Јелена Ристиќ Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Проф. д-р Јелена Ристиќ Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 2025 Импресум Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Издава ФОНДАЦИЈА„ФРИДРИХ ЕБЕРТ“ – СКОПЈЕ Одговорно лице Нита Старова, Фондација Фридрих Еберт Автор Проф. д-р Јелена Ристиќ Уредник Проф. д-р Јелена Ристиќ Рецензенти Проф. д-р Бојана Наумовска Проф. д-р Снјежана Васиљевиќ Лектор Инда Савиќ Костова Графички уредник Стефан Стојковски, KОНТУРА Печати KОНТУРА Ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” 132 1000 Скопје, Р. С. Македонија Тираж 70 Текстовите се примаат на адреса: Фондација„Фридрих Еберт“ бул.„8 Септември“ 2/2-5 1000 Скопје(ТЦЦ Гранд Плаза) Тел.+ 389 2 3093-181/-182 E-пошта: nita.starova@fes-skopje.org The views expressed in this publication are not necessarily those of the Friedrich-Ebert-Stiftung e.V.(FES). Commercial use of the media published by the FES is not permitted without the written consent of the FES. FES publications may not be used for election campaign purposes. Month year © Friedrich-Ebert-Stiftung e.V. ISBN 978-608-270-015-1 Further publications of the Friedrich-Ebert-Stiftung can be found here: ↗ www.fes.de/publikationen Место на издавање: Скопје, 2025. На моите родители Јулија и Радојица Содржина 9 I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ.... 1. Структура и заштитени права................................ 2.  Толкување и примена....................................... во националното право....................... и Европската Унија............................ II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ..................... 1.  Европски суд за човекови права.............................. 1.1.  Организација........................................... 1.2.  Состав.................................................. 1.3.  Надлежност............................................. 1.4.  Постапка............................................... 2.  Допуштеност на жалбите.................................... 2.1.  Општ пристап кон допуштеноста......................... 2.2.  Категории на жалители.................................. 2.3.  Статус на жртва......................................... 2.4.  Процесни основи за недопуштеност...................... 2.4.1.  Неисцрпување на домашните правни средства...... 2.4.2.  Непочитување на рокот од четири месеци........... 2.4.3.  Анонимна жалба.................................. 2.4.4.  Суштински иста жалба............................. 2.4.5.  Злоупотреба на правото на жалба...................86 за недопуштеност кои се однесуваат на надлежноста на Судот 2.5.1.  Неспоивост ratione personae.......................... 90 2.5.2.  Неспоивост ratione loci............................... 94 2.5.3.  Неспоивост ratione temporis.......................... 95 2.5.4. Неспоивост ratione materiae......................... 100 2.6.  Основи за недопуштеност кои се однесуваат на основаноста. 2.6.1.  Очигледна неоснованост.......................... 2.6.2.  Непостоење на значителна штета.................. 3.  Извршување на пресудите.................................. III. АКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА 1.  Илјаз против Северна Македонија........................... 2.  Јанакиески против Северна Македонија..................... 3.  Фине ДОО и други против Северна Македонија.............. 4.  Вангелова и други против Северна Македонија.............. 5.  Гергури против Северна Македонија........................ 6.  Шиповиќ против Северна Македонија....................... 7.  Деловски и други против Северна Македонија............... 8.  Александрија А ДООЕЛ против Северна Македонија.......... 9.  Караџа и Васков против Северна Македонија................ 10.  Бајрамовски против Република Македонија................. 11.  Ферати против Република Македонија...................... заедница и други против Република 13.  Јовановска и други против Република Македонија........... 14.  Зибери и други против Република Македонија.............. 15.  Селмани и други против Република Македонија............. Селектирана библиографија..................................... Користени случаи од судската практика на Европскиот суд за човекови права.............................................. За авторката................................................... Вовед Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи на Советот на Европа, попозната како Европска конвенција за човекови права, претставува прв меѓународен инструмент со кој суверени држави се согласиле да бидат правно обврзани, на секој во рамките на нивната надлежност да му обезбедат цел спектар на човекови права и слободи, како и да воспостават супранационален контролен систем заради обезбедување на нивните обврски согласно Конвенцијата, односно да го воспостават Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Правата коишто се гарантираат со Конвенцијата претставуваат минимален стандард. Имено, државите потписнички на Конвенцијата имаат обврска да обезбедат минимално ниво на заштита на човековите права, во согласност со нивото коешто го наложува Европската конвенција за човекови права. Но, од друга страна, државите се слободни да обезбедат и повисоко ниво на заштита од нивото што го наложува Конвенцијата како минимален стандард. Притоа, системот за заштита на човековите права и слободи утврдени со Конвенцијата се темели врз принципот на супсидијарност. Ова значи дека задачата да се обезбеди примена на Конвенцијата првенствено им припаѓа на државите-членки на Конвенцијата, додека Европскиот суд за човекови права треба да интервенира само кога државите не успеале да ги исполнат своите обврски согласно Конвенцијата. Европската конвенција за човекови права, како меѓународен договор кој е ратификуван од страна на Собранието на Република Северна Македонија и станал дел од домашниот правен систем, е директно применлива и има директен ефект. Директната спроведливост на меѓународните договори пред националните судови и предноста на меѓународните договори во случај на конфликт со одредби на законите е предвидена со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, според кој„меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот поредок и не може да се менуваат со закон“. Судот во Стразбур има централна улога во европскиот систем за заштита на основните права и слободи, вклучително и во заштитата на основните права и слободи во однос на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Европската конвенција за човекови права стана незаменлив инструмент за заштита на човековите права во Република Северна Македонија. Имено, имајќи предвид дека Република Северна Македонија е договорна страна на Конвенцијата, секое лице под нејзина надлежност кое смета дека нејзините или неговите права и слободи гарантирани со Конвенцијата се повредени, има можност да поднесе индивидуална жалба директно до Европскиот суд за човекови права. Сепак, за да може Европскиот суд за човекови права да се впушти во одлучување за основаноста на жалбените наводи истакнати во индивидуалната жалба, односно дали во конкретниот случај постои повреда на некое од правата заштитени со Европската конвенВОВЕД 9 ција за човекови права, најпрво треба да бидат исполнети определени, т.н., критериуми за допуштеност на жалбата, коишто се предвидени со Конвенцијата. Имено, се работи за претежно формални претпоставки, како што е, на пример, обврската за претходно исцрпување на домашните правни средства. Според статистиката на Европскиот суд за човекови права, голем број на жалби поднесени до Европскиот суд за човекови права се отфрлаат заради неуспехот да ги задоволат споменатите критериуми за допуштеност, без чие исполнување жалбата не може да напредува во фазата за оценување на нејзината основаност. Притоа, Република Северна Македонија не претставува исклучок во оваа смисла. Имено, анализата на статистиката на Судот во Стразбур покажува дека само околу 5% од вкупниот број жалби поднесени до Европскиот суд за човекови права во однос на Република Северна Македонија се прогласуваат за допуштени и завршуваат со судска пресуда. Опишаната состојба во однос на процентот на жалби кои успешно ги исполниле критериумите за допуштеност носи потенцијал за повеќе негативни импликации. Имено, Европскиот суд за човекови права е спречен да постапува во разумни временски рокови во однос на оние жалби кои бараат испитување на основаноста, заради фактот што треба да одговори на секоја жалба. Понатаму, жалбите на стотици жалители неминовно се отфрлаат, често пати после неколкугодишно чекање. Конечно, оваа состојба потенцијално може негативно да се одрази врз заштитата на човековите права во Република Северна Македонија, имајќи предвид дека пресудите на Судот се коректор на проблемите во однос на почитувањето на стандардите за заштита на човековите права. Во секој случај, од анализата на статистиката на Европскиот суд за човекови права произлегува дека сè уште постои потреба од подобрување на нивото на знаење во однос на правилното применување на критериумите за допуштеност. Притоа, со цел да се разберат и правилно да се применат критериумите за допуштеност, потребно е да се има и добро познавање за целокупното функционирање на Судот, особено во поглед на неговата: улога, надлежност и постапката пред Судот, како и во однос на опфатот, толкувањето и примената на Конвенцијата, односно судската практика на Судот. Исто така, вредно е да земе предвид дека во последните години беа усвоени измени во однос на функционирањето на контролниот механизам на Европската конвенција за човекови права, вклучително и измени поврзани со критериумите за допуштеност. Така, Протоколот 15 кон Конвенцијата, кој влезе во сила на 1 август 2021 година, внесе важни промени во однос на некои од критериумите за допуштеност. Притоа, постојната литература на македонски јазик, вклучително и студентските учебници, сè уште не е ажурирана за соодветно да ги одрази овие промени. Во оваа смисла, имајќи ги предвид неодамнешните измени и очигледниот недостаток на доволно знаење во однос на критериумите за допуштеност, се чини дека времето е многу соодветно за создавање на публикација која ќе ги одрази најновите измени и која, исто така, ќе содржи и анализа на причините за(не)допуштеност на македонските предмети пред Судот во Стразбур. Имено, дел од публикацијата е посветен на преглед и анализа на предмети во однос на Република Северна Македонија кои биле разгледувани од страна на Европскиот суд за човекови права, при што фокусот е ставен на начинот на примената на критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 10 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Оваа публикација е наменета, пред сè, за адвокатите, кои вообичаено се оние кои ги советуваат потенцијалните подносители на жалба за изгледите за успех на жалбата и во нивно име ја поднесуваат до Судот. Исто така, оваа публикација е наменета и за: судиите, обвинителите и останатите правни професии, како и за сите оние кои на каков било начин се вклучени во активности за заштита на човековите слободи и права или, едноставно, се само љубопитни(со право) да научат нешто повеќе за заштитата на своите основни слободи и права пред Судот во Стразбур. И секако, веројатно и најважно, оваа публикација е наменета и за студентите по право, со цврста верба дека идните генерации: адвокати, судии, обвинители и останати заштитници на слободите и правата на граѓаните, ќе постапуваат според морални начела и принципиелни правни стојалишта и ќе се стремат кон поправедно и почовечно право. Конечно, би сакала да истакнам дека оваа публикација произлезе како продолжение на соработката со Фондацијата„Фридрих Еберт“, Канцеларија во Скопје, во контекст на заложбите за ефективна имплементација на Европската конвенција за човекови права и унапредување на заштитата на човековите права во Република Северна Македонија. Во оваа смисла, изразувам голема благодарност на претставниците на Фондацијата„Фридрих Еберт“ Скопје, кои уште еднаш ја препознаа важноста и потребата од една ваква публикација и повторно ја преземаа одговорната задача да ја поддржат, отпечатат и промовираат во јавноста. Скопје, април, 2025 година Aвторката ВОВЕД 11 I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ Европската конвенција за човекови права(ЕКЧП или Конвенцијата) e меѓународен договор за човекови права кој овозможува исклучително висок степен на индивидуална заштита. Таа претставува прв меѓународен договор со кој државите потписнички се обврзуваат дека ќе им обезбедат одредени права на лицата кои се наоѓаат во рамки на нивната надлежност. Во оваа смисла, на лицата што сметаат дека државата ги повредила нивните права заштитени со Конвенцијата и кои ги исцрпиле домашните правни лекови, Конвенцијата им гарантира можност да се обратат до Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП или Судот) како судска инстанца воспоставена со Конвенцијата, и да бараат заштита на нивните права. Истовремено, Конвенцијата дава можност до Судот да бидат поднесени и жалби од страна на држави-потписнички на ЕКЧП против други држави-потписнички заради повреда на одредби на Конвенцијата. 1 ЕКЧП е усвоена на 4 ноември 1950 година, во Рим, а стапила на сила на 3 септември 1953 година. Таа е креација на Советот на Европа(СЕ), меѓународна организација со седиште во Стразбур, основана во 1949 година, веднаш по Втората светска војна, со цел зајакнување на: културниот, социјалниот и политичкиот живот во Европа и унапредување на: човековите права, демократијата и владеењето на правото. ЕКЧП е создадена, пред сè, како реакција на ужасните последици што ги оставила Втората светска војна. Причините за донесување на ЕКЧП се должеле, главно, на потребата да се обезбеди заштита на одредени основни права и слободи, како и да се придонесе кон воспоставувањето на стабилни демократии ширум Европа, кои ќе се раководат од принципот на владеење на правото. Овие поставени цели се најизразени преку можноста до ЕСЧП да се поднесуваат индивидуални жалби за заштита на индивидуални права, како и преку можноста да се поднесуваат меѓудржавни жалби. 2 Конвенцијата обезбедила каталог на основни човекови права и слободи. Исто така, таа во тоа време воспоставила три институции кои се одговорни за нивното спроведување, и тоа: Европската комисија за човекови права, Европскиот суд за човекови права и Комитетот на министри. Имено, со усвојувањето на Конвенцијата се направени првите конкретни чекори кон колективно спроведување на одредени права заштитени со Универзалната декларација за човекови права. Иако првично Конвенцијата била склучена само меѓу 1  Council of Europe, Practical Impact of the Council of Europe Monitoring Mechanisms in Improving Respect for Human Rights and the Rule of Law in Member States , Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2014, p. 8. 2  Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права ,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 1. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 12 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 12 западноевропски земји, денес таа се однесува на над 700 милиони луѓе, во 46 европски земји. 3 1. Структура и заштитени права Европската конвенција за човекови права заштитува претежно граѓански и политички права. Нејзината структура се состои од три дела. Во рамки на првиот дел е поместен каталогот на основните права и слободи, за кои државите-потписнички се обврзале дека ќе обезбедат заштита. Заштитените права се однесуваат на: a. Физичкиот интегритет и достоинство на секој човек(право на живот, член 2; забрана за мачење, член 3; забрана за ропство, член 4; право на слобода и безбедност, член 5); б. Законита и правична судска постапка(право на правично судење, член 6; забрана за ретроактивно кривично законодавство, член 7; право на ефективен правен лек, член 13); в. Заштита на личниот живот(право на почитување на приватниот и семејниот живот, член 8; слобода на мисла, совест и вера, член 9; право на брак, член 12; забрана за дискриминација, член 14); г. Заштита на комуникацијата и учеството во општеството(слобода на изразување, член 10; слобода на собирање и здружување, член 11). Освен претходно наведените права, дополнителни права се заштитени преку разни протоколи кои биле додадени кон Конвенцијата подоцна како резултат на консензусот постигнат меѓу државите договорни страни, во однос на заштитата на одредени права. На овој начин е овозможена заштита на следните права: a. Право на сопственост, право на образование, право на слободни избори(Протокол 1); б. Забрана за затворање поради долг, слобода на движење, право на државјанинот да не биде протеран и на влез во државата, забрана за колективно протерување странци (Протокол 4); в. Аболиција на смртната казна(Протокол 6); г. Процедурална заштита во однос на протерување странци, право на жалба во кривична постапка, право на компензација за грешки на правдата, ne bis in idem , еднаквост меѓу сопружниците(Протокол 7); д. Генерална забрана за дискриминација(Протокол 12); ѓ. Аболиција на смртната казна во сите околности(Протокол 13). Претходно наведените протоколи, кои додаваат дополнителни права кон Конвенцијата, се задолжителни за државите коишто ги ратификувале. Останатите протоколи содржат одредби коишто го менуваат контролниот механизам на Конвенцијата. 3  Harris, David J., О’Boyle, Michael., Bates, Ed P., and Buckley, Carla M., Harris, O’Boyle& Warbrick: Law of the European Convention on Human Rights , Fifth Edition, Oxford University Press, 2023, p. 4. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 13 Имено, ЕКЧП континуирано се дополнува по пат на протоколи, со цел да се усоврши системот на заштита на правата на човекот предвиден со неа. Од октомври 2013 година, за потпишување се отворени вкупно 16 протоколи кон Конвенцијата. Од нив, последен стапи во сила Протоколот 15, и тоа неодамна, на 1 август 2021 година, со оглед на тоа што беше потпишан и ратификуван од сите држави-членки. Протоколите може да се поделат во две групи, и тоа: протоколи што додаваат дополнителни права кон оние што се веќе заштитени со Конвенцијата, и протоколи што го менуваат контролниот механизам, односно машинеријата на Конвенцијата. Претходно споменатите протоколи: 1, 4, 6, 7, 12 и 13 припаѓаат на првата група, додека во втората група припаѓаат протоколите: 11, 14, 15 и 16(протоколите: 2, 3, 5, 8, 9 и 10 се заменети со Протоколот 11). Дел од овие протоколи се факултативни, за кои не е потребна едногласна ратификација од сите држави-членки на Конвенцијата за да стапат на сила. Имено, нивното прифаќање не е задолжително за договорните страни на Конвенцијата и е потребно да бидат ратификувани само од определен број држави-членки за да стапат на сила. Притоа, тие стапуваат на сила само меѓу државите кои ги ратификувале, откако ќе се постигне одреден праг, односно откако одреден број држави ќе ги ратификуваат. Такви се првиот вид протоколи, со кои се додаваат дополнителни права кон оние што се веќе заштитени со Конвенцијата. Поретко, факултативни протоколи може да бидат и протоколите од втората група, со кои се менува контролниот механизам на Конвенцијата. Таков е Протоколот 16, кој стапи на сила на 1 август 2018 година, откако го достигна прагот на потребниот број на ратификации од страна на државите-членки. Сепак, за овој вид протоколи вообичаено е потребна едногласна ратификација од сите држави-членки на Конвенцијата пред да стапат на сила. Факултативните протоколи не предизвикуваат ефект кој ќе значи воведување нови одредби во самиот текст на Конвенцијата. Во овој случај, текстот на Конвенцијата останува неизменет, додека одредбите на факултативниот протокол функционираат како дополнителни членови на Конвенцијата само меѓу договорните страни кои решиле да го ратификуваат протоколот. Притоа, неговата примена е условена од сите други релевантни одредби од Конвенцијата. Вообичаено, ефект на воведување нови одредби во самиот текст на Конвенцијата имаат протоколите со кои се менува нејзиниот контролен механизам и за кои е потребна ратификација од сите држави-членки за да стапат во сила. Такви се протоколите: 11, 14 и 15. Прифаќањето на протоколите варира од држава, до држава. Сепак, од државите кои се договорни страни на Конвенцијата се очекува да станат договорни страни на, колку што е можно, повеќе протоколи. Особено значење има Протоколот 11, кој припаѓа на протоколите кои го менуваат контролниот механизам на Конвенцијата и за кои е потребна едногласна ратификација за да стапат на сила. Имено, протоколите: 2, 3, 5, 8, 9 и 10 подоцна се заменети со Протоколот 11, кој направи значајна измена во контролниот механизам на Конвенцијата. Протоколот 11 го измени дотогашниот непостојан и двостепен контролен механизам, составен од Европската комисија за човекови права и Европскиот суд за човекови права, со тоа што ја укина Европската комисија за човекови права и воспостави нов постојан Суд. 4 4  Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol. 102, 2010, p. 543-546; Madsen, Mikael R., From Cold War Instrument to Supreme European Court: The European Court of Human Rights at the Crossroads of International and National Law and Poli tics , Law& Social Inquiry, Volume 32, Issue 1, 2007, p. 155. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 14 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Постојат уште два протокола кои го менуваат контролниот механизам на ЕКЧП. Се работи за Протоколите 14 и 15 кон Конвенцијата, чија цел, исто како и на Протоколот 11, е да ја подобрат ефикасноста на работењето на Судот. 5 Ефектите на протоколите: 11, 14 и 15 ќе бидат подетално објаснети во рамки на следното поглавје(II. Стразбуршките контролни механизми), во кое се објаснува формирањето на Судот и начинот на неговото функционирање. Покрај овие протоколи, во рамки на истото поглавје ќе биде објаснет и Протоколот 16, кој, исто така, го засегнува функционирањето на ЕСЧП. Вториот дел од ЕКЧП го регулира начинот на функционирањето на ЕСЧП. Така, меѓу другото, во рамки на вториот дел се опфатени одредби во однос на: надлежноста на Судот, изборот на судии и правилата на постапката пред Судот. Правилата во однос на постапката пред Судот содржани во Конвенцијата се надополнети со Деловникот на Судот, кој го усвојува самиот Суд. Третиот дел на Конвенцијата содржи разни одредби во однос на нејзината применливост, како, на пример, одредби во однос на изразување резерва во врска со некоја одредба на Конвенцијата или во однос на условите за истапување од Конвенцијата. Некои од правата опфатени со ЕКЧП се гарантирани апсолутно. Тоа значи дека тие права не може да бидат ограничени, ниту дерогирани во ниту една околност. Во оваа смисла, членот 15 од Конвенцијата предвидува дека не е дозволена дерогација: на правото на живот(член 2); на забраната за мачење(член 3); на забраната за ропство и принудна работа (член 4); на забраната за ретроактивна примена на кривичниот закон(член 7). 6 Постојат и права кои можат да бидат дерогирани, но само во случај доколку се исполнети одредени услови, предвидени во членот 15 од Конвенцијата. Така, до дерогација на некои права може да дојде во случај на војна или некоја друга општа опасност која го загрозува животот на нацијата. 7 Понатаму, некои одредби од Конвенцијата предвидуваат дека одредени права може да бидат ограничени во одредени околности, најчесто заради заштита на јавниот интерес или заштита на правата на други, и во таа насока воспоставуваат определени услови. Се работи за, т.н.,„квалификувани права“. Такви се, на пример: правото на почитување на приватниот и семејниот живот(член 8); слободата на мисла, совест и вера(член 9); слободата на изразување(член 10); слободата на собирање и здружување(член 11), кои може да бидат ограничени само доколку ограничувањата се предвидени со закон, доколку служат на легитимна цел која е определена во конкретниот член и доколку се неопходни во едно демократско општество. 8 Исто така, се случува правата загарантирани со определен член на Конвенцијата да се во конфликт со други права заштитени со Конвенцијата. На пример, до таков конфликт често доаѓа меѓу правото на приватност, од членот 8, и слободата на изразување, од членот 10. 5  Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol. 102, 2010, p. 546-551; Miller, Vaughne, The European Convention on Human Rights and the Court of Human Rights: Issues and Reforms , House of Commons Library, Standard Note: SN/IA5939, 2011, p. 8-10. 6  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 617-660. 7 Ibid. 8  Ibid. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 15 Во таков случај, конфликтните интереси мора да бидат земени предвид и мора да биде воспоставен правичен баланс меѓу тие права. Според ова, произлегува дека правата загарантирани со Конвенцијата може да имаат и инхерентни ограничувања. 9 Правата што се загарантирани со Конвенцијата претставуваат минимален стандард. Имено, државите-потписнички на Конвенцијата не смеат да дозволат да не обезбедат минимално ниво на заштита на човековите права, во согласност со нивото што го наложува ЕКЧП. Но, од друга страна, државите се слободни да обезбедат и повисоко ниво на заштита од нивото што го наложува Конвенцијата како минимален стандард. Во таа смисла, во согласност со членот 53 од Конвенцијата, во случај кога нивото на заштита на човековите права што го овозможува држава-членка на Конвенцијата е повисоко од нивото на заштита предвидено со ЕКЧП, Конвенцијата не смее да се толкува како ограничување на било кои од правата вградени во домашната правна рамка на државата-членка. 10 2.  Толкување и примена Европската конвенција за човекови права претставува релативно краток документ и не содржи насоки и правила во однос на начинот на толкување на нејзините одредби од страна на Европскиот суд за човекови права. Сепак, имајќи предвид дека ЕКЧП претставува мултилатерален меѓународен договор, треба да се толкува според правилата на меѓународното право за толкување на договорите. Во оваа смисла, Конвенцијата треба да се толкува во согласност со Виенската конвенција за правото на договорите од 1969 година, како дел од обичајното меѓународно право. 11 Имено, иако одлуките на ЕСЧП во голема мера зависат од определeни карактеристики на ЕКЧП,„пристапот на Судот кон толкувањето се заснова врз Виенската конвенција“. 12 Основното правило и главната насока во однос на толкувањето на Конвенцијата се содржани, пред сè, во членот 31 од Виенската конвенција за правото на договорите. Според оваа одредба, меѓународните договори треба да бидат толкувани во добра вера, во согласност со вообичаеното значење што им се придава на термините содржани во договорите во нивниот контекст и во светлина на нивната севкупна цел и смисла. За повеќето права заштитени во рамките на ЕКЧП е карактеристично тоа што се дефинирани на начин којшто дозволува нивно широко толкување. Недоволната одреденост на јазикот што се употребува при дефинирање на правата, резултира со„недостиг од прецизно значење или одреден опсег на примена“. 13 Покрај правилата предвидени со Ви9  Flauss, Jean-François, The European Court of Human Rights and the Freedom of Expression , Indiana Law Journal, Volume 84, Issue 3, 2009, p. 847-848. 10  Liisberg, Jonas Bering, Does the EU Charter of Fundamental Rights Threaten the Supremacy of Community Law? Article 53 of the Charter: a fountain of law or just an inkblot? The Jean Monnet Program, Jean Monnet Working Paper 4/01, 2001, p. 28; Lorenz, Nina-Louisa Arold, Groussot, Xavier, Petursson, Gunar Thor, The European Human Rights Culture- A Paradox of Human Rights Protection in Europe? Martinus Nijhoff Publishers, Leiden-Boston, 2013, p. 210-212. 11  Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права ,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 5; Marochini, Masha, The Interpretation of the European Convention on Human Rights , Zbornik radova Pravnog fakulteta u Splitu, god. 51, 1/2014, 2014, p. 66. 12  Merrils, J.G., The Development of International Law by the European Court of Human Rights , Manchester University Press, 1990, p. 69. 13  Marochini, Masha, The Interpretation of the European Convention on Human Rights , Zbornik radova Pravnog fakulteta u Splitu, god.51, 1/2014, 2014, p. 67. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 16 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур енската конвенција за правото на договорите, ЕСЧП развил и други бројни принципи на толкување на одредбите на ЕКЧП. 14 Примената на ЕКЧП вклучува посебна перспектива којашто се разликува од националното право. Имено, постои збир на меѓусебно преплетени принципи кои произлегуваат од контекстот на меѓународното право и човековите права, карактеристичен за Конвенцијата. Притоа, целта на ЕСЧП е да воспостави определени минимални меѓународни стандарди. 15 Имено, Судот нема цел„да го идентификува најсоодветниот начин за заштита на човековите права признавајќи ги различностите во државите договорни страни“, туку тој„го идентификува најмногу минимумот којшто треба да го постигне одреден правен систем“. 16 Дел од принципите на толкување и примена на одредбите на ЕКЧП коишто се применуваат на разни членови од Конвенцијата коишто гарантираат материјални права, како и во разни контексти, 17 се следните: Принципот на супсидијарност претставува една од клучните карактеристики на системот на Конвенцијата. Имено, системот за заштита на човековите права воспоставен со ЕКЧП има намена да биде супсидијарен во однос на националните системи за заштита на човековите права. 18 Ова значи дека улогата на Судот, во најголем дел, се состои од вршење на надзор и преглед, односно дека Судот не претставува конечна судска инстанца за жалба или„четврта инстанца“. 19 Овој принцип е содржан во неколку одредби на ЕКЧП. Имено, одредени одредби од Конвенцијата укажуваат дека ЕСЧП, пред сè, претставува надзорен орган и дека неговата улога е супсидијарна во однос на националните системи за заштита на човековите права. 20 Така, членот 1 од Конвенцијата, според кој„високите договорни страни им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенција“, јасно укажува дека примарната одговорност за обезбедување на правата и слободите загарантирани со Конвенцијата ја имаат националните власти, додека членот 13 од Конвенцијата ја предвидува нивната обврска да обезбедат ефективни правни лекови. Една од најјасните илустрации за тоа како влијае овој принцип врз националната дискреција се однесува на дискрецијата доделена на домашните судови при утврдување на фактичката состојба и толкување на правото. 21 Принципот на супсидијарност се рефлектира и во членот 35 од Конвенцијата, во согласност со кој жалителите, пред да поднесат жалба до Судот, треба да ги исцрпат домашните 14  Greer, Steven, The Margin of Appreciation: Interpretation and Discretion under the European Convention on Human Rights , Human rights files No.17, Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2000, p. 15-21; Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 5-18; Marochini, Masha, The Interpretation of the European Convention on Human Rights , Zbornik radova Pravnog fakulteta u Splitu, god. 51, 1/2014, 2014, p. 67-82. 15  Belgian Linguistic Case(no. 2) (merits), Series A no. 6, 23 July 1968. 16  Reid, Karen, A Practitioner’s Guide to the European Convention on Human Rights , Fourth Edition, Sweet& Maxwell, London, 2011, p. 57. 17  Leach, Philip, Taking a Case to the European Court of Human Rights , Fourth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017, p. 186. 18  Ibid . 19  Greer, Steven, The Margin of Appreciation: Interpretation and Discretion under the European Convention on Human Rights , Human rights files No. 17, Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2000, p. 19-20. 20  Reid, supra note 16, p. 57. 21  Greer, supra note 19, p. 19-20. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 17 правни средства. Сепак, принципот на супсидијарност е најјасно изразен во членот 19 од Конвенцијата, во согласност со којшто ЕСЧП треба да обезбеди почитување на обврските коишто за државите-членки произлегуваат од Конвенцијата. 22 Со влегувањето на сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата, на 1 август 2021 година, принципот на супсидијарност е вклучен во рамките на преамбулата на Конвенцијата(заедно со доктрината на маргина на уважување). Уште еден важен принцип е принципот на владеење на правото, како еден од основните принципи за примена на материјалното право на Конвенцијата. Денес, принципот на владеење на правото претставува„доминантен организационен модел на модерното уставно право и меѓународните организации(вклучувајќи ги Обединетите нации и Советот на Европа) за регулирање на вршењето на јавни овластувања“. 23 Овој принцип треба да обезбеди дека извршувањето на сите јавни овластувања е во рамки на условите предвидени со закон, во согласност со демократските вредности и основните права, при што сето ова се контролира од страна на независен и непристрасен суд. 24 Општиот принцип на владеење на правото во себе содржи збир на принципи и стандарди коишто произлегуваат од него, при што нивната точна содржина може да варира на национално ниво, во зависност од уставниот систем на државите. Сепак, судската практика на ЕСЧП, како и разни документи на СЕ, обезбедуваат неисцрпна листа на овие принципи и со тоа го дефинираат суштинското значење на принципот на владеење на правото како основна вредност на СЕ. 25 Меѓу принципите и стандардите што произлегуваат од принципот на владеење на правото се вбројуваат следните: законитост, која подразбира транспарентен, одговорен, демократски и плуралистички процес на донесување закони; правна сигурност; забрана на арбитрарност од страна на извршната власт; независни и непристрасни судови; ефективен судски преглед, кој вклучува почитување на основните права; еднаквост пред законот. 26 ЕСЧП потврдил дека овие принципи не претставуваат само формални или процедурални услови. Имено, тие претставуваат основно средство за да се обезбеди почитување на демократијата и човековите права, како и усогласеност со нив. Од оваа причина, може да се каже дека принципот на владеење на правото претставува„уставен принцип со формални и материјални компоненти“. 27 Од сето ова произлегува дека постои суштинска поврзаност меѓу почитувањето на принципот на владеење на правото и почитувањето на демократијата и основните права. Ова значи дека не може да постои почитување на владеење на правото без почитување на демократијата и основните права, и обратно. Основните права може да бидат ефективни само доколку може да се подложат на судски преглед, додека демократијата е заштитена 22  Ibid . 23  European Commission, Communication from the Commission to the European Parliament and the Council A new EU Framework to Strengthen the Rule of Law, European Commission, Brussels, 2014, p. 3-4. 24  Ibid . 25  Ibid . 26  Ibid . 27  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 18 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ако судството може да обезбеди: слобода на изразување, слобода на здружување и почитување на правилата кои го регулираат политичкиот и изборниот процес. Принципот на владеење на правото, познат уште и како принцип на законитост, заедно со демократијата и човековите права, претставува еден од трите основни столбови на СЕ и е предвиден во рамките на преамбулата на ЕКЧП. 28 Во согласност со овој принцип, дејствијата што се преземаат од страна на државите-членки треба да бидат предмет на: ефективни, формални и правни ограничувања насочени против арбитрарна извршна или административна власт. 29 Во рамки на својата судска практика, ЕСЧП развил сложени тестови за оцена на степенот на владеење на правото, кои се усвоени и од страна на други меѓународни тела за заштита на човековите права. Така, со цел да се задоволат условите предвидени со овие тестови,„сите ограничувања на основните права треба да бидат засновани врз: јасни, прецизни, пристапни и предвидливи правни правила; мора да бидат ,неопходни’ и ,пропорционални’ во однос на релевантната легитимна цел(во рамки на одредена маргина на уважување); мора да постои‘ефективен[по можност судски] лек’ против наводните повреди на овие услови“. 30 Важноста на овој принцип на разни начини е изразена во текстот на ЕКЧП. На пример, членот 2(1) од Конвенцијата предвидува дека„правото на живот на секој човек е заштитено со закон“, додека правото на слобода и безбедност на секој човек, содржано во членот 5 од Конвенцијата, е предмет на серија ограничени легитимни исклучоци, под услов тие да се„во согласност со постапка предвидена со закон“. Имајќи го предвид претходното, задачата да се утврди значењето на терминот„закон“ претставува една од централните задачи на Судот. Во серија случаи во врска со членовите 8-11 од Конвенцијата, Судот идентификувал четири прашања коишто обезбедуваат таков тест. 31 Се работи за следните прашања: дали домашниот правен систем го санкционира прекршувањето на правото; дали релевантната правна одредба е пристапна за граѓаните; дали правната одредба е доволно прецизна за да им овозможи на граѓаните да ги предвидат последиците коишто може да ги има некое дејство; дали законот предвидува соодветни заштитни механизми за да се спречи арбитрарното мешање во поглед на односните материјални права. Ефектот на сето ова е:„да се ограничи дискрецијата на националните извршни и административни тела во корист на дискрецијата на националните судови“. 32 Принципот на демократија, исто така, претставува основна вредност на СЕ. Но, овој принцип изразува тенденција на правец кој е спротивен од правецот на принципот на владеење на правото. Во согласност со преамбулата на ЕКЧП, државите-членки сметаат дека човековите права и основните слободи најдобро се штитат во„ефективна политичка демократија“. Сепак, парадоксално, демократските интереси и заштитата на човековите 28  European Commission, Communication from the Commission to the European Parliament and the Council A new EU Framework to Strengthen the Rule of Law, European Commission, Brussels, 2014, p. 1; Greer, Steven, The Margin of Appreciation: Interpretation and Dis cretion under the European Convention on Human Rights , Human rights files No. 17, Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2000, p. 16. 29  Greer, supra note 19, p. 16. 30  Council of Europe, The Rule of Law on the Internet and in the Wider Digital World , Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2014, p. 8. 31  Huvig v France, no. 11105/84, 24 April 1990, Series A no. 176-B; Kruslin v France, no. 11801/85, 24 April 1990, Series A no. 176-B; Malone v. the United Kingdom, no. 8691/79, 2 August 1984, Series A no. 82; Sunday Times v. the United Kingdom(no.1 ), 26 April 1979, Series A no. 30. 32  Greer, supra note 19, p. 16. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 19 права може да бидат во конфликт. Некои теоретичари сметаат дека индивидуалното право е интерес којшто, во согласност со неговата природа, мора да има предност во однос на други интереси коишто произлегуваат од колективниот интерес. Други теоретичари сметаат дека иако терминот„право“ означува особено важен интерес кој е вреден за силна институционална заштита, тоа само по себе не претставува оправдување за да му се даде приоритет во однос на демократските вредности. 33 Иако во рамки на раната јуриспруденција на ЕСЧП концептот на демократија бил дефиниран како„остар контраст на тоталитаризмот“, подоцна концептот бил суптилно дефиниран како контраст на„отсуство на соодветни заштитни механизми насочени против арбитрарното извршување на власта“. 34 Понатаму концептот бил уште повеќе рафиниран, при што во негови рамки биле вклучени и концептот на поделба на власта и принципот на одговорност. Според ЕСЧП,„демократијата е единствен политички модел којшто е предвиден со Конвенцијата и, според тоа, единствениот којшто е компатибилен со неа“. 35 Принципот на демократија и принципот на владеење на правото имаат суштинско значење во контекст на ЕКЧП. Сепак, може да се каже дека овие принципи имаат различен фокус. Од една страна, суштински вредности на принципот на демократија се„плуралитет на идеи, слобода на говор, толеранција, слободоумност и политичка застапеност преку избори“, 36 од друга страна, концептот на принципот на владеење на правото означува, пред сè, законитост и постоење на судска заштита. Во оваа смисла, принципот на владеење на правото наложува„националното право да има доволен квалитет, националните власти да не се однесуваат арбитрарно и да постојат одржливи судски институции коишто ќе обезбедат заштита на човековите права“. 37 Иако суштинската содржина на принципите на демократија и владеење на правото е концептуално различна, овие принципи се тесно поврзани. Така, принципот на владеење на правото наложува да не се прават арбитрарни разлики меѓу индивидуите, додека принципот на демократија наложува постоење на процес преку којшто ќе се определи кои разлики се релевантни. Во рамки на судската практика на ЕСЧП, принципот на демократија е определен како поширок концепт од причина што демократијата е дефинирана како единствен политички модел компатибилен со ЕКЧП. Затоа, истовремено, тој претставува причина за ограничување на правата што ги гарантира Конвенцијата, како и причина за заштита на правата предвидени со Конвенцијата. Притоа, низ сите членови на Конвенцијата се проткајува балансот што треба да постои меѓу заштитата на индивидуалните права и демократската аспирација за јавниот интерес. Имајќи го предвид претходното, принципот на владеење на правото може да се дефинира како„една од централните вредности на демократијата во контекст на Конвенцијата“. 38 33  Ibid ., p. 17. 34  Ibid ., p. 18. 35  United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey , 30 January 1998, Reports of Judgments and Decisions 1998-I. 36  Lautnebach, Geranne, The Concept of the Rule of Law and the European Court of Human Rights , Oxford University Press, Oxford, 2013, p. 208. 37  Ibid . 38  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 20 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ЕКЧП може целосно да се разбере само доколку на неа се гледа како на средство за зачувување на демократијата како основна вредност. Имено, суштината на заштитата на човековите права во согласност со Конвенцијата се наоѓа во принципите на демократија и владеење на правото. Притоа,„демократија без владеење на правото не е демократија“, ниту, пак,„владеење на правото без демократија е владеење на правото“. 39 И ЕСЧП, и Европската комисија за човекови права направиле обид да ги идентификуваат оние права заштитени со Конвенцијата кои се најважни за едно демократско општество, особено во однос на одлучувањето во случаи во врска со членовите 8(2)-11(2), кои вклучуваат тест за„демократска неопходност“. Така, слободата на изразување е постојано потенцирана како особено витална. 40 Во овој контекст се вклучени и други права, и тоа: право на непречено собирање 41 ; слобода на формирање и пристапување кон професионални здруженија 42 ; слобода од индоктринација од страна на државата во образованието 43 ; право на правично судење 44 ; право на лична слобода и безбедност 45 ; слобода од арбитрарен притвор 46 ; слобода на политичко здружување. 47 Судот и Комисијата, исто така, утврдиле дека„битните карактеристики“ на едно демократско општество вклучуваат„плурализам, толеранција и слободоумие“. 48 Понатаму, во овој контекст, тие утврдиле дека„демократијата не значи дека мислењето на мнозинството мора секогаш да надвладее“, како и дека мора да биде постигнат баланс, со што ќе се обезбеди правичен и соодветен третман на малцинствата и одбегнување на злоупотреба на доминантната позиција. 49 Доктрината на четврта инстанца му овозможува на Судот да се воздржи од прекумерно мешање во одлуките донесени од страна на домашните судови. 50 Оваа доктрина, всушност, е аспект на принципот на супсидијарност и може да се каже дека претставува lex specialis во однос на општиот принцип на супсидијарност. 51 Во согласност со принципот на супсидијарност, улогата на ЕСЧП е супсидијарна и претежно се состои во вршење преглед. Ова значи дека Судот не претставува конечна судска инстанца за жалба или„четврта инстанца“. 52 Имено, Судот не претставува апелационен суд во однос на домашните судови и нема надлежност да интервенира врз основа на тоа што домашниот суд донел„погрешна“ одлука. Утврдувањето на фактичката состојба и толкувањето на правото е препуштено на дискрецијата на домашните судови, додека уло39  Costa, Jean-Paul, The European Court of Human Rights and Its Recent Case Law , Texas International Law Journal, Vol.38, 2003, p. 458. 40  Lingens v. Austria , no. 9815/82, 8 July 1986, Series A, no. 103. 41  Baczkowski and Others v. Poland, no. 1543/06, 3 May 2007. 42  Le Compte, Van Leuven and De Meyere v. Belgium, nos.6878/75& 7238/75, 23 June 1981, Series A no. 43. 43  Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen v. Denmark, nos. 5095/71, 5920/72& 5926/72, 7 December 1976, Series A no. 23. 44  Delcourt v. Belgium, 17 January 1970, Series A. no. 11. 45  De Wilde, Ooms and Versyp v. Belgium, 18 June 1971, Series A no. 12. 46  Winterwerp v. the Netherlands, 24 October 1979, Series A no. 33. 47  United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey , 30 January 1998, Reports of Judgments and Decisions 1998-I. 48  Handyside v. the United Kingdom, 7 December 1976, Series A no. 24. 49  Young, James and Webster v. the United Kingdom, nos. 7601/76& 7807/77, 26 June 1981. Series A no. 44. 50  Marochini, supra note 13, p. 74. 51  Christoffersen, Jonas, Fair Balance: A Study of Proportionality, Subsidiarity and Primarity in the European Convention on Human Rights , Martinus Nijhoff Publishers, Leiden/Boston, 2009, p. 239. 52  Greer, supra note 19, p. 19. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 21 гата на ЕСЧП се состои во обезбедување на усогласеност со одредбите на ЕКЧП од страна на државите-членки. 53 Во оваа смисла, ЕСЧП повеќепати истакнал дека неговата улога не се состои во справување со грешки кои, наводно, се направени од страна на домашните судови при утврдување на фактите или при толкување на правото, освен доколку е можно да се работи за повреда на права и слободи заштитени со Конвенцијата. Исто така, Судот нагласил дека, во секој случај, националните власти, особено судовите, се оние коишто имаат одговорност да ги разрешат проблемите во однос на толкувањето на националното законодавство. 54 ЕСЧП нема повторно да одлучува дали некоја одлука донесена од страна на домашните судови е правилна, туку ќе го оценува начинот на донесување на одлуката и нејзината имплементација. Притоа, Судот истакнал дека донесените одлуки и мерки треба да бидат поткрепени со релевантни и доволни причини. Истовремено, тие треба да содржат објективно и разумно образложение. На овој начин се потврдува дека одлуките се во согласност со предвидените цели, како и дека не се арбитрарни или не се резултат на злоупотреба на власт. Доктрината на маргина на уважување 55 претставува уште еден аспект на принципот на супсидијарност. ЕКЧП ги обврзува државите-членки да обезбедат заштита на одредени права, но не содржи одредби во однос на начинот на кој државите треба да ги реализираат овие обврски, односно начинот на кој државите треба да ги применат одредбите на Конвенцијата. Доктрината на маргина на уважување на ЕСЧП се користи за да им овозможи одредена дискреција на државите-членки на Конвенцијата при примена на нејзините одредби. На тој начин се обезбедува минимално ниво на заштита на човековите права во сите држави договорни страни на Конвенцијата, а истовремено се овозможува и одреден простор за диференцијација во однос на особеностите на секоја јурисдикција. 56 Оваа доктрина е развиена со цел на државите да им се овозможи одреден простор за маневар при исполнување на нивните обврски коишто произлегуваат од Конвенцијата, како и да се утврди границата меѓу прашањата коишто заслужуваат секоја држава да ги реши на локално ниво и прашањата коишто засегнуваат толку суштински интереси што во однос на нивното решавање мора да важат исти стандарди за сите држави, без оглед на специфичностите во нивните традиции и култури. 57 До стапувањето во сила на Протокол 15 кон Конвенцијата, ЕКЧП не содржеше одредби во однос на доктрината на маргина на уважување. Имено, оваа доктрина беше развиена од страна на Судот за да се нагласи неговата супсидијарна улога. 58 По стапувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата на 1 август 2021 година, покрај принципот на супсидијарност и оваа доктрина беше вметната во содржината на преамбулата на Конвенцијата. 53  Reid, supra note 16, p. 58. 54  García Ruiz v. Spain [GC], no. 30544/96, ECHR 1999-I; Perez v. France[GC], no. 47287/99, 12 February 2004, ECHR 2004-I. 55  Margin of appreciation(анг.); во литературата се употребуваат и следниве изрази: маргина на проценка; маргина на слободна проценка; поле на слободна проценка. 56  Frantziou, Eleni, The Margin of Appreciation Doctrine in the European Human Rights Law , UCL Policy Briefing- October 2014(Dr. Uta Staiger and Sarah Chaytor, eds.), 2014, p. 1. 57  Marochini, supra note 13, p. 69-70. 58  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 22 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Доктрината на маргина на уважување треба да се разбере во контекст на принципот на супсидијарност. Во спротивно, оваа доктрина може да биде погрешно сфатена како некој дубиозен инструмент што се применува во определени области на Конвенцијата, особено онаму каде што се применува тестот за правичен баланс, во ситуација кога таа, всушност, претставува аспект на принципот на супсидијарност. Имено, слично како и во случајот со доктрината на четврта инстанца, оваа доктрина, всушност, е аспект на принципот на супсидијарност, а односот меѓу доктрината на маргина на уважување и општиот принцип на супсидијарност може да се дефинира како однос меѓу lex specialis и lex generalis. 59 Оваа доктрина претставува аналитичка алатка која се користи од страна на ЕСЧП при оценување на одредбите содржани во Конвенцијата и нејзините протоколи, во случај кога тие налагаат да се изврши баланс со други права или со определени аспекти на јавниот интерес. Притоа, определувањето на балансот во голема мера е пренесено на националните судови, со што, всушност, Судот ја признава важноста на нивната улога како прва достапна инстанца што овозможува заштита на човековите права. Истовремено, со тоа се признава и нивната стручност во поглед на прашања коишто се однесуваат на националното право. 60 Сепак, сето ова не значи дека маргината на уважување дозволува произволност при примена на одредбите на Конвенцијата. Оваа доктрина, всушност, обезбедува развој на човековите права заштитени со Конвенцијата во еден плуралистички модел, имајќи го предвид националниот контекст, при што мора да биде запазен минималниот стандард на ефективна заштита на правата, воспоставен од страна на Конвенцијата. Оваа доктрина не се користи во однос на сите права заштитени со Конвенцијата. Така, Судот не ја користи при оцена на апсолутните права загарантирани со ЕКЧП, односно правата загарантирани со членовите 2 – 4(право на живот; забрана за мачење и забрана за ропство и принудна работа) и со членот 7( nullum crimen sine lege ), со оглед на тоа што карактерот на овие права бара повисок степен на надзор од страна на Судот и во однос на нивната заштита не смее да се дозволи никакво ограничување. Доктрината најчесто се користи во однос на квалификуваните права заштитени со Конвенцијата, со оглед на тоа што во однос на овие права е дозволен одреден степен на ограничување, во согласност со определени услови. Тоа најчесто се правата заштитени со членовите 8 – 11(право на приватност; слобода на мисла, совест и вера; слобода на изразување и слобода на собирање и здружување). Имено, од јазикот употребен во рамки на овие одредби може да се заклучи дека е дозволен одреден степен на супсидијарност, односно да бидат земени предвид националните стандарди. Примената на доктрината на маргина на уважување, исто така, е видлива и при оцена на членот 14(забрана за дискриминација во однос на правата заштитени со Конвенцијата), како и при оцена на членот 1 на Протоколот 1(право на сопственост). 61 Во пресудата донесена во случајот Handyside v. United Kingdom 62 за првпат било дадено образложение во однос на доктрината на маргина на уважување. Во пресудата Судот истакнал дека оцената на компатибилноста на националните мерки со одредбите на Кон59  Christoffersen, supra note 51, p. 237-238. 60  Frantziou, supra note 56, p. 1-2. 61  Ibid . 62  Handyside v. the United Kingdom, 7 December 1976, Series A no. 24. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 23 венцијата најпрво ја вршат националните судови, по што Судот врши преглед на оцената извршена од страна на националните судови, доколку е тоа потребно. Понатаму, Судот потврдил дека националните власти се во подобра позиција од меѓународниот судија за да извршат оцена на содржината на ограничувањата врз основа на контекстуалните фактори, на пример, јавниот морал, како и оцена на степенот на неопходноста од воспоставување на одредени ограничувања. Обемот на маргината на уважување се определува врз основа на неколку критериуми. Еден од критериумите за одредување на обемот на маргината на уважување е да се земе предвид разновидноста на националните решенија. Маргината на уважување е поширока во случај кога не постои заеднички европски стандард во однос на конкретното прашање отколку во ситуација кога постои единствено европско законодавство. Друг критериум претставува квалитетот и карактерот на гаранциите. Така, во контекст на овој критериум, маргината на уважување се дозволува во однос на основните гаранции, како и во однос на повеќето судски гаранции. При утврдување на обемот на маргината на уважување се обрнува внимание и на постоењето на конфликтни права заштитени со ЕКЧП. Во случај кога постојат такви конфликтни права, треба да се има предвид дека воспоставениот баланс ќе има влијание врз повеќе групи засегнати лица. 63 Исто така, како критериум за утврдување на обемот на маргината на уважување треба да биде земен предвид и квалитетот на националните власти коишто ја донеле конкретната одлука. Имајќи го предвид овој критериум, веројатно е дека Судот ќе го прифати степенот на применетата маргина на уважување, доколку одлуките биле донесени од страна на независни трибунали. Важен критериум претставува и квалитетот на постапката, а особено квалитетот на даденото образложение. Во смисла на овој критериум, постои висок степен на веројатност дека Судот ќе прифати определени национални решенија, доколку постои детално образложение и доколку е испочитувано правото да се биде сослушан во постапката. 64 Принципот на ефективна заштита, кој во рамки на текстот на Конвенцијата е повеќе инхерентен отколку експлицитен, утврдува дека, од причина што функцијата на ЕКЧП да биде обезбедена ефективна заштита на човековите права е поважна од спроведување на заемни обврски меѓу државите, нејзините одредби не треба да бидат толкувани рестриктивно во насока на одбрана и почитување на националниот суверенитет. ЕСЧП го изразил овој принцип и на други начини. Имено, Судот констатирал дека ограничувањата на правата не треба да ја загрозат нивната суштина, како и дека Конвенцијата не треба да биде толкувана на начин којшто доведува до неразумни или апсурдни последици. Иако принципот на ефективна заштита конституира потенцијално значајно ограничување во однос на дискрецијата на државите, тој не ги исклучува процедуралните и техничките разлики меѓу државите во деталната имплементација на обврските што ги наложува Конвенцијата, како, на пример, во рамки на нивните: судски, образовни и изборни системи, под услов да биде запазен принципот на пропорционалност, за кој ќе стане збор во продолжение на ова поглавје. 65 63  Grabenwarter, Christoph, The European Convention on Human Rights: Inherent Constitutional Tendencies and the Role of the European Court of Human Rights, in Constitutional Crisis in the European Constitutional Area, Theory, Law and Politics in Hungary and Romania(Armin von Bogdandy, Pal Sonnevend, eds.), 2014, p. 111-112. 64  Ibid . 65  Greer, supra note 19, p. 15. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 24 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Суштината на принципот на ефективна заштита се состои во тоа што не е доволно државите, едноставно, да забранат однесување што е во спротивност со ЕКЧП, туку тие треба да преземаат и позитивни обврски во насока на заштита на правата гарантирани со Конвенцијата. Основната идеја на овој пристап се состои во наметнување на позитивни обврски на државите-членки на Конвенцијата. Овој пристап најчесто се користи од страна на ЕСЧП во случаи кога одлучува дали определена одредба е применлива, или дали постои повреда на одредба којашто е јасно применлива. 66 Принципот на ефективна заштита за првпат бил употребен во пресудата донесена во врска со случајот Golder v. United Kingdom. 67 Користењето на овој принцип било контроверзно од причина што Судот, на некој начин, создал ново право според Конвенцијата. Имено, се поставило прашањето дали правото на пристап до суд е гарантирано со членот 6 од Конвенцијата(право на правично судење), имајќи предвид дека текстот на членот 6 обезбедува заштита само на права на индивидуи кои веќе водат постапка пред Судот. Во овој случај, сепак, Судот одлучил да ја игнорира намерата на авторите и го констатирал следното:„Имајќи ги предвид сите претходни размислувања заедно, следува дека правото на пристап претставува елемент којшто е инхерентен на правото наведено во членот 6, став 1. Ова не претставува екстензивно толкување коешто наметнува нови обврски на договорните страни, тоа е базирано врз самата смисла на првата реченица на членот 6, став 1, прочитана во нејзиниот контекст и имајќи ги предвид целта и смислата на Конвенцијата... и општите принципи на правото“. Принципот на ефективна заштита, според кој е потребно да се обезбеди ефективна заштита на сите права загарантирани со ЕКЧП, е многу важен за толкувањето на Конвенцијата од страна на ЕСЧП и за остварувањето на нејзината„цел и смисла“. Така, во случајот Artico v. Italy 68 Судот истакнал дека„намената на Конвенцијата е да гарантира права коишто не се теоретски или илузорни, туку права коишто се практични и ефективни.“ Во овој случај, Судот констатирал повреда на правото на правна помош, предвидено со член 6(3)(в), од причина што адвокатот кој бил определен од страна на државата се покажал како целосно неефективен. Принципот на пропорционалност претставува еден вид на„ alter ego на принципот на ефективна заштита“. 69 Неговото влијание значајно се проткајува низ практиката на Судот во случаи кога треба да се утврдат„врските меѓу разни: концепти, норми, интереси и права вградени во Конвенцијата“. 70 Овој принцип воопшто не се споменува во текстот на Конвенцијата. Сепак,„тешко е да се одрече дека претставува целосно легитимна судска творба“. 71 Овој принцип е постојано предмет на разгледување при толкувањето на ЕКЧП. Така, во случајот Soering v. United Kingdom 72 , ЕСЧП истакнал дека„инхерентно на целината на Конвенцијата е потрагата по правичен баланс меѓу барањата на општиот интерес на заед66  Marochini, supra note 13, p. 80. 67  Golder v. the United Kingdom , 21 February 1975, Series A no. 18. 68  Artico v. Italy , 13 May 1980, Series A no. 37. 69  Greer, supra note 19, p. 20. 70  Ibid . 71  Ibid . 72  Soering v. United Kingdom, no. 14038/88, 7 July 1989, Series A no. 161. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 25 ницата и барањата за заштита на индивидуалните основни права“. Притоа, воспоставувањето на правичен баланс секогаш претпоставува пристап кој е заснован, inter alia , на разгледување на принципот на пропорционалност. Најголем дел од дебатите за дефинирање на неговото значење се направени во контекст на ограничувањата на правата заштитени со членовите 8(2) – 11(2) од Конвенцијата. При утврдувањето на пропорционалност меѓу одредено право и одредено наметнато ограничување во однос на тоа право, треба да бидат земени предвид: влијанието што го има тоа ограничување врз правото; основата за ограничувањето; влијанието што го има врз жалителот и целокупниот контекст. Постојат два фактора особено значајни во однос на основите за наметнатото ограничување. Станува збор за„важноста на локалното знаење и тежината објективно да се измерат конкурентните политички цели“. 73 Сепак, секогаш не е јасно која од страните го има товарот на докажување во однос на прашањето дали определено наметнато ограничување е пропорционално. ЕСЧП и Европската комисија за човекови права користеле разни фрази со цел да се нагласи идејата дека правата заштитени со Конвенцијата треба да имаат приоритет, при што државата треба да го има товарот на докажување во насока на оправдување на наметнатото ограничување. 74 Така, на пример, основите за наметнатото ограничување мора да бидат„релевантни и доволни“ 75 ; неопходноста за ограничувањето мора да биде„убедливо воспоставена“ 76 ; исклучоците треба да бидат тесно поставени 77 и треба да постои „неопходна општествена потреба“ за наметнување на ограничувањето. 78 Иако сето ова резултира со ограничување на обемот на националната дискреција, конкретните факти на определен случај и околностите што преовладуваат во дадената држава во тоа време, во пракса, може да придонесат кон проширување на обемот. 79 Исто така, постојат и одлуки коишто се однесуваат на потребата од баланс меѓу правата и исклучоците. 80 Имајќи го предвид членот 31 од Виенската конвенција за правото на договорите, при толкувањето на ЕКЧП значителна важност му се придава на телеолошкиот пристап. Според овој пристап, Конвенцијата се толкува на начин којшто треба да ја открие нејзината„цел и смисла“. 81 Во општа смисла, целта на Конвенцијата се состои во„заштита на индивидуалните човекови права“ 82 и зачувување и унапредување на„идеалите и вредностите на едно демократско општество“. 83 И двете констатации имаат потпора во преамбулата на Конвенцијата. 73  Greer, supra note 19, p. 20. 74  Observer and Guardian v. the United Kingdom, no. 13585/88, 26 November 1991, Series A no. 216. 75  Ibid . 76  Autronic AG v. Switzerland, no. 12726/87, 22 May 1990, Series A no. 178. 77 Klass and Others v. Germany , 6 September 1978, Series A no. 28. 78  Observer and Guardian v. the United Kingdom, no. 13585/88, 26 November 1991, Series A no. 216. 79  Lingens v. Austria , no. 9815/82, 8 July 1986, Series A no. 103. 80  Klass and Others v. Germany , 6 September 1978, Series A no. 28; Gaskin v. the United Kingdom, no. 10454/83, 7 July 1989, Series A no. 160. 81  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 5. 82  Soering v. United Kingdom, no. 14038/88, 7 July 1989, Series A no. 161; Belgian Linguistic Case(no. 2) (merits), Series A no. 6, 23 July 1968. 83  Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen v. Denmark, nos. 5095/71, 5920/72& 5926/72, 7 December 1976, Series A no. 23. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 26 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Значењето на телеолошкиот пристап е силно изразено во случајот Soering v. United Kingdom , 84 каде што правото на пристап до суд било протолкувано како гаранција за правично судење, чија заштита е предвидена со членот 6 од Конвенцијата. Судот го извршил толкувањето, главно, преку упатување на„целта и смислата“ на Конвенцијата, што произлегуваат од нејзината преамбула. Притоа, Судот упатил и на принципот на владеење на правото, како една од основните вредности на СЕ, покрај човековите права и демократијата, кој може да се најде и во преамбулата на Конвенцијата. При изготвувањето и пишувањето на Конвенцијата, државите решиле да ги„преземат првите чекори за колективно спроведување во сила на одредени права од Универзалната декларација“ со цел да го унапредат владеењето на правото. Во оваа смисла, според Судот, постоењето на можноста за изнесување на правните спорови пред суд претставува претпоставка за почитување на принципот на владеење на правото. Принципот на еволутивно толкување, познат и како принцип на динамично толкување, или доктрина на жив инструмент,„го изразува принципот според кој Конвенцијата треба да биде толкувана‘во светлината на сегашните услови’ и дека таа еволуира низ толкувањето на Судот“. 85 Од телеолошкиот пристап, кој става акцент на„целта и смислата“ на ЕКЧП, произлегува дека Конвенцијата подлежи на еволутивно толкување. Терминот„жив инструмент“ за првпат бил употребен од страна на ЕСЧП во пресудата донесена во врска со случајот Tyrer v. United Kingdom . 86 Прашањето за кое се одлучувало во овој случај било дали физичкото казнување на малолетник претставувало понижувачко постапување според членот 3 од Конвенцијата. При одлучувањето за ова прашање, Судот истакнал дека„Конвенцијата е жив инструмент... кој мора да се толкува во светлината на сегашните услови.“ Во согласност со тоа, при одлучувањето во конкретниот случај, Судот морал да биде„под влијание на случувањата и општоприфатените стандарди во казнената политика на државите-членки на Советот на Европа.“ Она што било решавачко при донесување на одлуката во случајот Tyrer v. United Kingdom биле стандардите коишто доминирале во европското општество во тој момент, а не оние што биле прифатени во времето на донесувањето на Конвенцијата. Од оваа причина, во смисла на намерите на авторите на Конвенцијата, се земаат предвид нивните општи намери, а не нивните конкретни намери коишто ги имале во 1950 година при донесување на Конвенцијата. Сепак, треба да се има предвид дека Конвенцијата не може да се толкува во контекст на „сегашните услови“ со цел да се воведе ново право, кое не било планирано во времето на изготвување и донесување на Конвенцијата. Така, правото на брак, предвидено со членот 12 од Конвенцијата, не може да се толкува во смисла на тоа што го вклучува и правото на развод, иако може да се каже дека правото на развод е општо признато право во Европа. 87 Имајќи го предвид претходното, потребно е да се прави дистинкција меѓу судското толкување, коешто е дозволено, и судската легислатива, којашто не е дозволена. Имено,„Судот настојува да ги нагласи растечките, а не ненадејните промени“. 88 84  Soering v. United Kingdom, no. 14038/88, 7 July 1989, Series A no. 161. 85  Wildhaber, Luzius, The European Court of Human Rights in Action , Ritsumeikan Law Review, Vol. 21, Issue No. 83, 2004, p. 84. 86  Tyrer v. United Kingdom, no. 5856/72, 25 April 1978, Series A no. 26. 87  Johnston and Others v. Ireland, no. 9697/82, 18 December 1986, Series A no. 112. 88  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 7. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 27 Уште една важна одлука во којашто е употребен принципот на еволутивно толкување е пресудата донесена во случајот Marckx v. Belgium . 89 Во овој случај, ЕСЧП требало да одлучи дали тоа што белгиското законодавство правело разлика меѓу законските и незаконските деца претставува повреда на членот 8 од Конвенцијата. И покрај тоа што било констатирано дека во Европа не постои консензус околу тоа прашање, Судот го изјавил следното: „И двете релевантни конвенции(Бриселската конвенција од 12 септември, 1962 година и Европската конвенција од 15 октомври, 1975 година, за правниот статус на децата родени надвор од брак) се во сила и не постои причина моменталниот мал број на држави договорни страни да придонесе кон одбивање да се признае еднаквост меѓу‘законски’ и‘незаконски’ деца во однос на прашањето што се разгледува. Всушност, постоењето на овие два договора означува дека постои јасна мерка за заеднички јазик во оваа област меѓу модерните општества.“ Во овој случај, Судот ги предвидел европските трендови пред навистина да се појават, притоа повикувајќи се само на постоењето на двете конвенции. Принципот на еволутивно толкување денес е широко прифатен и се користи не само при толкувањето на одредбите на ЕКЧП од страна на ЕСЧП, туку и при толкувањето на одредби содржани во разни меѓународни инструменти за човекови права. 90 Може да се каже, сепак, дека Судот сè уште се воздржува од употребата на овој принцип во определени сензитивни случаи. Така, во случајот A, B and C v. Ireland 91 , во кој се расправало за правото на абортус, Судот констатирал постоење на консензус меѓу значително мнозинство на државите-членки на СЕ во однос на дозволеноста на абортусот врз поширока основа отколку што тоа било дозволено во рамки на ирското право. Ирска била единствената држава во која абортусот е дозволен само во случај кога постои опасност за животот на мајката. Сепак, во овој случај Судот не сметал дека консензусот во однос на дозволеноста на абортусот значи стеснување на маргината на уважување на државата, при што не го употребил принципот на еволутивно толкување и дозволил државата да располага со широка маргина на уважување. Принципот на автономно толкување претставува„специфичен принцип на толкување, тесно поврзан со толкувањето на Конвенцијата во согласност со нејзината цел и смисла“. 92 Овој принцип значи дека ЕСЧП, во определени околности, ќе даде автономно значење на некој термин во рамки на ЕКЧП, без оглед на значењето што го има тој термин на национално ниво. Целта на овој принцип е да овозможи заштита на индивидуалните права од повреди извршени од страна на држави-членки, како примарна цел на Конвенцијата, со тоа што нема да се дозволи одредени одредби на Конвенцијата да бидат подредени на толкувањето на некој термин или принцип во домашното право на државите-членки. 93 Значи, принципот на автономно толкување подразбира дека некои од клучните термини во рамки на Конвенцијата треба да бидат авторитативно дефинирани од страна на Судот, без оглед на тоа како може да бидат разбрани од страна на државите-членки. Овој принцип содржи потенцијал за ограничување на дискрецијата на тужената договорна страна. Сепак, истовремено, и самиот е ограничен од принципот на сличност, кој се манифестира во четири различни форми во рамки на Конвенцијата. 89  Marckx v. Belgium, no. 6833/74, 13 June 1979, Series A no. 31. 90  Marochini, supra note 13, p. 77. 91  A, B and C v. Ireland [GC], no. 25579/05, ECHR 2010. 92  Marochini, supra note 13, p. 75. 93  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 28 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Прво, во согласност со„принципот на единство“, кој е сместен во преамбулата на Конвенцијата,„целта на Советот на Европа е постигнување поголемо единство меѓу неговите членови“, при што еден од методите за постигнување на оваа цел е„одржување и натамошна реализација на човековите права и основни слободи“. Второ,„принципот на заедничко разбирање“ значи дека еден од начините за обезбедување на основните слободи е преку„заедничко разбирање и почитување“ на човековите права. Трето,„принципот на заедничко наследство“ потврдува дека Конвенцијата произлегува од„заедничкото наследство на политички традиции, идеали, слобода и владеење на правото“ на европските земји. Четврто,„принципот на еволутивно толкување“ му овозможува на Судот да ги напушти застарените концепции на првичното разбирање на термините и да усвои значајни и трајни промени во рамки на јавното мислење во Европа. 94 Сите овие манифестации на принципот на сличност, дури и во случај да се комбинирани, сепак не може да претставуваат основa за ригидна униформност. Имено, сè уште постои неопределен простор за националните разлики при толкување на обврските кои произлегуваат од Конвенцијата. Позитивните обврски поставуваат должност на државните органи да преземат активни чекори, со цел да се заштитат правата од Конвенцијата. Во повеќето случаи тие не се експлицитно наведени во текстот на Конвенцијата, туку се имплицирани од страна на Судот. Имено, примарната цел на инструментите за заштита на човековите права е да предвидуваат и да утврдуваат права. Сепак, реализацијата на заштитата на правата предвидени во рамки на инструментите за човекови права, освен од гарантните механизми, зависи и од обврските на државите-членки. Со оглед на важноста на обврските на државите, во насока на ефектуирање на предвидените човекови права, меѓународните контролни тела обрнуваат големо внимание во однос на идентификување на обврските и дефинирање на нивниот опсег. Имајќи ги предвид принципите коишто важат во сферата на човековите права, ваквото внимание е уште понагласено во рамки на оваа сфера. Во согласност со принципот на ефективност, обврските треба да се толкуваат на начин на кој најдобро би се заштитило едно лице. Исто така, во контекст на обврските, овој принцип наложува конвенциите да се толкуваат во согласност со општествениот развој, од што произлегува и прогресивниот карактер на судската практика во оваа област. 95 Контролните тела користат разни начини за да ги дефинираат обврските на државите. Според еден од најексплоатираните начини во оваа смисла, секое право содржи три вида обврски: обврска за почитување; обврска за заштита и обврска за имплементирање. Во согласност со обврската за почитување, државата и нејзините органи треба да се воздржуваат самите тие да не извршат некаква повреда на правото. Обврската за заштита на државата ѝ наложува да ги штити носителите на права од дејства на трети лица кои би можеле да го повредат нивното право и да ги казни извршителите на повреда. Во согласност со обврската за имплементирање, државата е должна да презема разни позитивни мерки во насока на целосна реализација и ефективност на правото. Сепак, овој пристап 94  Greer, supra note 19, p. 18-19. 95  Akandji-Kombe, Jean-Francois, Positive Obligations under the European Convention on Human Rights, A Guide to the Implementation of the European Convention on Human Rights , Council of Europe, 2007, p. 5-6. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 29 најчесто се користи во однос на: економските, социјалните и културните права, додека ЕКЧП претежно содржи граѓански и политички права. 96 Имајќи го предвид видот на правата заштитени со ЕКЧП, ЕСЧП развил еден поедноставен пристап. Имено, ЕСЧП ги дели обврските на државите на две групи, и тоа: негативни обврски и позитивни обврски. Сепак, овој пристап не е толку многу различен од претходно споменатиот. Може да се каже дека обврските за почитување се негативни обврски, додека обврските за заштита и имплементирање се позитивни обврски. Уште повеќе, врз основа на овој пристап, ЕСЧП обезбедува поширока заштита на правата и слободите загарантирани со Конвенцијата. 97 Во согласност со членот 1 од ЕКЧП, државите се должни, во рамки на нивната надлежност, на сите лица да им ги обезбедат правата и слободите предвидени со Конвенцијата и нејзините протоколи. ЕСЧП го толкува членот 1 од Конвенцијата на начин што воспоставил дека тој наметнува како негативни, така и позитивни обврски за државите-членки на ЕКЧП. Негативни обврски се оние што ѝ наложуваат на државата да се воздржи од мешање во однос на остварувањето на загарантираните човекови права, односно да ги почитува нив. Со оглед на тоа што негативните обврски најчесто се карактеристични за граѓанските и политичките права, како вид на права коишто во најголем дел се предмет на заштита на ЕКЧП и нејзините протоколи, најголемиот број обврски што ги имаат државите во рамки на Конвенцијата се токму од негативен карактер. Позитивни обврски се оние што ѝ наложуваат на државата да преземе одредени дејства во насока на обезбедување на човековите права. Овој вид обврски најчесто се карактеристични за: економските, социјалните и културните права, но може да бидат наложени и во однос на граѓанските и политичките права. 98 Негативните обврски секогаш се сметале за инхерентни на ЕКЧП, но тоа не е случај и со позитивните обврски. Така, одредени позитивни обврски се експлицитно предвидени во самиот текст на ЕКЧП, како што е, на пример, обврската за заштита на правото на живот, предвидена со членот 2(1) или обврската да се обезбеди независен и непристрасен суд, правна помош и преведувачи во врска со правото на правично судење, коешто се гарантира со членот 6. Меѓутоа, определени позитивни обврски произлегуваат од толкувањето на Конвенцијата од страна на ЕСЧП и тие се присутни во рамки на судската практика на Судот. Самиот концепт на позитивни обврски се појавил и бил дефиниран во доцните 1960-ти години во рамки на случајот Belgian Linguistics . 99 Од донесувањето на пресудата во случајот Belgian Linguistics во 1968 година, ЕСЧП постојано ја проширувал категоријата на позитивните обврски со додавање на нови елементи, така што денес секоја одредба од ЕКЧП има и позитивен и негативен аспект во контекст на обврските што ги предвидува. Концептот на позитивни обврски, на Судот му овозможил да ги зајакне и, во одредени случаи, да ги прошири материјалните обврски кои произлегуваат од текстот на ЕКЧП и да ги поврзе со процесни обврски кои се независни од оние предвидени во членовите 6 и 96  Ibid . 97  Akandji-Kombe, Jean-Francois, Positive Obligations under the European Convention on Human Rights, A Guide to the Implementation of the European Convention on Human Rights , Council of Europe, 2007, p. 6; Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 18. 98  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 18. 99  Belgian Linguistic Case(no. 2) (merits), Series A no. 6, 23 July 1968. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 30 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 13, како и дополнителни во однос на обврските предвидени во рамките на овие членови од ЕКЧП. Целта на позитивните обврски е на поединците да им се овозможи ефективно уживање на правата предвидени со Конвенцијата и нејзините протоколи. 100 Значи, позитивните обврски произлегуваат од обврската на државата да ги заштитува лицата во рамки на нејзината надлежност. Притоа, државата ја извршува оваа должност, главно, преку обезбедување гаранции во однос на почитувањето на ЕКЧП во рамки на релациите меѓу приватни лица, односно заштита на поединци од повреди на нивните права од други приватни лица. Од сето ова произлегува дека воспоставениот концепт на позитивните обврски го поддржува трендот кон проширување на обемот на Конвенцијата во насока на нејзина примена на приватните односи меѓу поединци. Тоа се нарекува „хоризонтален ефект“ или хоризонтална примена на правото. Сепак, фактот што одредено приватно лице извршило повреда на право заштитено со Конвенцијата не мора да значи дека постои и одговорност на државата за извршената повреда. За да постои одговорност на државата, потребно е однесувањето на одредена индивидуа да произлегува од однесувањето на државата или тоа да биде толерирано од страна на државата. Во таа смисла, основа за одговорност на државата може да постои само во случај кога не обезбедила правни или материјални услови за да ја спречи повредата на определено право од страна на поединци, односно кога не обезбедила услови да биде казнет извршителот на повредата. Според ЕСЧП, постојат два вида позитивни обврски, и тоа: материјални обврски и процесни обврски. Оваа поделба е експлицитно наведена во пресудата во врска со случајот Öneryildiz v. Turkey, 101 донесена од страна на Судот во 2004 година. Разликата меѓу овие два вида позитивни обврски се состои во суштината на дејството што треба да биде преземено од страна на државата. Материјалните обврски наложуваат преземање на основни мерки потребни за целосно уживање на правата. Основна мерка би претставувало, на пример, донесувањето соодветни правила за регулирање на интервенцијата од страна на полицијата, опремувањето на затворите, и слично. Процесни обврски се оние коишто наложуваат воспоставување домашни постапки коишто обезбедуваат подобра заштита на поединците, главно во смисла на постоење соодветни правни лекови во случај на повреда на загарантираните права. 102 Иако ЕСЧП смета дека целта на позитивните обврски е да ги„превенираат“ или да ги „коригираат“ повредите на правата загарантирани со Конвенцијата, 103 оваа поделба, која за свој основен критериум ја зема целта на конкретната обврска, не може до крај да ја објасни разликата меѓу материјалните и процесните обврски. Материјалните обврски секогаш немаат превентивна цел, додека процесните обврски не се ограничени само на корективните мерки. Принципот на намера претставува принцип на толкување, кој става акцент на намерите на договорните страни во времето на изготвувањето на Конвенцијата. Во оваа смисла, ЕСЧП ги користи travaux préparatoires во определени случаи, но само како дополнителен принцип, во согласност со членот 32 од Виенската конвенција за правото на договори100  Akandji-Kombe, supra note 95, p. 6. 101  Öneryıldız v. Turkey [GC], no. 48939/99, 30 November 2004, ECHR 2004-XII. 102  Akandji-Kombe, supra note 95, p. 16. 103  Assanidze v. Georgia [GC], no. 71503/01, 8 April 2004, ECHR 2004-II. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 31 те. 104 Имено, travaux préparatoires се користат за да се потврди значењето на изразите во Конвенцијата кога била донесена, во согласност со членот 31 од Виенската конвенцијата или кога примената на правилото содржано во членот 31 од Виенската конвенција го прави нивното значење„двосмислено и нејасно“ или„води до резултат очигледно апсурден или неразумен“, како што е предвидено со членот 32 од Виенската конвенција. 105 ЕСЧП во практиката ретко го користи овој принцип. Оваа ситуација делумно се должи на фактот што travaux préparatoires ретко може да бидат од помош, а делумно на тоа што при толкувањето акцентот се става на„динамичното и генерално телеолошко толкување на Конвенцијата, кое… се потпира на актуелните европски стандарди, наместо на конкретните намери на државите-составувачи на Конвенцијата“. 106 Толкувањето на ЕКЧП според текстуалниот пристап подразбира значењето на определена одредба да се толкува во согласност со значењето што го имала во времето кога била изготвена или усвоена, како и во согласност со вообичаеното значење на употребените термини. 107 Иако при толкувањето на ЕКЧП доминира телеолошкиот пристап, ЕСЧП повремено нагласува дека слободата во потпирањето на„целта и смислата“ на Конвенцијата има одредени ограничувања коишто произлегуваат од јасното значење на текстот. Овој пристап, исто како и принципот на намера, ретко се користи во практиката на ЕСЧП од приближно истите причини. Така, во случајот Pretto v. Italy , 108 и покрај јасната терминологија на текстот на Конвенцијата, Судот констатирал дека неквалификуваното барање содржано во членот 6(1), според кое пресудите треба да се изрекуваат јавно, не се однесува на касационите судови. Судот истакнал дека намерата на државите кои работеле на изготвување на Конвенцијата била да се обезбеди почитување на долготрајната традиција на поголем број држави-членки на СЕ. Од оваа причина, Судот сметал дека не е обврзан да го усвои буквалното толкување на текстот и употребил пофлексибилен пристап, за кој верувал дека не е неконзистентен со„целта и смислата“ на членот 6 од Конвенцијата. Еден од принципите на толкување претставува и потпирањето на европските национални стандарди. Имено, при толкувањето на ЕКЧП, Судот е под одредено влијание на правото на европските држави. Ова влијание особено доаѓа до израз кога треба да се одлучи колку ригорозно треба да се толкува некоја обврска што произлегува од Конвенцијата, како и во некои други околности. Притоа, секој постоечки европски консензус во однос на определено прашање има значајно влијание врз развојот на јуриспруденцијата на ЕСЧП. Така, на пример, укажувањата на Судот за големата важност на слободата на говорот и печатот во едно демократско општество произлегуваат од општото силно уверување дека овие вредности го јакнат европското општество. Иако потпирањето на стандардите на националното право при толкувањето на еден меѓународен договор изгледа парадоксално, постои убедливо оправдување за тоа во насока дека меѓу стандардите на ЕКЧП и европското право и практика, од кои за нив често се црпи инспирација, неизбежно постои тесна врска. Исто така, во прилог на оправдувањето е и фактот што доколку при толкување на Конвенцијата значително се отстапува од европската практика, 104  Marochini, supra note 13, p. 68. 105  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 16. 106  Ibid. 107  Marochini, supra note 13, p. 68. 108  Pretto and Others v. Italy, no. 7984/77, 8 December 1983, Series A no. 71. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 32 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур тоа би довело до поткопување на довербата што ја имаат државите во системот на Конвенцијата и до загрозување на неговиот успех или неговото прифаќање од страна на државите. Може да се каже дека потпирањето на Судот врз определен европски консензус е прифатливо од причина што е извесно дека тоа е во согласност со признаените стандарди за заштита на човековите права. Но, тоа не значи дека една практика е секогаш прифатлива од аспект на човековите права само затоа што сите ја следат. 109 Доколку не постои европски консензус во врска со определено прашање за кое се одлучува, Судот при одлучувањето настојува да го рефлектира националното право преку користење на пристапот на најмал заеднички именител или да ги прилагоди разните варијации на државна практика преку користење на доктрината на маргина на уважување. Притоа, правото или практиката на одредена држава може да бидат толерирани и да избегнат осуда, доколку се работи за практика која се следи во определен број европски држави или доколку се работи за практика што многу варира. 110 Исто така, еден од принципите на толкување претставува и повикувањето на меѓународни стандарди. Имено, при толкувањето на ЕКЧП, Судот сè почесто се повикува и на други извори на меѓународни стандарди за човекови права. При толкувањето на Конвенцијата во своите пресуди, тој се повикува и на други договори за заштита на човековите права, како и на други релевантни инструменти. Во оваа смисла, Судот користи разни инструменти за човекови права усвоени од страна на СЕ, 111 како и од страна на други меѓународни институции. 112 Исто така, користи и одлуки донесени од страна на тела коишто ги применуваат овие меѓународни инструменти. Притоа, Судот може да упати на определен меѓународен договор, без оглед на тоа дали тужената држава е потписничка на тој договор. 113 Оваа практика на Судот е значајна, заради тоа што на овој начин се обезбедува униформност во области каде што е тоа можно и соодветно. Постојат уште неколку принципи и правила коишто се однесуваат на начинот на толкување на одредбите на Конвенцијата и коишто се користат при примена на материјалното право на Конвенцијата. Некои од нив се: отсуство на доктрина на прецедент; забрана за злоупотреба на права; ирелевантност на државните ресурси; неможност да се разгледуваат случаи in abstracto ; ефективно остварување на правото на жалба пред Судот, и други. 114 Притоа, сите принципи и правила кои се однесуваат на толкување и примена на ЕКЧП се проткаени со холистичкиот пристап на Судот. Овој пристап на ЕСЧП подразбира конзистентност на толкувањето на Конвенцијата во целина. 115 Во оваа смисла, Судот истакнал дека„Конвенцијата мора да се чита како целина и да се толкува на начин кој ја унапредува внатрешната конзистентност и хармонија меѓу нејзините различни одредби“. 116 109  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 8-9. 110  Ibid . 111  Sørensen and Rasmussen v. Denmark[GC], nos. 52562/99 and 52620/99, 11 January 2006, ECHR 2006-I; Dickson v. the United King dom [GC], no. 44362/04, 4 December 2007, ECHR 2007-V. 112  Al-Adsani v. the United Kingdom [GC], no. 35763/97, 21 November 2001, ECHR 2001-XI; Jersild v. Denmark, no. 15890/8, 23 September 1994, Series A no. 298; Eskelinen and Others v. Finland , no. 43803/98, 8 August 2006. 113  Marckx v. Belgium, no. 6833/74, 13 June 1979, Series A no. 31. 114  Види повеќе кај: Ристиќ, Јелена, Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права(со посебен осврт на критериумите за допуштеност), Фондација„Фридрих Еберт“, Скопје, 2018, стр. 48-55. 115  Ibid . 116  Stec and Others v. the United Kingdom [GC], nos. 65731/01 and 65900/01, ECHR 2006-VI. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 33 во националното право Европската конвенција за човекови права, како меѓународен договор кој е ратификуван од страна на Собранието на Република Северна Македонија 117 и станал дел од правниот систем на Република Северна Македонија согласно монистичката доктрина, е директно применлива и има директен ефект. Директната спроведливост на меѓународните договори пред националните судови и предноста на меѓународните договори во случај на конфликт со одредби на законите е предвидена со член 118 од Уставот на РСМ, според кој „меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот поредок и не може да се менуваат со закон“. 118 Дополнително, во контекст на директната спроведливост на меѓународните договори пред националните судови, треба да се има предвид и член 98 од Уставот на РСМ, 119 според кој„судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“. Сепак, може да се тврди дека меѓународните договори за човекови права уживаат повисок степен на правна сила во однос на останатите меѓународни договори. Овој статус на меѓународните договори за човекови права се должи на тоа што, согласно член 8 од Уставот на РСМ, основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, се сметаат за една од темелните вредности на уставниот поредок на РСМ. 120 Имајќи ги предвид член 8, член 98 и член 118 од Уставот на РСМ, може да се заклучи дека местото на ЕКЧП, во рамки на хиерархиската структура во правниот систем на РСМ, може да се лоцира некаде помеѓу Уставот и законите. Имено, хиерархиската позиција на ЕКЧП е сместена под Уставот на РСМ, но над законите. Правата и слободите заштитени со Конвенцијата се применуваат паралелно со основните слободи и права на човекот и граѓанинот, заштитени со Уставот на РСМ. 121 Судската практика на ЕСЧП, настаната како резултат на толкувањето и примената на ЕКЧП од страна на Судот, претставува неопходно сознание во контекст на исполнување на обврските на една држава-членка на Конвенцијата и примената на Конвенцијата, како дел од внатрешниот правен поредок. Имено, ЕКЧП не може да се сведе само на нејзиниот текст, туку текстот мора да се земе предвид заедно со неговото толкување од страна на ЕСЧП. Во оваа смисла, би било погрешно Конвенцијата да се користи само во нејзиниот текстуален контекст, како што обично се користат домашните закони, без повикување на судската практика на ЕСЧП. 122 Според тоа, произлегува дека скоро е невозможно за една држава-членка да ги исполни обврските што произлегуваат од Конвенцијата без примена на судската практика на ЕСЧП. 117  Закон за ратификување на Европската конвенција за човекови права, Службен весник на Р. Македонија бр. 11/1997 од 11.03.1997. 118  Koljackova., Sandra, The Case Law of the European Court of Human Rights from the Republic of Macedonia and Its Impact on the Domestic Law, Master‘s Thesis, Webster University of London, London, 2008. 119  Устав на Република Македонија, Службен весник на Р. Македонија, бр. 52/1991. 120  Ibid. p. 21. 121  Ibid. 122  Спировски, Игор, Јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права(збирка на пресуди), 2 август, Штип, 2007, стр. 7. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 34 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Така, иако обврската за извршување на определена пресуда на ЕСЧП е ограничена на странките во конкретниот случај, 123 сепак може да се тврди дека член 1 од ЕКЧП, според кој договорните страни треба на секој во нивната јурисдикција да му ги обезбедат првата и слободите загарантирани со Конвенцијата, имплицира дека при обезбедување на правата заштитени со ЕКЧП, државите треба да го земат предвид толкувањето на Конвенцијата од страна на Судот, со што на пресудите на Судот ќе им дадат erga omnes дејство. 124 Во оваа смисла, пресудите на Судот имаат„индикативен ефект“ за останатите држави членки. 125 Во овој контекст, вредно е да се забележи и дека Уставниот суд на РСМ, со Одлуката У.бр.31/2006 од 01.11.2006 година и Решението У.бр.31/2006 од 20.09.2006 година, ја прифатил ЕКЧП како критериум за толкување на уставните права, со што може да се каже дека на Конвенцијата ѝ признал определен уставен ранг. Имено, ЕКЧП била прифатена како „критериум за интерпретација на уставните права дури и во насока на нивно определено ограничување што не е изречно дозволено во Уставот, но е дозволено во Конвенцијата, под услов да се работи за право чие вршење може, под одредени околности, да загрози други права или вредности“. 126 Сето ова, всушност, уште повеќе ја нагласува важноста на познавањето и почитувањето на судската практика на ЕСЧП. Важноста на почитувањето и користењето на судската практика на ЕСЧП и нејзиното интегрирање во правниот систем на РСМ, како дел од процесот на воедначување на судската практика во РСМ и нејзина усогласеност со ЕКЧП и судската практика на ЕСЧП, сè почесто се препознава и признава и од страна на законодавецот. Имено, сè повеќе закони содржат одредби коишто ја нагласуваат важноста на ЕКЧП и пресудите на ЕСЧП во контекст на правниот систем на РСМ и примената на правото, а некои и експлицитно предвидуваат почитување на ЕКЧП и судската практика на ЕСЧП при толкување и примена на правото. 127 Исто така, во рамки на процесните закони постојат одредби со коишто се предвидува дека одлуките на ЕСЧП претставуваат основа за повторување на постапката. Така, вакви одредби содржат: Законот за парнична постапка, Законот за кривична постапка и Законот за управните спорови. 128 Дополнително, и покрај тоа што сè уште има простор за подобрување, сепак е евидентно дека постои позитивен тренд на постепено зголемување на степенот на користењето на судската практика на ЕСЧП од страна на националните судови, во рамките на образложенијата на одлуките, како средство за дополнителна аргументација. 129 123  Grabenwarter, supra note 63, p. 107. 124  Forst, Déborah, The Execution of Judgments of the European Court of Human Rights: Limits and Ways Ahead , ICL Journal, Vol. 7, No. 3, 2013, p. 4. 125  Grabenwarter, supra note 63, p. 107. 126  Спировски, supra note 122, стр. 8-9. 127  Види подетално кај: Ristikj, Jelena, Court Practice of the Republic of Macedonia and Court Practice of the European Court of Human Rights: A Need for Symbiosis? in International Journal Annual of the Institute for sociological, political and juridical research, Year XLI, Number 2, 2017, стр. 22-25. 128  Ibid . 129  Види подетално кај: Ристиќ, Јелена и други, Анализа на степенот на цитирање и користење на судската пракса од страна на националните судови, Центар за правни истражувања и анализи, Скопје, 2020. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 35 и Европската Унија Европската Унија има законодавна и извршна надлежност со која може да дејствува кон државите членки или кон приватни лица на начин што влијае врз нивните права и обврски предвидени со Европската конвенција за човекови права. Што се однесува до положбата на ЕУ во однос на Конвенцијата, сè уште не може да се поднесе жалба до ЕСЧП против неа според Конвенцијата за какво било дејствување на нејзините институции, бидејќи ЕУ не е договорна страна на Конвенцијата. 130 По долга дебата и двоумење низ годините, беше воведена значајна новина со Договорот од Лисабон од 2007 година, кој стапи во сила во 2009 година. Имено, член 6(2) од Договорот за Европската Унија беше изменет со Договорот од Лисабон, при што е предвидено дека ЕУ ќе пристапи кон Конвенцијата, без притоа да бидат нарушени надлежностите на Унијата предвидени во договорите. Исто така, Протокол 14 кон Конвенцијата од 2004 година, кој стапи во сила во 2010 година, го измени член 59 од Конвенцијата за да ѝ дозволи на ЕУ да пристапи. Потоа, во 2013 година беше усвоен Нацрт-договор за пристапување на ЕУ кон Конвенцијата. Меѓутоа, во 2014 година, Судот на правдата на ЕУ, во своето Мислење 2/13 од 18 декември, 2014 година, оцени дека Нацрт-договорот не е во согласност со правото на ЕУ. Сепак, преговорите беа продолжени во 2020 година. Сегашната состојба донекаде се надминува со фактот дека Судот на правдата на ЕУ, како орган задолжен да го спроведува правото на ЕУ, ја применува Конвенцијата како дел од правото на ЕУ. Имено, уште една значајна новина воведена со Договорот од Лисабон е во однос на членот 6(3) од Договорот за ЕУ, каде е утврдено дека основните слободи и права гарантирани со ЕКЧП, како и оние што произлегуваат од уставните традиции заеднички за државите членки, ќе претставуваат општи принципи на правото на ЕУ. Дополнително, според Повелбата за основни права на ЕУ од 2000 година, судската практика на ЕСЧП е признаена како извор на човекови права во рамки на ЕУ и истата се користи од страна на Судот на правдата на ЕУ во таа смисла. Имено, Повелбата за основни права на ЕУ стапи во сила во 2009 година, со стапувањето во сила на Договорот од Лисабон, кој го измени член 6(1) од Договорот за ЕУ, со што Повелбата доби правно-обврзувачко дејство и иста правна вредност како и договорите, односно се вбројува во примарните извори на правото на ЕУ. 131 Во преамбулата на Повелбата за основни права на ЕУ изречно е наведено дека судската практика на Судот на правдата на ЕУ е извор за човековите права, заедно со: судската практика на ЕСЧП, правната традиција на државите-членки, ЕКЧП и Социјалната повелба на ЕУ и на Советот на Европа. Притоа, судската практика на Судот на правдата на ЕУ е составен дел на уставниот аcquis во ЕУ и како таква, таа е задолжителна за сите држави-членки. 132 Дополнително, член 52(3) од Повелбата за основни права на ЕУ предвидува дека, со оглед на тоа што истата содржи права гарантирани со ЕКЧП, значењето и опсегот на важноста на тие права ќе биде ист како на оние предвидени во Конвенцијата, како и дека ваквата одредба нема да го попречи правото на ЕУ да обезбеди повисоко ниво на заштита. Сето ова, се разбира, 130  Matthews v. the United Kingdom [GC], no. 24833/94, ECHR 1999-I. 131  Douglas-Scott, Sionaidh, The European Union and Human Rights after the Treaty of Lisbon , Human Rights Law Review 11:4, 2011. 132  Шкариќ, Светомир, Јурисприденцијата на Европскиот суд на правдата – модел за реформата на судството и на Уставниот суд на Република Македонија, во Зборник од научната расправа Реформата на институциите и нејзиното значење за развојот на Република Македонија, книга 5, ГТЗ, 2009, стр. 89. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 36 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур бара постојано следење на судската практика на ЕКЧП, како средство за утврдување на минимални стандарди. Во однос на положбата на поединечните држави-членки на ЕУ, при што сите истовремено се и договорни страни на ЕКЧП, важат општите правила формулирани од ЕСЧП во водечкиот предмет Bosphorus Airways v. Ireland , 133 во однос на запленувањето на изнајмен авион од страна на ирските власти, односно ЕУ, во согласност со режимот на санкции на Обединетите нации и регулатива на Советот на ЕУ. Така, Конвенцијата не забранува државите кои се договорни страни на Конвенцијата да пренесуваат дел од својот суверенитет на меѓународна(вклучително и наднационална) организација како што е ЕУ, но тоа самото по себе не ги ослободува од одговорност за дејствијата што ги преземаат како членки на таа организација. Сепак, постои претпоставка дека државата која е договорна страна на Конвенцијата не ги прекршува обврските според Конвенцијата со дејствија што ги презема заради исполнување на нејзините обврски како членка на организацијата, сè додека таа организација обезбедува„еквивалентна заштита“ со онаа на Конвенцијата, и тоа „и во однос на суштинските гаранции и во однос на механизмите за нивна примена“. 134 Но, оваа претпоставка за„еквивалентна заштита“ може да се побие ако заштитата што ја нуди другата организација е„очигледно недоволна“ во конкретниот случај. 135 Во секој случај, се очекува пристапувањето на ЕУ кон ЕКЧП да послужи во насока на зголемување на степенот на заштита на човековите права во Европа. Иако постои определена загриженост дека со пристапувањето на ЕУ кон Конвенцијата ќе биде загрозена автономноста на правниот режим на Унијата, како и дека Судот на правдата на ЕУ ќе биде подреден на ЕСЧП, многу поверојатно е дека тоа ќе придонесе кон: воспоставување на еден кохерентен и поефективен режим за заштита на човековите права, поголема можност за правна сигурност и избегнување на ситуациите на евентуален различен судски третман на исти или слични прашања поврзани со човековите права во Европа. 136 Во споредба со повеќето други меѓународни договори за човекови права, Европската конвенција за човекови права има многу силни механизми за контрола. Таа обезбедува како можност за поднесување на меѓудржавни жалби, така и можност за поднесување на индивидуални жалби. Според Протоколот 11, и меѓудржавните и индивидуалните жалби се поднесуваат директно до Европскиот суд за човекови права, постојан суд составен од судии со полно работно време. Судот одлучува дали жалбата треба да биде допуштена, со цел да подлежи на натамошно мериторно разгледување. Доколку е допуштена, Судот со обврзувачка пресуда според меѓународното право одлучува дали имало повреда на Конвенцијата во конкретниот случај. Извршувањето на пресудите на Судот од страна на државите-членки, во однос на кои пресудата е донесена, го надгледува Комитетот на министри на Советот на Европа, кој е составен од владини претставници на сите држави-членки. 133  Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], no. 45036/98, ECHR 2005-VI. 134  Ibid .,§ 155. 135  Ibid .,§ 156. 136  Dogan, Yasar, The Fundamental Rights Jurisprudence of the European Court of Justice: Protection for Human Rights within the European Union Legal Order, Ankara Law Review, Vol. 6, No. 1, 2009, стр. 74-75. I. ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО КОНТЕКСТ 37 II. СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 1.  Европски суд за човекови права 1.1.  Организација Европскиот суд за човекови права е меѓународен суд воспоставен во рамките на Советот на Европа. Негова најзначајна карактеристика е надлежноста да разгледува жалби поднесени од страна на поединци во врска со наводни повреди на правата заштитени со Европската конвенција за човекови права и нејзините протоколи, предизвикани од страна на држави кои се членки на Конвенцијата. 137 Тој е прв меѓународен трибунал воспоставен за да решава спорови меѓу поединци и држави. 138 Формирањето на суд чија основна задача се состои во тоа да ги штити поединците од повреди на човековите права претставува иновативна карактеристика за една меѓународна конвенција за човекови права бидејќи му дава на поединецот активна улога на меѓународната сцена. Имено, традиционално, само државите и меѓународните организации се сметаат за актери на меѓународната сцена, односно во меѓународното право. 139 Освен жалби поднесени од страна на поединци против држави-членки на ЕКЧП, Судот може да разгледува и жалби поднесени од страна на држави-членки на ЕКЧП против други држави-членки на ЕКЧП. Како меѓународен суд во рамки на Советот на Европа, ЕСЧП е воспоставен на 21 јануари 1959 година од страна на тогашните 15 држави-членки на СЕ. Истовремено, од страна на тогашното Консултативно собрание на СЕ биле избрани и неговите први членови. 140 Основа за воспоставување на Судот од тогашните држави-членки на СЕ претставува членот 19 од ЕКЧП, според кој„со цел да се обезбеди почитување на обврските кои за високите договорни страни произлегуваат од оваа Конвенција и нејзините протоколи, ќе се основа Европски суд за човекови права.“ 137  European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 1, 17; Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 819. 138  Costa, supra note 39, p. 455. 139  Фрчкоски, Љубомир Д., Тупурковски, Васил и Ортаковски, Владимир, Меѓународно јавно право, Табернакул, Скопје, 1995, стр. 51; Sardaro, Pietro, The Right of Individual Petition to the European Court, in Protocol 14 and the Reform of the European Court of Human Rights(Paul Lemmens and Wouter Vandenhole,eds.), Intersentia, Antwerpen – Oxford, 2005, p. 47. 140  Jackson, Donald W., The United Kingdom Confronts the European Convention on Human Rights , University Press of Florida, Gainesville/Tallahassee/Tampa/Boca Raton/Pensacola/Orlando/Miami/Jacksonville, 1997, p. 1. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 38 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ЕКЧП, со која е воспоставен Судот, претставува прв меѓународен инструмент со кој суверени држави се согласиле да бидат правно обврзани на секој во рамките на нивната надлежност да му обезбедат цел спектар на човекови права и основни слободи, во рамките на кој, исто така, се согласиле да воспостават супранационален контролен систем заради обезбедување на нивните обврски. 141 Во случај на повреда на правата заштитени со ЕКЧП, постапки пред Судот против државите-потписнички на Конвенцијата во врска со наводната повреда може да бидат поведени од страна на други држави-потписнички на Конвенцијата, како и од страна на поединци кои сметаат дека нивните права загарантирани со Конвенцијата се повредени од страна на држава-потписничка на ЕКЧП. 142 Зголемениот пристап на нови држави кон ЕКЧП по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година како резултат, пред сè, на распадот на Советскиот Сојуз, предизвикал енормно зголемување на бројот на жалби поднесени до ЕСЧП, со што сериозно била нарушена ефикасноста на Судот. Тоа била главната причина за усвојување на Протоколот 11 кон Конвенцијата. Овој Протокол, кој стапи во сила во 1998 година, бил дизајниран со цел да се справи со заостанатите нерешени предмети, на начин што воспоставил постојан Суд и ја поедноставил и ја скратил постапката пред Судот. Но, бројот на предмети и натаму продолжил да расте, со што се наложила потребата од натамошни реформи. Такви реформи биле спроведени со Протоколот 14, кој стапи во сила во 2010 година. Негова главна цел е да се зголеми ефикасноста на Судот, на начин што ќе се внесат измени во контролниот механизам на Конвенцијата, кои ќе му овозможат на Судот повеќе да се фокусира на случаи кои вклучуваат важни прашања во однос на заштитата на човековите права. 143 Во 2013 година, за потпис се отворени уште два протокола, чија основна цел, исто така, е да се подобри функционирањето на Судот и да се зголеми неговата ефикасност. Се работи за Протоколот 15 и Протоколот 16 кон Конвенцијата. Протоколот 16 стапи во сила во 2018 година, додека Протоколот 15 стапи во сила во 2021 година. Имено, СЕ постојано прави напори да го реструктурира европскиот режим за заштита на човековите права и да ја редизајнира ЕКЧП, со цел да овозможи поголема ефективност и ефикасност на ЕСЧП, пред сè во насока на заштита на правата на поединецот. Оваа активност на СE, насочена кон подобрување на работата на Судот, е многу важна, особено ако се има предвид дека„Европскиот суд за човекови права е‘крунскиот скапоцен камен’ на најнапредниот меѓународен систем за заштита на човековите права во светот“. 144 Првично ЕСЧП бил организиран како непостојан и двостепен контролен механизам на ЕКЧП. Имено, пред стапувањето во сила на Протоколот 11, на 1 ноември 1998 година, машинеријата, односно контролниот механизам, во согласност со Конвенцијата, го сочинувале: Европската комисија за човекови права(основана во 1954 година), Европскиот суд за човекови права(основан во 1959 година) и Комитетот на министри на СЕ, а поединците немале директен пристап до Судот. Тие најпрво морале да поднесат жалба до Европската комисија за човекови права, која ја утврдувала допуштеноста на предметот. Доколку Комисијата утврдила дека предметот е допуштен, а не е постигнато пријателско решение 141  Фрчкоски, Љубомир Д., Меѓународно право за правата на човекот, Трето издание, Магор, Скопје, 2012, стр. 181. 142  Council of Europe, supra note 1, p. 8. 143  Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol. 102, 2010, p. 543-546; McKaskle, Paul, The European Court of Human Rights: What It Is, How It Works, and Its Future , University of San Francisco Law Review, Vol. 40, 2005, p. 12-13. 144  Helfer, Laurence R., Redesigning the European Court of Human Rights: Embededdness as a Deep Structural Principle of the European Human Rights Regime , The European Journal of International Law, Vol. 19, No. 1, 2008, p. 125. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 39 за спорот, изготвувала извештај во кој ги утврдувала фактите на случајот и во кој давала свое мислење за основаноста на случајот. Извештајот изготвен од страна на Комисијата понатаму се доставувал до Комитетот на министри на СЕ. 145 Исто така, при ратификација на Конвенцијата, државите имале право да не ја прифатат специјалната клаузула која овозможувала индивидуален пристап до Европската комисија за човекови права и со тоа ја ограничувале можноста за судска заштита на поединците. Во случај кога тужената држава ја имала прифатено задолжителната надлежност на Судот, Комисијата и/или засегнатата држава имале право, во рок од три месеци од доставување на извештајот до Комитетот на министри, да го поднесат случајот на решавање до Судот заради донесување на конечна и обврзувачка пресуда. Поединците не биле овластени директно да поднесат случај до Судот. Комитетот на министри вршел надзор над извршувањето на пресудите, но бил овластен и да одлучува мериторно во однос на случаите кои Комисијата не ги поднела до Судот во рок од три месеци. 146 Протоколот 11 вовел многу значајна промена во контролниот механизам на Конвенцијата со тоа што го изменил дотогашниот непостојан и двостепен контролен механизам составен од: Европската комисија за човекови права, Европскиот суд за човекови права и Комитетот на министри. Така, Протоколот 11 ја укинал Комисијата, го проширил Судот доделувајќи му функции и надлежности кои претходно ѝ припаѓале на Комисијата и им дал можност на поединците да поднесат жалба директно до Судот. Уште повеќе, со ратификација на Протоколот 11, сите држави договорни страни на Конвенцијата ја прифатиле надлежноста на Судот да одлучува во постапки поведени против нив од страна на поединци. Овој Протокол, исто така, ги укинал и судските функции на Комитетот на министри на СЕ. 147 Протоколот 11 ја изменил структурата на Судот, воспоставил нов постојан Суд, со седиште во Стразбур, кој го заменил целокупниот дотогашен контролен механизам на Конвенцијата. Така, за разлика од поранешниот Суд и Комисијата, кои одржувале ограничен број расправи во текот на годината, новиот постојан Суд заседава постојано и со полно работно време. Со ваквата револуционерна измена, всушност, се подобрува пристапот на поединците кон заштитата на нивните права загарантирани со ЕКЧП и се забрзува самата судска постапка, а сето тоа целокупно води до поголема ефикасност на Судот во тој поглед. Стариот Суд престанал да функционира на 31 октомври 1998 година, додека со Протоколот 11 било утврдено Комисијата да продолжи со својата работа уште една календарска година, односно до 31 октомври 1999 година, во поглед на случаите чијашто допуштеност била утврдена пред стапувањето во сила на Протоколот. За време на тој период од една година биле преземени сите неопходни организациски и процедурални мерки, вклучувајќи го и донесувањето на нов Деловник на ЕСЧП. 148 Во согласност со новиот систем воспоставен со Протоколот 11, сите жалби за повреда на индивидуалните права се упатуваат директно до Судот, при што Комитетот на министри не е повеќе надлежен да одлучува мериторно во случаите, во согласност со дотогашната 145  European Court of Human Rights, Annual Report 2005 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2006, p. 8. 146  Ibid . 147  European Court of Human Rights, Annual Report 2005 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2006, p. 9; Фрчкоски, Љубомир Д., Меѓународно право за правата на човекот, Трето издание, Магор, Скопје, 2012, стр. 194-195. 148  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 40 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур практика. Сепак, Комитетот на министри ја задржал неговата важна улога за контрола над извршувањето на пресудите, која, главно, се состои во проверување дали државите-членки ги измениле нивните законодавства или практики кои предизвикуваат повреда на правата и слободите, како и проверување дали е исплатен правичниот надомест досуден со пресудата на Судот од страна на тужената држава во корист на поединецот тужител. Со сите овие промени, всушност, се зајакнува судскиот карактер на целокупниот заштитен систем. Новиот Суд има поедноставен и побрз едностепен процес бидејќи неговите комитети, составени од тројца судии, ја замениле поранешната Комисија во испитувањето на допуштеноста на жалбата, додека основаноста на случаите се испитува од страна на судските совети или од страна на Големиот совет на Судот. 149 Освен Протоколот 11, значајно влијание во насока на измена на контролниот механизам на ЕКЧП има и Протоколот 14 кон Конвенцијата, кој стапи во сила на 1 јуни 2010 година. Целта на Протоколот 14, исто како и на Протоколот 11, е да ја подобри ефикасноста на работењето на Судот, односно да се намали огромниот број нерешени предмети, чиј број од година, во година сè повеќе се зголемува. 150 Во согласност со измените внесени со Протоколот 14, сега постојат вкупно четири судски формации кои ги разгледуваат жалбите поднесени до Судот и донесуваат определени одлуки во врска со нив. Во оваа смисла, членот 26(1) од Конвенцијата предвидува дека Судот ќе заседава во следните формации: судија поединец, комитет, судски совет и Голем судски совет. Со цел да се зголеми капацитетот за филтрирање на предмети на Судот, Протоколот 14 ја вовел формацијата составена од еден судија во рамките на Судот, односно формацијата судија поединец, 151 кој има надлежност да ги прогласува жалбите за недопуштени или да ги симне од листата на предмети на Судот,„кога таква одлука може да се донесе без натамошно испитување“, во согласност со членот 27(1) од ЕКЧП. Овие зборови значат дека тој судија може да носи такви одлуки само во предмети што се недвосмислено јасни, односно во кои недопуштеноста на жалбата е очигледна уште на почетокот. Доколку судијата не ја прогласи жалбата за недопуштена или доколку не ја симне од листата на предмети, таа се препраќа до комитет или судски совет за натамошно разгледување. 152 Комитетот, кој е составен од тројца судии, може да донесе едногласна одлука и да ја прогласи жалбата за недопуштена, доколку таквата одлука може да се донесе без дополнително разгледување, 153 или, пак, да донесе едногласна одлука во врска со допуштеноста и основаноста во однос на случаи за кои постои добро утврдена судска практика на Судот. 154 Пред стапувањето во сила на Протоколот 14, тричлениот комитет имал надлежност да носи одлуки само во однос на допуштеноста на случајот, а не и во однос на основаноста. 149  Фрчкоски, supra note 141, стр. 196. 150  Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol. 102, 2010, p. 546-548. 151  European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 18; Lemmens, Paul, Single-Judge Formations, Committees, Chambers and Grand Chamber, in Protocol 14 and the Reform of the European Court of Human Rights(Paul Lemmens and Wouter Vandenhole, eds.), Intersentia, Antwerpen – Oxford, 2005, p. 31-35. 152  Член 27(3) од Европската конвенција за човекови права. 153  Член 28(1)(а) од Европската коневенција за човекови права. 154  Член 28(1)(б) од Европската конвенција за човекови права. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 41 Надлежност за носење на одлуки во однос на основаноста на случајот имале само судските совети и Големиот судски совет. 155 Судскиот совет е составен од седум судии и одлучува со мнозинство во однос на допуштеноста и основаноста. Притоа, одлуката за допуштеност може да се донесе посебно. 156 За разлика од судијата поединец и тричлениот комитет, кои може да разгледуваат само жалби поднесени од страна на поединци, Судскиот совет може да разгледува и жалби доставени од страна на држава-членка на Конвенцијата против друга држава-членка на Конвенцијата. 157 Големиот судски совет, кој се состои од седумнаесет судии, разгледува случаи во исклучителни ситуации, и тоа кога определен судски совет му ја пренел надлежноста за конкретен случај или кога е прифатено барање за разгледување на случај од страна на Големиот судски совет. И Големиот судски совет разгледува жалби поднесени како од страна на поединци, така и од страна на држави-членки на ЕКЧП. 158 Со работата на Судот раководи претседател. Пленарниот суд ги избира претседателот на Судот и двајцата потпретседатели, за период од три години, како и претседателите на секциите, за период од две години, под услов таквите периоди да не го надминуваат времетраењето на нивниот мандат како судии. 159 Исто така, секоја секција ќе избере потпретседател за период од две години, под услов тој период да не го надминува времетраењето на неговиот мандат како судија. 160 Според Деловникот на Судот, секциите се формираат од страна на Пленарниот суд, а Судот може да има најмалку четири секции. 161 Секциите претставуваат административни ентитети од кои се конституираат судските совети. 162 Секој судија мора да е член на одредена секција, 163 а секоја секција има: претседател, потпретседател и одреден број на други судии. На предлог на претседателот на Судот, Пленарниот суд може да формира дополнителна секција. 164 Сега постојат пет секции во рамки на Судот. Секоја од нив има свои правни дивизии за процесирање на предмети, во чии рамки работат правници кои ги подготвуваат предметите. Правниците добиваат поддршка од административниот и од техничкиот персонал на Секретаријатот. ЕСЧП има свој Секретаријат, кој претставува стручна и административна служба на Судот, чија цел е да обезбедува правна и административна поддршка при извршување на судската функција од страна на Судот. Главна задача на Секретаријатот е да ги процесира и да ги подготвува за судење жалбите кои се поднесени до Судот од страна на поединци. 155  European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 18-19; Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol. 102, 2010, p. 548-549; McKaskle, Paul, The European Court of Human Rights: What It Is, How It Works, and Its Future , University of San Francisco Law Review, Vol. 40, 2005, p. 61-63. 156  Член 29 од Европската конвенција за човекови права. 157  European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 18-19; Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol.102, 2010, p. 548-549; McKaskle, Paul, The European Court of Human Rights: What It Is, How It Works, and Its Future , University of San Francisco Law Review, Vol. 40, 2005, p. 61-63. 158  Ibid . 159  Правило 8(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 160  Правило 8(2) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 161  Правило 25(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 162  Правило 26(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 163  Правило 25(2) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 164  Правило 25(5) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 42 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Во оваа смисла, стручната служба на Судот: ги администрира предметите, ја подготвува преписката во врска со предметите и изготвува нацрт-одлуки наменети за разгледување од страна на судијата известител или судијата поединец. 165 1.2.  Состав Судот е составен од онолку судии колку што има држави-членки на Советот на Европа. 166 167 Судиите треба да уживаат највисок морален углед и да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на највисоките судиски функции или да бидат признати правни стручњаци, со призната компетентност. 168 Судиите ја извршуваат својата судиска функција во лично својство, 169 односно тие не ја претставуваат државата чии државјани се. Во текот на нивниот мандат судиите не можат да вршат никаква активност што е неспоива со барањата за независност, непристрасност или со барањата за работа со полно работно време. 170 Судиите ги избира Парламентарното собрание на СE, одделно за секоја држава-членка, од листата на тројца кандидати именувани од засегнатата држава-членка. 171 Притоа, во согласност со измените внесени со Протоколот 15, кандидатите треба да имаат помалку од 65 години на датумот на кој листата од тројца кандидати била побарана од Парламентарното собрание. 172 Нивниот мандат изнесува девет години, во согласност со измените внесени со Протоколот 14, со цел да се зацврсти нивната независност и непристрасност. Тие не може да бидат повторно избрани 173 . Во согласност со претходниот систем, судиите се избирани за време од шест години, со право на реизбор, додека мандатот на половина од вкупниот број на судии избрани при првиот избор ќе заврши по три години. Исто така, порано било предвидено судиите чиј мандат ќе заврши по третата година да бидат извлечени со ждрепка од страна на Генералниот секретар на СЕ, веднаш по нивниот избор. 174 Дополнително, со влегувањето во сила на Протокол 15, избришана е одредбата што предвидуваше дека мандатот на судиите им завршува со наполнети 70 години возраст. Протоколот 14, исто така, го ревидира и системот за назначување на ad hoc судии во судски совет или во Големиот судски совет, во случај кога судијата кој е избран во однос на засегнатата држава и овластен да учествува како ex officio член на судскиот совет или на Големиот судски совет, не е во можност да учествува во работата или кога таков судија воопшто не постои. Во согласност со претходниот систем, засегнатата држава може да избере ad hoc судија откако постапката ќе биде започната. Овој начин на избор на ad hoc судија бил многу критикуван, особено од страна на Парламентарното собрание на СЕ бидејќи не е во согласност со основните стандарди за судска независност и непристрасност. Во врска 165  European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 19-20; Leach, Philip, Taking a Case to the European Court of Human Rights , Fourth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017, p. 29. 166  Член 20 од Европската конвенција за човекови права. 167  Во времето на пишување на оваа публикација, Судот е составен од 46 судии. 168  Член 21(1) од Европската конвенција за човекови права. 169  Член 21(3) од Европската конвенција за човекови права. 170  Член 21(4) од Европската конвенција за човекови права. 171  Член 22 од Европската конвенција за човекови права. 172  Член 21(2) од Европската конвенција за човекови права. 173  Член 23(1) од Европската конвенција за човекови права. 174  European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012, p. 15; McKaskle, Paul, the European Court of Human Rights: What It Is, How It Works, and Its Future , University of San Francisco Law Review, Vol. 40, 2005, p. 15-16. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 43 со ова, новата одредба предвидува претседателот на Судот да го избере ad hoc судијата и тоа од листа што е претходно поднесена од страна на засегнатата држава. 175 1.3.  Надлежност Во согласност со членот 32 од ЕКЧП,„надлежноста на Судот се однесува на сите прашања во врска со толкувањето и примената на Конвенцијата и нејзините протоколи, коишто ќе му бидат доставени според условите предвидени во членовите: 33, 34, 46 и 47.“ Ова значи дека Судот е надлежен да разгледува и да носи одлуки во однос на жалба доставена до Судот од некоја држава-членка на Конвенцијата за секоја наводна повреда на било која одредба на Конвенцијата и нејзините протоколи извршена од страна на друга држава-членка на Конвенцијата. Оваа надлежност на Судот е предвидена со членот 33 од Конвенцијата. Понатаму, Судот има надлежност да разгледува и да носи одлуки во врска со жалби доставени од страна на: физички лица, невладини организации или група поединци кои сметаат дека некоја држава-членка на Конвенцијата извршила повреда на некое нивно загарантирано право со Конвенцијата и нејзините протоколи. Оваа надлежност на Судот е содржана во членот 34 од Конвенцијата. Во согласност со измените на Конвенцијата предвидени со Протоколот 14, Комитетот на министри може да упати барање до Судот за толкување на некоја негова пресуда. Така, доколку Комитетот на министри смета дека надгледувањето на извршувањето на конечната пресуда е спречено заради проблеми при толкување на пресудата, под одредени услови може да се обрати до Судот со барање Судот да донесе одлука кои мерки треба да се преземат. Исто така, Комитетот на министри може да упати до Судот барање за утврдување дали некоја договорна страна ја исполнила својата обврска да се придржува кон конечната пресуда на Судот. Доколку Комитетот на министри смета дека некоја договорна страна одбива да ја спроведе конечната пресуда на Судот, под определени услови, може да побара од Судот да утврди дали таа страна ги исполнила своите обврски. Овие надлежности на Судот се предвидени со член 46 од Конвенцијата. Судот, исто така, има надлежност да дава советодавни мислења на барање на Комитетот на министри, во согласност со членот 47 од Конвенцијата. Во оваа смисла, Судот може да дава советодавни мислења за правни прашања во врска со толкувањето на Конвенцијата и нејзините протоколи. Овие мислења не може да се однесуваат на прашања во врска со содржината или обемот на правата и слободите содржани во првиот дел на Конвенцијата и соодветните протоколи, ниту, пак, може да се однесуваат на какви било прашања кои би можеле да се разгледуваат од страна на Судот или Комитетот на министри, а кои произлегуваат од постапка која е поведена во врска со тие права, во согласност со Конвенцијата. Со стапувањето во сила на Протоколот 16 кон Конвенцијата, на 1 август 2018 година, проширена е надлежноста на Судот да дава советодавни мислења. Имено, Судот има надлежност да дава советодавни мислења и во случај кога тоа ќе го побараат највисоките домашни судови и трибунали од државите-членки на Конвенцијата. Во оваа смисла, во 175  Committee on Legal Affairs and Human Rights of the Parlamentary Assembly of Council of Europe , Ad hod Judges at the European Court of Human Rights: An Overview , Council of Europe, Strasbourg, 2011, p. 1-4. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 44 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур согласност со членот 1 од Протоколот 16 кон Конвенцијата, судот или трибуналот на договорната страна на тој Протокол може да побара од Судот да даде советодавно мислење за принципиелни прашања, поврзани со толкувањето или примената на правата и слободите во Конвенцијата и нејзините протоколи. 176 Во определени итни случаи, Судот може да изрекува и привремени мерки. За изрекувањето на привремени мерки не постои одредба во самата Конвенција. Меѓутоа, во итни случаи, кога животот на жалителот е загрозен или кога постои значителен ризик од сериозно малтретирање, Судот може да примени привремени мерки, според правилото 39 од Деловникот на Судот. 1.4.  Постапка Во согласност со ЕКЧП, постојат два вида постапки кои можат да се водат пред Судот, и тоа: случаи на индивидуа против држава(индивидуални жалби), во согласност со членот 34 од ЕКЧП, и случаи на држава против држава(меѓудржавни случаи), во согласност со членот 33 од ЕКЧП. Притоа, определени правила во однос на постапката се однесуваат и на индивидуалните жалби и на меѓудржавните случаи. Првиот вид постапка, односно правото на поднесување на индивидуална жалба до Судот, е процесно право предвидено со членот 34 од ЕКЧП, со што, всушност, се поведува постапката пред Судот, а која понатаму може да се води само ако не постојат причини за нејзино отфрлање, односно ако поднесената жалба ги исполнува критериумите за допуштеност, предвидени со членот 35 од ЕКЧП. Притоа, секоја жалба што се смета за недопуштена може да биде отфрлена во која било фаза на постапката. 177 Постојат неколку групи основи за оценување на допуштеноста на жалбата, во согласност со ЕКЧП. 178 Првата група основи за оценување на допуштеноста на жалбата, содржана во членот 35 на ЕКЧП, се однесува на процесните основи за прогласување на една жалба за недопуштена. Така, Судот може да ја разгледа жалбата откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни лекови, во согласност со општоприфатените начела на меѓународното право, во рок од четири месеци од денот кога е донесена конечната одлука. Понатаму, Судот нема да ја разгледува жалбата поднесена според членот 34 доколку е анонимна или доколку е суштински иста со некоја друга жалба што Судот веќе ја испитува или доколку веќе била поднесена до некоја друга инстанца на меѓународно испитување или спогодување и доколку не содржи нови релевантни факти. Исто така, Судот ќе ја прогласи жалбата поднесена во согласност со членот 34 за недопуштена, ако содржи злоупотреба на права. Втората група ги опфаќа основите за допуштеност кои се однесуваат на надлежноста на Судот да решава по жалби од аспект на: ratione personae, ratione loci, ratione temporis и ratione materiae . Оваа група основи се базира на членот 35(3)(а), според кој„Судот нема 176  Правило 92(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 177  Член 35(4) од Европската конвенција за човекови права. 178  European Court of Human Rights, Practical Guide on Admissibility Criteria, Updated on 31 August 2019, Council of Europe, Strasbourg, 2019, p. 22-77; Фрчкоски, Љубомир Д., Меѓународно право за правата на човекот, Трето издание, Магор, Скопје, 2012, стр. 198-206; Leach, Philip, Taking a Case to the European Court of Human Rights , Fourth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017, p. 174183. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 45 да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека жалбата е неспоива со одредбите на Конвенцијата или со нејзините протоколи...“ и членот 32 од Конвенцијата, кој ја утврдува надлежноста на Судот. Испитувањето на жалбата од аспект на надлежноста ratione personae е детерминирано преку одговорот на прашањето„кој може да достави жалба“(активна легитимација), односно„против кого може да достави таква жалба“(пасивна легитимација). Така, жалба до Судот може да поднесат: физички лица, невладини организации и групи индивидуи кои се наоѓаат под надлежност на државата против која е насочена нивната жалба. Од друга страна, индивидуална жалба може да се поднесе само против оние држави кои се договорни страни на ЕКЧП и нејзините протоколи. Исто така, жалителот во својата жалба треба да тврди дека е жртва на некоја повреда на правата гарантирани со ЕКЧП, па доколку неговото тврдење изгледа издржано, тогаш ќе му се додели статус на жртва и ќе се продолжи со испитување на допуштеноста на жалбата. Во врска со ова, жалителот може да тврди и дека е потенцијална или индиректна жртва. Во согласност со надлежноста ratione loci , обврските преземени со Конвенцијата и протоколите се применуваат на оние лица кои се во рамки на надлежноста на договорната страна. Ова значи дека наводната повреда на Конвенцијата мора да настанала во рамки на надлежноста на тужената држава. Имено, се работи првенствено за територијално прашање. Притоа, Судот е надлежен и за дејства на претставници на државните власти со кои е сторена повреда во странска држава. Испитувањето на жалбата од аспект на надлежноста ratione temporis се однесува на временското дејство на ЕКЧП. Имено, Судот нема надлежност да испитува жалби во кои се обжалуваат настани што се случиле пред датумот на стапување во сила на ЕКЧП во однос на определена држава. Тие жалби ќе се отфрлат како недопуштени, врз основа на ratione temporis. Доколку некоја договорна страна се откаже од ЕКЧП, во тој случај ЕКЧП се применува кон државата уште шест месеци. Тоа значи дека жалбите што се доставени во тој период од шест месеци ќе бидат споиви ratione temporis . Во однос на жалбите што се однесуваат на повреди коишто настанале пред стапувањето во сила на ЕКЧП, може да се сметаат за допуштени, доколку повредата продолжува и по ратификацијата на ЕКЧП од страна на конкретната држава(продолжена повреда). Испитувањето на жалбата од аспект на надлежноста ratione materiae се состои во тоа што се испитува дали жалителот се жали на повреда на право што е гарантирано со ЕКЧП и нејзините протоколи. Доколку жалителот се жали на повреда на право што не е заштитено со Конвенцијата или протоколите, жалбата ќе биде отфрлена како неспоива ratione materiae. Третата група основи за оценување на допуштеноста на жалбата се однесува на основаноста на жалбата. Имено, во согласност со членот 35(3)(а) од Конвенцијата, Судот ќе ја прогласи жалбата поднесена во согласност со членот 34 за недопуштена, ако е очигледно неоснована. Ова значи дека во фазата на испитување на допуштеноста на жалбата Судот врши и прелиминарно испитување на основаноста на жалбата, во смисла на утврдување на постоење на елементарни услови за подоцнежното испитување на нејзината основаност. Во оваа група спаѓа и критериумот за допуштеност, кој се однесува на значителноста на претрпената штета, воведен со Протоколот 14 кон Конвенцијата и подоцна изменет со Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 46 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Протокол 15 кон Конвенцијата. Во согласност со овој критериум, предвиден со членот 35(3)(б) од Конвенцијата, Судот може да ја прогласи жалбата за недопуштена, ако смета дека жалителот не претрпел значителна штета, освен ако почитта кон човековите права, како што е дефинирано во Конвенцијата и протоколите кон неа, не налага мериторно испитување на жалбата. Точното значење на изразот„значителна штета“ не е елаборирано со Протоколот. Оставено е на Судот да воспостави релевантни критериуми базирани врз принципот„од случај, до случај“. Секоја индивидуална жалба се доставува до некоја од секциите во рамки на Судот од страна на претседателот на Судот. 179 Откако ќе биде распределена жалбата на соодветна судска формација, се пристапува кон испитување на жалбата во однос на критериумите за допуштеност. Судот може да ја отфрли секоја жалба што ја смета за недопуштена во било која фаза на постапката. 180 Така, во согласност со членот 27 од ЕКЧП, судијата поединец може да ја прогласи за недопуштена или да ја симне од судската листа на случаи жалбата поднесена според членот 34 кога таква одлука може да се донесе без дополнително разгледување. 181 Таквата одлука е конечна. 182 Доколку судијата поединец не ја прогласи жалбата за недопуштена или доколку не ја симне од листата на случаи, ќе ја прати до комитет или до судски совет на дополнително разгледување. 183 Тричлениот комитет, во согласност со членот 28 од ЕКЧП, во било која фаза на постапката, со едногласна одлука, може да ја прогласи жалбата за недопуштена или да ја симне од листата на своите предмети, доколку таквата одлука може да се донесе без дополнително разгледување. 184 Комитетот, исто така, може да ја прогласи жалбата за допуштена и, во исто време, да донесе пресуда за основаноста, доколку предметното прашање во конкретниот случај, во врска со толкувањето или примената на Конвенцијата или нејзините протоколи, е веќе предмет на добро утврдена практика на Судот. 185 И овие одлуки, односно пресуди на Судот, се конечни. 186 Според членот 29 од Конвенцијата, доколку не е донесена одлука според членот 27 или членот 28, или доколку не е донесена никаква пресуда според членот 28, судски совет составен од седум судии ќе одлучи за допуштеноста и за основаноста на индивидуалните жалби поднесени според членот 34. Одлуката за допуштеноста може да се донесе посебно. 187 Во оваа смисла, судскиот совет може веднаш да ја прогласи жалбата за недопуштена или да ја симне од листата на предмети на Судот. Одлуката на судскиот совет може да се однесува на целата жалба или на дел од жалбата. 188 Определен судски совет се произнесу179  Правило 52(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март, 2024 г. 180  Член 35(4) од Европската конвенција за човекови права. 181  Член 27(1) од Европската конвенција за човекови права. 182  Член 27(2) од Европската конвенција за човекови права. 183  Член 27(3) од Европската конвенција за човекови права. 184  Член 28(1)(а) од Европската конвенција за човекови права. 185  Член 28(1)(б) од Европската конвенција за човекови права. 186  Член 28(2) од Европската конвенција за човекови права. 187  Член 29(1) од Европската конвенција за човекови права. 188  Правило 54(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 47 ва за допуштеноста и за основаноста на меѓудржавните жалби поднесени врз основа на членот 33. 189 Во согласност со членот 30 од ЕКЧП, доколку случајот што е на разгледување пред определен судски совет предизвикува сериозни прашања во врска со толкувањето на Конвенцијата или на нејзините протоколи, или доколку решението на некое прашање може да доведе до противречност со одлука што претходно ја донел Судот, судскиот совет, доколку не донел одлука, може да му ја отстапи надлежноста на Големиот судски совет, составен од седумнаесет судии. Исто така, во согласност со членот 43 од ЕКЧП, во рок од три месеци, сметано од датумот на донесување на пресудата од страна на судскиот совет, секоја страна во спорот може да побара предметот да биде доставен до Големиот судски совет, доколку случајот предизвикува сериозно прашање во врска со толкувањето или примената на Конвенцијата или нејзините протоколи, или сериозен проблем од општо значење. За прифаќање на ова барање одлучува комисија од петмина судии на Големиот судски совет. Пресудата на судскиот совет станува конечна: кога странките изјавуваат дека нема да бараат случајот да биде доставен до Големиот судски совет; или три месеци од датумот на донесувањето на пресудата, доколку не било побарано случајот да биде доставен пред Големиот судски совет; или доколку комисијата на Големиот судски совет го отфрли барањето доставено врз основа на членот 43 од ЕКЧП. 190 Големиот судски совет, исто како и судските совети, има надлежност да ги разгледува како индивидуалните жалби, така и меѓудржавните случаи. Во однос на процесните одредби, сите одредби што се однесуваат на постапката пред судските совети се применуваат, mutatis mutandis , и на постапката пред Големиот судски совет. 191 Пресудата на Големиот судски совет е конечна. 192 Еден од начините за решавање на спорот меѓу жалителот и тужената држава е преку постигнување пријателска спогодба, во согласност со членот 39 од Конвенцијата. Така, во секоја фаза од постапката, Судот може да се стави на располагање на засегнатите страни со цел обезбедување на пријателско решение на предметот, врз основа на почитување на човековите права, како што се дефинирани во Конвенцијата и во нејзините протоколи. 193 Во случај на пријателска спогодба, Судот ќе го симне случајот од списокот на предмети со одлука којашто се ограничува на кратко наведување на фактите и на донесеното решение. 194 Одлуката ќе биде упатена до Комитетот на министри на СЕ, кој ќе го надгледува извршувањето на одлуката за пријателско решение, како што е наведено во одлуката. 195 Покрај постигнувањето на пријателска спогодба, уште еден можен начин на решавање на спорот меѓу жалителот и тужената држава е преку поднесување еднострана изјава(унилатерална декларација) од страна на тужената држава, во согласност со членот 37(1) од 189  Член 29(2) од Европската конвенција за човекови права. 190  Член 44(2) од Европската конвенција за човекови права. 191  Правило 71(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 192  Член 44(1) од Европската конвенција за човекови права. 193  Член 39(1) од Европската конвенција за човекови права. 194  Член 39(3) од Европската конвенција за човекови права. 195  Член 39(4) од Европската конвенција за човекови права. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 48 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Конвенцијата 196 и правилото 62А од Деловникот на Судот. Имено, доколку жалителот ги одбие условите предвидени во предлогот за пријателска спогодба, засегнатата договорна страна може да поднесе барање до Судот да ја симне жалбата од листата на предмети, во согласност со членот 37(1) од Конвенцијата. Таквото барање е придружено со изјава во која јасно се потврдува дека имало повреда на Конвенцијата во случајот на жалителот, и преземање обврска да се обезбеди соодветно обесштетување и, доколку е соодветно, да се преземат неопходните корективни мерки. Вториот вид постапки коишто можат да се водат пред ЕСЧП се меѓудржавните случаи, во согласност со членот 33 од ЕКЧП. Имено, освен за жалбите на поединци поднесени против определена држава-членка на ЕКЧП, Судот е надлежен и за жалбите на држави-членки поднесени против други држави-членки на ЕКЧП, односно надлежен е и за решавање на меѓудржавни случаи. Така, секоја договорна страна може да се обрати до Судот за секоја наводна повреда на одредбите на Конвенцијата и нејзините протоколи од страна на друга договорна страна. Значи, за разлика од правото на жалба на поединците, коешто е ограничено само на повредите на правата загарантирани со ЕКЧП и нејзините протоколи, кај меѓудржавните случаи жалбата може да се однесува на било која одредба на ЕКЧП и нејзините протоколи. 197 Во однос на испитувањето на допуштеноста на овој вид жалби, се применува само обврската за исцрпување на домашните правни лекови и правилото на четири месеци, но не и другите критериуми за допуштеност, кои мора да бидат исполнети кај индивидуалните жалби. Исто така, за разлика од поединецот, кој треба да докаже дека е жртва на повреда на некое право, во овој случај договорната страна којашто ја поднесува жалбата може да ја оспорува легислативата или административната практика на некоја друга договорна страна којашто причинила очигледна повреда на некое право, без, притоа, да мора да наведува конкретни примери на таквата повреда. Всушност, меѓудржавните случаи се предвидени со цел да се обезбеди дополнителна и објективна заштита на слободите и правата на човекот, без оглед на државјанството на конкретните жртви. 198 2.  Допуштеност на жалбите Правото на индивидуална жалба, гарантирано со членот 34 на Конвенцијата, на поединците им дава право да поднесуваат жалби до ЕСЧП. Ова право на индивидуална жалба претставува една од основните гаранции за ефективноста на системот на Конвенцијата. Имено, член 34 од ЕСЧП гласи:„Судот може да прима жалби од секое физичко лице, невладина организација или група поединци кои се сметаат за жртва на повреда на правата признаени во Конвенцијата или во нејзините протоколи, што ја извршила една од Високите договорни страни. Високите договорни страни се обврзуваат со никаква мерка да не го спречуваат ефективното вршење на ова право“. Притоа, жалителите може да изберат 196  Член 37(1) од Европската конвенција за човекови права предвидува:„Во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да симне определена жалба од списокот на предмети, доколку околностите овозможуваат да се заклучи дека: а) жалителот нема намера да продолжи со неговата жалба; или б) спорот е решен; или в) од било која причина, чие постоење го утврдува Судот, не е повеќе оправдано да се продолжи со разгледување на жалбата. Сепак, Судот продолжува со разгледувањето на жалбата ако тоа го бара почитувањето на човековите права загарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи.“ 197  Фрчкоски, supra note 141, стр. 217. 198  Ibid ., стр. 217-218. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 49 да бидат застапувани од друго лице како нивен застапник. 199 Во тој случај, обврзани се да достават уредно потпишано полномоштво. 200 Од содржината на членот 34 произлегува дека за да може да поднесе жалба согласно овој член од Конвенцијата, жалителот мора да исполнува два услова: да спаѓа во една од категориите на жалители предвидени во член 34 и да покаже дека е жртва на повреда на правата заштитени со Конвенцијата. 201 Постапката пред ЕСЧП согласно член 34 се поведува со поднесување индивидуална жалба до Судот. Притоа, доколку жалителот ги исполнува условите предвидени во член 34 од Конвенцијата, постапката понатаму може да се води само ако поднесената жалба ги исполнува критериумите за допуштеност, предвидени со член 35 од ЕКЧП. Постојат неколку групи критериуми за оценување на допуштеноста на индивидуалната жалба, во согласност со ЕКЧП: процесни основи за недопуштеност; основи за недопуштеност коишто се однесуваат на надлежноста на Судот и основи за недопуштеност коишто се однесуваат на основаноста. 2.1.  Општ пристап кон допуштеноста Европскиот суд за човекови права често истакнувал дека правилата за допуштеност мора да се применуваат со одреден степен на флексибилност и без прекумерен формализам, како и дека треба да се земе предвид нивниот предмет и цел и оние на Конвенцијата воопшто, која, како договор за човекови права, мора да се толкува и применува на начин што ќе ги направи нејзините заштитни мерки практични и ефективни. Во поголемиот дел од својата историја, Судот се потпирал на тие правила за да даде поповолно толкување на правилата, како што е обврската за исцрпување на домашните правни средства, во корист на жалителите. Во текот на изминатите години, сепак, започнал тренд насочен кон построга примена на критериумите за допуштеност. Постојат две причини за овој тренд. 202 Прво, ја отсликува политиката на Судот од 2014 година да заземе многу построг пристап кон она што претставува валидна жалба пред Судот, и следејќи ја оваа политика, да се даде многу поскратен третман на жалбите коишто ги исполнуваат барањата од правилото 47 од Деловникот на Судот, но сепак, се немериторни или на друг начин несоодветни за испитување на супранационално ниво. 203 Второ, Конвенцијата денес претставува дел од домашното право кај многу од договорните страни и странките можат директно или конкретно да се потпрат на нејзините одредби пред нивните домашни судови. 204 Ова му овозможило на Судот да заземе поцврст став за одредени критериуми за допуштеност, како што е правилото за исцрпување на домашните правни лекови. Во судската практика на Судот постојат индиции коишто сугерираат дека, доколку странки можат изречно да се потпрат на Конвенцијата во домашните постапки, наскоро би можело да се бара од нив 199  Правило 36 од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 200  Правило 45(3) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 201  Vallianatos and Others v. Greece [GC], Nos. 29381/09 and 32684/09,§ 47, 7.11.13. 202  Harris, О’Boyle, Bates and Buckley, supra note 3, p. 47-49. 203  Ibid . 204  Ibid . Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 50 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур да го сторат тоа. Имено, во некои случаи, можеби веќе не е доволно едноставно да се потпираат на Конвенцијата„во суштина“. 205 При примената на овие критериуми, треба да се разликуваат две фази. Пред тужената влада да добие известување за жалбата според правилото 54(2)(б) од Деловникот на Судот и да се побараат нејзини опсервации(исто така познато како„комуникација“ на жалбата), Судот може по сопствена иницијатива да ја прогласи жалбата за недопуштена врз основа на сите критериуми утврдени во членовите 34 и 35 од Конвенцијата. Во оваа фаза, товарот е на жалителот да покаже дека критериумите за допуштеност се исполнети. По комуникацијата на жалбата, Судот, во принцип, ќе ги испита прашањата во врска со допуштеноста само доколку тужената влада покрене какви било приговори во однос на допуштеноста. Добро воспоставениот исклучок од ова правило е дека Судот може, во секое време во постапката, да разгледува прашања поврзани со критериумите за допуштеност, освен за неисцрпувањето на домашните правни средства. Имено, по комуникацијата, Судот нема да ги испитува прашањата коишто се однесуваат на неисцрпување на домашните правни средства, освен ако не се експлицитно покренати од владата. Оттука произлегува дека, во практика, неисцрпувањето на домашните правни средства е единствениот приговор во однос на допуштеноста којшто Судот не го испитува по сопствена иницијатива. Не постои одреден редослед по кој се применуваат критериумите за допуштеност. На пример, Судот често ќе утврди дека е непотребно да одлучува за прелиминарните приговори за неисцрпување на домашните правни средства кога може да биде поекспедитивно да се утврди дека предметната жалба е јасно неспоива ratione materiae или е очигледно неоснована. 2.2.  Категории на жалители Правилата на ЕСЧП во однос на тоа кој може да биде жалител во постапката пред Судот не се рестриктивни, иако се неразделно поврзани со барањето дека жалителот мора да покаже дека е жртва на повреда на едно или повеќе права заштитени со Конвенцијата. Притоа, Судот не смета дека е обврзан со домашните правила во однос на locus standi , од причина што таквите правила може да служат на цел којашто е поинаква од целта на член 34 од Конвенцијата. Според член 34 од Конвенцијата, правото на индивидуална жалба може да го оствари: секое физичко лице, невладина организација или група поединци. Секоја од овие категории на жалители има свои специфични карактеристики. 206 Така, секое физичко лице, без оглед на: државјанството, живеалиштето, граѓанскиот статус или деловната способност, може да побара заштита на правата загарантирани со ЕКЧП против некоја држава која е членка на Конвенцијата, кога наводната повреда настанала во рамки на надлежноста на засегнатата држава, во согласност со членот 1 од Конвенцијата. 207 Во овој случај: државјанството, живеалиштето, граѓанскиот статус или деловната способност се ирелевантни, а тестот што се применува е дали жалителот може да тврди дека бил жртва на повреда на правата на Конвенцијата. 205  Peacock v. the UK (dec.), no. 52335/12, 5 January 2016; Lee v. the UK (dec.), no. 18860/19, 7 December 2021. 206  Leach, supra note 17, p. 121-128. 207  Van der Tang v. Spain , Series A, No. 321,§ 53, 13 July 1995. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 51 Недостатокот на деловна способност, генерално, нема да влијае на правото на жалба. Така, Судот може да му дозволи на лице кое нема деловна способност според домашното право, да поведе постапка согласно Конвенцијата. 208 Во случајот Winterwerp v. Netherlands , 209 жалбата била поднесена од страна на човек кој претрпел сериозни оштетувања на мозокот во несреќа и кој бил задолжително затворен според холандското законодавство за ментално здравје. Во случајот Zehentner v. Austria , 210 жалителката немала деловна способност според домашното право, од причина што патела од параноидна психоза, но самата ја поднела жалбата до Судот. Нејзиниот старател после тоа се обратил до Судот за да изјави дека не го одобрил поднесувањето на жалбата и не сака да ја продолжи постапката. Но, жалителката изјавила дека сака Судот да продолжи да постапува по нејзината жалба и не сака да ја застапува нејзиниот старател. Судот ѝ дозволил на жалителката сама да продолжи со постапката по жалбата. Сепак, во случај кога жалителите се застапувани пред Судот од страна на роднини или друго лице, Судот ќе бара доказ за нивното овластување да го застапуваат жалителот. Судот прифатил дека близок роднина може да поднесе жалба во име на жртва на наводна повреда на Конвенцијата, особено имајќи ја предвид ранливоста на жртвата 211 или лошата здравствена состојба на жртвата. 212 Исто така, Судот може да му дозволи на едно лице да поднесе жалба во име на друго лице, како, на пример, дете, дури и во случај кога лицето за тоа не е овластено согласно домашното право. 213 Во вакви околности, жалителот треба до Судот да поднесе писмо од жртвата во кое се потврдува неговото овластување да ја поднесе жалбата. 214 Децата може да бидат жалители во случаи пред ЕСЧП, како во врска со возрасните жртви кои потекнуваат од истата жалба, така и самостојно. Така, во случајот Marckx v. Belgium , 215 невенчана мајка и нејзината малолетна ќерка се жалеле на нелегитимните закони во Белгија, во врска со оставината и наследувањето на имотот. Случајот A v. United Kingdom 216 се однесувал на тешкото малтретирање на детето на жалителот од страна на очувот и неуспехот на државата да му обезбеди на детето заштита од малтретирањето. Исто така, децата може да бидат застапувани од страна на родител, како во случајот Campbell and Cosans v. United Kingdom , 217 кога жалителите се жалеле во име на нивните деца во однос на ризикот од физичка казна во училиште, или од страна на друг член на семејството. 218 Ова ќе зависи од тоа дали постои потенцијален конфликт на интереси 219 или од тоа дали има причина родителот или некој друг член на семејството да нема такво овластување согласно домашното право. Судот, исто така, ќе земе предвид и дали децата, 208  Zehentner v. Austria , No. 20082/02,§ 39, 16 July 2009. 209  Winterwerp v. Netherlands, Series A, No. 33, 24.10.79. 210  Zehentner v. Austria , No. 20082/02, 16 July 2009. 211  Y.F. v. Turkey , No. 24209/94,§ 3, ECHR 2003-IX. 212  Hasan İlhan v. Turkey , No. 22494/93,§§ 53-55, 9 November 2004. 213  Kurt Nielsen v. Denmark , No. 33488/96,§§ 56-57, 15 February 2000; Scozzari and Giunta v. Italy [GC], Nos. 39221/98 and 41963/98,§ 138, ECHR 2000-VIII. 214  Hasan İlhan v. Turkey , No. 22494/93,§ 53, 9 November 2004. 215  Marckx v. Belgium , No.6833/74, 13.6.79. 216  A. v. the United Kingdom , No. 35373/97, ECHR 2002-X. 217  Campbell and Cosans v. the United Kingdom , 25 February 1982. 218  N.Ts. and Others v. Georgia , No. 71776/12, 2 February 2016 – жалба поднесена врз основа на член 8 во име на три момчиња од страна на нивната тетка. 219  P., C. and S. v. the United Kingdom , No. 56547/00, ECHR 2002-VI. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 52 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур во спротивно, би биле лишени од ефективната заштита на нивните права согласно Конвенцијата. 220 Во случајот Hokkanen v. Finland , 221 таткото поднел жалба во однос на спор за старателство над детето со дедото и бабата на детето од мајчина страна. Таткото, исто така, поднел жалба и во име на неговата ќерка, но тој аспект на случајот бил прогласен за недопуштен, од причина што било утврдено дека тој не бил старател на детето во релевантното време. Од друга страна, во случајот Scozzari and Giunta v. Italy , 222 Големиот судски совет признал дека онаму каде што има конфликт во однос на интересите на малолетникот меѓу биолошкиот родител и лицето назначено од страна на властите за старател на детето, би можело да постои ризик дека за определени прашања нема да му се обрне внимание на Судот. Од овие причини било утврдено дека жалителот, како биолошка мајка, има овластување да ги застапува нејзините деца, и покрај тоа што ѝ биле одземени родителските права. Сепак, Судот утврдил дека во случаи коишто произлегуваат од спорови меѓу родителите, за да ги заштити интересите на детето ќе биде овластен да постапува родителот кој има старателство. Затоа, во такви ситуации, својството на биолошки родител може да не биде доволно за да се поднесе жалба во име на детето. 223 Децата, исто така, може да бидат застапувани пред Судот и од страна на други, како што се правните застапници, под услов застапниците да обезбедат доказ дека имаат овластување да постапуваат. 224 Доколку децата станат полнолетни за време на траењето на постапката пред Судот, од нив ќе се бара да потврдат дали сакаат да продолжат со постапката. 225 Судот нема да прифати жалби во име на починато лице. Сепак, постои добро утврдена практика дека жалба може да биде поднесена во име на починато лице од страна на близок роднина или наследник, кога се смета дека имаат доволен или легитимен интерес, или кога постои поширок општ интерес којшто го оправдува продолжувањето на случајот. 226 Исто така, во случај кога жалителот ќе почине додека постапката пред Судот сè уште трае, постапката обично може да биде продолжена од страна на блиски роднини или наследници на жалителот, доколку тие лица имаат легитимен интерес 227 или доколку Судот смета дека жалбата е од општа важност. Ситуациите кога Судот прифаќа жалби во име на починато лице ќе бидат детално објаснети во продолжение на ова поглавје, во контекст на постоењето на статус на жртва. Правно лице кое тврди дека е жртва на повреда на правата заштитени со Конвенцијата и нејзините протоколи, извршена од страна на држава која е договорна страна на Конвенцијата, може да има статус на жалител пред Судот само ако се работи за невладина организација во смисла на член 34 од Конвенцијата. Имено, терминот„невладина организација“ овде се употребува во пошироко значење, како спротивност на терминот„вла220  N.Ts. and Others v. Georgia , No. 71776/12, 2 February 2016. 221  Hokkanen v. Finland , Series A. No. 299-A, 23 September 1994. 222  Scozzari and Giunta v. Italy [GC], Nos. 39221/98 and 41963/98, ECHR 2000-VIII. 223  Sahin v. Germany [GC], No. 30943/96, ECHR 2003-VIII.; Petersen v. Germany (dec.), No. 39793/98, ECHR 2001-XII.; Eberhard and M. v. Slovenia , Nos. 8673/05& 9733/05, 1 December 2009. 224  SD, DP and T v. United Kingdom, No. 23715/94, 5.96 . ; Giusto and Bornacin v. Italy (dec.) , No. 38972/06, 15.5.07.; Šneersone and Kampanella v. Italy, No. 14737/09, 12 July 2011. 225  Lautsi and Others v. Italy [GC], No. 30814/06,§ 1, ECHR 2011; Raw and Others v. France , No. 10131/11,§ 53, 7 March 2013. 226  М icallef v. Malta, No. 17056/06, 15.10.09. 227  Jėčius v. Lithuania, No. 34578/97, ECHR 2000-IX.; Ergezen v. Turkey , No. 73359/10, 8 April 2014. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 53 дина организација“. Ова значи дека терминот„невладина организација“, во смисла на член 34 од Конвенцијата, ги исклучува сите организации што вршат определени владини овластувања. Во оваа смисла, жалител може да биде: компанија, професионално здружение, трговска унија, политичка организација, религиозна организација, НВО, 228 и слично. Имено, во зависност од природата на наводната повреда на Конвенцијата, самата компанија, како организација, може да поднесе жалба согласно Конвенцијата. Притоа, треба да се има предвид дека на определени права од Конвенцијата, по дефиниција, може да се повикаат само поединци и тие права не може да се прошират на организации. Такви права се: слободата на мисла, совест и вера, 229 правото на образование, 230 правото да не се биде подложен на понижувачко однесување или казнување. 231 Исто така, важно е да се истакне дека НВО не може да биде жалител во постапката пред Судот, доколку не може да тврди дека самата организација е жртва на повреда на Конвенцијата. 232 Во определени ситуации постојат исклучоци од ова правило. Во случајот Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania , 233 Големиот судски совет исклучително утврдил дека невладината организација жалител имала право да поднесе жалба врз основа на член 2 во име на Валентин Кампеану, кој починал во сиропиталиште на возраст од 18 години, при што бил ХИВ позитивен и имал тешка ментална попреченост. Судот го зел предвид фактот дека г. Кампеану немал близок жив роднина и дека невладината организација жалител започнала домашни постапки во негово име, без, притоа, да има какви било приговори од страна на релевантните домашни органи. Исто така, државните власти не назначиле старател или друга форма на застапник. Од тие причини, Судот заклучил дека доколку одлучи поинаку, тоа би значело спречување таквите сериозни наводи за повреда на Конвенцијата да бидат испитани на меѓународно ниво, со ризик дека тужената држава може да избегне одговорност според Конвенцијата, како резултат на нејзиниот неуспех да назначи законски застапник кој ќе дејствува во негово име, како што била должна да постапи според националниот закон. Слично било постапено и во случајот Kondrulin v. Russia , 234 кој се однесувал на несоодветна медицинска грижа во однос на жалителот, кој бил притвореник. Кога жалителот починал од рак во текот на постапката, невладината организација АГОРА, која го застапувала, побарала да го заземе неговото место во постапката. Ова барање било одобрено од страна на Судот, врз основа на тоа што жалителот починал во притвор, не оставајќи никакви познати роднини, како и врз основа на тоа што адвокатите на АГОРА го претставувале во домашните постапки, без, притоа, да има какви било приговори од страна на националните власти. Терминот„владини организации“, наспроти терминот„невладини организации“, во смисла на член 34 од Конвенцијата, не се однесува само на централните органи на др228  Се мисли на невладина организација во потесно значење, како непрофитна, граѓанска организација, која обично има за цел да реши определени општествени или политички прашања. 229  X and Church of Scientology v. Sweden, 1979. 230  Ingrid Jordebo Foundation& Christian Schools and Ingrid Jordebo v. Sweden, No. 11533/85, 1987. 231  Kontakt-Information-Therapie and Hengen v. Austria, No. 11921/86, 1988. 232  Čonka v. Belgium , No. 51564/99, ECHR 2002-I– организацијата Ligue des Droits de L’homme не можела да тврди дека е жртва на повредите кои ги доживеало семејството-жалител. 233  Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania [GC], No. 47848/08, ECHR 2014. 234  Kondrulin v. Russia , No. 12987/15, 20 September 2016. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 54 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур жавата, туку и на децентрализираните власти коишто вршат јавни функции, без оглед на нивната автономија во однос на централните органи. Овој термин, исто така, се однесува и на локални и регионални власти, 235 општина 236 или дел од општина која учествува во вршењето на јавните овластувања. 237 Ниту една од овие владини организации нема право да поднесува жалба врз основа на член 34 од Конвенцијата. Исто така, терминот„владина организација“ се однесува и на правни лица кои учествуваат во извршувањето на владини овластувања или вршат јавна услуга под владина контрола. Со цел да се утврди дали определено правно лице, кое не претставува територијална власт, е опфатено со терминот„владина организација“, мора да се земе предвид: неговиот правен статус и, онаму каде што е соодветно, правата што ги дава статусот; природата на дејноста што ја извршува и контекстот во кој се спроведува; како и степенот на неговата независност од политичките власти. 238 Така, терминот„владина организација“ не се однесува на компании во државна сопственост, кои уживаат доволна институционална и оперативна независност од државата. 239 Таквите компании, и покрај тоа што се во државна сопственост, може да поднесуваат жалби до Судот. 240 Конечно, жалба може да биде поднесена и од страна на група поединци. Имено, се работи за неформални здруженија на неколку поединци, кои најчесто се привремени. 241 Сепак, треба да се има предвид дека локалните власти, или било кое друго владино тело, не може да поднесат жалби преку поединците што ги сочинуваат или ги застапуваат, во врска со дела што се казнуваат од страна на државата за која се врзани и во чие име вршат јавни овластувања. 242 2.3.  Статус на жртва Според член 34 на Конвенцијата, само жалителите кои сметаат дека се жртви на некоја повреда на Конвенцијата можат да се жалат пред Судот. Жалителот мора да тврди дека е жртва на повреда на едно или повеќе права загарантирани со Конвенцијата. 243 Притоа, националните власти се оние кои првенствено треба да ја исправат секоја наводна повреда на Конвенцијата. Во оваа смисла, фактот дали некој жалител може да тврди дека е жртва на наводна повреда е суштински во секоја фаза на постапката пред Судот. 244 Зборот„жртва“, во контекст на член 34 од Конвенцијата, подразбира лице, или лица, кои на директен или индиректен начин се засегнати од наводната повреда. 245 Оттука, членот 34 не се однесува само на директната жртва, или жртви, на наводната повреда, туку и на сите индиректни жртви на коишто повредата би им предизвикала штета или кои би 235  Radio France and Others v. France (dec.), No. 53984/00,§ 26, ECHR 2003-X. 236  Ayuntamiento de Mula v. Spain (dec.), No. 55346/00, ECHR 2001-I. 237  Municipal Section of Antilly v. France (dec.), No. 45129/98, ECHR 1999-VIII. 238  Radio France and Others v. France (dec.), No. 53984/00,§ 26, ECHR 2003-X.; Kotov v. Russia [GC], No. 54522/00,§ 93, 3 April 2012. 239  Islamic Republic of Iran Shipping Lines v. Turkey , No. 40998/98,§§ 80-81, ECHR 2007-V.; Ukraine-Tyumen v. Ukraine , No. 22603/02,§§ 25-28, 22 November 2007; Unédic v. France , No. 20153/04,§§ 48-59, 18 December 2008. 240  European Court of Human Rights, Practical Guide on Admissibility Criteria , 4 th Edition, Council of Europe, Strasbourg, 2017, p. 9. 241  Belgian Linguistic Case (No. 2)(dec.), Series A, No. 6, 23.7.68. 242  Demirbaş and Others v. Turkey (dec.) , No. 1093/08 et al, 9.11.10. 243  Senator Lines GmbH v. 15 Member States of the European Union (dec.) , No. 56672/00, 10.3.04. 244  Scordino v. Italy (No. 1)[GC], No. 36813/97,§ 179, ECHR 2006-V. 245  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 10. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 55 имале валиден и личен интерес истата да се елиминира. 246 Ова значи дека индивидуална жалба може да биде поднесена не само од страна на директната жртва на наводна повреда на Конвенцијата, туку дека во одредени специфични ситуации жалител може да биде и потенцијална жртва, како и лице кое се смета за индиректна жртва на наводна повреда на Конвенцијата. 247 Поимот„жртва“ се толкува автономно и независно од домашните правила, како што се правилата за постоење на интерес или способноста за преземање дејство, 248 иако Судот треба да го земе предвид фактот дека жалителот бил странка во домашните постапки. 249 Исто така, овој поим не подразбира постоење на штета. 250 Доволно би било да постои дејство што има само привремени правни последици. 251 Според Судот, не е потребно жртвата да претрпела штета. Тоа е релевантно само во однос на доделувањето на правичен надомест, согласно членот 41 од Конвенцијата. Во случајот De Jong, Baljet и Van Den Brink v. Netherland s, 252 на пример, Владата приговарала на статусот на жртва на г. Ван ден Бринк, поради наводниот недостаток на штета причинета кон него. Тој бил воен регрут, кој одбил да ги почитува наредбите врз основа на совесен приговор и заради тоа бил уапсен и притворен. Владата тврдела дека жалителот не може да тврди дека е жртва, бидејќи неговото време поминато во притвор е одземено од казната изречена за него. Сепак, Судот сметал дека жалителот бил директно засегнат од одлуката во прашање и дека одбивањето на времето поминато во притвор од казната не можело да го лиши жалителот од статусот на жртва. Слична одлука била донесена и во случајот CC v. United Kingdom . 253 Жалителот се жалел на автоматски притвор пред судење. Европската комисија за човекови права во овој случај утврдила дека одбивањето на периодот поминат во притвор од казната не го лишува жалителот од статусот на жртва, бидејќи не претставува потврда дека Конвенцијата била повредена. Во случајот Eckle v. Germany , 254 кој се однесува на должината на кривичната постапка поведена против жалителот, Судот сметал дека ублажувањето на казната и запирањето на постапката поради прекумерната должина, во принцип, не го лишиле жалителот од статусот на жртва. Тие прашања требало да бидат земени предвид при проценката на степенот на штетата што ја претрпел жалителот. Меѓутоа, позицијата може да биде поинаква во случај кога националните власти признале, експлицитно или во суштина, дека имало повреда на Конвенцијата, при што билo обезбеденo и обесштетување за жртвата. Имено, ова би можело да доведе до губење на статусот на жртва, за што подетално ќе стане збор во продолжение на ова поглавје. 246  Vallianatos and Others v. Greece [GC], Nos. 29381/09 and 32684/09,§ 47, ECHR 2013. 247  Leach, supra note 21, p. 128-136. 248  Gorraiz Lizarraga and Others v. Spain , No. 62543/00,§ 35, ECHR 2004-III. 249  Aksu v. Turkey [GC], Nos. 4149/04 and 41029/04,§ 52, ECHR 2012, Micallef v. Malta [GC], No. 17056/06,§ 48, ECHR 2009. 250  Brumărescu v. Romania [GC], No. 28342/95,§ 50, ECHR 1999-VII. 251  Monnat v. Switzerland , No. 73604/01,§ 33, ECHR 2006-X. 252  De Jong, Baljet и Van Den Brink v. Netherland s, Nos. 8805/79, 8806/79& 9242/81, Series A, No. 77, 18.6.71. 253  CC v. United Kingdom, No. 32819/96, 30.6.98. 254  Eckle v. Germany, No. 8130/78, Series A, No. 51, 15.7.82. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 56 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Толкувањето на поимот„жртва“ треба да се развива и да еволуира во светло на условите во современото општество, како и да се применува без прекумерен формализам. 255 Според Судот, прашањето за статусот на жртва може да биде во врска со основаноста на случајот. 256 Притоа, Судот може ex officio да го испита постоењето на статусот на жртва. 257 Жалбите може да се поднесат само од страна на живи лица, жртви на определена повреда на Конвенцијата, или во корист на живи лица. 258 Починато лице не може да поднесе жалба, дури ниту преку застапник. 259 Меѓутоа, ситуацијата е поинаква кога директната жртва ќе почине пред да ја поднесе жалбата до Судот. 260 Така, на пример, определено лице може да поднесе: жалба што се однесува на жалбени наводи поврзани со смртта на негов близок роднина, 261 жалба што се однесува на исчезнувањето на негов близок роднина, 262 и слично. Со цел да покаже дека е жртва на повреда на ЕКЧП, во контекст на поднесувањето на жалба во согласност со член 34, жалителот мора да покаже дека е„директно погоден“ од мерката на која се жали. 263 Ова е неопходно за да се стави во сила механизмот за заштита на Конвенцијата. 264 Сепак, овој критериум не треба да се применува на: крут, механички и нефлексибилен начин во текот на постапката. 265 Тестот којшто го применува Судот за да утврди дали определен жалител има статус на жртва, се состои во тоа што жалителот мора да покаже дека бил лично или директно погоден од наводната повреда на Конвенцијата. Судот, исто така, утврдил дека, со цел жалителот да може да тврди дека е жртва на повреда на Конвенцијата, мора да постои доволно директна врска помеѓу жалителот и штетата што смета дека ја претрпел како резултат на наводната повреда. Ова прашање било разгледувано во случајот Brudnicka and Оthers v. Poland . 266 Во случајот Brudnicka and Оthers v. Poland , жалителите биле роднини на морнари кои загинале кога потонал ферибот. Причините за несреќата биле испитувани од страна на неколку дивизии за поморски спорови, кои утврдиле дека екипажот бил небрежен. Жалителите тврделе дека има повреда на правото на независен и непристрасен трибунал во контекст на член 6 од Конвенцијата, кој го гарантира правото на правично судење. Имено, нивните жалбени наводи се однесувале на независноста и непристрасноста на дивизиите за поморски спорови, а го засегале правото на добар углед на жртвите на бродоломот. Владата тврдела дека жалителите немаат статус на жртва, бидејќи членовите на екипажот не биле 255  Gorraiz Lizarraga and Others v. Spain , No. 62543/00,§ 38, ECHR 2004-III.; Stukus and Others v. Poland , No. 12534/03,§ 35, 1 April 2008; Ziętal v. Poland , No. 64972/01,§ 54-59, 12 May 2009. 256  Siliadin v. France , No. 73316/01,§ 63, ECHR 2005-VII. 257  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 10. 258  Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania [GC], No. 47848/08,§ 96, ECHR 2014. 259  Kaya and Polat v. Turkey, Nos. 2794/05 & 40345/05 , 21.10.08. 260  Fairfield v. the United Kingdom (dec.) , No. 24790/04, 8.3.05. 261  Velikova v. Bulgaria (dec.), No. 41488/98, ECHR 1999-V. 262  Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 112, ECHR 2009. 263  Tănase v. Moldova[GC], No. 7/08,§ 104, ECHR 2010; Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05,§ 33, ECHR 2008; Lambert and Others v. France [GC], No. 46043/14,§ 89, ECHR 2015. 264  Hristozov and Others v. Bulgaria , Nos. 47039/11 and 358/12,§ 73, ECHR 2012. 265  Micallef v. Malta [GC], No. 17056/06,§ 45, ECHR 2009; Karner v. Austria , No. 40016/98,§ 25, ECHR 2003-IX.; Aksu v. Turkey [GC], Nos. 4149/04 and 41029/04,§ 51, ECHR 2012. 266  Brudnicka and Others v. Poland , No. 54723/00, ECHR 2005-II. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 57 именувани поединечно од страна на поморските дивизии. Сепак, Судот ја отфрлил таа позиција, утврдувајќи дека статусот на жртва не е условен исклучиво врз основа на заклучокот дека угледот на жалителот бил повреден и дека применливоста на Конвенцијата не зависи од тоа дали била утврдена вината на секој член на екипажот. Понатаму, во случајот Dilipak v. Turkey , 267 жалителот бил новинар кој бил кривично гонет за деградирање на вооружените сили, откако напишал статија во којашто ги критикува разните интервенции на командантите во владината политика. Жалителот се жалел на повреда на правото на слободно изразување, предвидено во член 10 од Конвенцијата. Со оглед на тоа што турските судови констатирале застареност на кривично гонење по 6 и пол годишно траење на постапката, никогаш не била донесена конечна пресуда. Од овие причини, Владата во овој случај тврдела дека кривичната постапка е запрена и затоа жалителот нема повеќе статус на жртва. Сепак, овој аргумент бил одбиен од страна на Судот, врз основа на тоа што жалителот останува под ризик да биде прогласен за виновен и казнет, додека самата кривична постапка негативно влијаела врз неговата способност да ја извршува својата улога како политички коментатор. Постојат бројни примери на случаи во кои се утврдило дека жалителите не успеале да го поминат тестот кој Судот го применува за да се утврди дали имаат статус на жртва. 268 Во тие случаи жалбите се прогласуваат за недопуштени ratione personae . Во случајот Fédération Chrétienne des Témoins de Jéhovah de France v. France , 269 на пример, жалителот, национална асоцијација што ги претставува Јеховините сведоци, се обидел да се жали на парламентарниот извештај за секти, за кој тврдел дека предизвикал политика на репресија и закон за спречување и сузбивање на секти. Жалбата била прогласена за недопуштена, врз основа на тоа што жалителот не можел да тврди дека бил директно засегнат од предметната мерка. Слично на тоа, за жалителите во случаите Ouardiri v. Switzerland 270 и Ligue des muslumans de Suisse and others v. Switzerland 271 било утврдено дека немаат статус на жртва. Тие се обиделе да се спротивстават на предложената забрана за изградба на минариња, но се утврдило дека случаите се слични на actio popularis , бидејќи мерката не започнала да се спроведува и не постоело ништо што би сугерирало дека тоа би имало практични ефекти врз жалителите. Понатаму, во случајот Magee v. United Kingdom , 272 жалителот, кој бил адвокат, се жалел на постоењето на обврска за апликантите кои сакаат да станат адвокати на кралицата да мора да положат заклетва на верност, при што тврдел дека оваа обврска претставува повреда на членовите: 9, 10, 13 и 14 од Конвенцијата. Сепак, жалбата била прогласена за недопуштена врз основа на тоа што како резултат на одбивањето на неговото барање да стане адвокат на кралицата, тој не можел да тврди дека е жртва на повреда според член 34 од Конвенцијата. 267  Dilipak v. Turkey , No. 29680/05, 15 September 2015. 268  SEGI v. Germany and others (dec.) , Nos. 6422/02& 9916/02, 23.5.02.; Akdeniz v. Turkey , No. 25165/94, 31 May 2005. 269  Fédération chrétienne des témoins de Jéhovah de France v. France (dec.), No. 53430/99, ECHR 2001-XI. 270  Ouardiri v. Switzerland(dec.), No. 65840/09, 28.6.1. 271  Ligue des muslumans de Suisse and others v. Switzerland (dec.) , No. 66274/09, 28.6.11. 272  Magee v. United Kingdom (dec.) , No. 24892/95, 6.4.95. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 58 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Во случајот Leigh, Guardian Newspapers Ltd and Observer Ltd v. United Kingdo m, 273 во врска со развојот на обичајното право што ја ограничува употребата на„откриени“ документи кои биле прочитани на суд, жалителите биле новинари и компанија за весници кои тврделе дека нивните извори на информации биле негативно засегнати, бидејќи примателите на такви информации нема да им дозволуваат на новинарите да ги видат информациите и дека сето тоа има негативен ефект врз нивното право на слобода на изразување. Сепак, жалителите не биле сметани за жртви, бидејќи не биле самите тие оние на кои нешто им било забрането или кои биле ограничени во однос на нешто. Со цел да се помине успешно тестот наменет да се утврди статусот на жртва, штетата на којашто се жалеле требало да биде од помалку индиректна и далечна природа. Членот 34 од Конвенцијата не дозволува жалби in abstracto за повреда на Конвенцијата. 274 Меѓутоа, во одредени специфични ситуации, Судот прифатил дека жалителот може да биде потенцијална жртва. Така, членот 34 може да дозволи жалителот да се жали дека самиот закон ги повредува неговите права загарантирани со Конвенцијата, дури и ако немало конкретни мерки кои биле спроведени против него. Судот истакнал дека Конвенцијата не предвидува поднесување на actio popularis за толкување на правата кои ги содржи и не дозволува поединци да се жалат на одредби од домашен закон кои немале директно влијание врз нив, единствено заради тоа што сметаат дека се спротивни на Конвенцијата. 275 Сепак, дозволено е определено лице да тврди дека законот ги крши неговите или нејзините права, во отсуство на индивидуална мерка којашто се имплементира, доколку е обврзано да го модифицира своето однесување, или ризикува да биде кривично гонето, или ако припаѓа на класа(категорија) на лица кои ризикуваат да бидат директно засегнати од законодавството. 276 За да може да тврди дека е жртва во таква ситуација, жалителот мора да даде разумни и убедливи докази за веројатноста дека ќе настапи повреда што го засегнува лично. Само сомнеж или претпоставка не се доволни за да се утврди статус на жртва. 277 Потенцијалните жртви на повреди на Конвенцијата мора да му покажат на Судот дека постои вистински личен ризик да бидат директно засегнати од повредата. 278 Лицата за коишто се смета дека се изложени на ризик, вообичаено се категоризираат во различни категории, вклучувајќи ги тука и оние лица кои се изложени на ризик од кривично гонење. Како пример во оваа смисла би можеле да послужат случаите: Dudgeon v. United Kingdom , 279 Norris v. Ireland 280 и Modinos v. Cyprus , 281 кои се однесуваат на домашното законодавство што ги криминализира хомосексуалните активности. Во случајот Dudgeon 273  Leigh, Guardian Newspapers Ltd and Observer Ltd v. United Kingdo m(dec.), No. 10039/82, 11.5.84. 274  Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania [GC], No. 47848/08,§101, ECHR 2014. 275  Aksu v. Turkey [GC], Nos. 4149/04 and 41029/04,§ 50, ECHR 2012; Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05,§ 33, ECHR 2008. 276  Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05,§ 34, ECHR 2008; Tănase v. Moldova [GC], No. 7/08,§ 104, ECHR 2010; Michaud v. France , No. 12323/11,§§ 51-52, ECHR 2012; Sejdić and Finci v. Bosnia and Herzegovina [GC], Nos. 27996/06 and 34836/06,§ 28, ECHR 2009. 277  Senator Lines GmbH v. Austria, Belgium, Denmark, Finland, France, Germany, Greece, Ireland, Italy, Luxembourg, the Netherlands, Por tugal, Spain, Sweden and the United Kingdom (dec.)[GC], No. 56672/00, ECHR 2004-IV. 278  Open Door and Dublin Well Woman v. Ireland , Series A No. 246-A,§ 44, 29 October 1992; Johnston and Others v. Ireland , Series A No. 112,§ 42, 18 December 1986. 279  Dudgeon v. the United Kingdom , Series A, No. 45, 22 October 1981. 280  Norris v. Ireland , Series A, No. 142, 26 October 198. 281  Modinos v. Cyprus , Series A, No. 259, 22 April 1993. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 59 v. United Kingdom , 282 жалителот се жалел дека можел да биде подложен на кривично гонење заради неговото хомосексуално однесување и се жалел на: страв, страдање и психичко вознемирување предизвикани од самото постоење на законите за кои станало збор во овој случај. Тој бил испитуван од страна на полицијата за неговите хомосексуални активности и во неговата куќа бил извршен претрес, но не била покрената кривична постапка против него. Сепак, Судот прифатил дека самото постоење на законодавството постојано и директно влијаело врз неговиот приватен живот. Исто така, било релевантно дека законот за кој станува збор не е„мртво слово“. Слична одлука била донесена од страна на Европската комисија за човекови права за статусот на жалителот како жртва во случајот Sutherland v. United Kingdom , 283 кој се однесувал на одредување на минималната возраст за законски хомосексуални активности на 18 години, а не на 16 години. Имено, било утврдено дека пред жалителот да достигне 18-годишна возраст, постоењето на законодавството директно влијаело врз неговиот приватен живот, иако тој дури и не бил загрозен со преземање на кривично гонење. Понатаму, оние лица кои припаѓаат на определена група во општеството која би можела да биде засегната од одредена мерка или пропуст, исто така може да се сметаат за потенцијални жртви. Така, во случајот Balmer-Schafroth v. Switzerland , 284 Владата тврдела дека жалителите, кои живееле во близина на нуклеарна централа, не можеле да тврдат дека се жртви на одлуката за продолжување на лиценцата за работење на електрична централа, бидејќи последиците од повредите од кои тие се жалеле биле премногу далечни за да влијаат врз нив директно и лично. Сепак, Судот ги отфрлил овие аргументи, бидејќи приговорите на жалителите биле сметани за допуштени од страна на Швајцарскиот сојузен совет, како и заради тоа што би можело да има повреда на Конвенцијата дури и во отсуство на штета. Имено, штетата би била релевантна само во контекст на член 41 од Конвенцијата, кој го гарантира правото на правичен надомест. Во случајот John Shelly v United Kingdom , 285 жалителот се жалел дека властите не успеале да преземат превентивни чекори во однос на познатите ризици од ширење на вируси во затвор. Иако не тврдел дека тој самиот бил непосредно засегнат, Судот го прифатил статусот на жртва на жалителот, од причина што тој бил притворен во затвор, каде што имало значително поголем ризик од инфекција со ХИВ и ХЦВ и затоа тој можел да тврди дека е засегнат од здравствената политика. Случајот Open Door and Dublin Well Woman v. Irel and 286 се однесувал на забраната наметната од страна на ирските судови, која го спречува ширењето на информациите наменети за бремени жени, во однос на разни установи каде се врши абортус надвор од Ирска. Владата вложила приговор за статусот на жртва на две жалителки, кои се приклучиле кон жалбата како жени на возраст на која може да се очекува да родат деца, но кои тогаш не биле бремени. Судот утврдил дека двете жалителки припаѓаат на категорија на жени кои се на возраст на која може да се очекува да родат деца и кои може да бидат негативно за282  Dudgeon v. the United Kingdom , Series A, No. 45, 22 October 1981. 283  Sutherland v. the United Kingdom [GC], No. 25186/94, 22 March 2001. 284  Balmer-Schafroth v. Switzerland, No. 22110/93, 26.8.97. 285  John Shelly v United Kingdom (dec.) , No. 23800/06, 4.1.08. 286  Door and Dublin Well Woman v. Ireland , Series A, No. 246-A,§ 44, 29 October 1992. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 60 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур сегнати од ограничувањата наметнати со забраната. Затоа, за нив постоел ризик да бидат директно повредени од мерката на којашто се жалеле. Жалителот во случајот Michaud v. France 287 бил француски адвокат кој се спротивставил на правилата воведени од страна на Националниот адвокатски совет, со кои од адвокатите се барало да се известува за постоење на сомневање за перење пари. Иако овие правила не биле активирани против жалителот, имајќи предвид дека тие се однесувале на сите француски адвокати, Судот во овој случај сметал дека жалителот припаѓа на категорија на лица кои ризикувале да бидат директно погодени од нив и затоа има статус на жртва. Во случајот Burden v. United Kingdom , 288 жалителките, кои биле сестри и кои живееле заедно, се жалеле(според членот 14 во врска со членот 1 од Протоколот 1) дека кога било која од нив ќе почине, преживеаната сестра ќе треба да плати данок на наследство за делот од семејниот дом на починатата сестра, за разлика од преживеаниот партнер од брачна двојка или преживеаниот партнер од хомосексуален однос регистриран според Законот за граѓанско партнерство од 2004 година. Големиот судски совет прифатил дека, со оглед на нивната возраст, природата на нивната волја и вредноста на нивниот имот, жалителките воспоставиле вистински ризик дека една од нив би била обврзана да плати значителен данок на наследство за имотот наследен од нејзината сестра и затоа би можеле да тврдат дека се жртви на таквиот дискриминаторски третман. Во случајот Campbell and Cosans v. United Kingdom , 289 Владата тврдела дека жалбата поднесена од страна на родителите во корист на деца кои би можеле да бидат подложени на физичко казнување ако не се однесуваат правилно, не може да го задоволи тестот на жртва. Меѓутоа, Европската комисија за човекови права утврдила дека заканата од потенцијална употреба на физичко казнување, како средство за дисциплина, значи дека децата го имаат потребниот директен и непосреден личен интерес. Потенцијалните прекршувања на Конвенцијата, исто така, може да се појават во случаите кои се однесуваат на конкретни мерки кои, ако се спроведат, ќе ја прекршат Конвенцијата. Ова често се јавува во контекст на случаите на имиграција или екстрадиција. 290 Сепак, од жалителите ќе се бара да ја чекаат конечната одлука во која било домашна постапка и да ги исцрпат достапните и ефективни домашни средства за жалба пред нивните жалби да бидат прифатени од Судот. 291 Судот може да прифати индивидуална жалба и од лице што се смета за индиректна жртва. Имено, лицето кое не е директно засегнато од одредена мерка или пропуст, сепак може индиректно да биде засегнато од повредата на правата на Конвенцијата на друго лице, односно директната жртва, доколку има лична или посебна поврзаност меѓу директната жртва и жалителот. Ова често може да биде случај кога се работи за блиски семејни врски, но може да вклучува и други трети страни. На пример, членовите на семејството на лице кое е предмет на одлука за депортирање може да тврдат дека се жртви на повреда на Конвенцијата. Така, во оваа смисла, случајот Chahal v. United Kingdom 292 се однесувал на 287  Michaud v. France , No. 12323/11, ECHR 2012. 288  Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05, ECHR 2008. 289  Campbell and Cosans v. the United Kingdom , Series A, No. 48, 25 February 1982. 290  Soering v. the United Kingdom , Series A, No. 161, 7 July 1989; Chahal v. the United Kingdom , 15 November 1996. 291  Vijayanathan and Pusparajah v. France , Series A, No. 241-B, 27 August 1992. 292  Chahal v. the United Kingdom , 15 November 1996. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 61 предложената депортација на г. Чахал, сикиски лидер на сепаратистите, со образложение дека претставува закана за националната безбедност. Не само што самиот г. Чахал повел постапка согласно Конвенцијата, туку тоа го сториле и неговата сопруга и децата, тврдејќи дека неговата депортација ќе го наруши нивното право на почитување на семејниот живот, според член 8 од Конвенцијата. Случајот Abdulaziz, Cabales and Balkandali v. United Kingdom 293 се однесува на Законот за имиграција од 1971 година и правилата со кои се спречувале сопрузите на жалителките да останат со нив или да се приклучат на нив во Обединетото Кралство. Случајот бил поднесен од страна на жени кои биле законски и трајно населени во Обединетото Кралство, при што Судот утврдил повреда на член 8, во врска со член 14(како жртви на дискриминација врз основа на пол), како и повреда на член 13 од Конвенцијата. Ако наводната жртва на повредата починала пред поднесувањето на жалбата, можно е лицето кое го има потребниот правен интерес, како најблизок жив роднина на жртвата, да поднесе жалба во однос на смртта, или исчезнувањето на неговиот, или нејзиниот роднина. 294 Ова се должи на конкретната ситуација поврзана со природата на наводната повреда и важноста на ефективното спроведување на една од најосновните одредби во системот на Конвенцијата. 295 Во такви случаи, Судот прифатил дека членовите на потесното семејство, како што се родителите, на лице чија смрт или исчезнување ја вклучува одговорноста на државата, самите можат да тврдат дека се индиректни жртви на наводната повреда на член 2. Притоа, се смета дека не е релевантно прашањето дали се тие законски наследници на починатиот. 296 Најблискиот жив роднина, исто така, може да покрене и други основи за жалба, како што се членовите 3 и 5 од Конвенцијата, во име на починати или исчезнати роднини, под услов наводната повреда да е тесно поврзана со смрт или исчезнување што доведува до покренување на прашања од член 2. Така, во случајот Kurt v. Turkey , 297 жалбата на жалителката се однесувала на исчезнувањето на нејзиниот син, кој кога последен пат бил виден се наоѓал во притвор на безбедносните сили. Таа успешно се повикала на членовите 5 и 13 во врска со нејзиниот син. Истовремено, Судот во овој случај утврдил и повреда на член 3, притоа имајќи ги предвид нејзината болка и вознемиреност, кои жалителката ги претрпела во текот на подолг временски период. Во случаи кога наводната повреда на Конвенцијата не била тесно поврзана со смртта или исчезнувањето на директната жртва, пристапот на Судот е порестриктивен. 298 Судот, генерално, одбивал да дозволи статус на жалител на кое било друго лице, освен ако тоа не покажало свој личен интерес. 299 На пример, во случајот Sanles Sanles v. Spain , 300 кој се однесува на забрана за помагање на самоубиство и наводна повреда на членовите: 2, 3, 5, 8, 9 и 14, Судот сметал дека правата што ги бара жалителката, која во конкретниот случај била сопруга на братот на починатиот и правен наследник на починатиот, припаѓаат на 293  Abdulaziz, Cabales and Balkandali v. the United Kingdom , Series A, No. 94, 28 May 1985. 294  Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 112, ECHR 2009. 295  Fairfield v. the United Kingdom (dec.) , No. 24790/04, 8.3.05. 296  Van Colle v. the United Kingdom , No. 7678/09,§ 86, 13 November 2012. 297  Kurt v. Turkey, No. 24276/94, 25.5.98. 298  Karpylenko v. Ukraine , No. 15509/12,§ 104, 11 February 2016. 299  Nassau Verzekering Maatschappij N.V. v. The Netherlan ds(dec.), No. 57602/09,§ 20, 4.10.11. 300  Sanles Sanles v. Spain (dec.), No. 48335/99, ECHR 2000-XI. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 62 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур категоријата права кои не се преносливи и затоа таа не можела да тврди дека била жртва на повреда во корист на починатиот. Слични случаи се Biç and Others v. Turkey 301 и Fairfield v. United Kingdom. 302 Што се однесува до жалбите за малтретирање на починати роднини според членот 3 од Конвенцијата, Судот прифатил locus standi на жалителите само во случаи кога малтретирањето било тесно поврзано со смртта или исчезнувањето на нивните роднини. 303 Меѓутоа, не ја исклучил можноста дека може да признае locus standi во контекст на жалбите согласно член 3, во корист на жалителите кои се жалат на третман во врска со нивниот починат роднина, во случај кога таквите жалители покажуваат силен морален интерес, покрај материјалниот интерес за исходот на домашните постапки, или други релевантни причини, како што е важен општ интерес кој бара да се испита нивниот случај. 304 Во оние случаи кога статусот на жртва бил одобрен за блиски роднини, дозволувајќи им да поднесат жалба во врска со наводните повреди согласно, на пример, членовите: 5, 6 или 8, Судот земал предвид дали тие покажале морален интерес починатата жртва да се ослободи од каква било вина, 305 или интерес да се заштити нивниот сопствен углед и угледот на нивното семејство, 306 или дали покажале материјален интерес врз основа на директен ефект врз нивните материјални права. 307 Постоењето на општ интерес, кој придонесувал да биде неопходно натамошното разгледување на жалбите, исто така било земено предвид. 308 Во определени ситуации може да дојде до губење на статусот на жртва. Така, како што повеќе пати веќе беше нагласено, член 34 од Конвенцијата налага секој жалител кој поднел жалба до ЕСЧП да мора да покаже дека е жртва на повреда на Конвенцијата. Сепак, имајќи ги предвид целите на член 34, жалителите може да го изгубат статусот на жртва. Имено, обезбедувањето на обесштетување за наводните повреди на Конвенцијата е најпрво обврска на националните власти. Оттука, прашањето дали жалителот може да тврди дека е жртва на наводната повреда е релевантно во сите фази од постапката пред Судот. 309 Во оваа смисла, жалителот мора да биде во состојба да го оправда својот статус на жртва во текот на постапката. 310 Притоа, одлука или мерка којашто е поволна за жалителот, во принцип не е доволна за да го лиши од неговиот статус на жртва за целите на член 34 од Конвенцијата, освен ако националните власти не ја признале, експлицитно или во суштина, повредата на Конвен301  Biç and Others v. Turkey , No. 55955/00, 2 February 2006. 302  Fairfield v. the United Kingdom (dec.) , No. 24790/04, 8.3.05. 303  Karpylenko v. Ukraine , No. 15509/12,§ 105, 11 February 2016; Dzidzava v. Russia , No. 16363/07,§ 46, 20 December 2016. 304  Boacă and Others v. Romania , No. 40355/11,§ 46, 12 January 2016; Karpylenko v. Ukraine , No. 15509/12,§ 106, 11 February 2016; Stepanian v. Romania , No. 60103/11,§§ 40-41, 14 June 2016. 305  Nölkenbockhoff v. Germany, 25 August 1987,§ 33, Series A No. 123; Grădinar v. Moldova , No. 7170/02,§§ 95& 97-98, 8 April 2008. 306  Brudnicka and Others v. Poland , No. 54723/00,§§ 27-31, ECHR 2005-II .; Armonienė v. Lithuania , No. 36919/02,§ 29, 25 November 2008; Polanco Torres and Movilla Polanco v. Spain , No. 34147/06,§§ 31-33, 21 September 2010. 307  Nölkenbockhoff v. Germany, Series A No. 123,§ 33, 25 August 1987; Grădinar v. Moldova , No. 7170/02,§ 97, 8 April 2008; Мicallef v. Malta[GC] , No. 17056/06,§ 48, 15.10.09. 308  Micallef v. Malta [GC], No. 17056/06,§ 46& 50, ECHR 2009; Biç and Others v. Turkey , No. 55955/00,§§ 22-23, February 2006. 309  Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97§ 179, ECHR 2006-V. 310  Burdov v. Russia (dec.), No. 59498/00,§ 30, ECHR 2001-VI.; Centro Europa 7 S.r.l. and Di Stefano v. Italy [GC], No. 38433/09§ 80, ECHR 2012. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 63 цијата и потоа обезбедиле соодветно обесштетување. 311 Единствено во случај кога овие услови се исполнети, супсидијарната природа на заштитниот механизам на Конвенцијата не дозволува испитување на жалба. 312 Така, жалителот ќе го задржи статусот на жртва ако властите не успеале, експлицитно или во суштина, да признаат дека имало повреда на правата на жалителот, 313 дури и ако жалителот добил некаква компензација. 314 Во случајот Eckle v. Germany , 315 Судот утврдил тест за тоа кога ќе се смета дека жалителот го изгубил статусот на жртва. Според овој тест на Судот, потребно е исполнување на следниве услови за жалителот да го изгуби статусот на жртва: националните власти да признале, експлицитно или во суштина, дека имало повреда на Конвенцијата; на подносителот да му било обезбедено обесштетување. Значи, во рамки на релевантната судска практика се обрнува внимание на две прашања: адекватноста на признавањето од страна на властите и доволноста на обесштетувањето што е обезбедено на жалителот. Притоа, обезбеденото обесштетување мора да биде соодветно и доволно. Ова ќе зависи од сите околности на случајот, со посебен осврт на природата на повредата на Конвенцијата во прашање. Така, соодветноста на какво било обесштетување ќе биде оценето од страна на Судот во светло на сите околности на случајот и може да вклучи, на пример, проценка за тоа дали износот на која било компензација доделена во домашната постапка е пропорционален со природата на направената штета која е предмет на жалбата. 316 Од овие причини, статусот на жртва на жалителот може да биде засегнат со решавањето на домашната постапка или ослободување во кривичната постапка, со успешна жалба или запирање на домашната постапка. 317 Така, на пример, едно лице не може да тврди дека е жртва на повреда на неговото право на правично судење според членот 6 од Конвенцијата, што, според него, се случила во текот на постапката во која бил ослободен или која била запрена, 318 но може да тврди дека е жртва на повреда која се однесува на должината на предметната постапка. 319 Во некои други случаи, одговорот на прашањето дали жалителот го задржува статусот на жртва, може да зависи и од висината на надоместот кој е доделен од страна на домашните судови, како и од ефективноста, вклучувајќи ја и брзината на правниот лек со кој надоместот е определен. 320 Во секој случај, предметот може да биде симнат од листата на предмети на Судот, бидејќи жалителот го загубил статусот на жртва( locus standi ). Судот, исто така, испитува дали предметот треба да биде симнат од неговата листа на предмети врз една или повеќе основи утврдени во членот 37 на Конвенцијата, во контекст на настаните што се случиле непо311  Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97,§ 180, ECHR 2006-V.; Gäfgen v. Germany [GC], No. 22978/05,§ 115, ECHR 2010; Nada v. Switzerland [GC], No. 10593/08,§ 128, ECHR 2012. 312  Jensen and Rasmussen v. Denmark, No. 52620/99, 20.3.03.; Albayrak v. Turkey , No. 38406/97,§ 32, 31 January 2008. 313  Albayrak v. Turkey , No. 38406/97,§ 33, 31 January 2008; Jensen and Rasmussen v. Denmark, No. 52620/99, 20.3.03. 314  Centro Europa 7 S.r.l. and Di Stefano v. Italy [GC], No. 38433/09§ 88, ECHR 2012. 315  Eckle v. Germany , Series A, No. 51, 15 July 1982. 316  R.R. v. Poland , No. 27617/04, ECHR 2011; Mironovas and Others v. Lithuania , Nos. 40828/12 and 6 others, 8 December 2015. 317  Leach, Philip, supra note 17, p. 136. 318  Oleksy v. Poland , No. 64284/01, 28 November 2006.; Koç and Tambaş v. Turkey , No. 50934/99, 21 March 2006; Bouglame v. Belgium, No. 16147/08, 2.3.10. 319  Osmanov and Husseinov v. Bulgaria (dec.), Nos. 54178/00& 59901/00, 4 September 2003. 320  Normann v. Denmark (dec.), No. 44704/98, 14 June 2001; Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97,§ 202, ECHR 2006-V. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 64 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур средно по поднесувањето на жалбата, без оглед на фактот што жалителот сè уште може да тврди дека е жртва, 321 или дури и независно од тоа дали тој може, или не може да продолжи да бара статус на жртва. Во случај кога дошло до смрт на жртвата по поднесување на жалбата, сепак постапката пред Судот може да биде продолжена. Имено, и покрај тоа што жалбите може да бидат поднесени само од страна на живи лица или во нивна корист, смртта на жртвата не значи автоматско симнување на предметот од листата на предмети на Судот. Во принцип, жалбата поднесена од страна на првобитниот жалител пред неговата смрт може да биде продолжена од наследниците или членовите на потесното семејство, кои изразуваат желба да се продолжи со постапката, и под услов да имаат доволен интерес во однос на случајот. 322 Така, на пример, постапката може да ја продолжат: вдовицата и децата на починатиот жалител; 323 родителите на починатиот жалител; 324 невенчаниот или de facto партнер, 325 и слично. Меѓутоа, кога подносителот на жалбата починал во текот на постапката и никој не изразил желба да ја продолжи постапката, или лицата кои изразиле таква желба не се наследници или доволно блиски роднини на жалителот и не можат да покажат дека имаат друг легитимен интерес во однос на продолжувањето на постапката, Судот ќе ја симне жалбата од својата листа. 326 Сепак, во многу исклучителни случаи кога Судот смета дека почитувањето на човековите права, како што е дефинирано во Конвенцијата и нејзините протоколи, бара продолжување на испитувањето на случајот, Судот има овластување да го продолжи своето испитување за целите на заштитата на човековите права. 327 Овие овластувања се поврзани со постоењето на прашање од општ интерес. 328 Тие може да се појават особено тогаш кога жалбата задира во законодавството, или во правниот систем, или во практиката на тужената држава. 329 2.4.  Процесни основи за недопуштеност Групата за допуштеност на жалбата, која се однесува на процесните основи за недопуштеност, е содржана во членот 35 на ЕКЧП. Во оваа група се вбројуваат следниве критериуми за оценување на допуштеноста на жалбата: неисцрпување на домашните правни средства; непочитување на рокот од четири месеци; анонимна жалба; суштински иста жалба; злоупотреба на правото на жалба. 321  Pisano v. Italy [GC], No. 48420/99,§ 39, 23 October 2001 – предметот е симнат од листата на предмети на Судот. 322  Hristozov and Others v. Bulgaria , Nos. 47039/11 and 358/12,§ 71, ECHR 2012.; Malhous v. the Czech Republic [GC], No. 33071/96, 12 July 2001; Ergezen v. Turkey , No. 73359/10,§ 30, 8 April 2014. 323  Raimondo v. Italy , Series A, No. 281-A2,§ 2, 2 February 1994; Stojkovic v. The Former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 14818/02,§ 25, 8 November 2007. 324  X v. France , Series A, No. 234-C,§ 26, 31 March 1992. 325  Velikova v. Bulgaria (dec.), No. 41488/98, ECHR 1999-V. 326  Léger v. France[GC], No. 19324/02,§ 50, 30 March 2009. 327  Karner v. Austria , No. 40016/98,§§ 25 et seq., ECHR 2003-IX. 328  Karner v. Austria , No. 40016/98,§ 27, ECHR 2003-IX; Marie-Louise Loyen and Bruneel v. France , No. 55929/00,§ 29, 5 July 2005. 329  Karner v. Austria , No. 40016/98,§§ 26& 28, ECHR 2003-IX.; Léger v. France [GC], No. 19324/02,§ 51, 30 March 2009. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 65 2.4.1.  Неисцрпување на домашните правни средства Обврската за исцрпување на домашните правни средства, како критериум за допуштеност, е предвидена во член 35(1) од Конвенцијата, според кој„Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, врз основа на општоприфатените принципи од меѓународното право...“. Оваа обврска, всушност, претставува дел од обичајното меѓународно право и е призната во судската практика на Меѓународниот суд на правдата. Исто така, содржана е и во други меѓународни договори за човекови права. 330 Овој критериум за допуштеност е во согласност со принципот на супсидијарност. Имено, ЕСЧП треба да има супсидијарна улога во однос на националните системи за заштита на човековите права, при што е соодветно на националните судови да им се даде можност да ги утврдат прашањата што се однесуваат на усогласеноста на домашното право со Конвенцијата, 331 односно да им се даде можност да ги спречат или да ги исправат евентуалните повреди на Конвенцијата. Во оваа смисла, доколку подоцна, сепак, биде доставена жалба до ЕСЧП, Судот треба да извлече корист од ставовите на националните судови, од причина што тој е во директен и континуиран контакт со националните власти во тие држави. 332 Сето ова се заснова врз претпоставката содржана во членот 13 од ЕКЧП, според кој националниот правен поредок ќе обезбеди право на ефективен правен лек за повреди на правата од Конвенцијата, без оглед дали Конвенцијата е инкорпорирана во домашното право. 333 Оцената дали домашните правни средства се искористени или не, обично се прави имајќи го предвид датумот кога жалбата е поднесена до ЕСЧП. Судот постојано ја нагласува потребата за примена на овој критериум со извесен степен на приспособливост и без прекумерен формализам, во контекст на заштитата на човековите права. 334 Овој критериум не е ниту апсолутен, ниту може автоматски да се применува. 335 Во случајот Financial Times Ltd and Others v. The United Kingdom , 336 Судот ги зел предвид тесните временски рокови што биле определени за одговорот на жалителите, притоа истакнувајќи ја итноста со која требало да ги достават своите поднесоци. Сепак, важно е да се истакне дека жалителите мора да ги почитуваат правилата и постапките на домашното право. Во спротивно, најверојатно нивната жалба нема да ги исполнува условите што се пропишани во членот 35 од Конвенцијата. 337 Притоа, се смета дека не се почитува членот 35(1) од Конвенцијата, доколку домашниот апелационен суд не ја прифати жалбата за испитување заради процедурална грешка причинета од страна на 330  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 19. 331  A, B and C v. Ireland [GC], No. 25579/05,§ 142, ECHR 2010. 332  Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05,§ 42, ECHR 2008. 333  Akdivar v. Turkey, No. 21893/93,§ 65, 16.9.96. 334  Ringeisen v. Austria , Series A No. 13,§ 89, 16 July 1971; Lehtinen v. Finland (dec.), No. 39076/97, ECHR 1999-VII. 335  Kozacıoğluv. Turkey [GC], No. 2334/03,§ 40, 19.2.09. 336  Financial Times Ltd and Others v. the United Kingdom , No. 821/03,§§ 43-44, 15 December 2009. 337  Ben Salah Adraqui and Dhaime v. Spain (dec.), No. 45023/98, ECHR 2000-IV.; Merger and Cros v. France (dec.), No. 68864/01, 22 December 2004.; MPP Golub v. Ukraine (dec.), No. 6778/05, ECHR 2005-XI. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 66 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур жалителот. 338 Од друга страна, се смета дека се почитува членот 35(1) од Конвенцијата, доколку домашниот апелационен суд ја испитува основаноста на барањето, дури и во случај кога го смета за недопуштено. 339 Доколку на жалителот му се достапни повеќе потенцијални ефективни правни средства, не е потребно да ги искористи сите. Доволно е да искористи само едно од нив. 340 Имено, тоа значи дека ако е искористено едно правно средство, не е потребно за истата цел да се употреби друго правно средство. 341 Во случај на постоење на повеќе правни средства, жалителот треба да избере кое правно средство е најсоодветно во неговиот предмет. Во рамки на домашните постапки не е потребно изречно истакнување на правото од Конвенцијата, во случај кога жалбениот навод е истакнат„барем во суштина“. 342 Имено, ако жалителот не се потпира на одредбите на ЕКЧП, тогаш тој мора да истакне аргументи за таа, или за слична цел, врз основа на домашното право, за да им даде можност на домашните судови да ја исправат евентуалната повреда. 343 Во спротивно, жалбата ќе биде отфрлена како недопуштена заради неискористување на домашните правни средства. Жалбата ќе биде отфрлена заради неискористување на домашните правни средства и во случај кога е поднесена предвремено, односно пред да се дочека исходот од домашните постапки. Доколку жалбата е преуранета и заради тоа е прогласена за недопуштена од страна на Судот, жалителот потоа повторно може да поднесе нова жалба до Судот откако ќе бидат искористени соодветните домашни правни лекови. Така, во случајот Sarisülük v. Turkey , 344 кој се однесувал на неефективност на истрагата во врска со полициската акција за растурање на демонстрациите што настанале како резултат на настани на плоштадот „Таксим“, Судот ја отфрлил жалбата на жалителите како преуранета, заради тоа што домашната кривична постапка сè уште била во тек, при што во тој момент ниту самата постапка, ниту нејзината должина, не укажувале дека истрагата покажува рани знаци на неефективност. Покрај тоа, во тој момент немало никакви докази кои би ги ослободиле жалителите од исцрпување на домашните правни лекови во врска со поднесување на индивидуална жалба до Уставниот суд. Сепак, Судот нагласил дека ако домашните постапки не дадат соодветни резултати заради нивното долготрајно траење или организација, што ги прави неефективни во смисла на утврдената судска практика на Судот, жалителите ќе можат да поднесат нова жалба до Судот во рамки на определениот временски рок. Обврската на жалителот да ги искористи сите домашни правни средства се однесува само на оние домашни правни средства кои се: достапни, ефективни и доволни. Така, во случајот Uzun v. Turkey , 345 Судот во 2012 година го разгледувал воведувањето на нов правен лек пред Уставниот суд на Турција, кој имал надлежност да разгледува индивидуални жалби во врска со повреди на права загарантирани со Конвенцијата, откако сите останати 338  Gäfgen v. Germany[GC], No. 22978/05,§ 143, ECHR 2010. 339  Voggenreiter v. Germany , No. 47169/99, ECHR 2004-I. 340  Jeličić v. Bosnia and Herzegovina (dec.), No. 41183/02, ECHR 2005-XI.; Karakó v. Hungary , No. 39311/05,§ 14, 28 April 2009.; Aquilina v. Malta [GC], No. 25642/94,§ 39, ECHR 1999-III. 341  Riad and Idiab v. Belgium , Nos. 29787/03 and 29810/03,§ 84, 24 January 2008; Micallef v. Malta [GC], No. 17056/06,§ 58, ECHR 2009. 342  Ahmet Sadık v. Greece ,§ 33, 15 November 1996; Fressoz and Roire v. France [GC], No. 29183/95,§ 38, ECHR 1999-I.; Azinas v. Cyprus [GC], No. 56679/00,§§ 40-41, ECHR 2004-III. 343  Gäfgen v. Germany[GC], No. 22978/05,§§ 142, 144& 146, ECHR 2010; Karapanagiotou and Others v. Greece , No. 1571/08,§ 29, 28 October 2010. 344  Sarisülük v. Turkey , No. 64126/13,(dec.) 25.3.14. 345  Uzun v. Turkey , No. 48544/99, 20 April 2006. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 67 вообичаени правни средства ќе бидат исцрпени. Судот утврдил дека новиот правен лек е достапен на индивидуалните жалители, дека Уставниот суд има доволна надлежност да одлучува по жалбите за повреда на човекови права, како и дека ги има неопходните алатки за да обезбеди нивна имплементација. Според тоа, од поединците ќе се очекува да го искористат тој нов механизам пред да поднесат жалба до ЕСЧП. Со цел едно домашно правно средство да биде достапно, жалителот мора да биде во можност да поведе постапка директно, односно без да зависи од некој јавен орган или службеник. 346 Имено, доколку искористувањето на определено правно средство не зависи само од поединецот, туку и од некој јавен орган, тогаш не се бара таквото правно средство да биде искористено пред да се поднесе жалба до Судот. Недостапноста на правна помош може да има влијание на достапноста на определено правно средство, во зависност од: финансиските средства на жалителот, сложеноста на правното средство, како и од тоа дали законското застапување е задолжително во рамки на домашната постапка. 347 Судот прифатил дека онаму каде што определено домашно правно средство е воспоставено како резултат на прогресивното толкување од страна на судовите, треба да постои определен разумен временски период, кој ќе варира во зависност од околностите, и со кој ќе се овозможи јавноста да стане ефективно свесна за одлуката во прашање. 348 Исто така, Судот нема да биде задоволен доколку тужената договорна страна приговара дека не се исцрпени домашните правни средства кои се само теоретски достапни. Во оваа смисла, Судот може да бара од владата да обезбеди примери каде што предметното домашно правно средство било успешно употребено. Така, во случајот De Jong, Baljet and vand den Brink v. Netherlands , 349 во кој жалителите кои служеле во вооружените сили се жалеле дека биле притворени заради тоа што одбиле да почитуваат воени наредби, тужената Влада приговарала дека не биле искористени домашните правни средства, бидејќи жалителите можеле да поднесат тужбено барање до граѓанските судови. Меѓутоа, овие аргументи биле одбиени од страна на Судот затоа што немало ниту еден пример кога лица кои служеле во вооружените сили тужеле за штета, па од тие причини не било сигурно дека таквото домашно правно средство, всушност, е достапно. Во случајот Krombach v. France , 350 можноста за жалителот, кој бил суден во отсуство, да се одлучи за повторно судење, не била сметана за достапен правен лек, со оглед на тоа што неговата достапност зависела од апсењето на жалителот, што не претставувало доброволно дејство. Во случајот Conka v. Belgium , 351 кој се однесува на протерувањето на словачки Роми кои биле баратели на азил, Судот идентификувал неколку фактори кои воделе до заклучок дека домашните правни средства, всушност, не биле достапни за жалителите, и 346  Lepojić v. Serbia , No. 13909/05, 6 November 2007 – за барање за заштита на законитоста, кое може да се поднесе само преку јавен обвинител; Akçiçek v. Turkey (dec.) , No. 40965/10, 18.10.11 – за жалбена постапка чија примена зависи од дискрецијата на главниот јавен обвинител во касациониот суд; Immobiliare Saffi v. Italy [GC], No. 22774/93, ECHR 1999-V – за барање за оцена на уставноста кое може да се поднесе до Уставниот суд од страна на поединци само преку други судови; Iordachi and Others v. Mol dova , No. 25198/02, 10 February 2009; Tănase v. Moldova [GC], No. 7/08, ECHR 2010. 347  Aiery v. Ireland, Series A, No. 32, 9.10.79.; Faulkner v. the United Kingdom , No. 30308/96, 30 November 1999. 348  Depauw v. Belgium , No. 2115/04,(dec.) 15.5.07; Provide S.R.L. v. Italy (dec.) , No. 62155/00, 5.7.07; Vinčić and Others v. Serbia (dec.) , No. 44698/06 et seq., 1.12.09. 349  De Jong, Baljet и Van Den Brink v. Netherland s, Nos.8805/79, 8806/79& 9242/81, Series A, No.77, 18.6.71. 350  Krombach v. France , No. 29731/96, ECHR 2001-II. 351  Conka v. Belgium, No. 51564, 5.2.02. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 68 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур тоа: информацијата за потенцијален правен лек била врачена во полициска станица, но била напишана со ситни букви, на јазик кој жалителите не го разбирале; само еден преведувач бил достапен за голема група на ромски семејства, па според тоа постоеле мали изгледи за нив да можат да стапат во контакт со адвокат од полициската станица; властите не успеале да им обезбедат на жалителите каква било правна помош во полициската станица или во центарот за притвор; адвокат бил информиран за ситуацијата на жалителите во 22.30 часот во петок, а жалителите биле протерани следниот вторник, така што не било можно навремено разгледување на жалба(решавачки фактор). Иако стандардната позиција на Судот е дека проценката дали се исцрпени домашните правни лекови вообичаено се врши имајќи го предвид датумот кога жалбата била поднесена до Судот, можно е Судот да направи исклучок од ова правило во случај кога е воспоставена нова форма на домашен правен лек кој има ретроспективно дејство. Имено, Судот сè повеќе ги признава исклучоците од овој принцип, при што од жалителите чии случаи се во тек пред Судот може да се бара да се вратат повторно назад во домашниот систем, доколку по поднесувањето на нивната жалба бил воспоставен релевантен нов домашен правен лек. 352 Ова е особено случај кога се работи за нови правни лекови во поглед на прекумерната должина на постапката, за што ќе стане збор во продолжение на ова поглавје. Сепак, треба да се има предвид дека во вакви случаи може да биде релевантна и предвидливоста на измените на домашното право. 353 Понатаму, едно домашно правно средство ќе биде сметано за ефективно и доволно, доколку може да обезбеди обесштетување за жалителот, во однос на наводната повреда на Конвенцијата . 354 Ова ги вклучува не само судските правни средства, туку и какви било административни домашни правни средства, кои може да обезбедат обесштетување во рамки на околностите на определен случај. 355 Честопати ќе биде многу важно внимателно да се анализира природата на обесштетувањето коешто е достапно, да се разгледа дали е ефективно и доволно, во смисла да се осигури дека правото за кое станува збор е навистина обезбедено, а не само дека жалителот е компензиран. Во случајот Gherghina v. Romania , 356 кој се однесува на неможноста на студент кој бил инвалид да има пристап до универзитетските згради, Големиот судски совет истакнал дека со цел правните средства да бидат сметани за ефективни, тие мора да можат да овозможат, првенствено, спречување или брзо окончување на наводната повреда и, второ, да обезбедат соодветно обесштетување за какви било повреди што веќе настанале. Ако единствените достапни правни средства на тужителите се од компензаторна природа и може да водат единствено кон ретроспективно доделување на паричен надомест, тогаш правата за кои тужената држава се обврзала да ги заштити врз основа на член 2 од Протокол 1, кој бара од секоја држава која има формирано високообразовни институции да обезбеди ефективен пристап до нив, стануваат илузорни. 357 352  Shibendra Dev v. Sweden , No. 7362/10,(dec.) 21.10.14. 353  Yavuz Selim Güler v. Turkey , No. 76476/12, 15.12.15. 354  Sergey Smirnov v. Russia (dec.) , No. 14085/04, 6.7.06 – во Русија, уставната жалба не се смета за ефективен правен лек во однос на наводна повреда која произлегува од погрешната примена или толкување на законска одредба која не е неуставна. 355  Rodić and 3 Others v. Bosnia and Herzegovina, No. 22893/05,§§ 57-58, 27.5.08. – петиција до затворски инспектор, заедно со уставна жалба. 356  Gherghina v. Romania , No. 42219/07,(dec.) 09.07.2015. 357  Ibid , para. 91. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 69 Можноста да се бара од властите повторно да разгледаат определена одлука којашто веќе ја донеле, генерално, не претставува доволно правно средство. 358 Исто така, од жалителите нема да се бара да искористат правни средства кои се чисто дискрециони. Така, во случајот Buckley v. United Kingdom , 359 Европската комисија ги одбила аргументите на Владата дека жалителот не ги исцрпил домашните правни средства, бидејќи не било поднесено барање до државниот секретар да го искористи своето овластување според Законот за локалитети на караваните од 1968 година, со цел да наложи на локален орган да обезбеди места за каравани. Имено, Комисијата утврдила дека државниот секретар имал многу широка дискреција и дека реагирал во согласност со релевантната одредба од Законот од 1968 година само во пет случаи. Во случајот Devlin v. United Kingdom , 360 жалителот навел дека не добил назначување во државната служба во Северна Ирска заради верска дискриминација. Жалителот немал обврска да поднесе жалба до парламентарниот Омбудсман, со оглед на тоа што Омбудсманот немал надлежност да донесе обврзувачка одлука со која се дава надомест, а исто така не можел да влијае ниту на имплементацијата на потврдата издадена од страна на Владата во домашните постапки, каде било утврдено дека жалителот не е назначен, со цел да се заштити националната безбедност и јавната сигурност. Слична одлука била донесена во случајот Mironovas and Others v. Lithuania , 361 во однос на литванскиот парламентарен Омбудсман, од причина што Омбудсманот не можел да издаде обврзувачки наредби на затворската служба да се подобрат условите за затвореници, како и заради тоа што не било покажано дека препораките на Народниот правобранител би можеле да обезбедат промена во разумно краток временски период. Во случај кога постои сомневање за ефективноста на определено домашно правно средство, вклучувајќи и постапка по жалба, за целите на тестот на ЕСЧП за исцрпеност на домашните правни средства, правното средство треба да биде искористено. 362 Според тоа, жалбата во случајот Mogos and Krifka v. Germany , 363 во врска со протерувањето на лица без државјанство од романско потекло, била прогласена за недопуштена, бидејќи случајот не бил проследен до Федералниот уставен суд. Имено, не било доволно тоа што правните застапници на жалителите верувале дека такво нешто не би имало изгледи за успех. Во принцип, од жалителите ќе се бара да ги спроведуваат постапките за жалба достапни во текот на домашните правни лекови, доколку таквиот процес би можел да обезбеди правен лек за наводните повреди на Конвенцијата. 364 Така, на пример, жалбата во случајот Epözdemir v. Turkey 365 била прогласена за недопуштена, заради неуспехот на жалителот да се жали на одлуката на Јавниот обвинител да не ги гони чуварите на селото, кои, наводно, биле одговорни за смртта на нејзиниот сопруг. Имено, не било утврдено дека жалбата поднесена до судот би била без успех. 358  B v. UK, No. 18711/91. 359  Buckley v. United Kingdom, No. 20348/92, 25.6.96. 360  Devlin v. the United Kingdom , No. 29545/95, 30 October 2001. 361  Mironovas and Others v. Lithuania , Nos. 40828/12 and 6 others, 8 December 2015. 362  Ignats v. Latvia, No. 38494/05,(dec.) 24.9.13.; Ghergina v. Romania, No. 42219/07,§ 106,(dec.) 9.7.15. 363  Mogos and Krifka v. Germany, No. 7804/1,(dec) 27.3.03. 364  Civet v. France [GC], No. 29340/95, ECHR 1999-VI. 365  Epözdemir v. Turkey , No. 43926/98, 28 October 2004. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 70 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Сепак, не е неопходно жалителите да продолжат со потенцијална форма на обезбедување надомест или постапка за жалба 366 која, всушност, не би обезбедила правен лек, како, на пример, кога е јасно, врз основа на утврдено правно мислење или врз основа на конзистентна практика на домашните судови, дека нема изгледи за успех. 367 Во таква ситуација, жалителот треба да му покаже да Судот дека не постоеле такви изгледи за успех и би требало да се размисли да се достави до Судот стручно правно мислење за таа цел. Во случајот McFeely v. United Kingdom , 368 во врска со условите за затворениците во затвор во Северна Ирска, Европската комисија утврдила дека наредбата од повисок суд до понизок суд не можела да обезбеди ефективен правен лек заради сериозни сомневања за тоа дали правниот лек би бил достапен за жалителите според утврденото правно мислење, при што иако тоа би можело да биде доволно за да се обезбеди обесштетување во однос на жалбите на жалителите според член 6, сепак не би обезбедило обесштетување за нивните жалби според член 3. Во случај во кој определен жалител се жали дека предложеното отстранување од една држава за него би довело до ризик од третман што е спротивен на член 3, Судот сметал дека постапките по жалби кои немаат суспензивен ефект не се сметаат за ефективни во смисла на член 35(1). 369 Прашањето за тоа дали домашниот правен лек може да понуди разумни изгледи за успех, веројатно ќе бара анализа на релевантните одлуки донесени од страна на домашни тела. Така, жалителите во случајот Sufi and Elmi v. United Kingdom , 370 ги оспориле наредбите за нивна депортација во Сомалија, откако биле осудени за сериозни кривични дела. Судот ги одбил аргументите на Владата дека жалителите не ги искористиле домашните правни средства затоа што не поднеле нови барања за азил во контекст на променливите околности во Могадишу. По разгледувањето на релевантните одлуки на Трибуналот за азил и имиграција, Судот утврдил дека не постоела разумна веројатност за успех. Кога жалителот сака да ја оспори состојбата на самиот закон, веројатно нема да постојат достапни ефективни домашни правни лекови. Така, во случајот Iordachi and Others v. Moldova , 371 жалителите биле членови на невладината организација„Адвокати за човекови права“, кои се жалеле дека подлежат на државен надзор, иако не тврделе дека имало конкретни случаи. Истакнувајќи дека жалителите се жалеле дека законот не содржи доволно заштитни мерки за да се спречи злоупотребата од страна на властите, Судот утврдил дека нема ефективни правни лекови. Имено, само молдавскиот Парламент би можел да го измени законот и само Уставниот суд би можел да ги прогласи законите за неуставни, но поединци и организации немале директен пристап до нив. Обратно, ограничената надлежност на орган, како што е Уставниот суд, ќе значи дека не нуди ефективен правен лек за одредени жалители. Така, на пример, Судот сметал дека жалбата до полскиот Уставен суд ќе се смета за ефективна само ако се тврди дека повредата во прашање произлегува од директната примена на законската одредба која е оспорена како неуставна. 372 366  Hilton v. United Kingdom, No. 5613/72,(dec.) 5.3.76.; Csikós v. Hungary , No. 37251/04, ECHR 2006-XIV. 367  De Wilde, Ooms and Versyp v. Belgium , Series A, No. 14,§ 62, 10 March 1972; Salah v. the Netherlands , No. 8196/02,§ 123, 8 March 2007; Chapman v. Belgium, No. 39619/06,§§ 32-33, dec. 5.3.13.; Tarantino and Others v. Italy , Nos. 25851/09 and 2 others,§ 41, ECHR 2013. 368  McFeely v. United Kingdom, No. 8317/78, dec. 15.5.78. 369  X v. Germany, No. 7216/75,(dec.) 20.5.76; Mv. France, No. 10078/82, p. 41, dec. 13.12.84.; Sultani v. France , No. 45223/05,§ 50, 20.9.07. 370  Sufi and Elmi v. the United Kingdom , Nos. 8319/07 and 11449/07, 28 June 2011. 371  Iordachi and Others v. Moldova , No. 25198/02, 10 February 2009. 372  R.R. v. Poland , No. 27617/04, ECHR 2011. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 71 При разгледувањето на ефективноста на домашните постапки, важен фактор претставува и нивната должина. Така, во случајот Tanly v. Turkey , 373 кој се однесува на убиството на синот на жалителот во полициски притвор, била поведена кривична постапка пред домашните органи, но по 1 година и 8 месеци од смртта на синот на жалителот, постапката сè уште била во тек. Имајќи ја предвид сериозната природа на кривичното дело, Европската комисија за човекови права утврдила дека кривичната постапка не претставува ефективно правно средство. Доцнењето во однос на достапноста на правен лек може да значи дека не треба да биде искористен од страна на жалителот. Во случаите кои се однесуваат на неоправдана должина на постапката, определен правен лек ќе се смета за ефективен доколку може да доведе до забрзување на постапката или доколку обезбеди соодветно обесштетување за одложувањата кои веќе настанале, на пример, преку исплата на надомест. 374 Сепак, со оглед на распространетоста на овој проблем во многу држави, Судот истакнал дека превенцијата, со забрзување на постапката, секако е многу подобра опција. 375 Сепак, во случај кога веќе постојат повреди во однос на должината на постапката, правниот лек за забрзување на постапката, веројатно нема да се смета за соодветен во насока на поправање на ситуацијата. 376 Во случај кога државите последователно воспоставуваат нови правни лекови кои треба да се справат со ова прашање и кои имаат ретроактивно дејство, тогаш тие правни лекови ќе треба да се искористат, доколку се утврди дека се ефективни. 377 Оваа обврска може да се примени дури и за случаите кои биле поднесени до Судот пред да стапи во сила ефективниот правен лек. 378 Така, во 2001 година во Италија бил воведен„Актот Пинто“, со цел да се обезбеди правен лек во Апелациониот суд во однос на прекумерно долгите правни постапки, вклучително и во однос на случаите што се веќе поднесени до ЕСЧП. Според тоа, од жалителите се бара да ја поведат оваа постапка, со цел да ги исцрпат домашните правни лекови, иако жалителите сè уште можат да поднесат жалба до ЕСЧП доколку и самата постапка предвидена со„Актот Пинто“ е прекумерно долга или не обезбедува соодветно обесштетување, како што, всушност, и многу пати се покажало дека е случај. 379 Во случајот Parizov v. Former Yugoslav Republic of Macedonia 380 се разгледувал Законот за судовите од 2006 година, кој вовел право на надомест на штета во однос на прекумерната должина на постапката. Сепак, од жалителот не се барало да го искористи ова правно 373  Tanlı v. Turkey , No. 26129/95, ECHR 2001-III. 374  Vidaković v. Serbia, No. 16231/07,(dec.) 24.5.11. 375  Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97,§183, ECHR 2006-V.; Sürmeli v. Germany [GC], No. 75529/01,§ 100, ECHR 2006-VII. 376  Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97,§185, ECHR 2006-V. 377  Holzinger v. Austria, No. 23459/94, 30.1.01 – кога постапката траела од 1988 до 1993 година и бил воспоставен нов правен лек во 1990 година. 378  Grzinčič v. Slovenia , No. 26867/02, 3 May 2007; Nagovitsyn and Nalgiyev v. Russia, Nos. 27451/09& 60650/09,(dec.) 23.9.10.; Fakhret dinov v. Russia, Nos. 26716/09, 67576/09& 7698/10,(dec.) 23.9.10.; Ahlskog v. Finland, No. 5238/07,(dec.) 9.11.10.; Balan v. Moldova, No. 44746/08,(dec.) 24.1.12.; Turgut and Others v. Turkey, No. 4860/09,(dec.) 26.3.13.; Balakchiev and Others v. Bulgaria, No. 65187/10,(dec.) 18.6.2013. 379  Brusco v. Italy, No. 69789/01,(dec.) 6.9.01; Daddi v. Italy, No. 15476/09,(dec.) 2.6.09; исто види и: Mascolo v. Italy, No. 68792/01, (dec.) 16.10.03; Scordino v. Italy (dec.), No. 36813/97, ECHR 2003-IV – несоодветната компензација доделена од aпелациониот суд за прекумерната должина на постапката значела дека жалителите сè уште би можеле да тврдат дека се жртви на повреда на Конвенцијата; Di Sante v. Italy, No. 56079/00,(dec.) 24.6.04; Sgattoni v. Italy , No. 77132/01, 6 October 2005; Cocchiarella v. Italy , No. 64886/01, 10 November 2004 – Пинто постапките се покажале како неефективни заради прекумерна должина на постапката, како и заради несоодветна компензација. 380  Parizov v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 14258/03, 7 February 2008. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 72 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур средство заради недостиг на прецизност во повеќе одредби од Законот кој го предвидувал. Освен тоа, 12 месеци по неговото воведување немало ниту една домашна судска одлука што ја разјаснува оваа непрецизност. Меѓутоа, во 2011 година, во случајот AdžiSprikoska and Others v. Former Yugoslav Republic of Macedonia , 381 Судот утврдил дека дефектите биле решени со измените на Законот за судовите од 2008 година, што значи дека се обезбедил ефективен правен лек. Имено, иако при вршењето на процена во однос на тоа дали се исцрпени домашните правни средства, ЕСЧП обично ја зема предвид состојбата во која се наоѓала постапката на денот кога жалителот поднел жалба до Судот, Судот може, сепак, да направи исклучок од ова правило во случај на создавање на нови правни средства. 382 Ова, пред сè, особено важи за предмети коишто се однесуваат: на должината на постапката, 383 или на нов компензациски правен лек во однос на мешање во имотните права, 384 или на неуспешно спроведување на домашните пресуди, 385 или пренаселеност на затворите. 386 Во секој случај, кога тужената држава вовела ново правно средство, Судот ќе испита дали тоа ново правно средство е ефективно. 387 Доколку новото правно средство е ефективно, во тој случај и од другите жалители во слични случаи ќе се бара да го искористат новото правно средство, доколку во тоа не се спречени заради настанување на застареност. Имено, Судот ќе ги прогласи ваквите жалби за недопуштени во согласност со членот 35(1), дури и во случај кога тие биле поднесени пред создавањето на новото правно средство. 388 Значи, жалителот има обврска да ги исцрпи само оние домашни правни средства кои, теоретски и практично, се достапни во соодветно време и кои можат самите директно да ги вложуваат. Се работи за правни средства коишто се достапни, коишто можат да овозможат обесштетување во однос на нивните жалбени наводи и коишто нудат разумни изгледи за успех. 389 Доколку жалителот искористил домашно правно средство коешто ЕСЧП го смета за несоодветно, времето коешто му било потребно за да го искористи тоа правно средство нема да го запре истекувањето на рокот од четири месеци, при што би можело да дојде до отфрлање на жалбата како ненавремена. 390 При определувањето дали одредено правно средство ги задоволува критериумите на достапност и на ефективност, мора да се имаат предвид посебните околности на случајот. Домашните судови мора да заземаат доволно консолидирана позиција во рамки на националниот правен поредок. Имено, ЕСЧП смета дека обраќањето кон повисок суд ја губи 381  Adži-Sprikoska and Others v. Former Yugoslav Republic of Macedonia, Nos. 38914/05& 17879/05,(dec.) 3.11.11. 382  İçyer v. Turkey, No. 18888/02,§§ 72 et seq.,(dec.) 12.1.06. 383  Andrášik and Others v. Slovakia (dec.), Nos. 57984/00 and 6 others, ECHR 2002-IX.; Nogolica v. Croatia (dec.), No. 77784/01, ECHR 2002-VIII.; Brusco v. Italy, No. 69789/01,(dec.) 6.9.01. 384  Michalak v. Poland (dec.), No. 24549/03, 1 March 2005; Demopoulos and Others v. Turkey (dec.)[GC], Nos. 46113/99 and 7 others, ECHR 2010. 385  Nagovitsyn and Nalgiyev v. Russia (dec.), Nos. 27451/09 and 60650/09,§§ 36-40, 23 September 2010. 386  Łatak v. Poland (dec.), No. 52070/08, 12 October 2010. 387  Robert Lesjak v. Slovenia , No. 33946/03,§§ 34-55, 21 July 2009; Demopoulos and Others v. Turkey (dec.)[GC], Nos. 46113/99 and 7 others,§ 87, ECHR 2010. 388  Grzinčič v. Slovenia , No. 26867/02,§§ 102-10, 3 May 2007; İçyer v. Turkey, No. 18888/02,§§ 74 et seq.,(dec.) 12.1.06. 389  Sejdovic v. Italy [GC], No. 56581/00,§ 46, ECHR 2006-II.; Paksas v. Lithuania [GC], No. 34932/04,§ 75, ECHR 2011. 390  Rezgui v. France (dec.), No. 49859/99, ECHR 2000-XI; Prystavska v. Ukraine (dec.), No. 21287/02, ECHR 2002-X. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 73 својата„ефективност“, при дивергенции во судската практика на тој суд, сè додека постојат ваквите дивергенции. 391 Судот, покрај формалните правни средства коишто се достапни во националниот правен поредок, мора да го земе предвид и општиот правен и политички контекст во чиишто рамки функционираат, како и личните околности на жалителот. 392 Притоа, Судот мора да испита дали жалителот направил сè што разумно би можело да се очекува од него, за да ги исцрпи домашните правни средства. 393 Според општоприфатените принципи на меѓународното право, можно е да постојат посебни околности коишто го ослободуваат жалителот од обврската за исцрпување на домашните правни средства што се на располагање. 394 Така, на пример, ова правило не се применува тогаш кога управната практика се состои од повторување на дела кои не се споиви со Конвенцијата, а се покажало дека постои официјална толеранција од страна на државните власти, која ги прави постапките бесмислени или неефективни. 395 Жалителите имаат обврска во жалбата да ги наведат чекорите кои ги презеле за да ги искористат домашните правни средства. Доколку владата тврди дека не се исцрпени домашните правни средства, тогаш товарот на докажување преминува на владата. Имено, во тој случај, владата го носи товарот на докажување дека жалителот не успеал да искористи определено домашно правно средство, кое е ефективно и достапно. 396 Според ЕСЧП, достапноста на секое домашно правно средство треба да биде загарантирана во доволен степен, и тоа како во законот, така и во практиката. 397 Од овие причини, основата на правните средства во рамки на домашното право мора да биде јасно дефинирана. 398 Притоа, аргументите на владата ќе имаат поголема тежина доколку содржат повеќе примери од домашната судска практика, 399 кои се покажале како суштински. 400 Кога владата ќе се ослободи од својот товар на докажување дека жалителот имал на располагање соодветно и ефективно домашно правно средство, во тој случај жалителот треба да докаже дека правното средство, всушност, било искористено, 401 или дека постоеле причини заради кои правното средство не било соодветно и ефективно во определени околности на случајот, 402 како што е, на пример, случајот на прекумерно одложување на спроведувањето на истрагата, 403 или правно средство што вообичаено е достапно, како 391  Ferreira Alves v. Portugal (No. 6), Nos. 46436/06 and 55676/08,§§ 28-29, 13 April 2010. 392  Akdivar and Others v. Turkey [GC],§§ 68-69, 16 September 1996, Reports 1996-IV; Khashiyev and Akayeva v. Russia , Nos. 57942/00 and 57945/00,§§ 116-17, 24 February 2005. 393  D.H. and Others v. the Czech Republic [GC], No. 57325/00,§§ 116-22, ECHR 2007-IV. 394  Sejdovic v. Italy [GC], No. 56581/00,§ 55, ECHR 2006-II. 395  Aksoy v. Turkey ,§ 52, 18 December 1996. 396  Dalia v. France ,§ 38, 19 February 1998; McFarlane v. Ireland [GC], No. 31333/06,§ 107, 10 September 2010. 397  Vernillo v. France , Series A, No. 198, 20 February 1991. 398  Scavuzzo-Hager and Others v. Switzerland , No. 41773/98, 7 February 2006; Norbert Sikorski v. Poland , No. 17599/05,§ 117, 22 October 2009; Sürmeli v. Germany [GC], No. 75529/01,§§ 110-12, ECHR 2006-VII. 399  Doran v. Ireland , No. 50389/99, ECHR 2003-X.; Andrášik and Others v. Slovakia (dec.), Nos. 57984/00 and 6 others, ECHR 2002-IX.; Di Sante v. Italy, No. 56079/00,(dec.) 24.6.04.; Giummarra and Others v. France (dec.), No. 61166/00, 12 June 2001.; Paulino Tomás v. Portugal (dec.), No. 58698/00, ECHR 2003-VIII.; Johtti Sapmelaccat Ry and Others v. Finland (dec.), No. 42969/98, 18 January 2005. 400  Sakhnovskiy v. Russia [GC], No. 21272/03,§§ 43-44, 2 November 2010. 401  Grässer v. Germany (dec.), No. 66491/01, 16 September 2004. 402  Selmouni v. France [GC], No. 25803/94,§ 76, ECHR 1999-V. 403  Radio France and Others v. France (dec.), No. 53984/00,§ 34, ECHR 2003-X. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 74 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур што е жалба врз основа на закон, но која, во контекст на пристапот што се презема во слични случаи, не била ефективна во околностите на случајот. 404 Постојат и определени посебни околности, кога може да постојат жалители во слични ситуации, при што некои од нив не се жалеле пред судот што бил определен од страна на владата, туку се ослободени од ваквата обврска бидејќи домашното правно средство искористено од страна на други лица во практиката се покажало како неефективно и би можело и во нивниот случај да се покаже како такво. 405 Сепак, ова се применува во исклучителни случаи. Постоењето сомневање кај жалителот во однос на ефективноста на одредено домашно правно средство, не го ослободува од обврската да се обиде да го искористи тоа правно средство. 406 Имено, според ЕСЧП, во интерес на жалителот е да се жали до соодветниот суд, со што на судот му се дава можност да ги развива постојните права преку нивно толкување. 407 Сепак, доколку предложеното домашно правно средство не нуди разумни изгледи за успех, имајќи ја предвид, на пример, воспоставената домашна судска практика, во тој случај фактот дека жалителот не го искористил тоа правно средство нема да претставува основа жалбата да се прогласи за недопуштена. 408 Обврската на жалителот да ги исцрпи домашните правни средства, вообичаено се определува со упатување кон денот кога жалителот ја поднел својата жалба до ЕСЧП. 409 Ова правило може да биде предмет на исклучок заради посебните околности на случајот. Сепак, за Судот е прифатливо последната фаза од искористувањето на домашните правни средства да се достигне кратко време по поднесувањето на жалбата, но пред да се реши прашањето за допуштеноста. 410 2.4.2.  Непочитување на рокот од четири месеци Овој критериум за допуштеност е предвиден во член 35(1) од Конвенцијата, според кој „Судот може да прифати случај... во рок од четири месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната интерна одлука“. Обврската за почитување на рокот од четири месеци ја обезбедува правната сигурност и овозможува случаите кои се однесуваат на прашања од Конвенцијата да бидат испитани во разумен рок. 411 Притоа, ги заштитува националните власти и другите засегнати лица од можноста да бидат ставени во несигурна и неизвесна ситуација долг временски период. 412 404  Scordino v. Italy (dec.), No. 36813/97, ECHR 2003-IV.; Pressos Compania Naviera S.A. and Others v. Belgium ,§§ 26-27, 20 November 1995. 405  Vasilkoski and Others v.„Тhe Former Yugoslav Republic of Macedonia“ , No. 28169/08,§§ 45-46, 28 October; Laska and Lika v. Albania , Nos. 12315/04 and 17605/04,§§ 45-48, 20 April 2010. 406  Milošević v. the Netherlands (dec.), No. 77631/01, 19 March 2002; Pellegriti v. Italy (dec.), No. 77363/01, 26 May 2005; MPP Golub v. Ukraine (dec.), No. 6778/05, ECHR 2005-XI. 407  Ciupercescu v. Romania , No. 35555/03,§ 169, 15 June 2010. 408  Pressos Compania Naviera S.A. and Others v. Belgium ,§ 27, 20 November 1995, Series A, No. 332; Carson and Others v. the United Kingdom [GC], No. 42184/05,§ 58, ECHR 2010. 409  Baumann v. France , No. 33592/96,§ 47, ECHR 2001-V. 410  Karoussiotis v. Portugal , No. 23205/08,§ 57, ECHR 2011. 411  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 27. 412  Mocanu and Others v. Romania [GC], Nos. 10865/09 and 2 others,§ 39, ECHR 2014; Walker v. the United Kingdom (dec.), No. 34979/97, ECHR 2000-I. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 75 Истовремено, овој критериум за допуштеност обезбедува доволно време за потенцијалниот жалител да може да одлучи дали сака да поднесе жалба до Судот и, доколку одлучи да го стори тоа, да има доволно време да определи кои наводи и аргументи ќе ги истакне во жалбата. 413 Исто така, овој критериум за допуштеност го олеснува утврдувањето на фактичката состојба, од причина што истекот на подолго време може да предизвика проблеми при правичното испитување на покренатите прашања. 414 Судот може да го примени правилото на четири месеци и по сопствена иницијатива, дури и во случај кога владата не истакнала приговор во однос на неисполнување на овој критериум за допуштеност. 415 Имено, ова правило претставува правило на јавна политика на Судот. 416 Пред влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата, на 1 август 2021 година, член 35(1) од Конвенцијата се однесуваше на рок од шест месеци. Членот 4 од Протоколот 15 го измени член 35(1) за да го намали рокот од шест, на четири месеци. Според преодните одредби на Протоколот 15, оваа измена се применува само по период од шест месеци по влегувањето во сила на Протоколот 15(т.е. од 1 февруари 2022 година), со цел да им се овозможи на потенцијалните жалители целосно да станат свесни за новиот рок. Понатаму, новиот временски рок нема ретроактивно дејство, бидејќи не се применува на жалбите во однос на кои конечната одлука во смисла на член 35(1) од Конвенцијата е донесена пред датумот на влегување во сила на новото правило. Доколку конечната одлука во смисла на член 35(1) била донесена пред влегувањето во сила на Протоколот 15, но доставена до жалителот по 1 август 2021 година, важечкиот временски рок сè уште е тој од шест месеци. Сепак, тој започнува да тече од денот по известувањето за конечната одлука. 417 Иако пресудите и одлуките кои датираат пред Протоколот 15 споменати во овој дел се однесуваат на„рок од шест месеци“ или„правило на шест месеци“, тие термини во овој дел се заменети со термините„рок од четири месеци“ и„правило на четири месеци“, со цел да се одрази новиот временски рок утврден во Конвенцијата. Притоа, општите принципи во судската практика на Судот во однос на функционирањето на поранешното правило на шест месеци остануваат валидни и за функционирањето на новиот временски рок од четири месеци. 418 Рокот од четири месеци започнува да тече од денот после датумот на донесување на конечната домашна одлука во рамки на домашната постапка, која жалителот треба да ја искористи согласно правилото за исцрпување на домашните правни средства. 419 Ова, обично, се однесува на денот кога конечната одлука е донесена. Но, ако конечната одлука не е донесена јавно, во тој случај рокот ќе започне да тече од датумот кога жалителот или 413  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 27. 414  Sabri Güneş v. Turkey [GC], No. 27396/06,§ 40, 29 June 2012. 415  Sabri Güneş v. Turkey [GC], No. 27396/06,§ 29, 29 June 2012; Blokhin v. Russia [GC], No. 47152/06,§ 102, ECHR 2016. 416  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 27. 417  Orhan v. Türkiye (dec.), no. 38358/22,§§ 23-47, 6 December 2022. 418  Saakashvili v. Georgia (dec.), no. 6232/20 and 22394/20,§ 46, 1 March 2022. 419  Otto v. Germany (dec.), No. 21425/06, 10 November 2009; Paul and Audrey Edwards v. the United Kingdom (dec.), No. 46477/99, 7 June 2001. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 76 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур неговиот застапник е информиран за одлуката, 420 односно од денот на кој жалителот или неговиот застапник се здобил со доволно сознанија за конечната домашна одлука. 421 Ова значи дека рокот ќе започне да тече кога застапникот на жалителот примил известување за одлуката, дури и во случај кога жалителот подоцна е информиран за одлуката. 422 Притоа, доколку државата истакнува приговор за непочитување на рокот од четири месеци, треба јасно да го утврди и посочи датумот кога жалителот станал свесен за конечната домашна одлука. 423 Значи, во случај кога жалителот има право на директна достава на копија од конечната домашна одлука, рокот од четири месеци започнува да тече од денот на доставата на копија од одлуката. 424 Доколку жалителот има адвокат, рокот од четири месеци започнува да тече од денот на кој адвокатот на жалителот станал свесен за одлуката со која се комплетира исцрпувањето на домашните правни средства, без оглед на тоа дали жалителот подоцна станал свесен за одлуката. 425 Во случај кога не е предвидена достава на одлуката во рамки на домашното право, туку одлуката, едноставно, се додава во списите на предметот во судскиот регистар, рокот започнува да тече од датумот кога била финализирана конечната одлука, односно од датумот кога странките биле во можност да се запознаат со нејзината содржина. 426 Жалителот, или неговиот адвокат, мора да покаже должно внимание при добивањето на копија од одлуката депонирана во регистарот на судот. 427 Притоа, како што веќе беше објаснето погоре, жалителот има обврска да ги искористи само оние домашни правни средства за кои е извесно дека се: достапни, ефективни и доволни 428 и не може да го продолжи строгото временско ограничување на рокот преку поднесување на несоодветни жалби до телата или институциите кои немаат надлежност да обезбедат ефективно правно средство во однос на истакнатите жалбени наводи во согласност со Конвенцијата. 429 Tака, Судот нема да го продолжи рокот од четири месеци за да се исцрпат домашните правни средства чијашто употреба зависи од дискрецијата на државните службеници и кои, заради тоа, не се директно достапни до жалителот. Правилото на четири месеци се применува многу строго. Имено, рокот мора да се почитува дури и во случај кога истекува за време на викенд или празник. 430 Почитувањето на рокот од четири месеци се утврдува со користење на критериумите кои се предвидени со Конвенцијата, а не со критериумите кои се предвидени во домашното законодавство на тужената држава. 431 420  KCM v. Netherlands, No. 21034/92,(dec.) 9.1.95.; Karataş v. Turkey [GC], No. 23168/94, ECHR 1999-IV; Rudnichenko v. Ukraine , No. 2775/07, 11 July 2013. 421  Koç and Tosun v. Turkey (dec.), No. 23852/04, 13 November 2008. 422  Andorka and Vavra v. Hungary, Nos. 25694/03& 28338/03,(dec.) 12.9.06. 423  Şahmo v. Turkey (dec.), No. 37415/97, 1 April 2003. 424  Worm v. Austria ,§ 33, 29 August 1997. 425  Çelik v. Turkey (dec.), No. 52991/99, ECHR 2004-X. 426  Papachelas v. Greece [GC], No. 31423/96,§ 30, ECHR 1999-II. 427  Ölmez v. Turkey (dec.), No. 39464/98, 1 February 2005. 428  Moreira Barbosa v. Portugal (dec.), No. 65681/01, ECHR 2004-V. 429  Lopes de Sousa Fernandes v. Portugal [GC], no. 56080/13,§ 132, 19 December 2017; Fernie v. the United Kingdom (dec.), No. 14881/04, 5 January 2006. 430  Kadiķis v. Latvia (dec.), No. 47634/99, 29 June 2000.; Otto v. Germany (dec.), No. 21425/06, 10 November 2009.; Sabri Güneş v. Turkey [GC], No. 27396/06, 29 June 2012. 431  BENet Praha, spol. s r.o., v. the Czech Republic (dec.), No. 38354/06, 28 September 2010; Büyükdere and Others v. Turkey , Nos. 6162/04 and others,§ 10, 8 June 2010. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 77 Во случај кога причините за донесената одлука следат по датумот кога самата одлука станала достапна за јавноста или била доставена до жалителот, рокот ќе започне да тече од подоцнежен датум, но само доколку причините дадени за одлуката се релевантни за жалбата поднесена согласно Конвенцијата. Така, во случајот Worm v. Austria , 432 жалителот бил новинар кој бил гонет за објавување на статија за која се сметало дека може да влијае врз исходот на кривична постапка во однос на поранешен министер. Владата приговарала на допуштеноста на жалбата, заради тоа што сметала дека не е доставена во рок од четири месеци од датумот кога оперативните одредби и релевантните причини биле прочитани од страна на апелационен суд. Сепак, на жалителот не му била доставена писмена копија од пресудата уште цели 5 месеци. Во овој случај, Судот утврдил дека рокот започнал да тече по приемот на писмената пресуда, која содржела детално правно образложение на повеќе од 9 страници. Доколку не постојат применливи правни средства во рамки на домашното право, рокот од четири месеци започнува да тече од денот на кој се случило дејството, или кога била донесена одлуката што е предмет на жалбата, или од денот кога жалителот бил директно засегнат од тоа дејство или одлука, или станал свесен за дејството или одлуката, или ги дознал негативните последици од нив. 433 Ова ќе биде пристап на Судот кога од самиот почеток е јасно дека на жалителот не му бил достапен ефективен правен лек. 434 Доколку постои серија од настани во однос на кои треба да се поднесе жалба, најбезбедна варијанта би било да се поднесе жалба до Судот во рок од четири месеци од првиот настан. Сепак, доколку настаните се поврзани, постои можност жалбата да се поднесе до Судот во рок од четири месeци од последниот настан(континуирана повреда). 435 Во однос на примената на правилото на четири месеци во поглед на непоследователните периоди на притвор пред судење, Судот имал доста неконзистентен пристап, кој конечно бил решен со пресуда на Големиот судски совет, донесена во 2012 година во случајот Idalov v. Russia. 436 Имено, Судот најпрво го применувал пристапот утврден во случајот Neumeister v. Austria , 437 според кој примената на правилото на четири месеци се оценувала во однос на секој поединечен период на притвор. Потоа, Судот го изменил пристапот, така што кога имало повеќе последователни периоди ги сметал за една целина и не ја оценувал примената на правилото на четири месеци во однос на секој период посебно. 438 Судот ги применувал и двата пристапа во различни случаи сè додека Големиот судски совет не ја разјаснил позицијата на Судот во случајот Idalov v. Russia , кога, всушност, го потврдил пристапот заземен во случајот Neumeister v. Austria . Имено, Судот утврдил дека во случај кога притворот пред судење е поделен на неколку непоследователни периоди и кога жалителите се слободни да поднесат жалби за притворот додека се на слобода, непоследователните периоди треба да бидат оценувани посебно, а не како една целина. 432  Worm v. Austria , No. 22714/93, 29 August 1997. 433  Dennis and Others v. the United Kingdom (dec.), No. 76573/01, 2 July 2002; Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 157, ECHR 2009; X v. United Kingdom , No. 7379/76,(dec.) 10.12.76, 8 DR 211; Scotts of Greenock Ltd. v. United Kingdom, No. 9599/81,(dec.) 11.3.85.; Hazar and Others v. Turkey, Nos. 62566/00 et seq.,(dec.) 10.1.02. 434  Leach, supra note 17, p. 161. 435  Opuz v. Turkey , No. 33401/02, 9.6.09,§ 111. 436  Idalov v. Russia , No. 5826/03, 22.5.12. 437  Neumeister v. Austria , Series A, No. 8, 27.6.68. 438  Kemmache v. France (No. 1 and No. 2), Series A, No. 218, 27.11.91. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 78 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Во случај кога жалителот искористил правен лек за кој се покажало дека е неефективен, рокот од четири месеци може да тече од конечната одлука во однос на ефективното правно средство кое било искористено или од датумот на инцидентот, ако не постојат ефективни правни лекови. Можно е за некои потенцијални жалители до Судот воопшто да не е јасно дали одредена форма на постапка би претставувала домашен правен лек за целите на член 35 од Конвенцијата. Во такви околности постои опасност владата да тврди дека жалителот искористил правен лек кој не бил ефективен за целите на членот 35 и дека жалбата треба да се прогласи за недопуштена, со оглед на тоа што била поднесена по истекот на рокот од четири месеци. 439 Така, во случајот Berdzenishvili v. Russia , 440 кривичната осуда на жалителот била потврдена со пресуда на Врховниот суд. Потоа жалителот поднел барање за надзорна ревизија на пресудата, додека жалбата до ЕСЧП ја поднел откако неговото барање за надзорна ревизија на пресудата било одбиено. ЕСЧП утврдил дека постапката за надзорна ревизија на пресудата не се покажала како ефективно правно средство и дека жалбата до ЕСЧП требало да биде поднесена во рок од четири месеци од донесувањето на пресудата на Врховниот суд. Кога постои вистинско сомневање во однос на достапноста или ефективноста на домашните правни лекови, Судот може да биде пофлексибилен при примената на рокот од четири месеци. Генерално, Судот нема да бара од жалителот да поднесе жалба пред да се реши позицијата во однос на предметното прашање на домашно ниво. 441 Доколку жалителот користи очигледно постоечки правен лек и дури подоцна станува свесен за околностите кои го прават тој правен лек неефективен, рокот од четири месеци би почнал да тече од денот кога жалителот првпат станал свесен, или требало да стане свесен за околностите коишто го направиле тој правен лек неефективен. 442 Така, во случајот El-Masri v. Former Yugoslav Republic of Macedonia , 443 кој се однесува на вонредното предавање на жалителот од страна на македонските власти во притвор на ЦИА, Владата тврдела дека кривичната пријава на жалителот била поднесена премногу доцна, како и дека претставувала неефективен процес, што значи дека жалителот требало да ја поднесе својата жалба до Судот многу порано отколку што истата била поднесена од негова страна. Овие аргументи на Владата биле одбиени од страна на Судот, кој утврдил дека четиригодишното одложување на поднесувањето на кривична пријава е прифатливо, имајќи ја предвид чувствителноста на прашањето и доказите дека европските влади негирале дека се вклучени во изрекувањето. Според тоа, било разумно жалителот да почека да се завршат случувањата кои би можеле да ги решат клучните фактички или правни прашања. Понатаму, Судот утврдил дека иако кривичната пријава на жалителот била отфрлена во декември 2008 година, рокот од четири месеци започнал да тече откако жалителот бил информиран за тоа. 439  Prystavska v. Ukraine (dec.), No. 21287/02, ECHR 2002-X; Tucka v. United Kingdom, No. 34586/10,(dec.) 18.1.11– жалба до Комисијата за ревизија на кривични дела не претставува ефективен правен лек – прогласена за недопуштена; Kashlan v. Russia (dec.), No. 60189/15, 19 April 2016 – нова касациона постапка за жалби во кривичната постапка не претставува ефективен правен лек –прогласена за недопуштена. 440  Berdzenishvili v. Russia (dec.), No. 31697/03, ECHR 2004-II. 441  Brecknell v. the United Kingdom , No. 32457/04, 27 November 2007; Scotts of Greenock Ltd. v. United Kingdom, No. 9599/81,(dec.) 11.3.85. 442  Laçin v. Turkey, No. 23654/94,(dec.) 15.5.95; Paul and Audrey Edwards v. the United Kingdom , No. 46477/99, ECHR 2002-II.; Yüksel Er doğan and Others v. Turkey , No. 57049/00, 15 February 2007; Kerimova and Others v. Russia , Nos. 17170/04 and 5 others, 3 May 2011. 443  El-Masri v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia [GC], No. 39630/09, ECHR 2012. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 79 Специфична ситуација во однос на примената на рокот од четири месеци, претставува постоењето на континуирана повреда. Кога наводната повреда предизвикува континуирана ситуација(на пример, времeто поминато во притвор), рокот од четири месеци започнува да тече по завршувањето на континуираната состојба, односно кога престанува континуираниот ефект на повредата. 444 Поимот„континуирана ситуација“ означува ситуација која настанува со континуирани активности кои се вршат од страна на државата и кои го доведуваат жалителот во состојба на жртва. Притоа, фактот дека определени дејства доведуваат до значајни последици со текот на времето не значи дека тие активности предизвикуваат„континуирана состојба“. 445 Кога постои континуирана повреда, жалбата може да биде поднесена до ЕСЧП и по неколку години од моментот кога повредата започнала. 446 Меѓутоа, треба да се води сметка за тоа дека повредата навистина преставува продолжение, а не еднократна одлука. Така, на пример, континуирана повреда постои кога жалителот се жали на континуирано постоење на определени закони, како во случајот Dudgeon v. United Kingdom , 447 во врска со постоењето на определени закони во Северна Ирска, според кои хомосексуалните активности меѓу возрасни мажи претставувале кривично дело. Во случајот Almeida Garrett and Others v. Portugal , 448 Судот утврдил дека експропријацијата и национализацијата на земјиштето на жалителот во средината на 1970-тите(пред ЕСЧП да стапи во сила во однос на Португалија) претставува еднократен акт, но дека жалбениот навод кој се однесувал на неплаќањето на надомест претставува континуиран акт, што довело до констатирање на повреда на член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата. 449 Исто така, Судот признава дека повторувањето на исти настани може да претставува„континуирана ситуација“ дури и кога тие не се строго континуирани. Таква ситуација може да претставува ситуација на повторување на трансфер на затвореници во слични услови 450 и ситуација на редовно затворање на осомничените во метален кафез во судницата. 451 Според Судот, во ситуација кога се повторуваат исти настани, отсуството на забележителни варијации во условите на кои жалителот рутински бил подложен, создава„континуирана ситуација“, при што целиот период на кој се жали жалителот се подведува под надлежност на Судот. 452 Меѓутоа, во случаи кога имало прекин повеќе од 3 месеци меѓу периодите на притвор, Судот не сметал дека станува збор за„континуирана ситуација“. 453 Слично на тоа, во ситуација кога постојат повеќе последователни апсења, со последователни обвиненија, пресуди и затворски казни кои директно следат по делата извршени 444  Jėčius v. Lithuania, No. 34578/97,§ 44, ECHR 2000-IX.; Riener v. Bulgaria , No. 46343/99,§ 101, 23 May 2006; Daróczy v. Hungary , No. 44378/05,§ 18, 1 July 2008; Kurić and Others v. Slovenia , No. 26828/06,§ 339, 13 July 2010. 445  Iordache v. Romania , No. 6817/02,§ 49, 14 October 2008; Călin and Others v. Romania , Nos. 25057/11 and 2 others,§§ 58-60, 19 July 2016. 446  De Becker v. Belgium , No. 214/56, Commission decision of 9 June 195 – во врска со законска одредба која создала континуирано ограничување на слободата на изразување на жалителот кој бил новинар, со тоа што го спречувала да објавува. 447  Dudgeon v. the United Kingdom , Series A, No. 45, 22 October 1981. 448  Almeida Garrett, Mascarenhas Falcão and Others v. Portugal , Nos. 29813/96 and 30229/96, ECHR 2000-I. 449  Спротивно на тоа, види: Von Maltazan and Others v. Germany , во врска со непостоење на континуирана повреда на Конвенцијата во однос на имот кој е експроприран за време на советската окупација во периодот 1945-1949 година. 450  Fetisov and Others v. Russia , Nos. 43710/07 and 3 others, 17 January 2012. 451  Svinarenko and Slyadnev v. Russia [GC], Nos. 32541/08 and 43441/08, ECHR 2014. 452  Fetisov and Others v. Russia , Nos. 43710/07 and 3 others,§ 75, 17 January 2012; Svinarenko and Slyadnev v. Russia [GC], Nos. 32541/08 and 43441/08,§§ 86-87, ECHR 2014. 453  Shishanov v. the Republic of Moldova , No. 11353/06,§§ 68-69, 15 September 2015. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 80 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур од страна на жалителот, истите не претставуваат„континуирана ситуација“ дури и кога жалителот уживал периоди на слобода понекогаш и само неколку минути. 454 Во случај кога наводната повреда претставува„континуирана ситуација“ против која не е достапен домашен правен лек, рокот од четири месеци започнува да тече кога таа ситуација ќе се оконча. 455 Сè додека ситуацијата трае, обврската за почитување на рокот од четири месеци не се применува. 456 Сепак, важно е да се нагласи дека континуираната ситуација не може да ја одложи примената на правилото на четири месеци на неодредено време. Имено, на жалителите кои сакаат да се жалат на континуираниот неуспех на државата да ги исполни своите обврски, како што се: актуелни исчезнувања, континуирани повреди на правото на сопственост, неизвршување на паричните долгови од страна на претпријатија во државна сопственост, и слично, Судот им наметнал обврска за должно внимание и иницијатива. 457 Според ревидираната верзија на правилото 47 од Деловникот на Судот, која стапи во сила на 1 јануари 2014 година, како датум на поднесување на жалбата, во смисла на член 35(1) од Конвенцијата, ќе се смета датумот на кој до Судот бил испратен образец за поднесување жалба што ги исполнува сите критериуми утврдени со ова правило. Имено, жалбата мора да ги содржи сите информации кои се бараат во релевантните делови на образецот за поднесување на жалба. Пред стапување во сила на ревидираната верзија на правилото 47 од Деловникот на Судот, беше доволно до Судот да се испрати писмо во кое се наведува суштината на жалбата, дури и само во кратки црти, за да прекине течењето на рокот. Почнувајќи од 1 јануари 2014 година, сепак за датум на поднесување на жалбата, со кој се прекинува течењето на рокот од четири месеци, се смета датумот на испраќање на комплетен образец за поднесување на жалба. 458 Правилото 47 од Деловникот на Судот, всушност, ја определува содржината на индивидуалната жалба. Така, секоја жалба што се поднесува врз основа на членот 34 од Конвенцијата треба да биде доставена на образецот за поднесување жалба изготвен од страна на Секретаријатот на Судот, освен доколку Судот не одлучи поинаку. Според правилото 47, жалбата треба да ги содржи сите податоци што се бараат во соодветните делови на образецот: a. Име, датум на раѓање, државјанство и адреса на жалителот, и, доколку жалителот е правно лице, целосен назив, датум на основање или регистрација, официјален број на регистрација(доколку има таков) и службена адреса на правното лице; б. Име, адреса, број на телефон, број на факс и електронска пошта на застапникот, доколку жалителот има застапник; 454  Gough v. the United Kingdom , No. 49327/11,§§ 133-34, 28 October 2014. 455  Sabri Güneş v. Turkey [GC], No. 27396/06,§ 54, 29 June 2012; Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 159, ECHR 2009; Ülke v. Turkey (dec.), No. 39437/98, 1 June 2004. 456  Oliari and Others v. Italy , Nos. 18766/11 and 36030/11,§§ 96-97, 21 July 2015; Iordache v. Romania , No. 6817/02,§ 50, 14 October 2008. 457  Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§§ 159-72, ECHR 2009; Sargsyan v. Azerbaijan (dec.)[GC], No. 40167/06,§§ 124-48, 14 December 2011; Sokolov and Others v. Serbia (dec.), Nos. 30859/10 and 6 others,§§ 31-36, 14 January 2014. 458  European Court of Human Rights, Report on the implementation of the revised rule on the lodging of new applications , 02/2015, p. 2; https://www.echr.coe.int/Documents/Report_Rule_47_ENG.pdf II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 81 в. Доколку жалителот има застапник, делот наменет за овластување на образецот за поднесување жалба треба да ги содржи: датумот на потпишување на овластувањето и оригиналниот потпис на жалителот; оригиналниот потпис на застапникот, со кој тој ја потврдува својата согласност да настапува во име на жалителот, исто така мора да фигурира во делот наменет за овластување на образецот за поднесување жалба; Судот може да прифати копии од потписите или други овластувања важечки во домашното право на договорните страни, доколку се наведат убедливи причини за непочитување на овие барања и овластувањето на Судот со оригинални потписи е доставено до Судот во разумен рок; г. Име на договорната страна или договорните страни против која/кои се поднесува жалбата; д. Концизна и читлива изјава за фактичката состојба на предметот; ѓ. Концизна и читлива изјава за наводните повреди на Конвенцијата и релевантни аргументи; е. Концизна и читлива изјава во која жалителот потврдува дека ги испочитувал критериумите за допуштеност утврдени со член 35(1) од Конвенцијата. 459 Истовремено, сите информации на кои се однесуваат претходно наведените точки(д) до (е), а коишто ќе бидат наведени во соодветниот дел на образецот, треба да му бидат доволни на Судот за да ги утврди суштината и предметот на жалбата без да има потреба да консултира каков и да е друг документ. 460 Сепак, жалителот може да ги дополни овие информации така што кон образецот за поднесување жалба ќе приложи: повеќе детали за фактите, наводните повреди на Конвенцијата и релевантни аргументи. Овие прилози не треба да надминуваат 20 страници. 461 Образецот за поднесување жалба треба да биде потпишан од жалителот или неговиот застапник и кон него треба да бидат приложени: a. Копии од документи кои се однесуваат на одлуките или мерките – предмет на жалбата (судски или други одлуки); б. Копии од документи и одлуки од кои може да се утврди дека жалителот постапил согласно правилото во однос на искористување на домашните правни средства и рокот утврден со член 35(1) од Конвенцијата; в. Доколку тоа е релевантно за конкретната ситуација, копии од документите за која и да е друга постапка за меѓународна истрага или спогодување; г. Кога жалителот е правно лице, како што е наведено во правилото 47(1)(а), документ или документи од кои може да се утврди дека поединецот кој ја поднел жалбата до Судот е надлежен или овластен да го застапува жалителот. 462 459  Правило 47(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 460  Правило 47(2)(а) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 461  Правило 47(2)(б) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 462  Правило 47(3.1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 82 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Документите кои се доставуваат во прилог на жалбата мора да бидат хронолошки подредени, нумерирани со последователни броеви и јасно означени. 463 Жалителите кои не сакаат нивниот идентитет да биде достапен за јавноста, мора јасно да го посочат тоа и да ги наведат причините кои го оправдуваат барањето да се направи исклучок од стандардното правило за пристап на јавноста до информациите во постапките пред Судот. Судот може да го прифати барањето за анонимност или да одобри анонимност по сопствена иницијатива. 464 Доколку не се испочитувани претходно наведените услови утврдени во одредбите на правилото 47(1) – 47(3) од Деловникот на Судот, жалбата нема да биде разгледана од Судот, освен доколку: a. Жалителот доставил соодветно објаснување за тоа зошто не го испочитувал ова правило; б. Жалбата се однесува на барање за времена мерка; в. Судот одлучи поинаку, по сопствена иницијатива, или по барање на жалителот. 465 Во секој случај, Судот може да побара од жалителот во одреден временски рок да достави информации или документи во каква и да е форма, или на кој и да е начин што може да се смета за соодветен. 466 За датум на испраќање на жалбата ќе се смета датумот на поштенскиот печат, а не датумот што покажува кога била примена жалбата. 467 468 Судот може, сепак, да одлучи, доколку е тоа оправдано, друг датум да се смета како датум на поднесување на жалбата. 469 Тоа би било случај, на пример, кога е невозможно да се утврди датумот на испраќање на жалбата, при што како датум на испраќање може да се земе датумот наведен во жалбата или, во отсуство на таков датум, како датум на испраќање може да се смета датумот кога жалбата е пристигната во Судот. 470 Еден жалбен навод се карактеризира не само со правната основа или аргументите врз кои е заснован, туку и со фактите коишто се наведени во него. 471 Во однос на жалбените наводи кои не се вклучени во првичната жалба, течењето на рокот од четири месеци нема да биде прекинато сè до датумот кога жалбениот навод првпат ќе биде поднесен до органот на Конвенцијата. 472 Доколку жалбените наводи се поднесени по истекот на рокот од четири месеци, тие може да бидат испитани само во случај кога претставуваат одредени 463  Правило 47(3.2) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 464  Правило 47(4) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 465  Правило 47(5.1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 466  Правило 47(5.2) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 467  Правило 47(6)(а) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 468  Abdulrahman v. the Netherlands (dec.), No. 66994/12, 5 February 2013; Brežec v. Croatia , No. 7177/10,§ 29, 18 July 2013. 469  Правило 47(6)(б) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 470  Bulinwar OOD and Hrusanov v. Bulgaria , No. 66455/01,§§ 30-32, 12 April 2007. 471  Scoppola v. Italy(No. 2) [GC], No. 10249/03,§ 54, 17 September 2009. 472  Allan v. the United Kingdom (dec.), No. 48539/99, 28 August 2001. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 83 аспекти на првичните жалбени наводи кои биле поднесени со почитување на временскиот рок. 473 Во случај кога во првичната жалба не се дадени индикации за фактичката основа на жалбениот навод, ниту, пак, за природата на евентуалната повреда, самиот факт дека жалителот се повикал на членот 6 во својата жалба не е доволен за да послужи како основа за истакнување на сите подоцнежни жалбени наводи во согласност со тој член. 474 Исто така, обезбедувањето документи од домашната постапка не е доволно за да се смета како основа за истакнување на сите подоцнежни жалбени наводи кои се однесуваат на таа постапка. Потребно е да постои барем кратка индикација за природата на наводната повреда според Конвенцијата за да се поднесе жалба и на тој начин да се прекине течењето на рокот од четири месеци. 475 2.4.3.  Анонимна жалба Според член 35(2)(а) од Конвенцијата,„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба поднесена врз основа на членот 34, кога жалбата е анонимна...“. Имено, жалителот мора да биде уредно идентификуван во образецот за поднесување жалба. 476 Во спротивно, жалбата ќе биде отфрлена. Само Судот е надлежен да утврди дали жалбата е анонимна во смисла на член 35(2)(а). 477 Ако тужената влада се сомнева во автентичноста на жалбата, таа мора навремено да го извести Судот. 478 Судот утврдил дека жалбата се смета за анонимна кога списите на предметот не укажуваат на елементи што ќе му овозможат да го идентификува жалителот. 479 За анонимна се смета и жалбата којашто е поднесена од страна на здружение во име на неидентификувани лица, при што здружението не е жртва, туку се жали на повреда на правото на почитување на приватниот живот во корист на неидентификувани поединци, кои на овој начин станале жалители и изјавиле дека се застапувани од здружението. 480 Исто така, Судот може да одлучи дека идентитетот на жалителот не треба да се објави јавно. 481 Имено, во некои случаи, жалителите може да имаат многу добри причини заради кои не сакаат да биде откриен нивниот идентитет. Во такви случаи, податоците за жалителот, вклучувајќи го: неговото име, адреса, датум на раѓање, националност и занимање, ќе мора да бидат наведени во образецот за поднесување жалба до Судот, но жалителот може да побара доверливост. Доколку барањето на жалителот за доверливост се прифати од страна на Судот, жалителот ќе биде назначен во извештаите за случајот со неговите иницијали, или само со буква. 473  Sâmbata Bihor Greek Catholic Parish v. Romania, No. 48107/99, 12 January 2010. 474  Allan v. the United Kingdom (dec.), No. 48539/99, 28 August 2001.; Adam and Others v. Germany (dec.), No. 290/03, 1 September 2005. 475  Bozinovski v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), No. 68368/01, 1 February 2005. 476  Правило 47(1)(а) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 477  Sindicatul Păstorul cel Bun v. Romania [GC], No. 2330/09,§ 69, ECHR 2013. 478  Ibid. 479  Blondje v. the Netherlands (dec.), No. 7245/09, ECHR 2009. 480  Federation of French Medical Trade Unions and the National Federation of Nurses v. France (dec.), No. 10983/84,Commission decision of 12 May. 481  Правило 47(4) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 84 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Член 35(2)(а) од Конвенцијата не е применлив кога жалителите поднеле фактички и правни информации што му овозможуваат на Судот да ги идентификува и да ги утврди нивните врски со фактите што се во прашање и покренатата жалба. 482 Исто така, жалбата не се смета за анонимна кога е поднесена од поединци кои користат псевдоними и кои на Судот му даваат образложение дека околностите на вооружениот конфликт ги принудуваат да не ги откриваат своите вистински имиња, со цел да ги заштитат членовите на своите семејства и пријателите. Имено, во случајот Shamayev and Others v. Georgia and Russia , 483 Судот утврдил дека„зад тактизирањето за прикривање на нивниот вистински идентитет од разбирливи причини, стојат вистински луѓе кои може да се идентификуваат од доволен број индикации, различни од нивните вистински имиња“, и дека„постои доволно блиска врска меѓу жалителите и настаните за кои станува збор“, заради што не ја сметал жалбата за анонимна. 2.4.4.  Суштински иста жалба Членот 35(2)(б) од Конвенцијата предвидува дека„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба поднесена врз основа на членот 34, кога..., во суштина, е иста како и жалбата што Судот претходно ја разгледувал или веќе е доставена до друга меѓународна истражна или судска инстанца, и доколку не содржи нови факти“. Имено, жалбата ќе биде отфрлена согласно член 35(2)(б) од Конвенцијата доколку е суштински иста како жалбата која Судот веќе ја разгледувал или доколку е суштински иста како жалбата која е веќе доставена до друга меѓународна истражна и судска инстанца, при што жалбата не содржи нови релевантни факти. Имено, ќе се смета дека жалбата„во суштина е иста“ со друга жалба кога се исти: странките, жалбените наводи и фактичките состојби. 484 Доколку се потврди дека ова е случај, тогаш Судот ќе ја прогласи жалбата за недопуштена. Првиот дел на член 35(2)(б) има за цел да ја обезбеди конечноста на одлуките на Судот и да ги спречи жалителите да се жалат на претходните пресуди или одлуки на Судот преку поднесување на нови жалби. 485 Притоа, Судот испитува дали двете жалби поднесени од жалителите суштински се однесуваат на истите: лица, факти и жалбени наводи. 486 Овој дел на членот се однесува и на случаите коишто се симнати од листата на случаи на Судот врз основа на пријателска спогодба. 487 Но, ако претходната жалба никогаш не била предмет на формална одлука, Судот не е спречен да ја разгледа новата жалба. 488 Значи, повторно поднесените жалби од страна на ист жалител, во однос на иста работа, ќе бидат прогласени за недопуштени врз основа на член 35(2)(б), освен доколку не содржат нови релевантни факти. Меѓутоа, важно е да се има предвид и исклучокот во однос 482  Sindicatul Păstorul cel Bun v. Romania [GC], No. 2330/09,§ 71, ECHR 2013. 483  Shamayev and Others v. Georgia and Russia (dec.), No. 36378/02, 16 September 2003. 484  Pauger v. Austria , No. 24872/94, Commission decision of 9 January 1995; Verein gegen Tierfabriken Schweiz(VgT) v. Switzerland(No. 2) [GC], No. 32772/02,§ 63, ECHR 2009. 485  Kafkaris v. Cyprus (dec.), No. 9644/09,§ 67, 21 June 2011; Lowe v. the United Kingdom (dec.), No. 12486/07, 8 September 2009. 486  Vojnović v. Croatia (dec.), No. 4819/10,§ 28, 26 June 2012; Verein gegen Tierfabriken Schweiz(VgT) v. Switzerland(No. 2) [GC], No. 32772/02,§ 63, ECHR 2009; Amarandei and Others v. Romania , No. 1443/10,§§ 106-111, 26 April 2016. 487  Kezer and Others v. Turkey (dec.), No. 58058/00, 5 October 2004. 488  Sürmeli v. Germany (dec.), No. 75529/01, 29 April 2004. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 85 на„новите релевантни факти“. Така, жалителот чија жалба претходно била прогласена за недопуштена заради неисцрпување на домашните правни средства, може повторно да го поднесе случајот до ЕСЧП, откако ќе ги искористи ефективните домашни правни средства. Исто така, може да постојат нови информации за фактите, или нови случувања во домашните постапки, што може да ја оправдаат натамошната жалба, како што е зголеменото времетраење на домашните постапки. 489 Притоа, треба да се има предвид дека дополнителните правни аргументи не претставуваат„нови релевантни факти“. 490 Вториот дел од член 35(2)(б) има за цел да ја избегне ситуацијата кога неколку меѓународни тела истовремено се занимаваат со жалби кои се суштински исти. Ситуацијата од овој вид би била неспоива со духот и словото на Конвенцијата, која се обидува да избегне плурализам од меѓународни постапки кои се однесуваат на исти случаи. 491 При утврдувањето дали неговата надлежност е исклучена врз основа на оваа одредба од Конвенцијата, Судот ќе треба да одлучи дали жалбата пред него е суштински иста како жалбата која веќе е доставена пред друга меѓународна инстанца и, ако е така, дали истата може да се смета за„доставена до друга меѓународна истражна или судска инстанца“ во смисла на член 35(2)(б) од Конвенцијата. 492 Притоа, Судот ќе потврди дека не е одлучувачки датумот на иницирање на паралелен сет на постапки, туку дали одлуката за основаноста веќе била донесена во таа постапка до моментот кога го разгледува случајот. 493 2.4.5.  Злоупотреба на правото на жалба Според член 35(3)(а) од Конвенцијата,„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека… со неа се злоупотребува правото на индивидуална жалба…“. Притоа, поимот„злоупотреба“, во смисла на членот 35(3) (a), мора да биде сфатен во неговата вообичаена смисла во согласност со општата правна теорија, односно како погрешна примена на правото за цели поинакви од тие за кои е предвидено. 494 Имајќи ја предвид дефиницијата на поимот„злоупотреба“, би можело да се заклучи дека злоупотреба на правото на жалба би претставувало секое однесување на жалителот што е очигледно спротивно на целта на правото на индивидуална жалба, онака како што е предвидено со ЕКЧП, и со тоа го попречува нормалното функционирање на Судот или правилното водење на постапките пред него. 495 Доколку Судот утврди злоупотреба на правото на жалба, ќе ја отфрли жалбата како недопуштена, согласно член 35(3)(a) од Конвенцијата. Случаите во кои Судот открил злоупотреба на правото на жалба може да се групираат во пет типични категории: 496 информации што доведуваат до заблуда; користење навредлив јазик; повреда на обврската за зачувување на доверливоста на постапката за прија489  X v. United Kingdom , No. 8233/78,(dec.) 3.10.79, 17 DR 122; Vallan v. Italy, No. 9621/81,(dec.) 13.10.83. 490  X v. United Kingdom , No. 8206/78,(dec.) 10.7.81, 25 DR 147. 491  OAO Neftyanaya Kompaniya Yukos v. Russia , No. 14902/04,§ 520, 20 September 2011. Eğitim ve Bilim Emekçileri Sendikası v. Turkey , No. 20641/05,§ 37, ECHR 2012. 492  OAO Neftyanaya Kompaniya Yukos v. Russia , No. 14902/04,§ 520, 20 September 2011. 493  Peraldi v. France (dec.), No. 2096/05, 7 April 2009. 494  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 37. 495  Miroļubovs and Others v. Latvia , No. 798/05,§§ 62& 65, 15 September 2009; S.A.S. v. France [GC], No. 43835/11,§ 66, ECHR 2014. 496  European Court of Human Rights, supra note 240, p.37-40. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 86 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур телско спогодување; жалба со вознемирувачки наводи или без вистинска цел; и сите други случаи што не можат да бидат исцрпно наведени. 497 Во случај кога жалбата е намерно заснована врз невистинити факти, со цел да го доведе Судот во заблуда, истата претставува злоупотреба на правото на жалба. 498 Поднесувањето жалба под лажен идентитет 499 и испраќањето фалсификувана документација до Судот, 500 се едни од најсериозните примери за овој вид на злоупотреба на правото на жалба. Злоупотребата од овој вид може да биде извршена и при пропуст сторен од страна на жалителот, во случај кога жалителот уште на почетокот пропуштил да го информира Судот за некој фактор што бил од суштинско значење за испитувањето на предметот. 501 Притоа, таквите информации треба да се однесуваат на суштината на предметот, со цел Судот да може да утврди дека пропустот претставува злоупотреба на правото на индивидуална жалба. 502 Исто така, до злоупотреба на правото на жалба од овој вид доаѓа и доколку се случат нови и важни настани додека сè уште трае постапката пред Судот, а жалителот, и покрај обврската предвидена со Деловникот на Судот, пропуштил да ги обелодени тие информации пред Судот, со што спречил да се донесе пресуда во конкретен случај со целосно знаење на фактите. Во вакви случаи, Судот ќе ја отфрли жалбата како недопуштена врз основа на злоупотребата на правото на жалба. 503 Доколку по конечноста на пресудата на Судот за основаноста на случајот произлезе дека жалителот скрил факт што би бил релевантен за испитување на жалбата, Судот може да ја преиспита својата пресуда преку поведување постапка за ревизија, согласно одредбите предвидени во правилото 80 од Деловникот на Судот, и да ја отфрли жалбата врз основа на злоупотреба на правото на жалба. 504 Можноста за ревизија на пресуда постои само во случај кога тужената влада не можела разумно да знае за новиот факт во времето на испитување на предметот од страна на Судот, и доколку барањето за ревизија биде поднесено во рок од шест месеци по дознавањето за тој факт. 505 506 До злоупотреба на правото на жалба ќе дојде и во случај кога жалителот користи особено: вознемирувачки, навредлив, заканувачки или провокативен јазик во својата кореспонденција со Судот. Таквиот вознемирувачки и навредлив јазик може да е насочен против: одговорната влада, владиниот агент, властите на одговорната држава, самиот Суд, неговите судии, неговиот Секретаријат или неговите членови, и слично. 507 Притоа, 497  S.A.S. v. France [GC], No. 43835/11,§ 67, ECHR 2014. 498  Varbanov v. Bulgaria , No. 31365/96,§ 36, ECHR 2000-X. 499  Drijfhoutv the Netherlands (dec.), No. 51721/09,§§ 27-29, 22 February 2011. 500  Jian v. Romania (dec.), No. 46640/99, 30 March 2004.; Bagheri and Maliki v. the Netherlands (dec.), No. 30164/06, 15 May 2007.; Poznanski and Others v. Germany (dec.), No. 25101/05, 3 July 2007; Gogitidze and Others v. Georgia , No. 36862/05,§§ 77-78, 12 May 2015. 501  Al-Nashif v. Bulgaria, No. 50963/99,§ 89, 20.6.02; Kerechashvili v. Georgia (dec.), No. 5667/02, ECHR 2006-V; Martin Alves v. Portugal (dec.), No. 56297/11, 21 January 2014; Gross v. Switzerland [GC], No. 67810/10,§§ 35-36, ECHR 2014. 502  Bestry v. Poland, No . 57675/10,§ 44, 3 November 2015. 503  Hadrabová and Others v. the CzechRepublic (dec.), Nos. 42165/02 and 466/03, 25 September 2007; Predescu v. Romania, No. 21447/03,§§ 25-27, 2 December 2008. 504  Gardean and S.C. Grup 95 SA v. Romania (revision), No. 25787/04,§§ 12-22, 30 April 2013; Vidu and Others v. Romania (revision), No. 9835/02,§§ 17-30, 17 January 2017; Petroiu v. Romania (revision), No. 33055/09,§§ 16-30, 7 February 2017. 505  Правило 80(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 506  Grossi and Others v. Italy (revision), No. 18791/03,§§ 17-24, 30 October 2012; Vidu and Others v. Romania (revision), No. 9835/02,§§ 20-23, 17 January 2017; Petroiu v. Romania (revision), No. 33055/09,§§ 19 and 27-28, 7 February 2017. 507  Řehák v. the Czech Republic (dec.), No. 67208/01, 18 May 2004.; Duringer and Grunge v. France (dec.), Nos. 61164/00 and 18589/02, ECHR 2003-II; Stamoulakatos v. the United Kingdom , No. 27567/95, Commission decision of 9 April 1997. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 87 Судот утврдил дека не е доволно јазикот на жалителот да биде само: остар, полемичен или саркастичен, туку дека е потребно да ги надмине„границите на нормален, граѓански и легитимен критицизам“ за да може да се смета како злоупотреба. 508 Доколку за време на постапката жалителот престане да употребува навредлив јазик по дадено формално предупредување од страна на Судот, ако веднаш ги повлече навредливите забелешки или се извини, жалбата нема да биде отфрлена врз основа на злоупотреба на правото на жалба. 509 Во согласност со членот 39(2) на Конвенцијата и членот 62(2) од Деловникот на Судот, странките имаат обврска за доверливост на преговорите за пријателско спогодување. Доколку дојде до намерна повреда на оваа обврска од страна на жалителот, истото може да се смета за злоупотреба на правото на жалба и, врз таа основа, да доведе до отфрлање на жалбата од страна на Судот. 510 За да се утврди дали жалителот ја повредил обврската за доверливост на преговорите за пријателско спогодување, потребно е најпрво да се дефинираат границите на таа обврска. Притоа, таа секогаш мора да се толкува во контекст на нејзината општа цел, која се состои во тоа да се олесни постапката за пријателско спогодување на начин што ќе се заштитат странките и Судот од можни притисоци. Имајќи го предвид ова толкување, може да се заклучи дека доставувањето на документите што се однесуваат на пријателското спогодување на трето лице, би можело, теоретски, да доведе до злоупотреба на правото на жалба во смисла на членот 35(3)(a) на Конвенцијата. Сепак, тоа не значи дека постои апсолутна и безусловна забрана за прикажување на документите што се однесуваат на спогодувањето или за разговарање за тие документи со кое било трето лице. Имено, при сето ова, исто така, треба да се има предвид дека едно вакво широко и ригорозно толкување би можело да доведе до ризик да биде поткопана заштитата на легитимните интереси на жалителот. Тоа, на пример, би било случај кога жалителот бара совет врз еднократна основа, во случај во кој е овластен да се застапува себеси пред Судот. Освен тоа, веројатно е дека за Судот е многу тешко, скоро невозможно, да го следи придржувањето до забраната за откривање на информации во врска со постапката за пријателско спогодување. Суштината на член 39(2) од Конвенцијата и член 62(2) од Деловникот на Судот се состои, всушност, во тоа што на странките им е забрането да ги објавуваат таквите информации, на пример: преку разни медиуми, во кореспонденција што овозможува да биде прочитана од поголем број луѓе, или на било кој друг начин. 511 Токму овој вид однесување, со извесен степен на сериозност, претставува злоупотреба на правото на жалба. Во секој случај, за да може објавувањето на доверливите информации да се смета за злоупотреба на правото на жалба, истите треба да бидат намерно објавени. Притоа, не е доволно само да постои сомневање, туку директната одговорност на жалителот за објавувањето на ваквите информации секогаш мора да биде утврдена со доволна сигурност. 512 508  Di Salvo v. Italy (dec.), No. 16098/05, 11 January 2007; Apinis v. Latvia (dec.), No. 46549/06, 20 September 2011. 509  Chernitsyn v. Russia , No. 5964/02,§§ 25-28, 6 April 2006. 510  Miroļubovs and Others v. Latvia , No. 798/05,§ 66, 15 September 2009; Hadrabová and Others v. the Czech Republic (dec.), Nos. 42165/02 and 466/03, 25 September 2007; Popov v. Moldova(No. 1) , No. 74153/01,§ 48, 18 January 2005. 511  Miroļubovs and Others v. Latvia , No. 798/05,§ 68, 15 September 2009. 512  Ibid. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 88 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Злоупотреба на правото на жалба од страна на жалителот ќе има и во случај кога жалителот постојано поднесува вознемирувачки или очигледно неосновани жалби до Судот, кои се слични со жалба што ја поднел во минатото, а која веќе била прогласена за недопуштена. 513 Судот нема задача да се справува со неосновани и непристојни жалби или со некое друго, очигледно навредливо однесување на жалителите или на нивните застапници, што создава работа за Судот. Имено, сето тоа е неспоиво со вистинските функции на Судот, согласно Конвенцијата. 514 Исто така, Судот може да утврди постоење на злоупотреба на правото на жалба кога жалбата, очигледно, има недостиг од вистинска цел и/ или се однесува на незначителна сума пари. 515 По стапувањето во сила на Протоколот 14, на 1 јуни 2010 година, ваквите жалби се разгледуваат поефикасно во согласност со членот 35(3)(б) на Конвенцијата, кој го предвидува постоењето на незначителна сума пари како основа за прогласување на жалбата за недопуштена. Пресудите и одлуките на Судот, како и случаите во однос на кои сè уште се постапува пред Судот, понекогаш се користат за целите на политичките говори на национално ниво во државите кои се договорни страни на Конвенцијата. Судот не може да утврди постоење на злоупотреба на правото на жалба само заради тоа што жалбата е инспирирана од желбата за публицитет или пропаганда. 516 Сепак, злоупотреба може да постои во случај кога жалителот, мотивиран од политички интереси, дава интервјуа за разни медиуми, во кои изразува неодговорни или несериозни ставови во однос на постапката што е во тек пред Судот. 517 за недопуштеност кои се однесуваат на надлежноста на Судот Групата на критериуми за допуштеност на жалбата, која се однесува на надлежноста на Судот да решава по жалби од аспект на: ratione personae, ratione loci, ratione temporis и ratione materiae , има своја основа во член 35(3)(а), според кој„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на член 34, ако оцени дека жалбата е неспоива со одредбите на Конвенцијата или со нејзините протоколи…“, како и во член 32 од Конвенцијата, кој ја определува надлежноста на Судот. Според член 32 од Конвенцијата,„надлежноста на Судот се протега на сите прашања во врска со толкувањето и примената на Конвенцијата и на нејзините протоколи што ќе му бидат доставени според условите предвидени во членовите: 33, 34, 46 и 47“, додека„во случај на спор во врска со надлежноста на Судот, одлучува Судот.“ Имено, може да се каже дека концептот на неспоивост со одредбите на Конвенцијата има четири аспекти: a. Неспоивост на жалбата со одредбите на Конвенцијата заради ограничувањата во однос на тоа кој може да поднесе жалба и кој може да биде тужен( ratione personae) ; 513  M. v. the United Kingdom , No. 13284/87, Commission decision of 15 October 1987; Philis v. Greece , No. 28970/95, Commission decision of 17 October 1996. 514  Bekauri v. Georgia (preliminary objections), No. 14102/02,§ 21, 10 April 2012; Migliore and Others v. Italy (dec.), Nos. 58511/13 and 2 others, 12 November 2013; Simitzi-Papachristou and Others v. Greece (dec.), Nos. 50634/11 and 18 others, 5 November 2013. 515  Bock v. Germany (dec.), No. 22051/07, 19 January 2010. 516  McFeeley and Others v. the United Kingdom , no. 8317/78, Commission decision of 15 May 1980; Khadzhialiyev and Others v. Russia , No. 3013/04,§§ 66-67, 6 November 2008. 517  Georgian Labour Party v. Georgia , No. 9103/04, ECHR 2008. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 89 б. Неспоивост на жалбата со одредбите на Конвенцијата заради ограничувањата во однос на надлежноста на државата( ratione loci ); в. Неспоивост на жалбата со одредбите на Конвенцијата заради ограничувањата на временскиот аспект во однос на обврските на државата согласно Конвенцијата( ratione temporis ); г. Неспоивост на жалбата со одредбите на Конвенцијата заради ограничувањата во однос на тоа што опфаќаат правата заштитени со Конвенцијата( ratione materiae ). 2.5.1.  Неспоивост ratione personae Споивоста ratione personae бара наводните повреди на Конвенцијата да биле сторени од страна на држава којашто е договорна страна на Конвенцијата или, на некој начин, да може тие повреди да ѝ се припишат на засегнатата држава. 518 Исто така, во случај кога жалбата се поднесува согласно членот 34 од Конвенцијата, споивоста ratione personae бара жалителот да може да биде странка во постапката и да покаже дека е жртва на наводната повреда. Во секој случај, генерално, може да се каже дека надлежноста ratione personae ги исклучува жалбите кои не се насочени против државата или каква било форма на државата, како што е: јавен орган, компанија во државна сопственост, суд или трибунал, туку против: приватно лице, или субјект, или против меѓународна организација, или трибунал. Притоа, дури и ако тужената држава не поднесе никаков приговор за надлежноста на Судот во однос на принципот ratione personae , Судот по службена должност ќе го разгледа ова прашање. 519 Имајќи го предвид претходно изложеното во однос на надлежноста на Судот ratione personae , може да се заклучи дека жалбата ќе биде прогласена за неспоива ratione personae со Конвенцијата, од следниве причини: 520 a. Ако жалителот не може да биде странка во постапката според членот 34 на Конвенцијата; 521 б. Ако жалителот не може да покаже дека е жртва на наводната повреда; 522 в. Ако жалбата е поднесена против поединец; 523 г. Ако жалбата е поднесена против држава која не ја ратификувала Конвенцијата, 524 или директно против меѓународна организација која не пристапила кон Конвенцијата; 525 518  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 41. 519  Sejdić and Finci v. Bosnia and Herzegovina [GC], Nos. 27996/06 and 34836/06,§ 27, ECHR 2009. 520  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 41-42. 521  Municipal Section of Antilly v. France (dec.), No. 45129/98, ECHR 1999-VIII.; Döşemealtı Belediyesi v. Turkey (dec.), No. 50108/06, 23 March 2010.; Moretti and Benedetti v. Italy , No. 16318/07, 27 April 2010.; Bulgarian Helsinki Committee v. Bulgaria (dec.), Nos. 35653/12 and 66172/12, 28 June 2016. 522  Kátai v. Hungary (dec.), No. 939/12,§§ 25-26, 18 March 2014. 523  Durini v. Italy , No. 19217/91, Commission decision of 12 January 1994. 524  E.S. v. Federal Republic of Germany , No. 262/57, Commission decision of 28 August 1957. 525  Stephens v. Cyprus, Turkey and the United Nations (dec.), No. 45267/06, 11 December 2008. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 90 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур д. Ако жалбениот навод вклучува некој протокол од Конвенцијата кој не е ратификуван од страна на тужената држава. 526 Доколку се утврди недостаток од надлежност ratione loci , 527 тоа не значи дека Судот е ослободен од испитување дали жалителите се под надлежност на една или повеќе држави кои се договорни страни, во смисла на членот 1 528 од Конвенцијата. 529 Од овие причини, за приговорите во однос на тоа дека жалителот не е под надлежност на тужената држава е повообичаено да бидат истакнати како тврдења дека жалбата е неспоива ratione personae со Конвенцијата(поднесоците на одговорните влади во Banković and Others v. Belgium and Others ; 530 Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia ; 531 Weber and Saravia v. Germany 532 ). 533 Вршењето на надлежноста е неопходен услов државата која е договорна страна на Конвенцијата да може да се смета за одговорна за дејства, или пропуштање на дејства кои може да ѝ се припишат на истата и кои може да резултираат во наводи за повреда на правата и слободите утврдени во Конвенцијата. 534 Надлежноста на државата според член 1 од Конвенцијата, пред сè, е од територијална природа. 535 Притоа, се претпоставува дека надлежноста се остварува нормално низ целата територија на државата. 536 Државите може да бидат одговорни за дејства на своите власти коишто се извршени надвор од територијата на државата, или чиј ефект се одразува надвор од територијата на државата. 537 Сепак, се работи за исклучителни ситуации, 538 во случај кога државата која е договорна страна има ефективна контрола врз некоја територија или, барем, пресудно влијание врз неа. Во однос на териториите кои се законски под надлежност на некоја држава која е договорна страна, но не се под ефективна власт, односно контрола на таа држава, жалбите може да се сметаат за неспоиви со одредбите на Конвенцијата. 539 Притоа, сепак, мора да се имаат предвид позитивните обврски на државата во согласност со Конвенцијата. 540 526  Horsham v. the United Kingdom , No. 23390/94, Commission decision of 4 September 1995.; De Saedeleer v. Belgium , No. 27535/04,§ 68, 24 July 2007. 527  Надлежноста ratione loci е детално објаснета во продолжение на ова поглавје , а се однесува на тоа наводните повреди на Конвенцијата да настанале во рамки на надлежноста на тужената држава. 528  Член 1 од Европската конвенција за човекови права предвидува:„Високите договорни страни им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенција“. Притоа, како што веќе беше објаснето во првото поглавје(I. Европската конвенција за човекови права во контекст), делот I на ЕКЧП содржи каталог на основните слободи и права, за кои државите кои се договорни страни на ЕКЧП се обврзале дека ќе обезбедат заштита. 529  Drozd and Janousek v. France and Spain ,§ 90, 26 June 1992, Series A, No. 240. 530  Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99,§ 35, ECHR 2001-XII. 531  Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§ 300, ECHR 2004-VII. 532  Weber and Saravia v. Germany (dec.), No. 54934/00, ECHR 2006-XI. 533  European Court of Human Rights, supra note 380, p. 42. 534  Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§ 311, ECHR 2004-VII.; Al-Skeini and Others v. the United Kingdom [GC], No. 55721/07, § 130 , ECHR 2011. 535  Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99, §§ 61&67 , ECHR 2001-XII.; Catan and Others v. the Republic of Moldova and Russia [GC], Nos. 43370/04 and 2 others, § 104 , ECHR 2012. 536  Assanidze v. Georgia [GC], No. 71503/01, § 139 , ECHR 2004-II.; Sargsyan v. Azerbaijan (dec.)[GC], No. 40167/06, §§ 129, 139& 150, 14 December 2011. 537  Drozd and Janousek v. France and Spain ,§ 91, 26 June 1992, Series A, No. 240; Soering v. the United Kingdom ,§§ 86& 91, 7 July 1989, Series A, No. 161; Loizidou v. Turkey (preliminary objections),§ 62, 23 March 1995, Series A, No. 310. 538  Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§ 314, ECHR 2004-VII.; Banković and Others v. Belgium and Others (dec.) [GC], No. 52207/99, § 71, ECHR 2001-XII. 539  An and Others v. Cyprus , No. 18270/91, Commission decision of 8 October 199. 540  Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§§ 312-13,§§333 et seq., ECHR 2004-VII. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 91 Одговорноста на државите кои се договорни страни за дејствата на приватни лица, иако вообичаено спаѓа под испитување на споивоста ratione personae , исто така може да зависи од условите на индивидуалните права од Конвенцијата и од протегањето на позитивната обврска поврзана со тие права. 541 Одговорноста на државата може да се утврди во согласност со Конвенцијата како резултат на согласноста на властите или на нивното премолчување во однос на дејствата на поединци со кои се повредуваат правата загарантирани со Конвенцијата на други поединци, кои се под нивна надлежност. 542 Во оваа смисла, во некои ситуации, одговорност на државата не постои заради определен извршен или правен акт кој има влијание на поединците, туку заради тоа што легислативата е активирана како резултат на дејствата на приватни индивидуи. 543 Судот истакнал дека државата не може да се изземе од одговорност преку делегирање на нејзините обврски на приватни тела или поединци. Така, во случајот Costello Roberts v. United Kingdom , 544 Судот го применил овој принцип во однос на физичкото казнување во приватно училиште. Судот утврдил дека државата има обврска да им го обезбеди на децата нивното право на образование, вклучувајќи ја и одговорноста за дисциплинскиот систем на училиштето. Притоа, правото на образование се применува еднакво како во однос на учениците во приватни училишта, така и во однос на учениците во државни училишта. Во случајот Wos v. Poland , 545 била утврдена одговорност ratione personae на тужената држава во однос на Полско-германската фондација за помирување, која претставувала приватно правно тело воспоставено согласно меѓународни договори, со цел да биде обезбеден надомест на жртви на прогонот на нацистите. Иако државата не вршела директно влијание врз донесувањето на индивидуалните одлуки, сепак имала значајна улога при утврдување на целокупната рамка во која функционирала Фондацијата. Исклучок во однос на критериумот ratione personae може да постои и кога е утврдено дека државата е одговорна за наводната повреда, на пример, на начин што не успеала да преземе соодветни мерки за да заштити определен поединец од дејствата на други. 546 Исто така, може да има одговорност на државата во случаи кои се однесуваат на малтретирање од страна на приватни индивидуи, врз основа на комбинирани обврски согласно член 1 и член 3 од Конвенцијата. Имено, со оглед на тоа што член 1 наложува државата да им ги обезбеди на сите лица под нејзина надлежност правата и слободите утврдени со Конвенцијата, државата мора да преземе неопходни чекори со цел да превенира поединци да бидат подложени на нечовечко или понижувачко однесување или казнување, дури и од страна на приватни индивидуи. Ова значи дека е потребно да постои систем на ефективно одвраќање, кој ќе превенира какво било малтретирање, особено во однос на деца и други ранливи лица, како што се лицата кои имаат проблеми со менталното здравје. 547 Жалбите поднесени до Судот, кои се однесуваат на дејства и пропуштање на дејства од страна на државите кои се договорни страни на Конвенцијата, при што овие дејства и пропуштања имаат основа во резолуциите на Советот за безбедност на ОН и се случуваат пред или за време на мисиите на ОН за обезбедување на меѓународниот мир и сигурност, ќе бидат отфрлени 541  Söderman v. Sweden [GC], No. 5786/08,§ 78, ECHR 2013; Siliadin v. France , No. 73316/01,§§ 77-81, ECHR 2005-VII.; Beganović v. Cro atia , No. 46423/06,§§ 69-71, 25 June 2009. 542  Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§ 318, ECHR 2004-VII. 543  J.A. Pye(Oxford) Ltd and J.A. Pye(Oxford) Land Ltd v. the United Kingdom [GC], No. 44302/02,§ 57, ECHR 2007-III. 544  Costello-Roberts v. the United Kingdom , 25 March 1993. 545  Woś v. Poland , No. 22860/02, ECHR 2006-VII. 546  Young, James and Webster v. the United Kingdom , Series A No. 44, 13 August 1981. 547  A. v. the United Kingdom , No. 35373/97, ECHR 2002-X.; X and Y v. the Netherlands , Series A, No. 91, 26 March 1985. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 92 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур врз основа на критериумот ratione personae . Истото се однесува и на жалби во врска со дејства и пропуштање на дејства од страна на разни меѓународни судови и организации, кои имаат седиште во одредена држава која е договорна страна на Конвенцијата. Имено, самиот факт дека еден меѓународен кривичен трибунал има седиште и простории во Холандија, не е доволна основа за припишување на таа држава какви било наводни дејства или пропуштање на дејства од страна на меѓународниот трибунал во врска со осудата на жалителот. 548 Во оваа смисла, Судот утврдил дека дејства или пропуштање на дејства од страна на телата кои се воспоставени со резолуции на Советот за безбедност на ОН за администрација на Косово(КФОР и УНМИК), 549 одлуките на Високиот претставник за Босна и Херцеговина, чија надлежност произлегува од резолуциите на Советот за безбедност на ОН, 550 и дејства или пропуштање на дејства од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, воспоставен согласно Повелбата на ОН како помошна организација на Советот за безбедност 551 и на Меѓународниот кривичен суд, 552 не може да се припишат на тужените договорни страни на Конвенцијата. 553 Жалбата поднесена против држава која не ја ратификувала Конвенцијата или релевантниот протокол, исто така ќе биде отфрлена врз основа на критериумот ratione personae . Разни прашања може да се покренат во врска со распад на државите или сукцесија. Така, жалителите во случајот Bijelić v. Montenegro and Serbia 554 првично се жалеле против Владата на Државната заедница Србија и Црна Гора, поради неуспехот да се спроведе судски налог за иселување. Црна Гора ја објавила својата независност во 2006 година, додека постапката пред ЕСЧП сè уште била во тек. Судот во овој случај го применил принципот според кој основните права што се заштитени со меѓународните договори за човекови права треба да им бидат обезбедени на поединците кои живеат на територијата на засегнатата држава, која е странка во постапката, независно од нејзиниот подоцнежен распад или сукцесија. Од овие причини, со оглед на тоа што ЕКЧП стапила во сила во однос на Државната заедница Србија и Црна Гора во март 2004 година, се сметало дека континуирано е во сила во однос на Црна Гора од 2004 година. Постапката во прашање била опфатена единствено со надлежноста на црногорските власти, па од тие причини жалбата во однос на Србија била прогласена за неспоива ratione personae . Жалбите поднесени директно против институции на ЕУ, која не е членка на ЕКЧП, ќе бидат прогласени за недопуштени врз основа на неспоивоста ratione personae . 555 Доколку жалбите се поднесени против поединечни држави-членки во однос на примената на правото на ЕУ од нивна страна, истите не мора да бидат прогласени за недопуштени врз оваа основа. 556 548  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 43-44. 549  Behrami v. France and Saramati v. France, Germany and Norway (dec.)[GC], Nos. 71412/01 and 78166/01, 2 May 2007; Kasumaj v. Greece, No. 6974/05,(dec.) 5.7.07.; Azemi v. Serbia (dec.), No. 11209/09, 5 November 2013. 550  Berić and Others v. Bosnia and Herzegovina (dec.), Nos. 36357/04 and 25 others, 16 October 2007. 551  Galić v. Netherlands, No. 22617/07,(dec.) 9.6.09.; Blagojević v. Netherlands, No. 49032/07,(dec.) 9.6.09. 552  Djokaba Lambi Longa v. Netherlands, No. 33917/12,(dec.) 9.10.12. 553  Leach, supra note 17, p. 180. 554  Bijelić v. Montenegro and Serbia , No. 11890/05, 28 April 2009. 555  Confédération française démocratique du travail v. the European Communities , No. 8030/77, Commission decision of 10 July 1978.; Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], No. 45036/98,§ 152, ECHR 2005-VI.; Cooperatieve Producentenorganisatie van de Nederlandse Kokkelvisserij U.A. v. the Netherlands (dec.), No. 13645/05, ECHR 2009. 556  Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], No. 45036/98,§ 137, ECHR 2005-VI; Matthews v. the United Kingdom [GC], No. 24833/94,§§ 26-35, ECHR 1999-I. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 93 2.5.2.  Неспоивост ratione loci Споивоста ratione loci наложува наводните повреди на Конвенцијата да настанале во рамки на надлежноста на тужената држава или на територија што е под нејзина ефективна контрола. 557 558 Имено, се работи, пред сè, за територијално прашање, но не и исклучително само за вакво прашање, со оглед на тоа што Судот, во исклучителни ситуации, ќе дозволи и други основи за надлежност на определена држава, во случај кога државата има ефективна контрола врз предметната територија или кога преку: согласност, покана или прифаќање на владата на таа територија, државата ги спроведува сите, или некои од јавните овластувања што нормално ги врши таа влада. Надлежноста на државата вклучува и зависна територија, доколку државата даде изјава според член 56 559 дека Конвенцијата се применува во однос на територијата. 560 Така, на пример, во случаите Cyprus v. Turkey , 561 Судот утврдил дека Турција е одговорна за нејзините вооружени сили на Кипар. Судот сметал дека турските вооружени сили на Кипар ги ставиле тамошните лица, или имот, во рамки на надлежноста на Турција, до степен до кој тие вршеле контрола над тие лица, или имот. Имајќи го предвид претходно изложеното, јасно е дека во случај кога жалбите се засноваат врз настани на територија надвор од државата која е договорна страна на Конвенцијата, при што не постои поврзаност меѓу овие настани и било кои власти под надлежност на таа држава, тие ќе се отфрлат како неспоиви ratione loci со Конвенцијата. Исто така, во случај кога жалбените наводи се однесуваат на дејства што се случиле надвор од територијата на државата која е договорна страна на Конвенцијата, Владата може да истакне првичен приговор дека жалбата е неспоива ratione loci со одредбите на Конвенцијата. 562 Притоа, Судот ќе го испитува ваквиот приговор во согласност со членот 1 на Конвенцијата. 563 Во случај кога жалбените наводи се однесуваат на дејства извршени во странство од страна на дипломатските и конзуларните претставништва на државата која е договорна страна на Конвенцијата, државата ќе биде одговорна за тие дејства на нејзините дипломатски мисии во странство и не постои основа за да се истакне приговор за неспоивост ratione loci . 564 Исто така, државата е одговорна и за дејствата настанати во воздухоплови и бродови регистрирани во таа држава, или кои летаат под знамето на таа држава. 565 557  Cyprus v. Turkey [GC], No. 25781/94,§§ 75-81, ECHR 2001-IV.; Drozd and Janousek v. France and Spain , Series A No. 240,§§ 84-90, 26 June 1992. 558  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 46. 559  Според член 56(1) од Европската конвенција за човекови права, секоја држава може, во моментот на ратификацијата, или во секој друг момент подоцна, со нотификација упатена до Генералниот секретар на Советот на Европа да изјави дека оваа Конвенција... ќе се применува на сите или само на некоја територија, чии меѓународни односи се во нејзина надлежност. 560  Quark Fishing Ltd v. the United Kingdom (dec.), No. 15305/06, ECHR 2006-XIV; Chagos Islanders v. United Kingdom, No. 35622/04, (dec.) 11.12.12. 561  Cyprus v. Turkey [GC], No. 25781/94, ECHR 2001-IV. 562  Loizidou v. Turkey (preliminary objections), Series A, No. 310,§ 55, 23 March 1995; Rantsev v. Cyprus and Russia , No. 25965/04,§ 203, ECHR 2010. 563  Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99,§ 75, ECHR 2001-XII. 564  X v. Federal Republic of Germany (dec.), No. 7462/76, Commission decision of 7 March 1977; M. v. Denmark , No. 17392/90,§ 1, Commission decision of 14 October 1992. 565  Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99,§ 73, ECHR 2001-XII.; Hirsi Jamaa and Others v. Italy [GC], No. 27765/09,§ 77& 78, ECHR 2012. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 94 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Генерално, не е можно да се поднесуваат жалби до ЕСЧП во врска со одлуки на меѓународни организации. Сепак, преносот на државната власт на меѓународна организација не мора неопходно да ја исклучува одговорноста на државата, затоа што во спротивно, гаранциите од Конвенцијата лесно би можеле да бидат исклучени или ограничени. Така, во случаи кои се однесуваат на преместувањето на жалителите во Европската вселенска агенција, Судот го истакнал принципот дека кога државите воспоставуваат меѓународни организации и им даваат овластувања и имунитет, можно е да има импликации за човековите права, па токму од овие причини би било неспоиво со целите на Конвенцијата, доколку државите кои се договорни страни на Конвенцијата на тој начин се ослободат од нивната одговорност според Конвенцијата. 566 Во случајот Bosphorus Hava Yollari Turizm Ve Ticaret AS v. Ireland , 567 кој се однесува на запленувањето на закупениот авион на жалителот во Ирска, како резултат на директно ефективна регулатива на Европската заедница во врска со имплементирањето на санкциите на ОН во однос на тогашната Федерална Република Југославија, Судот утврдил дека жалбата е споива ratione loci . Имено, со оглед на тоа што мерките биле преземени од страна на ирските власти на нивна територија, врз основа на одлука на министерот за транспорт, Судот утврдил дека компанијата жалител е во надлежност на тужената држава, па заради тоа нејзината жалба била споива ratione loci , ratione personae и ratione materiae со Конвенцијата. Во секој случај, како што веќе беше претходно објаснето, доколку се утврди недостаток од надлежност ratione loci , тоа не значи дека Судот не треба да испита дали жалителите се под надлежност на една или повеќе држави кои се договорни страни, во смисла на членот 1 од Конвенцијата. 568 Така, приговорите во однос на тоа што жалителите не биле под надлежност на тужената држава ќе бидат истакнати како барања за неспоивост на жалбите ratione personae со Конвенцијата(поднесоците на одговорните влади во Banković and Others v. Belgium and Others ; 569 Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia ; 570 Weber and Saravia v. Germany 571 ). 572 2.5.3.  Неспоивост ratione temporis Споивоста ratione temporis бара наводните повреди на Конвенцијата да настанале по стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на засегнатата држава која е договорна страна на Конвенцијата. Имено, принципот на непостоење на ретроактивно дејство на договорите, како едно од општите правила на меѓународното право, наложува одредбите од Конвенцијата да не ја обврзуваат државата која е договорна страна во однос на кое 566  Beer and Regan v. Germany [GC], No. 28934/95, 18 February 1999; Waite and Kennedy v. Germany [GC], No. 26083/94, ECHR 1999-I. 567  Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], No. 45036/98, ECHR 2005-VI. 568  Drozd and Janousek v. France and Spain , Series A No. 240,§ 90, 26 June 1992. 569  Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99,§ 35, ECHR 2001-XII. 570  Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99,§ 300, ECHR 2004-VII. 571  Weber and Saravia v. Germany (dec.), No. 54934/00, ECHR 2006-XI. 572  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 46. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 95 било дејство или фактичка состојба што настанале, или состојба што престанала да постои, пред датумот на стапувањето во сила на Конвенцијата во поглед на таа држава. 573 574 Значи, надлежноста ratione temporis го опфаќа само периодот по ратификацијата на Конвенцијата и нејзините протоколи од страна на одговорната држава. Од овие причини, жалбата против држава која не ја имала ратификувано Конвенцијата на релевантниот датум(или не го имала прифатено правото на индивидуална жалба на релевантниот датум), 575 ќе биде прогласена за недопуштена врз основа на неспоивост ratione temporis со одредбите на Конвенцијата. Притоа, Судот има обврска да ја испита својата надлежност ratione temporis по службена должност и тоа може да го стори во која било фаза на постапката, од причина што повеќе се работи за прашање кое се однесува на надлежноста на Судот, отколку за прашање кое се однесува на допуштеноста во потесна смисла на зборот. 576 Надлежноста ratione temporis мора да биде утврдена од страна на Судот според фактите кои ја конституираат наводната повреда. Според тоа, многу е важно да биде идентификувано точното време на наводната повреда во секој поединечен случај. Притоа, Судот мора да ги земе предвид како фактите во однос на кои жалителот се жали, така и опфатот на правото заштитено со Конвенцијата за кое се тврди дека е повредено. 577 Во оваа смисла, во случај кога постојат различни судски одлуки кои се донесени пред и после меродавниот датум, Судот ќе ја земе предвид конечната пресуда која сама по себе има потенцијал да ги повреди правата на жалителот заштитени со Конвенцијата, но нема да ги земе предвид последователните правни лекови кои единствено придонеле да продолжи постоењето на повредата. Така, во случајот Blečić v. Croatia , 578 кој се однесува на престанок на специјално заштитено право на закуп на жалителот што според хрватските закони настанал кога пресудата на судот во врска со закупот на жалителот станала res judicata , ЕСЧП како конечна пресуда ја сметал пресудата на Врховниот суд со која е донесена одлука за правото на закуп на жалителот, наспроти последователната одлука на Уставниот суд која единствено резултирала со тоа што повредата продолжила да постои. Имено, одлуката за престанок на закупот најпрво била донесена од страна на Општинскиот суд во 1994 година, но по изјавената жалба била преиначена од страна на Окружниот суд. Пресудата на Окружниот суд потоа повторно била преиначена од страна на Врховниот суд во 1996 година. Во тој момент жалителот го изгубил својот закуп. Имајќи предвид дека датумот на ратификација на Конвен573  Blečić v. Croatia [GC], No. 59532/00,§ 70, ECHR 2006-III.; Šilih v. Slovenia [GC], No. 71463/01,§ 140, 9 April 2009; Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 130, ECHR 2009. 574  European Court of Human Rights, supra note 380, p. 47. 575  Генерално правило е дека релевантен датум за одредување на временската надлежност на Судот е датумот кога Конвенцијата и нејзините протоколи стапиле во сила во поглед на засегнатата држава. Меѓутоа, според Конвенцијата од 1950 година, надлежноста на Комисијата да ги испитува индивидуалните жалби(поранешен член 25) и надлежноста на Судот (поранешен член 46), зависеле од посебните изјави за согласност на државите кои се договорни страни, дадени за таа цел. Овие изјави може да содржат ограничувања, меѓу кои и временски ограничувања. Овие временски ограничувања остануваат да важат при утврдување на надлежноста на Судот за примање индивидуални жалби според сегашниот член 34 на Конвенцијата(право на индивидуална жалба), врз основа на член 6 од Протокол 11( Blečić v. Croatia [GC],§ 72). Имено, согласно член 6 од Протокол 11, кога договорна страна дала изјава со која се признава надлежноста на Комисијата или на Судот според поранешниот член 25 или 46 од Конвенцијата, во однос на прашања кои произлегуваат после каква било изјава или се базирани врз факти кои произлегуваат после каква било изјава, ова ограничување останува важечко за надлежноста на Судот според овој Протокол. 576  Blečić v. Croatia [GC], No. 59532/00,§ 67, ECHR 2006-III.; Petrović v. Serbia , No. 40485/08,§ 66, 15 July 2014. 577  Blečić v. Croatia [GC], No. 59532/00,§ 82, ECHR 2006-III.; Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 131, ECHR 2009. 578  Blečić v. Croatia [GC], No. 59532/00, ECHR 2006-III. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 96 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур цијата од страна на Хрватска бил на 5 ноември 1997 година, Судот сметал дека повредата е надвор од неговата временска надлежност. Последователната пресуда на Уставниот суд во 1999 година, со која била одбиена уставната жалба на жалителот, не влијаела на промена на ситуацијата. Според тоа, било констатирано дека жалбата е неспоива ratione temporis со Конвенцијата . Имено , во случај кога повредата настанала пред ратификацијата на Конвенцијата во однос на засегнатата држава, а неуспехот на последователно искористените правни средства кои имаат за цел да ги исправат повредите настанал по ратификацијата на Конвенцијата во однос на засегнатата држава, не може да се смета дека постои временска надлежност на Судот, од причина што ќе произлезе дека Конвенцијата е обврзувачка за засегнатата држава во врска со факт кој настанал пред Конвенцијата да стапи во сила во однос на таа држава. 579 Според Судот, домашните судови немаат обврска ретроактивно да ја применуваат Конвенцијата во врска со повреди кои настанале пред релевантниот датум. 580 Во случај кога настаните кои се предмет на жалбата започнале пред стапувањето во сила на Конвенцијата и продолжиле по нејзиното стапување во сила, само оној дел од настаните кои се случиле по стапувањето во сила на Конвенцијата може да биде предмет на жалбата. Сепак, Судот може да земе предвид и факти кои настанале пред стапувањето во сила на Конвенцијата. 581 Судот заземал став дека може да ги земе предвид фактите што настанале пред ратификацијата, ако може да се смета дека тие создале ситуација што се протега по тој датум или може да имаат суштинска улога при разбирањето на фактите што се случиле по тој датум“. 582 Така, на пример, во случајот Hokkanen v. Finland , 583 кој се однесува на правата на старателство и пристап до ќерката на жалителот, домашната постапка започнала во 1986 година, а Конвенцијата влегла во сила во однос на Финска во 1990 година. Од овие причини, Судот можел само да разгледува дали има повреда на Конвенцијата која произлегува од фактите кои настанале по 1990 година, кога Конвенцијата стапила во сила. Судот, сепак, ја зел предвид позадината на настаните пред 1990 година, особено големиот број на судски постапки покренати од страна на жалителот, фактот дека бабата и дедото на неговата ќерка ефективно се спротивставувале на сите одлуки во негова полза, како и дека огорчената врска меѓу жалителот и бабата и дедото на детето не била во корист на кооперативниот пристап за решавање на спорот. Судот прифатил проширување на неговата надлежност ratione temporis на ситуации коишто вклучуваат континуирана повреда што почнала пред Конвенцијата да стапи во сила, но продолжила да трае и по тој датум. 584 Така, во случајот Sovtransavto Holding v. Ukraine , 585 жалител била руска транспортна компанија која се жалела на преземените мерки за намалување на нејзиното учество во украинска јавна компанија, кои придонеле да ја изгуби контролата на компанијата. Владата тврдела дека предметните настани се случиле пред Украина да ја ратификува Конвенцијата на 11 септември 1997 година. Меѓутоа, Судот 579  Ibid .,§§ 77-79 580  Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others,§ 130, ECHR 2009. 581  Leach, supra note 17, p. 176. 582  Broniowski v. Poland (dec.)[GC], No. 31443/96,§ 74, ECHR 2002-X. 583  Hokkanen v. Finland , No. 25159/94, Commission decision of 15 May 1996. 584  De Becker v. Belgium , Series A, No. 4, 27 March 1962. 585  Sovtransavto Holding v. Ukraine , No. 48553/99, ECHR 2002-VII. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 97 прифатил дека мерките во прашање биле спроведени во текот на процес од три фази, при што конечната фаза била спроведена откако Украина ја ратификувала Конвенцијата. Имено, Судот утврдил дека оваа низа на настани создала континуирана ситуација, па од тие причини жалбата не можела да се прогласи недопуштена ratione temporis . Судот продолжил да ја разгледува жалбата во однос на третата фаза, но исто така, ги зел предвид и претходните настани. Во случаите Chiragov and Others v. Armenia 586 и Sargsyan v. Azerbaijan , 587 жалителите се жалеле заради тоа што ги изгубиле своите домови и имот откако избегале од борбите за време на вооружениот конфликт во регионот на Нагорно Карабах во 1992 година. Иако Судот сметал дека нивното раселување во 1992 година резултирало од моментален чин што не е во надлежност ratione temporis на Судот, сепак последователниот недостаток на пристап до нивните домови и имот претставувал континуирана ситуација која Судот имал надлежност да ја испита од 2002 година, кога двете држави ја ратификувале Конвенцијата. Посебна ситуација произлегува од жалбите кои се однесуваат на должината на судските постапки, согласно член 6(1) од Конвенцијата, кои биле поднесени пред ратификација на Конвенцијата, но кои продолжуваат да траат и по тој датум. Иако временската надлежност на Судот е ограничена на периодот што следува по релевантниот датум, сепак Судот често пати како мерило го зема предвид статусот на постапките до тој датум. 588 Истиот принцип се применува и во поглед на жалбите кои се однесуваат на притворот пред судење, согласно член 5(3) од Конвенцијата, 589 како и во поглед на жалбите кои се однесуваат на условите во притворот, согласно член 3 од Конвенцијата. 590 Така, случајот Zana v. Turkey , 591 се однесува на должината на кривичната постапка која започнала пред Турција да го прифати правото на индивидуална жалба. При оценување на разумноста на должината на постапката, Судот земал предвид дека на датумот кога Турција го прифатила правото на индивидуална жалба, домашната постапка веќе траела 2 години и 5 месеци. Судот, исто така, потврдил дека постои процесна обврска според членот 2 од Конвенцијата за истраги во случај на смрт, во постапки кои се однесуваат на факти надвор од временската надлежност на Судот. Тој смета дека позитивната обврска за спроведување успешна истрага според членот 2 од Конвенцијата претставува посебна обврска за државата, дури и кога смртта настанала пред стапувањето во сила на Конвенцијата. 592 Случајот Šilih v. Slovenia 593 се однесува на смрт на синот на жалителите во затвор, која настанала пред стапувањето во сила на Конвенцијата, како резултат на анафилактичен шок, при што грешките или пропустите во водењето на истрагата настанале по тој датум. Во овој случај бил применет принципот утврден од страна на Големиот судски совет во слу586  Chiragov and Others v. Armenia (dec.)[GC], No. 13216/05, 14 December 2011. 587  Sargsyan v. Azerbaijan (dec.)[GC], No. 40167/06, 14 December 2011. 588  Humen v. Poland [GC], No. 26614/95,§§ 58-59, 15 October 1999; Foti and Others v. Italy , Series A, No. 56,§ 53, 10 December 1982. 589  Klyakhin v. Russia , No. 46082/99,§§ 58-59, 30 November 2004. 590  Kalashnikov v. Russia , No. 47095/99,§ 36, ECHR 2002-VI. 591  Zana v. Turkey , 25 November 1997, Reports 1997-VII. 592  Šilih v. Slovenia [GC], No. 71463/01,§ 159, 9 April 2009. 593  Šilih v. Slovenia [GC], No. 71463/01, 9 April 2009. Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за 98 човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур чајот Blečić v. Croatia , 594 според кој со цел да се донесе одлука за временската надлежност на Судот, од суштинско значење е во секој поединечен случај да се идентификува точното време на наводната повреда и дека, за да го стори тоа, Судот мора да ги земе предвид како фактите на случајот, така и опсегот на правото од Конвенцијата за кое се тврди дека е повредено. Така, по разгледувањето на релевантната судска практика во однос на член 2 од Конвенцијата, Судот утврдил дека, покрај суштинскиот аспект на членот 2, и процедуралната обврска за спроведување на ефективна истрага според член 2 прераснала во посебна и автономна обврска. Од овие причини, било утврдено дека истата претставува посебна обврска која е обврзувачка за државата, дури и во случај кога смртта настанала пред Конвенцијата да стапи во сила. Сепак, Судот истакнал дека во такви околности временската надлежност на Судот не е неограничена. Имено, само процесните дејства или пропуштања на дејства кои се јавуваат после релевантниот датум, спаѓаат во надлежност на Судот. Исто така, мора да постои вистинска врска меѓу смртта и стапувањето во сила на Конвенцијата. Според тоа, значителен дел од процедуралните чекори што се бараат со член 2, требало да се извршат по датумот за кој станува збор. Покрај тоа, Судот нагласил дека врската којашто не е вистинска, сепак може и покрај тоа да биде доволна за да се воспостави надлежноста на Судот, доколку е потребно да се обезбеди дека гаранциите и основните вредности на Конвенцијата се заштитени на вистински и ефективен начин. При применување на овие принципи на фактите во случајот Šilih v. Slovenia , Судот утврдил дека процесниот аспект на член 2 спаѓа во негова надлежност, од причина што иако смртта на синот на жалителите се случила нешто повеќе од една година пред стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на Словенија во јуни 1994 година, сите кривични и граѓански постапки, освен прелиминарната истрага, биле извршени по тој датум. Исто така, постои континуирана процесна обврска за истрага во врска со исчезнувања што се случиле пред меродавниот датум, при што Судот прави разлика меѓу обврската да се истражи сомнителна смрт или убиство и обврската да се истражи сомнително исчезнување. Дистинкцијата меѓу истрагата за убиство и истрагата за исчезнување била потенцирана од страна на Големиот судски совет во случајот Varnava and Others v. Turkey . 595 Имено, во овој случај Судот истакнал дека исчезнувањето се смета за посебен феномен, кој се карактеризира со долготрајна состојба на несигурност и неодговорност, каде што има недостиг од информации, па дури и намерно прикривање и затајување на тоа што се случило. Според Судот, оваа ситуација многу често се развлекува со текот на времето, на тој начин продолжувајќи го мачењето на роднините на жртвата. Од овие причини, не може да се каже дека исчезнувањето е моментно дејство или настан. Притоа, подоцнежниот неуспех да се води сметка за тоа каде се наоѓа исчезнатото лице и нивната судбина, предизвикува континуирана состојба. Според тоа, процесната обврска за истрага потенцијално ќе постои сè додека не се најде објаснување за судбината на исчезнатото лице, при што долготрајниот неуспех да се обезбеди потребната истрага ќе се смета за континуирана повреда, дури и кога, наводно, постојат претпоставки дека лицето починало. 594  Blečić v. Croatia [GC], No. 59532/00, ECHR 2006-III. 595  Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others, ECHR 2009. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 99 2.5.4. Неспоивост ratione materiae Споивоста ratione materiae наложува, наводните повреди да се однесуваат на права кои се заштитени со Конвенцијата. Оваа надлежност произлегува од материјалната надлежност на Судот. Имено, ова значи дека за една жалба да биде споива ratione materiae со одредбите на Конвенцијата, правото на кое се повикува жалителот мора да биде гарантирано со Конвенцијата и со нејзините протоколи кои стапиле во сила. 596 Притоа, Судот има обврска да испита дали има надлежност ratione materiae во секоја фаза на постапката, без оглед на тоа дали владата поднела приговор во оваа насока. 597 Доколку жалбата, или жалбените наводи се однесуваат на права кои не се заштитени со Конвенцијата, истите ќе бидат прогласени за недопуштени врз основа на критериумот ratione materiae . Така, на пример, жалбата која се однесува на правото на самоопределување ќе биде прогласена за недопуштена, од причинa што ова право не е заштитено со Конвенцијата. 598 Исто така, жалбата ќе биде прогласена за недопуштена доколку се однесува на права за кои е утврдено дека не спаѓаат во опфатот на членовите на Конвенцијата, како што е, на пример, активност за која не се смета дека претставува составен дел на концептот„приватен живот“, според член 8 од Конвенцијата. 599 Имено, важно е да се има предвид дека неспоивоста ratione materiae се однесува и на права за кои е утврдено дека не спаѓаат во опфатот на членовите на Конвенцијата, особено од причина што голем број на одлуки со кои жалбите се прогласуваат за недопуштени ratione materiae се однесуваат токму на опфатот на членовите на Конвенцијата и нејзините протоколи. Притоа, најголем дел од овие одлуки се однесуваат на опфатот на правата заштитени со: членот 5(право на слобода и безбедност), членот 6(право на правично судење), членот 8(право на почитување на приватниот и на семејниот живот, домот и преписката) и членот 1 од Протоколот 1 (заштита на сопственоста). 600 Меѓутоа, исто така, важно е да се има предвид принципот дека Конвенцијата треба да се толкува како„жив инструмент“. 601 Според тоа, Судот има обврска да ја толкува Конвенцијата во контекст на денешните услови, а не преку процена на намерата на креаторите на Конвенција во поглед на определена одредба. Во оваа смисла, треба да постои свесност, особено кај практичарите, за можноста определена одредба да биде развиена со цел да биде усогласена со денешните ситуации. Така, на пример, малку е веројатно дека оние коишто ја изготвиле Конвенцијата предвиделе дека член 8 ќе обезбедува заштита на домот на жалителот од ефектите на постројка за третман на отпад во приватна сопственост, која се наоѓа во близина. Сепак, во случајот Lopez Ostra v. Spain , 602 Судот утврдил повреда на член 8 во такви околности. Доколку жалбата се однесува на одредба од Конвенцијата во однос на која тужената држава изразила резерва, таа ќе биде прогласена за неспоива ratione materiae со Конвен596  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 52. 597  Tănase v. Moldova [GC], No. 7/08,§ 131, ECHR 2010. 598  X v. Netherlands (dec.), No. 7230/75, 4 October 1976, DR 7. 599  Baytüre v. Turkey, No. 3270/09,(dec.) 12.3.13 – жалба според член 8 од Конвенцијата, во врска со парализа која настанала како резултат на вакцина; прогласена е за неспоива ratione materiae. 600  European Court of Human Rights, supra note 380, p. 53. 601  Selmouni v. France [GC], No. 25803/94,§ 101, ECHR 1999-V. 602  López Ostra v. Spain , 9 December 1994. 100 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур цијата, 603 под услов предметното прашање да спаѓа во опфатот на резервацијата, 604 како и резервацијата да се смета за валидна од страна на Судот во согласност со членот 57 од Конвенцијата. 605 2.6.  Основи за недопуштеност кои се однесуваат на основаноста Групата на критериуми за допуштеност на жалбата, која се однесува на основаноста, е содржана во членот 35(3) од Конвенцијата. Така, според член 35(3)(а),„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека… очигледно е неоснована…“. Во оваа група спаѓа и критериумот за допуштеност кој се однесува на значителноста на претрпената штета и истиот е содржан во член 35(3)(б), според кој„Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на членот 34, ако оцени дека… подносителот не претрпел значителна штета…“. 2.6.1.  Очигледна неоснованост Жалбата може да биде прогласена за недопуштена заради тоа што е очигледно неоснована, доколку прелиминарното испитување не покаже prima facie основа дека имало повреда на правата што се заштитени со Конвенцијата. 606 Имено, дури и кога жалбата е споива со одредбите на Конвенцијата и ги исполнува сите формални услови за допуштеност, Судот, сепак, може да ја прогласи за недопуштена од причини кои се однесуваат на нејзината основаност. Ова значи дека доколку жалбата е очигледно неоснована, тоа ќе доведе до нејзино прогласување за недопуштена уште на почетокот, без да се пристапи кон формално испитување на нејзината основаност, што вообичаено би завршило со донесување на пресуда од страна на Судот. 607 Во пракса, ова барање претставува прелиминарен тест во однос на основаноста, при што голем број случаи се прогласени за недопуштени врз оваа основа. Всушност, се работи за механизам за филтрирање, кој има за цел да ги искорени најслабите случаи и кој претставува неизбежен дел од системот на ЕКЧП, имајќи го предвид големиот број случаи со кои Судот треба да се справи. Овој критериум за недопуштеност произлегува од принципот на супсидијарност, како еден од основните принципи врз кои се темели системот на ЕКЧП. Имено, како што беше претходно објаснето, ова значи дека задачата да се обезбеди: почитување, заштита и имплементирање на правата кои се заштитени со Конвенцијата е првенствено обврска на органите на државите кои се договорни страни на Конвенцијата. Домашните органи, заради своите директни и постојани контакти со виталните сили на нивните држави, се во најдобра позиција да ја утврдат фактичката состојба и да го толкуваат правото на домашно ниво, при што имаат можност да дејствуваат со цел да се исправат наводни повреди на Конвенцијата. 608 Во оваа смисла, Судот повеќе пати истакнал дека неговата улога не се состои во справување со грешки кои, наводно, се направени од страна на домашните 603  Benavent Díaz v. Spain (dec.), No. 46479/10, 31 January 2017. 604  Göktan v. France , No. 33402/96,§ 51, ECHR 2002-V. 605  Grande Stevens and Others v. Italy , Nos. 18640/10 and 4 others,§ 206 et seq., 4 March 2014. 606  Leach, Philip, supra note 17, p. 183. 607  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 54. 608  Dubská and Krejzová v. the Czech Republic [GC], Nos. 28859/11 and 28473/12,§ 175, ECHR 2016. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 101 судови при утврдување на фактите или толкување и примена на правото, освен доколку е можно да се работи за повреда на права и слободи заштитени со Конвенцијата. Улогата на Судот е супсидијарна и тој може да интервенира само во случај кога домашните органи не успеале да ги исполнат своите обврски согласно Конвенцијата. 609 Очигледно неоснованите жалби најчесто се прогласуваат за недопуштени од страна на судија поединец или од страна на комитет од тројца судии, согласно член 27 и член 28 од Конвенцијата. Сепак, во некои случаи овие жалби може да се испитуваат и од страна на судски совет, а во некои исклучителни ситуации и од страна на Големиот судски совет. 610 Притоа, очигледната неоснованост може да се однесува на жалбата во целина или само на определен жалбен навод. Имено, во некои случаи, еден дел од жалбата може да биде прогласен за недопуштен како очигледно неоснован, а остатокот да биде прогласен за допуштен и да доведе дури и до утврдување на повреда на Конвенцијата. Очигледно неоснованите жалбени наводи може да се поделат во четири групи: 611 a. Жалбени наводи од„четврта инстанца“; б. Жалбени наводи каде што е јасно или очигледно дека не постои повреда; в. Жалбени наводи кои не се поткрепени со докази; г. Конфузни или нереални жалбени наводи; (а) Жалбените наводи од„четврта инстанца“ произлегуваат од погрешната претстава на жалителите за улогата на Судот и природата на судскиот систем којшто е воспоставен со Конвенцијата. Имено, жалбените наводи од„четврта инстанца“ се прогласуваат за недопуштени, од причина што Судот не претставува апелационен суд или„четврта инстанца“ што може да укинува одлуки донесени од страна на домашните судови во државите кои се договорни страни на Конвенцијата, или повторно да суди во однос на предмети за кои домашните судови веќе донеле одлука. ЕСЧП не претставува национален суд, туку меѓународен суд кој е воспоставен врз основа на меѓународен договор(ЕКЧП) и не може да ги пречекорува овластувањата коишто му ги пренеле државите договорни страни на Конвенцијата со својата суверена волја. Границите на овластувањата на Судот се определени во член 19 од Конвенцијата, според кој ЕСЧП се основа со цел да се обезбеди почитување на обврските кои за договорните страни произлегуваат од Конвенцијата и нејзините протоколи. Според тоа, неговите овластувања се ограничени на вршење контрола на усогласеноста на државите кои се договорни страни на Конвенцијата со обврските за почитување на човековите права што ги презеле со пристапување кон Конвенцијата и нејзините протоколи. Ова значи дека не е задача на Судот да разгледува и оценува тврдења за погрешно утврдена фактичка состојба или погрешно толкување и примена на правото од страна на домашните судови, освен во случај кога е можно да се работи за повреда на правата и слободите кои се заштитени со Конвенцијата. 612 609  Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97,§ 140, ECHR 2006-V. 610  Gratzinger and Gratzingerova v. the Czech Republic (dec.)[GC], No. 39794/98,§§ 78-86, ECHR 2002-VII.; Demopoulos and Others v. Turkey (dec.)[GC], Nos. 46113/99 and 7 others,§§ 130-138, ECHR 2010. 611  European Court of Human Rights, supra note 240, p. 55-60. 612  De Tommaso v. Italy [GC], No. 43395/09,§ 170, ECHR 2017; García Ruiz v. Spain [GC], No. 30544/96,§ 28, ECHR 1999-I. 102 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Така, во случајот Garcia Ruiz v. Spain , 613 во кој жалителот, кој безуспешно побарал од неговиот клиент да му плати за административните услуги, советите и техничката помош што ги обезбедил, се жалел на оценувањето на доказите од страна на домашните судови и на резултатот од постапката пред домашните судови, Судот повторил дека, согласно член 19 од Конвенцијата, неговата должност е да обезбеди почитување на обврските преземени од страна на договорните страни на Конвенцијата. Во оваа смисла, Судот понатаму истакнал дека не е негова задача да се справува со грешки во однос на фактите или правото, кои, наводно, се извршени од страна на националниот суд, освен доколку тие може да ги прекршат правата и слободите заштитени со Конвенцијата. Уште повеќе, Судот утврдил дека иако членот 6 од Конвенцијата го гарантира правото на правична расправа, тој не утврдува никакви правила за допуштеноста на доказите или за начинот на кој тие треба да се оценат, при што, главно, се работи за прашања кои ги регулира националното право и националните судови. Имено, тврдењата кои може да доведат до тоа една жалба или жалбен навод да биде прогласен за недопуштен како жалба или жалбен навод од четврта инстанца од страна на Судот, се однесуваат, генерално, на наодите и заклучоците на домашните судови во поглед на: утврдувањето на фактичката состојба; толкувањето и примената на националното право; допуштеноста и оцената на доказите; материјалната правичност на резултатот од граѓански спор и вината или невиноста на обвинетиот во кривична постапка. Притоа, жалбените наводи од четврта инстанца може да бидат поднесени во однос на која било материјална одредба од Конвенцијата и независно од правната област на која постапките припаѓаат во рамки на домашното право. Сепак, најчест извор на недоразбирање кај жалителите кој доведува до жалбени наводи од четврта инстанца е членот 6(1) од Конвенцијата, кој го гарантира правото на правично судење во граѓанските и кривичните предмети. Имено, најголем број жалбени наводи од четврта инстанца се однесуваат токму на оваа одредба од Конвенцијата. Во оваа смисла, важно е да се има предвид дека оваа одредба не се однесува на материјална правичност, туку на процедурална правичност. Ова значи дека жалителот на домашно ниво имал можност за контрадикторна постапка, во која ги изнел аргументите и доказите за кои сметал: дека се релевантни за случајот; дека имал можност ефективно да им се спротивстави на аргументите и доказите изнесени од спротивната страна; дека сите негови аргументи кои објективно биле релевантни за решавање на случајот биле соодветно разгледани и испитани од страна на судовите; дека фактичките и правните причини за спорната одлука се опширно образложени и дека, според тоа, постапките земени во целина биле правични. 614 Така, во случајот Garcia Ruiz v. Spain , 615 споменат претходно, каде жалителот тврдел дека е сторена повреда на членот 6(1) од Конвенцијата заради начинот на оценување на доказите од страна на домашните судови и резултатот од постапката пред домашните судови, Судот повторил дека, според воспоставената судска практика која го отсликува принципот во врска со правилното спроведување на правдата, пресудите на судовите и трибуналите треба соодветно да ги наведат причините врз кои се темелат. Притоа, степенот до кој се применува оваа обврска за наведување причини може да варира во зависност од приро613  García Ruiz v. Spain [GC], No. 30544/96, ECHR 1999-I. 614  De Tommaso v. Italy [GC], No. 43395/09,§ 172, ECHR 2017; García Ruiz v. Spain [GC], No. 30544/96,§§ 29-30, ECHR 1999-I. 615  García Ruiz v. Spain [GC], No. 30544/96, ECHR 1999-I. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 103 дата на одлуката и мора да се утврди во светло на околностите на случајот. Сепак, Судот истакнал дека иако членот 6(1) ги обврзува судовите да ги образложат своите одлуки, тоа не може да се сфати како барање за детален одговор на секој аргумент. Во контекст на овие размислувања, Судот забележал дека жалителот ја искористил можноста за контрадикторна постапка. Притоа, во разните фази од таа постапка имал можност да ги поднесе аргументите што ги сметал за релевантни за неговиот случај, а фактичките и правните причини за првостепената одлука за одбивање на неговото барање биле утврдени во целост. Во пресудата во фазата на жалба, второстепениот суд ја одобрил фактичката состојба и правното образложение наведени во пресудата од прв степен, со оглед на тоа што се совпаѓале со неговите сопствени наоди. Според тоа, Судот заклучил дека жалителот не може да тврди дека пресудата немала причини и дека постапката, како целина, била правична за целите на член 6(1) од Конвенцијата, и покрај тоа што сметал дека во конкретниот случај имало простор да се даде посуштинска изјава за причините. (б) Жалбените наводи во кои е јасно и очигледно отсуството на повреда, исто така ќе бидат прогласени за недопуштени како очигледно неосновани. Имено, доколку по испитување на основаноста Судот заклучи дека жалбениот навод не открива никаква повреда на права заштитени со Конвенцијата, Судот ќе го прогласи за недопуштен дури и во случај кога се исполнети сите формални услови за допуштеност, при што наводот е споив со одредбите на Конвенцијата и не претставува жалбен навод од четврта инстанца. Жалбените наводи каде што е јасно и очигледно дека има отсуство на повреда, може да се поделат на три категории: жалбени наводи во кои нема појава на арбитрарност или неправичност; жалбени наводи во кои нема појава на недостиг од пропорционалност меѓу целите и средствата и жалбени наводи кои се однесуваат на други релативно јасни суштински прашања. Кога жалбените наводи се однесуваат на акт кој е резултат на процес на одлучување кој бил правичен и не бил арбитрарен, Судот може да ги прогласи ваквите жалбени наводи за очигледно неосновани. Имено, иако задачата за утврдување на фактичката состојба, како и толкување и примена на правото, им припаѓа на домашните судови, согласно принципот на супсидијарност, сепак принципот на ефективна заштита на правата наложува дека Судот треба да се увери дека актот којшто е предмет на жалбените наводи е резултат на процес на одлучување кој бил правичен и не бил арбитрарен. Во оваа смисла, Судот може да го прогласи за недопуштен заради очигледна неоснованост жалбениот навод кој бил испитан во суштина од страна на националните судови во текот на постапката, за која, во отсуство на докази за спротивното, може a priori да се тврди дека била спроведена пред органи кои се надлежни за предметното прашање врз основа на одредбите од домашното право и во согласност со процедуралните барања на домашното право, како и дека странката имала можност да ги изнесе своите аргументи и докази за кои било соодветно расправано пред надлежните органи, при што тие ги испитале и ги земале предвид сите фактички и правни елементи, кои објективно биле релевантни за правично разрешување на случајот. Жалбениот навод може да биде прогласен за недопуштен заради очигледна неоснованост и во случај кога не постои недостиг од пропорционалност меѓу целите и средствата. Имено, жалбата може да се однесува на право од Конвенцијата кое не е апсолутно и е предмет на ограничувања во определени околности, најчесто заради заштита на јавниот интерес или заштита на правата и слободите на други во едно демократско општество. Притоа, ограничувањата може да бидат експлицитни и имплицитни. Експлицитните огра104 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ничувања се изречно предвидени во Конвенцијата, додека имплицитните ограничувања се дефинирани во рамки на судската практика на Судот. Во случај кога жалбата се однесува на право кое е предмет на експлицитни или имплицитни ограничувања, Судот, обично, има задача да оцени дали постои пропорционалност меѓу обжаленото мешање во остварување на правото и целта која треба да се постигне со таквото мешање. Во групата на права за кои експлицитно се предвидуваат дозволени ограничувања во рамки на Конвенцијата, припаѓаат: член 8(право на почитување на приватниот и на семејниот живот), член 9(слобода на мислата, совеста и на верата), член 10(слобода на изразување) и член 11(слобода на собирање и на здружување). Заедничко за сите овие членови е што имаат иста структура. Имено, во првиот став на овие членови се дефинира правото кое го заштитуваат, додека во вториот став се дефинираат околностите во кои државата може да го ограничи остварувањето на тоа право. Во оваа група спаѓа и член 2 од Протокол 4(слобода на движење), кој има слична структура. Така, на пример, првиот став на член 8 предвидува дека,„секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, неговиот дом и неговата преписка“, додека вториот став ги предвидува ситуациите во кои може да постои ограничување на овие права. Имено, согласно вториот став на член 8,„јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и е неопходно во едно демократско општество во интерес на: државната и јавната безбедност или економската благосостојба на државата, спречување на неред или кривично дело, заштита на здравјето или моралот или заштита на правата и слободите на други“. Од формулацијата на член 8 може да се заклучи дека истиот се состои од два дела. Првиот дел на овој член, содржан во неговиот прв став, ги предвидува правата кои државата треба да ѝ ги гарантира на индивидуата. Тоа се следните четири права: почитување на приватниот живот, семејниот живот, домот и преписката. Од вториот дел на член 8, кој е изразен во неговиот втор став, може да се заклучи дека овие права не се апсолутни и дека под точно определени околности е дозволено државата да се меша во остварувањето на овие права. Имено, прифатливи ограничувања на овие права би биле само оние коишто се предвидени со закон и се неопходни во едно демократско општество, во согласност со легитимните цели предвидени во вториот став на член 8. Оваа структура ја следат и останатите членови кои припаѓаат на групата на права за кои експлицитно се предвидуваат дозволени ограничувања во Конвенцијата. Кога Судот го испитува мешањето од страна на државата при остварување на некое од споменатите права, најпрво треба да констатира дали воопшто постоело такво мешање од страна на државата. Во оваа смисла, најпрво испитува дали жалбата спаѓа во опфатот на едно од правата заштитени во првиот став на соодветните членови. По потврдниот одговор на ова прашање, Судот испитува дали постои позитивна обврска за државата во однос на заштитеното право и дали истата е исполнета. Откако ќе констатира дека жалбата се однесува на едно од споменатите права заштитени со Конвенцијата, следниот чекор кој треба да го преземе е да испита дали имало мешање во правото од страна на државата. Доколку констатира дека навистина постоело такво мешање од страна на државата, Судот треба да испита дали тоа мешање е оправдано, односно треба да даде одговор на едно од следните три прашања: дали мешањето е во согласност со закон што бил доволно пристапен и предвидлив; доколку е така, дали е во насока на некоја од предвидените леII.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 105 гитимни цели и конечно, доколку одговорот на претходното прашање е позитивен, дали мешањето е неопходно во едно демократско општество за да се постигне таа цел. 616 Доколку одговорот на секое од споменатите три прашања е потврден, Судот ќе констатира дека мешањето е во согласност со Конвенцијата. Доколку одговорот на кое било од овие прашања е негативен, Судот ќе констатира повреда на Конвенцијата. Притоа, кога испитува дали мешањето е неопходно во едно демократско општество за да се постигне определена легитимна цел, Судот ја зема предвид и маргината на уважување на државата, чиј опсег може да биде различен во зависност од дадените околности, како и од природата на заштитеното право и мешањето. 617 Така, во случајот Paradiso and Campanelli v. Italy , 618 кој се однесувал на ургентни мерки наложени од страна на Судот за малолетници, со кои на жалителите им било одземено бебето кое по пат на гестациски сурогат го добиле во Русија, Големиот судски совет повторил дека при утврдувањето дали определена оспорена мерка била неопходна во едно демократско општество, ќе земе предвид дали, во светло на случајот како целина, причините кои се наведени за да ја оправдаат таа мерка биле релевантни и доволни за целите предвидени во вториот став на член 8 од Конвенцијата. Според воспоставената судска практика на Судот, поимот неопходност подразбира дека мешањето одговара на неопходната општествена потреба и, особено, дека е пропорционално на легитимната цел кон којашто се стреми, имајќи го предвид правичниот баланс што треба да се воспостави помеѓу релевантните конкурентски интереси. При утврдувањето дали мешањето било неопходно во едно демократско општество, Судот ќе земе предвид дека маргината на уважување е оставена на националните власти, чија одлука останува предмет на разгледување од страна на Судот во однос на усогласеноста со барањата на Конвенцијата. Понатаму, Судот повторил дека треба да се земат предвид неколку фактори при одредување на ширината на маргината на уважување која треба да ја ужива државата при одлучувањето за секој случај во врска со член 8 од Конвенцијата. Кога станува збор за особено важен аспект на постоењето или идентитетот на поединецот, маргината што ѝ е дозволена на државата вообичаено ќе биде ограничена. Меѓутоа, кога во државите-членки на СЕ не постои консензус во однос на релативната важност на засегнатиот интерес или во однос на најдобрите начини за негова заштита, особено кога случајот допира чувствителни морални или етички прашања, маргината ќе биде поширока. Кога државата е обврзана да постигне рамнотежа меѓу конкурентните приватни и јавни интереси или правата на Конвенцијата, обично постои широка маргина на уважување. Во однос на групата на права за кои постојат имплицитни ограничувања кои се дефинирани во судската практика на Судот, важат истите принципи кои се применуваат во однос на правата за кои експлицитно се предвидуваат дозволени ограничувања во рамки на Конвенцијата. Такво е, на пример, правото на пристап до суд, кое е заштитено со член 6(1) од Конвенцијата и кое не претставува апсолутно право, туку може да биде предмет на ограничувања што се дефинирани во судската практика на Судот. 616  Kilkelly, Ursula, The Right to Respect for Private and Family Life, A Guide to the Implementation of Article 8 of the European Convention on Human Rights, Human rights handbooks, No. 1, Reprinted Edition with corrections, Council of Europe, 2003, p. 8-10. 617  Mouvement raëlien suisse v. Switzerland [GC], No. 16354/06,§§ 59-61, ECHR 2012. 618  Paradiso and Campanelli v. Italy [GC], No. 25358/12,§§ 179-182, ECHR 2017. 106 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Така, во случајот Cudak v. Lithuania , 619 Големиот судски совет утврдил дека правото на пристап до суд, заштитено со член 6(1) од Конвенцијата, не е апсолутно право и може да биде предмет на ограничувања кои се имплицитно дозволени, од причина што се работи за право кое, според својата природа бара да биде регулирано од страна на државата. Притоа, државите кои се договорни страни на Конвенцијата имаат определена маргина на уважување во овој контекст, но сепак, конечната одлука за тоа дали се почитуваат барањата на Конвенцијата ја носи Судот. Имено, не смее да се наметнуваат ограничувања кои го ограничуваат или намалуваат пристапот на поединецот до суд на начин или во мерка што резултира со поткопување на суштината на правото. Исто така, доколку ограничувањето не е насочено кон легитимна цел и ако не постои разумен однос на пропорционалност меѓу средствата што се применети и целта што треба да биде постигната, тоа ограничување нема да биде во согласност со член 6(1) од Конвенцијата. Големиот судски совет го потврдил истиот став и во случајот Al-Dulimi and Montana Management Inc. v. Switzerland . 620 Во случај кога Судот ќе утврди дека се исполнети сите погоре наведени услови и, имајќи ги предвид сите околности, не постои јасен недостиг од пропорционалност меѓу целите кон кои е насочено мешањето во правото од страна на државата и средствата кои биле применети за тие цели, ќе го прогласи жалбениот навод за недопуштен заради очигледна неоснованост. Притоа, причините наведени од страна на Судот во одлуката за недопуштеност заради очигледна неоснованост, вообичаено се идентични или слични на тие што Судот би ги навел во пресуда во која одлучил за основаноста, при што утврдил дека немало повреда. 621 Судот може да донесе одлука за недопуштеност на жалбениот навод заради очигледна неоснованост и како резултат на други релативно јасни суштински прашања. Имено, доколку Судот смета дека, од причини поврзани со основаноста, нема појава на повреда на одредбите на Конвенцијата врз кои е заснован жалбениот навод, може да го прогласи за недопуштен како очигледно неоснован. Судот може да постапи на овој начин кога постои стабилна и обемна судска практика на Судот за идентични или слични случаи, врз основа на кои може да утврди дека немало повреда на Конвенцијата во конкретниот случај, 622 како и кога може врз основа на постојната судска практика да заклучи дека не постои повреда на Конвенцијата, иако не постојат претходни одлуки коишто директно и конкретно се однесуваат на предметното прашање. 623 (в) Жалбените наводи кои не се поткрепени со докази, исто така ќе бидат прогласени за недопуштени од страна на Судот како очигледно неосновани. Имено, со оглед на тоа што постапката пред Судот е контрадикторна, жалителот и одговорната влада, како странки во постапката, се должни своите жалбени наводи да ги поткрепат со докази. Во оваа смисла, странките треба да ги поткрепат своите фактички аргументи, на начин што ќе ги достават до Судот потребните докази во однос на фактите, како и своите правни аргументи, така што ќе дадат образложение во однос на своите тврдења дека постојат, или не постојат повреди на правата заштитени со Конвенцијата и нејзините протоколи. 619  Cudak v. Lithuania [GC], No. 15869/02,§ 55, ECHR 2010. 620  Al-Dulimi and Montana Management Inc. v. Switzerland [GC], No. 5809,§ 129, ECHR 2016. 621  Mentzen v. Latvia (dec.), No. 71074/01, ECHR 2004-XII. 622  Galev and Others v. Bulgaria (dec.), No. 18324/04, 29 September 2009. 623  Hartung v. France (dec.), No. 10231/07, 3 November 2009. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 107 Според правилото 47 од Деловникот на Судот, кое ја утврдува содржината на индивидуалната жалба, секоја жалба која се поднесува врз основа на членот 34 од Конвенцијата треба да биде доставена на образецот за поднесување жалба изготвен од страна на Секретаријатот на Судот, освен доколку Судот не одлучи поинаку. 624 Притоа, жалбата треба да ги содржи сите податоци кои се бараат во соодветните делови на образецот, меѓу кои и: концизна и читлива изјава за фактичката состојба на предметот; 625 концизна и читлива изјава за наводните повреди на Конвенцијата и релевантни аргументи; 626 како и концизна и читлива изјава во која жалителот потврдува дека ги испочитувал критериумите за допуштеност утврдени со член 35(1) од Конвенцијата. 627 Истовремено, согласно правилото 47 од Деловникот на Судот, сите информации на кои се однесуваат претходно наведените барања за податоци, а коишто ќе бидат наведени во соодветниот дел на образецот, треба да му бидат доволни на Судот за да ја утврди суштината и предметот на жалбата, без да има потреба да консултира каков и да е друг документ. 628 Во оваа смисла, образецот за поднесување жалба треба да биде потпишан од жалителот или неговиот застапник и кон него треба да бидат приложени копии од документи што се однесуваат на одлуките или мерките –предмет на жалбата(судски или други одлуки), 629 како и копии од документи и одлуки од кои може да се утврди дека жалителот постапил согласно правилото во однос на искористување на домашните правни средства и рокот утврден со член 35(1) од Конвенцијата. 630 Доколку не се испочитувани претходно наведените услови утврдени во правилото 47 од Деловникот на Судот, жалбата нема да биде разгледана од Судот, освен доколку жалителот доставил соодветно објаснување за тоа зошто не го испочитувал ова правило, доколку жалбата се однесува на барање за времена мерка или доколку Судот одлучи поинаку, по сопствена иницијатива или по барање на жалителот. 631 Во однос на жалбените наводи кои не се поткрепени со докази, треба да се има предвид и правилото 44(В)(1) од Деловникот на Судот, кое предвидува дека во случај кога странката: нема да достави докази, или да обезбеди информации побарани од Судот, или своеволно нема да открие релевантни информации, или кога на друг начин ќе пропушти ефективно да учествува во постапката, Судот може да изведува заклучоци за кои смета дека се соодветни. Доколку не се исполнети претходно споменатите услови, Судот ќе ја прогласи жалбата за недопуштена како очигледно неоснована. Судот особено може да постапи на овој начин кога жалителот само цитира една или повеќе одредби од Конвенцијата, без да објасни на кој начин биле повредени, освен доколку тоа е очигледно од фактичката состојба на случајот, 632 како и кога жалителот ќе пропушти или ќе одбие да достави документарни докази во поткрепа на своите жалбени наводи, особено одлуки на домашните судови или на дру624  Правило 47(1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 625  Правило 47(1)(д) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 626  Правило 47(1)(ѓ) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 627  Правило 47(1)(е) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 628  Правило 47(2)(a) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 629  Правило 47(3.1)(а) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 630  Правило 47(3.1)(б) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 631  Правило 47(5.1) од Деловникот на Судот, во сила од 28 март 2024 г. 632  Trofimchuk v. Ukraine (dec.), No. 4241/03, 31 May 2005; Baillard v. France (dec.), No. 6032/04, 25 September 2008. 108 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ги домашни органи, освен доколку постојат исклучителни околности надвор од неговата контрола што го спречуваат да го направи тоа, како, на пример, во случај кога затворските власти одбиваат да ја препратат до Судот документацијата од списите за предметот на затвореникот. (г) Последната категорија на очигледно неосновани жалбени наводи се однесува на жалбените наводи кои се конфузни или нереални. Имено, доколку жалбените наводи се конфузни до таа мера што за Судот е објективно невозможно да им даде смисла на фактите наведени од страна на жалителот и повредите на кои се жали, Судот ќе ги прогласи за недопуштени како очигледно неосновани. Судот на идентичен начин постапува и во однос на нереалните жалбени наводи, кои се однесуваат на објективно невозможни факти, за кои е очигледно дека се измислени или спротивни на здравиот разум, до таа мера што и за просечниот набљудувач е очигледно дека во конкретниот случај не постои повреда на Конвенцијата и нејзините протоколи. 2.6.2.  Непостоење на значителна штета Со стапувањето во сила на Протокол 14 кон Конвенцијата, на 1 јуни 2010 година, беше додаден нов критериум за допуштеност кон критериумите предвидени во членот 35. Имено, се работи за член 35(3)(б), во кој непостоењето на значителна штета е предвидено како основа за прогласување на секоја индивидуална жалба за недопуштена од страна на Судот, но само доколку почитувањето на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи, бара разгледување на жалбата според основаноста. Оваа одредба се применува за сите жалби за кои се води постапка пред Судот, со исклучок на оние кои се прогласени за допуштени. Овој критериум, всушност, го рефлектира принципот според кој повредата на некое право, колку и да е реална од чисто правен аспект, треба да содржи минимално ниво на сериозност за да може да го оправда своето разгледување од страна на меѓународен суд. 633 Имајќи го предвид постојаниот пораст на бројот на случаи кои треба да бидат решени од страна на Судот, воведувањето на овој нов критериум се сметало за неопходност. Имено, овој критериум му овозможува на Судот да располага со дополнителна алатка, со помош на која ќе ги отфрли случаите кои се сметаат за„ситница“, во согласност со принципот de minimis non curat praetor , според кој судиите не треба да постапуваат во такви случаи, и што ќе придонесе повеќе да се концентрира на случаи што бараат испитување на основаноста. 634 Протоколот 15 кон Конвенцијата, кој влезе во сила на 1 август 2021 година, го измени членот 35(3)(б) од Конвенцијата со цел да ја избрише одредбата дека не може да се одбие случај врз основа на тоа што не бил соодветно разгледан од страна на домашен суд, која претставувала своевидна заштитна одредба. Оваа измена има за цел да даде поголем ефект на максимата„ de minimis non curat praetor “, а се применува од датумот на влегување во сила на Протоколот. 635 633  Korolev v. Russia (dec.), No. 25551/05, ECHR 2010. 634  European Court of Human Rights, supra note 380, p. 60. 635  European Court of Human Rights , Practical Guide on Admissiblity Criteria , Council of Europe/European Court of Human Rights, 2024, p. 85 II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 109 Членот 35(3)(б), во кој непостоењето на значителна штета е предвидено како основа за прогласување на една жалба за недопуштена од страна на Судот, се состои од два посебни елементи. 636 Првиот елемент е самиот критериум за допуштеност, според кој Судот може да ја прогласи за недопуштена секоја индивидуална жалба во која жалителот не претрпел значителна штета. Вториот елемент на член 35(3)(б) e исклучокот од ова правило, кој, всушност, претставува заштитна одредба. Така, вториот елемент се состои во тоа што Судот не може да ја прогласи за недопуштена жалбата кога жалителот не претрпел значителна штета, во случај кога почитувањето на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи, бара разгледување на жалбата според основаноста. Пред влегувањето во сила на Протоколот 15, ниту еден случај не можел да биде отфрлен според овој нов критериум доколку не бил соодветно разгледан од домашен трибунал. 637 Како што беше споменато, по влегувањето во сила на Протоколот 15 за изменување на Конвенцијата, оваа втора заштитна клаузула е отстранета. Првата примена на новата формулација на член 35(3)(б) е во рамки на случајот Bartolo v. Malta (dec.). 638 Толкувањето и начинот на примена на овој критериум за допуштеност се во надлежност на самиот Суд, преку воспоставување објективни критериуми низ постепен развој на судската практика. Во текот на првите две години од воведувањето на овој критериум со стапувањето во сила на Протоколот 14, неговата примена била резервирана исклучително за Големиот судски совет и судските совети. Почнувајќи од 1 јуни 2012 година, овој критериум се применува од страна на сите судски формации. Судот може да ја оценува допуштеноста на жалбата во поглед на овој критериум врз основа на приговор истакнат од владата, 639 но и по сопствена иницијатива. 640 Притоа, во некои случаи Судот го разгледува овој критериум за допуштеност пред останатите критериуми за допуштеност, 641 додека во други случаи го разгледува откако ќе ги исклучи останатите критериуми за допуштеност. 642 Иако примената на овој критериум за допуштеност не е ограничена на определено право загарантирано со Конвенцијата и нејзините протоколи, сепак Судот утврдил дека при неговата примена треба да се води сметка за важноста и специфичноста на определени права. Така, Судот истакнал дека е тешко да замисли ситуација кога жалбата, која се однесува на забраната за мачење предвидена во член 3 од Конвенцијата, и која не се смета за недопуштена по ниту една друга основа и, истовремено, спаѓа во опфатот на член 3, би била прогласена за недопуштена заради постоење на незначителна штета. 643 Слично на тоа, Судот ја отфрлил примената на новиот критериум во однос на жалбата во врска 636  Ibid . 637  Varadinov v. Bulgaria , no. 15347/08,§ 25, 5 October 2017; спореди и спротистави: Çelik v. the Netherlands (dec.), no. 12810/13, 27 August 2013. 638  Bartolo v. Malta (dec.), no. 40761/19, 7 September 2021. 639  Gaglione and Others v. Italy , Nos. 45867/07 and 69 others, 21 December 2010. 640  Vasyanovich v. Russia (dec.), No. 9791/05, 27 September 2016; Ionescu v. Romania (dec.), No. 36659/04, 1 June 2010. 641  Korolev v. Russia (dec.), No. 25551/05, ECHR 2010.; Burov v. Moldova (dec.), No. 38875/03, 14 June 2011.; Shefer v. Russia (dec.), No. 45175/04, 13 March 2012.; Rinck v. France (dec.), No. 18774/09, 19 October 2010. 642  Ionescu v. Romania (dec.), No. 36659/04, 1 June 2010; Holub v. the Czech Republic (dec.), No. 24880/05, 14 December 2010. 643  Y v. Latvia , No. 61183/08,§ 44, 21 October 2014. 110 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур со член 2, нагласувајќи дека правото на живот е една од најфундаменталните одредби на Конвенцијата. 644 Во однос на жалбите според член 5, Судот досега ја отфрли примената на критериумот за допуштеност„нема значителна штета“ во светлината на истакнатото место што правото на слобода го има во едно демократско општество. 645 Имено, Судот утврдил дека дури и лишувањето од слобода само на неколку часа ќе значи претрпување на штета која не може да се смета за незначителна. 646 Исто така, Судот истакнал дека кога жалбата се однесува на слободата на изразување заштитена со член 10 од Конвенцијата, критериумот за непостоење на значителна штета треба многу внимателно да се применува од страна на Судот, имајќи ја предвид важноста на ова право за едно демократско општество, при што особено треба да се внимава на придонесот во дебата од јавен интерес и вклученоста на печатот и други медиуми. 647 Првиот елемент на член 35(3)(б), кој се состои од самиот критериум за допуштеност во однос на постоењето на значителна штета, односно дали жалителот претрпел значителна штета, е главниот елемент на овој критериум. Притоа, проценката на минималниот праг во однос на степенот на претрпената штета ќе зависи од околностите на случајот. Имено, Судот ќе ја земе предвид природата на правото кое, наводно, е повредено, сериозноста на влијанието на наводната повреда во однос на остварувањето на правото и потенцијалните последици од повредата на личната ситуација на жалителот. 648 Меѓутоа, треба да се има предвид дека доколку случајот покренува важни принципиелни прашања, нема да биде прогласен за недопуштен врз оваа основа. 649 При разгледување на жалбата во однос на овој критериум за допуштеност, Судот ги зема предвид како субјективните перцепции на жалителот, 650 така и она што е објективно во прашање во конкретен случај. 651 Така, на пример, значителноста на штетата може да се заснова врз финансиското влијание на спорното прашање или важноста на случајот за самиот жалител. Во оваа смисла, Судот се повикал на оваа одредба и ја прогласил жалбата за недопуштена во случајот Kiousi v. Greece 652 (во врска со побарување за парична штета во износ од 500 евра), во случајот Ionescu v. Romania 653 (во врска со договорно побарување во износ од 90 евра), во случајот Korolev v. Russia 654 (во врска со неуспехот на државен орган на жалителот да му исплати долг врз основа на пресуда во износ од 22 и пол руски рубли, кој претворен 644  Makuchyan and Minasyan v. Azerbaijan and Hungary , no. 17247/13,§§ 72-73, 26 May 2020. 645  Zelčs v. Latvia , no. 65367/16,§ 44, 20 February 2020. 646  Čamans and Timofejeva v. Latvia , No. 42906/12,§§ 80-81, 28 April 2016. 647  Margulev v. Russia , no. 15449/09,§§ 41-42, 8 October 2019; Sylka v. Poland (dec.), No. 19219/07,§ 28, 3 June 2014; Panioglu v. Romania , no. 33794/14,§§ 72-76, 8 December 2020. 648  Gusti v. Italy , No. 13175/03,§ 34, 18.10.11. 649  Vartic v. Romania (No. 2), No. 14150/08, 17 December 2013 – случај каде жалителот кој бил притвореник се жалел дека не му бил обезбеден вегетаријански начин на исхрана, како што наложувале неговите будистички убедувања. 650  Shefer v. Russia (dec.), No. 45175/04, 13 March 2012. 651  Ladygin v. Russia (dec.), No. 35365/05, 30 August 2011. 652  Kiousi v. Greece (dec.), No. 52036/09, 20 September 2011. 653  Ionescu v. Romania (dec.), No. 36659/04, 1 June 2010. 654  Korolev v. Russia (dec.), No. 25551/05, ECHR 2010. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 111 во евра изнесува помалку од едно евро), во случајот Rinck v. France 655 (во врска со парична казна во износ од 150 евра за сообраќаен прекршок, трошоци во износ од 22 евра и одземање на еден поен од возачката дозвола на жалителот), и други. Притоа, во случајот Rinck v. France , Судот истакнал дека личното субјективно мислење на жалителот во врска со влијанието на наводната повреда треба да може објективно да се оправда. Имено, Судот сметал дека губењето на еден поен од возачката дозвола на жалителот не оправдува донесување на заклучок дека ова прашање значително влијаело врз неговата лична ситуација, дури и ако жалителот ова прашање го гледал како принципиелно прашање. Сепак, во случајот Korolev v. Russia , Судот прифатил дека, во принцип, дури и скромната материјална штета би можела да биде значајна во контекст на личните околности или економските услови во еден регион или држава, како и дека определена повреда на Конвенцијата може да предизвика значителна штета без да влијае на материјалните интереси. Слично, во случајот Giuran v. Romania , 656 Судот не го прифатил аргументот на Владата дека жалителот не претрпел значителна штета. Имено, овој случај се однесува на постапка во врска со кражба извршена во домот на жалителот, при што му биле одземени предмети во вредност од 350 евра. Покрај вредноста на украдените предмети, Судот ја земал предвид и: личната ситуација на жалителот кој бил пензионер, сентименталната вредност која за него ја имале украдените предмети, како и дека се работело за прашање на принцип, односно дека се работело за правото на жалителот на неговата сопственост и дом. Сличен исход имало и во случајот Eon v. France , 657 кога жалителот бил осуден за навреда на францускиот претседател, за што добил условна осуда и парична казна од 30 евра. Во овој случај, Судот ја земал предвид субјективната важност на случајот за жалителот, како и дека, објективно, тоа го засега прашањето дали навредувањето на шефот на државата треба да остане кривично дело. При примената на критериумот за допуштеност во однос на значителноста на претрпената штета, Судот не е исклучително засегнат со случаи кои се однесуваат на незначителни финансиски износи. Вистинскиот исход на случајот на национално ниво може освен финансиски, да има и други последици. Така, во случајот Selmani and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia , 658 кој го засега член 6 од Конвенцијата и се однесува на недостатокот од усна расправа во постапката пред Уставниот суд, Владата тврдела дека жалителите не претрпеле значителна штета заради тоа што усната расправа не би придонела за утврдување на нови, или различни факти и дека релевантните факти во врска со отстранувањето на жалителите од галеријата за новинари во Парламентот биле неспорни меѓу страните и тоа можело да се утврди врз основа на пишаните докази поднесени во прилог на уставната жалба на жалителите. Судот сметал дека приговорот на Владата се однесува на суштината на жалбата, заради што го испитувал во фазата за оценување на основаноста на жалбата. Притоа, Судот забележал дека случајот на жалителите бил разгледан само пред Уставниот суд, којшто дејствувал како суд од прва и единствена инстанца. Исто така, утврдил дека, иако отстранувањето на жалителите од галеријата за новинари во Парламентот, како такво, не било спорно меѓу странките, сепак одлуката на Уставниот суд била заснована на факти кои жалителите ги оспорувале и кои биле релевантни за исходот на случајот. Судот сметал дека овие прашања не биле ниту технички, 655  Rinck v. France (dec.), No. 18774/09, 19 October 2010. 656  Giuran v. Romania , No. 24360/04, ECHR 2011. 657  Eon v. France , No. 26118/10, 14 March 2013. 658  Selmani and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 67259/14, 9 February 2017. 112 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ниту чисто правни, па од тие причини жалителите имале право на усна расправа пред Уставниот суд. Според тоа, Судот го отфрлил приговорот на Владата во однос на непостоење на значителна штета за жалителите. Во случајот Gagliano Giorgi v. Italy , 659 жалителот се жалел на повреда на членот 6 од Конвенцијата како резултат на неоправдано долгата кривична постапка против него. Тој бил обвинет за фалсификат, но второто обвинение за поткуп застарело заради прекумерната должина на постапката. Со оглед на тоа што ова значело намалување на казната на жалителот, Судот сметал дека не претрпел значителна штета. Исто така, Судот утврдил непостоење на значителна штета и во случајот Zwinkels v. Netherlands , 660 кога жалбата на жалителот се однесувала на фактот дека трудова инспекција влегла во неговата приватна гаража без негова дозвола. Во случајот Galović v. Croatia , 661 жалителката се жалела на должината на постапката во однос на судски налог за нејзино иселување од нејзиниот стан. Но, со оглед на тоа што таа имала корист од должината на постапката, од причина што на тој начин се одложило нејзиното иселување, Судот сметал дека не претрпела значителна штета. Откако Судот ќе утврди, во согласност со претходно наведениот пристап, дека не е предизвикана значителна штета, тој ќе продолжи да испитува дали заштитната одредба(вториот елемент), содржана во член 35(3)(б) од Конвенцијата, сепак ќе го обврзе да ја разгледа жалбата во однос на основаноста. Вториот елемент на член 35(3)(б), кој се состои во тоа што Судот не може да ја прогласи за недопуштена жалбата кога жалителот не претрпел значителна штета, во случај кога почитувањето на човековите права, како што се дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи бара разгледување на жалбата според основаноста, претставува заштитна одредба. Текстот на оваа одредба произлегува од втората реченица на член 37(1), 662 при што тој исполнува слична функција во контекст на одлуките за симнување на жалбите од листата на случаи на Судот. Истиот текст е употребен и во член 39(1), 663 како основа за обезбедување на пријателско спогодување меѓу странките. Кога определува дали почитувањето на човековите права бара испитување на основаноста на жалбата, Судот ќе земе предвид, на пример, дали се променил релевантниот закон, дали слични прашања веќе биле решени во други случаи пред Судот, или дали некое системско прашање кое се појавува во однос на определена држава е веќе разгледано од страна на Судот или Комитетот на министри. 664 Притоа, дури и кога се исполнети други критериуми за отфрлање на жалбата според членот 35(3)(б) од Конвенцијата, почитувањето на човековите права може да бара Судот да го разгледа случајот во однос на основаноста. 659  Gagliano Giorgi v. Italy , No. 23563/07, ECHR 2012. 660  Zwinkels v. Netherlands (dec.), No. 16593/10,(dec.) 9.10.12. 661  Galović v. Croatia (dec.), No. 54388/09, 5 March 2013. 662  Втората реченица на член 37(1) од Конвенцијата, кој определува во кои околности жалбите ќе бидат симнати од листата на случаи на Судот, предвидува дека„Судот продолжува со разгледување на жалбата ако тоа го бара почитувањето на човековите права загарантирано со Конвенцијата и нејзините протоколи“. 663  Според член 39(1) од Конвенцијата, во секоја фаза од постапката„Судот може да се стави на располагање на засегнатите страни, со цел обезбедување на пријателско решение на предметот, врз основа на почитување на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата и во нејзините протоколи“. 664  Ionescu v. Romania (dec.), No. 36659/04, 1 June 2010.; Korolev v. Russia (dec.), No. 25551/05, ECHR 2010.; Holub v. Czech Republic, No. 24880/05,(dec.) 14.12.10.; Juhas Đurić v. Serbia, No. 48155/06, 7.5.11.; Nicoleta Gheorghe v. Romania , No. 23470/05, 3 April 2012. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 113 Примената на овој критериум за допуштеност треба да обезбеди дека ќе се избегнува отфрлање на случаи кои, и покрај нивната тривијална природа, покренуваат сериозни прашања кои влијаат врз примената или толкувањето на Конвенцијата, или важни прашања кои се однесуваат на националното право. 665 Така, во случајот Daniel Faulkner v. the United Kingdom , 666 Судот сметал дека нема потреба да утврди дали жалителот претрпел значителна штета, бидејќи неговата жалба покренала прашање на принцип според член 5 од Конвенцијата, кое требало да биде разгледано од страна на Судот. Значи, дури и во случај кога жалителот не претрпел значителна штета, ќе постои потреба од дополнително испитување на случајот доколку се покренуваат прашања од општ карактер, кои влијаат на почитувањето на правата заштитени со Конвенцијата. Такви прашања од општ карактер би се појавиле, на пример, во случај кога постои потреба да се објаснат обврските на државите според Конвенцијата или да се поттикне тужената држава да реши некој структурен недостаток што влијае врз други лица коишто се наоѓаат во иста положба како жалителот. Во оваа смисла, во случајот Finger v. Bulgaria , 667 Судот сметал дека не е потребно да се утврди дали жалителот претрпел значителна штета, бидејќи почитувањето на човековите права, во контекст на потенцијалниот системски проблем на неразумно траење на граѓанската постапка и, наводен, недостаток на ефективен правен лек, наложило испитување на случајот во однос на основаноста. Исто така, во случајот Živić v. Serbia, 668 Судот утврдил дека дури и под претпоставка дека жалителот не претрпел значителна штета, случајот покренал прашања од општ интерес што барале испитување. Ова се должело на неконзистентната судска практика на Окружниот суд во Белград во однос на правото на правична плата и еднаква плата за еднаква работа, односно плаќање на истиот пораст на платата доделен на определена категорија полициски службеници. 3.  Извршување на пресудите Државите-членки на ЕКЧП имаат обврска да ги извршуваат пресудите на ЕСЧП, при што Комитетот на министри на СЕ е задолжен да врши надзор над извршувањето. Со цел да се имплементира оваа општа обврска за извршување на пресудите донесени од страна на ЕСЧП, која е поделена на повеќе видови посебни обврски, од државите се бара да усвојат индивидуални и општи мерки. Усвојувањето на овие мерки од страна на државите е многу значајно за заштита на човековите права во Европа од причина што на тој начин се обезбедува навистина да бидат заштитени правата на поединецот загарантирани со Конвенцијата и се спречува повторување на случаите кои се поднесуваат до Судот. 669 Правната основа за општата обврска за извршување на пресудите на ЕСЧП е предвидена во членот 46 од ЕКЧП. Така, во согласност со членот 46(1), државите-членки„се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во споровите во кои тие се странки“, додека членот 46(2) предвидува дека„конечната пресуда на Судот му се доставува на Ко665  Maravić Markeš v. Croatia , No. 70923/11,§§ 50-55, 9 January 2014. 666  Daniel Faulkner v. the United Kingdom , No. 68909/13,§ 27, 6 October 2016. 667  Finger v. Bulgaria , No. 37346/05,§§ 67-77, 10 May 2011. 668  Živić v. Serbia , No. 37204/08,§§ 36-42, 13 September 2011. 669  Forst, supra note 61, p. 1-4. 114 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур митетот на министри, кој ќе го надгледува нејзиното извршување.“ Во оваа смисла, конечните пресуди на ЕСЧП се правно обврзувачки во однос на тужената држава. Имајќи го предвид претходното, може да се каже дека општите принципи на одговорност на државата, признати во меѓународното јавно право во однос на определени меѓународни незаконски дејства, се применливи и на повредите на ЕКЧП. Oва значи дека тужената држава треба да ја исполни прекршената обврска, да стави крај на меѓународното незаконско дејство, да ја поправи сторената штета и да спречи идни повреди. 670 Претходно наведените дејства кои треба да ги преземе тужената држава, всушност, претставуваат видови на посебни обврски кои се содржани во општата обврска на државата за извршување на пресудите на ЕСЧП, во согласност со членот 46 од Конвенцијата. Според ЕСЧП, пресудите на Судот, всушност, се од декларативен карактер. 671 Ова значи дека државите, во принцип, се слободни да избираат кои мерки ќе бидат преземени според националното право во насока на исполнување на обврските, во согласност со членот 46 од Конвенцијата, под услов преземените мерки да бидат во согласност со заклучоците од пресудата на Судот. 672 Во секој случај, слободата на државите да избираат кои мерки ќе бидат преземени не е апсолутна, особено имајќи предвид дека таа е предмет на надзор на Комитетот на министри на СЕ. Основата на оваа обврска за испорачување резултат може да се најде во фактот што Судот, во принцип, нема надлежност да предлага кои конкретни индивидуални или колективни мерки треба да бидат преземени од страна на државите со цел да се имплементираат пресудите. Во оваа смисла, исклучок претставува доделувањето правичен надомест. Исто така, основата на оваа обврска се наоѓа и во тоа што Судот нема надлежност да поништува, да укинува и да менува законски одредби или индивидуални одлуки на: административните, судските и други национални органи. 673 Обврската за извршување на определена пресуда на ЕСЧП е ограничена на странките во конкретниот случај. Ова значи дека пресудата има inter partes дејство и дека само државите-членки кои се странки во конкретен случај имаат обврска да се придржуваат кон пресудата. Сепак, може да се каже дека членот 1 на ЕКЧП 674 имплицира дека при обезбедување на правата заштитени со ЕКЧП, државите треба да го земат предвид толкувањето на Конвенцијата од страна на Судот, со што на пресудите на Судот ќе им дадат erga omnes дејство. Имено, пресудите на Судот имаат„индикативен ефект“ за останатите држави-членки. 675 Обврската за имплементирање на пресуда донесена од страна на ЕСЧП треба да се изврши веднаш. 676 Ова значи дека на тужената држава не ѝ се гарантира преоден период со 670  Ibid . 671  Marckx v. Belgium, no. 6833/74, 13 June 1979, Series A no. 31. 672  Grabenwarter, supra note 63, p. 108. 673  Forst, Déborah, The Execution of Judgments of the European Court of Human Rights: Limits and Ways Ahead , ICL Journal, Vol. 7, No. 3, 2013, p. 4; Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 25. 674  Член 1 од Европската конвенција за човекови права гласи:„Високите договорни страни им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и обврските утврдени во делот I на оваа Конвенција“. 675  Forst, Déborah, The Execution of Judgments of the European Court of Human Rights: Limits and Ways Ahead , ICL Journal, Vol. 7, No. 3, 2013, p. 4; Grabenwarter, Christoph, The European Convention on Human Rights: Inherent Constitutional Tendencies and the Role of the Eu ropean Court of Human Rights, in Constitutional Crisis in the European Constitutional Area, Theory, Law and Politics in Hungary and Romania(Armin von Bogdandy, Pal Sonnevend, eds.), 2014, p. 107. 676  Vermeire v. Belgium (Article 50), 4 October 1993, Series A no. 270-A. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 115 цел да ги усвои соодветните индивидуални или општи мерки. Сепак, во определени случаи, Судот може да дозволи ваков период и да определи рок за усвојување на соодветните мерки. Индивидуалните мерки се првиот вид мерки кои треба да бидат преземени од страна на државите во насока на извршување на конечната пресуда на ЕСЧП со која е констатирана повреда на Конвенцијата од страна на Судот. Притоа, индивидуалните мерки може да се состојат во прекинување на продолжената повреда, обезбедување на restitutio in integrum и плаќање правичен надомест, во случај кога е доделен од страна на Судот. 677 Така, во случај кога е констатирана продолжена повреда на одредбите на ЕКЧП, државите имаат обврска веднаш да го прекинат вршењето на повредата, врз основа на членот 46(1) од Конвенцијата(обврската за придржување кон пресудите) и членот 1 од Конвенцијата (општата обврска за почитување на човековите права). Од страна на државите се применуваат повеќе видови мерки за исполнување на обврската за прекин на вршењето на повреда: отповикување на национален административен налог, како што е отповикување на налог за депортација; 678 забрзување или завршување на тековна постапка во случај кога е констатирана повреда на членот 6; 679 ослободување на затвореник кој е незаконски лишен од слобода, 680 и други. Обврската restitutio in integrum се заснова на членот 46(1) од Конвенцијата, при што се работи за примена на европско ниво на обврската на државите за санација на меѓународното незаконско дејство, во согласност со меѓународното јавно право. Според ЕСЧП, репарацијата треба да биде извршена„на начин што ќе ја врати колку што е можно повеќе ситуацијата која постоела пред повредата“, 681 при што„целта на репарацијата треба да биде ставање на жалителот во позиција во која би се нашол доколку повредата не постоела“. 682 Во однос на исполнување на обврската restitutio in integrum , можни се најразлични мерки: државите се поттикнуваат да воспостават постапка која овозможува повторување на кривичната постапка врз основа на пресуда на ЕСЧП, особено доколку е констатирана повреда на членот 6; од државите се бара да ревидираат, да отповикаат или да издадат определени административни налози и друго. Сепак, доколку не е можно да се исполни обврската restitutio in integrum , државите не се ослободуваат од обврска, туку треба да исплатат определена сума пари, односно правичен надомест. 683 Според членот 46(1) од Конвенцијата, државите имаат обврска да исплатат правичен надомест, обично во рок од три месеци, во случај кога ЕСЧП досудил отштета врз основа на членот 41 од Конвенцијата. Судот може да додели правичен надомест според три основи: трошоци и надоместоци за правен застапник, надомест за материјална штета и надомест за нематеријална штета. Доделувањето на правичен надомест е супсидијарно во однос на обврската restitutio in integrum и не претставува право на жалителот од причина што Судот 677  Forst, Déborah, The Execution of Judgments of the European Court of Human Rights: Limits and Ways Ahead , ICL Journal, Vol. 7, No. 3, 2013, p. 4-7; Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права,[превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009, стр. 874-878. 678  Omojudi v. the United Kingdom , no. 1820/08, 24 November 2009; A.W. Khan v. the United Kingdom , no. 47486/06, 12 January 2010. 679  Ceteroni v. Italy , 15 November 1996, Reports of Judgments and Decisions 1996-V. 680  Mehmet Selçuk v. Turkey , no. 13090/04, 10 June 2008. 681  Papamichalopoulos and Others v. Greece (Article 50), no.14556/8931, 31 October 1995, Series A no. 330-B. 682  Brumărescu v. Romania(no. 2) , no. 28106/03, 23 June 2009. 683  Forst, supra note 124, p. 5-6. 116 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур може да одлучи дека самото констатирање на постоење на повреда претставува доволен правичен надомест и да го ограничи надоместот само на трошоците. 684 Исто така, треба да се има предвид дека развојот на јуриспруденцијата на Судот се движи во насока на нагласување на тоа дека државите не ги исполнуваат целосно нивните обврски во согласност со членот 46(1) само со исплата на правичниот надомест, туку дека треба да усвојат и соодветни општи и/или индивидуални мерки со кои се елиминираат како повредите на Конвенцијата констатирани од страна на Судот, така и последиците од тие повреди. 685 Имено, на овој начин Судот ја нагласува обврската на државите да преземаат соодветни мерки со цел нивниот домашен правен поредок да биде во согласност со ЕКЧП. Оваа промена на улогата на доделувањето на правичен надомест е дополнета и со нова практика на Судот, во согласност со која„се чини дека правичниот надомест повеќе не претставува алтернатива на индивидуалните и општите мерки, туку се претвора во форма на казнена санкција“. 686 Притоа, оваа нова практика, како што ќе биде објаснето во продолжение на ова поглавје, произведува последици во однос на способноста на Судот да врши надзор над извршувањето на неговите пресуди. Вториот вид мерки кои треба да бидат преземени од страна на државите со цел да се извршат пресудите на ЕСЧП се општите мерки. Овие мерки се однесуваат, главно, на обврската државите во иднина да спречат настанување на слични повреди на ЕКЧП. 687 Оваа обврска за усвојување на општи мерки од страна на државите, со цел да се спречат идни повреди на Конвенцијата, е релативно нова, при што се оправдува со тоа што пресудите на Судот немаат директен ефект. Имено, иако пресудите на Судот се обврзувачки за странките, тоа не значи дека националниот суд е обврзан со Конвенцијата да им даде директен ефект. Тоа претставува задача на националното право на тужената држава, која е слободна да ги имплементира пресудите во согласност со правилата на националниот правен систем. Обврската за усвојување на општи мерки од страна на државите се заснова на обврски коишто произлегуваат од членот 46(1) и членот 1 од Конвенцијата и произлегува од меѓународното јавно право. Имено, според меѓународното јавно право, страните на еден договор, како што е ЕКЧП, имаат обврска да обезбедат дека нивното право и практика е во согласност со одредбите на тој договор. Притоа, обврската за усвојување на општи мерки имплицира обврска за државите да ги решат структурните проблеми, во случај кога ЕСЧП идентификувал структурни или системски повреди на ЕКЧП. Во однос на имплементирање на обврската за спречување на идни повреди на Конвенцијата, државите преземаат најразлични мерки. Притоа, најголем дел од општите мерки се однесуваат на законски измени. Имено, иако ЕСЧП не ја испитува компатибилноста на определени законски одредби со ЕКЧП, од причина што разгледува индивидуални случаи и носи одлуки in concreto , причината за повреда на Конвенцијата во определени случаи потекнува од разни недоследности во рамки на законодавството. 684  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 856-862. 685  Scozzari and Giunta v. Italy [GC], nos. 39221/98 and 41963/98, 13 July 2000, ECHR 2000-VIII; Hirsi Jamaa and Others v. Italy [GC], no. 27765/09, ECHR 2012. 686  Forst, supra note 124, p. 6. 687  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 878-880. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 117 Овие недоследности може да се однесуваат на законска одредба која директно ја крши Конвенцијата, при што од државите се бара да не ја применуваат спорната одредба, односно да извршат измена на законската регулатива. Недоследностите може да се однесуваат и на недостиг од соодветна законска одредба во домашниот правен поредок. Во овие случаи од државите се бара да се воведат законски измени за да се обезбедат правата заштитени со Конвенцијата. Иако определена пресуда на ЕСЧП е обврзувачка само за државата која е странка во конкретниот случај и заради тоа има обврска да преземе одредени општи мерки, практиката покажува дека некои држави извршиле измени на нивните закони или практики токму како резултат на пресудите на ЕСЧП кои биле донесени против други држави, како и дека домашните судови го земаат предвид толкувањето на Конвенцијата, изразено во судската практика на Судот. Имено, пресудите на ЕСЧП уживаат статус на убедлив авторитет за законодавците и за домашните судови од причина што државите се свесни за нивниот превентивен ефект во насока на избегнување на ризикот од осуда. Ова е поврзано со претходно споменатото erga omnes дејство на пресудите на ЕСЧП, кое имплицитно произлегува од обврската предвидена со членот 1 на ЕКЧП, според која државите имаат обврска да ги обезбедат правата заштитени со Конвенцијата. Имено, при обезбедување на правата заштитени со ЕКЧП, државите треба да го земат предвид толкувањето на Конвенцијата од страна на Судот. Со тоа, практично, на пресудите на Судот ќе им дадат erga omnes дејство. Оваа доктрина е поддржана од страна на ЕСЧП, од Комитетот на министри на СЕ и од Парламентарното собрание на СЕ. Комитетот на министри на СЕ е главниот орган задолжен за вршење контрола на извршувањето на пресудите донесени од страна на ЕСЧП, при што се работи за контрола која е политичка и колективна. Комитетот на министри ги определува постапките наменети за контрола на исплатата на правичниот надомест, како и усвојувањето на соодветни мерки за време на неговите, таканаречени,„состаноци за човекови права“. 688 Во 2010 година, Комитетот на министри вовел нови работни методи. Имено, со цел да се подобри ефикасноста на системот на надзор, истовремено биле предвидени две постапки, и тоа:„стандардна постапка“ и„зајакната постапка“. Кај повеќето случаи се применува „стандардната постапка“, односно стандарден надзор, при што се утврдува дали државата презентирала акционен план или извештај, кој го оценува Секретаријатот и му предлага на Комитетот на министри да усвои конечна резолуција и да го затвори случајот.„Зајакнатата постапка“, односно зајакнатиот надзор се применува при надзор на случаи во кои треба да се преземат итни индивидуални мерки, пилот-пресуди, случаи од кои произлегуваат големи структурни или сложени проблеми и меѓудржавни случаи. Надзорот над овие случаи има приоритет во однос на случаите на кои се применува„стандардната постапка“, при што улогата на Секретаријатот е многу поактивна. Имено, тој им помага на државите да усвојат и да имплементираат акциони планови. 689 Комитетот на министри има надлежност да врши надзор над извршувањето како на конечните пресуди на Судот, така и на пријателските спогодби. Притоа, главно, дејствува преку донесување на два типа резолуции, и тоа – привремени резолуции и конечни резо688  Forst, supra note 124, p. 13. 689  Ibid . 118 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур луции. Привремените резолуции се носат за да се обезбеди информација за напредокот во извршувањето на пресудата или во случај кога треба да се изрази загриженост или да се дадат сугестии во однос на извршувањето, додека конечните резолуции се носат кога Комитетот на министри ќе утврди дека државата ги презела сите неопходни мерки за извршување на пресудата или дека условите во однос на пријателската спогодба се извршени, со што надзорот се завршува. 690 Протоколот 14 кон ЕКЧП вовел уште два начина на кои Комитетот на министри може да дејствува при вршењето на надзор над извршувањето на пресудите. Имено, како што претходно беше споменато, се работи за можноста Комитетот на министри да упати барање до ЕСЧП за толкување на некоја негова пресуда, предвидена со членот 46(3) од Конвенцијата и можноста Комитетот на министри да упати барање до ЕСЧП да утврди дали некоја договорна страна на Конвенцијата ја исполнила својата обврска да се придржува до конечната пресуда на Судот, во согласност со членот 46(4) од Конвенцијата. Иако Комитетот на министри е главниот орган на СЕ кој е задолжен за вршење надзор над извршувањето на пресудите на ЕСЧП, и самиот Суд има на располагање неколку начини за да биде активен на овој план. Имено, неговите основни средства на ова поле се следните: контрола на исплатата на правичен надомест; индикации за можни мерки за извршување на пресудите; постапка за пилот-пресуда и усвојување на втора пресуда за повреда која следува по неизвршување на претходната пресуда. 691 ЕСЧП, преку неговата практика да доделува правичен надомест, на индиректен начин го надгледува извршувањето на неговите пресуди. Така, Судот може да одлучи посебно да ги испита основаноста на случајот и доделувањето на правичен надомест, при што ќе донесе и две различни пресуди во таа смисла, во согласност со членот 41 од Конвенцијата. Притоа, Судот чека државата да преземе мерки во насока на restitutio in integrum во согласност со првата пресуда, а потоа нив ги анализира во втората пресуда, со што, всушност, врши надзор над извршувањето на мерките кои се преземени за реализација на restitutio in integrum . Исто така, Судот може во една пресуда да ги анализира и основаноста и правичниот надомест. Оваа опција денес почесто се применува, иако е спротивна на текстот на членот 41 од Конвенцијата. Овој начин му овозможува на Судот да ја забрза постапката, но истовремено го оневозможува да врши контрола на преземените мерки и, на некој начин, го претвора правичниот надомест во форма на казнена санкција. ЕСЧП повеќепати истакнал дека„во принцип, не е работа на Судот да утврдува какви мерки за исправање на неправдата може да бидат соодветни за да се исполнат обврските на одговорната држава“. 692 Иако, во согласност со овој принцип, Судот се воздржувал од посочување кои конкретни дејства треба да се преземат во насока на извршување на неговите пресуди, неодамна ја сменил својата позиција во однос на ова прашање. Имено, во определени исклучителни случаи Судот индицирал кои конкретни мерки треба да ги преземат државите во насока на извршување на пресудата. 693 690  Харис, О’Бојл, Бејтс, Бакли, supra note 2, стр. 872-873. 691  Forst, supra note 124, p. 17. 692  Broniowski v. Poland [GC], no. 31443/96, 22 June 2004, ECHR 2004-V. 693  Papamichalopoulos and Others v. Greece (Article 50), no. 14556/89, 31 October 1995, Series A no. 330-B; Assanidze v. Georgia [GC], no. 71503/01, 8 April 2004, ECHR 2004-II. II.  СТРАЗБУРШКИТЕ КОНТРОЛНИ МЕХАНИЗМИ 119 Преку усвојувањето на втора пресуда за повреда која следува по неизвршување на претходната пресуда, ЕСЧП започнал, во исклучителни случаи, да врши контрола на извршувањето на неговите пресуди, со тоа што во втората пресуда вршел контрола на мерките преземени во однос на претходна пресуда која се однесува на истото прашање. Имено, иако во случајот Mehemi v. France(no. 2) 694 Судот истакнал дека одбива во рамки на втора пресуда да го коментира извршувањето на претходна пресуда, во пресудата донесена во врска со случајот Vermeire v. Belgium 695 Судот индиректно извршил контрола на извршувањето на претходна пресуда. Така, во оваа пресуда Судот повторно констатирал повреда на членот 8 и членот 14 од ЕКЧП. Притоа, Судот истакнал дека Белгија не презела соодветни мерки за да ја изврши пресудата донесена во случајот Marckx v. Belgium , 696 во согласност со која белгискиот закон во однос на децата родени надвор од брак и невенчаните мајки го прекршува членот 8 во врска со членот 14 од Конвенцијата од причина што„член на ‘незаконско’ семејство треба да ги ужива гаранциите на членот 8 на исто рамниште со членовите на традиционално семејство.“ 694  Mehemi v. France(no. 2) , no. 53470/99, 10 April 2003, ECHR 2003-IV. 695  Vermeire v. Belgium (Article 50), 4 October 1993, Series A no. 270-A. 696  Marckx v. Belgium, no. 6833/74, 13 June 1979, Series A no. 31. 120 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур III. МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ Предмет на преглед и анализа во ова поглавје се пресуди и одлуки донесени од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на Република Северна Македонија, при што фокусот е ставен на примената на критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права. Имено, се анализира, главно, само делот во контекст на оцената на Судот во врска со причините за(не)допуштеност на жалбите поднесени пред Судот во Стразбур, во однос на Република Северна Македонија. Предметите се селектирани со цел да се опфатат различни критериуми за допуштеност кои биле разгледувани од страна на Судот, при што анализираните пресуди и одлуки се претежно од понов датум. 1.  ИЛЈАЗ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 697 → Допуштеност на жалбениот навод според член 3 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) како споив ratione materiae (постои потребното минимално ниво на сериозност во врска со наводното малтретирање на жалителот) → Допуштеност на жалбениот навод според член 3 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) заради исполнување на обврската за исцрпување на домашните правни средства(приватната кривична тужба и граѓанското тужбено барање за надомест на штета не претставуваат домашни правни средства кои треба да се искористат во конкретниот случај за целите на споменатата одредба) Кратко резиме на случајот Овој случај се однесува на пропуст сторен од страна на домашните власти да ги истражат наводите за физички напад и закани упатени кон жалителот од страна на физичко лице [во контекст на локалните избори]. 698 Според жалителот, утрото на 29 октомври 2017 година, неговиот сосед С. Ф. го удрил со тупаница по лицето, со дрвена палка по главата и телото и вербално му се заканил, при што детето на жалителот било присутно и било сведок на нападот. Во медицинската белешка издадена истото утро, inter alia , било наведено дека апликантот бил„повреден во физички 697  Iljaz v. North Macedonia , no. 53040/19, 20 February 2024. 698  Iljaz v. North Macedonia , Subject matter of the case, 30 August 2021 III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 121 напад од луѓе со познат идентитет,[бил] удиран со палка“, дека му биле потребни шевови и дека не изгубил свест, ниту повраќал. Во друга медицинска белешка издадена истиот ден било нотирано дека не се забележани знаци на„трауматски промени“ на черепот. Жалителот пријавил во полиција дека С. Ф. го спречил да гласа, поточно дека го предупредил да не гласа за одреден кандидат и да не превезува гласачи, му удрил шлаканици и тупаници по лицето и го удрил со палка по главата. Полицијата: извршила увид на лице место, фотографирала, извршила претрес во автомобилот на С. Ф. и земала изјави од повеќе лица. Сопругата на жалителот изјавила дека група луѓе му се заканувале на нејзиниот сопруг и дека еден од нив го удрил со палка по главата, додека мајката на жалителот и С. Ф. изјавиле дека жалителот ја удрил главата во ограда. Истиот ден, вечерта, жалителот пред јавен обвинител изјавил дека С. Ф. му удрил шлаканица по лицето, по што жалителот се лизнал, паднал на некои„степеници“ и ја удрил главата. Потоа, обвинителот ги сослушал и сопругата на жалителот и С. Ф., кои изјавиле дека жалителот паднал во ограда и ја удрил главата. На 21 март 2018 година, јавниот обвинител ја отфрлил кривичната пријава против С. Ф. поради недостаток на докази, засновајќи го неговиот заклучок на подоцнежните изјави на жалителот, неговата сопруга и С. Ф., како и на фактот дека полицијата не пронашла предмети што потекнуваат од кривично дело во автомобилот на С. Ф. Обвинителот ги разгледал фотографиите и медицинските документи и утврдил дека жалителот имал„отворена рана на главата“. Во јули 2018 година, жалителот поднел нова кривична пријава против С. Ф. поради попречување да го оствари своето право на глас, насилство и влијание врз сведоци. Пријавил дека во месец февруари и март 2018 година, С. Ф. му се заканувал да ја промени првичната изјава. На 5 октомври 2018 година, друг јавен обвинител го сослушал жалителот, кој изјавил дека на денот на инцидентот, С. Ф. му рекол дека„[жалителот] ќе има проблем со него ако оди да гласа“ и дека го удрил со раце и со бејзбол палка, по што жалителот паднал на земја. Потоа изјавил дека С. Ф. воопшто не му се заканувал, иако потоа, на прашање на неговиот адвокат, изјавил дека С. Ф. му рекол дека нема да може„да работи надвор на улица“ и дека„ќе треба да отвори фирма“. Исто така, жалителот изјавил дека вечерта на денот на инцидентот, петмина роднини на С. Ф. дошле во неговата куќа, од кои двајца му се заканувале да ја смени својата првична изјава. Јавниот обвинител ги разгледал списите на предметот и ја отфрлил новата кривична пријава, заклучувајќи, во однос на наводот во врска со неговото право на глас, дека немало нови релевантни докази кои произлегувале од изјавата на жалителот од 5 октомври 2018 година, како и дека не биле откриени елементи на кривични дела на насилство и влијание врз сведоци. Вишиот јавен обвинител го потврдил тој заклучок, повикувајќи се на изјавата на жалителот од 5 октомври 2018 година, според која немало никакви закани или„немало сериозни закани“ по неговиот живот или тело. Жалителот се жалел пред ЕСЧП, при што изнел жалбени наводи во врска со член 3 и член 13 од Конвенцијата дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за наводниот напад од страна на С. Ф. Жалбените наводи се прогласени за допуштени, откако биле одбиени приговорите на Владата за недопуштеност на жалбениот навод според член 3 поради неспоивот ratione materiae , со оглед на тоа што постои потребното минимално ниво на сериозност во врска со наводното малтретирање на жалителот, и поради неисцрпување на домашните правни средства – приватна кривична тужба и граѓанско тужбено барање за надомест на ште122 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур та, со оглед на тоа што споменатите правни средства не претставуваат ефективни правни средства кои треба да се искористат во околностите на случајот. Во овој случај, Судот констатирал повреда на член 3 од Конвенцијата поради неспроведување на ефективна истрага(процедурален аспект). Допуштеност на жалбениот навод според член 3 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) како споив ratione materiae (со оглед на тоа што постои потребното минимално ниво на сериозност во врска со наводното малтретирање на жалителот) a. Релевантни принципи Општо земено, лошото постапување мора да достигне минимално ниво на сериозност за да биде во опфатот на член 3. Проценката на тоа ниво е релативна и зависи од сите околности на случајот, како што се: времетраењето на постапувањето, неговите физички или ментални ефекти и, во некои случаи: полот, возраста и здравствената состојба на жртвата(види: Muršić v. Croatia [GC], no. 7334/13,§ 97, 20 October 2016). За да се утврди дали е достигнат прагот на сериозност, може да се земат предвид и други фактори, особено:(а) целта поради која е нанесено лошо постапување/малтретирање, заедно со намерата или мотивацијата зад него, иако отсуството за намера да се понижи жртвата не може дефинитивно да отфрли наод за повреда на член 3 од Конвенцијата;(б) контекстот во кој е нанесено лошото постапување/малтретирање, како што е атмосфера на зголемена напнатост и емоции; и(в) дали жртвата е во ранлива ситуација(види: Khlaifia and Others v. Italy [GC], no. 16483/12,§ 160, 15 December 2016). б. Образложение Според Владата, наводното малтретирање на жалителот не го достигнало прагот на сериозност што може да предизвика примена на членот 3 од Конвенцијата. Судот забележал дека жалителот претрпел повреда на главата, витален дел од телото, опишана од страна на јавниот обвинител како„отворена рана“, а за која биле потребни шевови. Понатаму, не било оспорено дека инцидентот се случил во присуство на детето на жалителот, што би можело да ги влоши чувствата на понижување и инфериорност кои би можеле да се предизвикаат кај жалителот. Така, според Судот, тој изнел докажливо тврдење дека бил жртва на малтретирање, достигнувајќи минимално ниво на сериозност според членот 3(спореди Hovhannisyan v. Armenia , no. 18419/13,§ 54, 19 July 2018, во кој многубројните модринки на рацете на жалителот, заедно со сериозното понижување, го достигнале прагот на сериозност според членот 3, или Pulfer v. Albania , no. 31959/13,§ 75, 20 November 2018, каде: трагите од задушување околу вратот на жалителот, хематомите на главата и чувствата на несигурност, болка и стрес биле доволни за да се предизвика примена на членот 3). Допуштеност на жалбениот навод според член 3 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(приватната кривична тужба и граѓанското тужбено барање за надомест на штета не претставуваат домашни правни средства кои треба да се искористат во конкретниот случај за целите на споменатата одредба) III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 123 а. Релевантни принципи Релевантните принципи се изложени во пресудата донесена во случајот Vučković and Others v. Serbia (preliminary objection)[GC], бр. 17153/11 и 29 others,§§ 69-77, 25 March 2014). Особено„обврската за исцрпување“ бара од жалителот нормално да ги искористи правните средства кои се достапни и доволни во однос на неговите жалбени наводи согласно Конвенцијата. Постоењето на предметните правни средства мора да е доволно сигурно не само во теорија, туку и во практика, во спротивно тие ќе ја немаат потребната достапност и ефективност. Неопхoдно е Владата која тврди дека има неискористување на домашни правни лекови да го увери Судот дека станува збор за ефективен правен лек, достапен како во теорија, така и во практика во релевантно време, односно дека бил достапен и можел да обезбеди обесштетување во однос на жалбените наводи на жалителот и нудел разумни изгледи за успех. Кога ваквиот товар на докажување ќе биде задоволен, товарот преоѓа на жалителот кој треба да докаже дека правниот лек кој го сугерира Владата во суштина бил искористен, или поради некоја причина бил неадекватен и неефективен во конкретните околности на случајот, или дека постоеле посебни околности кои го ослободувале од таквата обврска(ibid.,§§ 71 и 77). б. Образложение Владата, исто така, тврдела дека жалителот не ги исцрпил домашните правни средства, бидејќи можел да поднесе, меѓу другото, приватна кривична тужба за телесна повреда или граѓанска тужба за надомест на штета според членовите 9-а и 189 од Законот за облигациони односи. Судот повторил дека државата не може да се ослободи од својата процедурална обврска од членот 3, со префрлање на одговорноста за поведување и спроведување кривична истражна постапка на оштетената страна(види: mutatis mutandis , Selami and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 78241/13,§ 87, 1 March 2018). Имено, според Судот, жалителот во два наврата истакнал доволно наводи пред домашните власти со поднесување кривична пријава и од него не треба да се бара да поднел трета, приватна кривична пријава за телесна повреда. Понатаму, кога физичко лице врз основа на докажливи oснови тврди дека било изложено на дејствија спротивни на членот 3, согласно истиот член се бара од националните власти да спроведат ефективна службена истрага за да ги утврдат фактите на случајот и да ги идентификуваат и казнат одговорните(види, на пример: S.Z. v. Bulgaria , no. 29263/12,§ 44, 3 March 2015). Барањето за надомест на штета не би било доволно, имајќи предвид дека жалителот се жалел на намерно малтретирање(спротивно, во контекст на членот 2, Koceski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 41107/07,§ 25, 22 October 2013, каде што немало наводи за намерно предизвикување на смртни последици или опасност од смрт). Според тоа, Судот го одбил приговорот на Владата за неисцрпување на домашните правни средства. Следствено, Судот констатирал дека овој жалбен навод не е очигледно неоснован во рамки на значењето на членот 35, став 3(a) од Конвенцијата или недопуштен врз која било друга основа, па оттука, мора да се прогласи за допуштен. 124 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 2.  ЈАНАКИЕСКИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 699 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 1 од Конвенцијата(во однос на преклопувањето на куќниот притвор и притворот и во однос на предвременото продолжување на куќниот притвор) поради неисцрпување на домашните правни средства(барањето за надомест на штета претставува ефективно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи за целите на споменатата одредба) → Допуштеност на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата(во однос на должината и оправданоста на траењето на лишувањето од слобода) со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за надомест на штета не претставува ефективно домашно правно средство што треба да се искористи во конкретниот случај за целите на споменатата одредба) → Допуштеност на жалбениот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата(во однос на брзината на разгледување на жалбите против решенијата за куќен притвор) со оглед тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за надомест на штета не претставува ефективно домашно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи за целите на споменатата одредба) Кратко резиме на случајот Во овој случај, Судот споил две жалби поднесени од страна на жалителот, со оглед на тоа што се однесувале на ист предмет. Жалителот бил поранешен министер за транспорт и врски на тужената држава, кој наизменично бил задржуван во притвор и куќен притвор во неколку посебни кривични постапки, од кои две се предмет на конкретниот случај. Во рамки на првата кривична постапка, на 20 февруари 2019 година, јавен обвинител наредил да се спроведе истрага против пет лица, вклучувајќи го и жалителот, поради сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Сите биле осомничени за смислување план и мобилизирање членови на определена партија за да го спречат пренесувањето на власта на новото парламентарно мнозинство. Случајот привлекол значително медиумско внимание и станал познат како„Организаторите на настаните од 27 април во Собранието“, упатувајќи на инцидент што се случил на 27 април 2017 година(познат и како„Крвавиот четврток“), во кој група демонстранти упаднале во зградата на Собранието, при што биле повредени неколку лица. Истиот ден, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка при првостепениот суд, откако го сослушал, му определил мерка притвор на жалителот, со образложение дека може да се даде во бегство или да ја попречува истрагата(член 165, став 1, точка 1 и 2 од Законот за кривичната постапка). На 22 февруари 2019 година, совет од тројца судии на првостепениот суд(„советот“) го укинал решението за притвор и го заменил со триесетдневен куќен притвор. Советот сметал дека сè уште постои ризик жалителот да се даде во бегство или да ја попречува истрагата, но дека целта на неговиот притвор можела да се постигне со куќен притвор. По предлозите на јавниот обвинител, советот и Апелациониот суд, кој имал надлежност 699  Janakieski v. North Macedonia, nos. 57325/19 and 16291/20, 14 November 2023. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 125 согласно членот 171, став 3 од Законот за кривичната постапка, пет пати, соодветно, му го продолжувале куќниот притвор на жалителот помеѓу 22 март и 28 јуни 2019 година. Се повикувале на ризикот од негово бегство или мешање во истрагата. Апелациониот и Врховниот суд ги одбиле жалбите на жалителот кои ги поднел против четири од тие решенија за продолжување. На 1 јули 2019 година, советот ја укинал мерката куќен притвор на жалителот, продолжена на 28 јуни 2019 година, бидејќи на истиот датум, но во друга постапка[втората кривична постапка опишана подолу], против жалителот бил определен притвор. советот утврдил дека против исто лице, истовремено, не може да бидат на сила повеќе од една мерка притвор. На 3 октомври 2019 година, Апелациониот суд ја одбил жалбата на жалителот против тоа решение. Во меѓувреме, на 31 мај 2019 година, јавниот обвинител поднел обвинителен акт против четири лица, меѓу кои и жалителот. На 26 јули 2021 година, првостепениот суд го осудил жалителот на шест години и три месеци затвор. 700 Во рамки на втората кривична постапка, на 27 јуни 2019 година, јавен обвинител отворил истрага против жалителот за злоупотреба на службената положба, заедно со уште десет лица, поради сомнение дека склучиле договори за купопродажба на парцели во државна сопственост и не обезбедиле правилно спроведување на таквите договори. Случајот добил голем публицитет и станал познат како случај„Шпански скали“. По предлог на јавниот обвинител, на 28 јуни 2019 година, судија на претходна постапка го сослушал жалителот и му определил триесетдневен притвор, утврдувајќи дека постоела опасност жалителот да се даде во бегство и да ја попречува истрагата(член 165, став 1, точка 1 и 2 од Законот за кривичната постапка). Жалителот поднел жалба, тврдејќи, inter alia , дека истовремено бил лишен од слобода со две посебни мерки, имено, притворот определен во кривичната постапка во случајот„Шпански скали“ и куќниот притвор определен во кривичната постапка во случајот„Организатори на настаните од 27 април во Собранието“. На 1 јули 2019 година, советот ги одбил жалбите на жалителот. Понатаму, на 26 јули 2019 година, советот го продолжил притворот на жалителот за триесет дена, со образложение дека може да се даде во бегство или да ја попречува истрагата. На 9 август 2019 година, Апелациониот суд ја уважил жалбата на жалителот против решението на советот и му го заменил притворот со триесетдневен куќен притвор, почнувајќи од тој ден со траење до 8 септември 2019 година. Утврдил дека сè уште постои опасност од негово бегство или попречување на истрагата, но дека со оглед на неговата влошена здравствена состојба било соодветно притворот да се замени со поблага мерка. Дополнително, му го одзел пасошот и му забранил да контактира со сите инволвирани во случајот, како и да користи средства за комуникација, воопшто. На 23 август 2019 година, советот му ги продолжил куќниот притвор и забраната за комуникација од 8 септември до 8 октомври 2019 година, со образложение дека може да се даде во бегство или да ја попречува истрагата. На 25 септември 2019 година, Апелациониот суд ги одбил жалбите на жалителот против решението на советот, но по службена должност го преиначил решението од 23 август 2019 година во смисла да биде опфатен периодот од 8 до 26 септември 2019 година. На 25 септември, 25 октомври и 22 ноември 2019 година, Апелациониот суд, кој имал надлежност согласно членот 171, став 3 од Законот за кривичната постапка, повторно му го 700  Во времето кога Европскиот суд за човекови права одлучувал за конкретниот случај,[првата] домашна кривична постапка сè уште била во тек. 126 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур продолжил куќниот притвор на жалителот, со образложение дека може да се даде во бегство или да ја попречува истрагата. На 24 октомври и 20 ноември 2019 година, Врховниот суд ги одбил жалбите на жалителот против решенијата на Апелациониот суд од 25 септември и 25 октомври 2019 година. На 28 ноември и 4 декември 2019 година, жалителот поднел две жалби против решението од 22 ноември 2019 година. На 23 декември 2019 година, по јавна седница, Врховниот суд го изменил решението и му го продолжил куќниот притвор на жалителот исклучиво заради ризикот од негово бегство, бидејќи истрагата била завршена. Тоа решение му било доставено на жалителот на 25 декември 2019 година. Во меѓувреме, на 25 ноември 2019 година, јавниот обвинител го известил жалителот дека истрагата е завршена. На 12 декември 2019 година, жалителот бил обвинет за злоупотреба на службената положба, заедно со уште пет други лица, затоа што не ги раскинал претходно склучените договори за купопродажба на парцели во државна сопственост и затоа што не обезбедил плаќање на договорните казни според соодветните договори. Јавниот обвинител побарал куќниот притвор да му биде продолжен. Куќниот притвор на жалителот бил продолжуван уште петнаесет пати во периодот од декември 2019 година – февруари 2021 година, со образложение дека би можел да се даде во бегство. Сите решенија за продолжување донесени од советот биле донесени по службена должност, освен решението од 12 декември 2019 година кое било издадено на барање на јавниот обвинител. Со сите решенија, куќниот притвор на жалителот бил продолжуван за триесет дена, со исклучок на решението од 4 февруари 2021 година, со кое притворот бил продолжен за дваесет и два дена, бидејќи дозволениот рок за притвор од една година по потврдување на обвинението(член 172, став 2, точка 1 од Законот за кривичната постапка) истекувал на 26 февруари 2021 година. Во своите жалби, жалителот постојано тврдел дека немало докази што укажувале на тоа дека тој ќе избега и покренал разни други аргументи. Во жалбите против решенијата за продолжување донесени од советот на 7 април и 7 август 2020 година, тој, исто така, се жалел дека не ги добил решенијата на Апелациониот суд во врска со неговите претходни жалби(поднесени на 16 и 19 март и 13 и 17 јули 2020 година, соодветно). Во своите одлуки, Апелациониот суд ги потврдил констатациите на советот и ги одбил аргументите на жалителот. Во неколку од своите одлуки, тој се повикал на членовите 5 и 6 од Конвенцијата и на Препораката Rec(2006)13 на Комитетот на министри до државите-членки за употребата на притвор, условите во кои се одвива и обезбедувањето заштитни мерки против злоупотреба. Меѓутоа, утврдил дека причините за куќниот притвор на жалителот сè уште постоеле. На 23 февруари 2021 година, советот го укинал куќниот притвор на жалителот, бидејќи истиот ден на жалителот му бил определен куќен притвор во друга кривична постапка, односно во трета, неповрзана кривична постапка, кога на жалителот му бил определен куќен притвор од 23 февруари до 18 ноември 2021 година, кога бил пуштен на слобода. 701 Жалителот поднел жалба до ЕСЧП, каде се жалел врз основа на член 5, став 1 од Конвенцијата дека неговиот притвор во втората постапка бил определен на 28 јуни 2019 година, и покрај фактот што неговиот куќен притвор бил продолжен истиот ден во првата постапка, како и дека неговиот куќен притвор бил произволно продолжен на 23 август 2019 година, две недели пред да истече претходно продолжениот куќен притвор. Жалителот, исто 701  Во времето кога Европскиот суд за човекови права одлучувал за конкретниот случај,[втората] домашна кривична постапка сè уште била во тек. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 127 така, се жалел според член 5, став 3 од Конвенцијата дека неговото лишување од слобода било долго и неоправдано. На крај, жалителот се жалел според член 5, став 4 од Конвенцијата дека неговите жалби против решенијата за куќен притвор во втората постапка не биле брзо разгледани. Владата тврдела дека жалителот не ги исцрпил домашните правни средства за ниту еден од поднесените жалбени наводи, бидејќи не поднел барање за надомест на штета за незаконско или неосновано лишување од слобода според членот 553 од Законот за кривичната постапка и/или членовите 9-а и 189 од Законот за облигационите односи(заеднички или одделно). Исто така, Владата доставила примери за домашна судска практика во која домашните судови ги примениле членовите 9-а и/или 189 од Законот за облигационите односи, како и релевантните одредби од Законот за кривичната постапка од 2005 година (види: Shipovikj v. North Macedonia (dec.), nos. 77805/14 and 77807/14,§§ 33 и 35, 9 March 2021), кои, во суштина, се идентични со членот 553 од Закон за кривичната постапка од 2010 година, релевантен за жалителот. Жалбениот навод според член 5, став 1 од Конвенцијата бил отфрлен како недопуштен поради неисцрпување на домашните правни средства, со оглед на тоа што барањето за надомест на штета во конкретниот случај претставувало ефективно домашно правно средство што требало да се искористи. Жалбените наводи според член 5, став 3, односно според член 5, став 4 од Конвенцијата биле прогласени за допуштени, откако биле одбиени приговорите на Владата, од причина што барањето за надомест на штета не претставувало ефективно правно средство за целите на споменатите одредби, како што тврдела Владата. Во овој случај Судот констатирал повреда на член 5, став 3 од Конвенцијата заради недостаток на доволно причини за лишување на жалителот од слобода, како и повреда на член 5, став 4 од Конвенцијата заради отсуство на„брз“ судски надзор во однос на лишувањето на жалителот од слобода. Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 1 од Конвенцијата(во однос на преклопувањето на куќниот притвор и притворот и во однос на предвременото продолжување на куќниот притвор) заради неисцрпување на домашните правни средства(барањето за надомест на штета претставува ефективно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи за целите на споменатата одредба) а. Релевантни принципи Релевантните принципи на Конвенцијата во врска со неисцрпувањето на домашните правни средства се сумирани во пресудите на Судот донесени во случаите Vučković and Others v. Serbia (/preliminary objection/[GC], nos. 17153/11 and 29 others,§§ 69-77, 25 March 2014) и Selahattin Demirtaş v. Turkey(no. 2) [GC](no. 14305/17,§§ 205-209, 22 December 2020, with further references). Во контекст на членот 5 од Конвенцијата, Судот, исто така, утврдил дека во конкретни околности може да прифати дека постоењето на јасна и утврдена авенија во рамки на домашното право, според која може да се бара соодветен износ на надомест на штета, може да претставува доволно обесштетување во смисла на неговата судска практика во однос 128 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур на членот 34 од Конвенцијата(види, во контекст на процената на статусот на жртва на жалителот: Al Husin v. Bosnia and Herzegovina /no. 2/ , no. 10112/16,§ 89, 25 June 2019 и Udaltsov v. Russia, no. 76695/11,§ 157, 6 October 2020). Врз основа на претходно споменатите релевантни принципи, освен допуштеноста на конкретниот жалбен навод според член 5, став 1 од Конвенцијата, ЕСЧП ја разгледал допуштеноста и на преостанатите жалбени наводи во овој случај, а имајќи предвид дека приговорот на Владата во однос на допуштеноста на сите истакнати жалбени наводи во овој случај е во контекст на неисполнување на обврската за исцрпување на домашните правни средства. б. Образложение Според Судот, во однос на преклопувањето на куќниот притвор и притворот на жалителот, суштината на жалбениот навод на жалителот се однесува на наводната незаконитост и произволност во врска со неговиот притвор определен на 28 јуни 2019 година во втората постапка, со оглед на тоа што во првата постапка му бил одреден куќен притвор на истиот ден. И пред домашните судови и пред Судот, жалителот тврдел дека при определувањето на неговиот притвор, судот не го зел предвид фактот дека тој веќе бил во куќен притвор. Судот забележал дека на 1 јули 2019 година, советот го укинал неговиот куќен притвор во првата кривична постапка, бидејќи во втората кривична постапка му бил одреден притвор, при што било констатирано дека против исто лице истовремено не може да биде во сила повеќе од една мерка притвор. Со тоа, советот ставил крај на ситуацијата спрема жалителот да бидат во сила две истовремени мерки на лишување од слобода, а жалителот на крај бил пуштен на слобода. Во такви околности, според Судот, кога наводната незаконитост повеќе не постои и спорниот притвор е завршен, барањето за надомест на штета може да биде соодветен правен лек за целите на жалбениот навод на жалителот(види, на пример: Oravec v. Croatia , no. 51249/11,§ 33, 11 July 2017). Оттука, останало да се види дали неговата практичност е убедливо воспоставена. Судот забележал дека членот 553, став 1, точка 3 од Законот за кривичната постапка предвидува дека едно лице има право на надомест на штета доколку е неосновано или незаконито лишено од слобода како резултат на грешка или незаконито работење на домашните власти. Понатаму, примерите од домашната судска практика поднесени од Владата покажувале дека домашните судови досудуваат надомест на штета на барателите кои биле незаконито или неосновано лишени од слобода како резултат на грешка или незаконито работење на властите. Според Судот, имајќи го предвид заклучокот на советот дека две мерки на лишување од слобода не можат да коегзистираат истовремено, не може да се каже дека барањето за надомест на штета би било осудено на неуспех(спореди со: Selahattin Demirtaş , цитиран погоре,§ 210, и спротивно од: Lazoroski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 4922/04,§§ 15 and 38, 8 October 2009, каде што за лишувањето од слобода на жалителот било утврдено дека е законито). Дополнително, немало потреба од исполнетост на други услови, вклучувајќи правосилно завршување на кривичната постапка, за применливост на споменатата одредба(види, во контекст на анализа на статусот на жртва на жалителот: Klinkel v. Germany (dec.), no. 47156/16,§ 30, 11 December 2018). Имено, ситуацијата на која се жалел жалителот не е поврзана со исходот од кривичната постапка против жалителот и била независна од него. Во секој случај, според Судот, домашното право му обезбедило на жалителот ефективно правно средство за да добие обесштетување на национално ниво за жалбениот навод истакнат пред Судот. Во овој контекст, Судот повторил дека во случаите кога домашното право експлицитIII.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 129 но предвидува одредено правно средство кое е директно достапно и не е очигледно осудено на неуспех, постоењето само на сомнежи од страна на жалителот во однос на изгледите за неговиот успех не е валидна причина за неисцрпување на тоа правно средство. Напротив, во интерес на жалителот е да се обрати до соодветниот суд за да му даде можност да ги развие постоечките права преку неговата моќ на толкување(види: Delijorgji v. Albania , no. 6858/11,§ 58, 28 April 2015, with further references). Конечно, жалителот не покажал дека постоеле некакви посебни околности што го спречиле да поднесе барање за надомест на штета. Понатаму, во однос на предвременото продолжување на куќниот притвор на жалителот на 23 август 2019 година, Судот забележал дека овој жалбен навод не бил истакнат во жалбата на жалителот против решението од 23 август 2019 година. Според Судот, дури и ако се претпостави дека Апелациониот суд бил должен да ја оцени законитоста на предвременото продолжување на куќниот притвор на жалителот по службена должност, сепак не може да се смета дека тоа го спречило да истакне аргументи за таа или слична цел пред тој суд, давајќи му на тој начин можност прв да ја адресира наводната повреда(види: mutatis mutandis , Taleski and Others v. North Macedonia(dec.) , nos. 77796/17 and5 others,§ 93, 24 January 2023). Жалителот не поднел никаков аргумент кој би ја довел во прашање ефективноста на жалбата како правен лек во однос на неговиот жалбен навод. Дополнително, според Судот, горенаведените заклучоци во врска со достапноста и ефективноста на барањето за надомест на штета важат и за жалбениот навод во однос на предвременото продолжување на неговиот куќен притвор. Следствено, жалбениот навод на жалителот во врска со член 5, став 1 е отфрлен во согласност со членот 35 став, 1 и 4 од Конвенцијата поради неисцрпување на домашните правни средства. Допуштеност на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата(во однос на должината и оправданоста на траењето на лишувањето од слобода) со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за надомест на штета не претставува ефективно домашно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи за целите на споменатата одредба) а. Релевантни принципи Како што беше наведено погоре, релевантните принципи врз основа на кои ЕСЧП ја разгледал допуштеноста на жалбените наводи во овој случај се исти за сите истакнати жалбени наводи, со оглед на тоа што приговорот на Владата во однос на допуштеноста на споменатите наводи е во контекст на неисполнување на обврската за исцрпување на домашните правни средства. Следствено, релевантните принципи во врска со допуштеноста на жалбениот навод според член 5, став 1 од Конвенцијата изложени погоре, се исти со релевантните принципи врз основа на кои ЕСЧП ја разгледувал допуштеноста на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата. б. Образложение Судот забележал дека примената на член 553, став 1, точка 1, 2 и 4 од Законот за кривичната постапка зависи од тоа дали засегнатото лице е осудено или не, како и од природата 130 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур или траењето на казната што му е изречена. Според Судот, аргументот кој Владата го истакнала во насока дека овие одредби важат и за ситуации кога кривичната постапка е во тек, како во конкретниот случај, не бил поткрепен со ниту еден пример од домашната судска практика. Во Shipovikj , статусот на жртва на жалителите за целите на нивниот жалбен навод по основ на членот 5, став 3 од Конвенцијата бил отстранет по нивното успешно барање за надомест на штета во парнична постапка. Сепак, Судот забележал дека нивното право на надомест на штета настанало кога одбивањето на кривичното обвинение против нив станало правосилно(види: Shipovikj , цитиран погоре,§ 50). Судот не сметал дека, пред да ја поднесе својата жалба[до Судот], жалителот требало да го чека исходот од кривичната постапка. Понатаму, според Судот, со членот 553, став 1, точка 3 од Законот за кривичната постапка не е предвидено право на надомест на штета кога притворот или куќниот притвор во текот на судењето е претерано долг или не се дадени доволни основи за да се оправда. Владата не доставила примери од домашната судска практика во таа насока. Слично, во отсуство на какви било релевантни примери од домашната судска практика за спротивното, Судот не можел да утврди дека барањето за надомест на штета во граѓанска постапка поднесено според членовите 9-а или 189 од Законот за облигациони односи би успеало во околности слични на овој случај. Конечно, Судот забележал дека во претходните случаи против тужената држава во врска со жалбени наводи поднесени согласно членот 5, став 3 од Конвенцијата(види: Vasilkoski and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 28169/08, 28 October 2010; Miladinov and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 46398/09 and 2 others, 50570/09 и 50576/09, 24 April 2014 и Ramkovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 33566/11, 8 February 2018), Владата не тврдела дека барањето за надомест на штета билo ефективно правно средство за целите на таа одредба. Таа не тврдела дека имало нов развој во домашната практика во таа смисла. Според тоа, Судот го одбил приговорот на Владата за неисцрпување на домашните правни средства во врска со допуштеноста на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата. Судот понатаму сметал дека жалбениот навод на жалителот согласно член 5, став 3 не е очигледно неоснован во смисла на член 35, став 3(а) од Конвенцијата, ниту е недопуштен по која било друга основа. Следствено, мора да се прогласи за допуштен. Допуштеност на жалбениот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата(во однос на брзината на разгледување на жалбите против решенијата за куќен притвор) со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за надомест на штета не претставува ефективно домашно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи за целите на споменатата одредба) а. Релевантни принципи Како што беше наведено погоре, имајќи предвид дека приговорот на Владата во однос на допуштеноста на сите истакнати жалбени наводи во овој случај е во контекст на неисполнување на обврската за исцрпување на домашните правни средства, релевантните принципи врз основа на кои ЕСЧП ја разгледал допуштеноста на жалбените наводи во овој случај се исти за сите жалбени наводи. Следствено, релевантните принципи во врска со допуштеноста на жалбените наводи според член 5, став 1 и став 3 од Конвенцијата споIII.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 131 менати погоре, се исти со релевантните принципи врз основа на кои ЕСЧП ја разгледувал допуштеноста на жалбениот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата. б. Образложение Судот забележал дека од формулацијата на членот 553 од Законот за кривичната постапка и членовите 9-а и 189 од Законот за облигациони односи не изгледа дека, според тие одредби, домашните судови би можеле да дадат аргументи во врска со отсуството на„брза“ постапка на судски надзор над куќниот притвор на жалителот. Владата не доставила ниту еден пример на домашна судска практика што би ја покажал достапноста и ефективноста на тие правни средства во однос на конкретниот жалбен навод. Дополнително, во Shipovikj (цитиран погоре,§ 57), Судот утврдил дека постапката за надомест на штета според Законот за кривичната постапка од 2005 година и Законот за облигационитe односи не се однесувала на процедурален недостаток, односно наводното отсуство на јавна расправа во тој случај, во постапката на испитување на притворот на жалителите. Следствено, Судот го одбил приговорот на Владата за неискористување на домашните правни лекови во однос на жалбeниот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата. Понатаму, Судот забележал дека жалбениот навод на жалителот според член 5, став 4 не е очигледно неоснован во смисла на член 35, став 3(а) од Конвенцијата, ниту е недопуштен по која било друга основа. Од тие причини, Судот го прогласил за допуштен. 3.  ФИНЕ ДОО И ДРУГИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 702 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на рушењето на станбено-деловниот објект на жалителите) заради неисцрпување на домашните правни средства(преуранет жалбен навод) Кратко резиме на случајот Во овој случај првиот жалител е друштво со ограничена одговорност, а вториот и третиот жалител се брачни партнери, сопственици на првиот жалител. Првиот жалител, откако во декември 2010 година добил дозвола за градење, започнал со градење на станбено-деловен комплекс. По околу половина година, овластен градежен инспектор од Одделението за урбанистичко-градежна инспекција извршил увид на градилиштето и утврдил дека објектот бил изграден спротивно од дозволата за градење (меѓу другото, темелите на објектот биле 1,43 метри повисоки од тоа што било предвидено во дозволата за градење, и последователно на тоа, сите катови биле 1,43 метри повисоки во споредба со оригиналниот план). Одделението за урбанистичко- градежна инспекција издало две наредби: една за првиот жалител да го сруши објектот во рок од пет дена и друга за да се сопре целосно градежната работа. Првиот жалител поднел барање до општинските власти за одобрување на промените на градежната дозвола и проектот за градење во врска со разликата во висината на објектот, а по неколку дена и ги обжалил двете претходно наведени наредби, аргументирајќи дека забележаните неусогласености помеѓу дозволата и изведениот објект можеле да се оправдаат со неочекуваното откри702  FINE DOO and Others v. North Macedonia (dec.), no. 37948/13, 17 May 2022. 132 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур вање на подземни води. Општината ја потврдила наредбата за рушење, при што било прецизирано дека доколку првиот жалител не го сруши објектот во рамки на наведениот рок, истиот ќе биде присилно срушен и сите трошоци за тоа ќе ги сноси компанијата. Во август 2011 година, објектот бил срушен од страна на Одделението за урбанистичко-градежна инспекција. Во меѓувреме, општината го одбила барањето за одобрување на промените на градежната дозвола и проектот за градење, бидејќи предложените промени биле спротивни на: архитектонско-урбанистичкиот план, урбанистичкиот план и решението за локациски услови, а одлуката била потврдена од Министерот за транспорт и врски. Исто така, биле одбиени и двете жалби во врска со наредбите за рушење и сопирање на градежните работи, inter alia , врз основа на тоа дека првиот жалител го признал постоењето на разлики во висината, особено преку побараните промени на градежната дозвола. Во септември 2011 година, првиот жалител поднел две тужбени барања до Управниот суд, оспорувајќи ја наредбата за рушење и наредбата за стопирање на градежните дејствија. Управниот суд ги одбил двете тужбени барања, наведувајќи дека, меѓудругото, објектот навистина бил изграден прекршувајќи ја дозволата за градење и дека првиот жалител не ги оспорил несогласувањата, туку се обидел да ги оправда. Конечно, тој утврдил дека со оглед на природата на несогласувањето помеѓу објектот и градежната дозвола, поправање на изведбата не била можна. Вишиот управен суд ги потврдил одлуките на Управниот суд во ноември 2012 година, повторувајќи го неговото образложение. Во јуни 2013 година, жалителите поднеле жалба до ЕСЧП. Во април 2016 година, Специјалното јавно обвинителство, кое било основано во септември 2015 година, со цел да ги истражува и гони кривичните дела поврзани со, и кои произлегуваат од содржината на незаконски следените комуникации кои во 2015 година беа добиени и јавно објавени од страна на најголемата тогашна опозициска партија, отворило истрага околу рушењето за кое станува збор. Првиот жалител поднел аудиоматеријали и придружни транскрипти пред Судот од наводно следени разговори помеѓу одредени обвинети во врска со рушењето на објектот во прашање, за кое жалителите тврделе дека било политички мотивирано. Третиот жалител и управителот на првиот жалител биле испитани пред Специјалното јавно обвинителство. Тие изјавиле, inter alia , дека претрпеле значителна материјална штета како последица на противзаконското рушење. По барање на Специјалното јавно обвинителство, управителот до обвинителството поднел вештачење во кое бил наведен точниот износ на штетата сторена на првиот жалител. Во јуни 2017 година, Специјалното јавно обвинителство поднело обвинение против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со оспореното рушење кое, наводно, било противзаконско. Некои од нив, исто така, биле обвинети за неправилно мерење на висината на станбено-деловниот објект, што довело до одлуката дека објектот бил повисок од одобрените проекти и резултирало со негово рушење, предизвикувајќи значителна материјална штета за првиот жалител. Во моментот на разгледување на жалбата од страна на ЕСЧП, постапката сè уште била во тек. Во жалбата која жалителите ја поднеле до ЕСЧП биле истакнати жалбени наводи според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата, при што тие тврделе дека рушењето на нивниот станбено-деловен објект било противзаконско, не остварило легитимна цел и било прекумерно непропорционално. Жалбата е прогласена за преуранета и недопуштена заради неисцрпување на домашните правни средства. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 133 Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата (во однос на рушењето на станбено-деловниот објект на жалителите) заради неисцрпување на домашните правни средства(преуранет жалбен навод) а. Релевантни принципи Релевантните принципи во врска со исцрпувањето на домашните правни средства се поставени во случајот Vučković and Others v. Serbia (/preliminary objection/[GC], no. 17153/11and 29 others,§§ 69-77, 25 March 2014/). Судот препознава дека правилото на исцрпување на домашните правни средства не е апсолутно, ниту може да се примени автоматски. При разгледувањето дали истото било испочитувано, суштински е да се земат предвид особените околности на секој поединечен случај. Ова, меѓу другото, значи дека Судот мора реалистично да го земе предвид не само постоењето на формални правни лекови во правниот систем на засегнатата договорна страна, туку и општиот правен и политички контекст во кој тие делувале, како и личните околности на жалителите(види: Sargsyan v. Azerbaijan [GC], no. 40167/06,§ 116, ECHR 2015; Chiragov and Others v. Armenia [GC], no. 13216/05,§ 116, ECHR 2015; и Akdivar and Others v. Turkey , 16 September 1996,§ 69, Reports of Judgments and Decisions 1996 IV). Во оваа смисла, Судот забележува дека проценката на тоа дали домашните правни средства биле исцрпени, најчесто се врши во однос на датумот на кој била поднесена жалбата[до Судот]. Сепак, како што има одлучено во многу случаи, ова правило подлежи на исклучоци, кои можат да бидат оправдани од особените околности на секој случај( Demopoulos and Others v. Turkey (dec.)[GC], no. 46113/99 and 7 others,§ 87, ECHR 2010, with further references). б. Образложение Во однос на жалбениот навод според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата, Судот забележал дека управната постапка создала форум во кој управните органи, и последователно судските власти, го покренале прашањето за наводното противзаконско рушење на објектот, но дека во тоа време немало поднесено барање за паричен надомест. Исто така, Судот дополнително забележал дека Специјалното јавно обвинителство поднело обвинение и дека во тек е кривична постапка пред првостепениот суд против неколкумина обвинети врз основа на тоа дека рушењето во прашање било противзаконско. Во однос на ова, без оглед на фактот дека кривичните постапки, можеби, генерално не се главното правно средство во светло на членот 1 од Протоколот 1, Судот забележал дека во конкретниот случај тековната кривична постапка се води против јавни функционери кои се осомничени дека намерно, употребувајќи ги своите овластувања во службени рамки, им предизвикале значителна материјална штета на жалителите како резултат на рушењето на станбено-деловниот објект. Според ова, земајќи го предвид супсидијарниот карактер на неговата улога и особените околности на разгледуваниот случај, Судот сметал дека исклучокот од правилото за исцрпување на домашните правни средства[во однос на датумот на кој била поднесена жалбата до Судот] овде се применува од следниве причини: Прво, кривичната постапка била отворена откако биле изнесени нови докази, кои не биле достапни за време на управната постапка. Кривичната постапка може да води до релевантни наоди за тоа дали постоело погрешно постапување или злоупотреба на моќ од страна на засегнатите личности, со што рушењето во прашање би било противзаконско. Соодветно на ова, се чини дека таа постапка може да има директно влијание на одредувањето на законитоста на рушењето во прашање, и останува на домашните судови да го 134 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур проценат ова прашање пред Судот тоа да го стори. Да се даде заклучок за мериторноста на случајот би можело да опфати прејудицирање на исходот од тековната кривична постапка. Второ, Судот забележал дека барање за надомест на штета веќе било воведено во рамки на истата кривична постапка и со него ќе се постапи во согласност со Законот за кривична постапка. Такво дејство од страна на жалителите има за цел да им обезбеди парична отштета за наводното прекршување на нивните имотни права. Кривичните судови можат да одлучат по барањето за надомест, освен ако околностите бараат таквото барање да се префрли од страна на тие судови на решавање во граѓанска постапка. Од овие причини не може да се земе како пропуст фактот што жалителите не поднеле посебно тужбено барање за надомест пред граѓанските судови. Конечно, иако Владата експлицитно не го аргументирала тоа, достапната судска практика во однос на тужената држава укажува дека исходот на кривичната постапка не е одлучувачки за веројатноста за успех на барањето за надомест на жалителите(види: mutatis mutandis , Koceski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 41107/07,§§ 26-27, 22 October 2013; Popovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 12316/07,§ 43, 31 October 2013; Sulejmani v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 74681/11,§ 42, 28 April 2016; и Delovski v. North Macedonia (dec.), no. 56148/15,§ 25, 7 July 2020). Според ова, земајќи ги предвид околностите на разгледуваниот случај, Судот сметал дека жалбениот навод на жалителите според член 1 од Протоколот 1 е преуранет. Од овие причини, следувало дека жалбениот навод мора да биде отфрлен според член 35, став 1 и 4 од Конвенцијата поради неисцрпување на домашните правни средства. 4.  ВАНГЕЛОВА И ДРУГИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 703 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на смеќавање на владение на земјиште во сопственост на жалителите) заради неисцрпување на домашните правни средства(искористено е неефективно правно средство, додека барањето за надомест на штета претставува ефективно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи) Кратко резиме на случајот Жалителите во овој случај откриле дека врз земјиштата кои биле нивна сопственост бил направен општински пат и дека неколку кабли за пренос на струја минувале преку истите, без претходно да биде спроведена каква било постапка за експропријација или надомест. Тие тврделе дека не биле известени за дозволата за градење која била издадена за патот кој требало да минува низ нивното земјиште, ниту, пак, за договорот склучен помеѓу општината и компанијата за електродистрибуција во врска со преместување на далновод, во согласност со кој би биле поставени електрични кабли преку нивното земјиште. Жалителите поднеле граѓанска тужба според Законот за сопственост против општината во која се наоѓале нивните земјишта и против компанијата за електродистрибуција. Тие побарале домашните судови да утврдат дека тужените го попречиле мирното уживање на нивниот имот, да ги обврзат тужените да им гo вратат владението, да забранат натамошно смеќавање на нивното владение со тоа што ќе наредат патот и каблите да се 703  Vangelova and Others v. North Macedonia (dec.), no. 17218/17, 17 May 2022. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 135 отстранат од земјиштето и да им доделат надомест за претрпената штета. Во декември 2012 година, првостепениот суд ги одбил барањата на жалителите. Апелациониот суд ја поништил првостепената одлука и утврдил дека природата на главниот жалбен навод на жалителите(дека постоело смеќавање на нивното владение) не дозволувала судовите да одлучат за нивното барање за надомест на штета во истата постапка. Особено, според член 412 од Законот за парнична постапка, во случаи кога тужителите тврдат дека имало смеќавање на нивното владение, проценката на судот е ограничена само на„последната состојба на владението“ и на утврдување дали се случило наводното смеќавање. Според оваа законска одредба, во таквите постапки не може да се расправа, меѓу другото, за какви било барања за надомест. Апелациониот суд го вратил предметот на првостепениот суд на повторно разгледување. Последователно, жалителите го повлекле барањето за надомест. Исто така, жалителите ја оспориле и дозволата за градење на општински пат поднесувајќи управна тужба, која била отфрлена како„неуредна“ со конечната одлука на Вишиот управен суд донесена во декември 2014 година. По повторното разгледување во октомври 2014 година, првостепениот суд утврдил дека патот бил делумно изграден врз земјиштето на жалителите и дека електричните кабли минувале низ дел од земјиштето. Сепак, тој го одбил тужбеното барање, утврдувајќи дека изведбата на патот и поставувањето на каблите биле законски и во согласност со важечката дозвола за градба и важечкиот договор, соодветно. Судот утврдил дека, според член 181, став 3 од Законот за сопственост, ако чинот на смеќавање или одземање на владението бил дозволен со закон или одлука на суд или на друго тело, тоа не се сметало за недозволено смеќавање на тоа владение. Во врска со ова, судот воочил дека оспорувањето на жалителите на дозволата за градење било неуспешно и дека тие не приложиле никаков доказ дека договорот со компанијата за електродистрибуција бил поништен. Апелациониот суд со конечна одлука го повторил образложението на првостепениот суд. Тој утврдил дека жалителите навремено дознале за дејствата на тужените, но не ги употребиле соодветните правни средства. Особено, жалителите можеле да започнат постапка за експропријација со цел да ги оправдаат своите права. Потоа, жалителите поднеле жалба до ЕСЧП, кога тврделе дека биле лишени од нивниот имот, со што биле прекршени нивните права гарантирани со член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата. Тие прифатиле дека изградбата на патот била од јавен интерес, но аргументирале дека требало соодветно да им биде надоместено мешањето во нивните сопственички права. Жалбата е прогласена за недопуштена заради неисцрпување на домашните правни средства, со оглед на тоа што барањето за надомест на штета во конкретниот случај преставувало ефективно домашно правно средство што требало да се искористи. Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата (во однос на смеќавање на владение на земјиште во сопственост на жалителите) заради неисцрпување на домашните правни средства(искористено е неефективно правно средство, додека барањето за надомест на штета претставува ефективно правно средство во конкретниот случај што треба да се искористи) а. Релевантни принципи 136 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Според членот 35, став 1 од Конвенцијата, Судот може да разгледува жалба само откако ќе се исцрпат ефективните домашни правни средства. Општите принципи во врска со исцрпувањето на домашните правни средства се сумирани во случајот Gherghina v. Romania (dec.)[GC], no. 42219/07,§§ 83-89, 9 July 2015, with further references). б. Образложение Судот забележал дека, во повторената постапка, жалителите, главно, побарале од судовите да утврдат дека постоело попречување на мирното уживање на нивното владение врз земјиштата. Со оглед на ограничената природа на таквото барање според домашното право и прашањата за кои може да се одлучува при неговото разгледување, Судот сметал дека ова правно средство ниту давало можност да ја спречи или брзо да ја оконча наводната повреда, ниту овозможувало соодветно обесштетување за каква и да е настаната повреда, услови кои Судот бара да бидат исполнети со цел правното средство да се смета за„ефективно“ за потребите на членот 35, став 1 од Конвенцијата(види: Gherghina , цитиран горе,§ 91, with further references). Понатаму, домашните судови утврдиле дека изградбата на патот и поставувањето на електричните кабли на земјиштето на жалителите биле законски. Дополнително, жалителите самите прифатиле дека изградбата на патот била од јавен интерес. Во вакви околности, Судот сметал дека правното средство за надомест на штета ќе им обезбедело соодветно обесштетување на жалителите за мешањето во нивните сопственички права. Според ова, жалителите можеле, како што тоа го посочил домашниот суд и како што аргументирала Владата, да започнат постапка за надомест на штета што ја претрпеле како резултат на de facto експропријација. Во светло на домашната судска практика приложена од Владата, Судот потврдил дека започнувањето на таква постапка ќе претставувало ефективно правно средство во нивната ситуација, во согласност со член 35, став 1 од Конвенцијата. Сепак, откако жалителите го повлекле нивното почетно барање за надомест, тие не започнале други постапки за барање надомест. Жалителите не поднеле никаков доказ дека ова правно средство било од некоја причина несоодветно или неефективно во особените околности на случајот, ниту, пак, дека постоеле посебни околности кои ги изземале од обврската истото да го искористат(види: Vučković and Others v. Serbia(preliminary objection) [GC], no. 17153/11 and 29 others,§ 77, 25 March 2014). Заклучно, Судот сметал дека жалителите не им дале можност на државните судови да ги спречат или исправат повредите на Конвенцијата преку сопствениот правосуден систем(види: Gherghina , цитиран погоре,§115). Според тоа, Судот констатирал дека приговорот на Владата за неискористување на домашните правни средства мора да се уважи, а жалбата да се отфрли како недопуштена според член 35, став 1 и 4 in fine од Конвенцијата. 5.  ГЕРГУРИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 704 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на одлуката на управните органи на жалителот да му биде одземена определена сума парични средства) како неспоив ratione personae поради недостиг на статус на жртва 704  Gerguri v. North Macedonia (dec.), no. 54953/16, 18 November 2021. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 137 Кратко резиме на случајот Во јуни 2014 година, жалителот, кој патувал од Грција со автомобил бил запрен од царински службеници на тужената држава на граничниот премин Богородица. На прашањето дали има нешто да пријави на царина, тој одговорил дека има 5.000 евра. По извршен преглед на возилото и на жалителот, царинските службеници пронашле 70.500 евра во готовина. Во согласност со Законот за девизно работење и Одлуката на Владата за условите и висината на износот на ефективни странски пари и чекови кои можат да се внесуваат или изнесуваат од државата, сумата од 10.000 евра му била вратена на жалителот, а останатите 60.500 евра привремено му биле одземени, бидејќи сумата го надминала дозволениот законски лимит на странска валута дозволена да се внесе во тужената држава без да се пријави на царина. За тоа на жалителот му била издадена потврда, во која имало кратко образложение за постапката што била спроведена, и која жалителот ја потпишал. Граничните царински органи на жалителот му издале платен налог за сторен прекршок, со кој бил казнет со глоба од 750 евра, и побарале поведување прекршочна постапка против жалителот. На одржаната усна расправа пред Комисија за одлучување по прекршок, жалителот изјавил дека девизните средства се негови, поточно на неговата компанија во Косово, која е подружница на неговата компанија во Германија, а од чија сметка ги подигнал девизините средства и ги однел во Косово. Исто така, изјавил дека потоа лично ги подигнал девизните средства од касата на компанијата во Косово, при што побарал од неговиот сметководител да му изготви финансиски извештај за состојбата на готовина на девизи која ја имале во фирмата и да подготви потврда за подигнатите средства, која им ја покажал на цариниците. Понатаму, изјавил дека ги зел странските девизни средства за да склучи деловен договор во Грција и на пат до таму не ги пријавил на царината во Косово и на царинските органи на тужената држава. Спротивно на она што царинските службеници го навеле во потврдата и платниот налог што ги потпишал жалителот, тој изјавил дека на царинските органи им го пријавил целиот износ. На расправата жалителот доставил повеќе документи: изводи од сметки за повлекување девизни средства од компанијата во Германија, во износ од 72.570 евра; потврда за регистрација на компанијата во Косово; потврда за повлекување девизни средства од касата на компанијата во Косово во износ од 115.000 евра, со кои сакал да докаже дека привремено одземените девизни средства им припаѓале на неговите компании. Од сметководствените извештаи што жалителот ги доставил до Судот, произлегувало дека од банкарска сметка на компанијата во Германија биле повлечени странски девизни средства во висина од 28.570 евра и од банкарската сметка на трето лице 59.000 евра. Според документот за регистрација на компанијата во Косово доставен пред домашните власти и Судот, жалителот бил регистриран како нејзин сосопственик со ограничена одговорност и поседувал 49% од основната главнина. Дополнително, од сметководствените извештаи што жалителот ги доставил до Судот, произлегувало дека од банкарска сметка на компанијата во Германија биле повлечени странски девизни средства во висина од 28.570 евра и од банкарската сметка на трето лице 59.000 евра. Комисијата за одлучување по прекршок го прогласила жалителот за виновен за сторен прекршок и определила, како посебна прекршочна мерка, конфискација на 60.500 евра во согласност со член 57, став 2 од Законот за девизно работење, кој предвидува одземање на предмети со кои бил сторен прекршок или настанале со извршување на прекршокот. Во решението било наведено дека без оглед на документите што ги приложил жалителот 138 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Комисијата не можела да утврди поврзаност на тие документи со странските девизни средства што биле предмет на прекршочната постапка, односно не можела да ја утврди нивната сопственост и потекло. По неколку дена, истата Комисија донела дополнително решение изрекувајќи му на жалителот глоба од дополнителни 750 евра на она што веќе го платил, во согласност со членот 56-а, став 1, точка 22 од Законот за девизно работење, кој предвидува дека физичко лице ќе се казни со парична казна од 1.500 до 3.000 евра во денари, ако внесе или изнесе готовина во домашна и странска валута, чекови или монетарно злато, спротивно на условите утврдени од Владата и Националната централна банка. Жалителот ја оспорил одлуката пред Управниот суд. Тврдел дека девизните средства биле подигнати од касата на неговата фирма, за што доставил и докази, дека веќе се согласил на порамнување, дека го потпишал платниот налог и дека ја платил казната за сторениот прекршок. Тој се пожалил на„драконската“ конфискација на средствата кои, како што тој тврдел, уредно ги пријавил на царина кога тоа било побарано од него. Управниот суд ја одбил тужбата на жалителот, а Вишиот суд во февруари 2016 година ја потврдил пресудата на Управниот суд, повторувајќи дека законска одговорност на жалителот била да ги пријави одземените средства, нешто што тој не го направил. Покрај тоа, жалителот го признал прекршокот потпишувајќи го платниот налог и сите службени документи и ја платил глобата, со што не се исклучува правото на Царинската управа да изрече посебна прекршочна мерка како што е предвидено со законот. Жалителот се жалел до ЕСЧП според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата дека одлуката на управните органи да му бидат одземени 60.500 евра, затоа што не ги пријавил на царина, била непропорционална и прекумерна и на тој начин било повредено неговото право на сопственост. Жалбата е прогласена за недопуштена како неспоива ratione personae заради недостиг на статус на жртва. Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата (во однос на одлуката на управните органи на жалителот да му биде одземена определена сума парични средства) како неспоив ratione personae заради недостиг на статус на жртва а. Релевантни принципи Релевантната судска практика во врска со тоа кој може да бара статус на жртва во согласност со членот 34 од Конвенцијата и кој може да тврди дека има повреда на членот 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата е сумирана во случајот Eliseev and Ruski Elitni Klub v. Serbia (no. 8144/07,§ 32, 10 July 2018). б. Образложение Судот забележал дека жалителот изјавил дека парите ѝ припаѓале на компанијата од Косово, во која тој е сосопственик на 49% од основната главнина. Домашните власти, од своја страна, не можеле да го утврдат, врз основа на достапните докази, ниту вистинскиот сопственик на парите, ниту нивното потекло. Од документите доставени до Судот произлегувало дека нема доволно докази за тоа дека парите пронајдени кај жалителот припаѓале на компанијата од Косово, како што тој тврдел. Еден дел од банкарските изводи, кои III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 139 жалителот ги доставил, се изводи од банкарската сметка на компанијата во Германија. Другиот дел од банкарските изводи се изводи од банкарска сметка на трето лице. Не бил доставен ниту еден доказ за докажување на поврзаноста помеѓу жалителот и компанијата во Германија, ниту на поврзаноста на компаниите од Косово и Германија. Конечно, потврдата за повлекување средства од касата на компанијата од Косово се однесувала на износ, кој не одговарал на износот пронајден кај жалителот, ниту, пак, било доволен доказ дека тоа се средствата што тој ги носел со него. Дополнително, бидејќи жалителот никогаш не тврдел дека средствата му припаѓале лично нему, самиот факт дека парите биле одземени од него, не бил доволен за да може да се утврди дека тој имал„владение“ врз средствата за целите на членот 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата(види: Eliseev and Ruski Elitni Klub v. Serbia , no. 8144/07,§ 33-34, 10 July 2018 и Dagostin v. Croatia, no. 67644/12,§ 24, 23 May 2017). Следствено, жалбата е прогласена за неспоива ratione personae со одредбите на Конвенцијата, во согласност со членот 35, став 3(а) и е отфрлена во согласност со членот 35, став 4. 6.  ШИПОВИЌ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 705 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата(во однос на причините за притворот на жалителите и можноста да бидат ослободени со гаранција) како неспоив ratione personae заради недостиг на статус на жртва → Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на усна расправа во постапката за преиспитување на притворот пред советот и пред Апелациониот суд) заради непочитување на рокот од шест 706 месеци Кратко резиме на случајот Во овој случај Судот споил две жалби, од причина што, со оглед на нивниот сличен предмет, сметал дека е соодветно да ги разгледа заедно во единствена одлука. Жалителите се браќа, а вториот жалител бил претседател на советот на општината. На 10 октомври 2013 година, истражен судија од Основен суд(„судечкиот суд“) повел истражна постапка против жалителите и неколку други лица под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Првиот жалител бил приведен на 9 oктомври 2013 година. Наредниот ден бил сослушан од истражен судија кој му определил притвор во траење од триесет дена. Решението се засновало на сите три основи наведени во член 199, став 1 од Законот за кривична постапка: опасност од бегство, попречување на истрагата и повторување на делото. Судијата се повикал на тежината на предвидената казна, можноста првиот жалител да влијае врз сведоците и фактот дека тој поседувал сопствена фирма и можел да ја злоупотреби својата позиција за да се стекне со противправна имотна корист. Тој не го обжалил решението. На 8 ноември 2013 година, совет од тројца судии, заседавајќи на нејавна седница, донел 705  Shipovikj v. North Macedonia (dec.), nos. 77805/14 and 77807/14, 9 March 2021. 706  Како што беше претходно споменато, со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата на 1 август 2021 година, рокот од шест месеци предвиден во член 35(1) од Конвенцијата беше намален на четири месеци. Притоа, општите принципи во судската практика на ЕСЧП во однос на функционирањето на поранешното правило на шест месеци остануваат валидни и во однос на функционирањето на новиот временски рок од четири месеци. Конкретниот случај е разгледуван кога сè уште било во сила правилото на шест месеци. 140 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур решение со кое го продолжил притворот на првиот жалител за триесет дена по сите три претходно наведени основи. Советот се повикал на сериозноста на делото, тежината на предвидената казна и можноста тој да влијае врз сведоците, а биле повторени и претходно изнесените причини во однос на опасноста од повторно сторување на делото. Тој се жалел на решението. На 30 ноември 2013 година, Апeлациониот суд, заседавајќи на нејавна седница, ги одбил жалбите поднесени од неколкумина осомничени, вклучувајќи го и првиот жалител. На 6 декември 2013 година, совет составен од тројца судии, заседавајќи на нејавна седница, донел решение за дополнително продолжување на притворот на првиот жалител за уште триесет дена, засновајќи го на опасноста од бегство. Се повикал на сериозноста на делото и на тежината на потенцијалната казна. На 19 декември 2013 година, Апелациониот суд, заседавајќи на нејавна седница, делумно ја уважил жалбата на обвинителството и ги проширил основите за определување на притвор против неколкумина осомничени, вклучувајќи го и првиот жалител, така што била вклучена опасноста од попречување на истрагата, со оглед на тоа што во тек биле неколку истражни мерки, меѓу кои и сослушувањето на сведоците. Ги уважил наодите на советот во останатиот дел и ги повторил причините поврзани со опасноста од бегство. На 10 oктомври 2013 година, истражниот судија донел решение со кое определил притвор во траење од триесет дена за вториот жалител, заради опасност од бегство и попречување на истрагата. Што се однесува на опасноста од бегство, судијата се повикал на фактот дека тој не бил достапен за надлежните органи. Полицијата го известила судот дека тој престојувал подолг временски период во Соединетите Американски Држави. Судијата понатаму сметал дека постоела опасност тој да влијае врз сведоците, кои требало да бидат испитани. Вториот жалител бил приведен на 15 октомври 2013 година, на аеродромот во Виена, додека бил на пат назад кон тужената држава и бил во екстрадиционен притвор. Тој бил екстрадиран на 22 ноември 2013 година и притворен во затворот Скопје. На 26 ноември 2013 година бил испитан од истражниот судија. На 20 декември 2013 година, совет од тројца судии на судечкиот суд, заседавајќи на нејавна седница, донел решение за продолжување на мерката притвор на вториот жалител за уште триесет дена, по истите две основи како од првичното решение за притвор. Се повикал на сериозноста на делото, тежината на казната и можноста тој да влијае на истрагата којашто била во тек. Вториот жалител поднел жалба. На 8 јануари 2014 година, Апелациониот суд, заседавајќи на нејавна седница, ја одбил жалбата на вториот жалител, повикувајќи се на причините дадени од советот. На 2 јануари 2014 година, жалителите и десет други лица се појавиле пред судечкиот суд со обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување во однос на финансиски трансакции извршени во периодот меѓу 2008 и 2012 година, во кои била вклучена фирмата М.(во која вториот жалител бил претседател на извршниот одбор), фирмата С.(во која првиот жалител бил менаџер) и други фирми. Се тврдело дека биле должни на државата 17 милиони денари(приближно 276.000 евра како неплатен данок), додека фирмата М. прибавила имотна корист во износ од 64 милиони денари(приближно 1.000.000 евра). Со две посебни решенија од 3 јануари и 31 јануари 2014 година, совет составен од тројца судии на нејавна седница одлучил за продолжување на притворот на жалителите, секој за уште триесет дена, засновани на опасноста од бегство. Се повикале на сериозноста на делото и тежината на предвидената казна. На 13 јануари и 16 јануари соодветно, жалителите поднеле предлог за замена на мерката притвор со гаранција нудејќи недвижен имот проценет на околу 139.888 евра(првиот жалител) и 254.340 евра(вториот жалител). Овие барања на жалителите биле одбиени на 13 февруари 2014 година со две различни решеIII.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 141 нија на тричлен совет, кој заседавал на нејавна седница. Советот утврдил дека гаранциите не биле доволни за да се обезбеди нивно присуство во текот на постапката, имајќи ја предвид: сериозноста на делото, потенцијалната казна, вредноста на наводната штета и сложеноста на постапката. Во периодот помеѓу 3 март и 2 мај 2014 година, тричлен совет, заседавајќи на нејавна седница, донел три посебни решенија, при што во секое било предвидено триесетдневно продолжување на притворот на жалителите заради опасност од бегство, а се повикувале на сериозноста на делото и на тежината на потенцијалната казна. Жалителите се жалеле, наведувајќи дека советот не навел конкретна причина која го оправдувала продолжувањето на нивниот притвор. Апелациониот суд, заседавајќи на нејавна седница, ги одбил нивните жалби со решенија донесени на: 27 март, 28 април и 21 мај 2014 година. Сметал дека биле дадени доволно причини за продолжување на притворот на жалителите и дека релевантните околности останале непроменети. Во мај 2014 година, двајцата жалители поднеле предлог за замена на мерката притвор со гаранција нудејќи недвижен имот во нивна сопственост, на нивните семејства и на трети лица. Првиот жалител понудил имот проценет на 212.585 евра, додека, пак, вториот жалител понудил имот проценет на 370.627 евра. Двајцата жалители подоцна ги повлекле своите предлози, бидејќи некои од третите лица ја повлекле нивната согласност откако судечкиот суд ги информирал за можноста предметниот имот да се користи за наплата на имотно-правно побарување утврдено во кривичната постапка против жалителите. Во меѓувреме, започнало судењето во предметот на жалителите. Помеѓу 27 февруари и 15 мај 2014 година биле одржани десет рочишта пред судечкиот суд во присуство на жалителите и нивните бранители. На некои од тие рочишта обвинетите безуспешно побарале преиспитување на решенијата за притвор. На рочиштето одржано на 23 мај 2014 година, судечкиот суд ја укинал мерката притвор против жалителите и определил куќен притвор. Советот сметал дека сè уште постоела опасност од бегство, но сметал дека нивното присуство може да се обезбеди со помалку строга мерка. На рочиштата одржани на 27 мај, 3 јуни и 10 јуни 2014 година, жалителите и нивните бранители не го обжалиле решението за куќен притвор на судечкиот суд. На рочиштето одржано на 17 јуни 2014 година побарале судечкиот суд да ги преиспита причините за нивниот куќен притвор, по што судечкиот суд ја укинал мерката куќен притвор и наредил пуштање на слобода на жалителите. На 11 јануари 2018 година, судечкиот суд го одбил обвинението против сите обвинети откако јавниот обвинител се откажал од обвинението. Пресудата станала правосилна на 21 февруари 2018 година. На 31 октомври 2018 година, жалителите барале, согласно соодветните одредби на Законот за кривична постапка и Законот за облигационите односи, надомест на нематеријална штета претрпена како резултат на притворањето. Со решенија од 11 јули 2019 година и 3 февруари 2020 година, соодветно, судечкиот суд и Апелациониот суд го опишале апсењето и продолжувањето на притворот на првиот и на вториот жалител, забележале дека обвиненијата против нив биле конечно одбиени и одлучиле дека нивното лишување од слобода било неосновано и било повредено, inter alia , нивното право на слобода. Им бил досуден справедлив паричен надоместок за претрпената душевна болка по тој основ. Судечкиот суд првично определил заеднички надомест од 2.700.000 денари(приближно 44.000 евра), плус камата. По жалба од државниот правобранител, Апелациониот суд го намалил заедничкиот надомест на 2.160.000 денари(приближно 35.000 евра), плус камата. Во врска со ова, судовите навеле дека надоместокот„ги опфаќа сите штетни последици од претрпената нематеријална штета на жртвата/ите, а при чие одмерување биле земени предвид околностите на случајот, како што е: угледот на тужителите во средината во која живеат; односот на средината кон нив, тежината и природата на кривичното дело; времетраењето на лишувањето од слобода и сите други околности што влијаеле на природата, 142 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур тежината и траењето на психичките болки“. Во март 2020 година, на жалителите им бил исплатен правичниот надомест како што било определено од страна на Апелациониот суд. На 17 март 2020 година, државниот правобранител поднел ревизија до Врховниот суд. Судот не бил информиран за каков било релевантен последователен тек во постапката. Жалителите се жалеле пред ЕСЧП дека судските решенија за продолжување на нивниот притвор и постапката за преиспитување на тие решенија ги повредиле нивните права од членот 5, став 3 и 4 од Конвенцијата. Имено, тие се жалеле согласно членот 5, став 3 од Конвенцијата дека домашите судови не дале конкретни и доволни причини за нивниот притвор и дека немале ефективна можност да бидат ослободени со гаранција. Понатаму, тие се жалеле согласно членот 5, став 4 од Конвенцијата дека немало усна расправа во постапката за преиспитување на нивниот притвор ниту пред советот, ниту пред Апелациониот суд. Жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата бил прогласен за недопуштен како неспоив ratione personae заради недостиг на статус на жртва, додека жалбениот навод според член 5, став 4 бил прогласен за недопуштен бидејќи бил поднесен надвор од предвидениот рок од шест месеци. Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 3 од Конвенцијата(во однос на причините за притворот на жалителите и можноста да бидат ослободени со гаранција), како неспоив ratione personae заради недостиг на статус на жртва а. Релевантни принципи Во однос на жалбените наводи според член 5, став 3 од Конвенцијата, Судот одлучил да го испита„статусот на жртва“ на жалителите во контекст на исходот од горенаведената постапка за надомест на штета, бидејќи се однесува на прашање што спаѓа во надлежност на Судот и за кое не е спречен да го оценува по своја иницијатива(види: Buzadji v. the Republic of Moldova [GC], no. 23755/07,§ 70,5 July 2016 и Satakunnan Markkinapörssi Oy and Satamedia Oyv. Finland [GC], no. 931/13,§ 93, 27 June 2017). Одлука или мерка поволна за жалителот, во принцип, не е доволна за да му се одземе неговиот или нејзиниот статус на „жртва“ за целите на членот 34 од Конвенцијата, освен ако националните власти ја признале повредата на Конвенцијата, изречно или суштински, а потоа доделиле соодветно и доволно обесштетување за повредата на Конвенцијата. Само кога овие услови се исполнети, супсидијарната природа на заштитниот механизам на Конвенцијата го оневозможува испитувањето на жалбата од страна на Судот. Што се однесува до обесштетувањето што е соодветно и доволно за да се надомести повредата на правата од Конвенцијата на национално ниво, Судот генерално смета дека ова зависи од сите околности на случајот, имајќи ја предвид, особено, природата на повредата на Конвенцијата(види: Selami and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 78241/13,§§ 95 and 96, 1 March 2018, and the references cited therein). б. Образложение Судот на почетокот забележал дека не бил информиран за какви било последователни случувања од март 2020 година, кога била поднесена ревизија против пресудата на Апелациониот суд со која бил доделен надоместокот на жалителите. Според домашното законодавство, таа пресуда повеќе не може да се побива со жалба, а ревизијата од страна на III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 143 државниот правобранител не може да го спречи нејзиното извршување. Во контекст на последното, Судот забележал дека во март 2020 година на жалителите им била исплатена сумата што им била доделена со пресудата на Апелациониот суд. Во овие околности и во отсуство на каква било информација дека пресудата на Апелациониот суд е укината од Врховниот суд, Судот продожил да постапува врз основа на тоа дека пресудата на Апелациониот суд од 3 февруари 2020 година е правосилна и извршна. Судот понатаму забележал дека барањето за надомест на штета на жалителите се засновало на Законот за кривична постапка(член 582 од Законот од 2005 година, односно член 553 од Законот од 2010 година), кој предвидува паричен надоместок заради неосновано лишување од слобода, направено под околностите наведени во истиот. Во околностите на предметниот случај, правото на жалителите на надомест настанало кога одбивањето на кривичното обвинение против нив станало правосилно. Тие ја искористиле таа можност и потпирајќи се на релевантните факти и правните лекови искористени во врска со нивниот притвор, тие тврделе дека нивното лишување од слобода било неосновано (види, спротивно: Shalya v. Russia [Committee], no. 27335/13,§§ 8 and 21, 13 November 2014, каде жалителот, повикувајќи се на своето„право на рехабилитација“, барал надомест за загуба на плата и за трошоци направени во кривичната постапка, која резултирала со негова ослободителна пресуда). При доделување на надомест на штета, домашните судови, во две инстанци, оцениле дека притворот на жалителите бил неоснован и го повредил нивното право на слобода(види, спротивно: Shkarupa v. Russia , no. 36461/05,§§ 19 and 77, 15 January 2015; Lyubushkin v. Russia , no. 6277/06,§ 51, 22 October 2015, каде наодите на домашните судови во„постапките за рехабилитација“ биле ограничени на незаконитоста на притворот на жалителите). Точно е дека формално-правниот основ за нивната проценка бил фактот дека обвиненијата против жалителите на крајот биле одбиени, околност која, според одредбите од Законот за кривична постапка, ретроактивно го направила нивниот притвор неоснован. Сепак, фактот дека наодите и надоместокот од граѓанските судови биле директен резултат на барањето на жалителите согласно горенaведените одредби и не се засновале на прашањата обжалени пред Судот, не може да биде решавачко во утврдувањето на статусот на жртва на жалителите, согласно член 34 од Конвенцијата(види: mutatis mutandis , Staykov v. Bulgaria , no. 49438/99, §§ 58 and 89, 12 October 2006). Загриженоста на Судот е повеќе фокусирана на тоа дали националните власти ја признале, изречно или суштински, повредата на Конвенцијата, а потоа дали обезбедиле обесштетување за повредата на Конвенцијата. Според Судот, наодите на домашните судови содржат јасно признание дека притворот на жалителите е неоснован и соодветно, го повредил нивното право на слобода според членот 5 од Конвенцијата(види, спротивно: Shalya , цитиран погоре, и Lyubushkin , цитиран погоре,§§30-32). Притоа, тие ги опишале околностите околу апсењето на жалителите и продолжувањето на нивниот притвор(види, спротивно: Bilal Akyıldız v. Turkey , no. 36897/07,§§ 24 and 41, 15 September 2020, каде домашните судови само се потпирале на ослободителната пресуда на жалителот). Ова признание се однесувало на целиот период на лишувањето од слобода на жалителите, што не мора да одговара на периодот на притвор што е предмет на жалбата на жалителите пред Судот. Точно е дека, како што е наведено погоре, истото се засновало на фактот дека обвиненијата против жалителите на крајот биле одбиени. Сепак, Судот сметал дека горенаведеното признание треба да се гледа во контекст и заедно со аргументите што судовите ги дале во врска со износот на надоместокот доделен на жалителите. Во врска со тоа, не можел да не ја забележи сеопфатната природа на тој надомест со тоа што се однесувал на„сите последици од претрпе144 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ната нематеријална штета“ на жалителите и дека биле земени предвид„сите околности на случајот“(види, слично: Dimo Dimov and Others v. Bulgaria , no. 30044/10,§ 54, 7 July 2020). Соодветно на тоа, според Судот, надоместокот доделен на жалителите според одредбите од Законот за кривична постапка, како резултат на одбивањето на обвиненијата против нив, не може да се раздвои од какво било обесштетување што можеле да го имаат како резултат на нивното неосновано лишување од слобода и, според тоа, спротивно на членот 5, став 3 од Конвенцијата(види: mutatis mutandis , N.C. v. Italy [GC], no. 24952/94,§ 57, ECHR 2002-X), како што се тврдело пред Судот(види, спротивно: Bilal Akyıldız , цитиран погоре,§ 34, каде жалителот се жалел пред Судот дека е незаконски лишен од слобода). Затоа, Судот заклучил дека е разумно да се смета дека признанието врз кое се засновал надоместокот ги опфаќа жалбите на жалителите во врска со сите околности што го прават нивниот притвор неоснован. Што се однесува до висината на надоместот доделен на жалителите заради нивното неосновано притворање, Судот забележал дека со пресудата од 3 февруари 2020 година, Апелациониот суд одредил заеднички надомест од околу 35.000 евра. Кога, како и во овој случај, статусот на жртва е поврзан со паричниот надомест даден на домашно ниво, проценката на Судот нужно вклучува споредба помеѓу доделениот надомест и износот што Судот би го доделил во слични случаи(види: Selami and Others , цитиран погоре,§ 102). Во конкретниот случај, имајќи ги предвид надоместоците доделени од страна на Судот во слични случаи(види: Ramkovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia, no. 33566/11,§89, 8 February 2018 и Miladinov and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , nos. 46398/09 and 2 others,§84, 24 April 2014), Судот сметал дека износот на надоместокот доделен од домашните судови може да се смета за доволен надомест во однос на стандардите утврдени од Судот. Според тоа, Судот заклучил дека жалителите повеќе не можат да тврдат дека се„жртва“, според член 34 од Конвенцијата, на наводните повреди во овој дел. Следствено, овој дел од жалбите е неспоив ratione personae со одредбите на Конвенцијата, во смисла на член 35, став 3(а), и мора да биде отфрлен согласно членот 35, став 4 од истата. Недопуштеност на жалбениот навод според член 5, став 4 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на усна расправа во постапката за преиспитување на притворот пред советот и пред Апелациониот суд) заради непочитување на рокот од шест месеци а. Релевантни принципи Во согласност со членот 35, став 1 од Конвенцијата, Судот може да постапува по прашањето„во рок од шест месеци од датумот на кој е донесена конечната одлука“. Дополнително, за Судот е недозволиво да ја занемари примената на шестмесечното правило само затоа што Владата не поднела прелиминарен приговор во врска со тоа(види: Radomilja and Others v. Croatia [GC], nos. 37685/10 and 22768/12,§ 138, 20 March 2018). б. Образложение И покрај тоа што, во конкретниот случај, Владата не поднела приговор за недопуштеност во врска со усогласеноста со шестмесечното правило во нивните произнесувања, Судот не дозволил да се занемари примената на шестмесечното правило само затоа што Владата не поднела прелиминарен приговор во врска со тоа. Така, Судот забележал дека жалбите III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 145 на жалителите во врска со нивниот притвор кој бил продолжуван биле одбиени од Апелациониот суд: на 30 ноември 2013 година, на 8 јануари 2014 година, на 27 март 2014 година, на 28 април 2014 година и на 21 мај 2014 година, соодветно. На судското рочиште одржано на 23 мај 2014 година, судечкиот совет ја заменил мерката притвор на жалителите со куќен притвор. Жалителите не поднеле жалба против тоа решение. Бидејќи жалбените наводи на жалителите според член 5, став 4 биле доставени до ЕСЧП на 10 и 11 декември 2014 година, и со оглед на тоа што постапката за надомест на штета не се однесувала на наводното отсуство на јавни расправи, специфичен процесен недостаток на постапката за испитување на притворот на жалителите(види: Dimo Dimov and Others , цитиран погоре, §§ 58 и 62), произлегло дека овие жалбени наводи биле поднесени надвор од рокот од шест месеци и треба да бидат отфрлени како ненавремени, согласно член 35, став 1 и 4 од Конвенцијата. 7.  ДЕЛОВСКИ И ДРУГИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 707 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 2 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) заради очигледна неоснованост(исполнето е барањето за воспоставување ефективен судски систем во контекст на ненамерно предизвикување смртни последици) Кратко резиме на случајот Овој случај се однесува на сообраќајна несреќа што се случила на 8 октомври 2014 година во центарот на Скопје, во која животот го загубил 76-годишниот К. Д. Жалители се неговите две деца(прв и втор жалител) и неговата вдовица(трет жалител). Несреќата се случила во попладневните часови, на двонасочен коловоз со нормално густ сообраќај. Според записникот на Министерството за внатрешни работи(МВР), К. Д. бил удрен од автомобил управуван од А. А., која тврдела дека тој одеднаш се појавил пред нејзиното возило. По ударот, неговата глава удрила во левиот ретровизор, а потоа паднал на земја. А. А. излегла од автомобилот и му помогнала. На 27 октомври 2014 година, МВР поднело кривична пријава против А. А. за тешки кривични дела против луѓето и имотот во сообраќајот, приложувајќи документи, како: записници од увид, скици, фотографии и резултати од алкотест(кои покажале дека немало алкохол во крвта на А. А.). Обвинителството започнало постапка и сослушало изјави од првиот и вториот жалител, кои изразиле намера да бараат граѓански надоместок. Првиот жалител посочил два потенцијални сведоци: З. Ц., кој му пружил прва помош на К. Д. по несреќата, и Б. С., инвалид кој, според него, ја набљудувал несреќата од својот балкон. Наводно, Б. С. потврдил дека К. Д. поминал три ленти од коловозот пред да биде удрен, и дека во моментот на несреќата, во автомобилот имало четири лица, а не едно, како што било првично пријавено. Било сугерирано и дека автомобилот не го управувала А. А., туку нејзината ќерка, која била бремена и го напуштила местото на несреќата. Одбраната на А. А. доставила писмена изјава од сведок С. С., кој изјавил дека К. Д. го преминувал коловозот надвор од обележан премин и со наведната глава, заради што бил 707  Delovski and Others v. North Macedonia (dec.), no. 56148/15, 7 July 2020. 146 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур тешко видлив. Врз основа на тоа и на расположливиот материјал, одбраната изработила вештачење кое заклучило дека К. Д. бил одговорен за несреќата и дека автомобилот не се движел со голема брзина, а возачот немал можност да ја избегне несреќата. Јавниот обвинител потоа нарачал дополнително вештачење од тројца судски вештаци кое, исто така, го потврдило заклучокот дека К. Д. бил одговорен, а реакцијата на возачот била навремена и соодветна. Спротивно на тоа, првиот и вториот жалител доставиле друго вештачење кое оценило дека А. А. не покажала потребна претпазливост и дека нејзината одговорност е поголема, иако К. Д. преминувал надвор од пешачки премин. На 27 април 2015 година, јавниот обвинител ја отфрлил кривичната пријава против А. А., оценувајќи дека делото не претставува кривично дело за кое се гони по службена должност. Обвинителот ја базирал одлуката на вештачењата кои биле усогласени во ставот дека К. Д. е одговорен за несреќата, додека вештачењето на жалителите било оценето како контрадикторно. Жалителите тврделе дека одлуката била донесена врз основа на изјави само од обвинетата А. А. и дека обвинителот не ги сослушал нивните предложени сведоци, како и дека не ги земал предвид сите околности(вклучувајќи ги другите лица во автомобилот и сведоштвата од Б. С. и З. Ц.). На 5 јуни 2015 година, Б. С. дал нотарски заверена изјава во која повторил дека од својот балкон ја видел целата ситуација и дека К. Д. не бил скриен зад возила и преминал три ленти пред да биде удрен. Тој тврдел дека во возилото имало четири лица и потврдил дека возачот не сопирал пред судирот. И покрај тоа, на 1 јули 2015 година, вишиот јавен обвинител ја одбил жалбата и ја потврдил одлуката на понискиот обвинител, оценувајќи дека нема нови или доволни докази што би довеле до поинаков исход. Жалителите потоа поднеле жалба до ЕСЧП, каде што се жалеле според член 2 од Конвенцијата дека истрагата за смртта на К. Д. била неефективна, бидејќи јавниот обвинител не ги сослушал сведоците што тие ги предложиле и не им дозволил пристап до списите за случајот. Жалбата е прогласена за недопуштена заради очигледна неоснованост, со оглед на тоа што во конкретниот случај не можело да се тврди дека државата не обезбедила ефективен судски систем во врска со смртта на К. Д. Недопуштеност на жалбениот навод според член 2 од Конвенцијата(во однос на ефективноста на истрагата) заради очигледна неоснованост(исполнето е барањето за воспоставување ефективен судски систем во контекст на ненамерно предизвикување смртни последици) а. Релевантни прниципи Судот сметал дека треба да ги испита жалбените наводи во контекст на позитивната обврска на државата да го заштити правото на живот(види: Nicolae Virgiliu Tănase v. Romania [GC], бр. 41720/13,§§ 86, 87 и 91, 25 June 2019 и Koceski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 41107/07,§ 19, 22 October 2013). Притоа, општите принципи релевантни за овој случај се објаснети во случајот Nicolae Virgiliu Tănase (цитиран погоре:§§ 157-60 и 163). Во врска со ова, Судот особено забележал дека кога смртта е намерно предизвикана или кога животот намерно е загрозен, генерално е неопходна кривична истрага. Во случаите што се однесуваат на ненамерно предизвикување смрт и/или животи кои ненамерно се загрозени, барањето за воспоставување ефективен судски систем ќе III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 147 биде исполнето доколку правниот систем им овозможи на жртвите(или нивните најблиски) правно средство пред граѓанските судови, било самостојно или заедно со правно средство пред кривичните судови, овозможувајќи да се утврди каква било одговорност и да се добие какво било соодветно граѓанско обесштетување. Меѓутоа, дури и во случаи на ненамерно мешање во правото на живот или физички интегритет, може да има исклучителни околности кога е неопходна ефективна кривична истрага за да се исполни процедуралната обврска наметната со член 2. Такви околности можат да бидат присутни, на пример, кога е изгубен живот или е загрозен заради однесувањето на јавна власт што оди подалеку од грешка во проценката или невнимание, или кога е изгубен живот под сомнителни околности или заради наводно доброволно и несовесно непочитување од страна на приватно лице на неговите или нејзините законски должности според релевантното законодавство. Откако ќе се утврди со првичната истрага дека смртта или повредата опасна по живот не е намерно нанесена, граѓанскиот правен лек треба да се смета за доволен, без оглед на тоа дали лицето за кое се претпоставува дека е одговорно за инцидентот е приватна странка или државен агент. б. Образложение Во конкретниот случај, Судот забележал дека наводите на жалителите и поднесоците на Владата како одговор биле ограничени на кривичната истрага иницирана од властите, која не резултирала со покренување кривична пријава против возачот на автомобилот. Понатаму, Судот забележал дека покрај државното обвинителство, домашното законодавство предвидува уште еден начин на обесштетување во однос на околностите на овој случај, имено граѓанска тужба, која била достапна за жалителите според општите правила за граѓански надоместок против оние кои ги сметале за одговорни за смртта на K. Д. (види: mutatis mutandis , Kocevski , цитиран погоре,§§ 26 и 27, каде што на родителите на дете им бил досуден паричен износ за нематеријална штета за смртта на нивното дете на јавно игралиште, и V.V.G v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), бр. 55569/08,§ 30, 20 January 2015, во врска со надомест за нематеријална штета во однос на медицинска небрежност без оглед на исходот на кривичната постапка). Притоа, Судот не бил информиран од ниту една од страните во случајот дека жалителите го искористиле тој начин. Во продолжение, Судот ги разгледал достапните процедури и испитал дали, во конкретните околности на случајот и без оглед на исходот од кривичната истрага, граѓанскиот начин за обесштетување би бил соодветен за да се постигнат целите за обезбедување на ефективна имплементација на домашните закони кои го штитат правото на живот(види: Nicolae Virgiliu Tănase , цитиран погоре,§164). Во врска со ова, Судот забележал дека поплаките на жалителите не вклучуваат тврдење за намерни дејствија, ниту, пак, дека околностите во кои дошло до несреќата биле такви што предизвикуваат сомнеж во таа насока. Имено, жалителите никогаш не тврделе во текот на домашната истрага или во нивната жалба до Судот дека возачот на автомобилот дејствувал намерно или дека предметните дела конкретно биле насочени кон К. Д. Понатаму, предметната истрага што ја започнале властите се однесувала на неволно дело, а жалителите не го припишувале инцидентот на неуспехот на државните органи да донесат доволно правни правила и мерки за регулирање на сообраќајот на моторни возила на јавните патишта за да се обезбеди безбедност на учесниците во сообраќајот. Според Судот, во такви околности, а имајќи ја предвид судската практика на Судот, не мора да се бара кривично правно средство според член 2, туку граѓанското прав148 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур но средство би било доволно(види: Nicolae Virgiliu Tănase , цитиран погоре§ 172). Притоа, во конкретниот случај, жалителите не објасниле зошто не го користеле тоа правно средство и дали тоа би било ефективно. Во врска со ова, Судот ги забележал наодите на јавниот обвинител дека К. Д. самиот бил одговорен за несреќата, како и дека тие наоди биле донесени во контекст на истрагата спроведена од органите на прогонот заради поднесување кривична пријава против осомничениот возач пред кривичните судови. Според важечкото законодавство, граѓанските судови се обврзани со одлуките донесени од кривичните судови со кои обвинетиот е прогласен за виновен, во однос на извршувањето на делото и кривичната одговорност на осуденото лице. Понатаму, Судот забележал дека домашната судска практика покажува дека граѓанските судови можат да досудат отштета без оглед на исходот од кривичната постапка против наводните сторители (одлука донесена во однос на нематеријална штета кога обвинетиот бил ослободен или осуден или кога кривичната истрага застарела). Притоа, жалителите не се потпреле на ниту една одредба во домашното законодавство или на кој било пример од домашната судска практика за да покажат дека граѓанскиот суд е формално обврзан со наодите што органите на прогонот ги донесуваат кога одлучуваат да не го проследат предметот пред кривичните судови(види: Anna Todorova v. Bulgaria , no. 23302/03,§ 82, 24 May 2011). Понатаму, и уште поважно, тие не тврделе дека пресудувањето во однос на побарувањето за обесштетување според правилата на граѓанското право во нивниот случај би било исклучиво засновано на наодите на јавниот обвинител, кои според нивниот поднесок биле извалкани со наводните недостатоци во прибирањето на суштински докази. Конечно, според Судот, не бил поднесен аргумент дека барањето за обесштетување немало да се испита врз основа на сите докази, вклучително и на сведоците З. Ц. и Б. С., за кои жалителите побарале да бидат испитани од јавен обвинител. Во такви околности, Судот заклучил дека не може да шпекулира каков би бил исходот од барањето за надомест доколку жалителите се обрателе до граѓанските судови истовремено или после кривичната истрага. Според тоа, Судот утврдил дека нема причина да се сомнева дека граѓанскиот правен лек што им бил достапен на жалителите би бил ефективен и, соодветно, доволен за целите на член 2 од Конвенцијата. Од овие причини, не можело да се смета дека државата не обезбедила ефективен судски систем во врска со смртта на К. Д. Следствено, Судот заклучил дека жалбата е очигледно неоснована и мора да биде отфрлена согласно член 35, став 3(а) и 4 од Конвенцијата. 8.  АЛЕКСАНДРИЈА А ДООЕЛ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 708 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на наводното очекување на жалителот за работење на ресторанот за целиот период на траење на закупот) како неспоив ratione materiae (не постои легитимно очекување за ефективно уживање на правото на сопственост) → Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на уривањето на објектот на жалителот) поради очигледна неоснованост (мешањето во сопственоста на друштвото жалител во конкретниот случај било оправдано) 708  Aleksandrija A DOOEL v. North Macedonia (dec.), no. 26635/12, 2 July 2019. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 149 Кратко резиме на случајот Жалителот е трговско друштво, кое во август 2002 година купило ресторан од друштвото М. против кое била во тек стечајна постапка. Ресторанот бил запишан како објект од времен карактер. Истиот бил изграден врз земјиште во државна сопственост. На 2 oктомври 2002 година, друштвото жалител потпишало договор за краткотраен закуп со релевантното Министерство за земјишна парцела на која бил лоциран времениот објект. Траењето на закупот било од 1 октомври 2002 година до 1 oктомври 2007 година. Според договорот, закупот може да се раскине заради реализација на урбанистички план во однос на земјиштето. Во таков случај, друштвото жалител имало обврска да го отстрани времениот објект во рок од пет дена од раскинувањето на закупот. На 8 октомври 2002 година, друштвото жалител обезбедило одобрение за урбани и санациони мерки(„одобрение за реновирање“) во врска со ресторанот. По завршувањето на реновирањето, ресторанот почнал со работа на 6 март 2003 година. На 12 декември 2003 година, Министерството продало неколку парцели(вклучувајќи ја и парцелата на која бил поставен ресторанот на друштвото жалител) на друштвото Р. за изградба на деловен-трговски објект. На 19 декември 2003 година, Министерството донело решение со кое на друштвото жалител му било наложено да го отстрани ресторанот во рок од 10 дена од приемот на решението. Било утврдено дека отстранувањето на објектот било наложено со член 71 од Законот за градежно земјиште заради реализација на урбанистички план во таа област. Друштвото жалител го примило решението за отстранување на објектот на 19 март 2004 година. Во меѓувреме, на 10 март 2004 година, фактичкото владение врз земјиштето било предадено на друштвото Р. Со оглед на тоа што друштвото жалител не постапило согласно решението за отстранување на објектот, Министерството наложило негово извршување на 30 март 2004 година. На 3 мај 2004 година објектот бил срушен. Друштвото жалител неуспешно ги оспорило одлуките за отстранување на објектот и извршувањето, пред релевантната второстепена комисија, и последователно пред Врховниот суд. Со две одделни пресуди од 27 април 2005 година, Врховниот суд не ги уважил барањата на друштвото жалител. Потпирајќи се на член 71 од Законот за градежно земјиште, судот утврдил дека решението за рушење на објектот било законито и дека друштвото жалител било обврзано да го отстрани времениот објект, со оглед на тоа што властите веќе започнале со реализација на урбанистичкиот план. Дополнително, отстранувањето на објектот било наложено од надлежен орган, како што е предвидено со релевантното домашно законодавство. На 10 април 2007 година, друштвото жалител поднело тужба за надомест на штета против државата. Побарувало 31.081.909 денари во смисла на материјална штета за рушењето на објектот. Исто така, побарувало и износ од 18.201.543 денари за изгубена добивка, што претставува сума што би ја добило друштвото доколку ресторанот продолжел да работи сè до истекот на договорот за закуп. На 26 март 2009 година, првостепениот суд го одбил тужбеното барање на друштвото жалител. Врз основа на пресудите на Врховниот суд во управната постапка, судот утврдил дека рушењето на објектот било законито и не може да се припише никаква одговорност на државата за каква било претрпена штета. Друштвото жалител вложило жалба тврдејќи дека, меѓу другото, договорот за краткотраен закуп не бил раскинат и дека понискиот суд не извел никаков доказ дека започнала реализацијата на урбанистичкиот план. На 2 декември 2009 година, Апелациониот суд ја одбил жалбата. 150 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Утврдил дека рушењето на објектот било законито. Понатаму, утврдил дека условите од договорот за краткотраен закуп биле условени од реализација на урбанистичкиот план. Исполнувањето на таквиот услов го раскинува договорот за закуп ex nunc ,(раскинлив услов), како што е предвидено со член 66, став 3 од Законот за облигационите односи, без да бидат потребни какви било натамошни дејствија на договорните страни. Во таков случај, за страните, сите нивни права и обврски за во иднина престануваат и една од друга немаат што да побаруваат. Апелациониот суд сметал дека не постои причинска врска помеѓу дејствијата на државните органи и каква било штета што друштвото жалител ја претрпело. Властите започнале со реализација на урбанистичкиот план и друштвото жалител било обврзано да го отстрани објектот. Друштвото жалител поднело ревизија, нагласувајќи дека судовите требало да утврдат кога започнала реализацијата на урбанистичкиот план и кога бил раскинат договорот за краткотраен закуп. Друштвото тврдело дека реализацијата на урбанистичкиот план би започнала кога градежните работи ќе започнеле на локацијата, откако би се добиле сите потребни градежни дозволи. Истакнало дека договорот за закуп сè уште бил во важност во време на рушењето на неговиот објект и дека државата е одговорна за штетата. На 14 септември 2011 година, Врховниот суд ја одбил ревизијата и го потврдил образложението дадено од пониските судови. Друштвото жалител се жалело пред ЕСЧП дека било лишено од својата сопственост во околности кои не биле во согласност со условите од член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата, односно дека домашните власти наредиле уривање на објектот пред истекот на петгодишниот договор за закуп. Судот утврдил дека во конкретниот случај треба да се разгледаат две прашања: првото се однесува на наводното очекување на друштвото жалител за работење на ресторанот за целиот период на траење на петгодишниот закуп, а второто се однесува на уривањето на објектот. Жалбата е прогласена за недопуштена поради неспоивост ratione materiae , со оглед на тоа што не постоело легитимно очекување за работење на ресторанот за целиот период на траење на закупот, како и поради очигледна неоснованост, во однос на уривањето на објектот на жалителот, со оглед на тоа што мешањето во сопственоста на друштвото жалител во конкретниот случај било оправдано. Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата(во однос на наводното очекување на жалителот за работење на ресторанот за целиот период на траење на закупот) како неспоив ratione materiae (не постои легитимно очекување за ефективно уживање на правото на сопственост) а. Релевантни принципи Во согласност со утврдената судска практика на Судот,„сопственост“ може да биде„постоечки имот“ или средства, вклучувајќи и побарувања, во однос на кои жалителот може да тврди дека има најмалку„легитимно очекување“ за стекнување на ефективно уживање на правото на сопственост(види: inter alia , Pine Valley Developments Ltd and Others v. Ireland , 29 November 1991,§ 51, Series A no. 222 и Pressos Companía Naviera S.A. v. Belgium, 20 November 1995,§ 31, Series A no. 332). Иако член 1 од Протокол 1 кон КонIII.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 151 венцијата не гарантира право на стекнување сопственост, во одредени околности„легитимно очекување“ за стекнување определен имот може, исто така, да ја ужива заштитата на член 1 од Протоколот 1(види, меѓу многуте: Anheuser-Busch Inc. v. Portugal [GC], no. 73049/01,§§ 64-65, ECHR 2007-I). б. Образложение Судот забележал дека, според договорот за закуп, друштвото жалител имало право да го користи земјиштето на кое бил поставен објектот за петгодишен период. Притоа, прашањето коешто се поставува е дали, имајќи ги предвид условите за закуп, друштвото жалител можело легитимно да очекува да го користи тоа земјиште за целиот период на траење на закупот. Судот сметал дека ситуацијата во овој случај се разликува од другите случаи каде Судот утврдил дека жалителите имале ,,легитимни очекувања“, засновани на разумно оправдано повикување на правен документ врз основа на кој настанале финансиски обврски, а кои последователно биле ретроспективно поништени на штета на жалителите(види: Pine Valley Developments Ltd and Others , цитиран погоре,§ 51 и Stretch v. the United Kingdom , no. 44277/98, §§ 33-35, 24 June 2003). Можноста за предвремено раскинување на закупот била предвидена во условите на договорот, кој друштвото жалител своеволно го прифатило, па со оглед на тоа можело и да го претпостави ризикот. Ова било потврдено од страна на домашните судови во толкувањето на релевантното домашно право, кога го одбиле тужбеното барање на друштвото жалител за надомест на штета. Од овие причини, не можело да се тврди дека постои ,,легитимно очекување“, во случај кога има спор во врска со правилното толкување и примена на домашното право, а поднесоците на друштвото жалител биле последователно одбиени од домашните судови(види: Kopecký v. Slovakia [GC], no. 44912/98,§ 50, ECHR 2004-IX). Во такви околности, Судот не сметал дека друштвото жалител имало легитимно очекување дека ресторанот ќе работи за целото времетраење на петгодишниот договор за закуп, па од тие причини немало ,,сопственост“ во смисла на значењето од првата реченица на член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата. 709 Следствено, овој дел од жалбата бил прогласен за неспоив ratione materiae со одредбите од Конвенцијата, во смисла на значењето на член 35, став 3 и морало да се отфрли во согласност со член 35, став 4. Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата (во однос на уривањето на објектот на жалителот) заради очигледна неоснованост (мешањето во сопственоста на друштвото жалител во конкретниот случај било оправдано) а. Релевантни принципи Според релевантната судска практика, за да се смета за компатибилно со член 1 од Протокол 1 кон Конвенцијата, мешањето во сопственоста мора да исполнува одредени критериуми: мора да биде во согласност со принципот на законитост и да се стреми кон легитимна цел преку средства кои се разумно пропорционални на целта што треба да се постигне (види: Beyeler v. Italy [GC], no. 33202/96,§ 108-114, ECHR 2000-I). 709  Првата реченица на член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата гласи:„Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот.“ 152 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур б. Образложение Во контекст на постоењето на сопственост во смисла на значењето од првата реченица на член 1 од Протоколот 1, Судот забележал дека треба да се примени различен пристап во врска со објектот кој друштвото жалител го купило во 2002 година и кој бил запишан на негово име. Имено, несомнено е дека таквиот објект претставува сопственост и членот 1 од Протоколот 1 во тој дел има примена. Од овие причини, уривањето на објектот претставува мешање во сопственоста на друштвото жалител(види: Mkhchyan v. Russia , no. 54700/12,§ 69, 7 February 2017). Понатаму, со оглед на тоа што целта била да се обезбеди усогласеност со реализацијата на посебните политики за планирање и уредување, тоа мешање претставува„контрола[на] користењето на сопственоста“(види: Saliba v. Malta , no. 4251/02,§ 35, 8 November 2005 и Ivanova and Cherkezov v. Bulgaria , no. 46577/15,§ 69, 21 April 2016). Со оглед на тоа, прашањето требало да се разгледува според вториот став на член 1 од Протоколот 1. 710 Решението за рушење имало јасна правна основа во одредбата на членот 71 од Законот за градежно земјиште. Законитоста на решението за рушење била потврдена од Врховниот суд, по спроведување на контрадикторна постапка. Ваквиот наод бил, исто така, потврден од домашните судови во граѓанската постапка. Судот не нашол основа за поинакво одлучување. Од тие причини мешањето во сопственоста било законито за целите на член 1 од Протокол 1. Понатаму, Судот сметал дека мешањето било оправдано со потребата да се реализира урбанистичкиот план за уредување за таа локација. Во согласност со востановената судска практика на Судот, националните власти треба да имаат дискреција при изборот и спроведувањето на политиките за планирање и во тој контекст уживаат широка маргина на уважување(види: Gorraiz Lizarraga and Others v. Spain , no. 62543/00,§ 70, ECHR 2004-III; Lay Lay Company Limited v. Malta , no. 30633/11,§ 83, 23 July 2013; и Crash 2000 OOD and others v. Bulgaria (dec.), no. 49893/07,§ 57,17 December 2013). Оттука, Судот заклучил дека мешањето имало легитимна цел која била од општ интерес. Последното прашање кое останало да се утврди е дали целта може да се смета за пропорционална во однос на мешањето во сопственоста, предизвикано од рушењето на објектот. Според добро утврдената судска практика на Судот, мешањето мора да постигне„правична рамнотежа“ помеѓу барањата на општите интереси на заедницата и барањата за заштита на основните права на поединецот. Во оваа смисла, Судот забележал дека времениот објект бил изграден врз земјиште во државна сопственост, кое друштвото жалител го закупило за период од пет години, а во условите на договорот за закуп била предвидена можност за предвремено раскинување на закупот во случај на реализација на урбанистичкиот план на таа локација и обврска за друштвото жалител да го отстрани поставениот објект, кој бил класифициран како објект од времен карактер. Притоа, неспорно е дека друштвото жалител го потпишало таквиот договор и било обврзано со условите од договорот. Во такви околности, Судот сметал дека за друштвото жалител не може да се тврди дека сноси индивидуално и прекумерно оптоварување како резултат на уривањето на објектот без надомест за тоа(спореди: Depalle v. France [GC], no. 34044/02,§ 91, ECHR 710  Вториот став на член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата гласи:„Претходните одредби нема на ниту еден начин да влијаат на правото на државата да спроведува закони за кои смета дека се неопходни заради контрола на користењето на сопственоста, во согласност со општиот интерес или заради обезбедување на плаќањето на даноци или други придонеси или парични казни“. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 153 2010 и Mkhchyan , цитиран погоре,§§ 74-76). Секоја инвестиција во реновирањето на ресторанот била направена со целосна запознаеност на друштвото жалител дека таквиот објект бил од времен карактер и можел да биде отстранет според условите на договорот за закуп. Од овие причини, Судот утврдил дека мешањето во правата на друштвото жалител според член 1 од Протоколот 1 било оправдано. Следствено, било констатирано дека оваа жалба е очигледно неоснована и мора да биде отфрлена во согласност со член 35, став 3(а) и став 4 од Конвенцијата. 9.  КАРАЏА И ВАСКОВ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 711 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на правото на пристап до суд) поради очигледна неоснованост(одлуката на Врховниот суд за отфрлање на ревизијата не претставува непропорционална пречка која ја нарушува суштината на правото на пристап до суд во конкретниот случај) → Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата (во однос на враќање во сопственост на национализиран хотел) поради непочитување на рокот од шест 712 месеци(ревизијата не претставува правен лек кој треба да се користи за целите на член 35, став 1 од Конвенцијата во околностите на случајот и не треба да се чека одлуката по ревизија за да се поднесе жалба до ЕСЧП) Кратко резиме на случајот Во 1948 година, од претходниците на жалителите бил конфискуван хотел. Хотелот бил пренесен на општествено претпријатие(,,претпријатието“). Во 1995 година, средствата на претпријатието, вклучувајќи го и хотелот, врз основа на неколку одлуки, биле предмет на приватизација, согласно Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал. Договорот за купопродажба од 1995 година, склучен помеѓу релевантната државна агенција и купувачот на претпријатието, вклучувал експертски извештај за проценка, со кој вредноста на хотелот била определена на износ од 1.323.000 германски марки. На 24 април 1997 година, жалителите, застапувани од адвокат, започнале граѓанска постапка против претпријатието и државата, барајќи поништување на одлуките во врска со приватизацијата на имотот на претпријатието, во делот што се однесува на хотелот. Тие, исто така, побарале судот да го задржи(резервира) хотелот за постапка за денационализација и привремено да го пренесе во државна сопственост. Жалителите не ја специфицирале вредноста на спорот во изјавената тужба. На 11 декември 2001 година, Основниот суд, заседавајќи во совет од тројца судии, одлучил во корист на жалителите. Во пресудата било утврдено дека вредноста на спорот била неопределена. Во одговор на жалба, жалителите ја навеле вредноста на спорот во износ од 1.875.000 денари. На 13 февруари 2003 година, Апелациониот суд ја уважил жалбата на тужените и предметот го вратил на повторно одлучување. Во одлуката било наведено дека вредноста на спорот останала не711  Karadža and Vaskov v. North Macedonia (dec.), no. 79037/12, 23 April 2019. 712  Како што беше погоре споменато, со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата на 1 август 2021 година, рокот од шест месеци предвиден во член 35(1) од Конвенцијата беше намален на четири месеци. Притоа, општите принципи во судската практика на ЕСЧП во однос на функционирањето на поранешното правило на шест месеци остануваат валиднии во однос на функционирањето на новиот временски рок од четири месеци. Конкретниот случај е разгледуван кога сè уште било во сила правилото на шест месеци. 154 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур определена. Во периодот помеѓу 2004 и 2008 година, Основниот суд одлучил во корист на жалителите во две прилики(секој пат заседавајќи во совет од тројца судии), носејќи пресуди кои подоцна биле укинати од Апелациониот суд. Во сите овие пресуди вредноста на спорот останала неопределена. Во одговорите на двете жалби, жалителите навеле вредност на спорот 1.875,000 денари. На 5 февруари 2009 година, Основниот суд, заседавајќи во совет од тројца судии, повторно одлучил во корист на жалителите. Вредноста на спорот во пресудата останала неопределена. При утврдувањето на фактичката состојба, првостепениот суд се осврнал на извештајот за проценка во однос на хотелот. Судот одлучил дека хотелот треба да биде задржан и пренесен на надлежната државна агенција за целите на денационализација. Тужените ја обжалиле пресудата, а жалителите истакнале свои наводи во одговор на жалбата. Со пресуда од 4 ноември 2009 година, Апелациониот суд ја преиначил првостепената пресуда и го одбил тужбеното барање на жалителите. Вредноста на спорот останала неопределена во оваа пресуда. Апелациониот суд сметал дека првостепениот суд погрешно го применил релевантното домашно право и сметал дека имотните права на жалителите треба да се утврдат во постапка за денационализација. Полномошникот на жалителите примил примерок од таквата пресуда на 10 декември 2009 година. Жалителите, преку нивниот полномошник, изјавиле ревизија во која вредноста на спорот била означена како ,,неопределена“. На 12 април 2012 година, Врховниот суд ја отфрлил ревизијата на жалителите како недозволена ratione valoris . Судот утврдил дека жалителите не ја означиле вредноста на спорот ниту во нивното тужбено барање, ниту пред почетокот на главната расправа. Врховниот суд се повикал на член 33, став 2 од Законот за парнична постапка и утврдил дека жалителите ја означиле вредноста на спорот само во нивниот одговор на жалба, што не претставува соодветна фаза од постапката. Жалителите се жалеле до ЕСЧП дека биле лишени од правото на пристап до Врховниот суд, спротивно на условите од член 6, став 1 и член 13 од Конвенцијата, а во врска со отфрлањето на ревизијата. Судот, како господар на правната карактеризација што треба да се даде на фактите на случајот(види: Radomilja and Others v. Croatia [GC], no. 37685/10,§ 124, 20 March 2018), сметал дека оваа жалба, која во суштина се однесува на правото на пристап до суд, треба да се разгледува според член 6, став 1 од Конвенцијата. Жалителите, исто така, се жалеле и на повреда на нивното право на сопственост според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата. Жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата бил прогласен за недопуштен поради очигледна неоснованост, со оглед на тоа што одлуката на Врховниот суд за отфрлање на ревизијата во конкретниот случај не претставува непропорционална пречка која ја нарушува суштината на правото на пристап до суд во конкретниот случај, додека жалбениот навод според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата бил прогласен за недопуштен бидејќи бил поднесен надвор до предвидениот рок од шест месеци. Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на правото на пристап до суд) заради очигледна неоснованост(одлуката на Врховниот суд за отфрлање на ревизијата не претставува непропорционална пречка која ја нарушува суштината на правото на пристап до суд во конкретниот случај) a. Релевантни принципи III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 155 Општите принципи релевантни за конкретниот случај се истакнати во случајот: Zubac v. Croatia ([GC], no. 40160/12,§§ 76-99, 5 April 2018). б. Образложение Според Судот, одлуката на Врховниот суд за отфрлање на ревизијата како недозволена ratione valoris претставува мешање во правото на жалителите за пристап до суд. Следно што треба да се утврди е дали, во светло на сите релевантни околности на случајот, постоел разумен однос на пропорционалност помеѓу легитимната цел кон која се тежнеело(види: Bulfracht Ltd v. Croatia , no. 53261/08,§ 34, 21 June 2011 и Jovanović v. Serbia ,no. 32299/08,§ 48, 2 October 2012) и средствата употребени за нејзино постигнување. Во однос на предвидливоста на постапката што треба да се следи, Судот забележал дека неколку закони со кои се регулира парничната постапка се применувале и биле изменети во текот на постапката(имено, Законот за парнична постапка од: 1997, 1998 и 2005 година). Сепак, сите тие закони во суштина ги определувале истите услови за начинот на кој требало да се наведе вредноста на спорот. Така, според домашното право, од тужителот се барало да ја назначи вредноста на предметот на спорот во тужбата. Доколку вредноста на спорот е определена на нереално ниво, првостепениот суд имал можност да ја провери точноста најдоцна на подготвителното рочиште, или, доколку такво не било одржано, на главната расправа пред испитувањето на основаноста на случајот. Не било аргументирано дека Врховниот суд ги применувал овие процедурални барања на неконзистентен начин. Поради тоа, Судот заклучил дека постапката што треба да се следи во однос на ревизијата е регулирана на кохерентен и конзистентен начин. Понатаму, Судот забележал дека жалителите во текот на постапките биле застапувани од страна на адвокат, кој требало да биде свесен за таквите процедурални услови и евентуални имликации врз правото на изјавување ревизија. Вредноста на хотелот кој бил предмет на граѓанската тужба на жалителите веќе била проценета во 1995 година. Нема ништо што би укажувало дека жалителите не биле запознаени со овој извештај кога тие ја поднеле граѓанската тужба во 1997 година или дека не можеле да се потпрат на тоа за да ја утврдат вредноста на спорот на ниво кое го сметале за соодветно. Што се однесува до аргументите на жалителите дека релевантното домашно законодавство бара постапување од домашните судови по сопствена иницијатива со цел да се утврди вредноста на спорот, Судот утврдил дека таквата обврска не произлегува од релевантните одредби на домашното право во случаите кога тужителот не успеал да ја назначи вредноста на спорот во неговата, или нејзината тужба. Во овие околности, Судот не утврдил дека каков било наводен пропуст во овој поглед може единствено и јасно да им се припише на домашните судови како процедурална грешка(спореди и спротивстави: Egić v. Croatia ,no. 32806/09,§§ 54-58, 5 June 2014). Дури и ако се претпостави дека е така, таквата грешка не треба да се смета како оправдување за грешката на жалителите во неуспехот да се определи вредноста на спорот(види: Zubac , цитиран погоре,§ 119). Жалителите пропуштиле да ја покажат потребната внимателност кога барале одредување на вредноста на спорот на начин што не е во согласност со барањата на домашното право. Процедуралните грешки можеле да се избегнат од самиот почеток, а со оглед на тоа што тие главно и објективно им се припишуваат на жалителите, негативните последици од тие грешки почиваат на нив(ibid.,§ 121). 156 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Tочно е дека првостепениот суд кој судел во предметот на жалителите заседавал во совет од тројца судии, формација која според домашното законодавство била резервирана за спорови со поголема вредност. Сепак, Судот не нашол дека само овој факт е доволен, во околностите на случајот, за жалителите да имаат разумно очекување дека нивната ревизија ќе биде дозволена според барањата за ratione valoris . Исто така, Судот ги отфрлил аргументите на жалителите дека нивната ревизија треба да се смета за дозволена од аспект на измените од 2010 година на Законот за парнична постапка(од 2005 година), со оглед на фактот што Апелациониот суд ја преиначил првостепената пресуда. 713 Не биле приложени примери од домашна практика за спротивното. Конечно, имајќи предвид дека случајот на жалителите бил разгледан од две инстанци на националните судови кои имаат целосна јурисдикција во однос на предметното прашање и дека во случајот нема појава на никакво забележливо прашање во врска со недостаток на правичност, според Судот, не можело да се тврди дека одлуката на Врховниот суд претставува непропорционална пречка која ја нарушува суштината на правото на жалителите загарантирано со член 6, став 1 од Конвенцијата(види: Zubac , цитиран погоре,§ 125). Следствено, Судот констатирал дека оваа жалба е очигледно неоснована и мора да биде отфрлена во согласност со членот 35, став 3(а) и 4 од Конвенцијата. Недопуштеност на жалбениот навод според член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата(во однос на враќање во сопственост на национализиран хотел) поради непочитување на рокот од шест месеци(ревизијата не претставува правен лек кој треба да се користи за целите на член 35, став 1 од Конвенцијата во околностите на случајот и не треба да се чека одлуката по ревизија за да се поднесе жалба до ЕСЧП) а. Релевантни принципи Жалителот има обврска да ги искористи само оние домашни правни средства за кои е извесно дека се достапни, ефективни и доволни(види: Moreira Barbosa v. Portugal (dec.), No. 65681/01, ECHR 2004-V) и не може да го продолжи строгото временско ограничување на рокот преку поднесување на несоодветни жалби до телата или институциите кои немаат надлежност да обезбедат ефективно правно средство во однос на истакнатите жалбени наводи во согласност со Конвенцијата(види: Lopes de Sousa Fernandes v. Portugal [GC], no. 56080/13,§ 132, 19 December 2017; Fernie v. the United Kingdom (dec.)), No. 14881/04, 5 January 2006). б. Образложение Судот забележал дека жалбата на жалителите според членот 1 од Протоколот 1 се однесува на граѓанска постапка, која завршила со конечна одлука во однос на основаноста, донесена од страна на Апелациониот суд на 4 ноември 2009 година, а од која примерок бил доставен до полномошникот на жалителите на 10 декември 2009 година. Понатаму, забележал дека жалителите поднеле ревизија, која на 12 април 2012 година била отфрлена како недозволена, од страна на Врховниот суд. Имајќи ги предвид горенаведените наоди, 713  Член 87 од Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, кој почнал да се применува од 9 септември 2011 година(„Службен весник“ бр. 116/2010), предвидува дека ревизијата е дозволена доколку вредноста на спорот надминува 1.000.000 денари МКД, како и дека ревизија е секогаш дозволена во споровите каде второстепениот суд ја преиначил првостепената пресуда. Според преодните одредби(член 99), постапките кои се во тек во времето кога Законот за изменување почнал да се применува, истите ќе се завршат според претходниот закон. Постапките кои не започнале пред првостепениот суд пред 9 септември 2011 година ќе продолжат во согласност со Законот за парнична постапка од 2005 година изменет со Законот за изменување. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 157 Судот сметал дека времето што изминало за постапката пред Врховниот суд не треба да се земе предвид при пресметување на рокот од шест месеци, бидејќи ревизијата не била правен лек кој мора да се користи за целите на член 35, став 1 од Конвенцијата во околностите на случајот, со оглед на тоа што овој вонреден правен лек бил без изгледи за успех во конкретниот случај(види: Kocarova v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 37018/03, 13 November 2006 и Rezgui v. France (dec.), no. 49859/99, ECHR 2000‑XI). Имајќи предвид дека жалбата била поднесена до Судот на 3 декември 2012 година, Судот констатирал дека жалителите не го испочитувале правилото од шест месеци, според членот 35 од Конвенцијата. Следствено, било констатирано дека овој жалбен навод е поднесен ненавремено и мора да биде отфрлен согласно член 35, став 1 и став 4 од Конвенцијата. 10.  БАЈРАМОВСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 714 → Недопуштеност на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводи за недостаток на непристрасност на Основниот суд) поради неисцрпување на домашните правни средства(жалбените наводи не се поднесени претходно до соодветниот домашен орган) → Недопуштеност на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводи за недостаток на непристрасност на Апелациониот суд) поради очигледна неоснованост(сомнежите на жалителот во однос на непристрасноста не може да се сметаат за објективно оправдани во околностите на случајот) Кратко резиме на случајот Во 2008 година, жалителот поднел граѓанска тужба против А. Л. и Х. Л. за признавање на правото на сопственост на имот пред Oсновен суд каде А. Л. бил назначен за судија. Претседавачкиот судија кој заседавал во случајот на жалителот го известил претседателот на Основниот суд дека судијата А. Л. бил странка во постапката и му рекол да побара од второстепениот суд случајот да се предаде на друг основен суд. На 23 мај 2008 година, претседателот на Основниот суд поднел такво барање до Апелациониот суд, кој, според членот 60 од Законот за парнична постапка, бил надлежен за назначување на друг суд од неговото подрачје да решава по предметот, доколку надлежниот суд не е способен да решава, поради изземање на судија. Aпелациониот суд не утврдил основ за да назначи друг надлежен суд за предметот и по неколку дена го вратил предметот пред Oсновниот суд. На 3 декември 2008 година, Основниот суд го одбил барањето на жалителот врз основа на тоа што таткото на жалителот го купил имотот од трета странка чиј законски претходник истиот го стекнал незаконски и со измама. Жалителот поднел жалба против таа пресуда. Во жалбата не изразил загриженост за наводен недостаток на непристрасност од страна на Основниот суд. Адвокатот на жалителот побарал од Врховниот суд да назначи друг второстепен суд да решава по предметот според членот 61 од Законот за парнична постапка, со оглед на фактот што двајца судии од Основниот суд(поранешни колеги на судијата А. Л.) биле назначени за судии во Апелациониот суд кој требало да одлучува по жалбата на жалителот. На 5 март 2009 година, Врховниот суд го одбил барањето на жалителот, утврдувајќи дека причините кои ги навел жалителот биле„нерелевантни“ и дека не е загаранти714  Bajramovski v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 14466/11, 26 June 2018. 158 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур рано префрлање на надлежноста на друг надлежен суд. На 6 јули 2010 година, судски совет во Апелациониот суд, во состав од тројца судии во кој не биле вклучени двајцата судии во однос на кои жалителот изразил загриженост за непристрасноста, ја одбил жалбата на жалителот и ја потврдил пресудата од Основниот суд. Жалителот изјавил ревизија против второстепената одлука до Врховниот суд, во која ги повторил наводите за непристрасност на пониските судови. Врховниот суд ја одбил ревизијата на жалителот и не се осврнал на неговите тврдења за наводниот недостаток на непристрасност на пониските судови. Жалителот потоа поднел жалба до EСЧП, каде, меѓу другото, се жалел согласно член 6, став 1 од Конвенцијата, наведувајќи дека за неговиот случај не решавал непристрасен суд. Жалбата е прогласена за недопуштена поради неискористување на домашните правни средства во однос на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата за недостаток на непристрасност на Основниот суд и очигледна неоснованост во однос на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата за недостаток на непристрасност на Апелациониот суд. Недопуштеност на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводите за недостаток на непристрасност на Основниот суд) поради неисцрпување на домашните правни средства(жалбените наводи не се поднесени претходно до соодветниот домашен орган) а. Релевантни принципи Релевантните принципи од Конвенцијата се резимирани во пресудата на Судот за случајот Vučković and Others (види: Vučković and Others v. Serbia (preliminary objection)[GC], no. 17153/11 and 29 others,§§ 69-77, 25 March 2014). Особено,„обврската да се исцрпат“ домашните правни лекови бара жалителот нормално да ги искористи правните лекови кои се достапни и доволни во однос на неговата или нејзината повреда на член од Конвенцијата. Постоењето на правните лекови од интерес мора да биде доволно сигурно не само во теорија, туку и во практика, во спротивно ќе недостасуваат нужната достапност и ефективност. Исто така, според членот 35, став 1 се бара жалбените наводи кои се наменети за последователно поднесување во Стразбур да бидат поднесени[претходно] до соодветниот домашен орган, барем во суштина, и во согласност со формалните барања и временски рокови утврдени во домашното право и, понатаму, да се искористат сите процедурални средства што би можеле да го спречат прекршувањето на Конвенцијата. Кога жалителот нема да постапи во согласност со овие барања, неговата или нејзината жалба, во принцип, треба да се прогласи за недопуштена поради неисцрпување на домашните правни средства( ibid .,§§71 и 72). Владата која тврди дека постои неисцрпување на домашните правни средства има обврска да го увери Судот дека правниот лек[за кој тврди дека требало да се искористи] бил ефективен и бил достапен во теоријата и во практиката во релевантното време, односно дека бил достапен и можел да обезбеди обесштетување во однос на жалбените наводи на жалителот и нудел разумни изгледи за успех(ibid.,§ 77). Меѓутоа, кога ќе се задоволи овој товар на докажување, истиот преминува на жалителот кој треба да покаже дека правниот лек предложен од Владата, всушност, бил исцрпен или од некоја причина бил несоодветен и неефективен во конкретните околности на случајот, или дека постоеле посебни околности кои го ослободувале од тоа барање( ibid .). III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 159 б. Образложение Судот забележал дека жалителот поднел граѓанска тужба против А. Л. и Х. Л. за признавање на правото на сопственост на имот пред Основниот суд каде А. Л. бил назначен за судија. Притоа, жалителот не покажал никаква загриженост за непристрасноста на судиите од Основниот суд каде А. Л. бил назначен за судија, ниту во текот на постапката пред Основниот суд, ниту, пак, во неговата жалба(види: Zahirović v. Croatia , no. 58590/11, § 36, 25 April 2013 година; и обратно: Mitrov v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 45959/09,§§ 41-43, 2 June 2016). Жалителот не докажал дека не бил свесен дека А. Л. бил судија во тој суд во тоа време(види обратно: Nikolov v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 41195/02, 9 October 2006; Pescador Valero v. Spain , no. 62435/00,§§ 25-26, ECHR 2003-VII; и Nicholas v. Cyprus , no. 63246/10,§ 36, 9 January 2018). Всушност, во неговото барање до Врховниот суд да назначи друг второстепен суд да решава по предметот, жалителот индиректно признал дека бил свесен дека А. Л. бил судија во Основниот суд. Судијата претседавач кој заседавал во случајот на жалителот го известил претседателот на првостепениот суд дека судијата А. Л. бил странка во постапката и побарал случајот да се предаде на друг суд. Претседателот на Основниот суд поднел такво барање до Апелациониот суд, кој, според членот 60 од Законот за парнична постапка, бил надлежен за назначување на друг суд од неговото подрачје да решава по предметот, доколку надлежниот суд не е способен да решава, поради изземање на судија. Владата изјавила дека Апелациониот суд со право го одбил тоа барање, бидејќи таа одредба се применувала во ситуации кога сите судии од еден суд бараат нивно изземање од даден случај, што не било случај со предметот на жалителот. Жалителот не презентирал никаков релевантен аргумент или пример за домашна судска практика за да го оспори ова тврдење. Исто така, Судот забележал дека членот 61 од Законот за парнична постапка му обезбедува можност на жалителот, како странка во постапката, да побара од Врховниот суд да назначи друг надлежен суд за случајот. Тој правен лек му бил директно достапен(види, спротивно на тоа: Mitrov , цитиран погоре,§ 42) и со оглед на домашната практика која преовладувала во тоа време кога Основниот суд го разгледувал случајот на жалителот, му биле понудени разумни изгледи за успех. Жалителот ниту навел некакви причини за да фрли сомнеж врз ефективноста на правниот лек предвиден со членот 61 од Законот за парнична постапка, ниту, пак, понудил некакви причини за да го оправда тоа што не го искористил истиот. Оттука, не успеал да докаже дека правниот лек од некоја причина бил несоодветен и неефективен во дадените околности на случајот или дека постоеле посебни околности кои го ослободувале од овој услов(види: Vučković and Others , цитиран погоре,§ 77). Во овие околности, Судот сметал дека жалителот не успеал да ги исцрпи домашните правни средства во однос на неговата жалба под оваа точка и ја одбил жалбата во овој дел согласно член 35, став 1 и 4 од Конвенцијата за неисцрпување на домашните правни средства. Недопуштеност на жалбените наводи според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводите за недостаток на непристрасност на Апелациониот суд) поради очигледна неоснованост(сомнежите на жалителот во однос на непристрасноста не може да се сметаат за објективно оправдани во околностите на случајот) 160 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур а. Релевантни принципи Релевантните принципи од Конвенцијата се резимирани во пресудата донесена во однос на случајот Morice (види: Morice v. France [GC], no. 29369/10,§§ 73-78, 23 April 2015, with further references). Според Судот, по правило, непристрасноста означува отсуство на предрасуди или пристрасност, и нејзиното постоење или непостоење може да биде тестирано на различни начини. Според утврдената судска практика, постоењето на непристрасност во смисла на членот 6, став 1 мора да се утврди во согласност со субјективниот тест, каде што мора да се има предвид личното убедување и однесувањето на одреден судија, односно дали судијата имал какви било лични предрасуди или пристрасност во даден случај; и исто така, според објективниот тест, односно со утврдување дали самиот трибунал и, меѓу другите аспекти, неговиот состав, нуделе доволно гаранции за да се исклучи секакво оправдано сомневање во однос на неговата непристрасност. б. Образложение Од субјективниот тест, Судот забележал дека мора да се претпостави постоење на лична непристрасност на еден судија додека не се докаже спротивното(види: Kyprianou v. Cyprus [GC], no. 73797/01,§ 119, ECHR 2005-XIII и Micaleff v. Malta [GC], no. 17056/06,§ 94, ECHR 2009). Во конкретниот случај Судот сметал дека жалителот не приложил никакви докази за личната пристрасност на тричлениот судски совет на Апелациониот суд. Според тоа, сметал дека случајот мора да се истражи од аспект на објективниот тест за непристрасност. Поточно, Судот мора да се осврне на прашањето дали сомнежите на жалителот кои потекнуваат од специфичните околности може да се сметаат за објективно оправдани во околностите на случајот. Судот забележал дека жалителот не се спротивставил на тврдењето на Владата дека ниту еден од двајцата судии кои биле поранешни колеги на А. Л. не биле во состав на тричлениот судски совет кој решавал по неговата жалба. Со оглед на ова и имајќи ја предвид изолираноста на каква било поврзаност помеѓу тричлениот совет и тужениот во текот на постапката, односно судијата А. Л., Судот сметал дека стравовите на жалителот за непристрасноста на Апелациониот суд не биле објективно оправдани во конкретниот случај. Од овие причини, Судот сметал дека овој жалбен навод е очигледно неоснован и мора да биде отфрлен во согласност со членот 35, став 3(а) и став 4 од Конвенцијата. 11.  ФЕРАТИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 715 → Недопуштеност на жалбата поради непочитување на рокот од шест 716 месеци(кога жалителот го застапува адвокат, рокот од шест месеци почнува да тече од датумот на кој адвокатот на жалителот станал свесен за конечната одлука) 715  Ferati v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 21891/13, 12 June 2018. 716  Како што веќе претходно беше споменато, со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата на 1 август 2021 година, рокот од шест месеци предвиден во член 35(1) од Конвенцијата беше намален на четири месеци. Притоа, општите принципи во судската практика на ЕСЧП во однос на функционирањето на поранешното правило на шест месеци остануваат валидни и во однос на функционирањето на новиот временски рок од четири месеци. Конкретниот случај е разгледуван кога сè уште било во сила правилото на шест месеци. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 161 Кратко резиме на случајот Жалителот бил сточар чија стока била заклана од страна на државните власти поради шап и лигавка, по што повел граѓанска постапка за надомест на штета пред надлежните домашни судови. Конечната одлука била донесена од страна на Врховниот суд на 12 април 2012 година, со која Врховниот суд ги преиначил пресудите на пониските судови и во целост го одбил барањето на жалителот. Незадоволен од исходот, жалителот се жалел до ЕСЧП дека неговите права загарантирани со член 6 од Конвенцијата и член 1 од Протоколот 1 кон Конвенцијата биле повредени во постапката за надомест на штета пред домашните судови. Според доставница, конечната одлука донесена од страна на Врховниот суд во постапката пред домашните судови му била доставена на Н. Т., адвокат кој го застапувал жалителот во постапката, на 29 мај 2012 година. Владата тврдела дека жалителот, исто така, бил застапуван од втор адвокат, А. А. Според доставница поднесена како доказ, А. А. ја примил пресудата на 28 мај 2012 година. Жалителот изјавил дека оваа пресуда му била доставена на крајот од ноември 2012 година. Како поткрепа не биле поднесени никакви докази. Застапникот на жалителот пред ЕСЧП извршил увид во предметот на 27 февруари 2013 година, а жалбата до Судот во Стразбур била поднесена на 22 март 2013 година. Жалителот не го повлекол полномошното од ниту еден од застапниците. Жалбата е прогласена за недопуштена поради непочитување на рокот од шест месеци. Недопуштеност на жалбата поради непочитување на рокот од шест месеци(кога жалителот го застапува адвокат, рокот од шест месеци почнува да тече од датумот на кој адвокатот на жалителот станал свесен за конечната одлука) а. Релевантни принципи Шестмесечниот период за поднесување на жалба до Судот почнува да истекува од датумот на кој е доставена конечната одлука(види, на пример: Jovanoski v. the Republic of Macedonia , no. 31731/03,§ 19, 7 January 2010). Во ситуација кога жалителот го застапува адвокат, шестмесечниот период почнува да истекува од датумот на кој адвокатот на жалителот станал свесен за конечната одлука во процесот на исцрпување на домашните правни средства, без оглед на фактот што жалителот станал свесен за истата подоцна(види: Çelik v. Turkey(dec.), no. 52991/99, ECHR 2004-X, with further references). б. Образложение Судот забележал дека, во оспорената постапка, жалителот бил застапуван од Н. Т. и А. А., двајца адвокати кои самиот ги избрал. Жалителот не приложил никаков доказ дека тие повеќе не го застапувале додека постапката била во тек пред Врховниот суд. Според тоа, шестмесечниот период во однос на жалителот почнал да истекува од 29 мај 2012 година, денот по датумот на кој пресудата од Врховниот суд му била доставена на А. А., што било поткрепено со доставницата. Жалителот ја поднел својата жалба пред Судот на 22 март 2013 година, што е повеќе од шест месеци подоцна. Фактот дека самиот жалител можеби дознал за пресудата на Врховниот суд во ноември 2012 година, не е релевантен. Од овие причини, Судот сметал дека жалбата била поднесена надвор од предвидениот рок и мора да се отфрли во согласност со член 35, став 1 и 4 од Конвенцијата. 162 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур ЗАЕДНИЦА И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 717 → Недопуштеност на жалбата(во однос на првиот и вториот жалител) како неспоива ratione personae поради недостиг на статус на жртва → Допуштеност на жалбените наводи според член 9 и член 11 од Конвенцијата(во однос на постапката за признавање на верското здружение), со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд не претставува достапно и ефективно правно средство кое треба да се искористи во околностите на случајот) → Недопуштеност на жалбениот навод според член 6 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа) како очигледно неоснован(не е неопходно одржување на усна расправа во конкретниот случај) Кратко резиме на случајот Во овој случај Судот споил три жалби поднесени од страна на Бекташиската заедница („здружението жалител“), верско здружение кое не е признаено на национално ниво, г. Е. Б.(„првиот жалител“) и г. A. С.(„вториот жалител“). Првиот жалител е верски проповеденик и член на здружението жалител, а воедно е носител на највисоката позиција во хиерархијата на заедницата. Вториот жалител е член и претставник на здружението жалител. Настаните во врска со постапките за признавање на правниот субјективитет на здружението жалител пред домашните органи се одвивале во период од 1997-2012 година. На 31 јули 1997 година, во сила влегол Законот за верските заедници и религиозните групи, кој го заменил Законот за правната положба на верските заедници од 1977 година и предвидел дека Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи ќе биде одговорна за прашањата, кои дотогаш биле во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Комисијата потоа побарала од здружението жалител да поднесе копија од пријавата за упис во регистарот на Министерството и потврда за постојано пријавување, за да може да ги пренесе во својот регистар верските заедници и религиозните групи кои бие пријавени во Министерството за внатрешни работи. Откако здружението жалител доставило документација до Комисијата, на 23 јуни 2000 година Комисијата издала потврда, која сведочела дека на 13 јуни 2000 година здружението жалител поднело пријава во согласност со Законот за верските заедници и религиозните групи од 1997 година и каде било наведенo дека:„…бидејќи се исполнети законските услови, Бекташиската заедница на Република Македонија е пријавена.“ Исто така, меѓу другото, со писмо од 13 јуни 2002 година испратено до судечкиот суд во врска со друга постапка, Комисијата потврдила дека „Бекташиската заедница на Република Македонија[била] регистрирана...“. На 28 септември 2007 година, во сила влегол Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група, кој го определил Основниот суд во Скопје(„регистрациониот суд“) да биде надлежен за водење на Единствениот судски регистар на: црквите, верските заедници и религиозните групи. Законот, исто така, предвидел дека Комисијата 717  Bektashi Community and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , nos. 48044/10 and 2 others, 12 April 2018. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 163 ќе ги пренесе податоците за сите религиозни и верски правни субјекти запишани во нејзиниот регистар во судскиот регистар. Сите религиозни организации регистрирани од страна на Комисијата до 1998 година можеле да го задржат постојниот правен субјективитет и статус. Комисијата го известила здружението жалител дека таа била надлежна да ги пренесе во судскиот регистар само податоците за постојните религиозни и верски правни субјекти регистрирани до 1998 година, а имајќи предвид дека била известена за здружението жалител дури во 2000 година, тоа требало да поднесе барање за пререгистрација во Единствениот судски регистар во согласност со Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група од 2007 година. На 4 јуни 2009 година, здружението жалител побарало регистрациониот суд да му го признае континуираниот правен субјективитет и да го запише во судскиот регистар. На 2 октомври 2009 година, регистрациониот суд го одбил барањето на здруженето жалител. Меѓу другото, судот констатирал дека здружението жалител никогаш не било регистрирано од страна на Комисијата, било пред 1998 година, како што предвидувал член 35, став 2 од Законот од 2007 година, било до влегувањето во сила на Законот од 2007 година. Здружението жалител било само пријавено кај Комисијата во 2000 година. Последователно, Комисијата не била должна, согласно член 35, став 1 од Законот од 2007 година, да ги пренесе податоците запишани во нејзиниот регистар во регистрациониот суд. Ваквото барање се однесувало само на регистрираните религиозни организации, но не и на субјектите кои биле само пријавени во Комисијата. Судот заклучил дека здружението жалител никогаш не се стекнало со правен статус кој барал да му биде признаен во барањето. На 18 февруари 2010 година, Апелациониот суд ја одбил жалбата од здружението жалител и ја потврдил утврдената фактичка состојба и образложението на регистрациониот суд. На 22 ноември 2010 година, здружението жалител поднело барање за регистрација во судскиот регистар на„Бекташиската верска заедница на Република Македонија“. На 20 декември 2010 година, судот одбил да го регистрира здружението жалител. Апелациониот суд, пред кој здружението жалител побарало одржување на усна расправа, по жалба ја укинал споменатата првостепена одлука на нејавна седница на 14 април 2011 година и ја вратил на повторно одлучување, по што регистрациониот суд повторно го одбил барањето за регистрација со одлука од 27 мај 2011 година. Конечната одлука која била донесена во рамките на оваа постапка за[нова] регистрација е одлуката на Апелациониот суд од 17 ноември 2011 година. Притоа, здружението жалител повторно неуспешно побарало одржување на усна расправа пред Апелациониот суд. Имено, на нејавна седница одржана на 17 ноември 2011 година, Апелациониот суд ја одбил жалбата на здружението жалител и ја потврдил првостепената одлука од 27 мај 2011 година, со која регистрациониот суд повторно одбил да го регистрира здружението жалител, затоа што предложеното име го содржело поимот„Бекташиска“, а истиот назив бил содржан во името на регистриран верски субјект, односно во називот на„Ехлибејтската бекташиска религиозна група на Македонија“, регистрирана во судскиот регистар на 10 септември 2010 година. Во оваа смисла, првостепениот суд констатирал дека„постојниот закон не овозможувал регистрирање на нов верски субјект со име кое веќе било внесено во регистарот за друг регистриран верски субјект“. Покрај тоа, неговите извори на учење не биле различни од изворите на учење на Исламската верска заедница, која постоела со векови и која била регистрирана во судскиот регистар на 14 ноември 2008 година. Апелациониот суд зазел став дека иако предложеното име на здружението жалител не било во целост идентично со името на„Ехлибејтската бекташиска религиозна група на Македонија“, тоа сепак го содржело поимот „Бекташиска“, што било„одлучувачко и претставувало синоним за верски субјект“. По164 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур следователно, регистрацијата на здружението жалител би можела да создаде конфузија помеѓу верниците. Понатаму, на 20 февруари 2012 година, здружението жалител и вториот жалител(и две други физички лица) поднеле барање за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд со наводи дека биле дискриминирани спротивно на член 110, алинеја 3 од Уставот. Тие ја прикажале генезата на настани и ги повториле наводите содржани во жалбата против судската одлука од 27 мај 2011 година. Имено, тие се жалеле дека употребата на поимот„Бекташиска“ не може да биде ексклузивитет(исто како и употребата на поимот „христијанска“ и„исламска“). Покрај тоа, регистрацијата на„Ехлибејтската бекташиска религиозна група на Македонија“ имплицирала дека домашните институции прифатиле дека изворите на учење на оваа религиозна група биле идентични со изворите на учење на Исламската верска заедница. Тие побарале Уставниот суд да одржи јавна расправа во согласност со член 55 од Деловникот на Уставниот суд. На расправата одржана на 20 ноември 2012 година, во отсуство на странките во постапката, Уставниот суд го одбил барањето за заштита на слободите и правата. Уставниот суд оценил дека со одбивањето на регистрацијата на Бектешиската верска заедница не е повредена слободата на вероисповест на[жалителите], ниту, пак, е сторена дискриминација спрема нив по верска основа.“ Жалителите потоа се жалеле пред ЕСЧП дека домашните судови одбиле да му дозволат на здружението жалител да го задржи статусот на верска организација и да ја дозволат неговата пререгистрација, како и дека последователно одбиле нова регистрација. Тие, исто така, се жалеле дека во спорната постапка не била одржана усна расправа. Во оваа смисла, тие се жалеле на наводни повреди на членовите: 6, 9, 11 и 14 од Конвенцијата. ЕСЧП сметал дека жалбените наводи на жалителите треба да се разгледуваат од аспект на членот 11 од Конвенцијата читан во светло на член 9 од Конвенцијата, бидејќи централното прашање е одбивањето државата да го признае здружението жалител како религиозен(правен) субјект и неговата неможност за соодветно колективно делување во религиозната сфера(види:„ Orthodox Ohrid Archdiocese, Greek-Orthodox Ohrid Archdiocese of the Peć Patriarchy “ v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 3532/07,§ 61, 16 November 2017, and the references cited therein –„Случајот OOA “). Според Судот, жалбените наводи на жалителите, всушност, се засновале на две засебни одлуки со кои националните органи одбиле да го признаат правниот субјективитет на здружението жалител: од една страна, одбивањето на органите за пререгистрација на здружението согласно преодните одредби од Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група од 2007 година, со цел признавање и обезбедување на континуитетот на правниот статус на здружението жалител(постапка за признавање), и од друга страна, нивното последователно одбивање за нова регистрација согласно општите правила(член 12) од Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група од 2007 година(постапка за регистрација). ЕСЧП ги разгледал двете одлуки заедно, имајќи предвид дека тие се тесно поврзани(постапката за[нова] регистрација била последица од исходот на постапката за признавање). Судот за допуштени ги прогласил наводите на здружението жалител во однос на членовите: 9, 11 и 14 од Конвенцијата, а остатокот од жалбените наводи ги прогласил за недопуштени. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 165 Имено, Судот ја прогласил жалбата за недопуштена(во однос на првиот и вториот жалител) како неспоива ratione personae поради недостиг на статус на жртва. За недопуштен бил прогласен и жалбениот навод според член 6 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа) како очигледно недопуштен, со оглед на тоа што во конкретниот случај не било неопходно одржување на усна расправа. Жалбениот навод според член 9 и член 11 од Конвенцијата(во однос на постапката за признавање) е прогласен за допуштен, откако бил одбиен приговорот на Владата за недопуштеност на жалбениот навод поради неисцрпување на домашните правни средства, конкретно барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд, со оглед на тоа што не претставува достапно и ефективно правно средство во околностите на случајот. Во овој случај, Судот констатирал повреда на член 11 во светло на член 9 од Конвенцијата во однос на здружението жалител. Сметал дека нема потреба да се испитува жалбата на здружението жалител согласно член 14 од Конвенцијата. Недопуштеност на жалбата(во однос на првиот и вториот жалител) како неспоива ratione personae поради недостиг на статус на жртва а. Релевантни принципи Судот може да прима жалби само од лица кои се сметаат за жртви на повреда на правата предвидени во Конвенцијата. Во спротивно, жалбата ќе биде прогласена за недопуштена како неспоива ratione personae со одредбите на Конвенцијата. б. Образложение Судот забележал дека здружението жалител било единствената странка во постапката за признавање и регистрација. Националните органи, вклучително и Уставниот суд, прифатиле дека тоа ја има потребната активна легитимација. Само во постапката по барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд, вториот жалител се жалел во сопствено име. Во отсуство на каква било индикација дека здружението жалител нема легитимација да поднесе жалба пред Судот, тој сметал дека индивидуалните жалители не можеле да тврдат дека самите се жртви на повредата која произлегува од одбивањето на домашните органи за пререгистрација, што имало ефект само во однос на здружението жалител(види: Jehovah’s Witnesses of Moscow v. Russia , бр. 302/02,§ 168, 10 June 2010 и Church of Scientology Moscow and others v. Russia (dec.), бр. 18147/02, 28 October 2004). Сличен бил ставот и во однос на постапката за регистрација. Имајќи го предвид фактот дека основното прашање пред Судот е одбивањето на домашните органи да го признаат здружението жалител како религиозен(правен) субјект и како последица на тоа наводната повреда на правата од членовите: 9, 11 и 14 од Конвенцијата, интересот на индивидуалните жалители би бил, во секој случај, доволно обезбеден со одлука во случајот во врска со здружението жалител. Од овие причини, жалбата, во делот во кој се однесува на првиот и вториот жалител, е неспоива ratione personae со одредбите на Конвенцијата во смисла на член 35, став 3(a) и е отфрлена во согласност со член 35, став 4. 166 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Допуштеност на жалбените наводи според член 9 и член 11 од Конвенцијата(во однос на постапката за признавање на верското здружение), со оглед на тоа што се исцрпени домашните правни средства(барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд не претставува достапно и ефективно правно средство кое треба да се искористи во околностите на случајот) а. Релевантни принципи Релевантните принципи на Конвенцијата се сумирани во пресудата на Судот во случајот Vučković and Others v. Serbia (preliminary objection)[GC], бр. 17153/11 и 29 others,§§ 69-77, 25 March 2014). Особено,„обврската за исцрпување“ бара од жалителот нормално да ги искористи правните средства кои се достапни и доволни во однос на неговите жалбени наводи согласно Конвенцијата. Постоењето на предметните правни средства мора да е доволно сигурно не само во теорија, туку и во практика, во спротивно тие ќе ја немаат потребната достапност и ефективност. Неопхoдно е Владата која тврди дека има неискористување на домашни правни лекови да го увери Судот дека станува збор за ефективен правен лек, достапен како во теорија, така и во практика во релевантно време. Кога ваквиот товар на докажување ќе биде задоволен, товарот преоѓа на жалителот кој треба да докаже дека правниот лек кој го сугерира Владата во суштина бил искористен, или поради некоја причина бил неадекватен и неефективен во конкретните осколности на случајот, или дека постоеле посебни околности кои го ослободувале од таквата обврска(ibid.,§§ 71 и 77). б. Образложение Судот ги одбил приговорите на Владата дека жалителите не ги искористиле домашните правни лекови во делот којшто се однесува на постапката на признавање на здружението, поради тоа што не поднеле барање за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд. Судот констатирал дека суштината на наводите на здружението жалител во однос на постапката за признавање е дека домашните судови пропуштиле да го признаат, по влегувањето во сила на Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група од 2007 година, неговиот статус на верски субјект што го уживало согласно законодавството кое претходно било во сила. Оттука, основната повреда е дека од овие причини тоа не можело да го зачува таквиот статус заради колективно делување во сферата на религиозниот живот. Согласно претходно наведеното, Судот испитал дали барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд би било ефективно правно средство кое здружението жалител требало да го искористи во однос на примената на правните одредби, кои спречуваат верско здружение да го задржи таквиот статус, освен во случај доколку било регистрирано најмалку десет години пред влегувањето во сила на Законот за правната положба на: црква, верска заедница и религиозна група од 2007 година. Во случајот ООА, Судот изразил загриженост во однос на тоа дали„било кој друг(освен политичкиот) аспект на слободата на здружување, вклучително и верскиот аспект, биле во надлежност на Уставниот суд“(види:„ Orthodox Ohrid Archdiocese(Greek-Orthodox Ohrid Archdiocese of the Peć Patriarchy “ ) v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , цитиран погоре,§ 71). Исто така, забележал практика на Уставниот суд во периодот од 2009 до 2010, во времето кога била завршена постапката за признавање, на одбивање на надлежност да одлучува по барања поднесени од здруженија или организации преку кои индивидуалните членови дејствувале колективно во област од заеднички интерес(ibid.,§ 70). Слично, Уставниот суд одбил барања за заштита на слободите и правата, поднесени од поединци III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 167 во нивно име и во име на нерегистрирани верски здруженија со кои биле поврзани. Притоа, тој навел дека„нема надлежност да одлучува за правата и интересите на граѓаните во конкретни случаи пред управните и судските органи...“; дека„[тој] не може да одлучува за барањата за заштита на човековите права и слободи во врска со конкретни правосилни одлуки на надлежните органи“; и дека„[оценката на] примената на законот од страна на регистрациониот суд... е надвор од неговата надлежност“(види: ibid.,§§ 20, 21, 36 и 55). Конечно, Судот забележал дека сите овие предмети се однесувале на постапки за регистрација во кои надлежните органи одбиле да регистрираат новоформирани верски здруженија. Покрај тоа, Владата не презентирала ниту еден пример на домашна судска практика во поддршка на нејзиното становиште дека барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд било достапно и ефективно правно средство во конкретниот случај. Следствено, Судот го отфрлил приговорот на Владата за неискористување на правен лек. Недопуштеност на жалбениот навод според член 6 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа) како очигледно неоснован(не е неопходно одржување на усна расправа во конкретниот случај) а. Релевантни принципи Во принцип, граѓанскиот аспект на член 6 се применува на постапките во врска со регистрацијата на здруженија со кои тие добиваат правен субјективитет. До овој степен, член 6 се применува во најмала рака на постапката за регистрација во однос на која жалителите се жалат(види: Religionsgemeinschaft der Zeugen Jehovas and Others , no. 40825/98, 31 July 2008, §§ 107 и 108). Правото на„јавна расправа“ од членот 6, став 1 задолжително имплицира право на„усна расправа“. Според тоа, освен во случај на постоење на исклучителни околности кои го оправдуваат отсуството на расправа, правото на јавна расправа од членот 6, став 1 имплицира право на усна расправа најмалку пред една инстанца. Отсуството на расправа доаѓа предвид само во случај доколку странката во постапката недвосмислено се откаже од таквото право и доколку не постојат прашања од јавен интерес кои ја прават расправата неопходна. Откажувањето може да се направи експлицитно или премолчено, во вториот случај на пример со воздржување од поднесување или одржување на барање за расправа(види: Juričić v. Croatia , no. 58222/09,§ 87, 26 July 2011). На пример, расправа не мора да биде неопходна кога случајот не покренува фактички или правни прашања кои не можат да бидат соодветно решени врз основа на списите во предметот и писмените поднесоци на странките(види: Meimanis v. Latvia , no. 70597/11,§ 49, 21 July 2015, и Keskinen and Veljekset Keskinen Oy v. Finland , no. 34721/09,§§ 31 и 33, 5 June 2012). Во врска со ова, треба да се потенцира дека членот 6 од Конвенцијата не го гарантира правото на лично присуство пред граѓанскиот суд, туку го гарантира повеќе општото право секому, да го презентира ефективно својот случај пред суд (види: Margaretić v. Croatia , no. 16115/13,§ 127, 5 June 2014). б. Образложение Дури и под претпоставка дека членот 6 е применлив на постапката за признавање на правниот континуитет, Судот констатирал дека во таа постапка, здружениeто жалител не побарало одржување на усна расправа, ниту пред регистрациониот суд, ниту 168 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур пред Апелациониот суд. Оттука, Судот заклучил дека тоа недвосмислено значи дека здружението недвосмислено се одрекло од правото на расправа во таа постапка. Во однос на постапката за регистрација, здружението жалител не побарало одржување на усна расправа пред регистрациониот суд и покрај тоа што судот одлучувал по предметот во два наврата. Во постапките кои следеле, барањата на здружението жалител за одржување на усна расправа пред Апелациониот суд и Уставниот суд, биле безуспешни, па Судот од овие причини сметал дека треба да испита и оцени дали постоеле исклучителни околности кои го оправдуваат отсуството на усна расправа. Во врска со ова, Судот најпрво потенцирал дека спорното мешање[во слободата на здружување согласно член 11, а во светло на слободата на вероисповест согласно член 9 од Конвенцијата] не го поминало„тестот на неопходност“ поради неуспехот на домашните судови да дадат релевантни и доволни причини за нивните одлуки. Судот го прифaтил аргументот на Владата дека таквиот пропуст се однесувал исклучиво на правни прашања, односно на примена на правото на фактите на случајот кои биле неспорни помеѓу страните во постапката. Покрај тоа, ништо не сугерирало дека постоела каква било потреба која би барала здружението жалител да објаснува какво било лично искуство на расправа (види, спротивно: Selmani and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 67259/14,§ 41, 9 February 2017), па Судот сметал дека засегнатите правни прашања не барале одржување на усна расправа и дека писмената постапка, која била применета во конкретниот случај, му обезбедила на здружението жалител можност ефективно да ги изнесе своите аргументи. Оттука, Судот заклучил дека не било неопходно одржување на усна расправа во конкретниот случај. Во овие околности, Судот го прогласил овој жалбен навод за очигледно неоснован и го отфрлил во согласност со член 35, став 3(a) и 4 од Конвенцијата. 13.  ЈОВАНОВСКА И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 718 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на долго траење на постапката) заради непостоење на значителна штета Кратко резиме на случајот Во овој случај Судот споил две жалби чиј предмет е прекумерната должина на оспорената постапка, имајќи ја предвид нивната слична фактичка и правна основа. Жалителите(вкупно 553), поранешни вработени во друштво кое било во стечај, заедно со други поранешни вработени во друштвото во стечај, презеле дел од побарувањето на друштвото Б. во однос на друштвото Н., што изнесувало 1.466.143 македонски денари (приближно 24.000 евра). Оваа сума вклучувала: заостанати плати, неплатени социјални придонеси и судски трошоци. Жалителите ја продолжиле започнатата граѓанска постапка за долг на друштвото Б. против друштвото Н. Вкупната бројка на поранешните вработени во друштвото кое било во стечај(„барателите“), вклучувајќи ги и жалителите, била 739. Секој индивидуално побарувал сума од 1.960 денари(приближно 32 евра), од кои 1.080 денари(приближно 18 евра) претставувале заостанати плати. По три повторувања, Основниот суд ја запрел постапката, бидејќи друштвото Н. престанало да постои, а Апелациониот суд ја потврдил оваа одлука. Барателите поднеле барање за заштита на право718  Jovanovska and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 14001/13 and 22883/14, 14 November 2017. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 169 то на судење во разумен рок до Врховниот суд. Врховниот суд го прифатил барањето на барателите кои се жалеле на должината на постапката и им досудил определен износ во однос на нематеријална штета. Жалителите потоа се жалеле до ЕСЧП според членот 6, став 1 од Конвенцијата за предолгото траење на постапката и тврделе дека доделените износи од страна на Врховниот суд се премногу ниски. Жалбите се прогласени за недопуштени поради непостоење на значителна штета. Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на долго траење на постапката) поради непостоење на значителна штета а. Релевантни принципи Критериумот„значителна штета“ се применува кога, независно од можна повреда на правото од чисто правна гледна точка, степенот на штетата не гарантира разгледување од меѓународен суд(види: Adrian Mihai Ionescu v. Romania (dec), no. 36659/04, 1 June 2010; Korolev v. Russia (dec.), no. 25551/05, 1 July 2010; и Gaftoniuc v. Romania (dec.), no. 30934/05, 22 February 2011). Степенот на штетата мора да биде проценет во смисла на финансиското влијание на спорното прашање и важноста на случајот за жалителот(види: Burov v. Moldova (dec.), no. 38875/03,§ 25, 14 June 2011). Гаранцијата предвидена со членот 35, став 3(б) бара Судот секако да го испита случајот доколку тоа е потребно заради почитувањето на човековите права. Ова ќе се применува кога случајот покренува прашања од општ карактер што влијаат врз почитувањето на Конвенцијата, на пример, дали постои потреба да се разјасни обврската на тужената држава според Конвенцијата или да се поттикне тужената држава да го реши структурниот недостаток(види: Zwinkels v. the Netherlands (dec.), no. 16593/10,§ 28, 9 October 2012). 719 б. Образложение Според Судот, имајќи предвид дека случајот се однесува на граѓанска постапка во која 739 баратели, вклучувајќи ги и жалителите, барале исплата на долг во вкупен износ од 1.466.143 денари, произлегува дека вредноста на спорот за секој барател индивидуално изнесувала 1.980 денари(приближно 32 евра). Во овие околности, Судот сметал дека сумата која секој жалител ја побарувал не би имала значително влијание на нивниот приватен живот, без оглед на финансиската состојба на жалителите во тоа време (види: Burov , цитиран погоре,§ 27 и Spasić v. Serbia (dec.), no. 21477/13, 3 February 2015). Разгледувајќи го прашањето дали испитувањето на случајот е потребно заради почитувањето на човековите права, Судот забележал дека проблемот со прекумерната должина на постапката во тужената држава се разгледувал во повеќе наврати во неговите пресуди(види: Dumanovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 13898/02, 8 December 2005; Nankov v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 26541/02, 29 November 719  Како што беше погоре споменато, до влегувањето во сила на Протокол 15 кон ЕКЧП на 1 август 2021 година, членот 35 став 3(б) предвидуваше уште една заштитна одредба, покрај одредбата дека Судот не може да ја прогласи за недопуштена жалбата кога жалителот не претрпел значителна штета, во случај кога почитувањето на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата или нејзините протоколи, бара разгледување на жалбата според основаноста. Имено, членот 35 став 3(б), исто така, предвидуваше дека една жалба не може да биде отфрлена по основ на„непостоење на значителна штета“, доколку случајот не бил соодветно разгледан од страна на домашниот суд. Оваа заштитна одредба е укината со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон ЕКЧП на 1 август 2021 година. 170 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 2007 ; Savov and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 12582/03, 25 September 2008; и Rizova v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 41228/02, 6 July 2006). Според тоа, Судот утврдил дека испитувањето на конкретните жалби во поглед на основаноста нема да донесе нов елемент во постоечката судска практика на Судот. Следствено, Судот заклучил дека почитувањето на човековите права како што е дефинирано во Конвенцијата и нејзините протоколи не бара мериторно испитување на жалбите. Со оглед на тоа што Протоколот 15 кон Конвенцијата сè уште не бил во сила во времето кога бил разгледуван конкретниот случај, Судот, исто така, го разгледал и прашањето дали предметот бил соодветно разгледан од страна на домашниот суд 720 и заклучил дека конкретните жалби биле соодветно разгледани од домашен суд, во согласност со значењето на членот 35, став 3(б) од Конвенцијата. Во овие околности, со оглед на тоа што биле исполнети условите на критериумот за значителноста на штетата, Судот ги прогласил жалбите за недопуштени според членот 35, став 3(б) и 4 од Конвенцијата. 14.  ЗИБЕРИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 721 → Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводи за недостаток на непристрасност на вештаците) поради очигледна неоснованост (не е прекршен принципот„еднаквост на оружјето“). Кратка содржина Случајот започнал со поднесување на шест одделни жалби, од страна на шест жалители, кои Судот одлучил да ги спои, со оглед на тоа што произлегувале од настаните поврзани со полициската операција„Планинска бура“, која се одвивала на 7 ноември 2007 година во селото Бродец. Целта на операцијата била апсење на група осомничени терористи. За време на интервенцијата, дошло до вооружена престрелка помеѓу полицијата и осомничените, при што неколку лица биле убиени. Настанот добил голем медиумски публицитет и набргу станал предмет на јавна дебата и политички интерес. Во текот на полициската акција, шесте жалители биле приведени, по што против нив било покренато обвинение за: учество во терористичка организација и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи. Според обвинението, жалителите биле дел од организирана група чија цел била предизвикување несигурност кај граѓаните и загрозување на уставниот поредок на државата. Увидот бил документиран со видеоснимка, која подоцна била презентирана како доказ во кривичната постапка против жалителите. При увидот на лице место, извршен од истражен судија, било пронајдено значително количество оружје. Истражниот судија наредил криминалистичко вештачење од Бирото за криминалистичка техника при Министерството за внатрешни работи („МВР“), со цел да се утврди видот и потеклото на оружјето, како и присуството на барутни честички на облеката и телата на приведените. 720  Ibid . 721  Ziberi and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 52874/10 and 5 others, 23 May 2017. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 171 Жалителите дале различни изјави за настаните. Некои од нив негирале каква било вмешаност во престрелката, тврдејќи дека биле на друго место или се криеле во подрум. Други одбиле да дадат изјава, додека еден жалител првично признал дека пукал на полицијата, но подоцна ја изменил својата изјава. Вештите лица коишто ги извршиле анализите биле вкрстено испитани на главната расправа од страна на одбраната, којашто ги оспорила нивните заклучоци и професионалната објективност. За време на главната расправа пред првостепениот суд, одбраната побарала исклучување на сите докази обезбедени од МВР, вклучително и вештачењата, со образложение дека биле добиени со повреда на човековите права и без независност. Судот го одбил барањето, наведувајќи дека вештачењата биле изготвени врз основа на судска наредба и дека истражниот судија и јавниот обвинител биле присутни при собирањето на доказите. Покрај тоа, судот утврдил дека методологијата на вештачењето(анализата на нитратни честички со„парафинска ракавица“) била, иако застарена, сепак доволно релевантна за да биде прифатена, особено бидејќи резултатите биле поддржани и од други докази. Дополнително, одбраната предложила ново вештачење од независна институција, но барањето било одбиено од судот со образложение дека примероците веќе биле искористени и не може да се вратат во првобитна состојба. Судењето завршило со осудителна пресуда – пет од жалителите биле осудени на по 10 години затвор, а еден на 12 години. Судот се повикал на целокупниот доказен материјал, вклучително и: вештачењата, исказите на полициски службеници, снимки од увидот и сведочења на самите жалители. Било заклучено дека присуството на нитратни честички на облеката и рацете на жалителите укажува на нивна директна или индиректна поврзаност со употреба на оружје, иако судот напоменал дека пукањето не е неопходен елемент за утврдување на вината за кривичното дело тероризам. Жалителите поднеле жалба до Апелациониот суд, тврдејќи дека судењето не било правично, особено бидејќи клучните докази биле обезбедени од орган што не е независен – Бирото, кое е дел од МВР. Апелациониот суд ја потврдил првостепената пресуда, сметајќи дека вештачењата биле изготвени по судска наредба и дека биле само еден од повеќе докази во предметот. Подоцна, некои од жалителите се обратиле и до Врховниот суд со барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Повторно, аргументите за недостаток на независност на вештаците и потребата за ново вештачење биле одбиени. Врховниот суд истакнал дека вештачењата биле извршени од стручни лица, со научно прифатена методологија, и дека пресудата не се базирала исклучиво на тие докази. Незадоволни од одлуките на домашните судови, жалителите поднеле жалба до ЕСЧП, повикувајќи се на прекршување на член 6, став 1 од Конвенцијата. Тие тврделе дека им биле прекршени правата, бидејќи вештачењата биле извршени од непристрасен и заинтересиран орган – Бирото при Министерството што ја спровело акцијата, а домашните судови дозволиле прифаќање како доказ вештачења изготвени од МВР на кои судовите подоцна се потпреле во нивните пресуди. Тие тврделе дека тоа претставувало повреда на принципот на„еднаквост на оружјата“. Дополнително, го довеле во прашање квалитетот и научната вредност на користената методологија. Жалбата е прогласена за недопуштена како очигледно неоснована, со оглед на тоа што Судот не сметал дека е прекршен принципот„еднаквост на оружјето“. 172 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на наводите за недостаток на непристрасност на вештаците) поради очигледна неоснованост(не е прекршен принципот„еднаквост на оружјето“) а. Релевантни принципи Во случајот: Poletan and Azirovik v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (no. 26711/07, 32786/10 и 34278/10,§ 94, 12 May 2016), Судот утврдил дека назначувањето на вештаци е релевантно при оценувањето дали е испочитуван принципот на„еднаквост на оружјето“. Притоа, самиот факт дека предметните вештаци се вработени во една од страните не е доволен за да се смета дека постапката е неправична. Иако овој факт може да покрене прашање во врска со неутралноста на вештаците, ваквото прашање, иако има одредена важност, не е одлучувачко. Она што е одлучувачко, сепак, е: ставот на вештаците во текот на постапката, начинот на извршување на нивните функции и начинот на кој судиите го оцениле вештиот наод и мислење. При утврдувањето на процедуралната позиција на вештаците и нивната улога во постапката не смее да се изгуби од вид фактот дека мислењето дадено од некој вештак назначен од суд веројатно ќе има значителна тежина во проценката на судот за прашања во рамките на надлежноста на вештакот. Понатаму, барањето за правично судење не му наметнува на судечкиот суд обврска да нареди вештачење или друга истражна мерка само поради тоа што една страна го побарала тоа. Кога одбраната инсистира на сослушување на сведок на суд или земање други докази(како што е, на пример, вештачење), домашните судови треба да одлучат дали е неопходно или препорачливо да го прифатат тој доказ за испитување на главната расправа. Имено, домашниот суд има слобода, во согласност со условите на Конвенцијата, да одбие да повика сведоци предложени од одбраната, на пример доколку судот смета дека нивните докази најверојатно нема да помогнат во утврдувањето на вистината(ibid., § 95, with further references). б. Образложение Според Судот, во конкретниот случај не било спорно дека предметното вештачење било изготвено од страна на вештаци кои биле вработени во Бирото, дел од Министерството што ја покренало кривичната постапка против жалителите. Притоа, како што Судот објаснил во случајот: Poletan and Azirovik (цитиран погоре,§§ 98-99), фактот што именуваните вештаци се припадници на полицијата, кои должат општа обврска за послушност кон извршните органи на државата и обично имаат врски со обвинителството, може да предизвика стравување кај жалителите. Ваквото стравување може да има одредена важност, но не е одлучувачко. Она што е одлучувачко е дали сомненијата покренати од појавите може да се сметаат за објективно оправдани. Имено, според мислењето на Судот, фактот дека вештак е припадник на полицијата само по себе не го оправдува стравувањето дека тој нема да може да биде соодветно непристрасен. Во спротивно, во многу случаи ќе се воведат неприфатливи ограничувања на способноста на судовите да добијат стручни совети од припадниците на полицијата. Понатаму, Судот забележал дека вештаците биле повикани да му помогнат на судот да утврди дали жалителите имале честички од нитрати на нивните тела и облека и дали тие честички претставуваат остатоци од барут. Притоа, при одредувањето на овој конкретен аспект на случајот, наодите на вештаците изгледаат од клучно значење. Сепак, домашниIII.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 173 те судови оцениле дека прашањето дали жалителите навистина пукале не било клучен елемент на предметните кривични дела; и покрај тоа, врз основа на сите расположливи докази, фактот дека жалителите имале остатоци од барут на нив помогнал да се утврди дека сите обвинети активно учествувале во сторувањето на предметните кривични дела. Друго прашање на кое Судот придал особено внимание е фактот дека вештаците дале исказ на главната расправа пред судечкиот суд и на застапниците на жалителите им била дадена можност вкрстено да ги испитаат(спротивно: Duško Ivanovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 10718/05,§ 59, 24 April 2014 и Stoimenov v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 17995/02,§ 42, 5 April 2007). Понатаму, била направена видеоснимка од увидот на лице место спроведен од страна на полицијата, која била презентирана како доказ во постапката. Конечно, увидот бил спроведен во присуство на истражен судија кој, како независен судија, ги наредил вештачењата. Сите овие елементи придонеле Судот да оцени дека биле обезбедени доволно заштитни мерки за да се осигурат ефективните права на жалителите. Во врска со ова, Судот, исто така, забележал дека одбраната на жалителите не обезбедила доказ дека наведените вештаци ги извршиле своите должности на начин кој не бил непристрасен и објективен. Иако жалителите имале можност да обезбедат вакви докази и за време на вкрстеното испитување на вештаците и подоцна за време на жалбената постапка, тие не дале никакви индиции за недостаток на непристрасност или независност, освен укажувајќи на фактот дека вештаците биле вработени во Бирото(спореди: Poletan and Azirovik , цитиран погоре, § 101). Понатаму, осврнувајќи се на методологијата што ја примениле вештаците, Судот забележал дека жалителите ги оспориле методите што ги примениле вештаците за да се утврди присуството на траги од барут на телата и облеката на жалителите, а домашните судови ги земале предвид тие приговори и дале опсежно и доволно образложение за нивно одбивање. Во такви околности, истакнувајќи дека не е задача на Судот да ги цени доказите и да ги толкува фактите во врска со наодите на вештаците, Судот заклучил дека судечкиот суд имал право да постапува по своја сопствена дискреција кога го одбил барањето на жалителите за алтернативно вештачење од независен вештак или институција (ibid.,§ 102). Имајќи го предвид претходно наведеното, Судот не сметал дека назначувањето како вештаци на припадници на Бирото кои истовремено биле вработени во Министерството го прекршило начелото на„еднаквост на оружјето“ или дека резултирало со неправичност на постапката. Следствено, утврдил дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора да биде отфрлен, во согласност со член 35, став 3(а) и 4 од Конвенцијата. 15.  СЕЛМАНИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 722 → Допуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа во постапката пред Уставниот суд) поради постоење на значителна штета 723 (не постојат исклучителни околности со кои може да се оправда неодржувањето на усна расправа) 722  Selmani and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 67259/14, 9 February 2017. 723  Како што беше претходно истакнато, при примената на критериумот за допуштеност во однос на значителноста на претрпената штета, ЕСЧП не е исклучително засегнат со случаи кои се однесуваат на незначителни финансиски износи. Имено, вистинскиот исход на случајот на национално ниво може освен финансиски, да има и други последици. 174 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур → Допуштеност на жалбениот навод според член 10 од Конвенцијата(во однос на oтстранувањето на жалителите од собраниската галерија) како споив ratione personae поради постоење на статус на жртва → Допуштеност на жалбениот навод според член 10(во однос на oтстранувањето на жалителите од собраниската галерија) поради исполнување на обврската за исцрпување на домашните правни средства(граѓанската постапката за надомест на штета; кривичната постапка и управниот спор не претставуваат ефективни правни средства кои треба да се искористат во конкретниот случај) Кратко резиме на случајот Жалители во овој случај се шест акредитирани новинари коишто биле овластени да известуваат од националното Собрание. На 26 декември 2014 година, кога во Собранието се одржувала расправа за Законот за буџет за 2015 година, тие, заедно со други новинари, известувале од галеријата на Собранието. Галеријата се наоѓала над собраниската сала, каде што се наоѓале пратениците во Собранието. Расправата за одобрувањето на државниот буџет привлекла значително внимание во јавноста и медиумите, што се должело на судирот помеѓу опозициските и пратениците на владејачката партија во однос на тоа дали законската процедура е испочитувана. Во текот на расправата, пратениците од опозицијата се приближиле на претседателот на Собранието и почнале да создаваат бучава, меѓу другото, удирајќи на неговата маса. Собраниското обезбедување го извлекло претседателот на Собранието од салата и почнало присилно да ги отстранува пратениците од опозицијата. Други припадници на обезбедувањето влегле во галеријата и почнале да ги отстрануваат жалителите и други новинари. Според Владата, обезбедувањето им укажало на присутните во галеријата дека мора да ја напуштат од безбедносни причини. Жалителите негирале дека им биле објаснети причините за нивното отстранување. Додека некои новинари постапиле во согласност со укажувањето, жалителите одбиле да заминат, бидејќи ситуацијата во салата ескалирала и сметале дека јавноста има право да биде информирана за тоа што се случува. Меѓутоа, обезбедувањето присилно ги отстранило жалителите од галеријата. Владата тврдела дека според официјалната евиденција(од која не била доставена копија), првиот жалител насилно го отстранил беџот за идентификација од еден припадник на обезбедувањето и го повредил во пределот на ногата. Жалителите негирале дека повредиле било кој припадник на обезбедувањето и истакнале дека не бил изготвен официјален документ во врска со: идентитетот на припадникот на обезбедувањето за кој станува збор, природата и сериозноста на повредата или наводниот напаѓач. Владата понатаму тврдела дека на жалителите им било дозволено да ги следат настаните во собраниската сала преку пренос во живо во собраниската сала за прес-конференција и во соседната просторија. Жалителите го оспориле тврдењето на Владата дека имало пренос во живо додека се случувало исфрлањето на пратениците од опозицијата, со оглед на тоа што камерите, наводно, биле свртени кон ѕидовите. Истовремено, пред зградата на Собранието се собрале две спротивставени групи. Според Владата, во овие протести биле повредени неколку лица. Во допис од 28 декември 2014 година упатен до медиумите, претседателот на Собранието, меѓу другото, изјавил дека со оглед на најавите дека опозицијата нема да дозволи да биде усвоен Законот за буџетот и дека ќе има протести и инциденти, побарал, согласно член 43 III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 175 од Законот за Собранието, службата за обезбедување на Собранието да обезбеди нормална работа на седницата, при што истата утврдила дека галеријата треба да се испразни со цел да се избегне инцидент од поширок размер. Дополнително, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) при МВР, во допис од 8 јануари 2015 година, меѓу другото, навел дека во галеријата, освен новинарите, биле присутни неовластени лица кои го нарушувале редот. Било заклучено дека применетите овластувања на органите за спроведување на законот не ги надминале дозволените граници и дека не била употребена прекумерна сила. На 14 јуни 2013 година, претседателот формирал ad hoc комисија за истрага на настаните во Собранието од 24 декември 2012. Комисијата се состоела од петмина национални членови(вклучително и двајца пратеници) и двајца странски набљудувачи од ЕУ. На 26 август 2013 година, комисијата изготвила извештај во кој се истакнало дека поради недостиг на насоки и стратегии за постапување во кризни ситуации, особено со медиумите, новинарите биле отстранети од галеријата, со што биле повредени нивните права на информирање и јавноста во работата на Собранието. Се препорачало Собранието да биде поотворено кон медиумите и да ги следи најдобрите европски практики. Жалителите поднеле барање за заштита на слободите и правата до Уставниот суд, каде навеле дека се повредени нивните права согласно член 10 од ЕКЧП. Изјавиле дека собраниската расправа и настаните во однос на усвојувањето на државниот буџет биле од посебен јавен интерес, а отстранувањето на жалителите од галеријата не било ниту„законско“, ниту„неопходно во едно демократско општество“. Во однос на нужноста на мерките, тие аргументирале дека во критичното време се наоѓале во галеријата и немале контакт со претседателот на Собранието или со пратениците. Според тоа, тие ниту придонеле, ниту можеле да придонесат за нарушувањето на редот во салата. Покрај тоа, тие ги оспориле аргументите на СВКПС при МВР дека имало неовластени лица во галеријата и дека протестите пред собраниската зграда го оправдувале нивното присилно отстранување. Исто така, тие побарале од судот да одржи јавна расправа во согласност со член 55 од Деловникот на Уставниот суд и да утврди повреда на членот 16 од Уставот и членот 10 од Конвенцијата. На седницата одржана на 16 април 2014 година, во отсуство на странките, Уставниот суд ја одбил жалбата на жалителите. Меѓу другото, Уставниот суд констатирал дека отстранувањето на новинарите од галеријата на собраниската сала претставува мешање во нивното право непречено да ја извршуваат својата дејност и да ја информираат јавноста за настан кој бил од големо значење за граѓаните и за кој јавноста имала голем интерес да го следи и да биде известувана. Правниот основ за примената на оспорената мерка бил членот 43 од Законот за Собранието, кој определувал дека посебна собраниска служба е задолжена за одржување на редот во зградата на Собранието и кој го овластувал претседателот на Собранието да одлучува и да донесува мерки за одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и други лица. При оценката на неопходноста на мерката, судот ги зел предвид конкретните(горенаведени) околности на случајот, односно случувањата внатре во собраниската сала за седници, како и немирите и нарушувањата на редот што се одвивале пред зградата на Собранието, при што биле повредени неколку лица. Според Уставниот суд, во конкретните околности, собраниското обезбедување проценило, а во интерес на заштита на новинарите присутни во галеријата, да постапи на начин што истите ќе ги упати на побезбедно место во кое нивните животи не би биле загрозени. 176 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Притоа, ваквата проценка не би требало да се става во корелација со загарантираното право на новинарите да бидат присутни на собраниските седници и да известуваат за настаните чии непосредни сведоци се и самите тие. Впрочем, присутните новинари, повеќето од нив и истиот ден, ги доставиле и објавиле своите извештаи во вечерните изданија на своите медиуми, што укажувало дека не може да стане збор за повреда на слободата на изразување на присутните новинари. Ваквата постапка на безбедносните органи, според оценката на Уставниот суд, била вообичаен начин на постапување во вакви и слични ситуации кога станувало збор за загрозување, односно гарантирање на безбедноста на новинарите при известување од кризни подрачја, демонстрации и други потенцијално опасни настани. Самиот факт што новинарите уште од изутрината на 26 декември 2014 година биле присутни во Собранието и известувале за случувањата, укажувало дека и покрај најавите и очекувањата дека расправата за донесувањето на буџетот ќе се одвива во тензична атмосфера, на новинарите им бил овозможен пристап во зградата на Собранието и во галеријата, со цел да ја информираат јавноста за текот на седницата. Значи, не постоела однапред намера новинарите да бидат попречени во известувањето за седницата. По напуштањето на галеријата, подносителите на жалбата и другите претставници на медиумите имале можност да останат во другите простории во зградата, од каде што можеле да го следат во живо преносот од седницата на собраниската интернет страница и на собранискиот канал на МРТ. Било заклучено дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата, кое го налагала конкретната ситуација на ескалација на безредието во салата, имало за цел истите да ги заштити и да обезбеди ред во салата, а не да ги оневозможи да вршат информирање на јавноста и да им ја ограничи слободата на изразување. Незадоволни од одлуките на домашните власти, новинарите се обратиле до ЕСЧП, жалејќи се согласно членот 6, став 1 од Конвенцијата за неодржувањето на усна расправа во постапката пред Уставниот суд, како и дека нивното отстранување од собраниската галерија претставувало повреда на нивните права согласно член 10 од Конвенцијата. Жалбените наводи се прогласени за допуштени, откако бил одбиен приговорот на Владата за недопуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 поради непостоење на значителна штета(во однос на неодржувањето на усна расправа пред Уставниот суд), како и приговорот на Владата за недопуштеност на жалбениот навод според член 10 како неспоив ratione personae поради недостиг на статус на жртва(во однос на oтстранувањето на жалителите од собраниската галерија). Во овој случај, Судот утврдил дека имало повреда на член 6, став 1 од Конвенцијата поради тоа што Уставниот суд не одржал усна расправа, како и повреда на член 10 од Конвенцијата поради отстранувањето на жалителите од галеријата на Собранието, од страна на собраниското обезбедување. Допуштеност на жалбениот навод според член 6, став 1 од Конвенцијата(во однос на неодржувањето на јавна расправа во постапката пред Уставниот суд) поради постоење на значителна штета 724 (не постојат исклучителни околности со кои може да се оправда неодржувањето на усна расправа) 724  Ibid . III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 177 а. Релевантни принципи Судот нагласил дека во постапка пред суд од прва и единствена инстанца, правото на „јавна расправа“ повлекува право на„усна расправа“ според членот 6, став 1, освен доколку постојат исклучителни околности кои го оправдуваат неодржувањето на таква расправа(види: Göç v. Turkey [GC], no.36590/97,§ 47, ECHR 2002 V). б. Образложение Владата тврделa дека жалителите не претрпеле значителна штета како резултат на неодржувањето на усна и јавна расправа пред Уставниот суд. Според Владата, усната расправа немало да придонесе за утврдување на нова или поинаква фактичка состојба, додека релевантните факти во однос на отстранувањето на жалителите од собраниската галерија биле неспорни помеѓу странките и можеле да се утврдат врз основа на писмените докази приложени кон барањето за заштита на слободите и правата на жалителите. Жалителите го оспориле споменатиот приговор на Владата. Судот сметал дека овој приговор навлегува во сржта на жалбените наводи според овој основ, па од тие причини посоодветно би се разгледал во делот за основаноста. Во секој случај, според Судот, член 55 од Деловникот на Уставниот суд предвидува, по правило, индивидуалните барања за заштита на слободите и правата, поднесени врз основа на член 110, алинеја 3 од Уставот, да се решаваат на јавна расправа во присуство на страните(спротивно: Juričić v. Croatia , no. 58222/09,§§ 25 and 80, 26 July 2011). Владата тврдела дека дискреционо право е на судот да одлучи дали да се одржи усна расправа, како и дека неодржувањето на усна расправа во конкретниот случај било оправдано со посебната улога на Уставниот суд и на специфичната природа на оспорената постапка, која вклучувала исклучиво правни прашања. Таа не се однесувала на какво било прашање во однос на фактите што биле спорни помеѓу страните. Судот истакнал дека случајот на жалителите бил разгледан само пред Уставниот суд, кој делувал како суд од прва и единствена инстанца. Ниту еден друг судски орган не го разгледал случајот пред Уставниот суд(види, обратно: Siegl v. Austria (dec.), no. 36075/97, 8 February 2000; Breierova and Others v. Czech Republic (dec.), no. 57321/00, 8 October 2002; Weh and Weh v. Austria (dec.), no. 38544/97, 4 July 2002 и Novotka v. Slovakia (dec.), no. 74459/01, 8 November 2005). Тоа било надлежност на тој суд и тој бил единственото тело кое одлучувало за мериторноста на случајот(види: Kugler v. Austria , no. 65631/01,§ 50, 14 October 2010). Според Судот, случајот се однесувал на жалбата на жалителите дека со нивното насилно отстранување од галеријата на Собранието било прекршено нивното право на слобода на изразување. Притоа, Судот не сметал дека станувало збор исклучиво за правни прашања, како што било наведено од страна на Владата. Напротив, заклучоците на Уставниот суд во врска со неопходноста и пропорционалноста на оспорената мерка се потпирале на фактички прашања кои било потребно судот да ги утврди. Иако отстранувањето на жалителите од галеријата на Собранието, само по себе, не било спорно помеѓу страните, одлуката на Уставниот суд се темелела на фактите кои жалителите ги оспорувале, а кои биле релевантни за исходот на случајот. Овие прашања не биле ниту технички(види, обратно: Siegl , цитиран погоре), ниту, пак, чисто правни(види, обратно: Zippel v. Germany (dec.), no. 30470/96, 23 October 1997 и Juričić , цитирана погоре,§ 91). 178 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Од тие причини, жалителите имале право на усна расправа пред Уставниот суд. Спроведувањето на правдата подобро ќе служело во случајот на жалителите давајќи им го правото да го објаснат своето лично искуство на расправата пред Уставниот суд. Според мислењето на Судот, овој фактор имал поголема тежина од аргументите за експедитивност и ефикасност на што се потпирала Владата во своите наводи. Во секој случај, не била одржана усна расправа, иако жалителите изречно го побарале тоа. Покрај тоа, Уставниот суд не навел причини зошто сметал дека не била потребна расправа(види: Kugler , цитиран погоре,§ 52). Имајќи го предвид претходно наведеното, Судот го отфрлил прелиминарниот приговор на Владата и утврдил дека не постоеле исклучителни околности со кои може да се оправда неодржувањето на усна расправа. Според тоа, истовремено, констатирал дека имало повреда на член 6, став 1 од Конвенцијата поради недостаток на усна расправа во постапката пред Уставниот суд. Допуштеност на жалбениот навод според член 10 од Конвенцијата(во однос на oтстранувањето на жалителите од собраниската галерија) како споив ratione personae поради постоење на статус на жртва а. Релевантни принципи Судот утврдил дека одлука или мерка во корист на жалителот во принцип не е доволно за тој или таа да го изгуби статусот на„жртва“ за целите на член 34 од Конвенцијата, освен ако националните власти не потврдиле, експлицитно или суштински, а потоа доделиле и обесштетување за повредата на Конвенцијата. Во однос на обесштетувањето што е соодветно и доволно за да се компензира повредата на право согласно Конвенцијата на национално ниво, Судот генерално е на мислење дека тоа зависи од сите околности на случајот, особено имајќи ја предвид природата на конкретната повреда на Конвенцијата(види: Gäfgen v. Germany [GC], no. 22978/05,§§ 115 and 116, ECHR 2010). б. Образложение Во конкретниот случај, според Владата, констатацијата на ad hoc комисијата за истрага, чии членови биле независни од оние кои биле вклучени во инцидентот од 24 декември 2012 година, претставувала соодветно и доволно обесштетување на жалителите. Според тоа, тие го изгубиле статусот на„жртва“ во однос на жалбените наводи според овој основ. Во врска со ова, Судот нотирал дека по конкретните случувања, претседателот на државата формирал комисија за истрага, како ad hoc тело, составена од пет национални членови (од кои двајца биле пратеници). Во работата на комисијата во својство на набљудувачи учествувале и двајца странски државјани назначени од страна на ЕУ. Комисијата изготвила извештај за настаните од 24 декември 2012 година, во кој, меѓу другото, оценила дека:„новинарите биле отстранети од собраниската галерија, што претставувало повреда на правото на слобода на информирање на јавноста...“. Дури и под претпоставка дека констатацијата може да се смета за потврда, експлицитна или во суштина, од страна на државен орган, за наводна повреда на членот 10 од Конвенцијата, Судот сметал дека тоа не претставува обесштетување како што тоа се бара во неговата судска практика(види: mutatis mutandis , Constantinescu v. Romania , no. 28871/95,§ 43, ECHR 2000-VIII). Според тоа, Судот заклучил дека жалителите може да тврдат дека се„жртви“ во смисла на членот 34 од Конвенцијата. III.  МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕДМЕТИ ПРЕД СУДОТ ВО СТРАЗБУР И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ 179 Допуштеност на жалбениот навод според член 10(во однос на oтстранувањето на жалителите од собраниската галерија) поради исцрпување на домашните правни средства(граѓанската постапката за надомест на штета; кривичната постапка и управниот спор не претставуваат ефективни правни средства кои треба да се искористат во конкретниот случај) а. Релевантни принципи Релевантните принципи на Конвенцијата кои се однесуваат на исцрпувањето на домашните правни лекови се сумирани во пресудата на Судот во случајот Vučković and Others (види: Vučković and Others v. Serbia (preliminary objection)[GC], no. 17153/11 and 29 others,§§ 69-77, 25 March 2014). б. Образложение Според Владата, жалителите не ги исцрпиле сите ефективни правни средства. Имено, Владата тврдела дека не побарале надомест на штета според општите правила за штета предвидени со Законот за облигациони односи, не повеле кривична постапка против непознати сторители и не ги изнеле своите жалбени наводи пред Управниот суд согласно Законот за управни спорови. Судот забележал дека, во конкретниот случај, жалителите поднеле барање за заштита на слободите и правата до Уставниот суд, кому му е доверена надлежност, согласно членот 110, алинеја 3 од Уставот, да одлучува по случаи што се однесуваат на: слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Уставниот суд го разгледал барањето на жалителите во однос на меритумот и го одбил од причините наведени погоре. Во претходните случаи против одговорната држава, Судот прифатил дека барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд треба да се смета како ефективно правно средство во поглед на слободата на изразување согласно членот 10 од Конвенцијата(види: Osmani and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 50841/99, 11 October 2001 и Vraniškovski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 37973/05, 26 May 2009). Исто така, Судот напоменал дека Владата не тврдела дека правното средство било неефективно во околностите на конкретниот случај, но дека таа, сепак, се произнела дека жалителите наместо тоа требало да ги искористат: граѓанските, кривичните и управно-правните средства наведени погоре. Судот повторил дека кога се користи едно правно средство, не е потребно користењето на друго правно средство што во суштина ја има истата цел(види: T.W. v. Malta [GC], no. 25644/94,§ 34, 29 April 1999; Moreira Barbosa v. Portugal (dec.), no. 65681/01, ECHR 2004-V; Jašar v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 69908/01, 11 April 2006; и Jeličić v. Bosnia and Herzegovina (dec.), no. 41183/02, 15 November 2005). Дополнително, Судот истакнал дека не биле предочени какви било аргументи што би укажале дека правните средства посочени од Владата ќе додадат какви било суштински елементи што биле недостапни преку користењето на барањето за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд според членот 110, алинеја 3 од Уставот. Понатаму, Судот сметал дека би било прекумерно формалистички да се бара од жалителите да искористат правно средство на кое дури ни Уставниот суд не ги обврзал да го искористат(види: D.H. and Others v. the Czech Republic [GC], no. 57325/00,§§ 117 and 118, ECHR 2007-IV). Според тоа, Судот констатирал дека жалбата не може да се прогласи за недопуштена заради неисцрпување на домашните правни средства во смисла на членот 35 од Конвенцијата. 180 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур Селектирана библиографија 1. Akandji-Kombe, Jean-Francois, Positive Obligations under the European Convention on Human Rights, A Guide to the Implementation of the European Convention on Human Rights , Council of Europe, 2007 2. Bates, Ed, The Evolution of the European Convention on Human Rights from its Inception to the Creation of a Permanent Court of Human Rights, Oxford University Press, Oxford, 2011 3. Boyle, Kevin, The European Experience: The European Convention on Human Rights , Victoria University of Wellington Law Review, Vol. 40, 2009 4. Christoffersen, Jonas, Fair Balance: A Study of Proportionality, Subsidiarity and Primarity in the European Convention on Human Rights , Martinus Nijhoff Publishers, Leiden/Boston, 2009 5. Committee on Legal Affairs and Human Rights of the Parlamentary Assembly of Council of Europe , Ad hod Judges at the European Court of Human Rights: An Overview , Council of Europe, Strasbourg, 2011 6. Costa, Jean-Paul, The European Court of Human Rights and Its Recent Case Law , Texas International Law Journal, Vol. 38, 2003 7. Council of Europe and Council of the European Union, Congress of Europe: The Hague, 7-11 May 1948 , Council of Europe Publishing, Strasbourg, 1999 8. Council of Europe, Practical Impact of the Council of Europe Monitoring Mechanisms in Improving Respect for Human Rights and the Rule of Law in Member States , Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2014a 9. Council of Europe, The Rule of Law on the Internet and in the Wider Digital World , Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2014b 10. Council of Europe, Explanatory Report to Protocol No. 16 to the Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms https://www.echr.coe.int/Documents/Protocol_16_explanatory_report_ENG.pdf 11. Council of Europe, Explanatory report to Protocol No. 15 amending the Convention for the Pro tection of Human Rights and Fundamental Freedoms , CETS No. 213 https://www.echr.coe.int/Documents/Protocol_15_explanatory_report_ENG.pdf 12. Council of Europe, Explanatory Report to Protocol No. 14 to the Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms, amending the control system of the Convention , Strasbourg, 13.V.2004 https://rm.coe.int/16800d380f 13. Douglas-Scott, Sionaidh, The European Union and Human Rights after the Treaty of Lisbon , Human Rights Law Review 11:4, 2011 СЕЛЕКТИРАНА БИБЛИОГРАФИЈА 181 14. Dogan, Yasar, The Fundamental Rights Jurisprudence of the European Court of Justice: Protection for Human Rights within the European Union Legal Order, Ankara Law Review, Vol. 6, No. 1, 2009 15. European Commission, Communication from the Commission to the European Parliament and the Council A new EU Framework to Strengthen the Rule of Law, European Commission, Brussels, 2014 16. European Court of Human Rights, Rules of Court , Registry of the Court, Strasbourg, 28 March 2024 17. European Court of Human Rights , Practical Guide on Admissibility Criteria , Council of Europe/ European Court of Human Rights, Strasbourg, 2024 18. European Court of Human Rights , Practical Guide on Admissibility Criteria , Council of Europe/ European Court of Human Rights, Strasbourg, 2022 19. European Court of Human Rights, Practical Guide on Admissibility Criteria , 4 th Edition, Council of Europe, Strasbourg, 2017 20. European Court of Human Rights, Practical Guide on Admissibility Criteria, 3 rd Edition, Council of Europe, Strasbourg, 2014 21. European Court of Human Rights, Report on the implementation of the revised rule on the lodging of new applications , 02/2015 https://www.echr.coe.int/Documents/Report_Rule_47_ENG.pdf 22. European Court of Human Rights, Annual Report 2024 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2025 23. European Court of Human Rights, Annual Report 2021 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2022 24. European Court of Human Rights, Annual Report 2017 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2018 25. European Court of Human Rights, Annual Report 2016 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2017 26. European Court of Human Rights, Annual Report 2015 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2016 27. European Court of Human Rights, Annual Report 2011 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2012 28. European Court of Human Rights, Annual Report 2005 of the European Court of Human Rights , Council of Europe, Strasbourg, 2006 29. Flauss, Jean-François, The European Court of Human Rights and the Freedom of Expression , Indiana Law Journal, Volume 84, Issue 3, 2009 30. Forst, Déborah, The Execution of Judgments of the European Court of Human Rights: Limits and Ways Ahead , ICL Journal, Vol. 7, No. 3, 2013 31. Frantziou, Eleni, The Margin of Appreciation Doctrine in the European Human Rights Law , UCL Policy Briefing – October 2014(Dr. Uta Staiger and Sarah Chaytor Eds.), 2014 182 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 32. Фрчкоски Љубомир Д., Георгиевски, Сашо и Петрушевска, Татјана, Меѓународно јавно право , Магор, Скопје, 2012 33. Фрчкоски, Љубомир Д., Тупурковски, Васил и Ортаковски, Владимир, Меѓународно јавно право , Табернакул, Скопје, 1995 34. Фрчкоски, Љубомир Д., Меѓународно право за правата на човекот , Трето издание, Магор, Скопје, 2012 35. Gerards, Janneke, General Principles of the European Convention on Human Rights (Second Edition), Cambridge University Press, 2023 36. Grabenwarter, Christoph, The European Convention on Human Rights: Inherent Constitutional Tendencies and the Role of the European Court of Human Rights, in Constitutional Crisis in the European Constitutional Area, Theory, Law and Politics in Hungary and Romania(Armin von Bogdandy, Pal Sonnevend Eds.), 2014 37. Greer, Steven, The Margin of Appreciation: Interpretation and Discretion under the European Convention on Human Rights , Human rights files No. 17, Council of Europe Publishing, Strasbourg, 2000 38. Greer, Steven, Europe, in International Human Rights Law(Daniel Moeckli,Sangeeta Shah &Sandesh Sivakumaran Eds.), Third Edition, Oxford University press, Oxford, 2018 39. Harris, David J., О’Boyle, Michael., Bates, Ed P., and Buckley, Carla M., Harris, O’Boyle& War brick: Law of the European Convention on Human Rights , Fifth Edition , Oxford University Press, Oxford, 2023 40. Harris, David J., О’Boyle, Michael., Bates, Ed P., and Buckley, Carla M., Harris, O’Boyle& War brick: Law of the European Convention on Human Rights , Fourth Edition , Oxford University Press, Oxford, 2018 41. Harris, David J., O’Boyle Michael, Bates Ed P., and Buckley, Carla M., Harris, O’Boyle and War brick: Law of the European Convention on Human Rights , Third Edition, Oxford University Press, Oxford, 2014 42. Харис, Дејвид Ј., О’Бојл, Мајкл, Бејтс, Ед П., Бакли, Карла М., Харис, О’Бојл& Варбрик: Право на Европската конвенција за човекови права, [превод: Билјана Ванковска], Второ издание, Просветно дело, Скопје, 2009 43. Hart, James W., The European Human Rights System , Law Library Journal, Vol. 102, 2010 44. Helfer, Laurence, Redesigning the European Court of Human Rights: Embededdness as a Deep Structural Principle of the European Human Rights Regime , The European Journal of International Law, Vol. 19, No. 1, 2008 45. Jackson, Donald W., The United Kingdom Confronts the European Convention on Human Rights , University Press of Florida, Gainesville/Tallahassee/Tampa/Boca Raton/Pensacola/Orlando/ Miami/Jacksonville, 1997 46. Јанкулоски, Звонимир, Меѓународни човекови права , ЈП Службен весник на Република Македонија, Скопје, 2009 47. Kilkelly, Ursula, The Right to Respect for Private and Family Life, A Guide to the Implementation of Article 8 of the European Convention on Human Rights, Human rights handbooks, No. 1, Reprinted Edition with corrections, Council of Europe, 2003 СЕЛЕКТИРАНА БИБЛИОГРАФИЈА 183 48. Lautnebach, Geranne, The Concept of the Rule of Law and the European Court of Human Rights , Oxford University Press, Oxford, 2013 49. Leach, Philip, Taking a Case to the European Court of Human Rights , Fourth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017 50. Lemmens, Paul, Single-Judge Formations, Committees, Chambers and Grand Chamber, in Protocol 14 and the Reform of the European Court of Human Rights(Paul Lemmens and Wouter Vandenhole Eds.), Intersentia, Antwerpen- Oxford, 2005 51. Liisberg, Jonas Bering, Does the EU Charter of Fundamental Rights Threaten the Supremacy of Community Law? Article 53 of the Charter: a fountain of law or just an inkblot? , The Jean Monnet Program, Jean Monnet Working Paper 4/01, 2001 52. Lorenz, Nina-Louisa Arold, Groussot, Xavier, Petursson, Gunar Thor, The European Human Rights Culture- A Paradox of Human Rights Protection in Europe? Martinus Nijhoff Publishers, Leiden-Boston, 2013 53. Madsen, Mikael R., From Cold War Instrument to Supreme European Court: The European Court of Human Rights at the Crossroads of International and National Law and Politics , Law& Social Inquiry, Volume 32, Issue 1, 2007 54. Marochini, Masha, The Interpretation of the European Convention on Human Rights , Zbornik radova Pravnog fakulteta u Splitu, god. 51, 1/2014, 2014 55. McKaskle, Paul, The European Court of Human Rights: What It Is, How It Works, and Its Future , University of San Francisco Law Review, Vol. 40, 2005 56. Merrils, J.G., The Development of International Law by the European Court of Human Rights , Manchester University Press, 1990 57. Miller, Vaughne, The European Convention on Human Rights and the Court of Human Rights: Issues and Reforms , House of Commons Library, Standard Note: SN/IA5939, 2011 58. Nussberger, Angelika, The European Court of Human Rights , Oxford University Press, 2020 59. Rainey, Bernadette, Wicks Elizabeth and Ovey, Clare, Jacobs, White and Ovey: The European Convention on Human Rights , Eighth Edition, Oxford University Press, Oxford, 2021 60. Rainey, Bernadette, Wicks Elizabeth and Ovey, Clare, Jacobs, White and Ovey: The European Convention on Human Rights , Seventh Edition, Oxford University Press, Oxford, 2017 61. Reid, Karen, A Practitioner’s Guide to the European Convention on Human Rights , Fourth Edition, Sweet& Maxwell, London, 2011 62. Ristikj, Jelena, Court Practice of the Republic of Macedonia and Court Practice of the European Court of Human Rights: A Need for Symbiosis? International Scientific Journal Annual of the Institute for sociological, political and juridical research, Year XLI, Number 2, 2017 63. Ristikj, Jelena, Satisfyng Admissibility Criteria Set Out in the European Convention on Human Rights: Stumbling Block to the Protection of Human Rights in the Republic of Macedonia , International Journal of Sciences: Basic and Applied Research(IJSBAR), Volume 36, No. 5, 2017 64. Ристиќ, Јелена, Интелектуалната сопственост како човеково право: Заштита пред Европскиот суд за човекови права, Академик, Скопје, 2020 184 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 65. Ристиќ, Јелена и други, Анализа на степенот на цитирање и користење на судската пракса од страна на националните судови , Центар за правни истражувања и анализи, Скопје, 2020 66. Ристиќ, Јелена, Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права(со посебен осврт на критериумите за допуштеност) , Фондација„Фридрих Еберт“, Скопје, 2018 67. Sardaro, Pietro, The Right of Individual Petition to the European Court, in Protocol 14 and the Reform of the European Court of Human Rights(Paul Lemmens and Wouter Vandenhole Eds.), Intersentia, Antwerpen- Oxford, 2005 68. Schabas, William A., The European Convention on Human Rights: A Commentary , Oxford University Press, 2015 69. Спировски, Игор, Јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права(збирка на пресуди) , 2 август, Штип, 2007 70. Steering Committee of Human Rights, Reforming the European Convention of Human Rights: A Work in Progress , Council of Europe Publishing, 2009 71. Wildhaber, Luzius, Sovereignty and International Law, in The Structure and Process of International Law: Essays in Legal Philosophy Doctrine and Theory(R. St. J. Macdonald& Douglas M. Johnston Eds.), 1983 72. Wildhaber, Luzius, The European Court of Human Rights in Action , Ritsumeikan Law Review, Vol. 21, Issue No. 83, 2004 73. Wildhaber, Luzius, The European Court of Human Rights: The Past, The Present, The Future , American University International Law Review, Volume 22, Issue 4, 2007 74. Шкариќ, Светомир, Јурисприденцијата на Европскиот суд на правдата- модел за реформата на судството и на Уставниот суд на Република Македонија, во Зборник од научната расправа: Реформата на институциите и нејзиното значење за развојот на Република Македонија, книга 5, ГТЗ, 2009 СЕЛЕКТИРАНА БИБЛИОГРАФИЈА 185 Користени случаи од судската практика на Европскиот суд за човекови права 1. A. v. the United Kingdom , No. 35373/97, ECHR 2002-X 2. A, B and C v. Ireland [GC], No. 25579/05, ECHR 2010 3. A.W. Khan v UK, No. 47486/06, 12.1.10 4. Abdulaziz, Cabales and Balkandali v. the United Kingdom , Series A No. 94, 28 May 1985 5. Abdulrahman v. the Netherlands (dec.), No. 66994/12, 5 February 2013 6. Acar v. Turkey, No.26307/95, 6.5.03 7. Adam and Others v. Germany (dec.), No. 290/03, 1 September 2005 8. Adži-Sprikoska and Others v. former Yugoslav Republic of Macedonia, Nos. 38914/05& 17879/05, dec. 3.11.11 9. Ahlskog v. Finland, No. 5238/07, dec. 9.11.10 10. Ahmet Sadık v. Greece , 15 November 1996 11. Aiery v. Ireland, Series A, No.32, 9.10.79 12. Akçiçek v. Turkey, No. 40965/10, dec. 18.10.11 13. Akdeniz v. Turkey , No. 25165/94, 31 May 2005 14. Akdivar and Others v. Turkey [GC], 16 September 1996, Reports 1996-IV 15. Akman v. Turke y, No. 377453/97, 26.6.01 16. Aksoy v. Turkey , 18 December 1996 17. Aksu v. Turkey [GC], Nos. 4149/04 and 41029/04, ECHR 2012 18. Al Adsani v. United Kingdom, No. 35763/97, 21.11.01 19. Albayrak v. Turkey , No. 38406/97, 31 January 2008 20. Al-Dulimi and Montana Management Inc. v. Switzerland [GC], No.5809,§ 129, ECHR 2016 21. Aleksandrija A DOOEL v. North Macedonia (dec.), no. 26635/12, 2 July 2019 22. Almeida Garrett, Mascarenhas Falcão and Others v. Portugal , Nos. 29813/96 and 30229/96, ECHR 2000-I 23. Al-Nashif v. Bulgaria, No. 50963/99, 20.6.02 186 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 24. Al-Skeini and Others v. the United Kingdom[GC], No. 55721/07, ECHR 2011 25. Amarandei and Others v. Romania, No. 1443/10, 26 April 2016 26. Amirov v. Russia, No. 51857/13, 27.11.14 27. An and Others v. Cyprus , No. 18270/91, Commission decision of 8 October 1991 28. Andorka and Vavra v. Hungary, Nos. 25694/03& 28338/03, dec. 12.9.06 29. Andrášik and Others v. Slovakia (dec.), Nos. 57984/00 and 6 others, ECHR 2002-IX 30. Anheuser-Busch Inc. v. Portugal [GC], no. 73049/01, ECHR 2007-I 31. Annagi Hajibeyli v. Azerbaijan, No. 2204/11, 22.10.15 32. Apinis v. Latvia (dec.), No. 46549/06, 20 September 2011 33. Aquilina v. Malta [GC], No. 25642/94, ECHR 1999-III 34. Armonienė v. Lithuania , No. 36919/02, 25 November 2008 35. Artico v. Italy, Series A, No. 37, 13.5.80 36. Assanidze v. Georgia [GC], No. 71503/01, ECHR 2004-II 37. Autonic AG v. Switzerland, No. 12726/87, Seris A, No. 178, 22.90 38. Ayuntamiento de Mula v. Spain (dec.), No. 55346/00, ECHR 2001-I 39. Azemi v. Serbia (dec.), No. 11209/09, 5 November 2013 40. Azinas v. Cyprus [GC], No. 56679/00, ECHR 2004-III 41. B v. UK, No. 18711/91 42. Baczkowski and Others v. Poland, No. 1543/06, 3 May, 2007 43. Bagheri and Maliki v. the Netherlands (dec.), No. 30164/06, 15 May 2007 44. Baillard v. France (dec.), No. 6032/04, 25 September 2008 45. Bajramovski v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 14466/11, 26 June 2018 46. Balakchiev and Others v. Bulgaria, No. 65187/10, dec. 18.6.2013 47. Balan v. Moldova, No.44746/08, dec. 24.1.12 48. Balmer-Schafroth v. Switzerland, No.22110/93, 26.8.97 49. Banković and Others v. Belgium and Others (dec.)[GC], No. 52207/99, ECHR 2001-XII 50. Bartolo v. Malta (dec.), no. 40761/19, 7 September 2021 51. Baumann v. France, No. 33592/96, ECHR 2001-V 52. Baytüre v. Turkey, No. 3270/09, dec. 12.3.13 53. Beer and Regan v. Germany [GC], No. 28934/95, 18 February 1999 54. Beganović v. Croatia , No. 46423/06, 25 June 2009 55. Behrami v. France and Saramati v. France, Germany and Norway (dec.)[GC], Nos. 71412/01 and 78166/01, 2 May 2007 56. Bekauri v. Georgia (preliminary objections), No. 14102/02, 10 April 2012 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 187 57. Bektashi Community and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , nos. 48044/10 and 2 others, 12 April 2018 58. Belgian Linguistic Case(No. 2) (dec.), Series A, No. 6, 23.7.68 59. Ben Salah Adraqui and Dhaime v. Spain (dec.), No. 45023/98, ECHR 2000-IV 60. Benavent Díaz v. Spain (dec.), No. 46479/10, 31 January 2017 61. BENet Praha, spol. s r.o., v. the Czech Republic (dec.), No. 38354/06, 28 September 2010 62. Berdzenishvili v. Russia (dec.), No. 31697/03, ECHR 2004-II 63. Berić and Others v. Bosnia and Herzegovina (dec.), Nos. 36357/04 and 25 others, 16 October 2007 64. Bestry v. Poland , No. 57675/10, 3 November 2015 65. Beyeler v. Italy [GC], no. 33202/96, ECHR 2000-I 66. Biç and Others v. Turkey , No. 55955/00, 2 February 2006 67. Bijelić v. Montenegro and Serbia , No. 11890/05, 28 April 2009 68. Blagojević v. Netherlands, No. 49032/07, dec. 9.6.09 69. Blečić v. Croatia [GC], No. 59532/00, ECHR 2006-III 70. Blokhin v. Russia [GC], No. 47152/06, ECHR 2016 71. Blondje v. the Netherlands (dec.), No. 7245/09, ECHR 2009 72. Boacă and Others v. Romania , No. 40355/11, 12 January 2016 73. Bock v. Germany (dec.), No. 22051/07, 19 January 2010 74. Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland [GC], No. 45036/98, ECHR 2005-VI 75. Bouglame v. Belgium, No. 16147/08, 2.3.10 76. Bozinovski v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), No. 68368/01, 1 February 2005 77. Brecknell v. the United Kingdom , No. 32457/04, 27 November 2007 78. Brežec v. Croatia , No. 7177/10, 18 July 2013 79. Broniowski v. Poland (dec.)[GC], No. 31443/96, ECHR 2002-X 80. Brudnicka and Others v. Poland , No. 54723/00, ECHR 2005-II 81. Brumărescu v. Romania [GC], No. 28342/95, ECHR 1999-VII 82. Brusco v. Italy, No. 69789/01, dec. 6.9.01 83. Buckley v. United Kingdom, No. 20348/92, 25.6.96 84. Bulgarian Helsinki Committee v. Bulgaria (dec.), Nos. 35653/12 and 66172/12, 28 June 2016 85. Burden v. the United Kingdom [GC], No. 13378/05, ECHR 2008 86. Burdov v. Russia (dec.), No. 59498/00, ECHR 2001-VI 87. Burmych and Оthers v. Ukraine GC, Nos. 46852/13 et al., 12.10.17 188 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 88. Burov v. Moldova (dec.), No. 38875/03, 14 June 2011 89. Buzadji v. the Republic of Moldova [GC], no. 23755/07, 5 July 2016 90. Büyükdere and Others v. Turkey , Nos. 6162/04 and others, 8 June 2010 91. Călin and Others v. Romania , Nos. 25057/11 and 2 others, 19 July 2016 92. Čamans and Timofejeva v. Latvia, No. 42906/12, 28 April 2016 93. Campbell and Cosans v. the United Kingdom , Series A No. 48, 25 February 1982 94. Carson and Others v. the United Kingdom [GC], No. 42184/05, ECHR 2010 95. Catan and Others v. the Republic of Moldova and Russia [GC], Nos. 43370/04 and 2 others, ECHR 2012 96. CC v. United Kingdom, No. 32819/96, 30.6.98 97. Çelik v. Turkey (dec.), No. 52991/99, ECHR 2004-X 98. Çelik v. the Netherlands (dec.), no. 12810/13, 27 August 2013 99. Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania [GC], No. 47848/08, ECHR 2014 100. Centro Europa 7 S.r.l. and Di Stefano v. Italy [GC], No. 38433/09, ECHR 2012 101. Ceteroni and Other similar cases v. Italy, Reports of Judgments and Decisions 1996 V 102. Chagos Islanders v. United Kingdom, No. 35622/04, dec. 11.12.12 103. Chahal v. the United Kingdom , 15 November 1996 104. Chapman v. Belgium, No. 39619/06, dec. 5.3.13 105. Chernitsyn v. Russia , No. 5964/02, 6 April 2006 106. Chiragov and Others v. Armenia (dec.)[GC], No. 13216/05, 14 December 2011 107. Ciupercescu v. Romania, No. 35555/03, 15 June 2010 108. Civet v. France [GC], No. 29340/95, ECHR 1999-VI 109. Cocchiarella v. Italy , No. 64886/01, 10 November 2004 110. Confédération française démocratique du travail v. the European Communities , No. 8030/77, Commission decision of 10 July 1978 111. Čonka v. Belgium, No. 51564/99, ECHR 2002-I 112. Cooperatieve Producentenorganisatie van de Nederlandse Kokkelvisserij U.A. v. the Netherlands (dec.), No. 13645/05, ECHR 2009 113. Costello-Roberts v. the United Kingdom , 25 March 1993 114. Cruz Varas v. Sweden, No. 15576/89, 20.3.91 115. Csikós v. Hungary , No. 37251/04, ECHR 2006-XIV 116. Cudak v. Lithuania [GC],No.15869/02 , ECHR 2010 117. Cyprus v. Turkey [GC], No. 25781/94, ECHR 2001-IV 118. D.H. and Others v. the Czech Republic [GC], No. 57325/00, ECHR 2007-IV КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 189 119. Daddi v. Italy, No.15476/09, dec. 2.6.09 120. Dalia v. France , 19 February 1998 121. Daniel Faulkner v. the United Kingdom , No. 68909/13, 6 October 2016 122. Daróczy v. Hungary , No. 44378/05, 1 July 2008 123. De Becker v. Belgium , Series A, No. 4, 27 March 1962. 124. De Jong, Baljet и Van Den Brink v. Netherland s, Nos.8805/79, 8806/79& 9242/81, Series A, No.77, 18.6.71 125. De Saedeleer v. Belgium , No. 27535/04, 24 July 2007 126. De Tommaso v. Italy [GC], No. 43395/09, ECHR 2017 127. De Wilde, Ooms and Versyp v. Belgium , Series A No. 14, 10 March 1972 128. Delcourt v. Belgium, Series A, No. 11, 17.1.70 129. Delovski and Others v. North Macedonia (dec.), no. 56148/15, 7 July 2020 130. Demirbaş and Others v. Turkey, No.1093/08 et al,(dec.) 9.11.10 131. Demopoulos and Others v. Turkey (dec.)[GC], Nos. 46113/99 and 7 others, ECHR 2010 132. Denmark, Norway, Sweden and the Netherlands v. Greece, Nos. 3321/67, 3322/67, 3323/67& 3344/67, 5.11.69, YB, Vol. 13, 1969 133. Dennis and Others v. the United Kingdom (dec.), No. 76573/01, 2 July 2002 134. Depauw v. Belgium , No. 2115/04,(dec.) 15.5.07 135. Devlin v. the United Kingdom , No. 29545/95, 30 October 2001 136. Di Salvo v. Italy (dec.), No. 16098/05, 11 January 2007 137. Di Sante v. Italy, No.56079/00,(dec.) 24.6.04 138. Dickson v. United Kingdom, No. 44362/04, 4.12.07 139. Dilipak v. Turkey , No. 29680/05, 15 September 2015 140. Djokaba Lambi Longa v. Netherlands, No. 33917/12,(dec.) 9.10.12 141. Doran v. Ireland, No. 50389/99, ECHR 2003-X 142. Döşemealtı Belediyesi v. Turkey (dec.), No. 50108/06, 23 March 2010 143. Drijfhout v. the Netherlands (dec.), No. 51721/09, 22 February 2011 144. Drozd and Janousek v. France and Spain , Series A No. 240, 26 June 1992 145. Dubská and Krejzová v. the Czech Republic [GC], Nos. 28859/11 and 28473/12, ECHR 2016 146. Dudek v. Germany (dec.), Nos. 12977/09 and 4 others, 23 November 2010 147. Dudgeon v. the United Kingdom , Series A No. 45, 22 October 1981 148. Duringer and Grunge v. France (dec.), Nos. 61164/00 and 18589/02, ECHR 2003-II 149. Durini v. Italy , No. 19217/91, Commission decision of 12 January 1994 150. Dzidzava v. Russia , No. 16363/07, 20 December 2016 190 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 151. E.S. v. Federal Republic of Germany , No. 262/57, Commission decision of 28 August 1957 152. Eberhard and M. v. Slovenia , Nos. 8673/05& 9733/05, 1 December 2009 153. Eckle v. Germany, No. 8130/78, Series A, No. 51, 15.7.82 154. El-Masri v. the former Yugoslav Republic of Macedonia [GC], No. 39630/09, ECHR 2012 155. Eon v. France , No. 26118/10, 14 March 2013 156. Eliseev and Ruski Elitni Klub v. Serbia, no. 8144/07, 10 July 2018 157. Epözdemir v. Turkey , No. 43926/98, 28 October 2004 158. Ergezen v. Turkey , No. 73359/10, 8 April 2014 159. Eskelinen and Others v. Finland , No. 43803/98, 8 August 2006 160. Fairfield v. the United Kingdom, No. 24790/04,(dec.) 8.3.05 161. Fakhretdinov v. Russia, Nos. 26716/09, 67576/09& 7698/10,(dec.) 23.9.10 162. Faulkner v. the United Kingdom , No. 30308/96, 30 November 1999 163. Fédération chrétienne des témoins de Jéhovah de France v. France (dec.), No. 53430/99, ECHR 2001-XI 164. Federation of French Medical Trade Unions and the National Federation of Nurses v. France (dec.), No. 10983/84 165. Ferati v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 21891/13, 12 June 2018 166. Fernie v. the United Kingdom (dec.), No. 14881/04, 5 January 2006 167. Ferreira Alves v. Portugal (no. 6), Nos. 46436/06 and 55676/08, 13 April 2010 168. Fetisov and Others v. Russia , Nos. 43710/07 and 3 others, 17 January 2012 169. Financial Times Ltd and Others v. the United Kingdom , No. 821/03, 15 December 2009 170. FINE DOO and Others v. North Macedonia (dec.), no. 37948/13, 17 May 2022 171. Finger v. Bulgaria , No. 37346/05, 10 May 2011 172. Flisar v. Slovenia , No. 3127/09, 29 September 2011 173. Foti and Others v. Italy , Series A No. 56, 10 December 1982 174. Foxley v. the United Kingdom, No. 33274/96, 20.6.00 175. Fressoz and Roire v. France [GC], No. 29183/95, ECHR 1999-I 176. Gäfgen v. Germany [GC], No. 22978/05, ECHR 2010 177. Gaftoniuc v. Romania (dec.), No. 30934/05, 22 February 2011 178. Gagliano Giorgi v. Italy , No. 23563/07, ECHR 2012 179. Gaglione and Others v. Italy, Nos. 45867/07 and 69 others, 21 December 2010 180. Galev and Others v. Bulgaria (dec.), No. 18324/04, 29 September 2009 181. Galić v. Netherlands, No. 22617/07,(dec.) 9.6.09 182. Galović v. Croatia (dec.), No. 54388/09, 5 March 2013 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 191 183. García Ruiz v. Spain [GC], No. 30544/96, ECHR 1999-I 184. García Ruiz v. Spain [GC], No. 30544/96, ECHR 1999-I; 185. Gardean and S.C. Grup 95 SA v. Romania (revision), No. 25787/04, 30 April 2013 186. Gaskin v. the United Kingdom, No. 10454/83, Series A, No. 160, 7.7.89 187. Georgian Labour Party v. Georgia , No. 9103/04, ECHR 2008 188. Gerguri v. North Macedonia (dec.), no. 54953/16, 18 November 2021 189. Gherghina v. Romania, No. 42219/07,(dec.) 09.07.2015 190. Giummarra and Others v. France (dec.), No. 61166/00, 12 June 2001 191. Giuran v. Romania , No. 24360/04, ECHR 2011 192. Giusto and Bornacin v. Italy, No. 38972/06,(dec.) 15.5.07 193. Glimmerveen and Hagenbeek v. Netherlands, 1979 194. Gogitidze and Others v. Georgia, No. 36862/05, 12 May 2015 195. Göktan v. France, No. 33402/96, ECHR 2002-V 196. Golder v. United Kingdom, Series A, No.18, 21.2.75 197. Gorraiz Lizarraga and Others v. Spain , No. 62543/00, ECHR 2004-III 198. Gough v. the United Kingdom , No. 49327/11, 28 October 2014 199. Grădinar v. Moldova , No. 7170/02, 8 April 2008 200. Grande Stevens and Others v. Italy, Nos. 18640/10 and 4 others, 4 March 2014 201. Grässer v. Germany (dec.), No. 66491/01, 16 September 2004 202. Gratzinger and Gratzingerova v. the Czech Republic (dec.)[GC], No. 39794/98, ECHR 2002-VII 203. Gross v. Switzerland [GC], No. 67810/10, ECHR 2014 204. Grossi and Others v. Italy (revision), No. 18791/03, 30 October 2012 205. Grzinčič v. Slovenia , No. 26867/02, 3 May 2007 206. Guerra and others v. Italy, No.14967/89, 19.2.98 207. Gusti v. Italy , No. 13175/03, 18.10.11 208. Hadrabová and Others v. the Czech Republic (dec.), Nos. 42165/02 and 466/03, 25 September 2007 209. Hakansson and Sturesson v. Sweden, No. 11855/85, 12.2.90 210. Handyside v. the United Kingdom, Series A, No. 24, 7.12.76 211. Haran v. Turkey, No. 25754/94, 26.3.02 212. Hartung v. France (dec.), No. 10231/07, 3 November 2009 213. Hasan İlhan v. Turkey , No. 22494/93, 9 November 2004 214. Hazar and Others v. Turkey, Nos. 62566/00 et seq.,(dec.) 10.1.02 215. Hilton v. United Kingdom, No. 5613/72,(dec.) 5.3.76 192 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 216. Hirsi Jamaa and Others v. Italy [GC], No. 27765/09, ECHR 2012 217. Hizb Ut-Tahrir and others v. Germany, No. 31098/08,(dec.) 12.6.12 218. Hokkanen v. Finland , No. 25159/94, Commission decision of 15 May 1996 219. Holub v. the Czech Republic (dec.), No. 24880/05, 14 December 2010 220. Holzinger v. Austria, No. 23459/94, 30.1.01 221. Horsham v. the United Kingdom , No. 23390/94, Commission decision of 4 September 1995 222. Hristozov and Others v. Bulgaria , Nos. 47039/11 and 358/12, ECHR 2012 223. Humen v. Poland [GC], No. 26614/95, 15 October 1999 224. Huving v France, No. 11105/84, Series A, No. 176-B, 24.4.90 225. İçyer v. Turkey, No. 18888/02,(dec.) 12.1.06 226. Idalov v. Russia , No. 5826/03, 22.5.12 227. Ignats v. Latvia, No. 38494/05,(dec.) 24.9.13 228. Ilaşcu and Others v. Moldova and Russia [GC], No. 48787/99, ECHR 2004-VII 229. Iljaz v. North Macedonia , no. 53040/19, 20 February 2024 230. Immobiliare Saffi v. Italy [GC], No. 22774/93, ECHR 1999-V 231. Ingrid Jordebo Foundation& Christian Schools and Ingrid Jordebo v. Sweden, No. 11533/85, 1987 232. Ionescu v. Romania (dec.), No. 36659/04, 1 June 2010 233. Iordache v. Romania , No. 6817/02, 14 October 2008 234. Iordachi and Others v. Moldova , No. 25198/02, 10 February 2009 235. Ireland v. the United Kingdom, Series A, No. 25, 18.1.78 236. Islamic Republic of Iran Shipping Lines v. Turkey , No. 40998/98, ECHR 2007-V 237. J.A. Pye(Oxford) Ltd and J.A. Pye(Oxford) Land Ltd v. the United Kingdom [GC], No. 44302/02, ECHR 2007-III 238. James v. the United Kingdom, Nos. 8793/79, Series A, No. 98, 21.2.86 239. Janakieski v. North Macedonia, nos. 57325/19 and 16291/20, 14 November 2023 240. Jėčius v. Lithuania , No. 34578/97, ECHR 2000-IX 241. Jeličić v. Bosnia and Herzegovina (dec.), No. 41183/02, ECHR 2005-XI 242. Jensen and Rasmussen v. Denmark, No. 52620/99, 20.3.03 243. Jersild v. Denmark, No. 15890/8, Series A, No. 298, 23.9.94 244. Jian v. Romania (dec.), No. 46640/99, 30 March 2004 245. John Shelly v United Kingdom, No. 23800/06,(dec.) 4.1.08 246. Johnston and Others v. Ireland, No. 9697/82, Series A, No. 112, 18.12.86 247. Johtti Sapmelaccat Ry and Others v. Finland (dec.), No. 42969/98, 18 January 2005 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 193 248. Jovanoski v. the Republic of Macedonia , no. 31731/03, 7 January 2010 249. Jovanovska and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 14001/13 and 22883/14, 14 November 2017 250. Juhas Đurić v. Serbia, No. 48155/06, 7.5.11 251. Kadiķis v. Latvia (dec.), No. 47634/99, 29 June 2000 252. Kafkaris v. Cyprus (dec.), No. 9644/09, 21 June 2011 253. Kalashnikov v. Russia , No. 47095/99, ECHR 2002-VI 254. Karadža and Vaskov v. North Macedonia (dec.), no. 79037/12, 23 April 2019 255. Karakó v. Hungary , No. 39311/05, 28 April 2009 256. Karapanagiotou and Others v. Greece , No. 1571/08, 28 October 2010 257. Karataş v. Turkey [GC], No. 23168/94, ECHR 1999-IV 258. Karner v. Austria , No. 40016/98, ECHR 2003-IX 259. Karoussiotis v. Portugal, No. 23205/08, ECHR 2011 260. Karpylenko v. Ukraine , No. 15509/12, 11 February 2016 261. Kashlan v. Russia (dec.), No. 60189/15, 19 April 2016 262. Kasumaj v. Greece, No. 6974/05, dec. 5.7.07 263. Kátai v. Hungary (dec.), No. 939/12, 18 March 2014 264. Kaya and Polat v. Turkey, Nos. 2794/05&40345/05 , 21.10.08 265. KCM v. Netherlands, No. 21034/92,(dec.) 9.1.95 266. Kemmache v. France (No. 1 and No. 2), Series A, No. 218, 27.11.91 267. Kerechashvili v. Georgia (dec.), No. 5667/02, ECHR 2006-V 268. Kerimova and Others v. Russia , Nos. 17170/04 and 5 others, 3 May 2011 269. Kezer and Others v. Turkey (dec.), No. 58058/00, 5 October 2004 270. Khadzhialiyev and Others v. Russia , No. 3013/04, 6 November 2008 271. Khashiyev and Akayeva v. Russia , Nos. 57942/00 and 57945/00, 24 February 2005 272. Kiousi v. Greece (dec.), No. 52036/09, 20 September 2011 273. Kjeldsen, Busk Madsen and Pedersen v. Denmark, Nos. 5095/71, 5920/72& 5926/72, Series A, No. 23, 7.12.76 274. Khlaifia and Others v. Italy [GC], no. 16483/12, 15 December 2016 275. Klass and Others v.Germany, Series A, No. 28,6.9.78 276. Klyakhin v. Russia , No. 46082/99, 30 November 2004 277. Koceski v. the former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), бр. 41107/07, 22 October 2013 278. Koç and Tosun v. Turkey (dec.), No. 23852/04, 13 November 2008 279. Kondrulin v. Russia , No. 12987/15, 20 September 2016 194 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 280. Kontakt-Information-Therapie and Hengen v. Austria, No. 11921/86, 1988 281. Korolev v. Russia (dec.), No. 25551/05, ECHR 2010 282. Kotov v. Russia [GC], No. 54522/00, 3 April 2012 283. Kozacıoğluv. Turkey [GC], No. 2334/03, 19.2.09 284. Krombach v. France , No. 29731/96, ECHR 2001-II 285. Kruslin v France, No. 11801/85, Series A, No. 176-B, 24.4.90 286. Kuhnen v. Germany, No. 12194/86, 12.5.88 287. Kurić and Others v. Slovenia , No. 26828/06, 13 July 2010 288. Kurt Nielsen v. Denmark , No. 33488/96, 15 February 2000 289. Kurt v. Turkey, No. 24276/94, 25.5.98 290. Laçin v. Turkey, No. 23654/94,(dec.) 15.5.95 291. Ladygin v. Russia (dec.), No. 35365/05, 30 August 2011 292. Lambert and Others v. France [GC], No. 46043/14, ECHR 2015 293. Laska and Lika v. Albania, Nos. 12315/04 and 17605/04, 20 April 2010 294. Łatak v. Poland (dec.), No. 52070/08, 12 October 2010 295. Lautsi and Others v. Italy [GC], No. 30814/06, ECHR 2011 296. Lawless v. Ireland, Series A, No. 3, 1.7.61 297. Le Compte, Van Leuven and De Meyere v. Belgium, Nos. 6878/75& 7238/75, Series A, No. 43, 23.6.81 298. Léger Karapanagiotou and Others v. Greece , No. 1571/08,§ 29, 28 October 2010 299. Lehtinen v. Finland (dec.), No. 39076/97, ECHR 1999-VII 300. Leigh, Guardian Newspapers Ltd and Observer Ltd v. United Kingdo m, No. 10039/82, dec. 11.5.84 301. Lepojić v. Serbia , No. 13909/05, 6 November 2007 302. Liga Portuguesa de Futebol Profissional v. Portugal (dec.), No. 49639/09, 3 April 2012 303. Ligue des muslumans de Suisse and others v. Switzerland, No. 66274/09,(dec.) 28.6.11 304. Lingens v Austria , No. 9815/82, Series A, No. 103, 8.7.86 305. Loizidou v. Turkey (preliminary objections), Series A No. 310, 23 March 1995 306. Lopes de Sousa Fernandes v. Portugal [GC], no. 56080/13, 19 December 2017 307. López Ostra v. Spain, 9 December 1994 308. Lowe v. the United Kingdom (dec.), No. 12486/07, 8 September 2009 309. M v. France, No. 10078/82,(dec.) 13.12.84 310. M. v. Denmark , No. 17392/90, Commission decision of 14 October 1992 311. M. v. the United Kingdom , No. 13284/87, Commission decision of 15 October 1987 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 195 312. Magee v. United Kingdom, No. 24892/95,(dec.) 6.4.95 313. Makuchyan and Minasyan v. Azerbaijan and Hungary , no. 17247/13,26 May 2020 314. Malhous v. the Czech Republic [GC], No. 33071/96, 12 July 2001 315. Malone v UK, No. 8691/79, Series A, No. 82, 2.8.84 316. Malysh and Ivanin v. Ukraine (dec.), Nos. 40139/14 and 41418/14, 9 September 2014 317. Mamatkulov and Askarov v. Turkey, Nos. 46827/99& 46951/99, 4.2.05 318. Maravić Markeš v. Croatia , No. 70923/11, 9 January 2014 319. Marckx v. Belgium, No. 6833/74, Series A, No. 31, 13.6.79 320. Margulev v. Russia , no. 15449/09, 8 October 2019 321. Marie-Louise Loyen and Bruneel v. France , No. 55929/00, 5 July 2005 322. Martin Alves v. Portugal (dec.), No. 56297/11, 21 January 2014 323. Mascolo v. Italy, No. 68792/01,(dec.) 16.10.03 324. Matthews v. the United Kingdom [GC], No. 24833/94, ECHR 1999-I 325. McCann v. the United Kingdom, No. 18984/91 , 27.9.95 326. McFarlane v. Ireland [GC], No. 31333/06, 10 September 2010 327. McFeeley and Others v. the United Kingdom , No. 8317/78, Commission decision of 15 May 1980 328. McFeely v. United Kingdom, No. 8317/78,(dec.) 15.5.78 329. Mehemi v. France (No.2), No. 53470/99, 10.4.03 330. Mehmet Selçuk v. Turkey , No. 13090/04, 10 June 2008 331. Mentzen v. Latvia (dec.), No. 71074/01, ECHR 2004-XII 332. Merger and Cros v. France (dec.), No. 68864/01, 22 December 2004 333. Micallef v. Malta [GC], No. 17056/06, ECHR 2009 334. Michalak v. Poland (dec.), No. 24549/03, 1 March 2005 335. Michaud v. France , No. 12323/11, ECHR 2012 336. Migliore and Others v. Italy (dec.), Nos. 58511/13 and 2 others, 12 November 2013 337. Milošević v. the Netherlands (dec.), No. 77631/01, 19 March 2002 338. Miroļubovs and Others v. Latvia , No. 798/05, 15 September 2009 339. Mironovas and Others v. Lithuania , Nos. 40828/12 and 6 others, 8 December 2015 340. Mocanu and Others v. Romania [GC], Nos. 10865/09 and 2 others, ECHR 2014 341. Modinos v. Cyprus , Series A No. 259, 22 April 1993 342. Mogos and Krifka v. Germany, No. 7804/1,(dec.) 27.3.03 343. Monnat v. Switzerland , No. 73604/01, ECHR 2006-X 344. Moreira Barbosa v. Portugal (dec.), No. 65681/01, ECHR 2004-V 196 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 345. Moretti and Benedetti v. Italy , No. 16318/07, 27 April 2010 346. Morice v. France [GC], no. 29369/10, 23 April 2015 347. Mouvement raëlien suisse v. Switzerland [GC], No. 16354/06, ECHR 2012 348. MPP Golub v. Ukraine (dec.), No. 6778/05, ECHR 2005-XI 349. Municipal Section of Antilly v. France (dec.), No. 45129/98, ECHR 1999-VIII 350. Muršić v. Croatia [GC], no. 7334/13, 20 October 2016 351. N.Ts. and Others v. Georgia , No. 71776/12, 2 February 2016 352. Nachova and others v. Bulgaria, Nos. 43577/98& 43579/98, 6.7.05 353. Nada v. Switzerland [GC], No. 10593/08, ECHR 2012 354. Nagovitsyn and Nalgiyev v. Russia (dec.), Nos. 27451/09 and 60650/09, 23 September 2010 355. Nagovitsyn and Nalgiyev v. Russia, Nos. 27451/09& 60650/09,(dec.) 23.9.10 356. Nagula v. Estonia, No. 39203/02,(dec.) 25.10.05 357. Nassau Verzekering Maatschappij N.V. v. The Netherlan ds, No. 57602/09,(dec.) 4.10.11 358. Naydyon v. Ukrainе, No. 16474/03, 14.10.10 359. Neumeister v. Austria , Series A, No. 8, 27.6.68 360. Nicolae Virgiliu Tănase v. Romania [GC], бр. 41720/13, 25 June 2019 361. Nicoleta Gheorghe v. Romania , No. 23470/05, 3 April 2012 362. Nizomkhon Dzhurayev v. Russia, No. 31890/11, 3.10.13 363. Nogolica v. Croatia (dec.), No. 77784/01, ECHR 2002-VIII 364. Nolan and K. v. Russia, No. 2512/04, 12.2.09 365. Nölkenbockhoff v. Germany , 25 August 1987, Series A No. 123 366. Norbert Sikorski v. Poland, No. 17599/05, 22 October 2009 367. Normann v. Denmark (dec.), No. 44704/98, 14 June 2001 368. Norris v. Ireland , Series A No. 142, 26 October 1988 369. Novinskiy v. Russia, No. 11982/02, 10.2.09 370. OAO Neftyanaya Kompaniya Yukos v. Russia, No. 14902/04, 20 September 2011 371. Observer and Guardian v. the United Kingdom, No. 13585/88, 26.11.91 372. Oleksy v. Poland , No. 64284/01, 28 November 2006 373. Oliari and Others v. Italy , Nos. 18766/11 and 36030/11,§§ 96-97, 21 July 2015 374. Ölmez v. Turkey (dec.), No. 39464/98, 1 February 2005 375. Omojudi v UK, No. 1820/08, 24.11.09 376. Öneryildiz v. Turkey, No. 48939/99, 30.11.04 377. Open Door and Dublin Well Woman v. Ireland , Series A No. 246-A, 29 October 1992 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 197 378. Opuz v. Turkey , No. 33401/02, 9.6.09 379. Orhan v. Türkiye (dec.), no. 38358/22, 6 December 2022 380. Osmanov and Husseinov v. Bulgaria (dec.), Nos. 54178/00& 59901/00, 4 September 2003 381. Otto v. Germany (dec.), No. 21425/06, 10 November 2009 382. Ouardiri v. Switzerland, No. 65840/09,(dec.) 28.6.11 383. P., C. and S. v. the United Kingdom , No. 56547/00, ECHR 2002-VI 384. Paksas v. Lithuania [GC], No. 34932/04, ECHR 2011 385. Panioglu v. Romania , no. 33794/14, 8 December 2020 386. Papachelas v. Greece [GC], No. 31423/96, ECHR 1999-II 387. Papamichalopoulos v. Greece, No. 14556/89, 31.10.95 388. Paradiso and Campanelli v. Italy [GC], No. 25358/12, ECHR 2017 389. Parizov v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 14258/03, 7 February 2008 390. Pauger v. Austria, No. 24872/94, Commission decision of 9 January 1995 391. Paul and Audrey Edwards v. the United Kingdom (dec.), No. 46477/99, 7 June 2001 392. Paulino Tomás v. Portugal (dec.), No. 58698/00, ECHR 2003-VIII 393. Pellegriti v. Italy (dec.), No. 77363/01, 26 May 2005 394. Peraldi v. France (dec.), No. 2096/05, 7 April 2009 395. Perez v. France, No. 47287/99, 12.2.04 396. Petersen v. Germany (dec.), No. 39793/98, ECHR 2001-XII 397. Petroiu v. Romania (revision), No. 33055/09, 7 February 2017 398. Petrović v. Serbia , No. 40485/08, 15 July 2014 399. Philis v. Greece , No. 28970/95, Commission decision of 17 October 1996 400. Pine Valley Developments Ltd and Others v. Ireland , 29 November 1991, Series Ano. 222 401. Pisano v. Italy [GC], No. 48420/99, 23 October 2001 402. Polanco Torres and Movilla Polanco v. Spain , No. 34147/06, 21 September 2010 403. Poleshchuk v. Russia, No. 60776/00, 7.10.04 404. Poltoratskiy v. Ukraine, No. 38812/97, 24.4.03 405. Popov v. Moldova(No. 1) , No. 74153/01, 18 January 2005 406. Poznanski and Others v. Germany (dec.), No. 25101/05, 3 July 2007 407. Predescu v. Romania , No. 21447/03, 2 December 2008 408. Pressos Compania Naviera S.A. and Others v. Belgium, 20 November 1995 409. Pretto v. Italy, No. 7984/77, 8.12.83 410. Prodan v. Moldova, No. 49806/99, 18.5.04 198 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 411. Provide S.R.L. v. Italy, No. 62155/00,(dec.) 5.7.07 412. Prystavska v. Ukraine (dec.), No. 21287/02, ECHR 2002-X 413. Quark Fishing Ltd v. the United Kingdom (dec.), No. 15305/06, ECHR 2006-XIV 414. R.R. v. Poland , No. 27617/04, ECHR 2011 415. Radio France and Others v. France (dec.), No. 53984/00, ECHR 2003-X. 416. Radomilja and Others v. Croatia [GC], nos. 37685/10 and 22768/12, 20 March 2018 417. Raimondo v. Italy , Series A No. 281-A2, 2 February 1994 418. Rantsev v. Cyprus and Russia , No. 25965/04, ECHR 2010 419. Raw and Others v. France , No. 10131/11, 7 March 2013 420. Řehák v. the Czech Republic (dec.), No. 67208/01, 18 May 2004 421. Retimag AG v. Germany, No. 712/60, 1962 422. Rezgui v. France (dec.), No. 49859/99, ECHR 2000-XI 423. Riad and Idiab v. Belgium , Nos. 29787/03 and 29810/03, 24 January 2008 424. Riener v. Bulgaria , No. 46343/99, 23 May 2006 425. Rinck v. France (dec.), No. 18774/09, 19 October 2010 426. Ringeisen v. Austria , Series A No. 13, 16 July 1971 427. Robert Lesjak v. Slovenia , No. 33946/03, 21 July 2009 428. Rodić and 3 Others v. Bosnia and Herzegovina, No. 22893/05, 27.5.08 429. Rudnichenko v. Ukraine , No. 2775/07, 11 July 2013 430. S.A.S. v. France [GC], No. 43835/11, ECHR 2014 431. Sabri Güneş v. Turkey [GC], No. 27396/06, 29 June 2012 432. Sahin v. Germany [GC], No. 30943/96, ECHR 2003-VIII 433. Şahmo v. Turkey (dec.), No. 37415/97, 1 April 2003 434. Saakashvili v. Georgia (dec.), no. 6232/20 and 22394/20, 1 March 2022 435. Sakhnovskiy v. Russia [GC], No. 21272/03, 2 November 2010 436. Salah v. the Netherlands , No. 8196/02, 8 March 2007 437. Sâmbata Bihor Greek Catholic Parish v. Romania , No. 48107/99, 12 January 2010 438. Sanles Sanles v. Spain (dec.), No. 48335/99, ECHR 2000-XI 439. Sargsyan v. Azerbaijan (dec.)[GC], No. 40167/06, 14 December 2011 440. Sarisülük v. Turkey , No. 64126/13,(dec.) 25.3.14 441. Satakunnan Markkinapörssi Oy and Satamedia Oyv. Finland [GC], no. 931/13, 27 June 2017 442. Savitskyy v. Ukrainе, No. 38773/05, 26.7.12 443. Scavuzzo-Hager and Others v. Switzerland, No. 41773/98, 7 February 2006 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 199 444. Scoppola v. Italy(No. 2) [GC], No. 10249/03, 17 September 2009 445. Scordino v. Italy (dec.), No. 36813/97, ECHR 2003-IV 446. Scordino v. Italy(No. 1) [GC], No. 36813/97, ECHR 2006-V 447. Scotts of Greenock Ltd. v. United Kingdom, No. 9599/81,(dec.) 11.3.85 448. Scozzari and Giunta v. Italy [GC], Nos. 39221/98 and 41963/98, ECHR 2000-VIII 449. SD, DP and T v. United Kingdom, No. 23715/94, 5.96 450. SEGI v. Germany and others, Nos. 6422/02& 9916/02,(dec.) 23.5.02 451. Sejdić and Finci v. Bosnia and Herzegovina [GC], Nos. 27996/06 and 34836/06, ECHR 2009 452. Sejdovic v. Italy [GC], No. 56581/00, ECHR 2006-II 453. Selami and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , no. 78241/13, 1 March 2018 454. Selmani and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 67259/14, 9 February 2017 455. Selmouni v. France [GC], No. 25803/94, ECHR 1999-V 456. Senator Lines GmbH v. Austria, Belgium, Denmark, Finland, France, Germany, Greece, Ireland, Italy, Luxembourg, the Netherlands, Portugal, Spain, Sweden and the United Kingdom (dec.) [GC], No. 56672/00, ECHR 2004-IV 457. Sergey Smirnov v. Russia, No. 14085/04,(dec.) 6.7.06 458. Sgattoni v. Italy , No. 77132/01, 6 October 2005 459. Shamayev and Others v. Georgia and Russia (dec.), No. 36378/02, 16 September 2003 460. Shefer v. Russia (dec.), No. 45175/04, 13 March 2012 461. Shibendra Dev v. Sweden , No. 7362/10,(dec.) 21.10.14 462. Shipovikj v. North Macedonia (dec.), nos. 77805/14 and 77807/14, 9 March 2021 463. Shishanov v. the Republic of Moldova , No. 11353/06, 15 September 2015 464. Siliadin v. France , No. 73316/01, ECHR 2005-VII 465. Šilih v. Slovenia [GC], No. 71463/01, 9 April 2009 466. Simitzi-Papachristou and Others v. Greece (dec.), Nos. 50634/11 and 18 others, 5 November 2013 467. Sindicatul Păstorul cel Bun v. Romania [GC], No. 2330/09, ECHR 2013 468. Šneersone and Kampanella v. Italy, No. 14737/09, 12 July 2011 469. Söderman v. Sweden [GC], No. 5786/08, ECHR 2013 470. Soering v. United Kingdom, No. 14038/88, Series A, No. 161, 7.7.89 471. Sokolov and Others v. Serbia (dec.), Nos. 30859/10 and 6 others, 14 January 2014 472. Sorensen and Rasmunssen v. Denmark, Nos. 52562/99& 52620/99, 11.1.06 473. Sovtransavto Holding v. Ukraine , No. 48553/99, ECHR 2002-VII 474. Stamoulakatos v. the United Kingdom , No. 27567/95, Commission decision of 9 April 1997 200 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 475. Stec v. United Kingdom [GC], Nos. 65731/01 and 65900/01, ECHR 2006-VI 476. Ştefănescu v. Romania (dec.), No. 11774/04, 12 April 2011 477. Stepanian v. Romania , No. 60103/11, 14 June 2016 478. Stephens v. Cyprus, Turkey and the United Nations (dec.), No. 45267/06, 11 December 2008 479. Stojkovic v. the former Yugoslav Republic of Macedonia , No. 14818/02, 8 November 2007 480. Stukus and Others v. Poland , No. 12534/03, 1 April 2008 481. Sufi and Elmi v. the United Kingdom , Nos. 8319/07 and 11449/07, 28 June 2011 482. Sultani v. France , No. 45223/05, 20.9.07 483. Sunday Times v UK( No. 1 ), Series A, No. 30, 26.4.79 484. Sürmeli v. Germany (dec.), No. 75529/01, 29 April 2004 485. Sürmeli v. Germany [GC], No. 75529/01, ECHR 2006-VII. 486. Sutherland v. the United Kingdom [GC], No. 25186/94, 22 March 2001 487. Svinarenko and Slyadnev v. Russia [GC], Nos. 32541/08 and 43441/08, ECHR 2014 488. Sylka v. Poland (dec.), No. 19219/07, 3 June 2014 489. TA v. Turkey, No. 26307/95, 9.4.02 490. Tănase v. Moldova [GC], No. 7/08, ECHR 2010 491. Tanlı v. Turkey , No. 26129/95, ECHR 2001-III 492. Tarantino and Others v. Italy , Nos. 25851/09 and 2 others, ECHR 2013 493. The Georgian Labour Party v. Georgia , No. 9103/04, ECHR 2008 494. Togçy v. Turkey, No. 27601/95, 9.4.02 495. Trofimchuk v. Ukraine (dec.), No. 4241/03, 31 May 2005 496. Tucka v. United Kingdom, No. 34586/10,(dec.) 18.1.11 497. Turgut and Others v. Turkey, No. 4860/09,(dec.) 26.3.13 498. Tyrer v. United Kingdom, No. 5856/72, Series A, No. 26, 25.4.78 499. Ukraine-Tyumen v. Ukraine , No. 22603/02, 22 November 2007 500. Ülke v. Turkey (dec.), No. 39437/98, 1 June 2004 501. Unédic v. France , No. 20153/04, 18 December 2008 502. United Communist Party of Turkey and others v Turkey, No. 19392/92, 30.1.98 503. Uzun v. Turkey , No. 48544/99, 20 April 2006 504. Vallan v. Italy, No. 9621/81,(dec.) 13.10.83 505. Vallianatos and Others v. Greece [GC], Nos. 29381/09& 32684/09, 7.11.13 506. Van Colle v. the United Kingdom , No. 7678/09, 13 November 2012 507. Van der Tang v. Spain , Series A No. 321, 13 July 1995 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 201 508. Vangelova and Others v. North Macedonia (dec.), no. 17218/17, 17 May 2022 509. Varadinov v. Bulgaria , no. 15347/08, 5 October 2017 510. Varbanov v. Bulgaria, No. 31365/96, ECHR 2000-X 511. Varnava and Others v. Turkey [GC], Nos. 16064/90 and 8 others, ECHR 2009 512. Vartic v. Romania(No. 2) , No. 14150/08, 17 December 2013 513. Vasiliu Ivashchenko v. Ukraine, No. 760/03, 26.7.12 514. Vasilkoski and Others v. the former Yugoslav Republic of Macedonia, No. 28169/08, 28 October 2010 515. Vasyanovich v. Russia (dec.), No. 9791/05, 27 September 2016 516. Velikova v. Bulgaria (dec.), No. 41488/98, ECHR 1999-V 517. Verein gegen Tierfabriken Schweiz(VgT) v. Switzerland(No. 2) [GC], No. 32772/02, ECHR 2009 518. Vermeire v. Belgium , 29 November 1991 519. Vernillo v. France, Series A No. 198, 20 February 1991 520. Vidaković v. Serbia, No. 16231/07,(dec.) 24.5.11 521. Vidu and Others v. Romania (revision), No. 9835/02, 17 January 2017 522. Vijayanathan and Pusparajah v. France , Series A No. 241-B, 27 August 1992 523. Vinčić and Others v. Serbia, No. 44698/06 et seq.,(dec.) 1.12.09 524. Voggenreiter v. Germany , No. 47169/99, ECHR 2004-I 525. Vojnović v. Croatia (dec.), No. 4819/10, 26 June 2012 526. Vučković and Others v. Serbia (preliminary objection)[GC], nos. 17153/11 and 29 others, 25 March 2014 527. Waite and Kennedy v. Germany [GC], No. 26083/94, ECHR 1999-I 528. Walker v. the United Kingdom (dec.), No. 34979/97, ECHR 2000-I 529. Weber and Saravia v. Germany (dec.), No. 54934/00, ECHR 2006-XI 530. Winterwerp v. Netherlands, Series A, No. 33, 24.10.79 531. Worm v. Austria , No. 22714/93, 29 August 1997 532. Woś v. Poland , No. 22860/02, ECHR 2006-VII 533. X and Church of Scientology v. Sweden, 1979 534. X and Y v. Netherlands , Series A No. 91, 26 March 1985 535. X v. Federal Republic of Germany (dec.), No. 7462/76, Commission decision of 7 March 1977 536. X v. France , Series A No. 234-C, 31 March 1992 537. X v. Germany, No. 7216/75,(dec.) 20.5.76 538. X v. Netherlands (dec.), No. 7230/75, 4 October 1976, DR 7 539. X v. United Kingdom, No. 7379/76,(dec.) 10.12.76, 8 DR 211 202 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур 540. X v. United Kingdom , No. 8233/78,(dec.) 3.10.79, 17 DR 122 541. X v. United Kingdom , No. 8206/78,(dec.) 10.7.81, 25 DR 147 542. Y v. Latvia, No. 61183/08, 21 October 2014 543. Y.F. v. Turkey , No. 24209/94, ECHR 2003-IX 544. Yavuz Selim Güler v. Turkey , No. 76476/12, 15.12.15 545. Young, James and Webster v. the United Kingdom, Nos. 7601/76& 7807/77, Series A, No. 44, 26.06.81 546. Yüksel v. Turkey , No. 19311/92, 10 April 2001 547. Yüksel Erdoğan and Others v. Turkey , No. 57049/00, 15 February 2007 548. Yuriy Nikolayevich Ivanov v. Ukraine , No. 40450/04, 15 October 2009 549. Zana v. Turkey , 25 November 1997, Reports 1997-VII 550. Zehentner v. Austria , No. 20082/02, 16 July 2009 551. Zelčs v. Latvia , no. 65367/16, 20 February 2020 552. Ziberi and Others v. the Former Yugoslav Republic of Macedonia (dec.), no. 52874/10 and 5 others, 23 May 2017 553. Ziętal v. Poland , No. 64972/01, 12 May 2009 554. Živić v. Serbia , No. 37204/08, 13 September 2011 555. Zubac v. Croatia ([GC], no. 40160/12, 5 April 2018 556. Zwinkels v. Netherlands, No. 16593/10,(dec.) 9.10.12 КОРИСТЕНИ СЛУЧАИ ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 203 За авторката Проф. д-р Јелена Ристиќ е вонреден професор во наставно-научната област Човекови права и слободи на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Правниот факултет„Јустинијан Први” при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде во 2016 година ја одбранила докторската дисертација на тема„Правото на интелектуална сопственост и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права” и се стекнала со научен назив доктор на правни науки од областа на меѓународното право. Во 2022 година завршила едногодишна постдокторска програма по нови технологии и право на Медитеранскиот меѓународен центар за истражување на човековите права при Универзитетот„Медитеранеа“ во Реџо Калабрија, Италија. Нејзиното професионално искуство вклучува дваесетгодишно работно искуство во правната област, вклучително и во рамки на повеќе меѓународни организации и институции, меѓу кои се: Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Американската адвокатска комора Иницијатива за владеење на правото(ABA ROLI), Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој(USAID) и други. Определен период работи и како извршен директор на Адвокатската комора на РСМ. Од 2018 година е заменик-претседател на Адвокатската комора на РСМ и член на Управниот одбор на Адвокатската комора на РСМ. Исто така, таа е член на Програмскиот совет на Центарот за едукација на Адвокатската комора на РСМ и адвокат од 2015 година. Експерт е на Советот на Европа за повеќе области поврзани со човековите права и сертифициран обучувач на Советот на Европа во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци(HELP). Во 2021 година е избрана за член на Консултативниот одбор на Европската програма за едукација за човекови права на правни професионалци на Совет на Европа(HELP). Со свои трудови и реферати остварила учество на седумдесетина научни и стручни собири во земјата и во странство. Била раководител и била вклучена како експерт во рамки на повеќе меѓународни и национални проекти во врска со реформите во правосудниот сектор, владеењето на правото и човековите права. Исто така, била и член на работни групи при Министерството за правда за изработка на закони, како и член на комисии за изработка на подзаконски акти. Автор е на педесетина научни и стручни трудови, претежно од областа на меѓународното и европското право за човекови права, меѓу кои и книгите:„Структура и функционирање на Европскиот суд за човекови права(со посебен осврт на критериумите за допуштеност)“ и„Интелектуалната сопственост како човеково право: Заштита пред Европскиот суд за човекови права“. Контакт: jelena.ristic@isppi.ukim.edu.mk jristik@hotmail.com 204 Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред Судот во Стразбур CIP- Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека“Св. Климент Охридски”, Скопје 342.736:341.231.14(4)(094.2) 342.736:341.645.5(44) 341.645.5(44):342.7(497.7)(094.8) РИСТИЌ, Јелена Критериумите за допуштеност според Европската конвенција за човекови права и македонските предмети пред судот во Стразбур/ Јелена Ристиќ.- Скопје: Фондација “Фридрих Еберт“, 2025.- 204 стр. Фусноти кон текстот.- За авторката. стр.204.- Библиографија: стр. 181-185 ISBN 978-608-270-015-1 а) Жалба-- Критериуми за допуштеност-- Европска конвенција за човекови права б) Жалба-Критериуми за допуштеност-- Европски суд за човекови права-- Македонски предмети COBISS.MK-ID 66169349 Оваа книга претставува длабински и темелен труд, кој со голема прецизност се занимава со една исклучително значајна, но често занемарена правна тема – критериумите за допуштеност на жалбите пред Европскиот суд за човекови права. Авторката успешно го препознава јазот меѓу формалната можност за пристап до правдата и реалната ефикасност на правната заштита, при што го лоцира главниот проблем во недоволното разбирање и правилно применување на процесните предуслови што ги поставува Конвенцијата. Станува збор за исклучително систематизиран и аналитички обработен труд, кој не само што ја пополнува постоечката празнина во македонската правна литература, туку претставува и суштински чекор кон унапредување на правната писменост и практиката во оваа област. Оваа книга е повеќе од стручна публикација – таа е потребен инструмент за реформа на правната свест и правната култура во Република Северна Македонија. Со сигурност може да се оцени како квалитетен, релевантен и оригинален труд, кој претставува значаен придонес кон унапредувањето на владеењето на правото и човековите права, не само на национално, туку и на регионално ниво. Неговото објавување е не само оправдано, туку и неопходно. Проф. д-р Снјежана Васиљевиќ Редовен професор Правен факултет Универзитет во Загреб и ad hoc судија во Европскиот суд за човекови правa Делото се одликува со систематски пристап, богата содржина и јасна изложеност на материјата, поддржана со обемна и релевантна домашна и меѓународна литература, како и со прецизни анализи на пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права. Авторката демонстрира длабоко разбирање на темата, што особено се забележува во аналитичкиот пристап и критичките коментари, со што трудот се издвојува како квалитетен академски и стручeн придонес. Дополнителна вредност на трудот е тоа што ги рефлектира последните измени во однос на контролниот механизам на Конвенцијата, особено промените кои настанаа со влегувањето во сила на Протоколот 15 кон Конвенцијата во 2021 година, имајќи предвид дека постоечката литература на македонски јазик, сè уште не е ажурирана за соодветно да ги одрази овие промени. Со оглед на тоа што темата што ја обработува е од исклучителна важност како за Република Северна Македонија, така и во поширок европски и меѓународен контекст, оваа книга претставува значаен придонес кон развојот на правната наука и практиката. Таа ќе биде од особена корист не само за истражувачите и академиците, туку и за практичарите – адвокати, судии, јавни обвинители и сите останати кои се занимаваат со примена и заштита на човековите права. Проф. д-р Бојана Наумовска Редовен професор и директор Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Универзитет„Св. Кирил и Методиј“ Скопје