Предизвици СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА 1 БР 2О |2 Ј 01 4 9 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ЕДИТОРИЈАЛ ВАНЧО УЗУНОВ Во Преамбулата на Уставот на РСМ стои:„Да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок”. Според членот 1, РСМ е„социјална држава“. Во членот 8 се посочува дека „ темелна вредност“ на уставниот поредок е„ социјалната правда“. Членот 34 од Уставот вели дека граѓаните имаат право на„ социјална сигурност и социјално осигурување“, а членот 35 дека„ Републиката се грижи за социјална заштита, социјална сигурност и социјална праведност“. Но, според Државниот завод за статистика, 21,9% од населението(453.200 граѓани) на СРМ во 2018 година живееле со приходи под статистичкиот праг на сиромаштија. Второ, Џини-коефициентот во СРМ во 2018 година изнесувал 31,9%(а во 2010 – 40,8%). Изразено најзагрозени се домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца(50,2%). Според економска активност, најсиромашни се невработените(42%), а пензионерите се најмалку погодени од сиромаштија. Сиромаштијата во СРМ не се разликува многу според полот и возраста. И, последниот податок е најнегативен: сиромаштијата што во СРМ ја создава пазарот – тоа е состојбата пред„корекцијата” што се прави преку социјалните трансфери и пензиите – е многу висока: 42,8% во 2010 година и 40,8% во 2018 година. По исплата на пензии, сиромаштијата опаѓа на 30,5% во 2010 година, т.е. на 25,7% во 2018 година. Дури по исплата на социјалните трансфери се стигнува до стапки на сиромаштија од 27,3% во 2010 година и 21,9% во 2018 година. Што покажуваат наведените факти? Прво, ставовите во Уставот многу јасно и децидно покажуваат дека граѓаните на РСМ сакаат да ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 1 живеат во општество со социјална правда и праведност и дека тоа треба да го обезбеди Владата. Владата треба да настојува да постигне економски развој и напредок, но не по цена на жртвување на социјалната праведност. И, Владата го прави тоа, бидејќи ги коригира социјалната нерамномерност и сиромаштијата што ги создава пазарот. Се разбира дека не се стигнува до нула сиромаштија, но спуштање од стапка на сиромаштија од 40% на 22% преку исплата на пензии и социјални трансфери е далеку од незадоволително. Меѓутоа, тоа отвора редица други прашања. Прво, една група економски: зошто толкав дел од општеството не може„да се снајде на пазарот”? Кои фактори го определуваат тоа – лошото регулирање на пазарите, или несоодветните квалификации? Второ, како постојната социјална политика влијае врз економскиот развој на државата? Перманентен голем износ на средства за пензии и социјални трансфери би можел да се намени за економски развој, но дали е сè во тоа? Што(ќе) стане на долг рок? Конечно, дали треба сите граѓани да бидат релативно еднакво„засегнати” со плаќање за социјалната политика? Дали РСМ(сепак) треба(ше) да остане со прогресивното оданочување? Од друга страна, има и други прашања: дали постојната социјална политика на СРМ е соодветна? Дали социјалната политика треба да се сведува на борба против сиромаштијата? Што станува со социјалната еднаквост и рамноправност? Во напредните држави социјалната политика ги опфаќа и областите: здравствена заштита, услуги за граѓаните, еднаква правда, образование и работнички права. Темата како до современа социјална држава, е сложена тема, и јасно е дека некои од нејзините аспекти кај нас не се дебатираат во доволна мерка. Затоа, ова издание на„Предизвици“ ја отвора таа тема за пошироката јавност, во надеж дека ќе понуди ставови и одговори на дел од дилемите. Член на Редакцијата на списанието 2 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА СОДРЖИНА 1 ЕДИТОРИЈАЛ 4 ВЕТУВАЊЕ КОЕШТО Е ДОВЕДЕНО ВО ПРАШАЊЕ EIN VERSPRECHEN, DESSEN EINHALTUNG AUF DEM SPIEL STEHT ЈОСИП ЈУРАТОВИЌ 15 НОВ СТАНДАРД ВО СОЦИЈАЛНИТЕ ВЛОЖУВАЊА МИЛА ЦАРОВСКА 23 СОЦИЈАЛНА/ОПШТЕСТВЕНА/ МАТЕРИЈАЛНА (НЕ)ЕДНАКВОСТ И (НЕ)РАМНОПРАВНОСТ ПОИМИ, КОНЦЕПЦИИ И ПАРАДИГМИ ВАНЧО УЗУНОВ 38 НОВИ ПАРАДИГМИ НА СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА МАЈА ГЕРОВСКА МИТЕВ 54 КАКВА Е НЕЕДНАКВОСТА НА ДОЛГ РОК? ХИПОТЕЗАТА ЗА ЕРГОДИЧНОСТ ВО БОГАТСТВОТО ДРАГАН ТЕВДОВСКИ 64 СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА – ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА АГРОН РУСТЕМИ 79 ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА ДРАГАН ПОПОВСКИ 80 СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ – ДЕМОКРАТСКА ПРИДОБИВКА НА СИНДИКАТИТЕ ПЕЦО ГРУЈОВСКИ 96 СИТЕ ЧОВЕЧКИ СУШТЕСТВА СЕ СЛОБОДНИ И ЕДНАКВИ ВО ДОСТОИНСТВОТО И ПРАВАТА МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ 107 СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА, НАМЕСТО ДРЖАВА НА СОЦИЈАЛЦИ БИЛЈАНА ДУКОВСКА НАСТАНИ 113 ПРОМОЦИЈАТА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА “ГРАДОТ ВО ТРАНЗИЦИЈА – ОД EКОЛОШКИ, СОЦИОПРОСТОРНИ, АРХИТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ ДО ОДРЖЛИВ ГРАД: СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ” 115 ТРЕТ КАМП ЗА ОДРЖЛИВОСТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ, ЕКО ЛОГИК И ГРАД СКОПЈЕ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 3 ВЕТУВАЊЕ КОЕШТО Е ДОВЕДЕНО ВО ПРАШАЊЕ ЈОСИП ЈУРАТОВИЌ ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ ОСТАНА ДОСЛЕДЕН НА СВОЈАТА ЕВРОПСКА ОДГОВОРНОСТ КОН РЕГИОНОТ И НА 26 СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА ГЛАСАШЕ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА. ПРАТЕНИЧКИТЕ И ПРАТЕНИЦИТЕ ВО ЕВРОПА И ПРЕТХОДНО СЕ ИЗЈАСНИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ВЕТУВАЊЕТО ДАДЕНО ВО СОЛУН. ОВОЈ СТАВ БЕШЕ ПОТВРДЕН И НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ЕУ ВО АПРИЛ 2019 ГОДИНА. ЗА МЕНЕ ОВА ПРЕТСТАВУВА ПОСЕБЕН ЗНАК НА ЗРЕЛОСТ И САМОДОВЕРБА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРЛАМЕНТИ „Европската Унија потврди дека целосно ја поддржува европската ориентација на Западниот Балкан. Иднината на Балканот лежи во Европската Унија“, изјавија шефовите на државите во Европската Унија за Западен Балкан на Самитот во Солун во 2003 година. Во изјавата од Самитот, дополнително потенцираа дека самите држави ќе бидат оние кои ќе одлучат колку бргу ќе го изодат патот до Европа. Шеснаесет години подоцна ова ветување, сепак, е доведено во прашање бидејќи интересите на одделните земји-членки на ЕУ се очигледно поважни од европската идеја за солидарност. Германија како гарант за интеграција на Западен Балкан во ЕУ Германија е битен извор на надеж за Западен Балкан и ужива висока доверба во регионот. Оваа соработка дополнително ќе биде зајакната во 2020 година, пред сè за време на хрватското претседателство со Европската Унија, а потоа последователно и преку германско претседателство. 4 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Германскиот Бундестаг остана доследен на својата европска одговорност кон регионот и на 26 септември 2019 година гласаше за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Пратеничките и пратениците во Европа и претходно се изјаснија за почитување на ветувањето дадено во Солун. Овој став беше потврден и на Конференцијата на претседателки и претседатели на парламенти на ЕУ во април 2019 година. За мене ова претставува посебен знак на зрелост и самодоверба на европските парламенти. Западен Балкан е предворје на Европската Унија Важно е на луѓето во Европа, особено на владите во земјите од Европската Унија, да им се објасни дека интеграцијата на Западен Балкан не претставува проширување на исток, туку дека се работи за предворјето на Европската Унија. Во меѓувреме, Западен Балкан стана игралиште на: Кина, Русија и Турција, кои сакаат да се понудат себеси како партнер и алтернатива на Европската Унија. Oдбивањето од Европа им оди во корист на популистите и воените профитери низ целиот регион. Затоа, станува збор за превенција од кризи, стабилизација и, пред сè, зачувување на мирот во регионот и во Европа. Симболика за сето тоа е процесот на пристапување во ЕУ. Но, станува збор и за солидарност. За солидарност со луѓето, особено со демократките и демократите кои не ги напуштија своите земји и покрај насилството и злоупотребите што ги претрпеа во последните децении. Наместо тоа, тие се бореа за функционални држави и никогаш не се откажаа од својата надеж во нашата солидарност. Дискусиите за процесот на пристапување кон ЕУ истовремено како ризик и како можност Со одбивањето за отворање на разговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија, францускиот претседател Емануел Макрон ја торпедираше главната стратегија на ЕУ за трансформација на Западен Балкан. Оваа одлука има далекусежни последици бидејќи не влијае само врз земјите кои се директно засегнати од неа. Исчезнувањето на надежта за исполнување на ветувањето во ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 5 Солун води кон можно менување на ставот и на другите држави. ЗАПАДЕН БАЛКАН СТАНА ИГРАЛИШТЕ НА: КИНА, Во исто време, ние во ЕУ се соочуваме со институционална криза – некои земји-членки на Европскиот совет експлицитно се спротивставуваат на одлуката и проценката на РУСИЈА И ТУРЦИЈА, КОИ САКААТ ДА СЕ ПОНУДАТ СЕБЕСИ КАКО ПАРТНЕР И АЛТЕРНАТИВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА. OДБИВАЊЕТО ОД ЕВРОПА ИМ ОДИ ВО КОРИСТ НА Европската комисија, особено во делот за исполнување на потребните услови за започнување преговори од страна на Северна Македонија и Албанија. Сепак, важно е да се потенПОПУЛИСТИТЕ И ВОЕНИТЕ ПРОФИТЕРИ НИЗ ЦЕЛИОТ РЕГИОН. ЗАТОА, СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КРИЗИ, СТАБИЛИЗАЦИЈА И, ПРЕД СÈ, ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ ВО РЕГИОНОТ И цира дека со оваа одлука Европската Унија не отстапува од Западен Балкан, туку дека сегашната состојба би можела да биде сфатена и како можност. Како можност во Брисел да се ВО ЕВРОПА. СИМБОЛИКА ЗА СЕТО ТОА Е ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ. НО, СТАНУВА ЗБОР И ЗА СОЛИДАРНОСТ. ЗА СОЛИДАРНОСТ СО ЛУЃЕТО, ОСОБЕНО СО ДЕМОКРАТКИТЕ преиспита односот на шефовите на државите и владите со Западен Балкан. Притоа, апелирам до државите кои блокираа да го почитуваат даденото ветување во Солун. И ДЕМОКРАТИТЕ КОИ НЕ ГИ НАПУШТИЈА СВОИТЕ ЗЕМЈИ И ПОКРАЈ НАСИЛСТВОТО И ЗЛОУПОТРЕБИТЕ ШТО ГИ ПРЕТРПЕА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕЦЕНИИ. НАМЕСТО ТОА, ТИЕ СЕ БОРЕА ЗА Поранешниот британски премиер, Винстон Черчил, порача дека е ФУНКЦИОНАЛНИ ДРЖАВИ И НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖАА ОД СВОЈАТА НАДЕЖ ВО НАШАТА штета напразно да се потроши добра СОЛИДАРНОСТ криза – тоа важи и во оваа ситуација. За Европската Унија ова може да биде моментот конечно да се развијат подобри стратегии за справување со автократи во регионот, кои немаат намера да се откажат од своите функции и конекции. Иако, во меѓувреме, Франција го поднесе својот предлог за реформа на пристапниот процес до Европскиот совет во форма на „Non-Paper” за решавање на блокадата, според мене оваа иницијатива, сепак, би значела ставање на целиот процес на пристапување за Западен Балкан во мирување во блиска иднина. Од оваа причина, сега е особено важно, при сите дискусии за реформа – да не се изгуби фокусот од основната цел на пристапниот процес – јасната перспектива за пристапување. 6 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Актерите во регионот мора самите да бидат активни Сегашното расположение на темата – проширување на ЕУ, може да се класифицира во фундаменталната дискусија за„замор од проширување“ на Европската Унија. Понатаму, ова може да се сфати и како важна лекција за реформаторките и реформаторите, кои делумно и премногу долго се потпираа врз аутсајдери. Шефовите на државите и владите на Западен Балкан сè повеќе разговараат за конкретни мерки за создавање заеднички пазар. Сепак, формирањето на„мал Шенген“ наметнува најнапред спроведување изобилство: мерки, регулативи и закони. На средбата во Охрид, српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, го потврдија овој чекор за формирање слободна трговска зона. Акциониот план предвидува непречен прекуграничен сообраќај со лична карта меѓу: Србија, Северна Македонија и Албанија, како и овозможување на брз проток на тешките товарни возила на граничните премини и мерки за меѓусебно признавање на документацијата за сите видови храна и ветеринарни документи. Накратко, треба да се потенцира основното признавање на движењето на: стоките, луѓето, услугите и капиталот. Ова потсетува многу на четирите основни слободи на Европа и на процесот на тогашните членки на Европската заедница за воспоставување единствен европски пазар. Европа мора да го поддржи Заев Ветото на Макрон има директно политичко влијание врз земјите од Западен Балкан. Особено за премиерот на Северна Македонија, Заев, бидејќи го загрозува опстојувањето на неговото владеење. Заев постапи државнички кога заедно со ­поранешниот ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ИНСИСТИРА ДА СЕ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА КОН ЗАПАДЕН БАЛКАН. НЕПРИФАТЛИВО Е УСЛОВИТЕ ДА СЕ МЕНУВААТ ПРОИЗВОЛНО, ИЛИ ДЕКА ЕДНА ЗЕМЈА-ЧЛЕНКА ПОРАДИ ТАКТИКИ НА ДОМАШЕН ПЛАН НОСИ ОДЛУКИ ЗА СУДБИНАТА НА ЦЕЛА ЕВРОПА. И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, И АЛБАНИЈА, ИНВЕСТИРАА ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ КАПИТАЛ ЗА ДА ЗАСТАНАТ НА НОЗЕ. НЕПРИФАТЛИВО Е ЕВРОПСКАТА УНИЈА СЕГА ДА ГИ ОСТАВИ НА ЦЕДИЛО. БИДЕЈЌИ, НА КРАЈОТ, НЕ СТАНУВА ЗБОР САМО ЗА КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС, СТАНУВА ЗБОР ЗА КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА КАКО ЦЕЛИНА. ЗАТОА, ДО КРАЈ ВАЖИ МОТОТО: МОРА ДА МУ ДАДЕМЕ ШАНСА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 7 грчки премиер Ципрас, со потпишување на Преспанскиот договор, го реши повеќедеценискиот билатерален спор, знаејќи добро дека тоа ќе предизвика тензии на домашен план. Европската Унија не смее тука да го изневери Заев, кој преку своето политичко дејствување ја направи Северна Македонија една од водечките земји во регионот. Земјата со него го зазема неопходниот и прав пат – патот кон стабилна демократија. Во Германија немаше сомнежи дека Северна Македонија ги исполни сите очекувања на европската страна. Топката сега е во Брисел – европските институции мора да ја преПОСТОЈАТ МНОГУ ЛУЃЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН КОИ СО ДЕЦЕНИИ МАКОТРПНО СЕ БОРАТ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ЗА ОСНОВЕН ДЕМОКРАТСКИ ПОРЕДОК. НИЕ МОРА ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ ОВИЕ ЛУЃЕ, СО ТОА ШТО СО ДОВЕРБА ЌЕ ГИ ИНТЕГРИРАМЕ ВО ТРАНСАТЛАНТСКИТЕ И ЕВРОПСКИТЕ СТРУКТУРИ. ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИСТАП ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ Е ВЛЕЗ ВО ЕУ, ТУКУ Е ПОЧЕТОК НА ЕДЕН ПРОЦЕС ВО КОЈ ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ФУНДАМЕНТАЛНИ ВРЕДНОСТИ, ЗА КОИ НИЕ ЕВРОПЕЈКИТЕ И ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ, ЌЕ ДОБИЈАТ ШАНСА И ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН земат одговорноста и да сторат сè за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија. Европа мора да му даде шанса на Западен Балкан Германија ќе продолжи да инсистира да се исполни ветувањето на Европската Унија кон Западен Балкан. Неприфатливо е условите да се менуваат произволно, или дека една земја-членка поради тактики на домашен план носи одлуки за судбината на цела Европа. И Северна Македонија, и Албанија, инвестираа голем политички капитал за да застанат на нозе. Неприфатливо е Европската Унија сега да ги остави на цедило. Бидејќи, на крајот, не станува збор само за кредибилитетот на пристапниот процес, станува збор за кредибилитетот на Европската Унија како целина. Затоа, до крај важи мотото: мора да му дадеме шанса на Западен Балкан. На луѓето од Западен Балкан им е потребна нашата солидарност Постојат многу луѓе во Западен Балкан кои со децении макотрпно се борат чекор по чекор за основен демократски поредок. Ние 8 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА мора да ги поддржиме овие луѓе, со тоа што со доверба ќе ги интегрираме во трансатлантските и европските структури. Важно е да се знае дека почетокот на преговорите за пристап во никој случај не е влез во ЕУ, туку е почеток на еден процес во кој демократијата и нејзините фундаментални вредности, за кои ние Европејките и Европејците се залагаме, ќе добијат шанса и во Западен Балкан. (Авторот е германски политичар на Социјалдемократската партија на Германија и од 2005 година пратеник во Бундестагот) превод од германски на македонски јазик: Нита Старова ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 9 EIN VERSPRECHEN, DESSEN EINHALTUNG AUF DEM SPIEL STEHT JOSIP JURATOVIC „Die EU bekräftigt, dass sie die europäische Ausrichtung der westlichen Balkanstaaten vorbehaltlos unterstützt. Die Zukunft der Balkanstaaten liegt in der Europäischen Union,“ erklärten die Staats- und Regierungschefs der Europäischen Union für die Staaten des Westbalkans auf dem Thessaloniki Gipfel im Jahr 2003. In der allgemeinen Erklärung be- tonten sie zudem, dass es die Länder selbst seien, die entscheiden, wie schnell dieser Weg nach Europa realisiert wird. 16 Jahre später steht dieses Versprechen jedoch auf dem Spiel, da Interessen einzelner EU-Mitgliedstaaten gewichtiger scheinen, als der europäi- sche Solidargedanke. Deutschland als Garant für die EU-Integration des Westbalkans Deutschland ist einer der wichtigsten Hoffnungsträger für den Westbalkan und genießt in der Region hohes Vertrauen. Diese Zusammenarbeit wird im Jahr 2020 durch den kroatischen Rats- vorsitz der Europäischen Union und die daran anschließende deutsche Ratspräsidentschaft noch enger werden. Der Deutsche Bundestag wurde seiner europäischen Verantwortung für die Region gerecht und stimmte am 26. September 2019 für die Aufnahme von Beitrittsverhandlungen mit Nordmaze- donien und Albanien. Die Parlamentarierinnen und Parlamentarier in Europa haben sich früh für die Einhaltung des Versprechens von Thessaloniki ausgesprochen. Dies bekräftigten sie im Rah- men der Konferenz der Parlamentspräsidentinnen und Parlamentspräsidenten der Europäi- schen Union im April 2019. Für mich ist dies ein besonderes Zeichen der Reife und des Selbst- bewusstseins der europäischen Parlamente. Der Westbalkan ist der Innenhof der Europäischen Union Es ist wichtig den Menschen in Europa, vor allem den Regierungen der Europäischen Union, klarzumachen, dass die Integration des 10 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­Westbalkans keine Osterweiterung darstellt, sondern es sich dabei um den Innenhof der Europäischen Union handelt. Mittlerweile ist der Westbalkan zum Tummelplatz von China, Russland und der Türkei gewor- den, die sich gerne als Partner und Alternative zur Europäischen Union anbieten. Die Ablehnung aus Europa spielt Populisten und Kriegsprofiteuren in der ganzen Region in die Karten. Es geht deshalb auch um Krisenprävention, Stabilisierung und vor allem den Erhalt des Friedens in der Region und in Europa. Sinnbildlich steht dafür der EU-Beitrittsprozess. Es geht aber auch um Solidarität. Um Solidarität mit den Menschen, insbesondere Demokratin- nen und Demokraten, die trotz der Gewalt und Missstände, die sie in den letzten Jahrzehnten über sich ergehen lassen mussten, ihre Länder nicht verlassen haben. Stattdessen haben sie für funktionierende Staaten gekämpft und ihre Hoffnung auf unsere Solidarität nie aufgegeben. Diskussionen des EU-Beitrittsprozesses als Gefahr und Chance zugleich Mit der Ablehnung der Aufnahme von Beitrittsgesprächen mit Nordmazedonien und Albanien hat der französische Staatspräsident Emmanuel Macron die Kernstrategie der Europäischen Union für die Transformation des Westbalkans torpediert. Diese Entscheidung hat weitrei- chende Folgen, da sie nicht allein die direkt davon betroffenen Länder trifft. Das Dahinschwin- den der Hoffnung auf eine Einhaltung des Versprechens von Thessaloniki fördert eine mögliche Abkehr weiterer Staaten. Gleichzeitig stehen wir in der EU vor einer institutionellen Krise – einige Mitgliedsstaaten des Europäischen Rates widersprechen explizit der Entscheidung und Einschätzung der zuständigen Europäischen Kommission bezüglich der Erfüllung der notwendigen Bedingungen für den Be- ginn von Verhandlungen seitens Nordmazedonien und Albanien. Dabei ist es jedoch auch wich- tig zu betonen, dass die Europäische Union mit dieser Entscheidung nicht grundsätzlich Ab- stand nimmt vom Westbalkan, sondern dass die derzeitige Situation auch als Chance betrachtet werden kann. Als Chance, um in Brüssel mit den Staatsund Regierungschefs die Beziehung zu den Staaten des Westbalkans zu überdenken. Ich appelliere dabei an die blockierenden Staaten, dass das ausgesprochene Versprechen von Thessaloniki eingehalten wird. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 11 Vom ehemaligen britischen Premierminister Winston Churchill stammt die Aufforderung, nie- mals eine gute Krise zu verschwenden – dies gilt potentiell auch in dieser Situation. Für die Europäische Union könnte dies der Moment sein, um endlich bessere Strategien für den Umgang mit Autokraten in der Region zu entwickeln, die nicht die Absicht haben ihre eigenen Posten und Seilschaften aufzugeben. Frankreich hat zwar mittlerweile in einem Non-Paper zur Lösung der Blockade seine Vorschlag einer Reform des Beitrittsprozesses in den Europäischen Rat eingebracht, dieser Vorstoß würde in meinen Augen jedoch bedeuten, den gesamten Bei- trittsprozess für den Westbalkan auf absehbare Zeit auf Eis zu legen. Deshalb ist es jetzt so wichtig, dass bei möglichen Diskussionen über eine Reform das Kernziel des Beitrittsprozesses nicht aus den Augen verloren wird – die klare Beitrittsperspektive. Die Akteure der Region müssen selbst aktiv werden Die aktuelle Stimmungslage beim Thema EU-Erweiterung kann in die grundsätzliche Diskussion der„Erweiterungsmüdigkeit“ der Europäischen Union eingeordnet werden. Dennoch kann dies als wertvolle Lektion für die Reformerinnen und Reformer gewertet werden, die sich teilweise zu lange auf Außenstehende verlassen haben. Die Staats- und Regierungschefs des westlichen Balkans diskutieren zunehmend konkrete Maßnahmen zur Schaffung eines gemeinsamen Marktes. Die Errichtung eines„kleinen Schengens“ setzt jedoch voraus, dass eine Fülle von Maß- nahmen, Vorschriften und Gesetzen umgesetzt werden müssen. Dieser Schritt zu einer Freihan- delszone haben unter anderem der serbische Staatspräsident Aleksandar Vucic, der nordmaze- donische Ministerpräsident Zoran Zaev und der albanische Ministerpräsident Edi Rama bei ih- rem Treffen in Ohrid bekräftigt. Der Aktionsplan sieht eine ganztägige Abwicklung des Grenzverkehrs unter Nutzung eines Per- sonalausweises zwischen Serbien, Nordmazedonien und Albanien vor, ebenso die Einrichtung von Schnellabwicklungen für Lastkraftwägen an den Grenzübergängen und Maßnahmen zur gegenseitigen Anerkennung aller Lebensmittel- und Veterinärdokumente. Kurz gesagt: die grundsätzliche Anerkennung der Mobilität von Waren, Personen, Dienstleistungen und Kapital soll angepeilt werden. Dies erinnert sehr an die vier Grundfreiheiten Europas und den Prozess der damaligen Mitglieder der Europäischen Gemeinschaft hin zur Errichtung des Europäischen Binnenmarktes. 12 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Europa muss Zaev den Rücken stärken Das Veto Macrons hat direkte politische Auswirkungen auf die Staaten des Westbalkans. Insbe- sondere für den nordmazedonischen Ministerpräsidenten Zaev gefährdet es den Fortbestand seiner Regierungszeit. Zaev hat staatsmännisch gehandelt, als er gemeinsam mit dem ehema- ligen griechischen Ministerpräsidenten Tsipras die jahrzehntelangen bilateralen Streitigkeiten durch das PRESPA Namensabkommen beigelegt hat, wohlwissend, dass dies für innenpolitische Spannungen sorgen würde. Die Europäische Union darf hier Zaev nicht hängen lassen, der durch seine politische Arbeit Nordmazedonien zu einem führenden Land in der Region gemacht hat. Das Land hat unter ihm den notwendigen und richtigen Weg eingeschlagen – den Weg zu einer stabilen Demokratie. In Deutschland gab es lange keine Zweifel daran, dass Nordmazedonien alles erfüllt habe, was von europäischer Seite erwartet wurde. Der Ball liegt nun in Brüssel – die Europäischen Institu- tionen müssen ihre Verantwortung wahrnehmen und alles dafür tun, dass die Beitrittsverhand- lungen mit Nordmazedonien aufgenommen werden. Europa muss dem Westbalkan eine Chance geben Deutschland wird weiterhin darauf bestehen, dass das Versprechen der Europäischen Union an die westlichen Balkanländer glaubwürdig erfüllt wird. Es ist nicht hinnehmbar, dass Bedingun- gen willkürlich verändert werden, oder dass ein einzelner Mitgliedstaat aus innenpolitischer Taktiererei heraus das Schicksal ganz Europas entscheidet. Sowohl Nordmazedonien als auch Albanien haben viel politisches Kapital investiert, um auf die Beine zu kommen. Es ist nicht hinnehmbar, dass die Europäische Union sie nun kalt auflaufen lässt. Denn es geht am Ende nicht allein um die Glaubwürdigkeit des Beitrittsprozesses, sondern es geht um die Glaubwürdigkeit der Europäischen Union als Ganzes. Dabei gilt bis zum Schluss die Maxime: Wir müssen dem Westbalkan eine Chance geben. Die Menschen auf dem Westbalkan brauchen unsere Solidarität Auf dem Westbalkan gibt es sehr viele Menschen, die seit Jahrzehnten mühsam Stück für Stück für eine demokratische Grundordnung ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 13 kämpfen. Diese Menschen müssen wir unterstützen, in- dem wir sie glaubwürdig in transatlantische und europäische Strukturen integrieren. Wichtig zu wissen ist, dass die Aufnahme von Beitrittsverhandlungen noch lange kein EU-Beitritt darstellt, sondern ein Beginn eines Prozesses, indem die Demokratie und ihre Grundwerte, für die wir Europäerinnen und Europäer stehen, auch auf dem Westbalkan eine Chance bekommen. (Josip ist ein deutscher Politiker(SPD) und seit 2005 Mitglied des Deutschen Bundestags) 14 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА НОВ СТАНДАРД ВО СОЦИЈАЛНИТЕ ВЛОЖУВАЊА МИЛА ЦАРОВСКА ОСНОВНА ЦЕЛ НА РЕФОРМАТА БЕШЕ КОНСОЛИДИРАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ БРОЈ ПРАВА И УСОГЛАСУВАЊЕ НА ИЗНОСИТЕ НА НАДОМЕСТОЦИТЕ СО ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, СО ЦЕЛ ДА ИМ ОВОЗМОЖИМЕ ИЗЛЕЗ ОД СИРОМАШТИЈАТА. ПРАГОТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНAТА ПАРИЧНА ПОМОШ БЕШЕ 2.871 ДЕНАРИ, ДОДЕКА ПРАГОТ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА НОВОТО ВОВЕДЕНО ПРАВО НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ ГО ЗГОЛЕМИВМЕ НА 4.000 ДЕНАРИ. СО ТОА, ОВОЗМОЖИВМЕ ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ПОМОШ ДА ИМААТ И ЛИЦА СО НИСКИ ПРИХОДИ, А НЕ САМО ЛИЦА КОИ НЕМААТ ПРИХОДИ. ПОКРАЈ УСОГЛАСЕНИОТ ИЗНОС НА ПРАВОТО СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ДОПОЛНИТЕЛНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВОТО КОЕ ГО ВОВЕДОВМЕ Е ТОА ШТО ПО ИСТЕКОТ НА ТРИ ГОДИНИ КОРИСТЕЊЕ, ТОА НЕ СЕ НАМАЛУВА ЗА 50%, ТУКУ СЕ КОРИСТИ ВО ЦЕЛИОТ ИЗНОС ДОДЕКА КОРИСНИКОТ НЕ ОБЕЗБЕДИ ОСНОВНИ МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА Сиромаштијата и нееднаквоста во нашата држава се високи споредено со други земји од регионот со слично ниво на развој, и постоеше загриженост за одржливоста на овие системи и нивните ефекти во намалувањето на сиромаштијата. Затоа, неопходни беа значајни реформи, меѓу другото и во делот на редизајнирање на видовите и адекватноста на паричните давања за социјална заштита, како помош и поддршка на најранливите категории за справување со сиромаштијата, особено имајќи ја предвид целта на Владата на Република Северна Македонија за намалување на стапката на сиромаштија и намалувањето на нееднаквоста. Анализите покажуваа дека системот на социјалната заштита се наоѓаше во фаза кога беше неопходно да се преземат суштествени реформи, пред сè, со цел да се подобри ефективноста на паричните давања и ефикасноста на бенефициите и социјалните услуги што се испорачуваат до крајните корисници. Дотогашниот дизајн на социјалните трансфери беше доста нерамномерен и неадекватен, придонесуваше кон ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 15 продлабочување на нееднаквоста во општеството и не водеше кон излез од сиромаштијата, туку ги држеше корисниците многу долго во системот на социјална заштита, далеку од пазарот на трудот. Од овие причини, Министерството за труд и социјална политика во 2017 година започна со планирање на сеопфатна реформа на системите за социјална и детска заштита. Реформата формално започна со донесување на законите во Собранието на Република Северна Македонија, односно со усвојување на: Законот за социјалната заштита, Законот за социјалната сигурност за старите лица и измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, прописи кои влегоа во сила од 23.5.2019 година. Првата исплата на паричните права од реформираниот систем на социјална заштита и заштитата на децата се реализираше на 10.6.2019 година. Консолидирање на правата и усогласување на износите на надоместоците Основна цел на реформата беше консолидирање на големиот број на права и усогласување на износите на надоместоците со потребите на граѓаните, сè со цел да им овозможиме излез од сиромаштијата. Прагот за остварување и користење на социјалнaта парична помош(СПП) беше 2.871 денари, додека прагот за остварување и користење на новото воведено право на гарантирана минимална помош(ГМП) го зголемивме на 4.000 денари. Со тоа, овозможивме право на користење на ГМП да имаат и лица со ниски приходи, не само лица кои немаат приходи, како што беше случај пред воведување на реформата. Значајно е да се истакне дека покрај усогласениот износ на правото согласно потребите на граѓаните, дополнително унапредување на правото кое го воведовме е тоа што по истекот на три години користење, тоа не се намалува за 50%, туку се користи во целиот износ, додека корисникот не обезбеди основни материјални средства. За илустрација на промените ќе ги посочиме износите на правата пред и по реформата. Најголем број четиричлени домаќинства кои оствaруваа право на социјална парична помош добиваа помош во висина од 3.029 денари. Со реформата, оваа помош ја преименуваме во право на гарантирана минимална помош и ја зголемивме повеќе од двојно и таа изнесува 6.800 денари. 16 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Покрај овој износ, секое домаќинство – корисник на гарантирана минимална помош, без доставување на доказ за платена сметка за електрична енергија, добива 1.000 денари месечно во текот на шесте месеци од грејната сезона за покривање на трошоците за греење. Пред реформата, оваа мерка беше минимално искористена поради административните тешкотии, односно само 3.163 домаќинства ја користеа, наспроти сегашните 27.000 домаќинства. Покрај грижата за задоволување на основните егзистенцијални потреби на граѓаните, интензивно се работи и на зајакнување на човечкиот потенцијал. Инвестициите во човечкиот развој играат клучна улога во економскиот успех на државата во поглед на градење на способна и продуктивна работна сила, како и во минимизирање на социјалните проблеми. На корисниците им обезбедуваме поддршка за комплетирање на нивното образование и стекнување вештини, со што ќе ги направиме конкурентни на пазарот на трудот. По работното оспособување, планирана е активација на работоспособните корисници на гарантираната минимална помош, бидејќи единствен и праведен начин едно домаќинство да излезе од сиромаштија е вработување, односно вклучување на пазарот на трудот. Со реформата воведуваме семеен пакет, со што корисниците на гарантирана минимална помош остваруваат право на детски додаток и додаток за образование без повторно проверување на нивната: семејна, материјална и имотна состојба. Целта на воведувањето на семејниот пакет е намалување на сиромаштијата, особено кај децата, преку олеснет пристап до правата и зголемување на месечниот износ што го добиваат материјално необезбедените домаќинства. Посебен фокус кон намалување на детската сиромаштија Го олеснивме и пристапот до детскиот додаток на семејствата со деца, со тоа што го укинавме условот еден родител да биде вработен, а правото се доделува и на семејства со ниски приходи, а не само на корисници на гарантирана минимална помош. Придобивките од реформираното право на детски додаток се увидоа со првата исплата, кога бројот од постојните корисници од 6.960 деца се зголеми на 21.591 деца, додека бројот на корисници со последната исплата се зголеми на 27.130 деца. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 17 ПРЕД РЕФОРМАТА, НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЧЕТИРИЧЛЕНИ ДОМАЌИНСТВА КОИ ОСТВAРУВАА СОЦИЈАЛНА ПАРИЧНА ПОМОШ, ДОБИВАА 3.029 ДЕНАРИ. СО РЕФОРМАТА, ОВАА ПОМОШ ЈА ПРЕИМЕНУВАВМЕ ВО ПРАВО НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ ПОВЕЌЕ ОД ДВОЈНО, И ТАА ИЗНЕСУВА 6.800 ДЕНАРИ. ПОКРАЈ ОВОЈ ИЗНОС, СЕКОЕ ДОМАЌИНСТВО- КОРИСНИК НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ, БЕЗ ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКАЗ ЗА ПЛАТЕНА СМЕТКАТА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ДОБИВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ВО ТЕКОТ НА ШЕСТЕ МЕСЕЦИ ОД ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ. ПРЕД РЕФОРМАТА, ОВАА МЕРКА БЕШЕ МИНИМАЛНО ИСКОРИСТЕНА ПОРАДИ АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ТЕШКОТИИ, ОДНОСНО САМО 3.163 ДОМАЌИНСТВА ЈА КОРИСТЕА, НАСПРОТИ СЕГАШНИТЕ 27.000 ДОМАЌИНСТВА Во однос на образованието на најранливите категории граѓани, се преземаат низа активности за олеснување на нивниот пристап до установите за образование, како и задржување на децата во училиште. Една од активностите во насока на унапредување на раниот детски развој преку предучилишно образование е еден од високите приоритети на Министерството за труд и социјална политика. Економските анализи покажуваат дека стапките на поврат на вложените средства во раниот детски развој се помеѓу 4 и 8 долари за секој вложен долар. Не инвестирањето во раниот детски развој чини многу и не може да се компензира подоцна во текот на животот. Научните докази упатуваат на фактот дека интервенцијата во раниот детски развој е многу поефективна во споредба со подоцнежните интервенции за надминување на социјалните проблеми кои се резултат на не интервенирањето во раното детство. Со раното вклучување на децата во системот за згрижување и воспитание ќе ја подобриме нивната подготвеност за поаѓање во училиште што, следствено ќе резултира со подобрување на нивните резултати во образованието, подобрување на нивното физичко и психичко здравје и намалување на користењето на услугите на системот за здравствена заштита. Програмите за ран детски развој кои ги подобруваат когнитивните и социо-емоционалните способности на децата, го градат и нивниот капацитет и резултираат со намалување на вклучување на децата и младите во високоризични активности. Овие однесувања ги намалуваат шансите да се направи успешен премин во зрелоста и ги зголемуваат шансите за бројни негативни исходи, вклучувајќи ги: болестите, невработеноста и социјалното исклучување. 18 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Новина кај заштитата на децата е воведувањето на еднократна парична помош за второродено дете. Висината на ова право изнесува 20.000 денари за сите второродени деца. Исто така, се воведе и додаток за образование на деца кои редовно посетуваат настава, а се од семејства со ниски приходи. Во изминатите 8 години, Министерството спроведуваше Програма за условен паричен надоместок и доделуваше 12.000 денари годишно на деца кои потекнуваат од домаќинства – корисници на СПП. Во текот на овие 8 години направивме низа истражувања кои ни покажаа дека стапката на деца кои посетуваат средно училиште се зголеми, особено кај женските деца. Поттикнати од придобивките на оваа Програма, го воведовме додатокот за образование во Законот за заштита на децата, кој се однесува за деца во основно и средно образование. Одлуката да се прошири додатокот за образование и на деца кои посетуваат основно образование е резултат од истражувањата кои ни покажаа дека најранливите категории на деца се осипуваат, односно го напуштаат образованието во основното училиште. Ова право, во моментов, го користат 8.678 деца. Достоинствена старост Со реформата на системот за социјална заштита беше опфатено и воведувањето на правото на парична помош за социјална сигурност за старите лица. Имено, старите лица кои немаат во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржуваат и не се корисници на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата врз основа на: старост, инвалидност или доживување од друга држава – го остаруваат ова право. Ова право, во моментот, го користат 4.148 стари лица. Во насока на олеснување на животот и поголема социјално вклучување на лицата со попреченост, како парични права се проширува првото СО РАНОТО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО СИСТЕМОТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ ЌЕ ЈА ПОДОБРИМЕ НИВНАТА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПОАЃАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ, ШТО ЌЕ РЕЗУЛТИРА СО ПОДОБРУВАЊЕ НА: НИВНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, НИВНОТО ФИЗИЧКО И ПСИХИЧКО ЗДРАВЈЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА. ПРОГРАМИТЕ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ КОИ ГИ ПОДОБРУВААТ КОГНИТИВНИТЕ И СОЦИОЕМОЦИОНАЛНИТЕ СПОСОБНОСТИ НА ДЕЦАТА, ГО ГРАДАТ И НИВНИОТ КАПАЦИТЕТ И РЕЗУЛТИРААТ СО НАМАЛУВАЊЕ НА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ВО ВИСОКОРИЗИЧНИ АКТИВНОСТИ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 19 на надоместок заради попреченост и сега, покрај лицата со најтешка телесна и сетилна попреченост, можат да го користат и лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост. Се воведе и правото на траен надоместок за родител кој се грижел за своето дете со попреченост и не го сместил во социјална установа, а нема основа за пензија да оствари приход од 8.000 денари. Социјалните услуги како основа на развиен социјален систем Реформата на социјалната заштита во голем дел го опфати и обезбедувањето на социјалните услуги кон граѓаните. Стариот систем на социјална заштита кој беше премногу фокусиран на обезбедување директни финансиски средства кон крајните корисници(исплата на парични права), воопшто не беше стимулативен за развој на услугите, особена за развој на индивидуализираните услуги во заедницата. Тој беше премногу фокусиран на институционалната грижа која се спроведуваше во стари и дотраени згради, со многу малку стручна поддршка за корисниците, само со влез/ прием во институциите, без да има излез и реинтеграција на лицата во општеството. Финансирањето на услугите беше централизирано и не им овозможуваше на корисниците да бидат„купувачи“ на услугите – преку директно јавно финансирање, нарачка на услугите преку механизми на управувана грижа, или преку друг начин што би овозможил„парите да ги следат корисниците на услугите“. За организација и управување со услугите недостасуваа вештини, но и автономија во носењето одлуки и креативност во организација на услугата. Започнавме да го менуваме стариот систем, во систем за испорака на социјални услуги, заснован врз пристапот на човекови права, кој ги унапредува правата, вклученоста и достоинството на корисниците. Појдовна точка е признавање на индивидуалните потреби на корисниците, како и нивните животни приоритети и желби, а сеопфатниот принцип ќе биде корисниците да се зајакнат и да им се даде поддршка да ја остварат својата волја, како и да имаат контрола врз својот живот и врз услугите што ги добиваат. Во реформираниот систем нема да постојат институции за резиденцијална грижа – тие веќе минуваат низ процес на ­трансформација и ќе добијат нова улога во системот за социјална 20 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА заштита, а резиденцијалната грижа ќе биде заменета со услуги за поддршка во домот и услуги за живеење во заедницата. Република Северна Македонија е обврзана и посветена да ја оствари деинституционализацијата, бидејќи ги има потпишано и ратификувано наведените конвенции на ООН и Европската конвенција за човековите права. Развојот на услуги во заедницата и во домот, од нас бараа нови начини на: планирање, организирање и финансирање услуги за лицето-корисник, со цел да се обезбеди потребната поддршка во неговата вообичаена средина. Ресурсите, претходно користени од системот за институционална грижа, се пренасочуваат кон услуги во домот и во заедницата и кон индивидуалниот корисник. Треба да се напомени дека за првпат во 2018 година, Министерството за труд и социјална политика имаше обезбедено посебна буџетска ставка за деинституционализацијата во износ од 29.143.000 денари. За 2019 година е направено неколкукратно зголемување, односно 169.090.000 денари, со што се потврдува политичката посветеност за спроведување на процесот, односно преминување од институционален облик на заштита, кон заштита и поддршка во локална заедница. Услугите во домот и во заедницата ги земаат предвид личните потреби, амбиции и желби, ја обезбедуваат грижата според поединецот и ги зголемуваат: изборот, контролата и моќта на самите корисници. За првпат во Република Северна Македонија како законско решение се воведуваат услугите за лична асистенција и услугата за помош и нега во домот. Исто така, се воведуваат и голем број други услуги во заедницата кои до сега не биле законски уредени, како: • Услуги за дневен престој; • Услуги за привремен престој; • Услуги за рехабилитација и реинтеграција; • Услуги за одмена на семејна грижа. • Како новина во услугите на вонсемејна заштита, се услугите: • Живеење со поддршка; ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 21 • Згрижување во друго семејство, кое сега го предвидува и роднинското згрижување, но и сервисот за поддршка на згрижувачките семејства. Предвидовме донесување на методологија за формирање на цените на услугите во зависност од стандардите и нормативите за давање на социјалната услуга. Со оваа методологија ќе се определат цените на услугите, односно трошоците за испорака на услугата по корисник, која ќе се исплаќа на лиценцираните даватели на социјалната услуга. На овој начин ќе го поттикнеме развојот на плурализацијата на социјалната заштита, односно испорака на услугите од недржавни даватели на услугата – граѓански организации и приватни лица. Исто така, овој нов начин на финансирање РАЗВОЈОТ НА УСЛУГИ ВО ЗАЕДНИЦАТА И ВО ДОМОТ ОД НАС БАРАА НОВИ НАЧИНИ НА ПЛАНИРАЊЕ, ОРГАНИЗИРАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ УСЛУГИ ЗА ЛИЦЕТО- КОРИСНИК. РЕСУРСИТЕ, ПРЕТХОДНО КОРИСТЕНИ ОД СИСТЕМОТ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ГРИЖА, СЕ ПРЕНАСОЧУВААТ КОН УСЛУГИ ВО ДОМОТ И ВО ЗАЕДНИЦАТА И КОН ИНДИВИДУАЛНИОТ КОРИСНИК. ТРЕБА ДА СЕ НАПОМЕНИ ДЕКА ЗА ПРВПАТ ВО 2018 ГОДИНА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ИМАШЕ ОБЕЗБЕДЕНО ПОСЕБНА БУЏЕТСКА СТАВКА ЗА ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА ВО ИЗНОС ОД 29.143.000 ДЕНАРИ. ЗА 2019 ГОДИНА НАПРАВЕНО Е НЕКОЛКУКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ, ОДНОСНО 169.090.000 ДЕНАРИ, СО ШТО СЕ ПОТВРДУВА ПОЛИТИЧКАТА ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ПРЕМИНУВАЊЕ ОД ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ОБЛИК НА ЗАШТИТА КОН ЗАШТИТА ВО ЛОКАЛНА ЗАЕДНИЦА на услугите, каде корисникот ќе добие решение за користење на услугата/ваучер, и со тоа ќе ја користи услугата кај овластен давател – има двоен ефект, од една страна ќе се испорача услугата до корисникот, а од друга страна кај давателот на услугата ќе се реализира вработување. Овие реформи на среден рок треба да постигнат подобрување на благосостојбата на корисниците, намалување на сиромаштијата и нееднаквоста и да овозможат систем кој дава еднаква шанса на секој граѓанин во државата. (Авторката е министерка за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија) 22 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА СОЦИЈАЛНА/ОПШТЕСТВЕНА/ МАТЕРИЈАЛНА (НЕ)ЕДНАКВОСТ И (НЕ)РАМНОПРАВНОСТ ПОИМИ, КОНЦЕПЦИИ И ПАРАДИГМИ ВАНЧО УЗУНОВ ОВОЈ ОСВРТ ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ОТВОРИ ДЕБАТА ЗА ТЕОРЕТСКИТЕ АСПЕКТИ НА ТЕМАТА. ИДЕЈАТА Е ДА СЕ НАПРАВИ ЕДЕН ПРЕГЛЕД НА ЕВОЛУЦИЈАТА НА СФАЌАЊА И ПОИМАЊА ЗА СОВРЕМЕНИОТ КОНЦЕПТ НА ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА. БИДЕЈЌИ ТЕОРЕТСКИТЕ (КОНЦЕПЦИСКИТЕ) СТАВОВИ ВО ОДНОС НА ТИЕ ПРАШАЊА ГИ ОПРЕДЕЛУВАЛЕ, И ЌЕ ГИ ОПРЕДЕЛУВААТ НАЧИНИТЕ НА ВОДЕЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА МАТЕРИЈАЛНАТА РАСЛОЕНОСТ, ОДНОСНО ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЕДНАКВОСТ И РАМНОПРАВНОСТ ВО ОПШТЕСТВАТА, КОРИСНО Е ТИЕ ДА СЕ ПОЗНАВААТ Вовед Големата раслоеност или, со други зборови, отсуството на кохезија во општествата, е факт што нема потреба посебно да се докажува. Притоа, станува збор за раслоеност – може да се каже и поделеност, како и многуслојност – од различни аспекти, почнувајќи од идеолошка, преку верска и етничка, до материјална, итн. Од друга страна, раслоеноста на современите општества врз нивниот развој делува на различен начин. Додека некои видови раслоеност се богатство на општеството(ако општеството знае тоа да го искористи така), други видови се сосема спротивни – тие се„малигно ткиво”што го ослабнува општеството, дотаму што може и да го уништи. Еден таков вид на„малигна” општествена раслоеност во Република Северна Македонија е, таканаречената, материјална (или социјална) раслоеност. Факт е дека во последните 30 години, по претходните 45 години живеење во социјализам, граѓаните на РСМ сè повеќе се делат на(многумина) сиромашни и(малкумина) богати граѓани. Но, настрана од фактот дека тоа било неизбежно да се случи како резултат на севкупните општествени промени во овој период, факт е и тоа дека ние решавањето на тој вид на раслоеност ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 23 и понатаму многу често го гледаме на тесен или, погрубо кажано, на рудиментарен начин, својствен за општествена свест карактеристична за првата половина на минатиот век. Имено, проблемот на материјалната раслоеност многу често го гледаме како проблем на тоа како – а и дали треба – сиромашните граѓани да се доведат до не многу под 60% од медијалниот индивидуален доход. И, за многумина таа тема тука без малку завршува. Но, дали работите и односите треба навистина да останат такви? Дали е тоа својствено за едно современо општество, такво какво што сакаме да бидеме? Поаѓајќи од тоа дека на оваа тема е посветен целиот број на списанието„Предизвици”, а бидејќи други осврти се занимаваат со квантитативните и квалитативните аспекти на темата за социјалната политика на РСМ, овој осврт има за цел да отвори дебата за теоретските аспекти на темата. Идејата е да се направи еден преглед на еволуцијата на сфаќања и поимања за современиот концепт на држава на благосостојба. Бидејќи теоретските(концепциските) ставови во однос на тие прашања ги определувале, и ќе ги определуваат начините на водењето на политиките за решавање на проблемот на материјалната раслоеност, односно за градење на еднаквост и рамноправност во општествата, корисно е тие да се познаваат. Специфичност во(користењето на) поимите Појдовна точка во една таква дебата претставуваат поимите што се користат во македонскиот јазик за темата„социјала”, бидејќи самото(не)постоење на соодветни термини за одредена појава, кажува многу работи за нејзиното поимање. Во таа смисла, поимот социјала, или социјално, потекнува од латинскиот поим socius, што значи другар, придружник, а од него произлегува и терминот societas, што значи заедници на луѓе, или општества. Од латинскиот тие поими се пренесени во многу јазици, со задржување на нивното значење. Во англискиот јазик се користи терминот society, со значење на она што во македонскиот јазик се нарекува општество, т.е. заедница на луѓе(што на српски јазик се нарекува друштво). Од англискиот збор society произлегува и терминот social, што на македонски јазик се преведува како општествено, т.е. нешто што се случува во, или со една заедница на луѓе. Во таа смисла, кога со англиска терминологија се зборува за раслоеноста на едно општество во однос на распределеноста на богатството меѓу граѓаните, 24 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА се користи терминот social stratification, чијшто правилен превод на македонски е општествена(материјална) раслоеност. Но, во терминологијата во македонскиот јазик тука се јавува една специфичност. Имено, за опишување на состојбата во однос на распределеноста на богатството во општествата, наместо општествена материјална раслоеност, по правило(па и исклучителност) се користи терминот социјална раслоеност(или како постручен термин социјална стратификација). Уште повеќе, поимот социјала во македонската терминологија, всушност, најчесто се разбира како синоним за лоша материјална состојба, односно за состојба што е блиска или еднаква на сиромаштија. Оттука се изведени и други сродни термини, во смисла: социјален случај е синоним за сиромашен граѓанин примател на социјална помош; социјална помош е паричната помош што се дава на сиромашни граѓани; социјална политика е политика за помагање на сиромашните граѓани; социјална држава е држава што води грижа за сиромашните граѓани, итн. Ние токму во таков контекст велиме дека и РСМ е социјална држава. Ваквата колоквијална(но крајно раширена) употреба на поимот социјал(н)а во македонскиот јазик произлегува од периодот на социјалистичкото општествено уредување на нашата држава(во времето на поранешната СФРЈ), но е останата до денес заради практиката на буквално преземање без правилно преведување на поими од англискиот во македонскиот јазик, што е многу честа појава 1 . Поаѓајќи од истата основа, и денес кога се говори за социјална политика, тоа кај нас, по правило, се изедначува со борба против сиромаштијата или, во постручните дискусии, со намалување на материјалната раслоеност на општеството. Меѓутоа, во англиското говорно подрачје, на пример, поимот social policy се поврзува со поимите човекова благосостојба( human 1 Во истата смисла, кај нас е одомаќен и терминот„ социјален дијалог”, што е преземен од англискиот термин„ social dialogue”, ама нема никаква врска со социјална политика, туку се однесува на преговорите за уредување на односите меѓу: владата, стопанските комори и синдикатите. Зошто тоа не го викаме „ општествен дијалог”? Или, кај нас е одомаќен и терминот„ менаџирање”, што е пренесен од англискиот термин„ management”, а имаме македонски термин „раководење”. Има безброј такви примери, веројатно најчесто во областа на терминологијата поврзана со користењето на дигиталната технологија. Крајно вулгарен таков пример е поимот„ социјални мрежи”, што е буквално преземен од англискиот термин„ social networks”, но тие мрежи немаат апсолутно никаква врска со социјални аспекти во нашата смисла на значењето на тој збор, туку се работи за мрежите за комуникација преку Интернет. Треба да се прифати терминот „ општествени мрежи”, што е многу посоодветен. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 25 welfare), квалитет на животот на луѓето( quality of life) и држава на благосостојба( welfare state). Социјалната политика во нашата смисла на зборот, во англиското говорно подрачје се дефинира како: политика и практика во областите на: здравствена заштита, услуги за граѓаните, правда, материјална(не)еднаквост, образование и работнички права. Понатаму, кога се говори за аспектите на социјалните разлики во нашиот начин на сфаќање на поимот, во англискиот јазик се користат термините(in)equity и(in)equality, за кои кај нас не постојат соодветни општоприфатени термини. Во смисла,(in) equity е материјална(не)еднаквост, а(in)equality е материјална(не) рамноправност. Очигледно е дека се потребни големи промени во македонскиот јазик во оваа(и не само во таа) област, бидејќи треба да научиме дека терминологијата не е само„за да се разбираме”, туку така се гради и односот кон: нештата, појавите, процесите, индивидуите, итн. Се разбира дека така се гради и богатството на јазикот. Еволуција на концепциите за општествена материјална еднаквост и рамноправност Спроведувањето на свесна државна(владина) политика за намалување на материјалната нерамноправност, па и во најелементарна форма како борба против сиромаштијата, и во светот, а не само на територијата на денешна РСМ, нема долга историја – помалку од еден век, по крајот на Втората светска војна. Пред тоа, грижата за сиромашните била активност својствена за верските заедници, или како добротворна активност и филантропија. Но, во смисла на свесно влијаење за менување на состојбите, сиромаштијата се прифаќала без малку како„природна состојба”. Од друга страна, во економска смисла, идејата за политика за намалување на разликите во распределбата на вкупниот доход што ја определува материјалната состојба на граѓаните произлегува од сознанието дека пазарот, употребен како системски механизам за уредување на економските текови, заради, таканаречениот, неуспех на пазарот, самиот по себе неизбежно создава материјално раслојување на граѓаните. Бидејќи, олигархиската општествена структура е неизбежен нуспроизвод на делувањето на слободниот, а несоодветно регулиран пазар, тоа буквално ги дели граѓаните на богати и сиромашни(добитници и губитници). 26 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Поаѓајќи од социјалистичката идеологија, во економските системи на државите што по Втората светска војна прифатиле модел на социјалистичко општествено уредување, пазарот бил елиминиран и заменет со, таканаречено,(државно) планирање 2 . Така, елиминирањето на сиромаштијата и воопшто на големите разлики во материјалната нерамноправност меѓу граѓаните, станало дел од планирањето на стопанскиот развој. Во тие држави, разликите во однос на материјалната положба на граѓаните биле навистина експресно елиминирани и била создадена материјална рамноправност, но бидејќи, пак, општото ниво на нивниот економски развој било, и останало релативно ниско, социјалната стратификација често се сведувала на„еднакви во сиромаштијата”. А, со вградениот идеолошко-системски механизам што обезбедувал релативно мали разлики во материјалната положба на граѓаните, при изборот на оптимална комбинација меѓу политиката на материјална рамноправност и развојната политика, на социјалистичките држави им останало да се занимаваат, пред сè, со прашањето на економскиот пораст и развој. Сепак, токму, пак,(пре)големата грижа за материјалната рамноправност се претворила во објективна кочница на побрзиот економски пораст и развој на тие држави. Бидејќи малите разлики, т.е. релативната еднаквост во наградувањето, од една страна, ги убивала ефикасноста, мотивацијата и иницијативата што се неопходни за побрз развој, а од друга страна, ги зголемила трошоците, т.е. износот на средства што можел да се насочува како инвестиции во развој. Во несоцијалистичките држави работите стоеле сосема поинаку. Нивните економски системи по Втората светска војна биле изградени/реформирани како системи на, таканаречена, мешана економија: слободен пазар и приватна иницијатива, со државен интервенционизам и државен/јавен сектор. Во тоа милје, почетните облици на свесна политика за намалување на разликите во материјалната положба на граѓаните во тие држави, на ниво на концепции на политиките, се интересирале, пред сè, за односот и меѓусебното влијание на политиката за материјална рамноправност и развојната економска 2 Во истата смисла, заради идеолошкиот став дека приватната сопственост создава (можности за), таканаречена, експлоатација на трудот, приватната сопственост била заменета со државна(во СФРЈ општествена) сопственост. Државно планирање и доминација на државна сопственост се најосновни карактеристики на социјалистичките економски системи. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 27 политика. Толерирањето на големи разлики во материјалната положба меѓу граѓаните станало неприфатливо од аспект на хуманоста, но се отворило прашањето за тоа како таа раслоеност делува врз економскиот пораст и развојот на општеството. Во одговор на таа дилема и гледано ad hoc, бидејќи политиката за намалување на материјална нерамноправност бара реалокација на средства за подобрување на материјалната положба на сиромашните граѓани а, пак, економскиот пораст бара големи инвестиции, на краток рок произлегува дека политиката на материјална рамноправност и развојната економска политика се директно спроСПРОВЕДУВАЊЕТО НА СВЕСНА ДРЖАВНА (ВЛАДИНА) ПОЛИТИКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНАТА НЕРАМНОПРАВНОСТ, ПА И ВО НАЈЕЛЕМЕНТАРНА ФОРМА КАКО БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА, И ВО СВЕТОТ, А НЕ САМО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ДЕНЕШНА РСМ, НЕМА ДОЛГА ИСТОРИЈА – ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ВЕК, ОД ПОСЛЕ КРАЈОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА. ПРЕД ТОА, ГРИЖАТА ЗА СИРОМАШНИТЕ БИЛА АКТИВНОСТ СВОЈСТВЕНА ЗА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ, ИЛИ КАКО ДОБРОТВОРНА АКТИВНОСТ И ФИЛАНТРОПИЈА. НО, ВО СМИСЛА НА СВЕСНО ВЛИЈАЕЊЕ ЗА ПРОМЕНУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ, СИРОМАШТИЈАТА СЕ ПРИФАЌАЛА БЕЗ МАЛКУ КАКО„ПРИРОДНА СОСТОЈБА” тивставени. И, бидејќи ниедна од двете политики не може да биде целосно елиминирана(или запоставена), на прв поглед прашањето, всушност, се сведува на оптимална комбинација( trade-off) на обете политики: колкав акцент и„напор”да се стави на едната, за сметка на другата политика, во даден момент. Но, останува прашањето: што се случува на долг рок? Во теоретските концепции за прашањето на материјалната рамноправност и економскиот пораст што биле изградени во несоцијалистичките држави, во основа се разликуваат два различни генерални пристапи. Едниот се фокусира на нееднаквоста гледана од аспект на доходите на граѓаните, па затоа се нарекува доходна нерамноправност( income inequality), а бидејќи тој приод проблемот на материјалната нерамноправност, всушност, го смета за резултат на исходи( outcomes) од некои активности, често се нарекува и нерамноправност на исходите( inequality of outcomes). Во неговите рамки се разликуваат три варијанти. За разлика од тој пристап, вториот општ пристап се фокусира на можностите(шансите) на граѓаните да остваруваат подобра материјална состојба и се нарекува нерамноправност на можностите( inequality of opportunities). Во негови рамки се разликуваат две варијанти. 28 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Концепции базирани врз нерамноправност на доходите Во рамки на доходниот пристап кон материјалната нерамноправност, како први теоретски трудови се сметаат анализите што се појавиле во средината на 1950-тите години, а најпознати автори биле Луис(Lewis, 1954) и Кузњец(Kuznets, 1955). Најпозната теорија, пак, нешто што се сметало како генерална рамка, била, таканаречената, Хипотеза на Кузњец. Според таа Хипотеза, кога односот меѓу економскиот пораст и материјалната нерамноправност ќе се претстави на графикон, тој формира обратно свртена латинска буква U. Накратко, Кузњец поаѓал од тоа дека во економијата постојат два сектора: рурален/земјоделски и урбан/индустриски сектор, меѓу кои постои доходен јаз: земјоделскиот сектор има побавен развој, превработеност и создава понизок доход, а индустрискиот сектор има недостаток на работна сила, побрз развој и создава повисок доход. Како што работната сила мигрира од земјоделскиот, во индустрискиот сектор, на почетокот јазот меѓу секторите ќе се зголемува, но со текот на времето состојбата ќе се стабилизира, а потоа јазот ќе исчезне, без малку сам по себе. За Кузњец„нерамноправноста со време ќе исчезне, бидејќи растечката економска и политичка преговарачка моќ на ниско-доходните групи... откако тие ќе се етаблираат како урбани граѓани, ќе ја обележи општествената трансформација и ќе претставува основа за менување на трендот на распределбата на доходот во една држава”[McKinley, 2009]. Едновремено, од хипотезата на Кузњец се јасни и насоките на политиката – таа треба да се занимава, пред сè, со проблемите на економскиот пораст, а дилемите на прераспределбата може да бидат оставени настрана. Дали Кузњец бил во право? Всушност, во наведениот контекст станува збор за два односа: 1) влијание на економскиот пораст врз материјалната нерамноправност; 2) влијание на материјалната нерамноправност врз економскиот пораст. Во таа смисла, следователните емпириски анализи на Хипотезата на Кузњец откриле дека економскиот пораст нема никакво(автоматско) влијание врз материјалната нерамноправност, ниту изразено негативно, ниту изразено позитивно. Што значи дека, ако нема некој„корективен механизам”, материјалната нерамноправност нема да се промени, ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 29 уку и понатаму ќе се одржува 3 . Од друга страна, за влијанието на материјалната нерамноправност врз економскиот пораст постоеле спротивни емпириски резултати, но тоа прашање, едновремено, води до еден заклучок, што е битен и за денешниот пристап кон материјалната нерамноправност. Имено, бидејќи економскиот пораст и распределбата на доходот се органски поврзани, материјалната нерамноправност не може да се решава без промена на структурата на економскиот пораст. Во смисла, дека факторите на развојот треба да имаат таква структура, што нивното влијание врз распределбата на доходот ќе овозможува најголем дел од граѓаните да го споделуваат целокупниот општествен напредок. Втората концепциска варијанта на доходниот пристап кон материјалната нерамноправност се фокусира врз сиромаштијата, затоа се нарекува борба против сиромаштијата( pro-poor approach). Се разликуваат три поврзани аспекти: сиромаштија, материјална нерамноправност и економски пораст, но првенствена цел е намалување на сиромаштијата. Но, и тука се разликуваат два приода. Имено, едниот смета дека сè додека економскиот пораст резултира со намалување на бројот на сиромашни семејства во апсолутна смисла(што значи се намалува бројот на семејства што живеат под квантитативно определен минимум што се смета за линија на сиромаштија), независно од тоа дали нерамноправноста, сепак, може да се зголемува, тоа може да се смета за борба против сиромаштијата. Додека другиот пристап смета дека, за навистина да постои борба против сиромаштијата, доходите на сиромашните треба да растат побрзо од доходите на сите останати групи на граѓани/ семејства. Всушност, разликата е во тоа дали сиромаштијата се дефинира во апсолутна, или во релативна смисла. Се разбира дека разликите во пристапот прават разлики и во однос на изборот на инструментите на политиката, но обата пристапа се согласуваат за тоа дека ако целта на политиката е намалување на сиромаштијата, 3 Уште повеќе, денешницата покажува дека не само што нерамноправноста нема да се промени/подобри сама по себе, а заради економскиот пораст, туку, напротив, дури и со постоење на„корективни механизми” таа ќе се зголемува до крајности. Денешниот свет е далеку повеќе поларизиран врз основа на распределеност на материјалната состојба на граѓаните отколку што бил во времето на изработката на тие анализи. Според еден податок, во 2010 година, 388 луѓе во светот поседувале богатство колку што заедно поседувала долната половина од светската популација – околу 3,5 милијарди луѓе. Проценките за 2019 година кажуваат дека тие луѓе денес се сведуваат на 26[Boghosian, 2019]. 30 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА и побрзиот економски пораст и создавањето материјална рамноправност треба да бидат приоритети на политиката. Третата варијанта на доходовната концепција на материјалната нерамноправност се нарекува развој со вклучување на сите (или инклузивен развој- inclusive growth), а во основа се залага за создавање материјална еднаквост преку развој чиишто бенефиции ќе ги опфатат сите граѓани. Меѓутоа, бидејќи дилемите за начинот на меѓусебно влијание на политиките за намалување на нерамноправноста и за економски пораст остануваат нерешени, додадена ­вредност на овој пристап е прифаќањето на ставот дека, ако порастот и нерамноправноста се поврзани со однос што е променлив со текот на времето, други фактори – пред сè: политиките, квалитетот на институциите, надворешните услови, и слично – се многу важни во определувањето на исходите од односот меѓу економскиот пораст и материјалната нерамноправност. Препораката на оваа концепција е дека фокусот треба да се стави на политики и институции што влијаат врз едновременото подобрување и врз рамноправноста и врз економскиот пораст, а не само врз стапката на економскиот пораст(стапката на пораст на БДП). Концепции базирани врз нерамноправност на можностите Кон крајот на 1970-тите години започнува развојот на концепција на материјалната нерамноправност што оди понатаму од тесниот концепт на доходна нерамноправност, па нерамноправноста ја проучува во контекст на човековите способности. Прв и најистакнат апологет на оваа концепција е Амартија Сен, лауреат на Нобеловата награда по економија за 1998 година. Според Сен, општоприфатената грижа на алтернативниот концепциски пристап за односот меѓу доходната нерамноправност и економскиот пораст како цели на развојот, води до замена на средствата(инструментите на политиките) со целите на политиките.„Бидејќи се фокусира на производството и просперитетот како суштина на напредокот, тој концепт луѓето ги третира како средства што го создаваат напредокот, наместо да го гледа квалитетот на животот на луѓето како суштина на напредокот, а на производството и просперитетот да гледа како на средства што овозможуваат живот на луѓето”[Sen, 2003]. Во таа смисла, Сен сметал дека првенствена ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 31 цел на развојот треба да биде„облагородувањето” на животот на луѓето – квалитетот на животот и благосостојбата. Идејата за благосостојба на луѓето е опфатена со концептот на човековите способности. Тој поим не се однесува на тоа колку пари луѓето имаат, туку на слободата да имаат начин на живот што го вреднуваат или имаат причини да го вреднуваат. Со други зборови, способностите се слобода да се избере и да се делува[Sen, 1997]. Ставањето на акцентот врз слободата да се избере начинот на живот, а не врз доходите, особено кога односот меѓу нивото на доход и личните достигнувања и слобода се многу различни и зависни и од лични и од општествени случајни околности, води до разликување на повеќе видови случајности: 1) персонална хетерогеност – луѓето имаат карактеристики во однос на возраста, полот и слично, што создаваат различни потреби; 2) разлики во животната средина – климатските услови имаат влијание врз тоа што може еден поединец да стекне со својот доход; 3) разлики во општествената клима – преведувањето на личниот доход и ресурси во„функционалности” ( functionings е термин што во економската теорија го внесува Сен, со значење на нешто што го прави ВО ЕКОНОМСКА СМИСЛА, ИДЕЈАТА ЗА ПОЛИТИКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА ВКУПНИОТ ДОХОД ШТО ЈА ОПРЕДЕЛУВА МАТЕРИЈАЛНАТА СОСТОЈБА НА ГРАЃАНИТЕ ПРОИЗЛЕГУВА ОД СОЗНАНИЕТО ДЕКА ПАЗАРОТ, УПОТРЕБЕН КАКО СИСТЕМСКИ МЕХАНИЗАМ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕКОВИ, ЗАРАДИ, ТАКАНАРЕЧЕНИОТ, НЕУСПЕХ НА ПАЗАРОТ, САМИОТ ПО СЕБЕ НЕИЗБЕЖНО СОЗДАВА МАТЕРИЈАЛНО РАСЛОЈУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ. БИДЕЈЌИ ОЛИГАРХИСКА ОПШТЕСТВЕНА СТРУКТУРА Е НЕИЗБЕЖЕН НУСПРОИЗВОД НА ДЕЛУВАЊЕТО НА СЛОБОДНИОТ, А НЕСООДВЕТНО РЕГУЛИРАН ПАЗАР, ТОА БУКВАЛНО ГИ ДЕЛИ ГРАЃАНИТЕ НА БОГАТИ И СИРОМАШНИ(ДОБИТНИЦИ И ГУБИТНИЦИ) животот), е под влијание на условите во општеството, како, на пример, условите на јавното здравство, системот на јавно образование, и слично; 4) разлики во односите и сфаќањата во општеството – материјалните потреби поврзани со пресретнување на воспоставените начини на однесување се разликуваат од средина до средина, зависно од обичаите и нормите; 5) начин на распределба на доходот во семејствата, итн. Според Сен, таквите околности овозможуваат да се објаснат разликите меѓу доходите и остварувањата, како што се: добро здравје, добра исхранетост,(не)учество во општествениот живот, и слично. Бидејќи способностите на луѓето да ги активираат таквите примарни 32 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА добра се разликуваат, акцентот треба да се стави врз гледањето на „вистинскиот живот што луѓето можат да го остварат”. Придонесот на концептот на човекови способности врз сфаќањата за материјалната нерамноправност бил, и останал многу голем. Со покажување дека еднакви доходи не значат еднакви способности, овој концепт покажал дека треба да се изедначуваат можностите што на луѓето им даваат слобода да можат да изберат живот каков што сакаат. И покрај огромниот придонес, Сен имал изразено индивидуален пристап. Во таа смисла, како подобрување на неговиот придонес се смета набљудувањето на нерамноправноста гледана и како групна(колективна) карактеристика – таканаречена хоризонтална нерамноправност. Имено, хоризонталните нерамноправности се однесуваат на групи луѓе, а се резултат на систематска дискриминација и исклучување што резултира од постоењето на стереотипи и предубедувања. Таквите групи се дефинираат според: културолошки, полови, етнички, расни, локациски, старосни и други карактеристики. Но, факт е дека многу често материјалните бенефиции во едно општество„се одбиваат назад кон доминантните групи на граѓани, кои имаат мотивација да ги репродуцираат условите што создаваат нерамноправност”[Darity & Steward, 2005]. Со други зборови, НАВИДУМ, ДВОЈСТВОТО МЕЃУ НЕЕДНАКВОСТА НА ДОХОДИТЕ И НА МОЖНОСТИТЕ Е ЛАЖНО. ТИЕ СЕ САМО ДВЕТЕ СТРАНИ НА ИСТАТА ПАРИЧКА. ЗАТОА, ОДРЖЛИВОТО НАМАЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНАТА НЕРАМНОПРАВНОСТ БАРА СПРАВУВАЊЕ СО ОБЕТЕ НЕЕДНАКВОСТИ – И НА ДОХОДИТЕ И НА МОЖНОСТИТЕ. ВО ИСТАТА СМИСЛА, НАДМИНУВАЊЕТО НА ПОДЕЛЕНОСТА И НЕРАМНОПРАВНОСТА СПОРЕД ДОХОДИТЕ И СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ Е МНОГУ БИТНА ЗАРАДИ ПОСЛЕДИЦИТЕ ВРЗ ЕКОНОМСКИОТ ПОРАСТ И РАЗВОЈ меѓугрупната нерамноправност е „намерно изградена заради извлекување на ренти, а доминантните групи развиваат и одржуваат процеси што создаваат општествена хиерархија и статусни разлики”[Seguino, 2008]. Втората варијанта на концептот на човековите способности е пристапот на еднаквост( equity approach). Основниот фокус на овој пристап е елиминирањето на слабостите од околностите што се вон контрола на една индивидуа, но што многу силно влијаат како врз исходите, така и врз активностите со цел стекнување на тие исходи. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 33 Основен аргумент на овој пристап е фактот дека отсуството на еднакви можности е штетно, бидејќи политичката, материјалната и општествената нерамноправност, со текот на времето, се обновуваат, што создава замки на нерамноправност( inequality traps). Тие замки имаат две последици. Прво, заради пазарните имперфектности и начините на градење и развој на институциите, материјалната нерамноправност има негативно влијание и врз распределбата и врз економскиот пораст и развојната динамика. Второ, бидејќи начинот на функционирање на државите, на нивните правосудни системи и регулаторни тела се наоѓа под влијание на(распределеноста на) политичката моќ во општеството, нерамноправната распределеност на контролата врз ресурсите и на политичкото влијание ги обновува институциите што ги штитат интересите на најмоќните. Оттука, разликите во можностите се пренесуваат врз способноста да се придонесува за развој на индивидуите, но и на целата држава. Поаѓајќи од тие ставови, суштинската додадена вредност на оваа концепција за материјалната нееднаквост и нерамноправност е ставот дека: политиката за создавање на материјална рамноправност и политиката на економски пораст не се спротивставени и во тој однос не треба да се бара оптимален баланс, туку е потребно паралелно спроведување на обете политики. Всушност, дека едновременото и еднакво спроведување на обете политики е нивно меѓусебно надополнување. Очигледно е дека оваа концепција доаѓа до сосема различен и спротивен заклучок во однос на наведениот ad hoc став, дека економскиот пораст и развој и намалувањето на материјалната нерамноправност се директно спротивставени. Во поглед на изборот на инструменти на политиката, концепцијата на еднаквост упатува дека фокусот треба да се стави на три столбови што создаваат еднакво поле за натпревар( level playing field): инвестирање во човечки капитал; еднаков пристап до правдата; подобрување на праведноста на пазарните исходи. Меѓутоа, иако„поеднаквите полиња за натпревар” ќе создаваат помала нерамноправност меѓу граѓаните во пристапот до: квалитетно образование, добра здравствена заштита и разлики во доходите, разлики меѓу луѓето секогаш ќе постојат, заради разликите во: преференциите, талентот, напорите, па и среќата. Оттука, принципот на еднакви можности вели дека иднината на секој поединец зависи од неговите/нејзините ресурси, но и од желбата за преземање на 34 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­напор. Во таа смисла, пропонентите на концептот на еднакви можности настојуваат да ги раздвојат„нештата” за коишто секоја индивидуа(треба да) е одговорна, од неизбраните околности врз кои тој/таа нема контрола. Државата треба да ги отстранува нееднаквостите што произлегуваат од индивидуално-неконтролирачките фактори. Сепак, индивидуалната одговорност за(не)искористување на шансите што државата(треба да) ги прави(барем блиску до) еднакви за сите, е незаобиколна. Затоа се вели дека развојот, на индивидуално или на општествено ниво, е прашање на избор! Ако поединец, или општествена заедница, не„одбере развој”, тој/таа не може да се смета за„невина жртва” или за„жртва на заговор”. Нешто како заклучок Почетна аксиома на овој осврт што се занимава со концепциите на материјалната(не)еднаквост и(не)рамноправност, е фактот дека концепциските ставови во однос на тие прашања ги определувале, и ќе ги определуваат начините на водењето на политиките за материјална еднаквост и рамноправност во општествата и нивниот економски развој. Во таа смисла, се извлекуваат неколку битни заклучоци. Прво, би било голема грешка, впрочем и сосема неточно, да се направи обид да се одбере некоја од постојните концепции како единствено правилна, или најправилна и најприфатлива. Бидејќи, исходите и можностите се многу тесно испреплетени. Обезбедувањето само на еднакви можности не може да ја подобри благосостојбата на инфериорните групи, ако едновремено доаѓа до зголемување на доходните нееднаквости. Претпоставката дека може да постои праведен исход при крајно нееднаква и неправедна почетна позиција, дури и во праведно окружение, е неодржлива. Второ, лоши/слаби исходи, настрана од доходите, го намалуваат значењето на можностите. Кога нивоата на доходите на семејствата се крајно нееднакви, таа нерамноправност се пренесува и на идните генерации, со што се компромитираат и нивните можности. Тогаш, нееднаквоста и нерамноправноста остануваат одржани (трајни). Една генерација во секое семејство мора да направи„исчекор” кон подобра материјална благосостојба. Општеството(заедницата) треба да го овозможува и обезбедува тоа, а не да го спречува. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 35 ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ БАРА СПРАВУВАЊЕ СО ДОХОДНАТА НЕРАМНОПРАВНОСТ МЕЃУ ДОМАЌИНСТВАТА, СО АКЦЕНТ НА ДОМАЌИНСТВАТА НА НАЈДОЛНОТО НИВО НА ДОХОДИ, КАКО И НА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ ИНФЕРИОРНИ ГРУПИ; ИАКО ДОХОДНАТА НЕРАМНОПРАВНОСТ ИМА СИЛНА КОРЕЛАЦИЈА СО НЕЕДНАКВОСТА ВО НЕДОХОДНИТЕ АСПЕКТИ НА БЛАГОСОСТОЈБАТА, ДОХОДИТЕ НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИОТ ФАКТОР ЗА НЕЕДНАКВОСТА КАЈ НЕДОХОДНИТЕ ИСХОДИ; ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ЕДНАКВИ ШАНСИ, ТРЕБА ДА СЕ УНАПРЕДИ АНТИДИСКРИМИНАТОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО И ПОЛИТИКИТЕ, ДОДЕКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА СО НЕРАМНОПРАВНОСТА МЕЃУ ОДДЕЛНИ ГРУПИ ВО ОПШТЕСТВОТО, НЕОПХОДНИ СЕ ПРОМЕНИ ВО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЛОГАТА И УЧЕСТВОТО НА ГРУПИТЕ ШТО КОНТИНУИРАНО ОСТАНУВААТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ШАНСИТЕ ШТО ГИ ОВОЗМОЖУВА ОПШТЕСТВОТО; ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВААТ И ОБЛИЦИТЕ НА СТИГМАТИЗИРАЊЕ, ДИСКРИМИНАЦИЈА И ПРЕДРАСУДИТЕ ШТО СЕ ВГРАДЕНИ ВО ЈАВНИТЕ ПОЛИТИКИ И ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Трето, нееднаквостите во можностите, исто така, се битни, заради три причини. Едно, тие ги зголемуваат последиците во распределбата што произлегуваат од факторите што ја создаваат нееднаквоста на доходите. На пример, нееднаквоста во образованието е најсилен создавач на идни нееднакви доходи, а истото се однесува на здравјето на граѓаните. Следно, без еднакви можности е многу тешко да се намали и индивидуалната и колективната нееднаквост и нерамноправност. Конечно, еднаквите можности имаат вградена додадена вредност за општеството, бидејќи кога една група непрекинато се соочува со инфериорни политички, економски, или други општествени можности, тоа го подјадува принципот на еднаквост во општеството, што создава трошоци за одржување на неговата стабилност и одржливост. Оттука, навидум двојството меѓу нееднаквоста на доходите и на можностите е лажно. Тие се само двете страни на истата паричка. Затоа, одржливото намалување на материјалната нерамноправност бара справување со обете нееднаквости – и на доходите и на можностите. Во истата смисла, надминувањето на поделеноста и нерамноправноста според доходите и според можностите е многу битна заради последиците врз економскиот пораст и развој. Во тој контекст, може да се наведат четири генерални препораки[UNDP]: • „Остварувањето на еднакви можности бара справување со доходната нерамноправност меѓу домаќинствата, со 36 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­ставање на посебен акцент на домаќинствата што се наоѓаат на ­најдолното ниво на доходи, како и на најзагрозените инфериорни групи во општеството; • Иако доходната нерамноправност има силна корелација со нееднаквоста во недоходните аспекти на благосостојбата, доходите, сепак, не се единствениот фактор за нееднаквоста кај недоходните исходи. Подобрувањето на недоходните аспекти на благосостојбата бара справување со оние карактеристики во политиките и процесите на раководење/владеење што спречуваат рамноправни исходи во областа на здравството, образованието, и сл. • За да се обезбедат еднакви шанси и еднакво поле за натпревар, треба да се унапреди антидискриминаторното законодавство и политиките, додека за подобрување на состојбата со нерамноправноста меѓу одделни групи во општеството, неопходни се промени во зајакнување на улогата и учеството на групите што континуирано остануваат исклучени од шансите што ги овозможува општеството. • Конечно, треба да се менуваат и облиците на стигматизирање, дискриминација и предра судите што се вградени во јавните политики и јавните институции.” (Авторот е редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први”, Универзитет„Св. Кирил и Методиј” – Скопје) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 37 НОВИ ПАРАДИГМИ НА СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА МАЈА ГЕРОВСКА МИТЕВ СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА ПРАВИ НАПОР ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАНА СИЛА (ПРЕКУ ПОЛИТИКИ И АДМИНИСТРАЦИЈА) ДА СЕ КОРИГИРААТ ПАЗАРНИТЕ ВЛИЈАНИЈА ПРЕКУ НАЈМАЛКУ ТРИ НАЧИНИ:(1) ГАРАНТИРАЊЕ МИНИМАЛЕН ПРИХОД НА ПОЕДИНЦИТЕ И ДОМАЌИНСТВАТА, НЕЗАВИСНО ОД ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НИВНАТА РАБОТА ИЛИ СОПСТВЕНОСТ; (2) НАМАЛУВАЊЕ НА ОБЕМОТ НА НЕСИГУРНОСТИ ПРЕКУ ПРЕСРЕТНУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ СОЦИЈАЛНИ РИЗИЦИ, КАКО: БОЛЕСТ, СТАРОСТ, НЕВРАБОТЕНОСТ, КОИ МОЖАТ ДА ДОВЕДАТ ДО ИНДИВИДУАЛНА ИЛИ СЕМEЈНА КРИЗА;(3) ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОПФАТ СО КВАЛИТЕТНИ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА СИТЕ ГРАЃАНИ, БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВНИОТ СТАТУС Иако се чини општо познат и јавно препознатлив, концептот„социјална држава“, често, предизвикува заблуди, но и претпоставени цели кои се движат од„минимална заштита на социјално ранливите категории“, до „еднакви можности и праведна прераспределба на ресурсите“. Ваквите спротивставени перцепции и очекувања произлегуваат како од индивидуалната благосостојба, така и од различниот: историски, културен, идеолошки и економски контекст во кој се развивала социјалната држава. Но, всушност, кои се придобивките од социјалната држава? Колку воспоставените традиции на социјалната држава можат да излезат во пресрет на новите социјални предизвици со кои е соочена? Кои се новите концепти и решенија кои се нудат пред социјалната држава? И, конечно, дали иднината на социјалната држава е во нејзиното глобално раководење или, пак, сведување во тесни национални рамки во кои„граѓанството“ останува доминантен услов за пристап до социјалните права? Ваквите дилеми стануваат уште погрчевити кога се размислува за социјалната држава во македонски контекст. 38 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Поаѓајќи од фактот дека дефинирањето на социјалната држава е условено од традицијата на конкретното општествено милје, еден сеопфатен пристап ја опишува социјалната држава и нејзините основни функции:„Социјалната држава прави напор преку користење на организирана сила(преку политики и администрација) да се коригираат пазарните влијанија преку најмалку три начини:(1) гарантирање минимален приход на поединците и домаќинствата, независно од пазарната вредност на нивната работа или сопственост; (2) намалување на обемот на несигурности преку пресретнување на одредени социјални ризици, како: болест, старост, невработеност, кои можат да доведат до индивидуална или семeјна криза;(3) обезбедување опфат со квалитетни социјални услуги на сите граѓани, без разлика на нивниот статус“(адаптирано од Briggs, 1961) 1 . Почетоците на социјалната држава во западноевропските демократски општества укажуваат на голем број историски придобивки кои се поврзуваат со: воведување на задолжително социјално осигурување(во 1883 година во тогашната„Бизмаркова“ Германија); законски гарантирана минимална плата(во 1909 под влијание на Черчил во Велика Британија за индустрии во кои 70% од вработените биле жени); признавање на формалната улога на синдикатите во колективното преговарање и во процесот на креирање на јавните политики; како и воведување на универзално достапно: образование, здравство, домување, поддршка за невработените; персонализирани социјални услуги во средината на 20 век кои нудат заштита од„раѓање, до смрт“(под влијание на Извештајот на Лорд Бевериџ од 1942 година, во кој се идентификуваат„петте џиновски зла“: неписменост, болести, бездомништво, невработеност и беда). По„златното доба“ на социјалната држава во Западна Европа (1945-1970), низа: економски, демографски и идеолошки кризи доведуваат до нејзино постојано: преиспитување, стеснување, целно насочување кон одредени социјално-ранливи групи, трансформирање. Како што истакнува и Офе„разновидноста на силите кои ја инаугурираа социјалната држава не можеа да постојат засекогаш во институционална рамка која сè повеќе е под напад. Машинеријата на класниот компромис стана предмет на класен конфликт“(C. Offe, 1 Briggs, Asa(1961)„The Welfare State in Historical Perspective”, European Journal of Sociology, vol. 2(2), pp. 221-258. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 39 1982) 2 . Во таа насока, одржливоста на темелните принципи и актери на социјалната држава во услови кои се разликуваат од оние кога таа се воспоставила, стануваат проблематични. Изменетиот демографски контекст, новите форми на работни места, миграциските трендови, сиромаштијата меѓу вработените, сè поголемата приходна нееднаквост, се само некои од новите„џиновски зла”, кои ја предизвикуваат традиционалната рамка на социјалната држава. Потребен е нов„Бевериџов извештај“, нов општествен договор, кој ќе понуди: интегрирани, флексибилни и флуидни решенија прилагодливи на глобализираниот и дигитален пазар на трудот, на новите форми на„граѓанство“, на новите семејни структури, како и на новите форми на исклученост. Демографските предизвици и социјалната држава Класичната социјална држава се засноваше врз демографскиот баланс меѓу: младото, возрасното и старото население, врз чија основа пресретнувањето на очекуваните животни ризици, како: раѓање, болест, старост и смрт, бeше финансирано врз принципите на„генерациската солидарност“(пр. пензиите), врз„професионалната/трудова солидарност“(породилни отсуства, здравствено осигурување во случај на повреда при работа) или врз општата/народна солидарност(социјална помош, социјални услуги). Денес, ниските стапки на наталитет, од една страна, и демографското стареење, или продолжениот човеков век, од друга страна, ги оневозможуваат претпоставените принципи на пресретнување, односно финансирање на социјалните ризици. Статистичките податоци покажуваат огромна промена во демографската пирамида на Европа. Младото население(0-19 години) кое во 1991 година изнесувало 26.4%(во ЕУ27) бележи значителен пад и во 2018 година изнесува 20.8%. За разлика од нив, старото население(над 65 години) во ЕУ27 во 1991 година изнесувало 13.9%, додека во 2018 значително се зголемува и изнесува 19.7%. Демографскиот профил на Северна Македонија, иако не толку изразито„стар“, сепак укажува на исти тенденции, односно континуиран пад на младото население(0-19 година) од 30.3% во 2001 година, на 24.6% во 2018 година, на сметка на порастот на старото население(над 65 години) од 10.1% во 2001 година, на 13.7% во 2018 година(Евростат, 2019). 2 Claus, Offe(1981)„Some contradictions of the modern welfare state” in Critical Social Policy, 2:7, DOI: 10.1177/026101838200200505. 40 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Ваквата демографска неурамнотеженост ги натера социјалните држави во почетокот на 90-тите години од 20 век да размислуваат за воведување параметриски(минимални) и парадигматски(значителни системски) промени. Промените имаа за цел да го компензираат недостатокот на средствата во фондовите и државната каса, кој произлегуваше од сè помалиот број новородени лица(а со тоа и сè помалиот број учесници на пазарот на трудот), и од друга страна, сè поголемиот број стари лица кои имаат продолжена потреба од социјалните права(пр. пензии) и социјалните услуги(здравствена заштита, долгорочна нега). Карактеристични параметриски промени беа: менување на возрасната стапка за заминување во пензија, менување на заменските стапки(соодносот меѓу висината на платата која работникот ја примал и висината на пензијата), менување на висината на придонесите за социјално осигурување, менување на товарот за плаќање на придонесите(со поголем акцент врз работникот, и намалување на товарот врз работодавачот), и сл. Парадигматските промени вклучуваа воведување нови актери и нови начини на обезбедување на социјалните права, како: воведување„втор“ пензиски столб, финансиран врз основа на капитално финансирано осигурување; воведување на приватниот и непрофитниот сектор како понудувачи на социјални услуги(приватни домови за стари лица, социјални услуги во заедницата), и слично. Но, демографските притисоци, комбинирани со дополнителни општествени трендови(исчезнување на традиционалните повеќегенерациски домаќинства за сметка на: нуклеарните семејства, повторно воспоставените семејства, еднородителските семејства, и слично), не стивнуваат, а преземените параметриски и парадигматски промени само моментално ја амортизираат демографската криза на социјалната држава. Во тој контекст, се наметна потребата од иновирање и зајакнување на системите за социјална заштита. Во државите во кои стапката на вработеност е помеѓу 70% и 80%, излезот од демографската криза беше виден во проширување на социјалното осигурување, односно ставен на товар на работниците и работодавачите. Меѓу европските социјални држави, Германија беше прва која во 1995 година воведе нов столб на задолжително социјално осигурување, па така, покрај: пензиското, инвалидското, здравственото и осигурувањето во случај на невработеност, воведе нов, петти ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 41 столб на осигурување наречен – осигурување за долгорочна нега. За ова осигурување работникот, односно работодавачот издвојува 2.55% месечно од бруто-платата. Тоа ги покрива трошоците за нега во домот на корисникот или, пак, трошоците за сместување во институција за долгорочна нега. Овој вид на осигурување ја преферира грижата во домот на корисникот или, пак, живеењето со поддршка. Сепак, во 2017 година околу една третина од корисниците живееле во институција за долгорочна нега, а од нив 50% биле лица со деменција. Овој пример на пресретнување на демографските предизвици го следи и Словенија, која, во декември 2019 година, очекува усвојување на Законот за осигурување за долгорочна нега. КЛАСИЧНАТА СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА СЕ ЗАСНОВАШЕ ВРЗ ДЕМОГРАФСКИОТ БАЛАНС МЕЃУ: МЛАДОТО, ВОЗРАСНОТО И СТАРОТО НАСЕЛЕНИЕ, ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА ПРЕСРЕТНУВАЊЕТО НА ОЧЕКУВАНИТЕ ЖИВОТНИ РИЗИЦИ, КАКО: РАЃАЊЕ, БОЛЕСТ, СТАРОСТ И СМРТ, БEШЕ ФИНАНСИРАНО ВРЗ ПРИНЦИПИТЕ НА „ГЕНЕРАЦИСКАТА СОЛИДАРНОСТ“, ВРЗ „ПРОФЕСИОНАЛНАТА/ ТРУДОВА СОЛИДАРНОСТ“. ДЕНЕС, НИСКИТЕ СТАПКИ НА НАТАЛИТЕТ, ОД ЕДНА СТРАНА, И ДЕМОГРАФСКОТО СТАРЕЕЊЕ, ИЛИ ПРОДОЛЖЕНИОТ ЧОВЕКОВ ВЕК, ОД ДРУГА СТРАНА, ГИ ОНЕВОЗМОЖУВААТ ПРЕТПОСТАВЕНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ПРЕСРЕТНУВАЊЕ, ОДНОСНО ФИНАНСИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ РИЗИЦИ Сепак, изборот на начинот и средствата кои социјалната држава ќе ги искористи за пресретнување на демографските ризици не смеат да зависат само од нејзините економски перформанси и состојби на пазарот на трудот, туку и од способноста за напуштање на традиционалното нормирање(path dependency) и отвореноста за флексибилно толкување на новите семејни структури и новите општествени реалности. Во македонски контекст, конзервативните правни норми поврзани со обврската за издршка на зависните членови во семејството(пред сè обврската за издршка на полнолетните лица неспособни за работа и материјално необезбедени, од страна на децата, другите роднини во права линија, браќата и сестрите), придонесуваат за апсурдни ситуации во кои старите лица за да остварат право на помош и нега од друго лице преку центрите за социјална работа се упатени да ги тужат своите деца или, пак, да бараат издршка од брачните партнери на нивните деца. Во услови на зачестена миграција, како и распад на традиционалното повеќегенерациско домаќинство, ваквите конзервативни одредби придонесуваат за стигматизација на корисниците и за појава 42 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА на сиромаштија кај старите лица. Дополнително, новите парадигми на социјалната држава во маневрирањето на демографската криза треба да се фокусираат на: поддршка на неформалниот и неплатен труд на(најчесто женските) членови на семејството кои се грижат за зависните(стари, болни, со попреченост) членови во семејството; избегнување на конзервативни пронаталистички мерки и фокус на даночни олеснувања на младите лица во создавањето нови работни можности; зголемување на поддршката кон непрофитниот сектор за обезбедување нега во заедницата, наместо фокус на поддршка на приватен профитен сектор кој е недостапен за лицата со ниски приходи; како и врамување на регионалните и глобалните политички решенија во локално прифатлив контекст. Нестандардни форми на вработување и социјалната држава Функционалните европски социјални држави во средината на дваесеттиот век го користеа кејнзијанскиот концепт на целосна вработеност, врз чија основа беше можно да се финансира широк опфат на парични права и социјални услуги обезбедени од страна на јавниот сектор. Исто така, доминантните форми на вработување во периодот до 90-тите години од 20 век беа работните места со полно работно време(full-time jobs), кои вклучуваа формален договор меѓу работникот и работодавачот, во кој се нормирани правата од социјалното осигурување. Дел од правата во процесот на трудот беа нормирани и со колективни договори, преку кои, благодарение на извојуваните придобивки од страна на синдикатите како клучни актери во настанувањето на социјалните држави во Европа, вработените можеа да се стекнат со дополнителни социјални права и придобивки. Во 21 век, социјалните држави се соочуваат со изменет пазар на трудот, кој покрај стандардните вработувања засновани на полно работно време, сè повеќе се темелат врз нестандардни форми на вработување, како: самовработување, работни места со скратено или определено работно време, повремени договори за работа, договори на нула часови работно време, и слично. Дополнително, ваквите нови форми на работни договори се склучуваат, најчесто, во сектори кои не се синдикално организирани, скратувајќи им ја можноста на работниците со нестандардните форми на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 43 ­вработување за здружено преговарање за своите работни права, како и покриеност на дел од правата со колективни договори. Според Евростат, во 2018 година во ЕУ27 – 18.5% од вкупната вработеност се припишува на вработените со нецелосно работно време (part-time), 14% на самовработените, додека 11.2% на вработените со повремени договори(temporary contracts). Во Северна Македонија, во 2018, 12.9% биле самовработени, 11.5% вработени со повремени договори и 3.4% вработени со нецелосно работно време(Евростат, 2019). Квалитативната анализа на податоците од Анкетата за работна сила во Северна Македонија покажува дека изборот на нестандардните форми на вработување е резултат на недоволната понуда на стандардни форми на работа, не е првичен избор на вработениот и претставува несигурен и непостојан извор на приходи. Нестандардните форми на вработување претставуваат предизвик за социјалната држава од аспект на покриеноста на овие работници со системот на социјална заштита. Луѓето со нестандардно вработување отсекогаш биле во понесигурна положба во однос на пристапот до правата засновани врз осигурување. Ова, уште повеќе се однесува за самовработените, кои, како по правило, не добиваат иста социјална заштита како и оние со плата. Одредени категории на самовработени – како земјоделците или либералните професии – честопати користат специфично креирани шеми што ги штитат само од одредени социјални ризици. Aнализата на пристапот до социјална заштита од страна на вработените во нестандардни работни места во Северна Македонија(Gerovska Mitev, 2016) 3 воочи дека самовработените лица уживаат исти„формални“ права за социјална заштита, со исклучок на осигурувањето во случај на невработеност. Сепак, овие права не се лесно преточени во пракса. Често, работодавачите не се придржуваат до законската одредба за продолжување на договорите на определено време коишто траат пет години, во постојани работни договори(освен ако не е вклучена трудовата инспекција), па намерно ги прекинуваат таквите договори пред крајот на петгодишниот период. Исто така, нестандардните работници, честопати се соочуваат со тешкотии во исполнувањето на условите за подобност за добивање бенефиции од социјалното 3 Gerovska Mitev, M.(2016)„ESPN Thematic Report on access to social protection of people working as self-employed or on non-standard contracts in fyr Macedonia”, Brussels: European Commission. 44 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА осигурување(на пр. периоди на прекин на придонесот). Во случајот на самовработените, проблемите со остварувањето на правата, честопати се поврзани со пресметката на основата за проценка на приходот врз која се плаќаат социјалните придонеси. ВО 21 ВЕК, СОЦИЈАЛНИТЕ ДРЖАВИ СЕ СООЧУВААТ СО ИЗМЕНЕТ ПАЗАР НА ТРУДОТ, КОЈ ПОКРАЈ СТАНДАРДНИТЕ ВРАБОТУВАЊА ЗАСНОВАНИ НА ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ, СÈ ПОВЕЌЕ СЕ ТЕМЕЛАТ ВРЗ НЕСТАНДАРДНИ ФОРМИ НА ВРАБОТУВАЊЕ, КАКО: САМОВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНИ МЕСТА СО СКРАТЕНО ИЛИ ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ПОВРЕМЕНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТА, ДОГОВОРИ НА НУЛА ЧАСОВИ РАБОТНО ВРЕМЕ, И СЛИЧНО. ДОПОЛНИТЕЛНО, ВАКВИТЕ НОВИ ФОРМИ НА РАБОТНИ ДОГОВОРИ СЕ СКЛУЧУВААТ, НАЈЧЕСТО, ВО СЕКТОРИ КОИ НЕ СЕ СИНДИКАЛНО ОРГАНИЗИРАНИ, СКРАТУВАЈЌИ ИМ ЈА МОЖНОСТА НА РАБОТНИЦИТЕ СО НЕСТАНДАРДНИТЕ ФОРМИ НА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА ЗДРУЖЕНО ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА СВОИТЕ РАБОТНИ ПРАВА, КАКО И ПОКРИЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПРАВАТА СО КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ Социјалната држава, кон крајот на втората деценија од 21 век, мора да изнајде начини да ја апсорбира флексибилноста на пазарот на трудот во рамки на системите за социјална заштита и социјално осигурување. Дебатите на оваа тема вклучуваат можности за: воведување минимум праг за пристап до правата од социјална заштита и социјално осигурување заради обезбедување достоинствен животен стандард; подобро дефинирање на основата за проценка на приходот што се користи при пресметката на социјалните придонеси, на начин што ќе одговара на голем дел од нивната реална заработка; намалување на праговите за период на придонес за повремените работници и механизмите што овозможуваат вклучување на придонесите од периодите на прекин на придонесот (на пр. периоди на грижа за зависни лица); како и превенирање вработувањето со скратено работно време да стане фасада за полно работно време, со пониски даночни и социјални придонеси. Миграциите и социјалната држава Социјалната држава е под притисок како од внатрешни, така и од надворешни фактори. Миграциите како надворешен фактор ја предизвикуваат класичната социјална држава од аспект на пристапот до правата засновани врз Маршаловиот концепт на„социјално ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 45 граѓанство“, 4 според кој државата има обврска на своите граѓани да им обезбеди палета на права од социјалниот домен. Ваквата традиција врз граѓански засновани социјални права низ годините се менуваше, пред сè како резултат на мобилноста на работната сила, па се отворија можности за преносливост на социјалните права засновани врз граѓанство од една, во друга држава. Сепак, мигрантите како специфична категорија на лица, ја наметнуваат потребата од редефинирање на националните политики и системи за социјална заштита, заради овозможување пристап до социјалните права засновани врз човековите права. Мигрантите може да припаѓаат на различни правно дефинирани категории/статуси во земјата-домаќин, како: членови на семејството, или издржувани членови, сезонски работници, работници со привремени договори, постојани жители, висококвалификувани работници мигранти, студенти, баратели на азил, бегалци, или недокументирани мигранти. Секоја од овие категории носи условни„права“ согласно законодавството за имиграција и законите за социјална заштита и социјално осигурување. Но, често, овие условни права се или формални(само законски, но неспроведливи во пракса), или рестриктивни, споредени со останатите социјални права засновани врз„граѓански“, или„резиденцијален“ пристап. Ограничениот пристап до социјалните права ја диференцира позицијата на„не-граѓаните“, а со тоа го оневозможува и исполнувањето на континиумот на права: граѓански-политички-социјални. Сепак, во литературата се среќаваат и гледишта кои на миграциите гледаат како на решение за некои од ­причините за криза на социјалната држава, како на пример, демографската криза, односно стареењето на населението. Но, јазичните бариери, недоволните квалификации кај мигрантите, како и сегментираноста на пазарот на трудот се само некои од факторите кои ја прават економската апсорпција на мигрантите нецелосно спроведлива во пракса. Предизвикот од миграциите е сосема поинаков во помалку развиените социјални држави, како македонската, кои се само преодна точка на мигрантската рута. Па така, затворањето на балканската рута и мигрантската криза од 2015 година ја покажа сета немоќ на јавните социјални услуги и непристапноста на ­македонската 4 Marshall, T H.(1950) Citizenship and Social Class: And Other Essays. Cambridge: University Press. 46 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­социјална држава за„не-граѓаните“. Земјата беше подготвена само да управува со транзитот на бегалците, но не и да обезбеди соодветна понуда на социјални услуги. Теренските искуства од прифатните центри за барателите на азил и бегалците покажаа дека: немаше систематско профилирање на баратели на азил како начин за идентификување на специфичните потреби(на пример: лица со посебни потреби, самохрани жени, деца и постари лица); не постоеше постапка за проценка на возраста, па изјавите дадени од страна на непридружуваните деца беа прифатени, генерално, како вистинити; бегалците и децата баратели на азил не одеа на училиште бидејќи не зборуваа македонски јазик, додека, пак, само одредени невладини организации нудеа некои неформални едукативни активности за деца под 10-годишна возраст во прифатните центри; посебен предизвик беше потребата да се назначи старател за непридружуваните и одвоените деца. Генерално, миграциите ја наметнуваат дебатата за реконструирање на социјалните држави низ призмата на новите општествени реалности. Дел од заговорниците за наднационално раководење на социјалните држави(Боб Дикон, Пол Стабс, и др.) можните решенија ги гледаат во„глобалната социјална држава“, 5 во која социјалните права се универзални, вклучително и за: барателите на азил, бегалците и мигрантите. Дикон ова го предвиде преку три форми на глобално раководење, односно:„глобална регулација, глобална редистрибуција и глобални права“. Иако дел од овие глобални форми на социјална држава веќе постојат и се нудат преку меѓународните владини институции, како: Обединетите нации, Советот на Европа, и слично, сепак, тие не се засноваат врз принципот на универзализам и не се достапни за сите. Се чини дека новите форми на социјална држава неминовно мора да се поврзани со создавање ново глобално„граѓанство“, кое ќе ги надмине тесните национални или резиденцијални одредници и кое ќе може да ги користи и пренесува социјалните права во различни општествени и политички контексти. 5 Deacon, Bob(2004)„The Politics of Global Social Policy“, UNRISD conference on Social Knowledge and International Policy Making: Exploring the Linkages, 20–21 April 2004, Geneva. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 47 Социјалната држава и новите форми на сиромаштија и социјална исклученост Ако бедата и сиромаштијата беа едни од петте„џиновски зла“ во средината на 20 век, со кои најмногу беа погодени лицата без работа, лицата со попреченост, или болните, во втората деценија на 21 век сме сведоци на нови форми на сиромаштија, меѓу кои индикативна е сиромаштијата кај вработените лица. Наративот дека вработувањето е најефективно средство за излез од сиромаштијата, во 21 век се покажува како недоволен. Хармонизираните методологии за мерење на сиромаштијата, како, на пример, Анкетата за приходи и услови на живеење(EU Survey on Income and Living Conditions), покажува дека во 2017 година, 9.4% од вработените во ЕУ27 и 9.0% од вработените во Северна Македонија биле во ризик од сиромаштија. Самовработените, пак, се соочуваат со уште повисок ризик од сиромаштија, па така, во 2017 година, 22.2% од самовработените во ЕУ27 и 22.7% од самовработените во Северна Македонија живееле во ризик од сиромаштија. Анализата на индивидуалниот профил на вработените сиромашни во државата покажува дека клучни детерминанти се: ниското образоваМИГРАЦИИТЕ ЈА НАМЕТНУВААТ ДЕБАТАТА ЗА РЕКОНСТРУИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ДРЖАВИ НИЗ ПРИЗМА НА НОВИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ РЕАЛНОСТИ. ДЕЛ ОД ЗАГОВОРНИЦИТЕ ЗА НАДНАЦИОНАЛНО РАКОВОДЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ДРЖАВИ МОЖНИТЕ РЕШЕНИЈАТА ГИ ГЛЕДААТ ВО„ГЛОБАЛНАТА СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА“, ВО КОЈА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА СЕ УНИВЕРЗАЛНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЗА: БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ, БЕГАЛЦИТЕ И МИГРАНТИТЕ. ДИКОН ОВА ГО ПРЕДВИДЕ ПРЕКУ ТРИ ФОРМИ НА ГЛОБАЛНО РАКОВОДЕЊЕ: „ГЛОБАЛНА РЕГУЛАЦИЈА, ГЛОБАЛНА РЕДИСТРИБУЦИЈА И ГЛОБАЛНИ ПРАВА“. ИАКО ДЕЛ ОД ОВИЕ ГЛОБАЛНИ ФОРМИ НА СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ВЕЌЕ ПОСТОЈАТ И СЕ НУДАТ ПРЕКУ МЕЃУНАРОДНИТЕ ВЛАДИНИ ИНСТИТУЦИИ, КАКО: ООН, СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, И СЛИЧНО, ТИЕ НЕ СЕ ЗАСНОВААТ ВРЗ ПРИНЦИПОТ НА УНИВЕРЗАЛИЗАМ И НЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА СИТЕ ние(25.5% од вработените со основно или некомплетирано основно образование се соочувале со ризик од сиромаштија, наспроти 1.6% кај вработените со високо образование), како и семејниот статус и родителството(кај вработените сиромашни со издржувани деца 30.8% биле самохрани родители, додека 11.2% биле домаќинства со две и повеќе деца). Дополнително, во национален контекст, следните фактори придонесуваат за ризик од сиромаштија кај вработените: 48 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА • Несигурно и ниско платено самовработување или вработување со скратено работно време; • Ниско ниво на минимална плата; • Недостаток на активни политики на пазарот на трудот насочени кон вработените со недоволни квалификации; • Ограничена поддршка од системот на социјална заштита за вработените со ниски приходи или вработените кои се сиромашни. За разлика од сиромашните кои се невработени(чија ситуација, секако, е подраматична и нивната стапка на ризик од сиромаштија е многу повисока како во ЕУ27 – 48%, така и во Северна Македонија 41.9%), вработените сиромашни многу често се соочуваат со пречки во пристапот до системот на социјална заштита. Имено, оваа категорија на лица, особено низ диоптријата на вработените во социјалната администрација е видена како„незаслужни“ сиромашни. Нивниот статус на работоспособност и можноста за самостојна заработка ги прави помалку„достојни“ корисници, па така комбинирањето на повремената или нископлатената работа со користење на социјални бенефиции многу често е или недозволено, или поддржано со многу ограничен финансиски износ што не го поттикнува излезот од сиромаштија. Како специфика во македонски контекст се и лицата кои се неформално вработени(18.1% во 2017 според Анкетата за работна силна), кои заради типот на вработување не се покриени со системот на социјално осигурување, па на тој начин немаат ни долгорочна социјална заштита и се соочуваат со ризик од сиромаштија во староста. Покрај сиромаштијата, социјалната исклученост е дополнителен феномен кој низ призма на неговото толкување во 21 век добива поинаква и поширока димензија. Додека во литературата од 20 век беше доминантно толкувањето на социјалната исклученост од аспект на: недоволен пристап до социјалните права, материјална лишеност, ограничено учество во општеството, како и недостаток на нормативна интеграција, денес сè почесто се говори за исклученост од пристапот до есенцијални услуги: вода, санитација, енергија, јавен транспорт, дигитални јавни услуги и финансиски услуги. Во тој контекст, Европската комисија, поаѓајќи од Европскиот столб ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 49 за социјални права, истакнува дека„есенцијалните услуги се наменети за поддршка на социјалното вклучување на луѓето во општеството и на пазарот на трудот. Пристапот до есенцијални услуги е клучен аспект на социјалното вклучување и важна одредница на благосостојбата, особено за групите во нерамноправна положба. Пристапот до есенцијални услуги ја исполнува функцијата на ,овозможување’(enabling), што, пак, влијае врз приходот на домаќинството, како и можноста за интеграција во општеството и на пазарот на трудот“. 6 Ваквото проширено гледиште има за цел да укаже на потребата од интегриран опфат со основни услуги без кои, во денешно време, е невозможно да се оствари индивидуалната или општествената вклученост. Пресретнувањето на новите форми на сиромаштија и социјална исклученост претпоставува надминување на класичните пристапи и инструменти на социјалната држава. За излез од сиромаштија не е нужно само вработувањето и пристапот до приходи. Приоретизирање на обезбедување услови за пристап до квалитетно образование од задолжително претшколско, до задолжително средно образование треба да е новата основна линија на социјалната сигурносна мрежа. Пристапот до адекватно домување и санитација треба да ја надополнува првата линија на сигурносната мрежа, со што ќе се намалат индивидуалните фактори за ризикот од сиромаштија. Во продолжение, сигурносната мрежа наместо финансиски трансфери, треба да нуди низа квалитетни јавни достапни услуги, како: транспорт, здравствена заштита и енергетска заштита. Дополнително, континуираното нивелирање на минималната плата со порастот на трошоците за живеење, како и покриеност на нестандардните форми на вработување со социјална заштита, би обезбедиле пофлексибилен, но и долгорочен третман на сиромаштијата кај вработените, кај нископриходните домаќинства, како и кај домаќинствата со низок работен интензитет. Приходната нееднаквост и социјалната држава Најголемиот дел од причините за појавата на погоре истакнатите социјални ризици се од индивидуален карактер, односно за 6 European Commission(2020)„Guidance on contents and methodological approach for the Thematic Report on Access to essential services in Europe”, Brussels: European Commission(unpublished document). 50 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­нивната појава има удел или, пак, можност да влијае самиот поединец. Меѓутоа, дел од социјалните ризици со кои сè позачестено се соочуваме во 21 век, се резултат на политичката волја и политичките одлуки. Еден од тие општествени ризици е приходната нееднаквост меѓу различни општествени групи, која води до стратификација на општеството. Согласно прифатените статистички мерила, најчесто се користат два индикатора за мерење на нерамномерната распределба на приходите, Gini коефициентот и индикаторот S80/S20. Согласно пресметките за Gini коефициентот во 2017 година(на скала од 0 до 100), истиот во ЕУ27 изнесувал 30.6%, додека во Северна Македонија 32.4%. Индикаторот S80/S20(кој го мери соодносот меѓу вкупниот приход што го добиле 20% од населението со најголем приход и оној што го добиле 20% од населението со најнизок приход), покажува дека во 2017 година во ЕУ27 нееднаквоста изнесувала 5.15%(односно, оние 20% од населението со највисоки приходи имале 5.15% повеќе приходи од оние 20% кои имаат најниски приходи). Во Северна Македонија приходните разлики биле уште понагласени и изнесувале 6.4%. Во својата книга„Ниво на духот: зошто еднаквоста е подобра за секого“, Вилкинсон и Пикет(2010) 7 користат емпириски податоци за да покажат дека приходните нееднаквости штетат и на индивидуата и на целокупното општество: колку е поголема нееднаквоста во приходите, толку е послабо менталното и физичкото здравје, толку е помала довербата во другите и во социјалните институции и стапката на криминал е повисока. Уште поважно, нееднаквоста во приходот е штетна за сите – не само за оние на дното на социјалното скалило; ако ги намалиме разликите во приходите, велат тие, благосостојбата на сите членови на општеството ќе се подобри. Во една од јавните презентации на своите наоди, Вилкинсон ќе изјави: „Доколку сакате да го живеете својот американски сон, тогаш одете во Данска“. 8 Без намера да се намали значењето на критиките кои ги добија Вилкинсон и Пикет во однос на методолошкиот пристап за избор на студии на случај за докажување на ефектите на приходната нееднаквост, нивните наоди, во најмала мера, се од индикативно значење. Социјалните разлики низ историјата, до денес, се 7 Wilkinson R., Pickett K.(2010). The Spirit Level. Why Equality Iс Better for Everyone. London: Penguin Books. 8 Изјава за време на неговиот настап на конференцијата на Европската платформа против сиромаштија, Брисел, 2012. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 51 ­покажале како основа за: нетрпеливост, дискриминација и подредени односи. Нивното поддржување преку јавни политики ја намалува општествената солидарност, со што се подриваат и основите на социјалната држава. Еден од клучните инструменти врз кои се потпира социјалната држава во одржувањето на приходната еднаквост е политиката на прогресивно оданочување. Нејзината примена е актуелна во скоро сите ЕУ држави, со исклучок на Балтичките држави, Бугарија, Романија и Унгарија. Од тој аспект, предлогот на Владата на Северна Македонија да ретерира од воведувањето на прогресивното оданочување по неговото враќање на почетокот на 2019 година, дојде како бумеранг за сите поддржувачи на социјалната држава во земјава. Претходно преземено истражување на индикативен национален приРАЗМИСЛУВАЊАТА ЗА ПРОМЕНАТА НА ПАРАДИГМАТА НА СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА ВО МАКЕДОНСКИ КОНТЕКСТ СЕ УСЛОВЕНИ ОД ПРЕТПОСТАВКАТА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ДЕМОКРАТСКО, А НЕ АРБИТРАРНО УПРАВУВАЊЕ. ТИЕ НАЈМАЛКУ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕДМЕТ НА: ПОЛИТИЧКА ПРОГРАМА, ПОЛИТИЧКИ КОНСЕНЗУС ИЛИ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА. НОВАТА ПАРАДИГМА НА СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА МОРА ДА БИДЕ ЗАСНОВАНА ВРЗ: СЕОПФАТЕН ОПШТЕСТВЕН ДОГОВОР, МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ КОМПРОМИС, ПРИХОДНА СОЛИДАРНОСТ, ПРЕКУ КОИ ЌЕ СЕ ПОНУДАТ РЕШЕНИЈА ЗА ПРЕСРЕТНУВАЊЕ НА НОВИТЕ ФОРМИ НА ИНДИВИДУАЛНА И ОПШТЕСТВЕНА НЕИЗВЕСНОСТ, ОТСТРАНУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ ОД ЕКСКЛУЗИВЕН КАРАКТЕР ЗА ПРИСТАП ДО СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ОВОЗМОЖУВАЊЕ ПРЕНОСЛИВОСТ НА СТЕКНАТИТЕ СОЦИЈАЛНИ ПРАВА НА РЕГИОНАЛНО И ГЛОБАЛНО НИВО мерок(849 испитаници во осумте статистички региони) за перцепциите на граѓаните за воведување на прогресивното оданочување(Геровска Митев, 2018) 9 , укажува на неговата поддршка од страна на мнозинството на испитаници (61.1%). Очекувано, пониските нивоа на поддршка за прогресивното оданочување беа забележани кај испитаниците со повисок степен на образование(а сходно на тоа и со повисоки приходи), што говори за постоење на приходна несолидарност меѓу населението, односно залагање за промена, или не промена на јавните мерки согласно нивното влијание врз индивидуалната(наспроти колективната) благосостојба. 9 Геровска Митев, М.(2018) Извештај за перцепциите на граѓаните за правата и услугите од социјална заштита и социјално осигурување: извештај од теренско истражување, Скопје: Центар за управување со промени. 52 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Ризикот од сè поголема индивидуализација на општеството, стравувањето од колективна солидарност, како и негирањето на придобивките од колективни добра, ги онеспособува виталните функции на социјалната држава. Сè додека јавните политики примарно се креираат низ видикот на политичките влогови и личната корист, основните придобивки од социјалната држава: јавното образование, јавното здравство, јавното домување, и слично, продолжуваат да го губат, и така веќе избледениот, квалитет и достапност. Понудените размислувања за промената на парадигмата на социјалната држава, особено во македонски контекст се предусловени од претпоставката за постоење на демократско, а не арбитрарно управување. Тие најмалку треба да се предмет на: политичка програма, политички консензус или политичка волја. Новата парадигма на социјалната држава мора да биде заснована врз: сеопфатен општествен договор, меѓугенерациски компромис, приходна солидарност, преку кои ќе се понудат решенија за пресретнување на новите форми на индивидуална и општествена неизвесност, отстранување на критериумите од ексклузивен карактер за пристап до системите на социјална заштита и овозможување преносливост на стекнатите социјални права на регионално и глобално ниво. (Авторката е редовен професор на Филозофскиот факултет, Универзитет„Св. Кирил и Методиј“, Скопје.) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 53 КАКВА Е НЕЕДНАКВОСТА НА ДОЛГ РОК? ХИПОТЕЗАТА ЗА ЕРГОДИЧНОСТ ВО БОГАТСТВОТО ДРАГАН ТЕВДОВСКИ НЕЕДНАКВОСТА ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА ДОХОДОТ И БОГАТСТВОТО Е ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ ЕКОНОМСКИ ТЕМИ ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА. ЗА НЕА ПИШУВААТ НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМСКИ УМОВИ НА НАШЕТО ВРЕМЕ, КАКО ШТИГЛИЦ И КРУГМАН, НО И КРЕДИБИЛНИ МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ, КАКО ММФ И СВЕТСКАТА БАНКА. ОВА Е ШИРОКА ТЕМА, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ТОА КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА НЕЕДНАКВОСТА, ПА ПРЕКУ ПРАШАЊАТА ЗА ТОА КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕА, ПА СÈ ДО ТОА ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ НАПРАВИ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ НЕЕДНАКВОСТА. НО, ВО ЦЕЛАТА ДЕБАТА ПОСТОИ ЕДНО КЛУЧНО ПРАШАЊЕ КОЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА СУШТИНАТА. ТОА Е ПРАШАЊЕТО ЗА ЕРГОДИЧНОСТА ВО БОГАТСТВОТО, ОДНОСНО ПРАШАЊЕТО КАКО СЕ ДВИЖИ НЕЕДНАКВOСТА НА ДОЛГ РОК Апстракт Целта на трудот е да го претстави едно од клучните прашања во економската мисла, а тоа е каква е нееднаквоста на богатството на долг рок. Во трудот се претставени двете спротивставени размислувања во економската наука. Првото е дека пазарните сили прво ја зголемуваат нееднаквоста, а потоа кога ќе се достигне определено ниво на развој, нееднаквоста се намалува. Второто стојалиште е дека само во определени периоди се јавува враќање на нееднаквоста кон првобитните вредности, додека на долг рок нееднаквоста се зголемува. Најголемо внимание во трудот се посветува на објаснување на првиот модел кој овозможува да се тестира дали нееднаквоста на долг рок следи стационарна дистрибуција. Исто така, во трудот се прикажани и најважните резултати на емпирискиот тест за карактерот на нееднаквоста во доходот и богатството на долг рок. Хипотезата Нееднаквоста во распределбата на доходот и богатството е една од најважните економски теми во последната деценија. За неа 54 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­пишуваат најголемите економски умови на нашето време, како Штиглиц и Кругман, но и кредибилни меѓународни институции, како ММФ и Светската банка. Ова е широка тема и таа опфаќа многу прашања, почнувајќи од тоа кои се причините за нееднаквоста, па преку прашањата за тоа кои се последиците од неа, па сè до тоа што е потребно да се направи да се намали нееднаквоста. Но, сепак, во целата дебата постои едно клучно прашање кое ја претставува суштината на дебатата. Тоа е прашањето за ергодичноста во богатството, односно прашањето за тоа како се движи нееднаквoста на долг рок. Припадниците на класичната школа во економијата сметаат дека релативната дистрибуција на доходот, мерена преку годишниот доход во групи на население, има тенденција да биде еднаква на долг рок. Нобеловецот Сајмон Кузнец во својот труд од 1955 година, со наслов:„Економскиот раст и нееднаквоста во доходот”, ja постави хипотезата за превртената„у”крива(), која по него се нарекува Кузнецова крива(Графикон 1) 1 . Според него, пазарните сили прво ја зголемуваат нееднаквоста, а потоа кога ќе се достигне определено ниво на развој, нееднаквоста се намалува. Кусото објаснување е дека во почетните фази на развојот постојат многукратни инвестициски можности за тие што имаат пари, додека големата понуда на работници ги држи ниски платите, што прави доходите од труд да бидат ниски, додека доходите од капитал високи. Спротивно на ова, во развиените економии, човечкиот капитал го зазема местото на физичкиот капитал како основен извор на раст. Како резултат, доходот на труд значајно го зголемува учеството во бруто-домашниот производ(БДП). Ова го менува трендот и нееднаквоста почнува да се намалува 2 . Графикон 1: Кузнецова крива 1 Видете: Kuznets(1955) 2 За повеќе, видете: Acemoglu and Robinson(2002) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 55 Нобеловецот Пол Семјуелсон е првиот којшто го употребува терминот„хипотеза за ергодичност” во трудот со наслов:„Што класичната и неокласичната монетарна теорија навистина беше”, од 1968 год. 3 Toj, хипотезата за ергодичност ја дефинира како„верување дека на долг рок постои рамнотежа која е независна од почетните услови”. Оваа конвергенција на доходот кон стационарна дистрибуција значи дека на долг рок постои позитивна реалокација, т.е. преминување на доходот од богатите кон сиромашните. Дополнително, Ентони Еткинсон во трудот од 1969 година, со наслов:„Временската рамка на економските модели: колку долг е долгиот рок”, потенцира дека „брзината на конвергенцијата прави голема разлика во начинот на којшто мислиме за моделот”. 4 Стационарниот модел во себе содржи претпоставСПОРЕД НОБЕЛОВЕЦОТ САЈМОН КУЗНЕЦ ПАЗАРНИТЕ СИЛИ ПРВО ЈА ЗГОЛЕМУВААТ НЕЕДНАКВОСТА, А ПОТОА КОГА ЌЕ СЕ ДОСТИГНЕ ОПРЕДЕЛЕНО НИВО НА РАЗВОЈ, НЕЕДНАКВОСТА СЕ НАМАЛУВА. КУСОТО ОБЈАСНУВАЊЕ Е ДЕКА ВО ПОЧЕТНИТЕ ФАЗИ НА РАЗВОЈОТ ПОСТОЈАТ МНОГУКРАТНИ ИНВЕСТИЦИСКИ МОЖНОСТИ ЗА ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ, ДОДЕКА ГОЛЕМАТА ПОНУДА НА РАБОТНИЦИ ГИ ДРЖИ НИСКИ ПЛАТИТЕ, ШТО ПРАВИ ДОХОДИТЕ ОД ТРУД ДА БИДАТ НИСКИ, ДОДЕКА ДОХОДИТЕ ОД КАПИТАЛ ВИСОКИ. СПРОТИВНО НА ОВА, ВО РАЗВИЕНИТЕ ЕКОНОМИИ, ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ГО ЗАЗЕМА МЕСТОТО НА ФИЗИЧКИОТ КАПИТАЛ КАКО ОСНОВЕН ИЗВОР НА РАСТ. КАКО РЕЗУЛТАТ, ДОХОДОТ НА ТРУД ЗНАЧАЈНО ГО ЗГОЛЕМУВА УЧЕСТВОТО ВО БРУТОДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД. ОВА ГО МЕНУВА ТРЕНДОТ И НЕЕДНАКВОСТА ПОЧНУВА ДА СЕ НАМАЛУВА ка дека конвергенцијата е брза, односно дека емпириската дистрибуција на доходот конвергира кон својата асимптотска форма во временски период пократок од релевантните промени на економските услови. На пример, највисоката маргинална стапка на данокот на(личен) доход во САД е намалена од 91 процент, на 70 проценти помеѓу 1963 и 1965 година. Следната поголема промена настанува скоро 20 години подоцна, во 1982 година, кога највисоката маргинална стапка на данокот на доход е намалена на 50 проценти. Затоа, во овој пример би се сметало дека конвергенцијата на дистрибуцијата на доходот е брза ако ја достигнела својата асимптотска форма за околу 5 години. Но, ако за конвергенцијата се потребни, да речеме 100 години, тогаш таа е бавна. 3 Samuelson(1968) 4 Atkinson(1969) 56 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Спротивното тврдење Францускиот економист Томас Пикети во книгата од 2013 година, со наслов:„Капиталот во дваесет и првиот век”, ја поставува тезата дека на долг рок стапката на принос на капиталот(r) e поголема од стапката на раст на економијата(g). Ова значи дека наследеното богатство расте побрзо од производството и доходот, што води до концентрација на богатството кај мал процент на луѓе и ја зголемува нееднаквоста во дистрибуцијата на богатството 5 . Тој покажува дека учеството на капиталот во доходот следи„у” крива(U). Така, на пример, во: Велика Британија, Франција и Германија, пазарната вредност на приватниот капитал изнесувала околу 5 до 6 годишни национални производи на крајот на 19. и почетокот на 20. век. А, потоа доаѓа до остар пад на капиталот како последица на шоковите од периодот помеѓу 1914 и 1945 година – двете светски војни и Големата депресија. Во 1950 година, вредноста на капиталот изнесува околу 2 до 3 годишни национални производи. За потоа, постојано да се зголемува приватното богатство и за на почетокот на 21. век повторно да го достигне нивото од пред Првата светска војна од околу 5 до 6 годишни национални производи во Велика Британија и Франција, а нешто пониска е во Германија, иако и таму е многу јасен растечкиот тренд. За Пикети нема дилема, тој смета дека на долг рок се зголемува нееднаквоста во богатството, а промената на овој тренд којашто е документирана од Кузнец и постои некаде до 1975 година, се јавува не само заради економскиот раст, туку, пред сè, заради активностите на владите за редистрибуција на доходот(како на пример, највисоки маргинални даночни стапки НОБЕЛОВЕЦОТ ПОЛ СЕМЈУЕЛСОН ПРВ ГО УПОТРЕБУВА ТЕРМИНОТ„ХИПОТЕЗА ЗА ЕРГОДИЧНОСТ” ВО ТРУДОТ. TOJ ХИПОТЕЗАТА ЈА ДЕФИНИРА КАКО „ВЕРУВАЊЕ ДЕКА НА ДОЛГ РОК ПОСТОИ РАМНОТЕЖА КОЈА Е НЕЗАВИСНА ОД ПОЧЕТНИТЕ УСЛОВИ”. ОВАА КОНВЕРГЕНЦИЈА НА ДОХОДОТ КОН СТАЦИОНАРНА ДИСТРИБУЦИЈА ЗНАЧИ ДЕКА НА ДОЛГ РОК ПОСТОИ ПОЗИТИВНА РЕАЛОКАЦИЈА, Т.Е. ПРЕОАЃАЊЕ НА ДОХОДОТ ОД БОГАТИТЕ КОН СИРОМАШНИТЕ. ЕНТОНИ ЕТКИНСОН ПОТЕНЦИРА ДЕКА„БРЗИНАТА НА КОНВЕРГЕНЦИЈАТА ПРАВИ ГОЛЕМА РАЗЛИКА ВО НАЧИНОТ НА КОЈШТО МИСЛИМЕ ЗА МОДЕЛОТ”. СТАЦИОНАРНИОТ МОДЕЛ СОДРЖИ ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА КОНВЕРГЕНЦИЈАТА Е БРЗА, ОДНОСНО ДЕКА ЕМПИРИСКАТА ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОХОДОТ КОНВЕРГИРА КОН СВОЈАТА АСИМПТОТСКА ФОРМА ВО ПЕРИОД ПОКУС ОД РЕЛЕВАНТНИТЕ ПРОМЕНИ НА ЕКОНОМСКИТЕ УСЛОВИ 5 Piketty(2013) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 57 повисоки од 70 или повеќе проценти во развиените земји), но и големите шокови, како Големата д­ епресија и светските војни каде што се уништува голем дел од богатството. Дополнително, заради значењето на дистрибуцијата на доходот, Пикети, заедно со Саез и Зукман, во 2018 година предложија воведување на дистрибутивни национални сметки, коишто покрај агрегатните мерки како доход по глава на жител, ќе ја содржат и дистрибуцијата на доходот во популацијата. 6 Тестирање на хипотезата Првиот модел за тестирање на хипотезата за ергодичност во богатството се појави во 2017 година. Тој е дело на тројца физичари: Јонатан Берман, Оле Питерс и Алексендер Адаму, и е претставен во нивниот труд:„Емпириски тест за хипотезата за ергодичност: дистрибуција на богатството во САД”. Суштината на моделот е преземена од теоретските претпоставки претставени во Meade(1964):„Капиталот во економијата расте со стапка. При раѓањето, индивидуите можат да добијат дел од вкупниот капитал во економијата. А, единствениот извор на доход во економијата е стапката на принос на индивидуалното богатство. Притоа, во даден период, индивидуалното богатство, нормализирано за просечното ниво на капитал, се зголемува со експоненцијална стапка , каде е е реализирана стапка на принос на индивидуата на тековната возраст, а е стапка помеѓу оствареното индивидуално штедење и добиеното индивидуално богатство на почетокот на периодот.” ФРАНЦУСКИОТ ЕКОНОМИСТ ТОМАС ПИКЕТИ СМЕТА ДЕКА НА ДОЛГ РОК СЕ ЗГОЛЕМУВА НЕЕДНАКВОСТА ВО БОГАТСТВОТО, А ПРОМЕНАТА НА ОВОЈ ТРЕНД, КОЈАШТО Е ДОКУМЕНТИРАНА ОД КУЗНЕЦ, СЕ ЈАВУВА НЕ САМО ЗАРАДИ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ, ТУКУ, ПРЕД СÈ, ЗАРАДИ АКТИВНОСТИТЕ НА ВЛАДИТЕ ЗА РЕДИСТРИБУЦИЈА НА ДОХОДОТ(НАЈВИСОКИ МАРГИНАЛНИ ДАНОЧНИ СТАПКИ ПОВИСОКИ ОД 70 ИЛИ ПОВЕЌЕ ПРОЦЕНТИ ВО РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ), НО И ГОЛЕМИТЕ ШОКОВИ КАКО ГОЛЕМАТА ДЕПРЕСИЈА И СВЕТСКИТЕ ВОЈНИ КАДЕ ШТО СЕ УНИШТУВА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД БОГАТСТВОТО. ПИКЕТИ, САЕЗ И ЗУКМАН, ВО 2018 ГОДИНА ПРЕДЛОЖИЈА ВОВЕДУВАЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНИ НАЦИОНАЛНИ СМЕТКИ, КОИШТО ПОКРАЈ АГРЕГАТНИТЕ МЕРКИ КАКО ДОХОД ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ, ЌЕ ЈА СОДРЖАТ И ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ДОХОДОТ ВО ПОПУЛАЦИЈАТА Според ова, богатството на индивидуата зависи од три фактори: (i) просечната стапка на штедење во животниот век на индивидуата ();(ii) стапката на принос на индивидуата за време на ­животниот 6 За повеќе, видете: Piketty, Saez, and Zucman(2018) 58 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА век, прилагодена за стапката на раст на капиталот(), и(iii) распределбата на богатството при раѓањето на индивидуите. А, влијанието на секој од факторите е едноставно да се претпостави. Индивидуите со повисока просечна стапка на штедење ќе акумулираат поголемо богатство од оние со помала стапка на штедење, под претпоставка другите два фактора да останат непроменети. Слично, индивидуите со повисока просечна стапка на принос во животот ќе акумулираат поголемо богатство од оние со помал принос, под претпоставка другите два фактора да останат непроменети. Притоа, повисоката стапка на раст на капиталот,, ја намалува стапката на раст на индивидуалното богатство во однос на растот на капиталот во економијата. Третиот фактор – наследеното богатство на индивидуата создава разлики помеѓу индивидуите од истата возрасна група дури и тогаш кога индивидуите имаат исти стапки на принос и стапки на штедење. А, секако дека зголемувањето на разликите во стапките на принос и стапките на штедење само уште повеќе ја зголемуваат иницијалната распределба на богатството. 7 Berman, Peters, and Adamou(2017) го поставуваат следниот модел за индивидуалното богатство: каде го претставува рескалираното богатство на-тиот член на популацијата од индивидуи во времето: , a, го означува богатство на-тиот член на популацијата во времето, додека го претставува просечното богатство на популацијата од индивидуи,. Под претпоставка дека просечното богатство на популацијата расте експоненцијално со стапка, се добива следното равенство за индивидуалното богатство: 7 За повеќе, видете: De Nardi, Fella, and Yang(2015) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 59 Збирот на и ја претставува временски променливата експоненцијална стапка на раст на индивидуалното богатство, која се состои од индивидуалните стапки на принос и на штедење. Притоа, може да се подели на две компоненти:(i) , кој е заеднички дел и е константна, а го претставува економскиот раст; и(2), кој е индивидуално-специфичен дел и е случајна променлива, а го претставува индивидуалниот раст. Ако се претпостави дека е зголемување на процесот на Виенер, кое има нормален распоред со средина нула и варијанса еднаква на dt, равенството за богатството се трансформира во: Ова претставува основен модел за еволуцијата на индивидуалното богатство во отсуство на социјална структура. И, во основа, овој модел е идентичен на најчесто користениот модел за динамиката на приносите на хартиите на вредност на берзите. Важно е да се потенцира дека богатството се зголемува мултипликативно со овој модел. Затоа, моделот е реалистичен само за големите индивидуални богатства, каде адитивните промени на доходот од труд или потрошувачката се минорни во однос на приносот од капитал. За индивидуите кои имаат мали индивидуални богатства, платите и потрошувачката се значајни за богатството. Затоа, при користење на моделот за тестирање на хипотезата за ергодичност на богатството треба да се користи само богатството на најбогатите проценти од населението. Ако на моделот за индивидуалното богатство му се додаде член кој ја претставува редистрибутивната социјална структура, се добива: каде индивидуите плаќаат фиксна пропорција од своето богатство,, во централен„ќуп”(„придонесуваат за општеството”) и добиваат назад еднаков дел од„ќупот”,(„добиваат од 60 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­општеството”). Финалниот облик на моделот за тестирање на ергодичноста на богатството е следниот: Во него, параметарот ја означува стапката на реалокација на богатството, која го претставува нето-ефектот на многуте интеракции помеѓу индивидуите во економијата, почнувајќи од: платите, трговијата, плаќањето на даноци, користењето на инфраструктура, па сè до осигурувањето, трансферите на наследство и подароци. Ако е позитивен (> 0), богатството,, се враќа назад кај просекот на популацијата, односно насоката на нето-реалокацијата е од богатите, кон сиромашните. Ако е негативен(< 0), богатството,, се оддалечува од просекот на популацијата , односно насоката на нето-реалокацијата е од сиромашните, кон богатите. Берман, Питерс и Адаму користат три извори на податоци за богатството во САД. Првиот извор е Светската база за богатството и доходот и од неа ги преземаат сериите за учеството во богатството на најбогатите 10% и 1% од популацијата во САД во периодот од 1913, до 2014 година 8 . Вториот извор на податоците се даночните пријави и врз основа на нив го пресметуваат учеството во богатството на најбогатите 1%, 0.5%, 0.25%, 0.1%, 0.05% и 0.01% од популацијата во САД во периодот од 1916, до 2000 година 9 . Третиот извор на податоци е Анкетата за потрошувачките ф­ инансии која ВО РЕГИОНОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА(ЈИЕ), ЕДИНСТВЕН ТРУД КОЈ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА ХИПОТЕЗАТА ЗА ЕРГОДИЧНОСТ ВО ДОХОДОТ Е STOJKOSKI AND TEVDOVSKI. РЕЗУЛТАТИТЕ ИМААТ ДВЕ КЛУЧНИ ИМПЛИКАЦИИ. ПРВО, АНАЛИЗИТЕ НА ДОХОДОТ И БОГАТСТВОТО ЧЕСТО ПРЕТПОСТАВУВААТ ДЕКА НА ДОЛГ РОК ПОСТОИ ЕРГОДИЧНОСТ ВО РЕЛАТИВНИОТ ДОХОД ИЛИ БОГАТСТВО. ЗАТОА, ЧЕСТО ПАРАМЕТРИТЕ НА МОДЕЛИТЕ СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА СТАЦИОНАРНА ДИСТРИБУЦИЈА ЗА ЕМПИРИСКИАТА ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОХОДОТ ИЛИ БОГАТСТВОТО. МЕЃУТОА, НЕПРИФАЌАЊЕТО НА ХИПОТЕЗАТА ЗА ЕРГОДИЧНОСТ ГИ СТАВА ПОД ЗНАК ПРАШАЊЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ТАКВИТЕ АНАЛИЗИ. ВТОРАТА ИМПЛИКАЦИЈА СЕ ОДНЕСУВА НА ПОЛИТИКИТЕ КОИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ НЕЕДНАКВОСТА. НЕПРИФАЌАЊЕТО НА ХИПОТЕЗАТА ЗА ЕРГОДИЧНОСТ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПРЕИСПИТА МАТРИЦАТА НА ПОЛИТИКИТЕ КОЈА СЕ КОРИСТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕЕДНАКВОСТА ВО ДОХОДОТ И БОГАТСТВОТО. 8 За повеќе, видете: Saez and Zucman(2016) и The World Wealth and Income Database (2016). 9 За повеќе, видете: Kopczuk(2015). ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 61 ја објавуваат Федералните резерви. Податоците од оваа анкета ги надополнуваат со други извори, како богатството на најбогатите 400 според Форбс, и го добиваат учеството на најбогатите 1% и 0.1% од ­популацијата на САД во периодот од 1989, до 2013. 10 Притоа, фреквенцијата на податоците во првите два случаја е на годишно ниво, додека во третиот случај е на три години. Во емпириската анализа при користењето на податоците од првиот извор, се добива дека оценета стапка на реалокација на богатството,, е негативна од средината на осумдесеттите години на минатиот век, до крајот на серијата(2014). При користењето на податоците од вториот и третиот извор добиваат пократки периоди со оценета негативна стапка на реалокација во споредба со првиот случај. Сепак, во периодите кога оценетата стапка на реалокација е позитивна, времето на конвергенција е многу долго во споредба со промените на релевантните економски услови, односно тоа се случува во период од неколку декади. Поради ова: Берман, Питерс и Адаму заклучуваат дека не може да се прифати хипотезата за ергодичност на богатството во САД. Во регионот на Југоисточна Европа(ЈИЕ), единствен труд кој врши тестирање на хипотезата за ергодичност во доходот е Stojkoski and Tevdovski(2019). Во него со користење на податоци за учеството во доходот на 20% од популацијата со највисок доход во седум земји од ЈИЕ се покажува дека не може да се прифати хипотезата за ергодичност во доходот во ЈИЕ. Добиените емпириски резултати имаат две клучни импликации. Прво, анализите на доходот и богатството често претпоставуваат дека на долг рок постои ергодичност во релативниот доход или богатство. Затоа, многу често параметрите на моделите се определуваат преку користење на стационарна дистрибуција за емпириската дистрибуција на доходот или богатството. Меѓутоа, неприфаќањето на хипотезата за ергодичност ги става под знак прашање резултатите на таквите анализи. Втората импликација се однесува на политиките кои се користат за да се намали нееднаквоста. Неприфаќањето на хипотезата за ергодичност значи дека треба да се преиспита матрицата на политиките која се користи за намалување на нееднаквоста во доходот и богатството. 10 За повеќе, видете: The Federal Reserves(2016) и Kopczuk and Saez(2004). 62 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА (Авторот е вонреден професор на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј”, каде предава квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија. Бил избран за најдобар научник на Универзитетот“Св. Кирил и Методиј” во областа на општествените науки за 2015 година. Тој е автор на два универзитетски учебници, има објавено повеќе трудови во престижни научни списанија, а неговите политички анализи се објавени од реномирани меѓународни институти(FES, NDI, FEPS и SOLIDAR). Драган Тевдовски бил министер за финансии во Владата на Република Северна Македонија во периодот јуни 2017 година до јуни 2019 година.) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 63 СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА – ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА АГРОН РУСТЕМИ ТЕШКО Е ДА СЕ ДЕФИНИРА САМО СО ЕДИНСТВЕНА ДЕФИНИЦИЈА ПРОБЛЕМАТИКАТА НА ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА ЗАРАДИ ФАКТОТ ШТО НЕМА УНИФИЦИРАН МОДЕЛ НА ОВИЕ ДРЖАВИ И ДЕКА ТАА Е РАЗЛИЧНА ВО СИТЕ ДРЖАВИ. СЛОБОДНО МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА СЕКОЈА ДРЖАВА ИМА СОПСТВЕН УНИКАТЕН СИСТЕМ НА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ЗАШТИТА КОЈА МАЛКУ, ИЛИ МНОГУ РАЗЛИЧИ ОД ДРУГИТЕ ДРЖАВИ. ДЕКА СЕКОЈА ДРЖАВА ПРЕТСТАВУВА „SUI GENERIS” ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА КОЈА, КАКО ТАКВА, Е ПРОИЗВОД НА: ИСТОРИСКИ, ПОЛИТИЧКИ, КУЛТУРЕН И, ПРЕД СÈ, ЕКОНОМСКИ ФАКТОР, КОИ ДЕЈСТВУВАЛЕ ВКРСТУВАНО ВО КРЕИРАЊЕТО И ОФОРМУВАЊЕТО НА ДРЖАВИТЕ НА БЛАГОСОСТОЈБА Поимот„социјална држава“, или „држава на благосостојба“, потекнува од германскиот збор Wohlfahrsstaat, кој датира од крајот на 1920-тите години. За првпат овој поим е употребен од страна на првиот канцелар на Германија, Ото фон Бизмарк(Otto Von Bismarck), кој, исто така, се третира како пионер во креирањето на социјалните политики. Од друга страна, пак, поимот Welfare State потекнува од Велика Британија и е употребен во почетокот на 1940 година. Подоцна, Винстон Черчил(18741965) даде една нова политичка визија за државата, со акцент врз благосостојбата и социјалните и економските права на граѓаните кои треба да се обезбедат во состав на државата, со што, според него, ќе се избегнат катастрофалните ризици што доаѓаат од марксистичките социјалисти. Черчил ќе нагласи:„До кога Либералната партија нема да отстапи од некои нејзини ставови, коишто ја прават шампион на сите форми на слобода... крајно време е да се освести дека политичката слобода, колку и да е ,света‘, е апсолутно нецелосна без минимални мерки на социјална и економска благосостојба”. Изразувајќи доверба во модерниот либерализам(либералната демократија), тој 64 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­бараше ­државата да се обврзува со грижа за своите граѓани. Според Черчил, тоа е една од главните цели на либералната демократија. Тој имаше големата доверба во либералната демократија, како спас на општеството од деструктивноста на марксистичкиот социјализам и комунизам, па така ќе изјави:„Постојат стотици илјади луѓе коишто социјалистите ќе ги искористат за насилна револуција, ќе ги газат слободите на медиумите и ќе отворат пат за бирократската диктатура“. Евидентни се напорите на светските лидери од тоа време не само во Германија и Обединетото Кралство, туку и на другите држави, пред сè, светските сили за промени и за воведување на елементот на социјална благосостојба како составен дел на државата. Овој нов елемент во реформирањето и развојот на државите некои автори го толкуваат како страв од проширување на марксистичкиот социјализам. Како факт ја наведуваат и изјавата на Франклин Рузвелт (1892-1945), претседател на САД во триесеттите години на минатиот век:„Владата има однапред утврдена задача да ја искористи целата моќ и нејзините ресурси за да се справи со новите социјални проблеми, употребувајќи нови социјални контроли за да им го гарантира на граѓаните правото на економски и политички живот, слобода и потрагата по среќа“. По Втората светска војна, концептот на социјална држава се шири, речиси, во сите европски земји. Бевериџовиот модел на социјална политика Во четвртата деценија на 20 век, познатиот економист, кој наедно е и пионер во креирањето и реформирањето на социјалните политики во Обединетото Кралство, Вилијам Бевериџ(1879-1963), во неговиот говор во Британскиот парламент ќе ги определи функциите на социјалната држава. Според него, државата треба да се соочи со пет проблеми: • Неписменоста(незнаењето), која може да се ублажи со развивање на добри образовни политики; • Побарувањето, исполнувањето на основните потреби на граѓаните, за кои треба да се развие одржлив финансиски систем; • Болеста, против која треба да се развие одржлив систем за здравствена заштита; ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 65 • Невработеноста, која може да се ублажи преку развивање на политики за поттикнување на вработеноста; • Неспособноста, која се„лекува“ со развивање на институциите на јавното здравство(институции за општествена грижа). Според него, држава на благосостојба е онаа држава која се бори против„петте зла на човештвото“ за да постигне општа благосостојба, во која секој човек: ќе има доволно финансиски приходи, ќе биде здрав, ќе има добри услови за домување, соодветно образование и редовен одмор. Бевериџовата дефиниција може да се протолкува и поопширно, односно преку неговата дефиниција јасно доаѓа до израз универзалноста на социјалните држави во кои сите граѓани треба да ги уживаат истите права, без оглед на класата или нивната позиција во општествените односи. Ова може да се аргументира со основните карактеристики, или со спецификациите на Бевериџовиот модел БЕВЕРИЏ СО СВОЈОТ МОДЕЛ ЗАГОВАРАЛ УНИФИКАЦИЈА НА СИТЕ РЕЖИМИ НА СОЦИЈАЛНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ПОД ЕДИНСТВЕНА КОМАНДА, ПРОШИРУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВРЗ СИТЕ ГРАЃАНИ И ВО ОДНОС НА СИТЕ РИЗИЦИ, ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕН ПРИДОНЕС ЗА СИТЕ КАКО МОДЕЛ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ИСПЛАЌАЊЕ НА ИДЕНТИЧНИ ПРЕСТАЦИИ ЗА СЕКОГО ВО СЛУЧАЈ ДА ГИ ИЗГУБИ ПРИХОДИТЕ И ИЗДРШКАТА. ДИМЕНЗИЈАТА НА ЕДИНСТВО ВО ДОКТРИНАТА НА БЕВЕРИЏ СЕ ИДЕНТИФИКУВА ВО ДВА ОБЛИКА, И ТОА: ПРВО, СИТЕ ФАКТОРИ НА НЕСИГУРНОСТ МОРА ДА БИДАТ ПОКРИЕНИ СО ЕДЕН СИСТЕМ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ КОЈ БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ ОБЕДИНИ РАЗНИТЕ БРАНШИ НА ПРЕСТАЦИИ И, ВТОРО, УПРАВУВАЊЕТО СО СОЦИЈАЛНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ТРЕБА ДА БИДЕ КОНЦЕНТРИРАНО ВО ЕДИНСТВЕНО ТЕЛО на социјална политика, како што се наведени во именуваниот извештај, и тоа како одговор на три суштински прашања: секој план треба да биде носител на нови идеи, со водење сметка за минатото; планот треба да биде составен дел на една глобална политика за социјален напредок; социјалното осигурување мора да биде реализирано врз основа на соработката меѓу државата и индивидуата. Една од најзначајните карактеристики на Бевериџовиот модел е и доктрината на трите У(Unity, Universality, Uniformity). Под доктрината на фамозните три У, Бевериџ, всушност, заговарал унификација на сите режими на социјалното осигурување под единствена команда, проширување на осигурувањето врз сите граѓани и во однос на сите ризици, воведување на единствен придонес за сите како модел за финансирање и исплаќање 66 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА на идентични престации за секого, во случај граѓанинот да ги изгуби приходите и издршката. Димензијата на единство во доктрината на Бевериџ се идентификува во два облика, и тоа: како прво, сите фактори на несигурност мора да бидат покриени со еден систем за социјално осигурување кој би требало да ги обедини разните бранши на престации и, како второ, управувањето со социјалното осигурување треба да биде концентрирано во единствено тело – како во организациска, така и во географска смисла на зборот. Со оваа димензија Бевериџ во својата доктрина го антиципирал создавањето на министерството за труд и социјална политика. Како последица на ова, управувањето со социјалниот домен било препуштено на администрацијата. За квинтесенција на оваа доктрина се смета димензијата на универзалност на заштитата со која Бевериџ предвидел социјалното осигурување да ги покрие и социјалните ризици и заштитените лица. Главната поента на димензијата – универзалност, е обезбедувањето гаранција на финансиски извори кои им се повеќе од потребни на лицата погодени со социјалните ризици: невработеност, болест или несреќа при работа, инвалидитет, стареење, смрт на осигуреникот или смрт на лице кое е на издршка, издршка на дете, итн. Бевериџ со ова го втемелил начелото социјалниот план да го покрие целото население, без оглед на висината на платите, а не само за вработените кои имале плати помали од утврдениот праг (карактеристично за Бизмарковиот модел). Бевериџ населението го поделил на шест социјални категории, на секоја категорија признал специфични потреби, а од таму предвидел и соодветни престации и придонеси. Одредени автори овој вид на„стратификација“ на Бевериџовата доктрина ги навеле да го означат како селективна универзалност. Димензијата на униформност во Бевериџовата доктрина ја потенцира„желбата да им се признае на заштитените лица од иста категорија, еднаквост на обврските и правото на разновидни компоненти покриени со социјалното осигурување“. Оваа димензија е најевидентна преку воедначувањето на придонесите кои меѓусебно се разликуваат само според проширувањето на заштитните гаранции(на ова место најдобро се воочува, т.н. селективна универзалност), а не од висината на заработката на привилегираните и не од униформноста на престациите со идентична вредност. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 67 Во однос на оваа димензија, Бевериџ во својот извештај инсистира на тоа социјалното осигурување да гарантира алокација со ниска стапка која не зависи од претходните приходи, наспроти слабиот придонес кој им е наметнат на сите осигуреници. Планот за социјално осигурување на Бевериџ ја поврзува хоризонталната редистрибуција – согласно логиката дека здравите плаќаат за болните, младите плаќаат за старите – и вертикална редистрибуција – согласно логиката дека богатите плаќаат за сиромашните преку даноците, и особено преку финансирањето на социјалната помош и семејните престации. Покрај огромниот број на дефиниции за суштината на социјалната држава, исто така, постојат и најразлични имиња за социјалната држава во европските јазици, како што се: на француски, état sociale, état providence, на италијански, stato sociale, на шпански, estado social de derecho, estado de bienestar, на англиски, welfare state, на германски, Sozialstaat, Wohlfahrstaat, на словенечки, država blaginje и во добар дел, овие именувања значат и содржински корекции и различни толкувања. Меѓу научните кругови постои и друга теорија, дека поимот „welfare state“ прв го употребил Вилијам Темпл(William Temple), свештеник од Њујорк, во неговата книга:„Citizen and Churchuman“, од 1941 година. Темпл во неговата книга укажува дека„државите на благосостојба, коишто ќе се формираат по завршување на Втората светска војна, ќе им служат на заедничките интереси на сите граѓани, за разлика од тогашната состојба кога, според него, државите им служеле само на тираните“. Што претставува и какви функции има социјалната држава Поимот држава на благосостојба ќе добие голема популарност особено во Велика Британија, којашто ќе стане центар на дебати, покрај, таканаречената, социјална програма на„сите луѓе, без разлика“. Исто така, голем е бројот на научници коишто тврдат дека 5 јули 1948 година претставува, фактички, роденден на државата на благосостојба, бидејќи овој датум се поврзува и со воспоставувањето на националниот систем за социјално осигурување и бесплатна здравствена заштита во Велика Британија. 68 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Различни социјални теории имаат различно толкување за тоа што претставува и какви функции има социјалната држава. Според едниот пристап, социјалната држава не е: апсолутна, федерална, капиталистичка или тоталитарна држава, наспроти тоа, таа е посебна политичка форма којашто претставува посебно организирање на политичките власти. Социјалната држава е целина на агенции, или организации коишто се занимаваат со планирање и имплементирање на политиките. Овие организации може да бидат институции од социјалната сфера, како дел од поширокиот концепт на: јавната администрација, локалната власт, цивилното општество, итн. Основната идеја на концептот „држава на благосостојба” е дека таа ја познава одговорноста на општеството во делот на планирање и доСОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ОДНОСНО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА, ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА, ЈА КАРАКТЕРИЗИРААТ ДВА РАЗВОЈНИ ПРАВЦИ, И ТОА: ОД ЕДНА СТРАНА ЕКСПАНЗИЈАТА (ИЛИ НАМАЛУВАЊЕТО) НА ДРЖАВАТА НА БЛАГОСОСТОЈБА, И ОД ДРУГА СТРАНА, КОНВЕРГЕНЦИЈАТА (ИЛИ ДИВЕРГЕНЦИЈАТА) КОН СРЕДИШЕН МОДЕЛ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА. ЗАТОА, СТАНУВА ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО ДЕКА, КОМБИНАЦИЈАТА НА ДВАТА ПРИСТАПА, НА АНГЛОСАКСОНСКИОТ МОДЕЛ НА КЛАСИФИЦИРАЊЕ КОЈ СЕ ПОТПИРА ВРЗ КВАНТИТЕТОТ ИЛИ КОЛКАВОСТА, И КОНТИНЕНТАЛНОЕВРОПСКИОТ, ИЛИ ФРАНЦУСКИОТ МОДЕЛ, КОЈ ЈА НАГЛАСУВА КОМПОНЕНТАТА НА КАКВОСТ ВО ДРЖАВАТА НА БЛАГОСОСТОЈБА, БИ ВРОДИЛА СО ПОСАКУВАНАТА ХЕВРИСТИЧКА ПЛОДНОСТ НА КЛАСИФИКАЦИЈАТА полнување на главните потреби на населението, употребувајќи ги сите можни средства и човечки ресурси. Човековиот живот е директно, или индиректно зависен од социјалната поддршка од страна на државата. Државата со помош на креираните политики го реализира економскиот напредок во услуга на општествениот поредок, омекнувајќи ги негативните последици на пазарот на трудот, редуцирајќи ја невработеноста, болеста, неспособноста, итн. Преку социјалните програми, граѓаните се поттикнуваат, или се принудени да се осигураат од можните ризиците во животот, со цел не само да се одржи одреден стандард на живеење, туку и да се одбегне товарот што општеството може да го има од нив во случај на социјален ризик. Во основа, функцијата на социјалната држава е да им гарантира на нејзините граѓани солиден животен стандард, без разлика на нивната работничка вредност на слободниот пазар на трудот. Под солиден животен стандард подразбираме ­осигурување на ­минимални ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 69 услови за живот, особено за тие лица кои поради различни причини останале надвор од пазарот на трудот, односно не се во работен однос, исто така, и за сузбивање на големата разлика меѓу граѓаните со различни приходи преку даночниот систем. Значи, социјалните држави, или држави на благосостојба, се оние чии влади создаваат програми коишто обезбедуваат: засолниште, социјални услуги, фондови, храна, облека, како и други услуги, со цел да им помагаат на поединците, или семејствата кои имаат потреба, или немаат капацитет сами за себе да се грижат и поддржуваат. Постои широк консензус во рангирањето на општествените цели коишто произлегуваат од социјалните држава. Овие цели може да се претстават како: • З аштита на луѓето од ризиците коишто произлегуваат од пазарот на трудот и од промените во семејството; • Сузбивање на сиромаштијата, при што е можно и нејзино олеснување; • Прераспределба на средствата од богатите кон сиромашните слоеви на општеството; • Прераспределба на средствата во текот на животниот циклус; • Поттикнување на индивидуалната независност; • Промовирање на општествената кохезија; Исто така, постои широк консензус во врска со моралните вредности што традиционално ги сервира државата на благосостојба, како што се: • Промовирање економска ефикасност; • Намалување на сиромаштијата; • Промовирање социјална еднаквост; • Промовирање социјално интегрирање и искоренување на социјалната исклученост; • Промовирање социјална стабилност; • Промовирање автономност. Социјална држава е онаа држава во која власта се користи за најмалку три елементи кои се директно поврзани со ­благосостојбата на граѓаните: 70 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Прво, преку обезбедување минимален приход за поединци и семејства, без оглед на нивната пазарна вредност. Второ, со намалување на неизвесноста преку овозможување на поединците и семејствата да се справат со социјални проблеми, како што се: болеста, староста и невработеноста. Трето, преку обезбедување соодветни стандарди во однос на голем број социјални услуги за сите граѓани. Социјални програми за заштита, или помош за сиромашните, во кои клучната цел е проследена со: трансфер на пензии, надомест за невработени, инвалидска грижа, детски додатоци, и друго. Редистрибуцијата не е само прашање на трансфер на средства од богатите кон сиромашните, туку тоа претставува многу посложен процес. Државата на благосостојба служи и за: постигнување поголема еднаквост меѓу генерациите, подобро перципирање на разликите, како што се расните и половите, или разликите во здравствената состојба. Историски гледано, главна задача на државата на благосостојба не беше само да се интегрираат„класите“, како што беше Маршаловиот концепт, туку и да се интегрираат разните територии со различно етничко население. Бизмарк бил свесен за големата разновидност на германскиот Рајх, кој се протегаше од Алзас и Лорен, до Источна Прусија и од Рихенланд, па сè до Шлезија. Различните форми на социјална заштита служеа не само за намалување на класните разлики во Бизмарковиот Рајх, туку и како алатки за изградба на лојалноста во општество од различни етнички групи со што империјата ќе го обезбедеше легитимитетот. Општо земено, овие програми имаат намера да им помагаат на луѓето преку пренамена на приходите во текот на животниот циклус, за со тоа да се осигуруваат против настани или периоди кои предизвикуваат губење на приходите и, во таков случај, да се обезбеди чувство на сигурност на граѓаните. Современите програми на социјална благосостојба датираат од 1930 до 1940 година, кога за првпат во: САД, Обединетото Кралство и во другите западно-европски земји беа имплементирани сеопфатни политики за социјално вклучување и политики против сиромаштијата. Според одредени теории, ваквите програми ги имаат следните карактеристики: обезбедуваат„последна надеж“ за луѓето кои немаат извори на поддршка, секој граѓанин има законско право ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 71 на надомест која се одредува со посебни законски акти, месечната плата треба да гарантира нормален живот и треба да биде доволна за трошоците за живот. Проблематиката на државата на благосостојба е од особено значење во последниве децении, како во политичките кругови, така и во научните дебати. Потребата од првично и методолошко определување на најважните термини од категоријалниот апарат од науката за социјалната работа и социјалната политика (а кои, наедно, се и основен поимен репертоар на ова истражување, т.е. социјалната држава, или држава на благосостојба) не значи и одбегнување на разногласијата кои постојат кај современите автори околу нивната дефиниција. Ваквите разногласија, освен што се природен елемент на ДРЖАВАТА НА БЛАГОСОСТОЈБА И ЕКОНОМИЈАТА НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОДЕЛЕНИ И КАКО ТАКВИ ДА СЕ АНАЛИЗИРААТ. ВО КАПИТАЛИСТИЧКАТА ИСТОРИЈА СЕКОГАШ БИЛО ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ ДРЖАВНИТЕ ПОЛИТИКИ КОН ЕКОНОМИЈАТА ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ МОЖНИТЕ СОЦИЈАЛНИ КРИЗИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД ЕКОНОМИЈАТА И ЗА ДА СЕ ПОСТАВИ ЕКВИЛИБАР КОЈШТО НЕМА ДА ЈА ЗАГРОЗИ СОЦИЈАЛНАТА КОХЕЗИЈА. ПОЕДИНЕЧНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ СО КОИШТО ОПШТЕСТВОТО СЕ ПРИЛАГОДУВА СО ПРИОРИТЕТИТЕ И ПОТРЕБИТЕ НА ЕКОНОМИЈАТА, ЕЛЕМЕНТИТЕ СО КОИШТО ДРЖАВАТА НА БЛАГОСОСТОЈБА СЕ СПРАВУВА СО ФЕНОМЕНИ КАКО СИРОМАШТИЈА И СОЦИЈАЛНА НЕЕДНАКВОСТ, СЕ НЕСТАБИЛНИ, НЕПРОМЕНЛИВИ, НО СЕ ПОВЕЌЕ ИСТОРИСКИ ДЕТЕРМИНИРАНИ научната слобода при изразувањето и автентичноста при конципирањето, во одредени случаи доведуваат до толкава релативизацијата на поимите, што започнува да се губи и смислата на расправите за нив. Социјалната држава, или државата на благосостојба, е само еден од облиците на социјалната политика, во која, покрај другите, круцијален агенс претставува државата, најчесто во форма на државен интервенционизам. Не постои конечна дефиниција за поимот држава на благосостојба Евидентно е дека не постои конечна дефиниција за поимот држава на благосостојба. Затоа, ќе се потрудиме да го разјасниме овој поим со помош на толкувањата и дефинициите на еминентни научници коишто се занимавале со оваа проблематика. Општа дефиниција за тоа што претставува држава на благосостојба дава Антон Равниќ, според кого, социјалната држава е онаа држава во 72 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА која се уредени составите на социјалната сигурност и која ги контролира ­социјалните процеси. Со еден збор: контрола преку планирање, заедничко одлучување, централизација, децентрализација, па дури и комуникација. Значи, соочување со кризни ситуации и стабилизирање на економските и социјалните услови. Од друга страна, пак, друг хрватски автор, професорот Миличиќ, смета дека социјалната држава треба на граѓаните да им: обезбеди, воспостави и оствари квантитет и квалитет на нивните групни потреби, во кои спаѓа, меѓу другото, и социјалната сигурност. Според него, современата социјална држава треба да има авторитет на непореклива власт, со што ќе има и поинакво видување на општествените состојби, општествената промена, социјалните напнатости и посебните општествени потреби. Нејзината суштина треба да се лоцира: во обезбедувањето на општественото богатство, во можностите на една заедница, на власта во државата, потоа во волјата за социјална праведност, праведна прераспределба на материјалните вредности и помош на најслабите и најзагрозените. Постојат разлики и во толкувањата на поимот држава на благосостојба меѓу, таканаречените, континентално-европски и англо-скандинавски автори. Оваа диверсификација подобро ја појаснува Боноли. Според него, во голем дел од литературата на англо-саксонската традиција, вниманието при класифицирањето на социјалните политики е насочено кон ,,квантитетот” на мерките на благосостојба, односно димензијата која одговара на прашањето ,,колку”, додека кај континентално-европските автори(пред сè на Французите) вниманието е насочено на различните модели на мерките на благосостојба, димензијата која одговара на прашањето ,,какви”, и во исто време, го занемарува квантитетот на мерките кои ги овозможуваат различните системи. Според Боноли, секоја сериозна класификација на системите на социјална држава, држава на благосостојба, би требало да ги содржи двете димензии кои претходно ги критикуваше како несоодветни во заемно исклучивата употреба. Значи, напоредната употреба на димензиите на колкавост и каквост, можат да придонесат за кристализацијата на издржлива класификација на системите на социјална држава, затоа што ја овозможуваат историската анализа и разбирањето на моментната промена. Впрочем, современата социјална политика, односно социјална држава, држава на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 73 ­благосостојба ја карактеризираат два развојни правци, и тоа: од една страна експанзијата(или намалувањето) на државата на благосостојба, и од друга страна, конвергенцијата(или дивергенцијата) кон средишен модел на социјална заштита. Затоа, станува повеќе од јасно дека, комбинацијата на двата пристапа, на англо-саксонскиот модел на класификација кој се потпира врз квантитетот или колкавоста, и континентално-европскиот, или францускиот модел, кој ја нагласува компонентата на каквост во државата на благосостојба, би вродила со посакуваната хевристичка плодност на класификацијата. Државата на благосостојба и економијата не можат да бидат поделени и како такви да се анализираат. Во капиталистичката историја секогаш било потребно да се прилагодат државните политики кон економијата за да се избегнат можните социјални кризи предизвикани од економијата и за да се постави еквилибар којшто нема да ја загрози социјалната кохезија. Поединечните елементи со коишто општеството се прилагодува со приоритетите и потребите на економијата, елементите со коишто државата на благосостојба се справува со феномени како сиромаштија и социјална нееднаквост, се нестабилни, непроменливи, но се повеќе историски детерминирани. Дефиницијата на социјалните политики покрива политики и програми коишто делуваат во јавниот сектор, реализирани од страна на власта на централно и локално ниво. Но, исто така, има и други социјални организации коишто не се државни, т.н. невладини непрофитабилни организации, здруженија, итн., кои даваат услуги од сферата на социјалата. Линијата меѓу државните и приватните социјални програми отсекогаш била нејасна, или не била добро дефинирана границата до каде се надлежностите на приватните програми и иницијативи. Ова, главно, се должи на финансиските средства од кои се финансираат социјалните услуги коишто се сервираат од страна на приватните, или непрофитабилните организации, но и од профитабилните организации. Како пример може да се земе и одлуката на претседателот Буш во 2001 год. за отплата на трошоците за лекови за старите лица. Планот на Буш им даде можност на старите лица да се зачленат во клубови коишто се администрирани од страна на профитабилните организации каде што ќе се здобијат со членски карти со кои ќе им се овозможи попуст од 15 до 25%. 74 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Карактеристика на социјалните држави Имајќи ги предвид модерните концепти, како и дефинирањата што ги спомнавме погоре, може да се заклучи дека постојат две ­особини, или карактеристики на социјалната држава. Една од карактеристиките е дека таа вклучува поширок степен на интервенција од страна на владата, или државата, во сферата на економскиот и социјалниот живот, и на тој начин социјалната благосостојба станува составен дел на државата којашто функционира како општествена одговорност на владите. Оваа функција на социјалната држава е апострофирана од страна на голем број еминентни автори во нивниот напор за да се дефинираат базичните критериуми за заклучок дали државата е„држава на благосостојба“ или е„држава заштитник“. Во врска со ова, тие разликуваат два критериума: А) Историска трансформација на функциите на либералната држава, кога на своите функции, како што се одржување на редот и мирот, спроведување на законите поврзани со гарантираните права на поединците, одбрана на државата од надворешните закани, им се додава и една економска функција со која повеќето од дневните административни активности се предмет на социјалните потреби и услуги. Б) Институционализација на оваа функција во многу поголеми размери во административни насоки и преземање одговорност во континуирана и универзална форма. Државите на благосостојба обезбедуваат минимум социјална заштита преку гарантирање на услуги и програми коишто ќе обезбедат заштита од дадените ризици. За заштита на нејзините граѓани, социјалната држава креира политики за превенција на социјалните ризици, ги истакнува човековите потенцијали и им дава можности за подобар живот на тие луѓе или групи коишто се предмет на социјалната заштита. Сите овие цели коишто формираат широк концепт на социјална заштита се поврзани и меѓусебно комуницираат за да се спречат, и излечат ефектите од несаканите животни настани. Овие цели имаат неколку основни функции, како што се: • Прераспределба на средствата за намалување на сиромаштијата; • Подобрување на животниот стандард; • Семејна поддршка во време на економски кризи; ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 75 • Задржување на нивото на приходите на сиромашните, итн. Различни автори укажуваат дека анализирајќи ги социјалните држави може да се сфати и новиот историски момент во модерното капиталистичко општество, кога државата не е само„ноќен чувар“ или само„контролор на редот и мирот“, кога нејзината функција е многу поширока. Во овие држави постојат институции коишто се занимаваат целосно со„производство и дистрибуција на благосостојбата“. Други, пак, го анализираат индивидуалното економско и социјално право, односно социјалното право како неспорно природно човеково право. Во овие две толкувања централно место има социјалниот карактер којшто според енциклопедискиот социолошки речник има три значења: СПОРЕД ЕДНИ АВТОРИ ЦЕНТРАЛНАТА ИДЕЈА НА КОНЦЕПТОТ„ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА” Е ДЕКА ТАА ЈА ПОЗНАВА ОДГОВОРНОСТА НА ОПШТЕСТВОТО ВО ДЕЛОТ НА ПЛАНИРАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ ПОТРЕБИ НА НАСЕЛЕНИЕТО, УПОТРЕБУВАЈЌИ ГИ СИТЕ МОЖНИ СРЕДСТВА И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ. ДРУГИ, ПАК, УКАЖУВААТ НА ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА ДРЖАВАТА НА БЛАГОСОСТОЈБА ШТО ПРЕТПОСТАВУВА СОЦИЈАЛНИ ПРОГРАМИ ЗА ЗАШТИТА ИЛИ ПОМОШ ЗА СИРОМАШНИТЕ, КОЈА Е ПРОСЛЕДЕНА СО: ТРАНСФЕР НА ПЕНЗИИ, НАДОМЕСТ ЗА НЕВРАБОТЕНИ, ИНВАЛИДСКА ГРИЖА, ДЕТСКИ ДОДАТОЦИ, И ДРУГО, ПРИ ШТО РЕДИСТРИБУЦИЈАТА НЕ Е САМО ПРАШАЊЕ НА ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА ОД БОГАТИТЕ КОН СИРОМАШНИТЕ, ТУКУ ТОА ПРЕТСТАВУВА МНОГУ ПОСЛОЖЕН ПРОЦЕС А) Го изразува општеството како целина, каде што централното место го има поединецот заедно со неговите гарантирани социјални права; Б) Става акцент врз подобрувањето на човековите односи поврзувајќи ги со политичките релации и политичката стабилност; В) Ја истакнува важноста на материјалната сигурност на поединецот, особено надминувањето на сиромаштијата, создавањето можности за слободен и сестран развој на личноста. Третото значење е поврзано со второто. Присуството на сиромаштијата којашто е проследена со лоша социјална состојба(болест, висока смртност, неписменост, суеверија, незнаење, немање дискреција заради колективните живеалишта), создава добар терен за извршување на кривични дела и дела коишто директно ја засегаат политичката стабилност. 76 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Заклучок Тешко е да се дефинира само со единствена дефиниција проблематиката на држава на благосостојба од фактот дека нема унифициран модел на овие држави и дека тоа е различна во сите ­држави и слободно може да се каже дека секоја држава има сопствен уникатен систем на социјална политика и заштита која малку или многу различи од другите држави и дека секоја држава преставува„sui generis” држава на благосостојба која како таква е производ на историски, политички, културен и пред се економски фактор кои што дејствувале вкрстувано во креирањето и оформувањето на државите на благосостојба. Различни социјални теории имаат различно толкување за тоа што претставува и какви функции има социјалната држава. Според едни автори централната идеја на концептот„држава на благосостојба” е дека таа го познава одговорноста на општеството во делот на планирање и дополнување на главните потреби на населението, употребувајќи ги сите можни средства и човечки ресурси. Други пак укажуваат на главната цел на државата на благосостојба кои преставуваат социјални програми за заштита или помош за сиромашните, како клучна цел, со која е проследена со трансфер на пензии, надомест за невработени, инвалидска грижа, детски додатоци и др. каде што редистрибуцијата не е само прашање на трансфер на средства од богатите кон сиромашните туку тоа преставува многу посложен процес. Постојат разлики и во толкувањата на поимот држава на благосостојба меѓу, таканаречените, континентално-европски автори и англо-скандинавски автори. Оваа диверзација подобро ја појаснува Боноли, така на пример, забележува Боноли, во голем дел од литературата на англо-саксонската традиција вниманието при класифицирањето на социјалните политики е насочено кон ,,квантитетот” на мерките на благосостојба, односно димензијата која одговара на прашањето ,,колку”, додека кај континентално-европските автори (пред сè, Французи) вниманието се концентрира врз различните модели на мерките на благосостојба, димензијата која одговара на прашањето ,,какви”, и во исто време, го занемарува квантитетот на мерките кои ги овозможуваат различните системи. Имајќи ги предвид модерните концепти, како и дефинирањето што го спомнавме погоре, може да се дојде до заклучок за две ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 77 ­особини, или карактеристики на социјалната држава. Едната карактеристика е дека вклучува поширок степен на интервенција од страна на владата или државата во сферата на економскиот и социјалниот живот, и на тој начин социјалната благосостојба е составен дел на државата што функционира како општествена одговорност на владите. Оваа функција на социјалната држава е потенцирана од страна на голем број еминентни автори во нивниот напор за да се дефинираат базичните критериуми за дефинирање на тоа дали државата е„држава на благосостојба“ или е„држава заштитник“. Врз ова, тие разликуваат два критериума: Првиот критериум е историска трансформација на функциите на либералната држава, кога на своите функции, како што се: одржување на редот и мирот, спроведување на законите поврзани со гарантираните права на поединците, одбрана на државата од надворешните закани, им се додава и една економска функција со што повеќето од дневните административни активности се предмет на социјалните потреби и услуги. И, вториот критериум е институционализација на оваа функција во многу поголеми размери во административни насоки, и преземање на одговорност во континуирана и универзална форма. (Авторот е вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, а во определени периоди бил ангажиран и во наставата на неколку универзитети во Косово. Автор е на неколку научни трудови во доменот на: социјалните политики, јавните политики, вработувањето и персоналниот развој) 78 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА ДРАГАН ПОПОВСКИ (Авторот е електроинженер, со карикатура се занимава педесет години. Покрај учества на изложби на карикатури во земјава и во странство, објавува во„Остен“,„Нова Македонија“,„Пулс“, „Утрински весник“,“Коза ностра“) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 79 СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ – ДЕМОКРАТСКА ПРИДОБИВКА НА СИНДИКАТИТЕ ПЕЦО ГРУЈОВСКИ ВО РАЗВИЕНИТЕ ДЕМОКРАТИИ, ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНАТА ПОЛОЖБА НА ГРАЃАНИТЕ Е УСЛОВЕНА И Е ВО ТЕСНА ВРСКА СО ПОСТОЕЊЕТО И СТЕПЕНОТ НА РАЗВИЕНОСТ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ. ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ СЕ ВОСПОСТАВУВА СОЦИЈАЛНА РАМНОТЕЖА СО СООДВЕТНИ РЕШЕНИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ. ВОДЕЊЕТО НА УСОГЛАСЕНА ЕКОНОМСКА, РАЗВОЈНА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ПОСТИГНУВАЊЕТО КОНСЕНЗУС МЕЃУ НОСИТЕЛИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА МОЌ: ТРУДОТ, КАПИТАЛОТ И ВЛАСТА, ОБЕЗБЕДУВА УСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЕКОНОМСКИ ПРОЕКТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ОПШТИОТ ОПШТЕСТВЕН ПРОГРЕС. СО СИЛАТА НА АРГУМЕНТИТЕ, СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ПО ДЕМОКРАТСКИ ПАТ ГИ СООЧУВААТ РАЗЛИЧНИТЕ СТАВОВИ И ИНТЕРЕСИ ПРЕКУ КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА ИДНИТЕ АКТИВНОСТИ Во развиените демократии, економско-социјалната положба на граѓаните е условена и е во тесна врска со постоењето и со степенот на развиеност на социјалниот дијалог. Преку социјалниот дијалог се воспоставува социјална рамнотежа со соодветни решенија за остварување на економските и социјалните права на граѓаните. Водењето на усогласена економска, развојна и социјална политика, постигнувањето консензус меѓу носителите на општествената моќ: трудот, капиталот и власта, обезбедува услови за реализација на економски проекти значајни за општиот општествен прогрес. Со силата на аргументите, социјалните партнери по демократски пат ги соочуваат различните ставови и интереси преку колективното договарање и планирање на идните активности. Со започнување на транзицијата во Република Македонија, развивањето и практикувањето на социјалниот дијалог беше најсигурен начин за мирно решавање на социјалните и индустриските конфликти и унапредување на к­ валитетот на 80 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА животот на работниците и граѓаните. Во принцип, одлуките при социјалниот дијалог се носат со постигнување консензус, во услови на поволна атмосфера и колективната волја на сите вклучени страни да се дојде до договор од заемен интерес. Сè додека не се донесе одлука прифатлива за сите страни во социјалниот дијалог, се вршат консултации и преговори. Поимно определување и значење на социјалниот дијалог на сите нивоа Социјалниот дијалог извира од повеќе меѓународни и национални правни акти кои се ратификувани од нашата држава, меѓу кои: Европската социјална повелба на Советот на Европа(1965) 1 ; Повелбата(1945) и Универзалната декларација за човекови права (1948) на Организацијата на обединетите нации 2 ; Конвенциите, препораките и резолуциите на Меѓународната организација на трудот (ILO) 3 ; Уставот на РСМ, Законот за работните односи. Социјалниот дијалог подразбира демократско соочување на различните ставови и интереси на социјалните партнери, со силата на аргументите. Неговата примена е од исклучително значење особено за земјите кои го минуваа транзицискиот пат и се соочуваа со: висока стапка на невработеност; стечаи и ликвидација на претпријатијата; технолошки вишоци; пораст на сиромаштијата. Социјалниот дијалог и постигнувањето консензус е сè повеќе практикуван метод во демократските општества во Европа и светот кој дава највисоки резултати. Суштината на постигнувањето консензус е да се работи со другите, а не против нив. Различните групи заедно работат, трошат време и енергија, на о­ смислувањето 1 Други правни акти на ЕУ: Единствениот европски акт(1987), Повелбата на заедницата за основните права на работниците(1989); Договорот од Мастрихт (1992) – кој се однесуваше и на развивање на социјалната димензија; Договорот во Амстердам(1997) – со кој на ЕУ се наметнуваат нови обврски за следење на остварувањето на Европската конвенција за основните човекови права и слободи; Директивата 2002/14/ЕЦ на Европскиот парламент и Советот на ЕУ. 2 Други правни акти на ООН: Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права(1966), Копенхашката декларација(1995). Во рамки на ООН функционира Економско-социјален совет како помошно тело на Генералното собрание. 3 Конвенциите на МОТ број: 87, 98, 144, 154, 152, 91, како и препораките број: 113, 163, 152 и Резолуцијата за трипартитни консултации на национално ниво за економска и социјална политика. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 81 и ­изнаоѓањето на корисно решение или носење одлуки од заемен интерес за одреден настанат проблем што ги засегнува двете страни. Треба да им се придава потребното значење на механизмите на социјалниот дијалог и да се настојува да постојат социјални партнери кои ќе можат да се носат со своите должности, а особено во земјите-кандидати за влез во ЕУ, односно во смисла на советување за нацртите на законодавството кое се однесува на acquis communautaire на подрачјето на вработувањето и социјалната политика. Со цел за конструктивен социјален дијалог за модернизација на пазарот на трудот, владите треба да бидат транспарентни во своите законодавни предлози и да остават време за нивна расправа. Оттука, темелот на квалитетно социјално партнерство, врз основа на кое треба да се гради иднината, е искрениот дијалог и довербата меѓу социјалните партнери на сите нивоа. Современ модел за меѓусебно разбирање на социјалните партнери за идентификување на заедничките интереси е трипартизмот. Тоа е основна форма на социјалниот дијалог за превентивно разрешување на социјалните конфликти, односно трипартитна соработка на: владата, работодавачите и работниците. 4 Носењето и наметнувањето еднострани одлуки и мерки кои се однесуваат за прашања од трудот, може да наиде на отпор кај работниците, вклучувајќи протести и штрајкови, или поведување постапки за нивната уставност и законитост. Целта на трипартизмот е заедничко разгледување на прашања од заемен интерес и постигнување решение до највисок можен степен. Придобивките од трипартизмот се повеќекратни и се значајни заради придонесот во ефективното изготвување и спроведување на економско-социјалните политики кои обезбедуваат социјален мир и стабилност во државата. Значајни елементи за успешен социјален дијалог врз трипартитна основа се: одговорноста и довербата; рамноправноста; комуникацијата; доброволноста; капацитетите за преговарање; компромисот. Вклучувањето на работниците и работодавачите во процесот на трипартитниот социјален дијалог преку нивните асоцијации, има клучно значење во создавањето реални можности за ефикасно спроведување на мерките и политиките на владата и изнаоѓање решенија од интерес за сите. Темите што можат да се вклучат во 4 Меѓународна организација на трудот:„Национален трипартитен социјален дијалог“, Водич за подобро управување, Budapest: ILO, 2015. 82 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­трипартитниот социјален дијалог на национално ниво се многубројни: работни односи; трудово законодавство; плати; решавање на работни спорови од национална важност; слобода на здружување и колективно договарање; прашања од економската политика; намалување и сузбивање на сиромаштијата; создавање можности за вработување; политика за пазарот на трудот; образование и обука; родова еднаквост; социјално осигурување и заштита(реформи во социјалното и пензиско осигурување, заштита на мајчинството); меѓународни стандарди на трудот, итн. Бипартитниот социјален дијалог претставува клучна и неопходна алатка во моделирањето на индустриските односи на социјалните партнери. Предмет на социјалниот дијалог се прашања од интерес за вработените, нивните синдикати и работодавачите, односно: стратегијата и политиката на вработувањето, како и економската и социјалната политика, предлози на закони од областа на работното и социјалното законодавство, политиката на плати и колективното договарање и повеќе други прашања од заеднички интерес. Бипартитен социјален дијалог се случува кога две страни, еден или повеќе работодавачи и/или една или повеќе организации на работодавачи и една или повеќе организации на работници – разменуваат информации, се консултираат или преговараат, без интервенција на владата. На пример, тоа може да е за: платите, работните услови или здравјето и безбедноста на работното место, како и за пошироки економско-социјални прашања. Социјалниот дијалог како дел од европскиот социјален модел Идејата за социјално партнерство во Европа доби свој јасен, препознатлив институционален профил кон крајот на 19 век, кога во Германија со спроведување на законските норми е дефинирано осигурувањето на работниците од одделни ризици, како што се: старост, болест, несреќа при работа. Подоцна, социјалното партнерство и социјалниот дијалог на европско ниво јасно се дефинирани со Европската социјална повелба на Советот на Европа, Единствениот европски акт, Повелбата на заедницата за основните права на работниците, како и Договорот од Мастрихт и Договорот од Амстердам, со кои социјалните партнери добиваат широк простор ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 83 за учество во процесот на консултирање и изградба на национален консензус за економско-социјалниот развој. Социјалниот дијалог е дел од европскиот социјален модел, кој подразбира: да се препознаат различните интереси на социјалните партнери; да се презентираат поединечните интереси на секој социјален партнер и да се усогласат со интересите на спротивната страна; преговарачите да дејствуваат организирано заради поквалитетно регулирање на трудот и пазарот на трудот, односно:„го одразува демократското начело(член 11 од Договорот за формирање на ЕУ – UEU) дека на репрезентативните здруженија треба да им се овозможи да ги изнесуваат своите ставови, да се консултираат и да водат дијалог со јавната власт“, и дека работниците и работодавачите би требало да бидат„вклучени во одлучувањето за прашања од нивен интерес“. Овие начела се дел и од Повелбата на ЕУ за основните права која го вклучува правото на работниците на информирање и консултирање во претпријатијата, како и правото на колективно преговарање и колективни акции(член 27 и 28). Врз позитивните искуства на практикување на социјалниот дијалог во меѓународни рамки, по добиената поддршка од Советот за стабилизација и асоцијација, во Република Македонија во 2008 год. се конституира Заеднички консултативен комитет со Европскиот економско-социјален комитет. Ова е значајно тело за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, кое го сочинуваат претставници на: ССМ, КСС, ОРМ, граѓански асоцијации, набљудувачи. Неговата улога е да создава основа за проширување на Европската унија преку зајакнување на дијалогот и соработката меѓу граѓанските организации, социјалните партнери и Владата. Комитетот ги опфаќа економските и социјалните прашања кои се поврзани со Договорот за стабилизација и асоцијација и може да дава мислења во форма на извештаи или заклучоци или преку други соодветни активности. Во Уставот на Меѓународната организација на трудот(ILO, 1919 год.) е утврдено дека:„Универзален и траен мир може да се постигна само ако се заснова врз социјална правда“. Меѓународната организација на трудот(ILO/МОТ) e најзначајна и единствена меѓународна трипартитна институција за социјален дијалог која ја с­ очинуваат 84 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА претставници на: владите, работодавачите и синдикатите. 5 Според МОТ, под социјален дијалог се подразбираат:„Сите видови на преговори, советувања и размена на информации меѓу претставниците на владите, работодавачите и работниците, или меѓу самите социјални партнери, за прашања од заеднички интерес во врска со економската и социјална политика. Може да постои како трипартитен процес, при што владата е службена страна во дијалогот, или може да се води бипартитно, меѓу работниците и управата(т.е. синдикатот и организациите на работодавачите), со или без целосна вклученост на владата. Процесите на социјалниот дијалог можат да бидат неформални или институционализирани, а често се комбинација од двете. Може да се водат на национално, регионално или на ниво на претпријатие. Може да бидат секторски, меѓусекторски или нивна комбинација“. Она за што приоритетно се залага МОТ е работниците и работодавачите СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ПОДРАЗБИРА ДЕМОКРАТСКО СООЧУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ СТАВОВИ И ИНТЕРЕСИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ, СО СИЛАТА НА АРГУМЕНТИТЕ. НЕГОВАТА ПРИМЕНА Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗНАЧЕЊЕ ОСОБЕНО ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ ГО МИНУВАА ТРАНЗИЦИСКИОТ ПАТ И СЕ СООЧУВАА СО: ВИСОКА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ; СТЕЧАИ И ЛИКВИДАЦИЈА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА; ТЕХНОЛОШКИ ВИШОЦИ; ПОРАСТ НА СИРОМАШТИЈАТА. СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ И ПОСТИГНУВАЊЕТО КОНСЕНЗУС Е СÈ ПОВЕЌЕ ПРАКТИКУВАН МЕТОД ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ОПШТЕСТВА ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ КОЈ ДАВА НАЈВИСОКИ РЕЗУЛТАТИ. СУШТИНАТА НА ПОСТИГНУВАЊЕТО КОНСЕНЗУС Е ДА СЕ РАБОТИ СО ДРУГИТЕ, А НЕ ПРОТИВ НИВ. ТРЕБА ДА ИМ СЕ ПРИДАВА ПОТРЕБНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ И ДА СЕ НАСТОЈУВА ДА ПОСТОЈАТ СОЦИЈАЛНИ ПАРТНЕРИ КОИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ НОСАТ СО СВОИТЕ ДОЛЖНОСТИ, А ОСОБЕНО ВО ЗЕМЈИТЕ-КАНДИДАТИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ да го уживаат правото на слобода на здружување и колективно преговарање за правата од работа преку механизмите на социјалниот дијалог. Во функција на унапредување на социјалниот дијалог, МОТ донесува разни правни инструменти, а клучните елементи и услови 5 ILO/МОТ е формирана на 11 април 1919 год., како дел III од Версајскиот мировен договор за крај на Првата светска војна. Седиштето е во Женева, Швајцарија. Во 1946 год. стана првата специјализирана агенција на Организацијата на обединетите нации. Во 1969 год., на 50-годишнината од формирањето, МОТ ја доби Нобеловата награда за мир, како признание за својот ангажман од областа на еднаквост и правда за сите. Меѓународната конференција на трудот(Генерално собрание на МОТ) во 1998 год. ја донесе Декларацијата за основните принципи и права од работа: слобода за здружување и колективно договарање и елиминирање на детскиот труд, принудниот труд и дискриминацијата поврзана со вработувањето. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 85 за социјалниот дијалог се содржани во конвенциите и препораките на МОТ број: 87, 98, 135, 150, 151, 154, 113, 143, Резолуцијата од 2002 год. 6 Концепт и фази на социјалниот дијалог во Република Северна Македонија Како и во другите земји од Централна и Источна Европа, во кои имаше општествени транзициски промени, и во Република Македонија социјалниот дијалог беше следен со проблеми и покрај воспоставената законска рамка врз меѓународните стандарди на МОТ. Тоа беше условено од степенот на развиеноста на демократските процеси во државата, но и од волјата и желбата на социјалните партнери за дијалог. Кон ова се надоврзуваше и недоволното искуство од овој процес, различните ставови, недоразбирањата. Концептот на поврзување на пазарната и социјалната компонента и практикувањето на социјалниот дијалог беше неминовно да се практикува во периодот на општествени промени и воведувањето пазарни односи, кога Република Македонија се соочуваше со силно социјално раслојување, осиромашување на работниците и населението, пораст на степенот на невработеност и опаѓање на животниот стандард. Во таа смисла, се формира Економско-социјалниот совет, како општоприфатен механизам на социјалниот дијалог во европските земји. Неминовна беше заедничката соработка меѓу социјалните партнери, без да се наметнува волјата на една од страните и да се потпишуваат документи со кои се уредуваат правата на работниците, како што се колективните договори, за подобри е­кономско-социјални ВО УСТАВОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ (ILO, 1919 ГОД.) Е УТВРДЕНО ДЕКА:„УНИВЕРЗАЛЕН И ТРАЕН МИР МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНА САМО АКО СЕ ЗАСНОВА ВРЗ СОЦИЈАЛНА ПРАВДА“. МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ (ILO/МОТ) E НАЈЗНАЧАЈНА И ЕДИНСТВЕНА МЕЃУНАРОДНА ТРИПАРТИТНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ КОЈА ЈА СОЧИНУВААТ ПРЕТСТАВНИЦИ НА: ВЛАДИТЕ, РАБОТОДАВАЧИТЕ И СИНДИКАТИТЕ. СПОРЕД МОТ, ПОД СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ СЕ ПОДРАЗБИРААТ: „СИТЕ ВИДОВИ НА ПРЕГОВОРИ, СОВЕТУВАЊА И РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАДИТЕ, РАБОТОДАВАЧИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ, ИЛИ МЕЃУ САМИТЕ СОЦИЈАЛНИ ПАРТНЕРИ, ЗА ПРАШАЊА ОД ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ВО ВРСКА СО ЕКОНОМСКАТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 6 Повеќе во:„Меѓународни стандарди на трудот – ратификувани конвенции од Република Македонија“,(МТСП), Скопје, 2007. 86 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА у­слови и положба на работниците. Кога не беа респектирани и консултирани како социјални партнери при донесувањето на законите од областа на трудот, синдикатите јавно и гласно реагираа и за дел од нив поведуваа постапка пред Уставниот суд. За синдикатите е неприфатливо позицијата на трудот во современо општество да зависи исклучително од пазарните услови, туку се определуваат и градат врз основа на социјалниот дијалог и постигнувањето договор од заемен интерес за страните учеснички. Како еден од институционалните механизми на социјалниот дијалог е Економско-социјалниот совет, во чија работа, покрај претставниците на репрезентативните синдикати и асоцијации на работодавачите учествуваат и претставници на власта, бидејќи таа се јавува во повеќекратна улога, на медијатор и регулатор на дијалогот, но и во функција на јавен претприемач и работодавач. Советот ги одразува изворните принципи на социјалниот дијалог – доброволност, автономност и доверба меѓу социјалните партнери. Подолг период оваа институција минуваше низ повеќе развојни фази заради незаинтересираноста на владите во период кога во Република Македонија се одвиваа процеси на општествени промени – демократизација и децентрализација на политичкиот систем. Исто така, концептот и правната рамка на ЕСС не нудеше јасни критериуми за репрезентативноста на синдикалните организации, а работодавачите доцнеа во организирањето на своите асоцијации. Преку Економско-социјалниот совет, социјалните партнери ги усогласуваат своите интереси, за закони и други прописи, национални стратегии и програми кои се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, пред истите да бидат разгледувани од страна на Владата на РМ. Владата задолжително бара мислење од ЕСС за законите од областа на: работните односи, вработувањето, пензиското и инвалидското осигурување и безбедноста и здравјето при работа и има обврска да обезбеди повратни информации за следење на мислењата и препораките на ЕСС. Економско-социјалниот совет има усвоено заклучок дека ќе се залага во услови на криза(економска, политичка), да не се менува работното законодавство со што би се намалиле правата на вработените. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 87 Со воспоставувањето и развојот на територијалната поделба и локалната самоуправа 7 се наметна и потребата од развивање на социјалниот дијалог на локално ниво и негово институционализирање. Во периодот 2010-2016 год. во Република Македонија се формирани локални економско-социјални совети во 15 општини. 8 Тоа се советодавни и консултативни тела кои со постигнување социјален консензус придонесуваат за: отворање можности за креирање на економско-социјални политики кои ќе нудат подобра перспектива за сите; креирање на нови работни места, посебно во делот на вработувањето на младите лица; идентификување на потребите на пазарот на трудот помеѓу приватниот и јавниот сектор; изготвување соодветни анализи за потребите на образованието; утврдување динамика на преквалификација и доквалификација за работници кои ги изгубиле работните места, итн. Социјалниот дијалог приоритет за Сојуз на синдикатите на Македонија и гранските синдикати здружени во ССМ За синдикатите, социјалниот дијалог е нераскинлив дел од синдикалната борба, неопходен инструмент за градење на социјалниот консензус, стекнување на меѓусебна доверба за хармонизација на општествено-економските процеси. Во функција на развивање и практикување на социјалниот дијалог, приоритети на ССМ и гранските синдикати здружени во ССМ се: јакнење на довербата и свеста на социјалните партнери за заедничките интереси; јакнење на мрежата и механизмите на социјалниот дијалог на сите нивоа и афирмација на мирното разрешување на индустриските и социјалните конфликти. Како репрезентативна организација на работниците во Република Северна Македонија, ССМ со свои претставници активно учествува во работата на комисии на Собранието на РМ, Националниот совет за евроинтеграции, како и во работата на: Националниот совет за БЗР; Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Со Владата на РМ, ССМ одржува редовни работни средби на кои се расправа, се изнаоѓаат решенија и се утврдуваат 7 Правото на локална самоуправа на граѓаните е загарантирано со Уставот на РМ (чл. 11, Устав на РМ, 1991). Секој може да одлучува за себе во рамките на локалната самоуправа за: урбанизмот, јавните служби, култура, спорт, здравствена заштита, социјална и детска заштита, рурално планирање, локалниот економски развој. 8 Куманово, Кавадарци, Струмица, Тетово, Штип, Битола, Гази Баба, Гостивар, Скопје, Ресен, Велес, Свети Николе, Кичево, Струга, Радовиш. 88 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА конкретни мерки за сите барања од значење за работниците. ССМ и гранските синдикати здружени во ССМ соработуваат со МТСП и други соодветни министерства. ССМ има претставници во управните одбори на социјалните фондови за: пензиско и инвалидско осигурување; здравствено осигурување, како и во Агенцијата за вработување на РМ. Социјален партнер на ССМ е Организацијата на работодавачи на Македонија(ОРМ), формирана во 2004 год., репрезентативна во приватниот сектор од областа на стопанството. Таа ги застапува интересите на работодавачите, се грижи за развој и остварување на нивните права и слободи, за склучување и спроведување на ОКД за стопанството во РМ и колективните договори на ниво на дејност, се залага за развој на социјалниот дијалог. До нејзиното формирање, ССМ ги потпишуваше општите колективни договори со Стопанската комора на Македонија – Одбор на работодавачи. МОТ укажа дека Стопанската комора не може да биде социјален партнер и дека тоа е спротивно на конвенциите на МОТ број: 87, 98 и 144. Стопанските комори беа наследени од социјалистичкиот еднопартиски систем, кои не можеа да се третираат како организации на работодавачите засновани врз начелото на доброволност. Со носењето на новиот Закон за стопанските комори на Македонија, 9 оваа состојба се надмина и ОРМ како репрезентативна организација на работодавачите стана партнер во социјалните преговори и колективното договарање. Колективното преговарање и колективните договори, значаен дел од процесот на социјалниот дијалог Колективното преговарање и колективните договори се плод на синдикалната борба, современ начин на остварување на заштитата на работничките права и модел за превентивно разрешување на социјалните конфликти, за подобри услови за работа и поголеми права на работниците од работниот однос. Водењето на колективните преговори и потпишувањето и примената на колективните договори претставува значаен дел во процесот на социјалниот дијалог за подобрување и јакнење на работно-правната и материјално-социјалната положба на работниците, што тие индивидуално, како изолирани преговарачи не би успеале да го обезбедат. 9„Службен весник на РМ“, бр.: 54/02, 31/03, 89/04, 84/05, 17/11. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 89 Почетоците на колективното преговарање и договарање во светот датираат од времето на индустриската револуција и воспоставувањето на капитализмот во XIX век, кога во светот се наметнаа нови економски односи, а со тоа и неминовен правен третман на слободната работна сила и пазарот на трудот. Со легализирањето на синдикатите, започна да се издигнува колективната свест кај работниците за организирано и заедничко настапување пред работодавачите. Меѓу првите колективни договори се споменува колективниот договор што го склучил Синдикатот на графичките работници во Австрија, во 1896 год., но за вистински колективни преговори и договори, нивното законско признавање и ефектите врз положбата на работниците, може да се зборува по завршување на Првата, односно Втората светска војна. Предмет на првите склучени колективни договори е регулирањето на висината на дневницата, а подоцна и утврдување на работното време, заштита при работа, одморите, отсуствата, прекинот на работниот однос, итн. Во земјите во кои функционира пазарот на трудот и капиталот, колективното преговарање и склучувањето колективни договори се развива со сопствена препознатливост и карактеристични системи, законски решенија и нивно усогласување со меѓународните стандарди, практиката и интензитетот на преговарањето во решавањето на споровите, со што сè повеќе расте нивното значење во обезбедувањето и развојот на демократијата во трудовите односи. 10 Преговорите се вршат меѓу репрезентативните организации на работниците и репрезентативните организации на работодавачите и извршната власт. На тој начин се овозможува нивно непосредно влијание врз обликувањето на конечните предлози на законските решенија, но и при решавање на одредени проблеми од највисоко национално значење кои имаат влијание врз пазарот на трудот(на пр. при креирањето и спроведувањето на различни реформи на национално ниво: даночната, пензиската, здравствената, и др.). Колективни договори се специфичен, автономен извор на трудовото право, со кои се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавачите од работен однос. Колективните договори имаат комплексно значење од: правно, ­економско, социјално и политичко гледиште. Тие се цивилизациска 10 Повеќе во:„Колективни преговори – компаративни согледувања“, м-р Лазар Јовевски, Скопје 2006. 90 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА КАКО ЕДЕН ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ МЕХАНИЗМИ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ Е ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ, ВО ЧИЈА РАБОТА, ПОКРАЈ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ СИНДИКАТИ И АСОЦИЈАЦИИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ УЧЕСТВУВААТ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВЛАСТА, БИДЕЈЌИ ТАА СЕ ЈАВУВА ВО ПОВЕЌЕКРАТНА УЛОГА, НА МЕДИЈАТОР И РЕГУЛАТОР НА ДИЈАЛОГОТ, НО И ВО ФУНКЦИЈА НА ЈАВЕН ПРЕТПРИЕМАЧ И РАБОТОДАВАЧ. СОВЕТОТ ГИ ОДРАЗУВА ИЗВОРНИТЕ ПРИНЦИПИ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ – ДОБРОВОЛНОСТ, АВТОНОМНОСТ И ДОВЕРБА МЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ. ПРЕКУ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ, СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ГИ УСОГЛАСУВААТ СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ ЗА: ЗАКОНИ И ДРУГИ ПРОПИСИ, НАЦИОНАЛНИ СТРАТЕГИИ И ПРОГРАМИ КОИ СЕ ВО ВРСКА СО ЕКОНОМСКОСОЦИЈАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ. придобивка и современ модел за превентивно разрешување на социјалните конфликти, воспоставување на социјален мир и економски развој на секое општество, современ ефикасен метод за мирно решавање на споровите од работниот однос и превенција од штрајковите. Колективните договори се плод на колективното преговарање и се склучуваат во писмена форма„меѓу работодавачот, група работодавачи или една и повеќе организации на работодавачи, со една, или повеќе синдикални организации, заради: утврдување на работните услови и условите за вработување; уредување на односите меѓу работодавачот и работниците; утврдување на односите меѓу работодавачите или нивните организации и една или повеќе работнички организации“(Конвенција на МОТ бр. 154, 1981 год.). Правото на колективно преговарање и договарање е регулирано со Уставот на во Република Северна Македонија, во членовите од 30-49 кои се однесуваат на: економските, социјалните и културните права. Ова право е уредено и во Законот за работните односи, во Глава XIX – Колективни договори(член 203-235) Почетоците на колективното преговарање и потпишувањето на колективните договори во Република Македонија се уште со носењето на Законот за основните права од работен однос во 1989 год., и со Законот за работните односи на СР Македонија од 1990 год. Во Законот за работните односи од 1993 год. се утврди дека работниот однос се уредува покрај со закон и со колективен договор за сите вработени во Република Македонија. Оваа норма изврши голема промена во уредувањето на работниот однос на вработените. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 91 За ССМ и гранските синдикати колективното договарање беше силен предизвик. Недоволните познавања и искуства во врска со оваа новина од трудовото право, придонесоа да се јават бројни дилеми и нејаснотии кај работниците и нивните работодавачи. Кај работниците се јавија нереални очекувања дека по автоматизам со колективните договори ќе се обезбеди повисока плата. За синдикатите, колективните договори значеа голема одговорност во изнаоѓањето оптимални решенија за: поголема мотивираност за работниците; обезбедување плати на реално ниво; работното време; правото на одмори и отсуства, итн. Факт е дека социјалните партнери колективното договарање недоволно го сфаќаа како придобивка на современите општества во разрешувањето на социјалните конфликти и како извор на правото. Тоа претставуваше сериозна пречка за успешни преговори, за усогласување на ставовите на преговарачките страни по пат на компромисни, а не наметнати решенија. Преговорите и склучувањето на колективните договори се одвива на три нивоа. а) На трипартитно- национално ниво се склучуваат општи колективни договори(ОКД) кои се применуваат непосредно и се задолжителни за работодавачите и вработените во приватниот, односно јавниот сектор. Потписници на ОКД за приватниот сектор во областа на стопанството се репрезентативното здружение на работодавачите и репрезентативниот синдикат, а на ОКД за јавниот сектор- репрезентативниот синдикат во јавниот сектор и министерот надлежен за работите од областа на трудот, по претходно овластување од Владата на Република Македонија. Првиот колективен договор склучен во Република Македонија е ОКД за стопанството и јавниот сектор од 1990 год. 11 меѓу ССМ и Стопанската комора на Македонија. Тој важеше за сите организации и работодавачи, како и за сите работници кои се вработени во организациите и кај работодавачите во стопанската дејност. Со овој ОКД се утврди најниската плата; коефициентот на сложеност; зголемувањето по час; надоместоците; плата од учество во добивката и износот на сите други примања. Во натамошниот период се склучувани повеќе ОКД, анекси на ОКД и продолжување на истите, кои 11 Општ колективен договор за стопанството и јавниот сектор:„Службен весник на СРМ“, бр. 30/90. 92 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА се усогласуваа со Законот за работните односи и неговите измени и дополнувања. Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност од 1994 год. е склучен меѓу ССМ и Владата на Република Македонија на 20 јули 1994 год. 12 ССМ реагираше и бараше да се потпишат колективните договори на ниво на дејности од јавниот сектор, што беше договорено со Социјалниот договор за првиот квартал од 2003 год., а не беше испочитувано. Овој ОКД е продолжуван неколку пати, а во 2006 год. со Спогодба меѓу социјалните партнери неговата важност е продолжена за 4 години. Општиот колективен договор за јавниот сектор од 2008 год. е склучен меѓу Владата на РМ и Конфедерацијата на слободни синдикати на РМ. 13 ССМ остро реагираше и бараше уште од самиот почеток да биде вклучен во преговорите за потпишување на овој ОКД бидејќи синдикатите од јавниот сектор кои беа здружени во ССМ покриваа над 85% од бројот на вработените во овој сектор. ССМ го оспори легитимитетот на КСС за потпишување на овој ОКД и побара оставка од министерот за труд и социјална политика. Исто така, укажа на тоа дека со решенијата од ОКД на вработените им се намалуваат правата. За потпишувањето на овој ОКД реагираа и другите синдикални централи во Република Македонија: Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), кој покрена иницијатива за протест; Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар. б) Со колективен договор на ниво на гранка, односно оддел ( бипартитно) можат да се утврдат други права и обврски и поголеми права на работниците, од оние утврдени со закон и општите колективни договори. Гранскиот колективен договор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите кои се членови на здружението на работодавачи, потписници на колективниот договор или кои дополнително му пристапиле на здружението. Овој процес во Република Македонија бележи различност во однос на интензитетот, односно бројот на склучени колективни договори 12 ОКД за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност: „Службен весник на РМ“, бр. 39/94. 13 ОКД за јавниот сектор:„Службен весник на РМ“, бр. 10/08; 88/08. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 93 (на пр. до 1998 год. се потпишани 32 грански колективни договори, од кои во одделни дејности имаа важност и на колективни договори на ниво на работодавач; во периодот 2010 – 2013, се потпишани 15 грански колективни договори и спогодби за најниска плата). 14 Синдикатите посебно се ангажираат за целосна примена на гранските колективни договори во практиката и остварување на уредените права во нив за работниците. Најчесто се наидува на проблеми за уредувањето на платата и надоместоците на плата и работното време. Во делот на платите, со носењето на Законот за минимална плата, работодавачите се должни да ја применуваат минималната плата при утврдувањето на основната плата во колективните договори. КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ СЕ ПЛОД НА СИНДИКАЛНАТА БОРБА, СОВРЕМЕН НАЧИН НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА И МОДЕЛ ЗА ПРЕВЕНТИВНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ КОНФЛИКТИ, ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ПОГОЛЕМИ ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД РАБОТНИОТ ОДНОС. ВОДЕЊЕТО НА КОЛЕКТИВНИТЕ ПРЕГОВОРИ И ПОТПИШУВАЊЕТО И ПРИМЕНАТА НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ПРЕТСТАВУВА ЗНАЧАЕН ДЕЛ ВО ПРОЦЕСОТ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ И ЈАКНЕЊЕ НА РАБОТНОПРАВНАТА И МАТЕРИЈАЛНОСОЦИЈАЛНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИЦИТЕ, ШТО ТИЕ ИНДИВИДУАЛНО, КАКО ИЗОЛИРАНИ ПРЕГОВАРАЧИ НЕ БИ УСПЕАЛЕ ДА ГО ОБЕЗБЕДАТ Слабостите во колективното договарање, особено во секторскиот социјален дијалог во РМ и на ниво на работодавач, се огледаат, пред сè, заради: различната организираност на синдикатите и организациите на работодавачите; не се формирани сите соодветни здруженија на работодавачите кои се социјални партнери во колективното договарање; присутноста на инертен однос кон социјалниот дијалог, посебно на ниво на работодавачи; присутноста на проблеми во синдикалното организирање на ниво на работодавач, итн. Гранските синдикати се залагаат и иницираат зголемување на правата на работниците во колективните договори, согласно меѓународните стандарди, како и да се утврдуваат поголеми права за членовите на синдикатите. Таква иницијатива покрена Синдикатот на УПОЗ во преговорите за потпишување на грански Колективен договор за вработените во администрацијата, правосудните 14 Прегледи за потпишаните грански колективни договори и спогодбите за нивна измена и дополнување се објавени на:, www.orm.org.mk 94 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА органи и другите вработени во администрацијата, започнати на 27 август 2018 год. в) Поединечните колективни договори на ниво на работодавач се потпишуваат во континуитет уште од почетокот на воведувањето на колективното договарање што беше уредено во ЗРО од 1993 год. Се склучија висок процент од можните колективни договори, што беше голем успех за синдикатите. Меѓутоа, постоеше предизвик и простор за синдикатите бидејќи во некои претпријатија и установи отсуствуваа сознанијата за значењето на колективните договори на ова ниво и беше присутен отпор кај работодавачите во врска со овие процеси. Колективните договори на ниво на работодавач„важат и за работниците кај работодавачот кои не се членови на синдикат или на синдикатот – потписник на колективен договор“(ЗРО, член 208, став 3). Колективните договори на работниците им овозможуваат, пред сè: редовно и навремено информирање за деловните развојни планови, организациони промени, решенија и одлуки кои влијаат врз нивната економско-социјална положба и нивната мотивираност за ефикасен и ефективен труд; условите за работа; безбедноста и здравјето при работа, и др. Колективното преговарање и склучувањето колективни договори е сложен и макотрпен процес до постигнување на заеднички прифатливи решенија и очекуваните резултати. Тоа е заради различните позиции и интереси на учесниците, што, всушност, е и причината за нивното постоење. Но, практикувањето на колективното преговарање и договарање на сите нивоа, развивањето на преговарачките механизми и јакнењето на капацитетите на социјалните партнери, придонесува во исполнувањето на приоритетите за економски прогрес во секое современо демократско општество. (Авторот е претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија /УПОЗ/, членка на Сојузот на синдикатите на Македонија) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 95 СИТЕ ЧОВЕЧКИ СУШТЕСТВА СЕ СЛОБОДНИ И ЕДНАКВИ ВО ДОСТОИНСТВОТО И ПРАВАТА МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ ИДЕЈАТА ЗА ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО Е СКАПОЦЕНА. РАЗБРАНО КАКО НЕШТО ИНХЕРЕНТНО ИЛИ НЕ ПО ЗАСЛУГА, ДЕКА СИТЕ ЛУЃЕ ПОДЕДНАКВО ГО ДЕЛАТ, ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО ТИПИЧНО Е ТРЕТИРАНО КАКО МОРАЛНА ОСНОВА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА. ШТО Е КАКО ЛИМИТ ЗА ТОА ШТО НИЕ МИСЛИМЕ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ТОЛЕРИРАМЕ ПРИ НЕСОГЛАСУВАЊАТА СО ДРУГИТЕ ЗА ДОБРОТО, ПРАВОТО ИЛИ ПРАВЕДНОТО, ОТФРЛАЈЌИ ЈА ИДЕЈАТА НА ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО КАКО ИЗБЛЕДЕНА. ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО НÈ ПОВИКУВА НА АКЦИЈА СО КАРАКТЕРИСТИЧНА УРГЕНТНОСТ. НИЕ ЖЕСТОКО ПРОТЕСТИРАМЕ КОГА СМЕТАМЕ ДЕКА ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО Е ПОД ФУНДАМЕНТАЛНА ЗАКАНА. ЖАЛИМЕ КОГА СЛУШАМЕ ВЕСТИ ДЕКА ТОА Е ПРЕГАЗЕНО, ИСМЕЈУВАНО ИЛИ ПРЕКРШЕНО Достоинството е темел на сите човекови права. Човекот има права и треба да биде третиран со најголема грижа затоа што секој поседува внатрешна вредност. Поранешниот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад ал Хусеин, ги нарече овие воведни зборови на Универзалната декларација за човекови права како „можеби најубавите зборови на било кој меѓународен договор“, подвлекувајќи дека„човековите права не се награда за добро однесување“, туку права на секој човек, во сите времиња, и на сите места. Реагирајќи на ужасот на двете светски војни, меѓународната заедница сметаше дека е битно во 1948 година да го нагласи концептот за човековото достоинство во првите зборови во овој иновативен документ, подвлекувајќи термин кој претходно веќе е содржан во воведните редови на преамбулата на Универзалната декларација за човекови права, како и во Повелбата на ОН три години претходно. Достоинството е како„внатрешен осет за самовредност“, концепт кој буди емпатија кон другиот, кој нè врзува со другиот. Тоа, исто така, стана отскочна штица за нови толкувања на човековите права. 96 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА Во нашиот внатрешно поврзан свет, каде емпатијата мора да се прошири до справување со огромната нееднаквост која ги издигнува прашањата за правда. Членот 1 од Декларацијата ја поставува еднаквоста како сеприфатена и сеопфатна тема, која е основа за елаборирање на правата за мноштвото – вклучувајќи ги тука: малцинствата, домородните народи и луѓето со посебни потреби. Притоа, членот 1 ја изразува еднаквоста како позитивна, веднаш по него член 2 наведува забрана за низа видови на дискриминација. Достоинството(збор кој 5 пати се споменува во Декларацијата) од една страна е непобитен аргумент, а од друга е двосмислен концепт, не секогаш преведен во законодавствата. Сепак, достоинството сега е право во повеќе од 160 устави во светот(од 193 членки на ОН), споредбено со само 5 земји кои го употребувале овој термин во своите устави во 1945 година. И, токму месецот декември е месец кога се сеќаваме на документот кој ги втемелува основните човекови права и е појдовна точка со која секоја земја поединечно се збогатува со права и можности во која на секој граѓанин поединечно ќе му се вреднува личноста. Човековото достоинство е морална основа за човековите права Идејата за човековото достоинство е скапоцена. Разбрано како нешто инхерентно, или не по заслуга, дека сите луѓе подеднакво го делат, човековото достоинство типично е третирано како морална основа за човековите права. Поради иста причина, тоа, вообичаено, стои како лимит за разумното несогласување – што е како лимит за тоа што ние мислиме дека треба да го толерираме при несогласувањата со другите за: доброто, правото или праведното, отфрлајќи ја идејата на човековото достоинство како избледена. Човековото достоинство, исто така, нè повикува на акција со карактеристична ургентност. Ние жестоко протестираме кога сметаме дека човековото достоинство е под фундаментална закана. Жалиме кога слушаме вести дека тоа е прегазено, исмејувано или прекршено. Кога се говори за достоинството се јавува дилемата колку институциите размислуваат дали им го обезбедуваат на своите корисници при донесувањето и спроведувањето на своите политики? Дали секој службеник кога седнува на своето работно место размислува дали ги третира со достоинство корисниците или ­барателите ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 97 на услугите? Доколку постојните етички кодекси на институциите не го дефинираат концептот на достоинство, тие треба, сепак, да го користат за да го искажат убедувањето дека секое човечко суштество е од исклучителна и уникатна вредност. Секој поединец, без разлика на која работна положба се наоѓа, или во своето делување, постојано треба да се води со мислата дека секое човечко суштество е вредно и дека секое човечко суштество има свои права и достоинство. И, тоа не зависи од нас, тоа не го даваме ние, тоа е вродено заедно со секое човечко битие. Но, зошто ги издвојуваме институциите. Едноставно затоа што тие треба да бидат предводници во имплементацијата на основните човекови права и да создадат такви механизми со кои прекршувањето на човековите права би било невозможно. ДОСТОИНСТВОТО Е ТОЛКУ ВРЗАНО СО НАШИОТ КОНЦЕПТ НА ХУМАНОСТ, ШТО КОРИСТИМЕ ТЕРМИНИ КАКО„НЕХУМАН ТРЕТМАН“ ЗА ДА ОПИШЕМЕ ДЕЛО КОЕ ГИ КРШИ НАШИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА. ПОСТОИ ЧУВСТВО ДЕКА ТРЕТИРАЊЕТО НЕКОГО ЧОВЕЧКИ, ЗНАЧИ ОДНЕСУВАЊЕ КОН НЕГО НА НАЧИН СОГЛАСНО СО НЕГОВАТА ЧОВЕЧНОСТ И ДОСТОИНСТВО. СПОРЕД УНИВЕРЗАЛНАТА ДЕКЛАРАЦИЈА, НАШИТЕ ПРАВА СЕ„НЕОТПОВИКЛИВИ“ – НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ОДЗЕМЕНИ ИЛИ ДАДЕНИ. ТОА Е ТАКА ЗАТОА ШТО ДОСТОИНСТВОТО КОЕ ГО ИМАМЕ, КОЕ НИ ДАВА ПРАВО НА ОВИЕ ПРАВА, ИСТО ТАКА Е НЕОТПОВИКЛИВО. ЗАТОА, НАШИТЕ ПРАВА СЕ ВРЗАНИ ЗА НАС СÈ ДО НАШАТА СМРТ Говорејќи за човековите права, треба да се има предвид дека човекот треба да ги ужива заради единствениот факт, што е човечко суштество. Затоа, тие се вродени права на човекот и не зависат од волјата на законодавецот и како такви не бараат никаков чин на заложба, туку чин на законско признавање. Бидејќи тие се вродени права на луѓето, тие не можат да се стекнат, во смисла на тоа дека стекнуваме нешто што не го поседуваме. Луѓето не можат да се откажат од своите човекови права или да бидат лишени од нив со каква било лична одлука. Тие се неотуѓиви права коишто законодавецот не може со закон да ги ограничи или укине. Многу важна карактеристика на човековите права е нивната универзалност разбрана на таков начин што тие се фундаментални по природа и секој, без исклучок, се раѓа со исти права, без оглед на: социјалната или националната припадност, брачниот статус, расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичките мислења, или други слични карактеристики. Институциите се тие кои треба да бидат вдахновени со 98 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА идејата за човековото достоинство и вредност, идејата со која сите луѓе треба да се третираат според одредени основни стандарди, идејата дека луѓето треба да бидат заштитени од она што, честопати, се нарекува„злоупотреба на човековите права“. Меѓу најважните вредности коишто произлегуваат од признавањето на човековото достоинство, треба да се споменат: слободата, самоисполнувањето, еднаквоста, социјалната правда, благосостојбата, грижата и социјалната одговорност. Една вредност од посебно значење во контекст на размислувањата за односот помеѓу социјалната работа и човековите права е социјалната правда. Доволно е на прелистувачот Google да напишете:„Институциите глуви за....“, ќе ви излезат бројни написи и апели од разни здруженија, но и поединци, кои говорат за потребата да бидат третирани со достоинство. Дали ќе ги слушнете граѓаните кога говорат за достапноста на здравствените услуги и третирањето со достоинство од страна на здравствениот работник, или ќе ги слушнете здравствените работници кога бараат да бидат третирани со достоинство од страна на државата или на пациентот. Но, секој поединец треба да се запраша: дали тој/таа третира секого со почит и достоинство? Достоинството почнува во именувањето на секој поединец како што тој/таа посакува. Тука не мислам на говорот на омраза, туку на недоволното познавање на нашите сограѓани и без да се вреднува нивното достоинство. Па, сосема е нормализирано користењето на термините, како:„циган“,„шиптар“,„северџан“ од страна на некои граѓани. Но, она што сите нè вознемири беа протестите во Тимјаник и во Визбегово кога граѓаните кои се противеа на малите групни домови, користеа термини: „не сакаме вакви деца во наша близина“. Свесно и намерно, го згазија КОЛКУМИНА ОД НАС МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЈА КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЛИЦАТА СО ОДРЕДЕН ИНВАЛИДИТЕТ, ДАЛИ СМЕ ВОЛОНТИРАЛЕ ВО ЗДРУЖЕНИЈА КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД, НА КЛИНИКАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ДА ИМ ЧИТАМЕ ПРИКАЗНИ ЗА ЛЕКА НОЌ НА ДЕЦАТА КОИ ВО НЕА ПРЕСТОЈУВААТ СО МЕСЕЦИ. ЕДНОСТАВНО, НА НЕКОИ ЛИЦА, НИЕ СО НАШАТА СОЛИДАРНОСТ ЌЕ ИМ ГО ВРАТИМЕ ЧУВСТВОТО НА ДОСТОИНСТВО.„И НАСМЕВКАТА Е ДОБРИНА“, Е ДЕЛ ОД ИСЛАМСКОТО УЧЕЊЕ.„ГЛАДНИ НЕ САМО ЗА ЛЕБ – ТУКУ ГЛАДНИ ЗА ЉУБОВ. ГОЛИ НЕ САМО ОД ПОТРЕБАТА ЗА ОБЛЕКА – ТУКУ И ОД ПОТРЕБАТА ЗА ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО И ПОЧИТ. БЕЗДОМНИЦИ НЕ СЕ САМО ЗАТОА ШТО НЕМААТ ДОМ ОД ТУЛИ – ТУКУ БЕЗДОМНИЦИ СЕ ЗАРАДИ ОТФРЛАЊЕТО“, КАЖАЛА МАЈКА ТЕРЕЗА ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 99 ­достоинството на децата со: посебни развојни потреби, атипичен развој, посебни образовни потреби, воспитно социјални проблеми, но на кои заедничкото им е што цел свој живот го поминале во институција. Со самото чувство дека некој не заслужува да биде во нивна близина, со негирањето на правото кое го имаат тие и нивните деца, да живеат каде што тие сакаат – е несфаќањето на принципот на достоинство. И„тие“ деца го имаат правото да живеат во топол дом, за нив да се грижат институциите кои носат политики за трансформација на големите институции и обезбедување семејна грижа за секое дете. Како се грижиме за луѓето со попреченост во нашите животи Деинституционализацијата претставува премин од социјална грижа, во големи„безлични“ институции, кон грижа во заедница. Ова е првиот чекор кон градење похумано општество. Граѓаните кои протестираа се пример кога некој кон вас не се однесува со почит и достоинство. Во моментот кога во нашиот говор користиме изрази ние и тие, во тој момент, со тие поделби, ние ги негираме правата на поединецот – негирање на кое немаме право. Човечкиот момент е единствено потребен да нè направи вредни за почит. Всушност, достоинството е толку врзано со нашиот концепт на хуманост, што користиме термини како„нехуман третман“ за да опишеме дело кое ги крши нашите човекови права. Постои чувство дека третирањето некого човечки, значи однесување кон него на начин согласно со неговата човечност и достоинство. Според Универзалната декларација, нашите права се„неотповикливи“ – не можат да бидат одземени или дадени. Тоа е така затоа што достоинството кое го имаме, кое ни дава право на овие права, исто така е неотповикливо. Затоа, нашите права се врзани за нас сè до нашата смрт. Попреченоста е резултат на интеракција помеѓу индивидуалните нарушувања и постојните ставови и бариерите во околината. Попреченоста може да го отежне целосното уживање на човековите права и фундаменталните слободи, и да ги спречи луѓето со попреченост од ефективно и еднакво учество во општеството. Луѓето, кои животот од најрани денови го поминале во институциите, во ладните и големи згради, без родителска љубов и грижа, веднаш по 100 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА излегувањето од тие институции се соочиле со додатни бариери и се со повисок ризик од исклучување од процесите во општеството и сиромаштво. Мерките за превенција или отстранување на постојните бариери се инвестирање за одржливо развивање и подобрен пристап. Една од најдобрите мерки се малите групни домови, каде на децата од ладните домови ќе им се даде топол дом. Дом каде ќе имаат: заеднички оброци, празници, своја соба.... Дали сте виделе само едно од видеата и сликите на Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија каде се гледаат насмевките на тие прекрасни деца, кои за првпат се соочуваат со живот во дом, живот во куќа. Зарем ова не е почитување на нивното достоинство како деца, како човечки битија кои заслужуваат љубов и грижа. За овие хумани институции и политики пишував на почетокот. Но, дали сме се запрашале како се грижиме за луѓето со попреченост во нашите животи, без разлика дали се родени со одреден инвалидитет или во текот на животот претрпеле одредени здравствени нарушувања и несреќи. Дали ги снабдуваме со потребните алатки и услуги кои им требаат да живеат здрав и продуктивен живот? Или, пак, се оставени, како и претходно во човековата историја, на маргините на општеството, изолирани дома? Овие прашања се посебно значајни за граѓаните кои се посветени на одбраната на животот, кои се обврзале на солидарност во секој сегмент од животот на граѓаните кои се здружени во барањата до институциите за овозможување пристап за сите лица до нив. Колкумина од нас можат да се пофалат со неколкучасовно или дневно волонтирање во здруженијата кои се грижат за лицата кои имаат одреден инвалидитет, дали сме волонтирале во здруженијата кои се грижат за лицата со оштетен вид, на Клиниката за педијатрија да им читаме приказни за лека ноќ на децата кои во неа престојуваат со месеци. Едноставно, на некои лица, ние со нашата солидарност ќе им го вратиме чувството на достоинство и на хуман третман.„И насмевката е добрина“, е дел од исламското учење.„Гладни не само за леб – туку гладни за љубов. Голи не само од потребата за облека – туку и од потребата за човечко достоинство и почит. Бездомници не се само затоа што немаат дом од тули – туку бездомници се заради отфрлањето“, кажала Мајка Тереза. Пристапноста е состојба за лицата со попречености која им овозможува: активно да ги уживаат човековите права; да ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 101 ­учествуваат и да придонесуваат целосно и еднакво во општеството; да бидат независни и да прават избор за сите аспекти од нивните животи. Често, пристапноста често се гледа само како пристапност кон изградената околина. Како и да е, тоа е поширок концепт. Се шири до пристапност на продукти и сервиси, вклучувајќи ги и каналите преку кои се извршуваат сервисите. Пристапноста е поврзана со сите сервиси и затоа треба да биде гледана од перспектива на еднаквост и недискриминација. Тоа се однесува подеднакво и на јавниот, и на приватниот сектор. Со други зборови – на лицата со посебни потреби пристапноста им овозможува достапност до сите сфери од нивните животи. Пристапноста е една од нијансите на достоинството. Срамни прекршувања на женското достоинство и човекови права Борбата за достоинство и еднакви права на жените е глобална борба за човековите и граѓанските права на нашето време. Војната и насилството, економската нееднаквост и сиромаштијата, родово базираното насилство, детските бракови, трговијата со жени и деца, присилната проституција, силувањето и сексуалната злоупотреба, „убиствата од чест“, сексуалните злосторства кај жените и селективниот абортус на женски фетуси, фемицидите, низ сето ова, денес, поминуваат жените и девојчињата и страдаат од најтешката форма на неправда во денешниот свет. Институциите во кои на жените им се дава малку, или воопшто не им се дава глас, се институции кои: им наметнуваат ограничувања на основните слободи, контролирајќи ги нивните тела, не им дозволуваат можност да се движат слободно, да поседуваат имот, да изберат да стапат во брак или да добијат развод, да го задржат старателството над своите деца, да добијат образование, работа.... Ширум целиот свет, тие ризикуваат да бидат навредувани, злоупотребени или убиени ако се обидат да ги променат овие неправедни услови. Дури и таму каде што е постигнат напредок кон еднаквоста, жените продолжуваат да страдаат несразмерно од: сиромаштијата, насилството и злоупотребата, дискриминацијата при пристапот до образование и здравствена заштита, товарите од не вреднуваната домашна грижа и нееднаквоста во платата, како и систематско исклучување од донесување одлуки во религиозните, но и другите 102 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА институции кои влијаат врз квалитетот на нивниот живот. Овие срамни прекршувања на женското достоинство и човекови права се засноваат врз лажната претпоставка дека мажите и момчињата се супериорни во однос на жените и девојчињата. Тоа е застарен поглед вкоренет во традиционалните општества, во кои спаѓа и Балканот. Овие штетни верувања продираат во општествата и придонесуваат за широко распространетото лишување и злоупотреба на правата на жените и девојчињата ширум целиот свет. Заложбите на светските лидери и борбата на жените во светот, вроди со донесување на Декларацијата за елиминирање на сите форми на дискриминација против жените(CEDAW), која на жените им овозможува достоинствен третман. Најчесто, достоинството на жената е нарушено со насилството од страна на брачниот другар или парИНСТИТУЦИИТЕ ВО КОИ НА ЖЕНИТЕ ИМ СЕ ДАВА МАЛКУ, ИЛИ ВООПШТО НЕ ИМ СЕ ДАВА ГЛАС, СЕ ИНСТИТУЦИИ КОИ: ИМ НАМЕТНУВААТ ОГРАНИЧУВАЊА НА ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ, КОНТРОЛИРАЈЌИ ГИ НИВНИТЕ ТЕЛА, НЕ ИМ ДОЗВОЛУВААТ МОЖНОСТ ДА СЕ ДВИЖАТ СЛОБОДНО, ДА ПОСЕДУВААТ ИМОТ, ДА ИЗБЕРАТ ДА СТАПАТ ВО БРАК ИЛИ ДА ДОБИЈАТ РАЗВОД, ДА ГО ЗАДРЖАТ СТАРАТЕЛСТВОТО НАД СВОИТЕ ДЕЦА.... ДУРИ И ТАМУ КАДЕ ШТО Е ПОСТИГНАТ НАПРЕДОК КОН ЕДНАКВОСТА, ЖЕНИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА СТРАДААТ НЕСРАЗМЕРНО ОД СИРОМАШТИЈАТА, ОД НАСИЛСТВОТО И ЗЛОУПОТРЕБАТА СО ДИСКРИМИНАЦИЈА ПРИ ПРИСТАПОТ ДО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ТОВАРИТЕ ОД НЕ ВРЕДНУВАНАТА ДОМАШНА ГРИЖА И НЕЕДНАКВОСТА ВО ПЛАТАТА, КАКО И СИСТЕМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА НИВНИОТ ЖИВОТ. тнер. Затоа, институциите се заложија со силна борба да се елиминираат сите форми на насилство преку донесувањето и ратификувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените(позната како Истанбулска конвенција). Конвенцијата поставува низа стандарди за сеопфатни мерки за спречување и борба против насилството врз жените, признавајќи дека„насилството врз жените е еден од клучните социјални механизми со кои жените се присилени да бидат во подредена положба во однос на мажите“ или во рамките на темата, преку насилството на жената се одзема достоинството. се одзема човековото, целосно се дехуманизира и со тоа таа станува обичен предмет со кој располага и го злоупотребува сопружникот или партнерот. Целосната примена на Истанбулската ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 103 конвенција, која во Македонија започна од 2018 година, доведе до издигнување на свеста кај сите во нашето општество дека системот има нулта толеранција кон насилството врз жените и девојчињата, до отворање на безбедни куќи за жртвите, до користење на родово сензитивниот речник од сите чинители во системот, третман кој го заслужуваат сите жени, третманот кој им овозможува на жените во нашето општество достоинство и почит. Секјуритизацијата – една од најнесреќните форми на дехуманизација во бегалската криза Негирањето на нечие достоинство почнува со дехуманизацијата, која се опишува како негирање на„човековото“ на другите луѓе. Општо и широко е прифатено дека дехуманизацијата резултира во отуѓување коешто може да резултира со оправдување на различниот третман кон другите. Постои традиционален начин на размислување за дехуманизација – дека поединецот е помалку достоен за помош или дека на некој начин ја предизвикал или заслужил тешката околност во која сме го нашле. Ова доаѓа од потсвеста, што најдобро може да се процени кога го гледаме нашиот однос кон бегалците и мигрантите. Ова може да биде резултат на својствената пристрасност што може да се нарече некој вид на расизам создаден од, со години негативна изложеност на дезинформацијата за регионот од каде што доаѓаат бегалците, нивните вредносни системи и традиции. Можеби една од најнесреќните форми на дехуманизација во бегалската криза е секјуритизацијата. Секјуритизацијата се дефинира како процес на социјална конструкција што ги турка регуларните политики, како азилот, во областа на безбедноста. Затоа, ова прашање е опишано како егзистенцијална закана за основните вредности на општеството и државата, конструкција која помага да се убеди релевантниот дел од општеството дека се потребни исклучителни мерки како одговор на оваа егзистенцијална закана. Во име на итноста и опстанокот, овие мерки, честопати, достигнуваат ниво над закон и вообичаениот политички процес. Во случајот на миграцијата, забележано е дека секјуритизацијата понекогаш е поттикната од поединец или, пак, политичка партија, медиуми или од надлежните институции. Најчестите аргументи што ги користат внатрешните чинители за да ја оправдаат 104 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­секјуритизацијата се поврзани со области на: економијата, социјалната кохезија и политичката стабилност. И сè додека бегалците и мигрантите се посматрани низ призмата на безбедноста, секјуритизацијата, чувањето на границите – го занемаруваме достоинството и човековите права кај оваа ранлива категорија. А, за достоинството на оваа категорија луѓе треба да се грижат институциите. Тие, кога говорат за нив, треба да го користат јазикот на хуманоста и солидарноста, тргнувајќи од тоа што првобитно се човечки битија кои се наоѓаат на територијата на државата на која темелните уставни вредности се: хуманизмот, социјалната правда и солидарноста. Достоинството, безбедноста и почитувањето на основните права што ги имаат бегалците се гарантирани во меѓународното хуманитарно право, со човековите права. Секоја држава е должна, согласно меѓународните договори, да обезбеди заштита на луѓето, без оглед на националноста или мигрантскиот статус. Но, денес, тие се предизвикувани на начин на кој не сме го виделе со децении. Човековите права се наша заедничка вредност. Кога некој е злоупотребуван во било кое општество, достоинството на човештвото како целина е под закана. Исто така, човештвото може да постигне колективна сатисфакција и откупување само кога правата на секоја личност и правата на луѓето од која било категорија ја добиваат нашата грижа и заштита, без исклучок. Кога се залагаме подеднакво за почитување на секоја единка! Ако навистина веруваме во вредности со кои сите можеме да се идентификуваме, а тоа подразбира: да се стремиме кон признавање на вистината, разбирање на науката, вреднување на себеси, почит кон животот и верба во хуманоста, поддржувајте ја основната дефиниција за човештвото, афирмирајќи ја заедничката вредност на човечките животи и другите животи. Вербата во себеси и вербата МОЖЕБИ ЕДНА ОД НАЈНЕСРЕЌНИТЕ ФОРМИ НА ДЕХУМАНИЗАЦИЈА ВО БЕГАЛСКАТА КРИЗА Е СЕКЈУРИТИЗАЦИЈАТА. СЕКЈУРИТИЗАЦИЈАТА СЕ ДЕФИНИРА КАКО ПРОЦЕС НА СОЦИЈАЛНА КОНСТРУКЦИЈА ШТО ГИ ТУРКА РЕГУЛАРНИТЕ ПОЛИТИКИ – КАКО АЗИЛОТ – ВО ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА. ЗАТОА, ОВА ПРАШАЊЕ Е ОПИШАНО КАКО ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА ЗА ОСНОВНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА, КОНСТРУКЦИЈА КОЈА ПОМАГА ДА СЕ УБЕДИ РЕЛЕВАНТНИОТ ДЕЛ ОД ОПШТЕСТВОТО ДЕКА СЕ ПОТРЕБНИ ИСКЛУЧИТЕЛНИ МЕРКИ КАКО ОДГОВОР НА ОВАА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА. ВО ИМЕ НА ИТНОСТА И ОПСТАНОКОТ, ОВИЕ МЕРКИ, ЧЕСТОПАТИ, ДОСТИГНУВААТ НИВО НАД ЗАКОН И ВООБИЧАЕНИОТ ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕС ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 105 во другите, довербата во моќта на хуманоста да се прави добро и искрено признавање на вредноста на животот – претставува основа за сите човечки вредности и сите човечки напори. Затоа, правото значи да не се биде дискриминиран, а тоа е од витална важност зашто сите човечки суштества се„слободни и еднакви во достоинството и правата“. Тука достоинството е нешто што го чествуваме – признавајќи дека секој го има. Тоа е нешто што не можеме да го изгубиме. Идејата за достоинство е темел за тоа како се однесуваме меѓусебно. Тоа е нешто што ги соединува луѓето од сите видови култури и убедувања. Тоа, на крајот, води кон универзално признавање дека ние треба да го заштитиме и реализираме ова достоинство за секоја личност. Ова го правиме преку човековите права. Ова треба да биде заложба на секој поединец дека ќе го даде својот придонес за нечие достоинство да биде испочитувано и покрај разликите и несогласувањата кои ги имаме како општество. Секој од нас треба да се потруди да се активира, да почитува, сега, во дадениот момент. Достоинството значи конкретни дела, затоа што треба да се заштитат и достоинството, и физичкиот, и менталниот интегритет на индивидуата. Никогаш не смееме да си дозволиме да повредиме или одземеме нечие достоинство, затоа што за него тоа значи сè, иако, можеби, за нас тоа не значи ништо. И, на крајот од денот, најбитно е сите да имаме еднаква визија за општеството во кое секој поединец е вреднуван како рамноправен член во него. Едно општество за сите нас! (Авторката е магистрантка по меѓународно право и активистка за човекови права. Претседателка е на невладината НГО ЛЕГИС. Авторка е на повеќе текстови, статии и извештаи за состојбата на човековите права во Северна Македонија. Членка е на Секретаријатот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ) 106 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА, НАМЕСТО ДРЖАВА НА СОЦИЈАЛЦИ БИЛЈАНА ДУКОВСКА УЛОГАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Е ДА НАПРАВИ БЕЗБЕДНОСЕН ЅИД КОЈ ЌЕ ЗАШТИТУВА ОД НАЛЕТ И УДАР НА СИРОМАШТИЈА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА, НО И ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ОНИЕ КОИ ЗАПАДНАЛЕ ВО СИРОМАШТИЈА, ИЛИ НЕКАКОВ СОЦИЈАЛЕН РИЗИК, ДА ЈА НАДМИНАТ СИТУАЦИЈАТА, ИЛИ БАРЕМ ДА ИМ ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИ ЗА НЕЈЗИНО КОНТРОЛИРАЊЕ. ЗА ЖАЛ, КОГА СЕ ЗБОРУВА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА, ЧЕСТО СЕ ПРАВИ КОНФУЗИЈА НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ И ИСПРЕПЛЕТУВАЊЕТО НА НАДЛЕЖНОСТИТЕ ВО: СОЦИЈАЛНАТА, ЗДРАВСТВЕНАТА, ОБРАЗОВНАТА И ЕКОНОМСКАТА КОМПОНЕНТА И НИВНАТА СПЕЦИФИЧНА УЛОГА ВО ПРОЦЕСОТ. ОВА НЕ Е ЗАКОН СО КОЈ ЌЕ СЕ ЗБОГАТАТ ГРАЃАНИТЕ, ТУКУ ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО ПОЗИЦИЈА ДА СЕ ОСТВАРИ НИВНАТА БЛАГОСОСТОЈБА Соочувајќи се со огромен процент на сиромаштија и невработеност, гладни и незаштитени граѓани, прашањето дали нашава држава е навистина социјална стана секојдневно повторувана реченица. Во овој текст, сакам да направам мала паралела околу очекувањата и реалноста кога станува збор за исчекорот кон промоцијата на економска и социјална благосостојба на граѓаните, заснован врз принципите за еднакви можности и правилна распределба на богатството, направен со заживувањето на социјалната реформа. За мене е интересно намалувањето на сиромаштијата како комплицирана состојба, врз која имаат влијание многу фактори, но и за чие искоренување е потребен повеќеслоен пристап, ама, пред сè, квалитетни политики. Во насловот го користам терминот ,,социјалци”, како израз за лицата кои се приматели на социјални бенефиции, во една не дискриминирачка, но подредена ситуација, граѓани врзани за системот за социјална заштита без да имаат можност да излезат од него и самостојно да напредуваат, иако за тоа не постои никаква пречка. Е, токму вакви граѓани негуваше ­нашата ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 107 социјална држава, по Устав, пред донесување на сетот закони од социјалната реформа. Но, каква е ситуацијата денес? Во ситуација кога статистиката бележи скоро половина милион граѓани кои, фактички, живеат под линијата на сиромаштија и уште најмалку толку се во ризик од сиромаштија, тешко е да се поверува дека тековната реформа ќе даде резултати, ами дека нам ни е потребно чудо. Сепак, како држава, имаме одлична основа да направиме чудо. Погрешно и нереално е да се наметне очекувањето дека проблемите на граѓаните кои во моментов се сиромашни или во состојба на социјален ризик, ќе бидат решени само со новиот Закон за социјална заштита и со тоа се прави лажна проекција за тоа до каде и колку е влијанието на законот. Да се дообјаснам, улогата на овој закон е да направи безбедносен ѕид кој ќе заштитува од налет и удар на сиромаштија, за сите граѓани во државата, но и да им помогне на оние граѓани кои западнале во сиромаштија, или некаков социјален ризик, да ја надминат ситуацијата или барем да им обезбеди услови за нејзино трајно контролирање. За жал, кога се зборува за намалување на сиромаштија, многу често се прави конфузија на ингеренциите и испреплетувањето на надлежностите во: социјалната, здравствената, образовната и економската компонента и нивната специфична улога во процесот. Затоа, сакам да повторам дека ова не е закон со кој ќе се збогатат граѓаните, туку ќе бидат ставени во позиција да може да се оствари нивната благосостојба. Политики за, или на граѓаните? Социјалната заштита е предуслов за активен граѓанин, но не и единствен услов за негово општествено позиционирање и излегување од сиромаштија. Тековната социјална реформа, која уште ја комуницираме како нова, е создадена токму да ја направи трансформацијата од ,,социјалец”, кон општествено активен граѓанин. Покрај минималната финансиска стабилност се дополнуваат и социјалните услуги, но и поддршка во процесот кон наоѓање работа, за да се случи преодот од сферата социјала, во сферата економија, односно да се надмине минималната социјална поддршка и да се заработи достоинствена плата или да се води достоинствен живот со помош на паричниот надомест и социјалните услуги, ако вработувањето не е опција. Вака поставена, ова е вистинска ­социо-економска 108 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­политика за граѓаните, која се грижи за нивните права, можности и благосостојба, и најважно од сè, не ги ,,заробува”, туку општествено ги активира. Кога станува збор за намалување на сиромаштијата, неопходно е нештата да се случуваат според направени приоритети – на кого му е најпотребно, кој ќе има најголем бенефит, каде може да се постигне најголем успех, каде има најподдржувачка средина, итн. Секако дека секој е важен и секој треба да добие соодветна помош и поддршка, но во името на солидарноста, фер распределбата и праведниот опфат, за мене е многу неблагодарно, но многу лесно, да се даде приоритет кому прво да се помогне – на оние коишто имаат најмалку и на оние кои немаат можности. Свесна сум, понекогаш кај граѓаните преовладува субјективниот однос за личните проблеми и фокусирање на задоволување на сопствените потреби и дека сето тоа раѓа незадоволство, но тоа е оправдано однесување кое врши притисок за создавање услови за квалитетен живот за сите. Сепак, креаторите на политики имаат одговорност да ја надминат и оваа ситуација. Тие треба да бидат јасни и да ги образложат детално и точно своите чекори, да градат доверба кај граѓаните и да направат сојузници од нив. Преку ваквиот начин на работење, не само што се дава оправданост на политиките, се затвора и можноста за манипулација и дискриминација на некои од потенцијалните корисници на политиките. Тоа е нешто што отсуствува и треба да му се посвети поголемо внимание. Сакам да предупредам и на низа ограничувања кои оваа реформа ги носи со себе. Започнувајќи од отпорот кон промени и подготвеноста на неуспех кој со себе го носат вработените низ институциите, преку високо поставените услови за исполнување на некое право, па сè до и­ склучувањето НЕМА ПОСУШТИНСКО ОД ДИРЕКТНИОТ ПРИДОНЕС И ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ИСКУСТВО ВО СИРОМАШТИЈАТА ВО ОБЛИКУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА НИВНАТА СИТУАЦИЈА. ТИЕ СО СВОЈАТА ЕКСПЕРТИЗА ПО ИСКУСТВО ТОЧНО ГИ ПОСТАВУВААТ КЛУЧНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ КРЕИРАЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ. НО, ОНА ШТО Е ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПАСНОСТ ПРИ РАБОТА СО ГРАЃАНИ КОИ СЕ ОД МАРГИНАЛИЗИРАНИ И РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ, ОСОБЕНО ТАКВИ КОИ ЖИВОТОТ ВО СИРОМАШТИЈА ГИ ДОВЕЛ ДО СОЦИЈАЛНО ИСКЛУЧУВАЊЕ, Е НИВНАТА ОРГАНИЗИРАНОСТ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ. ЗА СРЕЌА, ПРОЦЕСОТ НА МОДЕЛИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА РЕФОРМА ОВОЗМОЖИ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЈАВНА ДЕБАТА ПО ПРЕДЛОЗИТЕ ПРЕД ДА БИДАТ ОФИЦИЈАЛИЗИРАНИ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 109 на корисници кои нема да се придржуваат до наведените критериуми. Нема да навлегувам во анализа на законите, но од она што до сега го споделиле со нас граѓаните кои пристапиле да остварат социјално право ,,по ново”, издвојувам дека сè уште постојат административни пречки и неподготвеност на персоналот да помогне, има атмосфера на конфузност и недоверба, па тие не ги прифаќаат промените, но и мислат дека ова што се прави ,,нема врска”. Од граѓаните разбираме и дека тие едвај се снашле да разберат што треба да направат и дека генерално сè уште важните информации не стигнуваат до оние на кои им се најпотребни остварувања на правата од социјалната заштита и со тоа остануваат изложени на социјалните ризици. Сето ова креира НЕ ТРЕБА ДА ОБЕСХРАБРИ МОМЕНТАЛНОТО НЕГОДУВАЊЕ ИЛИ ПЕСИМИЗАМ ДЕКА НИШТО НЕ СЕ ПРАВИ. УСПЕХОТ ЌЕ БИДЕ НЕМИНОВЕН СÈ ДОДЕКА ДАВАЊЕТО НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТ ИЛИ ВОСПОСТАВУВАЊЕТО НЕКОЈА УСЛУГА НЕ ГИ ГЛЕДАМЕ КАКО ПРИДОНЕС САМ ЗА СЕБЕ, ТУКУ КАКО ДЕЛ ОД ПРИЧИНСКОПОСЛЕДИЧЕН СИСТЕМ СО ТОЧНО ТАРГЕТИРАНА УЛОГА. КОНЕЧНО, СЕТО ОВА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ОНИЕ КОИ БИЛЕ ИЗОСТАВЕНИ ДО СЕГА, ДА ГО ФАТАТ ЧЕКОРОТ И ДА МОЖЕ ДА СЕ ВКЛОПАТ ВО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА КОЈА МУ СЕ СЛУЧУВА НА СВЕТОТ. НАМАЛУВАЊЕТО НА СИРОМАШТИЈАТА Е ОТВОРЕН ФРОНТ НА ПОВЕЌЕ ПОЛИЊА ИСТОВРЕМЕНО И Е ТЕШКА БИТКА. ТОА Е ДОЛГ ПРОЦЕС КОЈ УСПЕВА САМО АКО СЕ ВКЛУЧАТ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ, ПОСВЕТЕНО И ОДГОВОРНО впечаток дека, всушност, реформа не се случува и дека оние кои се најмаргинализирани сè уште не му се важни на општеството. Дека оваа политика не персонализира со граѓаните и тие на ја чувствуваат како своја. Затоа е нужно да се инсистира искоренувањето на сиромаштијата да се случува само преку заедничка соработка и интерсекторски пристап, помеѓу институциите на државата и заедно со граѓанското општество. Граѓанското општество како чувар на социјалната држава Нема ништо посуштинско од директниот придонес и вклучување на граѓаните кои имаат искуство во сиромаштијата во обликување на мерките за надминување на нивната ситуација. Тие со својата експертиза по искуство точно ги поставуваат клучните предизвици при креирањето на политиките. Но, она што претставува потенцијална опасност при работа со граѓани кои се од маргинализирани и ранливи категории, особено такви кои животот во 110 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 КАКО ДО СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА ­сиромаштија ги довел до социјално исклучување, е нивната организираност и претставување. За среќа, процесот на моделирање на социјалната реформа овозможи транспарентност и јавна дебата по предлозите пред да бидат официјализирани, но она што се провлекува низ сите овие форми е присуството на граѓански организации кои зборуваат во ,,името на”, но не и ,,заедно со” граѓаните за кои се застапуваат. Затоа, во контекст на овој закон, особено при креирање и децентрализирање на социјалните услуги, а за да се избегне создавање на нова група на ,,социјалци”, неопходно е да се остварува нераскинлива соработка со граѓанскиот сектор, искористувајќи ги: и граѓанските организации, и лидерите во заедниците, и неформалните групи на граѓани. Тие треба да ја играат клучната улога во поврзувањето и поддршката со лицата со искуство во сиромаштија, или друг социјален ризик – да го насликаат нивното секојдневие, грижите и нивните решенија, како придонес кон: дизајнот, мониторингот и имплементацијата на политиките. Реформирање или трансформирање Да, државата треба да обезбеди минимум достоинствен живот за сите граѓани, но и да овозможи економски развој насочен кон луѓето, но многу е тешко да се лоцираат и посочат точните ,,виновници” заради испреплетеноста на ингеренциите и вклученоста на различни ентитети. Она што е особено важно при воспоставување на нови модели на политики, како овој сега, со социјалната реформа, не само што се помага и се решаваат моменталните проблеми, туку се работи и на реобликување(трансформирање) на навиките и свеста, но и на подготовка за иднината. Оттука, силно ги поддржувам напорите за искоренување на детската сиромаштија и поддршката на семејствата, активацијата на долгорочно невработените и поттикнувањето на развојот на социјалните услуги. За крај, воопшто не треба да обесхрабри моменталното негодување или песимизам дека ништо не се прави. Успехот ќе биде неминовен сè додека давањето на паричниот надомест или воспоставувањето некоја услуга не ги гледаме како придонес сами за себе, туку како дел од причинско-последичен систем со точно таргетирана улога. Конечно, сето ова ќе им помогне на оние кои до сега ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 111 биле изоставени, да го фатат чекорот и да може да се вклопат во трансформацијата која му се случува на светот. Намалувањето на сиромаштијата е отворен фронт на повеќе полиња истовремено и е тешка битка. Тоа е долг процес кој успева само ако се вклучат сите засегнати страни, посветено и одговорно. (Авторката е граѓански активист и претседателка на Македонската платформа против сиромаштијата) 112 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 НАСТАНИ НАСТАНИ ПРОМОЦИЈАТА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА “ГРАДОТ ВО ТРАНЗИЦИЈА – ОД EКОЛОШКИ, СОЦИОПРОСТОРНИ, АРХИТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ ДО ОДРЖЛИВ ГРАД: СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ” Кои општествени процеси влијаат врз промената на градот? Како тие промени го менуваат идентитетот на градот? Како правилно да се измерат потребите на модерниот град и тој да се модернизира зачувувајќи ги своите традиционални и автентични вредности? Kако до одржлив град низ правични еколошки, социо-просторни и архитектонски промени? Овие и многу други прашања ќе претставуваат стимул за изработка на публикацијата од страна на авторките Ива Петрунова и Емина Рустемовска, кои ја споија теоријата со практичните предизвици со цел да ги идентификуваат можностите за изградба на Скопје во метаболички град кој е димензиониран на времето во кое постои и приспособен на потребите на граѓаните. Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Град Скопје, на 13ти ноември, Денот на ослободувањето на градот, оваа публикација беше промовирана и пред широка публика во рамки на просториите на Скопската жива лабараторија. Притоа, промоцијата беше проследена со широка дискусија и свои видувања на темата од страна на претставници на Град Скопје, граѓански организации, универзитетски професори. Публикацијата го обработува и текот и развојните етапи од урбанизацијата на Град Скопје, осврнувајќи се на сите значајни социолошки промени, кои несомнено оставиле печат и денес претставуваат идентификација на градот. Неолитот, антиката, средниот век, османлискиот период, балканските и светските војни, периодот после катастрофалниот земјотрес, крајот на XX век, проектот Скопје 2014. Публикацијата ги издвојува проблемите со кои се соочува градот во актуелните услови за живеење, земајќи ги предвид последиците од сите споменати периоди, а притоа нуди можни решенија за справување со истите, давајќи осврт одржливо урбано планирање и тоа од еколошки, економски, културолошки и административно ефикасен аспект. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 113 114 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 НАСТАНИ ТРЕТ КАМП ЗА ОДРЖЛИВОСТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ, ЕКО ЛОГИК И ГРАД СКОПЈЕ Во периодот од 06-09.11.2019 година, по трети пат беше организиран третиот Камп за одржливост, овојпат со фокус на темите:„ Намалување на аерозагадувањето и отпадот во Северна Македонија“. Учество земаа триесетина млади луѓе кои за време на кампот поттикнаа дискусија за актуелните и горливи проблеми од областа и ги претставија своите видувања во однос предизвиците кои ги среќаваат во секојдневието. Недоволната свест за заштита за животната средина од самите граѓани на општеството, недостигот на соодветно управување со отпадот, беа повод да овие млади луѓе неколкудневно работат на креирање на иновативни решенија, почнувајќи од нивната непосредна средина на живеење. Социјално претпријатие преку кое што ќе се нуди едукација и целосно искористување на отпадот, робохоп, дигитални алатки за следење и можности за рециклирање на отпад, беа само неколку од идеите, кои учесниците детално ги разработија за време на кампот. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 115 116 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 ИМПРЕСУМ П Р Е Д И З В И Ц И- списание за општествени прашања ТРИМЕСЕЧНИК- излегува четири пати годишно (март/јуни/септември/декември) ГОДИНА I БРОЈ 4 ДЕКЕМВРИ 2019 бесплатен примерок ИЗДАВА ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА – СКОПЈЕ РЕДАКЦИЈА: Манчо Митевски(главен уредник) м-р Нита Старова(заменик главен уредник) Огнен Малески д-р Ванчо Узунов д-р Александар Љ. Спасов ПРЕВОД: Нита Старова ЛЕКТОР: Инда Савиќ Костова ГРАФИЧКИ УРЕДНИК: Ели Гроздановска, KОНТУРА ПЕЧАТИ: КОНТУРА ТИРАЖ: 200 Текстовите се примаат на адреса: Фридрих Еберт Фондација Ул.„Борка Талески“ 42/6 1000 Скопје Тел.+ 389 2 3093-181/-182 Е-пошта: nita.starova@fes-skopje.org 118 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 4 12|2019 ISSN 2671-3209