Ѓорѓи Спасов Социјалдемократијата денес -10-те одреднициСкопје, ноември 2008 Издавач: Фондација Фридрих Еберт Канцеларија Скопје www.fes.org.mk Лектура: Инда Савиќ Дизајн на корица и пре-прес: Promo DSGN Тираж: 1000 Copyright: Friedrich Ebert Stiftung Содржина 1 Економски прогрес 5 2 Социјална правда, фер општество, слобода и еднаквост 11 3 Солидарност и синдикализам 15 4 Рамноправност 19 5 Одржлив развој, грижа за здрава животна средина 23 6 Демократија, вклученост, транспарентност, одговорност 25 7 Владеење на правото, борба против криминалот 29 8 Мир и безбедност 33 9 Заштита на националниот идентитет 35 10 Отвореност и космополитизам 37 Важни веб страници за социјалдемократијата 40 Куса белешка за авторот 41 1 Åêîíîìñêè ïðîãðåñ Социјалдемократијата денес економскиот растеж и тие не ги доведуваат во прашање. Кога говориме за пазарот, станува збор, всушност, за слобода на пазарите на капитал, стоки( производи) и на работна сила кои ја опре- делуваат нивната пазарна вредност. 2. Социјалдемократите, сепак, се убедени дека економскиот развој втемелен само врз филозофијата за слобода на пазарот„laissezfaire”, доведува нужно до криза заради алчноста на капиталот. Прво , сопствениците на капиталот во определени области можат да создадат монополи или картели со чија помош ќе остваруваат многу повисоки профити од пазарната вредност на нивните производи и услуги во услови на конкуренција. Второ , приватниот капитал не е заинтерсиран да вложува во области во кои не остварува голем профит, а се од интерес на сите граѓани и новите претприемачи, како што е инвестирањето во јавни добра: патишта, железници, електрична и комуникациска мрежа, јавен сообраќај, но и во некои области од образованието, здравството, културата, итн. Трето , приватниот капитал, доколку не е ограничен со закон, се стреми да стане нечувствителен кон зачувувањето на природните извори на енергија, вода за пиење, чист воздух, односно кон зачу вувањето на природната средина која е важен извор за животот и на идните генерации. Четврто , оставањето на развојот на економијата само на логиката на капиталот и на пазарот, доведува до создавање големи социјални разлики, односно до поделба на општеството на малкумина супер богати, на едната страна, и на маса очајни, на другата. Тоа може да стане извор на големи социјални девијации, пред с é како: кри миналот, проституцијата и алкохолизмот, но и да доведе до конфликти и револуции, со што може да биде доведен во прашање и животот на граѓаните, а не само економскиот растеж. Проектот на социјалдемократите за економски развој поаѓа од становиштето дека овие недостатоци на пазарот можат да бидат отстранувани со помош на државата. Таа обезбедува , пред с é: 6 1. Економски прогрес - Услови за политичко претставување и усогласување на различните интереси, што подразбира и постоење на заштитена јавна сфера за дебата околу надлежностите, функцинирање на ефикасен правен систем и негување на општествениот мир преку контрола на закани од насилство и унапредување на безбедноста; - Средства преку даночната политика за создавање јавни добра( патишта , железници, паркови, плоштади, јавен сообраќај и, воопшто, финансирање на инфраструктурата) и се јавува во улога на врвен вработувач со макроекономски и микроекономски овластувања; - Регулирање на пазарите според јавниот интерес и оневозможувањето монопол во одредени дејности; - Развој на способностите на населението( гледано како човечки капитал) преку нејзината клучна улога во обра зовниот систем, културата, здравството и социјалната заштита; - Ги негува регионалните и транснационалните врски на земјата за да помага во остварувањето на економските и општествени цели на заедницата. Економијата која не се темели само врз слободата на пазарот, туку и врз државните, односно општествените механизми за отстранување на негативните последици од класичната пазарна еко номија, се нарекува уште социјално- пазарна економија. Социјалдемократскиот проект за економски прогрес се обидува да ги ослободи уздите на економијата во своите земји и креативната енергија на луѓето преку соочувањето со трите нови револуции на денешницата: Глобализацијата; Појавата на економии засновани врз знаењето; Појавата на демократското семејство со порастот на индивидуализмот. Овие три револуции носат опасности и ризици, но тие се можност за уште поголем развој. За земјите што нема успешно да се 7 Социјалдемократијата денес справат со нив, тие носат опасности од нивно заостанување, изо лирање, па и распаѓање. Социјалдемократскиот проект за економски прогрес во нив гледа можност за развој. Неговиот одговор на овие предизвици се: Новата комбинирана економија, која бара заедничко деј ствување на јавниот и приватниот сектор; Економската политика на државата добива нови приоритети во врска со образованието, поттикнувањето на економски инцијативи на компаниите на семејствата и на поединците, развојот на претприемничката култура и негувањето на човечкиот капитал. Клучниот фактор во негувањето на човечкиот капитал станува образованието. Тоа е секторот во кој мора да бидат вложени најголемите инвестиции за да се фати чекор со економиите засновани врз знаење, кои доживуваат во светот најбрз растеж и обезбедуваат најголем профит, најголем број нови вработувања. Преку инве стирањето во образованието и способностите на граѓаните за работа во економијата заснована врз знаење, се обезбедува и зголемување на економската ефикасност на населението и повисок степен на социјална кохезија во општеството . Но, ова не подразбира само развој на кла сичното образование. Тоа треба да биде во функција на создавање личности способни и подготвени за учење во текот на целиот живот, со оглед на брзината на технолошкиот развој, и способни за користење на сите можности што ги дава развојот на новата технологија и интер нетот за постојано унапредување на своите способности и знаења, потребни за економијата заснована врз знаење. Целта на макроекономската политика останува ниската инфлација, смалување на задолженоста на земјата и користењето на активните мерки од страна на државата, преку микро кредити и помош за поттикнување на економскиот развој и за зголемување на вра ботеноста. Социјалдемократијата, денес, прави нов социјален договор, по принципот- нема права без одговорности. Но, тој принцип не важи само за работниците и корисниците на социјална помош, туку и за работодавачите и за државата. Директната социјална помош останува како клучен елемент на солидарноста, но државата, имајќи го предвид 8 1. Економски прогрес продолжениот животен век на граѓаните, прераснува во држава на општествено инвестирање, по принципот на помош за самопомош, односно на помош за вклучување во работниот процес и смалување на трајната зависност. Во оваа смисла, социјалната политика за соци јалдемократите станува не само инструмент за оневозможување на големите социјални нееднаквости преку државната редистрибуција на општественото богатство, туку инструмент за поттикнување на еко номскиот развој и подигнување на квалитетот на животот. 9 Ñîöè¼àëíà ïðàâäà, ôåð îïøòåñòâî, 2 ñëîáîäà è åäíàêâîñò Социјалдемократијата денес побогатите кон сиромашните, овозможува, пред с é зачувување на социјалниот мир, зголемување на општественото богатство и зачувување на општествената интегрираност, односно заедништво. За социјалдемократите е важен одговорот на прашањето кој може да се смета за богат и кога може од него да се зема, а кој треба да се смета за сиромашен и колкава и каква помош му е потребна. Уште поважно од тоа за нив е одговорот на прашањето, низ која стратегија на даночното зафаќање од колачот на богатите тие нема да бидат обесхрабрени за создавање богатство, или нема да избегаат во други земји со својот капитал, а низ која стратегија на помош на сиромашните тие нема да се направат мрзеливи и зависни од државната помош до крајот на нивниот животен век. За модерните социјалдемократи, главниот инструмент на оваа стратегија и натаму останува прогресивното оданочување, кое се состои во создавањето обврска на оние што повеќе имаат да плаќаат повисоки даноци. Но, и реформата на овој систем оди повеќе во насока на воведување с é повеќе индиректни даноци, односно оданочување на потрошувачката, а не на имотот, со што се создаваат услови, оние што повеќе трошат, да плаќаат повеќе во заедничката каса за заедничките потреби. Овој систем создава можности за ослободување од даноци кога богатството се користи за инвестирање во развојот, во отворањето нови работни места, или за хуманитарни цели и поддршка на оп штествено корисни иницијативи. Од друга страна, пак, политиката на трошењето на собраните средства за оваа цел се менува во согласност со промената на поимањето на еднаквоста. Таа за социјалдемократите не значи ега литаризам, ниту„ политика на еднакви стомаци”, или урамниловка во примањата. Еднаквоста за социјалдемократите значи еднаквост на можностите на секој поединец за слободен развој. Таа, пред с é, значи обезбедување од страна на државата еднаков пристап за граѓаните до образование, здравствена заштита и до институциите за политичко влијание. Барањето еднаквост не ја загрозува слободата. Напротив, еднаквоста и слободата на граѓаните меѓусебно се надополнуваат. Нерамноправното општество, тврди социјалдемократијата, им дава, секако, многу поголема слобода на оние што имаат најголеми при вилегии. Но, истовремено, тоа значи дека оние што се наоѓаат на по грешната страна на економските и социјалните разлики, практично 12 2. Социјална правда, еднаквост и сигурност живеат во голема неслобода, во економска ограниченост која не дозволува ништо друго освен најнеопходното и се подредени на одлуките донесени од страна на попривилегираните групи, без можност да влијаат врз нив. Сиромаштијата претставува проблем не само заради отсуство на елементарни средства за преживување, туку и заради исклученоста на тие индивидуи, семејства, слоеви, од пристапот до солидно обра зование, работа, здравствена заштита и влијание врз процесите во заедницата во која живеат. Затоа, модерните социјалдемократи прашањето на еднаквоста го третираат како прашање на вклученост. Мерките на социјалната политика одат во насока не да се стимулира доживотната зависност од социјална помош и исклученост, туку да се поттикнат нејзините приматели на активност за себе изземање од таа положба и за вклучување. Во оваа насока, модерните социјалдемократи својата социјална политика ја дизајнираат согласно потребите на индивидуите, а не само на семејствата како порано и со помош на инструментите на државата на општествено инвестирање, се обидуваат да обезбедат, пред с é, вклученост на корисниците на социјалните фондови во процесот на перманентното образование и оспособување, како и нивно активно вклучување во процесот на барање работа и создавање можности за живеење од нивниот труд и за зголемување на нивното самопочитување. 13 3 Ñîëèäàðíîñò è ñèíäèêàëèçàì Социјалдемократијата денес во неволја да им се понуди, не она што ви е вишок, или што веќе не ви треба, туку она што во моментот ним им е најпотребно. Затоа, социјал демократите ги поддржуваат синдикатите и синдикалното органи зирање на работниците. Поаѓајќи од фактот дека сопствениците на капиталот, односно работодавачите во пазарното стопанство располагаат со голема моќ во сферата на вработувањето која можат и да ја злоупотребуваат, социјалдемократите сметаат дека единствен начин да се заштитат работниците од можната злуопотреба на таа моќ, е правото на вработените и на невработените синдикално да се организираат. Здружени во синдикати, со моќ за штрајкување, вработените можат да преговараат со владата и со работодавачите: за условите за работа, за висината на платите, платените отсуства и одмори, условите за пензионирање, заштитата во услови на престанок на работата и заштитата на другите права од работниот однос. Сопствениците на капиталот, работодавачите и, воопшто, богатите луѓе, исто така, имаат можност со своите пари, преку спонзорирање на политичките партии, да остваруваат ефикасно влијание директно врз парламентот, владата и другите институции, или индиректно преку нивните стопански комори, здруженија на рабо тодавачите, клубови на индустријалци, и слично. За да можат работниците да парираат на таа моќ, тие преку нивните синдикални организации, исто така, поддржуваат некои поли тички партии . Тоа го прават со издвојување на дел од својата членарина за финансирање на политичките партии кои ги застапуваат нивните интереси, или преку доброволна работа на нивните членови во време на изборните кампањи( лепење плакати, водење кампања од врата до врата, и слично). Партиите што ја добиваат поддршката на синдикатите , а тоа се обично социјалдемократските, за возврат во политичкиот процес ги бранат интересите на синдикатите, на вра ботените и на невработените. Соработката на синдикатите и на социјалдемократските партии, во Европа има донесено видливи резултати. Тоа се колек тивните договори, синдикалните права на работниците, петдневната работна недела, правото на годишен одмор, правото на платено поро дилно отсуство и многу други права кои се веќе одлика на денешната цивилизација и кои се сметаат веќе за нормални човекови права. 16 3. Солидарност со луѓето во неволја Современата социјалдемократија е солидарна на национален и на меѓународен план. Нејзината виталност произлегува од порастот на свеста за меѓусебната поврзаност и зависност. Со глобалните климатски промени не може сама да се справи ниту една држава, ниту со глобалниот тероризам, ниту со сиромаштијата, во еден дел од светот. Затоа, солидарноста, денес, помага да се премостат идеолошките поделби и да се гради едно ново светско заедништво, неопходно за подобрата иднина на човештвото, во целина. 17 4 Ðàìíîïðàâíîñò Социјалдемократијата денес Да има советувалишта за деца и за младинци и му дава поддршка на синдикалното барање да се добива иста плата за иста работа, без оглед на половата припадност на вработените. Затоа, секаде во светот постои поврзаност на феминистичките движења со социјалдемократијата. Но, според најновите податоци, жените с é уште не се рамноправни со мажите. Во голем број земји, меѓу кои и Македонија , предност за школување, во семејства со скудни средства, им се дава на машките деца, на жената с é уште и е наменета улогата на чувар на домот и на децата, а ако се вработени, жените се во просек помалку платени за иста работа од мажите , а во многу помал број добиваат највисоки позиции во менаџментот на корпорациите, или во поли тичките институции. Освен ова, на вработените жени, покрај обврските од работниот однос им се препуштени обврските кон домот и децата, со што тие се ограничени во развојот на нивната кариера. Еманципацијата на жената и подобрувањето на економската положба придонесува и за тоа тие полесно да се решаваат за развод во неуспешните бракови, или за раѓање деца без создавање брачна заед ница. Социјалдемократите го прифаќаат правото на различност и правото на избор. Борбата за целосна рамноправност на жените, социјал демократите ја водат со: Иновации во работното законодавство, преку кои се обезбедува и мажите да бидат ослободени од работните обврски во периодот на чување на децата; Определувањето задолжителни квоти за жените на изборните листи за избор на членови во Парламентот и советите на општините; Создавањето услови за општествена грижа за децата во градинки, или продолжен престој; Борбата против семејното насилство; Борбата за еднаква достапност на сите општествени позиции на жената и еднаква платеност со мажите за еднаков труд, итн. 20 4. Рамноправност на мажите и жените, заштита на децата Социјалдемократијата ги поддржува младите преку политиката на обезбедување услови за што поуспешно стартување во нивниот живот, со давањето стипендии, помош при вработувањето и преку претставувањето на политичките интереси на младите. Преку програми за пензионерите и старите лица, социјалдемократијата се залага нивните интереси да бидат заштитени со закон, односно за нивна социјална и материјална сигурност за време на пензионерските денови, и да се обезбедат услови за активна вклученост на возрасното население во економскиот и општествениот живот низ форми кои за него се најсоодветни. Борбата за рамноравност е и борба за спречување на дискриминацијата по сите други основи. Социјалдемократите го прифаќаат подобрувањето на мнозинската демократија со елементите на консоцијалната, или консензуалната демократија, која на припа дниците на етничите заедници им обезбедува целосна рамноправност и заштита од етничко надгласување во институциите на власта и институциите на локалната самоуправа. Тие елементи се: правото на вето за закони со кои се регулира заштитата на нивниот етнички и културен идентитет, правото на еднаква застапеност во институциите на власта и државната администрација и деволуцијата на власта од централно, на локално ниво во значајни области од интерес на граѓаните. Во земјите со изразита имиграција, социјалдемократите се борат за спречување на дискриминацијата на имигрантите и за обезбедување еднкави права и за нив , како и за спречување на дис криминацијата на етничките малцинства по било која основа. Поаѓајќи од правото на различноста и изборот, денешните социјалдемократи прифаќаат дека луѓето можат да живеат заедно и среќно и без да бидат венчани – хомосексуалците, можат да одгле дуваат деца исто толку компетентно како и хетеросексуалната попу лација, а родителите без брачен партнер, доколку би имале соодветни извори, би биле способни да одгледуваат деца исто толку добро, колку и брачните двојки. За да се постигне успех на овој план, проектот на социјалдемократијата низ законодавството се обидува да воспостави рамнотежа меѓу автономијата и одговорноста. Во таа смисла, заштита и грижата за децата се на преден план во креирањето на семејната политика. Но, семејството не се однесува само на одгледувањето деца од родителите. И децата треба да имаат должност кон нивните роди тели, а не само обратно, и затоа социјалдемократијата ги охрабрува доживотните родителски договори со кои децата преземаат грижа за нивните изнемоштени родители. 21 Îäðæëèâ ðàçâî¼, ãðèæà çà çäðàâà 5 æèâîòíà ñðåäèíà Социјалдемократијата денес најбрзо и најстабилно расте со истовременото чување и заштита на здравата човекова околина. Истовремено, социјалдемократите укажуваат на тоа дека еколошката модернизација, воведувањето нови и обновливи извори на енергијата, бара партнерство меѓу владите, компаниите, умерените експерти за животна средина и научниците, со цел да се обезбеди растеж и конкурентност на економијата, со истовремено почитување на принципите за заштита на животната средина. 24 Äåìîêðàòè¼à, âêëó÷åíîñò, 6 òðàíñïàðåíòíîñò, îäãîâîðíîñò Ïî Ôðàíöóñêàòà áóðæîàñêà ðåâîëóöè¼à(1848), êî¼à ãî èñòàêíà ñëîãàíîò:„Liberte, egalite, fraternite„(„ Ñëîáîäà, åäíàêâîñò, áðàòñòâî”), è ïîáåäàòà íà áóðæîàñêàòà ëèáåðàëíà äåìîêðàòè¼à, äåìîêðàòèòå îä ðåäîâèòå íà ðàáîòíè÷êîòî äâèæåœå çàïî÷íóâààò ñî óêàæóâàœå íà íåäîñòàòîöèòå íà ãðàƒàíñêàòà äåìîêðàòè¼à. Íåçàäîâîëíè îä ñâå äóâàœåòî íà äåìîêðàòè¼àòà íà íå¼çèíèòå ïîëèòè÷êè àñïåêòè, êàêî îïøòîòî ïðàâî íà ãëàñ è ñëîáîäíèòå èçáîðè, ïðèôà à¼êè ãè îñíîâíèòå çàëàãàœà çà ãðàƒàíñêà äåìîêðàòè¼à, òèå ãîâîðàò çà ïîòðåáàòà îä íå¼çèíî ðàäèêàëíî ïðîøèðóâàœå ñî íîâà„ ñîöè¼àëíà” äèìåíçè¼à. Òàà äåìîêðàòè¼à, ñìåòààò òèå, áè áèëà íå ñàìî ïîëèòè÷êà äåìîêðàòè¼à, òóêó è ñîöè¼àëíà äåìîêðàòè¼à. Ñîöè¼àëäåìîêðàòèòå, äåíåñ, ñìåòààò äåêà ïðèíöèïèòå è èíñòèòóöèèòå íà ëèáåðàëíàòà ïîëèòè÷êà äåìîêðàòè¼à èñòîðèñêè ¼à äîêàæàà ñâî¼àòà âàæíîñò çà âêóïíèîò îïøòåñòâåí ðàçâî¼. Òîà ñå îïøòåñòâà âî êîè: Ñî óñòàâ ñå ãàðàíòèðàíè è çàøòèòåíè ÷îâåêîâèòå ïðàâà è ñëîáîäè; Ïîñòîè ïàðëàìåíòàðíà äåìîêðàòè¼à êî¼à îâîçìîæóâà íà ñëîáîäíè èçáîðè, âî ðåäîâíè öèêëóñè, äà ñå ìåíóâà âëàñòà; Ïîñòîè ¼àñíà ïîäåëáà íà âëàñòà íà çàêîíîäàâíà, èçâðøíà è ñóäñêà è ïîòðåáíàòà ðàìíîòåæà ìåƒó íèâ , áåç ìîæíîñòè íà èçâðøíàòà äà ¼à êîíòðîëèðà çàêîíîäàâíàòà è ñóäñêàòà âëàñò âî çåì¼àòà, Ïîñòî¼àò äåìîêðàòñêè îðãàíèçèðàíè ïîëèòè÷êè ïàðòèè êîè ãè èçðàçóâààò èíòåðåñèòå íà ãðàƒàíèòå è êîè ñî ñâîè êàíäèäàòè ó÷åñòâóâààò íà ñëîáîäíèòå èçáîðè; 25 Социјалдемократијата денес Постои професионална државна бирократија, која функ ционира како сервис на граѓаните, а не како сервис на политичките партии на власт; Постои слобода на печатот и заштитена јавна сфера за соочување на различните интереси и за контрола на власта; Постои силно граѓанско општество со свои институции и организации; Постојат развиени институции и систем на локална самоуправа преку кој одлучувањето за важни работи се доближува до граѓаните. Но, и демократијата во современиот свет е соочена со своевидна криза, која се манифестира преку слабеење на довербата на граѓаните во политичките институции и во партиите, зголеменото чувство на немоќ за влијание врз важните одлуки и незаинте ресираност, која се манифестира во с é послаб одѕив на изборите. За отстранување на овие слабости на демократијата, социјалдемократите сметаат дека треба да се изнаоѓаат форми за нејзино проширување и засилување: Под притисок на глобализацијата и со цел да одговори на потребите треба да се пристапи кон процесот на двојна демократизација . Институциите на досегашната национална држава треба да пренесуваат дел од сопствените овла стувања на органите на локалната самоуправа, кои добиваат значајна улога и во економските процеси, но, истовремено, да пренесува дел од својот суверенитет на заедничките институции што ги создава со другите држави, како што се Европската Комисија и Парламентот на Европската Унија. Ова е важно бидејќи децентрализацијата може да доведе и до фрагментација, доколку не се балансира со пренесување на моќта и нагоре; Да се прошири улогата на јавната сфера со воведување дополнителни мерки за заштита од корупција и борба против културата на тајноста, присутна во владините министерства и агенции; Да се зголемува нејзината административна ефикасност, по примерот на големите корпорации кои, заради ефикасноста во сопственото дејствување, голем дел од своите 26 6. Демократија, вклученост, транспарентност, одговорност овластувања пренесуваат на пониските нивоа, определуваат стандарди во работењето, кои треба да бидат постигнати во определен рок и ја смалуваат администрацијата до макси мално можни нивоа, со цел, на пазарот да бидат што е можно поконкурентни; Да се понудат и поинакви форми на демократија од гласачкиот процес, како што се: непосредното рефе рендумско изјаснување по одделни прашања, граѓанските пороти, електронските референдуми, и сл.; Својот авторитет да се обновува и гради преку зголемување на капацитетот за управување со ризиците на кои е изложено населението и тоа не само безбедносните, туку и економските, технолошките, и други; Да се грижи за градење активно граѓанско општество, преку обнова на граѓанската култура. Владата и граѓанското општество треба да работат во партнерство, со што секој би напредувал, но и би го контролирал другиот. Граѓанското општество, со поддршка на владата може да прераснува во трет сектор( доброволна работа) на економијата, кој може многу да придонесе за социјалната интегрираност на граѓаните и за подобрување на квалитетот на животот. Здравото граѓанско општество го штити поединецот од преголемата моќ на државата; Да се помогне развојот на демократското семејство како институција на граѓанското општество, кое с é повеќе го зазема просторот на старото традиционално семејство. Демократизацијата во контекстот на семејството подразбира рамноправност, заемна почит, автономија и одлучување преку комуникација и ненасилство. 27 Âëàäååœå íà ïðàâîòî, áîðáà 7 ïðîòèâ êðèìèíàëîò Социјалдемократијата денес Законите мора да се почитуваат и да се спроведуваат од страна на државните органи и од страна на другите фактори на моќта во државата. Никој не смее да биде над законот. Законите во државата важат подеднакво за секого; Уставот и законите можат да се менуваат и дополнуваат, но само преку почитување на демократска процедура. Честите измени на уставот и на законите доведуваат до правна несигурност и правна нестабилност во земјата. За владеењето на правото и почитувањето на законите се грижат Парламентот, Владата и сите нејзини министерства, а посебно полицијата, судството, Народниот правобранител, но и невладините организации, медиумите и граѓаните со својата разновидна , слободна и критичка активност. Следењето на спроведувањето на законите е право и обврска на секој граѓанин. Борбата против криминалот и корупцијата се дел од борбата за владеење на правото. Таа борба не би можела ефикасно да биде водена без соодветни и квалитетни закони, способна и одговорна полиција, без способно и независно судство, без независни медиуми и почитување на кодексот на новинарската етика, без почитување на човековите права и презумцијата на невиност. Бавната правда е еднаква на неправда. Затоа, од особена важност се судењата во разу мен рок и правото на обвинетите да ја докажуваат својата невиност. Заштитата од криминалот ( грабежи, напади и насилства) и намалувањето на стравот од него треба да овозможат возобнова на граѓанскиот живот во заедницата. Во населбите во кои постои таков страв, луѓето остануваат далеку од улицата и ги намалуваат нивните нормални активности и обврски. Повлекувајќи се физички тие, исто така, се повлекуваат од улогата на заемна поддршка со граѓаните и со тоа ја напуштаат општествената контрола која порано помагала за задржување на социјалниот живот во заедницата. Социјалдемократијата не се залага само за зголемување на моќта на полицијата со цел да се избркаат непожелните од улицата, туку, пред с é, за тоа полицијата тесно да соработува со граѓаните за подобрување на стандардите на локалната заедница и на граѓанското однесување, преку образование, убедување и советување, наместо осудување. 30 7. Владеење на правото, борба против криминалот Социјалдемократијата акцентот го става врз превенцијата од криминалот и на реинтегрирањето на полицијата со заедниците, наместо само спроведување на законите од нејзина страна, што може да доведе до нејзино отуѓување. Во оваа смисла, социјалдемократијата се залага за тоа да профункционираат партнерствата меѓу владините агенции, казненинот правен систем, локалните организации и месните организации . Во овој процес мора да бидат обединети и сите социјални и етнички групи, а работодавачите можат да помогнат во запирањето на распаѓањето на граѓанскиот живот во урбаните заедници. Социјалдемократите сметаат дека сите избрани политичари и именувани службеници треба да им служат на граѓаните, односно да му служат на општиот интерес за време на својот мандат. Во оваа смисла, и државната управа мора да биде така организирана и поставена што ќе покажува пријателски однос кон граѓаните и ефикасно и бргу ќе ги завршува работите заради кои граѓаните доаѓаат пред нејзините шалтери. Државната администрација на централно и локално ниво мора да биде професионален, политички непристрасен сервис на граѓаните, чии вработени ќе се регрутираат врз основа на конкурс и кои ќе напредуваат во хиерахијата врз основа на нивните заслуги, односно врз основа на реалното вреднување на нивниот труд и професионалните стандарди. Во земјите како Македонија, за социјалдемократијата, реформата на државната администрација подразбира не само нејзино претворање во професионален, непристрасен и способен сервис на граѓаните, туку и промена на менталитетот на државните службеници наследен делумно од времето на комунизмот, а делумно од периодот на транзицијата. Според тој бирократски менталитет, државните службеници сметаа дека државата постои не за да им служи на граѓаните, туку да ги контролира и манипулира за сметка на партиската елита на власт. Во доменот на настојувањата за претворање на државната администрација во љубезен, ефикасен и непристрасен сервис на граѓаните, односно во делот на реформите на државната админи страција спаѓа и донесувањето закон за обврска на државата на граѓаните да им ги дава сите релевантни информации за државата ( освен оние кои задираат во приватниот живот и кои се прогласени за државна тајна), за да можат полесно да ја контролираат. 31 Социјалдемократијата денес Ефикасната борба против корупцијата и криминалот во редовите на државните службеници и на избраните претставници на граѓаните, исто така спаѓа во важните елементи на реформата на државната администрација, бидејќи граѓаните ќе соработуваат само ако имаат целосна доверба во полицијата и судството. Од особено значење во оваа реформа е поедноставувањето на процедурите. Компјутеризирање на државната администрација, користењето на телефоните, интернетот и поштата за завршување на многу работи, наместо на шалтерите, и со користењето на сите со временеи средства и методи со кои може да се поедностави, олесни и забрза комуникацијата меѓу граѓаните и државната управа. Тоа, секако, подразбира и постојано зголемување на знаењата и на комуника циските вештини на вработените во државната администрација. Најважно од с é во оваа сфера е граѓанинот да се убеди дека државната администрација е негов сервис, бидејќи тој со парите што ги плаќа за данок на државата при купувањето на секој производ и услуга, обезбедува плати за државните службеници. Државната адми нистрација постои за неговиот живот да го направи полесен и побезбеден, со тоа што таа ќе ги врши работите според јасни правила, со основна задача на граѓаните да им штеди: напор, време и трпение и да им обезбеди подобар живот. Ако таа цел се постигне, тогаш граѓаните ќе имаат поголемо почитување за државата, а демократијата ќе ја прифатат од с é срце. Затоа создавањето државна администрација ( држава), пријателски настроена кон граѓаните, исто така е услов за владеење на правото и важна политичка цел на социјалдемократијата. 32 8 Ìèð è áåçáåäíîñò Социјалдемократијата денес Социјалдемократиите во земјите кои настанаа по распадот на комунистичките федерации, застанаа на чело на борбата за создавање независни држави. Социјалдемократските партии кои победија на првите демократски избори, успеаја да ги избегнат војните и крвопролевањата во процесот на распаѓањето на федерациите и создавањето на новите независни држави. Но, мирот и безбедноста треба да ги имаат сите граѓани во светот , како предуслов за општиот напредок на човештвото. Никој нема право во име на сувереноста во сопствената земја да уништува човечки животи употребувајќи сила, тортура, или да применува методи на етничко чистење и да врши геноцид врз населението. Социјалдемократите го даваат својот придонес преку светската заедница на народите, ефикасно да се оневозможат и спречат таквите однесување и да се почитува меѓународното право. Тие го даваат својот придонес во јакнењето на системите за колективна безбедност и соработка и учествуваат во создавањето одбранбени сојузи и организции, со цел да не дозволат да бидат неми и немоќни сведоци во уништувањето на човечки животи од страна на разни деспоти и диктатори кои не ги почитуваат принципите на меѓународното право. 34 Çàøòèòà íà íàöèîíàëíèîò 9 èäåíòèòåò Ñîöè¼àëäåìîêðàòèòå ñìåòààò äåêà: Íàöèîíàëíèîò èäåíòèò íà ñåêî¼ ÷îâåê å âàëèäåí èçâîð çà íåãîâèîò ëè÷åí èäåíòèòåò. Ïîåäèíöèòå êîè ñå ñìåòààò äåêà ñå äåë îä íåêî¼à íàöè¼à ñî ïðàâî ñìåòààò äåêà å ìîðàëíî çàøòèòíè÷êè äà ñå áðàíè íèâíèîò èäåíòèòåò îä ñèëèòå øòî áè ñàêàëå äà ãî çàãðîçàò; Íàöèèòå ñå åòíè÷êè çàåäíèöè âî êîè ïðèïàäíèöèòå èìààò ñïåöèôè÷íè äîëæíîñòè êîí îñòàíàòèòå ÷ëåíîâè; Íàöèèòå íóäàò ìåäèóì çà ñàìîðåàëèçàöè¼à- íàöè¼àòà òðåáà äà îôîðìè äðæàâíè ñòðóêòóðè êîè áè èì îâîçìîæèëå íà ãðàƒàíèòå ñàìè äà îäëó÷óâààò çà ïðàøàœàòà îä íà¼ãîëåìà âàæíîñò. Íàöèèòå ãè îáåäèíóâààò îâèå òðè åëåìåíòè, íî, èñòî òàêà, è ôàêòîò øòî: Òèå íå ñå äîáðîâîëíè çäðóæåíè¼à, òóêó çàåäíèöè âî êîè ïîâå åòî ïðèïàäíèöè ñå ðàƒààò, æèâåàò è óìèðààò, ñî òîà øòî ïðèïàäíèöèòå ñå ìåƒóñåáíî ïîâðçàíè âî çàåäíèöà íà ñóäáèíàòà; Îâèå çàåäíèöè çà ñåáå ìèñëàò äåêà ñå èñòîðèñêè ñîçäàäåíè, ïà òàêà è íå¼çèíèòå ïðèïàäíèöè ñìåòààò äåêà íèâíèòå îáâðñêè íå ñå îäíåñóâààò ñàìî êîí íèâíèòå ñîâðåìåíèöè, òóêó, èñòî òàêà, è êîí íèâíèòå ïðåòöè è êîí èäíèòå ãåíåðàöèè. Ïðèçíàâ༠è ãè îâèå åëåìåíòè íà íàöèîíàëíèîò èäåíòèòåò, ñîöè¼àëäåìîêðàòè¼àòà íå å àíàöèíàëíà, íèòó ïîìàëêó ïàòðèîòñêà îä 35 Социјалдемократијата денес народните и национални партии. Но, меѓу нив, сепак, постои голема разлика. Социјалдемократијата не мисли како некои десничари дека нацијата има судбина и тоа не само поинаква, туку и посупериорна од останатите нации, ниту, пак, дека цената за зачувување на нацијата е „ светоста, нетолеранцијата, исклучивоста и чувството дека опсто јувањето зависи од послушноста и од постојаната будност кон непријателот”. Социјалдемократијата смета дека националниот и етничкиот идентитет се само еден од низата граѓански идентитети што ги има секој поединец и дека тој идентитет треба да се приспособува на плурализмот и на променливоста на граѓанската култура. Имено, со поголемото замаглување на границите на националните држави кои стапуваат во сојузи, како што е Европската Унија, и с é поголемото засилување на барањата за локална автономија, националниот идентитет може да одигра добронамерно влијание само доколку е толерантен кон другите идентитети, или неопределеност. Со интегрираноста не се губи идентитетот, но му се додаваат и нови идентитетски обележја, како регионалниот , или европскиот идентитет и тоа треба само да помогне во меѓусебното прифаќање и почитување. 36 10 Îòâîðåíîñò è êîñìîïîëèòèçàì Социјалдемократијата денес заедници( како европската) кон кои се интегрираат нациите. Градејќи го и својот европски идентитет, нациите од државите во Европа не губат ништо од својата специфичност, посебност и различност, ниту од својата национална слобода и гордост. Градењето самодоверба во нациите, според социјал демократите може да се одвива само преку нивната отвореност, толерантност и инклузивност . Овие принципи се од еднаква важност и за моделот на организираноста и начинот на дејствувањето на социјалдемократските партии. Социјалдемократијата, преку изградба и иновирање на својот идеолошки концепт, има задача да избега од позицијата на голиот политички прагматизам, повторно да го разгори, толку потребниот, политички идеализам, а преку своето организациско и кадровско оспособување, да го зголемува својот капацитет за остварување на демократските промени. Социјалдемократијата и нејзините организации во Македонија, мора да одговорат на сериозните критики од страна на дел од научната јавност, според кои: Партиите во Македонија( па и социјалдемократските) спаѓаат во категоријата на„catch all” или„ собирај се” партии . Ним им е поважна регрутацијата и организацијата од политичките убедувања. Тие се подготвени да го отфрлат поголемиот дел од идеологијата само да привлечат што поголем број граѓани. Го потенцираат единството и лидерството, со што го активираат елитистичкото мал цинство, а го пасивизираат мнозинството во партискиот живот; Македонските партии се повеќето партии- приврзеници на лидерот. Нивното формирање и функционирање е повеќе поврзано со личноста и делото на лидерот, отколку за програмата и интересите на посебни слоеви од насе лението. Затоа, со оставките на лидерите, тие минуваат низ криза на консолидација; Во сите партии се забележува тенденцијата по освојувањето на власта да се инсталираат како партија- држава . По принципот„ победникот носи се”, се воведува„ партито кратија”- која се стреми да ги колонизира сите сфери на 38 10. Отвореност и космополитизам општеството, а злоупотребата на државните ресурси, односно клиентилизмот, се користи за мобилизирање на гласачите. Државната и локалната администрација се регрутираат врз основа на блискост со партијата на власт и таа се претвора во сервис на партијата, наместо да биде сервис на граѓаните. Партитократијата и клиентилизмот, пак, се плодно тло за корупцијата. Во ова време, кога политката е 24 часа дневно изложена на медиумско внимание, социјалдемократијата мора да пронаоѓа модели на дејствување и водства кои на најуспешен начин ќе ја претставуваат својата политика пред јавноста. И социјалдемократската политика станува медиумски производ кој треба да го привлече вниманието и да ја добие наклонетоста на мнозинството . Успехот на лабуристите во Велика Британија, некои аналитичари го оценија како спој на: Внимателно елабориран и целосен владин проект( изграден со суштествен придонес од страна на неколку интелек туалци); посветено и приврзано водство на партијата кон таа програма; мошне умешно и успешно брендирање на партијата; компетентна и перманентна кампања за пропагирање на тој проект меѓу членството во партијата; и компетентна кампања што трае од денот на завршувањето на изборите, до следните избори, за пропагирање на тој проект во цела Велика Британија. Социјалдемократите од Македонија имаат за задача и должност да ги следат најдобрите искуства на социјалдемократијата во Европа и да ги прилагодат на специфичните услови од развојот во Македонија. 39 Социјалдемократијата денес Важни веб страници за социјалдемократијата www.socialistinternational.org www.pes.org www.socialistgroup.org www.policy-network.net www.broadleft.org www.forum-socialdemocracy.eu www.sdsm.org.mk 40 Куса белешка за авторот Куса белешка за авторот Ѓорѓи Спасов(1949) е професор на политички науки на Европскиот универзитет во Скопје. Бил амбасадор на Република Македонија во Велика Британија(2003-2007) и амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија(1994-1997), министер за правда во Владата на социјалдемократите(1997-1998), генерален секретар на Социјалдемократскиот Сојуз(1999-2002), и во два мандата е избиран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, во 1988 и 2002 година. Автор е на предговорот на македонското издание на книгата„ Третиот пат” од Ентони Гиденс. Има објавено голем број статии и научни расправи за социјалдемократијата и политичките партии и објавува колумни во дневниот и неделниот печат. 41