ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Мила Царовска Душан Томшиќ Снежана Костовска Фрчковска ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ „Искористување на можностите кои ги нуди Законот за јавни набавки за обезбедување на здравствени, социјални и услуги од областа на културата обезбедени од граѓански организации“ СОДРЖИНА 4 Дел 1 за јавните набавки за резервирани договори за набавка на посебни 8 Дел 2 Развој на системот на социјални услуги и негово 17 Дел 3 на најдобри практики и студии на случаи од други 35 Прилог глас за доделување резервиран договор за јавна набавка на посебни 3 РЕФЕРЕНЦИ 49 3 Фондација„Фридрих Еберт“ ПРЕДГОВОР Почитувани читатели, Секаде во светот, а и кај нас, локалните самоуправи претставуваат најдиректен и најпристапен облик, начин за граѓаните да пристапат до остварување на своите права и обврски. На тој начин, локалните самоуправи можат да направат огромна разлика кога станува збор за зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, намалување на нееднаквостите во општеството, подобрување на односите меѓу луѓето и јавните институции воопшто. Меѓутоа, локалните самоуправи наидуваат на низа предизвици при остварувањето на задачите. Иако процесот на децентрализација е започнат уште многу одамна, сепак фискалната моќ е претежно сконцентрирана и контролирана на централно ниво. Затоа, во многу случаи, локалните самоуправи не успеваат да ги овозможат сите услуги за кои се надлежни. Од друга страна, континуираната фискална централизација често се оправдува со слабите капацитети на локално ниво. Во таков случај, граѓанските организации можат да бидат ефективни посредници во нудење на дел од услугите за кои постои институционален недостиг. Овој прирачник нуди јасно дефинирани чекори за искористување на можностите кои Законот за јавни набавки ги нуди за локалните самоуправи во делот на резервирани договори за ангажирање на граѓанските организации во областа на здравството, социјалната заштита и културата. Ние, како претставници на Фондацијата„Фридрих Еберт“, која се залага за унапредување на човековите права и слободи, социјалната правда, еднаквост и солидарност во општеството, веруваме дека овој прирачник ќе им послужи на локалните самоуправи во зголемување на обемот и квалитетот на услугите кои се должни да им ги овозможат на граѓаните. Освен тоа, ангажирањето на граѓанските организации како ефективни посредници помеѓу граѓаните и локалните самоуправи ќе донесе низа придобивки за јакнење на демократските процеси преку зголемено учество на граѓаните во планирање, буџетирање и реализација на локалните акциски и развојни планови. Освен во наведените области кои ги нуди Законот за јавни набавки, граѓанските организации можат успешно да посредуваат и во други процеси кои се од огромно значење, како праведната енергетска транзиција и воопшто социо-еколошката трансформација која ни претстои. 4 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Преку ваквото ангажирање на граѓанските организации, тие можат да играат важна улога како посредници помеѓу граѓаните и локалните власти, засилувајќи ја довербата, учеството и одговорноста на сите чинители во локалните заедници. Со почит, Ивана Вучкова Фондација„Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје 5 Фондација„Фридрих Еберт“ Почитувани читатели, Имајќи го предвид значењето на ефикасното обезбедување на здравствени, социјални и културни услуги за нашите заедници, овој прирачник е концептиран како практичен водич за општините за искористување на можностите што ги нуди Законот за јавни набавки. Специфично, се фокусираме на резервирани договори за ангажирање на граѓанските организации во областа на здравството, социјалната заштита и културата. Ова е време на предизвици, но и време на можност. Со разбирање и искористување на правната рамка што ја нуди Законот за јавни набавки, општините можат да ги прошират своите капацитети и да им обезбедат на своите граѓани квалитетни услуги. Преку овој прирачник, ние не само што ја објаснуваме оваа рамка, туку и ги истакнуваме најдобрите практики и студиите на случаи од други држави како инспирација за успешна соработка помеѓу општините и граѓанските организации. Целта е да им го олесниме на општините процесот на идентификување на потребите на нивните заедници како и изготвувањето на огласи за набавка за резервирани договори. Овој прирачник е и повик за акција. Сите ние, како дел од локалната заедница, имаме одговорност да ги поддржиме и овозможиме услугите кои се клучни за демократско и праведно општество. Се надеваме дека овој прирачник ќе биде ваш партнер во оваа заедничка приказна за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани. Со почит, СИГА – Асоцијација за одржлив и инклузивен развој 6 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Главната цел на овој прирачник е да послужи како сеопфатен водич за општините за искористување на одредбите од Законот за jавни набавки(ЗЈН) за ангажирање на граѓанските организации(ГО) во обезбедувањето здравствени, социјални и услуги од областа на културата. Посебни цели на Прирачникот се: * Да обезбеди јасно разбирање на општините за правната рамка околу резервираните јавни набавки која се однесува на ангажирање на ГО во обезбедување на услуги. * Да ги наведе и објасни можностите и механизмите кои се достапни во Законот за јавни набавки кои им овозможуваат на општините да склучат договор со ГО за давање услуги во доменот на здравството, социјалната заштита и културата. * Да даде подетален преглед на регулативата за социјални услуги и поврзаната регулатива во контекст на општинско и меѓуопштинско делување за регионален развој и постигнување на позитивни социјални резултати, заради решавање на заедничките предизвици и да се обезбедат стратегии за надминување на пречките. * Да понуди практични насоки за чекорите што општините треба да ги преземат за ефективно да ги искористат овие можности, вклучително и процеси за идентификување на потребите од услуги и изготвување оглас за набавка за резервирани договори за посебни услуги– здравствени, социјални и културни услуги. * Да предочи примери на најдобрите практики и студиите на случај од други држави кои ја илустрираат успешната соработка помеѓу општините и ГО во испораката на здравствени, социјални и културни услуги, служејќи како примери да инспирираат и дадат знаење за добра примена на одредбите за резервирани договори од Законот за јавни набавки. Генерално, прирачникот има за цел да ги поттикне и да им даде конкретни познавања на општините да го искористат потенцијалот на граѓанските организации за ефикасно и ефективно обезбедување на социјалните услуги до нивните заедници, истовремено обезбедувајќи усогласеност со законските барања и поттикнувајќи ја транспарентноста и одговорноста во процесот на набавки. Тргнувајќи од горенаведените цели, овој прирачник е поделен во три главни дела: Дел 1 – Законот за јавните набавки за резервирани договори за набавка на посебни услуги(Прилог: формат на Оглас за резервирана набавка за посебни услуги); Дел 2 – Развој на системот на социјални услуги и негово унапредување; Дел 3 – Примери на најдобри практики и студии на случаи од други држави. 7 Фондација„Фридрих Еберт“ Дел 1 за јавните набавки за резервирани договори за набавка на посебни услуги Со новиот Закон за јавните набавки од 2019 година 1 , се воведоа одредби поврзани со концептот на општествено одговорни јавни набавки( Во Преглед 1 подолу прикажан е Извадок од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, на клучни релевантни одредби за резервирани набавки), познат како Socially responsible public procurement (SRPP) поврзано со ЕУ Директивите за јавни набавки од 2014 година, што се водат од социјалните аспекти кои може да се земат предвид во текот на целиот циклус на набавки, одпрелиминарни пазарни консултации, до употреба на резервациите(резервирани набавки и резервирани договори) и на социјалнитекритериуми за доделување и условите за извршување на договорот. Резервирани договори Со член 29 – Резервирани договори од ЗЈН се дава можност за примена на резервирани договори, според кој договорниот орган може да го резервира правото на учеството во постапка за јавна набавка на економски оператори чија основна цел е општествена и професионална интеграција на лицата со попреченост или на лицата од социјално ранливите групи и кои ја реинвестираат добивката за таа цел во согласност со закон, под услов најмалку 30% од вработените лица кај економскиот оператор да се лица со попреченост или лица од социјално ранливи/исклучени групи, во согласност со прописите од областа на трудот и социјалната заштита. Иако овој услов засега претставува пречка за примена во пракса на резервирани договори поради отсуство на регулатива за експлицитно уредување на правната рамка за процентот на вработени од ранливите категории кај организацијата, паралелно во очекување на Законот за социјални претпријатија за уредување на правната рамка, потребно е институциите да разгледаат и други можности/решенија за механизам со кој неспорно ќе може да се потврди исполнувањето на овој услов. Во овој член исто така, се уредува и транспарентноста на постапката за резервирани набавки така што договорниот орган кој има намера да спроведе постапка за резервиран договор го наведува тоа во огласот за јавна набавка и во тендерската документација. 8 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Преглед 1: од ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, на клучни релевантни одредби за резервирани набавки Глава I ОПШТИ ОДРЕДБИ Поглавје 6 Општи правила Член 29 Резервирани договори (1) Договорниот орган може да го резервира правото на учеството во постапка за јавна набавка на економски оператори чија основна цел е општествена и професионална интеграција на лицата со попреченост или на лицата од социјално ранливите групи и кои ја реинвестираат добивката за таа цел во согласност со закон. (2) Во случаите од ставот(1) на овој член, најмалку 30% од вработените лица кај економскиот оператор се лица со попреченост или лица од социјално ранливи/исклучени групи, во согласност со прописите од областа на трудот и социјалната заштита. (3) Економските оператори од ставот(1) на овој член го докажуваат исполнувањето на условот од ставот(2) на овој член со доставување на документ издаден од надлежен орган. (4) Во случај на резервиран договор, економскиот оператор може да ангажира единствено подизведувачи кои ги исполнуваат условите од ставот(1) на овој член. (5) Договорниот орган кој има намера да спроведе постапка за резервиран договор го наведува тоа во огласот за јавна набавка и во тендерската документација. Поглавје 7 Општи правила за примена на Законот Член 40 Вредносни прагови за примена на Законот (1) Одредбите на овој закон се применуваат на постапките за јавни набавки и на конкурсите за избор на идејно решение чија проценета вредност без данокот на додадена вредност(во натамошниот текст: ДДВ) е еднаква или поголема од: а) во класичниот јавен сектор: - 1.000 евраво денарска противвредност за стоки или услуги или за конкурс за избор на идејно решение, - 5.000 евра во денарска противвредност за работи и - 10.000 евра во денарска противвредност за посебни услуги. 9 Фондација„Фридрих Еберт“ Глава III ПРАВИЛА ЗА ВРШЕЊЕ ЈАВНИ НАБАВКИ Поглавје 1 Постапки Член 47 Видови постапки Договорниот орган, на начин и под услови утврдени со овој закон, ги користи следниве постапки за јавни набавки: а) набавка од мала вредност; б) поедноставена отворена постапка; в) отворена постапка; г) ограничена постапка; д) конкурентна постапка со преговарање; ѓ) конкурентен дијалог; е) партнерство за иновации; ж) постапка со преговарање без објавување оглас и з) постапка со преговарање со објавување оглас. Глава V ПОСЕБНИ УСЛУГИ Член 121 Набавка на посебни услуги (1) Јавната набавка на посебни услуги се врши во согласност со оваа глава. (2) Договорниот орган може да одлучи да ги врши јавните набавки од оваа глава со користење соодветна постапка во согласност со членот 47 од овој закон, при што ги применува правилата за соодветната постапка. (3) При вршење на јавните набавки на посебни услуги во согласност со оваа глава, договорниот орган ги применува начелата на јавните набавки утврдени во овој закон во однос на транспарентност, определување на предметот на набавка, техничките спецификации, како и потребата да се обезбеди квалитет, континуитет, ценовна достапност, расположливост и сеопфатност на услугите, посебните потреби на различните групи корисници, вклучувајќи ги и маргинализираните и ранливите групи, соработката и зацврстување на улогата на корисниците и иновативноста. (4) Договорниот орган може да одлучи најповолната понуда да се избира врз основа на критериумот најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, имајќи ги предвид квалитетот и одржливоста на посебните услуги. (5) Министерот за финансии поблиску ги определува видовите посебни услуги. 10 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Член 122 Огласи и известувања за посебни услуги (1) Договорниот орган кој врши набавка на посебни услуги со проценета вредност над вредностите од членот 40 на овој закон, својата намера ја објавува на еден од следните начини, освен доколку се исполнети условите за користење на постапката со преговарање без објавување оглас: а) со оглас за јавна набавка; (2) За исходот од постапката за јавна набавка на посебни услуги, договорниот орган објавува поедноставено известување за склучен договор. (3) Известувањата од ставот(2) на овој член може да се објавуваат квартално, при што договорниот орган ги објавува во рок од десет дена по истекот на секој квартал. Член 123 Резервирани договори за набавка на посебни услуги (1) Договорниот орган во постапката за јавна набавка може да одлучи правото на учество да го резервира на одредени организации, исклучиво кога се набавуваат здравствени, социјални и културни услуги опфатени со шифрите од ЗПЈН 751210000, 751220007, 751230004, 796220000, 796240004, 796250001, 801100008, 803000007, 804200004, 804300007, 805110009, 805200005, 805900006, од 850000009 до 853230009, 925000006, 926000007, 981330004 и 981331108. (2) Доколку договорниот орган ја користи оваа можност, организацијата од ставот(1) на овој член мора да ги исполнува следните услови: а) нејзината цел е обезбедување јавни услуги поврзани со обезбедувањето услуги од ставот(1) на овој член; б) добивката се реинвестира заради остварување на целите на организацијата во согласност со закон; в) управувачката или сопственичката структурата на организација се темели на сопственост на вработените во согласност со закон, односно бара активно учество на вработените, корисниците или заинтересираните страни и г) договорниот орган во последните три години на организацијата не ѝ доделил договор за тој вид услуги во согласност со овој член. (3) Времетраењето на договорот не смее да е подолго од три години. (4) За утврдување на исполнетоста на условите од ставот(2) на овој член, договорниот орган бара докази во вид на акт за основање или статут од организацијата. (5) Договорниот орган кој ја користи оваа можност за резервирани договори, тоа го наведува во огласот или известувањето од членот 122 од овој закон. Забелешка: Во овој извадок на релевантни одредби за резервирани набавки од ЗЈН не се вклучени одредбите за„Секторски дејности“ кои се дејности од областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот и поштенските услуги. 11 Фондација„Фридрих Еберт“ Посебни услуги – здравствени, социјални и културни услуги  Втора клучна одредба од ЗЈН е член 123 – Набавка на посебни услуги со кои се уредуваат посебните услуги за кои договорниот орган може да го резервира правото на учество за резервирани договори исклучиво кога се набавуваат здравствени, социјални и културни услуги опфатени со шифрите од Заедничкиот поимник за јавни набавки 2 (ЗПЈН) наведени во оваа одредба. Во Преглед 2 прикажан е Извадок од ЗАЕДНИЧКИ ПОИМНИК ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ на шифри од член 123 од ЗЈН, за резервирани набавки. Преглед 2: Извадок од ЗАЕДНИЧКИ ПОИМНИК ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ на шифри од член 123 од ЗЈН, за резервирани набавки ДЕЛ I. ГЛАВЕН ПОИМНИК ОПЈН/CPV шифра Опис 75121000-0 Административни образовни услуги 75122000-7 Административни услуги во областа на здравството 75123000-4 Административни станбени услуги 79622000-0 Услуги за обезбедување на персонал за помош во домаќинствата 79624000-4 Услуги за обезбедување на негувателки 79625000-1 Услуги за обезбедување на медицински персонал 80110000-8 Услуги за предучилишно образование 80300000-7 Услуги за високо образование 80420000-4 Услуги за учење по електронски пат 80430000-7 Образовни услуги за возрасни на универзитетско ниво 80511000-9 Услуги за обука на кадар 80520000-5 Средства за обука 80590000-6 Наставнички услуги 85000000-9 Услуги за здравство и социјална работа 85100000-0 Здравствени услуги 85110000-3 Болнички и сродни услуги 85111000-0 Болнички услуги 85111100-1 Услуги на хируршка болница 85111200-2 Медицински болнички услуги 85111300-3 Гинеколошки болнички услуги 85111310-6 Услуги за ин витро оплодување 85111320-9 Акушерски болнички услуги 85111400-4 Болнички услуги за рехабилитација 85111500-5 Психијатриски болнички услуги 85111600-6 Ортопедски услуги 85111700-7 Услуги за терапија со кислород 12 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ 85111800-8 85111810-1 85111820-4 85111900-9 85112000-7 85112100-8 85112200-9 85120000-6 85121000-3 85121100-4 85121200-5 85121210-8 85121220-1 85121230-4 85121231-1 85121232-8 85121240-7 85121250-0 85121251-7 85121252-4 85121270-6 85121271-3 85121280-9 85121281-6 85121282-3 85121283-0 85121290-2 85121291-9 85121292-6 85121300-6 85130000-9 85131000-6 85131100-7 85131110-0 85140000-2 85141000-9 85141100-0 85141200-1 85141210-4 85141211-1 85141220-7 85142000-6 85142100-7 85142200-8 85142300-9 Услуги во областа на патологијата Услуги за анализа на крв Услуги за бактериолошки анализи Услуги за болничка дијализа Помошни болнички услуги Услуги за болничко сместување Услуги поврзани со нега на надворешни пациенти Услуги за медицинска пракса и сродни услуги Услуги за медицинска пракса Услуги на доктор по општа медицина Медицински специјалистички услуги Гинеколошки или акушерски услуги на специјалисти по нефрологија и специјалисти за нервниот систем Услуги на специјалисти по кардиологија или пулмологија Кардиолошки услуги Услуги на специјалисти по пулмологија ОРЛ или аудиолошки услуги Гастроентеролошки услуги и геријатриски услуги Гастроентеролошки услуги Геријатриски услуги Психијатриски или психолошки услуги Услуги за сместување на психички пореметени лица Офталмолошки, дерматолошки или ортопедски услуги Офталмолошки услуги Дерматолошки услуги Ортопедски услуги Педијатриски или уролошки услуги Педијатриски услуги Уролошки услуги Хируршки специјалистички услуги Услуги за стоматолошка пракса и сродни услуги Услуги за стоматолошка пракса Ортодонтни услуги Ортодонтски хируршки услуги Разновидни здравствени услуги Услуги обезбедени од медицинскиот персонал Услуги обезбедени од бабици Услуги обезбедени од медицински сестри Услуги за домашен медицински третман Услуги за домашен медицински третман за дијализа Советодавни услуги обезбедени од медицински сестри Услуги за брза помош Физиотерапевтски услуги Хомеопатски услуги Хигиеничарски услуги 13 Фондација„Фридрих Еберт“ 85142400-0 85143000-3 85144000-0 85144100-1 85145000-7 85146000-4 85146100-5 85146200-6 85147000-1 85148000-8 85149000-5 85150000-5 85160000-8 85170000-1 85171000-8 85172000-5 85200000-1 85210000-3 85300000-2 85310000-5 85311000-2 85311100-3 85311200-4 85311300-5 85312000-9 85312100-0 85312110-3 85312120-6 85312200-1 85312300-2 85312310-5 85312320-8 85312330-1 85312400-3 85312500-4 85312510-7 85320000-8 85321000-5 85322000-2 85323000-9 92500000-6 92600000-7 98133000-4 98133110-8 Домашна достава на продукти за инконтиненција Услуги на амбуланта Услуги на станбени здравствени објекти Услуги за домашна медицинска посета Услуги обезбедени од медицински лаборатории Услуги обезбедени од банки за крв Услуги обезбедени од банки за сперма Услуги обезбедени од банки за органи за трансплантација Компаниски здравствени услуги Услуги за медицинска анализа Фармацевтски услуги Услуги за електронски приказ во медицината Оптичарски услуги Услуги на акупунктура и киропрактика Услуги на акупунктура Услуги на киропрактика Ветеринарни услуги Одгледувалишта на домашни животни Социјална работа и сродни услуги Услуги за социјална работа Услуги за социјална работа со сместување Услуги за социјална помош за постари лица Услуги за социјална помош за хендикепирани лица Услуги за социјална помош за деца и младинци Услуги за социјална работа без сместување Услуги за дневна грижа Услуги за дневна грижа за деца Услуги за дневна грижа за хендикепирани деца и младинци Доставување на прехранбени производи до домови Услуги за насочување и советување Услуги за насочување Услуги за советување Услуги за планирање на семејството за социјална помош што не се обезбедува преку резидентни институции Услуги за рехабилитација Услуги за професионална рехабилитација Социјални услуги Административни социјални услуги Акциона програма на заедницата Здравствени услуги на заедницата архиви, музеи и други услуги од областа на културата Услуги за спортување Услуги обезбедени од социјални организации со членство Услуги обезбедени од младински организации 14 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Во согласност со член 123 од ЗЈН, за да може доворниот орган(во случајот општината) да одлучи правото на учество да го резервира на одредени организации за набавка на здравствени, социјални и културни услуги, организацијата покрај тоа што треба да го исполнува условотот дека: 1) целта на организацијата е обезбедување на јавни услуги како посебни услуги според шифрите дадени во законот, организацијата треба да исполни и други три услова; 2) дека добивката ја реинвестира заради остварување на целите на организацијата во согласност со со закон; 3) управувачката или сопственичката структурата на организација се темели на сопственост на вработените во согласност со закон, односно бара активно учество на вработените, корисниците или заинтересираните страни и 4) договорниот орган во последните три години на организацијата не ѝ доделил договор за тој вид услуги во согласност со овој член. Оглас за набавка на посебни услуги – здравствени, социјални и културни услуги Во согласност со член 122 – Огласи и известувања за посебни услуги од ЗЈН, Договорниот орган(во случајот општината) кој врши набавка на посебни услуги за резервирани договори со проценета вредност над вредностите од членот 40 од ЗЈН(до одредени вредности прагови кои се однесуваат на помала вредност во согласност со член 40 од ЗЈН не се применуваат одредбите од овој закон за спроведување на постапка за јавна набавка/Види член 40 од ЗЈН), освен доколку се исполнети условите за користење на постапката со преговарање без објавување оглас, договорниот орган за резервирани договори за посебни услугиобјавува посебен оглас за јавна набавка. Во прилог на овој Прирачник е даден формат на Оглас за јавна набавка на посебни услуги – здравствени, социјални и културни услуги. Покрај посебен Оглас, договорниот орган може да одлучи да ги врши јавните набавки за посебните услуги за резервирани договори со користење соодветна постапка во согласност со членот 47 од ЗЈН(а) набавка од мала вредност;б) поедноставена отворена постапка;в) отворена постапка;г) ограничена постапка;д) конкурентна постапка со преговарање;ѓ) конкурентен дијалог;е) партнерство за иновации;ж) постапка со преговарање без објавување оглас из) постапка со преговарање со објавување оглас), при што ги применува правилата за соодветната постапка. 15 Фондација„Фридрих Еберт“ Начелата на јавните набавки за посебни услуги за резервирани договори При вршење на јавните набавки на посебни услуги за резервирани договори, договорниот орган ги применува начелата на јавните набавки утврдени со ЗЈН во однос на транспарентност, определување на предметот на набавка, техничките спецификации, како и потребата да се обезбеди квалитет, континуитет, ценовна достапност, расположливост и сеопфатност на услугите, посебните потреби на различните групи корисници, вклучувајќи ги и маргинализираните и ранливите групи, соработката и зацврстување на улогата на корисниците и иновативноста. Критериуми за избор на најповолна понуда за посебни услуги за резервирани договори Договорниот орган(во случајот општината) може да одлучи најповолната понуда да се избира врз основа на критериумот најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, имајќи ги предвид квалитетот и одржливоста на посебните услуги. 16 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Д ел 2 на системот на социјални услуги и негово унапредување Видови услуги, развој на социјални услуги и одржливост на граѓанските организации Според Законот за социјална заштита на Република Северна Македонија, социјалната заштита е дејност од јавен интерес која се остварува преку, мерки, активности, програми и политики за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните, со цел: промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните, спречување на социјалната исклученост, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен живот. Главните носители на социјална заштита во Законот за социјална заштита се Републиката, општините, Градот Скопје и општините на Град Скопје. Тие се носители на активности за социјална заштита преку директно основање установи за социјална заштита или пренесуваат надлежности за спроведување активности за социјална заштита на здруженија и други правни и физички лица. Во вториот случај, нивните заемни права и обврски се регулираат со меѓусебни управни договори. Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика сe клучните институции одговорни за креирање социјални политики и спроведување на политиките на национално ниво додека локалните самоуправи имаат големо значење во процесот на стратешко планирање и обезбедување услуги со формирањето општински совети за социјална заштита и совети за социјална заштита на планските региони. Улогата на општините во социјалната заштита подразбира и детално мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализа на капацитетите и достапните социјални услуги во општината, како и утврдување на специфични цели за развој на социјалните услуги. 17 Фондација„Фридрих Еберт“ Под социјални ризици може да се категоризираат различни појави, како ризици по здравјето, ризици на старост, еднородителско семејство, ризик од невработеност, сиромаштија и социјална исклученост. Социјалните ризици се комплексни феномени, а нивното надминување или ублажување може да се постигне само преку примена на мерки за социјална превенција и развивање социјални услуги. Социјална превенција Мерките за социјална превенција се спроведуваат за заштита од социјални ризици, спречување на појавата на социјални проблеми и ублажување на последиците од социјалните проблеми кои ги погодуваат граѓаните. Социјално-превентивните активности на регионално ниво може да се изведуваат во соработка помеѓу општините, центрите за социјална работа, институциите за социјална заштита, предучилишните и образовните установи, здравствените установи, полициските станици и други државни органи, како и правни лица, поединци и асоцијации од повеќе општини во регионот. Мерките за социјална превенција во согласност со Законот за социјална заштита вклучуваат: • рано откривање граѓани во социјален ризик, со социјални тешкотии или проблеми и обезбедување пристап до стручна помош и поддршка, • превентивни увиди кај социјално ранливи лица, заради согледување на социјалната ситуација и превенција на појава на социјални проблеми, • организирање едукативни настани, дебати, трибини, кампањи и проекти за превенција на социјални проблеми, • организирање волонтерски активности за помош на социјално ранливи групи во локалната заедница, • поттикнување и помош во воспоставување групи за поддршка и самопомош на граѓани со сродни социјални проблеми и • други превентивни активности за заштита од социјални ризици и спречување на појавата на социјални проблеми. 18 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Социјални услуги За разлика од бенефициите кои се поврзани со одржување на приходите и се фокусирани на подобрување на финансиската ситуација на граѓаните, социјалните услуги се насочени кон помош во задоволувањето на нефинансиските потреби на поединците и овозможување на непречено извршување на секојдневните активности. Социјалните услуги во системот на социјална заштита вклучуваат информирање и упатување, стручна помош и поддршка, советување, услуги во домот, услуги во заедницата и услуги на вонсемејна заштита. 1. Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и услугите. 2. Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку проценка, планирање, интервенции за заштита и евалуација, како и следење на состојбата по завршување на интервенциите, со цел зајакнување на корисниците, промоција на нивниот непречен развој, обезбедување и одржување на добросостојбата и независноста и нивно долгорочно оспособување за самостојно надминување на социјалните проблеми. 3. Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од настанатите социјални проблеми на поединец и семејство, и тоа: подготовка за брак, живот во семејство, родителство, планирање на семејство, брачно/партнерско советување за партнери со нарушени односи, советување при развод на брак, семејна медијација за семејства со нарушени семејни односи, психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство,психо-социјален третман на сторители на семејно насилство и други специјализирани видови советувања. 4. Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овозможување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превенција на потребата од вонсемејна заштита. Услуги во домот се: помош и нега во домот и лична асистенција. • Со услугата помош и нега во домот, се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами 19 Фондација„Фридрих Еберт“ да се грижат за себе, со цел да се оспособи корисникот за самопомош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен живот во заедницата. Корисници на услугата се: лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица и други лица на кои им е потребна помош и нега во домот. • Услугата лична асистенција опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 18 до 65-годишна возраст, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење на секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги врши без поддршка. Личната асистенција вклучува: помош и поддршка во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот, помош и поддршка на работното место, образовните институции, центрите за рехабилитација, помош и поддршка во заедницата и други активности од интерес на лицето, до 80 часа месечно. Корисници на услугата се лица со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица. 5. Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција на корисници, одмена на семејна грижа и куќа на пола пат, заради превенција, згрижување и заштита, а со цел овозможување на корисникот да продолжи да живее во сопствениот дом, односно заедницата и превенција на потребата од вонсемејна заштита. • Услугата за дневен престој опфаќа дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности. Корисници на услугата се: деца во ризик, лица со попреченост, маргинализирани лица, стари лица и други лица со специфични социјални проблеми. • Услугата за рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми се обезбедува преку психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење. Корисници на услугата се: деца во ризик, лица со попреченост и маргинализирани лица со специфични социјални и здравствени проблеми. • Услугата за ресоцијализација се обезбедува преку советодавна работа, индивидуална, семејна и групна терапија, образовна поддршка, придружба, едукации за развој на вештини, спорт, рекреација, творештво, 20 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување и други услуги на ресоцијализација, во зависност од потребите на корисниците. • Услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција. Корисници на услугата се: дете кое ќе се затекне без родителска грижа или како скита, дете жртва на злоупотреба, жртва на семејно насилство и родово базирано насилство, жртви на трговија со луѓе, бездомници. Услугата се обезбедува во времетраење до три месеца, со можност за продолжување уште за три месеца, а во исклучителни случаи кога состојбата не е надмината, до една година. • Услугата за одмена на семејна грижа обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив. Услугата може да се обезбеди и во домот на корисникот. Корисник на услугата е член на семејството кој се грижи за старо лице, лицe со попреченост и другo болно и изнемоштенo лицe, кое не може самостојно да ги врши основните и инструменталните активности од секојдневниот живот. • Куќа на пола пат обезбедува помош, поддршка и подготовка за самостојно живеење на лица кои претходно биле под вонсемејна заштита, немаат свој дом или услови за живот во својот дом, заради нивна реинтеграција во општеството. Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, дете по напуштање на воспитна установа за ресоцијализација, возрасни лица по издржување казна затвор, лица со попреченост, зависници од алкохол и дроги по спроведен третман за лекување и други лица со специфични социјални проблеми кои имаат потреба од подготовка за самостоен живот. 6. Со услугите на вонсемејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана, облека, здравствена заштита, и други услуги во зависност од видот на корисниците, кои немаат услови за живеење во своето семејство или од други причини им е потребна вонсемејна заштита. Услуги на вонсемејна заштита се: живеење со поддршка, згрижување во друго семејство и сместување во установа. • Живеење со поддршка се обезбедува во посебна станбена единица со помош од стручни или други лица во остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот. Помошта и поддршката може да биде повремена, дневна или 24-часовна помош и поддршка, во 21 Фондација„Фридрих Еберт“ зависност од потребите на корисникот. Корисници на услугата се: лица со попреченост и деца без родители или родителска грижа над 14-годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството. Во станбена единица за живеење со поддршка може да се сместат најмногу до пет лица, односно седум деца без родители или родителска грижа. • Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24-часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување. Општо згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обезбедува задоволување на секојдневните потреби, грижа за личноста, воспитанието, образованието, развојот, здравствената состојба, во зависност од секојдневните потреби на сместеното лице. Корисници на услугата се: стари лица, деца без родители и родителска грижа, лица со попреченост. Специјализирано згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обезбедува општо згрижување на лицата и поддршка до надминување на социјалните проблеми, а која се обезбедува од страна на згрижувачи кои поминале специјализирана обука. Корисник на услугата е: дете жртва на семејно насилство, дете во ризик и дете во судир со законот, дете или лице со попреченост. Повремено згрижувачко семејство обезбедува згрижување на дете или возрасно лице згрижено во друго згрижувачко семејство, како и за дете или возрасно лице со попреченост кое живее со родител/старател заради одмор, терапија, лекување и завршување на домашни, семејни и професионални обврски на згрижувачот, односно родителот/старателот. Интервентно згрижување е услуга на краткорочно згрижување во семејство на лица за кои е неопходна итна заштита, до изнаоѓање на соодветни облици на заштита, а најдолго до 30 дена. Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, деца од конфликтни семејства, жртви на насилство, жртви на трговија со луѓе и други лица чиј социјален проблем налага итно згрижување и заштита. Роднинско згрижување е услуга за згрижување на дете без родители и без родителска грижа, во семејство на неговите баба, дедо, брат, сестра, вујко, чичко или тетка. 7. Сместувањето во установа опфаќа основна заштита која обезбедува: згрижување, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вонсемејна заштита. 22 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ На процесот на децентрализација во социјалната заштита може да се гледа од два аспекта, како фискална децентрализација, т.е. создавање локални тела кои ги прибираат даночните средства и ги распределуваат за социјални услуги, и административна децентрализација, т.е. можност за самостојно дискрециско право на носење одлуки за сите аспекти на нудењето на социјалните услуги. Со донесување на Законот за финансирање на единиците од локалната самоуправа(Службен весник на РМ 61/04), на општините им е дадена можност да ги развиваат социјалните функции на локално ниво, односно самостојно да креираат програми за задоволување на потребите на групите од социјален ризик. Според Институтот за човекови права„Лудвиг Болцман“(2012), имплементацијата на процесот на децентрализација наметнува низа предизвици кои произлегуваат од повеќе фактори, како што се„несоугласеност помеѓу големината на општините, опфатот на надлежностите, кадровските и други капацитети за планирање и имплементација на надлежностите, како и разлики од аспект на развиеноста помеѓу руралниот и урбаниот дел од општините.“ Со оваа студија е утврдена и потреба од редизајнирање на мрежата на установи за вонинституционална и институционална заштита, поради неможноста на постоечката мрежа да одговори на идентификуваните потреби на граѓаните, што е и случај со универзалната улога на ЦСР. Од аспект на општините Прилеп и Долнени, може да се заклучи дека се работи на проширување на мрежата на локални социјални установи, иако сèуште далеку е постигнувањето потполна децентрализација. На локалните установи за социјална работа им е овозможено потполно право за одлучување во поглед на нивните надлежности, носење одлуки за овозможување на социјалната заштита, како и независност во нудење на услугите. Сепак, забележителна е ограниченоста од фискален аспект, каде финансиските средства сèуште се префрлаат од централно ниво во форма на дотации до општините, а не од локалниот буџет. Исто така, Министерството за труд и социјална политика одржува редовен задолжителен инспекциски надзор во овие установи и дава обврска за обезбедување на редовна евиденција на централно ниво. Па така, социјалните установи, вклучувајќи ги и локалните социјални установи во општините Прилеп и Долнени, се должни да водат детална и тековна евиденција за нивната работа, и тоа: 1) регистар, 2) досие на корисници, 3) евиденција за корисниците на парична права од социјална заштита, 4) евиденција на корисниците на услуги од социјалната заштита и 5) евиденција за корисниците сместени во установи за социјална заштита. Во 2018 година биле предвидени три редовни инспекции во ЦСР Прилеп. Од нив, една била со цел инспекција во правото на сместување во установа за социјална заштита. За 2019 година пак, предвидени се четири инспекциски надзори, од кои сите се во сферата на социјалните услуги. Оттука, постои баланс при надзорните активности помеѓу јавните и приватните институции кои нудат социјални услуги. 23 Фондација„Фридрих Еберт“ Алатки за мапирање на потребите на граѓаните за развој на услуги во општините Развојот на мрежата на социјални услуги на регионално ниво е од клучно значење за остварување на социјалната заштита. За таа цел, е усвоена разгранета правна рамка која ги утврдува начините, модалитетите и институционалните облици за соработка меѓу општините како основни единици на локалната самоуправа. Во таа насока, важно е да се искористат сите можности кои ги нудат законските решенија и, во исто време, да се обезбеди нивна синхронизирана примена. Соработката во областа на социјалната заштита треба да се реализира преку примена на одредбите на неколку закони: Закон за локална самоуправа, Закон за меѓуопштинска соработка, Закон за рамномерен регионален развој и Закон за социјална заштита(ЗСЗ). Советот за социјална заштита на планскиот регион(ССЗПР) треба да биде клучен актер во иницирањето, имплементирањето и следењето на облиците на соработка заради остварување на целите поради кои е воспоставен. Во натамошниот текст ќе биде даден преглед на основните модалитети и инструменти на соработка преку кои треба да се реализира стратешкото планирање во социјалната заштита. 3.1.  Меѓуопштинска соработка – Социјалната заштита како дејност од јавен интерес може да се реализира преку различни форми на соработка. Од посебен интерес за оваа дејност е развивањето на меѓуопштинската соработка за чија реализација законската основа е дадена во Законот за меѓуопштинска соработка. Имено, социјалната и детската заштита се утврдени како дејности од пошироко значење и интерес за кои може да се издвојуваат финансиски средства за поттикнување на меѓуопштинската соработка. Меѓуопштинската соработка се воспоставува меѓу две или повеќе општини за поефикасно и поекономично вршење на надлежностите на општините утврдени со закон и за остварување на нивните заеднички интереси и цели, како и вршење на определени работи од надлежност на општините од страна на една општина за сметка на една или повеќе други општини врз основа на склучен договор меѓу општините. За остварување на заеднички интереси и цели во вршењето на надлежностите, општините здружуваат финансиски, материјални и други средства. Општините самостојно и доброволно одлучуваат за воспоставување на меѓуопштинска соработка во извршувањето на нивните надлежности. Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка донесува секој од советите на општините со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка покренуваат градоначалникот на општината или член на советот на општината. Меѓуопштинската соработка може да се остварува преку: а) формирање на тела за меѓуопштинска соработка: заедничко работно 24 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ тело(комисија и/или административно тело); б) основање на заеднички јавни служби: заедничка јавна установа(за вршење на дејност од јавен интерес од локално значење во областа на образованието, културата, социјалната заштита, детската заштита и во други дејности). Инструменти за поттикнување на меѓуопштинската соработка се: неповратни грантови, финансирање и кофинансирање на подготовка на анализи и студии во областите кои се од пошироко значење и интерес за вршење на дејностите во тие области и др. Владата може финансиски да ја поттикнува и да ја поддржува меѓуопштинската соработка на две или повеќе општини во областите коишто се од пошироко значење и интерес за вршењето на дејностите во тие области. За таа цел, на предлог на Министерството за локална самоуправа, со акт се определуваат дејностите од пошироко значење и интерес за коишто ќе може да издвојуваат финансиски средства за поттикнување на меѓуопштинска соработка и се формира Комисија за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка. Комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка: ги следи воспоставените облици на меѓуопштинска соработка, го разгледува годишниот извештај за остварувањето на меѓуопштинската соработка и дава мислење, иницира измени и дополнувања на законската регулатива која влијае на меѓуопштинската соработка, објавува најдобри примери на меѓуопштинска соработка и разгледува и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка. Меѓуопштинската соработка се финансира од буџетите на општините, донации и спонзорства од физички и правни лица и други извори на приходи утврдени со закон. Евиденција за меѓуопштинската соработка води Министерството за локална самоуправа. Надзор над воспоставената меѓуопштинска соработка вршат општините кои ја воспоставиле меѓуопштинската соработка. За следење и координирање на меѓуопштинската соработка меѓу две или повеќе општини може да се формира координативно тело. 3.2. Регионална соработка – Вториот облик на законски регулирана соработка која дава можности за развој на социјалната заштита на регионално ниво е утврдена со Законот за рамномерен регионален развој. Во согласност со овој закон, регионалниот развој е долгорочен процес на унапредување на одржливиот економски и социјален развој на државата, а се остварува преку идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на планските региони, урбаните подрачја, подрачјата со специфични развојни потреби и селата. Рамномерниот регионален развој подразбира систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на диспаритетите во степенот на развиеност во и меѓу планските региони и остварување на рамномерен и одржлив развој. За потребите на планирање на регионалниот развој и реализација на мерките и инструментите за поттикнување рамномерен регионален развој се воспоставуваат плански региони(осум плански региони). Извори за финансирање на регионалниот развој се: Буџетот на Република Северна Македонија; буџетите на општините, општините во градот Скопје 25 Фондација„Фридрих Еберт“ и градот Скопје; фондовите на Европската Унија; други меѓународни извори; донации и спонзорства од физички и правни лица, и други средства утврдени со закон. За поттикнување на рамномерниот регионален развој од Буџетот на Република Северна Македонија годишно се издвојуваат средства во висина од најмалку 1% од БДП. Средства за социјална заштита можат да се обезбедат и преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, како и преку други програми што се реализираат од страна на ресорните министерства и другите органи на државната управа(на пр., јавни повици за обезбедување средства за финансирање на социјални услуги од страна на МТСП). Плански документи за регионален развој во кои треба да се предвидуваат и активности од областа на социјалната заштита се: − Стратегија за регионален развој на Република Северна Македонија(десетгодишна) која претставува основа за подготвување на програмите за развој на планските региони. − Програма за развој на планскиот регион(петгодишна) која ја подготвува Центарот за развој на планскиот регион, а ја усвојува Советот за развој на планскиот регион по претходна согласност на Советот за рамномерен регионален развој. Програмата за развој на планскиот регион е основа за подготовка на плановите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во сферата на нивниот економски, социјален, урбанистички, еколошки, културен и друг развој. Проектите за развој на планските региони, проектите за развој на урбаните подрачја, проектите за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и проектите за развој на селата, произлегуваат од дефинираните приоритети во Програмата за развој на планскиот регион, поради што е неопходно социјалната заштита континуирано да се дефинира како важен приоритет на локално и на регионално ниво. Во подготовката на планските документи за регионален развој задолжително се консултираат засегнатите страни на национално и на локално ниво, вклучително и ССЗПР и други актери од социјалната заштита на општинско ниво. Носители на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој се: Владата, Советот за рамномерен регионален развој(СРРР), Министерството за локална самоуправа(МЛС) и Советот за развој на планскиот регион(СРПР). Во планирањето на рамномерниот регионален развој и спроведувањето на планските документи за рамномерен регионален развој учествуваат и Бирото за регионален развој(БРР) и Центрите за развој на планските региони(ЦРПР). Сите вклучени актери во рамките на своите надлежности треба да планираат активности од областа на социјалната заштита, особено развивање на социјални услуги, за што е неопходно да развиваат тесна соработка со ССЗПР. Оваа соработка е особено важна во процесот на подготовка на Програмата за развој на планскиот регион и годишниот акционен план за спроведување на Програмата од страна на ЦРПР. При утврдување на годишната листа на проекти за развој на планскиот регион од страна на СРПР, потребно е да се идентификуваат состојбите и подрачјата со специфични развојни социјално-заштитни 26 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ потреби и врз основа на тоа да се подготват соодветни проекти од областа на социјалната заштита и социјалните услуги. Исто така, СРПР треба да иницира 15 разгледување на прашања поврзани со развојот на социјалната заштита во регионот за кои е неопходна координација меѓу општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и партнерите од приватниот и граѓанскиот сектор, како и да промовира прекугранична соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси. Во остварувањето на овие надлежности од областа на социјалната заштита, значаен ресурс за СРПР ќе биде ССЗПР во кој покрај градоначалниците на општините од регионот, членуваат и директорите на центрите за социјална работа(ЦСР). Центарот за развој на планскиот регион при спроведувањето на неговите надлежности од областа на социјалната заштита, особено при подготовката на проекти, обезбедувањето стручни услуги на здруженија и други заинтересирани страни за подготовка на проекти, поттикнувањето на меѓуопштинската соработка, промоцијата на развојните можности на планскиот регион и вршењето на други активности за поттикнување на развојот на социјалната заштита во планскиот регион, треба да го консултира ССЗПР. Тоа особено важи при утврдувањето на годишната листа на проекти за развој на планскиот регион преку учество на претседателот на ССЗПР во регионалните консултации – форуми за утврдување на предлог-листа на регионални проекти. ЦРПР треба да обезбедува административно-техничка поддршка за работата на ССЗПР и да ги користи сознанијата од неговото работење. АКТИВНОСТИ НА ССЗПР ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ – ССЗПР спроведува активности заради развој на социјално-заштитната дејност во регионот, со фокус на развојот на мрежата на социјални услуги. За таа цел, ССЗПР треба да има увид во потребите од социјална заштита на населението во регионот, ресурсите со кои располага регионот за задоволување на тие потреби и неопходните социјални услуги кои треба да се развиваат. Најзначаен извор на сознанија за овие потреби се социјалните планови изработени од страна на ОССЗ кои ССЗПР треба да ги анализира и врз основа на тоа да подготви и да достави информација до МТСП за потребата од развивање на социјални услуги во планскиот регион, како и видот и начинот на воспоставување на услугите. Начинот на спроведување на овие активности на ССЗПР ќе биде објаснет во продолжение на текстот. 3.3. Изработка на социјална мапа на планскиот регион – За потребите на регионално развивање на социјалната заштита, ССЗПР ги анализираат социјалните планови на општините кои му припаѓаат на регионот. Социјалните планови се документи коишто ги изработуваат ОССЗ, во согласност со Законот за социјална заштита. Анализата ги опфаќа податоците кои се однесуваат на следните области: − Општите карактеристики на општините во однос на: географска положба, рурално/урбана, патна инфраструктура, доминантна дејност на населението и др. − Демографски податоци: полова, етничка, старосна структура на население, миграциони движења, густина на населеност, стапка 27 Фондација„Фридрих Еберт“ на сиромаштија, активност, невработеност и др. − Мапа на социјални проблеми: корисници на социјална заштита и идентификувани ранливи групи и социјални проблеми. − Капацитети и расположливи социјални услуги: институционални капацитети во социјална заштита и други сродни области и расположливи неискористени капацитети кои би можеле да се стават во функција на воспоставување потребни социјални услуги во регионот. − Идентификувани потребни социјални услуги на општинско ниво. Покрај социјалните планови кои се клучни за добивање сознанија за социјалната слика во регионот, треба да се направи и увид во општинските програми за социјална заштита во кои се планираат годишните активности во оваа област. Исто така, може да се користат и други извори на податоци: секундарни извори, евиденција, статистика и др. За одредени специфични прашања може да се реализираат и неструктурирани отворени интервјуа со релевантни чинители од локалната заедница, експертски интервјуа, консултации со невладини организации кои работат со одредена социјално-ранлива група и даватели на услуги, непосреден увид на терен и сл. Ова се прави со цел да се утврди дали со расположливите социјални услуги, се задоволуваат потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита, која категорија граѓани е соодветно таргетирана со услуги, како и за кои категории социјално ранливи граѓани има потреба од воспоставување соодветни социјални услуги. Притоа, треба да се обрне внимание на идентификација на невидливите ранливи групи кои имаат потреба од социјални услуги и се често изложени на социјална исклученост, маргинализација и дискриминација(зависници од алкохол, дрога, коцкање, сексуални работници и други). По утврдувањето на социјалните проблеми, ранливите групи и достапните социјални услуги, потребно е да се утврди кои социјални услуги ги нема во регионот, а би можело да се воспостават преку меѓуопштинска и регионална соработка. За остварување на оваа цел е неопходно да се направи увид во расположливите неискористени капацитети со кои располагаат општините во регионот(празни објекти, простории од постојни објекти, расположлив кадар, можни донатори и финансиери, неискористени инструменти за мобилизација на средства и др.). Клучните наоди од оваа анализа се сумираат во кратка Социјална мапа на планскиот регион(СМПР). Содржина на социјалната мапа на планскиот регион има Вовед, основ, цел, вклучени актери, начин и време на подготовка на регионалната социјална мапа, податоци за регионот општи и демографски податоци, географска положба, рурално/урбана, патна инфраструктура, доминантна дејност на населението, структура на население, густина на населеност, стапка на невработеност, регионална мапа на социјални проблеми,иидентификувани ранливи групи и социјални проблеми во планскиот регион, апацитети и расположливи социјални услуги во планскиот регион,Институционални капацитети од областа на социјалната заштита: детски градинки, ЦСР, ЦВ, услуги во домот, центри за социјални услуги во заедницата, установи за социјална заштита и други социјални услуги – пасивни и активни; расположливи неискористени капацитети (празни објекти, простории од постојни објекти кои би можеле да се отстапат на 28 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ користење, расположлив кадар кој би можел да се ангажира, можни донатори и финансиери за потребите на воспоставување на одредена социјална услуга, неискористени инструменти за мобилизација на средства и др.), потребни социјални услуги во планскиот регион.СМПР е повеќегодишен документ кој редовно треба да се разгледува и дополнува во согласност со со развојот на потребите и состојбите во областа на социјалната заштита во конкретниот плански регион. СМПР треба да се користи при планирањето на мрежата на социјални услуги во регионот и подготовката на информацијата за потребата од развој на социјални услуги која се доставува на годишно ниво до МТСП. 3.4. Изработка на информација за потребата од развој на социјални услуги во планскиот регион – Врз основа на подготвената СМПР и други сознанија за социјалните потреби во регионот, ССЗПР изработува информација која ја доставува како предлог за потребата од развивање на социјални услуги во планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите до МТСП. Оваа информација претставува основ за развој на мрежата на регионални социјални услуги и МТСП има обврска да ја земе предвид при распишувањето на јавните повици за обезбедување финансиски средства за давање социјални услуги на општините. Имено, на овој начин, се обезбедува соодветно стратешко планирање на развојот на социјални услуги со примена на пристапот оддолу-нагоре. На овој начин релевантните чинители на локално ниво кои имаат непосреден увид во состојбите и социјално-заштитните потреби на локалното население, активно се вклучуваат во планирањето на социјалните политики за чија имплементација на локално ниво се обезбедуваат средства од централниот буџет. Регионалната соработка претставува дополнителна вредност во целиот овој процес затоа што на тој начин се обезбедува оптимизација на расположливите ресурси и опфат на поголем број ранливи групи население со соодветни социјални услуги. Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите треба да се доставува во вид на кус и концизен документ кој произлегува од СМПР и дава јасен увид во потребните социјални услуги на локално и на регионално ниво. Предлогот треба да содржи кратки информации за планскиот регион и општините во регионот, идентификувани доминантни социјални проблеми и ранливи групи во регионот, како и потребните социјални услуги и начинот на нивно воспоставување. При утврдување на видот и подвидот социјални услуги кои треба да се развиваат во регионот, како и категориите корисници за кои е потребна одредена социјална услуга, како основа се земаат социјалните услуги предвидени со ЗСЗ, како и потребата од воведување на иновативни социјални услуги на општинско и на регионално ниво. Во процесот на селекција на потребните социјални услуги на регионално ниво, треба да се имаат предвид следните критериуми: − социјални проблеми со голем обем и распространетост во планскиот регион и итна потреба за соодветна интервенција; − висок степен на социјална ранливост на одредени 29 Фондација„Фридрих Еберт“ специфични групи, население на ниво на плански регион со незадоволени социјално-заштитни потреби; − избор на соодветна социјална услуга која одговара на специфичностите на ранливите групи по вид, карактер и ургентност, а која може да се доставува на регионално ниво; − оптимално искористување на постојните ресурси на општините и развивање на модалитетите на меѓуопштинска соработка заради достава на социјални услуги; − фокус кон развивање нови и иновативни социјални услуги и таргетирање маргинализирани лица. Во однос на начинот на воспоставување на социјалните услуги, можат да се предвидат различни модалитети на достава на услугата: меѓуопштинска соработка, мултисекторска соработка, кофинансирање и сл. Имајќи ја предвид комплексноста на социјалните проблеми и нивната поврзаност со други проблеми и појави во регионот, од особена важност е да се развиваат комбинирани социјални услуги, какви што се: социјално-здравствени и социјално-образовни услуги. Исто така, заради оптимизација на ресурсите и таргетирање на поголем број корисници со различни потреби, како неопходност се јавува потребата од развивање и на интегрирани социјални услуги. Така, на пример, може да се воспостави дом за помош и нега на стари лица на регионално ниво кој во исто време дава и услуга на помош и нега во домот. Комбинираната и интегрираната достава на социјални услуги, нуди можности за обезбедување сеопфатна, холистичка и флексибилна заштита. Во услови на ограничени капацитети и ресурси какви што постојат во дел од општините, комбинацијата на социјалните услуги на регионално ниво би го направила процесот на достава на потребните услуги полесен за имплементација и поекономичен. Токму поради тоа, се истакнува дека колку е поголема комбинацијата на разновидни услуги, толку е поголем квалитетот на заштита на нивните корисници, а помали се трошоците за нивно воспоставување. Исто така, покрај здружување на капацитетите и ресурсите на општините од регионот, колку што е можно повеќе треба да се искористуваат можностите кои досега недоволно се ставани во функција на обезбедување социјални услуги, како што се: волонтерството, корпоративната одговорност на претпријатијата, покренувањето социјални акции во заедницата, организирањето на ранливите групи и зајакнувањето на нивните капацитети за самопомош и сл. ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ ОД СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА Цените на услугите од социјалната заштита се утврдуваат врз основа на Законот за социјалната заштита. Врз основа на член 308 од Законот, цените на услугите од социјалната заштита со Одлука ги утврдува министерот врз основа на методологија за формирање 30 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ на цените на услугите во зависност од стандардите и нормативите за давање на социјалната услуга. Со Одлуката 3 за утврдување на цените на социјалните услуги утврдени се цените за услугите во домот, за вонсемејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, на советување и за одмена на семејна грижа за 2024 година. Овие цени може да се искористат за како цени по корисник или цени по ден во резервираните јавни набавки. Исто така, на повиците за резервирани јавни набавки би требало да се пријавуваат лиценцирани даватели 4 на социјални услуги, бидејќи тие ги имаат исполнето стандардите и нормативите за определн вид услуга. Доколку не постои лиценциран давател, општините можат да помогнат во создавање на даватели на услуги, преку поддршка за воспоставување на услугата и во исполнувањето на стандардите и нормативите на определени даватели на нивната територија. ЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ Лиценцирањето на даватели на социјални услуги за вршење работи од социјална заштита е постапка во која се утврдува исполнување на пропишаните услови за начинот, обемот, нормативите и стандардите во однос на локација, простор, кадар, опрема неопходни за давање социјална услуга, уредени права и обврски помеѓу давателите на социјални услуги и корисниците и воспоставени механизми за мерење на задоволството на корисниците од социјалната услуга и механизми на анализа и оценка на постигнати резултати од социјалната услуга. Министерството за труд и социјална политика дава дозвола за работа на установи за социјална заштита и на други даватели на социјални услуги, за вршење на работи во социјалната заштита, и води евиденција според видот на социјалните услуги што ги даваат лиценцираните даватели на социјални услуги на кои им е издадена дозвола за работа. Здружение, јавна и приватна установа кои можат да бидат домашни или странски правни субјекти, физичко лице како други даватели на социјални услуги може да почнат со работа откако министерот за труд и социјална политика со решение ќе утврди дека се исполнети условите за почеток со работа и издаде дозвола за работа. Решението за исполнетост на условите за почеток на работа и дозволата за работа што го донесува министерот, се донесуваат врз основа на претходно мислење дадено од Комисија за лиценцирање на даватели на социјални услуги во согласност со подзаконски акти со кои се утврдени поблиските услови и критериуми, потребната документација, образецот на барањето за добивање дозвола за вршење 31 Фондација„Фридрих Еберт“ работи од социјална заштита, начинот и постапката за издавање и одземање на дозвола за вршење работи од социјална заштита и начинот на водење на евиденцијата на лиценцирани даватели на социјални услуги(Службен весник бр.264/19). Целата постапка за процесот и чекорите за лиценцирање е објаснета во Водичот за лиценцирање на даватели на социјални услуги 5 , објавен од Комисијата за лиценцирање на МТСП. Исполнетоста на условите за добивање дозвола за работа е предуслов да се стане лиценциран давател на социјални услуги. Тоа подразбира: • обезбедување потребна документација со која треба да се потврди исполнетоста на условите во однос на простор, опрема и кадар, • доставување Барање со потребната документација до Комисијата при Министерството за труд и социјална политика, • проверка на доставената документација и вршење непосреден увид кај давателот на услугите од страна на Комисија за лиценцирање даватели на социјални услуги при Министерството, • изготвување записник и мислење за исполнетост на условите за вршење дејност во социјалната заштита од Комисијата при Министерството, • издавање Решение за давање дозвола за вршење работа од социјална заштита од Министерот, • спроведување административни постапки во рокови и задолженија наведени во Решение, доколку истите се наведени, и други административни постапки и обезбедување на документација кои се дел од правилниците соодветни за социјалната услуга за која е добиено Решение за давање дозвола за вршење работи од социјална заштита, • спроведување на социјалната услуга во согласност со ЗСЗ како дејност на социјална заштита од јавен интерес и како дел од системот на социјална заштита. КЛУЧНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ 1. БАРАЊЕ во соодветен формат. 2. ГОДИШНА ПРОГРАМА за работа и давање на социјалната услуга. Целта на овој документ е да ја прикаже посветеноста на организацијата кон организирање на социјалната услуга која треба да се лиценцира, но и позиционирање на услугата во заедницата, нејзината улога во надминување на евидентиран 32 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ проблем и ангажирање на локалните чинители кон обезбедување подобри услови за живот на засегнатата целна група. Во годишната програма се опишува начинот на мапирање на социјалните потреби и ранливите групи во општината/заедницата, главните активности и начинот според кои ќе се спроведува социјалната услуга, опис на бројот и карактеристики на корисниците на социјалната услуга, на кој начин се обезбедува заштита на корисниците, начинот и целта од остварување на соработка со месно надлежен Центар за социјална работа, локалната самоуправа итн., опис на кој начин ќе се унапредуваат вештините и знаењата на вработените и ќе се обезбеди заштита при работа на вработените и работа во недискриминаторска средина, како и на кој начин ќе се информира локалната заедница за социјалната услуга која се обезбедува, на кој начин ќе се спроведува мониторинг(следење и контрола) на социјалната услуга и евалуација на услугата од аспект колку корисниците, нивните законски застапници, односно старатели се задоволни од услугата и детектирање на недостатоци, и преземање активности и мерки со цел да се унапреди и обезбеди поквалитетна социјална услуга. 3. ЕЛАБОРАТ за простор, стручен кадар и опрема потребни за обезбедување на социјалната услуга. Правилниците со кои се уредува поконкретно начинот и обемот на социјалните услуги, како и исполнување на нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги се основата за дефинирање на социјалните активности, но во овој документ тие треба да се персонализираат специфично за давателот на услугата, неговиот годишен план за работа, начинот на организација на кадарот, опремата, просторот, потребни за давање на социјалната услуга и вклопување со потребите и приоритетите во локалната заедница. 4. ГОДИШНА ПРОГРАМА за обезбедување финансиски и материјални средства. При процена на буџетот за приходи и расходи, социјалната услуга треба да го земе предвид и обезбедувањето на потребните ресурси за обезбедување услуги и активности барем до нивото на применливите стандарди за квалитет. Финансирањето на социјалната услуга се обезбедува, во согласност со законот, од буџет на општината, буџет на државата, придонеси/контрибуција на корисниците или нивните семејства/законски застапници, како што е соодветно, донации, спонзорства или други придонеси од физички или правни лица во земјата и странство, надворешни средства за враќање и неповратни средства и други извори на финансирање, во согласност со важечкото законодавство. Препорачан формат за овој документ е даден во Анекс 4. Во Анекс 5 се дадени условите и начинот на доделување средства, методологијата и одлуката за висината на цената на чинење на социјалните услуги. 33 Фондација„Фридрих Еберт“ 5. ВНАТРЕШНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА на социјалните услуги и проценка на задоволството на корисниците во согласност со нормативите и стандардите за давање на услугата. Евалуацијата на социјалната услуга се спроведува преку примена на техниките на интервјуирање и анкетирање на корисниците, нивните законски застапници, односно старатели и други членови на нивното семејство. Извештајот од спроведената евалуација, која се спроведува еднаш годишно, се доставува до Министерството, односно општината, градот Скопје или општина во градот Скопје со која давателот на услугата има склучено управен договор, Заводот за социјални дејности и Центарот за социјална работа, најдоцна 30 дена од денот на спроведувањето на евалуацијата, односно најдоцна до 31 јануари тековната календарска година. 6. Листа на стручен кадар потребен за обезбедување на социјалната услуга. 7. ЦВ и Диплома за завршено образование/сертификати/лиценци за стручниот кадар потребен за обезбедување на социјалната услуга. 8. Листа на вработени и/или листа на вработени издадена од АВРСМ8 со М1/ М2 образец. Напомена: М1/М2 образец со листа на вработени издадена од АВРСМ се доставува во случај која социјалната услуга веќе е лиценцирана, или во определен рок по добивање на Решението за вршење на работи од социјална заштита. 9. Акт за основање/Статут донесен од органот на управување, основачот или управен одбор. 10. Одлука за усвојување на Статутот/Статутарна одлука. 11. Одлука за усвојување на програмата за работа 12. Доказ за сопственост − имотен лист/Договор за закуп на простор/Договор за отстапување на простор, доколку просторот е даден на користење од општината. 34 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Д ел 3 на најдобри практики и студии на случаи од други држави Со ЕУ Директивите за јавни набавки од 2014 година, се дава акцент на примена на социјалните аспекти поврзани со јавните набавки и додека земјите членки според анализите сè уште целосно не ги користат можностите на јавните набавки како стратешки алатки за поддршка на социјалната политика, сепак истражувањата изнесени во документот„Making Socially Responsible PublicProcurement Work, 71 Good PracticeCases“ 6 /„Правење општествено-одговорните јавни набавки да функционираат, 71 случаи на добра практика“ објавен од Европската Унија во 2020 година, покажуваат дека има повеќе случаи како добри практики кога државата и општините се ангажираат да ги користат можностите од социјалното парнерство меѓу јавниот сектор и некомерцијалните економски оператори за јавни набавки на начин кој промовира социјална благосостојба и етички практики.Ова повлекува максимирање на влијанието на активностите за набавки во корист на општеството како целина, истовремено поддржувајќи го интегритетот и транспарентноста. Подолу се прикажани примери на добри практики на резервирани договори за одредени услуги, со цел да инспирираат и дадат знаење за добра примена на одредбите за резервирани договори од Законот за јавни набавки. Препораки за договорните органи: Договорните органи/општините треба да ги искористат случаите за добри практики и да идентификуваат можности за примена на законските одредби од ЗЈН за поддршка за обезбедување на социјални и здравствени услуги од непрофитни организации и социјални претпријатија. 7 Резервирани договори за одредени услуги Практики и студии на случај: 1. Шкотска – град Единбург- услуги за бездомни луѓе Во 2011 година градот Единбург во критериуми за избор користел 70% критериуми за квалитет(и 30% трошок) при тендерот за услуги за бездомници. И покрај принципот„вредноста што ја добиваш за парите“ кој станува сè поважен 35 Фондација„Фридрих Еберт“ во услови на економска криза, секаде каде што е можно, градот Единбург се обидува квалитетот да има поголема тежина наспроти цената. 2. Домашни услуги за лица со попреченост – Италија Општина: Кастелфранко Венето Предмет на договорот: Обезбедување услуги за домашна нега, вклучувајќи услуги за лица со попреченост Траење на договорот: 3 години Карактеристики на повикот: Критериуми за доделување: квалитет 60% и цена 40% Резервиран договор : повикот е насочен само кон социјалните задруги 3. Име на нарачателот/држава: Франција/Вендее Сектор: производство на храна и доставување храна Цел на јавната набавка: Одделот Вендее со Одлука се решил од 2010 година да промовира употреба на прехранбени производи со висок квалитет и од еколошко производство во училиштата. Идејата била да се поврзе земјоделско-прехранбениот центар со производителите на овошје, зеленчук и млечни производи по пат на набавки. Преку анализа на пазарот заклучиле дека постои социјално претпријатие кое вработува лица со попреченост, а се занимава со земјоделско-прехранбена дејност и соработува со центрите со сертифицирани производители на органски производи.По објавата на резервираната набавка, доделен е договор на ова социјално претпријатие. Услугите се обезбедуваат за училиштата на подрачјето на Вендее(повеќе од 30 училишта). Преработените производи во просек изнесуваат повеќе од 100 тони годишно. Предмет на договорот: Земјоделско-прехранбена услуга: складирање, преработка(чистење, лупење и сечење),пакување свежи производи и испорака на истите. Фази на јавната набавка и критериуми: Повикот е резервиран за организации кои вработуваат од 55% до 100% лица со попреченост. Немало барање за 36 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ географско покривање во набавката. Барањата биле широко поставени за да се добијат одговори од повеќе понудувачи. Само еден добавувач доставил понуда и истата е разгледана во согласност со критериумите дадени со повикот: - Цена 35% на основа на проценката за годишна количина преработена храна; - Влијание на околината: 25% на основа на предложените услуги и извори на енергија кои се употребуваат за извршување на тие услуги на начин погоден за животната средина; - Технички квалитет: 25% на основа на квалитетот на персоналот и внатрешната организација и гаранции за принос за преработка на храна. Успешниот понудувач била организацијата АДАПЕИ-АРИА 85. Тоа е социјално претпријатие кое работи со лица со попреченост и кое покрај работно место, им овозможува и медицинска и општествена поддршка на лицата. Организацијата вработува повеќе од 1.400 лица во Франција, а 10 од нив се вработени во претпријатието кое го реализира договорот со Вендее. Вредност на договорот: Проценетата вредност на договорот е 105.000 евра годишно за прехранбено-преработувачките услуги во врска со подготовката на прехранбените производи од еколошко производство. Општествено влијание: Со доделување на резервираниот договор, општината Вендее обезбедила позитивно општествено влијание, истовремено промовирајќи употреба на локално произведена еколошка храна со следните резултати: - Во обезбедување на услугата вработени се 10 лица со попреченост; - Повеќе од 1,8 милиони оброци кои содржат повеќе од 100 тони производи од еколошко производство се испорачуваат на 34 училишта. - Предвидено е дека со набавката годишно ќе се заштедат 281,59 тони емисии на јаглерод диоксид; - Со намалување на превозот на храна ќе се постигне примарна заштеда на енергија од 1,03 GW h годишно. Благодарејќи на испораката на социјалното претријатие, бројот на испораки е намален за 2/3(2.200 испораки ако школите сами набавуваат производи наспроти 700 испораки од социјалното претпријатие). Со ова се создадени и бизнис-можности за малите прозводители кои се наоѓаат во близина на социјалното претпријатие и имаат помалку трошоци за логистика. Во рамките на програмата има повеќе од 30 мали производители кои испорачуваат производи во вредност од 170.000 евра годишно. 37 Фондација„Фридрих Еберт“ Контакт податоци: Михаел Тессиер, правен експерт за набавки во Вендее Е-пошта: mickael.tessier@vendee.fr 4. Име на нарачателот/држава: општина Балеруп, Данска Сектор: услуги на одржување хигиена Цел на јавната набавка: Во февруари 2019 година, општината Балеруп, донела нова политика на јавни набавки со која се става акцент на општествената одговорност. Политиките имаат 6 главни цели: - Менување на регулаторната рамка во корист на граѓаните и компаниите; - Фокусираност на факторите кои не се цена на следниот начин: • Добавувачите мора да се изјаснат дека се усогласени со барањата поврзани со човековите права, работничките права, заштитата на животната средина и борбата против корупција; • Општината мора да ги вклучи социјалните фактори во постапките за јавни набавки секогаш кога е тоа возможно, а ако процени дека тоа не е возможно, задолжително да ги објасни причините; • Ако постои сомнеж дека дека добавувачот не ги почитува обврските во поглед на општествената одговорност, општината спроведува дополнителна проверка и има можност да го прекине договорот. - Примена на дијалог со пазарот и соработка со претпријатијата; - Иницирање и спроведување заеднички набавки; - Употребување дигитализирани јавни набавки и електронско купување; - Обезбедување високи нивоа на усогласеност. Договорот за обезбедување услуги за одржување хигиена е избран како пилот-проект за прва употреба на членот за резервирани јавни набавки. Договорот бил со траење од 1април до 31декември 2023 година. Предмет на набавката: секојдневни услуги на чистење и повремено чистење прозорци на 157 згради на општината, вклучувајќи и јавни училишта, детски градинки, библиотеки, базени и спортски сали. Фази на јавната набавка и критериуми: Во постапката за избор и доделување на договор, економски најповолна понуда утврдена е врз основа на најдобриот сооднос на цената и квалитетот со помош на следните проценти: 38 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ  Цена 60%;  Квалитет 20%, и  Општествена одговорност 20%. Во повикот како општествена одговорност што се подразбира е создавање можности за вработување невработени лица кои се приматели на социјална помош. Тендерската документацијавклучувала и:  Одредби за работата со кои понудувачот се обврзува на исполнување на општите стандарди на пазарот на трудот, кои се однесуваат на платата и условите за работа:  Одредби за општествената одговорност, кои содржат список на посебни барања поврзани со човековите и работничките права, заштита на животната средина, борбата против корупција, на темел на член 10 од глобалниот договор со ОН и основните работнички права заштитени со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот. Цел на набавката/референтна норма на социјалната политика Општествената цел била да се создадат работни места за две целни групи:  Невработени лица, приматели на социјална парична помош кои се работоспособни и кои се соочуваат и со други ризици освен невработеноста. На истите им е потребен посебно осмислен план за работно оспособување и да вклучува дополнителни мерки за поддршка при вработување, и  Лица на подолготрајно боледување. Многу лица од овие категории ќе можат да продолжат со работа, кога повторно ќе бидат способни за работа. За враќање на пазарот на трудот ќе им биде потребен посебен план за оспособување и потенцијално дополнителни мерки за поддршка. Проверка • За да се провери поткритериумот„општествената одговорност“,од понудувачот се барало да достави предлог кој ќе вклучи: - Опис на методологијата преку која е планирано да се помогне на наведените целни групи полесно да се вработат. На пример, тоа можело да се постигне со описот на планот за работно оспособување и активностите кои би се презеле и - Број на лица кои ќе бидат оспособени. • Во согласност со доставените документи, на понудувачот му се доделувале бодови од нула(најдобро исполнети критериуми) до осум(најниско исполнување на критериумите) на темел на бројот на лица оспособени/ 39 Фондација„Фридрих Еберт“ планови кои се нудат, методологијата и проценката на успешноста од истата. • Бодовите потоа се претворени во соодветниот ценовен еквивалент. Пресметката е направена врз основа на делење на просечната понудена цена на сите понудувачи со доделените бодови за„општествена одговорност“. Така, договорот е доделен на понудувачот кои имал најнизок комбиниран резултат од евалуацијата на понудите спрема следната формула: -(Понудена цена x 0,6)+ -((просечна цена понудена од добавувачите/8xбодови за квалитет) x 0,2)+ -((просечна цена понудена од добавувачите/8xбодови за општествена одговорност) x 0,2). Вредност на договорот – 25 милиони евра Инструмент: Членот 67 и членот 70 од Директивата 2014/24/ЕУ Контакт-податоци: Mette Kongsgaard Jensen – водителка на јавните набавки met@balk.dk 5. Име на нарачателот на јавната набавка: општина Каисиадорус, Литванија Сектор: социјална услуга Вовед или цел на јавната набавка:Со Литванската стратегија за напредок до 2030 година, предвидена е стратешка рамка за насочување на делувањето на јавните органи во одговор на социјалните, општествените и еколошките предизвици во следните неколку години.Можноста за директна вклученост на заедницата, непрофитниот сектор и граѓанските организации е еден од главните столбови на стратегијата, преку која многу поефикасно се надминуваат овие предизвици.Тоа во голема мерка влијаело врзорганизацијата на јавните набавки и улогата на јавните тела како директни даватели на социјални услуги. Прво, во стратегијата е наведено дека органите од јавниот сектор треба да обезбедуваат услуги, само ако тоа неможат да го направат граѓанските, непрофитните организации и приватните компании. Второ, како што е наведено во Стратегијата, најмалку 15% од јавните социјални услуги кои се обезбедуваат на локално ниво, треба да се набавуваат и испорачуваат од граѓанските, непрофитните организации и приватни компании. Со поттикнувањето на зголемувањето на бројот на недржавни испорачатели на социјални услуги се настојува: 40 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ - Да се обезбеди подобар квалитет на услугите и да се зголеми општественото влијание од истите; - Да се надмине недостатокот на знаење и искуство во развојот на услугите и - Промовирање на развој на пристапот за набавка на услуги кои се темелат на резултатите и постигнатите цели, а не на активностите и вложените ресурси. Предмет на набавката: Јавна набавка за поддршка на независно живеење на лицата со интелектуална попреченост и поттикнување на нивната професионална и социјална интеграција. Етапна јавна набавка и критериуми Јавниот нарачател ја искористил можноста за проверка на пазарот во етапата пред јавната набавка и конкурентска постапка со преговори. Други важни елементи се дефинирани во очекуваните краткорочни и догорочни цели на постапката и воспоставување на двоен систем на плаќање. При проверката на пазарот во етапата пред јавната набавка се вклучиле можните даватели на услугата и заедницата.Во рамки на проверката се настојувало да се утврди дали давателот на услугата ќе може да ги оствари резултатите кои општината ги очекува, да се разговара за можните услови во договорот и да се утврди кои услови би можеле да создадат тешкотии за давателите на услугите. Овие дијалози се организирани со цел потенцијално да се оствари соработка помеѓу давателите на услуги, ако еден давател на услуга неможе да ги исполни сите цели кои ги поставила општината. Се разговарало и за критериумите за квалитет на услугата кои ги дефинирала општината и кои се потврдени од давателите на услугата. Евалуацијата на понудата се темелела на соодносот помеѓу цената и квалитетот. Цената(трошок по лице месечно) претставувала 60% од бодувањето, а квалитетот преостанатите 40%. Проценката на квалитет се темели на три критериума, а понудувачите се прашани да предложат параметри за секој критериум: • Примателите на услугата можат со вработување самостојно да се издржуваат и заработуваат; се мери врз основа на месеците во годината во кои лицето е вработено, но по склучување на договорот со давателот на услугата и врз основа на нивната заработка(најмногу 15 бода); • Примателите на услугата можат да се грижат за својата хигиена и да управуваат со своето однесување(најмногу 15 бода); 41 Фондација„Фридрих Еберт“ • Опис на предложената услуга со која се објаснува како испораката на услугата влијае врзцелната група и како е ускладено со целите кои јавниот нарачател сака да ги постигне(вклучувајќи ангажирање волонтери во постигнувањето на резултатите и партнерство со локалните ГО и приватни компании(најповеќе 10 бода). Пожелно е во понудите да се наведе цената на услугата по корисник месечно. Најголемата вредност на договорот еднаква е на: фиксна цена по корисник месечно x 10(број на корисници) x 12(број на месеци). Постапката била отворена за сите видови субјекти, а договорот е доделен на непрофитен давател на услугата во согласност со стратешките цели на Водичот за пренос кој се однесува на проширување на улогата на субјектите во социјалната економија како даватели на услуги. Вредност на договорот: Договорот е склучен во декември 2019 година и трае до ноември 2020 година, со можно продолжување за дополнителни 12 месеца. Вкупната вредност на договорот изнесувала 55.000 евра за една година. Стекнати искуства и идни предизвици: - Спроведувањето на новиот пристап не бил едноставен поради ограничен број даватели на услугата во општината кои можеле да го спроведат договорот. Меѓутоа општината ги повикала и приватните и непрофитните даватели на услуги кои веќе испорачувале слична услуга, но и да се осигури дека ќе биде чуен гласот на сите членови на заедницата(корисниците, организациите на лицата со попреченост). - На општините им е потребна помош во спроведувањето на јавната набавка која се базира на учинокот и во известувањето на пазарот на услуги со таквиот начин за набавка, бидејќи овој пристап во јавните набавки е посложен од вообичаениот. Од друга страна, во јавните органи, посебно на оние од локалните самоуправи, често недостасуваат стручни лица кои се навикнати да работат со даватели на услуги кои се насочени кон социјалните цели и решавањето на проблемите поврзани со фазата пред јавната набавка. - Општините би требало долгорочно да ги планираат своите активности за набавки, бидејќи постапките кои се темелат на учинок се посложени и изискуваат потемелна анализа во секоја фаза на набавката. - Важно е да се соработува со потенцијаните добавувачи, за истите да добијат информации за предностите на проверката на пазарот и за да им се објасни зошто треба да се учествуваат во тие проверки. Контакт: Aushra Pulauskaite, е-пошта: a.pulkauskaite@enterpriselithuania.com водителка на проектот во агенцијата Ентерприсе Литванија 42 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Прилог Оглас за доделување резервиран договор за јавна набавка на посебни услуги Во Прилог на Прирачникот е даден формат на Оглас за доделување на резервиран договор за јавна набавка на посебни услуги/ Деловите со сино се за внес од страна на договорниот орган. Дадениот формат во овој Прирачник е во согласност со одредбите од ЗЈН за резервирани набавки, а може да се дополнува од страна на договорниот орган во зависност од специфичноста на резервираниот договор за набавка на посебна услуга. Потсетување: Како што е наведено во делот 1 од овој прирачник −Покрај посебен Оглас, договорниот орган може да одлучи да ги врши јавните набавки за посебните услуги за резервирани договори со користење соодветна постапка во согласност со членот 47 од ЗЈН:(а) набавка од мала вредност; б) поедноставена отворена постапка; в) отворена постапка; г) ограничена постапка; д) конкурентна постапка со преговарање; ѓ) конкурентен дијалог; е) партнерство за иновации; ж) постапка со преговарање без објавување оглас и з) постапка со преговарање со објавување оглас), при што ги применува правилата за соодветната постапка, за што се генерира оглас директно во ЕСЈН. 43 [НАЗИВ И ЛОГО НА ДОГОВОРЕН ОРГАН] ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИРАН ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА ПОСЕБНИ УСЛУГИ БР.[…..] [предмет на набавка] I. ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1. Податоци за договорниот орган[……….] Лице за контакткај договорниот орган:[……….] I.2. Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат. II. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА II.1. Предмет на договор за јавна набавка:[……….] II.2. Делива набавка: Да/Не II.3. Проценета вредност без ДДВ:[……….] – Опционално II.4. Вид на договор за јавна набавка: Резервиран договор за јавна набавка на посебни услуги II.5. Секторски договор: Да/Не II.6. Централно тело за набавки: Да/Не II.7. Групна набавка: Да/Не II.8. Подетален опис на предметот на набавката: [ подетален опис] или[ наведено во тендерската документација] II.9. Заеднички поимник за јавна набавка: Да/Не Шифра од заеднички поимник за јавна набавка:[ 75121000-0, 75122000-7, 75123000-4, 79622000-0, 79624000-4, 79625000-1, 80110000-8, 803000007,80420000-4, 80430000-7, 80511000-9, 80520000-5, 80590000-6, од 85000000-9 до 85323000-9, 92500000-6, 92600000-7, 98133000-4 и 98133110-8] Да се одбере шифра Назив на шифра од заеднички поимник за јавна набавка: [……….] II.10. Делива набавка: Да/Не Доколку набавката е делива се додава следнава табела 44 Дел број 1 2 Опис на делот на набавката на набавка [……….] [……….] II.11. Рамковна спогодба: Да/Не II.12. Алтернативни понуди: II.13. Времетраење на договорот:[……….] III: ПОСТАПКА III.1 Вид на постапка: Објавување на Оглас за доделување на резервиран договор за набавка на посебни услуги член 123 од Законот за јавните набавки, категорија на услуги:[……….] – се наведува категорија на услуги согласно ЗПЈН III.2 Критериум за доделување на договор: Цена/Најдобар однос меѓу цена и квалитет Доколку се одбере критериум за доделување на договор за да биде најдобар однос меѓу цена и квалитет во огласот се наведува и табела на која е опишан начинот на распределба на бодовите: Елементи Бодови (вкупниот збир на бодовите треба да биде 100) Цена[……….] Квалитет[……….] III.3 Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства: Да/Не III.4 Електронска аукција: Да/Не III.5 Рамковна спогодба: Да/Не IV. ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ IV.1 Гаранции и авансно плаќање IV.1.1 Гаранција на понудата: Да/Не – доколку се бара гаранција на понудата да се наведе процент. Гаранција на понудата не се бара при спроведување на постапка од мала вредност или поедноставена отворена постапка. Согласно член 101 од Законот за јавните набавки гаранцијата на понудата не смее да биде поголема од 3% од вредноста на понудата IV.1.2 Изјава за сериозност на понуда: Да/Не – Овој документ се бара кога не се бара гаранција на понудата 45 IV.1.3 Гаранција за квалитетно извршување на договорот : Да/Не– доколку се бара гаранција за квалитетно извршување на договорот нејзината висина може да биде од 5% до 15% од вредноста на договорот за јавна набавка IV.1.4 Авансно плаќање: Да/Не IV.1.5 Резервирани договори: Да IV.1.6 Времетраење на резервиран договор:[... години] – времетраењето на договорот не смее да е подолго од три години IV.2 Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот: IV 2.1. Услови кои мора да ги исполни организацијата со цел учество во постапка за јавна набавка за доделување на резервиран договор: - Целта на организација е обезбедување на[здравствени, социјални и културни услуги – се бира во зависност од предметот на набавката]; - Организацијата ја реинвестира добивката заради остварување на своите цели согласно со закон; - управувачката или сопственичката структурата на организација се темели на сопственост на вработените согласно со закон, односно бара активно учество на вработените, корисниците или заинтересираните страни; -[име на договорен орган кој ја спроведува набавката] во последните три години на организацијата не ѝ доделил резервиран договор за услугите кои се предмет на набавка во согласност со член 123 од Законот за јавните набавки. Начин на докажување на услови за доделување на резервиран договор за јавна набавка Напомена: Согласно член 123 став 4 договорниот орган бара докази во вид на акт за основање или статут од организацијата Напомена: Доколку договорниот орган сака да објави оглас кој не е оптоварен со информации за начинот на докажување на способност во овој дел може да наведе дека начинот на кој се докажува дека се исполнети условите за доделување на резервиран договор се наведени во тендерската документација За да докаже дека ги исполнува условите за доделување на резервиран договор, организацијата треба да достави: - Акт за основање на организацијата - Статут на организацијата - Изјава или документ за реинвестирана добивка - Изјава дека во последните три години договорниот орган не и доделил на организацијата резервиран договор за услугите кои се предмет на набавка IV 2.2. За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - Изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со 46 терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе; - Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран; - Потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство; - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV 2.3 Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласносо прописите на земјата каде што е регистриран. За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави: - Потврда за регистрирана дејност(Документ за регистрирана дејност) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласносо прописите на земјата кадешто е регистриран; - При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на економските оператори договорниот орган бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавна набавка(Лиценци, одобренија, дозволи) IV 2.4 Економска и финансиска состојба Во овој дел договорниот орган може да утврди минимални услови за да потврди дека економските оператори ја имаат потребната економска и финансиска способност за извршување на договорот при што може да побара: - да има одреден минимален годишен приход, вклучувајќи и одреден минимален приход во дејноста поврзана со предметот на јавна набавка(не смее да се бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката); 47 - да има одредена минимална вредност на показатели на работењето, кои, меѓу другото, ги искажуваат нивоата на стабилност, ликвидност и успешност, вклучувајќи и споредба со показателите на просекот на дејноста поврзана со предметот на јавна набавка и/или - да обезбеди соодветно ниво на осигурување од професионални ризици. Како доказ за економската и финансиската состојба на економските оператори договорниот орган може да побара еден или повеќе од документите предвидени со член 95 став 7 од Законот за јавните набавки IV 2.5 Техничка и професионална способност Во овој дел договорниот орган може: - да утврди минимални услови со кои ќе се увери дека економските оператори ги имаат потребните човечки и технички ресурси за квалитетно извршување на договорот; - Да бара од економските оператори да имаат доволно искуство, кое ќе го докажат со соодветни препораки од претходни набавки; - при јавни набавки за работи, услуги или стоки кои вклучуваат услуги за нивно поставување или вградување, договорниот орган може да ја оцени професионалната способност на економскиот оператор за извршување на работите, услугите или инсталациската работа во однос на неговите вештини, успешност, искуство и сигурност. Како доказ за техничката и професионалната способност на економските оператори договорниот орган може да побара истата да се докаже на еден или повеќе од документите предвидени со член 95 став 8 од Законот за јавните набавки IV 2.6 Стандарди - Стандарди за системи за квалитет-[……….] - Стандарди за управување со животна средина-[……….] V. АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1 Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи [……….] V.2 Услови за доставување на понудите V.2.1 Понудите да се достават најдоцна до:[……….] година до[……….] часот. V.2.2 Краен рок за поставување на прашања:[……….] година до[……….] часот. V.2.3 Краен рок за одговор на прашања:[……….] година до[……….] часот. V.3 Период на важност на понудата:[……….] дена. V.4 Услови за отворање на понудите Се наведува дека јавното отворање на понудите ќе биде јавно и дека ќеќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите:[ден, час, место, адреса, канцеларија итн.] V.5 Датум на објава:[……….] 48 ПРИРАЧНИК ЗА ОПШТИНИТЕ Референци 1. Закон за јавните набавки(„Службен весник на РСМ“ бр. 24/19, 87/21) 2. Уредба за заеднички поимник за јавни набавки(„Службен весник на РСМ“ бр. 15/21) 3. Закон за социјална заштита(„Службен весник на РСМ“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21) 4. Закон за социјална сигурност на стари лица(„Службен весник на РСМ“ бр. 104/19) 5. Закон за семејство(„Службен весник на РМ“ бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14,115/14, 104/15, 150/2015) 6. Закон за заштита на децата(„Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 10/15, 25/15, 150/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и„Службен весник на РСМ“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 311/20) 7. Закон за правда за децата(„Службен весник на РМ“ бр. 148/2013) 8. Закон за финансирање на единиците на локална самоуправа(„Службен весник на РМ“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11 и 192/15) 9. Закон за организација и работа на органите на државната управа(„Службен весник на РМ“ бр. 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10, 51/2011) 10. Закон за град Скопје(„Службен весник на РМ“ бр. 55/2004, 158/2011) 11. Закон за установите(„Службен весник на РМ“ бр. 32/2005, 120/2005, 51/2011) 12. Закон за локална самоуправа(„Службен весник на РМ“ бр. 5/2002) 13. Закон за меѓуопштинска соработка(„Службен весник на РМ“ бр. 79/2009) 14. Закон за здруженија и фондации(„Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11, 55/16) 15. Закон за рамномерен регионален развој(„Службен весник на РМ“ бр. 24/2021) 16. Закон за спречување и заштита од дискриминација(„Службен весник на РМ“ бр. 50/2010, 127/10, 44/14, 150/15) 17. Закон за административни службеници(„Службен весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016) 49 Фондација„Фридрих Еберт“ 18. Закон за вработените во јавниот сектор(„Службен весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016) 19. Национална програма за развој на социјална заштита, 2011 – 2021 година, Влада на РМ, 2011 година. 20. Национална програма за развој на социјалната заштита 2022−2032 година, („Службен весник на РСМ“ бр. 237/22) 21. Национална стратегија за деинституционализација„Тимјаник“ 2018 – 2027, Влада на РМ, 2018 година. 22. Making Socially Responsible PublicProcurement Work, 71 Good Practice Cases, Authors: Philipp Tepper(resp.), Ashleigh McLennan, Rafael Hirt, Peter Defranceschi, ICLEI – Local Governments for Sustainability and Valentina Caimi, Alexander Elu, AEIDL. With the support of Public Procurement Analysis, Dialog Makarna and Social Economy Europe, WeBuySocialEU, European Union, 2020, May 2020 23. Закон за јавните набавки(„Службен весник на РСМ“ бр. 24/19, 87/21) 24. Уредба за заеднички поимник за јавни набавки(„Службен весник на РСМ“ бр. 15/21)https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2023/odluki_so cijala/%D0%9E%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B0%20 %D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%202024_11_12.pdfhttps://www. mtsp.gov.mk/content/pdf/2023/odluki_socijala/Izmena%20na%20 Odluka%202024.pdf 25. листа на лиценцирани даватели на услуги. https://www.mtsp.gov.mk/content/images/2024/registar/ registar_26_2_24_web.jpghttps://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/guideebook.pdf 26. Making Socially Responsible Public Procurement Work, 71 Good PracticeCases, Authors: Philipp Tepper(resp.), Ashleigh McLennan, Rafael Hirt, Peter Defranceschi, ICLEI – Local Governments for Sustainability and Valentina Caimi, Alexander Elu, AEIDL. With the support of Public Procurement Analysis, Dialog Makarna and Social Economy Europe, WeBuySocialEU, European Union, 2020, May 2020 27. Европска комисија, Извршна агенција за мали и средни претпријатија – спроведување на општествено одговорни јавни набавки 2020 https://public-buyers-community.ec.europa.eu/resources/making-sociallyresponsible-public-procurement-work-71-good-practice-cases 50 ЗА ИЗДАВАЧОТ Фондација„Фридрих Еберт“ канцеларија Скопје Бул. 8-ми Септември 2/2-5 1000 Скопје, Северна Македонија Oдговорно лице: Dr. Peter Hurrelbrink| Директор Тел.:+389 2 30933-181/-182 www.fes-skopje.org Контакт: contact@fes-skopje.org Ставовите изразени во оваа публикација не нужно ги отсликуваат ставовите на Фондацијата „Фридрих Еберт“ или на организациите за кои авторите работат. Комерцијална употреба на било кои изданија на Фондацијата„Фридрих Еберт“ е забранета без претходна писмена согласност од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“. Дизајн и печат: