Предизвици СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Б 1Р 2| ОЈ 2 0 2 2 0 3 Предизвици СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА ИМПРЕСУМ П Р Е Д И З В И Ц И- списание за општествени прашања ТРИМЕСЕЧНИК- излегува четирипати годишно (март/јуни/септември/декември) ГОДИНА IV БРОЈ 20 ДЕКЕМВРИ 2023 Бесплатен примерок ИЗДАВА ФОНДАЦИЈА„ФРИДРИХ ЕБЕРТ“ – СКОПЈЕ РЕДАКЦИЈА: Билјана Георгиевска(главен уредник) М-р Нита Старова(заменик главен уредник) Д-р Ванчо Узунов Д-р Ана Чупеска Д-р Лура Положани ПРЕВОД ОД АНГЛИСКИ: Калина Перинска ЛЕКТОР: Инда Костова Савиќ ГРАФИЧКИ УРЕДНИК: Стефан Стојковски, KОНТУРА Текстовите се примаат на адреса: Фондација„Фридрих Еберт“ бул.„8 Септември“ 2/2-5 1000 Скопје(ТЦЦ Гранд Плаза) Тел.+ 389 2 3093-181/-182 E-пошта: nita.starova@fes-skopje.org ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА ЕДИТОРИЈАЛ ИВАНА ВУЧКОВА Драги читатели, Социо-еколошкиот форум, што Фондацијата„Фридрих Еберт“ го организираше по трет пат, преку постоечки позитивни примери и добри практики ја истакна важноста на локалните политики за надминување на глобалните предизвици поврзани со енергетската транзиција. Во време кога климатските промени се високо на листата на глобални предизвици, можеби ќе се запрашате зошто се решивме за Социо-еколошки форум? Во услови на висока стапка на сиромаштија и нееднаквост, со кои се соочуваме, веројатно ќе се согласите дека справувањето со климатските промени нема никаква смисла доколку паралелно со менувањето на: навиките, регулативите и политиките, не успееме да изградиме и подобро општество. Ние, како најстара политичка фондација која се залага за: социјална еднаквост, слобода и правда, цврсто веруваме дека социјалните и еколошките проблеми не се меѓусебно конфликтни, туку се резултат на повеќедецениското негување на неправеден економски модел. Во екот на неолиберализмот, пазарот ги искористуваше природните ресурси без да води сметка ниту за еколошките, ниту, пак, за социјалните прашања. Нерационалниот и несовесен однос кон природата доведе до раст на глобалните температури и климатски промени чии негативни последици најмногу ги засегаат социјално ранливите граѓани. Северна Македонија, која по распадот на Југославија, како млада демократија, не успеа да го трансформира својот пазар без да ги избегне елементите на развој претежно воден од профитот, и не ги зеде предвид социјалните и еколошките стандарди. Така, високата стапка на загадување од индустријата наследена од претходниот ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 3 систем, со застарени и нечисти технологии, со термоелектрани на јаглен и недостаток на стратегија за одржлив транспорт и соодветен третман на отпадот во сите негови форми, и денес претставуваат сериозна пречка за натамошен развој. А аерозагадувањето, како неминовна последица, најмногу ги погодува социјално ранливите граѓани кои не можат да си дозволат: домашен прочистувач за воздухот, соодветна изолација, или, пак, одмор на планина или на море. Преку овој форум сакаме да покажеме дека постои можност самата еколошка трансформација да се одвива паралелно со социјален развој, доколку и двата процеса се во сржта на економските политики. Доколку се содржат во економскиот модел кој иако, можеби, е неправедно поставен, сепак преку: нашето однесување, нашите одлуки, начинот на водење бизниси и, воопшто, преку начинот на раководење со државата, секојдневно го градиме и го обликуваме. Многу познати научници во светот, меѓу кои и професорот Браунгарт, кој се обрати на годинешниот форум во Скопје, нагласуваат дека слабиот развој, всушност, може да биде силен предуслов за побрз премин кон одржлива економија. И тоа, го докажуваат преку соодветни примери. Така, на пример, на Германија и многу други држави со развиена индустрија им претстојат предизвици во процесот на напуштање на гасот како фосилно гориво за чија употреба направиле сериозни инвестиции во инфраструктура и креирале зависност во многу компании, а со тоа и за многу работни места. Меѓутоа, ние како држава имаме можност да преминеме директно на обновливи извори на енергија што ќе ни заштеди сериозни финансии и време, од една страна, а од друга страна, пак, ќе нè направи поконкурентни на европскиот пазар каде што ќе понудиме стоки и услуги за чие производство е користена чиста енергија. Водејќи се од таквите можности, како и од постојните позитивни примери во нашата држава и во регионот, годинава со над двесте учесници од дома и странство, Социо-еколошкиот форум успеа на едно место да собере: носители на одлуки, политичари, градоначалници, граѓански активисти, експерти, професори, па дури и рудари кои се директно засегнати од процесите на трансформација. Тоа што форумот го покажа е дека во Европа, но и кај нас дома, постојат многу добри приказни. Таков е примерот со општина Центар, која успеа да го формира првото претпријатие за производство на струја од соларна енергија –„Енергија Центар“ и со тоа да го означи почетокот на првата енергетски независна општина во државата. 4 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Не заостанува ниту општина Валандово, која преку искористување на дигитализацијата и првата алатка за паметно селектирање и собирање на отпад, стана практично првата општина со нула отпад во државата. Затоа, одлучивме дел од овие и многу други успешни приказни и примери од дома и од регионот, да ги претставиме во ова издание на„Предизвици“. Сакавме да ја покажеме сликата за можностите што ни претстојат во справувањето со еден од најголемите глобални предизвици, а тоа се климатските промени. Се надеваме дека дел од нив ќе поттикнат размислување и кај вас, особено за менување на секојдневните навики во насока на градење на социо-еколошко општество, во кое секој од нас ќе има достоинствен и квалитетен живот. Затоа што од нас зависи дали ќе го извадиме заборавениот велосипед од гаража и ќе се одвеземе„на сопствен погон“ низ нашите улици или ќе продолжиме да се жалиме заради сообраќајниот метеж по нив, додека седиме во автомобил. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 5 СОДРЖИНА 3 ЕДИТОРИЈАЛ 7„CRADLE TO CRADLE“ – МАТЕРИЈАЛИ КОРИСНИ ЗА ПРИРОДАТА МИХАЕЛ БРАУНГАРТ 15 КОН(ЛОКАЛНА) ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ БИЛЈАНА ДУКОВСКА 24 ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО„ЕЛДОРАДО“ МАРКО БИСЛИМОВСКИ 32 ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАНСНИ ОБЈЕКТИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ ВО ВАЛАНДОВО ПЕРО КОСТАДИНОВ 37 ОПШТИНА ЦЕНТАР СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ 40 ОБНОВУВАЊЕ НА НАШИОТ СВЕТ: ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА ЗА ПОЗЕЛЕНА ИДНИНА ЈОВАНА АВРАМОВСКА НИКОЛОВСКА ИВАНА ВУЧКОВА 29 УЛОГАТА НА ЖЕНАТА ВО ИНКЛУЗИВНА И ПРАВЕДНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА КАЈА ШУКОВА 6 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА „CRADLE TO CRADLE“ – МАТЕРИЈАЛИ КОРИСНИ ЗА ПРИРОДАТА МИХАЕЛ БРАУНГАРТ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е МЕСТО ШТО МОЖЕ ДА МУ БИДЕ ИНСПИРАЦИЈА НА ДРУГИТЕ ВО СВЕТОТ. ЗАТОА ШТО АКО СЕ ОБИДЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ИСТОТО КАКО ШТО ПРАВАТ ПОВЕЌЕТО ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА, ЌЕ ЗАОСТАНЕТЕ 20 ГОДИНИ. НО, ЗОШТО ДА БИДЕТЕ ФИНИ СЛЕДБЕНИЦИ, ЗОШТО ДА НЕ ПОСТАПИТЕ ПОИНАКУ? ЗОШТО ДА НЕ БИДЕТЕ ПРВАТА ЗЕМЈА ШТО ПО 10 ГОДИНИ НЕМА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ОТПАД, БИДЕЈЌИ ЌЕ ПОЧНЕТЕ РАБОТИТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ ПОИНАКУ? НА ТОЈ НАЧИН МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ МЕСТОТО ОД КОЕ ЌЕ СЕ УЧИ, КАДЕ ШТО СИТЕ КОМПАНИИ ЌЕ МОЖАТ ДА НАУЧАТ КАКО ДА ИЗРАБОТУВААТ ПЛАСТИКА НА ПОИНАКОВ НАЧИН, КАКО ДА СЕ ИЗРАБОТУВААТ ПРОДУКТИ КОИШТО ДИРЕКТНО ЌЕ ОДАТ ВО БИОЛОШКИТЕ СИСТЕМИ ИЛИ ВО ТЕХНИЧКИТЕ СИСТЕМИ. МОЖЕ ДА БИДЕТЕ ПРВАТА ЗАМЈА ВО СВЕТОТ СПОРЕД ПРИНЦИПОТ „ЛУЛКА ДО ЛУЛКА“, ОДНОСНО ЗЕМЈА СО ЦЕЛОСНО И КОРИСНО РЕЦИКЛИРАЊЕ. АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ТОА КАКО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ТАА РАЗЛИКА, А НЕ КАКО ДА СЕ ПОВТОРУВААТ ИСКУСТВАТА НА ДРУГИТЕ. ТРЕБА ДА НАУЧИМЕ ДА БИДЕМЕ ДОБРИ ЗА ПЛАНЕТАТА На Социо-еколошкиот форум што по трет пат, во ноември 2023 година, се одржа во Скопје, се обрати и професорот Михаел Браунгарт, основач на дизајн концептот„Cradle to cradle”, за што, во 2022 година, ја доби Наградата за одржливост на Германија. Тој е професор кој од 1994 година предава на Универзитетот Лоифана во Лунеборг. Уште во 1999 година американскиот магазин„Тајм“ го прогласи за„Херој на нашата планета“, додека три години претходно, во 1996 година, Браунгарт го прими највисокото признание за екологија во САД – Претседателската награда за одржлив развој. Професорот Браунгарт е познат по тоа што се спротивставува на сеопфатните предизвици, како што е преголемата употреба на пластика во секојдневното живеење. Нагласува дека„сите материјали што навлегуваат во човековата околина мора да бидат здрави, во спротивно проблемот со микропластиката ќе станува сè поизразен“. Неговиот ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 7 пристап, поставен уште пред две децении, се однесува на тоа дека луѓето се потенцијална можност за надминување на климатската криза. Концептот има за цел да овозможи совршен систем за рециклирање кој зад себе не остава отпад и штета, туку напротив, позитивно придонесува за човековата околина. На присутните на форумот во Скопје професорот Браунгарт им рече дека е дојден да ги поттикне да размислуваат на поинаков начин за еколошките теми. Во ова издание на„Предизвици“ пренесуваме дел од неговите пораки. Најпрво би сакал да им се заблагодарам на организаторите што ги поканија сите овие прекрасни луѓе и за можноста да научиме еден од друг. Јас не сум тука за да кажам што треба да се прави, туку за да инспирирам на поинаков начин на размислување. Бидејќи, обично, сметаме дека ја заштитуваме животната средина, кога, всушност, само се обидуваме да ја намалиме штетата. Ве молам штитете ја вашата околина, намалете ја потрошувачката на вода, на пример, во овој хотел. Ве молам штитете ја животната средина, помалку отпад, намалете ја вашата сметка за потрошена енергија. Но и тогаш вие нема да ја заштитувате природата туку ќе ја минимизирате штетата. Тоа е исто како кога би рекол дека го штитам своето дете – го удрив само два пати, наместо десет пати! Така и јас само ќе ја минимизирам штетата. Кога возам велосипед, не ја штитам животната средина, само помалку ја уништувам. Затоа, ве охрабрувам да размислиме како можеме да направиме разлика што ќе се однесува на десет милијарди луѓе на оваа планета? И, да бидам сосема искрен, тоа што го прави Северна Македонија и не е нешто особено важно, и не е којзнае колку значајно. Ниту тоа што го прави Германија не е особено важно, и не е којзнае колку значајно. Затоа што, кога ќе видите дека кинеската цементна индустрија испушта далеку повеќе јаглерод диоксид отколку цела Германија, ќе си речете – во ред, што и да направиме е ирелевантно. Освен доколку научите да размислувате поинаку. Вистинската иновација никогаш не доаѓа од центарот. Вистинската иновација се случува само во провинцијата. Баухаус во Германија не бил измислен во Берлин, туку во Десау, во Вајмар, во Улм, во провинцијата, бидејќи центарот секогаш мора да го брани тоа што го има. Затоа и за иновации ви е потребна самодоверба. 8 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Да учиме еден од друг Треба да учиме еден од друг, што е можно само во помалите заедници. Затоа, Северна Македонија може да биде многу важна и затоа локалниот пристап има толку многу смисла. Прво, треба да се соочиме дека луѓето овде во Скопје, губат околу седум години од својот живот заради дишење загаден воздух. Седум години! Скопје е еден од најзагадените градови во Европа и тоа треба да го измениме. Треба да излеземе со други стратегии. Идејата„cradle to cradle“, што сугерира сите материјали да бидат храна за биолошките или технолошките циклуси, значи дека размислуваме за тоа како да оставиме корисна трага во природата, наместо да се фокусираме само кон минимизирање на отпечатокот. Сакам да посочам мал пример: еве, со овој чевел, но јас нема да удирам по маса како Хрушчов во 1962 година во Обединетите нации, не, никако. Сакам да ви го покажам овој чевел како дел од иновациите. Овој чевел е совршено биоразградлив, целиот чевел. Можете да го видите, допрете го ако сакате. Овој чевел е дизајниран за целосно да се разгради и да премине во биолошките системи. Храната што се користи, или, на пример, детергентите, треба да бидат KОГА ВОЗАМ ВЕЛОСИПЕД, ЈАС НЕ ЈА ШТИТАМ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ТУКУ САМО направени за целосно да се разградат и да влезат во биолошките системи, без да им наштетат, да бидат корисни ПОМАЛКУ ЈА УНИШТУВАМ. ЗАТОА ВЕ ОХРАБРУВАМ ДА РАЗМИСЛИМЕ КАКО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ПОВИДЛИВА за биолошките системи. Работите, пак, што се само услуги, како машината за перење, а ние не ја јадеме машината РАЗЛИКА, ТАКВА ШТО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ НА ОВАА ПЛАНЕТА? ДА БИДАМ СОСЕМА за перење, ниту, пак, телевизорот, треба да бидат дизајнирани за да бидат добри за техничките системи. ИСКРЕН, ТОА ШТО ГО ПРАВИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И НЕ Е НЕШТО ОСОБЕНО ВАЖНО, НЕ Е КОЈЗНАЕ КОЛКУ Ние луѓето сме единствените суштества на планетата Земја коишто ЗНАЧАЈНО. НИТУ ТОА ШТО ГО ПРАВИ ГЕРМАНИЈА НЕ Е ОСОБЕНО ВАЖНО И НЕ Е создаваат отпад, што нè прави најглупави од сите. Ако се обидеме, пак, да го намалиме отпадот, само за да ја минимизираме штетата, ќе го постигнеме спротивното. Погрешните работи КОЈЗНАЕ КОЛКУ ЗНАЧАЈНО. ЗАТОА ШТО, КОГА ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА КИНЕСКАТА ЦЕМЕНТНА ИНДУСТРИЈА ИСПУШТА ДАЛЕКУ ПОВЕЌЕ ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД ОТКОЛКУ ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА, ЌЕ СИ ги правиме совршени, а совршените погрешни. На пример, Источна Германија ја„штити“ животната средина РЕЧЕТЕ – ВО РЕД, ШТО И ДА НАПРАВИМЕ Е ИРЕЛЕВАНТНО. ОСВЕН, ДОКОЛКУ НАУЧИТЕ ДА РАЗМИСЛУВАТЕ ПОИНАКУ многу подобро од Западна Германија, ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 9 само заради неефикасноста. Тие не можеа да ги исушат мочуриштата само затоа што системот во тој дел од Германија беше многу лош, заостанат. Затоа, немојте да ги оптимизирате погрешните работи. Ќе ви дадам друг пример: со гумите на автомобилот. Денеска тие траат двапати подолго отколку пред 30 години, а луѓето мислат дека тоа е добро бидејќи сега ни требаат помалку гуми, бидејќи сме го намалиле бројот на произведени гуми и со тоа ја заштитуваме животната средина! Но, не е така. Сега, всушност, во употреба се 470 различни хемикалии за производство на гуми. Така што уште пред гумата да дојде на патот, таа остава трага, останува таму. А, ние тоа го вдишуваме во вид на прашина и штетни честички. Со правење„здрава“ гума, всушност, ги оптимизираме погрешните работи. Позитивни, не неутрални кон природата? Ајде да разговараме за тоа како можеме да бидеме добри кон природата. Оваа платформа за која расправаме се однесува на тоа како да се биде добар за луѓето, а не за тоа како да се биде помалку лош. Слушам дека Скопје сака да биде климатски неутрален град. Но, тоа е глупаво. Нема смисла! Тоа е исто како денес да се вратам дома, кај моето дете, и да кажам дека сум неутрален кон децата, или неутрален кон жена ми. Дали некогаш сте виделе дрво кое е климатски неутрално? Дрвото е позитивно за климата, не е неутрално. Затоа да размислиме повторно, дали сакаме да бидеме поглупави од дрвото. Или, зошто да не бидеме позитивни, да бидеме добри за климата? Зошто не сакаме да имаме повеќе позитивна цел? Зборуваме за целта што државите во светот ја ветуваат, климатското затоплување на 1,3 степени Целзиусови. Но, тоа значи дека планетата ќе пропадне две генерации подоцна. Веќе гледаме дека глечерите исчезнуваат, дека поларниот мраз исчезнува, се топи. Затоа уште сега мора да имаме поинаква цел! Мора да речете, видете, Северна Македонија ќе биде првата земја во Европа којашто ќе биде климатски позитивна, а не климатски неутрална. Што мислите, на пример, скопјани да речат – сакаме да бидеме првата „cradle to cradle“ земја. Тоа е земја којашто ја елиминира идејата за отпад. Бидејќи, реков пред малку, луѓето се единствените суштества на планетава коишто создаваат отпад, што, пак, нè прави да бидеме најглупави во однос на сите други суштества. Дури и да се обидеме да го минимизираме отпадот, планетата пак ќе биде едно големо ѓубриште, само малку подоцна, тоа е сè. 10 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА И ако кажете, еј, имаме два милиони луѓе и сакаме да бидеме добри за оваа планета, да бидеме неутрални – а ИДЕЈАТА„CRADLE TO CRADLE“, ШТО СУГЕРИРА СИТЕ МАТЕРИЈАЛИ ДА БИДАТ знам дека е тешко, без разлика дали нашата религија е христијанска или исламска, бидејќи двете велат дека сте ХРАНА ЗА БИОЛОШКИТЕ ИЛИ ТЕХНОЛОШКИТЕ ЦИКЛУСИ, ЗНАЧИ ДЕКА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ТОА КАКО злобни и дека само Бог може да ве искупи, а оттука само милоста Господова може да ве направи позитивни. Но, не ДА ОСТАВИМЕ КОРИСНА ТРАГА ВО ПРИРОДАТА, НАМЕСТО ДА СЕ ФОКУСИРАМЕ САМО КОН МИНИМИЗИРАЊЕ НА можеме самите, тоа е причината поради која сакаме да бидеме неутрални. Но, не можеме самите да бидеме Бог, ОТПЕЧАТОКОТ. САКАМ ДА ПОСОЧАМ МАЛ ПРИМЕР: ЕВЕ, СО ОВОЈ ЧЕВЕЛ, НО НЕМА СО НЕГО ДА УДИРАМ ПО МАСА што е навистина тажно, а тоа значи дека треба да бидеме помалку лоши. КАКО ХРУШЧОВ ВО 1962 ГОДИНА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, НЕ, НИКАКО. Во прошетка низ Скопје забележав дека се случуваат многу нешта. Може да се купи органска храна, на пример, САКАМ ДА ВИ ГО ПОКАЖАМ ОВОЈ ЧЕВЕЛ КАКО ДЕЛ ОД ИНОВАЦИИТЕ БИДЕЈЌИ Е СОВРШЕНО БИОРАЗГРАДЛИВ. но можете ли да замислите дека не постои ниту една органска ознака што овозможува нашите сопствени хранливи материи да се вратат назад во природата. Секој ден мораме да изедеме ДИЗАЈНИРАН Е ЗА ЦЕЛОСНО ДА СЕ РАЗГРАДИ И ДА ПРЕМИНЕ ВО БИОЛОШКИТЕ СИСТЕМИ. ХРАНАТА ШТО СЕ КОРИСТИ, ИЛИ, НА ПРИМЕР, ДЕТЕРГЕНТИТЕ, ТРЕБА ДА БИДАТ НАПРАВЕНИ ЗА по два грама фосфат, и да го ослободиме во околината, секој ден, инаку не би имале заби, ниту здрави коски, ЦЕЛОСНО ДА СЕ РАЗГРАДАТ И ДА ВЛЕЗАТ ВО БИОЛОШКИТЕ СИСТЕМИ, БЕЗ ДА ИМ НАШТЕТАТ, ДА БИДАТ КОРИСНИ бидејќи ни треба фосфат за нив. И, моЗА БИОЛОШКИТЕ СИСТЕМИ жете ли да замислите, не постои органска ознака во целиот свет што информира дека можеме да ги вратиме нашите сопствени хранливи материи назад во природата. Храната е органска, но без нас. Така, органското земјоделство во Европа губи околу 2 тона површинска почва по хектар годишно, бидејќи нашите сопствени материи не смеат да се вратат назад. Додека работев во Кина, неколку години, научив дека кога ве канат на вечера, луѓето во Кина очекуваат да останете и по вечерата, сè додека не го искористите тоалетот. Се смета дека е непријателски ако човек си замине и си ги понесе хранливите материи со себе. Бидејќи сте поканети на вечера, а не за крадење хранливи материи. Тоа го нарекуваме културни разлики, или различен начин на размислување. Мораме да научиме да станеме домородци на оваа планета. И, ако речеме, овде во Скопје, дека оваа земја ќе биде прво место за органски пристап каде ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 11 што навистина материите ќе ги враќаме во почвата, бидејќи повеќе од половина од јаглеродот е во почвата, а не во нафтата, ќе го обновиме горниот слој на почвата. Но овде, во оваа земја, гледаме огромна ерозија на почвата, па си велиме – чекајте, ајде да создадеме земјоделство што ќе ја обновува почвата. Ете така можете да го инспирирате светот, ако речете дека за десет години ќе користите единствено пластика што е направена од јаглерод диоксид. Во таков случај, јас веднаш ќе ви испратам 100 од моите млади студенти за да работат со вас, затоа што ќе треба да се воведе нов вид пластика. Кога пластиката ќе стане само искористена услуга, ќе треба да премине во техносферата. Клетки полни со пластика Значи, треба да ги користите најдобрите материјали, а не најевтините. Но, материјалите како што е ѓонот на чевлите, можете ли да замислите, заради абразијата, просечно 110 грама од ѓонот на чевлите, што е микропластика, завршува во нашиот мозок? Нема ниту една клетка во нашето тело без пластика! Секоја клетка на телото сега содржи пластика, значи секоја клетка има малку отпад во себе. А тоа значи калцификација, што води кон болести. Денеска, на пример, се умира многу порано, од мозочен удар, заради микропластиката во нашите клетки. Затоа би требало да речете – чекајте, ние ќе бидеме првата земја којашто ќе направи чевли со здраво разградување! Тогаш ќе ги мотивирате луѓето во Индија и Кина, ќе ги поттикнете да почнат да размислуваат поинаку. Дури тогаш можете да го инспирирате светот. За пример да ја земеме Австрија, доста позната земја. Дури и во Кина сите знаат за Австрија. А, знаете ли зошто? Заради поранешната императорка Сиси, која сите ја знаат и овде, би рекол заради телевизиските серии. Тоа е забавно, затоа што јасно покажува дека сакаме да бидеме личности како Сиси, која се борела за нејзин личен идентитет. Во секој колективен систем постои поединец кој се бори за своите права, во случајов за правата на жената. Ова е инспиративно за луѓето во Кина. На пример, сите во Кина го знаат Моцарт, што, исто така, е многу инспиративно. Велат, штом во Европа имаат толку убава музика, сакаме да работиме со нив. Тоа ги инспирира луѓето во Кина да размислуваат поинаку. Северна Македонија е место што може да биде инспирација за другите во светот, затоа што ако се обидете да го направите истото, како што прават повеќето земји од Европа, ќе заостанете 20 години. Но, зошто да бидете фини следбеници, зошто да не постапите поинаку? Зошто да не бидете првата земја којашто по 10 години нема да 12 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА има повеќе отпад, бидејќи работите ги правите поинаку? На тој начин можете да бидете местото од кое ќе се учи, каде што сите компании ќе можат да научат како да изработуваат пластика на поинаков начин, како да се изработуваат продукти коишто директно ќе одат во биолошките системи или во техничките системи. Може да бидете првата земја во светот според принципот„лулка до лулка“, односно земја со целосно и корисно рециклирање. Ајде да зборуваме за тоа како може да се направи таа разлика, а не како да се повторуваат искуствата на другите. Затоа што ако само ја минимизираме штетата нема да помогнеме многу, и натаму ќе бидеме премногу на оваа планета. Но, треба да научиме да бидеме добри за планетата. Ако ја погледнете биомасата на мравките, ќе видите дека нивната биомаса е четири пати поголема од таа на луѓето. Потрошувачката на калории на мравките е еднаква на 30 милиони луѓе. Значи, не сме премногу, туку сме премногу глупави. Но, сепак, можеме да бидеме добри за оваа планета. Кога го гледам прашалниот израз на вашите лица, љубопитноста во вашите очи, сфаќам дека си мислите дека пред вас стои по малку луд човек. Но, можам да ве уверам дека ова што го зборувам функционира. Има сè повеќе институции кои практикуваат „cradle to cradle“, затоа што сфаќаат дека можат да бидат добри за оваа планета, а не помалку лоши. Стивен Спилберг, познатиот режисер во САД, вели:„Зарем не е неверојатно што од земјата на холокаустот не излезе концепт што ќе спречи глобален холокауст?“ Тоа е единствената агенда која ги гледа луѓето како можност за оваа планета, а не како товар. Па, зошто да не бидеме добри за оваа планета, а не помалку лоши? Зошто да не бидеме климатски позитивни, наместо климатски неутрални? Во овој контекст, вашата земја која, се чини, постојано мора да се бори за својот идентитет, која постојано се бори со соседите, која постојано се труди да биде некако поинаква, може да формира идентитет на„климатски позитивна“ земја, а не климатски неутрална. Наједноставната форма на пластика направена од јаглерод диоксид на поликарбонатите, што ја знаете како контејнер за вода во големите канцеларии, е поликарбонат. Покривката за автомобилот, исто така, е поликарбонат. Па затоа, ајде да зборуваме за тоа како оваа земја да биде навистина инспирација за другите земји во Европа и во светот? Наместо да се обидува само да ги копира другите. Овде има многу прекрасни луѓе. Тука сум најмногу затоа што на универзитетот овде имам познати колеги со кои имам можност да се среќавам од време на време. Значи, можете да бидете горди на вашата земја. Размислете како да ги инспирирате луѓето, од Индија до Кина. Бидејќи тоа што се случува во Индија и Кина, во Пакистан и ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 13 МОРАМЕ ДА НАУЧИМЕ ДА СТАНЕМЕ ДОМОРОДЦИ НА ОВАА ПЛАНЕТА. И АКО РЕЧЕМЕ, ОВДЕ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА ЌЕ БИДЕ ПРВО МЕСТО ЗА ОРГАНСКИ ПРИСТАП КАДЕ ШТО НАВИСТИНА МАТЕРИИТЕ ЌЕ ГИ ВРАЌАМЕ ВО ПОЧВАТА, БИДЕЈЌИ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ЈАГЛЕРОДОТ Е ВО ПОЧВАТА, А НЕ ВО НАФТАТА, ЌЕ ГО ОБНОВИМЕ ГОРНИОТ СЛОЈ НА ПОЧВАТА. НО ОВДЕ, ВО ОВАА ЗЕМЈА, ГЛЕДАМЕ ОГРОМА ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА, ПА СИ ВЕЛИМЕ – ЧЕКАЈТЕ, АЈДЕ ДА СОЗДАДЕМЕ ЗЕМЈОДЕЛСТВО ШТО ЌЕ ЈА ОБНОВУВА ПОЧВАТА. ЕТЕ ТАКА МОЖЕТЕ ДА ГО ИНСПИРИРАТЕ СВЕТОТ, АКО РЕЧЕТЕ ДЕКА ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ ЌЕ КОРИСТИТЕ ЕДИНСТВЕНО ПЛАСТИКА ШТО Е НАПРАВЕНА ОД ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД. ВО ТАКОВ СЛУЧАЈ ЈАС ВЕДНАШ ЌЕ ВИ ИСПРАТАМ 100 ОД МОИТЕ МЛАДИ СТУДЕНТИ ЗА ДА РАБОТАТ СО ВАС, ЗАТОА ШТО ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВОВЕДЕ НОВ ВИД ПЛАСТИКА Индонезија или во Бразил, тоа ќе ја измени состојбата. Да се трудиме да бидеме помалку лоши, тоа навистина нè ни помага, затоа размислете да бидете различни. А, овие прекрасни луѓе на овој панел ќе ни овозможат да ја постигнеме таа разлика, да ги измениме состојбите. Затоа го зедов за пример мојот чевел, кој е совршено биоразградлив. За десет години ќе имаме само биоразградливи чевли, бидејќи ве уверувам дека пластиката што ја имате во вашиот мозок, веќе создава промени во однесувањето кај животните. Тоа покажува дека навистина сме на границата, ја уништуваме нашата способност да размислуваме поинаку, бидејќи акумулираме пластика во целото тело. По 110 грама од абењето на ѓонот на секој чевел. Тука, во оваа земја, би продавале само чевли чија прашина ќе оди во биолошките системи, а со тоа ќе сториме многу повеќе за оваа планета отколку кој било друг. Ви благодарам многу! (Професорот Михаел Браунгарт е основач и научен раководител на ЕПЕА(Environmental Protection Encouragement Agency). Исто така, тој е и ко-основач и директор на McDonough Braungart Design Chemistry во Шарлотсвил во Вирџинија(САД) и ко-основач и научен менаџер на Hamburger Umweltinstitut. Браунгарт има завршено студии по хемија и производствено инженерство. Во 80-тите години на минатиот век тој ја посвети својата работа на еколошката организација „Гринпис“. Во 1982 година помогна да се основа одделот за хемија во „Гринпис интернешнел“, чие раководење го презеде во 1985 година. Истата година ги има завршено и докторските студии на Универзитетот на Хановер. Со цел да дојде до решение за комплексните еколошки проблеми,„Гринпис“ ја основаше ЕПЕА во 1987 година. Од тогаш, Браунгарт е вклучен во истражувања за екоефективни производи, не само корисни за луѓето, туку и за природата.) 14 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА КОН(ЛОКАЛНА) ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ БИЛЈАНА ДУКОВСКА Во последните неколку години ПРАВЕДНОСТА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА Е ДЕЛОТ ШТО ГИ ПОВРЗУВА: СОЦИЈАЛНАТА ДИМЕНЗИЈА НА ЖИВЕЕЊЕТО; активно слушаме за: енергетската транзиција, каква е нејзината улога во намалувањето на климатските ГРАЃАНИТЕ КАКО АКТИВНИ УЧЕСНИЦИ ВО ОПШТЕСТВОТО; ГРИЖАТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЕКОНОМСКИТЕ АСПЕКТИ. ТАА промени, колку поволности ќе има животната средина од неа, како ќе ги намалиме трошоците за енергија НЕ Е ФУНКЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ИНЖЕНЕРСКО-ЕКОНОМСКАТА СПРЕГА, ТУКУ ВРЕДНОСЕН АСПЕКТ КОЈ ИМ ОБЕЗБЕДУВА и зависноста од фосилните извори, итн. Но, генерално, слушаме или за инженерски термини за количина и ПРОСТОР НА ГРАЃАНИТЕ, ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ НИВНИТЕ РАЗЛИЧНОСТИ ВО ПОТРЕБИТЕ И МОЖНОСТИТЕ, ДОЗВОЛУВАЈЌИ моќност на инсталирани системи или за инвестирани суми на пари и профит од нив. Во целата оваа комуникаИМ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ОБЛИКУВАЊЕТО НА ПОЛИТИКИТЕ И ОД НАПРЕДОКОТ НА ЗЕМЈАТА. ИАКО ПРИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ција, на граѓаните им е доделено местото на слушачи и им се наметнува обврската за учество во процесите, ТЕРМИНОТ„ПРАВЕДНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА“ СЕ КРЕИРАШЕ НАРАТИВ ПОВРЗАН САМО СО ГУБЕЊЕТО НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, без да се обезбеди нивно значајно присуство во нив. Но, дали навистина граѓаните: знаат, можат и сакаат да СЕГА СМЕ ВО ФАЗА КОГА ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДА МАЛКУ ПОШИРОКО НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ДОНЕСЕ ТРАНЗИЦИЈАТА бидат дел од овие процеси и зошто би го направиле тоа? Неодамна, при една отворена дискусија на која се говореше за енергетската транзиција на локално ниво, пролета еден коментар дека ако сакаме да ги ангажираме граѓаните треба многу да внимаваме на јазикот кој го употребуваме. Објаснувањето беше дека транзиција во нашиот контекст потсетува на едни други процеси од кои многу граѓани носат трауми и посакуваат никогаш да не се ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 15 случеа, ниту, пак, некогаш да се повторат. Забелешката многу ме замисли и ме поттикна да размислувам дали оваа транзиција е добро: планирана, организирана и водена и како ќе биде оценета од граѓаните по десетина години? Праведност Без намера да навлегувам во теоретските аспекти на енергетската транзиција, би сакала да прокоментирам еден нејзин аспект кој срамежливо се споменува, затоа што е модерен и треба да е дел од наративот, но не добива содржина, а тоа e клучно. Праведноста. Праведноста на енергетската транзиција, всушност, е делот кој ги поврзува: социјалната димензија на живеењето, граѓаните како активни учесници во општеството, грижата за животната средина и економските аспекти. Таа не е функционален дел од инженерско-економската спрега, ами вредносен аспект кој им обезбедува простор на граѓаните, почитувајќи ги нивните различности во потребите и можностите, дозволувајќи им да учествуваат во обликувањето на политиките, но и да бидат дел од напредокот на земјата. АКО САКАМЕ НАВИСТИНА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПРАВЕДНОСТ, ТОГАШ ВО ЦЕНТАРОТ НА Иако при воведувањето на терминот праведна енергетска транзиСЛУЧУВАЊАТА ТРЕБА ДА ГО ИМАМЕ ГРАЃАНИНОТ: ДА МУ ОБЕЗБЕДИМЕ„ГЛАС“ ција се креираше наратив поврзан само со губењето на работните места на оние кои се дел од сегашниот (А НЕ САМО УЧЕСТВО) ВО ДЕБАТАТА ПРИ КРЕИРАЊЕТО ПОЛИТИКИ; ДА МУ ОВОЗМОЖИМЕ ПРИСТАП ЗА енергетски систем и креирање на нови работни места кои ќе може да се пополнат со тие работници, сега сме КОРИСТЕЊЕ НА ПОВОЛНОСТИ СО КОИ ЌЕ БИДЕ ВО ЧЕКОР СО ТРАНЗИЦИЈАТА; ДА МУ ДАДЕМЕ ДОПОЛНИТЕЛНА во фаза кога треба да се гледа малку пошироко на предизвиците кои ќе ги донесе транзицијата. Апсурдно е ПОДДРШКА АКО НЕМА ДОВОЛНО МОЖНОСТИ ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО НЕА, ИЛИ, ПАК, ДА ГО МОТИВИРАМЕ ДА енергетската транзиција да ја сведуваме само на затворање на јаглеБИДЕА АКТИВЕН ЧИНИТЕЛ ВО НЕА. НО, ДАЛИ НАВИСТИНА ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА нокопи и монтажа на фотоволтаици, без притоа да обрнеме внимание и на другите аспекти, на пример: псиВО ОВАА ФАЗА Е ПРАВЕДНА И ДАЛИ ОБЕЗБЕДУВА УЧЕСТВО НА СИТЕ ГРАЃАНИ? КАКОВ РАЗВОЈ БИ ТРЕБАЛО ТАА ДА хо-физичката(здравствената) состојба на лицата кои ќе останат без работа и нивните семејства; вештините НИ ДОНЕСЕ И ШТО, ВСУШНОСТ, НАВИСТИНА СЕ СЛУЧУВА? ОВАА ТЕМА ЗАСЛУЖУВА ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ... и знаењата кои ги имаат за да може 16 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА брзо и лесно да се преквалификуваат; потребната поддршка во периодот меѓу двете работни места; адаптибилноста на системот за социјална заштита кон овие предизвици; подготвеноста на системот за образование да предвиди специјални програми; поддршката за претприемништво или самовработување; потребата од специфични услуги во некоја заедница за оваа категорија на луѓе, итн. Повеќе од неопходно е и да се гради знаење и поддршка за превенција од сиромаштија или социјална исклученост. Погрешно е и енергетската транзиција и нејзината праведност да ги ограничиме само на териториите каде што(ќе) се случуваат екстремните акции, туку, напротив, нивната важност мора да ја гледаме како дел од целосната енергетска транзиција на земјата и трансформацијата кон зелено, праведно општество и да работиме на тоа оваа трансформација да биде од стратешка важност на секое микрониво. И, уште нешто, ако сакаме навистина да зборуваме за праведност, тогаш во центарот на случувањата треба да го имаме граѓанинот: да му обезбедиме„глас“(а не само учество) во дебатата при креирање на политики; да му овозможиме пристап за користење на поволности со кои ќе биде во чекор со транзицијата; да му дадеме дополнителен сет на поддршка ако нема доволно можности да се вклучи во неа, или, пак, да го мотивираме да биде активен чинител во неа. Но, дали навистина енергетската транзиција во оваа фаза е праведна и дали обезбедува учество на сите граѓани? Каков развој таа би требало да ни донесе, а што, всушност, навистина се случува, е тема која заслужува големо внимание. Документи, политики и желби Доколку направиме осврт на тековните документи и политики кои треба да нè водат низ енергетската транзиција, евидентно е дека фокусот е ставен на националната регулатива која дава стратешки насоки каков процес посакуваме. Има политичка волја, координирани сме со светските трендови, си ги имаме премерено можностите и, сè на сè, како најважно да е на крајот на секоја година листата на реализирани проекти да биде сè подолга. Истовремено, иако се засегнати сè повеќе институции, сите не даваат свој придонес кон процесот, а уште полошо е што нивните придонеси се парцијални и еднострани, доволни само да се бележи успех по индикаторите поставени во нив, институционално, но не и да се сведочи вистинска ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 17 ВООПШТО НЕ ПОСТОИ ДИЛЕМА ДАЛИ ТРЕБА ДА ПРЕМИНЕМЕ КОН ОБНОВЛИВИ промена во насока на решавање на некој предизвик. Оттука, ако почнете да се занимавате со тоа кој за што е ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ДА ЈА ОРГАНИЗИРАМЕ ИДНИНАТА ПРИЛАГОДЕНА КОН ЗЕЛЕН И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ, одговорен, до каде му се ингеренциите, на кого се однесува конкретната политики или мерка, многу е веројатЕДИНСТВЕНО ШТО БАРА ПОГОЛЕМА ПОСВЕТЕНОСТ Е ТОЈ ПРЕМИН ДА БИДЕ ИНКЛУЗИВЕН И ПРАВЕДЕН, но да се изгубите во процесот, затоа што наместо да постои систематизиран пристап ние сме дел од хаос на ДОБРО ИСПЛАНИРАН И КООРДИНИРАН. ТОЈ СО СЕБЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ СУШТИНСКИ ПРОМЕНИ меѓусебно некоординирани: институции, политики и активности. А, замислете како им е на граѓаните кои И ВО ОДНЕСУВАЊЕТО И ВО ПРАКТИКУВАЊЕТО НА НОВИТЕ ЗНАЕЊА И ТОА НЕМА ДА БИДЕ НИТУ БРЗО, НИТУ воопшто немаат знаење за областа, а се во ситуација да бидат во милоста (или немилоста) на овие политики. ЛЕСНО. СЕПАК, НАЈВАЖНО ОД СÈ Е ШТО СИТЕ ИМАМЕ ОДГОВОРНОСТ ОВОЈ ПРОЦЕС Исклучително ми е интересно тоа што додека се губиме во процесите ДА ГО НАПРАВИМЕ СООДВЕТЕН И ПРИЛАГОДЕН НА СИТЕ, ЗА НИКОЈ ДА НЕ БИДЕ ИЗОСТАВЕН постојано се повикуваме и цитираме делови од Агендата за одржлив развој и нејзините цели, кои во својата суштина ја имаат неделивоста и меѓусебната поврзаност. Постојано се повторуваат желби за подобар живот на граѓаните, а всушност, се пребројуваат само профитите на компаниите. Додека теоретизираме за иднината, сегашноста ќе нè убие. Рационално користење на ресурсите Како долгогодишна граѓанска активистка сум била дел од различни застапувања за промени кои треба да донесат поквалитетен живот на граѓаните. За мене секогаш е најважно политиките да не бидат генерални, туку тоа треба да се политики кои носат вистински промени кон подобро, но не само за оние кои може без проблем да ги износат промените, туку првенствено за оние кои без поддршка никогаш не би биле дел од промената. За да се постигне тоа, клучот секогаш бил најрационално да се искористат ресурсите коишто се имаат, да се постават приоритети кои ќе гарантираат социјална правда и да се реализираат активности кои ќе промовираат: слобода, солидарност и еднаквост. Оттука и процесот на енергетска транзиција треба да биде обликуван токму по тие принципи. Во него мора да се поттикнат капиталот и приватните инвестиции да 18 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА бидат насочени кон посакуваниот развој, државата мора да најде начин парите на граѓаните да бидат ставени во функција за граѓаните и да се инвестирани во јавни добра од кои првенствено ќе имаат корист оние со помалку можности, а граѓанските организации да бидат поддржани и партнерски вклучени во демократизацијата на процесот. Воопшто не постои дилема дали треба да преминеме кон обновливи извори на енергија и да ја организираме иднината прилагодена кон зелен и одржлив развој, единствено што бара поголема посветеност е тој премин да биде: инклузивен и праведен, стратешки добро испланиран и координиран. Тој со себе ќе треба да донесе суштински промени и во однесувањето и во практикувањето на новите знаења и тоа нема да биде ниту брзо, ниту лесно. Сепак, најважно од сè е дека треба сите да учествуваме, сите да имаме одговорност истиот да го направиме соодветен и прилагоден на сите, за никој да не биде изоставен. Локалната заедница како носител на активностите за демократска и фер енергетска транзиција Можеби најголем предизвик со кој сега се соочуваме е локалната енергетска транзиција, единствениот сегмент во кој граѓаните директно добиваат свое место во процесот и активностите преминуваат од теорија кон реалност. Погоре во текстот споменав дека граѓаните треба да се мотивираат да бидат активен чинител во енергетската транзиција. Но, навистина, дали е тоа можно и зошто е важно? За жал, концептот на граѓанска енергија не е фокус на генералниот политички дискурс и затоа е маргинализиран, иако неговата поддршка, во суштина, значи промоција на нова енергетска култура. Во неа, иако фокусот е на енергијата од обновливи извори, всушност: се поддржува јакнење на локалната заедница; се инвестира во знаењето за зелена енергија и активна вклученост на граѓаните во зелениот развој; се демократизираат локалните процеси и се градат отпорни заедници кои произведуваат, користат и управуваат локална обновлива енергија. Придобивките може да се категоризираат на три нивоа, и тоа: – Помоќни граѓани – граѓани кои директно учествуваат во енергетската транзиција, произведувајќи и управувајќи со сопствената обновлива енергија; ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 19 – Декарбонизирани градови – енергетски автономни градови со нула емисија на CO2 и децентрализирано производството на енергија од обновливи извори; – Економски придобивки – заштеда преку личната сметка за електрична енергија благодарение на сопственото производство на енергија или преку моделот на: здружување, соработка и споделување на енергија во кој се учествува. Економските и енергетските кризи од изминатите години во повеќе налети сериозно ги погодија и им ги испразнија буџетите на локалните самоуправи, со што ги ставија во позиција да изнаоѓаат решенија како да ги намалат енормните сметки за струја и непречено да го продолжат своето функционирање. НАМЕСТО ПРОМОЦИЈА НА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА НА ЛОКАЛНО НИВО И КООРДИНИРАНА АКЦИЈА НА Како среќа во несреќа, токму ваквите кризи ги поттикнаа локалните самоуправи да се свртат кон можностите РАЗЛИЧНИ ЧИНИТЕЛИ, ШТО ВОДИ КОН ЛОКАЛЕН ЗЕЛЕН РАЗВОЈ, ДЕНЕСКА ИМАМЕ ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ кои ги имаат на својата територија и да се ангажираат околу сопствено производство на енергија од обновКОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЛОКАЛНАТА ЕНЕРГИЈА, НО НЕ И ЗА ОТПОРНОСТ НА ЗАЕДНИЦАТА ОКОЛУ ливи извори. Истовремено, тоа значеше: ново планирање и реорганизација на ресурсите, темелна анализа ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА. НАШАТА ЛОКАЛНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА, КАКО И НАЦИОНАЛНАТА, на можностите, но и мобилизирање на капацитетите на локално ниво. Во краток период видовме забрзани Е ЕДНОСТРАНА: НЕ ПОТТИКНУВА ЗДРУЖУВАЊЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРАЃАНСКА ЕНЕРГИЈА; НЕ активности кои ја поддржаа енергетската ефикасност(најмногу кај осветлувањето и фасадите на училиштата), ЕДУЦИРА ЗА СОЦИЈАЛНАТА ДИМЕНЗИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА; НЕ ИНВЕСТИРА ВО ЗНАЕЊЕ која и пред кризите беше тема заради заштедата која ја носеше во буџетите, КАЈ ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОВОЛНОСТИТЕ ОД НИВНИОТ ПРИДОНЕС сега надополнета со сопствено производство на енергија од обновливи извори, или популарно кажано, поВО ЛОКАЛНАТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА; НЕ ПОВРЗУВА РАЗЛИЧНИ АСПЕКТИ ВАЖНИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ставување фотоволтаични системи на покривите на основните училишта. КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ; НЕ ЈА НАМАЛУВА ЕНЕРГЕТСКАТА СИРОМАШТИЈА, НИТУ, ПАК, Во европски рамки, овој процес подразбираше и партнерства со граѓаните(и граѓанското општеДАВА УДЕЛ ВО ЦЕЛОКУПНИОТ РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ство во целост) за поддршка на 20 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА озеленувањето на локалната енергија, но за жал, кај нас подзапира кај општинските инвестиции на јавните површини над кои општината има ингеренции, само информирајќи ги граѓаните. Тие, пак, за можностите кои ги имаат во домаќинствата беа оставени сами да се информираат и да инвестираат на„своја рака“ преку промотивните кампањи на компаниите кои се занимаваат со производство и монтажа на системи за производство на струја од обновливи извори на енергија. Остана да се разгорува и недовербата кон„новиот тренд“ на озеленување, останаа настрана граѓаните чиј буџет и знаење не е доволен за било какви инвестиции, но им останаа и државните субвенционирања само на оние кои, речиси, и да немаа потреба од нив. Па така, наместо промоција на енергетска соработка на локално ниво и координирана акција на различни чинители која води кон локален зелен развој, денеска имаме локални самоуправи кои се грижат за локалната енергија, но не и за отпорност на заедницата поврзано со енергетската транзиција. Или, грубо кажано, локалните самоуправи се грижат само за она што мораат и им е обврска: објектите, инсталациите, површините, поврзано со подобра буџетска состојба. Нашата локална енергетска транзиција, како и националната, е еднострана: не поттикнува здружување за производство на граѓанска енергија; не едуцира за социјалната димензија на енергија на локалната заедница; не инвестира во знаење кај заедницата за поволностите од нивниот придонес во локалната зелена енергија; не поврзува различни аспекти важни за подобрување на квалитетот на живот; не ја намалува енергетската сиромаштија, ниту, пак, дава удел во целокупниот развој на граѓанското општество на локално ниво. „Енергетски канцеларии“ за граѓаните Оттука и потребата час поскоро да се овозможат услови за активно граѓанско учество во локалната енергетска транзиција. Како прв чекор во сите европски примери е воспоставување на инфо точки,„енергетски канцеларии“ на локално ниво каде секој заинтересиран би можел да добие информација поврзана со неговиот интерес. Во зависност од капацитетите и можностите на локалната заедница тоа може да биде самостојно организирана единица или да биде дел во постојна организација или центар(на пример, ако постои културен центар или младински центар). Може да биде една мала канцеларија или поголем простор со различни намени. Може да се фокусира само на енергијата во заедницата, но може и да биде ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 21 исто толку посветена на климата, климатските промени или да промовира климатски акции. Она што е важно е таа да биде пристапна и достапна, да биде обликувана според потребите на специфичната заедница и да одговара на предизвиците во неа. Во своето подоцнежно работење,„енергетската канцеларија“ може да прерасне во „one-stop-shop“(едношалтерски систем) кој ќе обезбедува сет на услуги за енергетските заедници, но сега нема да обрнам внимание на тоа. Да се навратам на организирање на„енергетските канцеларии“ и нивните можности. Целта на„енергетската канцеларија“ е да биде првата врска помеѓу граѓаните и локалната енергетска транзиција. Во неа треба да може да се најдат одговори како транзицијата да биде праведна за сите, и за луѓето кои не можат да си ги платат сметките, и за оние кои сакаат да бидат пионери на оваа транзиција преку сопствени инвестиции. Преку„енергетската канцеларија“: – Се промовира и поддржува нова енергетска реалност за сите во општината, ги поттикнува граѓаните да промовираат фер енергетска транзиција и да го подобрат квалитетот на животот во заедницата, како целина. – Се информира и обучува за енергија, енергетски задруги и заедници, пазарот на енергија и неговите актери, енергијата и енергетската ефикасност на домот, итн. – Се даваат бесплатни персонализирани совети, се прави поврзување со компании или консултанти во областа, се информира за поддршките на општината кои може да се искористат за подобрување на тековната енергетска состојба. – Се организираат работилници и активности за решавање на сите прашања и дилеми кои ги имаат граѓаните, а се поврзани со енергија. – Се прават консултации и се работи на поголемо разбирање на влијанието што нашиот секојдневен живот го има врз емисиите на стаклената градина, врз потрошената енергија и врз цената на нашата сметка. – Се привлекуваат и управуваат средства од различни проекти и се соработува во развојот на општинските политики за климатски промени и енергетска транзиција. – Се собираат и организираат локалните чинители и се поврзуваат со: јавни, приватни, социјални и академски чинители, во 22 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА насока на заедничко организирање на проекти и активности со кои ќе се инвестира во локалниот зелен развој. – Се организираат настани за: вмрежување, социјализација и самоподдршка. Оваа листа може да биде многу подолга или да бидат работени само делови од неа и тоа треба да зависи од секоја од заедниците каде ќе функционира„енергетската канцеларија“. Сепак, најважно е да се направи првиот чекор, локалната самоуправа да ја преземе иницијативата и да го обезбеди просторот каде ќе започнуваат промените. И, да се навратам на почетокот, наместо заклучок за текстов. Локалната енергетска транзиција мора да го добие приматот во вкупните напори и да биде значаен дел од националните активности во оваа област. Локалните самоуправи мора да вложат дополнителни напори за активирање на граѓаните, обезбедување услови за производство на граѓанска енергија и демократизација на пазарот на енергија. Само преку: информирана, координирана и инклузивна локална енергетска транзиција може да се стигне до посакуваната национална стратешка цел. Само преку политики кои ги имаат граѓаните во фокусот на активностите, а не како индикатори за отчети и извештаи, граѓаните: ќе знаат, ќе можат и ќе сакаат да бидат дел од процесите во заедницата, и генерално да се вклучат во енергетската транзиција. Нема магични формули и инстант решенија. Процесите зависат од сите и треба да донесат подобро за сите. (Билјана Дуковска е граѓанска активистка со над 15 години искуство во работата со различни групи и заедници, вклучително и ранливи и маргинализирани, најмногу за: социо-економски прашања, социјална инклузија, зелени политики, праведна транзиција и општествен развој. Од 2015 година е претседателка на Македонската платформа против сиромаштијата, а од 2017 година пот– претседателка на Европската мрежа против сиромаштија.) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 23 ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО„ЕЛДОРАДО“ МАРКО БИСЛИМОВСКИ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ, ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА СЕ „Елдорадото“ на фотоволтаици стана синоним за темпото со кое се реализира енергетската транзиција НАМЕТНАА КАКО ТРЕНД ШТО ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДИ СИГУРНА И СТАБИЛНА ИСПОРАКА НА ЕНЕРГЕНСИ СО ВИСОК СТЕПЕН и тоа во време на бура од невреме: пандемија, енергетска криза, војни. Во Регулаторната комисија за енерНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА СТАРТУВАШЕ СО ОПТИМИСТИЧКИ ТАРГЕТИ И СО ЧУВСТВО гетика, водни услуги и управување со комунален отпад(РКЕ) од човечи аспект, како и кај наште сограѓани, со НА ПРЕСТИЖ КАЈ ЗЕМЈИТЕ КОИ ДИСЦИПЛИНИРАНО ГО РЕАЛИЗИРАА ПЛАНОТ ЗА ЗАМЕНА НА СТРУЈА ОД ЈАГЛЕН, СО СТРУЈА неверување беа доживеани сите вести од овие случувања во последните четири години, но од професионален ОД: СОНЦЕ, ВЕТЕР, ВОДА И КОМБИНИРАНИТЕ ПОСТРОЈКИ, КАКО И БИОГАСНИТЕ ЦЕНТРАЛИ аспект неизвесноста стана мотивирачки фактор за креирање на регулаторни решенија кои ќе ги заштитат домаќинствата од ценовен шок и ќе отворат фронт на приватната иницијатива за инвестиции кои ќе им донесат што повисока енергетска независност, од аспект на производство и потрошувачка на електрична енергија. Тоа, практично, беше иницијалниот сигнал за да започне циклусот на инвестиции во обновливи извори, доминантно во фотонапонски електроцентрали. Излегувањето од комфор зоната, кога е во прашање обезбедувањето стабилна цена за електричната енергија, резултираше со нескромно фасцинантни бројки на раст од скоро 150% на инсталираниот капацитет во обновливи извори и тоа за само единаесет месеци во споредба со цела 2022 година. Овој импозантен раст беше поттикнат исклучително од високите цени на електричната енергија 24 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА на берзата, што беше резултат на сите општествено-економски циклуси во изминатиот период. Воздржаната побарувачка, ковид-карантинот, ограниченото производство, непредвидливите одлуки на големите играчи во енергетскиот сектор и, секако, користењето на енергенсите како клучно оружје во време на војна – сето ова беше причина за незапаметените берзански цени на енергенсите. Северна Македонија како„game changer” Цената на парите по којзнае кој пат се покажа како најважна инспирација кај сите. Државата, институциите и компаниите правеа пресметки како да плаќаат пониски сметки за струја во услови кога цената на берза достигнуваше до 400 евра за MWh, за разлика од претходно нормалната состојба од 50/60 евра. Но, само малкумина станаа„game changers“ во време на енергетска бура. Несомнено, Северна Македонија е прогласена за ѕвезда во енергетската транзиција од регионот, па и пошироко. Еве ги фактите: согласно последните податоци од почетокот на годинава до крајот на ноември се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што е за 150% повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW. Ако, пак, се анализира кумулативно, ова без малку двегодишно„Елдорадо“ на инвестиции во обновливи извори во земјава донесе нови капацитети изградени и вклучени на електроенергетската мрежа со вкупна инсталирана моќност од скоро 532 MW. Тоа е скоро колку гигантот РЕК Битола кој е‘рбетот на македонскиот електроенергетскиот систем, кој, пак, 60 години ни обезбедува електрична енергија. Само за споредба, кога сме кај бројките – пред овој енергетски инвестициски бум, наназад на годишно ниво се регистрира инсталиран капацитет од околу 6 MW, што е неспоредливо со денешните 379 MW(јануари-ноември 2023 година). ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД КОМФОР ЗОНАТА, КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СТАБИЛНА ЦЕНА ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, РЕЗУЛТИРАШЕ СО РАСТ ОД СКОРО 150% НА ИНСТАЛИРАНИОТ КАПАЦИТЕТ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ И ТОА ЗА САМО ЕДИНАЕСЕТ МЕСЕЦИ ВО СПОРЕДБА СО ЦЕЛА 2022 ГОДИНА. ОВОЈ ИМПОЗАНТЕН РАСТ БЕШЕ ПОТТИКНАТ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА НА БЕРЗАТА, ШТО БЕШЕ РЕЗУЛТАТ НА ОПШТЕСТВЕНОЕКОНОМСКИТЕ ЦИКЛУСИ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД. ВОЗДРЖАНАТА ПОБАРУВАЧКА, КОВИД-КАРАНТИНОТ, ОГРАНИЧЕНОТО ПРОИЗВОДСТВО, НЕПРЕДВИДЛИВИТЕ ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИТЕ ИГРАЧИ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР И, СЕКАКО, КОРИСТЕЊЕТО НА ЕНЕРГЕНСИТЕ КАКО КЛУЧНО ОРУЖЈЕ ВО ВРЕМЕ НА ВОЈНА – СЕТО ОВА БЕШЕ ПРИЧИНА ЗА РЕКОРДНИТЕ БЕРЗАНСКИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 25 Во Европа и светот, инвестициите во обновливите извори на енергија се наметнаа како тренд кој треба да обезбеди сигурна и стабилна испорака на енергенси со висок степен на заштита на животната средина. Стартуваше зелената транзиција со оптимистички таргети и со чувство на престиж кај земјите кои дисциплинирано го реализираа планот за замена на струја од јаглен со струја од: сонце, ветер, вода и комбинираните постројки, како и биогасните централи. За нас, референтен документ врз основа на кој се моделираат мерките и целата енергетска политика е Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија од 2019 до 2040 година. Стратегијата е одговор на Законот за енергетика што беше донесен во 2018 година и опфаќа модернизација и трансформација по европски терк на цел енергетски сектор. 26 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Во овој стратешки документ се обединети: отворен пристап, интеграција и достапност на енергетските услуги, намалување на локалното и на глобалното загадување, како и високите критериуми за заштита на животната средина, но и искористување на потенцијалот на приватната иницијатива. Каде сме кога е во прашање транзицијата? Со гордост можеме да се пофалиме дека само за три години Северна Македонија има реализирано над 40% од таргетот што треба да го достигнеме до 2040 година, согласно Стратегијата за енергетика 2019-2040. И, ако ги редефинираме овие проценти во бенефит за граѓаните, тогаш треба да кажеме дека со новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција, за помалку од две години може да се снабдуваат близу 169 илјади домаќинства. Овој нов инсталиран капацитет освен што обезбедува електрична енергија од обновливи извори на енергија, во исто време влијае врз увозната зависност што, за само две години, е намалена за една третина. Од традиционалниот увоз на СОГЛАСНО ПОСЛЕДНИТЕ ПОДАТОЦИ, ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАВА ДО КРАЈОТ НА НОЕМВРИ, ИЗДАДЕНИ СЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА ВКУПНА струја од 30% од потребите, во месеците со повеќе сончеви денови тој се преполовува, за во сумарен годишен ИНСТАЛИРАНА МОЌНОСТ ОД 379,3 MW, ШТО Е ЗА 150 % ПОВЕЌЕ ОД 2022 ГОДИНА КОГА СЕ ИЗДАДЕНИ 152,2 MW. исход да изнесува 20%. Според познавачите на економските текови ова АКО, ПАК, СЕ АНАЛИЗИРА КУМУЛАТИВНО, ОВА БЕЗ МАЛКУ ДВЕГОДИШНО значајно влијае врз девизниот одлив од земјава. „ЕЛДОРАДО“ НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ВО ЗЕМЈАВА ДОНЕСЕ Не е помалку важно што„Елдорадото“ на фотоволтаиците даде можност за нов дневен интервал на евтина енергија за домаќинствата. Бројките се факти, а фактите покажуваат дека документите за енергетски политики не се само мртво НОВИ КАПАЦИТЕТИ, ИЗГРАДЕНИ И ВКЛУЧЕНИ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА, СО ВКУПНА ИНСТАЛИРАНА МОЌНОСТ ОД СКОРО 532 MW. ТОА Е СКОРО КОЛКУ ГИГАНТОТ РЕК БИТОЛА КОЈ Е‘РБЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ слово на хартија туку се визија и основа за раст и развој на енергетскиот сектор. СИСТЕМ, КОЈ ЦЕЛИ 60 ГОДИНИ НИ ОБЕЗБЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 27 Кога целата енергија на сите чинители во енергетскиот сектор е насочена кон примена на европските трендови – закони што подразбираат правила и таргети за квалитетен живот, тогаш резултатот е неизбежен и добитен. Убеден сум дека: визијата, посветеноста и вредностите што ги носиме имаат врска и со менталитетот и историјата низ која сме покажале дека во време на криза знаеме дека прогресот е единствен одговор што им го должиме на идните генерации. Северна Македонија стана„game changer” и од енергетската криза создаде можност. Кризата, всушност, покрена решенија, не изговори. (Марко Бислимоски е претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад(РКЕ) на Северна Македонија. Истовремено, тој е и претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.) 28 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА УЛОГАТА НА ЖЕНАТА ВО ИНКЛУЗИВНА И ПРАВЕДНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА КАЈА ШУКОВА ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА ПРЕДВИДУВА КОРИСТЕЊЕ НА ПОЕКОЛОШКИ И ИНОВАТИВНИ За спроведување на инклузивна и праведна енергетска транзиција исклучително е важно вклучувањето на РЕШЕНИЈА ШТО СЕ МНОГУ ПОПОВОЛНИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ДОЛГОРОЧНО СЕ ПОЕВТИНИ И ОВОЗМОЖУВААТ родовиот аспект. Колку и да се чини дека во современото живеење се тенчи линијата меѓу машката и женската ПОГОЛЕМА ЗАШТЕДА, БИДЕЈЌИ ИМААТ ПОВИСОК СТЕПЕН НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ. НО, ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ улога, како и на рамноправноста на половите во различните сегменти на општественото и политичкото живеОВИЕ ЕКОПРЕДНОСТИ ВО ДОМАЌИНСТВОТО, ПРВИЧНО СЕ ПОТРЕБНИ ПОГОЛЕМИ ВЛОЖУВАЊА. ЗА ДА СЕ ење, сепак таа е присутна, особено во традиционалните заедници чиј број не е занемарлив. Во спроведување ОВОЗМОЖИ ПРАВЕДНА И ИНКЛУЗИВНА ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА МОРА ДА СЕ ИЗНАОЃААТ РЕШЕНИЈА ШТО на инклузивна и праведна енергетска транзиција треба да се слушне гласот на жените, бидејќи тие се директно ЌЕ ОВОЗМОЖАТ ВАКВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ ЗА СИТЕ засегнати од овие промени. Жените поминуваат многу повеќе време во домот каде што користат различни апарати за: греење, готвење, обработка на храна. Енергетската транзиција предвидува користење на поеколошки и иновативни решенија што се многу поповолни за животната средина, долгорочно се поевтини и овозможуваат поголема заштеда, бидејќи имаат повисок степен на енергетска ефикасност. Но, за да се обезбедат овие екопредности во домаќинството, потребни се првично поголеми вложувања. За да се овозможи праведна и инклузивна енергетска транзиција мора да се изнаоѓаат решенија што ќе овозможат ваквите технологии да бидат достапни за сите, без оглед дали се работи за користење на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 29 печки на дрва, дали се работи за реновирање на објектите за живеење заради намалување на загубата на топлината, или слично. Вклучувањето на родовиот аспект во правичната енергетска транзиција е високо во агендата и на Обединетите нации и на Европската Унија, така што и во Северна Македонија активно се работи на оваа тема. Брзиот технолошки развој и продор на иновативните и еколошки технологии во енергетскиот сектор, мора да го следат и стратешките политики и правната регулатива во државата. ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА КОНТИНУИРАНО ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА КЛИМАТСКИ АКТИВНОСТИ, НАСОЧЕНИ КОН СИТЕ ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ: ВЛАДИНИ И ЛОКАЛНИ САМОУПРАВИ, ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, МЛАДИТЕ, РАНЛИВИТЕ ГРУПИ, МЕЃУ КОИ СИЛНАТА СОРАБОТКА Е ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ. ИМАМЕ ДОКАЖАНИ ПАРТНЕРИ ВО НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ, ЧИЕ ЗНАЕЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ БИДЕ ИСКОРИСТЕНО ВО ИСПОЛНУВАЊЕТО НА НАШИТЕ АМБИЦИОЗНИ КЛИМАТСКИ ЦЕЛИ Владата на РСМ и Министерството за животна средина и просторно планирање, како одговорна институција за климатските промени, се силно посветени на справувањето со климатските промени и ефективно спроведување на Законот за климатска акција, штом ќе биде усвоен. Ова, меѓу другото, би значело дека ние сме посветени на континуирано градење капацитети за климатски активности, насочени кон сите засегнати страни: владини и локални самоуправи, јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, младите, ранливите групи, меѓу кои силната соработка е од суштинско значење. Имаме докажани партнери во научни институции, чие знаење дополнително ќе биде искористено во исполнувањето на нашите амбициозни климатски цели. Нашата генерација е сведок на катастрофалните влијанија на климатските промени на глобално ниво и во сите сектори, од инфраструктурата, до безбедноста на храната и здравјето на луѓето. Од аспект на Министерството за животна средина и просторно планирање, дури можам да кажам дека во третирањето на родовиот аспект во голем дел од стратешки документи што се однесуваат на климатските промени, преземаме пионерски чекори во однос на државите во регионот. Родовиот аспект е вклучен во последните два Двогодишни извештаи за климатските промени што се доставуваат до Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени(УНФЦЦЦ) од 30 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА државите што ја имаат ратификувано Конвенцијата. Овој аспект е присутен и во Четвртиот национален план за НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА, КОЈ ТРАНСПОНИРА НЕКОЛКУ климатски промени во кој обезбеРЕЛЕВАНТНИ РЕГУЛАТИВИ И дуваме информации за инвентарот на стакленички гасови, дефинираме мерки за ублажување и адаптација ДИРЕКТИВИ НА ЕУ, ПОМИНА НИЗ ФАЗА НА ЈАВНИ КОНСУЛТАЦИИ НА ПОЧЕТОКОТ НА ПРОЛЕТТА, ОВАА ГОДИНА, кон климатските промени и сите други информации што државата ги смета за релевантни за постигнување на ДОБИВАЈЌИ ПОЗИТИВНИ КОМЕНТАРИ ОД ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ОД ЛОКАЛНАТА целта на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени. ВЛАСТ И ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ. ВО МОМЕНТОВ, НАЦРТ-ЗАКОНОТ Е ВО Овој аспект е третиран и во стратешките документи, односно во Долгорочната стратегија за климатска акција. МЕЃУВЛАДИНА ПРОЦЕДУРА ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ И КОМЕНТАРИ. ПОСТИГНУВАЊЕТО ПРАВЕДНА И ИНКЛУЗИВНА Нацрт-законот за климатска акција, кој транспонира неколку релеЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА Е ЗАЕДНИЧКИ НАПОР ШТО ГИ ОБЕДИНУВА: ВЛАДИТЕ, вантни регулативи и директиви на ЕУ, помина низ фаза на јавни консултации на почетокот на пролетта, оваа годиИНДУСТРИСКИТЕ ЧИНИТЕЛИ, ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И ЗАЕДНИЦИТЕ. ПОТРЕБНА Е ПОСТОЈАНА ПОСВЕТЕНОСТ на, добивајќи позитивни коментари И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА од засегнатите страни, вклучително и од локалната власт и граѓанските орПРИЛАГОДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИТЕ ганизации. Во моментов, Нацрт-законот е во меѓувладина процедура за разгледување и коментари. Но, постигнувањето праведна и инклузивна енергетска транзиција е заеднички напор што ги обединува: владите, индустриските чинители, граѓанското општество и заедниците. Потребна е постојана посветеност и подготвеност за прилагодување и примена на стратегиите за реновирање на објектите за живеење и на политиките засновани врз повратни информации и околности во кои се развиваат. (Каја Шукова е министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија од почетокот на 2023 година. Таа е дипломиран инженер-технолог, прехранбена биотехнологија, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Во Министерството за животна средина е ангажирана од 1999 година, поминувајќи ги работните скалила: советник, раководител на сектор и државен секретар.) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 31 ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАНСНИ ОБЈЕКТИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ ВО ВАЛАНДОВО ПЕРО КОСТАДИНОВ СОЦИЈАЛНИТЕ, ЕКОЛОШКИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ ПРОБЛЕМИ, ПРОИЗЛЕЗЕНИ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА КОНВЕНЦИОНАЛНИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, ДО СЕГА, РЕЧИСИ, ЦЕЛОСНО СЕ ПОТИСНУВАА. НОВИТЕ, ОБНОВЛИВИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ, ПАК, СЕ ЕКОЛОШКИ, НЕ ИСПУШТААТ ШТЕТНИ ГАСОВИ И ОСЛОБОДУВААТ ОГРОМНИ ИЗНОСИ ЈАВНИ СРЕДСТВА, ПРЕТХОДНО НАМЕНЕТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ СУРОВИНИ. ЗАТОА, ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА НЕОПХОДНО Е ДА СТАНАТ НАШИОТ НАЈВАЖЕН ИЗВОР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО БЛИСКА ИДНИНА, КАКО НЕОГРАНИЧЕНИ РЕСУРСИ КОИ ГО УБЛАЖУВААТ ЕФЕКТОТ НА СТАКЛЕНА ГРАДИНА И ЕФЕКТОТ НА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ. СО НИВНА ШИРОКА УПОТРЕБА СТРЕМИМЕ И КОН ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ, НО И КОН СЕРИОЗНИ ЗАШТЕДИ НА ЈАВНИ СРЕДСТВА. ГЕОГРАФСКАТА ПОЛОЖБА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, СО ПРЕКУ 280 СОНЧЕВИ ДЕНОВИ ГОДИШНО, ПРЕТСТАВУВА СЕРИОЗЕН ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОР, ОД КОЈ МОРА СÈ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ЦРПИ Социјалната правда, екологијата и благосостојбата како вредности, последните неколку децении се приоритет на денешницата повеќе од било кога. На средби, како што е Социо-еколошкиот форум што се одржа неодамна во Скопје, се создава извонредна можност во иднина да се мапираат слабостите во оваа сфера и преку дијалог да се трасира патот на вредности и развој. Денес, општеството се карактеризира со: конфликти, раселување, економска несигурност, штедење и социјална нееднаквост. Живееме во време на: еколошки и хуманитарни катастрофи, неизвесност и конфликти. Брзиот раст на енергетските пазари, во текот на дваесеттиот век, како еден од најсилните импакти на економскиот развој во светот, го вклучи алармот за важноста на енергетиката за целокупните општествени текови. Игнорирањето на социјалната дискусија за карактеристиките на енергетскиот сектор, и третирањето на енергијата единствено како 32 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА техничка и економска грижа, всушност стана еден од недостатоците на современиот свет. Обновливи извори за енергетска транзиција Продлабочувањето на проблемите во овој сектор денес, проследено со инфлација, ја наметнува потребата од пошироки размислувања за енергетиката, кои ги надминуваат стандардните технолошки или економски анализи. Конвенционалните извори на енергија засновани врз: јаглен, гас и нафта, несомнено се покажаа како корисни за подобрување на економијата на земјите во изминатиот период, но од друга страна, сè поевидентни станаа лошите влијанија на овие капацитети врз животната средина. Сето ова, надополнето со поскапувањето на капацитетите за нивно функционирање, стана сериозна причина за нарушување на благосостојбата на заедниците. Имајќи го предвид ова, стана неопходно државите да ги користат овие ресурси до одредена граница, истовремено размислувајќи за обновливи извори на енергија. ВЕРУВАЈЌИ ДЕКА ТОКМУ ОВА Е ПРАВИЛНИОТ ПРИСТАП, ОПШТИНА ВАЛАНДОВО СТРАТЕШКИ И ЗАБРЗАНО ИНВЕСТИРА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ОПШТИНСКИТЕ ОБЈЕКТИ, ВО ШТО ПОГОЛЕМО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА И ВО ПОДДРШКА НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ. НА ТОЈ НАЧИН, ГРАДОТ ВЕЌЕ ГИ РАЦИОНАЛИЗИРА ТРОШОЦИТЕ, А ЈАВНИТЕ ПАРИ ГИ ПРЕНАСОЧУВА КОН СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ГРАЃАНИ, КАКО НИКОГАШ ПРЕТХОДНО. ПОДДРШКАТА Е: ИНКЛУЗИВНА, ПРАВЕДНА И МАКСИМАЛНО ТРАНСПАРЕНТНА. ПОТРЕБЕН Е СИЛЕН ТРАНЗИЦИСКИ КОНЦЕПТ НА: МЕЃУНАРОДНО, ДРЖАВНО И ЛОКАЛНО НИВО. МЕРКИТЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ НА ДОЛГ РОК Социјалните, еколошките и економските проблеми, произлезени како последица на конвенционалните извори на енергија, до сега, речиси, целосно се потиснуваа. Новите, обновливите енергетски ресурси, пак, се еколошки, не испуштаат штетни гасови и ослободуваат огромни износи јавни средства, претходно наменети за енергетски суровини. Затоа, обновливите извори на енергија неопходно е да станат нашиот најважен извор на електрична енергија во блиска иднина, како неограничени ресурси кои го ублажуваат ефектот на стаклена градина и ефектот на глобалното затоплување. Со нивна широка употреба стремиме и кон подобро здравје, но и кон сериозни заштеди на јавни средства. Географската положба на Северна Македонија, со преку 280 сончеви денови годишно, претставува ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 33 сериозен енергетски извор, од кој мора сè повеќе да се црпи. Сонцето и ветрот се неограничени ресурси со кои како држава обилно располагаме, а вложувањето во системи што ќе произведуваат енергија од нив, гарантира зголемување на нашите енергетски капацитети и индиректно – зајакнување на целокупната домашна економија. Валандово чекори кон енергетска ефикасност Верувајќи дека токму ова е правилниот пристап, општина Валандово стратешки и забрзано инвестира во подобрување на енергетската ефикасност на општинските објекти, во што поголемо користење на сончевата енергија и во поддршка на индивидуалните иницијативи за инсталирање фотонапонски електрани. На тој начин, градот веќе ги рационализира трошоците, а јавните пари ги пренасочува кон социјално ранливите групи граѓани, како никогаш претходно. Поддршката е: инклузивна, праведна и максимално транспарентна. Потребен е силен транзициски концепт на: меѓународно, државно и локално ниво. Мерките за штедење не се решение на долг рок. Неопходно е обезбедување на нови финансиски извори и втемелување на солидарноста и на социјалната правда, како суштествени елементи што ја гарантираат кохезивноста на општеството. Потребна е енергетска транзиција час поскоро, во која ќе учествуваат сите групи граѓани. Во тој процес не смее да има маргинализирани и обесправени. Зелената енергија е неопходно да биде достапна секому. Истовремено да биде достапна и за идните генерации, како одржлив систем кој се темели врз: чиста животна средина, одржлив развој и правда. Во овој процес посебно значење има земјоделството, како и неговото влијание врз: економскиот развој, врз животната средина и загадувањето. Несомнено, земјоделството е економска гранка од витално значење. Не само заради производството на храна, туку и заради важноста за: руралниот развој, за животната средина и за опстанокот на селата. Многу работни места се поврзани со земјоделството. Задоволувањето на потребите за: механизација, репроматеријали, гориво, вештачко ѓубриво, и слично, го обезбедуваат многу луѓе, многу работни места. Бенефит имаат и другите сектори, како што е секторот за: преработка и пакување на храната, складирањето, транспортот и малопродажбата. Токму заради сето ова, отсуството на земјоделци и развиено земјоделство може особено 34 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА неповолно да влијае не само врз селата, туку и врз градовите. Северна Македонија има огроСЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМА ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ. СО СИЛНО мен потенцијал за развој. Со силно земјоделство и успешни фармери се намалува потребата од нови капацитети на тешка и загадувачка индустрија, од рудници во плодните предеЗЕМЈОДЕЛСТВО И УСПЕШНИ ФАРМЕРИ СЕ НАМАЛУВА ПОТРЕБАТА ОД НОВИ КАПАЦИТЕТИ НА ТЕШКА И ЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, ОД РУДНИЦИ ВО ПЛОДНИТЕ ПРЕДЕЛИ ВО КОТЛИНИТЕ. ли во котлините. Иднината на земјата е во натамошниот развој на земјоделството, особено во делот на произИДНИНАТА НА ЗЕМЈАТА Е ВО НАТАМОШНИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, ОСОБЕНО ВО ДЕЛОТ НА ПРОИЗВОДСТВО водство на органска, здрава храна. Од исклучителна важност е и фактот што земјоделците имаат моНА ОРГАНСКА, ЗДРАВА ХРАНА. ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ Е ТОА ШТО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМААТ МОТИВ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ГРИЖАТ тив повеќе да се грижат за природните ресурси. Тие се соочени со предизвикот – како да се произведе храна, а во исто време да се заштити природата и биодиверзитетот? ЕкоЗА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ. ТИЕ СЕ СООЧЕНИ СО ПРЕДИЗВИКОТ – КАКО ДА СЕ ПРОИЗВЕДЕ ХРАНА, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАШТИТИ ПРИРОДАТА И БИОДИВЕРЗИТЕТОТ. ЕКОЛОШКИ ОДРЖЛИВОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, лошки одржливото земјоделство, што подразбира разумно користење на природните ресурси, е од клучно ШТО ПОДРАЗБИРА РАЗУМНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ, Е ОД КЛУЧНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО значење за производството на храна, но и за подобрување на квалитетот на животот. Токму заради тоа стануНА ХРАНА, НО И ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ ва неопходно да се насочи фокусот и кон ова и заеднички да се работи за издигнување на свеста кај сите во општеството за важноста на здравата храна и важноста од здрава животна средина. Но, за жал, и натаму сведочиме на остатоци од пестициди во почвата и во целата животна околина, што се поврзува со редица болести кај луѓето и загрозување на развојот на децата. Хемиските отрови се директно поврзани со намалувањето на популацијата на корисни инсекти, особено на пчелите. Почвата станува сè покомпактна, со уништена структура, што влијае врз нормалниот развој на растенијата. Знаејќи дека овој проблем не постои кај органското производство, органското земјоделство како алтернатива станува сè позначајно како за здравјето на луѓето, така и за одржливоста на животната околина. Зачувувањето на природните ресурси и на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 35 биодиверзитетот е основен принцип на органското производство. Покрај тоа, овој здрав концепт на земјоделство обезбедува и достапност за сите и развој за секого. Потребна е темелна едукација од најрана возраст и реформи што ќе допрат до секого, бидејќи одговорноста кон животната средина е заедничка. Потребно е зад нас да оставиме одржлив систем кој се базира врз: чиста животна средина, одржлив развој и праведност. Сега е вистинското време за акција, за што се залага и социјалдемократијата како политичка доктрина. Ова е идејата што го држи фокусот кон овие теми и го турка општеството напред. Таа е единствен концепт што може соодветно да се справи со предизвиците со кои сме соочени, но и да изнајде решение за проблемите пред кои сме исправени. Затоа, сега е време за храбри и прогресивни политики и решителни поединци кои веруваат во овие заложби. (Перо Костадинов е градоначалник на Валандово, во два мандата, од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Има дипломирано на Економскиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има работно искуство и во приватниот сектор.) 36 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА ОПШТИНА ЦЕНТАР СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ПРИКАЗНАТА ЗА ТОА КАКО СТАРТУВАШЕ ОВАА ИДЕЈА – ДА СТАНЕМЕ ЛИДЕРИ ВО ОСНОВАЊЕТО НА ВАКОВ ТИП ПРЕТПРИЈАТИЕ ШТО ПРОИЗВЕДУВА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА И ЈА ПРОДАВА, ПОЧНА ВО АПРИЛ ИЛИ МАЈ 2022 ГОДИНА, СО ЕДНА РАБОТНА ПОСЕТА НА ХРВАТСКА. ЗАЕДНО СО ДЕСЕТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЈА ПОСЕТИВМЕ ХРВАТСКА, КАДЕ ШТО НИ БЕА ПРЕЗЕНТИРАНИ ОДЛИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ТОА КАКО ЛОКАЛНИТЕ ЕДИНИЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И СО ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА. ОДНОСНО, КАКО УСПЕВААТ ДА ЗАШТЕДАТ, А СОЧУВАНИТЕ ФИНАНСИИ КОИ СЕ ОДЛЕВААТ ОД БУЏЕТОТ ДА ГИ ЗАДРЖАТ И ДА ГИ ПРЕНАМЕНАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ОПШТИНАТА Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, не крие дека е горд што општината што ја води, веќе ги презеде првите чекори кон енергетска независност и заштеда на финансии што ќе бидат искористени за други потреби на граѓаните. По примерот на локалните власти на островот Крк, Хрватска, Општина Центар се стреми кон што поголемо искористување на обновливите извори, поточно на сончевата енергија, преку поставување фотоволтаици на покривите на: градинките, училиштата и други објекти, за да ги сведе трошоците за електрична енергија на минимум. За оваа цел, Општина Центар веќе регистрираше трговско претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. За тоа како започна и како ќе се развива проектот,„Предизвици“ му постави неколку прашања на градоначалникот Герасимовски. 1. Герасимовски, како се роди идејата за создавање енергетски независна општина? Пред сè, благодариме за огромната поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ Скопје, која ни помогна да ја изготвиме стручната анализа за да ја оствариме нашата приказна и да создадеме енергетски ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 37 независна општина. Благодарни сме и за помошта од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот БЛАГОДАРЕНИЕ НА ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ СТАНЕ за социјална демократија, како партнери во организирањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје, со цел да ЕНЕРГЕТСКИ САМОСТОЈНА И САМООДРЖЛИВА И ВО НЕЈЗИНИОТ РАЗВОЈ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПРИРОДНИТЕ се разменат и претстават позитивните искуства и планови за енергетско разРЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ. НАШАТА ЗЕМЈА ИМА МНОГУ СОНЧЕВИ ДЕНОВИ И ТОЈ вивање на локално ниво. Приказната за тоа како стартуваше оваа идеја – да станеме лидери во основањето на ваПОТЕНЦИЈАЛ ТРЕБА ДА СЕ ИСКОРИСТИ, ОСОБЕНО ОТКАКО СО АКТУЕЛНАТА ЕВРОПСКА КРИЗА, ЦЕНАТА НА ЕНЕРГИЈАТА ков тип претпријатие кое произведува обновлива енергија и ја продава, почна во април или мај 2022 година, со една работна посета на Хрватска. Заедно со десет градоначалници ја посетивме СЕ ИСКАЧИ НА РЕКОРДНО НИВО. ОВИЕ ФАКТОРИ ПРИДОНЕСОА ДА ЈА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКАТА ЗА ОСНОВАЊЕ НА„ЕНЕРГИЈА ЦЕНТАР“ ОД КОЈА ВО ИДНИНА ПОЛЗА ЌЕ ИМААТ СИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО Хрватска, каде што ни беа презентирани одлични примери за тоа како локалните единици се справуваат со потЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ. ВЕЌЕ ГО ПОСТАВИВМЕ ПРВИОТ ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ НА ГРАДИНКАТА„КОРЧАГИН“, рошувачката на електрична енергија и со високите сметки за струја. Односно, ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ. ВО ТАА ГРАДИНКА ПРЕТХОДНО ИМАВМЕ СМЕТКИ ОД ОКОЛУ како успеваат да заштедат, а сочуваните финансии кои се одлеваат од буџетот да ги задржат и да ги пренаменат за 50.000 ДЕНАРИ НА МЕСЕЧНО НИВО, А СЕГА ТОЈ ТРОШОК СЕ НАМАЛИ НА 10.000 ДЕНАРИ потребите на жителите во Општината. Во таа прилика го посетивме островот Крк и така се роди идејата за овој проект, за производство на енергија од обновливи извори за потребите на Општината. Од тој момент започна оваа успешна приказна. 2. игурно патот не се трасираше лесно. На кои предизвици наидовте? Имавме многу предизвици. Ни требаше цела година да го основаме претпријатието. За жал, се соочивме и со институционални пречки. Имавме, така да кажам, пинг-понг ситуации со државните институции. Навистина многу проблеми, но благодарение на експертите кои беа дел од сето ова, конечно, пред неколку месеци го регистриравме претпријатието. Општина Центар сега има регистрирано трговско претпријатие за производство и продажба на електрична енергија:„Енергија Центар“, од кое бенефит ќе имаме ние сега, но и идните генерации. 38 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА 3. е ползата од трговското претпријатие што го регистриравте? Благодарение на ова претпријатие, Општина Центар ќе стане енергетски самостојна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Нашата земја има многу сончеви денови и тој потенцијал треба да се искористи, особено откако со актуелната европска криза, цената на енергијата се искачи на рекордно ниво. Овие фактори придонесоа да ја донесеме одлуката за основање на„Енергија Центар“ од која во иднина полза ќе имаат сите што живеат во центарот на Скопје. Веќе го поставивме првиот фотоволтаичен систем на градинката„Корчагин“, пред неколку месеци. Во таа градинка претходно имавме сметки од околу 50.000 денари на месечно ниво, а сега тој трошок се намали на 10.000 денари. На сличен начин ќе има заштеди и во други објекти, кои ќе бидат искористени за други проекти. Планираме фотоволтаични системи да поставиме врз покривите на три основни училишта, за што е во тек изработката на проектите. 4. Кои ќе бидат следните чекори? Планот е во наредниот период вакви централи да бидат поставени на покривите и на други училиштата, но и на други објекти во урбаните заедници што се под ингеренции на нашата Општина. Навистина ми претставува голема чест и задоволство што за првпат во нашата држава, Општина Центар, во декември, ќе ја отвори и промовира првата Енергетска канцеларија во Република Северна Македонија. Ќе биде организирана работилница за планирање на патот кон одржливата транзиција, кон енергетски независна општина. Се планира и информативно катче за зелена и праведна енергетска транзиција поддржано од Фондацијата ,,Фридрих Еберт”, Канцеларијата во Скопје и Здружението за зелено општество –„Гринер“. (Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар од ноември 2021 година, е дипломиран социолог, магистер по менаџмент на човечки ресурси. Од 2017 до 2020 година, беше заменик-директор на Државниот завод за индустриска сопственост, а потоа ја презеде функцијата директор. Од 2009 до 2017 година има работено во приватниот сектор, во компанија за испитување на јавното мислење и спроведување на комуникациските стратегии, што му овозможи детално да се запознае со потребите на локалното население. Има работно искуство и во Државниот завод за статистика, со задачи за организација и спроведување на статистички истражувања.) ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 39 ОБНОВУВАЊЕ НА НАШИОТ СВЕТ: ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА ЗА ПОЗЕЛЕНА ИДНИНА ЈОВАНА АВРАМОВСКА НИКОЛОВСКА ИВАНА ВУЧКОВА ТОЧНО Е ДЕКА ВО СКОПЈЕ, КОЈ Е ПРЕКРАСЕН ГРАД, СИТЕ ГО ДИШЕМЕ ИСТИОТ ВОЗДУХ А, Заклучоци од Социо-еколошкиот форум 2023 ЗА ЖАЛ, ВО ЗИМА ГРАДОТ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ВИДИМЕ ОД Што го врти светот? МАГЛА И ЧАД. НО, НЕКОИ ОД НАС МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ Според физичарите, светот се ДА ОДАТ ЕДНАШ НЕДЕЛНО НА ПЛАНИНА, ИМААТ ПОДОБРИ РАБОТНИ УСЛОВИ ШТО ИМ ОВОЗМОЖУВААТ врти затоа што е создаден преку вртење. Земјата ќе продолжи да се врти и природата ќе се обновува, со или СЛОБОДНО ВРЕМЕ ЗА ДА СЕ КАЧАТ НА ВОДНО. ДЕЛ ОД НАС МОЖАТ НЕКОЛКУ ПАТИ ВО ГОДИНАТА ДА ОДАТ без нас. Дејвид Атенбороу во својот последен документарец:„Животот на нашата планета“ изнесува многу НА ОДМОР. МОЖАТ ДА СИ КУПАТ И ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ. НО, КАЈ НАС, А И ВО РЕГИОНОТ, СЕКОЈ 5-ТИ ГРАЃАНИН ЖИВЕЕ ВО СИРОМАШТИЈА И НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИ СЕТО ТОА. добра поента:„Природата и дивината секогаш наоѓаат начин да се обноват.“ Доколку ние како луѓе станеме преголема пречка, природата може да најде начин да се обнови без нас. Затоа, ПА ТАКА, ЗАГАДУВАЊЕТО НЕ ВЛИЈАЕ ЕДНАКВО ВРЗ СИТЕ кога зборуваме за спас на животната средина, зборуваме, всушност, за сопствен спас, за спас на човековиот род. Новите претприемачи и иноватори веќе го немаат луксузот да решаваат само економски прашања, туку сè почесто треба да се запрашаат колку нивното решение е добро или лошо за околината. Новите бизниси сè почесто го напуштаат линеарното производство и се пренасочуваат кон циркуларна економија. Од друга страна, пак, сведоци сме на многу решенија кои доаѓаат од развиените земји, но се прескапи за стандардот на граѓаните во земјите во развој, како нашата. Со тоа, овие решенија често не се широко прифатени. 40 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Но, како да креираме подобри, еколошки решенија коишто во својата основа ја имаат социјалната комСПОРЕД ПРОФ. БРАУНХАРД, НУЛА ОТПАД Е РЕАЛНА ЦЕЛ, НО САМО АКО понента? Дали е возможно да го решиме проблемот со загадувањето, со решенија коишто се неприменливи КОМПАНИИТЕ ПРЕСТАНАТ ДА РАЗМИСЛУВААТ САМО ЗА ЕКОНОМСКИОТ БЕНЕФИТ, ТУКУ И ЗА СОЦИОили прескапи? И како зелената транзиција да стане праведна транзиција? Ова беа дел од темите на последниот Социо-еколошки форум организиран од Фондацијата„Фридрих Еберт“ – ЕКОЛОШКИОТ БЕНЕФИТ ШТО МОЖАТ ДА ГО СОЗДАДАТ. ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВААТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ НА НАЧИН НА КОЈ ТИЕ НЕМА ДА ЗАВРШАТ Скопје, на којшто говорници беа: сегашни и поранешни министри, градоначалници и носители на одлуки од ВО ОТПАД, ТУКУ ЌЕ БИДАТ ПОВТОРНО УПОТРЕБЕНИ ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ ПРОЦЕС. НО, ЗА ДА СЕ Северна Македонија, од европските земји и од регионот, но и истакнати активисти во светски рамки. ЗборуПОСТИГНЕ ОВА, ПОТРЕБНИ СЕ НОВИ„ПРАВИЛА НА ИГРА“, НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ. ЗАТОА ваа и професори, чии научни истражувања имаат за цел да понудат решенија за овие проблеми. Фокусот на форумот беа локалните политики коишто нудат уникатни решенија за ДЕНЕСКА ГИ ПОКАНИВМЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ, ЗА ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА МОЖНОСТИТЕ ШТО СЕ НУДАТ ЗА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ ВО ОВАА НАСОКА потребите на граѓаните во локалните заедници. Заклучоците од Форумот ги сумираат Јована Аврамовска Николовска од Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ и организаторката Ивана Вучкова од Фондацијата„Фридрих Еберт“, во стилот на поткастот:„Што го врти светот“. Во продолжение издвојуваме дел од заклучоците. Јована: Ивана, што го врти светот? Ивана: Светот го вртат луѓето. Верувам дека ќе продолжи да се врти, но прашање е дали ќе продолжи да се врти за сите луѓе? Дали водиме политики кои ќе ги вклучат сите или само оние кои се привилегирани. Дали сите го дишеме истиот воздух? Јована: Веќе е зима во Скопје, па темата логично ја насочуваме кон загадувањето на воздухот. Кога зборуваме за овој хроничен проблем, дали е случајно тоа што најчесто загадувањето е ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 41 најголемо во земјите со низок стандард? Затоа што, велиме, сите го дишеме истиот воздух. Ивана: Така велиме, но дали е така? Точно е дека во Скопје, кој е прекрасен град, сите го дишеме истиот воздух а, за жал, во зима градот не можеме да го видиме од магла и чад. Но, некои од нас можат да си дозволат да одат еднаш неделно на планина, имаат подобри работни услови што им овозможуваат слободно време за да се качат на Водно. Дел од нас можат неколку пати да одат на одмор. Можат да си купат и прочистувачи на воздухот. Но, кај нас, а и во регионот, секој 5-ти граѓанин живее во сиромаштија и не може да си го дозволи сето тоа. Па така, загадувањето не влијае врз сите еднакво. Во овој случај како да зборуваме за одржлив развој ако тој не ги вклучува сите? Во таа насока, еколошките и социјалните прашања не се спротивставени. Многу од нив произлегуваат од растечката нееднаквост. Мора да го смениме начинот на сè што правиме. Начинот на кој ги менаџираме нашите бизниси, начинот на кој купуваме и начинот на кој живееме. Само ако се создаваат политики, со кои соодветно ќе се санкционираат загадувачите, особено големите загадувачи, може да се заштитат граѓаните и да се избегнат поголеми кризи. Во оваа насока ќе го споменам и недостатокот од јавен превоз, што ќе им обезбеди на граѓаните евтин и еколошки превоз. Често се вели дека една држава е квалитетна, онолку колку што е квалитетен нејзиниот јавен превоз. Нула(0) отпад: Утопија или реалност? Вториот најголем проблем е дефинитивно отпадот. Во оваа насока се јавуваат многу нови движења, како циркуларна економија и идејата за 0 отпад. Возможно ли е тоа навистина? Ивана: Според проф. Браунхард, нашиот денешен говорник, 0 отпад е реална цел. Но, тоа е можно само ако компаниите престанат да размислуваат само за економскиот бенефит, туку и за социо-еколошкиот бенефит што можат да го создадат. Треба да размислуваат за користење на производствените материјали на начин на кој тие нема да завршат во отпад, туку повторно ќе бидат употребени во производствениот процес. Но, за да се постигне ова, потребни се нови„правила на игра“, нови можности за развој. Затоа, денеска ги поканивме и политичарите, за да зборуваме за можностите кои се нудат за одговорни бизниси во оваа насока. 42 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Јована: Кога зборуваме за 0 отпад, се прашував како е можно тоа. Секој кој има мало дете е свесен колку пелени се користат и фрлаат. Ова е само еден производ, а такви има многу, при што не е реално да сметаме дека ќе се вратиме на времето кога пелените се переле и се употребувале одново. Сега има безброј производи за една употреба. Ивана: Секако дека не треба да размислуваме за враќање на времето кога пелените се переа. Но, можеме да зборуваме за биоразградливи материјали. Па, мислам дека и ти слушна таков пример од една претприемачка. Да, Сања Лазаревска зборуваше за нејзините биоразградливи хулахопки. Таа продава биоразградливи хулахопки со алое, кои се произведуваат во уникатен производствен процес. Тие се разградуваат по 4 години откако ќе бидат фрлени во от– пад. Ова е особено интересно за СЛУШНАВМЕ МНОГУ ДОБРИ ПРИМЕРИ, ПОКРАЈ македонскиот пазар, каде што луѓето се интересираат најмногу на заработка од бизнисите. ПРОБЛЕМИТЕ. ЦРЕС, ГРАД ВО ХРВАТСКА, ШТО СЕ СМЕТА ЗА ЛИДЕР ВО ОВАА ОБЛАСТ, СТАНУВА СЕСТРИНСКИ ГРАД Таа ги постигна и двете цели, ги произведе хулахопките и затоа што се уникатни успеа полесно СО ВАЛАНДОВО. ЕКСПЕРТ ОД ТАМУ ЌЕ СОРАБОТУВА СО ВАЛАНДОВО ЗА ДА ГО НАПРАВИ ЕНЕРГЕТСКИ да ги извезе на европскиот и американскиот пазар. На тој начин обезбеди голема заработувачка НЕЗАВИСЕН ГРАД. СЕПАК, ХРВАТСКА ИМА НЕШТО ШТО НИЕ ГО НЕМАМЕ. ИМА ОДЛИЧЕН ПРИСТАП ДО за својата компанија. Таа беше финансиски поддржана од државата, преку ФИТР за технолошки ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ. ОНА ШТО Е ПОЗИТИВНО Е ДЕКА МОЖЕМЕ ЗАЕДНО ДА НАЈДЕМЕ НАЧИН ДА ИМАМЕ развој. Ваквите компании можат да отворат и нови, подобро платени работни места, но и да ПОЛЗА ОД ОВИЕ ФОНДОВИ. НО, НАЈВАЖНО Е ДА НЕ ЧЕКАМЕ ПОДДРШКА САМО ОД НАДВОР, ТУКУ ДА БАРАМЕ понудат подобри услови за работа од оние кои традиционално работат, во текстилната инРЕШЕНИЈА САМИТЕ, ВО РАМКИ НА ОПШТИНИТЕ. ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР Е ОПШТИНА ЦЕНТАР, КОЈА ГО СОЗДАДЕ ПРВОТО дустрија и другите трудово-интензивни индустрии. Затоа што таму платите на работ– ТРГОВСКО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, ИЛИ СО ниците се многу ниски. Па не знаеме, можеби некој ќе направи СКРАТЕН НАЗИВ:„ЕНЕРГИЈА ЦЕНТАР“ ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 43 и биоразградливи пелени. Но, што правиме со цената на овие продукти? Како да станат широко прифатени, ако биоразградливите продукти, како цевките и чашите од хартија, се неколку пати поскапи од пластичните? Знаеме дека во ЕУ го нема овој проблем, но кај нас е така, а пазарот е исклучително ценовно сензитивен. Или, пак, како ќе го решиме проблемот со превозот, кога електричните автомобили се поскапи и потешко достапни. Да, јавниот превоз е најдобро решение, но кај нас нема квалитетен јавен превоз, а во најголем број градови нема никаков. Дали тоа значи дека за да се биде еколошки од– говорен, овие категории на луѓе, на кои евтините и штетни автомобили им се единствена опција за превоз, треба да останат заклучени дома? Дали на овој начин не се отежнува нивната можност да излезат од сиромаштија? Како да се изнајдат решенија коишто можат веднаш да се применат, додека се работи на решенија на овие проблеми? Sharing is caring: Добрите локални практики во регионот и кај нас Има ли добри примери од регионот кои беа споделени со публиката на Социо-еколошкиот форум? Ивана: Слушнавме многу добри примери, покрај проблемите. Црес, град во Хрватска што се смета за лидер во оваа област, станува сестрински град со Валандово. Експерт од таму ќе соработува со Валандово за да го направи енергетски независен град. Сепак, Хрватска има нешто што ние го немаме. Има одличен пристап до европските фондови. Она што е позитивно е дека можеме заедно да изнајдеме начин да имаме бенефит од овие фондови. Сепак, најважно е ние да не чекаме поддршка само од надвор, туку да бараме решенија самите, во рамки на општините. Позитивен пример е Општина Центар, која го создаде првото трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, или со скратен назив:„Енергија Центар“. Ова е со цел Општината да стане целосно енергетски независна преку обезбедување на енергија од обновливи извори. Локалните власти надминаа сериозни пречки во овој однос, особено административни, додека ја реализираа нивната цел. Но, имаат успех. Ваквите иницијативи не се важни само за општините, туку и за граѓаните. Нивната реализација покажува дека може и кај нас да се случи вакво нешто. И токму тоа ни треба, поддршка и од надвор, но и од внатре. 44 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ЗЕЛEНА ТРАНЗИЦИЈА Јована: Можеби ние граѓаните и граѓанските организации треба да бидеме активни набљудувачи, да ги мониторираме институциите. Ги гледавме ревизорските извештаи на една од работилниците. Оценката на граѓаните и здравиот натпревар меѓу општините Ивана: Како невладин, граѓански сектор, треба да правиме постојан притисок и да ги истакнуваме добрите примери, наспроти оние другите. Да бидеме активни граѓани во овој дел, не само на денот на избори, туку и во текот на целиот мандат на избраните власти. Сепак, видовме дека има градоначалници кои умеат да слушаат. Тоа е точно, веќе имаме искуство со мониторирање на трошењето на општините, преку Индексот за отвореност на општините. Го мериме трета година по ред и веќе гледаме еден позитивен натпревар меѓу општините. А со самото тоа и подобрување. Така што, наше е да кажуваме и да работиме со општините. Често гледаме дека и граѓаните знаат да направат добра проценка и да ги поддржат оние кои вистински работат во нивен интерес. Работниците се најодржливиот и најважниот ресурс На крајот од разговорот соговорниците се согласија дека имаше многу добри поенти и заклучоци изведени во текот на овогодишниот, трет Социо-еколошки форум. Особено е важно во еколошката, зелена транзиција, да се мисли и на работниците и нивните работни места. Треба да се создадат програми што ќе им овозможат други работни позиции, барани на пазарот. Ова е особено истакнато во рударството и индустриите што создаваат голем јаглероден отпечаток. Важно е да се вложува во решенија што ќе бидат достапни за сите граѓани. Само така, зелената транзиција и напредокот ќе може да ги вклучи сите категории граѓани. Зелената транзиција е возможна само ако е праведна! (Јована Аврамовска Николовска, работи во, и со медиуми и медиумски содржини изминатите 10 години. Таа е поранешен советник на министерот за финансии во областа односи со јавност и финансиска транспарентност. Има работено на повеќе комуникациски кампањи, маркетинг и односи со јавност за компании, како и на кампањи за издигнување на јавната свест. Во Здружението за истражувања и анализи, Јована е дел од тимот кој работи на: ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 45 претприемништво, развој на бизнис-модели и циркуларна економија. Во јавноста е позната и како водител на саркастично-хумористичната емисија:„Фчерашни Новости“. Нејзиниот најнов проект е:„Што го врти светот?“ кој вклучува соговорници од различни области. Поткастот побудува особен интерес кај помладата публика.) (Ивана Вучкова е проект-менаџерка во Фондацијата„Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје, каде раководи со активности од областа на: економијата, енергетиката и одржливиот развој. Вучкова има магистрирано на Програмата за Економско управување и развој на Академијата на ОБСЕ. Таа е авторка или коавторка на повеќе трудови и изданија од споменатите области, вклучувајќи го и првиот„Прирачник на аргументи за правично и еколошко општество во Европа“. Во рамки на својот професионален и личен развој, Вучкова се залага за промовирање на праведни економски политики, во согласност со потребите на граѓаните и животната средина.) 46 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 20 12|2023 ISSN 2671-3209