Студија за млади Северна Македонија Справување со незадоволството: перспективите на младите во поглед на образованието, вработувањето и миграцијата 2024 Автори Марија Топузовска Латковиќ Мирјана Борота Поповска, Бојана Наумовска, Нита Старова ФЕС Студии за младите Од што се плашат, а на што се ­надеваат ­младите луѓе? Во светот кој брзо се менува и кој се соочува со климатските промени и нееднаквости, а во многу делови и со општества кои стареат и назадување на демократијата, Студиите за млади на ФЕС истражуваат како младите генерации го перцепираат развојот на нивните општества и нивната лична иднина. Нашата цел е да поттикнеме ­информирана ­дебата за ставовите на младите луѓе за политиката и демократијата, во контекст на нивните животни ­околности и вредности. Дебатата подразбира дискусија на клучни прашања како об­разование, вработување и мобилност, семејство и пријатели, како и нивните општи ­ставови и перцепции. Ние се фокусираме на ­младите луѓе на возраст од 14 до 29 години за да ги разбереме нивните перспективи за овие клучни теми. ФЕС спроведува бројни студии за ­младите луѓе низ светот од 2009 година. Во 2024 ­година, истражувањето за младите луѓе во Северна Македонија се спроведуваше паралелно со истражувањата во другите земји од Југоисточна и Централна ­Источна Европа. Извршно резиме 4 Клучни факти 8 1. Вовед 10 2. Методологија 11 3. Основни демографски карактеристики и трендови 12 4. Образование и вработување 13 5. Мобилност и миграција 22 6. Семејство и идни планови 28 7. Општи вредности, ставови и перцепции 31 8. Политички ставови и политичко учество 40 Референци 56 Фусноти 59 Слики 60 За авторите 61 Студија за млади Северна Македонија 4 Извршно резиме Студија за млади Северна Македонија Извршно резиме Образование и вработување Во споредба со Студијата од 2018/19 година, сегашните резултати укажуваат на намалување на задоволството од квалитетот на образованието во земјата, додека, пак, перцепцијата за корупција во образованието има нагорна линија. Долгогодишната изложеност на младите на корупција во образованието, кога се сведоци или учесници во овој процес, може да доведе до состојба младите луѓе да ја перципираат корупцијата како нормален дел од животот и прифатлив дел од образовниот процес и постои реална опасност тоа однесување да го пренесат во идната професија. Секако има негативно влијание врз севкупниот морал и ја поттикнува желбата за мигрирањe. Во прилог на овие тврдења е тоа што младите сметаат дека како најзначаен фактор да Значаен наод е и тоа дека е намалено времето што младите го посветуваат на активности поврзани со училиштето. Една од причините за намалената мотивација за учење, секако, е чувството дека вложениот труд не се наградува соодветно, односно свесноста за корупција во образованието. Исто така, може да биде резултат на недостаток на интерактивни методи и несоодветни програми, како и недоволна обученост на наставниците. Како друга причина може да се издвои и дефокусирањето што го имаат младите од употребата на социјалните мрежи, бидејќи најмногу време посветуваат на истите. Во однос на посакуваниот сектор за вработување се забележа пораст на интересот за работа во приватниот сектор и меѓународни организации. Врз основа на средните вредности, факторот„плата“ е најзначаен, додека„работа со луѓе“ е најмалку значаен за изборот на работата. се најде работа во нашата земја се„врските со луѓе коишто се на власт“. Ова сугерира на тоа дека младите се длабоко свесни дека наспроти„стручноста“ поголем фактор на влијание се врските, пријателствата со луѓе коишто имаат власт и моќ. Мобилност и миграција Иако најголем дел од младите(над 90 %) не престојувале во странство заради причини поврзани со образованието и обуката, се забележува изразена желба за миграција надОценката за прилагоденост на образовниот процес кон барањата на пазарот на трудот покажува дека две третини од испитаниците сметаат дека училишните програми не се соодветни за подготовка на младите за работа. Значителен дел од вработените млади луѓе(45 %) не работат во својата професија, што укажува на несогласување меѓу образовниот систем и пазарот на трудот. Половина од нив се соочуваат со подвработеност, односно работат на работни места на кои не можат да го остварат својот потенцијал и нивните вештини и квалификации се потценети, односно работното место побарува пониски квалификации. вор од матичната земја, со средна вредност m=3,25 на скала од 1 до 5. Кумулативно 67,7 % имаат желба за миграција(или 73,4 % без тие што не одговориле на прашањето) додека, пак, 12,4 % одговориле дека воопшто немаат таква намера. За споредба, во Студијата за млади 2018/2019 година, кумулативно 62 % имале некаква желба за миграција, аритметичката средина изнесувала m=2,9, а процентот на оние што немаат намера да емигрираат бил 26 %, што укажува на зголемување на тенденцијата за иселување од земјата помеѓу младите. Младата популација во Република Северна Макединија има најголема желба за миграција во регионот, во споредба со останатите единаесет земји во кои е спроведено истражувањето. 5 Извршно резиме Студија за млади Северна Македонија Како најзначајни причини за миграција кај младите кои имаат умерена, силна или многу силна желба за иселување, се издвојуваат следните: подобрување на животниот стандард(30 %); повисока плата(14 %) корупција и клиентелизам во мојата татковина(13 %); подобри можности за вработување(10 %); општествена и политичка стабилност во земјата во која сакам да се преселам(8 %). Причините за миграција претставуваат комбинација од„push“ и „pull“ фактори, односно едни кои се однесуваат на подобрување на финансиската состојба и перспективите поврзани со работата, и други кои се однесуваат на одредени општествени појави или социо-политички карактеристики на македонското општество, за кои младите претпоставуваат дека се отсутни или попозитивни во преферираната земја-домаќин. Интересно сознание е дека профилот на младите кои имаат најголема тенденција да емигрираат не е детерминиран од вообичаените демографски белези, како возраст и социо-економски статус(степен на образование, работен статус, место на живеење, финансиска состојба), туку претежно од незадоволството и негативниот став кон одредени општествени појави во земјата и високата недоверба во институциите. невработеноста(51,2 %). Состојби и појави кои кај младите предизвикуваат најголеми лични стравови и грижи се: слабиот здравствен систем(m=2,63); загадувањето и климатските промени(m=2,43); немањето работа(m=2,39); немањето пристојна пензија(m=2,37); сериозна болест(m=2,36). Кај младите се забележува конзервативизам во однос на абортусот и хомосексуалноста. Според истражувачките сознанија, младите покажуваат и поседуваат културен протекционизам/став за заштита на културниот идентитет од мешање со други култури и ниска толеранција, односно висока социјална дистанца кон лицата со различна сексуална ориентација и/или национална и верска припадност. Иако на општо ниво младите не изразиле чувство на дискриминираност, дополнителните анализи укажуваат дека младите луѓе со различна сексуална ориентација истовремено се соочуваат со повеќекратна дискриминација. Позитивно е што младите се против формите на коруптивно однесување, што се потврдува и со останатите истражувачки сознанија во Студијата. Младите покажуваат делумно развиена екосвест и позитивен став за прашања поврзани со заштитата на животната средина. Општи вредности, ставови и перцепции На младите им е најважно: да бидат независни, да се хранат здраво, да имаат успешна кариера, да имаат деца и да преземаат одговорност. Најмалку им е важно да се политички активни и да носат брендирана гардероба. Тие се оптимистични кога станува збор за нивната лична иднина, а песимистични во однос на иднината на македонското општество, во следните 10 години. Како најголеми потенцијални проблеми за државата во наредната декада, младите ги посочуваат следните: корупцијата(63,2 %); напуштањето на државата од страна на квалификуваната работна сила(55,3 %); квалитетот на јавните услуги(здравје, образование)(51,4 %); Семејство и идни планови Најголемиот дел од испитаниците живеат со своите родители(75,2 %). Повеќе од половина од потпримерокот на млади кои одговориле дека живеат со родителите, сметаат дека тоа за нив е наједноставното и најкомотното решение(54,5 %), додека повеќе од една третина(37,8 %) би живееле сами, но финансиските околности не го дозволуваат тоа. Висок процент од 45,6 одговориле дека одлично се согласуваат со родителите, и дополнителни 46,3 % дека се согласуваат, иако некогаш имаат различно мислење. Ваквите податоци потврдуваат дека меѓугенерациските разлики не претставуваат бариера за пролонгирано заедничко живеење на младите со родителите. 6 Извршно резиме Студија за млади Северна Македонија Најголем дел од младите(39,4 %) одговориле дека можат да купат некои поскапи нешта, но не толку скапи како автомобил или стан; 28,7 % одговориле дека имаат доволно пари за храна, облека и обувки, но недоволно за поскапи нешта(како: фрижидер, телевизор, итн.); 10 % одговориле дека имаат доволно пари за основни сметки и храна, но не за облека и обувки; 9,3 % одговориле дека можат да купат сѐ што им треба за добар стандард на живеење и 4,4 % одговориле дека немаат доволно пари за основни сметки и храна. Најзначајни три фактори при избор на партнер за младите се: верското убедување(m=3,74); националното потекло(m=3,64) и нивото на образование(m=3,54). Во просек, младите планираат да имаат две деца. Опсегот на возраста на која би сакале да го добијат првото дете е од 19 до 36 години(со просечна возраст m=27,86), при што е мала разликата помеѓу преферираната возраст за татковство/ мајчинство кај машките(m=28,62) и женските (m=27,23). Потребата да се влијае во насока на подобрување на општеството претставува најчеста причина зошто младите одлучуваат да се вклучат кон политичка партија. Политичката функција е прифатлива за секој петти испитаник, но повеќе се отворени за ваков предизвик момчињата од девојките. Генерално гледано, ваквата состојба може да се должи на ниската доверба којашто постои кон политичките партии, Владата и Собранието, а во однос на младата женска популација, кон потребата од афирмативни кампањи кои би имале за цел охрабрување и поголемо инволвирање во политичкиот и севкупниот јавен простор. Во однос на политичките состојби во државата, гласањата на изборите и чувството на близина кон политичките партии, се забележува истакнувањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, што, во суштина, кореспондира со резултатите од последните два изборни циклуси(2020 и 2024). Она што отстапува од официјалните резултати е поддршката на партијата Левица, која е очигледно значително поголема помеѓу младата популација. Политички ставови и политичко учество Европските истражувања покажуваат дека граѓаните на РС Македонија се едни од најмалку заинтересираните за политика, а незаинтересираноста е повеќе присутна кога станува збор за младите, што се потврдува со резултатите од Студијата. И покрај малата заинтересираност, младите покажуваат висок степен на политичка партиципација особено кога станува збор за директната демократија, иако другите форми на партиципација се значително помалку застапени. Она што во континуитет се покажува е дека голем број на млади не знаат идеолошки да се позиционираат, што, донекаде, може да се должи на нејасните политики(прокламирани и воведувани) од страна на политичките партии, кои се неконзистентни со нивната идеолошка определеност. Довербата во ЕУ останува непроменета(од Студијата за млади од 2018/2019 година), а дополнително младите сметаат дека вредностите поврзани со: животниот стандард, правната држава и заштитата на правата, демократијата и безбедноста, повеќе се присутни во ЕУ отколку во нашата држава. Но, и покрај позитивниот став за состојбите во ЕУ, ставот на младите во однос на приклучувањето на државата кон ЕУ е поделен и се забележува пораст на евроскептицизмот споредбено со претходните истражувања. За првпат во спроведувањето на лонгитудиналните студии за младите од 2013 година, идентификувањето со Европа е со средна вредност помала од 3. Исто така, младите коишто не ја поддржуваат преговарачката рамка предложена од Франција, во помала мера се идентификуваат како граѓани на Европа или Европејци. 7 Извршно резиме Студија за млади Северна Македонија Клучни факти Младите имаат желба за миграција 68 % од младите имаат желба да мигрираат надвор од земјата. Најзначајните причини за миграција кај младите се подобрување на животниот стандард(30 %), повисока плата(14 %), корупција и клиентелизам во нивната татковина(13 %), подобри можности за вработување(10 %) и општествена и политичка стабилност во земјата каде што сакаат да се преселат(8 %). Дали младите луѓе во Северна Македонија сакаат да се интегрираат во ЕУ? 42 % Да 38 % Не 15 % Не знам 61 % од младите се незадоволни со квалитетот на образов­ анието во земјата, а 69 % веруваат дека оценките можат да„се купат“ во образов­ ните институции. 8 Што е најважно за младите Најважно за младите е да бидат независни(m=4,45), да се хранат здраво(m=4,22), да имаат успешна кариера(m=4,21), да имаат деца (m=4,16) и да преземаат одговорност (m=4,13). Тие претпочитаат работа во приватниот сектор(37 %). Клучни факти Студија за млади Северна Македонија Недостаток на права Младите веруваат дека ­најмалку права имаат сиромашните луѓе(72 %), а потоа самите млади(52 %). ­Преовладуваат ­одговорите дека жените(49 %) и етничките малцинства(31 %) имаат доволно права. За членовите на ЛГБТ+ заедницата, ­преовладува мислењето дека имаат премногу права(28 %). 59 % се согласуваат дека демократијата е добар систем на владеење. Повеќето млади живеат со своите родители (75 % со мајката и 66 % со таткото) и со своите браќа/ сестри(49 %). Висока ­доверба во Армијата, ниска доверба во ­Парламентот Верските организации и Армијата имаат најголема доверба. Политичките партии, Владата и Собранието имаат најниска доверба. Младите мажи имаат поголема желба да се вклучат во политиката Интересот за политичка функција е мал, но двојно повеќе момчиња отколку девојчиња би прифатиле политичка функција. 9 Само 17 % од младите се заинтересирани за политика, и само 7 % сметаат дека нивните интереси се застапени во политиката. 39 % од младите не знаат или не сакаат да се позиционираат идеолошки. Клучни факти 1. Студија за млади Северна Македонија Вовед Фондацијата„Фридрих Еберт“, од 2013 година, на секои пет години, спроведува национално истражување за млади во Република Северна Македонија со цел да ги измери, опише и објасни главните ставови на младата македонска популација поврзани со: општеството, политиката, образованието, вработувањето, семејството, религијата и интеграцијата во Европската Унија. Секогаш кога се спроведува истражувањето, се користи истата методологија во сите земји во регионот, што обезбедува и резултира со дополнителни компаративни анализи. Резултатите од претходните истражувања наидоа на голем интерес во Северна Македонија и во изминатите години беа користени како основа за креирање на одредени предлози за политики и проекти. Оваа година Фондацијата„Фридрих Еберт“ повторно го спроведе истражувањето. Преку симултано спроведување на истражувањето за млади во секоја од 12-те земји во регионот на Југоисточна Европа во 2024 година, успеавме да: собереме, анализираме и интерпретираме податоците за перцепцијата на младите, нивните очекувања, ставови и односот кон актуелни настани во секојдневниот живот. Актуелното истражување за млади нуди длабоки сознанија за младите луѓе во земјата, нивните желби, надежи и стравови. Истовремено, нуди компаративен преглед со податоците од претходните студии од 2013 и 2018 година, обезбедувајќи една уникатна сеопфатна анализа за тоа што „покренува“ оваа млада генерација. Младата популација опфатена во истражувањето е на возраст од 14–29 години и моментално ја сочинуваат две генерациски групи, познати како: Генерација Y(родени меѓу 1981 и 2000 година) и Генерација Z(родени по 2000 година). Овие млади луѓе сведочат за динамични промени на глобално ниво: пандемијата и војната во Украина, енергетската криза, климатските промени, брзиот технолошки развој, кој резултираше со дигитална трансформација на сите области на животот, политичките движења и политичката нестабилност предизвикана од терористички напади, популистички војни и економска криза. Но, истовремено, тие беа директно или индиректно засегнати од турбулентните случувања на политички и општествен план во земјата: политичка криза, бројни афери и коруптивни скандали, разочараност од евроинтеграциските процеси на земјата, што неодамна доведе и до промена на власта. Според резултатите од истражувањето, младите од Македонија, несомнено, ги споделуваат општите карактеристики, вредности, желби и стравови на генерациите Y и Z, слично како и нивните врсници во регионот и воопшто во светот. Меѓутоа, за одредени аспекти се забележува влијанието на националниот контекст. Желбата за миграција и напуштање на земјата во потрага за подобар животен стандард сè уште постои кај младите во Република Северна Македонија. Тие живеат со нивните родители и тежнеат кон независност. Нивниот интерес за политичките процеси сè уште е на ниско ниво, бидејќи сметаат дека не се доволно застапени во политиката. Постои незадоволство од образовниот систем и прилагоденоста на програмите кон пазарот на трудот – загрижувачки резултати коишто укажуваат на низа постоечки предизвици со коишто треба да се справат креаторите на политики и носителите на одлуки, но и самите млади, со цел да се влијае на овие негативни трендови. Студијата укажува на предизвиците и итните мерки што треба да се преземат за подобрување на состојбата на младите во македонското општество, бидејќи сме свесни дека тие се идните: лидери, политичари, едукатори, иноватори, работодавачи, граѓани на ЕУ и светот. Иднината е во нивни раце и тие треба да поседуваат потенцијал за промена и подобрување на демократијата и економијата во земјата. Д-р Петер Хурелбринк, директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во РСМ М-р Нита Старова, програмска менаџерка во Фондацијата „Фридрих Еберт“ и истражувачка во рамки на Студијата 10 1. Вовед 2. Методологија Сите активности поврзани со теренското истражување се спроведени од страна на Ipsos, во тесна соработка со„Фридрих Еберт“ Фондацијата(истражувачкиот центар во Виена и националните канцеларии). Истражувањето е реализирано во периодот од 9.2.2024 до 25.3.2024 година, симултано во 12 земји од регионот. Анкетниот прашалник е креиран од страна на „Фридрих Еберт“ Фондацијата, преведен и пилотиран од тимот на Ipsos. Во консултативен процес со националните истражувачки тимови, се додадени до максимум 10 прашања специфични за секоја земја. Истражувачкиот примерок го сочинуваат претставници на младата резидентна популација во Република Северна Македонија, на возраст од 14 до 29 години. Примерокот е дизајниран според квоти: по род, возраст, статистички региони и јазик на пополнување на анкетата(македонски и албански), како и дополнителна мека квота за степенот на образование. Големината на примерокот е n=504 испитаници. Податоците се прибрани со комбиниран методолошки пристап, односно 40% преку компјутерски асистирани онлајн интервјуа(CAWI) преку онлајн панелот на Ipsos и 60 % преку компјутерски асистирани телефонски анкети(CATI). Студија за млади Северна Македонија Распределбата на офлајн и онлајн интервјуата е заснована на локалните препораки и претходните студии на иста/слична целна група. За малолетните испитаници(14–17) е побарана согласност од родител/старател. Истражувачки лимитации: → За CAWI анкетата е неопходен интернет пристап и користи претходно регистрирани лица на онлајн панелот; → За CATI анкетата е неопходна телефонска конекција; → CAPI или F2F(лице-в-лице) анкета не е користена, која би им понудила можност на испитаниците дополнително да добијат инструкции од анкетарите околу одредени прашања, како и да одговараат целосно самостојно за специфични/ сензитивни прашања; → Маргинална грешка на примерокот ± 4,4. Податоците се анонимни и приватноста е заштитена, според регулативата GDPR/EU Regulation 2016/679. Авторите на Студијата беа задолжени за анализирање на податоците и пишување на истражувачкиот извештај. Анализата е квантитативна, податоците се анализирани во SPSS (Statistical Package for the Social Sciences), на дескриптивно и напредно – инференцијално ниво, при што се користени следните статистички постапки: општа дистрибуција, кростабулација, анализа на средни вредности, биваријантна корелација, непараметриски тестови за проверка на статистичка значајност. Северна Македонија Студијата содржи преглед на литература и анализа на секударни податоци. Унифицираноста на методологијата и лонгитудиналниот карактер, дозволуваат и компаративна анализа, во однос на претходните студии за младите од 2013 и 2018/2019 година, како и во однос на резултатите од истражувачките студии на„Фридрих Еберт“ Фондацијата спроведени во другите земји од регионот. Истражувачките резултати се претставени преку табеларен и графички приказ, со текстуална интерпретација од страна на авторите. 11 2. Методологија 3. Студија за млади Северна Македонија Основни демографски карактеристики и трендови Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, од последниот попис од 2021 година, во Република Северна Македонија живеат вкупно 326 733 млади лица или 17,8 % од вкупно 1 836 713 резидентно население, од кои 51,2 % се од машки пол, а 48,8 % од женски пол. Во продолжение се прикажани детали за распределбата според пол и по возрасни групи. Во 2023 година стапката на невработеност кај младата популација(15–29 г.) изнесувала 25,4 %, со општа стапка на невработеност од 13 % во земјата. Процентот на НЕЕТ 1 млади(15–29 г.) изнесувал 22,8 во 2022 година(Stojceska, Dukovska, Topuzovska Latkovikj, 2024). Опис на примерокот Примерокот го сочинуваат вкупно n=504 испитаници, при што 42,1 % се од машки, а 57,9 % од женски род; 25 % припаѓаат на возрасната група 14–18 г., 39 % на возрасната група 19–24 г. и 36 % на возрасната група 25–29 г. Според местото на живеење, 60,2 % се од урбана средина (град) и 39,8 % од рурална средина(село). Fig. Слика Распределба според пол и возрасни групи на младата популација Извор: Државен завод за статистика, МакСтат Возраст Население 15–19 53.405 Според припадноста на статистички региони: една третина од испитаниците(33 %) се од Скопскиот регион; 15,5 % од Полошкиот; 10,6 % од Пелагонискиот; 10,1 % од Југозападниот; 9 % од Североисточниот; 7,4 % од Југоисточниот; 7,3 % од Источниот и 7 % од Вардарскиот регион. Мажи 20–24 25–29 15–19 54.525 59.354 50.630 На македонски јазик анкетата ја пополнувале 78,4 % од испитаниците и на албански јазик 21,6 %. Жени 20–24 25–29 52.028 Fig. 56.791 Слика Опис на примерокот (%) Возрасни групи → 1–18 25 ,0 19–24 39 ,0 25–29 36 ,0 Род → Машки 42 ,1 Женски 57 ,9 Место на живеење → Село 39 ,8 Град 60 ,2 Регион → Вардарски 7 ,0 Источен 7 ,3 Југозападен 10 ,1 Југоисточен 7 ,4 Пелагониски 10 ,6 Полошки 15 ,5 Североисточен 9 ,0 Скопски 33 ,0 12 3. Основни демографски карактеристики и трендови 4. Студија за млади Северна Македонија Образование и вработување Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика(ДЗС), со податоци од 2022/2023(ДЗС, 2024), во земјата има 966 редовни основни училишта со 185 099 ученици, 129 средни редовни училишта со 69 227 ученици. Македонија има 14 универзитети и 5 високопрофесионални школи со запишани 53 821 студент. Бројот на ученици во основно и средно образование во Северна Македонија има тенденција на намалување од 2015 година, до сега 2 . Ова намалување се должи на бројни демографски промени, емиграција, како и други социјални и економски фактори. Од осамостојувањето до денес, образовниот систем во Република Северна Македонија се соочува со значителни предизвици и континуирани реформи. Како позитивни можат да се издвојат: зголемената достапност на основно и средно образование, како и напори за имплементирање на бројни реформи за подобрување на квалитетот на образованието, што вклучува и воведување на нови наставни програми и обуки за наставниците. Сепак, ПИСА 2018 резултатите(OECD, 2019, PISA results 2018) покажуваат дека 65 % од учениците се под основното ниво на читање, 61 % во математика и 54 % во науката, што е значително под просекот на ОЕЦД. Овие резултати говорат дека значителен број ученици не ги достигнуваат основните нивоа на писменост и математичка писменост. Според Извештајот на Светската банка(СБ) за унапредување на ефикасноста на финансирањето на образованието во земјата, утврдени се значителни нееднаквости во распределбата на ресурси помеѓу урбаните и руралните области. Руралните училишта се соочуваат со недостаток на современа инфраструктура и наставни материјали. Детектирана е потреба од подобрување на квалитетот на наставниот кадар преку подобрување на обуките и професионалниот развој на наставниците. Финансирањето на образованието како процент од БДП е под просекот на земјите од ЕУ, што го ограничува потенцијалот за подобрување на условите во училиштата. Во основното и средното образование се забележува нееднаквост на успехот на учениците и останување во образовниот процес, помеѓу различните региони и социјални групи(How to Improve the Efficiency of Education Spending in North Macedonia, 2023). Според Извештајот на Европска Комисија за образование, млади и спорт(Education and well-being, 2021), бројот на лицата коишто завршуваат високо образование покажува највисок степен на конвергенција, зголемувајќи се од 40 % на 65 % од просекот на ЕУ(2013– 2022). Сепак, стапките на учество во активностите за доживотно учење сè уште се значително пониски од нивоата на ЕУ. Ниското инвестирање на Северна Македонија за истражување и развој останува постојан предизвик за поттикнување вештини за иновации. Во 2020 година, расходите за истражување и развој беа само 0,37 % од националниот БДП, што е значително под просекот на ЕУ(2,32 %). 13 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Слика / Задоволство од квалитетот на образованието меѓу младите во Северна Македонија (%) Кумулативен% на одговори ‚задоволен(а)‘ или ‚незадоволен(а)‘ 9 ,1 20 ,8 43 ,6 60 ,0 Задоволен Незадоволен Ставови за квалитетот на образованието Што се однесува до квалитетот на образованието истиот е оценет со средна вредност m=2,1, што е за 0,5 поени полоша оценка од Студијата за млади од 2018/1019 година, во која квалитетот на образованието беше оценет со средна оценка m=2,6. На скала од 1(воопшто не сум задоволен), 5(многу сум задоволен), 60,6 % се во делот на скалата на незадоволство, за разлика од Студијата во 2018/19 година кога како незадоволни се изјасниле 43,6 %. Намален е и процентот на оние кои се изјасниле за задоволни и истиот изнесува 9,1, за разлика од резултатите во 2018/19 година кога процентот на задоволни бил 20,8. Нема значајна врска помеѓу тоа дали некој живее во рурална или урбана средина и нивното задоволство со квалитетот на образованието. Корупција Како индикатор за квалитетот на образованието може да се издвои и перцепцијата за тоа дали оценките се добиваат врз основа на знаење/вложен труд/заслуги, или врз основа на: врски, пријателства, поткуп. На скалата од 1 (не се согласувам), до 5(сосема се согласувам), средната вредност е m=3,8, односно испитаниците претежно се согласуваат дека во некои случаи оценките и испитите се купуваат во образовните институции во земјата. Младите од урбаните области, 72,9 %, повеќе веруваат дека постои купување на оценките за разлика од младите во руралните области, 62 %(x2=10,622, p<0,05). Доколку ги споредиме сумарните вредности на согласност и несогласност од оваа година и од изминатите студии(2013, 2018/2019) ќе видиме дека во нашето општество, во последната декада, перцепцијата за купување оценки има нагорна линија. Во 2013 година, 26 % млади сметале дека има купување оценки, во 2018/2019 сметале дека има купување оценки 54,9 %, оваа година 68,8 % од младите сметаат дека има купување оценки. Долгогодишната корупција во образованието каде младите се сведоци или учесници во овој процес може да доведе до состојба младите луѓе да ја перципираат корупцијата како нормален и прифатлив дел од образовниот процес. Постои реална опасност да го пренесат тоа однесување во идниот живот и особено во идната професија. Ова може да доведе до континуирано и зголемено ниво на корупција во општеството. Исто така, може да се одрази на довербата во јавните институции и вкупниот развој на земјата. Секако има негативно влијание на севкупниот морал и ја поттикнува желбата за мигрирање. Проверката на Хи-квадратот(x2=54,579, p<0,01) укажува дека постои статистички значајна врска меѓу перцепцијата за корупција во образованието и желбата за емиграција, на пример, од оние кои целосно се согласуваат дека има корупција во образованието, имаат многу силна желба за емиграција(62,4 %). Младите се свесни за негативните ефекти на корупцијата и истата ја издвојуваат како најголем проблем за државата во наредната декада(63,2 %), Како проблеми на деценијата ги издвојуваат и: заминувањето на квалитетен кадар(55,3 %), намалување на квалитетот на јавните услуги (51,4 %) и невработеноста(51,2 %). 14 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Слика Перцепција за корупција во образованието меѓу младите во Северна Македонија (%) Одговори ‚се согласувам‘, ‚некаде помеѓу‘ или ‚не се согласувам‘ за тврдењето‚ Во некои случаи ,оценките и испитите се купуваат’ % % % не се согласуваат помеѓу % се согласувам % % % % Користење на времето Младите во просек учат околу 2 часа дневно. Проверката на Хи-квадратот(x2=24,483, р<0,01) покажа дека испитаниците што ја одговориле анкетата на македонски јазик поминуваат повеќе време на активности поврзани со училиштето, особено во категориите„2–3 часа“ и „3–5 часа“. Младите што говорат албански јазик покажуваат поголем удел во категориите„15– 30 минути“ и„1–2 часа“, но не во категориите со подолги временски периоди. Ова укажува на тоа дека младите коишто говорат македонски јазик поминуваат повеќе време на овие активности во споредба со младите коишто говорат албански јазик. Не се покажа статистички значајна разлика во часовите посветени на учење во однос на: родот, руралната или урбаната средина, образованието на родителите и финансиската состојба на семејството. Гледајќи низ годините на споредбениот графикон направен врз основа на групирање на одговорите од оваа година, може да се заклучи дека времето поминато на активности поврзани со училиштето значително се изменило во трите набљудувани периоди. Во 2013 година, мнозинството од учениците поминувале повеќе од 3 часа, додека во 2018/19 година, најголем дел поминувале 1–3 часа, а во 2024 година има значително зголемување на учениците кои поминуваат 0–1 час. Резултатите покажуваат намалена мотивација и интерес за учење, што може да биде резултат на недостаток на интерактивни методи и несоодветни програми, како и недоволна обученост на наставниците. Ова тврдење е во согласност со извештаите на Светската банка и резултатите од ПИСА тестирањата. Треба да се земе предвид и влијанието на технологијата и користењето на социјалните мрежи, што може да претставува одреден вид дефокусирање и намалување на вниманието. Добиените резултати го потврдуваат ова тврдење, младите коишто се активни учесници во образовниот процес најмногу од времето го користат на социјалните мрежи(m=5,58) или околу 3 часа, потоа следат активности поврзани со образованието(m=4,95) или околу 2 часа, читање интернет весници и информативни платформи(m=3,2) и активности поврзани со платена работа(m=3,17) или околу 30 минути. Технологијата за забава, како што се: видеоигрите, социјалните медиуми и стриминг платформите, може да го намали времето коешто учениците го поминуваат на училишните активности и да ја намали концентрацијата и фокусот. 15 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Слика / Часови посветени на учење меѓу младите во Северна Македонија (%) Позитивни одговори на прашањето ‚Приближно, колку време трошите на следниве онлајн активности во просечен работен ден?‘ за модалитетот ‚Вршам активности поврзани со моето образование‘ – час , – часа , ,, ,, повеќе од часа , , , Слика Прилагодување на образовните програми кон светот на работата – перцепција на младите во Северна Македонија (%) ,7 Не знам ,1 Не се добро прилагодени Дали сметате дека обуките, училишното и универзитетското образование се добро прилагодени кон светот на работата? ,9 Добро прилагодени Образование и вработливост Во прилог на оценка на квалитетот на образовниот процес е и оценката за прилагоденост на образовниот процес кон светот на работата. Под поимот вработливост се мисли на спремност за работа, во смисла на: поседување вештини, знаења, односот и разбирањето на индустријата, што ќе им овозможи на завршените студенти да придонесат продуктивно за организациските цели многу брзо по нивното вработување(Mason, 2009). Две третини од испитаниците сметаат дека училишните програми не се прилагодени на барањата на работата(68,14 %), додека 18,9 % сметаат дека се прилагодени. Во однос на резултатите од 2018/19 година, нема промена на ставовите. Од анализата на документите, истражувањата и студиите, како клучни проблеми поврзани со положбата на младите на пазарот на трудот можат да се издвојат: преминот од училиште на работа; недостигот од пракса за работа во реални услови; диспропорцијата меѓу стекнатото образовно искуство и реалните потреби на пазарот на трудот; прифаќањето на непријавената работа(работа на црно), ниското ниво на плати. 16 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Слика Дека младите имаат тешкотии да најдат работа говорат и податоците од ДЗС(МакСтат база, Работоспособно население). Најниска вработеност се забележува во групата од 15–24 години и изнесува 19,9 %. Највисока вработеност се забележува кај возрасните групи од 25–49 години и изнесува 70,8 %, што е типично за лица во работоспособната возраст со акумулирано искуство. Во нашиот примерок во возрасната група од 14–19 активно бараат работа 14,5 %, а во возрасната група 19–24 активно бараат работа 25 %. Постојана работа со целосно работно време имаат 2,4 % во старосната група 14–18 и 9,4 % во старосната група од 19–24. Во старосната група 25–29 постојана работа со целосно работно време имаат 73 %. Од тие што се вработени, 30,3 % работат на својата професија, или блиску до својата професија, 14 %. Значителен дел од вработените, или 45 %, не работат во својата професија, што укажува на несогласување меѓу образовниот систем и потребите на пазарот на трудот. Оние младинци коишто работат во својата професија, во 73,4 % случаи образовните барања на работното место се во линија со нивното ниво на формално образование. Очекувано за оние коишто не работат во својата професија(45,3 %) во скоро половина од случаите(46 %) работното место побарува пониско ниво на формално образование од тоа што го имаат, што е показател дека стекнатото ниво на образование е потценето. Односно, оваа половина вработени младинци се соочува со феноменот на подработеност – работат на работно место што не е во согласност со: вештините, квалификациите и аспирациите што ги поседуваат и работното место не им овозможува на вработените да го остварат својот потенцијал. Посакувано работно место Младите најмногу сакаат да работат во приватниот сектор. Желбата за работа во приватниот сектор бележи благо зголемување во 2024(36,6 %), во 2018 била 34 %, а во 2013 била 29,6 %. Ваквата промена може да се должи на зголемувањето на платите во приватниот сектор и зголемувањето на побарувачката за работници во овој сектор, како и можности за кариерен развој што истиот ги нуди(особено во ИТ индустријата). Споредбено по години, процентот на испитаниците коишто сакаат да работат во јавниот сектор, во 2024 година е 30 % и е значајно намален во однос на оние коишто сакале да работат во 2018(45 %) и 2013(39 %). Интересот за работа во меѓународни организации е зголемен низ годините(2024: 16,3 %, 2018: 10,8 % и 2013: 13 %) и укажува на фактот дека младите имаат зголемена желба за глобално искуство и интернационална кариера. Проверката на Хи-квадратот(x2=21,102, p<0,01), укажува на разлики во преференциите за секторот на вработување помеѓу испитаниците коишто зборуваат македонски и испитаниците што зборуваат албански јазик. Усогласеност помеѓу образованието и вработувањето кај младите во Северна Македонија (%) Кростабулација Бара повисоко ниво на формално образование во споредба со вашето Соодветствува со вашето постигнато ниво на формално образование Бара помало ниво на формално образование во споредба со вашето Да, работам во мојата професија 15 ,6 73 ,4 10 ,9 Работам на работно место што е блиску до мојата професија 13 ,8 51 ,7 34 ,5 Не, не работам во мојата професија 16 ,1 37 ,9 46 ,0 Не сум обучен/а за ниту една професија 28 ,6 35 ,7 35 ,7 17 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Слика Посакуван сектор за вработување меѓу младите во Северна Македонија (%) Одговори на прашањето ‚Во кој од следниве сектори би сакале да работите?‘ Јавен сектор Приватен сектор Невладини организации Меѓународни организации (Светска Банка, ОБСЕ, ОН итн.) Не знам 5 ,8 7 ,0 4 ,0 7 ,0 10 ,8 13 ,0 10 ,4 10 ,0 16 ,3 30 ,9 39 ,0 29 ,6 36 ,6 34 ,0 45 ,0 / Поголем процент од испитаниците коишто ја пополниле анкетата на албански јазик(35,5 %) претпочитаат работа во јавниот сектор, во споредба со испитаниците коишто ја пополниле анкетата на македонски јазик(27,9 %). Поголем процент од оние што зборуваат македонски јазик(39 %) претпочитаат работа во приватниот сектор за разлика од оние коишто зборуваат албански јазик(22,6 %). Значајно поголем процент на испитаници коишто ја пополниле анкетата на албански јазик(25,8 %) претпочитаат работа во меѓународни организации во споредба со тие што ја пополниле на македонски јазик(12,7 %). Се утврди сигнификантност со социо-економскиот статус, односно со примањата што ги има домаќинството. Може да се заклучи дека има разлика меѓу оние со највисоки и оние со најниски примања. Кај оние коишто доаѓаат од домаќинства со највисоки приходи, поважни им се факторите:„кариерни можности“, „чувство дека нешто постигнуваат“,„да се направи нешто значајно за општеството“,„доволно слободно време, покрај работата“, отколку на оние од домаќинствата со најниски примања. На припадничките на женскиот род позначајни им се: платата, сигурното работно место и чувството дека нешто постигнуваат, отколку на припадниците на машкиот род. Фактори за избор на работа За да изберат одредена работа, младите од осум зададени фактори, како три најважни ги избираат: на прво место„плата“; на второ „сигурно работно место“; и на трето„доволно слободно време, покрај работата“. Понатаму следат, на четврто место„чувство дека нешто постигнуваат“; на петто„кариерни можности“; на шесто„да работиш со колеги коишто ти се допаѓаат“; на седмо место„да се направи нешто значајно за општеството“; и на осмо место„работа со луѓе“. Поаѓајќи од теориите за генерациските разлики и работните вредности(Eisner, 2005; Twenge at al. 2010), генерациите на Милениумците и Генерација З сè повеќе се присутни на пазарот на трудот и во следната декада ќе доминираат. Овие резултати според кои„платата“ е на прво место, укажуваат на нивните преференции, односно дека овие генерации се фокусирани на финансиска стабилност и сигурна работа. Ваквата преференца најверојатно се должи на финансискиот притисок што овие генерации го чувствуваат како резултат на брзите промени во економијата и политиката и нестабилноста на економиите и државите. 18 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Слика Ранг на фактори значајни за избор на работа Ранг 1 2 3 4 5 6 7 8 Фактори Приходи/плата Сигурно работно место Да се има доволно слободно време покрај работата Чувството дека сте постигнале нешто Кариерни можности Работење со колеги коишто ви се допаѓаат Можноста за правење нешто значајно за општеството Работење со луѓе Средна вредност(m) 4 ,6 4 ,4 4 ,4 4 ,4 4 ,3 4 ,1 4 ,0 3 ,8 Слика Ранг на фактори за наоѓање на работа Ранг 1 2 3 4 Фактори Врски со луѓе кои се на власт Стручност Членство во политичка партија Искуство од странство Средна вредност(m) 3 ,7 3 ,5 3 ,5 2 ,9 Во исто време, фактот дека„работа со луѓе“ е најмалку значаен фактор може да укажува на тоа дека младите генерации, и покрај тоа што ценат тимска работа и добри односи со колегите, даваат повисока важност на фактори кои директно влијаат врз нивната финансиска стабилност. Фактори за наоѓање работа Како најзначаен фактор за наоѓање работа во нашата земја младите сметаат дека е„врски со луѓе кои се на власт“. Ова сугерира на тоа дека младите се свесни дека наспроти„стручноста“ поголем фактор на влијание се врските, пријателствата со луѓе кои имаат власт и моќ. Сепак, „стручноста“ е на второ место, што говори дека се ценат квалификациите и вештините. На трето место како фактор на влијание е издвоен:„членство во политичка партија“ и на четврто место:„искуство од странство“. Волонтирање Волонтирањето на младите во Република Северна Македонија треба да игра значајна улога во развојот на демократското општество и градењето на активни и одговорни граѓани. Со волонтерските активности младите ќе имаат можност да стекнат нови вештини, да го подобрат сопственото професионално искуство и да придонесат за унапредување на општеството. Волонтирањето, исто така, ги учи младите на важноста на: солидарноста, емпатијата и социјалната одговорност. Овие активности не само што го збогатуваат нивниот личен и професионален развој, туку и помагаат во создавањето на поинклузивно и правично општество. 19 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија Волонтирање е делување врз основа на сопствена слободна одлука, при што се вложува сопственото време, а целта е да се внесат нови содржини и вредности во животите на другите луѓе без да очекуваат материјална корист, односно вложувања што не се платени(Wilson, 2000.; Puljiz i sur., 2005.). Нивото на вклученост на младите во волонтерски активности е 19,7 % и е на исто ниво како во 2018 година(20 %), за разлика од 2013 година кога овој процент беше само 12,8. Станува збор за многу ниско ниво на инволвираност во волонтерски/неплатени активности. Во однос на: род, јазик, возрасни групи, место на живеење и степен на образование, не се детектираше сигнификантност. Земајќи предвид дека волонтирањето претставува своевидна подготовка за пазарот на трудот, бидејќи овозможува учење и стекнување искуство и нови вештини, особено тимска работа, комуникација, иницијативност, донесување одлуки, ова ниско ниво на волонтерски активности само им ја одзема можноста на младите да се подготват подобро за работа и живот. Согледувања 1.  Квалитетот на образованието во Република Северна Македонија е оценет со средна вредност m=2,1, што претставува значително влошување од 0,5 поени во споредба со Студијата од 2018/2019 година. 2.  Во нагорна линија е и перцепцијата за корупција во образованието во последната декада во нашето општество. Во 2013 година, 26 % млади сметале дека има купување оценки, во 2018/2019 дека има купување оценки сметале 54,9 %, во 2024 година 68,8 % од младите сметаат дека има купување оценки. 3.  Задоволството од образованието и корупцијата во образованието се два фактора кои се силно поврзани. Високото ниво на корупција во образовниот систем обично резултира со ниско задоволство од квалитетот на образованието, бидејќи студентите и учениците чувствуваат дека образовниот процес не е праведен и дека оценките и дипломите не ја рефлектираат вистинската вредност и заслуги. 4.  Високото ниво на корупција може да има значителни негативни ефекти врз мотивацијата за учење и вложување труд, нивната доверба во институциите и нивната социјална мобилност, односно ја поттикнуваат емиграцијата на млади таленти што на долг рок резултира со еродирање на социјалниот капитал. Ова го потврдува и наодот дека како најзначаен фактор за наоѓање работа во нашата земја младите сметаат дека е„врски со лица кои се на власт“. Ова сугерира дека младите се длабоко свесни дека наспроти„стручноста“ поголем фактор на влијание се врските, пријателствата со лица кои имаат власт и моќ. Се утврди статистички значајна врска меѓу перцепцијата за корупција во образованието и желбата за емиграција, на пример, од оние кои целосно се согласуваат дека има корупција во образованието, имаат многу силна желба за емиграција. Следствено борбата против корупцијата е од суштинско значење за обезбедување на праведен и квалитетен образовен систем, кој ќе ги мотивира младите и ќе придонесе за општествениот напредок. 5.  Значаен наод е и дека е намалено времето што младите го посветуваат на активности поврзани со училиштето. Една од причините за намалената мотивација за учење е секако чувството дека вложениот труд не се наградува соодветно, односно свесност за корупција во образованието. Како друга причина може да се издвои и дефокусирањето што го имаат од употребата на социјалните мрежи, бидејќи највеќе од времето посветуваат на истите(m=5,58) или околу 3 часа, потоа следи активности поврзани со образование(m=4,95) или околу 2 часа; Читање интернет весници и информативни платформи(m=3,2) и вршење активности поврзани со платена работа(m=3,17) или околу 30 минути. 20 4. Образование и вработување Студија за млади Северна Македонија 6.  Оценката за прилагоденост на образовниот процес кон барањата на пазарот на трудот покажува дека две третини од испитаниците(68,1 %) сметаат дека наставните програми не се соодветни за подготовка на младите за работа, додека само 19,9 % сметаат дека се прилагодени. Овие ставови остануваат непроменети од резултатите во 2018/19 година. 7.  Значителен дел од вработените млади лица(45 %) не работат во својата професија, што укажува на несогласување меѓу образовниот систем и пазарот на труд. Скоро половина(46 %) од нив се соочуваат со подвработеност, односно работат на работни места на кои не можат да го остварат својот потенцијал и нивните вештини и квалификации се потценети, односно работното место побарува пониски квалификации. 8.  Во однос на посакуваниот сектор за вработување се забележа пораст на интересот за работа во приватниот сектор и меѓународни организации. Врз основа на средните вредности, факторот„плата“ е најзначаен, додека„работа со луѓе“ е најмалку значаен при изборот на работата. 2.  Во однос на врската меѓу образованието и пазарот на трудот потребно е да се зајакне соработката помеѓу образовните институции и индустријата за да се обезбеди дека образованието е во согласност со потребите на пазарот на трудот. Потребно е ревидирање и ажурирање на наставните програми за да се осигура дека се релевантни и усогласени со потребите на пазарот на трудот. Ова ќе овозможи студентите да стекнат знаења и вештини кои се директно применливи во нивните идни работни места. Потребно е ревидирање на наставните програми со цел вклучување на современи и релевантни содржини коишто ќе развијат критичко размислување и решавање на проблеми. Програми кои ќе овозможат повеќе практична обука и стажирање во соработка со приватниот сектор и јавните институции. Подобрување и модернизирање на образовната инфраструктура(современи училници, лаборатории, надгледни средства, дигитализација, учебници), особено е потребно во руралните области. Континуираната обука и развој на наставниот кадар е многу значаен фактор не само за подобрување на квалитетот на наставата, туку и за борба против корупцијата во образованието. 9.  Волонтерските активности се на многу ниско ниво. Неопходно се наметнува потребата да се мобилизираат невладините организации, како и владините институции, за креирање на волонтерски програми. 3.  Поттикнувањето на родителите и локалната заедница да се вклучат во овој процес„унапредување на квалитетот на образованието и борба против корупцијата“ ќе биде додадена вредност. Препораки 1.  Високото ниво на корупција во образованието има негативни ефекти врз мотивацијата за учење и вложување труд, довербата во институциите и емиграцијата на млади таленти. Затоа, како приоритет треба да се постави борбата против корупцијата во образованието. Оваа борба не може да се води изолирано од општата борба против корупцијата во целото општество. Само преку зајакнување на интегритетот и транспарентноста на сите нивоа на власта и институциите, може да се создадат услови за ефикасно справување со корупцијата во образованието и да се обезбеди чувство за правичност и квалитет на образованието. 4.  Подготвување на младите за пазарот на трудот и, воопшто, за животот, може да се постигне и со програми коишто ја поттикнуваат волонтерската активност на младите. Зајакнување на волонтерството кај младите треба да биде резултат на заедничка стратегија од страна на невладините и државните институции во насока на развивање на програми за волонтерски активности кај младите и нивно вреднување за натамошниот професионален развој. 21 4. Образование и вработување 5. Студија за млади Северна Македонија Мобилност и миграција Мобилноста може да биде образовна или работна, да подразбира дека некое лице привремено престојува во странство заради причини поврзани со образованието или работата. Миграцијата, пак, може да биде внатрешна или надворешна и подразбира трајно иселување од местото на живеење, во рамки на земјата или надвор од неа. Образовната мобилност се поттикнува со зајакнување и прилагодување на европскиот високообразовен простор, како и преку европските образовни програми(на пример, ЕРАЗМУС+ и CEEPUS), а работната мобилност е потреба на глобалниот и конкурентен пазар на трудот, особено кога станува збор за дејности и индустрии, како: ИКТ, креативните индустрии, образование и наука, градежништво, здравство/медицина, транспорт, угостителство и туризам, производство, и сл. Истражувањата, вообичаено, претпоставуваат дека младите или се зависни мигранти кои ги придружуваат родителите, или, пак, како и возрасните, самите се економски мигранти(Tienda, Taylor, and Moghan, 2007). Повеќе фактори ги поттикнуваат младите да мигрираат, од кои едните се директни мотиви – желба за вработување и образование, но исто така, овие мотиви може да се вкоренети и во идеолошки компоненти, како на пример, културни и психосоцијални фактори(Massey et al., 1993). Факторите за емиграција се делат на„push“ и „pull“ фактори, едни што ја притискаат индивидуата да ја напушти матичната земја, и други што ја привлекуваат индивидуата во земјата домаќин(Lee, 1966). Токму студиите за млади на Фондацијата„Фридрих Еберт“(од 2013 г. и 2018/2019 г.) беа повод во последните десеттина години да се посвети посериозно внимание на оваа општествена појава во општата и експертската јавност, како и од страна на: институциите, медиумите и граѓанските организации. Стапката на емиграција од земјите на Западен Балкан е меѓу највисоките во Европа(OECD, 2022). Следствено, и желбата на младите за иселување од Република Северна Македонија е висока во континуитет(над 60 %), што се потврдува со повеќе истражувања(Топузовска Латковиќ и други, 2018/2019; Ѓорѓиовска и Галевски, 2021). Од анализата на разликите во пописот од 2001 и 2021 година, се забележува дека вкупно 18,2 % од младите кои би требало да се појават во бројките од последниот попис, односно 77.274 млади, повеќе не се резиденти на Република Северна Македонија, иако се тука родени и евидентирани како живородени(Малески и Барлаковски, 2023). Единствен стратешки документ во земјата кој се однесува на процесот на„одлив на мозоци“ (анг. brain drain), иако не е посветен директно на младите, е Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовни и стручни кадри 2013– 2020 година, која не доживеа продолжување за наредниот период. Во континуитет се изработува Национална стратегија за младите, во 2018 година почна да се спроведува мерката Гаранција за млади, а во 2020 година е донесен Законот за младинско учество и младински политики, преку чии активности и мерки се очекува да се подигне квалитетот на животот и животниот стандард на младите и на тој начин тие да се задржат во земјата. 22 5. Мобилност и миграција Студија за млади Северна Македонија Слика Желба за миграција меѓу младите во Северна Македонија (%) Колку е силна вашата желба да се преселите во друга држава повеќе од шест месеци(да емигрирате)? Многу силна Силна 16 ,0 18 ,3 17 ,0 20 ,9 Умерена Слаба Немам намера да емигрирам Не знам/ Нема одговор 6 ,0 7 ,7 6 ,0 12 ,2 12 ,4 / 28 ,5 29 ,0 26 ,0 Престојување во странство Најголем дел од младите не престојувале во странство поради причини поврзани со образование и обука, односно 92,6 % не студирале во странство(високо образование); 92,4 % не учеле средно образование надвор од земјата, 90,5 % не биле вклучени во средно стручно образование или обука надвор од земјата, а висок процент од 39,4 одговориле дека не ни планираат во иднина да престојуваат заради причини поврзани со образование и обука(овој процент е уште повисок за најмладата возрасна група 14–18 г. и изнесува 47,3). Само 14,1 % од младите престојувале во странство подолго од шест месеци непрекинато, и тоа во најголема мера младите од возрасните групи 19–24 г.(19,1 %) и 25–29 г.(20,1 %), за разлика од 14–18 г.(1,7 %). Желба за миграција Кај младите се забележува изразена желба за миграција надвор од матичната земја, со средна вредност m=3,25 на скала од 1 до 5. Кумулативно 39,2 % се изјасниле дека имаат силна или многу силна желба за миграција, умерена желба имаат 28,5 %(вкупно 67,7 % имаат желба за миграција, или 73,4 % без процентот на тие што не одговориле на прашањето), слаба желба имаат 12,2 %, додека, пак, 12,4 % одговориле дека воопшто немаат таква намера/план. Не дале одговор 7,7 %. Од потпримерокот на млади кои имаат умерена, силна или многу силна желба за миграција (n=342), кумулативен процент 58,2 замислуваат дека ќе ја напуштат земјата во следните 5 години, и уште 15,9 % во следните 10 години, при што 39,3 % веруваат дека би останале засекогаш во земјата домаќин. 23 5. Мобилност и миграција Студија за млади Северна Македонија За споредба, во Студијата за млади 2018/2019 кумулативно 33 % имале силна или многу силна желба за миграција, а кумулативно 62 % имале некаква желба за миграција, аритметичката средина изнесувала m=2,9, а процентот на оние што немаат намера да емигрираат бил 26, што укажува на зголемување на тенденцијата за иселување од земјата помеѓу младите, во изминатиот период од пет години. 68 % од младите имаат желба да мигрираат надвор од земјата. Ваквите сознанија се потврдуваат и со податоците од Државниот завод за статистика, според кои, исто така, се забележува растечки тренд на млади кои се иселиле во периодот од 2018 до 2022 година. Младата популација во Република Северна Макединија има најголема желба за миграција, во споредба со останатите 11(единаесет) земји во кои е спроведено истражувањето и е единствена со средна оцена над 3, во позитивниот интервал на оската. Профил на младите кои имаат најголема тенденција за емиграција Биваријантната анализа укажува дека младите кои имаат посилна желба да мигрираат надвор од Република Северна Македонија се оние кои: → Во помала мера се гордеат што се државјани на оваа земја(r=-,180, p<0,01); → Ја замислуваат иднината на македонското општество полоша од сега(r=-,263, p<0,01); → Во поголема мера се чувствуваат како граѓани на Европа(r=,147, p<0,05); → Чувствуваат поголемо незадоволство за квалитетот на образованието (r=-,174, p<0,01); → Во поголема мера сметаат дека има корупција во образованието (r=,136, p<0,01); → Чувствуваат поголемо незадоволство од животот воопшто(r=-,188, p<0,01); → Полиберални ставови имаат за абортусот(r=,111, p<0,05) и хомосексуалноста(r=,138, p<0,01); → Сметаат дека интересите на младите не се доволно застапени во политиката (r=-,097, p<0,05); → Се позиционираат полево на оската за политички/идеолошки убедувања(r=-,147, p<0,05); → Понегативни чувства имаат кон албанските политички партии: Демократска унија за интеграција(ДУИ) (r=-,153, p<0,01) и Алијанса за Албанците (r=-,122, p<0,05); → Помала доверба имаат во: Собранието (r=-,231, p<0,01), Владата(r=-,177, p<0,01), политичките партии(r=-,233, p<0,01), локалната власт(r=-,161, p<0,01), Армијата (r=-,175, p<0,01), правосудството/судовите (r=-,134, p<0,01), Полицијата(r=-,206, p<0,01), верските институции на кои им припаѓаат(r=-,142, p<0,01), медиумите (r=-,235, p<0,01), Европската Унија (r=-,135, p<0,01) и НАТО(r=-,192, p<0,01). Младите од примерокот кои зборуваат македонски јазик имаат поголема желба за миграција од младите кои зборуваат албански јазик (m=3,36, наспроти m=2,87, p<0,01). Не се евидентирани статистички значајни разлики или корелации во однос на желбата за миграција и возрасните групи, како и социо-економскиот статус(степен на образование, финансиска состојба во семејството, место на живеење, работен статус), со што не се потврдуваат/повторуваат трендовите од Студијата за млади од 2018/2019 година и Студијата за млади од 2013 година. 24 5. Мобилност и миграција Студија за млади Северна Македонија Слика Желба за миграција меѓу младите во Северна Македонија, во споредба со другите земји Колку е силна вашата желба да се преселите во друга држава повеќе од шест месеци(да емигрирате)? Средни вредности на скала од ‚ – немам намера да емигрирам‘ до ‚ – многу силна‘ Албанија Босна и Херцеговина Бугарија Хрватска Грција Косово Црна Гора Северна Македонија Романија Србија Словенија Турција , , , , , , , , , , , , Причини за миграција Како топ пет, или најзначајни причини за миграција кај младите кои имаат: умерена, силна или многу силна желба за иселување(n=342), се издвојуваат следните: → Подобрување на животниот стандард(30 %); → Повисока плата(14 %); → Корупција и клиентелизам во мојата татковина(13 %); → Подобри можности за вработување(10 %); → Општествена и политичка стабилност во земјата во која сакам да се преселам(8 %). Три од наведените пет причини се однесуваат на подобрување на финансиската состојба и перспективите поврзани со работата, додека, пак, останатите две причини се однесуваат на одредени општествени појави или социо-политички карактеристики на македонското општество, за кои младите претпоставуваат дека се отсутни или попозитивни во преферираната земја домаќин. Тоа ни дава на знаење дека причините за миграција кај младата популација претставуваат комбинација од„push“ и„pull“ фактори. Ваквите податоци се надоврзуваат на Извештајот на OECD(2022), според кој главни причини за миграција на младите од Западен Балкан се: високите нивоа на невработеност, релативно ниските плати, слабите резултати во образованието, ниската социјална сигурност, како и високите нивоа на корупција. 25 5. Мобилност и миграција Студија за млади Северна Македонија Слика Главни причини за миграција меѓу младите во Северна Македонија (%) Која е главната причинa поради која би се преселиле во друга држава? 30 ,5 Подобрување на животниот стандард 14 ,2 Повисоки плати 12 ,9 Корупција и клиентелизам во мојата татковина 9 ,9 Подобри можности за вработување 7 ,7 Општествена и политичка стабилност во земјата во која сакам да се преселам 5 ,3 Подобро образование 4 ,6 Да бидам блиску до луѓето кои ми значат 4 ,5 Подобри можности за започнување на сопствен бизнис 4 ,0 Да искусам различна култура 3 ,0 Да избегам од неповолна ситуација 1 ,7 Поголема културна разновидност Во помал процент се забележуваат и лични причини, како: да избегам од неповолната ситуација(3 %), да бидам поблиску до луѓето за кои се грижам(4,6 %). Со проверка на Хи-квадратот и кростабулација според возрасни групи не се идентификувани статистички значајни разлики во однос на причините за миграција. Преземени активности за мобилност/ миграција Младите кои имаат умерена, силна или многу силна желба за иселување(n=342) ги преземале следните активности за реализација на нивната намера: → Ја контактирав амбасадата(7,1 %); → Контактирав потенцијални работодавачи(17,6 %); → Контактирав потенцијални универзитети/училишта(10,9 %); → Обезбедив стипендија(3,6 %); → Контактирав пријатели/роднини за да ми помогнат да се преселам во странство(29,3 %). Дури 40 % одговориле дека не преземале никаква активност. Збирен процент на оние млади коишто преземале било каква акција не може да се претстави, бидејќи прашањето е формулирано со повеќе можни одговори. Ваквите резултати покажуваат слаба проактивност на младите, односно малку преземени конкретни активности за иселување од земјата, што ги доведува во прашање одлучноста и плановите за ваквиот чекор. Може да се забележи дека во најголема мера младите се потпираат на блиски луѓе кои би им помогнале да се иселат во друга земја. 26 5. Мобилност и миграција Студија за млади Северна Македонија Согледувања Препораки 1.  Најголем дел од младите(над 90 %) не престојувале во странство заради причини поврзани со образование и обука, а висок процент од 39,4 одговориле дека не ни планираат во иднина да престојуваат заради причини поврзани со образование и обука. 1.  Континуирано унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, како и инвестиции во образованието и образовната инфраструктура, кои ќе овозможат квалитетно образование и задржување на младите во матичната земја. 2.  Кај младите се забележува зголемена желба за миграција надвор од матичната земја, со средна вредност m=3,25(на скала од 1 до 5). Изразено во проценти, кумулативно 67,7 % се изјасниле дека имаат некаква желба за миграција, или 73,4 % без тие што не одговориле на прашањето. 3.  Младата популација во Република Северна Македонија има најголема тенденција за миграција, во споредба со останатите 11(единаесет) земји во кои е спроведено истражувањето. 4.  Како топ пет или најзначајни причини за миграција кај младите кои имаат умерена, силна или многу силна желба за иселување, се издвојуваат следните: подобрување на животниот стандард(30 %); повисока плата(14 %) корупција и клиентелизам во мојата татковина(13 %); подобри можности за вработување(10 %); општествена и политичка стабилност во земјата во која сакам да се преселам(8 %). 5.  Дури 40 % од младите кои имаат: умерена, силна или многу силна желба за иселување, не преземале никаква активност за реализација на оваа намера. 6.  Профилот на младите кои имаат најголема тенденција да емигрираат не е детерминиран од демографските белези како возраст и социо-економски статус, туку претежно од незадоволството и негативниот став кон одредени општествени појави во земјата и високата недоверба во институциите. 2.  Отворање на работни места за млади и поддршка за младинското претприемништво. 3.  Континуирано зголемување на просечната плата и подобрување на условите за работа со цел да се намали економската миграција. 4.  Зголемување на транспарентноста и одговорноста во институциите преку антикорупциски мерки и строги контроли. 5.  Создавање стабилна и предвидлива политичка средина преку реформски процеси и учество на младите во политиката. 6.  Воведување програми за мобилност коишто ќе овозможат младите да престојуваат во странство со цел едукација и обука, а потоа да се вратат во матичната земја со стекнатото знаење. 7.  Промовирање на успешни примери на млади кои останале и постигнале успех во својата земја. 8.  Континуирано мапирање на потребите на младите и прилагодување на политиките. 27 5. Мобилност и миграција 6. Студија за млади Северна Македонија Семејство и идни планови Досегашните истражувачки сознанија од студиите за младите(Топузовска Латковиќ и други, 2018/2019; Топузовска Латковиќ и други, 2013/2014) покажуваат дека младите во Република Северна Македонија во најголем дел (помеѓу 70 % и 80 %) живеат во семејниот дом, со своите родители, главно од практични и финансиски причини, како и заради одредени социо-културни норми. Научната литература ја потврдува пролонгираната станбена независност на младите и во другите европски земји(Cordón, 1997; Sompolska-Rzechuła& Kurdyś-Kujawska, 2022). Однесувањето на младите луѓе при напуштање на семејниот дом е интересно од неколку причини: тоа е една од главните, а често и една од првите компоненти на транзицијата кон зрелоста(Schizzerotto & Lucchini, 2004) и има импликации врз важни области на политиката, како што се побарувачката за домување(Ermisch& Di Salvo, 1997) и ризикот од сиромаштија кај младите(Aassve, Iacovou, Davia,& Mazzucco, 2007). Младите кои самите имаат повисоки приходи, или чии родители имаат повисоки приходи, имаат поголема веројатност да го напуштат семејниот дом(во однос на можноста да си дозволат кирија или рати за кредит, сметки за комуналии и други трошоци поврзани со самостојно живеење). Сепак, ова ќе се реализира само доколку младите луѓе и/или нивните родители ја ценат независноста од семејството доволно за да бидат подготвени да трошат пари за постигнување на оваа независност. Односно, ако едната или двете генерации го вреднуваат семејното заедништво повеќе отколку што ја ценат меѓугенерациската независност, тие можат да ги насочат своите ресурси кон продолжување на заедничкото живеење(Iacovou, 2010). Со кого живеат младите и зошто? Најголемиот дел од испитаниците живеат со своите родители(75,2 % со мајката и 65,8 % со таткото) и браќата/сестрите(49,2 %). Во некои домаќинства живеат и баба/дедо(13,4 %). Само 15,4 % живеат со партнер/сопружник и 6,2 % со малолетни деца. Сами живеат 6,1 % и 2,8 % живеат со пријатели или други роднини. Нема значителни отстапувања во однос на потпримерокот составен од полнолетната млада популација(сами живеат 8 %, 69 % со родител/ ите, 20 % со партнер/сопружник, 8 % со малолетни деца). Повеќе од половина од потпримерокот на млади кои одговориле дека живеат со родителите, сметаат дека тоа за нив е наједноставното и најдоброто решение(54,5 %), додека повеќе од една третина(37,8 %) би живееле сами, но финансиските околности не го дозволуваат тоа, на 4,1 % родителите не им дозволуваат да живеат одделно од нив, 1,4 % одговориле со друго. Висок процент од 45,6 одговориле дека одлично се согласуваат со родителите, и дополнителни 46,3 % дека се согласуваат, иако понекогаш имаат различно мислење. Не се согласуваат и често се расправаат, 5,5 % и само 1,2 % имаат многу конфликтен однос со родителите. Ваквите податоци укажуваат дека меѓугенерациските разлики не претставуваат бариера за пролонгирано заедничко живеење на младите со родителите, но исто така, ја потврдуваат и финансиската немоќ на младите за осамостојување и независност во поглед на домувањето. 28 6. Семејство и идни планови Студија за млади Северна Македонија Слика Младите и станбената(не)зависност (%) Младите живеат со: 75 ,2 Мајка 65 ,8 Татко 49 ,2 Браќа/Сестри 13 ,4 Баба/Дедо 15 ,4 Партнер/Сопружник 6 ,2 Малолетни деца 6 ,1 Сами 2 ,8 Пријатели или други роднини Причина за живеење со родителите: 54 ,5 Наједноставно и најдобро решение 37 ,8 Би живееле сами, но финансиските околности не дозволуваат 4 ,1 Родителите не им дозволуваат да живеат одделно 1 ,4 Друго Според сознанијата, за младите најзначајна вредност е независноста, па затоа се направени непараметриски тестови, кои укажуваат дека постојат статистички значајни разлики според возрасните групи. Поконкретно, за најмладата, претежно малолетна возрасна група 14–18 г., во највисок процент семејното заедништво е избрано како наједноставно и најдобро решение(77,6 %, наспроти 44,5 % за 19–24 г. и 50,5 % за 25–29 г.) и во најмала мера финансиите претставуваат проблем за станбена самостојност(16,4 % наспроти 51,6 % за 19–24 г. и 46,6 % за 25–29 г.). Брачен статус и избор на партнер Во однос на брачниот статус, повеќето млади, или 57 %, се самци(анг. single), 20,9 % се во врска, но не живеат заедно, 12,9 % се во брак, 4,3 % живеат во вонбрачна заедница, и помалку од 1 % се разведени или вдовци/вдовици. Најзначајни три фактори при избор на партнер за младите се следните: Начинот на дистрибуција на одговорите не овозможува додатни непараметриски проверки за анализа на статистички значајни разлики и корелации според социо-економскиот статус на испитаниците. На прашањето како би ја опишале финансиската состојба во семејството, најголем дел од младите(39,4 %) одговориле дека можат да купат некои поскапи нешта, но не толку скапи колку автомобил или стан, 28,7 % одговориле дека имаат доволно пари за храна, облека и обувки, но не доволно за поскапи нешта(како: фрижидер, телевизор, итн.), 10 % одговориле дека имаат доволно пари за основни сметки и храна, но не за облека и обувки, 9,3 % одговориле дека можат да купат сѐ што им треба за добар стандард на живеење и 4,4 % одговориле дека немаат доволно пари за основни сметки(струја, греење …) и храна. Не одговориле 8,2 %. → Верско убедување(m=3,74); → Национално потекло(m=3,64); → Ниво на образование(m=3,54). Во позитивниот интервал на оската(на скала од 1 до 5), како битни фактори се оценети и економската состојба(m=3,41) и одобрението од семејството(m=3,31). Единствено за невиноста како фактор при избор на партнер е добиена негативна оцена(m=2,75). Сознанијата се надоврзуваат на останатите податоци во Студијата кои посочуваат дека кај младата популација во Република Северна Македонија постои определена поделеност во ставовите според верскиот и националниот идентитет. 29 6. Семејство и идни планови Студија за млади Северна Македонија Забележани се статистички значајни разлики според пол, при што за испитаничките од женски род се побитни: верското убедување на партнерот(ж. 3,89; м. 3,55), националното потекло(ж. 3,85; м. 3,34), нивото на образование(ж. 3,69; м. 3,35) и економската состојба(ж. 3,74; м. 2,97), отколку кај испитаниците од машки род. Невиноста како доблест е побитна карактеристика за испитаниците од машки род(м. 2,98; ж. 2,56), како и за припадниците на најмладата возрасна група(14–18 г. m=3,31; 19–24 г. m=2,75; 25–29 г. m=2,39), со статистички значајни разлики. 2.  Повеќе од половината од потпримерокот на млади кои одговориле дека живеат со родителите, сметаат дека тоа за нив е наједноставното и најдоброто решение(54,5 %), додека повеќе од една третина (37,8 %) би живееле сами, но финансиските околности не го дозволуваат тоа. 3.  Висок процент од 45,6 одговориле дека одлично се согласуваат со родителите, и дополнителни 46,3 % дека се согласуваат, иако понекогаш имааат различно мислење. Ваквите податоци потврдуваат дека меѓугенерациските разлики не претставуваат бариера за заедничко живеење на младите со родителите. Планови за родителство На прашањето колку вкупно деца би сакале да имаат во текот на животот, добиените одговори се во опсег од 1 до 7, при што средна вредност е m=2,48, што значи дека младите во просек планираат да имаат две(до три) деца. Опсегот на возраста на која би сакале да го добијат првото дете е од 19 до 36 години(со просечна возраст m=27,86). Секако, постојат статистички значајни разлики според род, при што е мала разликата помеѓу преферираната возраст за татковство/мајчинство кај машките (m=28,62) и женските(m=27,23). Помалку од 1 % одговориле дека не планираат да имаат деца, а кумулативно 27 % не знаат или немаат одговор на ова прашање. Според резултатите од Пописот во 2021 година во Република Северна Македонија, едно семејство со деца помлади од 25 години, во просек брои четири членови(мајка, татко и две деца), и просечната возраст на мајката прворотка е 28,1 година(Државен завод за статистика, 2024). Ваквите трендови се потврдуваат и со истражувачките резултати во Студијата. 4.  Најзначајни три фактори при избор на партнер за младите се: верското убедување(m=3,74); националното потекло (m=3,64) и нивото на образование(m=3,54). 5.  Младите во просек планираат да имаат две(до три) деца. Опсегот на возраста на која би сакале да го добијат првото дете е од 19 до 36 години(со просечна возраст m=27,86), при што е мала разликата помеѓу преферираната возраст за татковство/ мајчинство кај машките(m=28,62) и женските(m=27,23). Препораки 1.  Поддршка за независно живеење на младите преку субвенции и поволни кредити за млади луѓе кои сакаат да започнат самостоен живот, вклучувајќи социјални станови и финансиска поддршка за прво купување на живеалиште. 2.  Воведување образовни програми за финансиска писменост што ќе им помогнат на младите соодветно да управуваат со своите финансии и да планираат за иднината. Согледувања 1.  Најголемиот дел од испитаниците живеат со своите родители(75,2 %). 3.  Обезбедување пристапни и квалитетни услуги за грижа за деца. 4.  Флексибилни работни распореди и родителски отсуства што ќе им овозможат на младите да се грижат за своите малолетни деца без да го загрозат нивниот кариерен развој. 30 6. Семејство и идни планови 7. Студија за млади Северна Македонија Општи вредности, ставови и перцепции Вредностите според Rokeach(1973) се дефинирани како трајни верувања и специфични начини на преферирано однесување. Вредностите имаат значително влијание врз идните постапки и одлуки на поединецот. Тие го дефинираат верувањето на луѓето за тоа што е фундаментално исправно и погрешно. Вредностите имаат и квалитативни и квантитативни атрибути. Квалитативниот или содржински атрибут кажува дека одреден начин на однесување, или крајна состојба на постоење, е значајно. Квантитативниот или интензитетниот атрибут прецизира колку е тоа значајно. Кога ги рангираме вредностите на еден поединец според нивниот интензитет, го добиваме неговиот систем или хиерархија на вредности. Вредностите ја поставуваат основата за нашето разбирање на ставовите и мотивацијата на луѓето и влијаат врз перцепциите. Перцепцијата е процес преку кој поединците ги организираат и интерпретираат своите сензорни впечатоци за да дадат значење на нивната околина(Robbins, 2013). Сепак, она што го перципираме може значително да се разликува од објективната реалност. Кога судиме за некого врз основа на нашата перцепција за групата на која тој или таа припаѓа, најчесто вообичаено се служиме со предрасуди и стереотипи. Дискриминацијата и нетолеранцијата често се засновани, или се оправдуваат, со предрасудите и стереотипите за луѓето и општествените групи, свесно или несвесно. Дискриминацијата подразбира: разликување, исклучување, ограничување и секој облик на ставање на лице или на група лица во неповолна положба врз некоја основа. Ставовите, пак, се збир од: емоции, верувања и однесувања кон одреден објект, личност или настан. Затоа се вели дека тие содржат три компоненти(афективна, когнитивна и бихејвиорална)(Ostrom, 1969). Ставот може да се опише и како начин на којшто оценуваме нешто или некого, при што имаме тенденција да реагираме позитивно или негативно. Ставовите се формираат како резултат на: животните искуства, воспитувањето, образованието и општествените влијанија. Најважни вредности На младите на прво место им е најважно да бидат независни(m=4,45), на второ место здраво да се хранат(m=4,22), на трето место да имаат успешна кариера(m=4,21), на четврто место да имаат деца(m=4,16) на петто место да преземаат одговорност(m=4,13), на шесто место да спортуваат(m=4,11), на седмо место да се омажат/оженат(m=4,03), на осмо место добро да изгледаат(m=4,02), на деветто место да дипломираат(m=4), на десетто место да бидат богати(m=3,6). Најмалку им е важно да се политички активни(m=2,19), да носат брендирана гардероба(m=2,5) и да учествуват во граѓански активности/иницијативи(m=3,02). Дополнителната анализа покажува дека постојат одредени статистички значајни разлики во вредностите според родот. 31 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Слика Најважни вредности за младите во Северна Македонија Колку ви се важни следните ставки? Анализа на средни вредности на скала од ‚ – воопшто не‘ до ‚ – многу важни‘ Имање деца Спортување Здрава храна Носење брендирани алишта Добар изглед Да се биде богат Брак Учествување во граѓански активности/иницијативи Да се биде активен во политика Да се има успешна кариера Дипломирање Независност Преземање одговорност , , , , , , , , , , , , , Поконкретно, на младите девојки, за разлика од младите момчиња, побитно им е здраво да се хранат(m=4,36, наспроти m=4,04), да бидат независни(m=4,52, наспроти m=4,36) и да завршат универзитетско образование/да дипломираат(m=4,19, наспроти m=3,75). На момчињата, пак, за разлика од девојките, побитно им е да бидат политички активни(m=2,38, наспроти m=2,05). Задоволство од животот и проекции за иднината YГенерално, младите се задоволни од сопствениот живот, со средна вредност m=7,11(на скала од 1 – многу незадоволен/а, до 10 – многу задоволен/а). Најголемо задоволство се забележува кај возрасната група 14–18 г. за што се евидентирани статистички значајни разлики. Младите се оптимистични кога станува збор за нивната лична иднина, во следните 10 години, додека пак, се песимистични во однос на иднината на македонското општество. Поконкретно, 70 % ја замислуваат сопствената иднина како подобра од сега(5,7 % ја замислуваат полоша од сега, 11,7 % иста како сега), а само 28,6 % ја замислуваат иднината на македонското општество подобра од сега(34,9 % ја замислуваат полоша од сега, 23 % иста како сега). 32 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Како најголеми потенцијални проблеми за државата во наредната декада, младите ги посочуваат следните шест, од вкупно дванаесет наведени можни одговори: → Корупција(63,2 %); → Напуштање на државата од страна на квалификуваната работна сила(55,3 %); → Квалитет на јавните услуги (здравје, образование)(51,4 %); → Невработеност(51,2 %); → Имиграција(40,3 %); → Нееднаквост(40,3 %). Низ Студијата се повторува и потврдува негативниот став на младите во однос на корупцијата, како клучен проблем, кој е присутен во сите општествени сфери. Исто така, на миграцијата се гледа како на реална закана која ги слабее економијата и пазарот на трудот, особено имајќи ги предвид аспирациите на младите за напуштање на матичната земја. Следниот антиципиран проблем, секако е производ Стравови и грижи Состојби и појави кои кај младите предизвикуваат најголеми лични стравови и грижи се: слабиот здравствен систем(m=2,63); загадувањето и климатските промени(m=2,43); немање работа(m=2,39); немање пристојна пензија(m=2,37); сериозна болест(m=2,36). Зголемениот страв за сопственото(и туѓото) здравје може да се должи и на соочувањето на младите со состојбата на глобалната здравствена криза, предизвикана од Ковид-19 пандемијата. За скоро сите понудени модалитети, средните вредности се над 2(на тристепена скала, 1 – воопшто не, 2 – до некаде, 3 – многу), односно во позитивниот интервал на оската. Кај младите (последователно) е присутен и стравот од: војна(m=2,29); глобална пандемија(м=2,24); преголем број на мигранти и бегалци(m=2,23); грабеж(m=2,22); терористички напад(m=2,19); проблеми со станбеното прашање(m=2,19); негативни ефекти од вештачката интелигенција (m=2,17); физичко(m=2,15) и сексуално насилство(m=2,1). 70 % ја замислуваат сопствената иднина како подобра од сега, а само 28,6% ја замислуваат иднината на македонското општество подобра од сега на горенаведените, бидејќи се очекува корупцијата и недостатокот на квалификувана работна сила да имаат негативно влијание врз квалитетот на јавните услуги, посебно во образованието и здравството, како дејности кои бараат високи нивоа на компетентност и знаење и претставуваат основни социјални права. Иако невработеноста(кај младата популација и генерално) е моментално на пониско ниво, сепак младите предвидуваат дека во иднина ќе претставува општествен проблем. Како што покажуваат и останатите истражувачки резултати, младите стравуваат од прилив на имигранти во земјата, а потоа и од нееднаквост. Најниско оценет е стравот или грижата да се биде жртва на семејно насилство(m=1,98), што најверојатно се должи и на специфичната биолошка возраст, односно на малиот процент на испитаници кои моментално живеат во брачна или вонбрачна заедница. Ментално здравје Младите даваат високи позитивни оценки (на скала од 1 до 5) за сопственото ментално здравје(m=3,9) и ставот кон животот(m=3,77) и покажуваат информираност за можностите што им се на располагање при потреба од поддршка(m=3,52), како и отвореност за дискусија на темата(m=3,73). Ваквите податоци, како и нискиот процент на испитаници кои не дале одговор, укажуваат дека постои развиена свесност и дека менталното здравје не претставува табу тема помеѓу младите. Но, сепак, треба да се има предвид дека сите средни вредности варираат помеѓу 3,5 и 3,9, и не се евидентирани високи вредности помеѓу 4 и 5. 33 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Слика Стравови и грижи меѓу младите во Северна Македонија Во колкава мера сте исплашени или загрижени во врска со следниве нешта? Анализа на средни вредности на скала од ‚ – воопшто не‘ до ‚ – многу‘ Станбени проблеми Да немате пристојна пензија Негативни ефекти на вештачката интелигенција Лошо здравство Војна Да сте жртва на семејно насилство Глобална пандемија Премногу имигранти и бегалци Загадување и климатски промени Терористички напад Да немате работа Да сте сериозно болни Да сте ограбени Да сте жртва на сексуално насилство (вклучително и силување) Да сте жртва на физичко насилство , , , , , , , , , , , , , , , Биваријантната корелација покажува дека испитаниците со подобра финансиска состојба во семејството имаат повисоки оценки за сите тврдења поврзани за менталното здравје. Непараметриските тестови не регистрираат статистички значајни разлики според возрасна група и род. (Не)оправдано однесување За младите не се оправдани следните видови на однесување: прифаќање/давање мито (m=2,56); затајување на данок(m=2,70); хомосексуалност(m=2,79); абортус(m=4,15); користење на врски за нешто да се заврши (m=4,25). Сите одговори се лоцирани во негативниот дел на оската, ако се има предвид дека станува збор за десетостепена скала(1 – никогаш, 10 – секогаш). Од резултатите може да се заклучи дека кај младите се забележува одреден конзервативизам во однос на абортусот и хомосексуалноста, како човекови права. Позитивно е што младите се против формите на коруптивно однесување, што се потврдува и со останатите истражувачки сознанија во Студијата. 34 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Бидејќи стандардната девијација е околу 3, направени се додатни статистички анализи и се евидентирани статистички значајни разлики во однос на возрасните групи. Младите од средната возрасна група 19–24 г., во најголема мера ги оправдуваат: абортусот(m=4,88, наспроти m=3,27 за 14–18 г. и m=3,96 за 25–29 г.); хомосексуалноста(m=3,28, наспроти m=2,22 за 14–18 г. и m=2,65 за 25–29 г.); затајувањето на данок (m=3,11, наспроти m=2,34 за 14–18 г. и m=2,55 за 25–29 г.); подмитувањето(m=2,95, наспроти m=2,20 за 14–18 г. и m=2,49 за 25–29 г.); користењето врски(m=4,83, наспроти m=3,79 за 14– 18 г. и m=3,92 за 25–29 г.). Како што може да се забележи, младите од возрасната група 14–18 г. во најмала мера ги оправдуваат овие видови на однесување. Не се идентификувани статистички значајни разлики според родот. Во 2019/2020 година, на иницијатива на повеќе граѓански здруженија во земјата, во соработка со: меѓународните организации(како: УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН), Министерството за образование 72 % од испитаниците веруваат дека најмалку права имаат сиромашните, а по нив следуваат и самите млади(52 %) и наука и Бирото за развој на образованието, изработија Нацрт-наставна програма за воведување на сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата и се изработи првичен Прирачник за наставници за нејзина реализација, за возрасниот период од 12, до 14 години. Mоделот на сеопфатно сексуално образование беше усогласен со последните препораки на УНЕСКО(UNESCO 2018) и вклучуваше седум содржински делови кои се предлагаше да бидат изучувани во образовниот систем, а адаптирани на возраста и потребите на децата:(1) Род,(2) Врски и односи,(3) Тело и слика за своето тело,(4) Сексуално и репродуктивно здравје, (5) Сексуалност,(6) Насилство и(7) Граѓански аспекти. Иницијативата беше повлечена заради силниот отпор од страна на одредени групи во општеството, кои изразија загриженост за содржината и пристапот на образованието, како и заради недоволното разбирање и поддршка од пошироката јавност и институциите. Религија Најголем дел од испитаниците припаѓаат на православната верска заедница(54,7%), и потоа на муслиманската верска заедница(23,4 %). Секој десетти млад човек не се идентификува со ниту една верска заедница. Не одговориле 8,6 %, а 2,7 % одговориле„друго“. Во однос на степенот на практикување на религијата, една третина од испитаниците (33,4 %) кои припаѓаат на некоја од верските заедници, покрај на венчавки и погреби присуствувале на религиозни обреди само на специјални свети денови; 4,3 % го прават тоа почесто од еднаш неделно, 7,1 % еднаш неделно, 13,6 % еднаш месечно, 11,6 % еднаш годишно, 8,9 % поретко од еднаш годишно и 11,9 % речиси никогаш. Социјална дистанца Младите покажуваат социјална дистанца кон лица или семејства со различна сексуална ориентација и други социјални групи. На прашањето„како би се чувствувале ако едно од следните семејства или лица се доселат во вашето сoседство?“ средни вредности над 3(на скала од 1 до 5) или позитивни ставови се добиени за следните групи: христијани(m=4,12) и муслимани(m=3,45). Неутрален став(m=3) постои кон групите: Роми и Евреи, а негативен став кон: припадници на ЛГБТ+ заедницата (m=2,31) и зависници од дрога(m=1,71). Не се евидентирани статистички значајни разлики според возрасна група и идеолошка позиционираност. Дискриминација На прашањето дали некогаш се чувствувале дискриминирани врз различни основи, на генерално ниво младите одговориле негативно. Поконкретно, сите средни вредности се пониски од 2(на тристепена скала), и согласно на тоа се лоцирани во негативниот интервал на оската: 35 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Слика Ставови кон групните права меѓу младите во Северна Македонија (%) Според вас, дали следниве групи имаат премалку, доволно или премногу права во вашата земја? Премногу права Доволно права ,, Млади луѓе ,,, Сиромашни луѓе Членови на ЛГБТ+ ,, заедницата ,, Етнички малцинства ,, Жени Премалку права , , , , Не знам/Нема одговор , , , , , → Вашиот род(машки/женски/друг) (m=1,35); → Вашето економско потекло (сиромашен/богат)(m=1,51); → Вашите верски убедувања(m=1,42); → Вашето етничко потекло(m=1,44); → Вашите политички убедувања(m=1,43); → Вашата сексуална ориентација(m=1,19); → Јазикот што го зборувате(m=1,48). Скалата има висок степен на релијабилност и внатрешна конзистентност(α=,810). Затоа, битно е да се напомене дека младите кои почувствувале повисоки нивоа на дискриминација, истовремено се соочуваат со повеќе и различни видови на дискриминација. На пример, младите кои се чувствуваат дискриминирано заради нивната сексуална ориентација, во поголема мера чувствуваат дискриминација и според: родот(r=,507 p<0,01), економската позадина(r=,305, p<0,01), верските верувања(r=,465, p<0,01), етничкото потекло(r=,413, p<0,01), политичките убедувања(r=,450, p<0,01) и јазикот што го зборуваат(r=,373, p<0,01). Повеќекратната дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, поврзана со етничката припадност, е нотирана и од страна на граѓанските организации во земјата(Стојановски, 2016; Михајлов, 2020). Групни права Во продолжение се претставени ставовите и перцепциите на испитаниците кон правата на одредени групи во општеството. Младите сметаат дека најмалку права имаат сиромашните луѓе(71,5 %), потоа самите млади луѓе (51,7 %). Преовладуваат одговорите дека жените(48,9 %) и етничките малцинства(31,3 %) имаат доволно права. За членовите на ЛГБТ+ заедницата преовладува одговорот дека имаат премногу права(27,5 %). Интересно сознание е дека младите себе се перципираат како втора по ред маргинализирана или обесправена група. Исто така, треба да се напомене дека во Студијата младите ги рангираат човековите права на прво место на листата на најзначајни вредности 3 . Ваквата развиена свест може да се должи на активностите на граѓанските организации за промовирање на младинските права и слободи и механизмите за нивно практикување во секојдневниот живот. 36 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Слика Општествени ставови меѓу младите во Северна Македонија Анализа на средни вредности на скала од ‚ – воопшто не се согласувам‘ до ‚ – се согласувам‘ Истополовите парови се добри родители, како и кој било друг пар Имигрантите ја збогатуваат нашата култура Истополовите парови треба да имаат право на брак Евреите имаат премногу влијание во нашата земја Има природна хиерархија меѓу ‚црните‘ и ‚белите‘ луѓе Кога има премалку работни места, мажите треба да имаат поголемо право на работа од жените Мораме да ја заштитиме нашата култура од влијанието на другите култури Општо, мажите се подобри политички лидери од жените , , , , , , , , Општествени и националистички ставови Според истражувачките сознанија, младите покажуваат и поседуваат културен протекционизам/став за заштита на културниот идентитет од мешање со други култури, ниска толеранција за лица со различна сексуална ориентација и/или национална припадност. За секое од тврдењата за мерење на општествените ставови испитаниците одговараа на скала на согласување од 1 до 4(при што средина на оската е 2,5) и резултатите укажуваат на следното: → Младите имаат негативни ставови во однос на тврдењата дека истополовите парови треба да имаат право на брак (m=1,98) и истополовите парови се добри родители, како и било кој друг пар(m=1,96); → Младите имаат негативен став во однос на тврдењата дека имигрантите ја збогатуваат нашата култура(m=2,05) и силен позитивен став дека мораме да ја заштитиме нашата култура од влијанието на другите култури(m=3,28); → Младите имаат негативни, односно неутрални ставови дека има природна хиерархија меѓу„црните и белите луѓе“ (m=2,37) и дека Евреите имаат премногу влијание во нашата земја(m=2,29); → Младите не се согласуваат дека мажите се подобри политички лидери од жените (m=2,36) и дека кога има помалку работни места, мажите треба да имаат поголемо право на работа од жените(m=2,05). Непараметриските тестови не регистрираа статистички значајни разлики според возрасни групи. Но, постојат статистички значајни разлики според полот. Испитаничките од женски род, во поголема мера не се согласуваат со тврдењата дека мажите се подобри политички лидери од жените(m=2,09, наспроти m=2,72) и дека кога има помалку работни места, мажите треба да имаат поголемо право на работа од жените(m=1,88, наспроти m=2,28) и во поголема мера се согласуваат дека истополовите парови треба да имаат право на брак (m=2,07, наспроти m=1,86) и истополовите парови се добри родители, како и било кој друг пар(m=2,08, наспроти m=1,80). 37 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија Може да се заклучи дека за разлика од припадниците на младата машка популација, припадничките на женската млада популација повеќе веруваат во родовата рамноправност во светот на трудот и политиката, како и дека се посензитивни за теми коишто опфаќаат човекови права. На младите, во продолжение им беа поставени сет на прашања(на скала од 1 до 5) за мерење на националистичките ставови, при што испитаниците со средни вредности над 3, одговориле дека се горди што се државјани на Република Северна Македонија(m=3,31) и дека лица што не се Македонци, а живеат во Северна Македонија, треба да ги прифатат обичаите и вредностите на Македонците(m=3,50). Додека, пак, со средни вредности под 3, младите изразиле несогласување за ставовите дека би било најдобро доколку само Македонци живеат во Северна Македонија(m=2,87) и дека земјата треба да прифати/прими повеќе имигранти(m=1,92). Непараметриските тестови покажуваат дека испитаниците од најмладата возрасна група 14–18 во најголема мера се горди што се македонски државјани. Има статистички значајни разлики во одговорите во однос на скоро сите тврдења според религиската припадност на испитаниците, што е и очекувано, бидејќи македонското општество е мултикултурно, а прашањата се поврзуваат со македонскиот национален идентитет. Животна средина На општо ниво, младите покажуваат умерено развиена екосвест и позитивен став за прашања поврзани со заштита на животната средина, па со средна вредност од m=3,13(на скала од 1 до 5) одговориле дека државата треба да ја ограничи потрошувачката ако така може да се заштити животната средина(на пример, треба да биде забрането да се возат стари автомобили што ја загадуваат животната средина), иако има поделеност во мислењата. Поконкретно, кумулативно 41,1 % одговориле дека се согласуваат, или многу се согласуваат, 31,7 % ниту се согласуваат, ниту не се согласуваат, и кумулативно 27,2 % не се согласуваат или воопшто не се согласуваат. Согледувања 1.  На младите на прво место им е најважно да бидат независни(m=4,45), на второ место здраво да се хранат(m=4,22), на трето место да имаат успешна кариера(m=4,21), на четврто место да имаат деца(m=4,16), на петто место да преземаат одговорност(m=4,13). Најмалку им е важно да се политички активни(m=2,19), да носат брендирана гардероба (m=2,5) и да учествуват во граѓански активности/иницијативи(m=3,02). 2.  Генерално, младите се задоволни од сопствениот живот, со средна вредност m=7,11(на скала од 1 – многу незадоволен/а до 10 – многу задоволен/а). 3.  Младите се оптимистични кога станува збор за нивната лична иднина, во следните 10 години, додека, пак, се песимистични во однос на иднината на македонското општество. Поконкретно, 70 % ја замислуваат сопствената иднина како подобра од сега, а само 28,6 % ја замислуваат иднината на македонското општество подобра од сега. 4.  Како најголеми потенцијални проблеми за државата во наредната декада, младите ги перципираат следните: корупција (63,2 %), напуштање на државата од страна на квалификуваната работна сила(55,3 %), квалитет на јавните услуги(здравје, образование)(51,4 %), невработеност(51,2 %), имиграција и нееднаквост(со по идентичен процент од 40,3). 5.  Состојби и појави коишто кај младите предизвикуваат најголеми лични стравови и грижи се: слабиот здравствен систем (m=2,63); загадувањето и климатските промени(m=2,43); немање работа(m=2,39); немање пристојна пензија(m=2,37); сериозна болест (m=2,36). 38 7. Општи вредности, ставови и перцепции Студија за млади Северна Македонија 6.  Младите позитивно го перципираат сопственото ментално здравје(m=3,9 на скала од 1 до 5). 7.  Кај младите се забележува одреден конзервативизам во однос на абортусот и хомосексуалноста. Препораки 1.  Кариерни центри и менторски програми коишто ќе им помагаат на младите да изградат успешни кариери, како и создавање на платформи за поврзување на младите со потенцијални работодавачи и ментори. 8.  Младите покажуваат социјална дистанца кон лица или семејства со различна верска припадност, сексуална ориентација и други социјални групи. 9.  На општо ниво, младите не изразиле чувство на дискриминираност. Но, дополнителните анализи укажуваат дека младите луѓе со различна сексуална ориентација истовремено се соочуваат со повеќекратна дискриминација. 10.  Младите се против формите на коруптивно однесување. 11.  Испитаниците сметаат дека најмалку права имаат сиромашните(71,5 %), a потоа самите млади луѓе(51,7 %). Преовладуваат одговорите дека жените(48,9 %) и етничките малцинства(31,3 %) имаат доволно права. За членовите на ЛГБТ+ заедницата преовладува одговорот дека имаат премногу права(27,5 %). 2.  Поддршка на тренинг-програми за човекови права и толеранција, воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата за подобра информираност и намалување на предрасудите кај младите. 3.  Воспоставување механизми за заштита од дискриминација и поддршка на жртвите на дискриминација. 4.  Поддршка на екоинцијативи и програми за заштита на животната средина кои ги вклучуваат младите. 5.  Поттикнување на младите да учествуваат во активности коишто промовираат социјална инклузија и разбирање на различните култури и идентитети. 12.  На генерално ниво, младите поседуваат културен протекционизам/став за заштита на културниот идентитет од мешање со други култури, ниска толеранција за лица со различна сексуална ориентација и/или национална припадност. Не може да се генерализира дека станува збор за ксенофобија заради изразената желба за емиграција. 13.  Младите покажуваат делумно развиена екосвест и позитивен став за прашања поврзани со заштита на животната средина. 39 7. Општи вредности, ставови и перцепции 8. Студија за млади Северна Македонија Политички ставови и политичко учество Своите политички ставови младите најчесто ги градат преку влијанието на: родителите, образованието, медиумите, општеството и личното искуство(Weiss, 2020). Секако, мора да се има предвид и влијанието на групниот – врснички притисок, кој може да доведе до конформизам во однос на политичкото однесување (Mallinson& Hatemi, 2018) кај младата популација. Гласањето или изборната излезност претставува една од позначајните теми во фокусот на политичките науки. Тоа е начинот на којшто граѓаните го пренесуваат својот суверенитет на нивните идни претставници, а за да биде демократски овој процес, тој претпоставува активна вклученост на граѓаните во него(Наумовска и други, 2022). Токму гласањето на избори претставува главен процес на политичка партиципација, иако се препознава и во помалку конвенционалните форми, како што се: потпишувањето петиции, учеството во протести и други форми на политички активизам. Политичката партиципација подразбира било каков начин на изразување на ставот на граѓаните со цел за влијание врз процесот на креирање политики на нивната влада(Hague & Harrop, 2007). Во однос на младинската политичка партиципација, научната литература не прави дистинкција со општата политичка партиципација(Weiss, 2020), меѓутоа укажува на помалиот интерес на младите во ЕУ да се вклучат во изборниот процес, споредбено со другите возрасни групи(Barta et al, 2021), наспроти поголемиот интерес за учество во неконвенционалните(неинституционализирани) форми на политички активизам(Pickard, 2019). Според истражувањата во Република Северна Македонија, младите не практикуваат да зборуваат за политичките случувања и не се информираат, ниту, пак, се задоволни од вклученоста на младите во политиката и од начинот на кој се консултирани за важни одлуки, но сепак, како своевиден парадокс, во огромен број гласаат (Галевски, 2019, Топузовска Латковиќ и други, 2018/2019). Дури и малиот број на млади кандидати на изборните листи(Галевски и Ѓоргиевска, 2020) повторно не ги одвлекува младите од гласање. Истражувањата коишто се однесуваат на последните изборни циклуси, говорат за висок и стабилен процент на млади кои гласале на изборите, кој се движи околу 80 и не отстапува многу од изборната излезност кај другите возрасни групи(ЕОИ за Северна Македонија, 10. бран, 2022; Галевски, Ивановиќ & Јетковиќ Јанева, 2022). Разлики во однос на возрасните групи постојат во врска со интересот за следење политика, односно интересот е помал кај најмладата популација, кај која, генерално, доминира одговорот„воопшто не сум заинтересиран“(53,7 %)(ЕОИ за Северна Македонија, 10. бран, 2022). Ставовите на младите коишто се однесуваат на Европската Унија(ЕУ), исто така предизвикуваат внимание, а податоците говорат за пораст на евроскептицизмот. Генерално, поддршката за влез во ЕУ од 80 % во 2014 година се намалува на 60 % во 2023 година, но кога станува збор за популацијата од 18 до 29 години се забележува дека евроскептицизмот е наjмногу присутен, односно од оваа група на испитаници 53 % го подржуваат овој процес(Дамјановски, 2023). 40 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Во однос на националниот политички контекст во последните пет години, кој е особено битен за формирање на личноста на младите луѓе и нивните ставови, треба да се истакне дека и покрај тоа што Република Северна Македонија во 2018 година го измени уставното име на земјата, со потпишување на Преспанскиот договор со Република Грција, за решавање на 30-годишниот спор околу името, влезот во ЕУ е повторно попречен. Битна придобивка од измената на името е членството во НАТО, што е од особено значење за националната безбедност, особено во време на воени дејствија на европско тло. Oваа состојба на неконзистентноста на политиките на ЕУ кон државата несомнено влијаеја кај граѓаните да се намали довербата кон претходната власт, предводена од политичката партија СДСМ. Во моментот на подготовка на оваа анализа, земјата се наоѓа во постизборен период кога гласањето за новиот парламентарен состав е завршено 4 , меѓутоа сè уште не е формирана Владата. Македонските граѓани се во очекување на новата коалициска Влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која ќе учествуваат коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ. Партијата ДУИ за првпат по повеќе од 20 години треба да се повлече од извршната власт. Интерес за политика и застапеност Во изминатите години во Република Северна Македонија се направени низа студии за младите и политиката и во сите нив преовладува наративот дека младите луѓе имаат низок степен на доверба во политичките институции и слаба заинтересираност за политичките процеси. Овој наратив се потврдува и со резултатите на последните две студии за млади на Фондацијата„Фридрих Еберт“, во кои се бележи непроменет низок процент за интересот за политика кај младите луѓе во Република Северна Македонија. Во 2018 година изнесува 16,8 %, а во 2024 година 17 %, што укажува на постоење на дисконекција помеѓу младите и политиката. Слабиот интерес за политиката кај младите се должи на политичкиот контекст и низата интензивни политички кризи низ кои поминуваше земјата во последните 10 години, како и недовербата кон политичките партии и институциите кои не успеаја да најдат решение за проблемите со: корупцијата, владеење на правото, здравствениот систем и квалитетот на образование. Интересот за политика кај младите е тесно поврзан со застапеноста на младите во политичките процеси. Уште еден показател и, воедно, причина за нискиот интерес за политиката е податокот дека само 9 % од испитаниците сметаат дека нивните интереси се прилично добро или многу добро застапени во националната политика. Во претходните студии овој процент изнесувал околу 20 и препораките укажуваат на неопходноста од поголема вклученост на младите во процесите на носење одлуки, особено на локално ниво и на теми коишто се од нивен интерес. На последните Локални избори само 2,99 % од кандидатите за градоначалници беа млади луѓе, односно по законската дефиниција на возраст од 18 до 29 години, односно само 9 кандидати од вкупно 301. Во последниот парламентарен состав 2020–2024 имаше само четворица пратеници на возраст под 30 години (3,33 % од пратениците). Релативното отсуство на млади во политиката и политичките процеси е загрижувачко не само заради нормативните грижи за граѓанскиот ангажман, туку и заради тоа што младите имаат различни преференции за широк опсег на политики коишто директно ги засегаат, односно оние кои се однесуваат на: образованието, невработеноста, поновите технологии, но и за долгорочни прашања, како што се климатските промени. 41 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Претставеност на интересите на младите во политиката (%) ,7 Прилично добро ,8 Многу добро ,9 Слабо Што мислите, колку добро се застапени интересите на младите луѓе во националната политика? ,2 Воопшто не ,4 Делумно Слика Идеолошко позиционирање меѓу младите во Северна Македонија (%) Кога луѓето разговараат за своите политички убедувања, претежно разговараат за левица и десница. Каде би ги сместиле вашите убедувања? Одговори на групираната варијабла лево( –), центар( –) и десно( –) лево( –) центар( –) десно( –) / 28 ,1 30 ,9 35 ,3 37 ,4 33 ,8 34 ,5 Идеолошки ориентации Битно е да се напомене дека во Република Северна Македонија изостанува системски и организиран пристап на организирање на политичко образование во духот на демократските вредности од страна на државните институции. Ставовите, перцепциите и нискиот интерес на младите за политичките процеси укажуваат на потребата од воведување политичко образование, особено во средните училишта(Дамјановски, Марковиќ, Спасов 2023). Дополнителен аргумент којшто го потврдува горенаведеното се резултатите од испитувањето на идеолошките ориентации на младите во земјата. Според Студијата за млади во 2013 година 38 % не знаеле да се позиционираат на идеолошката скала од лево кон десно(Топузовска Латковиќ и други, 2013, 105), во 2018 година овој процент изнесува скоро 50 на оние кои одговориле со„не знам” или„не сакам да дадам одговор”(Топузовска Латковиќ и други, 2019, 77), додека во актуелната Студија оваа година 39 % од испитаниците се определиле за истите одговори. 42 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Идеолошки дефинирани ставови меѓу младите во Северна Македонија Анализа на средни вредности на скала од ‚ – воопшто не согласувам‘ до ‚ – целосно се согласувам‘ Владата треба да преземе повеќе одговорност за да се осигури дека сите се згрижени Владиното сопствеништво над бизнисот и индустријата треба да се зголеми Приходите на сиромашните и богатите треба да бидат поизедначени , , , Компаративната анализа на 11 земји од регионот покажува дека овој степен на испитаници кои не знаат/сакаат да се позиционираат идеолошки е највисок во Република Северна Македонија. Ваквиот резултат може да се должи на повеќе фактори – високиот степен на незаинтересираност за политика и следење на политичките настани од страна на младите и намалената доверба во политичките партии, но и конфузијата која ја создаваат и самите политичките партии со некозистентност во следење на својата идеолошка определба. Проблемот се јавува во разликите во тоа како политичките партии се декларираат идеолошки, и какви политики и вредности застапуваат во пракса. Од добиените одговори на оние испитаници кои одлучиле да се позиционираат идеолошки, на скала од 1 до 10, од екстремно лево до екстремно десно, средната вредност на сите испитаници е во центарот и изнесува m=5,24. Со прашањето за(не)согласување со одредени идеолошко дефинирани изјави, имавме можност да ја утврдиме подетално декларираната идеолошка определба од претходното прашањe. Од добиените резултати може да се заклучи дека младите имаат поизразени левичарски ставови, односно сметаат дека приходите на богатите и сиромашните треба да се поеднакви(m=3,57 на скала од 1–5) и дека Владата треба да преземе повеќе одговорност за да се осигури дека сите се згрижени(висока средна вредност m=4,25), како и дека државната сопственост над бизнисот и индустријата треба да се зголеми(m=3,05). Не се утврдени статистички значајни разлики во поглед на: родот на испитаниците, местото на живеење и степенот на образование. Не е утврдена ни статистички значајна корелација помеѓу позиционирањето на скалата лево-десно со трите идеолошки тврдења. На групираната варијабла 1–4 лево, 5–6 центар и 7–10 десно, за левицата се определиле 35,3 %, за центарот 33,8 %, а за десницата се определиле 30,9 %. Споредбено со резултатите од Студијата во 2018 година не се забележани видливи промени во поглед на идеолошкото позиционирање на младите во земјата. Податоците покажуваат дека постои поврзаност на идеолошкото позиционирање со висината на семејниот приход, со висока статистичка значајност на 0,05 ниво. Односно, младите кои се лево ориентирани доаѓаат од семејства со повисок приход, што е интересно да се забележи, имајќи предвид дека левицата е идеолошки насочена кон поддршка на работничките семејства и нивните права. Единствено се утврди дека социјалниот статус на испитаниците, односно приходот во семејството е во негативна корелација со тврдењето дека во државата треба да се зголеми државната сопственост над бизнисот и индустријата. Односно, испитаниците од семејствата со понизок приход во поголема мера се согласуваат со ова тврдење, наспроти оние чии семејства имаат повисоки примања. Состојбата се разликува кога се работи за ставот дека државата треба да се ангажира за згрижувањето на сите граѓани, односно поголемиот дел од испитаниците кои се согласуваат со овој став доаѓаат од семејства со повисок приход. 43 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Гласање и ставови за политичките партии Од формите на политичката партиципација, гласањето на избори е најчесто присутна, за што зборуваат и податоците од ова истражување. Според одговорите на прашањето: „Дали гласавте на последните парламентарни избори?“ 46,8 % од испитаната популација одговориле позитивно, 11,4 % одговориле дека не гласале иако имале право на глас, додека 37,4 % во тој момент сè уште немале право да гласаат(4,4 % не дале одговор на ова прашање). Кога би се земале предвид само испитаниците коишто имале право да гласаат, произлегува дека високи 80,3 % гласале на последните парламентарни избори. Најмногу испитаници, коишто имале право на глас, на последните Парламентарни избори одржани во 2020 година, гласале за Коали80 % од младите со право на глас, гласале на последните парламентарни избори во 2020 година цијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ(24,4 %), а потоа следат гласовите дадени за: Коалицијата предводена од СДСМ(17,2 %); Левица(10,4 %); ДУИ(9,6 %) и Алијанса за Албанците(3,2 %). За останатите политички партии гласале помалку од 1 % од испитуваната популација. На ова прашање не дале одговор 26,6 %, а 6 % одговориле„не знам“. Во однос на прашањето:„Доколку во претстојните денови има парламентарни избори, за која партија би гласале?“ иако истражувањето е реализирано непосредно пред самите избори, доминираат процентите за одговорите „не знам“ и„немам одговор“, за кои се одлучиле, речиси, половина од испитаниците(или поточно 45,3 %). Помеѓу испитаниците кои дале конкретен одговор на ова прашање, најчесто е споменувана партијата ВМРО-ДПМНЕ(за која би гласале 15,3 %), а потоа следуваат: Левица(за која би гласале 12,4 %), ДУИ(за која би гласале 8,9 %), СДСМ(за која би гласале 6,1 %), Алијанса за Албанците(за која би гласале 3 %) и Движењето Беса(за кое би гласале 2,5 %). Останатите партии се споменуваат со помалку од 1 %, додека, пак, за некоја друга партија одговориле дека ќе гласаат 6 %. Гледано споредбено со крајните изборни резултати, тенденцијата за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се забележува и кај младите, но она што е повпечатливо е поддршката за партијата Левица, која очигледно поголемиот дел од гласовите ги добила од младата популација (добиени гласови според крајните резултати 6,82 %, извор ДИК). Според дадените одговори на прашањето: „Дали би прифатиле политичка функција?“ повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би прифатиле таква функција(или поточно 57,2 % од испитаната популација), додека 22,2 % одговориле позитивно на ова прашање. Не знаеле да одговорат на ова прашање 18,5 %, а дополнителни 2,1 % не дале одговор. Во однос на возрасните подгрупи и одговорите на ова прашање не се забележува статистички значајна разлика, меѓутоа истата постои кога ова прашање се разгледува од аспект на полот. Речиси двојно поголем број од момчињата(30,2 %) би прифатиле политичка функција во однос на девојките(16,5 %)(статистичка значајност 0,001). На истото прашање во националната Студија за жените во Република Северна Македонија(Топузовска Латковиќ и други, 2021) што ја спроведе Фондацијата„Фридрих Еберт“, 65 % од жените одговориле негативно, односно дека не би прифатиле политичка функција, додека само 7 % одговориле позитивно. Како причини за неприфаќање на политичка функција ги навеле: недовербата кон политичките партии и начинот на нивното функционирање, недостатокот на јасна идеологија и вредности, дискриминацијата, како и тоа дека не веруваат дека нешто можат да изменат во земјата. 44 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Ставови кон политичките партии меѓу младите во Северна Македонија Следи листа од најголемите политички партии во земјата. Оценете ги вашите ставови на скала од ‚ – воопшто не ми се допаѓа‘ до ‚ – многу ми се допаѓа‘. ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Алијанса за Албанците СДСМ Левица , , , , , Според квалитативното истражување:„Како да се обезбеди рамноправна и фер застапеност во Собранието“, како главни фактори коишто влијаат врз недоволното кандидирање на жени за политички функции се наведува патријархалниот традиционален менталитет, како и немањето волја кај самите жени заради општествениот третман и нивна: маргинализација, дискриминација, недоволна почит и недоличен говор насочен кон експонираните жени, како и немањето поддршка од семејството(Наумовска и други, 2022). Според друго, пак, истражување коешто се фокусира на жените генерално, домашните обврски и грижата за семејството претставуваат еден од основните фактори што влијае жените да не се ангажираат за повисоки позиции (Атансов; Наумовска, 2013). Од изнесеното, охрабрувањето на девојчињата и жените да се вклучат во политичкиот живот поактивно, можеби треба да се стимулира преку поддршка и промоција на жени кои се веќе носители на функции(меѓу кои и политички функции). Градењето на позитивниот имиџ на жената е исто така од исклучително значење, како и заштита на жените кои се предмет на говор на омраза. Ставот кон одредени политички партии, односно чувството што го имаат кон нив, испитаниците го изразуваа на десетстепена скала(каде што 1 значи воопшто не ја сакам таа партија, а 10 значи многу ја сакам таа партија). Од прикажаните средни вредности може да се забележи дека ниту една од наведените партии не ја преминува средната вредност 5, што би значело инклинирање кон позитивно чувство/ став. Според изразените средни вредности, партијата ВМРО-ДПМНЕ има добиено највисока средна вредност(m=3,93), додека најниска има партијата Алијанса за Албанците(m=2,07). 5 Стандардната девијација се движи од 2,025 до 3,089 што, донекаде, се должи на големината на скалата, но се претпоставува дека се должи и на етничката структура на испитаниците. Според биваријантната корелација, се покажува дека младите кои имаат попозитивни чувства кон политичките партии: ВМРО-ДМНЕ, ДУИ 6 и Алијанса за Албанците се позиционираат подесно на идеолошката оска. Покрај ставот/чувството за наведените политички партии, испитаниците на четиристепената скала беа запрашани и:„Дали Ви е пријатно да имате блиски пријатели коишто се приврзаници на партија?“(за секоја партија е поставено одвоено прашање). 45 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Доверба во институциите меѓу младите во Северна Македонија Општо, колку им верувате на долунаведените ентитети? Анализа на средни вредности на скала од ‚ – воопшто не‘ до ‚ – целосно‘ НАТО Европска Унија Синдикати Медиумите во вашата држава Вашата верска институција Полиција Правосудство(судови) Армија Месна самоуправа Политички партии Граѓански организации Влада Собрание , , , , , , , , , , , , , Она што најмногу се забележува во однос на ова прашање е високиот процент на испитаници кои не го одговориле прашањето. Овој процент варира од 52 % кои не одговориле на прашањето што се однесува на блиски пријателства со приврзаници на ДУИ, до 74 % кои не одговориле дали би им било пријатно да имаат блиски пријатели приврзаници на Левица. Во однос, пак, на дадените одговори, единствено кон приврзаниците на партијата СДСМ ставот е позитивен, односно средните вредности изнесуваат: СДСМ m=2,23; ВМРО-ДПМНЕ m=1,86; ДУИ m=1,8; Левица m=1,58 и Алијанса за Албанците m=1,85. Во политичкиот живот преку членство во политичка партија активно се вклучени 7,2 % од испитаниците, а дополнителни 13,8 % би станале членови, додека, пак, 61,3 % не би се вклучиле во ваква форма на активизам. Речиси секој втор испитаник не одговорил или не знаел како да одговори на ова прашање(или поточно 17,6 %). Разлики во однос на родот и возрасната група на испитаниците не се забележани. Сосема очекувано, младите кои се интересираат за политика многу почесто се членови на политичка партија или размислуваат да станат дел од некоја партија(статистичка значајност p<0,001). 46 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Испитаниците кои се, или би станале членови на политички партии беа прашани за причините за приклучување кон партиите. Според одговорите, позитивно е да се забележи дека најчеста причина за активирање во политичка партија се наведува потребата да се влијае во насока на подобрување на општеството (53,5 %), а потоа следи заради лично вработување или вработување на член на семејството(27,7 %) и заради лични и материјални придобивки(10,8 %). Доверба во институциите Кога станува збор за довербата во различни политички институции, популацијата која е истражувана степенот на својата доверба го изрази на петстепена скала(каде што 1 значи воопшто не им верувам, 3 значи донекаде им верувам, а 5 значи целосно им верувам). Според дадените одговори, генерално младите слабо им веруваат на сите понудени институции, бидејќи средните вредности на одговорите се движат под неутралниот степен на скалата. Најголема доверба е изразена кон верските организации на кои им припаѓаат(m=3,18), а потоа следи Армијата(m=3,02). Анкетираната популација најниско ниво на доверба има во: политичките партии(m=1,86), Владата(m=1,93) и Собранието(m=2,00), а истото се движи од, воопшто немам доверба, кон малку имам доверба. Состојбата со довербата во институциите не е изменета во однос на податоците од Студијата од 2019 година. На прашањето:„Дали мислите дека црквите и верските организации во оваа држава имаат премногу или премалку моќ?“ испитаниците моќта на овие организации ја вреднуваа на петстепена скала, каде што 1 значи„далеку премала моќ“, а 5 значи„далеку премногу моќ“. Средната вредност на дадените одговори за ова прашање изнесува m=2,96, односно испитаниците сметаат дека верските организации имаат доволно моќ во државата. Политички активизам Следниот сет на прашања е посветен на различните форми на политички активизам и колку младите учествувале во вакви процеси или имаат позитивен став кон истите. Според одговорите, младите најмногу престанале да купуваат работи од политички или еколошки причини(23,6 %) и за оваа форма на политички активизам имаат најмногу позитивен став (сè уште не, но би сакал/а 14,9 %), 22,3 % волонтирале или учествувале во активностите на граѓански организации, 18,4 % потпишале листа со политички барања/поддржале онлајн петиција, 16,5 % учествувале во демонстрација и 13,2 % учествувале во политички активности онлајн/на друштвени мрежи. Најмал интерес за вклучување се забележува во однос на ангажманот во политичка партија или политичка група(9,5 %). Поголема вклученост на младите во различните форми на политички активизам или различните форми на политичка партиципација, се очекува доколку младите добијат соодветно знаење за значењето на овие процеси и контролните механизми кои можат да ги користат, но и со нивна поголема застапеност во процесите на носење одлуки. Потребата од политичко образование 7 за младите веќе подолго време се наметнува во различни политичко-општествени и научни дискусии, со цел младите да се стекнат со знаење за карактеристиките на демократските политички системи и улогата на граѓаните во нив, карактеристиките на политичките институции и нивната улога и за различните идеологии и нивните одговори за решавање на општествените проблеми. 47 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Демократски и авторитарни вредности меѓу младите во Северна Македонија (%) Кумулативен% на млади луѓе кои одговориле ‚се согласувам‘ и ‚целосно се согласувам‘ за следните тврдења: Општо, демократијата е добра форма на владеење Во какви било околности, демократијата е подобра од кој било друг вид на владеење Демократијата е најдобриот можен систем на владеење само кога може да обезбеди економска сигурност за луѓето Би жртвувал/а некои граѓански слободи за да гарантирам повисок стандард на живеење Понекогаш, граѓанските слободи треба да бидат ограничени за граѓаните да бидат подобро заштитени од тероризам или други закани Под одредени околности, диктатурата е подобра форма на владеење од демократијата Под одредени околности, диктатурата е подобра форма на владеење од демократијата Младите треба да имаат повеќе можности да се изјаснат во политиката , , , , , , , , Синдикализам Според општата дистрибуција на одговори, членови на синдикат се 5,2 % од испитаниците, додека 12,7 % би сакале да се зачленат, а останатите 82,1 % одговориле дека не се членови. Кога се разгледува ова прашање од аспект на работниот статус, од вкупниот број на испитаници, 18,6 % одговориле дека се постојано вработени, со цело работно време, а од нив 15,2 % се членови на некој синдикат и дополнителни 10,9 % би сакале да се зачленат. Може да се заклучи дека синдикализмот како механизам за организирано и здружено дејствување поврзано со заштита на работничките права и унапредување на работните услови, не е присутен кај младите. Демократски и авторитарни вредности Со цел да се испитаат демократските и авторитарните вредности кај младите во Република Северна Македонија им беа дадени осум изјави коишто се однесуваат на: демократското владеење, учеството на младите во политиката и граѓанските права. При анализата на овие податоци треба да се има предвид дека македонската демократија е релативно млада и неконсолидирана. Извештаите на„Фридом Хаус“ во последните години бележат назадување во демократијата и го посочуваат хибридниот режим како најдоминантна форма на власт во регионот кој го опфаќа извештајот. Таквите режими ги комбинираат елементите од демократско и авторитарно владеење(FH Report, 2022, 2023), па оваа состојба се одликува и во резултатите од истражувањето во овој дел. 48 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Најважни вредности за младите во Северна Македонија (%) Демократија Владеење на правото Човекови права Економска добросостојба на граѓаните Вработување Социјална еднаквост Родова еднаквост Безбедност Индивидуална слобода Прв ранг 19 ,8 13 ,6 15 ,1 Втор ранг 15 ,5 18 ,5 17 ,6 Трет ранг 16 ,1 17 ,6 14 ,9 Вкупно споменати како еден од трите најважни вредности 14 ,5 34 ,6 51 ,4 49 ,7 40 ,4 24 ,1 15 ,1 47 ,6 22 ,5 Од добиените податоци може да се заклучи дека кај младите доминираат демократските ставови. Поголемиот дел, или 59,3 % од испитаниците се согласуваат дека демократијата е добар систем на владеење и во било кои околности е подобра од било кој друг систем на владеење(53,2 %). Сепак, четвртина од испитаниците(23 %) преферираат диктатура во одредени околности. Младите кои во поголема мера поддржуваат диктатура се подесно позиционирани на идеолошката скала(r=,121, p<0,05); во поголема мера сметаат дека мажите се подобри политички лидери од жените(r=,195, p<0,01), имаат поголем интерес за политика(r=,131, p<0,01) и во помала мера се согласуваат дека демократијата е добра форма на владеење(r=-,196, p<0,05). Ставот на согласување е поголем кај припадниците на младата машка популација(27,3 % наспроти 19,6 %, x2=10,168, p<0,05) и испитаниците кои ја пополниле анкетата на албански јазик (35 % наспроти 19,6 %, x2=27,022, p<0,01). Нема статистички значајни разлики според возрасната група и социо-економскиот статус (степен на образование на младите и нивните родители, место на живеење, финансиска состојба). Изјавата со највисок процент на поддршка од страна на младите(68 %) ја нагласува повторно потребата од поголема вклученост на младите во политиката, односно испитаниците се согласуваат со тврдењето дека младите треба да имаат повеќе можност да се изјаснат во политиката. 49 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Слика Перцепирана состојба на вредности во својата земја и ЕУ меѓу младите во Северна Македонија Според вас, колку е добар или лош статусот на следните вредности во вашата земја и во ЕУ? Анализа на средни вредности на скала од ‚ – многу лошо‘ до ‚ – многу добро‘ Безбедност Индивидуална слобода Родова еднаквост Социјална еднаквост Вработување Економска добросостојба на граѓаните Човекови права Владеење на правото Демократија ЕУ Северна Македонија 2 ,5 2 ,8 2 ,3 2 ,2 2 ,0 1 ,8 2 ,3 1 ,8 2 ,4 3 ,2 3 ,4 3 ,4 3 ,2 3 ,5 3 ,6 3 ,4 3 ,2 3 ,2 За 36 % стандардот на живеење е побитен од граѓанската слобода, додека 29,4 % префериираат права и слобода наспроти повисок стандард. Сличен е процентот и за тврдењето за ограничување на граѓанските слободи заради поголема заштита од безбедносни ризици. Процентот на поддршка на демократските вредности и владеење е повисок во претходните студии, во коишто, пак, постои амбивалентност во ставовите, што не е случај во актуелната Студија. Најважни вредности Младите кои се дел од ова истражување, ги рангираа и наведените категории во однос на тоа кои се најважните вредности за нив лично. Според дадените одговори, младите како најважни вредности ги истакнуваат: 1) човековите права; 2) економската добросостојба на граѓаните; 3) безбедноста. За разлика од податоците во Студијата за млади на Северна Македонија 2018/19, во ова истражување безбедноста се јавува како една од најзначајните вредности кај младата популација. Се претпоставува дека ваквата промена се должи на промената на околностите во Европа и пошироко, односно на војните во Украина и Блискиот Исток. 50 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Младите беа запрашани и за тоа како би ги оцениле состојбите на овие девет вредности во Северна Македонија и во Европската Унија на скала од 1 до 5(каде што 1 значи многу лошо, а 5 многу добро). Според анализата, оценката на состојбата за сите вредности е повисока кога станува збор за Европската Унија, отколку за Северна Македонија, односно сите вредности за земјата се во негативниот интервал на оската, а сите вредности за ЕУ имаат позитивна средна вредност, која се движи од добра(3), кон многу добра(4). Најголема разлика се забележува во однос на вредноста Економска добросостојба на граѓаните. Оваа вредност има највисока оцена во однос на ЕУ(m=3,58), а најниска во однос на Северна Македонија(m=1,78). Владеењето на правото во земјата е ниско оценето, со m=1,81, наспроти во ЕУ, со m=3,22. Најмала разлика се забележува во однос на вредностите Безбедност и Индивидуална слобода. Став за Европската Унија Во однос на прашањата поврзани со приклучувањето на државата кон Европската Унија, како и во други истражувања(Дамјановски, 2023) и во ова истражување се забележува трендот на растење на евроскептицизмот. Според дадените одговори, 41,7 % од испитаниците сметаат дека државата треба да се приклучи кон Европската Унија(ЕУ), додека 37,9 % не сметаат дека тоа треба да се случи(кумулативно 20,4 % не знаеле или не дале одговор на прашањето). Споредбено, во Студијата за млади од 2013 година, за приклучување кон ЕУ позитивно се изјасниле 73 %(Топузовска Латковиќ и други, 2013), додека во Студијата за млади од 2018/2019 година(Топузовска Латковиќ и други, 2018/2019) дури 81 % од младите поддржувале членство во Европската Унија. Значајни разлики се забележуваат кога податоците се гледаат од аспект на возрасните групи, па така најпозитивен став имаат испитаниците од средната возрасна група, 25 до 29 години(46,2 %), најчест негативен одговор има помеѓу испитаниците од од 19 до 24 години (44,9 %), а најмногу не знаеле/или немале одговор на ова прашање, испитаниците од 14 до 18 години(32,2 %). Со промена на околностите во однос на приклучувањето на државата кон Европската Унија и внесувањето на преговарачката рамка предложена од Франција како услов за продолжување на процесот, младите беа запрашани дали го поддржуваат или се противат на овој процес. Во однос на одговорите, првенствено треба да се спомене дека речиси една третина од испитаниците не знаеле/немале одговор на ова прашање(или поточно 31,7 %). Од испитаниците кои дале конкретен одговор, мислењето е поделено, односно 50,1 % го поддржуваат овој процес(25 % целосно и 25,1 % делумно) а 49,9 % се противат на истиот(19,7 % делумно и 30,3 % целосно). Според биваријантната анализа, младите кои не ја поддржуваат преговарачката рамка предложена од Франција, во помала мера се идентификуваат како граѓани на Европа или Европејци(r=-,325, p<0,01), иако довербата во ЕУ останува непроменета од Студијата за млади од 2018/2019 година(m=2,71, наспроти m=2,72). 51 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Во поголема мера младите се чувствуваат како Македонци(m=3,71), отколку Европејци (m=2,94). За првпат во спроведувањето на лонгитудиналните студии за младите од 2013 година, до сега, идентификувањето со Европа е со средна вредност помала од 3, односно во негативниот интервал на оската. Намалена е и идентификацијата со националниот идентитет (од m=4,12 во 2018/2019). Податоците поврзани со Европската Унија и детектираните промени во однос на ставовите на младите кон истата, се претпоставува дека се последица на политиката на Европската Унија(ЕУ) кон Република Северна Македонија. Имено, по потпишувањето на Преспанскиот договор со Република Грција и промената на уставното име на земјата во 2018 година, најголемиот дел од граѓаните, а особено младата популација, очекуваа деблокирање на патот за евроатлантските интеграции и непречен почеток на преговорите за влез во ЕУ, кој неочекувано повторно се проблематизираше со барањата и ветото од страна на Република Бугарија за нови уставни измени. Од податоците може да се забележи дека многу мал процент на испитаници(од 1,7 % до 3,2 %) поминуваат повеќе од 5 часа неделно следејќи политички и актуелни содржини. Како резултат на употребата на новите технологии, најголеми промени генерално кај целата популација се воочуваат во однос на изворот на нивното информирање, па така интернет просторот и социјалните мрежи го заземаат приматот на средство за информирање. Според истражувањето на Евротинк(2023) за политички теми граѓаните најчесто се информираат преку интернет(56,5 %), а овој тренд особено се забележува кај најмладата популација. Во 2014 година, преку телевизиите, 84,35 % од младите секој ден или неколку пати неделно следеле домашни и странски настани, 19 % најчесто следеле политички содржини и повеќе од 1/3 поминувале повеќе од 2 часа следејќи телевизии(АВМУ, 2014). Податоците од 2022 година говорат дека речиси 70 % од младите се информираат од социјалните мрежи, 19 % од интернет порталите, а 8,2 % од други извори(Агенција за млади и спорт, 2022). Медиумско информирање Од прашањата поврзани со информирањето на младите преку македонските медиуми за политика и актуелни настани, произлегува дека во најголем дел младите не ги следат медиумите, иако ова прашања се однесува и на содржините кои се присутни во онлајн просторот, но се произведени од медиумите. Според дадените одговори, најчесто е следена ТВ Сител(47,5 %), а потоа следат ТВ Канал 5(41,3 %) и ТВ Телма(31,6 %). Во однос на телевизиите: ТВ 24, Алсат и Алфа, повеќе од 70 % од испитаниците одговориле дека немаат време да ги следат истите. Прашањето се однесува на поминато време за следење содржини поврзани со политика и актуелни теми на неделно ниво. Ставови за родова еднаквост Во 2022 година Собранието на Република Северна Македонија донесе Национална стратегија за родова еднаквост, по што следеа заклучоци со кои Собранието се обврза да го донесе законот за родова еднаквост и да го воспостави Секретаријатот за родова еднаквост до крајот на 2023. Предлог-законот за родова еднаквост е од исклучително значење не само заради фактот што ги јакне институционалните механизми за еднаквост меѓу жените и мажите и на централно и на локално ниво, туку и заради вредносната порака што ја носи. 52 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Процесот беше попречен од страна на родовите дезинформации кои беа пласирани во јавноста и кои предизвикаа бурни реакции, како и вклучувањето на верските институции и силното влијание на антиродовите движења во земјата. Со цел да се измери ставот на младата популација на оваа тема, беше поставено прашањето:„Дали ја поддржувате иницијативата за закон за родова еднаквост?“. На ова прашање, 47,4 % одговориле позитивно, а 26,3 % одговориле дека не ја подржуваат. Останатите 28,3 % не дале одговор или не знаеле како да одговорат на ова прашање. Во однос на родот постои делумна разлика помеѓу девојчињата и момчињата, односно девојчињата за 6 % повеќе ја поддржуваат оваа иницијатива од момчињата (50 %, наспроти 43,9 %). Кростабулацијата според групирана идеолошка позиционираност, покажува дека младите кои се позиционираат централно со највисок процент(61,5 %) го поддржуваат Законот за родова еднаквост, за разлика од младите со левичарска(48,6 %) и десничарска(43,6 %) идеолошка ориентираност, но не се евидентирани статистички значајни разлики со проверката на Хи-квадратот. Согледувања 1.  Кај младите постои слаб интерес за политиката и политичките процеси во земјата (17 %), што е тесно поврзано со слабата застапеност на младите во политиката. Само 7 % сметаат дека нивните интереси се застапени во политичките процеси. 2.  Висок процент од 39 од испитаници не знаат, или не сакаат да се позиционираат идеолошки. Останатите се определие: 35,3 % за левицата, за центарот 33,8 %, а за десницата се определиле 30,9 %. 3.  Поголемиот дел, или 59,3 % од испитаниците се согласуваат дека демократијата е добар систем на владеење, и во било кои околности е подобра од било кој друг систем на владеење(53,2 %). Сепак, четвртина од испитаниците(23 %) преферираат диктатура во одредени околности. 4.  Од младите со право на глас, на последните Парламентарни избори во 2020 година, гласале 80,3 %. Според ова истражување, најмногу доверба од младите на споменатите избори добила Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додека, пак, во однос на гласање за следни избори, речиси половина од истражуваната популација„не знаела“ или„немала одговор“ на ова прашање. 5.  Речиси двојно повеќе момчиња(30,2 %) од девојчиња(16,5 %) би прифатиле политичка функција. Генерално, кај младите не постои позитивен став за политичките партии. Сепак, највисока средна вредност од истражуваните партии е дадена за ВМРО-ДПМНЕ, m=3,93. За младите најприфатливи како пријатели им се приврзаниците на СДСМ, за разлика од приврзаниците на другите партии. 53 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија 6.  Од младите испитаници, 21 % се членови или би станале членови на одредена политичка партија, а како најчеста причина за приклучување ја истакнуваат потребата да се влијае во насока на подобрување на општеството(53,5 %). 7.  Во однос на политичкиот активизам, младите најмногу„престанале да купуваат работи за политички или еколошки причини“ (23,6 %) и за оваа активност имаат најмногу позитивен став(сè уште не, но би сакал/а 14,9 %). 8.  Во однос на институциите, младите искажуваат најмногу доверба кон верските организации(m=3,18), Армијата(m=3,02) и ЕУ(m=2,71), а дополнително за верските организации сметаат дека имаат доволно моќ. 11.  За првпат во спроведувањето на лонгитудиналните студии за младите од 2013 година, идентификувањето со Европа е со средна вредност помала од 3. Младите кои не ја поддржуваат преговарачката рамка предложена од Франција, во помала мера се идентификуваат како граѓани на Европа или Европејци(r=-,325, p<0,01), иако довербата во ЕУ останува непроменета од Студијата за млади од 2018/2019 година(m=2,71, наспроти m=2,72). 12.  Намалена е и идентификацијата со националниот идентитет(од m=4,12 во 2018/2019, на m=3,71). 13.  Од вработените испитаници со полно работно време, само 15,2 % се членови на синдикат. 9.  За истражуваната популација најважни вредности се: човековите права, економската добросостојба на граѓаните и безбедноста. Споменатите вредности, меѓутоа и вредностите: демократија, владеење на правото, вработување, родова и социјална еднаквост и индивидуалните слободи, се повисоко оценети во ЕУ за разлика од РС Македонија. 10.  Ставот на младите во однос на приклучувањето на државата кон ЕУ е поделен, односно овој процес го поддржуваат 41,7 %, а не го поддржуваат 37,9 %. Ставот, исто така, е поделен кога станува збор и за Францускиот предлог. Се забележува дека расте евроскептицизмот, особено кај младата популација, но овој процес во целост не може да се објасни со барањата од новата преговарачка рамка. Согласно наведеното на ова прашање, во иднина треба да му се посвети повеќе внимание, меѓутоа и да се анализира од повеќе аспекти. 14.  Речиси половина од испитаниците ја поддржуваат иницијативата за Законот за родова еднаквост. 15.  Младите најчесто одговориле дека немаат време да следат информации за политика и актуелни настани на телевизиите, вклучително и содржините произведени од телевизиите, а кои се наоѓаат на онлајн просторот. Сепак, од младите кои ги следат овие медиуми, на неделно ниво најчесто поминуваат околу 1 час, односно помалку од 10 минути гледано на дневно ниво. 54 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Препораки 1.  Како главен приоритет во земјата се наметнува потребата од политичко образование на младите. Неопходно е младите да се стекнат со знаење за демократскиот систем и улогата и обврските на граѓаните во таквиот систем, особено за можностите за политичко учество и влијание врз значајните за нив одлуки. 2.  Преку воведување на предметот Политичко образование во средните училишта, се очекува младите да се здобијат со знаења 8 кои ќе резултираат со поголем интерес за следење на политика, поголемо ниво на политички активизам, препознавање на политичките процеси и идеолошко профилирање. 3.  Проблемот со идеолошкото позиционирање на младите, дополнително, укажува на потребата од воведување на политичко образование, кое ќе има меѓу другото цел да ги објасни различните идеологии и нивниот пристап кон општествените проблеми. На тој начин на младите ќе им биде дадена можноста аргументирано да се определат за одредена идеологија и партијата која ги застапува тие идеолошки позиции. 6.  Потребно е политичките партии, како и владините институции, да направат сериозен напор за надминување на проблемите поврзани со: владеење на правото, корупцијата, образовниот и здравствен систем и другите слабости во системот, со цел да ја вратат довербата кај младите. 7.  Потребно е, да се наметне од страна на политичките партии, дијалогот и соработката да се одвиваат во рамките на институциите(главно во рамките на Собранието на Република Северна Македонија), со што ќе се зајакне демократскиот капацитет на институциите, а може да влијае и врз намалување на дискриминацијата врз политичка основа. 8.  Синдикалните организации потребно е да изнајдат соодветен пристап до младите луѓе, со цел да им ги претстават предностите на синдикалното здружување и да им понудат едукација во однос на правата на работниците и пазарот на трудот. 9.  Потербно е државата да ги следи состојбите, приоритетите и интересите на новите генерации преку лонгитудинални студии(истражувања) врз основа на кои понатаму ќе се базираат политиките и државните стратегии за младите. 4.  Потребно е младите да се вклучат во консултативни процеси на носење одлуки, особено за темите кои директно се поврзани со нив. 5.  Политичките партии треба повеќе да водат грижа на родовиот аспект кога станува збор за предлагање/избор на носители на раководни позиции за кои не се предвидени квоти(како што се позициите министер/ ка, градоначалник/чка). Поголемата можност за учество на жените во процесите на донесување одлуки и управување, се очекува да има позитивен импакт кон активирањето на жените во политиката. 55 8. Политички ставови и политичко учество Студија за млади Северна Македонија Референци Amini, C.; Douarin, E.(2020): Corruption and life satisf­ action in transition: is corruption a social norm in Eastern Europe? Soc. Indic. Res. 151, 723–766, → link.springer.com/article/10.1007/s11205-020-02389-6 Anderson, C.J.; Tverdova, Y.V.(2003): Corruption, political allegiances, and attitudes toward government in con­temporary democracies. Am. J. Polit. Sci. 47, 91–109 → onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1111/ 1540-5907.00007 Atanasov, P.; Naumovska, B.(2013): Equal opportunities of women: Processes of employment and promotion on higher positions. Ekonomske Te Ekonomske Teme, 51(4), 811–826. Bárta, О.; Boldt, G.; Lavizzari, А.(2021): Meaningful youth political participation in Europe: concepts, patterns and policy implications research study. Council of Europe and European Commission, available on d2ecb223-edda-a9d2-30f7-c77692a086bd(coe.int) Hague, R.; Harrop, M.(2007): Comparative Government and Politics. England: Palgrave Macmillan. Iacovou, M.; Aassve, A.; Davia, M.(2007): Youth poverty in Europe. York: Joseph Rowntree Foundation. Iacovou, M.(2010): Leaving home: Independence, togetherness and income. Advances in life course ­research, 15(4), 147–160. Lee, E.S.(1966): A theory of migration. Demography, 3, 47–57. Mallinson, D.J.; Hatemi, P.K.(2018): The effects of ­information and social conformity on opinion change. PloS one, 13(5), e0196600. Massey, D.S.; Arango, J.; Hugo, G.; Kouaouci, A.; Pellegrino, A.; Taylor, J. E.(1993): Theories of international migration: A review and appraisal. Population and development review, 431–466. Cordón, J.A.F.(1997: Youth residential independence and autonomy: A comparative study. Journal of family issues, 18(6), 576–607, available on Youth Residential Independence and Autonomy: A Comparative Study – Juan Antonio Fernández Cordón, 1997(sagepub.com) OECD(2022): Labour Migration in the Western Balkans: Mapping Patterns, Addressing Challenges and Reaping Benefits, available on Labour Migration in the Western Balkans: Mapping Patterns, Addressing Challenges and Reaping Benefits → oecd.org Ellis, A.; Gratschew, M.; Pammett, J.H.; Thiessen, E. (et al.).(2006): Engaging the Electorate: Initiatives to Promote Voter Turnout from Around the World. Ermisch, J.; Di Salvo, P.(1997): The economic determinants of young people’s household formation. Economica, 64(256), 627–644. European Commission, Directorate-General for Education, Youth, Sport and Culture, Education and training monitor 2021 – Education and well-being, Publications Office of the European Union(2021) → data.europa.eu/doi/10.2766/743550 OECD Reviews of Evaluation and Assessment in Education: North Macedonia, OECD Reviews of Evaluation and Assessment in Education(2019), OECD Publishing, Paris → doi.org/10.1787/079fe34c-en Ostrom, T.M.(1969): The relationship between the affective, behavioral, and cognitive components of attitude. Journal of experimental social psychology, 5(1), 12–30. Pickard, S.(2019): Politics, Protest and Young People: Political Participation and Dissent in 21st Century Britain. London: Palgrave Macmillan Financing Our Future: How to Improve the Efficiency of Education Spending in North Macedonia (English)(2023) Washington, D.C.: World Bank Group → documents.worldbank.org/curated/en/ 099611203072331625/IDU02747db220dccb04121085080c 320d7f75d60 56 Референци Студија за млади Северна Македонија Profile of child population in the Republic of North ­Macedonia: results of the analysis of data on children from the 2021 Census of Population, Households and Dwellings and administrative data(2023) UNICEF → www.unicef.org/northmacedonia/media/14386/file/ MK_CensusForChildren_Report_2024_ENG.pdf Robbins, S.P.; Judge, T.(2013): Organizational Behavior: Stephen P. Robbins, Timothy A. Judge. Pearson. Rokeach, M.(1973): The nature of human values. Free press. Schizzerotto, A.; Lucchini, M.(2004): Transitions to adulthood. In Social Europe(pp. 62–84). Edward Elgar Publishing. Sompolska-Rzechuła, A.,& Kurdyś-Kujawska, A.(2022): Generation of young adults living with their parents in European Union countries. Sustainability, 14(7), 4272. Stojceska, B.; Dukovska, B.; Topuzovska Latkovikj, M. et al.(2024): Position of the NEET Youth in North Macedonia: Control study. Eisner, S.(2005): Generational Differences in the Workplace: Personal Values, Behaviors, and Popular Beliefs, Journal of Business and Psychology Twenge, J.M.; Campbell, S.M.; Hoffman, B.J.; Lance, C.E. (2010): Generational Differences in Work Values, Outcomes and Person-Organization Values Fit, Journal of Management Weiss, J.(2020): What is youth political participation? Literature review on youth political participation and political attitudes. Frontiers in Political Science, 2, 1. Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Годишни извештаи → av.gov.mk Агенција за медиумски и аудиовизуелни услуги (2014): Младите и медиумите → avmu.mk/wp-content/ uploads/2017/05/Magdalena.pdf Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија(2022) Истражување на м­ ладинските трендови → api.ams.gov.mk/wp-content/ uploads/2022/10/istrazhuvane-ams-2022.pdf Галевски, М., Ивановиќ, И.,& Јетковиќ Јанева, Ј.(2022): Социо-политичко учество на младите во Северна Македонија: Лет во место. Фондација за демократија на Вестминстер, Северна Македонија → wfd.org/sites/default/files/2024-02/WFD%20Let%20 vo%20mesto%20Socio%20politicko%20ucestvo%20 na%20mladi%20ZA%20WEB.pdf Ѓорѓиовска, Ј.,& Галевски, М.(2021). Социо-политичко учество на младите во Северна Македонија: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања. Фондација за демократија на Вестминстер, Северна Македонија → wfd.org/sites/default/files/2022-02/ Socio-Politicko%20Ucestvo%20na%20mladite%20 2021%20MK%20%5Bsmlweb%5D%20%281%29.pdf Дамјановски, И.,(2023): Анализа на јавното мислење за македонскиот процес за пристапување кон ЕУ (2014-2023). Скопје: Фондација„Конрад Аденауер“ и Институт за демократија → idscs.org.mk/wp-content/uploads/2023/12/ B5-Public-Opinion-Analysis-Paper-No.-27-2023-WEB.pdf Државен завод за статистика на Република Северна Македонија(2024): Образование и наука 2022/2023 Државен завод за статистика на Република Северна Македонија, достапно на Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија по 5-годишни возрасни групи и по пол, по општини, Попис 2021. PxWeb → stat.gov.mk Државен завод за статистика на Република Северна Македонија, достапно на: Наталитетот во Република Северна Македонија во 2023 година – дефинитивни податоци → stat.gov.mk Државен завод за статистика на Република Северна Македонија, достапно на: Семејства според составот, бројот на членовите и типот на населеното место, по општини, Попис 2021. PxWeb → stat.gov.mk 57 Референци Студија за млади Северна Македонија Државна изборна комисија iVote ДЕМОКРА – Интегриран изборен информатички систем на Државна изборна комисија → www.sec.mk Евротинк(2023): Перцепции и ставови на граѓаните на Република Северна Македонија за општественополитичката состојба во државата, информирање и евроинтегративните процеси → eurothink.mk/wp-content/uploads/2023/10/ ЕВРОМЕТАР-2023-MK.pdf Малески, Б.,& Барлаковски, П.(2023): Млади на попис: Анализа на податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите од 2021 година кои се однесуваат на младите. Фондација за демократија на Вестминстер, Република Северна Македонија → wfd.org/sites/default/files/2024-02/web%20-%20 Mladi%20na%20popis_so%20finalen%20tekst_02_so%20 korekcii_preview.pdf Михајлов, А.(2020): Справување со повеќекратна дискриминација кај ЛГБТИ+ Роми. Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје → s-front.org.mk/wp-content/ uploads/2020/12/vodich-za-povekjekratnadiskriminacija-kaj-lgbti-romi.pdf Стојановски, К.(2016): Дискриминација, насилство и малтретирање врз основа на сексуална ориентација, → civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/02/ Izveshtaj-od-istrazhuvaneto-za-diskriminatsijanasilstvo-i-maltretirane-vrz-osnova-na-seksualnaorientatsija-i-rodov-identitet-1.pdf Топузовска Латковиќ, М., Борота Поповска М., Серафимовска, Е., Цекиќ, А.(2013): Студија за Младите во Република Македонија 2013. Скопје: Фондација„Фридрих Еберт“ → collections.fes.de/ publikationen/content/titleinfo/454846 Топузовска Латковиќ, М., Борота Поповска М., Серафимовска, Е., Цекиќ, А., Старова, Н.(2019): Студија за Млади во Северна Македонија 2018/2019. Скопје: Фондација„Фридрих Еберт“ → library.fes.de/pdf-files/id-moe/15266.pdf Топузовска Латковиќ, М., Борота Поповска М., Чупеска, А., Старова Н., Ѓорѓев, Д.(2021): Студија за Жените во Република Северна Македонија 2020/2021. Скопје: Фондација„Фридрих Еберт“ → pdfs.semanticscholar.org/3d43/ 1751c3bacea54c632203c71d3616588e3cfb.pdf Наумовска, Б. и други(2022): Политичко-правните и културолошки предизвици во справувањето со пандемијата. Скопје: Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Наумовска Б. И други(2022): Изборниот систем на РСМ: Како да се обезбеди рамноправна и фер застапеност во Собранието, Национален демократски институт Податоци ЕОИ за Македонија, 10. бран, 2022 → isppi.ukim.edu.mk/sites/default/files/2023-03/4.naumovska-uchestvo-na-graganite-vo-politikata.pdf → europeansocialsurvey.org 58 Референци Студија за млади Северна Македонија Фусноти 1 Коишто не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука(анг. Not in Education, Employment, or Training). 2 Основно образование во 2015 година посетувале 194.000 ученици, средно образование во 2015 година посетувале 76.000 ученици. ДЗС 3 Види поглавје:„Политички ставови и политичко учество“. 8 Учениците би требало да добијат и со знаења: како да ги оценуваат политичките процеси, која е нивната улога како граѓани и кои контролни механизми можат да ги користат, што значи идеологија и колку истата е присутна, што значи суверенитет на кого му припаѓа и како се пренесува, да ја разберат поставеноста на политичкиот и партискиот систем, поделбата на власта итн 4 Изборите беа распишани на 14 февруари, кампањата за парламентарните избори започна на 18 април, а изборите се одржаа на 8 мај 2024 година. 5 Инструментот е креиран во првата половина на 2023 година, кога се одредени најзначајните политички субјекти. Истражувањето е реализирано во 2024 година, кога се случуваат и поделбите во партијата Алијанса за Албанците што би можело да влијае на одговорите на испитаниците во насока на тоа да не знаат точно за кого да го изразат својот став. 6 Партијата Демократска унија за интеграција(ДУИ) е центар лево позиционирана политичка партија која во исто време користи националистичка реторика. 7 Преку воведување на овој предмет во средните училишта, се очекува младите да се здобијат со знаења како да ги оценуваат политичките процеси, која е нивната улога како граѓани, што значи идеологија и колку истата е присутна, што значи државен суверенитет на кого му припаѓа и како се пренесува, да ја разберат поставеноста на политичкиот и партискиот систем, поделбата на власта итн. Покрај споменатото, ова знаење би требало да резултира и во насока на препознавање на политичките процеси, идеолошко профилирање, самостојност во донесувањето на одлуката за време на избори но и разбирање на суштината на политиката која треба да биде од интерес на граѓаните и општеството. 59 Фусноти Студија за млади Северна Македонија Слики 12 Слика 1  Распределба според пол и возрасни групи на младата популација 12 Слика 2  Опис на примерокот(%) 14 Слика 3  Задоволство од квалитетот на образованието меѓу младите во Северна Македонија(%) 15 Слика 4  Перцепција за корупција во образованието меѓу младите во Северна Македонија(%) 16 Слика 5  Часови посветени на учење меѓу младите во Северна Македонија(%) 16 Слика 6  Прилагодување на образовните програми кон светот на работата – перцепција на младите во Северна Македонија(%) 17 Слика 7  Усогласеност помеѓу образованието и вработувањето кај младите во Северна Македонија(%) 18 Слика 8  Посакуван сектор за вработување меѓу младите во Северна Македонија(%) 19 Слика 9  Ранг на фактори значајни за избор на работа 19 Слика 10  Ранг на фактори за наоѓање на работа 23 Слика 11  Желба за миграција меѓу младите во Северна Македонија(%) 25 Слика 12  Желба за миграција меѓу младите во Северна Македонија, во споредба со другите земји 26 Слика 13  Главни причини за миграција меѓу младите во Северна Македонија(%) 29 Слика 14  Младите и станбената (не)зависност(%) 32 Слика 15  Најважни вредности за младите во Северна Македонија 34 Слика 16  Стравови и грижи меѓу младите во Северна Македонија 36 Слика 17  вови кон групните права меѓу младите во Северна Македонија(%) 37 Слика 18  Општествени ставови меѓу младите во Северна Македонија 42 Слика 19  Претставеност на интересите на младите во политиката(%) 42 Слика 20  Идеолошко позиционирање меѓу младите во Северна Македонија(%) 43 Слика 21  Идеолошки дефинирани ставови меѓу младите во Северна Македонија 45 Слика 22  Чувства кон политичките партии меѓу младите во Северна Македонија 46 Слика 23  Доверба во институциите меѓу младите во Северна Македонија 48 Слика 24  Демократски и авторитарни вредности меѓу младите во Северна Македонија(%) 49 Слика 25  Најважни вредности за младите во Северна Македонија(%) 50 Слика 26  Перцепирана состојба на вредности во својата земја и ЕУ меѓу младите во Северна Македонија 60 Слики Студија за млади Северна Македонија За авторите Марија Топузовска Латковиќ е редовен професор по менаџмент на човечки ресурси и истражувачка методологија во бизнис и менаџмент, во Институтот за социолошки и политичкоправни ­истражувања, Универзитет„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиниот истражувачки интерес главно е насочен кон младите: нивните работни ставови и вредности; преференции, перспективи и бариери за образование, вработување и напредување; мобилност и миграција. Автор е на повеќе студии за младите во земјата и регионот, како и други публикации за теми од општествени науки и менаџмент. Мирјана Борота Поповска е редовен професор на повеќе предмети во областа бизнис и менаџмент во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Во текот на 30-годишното работно искуство во истражувачки институт учествувала во повеќе од 50 научноистражувачки и апликативни проекти во различни области од општествените науки. Бојана Наумовска е редовен професор во наставно-научната област изборни системи, во Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиниот истражувачки интерес генерално е насочен кон изборните системи и политичките партии, иако истражува и други области од политичките науки. Коавтор е на повеќе истражувачки и стручни студии. Нита Старова е програмска менаџерка во Фондацијата„Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје и магистер по меѓународни односи и дипломатија. Во текот на работното искуство има реализирано низа проекти во областа на: политичка едукација, безбедност и родова еднаквост, како и истражувачките проекти со фокус на младите и жените како таргет популација. 61 За авторите Студија за млади Северна Македонија Импресум Издавач и уредник Фондација Фридрих Еберт – Скопје Бул. 8-ми Септември 2/2-5 (ТЦЦ Гранд Плаза), Скопје 1000 Северна Македонија Одговорен за содржината Д-р Петер Хурелбринк, Директор Фондација Фридрих Еберт – Скопје Тел.:+389 230 93-181 skopje.fes.de Младинска студија Северна Македонија 2024 Програмска менаџерка: Нита Старова, ФЕС Скопје Лектура: Инда Костова Савиќ Серија Младински студии 2024 ФЕС Демократија на иднината – Виена Директорка: Јохана Лутц Главна истражувачка: Елена Аврамовска Координаторка за уредување и комуникација – Европа: Маргарете Ленгер Управување со проектот: Кристина Стефан ФЕС Југоисточна Европа – Сараево Координаторка на проектот: Саша Васиќ Комуникација ЈИЕ: Ема Џејна Смоло-Зукан Нарачки / Контакт contact@fes-skopje.org Концепт на дизајн Рене Андритш& Хеидрун Коглер Дизајн и прелом 4С Дизајн Печати Контура Не е дозволена комерцијална употреба на публи­ кациите објавени од страна на Фондацијата Фридрих Еберт(ФЕС) без претходна писмена согласност од ФЕС. Мислењата изразени во оваа публикација не ги иразуваат ставовите на Фондацијата Фридрих Еберт или на институцијата во која работат авторките. © 2024 62 Импресум Скенирајте го кодот и прочитајте онлајн: