АНАЛИЗA ИНФЛАЦИЈАТА И СИРОМАШНИТЕ ПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊАТА ВО 2022 И 2023 ГОДИНА ВРЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Автор: Бранимир Јовановиќ Скопје, 2023 „Нема веќе средна класа, сите сме сиромашни.“ “Пред три години зимавме помалку ама живеевме подобро, трошоците ни беа помали.” „Цените растат, ама парите не. Тоа е проблемот. Парата е за никаде.“ ИНФЛАЦИЈАТА И СИРОМАШНИТЕ ПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Содржина 1. ПРЕДГОВОР ...................................................................................................................................................3 2. АПСТРАКТ ......................................................................................................................................................4 3. ВОВЕД ................................................................................................................................................................5 4. ДЕФИНИЦИЈА НА СИРОМАШТИЈАТА И НЕЈЗИНО ДВИЖЕЊЕ ДО ПЕРИОДОТ НА ПОСКАПУВАЊАТА....................... 7 5. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКИТЕ И СИМУЛАЦИИТЕ................................ 9 6. ПАРАМЕТРИ ЗА СИМУЛАЦИИТЕ..................................................................... 11 7. РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕКСТРЕМНАТА СИРОМАШТИЈА............................................ 16 8. РЕЗУЛТАТИ ЗА УМЕРЕНАТА СИРОМАШТИЈА................................................ 19 – ултати за умерената сиромаштија 10. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ......................................................................................................... 21 ПРЕДГОВОР ПРЕДГОВОР Почитувани читатели, Уште пред појавата на пандемијата предизвикана од Ковид-19, кога глобалната економија бележеше позитивни стапки на раст, речиси десет проценти од глобалната популација живееше во екстремна сиромаштија. За жал, самата пандемија, како и енергетската и економската криза кои следуваа, ги влошија овие статистики, а трендот продолжува и до ден денеска. Заедно со другите социо-економски показатели за развој, растот на екстремната сиромаштија укажува дека и покрај наводниот глобален напредок во последните децении, светот останува прилично тешко место за живеење за голем дел од населението. Овие трендови не ја заобиколуваат ниту нашата држава, која пак, поради низа пропуштени шанси во своето тридецениско постоење е високоранлива на влијанија од кризи. Потврда за тоа се ефектите кои растечките стапки на инфлацијата ги имаат врз сиромаштијата, која во последните две години ќе доживее сериозен пораст. Иако, од самите почетоци на здравствената криза, следена од енергетската криза и моменталната инфлација, редовното носење владини мерки за помош на граѓаните сведочи за заложбите на носителите на одлуки да ги ублажат негативните влијанија и да ги заштитат граѓаните, резултатите од оваа анализа покажуваат дека тие сепак не се доволни. Имено, сите мерки кои се носат во време на криза се или задоцнети или прескапо ја чинат државата, што уште еднаш ја нагласува потребата за долгорочен и систематски пристап кон сиромаштијата. Затоа, оваа анализа која го испитува„Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“ има за цел да даде препораки кои на краток и долг рок би требало да помогнат во борбата за сузбивање на сиромаштијата, притоа служејќи се со искуствата на други држави во светот и регионот. Фондацијата„Фридрих Еберт“ е тука да даде поддршка секогаш кога станува збор за унапредување на социјалната еднаквост и правда во општеството, што е и основна цел на нашата работа и постоење. Затоа, изразуваме благодарност за соработката со Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА чии претставници ја поттикнаа потребата за изработка на оваа анализа и се надеваме дека истата ќе послужи во борбата за градење на поправично и подостоинствено утре за сите. Со почит, Драги читатели, Со голема почит и одговорност, имаме задоволство да ви ја претставиме оваа студија, издадена од страна на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА, а со поддршка и во партнерство со Фондација„Фридрих Еберт“ Скопје, која се фокусира на сериозниот предизвик со кој се соочува Република Северна Македонија, а тоа е инфлацијата и нејзиното влијание врз сиромаштијата. Оваа студија е резултат на многу часови истражување, анализи и размислувања од страна на нашиот тим и од вредни соработници и експерти кои се посветени на постигнувањето на социјална еднаквост и економска стабилност. Главна цел на студијата е да се претстават податоците за сериозноста на ситуацијата со сиромаштијата и влијанието на инфлацијата врз истата пред граѓаните и одлучувачите во нашата држава како и да ги поттикнеме на дејство за справување со предизвиците. Резултатите од анализата говорат за зголемување на бројот на лица во екстремна и умерена сиромаштија, влијанието на инфлацијата и несоодветниот однос на примањата на граѓаните со цените на услугите и добрата. Секако, ова не е ниту прашање на економски термини ниту статистика, ова е предизвик на достоинството и социјалната стабилност на нашите граѓани и заедници. Со оваа студија сакаме да ве поканиме да се ангажирате во процесите за промена и решавање на овој проблем. Воедно, ги повикуваме донесувачите на одлуки да ги преземат мерките и акциите кои се препорачани во оваа студија, со цел да се обезбеди инклузивен и одржлив развој во Северна Македонија. Со сите наши силни искрени настојувања, веруваме дека можеме да создадеме подобра и посигурна иднина за сите граѓани. Ви благодариме за вашата поддршка и вашиот ангажман во остварување на задничките цели. Со почит, Мила Царовска, извршна директорка на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА Ивана Вучкова, Фондација„Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје 3 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2 АПСТРАКТ Бранимир Јовановиќ 1 Оваа студија ги проценува ефектите од поскапувањата во 2022 и 2023 година врз екстремната и умерената сиромаштија во Република Северна Македонија. Резултатите покажуваат дека во 2022 година, бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија се зголемил драстично, за 24%. Во 2023 година, во најдобриот случај, бројот на сиромашни само минимално ќе се намали во однос на 2022 година, а во најлош случај, ќе порасне за дополнителни 20%. Севкупно, бројот на лица кои ќе западнат во екстремна сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 12.000 и 28.000 лица. Слични се движењата и кај умерената сиромаштија – таа во 2022 година пораснала за околу 15%, а во 2023 година ќе порасне дополнително за уште 5% во најдобриот случај, односно за 24% во најлошиот случај. Со тоа, бројот на лица кои ќе западнат во умерена сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 77.000 и 157.000. Причините за ваквите движења се што примањата на граѓаните – платите, пензиите, социјалните трансфери – не го следат растот на цените. Конкретните мерки кои државата може да ги преземе за да спречи раст на сиромаштијата поради поскапувањата, или барем да го ублажи истиот, се: да ги зголеми сите видови социјални издатоци – социјална помош, детски додаток и пензии, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да обезбеди посебен антикризен надоместок до граѓаните кој ќе го покрие растот на цените; да ги зголеми минималната плата и платите во јавниот сектор, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да ги ограничи цените на одредени стратешки производи, како храната и енергијата, со цел да ја ублажи инфлацијата. 1 Ставовите изнесени во оваа студија се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на институциите со кои тој е поврзан. Пресметките прикажани во студијава се направени во соработка со Државниот завод за статистика. Авторот изразува благодарност до Мила Царовска и Ивана Вучкова, за коментари на првичната верзија на студијата, и до колегите од Државниот завод за статистика, за пресметките. 4 ВОВЕД 3 ВОВЕД „Ах, колку сакам! Да си купам едно пола кило бело месо, да си испржам еден стек. Одмор беше кога беше, сега нема веќе.“ (Учесничка во фокус група во Гостивар, јуни 2023 година) Руската агресија врз Украина предизвика глобален раст на цените, а со тоа и економско-социјална криза каква што не е видена со години. Оваа криза на поскапувања, за разлика од кризата предизвикана од КОВИД пандемијата, или од глобалната финансиска криза од 2007 – 2008 година, не доведе до пад на БДП – македонскиот БДП во 2022 година забележа раст од 2,1%, а очекувањата се дека ќе биде слично и во 2023 година(графикон 1). Но, специфичноста на оваа криза е што, иако не води до општ пад на економската активност, таа сепак сериозно погодува значаен дел од населението, особено посиромашните слоеви. Растот на цените ја намалува куповната моќ на примањата на луѓето, односно ја намалува количината на производи и услуги кои тие можат да ги обезбедат со своите приходи, што ја влошува нивната социјална состојба. Така, и покрај реалниот раст на македонскиот БДП од 2,1% во 2022 година, реалните плати во државата забележаа пад од 2,9%, што значи дека најголем дел од луѓето, оние кои живеат од плати, забележаа влошување на нивниот животен стандард. Ова исто така значи дека растот на БДП во 2022 година беше движен од профитите на компаниите, делумно и затоа што дел од фирмите ја искористија ситуацијата и ги зголемија своите цени повеќе отколку што е потребно. Учеството на профитите во БДП се зголеми во 2022 година во речиси сите европски земји кои имаат објавено вакви податоци, за сметка на учеството на платите(графикон 2). Растот на профитите понатаму значи и раст на доходот од капитал, за оние граѓани кои остваруваат таков доход, кои по правило се најбогатите. Или, со други зборови, додека мнозинството луѓе забележаа влошување на животниот стандард во 2022 година, Графикон 1 Стапки на реален раст на БДП во Република Северна Македонија, 2008 – 2023 година(во%) 6,0 европска должничка криза 4,0 2,0 2,1 1,6 0,0 -0,4 -0,5 -2,0 глобална финансиска -4,0 криза КОВИД пандемија криза на раст на цените -4,7 -6,0 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 2023 Белешка: Стапката на раст за 2023 година не е официјален податок, туку е проекција на Виенскиот институт за меѓународни економски студии . Извор: Државен завод за статистика и Виенски институт за меѓународни економски студии. 5 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА како последица на растот на цените и намалената куповна моќ, мал дел од населението кој живее од капитал, а не од труд, забележа подобрување, како последица на зголемените профити. Тргнувајќи од овие согледувања, оваа студија анализира како поскапувањата од 2022 и 2023 година влијаеле, влијаат и ќе влијаат врз животниот стандард на сиромашните во Република Северна Македонија(РСМ). Поконкретно, студијата проценува за колку пораснал бројот на сиромашни во државата во 2022 година како последица на поскапувањата, за колку ќе порасне во 2023 година, и што треба да се направи за да се минимизираат овие ефекти. Притоа, проценките се однесуваат и на екстремната сиромаштија, и на умерената сиромаштија, при што разликите помеѓу овие две категории се објаснети подетално во следната секција од студијата. Студијата е организирана на следниов начин. Наредниот дел ја објаснува сиромаштијата што се анализира во студијата и прикажува како таа се движела во изминатиот период. Следниот дел ја објаснува методологијата за правење на проценките, по што се прикажуваат параметрите кои се користени при симулациите. Потоа се презентираат резултатите од симулациите, првин за екстремната сиромаштија, потоа за умерената. На крајот се дискутира што треба да направат креаторите на политиките за да спречат сиромаштијата драстично да се зголеми поради поскапувањата. На крајот од секоја секција се прикажуваат цитати од учесници во фокус групи, кои беа спроведени во текот на јуни 2023 година во неколку града во државата, на тема инфлацијата и сиромаштијата. Фокус групите беа спроведени од страна на Македонската платформа против сиромаштијата и„Гласен текстилец“. Графикон 2 Промена во учеството на профитите на компаниите во БДП во 2022 година, во однос на 2021(како% од БДП) 12 10 8 6 4 2 0 -2 Франција Австрија Бугарија Кипар Португалија Германија Финска Белгија Луксембург Холандија ЕУ -27 Чешка Словачка Швајцарија Италија Естонија Шведска Летонија Исланд Грција Унгарија Малта Ирска Литванија Данска Хрватска Словенија Шпанија Полска Романија Турција Норвешка Белешка: Профитите на компаниите се апроксимирани преку бруто-деловниот вишок од статистиката на националните сметки. Извор: Евростат. „Не се веќе сиромашни само тие по контејнери, и тие со 2 плати се сиромашни. Тие по контејнери се бедни. Кога не можеш ништо да уложиш у куќа, како сакате да биде. Ништо не се реновира по дома. Некој дел да ми се расипе од апаратите, не можам да го сменам, а камоли ново.“ (Учесничка во фокус група во Тетово, јуни 2023 година) „Пред 3 години зимавме помалку ама живеевме подобро, трошоците ни беа помали.“ (Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година) „Во цените многу се осети разлика, не купуваме ни кашкавал ни сирење. Кај прашакот порано го купував поубавиот, сега поевтиниот. Ќе одам во„Кипер“, тој е најевтин, ама и тој ги покачи. Еден„Ленор“ некни гледам е 260 денари, а беше 170 денари, викам ич не го зимам, што е ова. (Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година) 6 ДЕФИНИЦИЈА НА СИРОМАШТИЈАТА И НЕЈЗИНО ДВИЖЕЊЕ ДО ПЕРИОДОТ НА ПОСКАПУВАЊАТА 4 ДЕФИНИЦИЈА НА СИРОМАШТИЈАТА И НЕЈЗИНО ДВИЖЕЊЕ ДО ПЕРИОДОТ НА ПОСКАПУВАЊАТА „Нема веќе средна класа, сите сме сиромашни.“ (Учесничка во фокус група во Делчево, јуни 2023 година) Студијава ја анализира апсолутната сиромаштија, дефинирана како број на лица што живеат со приходи пониски од одредено номинално ниво на средства, кое се нарекува праг на сиромаштија. Притоа, се користат два прага на сиромаштија кои во литературата се нарекуваат екстремна сиромаштија и умерена сиромаштија. Екстремната сиромаштија е дефинирана како лица што живеат со помалку од 2,15 САД долари на ден, по меѓународни цени од 2017 година, умерената сиромаштија како лица што живеат со помалку од 6,85 САД долари на ден, исто така по меѓународни цени од 2017 година. Според факторот на конверзија за РСМ, еден ваков долар во 2020 година изнесувал околу 22 денари, што значи дека линијата за екстремна сиромаштија во 2020 година била 47 денари на ден по човек, што практично е износот на средства што е потребен за голо преживување. Линијата за умерена сиромаштија пак, во 2020 изнесувала 151 денар на ден по човек, што е износ на средства кој е доволен за задоволување на најосновните животни потреби, како храна, облека и домување. Графикон 3 и графикон 4 покажуваат како се движеле овие две стапки на сиромаштија во РСМ во последните десетина години. Може да се види дека и двете имаат јасен надолен тренд. Екстремната сиромаштија се намалила од околу 10% во 2009 – 2010, на под 3% во 2019 година. Умерената сиромаштијата исто така се намалила, од околу 40 % во 2009, на под 20% во 2019 година. И покрај намалувањето, и двете стапки остануваат исклучително високи, меѓу највисоките во Европа. Кога е екстремната сиромаштија во прашање, само Црна Гора има слична стапка, од 2,8%, додека во ЕУ земјите стапката е под 1%. Кај умерената сиромаштија, само Косово има повисока стапка, од 34%, додека Црна Гора има иста стапка како РСМ. За споредба, во ЕУ земјите стапката на умерена сиромаштија е под 5% речиси кај сите земји, а кај најсоцијалните држави и под 1%. Конвертирано во број на лица , стапката на екстремна сиромаштија значи дека во 2019 годиГрафикон 3 Стапка на екстремна сиромаштија во Република Северна Македонија, 2009 – 2019 година(% од вкупно население) 12 9,8 10 8 6 4 2,7 2 0 Графикон 4 Стапка на умерена сиромаштија во Република Северна Македонија, 2009 – 2019 година(% од вкупно население) 50 40,8 40 30 20 19 10 0 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Коментар: Првиот расположлив податок е за 2009 година, последниот за 2019 година. Извор: Светска банка. 7 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА на, околу 56.000 лица во РСМ живееле во екстремна сиромаштија, со помалку од 47 денари на ден. Стапката на умерена сиромаштија од 19% пак, значи дека во 2019 година, околу 390.000 лица во државата живееле во умерена сиромаштија, односно со помалку од 151 денар на ден. 2 Притоа, треба да се има предвид дека сиромаштијата што се анализира во оваа студија, се разликува од сиромаштијата што ја објавува Државниот завод за статистика во соопштението Лаекенски индикатори за сиромаштија . Оваа стапка на сиромаштија честопати се зема за официјална стапка на сиромаштија, и во 2019 година во РСМ изнесуваше 21,6%. Таа стапка на сиромаштија е релативна , односно го мери бројот на лица кои живеат со приходи пониски од 60% од медијалниот еквивалентен приход во државата. Релативната стапка на сиромаштија не е соодветен индикатор за согледување на ефектите од кризата на поскапувањата, затоа што ако сите луѓе со приходи пониски од медијалниот имаат слично влошување на животниот стандард, релативната сиромаштија нема воопшто да се зголеми. За разлика од релативната сиромаштија, апсолутната сиромаштија не зависи од приходите на останатите луѓе, туку од нивото на цени во државата. Притоа, умерената стапка на апсолутна сиромаштија(праг од 6,85 САД долари на ден) е релативно блиска до релативната сиромаштија – во 2019 година првата изнесувала 19%, втората 20,8%. „Со короната сѐ отиде нагоре. Платата не ги следи трошоците. За струја дома сега е 3 пати поголема цената, за разлика од порано кога сме плаќале по 4 – 5000, сега сметките се од 13.000, па нагоре. Последните 2 месеци имаме 16.000 и 14.000, а греењето ни е на дрва.“ (Учесничка во фокус група во Гостивар, јуни 2023 година) „Ќе земеш ќе чистиш, ќе правиш и ќе земеш 1.500, ќе идеш во„Кипер“, ќе земеш јогурт, децава се на салами многу, кашкавал од 100 денари за тост, и отидоа, а што си земал...“ (Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година) „Со социјално живеам со 4.700 денари. Секое сабајле одам кај една хуманитарна организација и земам јадење, по еден оброк (доручек), под 150 денари не можам да поминам за ручек и вечера. Кога имам, јадам, кога не, и гладен ќе легнеш. И оваа и ланската година ми беше многу тешко, до ноември 2021 ми беше добро, после тоа отиде сѐ надоле.“ (Учесник во фокус група во Гостивар, јуни 2023 година) „Екстремно пораснаа цените на транспортот, пред 2 години кога почнав да патувам за Скопје 3.500 беше месечна карта, сега е 5.500. За до Гостивар е 8.000.“ (Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година) 2 За пресметка на бројот на лица кои живеат во сиромаштија, во студијава се користат податоци за население според стариот попис од 2002 година, според кој бројот на жители во државата изнесува 2.072.365 лица. Причината за користење на овој податок е што податоците од Анкетата за приходи и услови на живеење кои се користат како основа за пресметките и симулациите се засновани на стариот попис. Иако според новиот попис од 2021 година населението во државата е за околу 10 % пониско отколку според стариот попис, стапките на сиромаштија не би требало да се разликуваат многу. 8 МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКИТЕ И СИМУЛАЦИИТЕ 4 МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКИТЕ И СИМУЛАЦИИТЕ „Цените растат, ама парите не. Тоа е проблемот. Парата е за никаде.“ (Учесничка во фокус група во Црник, јуни 2023 година) Пристапот кој се користи во оваа студија за проценување како поскапувањата влијаат врз сиромаштијата, го следи стандардниот пристап кој се користи од страна на Светска банка за вакви анализи . Пристапот е објаснет на пластичен начин од страна на Махлер и коавторите(2022) 3 . Според овој пристап, поскапувањата влијаат врз сиромаштијата преку покачување на линијата на сиромаштија. Со повисока линија на сиромаштија, расте и бројот на сиромашни, односно на луѓе кои имаат примања кои што се пониски од линијата на сиромаштија. Поскапувањата истовремено можат да доведат и до пораст на примањата на луѓето, односно на платите, пензиите или социјалната помош, што го ублажува ефектот врз сиромаштијата. Доколку овој ефект не се земе предвид, пресметките за тоа како инфлацијата влијае врз сиромаштијата ќе бидат преценети. Следејќи го овој пристап, студијава прави симулации на приходите на различните домаќинства во државата, како и на општото ниво на цени на база на кое се пресметува линијата на сиромаштијата . Потоа, на база на овие два инпута, се пресметува стапката на сиромаштија и бројот на сиромашни лица. Симулациите и пресметките се однесуваат на 2021, 2022 и 2023 година. Првин се симулираат приходите на домаќинствата . Како основа за ова се користат микроподатоци од последната Анкета за приходи и услови за живеење на Државниот завод за статистика, која се однесува на 2020 година. Прво се симулираат приходите за 2021 и 2022 година, преку зголемување 3 Mahler, Daniel Gerszon, Nishant Yonzan, Ruth Hill, Christoph Lakner, Haoyu Wu and Nobuo Yoshida(2022), Pandemic, prices, and poverty, World Bank Blog published on April 13, 2022, available at: https:// blogs.worldbank.org/opendata/pandemic-prices-and-poverty на приходите од 2020 година од анкетата, со стапките на раст на нето-платите, пензиите, социјалната помош и детскиот додаток во 2021 и 2022 година. За симулирање на платите, се користат стапките на раст на платите по одделни дејности, според официјалните податоци за платите од Државниот завод за статистика. За симулирање на пензиите и социјалната помош, се користат официјални податоци од Министерството за труд и социјална политика(МТСП). Потоа се симулираат приходите за 2023 година, и бидејќи таа е сѐ уште во тек, се прават две сценарија за растот на приходите – поволно и неповолно. Поволното сценарио претпоставува умерен раст на приходите, неповолното претпоставува послаб раст на приходите(подетално објаснување во наредната секција). Откако ќе се направат симулации за приходите на луѓето, се прават пресметките за линијата на сиромаштија . За оваа цел, се користи официјалната стапка на инфлација за 2021 и 2022 година, како и проекции за стапката на инфлација за 2023 година. Првин се проценува линијата на сиромаштија за 2021 и 2022 година, така што линијата на сиромаштија за 2020 година, од 47 денари на ден по човек, се зголемува со просечната стапка на инфлација за 2021 и 2022 година, според индексот на трошоци на живот од Државниот завод за статистика. Потоа се симулира линијата на сиромаштија за 2023 година, при што повторно се прават поволно и неповолно сценарио. Поволното сценарио претпоставува дека цените до крајот на годината ќе растат со просечната месечна стапка на инфлација од последните три месеца во моментот кога се правени симулациите, односно, со месечната стапка на инфлација од периодот јануари – март 2023 година, што значи дека просечната инфлација за цела 2023 година ќе изнесува 8%. Неповолното сценарио претпоставува дека цените до крајот на годината ќе растат со просечната месечна стапка на инфлација од 2022 година, односно дека просечната инфлација во 2023 ќе изнесува 12,4%. На крајот, на база на симулираните приходи на домаќинствата, и симулираната линија на сиро9 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА маштија, се пресметуваат стапката на екстремна и умерена сиромаштија за 2021, 2022 и 2023 година, како и бројот на лица што живеат во сиромаштија . Притоа, за 2021 и 2022 година има само една проценка, затоа што тие две години се поминати и податоците за потребните параметри се достапни. За 2023 година има вкупно 4 проекции за сиромаштијата, бидејќи има 2 сценарија за приходите и 2 сценарија за линијата на сиромаштија. Разликата помеѓу пристапот применет од наша страна и пристапот на Махлер и коавторите(2022) е во тоа што ние ги симулираме номиналните примања на луѓето и номиналниот праг за сиромаштија, додека Махлер и коавторите(2022) ги симулираат реалните примања на луѓето и користат реален(односно, константен) праг за сиромаштијата. Двата пристапа даваат исти резултати, разликата е во тоа како се третира инфлацијата, односно дали инфлацијата се вклучува експлицитно во пресметките за покачување на примањата и на прагот за сиромаштија, како што правиме ние, или пак, инфлацијата се вклучува имплицитно, преку намалување на реалната стапка на раст на примањата на луѓето, како што прават Махлер и коавторите(2022). „За мене не купувам ништо, не можам да си дозволам. Ни за малиот не купувам ништо, туку барам по групите алишта, ако нешто ми треба.“ (Учесничка во фокус група во Гостивар, јуни 2023 година) „Јас порано климата ја пуштав и зимо и лето. Сега ни зимо ни лето, така си стои за украс.“ (Учесник во фокус група во Виница, јуни 2023 година) „Ако сум одела на фризер 2 пати во месец, сега одам на два месеци еднаш. Одев на козметичар секој месец, сега одам 2 пати во годината.“ (Учесничка во фокус група во Виница, јуни 2023 година) „Кај мене братот и снаата стигаат до 80.000 и имаат сосема скромен живот. Децата им се тинејџери и дома се внимава што ќе се купи за јадење, што ќе се купи друго.“ (Учесничка во фокус група во Виница, јуни 2023 година) 10 ПАРАМЕТРИ ЗА СИМУЛАЦИИТЕ 5 ПАРАМЕТРИ ЗА СИМУЛАЦИИТЕ „Што мислите вие, зошто ја измислија банкнотата од 2.000 денари? За да ја замени некогашната вредност на банкнотата од 1.000 денари.“ (Учесничка во фокус група во Богданци, јуни 2023 година) За 2021 година, параметрите за симулациите на приходите се следниве: – За детскиот додаток – растот на детскиот додаток во 2021 година според податоците на МТСП бил 1,2%; – За социјалната помош – растот на социјалната помош бил ист како растот на детскиот додаток, односно, 1,2%; – За пензиите – нивниот раст во 2021 година според податоците од МТСП бил 2,3%; – За платите – растот на платите по дејности во 2021 година е според официјалните податоци од ДЗС, како што е прикажано во табела 1. Просечниот раст на платите во целата држава изнесувал 5,6%, при што има значајна варијација по сектори, која се движи од 1,3% до 10,9%. Табела 1 Номинален раст на нето-платите по дејности во 2021 во однос на 2020 година(во%) Сектор на дејност Вкупно просечна исплатена месечна нето-плата во државата (А) Земјоделство, шумарство и рибарство (Б) Рударство и вадење на камен (В) Преработувачка индустрија (Г) Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (Д) Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (Ѓ) Градежништво (Е) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (Ж) Транспорт и складирање (З) Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (Ѕ) Информации и комуникации (И) Финансиски дејности и дејности на осигурување (Ј) Дејности во врска со недвижен имот (К) Стручни, научни и технички дејности (Л) Администратвни и помошни услужни дејности (Љ) Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (М) Образование (Н) Дејности на здравствена и социјална заштита (Њ) Уметност, забава и рекреација (О) Други услужни дејности Извор: Државен завод за статистика 11 Раст 2021/2020 5,6 5,0 7,7 5,7 1,3 2,0 6,5 7,4 4,2 10,9 10,1 2,9 5,9 9,4 7,8 2,9 1,5 4,0 10,7 10,5 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Прагот на екстремна сиромаштија за 2021 година се пресметува на следниов начин: – Се зема прагот за екстремна сиромаштија за 2020 година според податоците на Светска банка, кој изнесува 47 денари; – Тој се зголемува за официјална стапка на инфлација во 2021 година од 3,2%; – Тоа резултира во праг за 2021 година од 48,5 денари по човек дневно, односно 17.704 денари по човек годишно. Прагот за умерената сиромаштија за 2021 година е пресметан како: – Се зема прагот за умерена сиромаштија 2020 година според податоците на Светска банка од 150,7 денари; – Тој се зголемува за официјална стапка на инфлација во 2021 година од 3,2%; – Тоа резултира во праг за 2021 од 155,5 денари по човек дневно, односно 56.766 денари по човек годишно. За 2022 година, параметрите за симулациите на приходите се: – За детскиот додаток – растот на детскиот додаток во 2021 според податоците на МТСП бил 3,2%; – За социјалната помош – растот на социјалната помош бил ист како растот на детскиот додаток, односно, 3,2%; – За пензиите – растот на пензиите во 2021 година според податоците од МТСП бил 4,1%; – За платите – растот на платите по дејности во 2022 година е според официјалните податоци од ДЗС, како што е прикажано во табела 2. Просечниот номинален раст на платите оваа година изнесувал 11%, што е значајно повисоко отколку во претходната година и може да се објасни со инфлацијата. Повторно има изразени варијации кај растот по одделни дејности, од 3,9% до 16,4%. Прагот на екстремна сиромаштија за 2022 година е пресметан како: – Прагот за екстремна сиромаштија за 2021 година пресметан погоре од 48,5 денари дневно; Табела 2 Номинален раст на нето-платите по дејности во 2022 во однос на 2021 година(во%) Сектор на дејност Вкупно просечна исплатена месечна нето-плата во државата (А) Земјоделство, шумарство и рибарство (Б) Рударство и вадење на камен (В) Преработувачка индустрија (Г) Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (Д) Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (Ѓ) Градежништво (Е) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (Ж) Транспорт и складирање (З) Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (Ѕ) Информации и комуникации (И) Финансиски дејности и дејности на осигурување (Ј) Дејности во врска со недвижен имот (К) Стручни, научни и технички дејности (Л) Администратвни и помошни услужни дејности (Љ) Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (М) Образование (Н) Дејности на здравствена и социјална заштита (Њ) Уметност, забава и рекреација (О) Други услужни дејности Раст 2022/2021 11,0 11,5 11,2 14,6 3,9 9,4 13,6 14,2 12,5 18,4 11,8 4,8 11,6 13,2 14,1 5,5 6,4 7,1 16,4 12,8 Извор: Државен завод за статистика 12 ПАРАМЕТРИ ЗА СИМУЛАЦИИТЕ – Зголемен за официјална стапка на инфлација во 2022 година од 14,2%; – Што резултира во праг за 2022 година од 55,4 денари по човек дневно, односно 20.218 денари годишно по човек. Прагот на умерена сиромаштија за 2022 година е пресметан како: – Прагот за умерена сиромаштија за 2021 година пресметан погоре од 155,5 денари дневно; – Зголемен за официјална стапка на инфлација во 2022 година од 14,2%; – Што резултира во праг за 2022 година од 177,6 денари по човек дневно, односно 64.826 денари годишно. За 2023 година, параметрите за симулациите на приходите според поволното сценарио се: – За детскиот додаток – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 година, односно 14,2%; – За социјалната помош – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 година, односно 14,2%; – За пензиите – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на инфлацијата од 2022 година, односно 14,2%; – За платите – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 во однос на јануари 2022 година. Притоа, стапките на раст ќе бидат по одделни дејности, како што е прикажано во табела 3. Ова значи дека во просек за цела држава, платите ќе имаат номинален раст од 13,2 % во 2023 година. Параметрите за неповолното сценарио за приходите за 2023 година се: – За детскиот додаток – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 година, односно 14,2%; – За социјалната помош – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 година, односно 14,2%; Табела 3 Номинален раст на нето-платите по дејности во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година(во%) Сектор на дејност Вкупно просечна исплатена месечна нето-плата во државата (А) Земјоделство, шумарство и рибарство (Б) Рударство и вадење камен (В) Преработувачка индустрија (Г) Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (Д) Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (Ѓ) Градежништво (Е) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (Ж) Транспорт и складирање (З) Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (Ѕ) Информации и комуникации (И) Финансиски дејности и дејности на осигурување (Ј) Дејности во врска со недвижен имот (К) Стручни, научни и технички дејности (Л) Администратвни и помошни услужни дејности (Љ) Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (М) Образование (Н) Дејности на здравствена и социјална заштита (Њ) Уметност, забава и рекреација (О) Други услужни дејности Раст јануари 2023/ јануари 2022 13,2 13,0 15,6 16,2 8,5 13,2 20,9 12,6 23,4 16,7 17,3 9,0 14,8 13,6 13,5 5,8 15,6 5,4 13,1 9,7 Извор: Државен завод за статистика 13 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – За пензиите – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 година, односно 8,4%; – За платите – растот во цела 2023 година ќе биде еднаков на растот од јануари 2023 година во однос на просекот од 2022 година, по одделни дејности, како што е прикажано во табела 4 подолу. Ова значи дека во просек за цела држава, платите ќе имаат номинален раст од 6,5% во 2023 година. Во поволното сценарио за растот на цените во 2023 година, се претпоставува дека цените до крајот на годината ќе растат со просечната месечна стапка на инфлација од последните три месеца во моментот на правење на пресметките, односно, од јануари – март 2023 година, што имплицира годишна инфлација од 8%. Тоа понатаму значи дека: – Прагот за екстремна сиромаштија ќе биде 59,8 денари на ден по човек, односно 21.835 денари годишно(55,4 денари пресметано од претходно, зголемено за инфлација од 8%). – Прагот за умерена сиромаштија ќе биде 191,8 денари на ден по човек, односно 70.013 денари годишно(177,6 денари пресметано од претходно, зголемено за инфлација од 8%). Во неповолното сценарио за растот на цените во 2023 година , се претпоставува дека цените до крајот на годината ќе растат со просечната месечна стапка на инфлација од 2022 година, што е еквивалентно на просечна годишна стапка на инфлација од 12,4%. Тоа понатаму значи дека праговите во ова сценарио ќе бидат: – Прагот за екстремна сиромаштија ќе биде 62,3 денари на ден по човек, односно 22.725 денари годишно(55,4 денари пресметано од претходно, зголемено за инфлација од 12,4%). – Прагот за умерена сиромаштија ќе биде 199,6 денари на ден по човек, односно 72.865 денари годишно(177,6 денари пресметано од претходно, зголемено за инфлација од 12,4%). Табела 4 Номинален раст на нето-платите по дејности во јануари 2023 година во однос на просек од 2022 година(во%) Сектор на дејност Вкупно просечна исплатена месечна нето-плата во државата (А) Земјоделство, шумарство и рибарство (Б) Рударство и вадење на камен (В) Преработувачка индустрија (Г) Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (Д) Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (Ѓ) Градежништво (Е) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (Ж) Транспорт и складирање (З) Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (Ѕ) Информации и комуникации (И) Финансиски дејности и дејности на осигурување (Ј) Дејности во врска со недвижен имот (К) Стручни, научни и технички дејности (Л) Администратвни и помошни услужни дејности (Љ) Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (М) Образование (Н) Дејности на здравствена и социјална заштита (Њ) Уметност, забава и рекреација (О) Други услужни дејности Јануари 2023/ просек 2022 6,5 10,3 10,4 5,6 8,8 6,8 6,6 5,6 13,3 7,0 10,7 3,7 8,2 6,5 6,,3 1,4 10,2 4,4 7,2 6,0 Извор: Државен завод за статистика 14 ПАРАМЕТРИ ЗА СИМУЛАЦИИТЕ „Катастрофа поминавме со греење зимово, дрвата скапнаа, многу беше скапо. Квалитетот беше тук и там – двата се од шумата што гореше, па ние сме црнила по куќите. Мораше да купиме такви. Дрвата беа скапи, од 3.500 до 5.000 денари, тоа прв пат било кај нас, инаку во Шумското стопанство си беа 2.700, ама слабо пуштија, немаше.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) „Ние за шетање не ни мислиме. Одмор не постои.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) „Покачувањето на цените не е следено од пораст на приходите. Има мислење дека во малите места е сè поевтино, ама вистината е дека е поскап животот тука.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) „Бевме со другарка ми во Штутгарт и споредувавме цени во нивните маркети. Кај нив е поевтино од нашиот„Кит го“, со 10 – 15 денари, исти производи што ги имаме и кај нас.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) „Какво месо готвење 2 пати неделно?!!! Со пензија 12.000 и четири души дома, ќе си купиме батаци, па по еден, да мириса на месо.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) 15 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 6 РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕКСТРЕМНАТА СИРОМАШТИЈА „Сретнувам еден ученик, босо детето, јас му предавав порано, го знам. Му викам:„Каде вака, барем чорапчиња да облечеш“. Ми вика:„Наставничке, јас ако облечам, денеска гладно ќе останам. Они гледаат прво храната, после облеката, и точно е така.“ (Учесничка во фокус група во Виница, јуни 2023 година) За 2021 година, симулацијата покажува дека стапката на екстремна сиромаштија изнесувала 2,8% , што е минимално зголемување во однос на последниот официјален расположлив податок од Светска банка, од 2,7% во 2019 година(табела 5). Истовремено, бројот на сиромашни лица изнесувал околу 58.000, односно за околу 2.000 лица повеќе отколку во 2019 година. Малиот пораст на сиромаштијата може да се објасни со понискиот раст на пензиите (2,3%), социјалната помош и детскиот додаток(1,2 %), од растот на цените(3,2%). Во 2022 година стапката на екстремна сиромаштија се зголемила на 3,5%, што е значително зголемување за една година. Бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија се зголемил за околу 14.000, односно на 72.000, што е зголемување за околу 24%(табела 5). Големото зголемување се објаснува со тоа што растот на социјалната помош, детскиот додаток, пензиите, но и најголем дел од платите, во 2022 година бил понизок од стапката на инфлација. Табела 5 Резултати за екстремната сиромаштија во 2021 и 2022 година Број на лица што живеат во екстремна сиромаштија Стапка на екстремна сиромаштија 2019 55.954 2,7% 2021 57.962 2,8% 2022 72.049 3,5% Белешка: Пресметките се засновани на стариот попис од 2002 година, според кој населението во државата надминува 2 милиона. 2019 година е последната за која постои податок за сиромаштијата од Светска банка. Податоците за 2021 и 2022 година се симулирани. Извор: Сопствени пресметки. За 2023 година, прикажуваме вкупно 4 сценарија за екстремната сиромаштија , засновани на претходно објаснетите две сценарија за примањата на граѓаните, и две сценарија за движењето на цените. Резултатите се прикажани во табела 6. Како што може да се види, единствениот случај во кој има намалување на екстремната сиромаштија е кога се реализираат поволните сценарија и за растот на примањата и за инфлацијата. Во тој случај, стапката на екстремна сиромаштија се намалува на 3,4% во 2023 година, од 3,5% во претходната година, односно, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија се намалува за околу 2.000. Ова се должи на тоа што стапката на инфлација во тој случај(8%) е значајно помала од растот на приТабела 6 Резултати од четирите сценарија за екстремната сиромаштија во 2023 година Број на лица што живеат во екстремна сиромаштија Стапка на екстремна сиромаштија Поволно сценарио за примања+ Поволно сценарио за цени 70.084 3,4% Поволно сценарио за примања+ Неповолно сценарио за цени 83.113 4,0% Неповолно сценарио за примања+ Поволно сценарио за цени 74.331 3,6% Неповолно сценарио за примања+ Неповолно сценарио за цени 86.405 4,2% Белешка: Пресметките се засновани на стариот попис од 2002 година, според кој населението во државата надминува 2 милиона. Извор: Сопствени пресметки. 16 РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕКСТРЕМНАТА СИРОМАШТИЈА мањата(14,2% за социјалните трансфери, и 13,2% за платите). Сепак, дури и во тој случај, намалувањето на сиромаштијата е минимално, што говори колку е тешко да се намали екстремната сиромаштија. Во останатите три комбинации, екстремната сиромаштија се зголемува во 2023 година. Сиромаштијата се зголемува дури и во случајот кога се реализира поволното сценарио за примањата(14,2 % раст на трансферите, 13,2% раст на платите), но цените растат според неповолното сценарио, со просечна стапка од 12,4% за цела година. Зголемувањето на сиромаштијата во тој случај е минимално(на 3,6%, односно за 2.000 лица), и се должи на тоа што сите плати не се зголемуваат за онолку колку што е инфлацијата – како што може да се види од табела 3, во пет од дејностите растот на платите е понизок од инфлацијата. Ова покажува дека не е важно само да расте просечната плата, туку е многу важно да има раст и во дејностите со пониски примања. Во комбинациите базирани на неповолното сценарио за цените, кое претпоставува инфлација од 12,4% во 2023 година, екстремната сиромаштија значајно се зголемува. Дури и во случај кога се реализира поволното сценарио за примањата, стапката на екстремна сиромаштија достигнува 4%, односно има околу 11.000 нови лица кои запаѓаат во екстремна сиромаштија. Во најнеповолната комбинација, кога се реализираат неповолните сценарија за примањата и цените, стапката на екстремна сиромаштија достигнува 4,2%, односно бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија надминува 86.000(14.000 нови лица). Ваквите динамики укажуваат дека е многу важно да се контролира растот на цените, односно, дека не смее да се дозволи инфлацијата премногу да порасне. Сумирано, симулациите покажуваат дека кризата на поскапувањата од 2022 и 2023 година има загрижувачки ефекти врз екстремната сиромаштија. Во најдобар случај, бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија во 2023 година ќе изнесува околу 70.000, што е за околу 12.000 лица повеќе од бројот во 2021 година(пораст од 21%). Во најлош случај, бројот на лица во екстремна сиромаштија во 2023 година ќе надмине 86.000, што е за 28.000 повеќе од бројот пред кризата(пораст од 49%). Конвертирано во стапка на сиромаштија, есктремната сиромаштија во 2023 година ќе изнесува во најдобар случај 3,4%, а во најлош 4,2%, што е значајно зголемување во однос на состојбата пред растот на цените(табела 7). Табела 7 Сумирани резултати за ефектите од кризата врз екстремната сиромаштија Број на лица што живеат во екстремна сиромаштија Стапка на екстремна сиромаштија 2021 2022 2023 најдобар случај 2023 најлош случај 57.962 72.049 70.084 86.405 2,8% 3,5% 3,4% 4,2% Белешка: Пресметките се засновани на стариот попис од 2002 година, според кој населението во државата надминува 2 милиона. Извор: Сопствени пресметки. Графикон 5 прикажува како изгледаат проекциите на стапката на екстремна сиромаштија за 2021 – 2023 година, споредени со фактичките податоци за 2009 – 2019 година . Може да се види дека растот на екстремната сиромаштија во 2022 и 2023 година е значителен дури и кога се спредува со подолг временски период. Со овој раст, сиромаштијата се доближува до нивото од 2016 година, што значи дека се изгубени околу 7 години позитивни резултати во борбата против сиромаштијата. Графикон 5 Симулации за стапката на екстремна сиромаштија во Република Северна Македонија во 2021 – 2023(% од вкупно население) 12 10 8 6 4 2 0 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2021 2022 2023 Белешка: Засенчениот дел од графиконот го покажува периодот на проекција. До 2019 година се официјални податоци од Светска банка, за 2021 – 2023 се симулации од оваа студија. Распонот на крајот од линијата ги опфаќа четирите сценарија објаснети претходно – од најповолното, до најнеповолното. За 2020 година нема податоци. Извор: Светска банка и сопствени пресметки. 17 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА „За да живеет убаво, ни требаат 1.000 евра плата. Минималната синдикална кошничка е реална проценка. За една фамилија без 1.000 евра приход не може да се живее, ние животариме сите! Јас имам солидна пензија, ама не можам да си дозволам надвор од основното. Си вариме манџичка и поевтино поминуваме.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година „Со 2 пензии нема шанси да се сменат прозори дома. Никако.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) „Голем дел од парите одат на лекови. Особено критично е кај пензионерите со помали пензии. Идеш на лекар, он ти препише сè од приватната листа.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) „А мевце, нешто поквалитетно? Нема шанси! Телешко месо не го ни ставаме во мени, 500 – 700 денари доаѓа кило. Батаци.“ (Учесничка во фокус група во Црник, јуни 2023 година) 18 РЕЗУЛТАТИ ЗА УМЕРЕНАТА СИРОМАШТИЈА 5 РЕЗУЛТАТИ ЗА УМЕРЕНАТА СИРОМАШТИЈА „Се јавуваа луѓе зимото:„Директорке, дали може градинката да работи до 17:30, да седат децата таму, дома ни е ладно“. Јас тоа не сум го верувала, додека не сум го искусила. Еве, доаѓа родителот со солзи во очите.“ (Учесничка во фокус група во Виница, јуни 2023 година) Кога е умерената сиромаштија во прашање, симулацијата за 2021 година покажува дека нејзината стапка изнесувала 17,5% , што претставува видно намалување во однос на последниот официјален расположлив податок од Светска банка, од 19% во 2019 година(табела 8). Конвертирано во број на лица, ова значи дека околу 362.000 лица живееле во умерена сиромаштија во 2021 година, што е значајно намалување во однос на 2019, за околу 32.000 лица. Намалувањето на умерената сиромаштијата се должи на повисокиот раст на платите(5,6% во просек) од инфлацијата таа година(3,2%). Во 2022 година веќе се забележува свртување на трендот и значаен пораст на умерената сиромаштија. Според симулациите, стапката на умерена сиромаштија се зголемила на 20,2%, а бројот на лица кои живеат во умерена сиромаштија на 418.000(табела 8). Тоа значи дека околу 56.000 нови лица западнале во умерена сиромаштија за само една година, односно дека бројот на сиромашни пораснал за околу 15%. Големото влошување се објаснува со тоа што растот на сите Табела 8 Резултати за умерената сиромаштија во 2021 и 2022 година Број на лица што живеат во умерена сиромаштија Стапка на умерена сиромаштија 2019 2021 2022 393.750 362.198 418.244 19,0% 17,5% 20,2% Белешка: Пресметките се засновани на стариот попис од 2002 година, според кој населението во државата надминува 2 милиона. 2019 година е последната за која постои податок за сиромаштијата од Светска банка. Податоците за 2021 и 2022 година се симулирани. Извор: Сопствени пресметки. примања во 2022 година бил понизок од стапката на инфлација(14,2%). Симулациите за 2023 година покажуваат дека има дополнително значајно влошување на состојбата . Четирите сценарија за умерената сиромаштија во 2023 година се прикажани во табела 9. Дури и во најповолната комбинација, заснована на поволното сценарио за примањата и поволното сценарио за цените, умерената сиромаштија дополнително се зголемува – на 21,2%, односно за околу 21.000 лица. Ова се објаснува со тоа што две од дејностите – јавна управа и одбрана, и социјална и здравТабела 9 Резултати од четирите сценарија за умерената сиромаштија во 2023 година Број на лица што живеат во умерена сиромаштија Стапка на умерена сиромаштија Поволно сценарио за примања+ Поволно сценарио за цени Поволно сценарио за примања+ Неповолно сценарио за цени Неповолно сценарио за примања+ Поволно сценарио за цени Неповолно сценарио за примања+ Неповолно сценарио за цени 439.022 464.683 488.119 519.452 21,2% 22,4% 23,6% 25,1% Белешка: Пресметките се засновани на стариот попис од 2002 година, според кој населението во државата надминува 2 милиона. Извор: Сопствени пресметки. 19 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Табела 10 Сумирани резултати за ефектите од кризата врз умерената сиромаштија Број на лица што живеат во умерена сиромаштија Стапка на умерена сиромаштија 2021 362.198 17,5% 2022 418.244 20,2% 2023 најдобар случај 439.022 21,2% 2023 најлош случај 519.452 25,1% Белешка: Пресметките се засновани на стариот попис од 2002 година, според кој населението во државата надминува 2 милиона. Извор: Сопствени пресметки. Графикон 6 Симулации за стапката на умерена сиромаштија во Република Северна Македонија во 2021 – 2023(% од вкупно население) 50 45 40 35 30 25 20 15 10 5 0 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2021 2022 2023 Белешка: Засенчениот дел од графиконот го покажува периодот на проекција. До 2019 се официјални податоци од Светска банка, за 2021 – 2023 се симулации од оваа студија. Распонот на крајот од линијата ги опфаќа четирите сценарија објаснети претходно – од најповолното, до најнеповолното. За 2020 година нема податоци. Извор: Сопствени пресметки. ствена заштита – имаат раст на плати(5 – 6%) кој е понизок од стапката на инфлација во ова сценарио (8%). Во останатите три сценарија, растот на сиромаштијата е уште поизразен. Стапката на умерена сиромаштија во тие три сценарија се движи помеѓу 22,4% и 25,1%, додека бројот на сиромашни – помеѓу 465.000 и 519.000 лица. Тоа значи дека бројот на лица кои запаѓаат во умерена сиромаштија во 2023 година според овие сценарија е помеѓу 47.000 и 101.000. Сумираните резултати за умерената сиромаштија покажуваат дека и таа има загрижувачки раст поради инфлаторната криза. Во најдобар случај, бројот на лица кои живеат во умерена сиромаштија во 2023 година ќе изнесува околу 439.000, што е за околу 77.000 лица повеќе од бројот во 2021 година(пораст од 21%). Во најлош случај, бројот на лица ќе надмине 519.000 во 2023 година, што е за 157.000 повеќе од бројот пред кризата (пораст од 43%). Конвертирано во стапки, умерената сиромаштија во 2023 година ќе изнесува во најдобар случај 21,2%, а во најлош 25,1%, што е значајно зголемување во однос на состојбата пред растот на цените(табела 10). Графикон 6 ги прикажува проекциите на стапката на умерена сиромаштија за 2021 – 2023 година, надоврзани на фактичките податоци за 2009 – 2019 година. Повторно е видливо дека растот на екстремната сиромаштија во 2022 и 2023 е мошне изразен, споредено со долгорочниот тренд на намалување на сиромаштијата. Со зголемувањето од овие две години, сиромаштијата повторно доаѓа на нивото од 2016 година. 20 ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ 4 ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ „Да се намали прво храната што ни е најважно, а да се накачат платите за да останеме младина што сме тука, инаку сите ќе си одиме. Не они да зимаат 78%, а ние ништо.“ (Учесничка во фокус група во Пехчево, јуни 2023 година) Кризата на поскапувањата, иницирана од руската инвазија на Украина, можеби не доведе до пад на БДП како што направија неко други кризи од изминатите години, но таа значајно ја зголеми сиромаштијата во РСМ. Според симулациите презентирани во оваа студија, таа доведе до сериозен пораст и на екстремната сиромаштија(лица кои живеат со помалку од 2,15 САД долари на ден, по меѓународни цени), и на умерената сиромаштија (лица кои живеат со помалку од 6,85 САД долари на ден, по меѓународни цени). Екстремната сиромаштија во 2022 година пораснала за околу 14.000 лица, а во 2023 година, во најдобар случај минимално ќе се намали, а во најлош случај, ќе порасне за дополнителни 14.000. Со тоа, во 2023 година ќе изнесува помеѓу 70.000 и 86.000, што е зголемување помеѓу 21% и 49% во однос на состојбата од 2021 година, пред кризата на поскапувањата. Стапката на екстремна сиромаштија во 2023 ќе изнесува во најдобар случај 3,4%, а во најлош 4,2%, што е значајно зголемување во однос на стапката од 2021 година, од 2,8%. Слични се динамиките и кај умерената сиромаштија. Таа во 2022 година пораснала за 56.000 лица, а во 2023 година, во најдобар случај ќе порасне за нови 21.000 лица, а во најлош – за 101.000 лица. Со тоа, во 2023 година, бројот на луѓе што живеат во умерена сиромаштија ќе изнесува помеѓу 439.000 и 519.000, што е зголемување помеѓу 21% и 43% во однос на 2021 година. Стапката на умерена сиромаштија во 2023 година ќе изнесува во најдобар случај 21,2%, а во најлош 25,1%, што е значајно зголемување во однос на 2021 година, кога изнесуваше 17,5%. Причините за рапидниот раст на сиромаштијата лежат во тоа што растот на цените го надминува растот на приходите на луѓето. Кумулативниот раст на цените во 2022 и 2023 година ќе изнесува помеѓу 23% и 27%, што е значајно повисоко од растот на примањата на луѓето. Така, растот на социјалната помош, детскиот додаток и пензиите во овие две година ќе изнесува 17 – 18%, додека растот на просечната плата ќе изнесува помеѓу 18% и 24%, со изразени варијации по одделни дејности. Така, на пример, во дејностите јавна управа и одбрана, и здравствена и социјална заштита, кои вработуваат голем број луѓе, кумулативниот раст на платите во овие две години ќе изнесува под 13 %, што е многу пониско од кумулативниот раст на цените. Главната препорака на студијава е дека единствен начин да се спречи сиромаштијата дополнително да порасне, е доколку Владата преземе мерки за ограничување на растот на цените и за покачување на приходите на луѓето. Мерката за ограничување на цените на основните прехранбени производи донесена во септември 2023 година е добра, но мора да остане на сила подолго време, а не само до крајот на ноември. Таа ќе го ублажи растот на цените за периодот додека е на сила, но доколку биде укината за само два месеца, цените веднаш нагло ќе пораснат, како што се случи при претходните две епизоди кога имаше замрзнување на цените, со што нема да има никаков ефект врз сиромаштијата. На подолг рок, односно, за 2024 година и понатаму, Владата може да преземе мерки за стимулирање на домашно производство на храна и енергија , со што би се зголемила понудата на овие две работи, а со тоа и би се влијаело врз намалување на ценовните притисоци. Кога е зголемувањето на приходите на граѓаните во прашање, на Владата ѝ стојат на располагање неколку можности. Првата е да се зголемат сите видови социјални издатоци – социјална помош, детски додаток, пензии, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата. Притоа, зголемувањето треба да се направи веднаш, односно во истата година кога има интензивен раст на цените. Системските механизми за покачување на издатоците, кои се вградени во предметните закони, не се доволни во вакви 21 Фондација„Фридрих Еберт“ – АПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ Д ПОСКАПУВАЊАТА 2022 И 2023 ГОДИНА РЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ситуации, затоа што тие ги зголемуваат социјалните издатоци со задоцнување, а исто така и не ја надоместуваат целата инфлација. Од тие причини, потребно е и ад хок зголемување на издатоците, покрај системските покачувања. Доколку не е можно ад хок да се зголемат социјалните издатоци, потребно е Владата да обезбеди специјален актикризен надоместок, односно трансфер, кој ќе покрие барем дел од растот на цените. Примери за вакви надоместоци имаше во многу држави во 2022 година, како, на пример, во Австрија, каде државата обезбеди 500 евра за секој возрасен граѓанин и 250 евра за секое малолетно лице. Зголемувањето на социјалните издатоци ќе влијае особено на екстремната сиромаштија , затоа што најголем дел од приходите на лицата кои живеат во екстремна сиромаштија доаѓаат од социјални трансфери, а не од плати. Дополнително на зголемувањето на социјалните трансфери, потребно е Владата да преземе и мерки за покачување на платите на работниците . Конкретно, за ова на Владата ѝ стојат на располагање два инструмента – покачување на минималната плата, и покачување на платите во јавниот сектор. Со покачувањето на минималната плата, Владата директно ќе ги заштити сиромашните работници, и во приватниот и во јавниот сектор. Со покачувањето на платите во јавниот сектор, ќе се зголемат токму оние плати кои најмалку пораснаа во 2022 и 2023 година – платите во јавна управа и одбрана, и во социјална и здравствена заштита. Дополнително, со ова индиректно ќе се влијае и на платите во приватниот сектор, кој вработува повеќе од 80% од вработените во државата. Мерките за покачување на платите ќе имаат поизразено влијание врз умерената сиромаштија, затоа што најголемиот дел од доходот на лицата кои живеат во умерена сиромаштија потекнува од плати, а не од социјални трансфери. „Во една прилика моите колешки се жалеа дека се цел живот со кредити, јас им викам вие треба да сте среќни што сте можеле да земете кредити. Јас прв пат во мојот живот земав кредит на 50 години, тогаш бев прв пат кредитоспособна.“ (Учесничка во фокус група во Делчево, јуни 2023 година) „Тој што си има, секогаш си има, тој што си нема, си нема.“ (Учесничка во фокус група во Делчево, јуни 2023 година) „Ги гледам луѓето, одат по рафтовите и само зјапаат, ништо не се купува. Едно кафе беше 99 денари, тие децата што ги пијат, сега е 153 денари.“ (Учесничка во фокус група во Делчево, јуни 2023 година) „80% од приходите ти одат на сметки и на храна. И да влезеш во маркет, ќе земеш 4 – 5 артикли, отишле 1.000 денари, а во најлончето немаш дома ништо да однесеш. Сметките за струја, еве последниот месец ми е дојдено 9.000 денари за струја да платам. 9.000 денари е цена која не е нормална за 76 квадрати стан. 9.000 денари!“ (Учесничка во фокус група во Богданци, јуни 2023 година) 22 ЗА ИЗДАВАЧОТ Фондација„Фридрих Еберт“ Канцеларија Скопје Бул. 8 Септември 2/2-5 1000, Скопје, Северна Македонија Oдговорно лице: Dr. Peter Hurrelbrink| Директор Тел.:+389 2 30933-181/-182 www.fes-skopje.org Контакт: contact@fes-skopje.org Ставовите изразени во оваа публикација не нужно ги отсликуваат ставовите на Фондацијата „Фридрих Еберт“ или на организациите за кои авторите работат. Комерцијална употреба на било кои изданија на Фондацијата„Фридрих Еберт“ е забранета без претходна писмена согласност од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“. Дизајн и печат: ПРОЦЕНКА НА ЕФЕКТИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊАТА ВО 2022 И 2023 ГОДИНА ВРЗ СИРОМАШТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Бројот на лица кои ќе западнат во екстремна сиромаштија во 2022 и 2023 година ќе изнесува помеѓу 12.000 и 28.000 лица. Бројот на лица кои ќе западнат во умерена сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 77.000 и 157.000. За да спречи сиромаштијата дополнително да порасне, Владата треба да преземе мерки за ограничување на растот на цените и за покачување на приходите на луѓето.