СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА Стандардите на високото образование број 22 12|2024 СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА Стандардите на високото образование СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ број 22 12|2024 ИМПРЕСУМ П Р Е Д И З В И Ц И списание за општествени прашања ТРИМЕСЕЧНИК излегува четирипати годишно (март/јуни/септември/декември) ГОДИНА V БРОЈ 22 ДЕКЕМВРИ 2024 Eлектронска публикација/примерок ИЗДАВА ФОНДАЦИЈА„ФРИДРИХ ЕБЕРТ“ – СКОПЈЕ ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Нита Старова, Фондација Фридрих Еберт РЕДАКЦИЈА: Мила Ристановска Евгенија Јанакиеска Стефанија Кузмановска Бежика Асан Ера Ѓакова ПРЕВОД ОД АЛБАНСКИ НА МАКЕДОНСКИ: Блерина Старова Златку ЛЕКТОР: Инда Костова Савиќ ГРАФИЧКИ УРЕДНИК: Стефан Стојковски, KОНТУРА Текстовите се примаат на адреса: Фондација„Фридрих Еберт“ бул.„8 Септември“ 2/2-5 1000 Скопје(ТЦЦ Гранд Плаза) Тел.+ 389 2 3093-181/-182 E-пошта: nita.starova@fes-skopje.org Ставовите изразени во авторските текстови не нужно ги одразуваат ставовите на Фондацијата„Фридрих Еберт“ канц. Скопје СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Фондацијата Фридрих Еберт почна со издавање на списанието“Предизвици” во 2019 година со идеја да понуди платформа за анализа и искажување на мислења и ставови за сите предизвици со кои Северна Македонија се соочува на политички и општествен план, сега и ќе се соочува во иднина. Во изминатите 5 години беа издадени вкупно 20 изданија на списанието на различни актуелни теми на кои пишуваа еминенти автори од земјата и регионот. Авторите ги споделува своите ставови во насока на клучните реформи и политики на кои треба да се посвети внимание и критички ги дискутира моменталните достигнувања. Сите членови на уредничкиот одбор несебично се вложија во овие 5 години за одржување на континуитетот, актуелноста и квалитетот на секое издание. По 5 годишно постоење, Фондацијата Фридрих Еберт во консултација со членовите на редакцијата на списанието одлучи дека е време на“Предизвици“ да му се даде еден нов, поинaков лик и контекст. Одлучивме дека списанието треба да им послужи како простор за искажување на ставови на оние кои најмалку добиваат можност за тоа – на младите луѓе.“Предизвици” и понатаму понатаму ќе обработува разни предизвици, но од сега од гледна точка на младите во земјата и регионот. Им благодариме на сите досегашни автори за нивните искрени и остри анализи и коментари и се надеваме дека овозможивме корисни податоци за сите читатели. Особена благодарност до сите наши соработници кои во изминатите години беа вклучени во уредувачкиот одбор и дадоа свој допринес во градење на успешна соработка. Воедно и посакуваме многу успех на новата редакција составена од млади и амбициозни девојки, кои уште од самиот почеток покажаа сериозен оптимизам и посветеност. Продолжете така и отварајте теми за сите предизвици за кои треба да се зборува! Нита Старова Program Manager, FES Skopje ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 3 ЕДИТОРИЈАЛ СТЕФАНИЈА КУЗМАНОВСКА Високото образование е еден од столбовите на современото општество и неговиот квалитет има директно влијание врз: развојот на економијата, иновациите и социјалната стабилност. Во свет на: брзи промени, дигитализација и глобализација, важно е да се постават стандарди кои не само што ќе го гарантираат квалитетот на образованието, туку и ќе го направат релевантно и прилагодливо на потребите на пазарот на трудот. Но, дали сегашните стандарди на високото образование навистина одговараат на предизвиците и дали се доволни за да обезбедат еднакви можности за сите студенти, независно од нивниот социо-економски статус? Денешните стандарди за високото образование често се фокусираат на формални процеси и на унапредување на академските и професионалните компетенции. Еден од најголемите предизвици денес е да се обезбеди високо образование кое нема да биде привилегија само за одредени групи, туку основно право за секого. Академската слобода и иновациите кои се предуслов за напредокот на науката и образованието секогаш не се поддржани од страна на стандардите кои ја поставуваат рамката на наставната активност. Инвестициите во образовните институции, особено во држави како Република Северна Македонија, се од клучно значење за создавање на едно инклузивно и праведно општество. Постојаното подобрување и флексибилност на наставните програми, развојот на дигитални и инклузивни образовни алатки, како и обезбедување на адекватна финансиска поддршка за сите студенти, не се само добар чекор напред, туку и морална обврска на државите и образовните власти. За да се обезбеди конкурентност и инклузивност на 4 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ високото образование, потребни се значајни промени во тековните стандарди. Пред сè, стандарди коишто го охрабруваат развојот на: практичните вештини, креативноста и критичкото размислување. Високото образование не само што го подготвува идниот интелектуален капацитет на нашето општество, туку создава можности за младите да бидат активни и одговорни учесници во општеството. Стандардите на високото образование треба да бидат прилагодени на потребите на студентите, без оглед на нивната положба, а за ова потребно е активно да се вклучат сите чинители – универзитети, студенти, власти, со цел да се создадеме систем којшто ќе им служи на сите. Дали студентите ќе ја изменат и подобрат иднината? Дали ќе создадеме образование што ќе ги оствари амбициите на сите? Да ја искористиме моќта на образованието и заеднички да создадеме поконкурентно и посолидарно општество! Да не дозволиме статусот на„студент“ да биде привилегија и да изградиме систем низ кој секој ќе може да се искачува по образовната скала! ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 5 СОДРЖИНА 4 ЕДИТОРИЈАЛ 7 КРИТИЧКОТО МИСЛЕЊЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СУМЕА РАМАДАНИ 10 РАБОТА И/ИЛИ СТУДИИ: МОЗАИКОТ НА СТУДЕНТСКИТЕ БИТКИ БРАНКИЦА НЕСТОРОВСКА 13 ИНТЕРВЈУ: ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НАТАЛИ КИТАНОСКА 19 ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНОСТА КАКО ИДНИНА НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ РИСТО САВЕСКИ 25 ИНТЕРВЈУ: ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ИДНИНАТА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ КАТЕРИНА КОЛОЗОВА 33 ИНКЛУЗИВНОСТА И РАЗНОВИДНОСТА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ: МЕТОДИ ЗА АДАПТАЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ОД РАЗЛИЧНИ КУЛТУРНИ СРЕДИНИ ОЗЛЕМ КУРТ 37 ИНТЕРВЈУ: СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ТЕОДОРА МИЛЕСКА 43 СООЧУВАЊЕ СО ДИСКРИМИНАЦИЈА И СТЕРЕОТИПИ ВО ТЕКОТ НА МОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ ЏЕВРИЈЕ ФАСИЉИ 45 ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА НА РАБОТ НА УНИШТУВАЊЕ АЛАРМОТ СЕ ОГЛАСУВА, НО НЕ СЕ СЛУША ОД НАДЛЕЖНИТЕ АРДИТ РАМАДАНИ 47 ПАТОТ КОН НЕВОЗМОЖНОТО: ИНТЕРГЕНЕРАЦИСКОТО ЧУДОТРАГАЊЕ КОН СТУДЕНТСКАТА ДЕМОКРАТИЈА БОРЈАН ЕФТИМОВ 51 МОЌТА НА СТУДЕНТСКИОТ ГЛАС: КОНСТРУКЦИЈА НА НАШАТА ИДНИНА СО ЗНАЕЊЕ И ХРАБРОСТ АДЕЛА АСАНИ 55 ЗНАЧЕЊЕТО НА ФОРМИРАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНОТО СТУДЕНТСКО ТЕЛО АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ 58 УЛОГАТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ЕФЕКТИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПРИРОДНИТЕ КАТАСТРОФИ ДОНЕ НИКОЛОВСКИ 62 СОЗДАВАЊЕ ИДНИНА: УЛОГАТА НА МЕНТОРСТВОТО ВО НАУЧНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ВАЛЕНТИНА СЛАВЕВСКА СТАМЕНКОВИЌ 66 МЛАДИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ НА ФРОНТОТ: ИЗВЕШТАЈ ОД ПРВА РАКА 75 МОЕТО ПАТУВАЊЕ НИЗ НОВИНАРСТВОТО И КУЛТУРАТА ЏЕМИЛИАНА АБДУЛОВА 78 ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ОБРАЗОВАНИЕТО МУХАМЕД ВЕЛИУ 6 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ КРИТИЧКОТО МИСЛЕЊЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СУМЕА РАМАДАНИ Сумеа Рамадани е универзитетски асистент, академски предавач, консултативен и клинички психолог. Таа е докторанд по Андрагогија. Пишува редовно колумни по локални и меѓународни списанија на разни општествени теми.) Критичкото мислење во високото о бразование е клучен елемент за поттикнување на свеста и ослободување од ограничувањата што ги имаат изградено традиционалните образовни системи. Светот се движи многу динамично и повеќе не може да се остане заробен во културата на тишината, во која гласот на студентите и нивната способност за критичко мислење е потисната. Системите што го негуваат еднонасочното учење и некритичкото прифаќање на информации создаваат простор на подготвеност само за адаптирање, а не и за поставување прашања и за трансформирање на општеството. Образованието не е, и не треба да биде неутрален процес. Во нашето општество, критичката свест често е етикетирана како анархија, но токму критичкото размислување носи вистинска слобода. Слободната свест не значи дека стануваме фанатици или неориентирани. Напротив, таа ни овозможува да ги препознаеме општествените неправди и да се бориме против нив. Често оние што се потчинети или во позиција на слабост, наместо да се борат за своја слобода, стануваат злобници во обид да ги имитираат и да ја поседуваат моќта на своите угнетувачи. Токму затоа, критичкото размислување е премногу важно во контекст на Македонија. Во време кога се стремиме кон реформи и ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 7 интеграција во пошироки глобални системи, неопходно е младата генерација да се приспособува за критичко размислување. Тоа ќе ја подготви не само за професионални предизвици, туку и за активно учество во општествените промени. Критичкото размислување ја руши динамиката на подреденост и доминација, што е суштината на секој угнетувачки систем. Меѓутоа, во многу наши образовни институции се негува моделот на„банкарски“ систем на образование, каде студентите се третираат како празни табели што треба да се наполнат со знаење, без да се поттикнува нивната креативност или критичка мисла. Вистинското образование не треба да биде само пренесување на информации и факти, туку длабок процес на заедничка интеракција меѓу наставникот и студентот, исполнет со инспирација и заемна почит. Наставникот не треба да биде само авторитет или единствен извор на знаење, туку водич кој помага студентите да се насочат кон својата внатрешна мудрост, да откријат нови перспективи и да развијат вештини за критичко размислување. Тој има одговорност да им помогне да се поврзат со својата реалност, да ги препознаат и преиспитаат сопствените уверувања и да ги разберат сложените: социјални, економски и културни процеси кои го обликуваат нивниот живот. Преку постојан дијалог и размислување, студентите учат како да го испитуваат светот околу себе и да поставуваат прашања што водат кон вистинска промена. Критичкото размислување не е само интелектуална вежба – тоа е основа за создавање свесни и одговорни граѓани кои можат да се соочат со предизвиците на современото општество. Вистинската слобода доаѓа со свесноста за одговорноста што ја носат, и само преку развивање на критичко размислување младите ќе можат да ја прифатат таа одговорност и да ја искористат за подобрување на светот во кој живеат. Образовниот систем што ги држи младите: пасивни, замолчени и стандардизирани, без можност за изразување на нивната индивидуалност и креативност, претставува систем што ги спречува да го постигнат својот полн потенцијал. Ние не можеме да се согласиме со таков пристап. Наместо тоа, треба: да го негуваме духот на љубопитност и љубов кон знаењето; да ги поттикнуваме младите да ја истражуваат својата реалност и да станат активни учесници во неа. Љубовта кон: животот, слободата и вистината е клучот за личен и колективен напредок. 8 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 21 09|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Само преку: активно учество, критичко размислување и отворен дијалог, можеме да ја трансформираме нашата сегашност и да создаваме иднина во која секој поединец ќе биде вреднуван, а неговиот потенцијал препознаен и поддржан. Образованието, на крајот, треба да биде светлина што ги води младите кон поинакво, подобро општество, каде што нивните идеи, соништа и стремежи ќе се претворат во реалност. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 9 РАБОТА И/ИЛИ СТУДИИ: МОЗАИКОТ НА СТУДЕНТСКИТЕ БИТКИ БРАНКИЦА НЕСТОРОВСКА Бранкица Несторовска е студентка на Правен факултет„Јустинијан Први“- Скопје, на Мастер студиите по финансии и финансово право. Нејзина пасија е правото, има посебен интерес за општествените прашања и огромна љубов кон пишаниот збор. Средношколските денови се наближуваа сè повеќе кон крајот, а плановите за иднината сè повеќе почнуваа да се актуализираат. Еден од професорите неколку пати замоли за внимание пред да не посоветува:„Немојте да се прецените, но немојте ни да се потцените“. И сега, неколку години подоцна, оваа мисла секогаш ја споделувам со младите кои ќе се најдат на таа чудна раскрсница. Претпоставувам дека професорот до ден-денес стои на истиот став, а јас сметам дека го послушав, па дури и дека не грешив. Сепак, да почнеме од почеток. Имаме многу да си кажеме, а нешто ќе остане и недокажано. Имаш неполни 20 години и доколку науката не те заинтересирала дотогаш, веројатноста допрва да се случи некоја промена е релативно мала. Сепак, размислуваш, правиш процени и компарации, те засегаат одлуките на друштвото, а тука е и семејството. Низата започнува: Да почнам со работа или да пробам со студии? Како родителите ќе реагираат на мојата одлука? Дали да ја исполнам желбата на мајка ми и татко ми? Другарите и другарките одлучија да студираат, зошто да не и јас? И уште безброј прашалници, се чини премногу за малкуте години. Натежнуваат, но совршено се снаоѓаш и продолжуваш дури и кога сè помалку ти е јасно: каде, како и зошто. Особено интересно ми е прашањето што ги тангира 10 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ родителите, поточно нивната„моќ“ да влијаат на многу начини во донесувањето различни одлуки, повикувајќи се на нивната безусловна љубов. Љубовта што знае да се претвори во сенка која не само што детето го штити од бурите на животот, туку и од светлината на сопствената патека. И, овде, не можам а да не се присетам на зборовите на познатиот индиски филозоф Ошо кој во својата книга: „Живот, љубов, смеа“ пишува:„Децата не се сопственост на нивните родители“. Вистината е токму таа, колку и да е тешко да се прифати или признае, бидејќи секој треба да е среќен со тоа што го прави. Значи, академското звање не е дефиницијата за среќа за секого. Ќе повториме уште еднаш дека среќен си кога тоа што го работиш ти дава полет и ентузијазам дека можеш повеќе и ќе бидеш подобар. Од друга страна, за оние кои тргнале низ студентските лавиринти, претпоставувам дека идеалниот студентски живот би изгледал вака некако: утра исполнети со предавања, попладне за учење, вечери резервирани за прошетки, кино, кафиња со пријатели. И, ова би го дефинирала како една одлична хармонија на обврски и задоволства. Но, дали и колку денес оваа замисла е реална? Ајде да тргнеме од фактот дека според податоците на„Евростат“ за 2022 година, една четвртина од сите млади луѓе во Европската Унија работеле во текот на школувањето. Меѓу другото, бројките бележат тенденција на раст од година во година. Ситуацијата е подеднакво рефлектирана и во Македонија. Реалноста е дека во минатото, работата за време на студии не била толку вообичаена пракса. Денес, пак, за работа за време на студии се одлучуваат не само студентите кои практично и немаат некој друг избор, туку и оние кои„сркаат со златни лажици“. Да, едните ќе купат леб, другите многу повеќе, но фокусот го ставаме на заедничките содржатели – прифаќањето ризици, соочувањето со предизвици, вложувањето труд. Или, најважно од сè, сè поголемата желба за независност која времињата ја носат со себе. Нејсе, низата од прашања продолжува: Дали ќе успеам? Што ако работата го наплати данокот од студиите? Кога конечно ќе одморам? Заработувам, но дали е доволно? А, овде честопати прострелува „Work and travel“ мислата или: Америка, Германија, Хрватска... Конкретно во Македонија, ниту со еден законски акт не е регулирана работата за време на студии. Во Законот за работните односи, во член 250, е предвидена само практичната работа на студентите во рамки на образовната програма, а прашањето:„дали можам да се вработам и да студирам во исто време“, како да лебди во воздух. Одговорот е дека можете, но бидејќи ќе бидете спречени ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 11 да следите предавања заради работни обврски, ќе немате друга опција освен опцијата вонреден студент или, со други зборови: повисока партиципација, полагање испити, неисполнување услови за стипендија, за субвенциониран студентски оброк, за годишен билет за јавен превоз, и сл. На пример, во Словенија, во која работата за време на студии е законски регулирана, студентите можат да работат и по 40 часа неделно и иако не се работи за редовен работен однос, државата ова го признава како работно искуство, за разлика од кај нас кога после дипломирање огласите во кои се бара искуство се примаат во шок и неверување. Кај нас се чини дека сите тие процеси наликуваат на маѓепсан круг од кој години наназад решение не може да се најде. Или се нема волја? Или никнуваат„поважни“ прашања? Прашањето е: Ќе го добиеме ли решението, или подобро – кога? Па, колку и да ми смета да ги слушам компарациите на одредени состојби во Македонија со било која друга земја во која„цветат ружи“, за волја на вистината и во интерес на фактите, едноставно морав во ситуацијава и сама да ги правам истите. На крајот на денот, проблемите со молчење не се надминуваат. Понекогаш ни спротивното не помага, но наше е да не се откажуваме, зашто сè дотогаш надеж постои. А, без надеж, постоењето ја губи смислата. Па, драг студенту/читателу, ова е мојата прва колумна настрана од сè она што го пишувам од, и за своја душа. Ти ја посветувам тебе! Независно од тоа каква одлука си донел, независно од тоа кое делче од мозаикот си го избрал, верувај дека не си погрешил, особено ако си се послушал себеси. И, да! Верувај во себе, бидејќи длабоко во тебе се крие неизмерна сила пред која секоја битка станува незначителна. 12 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИНТЕРВЈУ: ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НАТАЛИ КИТАНОСКА 1. Како високото образование треба да ги прилагоди своите програми за да бидат инклузивни за студентите со различни видови попречености? Кога се отвора ова прашање, најчесто имаме тенденција на решавање на истото со искуство од претходните пракси, односно она што сме го направиле за учениците од основното и средното образование да го направиме и за студентите. Меѓутоа, во никој случај не можеме да ги поистоветуваме процесите. Она на што посочувам се индивидуалните образовни планови кои, нели, се користат во основното и средното образование за децата и адолесцентите со попреченост. Во високото образование, каде се очекува да произлезат професионалци, не треба да се стремиме кон поедноставување на програмите, туку овозможување на подобар пристап до материјали, приспособување на универзитетските згради за непречен пристап на сите студенти. Ова вклучува создавање на повеќе средства за: ангажирање, претставување и изразување за да се приспособат на различни потреби. Воедно и персонализирана поддршка што се усогласува со нивните академски цели. Меѓутоа, сето тоа мора да се реши системски, преку политики кои наложуваат промени за вклучување на сите нивоа. Добар момент во образованието беше кога се овозможи бесплатно високо образование за сите лица со попреченост, меѓутоа таквиот ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 13 пристап реши само еден предизвик – финансискиот. Меѓутоа, што по запишувањето на лицата со попреченост на факултет, како понатаму? 2. Кои технолошки и дигитални алатки(асистивна технологија) треба да се користат за да се поддржат студентите со попреченост? Високото образование кај нас не е бесплатно, материјалите за учење сè уште ги набавуваат самите студенти. Иако ги има и во библиотеките на некои институти, тие не можат да ги услужат сите студенти кои имаат потреба од учебниците, а не можат сами да си ги обезбедат. Тоа е кога зборуваме за материјалите на кои сме навикнати да ги имаме, печатените најобични книги, но што се случува со асистивната технологија и адаптираните материјали и колку ги има на универзитетите? Еве што сè треба да имаат студентите со попреченост на универзитетите за лицата со оштетен вид: софтвери за конвертирање на текстот во глас, сега со вештачката интелигенција тоа е многу полесно, и нема да биде воопшто скапо, читачи на екран, како што се JAWS(Job Access With Speech) или NVDA(NonVisual Desktop Access) и во секој случај книги со Брајово писмо. За мене, покрај новите технологии, стариот пристап, односно книгите што можат да се допрат, тактилниот начин на примање на информацијата кај лицата со оштетен вид, колку и да има измени во пристапот, секогаш ќе останат на прво место. За оштетување на слухот треба да се воведат алатки за титлови во реално време, апликации за транскрипција и тука, секако, би поттикнала да се обезбедуваат што повеќе слушни апарати, со цел да биде поинклузивен системот и поинклузивно образованието. За физичка попреченост тоа би биле адаптивни тастатури, тука се и софтверите за следење со очи кои се навистина од особена важност и помагала за мобилност во кои се интегрирани едукативни алатки. Сега, се разбира, се земаат предвид и тешкотиите во учењето, момент кој мора да се запази. Најдобра платформа за работа е Кurzweil 3000 која помага во подобра организација и стратегии за учење, го олеснува учењето кај лицата со дислексија и слични нарушувања. 14 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ 3. Дали постои структурирана поддршка за студентите со попреченост, како: тутори, ментори или специјализирани служби? За жал, личната асистенција остана да биде единствената поддршка за лицата со попреченост. Тоа не е наменето посебно за студенти, туку е дефинирано согласно видот на попреченост што го има едно лице. Со последните измени на Законот за социјална заштита се внесени и лицата со комбинирани пречки. Меѓутоа, тоа нема никаква поврзаност со едукативниот елемент во животот на лицата со попреченост, туку со помошта во нивните секојдневни активности. Поддршката е ограничена во однос на часовите и, секако, бројот на асистенти кои се достапни за соработка. Што значи дека немаме структурирана поддршка во високото образование. Се разбира, има дополнително обучување на кадрите кои работат со студенти со попреченост, но тоа не е доволно. Потребно е воведување на лица/ментори кои ќе бидат постојано присутни на предавањата, кои ќе ги забележуваат потребите на студентите и ќе работат на приспособување на начинот на кој се предава материјалот. Тука не се работи само за лицата со попреченост, туку за сите студенти. Веќе старите пристапи на работа не се привлечни, а не се ни корисни. Овие ментори, се разбира, нема да имаат улога само на тутори или луѓе кои помагаат во совладување на материјалот, но и психосоцијална поддршка. Универзитетите не ги подготвуваат студентите само академски, туку и за животот, нели? 4. Какви прилагодувања би требало да се достапни за студентите со попреченост при: приемните испити, редовните студиски активности и испитите? Кога градиме еден систем или градиме општество кое ќе биде инклузивно, треба да ги земеме предвид сите аспекти, да ги погледнеме различните начини на функционирање и тоа дека сите не се исти! Секој човек има различен начин на комуникација, мислата му тече поинаку... Па, така, произлегува прашањето зошто: приемните испити, активностите, полагањата, уште во голем дел се само со хартија и пенкало, односно една форма на изразување. Потребно е за секој предмет да има можност за алтернативни форми на полагање – усно, проектно, преку организирање активности, со примена или, можеби, продолжено време за изразување. Потребно е просториите во кои ќе се одржуваат активностите или испитите да се тивки и приспособени, да овозможуваат простор за ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 15 истражување. Она што честопати одбегнуваме да го зборуваме се непотребните бариери кои се поставуваат при испитувањето, не се фокусираат испитувачите, односно професорите или комисијата на вештините или применото знаење, туку на чиста теорија, која, можеби, и ништо не значи ако ја знаеме само така. Онаа асистивна технологија, што ја спомнавме, што мора да ја има при завршување на образованието, мора да ја има и при полагањето, за да може сите студенти да имаат иста стартна позиција кога доаѓа до моментот на мерење на способностите и знаењата. 5. Дали инфраструктурата(згради, пристапни патеки, лифтови) на универзитетот е целосно достапна за студентите со физички попречености? Скоро секој факултет кој е во склоп на универзитетите кај нас има различна зграда, дел од нив се пристапни, дел од нив не се. Тоа се должи на годините кога е изградена зградата, дали истата се осмислувала по стандардите за инклузија, и слично. Секако, согласно законите секоја нова зграда треба да биде пристапна. Бидејќи сме на пат да градиме инклузивно општество, или едно општество за сите, универзитетите треба да направат ревизија на оние згради кои не се пристапни и да ја надоградат или приспособат инфраструктурата. Нели, со задолжителни рампи, лифтови со приспособување на предавачките сали и лаборатории со адаптивен мебел којшто е особено важен. 6. Како би требало се информира и едуцира наставниот кадар и студентите со, и без попреченост, за потребите и правата на студентите со попреченост? Јас ова прашање го третирам како нешто што веќе треба да се знае. Затоа што не е нешто ново со кое се соочуваме, не ги измисливме попреченостите сега, само прашањето е зошто некогаш сме ги исклучиле намерно познавањата за потребите и правата на студентите со попреченост. Но, кога веќе се соочуваме со тоа, од особена важност е кадарот кој веќе е во работен однос да помине низ голем број на работилници кои вклучуваат различни аспекти: познавање на попреченоста, инклузивна педагогија, но и познавање на асистивната технологија. За жал, голем број од професорите на високообразовните институции не знаат како функционира асистивната технологија, затоа што не ни биле соочени со потребата да ја познаваат нејзината функција. 16 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Поттикнувам наставниот кадар да биде вклучен во иницијативите од самите студенти со попреченост, од нивните колеги кои работат на темата, но и на меѓународни настани од таа област. Функционирањето на лицата со попреченост не се учи само преку теорија, туку и преку секојдневно делување заедно со нив. Преку заеднички активности и преку реална и заемна комуникација. И на крајот, секако, измената на закони, но измена на закони со предлози кои доаѓаат од академската фела, оние кои научно и од искуство ги познаваат предизвиците од терен. 7. Какви се искуствата на студентите со попреченост во однос на социјалната инклузија во студентските заедници и активности? Студентите со попреченост секогаш се соочувале со изолација: системска, општествена, социјална. Меѓутоа, во изминатите години тоа се менува. Со целокупниот процес на инклузија лицата со попреченост се повидливи во општеството и на таков начин се дел од настаните кои се општествено важни. Вклучувањето на лицата со попреченост во студентските заедници и активности е сè почесто, не онолку колку што би требало, но е почест случај од претходно. Особено се вклучуваат со сопствени иницијативи и предлози за активности. Свеста на студентите е на високо ниво, со исклучоци, се разбира, но целокупната слика се менува. 8. Кои се најголемите предизвици што ги наведуваат студентите со попреченост при интеграцијата во високото образование и кои мерки би можеле да ги подобрат овие аспекти? Предизвиците би ги поделила на два аспекта – физички и општествени. Во физичките бариери влегуваат: пристапноста, материјалите за учење, асистивната технологија, мебелот во предавалните, потребата од ментори, алатките за комуникација. Општествениот аспект би бил: социјалната изолација, свеста на наставниот кадар, ограничените познавања на сите вклучени во институцијата во однос на попреченоста, од вработени во студентски прашања, до највисоките структури. Клучот за подобрување секогаш ќе биде во поголемата едукација, законски измени и промена на системот. Кога зборувам ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 17 за едукација или доквалификации не мислам само за професорите или за асистентите кои работат во едукативниот процес, мислам и на кадарот кој работи во администрација. Да работиме и на општествениот елемент, како лицата со попреченост да се чувствуваат прифатено во секој сегмент во зградата, од пиење кафе во бифе, до пополнување на пријава за испит. Повеќе материјали за учење, овозможување на пристап до нив, обезбедување на асистивни материјали во секој универзитет, за да не ги ограничиме студентите со попреченост што можат, или не можат да бидат. Инклузијата на студентите не може да се случи преку ноќ, ниту обучувањето на професорите за работа со нив, затоа неопходни се тутори и ментори кои ќе бидат од корист на студентите. За сега ова се моите предлози, ако успееме во ова, ќе зборуваме и за повеќе. 18 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНОСТА КАКО ИДНИНА НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ РИСТО САВЕСКИ Ристо Савески е Претседател на Младинскиот образовен форум и активен учесник во граѓанското општество, на домашен и меѓународен план. Неговиот ангажман се состои од активности, методи и истражувања кои придонесуваат за унапредување на младинскиот активизам, позитивниот мир и интеркултурен дијалог. Тој има искуство и во програми за поддршка на човековите права и борбата против радикализацијата и екстремизмот меѓу младите Една од главните одлики на човековата еволуција е способноста за адаптација, карактеристика што му овозможува на човекот да опстане и да се развива низ променливи средини и непредвидливи услови. Преку еволуцијата, човечкиот мозок се усовршува не само за специфични задачи, туку и за: учење, размислување и приспособување на нови знаења. Во денешно време, оваа потреба за адаптибилност можеби е поголема од кога и да е, со оглед на: брзиот технолошки развој, глобалните социо-економски предизвици и преплетувања на различни области на животот и науката. Образованието, како процес што ги подготвува идните генерации, е потребно да содржи динамика и да создава личности со широк спектар на знаења и вештини. Интердисциплинарноста претставува еден од највисоките облици на адаптација во современиот образовен систем. Таа комбинира различни науки и пристапи со цел да им овозможи на студентите да стекнат комплексни вештини, кои ќе им помогнат да се ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 19 прилагодат и да бидат креативни во справувањето со идните предизвици, имајќи еден целисходен пристап. Традиционалните академски структури, кои често ги сегментираат знаењата по тесни дисциплини, сè повеќе покажуваат ограничувања во подготовката на студентите за пазарот на трудот. 1 Како резултат на тоа, се јавува подем на интердисциплинарните студиски програми, бидејќи поттикнуваат мултидимензионално размислување и решавање проблеми. Овие карактеристики се клучни квалитети за успех во денешниот професионален и глобализиран свет. Во Македонија има мал број на додипломски програми, кои во(не)ограничено ниво, го нудат овој начин на студирање и изучување на материите. Истите претежно гравитираат на општествените науки. Но, кои се навистина предностите и предизвиците при имплементација на овој начин на студирање? Најнапред, интердисциплинарните студиски програми ги охрабруваат студентите да комбинираат различни области на знаење за да решат одредени проблеми. Интердисциплинарното студирање значи фузија на логиката и начинот на размислување од различни области. Тој стил на студирање ги екипира студентите со различни светогледи за една иста област. На пример, ако студираат историја и ако разгледуваат одреден период од историјата, тој период може да го анализираат од аспект на: економијата, филозофијата, културата и правото истовремено. Понатаму, мултидисциплинарните студии овозможуваат и многу поголема флексибилност на пазарот на трудот. Зголемувајќи го професионалниот потенцијал на студентите, интердисциплинарноста влијае и на побарувачката. Сè поголем број на работодавачи вреднуваат широк спектар на прилагодливи вештини. Дополнително од субјективна точка на студентот, има мноштво на правци и„тезги“ кои може да ги одбере на пазарот на трудот, по завршувањето на своето академско образование. Во сржта на интердисциплинарноста лежи критичкото и аналитичкото размислување. Тоа значи дека кадрите што произлегуваат од тие студиски програми ја имаат развиено техниката на разгледување на проблемите од различни и повеќе перспективи. Ваквите студии често опфаќаат и глобални и етички прашања, што им овозможуваат на студентите да го разберат светот низ различни призми. Поттикнувањето 1 Weingart, Peter, and Nico Stehr. Practising Interdisciplinarity. Toronto, University of Toronto, 2000. 20 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ на етичката свест не само што им помага на студентите да развијат одговорно размислување, туку и ги подготвува да станат активни граѓани кои можат да придонесат за позитивни промени во своите заедници. Исто така, пристапот, во принцип, има потенцијал да ги надмине границите на традиционалните универзалистички теории. Со комбинирање на знаење од различни области, интердисциплинарното образование ги вклучува гласовите и искуствата од различни култури и региони. Ова поттикнува интеркултурен дијалог кој се стреми да разбере одредени проблеми низ повеќе културни перспективи и да изнајде решенија што се применливи глобално. 2 На пример, при анализа на прашања како глобалното здравје, дисциплини како: медицината, антропологијата, економијата и етиката се комбинираат за да се осмислат приоди што ги почитуваат културните разлики и потребите на локалните заедници, со што се создаваат инклузивни политики и практики. Следствено на тоа, мноштвото на аспекти на истражување, ги вклучува и: културолошките, економските и политичките. Ова на студентите им овозможува да ги развијат своите космополитски вредности, односно вредности што го надминуваат локалното и националното и што ги подготвуваат за живот и работа во глобализиран свет. Преку интеркултурна работа, студентите не само што ги разбираат различните пристапи и вредности, туку и создаваат ментален склоп кој ги охрабрува да бидат отворени кон различни: култури, мислења и решенија. Еден пример за ваква програма е моделот на„Глобални студии“ кој се фокусира на глобалните прашања и вклучува курсеви од различни дисциплини, како: економија, право, екологија и културни студии, овозможувајќи им на студентите да развијат меѓународна перспектива на актуелните проблеми. Вмрежувањето на дузина дисциплини, овозможува студентите да имаат еден подинамичен начин на студирање, односно можност да ја менуваат атмосферата на учење, да имаат шанса за интеракција со свои врсници од други факултети и програми. Тоа значи дека наставата не се сведува само на теоретско знаење, туку нуди повеќе практични активности и тимска работа. Овој пристап ги мотивира студентите да се вклучат во проекти со колеги од различни области, со што се зголемува нивната интерактивност и учење преку размена на идеи и искуства. 2 Arjomand, Saïd Amir.„The Rise of Interdisciplinary Studies in Social Sciences and Humanities and the Challenge of Comparative Sociology“. European Journal of Social Theory, vol. 20, no. 2, 4 May 2016, pp. 292–306. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 21 Од аспект на науката, исто така, се отвора можност за соработка помеѓу самите професори и факултети на заеднички истражувачки проекти и научни трудови што комбинираат знаења од повеќе научни области, обезбедувајќи поширок и пообјективен поглед кон истражувачките проблеми. Така, на пример, проектите за одржлив развој често ги обединуваат професорите од: економија, биологија и инженерство, со цел да се развијат решенија за еколошките проблеми, што ги земаат предвид и економските и еколошките аспекти. Но, како и секоја промена, и оваа со сигурност може да наиде на проблеми при имплементацијата, особено земајќи го предвид монолитниот карактер на студиските програми. Воведувањето на интердисциплинарни студиски програми во универзитетите во Македонија и регионот може да биде клучен чекор во модернизацијата на високото образование. Но, неопходно е да се земат предвид и предизвиците што би следеле во процесот на претставување на овој концепт во моменталната академска атмосфера. Најнапред, постои недостаток на флексибилност во академските средини. На многу универзитети, академските структури се организирани во строго дефинирани дисциплини, кои се темелат врз традиционални наставни планови и методологија. Ова значи дека професорите и истражувачите може да имаат ограничени можности и ресурси за интегрирање на предмети од различни дисциплини. Понатаму, самото развивање на интердисциплинарни програми бара соодветни финансиски и материјални ресурси, за овозможување на ваков тип на наука. Универзитетите во Македонија се соочуваат со ограничени буџети и недостаток на инфраструктура што се неопходни за имплементација на овие програми. Во овој сегмент спаѓа и обезбедување на: лаборатории, специјализирани простории и софтвери, кои може да бидат дополнителен финансиски и логистички предизвик. Надоврзано на овој фактор е и акредитацијата на програмите. Универзитетските програми во Македонија се регулирани од Агенцијата за квалитет во високото образование. Оттука, строгите стандарди и процедури за акредитација, како и неприспособеноста на законските регулативи и протоколи, само дополнително ќе го отежни процесот на имплементација. Академскиот кадар игра клучна улога во спроведувањето на интердисциплинарното образование, но еден од најголемите предизвици е недостатокот на професори со искуство во предавање надвор од нивните специјализирани области. Многу универзитет22 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ски професори, кои се експерти во својата дисциплина, честопати немаат искуство или обука за работа во интердисциплинарен контекст, што може да ја ограничи ефективноста на интердисциплинарните програми. Овој недостаток води до потреба од професионален развој и обуки кои ќе им помогнат на професорите да ги развијат потребните вештини за комбинирање на различни области. Од друга страна, студентите, исто така, можат да претставуваат предизвик за овој процес, кога е во прашање интердисциплинарното образование. Честопати, студентите не се целосно информирани за придобивките од интердисциплинарните студии и може да претпочитаат традиционални, тесно фокусирани програми заради нивната јасна структура и јасно предодредени кариерни патишта. Без доволно познавање за тоа како интердисциплинарноста може да ги подобри нивните вештини и кариерни можности, студентите можат да покажат ограничен интерес. Овие предизвици сугерираат дека, иако постои значителен потенцијал за интердисциплинарноста во образованието, за успешна имплементација е потребно да се обезбеди една поширока поддршка на институционално ниво, како и развој на образовни програми кои ќе ги едуцираат студентите и работодавачите за придобивките од ваквиот метод на студирање. На локално ниво, во Македонија, не постојат многу примери на интердисциплинарни студиски програми. На пример, на Филозофскиот факултет при УКИМ, постои програмата по Меѓународни и интеркултурни студии 3 , која нуди предмети од скоро сите институти на факултетот, како и на Правниот и Економскиот факултет. Друга таква програма, која моментално е во мирување се Студиите по инженерство на животна средина и ресурси 4 на Машинскиот факултет. Овие студии ги комбинираат: Машинскиот факултет, Градежниот факултет и Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. 3 Филозофски факултет – Скопје. Студиска програма меѓународни и интеркултурни студии I циклус – Филозофски факултет. 2022, fzf.ukim.edu.mk/%D1%81%D1%82%D1 %83%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3 %D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D1%80-1-2-8-2022/. 4 Машински факултет – Скопје. Студии по инженерство на животна средина и ресурси. 2024, www.mf.ukim.edu.mk/mk/%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0% B8%D0%B8-%D0%BF%D0%BE-%D0%B8%D0%BD%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B 5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8 %D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%83%D1%80%D1%81%D0%B8. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 23 Додека, пак, на светско ниво има многу позастапени примери на интердисциплинарни студии. Забележливи се: Универзитетот на Харвард, со програмата за Екологија и инженерство(Environmental Science and Engineering) 5 , програмите на Универзитетот Стенфорд со Еколошките интердисциплинарни програми(Earth Systems Program и Emmett Interdisciplinary Program in Environment and Resources) 6 . Следејќи ги овие глобални примери на престижни универзитети, имплементацијата на интердисциплинарните студиски програми во Македонија, освен поголема конкурентност, ќе генерира неограничени можности за соработка на регионално и глобално ниво. Со воведувањето на интердисциплинарниот пристап во високото образование, не само што ќе се прошири знаењето и ќе се охрабри соработката помеѓу различни научни дисциплини, туку ќе се отвори и пат за адресирање на агностологијата – растечката тенденција на незнаење и погрешни информации во современото општество. Преку овој мултисекторски пристап, образованието ќе стане поподготвено за справување со комплексни предизвици, обезбедувајќи цврста основа за наредниот чекор во образовната еволуција. Оваа транзиција кон поголема интеграција и вмрежување на знаењето ќе биде почеток на нова ера во која образованието ќе игра активна улога во развојот на критичкото мислење и општествената свест. 5 Harvard John A. Paulson School of Engineering and Applied Sciences. Environmental Science& Engineering| Harvard John A. Paulson School of Engineering and Applied Sciences. 27 Mar. 2023, seas.harvard.edu/environmental-science-engineering. 6 Stanford University.„Departments and Programs“. Stanford Doerr School of Sustainability, Stanford University, 2024, sustainability.stanford.edu/school/departments. 24 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИНТЕРВЈУ: ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ИДНИНАТА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ КАТЕРИНА КОЛОЗОВА 1. Лисман во Теорија на необразованието пишува тоа (знаењето) останува она што треба да биде: фрагмент - експресно се произведува, брзо се прилагодува, лесно се заборава. Можеме ли да зборуваме за образованието како индустрија? Не само што можеме туку и мораме да зборуваме за образованието како индустрија и не мислам дека тоа е негативна појава. Ниту пак утилитаризмот сам по себе e проблематичен, туку е една од највлијателните политички теории денес. Питер Сингер, Џереми Бентам филозофот којшто го инспирирал Фуко е етички утилитарист- добро е она што чини, добро е она што му прави на поединецот да се чувствува добро. Во таа смисла имам етички поглед на образованието како индустрија и тоа не би било негативна појава. Сега знам дека ова како индустрија некој ќе го сфати погрешно дека се штанцаат и произведуваат дипломи коишто не служат за ништо и мислам дека образованието треба да биде индустрија во таа смисла. Образованието треба да следи еден манифест на новата ера- игра на зборови ера како ера и ЕРА како European Research Area. Тоа за една бирократска институција како Европска КОмисија е изненадувачки авангарден концепт којшто ми се чини дека академските институции заглавени во својот атавизам и своите конвенции од просветителството па наваму, а во некои средини се оди и до среден век, и целиот академски хабитус на живеење ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 25 во балон, чисти идеи, интелектуализам сам по себе дури имаат и проблем да фатат чекор со предлогот на ЕРА. Урсула фон дер Лаен постојано објаснува дека образованието и иновацијата ќе станат дел од геополитичката агенда. Што значи тоа- дека сега трката за геополитичка превласт е во технолошките и другите научни иновации. Тие стануваат се покомпетитивни, поинтердисциплинарни, навлегуваат во реобмислување, објаснување и преструктурирање на општеството, се случува длабока интердисциплинарност кадешто хуманистичките, општествените и СТЕМ науките се спојуваат речиси во едно цело. Знам дека не е популарно Кина да се дава како пример, но мораме да ја спомнеме но тоа е реперот што Европа и Америка се обидуваат да ја достигнат, а токму тие ја прават оваа длабока интеграција на општествените, хуманистичките и СТЕМ науките и тоа ја дава иновациската острица- planetary edge. Европа треба да се преустрои на тој начин. Тоа значи дека не зборуваме за произведување на работна сила и кадри кои што ќе бидат кодери, кои можеби наскоро ќе станат одвишна работна сила со развојот на ВИ, туку стануваме индустрија со тоа што Универзитетите се уштекуваат во индустрискиот процес и инвоациите коишто се случуваат на Универзитетите не се продаваат преку проекти на компаниите, туку врската е директна меѓу компаниите и меѓу државите, како што тоа го прави Америка. Американската влада има директни врски со Универзитетите и е во постојана комуникација и се што е инвоација којашто може да послужи на јавното добро државата ја откупува за да ја стави на пазарот или во функција на институциите или двете. Значи образованието треба да стане индустрија во таа смисла на зборот, а не во смисла на зборот кадешто на слепо се произведуваат кадри што мислиш дека ќе требаат. Она што всушност треба да се промовира се напредни, смели академски кадри, експериментатори со идеи. Зборувам за индустријализација кадешто самите ентитети наречени Универзитети всушност влегуваат во процесите на индустриите. Тоа значи дека се потребни инвативни и експериментаторски умови соврвно знаење, а не вокациски тренирани кадри за професии кои ќе одумираат наскоро. Не е ни во полза на некаква индустриска компеттитивност луѓето да се образуваат само со базични вештини, тоа не е ни адаптирано на ерата. Тоа е некоја идеја од 90-тите години, таа форма на глобализам и неолиберализам и во таа смисла индустријализација на пазарот која доживеа пик во 2010 и потоа почна да се 26 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ случува пад надолу. Нашите креатори на политики и нашите политички филозофи не препознаваат веќе дека ние не живееме веќе во ерата на глобализација и глобалниот неолиберализам, за тоа ми се чини дека и критичарите на неолиберализмот не се свесни, а сигурно не креаторите на политики кои образованието го сведуваат на давање базични знаења и основни вештини, не препознавајќи дека тоа е она што се бараше на пазарот на трудот од крајот на 90тите години до почетокот на 2000-тите години. Веќе нема таков глобализам и неолиберализам, сега има нешто што се викапланетарна политика. Дури и функционерите на Европската Комисија постојано го употребуваат терминот planetary politics. Терминот не е поврзан само со зачувување на планетата, туку и со преобмислување на се она што е технологија и иновација за да се надмине но и нова форма на планетарна политика- значи новата планетарна политика во која геополитиката и геостратегијата се сведува на технолошки развој, а технолошкиот развој бара крајно компетитивни напредни Универзитети оди со excellence во знаењето, а не со такви вештини коишто се за ерата на неолибералниот глобализам, којшто одумира од 2010 година наваму и бидува заменет со оваа планетарна политика. 2. Лудилото на ранг листите. Каде сме. Колку места сме паднале. Дали е интересот на просветната политика е сведен единствено на прашањето на кое место се наоѓаме? Ние од една страна говориме за планетарна трка за технолошка предност, а од друга страна имаме реалност кадешто Универзитетите се уште имаат курикулуми на српско-хрватски. Не можам да сфатам како некој дава на студентите да читаат на јазик кој тие не го разбираат. Тоа е степен на интелектуална мрза и некомпетенција којшто е несфатлив и сега ќе кажам зошто политиките на Груевски кога се обидуваше да не направи покомплетентни- тие политики не успеаа. Затоа што не се дава доверба на креативните делови од академијата, не се дава доверба на приватните универзитети- тие беа тогаш под атак, а не се размислуваше на моментот дека таму има професори кои докторирале на Оксфорд, Кембриџ итн коишто имале проблеми со години да си ги нострифицираат дипломите, а елитата УКИМ-овска не би ги вработила, не се размислува на моментот дека тие се обидуваат да преживеат. Не велам дека нема ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 27 т.н. Амерички милс(mills)- приватни универзитети за штанцање дипломи- тоа секогаш го имало и ќе го има. Креативност се рабзира нема само на приватните универзитети, има и на УКИМ. Наместо оттука да дојдат идеите како да станеме покомпетентни во академска смисла, туку доаѓаат апаратчици, чиновници кои ве ставаат во мала коцка и се обидуваат да го решат проблемот со многу малку брзи решенија(feq quick xes). Во Македонија никогаш повеќе не се издавало во импакт фактор журнали, а никогаш подолу не сме биле на скалата. Некој апаратчик, до двајца, до тројца од МОН успеваат да влијаат на премиерот. Значи проблемот е тој- кремот на администрацијата со кремот на политичката елита решаваат дека тие ќе ги земат работите во своите раце, а не сфаќаат дека зборот автономија на Академијата не за џабе е измислен. Измислен е затоа што тоа е светот на креативноста, ако е ограничен- ограничен е, поттикни политики преку коишто сам ќе се исчисти од паразитските кадри, наместо ти од горе кон долу да сметаш дека чиновници ќе го решат проблемот. Ги наметнаа тие импакт фактор услови, луѓето најдоа каде и како да објават- формата е задоволена. Потоа наметнаа нова литература, да не е постара од пет години. Што направија? Стари учебници ги преведоа на македонски или некои не се ни преведени, туку се само преиздадени и се со нова година на издавање, а е всушност 35 издание на учебник од‘45 година. Тоа е кога се држиш до бирокраската форма, а не до суштината. Нас во Македонија ни е многу страв да ја оставиме суштината како органиски процес да диктира феномени, а законот колкушто може да дава рамка без да го спречи природниот тек на креативни процеси. Ние имаме тенденција да контролираме од некоја инстанца на власт, на бирократија, на институции под претпоставката дека тие знаат најдобро- не тие не знаат најдобро, тие служат на секторите кои знаат најдобро. Треба да се дозволи секторот сам да создаде компетиција во самиот себе. Повторно е проблем легализмот- важно е да имаш диплома којашто е признаена. Тоа не е точно. Се чисти и се класифицира квалитетот на понудените дипломи и луѓето бираат кој со која диплома ќе го вработат без тоа да биде дискриминација, со тоа што вие имате ранг листа на квалитетни и неквалитетни установи којашто ќе ја произведат самите академици со сопствените критериуми без дискриминација на никој, ниту на државните ниту на приватните универзитети и ќе се знае чија диплома колку вреди. 28 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ 3. Дали институциите кои го моделираат образованието создаваат суровина која нема да може да има способност да создаде општество отпорно на авторитарни тендеции, кое преиспитува, кои критикува, кое носи во прогрес. Дали оваа суровина која ја создаваат образовните институции ќе може да го гради тоа општество кое постојано ќе се создава на темелите на вредностите на праведност, солидарност, слобода и еднаквост? Вечното прашање на политичката култура мистифицирано под поимот менталитет на едно општество. За мене менталитет е мистификаторски термин бидејќи ништо не објаснува. Повеќе можеме да зборуваме за политичка култура. Таа култура е наследена од некаков политички систем којшто има некаква политичка традиција. Секако не мислам на тоа да се биде културен, пристоен и да се има некаква етикета. Дури има и истражувања коишто го дискутираат терминот политичка култура дали е некој културен во смисла на бонтон, дали некој се однесува пристојно и цивилизирано. Политичка култура е нешто многу покомплексно, тоа е културата на нашето општество, на нашата традиција само има политичка димензија, некаква традиција на политички системи која не обликувала како спонтано ќе разбираме како треба да се управува со општеството, кои вредности се важни итн. Не мислам дека конзервативизмот којшто се влече, кој не секогаш е конзервативизам туку е некогаш егалитаризам од старата ера на претходниот систем, кога била важна класната еднаквост, а еднаквоста меѓу мажите и жените се подразбирала таа била уставно гарантирана и ти ако потфрлаш како жена веројатно сама не се трудиш доволно едноставно немало концепт за политики на афирмација и вклучување во таа стара ера, туку било земано здраво за готово во ерата на Југославија, во социјализмот дека еднаквоста во тогаш т.н. половите е гарантирана и ако жените потфрлаат треба да се трудат повеќе. Го имаме и тоа, не мора нужно да е патријархален конзервативизам. А имаме и еден раѓачки еден нов патријархален конзервативизам и тој го носат поединците кои работат во Академијата со себе и кои кога го промовираат не практикуваат автономија на Академијата, затоа што автономијата на Академијата не значи автономија на поединецот- професор туку на институциите и на академскито свет како заедница да имаат автономија и од нив да се раѓаат идеи за нови политики. Од пленумите наваму, најстрашното од се е што во ерата кога СДСМ беше на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 29 власт и кога требаше пленумските вредности да ги избоксираме и да се бориме за нив, министерката се повлече пред притисокот на бирократите во МОН. Така што дури и правото да признаваш диплома во смисла да служи како основа за понатамошно академско напредување, само да запишеш некого- дури и тоа право е одземено што порано спонтано припаѓало. Јас зборувам за таков тип на автономија кадешто ти како една креативна заедница со нешто што е многу специфично како занает како форма на работа, треба да си имаш едно заштитено место(sanctuary) и од една таква позиција да се знае дека кога оваа заедница нешто говори, таа заедница знае најдобро за своите приоритетите. Што се однесува до конзервативизмот на одредени професори во формална и неформална комуникација, таа назадност и тој проблемо на назадноста може да се реши само со поголемо отварање, со поголемо вклучување не само во индустријата и со тоа да се тркаш на полето на акдемската извонредност и да си изложен на некој друг понапреден свет, туку и во смисла на тоа да привлекуваш студенти особено од развиениот дел на европската високообразовна област и да си отворен да праќаш студенти таму. Целата таа изложеност и исто така мобилност кон тој развиен свет на Европската високообразовна област, самата изложеност и на кадарот и на студентите на други средини, на друг јазик, на друга терминологија ќе прозиведе нешто друго. Процесите да се биде понапреден, да се излезе од овие закоравени вредности нема да ги донесе накакво авторитарно министерство top-down, ниту пак чиновниците кои ќе ги најдете таму ќе ги делат вредностите на студентите. Тоа мора да дојде од студентската заедница како притисок, како отпор, како провокација на закоравеноста на дел од академскиот кадар, тоа треба да е жив процес во академската заедница којашто ги вклучува студентите. 4. Студентските барања и активизмот кој треба да носи промени почнува и завршува со студентскиот оброк. А очекувањата се дека студентите треба да бидат критички ангажирани агенти кои го бараат невозможното. Неверојатно е дека од социјала се покренува само прашањето за појадокот. Знам дека е важно, но јас кога сум била студентка тоа било главниот приоритет на студентите, не може да не постои и други приоритети коишто се важни за квалитетот на животот. Тоа говори за една чудна безидејност, некако скоро папагалски повторуваат 30 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ исти приоритети, додека она што им ги боде очите како квалитет на живот и ги мачи, не им текнува да го преточат во полиси приоритет за којшто ќе се борат. А пак за квалитет на високо образование, што содржат тие курикулуми апсолутно ништо нема. Ме изненадува конзервативноста на ставовите на студентите и полицискиот резон, кадешто некои студентски организации би се занимавале со проверка на сите акредитации, како и зошто се акредитираат сите барања за акредитација, зошто студентот упорно со тој инспекторско полициски инстинкт се занимава, а не се прашува зошто сме единствена земја во европската високо образовна област кадешто секоја програма на секои пет години се реакредитира. Дури и философски факултет, катедрите за фолозија и класични студии коишто го основале УКИМ, коишто се први и постари од сто години, дека нив секои пет години некакви апаратчици ги проверуваат и рекаредитираат, па некогаш дури и не им даваат акредитација на филозофија со години докторски студии- темелникот на нашиот Универзитет најголем и најстар. Студентот не го преиспитува тоа, туку како? Бидејќи знаат дека сите се условно акредитирани секои пет години и еден куп институции со традиција ќе ги укинат ако им кажат не. Наместо да се занимаваат студентите со прашањата зошто се учи од застарени учебници, зошто се учат застарени вредности, студентите бараат да бидат инспектори и да видат кој тоа се акредитира на секое пет години. Тоа е проблем на политичка култура, а студентите не можат да го препознаат тоа. 5. Не е воопшто прашање дали имаме„криза во образованието“, туку колкава е. Како, што и најважно со кого понатаму? Со професори и студенти коишто се вклучени во проекти коишто се покажале на европско ниво или барем на регионално ниво како напредни, коишто пробиваат граници на академска култура, зборуваме и за вредности, а не само за иновации во тесна и техничка смисла на зборот, со градење на што е можно пошироки и пораспространети мрежи на соработка. Мрежите на соработка и проектите, иницијативитие и публикациите кои што произлегуваат од нив, а истовремено ни даваат легитимитет како на заедница можат да направат притисок за промена кон попрогресивни политики. За едно треба да сме сигурни- дека сите треба да се здружиме околу одбраната на втономијата дека ние знаеме што е академско напредување и кога не е академско напредување. Подобро знае ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 31 друг професор дека некој учебник не е добар, отколку што ќе знае чиновникот во МОН. Ние мора да си го одбраниме своето и ние внатре да си ги превреднувам сите вредности. Одредени авангардни сили коишто ќе се спојат на разни начини и низ разни облици, формални и неформални, тоа треба да е некаков симболен капитал на којшто ќе градиме и ќе се зсасноваме постепено како некаква прогресивна академска заедница, внатре во академската заедница. 32 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИНКЛУЗИВНОСТА И РАЗНОВИДНОСТА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ: МЕТОДИ ЗА АДАПТАЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ОД РАЗЛИЧНИ КУЛТУРНИ СРЕДИНИ ОЗЛЕМ КУРТ Родена во Радовиш, Р. Северна Македонија. Нејзините прв циклус на студии ги завршила на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, а магистрирала на Универзитетот Тракја, Едрене. Има завршено докторски студии на Универзитетот Гази, Анкара, Р. Турција. Како доц. д-р при Меѓународниот Балкански Универзитет, Скопје ја продолжува нејзината научно-истражувачка кариера. Курт има објавено две книги и активно пишува во различни списанија и на веб портали. Со зголемување на вредноста на културната разновидност во глобалниот свет, институциите за високо образование сè повеќе се соочуваат со неопходноста од вклучување на концептите инклузивност и различност во основата на своите образовни практики. Ова, заедно со диверзификацијата на профилите на студентите и академскиот кадар, доведува до еволуција на образовните средини за да можат да ги задоволуваат: културните, социјалните и академските потреби на секој студент поединечно. Зголемувањето на студентската и академската мобилност на глобално ниво значително го измени начинот на кој универзитетите ја разбираат и интегрираат оваа различност. Реализацијата на активности поврзани со: инклузивност, разновидност, еднаков пристап и интернационализација во високото образование, неизбежно бара политички одлуки и создавање законски основи на политичко ниво. Високите политички одлуки треба да имаат метакогнитивни перспективи за универзитетите да ја ставаат социјалната правда и етичките концепти на преден план и активно да учествуваат во процесот на: 1 ozlemkurt90@hotma l.com ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 33 донесување одлуки, водење и планирање. Подеднакво, управите на универзитетите треба да се фокусираат на студентите и наставата, користејќи ги современите и научните достигнувања за да ги претставуваат своите институции на меѓународно ниво и да ја зголемат еднаквоста на можности и ресурси на највисоко ниво. Во демократските општества, еднаквоста е универзално право на секој. Односно, сите граѓани имаат право да живеат заедно и еднакво, еднакво да имаат корист од јавните права и услуги, без разлика колку се различни во однос на: полот, религијата, етничката припадност, возраста или способноста. Терминот инклузивност е развиен како одговор на дискриминацијата и за потребите на образованието во општеството и за теоретските или практичните предизвици со кои се соочуваат маргинализираните луѓе во образованието. Во високото образование, инклузивноста и разновидноста често се користат како заменливи термини. Разновидноста во високото образование се однесува на хетерогената структура на студентите, додека инклузивноста обично значи создавање на: содржини, средини и ресурси што овозможуваат ефикасно учење, со акцент на квалитетот на учество. Затоа, инклузивноста во високото образование, генерално, може да се дефинира како дизајн на настава којашто обезбедува и трансферира наставни содржини или ресурси коишто ќе создадат ефективно учење, додека основата треба да се формира со квалитетна настава ориентира кон инклузивноста. Културната разновидност, пак, ги збогатува средините на учење во високото образование, барајќи посебно внимание и стратегии за адаптација на студентите од различни средини. За олеснување на овој процес има одреден вид на стратегии коишто можат да бидат усвоени од страна на високообразовните институции. Првиот чекор кон остварување на инклузивност во високото образование е зголемувањето на свесноста и обуката за културна компетентност. Културната компетентност се однесува на способноста на луѓето да комуницираат и ефективно да имаат интеракција во различни културни контексти. За развој на културната компетентност универзитетите треба да нудат редовни образовни програми како за студентите, така и за наставниот кадар. Овие образовни програми треба да обезбедат информации за: различни културни вредности, стилови на комуникација и стратегии за учење и треба да се потрудат да им помогнат на учесниците да ги разберат различните перспективи. Обуките од ваков вид, на академскиот кадар можат да му овозможат диверзификација на 34 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ нивниот педагошки пристапи, преку опремување за приспособување на различните стилови на учење на студентите. Исто така, менторските програми и советувањето играат клучна улога во олеснувањето на интеграцијата на студентите од различни културни средини во универзитетскиот живот. Овие програми им нудат на студентите можност за интеракција со искусни врсници или членови на наставниот кадар. На овој начин се поддржуваат и процесите на академска и социјална адаптација. Менторите, покрај академското советување, на студентите им овозможуваат да предводат во процесите на културна адаптација, помагајќи им да се справат со социјалните и индивидуалните предизвици со кои може да се соочат. Преку овие процеси, менторите им помагаат на студентите да се прилагодуваат на социјалните и индивидуалните предизвици со кои може да се соочат во текот на нивниот академски живот. Третиот важен аспект се однесува на инклузивните учебни материјали и методологиите. Учебните материјали и методологиите на наставата треба да бидат дизајнирани така што ќе ги поддржат студентите од различни културни средини, со цел да ги задоволат различните потреби. Учебните материјали треба да бидат збогатени со примери од широк културен спектар, така што секој студент ќе може да ги рефлектира со своите искуства и полесно да се поврзе со содржината на предметот. Педагошките пристапи треба да вклучуваат студент-центрични и колаборативни техники на учење. Исто така, посебно е значајно охрабрувањето на студентите за интеракција и соработка. Ефективните дијалози и групните активности ќе им овозможуваат на студентите да ги разберат и ценат различните перспективи на другите. Високообразовните институции, покрај активностите во текот на наставата, треба да ги поддржуваат и поттикнуваат културните изразувања на студентите преку различни културни настани. Настаните, како: културни фестивали, изложби, конференции и работилници, овозможуваат студентите да ги претставуваат своите култури и да развиваат интеракција со претставниците на другите културни групи. Ваквите активности создаваат природна средина за меѓукултурен дијалог и разбирање меѓу студентите. Исто така, студентските заедници и клубови овозможуваат студентите со слични или различни интереси да создаваат и да ги зајакнат своите социјални мрежи. Обезбедувањето на инклузивна академска средина од страна на универзитетите е можна, исто така, преку постојаното следење на политиките и правилниците засновани врз принципите ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 35 на правда и еднаквост. Образовните политики треба да бидат дизајнирани така што ќе бидат: праведни, достапни и поддржувачи за секој студент посебно, и треба да обезбедат флексибилност за задоволување на академските и социјалните потреби на студентите, вклучувајќи мерки за заштита од секаков вид на дискриминација и предрасуди. Како заклучок, институциите за високото образование со прифаќање на културната разновидност имаат обврска да создаваат побогата и динамична средина за учење. Ова не само што овозможува адаптација на студентите од различни културни средини, туку, исто така, ја поддржува мисијата за образување на ефективни индивидуи во глобалното општество. Системот на високо образование заснован врз инклузивност и разновидност нуди клуч за академски успех, како и за социјална адаптација и културно збогатување. 36 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ИНТЕРВЈУ: СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ТЕОДОРА МИЛЕСКА 1. Како се дефинира сексуалното вознемирување во контекстот на високото образование, и како оваа дефиниција е комуницирана до студентите? Сексуалното вознемирување во контекстот на високо образование, секако со фокус на универзитетот Св Кирил и Методиј - Скопје е дефинирано во склоп на Етичкиот кодекс на универзитетот. Односно„сексуално вознемирување како форма на вознемирување што се карактеризира со неприфаќање или одбивање од другата страна, вклучувајќи повторено несакано упатување вербални или физички предлози од сексална природа кон друго лице, физичко напаствување, повторено несакано изнесување на шеги и забелешки со сексуална конотација, вклучувајќи и упатување на полот и сексуалната ориентација, потсмевање и исмевање со сексуална конотација, изложување на сексуално навредлив и вознемирувачки материјал и барање сексуални услуги во замена за одредено постапување или непостапување од позиција на авторитет“. Иако оваа дефиниција се однесува на некои аспекти на сексуалното вознемирување, таа не е сеопфатна во опфатот на целиот спектар на однесувања и искуства кои претставуваат вознемирување. Првенствено се фокусира на одредени форми на вербално и физичко недолично однесување, но сексуалното вознемирување ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 37 може да се манифестира на некои посуптилни, помалку отворени начини кои сè уште создаваат небезбедна средина за поединците. И покрај постоењето на оваа дефиниција, постои значителен јаз во комуникацијата помеѓу универзитетот и неговите студенти. И тоа го увидовме директно преку нашето истражување- многу студенти велат дека се чувствуваат незаштитено од сексуално вознемирување, а голем дел не знаат каде да пријават такви инциденти. Ваквото исклучување нагласува едно клучно прашање: дури и (најдобронамерните) политики не можат ефективно да ги заштитат студентите/тките доколку не се достапни и јасно искомуницирани со нив. Покрај бројките кои говорат за ова, можам да додадам дека и во моето четиригодишно студирање на УКИМ, во ниеден момент не бев запознаена или информирана за тоа дека сексуалното вознемирување препознаено во склоп на политиката на универзитетот, ниту пак бев запознаена со процесите на пријавување и слично - што верувам дека е искуство кое го делам со моите врсници. За првпат се запознав со оваа дефиниција токму кога започнавме подетално да ја истражуваме темата. 2. Кои се најчестите форми на сексуално вознемирување идентификувани во високото образование? Во оваа насока мора да се напомене дека самата перцепција кај студентите/тките варира за различните форми на сексуално вознемирување, па така непосакуван физички контакт се наоѓа највисоко на скалата на препознавање- 80,6% целосно се согласува дека однесувањата како што се несаканото допирање, гушкање и бакнување претставуваат сексуално вознемирување, додека стапката е помала за вербалните форми на сексуално вознемирување каде само 42,9% целосно согласуваат дека станува збор за сексуално вознемирување. Во самото истражуваме добивме инпут на неколку ниво во однос на искуство со секаулно вознемирување- од страна на врсници, вработени на факултет, како и искуство со вознемирување помеѓу самите професори. Па таак во однос на искуство со сексуално вознемирување од страна на вработени на факултетот, најчесто е забележано кажување на сексуални шеги или шеги што се темелат врз родови стереотипи(26.2%), како и обраќање со прекар, како: 38 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ „девојче“,„злато“,„кукле“,„маче“(21.3%). Дополнително, 18.4% од испитаниците биле гледани на начин да се чувствуваат непријатно, додека на 15.6% од студентите им бил даден коментар за нивниот физички изглед, по што се чувствувале сексуализирано и непријатно. 3. Дали постојат специфични групи(по род, пол, социјален статус, етничка припадност, различна културна позадина или факултет) кои се позачестени цели на сексуално вознемирување? Во најголем дел од истражувањето не е утврдена значајна поврзаност помеѓу варијаблите етничка припадност, или факултет и зачестеноста на сексуалното вознемирување- што укажува дека сексуалното вознемирување е широко распространет проблем. Од родова перспектива, наодите укажуваат на нееднаквост во чувството на безбедност што го доживуваат студентките на кампусот. Додека мнозинството студенти изјавиле дека се чувствуваат безбедно, податоците откриваат дека сите испитаници кои посочиле дека се чувствуваат целосно небезбедно се жени. Факултетите кои се сметаат за најбезбедни, со највисока оцена за безбедност од 4, се Стоматолошкиот факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за шумарство, пејзажна архитектура и еко-инженеринг„Ханс Ем“ и Факултетот за Драмски уметности. За разлика од нив, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и Педагошки факултет добија најниска оцена за безбедност од 2,5. Дополнително, податоците сугерираат дека перцепциите за заштита од сексуално вознемирување на УКИМ значително се разликуваат според род. Повеќе од половина од студентките(56,78%) сметаат дека УКИМ не обезбедува никаква заштита од сексуално вознемирување, наспроти една третина(33,33%) од нивните колеги. Исто така машките студенти имаат речиси двојно поголема веројатност од студентките да веруваат дека УКИМ ги штити(24,28% наспроти 13,18%). Овие наоди укажуваат дека е поголема веројатноста студентките да го согледаат недостатокот на институционални заштитни мерки против сексуално вознемирување, нагласувајќи ја потенцијалната родова разлика во согледаната адекватност на механизмите за заштита. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 39 4. Како реагираат студентите кога ќе се соочат со случаи на сексуално вознемирување? Дали имаат доверба во институционалните механизми за заштита? Кога се соочуваат со случаи на сексуално вознемирување, повеќето студенти на УКИМ немаат доверба во институционалните механизми за заштита, што е доказ од нивното ограничено познавање на процедурите за пријавување- одраз на подлабоки системски недостатоци. Дури 88,5% од анкетираните студенти не знаат каде да пријават сексуално вознемирување на универзитетот. Oвие податоци не го отсликуваат само недостаток на знаење, туку и несоодветното промовирање и вградување на овие механизми во академската и универзитетската култура. Од оние 1 во 1о студенти кои знаат каде да пријават, постои фрагментирано и неконзистентно разбирање на каналите за известување, почнувајќи од Студентскиот правобранител(61,1%), Деканатот на факултетот(22,2%), Министерството за внатрешни работи(5,5%) и Просветниот инспекторат(5,5%). Ова открива еден парадокс- институциите задолжени да ги заштитат своите членови не успеваат да ги направат видливи и доверливи нивните заштитни структури. Па оттука се покренува прашања за симболичното наспроти функционалното постоење на овие механизми. 5. Дали сте забележале празнини во политиките или процедурите на УКИМ за спречување и справување со сексуалното вознемирување? Како една од препораките во склоп на истражувањето е создавање и усвојување на јасно дефиниран, самостоен документ кој ќе ја конципира политиката на нулта толеранција за сексуално вознемирување и насилство на УКИМ. Додека Етичкиот кодекс на УКИМ делумно го третира ова прашање, недостигаат јасни и концизни дефиниции за сите форми на сексуално вознемирување и насилство. Дополнително, овој документ треба да воведе ефективни процедури за решавање на жалбите за вознемирување и дефинирање на санкции за сторителите. Ваквата формализирана и институционализирана политика би испратила јасна порака дека сексуалното вознемирување и насилство се неприфатливи во склоп на УКИМ. Покрај тоа, од клучно значење е да се создаде функционално и транспарентно тело посветено на пријавување на сексуално 40 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ вознемирување и заштита на жртвите. Ова тело треба првенствено да има за цел да им помогне на жртвите на вознемирување преку обезбедување мерки за поддршка и заштитни мерки, вклучително и кризно советување, психолошки услуги, непосредна медицинска нега, правен совет и чекори за ублажување на влијанието на вознемирувањето врз подносителите на жалбите. 6. Кои се најчестите бариери што ги спречуваат жртвите да пријават сексуално вознемирување? Бариерите што ги спречуваат жртвите да пријават сексуално вознемирување се спој на незнаење, страв и општествен притисок, што ја нагласува подлабоката културна и институционална слабост која постои. Најголемиот дел од студентите(61,38%) изјавиле дека не биле ниту жртви ниту сведоци на такви инциденти, одговор што може да укаже на вистинско искуство или пак на непрепознавање на самото вознемирување. Фактот дека скоро 1 од 4 испитаници(24,49%) не биле свесни дека се случило сексуално вознемирување дополнително ја нагласува подмолна природа на овие однесувања, каде што границите на прифатливото однесување остануваат нејасни или непризнаени. За 18,44% кои не пријавиле, затоа што не знаеле каде да пријават сексуално вознемирување, се одразува неуспехот на системот да се направи видлив и пристапен до жртвите. Надвор од ова, на сцена стапуваат подлабоките емоционални и психолошки бариери- страв(7,2%), срам(3,45%) и притисок од сторителите(1,44%) или од околната заедница(3,17%). Ова не се само индивидуални чувства, туку манифестации на поширок културен наратив кој ги замолчува жртвите и го нормализира недоличното однесување. Важно е да се потенцира дека неподготвеноста да се пријави не е едноставно(индивидуален) неуспех да се дејствува, туку е последица на општествената структура која дава приоритет на одржување на статус кво пред правдата и одговорноста. Сè додека институциите активно не ги оспорат овие бариери, нудејќи не само функционални механизми, туку и средина за поддршка која ги прифаќа и ги зајакнува жртвите, тишината ќе продолжи да преовладува, а вознемирувањето ќе остане сенка во академските простори каде безбедноста и достоинството треба да бидат најважни. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 41 7. Каква е улогата на студентските организации, факултетите, универзитетската администрација, студентскиот правобранител во превенцијата и справувањето со сексуалното вознемирување? Улогата на студентските организации, факултетите, универзитетската администрација и Студентскиот правобранител во спречувањето и справувањето со сексуалното вознемирување е клучна, бидејќи тие се носителите и креаторите на безбедна академска заедница. Со директен пристап до студентите и моќ да се влијае на универзитетската култура и рамка, тие се носечки столбови за потиткнување на системска промена. Студентските собранија, особено, треба да преземат иницијатива за поддршка на напорите против сексуалното вознемирување. Со тесна соработка со деканите на факултетите и останарите универзитетските тела, можат да се заложат за воспоставување и промовирање на јасни, достапни механизми за известување, како и превентивни мерки како кампањи и работилници. Овие напори треба да имаат за цел не само да ги решат постоечките случаи, туку и да поттикнат средина каде почитувањето и безбедноста се основни вредности. За факултетите и администрацијата, нивната одговорност не се само реактивни мерки, туку и проактивна работа и негување на култура на нулта толеранција за вознемирување. Ова вклучува осигурување дека сите студенти/тки се свесни за нивните права и достапните канали за поддршка и известување. Студентскиот правобранител, како неутрална и пристапна фигура, треба да служи и како контакт точка за заштита на жртвите, но и како застапник за системски подобрувања, премостувајќи го јазот помеѓу студентите и институционалните структури. 42 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ СООЧУВАЊЕ СО ДИСКРИМИНАЦИЈА И СТЕРЕОТИПИ ВО ТЕКОТ НА МОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ МОЈОТ ПАТ КАКО РОМКА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЏЕВРИЈЕ ФАСИЉИ Џеврије Фасиљи има 24 години и е апсолвент на Филолошкиот факултет при Тетовскиот Универзитет на отсекот: професор по Македонски јазик и литература. Работи во ООУ„Аврам Писевски’’ како наставник по јазик и култура на Ромите и воедно е активистКА(?) за правата на Ромите. Моето растење како Ромка, во место во кое мојата заедница константно се соочува со стереотипи и дискриминација, беше предизвик, но и можност да се пронајдам себеси. Од средно образование па сè до факултет, се имам соочувано со многу моменти кога мојот идентитет беше изложен на навредливи мислења, или, пак, целосно отстранет. Исто така, научив многу важни лекции за отпорност, идентитет на мојата заедница. Вистинската болка ја доживеав од колегите од мојата група на факултетот. При првата средба со нив во ходникот слушнав коментари:„Ромките се мажат многу млади“;„Сигурно и Џеврије нема да го заврши факултетот, ќе се омажи до крајот на студентската година; „Ромките просат;„Сигурно потекнува од сиромашно семејство затоа што е Ромка“, итн. Тие зборови длабоко ме погодија иако знаев дека се засновани на незнаење. За време на моето образование се трудев да се вклопам во средината. Како резултат на тоа често следеа коментари од моите колешки и колеги од другите етнички заедници:„Ти не си како останатите Ромки“. Тоа за мене беше најголема навреда што можев да ја слушнам. Мојот одговор секогаш беше дека јас сум иста како сите останати Ромки, дека не сум ништо поразлична од нив. Кога бев на прва година на факултет, за време на една дискусија за етничката припадност и културната различност, дебатирав со колега студент кој рече дека:„Ромите никогаш со ништо не придонесуваат за општеството“ и дека„тие се само товар за економијата“. Гневот што се јави во мене беше поразителен. Но, наместо да ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 43 дозволам тој гнев да ме обземе и да молчам, јас зборував. Објаснив дека овие стереотипи, всушност, немаат основа, дека нашата заедница има долга историја на: издржливост, уметност и придонес како дел од општествата во кои живееме. Да си Ромка во високото образование значи секогаш да се докажуваш, не само како студент, туку како човек што заслужува почит и достоинство. Имаше моменти кога се чувствував како моите академски достигнувања да не значат и дека се редуцирани со етикета што ми ја ставаа луѓето, етикета што немаше ништо со тоа што сум јас. Кога започнав како туторка во ООУ„Гоце Делчев“ во Тетово на деца Роми, работите се сменија. Сфатив дека повеќе не можам да седам и да молчам и да трпам расизам. Бев решена да се изборам и да се соочам со сите предрасуди и стереотипи што ме прогонуваа. Случајно видов оглас во едно осново училиште во Тетово, дека се бара наставник по македонски јазик. Бев желна да го пренесувам моето знаење од генерација на генерација. Отидов на разговор со тогашниот директор, кажав дека сум веќе апсолвентка на Филолошкиот факултет и дека сум заинтересирана за работното место. Одговорот на директорот беше:„Девојче, ти Ромка да предаваш македонски јазик, не може“. Само се насмеав и излегов од просторијата. Но, мојата желба никогаш не згасна, имав надеж дека еден ден ќе го пренесувам моето знаење од генерација на генерација и дека ќе бидам професорка. Иако понекогаш сè уште се соочувам со дискриминација, мојот пат ме доведе до тоа што сум сега, а тоа е наставничка по ромски јазик и култура на Ромите во ООУ„Аврам Писевски“. Најважно што сфатив во текот на моето високо образование е дека треба да се бориме со: различни предизвици, стереотипи, дискриминација, итн. Една Ромка да заврши високо образовани е многу потешко од другите етнички припадности. Денес, гордо се идентификувам како Ромка и ќе продолжам така сè додека не видат другите тоа што навистина сме: борци, љубезни и единствени. Во овој текст е изнесено моето лично искуство и се искажани моите лични емоции како Ромка при соочувањето со некои предизвици. Но, воедно, сакам да пренесам порака што носи надеж и сила за секој оној кој се соочил и се бори против стереотипите и дискриминацијата врз разни основи. 44 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА НА РАБОТ НА УНИШТУВАЊЕ АЛАРМОТ СЕ ОГЛАСУВА, НО НЕ СЕ СЛУША ОД НАДЛЕЖНИТЕ АРДИТ РАМАДАНИ Ардит Рамадани е магистер по масовна комуникација и новинарство. Тој е автор и уредник на неколку истражувања. Прет– ходно работел како проверувач на факти во Вистиномер.мк и Критинк.мк, како новинар во Порталб.мк и на Националната телевизија Алсат-М. Во моментот, Ардит е одговорен главен уредник на порталот Молекукја.мк и раководител на истражувања во Форумот за промени во образованието. Ардит е соосновач на двете организации. Студентите во Северна Македонија, несомнено, се категоријата која е најмногу: запоставена, дискриминирана, потисната и злоупотребувана. Ја започнувам оваа колумна со набројување на неколку факти што го поддржуваат воведниот заклучок. Јавниот образовен систем не е бесплатен, студентите, во просек, трошат 11 илјади евра до завршување на додипломските студии, износот на стипендиите е навредлив, условите за студирање и во студентските домови се мизерни, а секојдневно сме сведоци на корупција и злоупотреби. Се поставува прашањето:„At what cost?“ или по која цена нашите студенти„се принудени“ да ги толерираат сите овие нешта. Бидејќи, на крајот на денот, без разлика на кој универзитет во државата ќе дипломираат – тие ќе бидат дипломирани на универзитет кој не се појавува на ниту една сериозна ранг-листа за мерење на квалитетот. Високото образование во државата постепено, но сигурно, се уништува. Освен замената на министри, речиси ништо друго не е ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 45 изменето во оваа област. Во моментов, актуелната министерка за образование е 15-та по ред на оваа функција. Петнаесет министри, малку или, речиси, никаква работа. Алармот дека мора итно да се преземе нешто се огласува скоро секојдневно, но секогаш не се слуша. На пример, некој треба да понесе одговорност за фактот дека за десет години земјата изгубила 12% од студентите, одговорност за тоа што нашите студенти ја напуштаат државата при првата можност што ќе им се укаже. Покрај тоа што бројот на новите запишани студенти опаѓа секоја година, земјата ја напуштаат и дипломираните. Според последниот официјален извештај, Северна Македонија е меѓу 20-те земји во светот од која заминуваат професионалните кадри, односно сме на петто место во Европската Унија по емиграција на професионални кадри. Овие неуспеси не можат да се покријат со 140 денари дневно што им се доделуваат на студентите за еден оброк, ниту, пак, со празни зборови без конкретни мерки. Преку Форумот за промени во образованието, неколкупати понудивме различни опции коишто би ја извлекле земјата и образованието од оваа криза. Прво, ветингот во високото образование е неопходен – на институциите им предложивме да спроведат целосна проверка на лицата на чело на универзитетите, како и на членовите на Одборот за акредитација. Покрај тоа, побаравме зголемување на критериумите за академски напредок. Ова го велиме бидејќи сметаме дека во јавните високообразовни институции во земјата со години се извршувале различни академски прекршувања – почнувајќи од незаконски унапредувања, плагијати и ендемска корупција преку нелегална трговија со книги и барање разни услуги во замена за положени оценки. Откако универзитетите ќе се ослободат од овие структури на академски криминалци, може да се насочиме кон подобрување на основните услови за студирање и студентските домови, а потоа да отвориме теми поврзани со: дигитализација на универзитетите, зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот. До тогаш, ни претстои многу работа! 46 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПАТОТ КОН НЕВОЗМОЖНОТО: ИНТЕРГЕНЕРАЦИСКОТО ЧУДОТРАГАЊЕ КОН СТУДЕНТСКАТА ДЕМОКРАТИЈА БОРЈАН ЕФТИМОВ Борјан Ефтимов, правник и активист, Прв претседател на Универзитетско студентско собрание- УКИМ Суштествената промена, речиси, никогаш не е брза и веднаш достижна, напротив, тоа е бавна река обликувана од безброј притоки и минимални промени низ времето. Трансформацијата на студентскиот репрезентативен модел е доказ за долгорочната моќ на колективните напори низ генерациите чудотрагачи кои избрале да сонуваат нешто поинакво од моменталното. Тоа илустрира како борбите што може да изгледаат залудни во моментот, можат да ги постават темелите за значајни општествени промени во иднината. Модерните студентски движења во Македонија за мене почнуваат во 2008 година, кога група студенти визионери организираа серија форуми насловени:„Перспективи за студентско движење“. Овие собири за првпат артикулираат една идеја за реформи во студентските претставнички тела. Во светот, во кој главниот двигател е индивидуалниот раст и развој, движен од материјалистичката идеја за кариерен и финансиски успех, овие студенти создаваат нова перспектива надвор од индивидуалистичките интереси. На овие настани, централното место го имаше транспарентот:„Да бидеме реални. Го бараме невозможното!“ Повторувајќи го францускиот слоган„Soyez réalistes, demandez l’imossible“ од протестите во Париз во 1968 година, овие студенти ја поставија основата. Ги повикаа студентите да ги надминат ограничувањата на нивната непосредна реалност и да се стремат кон трансформативни промени, ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 47 препознавајќи дека решенијата за нивните предизвици се во нивната колективна волја и акција. Неколку години подоцна, во студентскиот простор се појави движењето:„Слободен Индекс“. Организација повторно водена од грандиозни идеи: стремеж кон бесплатно високо образование, воспоставување студентско самоорганизирање, одбрана на автономијата на универзитетот и создавање еманципиран образовен систем. Преку организирани форуми, протести и кампањи,„Слободен Индекс“ се обиде да го разбуди чувството на припадност кај студентите. Нивните напори за првпат на подлабоко организациско ниво беа инструментални во артикулирањето на неопходноста за легитимно претставување на студентите, иако опипливите резултати останаа неостварливи во текот на нивните активни години. Надоврзувајќи се на темелите поставени од неговите претходници, Студентскиот пленум се појави како дотогаш невидена сила која, пред сè, се бореше за заштита на автономија на универзитетот, но ги отвори и другите пошироки студентски прашања. Иако, можеби, не успеаја во својата идеја за„револуција“ во македонскиот образовен систем, прифаќајќи дека нивната цел за комплетни реформи во тој момент е недостижна, пред својот крај, оваа група стави значителен акцент на потребата од легитимна студентска организација. Движењето се вклучи во постојан дијалог со креаторите на политиките и јавноста. Нивниот напор се заокружи во процесот на подготовка и усвојување на нов Закон за високо образование, кој за првпат го направи правна реалност постоењето на демократско студентско тело. Иако далеку од вистинските реформи во образовниот систем, овој Закон ги постави темелите врз кои идните генерации ќе можат да ја градат својата борба. Формирањето на Универзитетското студентско собрание означи пресуден момент – успех не само за студентите од тоа време, туку и за сите оние кои придонесоа за борбата во претходната деценија. Денес, студентите имаат можност и формално да ги артикулираат своите идеи, да избираат и да бидат избрани на редовни студентски избори. Собранието функционира веќе пет години, континуирано се развива и ја зајакнува својата улога во образовниот систем. Тоа постои како светилник на она што може да се постигне со решително и колективно дејствување, дури и во рамките на системот кој често изгледа отпорен на промени. Од суштинско значење е да се признае дека многу од студентите вклучени во овие рани движења, најверојатно дипломирале 48 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ со чувство на разочарување или неуспех. Нивните непосредни и колективни цели останале неисполнети за време на нивниот образовен процес. Сепак, во ретроспектива, нивниот придонес е непроценлив. Тие студенти се катализаторите кои покренаа синџир на настани што доведоа до суштински реформи. Нивните напори покажуваат една длабока вистина: значајните промени често се резултат на кумулативни дејства, чие целосно влијание може да биде видливо само за идните генерации, создавајќи простор за истите, односно простор во кој тие ќе можат да се борат за просперитет. Филозофијата на чудотрагачите ни покажува една позитивна перспектива, патувањето кон студентското претставување е симбол на поширокото човечко искуство во стремежот за напредок. Оттука, можеме да покренеме контемплативни прашања за природата на успехот и временските хоризонти во коишто го мериме. Дали успехот е дефиниран само со непосредни резултати или може да се најде и во семето што го садиме за другите да го соберат? Овој наратив нè охрабрува да усвоиме долгорочна перспектива, разбирајќи дека нашите постапки се еден дел од многу поголем синџир кој го придвижува тркалото на промените. За мене, овој, а и неколку други успеси од други општествени сфери, нудат убедлив аргумент за оптимизам. Овој успех потврдува дека трагајќи по невозможното, преку одредени, навидум, мали победи и акти, законодавните реформи не само што се можни, туку се и ефективни кога ќе произлезат од вистински и искрени општествени движења. Напредокот постигнат во формалното студентско организирање, во инаку гнилиот образовен систем, служи како микрокосмос на она што може да се постигне во другите сектори на општеството. Овој успех ни сугерира дека упорниот напор и искрените идеи, дури и во услови на очигледна стагнација, на крајот може да доведе до длабока трансформација на нашата држава. Приказната за реформата на студентското претставување и успесите коишто тоа денес ги бележи, за мене е моќен потсетник дека ние сме дел од нешто поголемо од нас самите. Секоја генерација се надоврзува на темелите поставени од претходните, создавајќи континуитет на напредок. Додека се соочуваме со предизвиците на нашето време, можеме да бидеме инспирирани од ова патување. Преку прифаќање на, навидум, невозможното и обврзувајќи се на упорна акција, и ние можеме да придонесеме за иднината во којашто нашите аспирации ќе станат реалност за оние што следат. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 49 Затоа, да бидеме реални и да го бараме невозможното. Да бидеме чудотрагачи и да признаеме дека во големиот синџир на општествените промени, секоја алка е важна. Нашите денешни напори се алките што ќе го создадат ткивото на утрешната реалност. Со оптимизам и решителност можеме да создадеме наследство кое не само што ќе нè надживее, туку и ќе ги охрабри оние коишто доаѓаат по нас да продолжат со стремежот за идеално општество. 50 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ МОЌТА НА СТУДЕНТСКИОТ ГЛАС: КОНСТРУКЦИЈА НА НАШАТА ИДНИНА СО ЗНАЕЊЕ И ХРАБРОСТ АДЕЛА АСАНИ Студент на втор циклус студии на Институтот за Хемија при Природно-математичкиот факултет, УКИМ. Поранешка Прет– седателка на Факултетското студентско собрание при ПМФ со мандатен период од 2023 до 2024 година и актуелен Секретар на Универзитетското студентско собрание при УКИМ. Проактивен студент со особена страст кон студентскиот активизам, поборник за унапредување на студентското искуство и создавање најдобри можности за секој студент. Во свет, во којшто е тенка линијата меѓу прогресивноста и традицијата, моќта на студентскиот глас има круцијална улога. Студентскиот активизам не е само индивидуален израз, туку колективен напор за поттикнување промени. Тоа е сила којашто носи: енергија, надеж и тврдокорност во академската сфера, дозволувајќи им на студентите да се вклучат во своето образование и значајно да се интегрираат во општеството. Високото образование не е само академско достигнување, тоа е патување коешто: го обликува умот, негува лидерство и влева чувство на одговорност кај студентите. Тоа е пресвртница што заслужува признание за неговото влијание врз личниот и професионален раст. Образованието отсекогаш било основа на напредокот. Развиеното образование е предуслов за напредок на општеството во кое неговите граѓани не само што се информирани, туку и се овластени да донесуваат одлуки кои влијаат на иднината. Патувањето низ високото образование често се гледа како обред на премин – време за осознавање, растење и откривање на сопствениот потенцијал. Сепак, овој успех не се постигнува само со стекнување знаење. Потребна е комбинација на: упорност, соработка и храброст да се залагате за себе и за другите. Универзитетскиот живот е простор ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 51 во кој студентите не само што учат факти, туку и гласно проговараат дека никогаш не треба да ја наведнуваат главата пред никого или нешто што го загрозува нивното достоинство или интегритет. Нелсон Мандела(светски познатиот борец за слобода) рекол: „Образованието е најмоќното оружје кое можете да го искористите за да го промените светот“. Оваа идеја е централна за студентското искуство. Високото образование не е за меморирање на информации, станува збор за разгорување на љубопитноста и зајакнување на поединците да размислуваат критички и независно. Универзитетското опкружување нуди единствена платформа за студентите не само да ги подобрат своите академски вештини, туку и да откријат кои се тие и за што се залагаат. Во текот на студентските денови, на студентите им се дава можност да истражуваат нови идеи, да ги преиспитуваат старите и, што е најважно, да развијат чувство за себе. Предизвиците со кои се соочуваат им помагаат да изградат издржливост, додека нивните успеси ги потсетуваат на сопствените способности. Професорите и академскиот кадар се личности со авторитет, сепак, нивната улога не треба да се перципира со страв или заплашување. Тие не се тука за да сеат страв или да создадат средина на непотребен притисок. Наместо тоа, тие се сојузници во патувањето кон личен и интелектуален раст. Нивната цел е: да ги водат, поддржат и предизвикуваат студентите да го достигнат својот целосен потенцијал. Преку значајни интеракции со факултетот, студентите учат да изнаоѓаат решенија за комплексни проблеми, да размислуваат критички и да развиваат иновативни решенија. Во оваа атмосфера на поддршка, студентите напредуваат, знаејќи дека е можно да прават грешки, да учат од нив и, на крајот, да ја најдат својата насока. Образованието често се романтизира како осамена потрага по знаење, но вистината е дека тоа е длабоко заедништво. Врските создадени за време на универзитетските години – со врсниците, професорите и менторите – честопати се трансформативни, како и самото образование. Студентскиот активизам го засилува овој заеднички аспект со здружување на поединци со заеднички вредности и цели. Гласот на студентите ја наоѓа својата сила во: студентските собранија, културните центри и организациите. Ова заедничко искуство поттикнува чувство на единство и припадност, потсетувајќи нè дека не сме сами во нашите борби или аспирации. Универзитетското искуство колку што е за академско достигнување, исто толку е и за утврдување на нечиј идентитет. Денес, 52 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ студентите маат шанса да истражат мноштво можности, од научно истражување и иновации, до креативни определби во уметноста и социјалниот активизам. Оваа слобода на истражување ни овозможува да ги поместиме границите, да го оспориме статус квото и да размислуваме критички за светот околу нас. Тоа е можност не само да учиме од книгите, туку и од искуствата од реалниот свет што нè обликуваат во општествено одговорни личности. Студентскиот активизам игра витална улога во овој процес на откривање со тоа што ги охрабрува студентите да се вклучат во општествените прашања, да се залагаат за промени и да размислуваат за нивните идни кариери во смисла на пошироко општествено влијание. Еден од најмоќните аспекти на студентскиот активизам е неговата способност да всади чувство на одговорност. Како студенти ни се дава можност не само да учиме, туку и да водиме. Преку учество во: студентски собранија, културни центри и други организации, стекнуваме практично искуство за лидерство, тимска работа и организациски менаџмент – вештини коишто добро ќе ни служат во нашите идни кариери. Овој ангажман нè учи дека образованието не е само за лични достигнувања, туку и за придонес за поголемо добро. Со залагање за: политики од корист на студентите, притисок за реформи во образованието и залагање за нашите права, ја учиме важноста да бидеме активни учесници во обликувањето на светот во кој живееме. Покрај тоа, студентскиот активизам обезбедува платформа за маргинализираните гласови да бидат слушнати. Во многу случаи, студентите кои се чувствуваат недоволно застапени или занемарени во академскиот систем, тоа го изразуваат преку активизам. Преку овој колективен напор го потсетуваме општеството дека образованието треба да биде: достапно, инклузивно и правично. Повикот за образовни реформи, без разлика дали се работи за: правична школарина, подобри услуги за ментално здравје или поразновидна наставна програма, не е само за подобрување на индивидуалните искуства – тоа е за да се обезбеди системот да функционира за секого. Собирите и културните настани создаваат простор во кој студентите можат: да ги изразат своите грижи, да предлагаат нови идеи и да соработуваат за решенија за прашањата кои влијаат на нашата академска средина и пошироко. Токму во овие моменти на колективна акција ја сфаќаме моќта на нашите гласови и влијанието што можеме да го направиме. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 53 Сепак, активизмот не доаѓа без извесни предизвици. Потребна е храброст да се застане против системите кои се спротивставуваат на промените. Потребна е издржливост за да се продолжи со застапување кога напредокот изгледа бавен или кога пречките изгледаат непремостливи. Но, овие предизвици се она што го прави активизмот толку привлечен за студентите. Тоа нè учи да бидеме силни наспроти неволјите и никогаш да не се откажуваме од она што веруваме дека е правилно. Како студенти, мораме да запомниме дека нашите гласови се важни и дека нашите напори, без разлика колку се мали понекогаш, придонесуваат за поголемо движење за позитивни промени. Покрај обликувањето на нашата академска средина, студентскиот активизам, исто така, ни помага да нè води кон нашите идни кариери. Многу студенти, преку активизмот имаат можност да се борат за остварување на идеите и заложбите за општ општествен напредок, без разлика дали се работи за: основните човекови права, еколошката одржливост или родовата еднаквост. Овие искуства не само што ги подобруваат нашите размислувања, туку ни даваат и чувство на цел. Тие нè потсетуваат дека нашето образование не е само за стекнување диплома, туку и за користење на нашето знаење и вештини за да се направат позитивни промени во интерес на сите. За многумина од нас, научените лекции преку студентскиот активизам ќе го обликуваат остатокот од нашите животи. Ќе ги носиме со нас вредностите на соработката, лидерството и општествената одговорност во нашите идни кариери, без разлика дали ќе станеме: научници, едукатори, креатори на политики или претприемачи. Овие лекции се протегаат многу подалеку од предавалните и амфитеатрите и нè потсетуваат дека образованието е повеќе од само личен успех – тоа е за придонес за благосостојбата на општеството како целина. За крај, еден мал поздрав – високото образование не е само лична пресвртница, тоа е колективно патување кон напредокот. Универзитетското искуство ни ги дава алатките за да успееме, но преку студентскиот активизам учиме како да ги користиме тие алатки за повоздигнато добро. Моќта на студентскиот глас е непобитен. Ние сме лидерите на новиот ден, а акциите што ги преземаме денес ќе го обликуваат светот во кој живееме. Да продолжиме да го прифаќаме активизмот како сила за добро, да стоиме исправени пред неволјите и да го користиме нашето образование не само за лична корист, туку за подобрување на општеството. 54 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗНАЧЕЊЕТО НА ФОРМИРАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНОТО СТУДЕНТСКО ТЕЛО АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ Студент на магистерски студии по Монетарна економија, Финансии и Банкарство. Моментално претседавач на Националното студентско тело, Претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Community manager во Netaville и дел од Советот за млади при Кабинетот на Претседателката на Република Северна Македонија. Активен во креирањето позитивни општествени промени и унапредување на студентскиот стандард, квалитетот на високото образование и студентскиот активизам. Во Република Северна Македонија, формирањето на Националното студентско тело(НСТ) претставува важен чекор кон координирано и успешно застапување на студентските интереси. Оваа организација има за цел да го подобри студентскиот стандард и квалитетот во високото образование, служејќи како обединет форум за студентските собранија од сите јавни, приватни универзитети низ државата. Што претставува Националното студентско тело? Националното студентско тело е студентска иницијатива која претставува околу 55.000 студенти во државата на национално ниво. Согласно потпишаната Декларација, неговата организациска структура се состои од Секретаријат, којшто ги координира неговите активности, и Управен одбор, составен од претседателите на универзитетските студентски собранија. Организацијата има за цел: да обезбеди инклузивност за сите студенти низ целата земја, ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 55 единствен студентски глас и демократски процеси за донесување одлуки. Зошто е значајно формирањето на НСТ? Обединување на студентскиот глас Националното студентско тело игра клучна улога во застапувањето на студентските проблеми пред државните институции, особено пред Министерството за образование и наука. Ова обезбедува единствен пристап за решавање на студентските предизвици. Подобрување на студентскиот стандард НСТ активно се залага за подигнување на студентскиот стандард преку низа мерки:„Нашите млади создаваат дома“ – мерка за поттикнување на младите да отворат сопствени бизниси или старт апи, нов концепт на финансирање на високото образование за воведување на бесплатно високо образование, носење на закони за студентско организирање и нов Закон за студентски стандард, измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, студентски кредити со ниска камата, интегрирање на работата на домовите во Скопје, ограничување на висината на кириите, целосна дигитализација во високото образование и други мерки претставени во Студентскиот Манифест и потпишаната Резолуција. Овие мерки имаат за цел значително да го подигнат животниот стандард на студентите. Меѓународна соработка и интеграција Со приклучувањето кон Европската студентска унија и други слични меѓународни организации, НСТ може да поттикне размена на знаење и искуства и создавање заедничка и подобра структура на студентско организирање. Подобрување на квалитетот на образованието НСТ носи значајни реформи во образовниот систем преку: модернизација на студиските програми, финансирање на истражувања и поттикнување академска интердисциплинарност. Овие иницијативи имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на образовните институции. 56 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Институционална и финансиска поддршка НСТ ќе биде поддржано од буџетот на Министерството за образование и наука според предложените законски измени. Дополнително, Министерството треба да обезбеди простории за неговите активности, како и административна и техничка поддршка. Тековни задачи и идни чекори Во март 2024 година беше потпишана Декларација за поддршка на создавањето на НСТ. Со изборот на претседател и започнувањето на законските измени е поставена основата за неговото успешно функционирање. Следната задача е спроведување на барањата пред Министерството за образование и наука, со фокус на: подобрување на студентскиот стандард, квалитетот во високото образование, интернационализација, универзитетска автономија, дигитализација на административните процеси и поголемо вклучување на студентите во процесот на носење одлуки. Националното студентско тело овозможува: ревитализирано образовно опкружување, подобрен студентски живот и активна улога на младите во општествените процеси. Студентите стануваат клучни партнери во обликувањето на иднината на државата преку зајакнување на ова тело. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 57 УЛОГАТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ЕФЕКТИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПРИРОДНИТЕ КАТАСТРОФИ ДОНЕ НИКОЛОВСКИ Доне Николовски е асистент и предавач на департманот за Градежно Инжинерство на Меѓународниот Балкански Универзитет,на предмети поврзани со геотехничкото инженерство, како што се: механиката на почви, геологија, ундирање, итн. Има 16 годишно искуство во апликативната работа, каде и ден денес е вклулен како консултант на повеќе проекти од областа на геотехниката. Во периодот од 2007- до денес, учествува на голем број научни и стручни конференции и трибини, кои обработуваат и анализираат различни теми од областа на фундирањето, природните геохазарди, ризици итн. Тој е студент на трет циклус на студии при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија- ИЗИИС во Скопје. Климатските промени како предизвик и одговорност на општеството „Сè тече, сè се менува“. Глобалното затоплување претставува еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во 21 век. Загревање на атмосферата и океаните, како резултат на зголемените емисии на стакленички гасови, доведува до значајни промени во климатските услови низ целиот свет. Според податоците на НАСА, во 2024 година Земјата била за 1,36 Целзиусови степени потопла отколку во било кој период од втората половина на 19 век. Европа се загрева скоро двојно побрзо од глобалниот просек, што ја прави континент со најголем раст на температурите. Во овој контекст на глобално затоплување, не е одмината ниту нашата земја. Анализата на податоците од УХМР за средните годишни температури во западната регија на Република Северна Македонија покажува 58 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ зголемување на температурите за дури 1,6 Целзиусови степени во однос на 30-годишниот просек. Дополнително, податоците за просечните годишни врнежи во овој регион(од 1960 година, до денес) покажуваат тренд на зголемување од 11,9% во последните три децении. Ова зголемување на температурите и промената на временските услови не се само статистика, туку и реални предизвици со кои се соочуваме секојдневно. Климатските промени се едни од главните иницијатори на природни катастрофи, како што се: пожари, поплави, свлечишта и одрони, кои носат големи материјални штети и, за жал, често и човечки жртви. Светот се менува со забрзано темпо, а климатските промени претставуваат глобален предизвик кој најмногу ги погодува земјите во развој. Во овие услови, подготвеноста за природни катастрофи и управувањето со ризиците од климатски промени станува клучна за одржување на стабилноста на општествата. Едукација и подготвеност: клуч за намалување на ризиците од катастрофи Една стара изрека од драма филмот:„Малиот херој од Холандија“ од 1910 година вели:„ The angry waters must stay back now. I can keep them back with my nger. Holland shall not be drowned while I am here“. Оваа метафора ја симболизира храброста и издржливоста на младиот човек, но истовремено, преку неговото знаење да ја препознае опасноста, тој успева да ја спаси речиси целата држава од природна катастрофа, што денес е повеќе релевантно од било кога. Зголемувањето на свеста за климатски поврзани природни катастрофи, како и подготвеноста за нив е неопходна и за тоа има голема улога образованието. Образовните институции треба да играат клучна улога во едукацијата на најмладите и на заедницата, за на долг рок да се формираат општества кои се отпорни на климатски катастрофи. Во овој контекст, исклучително интересен е и примерот со младата Тили Смит. На само десетгодишна возраст, во 1994 година, таа успешно идентификувала цунами и спасила повеќе од 100 луѓе, на плажата Маи Као во Тајланд. Кога била прашана како го препознала цунамито, таа изјавила дека тоа е благодарејќи на едукацијата и информациите што ги добила на часовите по географија во своето училиште. Овој пример е јасен показател за значењето на вклучувањето на теми поврзани со климатските промени и природните катастрофи во наставните програми во основните и средните училишта. На овој начин, луѓето долгорочно ќе научат да ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 59 препознаат, а потоа да ја намалат нивната ранливост од катастрофи, а со тоа и да се намали ризикот од некој специфичен тип на опасност поврзана со климатските промени. Секојдневно учење и свест за овие предизвици може да се применуваат и на учениците, а подготвеноста на заедницата може да биде значително зголемена преку соодветно образование и практична подготовка. Вклучувањето на теми за намалување на ризиците од катастрофи(DRR) во основните и средните училишта е клучно за создавање генерации кои ќе знаат како да реагираат и да се заштитат во случај на природни катастрофи. Покрај основните и средните училишта, високото образование има исклучително важна улога во справувањето со климатските промени. Академиите и истражувачките институции неопходно е активно да учествуваат во изработката на урбанистички планови, при што ќе се земат предвид: геолошките, сеизмичките и хидролошките карактеристики на регионот, за да се обезбеди изградба на отпорни и безбедни објекти. Урбанистичкото планирање треба да се базира на сеопфатен, мултидисциплинарен пристап кој ќе ги вклучи климатските промени и природните опасности специфични за регионот. Во овој сегмент, високото образование е клучна алка, која има за цел да го поврзе теоретското знаење со практични решенија, за да се намалат ризиците од катастрофи на долг рок, преку нивно предвидување, а потоа и намалување на последиците од истите. Приспособување на климатските промени Во услови на неизбежни климатски промени, неопходно е да научиме како да живееме во синергија со природата и да ги искористиме климатските фактори во наша полза. Сонцето е двигател на животот и циклусите на земјата и може да биде основа за одржлив живот. Како пример, денес во светот се имплементираат иновативни системи за одржливо наводнување на земјоделски површини, кои користат соларна енергија за експлоатација на подземните води. Овие иновативни решенија помагаат во заштитата на природните ресурси, овозможуваат материјален бенефит, меѓутоа играат и значајна улога во борбата против климатските промени. Понатаму, интересни се примерите на приватни соларни централи, изградени со цел да помогнат на ранливите категории на граѓани. Тие се одличен пример за тоа како финансиските и хуманитарните аспекти 60 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ на климатските промени можат да се комбинираат за да се намали нееднаквоста и да се понудат решенија за одржлив развој. Климатските промени не се само глобален проблем, туку и сериозен предизвик за локалните заедници и светот воопшто. Намалувањето на ризиците од природни катастрофи, како и промените во урбанистичкото планирање и образованието, се клучни чекори за создавање на отпорни и одржливи општества. Секој чекор во оваа насока е важен за заштита на нашите заедници и животната средина, а само преку соработка на сите нивоа на општеството, можеме да се справиме со овие глобални предизвици. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 61 СОЗДАВАЊЕ ИДНИНА: УЛОГАТА НА МЕНТОРСТВОТО ВО НАУЧНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д Р ВАЛЕНТИНА СЛАВЕСКА СТАМЕНКОВИЌ, ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВНИ И СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА НА ПРИРОДНО МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ ВАЛЕНТИНА СЛАВЕВСКА СТАМЕНКОВИЌ Проф. д-р Валентина Славевска-Стаменковиќ е редовен професор и продекан за наставни и студентски прашања на Природ– но-математичкиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Повеќе од две децении го истражува разнообразието на безрбетните животни, ја следи состојбата со водните екосистеми и активно се залага за зачувување на природните вредности на нашата земја. Своите резултати од научноистражувачката дејност ги има публикувано во 57 научни трудови од областа на екологијата и таксономија на различни групи безрбетници и хидробиологија. Денес имаме можност да разговараме околу најинтересните, но и предизвикувачки аспекти на академската кариера, со фокус на младите научници – истражувачи. Неминовно е да се опфатат предизвиците со кои се соочуваат нашите студенти и млади истражувачи, но и како тие предизвици можат да се надминат преку менторство и поддршка од страна на професорите. Вие сте една од најинспиративните професорки во поглед на научноистражувачката дејност и најголема поддршка и ветар в грб на студентите на Институтот за биологија, а и генерално, на студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како продекан за наставни и студентски прашања и редовен професор на Институтот 62 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ за биологија, имате исклучително богато искуство во развојот на младите научници и процесот на нивната едукација и надоградување. За почеток: Како Вие ја гледате улогата на менторството во развојот на новата генерација на млади истражувачи и, според вас, кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат денешните студенти во овој контекст? Покрај дарбата и ентузијазмот за наука, клучен елемент во развојот на кариерата на еден млад истражувач, несомнено е и неговиот ментор. Преку споделувањето на своите искуства и знаења, како и давање на вистинските насоки, менторите на своите ученици – млади истражувачи им ги отвораат вратите во светот на науката. Конкретно на Природно-математичкиот факултет – Скопје, наставно-научниот кадар се јавува во улога на ментор во повеќе сегменти од научно-образовниот развој на студентите. Така, професорите не се само ментори при изработката на: дипломски работи, магистерски тези и докторски дисертации, туку се јавуваат и како менторска поддршка на студентите при нивното пријавување за учество на разни повици за млади истражувачи, како: Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“, Предизвикот за студенти иноватори на општина Гази Баба, Клубот на млади истражувачи при УСС УКИМ, и ред други. Понатаму, покрај безрезервната поддршка од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Природно-математичкиот факултет – Скопје, учеството на студентите за време на меѓународна научно-спортска манифестација:„Приматијада“ е потпомогнато и од нивните ментори чие вложување во изработката на научните теми за натпреварување е од големо значење. Развојот на новата генерација млади истражувачи значи усовршување и ширење на научната мисла надвор од границите на матичната институција, па оттука: учеството на работилници, научни собири во земјата и странство, како и размената на искуства во други институции е од исклучителна важност за напредувањето во кариерата. Менторот со своите стекнати искуства и мрежа на соработници отвора можности младиот истражувач да ги развие своите комуникациски вештини преку учество на работилници, конгреси или да се вклучи во одреден сегмент од работата на: некоја компанија, истражувачки центар, музеј. и сл. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 63 2. Дали сметате дека образовниот систем навистина подготвува студенти за реалноста на научната работа, или само ги учи да следат правила? Дали доволно се вложува во научноистражувачката работа? Студиските програми на Природно-математичкиот факултет – Скопје на сите три циклуси на студии се дизајнирани на таков начин што на студентите покрај теоретско знаење им обезбедуваат и развивање на практични вештини во научната работа. Имено, во студиските програми е предвидена реализација на практична настава како во лабораториите на факултетот, така и во надворешни институции со кои Природно-математичкиот факултет – Скопје има склучено договор за соработка. Покрај тоа, уште за време на студирањето, студентите се директно вклучени во наставно-научната работа на институтите преку волонтирање во лабораториите, но и преку изработката на своите: дипломски работи, магистерски тези и докторски дисертации. Во рамките на некои наставни програми е предвидена и задолжителна теренска настава. Работејќи рамо до рамо со своите професори, студентите можат веднаш да ги применат теоретските знаења стекнати на предавањата. 3. Какви ресурси или фондови се достапни за младите истражувачи и како ги информирате вашите студенти за нив? Која е улогата на универзитетите и државата во обезбедувањето финансиска поддршка за млади научници или постојат алтернативни опции за финансирање? И покрај постојните финансиски ограничувања во научната дејност, на страсните истражувачи им се достапни: фондовите од Младинскиот образовен форум(МОФ) во рамки на активноста на USAID, Македонското еколошко друштво(МЕД), Општина Гази Баба и Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“, предвидени во програмите за млади истражувачи. Овие програми се лесно достапни за сите заинтересирани млади научници, а процесот за пријавување е едноставен. Во моментов, на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј”е активен и Центарот за кариера преку кој студентите се информираат за можностите за своја: надоградба, истражување и вработување. Исто така, значаен придонес во дисеминација на информациите меѓу студентите на Природно-математичкиот факултет – Скопје 64 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ имаат Универзитетското студентско собрание(УСС) и Факултетското студентско собрание(ФСС). Дополнително, од особена важност е да се напомни дека наставно-научниот кадар на Природно-математичкиот факултет – Скопје континуирано наоѓа алтернативи за финансирање на истражувања во чии рамки се планирани активности во кои можат активно да се вклучат студентите. Научноистражувачкиот проект за истражување на биолошките вредности на ЗП Малешевски Планини преку кој беа обезбедени средства за реализација на теренската настава по предметот Безрбетници за студентите на Студиската програма по екологија, како и проектот за изработка на студија за валоризација на ЗП Дојранско Езеро, се само едни од многубројните примери за вакви проекти. 4. Како финансиските ограничувања влијаат на истражувањата на младите научници и на изборот на истражувачки проекти? Како се чувствувате кога вашите студенти мораат да изберат помалку значајни истражувања заради финансиски средства и дали сметате дека недостатокот на финансии е системски проблем во академијата и, ако е така, какви мерки треба да се преземат? Иако финансиските ресурси за научни истражувања во нашата земја не се неограничени, сепак истите веќе одамна не се главната препрека во течението на научноистражувачката мисла кај младите. Она што е многу поважно е: развивањето на истражувачкиот дух, желба и мотивација за истражување кај студентите бидејќи само така вистински ќе ги препознаат сите можности кои се насекаде околу нив. Научното истражување е бесконечна димензија, а залагањето на Природно-математичкиот факултет – Скопје при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ и неговиот наставно-научен кадар се насочени кон развојот на студентите во млади истражувачи, па така ова нека е уште еден поттик за нив за поголем ентузијазам и желба за развивање иновативни идеи. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 65 МЛАДИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ НА ФРОНТОТ: ИЗВЕШТАЈ ОД ПРВА РАКА Што треба да направиш за да работиш научноистражувачка работа и еден ден да станеш научник? Или, можеби, подобро – што треба да направиш за да не престанеш да бидеш научник? Човекот се раѓа научник со тоа што се запрашува како функционира светот околу него. Проблемот се состои во тоа што по одредено време престануваме да се запрашуваме и дури тогаш се откажуваме од патот да останеме научници. Кратки изјави и искуства 1. Ас. м-р Софија Констандиновска, магистер по биологија – микробиологија, студент на трет циклус студии, асистент на Природно-математички факултет, Скопје М-р Софија Костандиновска е асистент и студент на трет циклус студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учествува во одржување на практичната настаУште како: студент, па дипломец, демонстратор, сè до асистент на Катедрата за микробиологија и микробна биотехнологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се соочувам со реалноста на научноистражувачката дејност во нашата држава. Позната е критиката за ограничените ресурси со кои се соочуваат факултетите кои се обидуваат да дадат придонес кон науката, меѓутоа и покрај тоа сметам дека младите истражувачи успеваат да го покажат својот квалитет и потенцијал и да ги реализираат своите научноистражувачки идеи, главно преку учество во проекти. Конкретно, 66 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ва по група предмети на Катедрата за микробиологија и микробна биотехнологија. Нејзиниот фокус е: научна комуникација, доближување на науката до јавноста и вклучување на студенти во наука. Во текот на своето работно искуство објавува неколку научни трудови и учествува во голем број проекти. во случајот на Катедрата за микробиологија и микробна биотехнологија, научноистражувачките проекти се темелот на дејноста. Научноистражувачката дејност на Катедрата опфаќа голем број на домашни и странски проекти, а резултатите од овие проекти се објавени во различни домашни и меѓународни списанија. Истражувачката активност на Катедрата опфаќа повеќе области, меѓу кои и: микробна екологија, определување на антимикробна активност, микробиолошки квалитет на вода, храна и козметика. Исто така, се определува и пробиотскиот потенцијал на одредени микроорганизми. Всушност, со самото отворање на насоката Нутриционизам на Институтот за биологија, при ПМФ, Скопје, се зголеми бројот на истражувањата за изнаоѓање на нови изолати коишто поседуваат пробиотски потенцијал и, секако, нивна апликација. Една од главните карактеристики на Катедрата е вклучување на голем број студенти во проектите. Она што би сакала да го издвојам е дека Катедрата има една мошне значајна заложба, а тоа е овозможување и создавање на услови за студентска иницијатива на истражувања на полето на микробиологија и микробна биотехнологија. За таа цел, под менторство на нашите професори ни е овозможено да аплицираме и реализираме различни студентски научноистражувачки проекти. Односно, преку невладиниот сектор досега на Катедрата се реализирани 111 проекти почнувајќи од 2021 година, чии раководители се млади научници – студенти, а во нивна реализација учествуваа вкупно 25 студенти од различни насоки на ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 67 Институтот за биологија. Со овие научноистражувачки проекти, Катедрата на студентите им овозможи поблиску да се запознаат со улогата на микроорганизмите, како и со искуство во раководење на проект. Овие успеси се дел од престојот на секој дипломец и млад истражувач на Катедрата. Науката не знае за држава, бидејќи знаењето е општо добро, сепак нашата држава периодично посветува средства за факултетите со кои се овозможува повеќе млади истражувачи да дадат свој придонес во науката. Исто така, сметам дека невладиниот сектор кај нас игра голема улога во овозможување на ресурси за реализација на идеите на младите истражувачи. Во моето искуство, најзначајниот фактор во создавањето на младите студенти – научници е улогата на катедрите: во препознавање на нивниот потенцијал, нивно вклучување во работата и активностите и следење на нивниот напредок. Една од најважните лекции што ја научив како асистент е дека вистинскиот успех доаѓа кога не само што ќе им пренесеш знаење на младите истражувачи, туку и ќе ги поттикнеш да размислуваат критички и независно. Храброста да поставуваат прашања, да излезат од зоната на комфор и да ги истражуваат сопствените идеи, всушност ги прави да станат самоуверени и иновативни млади истражувачи. Способноста да се води и инспирира не се состои само во давање одговори, туку во создавање средина во која сами ќе ги откријат одговорите. Од друга страна, се соочувам со оваа проблематика и стандардите на високото образование, не само како 68 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ асистент, туку и како студент на трет циклус студии на Природно-математичкиот факултет. Почнувајќи од себеси и сите несигурности на еден млад истражувач, ја знам потребата за сигурен ментор. Од добивањето на првиот студентски проект, за мене секој натамошен чекор претставуваше нов предизвик и напредок благодарение на поддршката од моите ментори. Кај нас, на катедрите, постојат ментори кои ги слушаат идеите на младите студенти – научници и им обезбедуваат услови и поддршка за реализација на истите преку научноистражувачки проекти. Најважна е желбата за осознавање и љубовта и љубопитноста во науката, а иницијативата и мотивацијата да се присутни од двете страни. 2. Никола Радмановиќ Според мене, научноистражувачката работа кај нас многу повеќе зависи од самоиницијативата и иницијативата на младите истражувачи – асистенти на факултетите за поттикнување на љубопитноста и желбата за знаење и истражување кај младите истражувачи – студенти. Знаењето не е сад за полнење, туку пламен за потпалување и одржување. Сметам дека е негатива што бројот на вакви ментори е мал и истите немаат стимулација за зголемување на бројот на научноистражувачките проекти и покрај бројните идеи. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 69 3. Леон Стојанов, асистент при Институтот за хемија, ПМФ Македонија е држава која најмалку вложува во науката во споредба со регионот. Се соочуваме со лоша организација на финансиите кои ни следат, вкупниот износ не се распределува рамномерно меѓу универзитетите, факултетите, па подоцна и по институтите. Процесот на распределба е нетранспарентен и секој сака да добие поголем дел од„колачот“. На чесните млади истражувачи не им преостанува ништо освен да работат со тоа што го имаат на располагање или нешто што наследиле од претходно. Од таа причина: избираме да работиме на теорија или премногу детално навлегуваме и се повторуваме со исти теми, избираме помалку значајни теми, бидејќи секоја идеја не може да ја претвориме во реалност. Сепак, предноста во однос на малата финансиска поддршка е тоа што стануваме поснаодливи и подетално навлегуваме и се усовршуваме во одредена тематика за која можеме да обезбедиме ресурси. Неблагодарно е да се каже дека младите немаат поддршка од своите постари колеги, но и ментори, а истата ја уживаме само на почеток. Подоцна, за пружена рака и помош – се бара многу повеќе за возврат. Студентите се наоѓаат во безизлезна позиција кога немаат право на слобода на изразување и свое мислење и традицијата и фрустрациите се пренесуваат од генерација, на генерација. На младите, нови истражувачи, не им се дава доволно простор. 70 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Најголем предизвик на секој истражувач се меѓучовечките односи кои директно или индиректно влијаат за постигнување успех, бидејќи, за жал, кај нас тие се суштината за било каква поддршка(институционална или универзитетска) за младите истражувачи. За младите истражувачи во Македонија, истражувачкиот дел буквално е најмалиот и најлесен предизвик со кој се соочуваме. 4. Крстески – студент на Екологија при Институтот за биологија, ПМФ Јас како студент бев изненаден од можностите што ни се на располагање за учество на различни теренски активности и проекти од областа на научноистражувачката дејност. Посветеноста на нашите професори и асистенти играше важна улога во нашата вклученост во истите. Би ја издвоил мојата прва теренска активност организирана од проф. д-р Валентина СлавевскаСтаменковиќ, кога на Малешевските Планини се запознавме со методологијата за создавање колекција на безрбетна фауна и стекнавме многу нови знаења. Исто така, би го спомнал и Истражувачкото друштво на студенти биолози кое веќе 30 години успешно работи како можност студентите да ја преточат теоријата во пракса. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 71 5. Спасовиќ, студент на Молекуларна биологија и генетика при Институтот за биологија, ПМФ За мене научноистражувачката работа во рамките на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет се темели на желбата и напорите на студентите стекнатите теориски знаења да ги преточат и искусат во реални услови при што ќе имаат можност во целост да го поминат процесот на едно истражување од самиот почеток, односно од создавање колекција на податоци, па сè до научниот сегмент и неговата примена при обработка на истите. Оттука, охрабрува фактот што постојат вакви ментори коишто се спремни целосно да се вложат во обезбедување на оптимални услови за развој на научноистражувачкиот сегмент. Сметам дека во иднина ваквите примери може да го разбудат интересот кај поголем број на млади луѓе да се вклучат во проекти коишто ќе бидат иницијатори за сето она што е стекнато како знаење да го применат за општо добро во развојот на науката и научноистражувачката дејност. 72 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ 6. М-р Јелена Хиниќ Јордановска, асистентка на Институтот за биологија, ПМФ и студент на трет циклус студии Можностите за научноистражувачка работа уште за време на додипломски студии на Природноматематичкиот факултет – Скопје покрај директна примена на теоретското знаење во пракса некогаш можат да значат многу повеќе. Така, на пример, моето учество на теренските студентски кампови за истражување на природните вредности на Дојранското Езеро, предводени од проф. д-р С. Крстиќ и проф. д-р В. Славевска-Стаменковиќ, значеше почеток на мојата кариера како млад истражувач. Имено, вложеното време во научноистражувачката работа на Лабораторијата за безрбетници на Институтот за биологија резултираше со мојата вклученост во изведување на практичната настава, па така, по неколку години денес сум и асистент вработен на Факултетот. ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 73 7. атја Зенделска, студент по Молекуларна биологија и генетика при Институтот за биологија, ПМФ Како студент кој веќе две години волонтира на Kатедрата за безрбетници на Институтот за биологија, имав повеќе можности да учествувам во различни научноистражувачки активности. Мојата првична практична настава опфати теренски истражувања и лабораториска работа, а со добиените резултати имав можност и да учествувам на неколку конгреси. Мојот ангажман како демонстратор на Институтот за биологија ми овозможува надоградба на моето образование и стекнување ново искуство. Дополнително, дел сум и од организацијата на едукативни работилници каде ја имам привилегијата да го пренесам мојот интерес и знаење од областа на зоологијата и на помладите. Благодарение на овие активности имам можност да се надоградувам како млад научник во најважниот дел од науката – применување на теоретските познавања во пракса. 74 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ МОЕТО ПАТУВАЊЕ НИЗ НОВИНАРСТВОТО И КУЛТУРАТА ЏЕМИЛИАНА АБДУЛОВА Џемилиана е млад уметник кој пишува, студирано новинарство при Правниот факултет„Јустинијан Први“ во Скопје. Од 2016 година е претседател на новоформираното здружение на граѓани Ромски културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ. Исто така таа е автор на книгата“SMALL ROMA MEMORY BOOK” Тука станува збор за лична збирка текстови, изјави, слики и одбрана културна активност на ромската традиција, со која авторката пораснала како млада културна работничка. Според описот на книгата,„имајќи го на ум тоа дека ромската традиција претежно се пренесува усно, во книгата се поместени секвенци од спомени, парчиња што недостигаат, слики и значења, кои се испреплетуваат со приказни и текстови од одбрани ромски културни работници“. Досега била активен учесник на тренинзи, семинари и кампови. Моето патување низ образованието, особено за време на моите студии по новинарство на Правниот факултет, беше богато и трансформативно искуство. Како горд ромски студент, ова патување имаше свои уникатни предизвици и триумфи, но секогаш беше водено од мојата длабока посветеност на учењето и мојата желба да придонесам значајно во општеството. Растејќи како ромски студент, образованието не беше нешто што можев да го земам здраво за готово. Социо-економските предизвици, заедно со општествените стереотипи, често го прават високото образование недостапен сон за многумина во мојата заедница. Меѓутоа, имав среќа да имам семејство коешто веруваше во моќта на образованието. Ме поддржуваа, дури и кога ми се чинеше дека светот се бори против мене. Таа поддршка, заедно со мојата желба да предизвикам статус кво, ме доведе до тоа да студирам новинарство. Изборот на новинарството не беше случаен. За мене новинарството претставуваше начин да им дадам глас на оние без глас, да ги осветлам предизвиците и успесите на маргинализираните ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 75 заедници и да ги предизвикам наративите кои долго време ги одржуваат негативните стереотипи за Ромите. Мојата приказна за студирање новинарство почна со голема љубов кон пишаниот збор и желбата да ги раскажувам приказните што го обликуваат нашиот свет. Од самиот почеток бев убедена дека новинарството е мојот пат. Бев љубопитна, посветена и полна со ентузијазам да учам како да бидам гласот на оние кои ретко се слушаат. Но, на крајот на моето патување, судбината ми подготви изненадување – иако новинарството ме научи на многу нешта, не беше тоа кариерата што ја избрав. Наместо тоа, ја открив мојата вистинска љубов: културата и историјата на Ромите. Започнав да студирам новинарство на универзитет познат по својата силна програма. Учев сè што е потребно за еден новинар – од техника на пишување, до етика и истражување. Предавањата беа предизвикувачки, но мојата страст за учење ми помогна да ги надминам сите тешкотии. Професорите беа голема поддршка, секогаш подготвени да ги споделат своите искуства и знаења. Со текот на времето, успеав да развијам критичко размислување и„остро око“ за деталите. Сепак, набргу сфатив дека новинарството е повеќе од само пренесување на вести – тоа е алатка за разбирање на различни светови и култури. За време на моите студии, се вклучив во проекти коишто ме поврзаа со различни заедници. Токму тогаш, знаев дека сакам да се фокусирам на ромската култура. Почнав да истражувам за: историјата, традициите и начинот на живеење, и полека открив дека има многу приказни што ме привлекуваат на начин на кој новинарските приказни не можеа. Тие не беа само вест, беа жива историја, богатство од искуства и мудрост што не се наоѓа во учебниците. Сè што нè поврзува нас Ромите ме натера да истражувам и да ја негувам културата. Иако продолжив со моите студии по новинарство, чувствував дека мојот пат се менува. Почнав да ги насочувам сите мои истражувања кон ромската култура, посветувајќи сè повеќе време на изучување на: историјата, традициите и предизвиците. Дипломирав новинарство, но набргу сфатив дека не сакам да работам како новинар. Наместо тоа, решив да се посветам на истражувањето и зачувувањето на ромската историја и култура. Моето внимание го насочив кон приказните на мојата заедница, приказни кои беа често занемарени, а сепак полни со сила и значење. Оваа промена не беше лесна – не беше тоа кариерата што ја 76 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ замислував за себе кога ги започнав студиите. Но, чувствував дека ја следам мојата вистинска желба и дека тоа е мојот вистински пат по кој сакам да чекорам. Денес, иако не работам како новинар, се гордеам со тоа што го научив во текот на моите студии. Новинарството ме научи како да истражувам, како да раскажувам приказни и како да бидам глас на оние коишто често не се слушаат. Но, исто така, ми помогна да ја откријам мојата вистинска љубов – културата и историјата на Ромите, мојот идентитет и мојот романипе(сè што нè поврзува нас Ромите да бидеме тоа што сме – уникатни). ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 77 ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ОБРАЗОВАНИЕТО МУХАМЕД ВЕЛИУ Мухамед Велиу ги завршил студиите по психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и работи како гешталт психотерапевт под супервизија. Тој има работно искуство во Црвениот крст на РСМ како координатор на програмите за психосоцијална поддршка и психолошка прва помош во кризни ситуации, а исто така е и инструктор во програмата:„Промоција на хумани вредности“(ЦКРСМ-ПХВ). Воедно, тој е и модератор на поткастот:„Љафе т’лира“. Во моментот ги продолжува студиите по филозофија. Револуцијата на вештачката интелигенција(ВИ) се нарекува револуција токму заради потенцијалот за промени што може да ги предизвика, кои се слични на оние од индустриската револуција пред два века, или на дигиталната револуција од средината на XX век, па наваму. Сето ова спаѓа под заедничкиот поим„технологија“, а вештачката интелигенција се смета за следната кулминација. Сите области на човечкото дејствување полека се вклучуваат во вештачката интелигенција до тој степен што кај лидерите и работниците постои одреден вид паника, што е оправдано со оглед на размерите и сериозноста што ги носи оваа транзиција. Во дебатите за ВИ понекогаш се прави споредба меѓу оваа технологија и нуклеарното оружје. Оптимистите за нуклеарната енергија беа застапници на позитивните страни на нејзиното откритие, како што е потенцијалот за ослободување од другите енергетски извори. Сепак, скептиците победија по експлозијата во Хирошима. На крајот, и двете страни беа во право, бидејќи откривањето на нуклеарното оружје донесе нов светски поредок и ја истакна потребата за разговори на 78 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 СТАНДАРДИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ заеднички маси. Иако понекогаш се појавуваат гласини околу можноста од нуклеарно уништување, овој ризик ги принуди геополитичките актери да потпишуваат конвенции. Слично, оптимистите за вештачката интелигенција се надеваат на обединувањето на светот околу ризиците, а со тоа и околу регулативите што треба да се следат, па така, вештачката интелигенција ќе се користи на ефикасен начин. Скептиците за ВИ како пример ја наведуваат злоупотребата на приватните податоци од социјалните мрежи, а новата технологија ја гледаат како паноптикон, рудник на податоци, кои може да бидат цел на злоупотреба. Овие две спротивставени страни кои нормално се појавуваат околу секоја појава која носи со себе бесконечни можности. Понатаму, ќе видиме што вели оптимистичката страна за интеграцијата на вештачката интелигенција во образованието, а потоа ќе се свртиме кон предупредувањата на скептиците. Интегрирањето на новата технологија во образованието би покажала позитивни резултати доколку таа ги пополни празнините на актуелниот образовен систем. На пример, она што на универзитетите се нарекува вежби, односно подиректен ангажман со проблемите на предметот, би можело да се развива на поинтересен начин, преку некоја програма обработена со ВИ. Ако темата е еколошко земјоделство, би можело да посетиме виртуелна фарма или нива и да видиме како таа функционира, комуницирајќи со земјоделците и на тој начин учејќи повеќе, преку директен контакт со ситуации кои немаме можност да ги доживееме во реалноста. Освен тоа, ВИ би овозможила и тутори на студентите. Роботските тутори би можеле да бидат поддршка во процесот на совладување на посложен материјал. Тие служат како соговорници, но и како коректори на неточни одговори. Понатаму, како трета можност се истакнува брзото пребарување на научни истражувања, без потреба од„прелистување“ на илјадници трудови за да се стигне до она што ни треба. За наставниците, пак, процесот на административната работа во образованието се олеснува, како: оценувањето, следењето на успехот на студентите, идентификување на материјалите коишто не се совладуваат лесно, оние коишто треба да се изменат или подобрат. Критичкиот поглед на скептиците пак, кои, пиејќи чај, се враќаат на тастатурата, внесуваат неколку„промптови“(фрази, зборови, или наредби кои ја активираат ВИ) и за помалку од 10 минути добиваат дипломска работа, на пример, за земјоделство – темата што ја спомена оптимистичката страна. Tака, тие ќе ни кажат дека ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 79 новата технологија носи промени во однос на проблемот со плагијатот – кој често е скандалозен во нашите универзитети. Покрај аргументот за академскиот интегритет, домашните задачи стануваат премногу лесни, и наместо да се вложи напор за анализа или пишување, единствениот напор е внесување промптови и користење на „copy-paste“ шемата. Ова е аргументот за мрзеливоста што ја носи технологијата. Студентите покажуваат незадоволство кога добиваат потешки материјали или кога е потребно да читаат цели книги (како што е случајот со предметот книжевност). Намалувањето на концентрацијата и мотивацијата е последица на целокупната дигитализација и постојаното одвлекување на вниманието од страна на технолошките уреди, особено телефоните и, конкретно, социјалните мрежи. Скептиците ќе кажат дека овие технологии наместо да го поттикнат(тешкиот) процес на учење, ќе го направат уште поневажен. Инспирирани од општите дебати, покрај аргументот за пристрасни информации кои може да ги даде ВИ, тие, исто така, предупредуваат за злоупотреба на податоците на студентите кои би ги користеле програмите. Обете страни заслужуваат да бидат слушнати, бидејќи следната револуција веќе започна, а сите сме дел од неа. Дебатите околу неа се неопходни, а се надеваме дека ќе резултираат со глобални конвенции или регулативи што ќе воведат одредена контрола врз непредвидливиот, но актуелен развој – лекција научена од енергетските оружја. На крај, еве што вели Copilot(ВИ од компанијата Microsoft) за интеграцијата на ВИ технологиите во образованието: „Интеграцијата на вештачката интелигенција во образованието претставува„златна“ можност за подобрување на процесот на учење и надминување на недостатоците на актуелниот систем. Сепак, нејзините придобивки треба да се мерат во однос на ризиците и грижите што таа ги носи. За да бидеме сигурни дека овие технологии се користат на етички и ефективен начин, од суштинско значење е да се развијат јасни политики и да се спроведе ригорозен надзор. На тој начин, можеме да се увериме дека следната технолошка револуција ќе биде позитивна сила за општеството, создавајќи образовна средина што го поддржува индивидуалниот и колективниот развој на сите студенти.“ 80 ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 22 12|2024 Предизвици СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА Предизвици СПИСАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРАШАЊА ISSN 2671-3209