека домувањето е еден сег­ мент што треба да го реализираат, но тоа мора да разбереме дека е скапо. Какви промени очекувате да донесе, популарно наречениот, Закон за легализација на дивоградбите? Законот за дивоградби ќе придонесе да се приберат добри средства за локалната самоуправа да ја оствари функцијата на инфраструктурата. На пример, во најурбаната општина во Ма­кедонија, Аеродром, има 3.000 ди­ вог­радби. Со легализацијата на ди­во­ градбите, ќе се соберат средства за реализирање на проекти поврзани со инфраструктурата, таму каде не по­ стои улично осветлување, канал, ка­ нал­ изација, со цел да се пос­тигн­ ат основ­ните стандарди. Стан­дардите не под­разбираат само површина со­глас­ но која има 20 м 2 по човек, туку и при­ клу­ч­­ ок на соодветна инфраструктура. За­к­ онот за дивоградби, или поточно, За­к­ онот за регулирање на објекти со не­соодветна документација, ќе при­до­ не­се за решавање на проблемите со ди­воградбите и проблемите со ин­фра­ струк­турата. 584 НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ Галаба Златкова-Гареска Претседател на ФИЦЕ Македонија ИНТЕРВЈУ 364.682.4-053.2.058.862(049.3) Домувањето на децата без родители и родителска грижа по напуштање на институциите Фице Македонија, како дел од мрежата на ФИЦЕ Југоисточна Европа, е по­сто­ јана членка на ФИЦЕ ИНТЕР- Ин­т­ ер­ национална организација за ко­му­ни­ кација и едукација, која дава свој при­ до­нес за правилниот развој на децата кои растат и се развиваат надвор од природните семејства. За­ради остварување на својата цел, ФИЦЕ ИНТЕР, во соработка со СОС ИН­ ТЕРНАЦИОНАЛ и ИФКО- ин­тер­нац­ ио­ нал, во 2008 година донесе Програма за квалитетен живот на децата кои се смес­тени во институции, насловена како Програма Q4Children. Оваа Програма е работена долги години за потребите на децата сместени во институции и е дистрибуирана во сите ФИЦЕ секции во целиот свет, со цел подобрување на квалитетот на живеење на децата без семејна грижа и заштита. Фице Македонија, заедно со СОС Македонија ја преработи оваа Програма за потребите на оваа категорија деца и истата ја достави до Министерството за труд и социјална политика, како и Заводот за социјални дејности, со цел истата Програма да биде имплементирана во стандардите и условите за живеење на децата во институциите во РМ. Република Македонија во однос на обезбедување на домување на децата без родители и родителска грижа по напуштање на социјалните институции, има голем успех во Регионот. Во из­ми­ на­тиот период, како социјална држава, Ре­публика Мкедонија според своите развојни програми, успеа да изгради повеќе социјални станови во државата и да го реши станбеното прашање за сите деца кои ја напуштиле институцијата во последните 15-20 години. Меѓутоа, искуствата што како Орг­а­ни­ за­ција ги стекнавме од нашите сту­дис­ки по­сети од европските земји- особено од Кралството Холандија, укажуваат дека решавањето на овој проблем е на посуптилен начин. Европските стан­д­ арди упатуваат на фактот дека де­ц­ ата по напуштање на установата треба да ја сочуваат својата приватност, да припаѓаат на себе и своето но­во­ создадено семејство. Согласно Кон­ вен­цијата за човековите права, треба да се заштити достоинството на секој еден поединец, а особено на оваа ка­ тегорија деца. Поаѓајќи од овие прин­ цип­ и, решавањето на овој проблем во европските земји е на локално ниво, и домувањето на децата кои се згрижени 585 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 од страна на државата имаат можност до­мувањето да го доживеат како чин на осамостојување, како чин на не­за­ вис­ност и вистинска интерграција во оп­штеството. Станува збор за здрави општества, со трајни системски решенија во кои индивидуата има приоритет. Затоа, ло­калната власт, во своите програми ги има зацртано овие потреби на граѓаните и при секоја изградба на згради во нивниот регион, инвеститорот е должен за потребите на општината да отстапи еден стан, а за возврат, општината ги намалува општинските давачки. На овој начин, на решавањето на потребата од домување, за секое едно дете припаѓа по една посебна станбена единица во една зграда, во еден кварт од градот, каде негово опкружување се луѓе нор­ мал­но вклопени во системот. На овој на­чин и дететото го добива истото чув­ ство, смета дека е целосно вклопено во системот и е рамноправен граѓанин во својата држава. Се избегнува за­ ед­ничкиот начин на згрижување и се одбегнува заемното влијание од нив­ нио­ т дотогашен колективен начин на живеење во институцијата. Така, де­ца­ та се заштитени во нивната при­ват­ност и нивните новосоздадени се­меј­ства, не се изложени на влијанија од инс­ ти­туционалниот живот кога стануваат брач­ни другари и родители. Се сочувува до­стоинството и се брише дел од нив­ но­то минато. Република Македонија е на добар пат за реализирање на ваквото при­фа­ќа­ ње на децата без родители и без ро­ ди­телска грижа по напуштање на инс­ тит­ уционалниот начин на живеење, бидејќи до сега, како форма на ре­ша­ ва­ње на проблемот со домување на оваа категорија на деца од страна на централната власт, скоро сите деца ги згрижи и на истите им го реши станб­ е­ ното прашање. Од друга страна, др­ жа­вата во Националната стратегија за децентрализација на власта има ис­планирано социјалната заштита до 2012 година да се симне на локално ниво и тогаш прифатот на децата би бил во рамките на локалната власт. Тогаш сигурно би се искористиле европските искуства и стандарди и децата би ги вдомувала пооделно, како деца кои државата ги изградила и кои заслужуваат свој третман во општеството, а не да припаѓаат во категоријата на социјални случаи. За да се постигне потребното ниво на домување на децата без семејна гри­жа и заштита, треба да се направат се­оп­ фат­ни анализи на досегашниот начин на решавање на станбеното прашање на оваа категорија деца, да се утврдат при­оритетите, да се промени законската ре­гулатива и да се изготват развојни про­грами за домување, во реализација на локалната власт. 586 Мила Царовска Претседател на МППС НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ 364.662(497.7) Промотивните активности на Македонската платформа против сиромаштија(МППС) Сиромаштијата, во сите нејзини об­ ли­ци, претставува нарушување на чо­вековите права, прави луѓето кои не­м­ аат приходи и средства да се чув­­ ствуваат исклучено од јавниот и со­ циј­ален живот. Сиромаштијата вли­јае врз животните стандарди, до­сто­ин­ ството и добросостојбата кај луѓето. Сир­­ омашните, исклучените и другите ран­ливи групи на граѓани, посебно де­ ца­та и жените, се најчести жртви на на­ сил­с­ тво од различен тип. Согласно горенаведеното, над 30 до­ бро­в­ олни, непартиски, невладини ор­га­ низации, неформални здруженија на гра­ ѓа­ни, групи за самопомош, синдикати и по­е­ динци, се здружија во Македонската плат­форма против сиромаштија, со цел про­мовирање на социјалната ед­на­ квост и правда, партиципативната де­ мо­к­ ратија и граѓанската солидарност. За таа цел, Платформата настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и ќе се стреми да го за­ јак­не граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња, преку вмрежување со дру­ги европски и меѓународни сојузи и мре­жи кои ги делат истите или слични вред­ности. Воедно, Платформата ќе настојува да обезбеди одговорност и отчетност на надлежните јавни инс­ти­ туции и владини органи во поглед на спроведувањето на преземените ме­ ѓународни обврски и одговорности. Про­ цесот на воспоставување на Плат­фор­ мата беше поддржан од Лудвиг Болцман инс­титутот за човекови права во Скопје и Австриската соработка за развој. Во периодот октомври – декември 2010 година, МППС спроведува кампања за борба против сиромаштија:„Секој трет Македонец води крпен живот“, со што Македонија влезе во земји кои ја поддржаа годината на сиромаштија на Европската Унија. Кампањата беше отворена со прескон­ф­ еренција, на која Македонската платформа против сиромаштија(МППС), Министерството за труд и социјална по­ литика(МТСП), Делегацијата на ЕУ во Македонија, Австриската амбасада во Македонија, како и Европската плат­ фор­ма против сиромаштија, имаа мож­ ност пред јавноста да ги кажат своите директни заложби за намалување на си­ромаштијата во Македонија. На пресконф­ еренцијата, МППС симболично му 587 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 предаде на МТСП документ кој јасно ука­жува на мисијата и принципите на ра­бота на МППС. Клучни активности на кампањата беа организирање на три тркалезни маси во: Кичево, Прилеп и Штип, со цел вклу­чу­ ва­ње на целната група во процесот на до­несување на одлуки. На тркалезните маси, социјално-исклучените и си­ ро­м­­ ашните имаа можност пред прет­ став­н­ ици од Министерството за труд и со­цијална политика и локалните инс­ ти­т­ уции одговорни за остварување на пра­вата на граѓаните, да ги кажат сво­ ите проблеми и потреби, непосредно пред донесувањето на оперативните пла­нови од Националната стратегија за сиромаштија и социјална инклузија. Фи­ налниот извештај од тркалезните ма­си ќе биде презентиран на завршната кон­ фе­ренција во Скопје, на 21.12.2010, кога сите релевантни субјекти во однос на сир­­ омаштијата и социјалната инклузија во Македонија ќе присуствуваат и ќе дис­ ку­тираат по однос на извештајот. Во рамки на кампњата се емитуваа те­ левизиски и радио спотови и се дис­ три­буираа промотивни материјали, со цел поттикнување на дискусија кај ме­ диумите, владините институции, експ­ ер­ ти­те, граѓанските здруженија и бизнис сек­торот, за тоа што е сиромаштија, кој сé е сиромашен, каде сме ние, а ка­ де Европа во однос на мерењето на сиромаштијата и кој сé е дел од ре­ше­ ни­ето на овој предизвик. Исто така, се организираше донаторски на­стан по телефон-„Сите заедно за де­ ца­та во ризик- Вклучи се и ти!!!“. Целта на овој настан беше преку индивидуално до­нирање од страна на граѓаните на те­ лефонски броеви отворени за оваа на­ ме­на, како и преку донации од фирми и институции да се соберат средства на­менети за дневните центри за децата од улица. Настанот беше поддржан од претставници на експертската јав­ност, државните институции, бизнис сек­то­­ рот, како и од хуманите граѓани од Ма­ ке­донија. Во наредниот период следи подготовка на годишен извештај за состојбата со сиромаштија и социјална инклузија во Македонија кој ќе биде јавно промовиран и дистрибуиран до сите релевантни субјекти во државата. 588 НАСТАНИ, ОСВРТИ, ПРИКАЗИ Проф. д-р Маја Геровска Митев 316.344.23:316.614(497.7)(062)(049.3) Институт за социјална работа и социјална политика Меѓународна конференција: Европски и национални практики во соочувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост Институтот за социјална работа и со­ци­ јална политика при Филозофскиот фа­ кул­тет во Скопје, заедно со Фондацијата „Фридрих Еберт”, на 19 ноември 2010 го­дина, организираа Меѓународна кон­ ференција на тема: Европски и на­ цион­ ални практики во соочувањето со сиромаштијата и социјалната ис­клуч­ е­ ност. Европската Унија ја прогласи 2010 го­ дина како година за борба против си­ ро­маштијата и социјалната исклученост. Во тој контекст, овој настан имаше за цел да ги афирмира европските политики и прак­тики во доменот на сиромаштијата и социјалната исклученост, но и да ги согледа македонските искуства, сос­ тојби и предизвици во доменот на си­ ро­маштијата и социјалната ис­клу­чен­ ост. На овој настан, поздравно обраќање имаа: продеканот за Меѓународна со­ ра­ботка при Филозофскиот факултет проф. д-р Лена Дамовска, проектниот ди­ректор и претставник на Фондацијата „Фридирих Еберт”- д-р Хајнц Бонгарц, министерот за труд и социјална политика - г. Џељаљ Бајрами, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор- Илхам Исмани и специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија- Н.Е. Ерван Фуере. За европските искуства, на Кон­фе­р­ ен­­ цијата свое излагање имаа ис­т­ ак­нати европски стручњаци и про­фе­со­ри. Пле­ нар­ната сесија ја отвори Вол­тер Волф, политички советник при Ди­рек­то­ратот за вработување, социјални пра­шања и еднакви можности во Европ­ската Ко­ми­ си­ја. Господинот Волф го­во­реше за еко­ ном­ските, социјалните и по­литиките за вра­ботување во новата ЕУ 2020 Стра­ те­гија. Неговото излагање осо­бено се осврна на приоритетот на по­стигн­ ување ин­клузивен раст во Унијата, пре­ку ис­ так­нување на петте насловни це­ли, како и десетте интегрирани преп­ о­р­ аки за економските и политиките за вра­бо­ту­ ва­ње. Во продолжение, д-р Џонатан Бредшо, професор на Универзитетот во Јорк, Велика Брит­ а­нија, се осврна на мерењето на екс­трем­на сиромаштија во Европската Унија. За­ради споредба, професорот Бредшо на крајот од излагањето даде приказ на компаративни 589 Рев. за соц. пол. год. 3 Бр. 6 Стр. 511- 590, Скопје, декември 2010 по­датоци во однос на социјалната заш­ ти­та за земјите од Цен­трална и Источна Европа, во кои пред­мет на анализа се и состојбите во Македонија. За ис­кус­ твата од ЏИМ про­цесот, како и за евро­ пеи­зација на со­цијалната политика во Хрватска, го­во­реше д-р Пол Стабс, од Еко­номскиот инс­титут во Загреб. Изла­ га­њето на д-р Стабс посочи на пред­из­ ви­ците за со­циј­алната политика кои про­излегуваат од ЏИМ процесот и можни лекции од так­вото искуство за Македонија. За афирмацијата на македонските при­ стап­ и во соочувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост говореа по­ го­лем број на професори, но и активисти од граѓанскиот сектор. Нивните излагања беа сместени во три паралелни сесии, фо­кусирани на следните теми: а) ефек­ тив­носта на јавните и невладините услуги во соочувањето со сиромаштијата; б) ет­ничките заедници и социјалната ис­ клу­че­ност и в) родова, старосна и про­ сторна димензија на социјалната ис­клу­ че­ност. На Конференцијата присуствуваа околу 80 учесници, меѓу кои претставници на: Ми­нистерството за труд и социјална по­ ли­тика, Заводот за социјални дејности, ме­ѓ­ународни организации, како: УНДП, УНИЦЕФ, Европската Комисија, не­вла­ дини организации, Институтот Лу­двиг Болцман, МЦМС, Институтот отво­ре­но општество, Порака, Сојузот на син­ди­ка­ тите на Македонија, Црвениот Крст и многу други. Конференцијата беше по­ зитивно оценета како од страна на стран­ските излагачи и гости, така и од до­машните учесници. Паралелно со афирмацијата на Европ­ ската година за борба против си­ро­маш­ ти­јата и социјалната иск­ лу­ченост, овој настан беше дел и од организациските и промотивните ак­тив­ности на Фи­ло­зоф­ скио­ т факултет во Скопје за од­бе­ле­жу­ ва­ње на 90-годишнината од своето по­ сто­ење. 590