Климатска акција. Социјална. Праведна. Прирачник со аргументи за правично и еколошко општество Благодарност Оваа публикација не ќе постоеше без поддршката на огромен број проектни партнери и колеги. Нацрт-верзиите беа ревидирани од нашите партнери во Брисел, Германија, Северна Македонија, Романија и Словачка, а повеќе од 30 колеги од Фондацијата „Фридрих Еберт“ од целиот свет ни помогнаа со драгоцени коментари на различни делови од прирачникот. Нашиот јазичен уредник, г-ѓа Карла Велч ни помогна од текстовите да создадеме„единствен глас“, усогласувајќи ги различните стилови на пишување на осумте коавтори на ова дело. И на крај, но еднакво важно, нашата колешка од ФЕС, Мари Маер ни помогна во целокупниот процес на создавање на прирачникот од самиот почеток, па до крајот, грижејќи се за секој најмал детаљ со извонредна лична и професионална посветеност. 4 – Содржина СОДРЖИНА Предговор Страница 6 Итно ни е потребна амбициозна климатска политика. Ако сакаме оваа политика да биде одржлива и успешна, неопходно е таа да биде и социјално праведна. Овој прирачник содржи низа аргументи кои ни појаснуваат што можеме како општество да направиме сега, пред да биде предоцна. Вовед Страница 10 Во овој прирачник со аргументи ги отсликуваме правилата за најдобри пракси на ефективна климатска комуникација. Во воведот ја прикажуваме структурата на прирачникот и поглавјата од кои е сочинет, и набројуваме што треба да применуваме, а што да избегнуваме во климатската комуникација. 1 страница 14 Амбициозна климатска акција за социјална правда и еднаквост Климатските промени ги загрозуваат темелите на нашето постоење. Сепак, напредните климатски мерки можат да ја намалат постојната социјална неправда, како во светот, така и на национално ниво. Социјалдемократите отсекогаш се бореле за социјална правда. Тие успешно се справувале со најкрупните промени од минатото на социјално праведен начин и можат да се повикаат на богата ризница на инспиративни концепти за еколошка и социјална одржливост. 4 страница 66 Социјално праведна енергетска трансформација Со промовирање на енергетска транзиција, ќе се постигнат четири цели кои ќе го унапредат нашето општество. Прво, обновливата енергија ќе ги демократизира нашите електроенергетски системи и инфраструктура. Второ, ќе ни помогне да обезбедиме пристап до евтина и сигурна енергија за сите: работниците, бизнисите и потрошувачите. Трето, ова исто така ќе ни помогне да ја ограничиме климатската криза и придружните социјални влијанија. И, конечно, обновливите извори на енергија ќе го подобрат индивидуалното и јавното здравје. 5 страница 88 Социјално праведна трансформација во мобилноста Трансформацијата на мобилноста ни нуди огромни можности за подобрување на квалитетот на нашето живеење. Таа е потребна и веќе се случува затоа што стотици градови веќе ги применуваат концептите на паметна и одржлива мобилност што го прават животот на нивните граѓани поздрав, урбаните простори стануваат попријателски настроени кон заедницата, локалните економии стануваат посилни, општествата поправични, а животната средина почиста за нас и за идните генерации. Содржина – 5 2 страница 34 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места 3 Комбинирање на мегатрендови страница 52 За да изградиме општество и економија кои повеќе нема да зависат од високо-јаглеродни фосилни горива(„декарбонизација“), ќе бидат потребни огромни инвестиции и технички и социјални иновации. Во исто време, тоа ќе претставува можност за креирање нови и безбедни работни места, развој на нови производи и дизајнирање на нови бизнис-модели во различни индустрии. Декарбонизацијата не е единствената трансформација на која сме сведоци во денешницата. Дигитализацијата, демографските промени и променетите облици на работа ќе остават значителен белег на тоа како и кога работиме. 6 страница 110 Политички инструменти за ублажување на климатската криза Сите политички инструменти потребни за сузбивање на климатската криза се веќе достапни –- ние треба само да ги примениме, по можност како комбинација на глобални, национални, регионални и индивидуални мерки и активности. 7 страница 126 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики Демократските општества се најпогодни за да создадат делотворна и праведна климатска политика. Но, важи и обратното –- со амбициозни климатски политики можеме исто така да ја заштитиме демократијата. 6 – Предговор Предговор Ценети читатели, Постојат низа проблеми за кои, иако се чини дека се исклучително комплексни и несовладливи по својата природа, постојат доволно докази кои потврдуваат дека има начини за тие целосно да се решат, и не само тоа, туку и да го подобрат квалитетот на нашите животи, доколку веднаш ги решиме. Климатските политики се пример за ова, и со овој прирачник на аргументи ние сакаме да дадеме свој придонес кон заедничката заложба за решавање на овие предизвици. Сепак најнапред би било убаво да започнеме со лична приказна. Приказна која е поврзана со еден од авторите на овој прирачник. Кога тој го пишуваше неговото поглавје, нашиот автор започна да патува до работа со велосипед два или три пати неделно, наместо како порано, да патува со автомобил. И тоа овој човек не живее некаде блиску до центарот, туку на цели 11 километри оддалеченост до канцеларијата. Ова е извонредна илустрација за тоа како и најмал поттик или мотивација, она што често го нарекуваме „подбутнување“, независно дали е од материјална или психолошка природа, може засекогаш да ни го промени животот на подобро. Во случајот со нашиот автор, придобивките биле подобрена физичка кондиција и здравје, попатно заштедил и пари, веќе не придонесувал кон загадувањето на воздухот, а возењето велосипед во природа му помагало да си ги среди мислите и да ужива во свежиот воздух. И најважно од сѐ, нашиот автор се чувствувал награден со позитивно чувство дека на овој начин придонесува за поздрава иднина за неговите деца. И ова е првата клучна порака од овој прирачник: со менување на начинот на живот, ако го усогласиме повеќе со нашата животна средина, можеме да ги спречиме сите тие драматични промени кон полошо, сите оние последици од климатските промени кои само се влошуваат и кои несомнено ќе влијаат врз сите нас. Ние можеме да го подобриме нашиот сегашен квалитет на живот. Како што увидовме со нашата реакција на пандемијата на Ковид-19, соочени со нови предизвици, ние сме во состојба да го приспособиме и промениме начинот на живот со тоа што ќе го направиме поодржлив. Истото се однесува и на нашите напори за спречување на климатската криза. Политиките и најдобрите практики во ова поле најмалку претставуваат илузија, тие нешта се веќе дел од нашиот секојдневен живот, реалност за илјадници луѓе насекаде низ градовите, регионите и земјите со прогресивни еколошки политики низ целиот свет. Заедничкото дејствување е од клучна важност доколку сакаме да ги постигнеме тие инфраструктурни промени кои ни се потребни да внесеме промени во нашите навики и нашето однесување. Наместо да му го препуштиме ова на пазарот, овој заеднички потфат мора да биде демократски процес кој се потпира врз универзална солидарност и силна заложба кон една иста, заедничка цел. Климатската акција значи социјална правда Втората клучна порака од нашиот прирачник е дека социјалната правда и социјалната добросостојба се нераскинливо поврзани со животната средина и климата. На крајот, сепак посиромашните слоеви и средната класа се оние кои страдаат повеќе како резултат на климатската криза, а не граѓаните кои имаат низа привилегии и доволно дебела финансиска покривка која секако, ќе ги ублажи страшните последици кои се предвидуваат. Всушност, токму малите земјоделци се најтешко погодени поради сушата, повозрасните граѓани страдаат поради сè пожешките лета, работниците од средната класа се секојдневно заглавени во сообраќајниот метеж додека патуваат до работните места, луѓето кои живеат во предградија на големите урбани центри или често Предговор – 7 во близина на автопати и индустриски области, поради што трајно вдишуваат штетни емисии, или работниците во фабрики за автомобили чии работни места се изложени на ризик затоа што менаџментот на овие компании упорно ги игнорирал промените, и предолго се држел до застарени технологии, со што се пропуштени многу деловни можности засекогаш. Независно дали зборуваме за децентрализирано снабдување со енергија, одржлив транспорт, или праведна транзиција во регионите зависни од јаглен која на работниците ќе им понуди одржливи зелени работни места и на тој начин ќе им обезбеди финансиска стабилност за нив и нивните семејства, амбициозните климатски политики им помагаат на луѓето, кои инаку би биле најпогодени од влијанијата на климатските промени кои ни се случуваат рапидно. Ваквите политики им пружаат безбедност и перспектива во иднината. Преку директно соочување со предизвиците на нашата климатска реалност, зелените политики помагаат нашите животи и животите на нашите деца да застанат на поцврсти темели. Европската Унија си постави цел да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година. Ова е далеку од утопија. Добрата вест е дека веќе воспоставените алатки на социјалдемократската политика поддржуваат енергетска ефикасност, замена на фосилни горива со обновлива енергија, одржлива мобилност, управување со отпад, премин од линеарна кон циркуларна економија, и многу слични политики. И со ваквите политики ние можеме да ги постигнеме нашите цели. Треба само да ги засилиме нашите напори, да го забрзаме процесот и да ги надградиме веќе постоечките добри пракси кои до сега дале опипливи, практични резултати кога зборуваме за еколошки одржливи општества и за подобрување на квалитетот на нашиот живот и животот на генерациите што доаѓаат. Со поддршка на луѓето Вестите кои навистина охрабруваат е дека постои огромна поддршка за ваквиот вид политики од населението насекаде низ светот: повеќето граѓани ја потврдиле поддршката за владите да се даде приоритет на климатската акција, дури и во периодот на економско закрепнување од последиците на пандемијата на Ковид-19. Според истражувањето на Евробарометар од декември 2019 год., 94 проценти од Европејците сметале дека заштитата на животната средина им е лично многу важна, додека 78 проценти се согласни дека еколошките прашања имаат директно влијание врз нивниот секојдневен живот и здравје. Најголемиот процент од населението насекаде низ светот(68 проценти) се согласни дека доколку нивните влади не дејствуваат веднаш за да ја ублажат климатската криза, ќе ги изневерат своите граѓани. Речиси шест од десет граѓани(57 проценти) велат дека не би гласале за политичка 8 – Предговор партија која не ја сфаќа сериозно климатската криза. Не смееме да дозволиме да останат неодговорени овие очекувања на граѓаните кои тие ги артикулираат толку видливо. Креаторите на политиките мора да дејствуваат кога постои вака силен консензус во општеството. Глобалните и европските климатски цели содржани во Зелениот договор на ЕУ и другите политики се поткрепени од науката и се практично неспорни. Вистината е дека за да ги постигнеме истите, ќе треба да преиспитаме и одредени концепти, особено оние кои со векови го обликуваат западниот економски модел: ставање силен фокус на БДП и растот, незаслужена вредност која ја придаваме на активности што се штетни за нашето опкружување, штетни за социјалната правда и нашата добросостојба. Со доминантен економски модел кој има страшни последици по нашите природни живеалишта, а со тоа се предизвикува растечка социјална неправда, сè повеќе станува јасно дека проблемите предизвикани од еколошката криза и социјалната нееднаквост имаат една заедничка основна причина: неолибералната капиталистичка логика со својата мантра за бескраен раст, конкурентност, профитабилност и експлоатација на ресурси по секоја цена. Затоа, овие две кризи мора да се решаваат со истиот склоп на решенија. Или директно кажано, ако сакаме човештвото да продолжи да живее на оваа планета, доминантниот концепт на напредок и квалитетен живот сами по себе мора да вклучуваат елементи како што се одржливост, меѓугенерациска правда и солидарност, заедничко добро и начин на живот кој е сообразен со потребите и ограничувањата на нашите природни живеалишта, на нашата мајка Земја. Читајќи го овој прирачник со аргументи, ќе можете да идентификувате некои од сеопфатните принципи кои мораат да се земат предвид секогаш кога ги проценуваме предизвиците кои стојат пред нас. Овие принципи ни даваат рамка и генерално чувство за насоката во која се движиме. Првиот од нив е„ефикасноста“: како да се намали користењето на енергија и ресурси во производство на одреденa економскa излезна единица? Вториот принцип е„разграничување“: како ние можеме, на долг рок, целосно да ги разграничиме нашите економски активности од ограничените природни ресурси? За да се постигне ова, треба да нé води третиот принцип, а тоа е „доследност“, т.е. треба да ги преобразиме нашите материјални и енергетски текови за да бидат ускладени со потребите и ограничувањата на екосистемот кој нѐѐ опкружува. Четвртиот принцип кој мора да се земе предвид е„достаточност“ (или доволност): како да ги промениме потрошувачките навики за едноставно да користиме помалку природни ресурси од порано? И последно, но секако еднакво важно, тука се принципите на социјална правда, правичност и солидарност: како да бидеме сигурни дека, при решавање на климатските промени, секој ќе преземе дел од одговорноста, зависно од потребата и способноста, со цел никој да не биде изоставен од овие наши напори. Независно од тоа дали зборуваме за окрупнување на обновливите извори на енергија, внесување иновации во секторот на мобилност, создавање на одржливи зелени работни места, итн., основните принципи кои се наведени тука, ќе се погрижат не само да почнеме да правиме различни работи, туку навистина поинаку да ги правиме работите. Со други зборови, да станеме вистински одржливи. Во ова издание, ќе наидете на 139 страници преполни со аргументи, случаи на најдобри пракси, факти и бројки кои потврдуваат дека ова навистина може да се направи, и дека во многу области и случаи ова веќе го правиме и сето ова ќе ни помогне да бидеме уште поуспешни и похрабро да трагаме по нашите заеднички цели, со тоа што ќе ги направиме нашите животи и општества не само еколошки одржливи, туку и социјално поправедни. Критичното ниво од 1,5°C Сосема е природно секоја промена да донесе со себе неизвесност. Сепак, неактивноста, кога станува збор за климатската криза, ќе создаде уште поголема неизвесност, поради страшните последици по животната средина, што пак, влијае неизмерно врз сите нас. Доколку не успееме да го ограничиме глобалното затоплување најмногу на 1,5°C, постои голем ризик дека ќе го достигнеме„критичнoтo ниво“ на системот на Земјата, по што глобалното затоплување ќе продолжи да се зголемува, без да можеме да го запреме овој маѓепсан круг. Три вакви„критични нивоа“ Предговор – 9 кои веројатно веќе сме ги достигнале се шумите, кои имаат функција на природни резервоари на јаглерод, а се уништуваат како резултат на сушите; потоа гасот метан кој се ослободува од вечниот лед кој се топи; и губењето на белата ледена покривка која порано рефлектирала огромна количина на сончева светлина назад во атмосферата. Токму затоа, поголем број држави во 2015 година го потпишаа Парискиот договор за климата, со што се создаде мултилатерална рамка за „одржување на растот на глобалната просечна температура на ниво значително пониско од 2 °C над нивоата во пред индустрискиот период, и за правење напори да се ограничи растот на температурата на 1,5°C над нивоата во пред-индустрискиот период, воочувајќи дека со ова значително ќе се намалат ризиците и влијанието на климатските промени“ како што е наведено во членот 2 1 . Меѓувладиниот панел за климатски промени(IPCC), што е меѓународно научно тело кое обединува научни сознанија и информации од илјадници најреномирани климатски научници од целиот свет, ги опиша огромните разлики помеѓу глобалниот раст на температурата од +1,5°C и+ 2°C во својот сеопфатен специјален извештај насловен како„Глобалното затоплување од 1,5°C“ 2 , при што ја потцртаа важноста да не ги достигнеме тие критични нивоа од климатскиот систем на планетата Земја. Кога зборуваме за„амбициозни климатски политики“ во овој прирачник, мислиме на политики усогласени со целта од 1,5°C , и тоа се политики кои може да нé спасат од неконтролирано глобално затоплување кое само ќе се засилува. Под „амбициозни климатски политики“, подразбираме вистинска социо-еколошка трансформација на подобро , а не само некои зелени козметички промени на конвенционалните политики. Оттаму, „за сѐ да остане исто, сѐ мора да се промени“ 3 . Со други зборови, доколку сакаме да опстои животот на ова планета, тогаш нашите општества мора да се променат, и тоа на подобро. Ако не успееме во ова, климатската криза ќе ја дестабилизира не само природната животна средина, туку и нашите општества и нашата добросостојба. сите митови поврзани со климатските политики и да се одговори на легитимните прашања и неизвесности кои постојат кај луѓето во врска со оваа тема. Најдоброто нешто кај активностите за решавање на климатската криза е дека истите не почиваат само врз основа на апстрактни желби. За климатската акција постојат стотици и стотици инспиративни примери на најдобри практики, и некои од нив навистина произвеле реални резултати. Оттаму, додека го пишувавме овој прирачник, се држевме до фактите и само до фактите, до реалните политики и практични решенија, а не до некои неизводливи сценарија. Политичките фондации и организациите за стратешко планирање имаат задача да предлагаат решенија, да ги споделуваат најдобрите пракси и да ги утврдуваат научените лекции, а потоа да помогнат истите да се применуваат, притоа помагајќи им на донесувачите на одлуки, на носителите на водечките идеи, на активистите и активните граѓани и членови на заедницата заеднички да се справуваат со најгорливите предизвици во најдобар интерес на сегашните и идните генерации. Како социјалдемократи сметаме дека ова е наша должност. Историски гледано, токму социјалдемократското движење е она кое и ги спорело и ги овозможувало социјалните трансформации, предводејќи го нашето општеството низ тешките времиња со крајна цел да го направат похумано и поправедно. Впрочем, кој би можел подобро да го најде вистинскиот компромис, рамнотежа и синергија помеѓу климата и социјалната сигурност и правдата? „Ништо не се случува само по себе. И само малку работи се трајни. Затоа, чувајте ја силата, и знајте дека секоја ера бара сопствени одговори, а вие мора да сте во тек со времето за да постигнете добри резултати.“ Овие познати зборови ги изговорил покојниот Вили Брант пред некои 28 години, но како да ја опишуваат и нашата мисија денес. Во нашиот случај, ги знаеме предизвиците со кои сме соочени и треба да ги чуваме силните страни кои ги имаме. Но, мора да ги дуплираме нашите напори. Се надеваме дека оваа публикација ќе помогне да го постигнеме токму тоа. Ние сме свесни за проблемите поврзани со овие промени, и затоа во секое поглавје директно зборуваме за нив, со намера да се разоткријат 10 – Вовед Вовед Комуницирање за климатските промени и структура на прирачников Научниците предупредуваат за глобалното затоплување уште од 70-тите години од минатиот век. Денес сме преплавени од информации за климатската криза, а веќе секој ден на вестите гледаме информации за најразлични еколошки катастрофи во светот. И покрај сеприсутноста на проблемот и фактот дека сме свесни за неговото постоење(што е различно од преземање на акција како резултат на свесноста дека постои), постои огромен недостиг од акција и на политичко и на индивидуално ниво. Постојат многу причини за оваа неповрзаност помеѓу намерите, свеста и однесувањето. Студите покажуваат дека едноставните информативни кампањи како пристап кој често се користи за да се подигне свеста за климатската катастрофа, ретко кога довеле до позитивни промени во однесувањето на поединците кон животната средина(Steg& Vlek, 2009). Согласно ова, креаторите на климатските политики, активистите за одржливи политики и за заштита на животната средина може да искористат многу од денешните драгоцени сознанија во полето на психологијата на животната средина и комуникологијата. Знаеме дека ќе биде потребно многу повеќе отколку само цитирање на фактите за да се сузбие климатската криза. Мора стратешки да размислуваме за пораките кои ги испраќаме доколку сакаме да допреме до целната публика и да избегнеме потенцијален отпор или одбивност, што на крај би значело дека нашата првична намера и цел се промашени. Во овој прирачник со аргументи, практично се појаснети многу од наведените принципи поврзани со психологијата на комуникацијата за климатските промени. Тие нудат важни совети за социјалдемократите кои функционираат во контекст на социо-еколошката трансформација за тоа како да ја направиме нивната комуникација уште поефикасна. Најпрво, тимот автори внимателно ја разгледа целната читателска публика на овој прирачник. Преку развивање и опис на хипотетичките личности на кои се обраќа прирачникот, дефиниравме некои заеднички именители за вредностите, идентитетите, менталните модели, демографијата, навиките и контекстуалните фактори на луѓето до кои се надеваме дека ќе допре оваа публикација. Многу често, колку што е важна содржината на самата порака, толку е важно и добро се вклопи нашиот јазик на комуникација со оној на целната публика (Webster& Marshall 2019). Второто нешто за кое многу размислувавме, беше како да ги формулираме соодветните аргументи. Социјалната психологија и когнитивната лингвистика покажаа дека начинот како ја соопштуваме содржината, всушност го менува начинот на кој луѓето одговараат на истата(Lakoff & Wehling, 2008). Имајќи го ова предвид, нашиот прирачник им нуди на читателите проактивни аргументи за да им овозможи самите да станат автори на сопствениот наратив. Наместо само да понудиме одговор на хегемонистичкиот дискурс, создадовме врамени аргументи кои може да се искористат како алатки преку кои вие ќе ја раскажете сопствената приказна за социјалдемократската трансформација кон глобална правда и одржливост. Овие аргументи создаваат општ наратив и го прават овој прирачник лесен за практична употреба и му влеваат сила на читателот. Секое поглавје е осмислено така да ги инспирира читателите за тие да заземат поинаков Вовед – 11 пристап кон важните прашања и да ја преземат во свои раце приказната за промената од која сите ние сме дел. Додека ги истражувате одделните поглавја, ќе забележите дека сите започнуваат со позитивна опиплива визија . Ова кај читателите предизвикува позитивни емоции и побудува отвореност и храброст кои се потребни да се утврдат и искористат можностите за решавање на климатската криза и нејзините причинители, наместо да се повлекуваме од проблемите(Harré, 2011). Во контекст на алармантна климатска катастрофа и растечката глобална неправда, ова е многу тешко да се направи. Важно е да се потсетиме на потенцијалниот ризик и несаканите реакции доколку испратиме лавина пораки кои кај соговорникот би предизвикале непријатни емоции како што се страв, анксиозност, чувство на вина и егзистенцијален бес. Постојат големи шанси нашата целна публика да ги разбере аргументите, можеби дури и да стане свесна за реалноста на заканата и да развие алтруистички и биосферски вредности, при што штетното однесување ќе продолжи или дури и ќе се влоши. Таквиот феномен е предмет на истражување со децении и го создава она што социјалната психологија го нарекува „когнитивна дисонанца“. Како последица на тоа, ризикуваме да стимулираме однесувања што се еколошки проблематични, да го свртиме вниманието на читателите од ризиците, и да ги натераме да ги протолкуваат тие ризици на начин кој им одговара и да станат апатични за проблемите или да активираат материјалистички вредности (Crompton& Kasser, 2009). Еден начин како да пристапиме кон оваа дилема е да се фокусираме на конструктивни визии на одржливост и правда кои пред сѐ инспирираат и мотивираат. Ова го свртува вниманието на читателите кон пораките кои се заговараат и кои намамуваат позитивни чувства. За возврат, ова побудува важни квалитети кои се од суштинско значење за социјалниот напредок(Harré, 2011). Дополнително на стимулирање на креативност и отвореност, позитивните емоции исто ја подобруваат способноста на читателот да ги разбере овие алармантни информации што е неизбежен и суштински дел од климатската комуникација. Во овој прирачник ние не ги избегнуваме посуровите аспекти на реалноста, за кои сме и тоа како свесни. Напротив, тие се презентирани на начин кој помага читателите полесно да ги преработат, притоа охрабрувајќи ги да исцрпат од нив мотив за акција, наместо да се повлекуваат од клучните проблеми и предизвици. Во стратешката комуникација друг аспект кој е исклучително важен, е јазикот што го користиме. Користењето на прогресивни термини е клучно за да се придвижат промени и за да покажеме дека трансформацијата е можна. Затоа, во овој прирачник, многу се внимаваше на врамување термини кои се фокусираат на праведна и одржлива иднина. Со користење на одредени зборови и фрази и намерно вклучување или исклучување на одредени аспекти од поширокиот дискурс, имавме за цел да промовираме покорисни начини на гледање на светот. Имајќи го ова предвид, формулирањето на соодветните аргументи е осмислено со цел да привлече многу конкретни вредности кај читателите. На тој начин пораките стануваат мотивациски и тие се успешни двигатели на акција. Со повикување на концепти како што се правда и правичност, се негуваат внатрешни вредности кои ја зајакнуваат мотивацијата со цел да се изгради поодржлив, правичен и 12 – Вовед демократски свет. На пример, првото поглавје веднаш започнува со наративот дека амбициозна климатска акција е еднакво важна доколку сакаме да постигнеме социјална правда и еднаквост. Фокусирајќи се на идните генерации, класа и поделбата на светот на Север и Југ, овој наратив прикажува како климатските активности се корисна алатка за борба против неправдата. Изборот на оваа перспектива наместо фокусирање на цената на климатската акција, па дури и спуштање на ниво на дискурсот според кој климатската акција се смета дека е средство за некои споредни цели(како што е профит на компании, моќ, некое друго постигнување или национална безбедност), сето ова може да биде корисно за да се поттикне мотивација, која ќе биде одржлива. Дополнително на ова, внимателно анализиравме колку различните аргументи се ускладени со соодветната целна публика. Пораката секако, ќе биде подобро примена доколку сериозно разгледаме што е важно за потенцијалните читатели, што имаат заедничко и што е релевантно за нивниот заеднички идентитет како социјалдемократи(PIRC, 2011). Ова исто така може јасно да се увиди во првото поглавје кое ја нагласува силната врска помеѓу минатите борби на социјалдемократите и социјалната правда. Поконкретно, првото и второто поглавје, опфаќаат прашања на класа и глобализација. Кога се осврнавме на аспектите на правда, безбедност, економијата и работни места, најпрвин ги категоризираме помалку привилегираните групи луѓе, луѓето кои немаат толку корист од капиталистичката глобална економија. Ние настојувавме да бидеме што е можно поинклузивни на нашиот јазик, избегнувајќи„да зборуваме за другите“ 1 туку напротив, да укажуваме на сличностите. Иако се обидовме експлицитно да ги изнесеме поединечните маки со кои се соочуваат луѓето, истовремено сакавме да ги подвлечеме основните системски проблеми и можните начини како да се соочиме со нив(Underhill, 2020). Како резултат на ова, препораките кои се содржани во овој прирачник, може да помогнат да се промовира солидарност и емпатија, и да се изгради поинклузивно општество (PIRC, 2011). пракса,кои илустрираат како може да се предизвикаат промени кои се целосно изводливи, со тоа што ќе се потцртаат позитивните социјални норми кои ги следат поединци и институции кои веќе работат на трансформацијата. Луѓето се социјални битија. Кога слушаме за работите кои ги прават другите,(колку се послични тие луѓе со нас, дотолку подобро), ова има длабоко влијание врз нашите постапки. Всушност, влијанието на општествените норми е еден од најважните двигатели на човечкото однесување, кој истовремено е длабоко во нашата потсвест. Учењето за одржливите иницијативи и за работата на активистите и истомислениците може да е многу помотивирачко и повлијателно отколку свесноста за еколошките проблеми заради кои се потребни вакви акции(Klöckner, 2013). Со давањето примери на најдобра пракса, целта ни е да прикажеме успешни примери кои веќе се случуваат, кои идните промени ги прават пореални. Овие примери се прикажани на начин кој става акцент врз улогата која ја имаат луѓето како креатори на промените, со што се уште поинспиративни за читателот. Друга важна придобивка од примерите за најдобра пракса, е тоа што тие на читателите им нудат увид во знаењето како да се решат одредени прашања. Тоа може кај луѓето да помогне да се развие чувство дека имаат способност да дејствуваат и преземат одредени акции, неопходни за заштита на животната средина. Ова е најважно, бидејќи поединечната, но и колективната самоефикасност(само-доволност) покажа дека се од суштинско значење за про-еколошкото однесување и ставови(Klöckner, 2013). Како што рекол Алберт Ајнштајн во една прилика:„Не можеме да ги решиме проблемите со истиот начин на размислување кој сме го имале кога сме ги создале тие проблеми“. Овој прирачник отвора некои горливи прашања за индустријализираните, капиталистичките општества. И уште поважно, тој не претставува само едноставна статус кво анализа, туку ги појаснува можностите како да се оди понатаму, кон поправедна, одржлива и социјалдемократска иднина. Друг клучен елемент од секое од поглавјата во овој прирачник се примерите на најдобра Користена литература Ендноти за воведот 1 Користење на јазик кој дистанцира некоја друга група од нас(самите). Извори за воведот Crompton, T.& Kasser, T.(2009): Meeting environmental challenges: The role of human identity; достапно на: www.valuesandframes.org/downloads(пристапено на 1.11.2016). Klöckner, C. A.(2013): A Comprehensive Model of the Psychology of Environmental Behaviour – a MetaAnalysis, in: Global Environmental Change, 23(5), 1028–1038. Lakoff, G.& Wehling, E.(2008): Your Brain’s Politics. How the Science of Mind Explains the Political Divide. Heidelberg: Carl-Auer Publishers. Public Interest Research Centre(2011): The Common Cause Handbook. A Guide to Values and Frames for Campaigners, Community Organizers, Civil Servants, Fundraisers, Educators, Social Entrepreneurs, Activists, Funders, Politicians, and everyone in between. Harré, N.(2011): Psychology for a Better World. Auckland Department of Psychology, University of Auckland; достапно на: www.psych.auckland.ac.nz/psychologyforabetterworld(пристапено на 16.06.2020). Steg, L.& Vlek, C.(2009): Encouraging pro-environmental behaviour: An integrative research agenda, in: Journal of Environmental Psychology, 29 , 309–317. Underhill, R.(2020): A Practical Guide For Communicating Global Justice and Solidarity – An alternative to the language of development, aid and charity; достапно на: https://www.healthpovertyaction.org/wp-content/ uploads/2019/04/A-Practical-Guide-For-Communicating-Global-Justice-and-Solidarity.pdf(пристапено на 17.06.2020). Webster, R.& Marshall, G.(2019): The#TalkingClimate Handbook. How to have conversations about climate change in your daily life. Oxford: Climate Outreach Ендноти во предговорот 1 https://unfccc.int/files/essential_background/convention/application/pdf/english_paris_agreement.pdf 2 https://www.ipcc.ch/sr15/ 3 Овој добро познат цитат е од романот„Леопардот“ од Џузепе Томази ди Лампедуза. Вовед – 13 14 – Titel 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда Амбициозна климатска акција е суштинската алатка во борбата против растечката неправда и на глобално ниво и кај нас. Социјалдемократите секогаш се бореле за социјална правда. Тие успешно се справувале со крупните транзициски промени на социјално праведен начин и имаат неисцрпна ризница на инспиративни концепти за одржливост на животната средина и општеството. 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда – 15 Во ова поглавје ќе зборуваме за важноста на амбициозните климатски политики за обезбедување на социјална правда(прв дел) и социјален прогрес(втор дел). Исто така ќе покажеме дека концептот на социо-еколошка трансформација не е новина во социјалдемократијата, и дека всушност е нераскинлив дел од нејзиниот историски развој(трет дел). Магда, што сакаш за твојот роденден оваа година? Амбициозна климатска политика за и јас да можам да станам прекрасна баба исто како тебе, кога ќе пораснам. 16 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда Прв дел: Амбициозна климатска акција е суштинска алатка за борба против растечката неправда – и на глобално ниво и кај нас. Амбициозните климатски политики поттикнуваат социјална правда. Ова го потврдуваат сè поголем број на ппрогресивни граѓани и социјалдемократски политичари. Во делот кој следи, ќе ја расветлиме меѓусебната поврзаност помеѓу климатската криза и социјалната правда за различните маргинализирани групи. Насекаде низ светот се соочуваме со криза на правдата. Како резултат на климатската криза, општествените групи кои се помалку привилегирани, страдаат од трикратен товар на социјалната неправда: 1. маргинализираните жители повеќе страдаат од последиците на климатската криза: • Кога еден град ќе го погоди топлотен бран, температурите над 40°C многу повеќе ги погодуваат постарите лица кои живеат во мали задушливи станови со мала квадратура отколку жителите кои живеат во убави големи куќи со убави градини каде може да се разладат. Слично на ова, еден добро платен канцелариски работник го вклучува клима-уредот, па дури и го остава да работи кога е излезен од канцеларијата, додека работник во погон или на производна линија каде е неподносливо жешко, никако не смее да го напушти работното место. Но, ова не е само прашање на лична комоција, дури и во богатата Германија, во изминативе неколку години 20.000 луѓе починале како последица на топлотните бранови, што е два пати повеќе отколку бројот на загинати во сообраќајни незгоди 1 . И други природни катастрофи предизвикани од глобалното затоплување удираат најсилно по маргинализираните слоеви од општествата, бидејќи нивните домови, училишта или работни места често се поставени на места кои се поподложни на природни непогоди, на пример, на нестабилен терен или на земјиште кое почесто се поплавува. 2 • Дополнително на ова, во секторите кои се најпогодени од климатската криза, во моментов најмногу работи ниско-квалификувана работна сила. Тука пред сѐ зборуваме за земјоделскиот сектор кој веќе страда поради сушите, временските непогоди, недостатокот од вода, целосно непредвидливите временски промени, како и туризмот, кој, дополнително на сите наведени предизвици, исто така се соочува со проблемот на зголемување на нивото на морињата (види исто Поглавје поглавје 2, стр.40). И така помалку привилегираните слоеви се поранливи на влијанијата на климатската криза. Според проценки на Меѓународната организација на трудот(MOT), во следните десет години ќе се загубат околу 80 милиони редовни работни места како резултат на климатската криза, но дури и оваа бројка зависи од тоа дали ќе успееме да го одржиме нивото на глобалното затоплување под +1,5°C. Ако потфрлиме и во оваа цел, уште повеќе луѓе ќе останат без работа. Според истражувањата, граѓаните на ЕУ сметаат дека ризикот од губење на нивните работни места поради влијанието на глобалното затоплување(или поради нееднаквоста) е повисок од ризикот од губење на работата поради мерките за намалување на јаглеродните емисии. 3 2. торо, социјално маргинализираните групи имаат помал капацитет да се справуваат со споменатите ефекти на климатската криза, бидејќи тие едноставно се помалку отпорни: трошокот за поплавен подрум или оштетен кров поради невреме секако потешко го поднесуваат сиромашните слоеви отколку богатите, кои секако се покриени со солидни осигурителни полиси. Луѓето кои работат во секторите кои ќе бидат најпогодени, се и најмалку флексибилни кога треба да се бара нова работа или кога треба да се менува начинот на кој работеле досега. Индивидуален земјоделец можеби го нема потребниот капитал и знаење да воведе иновативен систем за наводнување кој ќе штеди вода, што би му помогнало полесно да ги преброди сушните периоди. 3. ова е уште понеправедно бидејќи, како трето, непривилигираните групи во општеството не се тие кои ја предизвикуваат климатската криза, или барем помалку придонесуваат за неа, и ова се однесува за секоја земја, a важи и за минатото и за сегашноста 4 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 17 Посиромашните слоеви летаат помалку со авион, независно дали од лични или деловни причини, не возат(големи) автомобили, имаат многу помали станови за затоплување, и купуваат многу помалку производи за широка потрошувачка. Всушност, 45 проценти од глобалните емисии на стакленички гасови(GHG) ги предизвикуваат најбогатите десет проценти од светската популација, додека најсиромашните 50 проценти се одговорни само за 13 проценти од емисиите. Иако повеќето од овие десет богати„рекордни емитери“ се наоѓаат во индустријализираните земји на глобалниот Север, важно е да се има на ум дека една третина од нив живеат во земјите со средно ниво на приходи, како што е Русија, на пример. 5 Специјалниот известувач на ООН за екстремна сиромаштија и човекови права, Филип Алстон дури и предупреди дека„ние ризикуваме да ни се случи сценарио на климатски апартхејд(„поделеност“), каде богатите плаќаат за да го избегнат прегревањето, гладот и конфликтите, а остатокот од светот е оставен сам на себе да страда“. 6 Сите ние сакаме нашите општества да бидат праведни, и сите се бориме против растечката нееднаквост. Имајќи ги на ум трите причини наведени погоре, маргинализираните групи се многу поранливи, помалку отпорни, иако помалку придонесуваат за емисиите, и затоа е од суштинска важност климатската криза да се ограничи за да се избегне уште поголемо продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните во светот. Климатската криза не е само криза на правдата од аспект на привилегираните наспроти посиромашните групи во општеството, туку се протега и на други димензии, поконкретно на правдата a) помеѓу генерациите, б) помеѓу нациите, и в) помеѓу мажите и жените. 1. ние сакаме подобра иднина за нашите деца и внуци. • Сакаме да живеат во достоинство и без страв, да можат да ги развиваат своите дарби и да се грижат за своите најблиски. Сепак, заедно со нашите родители, ние сме искористиле толку многу ресурси што нема да остане многу за идните генерации. 7 Закиселени океани преполни со пластичен отпад наместо риби, пресушени земјишта, сѐ посиромашен биодиверзитет, како и општества кои се многу често во кризни состојби поради ширење на болести, природни катастрофи што предизвикуваат огромни расходи бидејќи мора да 18 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда се пребродат состојбите и да се адаптираме кон новата реалност, колку прекрасно„наследство“ оставаме за нашите деца! 8 Затоа воопшто не е изненадување што младите од целиот свет веќе се организираат за да ја потсетат нашата генерација дека„Немаме резервна планета“, дека нема планета Б на која тие би можеле да продолжат да живеат 9 Затоа, ако сакаме нашите деца да живеат среќно, мора да ги трансформираме нашите општества и економии и да ги усогласиме со социјалните и еколошките принципи, со други зборови, мора да ги промениме на подобро, час поскоро. 2. се погрижиме климатската правда исто така да се третира како приоритет на меѓународно ниво, каде ги гледаме истите обрасци на неправда како и на национално ниво: • Земјите со низок јаглероден отпечаток(сегашен, историски, вкупен и по глава на жител) ќе бидат најтешко погодени од влијанијата на глобалното затоплување. Повеќето од овие земји се наоѓаат во веќе топли региони од светот, кои, со растењето на температурите, може да станат пустини каде не може да се живее. 10 Тоа значи дека географските региони како што се долги и драстично еродирани крајбрежни предели може да бидат погодени од сѐ почести жестоки бури, па дури и притоките на големите реки може да ги проголта океанот. 11 • Со оглед на тоа што повеќето од овие земји се сиромашни, тие се во незавидна позиција бидејќи не можат да ја зголемат нивната отпорност на промените. 12 Зголемена отпорност не само што бара скапи инфраструктурни подобрувања, туку и создавање на планови за заштита и спасување или создавање на фонд за жртви на екстремни временски непогоди. За жал, најчесто нема доволно ресурси, ни човечки ни финансиски, за ова. • Оттаму, климатската криза има потенцијал значително да ја продлабочи глобалната нееднаквост. Поради ова, со децении трае меѓународна дебата за одговорноста на различните нации за ограничување на климатската криза. Иако до сега стана јасно дека за да се избегне растот на температурата за 1,5°C(што би предизвикало неповратно глобално затоплување), секоја нација мора да биде јаглеродно неутрална до 2050 година, не смееме да ја занемариме и одговорноста за историските емисии – т.е. 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 19 проблемите коишто значително ги предизвикаа токму земјите од глобалниот Север. Оттаму, поставената цел на ЕУ за јаглеродна неутралност до 2050 год. не е амбициозна, туку всушност е задоцнета. • Денес, меѓународната солидарност, кога станува збор за справување со климатската криза, не само што подразбира фер„распределба на товарот“ како признание на историските емисии, туку значи и правична распределба на можностите кои ќе се отворат со зелените иновации. Не можеме да зборуваме за меѓународна солидарност доколку земјите од глобалниот север Север кои се одговорни за голем дел од штетните емисии, сега продаваат иновативни зелени технологии на земјите во глобалниот Југ кои сега страдаат од последиците на истите тие мерки за борба против глобалното затоплување. Кога веќе значително придонесоа кон глобалното затоплување, земјите од глобалниот Север треба барем да ги пренесат тие„зелени технологии“ на најпогодените земји од глобалниот Југ, помагајќи им барем да„прескокнат“ некоја фаза во развојот на тие технологии. Би било уште подобро ако земјите од глобалниот Север ги поддржат зелените истражувања и иновации во глобалниот Југ, со цел повеќе фирми од глобалниот Југ да бидат сопственици на повеќе патенти, на пример, за обновливи енергии или за урбанаградска мобилност. • Уште од нејзиното раѓање, меѓународната солидарност е водечкиот принцип на социјалдемократијата. Денес, во овој глобализиран свет, солидарноста не е само прашање на вредности, туку е вистинска предност бидејќи овозможува да се здружат силите. Само доколку навистина сме обединети и работиме заедно на глобална основа, ќе успееме да спречиме климатската криза да не го загрози човештвото. Парискиот договор за климата, еден од најважните мултилатерални договори во последните децении, е одлична основа за вакво заедничко дејствување. 3. е добро познато дека глобалното затоплување влијае повеќе врз жените отколку врз мажите. • Жените повеќе се погодени од сиромаштија, тие често немаат пристап до клучните ресурси и, во време на криза, често општествата имаат тенденција да им помагаат или да ги нахранат момчињата и мажите пред девојчињата и жените. 13 Покрај тоа, во стопанските сектори сериозно погодени од глобалното затоплување, како што се земјоделство, туризам, здравствена заштита, работи претежно женска работна сила. Во многу супсахарски африкански земји, жените се главен фактор на стабилност во своите семејства и заедници заради нивната улога во земјоделството, а сега овој животен модел е сè повеќе изложен на ризик. Во секторот туризам многу работни места ќе бидат изгубени – а кога ќе ги нема плажите во Хрватска, веќе нема да има потреба од собарки во хотелите. За разлика од ова, во здравството ќе има потреба од повеќе медицински сестри за да продолжи да функционира здравствената заштита кога климатската криза ќе земе целосен замав. Треба да се погрижиме оваа дополнителна работа да ја преземат и работници кои работат во подобри услови, а не само да падне само врз грбот на медицинските сестри кои и онака работат(неплатени) дополнителни часови,(види погоре, стр. 19, а за ефектите на климатските политики врз родовата рамноправност, види поглавје 3, стр. 55). • Сепак, би било грешка да се прикажат жените само како беспомошни жртви на климатската криза. Од индивидуалните земјоделци на глобалниот Југ, кои повторно ги откриваат традиционалните земјоделски техники коишто се корисни во сегашната ситуација, до Грета Тунберг, тинејџерката-основач на„Петоци за иднината“ – насекаде низ светот жените се појавуваат како лидери во борбата против климатската криза. 14 Достапните научни податоци често покажуваат дека жените се и подобро информирани за климатската криза и се позагрижени за нејзиното влијание. 15 • климатските политики, освен што треба да ги земат предвид различните последици по мажите и жените, треба и покон- 20 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда кретно да ги зајакнат жените за тие поефикасно да се спротивстават на овој предизвик, со што ќе придонесат за родова еднаквост. Но, што е со… …стравувањето дека мерките за ублажување на климатските промени може да предизвикаат нови неправди помеѓу нациите поради социјалниот јаз кој се шири, на пример, затоа што цената на CO2 многу посериозно ги погодува посиромашните слоеви? Како понатаму: обезбедување на социјална правда кај нас • Амбициозните мерки за ублажување на климатските промени може да помогнат да се намали постоечката социјална неправда. А социјалдемократите конкретно треба да се погрижат ова никако да не се заборави при креирањето на нови политики. • На национално ниво постојат низа решенија за најдобри практики. Еден извонреден пример е системот за одредување на цената на јаглерод и неговиот ефект на прераспределба. 16 Според овој систем, привилегираните или„рекордните загадувачи“ плаќаат повеќе, додека маргинализираните групи кои се одговорни за ослободување многу пониско количество на емисии, уште од почетокот плаќаат помалку. Потоа, вкупниот приход од даноци или може да се пренасочи кон посиромашните слоеви во општеството, или може делумно да се оддели за еколошки проекти кои се наменети за непривилегираните групи во општеството, како што се урбани градини, бесплатен јавен превоз или нови системи за затоплување или изолација за социјалните домови. Во двата случаи, маргинализираните групи имаат повеќе средства за нив на крајот на годината, што ќе им помогне да го подобрат општествениот статус, а ова истовремено ќе има ефект на награда за релативно помалиот јаглероден отпечаток. • Сепак, не треба да се проценуваат само фискалните мерки и нивните ефекти врз социјалната правда. Всушност, потребно е на ист начин да се следат и климатските и другите прописи, како и јавните инвестиции: подобар бесплатен јавен превоз, нови велосипедски ленти или субвенции за(товарни) велосипеди секако се подобра инвестиција од перспектива на социјално маргинализираните групи, отколку субвенции за електричен џип кој вре- 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 21 ди 60.000 евра. Исто така, ќе биде поправедно и поздраво да се забранат сите автомобили од центрите на градот, под услов да постојат добри алтернативи, отколку да се дозволи движење само на нови електрични возила (види исто поглавје 5, стр. 107). • Ова се само некои примери кои илустрираат дека најдобрите еколошки решенија исто така ќе донесат поголема социјална правда . Но, што е со… …фактот што многу земји во Европа предизвикуваат релативно ниска количина емисии додека владите на земји со рекордни емисии, како САД или Бразил, одбиваат да преземат соодветни мерки? Како понатаму: обезбедување на глобална климатска правда Оваа„игра на обвинувања“ во која сите покажуваме со прст на соседите чекајќи да видиме кој прв ќе преземе некакви чекори, е типична тактика на пролонгирање. Во контекст на борбата против климатската криза во(Источна и Западна) Европа, овој аргумент не држи од пет причини: 1. ако ги земеме предвид a) историските емисии предизвикани уште од раниот период на индустријализација и, б) емисиите по глава на жител, секоја европска земја има висок јаглероден отпечаток. Пресметано заедно, европските земји се причинители на 33% од глобалните емисии, додека овој процент само за 28-те земји-членки е 22%. 17 Она што не се огледа во цифрите, е дека емисиите на јаглероден диоксид се мерат онаму каде се произведуваат, а не онаму каде се консумира производот. Значи, доколку челикот кој припаѓа во јаглеродно-интензивна дејност се произведува во Индија, а се користи во Словачка, сепак Индија е земјата на која ѝ се припишуваат емисиите. 2. Второ, ако секоја земја чекаше нејзините „поголеми соседи“ да го направат првиот потег, на крајот, никој не ќе стореше ништо. На пример, дали фактот што Полска е рангирана на 26-то место на листата на земји што емитуваат најмногу стакленички гасови, значи дека останатата 171 земја која го потпишала Парискиот договор за климата, не треба да стори ништо сѐ додека Владата на Полска не донесе одлука за целосно спроведување на обврските од Договорот? 3. Трето, дури и ако националните влади се спротивставуваат на амбициозната климатска политика, тоа не значи дека јаглеродниот отпечаток на соодветната земја не може да се намали. Најавата на претседателот Трамп дека ќе се повлече од Парискиот договор за климата, наиде на жесток отпор во многу американски сојузни држави и заедници, а нивното несогласување го прикажаа со слоганот„Ние сепак остануваме“. Оваа кампања под истото име денес обединува многу засегнати страни кои инвестирале вкупен буџет од 6,2 милијарди долари, износ кој, да стануваше збор за држава, би ја направило трета по големина економија во светот. 18 Слично на ова, во многу други земји прогресивните политичари учествуваат во директен дијалог на ниво на заедницата или единиците на локални самоуправи(пр.„Спогодба на градоначалниците“) за најдобрите начини како да се сузбие глобалното затоплување. 19 4. Четврто, малите земји можат да играат клучна улога доколку водат со пример. Ова важи за нациите од глобалниот Југ, како што се меѓународно признатите„Климатски шампиони“ Костарика и Мароко, но ова важи и за малите европски држави. Данска, на пример, спроведува многу амбициозна климатска политика, намалувајќи ги емисиите и поддржувајќи ја зелената дипломатија. Таквите примери на држави може да предизвикаат„домино ефект“. Германската енергетска транзиција, на пример, започна како единствен политички експеримент кон крајот на 90-тите години на 20 век, во контекст на светската доминација на производство на фосилни горива и само мал сегмент на екстремно скапи обновливи алтернативи. За само неколку децении, тој политички експеримент предизвика глобален успех во производството на обновливи извори на енергија и доведе до појава на високо конкурентна индустрија на енергија од обновливи извори. 22 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 5. Петто, веќе долги години наназад главните противници ги опишуваат мерките за ублажување на климатските ефекти како „товар“, а всушност тие се токму спротивното. Амбициозните климатски политики се извонредна можност да се изградат поправедни, поздрави општества и да се подобри добросостојбата на луѓето од целиот свет. Во целиот овој прирачник ќе сретнете многу примери за позитивни придобивки на амбициозните климатски политики, за социјална и родова еднаквост, за нови работни места, за подобра здравствена заштита, за демократско одлучување, па дури и за самостојно располагање со сопственото работно време. 20 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 23 Втор дел: Амбициозните климатски политики ги штитат социјалните придобивки постигнати во последните години. Во изминатите неколку децении, нашата глобална заедница постигна неверојатен успех во обезбедување на храна, пристап до вода и здравствена заштита, а милиони луѓе се избавија од сиромаштија. Според неодамнешните податоци, овој социјален напредок не само што стагнира, туку некои социјални придобивки дури и назадуваат поради климатската криза која зема замав, несомнено поради фактот што тие успеси делумно се должат на прекумерната експлоатација на природните ресурси и животната средина. 21 • Бројот на луѓе кои живеат во апсолутна сиромаштија постојано се намалува во изминатите два века. Ова секако претставува извонреден успех. 22 Но, ние сме сведоци и на исклучителен скок на богатството на многу земји во Источна и Јужна Европа. Сепак, според Светска банка, за жал, постои можност дури 122 милиони луѓе да паднат пак под прагот на сиромаштија до 2030 год. токму поради влијанието на климатската криза, со што драстично би се пренасочил позитивниот тренд на сузбивање на сиромаштијата. 23 НЕДОСТИГОТ ОД АКЦИЈА ЗА КЛИМАТСКА ЗАШТИТА ЈА ЗГОЛЕМУВА СИРОМАШТИЈАТА милиони луѓе Дупло повеќе од населението на Балканот • повторно се шири: според Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации(ФАО),„климатските варијации и екстремни услови се[…] клучниот фактор зад скорешниот раст на бројот на гладни луѓе во целиот свет“ 24 , и како резултат на ова„бројот на неухранети луѓе во светот е во пораст од 2015, и се врати на нивоата на кои бевме сведоци во периодот 2010 – 2011 година“. 25 Сѐ послабиот род на посевите предизвикан од климатските промени исто така влијае врз целокупното земјоделие во земјите од (Источна) Европа. Сушите во Русија од 2010 и 2012 година, на пример, го намалија приносот од посевите за околу една четвртина, односно една третина, што нагло предизвика пораст на цените на храна. 26 • Пристапот до безбедна вода за пиење не само што ќе претставува проблем во регионите веќе подложни на суша, туку и во многу земји на глобалниот Север. Во Централна и Источна Европа, владите на Бугарија, Чешка, Унгарија, Литванија, Полска, Молдавија, Романија, Словачка, Словенија и Украина соработуваат со Светската метеоролошка организација(WМО) за воспоставување на интегриран систем за управување со сушата. 27 Она што посебно загрижува, се глечерите од Централна Азија, кои обезбедуваат вода за пиење за сите земји од соседството, а во моментов драматично се топат. • Растечката климатска криза постојано ги става нашите системи за здравствена заштита под притисок: но топлотните бранови и повредите предизвикани од природни катастрофи не се единственото нешто што загрижува. 28 Поради температурите кои растат, во Европа можат да преживеат животни од суптропските региони кои пренесуваат болести, што доведува до ширење на векторски болести, како што е Западнонилската треска која веќе пристигна во Југоисточна Европа и во Чешка. 29 И конечно, тука е и загадувањето на воздухот кое дополнително го влошува климатската криза, со што се намалува очекуваниот животен век на милиони луѓе(види поглавје 5, стр. 90). Ова е сериозен проблем бидејќи само половина од светската популација има пристап до здравствена заштита, 24 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда а многумина се заглавени во сиромаштија затоа што не можат да си ги дозволат медицинските третмани кои им се потребни. 30 Оттаму, амбициозните климатски политики ни помагаат да го заштитиме социјалниот напредок кој сме го достигнале во изминатите децении, па дури и векови. 31 • Уште поважно, социо-еколошката трансформација на нашите економски системи ќе ни помогне да ставиме крај на гладот(на пример, со намалено фрлање храна), ќе даде приоритет на создавање на отпорни системи на здравствена заштита како нешто многу поважно од стоките за широка потрошувачка кои имаат краток рок на траење, и ќе им овозможи на сите членови на општеството да живеат со подобра и поправедна распределба на богатството(што не секогаш значи постојано зголемување на БДП). Токму оваа визија за подобра иднина е она што прогресивните активисти и чинители се обидуваат да го воведат со децении. Но, влијанијата на климатската криза не се само закана по нашиот социјален систем. Постојат и други одлики поврзани со безбедноста на човештвото кои се под ризик: • Едно прашање кое предизвикува дебата е климатската криза како двигател на вооружени конфликти . Недостигот на вода, гладот, и оттаму, масовните миграции уште повеќе ги отежнуваат(а не ги предизвикуваат) конфликтите помеѓу нациите или внатрешните конфликти. Експертите се согласуваат дека со глобалното затоплување кое се интензивира, климатската криза ќе стане уште поголем фактор во конфликтите низ целиот свет, 32 а ООН дури и ја прогласи климатската криза за„најголемата закана по глобалната безбедност“. 33 • П рашањето на климатските бегалци сѐ повеќе е во фокусот на меѓународните дебати. Како што нагласува УНХЦР:„Климатските промени и природните катастрофи може само да ги влошат заканите кои ги принудуваат луѓето да бегаат надвор од границите на сопствените земји. Оваа взаемна поврзаност помеѓу климата, конфликтите, сиромаштијата и преселбите, во голема мера влијае врз сложеноста на итната состојба со бегалските конфликти“. 34 Иако тешко може да се предвиди колку климатски бегалци има сега и колку ќе има во иднина, каде ќе мигрираат и дали климатската криза е одлучувачкиот фактор кој ги присилува да ги напуштат домовите, веќе се прават некои внимателни пресметки. На пример, еден скорешен извештај на Светска банка предвидува дека, доколку не се преземе некоја суштинска климатска акција, ќе има околу 140 милиони климатски бегалци до 2050 година. 35 • Влијанијата на глобалното затоплување врз инфраструктурата како тема не се помалку присутни во климатската дебата. Сепак, со оглед на важноста на училиштата, болниците, железниците, патиштата и фабриките, јасно е дека климатски-отпорна инфраструктура е од клучна важност за сите нас: објектите мора да бидат отпорни на природни непогоди(бури, поплави, силен дожд, шумски пожари, свлечишта и сл.), како и на„настаните со забавено темпо“(суша, топење на мраз и глечери, или покачување на нивото на морето). Имајќи го предвид глобалното затоплување кое веќе го предизвикавме, овие влијанија се неизбежни. 36 И, соочени со реалната немоќ да создадеме отпорна инфраструктура за свет во кој температурата ќе биде повисока за 5°C, фокусот треба да се стави врз забавување на глобалното затоплување и ублажување на неговите ефекти, за да се изгради подобра иднина. 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 25 • Слично на ова, дури денес можеме да ја пресметаме цената на економските загуби од минатото кои ги предизвикале природните непогоди под влијание на климатските промени: во моментов таа изнесува околу 520 милијарди американски долари годишно, колку што изнесува и БДП на Шведска. 37 Во светот во кој температурата е повисока за 5°C сепак е невозможно да се проценат економските и инфраструктурните загуби, помеѓу другото и поради ненадоместливата загуба која би ја предизвикало губењето на културното наследство и уништувањето на приходите на населението доколку големи делови од Санкт Петерсбург, Хрватска или Холандија осамнат под нивото на морето. • И на крај, но еднакво важно, доколку не се ублажат последиците на глобалното затоплување, ќе се дестабилизираат нашите политички системи , ќе се намалат и поткопаат досегашните успеси и достигнувања, како што се партиципативни процедури на одлучување или зголемената родова еднаквост. Во време на криза, од извршната власт обично се бара да преземе смели и драстични мерки, честопати занемарувајќи ги гласовите на другите политички чинители. Ситуации како оваа ретко донесуваат социјален напредок и иновација, туку повеќе тежнеат кон враќање на старомодните и традиционални вредности(види исто така поглавје 7, стр. 128). Но, што е со… Инвестициите кои се потребни за ги направиме нашите општества поотпорни? Како понатаму: обезбедување на социјално и хумано општество • Т реба да инвестираме во земјоделско планирање, здравствени системи, управување со водните ресурси, создавање на отпорна инфраструктура и создавање на системи за рано предупредување за да можеме подобро да се справиме со последиците на глобалното затоплување за кои знаеме дека се неизбежни и од денешна перспектива. Светскиот економски форум смета дека е потребна инвестиција од 1,8 милијарди американски долари во пет клучни области. Ова можеби изгледа многу, но добрата вест е дека до 2030 година оваа инвестиција може да изнедри придобивки во износ од 7,1 билиони американски долари. Ваквите инвестиции не само што би спречиле многу повисоки трошоци, туку и би поттикнале иновации како и многу придобивки за општеството(за повеќе детали види поглавје 2, стр. 36 и понатаму). 38 ИНВЕСТИЦИИ ЗА КЛИМАТСКА ЗАШТИТА СЕ ДОБРИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА • Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш беше целосно во право кога потцрта дека„ Сѐ има своја цена. Но, најскапо од сѐ е да не се преземе ништо“ . 39 Според една неодамнешна студија, можеме да спречиме штета од 30 милијарди американски долари предизвикана од глобалното затоплување доколку останеме доследни на целта од 1,5°C. Од ова би имало придобивки дури 90% од населението во светот. 40 • Ова е уште повистинито ако размислиме за милионите животи и нивната економска состојба, како и културното и економското наследство кое ќе го изгубиме. А овие работи едноставно немаат цена. 26 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда Трет дел: Социјалдемократите се добро опремени за предизвиците кои им претстојат Со оглед на тоа што често се соочувале со бројни важни промени и транзиции во минатото, социјалдемократите имаат зад себе богата историја и подготвени се да осмислуваат концепти за економска и социјална одржливост: • Во текот на својата целокупна историја, социјалдемократијата секогаш тесно се поврзувала со еколошките прашања. Вредните индустриски работници ја сметале природата за рај и место за одмор, место каде може да закрепнат од напорната работа во смени во фабриките или во рудниците. Истовремено, природата им била можност да побегнат од тешките услови за живот во работничките квартови. Затоа, изборот да се помине време во природа отсекогаш бил израз на самоопределување. Работничкото движење што се појави низ цела Европа во 1880-тите, се обиде да го институционализира овој интерес за природата. Имајќи го ова на ум, во 1895 година се основало туристичкото здружение„Пријатели на природата“, меѓународно здружение на работници – вљубеници во природата од различни земји. И веќе во оваа рана фаза од историјата на социјалдемократијата станало јасно дека меѓународните теми кои се однесуваат на екологијата, ќе мора да се решаваат заеднички, преку соработка. • Во 70-тите и 80-тите години од минатиот век, еколошките проблеми и прашања се дискутирале сѐ повеќе и многу поексплицитно и поотворено. Насекаде низ светот станувало премногу очигледно дека се случува загадување на животната средина. Преку неговата Комисија за север и југ, германскиот канцелар Вили Брант поттикнал размена меѓу земјите во развој и земјите од глобалниот Југ. Неговата влада била првата германска сојузна влада која усвоила програма за развој, уште во 1971 година. И самиот факт што денес разговараме за еколошки и климатски прашања во глобална димензија е во голема мера благодарение на Вили Брант, чијашто„Нова источна политика“ претставувала важен чекор кон обединета Европа, и кој побарал глобално управување по распадот на комунизмот, а ова барање денес е поважно од кога било порано. • Како предводници на работниците, социјалдемократските партии никогаш не се фокусирале исклучиво на мерките за заштита на животната средина, но секогаш во фокусот им биле и социјалните влијанија. Политичарите често биле загрижени за губењето на работните места и не успевале да ги искористат можностите за структурни промени. Ова се докажало дека е уште поважно затоа што во 1970-тите партијата СПД се зафатила со структурна промена на свој терен, во Северна Рајна-Вестфалија. Целта била индустријата за јаглен и тешка индустрија. За Вили Брант целта била„небото над рударските кули на Рур да осамне повторно сино“. Тука отпочнал долготраен процес на дискусија, со силен акцент на економската диверзификација: во поранешните индустриски области се преселиле нови истражувачки, производствени и услужни компании. Како резултат на ова, квалитетот на живот во регионот значително се подобрил, секако благодарение и на подобрите еколошки услови. Оваа трансформација во Северна Рајна-Вестфалија сè уште се смета за позитивен пример за еколошки свесни структурни промени(види исто поглавје 2, стр. 43). • Во овој период, во многу земји се формирале првите партии на Зелените, кои покренале бројни еколошки проблеми на политичката сцена и исто така ги поттикнале другите партии да вклучуваат низа еколошки прашања во нивните политички програми. Освен зелените партии, социјалдемократите развиле низа сеопфатни еколошки концепти. Триесет години подоцна, многу социјалдемократски партии сè уште сметаат дека имаат социјални и зелени корени. 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 27 • Клучен настан во еколошките политики бил објавувањето на Брунтландовиот извештај под назив„Нашата заедничка иднина“. Извештајот бил изготвен под водство на поранешниот премиер на Норвешка, социјалдемократот Гро Харлем Брунтланд, и за прв пат го дефинирал терминот„одржлив развој“ со што предизвикал долги дебати за меѓународни политики на одржлив развој и заштита на животната средина.. • Во Централна и Источна Европа загадувањето на животната средина станало проблем во 1980-тите, а уште повеќе по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Во сите региони се формирале еколошки здруженија, а нивните членови биле декларирани противници на комунистичките режими. По падот на комунизмот, многу од тие еколошки активисти го нашле својот политички дом во социјалдемократските партии, каде продолжиле да работат на многу други еколошки прашања. Но, што е со… …заедничката климатска политика на социјалдемократските партии и синдикатите, од кои и едните и другите имаат корени во работничкото движење? Зарем не го изневеруваме сопственото минато? Како понатаму: заедно со синдикатите и признавање на нашите корени • Несомнено синдикатите можат и сакаат да имаат клучна улога во борбата против климатската криза. Тие се природни партнери кога зборуваме за еколошките трансформации кои треба да доведат до поголема социјална правда. • Во минатото синдикалист со прогресивно гледање на климатската криза можеби немало да наиде на широка поддршка. Но, со ширењето на климатската криза, која само се влошува и на национално и на глобално ниво, што носи губење на милиони работни места во најзасегнатите сектори, што секако претставува закана по здравјето и добросостојбата на уште поголем број на рработници и претставува закана за нашата заедничка причина, сликата драматично се менува на подобро. 28 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда • Денес, сите поголеми синдикални конфедерации се активни промотори на климатските политики, како и повеќето нивни регионални и национални членки и партнерски организации. Меѓународната конфедерација на трудот (ИТУЦ) и Европската синдикална федерација (ЕТУЦ) силно ја изразуваат својата поддршка на Парискиот договор за климата и го промовираат концептот на„праведна транзиција“ кон одржлива иднина(види исто поглавје 2, стр. 40и понатаму). Во 2015 год., годината кога е потпишан Парискиот договор, МОТ ги објави своите„Упатства за праведна транзиција бираат важноста на вклучување на синдикалните претставници во дијалогот за развојот и имплементацијата на климатските политики кој на исто место ги обединува претставниците на владите, синдикатите, научниците и претставниците на еколошките здруженија. Ова може да се смета за појдовната точка на формирањето на комисии во многу земји во денешно време, кои ги дефинираат заедничките смерници на праведната транзиција кон економија со нула јаглеродни емисии. • Секако дека синдикатите, пред сѐ, ќе се фокусираат на интересите на нивните членови, кон еколошки одржливи економии и општества за сите“, 41 а следната година, ИТУЦ и ЕТУЦ основаа„Центар за праведна транзиција“ кој дава поддршка на процесот на праведна транзиција насекаде во светот. 42 • О ние синдикати кои се попрагматични потенцираат дека,„доколку синдикатите не се на масата“ кога заеднички се дискутираат климатските политики,„тогаш тие ќе завршат на менито“. И двете страни започнаа да ја разна работниците, зашто тоа е нивниот мандат. Но, ова не значи дека климатските активности треба да забават. Откако ќе се дефинира точниот датум на постепеното укинување на јагленот,„комисиите за јаглен“ и другите тела сочинети од сите засегнати страни мора да настојуваат од самиот почеток резултатите од нивните преговори да бидат во согласност со целите на Парискиот договор за климата од 1,5°C, т.е. дека нема да се пречекори дефи- 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 29 нираниот јаглероден буџет. 43 На овој начин може да се изнајдат најдобрите начини за да се погрижиме транзицијата да се случи во предвидените рокови и истата да биде социјално праведна. Најважното нешто е резултатите да бидат усогласени со барањата на Парискиот договор за климата, бидејќи доколку ја предизвикаме негативната спирала од неконтролирано глобално затоплување, тогаш ништо не сме постигнале. Како што вели Шерон Буроу, Генерален секретар на ИТУЦ:„Нема да има работни места на мртва планета“. • В о нивната борба за праведна транзиција, синдикатите повторно се природни сојузници на социјалдемократите. Ова е продолжение на нашето заедничко минато. Во стремежот за нашите цели, синдикатите и социјалдемократите мораат да размислуваат за големата слика, постојано реформирајќи ги нивните традиционални суштински вредности за да може да се вклопат во денешните светски трендови. Оттаму, треба да го поставиме следното прашање: доколку ја занемариме климатската правда, тогаш која е смислата на меѓународната солидарност во ова време? Кои членови на нашите општества се најмногу турнати на маргините? Дали се тоа индустриските работници како што беше случај во 1880-тите, или луѓето со ниски примања, со несигурни работни места, чиишто работни места се под закана на влијанието на глобалното затоплување? Како можеме заеднички да застанеме во одбрана против увозот на производи во Европа кои се произведуваат во ужасно лоши работни и еколошки услови во земјите на глобалниот Југ? И како да се ослободиме од неолибералниот светски поредок кој е во спрега со бизнис-модел кој придонесува само една мала група луѓе да профитираат од сѐ поголемата експлоатација на огромен број луѓе, но и на нашата животна средина? Во овие заеднички напори, синдикалистите и социјалдемократите почнаа да формираат нови сојузи – привлекувајќи нови членови кои работат во„зелените сектори“, на пример, или соработувајќи со еколошките здруженија или движења. За да се разбијат евентуалните сомнежи, мора да ги подвлечеме нашите социјалдемократски основни вредности- правда, солидарност и социјален напредок, за кои, како што прикажавме во првите два дела од ова поглавје, амбициозните климатски политики се од круцијална важност. Кон што се стремиме? • ние се стремиме кон свет со поголема социјална правда и еднаквост, за нашата сопствена генерација, за генерацијата на нашите деца и внуци. Во духот на меѓународната солидарност, сакаме веќе да нема глад и сиромаштија, сакаме систем на здравствена заштита кој ќе функционира и порамноправна распределба на богатството. Освен што амбициозните климатски политики помагаат да се спречи поголем застој на политиките во овој поглед, тие всушност и помагаат да се изградат такви општества . Во многу земји веќе се имплементираат климатски проекти од кои имаат корист маргинализираните групи(како што се урбани градини, бесплатен јавен превоз или енергетски ефикасно социјално домување), како и политички алатки кои водат до намалување на емисиите на јаглерод диоксид, а истовремено и до порамноправна распределба на богатството(како што се јаглеродните даноци со силен ефект на прераспределба). • Врз основа на искуството на успешните транзиции кои се веќе спроведени, и врз основа на исклучително прогресивните еколошки политики кои се спроведувале во претходните децении, сѐ повеќе социјалдемократи, синдикалисти и други прогресивни чинители заеднички работат на реализација на оваа визија за живот кој во социјална и еколошка смисла би бил многу поубав за сите. 30 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда Користена литература Ендноти 1 Оваа студија, објавена од Германското министерство за животна средина, не ги вклучува податоците за уште пожестоките топлотни бранови од 2018 и 2019 година. Поради расположливитеинформации, студијата користи само информации за летата во 2003, 2006 и 2015 година. Види https://www. umweltbundesamt.de/sites/default/files/medien/1410/publikationen/das_monitoringbericht_2019_ barrierefrei.pdf, page 34(пристапено на 16.4.2020). 2 Само сетете се на филмот„Паразит,“ добитникот на Оскар, во кој едно богато семејство мора да откаже кампување поради силниот дожд, додека на сиромашното семејство кое живее во сутерен, станот целосно им се поплавува. 3 Види https://europeanmoments.com/opinions/eupinions(пристапено на 23.6.2020). 4 Сепак, ова не значи дека на маргинализираните групи не треба да им се понудат одржливи опции: на сите луѓе треба да им бидат достапни системи за затоплување кои ќе ги сочуваaт локалните шуми, енергетско-ефикасни фрижидери и здрава органска храна. 5 Вкупно 26 проценти од населението кое произведува најмногу емисии, живее во ЕУ, Русија и централна Азија, види http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr2019.pdf, page 179, and https://oi-files-d8-prod. s3.eu-west-2.amazonaws.com/s3fs-public/file_attachments/mb-extreme-carbon-inequality-021215-en.pdf (пристапено на 16.4.2020). 6 https://edition.cnn.com/2019/06/25/world/climate-apartheid-poverty(пристапено на 15.4.2020). 7 Има неколку илустративни алатки кои прикажуваат до кој степен живееме на грбот на следната генерација, на пример, да броиме колку„Земји“ ни требаат за да го издржиме нашиот стил на живот или„Earth Overshoot Day“(ден Ден на пречекорување на земјините ресурси). За да продолжиме со нашите стилови на живот, со сите социјални разлики кои постојат, ќе ни требаат 1,75 планети Земји. Доколку сите имаат стил на живот на еден просечен Италијанец, ќе ни требаат четири планети Земји. „Earth Overshoot Day“ се одбележува на денот во годината после по кој веќе сме ги„истрошиле“ земјините ресурси, кои може да се заштедат за идните генерации. Секоја година овој ден се одбележува малку порано во годината, во 2019 год. беше на 18 јули. На следниот линк има корисен преглед на овие алатки: https://www.theworldcounts.com/challenges/planet-earth/state-of-the-planet/overuse-ofresources-on-earth 8 Најпопуларниот пристап да се илустрираат границите на тоа колку може да се насели планетава, се базира врз она што го нарекуваме„планетарни граници“. Постојат девет планетарни граници кои го дефинираат„безбедниот простор за функционирање на човештвото“ додека„пречекорувањето на една или повеќе планетарни граници може да биде штетно, или дури и катастрофално поради ризикот дека ќе ги пречекориме праговите над кои веќе ќе предизвикаме не-линеарни, нагли промени во животната средина како дел од континентално- планетарните системи.“ Види повеќе: https://www.stockholmresilience.org/research/planetary-boundaries/planetary-boundaries/about-theresearch/the-nine-planetary-boundaries.html(пристапено на 16.4.2020). 9 Н ајпознатото младинско движење е„Петоци за иднината“ кое го обиколи целиот свет за само 12 месеци. На следниот линк имате информација за тоа како лидерот на тоа движење ја опишува шансата дека нејзината генерација ќе доживее убав живот: https://www.npr.org/2019/09/23/763452863/ transcript-greta-thunbergs-speech-at-the-u-n-climate-action-summit?t=1587037264028(пристапено на 16.4.2020). 10 В иди повеќе: https://www.weforum.org/agenda/2020/05/global-warming-heat-territory-earthuninhabitable/(пристапено на 10.7.2020). 11 С поред последното издание на„Светскиот индекс на ризик од климатските промени“, што претставува извештај кој обединува информации за екстремни временски настани предизвикани од климатските промени, а кој се објавува на годишна основа,„од десетте најпогодени земји и територии во периодот од 1999 до 2018 година, седум биле земји во развој од групите на земји со ниско или средно ниво на приходи, две биле од групата на земји со приходи над просечните(Тајланд и Доминика), а само една е земја која генерира висок приход(Пуерто Рико)“. Види повеќе: https://germanwatch.org/ sites/germanwatch.org/files/20-2-01e%20Global%20Climate%20Risk%20Index%202020_10.pdf(пристапено на 10.7.2020). 12 Види https://gain.nd.edu/our-work/country-index/(пристапено на 10.7.2020). 13 Види повеќе: https://www.unwomen.org/en/news/in-focus/climate-change или https://www. globalcitizen.org/en/content/how-climate-change-affects-women/(пристапено на 10.7.2020). 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 31 14 В иди, повеќе: https://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=&esrc=s&source=web&cd=&cad=rja&uact=8&ved =2ahUKEwiVr6GT7MLqAhWixMQBHb7GA5QQFjABegQIAxAB&url=https%3A%2F%2Fwww.ipcc.ch%2Fapps %2Fnjlite%2Far5wg2%2Fnjlite_download2.php%3Fid%3D9719&usg=AOvVaw0w7DWxcyZRbD6yyO99Gu9a (пристапено на 10.7.2020). 15 За податоци за САД, види повеќе: McCright, Aaron M.(2010): The effects of gender on climate change knowledge and concern in the American public, in: Population and Environment 32, no. 1, стр. 66-87. 16 Види повеќе: https://medium.com/the-sensible-soapbox/british-columbias-carbon-tax-is-working3ea81114be5a or https://www.freitag.de/autoren/der-freitag/co2-steuer-als-gerechtigkeitsmotor-so-gehts 17 Види повеќе: https://ourworldindata.org/contributed-most-global-co2(пристапено на 10.7.2020).. 18 Види повеќе: https://www.wearestillin.com/about(пристапено на 10.7.2020). 19 Види повеќе: https://www.covenantofmayors.eu/(пристапено на 10.7.2020). 20 Оваа поента била илустрирана во еден познат стрип чиј автор е Џоел Пит, добитник на Пулицеровата награда уште во 2009 год.: https://www.climateactionreserve.org/blog/2012/08/31/environmentalcartoons-by-joel-pett/(пристапено на 10.7.2020). 21 Глобалната рецесија предизвикана од кризата со Ковид-19 може исто да биде и закана за овој позитивен развој на два начина: прво, освен што веќе има многу жртви од самиот коронавирус, економската криза која се шири, ќе ги уништи средствата за егзистенција на безброј луѓе и ова ќе чини милиони работни места. Второ, доколку државите не се престројат целосно на патеката на„зеленото закрепнување“, климатските цели ќе ни се чинат недостижни, поради сите сериозни удари кои ги носат со себе, како што е прикажано во ова поглавје. 22 Процентот на луѓе кои живеат со помалку од еден долар на ден, паднал од 84 проценти во 1820 год., на 24 проценти на почетокот на 1990 год., а процентот на луѓе кои живеат со помалку од 1,9 долари на ден паднал од 44 проценти на почетокот на 1980-тите години на 9,6 проценти во 2015 година. Види повеќе: https://ourworldindata.org/extreme-poverty(пристапено на 15.4.2020)). 23 В иди повеќе: https://www.ohchr.org/Documents/Issues/Poverty/A_HRC_41_39.pdf, стр. 6. Оригиналниот извештај е достапен на https://www.worldbank.org/en/topic/climatechange/brief/shock-wavesmanaging-the-impacts-of-climate-change-on-poverty-background-papers(пристапено на 15.4.2020). 24 http://www.fao.org/state-of-food-security-nutrition/2018/en/(пристапено на 15.4.2020). 25 (пристапено на 15.4.2020). 26 Види http://library.fes.de/pdf-files/id-moe/15863.pdf, page 8(пристапено на 22.5.2020). 27 В иди повеќе: https://public.wmo.int/en/resources/bulletin/integrated-drought(пристапено на 08.7.2020). Едно истражување на влијанијата на климатската криза во Белорусија, Ураина и Молдавија исто така ги потенцира ризиците од суша и недостиг на вода, што покажува дека Молдавија и Украина се најзасегнати: https://www.droughtmanagement.info/literature/ZOI_climate_change_eastern_europe_2012.pdf (пристапено на 08.7.2020). 28 T ековниот извештај за човековиот развој предупредува дека„негативното влијание на климатските промени се протега дури до областа на образование и здравствена заштита. Помеѓу 2030 и 2050 година се очекува климатските промени да предизвикаат дополнителни 250.000 смртни случаи годишно како последица од неухранетост, маларија, дијареа и топлински стрес.“ Види повеќе: http://www.hdr. undp.org/sites/default/files/hdr2019.pdf, page 180(пристапено на 15.4.2020). 29 „ Врз човековото здравје исто така влијаат опасни инфекции и влијанија кои се пренесуваат од екосистемот. Повеќето земји од Централна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија(регион CEECCA) известуваат за висок ризик од закани по здравјето, кој вклучува болести како туларемија, антракс, енцефалитис предизвикан од западен крлеж, хеморагична треска со ренален синдром, Конго-кримска хеморагична треска, Западнонилска треска, бруцелоза и Q треска, како и опасни инфекции како што се колера, маларија, дамчест тифус, лишманијази, лептоспироза и други.“ Види повеќе: http://library. fes.de/pdf-files/id-moe/15863.pdf, стр 8. 30 h ttps://www.who.int/gho/world-health-statistics(пристапено на 15.4.2020). 31 Специјалниот известувач на ООН за екстремна сиромаштија и човекови права Филип Алстон подвлече дека„климатските промени се закануваат да ги уништат изминатите 50 години напредок постигнат во полето на глобалното здравје, развој и намалување на сиромаштијата.“ Види повеќе: https://www. ohchr.org/EN/NewsEvents/Pages/DisplayNews.aspx?NewsID=24735&LangID=E(пристапено на 15.4.2020). 32 Види повеќе: https://en.unesco.org/courier/2018-2/climate-change-raises-conflict-concerns(пристапено на 16.04.2020) or Mach, K.J., Kraan, C.M., Adger, W.N. et al.(2019): Climate as a risk factor for armed conflict, 32 – 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда in: Nature 571, 193-197. https://doi.org/10.1038/s41586-019-1300-6 33 В иди повеќе: https://www.un.org/en/chronicle/article/greatest-threat-global-security-climate-changenot-merely-environmental-problem(пристапено на 22.5.2020). 34 В иди https://www.unhcr.org/news/stories/2019/10/5da5e18c4/climate-change-and-displacement.html (пристапено на 08.7.2020). 35 В иди повеќе: https://www.worldbank.org/en/news/infographic/2018/03/19/groundswell---preparingfor-internal-climate-migration(пристапено на 10.7.2020). 36 Да наведеме само два примера: прво, за да се подготоват за глобалното затоплување, многу градови ќе треба да ја заменат одводната мрежа за да не се поплават во случај на поројни дождови. Второ, ќе мора да се реновира и обнови клучната инфраструктура во Арктичкиот Регион(патишта, далноводи за струја, згради, итн.) поради топењето на вечниот лед. Види повеќе: http://library.fes.de/pdf-files/idmoe/15863.pdf, стр. 9(пристапено на 17.4.2020). 37 Според глобалната осигурителна агенција на Munich Re„NatCat SERVICE“. https://www.munichre.com/ en/risks/climate-change-a-challenge-for-humanity.html(пристапено на 17.4.2020). 38 В иди повеќе: https://www.weforum.org/agenda/2020/01/climate-resilience, and https:// newclimateeconomy.report//2016(пристапено на 16.04.2020). 39 О д неговиот брилијантен говор на Самитот за климатска акција: https://www.un.org/sg/en/content/ sg/speeches/2019-09-23/remarks-2019-climate-action-summit(пристапено на 17.4.2020). 40 В иди повеќе: https://www.researchgate.net/publication/325321687_Large_potential_reduction_in_ economic_damages_under_UN_mitigation_targets(пристапено на 23.06.2020). 41 В иди повеќе: https://www.ilo.org/wcmsp5/groups/public/---ed_emp/---emp_ent/documents/publication/ wcms_432859.pdf(пристапено на 10.07.2020). 42 Страницата на центарот е достапна на https://www.ituc-csi.org/just-transition-centre?lang=en(пристапено на 10.07.2020). 43 Фактот што не се договорени датумите за постепено укинување, кои би биле сообразни со Парискиот договор е една од најголемите критики на„Комисијата за јаглен“ на Германија. Имајќи го предвид јаглеродниот буџет, Германија ќе мора да го укине јагленот најдоцна до 2030 година, но засегнатите страни може да се договорат конечното укинување да се случи во периодот 2035- – 2038 година. Значително побавното ширење на обновливите енергии доведува под ризик илјадници работни места во овој сектор. Види повеќе: https://www.bund.net/service/presse/pressemitteilungen/detail/news/diw-studiekohleausstieg-muss-bis-2030-kommen-zwei-drittel-des-gesamten-deutschen-emissionsbudgets-bereits-in-20jahren-aufgebraucht/. Друго важно прашање е дали е„праведно“ да се одделат 40 милијарди евра кои ги плаќаат даночните обврзници, во индустрија која нема иднина, додека поранешните работници од, сега банкротираните германски компании за соларна енергија не добиле никаква финансиска помош од државата, па дури ни структурално слабите региони кои зависат од стабилна енергија на ветерот, не добиваат толкава поддршка како што добиваат регионите каде се ископува јаглен. 1 Амбициозна климатска акција за еднаквост и социјална правда 33 Извори Корисен преглед на врските помеѓу нееднаквоста и климатската криза: http://www.hdr.undp.org/sites/ default/files/hdr2019.pdf(пристапено на 15.4.2020). Врските помеѓу сиромаштијата и климатските промени се појаснети на https://www.ohchr.org/Documents/Issues/Poverty/A_HRC_41_39.pdf(пристапено на 15.4.2020). Сеопфатен приказ на фактите за влијанието на климатската криза врз здравјето изготвени од Светската здравствена организација, Европа: http://www.euro.who.int/__data/assets/pdf_file/0007/347983/13Fact-sheet-SDG-Climate-change-FINAL-25-10-2017.pdf?ua=1(пристапено на 15.4.2020). Упатствата на МОТ за праведна транзиција: https://www.ilo.org/wcmsp5/groups/public/---ed_emp/--emp_ent/documents/publication/wcms_432859.pdf и уште една понова публикација на МОТ: Galgóczi, Béla/ILO(2018): Just transition towards environmentally sustainable economies and societies for all , https:// labordoc.ilo.org/discovery/delivery/41ILO_INST:41ILO_V2/1256119990002676 Двата најважни документи кои се подлога на амбициозните климатски политики, се Парискиот договор за климатски политики: https://unfccc.int/sites/default/files/english_paris_agreement.pdf и револуционерниот извештај на IPCC за 1,5°C report: https://www.ipcc.ch/sr15/ 34 – Titel 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места Декарбонизација на сите сектори во економијата е можност да се создадат нови работни места во индустриите кои се создаваат, и преку новите бизнис бизнис-модели на циркуларната економија. Во ова поглавје ќе зборуваме за предизвикот кој ни претстои: декарбонизација на сите сектори во нашата економија. Сметаме дека овој потфат, во контекст на погоре кажаното, ќе бара огромна инвестиција како и технички и социјални иновации. Но, доколку овој потенцијал се искористи во наша полза, амбициозните климатски мерки и активности може да создадат огромен број нови и подобри работни места. Тука ќе изнесеме аргументи во прилог на изводливоста на ова сценарио и ќе укажеме како ова може да стане реалност притоа директно решавајќи ги предизвиците. Најпосле, доколку не ја ублажиме климатската криза, таа ќе ни донесе уште поголеми предизвици, бидејќи нема да има работни места на мртва планета. ...мораме да се декарбонизираме сега за да го спасиме светот од климатски колапс. На мртва планета нема работа за никого. Во право си Џек. Но, што ќе правиме на оваа здрава планета доколку немаме работа? 36 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места Прв дел: Инвестициите кои се потребни за создавање на нова индустриска и јавна инфраструктура, ќе донесат многу нови работни места. Декарбонизацијата на нашата економија бара сеопфатна инвестициска програма. Во следните 30 години, значителен дел од нашата јавна и приватна инфраструктура ќе треба да подлежи на значително модернизирање за да стане јаглеродно неутрална. Тука мислиме на енергетската мрежа, електраните, постројките за хемиска обработка, градежниот фонд, транспортната мрежа, спречувањето на создавање отпад и третманот на отпад, како и многу други придружни дејности. За да се добие претстава за обемноста на ова задача, потребно е да ги разгледаме подетално различните сектори во нашата економија и мерките кои треба да се преземат во секој сектор: 1. Во електроенергетскиот сектор ќе мора да ги замениме термоцентралите кои работат на фосилни горива со капацитети за производство на обновлива енергија, како што се соларни фотонапонски системи, ветерни електрани, погони на биомаса и хидроцентрали. Со оглед на фактот дека успешната енергетска транзиција во голема мера ќе се потпира на децентрализирана структура, ќе биде исто така неопходно целосно да се реновира енергетската мрежа, да се воведат дигитални технологии со цел да добиеме паметна мрежа ориентирана кон барањата на потрошувачите. Доколку имаме дисперзирана мрежа за складирање на енергија заснована на различни технологии која ќе претставува основа на системот на електрична енергија, ќе имаме сигурно снабдување во деновите и неделите кога има помалку сонце и ветер. Употребата на обновлива електрична енергија за производство на зелен водород е еден од начините за складирање на вишокот електрична енергија во време кога производството ја надминува побарувачката, а други примери за ова се батерии и пумпни хидроцентрали. Штом производството на енергија од обновливи извори се децентрализира, истото може да се случи и со производството на водород, што би можело да се постави на самата локација, особено близу до фармите на ветер. Ова има потенцијал да создаде нови работни места во локалните заедници и да креира нови синџири на снабдување и производни мрежи. 2. ќе мора да ги замени јаглеродно-интензивните производни процеси со нови алтернативи без јаглерод. Ова се однесува и на употребата на енергија во засегнатите индустрии и на хемиските процеси кои произведуваат СО2 или кои се пропратени со јаглеродно-интензивни процеси. За многу индустриски процеси со високо ниво на јаглерод веќе постојат технолошки решенија и најверојатно ќе бидеме сведоци на појава на нови индустриски сектори. Сепак, многу од овие нови технологии сѐ уште се во рана фаза и ќе требаат дополнителни истражувања и пилот-проекти за тие да прераснат на ниво на индустрија. Неодамна, на пример, примената на зелениот водород беше во центарот на вниманието. Тој може да се користи како замена во многу енергетско-интензивни процеси на производство кои порано бараа употреба на фосилни извори на енергија, меѓу другото, и затоа беа високо јаглеродно-интензивни. Еден истакнат пример за ова е употребата на зелениот водород во индустриски процеси, пр. како замена за јаглен во производството на челик. 3. за мобилност ќе мора да инвестира многу во флексибилноста(т.н.„мултимодалност“) на транспортниот систем. Ова ќе бара, меѓу другото, проширување и зазеленување на капацитетите за јавен превоз, развој на услугите кои овозможуваат споделување на превозот(пр.“car sharing“), како и високо ниво на меѓусебна поврзаност помеѓу различните опции за мобилност и дигитализацијата на севкупната мобилност. Како резултат на ова, луѓето ќе бидат уште помобилни отколку што се денес, а нема да има потреба да поседуваат автомобил. Зголемувањето на капацитетите на јавниот транспорт треба да вклучува проширување на железничкиот систем на подолги растојанија, како и проширување на можностите за градски и локален транспорт. Во однос на преостана- 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 37 тите автомобили, ќе мора да ги заменуваме постојните мотори на внатрешно согорување со возила со нулта емисија, кои користат, на пример, електрична енергија или водород како секундарен извор на енергија. Според едно истражување, барем 80 проценти од возилата ќе мора да преминат на електричен погон до 2050 година. 1 За подетален преглед на мобилноста, погледнете го поглавје 5. 4. за греење и ладење честопати се занемарува, а сепак има клучно значење. Од него зависи како ги грееме нашите куќи и јавни простории во зима, како ги разладуваме во лето и како ја готвиме храната. Овој сектор има голем неискористен потенцијал за намалување на јаглеродните емисии. Во оваа област е потребна двојна стратегија: за зголемена енергетска ефикасност и за премин кон обновливи извори на енергија. Со други зборови: да се разладиме или затоплиме убаво, и да бидеме добро нахранети, а да трошиме помалку енергија отколку порано, и да се потпираме исклучиво на обновливи извори на енергија со нулта емисија. За да се случи ова, прво ќе треба да го ревидираме постојниот градежен фонд, на пример, преку подобрување и модернизирање на материјалите за изолација. Второ, ќе мора да ги замениме конвенционалните системи за греење кои се потпираат на јаглен, нафта или природен гас со технологии со нулта емисија, како што се соларните системи, топлински пумпи што работат на зелена енергија или обновливи системи за греење. Покрај тоа, треба да ги преиспитаме архитектонските дизајни за да ги направиме што е можно енергетски поефикасни, на пример, преку внимателно и планирано поставување на прозорци и циркулација на воздухот. 5. П оследниот сектор којшто секако заслужува да се спомне тука, е земјоделскиот сектор . Тоа е најголемиот извор на емисии на метан и азот –- стакленички гасови што се многу поштетни за нашата клима отколку јаглерод диоксидот. Иако често се вели дека земјоделскиот сектор е тешко да се декарбонизира, тоа не е невозможно ако успееме да го промениме начинот на производство и пласман на земјоделските производи. Клучна улога тука има климатски-паметното земјоделство, а првиот чекор кон тоа би бил да се пренасочат земјоделските субвенции кон еколошко обработување на земјата. Со износ од нешто помалку од 40 проценти, значителен удел од буџетот на ЕУ отпаѓа на субвенциите во земјоделието и во моментов од ова најголема ко- 38 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места рист имаат големите земјоделски индустрии. 2 Иако во овој сектор се вложува со помал интензитет, сепак тој може да стане повеќе трудо-интензивен, со што ќе создаде нови работни места преку нови бизнис бизнис-модели. Ова е посебно точно ако го погледнеме земјоделскиот сектор на сеопфатен начин, применувајќи ги принципите на циркуларна економија: биолошкиот отпад може да се претвори во ѓубриво или биогас на локално ниво, дури и без да има потреба од големи финансиски инвестиции или специјална обука за локалните земјоделци. • Сѐ на сѐ, вкупната дополнителна инвестиција која е потребна за декарбонизација во Германија во следните 30 години е проценета на околку два билиони евра. Ова можеби звучи како огромна сума, но всушност станува збор само за околу 3% од вкупните инвестиции во индустриски постројки и станбените објекти кои се потребни за да се заштити основниот капитал на германската економија. Ова е илустрација на големината релативно на обемот на економијата. Заклучокот е: Сумата е значителна, но ова е изводливо. • И уште поважно, ако погледнеме како потребните инвестиции се одразуваат на работните места во засегнатите сектори, новостите се позитивни. Најнапред, тие инвестиции ќе предизвикаат поголема побарувачка за производи на водечките пазари за технологии за климатска заштита : за технологии за обновлива енергија, за технологии и решенија за зелена мобилност и за енергетска ефикасност. На пример, ќе ни треба проширување на постоечката железничка мрежа, воведување на нови системи за затоплување, вгадување на материјали за изолација, турбини на ветер, и слично. Како резултат на ова ќе се отворат многу нови работни места во сите сектори и региони. Во продолжение ќе ги разгледаме конкретните професии кои најверојатно ќе бидат најбарани 3 : 1. С о оглед на тоа што трансформацијата ќе зависи од инфраструктурата, први кои ќе ги почувствуват придобивките, се градежните работници во секторите високоградба и нискоградба со оглед на тоа што ќе биде потребно да се изградат пруги, но и да се модернизираат објектите. 2. Модернизацијата на градежните објекти исто така ќе им користи на работниците задолжени за внатрешни работи како и на цела низа занимања поврзани со планирање и надзор на градилиштата , како и проектантски услуги и технички градежни услуги. 3. Понатаму, преминот од индивидуалната мобилност кон поголемо користење на јавен превоз ќе создаде работни места во сообраќајот и логистичките услуги , на пример, проширување на системот за јавен превоз и делење на превозот, управување со сообраќајот и воведување на инфраструктура за зелена мобилност. 4. Последно, но еднакво важно, многу е веројатно дека ќе има побарувачка за работни места во мекатроника, енергетска електроника и електро-инженерство благодарение на зголемената побарувачка за обновливи енергетски решенија и услуги. Во еден децентрализиран енергетски систем, вакви работни места може да донесат директни придобивки за локалните заедници. • Со оглед на тоа што многу од неопходните инвестиции треба да се спроведат насекаде во земјите и дека системот за обновлива енергија треба да биде уште подецентрализиран, споредено со денешните високо централизирани системи кои се базираат на производство на топлинска енергија, сите региони на една земја може да ги почувствуваат наброените придобивки. Опиплив пример што јасно го илустрира ова е дека денес, речиси 300.000 луѓе веќе работат во водечкиот пазар на обновлива енергија насекаде низ Германија, 4 споредено со само околу 28.000 вработени во индустријата на јаглен, која е сконцентрирана само во одредени региони. Сценаријата за Германија покажуваат дека декарбонизацијата на економијата може да отвори повеќе работни места отколку што може да се изгубат, споредено со сценариото на помалку амбициозни климатски политики. • има милиони луѓе кои работат во„зелените“ сектори . Според едно неодамнешно 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 39 истражување спроведено од Германската агенција за животна средина(UBA), 6,4 проценти од германската работна сила(што се околу три милиони луѓе) се веќе вработени во области поврзани со заштита на животната средина, од екотуризам и одржливи финансиски услуги до индустриски работни места. Повеќе од половина од овие работни места се директно поврзани со климатска заштита. 5 Барем 400.000 работници работат во секторите на обновлива енергија, споредено со само 18.600 работници кои работат во секторот на ископување на лигнит во Германија. Постојат многу малку студии кои содржат податоци конкретно за секторот на мобилност(т.е. бројот на работници кои се исклучиво вработени во производство на автомобили со внатрешно согорување наспроти податокот само за оние кои изработуваат електрични или возила на водород, но исто така и товарни велосипеди, возови, автобуси, пруги и патеки за велосипеди). Амбициозните климатски политики исто така ќе резултираат со сигурни работни места во овие зелени сектори на иднината, а доколку слепо се држиме до конвенционалните индустрии, овие работни места се ставаат под ризик, со што илјадници луѓе се веќе без работа. 6 • од причините за овие изгубени работни места е што вработените во зелените работни места сè уште не се организирани во синдикати и затоа нема кој да ги застапува(за разлика од секторот за јаглен со традиционално висок степен на синдикално организирање и силниот глас кој го имаат работниците во овој сектор). Многу„зелени старт-ап компании“ не видоа потреба да соработуваат со синдикатите, некои дури и ја попречуваа нивната работа, а повеќето синдикати исто така ја пропуштија можноста да привлечат нови членови од новите иновативни„зелени“ сектори. Синдикалното организирање во„зелените работни места“ е клучно за успешна трансформација и секако е корисно за сите засегнати страни— работниците ќе добијат подобро застапување, синдикатите добиваат нови членки, а„зелените“ фирми на овој начин ќе добијат поголема видливост и глас. • Историски, подемот и падот на секторите не е ништо ново, но овојпат имаме можност да учествуваме во обликување на транзицијата на сектор во еден политички раководен процес кој ќе обезбеди социјална правда. Денес, малкумина работат како работници во штали или ергели споредено со времето кога коњите биле главното превозно средство, а во возовите повеќе нема пожарникари. Тие работни места едноставно исчезнале како резултат на технолошките развојни процеси. Во изминативе неколку децении, илјадници секретари и секретарки ги изгубиле работните места кога персоналниот компјутер станал најважниот дел од опремата во секоја канцеларија(за подетална дискусија за ефектите на дигитализацијата по работните места, види исто поглавје 3, стр. 57 и натаму). Многу од овие трансформации се раководени од пазарните услови. Сепак, некои се резултат на владини мерки, како на пример, изгубените работни места во индустријата на тутун, откога владите станаа позагрижени за белодробните заболувања отколку за профитот кој им го носи овој сектор. • Но, ако ја погледнеме флуктуацијата на инвестициите, станува јасно дека најверојатно ќе дојде до колапс на многу стопански сектори кои се поврзани со фосилни горива поради условите на пазарот: најголемите приватни 40 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места банки, но и многу пензиски фондови и други финансиски инвеститори се повлекуваат од индустриите кои се темелат врз фосилни горива, и мултилатералните и националните развојни банки имплементираат стратегии на „деинвестирање“ поради сознанието дека овие сектори немаат иднина. 7 Оттаму, големото прашање не е дали еколошки штетните индустрии ќе бидат во состојба да си продолжат„по старо“ или дали капацитетите ќе се намалат, туку дали работниците и заедниците ќе се соочат со тоа губење на работни места кое го диктира пазарот без социјална заштита, т.е. дали сега ќе ги воспоставиме политичките рамки на праведната транзиција, со што ќе им овозможиме на граѓаните да учествуваат во осмислување на сопствената иднина. • Оттаму, клучната порака е дека декарбонизацијата ќе доведе до промена во структурата на вработувањето. Успехот на оваа транзиција ќе се потпира врз ефикасно менаџирање, политичко раководство, вистински економски иницијативи за обновливи извори на енергија и одржливо производство и потрошувачка. Ние и понатаму ќе произведуваме и трошиме, но ќе произведуваме различни работи и ќе трошиме поинаку. • Ова е уште поизразено ако погледнеме холистички во структурата на вработувањата во нашето стопанство. Зарем не треба да се стремиме кон општество во кое има доволно возачи на автобуси за да се осигураме дека никој нема да„биде изоставен“ на некоја автобуска станица во некоја пустелија, општество каде ќе имаме доволно наставници да го поддржат индивидуалниот развој на секое дете, доволно медицински сестри кои добро ќе се грижат за старите и изнемоштени лица во нашето општество, и општество во кое уметниците ќе можат да заработат за живот, а притоа ќе ги прошируваат нашите хоризонти со нивната креативност и уметнички дела? Дури и во повеќето од нашите европски економии, овие сектори се хронично недоволно финансирани и им недостига работна сила иако луѓето што работат во овие сектори, придонесуваат многу повеќе за нашата благосостојба отколку, на пример, нашето купување на нови производи за широка потрошувачка на секои неколку месеци? • Некои индустриски сектори ќе мораат да престанат да се развиваат(како што е ископувањето на јаглен) – но овие „сиви“ работни места во фосилната индустрија нема нужно да се заменат со„зелени“ работни места . Ако погледнеме пошироко, можеме да се погрижиме луѓето кои придонесуваат најмногу за нашата добросостојба, да добиваат пристојни плати, и да придонесеме кон поголема социјална и родова еднаквост. Во денешниве услови флексибилните облици на работа, долгите работни часови, ниските плати и немањето(синдикално) организирање главно повеќе ги погодува жените кои работат во секторите на пружање нега, здравствена заштита и образование, отколку мажите(на пример. рударите), доколку жените се воопшто и платени за тоа пружање нега. Оттаму при обликувањето на праведна транзиција во нашата економија, мора да се погрижиме да ги промовираме оние сектори кои, на крајот на краиштата, придонесуваат за нашата среќа и кои нашите општества ги прават поправедни , а не оние што ги уништуваат нашето здравје и животна средина. • На крајот на краиштата, не смееме да заборавиме дека контролирањето на климатската криза исто така го спречува губењето на работни места, посебно во туризмот и земјоделието (види исто така поглавје 1, стр. 16). Едноставно, нема работни места на мртва планета. Но, што е со… работниците кои во моментов работат во секторите кои ќе ја променат структурата на работните места поради измените кои одат паралелно со трансформацијата, пр. сите работници поврзани со економијата базирана врз фосилните горива? Како да се погрижиме дека тие ќе имаат сигурни и пристојни работни места и во иднина? Како понатаму: прилагодување на работните места за иднината • За почеток, треба да ги идентификуваме индустриите кои темелно ќе се трансформираат поради декарбонизацијата. Сепак, важно е да не заборавиме дека занимањата кои застаруваат, нема безусловно да резултираат со 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 41 невработеност. Сето ова зависи од тоа како ја менаџираме транзицијата што е нешто кое ќе го разгледаме подолу и во поглавје 4, со посебен фокус на енергетскиот сектор. На крајот на краиштата, во процесот на праведна транзиција важно е да се прифатат и применат промените кои неминовно доаѓаат. • К ако што веќе опишавме, секторите кои се поврзани со стопанските гранки зависни од фосилни горива, секако ќе изгубат значителен дел од работните места кои сѐ уште постојат. Ова посебно ќе влијае врз работниците во индустријата за нафта и гас, во рафинериите, во ископувањето на јаглен и во термоелектраните, посебно оние кои работат на јаглен. • Ш то се однесува до ископувањето на камен јаглен и лигнит, всушност најкрупните загуби на работните места веќе се случија на крајот на Студената војна. Во Лужичкиот регион Регион богат со лигнит во источна Источна Германија, од 1990 год. беа изгубени околу 90 % од работните места. Во Полска, каде се наоѓа најголемиот регион на камен јаглен, исто така од 1990 год. беа изгубени дури 80% од работните места во тој сектор. За ова постојат многу причини, но глобалната конкуренција и рационализацијата на производните процеси секако тука одиграа клучна улога. • У ште една индустрија која ќе биде под огромно влијание, е секако, автомобилската индустрија. Преминот кон електрични возила значително ќе влијае врз некои делови од синџирот на снабдување, посебно оние делови кои се потребни за погонот на возилата/погонските склопови. Со оглед на важната улога која ја игра Источна Европа во автомобилската индустрија, интегрирањето во глобалните синџири на снабдување ќе остави длабоки траги врз економијата во регионот. Притоа декарбонизацијата може да биде двигател, што значи дека амбициозните климатски политики не се оние што ја „убиваат работата“ како што често се мисли. Многу водечки автомобилски пазари трпат промени кои значително ќе ги променат обрасците на мобилност, па веројатно ќе се намали побарувачката за класични автомобили, без или со декарбонизацијата. Дигитализацијата ги предводи новите бизнис-модели. Урбанизацијата ја зголемува потребата од јавен превоз поради растечката густа населеност во урбаните средини. Индустриската политика на растечките стопански гранки кои сега се појавуваат, сѐ повеќе ќе влијае врз постоечките сектори, преземајќи дел од нивната работа. Тука влегува и автомобилскиот сектор и развивањето на нови домашни помали бизнис-модели кои сакаат да фатат приклучок со напредните економии, како на пример, за производство на батерии за електрични возила. Како резултат на ова, автомобилскиот сектор секако ќе се соочи со крупна трансформација, дури и без амбициозна климатска политика . Трансформацијата на секторот за мобилност подетално ќе ја погледнеме во поглавје 5. • Понатаму, постојаната автоматизација на индустриското и рударското производство секако ќе доведе до загуба на работните места: никој во Европа веќе не копа јаглен со копач, туку сѐ се прави машински. Истото се однесува и на фабриките за автомобили и за производството на многу други индустриски производи, додека, сѐ до 1970-те години овие места биле преполни со работници, а на денешните производни ленти речиси и да нема човек помеѓу сите тие роботи. Во Централна и Источна Европа многу од овие сектори имаат очајна потреба од инвестиции за повторно да станат профитабилни. Но, во овој случај, инвестицијата исто така значи и автоматизација, што секако резултира во губење на работни места и затоа мора да се грижиме на тие работници и да им овозможиме социјална заштита. Ајде да погледнеме како ова исчезнување на одредени занимања не значи автоматски и губење на работните места. На располагање имаме низа драгоцени инструменти за поддршка на работниците кои ќе бидат под влијание на претстојните промени: • Особено кога станува збор за рударите, постојат две мерки за финансиска поддршка кои веќе се покажаа ефективни. Програми за предвремено пензионирање за постари работници и транзициски фондови кои им се 42 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места исплаќаат на помладите рудари за преквалификација или барање работа во други индустрии. Кога станува збор за други индустрии, Германскиот синдикат на металските работници,„ИГ Метал“, неодамна предложи преодна мерка од ангажман на скратено работно време за секторите подложни на структурни промени, како што е автомобилската индустрија, што значи на работниците да работат помалку часови за во меѓувреме да имаат можност да се стекнат со нови вештини и квалификации. На овој начин, тие можат да се квалификуваат за работа во секторите кои се во развој, пред воопшто да останат без работа. Разликата во платата помеѓу скратеното работно време и редовната плата ја покрива државата. • Понатаму, работниците добиваат помош за да се префрлат на различни, но сродни работни позиции. Во областа Рур во Германија, на работниците им била дадена задача да ја демонтираат рударската опрема или да работат на ревитализација на земјиштето каде се наоѓал рудникот(што е многу долг процес). Новите резервни електрани кои користат синтетички гас, може исто така да им понудат нови работни места на работници кои работеле во термоцентралите. • Преквалификација за нови занимања е посебно корисна доколку истата се фокусира на вештините кои веќе се, или се очекува да бидат многу барани, т.е. кои не се толку достапни на пазарот на трудот. Еден пример за ова може да бидат работни места во секторот градежништво: ќе бидат потребни уште многу работници доколку сакаме да ги спроведеме сите мерки за енергетска ефикасност на постојните градежни објекти. Менувањето на работно место или сектор секогаш внесува промени во животот на поединецот. Кога еден сектор се намалува, посебно сектор кој бил многу вреднуван во минатото, ова е тешко да се прифати и затоа„решенијата“ кои се наметнуваат врз работниците однадвор, ретко се ефективни. Затоа, ако сакаме транзицијата да биде поприфатлива на ниво на работникот, важни се три фактора: 1. Најнапред, треба да се оддаде признание на животните успеси и достигнувања на луѓето. Јагленот во минатото загревал безброј домаќинства, моторите со внатрешно согорување обезбедија подвижност за луѓето каква не била видена претходно. Постојат начини да се зачуваат овие сеќавања. На пример, во многу градови поранешните фабрики и рудници се претворени во светски познати објекти на културно наследство. 2. Второ, на луѓето треба да им се даде што е можно поголем избор кога станува збор за обликување на сопствената иднина. Кога им се дава можност да се пензионираат или да научат нови вештини, кога ќе им се даде избор да одберат нови занимања, граѓаните веќе не се„жртви“ или набљудувачи, туку господари на сопствената судбина. 3. Трето, новите работни места треба да нудат работни услови кои се барем еднакво добри како условите на старата работа. Ова е често полесно да се каже отколку да се направи, затоа што условите за работа во тешката индустрија и рударството значително се подобрија благодарение на работата на синдикатите. Многу луѓе во овие сектори имале добро платени договори за неопределено време, што не е секогаш случај во сѐ уште растечкиот сектор за обновливи извори на енергија. Но, што е со... ...регионите кои се потпираат врз дејностите во тешката индустрија или експлоатацијата на јаглен? Како тие да извлечат придобивки од економијата која се декарбонизира? Како понатаму: треба да ги користиме можностите кои се отвораат • Како што веќе видовме кога зборувавме за регионите богати со камен јаглен и лигнит, повеќето од структурните промени веќе се случиле. Од една страна, ова објаснува зошто преостанатите рударски активности се толку важни за локалните економии. Од друга страна, амбициозната климатска агенда обезбедува можности за овие региони да го привлечат вниманието и структурните 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 43 фондови што им се потребни за да создадат нови економски перспективи. Фондовите за структурна поддршка не само што ќе отворат нови можности во следните години, туку ќе им помогнат и на оние области што претрпеа загуби како резултат на деиндустријализација во минатото. носта на граѓанското општество се клучните фактори за успех. • Согласно концептот на„ напредок преку образование“ , со создавање на универзитети и центри за стручно образование и централни институции кои ги спроведуваат мерките на Кога зборуваме за тоа како да се поддржат цели региони што ќе бидат погодени од транзицијата, има плејада научени лекции, на пр. од германската област Рур и од периодот кој го означува крајот на експлоатацијата на камен јаглен во Германија, што може да понуди одредени насока за во иднина: • Р егионалните, националните и европските програми за поддршка можат да помогнат да се спроведе општествено прифатлива структурна трансформација. Ова често вклучува создавање на посебни регионални агенции кои поттикнуваат пренос на знаење и вмрежување меѓу локалните актери и се обидуваат да ги координираат мерките за транзиција. Една научена лекција од областа Рур е дека заедничката визија, децентрализираното управување и вклучелокално ниво им се овозможи на самите поранешни работници, како и на нивните деца и внуци, да се образуваат и да напредуваат во саканите области. Со ова, освен што се зајакна локалната економија, се подвлече и важноста на социјалдемократската перспектива дека образованието е важна патека кон самореализација. • Понатаму, програмите за финансирање на владите за истражување и развој и други таргетирани субвенции за нови технологии треба да бидат насочени кон региони со структурни проблеми, и за поддршка и поттикнување на создавањето на нови стопански кластери, како што е производство на батерии. Во областа Рур, токму развојот на кластери како резултат на вклучување во истражување и развој на универзитетите, производните погони и старт-ап бизнисите, 44 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места се покажа како ефикасен двигател за успешна транзиција. На тој начин биле основани некои од првите технолошки паркови во Европа, кои биле иницирани во Дортмунд, непосредно до областа Рур. • Како заклучок, постојат повеќекратни можности за трансформирање на регионите во кои доминирале тешките индустрии или експлоатацијата на јаглен. Овие региони може да станат објекти на културата, каде посетителите ќе ги истражуваат фантастичните објекти и машини од минатата ера(пр. „Zeche Zollverein“ кој се наоѓа на списокот на културно наследство на УНЕСКО) 8 , или може да се пренаменат во игралишта или објекти за рекреација(пр. рудници за лигнит се претвораат во езера), или може да се развие патната и железничката инфраструктура користејќи ја поврзаноста на патната мрежа за да се привлечат нови индустрии. Но, што е со... ...инвестицијата која е потребна за да се трансформира инфраструктурата? Како да обезбедиме средства? Како понатаму: финансирање на промената Постојат многу инструменти кои се на располагање за да се финансира трансформацијата на инфраструктурата и да се пружи поддршка на регионите во кои се случуваат структурни промени: • Кога станува збор за финансирање на транзицијата на јавни и приватни инфраструктури, она што е најважно, е да се обезбеди комбинација на јавни средства и приватни инвестиции . За земјите од Централна и Источна Европа, важен избор на поддршка е механизмот за праведна транзиција и финансирање преку Европската инвестициска банка, како дел од Зелениот договор на Европската комисија. 9 За да се привлечат приватни извори на финансирање, на пример, од пензиски фондови, иновативни форми на јавно-приватно партнерство кои нудат скромни, но стабилни приноси, имаат потенцијал да привлечат средства од институционални инвеститори кои бараат вакви можности. Конечно, вклучувањето на ризици поврзани со климатската криза во проценките на ризици на банките и другите инвеститори може да помогне инвестирањето во обновливи извори и во други одржливи технологии да биде конкурентно на традиционалните вложувања и на тој начин да се стимулираат финансиските актери да ги преструктурираат своите портфолија. Акцискиот план за одржливо финансирање на Комисијата на ЕУ е првиот чекор во оваа насока. 10 Како што банките и фондовите се „повлекуваат од финансирање“ на јаглеродно-интензивните индустрии(види стр. 40), тие бараат нови можности за инвестирање во сектори со иднина. 11 Ете затоа компанијата„Тесла“ неодамна стана производител на автомобили со најголема вредност на светот (иако„Тојота“, која е второ-рангирана има продадено триесет пати повеќе автомобили), додека инвестирањето во обновливи енергии бележи еден рекорд по друг во изминативе години. • Регионите кои зависат од јаглен и другите субјекти кои ќе подлежат на структурни промени, веројатно ќе добијат повеќе финансии преку регионалните програми на ЕУ и преку Фондот за праведна транзиција кој е исто така дел од Зелениот договор на ЕУ. Но, што е со... ...истекувањето на јаглерод(„carbon leackage“) 12 ? Како да бидеме сигурни дека енергетски-интензивните индустрии нема едноставно само да се преселат во странство наместо да станат„зелени“? Како понатаму: чесна игра на глобално ниво • Во следните 10 до 20 години, голем процент на нови постројки во енергетско-интензивните индустрии, како што се челичаните или фабриките за хемиска преработка ќе стасаат на ред за реинвестирање . Овие нови инсталации ќе работат неколку децении. Затоа е од клучна важност овие нови инсталации да користат нови технологии со низок јаглероден отпечаток. Во спротивно тие многу ќе придонесат за глобалното затоплување преку она што се нарекува ефект на„блокада на јаглеродот“. И згора на сѐ, ќе бидат исфрлени од пазарот зашто цените на CO2 постојано ќе 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 45 растат, и поради светските трендови за декарбонизација ќе завршат како скап имот со кој не може да се направи ништо. • Д енес, овие нови технологии, како на пример, користењето водород во производството на челик и сродните производи сѐ уште не се конкурентни на нивната конкуренција која произведува со конвенционални, јаглеродно- интензивни методи на производство, кои во многу случаи биле или сѐ уште се поддржани од финансиска помош. Додека оние нови технологии не созреат и станат конкурентни преку воведување на системи за утврдување на цени и трговија со емисии, оние кои ќе го направат првиот чекор на пазарот, ќе мора да се погрижат декарбонизацијата на овие индустрии да не ги избрка во странство или да предизвика да исчезнат поради нивната немоќ да се натпреваруваат на меѓународниот пазар. За таа цел, има три потенцијални инструменти кои во моментов се разгледуваат на европско ниво и во многу земјичленки: 1. П рво, треба да ја испитаме ефикасноста и изводливоста на воведувањето на гранични прилагодувања на даночните стапки зависно од емисиите на јаглерод , т.е. увозните тарифи кои се засноваат врз отпечатокот на CO2 на некои енергетско-интензивни производи. Ова може да помогне да се заштитат индустриите во транзиција од неповолната меѓународна конкуренција. Од самиот почеток на 2020 година, ЕУ размислува да имплементира ваков систем како дел од Европскиот зелен договор(„Border Carbon Adjustment – BCA“). 2. Второ, јаглеродните договори за разлики („carbon contracts for difference“) би можеле да го премостат јазот помеѓу тековно високите производни трошоци за јаглеродно-неутрални и енергетско-интензивни производи, на пример челик, и цената на светскиот пазар, која сѐ уште се утврдува од производи кои се создаваат со поевтини методи кои сепак се повеќе јаглеродно-интензивни. Со други зборови, тоа значи дека владите се согласуваат да ја покријат разликата во цената за оние компании кои сакаат да ја намалат количината на јаглеродни емисии во производството. 3. На долг рок, понатамошната меѓународна соработка е од суштинска важност доколку сакаме да се договориме за најниската глобална цена на јаглеродот за да имаме еднакви услови за сите, за јаглеродно-интензивните и јаглеродно-неутралните методи на производство. • Конечно, синдикатите кои имаат доста искуство и знаење за вредносните синџири, може да дадат непроценлива поддршка во сите овие напори. Потпирајќи се на духот на меѓународната солидарност, тие можат да помогнат да се исправат пропустите на државите кои не се придржувале кон еколошките стандарди. Но, што е со... …високото ниво на вештини и знаења кои се потребни за работа во овие нови индустрии? Зарем можностите не се наклонети кон високонапредните економии? Како да се погрижиме и помалите економии да извлечат придобивки наместо само да ги прифаќаат последиците на одлуките кои ги носат други? Како понатаму – во рамките на ЕУ и надвор од неа • Земјите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) се веќе интегрирани во синџирите на снабдување на нивните западноевропски соседи – автомобилскиот сектор е најдобриот пример за тоа. Затоа е клучно за земјите од ЦИЕ рано да ги предвидат сите овие трансформации и да се надоврзуваат на знаењето кое е акумулирано во последните 30 години за да останат дел од овие глобалните верижни синџири. Притоа треба да се развијат вештините што ќе им овозможат на работниците и на компаниите да се прилагодат на технолошките промени и да се интегрираат во нови мрежи на економска активност. • Многу од земјите на ЦИЕ имаат млада квалификувана работна сила во секторот на информациски технологии која може да даде свој придонес кон развојот на нови, дигитализирани решенија за транзицијата, 46 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места што самото по себе е додадена вредност за нивните матични земји. • Многу од промените на кои сме сведоци, во моментот претставуваат вистински глобални промени. Во овој контекст, секоја европска земја најверојатно ќе мора само да ги прифати одлуките донесени во децениите што следат. Сепак, многу економии од Централна и Источна Европа се веќе дел од Европската Унија, што ги прави дел од економскиот блок со глобална важност. Затоа е клучно да се подобри европската соработка . А чекорите кон реализација на ова се веќе преземени: Европскиот зелен договор и Европската индустриска стратегија се двата првични обида да се развие заеднички европски одговор на глобалните мегатрендови што треба да ги решиме колективно. • Во меѓувреме, дури и земјите кои не се дел од ЕУ , ќе имаат можност успешно да се справат со транзицијата, доколку разумно ги користат инструментите за поддршка и соработка за финансирање и заемите на ЕУ во контекст на Европскиот зелен договор(пр. средства од Инструментот за претпристапна помош или заеми од програми на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка). Други меѓународни финансиски организации, пр. Светската банка или Германската банка за развој KfW и други меѓународни донатори исто така даваат поддршка за зазеленување на инфраструктурата во земјите кои се изложени на развојни предизвици. • За да може целосно да се оствари потенцијалот за создавање на локални работни места што носи придобивки за локалните заедници, треба да се воспостави соодветна рамка за управување со декарбонизацијата. Едно од најважните прашања ќе биде како да се зајакне децентрализираното производство на електрична енергија и на придружната мрежа, така што работните места кои се потребни за нивното работење, исто така да останат во локалните заедници. Ова е многу поинаков пристап кон централизираните системи кои ги имаме во моментов. И тоа е предуслов доколку земјите во транзиција сакаат да имаат некакви придобивки. Силната регионална, меѓурегионална и европска поврзаност, која обезбедува резервни решенија за снабдување со енергија и техничката стабилност, остануваат клучен фактор за успешна енергетска транзиција. Децентрализираното производство на електрична енергија е исто така клучен чекор на патот кон производство на електрична енергија на поефикасен, одржлив и социјално праведен начин. Импликациите од децентрализираната енергетска транзиција се подетално разгледани во поглавје 4. 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 47 Втор дел: преминот од линеарна кон циркуларна економија ќе донесе нови производи ускладени со климатските промени и бизнис-модели кои ќе создадат нови работни места. Еден важен придонес кој ќе ги направи нашите економии поодржливи, ќе биде преминот од линеарна кон циркуларна економија. Во линеарна економија, ресурсите се извлекуваат, обработуваат, користат и на крај се отфрлаат како отпад. Во циркуларна економија, отпадот сам по себе се смета за ресурс, а ресурсите и материјалите се искористуваат од почеток и се користат најдолго што е можно(пристап„од лулка до лулка“). На овој начин, освен замена на старата инфраструктура, се создаваат нови бизнис-модели компатибилни со климатските мерки . Декарбонизацијата, на крајот на краиштата, не значи само замена на сите процеси во нашата економија кои емитираат стакленички гасови, со алтернативи кои се компатибилни со потребите наметнати од климатската криза. Ова е можност да се создаде нова економија која нуди подобар живот за сите, под услов да сме проактивни во решавање на социјалните проблеми уште на самиот почеток. На крајот на краиштата, декарбонизацијата ќе биде успешна единствено ако успееме да затвориме што е можно повеќе циклуси кои предизвикуваат интензивна употреба на ресурси. Една од причините зошто ова е важно, е бидејќи енергетската транзиција сама по себе е многу ресурсно-интензивна: иако тие не горат фосилни горива, за да се произведат ветерни турбини и соларни панели, неопходно е огромно количество метал, што понатаму треба и да се рециклира. Но, сепак, јаглеродниот и ресурсниот отпечаток на електраните кои користат обновливи извори на енергија(па дури и на електричните автомобили), е несомнено значително помал од оној на фосилните алтернативи. Но, сè уште ни е потребна енергија и материјални ресурси за да ги произведеме и рециклираме. Ако сакаме да избегнеме ситуација во која, решавајќи еден еколошки проблем, всушност создаваме друг, ќе мора да бидеме што е можно порационални со нашите ресурси. Во спротивно, експлоатацијата на природните ресурси која исто така се заканува на нашата егзистенција и ова прашање, заедно со она за климатската криза, е прашање со кое мора да се справиме. • Зајакнувањето на ефикасноста на ресурсите ќе бара сеопфатни измени во повеќето наши производи. Тие ќе треба да бидат дизајнирани на таков начин што сите користени ресурси ќе можат да се преработат во некој друг облик по навршувањето на животниот век на производот. Тие ќе треба да се изработуваат претежно од обновливи извори за да се овозможи ефикасно рециклирање. Ова ќе создаде нови работни места во секторите за дизајнирање на производите, услугите за поправка и на крајот, третманот на отпад, и многу од овие работни места ќе бидат во локалните заедници . • Истото се однесува и за новите деловни модели кои се засновани на споделување наместо на поседување работи . Ова се модели кои неизбежно ќе се појават затоа што се попогодни за потрошувачите. На пример, машина за перење: наместо да поседувате машина за перење, можете да се служите со јавна, односно да купувате одреден број циклуси на перење. Откако машината ќе се амортизира, автоматски ќе биде искористена, а вие не мора да се грижите за тоа дали ќе се врати во циклусот на преработка на ресурси. Услугите за делење на превозот веќе почнуваат да го менуваат начинот на кој луѓето ги организираат своите активности: споделување на превоз или автомобили(„car sharing“) се само некои од примерите. • една сеопфатна студија нарачана од Европската комисија, проценките се дека преминот кон циркуларна економија би го зголемил БДП на ЕУ за околу 0,5 проценти до 2030 година и би се отвориле дополнителни 700.000 работни места, при што земјите од Централна и Источна Европа би извлекле поголеми придобивки отколку земјите од Западна Европа. 13 48 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА ЈА ЗАЈАКНУВА ЕКОНОМИЈАТА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА 700,000 дополнителни работни места 700,000= големината на Кракау • не сѐ, мора да ја имаме предвид регулаторната страна на состојбите: Европската комисија проценува дека само целите поврзани со отпад, поедноставување на законската рамка, подобрено следење и контрола и споделување на најдобри пракси може да доведе до отворање на повеќе од 180.000 нови канцелариски работни места, во цела Европа до 2030 година. Но, што е со.. ...сите нови вештини потребни за работни места во циркуларната економија? Како да ги обезбедиме потребните вештини и знаења за да се погрижиме никој да не биде изоставен? Како понатаму: постепена промена на вештините • мора да имаме предвид дека оваа промена ќе се случува постепено во наредните 30 години. За да не се случи некои работници да бидат заборавени и да останат само со нивните„застарени вештини“, важно е да се развие стратегија за обука и преквалификација во рана фаза(како што се дискутира на стр. 43). • На крајот на краиштата, глобалните промени кои ги доживуваме – и тука не зборуваме само за глобално затоплување, фундаментално ќе го променат начинот на кој работиме. Бидејќи сакаме никој да не биде изоставен, неопходна е кампања за вештини, преку која ќе утврдиме кои работни вештини и квалификации ќе бидат потребни во иднина. Веќе во тек се неколку интересни проекти кои помагаат да се одреди насоката на транзицијата, кои работни места наскоро може да исчезнат, и кои се обидуваат да идентификуваат кои дополнителни вештини ќе им бидат потребни на луѓето за да успеат на пазарот на трудот на иднината. Еден пример се ресурсите обезбедени од Цедефоп, Европскиот центар за развој на стручна обука, преку нивната алатка за предвидување на потребните вештини. 14 Но, што е со... ...познатите обрасци на бизнис-модели и технологии кои се развиваат во странство? Како да бидеме сигурни дека економиите во транзиција ќе може да уживаат во придобивките од овој развој и дека луѓето и заедниците ќе напредуваат? Како понатаму:„скок“ кон понапреден развој на циркуларна економија • Навистина, напредните економии и нивните компании честопати се пионери кога станува збор за развој, пилотирање и развивање на нови деловни модели и технологии. Сепак, ова има и предност за економиите во транзиција. Преку ова, новите технологии стануваат поевтини и подостапни за другите земји како што добиваат во обем, поради влијанието на ефектот на кривата на учење и економијата од обем. Ова е точно и за обновливите извори на енергија и веројатно ќе го видиме истото и со примерот на циркуларната економија. • на инфраструктурата претставува товар и за високоразвиените земји кои можеби неодамна инвестирале во ажурирање на постоечката инфраструктура на фосилни горива, а сега се соочуваат со ставање вон функција или нивно обновување и со сето ова значително се намалува исплатливоста на инвестицијата. Во меѓувреме, во земјите со застарена инфраструктура, таа секако мора да се ажурира(пр. централи, патишта, итн.) и на овој начин да се „прескокне“ кон следната фаза на модерната технологија . 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 49 • П ринципот„поправи, повторно употреби, рециклирај“ на циркуларната економија исто така има потенцијал да создаде повеќе локални работни места и професии кои биле изгубени во текот на изминатите децении, бидејќи трендот на поправање на машини и предмети сосема изумре. • кцискиот план за циркуларна економија на ЕУ донесува амбициозна агенда со конкретни мерки кои опфаќаат мерки како зголемени национални цели за рециклирање, па сѐ до минимални стандарди до кои мора да се придржува производителот кога го станува збор за дизајнирање на производот. Други важни чекори се забрана и контрола на нелегални пратки со отпад. Она што денес е отпад, утре може да биде суровина за бизнис-моделите на циркуларната економија. • О ва се првите чекори. Сепак, трансформација на нашата економија од линеарна кон циркуларна за нас е сѐ уште непозната територија. На среден рок ќе мора да ги преиспитаме и промениме некои од нашите темелни економски политики, кои може да вклучуваат измени во системот на оданочување или на нашите трговски политики за да се усогласат со ефикасно користење на ресурсите, со доследност и достаточност, на пример, преку прогресивно оданочување на користење на ресурсите. Така државата би играла одлучувачка улога во преминот од линеарна кон циркуларна економија на национално, но и на локално ниво(види поглавја 6 и 7). Државата мора да создаде рамка, но и да обезбеди демократско учество во имплементацијата. И ќе треба да ги вгради клучните принципи на одржлив развој во својата образовна политика. • Иновациите секогаш цутеле во претприемнички држави кои заземаат проактивен став кога зборуваме за развој и ширење на новите технологии, и денес, ваквата претприемачка рамка може исто така да се обезбеди на заедничко европско ниво. Ваквата рамка треба да го поддржи развојот на новите технологии и да им овозможи да се промовираат на пазарот. Оттаму, транзицијата која треба да ја вообличиме, нема да биде компатибилна со неолибералното разбирање на интеракцијата помеѓу државата и пазарот, бидејќи неолибералната идеја на држава – ноќен чувар не може да ги поттикне и поддржи 50 – 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места саканите промени. 15 Потребно е прогресивно лидерство. Како што видовме во поглавје 1 (стр. 26), социјалдемократите и во минатото помогнаа да се вообличат овие транзициски процеси, а ќе видиме во поглавје 6(стр. 112 и натаму), дека сите модерни држави имаат бројни инструменти на располагање кои може да нѐ однесат кон социјално праведна и еколошки одржлива иднина. Кон што тежнееме? • о ова поглавје направивме проценка на потенцијалите на декарбонизација на економијата во однос на работните места и вработувањето. Увидовме дека транзицијата е потребна за да се зачуваат работните места во сектори кои веќе се под влијание на климатската криза, и во сектори кои ќе бидат под удар на жестоко глобално затоплување доколку не преземеме ништо . На крајот на краиштата, нема работа на мртва планета. • Исто така увидовме дека, настрана од економската и технолошката димензија на транзицијата, прогресивните актери имаат капацитет да се погрижат процесите да бидат правични и социјално праведни . Ова е клучна одговорност, посебно за социјалдемократите. Мора да се погрижиме сиот развој опишан во ова поглавје да биде политички раководен на начин кој ќе придонесе за намалување на нееднаквоста во процесот, т.е. преку редистрибутивни даночни режими со цел да се обезбеди потребното финансирање. • Водечките принципи за„праведна транзиција“ како оваа веќе ги имаат разработено многу засегнати страни: синдикати, политички партии и НВО, и веќе се применуваат насекаде низ светот. Дополнително на димензијата на социјална еднаквост на ваквата политичка рамка и насоки, овие принципи ќе мораат исто така да вклучуваат ефикасност и доволност. • Посебно за прогресивците, односот помеѓу државата и пазарот ќе мора да се избалансира. Она кон што треба да се стремиме, е иновативна и претприемничка држава. Држава која го поддржува развојот и ширењето на нови одржливи технологии преку стратешка индустриска и иновативна политика. Во оваа транзиција, нема да биде доволно да се потпреме на неолибералната парадигма на слободното дејствување на пазарните сили и да чекаме таа да ни го донесе напредокот што ни е потребен. 2 Декарбонизација на економијата и иднината на работните места – 51 Користена литература Ендноти 1 Според студијата Klimapfade für Deutschland, ова ќе доведе до 33 милиони електрични возила само во Германија. Во 2020 год, имаше околу 48 милиони возила на германските патишта.(https:// www.kba.de/DE/Presse/Pressemitteilungen/2020/Fahrzeugbestand/pm06_fz_bestand_pm_komplett. html#:~:text=M%C3%A4rz%202020.,%2C7%20Millionen%20Kfz%2DAnh%C3%A4nger.) Сепак, оваа цифра може на крајот да се намали, зависно од видот на транзиција на мобилноста која ќе ја одбереме. За повеќе информации, види поглавје 5. 2 Види повеќе: https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/food-farming-fisheries/farming/documents/capexpenditure-graph1_en.pdf 3 О вие проекции се фокусираат претежно на ефектите на декарбонизацијата на работните места. Сепак, значително влијание ќе имаат и други мегатрендови, како што се дигитализацијата и демографските промени. За овие подетално ќе зборуваме во поглавје 3. 4 Всушност, ќе беше уште повеќе, да не постоеше опаѓање на обемот на соларната фотонапонска индустрија. 5 Umweltbundesamt(2020): Beschäftigung im Umweltschutz. Entwicklung und gesamtwirtschaftliche Bedeutung, https://www.umweltbundesamt.de/sites/default/files/medien/1410/publikationen/2020_ hgp_beschaeftigung_im_umweltschutz_final_bf.pdf. 6 Со тоа што владите се фокусираат на фосилни горива, илјадници работни места веќе се изгубени во секторот на обновливи горива. Види повеќе: https://www.cleanenergywire.org/dossiers/energytransitions-effect-jobs-and-business#Ups, https://www.solarpowerworldonline.com/2020/04/reportestimates-over-a-half-million-clean-energy-jobs-will-be-lost-through-q2/ or https://www.theguardian. com/environment/2020/jun/25/up-to-11000-renewable-energy-jobs-could-be-lost-under-morrisongovernment-policies(пристапено на 9.7.2020). 7 Види, на пример https://bankwatch.org/press_release/world-s-largest-multilateral-bank-ends-fossil-fuelsfinancing or, или за преглед во светот http://energywatchgroup.org/divestmentblog(пристапено на 10.7.2020). 8 Види повеќе: https://www.zollverein.de/zollverein-unesco-wrorld-heritage-site/ 9 Европскиот зелен договор е предлог од Комисијата на ЕУ за амбициозен план за декарбонизирање на европската економија до 2050 година: https://ec.europa.eu/info/strategy/priorities-2019-2024/ european-green-deal_en 10 Акцискиот план на ЕУ за одржливи финансии има за цел да се пренасочат капиталните текови во поодржливи инвестиции преку вклучување на долгорочни елементи во финансиското планирање, како што се високите ризици кои произлегуваат од климатската криза и загадувањето на животната средина: https://ec.europa.eu/info/publications/180308-action-plan-sustainable-growth_en 11 В иди повеќе: The UN-convened Net-Zero Asset Owner Alliance: https://www.unepfi.org/net-zero-alliance/ 12 Истекувањето на јаглерод претставува појава која може да се јави доколку како резултат на трошоци кои произлегуваат од климатските политики, бизнисите одлучат да го реалоцираат своето производство во земји со порелаксирани ограничувања на јаглеродните емисии. 13 Cambridge Econometrics et al.(2018): Impacts of circular economy policies on the labour market, достапно на: https://op.europa.eu/en/publication-detail/-/publication/fc373862-704d-11e8-9483-01aa75ed71a1/ language-en 14 В иди повеќе; https://www.cedefop.europa.eu/en 15 Види повеќе: Mazzucato, Mariana(2013): The Entrepreneurial State: Debunking Public vs. Private Sector Myths. London: Anthem Press. Извори https://wupperinst.org/fa/redaktion/downloads/projects/PhasingOut_Coal_report.pdf https://publications.jrc.ec.europa.eu/repository/bitstream/JRC112593/kjna29292enn.pdf http://library.fes.de/pdf-files/wiso/14450.pdf http://www.fes.de/cgi-bin/gbv.cgi?id=16769&ty=pdf http://library.fes.de/pdf-files/fes/15665.pdf http://library.fes.de/pdf-files/wiso/16041.pdf https://www.agora-energiewende.de/veroeffentlichungen/klimaneutrale-industrie-hauptstudie/ https://www.leopoldina.org/uploads/tx_leopublication/2020_ESYS_Stellungnahme_Energiesystem.pdf https://library.fes.de/pdf-files/wiso/12622.pdf https://ec.europa.eu/environment/circular-economy/first_circular_economy_action_plan.html 52 – Titel 3 Комбинирање на(мега) трендови Декарбонизацијата не е единствената трансформација на која сме сведоци во денешно време. Постојат и други далекусежни големи(мега) трендови кои влијаат врз структурните промени. Дигитализацијата и демографските промени, како и кратење на работното време значително ќе влијаат врз тоа како и кога работиме. Доколку фатиме чекор со овие мегатрендови, може да изградиме подобра социјална и еколошка иднина. Во ова поглавје, ќе ги разгледаме големите трендови што влијаат врз процесот на декарбонизација и кои имаат големо влијание врз иднината на работата: демографски промени, дигитализација и кратење на работното време. Ќе прикажеме како овие мегатрендови влијаат врз вработувањето и работните места, но исто така и како го трасираат патот кон поодржлив економски модел со ниски јаглеродни емисии. Другите мегатрендови, како што се деглобализацијата („deglobalization“) предизвикана од пандемијата со Ковид-19, која светската економија ја одвлекува од економската интеграција, исто така може да влијаат врз иднината на работата и декарбонизацијата. Знаете, секогаш ќе има трендови кои доаѓаат и си одат. Декарбонизацијата е таков тренд. Верувајте ми, ќе исчезне, исто како и дигитализацијата. 54 – 3 Комбинирање на(мега)трендови Прв дел: Се очекува дека демографските промени ќе ја намалат работната сила во блиска иднина, така што може да се случи да имаме повеќе работни места отколку работници. • Дебатата за тоа дали декарбонизацијата на нашата економија на крајот ќе доведе до губење на голем број работни места честопати го занемарува она што ќе биде еден од најважните двигатели на промените на пазарот на трудот во годините и децениите што доаѓаат, а тоа се демографските промени. • Најпрвин, с е очекува да се намали бројот на населението во Централна и Источна Европа во следните неколку децении. Овие општества исто така рапидно стареат. Што се однесува до пазарот на трудот, ова значи дека расположливата работна сила ќе се намалува значително, што дополнително ќе го влоши недостигот на квалификувани работници од што веќе страдаат многу сектори. • Тоа што општествата стареат, исто така значи дека секторот за нега на постарите лица неминовно ќе расте . Со оглед на тоа што ова е трудоинтензивен сектор, тој ќе се натпреварува со други сектори од економијата за тие работници чијшто број се намалува. • Во Централна и Источна Европа овие состојби дополнително ќе се засилат поради фактот што веќе има голема миграција на работната сила кон земјите од Западна Европа во изминативе неколку години. Овој тренд веројатно ќе продолжи, независно дали станува збор за секторот на нега на постарите, градежништво, или квалификуваните занаети. • Се на сѐ, овие состојби укажуваат дека еден од клучните предизвици веројатно ќе биде како да се обезбедат доволно работници за модернизирање на јавната и приватната инфраструктура, која беше претставена во поглавје 2. Но, што е со... ...квалитетот на работните места? Како да бидеме сигурни дека новите работни места во стопанските сектори кои ќе растат, на пример оние во квалификуваните занаети или градежништвото, здравствената заштита и негата на постарите, ќе обезбедат барем исто ниво на плати, сигурност на работните места, чувство на припадност и синдикална заштита како за работните места во индустриите кои доминираат, на пример, во автомобилскиот сектор или во секторот на производство на енергија? Како понатаму: јакнење на синдикатите и родова еднаквост • Некои традиционални сектори и дејности навистина имаат посебно силна синдикална организираност. Сепак, треба да нагласиме дека декарбонизацијата не е единствениот двигател на промените(како што заговараме во поглавје 2). Синдикатите во овие сектори веројатно ќе претрпат значителна трансформација, независно од декарбонизацијата. За да се вообликуваат овие повеќекратни трансформации во духот на социјалната правда и солидарност, синдикатите ќе мора темелно да ги утврдат ресурсите на моќ кои им се на располагање, и да развијат соодветни стратегии согласно таквиот пристап. 1 Истото се однесува и на социјалдемократските партии и движења. За да бидеме силен и сигурен партнер во општеството во периодот на овие големи трансформации, неопходен ни е проактивен пристап, цврсти позиции и знаење и ефикасни стратегии. Важно е да се потврди дека транзицијата реално не може да се запре и дека одолговлекувањето ќе доведе до уште потешки последици. • Трендовите поврзани со демографските промени одат во прилог на синдикатите, бидејќи недостигот на работна сила најверојатно ќе им ја зголеми преговарачката моќ. Дополнително на ова, преговарачката моќ на синдикатите ќе се зајакне поради растечкиот натпревар за работници во секторите како што е здравството и негата на постари лица, кои стануваат сѐ поважни поради стареењето на населението. Кризата со Ковид-19 ја зголе- 3 Комбинирање на(мега)трендови – 55 ми свесноста за важноста на овој сектор, што отвора повеќе можности, со оглед на јавната поддршка за подобри работни услови и повисоки плати. • К ога зборуваме за квалитетот на работните места и за конкретните прашања кои ова ги покренува, синдикатите ќе треба да создаваат нови сојузи и да мобилизираат работници во секторите кои сега се појавуваат и во економските сектори кои досега биле помалку застапени. Преку проактивен пристап можеме да ја зајакнеме клучната индустриска работна сила која така ќе може подобро да Доколку се признае социјалната важност на овие работни места и доколку се зголемат платите кои се исплаќаат во овој сектор, ќе може да се придонесе кон порамномерна распределба на приходите во домаќинството. Со ова би се намалил притисокот од главниот носител на приходи во семејството, а домаќинството би било помалку зависно од неговите приходи. Истовремено, би се овозможила повоедначена распределба на бројот на работни часови во семејството. Иако вкупниот број платени работни часови би се зголемил, реалното работно време на секој член на домаќинството во основа би управува со транзицијата кон нови сектори, додека истовремено работниците ќе останат во синдикати и ќе склучуваат колективни договори. Ова е извонредна можност за синдикатите да отидат чекор напред во новата ера на декарбонизација, како едни од клучните играчи во оваа успешна транзиција. • Р астечката важност на секторот за нега најпосле исто така претставува можност за подобрување на родовата еднаквост. Најголемиот дел од работната сила во овој сектор се жени. можело да се намали. Подоцна во ова поглавје ќе ги разгледаме различните прашања поврзани за работното време. Но, што е со... ...сите оние луѓе кои се во моментов невработени? Како да бидеме сигурни дека овој моментален дефицит на работни места се преточува во пристојна работа за сите 56 – 3 Комбинирање на(мега)трендови Како понатаму: реформи за да се обезбеди вработеност • Најнапред, стапките на невработеност значително се разликуваат помеѓу европските земји. Многу земји од Централна и Источна Европа, според податоците на Еуростат, имаат речиси целосна вработеност. На пример, стапката на невработеност за Чешка била околу 2% во 2019 година, а во Полска во истиот период, била 3,3%. Истовремено, во многу други земји, како што се Шпанија или Грција, состојбата не e најдобра, посебно поради континуирано високите нивоа на невработеност на младите. Сепак, статистичките податоци за невработеноста во Централна и Југоисточна Европа треба да ги гледаме со одредена доза на скептицизам, бидејќи многу од овие земји не ги поттикнуваат луѓето да се регистрираат како невработени. • Што се однесува на оние земји кои сѐ уште страдаат од високи стапки на невработеност, всушност високите нивоа на инвестиции во модернизација на јавната и приватната инфраструктура се можност за создавање на нови работни места. Оттаму, и прашањето на невработеноста зависи, меѓу другото, и од тоа дали во претстојните години успешно ќе се спроведе таа кампања за зелени инвестиции. • Понатаму, една причина за долготрајната невработеност која често се занемарува, не е секогаш ниската побарувачка за работна сила, туку неусогласеноста помеѓу бараните вештини на пазарот на трудот и понудата, со други зборови, вештините и квалификациите на работниците не соодветствуваат со она што го бараат работодавачите. Ова е долгогодишен проблем и треба да се решава преку низа наменски мерки, како што се програми за преквалификација и обука со силни практични компоненти, понатаму пристап во образованието преку кластери, соработка со работодавачи во јавниот и приватниот сектор, со истражувачки институции итн. • Затоа ќе биде од клучна важност да се инвестира во обука и преквалификација на работната сила со цел да се опремат работниците со потребните вештини. Ова значи дека земјите ќе мора да ги преструктурираат своите образовни системи за тие да можат да ги обезбедат техничките вештини, како и меките вештини потребни за светот на работата на утрешнината, тесно соработувајќи со другите засегнати страни кои го обликуваат пазарот на трудот • Оттаму, како суштински и основен тренд, демографските промени носат многу можности за работниците, затоа што поради нив трудот има потенцијал да стане важен ресурс во однос на капиталот, затоа што работниците имаат поголема преговарачка моќ. Преговарачката моќ единствено може да биде ефикасна доколку се практикува колективно , преку синдикатите. 3 Комбинирање на(мега)трендови – 57 Втор дел: Воспоставувањето на нови дигитални услуги и технологии ја олеснува транзицијата кон декарбонизирана економија, а истовремено создава повеќе и подобри работни места Декарбонизацијата на економијата веќе се забрзува со трендот на дигитализација, процес којшто само ќе добива на интензитет. Еден пример за влијанието на овој тренд е што новите дигитални технологии овозможуваат огромни подобрувања во областите како што се производство, управување и дистрибуција на енергија од обновливи извори . Земете ја за пример сончевата енергија и енергијата на ветерот, кои се достапни само во одредено време и не се целосно предвидливи. За нивно пооптимално користење е потребна поголема комуникација и соработка при координирање на понудата и побарувачката. И сончевата и енергијата на ветерот имаат потенцијал поефикасно да се користат кога се комбинираат со новите технологии за складирање на енергија. Подобрениот пристап до податоци преку дигитализација ќе го подобри споделувањето информации, ќе го олесни управувањето со побарувачката на енергија во реално време. На пример, паметните броила во индивидуалните домаќинства ќе го направат снабдувањето со електрична енергија поефикасно, а побарувачката ќе ја направат попредвидлива. Во поширока смисла, ова ќе им овозможи на операторите на мрежите да ги интегрираат децентрализираните обновливи извори на енергија, како што се новооснованите„старт-ап“ компании и пронсументите(потрошувачи-производители)во мрежата. Конечно, но еднакво важно, ова ќе поттикне создавање работни места во секторот на обновливи извори на енергија. • Дигитализацијата е уште една моќна алатка за зголемување на енергетската ефикасност . Со неа се намалуваат емисиите на стакленички гасови, но истовремено ни овозможува ресурси за постигнување на чисто снабдување со енергија. Сепак, годишната стапка на подобрување на глобалниот енергетски интензитет,(дефиниран како број на единици на енергија по единица БДП) во изминативе години бележи забавување и се спушти од околу 3 проценти во 2015 год., на 1,9 проценти во 2017 год., па на 1,3 проценти во 2018 год. 2 Модернизација на енергетската ефикасност преку дигитализација може да го врати наназад овој тренд во повеќето од секторите кои се одговорни за високите емисии на CO2 и може позитивно да се одрази на зголемената побарувачка на енергија. Овој напредок може позитивно да се одрази и на индивидуалните домаќинства(преку паметните мерачи споменати погоре), како и на големите општински или индустриски потрошувачи.. • Сите овие тековни промени предизвикани од дигитализацијата ќе имаат големо влијание врз бизнисот со електрична енергија. Не само што дигитализацијата придонесува за декарбонизација, таа исто така темелно го трансформира секторот со што ги прави застарени многу од тековните карактеристики на индустријата. Во иднина, дигитализираниот електроенергетски систем ќе овозможи уште повеќе одлуки да се носат и да се спроведуваат автономно, што значи дека ќе се отстранат бариерите за влез на пазарот и синџирот на вредности ќе се отвори за нови заинтересирани страни. Ќе се појават нови деловни модели , односно конвенционалните комунални услуги веќе нема да создаваат инфраструктура која во голем дел ќе се потпира на имотот преку кој се обезбедува стабилно и предвидливо снабдување со електрична енергија, туку повеќе ќе се управува со флексибилни, децентрализирани енергетски решенија. На пример, многу е веројатно дека регионалните и локалните оператори во системот за дистрибуција ќе играат поважна улога. Понатаму веќе се развива пазарот за новоосновани (старт-ап) бизниси кои нудат ефективни алатки и инструменти за управување со побарувачката. Сепак, ова исто така ќе има големо влијание врз видот на вештини и квалификации потребни на пазарот на трудот. • Трендовите опишани погоре не само што ќе доведат до трансформација во енергетскиот сектор, туку ќе донесат и структурни економски и општествени промени кои исто така ќе имаат големо влијание врз вработувањето. 58 – 3 Комбинирање на(мега)трендови Некои занимања ќе исчезнат или ќе се променат, но ќе се создадат нови работни места кои ќе бараат пософистицирани вештини, но и помалку повторливи задачи. Во децениите пред нас, синдикатите и креаторите на политиките ќе имаат задача максимално да ги искористат можностите кои дигитализацијата ги носи за работната сила : автоматизацијата ќе поттикне поголема конкурентност, ќе спречи производството да се отсели надвор од границите каде цената на трудот е пониска и ќе ги замени рутинските задачи со многу покреативни. И најпосле, дигитализацијата ќе им обезбеди на работниците подобри приходи и ќе ги подобри нивните работни услови. Но, што е со… ... ризикот од спротивен ефект, т.е., стравот дека заштедата која е постигната поради подобрената енергетска ефикасност и новите технологии ќе се изгуби поради промени на однесувањето на луѓето или други системски фактори? Како понатаму: регулативи кои ќе го спречат спротивниот ефект • Спротивниот ефект всушност, е предмет на истражувања веќе долги години. Еден од стравовите, на пример, е дека поради зголемената енергетска ефикасност користењето на технологијата ќе поевтини, и така електричната енергија ќе стане уште подостапна за луѓето што значи дека ќе трошат повеќе. Понекогаш новите технологии, како што се серверите, играат клучна улога во процесот на дигитализација и се толку енергетски интензивни, што ги трошат ресурсите кои се обидуваат да ги заштедат. Еден директен ефект на дигитализацијата, на пример, е проширување на техничката ИТ основа која понекогаш доведува до загрозување на животната средина. На пример, важна состојка на многу паметни дигитални технологии се ретките суровини од земјата, чиешто користење создава значително загадување со штетни материи. Тие суровини се ископуваат со употреба на енергетско-интензивни процеси кои ослободуваат јаглеродни емисии во атмосферата и токсини во земјата. • П аметната инфраструктура има потенцијал да ја зголеми ефикасноста на ресурсите, но само доколку правилно се управува со нив. Не е неминовно да заклучиме дека дигитализацијата е добро решение за климата. Но, потребни ни се регулативи за да го насочиме процесот кон одржливост. Регулативите се клучни за подобрување на влијанието на дигиталните технологии врз животната средина. 3 Комбинирање на(мега)трендови – 59 • ога зборуваме за спротивниот ефект, има многу технички и политички решенија што ќе ни помогнат да ги ублажиме негативните ефекти и да го ослободиме позитивниот потенцијал на дигитализацијата. Можеме да постигнеме огромни заштеди на енергија доколку се воспостават вистинските регулативи. Ова треба да започне уште во фазата на дизајнирање на паметните производи, бидејќи одлуките што се донесуваат во оваа фаза од развојот на паметните технологии, имаат огромно влијание врз потрошувачката на енергија. На пример, да се предвиди регулатива за еко-дизајн за производи поврзани со енергија, како што се лаптопите, паметните телефони, серверите и сл., е од суштинска важност за намалена енергетска потрошувачка и подобрено влијание врз животната средина. На пример, се предвидува дека ефектите на Директивата за еко-дизајн за сервери, пропишана во најновата директива на ЕУ за сервери и складирање на податоци ќе придонесе за годишна заштеда на енергија од околу 9 TWh до 2030 год., што е вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во Естонија, на пример, во 2014 година и е еквивалент на 2,1 милиони тони на CO2. 3 Преку проширување и подобрување на ваквите прописи ќе имаме значително влијание врз потрошувачката на енергија кај паметните технологии и врз нашиот јаглероден отпечаток. • С епак, регулативата не е единствениот начин да се ублажат потенцијално негативните ефекти од дигитализацијата. Поважно е да се унапредат прогресивните планови и да се поттикнат нови, поодржливи економски модели. Загриженоста дека дигитализацијата ќе донесе повисоки трошоци во однос на заштитата на животната средина, треба да се замени со решителноста да се користат технолошките промени како можност за создавање на поодржливи економски модели , како што е циркуларната економија(види поглавје 2, стр. 47). Технолошкиот напредок е резултат на активностите на луѓето и тој може и мора да биде вграден во прогресивните рамки на нашето дејствување. На пример, регулативите што се однесуваат на екодизајнот на веќе споменатите паметни технологии, може да се користат како можност да се намали влијанието на појави како што е планирана застареност на производите и да се поттикнат аспекти кои се релевантни за циркуларната економија, како што се долговечност на производите и можност за поправање. Регулаторните мерки кои ги налагаат електронските уреди, како што се паметните телефони или лаптопи да се дизајнираат на начин кој ќе гарантира долговечност и можност за поправка, повторна употреба и рециклирање, ќе ни помогнат да го продолжиме животниот век на овие производи и да го намалиме електронскиот отпад. Но, што е со… ...економските нарушувања и губењето на работните места? Како да се погрижиме дека работните места кои содржат рутински и лесно автоматизирани операции нема да се заменат со машини? Како понатаму: нови пазари, нови бизнис-модели, нови работни места • Напредокот на дигиталните технологии навистина носи ризик технологијата да предизвика одредени работни места да застарат. Сепак, мора да ја видиме и другата страна на работите: секоја технолошка револуција, освен што предизвикува напуштање на постојните бизнис-модели, пазари и работни места, исто така создава нови пазари, нови работни места и нови бизнис-модели . Новите начини на однесување, новите интеракции, новите модели на потрошувачка бараат нови услуги и производи, а сето тоа генерираат нови можности за вработување кои бараат човечка работна сила, создавајќи работни места кои бараат повисоко ниво на вештини, но и се подобро платени. • Кога зборуваме конкретно за енергетскиот сектор, неколку анализи, вклучувајќи ја онаа спроведена од Светскиот економски форум, укажуваат на огромните можности за дигитализација за создавање на нови работни места во секторот. Се очекува дигиталните иницијативи да генерираат дури до 3,45 милиони нови работни места до 2025 година, што во превод значи 10,7 проценти раст 60 – 3 Комбинирање на(мега)трендови на бројот на работни места во електроенергетската индустрија. 4 Најважно од сѐ, потенцијалот за создавање нови работни места е највисок во секторот на обновливи извори на енергија, каде со интегрирање на складирањето на енергијата како дејност, би се создале до еден милион нови работни места. • Јасно е дека нема секој работник веднаш да може да најде работа во новите индустрии кои се појавуваат, дури и да поминал извонредна обука. Токму на ова поле владите треба да ги применат своите ускладени, праведни и афирмативни социјални мерки кои веќе ги споменавме, за да ја олеснат транзицијата и за целиот процес да биде праведен за целото општество. Јавните работи или јавните програми за вработување се секогаш решение кое може да го применат владите за да се ублажат негативните последици од дигитализацијата. • Кога се дискутира дигитализацијата, треба да запомниме дека во текот на целокупната историја, човештвото повеќе пати било соочено со економски нарушувања предизвикани од технолошкиот напредок и бројот на работни места не се намалувал, туку напротив – растел. Лекциите од минатото, кога станува збор за влијанието на технолошките процеси, укажуваат дека е малку веројатно новите технологии да предизвикаат целосна автоматизација и да предизвикаат невработеност, туку напротив, ќе ја променат природата на работните места и бараните вештини и задачи кои се бараат. • Оттаму, нашиот фокус треба да биде кон тоа како да се развијат вештините на работната сила со цел да се искористат огромните можности што ги нуди дигитализацијата. Во оваа смисла, од клучна важност ќе биде да се поттикнува континуирана преквалификација и доживотно учење во сите гранки на економијата. Образованието и обуката можат да ги ублажат негативните ефекти на дигитализацијата, со тоа што ќе им помогнат на работниците да се здобијат со технолошките вештини кои ќе им помогнат полесно да најдат работа и ќе им овозможат да преминат на подобро платени работни места, со што ќе учествуваат во придобивките креирани од новите технологии. Студиите за автоматизацијата и технолошките промени укажуваат дека работниците кои преминуваат на посложени работни места, за кои е потребно повисоко ниво на технолошки вештини, работат за повисоки плати, кои обично се карактеризираат и со подобри работни услови. • Но, најважно од сѐ, секогаш треба да имаме предвид дека развојот на технологијата може да се контролира, барем до извесна мера, или барем да се управува. Технологијата често ја доживуваме како губење на контролата – но некако забораваме дека владите имаат можност да ги регулираат и управуваат овие процеси на иновации и развој на технологијата, без притоа да ги загрозат. Иако е вистина дека технолошките процеси сами по себе нема да поттикнат создавање на одржливо општество, управувајќи ги технолошките иновации, нашите влади можат да ја преобликуваат иднината и да овозможат поодржливо, циркуларно општество од кое имаат корист и обичните луѓе и животната средина. 3 Комбинирање на(мега)трендови – 61 Трет дел: Кратење на работните часови е еден од главните трендови од последните два века, со што се потцртува идејата дека ние работиме за да живееме, а не обратно. за иднината на работата се исто така поврзани со квалитетот на живот: колку треба да работиме, за да си дозволиме стил на живот кој ќе нѐ направи среќни? Цели генерации синдикалисти и социјалдемократи се бореле за намалување на работните часови, и тоа доста успешно, сѐ до 50-тите години од минатиот век. Во 1850-тите години, во зенитот на индустриската револуција, било многу вообичаено да се работи 12 часа на ден, шест дена во неделата, што значи вкупно 72 часа неделно. Кон крајот на 19-тиот век, според проценките просечната работна недела била над 60 часа. Во текот на 20-тиот век, бројот на работните часови опаднал речиси за половина и по 1950 година најчесто изнесувал 40 часа, 5 дена во неделата. Во 2000 год., Франција вовела 35-часовна недела.„Четиридневна работна недела е неизбежна во иднината,“ рекол претседателот Ричард Никсон уште во 1956 година. Не треба да го заборавиме фактот дека ние работиме за да заработиме за живот, а работата е средство за обезбедување на одржлива, пристојна егзистенција, а не е цел сама по себе. • на работните часови придонесува за создавање на одржлива економија, а со тоа и на постабилно општество. Општо е прифатено дека поради недостиг на време, трудово-интензивните домаќинства повеќе купуваат готови производи кои имаат голем еколошки отпечаток, како што се бела техника и уреди за домаќинството или готова храна. Кога ова се комбинира со поголема свесност на јавноста, помалку часови на работа можат да значат повеќе време за климатско-паметни активности, како што се готвење дома, поправка на расипани предмети наместо нивно фрлање, итн. На овој начин исто така ќе ни се поправи квалитетот на живот, ќе имаме повеќе време за дружење, за вежбање или за некое хоби. 5 • Пократко работно време значи дека трошиме помалку ресурси и енергија, помалку користење превоз до работа, помала потрошувачка на енергија во канцеларијата и трошење на помалку ресурси за производство на добра и услуги. Податоците покажуваат дека земјите со пократка работна недела имаат помал јаглероден отпечаток. Според некои студии, намалување на работното време за еден процент доведува до 0,8 проценти намалување на јаглеродните емисии. 6 Овие резултати најмногу се под влијание на ефектите на пониски приходи и помала потрошувачка. СКРАТУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ЗНАЧИ И НАМАЛЕНИ ЈАГЛЕРОДНИ ЕМИСИИ скратено работно време CO 2 CO 2 1% скратено работно време- 0.8% смалување на јаглеродните емисии Но, што е со… ...пониските плати со оглед на тоа што ќе работиме пократко? Како да бидеме сигурни дека ако работиме помалку, нема да ни се намали конкурентноста, поради намалената продуктивност, што, пак, доведува до пониски плати? 62 – 3 Комбинирање на(мега)трендови Патот напред: фер плати за поголема продуктивност • Вистина е дека намалениот број работни часови може да доведе до пониски плати, но ова може да се избегне. Изминатите примери покажуваат дека синдикатите постојано успевале да издејствуваат намалување на работните часови без да се намали платата . • Покрај тоа, намаленото работно време не мора по правило да резултира со помала продуктивност. Всушност, постојат докази кои го покажуваат токму спротивното: при споредба на работните часови по лице во земјите на ОЕЦД помеѓу 1990 и 2012 година и со БДП создаден по работен час, една студија всушност покажа дека продуктивноста е највисока кога луѓето поминуваат помалку часови на работа. 7 Постојат и многу научни истражувања кои обезбедуваат докази дека, над одреден праг, зголемувањето на работните часови не доведува до поголема продуктивност. Еден од доста очигледните фактори кои се наведени во литературата е заморот, кој освен што ги намалува перформансите, ја зголемува и веројатноста од несреќи на работно место и негативно влијае врз здравјето на вработените. • Нашата главна грижа не треба да бидат загубите на продуктивноста, туку раздвојувањето на платите од продуктивноста. Вистина е дека во последните неколку децении, растот на продуктивноста е поголем од зголемувањето на платите. На пример, во изминатите 20 години, продуктивноста на трудот се зголемила за околу 30 проценти во Германија, додека платите се зголемиле за само 18 проценти. Во некои делови од развиениот свет, како што е САД, ситуацијата е уште полоша – од 1979 до 2018 година, нето-продуктивноста пораснала за 69,6 проценти, додека платата по час се зголемила за само 11,6 проценти(по пресметување на инфлацијата). 8 Доколку на оваа дебата го додадеме потенцијалниот раст на продуктивноста кој го носи дигитализацијата(види претходен дел), станува многу јасно дека не треба да се грижиме за продуктивноста: наместо тоа треба да најдеме решение за тоа како да обезбедиме пристојни плати и како да го скратиме работното време. • Двата главни начина како да се постигне ова се: национална регулатива која ќе биде поволна за работниците, и силни синдикати, преку кои се овозможува брза, успешна 3 Комбинирање на(мега)трендови – 63 и праведна транзиција. Богатството кое го создаваат работниците, нема автоматски да ни дојде во раце, ни треба соодветна законска рамка и ефективни политики кои поттикнуваат подобра прераспределба на богатството , на пример, преку обезбедување на пристојни плати. Со подобра покриеност на колективните договори и со поцентрализирано одредување на висината на платите, исто така може да се дојде до значително зголемување на платите, без негативни последици по работните услови и зголемување на интензитетот на работа. Но, што е со … ...намаленото производство и потрошувачка кои резултираат во анти-раст(„degrowth“)? Скратеното работно време би можело да предизвика големи промени во производството и потрошувачките навики, т.е. би довело до нивно намалување. Како понатаму: анти-раст и зелен раст • Доколку само ги замениме„кафеавите“ работни места во фосилната индустрија со „зелени работни места“, нема да ја решиме климатската криза. Сепак, поимите„зелен развој“ и„анти-раст“ се двете страни од истиот медал: потребен ни е раст во одредени сектори, а анти-раст,(или намален раст) во други. Веќе е општоприфатено дека многу сектори треба да пораснат и да се развиваат, а не да назадуваат, на пример, јавниот превоз, здравствената заштита или индустријата на обновливи ресурси. Општо е прифатено исто така дека некои сектори мора да престанат да растат доколку сакаме да ја ограничиме климатската криза, како што е, на пример, експлоатацијата на јаглен или производството на возила кои се енергетски неефикасни. • На пример, доколку го раздвоиме економскиот раст од физичкиот раст, ќе успееме да живееме поубаво без да трошиме ресурси на неодржлив начин. Најпосле, токму зголеменото трошење на Земјините ресурси и негативното влијание врз животната средина ги наведува луѓето на заклучок дека економскиот раст е неодржлив. Сепак, БДП освен што го мери производството на добра, го мери и пружањето на услуги. Може да се избегне„стапицата“ на развоен модел кој се темели на ресурсите ако, на пример, преминеме кон економија заснована на услуги и знаења . Со развојот на образованието, услугите на пружање нега, уметноста итн., економскиот развој може да се покрене без непотребно да се трошат огромни количини Земјини ресурси. • Мора да имаме на ум дека над одредено ниво, материјалната сопственост веќе не влијае врз нашата добросостојба, што впрочем, е крајната цел на нашите напори. Пристојниот, задоволителен животен стандард секако налага одредена количина на материјална сопственост или одредено ниво на производи за широка потрошувачка, но тука има многу други фактори кои влијаат врз подобрување на нашите животи. Емоционалната добросостојба во голема мера зависи од нашата здравствена состојба, грижата која ја даваме и примаме од околината, врските во општеството, семејството и пријателите. Доколку имаме економски раст кој помалку ќе се потпира врз материјалното производство, а повеќе врз цела низа на останати услуги кои ни ја подобруваат добросостојбата , нема само да ги намалиме јаглеродните емисии, туку ќе бидеме и посреќни. 64 – 3 Комбинирање на(мега)трендови • Многумина се согласуваат дека има низа производи кои секако, мора да продолжат да се произведуваат, но во помали количини, а со подобар квалитет, на пример, машини за перење кои ќе траат десет години наместо две(кога гаранцијата истекува), мобилни телефони кои може лесно да се поправат доколку е скршен некој дел, или електрични дупчалки кои може да се изнајмат, па да не мора секое домаќинство да има по една(во просечно германско домаќинство, електрична дупчалка се користи 13 минути годишно), а да не ја спомнуваме воопшто огромната количина отпад од храна, или пак автомобилите кои се купуваат, а потоа се користат минимално во текот на нивниот животен век. • Доколку сакаме да постигнеме успешна економија на споделување, поправање и целосно искористување на производите„од лулка до лулка“, ќе биде потребен голем број стручни и квалификувани работници, даватели на услуги и мрежни работници за да ја ускладиме побарувачката и понудата (види поглавје 2). • Значи, единственото контроверзно прашање кое останува, е дали пазарот треба да обезбеди, или поточно да стимулира, масовна потрошувачка во сите сектори(пр. купување на нов телевизор секоја втора година). Настрана од ова прашање, поимите„анти-раст“ и „зелен раст“ всушност не се контрадикторни како што честопати ги претставуваат. Секогаш ќе има некои индустрии во пазарната економија чијшто раст ќе опаѓа и по правило тоа се индустрии со големи емисии на јаглерод диоксид. Но, сите индустрии кои придонесуваат за поквалитетен живот за сите, мора да се сочуваат, па дури и да растат, под претпоставка дека ќе„зазеленат“ доволно. Во двете поглавја кои следат, ќе разговараме за можните облици кои една ваква суштинска трансформација може да ги заземе во два клучни сектори, енергетика и мобилност. Кон што се стремиме? • Во ова поглавје ги објаснивме трите растечки мегатрендови: демографските промени, дигитализацијата и скратувањето на работното време и предизвиците и можностите кои ги нудат за иднината на работните места и за транзицијата кон ниско-јаглеродна економија. • анализиравме постојните ризици поврзани со демографските промени, дигитализацијата и намалувањето на работното време и покажавме дека ниту еден од тие ризици не е несовладлива пречка и дека политичките мерки и законската регулатива се од суштинска важност. • оценка на тоа како овие мегатрендови влијаат врз процесот на декарбонизација и на иднината на работата, истакнувајќи ја идејата дека, з а да ги искористиме максимално можностите кои ги нудат овие големи трендови, ни треба напредно, прогресивно, колективно и политичко дејствување . Ниту еден од овие мегатрендови нема сам по себе да произведе поодржлива и поправедна иднина. Ние мора да ја управуваме и обликуваме таа неизбежна трансформација и за сево ова мораме да вложиме заеднички напори . 3 Комбинирање на(мега)трендови – 65 Користена литература Ендноти 1 За приказ на пристапот базиран врз ресурсите на моќ, погледнете го проектот на ФЕС„Синдикатите во процесот на трансформација“, достапен на: https://www.fes.de/themenportal-gewerkschaften-undgute-arbeit/gewerkschaften-international/trade-unions-in-transformation 2 International Energy Agency(2019): Global Energy& CO2 Status Report 2019. The latest trends in energy and emissions in 2018. Flagship report(March 2019). 3 Регулатива на Европската комисија од 15.3.2019 која ги утврдува барањата за дизајн на сервери и производи за складирање на податоци согласно Директивата 2009/125/EЗ на Европскиот парламент и на Советот и за измена на Регулативата на Комисијата(EУ) Бр. 617/2013. 4 Светски економски форум, електрична енергија: создавање на вредност преку дигитална трансформација, достапна на: https://reports.weforum.org/digital-transformation/electricity-generating-valuethrough-digital-transformation/?doing_wp_cron=1592572993.3050439357757568359375 5 L ykke Syse, Karen and Lee Mueller, Martin(2015): Sustainable Consumption and the Good Life: Interdisciplinary perspectives. Routledge. 6 Nässén, Jonas and Larsson, Jörgen(2015): Would shorter working time reduce greenhouse gas emissions? An analysis of time use and consumption in Swedish households, in: Environment and Planning C: Government and Policy 33, pp. 726–745. 7 Grosse, Robert(2018): The Four-Day Workweek. Routledge. 8 Economic Policy Institute(2019): The Productivity–Pay Gap(July 2019); достапно на: https://www.epi.org/ productivity. Извори Демографски промени: https://www.eea.europa.eu/data-and-maps/indicators/total-population-outlook-from-unstat-3/ assessment-1 https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php/Unemployment_statistics https://www.cedefop.europa.eu/en/publications-and-resources/publications/3075 Дигитализација: https://www.iea.org/reports/digitalisation https://www.ipcc.ch/site/assets/uploads/2018/02/ipcc_wg3_ar5_chapter8.pdf https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/HTML/?uri=PI_COM:C(2019)1955&from=EN https://ec.europa.eu/info/news/new-rules-external-power-supplies-will-enable-household-energy-savings2020-mar-31_ro https://reports.weforum.org/digital-transformation/electricity-generating-value-through-digitaltransformation/?doing_wp_cron=1592572993.3050439357757568359375 http://www3.weforum.org/docs/WEF_FOW_Reskilling_Revolution.pdf https://www.oecd.org/going-digital/changing-nature-of-work-in-the-digital-era.pdf Скратување на работните часови: https://www.etui.org/content/download/32642/303199/file/Guide_Working+time-web-v https://journals.sagepub.com/doi/abs/10.1068/c12239 https://434c74b4-116e-43a0-ab00-04a130c61444.filesusr.com/ugd/6a142f_36162778914a46b3a00dcd4665 62fce7.pdf 66 – Titel 4 Социјално праведна енергетска трансформација Со промовирање на енергетска транзиција и зголемување на обновливите извори на енергија на праведен и правичен начин, ќе се постигнат четири цели кои ќе го унапредат нашето општество. Прво, обновливата енергија ќе ги демократизира нашите електроенергетски системи и инфраструктура, т.е. процесите на производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Второ, ова ќе ни помогне да обезбедиме пристап до евтина и сигурна енергија за сите: работниците, деловните субјекти и потрошувачите. Трето, ова исто така ќе ни помогне да ја ограничиме климатската криза и придружните социјални влијанија. И, четврто, обновливите извори на енергија ќе го подобрат индивидуалното и јавното здравје. Ова поглавје ќе покаже како пренасочувањето на нашите економии кон обновлива енергија ќе ни помогне да ја спасиме планетата Земја, а со тоа и нашите работни места, како и да ги подобриме условите за работење, истовремено намалувајќи ги емисиите на штетни гасови. На крајот на краиштата, здравјето на планетата Земја е предуслов за нашето здравје, постоење и работење. Како што постепено ќе се придвижуваме кон декарбонизиран енергетски систем, електричната енергија ќе стане уште поважен извор на енергија поради огромниот потенцијал за производство од обновливи ресурси. Различни енергетски сектори ќе бидат сѐ повеќе електрифицирани(„секторско припојување“). За да имаме фокусирана дискусија и да обезбедиме што е можно повеќе корисни аргументи, во ова поглавје ќе се задржиме на електроенергетскиот сектор. ...ветерниците го нагрдуваат целиот поглед и се лоши за птиците... 68 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација Прв дел: На демократијата ѝ требаат демократи, а на енергетиката – демократизација. Граѓанското учество е во срцето на енергетската демократија, не само во рамки на енергетската трансформација, туку и кога станува збор за учество во процесите кои влијаат врз моралните импликации на енергетските политики, кои пак, ги дефинираат индивидуалните и колективни одлуки. На тој начин се создава енергетски кохерентно општество од долу нагоре, кое ќе ја намали разликата помеѓу граѓаните како крајни потрошувачи на енергија и постојните производители и, ќе го промени концептот на колаборативна потрошувачка кој се нарекува пронсумеризам(„потрошувач-производител“) . 1 • А ко ги погледнеме германските или скандинавските примери, каде што значењето на граѓанската енергија во електроенергетската транзицијата е признаено, евидентно е дека преминот кон обновливи извори придонесува за енергетска демократизација која оди подалеку од граѓанското учество во носење одлуки и овозможува тие да бидат сопственици и косопственици на дел од единиците за производство на електрична енергија. Покрај пронсумеризмот, само во 2018 година, Германија бележи околу 824 активни енергетски задруги, бројка близу до врвот кој Данска го постигна во 1999 година, односно 931 2 . И ова е примерот што треба да го следи секоја земја и секој регион, доколку претендира да овозможи демократски избор, подеднакво достапен за сите во енергетскиот сектор. • Д околку преминот кон обновливи извори се случи на доволно децентрализиран начин , истиот ќе им овозможи на граѓаните, енергетските задруги, како и на енергетските капацитети во сопственост на локалната заедница и општините да играат улога во сегашниот енергетски систем. • о поддршка на алтернативни економски модели, државата како клучен партнер во социјално-праведната енергетска трансформација ќе го трасира патот за непречена демократизација на енергетскиот сектор и ќе ја редефинира врската помеѓу енергијата и граѓаните: не само како извор на светлина, туку и како извор на доход. • Голем број позитивни примери низ ЕУ и пошироко ги демонстрираат придобивките од енергетската децентрализација придружена со партиципативно управување, ре-општинизација и деволуција, што исто така бара еволуција на постојните улоги на производителите и потрошувачите, особено во управувањето со локалните мрежи. Успехот на оваа децентрализација, сепак, зависи од создавање соодветна законска рамка за институционално управување, овозможување на расположливи финансиски инструменти и олеснување на соработката помеѓу локалните власти и локалните енергетски заедници. Денес, поврзувањето со модерна, меѓурегионална и европска преносна мрежа е исто така структурен предуслов за успешна енергетска транзиција која се фокусира на децентрализирано производство. • Малиот германски град Волфхаген е одличен пример за успешен локален енергетски проект како резултат на претходно исполнување на гореспоменатите услови за енергетска децентрализација и со тоа реализирање на последователни социо-економски придобивки како што се работни места, приходи, декарбонизација и демократизација на локалната економија. Врз основа на хибриден бизнис-модел во кој се вклучени и локалната заедница и локална самоуправа, овој проект претставува иновативен начин за„ре-општинизација“: преземање на енергетската инфраструктура од приватна сопственост и нејзино приклучување кон јавното претпријатие во сопственост на општината„Штадверке Волфхаген“(„Stadtwerke Wolfhagen”), а потоа и влегување во заедничка сопственост со енергетската задруга предводена од граѓаните,„БЕГ Волфхаген“(„BEG Wolfhagen“). Резултатот е директни придобивки за општината и за граѓаните: заеднички капитални инвестиции, ублажување на инвестицискиот ризик со гаранцијата од страна на општината, како и демократско вклучување на граѓаните и заедничко управување со енергетскиот сектор. 3 Овде е исто така многу важно да се истакне дека заедниците како оваа не стануваат „енергетски острови“, туку се интегрирани во стабилна национална мрежа(види подолу). 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 69 • пристап до чиста енергија по прифатлива цена за сите граѓани може да се обезбеди само преку зголемување на обновливите извори на енергија за да на крај повторно посочи на постоечкиот потенцијал на ветер и сонце. Денес, во 2020 година, кога секој деветти човек ширум светот има ограничен пристап до електрична енергија и не може да го осветли својот дом, соработката меѓу владите, деловните субјекти и граѓаните е од витално значење за сузбивање на енергетската сиромаштија. Заедничкото делување е неопходно за да се обезбеди пристап до електрична енергија за секого и тоа не само преку зголемување на обновливите извори на енергија, туку и проширување на инфраструктурата и приклучување на секое домаќинство кон мрежата. 4 Енергетската сиромаштија не е за потценување. Таа во Косово е присутна ЕУ има должност да ја решава енергетската сиромаштија и да обезбеди правична енергетска транзиција се согласуваат дури кај 50% од домаќинствата, бидејќи истите не можат да си дозволат соодветно затоплување 5 , а во супсахарска Африка ги спречува децата да одат на училиште. Ниту ЕУ не е имуна на феноменот енергетска сиромаштија. Во 2018 година, во просек 7,3% од граѓаните на ЕУ се изјасниле дека не можат да ги одржуваат своите домови доволно топли, додека во Бугарија и Грција таквите бројки се 33,7%, односно 22,7% соодветно. 6 Од друга страна, кога станува збор за ставовите во врска со енергетската политика, една европска студија покажува дека девет од десет испитаници, односно 90% сметаат дека е одговорност на Унијата да се справи со енергетската сиромаштија и да обезбеди фер енергетска трансформација, која што нема да изостави ниту еден граѓанин или регион. 7 Ситуацијата е слична и во земјите со статус на кандидат членки за ЕУ. Така, на пример, во Србија, граѓаните изразуваат подготвеност да преминат од дрво(како најевтин ресурс за греење на домаќинствата) кон обновливи решенија, доколку постои соодветна поддршка од државата. 8 • Заедно со децентрализацијата и декарбонизацијата, демократизацијата на енергетскиот систем преку зголемување на обновливите извори на енергија со помош на локални енергетски модели како што се енергетските задруги, ќе помогне во креирање на отпорни локални економии, кои се засноваат на доверба и солидарност меѓу граѓаните, како и сите други релевантни чинители. За таа цел, потребни се добро дизајнирани закони и подзаконски акти за обновлива енергија кои ќе обезбедат поволна законска рамка, што пак, ќе им овозможи на задругите, локалните бизниси и јавните институции(болници и училишта) да инвестираат во обновлива енергија. Искуството од историјата укажува дека токму колективно делување на локално ниво е тоа кое ќе овозможи општествен напредок преку отворање на првите училиштата, болници, локални бизниси кои понатаму ќе бидат основа за развој, работни места и извори на приход. • Демократскиот начин на управување со енергетиката, кој им овозможува на граѓаните, заедниците и локалните корисници да играат клучна улога во целиот процес на донесување одлуки и оперативно делување преку нивно вклучување во сопственичките структури, ќе ги зајакне самите столбови на добро управување во секторот. Граѓанското учество во носењето одлуки и во сопственоста ќе обезбеди ефикасна распределба на јавните ресурси и долгорочна стабилност на енергетскиот сектор. 70 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација Но, што е со... ...фактот дека енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија во многу земји не придонесе кон демократска, праведна и инклузивна транзиција? На кој начин да обезбедиме енергетска демократија со преминот кон обновливи извори на енергија? Како понатаму: транзиција на енергетиката „од долу нагоре“ • Доколку нема функционални структури на управување во општеството, предводниците на енергетската транзиција треба да се обидат да создадат поволни услови за инклузивна транзиција со поддршка од нивните локални, регионални, национални и меѓународни партнери. Неколку случаи низ Централна и Југоисточна Европа покажуваат дека ова може успешно да се спроведе, при што заедниците воспоставуваат партиципативни проекти за производство на обновлива енергија, и покрај тоа што се попречувани од несоодветна или слабо спроведена законска рамка. Така, локалната енергетска транзиција дури може да придонесе за позитивна општествена промена кон одговорни институции и структури на управување, и споделени придобивки. Во светски рамки постојат случаи кои укажуваат на енергетска транзиција преку едноставна инсталација на масивни фотонапонски централи и ветерни паркови, финансирани од странски капитал како резултат на поволностите од страна на националната влада. Но, тоа не значи праведна транзиција, особено кога станува збор за работните места и креирање придобивки за целата заедница. • Со цел да се обезбеди енергетска транзиција, исто така, придружена со енергетска демократија, за овие случаи ќе бидат потребни пропратни политики кои ќе креираат средина што ќе овозможи демократско вклучување на граѓаните. Само тогаш би можеле да се осврнеме на праведна енергетска транзиција. Ова не само што значи учество во процесите на донесување одлуки, туку и во сопственичките структури на енергетските оператори, и како потрошувачи, и како производители и инвеститори во енергетски задруги и другите локални енергетски субјекти. Токму ова е идејата која влева надеж во тековната енергетска транзиција и која предлага одржлив енергетски сектор во согласност со законите на природата, а врз основа на принципите на социјална правда и солидарност, кои треба да се основа на идните енергетски политики. Но, што е со... …различните ставови кон обновливите извори на енергија? Некои граѓани или целни групи имаат интерес за обновливи извори на енергија поради економската одржливост, други поради еколошките придобивки, а некои не се заинтересирани воопшто. Кои чекори треба да се преземат за да се овозможи енергетската транзиција на демократски начин? Како понатаму: инклузивна, праведна транзиција • Патот кон праведна транзиција може да се обезбеди само преку инклузивен процес во кој се вклучени сите општествени групи и релевантни чинители, особено синдикатите, и кој предвидува: стратешко планирање на транзицијата на работни места; фондови преку кои ќе се финансира транзицијата; вклучување на компонентата на одржливост преку иновативни модели и напредни технологии за користење на обновливи извори на енергија. • Доколку степенот на демократизација на енергетскиот систем се мери со учеството на енергија произведена од пронсументи и енергетски задруги, степенот на успех во градење на заедничко енергетско општество треба да се мери со нивото на меѓусебна поврзаност во разновиден, главно децентрализиран и декарбонизиран енергетски систем, во кој сите соработуваме со цел да овозможиме заемни придобивки за секого. • Една од најважните алатки во насока на промовирање на енергетска транзиција на демократски начин е кампања за информирање и подигнување на јавната свест . Граѓаните мора да бидат информирани за предизвиците од користење на фосилни горива и последиците врз животната средина, човековото здравје и економските реперкусии. Сите треба да бидеме свесни за реалната цена 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 71 што ја плаќаме за фосилните горива, која ќе ја добиеме ако ги одземеме сите субвенции, даночни ослободувања и олеснувања од крајната цена што ја плаќаме за електрична енергија. Работниците и компаниите треба да ги знаат придобивките од преминот кон обновливи извори на енергија, а истовремено да бидат свесни за потенцијалните ризици доколку не го сторат тоа. Покрај достапноста на овие информации и унапредување на транспарентноста, потребни се и различни механизми, како на пример, план за компензација на најзасегнатите со цел да се обезбеди нивно учество и поддршка на процесот. Оваа транзиција на крајот на краиштата не треба да значи промена на начинот на живеење, туку негова заштита, онака како што го знаеме денес, како и зачувување на работните места , кои не би ги имале, ако ја немаме планетата Земја. • Б ројни позитивни примери покажуваат дека тоа е возможно доколку засегнатите актери во транзицијата имаат пристап до соодветни информации и дејствуваат заеднички кога станува збор за дефинирање на енергетска иднина. Но, што е со... …загриженоста дека процесот на енергетска демократизација, овозможен со зголемување на обновливите извори на енергија, може да ја предизвика стабилноста на националната мрежа и да нѐчини премногу скапо? Како понатаму: флексибилност и соработка • Инвестирањето во системи за складирање и балансирање на електричната енергија е од голема важност за зголемување на употребата на обновливи извори и на тој начин забрзување на енергетската транзиција. Цените на овие технологии паѓаат и сега е поизводливо од кога било проширување и меѓусебно поврзување на мрежите со што ќе се зголеми капацитетот, а ќе се подобри и флексибилноста(преку изградба на прекугранични интерконектори). Ова, пак, овозможува регионална интеграција на пазарот на електрична енергија и раст на производството од обновливи извори. Притоа, проширувањето на мрежите и децентрализацијата на 72 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација производството на електрична енергија не се спротивставени идеи. Иновативните технологии, како што се паметните мрежи („smart grids“) и мерачи(„smart meters“) се понапредни од кога било порано и стануваат олеснувачи на енергетската трансформација „од долу нагоре“. • Пред неколку години ЕУ најави замена на најмалку 80% од мерачите на електрична енергија со паметни броила до 2020 година, со цел создавање инфраструктура за обновлива енергија, намалување на емисиите до 9% и обезбедување заштеда на енергија на домаќинствата како резултат и подобро планирање на потрошувачката. Бидејќи мнозинството земји членки ги исполнија овие цели, тие сега се во процес на поставување на нови таргети за 2030 година. 9 Со поддршка на ЕУ и Енергетската заедница, слични иницијативи веќе се случуваат и во земјите од Западен Балкан. Црна Гора, на пример, е еден од европските лидери во имплементација на паметно мерење(„smart metering“) и паметни мрежи со грант обезбеден од ЕБОР. 10 Но, што е со... …фер пристапот и постоечките разлики во потенцијалот и природната предодреденост за користење на обновливи извори на енергија помеѓу заедниците, земјите и регионите, кои своевремено влијаат на оптималното производство и потрошувачка на обновлива енергија? Како понатаму: придобивки подеднакво достапни за сите • За да се реализира идејата за поврзаност на енергетскиот систем, мора да се разгледа можноста за поделеност на одговорноста за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Тоа би било од суштинско значење за да земјите, заедниците и регионите уживаат фер пристап до придобивките од обновливата енергија, без оглед на разликите во природните дарови. Покрај тоа, фосилните горива се многу понерамномерно распоредени во географска смисла , додека обновливите извори се, до одредена мера, достапни во секоја земја и во секој регион(со мали регионални разлики). 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 73 • Затоа е време повторно обновливите извори на енергија да станат дел од секојдневното живеење и редовните економски процеси. Сончевата и ветерна енергија датираат далеку пред јагленот. Тие се, всушност, меѓу првите извори на енергија кои ги користи човештвото , а остатоците кои сведочат за тоа, денес служат како туристички атракции (пр. ветерници во Шпанија и Холандија; воденици и мелници во земјите од поранешна Југославија, Украина и Русија). • Со соодветно интегрирана и поврзана инфраструктура за електрична енергија од обновливи извори, придобивките ќе бидат подеднакво достапни за сите. Но, што е со... …пристапот до енергија за домаќинствата кои живеат во рурални средини кои се оддалечени од градовите и не се поврзани со постоечката мрежа, а не можат ниту да си го дозволат тоа, дури и ако им се даде можност преку проширување на мрежата или обезбедување бесплатни соларни панели за кровните површини на нивните домови? Како понатаму: никој да не биде изоставен • Енергетскиот пристап за сите е во срцето на искоренување на екстремната сиромаштија и нешто што владите треба да го гарантираат за сите мали заедници во руралните области. Бидејќи вонмрежните и минимрежните системи на соларен погон се многу поевтини, скалабилни и побрзи решенија, тие исто така се покажуваат корисни во руралните области каде загубите на енергија би можеле да бидат големи. Искористувањето на обновливите извори на енергија на тој начин ќе придонесе за ублажување на негативното влијание на климатската криза врз сиромаштијата и нееднаквоста во овие области, истовремено прифаќајќи напредни технолошки решенија што ќе овозможат универзален пристап со фер дел од трошоците. Ова гарантира дека „никој нема да биде изоставен“ што е една од главните цели на енергетското кохерентно општество изградено врз основа на меѓусебна соработка, солидарност и доверба. Но, што е со... …можноста енергетскиот сектор во кој доминираат обновливите извори на енергија, како дел од критичната инфраструктура, може да биде изложен на ризик во однос на безбедноста на интернет? Како понатаму: диверзификација • Децентрализацијата и дигитализацијата на енергетскиот систем се клучни предуслови за обезбедување безбедност во енергетскиот сектор. Намалувањето на моќта на монополските или олигополистичките структури е можно само преку интегрирање на обновливи извори, како и споделување информации и соработка помеѓу земјите и различните актери на пазарот. Ова може да се овозможи преку дигитални решенија како што се паметни мрежи, кои обезбедуваат стабилно и безбедно напојување. Покрај тоа, децентрализираната генерација ги диверзифицира ризиците од сајбер напад : Силно централизираниот систем е многу поранлив бидејќи зависи од генерирање на само неколку клучни производствени капацитети. Во енергетската демократија, граѓаните како потрошувачи играат клучна улога во дефинирањето на страната на побарувачката и понудата и, заедно со државата и другите актери, ги поставуваат институционалните„правила на игра“ и ги дефинираат процесите на донесување одлуки, распределбата на ресурсите и безбедност. Ова е дополнително поддржано од институциите на ЕУ и телата на НАТО каде енергијата е клучен елемент на безбедноста и се третира соодветно. 74 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација Втор дел: Обновливите извори на енергија ќе ни овозможат пристап до евтина и сигурна енергија за сите, без разлика дали се работници, потрошувачи или деловни субјекти Обновливата енергија 11 е паметно решение во однос на климатските промени, кое ќе овозможи придобивки за сите. Обновливите извори на енергија исто така имаат потенцијал за борба против сиромаштијата и нееднаквоста. За жал, во многу региони во светот, пристапот до стабилна и евтина енергија, особено до електрична енергија, сѐ уште претставува привилегија. Децентрализирана инфраструктура за обновлива енергија интегрирана во локалните вредносни синџири има потенцијал да ги електрифицира оддалечените рурални населби, а со тоа да донесе евтина енергија до домовите на граѓаните, како и да им користи на локалните бизниси. Енергетските задруги исто така можат да влијаат врз зајакнување на локалните заедници и да го демократизираат енергетскиот сектор, како што е наведено во последниот дел. Инвеститорите и бизнисите ќе имаат огромни придобивки на долг рок. 1. за разлика од фосилните горива каде оперативните трошоци се високи, маргиналните трошоци за производство на една дополнителна единица електрична енергија од обновливи извори се речиси еднакви на нула, што значи дека приватните компании ќе заштедат откако ќе се воспостави инфраструктура за нивна употреба. 12 2. унапредувањето на инфраструктурата за обновлива енергија генерира нови можности за инвестиции со скромни, но стабилни приноси. 3. и во време на економска криза, инвестициите во инфраструктурни проекти се безбедно прибежиште под услов да постои соодветна законска можност за нив. Ова ги прави особено привлечни за институционални инвеститори како пензиските фондови, кои се во постојана потрага по сигурни приноси, особено во услови на ниски каматни стапки кои доминираат низ целиов свет во последните десетина години. Па така, постои уникатна можност за децентрализираните енергетски проекти да станат водечки инвестициски проекти и тоа со поддршка на меѓународни партнери, а доколку постои поволна законска рамка која го дозволува тоа(пр. повластени тарифи). • исто така ќе имаат придобивки о д пониските и попредвидливи цени на енергијата. Тие исто така ќе уживаат и поголема енергетска сигурност, бидејќи со унапредувањето на инфраструктурата за обновлива енергија, зависноста од јаглен, нафта и гас се намалува. Ова е така, затоа што повеќето земји се увозно-зависни кога станува збор за фосилни горива, што значи дека се под директно влијание на флуктуирачките цени на глобалниот пазар, како и евентуалниот дефицит. Потрошувачите дури можат и самите да станат производители на енергија или пронсументи. На пример, тие можат да произведуваат електрична енергија со инсталирање на фотонапонски панели и да ја користат електричната енергија за сопствени потреби или да ја предадат директно во мрежата. • Кога сме кај придобивките за работниците, унапредувањето на инфраструктурата за обновлива енергија ќе влијае врз зголемување на бројот на работни места. Исто така, ќе бидат креирани нови професии, бидејќи ветерните електрани, фотонапонските панели и сѐ повеќе децентрализираната мрежа, бараат соодветно одржување. Понатаму, работните места во секторот за обновлива енергија имаат потенцијал да бидат поздрави и побезбедни под услов работниците да имаат соодветна обука. Клучното прашање, сепак, е како да се поддржат работниците кои во моментов се вработени во секторот на фосилни горива и синџирот на негово снабдување, пр. рудниците на јаглен. Прашањето за иднината на овие работни места и начинот на кој можеме да им помогнеме на работниците во секторите на кои им претстои транзиција, е дискутирано подетално во поглавје 2. • Обновливите извори придонесуваат за социјална конвергенција и за гаранција дека политичките одлуки, вклучително и оние поврзани со енергетиката, се потпираат на основните права и слободи. Покрај заштитата на нашето право на чист воздух и животна средина која 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 75 Но, што е со... ...технолошките предизвици? Како можеме да бидеме сигурни дека секогаш ќе имаме безбедно и стабилно снабдување со електрична енергија, кога производството на енергија од обновливи извори како сонце и ветер постојано флуктуира? не е штетна по нашето здравје, обновливите извори на енергија, исто така, овозможуваат хоризонтално управување со ресурсите што обезбедува поголема автономија за секој член на општеството. Вклучувањето на граѓаните во планирањето на топлинската енергија наместо постојните структури на одлучување од горе, па надолу, ја унапредува родовата еднаквост и еднаквоста воопшто. Најновите податоци за родовата застапеност во работната сила во енергетскиот сектор покажуваат дека жените се за десет проценти повеќе застапени во секторот за обновлива енергија споредено со секторите на нафта и гас. Актуелната бројка од 32 проценти е сè уште далеку од еднаква застапеност, но трендот е во правилна насока, што влева оптимизам за понатамошниот напредок. 13 Така ќе се овозможи разбирање на родовата перспектива и интегрирање на родовиот аспект во секторот енергетика, со што ќе се земат предвид грижите на жените во маргинализираните општествени групи, бидејќи тие се многу повеќе засегнати од климатската криза и надворешните влијанија предизвикани од енергетско-интензивните сектори на јаглен (како што се недостиг на вода, загадување на воздухот итн.). Како понатаму: складирање и меѓусебна поврзаност • Производството на електрична енергија од обновливи извори фундаментално се разликува од сегашниот систем базиран на фосилни горива, кој е силно централизиран. Промените во временските услови може да доведат до флуктуации на мрежата, а долгите, студени зими да нè остават со недостиг на снабдување со електрична енергија. Затоа е многу веројатно дека, на среден рок, ќе треба да се потпреме на мали, децентрализирани резервни единици напојувани од природен гас, биогас или хидроскладирање на пумпи. Овие единици исто така ќе треба да бидат дизајнирани и дистрибуирани низ целата енергетска мрежа за да можат лесно да се обноват за да работат на зелен синтетички гас како резервна опција на долг рок. Технологиите и решенијата што ни се потребни за да се справиме со прашањата на стабилност и сигурност на електроенергетскиот систем, всушност, веќе постојат: • единици за складирање на електрична енергија ќе ни овозможат да ги складираме произведените вишоци со кои ќе одговориме на краткорочните флуктуации. Денес веќе се достапни и други ефикасни технологии за складирање и тоа од механички решенија како пумпно-акумулациони решенија, па сѐ до батерии и производство на синтетички гас. Користењето на вишоците на електрична енергија за производство на синтетички гас ни овозможува складирање на електрична енергија на подолг временски период. На овој начин можеме да се осигуриме дека нема да останеме без електрично напојување, дури и за време на долгите, мрачни, студени зими. • технологии, пак, ни нудат алатки за ефикасно и автоматско управување со енер- 76 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација гетската мрежа, што и ја зголемува стабилноста преку подобро координирање на понудата и побарувачката на електрична енергија. • Понатамошната интеграција на националните мрежи помеѓу земјите ни овозможува дистрибуција на електрична енергија низ целиот континент. Оваа меѓусебна поврзаност е веќе воспоставена во рамките на Европската мрежа на електропреносни систем оператори. Ова претставено преку пример би значело: ако сонцето грее во Шпанија во временски период кога побарувачката е највисока во Словачка, понудата во првиот случај може да ја задоволи побарувачката во вториот. Следствено, ќе ни треба и помал капацитет за складирање на електрична енергија за одржување на стабилност на системот. Енергетската унија(како стратегија) и Енергетската заедница(како меѓународна организација) исто така создадоа правна рамка и клучни цели за енергетската транзиција на земјите кандидати за членство во ЕУ и останатите земји во Европа кои не се членки на Унијата. • Можноста за децентрализирано производство на обновлива енергија ги претвора потрошувачите во енергетски граѓани(energy citizens). Па така, локалните заедници добиваат можност сами да управуваат со своите ветерни паркови, а домаќинствата пак, да инсталираат свои соларни фотонапонски системи. Оваа енергетска независност го зголемува прифаќањето на енергетската транзиција, притоа креирајќи чувство на сопственост. Исто така, ако локалните заедници ги искористат придобивките од директен пренос на електрична енергија во мрежата, ќе се овозможи мобилизирање на средства за понатамошно унапредување на инфраструктурата. И на крај, како енергетски граѓани ќе бидеме многу потесно поврзани со енергетскиот систем и последиците од него, поради што ќе бидеме многу повнимателни кога ги носиме одлуките за нашата енергетска побарувачка и со тоа вкупната потрошувачка. За да се случи ова, сепак, треба да постои соодветна рамка за управување која ќе спречи локалните и децентрализираните енергетски иницијативи да им бидат втора виолина на големите корпорации и програмери . Но, што е со... …трошоците за раст на обновливите извори на енергија? Како да се осигуриме дека унапредувањето на инфраструктурата за нив нема да влијае врз зголемување на цените на електричната енергија и да ѝ штети на конкурентноста на индустријата, или пак да го зголеми товарот врз домаќинствата со ниски и недоволни приходи? Како понатаму: цени кои опаѓаат, придобивки кои растат Прашањето за тоа како растот на обновливите извори на енергија ќе се одрази на цените на електрична енергија зависи од тоа како ќе се управува со енергетската транзиција. Во следните неколку потточки, ќе го разгледаме примерот на Германија која беше една од предводниците на енергетската транзиција и од чии искуства можеме многу да научиме. • За почеток, важно е да се признае дека, во Германија цените на електричната енергија за домаќинствата и малите и средни претпријатија се удвоија со воведување на германскиот Закон за обновливи извори на енергија во 2000 година. Особено посиромашните домаќинства беа погодени непропорционално бидејќи трошоците за електрична енергија заземаат поголем дел во нивните расположливи примања. • Една од причините за ова, накратко, е тоа што растот на обновливи извори беше финансиран со гарантирање на фиксни повластени тарифи за зелена електрична енергија. Разликата помеѓу пазарната цена на електрична енергија и гарантираната тарифа потоа им беше пренесена на потрошувачите и малите и средни претпријатија во ставка„доплата за обновливи извори“ на нивните месечни сметки за електрична енергија. Ова беше неизмерно ефикасно кога станува збор за зголемување на обновливите извори, но притоа предизвика трошоци кои дополнително ги оптоварија домаќинствата со ниски и недоволни примања. • Сепак, ова објаснува само дел од зголемувањето на цената. Цените на електричната енергија исто така подлежат на неколку други даноци и такси кои последователно се зголемуваа. Понатаму, големите потрошувачи на електрич- 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 77 на енергија, како што се енергетски интензивните индустрии, беа ослободени од доплата за обновливи извори, оставајќи ги сите други корисници со поголем товар. Во последните неколку години, доплатата е намалена. • П окрај тоа, фосилните извори и нуклеарната енергија се субвенционирани од страна на Владата со децении – само што тоа не се појавува на месечната сметка за електрична енергија затоа што се плаќа од вкупните даночни приходи. Ова значи дека, во минатото, крајната цена која сме ја плаќале, никогаш не ги одразувала вистинските трошоци за производство на електрична енергија од фосилни горива. Овие(еколошки штетни) субвенции за германскиот енергетски сектор изнесуваат околу 17 милијарди евра годишно само во 2019 година. Така, обновливите извори на енергија честопати се обвинуваат како поскапи само затоа што не се субвенционирани на ист начин како и нивните фосилни„колеги“. Пренасочување на овие еколошки штетни субвенции ќе ослободи средства во државниот буџет, или за инвестиции во инфраструктурата за обновлива енергија, или за финансирање на праведна транзиција за оние кои се вработени во конвенционалниот енергетски сектор. • П окрај тоа, цената на електрична енергија од фосилни извори или фосилните горива не ги одразува надворешните трошоци , како на пример, влијанијата на глобалното затоплување и последователните трошоци, како што се оние кои произлегуваат од загадувањето на животната средина или складирање на нуклеарен отпад. Доколку истите се додадат во пресметката, ќе имаме пореална слика и обновливите извори на енергија ќе бидат конкурентни. Само затоа што штетните ефекти врз животната средина се јавуваат со одредено временско задоцнување, не значи дека треба да занемариме да ги изоставиме од нашите пресметки денеска и со тоа да им ги пренесеме на идните генерации. • Д енес, растот на обновливите извори е многу поевтин отколку порано . Раните предводници на обновливата енергија како Германија помогнаа да се создаде пазар за обновливи извори, овозможувајќи понатамошно истражување и развој, како и економии од обем преку масовно производство. Како резултат, денешните ветерни турбини и соларни фотонапонски панели се многу поевтини отколку во минатото и нивното зголемување е многу полесно отколку во пионерските денови. Земји како Етиопија и Мароко неодамна докажаа дека зголемувањето на обновливите извори е можно без зголемување на цените на електричната енергија. • Покрај тоа, постојат докази дека многу термоцентрали на јаглен всушност повеќе не се профитабилни и ќе завршат како „заробен“ капитал ако не бидат субвенционирани од државата за да им исплати маргинален профит на операторите. И ова не се однесува само на старите централи. На пример, како резултат на тужба на акционери во Полска, беше обелоденето дека компанија која планира изградба на нова термоцентрала на јаглен, не може да прикаже дека ќе работи со профит, што на крајот ги натера акционерите да се откажат од проектот. Ова е исто така важно прашање за земјите што не се членки на ЕУ, особено за земјите кои се кандидати за членство: и покрај тоа што механизмот за наплата на јаглерод во ЕУ, односно ЕТС системот сè уште не важи за нив, тие треба да го имаат предвид пред да донесат одлуки за долгорочни инвестиции во енергетската инфраструктура. Покрај тоа, според Европскиот закон за енергетика, државните субвенции за конвенционално производство на енергија може да се класифицираат како незаконска државна помош, што претставува непочитување на условите за пристапување. Откако една земја ќе се приклучи на Унијата, таквото кршење на европското законодавство може дури да предизвика принудно затворање на овие капацитети. Покрај тоа, треба да се земат предвид и тековните дискусии кои се водат на ниво на ЕУ во однос на прекугранично прилагодување на данокот на СО2 или CBAM(cross-border adjustment mechanism)(како што беше дискутирано во поглавје 2, страница 45) во однос на долгорочната конкурентност на извозот на енергија и производи од енергетско-интензивни дејности во Европската Унија. • Кога станува збор за конкурентноста на бизнисот, важно е да се има предвид дека сите 78 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација компании не се засегнати од меѓународна конкуренција каде диференцијалните цени на енергенсите играат значајна улога во производствените трошоци. Покрај тоа, т рошоците за електрична енергија се само еден од многуте фактори на трошоци што влијаат врз конкурентноста на бизнисот. Близината до пазарот, трошоците за транспорт, вкупната продуктивност итн., исто така, треба да се земат предвид во пресметката. • На крајот, прашањето за тоа како влијанието на обновливите извори на енергија ќе влијае врз цените на електричната енергија, се сведува на управувањето, т.е. на тоа како се спроведува процесот, а не дали воопшто ќе биде спроведен. Со цел да се контролираат цените на електричната енергија, државата може да го субвенционира унапредувањето на инфраструктурата за обновлива енергија. Ова може да биде преку директни субвенции, т.е. со доделување евтини кредити, или со гарантирање на приватните инвестиции. Во минатото, овие опции честопати беа проблематични поради строгите правила на Европската Унија за државна помош. Во рамките на Европскиот зелен договор, правилата за проширување на инфраструктурата за обновлива енергија се предмет на ревизија. Понатаму, Европската комисија има за цел да мобилизира еден билион евра во следните десет години, од кои дел имаат за цел да им помогнат на земјите членки во унапредување на своите енергетски системи. Ова отвора нови хоризонти на можности, исто така и за економиите во транзиција. • Конечно, домаќинствата со ниски и недоволни примања ќе можат да добијат помош за да ги покријат своите сметки доколку зголемувањето на трошоците за електрична енергија е неизбежно при воспоставувањето на новата инфраструктура. Социјалните проблеми треба да се решат со инструментите на социјалната политика наместо да се префрла вината врз енергетската транзиција. Но, што е со... ...работните места во енергетскиот сектор базиран на фосилни горива? Како можеме да се осигуриме дека овие работници нема да бидат изоставени од процесот? Како понатаму: мобилизација за праведна транзиција • За почеток, важно е да се признае дека повеќето од структурните промени, особено во секторот јаглен, веќе се случија. Технолошки- 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 79 от напредок и автоматизацијата драматично ја намалија потребата од мануелна работа во секторот, а со тоа и на бројот на вработени во процесот на ископување и согорување на јаглен. Социјално праведна трансформација на енергетскиот сектор сигурно ќе резултира во одржливи решенија кои истовремено ќе обезбедат одржливи работни места(димензијата на вработување детално е разгледана во поглавје 2). • В реди да се нагласи и дека работните места во рудниците и термоелектраните на јаглен никогаш не биле многу привлечни . Тие важеа(а некаде и сè уште важат) за опасни и многу напорни професии – ова е причината зошто рударите започнаа со синдикално организирање уште во многу рана фаза на индустријализацијата. И покрај фактот дека, по една деценија борба, синдикатите на крајот успеаја значително да ги подобрат условите за работа, на пример, во однос на платите и пензиите, многу рудари никогаш не ни дочекаа пензија затоа што предвремено починаа во подземни несреќи, од белодробни заболувања или рак. 14 Така, многу рудари од рудниците на јаглен им посакаа на своите деца една работа: да можат да си најдат подобри работни места во други сектори каде нема да им се уништи здравјето. • Но, како што е кажано, потребна е мобилизација на работниците за да се истера оваа праведна транзиција во енергетскиот сектор. Таа нема да се случи сама по себе. Синдикатите имаат историја на соработка со социјалдемократските партии кога станува збор за унапредување на работничките права. И во овој случај тие треба да дејствуваат заеднички со цел да се осигураат дека оваа нова индустриска револуција ќе послужи како катализатор за работничкото движење. Во поглавје 2 ги разгледувавме инструментите за праведна транзиција на работниците кои можат да ја постават основата на прогресивната агенда. • Наспроти технократските предлози за политики, прогресивните актери во своите наративи мора да го вметнат наследството од цивилизацијата овозможена со помош на енергија од фосилни извори . Работничкото движење потекнува од индустриската револуција, формирајќи се околу тешката индустрија и рударството. Убедливите наративи им оддаваат признание на работниците за придонесот кој го имаат во цивилизацискиот напредок и не ги обвинуваат за загадувањето на планетата Земја. Сепак, мора да стане јасно и дека и цивилизацијата на фосилни горива е при крај. Исто како што ни е потребно колективно дејствување за истиснување на фосилните извори на енергија со цел да обезбедување на одржлива иднина за сите, потребна ни е солидарност со оние чии средства за живеење зависат од тоа. • Така, клучот за искористување на придобивките од обновливите извори на енергија лежи во нивниот брз пораст, заедно со потребните мрежи за дистрибуција и пренос, резервни единици за складирање и паметно управување на страната на побарувачката. Со доволно инсталирани капацитети за обновлива енергија, можеме да ги избегнеме проблемите од аспект на стабилност и сигурност. Понатаму, со брз премин кон обновливи извори, ќе ја избегнеме потребата да го одржуваме стариот, централизиран систем на фосилни извори на енергија паралелно со новата, децентрализирана мрежа. Ова ги намалува трошоците затоа што претставува поефикасен начин. Овој тренд во транзициските или економиите во развој кои сè уште бележат зголемување на побарувачката на енергија, не само што треба да биде во чекор со таквото зголемување, туку треба да осигури дека последователно ќе ги заменува постоечките термоелектрани на јаглен. За да оваа транзиција биде успешна за работниците, потребна ни е солидарност и колективно дејствување. 80 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација Трет дел: Политиките за обновливи извори на енергија можат да ни помогнат во ублажување и адаптација на климатската криза • Бидејќи обновливите извори на енергија се покажаа како тројна победа за економскиот потенцијал, социјалната стабилност, како и демократското управување, тие исто така остануваат клучен инструмент во остварување на еколошка компатибилност. Зголемената употреба на ветерна и соларна енергија и биомаса при дислоцирање на фосилните горива кои сочинуваат 60 – 70 проценти од производството на електрична енергија ширум светот 15 , претставува камен-темелник на акцијата за ублажување на климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови(GHG). • Во исто време, користењето на обновлива енергија овозможува климатска адаптација на енергетскиот сектор и другите енергетско-интензивни индустрии кои ќе бидат значително погодени од климатската криза. На пример, недостигот на вода прераснува во вистински проблем за многу земји и со тоа претставува вистинска закана за хидроцентралите, кои пак се користат за балансирање на понудата и побарувачката на енергија. Подеднакво важен е и проблемот со недостиг на вода за ладење за големи нуклеарни и термоцентрали. Решавањето на овие проблеми е возможно: треба да продолжиме со праведната транзиција и унапредување на обновливите извори на енергија како доминантни ресурси во енергетскиот сектор. • Климатската дебата честопати е фокусирана околу темите на безбедност и закана од можни конфликти поради недостиг на ресурси и тоа недостиг на вода, енергија, прекини во снабдувањето, како и поради миграциските движења. Она што често се заборава е дека со адекватната употреба на обновливи извори на енергија за задоволување на енергетските потреби на одредена земја или регион, ќе се стави крај на споровите околу природните ресурси како фосилните горива. Како резултат на тоа, фосилните ресурси ќе останат онаму каде што природно припаѓаат: под земјата. • Граѓаните со инсталирани соларни панели на своите кровови се еколошки посвесни и од прва рака ги чувствуваат придобивките на одржливите енергетски решенија: заштита на нивната непосредна околина од стакленички гасови, истовремено претставувајќи значаен фактор во целиот синџир преку нивната улога како пронсументи. Но, што е со... ...минималната, но сепак реална штета врз животната средина предизвикана од ветерната и соларна енергија? Како понатаму: старото, новото и идното време • Секоја форма на конверзија на енергија(или генерација) е во интеракција со природата и предизвикува одредени„неприродни“, или несакани ефекти. Но, некои технологии се поштетни – а некои помалку. Обновливите технологии, како што се ветерните турбини и соларните панели, се најсоодветните решенија за производство на електрична енергија и енергија воопшто. Тие не се целосно чисти решенија поради процесот на нивно производство. Но, досега, тие се решенија со кои располагаме. Во споредба со согорувањето на фосилни горива, вклучително и природниот гас, или пак, употребата на нуклеарна енергија со повеќекратни штетни последици по нашето здравје и животната средина, тие несомнено претставуваат најдобро решение . • Во моментот се работи на развој на решенија како што е технологијата на зелен водород во одговор на гореспоменатите предизвици кои се појавуваат за време на различните индустриски процеси, вклучувајќи го и процесот на производство на еден соларен фотонапонски панел. На долг рок, ова прашање ќе биде целосно решено(2030 – 2050 год.). • Постигнат е напредок и во однос на намалување на бучавата од ветерниците и ублажување на негативните ефекти за птиците што мигрираат. Животниот век на соларните панели е продолжен, а нивната големина е намалена, така што сега заземаат многу помал простор и користат значително помалку ресурси. 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 81 • Само да не заборавиме на штетата по животната средина и нашето здравје предизвикани од рудниците за јаглен, а да не ги ни спомнуваме отворените јами со лигнит, кои во никој случај не можат да се споредат со минималните несакани ефекти предизвикани од обновливите извори на енергија. Цели села и предели беа превртени наопаку; луѓето ја изгубија својата земја и мораа да се преселат. Пумпи за вода мора постојано да работат и тоа засекогаш, за да не се урнат рудниците на јаглен. И нивото на подземната вода е сериозно погодено од поплавување на отворените јами. Со сите свои предности и недостатоци, обновливата енергија е единствениот начин на кој човештвото може да се справи со глобалното затоплување, врз кое има толку силно влијание и во смисла на ублажување, а и на прилагодување. Потребни се повеќе инвестиции во соларна, ветерна енергија и биомаса и поради недостигот на вода во многу земји и региони, а како резултат на климатската криза. Влошените нивоа на водата меѓу другото укажуваат и дека хидроелектричната енергија нема да биде толку сигурна како порано. Покрај тоа, тие зависат и од опсегот на климатската криза, кој ќе може значително да се ублажи со унапредување на обновливите извори, што, пак, од друга страна, ќе обезбеди достапна вода за пиење во годините што доаѓаат. Но, што е со... ...мислењата што понекогаш се изразени во земјите на ЈИЕ дека целото ова подигнување на климатската свест и промовирање на обновливи извори е само за обезбедување на нови пазари за големите производители на соларни и ветерни турбини како Германија? Како понатаму: прескокнување во нова технолошка фаза • Климатската криза е реална и не е предмет на дебата. Она што ни треба, е да обезбедиме најдобра можна употреба на демократските алатки за да овозможиме социјално праведна енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија, од која сите ќе имаат корист. Оние кои денес нема да ја препознаат корелацијата помеѓу климатската криза и социјалната правда, ќе ја сносат истата одговорност како и оние што го негираат глобалното затоплување (види поглавје 1, страница 18ф). Понатаму, како одговор на загриженоста дека унапредувањето на обновливи извори е дел од пазарната стратегија на големите производители на соларни панели и ветерни турбини, како Германија, не треба да заборавиме на додадената вредност за економиите во развој кои би се вклучиле во синџирот на производство и снабдување, како што е веќе случај во автомобилскиот сектор(види поглавје 2, страница 48). Но, што е со... ...унапредувањето на обновливата енергија, кога самото инвестирање во обновливи извори на енергија не е доволно за да се избориме со ризиците што произлегуваат од климатската криза, ако не постојат соодветни паралелни мерки како енергетска ефикасност со кои ќе се превенира понатамошното зголемување на побарувачката? Како понатаму: намалувањето на потрошувачката е адут на енергетската ефикасност • Обновливите извори по својата природа се енергетски поефикасни извори. Сепак, исто така е точно дека, паралелно со преминот кон нив, потребни се инвестиции во енергетска ефикасност со цел намалување на побарувачката на енергија. Намалувањето на апсолутната количина на потрошувачка на енергија со спроведување на сеопфатни структурни промени со цел да се минимизира побарувачката на енергија во сите сектори, треба да биде придружено со употреба на енергетски најефикасни технологии. Оваа инвестиција сама по себе ќе биде извор на нови работни места кои на долг рок дополнително ќе креираат придобивки за економијата(види поглавје 2, страница 37). Но, што е со... ...фактот дека многу земји кои го спроведуваат концептот на енергетската транзиција, се богати економии со огромен технолошки, економски и финансиски потенцијал? Нивната состојба комплетно се разликува од онаа на мнозинството земји во Источна и Југоисточна Европа? 82 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација Како понатаму: тренд присутен и на глобалниот Југ • Повеќето земји во Источна и Југоисточна Европа имаат значително поголем соларен и ветерен потенцијал отколку, на пример, Германија. Оваа може да се искористи на ефикасен начин уште денес. • Обновливите технологии, особено за ветерна и соларна енергија не се научна фантастика, туку се достапни по прифатливи цени и веќе успешно се користат ширум светот. Не изненадува воопшто што сѐ поголем број земји во развој, како што е Мароко, се залагаат за енергетска транзиција; и не зачудува и фактот што стратешките играчи како Кина, ги насочуваат своите иновативни и производствени потенцијали во производство на обновливи извори. Но, што е со… ...фактот дека обновливата енергија зависи од временските услови, а не од реалната побарувачка? Како понатаму: уште поголема стабилност • Ако производството на енергија главно се потпира на обновливи извори, енергетската безбедност нема повеќе да претставува грижа во споредба со претходните безбедносни предизвици наметнати од конвенционалните извори на енергија. Всушност, енергетската безбедност е веќе изложена на ризик поради критичното работење на конвенционалното, централизирано производство на енергија. Не може да се предвиди кога ќе треба да се исклучи нуклеарна или термоцентрала заради критично одржување. И последиците од ова во централизирани системи со помал број капацитети се далеку потешки. Да не го спомнуваме фактот дека повеќето земји се високозависни од увоз на фосилни енергетски ресурси како што се нафта и гас. Ова го прави нивниот енергетски систем ранлив во однос промените на пазарните цени, како и на политичката нестабилност во земјите извознички. • Сепак, протокот на обновливи извори е променлив. Но, во најголем број случаи знаеме кога ќе биде сончево или ветровито, а науката ни овозможува да имаме точни и навремени предвидувања. Во комбинација со иновативни технологии како што се паметни броила и мрежи, протокот на енергија е побезбеден и постабилен од кога било. • Дополнително, доколку постои соодветен капацитет за складирање и функционира регионалната интеграција на мрежите за напојување, природните промени може да се решат без страв од прекини. И покрај фактот што обновливата енергија достигна учество од над 40 проценти во производството на електрична енергија во Германија во 2019 година, електричната мрежа не се соочи со никакви прекини. Истражувачки студии, па дури и анализи спроведени од електропреносни систем оператори во многу земји покажаа дека е изводливо електроенергетскиот систем да работи со 100 проценти обновливи извори. ОБНОВЛИВИТЕ ЕНЕРГИИ ВЕЌЕ СОЧИНУВААТ 40%- АЈДЕ ДА ЈА КРЕНЕМЕ БРОЈКАТА НА 100% ОИЕ Лигнит Камен јаглен Нуклеарно гориво Природен гас Минерални масла друго 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 83 Четврти дел: Заштита на здравјето и квалитет на здравствената заштита како очигледни придобивки од обновливите извори 1. Заштитата на здравјето, за нашите деца и за нас самите е една од најзначајните предности на иднината заснована на обновлива енергија. Прво и најважно, обновливите извори значително ќе го намалат загадувањето на воздухот со што ќе спасат до седум милиони животи годишно ширум светот, вклучително и деца, кои се жртви на предвремена смрт како резултат на загадувањето на воздухот(види и поглавје 5, страница 90). 16 Покрај тоа што претставуваат најголем индустриски извор на арсен и жива во воздухот, емисиите на мали(ПМ 2,5) честички од електраните на јаглен кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести, можат да поминат и над 1.000 км. Понатаму, значителните ресурси од јавното здравство кои се користат за лекување на респираторни заболувања предизвикани од загадување, може да се пренаменат и да се користат за други цели, како што е бесплатната детска здравствена заштита. Обновливата енергија има потенцијал да стави крај на сериозните проблеми со смог во многу урбани населби. Како што истражувањата сугерираат дека греењето на домаќинствата и индустриските активности заедно со транспортот се главните извори на емисии, заменувањето на термоцентралите на јаглен со обновливи извори ќе помогне во расчистувањето на воздухот во големите градови и со тоа ќе влијае врз намалување на присуството на смог. 2. За време на пандемијата на Ковид-19, многу студии открија дека луѓето кои се изложени на загаден воздух, имаат поголема веројатност да се заразат и да бидат во ризична група, отколку оние што живеат во области со помало загадување. 3. Пепелта од јаглен(отпадот од согорување на јаглен) исто така содржи високотоксични тешки метали, што може да предизвикаат рак и болести на нервниот систем. Бидејќи пепелта од јаглен често не се санира соодветно, таа ги загадува и површинските и подземните води. • Бројни еколошки катастрофи и значително човечко страдање се предизвикани од излевање на нафта. На сите ни се познати сликите на контаминирано земјоделско земјиште или морски птици кои умираат. Иако ова е добро позната појава, ризиците од поновите технологии на фосилни горива, како што е фракингот(fracking) или производство на нафта од нафтени шкрилци, дури сега стануваат сè поочигледни. • Во споредба со работните места за ископување на јаглен кои се познати по високата изложеност на ризик и носат сериозни здравствени последици кои главно се јавуваат во подоцнежна возраст, работните места во секторот на обновливи енергии обезбедуваат високи стандарди за здравје и безбедност при работа (видете исто така поглавје 2, страница 28). Но, што е со... ...некои сугестии кои објаснуваат дека нивото на загадување на воздухот и смогот во одредени градови или области се под влијание на временските и климатските услови кои се предодредени од географската локација и природата? Како понатаму: чистење на воздухот • Додека природните временски и климатските услови влијаат врз нивото на загадување на воздухот и смогот, согорувањето на фосилни горива во енергетскиот, транспортен и градежен сектор надополнето со согорување на дрво за греење на домаќинствата создава надворешни влијанија, кои имаат огромно влијание врз нашето здравје и животната средина. На пример, во случајот на Скопје, вистина е дека градот се наоѓа во котлина и има помал проток на ветер во текот на зимата. Но, исто така е точно дека стапките на загадување вртоглаво растат во урбаните населби на градот каде густината на населението е поголема, што пак, создава поволни услови за поголема концентрација на ПМ честички, а со тоа и поголемо загадување. Постојат голем број слични случаи каде преку создавање на енергетски самоодржливи области се пренасочува развојот на настаните и се намалува загадувањето. Овие позитивни примери служат како патоказ кој 84 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација треба да го следат другите, покажувајќи како да се максимираат клучните придобивки од комбинирањето на природниот потенцијал со технолошките достигнувања коишто се достапни за нашата генерација. На пример, со поддршка на ЕУ фондови и локалниот иновативен дух, малиот град Копривница во Хрватска ќе стане препознаен лидер во одржлив развој ширум цела Европа. Она што го прави уникатен овој хрватски град, е неговата интегрирана политика за социјален и еколошки урбан развој, каде што енергетските предизвици се разгледуваат заедно со сиромаштијата и другите проблеми со кои се соочуваат маргинализираните групи. Но, што е со... ...загриженоста дека обновливите извори може нема да придонесат за унапредување на квалитетот на живеење или дури да претставуваат дополнителен предизвик поради непропорционална распределба на придобивките? Како понатаму: негување на социјалниот напредок • Силната корелација помеѓу обновливите извори на енергија и човековиот развој е поддржана и од студија на ИРЕНА, која покажува четирипроцентно зголемување на благосостојбата на луѓето, индикатор кој се однесува директно на квалитетот на живеење. Покрај тоа, амбициозните политики за обновлива енергија ќе ги поддржат постоeчките движења, како на пример„The Barefoot College“ во Индија, чија цел е справување со енергетската сиромаштија и подобрување на квалитетот на животот и здравјето на децата и жените во многу заедници. Децентрализираната обновлива енергија заедно со тековните технолошки достигнувања може да го подобри пристапот до чиста вода за пиење во руралните области преку испумпување на вода, производство и испорака за домаќинствата и за системите за наводнување, со што ќе влијае и врз безбедноста на храната. • Понатаму, бидејќи безбедносните прашања се пренасочуваат кон неконвенционални конфликти поврзани со управувањето со ресурси, користењето обновливи извори несомнено ќе 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 85 помогне во надминување на одредени безбедносни закани. Покрај тоа, со спроведување на мерки за климатско ублажување и прилагодување, обновливите извори на енергија ќе дадат одговор на специфичните климатски предизвици, како што се миграциските движења и конфликтите кои произлегуваат од климатските промени. Колку е помала побарувачката за нафта, јаглен или гас, толку е поголема веројатноста дека ќе се стави крај на конфликтите поврзани со фосилни горива. • Н а крајот на краиштата, ова исто така ќе ги промени геополитичките структури на моќ и ќе резултира во нови полиња од интерес за моќните играчи и потенцијална распределба на конфликтите. Токму затоа е важно преминот кон декарбонизирана економија да се случи преку добро испланирана, структурирана и инклузивна енергетска трансформација, спроведена на демократски и децентрализиран начин. Кон што се стремиме? • би ја имале демократијата онака како што ја знаеме денес, ако немавме избори или ако процедурите за гласање беа сложени и ограничувачки, а правото на глас достапно само за одредена група граѓани? Најверојатно не. За да се демократизира енергетскиот систем, треба да ги поедноставиме процедурите и за мали инвестиции во обновлива енергија, така што ќе бидат достапни за секого и ќе водат кон енергетски кохезивно општество. • ешенија како што се едношалтерски системи за инвестиции во децентрализирано производство на соларна енергија, особено за инсталации на кровните површини може да имаат значителен придонес во остварување на главните цели на енергетската транзиција: еколошка компатибилност и социо-економски придобивки за работниците, граѓаните и бизнисите . Транспарентноста и доброто управување мора бидат почитувани од страна на државните енергетски компании, постојните монополи и олигополи во одредени земји. Енергетските политики треба да остават простор за домаќинствата и локалните енергетски проекти. Добрите практики како примерот со малиот германски град Волфхаген, енергетските задруги и илјадници индивидуални случаи и мали бизниси во Југоисточна Европа покажуваат дека овој пристап е возможен во различни услови. Многу од овие иницијативи и поединци се исто така подготвени да ги поддржат прогресивните актери во нивните заложби за спроведување на праведна енергетска транзиција и со тоа да ја обезбедат иднината на животот на земјата. • Унија и Енергетската заедница покажаа голем интерес за поддршка на проекти за енергетска транзиција, како и Европскиот зелен договор, што е силен инструмент за постигнување на јаглероднеутрален континент. На крајот на краиштата, политичката волја е исто така недоволно искористен обновлив ресурс што треба да се искористи и стави во функција од страна на прогресивните актери, идеално уште денес. 86 – 4 Социјално праведна енергетска трансформација Користена литература Ендноти 1 Т ерминот пронсумент(„потрошувач-производител“) се однесува на активен потрошувач, односно на оној кој истовремено консумира и произведува производ. Во енергетскиот сектор„потрошувач –производител“ е оној кој истовремено и произведува и троши енергија. Ова е благодарение на новите интегрирани технологии кои овозможуваат постојан пораст на обновливите извори на енергија како сончевата и ветерна енергија и нивна интеграција во електричната мрежа, што пак, е овозможено со соодветна законска регулатива. 2 August, W., Valeria, J. S., Jan, P. et al.(2018): Statistical Evidence on the Role of Energy Cooperatives for the Energy Transition in European Countries(пристапено на 22.5.2020). 3 The Conversation(2019): This small German town took back the power – and went fully renewable(пристапено на: 17.6.2020). 4 European Commission, Directorate-General for Energy(2019): Europeans’ attitudes on EU energy policy, available at: Europeans’ attitudes on EU energy policy- Publications Office of the EU, стр 6(пристапено на 30.4.2020). 5 RES Foundation(2018): Energy poverty in the Western Balkans Sustainability, Forum of the Energy Community. Vienna, available at: http://www.resfoundation.org/(пристапено на: 22.5.2020). 6 EU Energy Poverty Observatory(2018): Indicators& Data: Inability to Keep Home Adequately Warm, available at: https://www.energypoverty.eu/indicator?primaryId=1461(пристапено на: 30.4.2020). 7 European Commission, Directorate-General for Energy(2019): Europeans’ attitudes on EU energy policy, available at: Europeans’ attitudes on EU energy policy- Publications Office of the EU, page 6(пристапено на: 30.4.2020). 8 I bid: стр. 10. 9 European Commission, Directorate-General for Energy(2019): Benchmarking smart metering deployment in the EU-28, available at: Benchmarking smart metering deployment in the EU-28- Publications Office of the EU, page 20(пристапено на 30.4.2020). 10 P yrkalo, Svitlana(2019): EBRD finances smart metering breakthrough in Montenegro. EBRD(пристапено на 5.5.2020). 11 Следните аргументи се однесуваат главно на производството на електрична енергија од обновливи извори. Ова е затоа што електричната енергија веројатно ќе има голема улога во сите сектори на економијата, од транспорт, па сè до индустриски апликации, греење. Нема сè да работи на електрична енергија, но електричната енергија од обновливи извори ќе стане основа за производство на„зелен“ водород или на е-горивата. 12 Д ури и кога се пресметаат трошоците за поголема енергетска мрежа која е потребна за децентрализиран систем на обновливи извори и повисоките капитални трошоци, систем со 95 проценти електрична енергија од обновливи извори може да ги има истите трошоци или уште пониски од системот што работи претежно на јаглен, пресметано дури по скромна цена на СО2 од 20 евра за тон во 2050 година. Меѓутоа, до средината на 2019 година, цената веќе достигна 25 евра за тон. 13 IRENA(2018): Renewable Energy: A Gender Perspective, 31, available at: Renewable energy(пристапено на 8.5.2020). 14 Негативните ефекти на јагленот и јагленовата прашина врз човековото здравје се истражувани со години, на пример, сеопфатни студии за ова се објавени уште во 70-тите години на минатиот век(пр. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1638110/). 15 Our World in Data(2014): Global electricity production by source(пристапено на 7.7.2020). За повеќе информации, види https://ourworldindata.org/energy#all-charts-preview 16 Види повеќе: https://www.who.int/health-topics/air-pollution#tab=tab_1 4 Социјално праведна енергетска трансформација – 87 Извори http://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/15815.pdf Renewable Energy Benefits: Leveraging Local Capacity for Solar PV Causes, Effects and Solutions to Smog Pollution Residential heating with wood and coal Karagulian, Federico, Belis, Claudio A., Dora, Carlos Francisco C., Prüss-Ustün, Annette M., Bonjour, Sophie, Adair-Rohani, Heather and Amann, Markus(2015): Contributions to cities’ ambient particulate matter(PM): A systematic review of local source contributions at global level(last accessed on 16.4.2020: https:/ er.elsevier. com/reader/sd/pii/S1352231015303320?token=9B7152FEA099090454C590ADB5F95BE7F68F7687A5851835 FEA7ED1661460CD543EFD31FF7AD170D6A138312E6A8DEEA) Renewable energy benefits: Understanding the socio-economics https://books.google.de/books?id=KkCLDwAAQBAJ&printsec=frontcover&dq=inauthor:%22Jeremy+Rifkin% 22&hl=de&sa=X&ved=0ahUKEwjNzIXX3orpAhXNnOAKHbP6DgMQ6AEITzAE#v=onepage&q&f=false Green jobs and occupational safety and health: Climate victory: Companies put Poland’s last new coal http://library.fes.de/pdf-files/fes/15665.pdf https://www.irena.org/publications/2019/May/Renewable-power-generation-costs-in-2018 https://www.agora-energiewende.de/fileadmin2/Projekte/2016/Stromwelten_2050/Agora_GesamtkostenStromwelten-EN_WEB.pdf https://www.leopoldina.org/uploads/tx_leopublication/2019_Stellungnahme_Klimaziele_2030_Final.pdf https://cor.europa.eu/en/engage/studies/Documents/local-energy-ownership.pdf https://irena.org/publications/2020/May/Tracking-SDG7-The-Energy-Progress-Report-2020 https://ourworldindata.org/energy#all-charts-preview https://op.europa.eu/en/publication-detail/-/publication/b891cfb7-d50f-11e9-b4bf-01aa75ed71a1/ language-en?WT.mc_id=Searchresult&WT.ria_c=37085&WT.ria_f=3608&WT.ria_ev=search http://library.fes.de/pdf-files/bueros/amman/15614.pdf 88 – Titel 5 Социјално праведна трансформација во мобилноста Трансформацијата на мобилноста ни пружа извонредни можности да го подобриме квалитетот на живот. Со оглед на тоа што емисиите на CO2 во овој сектор постојано растат, трансформацијта е повеќе од неопходност и веќе се случува, бидејќи стотици градови веќе почнуваат да имплементираат паметни и одржливи концепти на мобилност. Со овие иницијативи животот на граѓаните станува поздрав, урбаните простори стануваат позелени и понаклонети кон заедниците, локалните економии стануваат посилни, луѓето поефикасно го планираат своето време, општествата се поправедни, а животната средина е почиста за сите нас и за генерациите кои доаѓаат. Во ова поглавје ќе ја истражуваме темата на трансформацијата на мобилноста од многу различни агли: ќе почнеме со заедничките придобивки од трансформацијата на мобилноста за граѓаните и заедниците, па ќе ги погледнеме здравствените придобивки(прв дел), заедниците кои се удобни за живеење(втор дел) и социјалната праведност(трет дел). Потоа ќе ги разгледаме економските аспекти на транзицијата на мобилноста, фокусирајќи се прво на придружните придобивки за економијата во целина(четврти дел), а потоа конкретно на автомобилската индустрија(петти дел). Добро утро, собираме потписи за да се направи заштитена велосипедска патека на овој пат... Помош! Ова девојче сака да ни ја ограничи слободата! 90 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација Прв дел: одржлива мобилност: од витално значење за здрав и безбеден животен стил Доколку сакаме да живееме здрав живот денес и во иднина, мора да ги трансформираме системите на мобилност. За ова постојат пет причини: загадување на воздухот, сообраќајни несреќи, загадување од бучавата, недоволно физичка активност и последно, а еднакво важно, ограничување на влијанијата на климатската криза. 1. на воздухот е водечкиот ризик фактор во целиот свет, кој резултира во седум милиони случаи на прераната смртност годишно(види исто така поглавје 4, стр. 83). 1 Покрупните токсични честички влегуваат во нашите бели дробови, што предизвикува рак на белите дробови, хронично опструктивно белодробно заболување или респираторни инфекции, додека поситните честички влегуваат во циркулаторниот систем, што доведува до мозочни или срцеви удари. Освен термоелектраните кои работат на јаглен, транспортот како сектор е еден од главните извори на ризици по здравјето. Во 2015 година, сообраќајот бил причина за 11,4 проценти од прераните смртни случаи како последица на загадувањето на воздухот, што може да се преведе во штета која изнесува околу една милијарда долари во трошоци за лекување. 2 Но, не е само населението по градовите во Азија под силен удар на високата загаденост поради транспортот: многу градови во Централна и Источна Европа се„во трка“ за нималку престижната титула за најлош квалитет на воздухот во светот, посебно во зима: од Варшава до Алмати, нашите главни градови се затруени од смог, понекогаш и авионите не можат да слетаат затоа што пистата не се гледа. Порастот на глобалното население се предвидува дека ќе достигне 9,7 милијарди жители до 2050 година, а 70 проценти од нив сe очекува да живеат во урбаните средини. Како резултат на ова, ќе се дуплира годишното ниво на штетни емисии предизвикани од сообраќајот 3 , освен доколку не се усвојат построги политики и мерки кои би ги ограничиле емисиите во транспортот. Со оглед на овие факти, се прашуваме зошто на секоја кутија цигари имаме предупредување дека се штетни по здравјето, но не и на секој автомобил? 2. Доколку сакаме повторно да дишеме чист воздух во градовите, едноставно треба да воведеме многу повеќе здрави и одржливи алтернативни решенија како замена на превозните средства кои користат фосилни горива. Само во проектот„Civitas“ се вклучени повеќе од 800 примери на одржлива мобилност во различни заедници во Европа 4 , а стотици нови проекти се презентираат секоја година за време на„Европската недела на мобилност“ која е неверојатен извор на инспирација. 5 Помеѓу проектите има такви за подобрување на квалитетот на јавниот превоз до нула или ниско ниво на емисии(подземна железница, возен парк со електрични автобуси, возови и трамваи кои користат обновлива енергија како погонско гориво) сѐ до велосипедски мрежи(како што се безбедни велосипедски ленти и патишта, сервиси за поправка на велосипеди, безбедни гаражи за велосипеди или изнајмување на велосипеди), сѐ до мултимодални системи каде може да изберете флексибилна комбинација од различни превозни средства и во двата правци од патувањето(пр. јавен превоз, велосипед и електрично или водородно возило, кое, кога ќе го употребите, може да го паркирате без- 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 91 бедно во наменски објекти надвор од центарот на градот). 6 Градските центри во цел свет се менуваат и стануваа зони на ниски емисии или зони без автомобили , а еден од водечките примери за ова е градот Париз, чијшто центар порано бил преполн со автомобили. 7 3. Трансформацијата на секторот на мобилност може исто така да помогне да се намали бројот на сериозни сообраќајни незгоди. Вкупно 70 проценти од луѓето кои загинале во сообраќајни несреќи на урбани патишта се т.н.„ранливи учесници во сообраќајот“ како што се пешаци или велосипедисти. 8 Ова значи дека, повторно, најслабите членови на нашите општества се изложени на најголем ризик – маргинализирани луѓе кои патуваат со велосипед, маневрирајќи помеѓу џипови или пак, постари лица кои се обидуваат да преминат преку автопат. Навикнавме да живееме во градови каде што се оградени игралиштата за нашите деца да не бидат прегазени, наместо автомобилите да бидат „оградени“ за да ни овозможат нам слободно движење. За среќа, многу земји почнаа да го решаваат овој проблем, Полска е една од лидерите во намалување на бројот на сообраќајните несреќи во урбаните средини. 9 4. од бучава, актуелен здравствен проблем посебно во густо населените урбани области, исто така значително се намалува доколку повеќе луѓе одат пеш, возат велосипеди или користат електрични возила(јавни или приватни) на подолги дистанци. 5. Понатаму, наместо да одиме во нашите скапи фитнес центри со автомобил, поевтино е, па дури и поефикасно, да одиме пеш или да возиме велосипед. За повеќето луѓе најлесни и најприфатливи форми на физичка активност се оние што можат да ги вградат во секојдневниот живот. Примери за ова се пешачење или возење велосипед наместо патување со автомобил. 10 Така, с огорување на мастите наместо согорување на фосилни горива може да ви го продолжи животот , намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни проблеми или дебелина, на пример. 6. И последно, но еднакво важно, трансформирање на секторот на мобилност не само што ќе донесе директни здравствени придобивки, (како на пример, безбедност во сообраќајот), туку и индиректни здравствени придобивки кои влијаат врз ограничување на климатската криза (види исто поглавје 1, стр. 23). Една четвртина од емисиите на јаглерод диоксид во ЕУ се создаваат во транспортниот сектор. И ова е единствениот сектор во кој емисиите сѐ уште растат, а не опаѓаат. Споредено со 1990 год, нивото на емисии во секторот пораснало за 25 проценти. 11 Со оглед на тоа што на градовите отпаѓаат 70 – 75 проценти од глобалните јаглеродни емисии, 12 доколку сакаме да ги исполниме основните климатски таргети, мораме да вложиме интензивни и насочени напори за да ја спроведеме трансформацијата на урбаната мобилност. Ова е возможно благодарение на иницијативите како што е „Градови C40“ каде се вклучени 16 мрежи и 96 градови со амбициозна климатска агенда од целиот свет, кои заеднички прават 25 проценти од светскиот БДП. Оваа иницијатива помага да се разменуваат примери и идеи за реплицирање, подобрување и забрзување на различните видови климатска акција во полето на ублажување, адаптација и одржливост. Проектот во моментов се гордее со 1.543 различни мерки и активности во полето на градскиот превоз на патници. 13 Но, што е со… …цената на преобликување на урбаната мобилност? Градовите со децении наназад биле планирани со примарен фокус на автомобилскиот превоз. Како понатаму: трансформацијата на мобилноста ќе се исплати 1. мора да ги земеме предвид трошоците кои ги предизвикува нашата сегашна форма на мобилност. Тоа се трошоците за системот на здравствена заштита, како и трошоците предизвикани од глобалното затоплување,(види поглавје 1, стр. 25) и секако, загубата која нема цена – губењето на човечки животи. 2. одржлива инфраструктура која вклучува велосипедски ленти и пешачки зони е поевтина за градење и одржување отколку патиштата. 3. градовите и заедниците можат да воведат политики со кои ќе се прераспределат 92 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација средствата од луѓето кои можат да си дозволат автомобил за да се создадат безбедни и практични опции во транспортот, достапни за сите. Можностите за ова се широки – од повисоки патарини во градот до поскапи билети за паркирање, или фиксни надоместоци(па дури и аукции) за дозвола за поседување автомобил. Дозволите купени од сопствениците на автомобили, може исто така да вклучуваат годишен билет за јавниот градски превоз, што за возачот би било дополнителен поттик да користи јавен превоз и да не вози во центарот на градот. 4. постојат најразлични можности за екстерно финансирање, на пример, финансиски линии кои произлегуваат од Зелениот договор на ЕУ. И повторно, иницијативата„Европска недела на мобилност“ може да биде инспиративна почетна точка. 14 Но, што е со… …недоволниот број велосипедски патеки, што во основа не овозможува вистинска алтернатива за мобилност? Како понатаму: менување на политичките приоритети • Како што се гледа во стотици градови низ светот, добро дизајнирана и широка мрежа на велосипедски ленти е резултат на добро осмислени локални политики и паметно планирање и управување со урбаната мобилност. • Бројот на градови кои создаваат нови велосипедски патеки драстично порасна во текот на кризата со Ковид-19, кога сѐ повеќе граѓани ги извадија своите велосипеди од подрумите(на пример во Грузија) или купија нови велосипеди(во Италија и Германија, на пример, велосипедите биле целосно распродадени), и почнаа да патуваат до работа со велосипед. Многу градови бргу се приспособија на оваа промена во однесувањето на своите жители, со тоа што создадоа„инстант велосипедски патеки“ во што шампион е Богота, како град за пример во овој тренд. 15 Некои градови дури и„нормалните“ патишта ги претворија во велосипедски патеки, едноставно со поставување на знаци и со цртање на ознаки на асфалтот која е десна, а која лева патека за движење на велосипедистите за да им се обезбеди безбеден простор за возење. • да се зајакне овој позитивен тренд, велосипедизмот треба да биде погоден за користење од страна на секого. Истражувања од Данска покажуваат дека повеќето луѓе го бираат велосипедот не затоа што е евтино, туку затоа што е брзо и едноставно превозно средство. 16 Затоа, велосипедските патеки треба да се градат според три критериума: треба да бидат безбедни од(паркираните и подвижните) автомобили, треба да бидат доволно широки за различни брзини на возење(пр. да може да се претекне побавен, на пример, товарен велосипед), и треба да им овозможат на велосипедистите брзо да стигнат до својата дестинација. А за сево ова се потребни посложени промени, како што е поставување на посебни патишта или надвозници за велосипеди, или пак, едноставно програмирање на семафорите според просечната брзина на велосипедистите, наместо на автомобилите. Но, што е со… …загриженоста дека едноставно не сме подготвени за„мултимодалност“? Овој концепт е оправдан во контекст на интегрирање на различни превозни средства на една патека кои се прилагодени за потребите на индивидуалната мобилност. Но, во некои градови ова сѐ уште звучи како нереална утопија. Како понатаму: учење од најдобрите практики • Мултимодалноста подразбира интелигентна интеграција на различни превозни средства, како што се алтернативите на индивидуален автомобилски превоз, во координирана инфраструктура, достапни во еден правец. Ова е единствениот начин за одржлива мобилност, кој веќе се практикува во бројни градови, вклучително и во Источна Европа(Гдањск, Рига, Вилнус, Росток и други). 17 Некои од овие градови им овозможија бесплатни апликации на нивните граѓани, за да може да ја планираат својата рута на патување, користејќи различни начини на транспорт(јавен превоз, делење автомобилски превоз, градски велосипеди, велосипедски ленти, пешачење). 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 93 Со инфраструктура која овозможува велосипедите да се сместат и превезуваат со автобуси/возови, со доволно паркинг места за нив на железнички/автобуски станици, со пултови за информации за мултимодалноста на јавни простори и слично, мултимодалноста може да биде одлично решение особено за урбаниот превоз, но и за подолгите патувања. Но, што е со… …количеството на емисии предизвикани од комерцијални возила, како што се товарни бродови или патнички автобуси? Како понатаму: намалување на емисиите во секој вид на превоз • Фактот дека товарните бродови се одговорни за значителен дел од емисиите на СО2 произведени во транспортниот сектор значи дека тие треба да бидат построго регулирани. Статистиката за емисии покажува дека ваквите ограничувања навистина ги намалуваат емисиите. Но, ова не значи дека не треба да преминуваме на повеќе еколошки одржливи средства за мобилност во нашите урбани и рурални области, како на пример, возови што користат обновливи извори на енергија итн. На крајот на краиштата, вдишуваме отровни издувни гасови секој ден, без разлика колку се високи или ниски нивоата на емисии на товарни бродови. • Што се однесува до јаглеродниот отпечаток на јавниот превоз, точно е дека скоро 80 проценти од возниот парк на патничките автобуси во Европа сѐ уште користат дизел гориво, а автобусите сѐ уште се главното превозно средство во глобални рамки(на нив отпаѓаат повеќе од 80 проценти од глобалниот јавен превоз). 18 Сепак, преминот од дизел автобуси на електрични или автобуси на биогориво веќе се случува во стотици градови, вклучувајќи го и Париз, кој планира да го замени автобускиот возен парк со 100 проценти „зелени автобуси“ до 2025 година. Берлин го планира истото до 2030 година со финансиска помош од различни субвенции и иницијативи. 19 Исто така, во градовите на многу земји од Централна и Источна Европа функционираат електрични мрежи на„тролејбуси“, кои мора да се модернизираат за да станат интегрален дел на мрежата на јавен градски превоз со низок јаглероден отпечаток. 94 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација Втор дел: Одржлива мобилност: витална за урбаниот развој, јавниот простор и квалитетот на живот Анкетите покажуваат дека градовите со прогресивни политики на одржлива мобилност(како што се Виена, Минхен, Амстердам, Копенхаген или Прага, Варшава, Вилнус и други градови во Централна Европа) се рангирани највисоко во мерењето на квалитетот на живот, бидејќи на жителите им нудат најдобри еколошки и животни услови во светски размери. 20 Постојат два начина како да се подобри урбаниот квалитет на живот кога станува збор за мобилноста: 1. е да се обезбеди повеќе простор за луѓето, а помалку простор за возила, преку обновување на постојните урбани структури. • Многу граѓански иницијативи ги повикуваат жителите „да си ги вратиме улиците назад“ , 21 што е само илустрација на неусогласеноста на површината од јавниот простор која е одделена за патнички возила во споредба со просторот наменет за останатите учесници во сообраќајот. 22 Најчесто паркинзите за возила(а возилата во најголемиот дел од својот животен век се паркирани) заземаат 11м 2 во површина, па замислете си колку многу простор постојано е блокиран од мртов метал, а најчесто тие кои паркираат, не плаќаат ништо за површината во градот која ја узурпира нивниот автомобил. Да не зборуваме за нерамномерната распределба на просторот каде, од една страна, се отстапува многу поголем дел за улиците, а помал за тротоарите, заедно со велосипедските патеки и другите рекреативни патеки. Овој простор треба да се претвори во вистински„заеднички терен“ кој нема да содржи само паркови и дрвја, кои го подобруваат квалитетот на воздухот и се најефикасен начин за намалување на температурите за време на топлински бранови, но и за создавање на подинамични градови кои се пријатни за живеење и кои нудат поголем простор за среќавање на луѓето, што ќе придонесе за поголема социјална кохезија и соработка. • Основата за таквата трансформација на урбани површини, најчесто, претпоставува партиципативен процес на донесување одлуки , со што се зголемува самоефикасноста и припадноста на граѓаните кон заедницата(види поглавје 6, стр. 120, и поглавје 7, стр. 135). Ова е многу ефикасен начин да се пренаменат улиците во пешачки зони, или да се воведат нови автобуски линии, за одреден пробен период или одделни денови од неделата и потоа да им се овозможи на локалните жители да гласаат дали оваа промена им се допаѓа и дали да истата да остане(што најчесто е случајот). Трансформацијата на познатиот Тајмс Сквер во Њујорк од преоптоварен сообраќаен јазол во пешачка зона започна многу едноставно, со поставување на столчиња на расклопување во период од неколку месеци. Кога ќе се донесе одлука да се ограничи или забрани одредено превозно средство, локалните жители и сопственици на продавниците во тој регион треба да се изјаснат за тоа како да се осмисли новата урбана област. • За да ги убедат локалните жители кои можеби не сакаат да се менува нивното урбано опкружување, локалните власти имаат единствена шанса да го искористат нивниот директен контакт со луѓето за да ги придобијат, дејствувајќи со личен пример на позитивно однесување и сменети навики: градоначалници и членови на локалните совети кои возат велосипед до работа, или здружено партнерство со локални бизниси кои на своите вработени им обезбедуваат билети за јавен превоз. 2. начин е да се намали потребата за мобилност од самиот почеток, така што граѓаните нема да мора да трошат толку време користејќи или заглавувајќи во (каков било вид на) сообраќај. • Современите, но амбициозни урбанистички концепти, како што е „30-минутен град“ имаат за цел да ги дизајнираат градовите така што граѓаните ќе можат да стигнуваат секаде (дома, на работа, на рекреација и за други основни потреби) за најмногу 30 минути. Ова е комплексна шема на одржлива мобилност, но го намалува сообраќајот и со тоа го подо- 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 95 брува секојдневниот квалитет на живот во однос на здравјето, животната средина, управување со времето, локалната економија и трошоците за живот. 23 • на работа од дома или работа на далечина може исто така да помогнат да се намали сообраќајниот товар. Поконкретно, во текот на кризата со Ковид-19, многу работодавачи и работници сфатија дека работењето од дома може да биде многу ефикасно и дека штеди и пари и време. Најпосле, кој сака да губи време секој ден во патување до и од работа(независно дали е со јавен превоз или во автомобил), наместо да го поминува времето со пријателите или семејството. Но, што е со... ...продавниците во урбаните центри веќе нема да бидат достапни со автомобил доколку центарот стане пешачка зона? Како понатаму: поголема атрактивност на центарот на градот • Зоните каде превозот е ограничен или забранет може да ги направат градовите поатрактивни за мали бизниси. Има многу истражувања кои покажуваат дека пешачките зони во градскиот центар ја зголемуваат веројатноста дека луѓето таму ќе ги трошат нивните пари, затоа што можат слободно да прошетаат наоколу, да ги разгледуваат различните продавници, итн. Овој аргумент е посебно издржан во време кога продавниците во центарот трпат жестока конкуренција од шопинг моловите кои се лоцирани надвор од градовите(ова посебно се однесува на Централна и Источна Европа и од онлајн шопингот. Доколку центарот на еден град е чист, убав, пријатен за шетање и разонода, тој град навистина има компаративна предност. • Оттаму, решението за потенцијалниот проблем на депопулација лежи во добро дизајнираната мрежа за јавен превоз, во урбаниот развој со вметнување на атрактивни услуги, културни објекти, места за забава, како и во мерки и планови кои привлекуваат услуги и продавници од одреден вид да се лоцираат таму. 96 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација Но, што е со… …луѓето чиишто семејни или работни обврски им налагаат да користат автомобил во градот, или оние што живеат во рурални средини каде нема пристап до јавен превоз? МОДЕЛИ НА ДЕЛЕЊЕ НА ПРЕВОЗОТ: УСПЕШНИ ВО ПОВЕЌЕ ОД 2000 ГРАДА 2000 Повеќе од сите градови од Вишеградската група на држави (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија заедно) ГРАДА Како понатаму: поврзаност • За луѓето кои не можат да ги завршуваат дневните обврски без автомобил, освен алтернативите за сопствен превоз кој е со нула или ниски емисии на јаглерод, секако дека постои можноста од делење на превоз. Системи на делење на превозот („car sharing“) одлично функционираат во повеќе од 2.000 градови во целиот свет, 24 и ги користат околу 2,5 милиони луѓе 25 само во Германија, при што граѓаните го користат превозот кога им треба, без притоа да водат грижа за другите трошоци кои ги имаат сопствениците на автомобили. Секако оваа алтернатива е еколошки многу поприфатлива. Според едно истражување спроведено од Агенцијата за животна средина и управување со енергија на Франција, луѓето што користат апликации за делење на превозот, го намалиле вкупниот број изминати километри за 41 проценти и почесто патувале со автобус, воз, или велосипед. Едно истражување спроведено од здружената организација за мобилност CoMoUK заклучило дека секој автомобил кој е член на„авто-клубот“, исклучува од сообраќај десет приватни возила. 26 • Кога зборуваме за поврзаноста помеѓу урбаниот и руралниот дел , постојат бројни примери на добро развиени системи за јавен превоз низ Европа што ја прави врската помеѓу периферните и урбаните области многу реална и лесно остварлива алтернатива, пред сѐ преку регионална железничка мрежа. Доколку тоа не е случај во одредени региони, вистина е дека луѓето во овие области ќе мора да да се потпрат на индивидуалниот транспорт. На крајот на краиштата, останува на политичарите на локално или регионално ниво да ја подобрат инфраструктурата за јавен транспорт во таквите региони. • Понатаму, бидејќи цел на одржливата мобилност е и намалување на обемот на сообраќајот, една од главните цели на регионалниот и локалниот развој е да се заживеат руралните области преку обезбедување на подобри услуги за згрижување на деца, здравствени услуги и продавници, заедно со локалните политики за економски развој насочени на користење на локални и регионални ресурси: агротуризам, локално производство на добра и услуги, итн. Овие политики ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето во одредени региони и ќе им ја намалат потребата за поседување на автомобил, што носи дополнителни трошоци. Како што е наведено погоре, работењето од дома или од далечина, барем на неколку дена неделно, може значително да го намали времето на патување до работа, што секако влијае на смалување на емисиите и транспортните трошоци за патниците кои на овој начин заштедуваат повеќе пари и време за слободни активности. 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 97 Трет дел: Одржлива мобилност е од витално значење за овозможување на транспорт достапен за сите и социјална правда Подобрениот квалитет и опфат на јавната транспортна инфраструктура ги намалува социјалните нееднаквости преку инвестирање во превозни средства што се достапни за сите. Досега, нашите системи на мобилност во градот често биле осмислувани според потребите на патниците од средна или повисока класа кои возат автомобил до работа. Ова значи дека потребите на голем сегмент од нашето општество се запоставени во текот на целиот нивен живот , и тоа на: децата, постарите лица или лицата со попреченост, кои не се во можност да возат, маргинализирани групи кои не можат да си дозволат автомобил, родителите кои купуваат на локалните пазари, или пријателите кои се среќаваат во блиското соседство. Како стасуваат медицинските сестри до болниците во ноќните смени, а како стасува главниот консултант? Во интерес на пониската и средната класа е да имаат добар, сигурен и достапен јавен превоз. Според тоа, политиките за одржлива мобилност придонесуваат кон повисоко ниво на социјална правда во нашето општество. • Сѐ повеќе градоначалници и претставници на градските власти почнуваат да размислуваат за одржливиот превоз како јавно добро , што е неопходно за да функционира едно општество, еднакво важно како полицијата, здравствените услуги или образованието. Оттаму, сѐ повеќе градови имплементираат политики со кои се воведува бесплатен или евтин јавен превоз(ова се случува во моментов во повеќе од 150 града наоколу во светот, повеќето од нив во Европа, во земји како Полска, Чешка, Бугарија, Словенија, Литванија), 27 со тоа што Луксембург(и делумно Естонија) се првите земји кои воведоа бесплатен јавен превоз на целата територија. Властите во овие градови ваквата политика ја перципираат како најдобар начин за значително смалување на јаглеродните емисии предизвикани од јавниот превоз и за сузбивање на социјална нееднаквост , бидејќи бесплатниот јавен превоз пред сѐ значително ги намалува животните трошоци на граѓаните од средна класа и пониска средна класа. Најпосле, смалените трошоци за јавен превоз се најдобриот аргумент кој може да се искористи во дебатите со скептиците и противниците на амбициозните еколошки политики во градскиот превоз кои предлагаат пешачки зони без автомобили, строги регулативи за паркирање, патеки за автобуси итн. • Во земји како Германија, и покрај значителниот придонес кој јавниот превоз го дава за социјалната еднаквост, автомобилскиот сектор сè уште добива несразмерно повисоки субвенции од јавниот превоз. Од 2009 – 2019 година, Сојузната влада инвестирала 20 пати повеќе во истражување, технологија и оптимизација на материјали, инфраструктура и сл. во полето на автомобилскиот превоз во споредба со јавниот превоз. 28 • Помалата зависност и пореткото користење на индивидуалните автомобили како превозни средства ги прави луѓето помалку подложни на зголемувањето на цената на бензините , на кои веќе не влијае само светскиот нафтен пазар, туку и системот за одредување на цената на CO2. • И последно, и еднакво важно, повеќето граѓани ја прифаќаат трансформацијата на мобилноста која подразбира премин кон јавен превоз кој е достапен и лесен за користење. Интересот за одржливи превозни алтернативи кои би го подобриле квалитетот на живот на дневна основа е потврден во една студија од 2018 година на Меккинси(McKinsey), која открива огромно задоволство на граѓаните од високоразвиените системи на градскиот јавен превоз во десет урбани средини. 29 Ова понатаму се потцртува со фактот што во градови како Њујорк, Сан Франциско и други, речиси половина од жителите не поседуваат автомобили, додека во Германија има речиси 30 проценти помалку луѓе кои се пријавуваат за возачка дозвола, споредено со пред десет години. 30 Но, што е со… …цената за паркинг во центарот на градот е многу висока, што повторно повеќе ги погодува лицата со ниски примања отколку богатите припадници на заедницата? 98 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација Како понатаму: зошто да се субвенционираат сопствениците на автомобили? • Одржливо и социјално праведно решение за проблемот со растечката цена за паркинг во центарот на градот би била добро дизајнирана инфраструктура за јавен превоз и други широки можности за градски превоз со ниски или нула емисии, кои обезбедуваат подостапни, побрзи и поздрави видови транспорт отколку седењето во автомобил„заглавен“ во градскиот метеж. На периферијата на градот треба да има поволни опции за паркирање на возилата на тие што патуваат од околните населби кои сѐ уште не се поврзани со градот преку регионална мрежа на возови. Ваквите објекти за паркирање и возење треба да обезбедат голем број места за паркирање, но и да располагаат со полначи за електрични автомобили. • Освен тоа, мора да се запрашаме зошто луѓето без автомобили, кои се во финансиски понеповолна состојба од оние кои поседуваат автомобили, треба да ги субвенционираат сопствениците на автомобили ? Како што е наведено погоре, луѓето со автомобили заземаат огромен дел од јавниот простор. Како го оправдуваат користењето на тој простор, без да плаќаат за тоа? Ако просечната цена за квадратен метар во центарот на градот чини многу пари, зошто побогатите сопственици на автомобили треба да го имаат тој простор по многу евтина цена? Но, што е со… …компаративно високата цена на електрични или возила на водород? Како понатаму: поевтинуваат! • Денес, генерално кажано, цената на електрични возила сѐ уште е повисока отколку на возилата на бензин/дизел, но ова рапидно се менува. Како што рапидно паѓаат цените на батерии, така производителите на автомобили инвестираат милијарди во производство на електрични возила, а стандардите и ограничувањата за возилата на фосилни горива се заоструваат и сѐ повеќе се воведуваат субвенции за електрични возила од владите или производителите. Алтернативи за електрични возила се веќе достапни по цени споредливи со автомобилите на фосилни горива и релативниот„ценовен паритет“ на електричните возила со оние на бензин/дизел се предвидува уште за 2023, или за периодот 2024 – 2028 година. 31 Покрај тоа, многу влади на држави во и надвор од Европа го стимулираат преминот кон електромобилност преку попусти на цените на возилата, даночни ослободувања и/или ослободување од забрана за автомобили во одредени области на градот. Градските совети и трговските синџири(како што е ИКЕА) сè повеќе резервираат паркинг места за електрични возила, каде што автомобилите можат бесплатно да се паркираат и да се полнат. Трошоците за одржување на ваков тип возило се исто така значително пониски , поради пониските трошоци за„гориво“ на возилото, бидејќи содржат помалку делови кои се расипуваат или трошат, и бидејќи осигурителите нудат многу пониски стапки отколку за автомобилите со мотори со внатрешно согорување. • Сепак, иако некои од предизвиците наведени погоре(како што се почист воздух, помалку бучава и помали емисии на СО2) може да се решат со премин кон електрични или автомобили на водород, ова не важи за секој проблем(како на пример, дистрибуцијата на јавен простор и социјалното прашање кој може да си дозволи да поседува автомобил пред сѐ). Затоа, кога се дизајнира урбаната мобилност, подобро е, од социјална и од еколошка гледна точка, да им се даде приоритет на пешаците, велосипедистите и патниците во јавниот превоз. Но, што е со… …зголемените трошоци за подолгите патувања, посебно летањето и фактот што ова ги става маргинализираните групи во неповолна позиција? Како понатаму: патувајте со возови • алтернатива несомнено е патување со воз, што е нешто кое Европа го шири рапидно . Според истражување на UBS, вложувањата во брзи железници ќе се зголемуваат за повеќе од десет проценти во следната дека- 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 99 да, бидејќи побарувачката за овој тип превоз расте. 32 Растот на побарувачката ги опфаќа и ноќните линии кои им овозможуваат на луѓето да пристигнат на својата дестинација во раните утрински часови, а со тоа да заштедат на трошоците за сместување. Во последните шест години, ЕУ инвестирала 35 милијарди евра во железничка инфраструктура, а од 1996 година ја проширува брзата железничка инфраструктура низ цела Европа во рамки на Трансевропската мрежа за транспорт(ТЕН-Т). Иако оваа мрежа сѐ уште не е целосно заокружена, овозможува, на пример, да се патува од Централна Европа(Братислава) до Париз за осум часа. Понатаму, 24 земји-членки се согласија заеднички да работат на остварување на целта да се заменат кратките летови(300 – 800 км) со железнички линии. Инструментот „Поврзување на Европа ЦЕФ“, кој исто така го финансира преминот кон одржлива мобилност во Европа, ќе се зголеми од 1,5 милијарди евра на 14,521 милијарди евра. Европскиот совет исто така ја прогласи 2021 година за Европска година на железницата и планира различни иницијативи за промовирање на патувањето со железница како алтернатива на возењето и летањето. Слични прогресивни мерки се донесени и од одделни земји, на пример, Франција ја условува својата финансиска помош од седум милијарди евра за„Ер Франс“ со замена на кратките копнени летови со железнички линии, управувани од државната железничка компанија СНЦФ. • Јаглеродниот отпечаток на овој алтернативен начин на превоз е неспоредливо понизок од автомобилскиот превоз и летањето, бидејќи генерира само 0,5 проценти од сите емисии предизвикани од транспортот на ниво на ЕУ. И најважно од сѐ, просечната потрошувачка на енергија во железничкиот превоз во урбаните средини, пресметана и по километар и по патник, го прави седум пати енергетски поефикасен отколку возењето на автомобили. 33 • Колку за споредба, авијацијата е една од најбрзо растечките извори на емисии на стакленички гасови, со тоа што емисиите произведени од авионите пораснале на отколку 70 проценти од севкупните емисии во 2005 година. 34 И повторно, најбогатите слоеви на општеството најмногу профитираат и ги користат евтините нискобуџетни летови . На пример, еден домаќин вработен во училиште 100 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ЗНАЧИТЕЛНО Ѝ ШТЕТИ НА ЕКОНОМИЈАТА 461 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ загуба годишно. Толку изнесува БДП на Австрија. можеби ќе отпатува на одмор на брегот на Средоземното Море на одмор, но бизнисмените, побогатите слоеви или урбаната академска класа, тие најчесто летаат ваму-таму со авиони, ја користат оваа поволна ситуација, додека луѓето со пониски приходи кои живеат во куќи лоцирани под авионските коридори или близу аеродромите, најмногу страдаат од бучавата и аерозагадувањето, а глобалното затоплување кое се јавува како резултат воопшто и да не го спомнуваме. 35 Како што бевме сведоци во текот на кризата со Ковид-19, многу авионски службени патувања се, во основа, непотребни. Денес меѓународните состаноци, па дури и интерактивните дискусии, лесно може да се одржат онлајн. • Она што честопати сè уште нѐ фасцинира во врска со летањето, е идејата да се патува, да се доживеат егзотични места, да се сретнат луѓе од друга култура и да се прошират нашите хоризонти. Сепак, она што честопати нѐ пречекува по неколкучасовниот лет со авион е еднонеделен престој во изолиран хотелски комплекс или населба каде има само туристи и каде поминуваме повеќе време во разговор со другите европски соседи на лежалката до нас отколку со локалните жители. Оттаму, за жителите на денешните европски градови може да биде уште„поегзотично“ да отпатуваат во руралните области на некоја од соседните земји, па така да се запознаат и поразговараат со руралното население за животот таму. 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 101 Четврти дел: Одржлива мобилност е од витално значење за економијата и политиката Како што растат предизвиците со кои се соочуваат урбаните заедници, особено како резултат на урбанизацијата со која дури 70 – 80 проценти од светската популација ќе живее во градови до 2050 година, 36 порастот на населението, застарената транспортната инфраструктура(посебно во руралните заедници), климатската криза, станува сосема јасно дека технолошка, економска и еколошки одржлива мобилност е предуслов за идниот економски напредок. Градовите и регионите со амбициозни планови, активности и постигнувања во областа на еколошка одржливост и мобилност ќе остварат значителна економска предност. Тие ќе профитираат од зголемената продуктивност, на пример, поради намалениот градски сообраќаен метеж, рационалната потрошувачка на енергија, но и поради повисокиот квалитет на живот кој ќе привлече повеќе луѓе, кои пак, ќе донесат креативност и вештини како клучни извори на економски напредок. • метеж предизвикан од прекумерната употреба на автомобили во градовите, централните и приградските населби, освен што предизвикува голема еколошка штета, предизвикува и економски загуби изразени во милијарди (поради пониската продуктивност) – во 2017 година, овие загуби ја чинеа економијата на САД, Британија и Германија 461 вкупно милијарди долари, или 975 долари по жител. 37 • Преминот од фосилните горива кон мобилност со нула или ниска емисија на јаглерод придонесува за одржливоста на едно општество, но и за конкурентноста на една економија. Како таква, оваа промена е во интерес не само на владата и јавноста воопшто, туку и на комерцијалните чинители на пазарот. Имајќи го ова предвид, политиките за одржлива мобилност треба да вклучат и различни комерцијални субјекти како клучни инвеститори во развојот на технологиите за паметна мобилност, но исто така и во градење на транспортната инфраструктура со ниско ниво на јаглеродни емисии, како што е инфраструктурата на електрични возила или паметните системи на јавен превоз. • Добро развиена инфраструктура на јавен превоз како подобра алтернатива на автомобилски превоз(велосипеди, електрични скутери, делење на превоз итн.) е исто така релевантен фактор на привлечност на еден град за туристите , кои пак, возвраќаат со економска придобивка за него. • И последно, но еднакво важно, намалената употреба на превозни средства кои користат фосилни горива ги прави нашите економии и земји помалку зависни од автократските увозници на нафта. Но, што е со… …загриженоста дека ограничувањето на превозните средства на фосилни горива ќе го забави економскиот раст, бидејќи економијата и трговијата се нераскинливо врзани за превозот? Како понатаму: иновации и локален развој • Реалноста ја побива оваа претпоставка: реалниот економски развој покажува дека технолошките решенија и политики на европско, национално или општинско ниво коишто наметнуваат строги ограничувања на емисиите и го субвенционираат развојот на мобилноста со ниски или нула емисии, всушност не штетат, туку придонесуваат кон конкурентноста, меѓународната трговија и економијата воопшто . Овие технолошки решенија ги промовираат и поддржуваат Европската комисија и многу национални влади. • Покрај тоа, една од целите на одржливата мобилност е да се стави крај на превозот на стоките на големи далечини. Ова не само што значително ќе ги намали емисиите, туку исто така ќе создаде поголем потенцијал за раст на локалните и регионалните економии и ќе придонесе за глобална социјална правда. Понатаму, ќе отвори нови можности за раст на локалните економии или на локално произведените добра(пр. храна), кои поради повисоките цени во моментот немаат шанси да се натпреваруваат со производите кои доаѓаат од огромни фабрики 102 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација и производители, а се доставуваат ширум земјата по пониски трошоци и со тоа имаат пониски продажни цени. • Товарните авиони, бродови и камиони се превозни средства на кои отпаѓа навистина голем јаглероден отпечаток, а истовремено, ја продлабочуваат глобалната неправда затоа што со нив управуваат големи мултинационални компании чии профити се огромни. Сепак, за овие видови превоз честопати не се разговара воопшто затоа што„ако не ги гледате, не се важат“, а често овој вид превоз е„невидлив“. Но, што е со… …оправдувањето на субвенциите за нови форми на мобилност, како што е електричниот транспорт или транспортни средства на погон на водород? Како понатаму: финансирање на иднината, а не на минатото • Сите транспортни технологии се субвенционираат, на еден или друг начин. Неоданочувањето на керозинот или понискиот данок за дизел во Германија се само два типични примера за ова. Да не ги спомнуваме надворешните трошоци, посебно трошоците за медицински третман на жителите на градовите кои страдаат од респираторни заболувања, а чиј третман оди на товар на јавното здравство. • Основната задача на една одговорна влада е да поддржува сектори, дејности или услуги кои се релевантни или неопходни за напредокот или одржливоста на едно општество (види поглавје 2, стр. 49 и поглавје 6, стр. 115). Еден од овие сектори е електричниот транспорти другите форми на превоз со ниски или нула емисии на јаглерод, бидејќи, без развој на превоз со ниски јаглеродни емисии, климатските цели, кои треба да се постигнат ако сакаме да спречиме сеопшта еколошка криза, ќе останат само пусти соништа. • Освен тоа, ако ги погледнеме субвенциите за електричниот транспортво Европа наспроти субвенциите што ги добива индустријата за фосилни горива, навистина нема споредба. Во 2017 година, индустријата за фосилни горива, со целото загадување и уништување на животната средина, добила директни и индиректни субвенции во висина од 87 милијарди долари од националните влади и ЕУ. Ова било 2,5 пати повеќе отколку во 2010 година. Овие субвенции биле насочени кон производствениот сектор(директни плаќања, заеми, средства, даночна политика, истражување, итн.), како и за потрошувачката на гориво(регулирани цени, даночни олеснувања). • купниот износ на субвенциите за фосилни горива за периодот 2010 – 2017 година можеше да се искористи за поставување на 1,6 милиони станици за брзо полнење на електрични возила , со што ќе имаа уште поголем продор на пазарот и значително ќе придонесеа за намалување на аерозагадувањето предизвикано од возила. Средствата исто така можеа да се искористат за изградба на 20.000 километри шини за брза железница што, за возврат, ќе го намалеше интензитетот на патување со автомобили и авиони, а со тоа и загадувањето предизвикано од нив. 38 СУБВЕНЦИИТЕ ТРЕБА ДА ПРОМОВИРААТ ЗДРАВА МОБИЛНОСТ, А НЕ ФОСИЛНИ ГОРИВА fo С s у si б l в f е u н e ц l s и u и b т s е id за ie ф s f о r с o и m лн 2 и 01 г 0 о р 2 и 0 в 1 а 7 co з u а ld пе h р a и v о e д b о e т e 2 n 0 u 1 s 0 e d 20 f 1 o 7 r t м h о e жеше да bu с i е ld и u с p ко o р f истат за поставување на 1,6 милиони станици за брзо полнење на EV s е u л p е e к r т c р h и a ч rg н i и ng го s р ta и t в io а ns 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 103 • К ако што покажуваат примерите од моменталните европски лидери во полето на електричен транспорт, Норвешка или Холандија, политиките за промовирање на електричниот транспорт(даночни ослободувања, поставување на јавно финансирани станици за полнење, истражување, мерки за урбан транспорт како што се посебни ленти за електрични автобуси, посебни паркиралишта, ослободување од плаќање патарина за електрични возила итн.) и сите овие мерки веќе резултираат во значителни подобрувања. Во 2019 година, за прв пат во Норвешка бројот на регистрации на електрични возила изби над бројот на регистрирани возила со мотори на внатрешно согорување, а мрежата на станици за електрично полнење речиси се изедначи на број на бензинските станици. 39 Од 2018 година, во Холандија речиси е удвоен бројот на регистрирани електрични возила, и сега на нив отпаѓаат 15 проценти од целокупната продажба на возилата. 40 • Како заклучок, можеме со сигурност да констатираме дека електричниот транспорт чини многу помалку отколку транспортот базиран врз фосилни горива. Уште повеќе, благодарение на придонесот кој го има во и тоа како потребната транзиција во секторот на мобилност, што пак ќе влијае врз зачувување на нашиот екосистем, придобивките од истата значително ги надминуваат трошоците . 104 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација Петти дел: Одржлива мобилност е од клучно значење за идните можности за вработување Преминот кон поодржливи форми во секторот на мобилност за кој зборувавме досега, секако подразбира создавање на нови, одржливи работни места во низа области: Најпрво, за нашиот систем на превоз да биде еколошки одржлив, градовите и земјите мора да ја подноват инфраструктурата, што подразбира крупни инвестиции : правење на велосипедски патеки, станици за полнење на електрични возила, нови автобуси и трамваи и илјадници километри железнички пруги. За сево ова ќе требаат огромен број работници .(види исто поглавје 2, прв дел). • Поради преминот од индивидуална подвижност кон јавен превоз ќе се зголеми побарувачката за повеќе работници во секторите логистика и сообраќај . Денес, проширувањето на јавниот транспорт во поголемите градови како што е Берлин, на пример, што е барање на самите жители, веќе е оневозможено поради недостаток на квалификувани возачи. • Како решение кое може да се смести некаде помеѓу јавната и индивидуалната мобилност, може да послужат новите форми на делење на превозот кои се развија пред неколку години, паралелно со појавата на нов пазар на агенции за изнајмување. Агенциите за делење на превозот беа само почеток . Сега веќе бизнисот расте неверојатно добро за агенции што изнајмуваат конвенционални и електрични велосипеди, приколки за велосипеди, товарни велосипеди или електрични скутери, било да се за еднократна употреба или за долгорочно изнајмување. 41 • „Раззеленувањето“ на делот од мобилноста кој се однесува на индивидуалните возила, ќе предизвика побарувачка за различни видови превозни средства : електрични автомобили, електрични велосипеди, но и на обични велосипеди и товарни велосипеди кои досега се произведуваа рачно преку трудоинтензивен процес во неколку европски земји. Секако, заедно со новите пазари ќе се развие дејноста на сервиси за поправка на истите. • Сепак, индустријата за производство на автомобили е важен сектор во многу земји. Со нашите познавања на автомобилите и капиталот кој е акумулиран во Европа во изминатиот век, Европската автомобилска индустрија сѐ уште треба да е во состојба да фати чекор со американските или азиските фирми за да преземе водечка позиција во развојот на електрични возила, но само доколку веднаш дејствува. Доколку преминот кон електрична мобилност во некои европски земји се одложува и понатаму, целосно ќе се изгубат големи делови од оваа индустријата, бидејќи ќе бидат прегазени од иновативни фирми од други делови на светот. И покрај ова што го наведовме погоре, иако азиските или американските фирми се во некои аспекти понапредни од европските фирми кога станува збор за пазарот на е-мобилност, тоа не значи дека не се отвораат нови работни места во Европа. Голема автомобилска компанија од Јужна Кореја неодамна отвори нова фабрика за автомобили во Чешка, креирајќи 12.000 работни места, додека американската компанија„Тесла“ планира 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 105 да изгради фабрика во Германија за да биде поблиску до европските потрошувачи, на пример. Како што е опишано погоре, автомобилите со мотори на внатрешно согорување постапно се истиснуваат бидејќи владите ширум светот ја ограничуваат нивната употреба и поттикнуваат нивната замена со електрични возила или со други форми на мобилност. Ова е причината зошто„Тесла“ се појави речиси од никаде, за набргу да стане еден од највредните производители на автомобили ширум светот во 2020 година. • Иако пазарот за електрични автомобили е доста контроверзен, пазарот за одржливи возила(електрични или со водороден погон) за комерцијална употреба , како што се багери (кои предизвикуваат значително загадување на воздухот во градовите), или трактори(не само за еко-фарми) е сè уште многу неразвиен. Бидејќи многу европски производители имаат значително искуство во изработувањето на комерцијални возила од сите видови, сега имаат шанса да се позиционираат на пазарот во овој нов одржлив сегмент на пазарот. • Н а крај, но и еднакво важно, вработените во автомобилската индустрија се претежно висококвалификувани. Нивните вештини и знаења не само што се вредни за индустријата за производство на автомобили, туку исто така можат да бидат искористени и во одредени други сектори. Постојат идни перспективи за овие работници и во, а и надвор од автомобилската индустрија – всушност, дури и постои ризик од недостиг на квалификувани работници во Централна и Источна Европа во иднина (види поглавје 3, стр. 54). Веќе постојат неколку испробани и тестирани решенија кои ќе гарантираат непречена транзиција во друг сектор, доколку тоа го сака вработениот. На пример, германскиот синдикат„ИГ Метал“ предложи преодни мерки на кратење на работното време кои може да се применат и во автомобилскиот сектор. Работниците ќе работат со скратено работно време и истовремено ќе стекнат нови работни квалификации. Разликата во платата помеѓу скратеното и полното работно време треба да биде покриена од државата(види исто поглавје 2, стр. 42). Но, што е со… ...загриженоста дека ограничувањата на користење на возила со мотори на внатрешно согорување ќе им наштети на националните економии, бидејќи фабриките за производство на возила се многу важни работодавачи? Како понатаму: за електричната мобилност, време е сега или никогаш • Автоматизацијата и дигитализацијата веќе ја менува и ќе продолжи темелно да ја менува индустријата на производство на автомобили. Со оглед на тоа што на модерните производни ленти повеќето од задачите ги извршуваат роботи, фабриките за автомобили исполнети со работници се веќе слика од минатото(види исто Поглавје 2, стр. 41). Вработување во иновативни сегменти од индустријата за производство на електрични возила може да е посигурна од работните места кои произведуваат возила со внатрешно согорување. Причината за ова е растечката стандардизација и автоматизација на производството на делови кои вообичаено се користат за производство на автомобили, додека во случаите на електромобилноста, а посебно на мобилноста на водороден погон, сѐ уште има простор за многу технички иновации. • Побарувачката за чисти превозни средства рапидно расте, а ја диктира изборот на потрошувачите. Оваа голема промена нуди големи можности. Автомобилската индустрија е силна индустрија која опфаќа огромно техничко знаење. Со користење на стратешки политики за вработување и иновации, ќе може да се справиме со овие големи предизвици и со тоа да помогнеме светот да стане подобро место за живеење. • Според истражувањата, преку 30 проценти од продажбата на нови автомобили се проектирани да бидат со нула емисии или возила со хибридно полнење до 2030 година 42 што претставува потенцијал за пазар кој вреди милијарда долари . Бидејќи во блиска иднина електричните возила ќе станат ценовно достапни исто како и конвенционалните возила на бензин и дизел, 106 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација преминот кон производство на електрични возила ќе нуди огромни можности за профит на производителите. • мобилност ќе придонесе за праведен локален развој. Наместо да плаќаме за увоз на гориво и да финансираме странски компании и други држави, зелената автомобилска мобилност ќе се погрижи парите да останат кај нас, иако во случајот на електрична мобилност(а не водородна), суровините кои се потребни да се произведе батеријата, сѐ уште треба да се увезуваат. Во децентрализираниот енергетски систем, (види поглавје 4), преминот кон чиста мобилност ќе им помогне на локалните производители на енергија, а локалната економија ќе извлече низа придобивки. или повеќе, километража после која секој одговорен возач и онака треба да застане и да направи пауза за кафе. Но, што е со… …потребата за полнење на електрични возила – како ќе платиме за ова? Како понатаму: опсегот на движење на електричните возила веќе не е проблем 1. сѐ, густината на мрежата на електрични полначи на возила во Европа се зголемила драстично од 4.000 станици за полнење во 2011 год. до повеќе од 190.000 во 2019 год. (што е пораст од 4.750 проценти). 43 Најважно од сѐ, постојат фондови од ЕУ и други расположливи финансиски аранжмани за зголемување на бројот на станици за полнење и за развој на електричната мобилност воопшто. Оттаму, само е потребно да се подобрат капацитетите за управување и мобилизирање на фондови на локално, регионално или централно ниво за да се пристапи кон овие аранжмани. 44 Како што веќе појаснивме, многу ланци на продавници исто така инсталираат електрични полначи, со што ги привлекуваат потрошувачите да купуваат во нивната продавница, а притоа да го наполнат возилото бесплатно. 2. опсегот на електрични возила значително се подобрил во изминативе неколку години. Во 2020 год, максималниот опсег на движење на возилата е речиси 1.000 км, а опсегот на поевтините возила е околу 400 км Но, што е со... …еколошкиот отпечаток кој го предизвикуваат електричните возила? Како понатаму: електричните возила се подобро решение, но не и најдобро • Генерално кажано, при споредба на емисиите од електрични возила и конвенционални мотори на внатрешно согорување кои работат на бензин или дизел, резултатите се различни за различни земји, во зависност, поконкретно, од комбинацијата на изворот на енергија кој се користи како погонско гориво откако автомобилот ќе се произведе. Сепак останува фактот дека во речиси сите европски земји, електричните возила вклучувајќи ги индиректните емисии од производството на батерии, имаат неспоредливо помал јаглероден отпечаток . Според некои веќе потврдени студии, јаглеродниот отпечаток на електричните возила е до 40 проценти понизок во текот на нивниот работен век споредено со конвенционални мотори со внатрешно согорување кои користат дизел 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 107 или бензин. Со тековните промени на производството на електрична енергија, разликата само ќе се зголеми повеќе во прилог на електричните возила 45 и тие на тој начин ќе станат уште поодржлив избор. • Сепак, поради ресурсите што се користат при производство на батерии и бидејќи многу од погоре опишаните придобивки не може да се искористат, не е доволна само бланко замена на автомобилите со мотори на внатрешно согорување со електрични автомобили . Особено кога ќе ги разгледаме социјалните фактори(кој може да си дозволи и да управува со сопствено возило и кој добива колкав дел од јавниот простор), замената на еден вид возило со друго не е најдобра опција. Кон што се стремиме? • Идната мобилност кон која се стремиме, мобилноста која нема да доведе до колапс на нашиот екосистем, туку ќе го подобри нашиот живот, а нашите општества ќе ги прави социјално поправедни, е многу реална. За волја на вистината, трендовите и бројките покажуваат дека трансформацијата на нашиот транспортен систем претставува предизвик со кој ќе треба да се соочиме преку промена на нашата инфраструктура, нашиот економски модел и нашите секојдневни навики. Но, како што се обидовме да демонстрираме и поткрепиме со факти и бројки, постои непресушен извор на најдобри пракси во стотици и илјадници градови, региони и држави, што докажува дека преминот кон еколошки превоз стана навистина реален. Постојат безброј примери на политики, мерки и иницијативи во различни сектори. Проширувањето на квалитетниот јавен превоз резултираше во повеќе од 150 градови со политики за бесплатен јавен превоз. • премин кон електромобилност и друг вид автомобилски превоз со нула или ниско ниво на емисии на јаглерод, покрај другите придобивки, создаде многу нови можности за вработување. Во повеќе од 2.000 градови луѓето се организираат и заеднички делат превоз што придонесува кон намалување на автомобилскиот метеж, а со тоа автомобилскиот превоз стана подостапен. Континуираното ширење и развојот на брзата железничка мрежа во Европа нуди изводлива алтернатива на летовите со кратки релации. Шемите за мултимодалност кои ја олеснуваат паметната интеграција на различните превозни средства на една иста рута, очигледно функционираат добро во голем број градови. Овие решенија за идните можности за транспорт и новите работни места кои се отвораат, ни покажуваат колку е можна транзицијата. • што е свесен за ситуацијата и се осмелува да биде поамбициозен во прилагодувањето на мобилноста во согласност со границите и потребите на нашето опкружување – и создавање на убаво место за живот за нашите деца – само треба да погледне што веќе постои и функционира, да се инспирира од овие идеи и мерки и да ги примени во пракса. 108 – 5 Социјално праведна енергетска трансформација Користена литература Ендноти 1 Види повеќе: https://www.unece.org/environmental-policy/conventions/envlrtapwelcome/crosssectoral-linkages/air-pollution-and-health.html(пристапено на 15.7.2020). 2 https://www.ccacoalition.org/en/resources/global-snapshot-air-pollution-related-health-impactstransportation-sector-emissions 3 https://www.intelligenttransport.com/wp-content/uploads/tramwaysvsbrt.pdf 4 http://civitas.eu/cs 5 https://mobilityweek.eu/home/ 6 Погледнете го овој линк за споредба на трансформацијата на мобилноста во различни градови низ светот: https://www.arcadis.com/en/global/our-perspectives/sustainable https://theicct.org/publications/true-paris-low-emission-zone 8 https://etsc.eu/70-of-road-deaths-in-european-cities-are-pedestrians-cyclists-and-motorcyclists/ 9 Ibid. 10 CMOs, Start Active, Stay Active 2011. 11 https://www.europarl.europa.eu/news/en/headlines/society/20190313STO31218/co2-emissions 12 https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/2.3_uitp_perchel.pdf 13 h ttps://www.c40.org/networks/mass-transit 14 https://mobilityweek.eu/eu-initiatives/ 15 https://www.uci.org/news/2020/pop-up-bike-lanes-a-rapidly-growing-transport-solution-prompted-bycoronavirus-pandemic 16 http://www.cycling-embassy.dk/wp-content/uploads/2017/07/Velo-city_handout.pdf 17 https://www.cities-multimodal.eu/ 18 https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/2.3_uitp_perchel.pdf 19 https://zeeus.eu/, https://www.uitp.org/, итн. 20 Види повеќе https://www.mercer.com/newsroom/2019-quality-of-living-survey.html, https://www. arcadis.com/en/global/our-perspectives/sustainable, https://emerging-europe.com/news/prague-rankedemerging-europes-smartest-city/ 21 Движењето потекнува од Лондон од 1990-тите години. Види повеќе: https://beautifulrising.org/tool/ reclaim-the-streets 22 Ова е илустрирано со брилијантен стрип од Карл Јилг: https://www.businessinsider.com/carillustration-karl-jilg-2017-4?r=DE&IR=T 23 h ttps://www.sustainabilitymatters.net.au/content/sustainability, https://www.blurb.com/b/9873433-the30-minute-city 24 https://www.sharedmobility.news/carsharing 25 https://www.carsharing 26 h ttps://www.intelligenttransport.com/transport-articles/76434/public-transport-car-sharing/ 27 https://freepublictransport.info/city/ 28 h ttps://www.spiegel.de/auto/aktuell/bund-zwanzigmal-so-viel-forschungsgelder-in-kfz-wie-inoepnv-a-1296690.html 29 https://www.mckinsey.com/~/media/McKinsey/Business%20Functions/Sustainability/Our%20Insights/ Elements%20of%20success%20Urban%20transportation%20systems%20of%2024%20global%20cities/ Urban-transportation-systems_e-versions.ashx 30 h ttps://economictimes.indiatimes.com/industry/auto/auto-news/how-car-ownership-is-changingrapidly-and-irreversibly-in-india/articleshow/66296079.cms?utm_source=contentofinterest&utm_ medium=text&utm_campaign=cppst 31 https://www.smh.com.au/national/electric-cars-will-be-price-competitive-with-petrol-by-2023-professor20190826-p52kv2.html https://theicct.org/publications/update-US-2030-electric-vehicle-cost 32 https://www.ubs.com/global/en/investment 33 h ttps://www.railjournal.com/policy/uic-uitp-unife-public-transport-post-covid-19-world/ 34 https://ec.europa.eu/clima/policies/transport/aviation_en 35 За статистички податоци за тоа„колку е неправедно летањето“, а посебно за тоа како честите патници во авиосообраќајот го загреваат светот. Види повеќе: https://stay-grounded.org/get-information/ 36 http://library.fes.de/pdf-files/akademie/15802.pdf 37 h ttps://www.economist.com/graphic-detail/2018/02/28/the-hidden-cost-of-congestion 5 Социјално праведна енергетска трансформација – 109 38 h ttps://theconversation.com/fossil-fuel-subsidies-reach-us-87-billion-in-eu-countries-and-theyregrowing-123733 39 За повеќе информации за преминот на Норвешка кон електрична мобилност, види: https://www.rvo. nl/sites/default/files/2019/04/E-Mobility%20in%20Norway%20-%20NL%20embassy%20Oslo.pdf 40 За повеќе информации за електрична мобилност во целина, види: https://ec.europa.eu/transport/ themes/urban/vehicles/road/electric_en, http://www.caneurope.org/publications/blogs/1278-fossilfuel-subsidies, https://www.automotiveworld.com/articles/electric-vehicle-sales-a-global-snapshot-inuncertain-times/ 41 Е ден пример за ова е службата за изнајмување на велосипеди„Swapfiets“, која започна како идеја која ја развиле неколку пријатели за изнајмување на велосипеди од среден ранг на квалитет на долгорочна основа, кои може веднаш да се заменат доколку се украдат или се расипат. Сега„Swapfiets“ има повеќе од 1.400 вработени. 42 https://unfccc.int/news/global-car-industry-must-shift-to-low-carbon-to-survive-cdp 43 https://autovistagroup.com/news-and-insights/boosting-europes-ev-charging-infrastructure 44 https://www.electricmobilityeurope.eu/projects/, https://ec.europa.eu/inea/en/news-events/newsroom/ bridging-funding-gap-using-eib-loans-to-help-to-deliver-electric-car-mobility, https://wallbox.com/en_us/ guide-to-ev-incentives-europe, итн. 45 https://www.carbonbrief.org/factcheck-how-electric-vehicles-help-to-tackle-climate-change, https:// www.isi.fraunhofer.de/content/dam/isi/dokumente/sustainability, http://library.fes.de/pdf-files/ fes/15665.pdf Извори European Environmental Agency: https://www.eea.europa.eu/themes/transport European Commission – DG for Energy and Transport: https://ec.europa.eu/transport/sites/transport/files/media/publications/doc/2009_future_of_transport_ en.pdf Eurostat – Energy, transport and environment statistics 2019: https://ec.europa.eu/eurostat/ documents/3217494/10165279/KS-DK-19-001-EN-N.pdf/76651a29-b817-eed4-f9f2-92bf692e1ed9 Civitas – Cleaner and better transport in cities: https://civitas.eu/mobility-solutions European Mobility Week- https://mobilityweek.eu/home/ Covenant of Mayors for Climate and Energy: https://www.covenantofmayors.eu/en/ C40 Cities- https://www.c40.org/ Transport and Environment: https://www.transportenvironment.org/ World Wildlife Fund Sustainable Mobility: https://wwf.panda.org/our_work/projects/one_planet_cities/ sustainable_mobility/ Transformative Urban Mobility Alternatives: https://www.transformative-mobility.org/campaigns/2ndglobal-urban-mobility-challenge Die Debatte um den Klimaschutz. Mythen, Fakten, Argumente: http://library.fes.de/pdf-files/fes/15665.pdf Weiterdenken. Diskussionspapier des Landesbüros NRW der Friedrich-Ebert-Stiftung: http://library.fes.de/ pdf-files/akademie/15802.pdf 110 – Titel 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза Политичките инструменти потребни за да се ублажи климатската криза, се веќе достапни. Сега треба само да ги користиме. Најуспешниот начин да се направи ова е да создадеме и спроведеме комбинација од наднационални, национални, локални и индивидуални алатки. Меѓународното управување со климатските промени постигна значителен напредок во ублажувањето на климатската криза со усвојување на Парискиот договор за климата и Агендата за одржлив развој до 2030 година. Тоа значи дека е поставена меѓународната рамка која на државите им обезбедува широк спектар на алатки и механизми за тие да преземаат понатамошни активности. Овие мерки и активности ќе ги разгледаме подетално во првиот дел. Со оглед на недостатокот на политичка волја која ја покажаа владини претставници од некои земји, од суштинско значење е да бараме и други партнери. Во вториот и третиот дел ќе се образложат некои од алатките кои ни се достапни на локално и на индивидуално ниво. Доколку прогресивните фактори и самите граѓани дадат проактивна поддршка, до некоја мера тие ќе се бидат противтежа на незнаењето кое го манифестираат некои влади, а на овие прогресивни партнери ќе им се дозволи да се поврзат меѓусебно и да бидат во позиција на моќ за дејствување и остварување на позитивни промени. И така, предлогот:„ Да го спасиме светот од климатската криза“ е одбиен од мнозинството. Образложение:„Премногу е стресен.“ 112 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза Прв дел: Што го потврдува нашиот аргумент на државно ниво? Долги години, државата се сметала за одлучувачки фактор во климатските политики. Во септември 2015 претставници на вкупно 196 држави заеднички се заложија да стават крај на сиромаштијата, да ја ублажат климатската криза и да се борат против неправдата со изготвување на Агендата за одржлив развој 2030 година и со 17-те Цели за одржлив развој(SDGs). Истите тие држави бргу потоа го усвоија и Парискиот договор за климата, кој ги поставува глобалните рамки за ублажување на климатската криза, и се согласија да разработат сопствени планови за национални придонеси кон климатските промени(NDCs) каде треба да се содржани нивните напори за намалување на количината на стакленички гасови и да се адаптираат кон предвидените влијанија на климатската криза. • заложби немаше да бидат возможни без поддршка од меѓународни организации како што се Обединетите нации , кои го олеснија процесот на усвојување и на Целите за одржлив развој и на Парискиот договор. Другите наднационални актери, како што е Европската Унија, играа водечка улога во негувањето на климатска политика која се грижи„никој да не биде изоставен“ и во развивањето на сеопфатна рамка за јаглеродно-неутрален континент преку усвојување на иницијативи како што е Европскиот зелен договор. • Паралелно со ова, ЕУ исто така разви алатки и инструменти за поддршка и за земјите членки и за земјите кандидати, вклучувајќи ги Хоризонт 2020, Инструментот за претпристапна помош(ИПА) и други. Енергетската и климатската компонента на Берлинскиот процес, иницирана токму за да се даде поддршка на енергетската интеграција на Шесторката од Западен Балкан, како и многу други форми на заеднички иницијативи за климата, вклучувајќи ја и Зелената агенда (иницирана во 2014 година), се само некои од алатките развиени за декарбонизација на регионот во согласност со амбициите на ЕУ 2050 кои произлегуваат од Европскиот зелен договор. Други важни играчи кога станува збор за постигнување напредок се развојните банки како Светската банка, Европската инвестициска банка и други меѓународни финансиски институции како што е Европската банка за обнова и развој, што, на пример, ѝ овозможи на Црна Гора да стане дел од европските лидери во дигитализација на енергетскиот сектор создавајќи поволни услови за искористување на обновливите извори(види поглавје 4, стр. 72). • Заедно со придружните механизми кои се резултат на стратешки партнерства и меѓународна соработка, многу политички алатки и инструменти се расположливи на ниво на држава, со чија помош ќе се имплементираат ефикасни климатски политики и исполнување на обврските од Парискиот договор. Со цел значително да се намали загадувањето и да се искорени сиромаштијата, креаторите на политики мора да применат ефикасен микс од сите расположливи инструменти: инвестиции, финансиски стимулации, регулатива, прописи и нови наративи. Иако овие алатки и инструменти се опфатени во овој дел, подетално ќе ги елаборираме и во поглавје 7, бидејќи нивната примена е поуспешна и поефикасна во демократските општества(види поглавје 7, стр. 129) a) Инвестиции: • Многу индивидуалци и компании се подготвени да го променат своето однесување доколку се обезбедат адекватни социо-еколошки алтернативи. Презентирајќи вакви алтернативи, државата може да„подбутне “ решенија за однесување во согласност со климатските политики без да има потреба од донесување на законски регулативи. На пример, доколку постојат редовни железнички линии кои се директни, достапни и лесни за користење и го поврзуваат градот со приградските и руралните области, тогаш помалку луѓе ќе бидат приморани да користат автомобили. • Секако државата мора да го анализира ова и да се погрижи секоја одлука за инвестиција да биде во согласност со највисоките еколошки и социјални стандарди , од крупни инфраструктурни проекти до одлуки за јавни 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 113 набавки на канцелариски материјал кој се користи во јавната администрација(види исто поглавје 5, стр. 102). б) Даночен систем и стимулаци: • е државата дополнително да поддржи иновативни мерки и иницијативи што обезбедуваат одржливи решенија и алтернативи кои се усогласени со мерките за ублажување на климатските ефекти, било тие да се на индивидуално или на локално ниво, без разлика дали станува збор за задруги или социјални претпријатија. Државата има различни политики за поддршка, како што се стимулации и даночни инструменти кои можат да ја олеснат правичната распределба на ресурсите со кои располага, со чија помош ќе се осигура во донесувањето на правилни одлуки при спроведување на овие мерки и иницијативи, за да бидат усогласени со климатската агенда и истовремено да му користат на општеството. • Државата има овластување и капацитет да го обликува карактерот на економскиот раст преку дистрибутивната функција на даночните политики на начин што го стимулира развојот во согласност со планетарните граници и социјалните потреби. Иако главната идеја на одржливиот развој е пред сѐ да се зголеми потрошувачката на помалку привилегираните преку поддршка на економски активности со што би се намалила нееднаквоста, во исто време овој развој треба да има најмал можен еколошки отпечаток. Токму овде клучна улога треба да одигра државата, која треба да ги постави условите под кои ова треба да се направи. Државата може да има големо влијание врз дефинирањето на тоа како ќе расте и како ќе се развива економијата во иднина. • Прво, таа може да воведе соодветно ниво на данок на јаглерод , кој налага соодветен надоместок за јаглеродните емисии. Второ, таа може да ја комбинира оваа мерка со одредени ограничувања и решенија за производство без јаглеродни емисии, квоти на емисии, како и да ги утврди технолошките барања поврзани со ова . Ова е впрочем главната идеја зад реформите на одредување на јаглеродната цена предложени во Европскиот зелен договор, кои ја идентификуваат потребата од дефинирање на механизми за спречување на истекување на јаглерод 114 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза во или надвор од ЕУ. Компензирање за јаглеродните емисии преку едноставно селење на производните капацитети ниту е социјално праведно, ниту е корисно за животната средина, бидејќи загадувањето и климатската криза не препознаваат граници(види поглавје 2, стр. 45 и поглавје 4, стр. 77). в) Регулативи и прописи: • Иако цените може да бидат стимулирачки фактор, тие никогаш нема да го променат однесувањето на луѓето. Во Германија, вкупните давачки за еден литар бензин изнесуваат 237 евра за тон CO2, што е многу повисока сума од онаа за која воопшто се дискутирало некогаш кога се преговарало за јаглеродниот данок. Сепак, Германците сѐ уште возат големи автомобили кои загадуваат. Една неодамнешна студија помеѓу велосипедисти во Копенхаген открива дека ниската цена не е одлучувачки фактор при изборот на ова превозно средство, туку дека според анкетираните лица, возењето велосипед е побрзо и полесно. 1 • Се разбира, градот треба да инвестира во „автопати за велосипедисти“ за да се земат предвид интересите на овие граѓани, но понекогаш крајната цел, а тоа е заштита на основните права кои се загрозени од климатската криза, може да се постигне само преку регулативи што го ограничуваат однесувањето кое предизвикува високи емисии на стакленички гасови. • Доколку основните права на живот, домување, храна или вода и здравје се загрозени поради глобалното затоплување, тогаш е сосема легитимно да се ограничи брзината на автопатиштата на 100 км на час или да им се забрани на луѓето да летаат на кратки релации, на пример, од Брисел до Стразбур. Основата за ваквите регулативи честопати веќе постои, на пример,„Закон за чист воздух“ веќе постои во многу земји, па може да се повикате на оваа мерка доколку сакате да се ограничи движењето на автомобилите во градските центри. • Ова е исто така„најсоцијалниот“ начин како да се осмислат климатските политики бидејќи се спречуваат побогатите слоеви на општеството едноставно„да се искупат“ или со плаќање на патарини, или со плаќање на место за паркинг, или пак со купување на електрични возила, а другите да останат изоставени. г) и„новото нормално“: како понатаму: • Владините претставници треба да го трасираат патот, да раководат преку пример, да покажат дека позитивните климатски навики се„новото нормално“, а ова се прави преку испраќање на пораки и политички мерки. Тие може да користат низа различни инструменти за да го променат јавниот дискурс: • Прво, тие можат да ги истакнат заедничките придобивки од амбициозните климатски политики (на пример, јавниот простор станува подостапен за сите, се подобрува квалитетот на воздухот, се намалува сообраќајната бучава, има помалку сообраќајни несреќи, повеќе спорт и рекреација за граѓаните и со тоа подолг животен век и подобар квалитет на живот воопшто итн.). • Второ, политичарите можат да ја преформулираат реториката и да покажат дека климатски-паметното(„climate-smart“)однесување е„новото нормално“(види погоре). Начинот на кој тие самите се однесуваат може, на пример, да влијае врз мислењето на луѓето за прашања како, на пример: што треба да биде стандарден дел од потрошувачката на овошје во Европа: манго од Тајланд прскано со пестициди или органско јаболко одгледувано во локалната заедница? И, дали електраните на јаглен сè уште треба да продолжат со„вообичаените деловни активности“, и покрај фактот дека значителен дел од европската електрична енергија веќе се произведува од обновливи извори? • Трето, политичарите треба и да ги предупредат граѓаните што нѐ очекува ако не преземеме никаква акција и да нѐ информираат за научната вистина за катастрофата со која се соочуваме. Неодамнешното искуство покажа дека само вистината е таа која ќе предизвика драматично менување на однесувањето на луѓето, што се покажа во време на кризата со Ковид-19. 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 115 • заклучок, можеме да кажеме дека државата е подготвена да дејствува и ги има сите алатки и инструменти потребни за ова да се направи. • Сепак, како расте популарноста на неолибералната доктрина, концептот на„држава-ноќен чувар“ стекнува голема популарност, но и предизвика голема скепса посебно кога државата воведува нови даноци или законска регулатива. Ова посебно се однесува на многу земји од ЈИЕ и ЦИЕ каде луѓето претпочитаат да го следат концептот на индивидуална корист, како резултат на неуспесите на државното раководење и искуството од целосниот распад на државата (Советскиот Сојуз) кое сѐ уште се памети, Ова се манифестира, на пример, во неплаќањето на давачките и даноците во секторот на социјална заштита. • Од социјалдемократска перспектива, ова е многу проблематично, бидејќи државата треба да игра активна улога во заштитата на маргинализираните групи од ризици (како што е климатската криза) и да ги донесе потребните регулативи за да се обезбеди оваа заштита. • Оттаму, државата мора да биде„видливата рака“ која ќе обезбеди социјална правда преку моќта на инструментите за прераспределба со кои располага , како што се данокот на јаглерод, субвенции и други форми на стимулации за заштита и подобрување на социо-економската добросостојба на сите граѓани истовремено внимавајќи на зачувувањето на животната средина. Уште еднаш, можеме да видиме дека перцепцијата за државата веќе се менува, што прилично се потврди и со драматичниот пример на кризата предизвикана од Ковид-19. Од клучно значење е државата да има поактивна улога, што веќе беше дискутирано. Но, што е со… ....социјалните импликации на јаглеродните даночни политики за помалку привилегираните општествени слоеви? Како да бидеме сигурни дека принципот„загадувачот плаќа“ ќе обезбеди адекватен надоместок за сите и дека ќе ја намали нееднаквоста? Како понатаму: прераспределба на богатството, заштита на непривилегираните • Главната функција на даночните политики, според социјалдемократските принципи, е да се утврди прераспределбата на богатството и на тој начин да се влијае врз природата на растот. Во случајот на даночните политики врзани за јаглеродните емисии, ова значи да се промовира климатско-неутрален раст осмислен така што ќе биде корисен за општеството како целина, истовремено заштитувајќи ја животната средина. Оданочувањето на јаглеродните емисии е еден од фискалните инструменти што ги користат социјалдемократските политичари за да се промовира еднаквоста преку мерки за одвраќање на создавањето јаглеродни емисии и спречување на обидите на било кој субјект во општеството да си го„искупи“ избегнувањето на јаглеродно-неутрални решенија. Во комбинација со други политички инструменти, како што е јаглеродно-неутрален план кој предвидува постепено намалување на емисиите во одреден временски период како и технолошки стандарди и субвенции, соодветното оданочување на емисиите на јаглерод ќе ни помогне да се придвижиме кон декарбонизирано општество и соодветно да ги заштитиме најпогодените и најмаргинализираните групи во општеството, истовремено заштитувајќи ја животната средина. • Уште една алатка која ја имаат на располагање демократски избраните влади, е концептот за надоместување на приходите по глава на жител, што ќе ја олесни прераспределбата на богатството и ќе обезбеди одржлив развој. Приходите од данокот на јаглерод може да се искористат да се подобри стручното образование и обука, да се зајакне социјалната поддршка на регионите и на лицата погодени од транзицијата или да се финансира развојот на технолошки иновации со ниски јаглеродни емисии. За дискусија за понатамошните аспекти на јаглеродните даноци, види поглавје 1, стр. 20 и поглавје 2, стр. 45. 116 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза Втор дел: Која е потврдата на нашиот аргумент на локално ниво? Друг расположлив инструмент со значителен потенцијал се глобалните мрежи посветени на ублажување на климатската криза на локално ниво: • Спогодбата на градоначалниците(„The Covenant of Mayors“) е амбициозна иницијатива на Европската комисија чија цел е да се обединат локалните самоуправи кои се посветени на амбициозни климатски и енергетски цели. • Климатската акциска мрежа(„Climate Action Network – CAN“) е сојуз кој поврзува повеќе од 1.700 еколошки невладини организации во повеќе од 130 земји, со добро воспоставени регионални мрежни центри за координирање и поддршка на заедничките напори за заштита на атмосферата кои притоа овозможуваат одржлив и правичен развој. • Мрежа на одржливи општини, како што е ICLEI или LAG 21 NRW, кои ги поврзуваат локалните власти со цел да ги поддржат во размена на најдобри практики и заеднички напори за креирање на амбициозни климатски политики. • Голем број градови и општини ширум Европа се меѓусебно поврзани преку овие споменатите глобални иницијативи кои ги координираат засегнатите страни од локалните заедници дури и во земји каде постои диктатура, како што е Туркменистан, на пример. Од витално значење е политичките алатки кои се достапни на локално ниво, да бидат искористени од прогресивни партнери и да се искористат за поддршка на граѓаните во земји каде што владите не се подготвени да преземаат мерки. Но, како што ќе биде прикажано во поглавјето 7, сето ова е многу поефикасно во демократски контекст(види стр. 129 и натаму). • Енергетските проекти управувани од заедницата стануваат сѐ попопуларни насекаде низ светот. Сончевите кровови деновиве се вообичаена глетка, без разлика дали сме во некоја мала локална средина во некоја земја во транзиција, како што е, на пример, Македонска Каменица во Северна Македонија, или во некоја поголема област во Германија како Рајн-Хунсрук, бидејќи и двата региона се познати како пионери во полето на транзиција кон зелената енергија. Во Македонска Каменица, жителите инсталираа соларни панели на своите покриви и се приклучија на мрежата како пронсументи со цел да ги намалат емисиите и максимално да ги искористат малите регулаторни прилагодувања што неодамна ги направи државата. Дополнителни инструменти за поддршка, како што се субвенции планирани од локалната самоуправа, може да ја омасоват иницијативата и да помогнат целата заедница да се претвори во микрокосмос на одржлива енергија. Во областа Рајн-Хунсрук, локалното население формирало партнерство со компаниите во заедницата, со локалните и националните власти и ја искористиле постојната законска рамка да развијат и имплементираат енергетски проект кој е во сопственост на заедницата и кој им овозможува да играат активна улога во јакнење на социјалниот капитал, сузбивање на енергетската сиромаштија, запирање на миграцијата и создавање на нови работни места. 2 Секако, кога идеите за проекти доаѓаат од граѓаните, а не од органите на власта, луѓето уживаат многу поголеми 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 117 придобивки, како што сведочат примери во Кина, на пример(види поглавје 7, стр. 132). • Неопходно е да соработуваме со градските власти доколку сакаме успешна климатска акција, заради високите нивоа на емисии предизвикани од масовната урбанизација и зголемената побарувачката за енергија која се очекува да следи, бидејќи според проценките, до 2050 година две третини од светската популација ќе живеат во градовите(види поглавје 5, стр. 101). За да одговорат соодветно на овие трендови, многу градови веќе преземаат мерки за спроведување на развојни политики без јаглеродни емисии, или стратегии за енергетска достаточност, или пак промовирање на зелени работни места и поддршка на системи за мобилност без јаглеродни емисии кои обезбедуваат економска отпорност, го подобруваат здравјето на населението и овозможуваат подобар квалитет на живот. Само во последната деценија многу големи европски градови како Хамбург и Копенхаген, но и други помали градови како Копивница и Крк во Хрватска станаа лидери во креирање амбициозни климатски политики, преминувајќи кон јавен превоз со нула јаглеродни емисии и промовирање алтернативни системи за производство на енергија и храна. Агендата 2030 на ООН, заедно со активните кампањи на граѓаните кои промовираат„глокален“ пристап(глобални цели со локални решенија) за имплементација на целите за одржлив развој, овие градови вешто и успешно ги интегрираат одржливите решенија во националното законодавство, што дополнително ја подобрува нивната улога и авторитет на меѓународно ниво. Државата може да го искористи тој авторитет да ги зголеми национално-утврдените придонеси, да создаде мрежа на одржливи градови и општини и да овозможи поблиска соработка за да се зголеми бројот на успешни примери. • Освен јавното управување со градскиот комунален систем и енергетски проекти во сопственост на заедницата, енергетските задруги се исто така важен фактор во енергетската транзиција кои овозможуваат создавање на јаглеродно-неутрални заедници, и веќе се развиваат во различни земји каде никнуваат и придружни мрежи за поддршка на овие системи. 3 Овие локални единици на економско организирање, предводени од граѓаните се фокусираат на заедничките интереси на целата заедница, како што се влијание врз животната средина и достапна енергија за сите, истовремено претставувајќи и извор на енергија и извор на приход. Енергетскиот експеримент во Фелдхајм инициран во 1995 година од еден млад инженер, а со поддршка на локалната заедница е една од многуте 118 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза успешни пресвртници во енергетскиот сектор на локално ниво, реализирана во облик на задруга што овозможува зачувување на животната средина, притоа обезбедувајќи приходи за локалното население. Друга важна придобивка се сигурната цена на греење и електрична енергија, но секако, и работните места кои се отворија во оваа мала заедница југозападно од Берлин. Денес, Фелдхајм е исклучително популарна енергетска задруга каде доаѓаат посетители од целиот свет. Ова само покажува дека ангажманот на заедницата и поволната законска рамка се од витално значење за да се реализира одржлива и достапна енергија за сите. За повеќе позитивни примери на енергетски задруги во други земји, видете во поглавје 7(стр. 131). Но, што е со… ...заблудите поврзани со задругите поради лошата судбина на многу од нив кои беа основани на почетокот на 19-тиот век, како и оние кои постојат и ден денес, но не прават ништо освен што претставуваат легло на корупција? Како понатаму: демократски бизнис-модел • Заблудите за задругите се пренесуваат од генерација на генерација, и покрај тоа што тие порано биле одличен начин за снабдување, пружање услуги и балансирање на цените во време на војни, поплави и суши. Споредено со финансиските неуспеси и корпоративните измами кои се случувале во минатото во другите форми на капитал, задругите и понатаму се тие кои се критикуваат без некоја оправдана причина за тоа. Да, постојат записи кои потврдуваат дека некои задруги биле затворени поради лошо управување и корупција, поради неефикасни управни одбори и недостаток на отчетност, но ниту јавните или приватните организации не биле имуни на такво однесување во минатото. Идејата зад задругите е да им се обезбеди на членовите платформа за самопомош, меѓусебна одговорност, еднаквост и правичност, како да ѝ се помогне на заедницата во целина. Тие можат да бидат светлина на крајот од тунелот за маргинализираните и загрозени групи во општеството, и тоа преку обезбедување финансиска поддршка и основни услуги за нивните семејства и деца во форма на образование и здравствена нега. • Задругите се и најважната форма на демократски организирана економска активност и најдемократската форма на деловно работење. Ова е причината зошто социјалдемократите честопати промовираат формирање на задруги. Со оглед на претходното и имајќи ја предвид предноста на задругите бидејќи ни помагаат нам, на нашите семејства и на нашата животна средина, и бидејќи имаат позитивни климатски ефекти, државата едноставно мора да ги поддржи овие демократски форми на економска активност кои го црпат својот авторитетот од можноста која ја отвораат за целата заедница да може да членува во нив, а не само мала привилегирана група. Поволните даночни олеснувања и субвенциите можат да обезбедат фер конкуренција на енергетските задруги на пазарот и да им обезбедат на своите членови и на пошироката заедница сигурно снабдување и стабилни цени, истовремено заштитувајќи ја животната средина. 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 119 Трет дел: Која е потврдата на нашиот аргумент на индивидуално ниво? Дури и најдолгиот пат започнува со правење на првиот чекор, па така бројот на начини како поединците може да ја ублажат климатската криза е неограничен. Останува на нас да го извадиме ’рѓосаниот велосипед од гаражата и да се одвеземе со него во свет без јаглеродни емисии, во каков што всушност сакаме да живееме, наместо да патуваме со автомобили на работа. А, здравствените придобивки од тоа – немаат цена. • ваков тип промени во индивидуалното однесување, важно е учеството во колективни активности и личниот ангажман за јавни придобивки, кога станува збор за климатските активности. Бројот на учесници во вакви настани за климатска акција, како што се демонстрациите под наслов„Петоци за иднината“(„Fridays for Future“), рапидно се зголеми низ целиот свет. Оваа акција го достигна својот врв во 2019 година, кога на улиците на 166 земји од светот излегоа 1.160.000 луѓе, барајќи климатска акција. 4 • Глобалната поддршка за климатска акција не опадна ни во текот на пандемијата со Ковид-19: во една светска анкета, 71 проценти од учесниците одговорија дека глобалното затоплување е еднакво сериозна работа како и кризата со Ковид-19. Интересен податок за ова истражување е дека најмногу луѓе се согласиле со овој исказ во земјите со средно ниво на приходи, а не во западните земји. 5 • Помеѓу жителите на ЕУ, поддршката за амбициозни климатски политики се подигна на рекордно ниво во 2019 година: 6 92 проценти од граѓаните на ЕУ сакаат ЕУ да стане климатски-неутрална до 2050 година. Понатаму, 93 проценти од нив сметаат дека климатската криза е сериозен проблем, а 79 проценти сметаат дека таа е многу сериозен проблем. А сега, само една година подоцна, мнозинството Европејци, односно 58 проценти сакаат ЕУ целосно да ги намали јаглеродните емисии уште во 2030 година. 7 Повеќето од нив сметаат дека од сите чинители, владите треба да ја понесат главната одговорност за решавање на проблемот со климатската криза, по што следи ЕУ, па локалните самоуправи, бизнисите, па на крајот поединците во самите заедници, преку можностите кои им се на располагање. 8 • Уште поважно, 93 проценти од граѓаните на ЕУ го менуваат своето однесување и презедоа барем една конкретна мерка за борба против климатската криза. Овие бројки веќе пораснаа ширум ЕУ до пролетта 2019 година, со други зборови, уште пред да се случат масовните демонстрации и граѓански собири кои го достигнаа својот зенит во текот на летото/есента истата година. ЛУЃЕТО СЕ ОБЕДИНУВААТ ЗАД КАУЗАТА ЗА КЛИМАТСКА ЗАШТИТА Граѓаните на ЕУ сметаат дека климатската криза е„сериозен проблем“ 93% 93% 93% од граѓаните на ЕУ го менуваат своето однесување за да се борат против климатската криза • Оваа широка јавна поддршка и подготвеност за промена на однесувањето е клучна бидејќи за климатските политики не може да решаваат само владите, како и за големите политички одлуки од типот на договори за поголема контрола на оружјето или договори за слободна трговија. Овие политики мора да се применуваат во пракса од страна на најразлични актери. Во суштина, тука станува збор за промена на социјалните норми на одржливо однесување со цел да се достигне критична маса граѓани кои ќе донесуваат соодветни мерки на индивидуално ниво за борба со климатските промени. 120 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза • Уште подобри вести се дека има сѐ повеќе повици за мерки кои не се директно поврзани со амбициозни климатски политики, туку за мерки кои имаат позитивен ефект врз животната средина , како што се барањата за повеќе пешачки зони во урбаните средини, создавање на повеќе зони за рекреација, или повикот да се намали бројот на работни денови во неделата од пет на четири. 9 • Зголемената поддршка за ваквите мерки, исто така, укажува на генералната промена на начинот на размислување: многу луѓе даваат предност на поквалитетниот начин на живот, отколку на количината на предмети и артикли што можат да ги акумулираат . Да имате доволно време за пријателите и семејството, да направите нешто значајно за општеството(било да е тоа помагање на соседите или волонтерска работа) и да бидете свесни дека животната средина е далеку покупуваат вода во шишиња или филтри за вода, бидејќи водата од градската мрежа е нечиста. • Климатски-паметното однесување напредува и станува многу важен фактор на однесувањето на граѓаните во многу наши општества. Во минатото, можеби било статусен симбол да се поседува голем автомобил, да се јаде месо секој ден, или младите да летаат до Барселона за викенд, но во денешно време многу граѓани(од истите привилегирани групи) би избрале да го делат автомобилскиот превоз со друг, или да се приклонат кон вегетаријански/вегански начин на живот и да патуваат со воз до нивната дестинација за одмор. Терминот„срам на летање“ кој се врти во моментот, е добра илустрација на оваа изразена промена на перцепцијата која му оддава признание на она што е еколошки погодно, а не на навики кои ѝ наштетуваат на вредна од материјалното богатство само по себе. Луѓето веќе сфаќаат дека воопшто нема смисла да трошат дел од нивниот растечки доход на средства за ублажување на климатските ефекти, како што е купување маски за лице и филтри за воздух за да можат да се справат со загадувањето на воздухот или да животната средина. Оваа промена се случи за само неколку години. • Навистина охрабрува да се види дека толку многу луѓе самостојно решаваат да прифатат нов начин на живот. Меѓутоа, кога зборуваме за влијанија од поголем обем, важно е да се обезбедат и промовираат социо-еколошки 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 121 решенија за тие да станат„новото нормално“ во сите области на животот . Еколошката храна(органска, регионална, вегетаријанска/ веганска, непакувана) е веќе достапна во повеќето европски земји, а пазарот за други одржливи стоки исто така почнува да расте (апарати за домаќинството, облека, козметика). Започна промена во мобилноста(имаме нов фокус на велосипеди/товарни велосипеди, јавен превоз и возови) и заедниците веќе ја покажуваат својата поддршка за климатски интелигентно„енергетско живеење“, одржливо градежништво и проекти за заеднички градини. Но, сè уште постојат многу работи кои може да се направат за да се прошират овие иницијативи. И во некои области, социо-еколошките алтернативи сè уште се достапни само во многу ограничена мера(на пример, зелени банки, обврзници и осигурување или електронски уреди). • Последно, но еднакво важно, стана јасно во екот на кризата со Ковид-19 дека општествата се многу флексибилни и дека мнозинството граѓани можат многу бргу да усвојат нови рутини и навики. Ако социјалното дистанцирање и носењето маски стана„новата нормалност“ за само неколку недели, иако е непријатно и незгодно, зошто не би се навикнале да се возиме со велосипед низ центарот на градот каде веќе нема автомобили, во еден убав петочен ден кога не работиме, сѐ до урбаната градина, каде ќе уживаме во сонцето заедно со пријателите и семејството? Добрата вест е дека вакви промени честопати резултираат со ефектот на снежна топка: луѓето имаат тенденција да ги имитираат навиките на другите, особено на соседите или пријателите кога се чини дека тие навики се социјално уважени. На крајот на краиштата, бидејќи сè повеќе луѓе користат возови наместо автомобили или стануваат вегетаријанци, тие ќе создадат одржливи социјални норми кои ќе инспирираат уште повеќе луѓе да почнат да ги следат, со што се создава спирално движење кон позелена иднина. Но, што е со… …фактот што помалку привилегираните делови од општеството можеби не се во состојба да си дозволат еколошки производи(органска храна, електрични возила, соларни панели за сопствените домови) итн.? Како понатаму: еколошката потрошувачка е поевтина Социо-еколошката потрошувачка и однесување мора да стане можност за сите. Постојат начини како да се овозможи ова и некои од нив може да се организираат на индивидуално ниво, а за други можеби ќе треба малку повеќе поддршка: 1. Најпрвин, поевтино е кога се троши помалку . Во поглед на навиките во исхраната, поевтино е да се јаде помалку месо и млечни производи. Понатаму, многу производи може да се изнајмуваат и нема потреба да се купуваат од секое домаќинство, на пример дупчалки или машини за шиење, кои најчесто се потребни само за кратко време, или товарни велосипеди, на пример. 2. Второ, производи кои се поквалитетни и може да се поправаат, се подобри од евтините и неквалитетни алтернативи, како на пример, ултра евтините маички, паметни телефони кои не се поправаат или машини за перење кои се расипуваат штом истече гаранцијата. Секако, тука човекот е немоќен да ја овозможи оваа понуда: заедницата треба да понуди достапни цени за закуп на „кафулиња за поправки“, а мора да стапат во сила директиви за еколошки дизајн со кои се пропишува дека производите мора да може да се поправаат. Доколку постои законска рамка на национално или европско ниво„правото на поправка“ ќе ги поткрепи можностите и достапноста на одржливото користење на производите. 3. Трето, продавници за користени производи , кои постојат и како онлајн варијанта, нудат економични и одржливи алтернативи , посебно за производи како што е детска облека, која се користи само краток временски период. 4. Четврто, мора да се проценат дистрибутивни ефекти на субвенциите за еко-производи : 122 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза дали само сопствениците на куќи може да профитираат од повластените тарифи за соларни фотонапонски системи, или дали сите може да се здружат во задруга која заеднички ќе инвестира во обновливи извори на енергија, или пак, да ги користи инструментите за обновлива енергија кои се на располагање на станарите? Дали е подобро да се субвенционираат електрични автомобили, кои дури и по малку пониска цена може да си ги дозволат само помала група луѓе, или возови и(товарни) велосипеди? Многу често социјално најправедното решение е истото она што ќе помогне најдобро да се сузбие и ограничи климатската криза. Но, што е со… …аргументот дека дебатите за ограничена потрошувачка ја водат поединци кои веќе имаат сѐ што им треба и сега сакаат да ги спречат другите да купуваат онолку колку што тие купувале порано? Како понатаму: дискусии кои ги води глобалниот Југ • Преминот кон социо-еколошкиот стил на живот не е тренд исклучително само во богатите индустријализирани земји. Всушност, многу од дебатите кои се водат во западните земји, се потпираат врз концепти за алтернативен развој кои доаѓаат од глобалниот Југ, како што е„Буен Вивир“(„Buen Vivir“) од Андите или„Убунту“(„Ubuntu“) од Јужна Африка. 10 Во целиот свет, посебно младите се навистина загрижени за идните генерации кои ќе дојдат по нив и ќе наследат планета на која нема да може да се живее. Ова ги тера да трагаат по одржливи алтернативи. На крајот на краиштата, нема да добиеме ништо доколку овозможиме максимална потрошувачка за ограничен број богати граѓани во светот кои се случило да се родат во оваа генерација. 11 Наместо тоа, треба да се фокусираме на тоа да обезбедиме добар живот за сите членови на општеството, како и за нашите деца и внуци • Одржливата економија исто така ќе ни овозможи нови услуги, нови производи и нови можности за економски развој, без негативните последици од„старата“ економија. Доколку земјите решат да се држат до старите модели на потрошувачка и производство, тие ќе ја изгубат конкурентската предност и ќе ги намалат шансите за подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот. Но, што е со… ...потенцијалните социјални последици по светската економија на одлуките на поединците да се ограничи климатската криза и да се зачува животната средина? Како понатаму: преориентирање на глобалната трговија • Доколку ги променат навиките и изборот, луѓето секако ќе влијаат врз глобалната економија и иако намерата е да се спаси планетата, може да има некои несакани ефекти, како што се губење на работни места во индустријата за производство на цвеќиња во Кенија, на пример, што ќе биде резултат на промовирање на трендот на купување на локално одгледувани цвеќиња во Велика Британија. Климатските политики се сложени, тоа никогаш не било спорно, и како резултат, вакви предизвици може да се појават кога сакаме политиките да бидат инклузивни и праведни за сите генерации и региони. По- 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 123 требни се алтернативни решенија за развој, за обезбедување на пристојни социјални и еколошки стандарди кои ќе ги спречат деловните субјекти да ги преселат своите еколошки отпечатоци далеку од нивните држави и истовремено да профитираат од евтина работна сила во странство. 12 • Освен примерот со цвеќето кое го споменавме погоре, зошто Кенијците би го извезувале своето овошје и зеленчук во Обединетото Кралство или каде и да е, во услови кога нивната влада прогласи вонредна состојба поради недостиг од храна? Пандемијата на Ковид-19 ни покажа уште еднаш дека сме стасале до точка кога навистина треба да го впрегнеме домашното производство во насока на домашната побарувачка со што ќе создадеме поотпорни локални заедници, наместо само да ја следиме патеката на глобализација која никому не носи придобивки и каде правото на вработување се дефинира како привилегија. • На крајот на краиштата, како што беше нагласено на почетокот на ова поглавје, с оцијалните и еколошките прашања не се меѓусебно спротивставени, туку се јавуваат како резултат на долго воспоставен неправеден економски модел . Погледнете ја само текстилната индустрија, што ни овозможува да купуваме огромни количини текстилни производи по ултра ниски цени, што е резултат кој се должи на ниските плати и лошите услови за работа во производствени капацитети во земји како Бангладеш или други земји во развој. Слободата на движење и распределбата на капиталот не е проследена со соодветни даночни стапки и политики на прераспределба кои би овозможиле еднаква корист за сите. Иако многумина тврдат дека оваа дејност е можност и извор на приход за многу работници во овие земји, треба ли сепак да дозволиме да се дефинира работното место како можност, а не како основно човеково право? Во демократските земји, оваа промена може да се постигне преку институционалната моќ што синдикатите ја стекнаа со текот на годините и која може да гарантира подобро усогласување на социјалниот и еколошкиот напредок во општеството. Кон што се стремиме? • на однесувањето за овозможување на поодржлив начин на живеење на индивидуално и локално ниво, станува наша реалност – почнувајќи со зголемена свесност за личната одговорност до заедничко чувство на припадност и признавање на неопходната врска помеѓу човечките суштества и нивната животна средина. • Од наднационално до локално, од владино до индивидуално ниво, ова поглавје претстави бројни алатки и инструменти кои веќе ги имаме на располагање , било да е тоа во форма на енергетска задруга или индивидуални навики и избор за потрошувачка. Да ги користиме мудро и да престанеме да го дефинираме управувањето со јаглерод диоксид како глобална дилема. • Време е да го протолкуваме јазикот на природата, кој преведен во бројки, значи дека глобалното затоплување не смее да надмине 1,5°C. Мора да се погрижиме ова да биде запазено во сите политички, економски и индивидуални решенија и мерки за заштита на планетата, што ќе создаде подобри работни места, ќе ја намали нееднаквоста и ќе го подобри квалитетот на живот за сите. 124 – 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза Користена литература Ендноти 1 В иди повеќе: http://www.cycling-embassy.dk/wp-content/uploads/2017/07/Velo-city_handout.pdf(пристапено на 24.5.2020). 2 Види повеќе: Rhein – Hunsrück, Germany 3 Ibid: 20. 4 В иди повеќе: https://fridaysforfuture.org/what-we-do/strike-statistics/list-of-countries/(пристапено на 7.5.2020). 5 В иди повеќе: https://www.swissre.com/risk-knowledge/risk-perspectives-blog/will-our-behaviouralchange-from-covid-19-help-us-fight-climate-change.html(пристапено на 24.5.2020). 6 За повеќе информации за овие бројки, погледнете го прегледот на Eurobarometer special report (Специјалниот извештај на Еуробарометар)(април 2019): https://ec.europa.eu/clima/citizens/ support_en, целиот извештај е достапен на https://ec.europa.eu/clima/sites/clima/files/support/docs/ report_2019_en.pdf(пристапено на 17.4.2020). 7 Garton Ash, Timothy and Zimmermann, Antonia(2020): In Crisis Europeans Support Radical Positions, BSTVorlage 2013. Bertelsmann Stiftung. 8 Види повеќе: Европски размислувања содржани во нашата специјализирана анкета 9 О ва е нешто што го поддржуваат поголемиот број од граѓаните на ОК и САД и може да помогне да се ублажи климатската криза. Види https://www.theguardian.com/commentisfree/2019/jun/21/help-theplanet-work-a-four-day-week(пристапено на 17.4.2020). 10 Види повеќе: Buen vivir: the social philosophy inspiring movements in South America or Post-Development concepts? Buen Vivir, Ubuntu and Degrowth(пристапено на 20.4.2020). 11 Една третина од луѓето со најголем еколошки отпечаток живеат во земји со средно ниво на приходи; види поглавје 1 или Human Development Report 2019, стр. 179(пристапено на 20.4.2020). 12 Leipold, Bruno and Morgante, Francesca(2012): The Impact of the Flower Industry on Kenya’s Sustainable Development, available on: https://www.researchgate.net/publication/323966320_The_Impact_of_the_ Flower_Industry_on_Kenya’s_Sustainable_Development,(пристапено на 23.4.2020). 6 Политички инструменти за ублажување на климатската криза – 125 Извори 15 национални и локални политики и институции 126 – Titel 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики Демократските општества се најдобро скроени за да обезбедат ефективни и праведни климатски политики. И обратно, со амбициозни климатски политики, ние исто така можеме да ги заштитиме нашите демократии. Во областа на климатските промени постојано се одвиваат расправи за поврзаноста помеѓу политичките системи на земјите и креирањето на политиките. Во ова поглавје, прво ќе опишеме како климатската криза ги загрозува нашите демократски општества во денешно време. И второ, ќе изнесеме аргументи кои објаснуваат зошто токму демократските системи се најдобро скроени за развој на ефективни климатски политики. „Толку сум среќна што сега струјата целосно ја добиваме од обновливи извори на енергија. Да се надеваме дека овој регионален пилот-проект ќе ја охрабри владата да ја промени својата енергетска политика“. „Ама јас се смрзнав! Мила, јас сум убеден дека струјата што ја имавме порано, беше подобра“. 128 – 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики Прв дел: Амбициозни климатски политики ја стабилизираат нашата демократија. За да се сочуваат демократските и плуралистичките системи за кои толку долго се боревме , од витална важност е да го решиме проблемот на климатската криза. Во време на криза, демократските процеси на донесување одлуки честопати згаснуваат, а личната слобода се ограничува. Од извршната власт се бара да донесе брзи и далекусежни одлуки, на пример, кога се случува да беснеат шумски пожари низ целата земја, милиони бегалци од оваа климатска криза бегаат кон границите на земјата, или кога производството на електрична енергија е во криза поради недостиг на вода, па не можат да работат хидроцентралите, нуклеарните централи и термоцентралите на јаглен. Во такви сценарија едноставно нема време да се дискутира за противмерки со опозициските партии во парламентот, нема време да се подготвуваат седници на комисиите, да се чекаат резултати од анкетите на јавното мислење, или да се чекаат следните избори за да се дознае мислењето на граѓаните, кои се единствената суверена сила во земјата. • демократски општества се засноваат на компромис, но ова веќе се граничи со состојба кога околностите оневозможуваат да се почитуваат потребите и основните права на целото население: не можете да се придржувате кон принципот„никој да не биде изоставен“ ако мора да се евакуира целокупното население од еден главен град, или кога милиони луѓе треба да бидат преселени поради покачување на нивото на морето. Ниту еден државен буџет нема доволно средства за да обезбеди доволен надоместок и да ги обештети сите групи погодени од климатската криза во изминативе децении: маргинализираните членови на општеството кои мора да ги обноват своите куќи после големо невреме, земјоделците чиишто посеви пропаѓаат или фирми кои банкротираат бидејќи инвестирале во некое пристаниште на пресушена река(види исто поглавје 1, стр. 16). Кризата со Ковид-19, во која се практикуваше таква авторитарна процедура на донесување одлуки, доведе до повреда на основни права, предизвика економски нарушувања и растечка социјална неправда, а ова се чини дека е само увертира во уште подолгата вонредна состојба со која ќе се соочиме кога климатската криза ќе земе полн замав. Но, со ова нема да се бориме само неколку месеци, туку многу повеќе векови отколку што можеме да си претпоставиме. За време на пандемијата со Ковид-19 речиси и да замреа дебатите за различните потреби и мислење на различни интересни групи, што вообичаено се одлика на демократските системи. Кога ќе удри кризата, вниманието на јавноста и медиумите останува фокусирано само на оваа една единствена тема. Високите цени за закуп, разликата во износот на платите помеѓу мажите и жените и другите социјални проблеми кои порано биле предмет на интерес речиси комплетно исчезнаа од фокусот на јавните дискусии. Но, треба да нагласиме дека демократските општества се посебно добро устроени за решавање на проблемите со климатската криза, што ќе ви го покажеме во следната сесија. 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики – 129 Втор дел: демократските системи се погодни за развој и спроведување на амбициозни климатски политики. Статистички е докажано дека има силна корелација помеѓу демократизацијата и еколошките политики: демократиите кои се целосно развиени, постигнуваат многу подобри резултати на меѓународен план кога се оценуваат амбициозните енергетски политики отколку авторитарните држави(слика која често ја извртуваат некои познати спротивни примери, како што се САД или Австралија). 1 Архуската конвенција со која се регулира„пристапот до информации, јавното учество во донесувањето одлуки и пристапот до правда кога станува збор за заштита на животната средина“ е потпишана речиси од сите демократски држави. 2 Дури и на индивидуално ниво, луѓето кои претпочитаат авторитарни вредности, покажуваат(во просек) помала грижа за еколошки прашања . 3 Оваа корелација може да се објасни со три одлики на демократските системи: a) слободата на изразување, б) инклузивното донесување одлуки, и в) повисок степен на транспарентност. a) Слобода на изразување: • Додека луѓето што живеат во автократски држави зависат од тоа дали нивните авторитарни лидери сметаат дали глобалното затоплување е проблем или не, 4 граѓаните во демократски држави имаат пристап до бројни начини на изразување на политичката волја, и бидејќи сѐ повеќе граѓани ги признаваат влијанијата на климатската криза , демократските органи на управување се притиснати да дејствуваат. Во едно глобално истражување, речиси 70 проценти од испитаниците потенцираа дека„доколку нивните влади не дејствуваат веднаш во борбата против климатските промени, тие ќе ги изневерат своите граѓани“. И речиси 60 проценти изјавија, „тие секако не би гласале за политичка партија чија политика не ги сфаќа сериозно климатските промени.“ 5 Секако, авторитарните лидери не мораат да обрнат толку многу внимание на ваквите анкети, па понекогаш дури ни на петиции, масовни демонстрации или училишни штрајкови(доколку воопшто се дозволени вакви инструменти на политичко изразување). • Во демократија, не треба да има„ние и владата“. Улогата на демократските институции е да се погрижат јавните служби да ги исполнуваат потребите на граѓаните, но и оние на младите, кои, иако сѐ уште не гласаат, нивното мислење е важно. Демократски управуваните општества нудат институционализирани механизми за соодветно учество и претставување. Оттаму, мандатот на власта и институциите е да создадат предуслови кои овозможуваат да се дојде до одржливи промени. Многу индивидуални и колективни граѓански инцијативи сѐ повеќе сведочат дека, посебно меѓу младите расте свесност за потребата да се изгради инфраструктура која овозможува јаглеродно-неутрални решенија кои се корисни за општеството и се во хармонија со животната средина. б) Инклузивно креирање на политики: • Како партнер на граѓаните, демократските држави не мора да измислуваат топла вода, но може да ги прифаќаат иницијативите и предлозите на граѓанскиот сектор кои се осмислени да ги исполнуваат потребите на граѓаните. Може лесно да се искористат и реплицираат примерите на најдобри пракси кои ги иницираат заедниците, партиите НВО и граѓанските иницијативи или задругите. Во една демократија, ч инителите на пониските нивоа на решавање имаат слобода да експериментираат , т.е., тие не мора да чекаат на упатства или одобренија од„горе“, и тие играат важна улога во канализирање на информации до централните власти, па дури и до меѓународните институции. • Градовите и заедниците имаат двојна улога кога станува збор за иновативни климатски проекти: прво, заедниците испробуваат нови пристапи , кои можат да се репродуцираат на национално ниво и пошироко. Второ, тие обезбедуваат простор во кој граѓаните можат да постигнат самоефикасност и да научат да имаат доверба во сопствените капацитети 130 – 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики да ги променат работите на подобро. Многу социјалдемократски градоначалници сакаат да ги поддржат иницијативите предложени од граѓаните со кои се воспоставуваат социо-еколошки политики, од кои сите може да остварат придобивки. Широкиот спектар на инструменти што можат да ги користат заедниците за да се ограничи климатската криза, е опишан во поглавјето 6(види стр. 112). Секако, на заедниците им е полесно да спроведат прогресивни регулативи доколку за нив одлучуваат локалните политичари. Ете затоа многу заедници повторно ги прошируваат своите надлежности преку враќање на комуналните услуги на општинско ниво. На пример, во Хамбург, после успешен референдум инициран од граѓаните, локалната власт одлучи да ја откупи градската енергетската мрежа од една од најголемите германски енергетски компании, која за своето работење во голема мера користела јаглен и нуклеарна енергија и со тоа Хамбург ја започна транзицијата кон обновлива енергија и одржливи системи за греење. 6 Сличен пример е градот Скопје, кој неодамна донесе ваква одлука во однос на управувањето со отпад, со што оваа служба ќе биде повторно под надлежност на градот. • Политички партии: како политички лидери во заедниците и регионите, претставниците на партиите исто така можат да спроведуваат иновативни проекти на терен – и со тоа да им докажат на гласачите и нивните политички противници во органите на власта дека можат да дадат подобри решенија. Многу е охрабрувачки да се види дека сè повеќе социјалдемократски партии ја прифаќаат идејата за амбициозни социјални и еколошки политики , што вклучува и заеднички напори за борба против климатската криза. Сè поголем број социјалдемократски политичари ги застапуваат амбициозните климатски мерки и активности за да ги заштитат вредностите за кои се залагаме –- социјална правда, солидарност со маргинализираните групи во нашите земји и на меѓународно ниво, за посветла иднина за нашите деца. За ова сведочат докази низ целиот свет: Берни Сандерс се заложи за„климатска платформа“ како дел од неговата кампања за претседател на САД,„Зелениот нов договор на Франс Тимерманс за Европа“, СПД во Германија сѐ погласно заговара трансформација на мобилноста, а Социјалдемократската партија во Северна Македонија на изборите излезе со многу амбициозниот изборен манифест по овие прашања, како и многу други примери. Како што опишавме во поглавје 1(стр. 26), овие социо-еколошки концепти не се новина за социјалдемократијата, но тие стануваат сѐ поважни во последните неколку години, бидејќи политичарите од една страна ги сфатиле социјалните последици на климатската криза, a од друга страна затоа што сфатиле дека доколку не ги поддржат климатските активности, ќе ги изгубат гласачите, бидејќи загриженоста на граѓаните за климатската криза драстично порасна. • организации и граѓански иницијативи: заедно со заедниците, невладините организации и сè повеќе граѓанските иницијативи стануваат двигатели на амбициозни климатски политики низ целиот свет . Иако и малите иницијативи може да генерираат најдобри практики на локално ниво, сепак дијалогот за најдобрите практики на долгогодишните организации кои се активни во полето на климатска акција, се одвива на национално или дури на меѓународно ниво – и на овој начин ќе бидеме сигурни дека успешните проекти за мобилност развиени во Богота, исто така, ќе се спроведуваат и во Берлин, на пример. Во демократските општества, невладините организации не само што се„будните очи“ кои постојано ги анализираат политичките одлуки под лупа, туку во многу земји дејствуваат како партнери на носителите на одлуки, со што им даваат на политичарите иновативни идеи или резултати од веќе спроведени анализи. Иако етаблираните невладини организации често имаат долгорочни поддржувачи и стручен персонал на кој може да се потпрат, граѓанските иницијативи станаа привлечни за луѓето кои се борат за одредена кауза(на пример, против изградба на нова термоелектрична централа во нивниот регион), или кои сакаат да ги користат своите вештини на доброволна 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики – 131 основа. Секако, бројот на граѓански движења со фокус на климатските активности рапидно се зголемуваа години наназад, но 2019 година ќе остане запаметена како година на невидена поддршка за нови(масовни) движења, како што се„Петоци за иднината“ или „Бунт против изумирање“. • можат да помогнат да се поттикнат социо-еколошките иновации на ниво на компании(со цел да се применат мерки за заштеда на енергија при работа на конкретни машини), во цели сектори(како што е придвижувањето кон поголема одржливост во германската хемиска индустрија) или во општеството целина(на пример, за скратување на работното време, што има позитивни придобивки за животната средина). Како што е опишано во поглавје 1(стр. 27), во многу случаи, синдикатите на денешницата се сојузници кои се стремат за праведна еколошка транзиција, застанати обединети зад слоганот дека„нема работни места на мртва планета“. Всушност, земјите со повисоко ниво на синдикално организирање имаат понизок јаглероден отпечаток по глава на жител. 7 Оттаму работниците мора да имаат право да се изјаснат, не само од перспектива на демократско општество, туку и да им се даде моќ да го променат општеството на подобро со иницијатива која доаѓа од нив. • Задругите се најправичниот и најефикасниот формат на здружување кој се поддржува во силни демократски општества за да обезбеди инклузивни и прогресивни климатски политики од економска перспектива(види поглавје 6, стр. 117). Тука е важно да напоменеме дека задругите многу подобро функционираат во демократски контекст, затоа што граѓаните можат слободно да учествуваат во проекти. Многу малку задруги се основаат(од централно ниво) во авторитарни држави. 8 Она што е уникатното обележје за проектите иницирани од заедници, партии, невладини организации, граѓански иницијативи или задруги во демократските општества е тоа што се потребни само малку луѓе да ги предводат ваквите прогресивни иницијативи и да ги донесат на јавната сцена . Активните граѓани, посветени на социјални придобивки за сите, на иновативен, моќен и одговорен начин изнаоѓаат решенија со цел производството на храна, текстил и енергија(ова се само неколку примери) да останат во локалните заедници. Колективната акција што ја гледаме на локално ниво денес, а која е соодветно поддржана и од локалната или националната власт, ќе им користи на идните генерации. Демократските алатки како што се учество на јавноста и инклузивни процеси на донесување одлуки овозможуваат идеите и промените кои се иницирани од долу нагоре, да бидат предложени и спроведени од активни граѓани, кои со поддршка на градските планери, инженери и други експерти, можат да учествуваат во обликување на одржлива иднина за нивните заедници. Затоа, заедниците заслужуваат шанса да експериментираат и сами да одлучуваат за најдобрите решенија за одржлива иднина, врз основа на Парискиот договор за климата и Агендата 2030. Сите досегашни позитивни искуства со проектите од заедниците, на локални, одржливи енергетски проекти компатибилни со климатските политики, производството на храна и транспортните проекти се витален дел од овој процес. 132 – 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики • Чинителите на локално ниво исто така даваат свој придонес во донесувањето на одлуки базирани врз докази: граѓанските активисти можат, на пример, да го свртат вниманието на нивниот претставник во парламентот на некој важен проект при некоја средба во четири очи, а НВО може да образложат на некоја седница на совет зошто одредена идеја не успеала. Добар пример на овој процес на канализирање на информации нагоре е „локален климатски план“, којшто собира и евалуира бројни идеи како да се намалат емисиите на CO2 на најбрз и социјално најприфатлив начин што е можно. 9 • Во демократските социјални држави, уште при самото воведување на нови политики се зема предвид состојбата на маргинализираните групи. Затоа постои поголема веројатност климатските политики да се дизајнираат на начин кој ќе донесе поголема социјална правда и ќе го спречи понатамошното ширење на социјалните јазови(како што видовме во поглавје 1, стр. 16). разлика од овој пристап, стилот на донесување одлуки во авторитарните режими„од долу нагоре“ многу често не успева: авторитарните лидери многу често набрзина ги донесуваат климатските стратегии, без да се дебатира претходно во парламентот, во кабинетите на политичарите, или во јавноста. За жал, иако овие стратегии изгледаат добро на хартија, често спроведувањето на истите е проблем , поради тоа што капацитетот и потребите на чинителите на локално ниво, не е земен предвид. Во заедниците можеби нема квалификувани луѓе или нема интерес за да се реализираат стратегиите кои, можеби, немаат никаква врска со реалноста на терен, во самата заедница. 10 Во овие режими, експертите имаат ограничено минимално влијание кога се формулираат нови политики и нема редовна размена на идеи со претставници на граѓанското општество, ниту пак, отворени дискусии со гласачите. Како последица на тоа, не постои процес со кој се обезбедува применливост на политиките пред истите да се спроведат. • Во авторитарните режими, има и помалку примери на најдобри развиени практики: лидерите на заедниците честопати немаат ниту политичка слобода, ниту расположливи финансии за да ги тестираат иновативните 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики – 133 климатски политики. Тие исто така може да немаат мотивација да го сторат тоа, бидејќи повторното назначување на нивните политички истомисленици не зависи од нивната популарност кај гласачите, туку од каприците на авторитарниот водач. А доколку не се охрабруваат граѓански иницијативи или постоењето на независни невладини организации, очигледно не може да се воспостават никакви најдобри практики. • Во авторитарни режими, исто така постои повисок ризик од корупција, а неефикасните климатски стратегии остануваат непотребни и неспроведливи на сите нивоа . Јавниот дискурс и слободата на медиумите се сериозно ограничени, а со тоа корупцијата и измамите може да процветаат. Доколку е возможно и поевтино да се подмити некој инспектор, тогаш филтрите на термоелектраните ќе останат исклучени. А, доколку судиите ги донесуваат пресудите врз основа на дебелината на пликото кое до добиваат„под маса“, тогаш инспекторот никогаш нема да одговара за своите постапки. И последно, а еднакво важно, доколку независните новинари немаат слобода да откриваат вакви скандали, тогаш климатските стратегии и понатаму ќе изгледаат одлични на хартија, но никогаш нема да дојде до вистинско намалување на емисиите. • Се разбира, има случаи на измама и корупција и во демократските општества. Честопати посебно активностите на лобистите се причина за загриженост бидејќи многу организации се противат на промени кон одржлива иднина. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека долговечните демократии имаат значително пониско ниво на корупција – од едноставна причина што ваквите случаи можат да бидат разоткриени од независните медиуми или свиркачите, и затоа што политичарите за кои се знае дека се корумпирани, веќе нема да бидат изгласани и ќе го изгубат мандатот. 11 Ова е посебно важно за спроведувањето на климатски и други еколошки политики кои ќе имаат резултати само доколку постои имплементација на секое ниво, т.е. доколку компаниите или учесниците во сообраќај кои ги прекршуваат законите, нема да успеат„со мито“ да ја решат состојбата, на штета на сите други. • Од социјалдемократска перспектива, важно е да се промовираат токму овие карактеристики на нашите демократски системи: слободата на изразување, инклузивното креирање на политики наспроти донесување одлуки од врвот надолу, како и транспарентност и борба против корупцијата. Овие принципи се високо на агендата на социјалдемократијата од нејзиното раѓање на до денес. Затоа е многу важно токму овие карактеристики на државни системи да обезбедуваат идеална рамка за креирање на амбициозни климатски политики. Но, што е со… …загриженоста дека демократските системи чијашто крајна цел е да се постигне поволен компромис за сите интересни групи, не може да се справат со климатската криза бидејќи нема политички„дилови“ со атмосферата на планетата Земја? Зарем за ова прашање не треба да го прашаме народот, па собранието на граѓаните да се зафати со решавање на проблемот? Како понатаму: јавни консултации како додаток на воспоставените демократски процедури Потребно е време да се развие демократскиот процес на донесување одлуки, а кога станува збор за целта од ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C, времето не е на наша страна. Како што е прикажано погоре, демократското партиципативно одлучување е многу поефикасно на долг рок, и секако е елемент кој сакаме да го вградиме во социо-еколошката иднина. За многу социјалдемократи и прогресивни граѓани, новите алатки на директната демократијата се многу примамливи, и повторно, потребно е многу време за истите да се воспостават. Едноставно не можеме да чекаме прво да се имплементираат политичките реформи, а потоа да се подготвуваме да дејствуваме за климатската криза, бидејќи дотогаш целта од 1,5°C, повеќе нема да можеме да ја достигнеме. Значи, кое е решението? 1. Прво, како што беше прикажано погоре и во поглавје 6, нашите сегашни репрезентативни демократски системи се совршено спо- 134 – 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики собни да се справат со климатската криза, под услов политичарите да ги користат сите инструменти што ги имаат на располагање (исто како и за време на кризата Ковид-19). 2. Второ, инструментите за јавна консултација , како што се собранијата на граѓани или комисиите на граѓани, можат да бидат многу добар додаток на воспоставените политички процеси, но не смеат да бидат нивна замена . Два позитивни примера биле референдумите одржани во Северна Македонија во 2016 година за прашањето на отворање на нови рудници за злато, 12 како и референдумот во Ирска,(а потоа и во Обединетото Кралство и во Франција), за формирање собранија на граѓаните кои ќе работат на препораки за се ограничување на климатската криза. 13 3. Трето, бидејќи за климата не се преговара, од самиот почеток мора да се ускладиме со Парискиот договор за климата. На пример, „комисиите за јаглен“ треба заедно да ги обединат сите релевантни чинители за да, согласно со„целта“ од 1,5°C, се дискутира стратегија за излез(стратегија за укинување на јагленот) до одреден датум, која би била социјално праведна. Самиот датум за укинување не може да се преговара зошто тој е јасно определен од науката како услов за постигнување на„целта“ од 1,5°C.(види исто поглавје 1, стр. 28). 4. Четврто, треба да ги дискутираме проблемите на денешнината користејќи ги инструментите и ресурсите кои ни се сега достапни – и никогаш не смееме да се откажуваме . Дури и ако одредени земји не ги усвојат целите за намалување на CO2 согласно Парискиот договор за заштита на климата до 2020 година, сепак јавноста е веќе свесна за овие проблеми, притисокот расте, а веќе постојат инструменти кои може да се проследат. Доколку датумите за постепено укинување на јагленот не ја имаат предвид целта од 1,5°C, тогаш за ова повторно ќе треба да се преговара. Можеби не оваа година, но следната секако. Но, што е со... ...обезбедување соодветно ниво на претставување на сите граѓани во процес на партиципативно одлучување, каде се почитува мислењето на народот? Како понатаму: заедничко вообликување на социо-еколошка трансформација • Многу климатски проекти не само што се поволни за маргинализираните групи(како 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики – 135 што е прикажано во поглавје 1, стр. 16), туку се изработуваат во соработка со нив , и на тој начин кај овие групи се создава чувството на достаточност и се охрабруваат да учествуваат поактивно. Социјалдемократската цел за зголемено учество на помалку привилегираните групи е составен дел од овие климатски проекти: многу заедници обезбедуваат социјални фондови за климатски проекти спроведени од посиромашните граѓани, како што е во областа Рајн-Хунсрук, еден од најсиромашните рурални региони на Германија. Во полскиот град Слупск, во центрите за бездомници беа инсталирани енергетски ефикасни сијалици од самите бездомници. Во маргинализирани соседства насекаде низ светот се основаат заеднички градини кои се плод на соработка помеѓу граѓански иницијативи и ова не само што имало позитивни ефекти врз здравјето и добросостојбата на луѓето, туку со нив се подобрува и социјалната кохезија и се зајакнува „чувството за заедништво“. 14 • Иако не секој граѓанин или член на заедницата има интерес или време да учествува во процесите на донесување одлуки дури и во најдемократските општества, сепак е од витално значење да се трудиме и понатаму да ги отвораме нашите демократски општества и да обезбедиме алатки и механизми што ќе ги охрабрат сите и ќе овозможат заеднички да ја обликуваме нашата социо-еколошка иднина. Треба да се засилат новите концепти и да се поттикне учеството на активните граѓани, како што е платформата за социјални иновации„СинАтина“(„SynAthina“) создадена во Атина, осмислена да ја олесни консултацијата и ангажманот на граѓаните, различните групи од заедницата и иницијативите на граѓанското општество за да се изнаоѓаат решенија за урбаните проблеми кои може заеднички да се споделуваат и дискутираат со локалната власт, деловната заедница и политичките лидери. 15 Но, што е со… ...ставот дека некои еколошки НВО се повеќе ориентирани кон сопствените интереси отколку кон интересите на граѓаните? Како понатаму: клучен фактор за амбициозни климатски политики • Невладиниот сектор игра витална улога кога станува збор за решавање на прашања од витален интерес и корупција, затоа што се бори да се слушне гласот и интересите на граѓаните. Сепак, ова не ги прави сите невладини организации имуни на корупција и не спречува некои од нив да ги застапуваат сопствените интереси, посебно во време кога манипулативниот зелен маркетинг станува вистинска закана. Како што предложи канадската авторка и социјална активистка Наоми Клејн, невладините организации понекогаш прават повеќе штета отколку корист, особено кога не се во можност да дејствуваат вистински независно, туку зависат од финансиската поддршка на владите или лобистите. Сепак, демократските алатки и механизми за промовирање на доброто управување на сите нивоа се способни да се справат со ваквите негативни надворешни влијанија . Покрај тоа, овие алатки можат да спречат едно скапано јаболко да ја расипе вкупната слика на еден цел столб во општеството, столб што вдахнува живот во напорите да се адаптира и ублажи климатската криза, истовремено следејќи го и хуманитарниот аспект. Еколошките невладини организации играа и продолжуваат да играат клучна улога во остварувањето на одржлива иднина за сите. Изобилството на одлични иницијативи, било да се на локално ниво како платформата„СинАтина“или на меѓународно ниво како што се„Петоци за иднината“, се возможни само благодарение на граѓанското општество кое е силен и моќен актер и учесник во демократските процеси на донесување одлуки. Но, што е со… …неможноста да се обезбеди општа прифатеност на конкретни климатски политики, на пример, кога луѓето протестираат против градење на ветерници во нивното опкружување? 136 – 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики Како понатаму: целосна поддршка • Граѓаните даваат огромна поддршка за спроведување на амбициозни климатски политики(види поглавје 1, стр. 7, и поглавје 5, стр. 94). Во репрезентативните демократии како нашите, ова е сосема доволна поддршка за да се преземе амбициозна акција. Не мора секоја политика да се дискутира и целосно да се одобри од секој граѓанин. Навистина вчудоневидува кога ќе видиме некој политичар како бара универзална поддршка за усвојување на амбициозни климатски политики, а на другите политички фронтови дејствува спротивно на волјата на мнозинството(на пример, изразува поддршка на Договорите за слободна трговија). Доколку е доведена во ризик добросостојбата на толку многу жители или функционирањето на нашиот демократски систем, политичарите сепак, имаат мандат да предводат , на крајот на краиштата токму затоа биле избрани . 16 Доколку државата потфрли во својата обврска и ги оптовари граѓаните со тоа тие да решаваат како да ги ускладат животите со климатските промени, ќе се појават два негативни ефекта: 1. Непомирливи разлики во општеството: доколку атмосферата на божиќната трпеза се уништи поради дискусијата кои вегетаријански алтернативи се возможни наместо да се јаде месо, или ако селаните со години се спорат едни против други поради градење на нова ветерница во суд, ризикуваме раздор во општеството. 2. Граѓаните кои се социјално и еколошки свесни, ќе се чувствуваат измамени: многу луѓе сакаат повеќе поголемо водство од владата, бидејќи едноставно немаат капацитет секоја одлука да ја темелат на претходно спроведени истражувања на социјалните, работничките и еколошките стандарди, а потоа да проценуваат колку тие стандарди се ускладени со цената и соодветноста на производот. 17 Најпосле, граѓаните кои усвојуваат навики на живот кои се компатибилни со климатските промени, влијаат позитивно врз сите нас, но тие исто така се фрустрираат кога државата не успева да спречи други членови на општеството кога тие, со своите навики, ја уништуваат нашата заедничка иднина. • Иако нема потреба да се убедува секој граѓанин за потребата од климатски и други политики, мора да се најде рамнотежа помеѓу инклузивното донесување одлуки, зајакнато со елементи на директна демократија и мора да се најдат подобни политичари да ја водат државата. Тука можат да играат важна улога посредниците помеѓу владата и самите граѓани. • И конечно, од витална важност е да им овозможиме на оние што се засегнати, заеднички да ја обликуваат иднината на позитивен начин : доколку на луѓето им се даде можност да инвестираат во ветерници во нивната заедница,(на пример, како дел од некоја задруга) и заеднички решаваат за тоа каде да се постават ветерниците, тогаш нема да се спротивстават на таквите проекти. Но, што е со… ...неолибералната доктрина која им прави притисок на нашите држави да даваат предност на (краткорочни) економски одлуки наместо на добросостојбата на граѓаните и грижата за еколошките проблеми? Како понатаму: нам ни треба социјална држава во секој случај! • Ставајќи ги еколошките проблеми настрана, треба да ја преиспитаме улогата на државата и да се вратиме на демократските системи кои ги утврдуваат своите политики и активности со главна цел да се обезбеди благосостојба на граѓаните и здрава животна средина. Ова било една од главните цели на социјалдемократијата со децении – на прво место да бидат интересите на луѓето, а не економските интереси. Националните развојни политики треба да опфаќаат долгорочни политички приоритети наместо да се фокусираат само на краткорочните изборни циклуси. • Додека се спроведуваа мерките за сузбивање на Ковид-19 во целиот свет, државите покажаа дека се способни да дејствуваат кога се 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики – 137 загрозени животите на граѓаните, дури и ако ова се коси со економските интереси. Значи, човековото здравје доаѓа на прво место, посебно на ранливите групи, како што се постарите и болните, дури и ако ова значеше дека економијата мора да застане на неколку месеци. Во контекст на климатската криза, веќе немаат кредибилитет аргументите дека одредена акција не е„политички изводлива“ бидејќи краткорочните економски интереси се поважни од животите и добросостојбата на луѓето. Сега веќе мора да се погрижиме пакетот за економско закрепнување по пандемијата да биде насочен на социјални и зелени иновативни пакети чијшто приоритет ќе биде добросостојбата на сите, а не само на одредена помала група граѓани. Кон што се стремиме? • зборуваме за справување со климатската криза во една демократија, промената зависи од сите нас! Да го искористиме потенцијалот на вклучување на милиони граѓани ширум светот, не само за изградба на социо-еколошка иднина, туку и поинклузивна иднина. Време е како социјалдемократи да овозможиме подобро да се слушнат гласовите на сите луѓе кои се во неповолна позиција. Нивните гласови може да се слушнат на различни места, како што се граѓански собранија, протести, за време на штрајкови(во училиште) или на проекти во заедниците. • наместо климатската криза да ги поткопува темелите на нашите демократии, ајде да ги зајакнеме граѓаните, заедниците, задругите и невладините организации за заеднички да ја обликуваме нашата иднина. 138 – 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики Користена литература Ендноти 1 „Во 2015 год, дваесетте земји кои се обединија во EIU(The Economist’s Intelligence Unit) како демократии во просек, имаа резултат од 34,2 на индексот на енергетска одржливост, додека 27-те авторитарни режими за кои постојат климатски податоци имаа многу полош резултат, и просечен резултат од 85,6.“ Важно е да се има предвид дека ова се однесува и за демократски држави кои имаат понизок приход по глава на жител, и така богатството на земјата,(која често се совпаѓа со демократизација и високо ниво на емисии) не е одлучувачки фактор. Види повеќе: https://foreignpolicy.com/2016/06/01/ democracy(пристапено на 23.5.2020). 2 Види повеќе: https://treaties.un.org/Pages/ViewDetails.aspx?src=IND&mtdsg_no=XXVII13&chapter=27&clang=_en(пристапено на 25.7.2020). 3 S chultz and Stone(1994): Authoritarianism and Attitudes toward the Environment. 4 Види повеќе: https://foreignpolicy.com/2016/06/01/democracy(пристапено на 23.5.2020). 5 Види повеќе: https://www.ipsos.com/sites/default/files/ct/news/documents/2020-04/earth-day-2020ipsos.pdf(пристапено на 21.6.2020). Ова претставува силен противаргумент на тврдењето дека демократските лидери може да ја занемарат климатската криза затоа што се фокусираат на одлуки кои се однесуваат на времетраењето на нивниот мандат. Ваква опасност дека идните ризици се занемаруваат можеби(!) била релевантна во минатото, но како климатската криза зема замав и во глобалниот Север, веќе не постои опасност од недејствување. 6 Види https://carbonneutralcities.org/how-hamburg-regained-control-of-its-energy-utility/(пристапено на 22.6.2020). 7 Huerta Alvarez, Camila, York, Richard and Mcgee, Julius Alexander(2019): Is Labor Green?, in: Nature and Culture, March 2019, pp. 17–38. 8 Во Германија има најголем број активни енергетски задруги(824 во јуни 2018 год.), што се приближува до поранешниот рекордер Данска, која во 1999 год. имала 931 задруга. 9 Види повеќе: https://gerechte1komma5.de/en/klimaplan-von-unten/(пристапено на 21.6.2020). 10 See Wu, Jing, Zuidema, Christian and Gugerell, Katharina(2018): Experimenting with decentralized energy governance in China: The case of New Energy Demonstration City Program, in: Journal of Cleaner Production 189, pp. 830–383. 11 Види Warren, Mark E.(2004): What Does Corruption Mean in a Democracy?, in: American Journal of Political Science 48, no. 2, pp. 328–343. 12 Види повеќе: https://globalvoices.org/2017/04/25/one-small-towns-referendum-on-gold-mining-is-a-bigvictory-for-citizen-participation(пристапено на 22.6.2020). 13 В иди повеќе: https://www.citizensassembly.ie/en/how-the-state-can-make-ireland-a-leader-in-tacklingclimate-change/recommendations/ и https://www.climateassembly.uk/(пристапено на 22.6.2020). 14 В иди повеќе: http://www.slupsk.pl/zielonypunkt/ и https://www.strongtowns.org/journal/2018/8/16/ the-case-for-community-gardens, 15 „ СинАтина“(„SynAthina“) ги промовира граѓанските иницијативи, ја зголемува нивната видливост и помага да се поврзат со приватниот сектор, различните експерти и локалната администрација. Преку евалуација на граѓанските активности и со промовирање на најдобрите пракси од граѓанското општество,„СинАтина“постојно ги информира општинските власти за граѓанските приоритети и притиска за донесување и модернизирање на регулативите, поедноставени процедури и креативни синергии за граѓаните за да ја зајакне ефикасноста на администрацијата за да одговори на потребите на граѓаните. За повеќе информации, види https://www.synathina.gr/en 16 К лиматската криза не е единственото политичко поле во кое е потребно политичка волја и лидерство. Во последните години, правата на ЛГБТ заедницата беа зајакнати во многу земји, и покрај протестите на(прилично гласното) малцинство, затоа што дискриминацијата од ваквите протести доведува до повреда на човековите права и стандарди. 17 Не треба да е потребно да се истражуваат социо-еколошките услови под кои се произведуваат паметните телефони, но секако дека мора да се забрани увозот на производи произведени со користење на детски труд или кои предизвикуваат еколошка катастрофа. Види повеќе: https://www.zeit.de/ kultur/2019-06/konsumverhalten-verbote-gesetze-veraenderungen-gewohnheit-freiheit/seite-2(пристапено на 22.4.2020). 7 Заеднички придобивки од демократијата и амбициозните климатски политики – 139 Извори Тука може да погледнете добар преглед на спојот помеѓу демократските системи и климатските политики: https://foreignpolicy.com/2016/06/01/democracy Тука може да погледнете интересни статистички податоци кои покажуваат силна поддршка за амбициозните климатски политики на глобално ниво, а особено во демократските земји: https://www.ipsos. com/sites/default/files/ct/news/documents/2020-04/earth-day-2020-ipsos.pdf 140 – Автори и соработници Автори и соработници Соња Ширмбек/ Авторка Јас повеќе и повеќе во текот на пишувањето сфатив дека овој предизвик не е толку важен заради потребата„да се заштити климата“, туку да се заштитиме сите ние во Европа, нашите социјални придобивки, нашиот начин на живот. Викторија Стоичиу/ Авторка Додека пишуваме и истражуваме. Кога пишувањето е колективен процес, тоа станува вистинско искуство на учење. Се надевам дека овој прирачник ќе го збогати читателот исто толку колку што ме збогати и мене, како коавтор. Роберт Занони/ Автор Конечно стана прашање на здрав разум да се гледа на климатската криза како на итна закана и на амбициозните климатски политики како на неопходност. Секако, соодветното преземање дејствија е друга приказна. Клучниот дел од агендата е да се погрижиме амбициозната климатска акција да се спроведе на социјално правичен начин и таа агенда социјалдемократите мораат да ја усвојат и поддржуваат со решавачки политички чекори. Ова беше суштината на нашите заеднички напори зад оваа публикација и многу ми е драго што сум дел од неа. Томас Оелерман/ Автор Работејќи на овој проект разбрав колку е сложена и колку е всушност комплицирана климатската политика. Климатската политика веќе не е проблем како многу други проблеми, туку претставува една цела димензија. Автори и соработници – 141 Ивана Вучкова/ Авторка Ева Јунге/ Авторка и соработничка Прашањето не е дали ќе опстои животот на Земјата, туку кој ќе живее и под кои услови. Сакаме да обезбедиме живот и одржлива иднина за сите, а за тоа мораме да имаме: Климатската акција. Социјална. Праведна. Како психолог кој се бави со животната средина, силно верувам во важното преклопување помеѓу социо-еколошките политики и стратешката климатска комуникација. Велат дека иднината им припаѓа на оние кои ќе ја испишат поубавата приказна – во оваа публикација читателот има пред себе извонредна збирка на инспиративни приказни за социјалдемократската трансформација Макс Остермајер/ Автор Колку повеќе навлегувате во една тема, толку повеќе откривате колку е слоевита и сложена. За мене беше неверојатно искуство додека истражував низ оваа сложеност заедно со еден амбициозен и посветен тим и ние заеднички работевме на единствена цел: да покажеме дека останува на нас да обликуваме праведна и одржлива иднина. Торалф Штауд/ Соработник Нашата цел во klimafakten.de е да им помогнеме на луѓето да си го најдат„сопствениот“ начин да зборуваат за климатските прашања. Оваа публикација додава уште еден моќен социјалдемократски глас во климатскиот хор и за мене беше импресивно додека гледав како добива на сила.“ 142 – Импресум За издавачот: © 2020 Фондација„Фридрих Еберт“| Оддел за Централна и Источна Европа Hiroshimastr. 28| 10785 Берлин| Германија Одговорно лице: Матијас Јобелиус(Matthias Jobelius)| Раководител Оддел за Централна и Источна Европа Телефон:+49-30-269-35-7726 Факс:+49-30-269-35-9250 https://www.fes.de/referat-mittel-und-osteuropa Фондација„Фридрих Еберт“| Канцеларија Скопје Бул. 8-ми Септември|2/2-5 1000 Скопје| Северна Македонија Одговорно лице: Ева Елерајт(Eva Ellereit)| Директор За повеќе информации и нарачки: Телефон:+389 2 3093-181/-182 емаил: contact@fes-skopje.org www.fes-skopje.org Ставовите изразени во оваа публикација нужно не ги отсликуваатставовите на Фондацијата„Фридрих Еберт“. Се забранува кoмерцијално користење на сите изданија на Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) без претходна писмена согласност од ФЕС. Дизајн: facts and fiction GmbH Превод и адаптација на македонски јазик: Наталија Куновска Цингарска Локализација и печат: Контура ДОО Испечатено на рециклирана хартија КЛИМАТСКА акција: социјална: праведна: прирачник со аргументи за правично и еколошко општество/[Соња Ширмбек... и др.]; превод и адаптација на македонски јазик Наталија Куновска Цингарска].- Скопје: Фондација„Фридрих Еберт“- канцеларија Скопје, 2021.- 153 стр.: илустр.; 30 см Други автори: Викторија Стоичиу, Роберт Занони, Томас Оелерман, Ивана Вучкова, Ева Јунге, Макс Остермајер, Торал Штауд.- Библиографија кон главите.- Содржи и: Анекс ISBN 978-608-270-001-4 Извор на сликите Наслов picture alliance/ Westend61| Westend61/ Andreas Pacek  ∙  S. 7 picture alliance/ Andreas Franke| Andreas Franke  ∙  S. 11 picture alliance/ Heikki Saukkomaa/ Lehtikuva/ dpa| Heikki Saukkomaa  ∙  S. 17 picture-alliance/ dpa/dpaweb| Rolf Haid  ∙  S. 18 unsplash| mika-baumeister  ∙  S. 20 picture alliance/ ZUMAPRESS.com| Ollie Millington/ Rmv  ∙  S. 22 picture alliance/ REUTERS| SUSANA VERA ∙  S. 24 picture alliance/ Xinhua News Agency| Li Mengxin  ∙  S.27 Archiv der sozialen Demokratie- Friedrich-Ebert-Stiftung ∙  S. 28 picture alliance/ REUTERS| RUBEN SPRICH ∙  S. 37 picture alliance/ dpa| Facundo Arrizabalaga  ∙  S. 39 picture alliance/ Frank Hoermann| SVEN SIMON  ∙  S. 43 picture alliance/ dpa| Oliver Berg ∙  S. 49 picture alliance/ dpa| Julian Stratenschulte  ∙  S. 55 picture alliance/ Richard Linke| Richard Linke  ∙  S. 58 picture alliance/ Chen Shichuan/ Costfoto| Chen Shichuan/ Costfoto  ∙  S. 62 picture alliance/ Westend61| Robijn Page  ∙  S. 63 picture alliance/ blickwinkel/ W. G. Allgoewer| W. G. Allgoewer  ∙  S. 71 picture alliance/ANN| Viet Nam News  ∙  S. 72 picture alliance/ blick­winkel/M. Woike| M. Woike  ∙  S. 75 picture alliance/ REUTERS| YIORGOS KARAHALIS  ∙  S. 78 picture alliance/ REUTERS| AKHTAR SOOMRO  ∙  S. 84 picture alliance/ dpa| Thomas Warnack  ∙  S. 90 picture alliance/ dpa| Photocome  ∙  S. 93 picture alliance/ SZ Photo| Natalie Neomi Isser  ∙  S. 95 picture alliance/ dpa| Wael Hamzeh  ∙  S. 95 picture alliance/ Xinhua News Agency|-  ∙  S. 99 picture alliance/ dpa/ dpa-Zentralbild| Thomas Uhlemann  ∙  S. 100 picture alliance/ Hans Eder/Shotshop| Hans Eder  ∙  S. 103 picture alliance/ Newscom| Jevone Moore  ∙  S. 104 picture alliance/ dpa/ dpa-Zentralbild| Jan Woitas  ∙  S. 106 picture alliance/ dpa/ CTK| Michal Kamaryt  ∙  S. 113 picture alliance/ Westend61| Maya Claussen  ∙  S. 116 picture alliance/ PIXSELL| Goran Kovacic ∙  S. 117 picture alliance/ Westend61| Zeljko Dangubic  ∙  S. 120 picture alliance/ TASS| Alexander Shcherbak  ∙  S. 122 picture alliance/ PIXSELL| Emica Elvedji  ∙  S. 131 picture alliance/ dpa/ CTK| Roman Vondrous  ∙  S. 132 picture alliance/ AA| Furkan Abdula  ∙  S. 134 picture alliance / NurPhoto| Alain Pitton  ∙  S. 137 picture alliance/ Fotostand| Fotostand/ Reuhl 144 – Индекс Индекс 30-минутен град 94 CO2 емисии Види емисии на стакленички гасови IPCC 9 , 33 А Активно граѓанство 131 , 135 , 138 Aвтократски држави 101 , 129 , 132 Aвтоматизација 41 , 58 , 59 , 60 , 79 , 105 Aвтомобилска индустрија 41 , 42 , 45 , 45 , 89 , 97 , 104 , 105 Aмбициозни климатски политики и акции 7 , 9 , 12 , 16 , 21 , 22 , 23 , 24 , 29 , 33 , 38 , 39 , 41 , 43 , 114 , 116 , 117 , 119 , 120 , 128 , 129 , 130 , 133 , 136 , 139 Анти-раст 8 , 39 , 40 , 47 , 61 , 63 , 64 , 122 Анти-раст . Види исто достаточност Б Биогориво 93 Биомаса 36 , 80 , 81 Блокада на јаглерод 44 БДП и анти-раст 136 БДП и раст 8 , 63 , 113 . Види исто капитализам Барања за екодизајн 59 Бунт против изумирање 131 В Вооружен конфликт 24 , 85 Велосипеди . Види мобилност/ велосипедизам Возила со мотори на внатрешно согорување 37 , 39 , 42 , 93 , 98 , 103 , 105 , 106 , 107 Водород 36 , 37 , 39 , 45 , 80 , 90 , 98 , 102 , 105 , 106 Влијанија на климатската криза врз земјите 18 врз демократијата 128 , 130 врз економијата 24 , 41 , 101 врз животната средина 117 врз безбедноста на храната 84 врз здравјето 62 , 83 врз инфраструктурата 24 врз работните места 16 , 19 , 27 , 29 , 50 , 57 врз маргинализираните групи 16 врз луѓето 7 , 8 , 9 , 23 , 129 врз општеството 16 , 24 , 26 врз недостигот на вода 114 . Види исто Суша врз жените 19 , 20 врз работните услови 63 врз инфраструктурата 80 врз недостигот на вода 80 Вештини 48 , 60 , 101 , 105 , 131 кампања 45 , 48 за циркуларна економија 48 учење на нови вештини 42 нивоа потребни 58 неусогласеност 56 застарени 48 барани на пазарот 42 , 57 меки вештини 56 технички вештини 56 , 60 , 104 Вонредна состојба 123 , 128 Вредности 10 , 11 , 19 , 130 авторитарни 129 алтруистички и биосферски 11 демократски основни вредности 29 нераскинливи 11 материјалистички 11 старомодни 25 традиционални основни вредности 29 Вили Брант 9 , 26 Г Градежен фонд 36 , 37 , 38 , 42 Градови C40 91 Гранични прилагодувања на даночните стапки зависно од емисиите на јаглерод 45 , 77 Граѓански собранија 133 , 134 , 137 Губење на занимања 57 , 59 Граѓански иницијативи 94 , 129 , 130 , 131 , 133 , 138 Грета Тунберг 19 Глад 17 , 23 , 24 , 29 Д Декарбонизација . Види исто јаглеродна неутралност Декарбонизација 36 , 38 , 40 , 41 , 45 , 46 , 48 , 50 , 51 , 54 , 55 , 57 , 64 , 68 , 69 , 70 , 115 , 119 декарбонизирана економија 42 , 57 , 85 декарбонизиран енергетски систем . Види исто обновлива енергија декарбонизирано општеството 115 професии кои ќе имаат корист 38 Децентрализиран енергетски систем 7 , 36 , 38 , 46 , 57 , 68 , 70 , 73 , 74 , 75 , 76 , 79 , 84 , 85 , 106 Достапност на енергија 69 , 73 , 74 , 80 , 117 , 118 на зелена технологија 72 , 121 на мобилност 92 , 97 , 98 , 106 , 107 , 112 , 122 на нови технологии 48 на одржливо трошење 121 Деглобализација 53 , 122 , 123 Демократија 81 , 85 , 123 , 129 , 137 , 138 , 139 корелација помеѓу демократизација и еколошки политики 129 енергетска демократија 68 , 70 , 73 влијание на климатска криза врз демократија 25 , 129 социјална демократија 19 , 26 , 27 , 130 , 133 , 136 Демократски институции 129 Демографски промени 54 , 56 , 64 Данок на дизел 102 Дигитализација 36 , 39 , 41 , 45 , 51 , 57 , 58 , 59 , 60 , 62 , 64 , 65 , 73 , 105 , 112 Индекс – 145 Директна демократија 133 , 136 Добро владеење 70 , 85 , 135 Данок на керозин 102 Другоста 12 Да си ги вратиме улиците 94 Држава улога на 60 , 112 , 115 , 123 , 129 , 134 , 136 . Види исто cклиматски криза и акција на владата Достаточност 8 , 49 , 117 , 135 . Види исто анти-раст и трошење Деинвестирање 40 од индустрии базирани на фосилни горива 40 Директива за еко-дизајн 121 Даночен систем 20 , 29 , 32 , 45 , 49 , 98 , 113 , 115 , 118 , 123 Е Еколошки отпечаток 113 , 123 , 124 Eфикасност 8 , 50 , 138 енергетска ефикасност 7 , 37 , 38 , 42 , 57 , 58 , 81 ефикасност на ресурси 47 , 49 , 58 , 70 Е-мобилност . Види мобилност/ e-мобилност Енергија . Види обновлива енергија Енергија за сите 72 , 73 , 117 . Види исто сиромаштија, енергија Енергетски граѓани 76 , 135 , 136 Енергетско граѓанство 73 Енергетски задруги 68 , 69 , 70 , 74 , 85 , 117 , 118 , 123 , 136 , 138 Енергетска демократија 118 Енергетски повластени тарифи 76 Енергетска мрежа 36 , 75 , 86 , 130 Енергетска интеграција 112 Енергетски-интензивни индустрии 44 , 75 , 77 , 80 процеси 58 производи 45 , 77 Енергетска сигурност 74 , 80 , 82 Енергетска трансформација 37 , 60 , 73 , 76 Eмоции 11 Емисии на стакленички гасови 16 , 17 , 19 , 20 , 21 , 29 , 37 , 45 , 57 , 58 , 61 , 64 , 72 , 80 , 83 , 90 , 91 , 93 , 96 , 97 , 98 , 99 , 101 , 106 , 112 , 114 , 115 , 116 , 117 , 119 , 132 , 133 Европската банка за обнова и развој 112 Европска индустриска стратегија 46 Европска инвестициска банка 44 , 46 , 112 Едношалтерски системи за аплицирање 85 Електроенергетски сектор 76 . Види исто обновлива енергија/ декарбонизиран енергетски систем З Заедници 92 , 94 , 95 , 107 , 116 , 121 , 129 , 131 , 132 , 135 . Види исто климатска криза и локална акција Земјоделие 16 , 19 , 23 , 25 , 37 , 38 , 40 Задруги 69 , 113 , 118 , 129 , 131 , 137 Загадување на воздухот 6 , 23 , 26 , 75 , 83 , 90 , 100 , 102 , 105 , 120 Зелен договор 8 , 44 , 45 , 46 , 51 , 78 , 85 , 112 , 113 дипломатија 21 економија 19 , 29 , 36 , 38 , 39 , 49 , 63 , 64 агенда 112 водород 36 , 80 работни места 39 , 40 . Види исто работни места во новите сектори/ одржливи работни места партии 26 истражувања 19 , 43 , 101 старт-ап претпријатија 9 , 43 , 57 технологии 19 , 38 , 80 Здравје 23 , 83 , 90 , 91 , 114 , 119 , 137 Знаење 10 , 12 Загадување со бучава 80 , 90 , 91 , 98 , 100 , 114 И Извештај Брутланд 26 Истекување на јаглерод 44 , 114 , 123 Историски емисии 19 , 21 Инфраструктура 18 , 24 , 31 , 36 , 38 , 44 , 46 , 47 , 48 , 56 , 69 , 72 , 73 , 74 , 76 , 77 , 78 , 91 , 92 , 93 , 96 , 97 , 98 , 99 , 101 , 104 , 107 , 109 , 113 , 129 Интергенерациска правда 8 , 17 , 122 , 129 Инструмент Поврзување на Европа ЦЕФ(Connecting Europe) 99 Инвестиции 20 , 25 , 36 , 38 , 41 , 44 , 48 , 51 , 56 , 69 , 74 , 78 , 81 , 108 , 112 од владите 20 за климатска отпорност 25 за декарбонизација 36 , 38 зелени 39 , 56 во земјоделие 38 во енергетско-интензивни индустрии 44 во трансформација на енергија 44 , 74 , 81 , 85 во енергетска транзиција 77 во инфраструктура 44 , 74 , 77 во одржлива мобилност 99 , 104 Иднина на работата 61 , 64 Ј Јаглен 7 , 26 , 28 , 36 , 37 , 38 , 39 , 40 , 41 , 42 , 43 , 63 , 73 , 74 , 75 , 77 , 78 , 79 , 81 , 82 , 83 , 85 , 86 , 90 , 114 , 128 , 130 , 133 , 134 комисии за јаглен 134 ископување на лигнит 39 , 41 , 42 , 44 , 81 Јаглеродните договори за разлики 45 Јаглероден отпечаток 59 , 61 на земјите 18 , 21 , 131 на електричните возила 106 на маргинализираните групи 20 на технологии 44 на транспорт 91 , 93 , 99 , 102 Јаглеродна неутралност 19 , 36 , 45 , 113 , 115 , 117 , 129 . Види зелена или одржливост Јавен превоз . Види мобилност/јавен превоз К Климатска правда 10 , 18 , 22 , 29 Климатски бегалци 24 , 128 Климатска правда на инфраструктура 24 , 25 на маргинализирани групи 16 на општеството 25 , 123 Когнитивна дисонанца 11 Колективно преговарање 55 , 63 Корупција 118 , 133 , 135 Конкурентност на економии и производи 8 , 58 , 61 , 76 , 77 , 78 , 101 Капитализам 12 , 49 , 123 , 136 . Види исто БДП и растеж на ЕУ 7 , 85 , 112 Климатски апартхејд 17 Климатски промени 146 – Индекс влијание врз недостиг на вода 128 Климатска комуникација 10 , 114 Климатска криза 6 , 7 , 8 , 9 , 11 , 16 , 18 , 19 , 24 , 27 , 33 , 134 . Види исто влијанија на климатската криза врз земјоделие 16 врз загадувањето на воздухот 90 и климатска акција 9 и климатска правда 17 и климатски бегалци 24 и демократија 25 , 128 , 129 , 133 , 134 , 135 и економија 24 , 41 , 128 и трошоци за енергија 77 и енергетска ефикасност 81 и експлоатација на природни ресурси 47 и фер распределба на можности 19 и глобална соработка 19 и глобална нееднаквост 18 и глобални мрежи 116 и владина акција 119 , 128 , 129 , 136 , 137 и владини акции . Види исто улога на државата и здравјето 19 , 23 и индивидуалните активности 119 и инфраструктура 24 и одлуки за инвестирање 44 и работни места 16 , 40 , 50 , 63 и локална акција . Види исто заедници и маргинализирани групи 16 , 17 , 20 , 29 , 30 , 84 , 97 , 115 и мобилност 91 , 101 и поддршка од народот 137 и сиромаштија 23 , 73 и јавна перцепција 119 и регулативи 114 и обновлива енергија 80 и безбедност 24 , 80 и социјалдемократски партии 130 и социо-еколошка иднина 137 и социјална правда 6 , 16 , 17 , 81 , 122 , 128 и социјален напредок 23 и општеството 24 , 130 и вонредна состојба 128 и држава-нација 112 и синдикати 27 и гласачки намери 7 , 129 , 130 и недостиг од вода 81 и жените 19 Ковид-19 пандемија 6 , 31 , 55 , 83 , 92 , 95 , 100 , 114 , 115 , 119 , 121 , 123 , 128 , 134 , 137 Квалитет на живот 6 , 7 , 8 , 26 , 61 , 63 , 84 , 91 , 94 , 95 , 96 , 101 , 114 , 117 , 120 , 121 , 122 , 123 , 135 Критично ниво 8 , 9 Л Локален климатски план 132 Летови/ авијација . Види мобилност/ летови/ авијација М Mаргинализирани граѓани и групи 16 , 17 , 20 , 29 , 30 , 84 , 91 , 97 , 98 , 115 , 118 , 121 , 128 , 130 , 132 , 135 Mиграција 24 , 31 , 54 , 80 , 85 , 116 Mобилност 8 , 36 , 51 , 64 , 90 , 91 , 94 , 101 , 103 , 105 , 107 , 108 , 109 , 117 , 121 , 130 делење автомобили 47 , 92 , 96 , 108 , 120 метеж 6 , 98 , 101 , 107 возење велосипед 6 , 20 , 39 , 90 , 91 , 92 , 93 , 94 , 98 , 101 , 104 , 109 , 114 , 119 , 121 , 122 дигитализација 36 e-мобилност 21 , 41 , 51 , 91 , 98 , 102 , 103 , 104 , 105 , 106 , 107 Европска недела на мобилност 90 Европска година на железница 99 летови и авијација 98 , 99 , 100 , 102 , 107 , 120 зелена мобилност 38 , 90 , 106 индивидуална мобилност 38 , 42 , 92 , 104 обрасци на мобилност 41 , 94 сектор на мобилност 36 , 39 , 91 трансформација на мобилност 8 , 41 , 91 , 97 , 103 , 104 , 108 , 130 мултимодалност 36 , 90 , 92 , 93 паркинг 90 , 92 , 94 , 97 , 98 , 114 јавен превоз 20 , 29 , 36 , 38 , 41 , 63 , 90 , 92 , 93 , 94 , 95 , 96 , 97 , 98 , 101 , 104 , 107 , 117 , 121 железница 99 , 102 , 107 ограничување на брзината 114 одржлива мобилност 7 , 90 , 92 , 94 , 95 , 97 , 101 , 104 урбана мобилност 19 , 91 , 92 , 98 ранливи учесници во сообраќајот 91 возила со нулта емисија 37 Н Нуклеарна катастрофа во Чернобил 27 Нееднаквост 16 , 17 , 30 , 33 , 73 , 74 глобална 18 , 27 , 122 врз глобално ниво 50 , 115 социјална нееднаквост 97 неправда на глобално ниво 123 неправда . Види исто социјална правда борба против 12 , 16 , 112 врз глобално ниво 11 , 18 , 102 на глобално ниво 18 како резултат на мерки за ублажување 20 социјална неправда 8 , 16 , 20 , 128 Нов зелен договор на ЕУ 8 , 44 , 45 , 46 , 77 , 78 , 85 , 92 , 112 , 113 , 130 Наративи 10 , 11 , 12 , 79 , 112 , 114 , 120 , 128 Национално утврдените придонеси(NDCs) 112 , 117 Новото нормално 114 , 121 , 131 НВО 28 , 29 , 50 , 116 , 129 , 130 , 131 , 132 , 133 , 135 , 137 Недостиг на квалификувани работници 54 Нема работа на мртва планета 29 , 40 , 50 , 71 , 131 Никој да не биде изоставен 8 , 40 , 48 , 73 , 78 , 112 , 114 , 128 Ниска плата/ несигурна работа 29 Невработеност 41 , 42 , 54 , 56 , 59 , 60 , 122 О Однесување 119 менување на 6 , 12 , 58 , 59 , 70 , 92 , 112 , 114 , 119 , 121 , 122 , 123 еколошки проблематично 11 , 114 , 120 , 129 неповрзаност помеѓу свеста и однесувањето 10 одржливо 12 , 73 , 112 , 114 , 120 , 121 , 136 . Види исто одржлив начин на живот Обновлива енергија 71 , 73 , 74 , 75 , 80 , 81 , 82 , 83 , 84 , 85 , 86 , 93 , 130 . Види исто декарбонизиран енергетски систем/ електроенергетски сектор придобивки 72 Индекс – 147 претворање 37 за станари 122 создавање 21 , 36 германски Закон за извори на обновлива енергија 76 индустрија 63 инфраструктура 72 , 73 , 74 , 78 инсталации 79 инвестиција 69 пазар 38 политики 69 , 70 , 80 , 84 производство 36 , 72 проекти 70 намалување на загадување на воздухот 83 ресурси и извори 57 , 72 , 74 , 77 , 81 сектор 39 , 42 , 74 , 75 складирање 36 , 57 , 60 , 71 , 75 , 76 , 79 , 82 систем 38 технологии 38 Од долу-нагоре eнергетска трансформација 70 , 72 , 121 . Види исто политичко учество креирање на политики 94 , 116 , 128 , 129 , 131 , 134 , 137 развој на проекти 117 Одредување на цена на јаглерод 20 , 29 , 77 , 113 , 114 , 115 Од лулка до лулка 47 , 64 Велосипедизам . Види мобилност/ велосипедизам Отпорност 18 , 32 , 69 , 117 Општествен консензус 8 Одржливост 7 , 8 , 10 , 11 , 12 , 26 , 28 , 30 , 33 , 47 , 49 , 50 , 51 , 59 , 60 , 61 , 79 , 91 , 99 , 101 , 102 , 105 , 107 , 108 , 109 , 115 , 116 , 120 , 121 , 129 , 131 , 138 . Види исто зелена/ паметна еколошки одржливи економии 28 еколошка политика 27 одржливи градови 117 одржливо градежништво 121 одржливо трошење 121 , 122 одржлив развој 27 , 84 , 113 , 116 одржливи развојни цели 112 , 117 одржлива економија 59 , 61 , 64 , 122 одржлива енергија 46 , 69 , 70 , 80 , 83 , 113 , 117 , 118 одржлив финансиски акциски план 44 одржливи финансиски услуги 39 одржлива иднина 11 , 12 , 28 , 50 , 64 , 79 , 131 , 133 , 135 одржливи стоки 121 одржлив систем за затоплување 130 одржлива инфраструктура 91 , 92 , 112 , 121 одржливи работни места 7 , 8 одржлив стил на живот 112 , 122 одржлива мобилност 7 , 93 , 94 , 96 , 97 , 98 , 101 , 105 одржливи мрежи 116 одржливо производство 40 , 131 одржливо општество 7 , 60 , 61 одржливи технологии 44 , 50 , 79 одржлив начин на живот 121 , 122 , 123 , 136 . Види исто однесување одржливо и неодржливо трошење на ресурси 63 П Прифаќање на климатските политики 135 на енергетската транзиција 76 на климатските политики 94 Пристап до вода 23 Проекти во енергетиката во сопственост на заедницата 68 , 70 , 116 , 117 Потрошувачка 8 , 59 , 61 , 63 , 64 , 65 , 72 , 102 , 114 , 121 , 122 потрошувачка лимитирање на потрошувачка. Види анти-раст или достаточност на помалку привилегираните 113 колаборативна потрошувачка 68 потрошувачки избор 123 потрошувачка на енергија 59 , 72 , 76 , 81 , 99 , 101 влијание врз економски раст 63 лимитирање на потрошувачка . Види исто анти-раст или достаточност на производи со краток рок 24 навики 122 одржлива потрошувачка 40 , 121 неодржливо трошење 63 Навики на трошење 8 , 59 , 63 Проект„Civitas“ 90 , 108 , 109 Примери за најдобри пракси 6 , 8 , 9 , 12 , 20 , 48 , 85 , 92 , 107 , 116 , 129 , 130 , 132 , 133 , 138 Политики на вработување . Види исто структурни промени, поддршка на работниците Психологија на животната средина 10 Приходи 40 , 54 , 55 , 61 , 62 , 63 , 123 разграничување на платите од продуктивноста 62 за една употреба 76 фер плати 40 , 62 во секторот на нега 55 во индустријата на ископување јаглен 79 земји со ниски приходи 18 работници со ниски приходи 97 , 100 , 123 ниски или недоволни 76 , 78 земји со средни приходи 17 , 119 личен доход 120 скратување на работните часови 61 , 62 стабилност 7 Париски договор за климата 9 , 19 , 21 , 28 , 33 , 112 , 131 , 134 Паркинг 94 , 97 , 98 , 114 . Види мобилност/ паркинг Партии 26 , 27 , 50 , 129 , 130 , 131 зелени партии 26 опозициски партии 128 социјалдемократски партии 26 , 54 , 79 , 130 Пешачки зони 91 , 94 , 97 , 120 , 133 „Петоци за иднината“ 18 , 19 , 30 , 119 , 129 , 131 , 135 , 137 „Пријатели на природата“ 26 Праведна транзиција 7 , 28 , 29 , 33 , 39 , 40 , 41 , 42 , 44 , 63 , 70 , 71 , 77 , 78 , 79 , 80 , 105 фонд за праведна транзиција 44 механизам за праведна транзиција 44 Проактивни аргументи 10 Продуктивност 61 , 62 , 65 , 78 , 101 Прогресивно врамување 10 , 11 Прескокнување во нова технолошка фаза 19 , 48 , 81 Плата за живот 63 Пронсументи 68 , 86 , 116 Психологија на климатската комуникација 10 Планетарни граници 30 , 113 Политичко учество 25 , 49 , 68 , 70 , 94 , 129 , 131 , 133 , 135 . Види исто креирање на политики од долу нагоре Политички системи 25 Принцип„загадувачот плаќа“ 115 148 – Индекс Претставување 30 , 39 , 54 , 55 , 75 , 129 , 134 Подбутнување 6 , 112 Паметна. Види исто зелена/ одржлива климатски- паметни активности 61 мрежи 36 , 72 , 73 , 79 инфраструктура и мерачи 57 , 58 , 72 , 82 мобилност 92 , 101 , 107 производи 59 технологии 58 , 59 Поддршка на амбициозни климатски политики 7 , 70 , 97 , 119 , 129 , 136 , 137 Р Разграничување 8 Работни места 7 , 12 , 16 , 22 , 27 , 31 , 36 , 38 , 39 , 40 , 41 , 42 , 45 , 46 , 47 , 48 , 49 , 50 , 51 , 54 , 55 , 56 , 57 , 59 , 60 , 63 , 68 , 69 , 70 , 71 , 74 , 78 , 81 , 83 , 104 , 105 , 118 , 123 , 131 . Види исто работници и декарбонизација 38 зелена 40 во земјоделство 16 , 38 во нови индустрии 38 , 40 , 42 , 47 , 54 , 59 . Види исто зелени/ одржливи работни места во нови сектори во инженерство 38 во секторот на фосилна енергија 70 во локалните заедници 36 во јавниот превоз 38 , 39 во секторот на обновлива енергија 39 во туризам 19 несигурни работни места со ниски плати 29 ризик од губење поради глобално затоплување 16 , 19 , 27 , 29 , 41 , 50 , 57 одржливи работни места 8 , 39 , 79 , 104 , 117 Родова еднаквост 19 , 20 , 22 , 25 , 40 , 54 , 55 , 75 Работа од дома 95 , 96 Рераспределба на богатството 20 , 63 , 91 , 113 , 115 , 121 , 123 Регионален и локален развој 96 , 101 , 116 , 123 , 135 Регионални програми за поддршка 43 Регулативи 20 , 58 , 59 , 63 , 64 , 112 , 114 , 115 , 130 , 138 Ре-општинизација 68 , 117 , 130 Раст на населението 90 Работа на далечина 95 , 96 Располагање со своето време 22 , 120 Работници 26 , 27 , 28 , 29 , 41 , 42 , 48 , 54 , 55 , 56 , 58 , 60 , 63 , 64 , 74 , 75 , 78 , 79 , 85 , 104 , 105 , 123 , 131 . Види исто работни места адаптирање на технолошки промени 45 напредок преку образование 43 и демографски промени 54 промена на работа 42 придонес на цивилизациски напредок 79 исчезнување на занимања 41 во секторот за нега 54 . Види исто сектор за нега во индустријата аа автомобили 6 , 39 , 41 во градежништвото 38 , 42 , 54 но новите сектори 104 економија зависна од јаглен 40 , 41 во индустријата на фосилни горива 7 , 39 , 74 , 78 . Види исто јаглен во секторот на обновлива енергија 71 , 74 и праведна транзициј 79 . Види исто праведна транзиција недостаток од квалификувани работници 105 нови вештини 42 , 43 , 45 , 48 , 56 , 60 . Види исто структурна трансформација инструменти за поддршка на работниците застарени вештини 48 постари работници . Види исто структурна трансформација, рано пензионирање закана по здравје и добросостојба 27 со повисоко ниво на вештини 54 , 60 намалување на работно време . Види исто располагање со сопствено време Работни услови 42 , 55 , 58 , 60 , 63 , 79 , 123 , 136 Работно време 40 , 42 , 55 , 61 , 62 , 63 , 65 , 120 , 131 Работно време 61 , 62 , 64 , 65 , 105 С Сектор за нега 40 , 54 , 55 , 63 . Види исто работници во секторот за нега Суша 6 , 16 , 23 , 24 , 80 , 118 , 128 . Види исто влијанија на климатски промени врз недостиг на вода Слобода на изразување 129 Спогодба на градоначалниците 21 , 116 Сектор на затоплување и разладување 37 Спротивен ефект 58 , 59 Сиромаштија 17 , 19 , 23 , 24 , 29 , 30 , 31 , 33 , 73 , 74 , 84 , 86 , 112 енергија 69 , 73 , 76 , 84 , 116 . Види исто пристап до енергија за сите Самоефикасност 6 , 12 , 94 , 130 , 135 Социјална демократија 7 , 9 , 10 , 12 , 16 , 20 , 24 , 26 , 27 , 29 , 43 , 50 , 54 , 61 , 79 , 115 , 118 , 130 , 133 , 135 , 137 Социо-еколошка трансформација 9 , 10 , 24 Социјални претпријатија 113 Социјална правда 8 , 12 , 16 , 20 , 21 , 27 , 29 , 39 , 54 , 70 , 81 , 97 , 100 , 101 , 107 , 114 , 115 , 121 , 130 , 132 . Види исто неправда правичност и солидарност 8 Социјално праведни 8 енергетска трансформација 29 , 46 , 50 , 68 , 79 , 81 стратегија за излез 134 иднина 50 мерки за олеснување 20 општества 107 решенија 98 , 122 Социјален напредок 11 , 23 , 24 , 25 , 29 , 84 Солидарност 6 , 8 , 12 , 19 , 29 , 45 , 54 , 69 , 70 , 73 , 79 , 130 Складирање на нуклеарен отпад 77 Структурни промени инструменти за поддршка на работниците 105 Структурна трансформација 43 програми за рано пензионирање . Види исто работници, постари работници инструменти за поддршка на регионите 43 , 44 . Види исто регионален и локален развој инструменти за поддршка на работниците 41 , 42 , 48 . Види исто нови вештини /политики за вработување Субвенции 77 , 98 , 101 , 102 , 115 , 122 Синдикати 27 , 39 , 54 , 131 и преговарачка моќ 54 , 56 и климатски политики 28 и декарбонизација 55 и демократија 123 , 131 и зелени работни места 39 и праведна транзиција 50 , 70 и нови сојузи 55 и социјална демократија 27 , 29 и социјална правда 54 и нивна експертиза 45 и нивна експертиза 42 во индустријата на јаглен 79 праведна транзиција 63 можности на дигитализација 58 кратење на работно време 61 , 62 . Види исто располагање со своето време Светска банка 23 , 24 , 46 , 112 Т Топлински бранови 16 , 30 , 94 Технолошки промени 45 , 59 , 60 Трансевропската мрежа за транспорт 99 Tранзиција 29 , 32 , 33 , 36 , 40 , 41 , 42 , 43 , 44 , 45 , 46 , 47 , 48 , 49 , 50 , 51 , 54 , 55 , 57 , 60 , 64 , 68 , 70 , 71 , 76 , 78 , 79 , 81 , 105 , 115 економии во транзиција 39 , 46 , 48 , 78 транзициски фондови 41 Tранспарентност 71 , 129 , 133 У Урбанизација 41 , 101 , 117 Ф Финансиски стимулации 70 , 112 Фосилни горива 7 , 21 , 36 , 40 , 47 , 51 , 71 , 73 , 75 , 80 , 83 , 85 , 90 , 91 , 98 , 101 , 102 реална цена 71 , 77 Фотнапонски системи 36 , 51 , 70 , 74 , 76 , 77 , 80 , 122 Фазно укинување поради пазарните трендови на фосилните индустрии 40 метан 37 . Види исто емисии на стакленички гасови Фарми на ветер 36 , 38 , 47 , 70 , 74 , 76 , 77 , 80 , 81 , 86 Ц Целта од 1,5°C 8 , 9 , 16 , 18 , 25 , 29 , 33 , 102 , 123 , 133 , 134 Цедефоп 48 Циркуларна економија 7 , 38 , 47 , 48 , 49 , 59 акциски план за циркуларна економија 49 Циклуси на ресурси 47 Целна публика 10 , 12 Индекс – 149 Амбициозната климатска акција и социјалниот напредок мора да одат рака под рака. Уште повеќе, климатската криза ги поткопува и социјалниот и демократскиот напредок постигнати во изминативе децении. Во овој прирачник на аргументи, ги анализираме седумте најважни тематски области, во кои социјалните и еколошките проблеми и опасности, погрешно, се поставуваат како спротивставени. Ние нудиме аргументи со кои покажуваме дека амбициозните климатски политики можат, наспроти очекувањата, да ни помогнат да изградиме поправично и посоцијално општество.