АНАЛИЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПРАВДА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ Евидентно зголемување на бројот на откази за време на вонредната состојба, со регистрирани 626 откази од работа, и над 900 пријавени случаи на работа за време на карантин и полициски час. Многу мерки донесени од страна на Владата за ослободување од работа на вработени со хронични заболувања, бремени жени и родители на деца до 10 години, не беа испочитувани од некои работодавачи. Кристина Ампева, Никола Поповски, Донче Стаменков, Силвија Костовска Редакција: Ивана Вучкова Октомври, 2020 Мерка на Владата за поддршка на околу 120.000 вработени во приватниот сектор од околу 20.000 компании, во вредност од 79,5 милиони евра од буџетот на државата. Ова и дава можност и обврска на Владата да влијае врз начинот на стопанисување, што пред се значи почитување и гаранција на работничките права од страна на работодавачите. ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ Содржина Предговор ....................................................................................................................................................5 1. ВОВЕД ...............................................................................................................................................................7 2. НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ .......................................................................................................................8 3. НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА, ПОПЛАКИ И ПРИМЕРИ НА ПРИЈАВИ И ОБЕЗБЕДЕНА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ......................................................... 10 4. УСПЕХОТ НА„ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ СЕ СОСТОИ ОД МНОГУТЕ ИЗВОЈУВАНИ МАЛИ ПОБЕДИ ...................................................................................................11 5. ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ..................... 13 6. ПРАВНА РАМКА НА ДОНЕСЕНИТЕ МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 ................. 19 7. ЗАКЛУЧНИ РАЗГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ ............................................................... 24 8. ОДЛУКИ, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ ДОНЕСЕНИ ОД ВЛАДАТА НА РСМ ВО ПЕРИОД ОД 10.03 ДО 10.06.2020 ГОДИНА ..................................... 26 ПРЕДГОВОР Предговор Пандемијата од Ковид-19 која го зафати светот во 2020 година, произведе различни последици во сите животни сфери. Една од општествените групи која беше најизложена на овие последици, се работниците, а особено оние во индустријата. Фондацијата„Фридрих Еберт“ неколку години наназад работи и се залага за заштита и унапредување на работничките права и обезбедување на пристојни услови за работа со цел почитување на работникот и неговиот личен и професионален интегритет и достоинство. За да ја постигне оваа цел, Фондацијата„Фридрих Еберт“ соработува со владини и невладини институции и актери кои имаат ингеренции или се залагаат за работничките права. Во склоп на оваа соработка, Фондацијата заедно со„Гласен текстилец“ ја изработија оваа Анализа за„Влијанието на Ковид- 19 врз ниско платените и трудоинтензивни гранки“. Целта на оваа анализа е да се види како и дали мерките донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за време на кризата од Ковид-19, влијаеа врз работниците, злоупотребите од страна на работодавачите и успешните примери на поддршка на работниците од страна на „Гласен текстилец“. Исто така во оваа Анализа се обработуваат и економските ефекти на владините мерки за справување со кризата од пандемијата. Се надеваме дека оваа студија ќе придонесе во зголемена свесност и препознавање на проблемите и предизвиците на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, и ќе издејствува зголемена ангажираност од страна на релевантните институции за следење на правичното и доследното спроведување на владините мерки во понатамошното справување со последиците од кризата на пандемијата од Ковид-19. Ваљон Садики, Фондација“Фридрих Еберт”, канцеларија Скопје Кристина Ампева, Гласен текстилец, Штип 5 ВОВЕД 1 ВОВЕД 2020-та ќе се памети како година на пандемијата од вирусот Ковид-19 кој не само што нѐ фати неподготвени, туку и ни покажа дека сме безбедни само колку најранливите членови на општеството. Се случи пресврт во животот на секого, секаде. Вирусот, кој предизвика сериозна здравствена криза, ни укажа и на предизвиците на економскиот систем, кој поставен на несигурност, подлегна на сериозна штета. Токму оваа криза ни покажа и докажа дека несигурноста и недоволната заштита на работниците, носи последици за целото општество. Во Република Северна Македонија оваа криза предизвика сериозен пад на економијата, кој беше пропратен со губење на значителен број работни места. Притоа, први на удар беа работниците и работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, односно во ниско-платените и трудово-интензивни индустрии. Оттука се јави и потребата од оваа анализа, која има за цел да ја претстави состојбата во секторот на текстилнатa, кожарската и чевларската индустрија во РСМ за време на здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19. Навраќајќи се на предизвиците воочени непосредно по појавата на вирусот и кај нас, во услови кога сериозни мерки и рестриктивни одлуки беа донесени од страна на Владата, а и на Претседателот на Република Северна Македонија, главниот проблем го воочуваме во конфузијата предизвикана од донесувањето на мерките за справување со пандемијата од Ковид-19. Најпрвин, донесените мерки не беа конкретни и доволно разбирливи, а истовремено недостасуваа јасни упатства за нивна примена и ефикасна имплементација. Несомнено, таквата ситуација доведе истите да бидат предмет на различни толкувања од страна на работодавачите, институциите(инспекторатите и надлежните министерства) и други субјекти чие дејствување играше суштинска улога во време на борбата со Ковид-19. Така се создадоа ситуации на масовно кршење на човековите и работничките права, како и сериозно влијание врз зголемување на родовата нееднаквост, која беше евидентна при отпуштањата. Како што прогресираше вирусот и се ширеше низ границите на државата, кои патем беа целосно затворени, истите мерки и уредби со законска сила беа изменети неколку пати, што резултираше во уште поголема забуна и неправилно спроведување, бидејќи во многу ситуации истите беа оставени на слободно толкување. Како што светот кој ја оцени корона кризата за пред сѐ за криза од родов аспект, така и кај нас, најпогодени беа жените, особено мајките на деца до 10 години. Освен нив, на удар беа и возрасните работници и работнички, хронично болните лица, кои впрочем беа и најсериозно засегнати од вирусот. Недоволната подготвеност и недостиг на знаење и искуство за справување со ваков вид пандемии, играше основна улога во слабото менаџирање на институциите во целина и последователното влијание врз работниците и работничките и ранливите категории, што освен да се критикува, мора и да се признае и да се наметне како причина за итно креирање на тим од експерти кои ќе бидат задолжени со изработка на конкретни и прецизни препораки кои ќе им помогнат на носителите на одлуки за ефективно дејствување во исти или слични ситуации во иднина. Оваа анализа ќе ја прикаже состојбата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, како индустрија која е ниско платена и трудоинтензивна од една страна, а родово-сензитивна од друга страна, пред сѐ поради значително поголемата застапеност на жените – текстилни работнички. Притоа, ќе се опфати влијанието и преземените заштитни мерки како резултат на постоечкото законодавство, но и дополнително донесените уредби и преземени мерки од страна на Владата во време на вонредна состојба, а како резултат на превенција на ширењето на коронавирусот. Исто така, анализата ќе креира препораки до надлежните институции, со цел да се донесат конкретни правни акти кои би биле предуслов за носење на разбирливи и конкретни мерки во иднина, а кои ќе помогнат за ефикасно менаџирање на евентуална повторна криза. Со анализата ќе бидат опфатени работничките и работниците, за коишто се располага со информации од дата-базата на здружението„Гласен текстилец“ и дадената правна помош од временскиот период од 10 март 2020 година до 10 јуни 2020 година. 7 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ 2 НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ Во периодот на следење и давање на бесплатна правна помош од страна на правници ангажирани во здружението„Гласен текстилец“, регистрирани се повеќе прекршувања на правата на вработените во овој сектор, но и непочитување на уредбите, мерките и препораките од страна на работодавачите, кои беа донесени на Владините седници, а кои се предмет на обработка во анализата за периодот од 10.03. до 10.06.2020 година. Непосредно по донесувањето на првите мерки за заштита на ширење на вирусот Ковид-19 кои се однесуваа на времено затворање на воспитно-образовните установи, беа погодени родителите (најчесто жени, мајки) кои имаат деца до 10-годишна возраст и кои првично беа ослободени од извршување на работни обврски. По нив следеа хронично болните лица и бремените жени, како едни кои исто беа ослободени од работни обврски како ризична категорија на вработени. На реакцијата на работодавачите од приватниот сектор и германската стопанска комора, Владата се одзва и ја образложи мерката како препорака до приватниот сектор за придржување до донесените мерки, уредби, заклучоци, препораки, но разјасни дека препораките сами по себе, во конкретниот случај, не се обврзувачки, што своевремено ја ограничува можноста од повикување на законска обврска и одговорност во случај на непочитување. Ваквиот чекор ја потврди несигурноста на која се заснова македонската економија, односно недоволната заштита на вработените од приватниот сектор кои долги години наназад се оставени на совеста на работодавачите. Во истиот период, голем дел работници кои поседуваа договор за вработување на неопределено време, беа одјавени без да знаат и како причина за прекин на работен однос во М1М2 образец издаден од страна на Агенцијата за вработување, беше наведен спогодбен отказ. Во разговор со работници и работнички од кои своевремено стигнуваа поплаки и барања за помош од„Гласен текстилец“, беше евидентно дека тие не знаат како нивниот потпис стои на издаденото спогодбено отказно решение и дека никогаш не би се согласиле на истото, знаејќи ги негативните последици кои претстојат (губење на правото на здравствено осигурување и надомест во случај на привремена невработеност од АВРСМ). Уште позасегнати беа вработените со договор за вработување на определено време, од кои на голем број не им беа испочитувани обврските од страна на работодавачот, односно беа одјавувани од работен однос пред истекот на договорот. Таквите незаконити одјави беа пријавени до Државен инспекторат за труд, при што во најголем број случаи се постапи со поништување на отказните решенија, со што се враќаа на работа со ново решение од страна на ДИТ, а беа и повторно пријавени во работен однос согласно денот на одјавата. Многу работници и работнички се соочија и со барање од страна на работодавачите да им се направи трансформација на договорот од неопределено на определено работно време, со тоа што по истекот на договорот, работниците согласно стажот, би земале надоместок од АВРМ. Ова е на штета на работниците, бидејќи доколку работодавачот има потешкотии во работењето(деловни причини), треба да им даде отказ од деловни причини, а со тоа на работниците ќе им исплати отпремнина согласно нивниот работен стаж. Особено голем предизвик беше(не)почитувањето на мерките и протоколите за заштита при работа од страна на работодавачите, особено на производствените компании, каде повторно најзасегнати беа текстилните, кожарските и чевларските работници и работнички. Многумина не успеаја да одржат задоволително ниво на хигиена преку вршење на дезинфекција на производните хали, обезбедување на маски и ракавици како средства за заштита при работа. Понатаму, колективниот превоз на вработените кој е исклучително важен за работниците и работничките во текстилните фабрики во Штип и Кочани, за кои не постои друг начин да стигнат до работно8 НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ то место, изврши големо влијание врз ширење на вирусот. Иако во уредбата за локален превоз при транспорт на работници беше наведено дека капацитетите на автобусите треба да се максимално искористени до 50%, односно меѓу секого мора да има растојание од најмалку 1,5 метри, ова не беше почитувано од страна на работодавачите, кои имаат надлежност за организација на превозот. Конкретно во оваа уредба беше тешко да се најдат ингеренциите и кој треба да внимава на почитувањето на оваа уредба кај превозниците. На пријава во МВР, работничка од Кочани доби одговор дека во услови на вонредна состојба, полициските службеници не може да постапуваат при кршење на сообраќајните правила и прописи. Во образложението, МВР дури се повика и на Владата, која дословно образложи дека работниците и работничките во текстилните, кожарски и чевларски компании ќе продолжат да работат, давајќи препораки за работа во смени, а особено за обезбедување на растојание во производствените хали, како и во превозните средства, во случајот автобуси. Истата уредба беше повлечена кон почетокот на јули и како резултат, растојанието повеќе не се почитуваше и не се внимаваше на безбедноста на вработените при транспортот, што пак очекувано резултираше со зголемување на бројот на заболени во Штип. „Гласен текстилец“ имаше регистрирано пријава за непочитување на мерката за забрана на меѓуградски превоз, поради што работниците беа приморани да користат такси-превозници и да ги плаќаат од свој џеб. Во овој период, Куманово беше вистинско жариште, а најпогодени беа работниците и работничките во чевларската и текстилната индустрија. Пријавите не стивнуваа, а„Гласен текстилец“ сѐ повеќе бележеше поплаки за примање на плата пониска од минималната, особено од страна на работниците и работничките коишто ги користеа времените мерки од страна на Владата. Непочитувањата на мерките во сите претходно наведени облици, исплатата на пониски плати од минималната, како и отпуштањата кои беа евидентирани особено при првиот бран, работодавачите ги правдаа со намален обем на работа токму заради ваквите мерки на Владата. За да на иронијата ѝ нема крај, во овој период многу работници и работнички работеа за време на празници, во саботи и недели, за време на воведен карантин и полициски час. Според увидот на терен направен од страна на„Гласен текстилец“, за време на оваа здравствена криза не беше неопходно да се работи токму на овие денови, и со тоа дополнително да се изложува на опасност здравјето на вработените. Ова е особено поради фактот што оваа дополнителна работа не им беше ниту евидентирана, ниту пак платена на вработените. Кога сериозноста ескалира и„Гласен текстилец“ бараше сериозен пристап од страна на надлежните, се одзва градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој издејствува да се спречи работата на текстилните компании за време на продолжениот викенд за првомајските празници, за време на кој беше воведен и карантин на територијата на општина Штип. Токму по барање на градоначалникот беше донесен посебен акт со законска сила со којшто се забранува работа на текстилните компании на ниво на општината за време на траење на карантинот. 9 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ 3 НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА, ПОПЛАКИ И ПРИМЕРИ НА ПРИЈАВИ И ОБЕЗБЕДЕНА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ Оваа пандемија ги затекна сите неподготвени, што пак, спречи донесување на јасни и прецизни упатства за справување со новонастанатите ситуации кои за работниците и работодавачите беа навистина нејасни, така што настанаа и многу прекршувања на правата на работниците и работничките. Од почеток на пандемијата, па сѐ до денес, работниците и работничките се обраќаат постојано до здружението и се консултираат во врска со нејаснотии, да пријават прекршување на правата итн. Во услови на полициски час и карантин, дури и членовите и вработени во здружението„Гласен текстилец“ мораа да се адаптираат на целата ситуација, особено поради сѐ поголемиот број заболени од коронавирусот на ниво на Општина Штип. Затоа се направи одлука за вработените и ангажирани лица од„Гласен текстилец“ да работат од дома и започнат со давање на правна помош од далечина, преку социјалните мрежи и телефонски јавувања. Во неопходни случаи, канцеларијата на здружението беше отворена за да им предадат на работниците и работничките неопходни документи, изјави и барања кои ситуацијата ги наметна. Најчесто беа изготвувани изјави и барања до работодавачи за оние кои сакаа и беа приморани да ги користат времените мерки за ослободување од работен процес. Во прилог, комуникација со работнички вработени од секторот за производство на облека, кожа и чевли: „Направив муабет со сопругот и доколку не биде споменато моето име, тогаш сум за да излезе инспектор на терен и да провери за што станува збор, зошто ми е намалена платата, односно немам минималец. Ги користам времените мерки на Владата, мајка сум на деца до 10-годишна возраст. Благодарам многу на помошта и разбирањето.“ – работничка од текстилна фирма од Штип. „Благодарам, со Вашето пријавување во инспекторатот, ни ги вратија тие 50% што ни ги скратија за месец април. Пред малку ја видов објавата, сакам да се заблагодарам. Поздрав.“ – работничка од текстилна фирма од Скопје. „Секој ден Владата донесува нови одлуки кои сепак не се остваруваат. Ќе Ве замолам со порака да ме известите за мајка која е на отсуство со дозвола за дете од една година и е моментално дома, бидејќи градинките не работат, колку треба да ѝ е платата бидејќи таа за април месец зема 9.000 денари. Однапред благодарам.“ – за Штип. „Здраво, би сакала да останам анонимна, сега прочитав за Вашата објава и ние во април и мај не зедовме минималец и зедовме 7.000 денара, дали е исправно тоа?“ – работничка од Валандово. „Бидејќи се заразивме со сопругот сите членови, тој е вработен во конфекција и зеде плата од 11.000 денари, што е помалку од минимална, а јас неговата сопруга сум и хронично болна и сега сѐ уште не можам да се оправам, дали ни следува нешто или треба тужба и да се поднесе на целата мака, а и лежев во болница 14 дена?“ – за Штип. 10 УСПЕХОТ НА„ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ СЕ СОСТОИ ОД МНОГУТЕ ИЗВОЈУВАНИ МАЛИ ПОБЕДИ 4 УСПЕХОТ НА„ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ СЕ СОСТОИ ОД МНОГУТЕ ИЗВОЈУВАНИ МАЛИ ПОБЕДИ 1. По барање на„Гласен текстилец“ се даде на користење преостанатиот годишен одмор од 2019 година и на тој начин се затвори фирма во Пробиштип каде се појавија првите случаи на заболени работници и работнички. 2. Покрај огромниот број откази и прекини на договори за вработување на неопределено работно време, непродолжувања на работни договори на определено работно време, гордост е да се сподели дека голем број работници и работнички беа вратени назад на работа со интервенција на трудовиот инспекторат. 3. Голем број од работниците коишто ги користеа времените мерки(родители на деца до 10 години, хронично болни, бремени жени) и имаа договори на определено работно време, а постојано беа со закана за отказ од страна на работодавачите, се охрабрија и се обратија до„Гласен текстилец“, по што успешно ја искористија мерката и покрај претходно упатените закани. 4. Како успех, може да се вброи успешната соработка со Државниот инспекторат за труд(ДИТ) во случаите кога беше исплаќана плата пониска од минималната, утврдена со уредба со законска сила и Законот за минимална плата за вработени кои ги користеа времените мерки за ослободување од работни обврски. Покрај овие вработени, пониска од минималната плата им се исплаќаше и на оние коишто одеа редовно на работа. Во продолжение имаме две успешни претставки, во коишто ДИТ ги открија неправилностите. По добиени сознанија од вработени, испратена е претставка до надлежен инспекторат и е извршен вонреден инспекциски надзор во неколку текстилни фабрики во Валандово: – Во команијата„Х“ е констатирана исплата на плата пониска од минималната за месец април, и тоа на 90% од вработените. По реакција на „Гласен текстилец“ до ДИТ и постапување на ДИТ, донесено е решение, со кое се задолжува работодавачот за месец април да направи корекција на плата; – Во компанијата„Y“ е утврдено дека на 16 вработени кои користат времени мерки(бремени жени, родители на деца до 10 години), им е исплатена плата во висина од 50% од минималниот износ, поради толкување на виша сила(во член 112, став 7 од Законот за работни односи е предвидено ако работникот нема можности да ја врши работата поради виша сила, а за да не настане престанок на работниот однос, работодавачот може да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата). По постапувањето на ДИТ, а на реакција на„Гласен текстилец“, донесено е решение со кое се задолжува работодавачот да направи корекција на плата,бидејќи таквото отсуство се смета како оправдано отсуство од работа. – На барање на„Гласен текстилец“ ќе биде извршен и инспекциски надзор во скопска конфекција, каде ќе се утврдат бројни неправилности во делот за исплата на плата на оправдано отсутни работници опфатени со времени мерки. Следствено, со решение од надлежен инспектор ќе му се наложи на работодавачот да направи корекција на платите на вработените. Исто така, утврдено е и неисплаќање на минат труд и задолжен е работодавачот со решение да се исплаќа. Поради проблеми со работењето на електронската евиденција на работно време, работодавачот е задолжен да води евиденција на прекувремена работа и во рок од 15 дена да ги отстрани сите неправилности. 11 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ ВИД НА ПРЕКРШУВАЊ Е Откази за време на криза со Ковид-19 Закана со отказ или неплатени денови Непочитување на здравствените мерки и препораки на работно место(минимално растојание од 1,5 м) Прекршување на правото на отсуство на еден родител Намалување на работните часови за време на Ковид-19 БРОЈ НА ЗАСЕГНАТИ РАБОТНИЧКИ/ЦИ 626 20 543 12 110 Непродолжување на договорите на определено време Не се почитува минималното растојание од 1,5 метри при транспорт со јавен превоз Исплаќање на плата помала од минимална на работниците кои ги користат времените мерки(родители на деца до 10 години, хронично болни, бремени) Работа за време на карантин и полициски час Плата помала од минимална на работниците кои редовно одат на работа Непродолжување на договорите на определено време (родители на деца до 10 години, хронично болни, бремени) Работници кои беа приморани да потпишат спогодбени откази Нехигиенски услови и непочитување на протоколи за заштита од Ковид-19 на работните места Непочитување на отказен рок и договор на определено време од страна на работодавачи 157 / 360 900+ 350 14 204 925 46 БРОЈ НА ПРИЈАВИ 14 2 6 12 4 5 7 9 5 10 4 2 3 12 Ова се податоци од дата-базата на„Гласен текстилец“ за вработени кои побарале правна помош и се обратиле до здружението од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19, односно од 10 март до 10 јуни, 2020 година. *Бројот на опфатени вработени е веројатно поголем од наведените бројки во табелата поради различните одговори од секој подрачен инспекторат за труд при вршење на инспекциски надзори во однос на број на вработени опфатени по пријава од Здружението. Овие бројки се од директен и индиректен контакт со вработените кои се обратиле до Здружението кои со сигурност го потенцирале бројот на колегите од дадена фирма во врска прекршувања на нивните човекови и работнички права во време на социо-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19. 12 ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 5 ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 ВОВЕДОТ ВО КРИЗАТА И ПРВИТЕ НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ Пандемијата на Ковид-19 во светот почна да се развива при крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, а истата во Македонија почна да се чувствува на почетокот на март 2020 година заради што државните институции почнаа да размислуваат за справување со можните последици и конечно од 10 март 2020 година Владата на Македонија започна со првите мерки за справување со пошироките општествени последици од пандемијата во нашата земја. Бројните мерки што започнаа да се носат, беа насочени кон остварувањето на повеќе цели од кои основната беше да се зачува здравјето на граѓаните, но истовремено да не се дозволи заради тоа да се појават и преголеми економски загуби и да се оневозможи нормалниот процес на производството на стоки и услуги и потрошувачката на населението. Односно мерките приоритетно беа насочени кон зачувувањето на здравјето на населението и спречување на ширењето на пандемијата, задржување на животниот стандард и макроекономската стабилност на земјата, особено ценовната стабилност и стабилноста на курсот на денарот, задржување на ликвидноста на буџетот на државата заради непречено остварување на нејзините јавни функции(особено виталните функции во време на пандемија) и спречување на можната појава на поголеми социјални и хуманитарни последици. Ваквиот пристап, без разлика на тоа дали и колку бил оправдан, секако дека со себе донесе и сè уште ќе носи и значајни позитивни, но и одредени проблематични последици врз економијата на земјата. Последиците, заради природата на пандемијата, во некои области од живеењето и општеството, како и во некои дејности и гранки од економијата беа и сѐ помали, а во некои од нив, природно беа и сѐ поголеми. Многу мал дел од дејностите во економијата ја подобрија својата состојба и перформанси и тоа се само оние чии што економски активности се многу значајни во моментот и од кои има зголемени потреби во времето на кризата од пандемијата(производство на опрема и средства за заштита од вирусот, лекови и медицинска опрема, здравствени услуги, ИКТ опрема, софтвер и комуникациски услуги што обезбедуваат интеракции на луѓето без физичко присуство и друго). Голем дел од државните мерки за справувањето со кризата, особено оние најекстремните за привремена забрана за вршењето на дејноста во некои сектори(образование, угостителство, хотелиерство, лица вработени во сите дејности што имаат специфични здравствени проблеми или во семејството имаат мали деца и друго) или делумна забрана за обавување на дејноста со полн технички капацитет (транспорт на патници, туризам, културни услуги и друго), бездруго имаа ефект на намалување на нивото на вкупните економски активности. Сепак, заради фактот што рестриктивните мерки започнаа при самиот крај на првиот квартал од 2020 година, односно кон средината на март, податоците за тој квартал не се драматични, па националната економија, како и најголемиот број компании во тој квартал забележаа само незначителни загуби од пандемијата за што сведочат податоците за нивото на БДП; состојбата со индустриското производство; извозот на стоки и услуги; бројот на вработените во економијата; нивото на просечните плати; како и други показатели за економијата во целина, но исто така и за текстилната, кожната и чевларската гранка во рамките на индустријата. За илустрација, економијата во првиот квартал од 2020 година не доживеа ниту рецесија, туку се задржа во зоната на незначителен раст од 0,2 отсто во однос на истиот квартал во 2019 година. Сепак, преработувачката индустрија во чии рамки спаѓаат и текстилната, кожната и чевларската гранка имаше пад на БДП од 1,7 отсто. Во март бројот на вработените во индустриската дејност во целина беше помал за 3,4 отсто во споредба со просекот од 2019 година, а во производството на текстил зголемен за 16,7 отсто, производството на облека (т.н. конфекциски фабрики) намален за 21,4 отсто и во производството на кожа и производи од кожа намален за дури 54 отсто. Тие тенденции беа при13 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ сутни и во минатите години независно од појавата на пандемијата во 2020 година. Исплатените просечни нето-плати во март беа на ниво од 26.422 денари во целата економија; 22.358 денари во преработувачката индустрија; наспроти 21.844 денари во производството на текстил и само 17.150 денари во производството на облека(конфекциските фабрики) и 15.282 денари во производството на кожа и производи од кожа. Тоа, во основа, сè уште беше на ниво на декемвриските просечни нето-плати за 2019 година од 26.836; 23.427; 25.028; 17.816; и 16.424 денари соодветно(табела 1) што укажува дека ударот врз платите во првиот квартал, вклучувајќи го и месецот март поединечно, де факто, беше непостоечки. Податоците од табелата 1 ни покажуваат дека БДП на економијата и соодветно на текстилната, кожната и чевларската гранка во рамките на индустријата беше на патека со умерен раст, но дека во првиот квартал од 2020 година тој влезе во фаза на стагнација заради состојбите со пандемијата и воведените мерки на ограничување на работата во одредени дејности. Ударот на кризата од пандемијата врз економијата во целина, во индустриската дејност како значајна за економијата и во рамките на текстилната, кожната и чевларската гранка сè уште беше незначителен и економијата, особено приватниот сектор во кој спаѓаат текстилната, кожната и чевларската гранка, со мали исклучоци, успеа да го задржи континуитетот на производството. Табела 1 Избрани индикатори за состојбата со економијата, преработувачката индустрија и текстилната, кожната и чевларската гранка во рамките на индустријата на Македонија – прв квартал 2020 год. споредено со истиот период од претходната година Индикатор БДП(раст во%) БДП на преработувачката индустрија Месечен раст на физичкиот обем на индустриското производство (во%) преработувачка индустрија производство на текстил производство на облека производство на кожа и производи од кожа Вработени во индустријата (месечен раст во%) преработувачка индустрија производство на текстил производство на облека производство на кожа и производи од кожа Просечна месечна нето-плата/ вработен(во денари) преработувачка индустрија производство на текстил производство на облека производство на кожа и производи од кожа квартал 4 2019 3,4 -0,1 квартал 1 2020 0,2 -1,3 декем. 2019 / / -5,9 -3,1 -2,1 -7,9 -28,9 -2,4 -2,6 -2,5 -6,8 -22,6 26.836 23.427 25.028 17.816 16.424 јан. 2020 / / 0,3 4,6 18,9 6,1 -19,5 -3,2 -3,5 -4,6 -8,2 -19,6 27.540 23.295 22.368 17.765 16.650 февр. 2020 / / 3,5 6,6 11,9 9,5 -18,7 -3,2 -3,6 -6,2 -7,6 -9,5 27.206 23.359 22.076 17.702 16.172 март 2020 / / -13,4 -14,3 -15,5 -15,9 -26,7 -4,5 -4,8 -7,0 -7,6 -15,3 26.422 22.358 21.844 17.150 15.282 Извор: Податоците се презентирани согласно месечните соопштенија на ДЗС за движењето на физичкиот обем на индустриското производство, вработените во индустријата; и просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија за дек 2019 – март 2020 година и кварталните соопштенија на ДЗС за БДП во Македонија за 4 квартал 2019 и прв квартал 2020 година. Каде што беше потребно, индексните броеви беа конвертирани во процентни промени заради конзистентност на податоците во табелата. 14 ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 Физичкиот обем на индустриското производство во текот на претпандемиските јануари – февруари 2020 година покажа знаци на релативно задоволителен раст, вклучувајќи го и растот во рамките на текстилната гранка, додека во кожната и чевларската гранка истото продолжи да се намалува, но во текот на март вкупниот физички обем на индустриското производство, вклучувајќи го и обемот на производството во текстилната, кожната и чевларската гранка што се типични трудоинтензивни гранки со обемен ангажман на работна сила во производството, нагло се намали за околу 13 – 15 отсто на месечно ниво што беше исклучива последица од ударот на пандемијата. Бројот на вработените работници во индустријата, но и во рамките на текстилната, кожната и чевларската гранка, што и онака е во подолгорочна фаза на намалување, продолжи во текот на првиот квартал од годината, но значително се забрза во март 2020, исто така под ударот на пандемијата. Како последица на намалувањето на производството и воведените рестрикции од властите, очекувано беше да дојде и до благо, но не и вознемирувачко намалување на висината на нето-платите во март 2020 година во однос на дотогашното претпандемиско ниво. Тоа намалување може да се оцени како незначително. Финансиските и компензаторните мерки на владата за вработените што се под удар на пандемијата, во тој период беа во фаза на креирање и во најголем дел се активираа и имплементираа веќе во април, односно со почетокот на вториот квартал од 2020 година. Како заклучок може да се извлече дека ударот на пандемијата врз Македонија и нејзината економија, како и и врз преработувачката индустрија, вклучувајќи ги текстилната, кожната и чевларската гранка, иако започна кон средината на март 2020, само незначително се почувствува во текот на првиот квартал од годината, односно имаше многу благ негативен ефект само во втората половина на март, но, во целина, тоа не може да се оцени дека беше критично. Поголемиот удар врз економијата и врз преработувачката индустрија, вклучувајќи ги текстилната, кожната и чевларската гранка и вработените во нив се случија во текот на вториот квартал (април-јуни) од годината, но тие делумно беа амортизирани со активните мерки на државата. РАЗВОЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА И МЕРКИТЕ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА КРИЗАТА Пандемиската криза особено се разви во текот на вториот квартал од годината и соодветно на тоа од страна на државата беа преземани поголем број разни мерки за ублажување на нејзините економски последици и тоа како за целокупната економија, така и за нејзините најпогодени делови меѓу кои и текстилната, кожната и чевларската индустриска гранка. Чистите ефекти од ударот на кризата врз економијата и особено врз текстилната, кожната и чевларската гранка од индустријата, не можат целосно да се изолираат бидејќи мерките за нејзино ублажување беа преземани паралелно со развој на пандемијата, но врз основа на одредени податоци може да се согледаат финалните ефекти од кризата врз овие гранки. Од повеќето донесени мерки најголемо влијание врз состојбата на вработените од текстилната, кожната и чевларската гранка на индустријата беа оние за финансиска поддршка за компаниите од приватниот сектор што се погодени од кризата предизвикана од пандемијата. Едната мерка беше обезбедување на буџетски средства за исплатата на платите за работниците кај работодавачот што ќе побара финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, согласно условите определени со регулативата, а во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа. При ова, основна заложба беше работодавачите што ќе ја добијат финансиската поддршка, да имаат обврска истиот број вработени што го имале при аплицирањето, да го задржат заклучно со месец септември 2020 година. Со оваа мерка беа поддржани околу 120.000 вработени во приватниот сектор од околу 20.000 компании(регистрирани трговски друштва), а за што беа потрошени 79,5 милиони евра од буџетот на државата. Втората мерка беше насочена кон обезбедување на буџетски средства за исплата на паричен надоместок за месечна плата за граѓаните што останале без работа поради кризата и тоа во висина од 50% од просечната плата што ја имал работникот во последните 24 месеци. Исто така се обезбеди и финансиска поддршка на од пандемијата погодени ранливи категории на граѓани (пензионери, невработени,студенти, приматели на различна социјална помош и др.). Со оваа мерка се поддржаа 309.000 граѓани за што се обезбедија буџетски средства во висина од 26,8 милиони евра. За компаниите од приватниот сектор се обезбедија и поволни бескаматни средства со кредити со соодветен грејс-период на достасување за мали и средни претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија(РБСМ) во два наврати. Првиот пат во висина од 5 милиони евра за 737 компании и вториот пат во висина од 8 милиони евра за 639 компании со вкупно 11.325 15 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ вработени лица од кои дел беа и од текстилната, кожната и чевларската индустриска гранка. Овие две клучни мерки, заедно со кредитната поддршка преку РБСМ и другите пропратни мерки од првиот пакет донесен при крајот на март и со почетокот на имплементација од април 2020 година обезбедија соодветна финансиска заштита на вработените во услови на кризата, но не обезбедија услови за редовно продолжување на производните процеси во целина и во текстилната, кожната и чевларската гранка што беше и нормално да се очекува бидејќи овие мерки во поголем обем спаѓаат во доменот на оние за директна социјална заштита на вработените, а не за поттикнување на производството. Инаку една од поригорозните мерки на владата беше онаа од 04 јуни 2020 со која привремено се забрани работа на текстилните компании за време на траење на воведениот карантин на ниво на општина Штип каде што има голем број компании и вработени во таа гранка. Повремени загуби во дејноста се нанесуваа и кога одредени делови или цели компании од текстилната, кожната и чевларската гранка од индустријата мораа привремено да се затворат заради постоење на вработени лица заболени од Ковид-19. Врз основа на ваквите вкупни состојби, ударот врз текстилната, кожната и чевларската гранка од индустријата во Македонија сепак беше невообичаено голем. Индикаторите покажуваат дека во текот на вториот квартал од годината дојде до нагло влошување на обемот на производството, намалување на бројот на вработените и нивото на просечната месечна нето-плата на вработените во овие гранки, што впрочем беше случај и со економијата во целина и во голем дел од нејзините дејности. Ефектите можат да се видат од податоците во табелата 2 за вториот квартал од годинава. Табела 1 Избрани индикатори за состојбата со економијата, преработувачката индустрија и текстилната, кожната и чевларската гранка во рамките на индустријата на Македонија – втор квартал 2020 година, споредено со истиот период од претходната година Индикатор БДП(раст во%) БДП на преработувачката индустрија Месечен раст на физичкиот обем на индустриското производство(во%) преработувачка индустрија производство на текстил производство на облека производство на кожа и производи од кожа Вработени во индустријата(месечен раст во%) преработувачка индустрија производство на текстил производство на облека производство на кожа и производи од кожа Просечна месечна нето-плата/вработен(во денари) преработувачка индустрија производство на текстил производство на облека производство на кожа и производи од кожа квартал 2 2020 -12,7 -29,4 април 2020 / / -35,5 -40,5 -62,5 -44,7 -69,9 -5,1 -5,5 -9,8 -7,8 -21,0 25.830 20.902 19.733 16.725 13.729 мај 2020 / / -27,0 -22,1 -44,9 -35,8 -58,9 -5,1 -5,6 -9,9 -7,1 -17,6 26.390 21.270 19.639 17.443 14.255 јуни 2020 / / -15,1 -14,6 -20,6 -23,5 -40,6 -5,2 -5,7 -7,3 -6,9 -17,4 26.867 22.172 20.453 17.714 15.284 Извор: Податоците се презентирани согласно месечните соопштенија на ДЗС за движењето на физичкиот обем на индустриското производство, вработените во индустријата; и просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија за април – јуни 2020 година и кварталните соопштенија на ДЗС за БДП во Македонија за втор квартал 2020 година. Каде што беше потребно, индексните броеви беа конвертирани во процентни промени заради конзистентност на податоците во табелата. 16 ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 Евидентно е дека економијата во Македонија, како впрочем и во целиот свет 1 , доживеа значителен удар од пандемијата и таа, мерена преку нејзиниот БДП, во вториот квартал од 2020 година се намали за 12,7 отсто, но тоа што е позначајно, е дека преработувачката индустрија во која спаѓаат текстилната, кожната и чевларската гранка, практично беше најпогодена дејност чиј што БДП се намали за 29,4 отсто, односно за повеќе од двојно од просекот во економијата на земјава. Во рамките на економијата, индустријата како дејност, особено нејзиниот преработувачки дел, забележа уште поголем пад. Физичкиот обем на индустриското производство во април колабираше за дури 1/3 од своето претходно ниво, а преработувачката индустрија изгуби над 2/5 од своето производство. Секако дека најпогодени беа трудоинтензивните гранки како што се текстилната, кожната и чевларската што буквално се преполовија и соодветно изгубија дури 62,5; 44,7; и 69,9 отсто од своето производство. Како што може да се види од табелата 2, дури во текот на јуни тие успеаја да се вратат на нивото од околу 3/4 од претходното производство, односно падот да биде околу 1/4 во текстилната и 2/5 во кожната гранка. Секако дека ваквите трендови го забрзаа губењето на работните места и предизвикаа намалување на вработените во индустријата и посебно во текстилната, кожната и чевларската гранка. Последниве повторно беа најпогодени и за разлика од индустријата во целина и преработувачката индустрија што за време на трите месеци од вториот квартал(април – јуни) изгубија по 15 и 17 отсто од вработените соодветно, намалувањето на работниците во текстилната, кожната и чевларската гранка беше со многу поголема динамика и тие изгубија по околу 22 – 28 отсто од работниците во текстилната гранка, додека загубата во работници во кожната гранка беше драстична и изнесуваше околу 55 отсто од работниците. Со тоа илјадници работници од текстилната, кожната и чевларската гранка во Македонија ги изгубија своите работни места 1 На пример, БДП во ЕУ – 27 во вториот квартал од оваа година, споредено со истиот од минатата година е намален за огромни 14,1 отсто, а во еврозоната за 15 отсто(Германија – 11,7, Франција – 19,0, Италија – 17,3, Шпанија – 22,1,) и тоа е најголем пад од кога постои временската серија на мерења на БДП во ЕУ, што предизвика намалување на вработеноста од 2,6 и 2,9 отсто соодветно. Тоа ја зголеми невработеноста во ЕУ и еврозоната на 7,1 и 7,8 отсто во јуни и 7,4 и 8,1 отсто во август соодветно со што вкупниот број невработени во ЕУ повторно се зголеми на над 15 милиони лица во јуни и 15,6 милиони во август, не сметајќи го практично до вчера редовно вклучениот број невработени лица и од Велика Британија кој сега е речиси 1,5 милиони. Од друга страна падот на кварталниот БДП во САД помина со нешто поблаги, но сепак високи 9,5 отсто со што таму невработеноста се зголеми на 11,1 отсто односно 17,7 милиони лица во јуни, па потоа да падне на 8,4 отсто и 15,6 милиони лица во август 2020 година. заради пандемијата, но добра околност е што тие беа опфатени со мерките на државата за исплата на паричен надоместок за месечна плата за работниците што останаа без работа поради кризата и тоа во висина од 50% од просечната плата што ја имал работникот во последните 24 месеци. Заедно со намалувањето на БДП во националната економија и во индустријата; со падот на физичкиот обем на индустриското производство, но и со намалувањето на вработените во индустриската дејност и текстилната, кожната и чевларската гранка, логично беше да се очекува и намалување на нето-платите што работниците ги добиваа во текот на април – јуни, период што до овој момент беше најмногу погоден од пандемиската криза. Имено, платите на вработените во земјава се намалуваа со динамиката што може да се види во табелата 2, а најпогодени секако дека беа оние во трудоинтензивните текстилна, кожна и чевларска гранка што и онака имаа многу ниски плати, најчесто и на ниво на загарантирани со закон плати од 14.500 денари месечно. Нивото на платите најголем пад имаше веднаш по воведувањето на мерките за ограничување на работењето од страна на владата во април, а потоа тие благо се покачија во текот на мај и јуни, но никогаш не го достигнаа нивото од декември 2019 година. Конкретно во текстилната, кожната и чевларската гранка тие: – во производството на текстил паднаа на пониско ниво од декември 2019 година и тоа за околу 3.000 денари или 15 отсто; – кај производството на облека(најзастапена гранка со голем број компании и вработени) останаа на речиси исто ниво; и – кај кожната гранка се намалија за околу 1.200 денари, или 8 отсто. Овие ефекти на задржување на падот на платите над нивото на падот на производството, пред сè, беа постигнати со мерката за обезбедување на буџетски средства за исплатата на платите за работниците кај работодавачите од текстилната, кожната и чевларската гранка што побараа финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник. НАЈНОВИ СОСТОЈБИ Состојбите во текот на првите два месеци од наредниот трет квартал на 2020 година(јули – август) продолжија да се подобруваат соодветно со релативното намалување на ширењето на пандемијата, но веќе во септември со благото влошување на состојбата со пандемијата, може да се очекуваат повторни проблеми, а соодветно на тоа и влошу17 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ вање на економските индикатори, посебно во текстилната, кожната и чевларската гранка. Индустриското производство во јули во индустријата и нејзиниот преработувачки дел се намалија за 9,5 и 6,5 соодветно, а во текстилната за околу 5 – 7, односно 48 отсто во кожната гранка. Слични беа резултатите за нивото на индустриското производство за август кога тоа во текстилната и кожната гранка се намали за околу 8 – 12, односно 43 отсто. Соодветно на тоа и бројот на работниците во текстилната и кожната гранка во август 2020 година се намали за околу 6 – 7, односно 14 отсто. Нивото на платите продолжи да се одржува на ниско но стабилно ниво – просечната месечна нето-плата/ вработен во економијата во јули беше 27.231 денари; во преработувачката индустрија 22.882, а во производството на текстил, производството на облека; и производство на кожа и производи од кожа 21.882; 17.969; и 16.571 денари соодветно. Тоа покажува дека за оние што и понатаму се на работа во текстилната, кожната и чевларската гранка во услови на оваа продолжена криза на пандемија и постоење на реална закана од релативно остра економска рецесија, платите како основен извор и столб на нивниот животен стандард останаа релативно стабилни. Во такви услови, најавениот нов пакет на антикризни мерки од владата при крајот на септември е дополнителна надеж за зачувување на стандардот на вработените и на населението и евентуална појава на поголеми социјални и хуманитарни последици од пандемијата на Ковид-19. Во последниот, есенски пакет на мерки, се содржат и мерки за поддршка на платите на работниците во приватниот сектор на ниво од 14.500 до 21.776 денари по вработен во текот на целиот четврти квартал(октомври – декември) од 2020 година со што би се заштитиле голем број работни места, односно околу 250.000, а за финансирање на мерката би се обезбедиле околу 70 милиони евра од државниот буџет; доделување на државна помош преку системот на платежна картичка за домашни производи за околу 280.000 граѓани(27,6 милиони евра); поволни кредити за мали и средни претпријатија од РБСМ со средства од Европската инвестициска банка; и многу други мерки за разни видови стопански дејности и гранки или за граѓани од различни ранливи категории во време на пандемиската криза. Целиот пакет се состои од 31 мерка и ќе достигне околу 470 милиони евра. Компаниите и вработените во текстилната, кожната и чевларската индустриска гранка ќе можат да користат средства од клучните мерки на пакетот, но и од голем број други мерки. 18 ПРАВНА РАМКА НА ДОНЕСЕНИТЕ МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 6 ПРАВНА РАМКА НА ДОНЕСЕНИТЕ МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 Не така сјајната ситуација во текстилната, кожарската и чевларската индустрија пред пандемијата, се преслика и по прогласување на пандемијата во Република Северна Македонија и истата дополнително се влоши. Донесените уредби, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија беа нејасни, конфузни, а слободно може да се каже дека дел беа и спротивни на позитивното работно законодавство. Само мал дел од уредбите, мерките и препораките суштински допреа до пазарот на трудот во трудово-интензивните и ниско-платени индустриски гранки на начин позитивен за работниците и работничките од овие индустрии. Пандемијата која го зафати светот и Република Северна Македонија, особено тешко се одрази на пазарот на труд, а за да биде уште полошо, истата започна во период на предвремени парламентарни избори и ја зафати штотуку формираната техничка влада. Така и можноста за навремено и ефикасно делување за време на пандемијата се преточи во брзо донесување на дел од уредбите со законска сила без соодветна и јавна дебата, како и анализа за начинот и формата и правните решенија кои треба да се постигнат со донесување на овие уредби, мерки препораки. Доколку дел од уредбите со законска сила внимателно се анализираат, односно ако се анализираат дел од институтите на работното право, ќе може да се воочи нивна спротивставеност на дел од Законот за работни односи, но и конвенциите и препораките на Меѓународната организација на трудот. Подолу во текстот, би сакале хронолошки да ги прокоментираме мерките, уредбите, заклучоците и препораките на Владата донесени за време на прогласената вонредна состојба во РСМ: – Замислата на мерката за ослободување од работни обврски на хронично болните, бремените жени и родители на деца до 10 години(најчесто, мајки) на хартија, мора да биде поздравена. Замислата на доносителот е обѕирна, хумана, во корист на граѓаните. Со оваа мерка доносителот ја зема предвид ситуацијата со вирусот кој може да биде фатален по хронично болните, евентуално по здравјето на бремените жени, а со затворање на воспитно-образовните установи се зема предвид и грижата за децата во предучилишна и школска возраст. Но, во пракса на пазарот на трудот, особено во приватниот сектор, се јавија голем број прекршувања посебно во делот на ослободување на овие ранливи категории на работници и работнички. За да биде појасно, би сакале да прокоментираме неколку случаи кои беа пријавени од страна на работниците и работничките во здружението„Гласен текстилец“ кое во соработка со адвокати обезбедуваше правна помош сиот овој период. Дел од пријавените случаи на родители со деца од 10 години истакнаа и се обратија за помош бидејќи работодавачите од текстилната индустрија одбија да ги ослободат од работа барајќи дополнителни докази за вработувањето на другиот родител дали истиот е во работен однос и дали е пријавен како невработен во АВРСМ. Од страна на Владата беше истакнат образец/ изјава со која вработените подлежеа на кривична, морална и материјална одговорност дека податоците кои ги внесуваат се вистинити и со истата бараа да им биде овозможено ослободување од работни обврски на работното место поради погоре набројаните состојби(бремени жени, хронично болни, родители на деца до 10-годишна возраст. За да биде појасно, имаше неколку примери каде еден од родителите е надвор од државата, но во РСМ е пријавен како невработено лице. Поради затворените граници и прекинатиот превоз од секаков вид за враќање назад, во РСМ, дел од родителите не беа во можност да се вратат назад и да се погрижат за своите деца. Тогаш се појави проблем каде родителот кој е во државата и притоа е вработено лице, не успеа да биде ослободено од работни обврски од работодавачот поради тоа што родителот кој е заминат во странство, се води како невработено лице во Агенцијата на вработување на Република Север19 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ на Македонија или пак немаат доказ дека истиот е надвор од државата вработен во странство. Делот од мерката која се однесува на хронично болните е нефункционална, бидејќи дел од работодавачите кои од страна на работниците добија потврди за нивната здравствена состојба и врз основа на тие потврди усно им беше предочено на истите вработени дека можат да седат дома. По изминување на десетина дена, работниците добија откази поради кршење на работниот ред и дисциплина, односно, поради недоаѓање на работа три дена последователно или пет дена во годината. Поголем дел од приватниот сектор одбиваа да ги заведат овие потврди во деловодните книги поради што особено е тешко докажувањето подоцна во судски постапки дека се исполнети условите за ослободување од работа. Овде голема улога одигра и недостатокот на правно знаење на вработените за начинот со кој ќе можат да докажат дека навистина се доставени потврдите до работодавачот. Но, сето погоре споменато, продуцираше зголемен број откази поради кршење на работниот ред и дисциплина поради три дена последователно недоаѓање на работа(чл. 81 од ЗРО). Ова се случуваше кај вработени со договор на работа на неопределено работно време, додека оние кои беа на определено работно време, нивните договори за работа не беа продолжени со нови анекси на договор. Иако дел од работниците во текстилната индустрија извршуваат исти работни задачи на исто работно место кај ист работодавач повеќе од 5 години, сепак се на определено работно време. Така, овие вработени останаа без работно место, само поради фактот дека се плашеа за своето здравје и сакаа да ги искористат мерките од Владата кои им беа, наводно, на располагање. Имаше и случаи каде вработени на договор на определено работно време предвреме беа одјавени, односно пред истекот на договорот за вработување на определено време. – Ако внимателно се анализираат мерките, заклучоците, уредбите со законска сила, кои се донесени во периодот од затворање на воспитно-образовните установи, поточно од 10 март, ќе се забележи во неколку наврати дека има огромна разлика и игра на зборови од страна на Владата. На пример, на 15-тата седница на Владата од 10.03.2020 г., се вели:„ Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во РСМ, јавните претпријатија и другите правни лица основани од едниците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор , за вработените лица во овие институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години за кого е неопходно домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот “. Или пак, од 16тата седница на Владата на РСМ каде се вели:„ Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во РСМ, јавните претпријатија и другите правни лица основани од едниците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор времено да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните(неодење на работно место и овие лица да останат во своите домови)“. Има уште многу примери каде за јавниот сектор стои зборот задолжува, а за приватниот сектор стои препорака. И пак се навраќаме на погоре споменатото дека на приватниот сектор само му се дава препорака за да се придржуваат до донесените мерки, заклучоци, препораки, но препораките сами по себе, не се облигаторни и не можеме да се повикаме на законска обврска или непочитување бидејќи нема уредба со законска сила по која би барале одговорност за непочитување. Едноставно, не беа ставени вработените од јавен и приватен сектор во иста положба, туку јавниот сектор во привилигирана, што само по себе се коси со самиот Устав како највисок орган во РСМ и наспроти сите конвенции. – На 25-тата седница на Влада од 21.03.2020 г, е донесена мерка во однос на превозот на патници, а подоцна на 16.04.2020 година се носи во вид на Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба. Со давањето на обична препорака, во тој период до 16.04., не можеше да биде никој повикан на одговорност во врска со ширењето на вирусот при транспорт на патници или организиран превоз на вработени. Така во тој период се појавија голем број прекршувања и непочитувања на оваа мерка од страна на работодавачите кои имаат организиран превоз на своите вработени. Работодавачите не ја почитуваа мерката на намалување на капацитетот на транспортот на вработени за 50%. Поради тоа е важно да се нагласи дека поради непочитувањето на оваа мерка во Штип како град на текстилната индустрија, ова беше причина за зголемување на бројот на заболени од вирусот Ковид-19. Но, и со донесување во вид на Уредба со законска сила, останаа недореченостите во истата во делот на контрола или надзор на спроведување за мерка20 ПРАВНА РАМКА НА ДОНЕСЕНИТЕ МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 та и подоцна и уредба за време на вонредна состојба. Така, продолжи хаосот со институционално префрлање на одговорностите помеѓу трудовиот инспекторат, инспекторатот за безбедност и здравје при работа, Министерството за внатрешни работи, како и сообраќаен инспектор кој работи во склоп на општините. – На 32 седница на Владата на РСМ е донесена Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Прекршувањата кои се појавија, се од причина што работодавачите овие 14.500 денари месечно по работник ги сфатија како нивна помош за фирмата, а не како наменска помош која се однесува за исплата на плати на вработените. Во оваа мерка постои задолжение дека работодавачите можат да ја користат исклучиво за исплата на плати за своите вработени. Поради непочитување на оваа мерка, до здружението имаше зголемени пријави од страна на вработени дека на дел им се исплаќа помала плата од минималната, утврдена во Законот за минимална плата, а дел од пријавите беа дека воопшто не им беше исплаќана плата, иако работниот процес кај работодавачите не беше воопшто прекинат. Уредбата со законска сила за примена на законот за минимална плата во РСМ за време на вонредна состојба е донесена на 33 седница на Владата на РСМ со член 1 и 2 кои велат дека за висината на минималната нето-плата за месец април, мај и јуни 2020 година, се применуваат одредбите од оваа уредба и се вели дека висината на минималната нето-плата за месец април, мај и јуни 2020 година, изнесува 14.500 денари. Уредбата децидно вели дека доколку работодавачот треба да ги врати сите финансии во целост со камата доколку се утврди од Управата за јавни приходи или Државен инспекторат за труд при инспекциска контрола дека не се исполнети условите за користење на мерката. Најпрво, се вели дека работодавачот треба да го задржи бројот на вработени до септември 2020 година, но поради очигледен притисок од страна на бизнис-организациите, подоцна истата уредба се дополнува и менува и вели дека треба да се задржи бројот на вработени до јули освен во случаи наведени во самата уредби и одредени причини за намалување на број на вработени. Иако од страна на здружението имаше официјални дописи и барања до Управата за јавни приходи за злоупотреби и неисплаќање на минимална плата на вработени од фирми кои користеа државна помош, сепак, Управата за јавни приходи не постапи и се прогласи за ненадлежна. Така до денес, остана скандал со злоупотреба на државни пари од дел од работодавачи за кои не ја знаеме разврската. Единствено по барање на здружението до Државниот трудов инспекторат по добиени сознанија за неисплаќање на минимална плата или исплата на помала плата од минималната, беше констатирано прекршување за онаму каде имаше докази и сознанија и со решение од надлежен инспектор, се наложи исплата или корекција на плата кај даден работодавач. – На 57 седница на Владата се носи Уредба со законска сила за примена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба. Toa е всушност и единствена мерка која може да се пофали во целост. Од првите воведени кризни мерки за затворање на воспитно-училишните установи, ослободувањето на родители, бремени и хронично болни лица, работодавачите веднаш преминаа кон откажување на договорите за вработување. Во периодот од 10 март до 30 април 2020 година, всушност се случија најголемите злоупотреби врз работничките права. Работодавачите применија незаконски откази како би се ослободиле од обврски за исплата на плата и осигурување – здравствено и пензиско. Даваа спогодбени откази, изјави за спогодбен прекин на договорот за вработување, а многу од нив содржеа и кривични дела каде се фалсификуваа потписи на вработени во случаи кога вработените беа на договори на неопределено работно време. По укажувања од страна на здружението за овие злоупотреби, со донесување на пакетот на мерки, претставници на здружението бараа ваквите видови откази да бидат процесоирани, а во меѓувреме да се дозволи на вработени кои во периодот од 11 март до 30 април им прекинал работниот отказ поради погоре наведените причини, да се здобијат со право на надомест во случај на привремена невработеност од АВРСМ. Во уредбата е пропишано дека на сите вработени на кои им престанал работниот однос, независно од причините за прекинување на работниот однос, да се здобијат со право на надомест во случај на невработеност од АВРСМ. Со оваа мерка беа опфатени работници на кои им беше прекинат работниот однос во период од 11 март до 30 април. Со оваа мерка се направи директна интервенција во Законот за осигурување во случај на невработеност на начин поповолен за работниците и покрај основите наведени во законот. Паричен надоместок ги следуваше и вработените на кои спогодбено им е прекинат работниот однос и работниците кои поднеле нивно барање за престанок на работниот однос во наведениот период. – На 02.04.2020 година се донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба. Во членот 3 од оваа уредба се пропишува користењето на го21 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ дишниот одмор за приватниот сектор:„За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус Ковид-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.“ Загарантираниот годишен одмор на вработените и пред време на пандемијата во текстилната индустрија е со огромен број законски прекршувања со фиктивно користење на денови од годишните одмори без реално да им се овозможи на работниците користење на законски загарантираниот минимум денови од годишен одмор. Оваа мерка се коси со мерката за ослободување од работа на хронично болни лица, родители на деца до 10 години и бремени жени, бидејќи овие ранливи категории на вработени со претходно донесената мерка беа ослободени од работа, а со сега коментираната мерка им е ускратено уставно и законско загарантираното право на годишен одмор. Односно, да појасниме дека доколку користеле оправдано отсуство од работа(бремени жени, хронично болни, родители на деца до 10-годишна возраст), сега немаат право на користење на годишниот одмор од 2019 година и прв дел од годишниот одмор од 2020 година. Оваа мерка се коси со одредбите од ЗРО и меѓународни конвенции од областа на трудот и овде се поставува прашањето дали Владата може да го ограничи и одземе користењето на годишниот одмор на овие ранливи категории на вработени. Токму во одговорот на ова прашање се гледа контрадикторноста во овие две донесени мерки за ослободување од работни обврски на лица опфатени со мерките на Владата и Уредбата со законска сила за примена на ЗРО во време на вонредна состојба. – Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба од 33-тата седница на Владата е квалитетно решение во делот на посебна заштита на работничките поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, со што на оваа ранлива категорија на работнички им е овозможено надоместокот на плата да им се исплаќа за времетраење на времените мерки од страна на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. – Уредбата со законска сила за примена на Законот за минимална плата за време на вонредна состојба може да ја оцениме дека истата е позитивна за работниците во делот на законски загарантираната минимална исплата на плата. Оваа уредба овозможи инспекторатот за труд во повеќе наврати каде беше пријавено исплата под минимална плата, навремено да реагира и да го задолжи работодавачот со решение да се направи корекција во разликата во исплатената плата до минималната плата. Во однос на безбедност и здравје при работа на вработени во приватниот сектор од областа на стопанството се донесени Уредба со законска сила за ограничување на превоз на патници спомената погоре во анализата и протоколи за работа и минимум услови во фирмите. На 06.04.2020 година изјавија од Владата дека: заштитата на работниците е основен услов за заштита на целата економија, а Владата и стопанството имаат иста цел – во овие вонредни услови работењето на компаниите да продолжи, но истовремено да се сочува и јавното здравје. Затоа апелирaa до компаниите коишто работат во смени и за време на полицискиот час, да покажат одговорност, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштитата на работниците во услови на епидемија од Ковид-19. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките: – Во погоните каде непосредно се врши производниот процес, да се лимитира бројот на вработени до таа мерка работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 м. – Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини. – За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена. – Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно(преку природна и вештачка вентилација). – Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа. – Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19(со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје. – Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници. 22 ПРАВНА РАМКА НА ДОНЕСЕНИТЕ МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД КОВИД-19 Но, овие апели од страна на дел од работодавачите останаа само на хартија, па истото тоа придонесе до зголемување на бројот заболени во текстилните хали и сето тоа поради тоа што работодавачите не обезбедија минимум услови за извршување на работни задачи. Се појавија првите групни заболувања на вработени од компании во Куманово, Прилеп, Штип, Свети Николе, Пробиштип… Очигледна беше некоординацијата меѓу инспекциските служби и немањето на унифициран пристап што кога во одредена компанија има поголем број заболени од вирусот Ковид-19. Се префрлаше топката на одговорност, а во целата таа ситуација најпогодени беа работниците и работничките кои го прележаа вирусот со потешки и полесни последици, но имаше и човечки жртви. На дописи од страна на здружението до Државниот здравствен и санитарен инспекторат за да се запре процесот на работа во одредени текстилни компании каде имаше постојано зголемување на број заразени од вирусот, тие се прогласуваа ненадлежни. Апелите од страна на Центрите за јавно здравје и надлежни министерства не дадоа плод, напротив, профитот беше над здравјето и животот на вработените. 23 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ 7 ЗАКЛУЧНИ РАЗГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ Кога станува збор за препораките во услови на понатаможно созревање на економско-социјалната и здравствена криза под влијание на пандемијата, за да бидат појасни, мора најпрви да бидат потенцирани неколку парадоксални случаи за време на воведување на задолжителен карантин за сите граѓани на Република Северна Македонија. Најпрвин, огромен дел од работодавачите во текстилната, кожарската и чевларска индустрија добија дозвола да го организираат својот процес на работа како што им одговара, со што работниците непречено продолжија да ги извршуваат своите работни задачи и за време на карантинот кој беше воведен од страна на државата. Па овде се поставува прашањето: дали карантинот и воведениот полициски час беа издржани или дали дозволите за работа на одредени работодавачи за време на карантинот се законски? Погоре донесените уредби кои задираат во трудово-правната проблематика уште еднаш ја покажаа хаотичната законска регулатива од областа на трудот како нејасна, контрадикторна и спротивна на конвенциите на Меѓународната организација на трудот(МОТ). Хиперпродукцијата од областа на трудот, лошата систематизираност на законите, нејасните и неквалитетни правни решенија дополнети со нејасните и избрзани уредби со законска сила за време на пандемијата, направија хаос во приватниот сектор во РСМ. Најважно од сѐ е толкувањето и примената на овие уредби со законска сила низ призмата на судската служба во РСМ која резултатот допрва треба да го даде за веќе поведени работни спорови поврзани со погоре коментираните уредби. Здружението„Гласен текстилец“ води дата-база за дадената бесплатна правна помош за време на пандемијата и воведените уредби, мерки и препораки. Она што е забележително од дата-базата е дека има зголемен број откази за време на пандемијата и воведената вонредна состојба во РСМ. Отказите кои беа дадени, се од различни причини и претежно истите се поради кршење на ред и дисциплина, спогодбени откази и истек на договори за вработување од определено работно време. Она што е важно да се потенцира, е дека не се забележани откази од деловни причини,(организациони, технолошки, структурни или економски причини) кои се единствено издржани за конкретната ситуација и кои откази се директно поврзани со причини во работењето на страна на работодавачот. Овие откази работодавачите ги избегнуваат бидејќи со нив на вработените треба да им се исплати испратнина во зависност од годините кои ги имаа поминато во работен однос невработените. Оттука, повторно доаѓаме во дилема: зошто постои ваква одредба во Законот за работни односи, ако истата скоро и воопшто да не се почитува? Голем дел од работниците за време на вонредната состојба се соочија со притисок за потпишување на спогодбени откази, анекс на договори од определено на неопределено работно време или потпишување на анекс на договорот од полно работно време на скратено работно време. Работниците и нивната лоша социо-економска состојба поврзана со летаргијата на целиот економски и правен систем во РСМ со конзистентниот пазар на труд со партизираното општество, ги примора на тоа дека поради немање на избор и дел од овие погоре наведени правни работи, ги потпишат бидејќи директно беше загрозена егзистенцијата на нивните семејства. Од пријавите во здружението може да се утврди дека дел од работниците се соочија со промена на договорите од неопределено на определено работно време, од полно на скратено работно време, без притоа работниците да стават потпис на новите променети договори за вработување или пак на анекси на веќе постоечки договори. Воедно лошата законска регулатива за трансформација на работниот однос овозможува работодавачот до 5 години на своите вработени да им дава договор за вработување на определено работно време. Неквалитетните законски решенија и можноста на работодавачот на своите вработени да им даде договори на определено работно време до пет години, иако има постојана потреба од работници на постојани работни места, за време на Ковид-19 резултираше со непродолжување на договорите на определено работно време. Како учесници во изработка на новиот Закон работни односи, најважна промена на која„Гласен текстилец“ би настојувал е: склучување на догово24 ЗАКЛУЧНИ РАЗГЛЕДУВАЊА И ПРЕПОРАКИ рот на неопределено работно време со времетраење најдоцна по една година, сѐ со цел да се спречи досегашната пракса на искористување и угнетување на трудот на работниците и работничките во приватниот сектор. Така би се создала сигурност на работниот однос кој директно е поврзан со егзистенцијата со работниците и нивните семејства, а и со благосостојбата на едно општество. Дел од пријавените случаи од страна на работниците до„Гласен текстилец“ се однесуваа на тоа дека од страна на работодавачите им се упатувани закани со откази или користење на неплатени денови, иако исполнуваат услови за користење на платени отсуства од работа. Овој вид мобинг е тешко докажлив, бидејќи работниците тешко се одлучуваат да поведат спорови пред надлежните судови. Тоа е бидејќи директно се поврзува со егзистенцијата на нивните семејства. Недостигот на ЗРО соодветно да ја регулира работата од дома, резултираше со нови предизвици кои особено беа видливи за време на пандемијата. На пример, доколку дел од вработените во текстилната индустрија добијат работни задачи кои би можеле да ги извршуваат од дома (а се опфатени конкретно во оваа ситуација, со времените мерки), постоеја жалби од страна на вработените дека работодавачот ги задолжува со премногу работа која не е возможно да се изврши за осумчасовно работење. На крајот од неделата по доставување на извршената работа од дома спрема работодавачите од страна на работниците, работодавачите се незадоволни од извршената работа, а работниците се недоволно платени и преморени од извршување на овој вид работни обврски. Овој институт на работното право„работа од дома“, мора да претрпи дополнителни измени и до регулирани во ЗРО, посебно во делот на учинокот што се очекува да биде исполнет од страна на работникот при извршување на работните задачи од дома. Според нас, потребно е да се изврши дефинирање во ЗРО на институтот„работа од дома“, учинокот и доуредување во колективните договори на ниво на гранка. Исто така, важно е да се предвиди унифициран пристап од страна на инспекциски служби во однос на протоколите за работа, особено во делот заштита и здравје при работа и организираниот превоз на вработени. Понатаму, Управата за јавни приходи е должна согласно постојниот член 260 од ЗРО да му дава информации на Државен трудов инспекторат за исплати под минимална плата за редовно работење на вработени, а особено строга кога се работи за злоупотреба на државни финансии кои се наменски, во конкретниот случај, за исплата на минимална плата. Заедничка база на локално ниво меѓу Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат каде ќе се споделуваат информации и навремено реагира во случаи на злоупотреби со анекси каде се намалува работното време без знаење на вработен, анекси на договорите од неопределено на определено работно време и спогодбени откази. Особено треба да се работи на зајакнување на контролата при исплата на наменска државна помош кон приватниот сектор и да се избегнува исплата на директна помош за исплата на плати на контото на работодавачите, односно истата да се исплаќа директно на сметка на работниците на кои се однесува. Генерално, за сите уредби кои се донесени во овој период на криза и вонредна состојба, се нејасни и контрадикторни и веројатно избрзани, без анализа на последиците. Тоа е факт кој е очигледен со тоа што истите уредби со законска сила, неколку пати се доуредени и менувани од страна на Владата за време на вонредната состојба. Времето кое е поминато и донесените уредби кои се важечки од денешна перспектива, во иднина треба да бидат искористени, како би се извлекла поука со цел носење на законски решенија кои ќе бидат едноставни и лесно применливи без можност за различно толкување како што е досега пракса, туку единствено да бидат толкувани низ призмата на државата и благосостојбата на истата држава и нејзини граѓани. 25 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ 8 ОДЛУКИ, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ ДОНЕСЕНИ ОД ВЛАДАТА НА РСМ ВО ПЕРИОД ОД 10.03 ДО 10.06.2020 ГОДИНА 15 седница(10.03.2020 г.) 16 седница(11.03.2020 г.) – Да се прекине со воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високообразовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично. – Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во РСМ, јавните претпријатија и другите правни лица основани од едниците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот. – Физички и правни лица кои не ги почитуваат препораките, да бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. – Се препорачува на приватниот сектор времено да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните. – Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство кои се однесуваат на засилени хигиенски мерки. – Сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници, да вршат редовна дезинфекција на превозните средства. – Се утврдуваат категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за одредени здравствени состојби. – Се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да достават своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта, или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа. 17 седница(12.03.2020 г.) – Се надополнува листата на дијагнози за ослободување на лица од работни обврски. – Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и истите да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно своите законски утврдени надлежности. 24 седница на Владата на РСМ (20.03.2020 г.) – Се задолжува Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, во соработка со Министерството за економија и Министерството за правда, да подготват уредба со закон26 ОДЛУКИ, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ ДОНЕСЕНИ ОД ВЛАДАТА НА РСМ ВО ПЕРИОД ОД 10.03 ДО 10.06.2020 ГОДИНА ска сила во која правно ќе ги нормираат надлежностите на сите инспекторати и инспектори (надлежностите од инспекторите во Државниот пазарен инспекторат да бидат пренесени на сите инспекциски служби). 25 седница(21.03.2020 г.) 33 седница(02.04.2020 г.) – Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, од сите фирми погодени од кризата. Со оваа мерка, државата ги спасува работните места на граѓаните. – Да се организира меѓуградскиот и јавниот превоз со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50% во возилото, или со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците. – Директорите/управителите на погони/фабрики на сите институции се задолжуваат да го прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период. 32 седницa(01.04.2020 г.) 57 седница(27.05.2020 г.) Владата на Република Северна Македонија на оваа своја седница донесе одлука од 1 јуни 2020 година да престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки. – Мерка 1> се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19. Предмет на оваа финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот – барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа. Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка, имаат обврска истиот број вработени што го имале во моментот на аплицирање, да го задржат заклучно со месец септември 2020 година. – Мерка 4> Месечна плата(паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот. За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 % од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој закон, според кој граѓаните кои останале без работа, ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години работен стаж.(постоечки во законот). – Мерка 15> Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор(за 2020 година), односно задолжително искористување на годишниот одмор од минатата година заклучно со мај 2020 година, кој ќе се одобрува од работодавачот. Ова не важи за хроничните болни, а како дополнителен заклучок Владата денеска утврди дека отстапка од оваа одлука се и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работата на градинките. УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА 32 седница на Владата(01.04.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ КОВИД-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА – Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година. – Предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот. 27 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ – За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба и четири месеци по нејзиното престанување(заклучно со месец септември 2020 година), работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска да го задржи истиот број вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник. – Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи, ги вклучува вработените на неопределено време, вработените на определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време. – Уредбата утврдува дека работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата за јавни давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи или од страна на Државниот инспекторат за труд, се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите за стекнување право за користење на оваа мерка. 33 седница на Владата(02.04.2020 г.) Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба Продолжува рокот за враќање на работникот на работа во случај кога на работникот му мирува работниот однос и работникот ќе се врати на работа за 15 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. – За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус Ковид-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година. Делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. – Отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус Ковид-19. – Уредба со законска сила за примена на законот за минимална плата во РСМ за време на вонредна состојба – Висината на минималната нето-плата за месец април, мај и јуни 2020 година, изнесува 14.500 денари. Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба – Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, за месеците април, мај и јуни 2020 година. – За користење на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување од став(1) на овој член, работодавачот треба да ги исполни следните услови: а) намалувањето на вкупните приходи во месец април 2020 година, во месец мај 2020 или во месец јуни 2020 година, да изнесува повеќе од 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени во 2019 година, а за работодавач кој е запишан во соодветен регистар(основан) по месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година, месец мај 2020 и месец јуни 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на просечните вкупни приходи на месечно ниво остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година. За работодавачот кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи за последниот сезонски период од четири месеци споредено со просечните приходи за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%; б) бројот на вработени кај работодавачот кој побарува финансиска поддршка, земајќи ги предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, да не е намален за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, освен во случај на пензионирање или смрт и в) да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност(учество во добивка, бонус) или друг вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на работодавачот, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година. 28 ОДЛУКИ, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ ДОНЕСЕНИ ОД ВЛАДАТА НА РСМ ВО ПЕРИОД ОД 10.03 ДО 10.06.2020 ГОДИНА 34 седница(03.04.2020 г.) 47 седница(28.04.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИТЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ВРЕМЕ ВО КОЕ Е УТВРДЕНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 год. Министерството за информатичко општество и администрација издава дозволи за движење во време во кое е утврдена забрана за движење за време на траењето на вонредната состојба, и тоа на: вработените во органите на државната власт, вработените во здравствените установи од јавниот и приватниот сектор, медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот, вработените во пекарите и бурекчилниците – со најмногу до пет вработени, вработените во погребалните претпријатија, членовите на општинските кризни штабови и физичките и правните лицa за кои претходно дозвола дал Главниот координативен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19. 39 седница на Владата(09.04.2020 г.) Уредба со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година – Се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката, односно до јули 2020 година. 43 седница(16.04.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број седишта, не сметајќи го седиштето на возачот. – За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба со законска сила и два месеци по нејзиното престанување(заклучно со месец јули 2020 година) бројот на вработени кај работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплата на плати, со исклучок на пензионираните и починати работници, во однос на бројот на вработени во месец март 2020 година, не смее да се намали за повеќе од:- 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка, - 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и- 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка. Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи, ги вклучува вработените на неопределено време, определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време. 48 седница на Владата(30.04.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ КОВИД-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА – За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба со законска сила и два месеци по нејзиното престанување(заклучно со месец јули 2020 година), бројот на вработени кај работодавачот кој користи финансиска поддршка за исплата на плати, во однос на бројот на вработени во месец април 2020 година, не смее да се намалува, освен заради:- пензионирање и смрт на работник,- откажување на договорот за вработување од страна на работникот,- откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски,- спогодбено преземање на работник, престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и- престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа. 29 Фондација„Фридрих Еберт“ – ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД- 19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ – Вкупниот број вработени кај работодавачот – корисник на финансиска поддршка, не смее да се намали заклучно со месец јули 2020 година за повеќе од:- 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка,- 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и – 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка. – Ако намалениот пресметан број вработени е нецел број, бројот се заокружува на првиот поголем цел број. – Бројот на вработени што работодавачот корисник на финансиска поддршка треба да го задржи, ги вклучува вработените на неопределено време, определено време и вработените со работно време пократко од полното работно време.“ УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Работодавачот кој одјавил работник од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, може да склучи спогодба за враќање на работа.“ 49 седница(05.05.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци по нејзиното престанување(заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент. – Вкупниот број вработени кај работодавачот – корисник на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, да не е намален заклучно со месец август 2020 година, за повеќе од:- 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел субвенција;- 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел субвенција и- 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел субвенција. 57 седница на Владата(26.05.2020 – 27.05.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО И ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Невработеното лице на кое работниот однос му престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, може да оствари право на паричен надоместок во висина од 50% од месечна нето-плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето-плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец, во случај кога работниот однос му престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено му престанал работниот однос или работниот однос му престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос. – Доколку невработеното лице, по истекот на користење на правото на паричен надоместок, заснова нов работен однос, ќе може повторно да се стекне со право на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, при што не се зема предвид користењето на правото на паричниот надоместок согласно оваа уредба со законска сила. 61 седница(04.06.2020 г.) – донесен е посебен акт Се забранува работа на текстилните компании на ниво на Општина Штип за време на траење на карантинот. 64 седница(05.06.2020 г.) УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ КОВИД-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА 30 ОДЛУКИ, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ И УРЕДБИ ДОНЕСЕНИ ОД ВЛАДАТА НА РСМ ВО ПЕРИОД ОД 10.03 ДО 10.06.2020 ГОДИНА – Во Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, се заменуваат со зборовите април, мај и јуни 2020 година. – Работодавачот кој користел финансиска поддршка за три месеци, бројот на вработени не смее да го намалува заклучно со месец август 2020 година. ПРОТОКОЛИ 36 седница(06.04.2020 г.) Препораките за организирање на работниот процес се следните: 1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес, да се лимитира бројот на вработени до таа мера работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 м. 2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини. 3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена(зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол). 4. Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно(преку природна и вештачка вентилација). 5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа. 6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на Ковид-19(со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје. 7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници. 8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени документи да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици). 9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема. 10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема. 11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил. 31 ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВРЗ НИСКО ПЛАТЕНИТЕ И ТРУДОИНТЕНЗИВНИ ГРАНКИ Евидентно зголемување на бројот на откази за време на вонредната состојба, со регистрирани 626 откази од работа, и над 900 пријавени случаи на работа за време на карантин и полициски час. Многу мерки донесени од страна на Владата за ослободување од работа на вработени со хронични заболувања, бремени жени и родители на деца до 10 години, не беа испочитува ни од некои работодавачи. Мерка на Владата за поддршка на околу 120.000 вработени во приватниот сектор од околу 20.000 компании, во вредност од 79,5 милиони евра од буџетот на државата. Ова и дава можност и обврска на Владата да влијае врз начинот на стопанисување, што пред се значи почитување и гаранција на работничките права од страна на работодавачите. Фондација„Фридрих Еберт“ канцеларија Скопје Бул. 8-ми Септември 2/2-5 1000 Скопје, Северна Македонија www.fes-skopje.org Дизајн и печат: