КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗA КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ЕНЕРГЕТИКА И ЖИВОТНА СРЕДИНА АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Енергетската транзиција на Северна Македонија неминовно треба да го следи патот на чиста енергија за сите Европејци. На тој пат, наша одговорност е да ги испочитуваме техно-економските специфичности на постојниот енергетски систем и да постигнеме транзицијата да се одвива во полза на граѓаните. проф. д-р Весна Борозан, УКИМ/ФЕИТ вон. проф. д-р Александра Крколева Матеска, УКИМ/ФЕИТ доц. д-р Петар Крстевски, УКИМ/ФЕИТ Ноември, 2020 Да не заборавиме на енергетската сиромаштија во земјата и да најдеме начин за нејзин праведен третман. КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ЕНЕРГЕТИКА И ЖИВОТНА СРЕДИНА АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА БЛАГОДАРНОСТ Трудот на авторите е делумно реализиран во рамките на проектот„Прекугранично управување со променливи моќности на производни единици на обновливи извори и уреди за складирање на електрична енергија за меѓународен пазар на големо- CROSSBOW“(грант, бр. 773430), од програмата„Хоризонт 2020“, финансирана од Европската унија. ACKNOWLEDGEMENT The work of the authors is a part of the H2020 project CROSSBOW – CROSS BOrder management of variable renewable energies and storage units enabling a transnational Wholesale market(Grant No. 773430), which is a project funded by the European Union. Содржина ВОВЕД ...............................................................................................................................................................3 1. ПРАВНА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ........4 1.1 Енергетика................................................................................................................................................................................ 4 1.2 Енергетска ефикасност....................................................................................................................................................... 6 1.3 Животна средина................................................................................................................................................................... 7 1.4 Клима.......................................................................................................................................................................................... 8 2. АНАЛИЗА НА ДОСТИГНУВАЊАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО .......................................9 2.1 Пазар на електрична енергија........................................................................................................................................ 9 2.2 Обновливи извори на енергија.................................................................................................................................... 11 2.3 Енергетска ефикасност..................................................................................................................................................... 12 2.4 Животна средина................................................................................................................................................................. 13 2.5 Клима........................................................................................................................................................................................ 13 ЛИТЕРАТУРА............................................................................................................................................................................ 16 ЛИСТА НА КРАТЕНКИ.......................................................................................................................................................... 17 ВОВЕД ВОВЕД Реформите во енергетскиот сектор кои се спроведуваат преку имплементација на важечкото право на Енергетската заедница(ЕнЗ), не се само предуслов за понатамошно усогласување со важечкото право на Европската унија(ЕУ), туку претставуваат обемен процес кој треба да придонесе за развивање на економичен и одржлив енергетски систем. Всушност, овој процес претставува значаен сегмент во подготовката на Република Северна Македонија за процесот на пристапување кон ЕУ и воопшто, за севкупниот економски раст на земјата. Имајќи ги предвид заложбите на ЕУ за транзиција кон нискојаглеродно стопанство, неизбежен е сеопфатен реформски пристап, кој освен кон развојот на енергетиката, се фокусира на процесот на декарбонизација на стопанството и на влијанието на енергетските постројки и индустријата врз животната средина и климата. Оваа публикација се состои од два дела, од кои првиот е куса верзија на обемната анализа на правото од областа на електроенергетиката во Република Северна Македонија, изложена во публикацијата„Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција“,[1]. Всушност, првиот дел ги сублимира согледувањата од оваа публикација, користејќи текст и податоци од самата публикација, при што се опфатени областите пазар на електрична енергија, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија(ОИЕ), животна средина и клима. Тој материјал, понатаму, е основа за компаративна анализа на националното законодавство во однос на целното законодавство на ЕнЗ, што се содржи во вториот дел од овој текст. Целта на овој текст, кој е придружен на основната публикација, е да даде кус осврт на тековните состојби, но и компарација на достигнувањата со целите на ЕнЗ и ЕУ. Направениот пресек на состојбите и преглед на целите дава основа за понатамошно следење на промените во законодавството од овие области, но и на напредокот на земјата кон постигнување на целите кои се зацртани во Договорот за ЕнЗ. Покрај правото од областа на електроенергетиката на ЕнЗ и Република Северна Македонија, публикацијата[1] содржи и преглед на важечко право на ЕУ од пакетот Чиста енергија за сите Европејци(ЧЕСЕ). Компаративната анализа не го зема предвид ова право, од причини што тоа е релативно новодонесено, не е задолжително за договорните страни на ЕнЗ и сѐ уште не е целосно имплементирано ниту во земјите членки на ЕУ. Сепак, вреди да се истакне дека нашата земја, како прва помеѓу договорните страни на ЕнЗ и без постоење на стриктна законска обврска, изработи нацрт верзија на интегриран Национален план за енергетика и клима(НПЕК), кој е во согласност со барањата на Регулативата за владеење од ЧЕСЕ. Во октомври 2020 година, Северна Македонија го предаде својот НПЕК на разгледување и регионална координација во Секретаријатот на ЕнЗ. По добиеното мислење од Секретаријатот, конечното усвојување на овој значаен стратешки документ се очекува во првата половина од 2021 година. Прогресивен исчекор, надвор од задолжителната правна рамка на ЕнЗ, е направен и со Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од септември 2020 година, за назначување на Националниот оператор на организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија – МЕМО за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија(NEMO), потполно во согласност со пазарните мрежни правила на ЕУ. Ова, исто така, претставува уникатен случај на прогрес помеѓу договорните страни на ЕнЗ. 3 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 1 ПРАВНА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Согласно Договорот за ЕнЗ, Република Северна Македонија го усогласува своето законодавство со важечкото право на ЕнЗ кое се состои од одбрани делови од правото на ЕУ( acquis communautaire ) во следните договорени области на усогласување: енергетика, конкуренција, ОИЕ, енергетска ефикасност, нафта и нафтени деривати(резерви), енергетска статистика, инфраструктура, животна средина и клима. Во ова поглавје е прикажан кус преглед на актуелната законска рамка и институционална поставеност во Република Северна Македонија во областите енергетика, енергетска ефикасност, животна средина и клима, кој детално е разработен во основната публикација[1]. 1.1 ЕНЕРГЕТИКА Важечката правна рамка и стратешките определби на ЕнЗ се главно вградени во Законот за енергетика , [2], донесен од Собранието на Република Северна Македонија во мај 2018 година. Законот ја утврдува правната рамка за домашниот енергетски сектор, вклучувајќи ги областите пазари на електрична енергија, природен гас, топлинска енергија, како и пазар на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт. Законот, исто така, го уредува и обезбедувањето на јавна услуга на пазарите на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија, како и правата и обврските на потрошувачите на енергија и корисниците на енергетските системи. Покрај тоа, Законот ги уредува и областите користење на ОИЕ, сигурност во снабдувањето со енергија, статус и надлежности на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија(РКЕ), изградба на енергетски објекти и други прашања од областа на енергетиката. Во Законот за енергетика, за прв пат, прецизно се утврдува и категоријата „ранлив потрошувач“ 1 , како и специфични мерки за 1 Закон за енергетика, член 3 – Дефиниции, став(1), алинеја 58)„ранлив потрошувач“ е домаќинство во кое живее лице на кое поради својата социјална состојба и/или здравствена состојба правото за користење на мрежата и/или снабдувањето со електрична енергија, природен гас или топлинска енергија му се дава по посебни услови борба против енергетската сиромаштија 2 . За операционализација на одредбите од Законот за енергетика, како и од законите кои посредно се допираат до прашањата од енергетиката, веќе се усвоени речиси сите предвидени подзаконски акти 3 . За креирањето на енергетската политика во земјава особено значајни се стратешките документи. Во тој контекст, во јануари 2020 година, Владата ја усвои Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година [3] . Овој клучен документ[3] дефинира шест стратешки цели, кои се прикажани на слика 1. Целите се поврзуваат со петте енергетски столба на Енергетската унија на ЕУ[4], а нивното остварување се разгледува низ три различи сценарија, кои се разликуваат според можностите и начините за делумно или целосно исполнување на индикативните цели на ЕнЗ, како и динамиката со која тие би се остварувале. Стратегијата [3] дава и насоки, проценка на временската рамка и одговорното административно тело за имплементација, а остварувањето на целите се следи преку соодветни индикатори . Политиките и стратешките мерки предвидени со Стратегијата[3] се усогласени со приоритетите утврдени во Законот за енергетика[2]. Спроведувањето на законските одредби, како и воопшто, енергетската политика во Северна Македонија, е во надлежност на повеќе институции и опфаќа различни активности кои произлегуваат од законската рамка[1]. Воопштен преглед на институционалната поставеност и надлежноста на клучните институции во енергетскиот сектор е прикажан на слика 2. Имајќи ја предвид сликата 2, улогата на Владата во секторот енергетика е јасно изразена, особено во креирањето на развојни политики, спроведување на Законот за енергетика и мерките кои произлегуваат од него. Во надлежност на Владата е усвојувањето на Стратегијата за развој на енергетиката, 2 Закон за енергетика, член 15 – Заштита на ранливи потрошувачи 3 https://www.erc.org.mk/# 4 ПРАВНА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Програмата за нејзина реализација, како и годишната програма за намалување на енергетската сиромаштија. Покрај тоа, Владата има значајна улога во утврдувањето на критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, начинот на снабдување со одделни видови енергија во кризни услови, мерките што се преземаат во оваа состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности согласно со Законот за управување со кризи. С лика 1 Стратешки цели во 2040 година[3] Енергетски столб Индикатор 1 Енергетска ефикасност Интеграција и безбедност на 2 енергетските пазари 3 Декарбонизација Енергетска ефикасност Енергетска зависност Емисии на GHG Удел на ОИЕ 4 И & И и конкурентност Правни & 5 регулаторни аспекти Вкупни трошоци на системот Правна и регулаторна усогласеност СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ Да се максимизира заштедата на енергија Да се задржи енергетската зависност околу денешното ниво (54% нето увоз ), а во исто време да се придонесе кон интеграција на европските пазари Да се ограничи зголемувањето на GHG емисиите Значително зголемување на уделот на ОИЕ во бруто потрош . на финалната енергија во однос на денешното ниво (19% ОИЕ ) на одржлив начин Да се минимизираат трошоците на системот врз принципот на оптимизација при најмали трошоци Да се обезбеди континуирано усогласување со „ acquis “ на EnC и нивна имплементација Метрика • Намалување на потрошувачката на примарна и финална енергија во однос на BAU сценариото • Удел на нето увозот во потрошувачката на примарна енергија • Апсолутно количество на GHG емисии (CO 2 , CH 4 и NO 2 ) во однос на BAU сценариото и во однос на 2005 година • Удел на ОИЕ ( греење и ладење , електрична енергија , транспорт ) во бруто потрошувачката на финална енергија • Годишни и кумулативни трошоци на системот во евра вклучувајќи вкупни годишни инвест ., трошоци за О & М , за испорака и за набавка на гориво • Усогласување на националното законодавство со „acquis“ на EnC и нивно спроведување во пракса С лика 2 Воопштен приказ на институционалната поставеност и надлежности во енергетскиот сектор Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги Врши суштински важни функции во енергетскиот сектор поврзани со донесување / одобрување на подзаконски акти , развојни планови за дистрибутивна / преносна мрежа , активности поврзани лиценци за енергетска дејност , следење на пазари , унапредување на права на потрошувачи , решава спорови . Закон за енергетика Стратегија за енергетика Програма за реализација на Стратегија за енергетика Енергетски биланс Годишна програма за намалување енергетска сиромаштија Поттикнување научно- технолошки развој во енергетиката Развојни политики – конкуренција, инвестиции, поврзување со соседни системи, сигурност во снабдување Влада Други мерки поврзани со имплементација на Законот за енергетика Закон за управување со кризи Множество мерки поврзани со Законот за управување со кризи: начин на снабдување со одделни видови енергии Мерки поврзани со планирање, инвестиции и сигурност во снабдување со енергија Подзаконски акти Стратешко планирање Развој на законодавство Министерство за економија Сектор за енергетика Министерство за транспорт и врски Министерство за животна средина и просторно планирање Собирање податоци ( производство , снабдување , потрошувачка ) Спроведување енергетска политика ( енергетка ефикасност , ОИЕ , нови технологии ) Низа компетенции поврзани со обалста енегетика Поддршка на енергетскиот сектор Високо образование и наука Стручни здруженија Агенција за енергетика Поддршка на Министерство за економија при подготовка на стратешки документи Водење регистри за електроцентрали на ОИЕ и гаранции на потекло , евиденција за одобренија за мерење на потенцијал на ветер општини Град Скопје Програми за развој на енергетика на локално ниво во согласност со Стратегија за енергетика 5 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Владата е одговорна и за создавањето на поволни услови за зголемување на инвестициите во енергетиката, за поттикнување на конкуренцијата, како и за намалување на енергетската сиромаштија. Во спроведувањето на политиките се вклучени и надлежните министерства, од кои примарна улога има Министерството за економија , односно Секторот за енергетика. Во пружање на поддршка на Владата, преку Министерството за економија, се вклучува и Агенцијата за енергетика , која води регистар на електроцентрали кои произведуваат електрична енергија од ОИЕ, води евиденција на издадени одобренија за мерење на потенцијалот на ветерот за производство на електрична енергија, и регистар на гаранции на потекло 4 . Единиците на локалната самоуправа имаат улога во донесувањето и спроведувањето на програми за енергетика, кои се во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката. Поаѓајќи од барањата за назначување на единствено национално регулаторно тело за енергетика за секоја договорна страна, доделување нови овластувања и должности, како и подобрена транспарентност, кои се изразени во целното законодавство на ЕУ и на ЕнЗ, Законот за енергетика, [2], ги зајакна улогата и надлежноста на РКЕ . Меѓу надлежностите на РКЕ се вбројуваат: го следи функционирањето на енергетските пазари, донесува прописи и тарифни системи и донесува или одобрува методологии за формирање на тарифи за регулираните енергетски дејности, донесува методологии и тарифни системи за испорака на одделни видови енергија и/или енергенси за тарифните потрошувачи, донесува одлуки за цени и тарифи, ги одобрува мрежните правила што ги донесуваат операторите на енергетските системи, донесува правила за снабдување со електрична енергија, правила за снабдување со топлинска енергија и правила за снабдување со природен гас, донесува правила за снабдување со електрична енергија во краен случај и правила за снабдување во краен случај со природен гас, донесува правила за пазарот на електрична енергија и правила за пазарот на природен гас, одлучува по барања за изземање од обврската за пристап на трети страни до енергетските системи или нови интерконективни гасоводи, води регистар на повластени производители и донесува одлука за стекнување на статус на повластен производител на електрична енергија, се грижи за заштита и унапредување на правата на потрошувачите и корисниците на енергетските системи, предлага мерки за поттикнување на кон4 Закон за енергетика, член 3 – Дефиниции, став(1), алинеја 10) „гаранција на потекло“ е документ чија цел е обезбедување на доказ за потрошувачите дека определен удел или определена количина од енергијата е произведена од обновливи извори на енергија куренцијата на енергетските пазари, ги пропишува условите, начинот и постапката и донесува одлуки за издавање, менување, пренесување, суспендирање, одземање и престанок на лиценци за вршење на одделни енергетски дејности и го следи нивното извршување, ги одобрува плановите за развој и изградба на преносните и дистрибутивните системи и го следи нивното спроведување, решава спорови кои настанале меѓу вршителите на регулираните дејности и нивните корисници, вклучувајќи и прекугранични спорови. 1.2 ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Важечката правната рамка на ЕнЗ од областа енергетска ефикасност, вклучувајќи ги Директивата за енергетска ефикасност, Директивата за енергетски перформанси на зградите, Регулативата за обележување на производи зависни од енергија и Директивата за еко-дизајн, е транспонирана во Законот за енергетска ефикасност ,[5], како и преку важечките подзаконски акти донесени пред усвојувањето на овој закон, кој е донесен во февруари 2020. Надлежностите на институциите во спроведувањето на одредбите од законот се прикажани на слика 3. Важно е да се напомене дека множеството правилници[1] кои се усвоени пред донесување на Законот се сѐ уште во важност, а надлежните институции во релативно куси рокови треба да донесат нови. За да се одговори на овој предизвик и да се подигне капацитетот од областа на енергетска ефикасност во надлежното Министерство, веќе е договорена донаторска помош за подготовка на подзаконски акти со кои ќе се утврдат задолжителните механизми за поддршка(МП) на енергетската ефикасност, како и начинот и мерките за постигнување на целите утврдени со член 7 од Директивата за енергетска ефикасност,[6]. Националниот акциски план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ) е важен документ за воспоставување на множество мерки за постигнување на мерливи резултати во период од три години. До сега се усвоени три НАПЕЕ, а во тек е подготовката и на четвртиот НАПЕЕ за периодот 2020 – 2023 година, кој треба да биде поднесен до Владата до крајот на 2020 година. Тој треба да постави нови индикативни цели за енергетска ефикасност, земајќи ја 2015 година како базна,[7]. Според третиот НАПЕЕ, проценетата потрошувачка на примарна енергија во Северна Македонија треба да достигне 3.014 ktoe во 2020 година. Ова значи дека Северна Македонија ќе ја задржи потрошувачката на примарна енергија според„индивидуалната потрошувачка по глава на жител“, поставена за договорните страни на ЕнЗ, која изнесува 3.270 ktoe,[3]. 6 ПРАВНА И ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА С лика 3 Воопштен приказ на институционални надлежности во спроведување на Законот за енергетска ефикасност Закон за енергетска ефикасност Правилник за технички карактеристики за алатката за следење и верификација на мерки Влада Агенција за енергетика Министерство за економија Да постави, одржува и надградува веб базирана алатка за следење и верификација на имплементацијата на мерките за енергетска ефикасност Други активности поврзани со примена на мерки за енергетска ефикасност Уредба за националните цели за енергетска ефикасност Уредба за еко- дизајн на производи Национален акциски план за енергетска ефикасност Долгорочна стратегија за реконструкција на јавните, комерцијалните и зградите за домување Множество правилници поврзани со енергетска ефикасност 1.3 ЖИВОТНА СРЕДИНА Регулативата од областа животна средина опфаќа неколку важни аспекти, односно проценка на влијанието од ефектите на одредени проекти, планови и програми врз животната средина, квалитетот на амбиентниот воздух, ограничувањата за емисија на штетни гасови од големите постројки со внатрешно согорување, како и нови или потполно реновирани електрани кои користат фосилни горива. Сите тие, преку транспонирање на неколку директиви од европското законодавство се транспонирани во неколку закони и подзаконски акти. Така, Директивата 2011/92/ЕУ за проценка на ефектите на одредени јавни и приватни проекти врз животната средина и Директивата 2001/42/ ЕК за проценка на ефектите од одредени планови и програми врз животната средина,[8], се ефективно транспонирани преку Законот за животна средина 5 и односните подзаконски акти. Амандманите на Директивата 2011/92/ЕУ, кои се воведени преку Директивата 2014/52/ЕУ, сѐ уште не се транспонирани. Законот за квалитет на амбиентниот воздух 6 и придружната секундарна легислатива 7 , пак, ја транспонираат Директивата(ЕУ) 2016/802 која се однесува на намалување на содржината на сулфур во одредени течни горива. Директивата 2001/80/ЕК за ограничување на емисиите на одредени загадувачи во воздухот од големите постројки со внатрешно согорување, која се однесува на постојните термоелектрани и Директивата 2010/75/ЕУ за емисии од индустријата, која ја регулира изградбата на нови електрани на фосилни горива или електрани кај кои е извршено потполно реновирање, се во потполност транспонирани преку Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот 8 . Усвојувањето на нов закон за емисии од индустриски постројки е одложено за новиот законодавен период 2020 – 2024 година,[8]. За транспонирање и имплементација на европското право во областа на животната средина надлежно е Министерството за животна средина и просторно планирање , кое освен спроведувањето на законите од областа животна средина, дел од надлежностите ги црпи и од соодветните подзаконски акти,[1]. 5 Закон за животната средина,„Службен весник на Република Македонија“, бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14 и 44/15 6 Закон за квалитетот на амбиентниот воздух,„Службен весник на Република Македонија“, бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12 и 100/12, http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16548 7 http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16548 8 Правилник за формата и содржината на обрасците на доставување на податоците од емисиите во амбиентниот воздух од стационарни извори, начинот и временскиот период на доставување согласно капацитетот на инсталацијата, содржината и начинот на водење на дневникот на емисии во амбиентниот воздух,„Службен весник на Република Македонија“, бр. 79/11 од 13.06.2011 година 7 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 1.4 КЛИМА Одредбите поврзани со областа клима засега се вклучени само во Законот за животна средина , а во тек е подготовка на посебен закон за климатска акција кој ќе овозможи транспозиција на Регулативата(ЕУ) 525/2013, која се однесува на механизмот за следење и известување за емисиите на стакленички гасови. Законот за животна средина, вклучува и одредби поврзани со националниот инвентар на антропогени стакленички гасови, но недостасуваат одредби кои ги дефинираат надлежностите и обврските за известување, што пак претставува важно барање за имплементација на одредбите од Регулативата(ЕУ) 525/2013. Во овој контекст, важно е да се спомене дека од 2000 година, Северна Македонија го подготвува својот Инвентар на стакленички гасови, користејќи ја методологијата на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) од 1996 и 2006 година. Последниот Национален инвентарен сумарен извештај е поднесен до Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации во 2014 година, заедно со Третата национална комуникација за климатски промени. Податоците за емисиите на стакленички гасови се верификувани од страна на Македонска академија на науките и уметностите(МАНУ). Законот за животна средина, дава правен основ за подготовка и усвојување на национален план за климатски промени од страна на Владата, кој треба да содржи проекции за емисиите на стакленички гасови и анализи за нивно намалување. Проценките на потенцијалите и проекциите за ублажување на емисиите се дел од секој извештај кон Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации, уште од 2000 година, како и Национално утврдените придонеси(NDCs). Со донесувањето на препораката на Министерскиот совет на ЕнЗ во 2018 година за подготовка на задолжителни интегрирани НПЕК, Северна Македонија направи значајни постигнувања во оваа област. Имено, НПЕК, кои покриваат период десет години, почнувајќи од 2021-2030, практично, претставуваат механизам за постигнување на целите и целните проценти на Регулативата за владеење[9]. Оваа Регулатива ги интегрира сите правни акти од ЧЕСЕ во единствена акција и ја нагласува важноста на постигнувањето на целите во областите енергетика и клима до 2030 година. Оттука, тоа што Република Северна Македонија е прва меѓу договорните страни на ЕнЗ која ја поднесе својата нацрт-верзија на НПЕК, претставува особено значаен исчекор на земјата кон интензивирање на националните активности во областа клима. 8 АНАЛИЗА НА ДОСИГНУВАЊАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО 2 АНАЛИЗА НА ДОСИГНУВАЊАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО Деталниот преглед во[1], како и кусиот преглед од претходното поглавје јасно покажува дека Законот за енергетика[2] е основата за спроведување на обемниот реформски процес за примена на европското право во областа на енергетиката. Имплементацијата на овој Закон и придружните подзаконски акти кои се донесени од надлежните институции ја става Северна Македонија во договорните страни на ЕнЗ кои во своето национално законодавство го транспонирале Третиот пакет на законодавство за внатрешен пазар на електрична енергија и природен гас на ЕУ(Трет пакет). Во продолжение на ова поглавје, направен е преглед на најважните подзаконски акти и други документи, кои вршат додефинирање на законската волја во областите од непосреден интерес на овој текст – пазар на електрична енергија, искористување на ОИЕ и енергетска ефикасност. Покрај тоа, нотирани се и основните структурни и институционални реформи и други активности, кои се реализирани во правец на усогласување со одредбите на последниот Закон за енергетика,[2]. 2.1 ПАЗАР НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА На сликата 4 се прикажани дел од законските акти донесени или одобрени од надлежните институции, а со кои се овозможуваат позначајните реформски постигнувања поврзани со имплементацијата на европското законодавство. Имено, со имплементацијата на Законот за енергетика и завршувањето на процесот на сопственичко раздвојување на операторот на преносниот систем(ОПС)- МЕПСО, задоволено е едно од клучните барања воведени со Третиот пакет. Дополнително, успешно е завршен процесот на сертификација на МЕПСО како ОПС. Проширувањето на надлежноста на РКЕ и имплементацијата на Третиот пакет ѝ овозможи на РКЕ да аплицира за членство во работните тела на ACER, што треба да придонесе за понатамошно унапредување на работата на ова тело. На сликата 4 е прикажан уште еден многу важен чекор кој придонесува кон процесот на имплементација на пазарните мрежни правила, а тоа е воспоставувањето на националниот оператор на организиран пазар на електрична енергија – МЕМО, што е исклучително достигнување меѓу страните на ЕнЗ. Уште позначајно е тоа што во септември 2020 година, со Одлука на Владата, МЕМО е назначен за NEMO, што е во согласност со пазарните мрежни правила. Всушност, земјава е прва од договорните страни на ЕнЗ која спровела ваква одлука 9 . Иако процесот на воспоставување на организиран пазар на електрична енергија се одолговлекува извесен период, во текот на 2019 и 2020 година МЕМО спроведува низа активности за воспоставување на првиот организиран пазар(пазар ден однапред и пазар во тековниот ден) во Северна Македонија, како и за негово спојување со соседните пазари во единствениот пазар на електрична енергија на ЕУ 10 ,[10]. Овие активности се чекори кон достигнување на Европскиот целен модел на пазарот, за кој, „ како единствен случај помеѓу сите договорни страни, мрежните правила на ЕУ кои се досега усвоени од ЕнЗ во секторот електрична енергија 11 се директно применливи во правото на Северна Македонија, според Законот за енергетика, без потреба од нивно формално транспонирање во посебен правен акт.“[8] По донесувањето на Законот за енергетика и низа подзаконски акти, детално наведени во[1], дојде и до целосна трансформација на пазарот на електрична енергија на големо и мало. Воопштен приказ на достигнувањата е прикажан на слика 5. 9“North Macedonia becomes first Contracting Party to designate market operator in line with EU CACM”, https://www.energycommunity.org/news/Energy-Community-News/2020/09/14.html 10 МЕПСО, односно МЕМО, има потпишано Меморандуми за разбирање за спојување на пазарите(market coupling) со Бугарија и Албанија, а во 2020 година преговара и со Грција. Спојувањето на пазарите ден однапред меѓу Северна Македонија и Бугарија е проектирано за 2022 година, http://memo.mk/Public/ Post.aspx?id=32fafd22-eba3-4fc4-be0b-1223e7f41500 11 Овие мрежни правила се детално наведени во потпоглавјето 3.5 од[1]. Притоа, Регулативата(ЕУ) 2016/1447 за мрежни правила за приклучување на високонапонски системи за еднонасочна струја на преносната мрежа не се зема предвид, бидејќи во Северна Македонија не се имплементирани вакви електоенергетски системи 9 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА С лика 4 Приказ на клучните достигнувања од имплементацијата на законодавството на ЕнЗ Собрание на Северна Македонија Институција одобрени Правни акти Закон за енергетика Правилник за сертификација на оператор на електропреносен систем и оператор на систем за пренос на природен гас Правила за пазар на електрична енергија РКЕ Правила за пазар на електрична енергија Правила за балансирање на електроенергетскиот систем Правила за доделување на прекугранични преносни капацитети Правила за алокација на прекугранични преносни капацитети( граници Србија и Бугарија) Правила за набавка на електрична енергија за покривање на загубите( за преносни и дистрибутивни мрежи) Влада Уредба за работењето на операторот на организираниот пазар на електрична енергија и за потребните технички, кадровски и финансиски услови што треба да ги исполни Процеси Сопственичко раздвојување Постапка за пренос на сопственоста на акциите на ОПС( МЕПСО) од Владата на Министерството за транспорт и врски Поставување на службеник за усогласеност Сертификација на ОПС Барање за сертификација на ОПС Предлог- одлука за сертификација на ОПС од РКЕ до Секретаријат на ЕнЗ Секретаријатот на ЕнЗ достави позитивно мислење по предлог одлуката РКЕ донесе одлука за сертификација на МЕПСО како ОПС Апликација за учество во работните тела во ACER( јуни 2019) Предуслов – имплементација на третиот пакет Клучни барања од европското право Ефективно раздвојување на дејностите за пренос на енергијата од интересите на производителите и снабдувачите Назначување на единствено национално регулаторно тело за енергетика( НРТЕ) за секоја договорна страна, доделување нови овластувања и должности, како и подобрена транспарентност. Назначување на NEMO Воспоставување на национален оператор на организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија- МЕМО Назначување на МЕМО за номиниран оператор на пазарот на електрична енергија- NEMO Процес за имплементација Примена на мрежни правила за приклучување на ЕУ усвоени од ЕнЗ Примена на пазарни мрежни правила на ЕУ С лика 5 Достигнувања и процеси поврзани со либерализација на пазарите на електрична енергија Правни акти Пазар на големо Закон за енергетика Правила за пазар на електрична енергија Правила за балансирање на електроенергетскиот систем Пазар на мало Закон за енергетика Правила за снабдување со електрична енергија Достигнувања ЕСМ не е регулиран производител( РКЕ не ја одредува цената) ЕСМ нема обврска да обезбедува моќност и енергија за балансирање Балансна одговорност за ЕСМ МЕПСО набавува помошни услуги на пазарно ориентиран и транспарентен начин Секој потрошувач одбира свој снабдувач Воспоставен Универзален снабдувач Воспоставен Снабдувач во краен случај Процеси Комерцијализација на најголемиот производител на електрична енергија – ( постапно ослободување од обврска за продажба на електрична енергија на Универзалниот снабдувач) Организирање на годишни аукции за резерви за секундарна регулација и месечни аукции за резерви за терциерна регулација Проблем на слаба конкуренција( мал пазар) Цели Потполна либерализација на пазарите на електрична енергија Според Проценката за имплементацијата на правото на ЕнЗ во Северна Македонија,[8], се смета дека со спроведените активности за имплементација на Законот за енергетика и развивањето и донесувањето на секундарното законодавство, пред се преку експертизата на РКЕ, воспоставен е „напреден модел на пазар на електрична енергија со висок степен на отвореност.“[8] Сепак, процесот на усогласување со европското право не е завршен, затоа што предизвиците за договорните страни на ЕнЗ се обновуваат во чекор со развојот на европското законодавство [1]. Оттука, може да се очекува дека и транспонирањето на актите од новиот пакет, ЧЕСЕ, како и останатите мрежни правила на ЕУ, ќе бидат наскоро воведени во законодавството на ЕнЗ . 10 АНАЛИЗА НА ДОСИГНУВАЊАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО Во табела 1 е даден приказ на сублимираните достигнувања во областа на пазарите на електрична енергија, како и областа сигурност во снабдување, која е тесно поврзана со интеграцијата на пазарите на електрична енергија. Според Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2020, Патоказот за спојување на пазарот на електрична енергија со Бугарија чека на исполнување на условите и воспоставување на организираниот пазар на електрична енергија. Во овој извештај исто така се напоменува дека независноста на РКЕ се попречува од политичко мешање. 2.2 ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА Деталниот преглед[1] посочува дека донесувањето на Законот за енергетика[2] воведува значајни промени во областа на ОИЕ со цел зголемување на електричната енергија произведена од ОИЕ и унапредување на МП за ОИЕ во согласност со Упатства за државна помош за заштита на животната средина и за енергија 2014 до 2020 година од Европската комисија[11] и насоките издадени од Секретаријатот на ЕнЗ[12]. Најзначајните промени се однесуваат на воведувањето на повластените премии(ПП), кои се воведуваат како МП покрај веќе постоечките повластени тарифи(ПТ). Исто така, за прв пат се овозможува потрошувачите да инсталираат фотонапонски и други системи за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена енергија да го предадат во електродистрибутивната мрежа. На слика 6 се прикажани донесените акти од надлежните институции со чија примена се овозможуваат процесите за воведување на ПП, иновирање на ПТ и доуредување на примената на електричните централи на ОИЕ. Крајната цел на овие тековни процеси е зголемување на производството на електрична енергија од ОИЕ, но и намалување на субвенциите за производство на електрична енергија од ОИЕ, по пат на спроведување конкурентни постапки во процесот на доделување статус на повластен производител. Досегашното искуство од примената на ПТ покажува дека овој МП овозможи продор на технологиите за производство на електрична енергија од ОИЕ. Т абела 1 Достигнувања во областа пазари на електрична енергија и сигурност во снабдувањето- резиме Област Пазар на електрична енергија Сигурност во снабдувањето Процес/донесени акти ОПС е раздвоен и сертифициран ОДС е правно и функционално раздвоен МЕМО е воспоставен MEMO e назначен за NEMO РКЕ е воспоставена и независна Организираниот пазар(ден однапред и дневен) е функционален Донесени се нови Правила за пазар на електрична енергија Донесени се Правила за балансирање на електроенергетскиот систем Пазарот на големо е либерализиран Пазарот е на мало е либерализиран Универзалниот снабдувач е избран во конкурентна постапка Снабдувачот во краен случај е избран во конкурентна постапка Донесени Мрежни правила за пренос со вклучени група мрежни правила за приклучување на ЕУ Донесена Стратегија за енергетика Донесена Програма за реализација на Стратегијата за енергетика Донесена годишна програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија(донесена е за 2020, на крајот на тековната година се донесува за следната) Донесен плански енергетски биланс(донесен е за 2020, на крајот на тековната година се донесува за следната) Учество во регионалната канцеларија за аукција на преносни капацитети Спојување на пазарот на електрична енергија со Бугарија Статус 11 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА С лика 6 Процеси поврзани со примена на ОИЕ Институција Правни акти Закон за енергетика Влада Одлука за националните задолжителни цели за учеството на енергија произведена од обновливи извори во бруто- финалната потрошувачка на енергија и за учеството на енергија произведена од обновливи извори во финалната потрошувачка на енергија во транспортот Програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година. Одлука за вкупната инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија Уредб a за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија Министер ство за економија Програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2019 година Тендерска постапка со аукција за избор на повластен производител кој користи ПП Правилник за обновливи извори на енергија Статус на повластен производител кој користи ПТ Правилник за повластени производители коишто користат ПТ Одобрени за МЕМО Образец на Договор за откуп на електрична енергија произведена од РКЕ повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија којшто користи ПТ Образец на Анекс на Договор за откуп на електрична енергија произведена од повластен производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија Процеси Цели Процес на воведување на ПП Процес на иновирање на ПТ Гаранции за потекло Услови за работа на електрани на ОИЕ Зголемување на учеството на ОИЕ во производство то на електрична енергија Намалување на субвенциите за производство на електрична енергија од ОИЕ Понатамошниот развој на оваа област не зависи само од воведувањето на ПП, туку и од развојот на конкурентен пазар на електрична енергија, но и од постапното воведување на балансна одговорност за повластените производители на електрична енергија. Дополнително, процесите за спојување на пазарите во регионот и воведувањето на прекугранични механизми за искористување на обновливата енергија би требало да дадат позитивен импулс на искористувањето на ОИЕ за производство на електрична енергија. 2.3 ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Слично како и Законот за енергетика[2], и Законот за енергетска ефикасност[5] е усогласен со барањата на задолжителното законодавство усвоено од ЕнЗ. Сепак, за целосна имплементација на Законот потребно е донесување на множество подзаконски акти кои треба да овозможат транспонирање и на преостанатите регулативи на ЕУ поврзани со енергетска ефикасност. Како што е опишано во претходното поглавје, веќе се отпочнати подготвителни активности за донесување на новите подзаконски акти. Овој процес бара зголемување на капацитетите на Министерството за економија, кое е надлежно за оваа област. Всушност, токму недостатокот на капацитети во Министерството се вбројува меѓу бариерите за намалување на временскиот период потребен за донесување на потребните акти. Во контекст на искористувањето на ОИЕ и подобрување на енергетската ефикасност, Министерството за економија има донесено годишна Програма за промоција на ОИЕ и енергетска ефикасност во домаќинствата, и тоа за 2018 и за 2019 година. Според изложеното во[1], а и во претходното поглавје, донесувањето на НАПЕЕ е важно заради воспоставување мерки за постигнување на мерливи резултати во областа на енергетската ефикасност во даден тригодишен период. Всушност, врз основа на извештајот за третиот НАПЕЕ[13], поднесен до Секретаријатот на ЕнЗ, е извршена и проценката за постигнувањата од оваа област. Важно е да се забележи дека степенот на севкупна имплементација на важечкото право на ЕнЗ за енергетска ефикасност на први ноември 2019 изнесува 49%, додека според најновиот извештај на Секретаријатот на ЕнЗ[14], со статус од први ноември 2020, постигнат е степен на имплементација од 58%. Специфичните достигнувања по одредени сегменти од областа се прикажани на слика 7. Според[3], се забележува намалување на потрошувачката на примарна енергија, кое се должи како на зголемениот увоз на електрична енергија и нафтени деривати, така и во одредена мера, на 12 АНАЛИЗА НА ДОСИГНУВАЊАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО С лика 7 Степен на имплементација на законодавството од ЕнЗ според индикаторите за енергетска ефикасност 13 постигнато ниво на имплементација (%) Степен на севкупна имплементација за ен. ефикасност: 58% 2019/2020 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0% Цели и мерки за Ен. ефикасност во Финансирање на Ен. ефикасност на Ен. ефикасност во ен. ефикасност згради ен. ефикасност производи греење и ладење индикатори за енергетска ефикасност примената на мерки за зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на ОИЕ. Како што е напоменато и во претходното поглавје, четвртиот НАПЕЕ за периодот 2020 – 2023 година, кој треба да постави нови цели за енергетска ефикасност, треба да биде поднесен до Владата до крајот на 2020 година. 2.4 ЖИВОТНА СРЕДИНА Во претходното поглавје, а во повеќе детали во [1], е даден приказ на транспонираните директиви, и тоа главно, во Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиентниот воздух, Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот, како и односните подзаконски акти. Како што е забележано во[1], усвоен е и Државниот план за намалување на емисиите од големите постројки со внатрешно согорување во април 2017 година, чија имплементација започна од 1 јануари 2018 година. Во овој контекст, особено важно е да се напомене дека не се утврдени електрани изземени од примената на мерките предвидени со Директивата 2001/80/ЕК за ограничување на емисиите на одредени загадувачи во воздухот од големите постројки со внатрешно согорување и Директивата 2010/75/ЕУ за емисии од индустријата заради ограниченоста на нивниот животен век,[8]. Исто така, земјава ги исполнува своите обврски за известување за загадувачите преку испраќање податоци до Европската агенција за животна средина 12 ,[8]. 12 https://www.eea.europa.eu/ На слика 8 е даден приказ на степенот на имплементација во областа животна средина од последниот извештај на Секретаријатот на ЕнЗ[14], изразен преку соодветните индикатори. Обврска на Република Северна Македонија е да изврши транспонирање на Директивата 2014/52/ЕУ, со која се воведуваат амандмани на веќе транспонираната Директивата 2011/92/ЕУ. Исто така, во обврските влегува и усвојувањето на нов закон за емисии од индустриски постројки, што е одложено за новиот законодавен период 2020 – 2024 година,[8]. 2.5 КЛИМА Според изложеното во[1], а и водејќи се од податоците за степенот на имплементација на задолжителното законодавство на ЕнЗ во областа клима 14 , Република Северна Македонија покажува напредок во оваа област. Сепак, засега, одредби во однос на климата се воведени единствено во Законот за животна средина. Подготовката на посебен закон за климатска акција, вклучувајќи ја и транспозицијата на Регулативата(ЕУ) 525/2013, која се однесува на механизмот за следење и известување за емисиите на стакленички гасови, е во завршна фаза и се очекува законот да се донесе до крајот на 2020 година. Имено, заради имплементација на суштинските елементи од Регулативата(ЕУ) 525/2013, нашата земја веќе има подготвено соодветна проценка, во која предвид е земено и барањето за воспоставување на правни и институционални предуслови. 13 https://energy-community.org/implementation/North_Macedonia.html 14 https://www.energy-community.org/implementation/North_ Macedonia/CLIM.html 13 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА С лика 8 Степен на имплементација на законодавството од ЕнЗ според индикаторите за животна средина 15 постигнато ниво на имплементација (%) Степен на севкупна имплементација за животна средина: 61% 2019/2020 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0% Влијание врз животната Сулфур во горивата Емисии од големи Заштита на природата средина/ стратешка постројки со внатрешно проценка согоруавање и од индустријата индикатори за животна средина Проценката препорачува дека се потребни понатамошни активности околу Инвентарот на стакленички гасови, политиките и проекциите за ублажување на климатските промени, како и политиките за адаптација и мерките пропишани со Регулативата. 16 Изложувањето во[1] посочува дека Законот за животна средина дава правен основ за подготовка и усвојување на национален план за климатски промени од страна на Владата, што пак е поврзано со обврската за усвојување на нискојаглеродни развојни стратегии. Планот треба да содржи проекции за емисиите на стакленички гасови, како и анализи за нивно намалување. Работата на долгорочната стратегија за климатска акција е веќе започната и треба да биде донесена до крајот на 2020 година. Покрај тоа, Комуникациската стратегија и Акцискиот план за климатски промени 17 , усвоени во 2014 година, предвидуваат интеграција на климатските приоритети во развојните планови на земјата и во програмите за работа на релевантните сектори преку зајакнување на базите на податоци, како и на аналитичките и институционалните капацитети на клучните државни институции. договорни страни на ЕнЗ и одделни соседни земји членки на ЕУ. Секретаријатот на ЕнЗ веќе го објави мислењето по нацрт-верзијата на НПЕК на Северна Македонија, според кое се укажува дека планот дава солидна основа за финализација на НПЕК и дава насоки за подобрување на одделни делови од планот 18 . Регионалниот пристап и соработка се особено важни за одделни области од НПЕК, односно интеграција на пазарите на електрична енергија, прекуграничните механизми за искористување на обновливата енергија, ризиците и безбедносните закани во енергетските мрежи и критичната инфраструктура и транспортот. Како што е веќе изложено во[1], НПЕК треба да донесат планови и да предвидат соодветна буџетска рамка за истражување и иновации во областите клима и енергија, унапредување на конкурентноста и намалување на енергетската сиромаштија. Според последниот извештај на Секретаријатот на ЕнЗ[14], постигнат е напредок во степенот на имплементација на важечкото право од ЕнЗ за 32% во однос на претходната година, што може да се забележи и на сликата 9. Особено значајно достигнување во оваа област е изработката на нацрт-верзија на НПЕК. Важно е да се напомене дека Република Северна Македонија е прва меѓу договорните страни која ја изврши оваа обврска. Во тек се консултации со останатите 15 https://energy-community.org/implementation/North_Macedonia.html 16 http://www.moepp.gov.mk/?page_id=4749 17 http://www.moepp.gov.mk/?page_id=368 18 https://energy-community.org/news/Energy-CommunityNews/2020/11/24.html 14 АНАЛИЗА НА ДОСИГНУВАЊАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО С лика 9 Степен на имплементација на законодавството од ЕнЗ според индикаторите за клима 19 постигнато ниво на имплементација (%) Два индикатора и севкупна проценка(+32% промена) 2019/2020 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0% Системи за мониторирање и Национален план за известување на емисии на енергетика и клима( НПЕК) стакленички гасови Вкупно индикатори за клима 19 https://energy-community.org/implementation/North_Macedonia.html 15 Фондација„Фридрих Еберт“ – АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЛИТЕРАТУРА [1] В. Борозан, А. Крколева Матеска, П. Крстевски,„Правна рамка на електроенергетскиот сектор во Република Северна Македонија и нејзина меѓународна позиција“, Friedrich-Ebert-Stiftung(FES), Скопје, ноември 2020 година, ISBN 978-9989-109-97-3 [2] Закон за енергетика, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 96/18 и 96/19, http://www.erc.org.mk/pages. aspx?id=8 [3] Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 25/20, http://www.economy.gov.mk/ doc/2759 [4] PARLIAMENT, THE COUNCIL, THE EUROPEAN ECONOMIC AND SOCIAL COMMITTEE, THE COMMITTEE OF THE REGIONS AND THE EUROPEAN INVESTMENT BANK A Framework Strategy for a Resilient Energy Union with a Forward-Looking Climate Change Policy, COM/2015/080, 25 February 2015, https://eur-lex.europa.eu/legalcontent/EN/TXT/?uri=COM%3A2015%3A80%3AFIN [5] Закон за енергетска ефикасност, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 32/20, http://www.economy.gov.mk/ doc/2766 [6] DIRECTIVE(EU) 2018/2002 OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL of 11 December 2018 amending Directive 2012/27/ EU on energy efficiency(Text with EEA relevance), 11 December 2018, https://ec.europa.eu/energy/topics/energy-strategy/cleanenergy-all-europeans_en#documents [7] Ministry of Economy of the Republic of North Macedonia, Fourth Annual Report Under the Energy Efficiency Directive, June 2020, https://www.energy-community.org/implementation/North_Macedonia/reporting.html [8] Energy Community Secretariat,“Assessment of the Application of Community Law in a Third Country – North Macedonia”, For the purpose of participation of the Energy and Water Services Regulatory Commission of North Macedonia in Working Groups of the Agency for the Cooperation of Energy Regulators, 28 January 2020 [9] Regulation(EU) 2018/1999 of the European Parliament and of the Council of 11 December 2018 on the Governance of the Energy Union and Climate Action, amending Regulations(EC) No 663/2009 and (EC) No 715/2009 of the European Parliament and of the Council, Directives 94/22/EC, 98/70/EC, 2009/31/EC, 2009/73/EC, 2010/31/ EU, 2012/27/EU and 2013/30/EU of the European Parliament and of the Council, Council Directives 2009/119/EC and(EU) 2015/652 and repealing Regulation(EU) No 525/2013 of the European Parliament and of the Council(Text with EEA relevance.), 11 December 2018, https://ec.europa.eu/energy/topics/energy-strategy/cleanenergy-all-europeans_en#documents [10] ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за работа на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во 2019 година, мај 2020 година, https://www.erc.org.mk/pages. aspx?id=18. [11] European Commission,“Guidelines on State aid for environmental protection and energy 2014-2020”, Official Journal of the European Union 2014/C 200/01 [12] Energy Community Secretariat,“Policy Guidelines on the Reform of the Support Schemes for Promotion of Energy from Renewable Sources”, PG 05/2015 [13] Трет национален акциски план за енергетска ефикасност до 2020 година, https://www.energy-community.org/implementation/North_Macedonia.html [14] Energy Community Secretariat,“2020 Annual Implementation Report”, November 2020, https://www.energy-community.org/implementation/IR2020.html 16 ЛИСТА НА КРАТЕНКИ ЕнЗ ЕСМ ЕУ МАНУ МЕМО МЕПСО МП НАПЕЕ НПЕК НРТЕ ОПС ОИЕ ПП ПТ РКЕ Трет пакет ЧЕСЕ ACER GHG IPCC NDCs NEMO O&M Енергетска заедница Електрани на Северна Македонија Европска Унија Македонска академија на науките и уметностите Национален оператор на организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија Македонски електропреносен систем оператор Механизам за поддршка Национален акциски план за енергетска ефикасност Национален план за енергетика и клима Национално регулаторно тело за енергетика, National Regulatory Authority for Energy(NRE) Оператор на преносен систем Обновливи извори на енергија Повластена премија Повластена тарифа Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија Трет пакет на законодавство за внатрешен пазар на електрична енергија и природен гас на Европската унија Зимски пакет на законодавство на ЕУ за енергетика и клима или Чиста енергија за сите Европејци Агенција за соработка на државните регулаторни тела за енергетика на ЕУ, European Union Agency for the Cooperation of Energy Regulators Стакленички гасови, Green House Gases Меѓувладин панел за климатски промени, Intergovernmental Panel on Climate Change Национално утврдени придонеси, Nationally determined contributions Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија, Nominated Electricity Market Operator Работа и одржување, Operation& Maintenance ЛИСТА НА КРАТЕНКИ 17 ЗА АВТОРИТЕ ЗА ИЗДАВАЧОТ Весна Борозан е редовен професор на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии(УКИМ/ ФЕИТ), во областа електрични мрежи и системи. Во текот на својата професионална кариера, во 1997 година престојува на Државниот универзитет на Северна Каролина, САД, во звањето пост-докторант, во 1999 година е визитинг професор на Папскиот католички универзитет во Сантијаго де Чиле, Чиле, а во 2001 година има двомесечен студиски престој за развој на нови наставни програми на Државниот технички универзитет на Атина, Грција. Подоцна, станува раководител или учесник на повеќе меѓународни и национални проекти со цел унапредување на знаењата и практиките од соодветната област и е автор или коавтор на повеќе од стотина научноистражувачки трудови. Тековно, од страна на УКИМ/ФЕИТ, таа е раководител на научно-истражувачкиот проект CROSSBOW од програмата Хоризонт 2020 на Европската унија. Во периодот 2002 – 2005 година, ползувајќи ја довербата на Владата и позицијата на специјален пратеник на премиерот, проф. Борозан активно учествува во преговорите за потпишување на Договорот за Енергетска заедница. Во нејзината наставно-научна и апликативна дејност, заложбите за либерализација на пазарот и транзиција на енергетскиот сектор на Република Северна Македонија, преовладуваат и ден-денес. Александра Крколева Матеска е вонреден професор на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии(УКИМ/ФЕИТ), во областа електрични мрежи и системи. Истражува во полето на интелигентни електроенергетски мрежи, вклучување на обновливи извори на електрична енергија во дистрибутивни мрежи и микро-мрежи, пазари на електрична енергија и регулатива поврзана со овие области. До сега остварила неколку студиски престои, меѓу кои на Универзитетот во Манчестер, Обединето Кралство, Универзитетот во Росток, Германија и Државниот технички универзитет во Атина, Грција. Автор е и коавтор на повеќе од шеесет научноистражувачки трудови. Како член на УКИМ/ФЕИТ учествува во неколку меѓународни проекти финансирани од различни програми на Европската комисија. Член е на IEEE и CIGRE. Фондација„Фридрих Еберт“ канцеларија Скопје Бул. 8-ми Септември 2/2-5 1000 Скопје, Северна Македонија Oдговорно лице: Ева Елерајт| Директорка Тел.:+389 2 3093-181/-182 www.fes-skopje.org Контакт: contact@fes-skopje.org Ставовите изразени во оваа публикација нужно не ги отсликуваат ставовите на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Се забранува комерцијално користење на сите изданија на Фондацијата „Фридрих Еберт“(ФЕС) без претходна писмена согласност од ФЕС. Дизајн и печат: Петар Крстевски е доцент на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за електротехника и информациски технологии(УКИМ/ФЕИТ), во областа електроенергетски системи. Неговата област на истражување се регионалното интегрирање на пазарите на електрична енергија и помошни услуги, прекугранична координација на работата на електроенергетските системи, интегрирање на обновливи извори на енергија во пазарите на електрична енергија и регулативата поврзана со овие области. Активно бил вклучен во повеќе меѓународни проекти финансирани од Европската комисија и Кралството Норвешка од кои најзначајни се SEETSOC и CROSSBOW, како и во неколку национални студии од неговото поле на интерес. Во 2016 година остварил студиски престој во консултантската компанија THEMA, во Осло, Норвешка, каде учествувал во изработката на анализи на пазарите на електрична енергија за регионот на Југоисточна Европа. Автор е и коавтор на повеќе од четириесет научноистражувачки трудови. АНАЛИЗА НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Со намера да ја отслика тековната позиционираност на правото од областа на електроенергетиката на Република Северна Македонија во меѓународни рамки, овој труд, најнапред, ги утврдува основните определби на државата, земајќи ги предвид стратешките и гео-политички определби, како и ратификуваните меѓународни договори кои се релевантни за областа. Краткиот преглед, веднаш, го лоцира интересот на нашата земја кон политичката сфера на ЕУ, како и потребата за соодветно усогласување на националното право. Исто така, лесно е воочено дека патот до„европско усогласување“ во електроенергетиката оди преку соработка и исполнување на обврските преземени со Договорот за ЕнЗ. Овој договор е значаен и заради фактот што тој е прв законски-обврзувачки договор кој Северна Македонија го има склучено со ЕУ. Навременото исполнување на обврските и воопшто, целокупниот однос на надлежните институции, стручната и пошироката јавност кон овој договор, проектира слика за подготвеноста и сериозноста на реформите во процесот на пристапување на нашата држава кон ЕУ.