ОПШТИНАТА КАКО НОСИТЕЛ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА НА ЛОКАЛНО НИВО 10 ЧЕКОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА Содржина: Предговор Вовед страна 3 ЧЕКОР 1: Техно-економска оправданост страна 5 страна 4 ЧЕКОР 2: Одлука за формирање на општинско претпријатие ЧЕКОР 3: Упис во Централен регистар страна 5 страна 6 ЧЕКОР 4: Неопходни институционални одлуки за отпочнување со работа страна 6 ЧЕКОР 5: ЧЕКОР 6: Стручни консултации со ЕВН и подготовка на тендерски барања Тендерски процедури, одобренија и согласности ЧЕКОР 7: Добивање лиценца за енергетска дејностнајважен момент во процесот од идеја до реализација ЧЕКОР 8: Следење на тендерската постапка, избор и монтажа на опрема страна 7 страна 8 ЧЕКОР 9: ЧЕКОР 10: Стручни консултации со ЕВН и подготовка на тендерски барања Тендерски процедури, одобренија и согласности страна 8 страна 9 страна 9 страна 10 ЗА ИЗДАВАЧОТ: Фондација„Фридрих Еберт“ Канцеларија Скопје Бул.„8 Септември“, 2/2-5 1000 Скопје, Северна Македонија Oдговорно лице: Петер Хурелбринк| директор Тел.:+389 2 3093-181/-182 www.fes-skopje.org Контакт: contact@fes-skopje.org АВТОРИ: ДИЗАЈН: ПЕЧАТИ: Љупчо Димов Ивана Вучкова ЛИНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ Ставовите и мислењата на авторите изразени во оваа публикација не треба да се смета дека нужно ги отсликуваат ставовите на издавачот. Се забранува комерцијално користење на сите изданија на Фондацијата„Фридрих Еберт“ без претходна писмена согласност од Фондацијата. Предговор Како најнепосреден облик на владеење во една демократија, општината има значајна улога во спроведувањето на енергетската транзиција на локално ниво. Од надлежноста за урбанистичко планирање кое е предуслов за поставување на енергетски капацитети од обновливи извори, па се до должноста за информирање на граѓаните за придобивките кои им се нудат, општината има моќ да го навигира и трасира патот на транзицијата, но и да влијае истата да биде социјално-праведна. Затоа, прогресивните и амбициозни енергетски политики на локално ниво, не само што имаат моќ да ги надминат предизвиците на национално ниво, туку и преку моќта на примерот можат најдобро да ги покажат придобивките и да ја предводат транзицијата. Ова е од особено значење за Фондацијата„Фридрих Еберт“, која во рамки на своето работење организира студиски посети, форуми и други платформи преку кои прогресивните локални актери, како од дома, така и од други држави, може да разменат идеи и искуства, но и да отпочнат блиска соработка на патот на енергетската транзиција. Таков е примерот со новоформираното трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори ТД„Енергија Центар“ од страна на општина Центар – идеја која се роди за време на студиска посета во Р. Хрватска, а последователно изработената стручна анализа„Енергетски независна општина Центар“ покажа дека на овој начин општината може да стане првата електроенергетски независна и самоодржлива општина во државата, и тоа преку користење и природните(соларна енергија) и постоечките физички ресурси(кровни површини). Ова воедно претставува и првиот чекор во предводењето на енергетската транзиција на локално ниво, кој понатаму може да служи како пример на граѓаните, локалните заедници и другите општини. „И политичката волја е обновлив извор на енергија“ Иако клучот за првиот чекор лежи во политичката волја, сепак и следните чекори се од особено значење, бидејќи поминаа„непознат терен“ и„отворија врати“ за нови вакви иницијативи во иднина. Всушност, самата енергетска транзиција на локално ниво понекогаш значи„чекорење во непознато“ и„експериментирање“ со цел изнаоѓање на најдобрите решенија, како за граѓаните, така и за животната средина. Затоа, оваа брошура има за цел на едноставен и разбирлив начин, односно низ конкретни чекори да го прикаже патот од идеја до реализација, како општината да стане електроенергетски независна и самоодржлива користејќи го сопствениот физички потенцијал и природни ресурси. Притоа, овде се наведува само соларната енергија како ресурс, но истото може да се однесува и на други обновливи извори на енергија како ветер, термална енергија(пр. Кочани) и други во зависност од нивната расположливост. Важно е да се спомене дека сите наведени документи и одлуки донесени во процесот на формирање на претпријатието се јавно достапни и објавени во службениот гласник на општината. Целта на брошурата е дисеминација на ова практично искуство за општините кои сакаат да тргнат по патот на енергетската транзиција. На тој начин, не само што ќе бидат предводници во процесот на климатска акција и зачувување на животот на планетата Земја, туку и ќе дадат сериозен придонес во решавање на проблемот со недостаток на примарна енергија во државата, ќе ги намалат своите трошоци за работење, како и сопствената зависност од набавките на енергија, кои може да бидат условени од берзанските цени, но и политичката состојба во земјите извознички. Ивана Вучкова, Фондација“Фридрих Еберт”, канцеларија Скопје Љупчо Димов, Надворешен стручен соработник, општина Центар Општината како носител на енергетската транзиција на локално ниво 3 10 чекори за формирање на општинско претпријатие за соларна енергија Вовед Енергетската криза и енормното зголемување на цените на енергенсите на берзите имаа директни фискални последици врз буџетите на ЕЛС до степен за неможност да се сервисираат обврските за потрошената електрична енергија во јавните објекти, а посебно во делот на уличното осветлување што предизвика носење на одлуки за делумни или целосни рестрикции на истото. Од друга страна општините се значаен чинител во процесот на енергетската транзиција. Како најнепосреден облик на власт, не само што имаат должност пред граѓаните да ја предводат и поддржат енергетската транзиција, туку имаат и обврски согласно стратешките документи на национално ниво, но и потпишаните меѓународни договори ратификувани од Собранието на Р.С.Македонија. Согласно нив, тие се должни, но и надлежни за спроведувањето на енергетската транзиција, преодот од фосилни горива кон обновливи извори на енергии како и намалување на потрошувачката на примарна енергија, која во значителен дел се покрива со скапа увезена електрична енергија. Во ваква ситуација општините имаат неколку можни решенија за исполнување на обврските, но и предводење на енергетската транзиција на локално ниво воопшто: • Првата и веќе законски трасирана можност подразбира инсталирање системи за производство на електрична енергија до 40kWp инсталирана моќност на сите јавни објекти во општинска сопственост користејќи ја категоријата ,,пронсументи,, или производители-потрошувачи. Со тоа имаат можност да ги задоволуваат сопствените потреби за енергија Овој пристап е веќе познат и неговата реализација е релативно поедноставена за што говорат и повеќето реализирани примери во досегашната пракса. Сепак, треба да се обрати внимание на воочените недостатоци, кои не се од мало значење: - Произведената енергија на годишно ниво од овој систем е околу 58.000kWh, што во суштина не ги покрива реалните енергетски потреби на најголем број од објектите. - Производството е поголемо во летните месеци кога овие објекти поради режимот на работа имаат помали потреби, додека во зимскиот период, при значајна потрошувачка во објектот, произведената електрична енергија од таквиот систем е недоволна. - Ваквите капацитети не ги покриваат потребите за уличното осветлување и ноќната потрошувачка на енергија - Општината или јавните објекти повторно се обврзани да го покриваат недостатокот на електрична енергија со набавка преку пазарите на енергија и зависат од постојаните скокови на цените на берзата за енергија. • Вториот пристап е новото искуство по кое тргна и општина Центар во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ и врз база на искуствата од некои општини и градови од земјите-членки на ЕУ, а со намера да се воспостави нова пракса и начин на размислување и во другите општини во Р.С. Македонија. За таа цел и ја изработивме оваа брошура, за да ги објасниме сите чекори кои беа направени од идеја до реализација на првото општинско претпријатие за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори на енергија(ОИЕ). 4 Фондација„Фридрих Еберт“ Канцеларија Скопје ЧЕКОР 1: Техно-економска оправданост За да се увиди техничката можност и економската оправданост на идејата за воспоставување на општинско претпријатие за производство на електрична енергија од ОИЕ, најпрвин треба да се изработи техно економска анализа. Самата анализа најпрвин ќе го мапира инфраструктурниот капацитет на општината, како кровни површини на административни згради во нејзина сопственост кои може да се искористат за инсталирање на фотоволтаични електрани. Согласно нивните карактеристики, ќе се утврди капацитетот за производство на електрична енергија од ОИЕ, а споредбено со досегашната потрошувачка, ќе се добијат и резултати за можноста за покривање на сопствените потреби. Освен тоа, ќе се утврдат и евентуалните вишоци на произведена електрична енергија, кои при продажба на слободниот пазар, остварените приходи претпријатието понатаму ќе може да ги користи за јавно осветлување и/или пак, да ги користи за други намени. Иако оваа анализа првично се однесува на целокупниот потенцијал врз база на расположивите површини на јавните објекти за поставување на фотоволтаични панели, во идеално сценарио би требало да ги даде и другите можности за користење на ОИЕ како енергијата од ветер, термална енергија и сл., односно вкупните капацитети за сопствено производство на електрична енергија. Изработката на овој стратешки документ подразбира разработка на финансиски модели за реализација што пак ќе ја покаже економската оправданост за формирање на такво општинско претпријатие. ЧЕКОР 2: Одлука за формирање на општинско претпријатие Откако ќе биде изработена техно-економската анализа и ќе се увиди економската оправданост на идејата за формирање на општинско претпријатие за производство и продажба на енергија од ОИЕ, истата се презентира на седница на Советот на општината. Советот, во чија надлежност е носењето на одлука за формирање на претпријатието, најпрвин треба да ја усвои анализата како стратешки документ. Со тоа, како посебна точка на дневен ред се носи Одлуката за формирање на претпријатието заедно со образложение за целите и обврските на истото. Овде се одвојуваат и разгледуваат двете можности кои општината ги има на располагање како модели за неговото формирање: 1. Јавно претпријатие со намена за производство и продажба на електрична енергија Оваа форма е веќе применувана за други намени во општините со веќе дефинирани органи и тела за управување како и внатрешните акти за организирање, но за жал не може да се искористи во овој случај од едноставна причина што според постојното законско решение во Законот за јавни дејности од деведесеттите години не постои можност за регистрација во Централен регистар со дејност производство и продажба на електрична енергија. Општината како носител на енергетската транзиција на локално ниво 5 10 чекори за формирање на општинско претпријатие за соларна енергија Ова е една од бариерите кои се воочуваат во процесот и за истата е разговарано на повеќе нивоа со надлежните институции, при што е укажано на потребата за амандманско дополнување на ова законско решение. Сепак, покрај заинтересираноста и искажаната спремност на надлежните институции, стои неизвесен временскиот рок за реализација на ваквата промена. 2. Трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија Согласно горенаведената ситуација, формирањето на„Трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија“ претставува единствената можна варијанта за основање на општинско претпријатие. Од разгледаните правни аспекти, само на ваков начин се отвара можноста за упис на претпријатието во Централниот регистар, со соодветна шифра на дејност и притоа останува во целосна сопственост на општината и поставените цели за кои е формирано. Ова изнудено решение има и неколку придобивки, како поголемата функционалност. На пример, за неговото функционирање не е потребно големо администрирање како кај Јавното претпријатие, туку едноставно назначување на одговорно лице Директор и ангажирање на минимален број стручни и административни лица со квалификации дефинирани во Актот на систематизација. Со тоа, овој модел нуди и пониски трошоци за плати и надоместоци во финансиската програма. ЧЕКОР 3: Упис во Централен регистар Со овие два акти усвоени на Советот на општината и назначеното одговорно лице Директор, претпријатието може да се упише во Централен регистер како трговско друштво при што основачкиот влог(пример 300 000 ден) на сметка на друштвото се внесува од страна на општината. Уписот на претпријатието во Централен регистар се врши од страна на овластено правно лице – адвокатска канцеларија, ангажирана од страна на општината за таа намена. Притоа, се дефинираат и името, логото и адресата на претпријатието, а се изработуваат и службените печати на друштвото и други потребни акти предвидени со закон. ЧЕКОР 4: Неопходни институционални одлуки за отпочнување со работа Новоформираното друштво изработува: - ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА СО ФИНАНСИСКИ ПЛАН; - внатрешни правилници за работење и архивско работење; - внатрешна систематизација на работните места; - и други акти согласно Законот за трговски друштва. 6 Фондација„Фридрих Еберт“ Канцеларија Скопје Согласно тоа, на следната седница на Советот на општината, претпријатието предлага три одлуки кои треба да бидат усвоени од страна на советниците и советничките: • Одлука за прифаќање на годишната програма за работа и финансискиот план за тековната година, • Одлука со која општината како сопственик на кровните површини на јавните објекти на кои ќе се поставуваат фотоволтаичните системи, дава согласност и ги отстапува бесплатно на користење на Трговското друштво во следните 30 години согласно обврските од одлуката за формирање. • Одлука за финансиско задолжување на општината(доколку се користат банкарски кредити според финансискиот план за првата година). Последната одлука подразбира барање за одобрување на задолжување на општината од страна на Министерството за финансии за сметка на новоформираното трговско друштво. Ова барање претставува вистинска бариера за финансиското работење на трговското друштво и е резултат на несоодветно спроведената, односно незавршена фискална децентрализација, чии последици се воочливи и при носењето на многу други фискални одлуки на локално ниво кои во спротивно би можеле брзо да се реализираат и да овозможат имплементација на проекти во корист на граѓаните и заедницата. ЧЕКОР 5: Стручни консултации со ЕВН и подготовка на тендерски барања Додека се чека одобрувањето за финансиско задолжување од страна на Министерството за финансии, како и изборот на најповолна банка понудувач и останатите фази од целосниот пренос на средствата на трансакциската сметка на трговското друштво, општинските претставници водат интензивни стручни консултации со претставници на ЕВН. Главна цел на овие консултации е утврдување на состојбата на капацитетите на мрежата за секој објект поединечно согласно техно-економската анализа, која дава целосен увид во можностите за инсталираната моќност на фотоволтаичните системи или системите од ОИЕ. Така, уште однапред се утврдува техничката компатибилност на предвидените фотоволтаични системи и нивниот капацитет во однос со мрежата, со цел да го олесни процесот кога официјално ќе бидат поднесени изведбените проекти за одобрение за приклучок. Со тоа, се утврдува дали и во кои случаи е потребна навремена интервенција од ЕВН за евентуално зголемување на капацитетот на дистрибутивната мрежа. На тој начин се спречуваат непредвидени ситуации во динамиката на реализацијата и ставање во функција на овие системи. Овој период исто така се користи за подготовката на тендерските барања за објектите кои се во Програмата за реализација во првата година и кои ке бидат во два дела: 1 ДЕЛ: Проектирање и изведба на постројките 2 ДЕЛ: Ревизија и надзор на изведбата Во тендерските барања точно се одредени објектите предвидени за реализација во првата фаза. Освен дефинираните капацитети од техно-економската анализа за тие објекти, а согласно годишната програма на трговското друштво, може да се бараат и дополнително акумулаторски батерии за складирање на енергија во висина од 10 до 20% од инсталираната снага, за целосно да се покријат енергетските потреби на објектите во утринските и вечерните часови. Општината како носител на енергетската транзиција на локално ниво 7 10 чекори за формирање на општинско претпријатие за соларна енергија ЧЕКОР 6: Тендерски процедури, одобренија и согласности Од моментот кога финансиските средства ќе бидат на сметката на претпријатието, се отвара законската можност за објавување на јавните повици за изработка на техничките проекти заедно со изведбата на системот. Истовремено тече и повикот за ревизија на проектите заедно со надзор на изведбата. Овие две објави произлегуваат од Законот за јавни набавки според кој надзорот и ревизијата се посебни субјекти од изведувачите и проектантите. По изработената техничка и изведбена документација се бара: - Одобрување од општината за изведба на фотоволтаичниот систем на соодветниот објект, односно добивање на посебни одобренија за секој објект. - Со овие одобренија од страна на општината и техничката документација за објектот се бара согласност од ЕВН за приклучок на фотоволтаичниот систем, односно поставување на двосмерното броило од нивна страна и ставање во мрежа. По достигнувањето на ова ниво на подготвеност на претпријатието за работа, се преминува на следниот чекор, кој е од особена важност: ЧЕКОР 7: Добивање лиценца за енергетска дејност-најважен момент во процесот од идеја до реализација. Постапката се спроведува во Регулаторната комисија за енергетика, а барањето оди со исполнување на образецот БЛ10.1(приложен како додаток кон оваа брошура) во кој точно се наведени сите услови и потребни документи. Овде е важно да се напомене дека билатералните средби и состаноци со претставниците на Регулаторната комисија треба да се отпочнати уште пред да се донесе Одлуката за самото формирање на претпријатието. Ова е со цел да се зголеми степенот на сигурност во реализацијата на одделните чекори и тоа почнувајќи од изработка на проектите, добивање на дозволите од општината и ЕВН, па се до лиценцата од РКЕ која на почеток има привремен карактер, односно се добива посебно за секој објект, односно за секој инсталиран фотоволтаичен систем(во моментот 1.1 MW), a ќе се трансформира во трајна по изградбата на сите предвидени капацитети(2.4 MW) во рок од три години и нивно целосно ставање во функција. 8 Фондација„Фридрих Еберт“ Канцеларија Скопје ЧЕКОР 8: Следење на тендерската постапка, избор и монтажа на опрема Овој чекор предвидува реализација на сите фази од тендерската постапка, проектната документација, ревизијата, изградбата и надзорот се до нивно конечно ставање во работа. Од особено значење е покрај законската обврска која важи за надворешниот надзорен орган и стручните лица од претпријатието кои понатаму ќе бидат вклучени во процесот на негово работење, да ја следат тендерската постапка, изборот на опрема и нејзина соодветна монтажа. Така ќе имаат можност да се стекнат со соодветна обука за понатамошното работење, односно следење на работата на овие технички системи. Како што е предвидено и со самиот акт за систематизација, за ова не се неопходни специјални технички знаења и затоа квалификациите предвидуваат средно стручно образование на вработените на претпријатието. Заедно со лицата одржувачи, вработените стручни лица треба да учествуваат во внатрешното поврзување на системот со постојните раводни електерични табли во објектот со цел правилно распоредување на снагата и целосно покривање на сите енергетски потрошувачи во објектот. Постојната состојба на овие разводни табли не секогаш соодвестува на приклучените потрошувачи и има потреба на соодветни прилагодувања со приклучувањето на овој нов систем. ЧЕКОР 9: Следење на балансот на енергија и акумулаторски батерии Со ставањето во функција на системите започнува и обврската за нивно следење на дневно, месечно и годишно ниво. Ова подразбира водење на евиденција за балансот на произведена, потрошена и предадена енергија. Тоа се овозможува преку двосмерното броило каде може да се види количината на предадена и потрошена електрична енергија, количината на произведена електрична енергија се добива од системот за контрола и мониторинг на инсталираниот фотоволтаичен систем. Вишокот на произведена електрична енергија претпријатието по претходен договор со лиценцирана фирма ќе може да го предаде во мрежа, односно на фирмата и согласно условите од Договорот за продажба на електрична енергија да обезбеди соодветен приход. Затоа и една од целите на работата на претпријатието е да овозможи максимално покритие на сопствената потрошувачка на енергија со што се избегнува трошокот за пренос и дистрибуција, бидејќи секоја единица енергија добиена од мрежа е оптоварена со овие трошоци. Од тој аспект може да се додадат и акумулаторски батерии кои ќе овозможат складирање на дел од вишокот на произведена енергијата за сопствени потреби. Општината како носител на енергетската транзиција на локално ниво 9 10 чекори за формирање на општинско претпријатие за соларна енергија ЧЕКОР 10: Работење на претпријатието Откако ќе бидат исполнети сите претходни чекори и претпријатието ќе започне со работа, како последен, но не помалку значаен чекор му преостанува извршувањето на секојдневните работни задачи. Овде, особено се става акцент на поделба на улогите согласно усвоената систематизација на работните места(три одделенија по двајца извршители, и тоа во: правна, финансиска и техничка служба) кои ќе бидат надлежни за архивското работење, финансиските и правни обврски на претпријатието, врз чија основа ќе се изработуваат и годишните извештаи за работа, кои потоа ќе се презентираат пред Советот на општината. Овие извештаи истовремено се и основа за оперативните и финансиски планови за наредните години. Техно-економската анализа, првично би покажала дали ова претпријатие ќе работи рентабилно и ќе може самостојно да ги финансира тековните обврски, како и да ја врати иницијалната инвестиција. ОПШТИНАТА КАКО НОСИТЕЛ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА НА ЛОКАЛНО НИВО 10 чекори за формирање на општинско претпријатие за соларна енергија 1. --mail): --mail): ________ ________________________________________________________________________________________________________________ , , , – – – – – – – (MPa), –: – ________________________________________________________________________________________________________________