Предизвици СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА 0 БР 9О |2 Ј 01 3 9 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ЕДИТОРИЈАЛ МАНЧО МИТЕВСКИ Носечка тема во овој број на„Предизвици“ е политичката култура. Не случајно, кон неа се придодадоа уште две теми: јуридизација на политиката и лажни вести, бидејќи овој трилинг во последната декада е мошне актуелен во Северна Македонија. Навидум, политичката култура, релацијата право и политика и лажните вести немаат некои посебни врски. Но не е така. Не само што имаат, туку меѓу себе се испреплетени и условени, а политиката им е заеднички именител. Ако според дефинициите„политичка култура е збир на вредности на кои се потпира политичкиот систем“ и ако„политичката култура внесува ред во политичкиот живот и во јавната сфера“, тогаш имајќи ги предвид состојбите во оваа сфера во нашата земја, повеќе може да се зборува, условно кажано, за политичка некултура односно за општествено штетно поимање и практикување на политичката култура. Состојбите во земјава беа такви, бидејќи политиката го надвладеа правото и почна да ги прилагодува законите кон потребите на своето владеење.„Распашаната“ политика(попрецизно партиите од претходната власт), во минатите години со своето неодговорно однесување не само што го надвладеа правото, туку ја зароби и државата. Затоа е неопходна, во овој период на„реконвалесценција“, јуридизација на политиката и нејзино врамување во уставните рамки. Политиката, односно во прв ред политичките партии, во борбата за доаѓање на власт, исто така, се главни генератори и на лажните вести кои се штетни не само за демократијата и воопшто за здравјето на општеството, туку според својот интензитет допираат и во сферата на безбедноста на државата. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 1 Авторите со право и со многу аргументи издвоија неколку специфични облици на политичка култура во нашето општество. Притоа, поради масовното практикување, во прв план се појави клиентелизмот кој од начин на однесување добива димензии на своевидна политичка култура. За огромните димензии на овој феномен кој го разјадува македонското општество, доказ е фактот што клиентелизмот, посебно последната декада, е појава која како вирус ги има зафатено сите слоеви во општеството, некои помалку некои повеќе – од индивидуите и фирмите, до правосудството и институциите. Тие наместо да се придржуваат на основниот принцип – владеење на правото, клиентелистички се свртеа кон владеењето на политиката, кон партиите и политичките елити. Во оваа прилика би го свртел вниманието уште кон еден феномен кој се заканува да прерасне во своевидна политичка култура и практика. Во земјава, по долги години практикување на селективна правда, особено изразена последната декада, односно неказнивост и амнестија на моќните од власта за организиран криминал од највисок интензитет, а ригорозни казни на немоќниот„мал човек“ за минорни престапи, во тек е можеби најголемиот општествен судир кај нас. Судирот е на релација: дали ќе се инаугурира неказнивоста како систем кој се заканува да стане некој вид политичка култура(за што со најразлични методи и условувања се залага актуелната опозиција со„намигнувања“ од некои коалициски партии во власта) или ќе завладее правото и секој што ги прекршил законите да одговара за стореното дело(зад што стои целата правдољубива и слободарска јавност). Главен уредник на списанието 2 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 СОДРЖИНА ТЕМА 1 ЕДИТОРИЈАЛ 4 ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПРАШАЊЕТО НА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ НЕНАД МАРКОВИЌ 20 ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТСКАТА СТАБИЛНОСТ МИРЈАНА МАЛЕСКА 35 НОВИ ВИДОВИ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА – ХИБРИДНА И КЛИЕНТЕЛИСТИЧКА ЃОРЃИ ТОНОВСКИ 55 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА „РОГОВИ ВО ВРЕЌА“ ЃОРЃИ СПАСОВ ПРАВО И ПОЛИТИКА 75 ЈУРИДИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА СВЕТОМИР ШКАРИЌ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ЛАЖНИ ВЕСТИ 87 ХАБЕРМАС, ЕНЦЕСБЕРГЕР, КУЛТУРАТА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ И ПОЛИТИКАТА НА ПОСТВИСТИНА ЗОРАН КОСТОВ 99 ПРИКАЗНИ СО ОПАШКИ ДРАГАН ПОПОВСКИ 100 ДАЛИ БИТКАТА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСTИ Е ЗАГУБЕНА? ЉУПЧО ПОПОВСКИ 109 СО КОНСОЛИДИРАН МЕДИУМСКИ ЕКО-СИСТЕМ ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ГОРАН РИЗАОВ 118 ПОЛИТИКАТА И ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ НА ИНТЕРНЕТ ЦВЕТАНКА РАДИНОВСКА ПАНОВА НАСТАНИ 129 KАМП ЗА ОДРЖЛИВОСТ 131 ГРАСРУТ АКЦИЈА ЗА ЗЕЛЕНИ ПРОМЕНИ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 3 ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПРАШАЊЕТО НА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ НЕНАД МАРКОВИЌ ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ, СЕ ВРЗУВА ЗА ОДРЕДЕНИ СТАВОВИ КОИ СЕ ФОРМИРААТ НА ГРУПНО НИВО, А СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПОЈАВИ И ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ НА ЕДНА КОНКРЕТНА ПОЛИТИЧКА ЗАЕДНИЦА. НЕЗАВИСНО ДАЛИ ДЕФИНИЦИИТЕ СЕ ИДЕОЛОГИЗИРАНИ ИЛИ РЕЛАЦИОНИ, ОВОЈ КОНЦЕПТ ТЕСНО СЕ ВРЗУВА ЗА ПОЛИТИЧКАТА ЗАЕДНИЦА ВО КОЈА СЕ ФОРМИРААТ РАЗЛИЧНИ ГРУПИ НА СТАВОВИ И ЕМОЦИИ ОКОЛУ ПОЛИТИЧКИТЕ ПОЈАВИ, НО И РАЗЛИЧНО НИВО НА ПОЛИТИЧКИ АНГАЖМАН И ДЕЛУВАЊЕ ВО КОНКРЕТНИ ПОЛИТИЧКИ ФЕНОМЕНИ. ТОА ПОДРАЗБИРА ВООЧЛИВИ РАЗЛИКИ МЕЃУ РАЗЛИЧНИ ОПШТЕСТВА ВО ОДНОС НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, НО И РАЗЛИЧНИ ПОЛИТИЧКИ (СУБ)КУЛТУРИ ВО РАМКИТЕ НА ЕДНА ИСТА ПОЛИТИЧКА ЗАЕДНИЦА Политичката култура е релативно нова дисциплина во политичката наука. Како теорија од„среден домет” таа се обидува да го објасни формирањето на политичките ставови и уверувања на групно ниво. Во оваа смисла, политичката култура е специфична за секое општество посебно, и истовремено, таа е родното место на политичките навики и делувања на луѓето. Како што постојат различни пристапи и дефиниции на политичката култура, така постојат и различни типови на политичка култура, како во едно општество, исто така и меѓу различните политички заедници во светот. Политичката култура во Северна Македонија има свои специфики кои создаваат одредени предуслови за појава на клиентелизам. Оваа кратка прегледна статија ги испитува токму тие специфики, со цел да даде одговор на прашањето – не само на поволното опкружување за создавање клиентелистички практики – туку и во однос на перцепциите и инволвираноста на граѓаните во клиентелистички практики како сеприсутна појава во нашето општество. Базирано врз достапните анализи кои се однесуваат 4 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА на клиентелистичките практики во Северна Македонија, статијата дава краток преглед на: перцепциите, сферите на појавување и практиките врзани за клиентелизмот во државата, обидувајќи се оваа проблематика да ја смести во поширокиот контекст на политичката култура во државата. Концептот на политичка култура Истражувањето на политичката култура како специфичен дел на политичката наука се интензивира по Втората светска војна, но свој процут доживува во шеесеттите години на минатиот век, како резултат на академскиот интерес околу прашањето на формирањето на политичките ставови на групно ниво, но и соодветните разлики во политичкото однесување кај различните нации. Во оваа смисла, политичката култура, како посебно нормативно научно поле, се позиционира како теорија од„среден домет”, што, всушност, значи дека се наоѓа во средината на два различни академски погледи на светот на политичките вредности и ставови. Од една страна стои индивидуалната, микроперспектива на бихејвиоралните теории, застапени во американската поствоена политичка мисла, која на индивидуално ниво го испитува формирањето на политички ставови и гледишта преку влијанието на различни социјални агенси врз индивидуата, од друга страна, на макрониво, стојат легалистичко-институционалните теории, кои политичките процеси ги објаснуваат, исклучително, на ниво на релации и интеракција на големите актери, како што се институциите ставени во контекст на одреден правен и политички поредок, или самите држави како актери на меѓународната политика. Ниту една од овие две перспективи не можела во целост да го објасни создавањето на групни норми, ставови и вредности, па токму затоа политичката култура го пополнува овој меѓупростор и дава точен фокус помеѓу две спротивставени тенденции на испитување на политичките појави, од која едната има претесен, а другата преширок фокус. Во таа смисла, логично е да се почне со дефинирање на поимот на политичката култура, но истовремено, да се даде и краток осврт кон нејзините најважни карактеристики. Како еден од изворите на концептот на политичка култура, воопшто, се смета функционалистичкиот концепт на Габриел Алмонд и Сидни Верба, американски политиколози од XX век, кои политичката култура ја дефинираат ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 5 како„мрежа на ориентации на членовите на едно општество кон клучни политички објекти”(Алмонд и Верба, 1963). Семјуел Х. Биер, уште едно од влијателните имиња во проучувањето на политичката култура, укажува дека таа се состои од политички вредности, емотивни становишта и симболи, но и систем на политички надежи кои членовите на една политичка заедница ги инвестираат во одреден политички систем(Биер, 1958). Во оваа смисла, Биер истакнува дека политичката култура има своја телеолошка и инструментална димензија, односно димензија на верувања и идеалистички интерпретации на ниво на политички уверувања, наспроти димензија на конкретно политичко делување каде овие верувања и интерпретации се адаптираат на одреден конкретен контекст на делување во зависност од условите. Едно од најпознатите имиња на политичката наука од минатиот век, Роберт Дал, политичката култура ја перципира како мрежа на политички ориентации, со следните важни компоненти(Дал, 1971): 1. Ориентација кон политичкиот систем. Може да биде парохијална, отуѓувачка или апатична. 2. Ориентација кон другите луѓе. Може да постои доверба или недоверба кон другите членови на политичката заедница. 3. Ориентација кон колективна акција. Може да води кон кооперација или да не води кон кооперација. 4. Ориентација кон решавање општествени проблеми. Може да биде рационална или инструментална. За да се даде целосна слика за тоа што претставува концептот на политичка култура може накратко да се споменат и ставовите на марксистичката школа која има специфичен приод кон феноменот на политичката култура, но и на Даниел Елазар, американски научник, кој меѓу првите не само што ја дефинирал политичката култура, туку и ги проучил и раздвоил различните типови на политичка култура во Соединетите Американски Држави. Што се однесува до марксистичката школа, пристапот кон феноменот на политичка култура е во рамките на дијалектичко-материјалистичкиот метод на марксизмот. На оваа линија, на политичката култура и нејзините карактеристики се гледа како на форма на обезбедување на материјална доминација на владејачката класа и, како таква, резултира со опресија и субмисија на пролетаријатот(Маркс, 1848). 6 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Дополнително, Бухарин и Ленин, кои стојат на слична линија, говорат за„оригиналната филозофија на луѓето” која стои наспроти организираната психологија на владејачката класа, т.е. за„освестеноста на масите” и нивна спонтаност како противтежа на доминацијата и организираната опресија токму на владејачката класа. Грамши (1930), еден од најголемите марксистички умови од почетокот на минатиот век, политичката култура(начините на размислување) ја поврзува со три категории: 1. Јазикот како средство за изразување; 2. Здравиот разум, или начинот на кој членовите на една политичка заедница размислуваат; 3. Јавната, т.е. предоминантната религија. Во оваа смисла, за Грамши, политичката култура е медијатор меѓу генералните начини на размислување и политичкото делување, во смисла на мотиватор на политичките акции на индивидуата во одреден историско-политички контекст. Плеханов, категоријата на здрав разум уште ја нарекува и„психика” на одредена нација која е организирана во идеологија во зависност од епохата во која таа нација се наоѓа. Лукач, од своја страна, политичката култура ја врзува исклучително за класната освестеност, перципирајќи ја Комунистичката партија како носител на класното освестување на пролетаријатот. Покрај веќе споменатите автори, носители на проучувањето на полето на политичка култура во САД во минатиот век(Дал, Биер, Алмонд), вреди да се спомене и Даниел Елазар, кој е прв научник кој не само што ја дефинирал политичката култура, туку направил и поделба на три различни категории(за што ќе стане збор во следното поглавје). Тој политичката култура ја гледа како„специфична матрица на ориентации кон политичка акција која е основа на секој систем”,(Елазар, 1970) врзувајќи ја за: ставови, вредности и уверувања кои поединци во едно општество ги развиваат во врска со нивниот политички систем. Очигледно е дека политичката култура, во најголем дел, се врзува за одредени ставови кои се формираат на групно ниво, а се однесуваат на политичките појави и политичкиот систем на една конкретна политичка заедница. Независно дали дефинициите се идеологизирани или исклучиво релациони, овој концепт тесно се ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 7 ИСТРАЖУВАЊАТА ДОАЃААТ ДО ПОКАЗАТЕЛИ КОИ СЕ ВГРАДЕНИ ВО ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, НО КОИ НЕ КАЖУВААТ МНОГУ ЗА САМИТЕ КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИ ПРАКТИКИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ИЛИ ЗА ПЕРЦЕПЦИИТЕ ОКОЛУ КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИТЕ ПРАКТИКИ. НА ОВАА ТЕМА ПОСТОЈАТ ИСТРАЖУВАЊА КОИ ЈАСНО ГОВОРАТ ДЕКА ФЕНОМЕНОТ НА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ ВО ДРЖАВАТА НЕ Е САМО ПРИСУТЕН, ТУКУ И ПРЕПОЗНАЕН ВО ОПШТЕСТВОТО. ВО ОВАА СМИСЛА, ГРАЃАНИТЕ НЕ САМО ШТО ГО ПРЕПОЗНАВААТ, ТУКУ ЧЕСТО СЕ ПРИНУДЕНИ ДА БИДАТ И СОУЧЕСНИЦИ ВО КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИТЕ ПРАКТИКИ. ДОПОЛНИТЕЛНО, ОДРЕДЕНИ ГРУПИ СЕ ПОИЗЛОЖЕНИ НА ОВИЕ ПРАКТИКИ И СО ТОА СЕ ПООТВОРЕНИ КОН МОЖНОСТА ДА СТАНАТ НОСИТЕЛИ НА ВАКВИ ПРАКТИКИ врзува за: политичката заедница во која се формираат различни групи на ставови, различни емоции околу политичките појави, но и различно ниво на политички ангажман и делување во врска со конкретни политички феномени. Тоа, секако, подразбира воочливи разлики меѓу различни општества во однос на политичката култура, но и различни политички (суб)култури во рамките на една иста политичка заедница. Типови на политичката култура Испитувањата на политичката култура, особено во шеесеттите години на минатиот век, предводени се од две големи имиња на политичката наука – Габриел Алмонд и Сидни Верба. Нивната„Граѓанска култура”(Civic culture) претставува еден од првите обиди да се направи компаративна студија на глобално ниво на различни типови на политичка култура, каде во фокусот се ставени различните карактеристики во политичките ставови и делувања на избрани групи на респонденти од: САД, Обединетото Кралство, Германија, Мексико и Италија. Во оваа книга авторите дефинираат три типа на политичка култура(Алмонд и Верба, 1963): 1. Парохијална политичка култура – се наоѓа во општества во кои постои отсуство на диференцијација на специјализирани политички функции. Политичката лојалност се базира повеќе врз афективна, отколку врз информативна содржина. Граѓаните не вложуваат напори во политичкиот систем, ниту очекуваат нешто за возврат од него. Постои строга хиерархизираност и почитување на воспоставените практики и традиции. 2. Поданичка политичка култура – се одликува со: изразена поданичка свест кон државата, респект кон 8 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ­административниот аспект на политиката, не постои никаква канализација на побарувања од граѓаните кон политичкиот систем. Граѓаните се покоруваат кон државата, но не испорачуваат никакви барања кон политичкиот систем. 3. Партиципативна политичка култура – се базира врз: силна партиципација на граѓаните, почитување на пропишаните правила, но и испорачување на конкретни барања кон државата. Комплексна е, составена од информирани граѓани кои сакаат да го менуваат политичкиот систем во правец на отчетност и поголем политички„фидбек” од страна на политичките елити. Учеството во протести и други форми на искажување на незадоволство е често и вообичаено. Во петте испитани студии на случај, авторите доаѓаат до заклучок дека ниту една држава нема само еден тип на политичка култура, туку постојат соодветни комбинации од трите типа, во зависност од државата. Сепак, оваа поделба стана основа за сите натамошни студии, а како една од најпознатите се истакнува студијата на политичка култура во САД на Даниел Елазар. Посветувајќи се претежно на прашањата кои ја засегнуваат еврејската заедница глобално, но и со федерализмот како концепт, Елазар укажува на три типа на политичка култура кои се среќаваат во САД – моралистичка, индивидуалистичка и традиционална(Елазар, 1973). Со ова, јасно се потврдува тезата на Алмонд и Верба дека ниту една политичка заедница, ниту една држава, нема само еден тип на политичка култура, туку дека се можни големи варијации во ставовите на делови од популацијата во рамките на една држава или политички простор. Така, Елазар трите типа на политичка култура ги разликува по следните особини: 1. Моралистичка политичка култура. Во овој тип на политичка култура општеството се доживува како поважно од поединецот, но групата ја препознава потребата на поединецот да придава вредност на групата на која припаѓа. На владата се гледа како на позитивна појава. Ова ја нагласува концепцијата на„комонвелт”(демократски организирана заедница за доброто на сите граѓани) која е фундамент на демократското владеење. Политиката се смета за позитивна активност која води до потрага по„добро уредено општество”. Доброто управување се мери со степенот до кој тоа ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 9 промовира јавно добро. Поединечните прашања кои ги мачат граѓаните имаат важно место во моралистичкиот стил на политика. Служењето на заедницата е јадрото на политичкиот однос дури и по цена на индивидуални лојалности и политички пријателства. Во практика, ова резултира, често, со аматерско, повеќе отколку со професионално занимавање со политика кај другите политички култури. Горна Нова Англија, Горниот Среден Запад, како и делови од американскиот Запад, се јадра на оваа политичка култура. 2. Индивидуалистичка политичка култура. Во делови на САД, каде доминира овој образец на политичка култура, на владата се гледа како на организација која треба да има исклучително прагматична ориентација. Власта се воспоставува од предоминантно утилитарни причини. Таа не би требало да се занимава со прашањето на„доброто општество”. Акцент се става врз ограничена влада/владина интервенција во приватните активности на луѓето. Владата, во голема мера, треба да се ограничи на деловите кои ја охрабруваат приватната иницијатива. Приватните проблеми на луѓето се поважни од јавните. Во одреден степен, постои циничен однос кон власта. Валканоста на политиката се прифаќа како факт. Клучот во разбирањето на овој тип на култура лежи во фактот дека луѓето ја прифаќаат валканата политика каква што е, и каква што треба да биде. Центри на оваа политичка култура се средно-атлантските држави преку Илиноис, до Западот, каде доминира овој тип на култура. 3. Традиционална политичка култура. Во овој тип на политичка култура, општествените и семејни врски се базата за политичко делување. Ова, често, значи дека одредени семејства раководат со власта, а други се потиснати и нивното мислење не се слуша. Ова отсликува традиционален став кој прифаќа модел на хиерархиски организирано општество, како дел од природниот след на нештата. Владата се гледа како актер со позитивна улога во општеството, но чија улога во голема мера е лимитирана на обезбедување на постојниот општествен поредок. Политичките лидери имаат нагласено конзервативна улога и улога на чувари на заедницата, и од нив не се очекува да бидат иновативни. 10 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Освен ова, најдобар модел на власт е ограничената власт бидејќи само таа најдобро ги обезбедува потребите на оние кои се на власт. Југот е јадро на оваа политичка култура. Јужњачката политика во САД отсекогаш била доминирана од неформални аранжмани зад затворени врати, како и од строги класни поделби. Покрај овие две големи поделби на типовите на политичка култура, постои и трета класификација, која ја воведува таткото на консоцијалната теорија, Арент Липхарт(1999). Тој зборува за три различни класификации на политичката култура, и тоа: 1. Масовна и елитна политичка култура; 2. Коалициона и контрадиктивна политичка култура(според политичката култура на елитите); 3. Хомогена и хетерогена политичка култура(според структурата на општеството). Соодносот помеѓу коалиционата и контрадиктивната, од една, и хомогената и хетерогената политичка култура, од друга страна, дефинира четири можни комбинации на политички режими, и тоа: деполитизирана демократија, консоцијална демократија, центрифугална демократија и центрипетална демократија. Овие поделби служат исклучиво како ориентација во различните типови на политичка култура. Тоа не значи дека било која од овие форми може еднозначно да се детектира во една држава како„чиста форма”. Спецификите на секоја земја мора индивидуално да бидат третирани. Таков е случајот и со Република Северна Македонија. Политичката култура во Република Северна Македонија – предуслови за клиентелизам Иако постои ограничен број на испитувања кои интегрално навлегуваат во проблематиката на политичката култура во Република Северна Македонија, оние истражувања кои се достапни даваат заокружена слика на моделот на политичка култура, кој се одликува со специфични карактеристики. Така, на пример, во 2013 беше публикувано истражувањето на тема:„Политичката култура во Македонија – извештај од националното теренско истражување” (Марковиќ и други, 2013), што, всушност, претставуваше ­заокружено ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 11 теренско истражување на политичката култура во Македонија во десет области. Истражувањето опфаќа голем број на индикатори, а вредни за коментирање се оние кои можат да се поврзат со феноменот на клиентелизмот, што е и фокусот на следното поглавје. Најважните заклучоци од ова истражување се следните: • Граѓаните во државата покажуваат голем степен на разбирање за политиката, како активност која детерминира огромен број на процеси во општеството, но истовремено, покажуваат и видлива дистанца од неа. Од истражувањето може да се забележи дека политиката се доживува како нешто валкано, но истовремено, постои огромна дистанца меѓу индивидуата и политиката. Ова укажува на моралистичка и парохијална компонента на политичкото размислување, каде граѓанинот сè уште се доживува како објект, а не субјект на политиката. Ова отвора простор за клиентелистичко делување со оглед дека клиентелизмот подразбира релација патрон – клиент; • Постои голема поддршка за технократска влада, а не е мала поддршката и за силен лидер. Всушност, овие два индикатора покажуваат дека голем дел од граѓаните сè уште сметаат дека демократската одговорност треба да се префрли на силен лидер или на технократска елита, што делумно коинцидира и со претходните ставови кон политиката како валкана активност. Сепак, не е мала ниту поддршката за демократска власт, но помала е во однос на збирот на претходните два индикатора(силен лидер и технократска власт). Ваквото префрлување на одговорноста за демократско владеење кон други субјекти, отвора можност за перцепцијата дека граѓанинот треба да се покори и да биде послушен – да се нормализира во јавниот дискурс, што создава совршена клима за развој на клиентелистички практики; • Постои голема доверба во репресивниот апарат на државата (полиција и армија), но не толку изразена поддршка во политичките институции на државата(Претседател, Собрание, Влада). Од друга страна, постои изразена носталгија кон социјализмот, но и голема поддршка кај делови од популацијата за револуционерни промени. Ова укажува на апсорбирано незадоволство кое лесно може да се стави во функција 12 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА на популистичка демагогија и клиентелистички практики; • Постои зависност од државата и големи очекувања од неа во исполнување на обврските кон своите граѓани. Од друга страна, постои многу ограничен капацитет за самоиницијативност и претприемништво. Ова создава поволна клима за клиентелизам, особено ако носител на клиентелистичките практики е самата држава, што е најчест случај; • Граѓаните во Северна Македонија имаат најмала доверба во останатите членови во општеството во однос на целиот регион. Силната недоверба и слабиот социјален капитал водат и до ограничен КОНЦЕПТОТ НА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ИМА СИЛЕН ЕКСПЛАНАТОРЕН И НОРМАТИВЕН ПОТЕНЦИЈАЛ. ТОЈ ГО ОБЈАСНУВА ФОРМИРАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ СТАВОВИ И УВЕРУВАЊА, КАКО И ИЗВОРИТЕ ПОД ЧИЕ ВЛИЈАНИЕ ТИЕ СЕ ФОРМИРААТ. ВО ОВАА СМИСЛА, МОРА ДА СЕ ИМА ПРЕДВИД ДЕКА ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ ПРИСТАПИ КОН ФЕНОМЕНОТ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, НО И ДЕКА ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ КЛАСИФИКАЦИИ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, КОИ НАЈЧЕСТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЕВРОПСКАТА И АМЕРИКАНСКАТА ТРАДИЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА МИСЛА. ОВИЕ КЛАСИФИКАЦИИ, ЧЕСТО, НЕ МОЖЕ ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ПРИМЕНАТ НА ОДРЕДЕН ЛОКАЛЕН КОНТЕКСТ(КАКО КАЈ НАС), НО ОДРЕДЕНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ОВИЕ РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕПОЗНААТ ВО ЛОКАЛЕН КОНТЕКСТ асоцијативен капацитет, што е предуслов за слабо вмрежување во организации со цел застапување на сопствениот интерес, како и организации кои би претставувале некаква форма на контрола врз клиентелистичките практики во општеството; • Постои исклучително изразен патримонијализам и социјален клиентелизам, сам по себе. Граѓаните покажуваат исклучително висока толеранција кон враќање на услуги по секоја цена, свесни се за важноста на социјалните(пред сè неформални) релации како далеку поважни од знаењето или од вредноста на поединецот а, речиси, половина испитаници се согласуваат дека надредените авторитети треба да се слушаат по секоја цена. Ова укажува на поданичка политичка култура, во која авторитетите треба да бидат почитувани некритички, а услугите треба да се враќаат без, притоа, да се размисли што се бара за возврат. Ова, всушност, се и конститутивни елементи на клиентелизмот, асиметричноста во ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 13 односот на патронот и клиентот, како и субмисивноста кон авторитети, особено ако обезбедуваат одредени поволности за клиентот кои не мора да се резултат на вредноста на поединецот, туку на општествени неформални конекции; • Постои релативно слабо ниво на социјален активизам каде просекот на активности во кои учествуваат граѓаните е релативно низок. Пасивноста при организирање протести, јавни собири, поднесување петиции или слични активности, не е добар предуслов за борба против клиентелистичките практики. Ова се само дел од показателите кои се релевантни за објаснување на феноменот на клиентелизмот во Северна Македонија. Меѓутоа, ова се показатели кои се вградени во политичката култура на граѓаните во Северна Македонија, но кои не кажуваат многу за самите клиентелистички практики кај граѓаните или за перцепциите околу клиентелистичките практики. На оваа тема постојат истражувања кои јасно говорат дека феноменот на клиентелизмот во државата не е само присутен, туку и препознаен во општеството. Во оваа смисла, граѓаните не само што го препознаваат, туку често се принудени да бидат и соучесници во клиентелистичките практики. Дополнително, одредени групи се поизложени на овие практики и со самото тоа се поотворени кон можноста да станат носители на вакви практики. Прашањето на клиентелизмот Клиентелизмот не претставува само збир на општествени практики на размена на услуги и добра помеѓу патрон и клиент, туку подразбира и специфичен контекст на недостаток на одредени ресурси за кои постои општествен натпревар. Истовремено, клиентелизмот вклучува и аспект на неформалност, а често, клиентелистичките практики се и на границата на легалното. Ако треба интегрално да се објасни што претставува клиентелизмот, може да се каже следното(Марковиќ и Гоцевски, 2018): „Клиентелизмот, одреден како феномен којшто води потекло уште од римско време, вообичаено се дефинира преку согледувањето на односот меѓу посилен и послаб агент(патрон и клиент), кој, обично, вклучува корумпиран двонасочен однос на услуги и противуслуги. Размената на услуги, или противуслуги, може да се 14 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ­однесува на: материјални добра, влијание, моќ, или, во основа, какво било општествено добро што може да се третира како стока. Таа, исто така, вклучува директна врска, претежно меѓу две лица, но исто така, може да вклучи и трети страни. Контекстот на клиентелистичкиот однос, вообичаено, е недостиг на одреден ресурс во општеството за којшто се заинтересирани голем број луѓе, но не сите луѓе имаат пристап до него. Често се користи како механизам за кооптирање на маргиналните популации и, вообичаено, вклучува асиметричен однос на моќен покровител и социјално загрозен клиент. Како практика, тој е присутен и во авторитарните, тоталитарните и во демократските општества и е тесно поврзан со феноменот на неформалност.” Постои дистинкција која треба да се прави во однос на видовите на клиентелизам кои постојат. Така: Близнаковски, Ѓузелов и Поповиќ(2017) укажуваат на разликување на два типа на клиентелизам, и тоа изборен и релационен. Изборниот клиентелизам е атхок и краткотраен тип на клиентелизам, кој се практикува за време на политичките кампањи на партиите, а најчесто на самиот изборен ден. Тој подразбира модалитети од типот купување гласови, размена на материјални добра и услуги за возврат на добивање политичка поддршка, итн. Релациониот клиентелизам, од друга страна, подразбира долготраен однос помеѓу патрон и клиент, каде дистрибуцијата на добра и услуги е далеку поопсежна и посуштинска од онаа која се среќава кај изборниот клиентелизам. Таков пример е долгорочното обезбедување на листи на гласачи за одредена партија во замена за вработување или услуги во областа на градежништво, и слично. Двата типа на клиентелизам се среќаваат и во локалниот македонски контекст, за што говорат и перцепциите на граѓаните, но и нивната инволвираност во вакви практики. Испитувањата во државата врзани за темата клиентелизам, укажуваат на тоа дека постојат разлики меѓу перцепциите на граѓаните за клиентелистичките практики и самото учество во клиентелистички практики. Така, истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” укажува на следните перцепции кај граѓаните, наспроти клиентелистички практики. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 15 Перцепции за клиентелистички практики • Во, речиси, сите испитани социјални сегменти, со исклучок на образовниот систем, перцепциите за честа или постојана појава на клиентелистички практики се присутни кај повеќе од половина од испитаниците, што значи дека постои општа негативна склоност кон перципирање на клиентелизмот; • Изнаоѓањето социјални врски се перципира како најчеста клиентелистичка практика во сите испитувани општествени сфери; • Плаќањето пари се смета за најмалку присутна практика во сите испитувани области, освен во судството; • Членството во партијата за вработување во јавниот сектор е доживеано како најчеста практика воопшто; • Се смета дека образовниот систем има најмалку присутни клиентелистички практики; • Од сите испитувани општествени сегменти, вработувањето во јавниот/државниот сектор или претпријатијата се смета за сегмент со најголема распространетост на клиентелистички практики. Лична партиципација во клиентелистички практики • Најчестата практика е обраќање кон партиски службеник/влијателен човек, при што 14% од испитаниците признале дека биле вклучени во таква практика; • Втората најчеста практика е давањето пари во замена за гласање, при што 7,44% од испитаниците признале дека им биле понудени пари во замена за глас; • Третата најчеста практика е раководителот да бара лицето да гласа за одредена партија и тоа се случува во 6,03% од случаите; • Најмалку присутна практика е раководител да побара лицето да присуствува на активности на партија и тоа се случило во 3,38% од случаите. Сфери во кои клиентелистичките практики се одвиваат • Водечката сфера каде што испитаниците признаваат дека се вклучени во клиентелистички практики е здравствената заштита. Во врска со лична вмешаност(или вклучување на роднини, пријатели или соседи) во: давањето подароци, вршењето услуга, плаќањето пари или изнаоѓање врски во здравствена установа, со цел да се добие подобра услуга, дури 45,02% од испитаниците дале позитивен одговор. • По здравствената заштита, следува вработувањето во јавни претпријатија или институции, каде што личното учество(или вклучување на роднини, пријатели или соседи) во: давањето подароци, вршењето услуги, плаќањето пари или изнаоѓање врски за да се добие работа во јавна институција или компанија, изнесува 32,17% од испитаниците. • По сферата на вработувањето, следува образовниот систем. Личното учество(или вклучување на роднини, пријатели или соседи) во: давањето подароци, вршењето услуги, плаќањето пари или изнаоѓањето врски за да се добие место за: дете во градинката, училиштето или на универзитетот, е присутно во 27,21% од случаите. • Сегментот на општеството каде што испитаниците имаат тенденција да бидат најмалку вклучени во клиентелистички практики е судството. Лична вмешаност(или вклучување на роднини, пријатели или соседи) во: давањето подароци, вршењето услуга, плаќањето пари или изнаоѓањето врски за да се влијае врз работата на судот во корист на дадено лице опфаќа четвртина од случаите – поточно, 25,38% од испитаниците признале дека биле вклучени во такви практики. Табела 1. Перцепции, учество и сфери во кои се одвиваат клиентелистички практики во РСМ Извор: Марковиќ и Гоцевски, 2018 16 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ Е СЕПРИСУТНА ПОЈАВА КАКО НА НИВО НА ПЕРЦЕПЦИИ, ТАКА И НА НИВО НА ЛИЧНА ИНВОЛВИРАНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ ВО КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИ ПРАКТИКИ. СЕПАК, ВИДЛИВО Е ДЕКА ПОСТОИ ОДРЕДЕН ЈАЗ МЕЃУ ПЕРЦЕПЦИИТЕ И ПРАКТИКАТА, НО И ДЕКА КЛИЕНТЕЛИЗМОТ Е ПРИСУТЕН ВО РАЗЛИЧНА МЕРА ВО РАЗЛИЧНИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ СФЕРИ. ИСТО ТАКА, ВИДЛИВИ СЕ И РЕГИОНАЛНИ РАЗЛИКИ ВО КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИТЕ ПРАКТИКИ, ОД КОИ НЕКОИ СЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРИСУТНИ ВО МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО, А НЕКОИ СЕ СРЕЌАВААТ ПОРЕТКО. ТОА УКАЖУВА НА ФАКТОТ ДЕКА СЕКОЕ ОПШТЕСТВО МОРА ДА СЕ ТРЕТИРА ИНДИВИДУАЛНО ПРИ ПРОУЧУВАЊЕТО НА КЛИЕНТЕЛИСТИЧКИТЕ ПРАКТИКИ, НЕЗАВИСНО ОД МОЖНИТЕ СЛИЧНОСТИ СО ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ Ако зборуваме за регионални движења, истражувањето на: Близнаковски, Ѓузелов и Поповиќ (2017) укажува на два спротивставени показатели. Од една страна, Република Северна Македонија е последна во однос на државите од регионот во смисла на нудење пари за возврат добивање гласови на избори. Само 7,4% од популацијата одговорила дека биле инволвирани во ваков аранжман, што е во голем контраст со Црна Гора, како лидер во оваа смисла во регионот, каде во ваква практика биле инволвирани дури 22,5% од респондентите на истражувањето. Истовремено, Северна Македонија е лидер во однос на респонденти кои позитивно одговориле на прашањето дали некогаш се обратиле до партиски лица или лидери за помош, каде процентот на позитивни одговори достигнува 14%. За споредба, овој процент во Република Албанија е само 4,5%. Податоците кои се однесуваат на состојбата со клиентелистичките практики во државата укажуваат на тоа дека клиентелистичките практики се перципираат како социјална реалност, меѓутоа во различни сфери на општеството постојат соодветни разлики во перцепциите. Од друга страна, евидентна е и инволвираноста на граѓаните во клиентелистички практики, но и тука постојат соодветни разлики во однос на различните општествени сфери, кои не кореспондираат во целост со перцепциите за клиентелистичките практики. Регионално, пак, се забележуваат големи варијации во однос на различните клиентелистички практики, каде одредени практики се поприсутни во едни, а други практики во други држави. Ова укажува дека не постои униформиран образец на клиентелистички практики, туку секое општество има свои специфики и особености, во зависност од контекстот во кој се присутни овие практики. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 17 Заклучок Концептот на политичка култура, иако релативно нов во политичката наука, има силен експланаторен и нормативен потенцијал. Тој го објаснува формирањето на политичките ставови и уверувања, како и изворите под чие влијание тие се формираат. Во оваа смисла, мора да се има предвид дека постојат различни пристапи кон феноменот на политичката култура, но и дека постојат различни класификации на политичката култура, кои, најчесто, произлегуваат од европската и американската традиција на политичката мисла. Овие класификации, често, не може во целост да се применат на одреден локален контекст(како кај нас), но одредени елементи од овие различни типови, секако, може да се препознаат во локален контекст. Една од работите која, секако, може да се препознае во локалниот контекст се елементите на парохијална и моралистичка политичка култура, која се препознава во ставот на локалната популација. Истражувањата укажуваат на феномени, како што се: дистанца од политиката, негативен став кон политиката, слабиот асоцијативен капацитет, нагласениот патримонијализам, носталгијата кон претходниот режим, итн. Сите овие карактеристики создаваат поволна клима за развој на клиентелистички практики, кои, се чини, дека се и регионален, а не само локален проблем. Ова го потврдуваат токму истражувањата во областа на клиентелизмот во Северна Македонија. Овие истражувања, недвосмислено, покажуваат дека клиентелизмот е сеприсутна појава како на ниво на перцепции, така и на ниво на лична инволвираност на граѓаните во клиентелистички практики. Сепак, видливо е дека постои одреден јаз меѓу перцепциите и практиката, но и дека клиентелизмот е присутен во различна мера во различни општествени сфери. Исто така, видливи се и регионални разлики во клиентелистичките практики, од кои некои се исклучително присутни во македонското општество, а некои се среќаваат поретко. Тоа укажува на фактот дека секое општество мора да се третира индивидуално при проучувањето на клиентелистичките практики, независно од можните сличности со земјите во регионот. (Авторот е вонреден професор и раководител на Одделот за политички науки на Правниот факултет„Јустинијан Први“ 18 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“. Основач и виш истражувач во истражувачкиот центар во Скопје, Институтот за демократија„Социетас цивилис”(ИДСЦС). Од 2016 до 2018 година тој беше вториот претседател на Македонското политиколошко друштво /МПД/ и еден од основачите на Балканското здружение за политички науки /БЗПН/) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 19 ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА И ДЕМОКРАТСКАТА СТАБИЛНОСТ МИРЈАНА МАЛЕСКА КОНЦЕПТОТ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА САМО ОБЈАСНУВА НЕКОИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ КОИ ВЕЌЕ ПОСТОЕЛЕ КАКО: ПОЛИТИЧКА ИДЕОЛОГИЈА, ЛЕГИТИМИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ИТН., НО ОД АСПЕКТ НА ИНДИВИДУИТЕ И МАЛИТЕ ГРУПИ, НИВНАТА ПОЛИТИЧКА АКЦИЈА, ОДНЕСУВАЊЕ, ВРЕДНОСТИ, СТАВОВИ, СИМБОЛИ И ЕМОЦИИ(ПРИВРЗАНОСТ ИЛИ ОТУЃЕНОСТ ОД ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ, ИНСТИТУЦИИ И АКТЕРИ), ИТН. СЕ РАЗВИ НАУЧНО ПОЛЕ КОЕ ПРИПАЃА НА Т.Н. „ГРАНИЧНА СФЕРА”, КАДЕ ТЕМИТЕ, МОДЕЛИТЕ И МЕТОДОЛОГИЈАТА НА ПОВЕЌЕ НАУКИ(ПОЛИТИКОЛОГИЈА, АНТРОПОЛОГИЈА, ПСИХОЛОГИЈА ИТН.) СЕ ВКРСТУВААТ Концептот на политичката култура се појави во САД, во педесеттите години од 20 век, како резултат на научно љубопитство и политичка прагма. За какво љубопитство и прагма станува збор? Во педесеттите години, светот и САД тукушто излегоа од една ужасна војна. Цената на победата на сојузничките сили беше голема. На пример, за да ја скрши јапонската воена машинерија, Америка употреби нуклеарни бомби, што предизвика разурнување од невидени размери и смрт на над 200.000 луѓе во Хирошима и Нагасаки. По капитулацијата на Јапонија и завршувањето на Втората светска војна, Америка се ангажираше во реконструкција на својот некогашен воен непријател. Каква земја е Јапонија, се прашуваа Американците? Какви вредности имаат луѓето таму? Како да се разбере јапонската култура и дали можe од Јапонците да направиме наши пријатели? Американските научници, особено антрополозите, како Рут Бенедикт со својот пионерски труд„Хризантемата и мечот”, се обиде да им ја доближи на Американците јапонската ­култура, начинот на живеење и мислење. Но, војната сè уште не беше завршена. 20 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Започна онаа„студената” како конфронтација на НАТО-силите, на eдна страна, и Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт, на друга. Политичката култура – самостојно истражувачко поле Уште еднаш, општествените науки се најдоа пред нов прагматичен предизвик: Кој е нашиот непријател? Што е Советскиот Сојуз и каков е неговиот народ и традиција? Во обид да даде извесно објаснување за тоа што се случува зад„Железната завеса”, британскиот антрополог Џофри Горер внесе психоаналитички техники, објаснувајќи, во студијата„Луѓето на Голема Русија”, дека автократската традиција во оваа земја произлегува од тоа што болшевичките лидери биле, наводно, стегани во пелени како бебиња, во согласност со рускиот(па и нашиот, по војната) обичај. 1 Студијата на Горер, заедно со онаа на познатиот антрополог, Маргарет Мид –„Советските ставови кон авторитетот: Интердисциплинарен пристап кон проблемите на советскиот карактер”, извршија огромно влијание на генерации антрополози и политиколози-бихевиористи и го отворија патот на политичката култура, како самостојно истражувачко поле. Дефинирањето на политичката култура коешто денес е широко распространето се должи на бихевиористичкиот правец во политичката наука. Бихевиористите настојувале да не западнат во некој вид на психо-културално теоретизирање, како Горер и други антрополози, кои го сметаа јавниот политички живот за обично продолжување или репродукција на облиците на семејното искуство, што доминираат во некоја култура. Во своите бихевиористичките студии тие настојувале да бидат интердисциплинарни и да ги комбинираат методите на политичката наука, социологијата и психологијата. Самото дефинирање на политичката култура е плод на долгогодишен развој на бихевиористичкиот приод во политичката анализа и го сигнализира напорот да се надмине јазот помеѓу психолошките интерпретации на индивидуалното политичко однесување(микро-анализа) и социолошкиот приод во изучувањето на глобалните политички структури(макро-анализа). Припадниците на овој теориско-методолошки пристап сметале дека само така може да се најде одговор на прашањата: дали слични историски процеси продуцираат слична дистрибуција на 1 Geoffrey Gorer,„The People of Great Russia“, 1948, Published 1962 by W.W. Norton & Company(first published 1949) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 21 ­с­тавови, вредности и чувства кон политиката; каков ефект имаат одделни аспекти на традиционалната култура врз способноста на луѓето да се ангажираат во разните облици на модерниот политички живот; како можат промените во чувствата и погледите на луѓето да ја менуваат политиката во општеството и обратно; како можат структуралните потреби за одржување на нацијата-држава да предизвикаат политички чувства кај луѓето, итн. Очигледно, стариот пристап кон политиката повеќе не задоволуваше. Да се анализираат само политичките институции од формално-правен аспект, не беше доволно. Некои од овие истражувачи се свртеа кон концептите, методите и техниките на: психологијата, антропологијата и социологијата. Во САД започнаа интензивни емпириски истражувања на однесувањето на поединците и групите и нивните релации со институциите и системот во целина. Притоа, системските теории на Дејвид Истон и Талкот Парсонс кои се појавија неколку години пред„Civic Culture”, ќе му дадат конечна форма на концептот на политичката култура, како важна компонента на системот во целина. На пример, Талкот Парсонс, со книгата „Општествен систем” 2 , го помести фокусот на бихевиористите, од однесувањето на поединците и групите кон нагласување на макро-функционализмот каде политичката култура преку социјализација, обезбедува стабилност на политичкиот систем. Луѓето, низ процесот на социјализација, според Парсонс, ги усвојуваат доминантните вредности на општеството и стануваат„здрави личности”, кои знаат што се очекува од нив и каква улога треба да играат во општеството и политиката за да се постигне стабилна демократија. Всушност, концептот на политичката култура само објаснува некои традиционални прашања и проблеми кои веќе постоеле, како: политичка идеологија, легитимитет, суверенитет, владеење на правото, итн., но од аспект на индивидуите и малите групи: нивната политичка акција, однесување, вредности, ставови, симболи и емоции (приврзаност или отуѓеност од политичкиот систем, институции и актери), итн. Се разви научно поле кое припаѓа на т.н.„гранична сфера”, каде: темите, моделите и методологијата на повеќе науки (политикологија, антропологија, психологија, итн.) се вкрстуваат. 2 Talcott Parsons:„The Social System”, The Free Press, New York 1951 22 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Граѓанската култура – концепт на Габриел Алмонд и Сидни Верба Концептот на политичката култура на Алмонд и Верба беше под влијание на нивниот интерес од тоа време. Тие беа компаративисти и ги споредуваа политичките системи на: САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Сите овие системи припаѓаа на западните демократии, имаа слични политички институции и доминантна либерална идеологија. Зошто тогаш се разликуваа политичкиот процес и политичката акција? Алмонд и Верба беа истражувачи-емпиристи, а тоа подразбираше теренска работа и собирање податоци врз основа на многу истражувачки прашања и претпоставки – дали историјата на секоја од овие земји создава различни или слични: однесувања, вредности, знаења и емоции кај граѓаните? Какви се ефектите на традиционалната култура врз капацитетот на луѓето да се ангажираат во модерниот политички живот? Ако луѓето интернализираат нови вредности, дали тоа ќе се одрази врз политиката? За да одговорат на овие и други слични истражувачки прашања, Алмонд и Верба направија, во тоа време, огромно емпириско истражување во пет западни демократии: САД, Велика Британија, Германија, Мексико и Италија. Тие составија прашалник кој ги мереше, или барем така мислеа: знаењето, вредностите и однесувањето на граѓаните. Нивната почетна хипотеза беше дека политичката култура претставува дистрибуција на: знаења, однесување(чувства) и вредности на граѓаните во однос на политичкиот систем во целина, неговите„импути” или влезни влијанија, неговите „аутпути”, односно излезни решенија(одлуки и политики) и улогата на граѓанинот во политичкиот процес. НЕАКТИВНОСТА НА ОБИЧНИОТ ЧОВЕК И НЕГОВАТА НЕСПОСОБНОСТ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ОДЛУКИТЕ ИМ ПОМАГА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ ДА ПОСТИГНАТ МОЌ, ПОТРЕБНА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ. НО МОЌТА НА ЕЛИТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ КОНТРОЛИРА. ЗАТОА, ТУКА Е ПОТРЕБНА КАКО ДОПОЛНА, СПРОТИВНАТА УЛОГА НА ГРАЃАНИНОТ, ДА БИДЕ ВЛИЈАТЕЛЕН И АКТИВЕН„ИЗНУДУВАЧ” НА ОДГОВОРНОСТ НА ЕЛИТИТЕ. ТАА УЛОГА СЕ ОГЛЕДА ВО УБЕДУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ДЕКА МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ, КАКО ПОЕДИНЦИ ИЛИ ОРГАНИЗИРАНИ ВО РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ НА ДВИЖЕЊА И ЗДРУЖУВАЊА. ОВАА НЕКОНСЕКВЕНТНОСТ НЕ СОЗДАВА КОНФЛИКТ КАЈ ГРАЃАНИНОТ, БИДЕЈЌИ ПОЛИТИКАТА НЕ Е НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО СВЕСТА НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ДОДЕКА ОПШТЕСТВОТО ПРУЖА МОЖНОСТИ ЗА ПРИСТОЕН ЖИВОТ, А КОНФЛИКТИТЕ НЕ СЕ ПРЕТЕРАНО ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 23 На крајот од истражувањето заклучија дека постојат три идеални типа на политичка култура: парохијална, поданичка и партиципативна. Накратко, кај парохијалната култура, луѓето се поистоветуваат со просторот во кој живеат, а не со нацијата и немаат желба и способност да учествуваат во политиката, подалеку од нивната локална средина. Одлика на поданичката политичка култура е поголема пасивност на граѓаните и уверување дека многу ограничено можат да влијаат врз политичките одлуки, додека партиципативната политичка култура е онаа во која граѓаните посветуваат големо внимание на политиката, а партиципацијата на народот во одлучувањето го сметаат пожелно и делотворно. Политичката култура која доминира во западните демократии, според овие истражувачи, е граѓанската култура(civic culture), како мешање на трите идеални типови, така што партиципативните елементи доминираат. На пример, знаењето и разбирањето на политичкиот процес, ставовите и чувствата на приврзаност што ги имаат граѓаните кон политиката се важни бидејќи ја поттикнуваат политичката партиципација. Но, исто толку се важни неполитичките ставови, како интерперсоналната доверба или чувството на припадност кон локалната заедница, што ги прави пасивни во однос на политиката на државната власт. Така, граѓанската култура е балансирана култура – политичка партиципација, вклучување и рационалност постојат, но се урамнотежени од традиционалните вредности на почитување на авторитети и немешање. Политичката активност е висока, но не до степен да го уништи авторитетот на власта; политичка соработка постои, но е балансирана; политички расцепи има, но тие се држат под контрола, итн. Политичките ориентации коишто ја сочинуваат политичката граѓанска култура се тесно поврзани со интерперсоналните ориентации коишто се базираат врз довербата во демократскиот систем во целина и неговите институции. Довербата, од своја страна, исто така, ги обојува и продлабочува политичките ставови. Во овој контекст треба да се подвлече дека политичката култура се разликува од јавното мислење по тоа што формира трајни вредности низ долг процес на социјализација и не е дневно реагирање на луѓето на определени проблеми и конкретни политики. Краен заклучок е дека овие трајни, либерални вредности, како: слобода, ­демократија, 24 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА владеење на правото, одговорна власт, итн., ја овозможуваат стабилноста на демократијата. Поаѓајќи од претпоставката дека е нужно постоење на елити и маса, Алмонд и Верба во центарот на вниманието го поставуваат прашањето за рамнотежа меѓу моќта и одговорноста на власта, ­„бидејќи ако демократијата било што претставува, тоа е одговорност на управувачките елити пред барањата на своите граѓани” (Алмонд, Верба: 150). Таа рамнотежа меѓу моќта и одговорноста на власта, авторите на„Граѓанска култура” ја наоѓаат во постоењето на граѓанската култура(civic culture), поставувајќи ги следните прашање: дали можат ставовите на граѓаните да помогнат во одржување на деликатната рамнотежа меѓу контрадикторните барања кои се јавуваат во демократскиот систем и на кој начин меѓусебно дејствуваат ставовите на елитата и на граѓаните? Накратко, проблемот кои тие го поставија е воопшто проблем на современите демократии кој може да биде поучен и за нас, како млада демократска држава. Aко елитата треба да биде одговорна, тогаш од граѓанинот се бара тој да биде активен, вклучен и влијателен во политиката. Ако елитата треба да биде моќна и авторитативна, тогаш обичниот граѓанин треба да биде релативно пасивен, невклучен и послушен на елитите. Звучи противречно, но Алмонд и Верба излезот од оваа контрадикција го наоѓаат во неконзистентноста на ставовите на поединците, имено дека постои голема разлика помеѓу актуелното политичко однесување на испитаниците и перцепција на нивните капацитети да делуваат и нивната одговорност да делуваат. Имено, врз основа на емпириските показателите, тие заклучуваат дека: иако постои широко распространета норма за партиципација во општеството, активната партиципација за мнозинството граѓани е далеку од нешто значајно. Политичката партиципација не е она што луѓето го прават во слободното време, ниту е тоа главен извор на задоволство, игра или возбуда. Ниската политичка партиципација, нејзината релативна неважност за поединецот и објективните слабости на обичниот човек им допуштаат на владејачките елити да делуваат. Со други зборови, неактивноста на обичниот човек и неговата неспособност да влијае врз одлуките, на политичките елити им помага да постигнат моќ, потребна за одлучување. Но, моќта на елитите треба да се контролира. Затоа, тука е потребна како ­дополна, ­спротивната ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 25 улога на граѓанинот, да биде влијателен и активен„изнудувач” на одговорност на елитите. Таа улога се огледа во убедувањето на граѓаните дека ПОСТОЈАТ ЧЕТИРИ ВАЖНИ ПРАШАЊА, А ОДГОВОРИТЕ НА НИВ ЈА ДЕФИНИРААТ СЕКОЈА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И НАШАТА: можат да влијаат, како поединци или организирани во различни типови на движења и здружувања. Оваа неконсеквентност, заклучуваат Алмонд и Верба, не с­оздава ­конфликт кај ­граѓанинот, бидејќи колку што покажуваат податоците, политиката не е најголем проблем во свеста на граѓаните, сè додека општеството пружа можности за пристоен живот, а конфликтите не се претерано големи. Концептот на Алмонд и Верба изврши големо влијание врз бихевиористичкиот правец во политичката наука и со текот на времето беше 1. ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДОВЕРБА ИЛИ НЕДОВЕРБА ВО ДЕМОКРАТСКИОТ СИСТЕМ И НЕГОВИТЕ ИНСТИТУЦИИ; 2. ДАЛИ ПОСТОИ РЕЛАТИВНА ЕДНАКВОСТ ВО ОПШТЕСТВОТО(СИЛНА СРЕДНА КЛАСА) КОЈА ГИ УБЛАЖУВА ОПАСНИТЕ СОЦИЈАЛНИ И ПОЛИТИЧКИ КОНФЛИКТИ; 3. ДАЛИ ПОСТОИ СЛОБОДА И ОДГОВОРНОСТ ИЛИ, НАПРОТИВ, ПРЕВЛАДУВА НАСИЛСТВО И НЕОДГОВОРНОСТ; 4. ДАЛИ ИМА ДОВОЛНО ЛОЈАЛНОСТ И ПРИВРЗАНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ, КЛАСИТЕ И ГРУПИТЕ КОН ДРЖАВАТА И НЕЈЗИНИОТ ДЕМОКРАТСКИ СИСТЕМ ИЛИ, ПАК, ОПШТЕСТВОТО Е ДЛАБОКО ПОДЕЛЕНО (ПАРТИКУЛАРИЗАЦИЈА) прифатен и елабориран во учебниците по политика. Како што можеше да се очекува, концептот стана инспирација и за други научници. Без оглед дали го афирмираа или критикуваа, сите тие придонесоа политичката култура да стане важна тема кога станува збор за демократската стабилност. Да споменеме некои од нив. Ричард Фејган, на пример, на кој поблизок му беше антрополошкиот пристап, смета дека политичката култура го покрива не само она во што луѓето веруваат, го чувствуваат, знаат и мислат, како што тврдат Алмонд и Верба, туку и она што тие го прават во реалниот политички живот. 3 На Алмонд и Верба уште им се забележуваше дека нивниот научен труд повеќе говори за методологијата при употребата на скалите за мерење на ставовите, отколку за самите ставови на граѓаните. Дел од овие критики се изнесени во книгата на Ендру Хејвуд, „Политика”. Самиот Хејвуд се сомнева во однос на ставот на Алмонд и Верба дека извесна пасивност на граѓаните е потребна за да може власта ефикасно да носи одлуки. Тој ја смета недокажана тезата 3 Richard Fagan:„The Transformation of Political Culture in Cuba”, Stanford University Press, 1969 26 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА дека политичките ставови и вредности влијаат врз однесувањето на граѓаните во политиката. Според него, исто толку држи тезата дека граѓанската култура е повеќе последица отколку причина за демократија. На крајот, Хејвуд смета дека политичката култура не е хомогена, како што тврдат Алмонд и Верба, и дека овие автори многу малку внимание посветиле на значењето на општествените поделби коишто се базираат врз: класа, раса, пол или етницитет, како што е случајот во нашето, и други слични општества. Хејвуд ги споменува современите марксисти кои признаваат дека во капиталистичкото општество„владејачките идеи”на буржоазијата во никој случај не го монополизираат интелектуалниот и културниот живот, ниту ги исклучуваат спротивставените гледишта, но нагласуваат дека идеите и вредностите врз кои се заснова капитализмот(тука спаѓа и„граѓанската култура”) имаат огромна предност над идеите кои го доведуваат во прашање. Извесна потврда на наодите на Алмонд и Верба, подоцна доаѓа од уште еден познат американски научник, бихевиорист, Роберт Е. Лејн. Неговата наградена книга,„Политичка идеологија: што верува дека прави американскиот обичен човек”, дава слика за системот на вредности на обичниот американски граѓанин. Тој, врз основа на репрезентативно истражување, во текот на кое интервјуирал 15 обични Американци и потоа анализирал 3.759 страници снимен материјал, уверува дека обичниот човек помалку се грижи дали има еднакви можности за сите, а повеќе се грижи за постоење на некакви можности за него. На овие луѓе им треба шанса за извесно подобрување на животот каков што веќе го имаат. На прашањето што мислат за општествените класи, тие одговараат дека тоа не ги засега и дека тука нема што да се стори. Повеќето изјавуваат дека се задоволни со својот социјален статус и малкумина сметаат дека се создадени за нешто подобро. Основното е што овие луѓе се загрижени, најмногу се грижат за нивната работа, а потоа за нивните семејства. Тие не мислат, тие се грижат, вели Лејн. Од студијата произлегува дека обичните граѓани немаат цврста посветеност на либералните вредности за слобода и правда – овие вредности имаат мала улога во нивните животи. Американскиот обичен човек, смета Лејн, нема конзистентна идеологија, освен фрагментирани убедувања и предрасуди. Овие претпоставки на политичка култура, според Лејн се конзервативни во нивните ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 27 ­импликации, а корените на овој конзервативизам се во психолошките предиспозиции на американскиот граѓанин. Идеите на Француската револуција, според Лејн, слободата и еднаквоста, беа истакнати од случајното совпаѓање меѓу идеалите и потребата на буржоазијата за слобода на економската акција и од барањето на работничката класа за уште. Идеите, вели Лејн, ­меѓутоа имаат сопствена автономија во смисла дека штом се морализираат, тие опстојуваат дури и кога социјалните сили кои ги донеле опаѓаат во нивната моќ. Тие стануваат митови, но митовите паѓаат без поддршка на некој значаен социјален стратум. Ниту бизнис класата, ниту работните класи, историските корисници на овие идеи, немаат многу љубов за нив. Од друга страна, средната класа има голема наклонетост кон овие идеали. Токму таа на демократскиот Запад ја сочинува најцврстата брана на демократијата. Љубовта кон овие идеали, заклучува Лејн, не е доблест, туку е прашање на организација и образование. Неговата книга издадена првпат во 1962 година, звучи актуелно и денес, кога власта во Америка е во рацете на популистички претседател кој својата изборна победа ја должи на: брзите, лесни и често нереални ветувања што ги нуди на конзервативна Америка. Ако се прави споредба со новите демократии, како што е нашата, треба да се има во вид дека граѓанската култура е плод на долга историска адаптација. На прашањето дали земјите во развој можат да ги скокнат историските секвенци и да создадат нуклеуси на граѓанска култура, Алмонд и Верба одговараат дека модернизацијата, индустријализацијата и едукацијата создаваат добри шанси за развој на демократијата, создавајќи погодни околности за развој на тие нуклеуси на граѓанска култура. Според нив, постојат четири важни прашања, а одговорите на нив ја дефинираат секоја политичка култура, вклучувајќи ја и нашата: 1. Дали граѓаните имаат доверба или недоверба во демократскиот систем и неговите институции; 2. Дали постои релативна еднаквост во општеството(силна средна класа) која ги ублажува опасните социјални и политички конфликти; 3. Дали постои слобода и одговорност или, напротив, превладува насилство и неодговорност; 28 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА 4. Дали има доволно лојалност и приврзаност на граѓаните, класите и групите кон државата и нејзиниот демократски систем или, пак, општеството е длабоко поделено(партикуларизација). Скица за македонската политичка култура Кога во 1976 година магистрирав на темата за политичка култура, како прв труд во оваа област кај нас, и објавив некои делови од тезата во Годишникот на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, воопшто не можев да претпоставам дека многу подоцна политичката култура ќе го привлече интересот на пошироката јавност. Во моментот на одбрана на мојот магистерски труд, за кој тогаш беше тешко да се најде компетентен ментор, на феноменот„политичката култура” се гледаше како на западен, капиталистички производ на нашите тогашни идеолошки„непријаСЦЕНАТА ЗА НЕКОЈА ИДНА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ВО КОЈА ЌЕ ПРЕОВЛАДУВААТ СТАВОВИТЕ И ВРЕДНОСТИТЕ НА АКТИВНИОТ, ИНФОРМИРАН, ОБРАЗОВАН ВО ДУХ НА ГРАЃАНСКАТА КУЛТУРА ГРАЃАНИН, ПРЕД КОЈ НОСИТЕЛИТЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ ОДГОВАРААТ, Е ПОСТАВЕНА. НИЕ ИМАМЕ ДЕМОКРАТСКА ПОЛИТИЧКА РАМКА (УСТАВ И ЗАКОНИ) КОЈА ОПФАЌА: ПОВЕЌЕПАРТИСКИ НАТПРЕВАР ЗА ВЛАСТ, СЛОБОДНИ ИЗБОРИ, СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ, ГАРАНТИРАНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ, ПОДЕЛБА НА ВЛАСТА, ПРАВИЛА КОИ УТВРДУВААТ ОДГОВОРНОСТ НА ИЗБРАНИТЕ ПРЕД ИЗБИРАЧИТЕ, ИТН. НО, ОВАА Е САМО РАМКА И ТАА ЧЕСТО Е ИСПОЛНЕТА СО НЕДЕМОКРАТСКА СОДРЖИНА. НАШАТА ДЕМОКРАТИЈА Е НОВА И СО ГОЛЕМИ СЛАБОСТИ. ОСНОВНАТА СЛАБОСТ НА СИСТЕМОТ Е ШТО ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ тели”. Марксистичката идеологија доминираше и немаше на повидок ништо што би ја загрозило, било кога и било како. Во една релативно либерална атмосфера, во седумдесеттите, трудот беше прифатен и одбранет. Искреноста налага да се каже дека пристапот беше критика на овој концепт од марксистички аспект, но сепак, за македонската политикологија претставуваше некаков мал прозорец низ кој дувна свеж ветер на западната политичка мисла. Денес, на уредникот на ова издание, г. Манчо Митевски, сум му благодарна што ме покани да напишам нешто на оваа тема, иако се соочив со извесни тешкотии кога требаше да ја скицирам нашата политичка култура. Причините се разбирливи. Последните две децении истражувачката работа во областа на политикологијата на универзитетите ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 29 ­речиси замре, освен некои индивидуални напори. Освен изданието „Политичката култура и идентитетите”, уредено од Емилија Симоска и Славица Инџевска 4 и„Политичките идентитети во Република Македонија“, на истражувачкиот тим раководен од Лидија Христова и Анета Цекиќ, не сретнав други ­конкретни истражувања за политичката култура. Празнината, донекаде, ја пополнија истражувањата на Универзитетот на Југоисточна Европа, во кои учествував и самата како:„People Centered Analyses” или„Inter Community relationsUnderstanding and Cooperation for Development”. Се разбира, постојат бројни истражувања на јавното мислење, но тоа се, пред сè, дневни реагирања на граѓаните на одредени политички собитија и одлуки. Ако не може да се каже што е, со сигурност може да сe каже што не е нашата политичка култура во однос на идеалниот модел на civic culture на Алмонд и Верба: дека не е умерена, не е плод на долг историски развој и дека не е претежно партиципативна. Сцената за некоја идна политичка култура во која ќе превладуваат ставовите и вредностите на: активниот, информиран, образован во дух на граѓанската култура граѓанин, пред кој носителите на политичката власт одговараат, е поставена. Ние имаме демократска политичка рамка(устав и закони) која опфака: повеќепартиски натпревар за власт, слободни избори, слобода на печатот, гарантирани слободи и права на човекот и граѓанинот, поделба на власта, правила кои утврдуваат одговорност на избраните пред избирачите, итн. Но, оваа е само рамка и таа често е исполнета со недемократска содржина. Нашата демократија е нова и со големи слабости. Основната слабост на системот е што граѓаните немаат доверба во институциите на власта(локална и централна) или, пак, таквата доверба е многу ниска. Не сум сретнала истражување на јавното мислење за тоа како граѓаните го доживеаја апсењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но сигурно се длабоко разочарани. Затоа, пак, има конкретни индикатори за степенот на доверба на граѓаните во институциите на локалната и државната власт. Во репрезентативното истражување на мислењето на граѓаните во 2010 година, на прашањето: Колку државата и нејзините институции се грижат за правата на граѓанинот, 75% одговориле дека државата 4 Во Белешка за проектот се истакнува дека резултатите од истражувањето од оваа област понекогаш се испреплетуваат, индикатори кои осцилираат помеѓу јавното мислење и политичката култура, што значително го отежнува процесот на валидно заклучување 30 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА воопшто не се грижи за нив. 5 Податоците се уште пошокантни во извештаите на проектот:„People Centred Analyses” од 2008 и 2010 година. „На репрезентативен примерок се мери довербата во националните институции, како: судството, армијата, полицијата и други, и заклучокот е дека: истражувањето од декември 2007 година покажува пониско ниво на доверба отколку претходните истражувања... Недовербата во националните институции, можеби е во висока корелација со перцепцијата на респодентите за корупција во судскиот систем(86,0%); во здравствениот сектор(82.9); во полицијата (78.3%) и образованието(76.8)”. 6 Истражувањето е повторено во 2010 година и заклучоците за поврзаноста на довербата со корупцијата се потврдени: „Повеќе истражувања на УНДП(„Early Warning Reports”), покажаа ниско ниво на доверба во националните институции, како: парламентот, судството и егзекутивата... Не само што мнозинството од респоденти немаат доверба во централната и локалната власт, туку големото мнозинство верува дека има корупција, злоупотреба на јавните фондови и злоупотреба на функциите во јавниот сектор во сите јавни институции. Испитаниците сметаат дека има висока корупција во: судството(91%), централната власт(89%), локалната власт(86%), здравствените институции(85%), образовните институции(79%), итн.“ 7 Ова се многу загрижувачки податоци. Тие долго време беа игнорирани, но откако се обелоденети недозволено прислушуваните телефонските разговори на политичките функционери, најпосле вистината ни експлодира во лице. Сега веќе апстрактните високи проценти од јавното мислење за корупција, добија: лица, имиња и презимиња. Никој не може да каже дека не знаел. Оваа корупција во врвот на државата, злоупотреба на функциите, кршењето на избирачкото и други човекови права, итн., доведе до длабока политичка криза која заврши со потпишување на Договорот од Пржино и, во 2015 година, формирање на Специјално јавно обвинителство за гонење криминал произлезен од прислушуваните разговори. За 5„Политичката култура и идентитетите“ /уредници, Емилија Симоска и Славица Инџевска/ – Скопје, Фондација отворено општество Македонија, 2012, стр. 57 6 People Centred Analyses, March 2008, UNDP, Skopje, p.70 7 People Centred Analyses, April 2010, UNDP, Skopje, p. 94 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 31 жал, денес државата одново ја тресат нови коруптивни афери во кои е вмешана и самата специјална јавна обвинителка. Компромитацијата на принципите на: правда, еднаквост и владеење на правото сигурно предизвика длабоко разочарување кај граѓаните, ја зголеми недовербата во институциите и ги направи луѓето цинични околу либералните вредности. И пред овие скандали, истражувањата покажуваа дека граѓанинот себеси се смета за неважен и невлијателен. 8 Но, од друга страна, ова е лекција која, се надевам, ја менува свеста на луѓето. Ништо не е исто како што било пред покренатите обвиненија на СЈО против голем број високи државни функАКО НИЗ ПРОЦЕСОТ НА ОБРАЗОВАНИЕ И СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА СЕ СОЗДАДЕ КРИТИЧНА МАСА НА: ДОБРО ОБРАЗОВАНИ, ГРАЃАНСКИ, ЛИБЕРАЛНО ОРИЕНТИРАНИ ЛУЃЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ГИ ЗНААТ СВОИТЕ ПРАВА И ОБВРСКИ; АКО СЕ ТИЕ ДОБРО ИНФОРМИРАНИ, АКТИВНИ И СМЕТААТ ДЕКА НИВНАТА УЛОГА ВО ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС Е ВАЖНА И ВЛИЈАТЕЛНА(ИЛИ МОЖЕ ПОТЕНЦИЈАЛНО ДА БИДЕ ТАКВА, АКО ТРЕБА); АКО СЕ ДОВОЛНО СИЛЕН ГЛАС КОЈ ЌЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ВЛАСТА ЗА НЕЈЗИНИТЕ ОДЛУКИ(ДЕФИНИЦИЈА ЗА ГРАЃАНСКА КУЛТУРА), ТОГАШ МОЖЕМЕ ДА СМЕТАМЕ ДЕКА ШАНСИТЕ ЗА ДЕМОКРАТСКА СТАБИЛНОСТ НА НАШАТА ДРЖАВА СЕ ГОЛЕМИ ционери. Ништо не е исто ни по аферата„Рекет”. Кога д­ енес би се направило истражување на ставовите на ­граѓаните, ­веројатно би се покажало дека свеста за одговорна власт, ограничена и контролирана, јакне. Граѓанинот можеби почнува да ја разбира и потребата од сопствена, проактивна, партиципативна улога во тој процес. Иако воопштувањата се неблагодарни, нашата политичка култура е далеку од балансирана: не постои потребна рамнотежа меѓу моќта и одговорноста на власта. Владејачкото мнозинство обично ја игнорира опозицијата дури и кога се работи за стратешките цели на државата.„Дајте ми 2/3 мнозинство и никој нема да ме уценува”, е првото обраќање до гласачите на партиските лидери, пред избори. Од друга страна, опозицијата, најчесто, е неодговорна и неконструктивна во желбата да дојде и остане на власт по секоја цена и да избегне одговорност за злоупотребите што ги правела додека била на власт. Самото општество е партиски фрагментирано до тој стапен, што на граѓанската активност(невладините организации, 8„Around 55% of the age groups 35-44 and the 25-34 think that the citizens cannot influence political agenda”, People Centered Analyses, UNDP, March 2008, p.70 32 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА здруженија, синдикати, итн.) често се гледа како на„продолжена рака”на власта. Етничките и политичките расцепи се длабоки, а кога повремено излегуваат надвор од контрола, како воениот конфликт од 2001, Договорот од Пржино, итн., одново воспоставената контрола не се должи на договор на политичките партии, туку, пред сè, на притисокот на странците. Накусо, историските и општествени околности од 1991 година до денес, како: транзицијата, високата невработеност, богатењето на малцинството за сметка на сиромашењето на мнозинството, етничкиот конфликт 2001, политичките кризи и отсуството на соработка меѓу власта и опозицијата, масовното и неказнето кршење на човековите права и корупцијата која оди до врвовите на власта, длабоко го фрагментираа општеството, го поткопаа демократскиот процес, ја маргинализираа партиципативната улога на граѓанинот и ја направија борбата за власт жестока и нефер. Но, ако сме п­ омалку строги, на овој процес на посегање по демократско општество, може да се гледа како на време на големи успеси(независност преку мирољубиво самоопределување, на пример) и големи падови. Кратката историја на СЈО, неговиот славен почеток, не многу славен крај, се дел од тоа учење и можеме само да се надеваме дека не само успесите на општеството, туку особено неуспесите се добра лекција за политика и претставничка демократија. Од времето на Џон Лок во 18 век, политичката наука е исправена пред прашањето: кој ќе ги контролира оние на кои сме им ја довериле власта да ја вршат во наше име? Власта се контролира преку интернализација и афирмација на либералните принципи и демократската практика; власта и нејзините институции се ограничуваат со уставни средства(конституционализам), не само на хартија, туку во животот; за да биде контролирана, власта мора да биде поделена и пуштена низ системот на„пречки и рамнотежа”; владеењето на правото, демократските„правила на игра” и човековите права и слободи, исто така ја ограничуваат власта. Ако низ процесот на образование и социјализација се создаде критична маса на добро образовани, граѓански, либерално ориентирани луѓе кои веруваат во демократските институции и ги знаат своите права и обврски; ако се тие добро информирани, активни и сметаат дека нивната улога во политичкиот процес е важна и влијателна(или може потенцијално да биде таква, ако треба); ако се доволно силен глас кој ќе бара ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 33 одговорност од власта за нејзините одлуки(дефиниција за граѓанска култура), тогаш можеме да сметаме дека шансите за демократска стабилност на нашата држава се големи. (Авторката e долгогодишен истражувач /Институт за социолошки и политичко-правни истражувања/ и универзитетски професор /Универзитет на Југоисточна Европа/. Во моментот е овластен ментор на Докторската школа за политички науки на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“. Основач е и уредник на меѓународното списание на англиски јазик„New Balkan Politics“) 34 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА НОВИ ВИДОВИ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА – ХИБРИДНА И КЛИЕНТЕЛИСТИЧКА ЃОРЃИ ТОНОВСКИ ИСХОДИШТЕ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА СЕ ПРЕТСТАВИТЕ И ОЧЕКУВАЊАТА НА ЛУЃЕТО ВО СИТЕ ОПШТЕСТВА ЗА ТОА КАКО БИ ТРЕБАЛО ДА ФУНКЦИОНИРА ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ И РАКОВОДНАТА СТРУКТУРА ВО ОПШТЕСТВОТО, НА КОЈ НАЧИН ВЛАДАТА ДА ИМ БИДЕ СЕРВИС НА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, НО И КАКО ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ВЛАДАТА. ВАКВИТЕ ПРЕТСТАВИ И ОЧЕКУВАЊА КОНСТИТУИРААТ ЗБИР ОД: ВЕРУВАЊА, СИМБОЛИ И ВРЕДНОСТИ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИЧКОТО(СТРУКТУРА И СИСТЕМ). ТОЈ ЗБИР ГО ЧИНИ ПОИМОТ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА.„ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, ВСУШНОСТ, ЈА ПРЕТСТАВУВА И ОБЈАСНУВА СУБЈЕКТИВНАТА СТРАНА НА ПОЛИТИКАТА” Апстракт Како термин, политичката култура е воведена во САД кон крајот на педесеттите години од минатиот век, а во Европа го актуелизираа Герхард Лембрух и Арент Липхарт. Во 1963 година политичката култура стана предмет на истражување на социјалната наука, кога Американците Габриел Алмонд(Gabriel Almond) и Сидни Верба(Sidney Verba) го објавуваат своето капитално дело „Граѓанска култура“(The Civic Culture), со кое, дефинитивно, ја препознаваат политичката култура како чинител во функционирањето на политичкиот систем и течението на политичкиот процес. Подоцнежните сознанија потврдија дека квалитетот и ефикасноста на политичкиот систем и на политичките процеси во голема мера зависат од: зрелоста, комплетноста и комплементарноста на политичката култура во поединечни општества. Македонската политичка мисла со проблематиката на политичката култура почнува сериозно да се занимава по покренатите промени во општественото уредување и воведувањето на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 35 ­повеќепартискиот систем. Покрај определени обиди за теоретско обопштување, тука се и неколку истражувачки проекти покренати со амбиција да ги следат состојбите во оваа сфера. Но, сепак, сè уште во оваа сфера не е видлив некаков поконзистентен и континуиран академски ангажман. Потребата е повеќе од евидентна. Македонското(сè уште според својата природа транзиционо) општество, на својот пат кон Европската Унија се соочува со бројни тешкотии кои се предизвикани, покрај другото, од недореченостите во неговото политичко, па и во политичката култура како негов значаен сегмент. Овој труд нека биде поттикнувач во натамошните истражувачки напори во него, како дел од општествените амбиции земјава да се вброи во друштвото на земји кои се на цивилизацискиот Олимп. Вовед Политичката култура се наоѓа во широката област на политичкото делување кое има задача да го организира донесувањето и реализацијата на општествените одлуки за егзистенцијата и функционирањето на заедниците на хуманите суштества. Во најширока смисла на зборот, нејзиниот централен делокруг е обележан со: духовното, интелектуалното, рационалното на политичкиот ангажман. Тоа е оној дел на политичкото делување во кој се обезбедува, воспоставува и проценува: квалитетот, духот и генералните методи на политичката акција. Исходиште на политичката култура се претставите и очекувањата на луѓето во сите поединечни општества за тоа како би требало да функционира политичката власт и раководната структура во општеството, на кој начин владата да им биде сервис на потребите на граѓаните, но и како треба граѓаните да се однесуваат кон владата. Ваквите претстави и очекувања конституираат збир од верувања, симболи и вредности во врска со политичкото(структура и систем). Тој збир, таа специфика, наједноставно кажано, го чини поимот политичка култура.„Политичката култура, всушност, ја претставува и објаснува субјективната страна на политиката”. 1 Секоја организирана човечка популација кон политичкото гради свои специфични ставови и начини на учество во, и за организирањето на политичкиот живот во заедницата. Вака ­препознаената 1 Vujčić, V.,„Pojam političкe kulture“, Polit. misao, Vol XXXIV(1997.), бр. 4, стр. 116 36 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА политичка култура станува ознака на заедниците, тие се р­ азликуваат меѓу себе според спецификите и природата на комплексот политичка култура. Таа, пак, од своја страна, ги носи со себе, во својата основа и суштина, спецификите на животниот простор кои се таложеле врз животот на заедниците и на локално и на државно ниво. Овие специфики се предизвикани од бројни фактори на егзистенцијалниот амбиент(природни, економски, историски, религиски и социјални). Нивниот печат и влијание се пластеле врз менталитетот на заедницата и на нејзините припадници и формирале целина на манири на размислување и однесување различни од другите – соседите или подалечните. Секое поединечно општество формира политички систем кој е изграден врз заеднички, споделен сет, збир од: претпоставки, верувања, вредности и идеи кои се вреднувани од страна на општеството. Овие нешта заедно ја сочинуваат политичката култура, која помага при објаснувањето зошто нештата се такви какви што се кај поединечните општества, народи. Така, феноменот политичка култура станувал бренд на одделни колективитети. Според Алмонд и Верба„политичката култура претставува специфични политички ориентации – ставови кон политичкиот систем и неговите делови, како и ставови кон улогата на секој поединец во системот”. 2 Поимно определување на политичката култура Политичката култура е социјално-културoлошки феномен кој има своја траекторија на настанување и зреење, свое место и улога во социјално-политичкиот живот на поединечните општества. Поимното определување и дефинирањето на овој феномен е особен предизвик бидејќи се работи за социјална појава која е: сложена, комплексна и повеќедимензионална. Таа има богата историска генеза – не постои општество во историјата на цивилизацијата кое нема, во однос на другите, своја препознатлива развојна структура на политичка култура; нејзината целина е збир, комплекс од многубројни елементи; а нејзината егзистенција и функционирање зафаќа голем број сегменти од структурата на општеството(социјални, психолошки, етички, политички, комуникациски, економски, социолошки, правни, и слично). Ова го усложнува ­ангажманот 2 Almond G. A. – Verba, S., 1963(The Civic culture), оп. цит. стр. 13 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 37 при нејзиното: истражување, поимно определување и дефинирање, бидејќи овие бројни сегменти претпоставуваат активност на повеќе соодветни социјални академски дисциплини. Политичката култура, како што би рекле астрономите, е:„сивата материја”, сврзното ткиво, амалгамот на определен социјално-културолошки простор исполнет со содржини и форми на нејзините составни елементи. Во структурата на општеството, политичката култура претставува релативно заокружен феномен кој е во функција на социјално-политичката димензија. Таа е рамка, или галаксија во која: настануваат, егзистираат ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, КАКО ШТО БИ РЕКЛЕ АСТРОНОМИТЕ, Е:„СИВАТА МАТЕРИЈА”, СВРЗНОТО ТКИВО, АМАЛГАМОТ НА ОПРЕДЕЛЕН СОЦИЈАЛНО-КУЛТУРОЛОШКИ ПРОСТОР ИСПОЛНЕТ СО СОДРЖИНИ И ФОРМИ НА НЕЈЗИНИТЕ СОСТАВНИ ЕЛЕМЕНТИ. ВО СТРУКТУРАТА НА ОПШТЕСТВОТО, ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА ПРЕТСТАВУВА РЕЛАТИВНО ЗАОКРУЖЕН ФЕНОМЕН КОЈ Е ВО ФУНКЦИЈА НА СОЦИЈАЛНО-ПОЛИТИЧКАТА ДИМЕНЗИЈА. ТАА Е РАМКА ИЛИ ГАЛАКСИЈА ВО КОЈА НАСТАНУВААТ, ЕГЗИСТИРААТ И ПУЛСИРААТ НЕЈЗИНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ КАКО ДЕЛ ОД Т.Н. СОЦИЈАЛНА НАДГРАДБА, ОД НЕМАТЕРИЈАЛНАТА (ДУХОВНАТА) КУЛТУРА КОЈА Е СЕДИШТЕ НА: ВИЗИЈАТА, КРЕАЦИЈАТА И ИДЕЈНОСТА и пулсираат нејзините елементи како дел од т.н. социјална надградба, од нематеријалната(духовната) култура која е седиште на: визијата, креацијата и идејноста. Тоа е просторот во кој луѓето од искони го поставувале прашањето за: можните форми, начини, средства за праведното општество;„народната, хуманата политика”; лошиот цар и праведниот (просветениот) владетел; власта; демократијата и автократијата; живот исполнет со среќа и благосостојба; слободата и ропството; доброто и злото; насилството и разумот; односот на власта и граѓаните, и слично. Политичката култура ги содржи: сите потреби, желби, барања и замисли во врска со функционирањето на власта(на политичкиот систем и на политичкиот процес), што биле споменувани или практикувани во целиот тек на човековата историја. Притоа, интересно е сознанието дека целата инвенција на идејното делување во историјата(со сите свои содржини и форми) е складирано во ризницата на политичката култура или како минато политичко искуство, или како актуелна практика. Има некоја таинствена историска законитост дека елементите на идејното никогаш не се забораваат нити, пак, исчезнуваат, дека тие се составен, ­неизбришлив 38 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА дел на целината и континуитетот на цивилизацијата.(Зарем, малку се примери на робовство дури и во овој милениум). Значи, политичката култура го манифестира и презервира од заборав или расипување богатството на идејното(минато и сегашно), на сите: вредности и вредносни ориентации, ставови, верувања, желби, очекувања, определби, идеи, ориентации и практики, знаења, и слично, односно сè она што е во врска со: политичкото, квалитетот, функционирањето на политичкиот систем и одвивањето на политичкиот процес. Таа е индикатор за карактерот на системот на владеење, односно за позицијата и(не)моќта на граѓанинот во односите со власта. Дефинирање на политичката култура Во современата социјална наука се забележителни задоволителни резултати во однос на: научното спознавање на природата, структурата, улогата и значењето на политичката култура. Овој феномен е предмет на многубројни успешни академски настојувања да се осветли неговата суштина. Притоа, понудените дефиниции, иако поаѓаат од бројни елементи на богатиот фолклор на феноменот, сепак се согласни дека суштината на политичката култура треба да се бара во„психолошките и субјективните димензии на политиката”, во системот на духовните, интелектуалните категории. Ова е во основа мејнстримот на поимното определување и дефинирање на феноменот политичка култура, се разбира проследен со многубројните составни елементи на овие димензии на политиката. Кај авторите кои го вршат поимното определување или дефинирање на политичката култура се забележува оваа линија на следење и оценување на„психолошките и субјективните димензии на политиката”, односно на„субјективната страна на политиката”, на системот на духовните, интелектуалните категории. Така, во најспоменуваната дефиниција за политичката култура се споменува збирот од: ставови, верувања и чувства на граѓаните во однос на политичкиот процес( International Encyclopedia of the Social Sciences); други го потенцираат сетот од споделени погледи и нормативни расудувања; трети зборуваат за важноста на: базичните вредности, чувства и знаење(Луциан Пи); натаму, некои автори ги наведуваат: вредностите, верувањата, ставовите, симболите, склоностите и моделите на однесување( Матић, М., ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 39 Подунавац, 1994); а некои автори посветуваат посебно внимание на тројството: емпириски верувања, експресивни симболи и вредности(С. Верба), и слично. Интересно е размислувањето на Верба кој истакнува дека политичката култура означува систем на верувања за моделите на политичката интеракција и за моделите на политичките институции. Политичката култура, според него, не зборува за тоа што се случува во светот на политиката, туку за тоа што луѓето веруваат за тие случувања. Затоа и политичката култура е систем на субјективен пристап кон политиката и влијае врз тоа како поединецот: ќе реагира на политичките случувања; ќе се однесува кон политичкиот систем; ќе ја дефинира својата улога кон политиката. Овие извлечени наоди за суштината на: политиката, политичкиот систем и политичкиот процес се„сопственост” на бројни автори кои се влијателни во оваа сфера на научното истражување. Еве ги подолу во целина нивните размислувања. Во литературата за феноменот политичка култура, најпозната и најексплоатирана дефиниција е онаа што е наведена во International Encyclopedia of the Social Sciences, според која политичката култура претставува„збир од: ставови, верувања и чувства, со кои се уредува и осмислува политичкиот процес и со кои се воспоставуваат, набележуваат основните претпоставки и правила кои управуваат со однесувањето во политичкиот систем”. Поимот ги опфаќа двете нешта – како политичките идеи, така и оперативните норми на политиката. На тој начин, политичката култура е манифестација на психолошките и субјективните димензии на политиката. Политичката култура истовремено е производ и на историјата на политичкиот систем и на историите на членките. Со тоа, таа(политичката култура) подеднакво е резултат и на јавните настани и на приватните искуства. 3 Видливо е дека во истражувањето на поимот политичка култура со големо внимание учествува политичката наука. Притоа, во политичката наука поимот политичка култура се третира како збир, сет од споделени погледи и нормативни расудувања на луѓето по однос на нивниот политички систем. Поимот политичка култура не се однесува на ставови во врска со специфицираните актери, како на пример премиерот, туку попрецизно поимот у­ патува 3 International Encyclopedia of the Social Sciences, New York: Macmillen, 1968, Vol. 12, p. 218 40 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА на тоа како луѓето гледаат на политичкиот систем како целина и на нивното верување во неговата легитимност. Американскиот ­политиколог Луциан Пи(Lucian Pye) политичката култура ја ­дефинира како композит од: базични вредности, чувства и знаење. Врз овој, и ваков композит, се потпира политичкиот процес. Значи, столбови на политичката култура се: верувањата, мислењата и емоциите на граѓаните во врска со нивната форма на владеење. Некои автори политичката култура ја претставуваат како дел од општата култура, при што„политичката култура го претставува оној дел од општата култура кој ги опфаќа: вредностите, верувањата, ставовите, симболите, склоностите и моделите на однесување во однос на политиката и политичките прашања, како и оние прашања коишто се однесуваат на општите услови од заедничкиот живот во едно општество и на изборот на правците и целите на вкупниот општествен развој“. 4 Алмонд и Верба во своето познато дело„Граѓанска култура“ (1963) посебно ја истакнуваат важноста на граѓанската(демократска) политичка култура за развој на стабилна и ефикасна демократска власт. Нивната главна теза гласи:„Развојот на стабилна и ефикасна демократска влада зависи не само од структурите на државата и политиката, тој(развојот) зависи од ориентацијата којашто луѓето ја имаат кон политичкиот процес – од политичката култура. Доколку политичката култура не е во состојба да го поддржува демократскиот систем, шансите за успех на тој систем се слаби”. 5 Во врска со ова, американскиот политиколог Вилсон(J. Q. Wilson) го пишува следново:„Ниту уставот, ниту природните предности на земјата не можат сами по себе да ја објаснат трајноста на демократските институции. Освен нив, мораме да ги земеме предвид и обичаите на луѓето – она што Токвил го нарекуваше како нивни ,морални и интелектуални особини’, а модерните социјални научници го нарекуваат политичка култура”. 6 Се чини дека токму таков пристап кон политичката култура имаат многумина научни работници. С. Верба во еден текст од 4 Матић, М., Подунавац, М.,„Политички систем“, Институт за политичке студије, Београд, 1994 5 Almond, G. A. – Verba, S.„The Civic Culture“, Princeton University Press, 1963.(четврто издание, 1972.), стр. 488 6 Wilson, J. Q. – American Government, D. C. Heath and Company, 1989, стр. 74 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 41 1965 година ја дефинира политичката култура токму со таков пристап, а тоа е дефиницијата која ја цитираат бројни автори во своите трудови за оваа појава. Дефиницијата гласи: „Политичката култура на општеството се состои од систем на: емпириски верувања, експресивни симболи и вредности коишто ја дефинираат ситуацијата во којашто се случува политичкото дејствување”. 7 Во оваа дефиниција акцентот е ставен врз политичката култура како систем од емпириски верувања на луѓето за политиката. Меѓутоа, политичката култура на еден народ ја чинат и експресивни симболи на политиката, како што се, на пример: ВО СФЕРАТА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА СЕ ЈАВУВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ СОСТОЈБИ КОИ НАЛАГААТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОСТОЈНИТЕ СОЗНАНИЈА ЗА СУШТИНАТА НА ОВОЈ ФЕНОМЕН, НО И НАМЕТНУВААТ ПОИНАКВО ВИДУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИТЕ ТИПОЛОГИЗАЦИИ. ОВА ШТО ГО НУДАМ ВО ТЕКСТОТ Е САМО ДЕЛ ОД НОВИТЕ СОЗНАНИЈА И ОБИДИ ЗА ЕВЕНТУАЛНО ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОСТОЈНАТА ТИПОЛОГИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА. ПОНУДЕНИТЕ СОДРЖИНИ И НАЗИВИ, ХИБРИДНА И КЛИЕНТЕЛИСТИЧКА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА, СЕ ИСКУСТВА ДЕТЕКТИРАНИ ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ПРАКТИКА, НО И ПОШИРОКО ОД РЕГИОНОТ националното знаме, националната химна, грбот, итн. Неа ја чинат и вредности кои претставуваат критериуми за: посакуваните облици на политичко дејствување; посакуваниот облик на политичкиот систем; како и за политичките институции и начинот на владеење со општеството. Според Верба, политичката култура не се однесува само на политичките структури(политичките институции, политичките партии, групите за притисок, итн.). Таа не се однесува ни на самиот начин(Верба него го нарекува модел) на интеракција меѓу политичките актери(кој со кого зборува, кој за кого гласа, кој врз кого влијае, итн.). Затоа Верба истакнува дека политичката култура означува систем на верувања за моделите на политичката интеракција и за моделите на политичките институции. Таа не зборува за тоа што се случува во светот на политиката, туку за тоа што луѓето веруваат за тие случувања. Затоа и политичката култура е систем на субјективен пристап кон политиката и влијае врз тоа како поединецот: ќе реагира на политичките случувања; ќе се однесува кон политичкиот систем; ќе ја дефинира својата улога кон политиката. 7 Verba, S.„Comparative Political Culture”, во: L. W. Pay and S. Verba(eds.), Political Culture and Political Development, Princeton Univ. Press, 1965, стр. 513 42 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Верба смета дека темелните модели на политичкото верување влијаат врз тоа како поединците ќе се однесуваат кон политичките настани, но не само тоа. Со оглед на тоа што овие системи на темелно верување се состојат од: егзистенцијални верувања, општи вредности кои претставуваат цели на однесувањето, норми кои ги регулираат средствата кои се употребуваат за постигнување на целите, како и емоционалната поврзаност, овие системи на верувања, исто така, влијаат врз тоа кога и како поединците се вклучуваат во политичкиот живот. Од овој аспект, според Верба, би можело да се каже дека:„Политичката култура претставува систем на контрола наспроти системот на политички интеракции. Политичката култура регулира кој со кого говори и кој врз кого влијае. Таа, исто така, ја регулира содржината на комуникацијата во политичките контакти и резултатите од овие контакти. Таа ги регулира начините на дејствување на формалните институции”. Политичката култура не се состои од политички факти, од тоа дека: луѓето излегуваат на избори; гласаат за некоја политичка партија; се вклучуваат или не се вклучуваат во партии, итн. Таа се состои од верувањата на луѓето во овие факти, таа дава одговор на прашањето зошто: некој гласа за некого; луѓето влегуваат или не влегуваат во определена партија; поддржуваат или не поддржуваат одреден политички систем; им веруваат или не им веруваат на разни политички актери, итн. Меѓутоа, таа не само што го објаснува однесувањето и ставовите на луѓето, туку и ги регулира начините на нивното однесување. На пример, дали конфликтите ќе се решаваат со насилство или дијалог – тоа зависи од политичката култура на луѓето. 8 Меѓутоа, политичката култура не е само регулатор на политичкиот процес и ориентир на политичкиот систем, туку таа има и свои функции кои се насочени кон единките. Според Вујадиновиќ, „за политичката култура посебно се важни функциите на прилагодување на единката кон социјалната средина како и протективната функција. Така, според мислењето на Вујадиновиќ, политичката култура му обезбедува на поединецот одредени: препораки, барања, водичи, но, во исто време, партиципативната и граѓанската политичка култура во модерните демократски земји му оставаат простор за самостојно стекнување на политички знаења и искуства 8 Вујадиновић, Д.„Цивилно друштво и политичке институције – Србија у вртлогу промена“, Правни факулaтет Универзитета у Београду, Београд, 2009 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 43 и со тоа за автономно креирање на сопствените: определувања, иницијативи и одлуки”. 9 Типологии на политичката култура Политичката култура не е униформна категорија. Таа е историска, развојно-динамична и повеќедимензионална појава. Историската нишка упатува дека политичката култура во разни периоди од историскиот развој на општеството го споделува духовно-културниот амбиент на епохата и адекватните содржини кои се примерни на општествено-политичкото уредување, како и на: социолошко-политичкиот, психолошкиот, вредносниот, итн.„дух на времето”. Истовремено, политичката култура е развојно-­динамична, дијалектички поставена појава. Таа се прилагодува на спецификите на достигнатиот степен на цивилизацискиот развој на општествата. Таа ја отсликува достигнатата состојба на општеството преку нивото на: колоритот, богатството и вокабуларот(терминологијата) на составните елементи на нејзината содржина. Таа е: достигање, резултат, но и елемент на поттикнување на општествениот развој низ вековите. Сигурно дека во услови на феудални односи нема да се зборува за демократски обележја на тогашната политичка култура. Исто така, политичката култура е мултидимензионална бидејќи во себе содржи бројни аспекти од социјалното милје(социолошки, комуникациски, политички, психолошки, културолошки, историски, и слично). Тоа предизвикува богатство на истражувачки потфати од разни научни дисциплини и нивна соработка(мултидисциплинарност) со цел да се долови целата: сложеност, функција и улога на политичката култура во сферата на политичкото и општоопштественото живеење и делување. Политичката култура е обележје на поединечните општества и ја отсликува нивната структура и начин на функционирање. Отворените демократски општества поседуваат богата и разновидна слика на политичка култура, со богатство на содржински елементи во неа. Таквата политичка култура е отворена кон прогресивното, новото во општественото движење. Отвореноста и подготвеноста на поединечните општества кон новото и идното во социумот значи и побогата и поефикасна целина на политичката култура, но 9 Вујадиновић, Д.„Цивилно друштво и политичке институције – Србија у вртлогу промена“, Правни факултет Универзитета у Београду, Београд, 2009 44 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА и гаранција за квалитетно функционирање на социјалната материја во сите домени, а особено во сферата на донесувањето на одлуките низ процес со демократска провиниенција. Сложеноста и разновидноста на структурата на политичката култура ги стимулира бројни автори да го истражуваат битието на политичката култура, како и да понудат сознанија за нејзино типологизирање. Во литературата за оваа тема постојат интересни гледања во врска со типологизирањето. Неколку од нив се особено актуелни во научната и општествената јавност. Видови политичка култура Во теоријата се среќаваат различни типологии на политичка култура. Правени се повеќе обиди за типологизирање на видовите политичка култура, но оваа поделба е општа за сите: • Политичка култура на народот • Политичка култура на политичарите, која натаму се дели на: политичка култура на коалицијата на власт и политичка култура на опозицијата. Според политикологот Вилијам С. Стјуарт(William S. Stewart), целото политичко однесување може да биде објаснето како партиципирање во една или повеќе од осум политички култури: анархизам, олигархија, Тори-корпоративизам, фашизам, класичен либерализам, радикален либерализам, демократски социјализам и ленинистички социјализам. Арент Липхарт(Arend Lijphart) пишува дека постојат различни класификации на политичката култура. Прва класификација: • Масовна политичка култура(широките народни маси – електоратот) • Елитна политичка култура(политичката елита, структура – власта) • Втора класификација(на елитната политичка култура): • Коалициона(белег – отвореност за соработка и договор) • Недоговорна(белег – спротивставување кон другиот по секоја цена) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 45 Липхарт разликува три типа политичка култура, земајќи ги како критериум нивните интегративни особини: центрипетална, центрифугална и договорна(консензуална, спогодбена) политичка култура. Центрипеталната политичка култура е ориентирана кон центарот, за разлика од центрифугалната која се оддалечува од центарот. Кај договорната политичка култура константно се отворени патиштата за барање консензус за главните политички прашања. 10 Липхарт, исто така, ја класифицира и структурата на општеството: • Хомогена структура на општеството • Хетерогена структура на општеството Секоја од овие структури има свој тип на политичка култура кој може да биде или коалиционен или недоговорен. Според други автори, типови на политичка култура би биле: анархизам, корпоративизам, олигархија, либерализам, авторитаризам, социјализам, фашизам. Типови политичка култура Една од најпознатите типологии е онаа на Г. Алмонд и С. Верба кои наведуваат три општи обрасци на политичка култура. Имено, Gabriel Almond и Sidney Verba во класичното дело за предметот политичка култура со наслов: The Civic Culture, прават разлика помеѓу три чисти типови на политичка култура: парохијална (parochial), поданичка( subject) и партиципативна(participant). Притоа, основните критериуми од кои поаѓаат во разликувањето на овие три чисти типови на политичка култура се базирани врз, прво, степенот и типот на политичка партиципација и, второ, природата на ставовите на луѓето кон политиката. Според Г. Алмонд и С. Верба основни карактеристики поединечно на секоја од наведените три чисти типови на политичка култура би биле следните: 1. Парохијална политичка култура(Parochial). Овој тип на политичка култура е карактеристичен за традиционалната политичка структура. Овде граѓаните само оддалеку ја познаваат политиката и не се многу свесни за постоењето на централната власт, дистанцирани се и н­ езаинтересирани 10 Наведено според: Матић, М., Подунавац, М.,„Политички систем“, Институт за политичке студије, Београд, 1994 46 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА за политичките феномени. Тие немаат ниту знаење, ниту интерес за политика. Во овој тип на култура луѓето не се свесни дека се граѓани и членови на некоја си политичка заедница. Тие се поистоветуваат со својата затворена локална заедница, односно со парохијата. Тие не се горди на своето политичко уредување и не очекуваат ништо од него. Не обрнуваат внимание на политиката, за неа знаат малку и ретко разговараат за политичките збиднувања. Немаат чувство за политичка компетенција нити за ефективноста на политиката и се чувствуваат немоќни во однос на политичките институции. Градењето демократија СОЦИЈАЛНАТА ПОЧВА ЗА РАЗЛИЧНИТЕ ТИПОВИ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Е РАЗЛИЧНА. ПАРТИЦИПАТИВНАТА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Е КАРАКТЕРИСТИЧНА ЗА ДЕМОКРАТСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ, ДОДЕКА ВО АВТОРИТАРНИТЕ ОПШТЕСТВА ДОМИНИРААТ ПАРОХИЈАЛНАТА И ПОДАНИЧКАТА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА. ЗА РАЗЛИКА ОД ПРОАКТИВНАТА ПАРТИЦИПАТИВНА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ СИСТЕМИ, ПРИПАДНИЦИТЕ НА ПАРОХИЈАЛНИТЕ И ПОДАНИЧКИТЕ ПОЛИТИЧКИ КУЛТУРИ СЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ, ПА ПОЛЕСНО МОЖАТ ДА СЕ ДРЖАТ ВО ПОКОРНОСТ. ТИЕ КОН ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ И ВЛАСТА СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДВА НАЧИНА – ИЛИ ЈА ОБОЖАВААТ И СЛЕПО ЈА ПОЧИТУВААТ ИЛИ, ПАК, СЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ И РАМНОДУШНИ КОН НЕА во парохијалната политичка култура е тешка задача, бидејќи тоа е поврзано со изградба на нови институции и на чувство за граѓанство. Во парохијалната политичка култура граѓаните се само инстиктивно свесни за постоењето на централната политичка власт. Всушност, парохијалната политичка култура е карактеристична за оние општества во кои политичкиот систем не функционира одвоено од другите општествени ­потсистеми и во кои неговите припадници многу малку знаат за политичката реалност. 2. Поданичка политичка култура(Subject). Во поданичката политичка култура граѓаните не се чувствуваат како партиципиенти во политичкиот процес, туку како поданици на власта. На овој тип одговара авторитарна политичка структура. Тие имаат сознание за постоење на централна власт, се покоруваат на нејзините одлуки со мали можности за ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 47 ­несогласување со нив. Поединците се свесни за делувањето на политиката, нејзините актери и институции. Луѓето сфаќаат дека се граѓани и придаваат значење на политиката, но пасивно. Тие ги следат политичките новости, но не се горди со политичката структура и чувствуваат слаба поврзаност со неа. Со непријатност расправаат за политиката. Ретко се организираат заради политичко делување. Нивното чувство за компетенција и ефективност е на ниско ниво, многумина се чувствуваат немоќни. На избори излегуваат без голем ентузијазам. Ваквата политичка култура не е најпогодна за демократија, зашто луѓето себеси се доживуваат како послушни поданици, а не како активни учесници во политиката. Всушност, поданичката политичка култура се заснова врз неможноста на поединците да се издигнат над постојната власт и воспоставените авторитети. Во неа поединците немаат развиени средства со кои би можеле активно да се вклучат во политичките збиднувања. 3. Партиципативна политичка култура(Participant). Во овој тип на политичка култура, граѓаните се подготвени да влијаат врз власта на различни начини и активно ја користат секоја можност. Поединците се ориентирани кон системот како целина во обете димензии – и во политичките и во административните структури и процеси(и од аспект на влезната и од аспект на излезната димензија на системот). Овој тип одговара на демократската политичка структура. Овде луѓето го сфаќаат фактот дека се граѓани и посветуваат внимание на политичките збиднувања. Тие се горди на политичката структура на својата земја и со драга волја расправаат за политичките настани. Веруваат дека можат во извесна мера да влијаат врз политиката и се подготвени организирано да протестираат против постапките на политиката за кои имаат впечаток и сознание дека се неправедни. Во врска со тоа покажуваат висок степен на политичка компетенција(знаење за тоа како да постигнат нешто политички) и политичка ефективност(чувство дека имаат барем мала политичка моќ). Со гордост излегуваат на избори и сметаат дека луѓето треба да учествуваат во политиката. Тие се активни во своите локални заедници. Партиципативната 48 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА политичка култура е идеална основа за демократија. Во партиципативната политичка култура граѓаните веруваат дека можат да придонесат во функционирањето на системот и дека тоа ги засегнува. Таа се заснова врз можностите на општеството да влијаат врз политичките збиднувања и врз носителите на политичката власт. *** Современиот свет го карактеризира, покрај другото, формирање на нови државни творби кои лутаат во своите политички ориентации, како и појава на нови форми и содржини на демократските системи и проекти. Новите политички искуства го збогатуваат сознанието и размислувањата за карактерот и типологизацијата на системот на политичка култура во современата меѓународна заедница. Во сферата на политичката култура се јавуваат определени состојби кои налагаат проширување на постојните сознанија за суштината на овој феномен, но и наметнуваат поинакво видување на нејзините типологизации. Ова што го нудам подолу во текстот е само дел од новите сознанија и обиди за евентуално проширување на постојната типологизација на политичката култура. Понудените содржини и називи, хибридна и клиентелистичка политичка култура, се искуства детектирани во најголем дел од македонската практика, но и пошироко од регионот. Хибридна политичка култура. Овој тип на култура обично се јавува во периодите на силни политички превирања кои резултираат со појава на нови држави по распаѓањето на големи федерални творби или врз остатоците од колонијалниот систем. Таа може да се третира и како: непревриена, нестандардизирана, новопечена структура, која може да биде и од времен карактер. Нејзиното времетраење е зависно од брзината и ефикасноста на социјалните реформи и зацврстувањето на доминантната политичка ориентација. Потоа, овој тип на култура се вклопува во една од останатите стандардни типови политичка култура. Значи, овој тип политичка култура(привремен – кој може да трае и повеќе децении) е карактеристичен за новите млади држави, или т.н. општества во транзиција. Тоа се општества со многу тешкотии во социјалната структура. Во нив не постои доминантен политички субјект кој рационално и ефикасно ја определува политичката ориентација. Тоа се т.н. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 49 ­„раздробени општества”, во многу сегменти. „Раздробеното општество“ се карактеризира со нестандардизирани, непринципиелно, непримерно и неприродно(дури и анти) спротивставени структури: вредносни, идејни, психолошки, класно-социјални, меѓуетнички. Тука не постојат силни доминантни политички фактори со јасна дефинирана визија за вредносната и политичката ориентација, туку: главниот збор го имаат недефинирани и отуѓени центри на моќ; има хаотично изместен вредносен систем; има магловити идеологизирани претстави за карактерот на власта; постои конгломерат од општествено-политички ставови кои не се изведени од дадеПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА Е ОБЕЛЕЖЈЕ НА ПОЕДИНЕЧНИТЕ ОПШТЕСТВА И ЈА ОТСЛИКУВА НИВНАТА СТРУКТУРА И ФУНКЦИОНИРАЊЕ. ОТВОРЕНИТЕ ДЕМОКРАТСКИ ОПШТЕСТВА ПОСЕДУВААТ БОГАТА И РАЗНОВИДНА СЛИКА НА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА, СО БОГАТСТВО НА СОДРЖИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ. ТАКВАТА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Е ОТВОРЕНА КОН ПРОГРЕСИВНОТО, НОВОТО. ОТВОРЕНОСТА И ПОДГОТВЕНОСТА НА ОПШТЕСТВАТА КОН НОВОТО И ИДНОТО ВО СОЦИУМОТ ЗНАЧИ И ПОБОГАТА И ПОЕФИКАСНА ЦЕЛИНА НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА, НО И ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА МАТЕРИЈА ВО СИТЕ ДОМЕНИ, А ОСОБЕНО ВО СФЕРАТА НА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ОДЛУКИТЕ ната социјална реалност, туку се некритички позајмени од државите со стабилни политички структури; тука се води беспоштедна и видно непринципиелна борба за превласт на одделни политички„визии”; постои хаотична мапа на различните политички определби, и слично. Во политичката култура на ваквите општества се раѓаат и опстојуваат елементи со дискутабилна форма, содржина и квалитет. Бројни од нив се на работ на вистинската суштина на политичката култура, лавираат помеѓу квазикултурното, но и отворено кон некултурното. Класичните к­ атегории на политичката култура се заменуваат со отворено некултурни категории: култура на неказнување, хајка против интелектот, превласт на медиокритетите, нетолеранција, несолидарност, меѓуетничка, но и интеретничка омраза, нелегално богатење, неконтролирана корупција, национализам, популизам, и слични небулози. Помеѓу системот на политичка култура и политичкиот систем постои несовладлива дискрепанца, при што првиот отстапува пред налетите на непринципиелниот политички систем кој е во служба на некултурното(наспроти рационалниот систем на политичката култура) во функционирањето на политичкото. Новиот лик ­политичка ­култура 50 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА (позитивното, прогресивното, развојното) се бори со состојбата на хаосот, доброто се бори со злото.(Инаку, Република Северна Македонија од страна на лондонски„Економист” е класифицирана како„хибридна демократија”.) Клиентелистичка политичка култура. Овој тип на политичка култура, од аспект на учеството на граѓанинот во политичкиот процес, би можел да се нарече: дискриминирачки, деградирачки, бездушен, користољубив, нехуман во односот власт – електорат. Доминацијата на власта е на ниво на потчинување и насилство врз граѓаните, електоратот, па и целото општество. Демократијата тука е најобичен декор. Иако, можеби, има елементи на: инцидентност, нетрајност, минливост, сепак овој тип остава длабоки траги во нехуманиот третман кон оние кои привидно се симпатизери на власта и го дале својот глас за владејачката структура. Овој тип на политичка култура настанува и егзистира во привидот за демократски карактер на политичкиот систем, а системот, всушност, автократски е со примеси на фашистичка идеологија. Овој тип беше присутен во македонската практика во време на фашистичката диктатура на Никола Груевски. Тој се потпира врз клиентелизмот(особено и­ зразен преку вработување со партиска книшка или други привилегии) и големите дози на страв кај наводните симпатизери и пошироката публика. Во Република Северна Македонија ваквиот амбиент беше познат како„автобуските каравани на Груевски” – кога маси од: молчеливи, уморени, посрамени, буновни луѓе, прозивани по направените списоци на клиентите(партиски вработените и други материјално привилегирани граѓани-гласачи), приклештени од клиентелизмот и партиските работни места, пред сè во а­дминистративните служби, немо, безволно, принудно се движат кон местата за партиски митинзи со добиените фамозни„кока кола и сендвич” во своите раце. Карактеристика на овој тип на политичко-партиска (не)култура е игнорантски и антихуман однос кон опозицијата и постојано континуирано прогласување, фабрикување на предавници, на видните припадници на опозицијата, но и од пошироката општествена јавност. Функционирањето на политичкиот систем е заменет со волјата на вождот и интересите на неговата булумента соработници и слепи послушници. Другото е тишина, политичка култура на идеологијата на стравот, на изолирана опозиција, на девизата„кој ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 51 не е со мене, е против мене” и„непријателот на мојот пријател е и мој непријател“. *** Алмонд и Верба пишуваат дека овие три типа на политичка култура можат да се комбинираат за да се создаде граѓанска култура, како микс од најдобрите елементи од секој тип поединечно. Треба да се истакне дека социјалната почва за различните типови политичка култура е различна. Партиципативната политичка култура е карактеристична за демократското владеење, додека во авторитарните општества доминираат парохијалната и поданичката политичка култура. За разлика од проактивната партиципативна политичка култура во демократските системи, припадниците на парохијалните и поданичките политички култури се незаинтересирани за политичкиот живот, па полесно можат да се држат во покорност. Тие кон политичкиот живот и власта се однесуваат на два начина – или ја обожаваат и слепо ја почитуваат или, пак, се незаинтересирани и рамнодушни кон неа. Во секоја земја има елементи од сите три култури во различна количина. Во чист облик тие култури никаде не постојат. Партиципативната култура е нужна за развој на демократијата, но истовремено е тешко да се замисли општество во кое сите би сакале да се занимаваат со политика. Веројатно најдобра е онаа ситуација во која постои рамнотежа помеѓу партиципативната и поданичката култура, тоа значи луѓето да содејствуваат во политиката, но истовремено и да ги почитуваат власта и законите. Земјите со таква комбинација на политички култури ќе бидат демократски и стабилни. *** Тематиката политичка култура е сигурно далеку поширока и посложена од она што за неа го нуди оваа статија. Подлабоките сознанија за неа бараат многу посериозен истражувачки зафат. Амбицијата беше, преку расветлување на некои позначајни аспекти на политичката култура, да се сврти вниманието на научната и општествената јавност врз овој феномен, а со тоа да се иницираат поголеми проучувања за неговата: природа, суштина, карактеристики, значење, позиција, структура, улога и поставеност во однос 52 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА на политичкиот систем и на политичкиот процес во општеството. Ваков успешно инициран ангажман би бил валидно општествено признание за овој труд и за неговиот автор. Заклучок Политичката култура е значаен феномен во спознавањето и објаснувањето на природата и функционирањето на политичкиот систем, на политичката структура и на политичкиот процес. Нејзиното делување е во сферата на политичкото во социјалната структура; таа е„сивата материја” што ја одржува и обезбедува целината и просторот за пулсирање на збирот на елементи што ја сочинуваат нејзината содржина и нејзините функции. Збирот на елементи се: оценките, вредностите и вредносните ориентации, идејните определби во врска со квалитетот на политичкото во општествените збиднувања; политичката ориентација на социумот; односот помеѓу власта и граѓаните;(не)учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуките значајни за егзистенцијата на нивните заедници; нивото на образованост и социјализираност на е­ лекторатот; и слично. Со еден збор,„политичката култура... ја претставува и објаснува субјективната страна на политиката”(Вујчиќ, 1997). Значи, политичката култура е збир на: целото богатство на идејното(минато и сегашно), на сите вредности и вредносни ориентации, ставови, верувања, желби, очекувања, определби, идеи, ориентации и практики, знаења, и слично, во врска со: политичкото, квалитетот, функционирањето на политичкиот систем и одвивањето на политичкиот процес. Таа е индикатор за карактерот на системот на владеење, односно за позицијата и(не)моќта на граѓанинот во односите со власта. Вака сфатената политичка култура е социјално детерминиран феномен кој има своја богата историска генеза – не постои општество во историјата на цивилизацијата коешто нема, во однос на другите, своја препознатлива структура на политичка култура; нејзината целина е збир, комплекс од многубројни дијалектички поврзани елементи; нејзината егзистенција и функционирање завлегува во просторот на голем број сегменти од структурата на општеството(социјални, психолошки, етички, политички, комуникациски, економски, социолошки, правни, и слично). ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 53 Политичката култура е обележје на поединечните општества и ја отсликува нивната структура и начин на функционирање. Отворените демократски општества поседуваат богата и разновидна слика на политичка култура, со богатство на содржински елементи во неа. Таквата политичка култура е отворена кон прогресивното, новото во општественото движење. Отвореноста и подготвеноста на поединечните општества кон новото и идното во социумот значи и побогата и поефикасна целина на политичката култура, но и гаранција за квалитетно функционирање на социјалната материја во сите домени, а особено во сферата на донесувањето на одлуките низ процес со демократска провиниенција. Историско-социјалната детерминираност на политичката култура има за последица постоење на повеќе типови на политичка култура кои се резултат на спецификите на историските периоди, но и на самите специфики на различните социјални збиднувања. Заради ова, научната мисла распознава три главни типови политичка култура – парохијална, поданичка и партиципативна. Меѓутоа, во овој труд мислење и сознание е дека новите случувања во ­политичкото современо живеење конституираат и други видови. Овде се нудат сознанија и за два нови вида политичка култура – едниот вид е наречен хибридна политичка култура, а вториот вид клиентелистичка политичка култура. Овие сознанија остануваат предизвик за академска расправа. Инаку, во трудот се поместени и коментирани повеќе дефиниции за политичката култура, но определбата не е да се понуди дефиниција, туку обид да се даде свој придонес во поимното определување на политичката култура. Се надевам дека и за овој обид своја оценка ќе даде некоја идна академска расправа за оваа тематика. (Авторот е редовен професор на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ во Битола, а во определени периоди бил ангажиран и во наставата на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, универзитетите ФОН и МИТ. Автор е на повеќе статии и неколку книги од областа на: општата социологија, социологијата на комуникациите, меѓународните организации и односи, човековите права. Основоположник е на социологијата на туризмот во земјава.) 54 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА -„РОГОВИ ВО ВРЕЌА“ ЃОРЃИ СПАСОВ ОД ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА НА ЕДНО ОПШТЕСТВО КОЈА СЕ ФОРМИРА, ПРЕД СÈ, ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ИСТОРИСКОТО ПАМЕТЕЊЕ, ТРАДИЦИИТЕ НА ЕДЕН НАРОД, НА НЕГОВАТА ОПШТА КУЛТУРА, РЕЛИГИОЗНОСТ, НИВОТО НА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, СОЦИЈАЛНАТА И ПОЛИТИЧКА ПОДЕЛЕНОСТ, НО И ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, МЕДИУМИТЕ И ДРУГИТЕ ФАКТОРИ НА ПОЛИТИЧКАТА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ, ЗАВИСИ ДАЛИ ЕДНА, СО УСТАВОТ ДЕФИНИРАНАТА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕМОКРАТИЈА, ЌЕ ФУНКЦИОНИРА КАКО ПАРЛАМЕНТАРНА ИЛИ ЌЕ БИДЕ САМО ФАСАДА ЗА АВТОРИТАРНИ ПРАКТИКИ И ОДНЕСУВАЊА КОИ МОЖАТ ДА ДОВЕДАТ ДО ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКА ДИКТАТУРА. За едно општество да стане демократско и тоа да има политички активни граѓани, според италијанскиот теоретичар Норберто Бобио е потребно тоа да се гради врз основа на масовното прифаќање од страна на граѓаните на неколку идеали: првиот е, вели тој, идеалот на толеранцијата, затоа што ако на светот денес му се заканува опасност од судири и војни, тоа е сè уште зарaди опстојувањето на фанатизмот, на слепото верување во сопствената вистина и во својата моќ таа да им се наметне на другите. Потоа, според него, доаѓа идеалот за ненасилство. Демократските општества од недемократските се разликуваат само по тоа што кај првите е можна смена на власта без пролевање крв, надминување на општествени судири без употреба на насилство. И, само во такви општества, во кои се почитуваат тие правила, политичкиот противник веќе не е непријател(кој треба да биде уништен), туку опозиционер кој веќе утре може да дојде на вашето место. Третиот идеaл, според Бобио, е„постепено обновување на општеството по пат на слободна расправа за идеите и постепена измена на начинот на размислување и на животот. Само ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 55 ­демократијата, вели тој, овозможува да се покренуваат и победуваат„тивки револуции“, како што е измената во односот меѓу половите и многу други. И, конечно, вели Бобио, идеалот кој ја чини демократијата и идеалот за братството(од времето на Француската револуција, која била една голема кланица). Демократијата во едно општество може да опстане само ако стане навика, а за народот прашање е може ли да стане навика без почитување на братството кое ги обединува луѓето во заедничка судбина. 1 Норберто Бобио со еден друг јазик говори за потребата од градење и опстојување на она што други автори го нарекуваат политичка култура на едно општество, нација или регион, во смисла на„свест изградена врз основни вредности, чувства и знаења на граѓаните потребни за поддршка на политичкиот процес“. Но, далеку пред анализите на Габриел Aлмонд и Сидни Верба за политичката култура и нивните класификации на таа култура на „парохијална“,„поданичка“ и„партиципативна“, многу пред Арент Липхарт да ги подели видовите политичка култура според степенот на нивната интегративност на„центрипетални“,„центрифугални“ и„консензуални“, Жан Жак Русо има напишано:„Да се создаде општество во кое ќе владее народот е секако корисна работа, но знам дека уште покорисно од тоа е да се одгледа(воспита, образува) народ за таков вид на владеење“. 2 И теоретичарот на политичките елити, Гаетано Моска, сметал дека„од политичката меморија на еден народ, од неговото колективно искуство во политичкиот развој, зависат видот и стабилноста на политичкото владеење“. 3 Од политичката култура на едно општество која се формира, пред сè: под влијание на историското паметење, традициите на еден народ, на неговата општа култура, религиозност, нивото на економски развој, социјалната и политичка поделеност, но и под влијание на политичките партии, медиумите и другите фактори на политичката социјализација на граѓаните, зависи дали една, со уставот дефинирана парламентарна демократија, ќе функционира 1 Norberto Bobio„Budućnost demokratije – Odbrana pravila igre“– izd.„Filip Vishnjić“ Beograd, 1990, str.37/38. 2 Според„Enciklopedija političke kulture” izd.„Savremena administracija” 1993, Beograd, str. 833. 3 Исто. стр. 831 56 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА како парламентарна демократија или ќе биде само фасада за низа авторитарни практики и однесувања кои на крајот можат да доведат до воспоставување на политичка диктатура. Оттука, во науката, особено по големата транзиција од комунизам кон демократија во деведесеттите години на минатиот век, голем број аналитичари и научници вниманието го свртеа кон влијанието на политичката култура врз процесите на зацврстување или слабеење на демократијата и демократските институции. Политичка култура на поделеност Авторите Хуан Линц и Алфред Степан уште во воведот на својата книга:„Демократска транзиција и консолидација“, во која ги анализираат проблемите во процесот на транзицијата од диктатура кон демократија во три светски региони – Југоисточна Европа, Јужна Америка и посткомунистичка Европа – уште во воведот опоменуваат дека:„Повеќето политички трансформации на поранешните недемократски режими нè доведуваат до цврста демократија. А, понекогаш и цврстите демократии можат да доживеат слом“. 4 За каков вид на политичка култура станува збор во една земја, Габриел Алмонд и Сидни Верба сметале дека може да се суди врз основа на три индикатори: • Нивото на поддршката што една власт ја има од народот; • Довербата на индивидуите кон институциите на системот; • Меѓусебната доверба и нивото на свеста на граѓаните за влијанието што го имаат врз политичките процеси. Во сите земји во светот, па и во Македонија, по стекнувањето на независноста и по одржувањето на Првите повеќепартиски избори во 1990 година, направени се бројни испитувања на јавното мислење низ кои се мери измената во овие индикатори и во подобрувањето или влошувањето на политичката култура во земјата. 5 Од сите тие истражувања за сегашната политичка култура во Македонија е можно да се извлечат следниве сознанија: 4 Huan Linc i Alfred Stepan“Demokratska tranzicija i konsolidacija” – izd.„Filip Vishnjić“, Beogard, 1998, стр. 5. 5 Види: https://akademik.mk/politichkata-kultura-evropeizacijata-i-stravovite-vomakedonija-izveshtaj-od- anketnoto-istrazhuvanјe-evrometar-za-2014/ Види: https://idscs.org.mk/mk/2013/06„Политичката култура во Македонија“ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 57 1. Македонија и по речиси 30 години независност и транзиција од комунизам кон демократија останува политички длабоко поделено општество во кое, речиси, по секој изборен циклус партиите што ги губат изборите го оспоруваат резултатот од изборите и легитимитетот на власта. Парламентарните изборите во 1994 година беа бојкотирани од тогашната опозиција со тешки обвинувања за„фалсификати“ направени во првиот изборен круг. Во 1999 година избраниот претседател на државата, Борис Трајковски, беше обвинуван дека дошол на таа функција КЛУЧНИОТ ПРОБЛЕМ НА ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА, СЕПАК, Е ДЛАБОКАТА ПОЛИТИЧКА НЕДОВЕРБА МЕЃУ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ЗЕМЈАТА И ВИСОКОТО НИВО НА НИВНА ЦЕНТРАЛИЗИРАНОСТ И НЕДЕМОКРАТИЧНОСТ. ТОА Е КОНСТАТИРАНО ПОВЕЌЕ ПАТИ ВО ИЗВЕШТАИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА ЗЕМЈАТА, И ВО НИВ, БУКВАЛНО, Е НАГЛАСЕНО ДЕКА„КОРЕНОТ НА ПОВЕЌЕТО КРИЗИ СО КОИ СЕ СООЧУВА МАКЕДОНИЈА Е НЕДОСТИГОТ ОД ПОЛИТИЧКИ ДИЈАЛОГ И ТЕШКОТИИТЕ ПРИ ПОСТИГНУВАЊЕТО КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ПРАШАЊАТА ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, ОДНОСНО ОПСТОЈУВАЊЕТО НА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА НА ПОДЕЛЕНОСТ ВО ЗЕМЈАТА со полнење на избирачките кутии од Албанците и беше нарекуван од тогашната опозиција – граѓанинот Борис Трајковски. По етничкиот конфликт во 2001 година, голем број граѓани Македонци не го признаваа легитимитетот на најбројната партија на Албанците во Собранието – ДУИ, која настана со трансформирањето на Ослободителната национална армија во легална политичка партија и нивните политички претставници ги нарекуваа„терористи“. Во 2004 година опозицијата го оспоруваше легитимитетот на новоизбраниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, заради сомнително исполнетиот цензус за излезност и до крајот на неговиот мандат го нарекуваше – лицето Б. Ц. Од изборите во 2006 година, па до 2016 година, заради индиции за: масовни злоупотреби, корупција и притисоци при изборите, опозицијата постојано го оспоруваше легитимитетот на власта во Македонија, а Албанците од Македонија во 2014 година го бојкотираа изборот и не го признаваа легитимитетот на претседателот Ѓорге Иванов. Опозицијата во Македонија ги оспори целосно резултатите од Парламентарните избори во 2014 година и започна со бојкот на Собранието, што по низа протести доведе до одржување на вонредни Парламентарни избори во декември 2016 г­одина. 58 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Партијата која ги загуби тие избори, односно која не можеше да обезбеди мнозинство за состав на влада и покрај добиениот мандат од претседателот на државата, ВМРО-ДПМНЕ, на 27 април 2017 година со масовен упад во зградата на Собранието и со насилство за време на кое се случи и обид за убиство на избрани пратеници и на мандатарот за состав на нова влада, се обиде да ја спречи измената на власта. Со тоа, во Македонија, покрај сите подобрувања на Изборниот закон и сите заштити и гаранции за фер изборен натпревар, сè уште не е создаден клучниот елемент на една демократска политичка култура, одржување на избори чиишто резултати ќе бидат прифатени како фер од страна на сите учесници. 2. Мерењата на довербата на граѓаните во институциите на власта покажуваат дека довербата на граѓаните, освен во: војската, полицијата и црквата е на многу ниско ниво. Мошне е ниска довербата во: судството, владата, но и во политичките партии, во Собранието, медиумите, невладините организации и во синдикатите. Ова укажува на висок степен на разочараност во способноста на клучните институции за развој на демократијата и за остварување на правата и интересите на граѓаните и инклинација на расположението на јавноста кон владеењето со цврста рака за да се спречува анархија и хаос. 6 3. Клучниот проблем на политичката култура во Македонија, сепак, е длабоката политичка недоверба меѓу политичките партии во земјата и високото ниво на нивна централизираност и недемократичност. Тоа е констатирано повеќе пати во извештаите на Европската Унија за напредокот на земјата, и во нив, буквално, е нагласено дека„коренот на повеќето кризи со кои се соочува Македонија е недостигот од политички дијалог и тешкотиите при постигнувањето консензус околу прашањата од национален интерес, односно опстојувањето на политичка култура на поделеност во земјата“. 7 Токму ова прашање заслужува малку поголема елаборација и објaснување. Секако, изворите на таквата состојба лежат во 6 https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2013/06/„Политичката култура во Македонија“, Извештај од анкета_mk.pdf 7 https://netpress.com.mk/ivanov-politicka-kultura-na-podelenost-e-samo-elegantnoime-za-politicka-nekultura/ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 59 ­процесот на формирање на политичките партии во Македонија. Уште пред многу години, авторот Семјуел Липсет тврдеше дека „партискиот систем во земјите во кои е дозволена слобода на политичко здружување на граѓаните, во голема мера е транспарентен индикатор за поделбите и спротивставеностите што постојат во нив и дека токму анализата на политиката и на политичките партии во тие земји, на нивната моќ и влијание, може да доведе до сигурни сознанија за можностите и насоката на развојот на политичките процеси и институции во тие земји“. 8 Плурализам со три блока на партии Во Македонија, новите политички партии, покрај Сојузот на комунистите на Македонија, се создаваа непосредно пред одржувањето на Првите повеќепартиски избори во 1990 година. За ­нивното настанување и природа важно е да се знае дека процесот на распаѓањето на Југословенската федерација, низ кој Македонија стануваше независна држава и самостоен политички субјект во меѓународните односи, како и процесот на трансформацијата од комунизам во демократија, не се одвиваше како планиран и осмислен чин на политичките сили во Македонија. Би можело слободно да се каже дека тој се случуваше повеќе како изнуден и до крај сосема непредвидлив и неизвесен процес. Во тој процес, по легализирањето на политичките партии, на иницијатива на, до тогаш единствената политичка партија во земјата СКМ – Партија за демократска преобразба, уште пред измената на Уставот се формираа три блока политички партии. Едниот блок од нив го претставуваше дотогашната единствена комунистичка партија(СКМ – ПДП) и партијата која себеси се нарече: Сојуз на реформските сили, на чие чело реално стоеше сојузниот премиер на Југославија, Анте Марковиќ. Тие две партии, на кои во изборната кампања за време на Првите парламентарни избори им се придружи и блискиот соработник на Јосип Броз Тито, Киро Глигоров, долго време веруваа дека е можно да дојде до создавање на некој нов вид југословенска федерација и водеа политика на создавање услови за стекнување на независност без вовлекување на земјата во конфликт, пред сè со Србија, која го бранеше 8 S. Lipset„Party Systems and Voter Alignments” co-edited with Stein Rokkan(Free Press, 1967) 60 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА југословенскиот унитаризам, но и со другите југословенски републики кои веќе прогласија своја независност. Иако во Македонија пред формирањето на партиите не постоеја силни дисидентски движења или антикомунистички и националистички промовирани лидери, во овој блок партии во кој беше и Социјалистичката партија на Македонија, која настана со трансформација на поранешниот Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија во партија, реално се стравуваше од радикални политички промени по одржувањето на Првите парламентарни избори кои би довеле до еден вид„антикомунистичка“ и националистичка хистерија и одмазда во земјата, како тоа што веќе се случуваше во некои други земји од Источна Европа. Вториот блок партии го сочинуваа партијата МААК (Македонска акција) и партијата ВМРО-ДПМНЕ(Внатрешна македонска револуционерна организација- Демократска партија за македонско национално единство). Тие две партии, со уште неколку помали, се прогласија за наследници на автентичното национално ослободително движење од 19 век кое се борело за независна и обединета Македонија, но и за движење чии припадници биле жртви на комунизмот и особено на србокомунизмот уште во периодот од создавањето на Кралството на: Србите, Хрватите и Словенците, до Втората светска војна. Нивната цел беше итно одвојување на Македонија од југословенската федерација, дури и по цена на воен конфликт, дефинирање на Македонија како национална држава на македонскиот народ и на малцинствата коишто живеат во неа и расчистување со комунистичкото минато и комунистичките злосторства преку отворена битка против: југоносталгијата, србокомунизмот и албанскиот сепаратизам во Македонија. Третиот блок партии го сочинуваа Партијата за демократски просперитет и Народната демократска партија, формирани од етничките Албанци во Македонија. Нивна главна политичка теза беше дека„распаѓањето на југословенската федерација не треба да се смета за завршено“ додека не се реши статусот на Косово и дека на Албанците во Македонија, по прогласувањето на нејзината независност, по успешниот Референдум на 8 септември 1991 година, дури им биле ускратени некои права што ги уживале во рамките на Југословенската федерација. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 61 Со тоа, Македонија уште пред одржувањето на првите повеќепартиски избори беше поделена на три блока, речиси непомирливи политички партии кои меѓу себе се етикетираа како: комуњари, југоносталгичари, србокомунисти, македонски националисти, шовинисти или фашисти и албански националисти и сепаратисти. Тие три блока партии кои влегоа во сериозен идеолошки и политички конфликт за меѓусебно уништување, формираа строго хиерархизирани и војнички дисциплинирани партии во кои не остана простор за внатрешна, па и толерантна дебата со политичките конкуренти. Таквата политичка поделеност создаваше внатре во секоја партија одново политичка култура на нетолерантност кон инакумислечките, перманентна борба против предавниците во своите редови, против другите политички партии кои се сметаа за внатрешен непријател на земјата и против надворешните„непријатели“ на земјата, како: Србија, Бугарија, Грција, Албанија, ЕУ и НАТО, кои ја блокираа, секој на свој начин, независноста на Македонија и ја оспоруваа македонската национална посебност. По повикот на политичките партии ПДП и НДП, Албанците да не гласаат на Референдумот за независност на Македонија и откако нивните избрани претставници во Собранието на Македонија не гласаа ниту за донесување на првиот Устав на независна Република Македонија, кај првите два блока партии се зголеми политичкото сомнение во политичките цели и намери на тие партии и со тоа зајакнаа и меѓуетничките поделби и судири во Македонија. Долго време етно-национализмот во партиите како специфичен вид на политички фундаментализам, во услови на загрозеност на земјата и однадвор, доведуваше до разгорување на националистичките страсти и судири кои ги кочеа и оневозможуваа рационалните преговарачки и интегративни процеси на политички план. Во Македонија, сè до примот во Обединетите нации, 1993 година, под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија, доминираше стравот во јавноста за политичка неизвесност на земјата. Соочени со бројни: неправди, порази и жртви во процесот на градењето на македонската национална посебност, но при создавањето на првата држава на македонскиот народ по Втората светска војна, Македонците и во првите години од независноста на земјата живееја, како што ќе забележи писателката Кица Колбе, со„психологијата на жртва“, со чувството дека се 62 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ТРИТЕ БЛОКА ПАРТИИ КОИ ВЛЕГОА ВО СЕРИОЗЕН ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ КОНФЛИКТ ЗА МЕЃУСЕБНО УНИШТУВАЊЕ, ФОРМИРАА СТРОГО ХИЕРАРХИЗИРАНИ И ВОЈНИЧКИ ДИСЦИПЛИНИРАНИ ПАРТИИ ВО КОИ НЕ ОСТАНА ПРОСТОР ЗА ВНАТРЕШНА, ПА И ТОЛЕРАНТНА ДЕБАТА СО ПОЛИТИЧКИТЕ КОНКУРЕНТИ. ТАКВАТА ПОЛИТИЧКА ПОДЕЛЕНОСТ СОЗДАВАШЕ ВНАТРЕ ВО СЕКОЈА ПАРТИЈА ОДНОВО ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА НА НЕТОЛЕРАНТНОСТ КОН ИНАКУМИСЛЕЧКИТЕ, ПЕРМАНЕНТНА БОРБА ПРОТИВ ПРЕДАВНИЦИТЕ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ, ПРОТИВ ДРУГИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ КОИ СЕ СМЕТАА ЗА ВНАТРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ НА ЗЕМЈАТА И ПРОТИВ НАДВОРЕШНИТЕ „НЕПРИЈАТЕЛИ“ НА ЗЕМЈАТА ­уценети, потценети, дискриминирани и дека нема правда за нив. Но, со исто такво чувство живеат и Албанците во Македонија. Новосоздадените политички партии дополнително ја манипулираат јавноста со ширењето на свест за загрозеност од внатрешниот и од надворешниот непријател, за потребата од омасовување на сопственото членство, од јакнење на нивното внатрешно партиско единство, ги митологизираат своите лидери како„спасители“ и градат политичка култура на лојалност кон партијата и лидерот и непопустливост и бескромпромисност кон сите други. Во услови на перманентна закана од загрозеност на независноста, па и загрозување на македонскиот национален идентитет, во Македонија се создава поданичка политичка култура и култура на толеранција кон сопствената(партиска), макар и лоша, власт, бидејќи„својата власт“ е секогаш подбра од туѓата, или, како што рекол Његош –„Лошото се трпи само заради страв од полошо“. По речиси 30 години независност, од трите блока политички партии, преку моделот на создавање омнибус изборни ­коалиции, на политичката сцена во Македонија останаа реално само три големи партии. Секоја од нив во своето име го има зборот демократска: Социјалдемократски сојуз на Македонија, ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. Демократска унија за интеграција. Меѓутоа, ниту една од нив не би можела да се пофали со внатрешно демократско уредување, односно со внатрешно партиска демократија. Во еден извештај на Меѓународната кризна група за Македонија од 2010 година, е констатирано:„Политичките партии во Македонија се способни за мобилизација на избирачите за време на избори, но не и за демократски промени во земјата“. Општо е чувството дека во ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 63 Македонија постојат две големи партии кои во однос на програмски прокламираните цели многу не се разликуваат, но меѓу себе се мразат и перманентно го одржуваат непријателството на едната кон другата, обвинувајќи се за: национално предавство, корупција, политичка дискриминација додека се на власт, како и за укинување на условите за постоење на легална и силна опозиција во земјата. Наспроти демократските програми и заложби со кои тие партии излегуваат на избори, по победата на изборите секогаш се однесуваат според принципот:„победникот зема сè“ и воспоставуваат систем на владеење што многу наликува на оној во еднопартиските системи или на владеењето пред воведувањето на повеќепартизмот. Во изминатите триесеттина години независност партиите реално го одржуваа моделот„партија-држава“. Низ процесот на партизацијата на сите државни институции и јавни претпријатија и посебно на судството, тие реално ја укинуваа поделбата на власта, ја слабееја контролната функција на судската власт врз законодавната и извршната и си обезбедуваа услови за неказнивост и корупција, создавајќи услови за злоупотреба на власта и лично богатење на поединци од власта или блиски до неа. Некои од таквите збогатени поединци стануваа сопственици на влијателни медиуми низ кои ја водат својата идеолошка битка против конкурентите за власт. Соработката со политичките партии на Албанците, двете големи партии во Македонија ја обезбедуваат со давање дополнителни политички концесии за правата на Албанците во Македонија и многу повеќе со класична поделба на пленот(функциите и тендерите) по освојувањето на власта. Неколку фактори лежат во основата на опстојувањето на културата на нетолеранција кај партиите, која тие и ја шират преку: медиумите, институциите, па и(партиските) невладините организации и медиуми, што ги создаваат и финансираат за своја поддршка. Првиот е: идеолошкото наследство на партиите и отсуство на демократски традиции. Вториот е: патријархалната свест и нискиот стандард. Третиот е: политиката на ЕУ за приоритет на мирот и стабилноста пред демократијата. Идеолошкото наследство на партиите Трите најголеми партии во Македонија имаат авторитарно идеолошко наследство, од кое тешко се одвојуваат. 64 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА ВМРО-Демократската партија за македонско национално единство живее и опстојува со негување на митот за македонската револуционерна борба од 19 век. Таа пред своето име ги има ставено името и симболите на револуционерната организација во чија традиција била заклетвата на верност врз пиштолот и камата, митот за револуционери кои со терористички акции го привлекувале вниманието на Европа кон„тажната судбина на Македонија“ или кои убивале предавници во своите редови, ја глорифицира: тајноста во дејствувањето, строгата хиерархија и дисциплина и бескомпромисноста во борбата за остварување на своите партиски идеали и цели кои ги прогласува за национални. Таа партија го одржува чувството кај своето членство дека била жртва на комунистичкиот режим и дека не смеат да се помират со„наследниците“ на комунистичката партија и имот, но ја одржува и недовербата кон соседите, особено кон Србија и Грција, како и скептицизмот кон Европа и големите сили. Секоја нејзина борба за освојување на власта е еден вид борба за: конечна пресметка со„непријателот“, одмазда, лустрација на бившите соработници на комунистичката тајна ­полиција кои, наводно, сè уште се инсталирани во сите државни институции и – за уништување на злото, односно на конкурентската партија. Таа кај своето членство го одржува митот за античкото потекло на Македонците, за македонските кралеви, за славното минато и за Македонија како библиска земја која му припаѓа целосно само на македонскиот народ кој живее поделен и раселен по светот. Прогласувајќи се за единствен вистински бранител на македонските национални интереси, таа создава поделба на„вистински Македонци“ и„останати“ во општеството кои, кога е таа на власт, не заслужуваат: права, почит, работа или заштита. Од друга страна, и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има бројно членство кое смета дека таа е единствената државотворна партија во Македонија. Тие веруваат дека државата што таа партија ја создавала и создала со учество во антифашистичката борба на нивните татковци, може да биде сериозно загрозена од македонските националисти кои водат неодговорна политика на создавање внатрешен раскол, конфронтирање со соседите и со светот. Тие не можат да им простат на македонските националисти дека за нив е поважна Крушевската Република од Народноослободителната војна и антифашистичката борба. Тие не ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 65 ги прифаќаат тврдењата на македонските националисти за тоа дека Југославија била„зандана на народите“, односно немало слобода за Македонците, дека комунистите по војната ги убиле најголемите македонски патриоти кои биле за независна и обединета Македонија, а не само за Македонија во составот на Југославија. И, докажуваат дека во периодите кога националистите се на власт во Македонија, власта добива и одлики на фашизам, со што се загрозува не само внатрешниот развој на земјата, туку и нејзината интеграција во ЕУ и во НАТО, а со тоа и опстојувањето на земјата како независна држава на турбулентниот балкански полуостров. Соочени со таков непријател, во политичката битка за власт тие го задржуваат во голема мера моделот на своето партиско организирање и дејствување од времето на комунистичката партија. Партијата останува строго хиерархизирана и дисциплинирана, со лидер кој има големи овластувања, а идеолошката и политичката битка се водат со сите методи на класичната политичка пропаганда и користење на институциите на власта за стеснување на просторот за делување на опозицијата. И за нив моделот„партија-држава“, се чини, станува нормален кога се на власт како и ширењето на фамата за„опасноста“ по државата и иднината на земјата од победа на „националистичките и антизападните сили“. Најголемата политичка партија на Албанците, ДУИ, која е постојан партнер во власта од 2002 година, до денес, на двете големи партии во земјата, ја задржува својата револуционерна организација од времето кога беше Ослободителна национална армија, а нејзиниот лидер и поранешен командант на ОНА, практикува во време на кризи да свикува состаноци со поранешните команданти на ОНА, само колку да потсети дека тоа што не може да се добие со преговори и преку политичките институции, може да се добие со војна, како во 2001 година. НЕКОЛКУ ФАКТОРИ ЛЕЖАТ ВО ОСНОВАТА НА ОПСТОЈУВАЊЕТО НА КУЛТУРАТА НА НЕТОЛЕРАНЦИЈА КАЈ ПАРТИИТЕ, КОЈА ТИЕ И ЈА ШИРАТ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ, ИНСТИТУЦИИТЕ, ПА И (ПАРТИСКИТЕ) НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМИ, ШТО ГИ СОЗДАВААТ И ФИНАНСИРААТ ЗА СВОЈА ПОДДРШКА. ПРВИОТ Е: ИДЕОЛОШКОТО НАСЛЕДСТВО НА ПАРТИИТЕ И ОТСУСТВО НА ДЕМОКРАТСКИ ТРАДИЦИИ. ВТОРИОТ Е: ПАТРИЈАРХАЛНАТА СВЕСТ И НИСКИОТ СТАНДАРД. ТРЕТИОТ Е: ПОЛИТИКАТА НА ЕУ ЗА ПРИОРИТЕТ НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА ПРЕД ДЕМОКРАТИЈАТА 66 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА Заради оваа голема нетрпеливост меѓу партиите и нивните лидери во Македонија, од денот на прогласувањето на независноста на земјата, до денес, ниту еден сериозен конфликт во земјата не беше, и сè уште не е можно да биде надминат без посредување на меѓународната заедница. Таа, со помош на, таканаречената,„мека арбитража“, од самиот почеток на независноста влијаеше врз уредувањето на меѓуетничките односи. Посредникот Ван дер Штул помагаше да се формира Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово за да се надмине проблемот со високото образование на албански јазик во земјата. По конфликтот во 2001 година само под меѓународен притисок на ЕУ и на САД беше можно партиите да формираат влада на широка коалиција и да седнат на преговори за измена на Уставот, по кои беше потпишан Охридскиот рамковен договор. НАТО имаше мисија во Македонија под името„есенска жетва“, за собирање на нелегалното оружје од расформираната Ослободителна армија на Албанците во Македонија. По исфрлањето на опозициските пратеници од Собранието, на 24 декември во 2012 година од страна на тајната полиција ангажирана од ВМРО-ДПМНЕ за таа цел, меѓународните посредници ги принудија партиите да седнат на преговарачка маса и со нивно учество да донесат заклучоци и препораки со цел такви настани во иднина да не се случуваат. По бојкот на Изборите од страна на опозицијата во 2014 година и по објавувањето на скандалозните нелегално снимени разговори меѓу министри и функционери на тогашната власт, по големите протести и опасностите од нова меѓуетничка војна и по настаните во„Дива населба“ во Куманово, само меѓународната заедница со својот авторитет беше способна да ги седне лидерите на партиите да се договорат и да го потпишат Договорот од Пржино. Со овој Договор: се создадоа релативно порамноправни услови за учество на опозицијата на избори, се формира Специјалното јавно обвинителство за борба против високата корупција и се принудија партиите од власта на одржување предвремени Парламентарни избори на крајот на 2016 година. Решавањето на важните прашања само на средби на лидерите на големите парламентарни партии, а не во Собранието и во институциите, станува практика во Македонија и покажува дека лидерите на сите партии во Македонија располагаат со неограничена моќ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 67 и се во состојба да го супституираат недостатокот на демократија и нефункционалноста на државните институции, особено кога и лично се под притисок на ЕУ и на САД. Патријархалната свест Како земја која е сместена на границата меѓу Истокот и Западот, во која една третина од населението е со муслиманска вероисповед и која сè до 1913 година останала во составот на Отоманската Империја, а од 1945, до 1990 година била дел од комунистичката федерација, Македонија немала многу можности да го реформира и промени своето патријархално семејство кое е примарен нуклеус во политичката социјализација на граѓаните. Во патријархалните семејства од многу причини таткото сè уште ја има апсолутната власт и во нив, според психоанализата на Фројд и Адорно, се создаваат личности кои подоцна се склони кон одушевување од диктатори, од силни политички водачи, кон барањето водачи и покажувањето послушност кон власта. Според Адорно,„за таквите личности се карактеристични: крутост, етничка и социјална нетолерантност, свирепост кон долу и сервилност кон горе во хиерархијата, стереотипи и предрасуди во видувањата на луѓето и настаните, нагласена приврзаност кон традицијата и некритична подложност кон важечките правила на поредокот, низок степен на индивидуализација и на независност и расцеп меѓу верувањето во моќта и потчинувањето на моќта“. 9 Истражувањата покажуваат дека не само под влијание на воспитувањето во патријархалните семејства, туку и под влијание на секундарната социјализација преку авторитарните и недемократски партии и медиумите што тие ги користат, голем број граѓани во Македонија се разочарани од демократијата и, особено, од начинот на кој нештата се претставуваат како„демократски“. А, под влијание на национализмот и политичкиот популизам, во Македонија опстојува авторитарната свест кај голем број граѓани. Така, во една своја колумна Иво Босилков наведува дека во Македонија, на пример, според истражувањата на светски агенции е највисок бројот на граѓаните кои сметаат дека нивната религија е посупериорна од 9 Според„Enciklopedija političke kulture” izd.„Savremena administracija”, 1993, Beograd, str. 836. 68 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА другите. Македонија, според тие истражувања, е најнегостопримлива кон бегалците и тешко ги прифаќа правата на ЛГБТ-заедницата. 10 „Авторитарноста, вели Босилков, како карактерна особина, всушност, е метод за справување со несигурноста и анксиозноста предизвикани од комплексноста на општествениот живот. Основната одлика на авторитарните личности е силната потреба за ред, што ги води да бараат одговори од етаблирани авторитети. Оваа авторитарна субмисивност – тенденцијата да се прифаќаат одлуките или барањата на етаблираните авторитети – е главната причина што автократското владеење на Никола Груевски повеќе од една деценија добиваше мнозинска поддршка, а култот кон личноста доброволно го замени владеењето на правото“. 11 „Кога има авторитарната власт“, констатира Александар Писарев во текстот:„Медиумите и политичката култура“,„доминира провинциска и поданичка политичка култура. Таа им одговара на авторитативните властодршци, бидејќи со нејзина помош граѓаните: постојано се држат во потчинетост, се третираат како незрели и се злоупотребуваат за лични цели. Потчинетите се свесни за авторитетот на власта. Тие кон неа и кон политичкиот живот можат да се однесуваат афективно, да ја обожаваат, или да се рамнодушни и незаинтересирани. Во суштина, поданикот е пасивен во политичкиот живот. Тоа, секако, им одговара на авторитарните владетели и општества. Во такви ситуации преку медиумите се форсира слепа послушност и потчинетост кон оние кои се хиерархиски на повисоко ниво, но истовремено, се форсира сурово однесување и презир кон оние кои се на пониско ниво и кои зависат од добрата волја на властодршците. Во такви општества медиумите се користат само во пропагандни и манипулативни цели. Кога таа пропаганда и манипулација стануваат сè поочигледни, последиците кон оние кои се спротивставуваат стануваат сè повулгарни и побрутални. Авторитарната политичка култура медиумите ги посматра само како машинерија за пропагирање на волјата на оној кој владее и затоа до максимум се загрозуваат слободата на мислењето и стандардите на новинарската професија. Медиумите се сведени на обични трансмитери и повеќе не се окото на јавноста кое треба да ­пренесува сè што се 10 Иво Босилков:„Надминување на сопствената авторитарност за имунитет од популистичкиот вирус“. http://respublica.edu.mk/blog/2017-11-13-09-01-08 11 Исто: Иво Босилков ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 69 случува во општеството и државата, туку се обично средство за пренесување на пораките кои ги одбира владејачката гарнитура и кои сака да ги чуе и види во медиумите. Притоа, во нивниот избор има не само пропаганда, туку и духовно насилство. Со така пренесените пораки, медиумите често го навредуваат здравиот разум, убедувајќи ги граѓаните дека она што го: гледаат, слушаат и чувствуваат, не постои. Во нивните раце медиумите служат за ,силување‘ и ,насилство‘ над разумот на јавноста. Во таквото политичко милје, медиумите реагираат само на дневни препукувања и политички потези и објавуваат најчесто ,информации и вести‘ кои се од интерес за владејачкото мнозинство или група“. 12 Политиката на ЕУ за приоритетот на мирот пред демократијата За земји како Македонија, во кои е неспорна определбата на мнозинството граѓани и на доминантните политички партии за членство на земјата во Европската Унија, тоа е можност, преку исполнувањето на Копенхашките критериуми и со перманентен мониторинг да се создава и менува поданичката политичка култура во партиципативна. Нема сомнение дека во долгиот период на чекање датум за започнување преговори за членство во ЕУ – од 1995, до денес – и по примените бројни извештаи за напредокот на земјата, па и препораки за започнување преговори за членство во Унијата, се создаваа услови за воведување ограничувања на некои авторитарни практики на власта и се внесуваа пречки за земјава таа да не заскита во насока на воведување диктатура. Во истражувањето под наслов:„Политичката култура, европеизацијата и стравовите во Македонија“, авторите Бојан Маричиќ и Љупчо Петковски докажуваат дека не се исполнуваат очекувањата процесот на европеизација на земјите од Источна Европа да резултира и со нивна демократизација. 13 12 https://okno.mk/node/35701 Александар Писарев:„Медиумите и политичката култура“, Окно од 9.9.2019 13 https://www.akademik.mk/wp-content/uploads/2015/05/Izvestaj-Evrometar-2014MK_WEB.pdf Бојан Маричиќ и Љупчо Петковски:„Политичката култура, европеизацијата и стравовите во Македонија“, изд. Македонски центар за европско образование, 2015 година, стр. 5 70 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА КАКО ЗЕМЈА КОЈА Е СМЕСТЕНА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ, ВО КОЈА ЕДНА ТРЕТИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО Е СО МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД И КОЈА СÈ ДО 1913 ГОДИНА ОСТАНАЛА ВО СОСТАВОТ НА ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА, А ОД 1945, ДО 1990 ГОДИНА БИЛА ДЕЛ ОД КОМУНИСТИЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, МАКЕДОНИЈА НЕМАЛА МНОГУ МОЖНОСТИ ДА ГО РЕФОРМИРА И ИЗМЕНИ СВОЕТО ПАТРИЈАРХАЛНО СЕМЕЈСТВО КОЕ Е ПРИМАРЕН НУКЛЕУС ВО ПОЛИТИЧКАТА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ. ВО ПАТРИЈАРХАЛНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД МНОГУ ПРИЧИНИ ТАТКОТО СÈ УШТЕ ЈА ИМА АПСОЛУТНАТА ВЛАСТ И ВО НИВ СЕ СОЗДАВААТ ЛИЧНОСТИ КОИ ПОДОЦНА СЕ СКЛОНИ КОН ОДУШЕВУВАЊЕ ОД ДИКТАТОРИ, ОД СИЛНИ ПОЛИТИЧКИ ВОДАЧИ И ПОКАЖУВАЊЕТО ПОСЛУШНОСТ КОН ВЛАСТА „Парадигмата дека на Балканот е најважно веќе да нема војни, а време за демократизација и економски развој ќе има понатаму, велат тие во својот извештај, доминира долго време во односите меѓу ЕУ и државите од Западен Балкан, а според некои анализи, таа важи и денес. Низ оваа призма, всушност, се објаснува и нискиот праг на очекувања што ЕУ ги има од државите од Западен Балкан кога се работи за исполнување на стандардите за: независно судство, владеење на правото, слободата на говор, демократски и слободни избори, и слично. Од друга страна, политиката на условеност на ЕУ има висок праг на очекувања од овие држави во однос на: процесот на враќање на раселените лица, заштитата и почитувањето на малцинските права, соработката со Хашкиот трибунал за воени злосторства, решавањето на билатералните меѓусоседски спорови и другите прашања што имаат капацитет да ги разгорат меѓуетничките тензии на овие простори. Токму поради оваа причина, многумина со право тврдат дека политиката на условеност на ЕУ кон Западен Балкан ги жртвува процесите на демократизација и трансформација на општеството кон подемократско, со цел да се зачуваат мирот и стабилноста, без можност за повторување на воените конфликти“. 14 Сепак, има надеж По смената на власта во 2017 година, сепак, малку се пробуди надежта дека Македонија може да исчекори во насока на напуштање на поданичката политичка култура и да создава партиципативна политичка култура. Со вклучувањето на голем број граѓани во мултиетничките политички протести против авторитарниот 14 Исто. стр. 7 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 71 ПОДАНИЧКАТА КУЛТУРА, ОДНОСНО КУЛТУРАТА НА ПОДЕЛЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ЗАПОЧНЕ ДА СЕ МЕНУВА СО ЈАВЕН ПРИТИСОК ЗА ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И СО СМАЛУВАЊЕ НА МОЌТА НА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ. ТОА, СЕКАКО, МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ПОД ПРИТИСОК И НА НИВНИТЕ СЕСТРИНСКИ ПАРТИИ – ПАРТИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ СОЦИЈАЛИСТИ ИЛИ ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА. НО, МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ДА СЕ СЛУЧУВА И: ПОД ПРИТИСОК ОД ЈАВНОСТА ЗА ИЗБОР НА ПАРТИСКИ ЛИДЕРИ ПРЕКУ ДИРЕКТНО ГЛАСАЊЕ НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА, ПРЕКУ ПРИТИСОК ЗА СМАЛУВАЊЕ НА МОЌТА НА ЛИДЕРИТЕ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА ВАЖНИТЕ ОДЛУКИ, ПРЕКУ ИЗМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ И ВОВЕДУВАЊЕТО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, ПРИТИСОК ЗА МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ПАРТИСКИОТ ЖИВОТ И ПОЛИТИКИ ­режим во Македонија, кој беше на власт од 2006 до 2016 година, се создаде надеж дека граѓаните стануваат свесни, по долго време, за својата моќ да ја менуваат власта и да влијаат врз политичките процеси и збиднувања. Со вклучување на голем број Албанци дури и во раководството на една од етничките партии на Македонците(СДСМ) и со добивањето на политичка поддршка од Албанците за таа политичка партија, се создаде впечаток дека е можно етничките партии да се трансформираат во граѓански и тоа да биде основа за еден друг вид на социјална кохезија и градење на политичко единство во земјата. А, со потпишувањето на договорите за добрососедство и соработка со Бугарија и со Грција, барем за момент се надмина стравот од соседите и од политиката на заплашување со опасностите од„надворешниот непријател“. Кога на премиерот Зоран Заев му успеа да обезбеди и двотретинско мнозинство во Собранието за измена на Уставот, со што се отвори патот за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО, се создаде и впечаток дека е можно да се надминуваат блокадите од големата недоверба меѓу партиите и нивните политички лидери и да почне да се гради политичка култура на толеранција и соработка. Но, како што со право констатира аналитичарот Иво Босилков: „Најголемиот предизвик на постгруевизмот е да не се заборават лекциите кои произлегуваат од десетгодишното популистичко демонтирање на демократските процедури, како и масовната хипноза од популистичкиот дискурс. Со развојот на политичките настани во Македонија, но и на меѓународната сцена, веќе и надвор од академските кругови станува јасно дека популизмот е патолошки феномен и канцер за столбовите на демократијата. Оттаму, потребни 72 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА се одговорни политичари кои нема да паднат под искушението да посегнат по ,полесниот начин на владеење‘. За почеток, такви кои нема да произведуваат имагинарни закани за да ја експлоатираат авторитарноста на граѓаните. Понатаму, ќе охрабрува развивањето на критичката свест во општеството, наместо да ја задушуваат. И за крај, како долгорочен приоритет, ќе ја постават еманципацијата на македонската популација. Авторитарноста доаѓа однатре и тешко се совладува, особено кога е зацементирана од историски и културни околности. Затоа, промената мора да почне од врвот, колку и тоа да не му одговара нему“. 15 Поданичката култура, односно културата на поделеност во Македонија мора да започне да се менува со јавен притисок за демократизација на политичките партии и со смалување на моќта на партиските лидери. Тоа, секако, може да се случи под притисок и на нивните сестрински партии – Партијата на европските социјалисти или Европската народна партија. Но, може да почне да се случува и: под притисок од јавноста за избор на партиски лидери преку директно гласање на сите членови на партијата, преку притисок за смалување на моќта на лидерите во донесувањето на важните одлуки, преку измена на изборниот модел и воведувањето отворени листи, притисок за модернизирање на партискиот живот и политики, преку ослободување на партиите од нивното авторитарно идеолошко наследство, од политичките митологизации на минатото и градењето култ на личноста околу лидерот на партијата. Авторитарни и недемократски политички партии не можат да изградат демократска држава затоа што секогаш по освојувањето на власта, тие своите авторитарни методи на владеење со партијата ги пренесуваат во моделот на владеење со државата. Сепак, и за тоа да се случи се неопходни слободни и квалификувани медиуми, компетентна научна јавност и граѓанско општество ослободено од стегите на политичките идеологии. Тоа нема да биде лесна мисија во земја во која наставниците се ниско платени и штрајкуваат уште првиот ден од школската година, на факултетите за новинарство годинава се запишале само 10 студенти заради неатрактивноста на професијата, приватни универзитети формираа бандити заради профит и продажба на дипломи, 15 Иво Босилков:„Надминување на сопствената авторитарност за имунитет од популистичкиот вирус“. http://respublica.edu.mk/blog/2017-11-13-09-01-08 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 73 а телевизии со национална концесија имаат криминалци и тие им служат за заштита на нивните криминални бизниси. Во такви услови потребни се луѓе со храброст, кои знаат да кажат барем:„Не ме загрижува министерот за култура, туку културата на министерот“. (Авторот е универзитетски професор. Предавал политички науки, јавно мислење, масовни комуникации и реторика. Бил генерален секретар на СДСМ, министер за правда, пратеник во два мандата на Собранието на РМ и амбасадор во: Бугарија, Молдавија, Обединетото кралство на Велика Британија, Ирска и Исланд. Автор е на трудови од областа на политичките науки и на книгата:„Зад маската на патриотизмот – анатомија на еден авторитарен режим“) 74 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПРАВО И ПОЛИТИКА ПРАВО И ПОЛИТИКА ЈУРИДИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА СВЕТОМИР ШКАРИЌ ЗБОРОТ„ЈУРИДИЗАЦИЈА“ СЕ ПОТПИРА ПОДЕДНАКВО И ВРЗ ПРАВОТО И ВРЗ СУДОВИТЕ, КАКО КОНТРАПУНКТОВИ НА ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ. ОФОРМУВАЊЕТО НА ПОИМОТ ,,ЈУРИДИЗАЦИЈА“ Е ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПРОЦЕС. ПРВИОТ ЧЕКОР Е ПРАВОТО, А ВТОРИОТ СУДСТВОТО. ПОЕДНОСТАВНО РЕЧЕНО, НЕОПХОДНО Е ДА СЕ ЗНАЕ СО КАКВА МОЌ РАСПОЛАГА ПОЛИТИКАТА, КОИ СРЕДСТВА ГИ КОРИСТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОИТЕ ЦЕЛИ И КОИ СЕ САНКЦИИТЕ АКО ИЗЛЕЗЕ ОД УТВРДЕНИТЕ ГРАНИЦИ. ДУРИ ПОТОА НАСТАПУВА СУДСТВОТО СО СВОЈАТА МОЌ ДА ЈА ЗАПИРА, КОНТРОЛИРА И САНКЦИОНИРА ПОЛИТИКАТА КОГА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД УТВРДЕНИОТ ПРАВЕН СТАТУС. И ДВАТА ЧЕКОРА СЕ ЗНАЧАЈНИ И ТЕШКИ, ОСОБЕНО КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ЈУРИДИЗАЦИЈАТА НА ПОЛИТИКАТА ВО УСЛОВИ НА СИЛЕН ПАРТОКРАТИЗАМ И СЛАБ ПРАВОСУДЕН СИСТЕМ. Јуридицазија на политиката значи врамување на политиката во границите на правото и нејзино санкционирање од страна на судовите ако таа ги пречекори утврдените граници. Поинаку речено, јуридицазија на политиката значи ставање на политиката под власта на правото(номократија) или во доменот на правото (јурисдикција). Терминот станува особено актуелен во поново време кога државната власт од триделна фактички прераснува во дводелна власт – политичка власт и судска власт. Законодавната и извршната власт се стопуваат во едно и стануваат обединета власт наспроти судската власт, како противтежа или контравласт. Зад обединувањето на законодавната и извршната власт стои партократизмот – власт на политичките партии. Етимолошки, зборот„јуридизација“ извира од латинските зборови. На прво место доаѓа зборот jus – juris кој има поливалентно значење(правото; правото содржано во законите; право на нешто или право да се дејствува; моќ, власт, правна положба или правен статус). На второ место се зборовите judex(судија што решава правен спор) и judico(судење или ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 75 изрекување пресуда). На трето м­ есто се judicium(судска истрага) и judicatio(пресуда). На крајот доаѓа зборот justitia(правда) чиј корен е правото(jus). 1 Зборот„јуридизација“ се потпира подеднакво и врз правото и врз судовите, како контрапунктови на политичката власт. Притоа, оформувањето на поимот„јуридизација“ е последователен процес. Првиот чекор е правото, а вториот е судството. Прво треба да биде утврден правниот статус на политиката, нејзините овластувања и границите на нејзиното дејствување. Секому треба да биде видливо за каква политика станува збор – дали е апсолутна или е ограничена власт и дали политичките односи се трансформирани во правни односи или егзистираат надвор од нив. Поедноставно речено, неопходно е да се знае со каква моќ располага политиката, кои средства ги користи за остварување на своите цели и кои се санкциите ако излезе од утврдените граници. Дури потоа на сцена настапува судството, со својата моќ да ја запира политиката, да ја контролира и санкционира кога ќе излезе од утврдениот правен статус. И двата чекора се значајни и тешки, особено кога станува збор за јуридизацијата на политиката во услови на силен партократизам и слаб правосуден систем. Тоа го гледаме повеќе од дваесет и пет години во нашата средина, особено во поново време кога политиката сака да ја одбегне казнивоста на нејзините актери кои се обвинети дека сториле голем број тешки кривични дела. Јуридизацијата на политиката почнува со разграничување на јавната од приватната сфера Правниот статус на политиката се фундира врз повеќе елементи, од правен и од морален карактер. Правните елементи се во пишана или непишана форма. Во пишана форма, генерално, спаѓаат прописите, почнувајќи од уставот и законите, па сè до указите и подзаконските акти. Во непишана форма спаѓаат: обичаите, конвенциите, судската практика и правното мислење(opinium juris). Моралните елементи се: дигнитетот, чесноста, совеснoстa и одговорноста на актерите на политичкиот живот, наспроти лукавството кое Молиер го смета за раширена појава и„помоден грев“, опишано на маестрален начин во неговите комедии ,,Тартиф“ и ,,Дон Жуан“. Правните и моралните елементи понекогаш можат да бидат во 1 Mirko Divković, Latinsko-hrvatski rječnik, Zagreb, 1900, стр. 571-575 76 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПРАВО И ПОЛИТИКА ­хармонија, но често се во тежок судир едни со други. Кога се во судир, на крајот на краиштата, надвладуваат моралните елементи или ,,чесната политика“, која Кант ја смета за политика без алтернатива. Моралот е основа на правото, независно дали е пишано или е обичајно право. Тоа е така затоа што моралот е правда, и обратно. Тоа е видливо од трудовите на Херберт Хант, посебно од неговото дело „Поим на правото“(The Concept of Law). Кога е во прашање правниот статус на политиката, се смета, главно, на пишаните акти, на оние коишто кажуваат што можат, а што не можат да прават државните органи, односно какви овластувања и надлежности имаат во општеството. Со нив се определува јавниот домен(Public realm) и неговото разграничување од приватниот домен(Privatus realm). Ако разграничувањето не е прегледно, тогаш не може да се зборува за границите на политиката и за карактерот и содржината на нејзиниот правен статус, ниту може да се види димензионираноста на правниот статус, неговата конзистентност и одржливост на подолг рок. Со разграничувањето на двата домена, историски гледано, започнува и разграничувањето на апсолутната од ограничената монархија. Апсолутната монархија не е ограничена со правото(Dominium regale). Пример на таква монархија е француската од времето на Стариот режим(l’Ancienne régime). Ограничената монархија е правно ограничена монархија. Пример на таква монархија е англиската монархија од Средниот век(Dominium politicum regale). Разграничувањето го извршил судијата Џон Фортескуј, преку судските пресуди, решавајќи ги споровите помеѓу кралот и неговите поданици. Со разграничувањето на јавната од приватната сфера започнува, всушност, и борбата за јуридизација на политиката. Во историјата се забележани повеќе примери за тоа, особено во уставната историја на Англија. Хенри Бректон е првиот англиски судија кој побарал јасно разграничување помеѓу кралската власт(gubernaculum) и власта на бароните(jurisdictio). Од друга страна, Едвард Коук е првиот судија кој му забранил на кралот Џејмс I да влегува со своите декрети во приватната сфера и самоволно да го менува важечкото право. Коук, во својство на претседател на Врховниот суд, успеал да го присили англискиот крал да дејствува во границите на правото и неговите акти да ги стави под судска контрола. Првите почетоци на јуридизацијата на политиката во Англија се осветлени пошироко ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 77 во докторскиот труд на Лидија Баста (1948-2019) –„Политиката во границите на правото“. 2 Едвард Коук ја подотвори вратата за развојот на судската контрола на правните акти на државните органи(Judical review). Судската контрола на законите и другите акти е најизразит облик на јуридизацијата на политиката. Таа е родена во земјите со прецедентно право, а денес има поширок простор во земјите со уставно судство. Во кругот на тие земји спаѓа и Македонија, уште од времето на Уставот на СРМ од 1963 година кога за првпат се воведува уставното судство во нашата земја. Луј Фафоре, француски правник, уставното судство го смета за„најмаркантен настан во уставното право по Првата светСО РАЗГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЈАВНАТА ОД ПРИВАТНАТА СФЕРА ЗАПОЧНУВА, ВСУШНОСТ, И БОРБАТА ЗА ЈУРИДИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА. ВО ИСТОРИЈАТА СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ПОВЕЌЕ ПРИМЕРИ ЗА ТОА, ОСОБЕНО ВО УСТАВНАТА ИСТОРИЈА НА АНГЛИЈА. ХЕНРИ БРЕКТОН Е ПРВИОТ АНГЛИСКИ СУДИЈА КОЈ ПОБАРА ЈАСНО РАЗГРАНИЧУВАЊЕ ПОМЕЃУ КРАЛСКАТА ВЛАСТ (GUBERNACULUM) И ВЛАСТА НА БАРОНИТЕ(JURISDICTIO). ЕДВАРД КОУК Е ПРВИОТ СУДИЈА КОЈ МУ ЗАБРАНИ НА КРАЛОТ ЏЕЈМС I ДА ВЛЕГУВА СО СВОИТЕ ДЕКРЕТИ ВО ПРИВАТНАТА СФЕРА И САМОВОЛНО ДА ГО МЕНУВА ВАЖЕЧКОТО ПРАВО. КОУК, ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД, УСПЕА ДА ГО ПРИСИЛИ АНГЛИСКИОТ КРАЛ ДА ДЕЈСТВУВА ВО ГРАНИЦИТЕ НА ПРАВОТО И НЕГОВИТЕ АКТИ ДА ГИ СТАВИ ПОД СУДСКА КОНТРОЛА. ска војна“. Воведено е за првпат во Уставот на Австрија од 1920 година на предлог на Ханс Келзен, кој станал и негов прв претседател. Кога е во прашање првиот чекор на јуридизацијата на политиката катадневно слушаме дека Македонија има добри закони и дека проблемот е само во нивното применување. Тоа го кажуваат и домашните и странските правници. За жал, тоа не е така, дури ни во минимална мера. Тие така зборуваат затоа што немаат поширок увид во квалитетот на нашето законодавство, ниту се трудат да направаат поширока анализа на тоа што пишува во законите и во која мера претставуваат граница на политиката. Уште помалку се интересираат за соодносот помеѓу природното право(jus naturale) и позитивното право(jus positivum) во содржината на законите. Од илјадници важечки закони, само за десетина може да се каже дека се добри и дека имаат одлики на закон во вистинска смисла. Не може да биде добар закон којшто се менува два пати во еден ден 2 Lidija R. Basta, Politika u granicama prava, IIC SSO Srbije, Beograd, 1984, стр. 6-8 78 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПРАВО И ПОЛИТИКА или што се изменува и дополнува повеќе од дваесет пати за кратко време. Згора на тоа, има и закони коишто се донесени без потреба, а има и такви кои нормираат прашања неподобни за законско регулирање. За тоа во Собранието досега не е водена расправа, ниту, пак, пратениците се оспособени за тоа. Пратениците не покажуваат интересирање за правото, за неговата моќ и улога. Претежно го користат како средство за остварување на партискaта политика. Законодавецот бега од правото и од правната наука, настојува да биде што подалеку од нив. Тоа се гледа од односот на Собранието кон Стручната служба и собраниската библиотека. Нивната улога во законодавниот процес е занемарена преку мера, што не може да се каже за земјите со поразвиена парламентарна демократија. Се донесуваат закони за сè и сешто, без претходен план и стручна подготовка. Сличен однос кон законите има и Владата која е предлагач на над 95 проценти од вкупниот број донесени закони. Македонското законодавство на најдобар начин ја потврдува оценката на Тацит, дадена пред два милениума:„Што повеќе закони има во државата, толку повеќе има и корупција“(Coruptissima res publca, plurimae leges). Кога политиката ја попречува правдата, тешко се воспоставува баланс Кога е во прашање вториот чекор, неопходно е да се подвлече нијансата дека судството е побитно од правото, особено кога се работи за неисправно или незаконско право. Правото е таму каде што има правни лекови за кои одлучуваат судовите(Ubi jus, ubi remidium). Ако нема правни лекови, нема ни право. Погрешно е тврдењето дека правото постои таму каде што постои општеството (Ubi jus, ubi societas). Не е доволно да се каже тоа што, своевремено, го кажал Цицерон дека општеството е„заедница на правото“(civitas juris), ниту, пак, тоа што го кажуваат германските правници дека правната држава(rechtstaat) постои таму каде што постои државно право(staatsrecht). Потребно е да постои и судство кое ја запира власта и кое е способно да каже што е правото и што треба да биде кога законот е недоречен или кога молчи. Оттука, не е случајно што Хамураби одлучил тој да ги разгледува правните лекови против првостепените судови, да биде апелација во втора инстанца, сметајќи дека правдата е позначајна од неговиот законик. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 79 Значењето на судството произлегува од неговата моќ со помош на правото да ја запира и казнува законодавната и ­извршната власт како спротивставени власти. Правото е моќно само кога е во рацете на вистинскиот суд. Тоа најдобро се гледа од улогата на Врховниот суд на САД што ја демонстрира на дело веќе двесте години. Преку решавање на конкретни спорови, Врховниот суд на САД ја јуридизира американската политика, ја става под своја контрола. Најголема заслуга за тоа има Џорџ Маршал, претседател на Врховниот суд на САД(1801-1835). Во негово време се донесени околу 500 судски пресуди. Преку нив е извршена јуридицазијата на американската политика, заедно со јуридизацијата на уставното право. Американските учебници по уставно право започнуваат со Врховниот суд и федералната јурисдикција(Judicial Review), а завршуваат со листата на судските пресуди(Table of Cases). 3 Врховниот суд на САД на најдобар начин ја потврдува мислата на Монтескје дека„само власт може да запре власт“. Станува збор за закон на физиката или за закон на механиката, за запирање на спротивставените сили(l’idee de contre-pouvoir). Наведената идеја на Монтескје подоцна пошироко ќе ја развие Џон Адамс, автор на Уставот на Масачусетс од 1780 година и првиот формулатор на уставот како супериорен правен акт. Џон Адамс подвлекува дека„на власта мора да се спротивстави власт, сила на силата, моќ на моќта, резон на резонот, елоквенција на елоквенцијата, страст на страста“. Подоцна, во јавната дебата за Уставот на САД, Џејмс Медисон запирањето на властите ќе го изрази со неколку зборови:„На властољубието треба да му се спротивстави властољубие“. 4 А, тоа не е лесна работа, особено ако се има предвид дека во денешно време не постои триделна, туку дводелна власт. Под влијание на партократизмот и депарламентаризмот – законодавната и извршната власт се обединети во едно, во политичката власт. На спротивставената страна е само судската власт, како контрабаланс. А, балансот тешко се воспоставува во услови кога политиката располага со големи ресурси и кога користи различни средства за попречување на правдата. Оттука, не е случајно што судството е 3 John E. Nowak, Ronald D. Rotunda, J. Nelson Young, Constitutional Law, Second Edition, West, Minesota, 1983( стр. 1-1159) 4 Aleksandar Hamilton, Dzejms Medison, Dzon Dzej, Federalisticki spisi, Radnička štampa, Beograd, 1981, стр. 347 80 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПРАВО И ПОЛИТИКА во фокусот на дебатата во Македонија кога таа го очекува датумот за отпочнување на преговорите за нејзиното членство во ЕУ. Пред наши очи се одвива вистинска драма – судство или политика надвор од границите на правото, надвор од казнивоста. Судската власт бара судии од висок профил – судии кои на правдата даваат предност во однос на правото, кои кажуваат што е правото и што треба да биде правото, кои се подготвени преку пресудите да создаваат ново право и кои имаат доблест правните празнини да ги пополнуваат со нов дух, близок до важечкото право. И обратно, судската власт станува дел од политичката власт, ако неа ја вршат„наместени судии“ од страна на владејачките партии, ако за судии се избираат правници без ниту еден ден судска практика, или ако во повисоките судови седат судии со послабо знаење од судиите во пониските судови. Таквите судии Роналд Дворкин ги означува како судии кои„со едно кимнување на главата“ во судницата можат да му нанесат поголема штета на обвинетиот од било кој закон што го донесува Конгресот или Парламентот. 5 За формирање на добар судија се клучни неколку услови. Првиот услов е моралноста на неговата личност: да држи до независноста на својата личност; да демонстрира достоинство во судската постапка; да не води грижа само за законитоста, туку и за пристојноста како морална категорија. Многу работи што се дозволени со закон не се пристојни. Вториот услов е неговото правничко образование кое треба да трае во континуитет, од завршувањето на правните студии, до завршувањето на судиската кариера – знаење кое се проверува и збогатува преку судската практика и консултирање на правна литература. Третиот услов е специјализацијата на судијата. Добар судија може да биде само судија-специјалист за одредени прашања. И обратно, судијата што се сели од еден на друг предмет од различна природа не може да биде добар судија. Слично на докторите по медицина и на универзитетските професори. Еден предмет – еден професор, а не еден професор – десетина предмети, како што има бројни примери на државните и на приватните универзитети по воведувањето на Болоњскиот процес во високото образование во 2005 година. Македонија е земја без специјализирани судови. Уставот познава судови од општа надлежност, а со тоа и општ профил на 5 Ronald Dvorkin, Carstvo prava, Filip Višnjić, Beograd. 2003, стр. 11 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 81 ­судија кој треба да одлучува за сите видови судски спорови, небаре е ­генијалец. Законот за судовите на мала врата ги воведува само управните судови, но без заокружена структура и прецизна терминологија. Другите„специјализирани судови“ се пикнати во основните судови, без можност за специјализација на судиите. Тоа се претходни прашања од кои суштински зависи реформата на правосудниот систем. Тоа не го забележуваат како проблем ни Министерството за правда, ни кривично-правната наука кога расправаат за реформата на правосудниот систем што е во тек. Квалитетот на правничкото образование најмногу зависи од видот на јуриспруденцијата којашто се проучува на правните факултети. Ако доминира нормативната јуриспруденција, тогаш политиката тешко може да се јуридизира. Во овој случај, правото се толкува буквално и аконтекстуално. Законот се третира како ,,уста на судијата“, независно од неговиот поглед на правдата. Законот се извлекува механички од содржината на пишаниот текст, односно од догматското или„дословното“ толкување на неговите одредби, независно од контекстот во кој се донесува судската пресуда. Нормативната јуриспруденција е„механичка јуриспруденција“, прифатлива за судии кои не гледаат подалеку од зборовите запишани во законот. Поквалитетно е образованието кое се заснова врз јуриспруденцијата како„правец на мислењето и на практиката“, односно како вкупност на правната наука, правната практика и правното образование. Станува збор за„поимовна јуриспруденција“ (Begriffsjurisprudenz) во која главната улога ја имаат теориските и практичните проблеми на правото, блиско до правдата. Но, и односот кон правдата треба да биде умерен, во мерка што ја бара Рудолф фон Јеринг, германски правник. Екстремните гледишта се неприфатливи. Неприфатливо е, на пример, барањето„правдата да биде задоволена и под услов светот да пропадне“(Fiat justitia, pereat mundus). Неприфатливо е и барањето„правдата да пропадне, а светот да опстане“(Pereat justitia, vivant mundus). Прифатливо е умереното гледиште„да живее правдата и светот да се развива“ (Vivat justitia, floreat mundus). 6 Правдата може да има различни последици, ако не се одмерува со мерка и контекстуално. Во одреден случај може да биде полезна – важечкото право да се примени на конкретен случај за сторено 6 Рудолф фон Јеринг, Циљ у праву, ЦИД, Подгорица, 1998, стр. 186 82 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПРАВО И ПОЛИТИКА кривично дело против конкретен сторител, така како што предвидува законот. Судот носи одлука за притвор на такво лице(обвинителка на СЈО) поради сомневање за сторено кривично дело:„злоупотреба на службената положба и функција“. Од друга страна, таквата мерка ја доведе во прашање казнивоста на голем број обвинети лица од висок политички профил кои се обвинети од страна на притворениот обвинител. Една правда може да биде вовед во неправда – удар врз јуридизацијата на политиката во пошироки размери. Уставниот суд на РМ создаде модел за дејуридизацијата на политиката! Јуридизацијата на политиката се остварува и преку уставните судови, пошироко и поефикасно од редовните судови. Редовното судство ја санкционира политиката кога решава за конкретни спорови, посебно кога ја санкционира казнивоста во општеството. Уставното судство, пак, ја запира политиката ВО ДЕНЕШНО ВРЕМЕ НЕ ПОСТОИ ТРИДЕЛНА, ТУКУ ДВОДЕЛНА ВЛАСТ. ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ПАРТОКРАТИЗМОТ И ДЕПАРЛАМЕНТАРИЗМОТ – ЗАКОНОДАВНАТА И ИЗВРШНАТА ВЛАСТ СЕ ОБЕДИНЕТИ ВО ЕДНО, ВО ПОЛИТИЧКАТА ВЛАСТ. НА СПРОТИВСТАВЕНАТА СТРАНА Е САМО СУДСКАТА ВЛАСТ, КАКО КОНТРАБАЛАНС. А, БАЛАНСОТ ТЕШКО СЕ ВОСПОСТАВУВА ВО УСЛОВИ КОГА ПОЛИТИКАТА РАСПОЛАГА СО ГОЛЕМИ РЕСУРСИ И КОГА КОРИСТИ РАЗЛИЧНИ СРЕДСТВА ЗА ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА. ОТТУКА, НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО СУДСТВОТО Е ВО ФОКУСОТ НА ДЕБАТАТА ВО МАКЕДОНИЈА КОГА ТАА ГО ОЧЕКУВА ДАТУМОТ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НЕЈЗИНОТО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ. ПРЕД НАШИ ОЧИ СЕ ОДВИВА ВИСТИНСКА ДРАМА – СУДСТВО ИЛИ ПОЛИТИКА НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА ПРАВОТО, НАДВОР ОД КАЗНИВОСТА преку поништување или укинување на нејзините неуставни и незаконити акти(апстрактен спор) или кога по поднесената уставна тужба ги штити човековите права како„одбранбени права“(конкретен спор). Станува збор за јудикатура која, од една страна го обликува политичкиот живот на одредена земја, а од друга страна ја санкционира политиката кога излегува од уставните граници. Модел на таков уставен суд е Сојузниот уставен суд на СР Германија, кој од страна на неговите судии се нарекува„третиот дом на законодавната власт“. Прототип на одлука за јуридизацијата на политиката е Одлуката на Сојузниот уставен суд на Германија за односи со јавноста од 1977 година (VerfGE 44, 125- Offentlichkeitsarbeit). Одлуката пропишува модел за однесување на д­ржавните ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 83 ­органи за време на изборите за Сојузниот парламент(Бундестаг). Одлуката е донесена на барање на ­Христијанско-демократската унија која сметаше дека Сојузната влада премногу се мешала во кампањата за избори на Сојузниот парламент од 1976 година. По темелно проучување на случајот, Сојузниот уставен суд пропиша неколку забрани за Сојузната влада и преку толкување на уставните одредби го утврди моделот на„слободарската демократија“ кој мора да го почитуваат државните органи и политички партии на сојузно и покраинско ниво. На државните органи им се забранува со државни средства да учествуваат во изборниот процес, да се идентификуваат со политичките партии и преку рекламирање да влијаат врз волјата на избирачите. Државните органи не смеат да бидат пристрасни ГЕРМАНСКИОТ СОЈУЗЕН УСТАВЕН СУД ГИ ИМА СИТЕ ПРЕТПОСТАВКИ ДА БИДЕ ПРИФАТЕН КАКО МОДЕЛ ЗА ЈУРИДИЗАЦИЈАТА НА ПОЛИТИКАТА И ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ СО УСТАВНИ СУДОВИ. ВО НЕГОВАТА РАБОТА Е ОСТВАРЕН БАЛАНС МЕЃУ ПРАВНАТА НАУКА И СУДСКАТА ПРАКТИКА. ВО НЕГОВИТЕ РЕДОВИ СЕ НАОЃААТ НАЈДОБРИТЕ ПРОФЕСОРИ ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО И НАЈДОБРИТЕ СУДИИ РЕГРУТИРАНИ ОД ПОВИСОКИТЕ ГЕРМАНСКИ СУДОВИ, СО ПОДОЛГО СУДИСКО ИСКУСТВО И НАУЧНИ СТЕПЕНИ. ВО СВОЈАТА РАБОТА СУДОТ СЕ ПОТПИРА И ВРЗ ПОГОЛЕМ БРОЈ ИНСТИТУТИ И ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТРИ. ТОА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ЗА УСТАВНИОТ СУД НА МАКЕДОНИЈА, ИАКО ИМА ТРАДИЦИЈА ПОДОЛГА ОД 55 ГОДИНИ. ВО СЕГАШНИОТ СОСТАВ НА УСТАВНИОТ СУД ДОМИНИРААТ„ПРОСЕЧНИ ПРАВНИЦИ“, БЕЗ СУДСКА ПРАКТИКА И СЛАБО ПОЗНАВАЊЕ НА ПРАВНАТА ТЕОРИЈА во предизборната кампања во полза или на штета на некоја политичка партија или на предложените кандидати за пратеници. Пристрасното влијание на државните органи не е дозволено ни преку односот со јавноста. На Сојузната влада е забрането да рекламира со државни пари, за повторен избор. Забраните се однесуваат подеднакво и за сојузните и за покраинските државни органи. Државните органи во предизборната кампања мораат да се однесуваат неутрално кон сите актери во изборниот процес. Ако државните органи заземат страна во полза или на штета на одредени политички партии или одредени кандидати, тогаш се повредува уставното право на еднаквоста на шансите при изборите. Преку наведениот спор, Сојузниот уставен суд го развива моделот на„слободарската демократија“, фундиран врз одредбите на Основниот закон на Германија. Во слободарската демократија 84 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ПРАВО И ПОЛИТИКА ­целата државна власт потекнува од народот и ја врши народот на избори и гласање преку посебни органи на законодавната, извршната и судската власт. Во таков контекст, изборите можат да обезбедат демократска легитимност само ако избирачот своето мислење за одреден кандидат или партија го формира преку еден слободен и отворен процес и ако слободно гласа, без притисок од страна. Во изборниот процес создавањето на волјата на избирачот мора да се врши од народот кон државните органи, а не обратно, од државните органи кон народот. Парламентарното мнозинство ќе биде легитимно само под услов ако е формирано со слободно изразена волја на избирачкото тело. И обратно, нема да биде легитимно ако Сојузната влада ја злоупотребува својата положба и со државни пари, преку реклами, ја попречува опозицијата да стане владејачко мнозинство. Државните органи во предизборната кампања не смеат да влијаат врз конкурентските односи меѓу политичките сили, независно дали се на власт или се во опозиција. Ова е модел за јуридизација на изборниот процес кој е иманентно политички процес. 7 Постојат модели и за дејуридизацијата на политиката. Таков модел создаде Уставниот суд на РМ со Одлуката за укинување на поголем број одредби на Законот за помилување од 1993 година, од февруари 2016 година. Уставниот суд ја укина законската забрана претседателот на Републиката да не може да помилува сторители на кривичните дела од областа на изборите. Врз основа на таа негова одлука, претседателот на Републиката во април 2016 година изврши помилување на поголем број лица за кои беа подигнати неколку обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство. Наместо да го шири просторот на јуридизацијата на политиката, Уставниот суд се одлучи просторот да го намали до границата на неказнивост на изборните нерегуларности. Германскиот Сојузен уставен суд ги има сите претпоставки да биде прифатен како модел за јуридизацијата на политиката и во другите земји во кои постојат уставни судови. Во неговата работа е остварен баланс помеѓу правната наука и судската практика. Во неговите редови се наоѓаат најдобрите професори од областа на правото и најдобрите судии регрутирани од повисоките германски судови, со подолго судиско искуство и научни степени. Згора на 7 Избрани одлуки на Сојузниот уставен суд на СР Германија, Јубилејно издание, Konard Adenauer Stiftung, Скопје, 2009, стр. 558-561 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 85 тоа, во својата работа Судот се потпира и врз поголем број институти и истражувачки центри. Тоа не може да се каже за Уставниот суд на Македонија, иако има традиција подолга од 55 години. Во ­сегашниот состав на Уставниот суд доминираат„просечни правници“, без судска практика и слабо познавање на правната теорија. Просечноста е неспоива со улогата на судијата како креатор на правото и актер на јуридизацијата на политиката. Правната практика е од дебатен карактер. Таа се создава преку дијалог на судијата со јавниот обвинител и адвокатот. Притоа, за потешките правни прашања не постојат точни, туку различни одговори. Донесувањето на судска одлука е повеќе уметност, отколку наука. Добриот судија ги спојува: знаењето, мајсторството, мудроста и чувството за одговорност. За тоа е потребна натпросечна способност на судијата, како што е потребна и натпросечна способност за создавање на добро книжевно дело. Тоа се гледа од односот на нобеловецот Томас Ман кон просечноста:„Признавам дека отворено ја презирам просечноста која ништо не знае за мајсторството и која поради тоа тежнее кон лесен и глупав живот“. 8 Дојран, 30 август 2019 година (Авторот е професор по уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во пензија.) 8 Tomas Man, Nastavak doktora Fausta, Slovo ljubve, Beograd, 1976, стр. 65 86 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ХАБЕРМАС, ЕНЦЕСБЕРГЕР, КУЛТУРАТА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ И ПОЛИТИКАТА НА ПОСТ-ВИСТИНА ЗОРАН КОСТОВ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ, ВО ОДРЕДЕН КОНТЕКСТ УШТЕ НАРЕКУВАНИ И АЛТЕРНАТИВНИ ФАКТИ, СЕ ПРАКТИКА НА НАМЕРНА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ИЛИ ИЗМАМА ШТО СЕ ШИРИ ПРЕКУ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИЛИ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ БАЗИРАНИ ВРЗ ИНТЕРНЕТ, ЧЕСТО СОЗДАДЕНИ КАКО ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗВЕШТАИ КОИ ЛЕСНО СЕ ЗДОБИВААТ СО ПУБЛИКА КОЈА САКА ДА ВЕРУВА ВО ФИКЦИИ. НИВНАТА ВИСТИНСКА НАМЕРА, ВСУШНОСТ, Е ДОВЕДУВАЊЕ ВО ЗАБЛУДА СО ЦЕЛ НАНЕСУВАЊЕ ПОЛИТИЧКА ИЛИ ФИНАНСИСКА ШТЕТА, ОДНОСНО ЗДОБИВАЊЕ ПОЛИТИЧКА ИЛИ ФИНАНСИСКА КОРИСТ. ВО ТЕКОТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ПРАКТИКАТА НА ШИРЕЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ ПРЕРАСНУВА ВО СВОЕВИДНА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА, ПРИ ШТО СЕ ПОТКОПУВААТ БАЗИЧНИТЕ ПРИНЦИПИ КОИ ОВОЗМОЖУВААТ РЕД И ДАВААТ ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС Во време кога културата на лажни вести и политиката на поствистина се доминантни парадигми на глобалната јавна сцена, некои, безмалку заборавени, опсервации на два врвни живи германски умови, двајцата родени далечната 1929 година, заслужуваат ново внимание. Едните се на Јирген Хабермас, припадник на познатата Франкфуртска школа и, меѓу другото, родоначалник на теоријата за структурната трансформација на јавната сфера. Другите се на Ханс Магнус Енцесбергер, автор на, своевремено, инспиративниот есеј за конституентите на теоријата за медиумите, инаку за македонската јавност попознат како добитник на„Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1980 година. Теоретските опуси на Хабермас и Енцесбергер се целосно независни едните од другите, а заедничка им е само далековидоста на некои од нивните, половина век стари, размислувања, создадени во време кога не можат ниту да се насетат комуникациските модели и практики кои го обликуваат политичкиот и културниот живот во 2019 година. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 87 За ставање на овие погледи во денешен контекст треба прелиминарно да се потсети на неколку стари и нови дефиниции. Јавното мислење е преовладувачки став на припадниците на една заедница за определени општествени појави и однесувања на групи и поединци, особено за активностите на политичките и другите општествени чинители коишто имаат големо, вистинско или привидно значење за животот во заедницата. Тоа е широка, заедничка за голем број членови на едно општество, психолошко-идеолошка реакција на одобрување или осуда, поддржување или противење на: постапките, мерките и одлуките што се од заеднички интерес, еден вид колективен одговор на јавноста по определено прашање. Јавното мислење може да се сфати и како постојан општествен процес на интегрирање на поединечни мислења и расположенија во колективни ставови и реакции, но и како низа конкретни манифестации на тој процес. Политичка култура е збир на вредности врз кои се потпира политичкиот систем, при што тие може да бидат резултат, но и причина на политичките процеси. Политичката култура внесува ред во политичкиот живот и во јавната сфера, со пресудно влијание врз правците во кои се движат поединците и општеството во целина. Од нивото на политичката култура зависи квалитетот на општествениот поредок. Лажните вести, во одреден контекст уште нарекувани и алтернативни факти, се практика на намерна дезинформација или измама што се шири преку традиционалните или преку социјалните медиуми базирани врз Интернет, често создадени како веродостојни извештаи кои лесно се здобиваат со публика која сака да верува во фикции. Нивната вистинска намера, всушност, е доведување во заблуда со цел нанесување политичка или финансиска штета, односно здобивање политичка или финансиска корист. Во текот на последните години практиката на ширење лажни вести прераснува во своевидна политичка култура, при што се поткопуваат базичните принципи кои овозможуваат ред и даваат значење на политичкиот процес. Истовремено, поствистината е филозофски и политички концепт кој наметна исчезнување на заедничките, објективни стандарди за вистината и нивно надоместување со хазардерско жонглирање меѓу фактите и алтернативните факти. Терминот доби широка популарност преку дериватот„политика на поствистина“ и беше 88 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ прогласен за збор на годината во 2016 година од Оксфордскиот речник, каде што е дефиниран како„поврзување или нагласување околности во кои објективните факти се помалку определувачки при обликувањето на јавното мислење од обраќањата во кои преовладуваат емоциите и личните верувања“. Дискурсот на поствистината најчесто е во спротивност со познатите истражувачки техники и научни методи. Компјутерски посредуваните комуникации се човек-со-човек комуникации кои се овозможени од компјутер, консолидирани во глобалната јавно достапна мрежа наречена Интернет. Сметани за најтрансформирачки технички настан од времето на скротувањето на огнот и најдинамично наследство оставено од 20, за 21 век, тие ги користат иновативните концепти – хипертекстот, интерактивноста и мултимедијата за воспоставување нови комуникациски парадигми, меѓу кои се најважни: корисничката контрола, отворениот пристап и глобалниот дострел. Меѓу другото, компјутерски посредуваните комуникации обезбедуваат социјално вмрежување базирано врз Интернет, популарно наречено социјални медиуми. Последниве години, социјалните медиуми диктираат алтернативна политичка култура и се сметаат за големи генератори на лажните вести. Хабермас: структурна трансформација на јавната сфера Убеденоста дека„целата историја се карактеризира со неправилна распределба на страдањето”, практично, е платформата на водечките фигури на Франкфуртската школа: Макс Хоркхајмер, Теодор Адорно, Херберт Маркузе и Јирген Хабермас, во нивната долгогодишна опсервација на нееднаквоста кај модерните демократии, каде оние кои имаат ги експлоатираат оние кои немаат. Франкфуртската школа развива критичка теорија која нуди исцрпни анализи за разликите меѓу прокламираните, либерални вредности на слободата и еднаквоста, наспроти непропорционалните концентрации на моќта и нејзината злоупотреба. Од општествена илузија, до поствистина Не постои единствен одговор за тоа против кој вид комуникациска практика се критичките теоретичари, но за нив заеднички предизвици на современото општество се цела низа појави и ­феномени кои, иако третирани пред повеќе децении, денес можат да се препознаат во импликациите на компјутерски посредуваните комуникации. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 89 ПОСТВИСТИНАТА Е ФИЛОЗОФСКИ И ПОЛИТИЧКИ КОНЦЕПТ КОЈ НАМЕТНА ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ, ОБЈЕКТИВНИ СТАНДАРДИ ЗА ВИСТИНАТА И НИВНО НАДОМЕСТУВАЊЕ СО ХАЗАРДЕРСКО ЖОНГЛИРАЊЕ МЕЃУ ФАКТИТЕ И АЛТЕРНАТИВНИТЕ ФАКТИ. ТЕРМИНОТ ДОБИ ШИРОКА ПОПУЛАРНОСТ ПРЕКУ ДЕРИВАТОТ„ПОЛИТИКА НА ПОСТВИСТИНА“ И БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ЗБОР НА ГОДИНАТА ВО 2016 ГОДИНА ОД ОКСФОРДСКИОТ РЕЧНИК, КАДЕ ШТО Е ДЕФИНИРАН КАКО„ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ НАГЛАСУВАЊЕ ОКОЛНОСТИ ВО КОИ ОБЈЕКТИВНИТЕ ФАКТИ СЕ ПОМАЛКУ ОПРЕДЕЛУВАЧКИ ПРИ ОБЛИКУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД ОБРАЌАЊАТА ВО КОИ ПРЕОВЛАДУВААТ ЕМОЦИИТЕ И ЛИЧНИТЕ ВЕРУВАЊА“. ДИСКУРСОТ НА ПОСТВИСТИНАТА НАЈЧЕСТО Е ВО СПРОТИВНОСТ СО ПОЗНАТИТЕ ИСТРАЖУВАЧКИ ТЕХНИКИ И НАУЧНИ МЕТОДИ Контролата на јазикот за одржување на нееднаквостите на моќта е една од практиките која критичките теоретичари особено ја напаѓаат. Тие се против секаква употреба на зборови која го инхибира еманципирањето. Маркузе, на пример, тврди дека „авениите за влез се затворени за значењето на зборовите и идеите, освен веќе етаблираните – воспоставени преку публицитетот на моќните”. Во тој контекст, актуелниот подем на социјалните медиуми базирани врз Интернет, поддржани од дисперзираната природа и децентрализираната контрола над компјутерските мрежи, создава нов простор токму за зборовите и идеите. Улогата на медиумите во намалувањето на чувствителноста кон репресија е уште една практика од интерес на моќните. Според критичките теоретичари, културните индустрии на тогашните масовни медиуми – печатот, телевизијата и филмот, ја преземаат таа улога. Адорно подвлекува дека„колку повеќе населението станува предмет на моќта на масовните комуникации, толку повеќе мислите на луѓето се предодредени до степен кој едвај овозможува било каква сопствена свест”. Тој, затоа, се надева дека луѓето ќе почнат да протестираат тогаш кога ќе ја сфатат својата незавидна позиција од неправедната репресија, а денешните интерактивни, компјутерски базирани комуникациски технологии, мобилизираат токму таква свест. И слепото потпирање врз научниот метод и некритичкото прифаќање на емпириските откритија се наоѓаат под критичкиот ракурс на Франкфуртската школа. Хоркхајмер тврди дека„е наивно и претерано да се мисли и зборува единствено со јазикот на науката”. Наивно, заради тоа што науката не е само потрага по знаење, ослободена од вредносни судови, како што самата се претставува. 90 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ Претерано, заради тоа што истражувачите, најчесто, тврдат дека примерок од јавното мислење е вистинско парче од реалноста. Адорно, од своја страна, тврди дека„напречниот пресек на заедничките ставови претставува – не апроксимација на вистината, туку напречен пресек на општествената илузија”, со што е антиципирана појавата на нејзиниот пандан – денешната поствистина креирана од алтернативни факти. Овие теоретичари особено се критични кон: лидерите во политиката, бизнисот и образовниот сектор кои ги користат емпириските замки на општествените науки за верификација на неправедниот статус кво, практика што компјутерски посредуваните комуникации и социјалните медиуми во денешно време темелно ја нагризуваат, овозможувајќи му влијание на секој поединец. И, ако критичките теоретичари се помалку специфични околу тоа за што се застапуваат(нивните есеи се полни со повици за: ослободување, еманципација, трансформација и подигање на свеста, но најчесто им недостасуваат прецизни идеи за тоа како да се постигнат овие вредни цели), тие го споделуваат принципот на солидарност со страдањата на човечките суштества како минимална морална обврска. Ова имплицира надеж дека ќе се надмине едноставното сочувство и ќе се стимулира рефлексивна општествена акција, од Хабермас антиципирана во трудот„Структурната трансформација на јавната сфера“(1962), а од интерактивните мрежи денес овозможена во досега неискусен обем. Од некритичка рецептивност, до лажни вести Суштината на сфаќањата на Јирген Хабермас за историскиот и социолошкиот контекст на односите меѓу јавната сфера и државата се содржани во инсистирањето на дебата во неутрална зона, каде пристапот до информациите е широко обезбеден, а сите кои учествуваат во неа настапуваат врз еднакви основи и за општото добро. Тоа, всушност, е идеализираната претстава за начинот и просторот во кој треба се одвива комуникацијата меѓу власта и јавноста. Таквата неутралност на јавната сфера, притоа, упатува кон желба за превенција од каква и да е државна интервенција или ­доминација, како и од приватно-капиталистичката монополизација на дискусијата – јавната расправа. Ваквото објаснување на неутралноста сонува за слобода од какво и да е мешање во јавната сфера и ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 91 следствено – за слобода преку непречено изразување на учесниците во јавната дебата и јавниот живот. Со овие постулати земени предвид, во 2019 година не може да се замисли понеутрална зона за дискусија од кибер(сајбер) просторот. Во него, социјалните медиуми, базирани врз Интернет, не се подложени на формална политичка или економска доминација и овозможуваат, безмалку, неограничена слобода на ставови и позиции. Проблемот настанува кога овој ослободен говор во својата крајност завршува како креирање виртуелни идентитети, ширење лажни вести и создавање состојба на поствистина. Назад, во 1962 година, Хабермас воочува опаѓање на либералното доба и јакнењето на државниот протекционизам што темелно ја нагризува недржавната природа на граѓанската јавност. Историските промени од крајот на 19 век, настанати под притисок на големата социјална нееднаквост и работничкото движење од првата половина на 20 век, доведуваат до процес кој тој го нарекува поопштествување на државата или подржавување на општеството. Изворното потекло и функции на граѓанската јавност се гасат, публиката станува пасивна и некритички рецептивна, таа се воздржува од политичко резонирање. Процесот на приватизација на јавноста карактеристичен за либералната држава станува реверзибилен – процес на нејзина етатизација, предизвикан од институциите на новонастанатата социјална држава и од неа контролираните медиуми. Нејзината бирократија го позајмува и користи јавното мислење, дури и вештачки го создава, со цел да добие поддршка на граѓаните кои сè помалку се јавност, а сè повеќе избирачко тело. Политичките партии не се служат веќе со информирање заради просветување и подигање на критичката моќ на граѓаните, туку инструментализираат масовни медиуми како средство со кое ќе се создаде расположение за полесно владеење. Јавната дискусија вовлечена во бизнисот и самата станува роба и во такви услови публиката е трансформирана – од субјект кој резонира за културата, во потрошувач на културните добра. Со овие 50 години стари опсервации земени предвид, во 2019 година треба да сме ослободени од стравовите на Хабермас: ­бирократијата и денес се обидува вештачки да го моделира јавното мислење, преку: спинување, дефокусирање и слични практики, но социјалните медиуми се сè, само не средство со кое се создава 92 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ расположение за полесно владеење. Напротив, тие ја подигаат критичката моќ на граѓаните(идеалот на Хабермас), при што големата понуда ја руши цената на дискусијата како роба, а со тоа и моќта на нејзините продавачи. На овој начин е доживеан подем, преживеан е пад и е дочекана обнова на функцијата на граѓанската јавност, изнедрена од пазувите на граѓанското(либерално) општество. Поттикната од кризата на државата на благосостојба и од нејзините намалени способности да излезе на крај со сопственото општество, се случува реафирмација на ангажманот во цивилната сфера посредувана од социјалните медиуми, а со тоа и очекуваната широка, психолошко-идеолошка реакција на одобрување или осуда, поддржување или противење, со партиципација на неизбројливи поединци и граѓански групи оформени надвор од државните рамки. ПРИСТАПОТ ДО ИНТЕРНЕТ КАКО МЕДИУМ СТАНА ДОВОЛНО ЕВТИН И, СООДВЕТНО НА ТОА, ЦЕЛОСНО ОТВОРЕН, А СЕКОЈ УЧЕСНИК ВО МРЕЖАТА, ИСТОВРЕМЕНО, Е И ПРИЕМНИК, И ПРЕДАВАТЕЛ. ИНТЕРАКЦИЈАТА Е НЕОГРАНИЧЕНА, МУЛТИМЕДИЈАТА ДЕНЕС ВКЛУЧУВА: ТЕКСТ, АУДИО И ВИДЕО, ПРОТОКОТ НА ИНФОРМАЦИИ Е ЦЕЛОСНО ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАН, А: ЕКСПЕРТИТЕ, ДУРИ И УРЕДНИЦИТЕ, КОЛУМНИСТИТЕ И НОВИНАРИТЕ, СЕ ЗАМЕНЕТИ СО МОБИЛИЗИРАНИ ПОЕДИНЦИ ПРЕД КОИ Е ПОСТАВЕН САМО ЕДЕН УСЛОВ – ЕЛЕМЕНТАРНА КОМПЈУТЕРСКА ПИСМЕНОСТ. НА ДЕЛО Е ЕДЕН МАСОВЕН ПРОЦЕС НА РАЗМЕНА НА СТАВОВИ И МИСЛЕЊА КОЈ ЕНЦЕСБЕРГЕР ГО НАРЕКУВАШЕ ПОЛИТИЧКО УЧЕЊЕ, А ЗА КОЈ ХАБЕРМАС БАРАШЕ НЕУТРАЛНА ЗОНА ВО КОЈА ПРИВАТНИ ПОЕДИНЦИ ЌЕ ФОРМУЛИРААТ ЗАЕДНИЧКА ВОЛЈА Овој тренд со себе носи и нови предизвици при формирањето на јавното мислење, пред сè, заради анонимноста и виртуелниот идентитет, а со тоа и кредибилитетот на многу учесници во дебатата. Проследен од ограничените опции за санкционирање на незаконските и неетичките постапувања во кибер просторот, овој процес создава значителна нервоза кај традиционалните креатори на јавната агенда, имено центрите на политичката и економската моќ, до степен: да се иницираат политики, формираат оперативни тимови и мобилизираат ресурси против ваквото разногласие. Она што, притоа, тешко се разбира, е фактот дека производството на ­информации, вклучувајќи ги лажните вести, никогаш повеќе нема да може да биде централизирано и контролирано и дека единствениот начин за создавање разумен преовладувачки став на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 93 ­припадниците на една заедница за определени општествени појави(според дефиницијата за јавно мислење), е макотрпна, долгорочна работа на култивирање на јавноста и развивање способност за нејзино рационално и критичко расудување. Тука оваа тема се става во релација со, исто така, 50 години старите опсервации на Енцесбергер. Енцесбергер: конституенти на теорија за медиумите „Индустријализација на умот”(1962), првиот значаен труд на Енцесбергер, се концентрира на сознанијата на Теодор Адорно за индустријата за контролирање на мислата и нејзиното значење во одржувањето на капиталистичката хегемонија. За разлика од припадниците на Франкфуртската школа, Енцесбергер не се согласува со теоријата за социјалистички заговор против тогашниот капитализам, но и со погледите на социјализмот за капиталистичката темнина. Иако во оваа рана фаза Енцесбергер предлага политички постапки кои би биле залудни, во подоцнежниот есеј,„Конституенти на теорија на медиумите”(1970), тој ја проширува и рационализира својата перспектива. Енцесбергер, имено, сугерира насоки кон кои прогресивните идеи можат да тргнат, без оглед што се дел од технолошки развиените капиталистички земји, менувајќи ја, истовремено, и перцепцијата на поимот„контролирање на умот“ од 1962 година. Преформулирана како„индустријата за свеста“, новата синтагма го илустрира сфаќањето дека постои еволуција на некогашната пропаганда креирана од Гебелс, во далеку посуптилно и светски распространето културно влијание, пред повеќе од 50 години познато како империјализам, а денес од многу автори интерпретирано како глобализација. Дистрибутивни и комуникациски функции Во 1960-тите години не постои прифатлива теорија за медиумите, тврди Енцесбергер, и заради тоа нема стратегија што може да се примени во оваа област. Во неговото преобмислување на улогата на масовните медиуми и нивното користење како орудие на индустријата на свест, фундаментално значење има опсервацијата дека терминот ­ комуникациски медиум не го заслужува тоа име. Тој е искривено интерпретиран со оглед дека технологиите на филмот или телевизијата, тогашни доминантни медиуми, не ја забрзуваат, туку ја 94 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ ­попречуваат ­комуникацијата, редуцирајќи го повратниот ефект на минимум. Таквите медиуми Енцесбергер ги нарекува дистрибутивни и ги става во функција на општествените сили кои посакуваат контрола. Затоа, тој укажува дека медиумите треба да се користат за(двонасочна) комуникација, при што нивната(постоечка) репресивна улога асоцирана со дистрибутивната функција, би требала да се замени со еманципаторска. Притоа, мобилизирачката сила на медиумите тој ја гледа во трансформација на секој дистрибутивен, во комуникациски медиум. Енцесбергер, имено, смета дека ваквата трансформација не треба да е технички проблем, дури и за тоа време, и дека со лесни прилагодувања, тогашниот транзисторски приемник може да биде претворен во двонасочен комуникациски систем. Но, тој смета дека тоа свесно се спречува, заради јасни политички причини. Втората фундаментална теза на Енцесбергер е базирана врз опсервацијата дека секое посредување, вклучувајќи било какво користење на медиумите, претставува манипулација. За него не постои нешто како: неманипулирано пишување, снимање или емитување, без оглед на намерата. Со самиот факт дека изворната информација или сировиот материјал никогаш не може да се пренесат во целост, манипулацијата не може да се избегне, туку само да се трансформира во можност секој да стане манипулатор. Ова тој го нарекува демократска манипулација или облик на директна социјална контрола од масите, инаку омилен термин во 1960-тите и 1970-тите години. И тука, Енцесбергер поентира – според него, за првпат во историјата медиумите овозможуваат масовна партиципација во процесите на општествена репродукција и тоа треба да се искористи. Енцесбергер, истовремено, се спротивставува на поимањето дека вистината се наоѓа во вестите и во документарните филмови, дистанцирајќи се од либералното верување, дури суеверие, дека за политичките и социјалните прашања постои нешто што е неизманипулирана вистина. За него, тоа е неискажаната основа на тезата за манипулација, а еден, за времето кога е пишуван есејот – револуционерен план(уште еден омилен термин на тоа време), нема потреба да бара исчезнување на манипулаторите. Енцесбергер, исто така, смета дека дотогаш немало никакви историски примери на масовен, саморегулаторен процес на учење кој го овозможуваат електронските медиуми. Стравот на ­тогашните ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 95 елити од ослободување на овој потенцијал, од мобилизирањето на капацитетите на медиумите за интеракција на слободни производители, е една од главните причини зошто дури и во тогашните социјалистички земји старата буржоаска култура – мошне добро преправена и лажно претставена, но структурно недопирлива – продолжува да ја има контролата. Меѓутоа, појавата на компјутерски посредуваните комуникации, и врз нив базираните социјални медиуми, ја деконструира така создадената политичката култура и наместо диригиран ред, внесува неред во политичкиот живот. Збирот на вредности низ кои делува политичкиот систем се преплетува, истовремено, низ реалниот и виртуелниот свет, а лажните политички ветувања лесно се санкционираат со лажни вести, продуцирани од неограничен број извори, автентични и анонимни кориснички профили создадени во кибер просторот. Назад, во 1970-тите, Енцесбергер во ваквата, за тоа време незамислива практика, гледа еманципаторска мисија на медиумите. Репресивна и еманципаторска улога Критикувајќи ја употребата на медиумите од двете страни на, во тоа време поларизираниот свет, пред да ја афирмира нивната идеализирана еманципаторска улога, Енцесбергер формулира седум репресивни елементи, асоцирани со дистрибутивната функција. Тој, имено, тврди дека и приватното производство, диктирано од буржоаската интелигенција, и државно контролираната продукција, контролирана од бирократијата, се одликуваат со практики на: 1. Фаворизирање еден предавател(испраќач), наспроти повеќе или, најчесто, многу приемници(приматели) на информациите; 2. Наметнување процес на деполитизација(при што деполитизацијата се третира негативно); 3. Имобилизирање на изолирани поединци(при што имобилизацијата и изолацијата се третираат негативно); 4. Пасивно однесување на потрошувачот(на информациите); 5. Централно контролирање на програмата; 6. Продукција од експерти(при што експертите се ставени во негативен контекст); 7. Контрола од бизнисот(центри на економска моќ) или бирократијата(центри на политичка моќ). 96 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ Последователно, еманципаторската улога на медиумите е претставена како нивна јукстапозиција, со антиципирани практики кои во времето од пред 50 години наликуваат на социјална утопија: 1. Секој приемник(примател) е можен предавател(испраќач); 2. Општествата имаат потреба од медиуми коишто ќе отворат процеси на политичко учење; 3. Мобилизацијата на масите се смета за пожелна; 4. Интеракцијата на учесниците во комуникацискиот процес е нужна(во спротивно ќе имаме само дистрибуција на информациите); 5. Програмата мора да се децентрализира; 6. Колективната продукција, со масите вклучени во производството на информации, треба да ги замени експертите; 7. Контролата треба да се остварува преку самоорганизација. Накратко, Енцесбергер смета дека во(тогаш) окованите маси е скриена огромна политичка и културна енергија којашто има потреба од ослободување. Тој бара да се стави крај на изолацијата на индивидуалните учесници во комуникацискиот процес, преку нивна мобилизација којашто, истовремено, ќе има: информативна, едукативна и политичка функција. Затоа, соодветно на технолошките можности на 1970-тите, Енцесбергер предлага комуникациски мрежи – маса од весници напишани и дистрибуирани од нивните читатели, како и телевизиски мрежи на политички активните групи, еден вид масовна партиципација ­потребна да се гарантира легитимитет на културната матрица до нивото на политичката култура што, согласно дефиницијата, овозможува квалитетен општествен поредок. МАСОВНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ, КОИ СЕ НА ДЕЛО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ, ЛЕСНО МОЖЕ ДА СЕ САМО ПРЕОДНА ФАЗА НА ЕМАНЦИПАТОРСКИОТ ПРОЦЕС. ЕДНОСТАВНО, АКО КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ ГЛАСЕШЕ: НЕ ДАЛИ МЕДИУМИТЕ СЕ МАНИПУЛИРАНИ, ТУКУ КОЈ ГИ МАНИПУЛИРА, ТОГАШ ВРЕМЕТО ВО КОЕ СЕКОЈ ПРИЕМНИК Е ПРЕДАВАТЕЛ И СЕКОЈ МОЖЕ ДА СТАНЕ МАНИПУЛАТОР, СПОНТАНО ГИ ЗАДОВОЛУВА МОДЕРНИТЕ УСЛОВИ ЗА САМООРГАНИЗАЦИЈА: ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ ПОВРАТНИ ВРСКИ, ПОВЕЌЕКРАТНИ ИНТЕРАКЦИИ И ДОВОЛНО ЕНЕРГИЈА ЗА ДА СЕ КОМПЕНЗИРА ЕНТРОПИЈАТА. НА ОВОЈ НАЧИН СЕ ОДРЖУВА ЈАВНА СФЕРА, СО ЕДНАКВИ ОСНОВИ ПРИ УЧЕСТВОТО ВО ЈАВНАТА ДЕБАТА. СЕКАКО, ОНА ШТО ПРЕОСТАНУВА Е ПРОФИЛИРАЊЕТО НА КОНЦЕПТ ЗА ОПШТОТО ДОБРО, ЦЕЛ КОЈА Е ПОКОМПЛЕКСНА И ОД МЕДИУМИТЕ, И ОД КОМУНИКАЦИСКИОТ ПРОЦЕС ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 97 Неколку децении подоцна оваа фикција е повеќе од реалност, овозможена токму од компјутерски посредуваните комуникации и социјалното вмрежување. Пристапот до Интернет како медиум стана доволно евтин и, соодветно на тоа, целосно отворен, а секој учесник во мрежата, истовремено, е и приемник и предавател. Интеракцијата е неограничена, мултимедијата, денес, вклучува текст, аудио и видео, протокот на информации е целосно децентрализиран, а експертите, дури и уредниците, колумнистите и новинарите, се заменети со мобилизирани поединци пред кои е поставен само еден услов – елементарна компјутерска писменост. На дело е еден масовен процес на размена на ставови и мислења кој Енцесбергер го нарекуваше политичко учење, а за кој Хабермас бараше неутрална зона во која приватни поединци ќе формулираат заедничка волја. Од листата која, денес, зрачи со импресивна далековидост останува да се моделира само седмиот конституент на еманципаторската улога на медиумите – контролата преку самоорганизација. Токму оваа, последна, алка во синџирот на еманципаторски вредности покажува слабост која е искористена од генераторите на лажни вести и поствистини. Но, масовните злоупотреби кои се на дело последниве години, лесно може да се само преодна фаза на еманципаторскиот процес. Едноставно, ако клучното прашање гласеше: не дали медиумите се манипулирани, туку кој ги манипулира, тогаш времето во кое секој приемник е предавател и секој може да стане манипулатор, спонтано ги задоволува модерните услови за самоорганизација: позитивни и негативни повратни врски, повеќекратни интеракции и доволно енергија за да се компензира ентропијата. На овој начин се одржува јавна сфера со еднакви основи при учеството во јавната дебата. Секако, она што преостанува е ­профилирањето на концепт за општото добро, цел која е покомплексна и од медиумите и од комуникацискиот процес. (Авторот е истражувач на социјалните импликации на новите медиуми, директор на Хабитат-Македонија и основач на Институтот за социјални иновации) 98 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ ПРИКАЗНИ СО ОПАШКИ ДРАГАН ПОПОВСКИ (Авторот е електроинженер, со карикатура се занимава педесет години. Покрај учества на изложби на карикатури во земјава и во странство, објавува во„Остен“,„Нова Македонија“,„Пулс“, „Утрински весник“,“Коза ностра“) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 99 ДАЛИ БИТКАТА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСTИ Е ЗАГУБЕНА? ЉУПЧО ПОПОВСКИ ЗЕМЕТЕ ЈА ПОСЛЕДНАТА КРИМИНАЛНА САГА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА СЕ НАРЕКУВА СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“. НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ДО КАКВИ ДОКАЗИ ДОШЛО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО ИСТРАГАТА, НО СИТЕ СЕ УБЕДЕНИ ДЕКА СКАПАТА ЧАНТА ШТО ЈА ИЗНЕСУВААТ БОЈАН ЈОВАНОВСКИ И ЗОРАН МИЛЕСКИ ОД ДОМОТ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ Е ПОЛНА СО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА. ЕДНА ВИДЕО СНИМКА ПОКАЖУВА КАКО НЕКОИ РАЦЕ БРОЈАТ ЕВРА(ИАКО НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ТОА СЕ СЛУЧУВА НА МЕСТОТО НА„ЗЛОСТОРСТВОТО“), ДРУГАТА ГИ ПОКАЖУВА ДВАЈЦАТА ОСОМНИЧЕНИ КАКО ИЗЛЕГУВААТ СО ЧАНТАТА В РАЦЕ. НЕМАМЕ НИКАКВА НАМЕРА ДА ТВРДИМЕ ДЕКА ВО ЧАНТАТА НЕМА НИШТО ИЛИ ДЕКА ТАА НАВИСТИНА Е ПОЛНА СО ЕВРА(ИАКО НЕМА НИКАКОВ ВИДЕО ДОКАЗ ДЕКА ТИЕ ПАРИ НАВИСТИНА ТОГАШ СЕ СТАВЕНИ ВО НЕА), НО ОВАА МАКЕДОНСКА ДРАМА СО ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ ВЛОГ, ГО ДОПИРА ТОЧНО ОНА ЗА ШТО ЗБОРУВА БЕН ЧЕНАН – ДЕКА ВИДЕО СЕКВЕНЦАТА СТАНУВА НЕПОБИТЕН ДОКАЗ КОЈ ВЛЕГУВА ВО СУДСКИОТ СООБРАЌАЈ Дилемата од насловот на овој текст во последниве десеттина години ги прогонува буквално сите – од политичарите, до уметниците, научниците, спортистите, големите и малите компании, конгломератите, обичните граѓани... Огромната моќ на социјалните мрежи, каде секој може да исконструира наводна вест која потоа како пожар се шири низ Интернетот, ги стави во искушенија сите општества на планетава, без исклучок. Но, за сега, нема решение за справување со лажните вести. А, многу е веројатно и дека тешко ќе се најде. Уметноста секогаш наоѓала начин преку филмови да ја прикаже драмата на една ера. Особено преку напнати трилери. Од почетокот на септември, Би-би-си емитуваше серија во шест епизоди која претставува вистинска драма која ги рефлектира нашите најлоши стравови околу манипулациите со видео доказите. Серијата се вика„The Capture“(буквалниот превод би бил, фаќање или заробување, но преносно може да се објасни и со доловување на одреден видео момент). Нејзиниот креатор, 100 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ Бил Ченан, вели дека бил инспириран од растечката свесност за брзата и едноставна видео манипулација.„Почнав да размислувам што ако ја комбинираме идејата дека сè што е онлајн може да биде хакирано со фактот дека видео доказот со голема брзина станува дел од нашиот судски систем? Доколку тие две работи се спојат, можат да креираат кошмарно сценарио“. Заплетот на драмата е доволно илустративен за она што се случува насекаде и што, сосем веројатно, ќе се случува. Еден британски војник е вовлечен во настани кои се надвор од негова контрола, а видео доказите сугерираат дека тој е виновен за страшен криминал. Една млада детективка се обидува да ја одвои вистината од фикцијата, но во исто време, да размислува дека е во опасност нејзината високопрофилна работа во противтерористичка единица. Одговорот, според серијата, е дека во своевидната кошмарна соба со огледала никому не треба да му се верува, дека секој е морално компромитиран и дека сè – од филмските снимки, до цели разговори, може да биде лажно. Некој ќе рече дека ова сценарио не претставува ништо ново, дека тоа го гледаме секој ден, но не забележуваме дека се навикнуваме на таквата реалност. Но, кога ваквата драма ќе биде ставена во напната телевизиска трилер серија, некако станувате свесни за сите опасности што не следат секој ден, во која реалноста многу лесно се претвора во фикција, а фикцијата во реалност. Еве, на пример, земете ја последната криминална сага во Македонија која се нарекува случај„Рекет“. Никој не знае до какви докази дошло Обвинителството во истрагата, но сите се убедени дека скапата чанта што ја изнесуваат Бојан Јовановски и Зоран Милески од домот на Орце Камчев е полна со стотици илјади евра. Една видео снимка покажува како некои раце бројат евра(иако не се знае дали тоа се случува на местото на„злосторството“), другата видео снимка ги покажува двајцата осомничени, кои сега се во притвор, како излегуваат со чантата в раце. Немам никаква намера да тврдам дека во чантата нема ништо или дека таа навистина е полна со евра(иако нема никаков видео доказ дека тие пари навистина тогаш се ставени во неа), но оваа македонска драма со голем политички влог, го допира точно она за што зборува Бен Ченан – дека видео секвенцата станува непобитен доказ кој влегува во судскиот сообраќај. Јавноста веќе одамна апсолвира дека тоа е крунски доказ за кој дури и не ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 101 треба да има истрага, туку главно прашање е кој уште треба да се обеси на таа низа. Ако Обвинителството води истрага, обидувајќи се да ја склопи приказната со докази, тоа е политички обвинувано дека нешто забошотува. Доколку веднаш излезе со заклучоци, ќе биде обвинето од правните експерти, па и од обичните граѓани, дека тоа се обидува да води сталинистички процеси. Во обата случаја вината се префрла врз обвинителите, затоа што јавноста бара крвав театар, во кој треба да паѓаат глави, без оглед дали нивната вина е докажана или не. Секако дека за останувањето во притвор на двајцата осомничени има докази. Би било страшно ако е поинаку, но публиката во гладијаторската арена ја интересираат само жртви, а многу малку вистината, без оглед во кои неверојатни правци таа може да отиде. Што е тоа лажна вест? Двата збора„лажни вести“ добија планетарна употреба за време на претседателската кампања во Америка во 2016 година, кога Доналд Трамп на тој начин ги оквалификуваше најпрофесионалните и, веројатно, најдобрите весници во светот –„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“, затоа што објавуваа текстови кои ги изнесуваа на виделина неговите лажни тврдења и полуинформации за одредени настани. Она што беше поткрепено со многу извори беше обелоденувано како лажно тврдење на претседателскиот кандидат. Истиот тој Трамп, за да ја отфрли вината, двата стожера на врвното новинарство ги нарече„лажни вести“. И, тоа на одушевување на голем број од неговите идни гласачи. Сите зборуваат за неа, но што вели социолошката и политичката наука што е тоа лажна вест? Објаснувањата се многу слични кај повеќето автори. Многу работи што ги читате на Интернет, особено при вашето хранење од социјалните мрежи, можеби изгледаат дека се вистинити, но честопати, не е така. Лажните вести се вести, приказни или измами создадени за намерно да ги дезинформираат или да ги измамат читателите. Обично овие приказни се создадени да влијаат врз ставовите на луѓето, да наметнат политичка агенда или да предизвикаат забуна и, често, може да бидат профитабилен бизнис за онлајн издавачи. Лажните вести може да ги измамат луѓето кога отвораат 102 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ веб ­страници кои изгледаат како доверливи, но користат слични имиња и веб адреси на реномирани новински организации. Во светот лажењето се прави, донекаде, пософистицирано, на приказната да се даде привид на вистина, поткрпена со наводни извори, додека во Македонија тоа се прави брутално и отворено и, во најголема мерка, е насочено да се оствари политички интерес. Летоска премиерот Зоран Заев на една чудна прес-конференција го претстави планот за борбата против лажните вести. Тоа, веројатно, е неговото најконтроверзно обраќање со многу празни места, кои никој не знаеше како ќе се пополнат. Можеби и затоа тој контроверзен план, во кој имаше и детали како во иднина ќе изгледаат прес-конференциите, беше брзо отфрлен како многу лоша замисла на неговите комуникациски стратези. Факт е дека количеството на лажни вести во државава расте со геометриска прогресија, не само на социјалните мрежи, туку и на оние веб страници кои официјално се претставуваат како новински портали и за борбата против нив треба да се направи нешто посупстанцијално, а не манифестациски. На пример, да не се прават такви крупни грешки како онаа со руските шегаџии. Кога ја соопштуваше МНОГУ РАБОТИ ШТО ГИ ЧИТАТЕ НА ИНТЕРНЕТ, ОСОБЕНО ПРИ ВАШЕТО ХРАНЕЊЕ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, МОЖЕБИ ИЗГЛЕДААТ ДЕКА СЕ ВИСТИНИТИ, НО ЧЕСТОПАТИ, НЕ Е ТАКА. ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ СЕ ВЕСТИ, ПРИКАЗНИ ИЛИ ИЗМАМИ СОЗДАДЕНИ ЗА НАМЕРНО ДА ГИ ДЕЗИНФОРМИРААТ ИЛИ ДА ГИ ИЗМАМАТ ЧИТАТЕЛИТЕ. ОБИЧНО ОВИЕ ПРИКАЗНИ СЕ СОЗДАДЕНИ ДА ВЛИЈААТ ВРЗ СТАВОВИТЕ НА ЛУЃЕТО, ДА НАМЕТНАТ ПОЛИТИЧКА АГЕНДА ИЛИ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ЗАБУНА И, ЧЕСТО, МОЖЕ ДА БИДАТ ПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС ЗА ОНЛАЈН ИЗДАВАЧИ. ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ МОЖЕ ДА ГИ ИЗМАМАТ ЛУЃЕТО КОГА ОТВОРААТ ВЕБ СТРАНИЦИ КОИ ИЗГЛЕДААТ КАКО ДОВЕРЛИВИ, НО КОРИСТАТ СЛИЧНИ ИМИЊА И ВЕБ АДРЕСИ НА РЕНОМИРАНИ НОВИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ одлуката за промена на името, Заев претстави јасна визија зошто треба да се направи тоа, поврзувајќи ја жртвата со влогот за иднината на државата. Неспорен факт е дека бројот на порталите кои се целосно инструментализирани во корист на опозицијата, постојано расте. Неспорен е и фактот дека тие безмилосно шират јакобински терор(сетете се само какво касапење доживеа Катица Јанева во нејзиното незамисливо потклекнување, како врвни опозициски политичари со однапред донесена своја пресуда, веќе ја нарекуваат„рекетарка“). Случајот„Рекет“, а потоа и финалето на преговорите околу судбината на СЈО, го изострија до крајни граници тој пропаганден терор што ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 103 се случува на јавната сцена, на која во едно прилично фрустрирано општество секој се пресметува со секого. На почетокот од 1790-тите, Француската револуција беше радикализирана поради војната на реакционерната Европа против новата република. И Христијан Мицкоски и Зоран Заев на некој начин се во слична ситуација со онаа во која се најдоа Дантон и Робеспјер, кои мислеа дека со воведувањето на смелиот терор ќе ја спасат револуцијата. Во овој терор не е поштедена ничија глава, утре ќе биде колвана и онаа што ги смислуваше сцените за гилотинирање. Сите работат за една цел – да се уништи сè што вреди и малку, и многу. Па, анархијата после, некако, ќе си најде свој ред. Но, како мисли Владата да се бори со овој радикализиран медиумски амбиент. Да поттикнува цензура? Таа работа конечно заврши на 27 април. Да охрабрува самоцензура? Во ова радикализирано и озлобено општество тоа е невозможно. Да ги брои прашањата што се поставуваат на владините прес-конференции? Тоа е најголемата заблуда од сите можни. Полицијата да повикува на информативен разговор новинари кои објавиле скандалозни материјали, како оној за генералниот секретар на Владата, е надвор од сите логики. Задоцнетата памет, сепак, доаѓа до некои заклучоци. Сега се гледа дека големиот отпор пред 4-5 години порталите да влезат во ПОРТАЛИТЕ ГО ПОТКОПАА МАКЕДОНСКИОТ ЖУРНАЛИЗАМ. А, ВО ОДРЕДЕНИ СЕГМЕНТИ И ГО УНИШТИЈА. СЕ РАЗБИРА, НЕ МОЖАТ СИТЕ ДА СЕ СТАВАТ ВО ЕДЕН КОШ, НО ВКУПНИОТ РЕЗУЛТАТ ОД НИВНАТА РАБОТА Е ПОРАЗИТЕЛЕН. ВО ОВА ДИГИТАЛНО ВРЕМЕ ТИЕ НАПРАВИЈА ИЗВОНРЕДНА РАБОТА ВО БРЗОТО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА УДАРНИТЕ ВЕСТИ, НО МНОГУ ЛОША, ИЛИ НИКАКВА, ВО НИВНОТО ОБЈАСНУВАЊЕ. ЗА ЖАЛ, ОГРОМНИОТ ДЕЛ ОД НИВ СЕ ПРЕТВОРИЈА ВО ДИРЕКТНИ ПАРТИСКИ ПЛАТФОРМИ, КОИ СО ЛАЖНОТО НОВИНАРСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ ИМААТ ЕДНА ЗАДАЧА – ПРОМОВИРАЊЕ НА ПАРТИСКИТЕ ЦЕЛИ И ОЦРНУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ рамките на некакво медиумско регулирање, предизвика огромна штета за новинарството. Духот што беше пуштен, кога поради партиските интереси пропадна обидот да се стават во некаква регулативна рамка опскурните портали, кои како некаква дива орда се платформи за општествен терор, како веќе да не може да се врати назад во шишето. Она што тогаш, можеби, изгледаше како прозорец за слободно мислење во еден режим, или простор за работно ангажирање на многу новинари, кои забрзано почнаа да остануваат без работа, или простор за политичка промоција од обете страни на спектарот – сега тоа 104 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ се претвора во самица за преживување. Редакции со по два-тројца луѓе, некои навистина професионалци, некои партиски платеници, некои обични авантуристи, некои едноставно нашле прибежиште, некои необразовани, некои преобразовани – сето тоа е ставено во една голема каша во која нема никакви правила. За објавеното никој не одговара, ниту, пак, помислува на тоа. Во оваа неверојатна густина на настани, можеби сте заборавиле на една опозициска епизода кога Христијан Мицкоски имаше неуспешен обид, а во основа пласираше лажна вест, кога без никаква потреба јавно го обележа човекот што е под истрага за злоупотребите на АКМИС, Владимир Панчевски, и најдиректно го смести во партиските регрути, велејќи дека тој може да биде нивен предлог за нов„специјален“ обвинител. Со тоа нанесе голема штета на неговата одбрана. Дури не може да се каже дека е грев кога, можеби, си сакал да иронизираш со судбините на други луѓе – тоа е безмилосна злоупотреба за сопствените амбиции. Таа епизода беше токму она што светските социолози го објаснуваат за лажните вести: дека тоа се приказни што се создадени за намерно да ја доведат во заблуда публиката, да промовираат пристрасно гледиште или одредена политичка кауза или агенда. Таа приказна со намерното доведување во заблуда на јавноста потоа беше масивно поткрепувана со текстови во опозициските портали, кои мораа да го испорачаат неопходното дополнително гориво. И овој случај, како и стотиците други, покажа дека порталите го поткопаа македонскиот журнализам. А, во одредени сегменти и го уништија. Се разбира, не можат сите да се стават во еден кош, но вкупниот резултат од нивната работа е поразителен. Во ова дигитално време тие направија извонредна работа во брзото пренесување на ударните вести, но многу лоша, или никаква, во нивното објаснување. За жал, огромниот дел од нив се претворија во директни партиски платформи, кои со лажното новинарско претставување имаат една задача – промовирање на партиските цели и оцрнување на другите. Обама бил опседнат со велешките страници за лажни вести Од објавувањето лажни вести може и добро да се заработува. Кога пред две години Си-ен-ен објави феноменална репортажа за ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 105 „светската престолнина на лажните вести“ – Велес, тоа беше само еден од низата новинарски докази како од една мала држава, како Македонија, може да се влијае на одреден начин врз изборите во најмоќната држава во светот – Америка. Тоа беше уште еден доказ колку продукцијата на лажни вести може да биде поголема од самата држава Македонија и сите нејзини маки: сиромаштијата, проблемот со името и блокадата на нејзината европска иднина, застрашувачката корупција, отфрлањето на владеењето на правото и неизвесните перспективи. Тоа е уште еден доказ дека нејзините осиромашени граѓани ги бараат сите можни начини да заработат пари, па макар тоа било и со продуцирање вести кои немаат никаква врска со вистината и може да предизвикаат и лични и општествени ломови. Имаше домашни новинарски истражувања за велешката фабрика на лажни вести, но за жал, тие не беа длабински(веројатно и поради сломот што се подготвуваше во трите највлијателни весници во тоа време). Во некоја рака, тука имаше одредено насладување во фактот што некои голобради момчиња од Велес ја измешаа претседателската трка во САД и му помагаа на милијардерот-аутсајдер Доналд Трамп. Дури и премиерот Зоран Заев еднаш несмасно изјави дека, ете, некои велешани нашле начин како да заработат убави пари. Тогаш прашањето за етичноста, дека некој заработува илјадници долари само со продуцирање на лажни вести, беше претставено на самиот раб на феноменот, за две години подоцна Заев да сфати дека тоа и нему, и на неговата влада, може да му донесе многу неволји, а нема стратегија или алатки како тоа да се спречи. Доналд Трамп, неодамна изјави дека на изборите во 2020 година негови„вистински опоненти“ нема да му бидат демократите, туку „лажните новински организации“.„Тие пишуваат што ќе посакаат, ретко користејќи извори, не прават веќе ,проверки‘. Тие ги земаат добрите вести и ги претвораат во лоши. Тие сега се зад лажното, тие се корумпирани“, напиша во еден бесен твит Трамп. Вистината, сепак, е поинаква. Повеќе важни светски медиуми објавија приказни дека момчињата од Велес се загреваат за 2020 година. Повторно се објавуваат стории за Велес за да се посочи колку 100-те веб страници креирани во овој град за опишување на настани коишто не се случиле, посредно помогнале САД да бидат водени од администрацијата на Трамп. Велешаните во 2020 година ќе 106 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ работат на реизборот на Трамп. Пред две години„Фејсбук“ затвори 30 страници од Македонија поради лажни вести, од каде што нивните автори ги калапеа доларите преку кликањето и банерите за огласи. Портпаролот на„Фејсбук“ тогаш за„BuzzFeed News“ изјави: „Овие случаи се дел од нашите тековни, глобални напори за откривање и спречување спам активности на нашата платформа, а не да се изолира Македонија“. Тоа внесе загриженост меѓу велешаните, но тие не се откажуваат и уште сега ја подготвуваат стратегијата за 2020 година, како да ги избегнат забраните на„Гугл“ и„Фејсбук“ и да се дообучат во презентирањето на лажните вести. Момчето, кое тогаш на репортерката на Си-ен-ен се претставило само со името Михаил, едноставно ја објасни филозофијата на тоа што го работи:„Не ми е гајле какви вести се тоа бидејќи луѓето ги читаат. Во врвот на кампањата заработував и по 2.500 долари дневно од огласите на мојата веб страница, имав 15 вработени и 1,5 милиони следбеници на ,Фејсбук‘.“ Тоа е брутално материјалистички, а моралноста е фрлена во бунар. Велешаните, всушност, не се грижат дали Трамп ќе победи или не, сè додека тоа им носи пари во нивните џебови. Тоа е пораката што Интернетот ја пренесува преку мрежата на лажни вести – нема никаква одговорност за последиците од постапките на поединците. Извонредниот американски магазин„Њујоркер“ пред две години објави текст под наслов:„Обама се пресметува со претседателството на Трамп“, во кој има еден пасус каде се објаснува улогата на велешките фабрики за лажни вести во Белата куќа. Во него се опишува за што разговарале Обама и политичкиот директор на Белата куќа, Дејвид Симас, додека патувале во Шарлот, во Северна Каролина, на неколку дена пред Изборите во ноември 2016 година, каде претседателот држеше говор за поддршка на Хилари Клинтон:„Тој ден, додека патуваа, Обама и Симас ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ МОЖАТ ДА БИДАТ ИЗВОНРЕДНА ХРАНА ЗА СЕКОГО – И ЗА ИНФОРМИРАНИТЕ, И ЗА НЕИНФОРМИРАНИТЕ. ЕДНОСТАВНО, СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ РАБОТИ СЕ ЛЕПАК ОД КОЈ ТЕШКО СЕ ОСЛОБОДУВАШ. НО, ТОА ИМА И СВОИ ПОСЛЕДИЦИ. ЕДНА НЕОДАМНЕШНА СТУДИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ „ПЈУ“ ОД САД ОТКРИ ДЕКА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ЛАЖНИ СЕЌАВАЊА – ДЕКА ЛУЃЕТО СЕ СЕЌАВААТ НА РАБОТИ КОИ НИКОГАШ НЕ СЕ СЛУЧИЛЕ. ПЛУС ДЕКА МНОГУ ЛУЃЕ ГИ ШИРЕЛЕ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ДУРИ И ТОГАШ КОГА ЗНАЕЛЕ ДЕКА СЕ ЛАЖНИ. И, ДЕКА МНОГУ ОД ИСПИТАНИЦИТЕ СЕ СЕЌАВАЛЕ САМО НА ОНИЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ КОИ ЈА ОЦРНУВАЛЕ СПРОТИВНАТА СТРАНА ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 107 зборуваа, речиси, опсесивно за една статија во ,BuzzFeed‘ која опишуваше како македонскиот град Велес доживеа ,дигитална златна треска‘ кога една мала група млади луѓе таму создаде повеќе од сто про-Трамп веб страници, со стотици илјади ,Фејсбук‘ следбеници. Овие сајтови имаа имиња како TrumpVision365.com и WorldPoliticus. com, а повеќето од постовите беа диво сензационалистички, рециклирани од американските алт-рајт сајтови. Ако ги прочитате овие сајтови ќе научите дека папата Франциско го поддржал Трамп и дека Клинтон, всушност, го охрабрила Трамп да се кандидира, бидејќи тој ,не може да се купи‘.“ Велешани тоа би можеле да го протолкуваат како почест – на неколку дена пред Изборите во ноември 2016 американскиот претседател Обама бил опседнат со нивните страници за лажни вести. Лажните вести можат да бидат извонредна храна за секого – и за информираните и за неинформираните. Едноставно, сензационалистичките работи се лепак од кој тешко се ослободуваш. Но, тоа има и свои последици. Една неодамнешна студија на Центарот за истражување„Пју“ од САД откри дека лажните вести може да предизвикаат лажни сеќавања – дека луѓето се сеќаваат на работи кои никогаш не се случиле. Плус дека многу луѓе ги ширеле лажните вести дури и тогаш кога знаеле дека се лажни. И, дека многу од испитаниците се сеќавале само на оние лажни вести кои ја оцрнувале спротивната страна. Таквите лажни сеќавања особено се распространети во општества кои се длабоко поларизирани. Неколку други студии покажуваат дека лажните вести продираат и во психологијата на граѓаните и тогаш дополнително ги делат општествата. Македонија е типичен пример за таа поделба, која на моменти изгледа дури и драматична. А, главната храна, освен лошите и премногу егоистични политичари, се токму лажните вести. (Авторот е новинар. Работел за„Нова Македонија“ и„Утрински весник“ /каде беше еден од петтемина основачи/. Сега работи во „Независен весник“ и пишува редовни колумни за Дојче веле) 108 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ СО КОНСОЛИДИРАН МЕДИУМСКИ ЕКОСИСТЕМ ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ГОРАН РИЗАОВ НАМЕСТО ДЕСЕТ КРЕДИБИЛНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ МЕДИУМИ ДА„ПОКРИЈАТ“ ЕДНА ТЕМА КОЈА Е ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНА ЗА ОПШТЕСТВОТО, СЕ НАЈДОВМЕ ВО СИТУАЦИЈА КОГА ТОА ГО ПРАВАТ ТРИЕСЕТ, НО ПРОСЕЧНИОТ КВАЛИТЕТ НА КРАЈНИОТ ПРОИЗВОД МОЖЕ ДА СЕ РЕЧЕ ДЕКА Е ТРИПАТИ ПОНИЗОК. ТАКА, ВСУШНОСТ, СЕ СОЗДАДЕ ПЛОДНА ПОЧВА ЗА РАЗВОЈ НА КВАЗИНОВИНСКИ КУЌИ, ЧИЈ ПРВ ПРИНЦИП Е ЦЕЛОСНО СПРОТИВЕН НА ПОТРАГАТА ПО ВИСТИНАТА, ОДНОСНО НИВНИОТ ПРВ ПРИНЦИП Е ИЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА, ЦЕЛОСНО ИГНОРИРАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ И СЛУГУВАЊЕ НА ОДРЕДЕН ЦЕНТАР НА МОЌ. ВАКВИТЕ КВАЗИНОВИНСКИ КУЌИ УСПЕВААТ ДА ГО НАМЕТНАТ СВОЈОТ НАРАТИВ ВО ЈАВНИОТ ПРОСТОР И ДА ЗАЗЕМАТ МЕСТО МЕЃУ МЕЈНСТРИМ МЕДИУМИТЕ ВО ЗЕМЈАТА Како резултат на серија случувања, несоодветни уредувачки политики, неквалитетно образование и, накратко кажано, склоп на околности кои доведоа до затворање на повеќе дневни весници и национални телевизии, македонските новинари, барем оние професионалните, се најдоа во ситуација да работат во мали редакции што вклучуваат до десетина луѓе севкупно и кои поединечно немаат доволно моќ, ниту време, целосно посветено да работат на првиот и основен принцип на новинарството – потрагата по вистината. Овде не зборуваме за вистината во апсолутна филозофска смисла, туку токму онака прецизно како што е напишано – потрагата по вистината што во новинарскиот јазик се дефинира како процес на дисциплинирано прибирање и верификување на факти, нивна анализа и презентација пред јавноста. Самиот медиумски пазар, кој, исто така, претрпе големи промени најпрво преку дигитализацијата, а потоа и преку популаризацијата на социјалните мрежи и на агрегаторите на вести како ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 109 ­главни извори на информирање, ги натера и дел од професионалните новинари во потрага по самоодржливост и опстанок во етерот да пребегнат кон малку„потолерантна“ состојба на умот кога станува збор за употребата на сензационалистички теми и т.н.„кликбејт“ наслови. Во таков склоп на околности и со ограничени ресурси, наместо десет кредибилни и професионални медиуми да„покријат“ една тема која е исклучително важна за општеството, се најдовме во ситуација кога тоа го прават триесет медиуми, но просечниот квалитет на крајниот производ може да се рече дека е трипати понизок. На тој начин, всушност, се создаде плодна почва за развој на квазиновински куќи, чиј прв принцип е целосно спротивен на потрагата по висината, односно нивниот прв принцип е изобличување на вистината, целосно игнорирање на процесот на верификација на фактите и слугување на одреден центар на моќ. Ваквите квазиновински куќи успеваат да го наметнат својот наратив во јавниот простор и да заземат место меѓу мејнстрим медиумите во земјата. Врамување на реалноста, а не кажување на вистината Асја Методиева, докторант на Централно европскиот универзитет(ЦЕУ), во својот труд, насловен како:„Преносителите на рускиот наратив во Западен Балкан“, како услови за успешен развој на мрежите за ширење на дезинформации и нивно влијание врз политиките на земјите од регионот ги дефинира токму слабите медиумски системи, ниското ниво на медиумска писменост и недостигот на транспарентност.(hpttp://www.gmfus.org/sites/default/files/publications/pdf/ Russian%20Narrative%20Proxies%20in%20Balkans.pdf) Во интервју за новинската агенција Мета, Методиева посочува дека кога станува збор за дезинформациите, голем проблем претставува самата нивна дефиниција.„Станува збор за градење на наративи, при што тоа повеќе е врамување на реалноста, а помалку е кажување на вистината“, вели таа. Дезинформациите станаа нешто што ги симплифицира сложените интеракции меѓу комплексните наративи, доверливи и измамнички извори и изложеност на јавноста на мрежа од реалности. Дезинформациите не се нужно хиерархиски феномен, секогаш не станува збор за лаги, туку за полувистини, или, пак, само 110 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ ­систематска замена на фактите со мислења, се вели во резимето на истражувањето. На прашањето колку се активни новинарите или медиумските здруженија во борбата против дезинформациите, односно дали механизмите за саморегулација применети од новинарската заедница се доволно добри за да се поправи оваа ситуација или, пак, треба да се воведе нешто друго, Методиева потсетува дека на едната страна имаме – машини, ботови, алгоритми, а од друга страна – новинари кои функционираат во ранливи медиумски системи. „Новинарите од Западен Балкан, честопати, ја пропуштат шансата да ја подигнат свеста за напорите на „НОВИНАРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН, ЧЕСТОПАТИ, ЈА ПРОПУШТААТ ШАНСАТА ДА ЈА ПОДИГНАТ СВЕСТА ЗА НАПОРИТЕ НА РУСКИТЕ ПРЕНОСИТЕЛИ ДА ПРОТУРКААТ МАНИПУЛАТИВНИ МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ ИЛИ ДА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛА ВРЗ РАЗЛИЧНИ ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ. ПОРАДИ МНОГУ ПРИЧИНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО СТРАВОТ ОД ГУБЕЊЕ НА РАБОТАТА. ЗАРАДИ ТОА, НОВИНАРИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПОДДРЖАНИ ОД ЛОКАЛНИТЕ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ЧИНИТЕЛИ ВО НИВНИТЕ НАПОРИ ДА ГИ ДЕТЕКТИРААТ И ОТСТРАНАТ ,ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ’ И ДРУГИТЕ ТИПОВИ НА ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ПРЕКУ КРЕИРАЊЕ НА ПОТТИЦИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА НОВИНАРСКИТЕ СТАНДАРДИ И УПОТРЕБАТА НА ФАКТИ“ руските преносители да протуркаат манипулативни медиумски содржини или да преземат контрола врз различни извори на информации. Поради многу причини, вклучувајќи го стравот од губење на работата. Заради тоа, новинарите треба да бидат поддржани од локалните и меѓународните чинители во нивните напори да ги детектираат и отстранат ,лажните вести’ и другите типови на лажни информации, преку креирање на поттици за промовирање на новинарските стандарди и употребата на факти“, вели Асја Методиева. Во нејзиното истражување сконцентрирано на три земји од регионот – Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, таа препознала четири клучни наративи кои се користеле во сите три земји: НАТО е агресор, ЕУ е институционално и политички слаба, Соединетите Американски Држави имаат намера да креираат голема Албанија, а Русија е сигурен партнер. Што е поголема изложеноста на популацијата на една земја на специфичен сет на наративи во медиумите, тоа поголеми се можностите за влијание врз општеството и врз политичкиот процес на донесување одлуки. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 111 Ваквите наративи влијаат негативно врз процесот на проширување на ЕУ, бидејќи преку нив се става под знак прашалник улогата на ЕУ како доминантен политички фактор во процесот на имплементација на клучните реформи. „На политичко ниво, перцепцијата за ЕУ во регионот сè уште е позитивна поради нејзината улога како инвеститор и како пазар за извоз. Но, иако на ЕУ се гледа позитивно во економски поглед, општиот песимизам доаѓа од нејасните изгледи за членство“, пишува Методиева. Таа тврди дека долгиот процес на чекање пред вратите на ЕУ и НАТО ги исцрпи општествата на Западниот Балкан, што остави простор за уште пошироко распространување на евроскептицизмот меѓу граѓаните. Во периодот пред референдумот за промена на името, Методиева открива„идентични антизападни/проруски наративи објавени на српски и руски онлајн извори“, пренесувани од страна на македонски онлајн медиуми. За начинот на којшто се нарушува локалниот медиумски екосистем и му се штети на новинарството, во истражувањето се заклучува дека кампањата„Бојкотирам“ влијаела врз можноста на гласачите да се запознаат со објективни содржини базирани врз факти и ги обесхрабрила да учествуваат во демократскиот процес. Таа на крајот го цитира Институтот отворено општество во Софија, кој на индексот на медиумска писменост, објавен во 2018 година, Македонија ја смести на последното место, посочувајќи го високото ниво на ранливост од дезинформации.„Опасноста од имањето медиумска средина која е загадена со манипулативни пораки, наместо со реални политички аргументи, може да има долгорочни последици врз кревките демократски процеси во Северна Македонија“, заклучува Методиева. Младите не им веруваат на медиумите Борбата со дезинформациите во земјава, сепак, не е непостоечка. Покрај тоа што тврдењето дека најдобар начин за борба со дезинформациите, всушност, е професионалното и квалитетно новинарство е – точно. Но, се поставува прашањето: дали е тоа доволно. Фондацијата„Метаморфозис“, преку своите медиуми и проектни активности повеќе години активно е вклучена во оваа борба. 112 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ Особено внимание во последниот период се обрнува на ширењето на дезинформациите во целиот регион. Поради тоа, „Вистиномер.мк“, агенцијата„Мета.мк“ и порталот на албански јазик „Порталб.мк“, работат на разобличување на дезинформациите во однос на земјата кои потекнуваат од земјите од регионот. Во истражувањето на словачкиот институт„Глобсек“, насловено како„Од онлајн бојно поле – до губење на довербата“, медиумите и онлајн заедниците се дефинирани како„единствени фактори кои играат клучна улога во спротивставувањето на дезинформациите во Македонија“.(https://www.isac-fund.org/wp-content/ uploads/2018/12/From-Online-Battlefield-to-Loss-of-Trust-1.pdf) Истражувањето посочува на потребата за соработка и координација меѓу: медиумите, државните институции, граѓанскиот сектор и другите чинители. Истражувањето, всушност, е сконцентрирано околу перцепциите и навиките на младите во осум европски земји во однос на медиумите, и тоа во: Босна и Херцеговина, Чешка, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Полска, Србија и Словачка. Во заклучоците се констатира дека најголем број од младите во овие земји не им веруваат на медиумите. Тие, исто така, тврдат дека прават проверки на информациите пред да поверуваат во вистинитоста на некој напис. Кога пребаруваат информации, младите доминантно ги користат онлајн изворите, веб страници, мобилни апликации за вести или социјални медиуми, а сè понепопуларни се традиционалните медиуми, како: телевизијата, радиото или весниците. Она што е особено поразително е дека младите повеќе им веруваат на странските медиуми или на домашните медиуми во сопственост на странска компанија. Иако најголем дел од нив се свесни за обидите за манипулација преку ширење дезинформации, не сите имаат јасна претстава за опсегот на овие активности и нивното влијание. Младите сметаат дека ширењето на дезинформациите и манипулациите во информирањето не е автоматски поврзано со странски субверзивни елементи. Тие, главно, гледаат на„лажните вести“ и дезинформациите во смисла на потрага по профит. Главно, сите одговориле дека не учествуваат активно во пријавувањето на дезинформациите на социјалните медиуми. Младите од Македонија тврделе дека игнорирањето на дезинформациите ќе го намали ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 113 ­нивниот дострел. Забележана е и тенденција кај младите да не им веруваат на социјалните мрежи како извор на информации, а дел од нив поради тоа намерно го ограничуваат времето кое го поминуваат на социјалните мрежи. Еден од учесниците во фокус групите организирани во Северна Македонија, во рамки на истражувањето посочил дека„македонските ,мејнстрим’ њуз-портали се дизајнирани за неедуцирани луѓе кои лесно можат да бидат изманипулирани“. Владите како извор на дезинформации Во рамки на своите регионални напори за разобличување на дезинформациите и објавување на изворите на дезинформации на ниво на регионот,„Метаморфозис“ направи серија интервјуа со повеќе претставници на организации кои се занимаваат со борба против дезинформациите. Заклучокот на повеќето од нив е дека властите во овие земји не преземаат, речиси, ништо за заштита на граѓаните од вакви манипулации, додека напорите на граѓанскиот сектор се ограничени. Што е уште позагрижувачко, дел од нив велат дека самите влади се оние кои ги формираат лажните наративи. Така, Синиша Дедеиќ, „Истиномер“, портал за јавна отчетност и транспарентност, дел од ЦРТА, Србија, вели дека бројот на дезинформациите пласирани од повеќето медиуми блиски до властите во Србија е толку голем што попрво може да се зборува за еден вид симулација на реалноста, отколку за индивидуални случаи на медиумски манипулации. „Од највисоките кругови на власта скоро секој ден се пласираат голем број на такви креирани информации кои потоа немилосрдно се реобјавуваат од медиумите со МЛАДИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ШИРЕЊЕТО НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ И МАНИПУЛАЦИИТЕ ВО ИНФОРМИРАЊЕТО НЕ Е АВТОМАТСКИ ПОВРЗАНО СО СТРАНСКИ СУБВЕРЗИВНИ ЕЛЕМЕНТИ. ТИЕ, ГЛАВНО, ГЛЕДААТ НА„ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ“ И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО СМИСЛА НА ПОТРАГА ПО ПРОФИТ. ГЛАВНО, СИТЕ ОДГОВОРИЛЕ ДЕКА НЕ УЧЕСТВУВААТ АКТИВНО ВО ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ. МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ТВРДЕЛЕ ДЕКА ИГНОРИРАЊЕТО НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЌЕ ГО НАМАЛИ НИВНИОТ ДОСТРЕЛ. ЗАБЕЛЕЖАНА Е И ТЕНДЕНЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ ДА НЕ ИМ ВЕРУВААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ КАКО ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ, А ДЕЛ ОД НИВ ПОРАДИ ТОА НАМЕРНО ГО ОГРАНИЧУВААТ ВРЕМЕТО КОЕ ГО ПОМИНУВААТ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 114 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ ­национална фреквенција, потпомогнати од печатените медиуми кои нескриено ја поддржуваат актуелната власт. Овој вид на немаскирана пропаганда претставува магистрален пат за информирање на повеќето граѓани, кои немаат можност, или заинтересираност, да го проверат тоа што им е соопштено“, вели Дедеиќ. Ненад Шебек, меѓународен консултант за медиуми и цивилно општество, кој претходно работел како директор на Фондацијата „Хеинрих Бол“, а има и долгогодишно искуство како новинар, вели дека исто како што Србија во голема мерка е„заробена држава“, така и медиумите во земјата се огледало на таа несреќа, и под контрола на актуелната владејачка елита. На прашањето дали вашата влада има план за борба против дезинформациите и колку тој е активен, Шебек одговара дека„дури и ако има таков, тоа би било добар виц, бидејќи главниот манипулатор е самата влада“. Инаку, српските таблоиди и нивните онлајн изданија се главните извори за дезинформации кои се пренесуваат во македонските квазимедиуми. Таков беше случајот и со огромниот број на дезинформации поврзани со аферата„Рекет“, која е сè уште актуелна. Состојбата со дезинформациите во Грција не е многу различна од онаа во Србија. Во интервјуто со Теодорос Данилидис и Танос Ситистас од„Ellinika Hoaxes“, најпознатата грчка веб страница која се занимава со разоткривање на лажните вести и дезинформации, тие објаснуваат дека Грците, за жал, премногу лесно може да поверуваат во лажните вести. Тие велат дека ниту една грчка влада до сега не се обидела да спроведе било какви мерки за контрола на лажните вести, а повеќето од нив само го игнорираат проблемот. Според нив, популизмот и лажните вести обично одат рака, под рака.„Грција е ранлива на двете, па затоа не беше изненадување кога избравме неонацистичка партија во нашиот Парламент, или политичар кој ја заснова својата реторика врз теориите за заговор и врз лажните вести. Лажните вести се ,бомба’ во темелите на демократијата поради едноставната причина што погрешно информираниот, граѓанинот, не може да донесува вистински одлуки за себе и за својата земја“, велат тие. Слична е состојбата и во: Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Колорето Цукали, раководител на Албанскиот совет на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 115 медиуми, вели дека најголемата фабрика за дезинформации во Албанија е албанската Влада, градот Тирана и политичките партии. Според него, елиминирањето на медиумската неписменост кај албанските граѓани е долга и макотрпна работа, бидејќи е неопходно да се отстранат факторите што ја предизвикале таа неписменост: лошиот образовен систем, колапсот на општествените вредности, недостатокот на алтернативни информации и уништувањето на новинарството. Впрочем, тој вели дека Владата на Албанија не планира да се бори против дезинформациите, бидејќи не може да влезе во војна самата со себе. Потребен е заеднички напор Анализата покажува дека, од регионот, единствено во Северна Македонија Владата покажала јавен интерес, па дури и презентирала предлог-мерки, односно некаков план за борба против дезинформациите. Мерките од овој план, барем засега, се споменати само еднаш, и тоа декларативно, во јули годинава на прес-конференција во Владата. Реакцијата на скоро сите: медиуми, здруженија на новинари и организации, познати новинарски имиња и уредници беше исклучително остра и сите едногласно го одбија ваквиот план, тврдејќи дека тоа води кон цензура и мешање на Владата во слободата на изразување. Тоа и е легитимна причина за загриженост, но постојат повеќе примери од други земји каде владите преземаат конкретни мерки во борбата со дезинформациите и тоа со поддршка на медиумската заедница. Така, на пример, во Ирска уште од 2017 година постои закон кој забранува машинско креирање на повеќе лажни профили на социјалните мрежи преку кои се шират политички пораки. Според овој закон, ако користите„бот“ за креирање на 25 или повеќе лажни профили на социјалните медиуми, можете да добиете до пет години затвор, или казна до 10.000 евра. Во Холандија од февруари 2019 година Владата започна со кампања за информирање на граѓаните за ширењето на дезинформации на Интернет. Кампањата беше објавена само неколку месеци пред Парламентарните избори во ЕУ и, главно, фокусирана на социјалните медиуми. 116 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ Во Белгија, Владата во 2018 година формираше експертска група и, исто така, започна со објавување на кампања за зголемување на медиумската писменост. Во експертската група членуваат новинари и членови на академската заедница, а нивна цел е да најдат решение за намалување на влијанието на дезинформациите. Тие објавија и веб страница преку која ги информираат граѓаните за дезинформациите, а организираа и јавна расправа за проблемот. На почетокот на оваа година, канадската Влада креираше работна група(Task Force) која ги известува останатите државни агенции за обиди за дезинформации на јавноста во ЗА ПРЕЗЕМЕНИТЕ МЕРКИ ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ И ЗА НИВНАТА ЕФЕКТИВНОСТ И ЕФИКАСНОСТ СÈ УШТЕ НЕМА ДОВОЛНО ИНФОРМАЦИИ. МАКЕДОНСКОТО РЕШЕНИЕ МОЖЕ ДА БИДЕ УНИКАТНО И НЕ МОРА ДА ГИ СЛЕДИ ВАКВИТЕ ПРИМЕРИ. ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ИГНОРИРАЊЕТО НА ПРОБЛЕМОТ Е МНОГУ ПОСТРАШНО И СО ПОДАЛЕКОСЕЖНИ ПОСЛЕДИЦИ. ЗА УСПЕШНОСТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ МРЕЖАТА НА ПОВРЗАНИ АКТЕРИ КОИ НЕУМОРНО РАБОТАТ НА: ПОЛАРИЗАЦИЈА, ПОДЕЛБА И РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВОТО, ПОТРЕБНО Е НА ДРУГАТА СТРАНА ДА ИМА, ИСТО ТАКА, МРЕЖА НА: МЕДИУМИ, ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, ОБРАЗОВНИ, НО И ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ предизборен период. Потоа, Владата, исто така, ги повика социјалните медиуми да направат повеќе напори во борбата против дезинформациите и, трето, Владата најави седум милиони долари за проекти кои се насочени кон зголемување на јавната свест за дезинформациите во онлајн просторот. Ова се само некои од примерите за преземање мерки, за чија ефективност и ефикасност сè уште нема доволно информации. Македонското решение може да биде уникатно и не мора да ги следи ваквите примери. Во секој случај, игнорирањето на проблемот е многу пострашно и со подалекосежни последици. За успешност во борбата против мрежа на поврзани актери кои неуморно работат на поларизација, поделба и разобличување на општеството, потребно е на другата страна да има, исто така, мрежа на: медиуми, граѓански здруженија, образовни, но и државни институции. (Авторот е раководител на програмата Медиуми за демократија во Фондацијата„Метаморфозис“) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 117 ПОЛИТИКАТА И ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ НА ИНТЕРНЕТ ЦВЕТАНКА РАДИНОВСКА ПАНОВА НАОДИТЕ ОД НЕОДАМНЕШНАТА АНКЕТА ЗА„ИПСОС“, СПРОВЕДЕНА ВО ИМЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА МЕЃУНАРОДНО ИНОВАТИВНО УПРАВУВАЊЕ (CIGI), ОТКРИВААТ ДЕКА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ СЕ ГЛОБАЛНА ЕПИДЕМИЈА И ДЕКА НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ Е ШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТО. АНКЕТАТА, КОЈА СЕ СОСТОЕЛА ОД НАД 25.000 ИНТЕРВЈУА ВО ПОВЕЌЕ ОД 25 ДРЖАВИ, ОТКРИВА ДЕКА 86% ОД АНКЕТИРАНИТЕ ГРАЃАНИ ВЕРУВААТ ДЕКА БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ НА ИНТЕРНЕТ. МЕЃУ НИВ, ДЕВЕТ, ОД ДЕСЕТ ГРАЃАНИ ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА ПРВИЧНО, БАРЕМ ЕДНАШ, ВЕРУВАЛЕ ДЕКА ВЕСТИТЕ СЕ РЕАЛНИ. НАВИСТИНА, ВАКВИТЕ РЕЗУЛТАТИ СУГЕРИРААТ ДЕКА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ СЕ ВТКАЕНИ ДЛАБОКО ВО СТРУКТУРАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ, ОСОБЕНО НА FACEBOOK, КАДЕ ШТО ДУРИ ДВЕ ТРЕТИНИ ОД АНКЕТИРАНИТЕ, ИЛИ 67%, НАВЕДУВААТ ДЕКА СРЕТНАЛЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ Какво влијание, денес, имаат лажните вести врз политиката? Дали можат да ги одредат политичките текови и да го креираат јавното мислење? Кој ги креира лажните вести, за какви потреби и цели и како да ги препознаеме? Феноменот наречен лажни вести не е непознат на територијата на Република Северна Македонија. Пред Претседателските избори во 2016 година во Соединетите Американски Држави, синоним за ширењето на намерни лажни вести, стана младата популација од градот Велес. Четири години по објавувањето на лажните вести за Претседателските избори во Америка, сè уште се актуелни ширум светот тинејџерите од Велес кои ги креираа и споделуваа„новостите“ на социјалните мрежи. Велес или фабрика за дезинформации. Во текот на политичката кампања која се водеше во САД, според истражувањата на неколку светски новинарски агенции, се покажа дека повеќе од двесте млади велешани организирано преку креирани веб портали и 118 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ facebook-групи имале огромно влијание врз изборот за американскиот претседател. „Помошта“ на еден од претседателските кандидати или„штетата“ која беше направена на противкандидатот, беше сторена. Претседателскиот кандидат на кој му одеа во прилог ваквите вести, успеа да го зголеми својот рејтинг и de facto стана претседател на Соединетите Американски Држави. Известувањата беа на англиски јазик, како јазик кој го разбира, речиси, цела популација на планетата, за што не беше потребен превод на друг јазик. Иако и: францускиот, германскиот, италијанскиот, шпанскиот јазик се користат во светот, најголемиот број на Македонци, поконкретно велешаните во случајов, сепак го употребија англискиот јазик како уште почест од претходно наброените, кој се користи со најширок домет на употреба на најголема територија во светов и им овозможи деноноќна читаност на лажните информации. На овие„автори“ единствено им беше потребен Интернет, како ресурс кој не бара посебни вештини за употреба. Нивната цел и намера, според нивни тврдења, не им била американската политика, ниту, пак, ги интересирала победата на некој од кандидатите, туку единствена причина поради која секојдневно отворале нови кориснички профили и веб страници била паричната корист. Со создавањето на ваквите вести и енормниот број на кликови од страна на американските гласачи за време на изборната кампања, на објавувачите и споделувачите, им донесоа огромни профити. Дел од творците на овој вид вести при нивните интервјуа појаснуваа дека заработката која ја добивале за еден ден била поголема од македонската просечна месечна плата. Младите велешани се стекнаа со парична корист од: објавувањето, следењето и прегледите на лажните вести, а„санкцијата“ која ја добија беше само згаснување на нивните веб портали и facebook страници. Иако ваквите вести се демантираа од страна на политичките субјекти на кои тие се однесуваа, тие информации веќе го креираа политичкиот тек во едно многу големо општество – Соединетите Американски Држави. Цукерберг,„Фејсбук“ и лажните вести од Македонија Основачот на социјалната мрежа facebook, Марк Цукерберг, во неколку свои интервјуа има изјавено дека во Македонија се ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 119 ­откриени голем број лажни кориснички профили што генерирале лажни вести. Еден од насловите низ медиумите, кои пренесуваат изјава од Марк Цукерберг е следниов:„Цукерберг уште има кошмари од велешаните.“ 1 Информациите поврзани со кампањата за Претседателските избори во САД во 2016 година, го поттикнаа facebook да изработи алатки за препознавање на лажните вести. Во контекст на ова, основачот смета дека треба да има и строга регулација за вестите кои ни се појавуваат на социјалната мрежа, бидејќи станува збор за масовен проблем. Преку оваа изјава јасно се согледува дека„активностите“ што ги вршеле младите велешани навистина имале огромна детонација во светски рамки и креирале јавно мислење кај голем број од популацијата, што дури го натераа основачот на најпопуларната социјална мрежа да воведува измени и да ја заштитува најпознатата социјална мрежа во светски рамки од објавувачите на непроверени и неточни информации. Во насока на ова, во јануари 2017 година и неколку западноевропски држави,„исплашени“ од лажните вести веќе пласирани за време на Претседателските избори во 2016 година во Соединетите Држави, склучија договор со facebook за да ги спречат лажните вести за време на нивните избори, односно кандидати и политички партии. Повеќе од очигледно е дека во светски рамки се преземаат големи чекори за заштита од лажните вести, а во таа насока и Европската комисија, пред Изборите за Европскиот парламент, кои се одржаа од 23 до 26 мај 2019 година, преку претседателот Жан-Клод Јункер испрати јасна порака и им објави војна на лажните вести. Глобална анкета на„Ипсос“ Наодите од неодамнешната анкета за„Ипсос“, спроведена во име на Центарот за меѓународно иновативно управување(Cigi), откриваат дека лажните вести се глобална епидемија и дека нивното влијание е широко распространето. Анкетата, која се состоела од над 25.000 интервјуа во повеќе од 25 држави, открива дека 86% од анкетираните граѓани веруваат дека биле изложени на лажни вести на Интернет. Меѓу нив, девет, од десет граѓани, или 86%, пријавиле 1 http://www.adtodate.mk/mk/record.php?mv=12&id=1523 120 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ ДЕНЕШНИТЕ ОПШТЕСТВА КОИ НЕ СЕ ПРАВНО И МОРАЛНО ЗАШТИТЕНИ ОД ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ И НЕ РАБОТАТ НА СОЗДАВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИ ЗА НИВНО СУЗБИВАЊЕ, МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА СЕ НАПАДНАТИ ОД БОЛЕСТА РАК, КОЈА СО ОГРОМНА БРЗИНА МЕТАСТАЗИРА ПРЕКУ ONLINE МЕДИУМИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И СОЗДАВА НЕФУНКЦИОНАЛНО ОПШТЕСТВО. СПОРЕД ТОА, СТАНУВА ОЧИГЛЕДНО ДЕКА ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ КАТЕГОРИИ ЛУЃЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА КОИ ИМААТ ПОТРЕБА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕДИУМСКАТА КУЛТУРА, ОСОБЕНО СО ОГЛЕД НА ФАКТОТ ДЕКА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ИМ СЕ ГЛАВЕН ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ – СЕ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ. ОВА ОД ПРИЧИНА ШТО МЛАДИТЕ ПРЕТСТАВУВААТ СТОЖЕР НА ЕДНА ДРЖАВА И ТРЕБА АКТИВНО ДА ПРИДОНЕСУВААТ ЗА НЕЈЗИНИОТ ОПСТАНОК И РАЗВОЈ дека првично, барем еднаш, верувале дека вестите се реални. Навистина, ваквите резултати сугерираат дека дезинформациите се ткаени длабоко во структурата на социјалните медиуми, особено на facebook, каде што дури две третини од анкетираните, или 67%, наведуваат дека сретнале вести со лажна содржина. Други вообичаени извори на лажни вести кои ги детектирала оваа анкета, се: платформите за социјални медиуми(65%), веб страниците(60%), Youtube(56%) и телевизијата(51%). Анкетата спроведена на глобално ниво покажува и дека огромно мнозинство од граѓаните(87%) кои биле анкетирани, сметаат дека лажните вести се шират преку Интернет и негативно влијаат врз политичкиот дискурс во нивната земја – 83%. Меѓу оние кои сметаат дека ваквите вести имаат негативно влијание врз политиката во нивната земја, вината за изворот на лажните вести и нивно ширење ја префрлаат на големите и развиени земји, како што се: САД(35%), Русија(12%) и Кина(9%). Интересно е дека Канаѓаните (59%), Турците(59%), а и самите Американци(57%), за најодговорни за ширењето на лажни вести ги сметаат Соединетите Американски Држави. Од друга страна: Хонгконг(39%), Јапонија(38%) и Индија (29%), ја обвинуваат Кина, додека граѓаните на Велика Британија (40%) и Полска(35%) сметаат дека Русија е главен креатор на лажните вести. Тогаш не е изненадувачки што повеќето граѓани на глобално ниво возвраќаат со противмерки насочени кон спречување на лажните вести, особено на оние кои се објавуваат на социјалните медиуми, така што четири, од пет граѓани го поддржуваат прекинувањето на сметките-сервисите за социјални медиуми и услугите за споделување на видеа, поврзани со лажни вести(84%), како и ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 121 ­отстранување на лажни објавувања или твитови, на социјалните мрежи и веб страниците за споделување услуги на видео(85%). Огромното м­ нозинство(87%), исто така, поддржуваат подобра едукација за корисниците на Интернет за тоа како да ги идентификуваат лажните вести. Иако многумина би сакале да видат што е веќе направено, полицијата да открие кој стои зад лажните вести и да утврди што претставуваат лажни вести, сепак се свесни дека тоа претставува голем предизвик. Не постои јасен консензус, бидејќи најголем процент сметаат дека ова треба да биде под надлежност на владата(17%) или да биде одговорност на самите корисници на Интернет(16%). 2 Стратегија за реформи Имајќи го предвид наведеното, несомнено е јасно дека е неопходно подобрување на законската регулатива во нашиот правен систем во насока на заштита од неетичкиот формат на изразување, кој денес со молскавична брзина со помош на социјалните мрежи се шири помеѓу популацијата и тоа не само во рамки на нашата држава, туку и на глобално ниво. Доколку не се сфати сериозно потребата од регулација на online просторот и градење на стратегија за заштита од лажните вести и спречување на нивно ширење, Република Северна Македонија се соочува со сериозен проблем кој во одреден временски момент – дали по нечија директива, заради политички цели или други одредени интереси – чека да биде активиран. Во Република Северна Македонија има примери каде што нерегистрирани веб портали и facebook групи креираат и шират лажни вести и со самото тоа го обликуваат политичкото мислење кај голем број граѓани. Во насока на овие наводи одат и сите случувања околу кампањата за американските Претседателски избори и иако мислиме дека сето тоа е завршено и не нè засега нас во нашата држава, доволно е само да помислиме дека во земја со неполни два милиони жители постои добро испраксирана млада„сајбер-војска“ која чека да биде активирана во некој важен момент, било од материјални или од идеолошки причини и да придонесе за креирање на ј­авното 2 https://www.ipsos.com/en-us/news-polls/cigi-fake-news-global-epidemic 122 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ мнение или, пак, за промена на некои политички текови, како што беше тоа сторено на Претседателските избори во Америка. Очигледно е дека ширењето на лажните вести има за цел да манипулира со граѓаните и да внесе: омраза, страв и паника. Сè почесто е атакувањето врз државни функционери и/или политичари пред време на избори, преку лажни вести на социјалните мрежи кои се користат за пристрасност на гласовите. Ваквите вести во нашата држава најчесто може да се забележат за време на п­ редизборниот период кога на социјалните мрежи се појавуваат текстови со сензационални наслови, а доколку се согледа нивната суштина се воочува дека тие не соодветствуваат со реалноста, при што се доаѓа до заклучок дека таквите вести доаѓаат по нечија нарачка за предизвикување на некаква цел. Повеќе од очигледно е дека лажното информирање на јавноста се прави со некоја цел и од одредена група за намерно да има влијание врз одредени политички случувања и тие во модерното време претставуваат моќно оружје за елиминација – пораз на политичките противници-опоненти. Очигледно е дека борбата на државниот систем против овие вести мора да биде на повисоко ниво – поригорозна и построга. Република Северна Македонија мора поинтензивно да се ангажира околу подготовката на адекватна правна рамка со која во голема мера би се спречило ширењето на лажните информации. Гореспоменатите примери се сосема доволни индикатори кои бараат активни, но и транспарентни мерки за нивно сузбивање. Во овој контекст, медиумите мора да имаат саморегулација за заштита од прием и преобјавување на вакви вести и натамошно нивно ширење, а со самото тоа и пласирање на овие вести при креирањето на политичкото мислење на граѓаните. Државата мора заедно со здруженијата на новинари да постави здрави темели за изградба на регистар на online медиуми и нивна законска регулација, како би дошло до поголема правна сигурност, а со самото тоа до спречување на нанесувањето на огромни штети на политичките субјекти од објавувањето на лажните вести, а потоа и оневозможување на создавање на општество изградено врз лажни темели, кое нема иднина и просперитет. Поради наведеното, нужно е стручните лица, како што се: професионалните новинари во вистинска смисла на зборот, ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 123 ­претставници од невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика, како и(универзитетски) професори по: новинарство, право, етика, социологија, да одржат работни средби во кои би се направил план, односно стратегија во која врвен приоритет ќе биде зголемувањето на заштитата од неетичките„новости“. Единствено овие професионалци се компетентни да дадат насоки и препораки за надминување на честата појава на неточни вести, со кои ќе ги ­образоваат примачите како да препознаат лажни вести и каде, и како да ги пријават. Имајќи го предвид горенаведеното, се воочува дека е насушна потребата од поголема заштита на македонските граѓани од овие неточни известувања и јасно и прецизно информирање за штетите кои може да произлезат. Употребата на сериозен мониторинг од страна на државата ќе овозможи полесно детектирање на невистинитите вести, но и нивно искоренување. Ова е од големо значење за целокупното македонско општество од причина што доколку граѓаните примаат: навремени, точни, веродостојни и проверени информации, политичките чинители ќе можат полесно, и на подолг рок да ги планираат и градат политиките за просперитет на државата. Доколку не се изгради стратегија која на долг рок ќе донесе резултати за заштита од лажните вести, државата може да се соочи со огромен проблем, да се дозволи мали групи, со ним позната цел, да имаат огромно влијание врз македонските граѓани со објавувањето на лажни вести и креирање на јавното мислење. Закана по безбедносните системи на државите Тоа е комплексна постапка која при својата имплементација треба да се сети на„белегот“ што го оставија лажните вести за Претседателските избори во 2016 година во Соединетите Американски Држави. Детектираните слабости од изминативе години од областа на новинарството треба да бидат разгледувани со висок степен на внимание, за што треба да постои силна волја за консултации, бидејќи ситуацијата е веќе алармантна. Во оваа насока, во заштитата од лажните вести активна улога треба да имаат и судовите во Република Северна Македонија кои ќе ги казнуваат објавувачите на овие вести и со тоа превентивно, и на генерален, и на специјален начин, ќе влијаат кај останатите лица кои би преземале дејствија во насока на објавување на лажни вести. 124 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ Исто така, во време кога на Балканот има премногу отворени прашања, невистинитите информации претставуваат и вистинска закана по безбедносните системи на државите од каде што потекнуваат, од причина што може да доведат и до повторно разгорување и ширење на тензии помеѓу државите на кои се однесуваат, кои сè уште се ранливи и неизлечени од неодамнешните случувања и истите да бидат конфронтирани. Очигледно е дека лажните вести претставуваат едно од најмоќните оружја на денешниот модерен свет и дека имаат огромно влијание врз креирањето на политиките во едно општество, а сето тоа благодарение на дигиталната технологија и брзината со која тие стигнуваат до таргет групите. Денешните општества кои не се правно и морално заштитени од лажните вести и не работат на создавање на механизми за нивно сузбивање, слободно може да се каже дека се нападнати од болеста рак, која со огромна брзина метастазира преку online медиумите и социјалните мрежи и создава нефункционално општество. Следствено на сè горе наведено, станува очигледно дека една од најважните категории на луѓе во заедницата кои имаат потреба за подобрување на медиумската култура, особено со оглед на фактот дека социјалните медиуми им се главен извор на информации, се младите луѓе. Ова од причина што младите претставуваат стожер на една држава и треба активно да придонесуваат за нејзиниот опстанок и развој. ТЕНКА Е ГРАНИЦАТА ПОМЕЃУ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА И СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ, ОД ШТО ПРОИЗЛЕГУВА И НИВНИОТ ЧЕСТ(ПРАВЕН И ЕТИЧКИ) СУДИР. НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБОРАВИ И ЧЛЕН 10, СТАВ 2, ОД ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ. КЛУЧНА ЦЕЛ НА РЕФОРМИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ, ОД ЕДНА СТРАНА РАЗВОЈОТ НА СЛОБОДНАТА МИСЛА, А ОД ДРУГА ДА ПОСТОИ И (ПРОФЕСИОНАЛНА И ЛИЧНА) ОДГОВОРНОСТ. ПОРАДИ ТОА, ВАЖНО Е ПРИ ЗАШТИТАТА ОД ВАКВИТЕ ВЕСТИ, ДРЖАВАТА ДА ВОДИ ГРИЖА ДА НЕ СЕ ОГРАНИЧИ СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ НА ИЗРАЗУВАЊЕ И СО ТОА ДА ДОЈДЕ ДО ЗЛОУПОТРЕБА НА СВОЈАТА МОЌ, ПА ПРИ РЕГУЛАЦИЈАТА И САНКЦИОНИРАЊЕТО ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ И МЕДИУМИ КОИ СВОЈАТА РАБОТА ЈА ВРШАТ ПРОФЕСИОНАЛНО, НО НЕ СЕ НА ИСТА„БРАНОВА ДОЛЖИНА СО ВЛАСТИТЕ“ Важно е и да се напомни дека е тенка границата помеѓу говорот на омраза и слободата на изразување, од што произлегува и нивниот чест(правен, но и етички и морален) судир. Не треба да се заборави и член 10, став 2, од Европската конвенција за човекови права кој се однесува на слободата на изразување. Клучна цел ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 125 на ­реформите треба да биде, од една страна развојот на слободната мисла, а од друга страна треба да постои и(професионална и лична) одговорност. Поради тоа, важно е да се напомни дека при заштитата од ваквите вести, државата мора да води грижа да не се ограничи слободата на говорот на изразување и со тоа да дојде до ­злоупотреба на својата моќ, па при регулацијата и санкционирањето да бидат опфатени и медиуми кои својата р­ абота ја вршат професионално, но не се на иста„бранова должина со властите“, што би било спротивно на европските вредности кон кои цели Република Северна Македонија и долг временски период тежнее да ги достигне. Истражувањата кои се прават последните години во нашата држава во врска со информирањето на македонските граѓани, покажуваат дека најголем број од нив вестите ги добиваат преку социјалните мрежи. Печатените весници, како дел од традиционалните медиуми во кои во просек има помалку лажни вести од online средствата за масовна комуникација, веќе и не им се толку актуелни на читателите и затоа продажбата од ден на ден им е сè помала. Ова дава јасна слика дека македонските граѓани своето мислење го креираат преку вести најчесто добиени од online портали и социјални мрежи што очигледно покажува колку брзо може да се прошират тие информации, да имаат големо влијание врз граѓаните и интензивно да влијаат врз политиката во земјата. Што треба да се преземе? Потребна е силна желба за јасна агенда со јавни дебати и дополнителни напори за изработка на скица со детално елаборирање, во чија срж ќе биде фокусот на елиминирање на лажните вести или, во најмала рака, нивно препознавање и игнорирање. За да се зголеми ­степенот МЕДИУМСКАТА КУЛТУРА МОРА ДА СЕ ИЗМЕНИ. СО НОРМАТИВНА РЕГУЛАТИВАТА ЗА МЕДИУМИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ И: ВЕБ СТРАНИЦИТЕ, ИНТЕРНЕТ МЕДИУМИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ. УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА СРЕДСТВАТА ЗА МАСОВНО И ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ, ПОСЕБНО НА ОНИЕ ШТО СЕ НАОЃААТ НА ГЛОБАЛНАТА МРЕЖА НА ИНФОРМАЦИИ(ИНТЕРНЕТОТ) ТРЕБА ДА ОВОЗМОЖИ КРЕИРАЊЕ И РАЗМЕНА НА: НЕЗАВИСНИ, ВИСТИНИТИ, ПРОВЕРЕНИ, ТОЧНИ И КВАЛИТЕТНИ ИЗВЕСТУВАЊА И МИСЛЕЊА. ГЕРМАНИЈА, КАКО ЗЕМЈА КОЈА ГО НОСИ ТОВАРОТ ОД СВЕТСКИТЕ ВОЈНИ, НАЈДОБРО ГО ИМА СФАТЕНО ЗНАЧЕЊЕТО НА ШИРЕЊЕТО НА ЛАЖНИ ВЕСТИ И ШТЕТАТА КОЈА МОЖЕ ТИЕ ДА ЈА НАНЕСАТ, ПА ТОКМУ ОВАА ЗЕМЈА ПРЕТСТАВУВА РЕПЕР КАКО ДА(СЕ) ЗАПРАТ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ И ГОВОРОТ НА ОМРАЗА 126 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ЛАЖНИ ВЕСТИ на ­доверливост во електронските медиуми, како и кредибилитетот и интегритетот општо земено на новинарството, треба да се има волја континуирано да се следат европските и евроатлантските стандарди кои ќе помогнат да се овозможи независност на медиумите, транспарентна клима преку адекватно информирање и ­отстранување на бројните негативности произлезени од лажните вести. Јавната и јасна промоција на овие алатки треба да биде почеста. Медиумската култура итно мора да се измени. Со нормативната регулатива за медиумите, секако, треба активно да бидат опфатени и: веб страниците, Интернет медиумите и социјалните мрежи. Уредувачката политика на средствата за масовно и јавно информирање, посебно на оние што се наоѓаат на глобалната мрежа на информации(Интернетот) треба да овозможи креирање и размена на: независни, вистинити, проверени, точни и квалитетни известувања и мислења. Германија, како земја која како бреме го носи товарот од светските војни, најдобро го има сфатено значењето на ширењето на лажни вести и штетата која може да ја нанесат истите, па во ова модерно време токму оваа земја претставува репер како да(се) запрат лажните вести, а воедно, и говорот на омраза. Позитивен пример за заштита од лажните вести е германскиот закон The Netzwerkdurchsetzungsgesetz(NetzDG) кој е стапен во сила во октомври 2017 година. Целта на Законот е борбата против агитацијата и лажните вести во социјалните мрежи. Сепак, главниот фокус на Законот е насочен кон социјалната мрежа facebook. За непочитување на законските одредби, предвидени се енормно високи казни. Иако одговорот на претставниците од facebook е дека висината на казните кои се предвидени во германскиот Закон се непропорционални и превисоки, сепак овој Закон се применува, речиси, две години. Според The Netzwerkdurchsetzungsgesetz(NetzDG) online медиумите треба да реагираат брзо и прво имаат рок од еден ден за поедноставни вести, и рок од седум дена да ги отстранат посложените вести кои се пријавени како лажни од страна на читателите. Согласно Законот, германските средства за јавно информирање на Интернет треба да имаат и дел во кој ќе можат да се внесат пријави за објавите. Од Законот можат да се воочат силните залагања на предлагачите на Законот кои се борат против лажните вести. Законското решение во ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 127 Германија е навистина храбар чекор кој е за поздравување и треба да го следи и нашето законодавно тело, секако согласно нашите услови и стандарди. Од друга страна, одредени експерти за човекови права и Интернет компании сметаат дека со донесувањето на ваквиот Закон може негативно да се влијае врз слободата на говорот во Германија, па ова и понатаму останува предмет на дебата. Како заклучок на овој труд може да се извлече констатацијата дека Република Северна Македонија мора што поскоро да го изгради својот одбранбен механизам од лажните вести, заедно со европските земји да ја води битката со нив и да не дозволи да биде таргет на групи кои во одредени временски периоди можат да имаат влијание врз политичките текови, па со тоа да биде загрозен уставниот поредок на државата. (Авторката е магистер на правни науки од областа на граѓанското право на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со положен правосуден испит) 128 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 НАСТАНИ НАСТАНИ KАМП ЗА ОДРЖЛИВОСТ Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје заедно со Еко Логик, организација која е посветена на заштита и зачувување на животната средина, по втор пат го организираа Кампот за одржливост. Кампот траеше од 5-ти до 8-ми август на Пониква каде што млади луѓе од целата земја имаа можност заеднички да дискутираат и креираат решенија за локална акција насочена кон Целите на одржлив развој од Агендата на ОН 2030 година. За време на кампот, учесниците имаа можност да бидат дел од различни активности, интерактивни алатки и методи, еко игри што им овозможија да развијат динамична дискусија за зголемените и идни предизвици со кои се соочува светот, но и можностите за кои амбициозните, но и суштински Цели на одржлив развој ги нудат. Со идентификување на предизвиците кои произлегуваат од непосредното опкружување и секојдневниот живот, учесниците дадоа значајни препораки, стратегии и нацрт-планови за нивно решавање преку истовремено спроведување и следење на Целите на одржливиот развој. Агендата на кампот беше збогатена со две посети, од кои првата во Туристичкиот инфо центар„Пониква“, каде учесниците заедно со претставници на Општина Кочани дискутираа за биолошката разновидност на Осоговските Планини, природниот приход и потенцијалот за еко-туризам и рурален развој, како и можности за планински спортови кои ќе го одржат центарот жив, истовремено обезбедувајќи силна заштита на природата. Втората посета беше Едукативниот центар„Негрево“ каде учесниците открија многу интересни факти за ретките видови животни и нивните домови. Како заштитата на природата е поврзана со одржувањето на животот на земјата не е нова работа, но дефинитивно оваа посета им овозможи на учесниците да размислуваат на различни теми и идеи за обликување на нивните секојдневни активности во насока на остварување позитивен импакт. По кампот, се очекува учесниците да ги претстават своите идеи, препораки и конкретни планови за одржливи училишта, населби и ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 129 градови пред пошироката публика во која ќе бидат вклучени претставници на училишта, општини, граѓански организации со цел да се подигне свеста за значењето на Целите на одржлив развој, како и потврдување на улогата која младите може да ја имаат во остварување на позитивни промени во општетството. 130 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 НАСТАНИ ГРАСРУТ АКЦИЈА ЗА ЗЕЛЕНИ ПРОМЕНИ Што е потребно за правична социо-еколошка транформација на Југоисточна Европа? Каква е состојбата на зелените, односно еколошки движења и активизам во регионот, и што им недостасува? Дали досега извојуваните победи од страна на активистите значат и добиена битка во борбата против уништување на животната средина за остварување на профитни цели? Дали најзагадениот град во Европа може да стане најзелениот европски град? На овие и низа други прашања, се дискутираше изминатата недела во Тетово, односно во периодот од 16ти и 17ти септември. Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, овој дводневен настан успеа да собере активисти и претставници на граѓански организации од целиот регион, кои во својата работа се силно посветени на заштита на животната средина. За време на секоја од сесиите, учесницте ги споделија своите позитивни, но и горки искуства, како и потребата од соработка со локалното население. Влијанието пак на државата, како и партнерството со државните институции, наместо предизвик, може да биде одлична можност за ефективно спроведување на политики кои се во корист на граѓаниете, а воедно ја штитат животната средина. Сепак, предусловот е транспарентни и функционални институции кои се отворени за граѓанско учество. Додека првиот ден беше наменет за меѓусебно запознавање и споделување на практични примери, како и методи и механизми за зелено граѓанско учество, за време на вториот ден учесниците се запознаа со локалната еко сцена во Тетово. Дискусијата на тема“Дали најзагадениот град во Европа може да стане најзелениот европски град?” која се одржа во паркот на Тетовскиот Универзитет, го заокружи дводневниот настан со многу прашања и одговори за улогата на државните институции, но и граѓанските организации во остварување и заштита на фундаменталните човекови права и слободи, пред се правото на чист воздух. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 131 132 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ИМПРЕСУМ П Р Е Д И З В И Ц И- списание за општествени прашања ТРИМЕСЕЧНИК- излегува четири пати годишно (март/јуни/септември/декември) ГОДИНА I БРОЈ 3 СЕПТЕМВРИ 2019 бесплатен примерок ИЗДАВА ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА – СКОПЈЕ РЕДАКЦИЈА: Манчо Митевски(главен уредник) м-р Нита Старова(заменик главен уредник) Огнен Малески д-р Ванчо Узунов д-р Александар Љ. Спасов ЛЕКТОР: Инда Савиќ Костова ГРАФИЧКИ УРЕДНИК: Ели Гроздановска, KОНТУРА ПЕЧАТИ: КОНТУРА ТИРАЖ: 200 Текстовите се примаат на адреса: Фридрих Еберт Фондација Ул.„Борка Талески“ 42/6 1000 Скопје Тел.+ 389 2 3093-181/-182 Е-пошта: nita.starova@fes-skopje.org 134 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 3 09|2019 ISSN 2671-3209