ЗАПОЗНАВАЊЕ СО социjална демократиjа 1 СОЦИJАЛНА ДЕМОКРАТИJА КРАТКО И ЈАСНО Издавач: Фондација„Фридрих Еберт“ Канцеларија во Скопје Превод од германски на македонски јазик: Калина Мукаетова Нита Старова Редакција и адаптација на текстот: Нита Старова Илустрации: Матеа Лондза Шумковска Печати: „Контура“ Тираж: 150 Скопје 2020 Идејата за оваа публикација е преземена од серијата публикации: „Кратко и јасно“, во издание на Одделот за политичка академија за социјална демократија на Фондацијата„Фридрих Еберт“ во Германија, и се заснова на прирачникот:„Основи на социјална демократија“. СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР............................................................................................................... 7 ПРВО ПОГЛАВЈЕ: Што е социјална демократија?........................ 10 1.1. Значење на поимот социјална демократија.......................... 11 1.2. Социјална демократија како движење................................... 12 1.3. Трите нивоа............................................................................... 13 1.4. Структура на публикацијата.................................................... 17 ВТОРО ПОГЛАВЈЕ: Слобода............................................................ 19 2.1. Поимање на слободата............................................................ 20 2.2. Права на слобода: Право на заштита и право на поддршка............................... 24 2.3. За што се залага социјалната демократија?.......................... 27 ТРЕТО ПОГЛАВЈЕ: Праведност..................................................................... 32 3.1. Што е еднаквост – Што е праведност?................................... 33 3.2. Рамноправност: Жени и генерации......................................... 37 3.3. Како се врши поделбата.......................................................... 38 3.4. За што се залага социјалната демократија?.......................... 39 ЧЕТВРТО ПОГЛАВЈЕ: Солидарност............................................................. 42 4.1. Поимање на солидарноста...................................................... 44 4.2. Како функционира солидарноста?.......................................... 46 4.3. Примери за солидарност......................................................... 48 4.4. За што се залага социјалната демократија?.......................... 50 ПЕТТО ПОГЛАВЈЕ: Социјална демократија – размислување – одлучување – делување................................ 52 5.1. Основните вредности меѓусебно се поврзани....................... 53 5.2. Од размислување, до одлучување: од основни вредности, до основни права............................. 55 5.3. Пактови на Обединетите нации............................................... 58 5.4. Од одлучување, до делување: од основни права, до инструмент.......................................... 59 ШЕСТО ПОГЛАВЈЕ: Социјалната демократија споредбено.......... 64 6.1. Неолиберално учење................................................................ 65 6.2. Конзервативно учење.............................................................. 68 6.3. Учењето на социјалната демократија.................................... 69 СЕДМО ПОГЛАВЈЕ: Социјална демократија во други земји........ 71 7.1. Меѓународно истражување..................................................... 72 7.2. САД............................................................................................ 75 7.3. Велика Британија...................................................................... 76 7.4. Германија.................................................................................. 78 7.5. Јапонија.................................................................................... 79 7.6. Шведска.................................................................................... 80 ОСМО ПОГЛАВЈЕ: Социјалната демократија во иднина............... 83 8.1. Нови размислувања................................................................. 84 8.2. Глобализација........................................................................... 85 8.3. Дигитален свет......................................................................... 86 8.4. Продолжуваме понатаму......................................................... 87 ПРЕДГОВОР Политика и демократија – не се апстрактни зборови за на учниците или идеалистите. Политиката и демократијата се основа на нашето општество. Тие се однесуваат за сите нас. Затоа, програмите за социјална демократија на Фондација та„Фридрих Еберт“ нудат информации и едукација за сите оние кои се занимаваат со политика. Се интересирате за политика? Сакате да го подобрите све тот во кој живеете? Волонтирате? Или, пак, професионално сте активни во политиката? Во рамки на програмите на Фондацијата ќе добиете одговор на сите прашања и поттик за натамошно размислување. Серијата на книги: Социјална демократија – кратко и јасно, нуди јасен вовед во светот и идеалите на социјалната де мократија. Во овие книги ги разгледуваме најважните теми од областа на политиката. Притоа, со куси текстови и на разбирлив јазик. кога велиме„граѓани” или „работници”, секогаш мислиме и на жените и на мажите 7 Основни вредности Во првата книга од серијата станува збор за основните вредности на социјалната демократија. Од каде потекнуваат зборовите: слобода, еднаквост и солидарност? Какво зна чење имаат во актуелната политика? Во што се разликува социјалната демократија од останатите политички модели? И, какви одговори нуди на прашањата за иднината? Сето ова – и многу повеќе – ќе го прочитате во оваа книга. Ова се Ивана и Ваљон. Ваљон посетува обука. Тој има многу прашања поврзани со политиката и општеството. Ивана се залага за социјална демократија. Таа со задоволство му објаснува што значи социјална демократија. 8 Се надеваме дека оваа публикација ќе ја постигне целта да им помогне на читателите да го одредат својот политички пат. Бидејќи кога сите придонесуваме и соработуваме, полити ката се развива во добра насока. ФЕС Скопје Зошто едноставен јазик? Сакаме сите да разберат за што се залага социјалната демократија. Затоа публикациите од серијата Кратко и јасно се напишани на лесно разбирлив јазик. 9 Прво ПОГЛАВJЕ: Што е социJална демократиJа? Честопати, граѓаните ја поимаат социјалната демократија различно. Некои веруваат дека двата збора го имаат истото значење. „ Но, демократијата секогаш е социјална!” Други го поврзуваат со економијата. „ Зарем тоа нема врска со социјалната економија на пазарот?” Многумина зборот го поврзуваат со одредена партија. „Социјална демократија – тоа е идејата на СДСМ!” А, некои, пак, мислат на историјата. „Зарем порано не се викаше демократски социјализам?” И, сега, што од сето ова е точно? За жал, за поимот социјал на демократија нема општа дефиниција. Но, има неколку работи кои, секако, се однесуваат на со цијална демократија. 1.1. ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМОТ СОЦИJАЛНА ДЕМОКРАТИJА • Социјалната демократија има за цел да создаде подемо кратско и посоцијално општество. • Социјалната демократија има три основни вредности: слобода, праведност и солидарност. • Социјалната демократија тежнее кон еднакви права, односно човекови права за секого. Овие права важат насекаде: во приватниот живот, во економијата и во општеството како целина. • Социјалната демократија е политички модел со одреде ни идеи. Други модели, на пример, се конзервативизмот и либерализмот. 11 Сакате повеќе да знаете? Погледнете го филмот: Што е социјална демократија? http://www.fes-soziale-demokratie.de/filme.html Пристап до филмот преку мобилен телефон. Скенирајте го кодот со Scan-App, QR-Barcode-Scanner или Scanlife. 1.2. СОЦИЈАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА КАКО ДВИЖЕЊЕ Социјалната демократија како политички стремеж постои уште од 1900 година, кога традиционалните левичарски сили ја добиваат својата форма и политичката група на Ва сил Главинов се определува за ослободителна борба на Ма кедонија, сега Република Северна Македонија, и создавање независна Република, со еднакви права за сите граѓани, без разлика на: етнички, верски, културни или какви било други разлики. Суштински напредок во формирањето социјалистички и со цијално демократски организации е постигнат по победата на Младотурската револуција(1908). Во сите поголеми гра дови се создадени вакви ограноци. Левите социјални демократски идеи имаат поддршка од населението и меѓу двете светски војни. Социјалната демократска идеја е најдоминантна во Втората светска војна преку Комунистичката партија на Македо нија. Резултат е Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, коешто претставува почеток на формирањето на државата. Остварен е вековниот стремеж за независ ност и слобода на граѓаните во Македонија, сега Република Северна Македонија. 12 Низ годините, па сè до денес, формирани се: здруженија, организации и политички партии коишто сакаат поголема социјална демократија. Најголемата политичка партија, со најдолга историја, е СДСМ – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. 1.3. ТРИТЕ НИВОА Оние кои ја поддржуваат социјалната демократија сакаат да постигнат одредени политички цели кои ќе го направат животот поубав за сите. Постојат три различни нивоа. Основните вредности се првото ниво. Тие особено се важни за граѓаните кои сакаат поголема со цијална демократија. Основните права се второто ниво. Оние кои со сериозност пристапуваат кон основните вред ности, се залагаат за правата за сите. Инструментите се третото ниво. Тие се алатки на социјалната демократија. Тие се грижат основните права да станат реалност. 13 Ниво 1 Постојат три основни вредности на социјалната демократија: слобода, праведност и солидарност Во основата на социјалната демократија се втемелени три вредности, тоа се: слободата, праведноста и солидарноста. Овие вредности се основата за егзистенција во едно опште ство. Основните вредности не се важни само за социјалната де мократија во Северна Македонија, граѓаните со различни убедувања, во секоја земја во светот, се залагаат за овие вредности. Основни вредности Главни водечки принципи коишто треба да важат во едно општество. Настанати се во текот на историјата како позитивен резултат од искуството при нивната примена. Тие претставуваат основа на социјалната демократија. 14 Ниво 2 Основните принципи на социјалната демократија: Еднакви права за сите Како трите основни вредности да се применат во човекови права за сите? Тоа е нивото на основните права. Основно право, на пример, е правото на глас. Или интервенцијата на полицијата кога постои опасност. Но, исто така, основно право е можноста да се посетува училиште. И да добиете поддршка, кога имате потреба. Социјална демократија значи дека државата активно се зала га за овозможување на основните права за сите граѓани. Државата има должност да дејствува во таа насока. Основни права Гарантирани права коишто важат за сите. Полот, возраста или потеклото не смеат да играат никаква улога. 15 Ниво 3 Инструменти на социјалната демократија: Како функционира социјалната демократија во Северна Ма кедонија и во другите земји? Кои инструменти се користат со цел за да се обезбедат ос новните права? Како постапува државата во пракса? На што трошиме пари како општество? Како најдобро функционира општеството? За тоа станува збор на третото ниво. Инструменти Различните земји избираат различни средства за да ги гаранти раат основните човекови права. Всушност, како го прават тоа? 16 1.4. СТРУКТУРА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА Во првото поглавје се запознавме со терминот социјална демократија. Накратко се зборуваше за историјата на социјалната демо кратија во Северна Македонија. И за концептите, како што се основните вредности и основните права. Многу теорија. Но, за кратко ќе дојдеме до пракса. Во второто поглавје го разгледуваме поимот слобода. Како може секој човек да биде слободен? И, како функционира слободата во општеството? Кон што тежнее социјалната демократија? Третото поглавје се однесува на концептот на правед ност. Дали сите граѓани по автоматизам се еднакви? Кога поделбата на добра и можности е праведна? Како можеме Северна Македонија да ја направиме поправед на? Во четвртото поглавје се занимаваме со поимот соли дарност. Како, и дали граѓаните се здружени секогаш зависи од ситуацијата. Како функционира солидарно ста во нашето општество? Кон што тежнее социјалната демократија? 17 Петтото поглавје ја објаснува заемната поврзаност на ос новните вредности и потребата од основните права за секој човек. Како се спроведуваат овие основни права во правилата и законите? И кои инструменти ги користи државата за овие права да ги трансформира во политика? Во шестото поглавје ја споредуваме социјална демократија со другите политички движења. Во што се разликува социјалната демократија од другите идеологии? Седмото поглавје се занимава со социјалната демократија во други земји. Како се овозможени основните права во: САД, Велика Бри танија, Јапонија и Шведска? И што можеме од тоа да научиме? Во осмото поглавје се рабо ти за социјална демократија во иднина. Нашиот свет се менува бргу. Веќе гледаме нови предиз вици. Имаме нови прашања. Како социјалната демократија ќе одговори на овие прашања? 18 Второ ПОГЛАВJЕ: Слобода Во второто поглавје го разгледуваме поимот слобода. Како граѓаните можат да бидат слободни? И како функцио нира слободата во општеството? За што се залага социјал ната демократија? Слободата е една од основните вредности на социјалната демократија. Зборуваме за првото ниво. 2.1. ПОИМАЊЕ НА СЛОБОДАТА Што е слобода? Секој може да си смисли одговор: На пример: „Да правиш што сакаш“ „Да живееш без наредби од другите“ „Да можеш да патуваш каде што ќе посакаш“ „Да можеш сам да одлучуваш“ Низ времето, многу филозофи размислувале за поимот сло бода. Еден од нив бил Џон Лок, кој живеел во Англија, во 17 век. 20 Филозоф Филозоф е оној кој размислува за важни прашања во животот. На пример: Што е смислата на животот? Од каде потекнуваат одредени работи? Што се случува после смртта? Тој се обидува да најде одговор на ваквите и слични прашања. Лок, личната слобода ја објаснил вакa: „Можете сами да одлучите што мислите за нешто. Вие најдобро знаете што е добро за Вас. Можете сами да одлучите што да направите. Можете сами да одлучите што да направите со она што го поседувате. Значи, не Ви треба дозвола од други“. А, неговата идеја за слобода во општеството била: „Вие сте слободни кога заедно ќе изберете влада. Едните не смеат да им наметнува ат закони на другите“. ЛОК Кога Лок ги пишувал своите книги за слободата, многу граѓани во Европа сè уште живееле во кралства. Кралевите владееле со населението. Малку граѓани живееле нави стина во слобода. Во тоа време идеите на Лок биле нешто сосема ново. И други филозофи се надоврзале на идеите на Лок. Ги надо полниле неговите идеи за слободата. Еден од нив бил Жан Жак Русо, кој живеел во Франција, во 18 век. 21 Идејата на Русо за слободата во општеството била: „ Граѓаните се навистина слободни само кога можат самите да ги од редуваат своите закони. Значи, по требна е демократија за граѓаните да бидат слободни.“ русо И уште нешто било многу важно според Русо: „Идејата за слобода не смее да се злоупотреби. Некои граѓани го користат зборот слобода во ситуации во кои воопшто не постои слобода.“ На пример: небезбедни услови за работа Некои граѓани тврдат дека секој мора да внимава на себе, дури и на работа. Ако работата е премногу опасна, тогаш работникот треба сам да си купи заштитна опрема. На пример: шлем, заштит ни чевли, заштитни елеци и ракавици. Или треба да бара друга работа. Тоа би претставувало слободен избор. Но, во реалноста не е така. Повеќето граѓани, едноставно, не можат да бараат друга работа, а и немаат доволно пари за да купат скапа заштитна облека. Во Северна Македонија, работодавачот мора да обезбеди безбедни и здрави услови при работа. Тоа е резултат на заложбата на синдикатите. Граници на слободата Слободата има и граници. Како да се живее во слобода без да им се наштети на другите граѓани или на општеството? 22 Филозофот Емануел Кант, на пример, размислувал на оваа тема. (Германија, 18 век). Кант рекол: „Границите на слободата не се со држани само во постојните закони. Туку, во прашањето: што би се слу чило кога сите би го направиле она што сега јас сакам да го направам? Тогаш границите на слободата не се само постојните закони. кант Туку, границите се она што го посакуваме за сите граѓани во иднина.“ Кант го нарекува„морален закон“. На пример: слушање музика во воз Можеби уживате да слушате музика, по можност гласно и без слушалки? Дома можете тоа да го направите. Но, што ако сте во полн воз? Значи, прашањето е: што би се случило кога сите би го пра веле она што јас сакам сега да го направам? Значи: што ако сите во возот гласно ја слушаат својата музика? Класика, хард рок, хип-хоп? Одговорот веројатно би гласел:„Хм, тоа и не е баш добра идеја!“ Ете така функционира„моралниот закон“. 23 Што значи ова во насока на слободата? Слободата е основна вредност на социјалната демократија. Таа е ограничена и гарантирана со закон. Но, не треба да се придржуваме само до постојните закони. Туку, секој треба да размисли дали слободата што ја практикува за себе, им ште ти на другите. 2.2. ПРАВА НА СЛОБОДА: ПРАВО НА ЗАШТИТА И ПРАВО НА ПОДДРШКА Дури и во модерното време, филозофите размислуваат за слободата. На пример, Исаија Берлин, кој живеел во 20 век, во Русија и во Велика Британија. Берлин направил разлика меѓу права та на лична заштита и правата на слободен развој. Сите граѓани имаат право на заштита на своите слободи. Граѓаните треба сами да одлучат кого ќе пуштат во својот стан. Никој не смее да изврши насилство врз друга личност. Особено децата треба да се заштитени. 24 Податоците на граѓаните секогаш мора да бидат безбедни и лични. Државата и општеството мора да ги заштитат овие права на слобода. Само така може да се живее во лична слобода. Овие права ги нарекуваме права на заштита. Граѓаните, исто така, имаат право да ја развиваат својата слобода. Тие имаат право слободно да ја развиваат сопствената лич ност. Да имаат право на образование. Да имаат право на добра здравствена заштита. Да имаат право на култура. Државата треба преку правата на слобода да дава секому поддршка. Секој може и смее да учествува. Само тогаш сите ќе имаат исти можности. Овие права ги нарекуваме права на поддршка. Правата на заштита и на поддршка не се важни само за слободата како основна вредност. Тие се неопходни и за праведноста и солидарноста. Ова ќе биде подетално објас нето во петтото поглавје. 25 ПРАВА НА ЗАШТИТА ПРАВА НА ПОДДРШКА 26 2.3. ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА СОЦИЈАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА? Како треба едно општество да се справува со правата на слобода? Дали се важни само правата на заштита? Дали се важни само правата за поддршка? Која е улогата на државата? По овие прашања политичарите и идеолозите не се согла суваат. Разгледуваме две различни гледишта: Неолибералното учење и учењето на социјалната демокра тија. Неолиберално учење Неолибералните идеолози велат: личната, индивидуална слобо да е најважна. Општеството треба да постави што помалку правила. Затоа што правилата и законите, тврдат тие, ја ограничуваат личната слобода. Замислете си: Некој поседува две живеалишта. Едното би сакал да го из најми. Но, бидејќи бара висока станарина, не може да најде закупец. Во градот има многу малку слободни станови. И покрај тоа, сопственикот вели:„Ќе го оставам станот пра зен сè додека некој не ја плати високата станарина“. Неолибералните идеолози велат: „Секако дека тоа е во ред. Станот е негова сопственост. А има и право на заштита, односно право на сопственост“. 27 Социјалната демократија вели: „Така не е добро. Забрануваме со закон станот да стои пра зен. Секако дека има право на сопственост. Но, граѓаните, исто така, имаат право на покрив над главата. Тоа е право на поддршка. Имотот треба да биде ставен на располагање на општеството“. Всушност, постојат и држави во кои со закон се забранува празните живеалишта долго време да стојат празни. Како, на пример, во Хамбург, каде потребата од станбен простор е голема. Ова е пропишано и со гер манскиот Устав. Секој има право на сопственост, но сопственоста треба да се користи и за социјални цели. Неолибералите прашуваат: Кои правила во државата се насочени против личната слобода? Тие сакаат државата што помалку да се меша во животот на граѓаните. Ниту во добри, ниту во лоши вре миња. И аргументираат: Правата на заштита(на сопствено мислење, живеалиште, податоци) се поважни од правата на поддршка(за обра зование, здравје, култура). Доколку државата ги одредува правата за поддршка, тогаш тие би можеле да бидат на штета на личната слобода. Социјалната демократија прашува: Што треба да преземе државата за сите граѓани слободно да живеат? 28 Социјалната демократија тежнее кон тоа секој да има право на учество и подобар живот. За тоа треба да се залага држава та. И тоа постојано, а не само во случај на нужност. И аргументира: Правата на заштита(на сопствено мислење, живеа лиште, податоци) и правата на поддршка(за образование, здравје, култура) се надополнуваат. Без правата на под дршка, правата на заштита се ставени во опасност на долг рок. ЗАШТИТА ПоДдршка Социјалната демократија се залага за следното: Државата треба правата на поддршка и заштита да ги утвр ди со закон. Овие права гарантираат дека граѓани имаат еднакви мож ности за живот во слобода. Така ќе можат сите заедно да учествуваат во општеството и да носат одлуки. Правата на заштита и правата на поддршка подеднакво се потребни! А за тоа кои права ќе се утврдат со закон и на кој начин, заед нички ќе одлучи општеството. 29 Што вели СДСМ за слободата во Статутот на партијата? Статут Секоја политичка партија има сопствена основна програма во која пишува: • За кои вредности се залага партијата. • Кои проблеми и задачи се најважни за партијата. • Кои се целите кои партијата сака да ги постигне со својата политика. Статутот, во суштина, е поопшт од изборната програма. Изборната програма е акту елна – таа содржи конкретни планови, кои партијата, доколку победи, ќе ги реализира. Последниот Статут на СДСМ беше од октомври 2020 година. Слободата во Статутот на СДСМ Во Статутот на СДСМ се наведува дека е донесен: „ Поаѓајќи од слободата, еднаквоста, солидарноста, правдата и демократијата како фундаментални вредности на едно општество” и„ Стремејќи се кон целите на социјалната демо кратија за слободни и еднакви граѓани во солидарно опште ство”. Во делот: Начела и цели на партијата, е наведено: „ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(во натамошниот текст СДСМ) е самостојна политичка партија на слободни и одговорни членови кои дејствуваат заради остварување на следните основни политички начела и цели: 30 • Целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, согласно највисоките цивилизациски и демократски придобивки“. Значи, слободата е производ од заштита на правата и поддршка при можностите 31 Трето ПОГЛАВJЕ: Праведност Третото поглавје се однесува на поимот праведност. Дали сите граѓани се еднакви? Што значи праведна подел ба? Како може да ја направиме Северна Македонија попра ведна држава? Праведноста е една од основните вредности на социјалната демократија. Станува збор за првото ниво. 3.1. ШТО Е ЕДНАКВОСТ – ШТО Е ПРАВЕДНОСТ? Роденденска забава На Ваљон(8) му е роденден и ги покани своите другарчиња заедно да прослават. Откако сите ја испеаја роденденската песна, доаѓа тортата. Како ќе се поделат парчињата? Ваљон извикува:„Јас сакам сам да ја изедам целата тор та!“ Но, неговите другари сметаат дека тоа не е во ред. На Ваљон му е роденден, но и тие би сакале да пробаат од тор тата, инаку нема да е праведно. 33 Еднаквоста подразбира еднаква распределба на добра и можности за сите. Еднаквоста е појдовната точка Така е наведено и во Уставот на Република Северна Македонија: „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од: полот, расата, бојата на кожата, национал ното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.“ Значи, секој добива подед накво парче торта. Или? На роденденската забава на Ваљон има две деца на воз раст под четири години. Тие немаат голем апетит. Мајката за нив сече помали парчиња торта. Чичко Никола сè уште ништо не јадел. Тој е навистина гладен – и добива малку поголемо парче. И славеникот Ваљон добива големо парче торта со шлаг. Бидејќи нему му е роденден. На крајот сите добиваат раз лично парче торта. Поделбата не е еднаква за сите. Но, сите се согласуваат со големината на своето парче торта и со парчето на другиот. Поделба та е праведна. 34 Кога поделбата е праведна? Поделбата е праведна кога е фер за сите кои учествуваат во неа. А тоа се случува кога следните три услови се исполнети: • Прво: Добрата или можностите, во нашиот случај пар чињата торта, се поделени на сите учесници, а не целата торта на еден. • Второ: Сите учесници во поделбата добро ги разбираат правилата на поделба. Во нашиот случај сите разбираат дека славеникот ќе добие најголемо парче торта. • Трето: Сите учесници во поделбата се согласуваат со пра вилата на поделба. Бидејќи роденденот е посебен ден, сметаат дека е во ред славеникот да добие најголемо парче. Но, поделбата на добрата и можностите во едно општество е многу покомплексна од поделбата на парчињата торта. Имено, постојат големи разлики меѓу граѓаните. Нивното потекло е различно. Јас ќе ја наследам фирмата што ја основал дедо ми. Јас ќе бидам првата која студира во моето семејство. UNIVERSITY 35 Граѓаните имаат различни: таленти, интереси и професии. Сакам да бидам учител. Сакам да бидам пронаоѓачка! Граѓаните заработуваат различно. Разликите меѓу граѓаните се големи. 5 милиони годишно. 15.000 – нето! 36 Праведноста подразбира дека и покрај тие разлики секој ќе добие исти можности за добар живот. 3.2. РАМНОПРАВНОСТ: ЖЕНИ И ГЕНЕРАЦИИ Во политиката многу се зборува за еднаквост. Има многу поими кои се комбинираат со зборот еднаквост. Накратко ќе објасниме два од тие поими. Родова рамноправност Жените во Северна Македонија сè уште немаат еднакви можности со мажите. Често добиваат полоша работа и по ниски плати. Тоа не е праведно. Оттука, родовата рамноправност би подразбирала, на при мер: еднаква плата, за еднаква работа. Генерациска рамноправност Генерациска рамноправност значи дека повозрасните лица не треба да живеат на начин којшто подоцна ќе ја влоши состојбата на помладите. Тоа може да се случи ако, на пример, ја уништуваме живот ната средина или ја задолжиме државата. Мораме, истовремено, долгорочно да ја планираме нашата иднина. Мора да ги одржуваме патиштата и живеалиштата во добра состојба. Ни требаат добри образовни објекти, како: учи лишта и универзитети. Само со добро образование следни те генерации ќе можат да дојдат до подобри решенија за 37 идните проблеми. За сето тоа се потребни пари. Можеби за таа цел ќе треба да се задолжиме. 3.3. КАКО СЕ ВРШИ ПОДЕЛБАТА За праведноста знаеме дека: Станува збор за праведна поделба на средствата, како: пари и добра. Но, се работи и за праведна почетна позиција, односно фер можности за сите. Постојат два начина на поделба: Поделба според придонес. Тука, идејата е следна: Оној кој ќе има поголем придонес, ќе добие повеќе. Во работниот свет тоа изгледа вака: Оној кој работи подобро, ќе добие поголема плата. Истото важи и за пензијата. Оној кој плаќа повеќе, ќе добие поголема пензија. Ако сериозно ја сфатиме поделбата според придонес, тоа би значело и следното: Шефот во една фирма, можеби, има десет пати поголем при донес во фирмата од работникот. Затоа тој заработува десет пати повеќе. Меѓутоа, шефот не смее да заработува сто или илјада пати повеќе од работникот. Или: Медицинските сестри треба да заработуваат повеќе бидејќи тие работат тешка и многу значајна работа. 38 Поделба според потреба. Многумина се поддржувачи на оваа идеја: Оној кој е во нужност, ќе ја добие помошта која му е потребна. Во здравствениот систем тоа изгледа вака: Оној кој е болен, ќе добие соодветен третман. Оној кој е здрав, нема да добие помош, бидејќи не му е потребна. Во социјалниот систем тоа функционира вака: Оној кој нема работа, добива социјална помош од државата. Оној кој заработува, не добива социјална помош. Двата принципа се важни. Треба да се земе предвид и при донесот на поединецот, меѓутоа и неговите потреби. Оној кој може да придонесува повеќе, треба да биде среќен што е здрав и има добра работа. Тој, или таа, може без проблем да стори нешто повеќе за општеството. Конечно, посилните плеќи можат да поднесат поголем товар од послабите. 3.4. ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА СОЦИЈАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА? Социјалната демократија се залага за тоа сите граѓани по деднакво да ги уживаат своите права на слобода. Државата треба да ги поддржи оние кои немаат доволно можности. Права на заштита и права на поддршка Види второ поглавје 39 Тоа значи: Социјалната демократија се залага државата активно да учествува во поделбата. Тоа е во интерес на секој поеди нец, како и на целото општество. Целта е – еднаквост и праведност за сите. Што значи праведна поделба, зависи и од областа во којашто се прави поделбата. Во даночната политика важат поинакви правила на поделба отколку во здравството, или во обра зованието. Во секоја об ласт договорот е различен. Но, притоа е битно сите засегнати страни да имаат можност да одлучуваат, како, на пример, за време на изборите. Сите треба да имаат еднакви можности! Тука државата навистина може да помогне. Еднаквоста во Статутот на СДСМ Во Статутот на СДСМ се на ведува дека е донесен „ Поаѓајќи од слободата, еднаквоста, солидарноста, правдата и демократијата како фундаментални вред ности на едно општество” и „ Стремејќи се кон целите на социјалната демократија за слободни и еднакви граѓани во солидарно општество”. 40 Во делот: Начела и цели на партијата, е наведено: „ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(во натамошниот текст СДСМ) е самостојна политичка партија на слободни и одговорни членови кои дејствуваат заради остварување на следните основни политички начела и цели:(помеѓу другите) • Развивање на демократијата и обезбедување еднаквост на граѓаните • Рамноправност меѓу мажите и жените • Изградба на општество на еднакви шанси и социјална прав да, во кое ќе бидат гарантирани економските слободи и за штитата на правата од работа • Афирмација на правата и зголемување на шансите за најранливите категории и маргинализираните поединци и групи“. 41 Четврто ПОГЛАВJЕ: Солидарност Во четвртото поглавје станува збор за поимот солидарност. Како граѓаните соработуваат меѓусебно зависи од дадената ситуација. Како функционира солидарноста во нашето општество? За што се залага социјалната демократија? Солидарноста е една од основните вредности на социјална та демократија. Станува збор за првото ниво. Слобода! Еднаквост! Братство! Извикувале револуционерите на барикадите во Франција пред 200 години. Денес велиме: Основните вредности на социјалната демократија се: слободата, праведноста и соли дарноста. Со поимите слобода и праведност се запознавме во меѓувреме. Но, каква е нивната поврзаност со солидар носта? И, каква врска има со зборот братство? 43 4.1. ПОИМАЊЕ НА СОЛИДАРНОСТА Солидарноста е комбинација од заемна одговорност и по мош. Солидарните граѓани: • Чувствуваат заемна одговорност. Ова чувство за заемна одговорност се однесува на поедин ци или на група. Или, пак, на целото општество. • Дејствуваат во интерес на другите. Дури и кога тоа е во одредена мера наспроти сопствената волја. • Им помагаат на граѓаните кои веруваат во исти работи. Солидарните граѓани се борат заедно против неправдите во општеството. Практичен пример за солидарност е семејното функцио нирање. Повеќето граѓани без размислување велат:„ Ќе му помогнам на семејството – независно во каква ситуација. Ако мојот брат има проблем, јас сум тука да му помогнам. Независно дали и тој мене би можел да ми помогне со иста мера. Ние сме заедно“. Но, граѓаните не се солидарни само во кругот на семејство то, туку и во други ситуации. 44 На пример, во спортските здруженија „Можеме заедно да го органи зираме летниот турнир! Така, децата ќе поминат едно убаво попладне“. Ако мојот брат има проблем, јас сум тука да му помогнам. Ние сме заедно. Или, на работа. Здружени, граѓаните имаат подобра за штита и можат да постигнат повеќе:„Заедно ќе му кажеме на раководителот што не функ ционира. Така сигурно ќе не сослуша“. Во политиката: „Се грижиме за праведна ми нимална плата за сите. Фри зерите, градежните работници и хигиеничарите – сите имаат право на фер примања“. Кога се во неволја: „Бегалците бегаат од таткови ната заради војна. Мораме да им помогнеме!“ Зошто ова чувство е едно од основните вредности на со цијалната демократија? Сите граѓани не се во еднаква позиција. Сите граѓани немаат еднакви интереси. Но, повеќето граѓани имаат потреба да бидат меѓусебно поврзани. Ова чувство се споделува и доживува на раз лични места во нашето општество. Граѓаните си ­помагаат, без да бараат нешто за возврат. Работат заедно во групи 45 Во голема мера граѓаните се однесуваат солидарно – токму врз тоа се заснова социјалната демократија. без некој да ги при силува на тоа, и се залагаат за една иста цел. Повеќето граѓани се однесуваат соли дарно – во помали или поголеми групи. Социјалната демо кратија се заснова врз тоа чувство. И историјата укажува на тоа дека работни ците заедно и соли дарно постигнувале многу повеќе. И тоа многу важни работи, како, на пример, правото на глас за сите. 4.2. КАКО ФУНКЦИОНИРА СОЛИДАРНОСТА? Зарем солидарноста, всушност, не е исто што и добротворно ста? Детска облека донирана во акција за собирање на користе на облека. Пари за бездомник. „Не“, вели американскиот социолог Ричард Сенет. 46 Тој вели: „Не секој што дава пари за сиромашните покажува солидар ност. Затоа што солидарноста не подразбира само правење добри дела. Исто така, не станува збор за олеснување на сопствената совест“. Солидарноста подразбира да се бориме заедно со другите граѓани за подобар свет. Тоа не е поддршка на краток рок, туку подобар живот за во иднина. Идејата за солидарноста на Ричард Сенет гласи: „Оваа соработка, всушност, е размена од која секој учесник профитира. Граѓаните работат заедно за да создадат нешто што не би можеле да го постигнат самостојно“. Кога секој се бори сам за себе, општеството во целина не постигнува многу. Кога граѓаните работат заедно и се под држуваат меѓусебно, можат да направат многу повеќе! Притоа, социјалната демократија има задача да им помага на граѓаните во нивната соработка. Целта е да се зајакне општеството. Тоа е добро за сите нас. 47 Политиката треба да ја поттикнува и поддржува солидарно ста што е можно повеќе. Затоа што заедно граѓаните создаваат многу повеќе. И сите имаат корист од тоа. 4.3. ПРИМЕРИ ЗА СОЛИДАРНОСТ Синдикати Синдикатите ги обединуваат работниците кои работат во иста бранша. Заедно тие се обидуваат да постигнат подобри работни услови. Заемно се поддржуваат во пре говорите за колективните договори, како и при протести. Синдикатите треба да се: силни, стабилни и демократски и да се залагаат за подобри работни услови. Многу ра ботници се членови на синдикални организации. Синди катите имаат отворена организациска структура во која секој, сите членови, имаат право на збор, на учество и на одлучување. 48 Социјално осигурување Социјалното осигурување е важен дел од социјалната држава. Социјалното осигурување ги покрива ризиците, како: гу бење на работа, болест и старост. Системот на социјално осигурување функционира врз основа на граѓанска соли дарност. Секој човек кој е во работен однос плаќа придонес за осигурување – без оглед на тоа дали подоцна ќе му биде потребна поддршка, или не. Социјална држава Резултат на севкупната социјална политика. Систем од сите мерки и распределби преку кои општеството ги покрива ризиците на поединците. Здруженија Граѓаните сакаат да работат заедно за одредена цел. Дали во: спортот, културата, слободното време, или во политиката – во сите области на општеството постојат здруженија. Спортски клубови, шаховски клубови, хип-хоп танцови групи или асоцијации на градинари. 49 Зошто се привлечни здруженијата? Заради чувството на припадност. Членовите имаа иста цел или ги делат истите интереси. Така стануваат посилни и по стигнуваат повеќе отколку како поединци. И, да не заборавиме: притоа се забавуваат. Здруженијата на позитивен начин практикуваат чувство на солидарност. Членовите формираат група. Оваа група има свои цели. Постигнувањето на целите е во корист на групата, меѓутоа, притоа, се зајакнува и самото општество. Таквите здруженија не работат само за себе, туку за опште ството како целина. Солидарност внатре – несолидарност надвор Чувството на солидарност секогаш нема позитивно влија ние врз општеството. Постојат и клубови кои имаат за цел да ги маргинализираат и дискриминираат другите. На пример, здруженијата на екстремни десничари. И во овие здруженија членовите се држат заедно и си помагаат едни на други. Но, во исто време, тие се против кохезијата во општеството. И на тој начин, претставуваат опасност за демократијата. 4.4. ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА СОЦИЈАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА? Социјалната демократија се залага граѓаните во општество то да се чувствуваат меѓусебно поврзани. Оваа поврзаност може да се поттикнува, но не и да се на метнува. На пример, градот гради центар во кој здруженијата ќе може да се среќаваат. Здруженијата треба да плаќаат понизок да 50 нок или да бидат ослободени од плаќање доколку работат за доброто на општеството. Солидарната поврзаност во нашето општество секаде не е иста. Државата и граѓаните можат да влијаат врз поврза носта. Затоа, социјал-демократите треба постојано да прашуваат: • Кои институции и организации во моментот се добри за кохезија на општеството? • Дали постојат организации коишто ја зајакнуваат соли дарноста меѓу граѓаните? Дали постојат такви кои ја сла беат? Кохезија меѓу граѓаните е можна само доколку се почитува слободата на другиот и се третира еднакво. Затоа, социјалната демокра тија вели: Солидарност по стои само тогаш кога важат и основните вредности на слободата и праведноста. Солидарноста во Статутот на СДСМ Во Статутот на СДСМ се наве дува дека е донесен: „ Поаѓајќи од слободата, еднаквоста, солидарноста, правдата и демократијата како фундаментални вредности на едно општество” и„ Стремејќи се кон целите на социјалната демократија за слободни и еднакви граѓани во солидарно општество” 51 Петто ПОГЛАВJЕ: Социjална демократиJа – размислува њ е – одлучува њ е – делува њ е Петтото поглавје објаснува на кој начин основните вред ности меѓусебно се поврзани и како од нив настануваат основните права за сите граѓани. Како овие права поната му ќе се преточат во закони и правила? И со какви инстру менти се служи државата за овие права да ги преточи во политика? Во ова поглавје се работи за трите нивоа: основни вредно сти, основни права и инструменти. Фокусот е на основните права. Станува збор за второто ниво. 5.1. ОСНОВНИТЕ ВРЕДНОСТИ МЕЃУСЕБНО СЕ ПОВРЗАНИ Основните вредности на социјалната демократија се: слобода, праведност и солидарност. Овие три вредности подеднакво се битни. Припаѓаат заедно. Меѓусебно се под држуваат. И, се разграничуваат едни со други. Слободата не може да постои без пра ведност и солидарност. Кога граѓаните живеат заедно во едно општество, индивидуалната слободата се ограничува. Во една група мора да ги почитуваме дру гите. Но, соживотот може и да ја зголеми личната слобода. Образованието и културата(правата на ­поддршка) можат 53 да бидат достапни за сите само преку соработка во група та: со праведно и солидарно дејствување. Праведноста не се постигнува без слобода и солидарност. Праведноста подразбира еднаква по делба на добрата и шансите. За поделба та да биде правична за сите, мораат сите да бидат согласни со правилата за поделба. А, тоа е можно само доколку сите меѓусебно преговараат во слобода. Затоа треба сите, што е можно повеќе, да се поддржуваат и меѓусебно да си пома гаат. Солидарноста бара слобода и праведност во општеството. Солидарноста ги поврзува граѓаните кои сакаат да живеат заедно во слобода и праведност. Тоа функционира најдобро во демократија. Трите вредности и нивната меѓусебна поврзаност. Тоа е суштината на социјалната демократија. 54 5.2. ОД РАЗМИСЛУВАЊЕ, ДО ОДЛУЧУВАЊЕ: ОД ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ, ДО ОСНОВНИ ПРАВА Основните вредности не се битни само за социјалната демократија во Северна Македонија. Граѓаните ширум светот се залагаат за вредностите: слобода, праведност и солидарност. Иако е различен начинот на кој граѓаните ги гледаат и почитуваат овие вредности. за некои слободата претста вува вродена придобивка на човекот. За други, пак, сло бодата е дар од господ. Затоа и поимањата за слободата се различни. Ние живееме во едно отворено и разнолично општество, за кое не е соодветно да наметнуваме само едно одредено сфаќање за: слободата, праведноста и солидарноста. Што значи слобода, секој може сам да одлучи. основните права важат за сите Наместо тоа, ќе разгледаме како основните вредности на социјал ната демократиј ширум светот се спроведени во законите. Во секоја земја, сите најбитни и општоприфатени вредности се спроведени во права. Тоа се основните права кои ва жат за сите граѓани. Тоа се правата на заштита и пра вата на поддршка. Најбитните права и обврски за сите граѓани се содржани најче сто во уставот на една земја. Во нашата земја тоа е Уставот на Република Северна Македонија. 55 Различните партии заедно го создале Уставот. Вредностите во Уставот се основа за соживот на граѓаните. Во Северна Македонија основните права се содржани во второто поглавје од Уставот, ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ. Со членовите од второто поглавје јасно се утврдува како смее и како не смее да постапува држа вата кон граѓаните. На пример, со основните права е утврдено дека државата мора да се однесува подеднакво кон сите граѓани и дека секој човек има право да го изрази своето мислење. Покрај Уставот, во Северна Ма кедонија, како и во скоро секоја земја, постојат уште многу други правила и закони. Меѓу другото, и како основните права функци онираат во пракса. Еве неколку примери. Слободата како основно право: Право на слободен развој на личноста Тоа значи – секој човек има право сам да одлучува за сопствениот живот. Секој треба, и смее, да има сопствени желби и сфаќања и да се развива онака како што самиот/самата смета дека е потребно. Секој треба да живее онака како што сака. Ова, пак, важи само во случај кога на тој начин не ги попречува останатите. Тука станува збор за правото на заштита. 56 Право на интегритет на живеалиштето Непознат човек, едноставно, не смее да влезе во нечие жи веалиште доколку лицето кое живее таму не го дозволува тоа. Тука станува збор за правото на заштита. Право на бесплатно образование Оној кој сака да се образува или да студира, најчесто не треба за тоа да плаќа. Тука станува збор за правото на под дршка. Праведноста како основно право Еднаквост пред законот Сиромашни или богати, стари или мла ди, мажи или жени – сите се еднакви пред законот. Никој не смее да биде обесправен заради својата личност. Држа вата мора да се придржува кон тоа. Тука станува збор за правото на заштита и правото на поддршка. Право на вработување и соодветен приход Секој човек има право на вработување. Тоа подразбира и фер приход. Во Северна Македонија има и законски утвр дена минимална плата. Тука станува збор за правото на поддршка. Активно и пасивно право на гласање Секој човек има право да учествува во политиката. Тука стану ва збор за правото на заштита и правото на поддршка. Солидарноста како основно право Право на здружување Лицата кои сакаат нешто заеднички да преземат или заеднички да се изборат за некоја цел, имаат право да се здружат. Но, никој не смее да биде принуден да пристапи кон некое здружение. Секој може да истапи од 57 одредено здружение кога ќе посака. Тука станува збор за правото на заштита. Право на штрајк Секој вработен има право да се спротивстави во одредени ситуации поврзани со работното место. Секој кој учествува во штрајк организиран од синдикалните организации не смее да биде отпуштен од работа. Тука станува збор за пра вото на заштита. 5.3. ПАКТОВИ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Многу од земјите во светот ги имаат преточено основните вредности во основни права. Во Њујорк се среќаваат скоро сите земји од светот. Во Обединетите нации зборуваат за проблемите со кои се соочуваат. Обединети нации Во Обединетите нации(на англиски познати како United Nations, UN) членуваа скоро сите земји во светот. Се залагаат заеднич ки за слобода и човекови права. Земјите членки на ОН имаат потпиша но заедничка декларација. Во неа се содржани заедничките цели кон кои се стремат. Дел од овие пактови на ОН се и основните права, кои се бит ни и за социјалната демократија. Пактови на ОН Во 1966 година се донесени двата пакта со основните права од страна на Обединетите нации. Едниот е наречен Меѓународен пакт за граѓански и политички права. Во него се содржани пра вата на заштита ширум светот. Другиот е Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права. Тука се содржани правата за поддршка. 58 • Пактовите на ОН претставуваат добра основа за социјал ната демократија. Основните права кои тие ги содржат се признаени насекаде во светот. Пактовите ги имаат по тпишано скоро 170 земји. • Пактовите подразбираат меѓународна соработка и при мена на основните права ширум светот. • Пактовите точно ги формулираат правата коишто ги има ат граѓаните насекаде во светот и коишто можат да ги практикуваат и во сопствената земја. • Пактовите се конкретно формулирани, како и уставот на секоја земја. Доколку се почитуваат, животот на граѓани те ќе биде многу подобар. Пактовите на ОН се грижат за примената на човековите права во сите земји 5.4. ОД ОДЛУЧУВАЊЕ, ДО ДЕЛУВАЊЕ: ОД ОСНОВНИ ПРАВА, ДО ИНСТРУМЕНТ Основни права за сите – звучи добро! И покрај пактовите на ОН, кога станува збор за човековите права и социјалната држава, во светот сè уште постојат големи разлики. Првиот чекор е основните права да се постават законски. Вториот чекор е овие закони да се применуваат. 59 Многу држави не се придржуваат до основните права од пактовите на ОН. Само кога една држава активно ќе се заложи граѓаните да ги уживаат сво ите права и ќе гарантира за нивното опстојување, тогаш тие ќе ги почув ствуваат придобивките. Поставување и чување на законите за основите права се нарекува обвр ска за постапување. Секоја земја ја имаа оваа обврска за постапување. Обврска за постапување Во поимањето на социјалната демокра тија, државата има задача да ги штити и остварува основните човекови права. Државата постои за да го подобри жи вотот на граѓаните. Задача на државата Според социјалната демократија, државата има една јасна задача – да го подобри животот на граѓаните. Што треба и може да овозможи државата? • Државата мора секому да му понуди основа за егзистен ција. Секој човек има основни права: доволно храна, по крив над главата, улици и образование. • Државата мора да се погрижи да обезбеди доволно: прехранбени производи, домови и училишта за сите. Тоа се нарекува инфраструктура. Сите имаат слободен при стап кон оваа основа за егзистенција. Основата е гаран тирана, отвора можности и е еднаква за сите. • Државата мора секому да му овозможи да учествува во општеството. Бидејќи сите не се исти, државата има 60 задача можностите и добрата да ги распредели подед накво. • Покрај тоа, според социјалната демократија, државата мора да внимава економијата да не излезе од контрола. На пример, државата не треба да дозволи да работат деца. Државата да предвиди да се носи заштитна облека при ра бота. И државата се грижи, граѓаните да не се принудени да работат екстремно долго. Демократијата и основните права за работниците мора да бидат заштитени. Доколку државата не поставува граници кон економијата, се доведуваат во опасност некои основни права. Како државата го постигнува тоа? Различни држави одбираат различни инструменти за да го подобрат животот на граѓаните. Пример за социјална држава Во многу земји државата ги поддржува граѓаните на кои им е потреба помош. На пример, при: заболување, невработе ност, несреќа на работно место, или во старост. Во Германија постои систем за социјално оси гурување. Оние кои можат, плаќаат месечни придонеси. Со тоа се покриваат трошоците за оние на кои им е потребна помош. Во скандинавските земји, на пример, Шведска, постои сличен систем. Но, таму трошоците за поддршка на невработените лица, нега и обра зование, се плаќаат од даноците. Резултатот, со цел да се постигне функционална социјална држава, е ист, но инструментите кои секоја земја ги приме нува се различни. 61 СЛОБОДА/ПРАВЕДНОСТ/СОЛИДАРНОСТ ОСНОВНА ВРЕДНОСТ ОСНОВНА ВРЕДНОСТ ОСНОВНА ВРЕДНОСТ Права на заштита и поддршка, на пример: право на глас, право на образование ОСНОВНО ПРАВО Права на заштита и поддршка, на пример: еднаквост пред законот, право на здравствена заштита ОСНОВНО ПРАВО Права на заштита и поддршка, на пример: право на здружување, право на основање на син дикални организации ОСНОВНО ПРАВО 62 63 ШЕСТо ПОГЛАВJЕ: СоциJалната демократиJа споредбено Во шестото поглавје ќе ја споредиме социјалната демокра тија со останатите политички правци. Во што се разликува социјалната демократија од неолибералниот или конзерва тивниот начин на размислување? Различните политички правци избираат различни инстру менти при реализирање на своите цели. Станува збор за третото ниво. 6.1. НЕОЛИБЕРАЛНО УЧЕЊЕ Целта на неолибералите е јасна: тие сакаат сите граѓани да живеат во што поголема слобода. Притоа, кај либералите на преден план е правото на заштита, пред сè правото на соп ственост. Исто така и пазарот треба да е сосема слободен. Пазар е економски поим кој подразбира збир на побарувачка и понуда. И тоа за сите услуги и производи. Пример: пазар за користени возила. Тука спаѓаат сите граѓани кои бараат користено возило, како и сите про давачи кои нудат едно или повеќе користени возила за продажба. 65 За тоа се залагаат неолибералите: слобода за претприе мачите. Слобода во размислување и делување. И во оваа слобода, државата, што е можно помалку, треба да интер венира, сметаат неолибералите. Ставови на неолибералите за основните вредности и општеството: Пазарот се регулира самиот, сметаат неолибералите. Со односот на побарувачката и понудата се грижи за тоа, да бидат понудени токму оние работи од кои граѓаните имаат потреба. Неолибералите сметаат дека слободата е побитна од еднак воста и солидарноста. Единката е побитна од општеството. Сите граѓани се слободни, велат неолибералите. Тие се раз ликуваат меѓусебно по личниот придонес. Државата според неолибералите ги има следниве задачи: • Државата треба да се погрижи за стабилно функциони рање на пазарот • Државата треба да им помага само на оние кои се нашле во неволја без своја вина • Државата треба да гарантира дека никој не смее да интер венира во независноста и слободата на граѓаните • За неолибералите стабилната вредност на парите е по битна од работното место за сите. Тие повеќе би се одлу чиле за мерки за справување со инфлација, отколку за проект за обезбедување на работни места. Кои се клучните точки на неолиберализмот? Неолибералите велат: Слободата на пазарот гарантира истовремено и слобода на граѓаните. 66 Оние кои се поблиски до социјалната демократија велат: Не е точно. Од последиците на слободниот пазар може веднаш да се заклучи дека се работи за систем на победници и губитни ци. Богатите стануваат побогати, сиромашните стануваат по сиромашни. Оној кој сè повеќе губи, ја губи и својата слобода. Од една страна неолибералите се залагаат за што поголема слобода – државата не смее да интервенира во животот на граѓаните или, пак, на пазарот! Од друга страна, пак, тие се против градење монопол – во ниту една бранша не смее да преовладува едно претпријатие, бидејќи монополот пречи на дејствувањето на слободниот пазар. Дали како правец на размислување неолиберализмот е успешен? Да. Од 80-тите години многу неолиберални партии, во раз лични земји, беа изгласани на изборите. Овие партии добија можност да ја спроведат својата програма. Притоа, ја сру шија социјалната држава која претходно била изградена од страна на социјал-демократите или конзервативците. Кој ги споделува неолибералните идеи? Најголемата поддршка неолибералите ја добиваат од стра на на оние кои заработуваат многу пари или поседуваат голем имот. Тие граѓани имаат живот кој е веќе обезбеден – затоа државата не им е потребна. Неолиберлизмот е двојно елитистички: Изграден е врз основа на идејата на богатите и ги застапу ва интересите на богатите. Елитистички Нешто што припаѓа на елитата, мала група на најбогати, најдо бро образовани, граѓани со највисок статус. 67 6.2. КОНЗЕРВАТИВНО УЧЕЊЕ Конзервативниот начин на размислување е тежок за суми рање. Најчесто, целта на конзервативците е да ја задржат моменталната состојба или да вратат одредени работи од минатото. Општествата бргу се менуваа низ историјата, па конзерва тивците се залагаа за многу различни цели. Затоа е тешко да се препознае една линија на движење. Оттука, ќе се концентрираме на вредностите што ги застапуваа конзер вативците во последните години. Ставови на конзервативците за основните вредности и општеството: Граѓаните треба, колку што е можно повеќе, да ги регулира ат сами, или со помош на нивните семејства. Откако тоа нема да биде можно, ќе се активира следното ниво. На пример: заедницата, општината или државата. Основната премиса на конзервативците е дека семејството и бракот се главните столбови на општеството. Конзерва тивната семејна политика е фокусирана на маж и жена – пар со деца. Некои конзервативци имаат сериозни пробле ми со хомосексуалноста. Според конзервативците, државата ги има следниве задачи Зборот конзервативен потекнува од латинскиот јазик и значи да се зачува. Зачувувањето на работите, според конзерватив ците, е најбитната задача на државата – да ги задржи рабо тите, онака како што се. Често се задоволни со актуелната состојба. Не сакаат многу да менуваат и да подобруваат. Кои се клучните точки на конзервативците? Конзервативизмот се заснова врз цели од минатото. Би дејќи општеството бргу се менува, се менуваат постојано и конзервативните ставови. 68 Дали конзервативизмот е успешен? Секако. Не само во Северна Македонија, туку и во многу други земји конзервативните партии остваруваат добри или одлични изборни резултати. Во текот на 30 години осамостојување на РСМ, конзервативната партија била 15 години на власт. Кои се поддржувачи на конзервативизмот? Граѓаните кои го подржуваат конзервативизмот најчесто поседуваат имот и добра позиција во општеството. Или, пак, веруваат дека порано било подобро и сакаат да се вра ти тоа време. 6.3. УЧЕЊЕТО НА СОЦИЈАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА Целта на социјалната демократија е: солидарно, слободно и праведно општество. Оваа цел е остварлива во случај кога државата може да интервенира во пазарната економија. Слободниот пазар до бива правила. Не е препуштен самиот на себе. Социјалната демократија вели, правото на заштита и право то на поддршка се надополнуваат меѓусебно. Без правото на поддршка, правото на заштита се става во опасност на долг рок. Социјалната демократија се залага во целиот свет сите да се чувствуваат меѓусебно поврзани. Кохезија е можна само доколку се почитува слободата на другиот и се постапува кон него рамноправно. 69 Државата според социјалната демократијата ги има след ниве задачи: • Државата треба да опфати со законите голем дел од пра вата на заштита и на поддршка. Овие права гарантираат дека сите ќе ги имаат истите шанси за слободен живот • Правата на поддршка некогаш се побитни од правата на за штита. И тоа е во ред. Колку од правата ќе бидат застапени во законите, ќе одлучи општеството заеднички. • Граѓаните кои имаат помалку можности, треба да бидат поддржани од државата • Социјалната демократија очекува државата активно да интервенира во поделбата на добрата. Тоа може да биде во корист на поединци, но и во интерес на целото опште ство. Целта е – праведност и еднаквост за сите. Кои се клучните точки на социјалната демократија? Оние кои се наклонети кон социјалната демократија сакаат да дискутираат за идеали. Но, она што ги поврзува е вер бата дека граѓаните заеднички можат да изградат подобра иднина. Бараат одговори на проблемите на денешницата. На тој начин постојано го развиваат нивниот начин на раз мислување. Вили Брант во тој контекст вели: „Ништо не доаѓа само од себе. И само малку работи се вечни. Затоа, сетете се на вашата моќ и на тоа дека секое време бара свои одговори”. 70 СЕДМО ПОГЛАВJЕ: СоциJална демократиJа во други земJи Во седмото поглавје станува збор за социјалната демокра тија во различни земји. Како се применуваат основните вредности во: САД, Велика Британија, Јапонија и Шведска? Кои се главните разлики и што можеме да научиме од нив? Различни земји применуваат различни инструменти во реали зацијата на своите цели. Станува збор за третото ниво. Скоро сите граѓани ги споделуваат основните вредности на социјалната демократија. Но, некои ги нарекуваат или вреднуваат поинаку. Скоро сите држави ја имаат потпишано декларацијата на ОН. Но, сите не ја сфаќаат сериозно. Секоја држава не ја почитува обврската за постапување. Дали и во која мера државата интервенира во општество то, зависи од политичката определба на владата. Различни земји избираат различни инструменти во реали зацијата на своите политики. 7.1. МЕЃУНАРОДНО ИСТРАЖУВАЊЕ Научникот Томас Мејер и неговите соработници ја ис тражуваа социјалната демократија во различни земји. Прашањето на истражувачите беше – колку активно 72 ­интервенира државата во општеството со цел да го подо бри животот на граѓаните? И, кои инструменти ги употреб ува во таа насока? Во ова поглавје ќе ги прикажеме резул татите од истражувањето на Мејер. Ја споредуваме социјалната политика во 5 различни земји. Притоа, станува збор за резултатите на трите теми: Социјална политика Како функционира социјалната политика? Која партија води каква социјална политика? Социјална политика Кои инструменти стојат на располагање во едно општество со цел животните ризици, како болест или невработеност, да се направат подносливи за граѓаните? Како ќе се осигури ме дека сите граѓани можат да учествуваат во политиката и општеството? Што презема државата? Што презема државата против нееднаквоста? Како се одразу ва тоа на социјалните разлики во општеството? Пензија, здравство и образование Кои се главните карактеристики на земјата во областа на: пензијата, здравството и образованието? Резултати Како се чувствуваат граѓаните во земјата? Колку лица имаат платена работа? Дали разликите во примањата се големи или мали? 73 Што знаеме однапред? СЛИКИ со знамиња пред секоја земја САД е земја со ниска застапеност на социјалната демокра тија. Ова земја веќе подолго време има неолиберална поли тика и неолиберален начин на размислување. Велика Британија има големи социјални разлики(меѓу бо гатите и сиромашните) и релативно ниска застапеност на социјалната политика. Германија се наоѓа во средината. Во Германија има елемен ти на социјална демократија и неолиберализам. Јапонија не припаѓа во западниот свет. Но, во поглед на за стапеноста на социјалната демократија може да се спореди со Германија. Шведска е пример за социјална демократија. Овозможени се сите основни права и државата особено е активна. СОЦИJАЛНА ДЕМОКРАТИJА (-) 74 СОЦИJАЛНА ДЕМОКРАТИJА (+) 7.2. САД Социјална политика САД води неолиберална политика уште од своето основање. Државата се држи што е можно понастрана од животот на граѓани те. Индивидуалната слобода е најбитниот принцип. Кога станува збор за поддршка од државата, тогаш поделба та според придонесот е побитна од поделбата според потре бите. Целта на американската политика не е сите да сорабо туваат, туку да се избегне најтешката сиромаштија. Поделба според придонес Кој повеќе придонесува, повеќе добива Види поглавје 3 Поделба според потребите Оној кој се наоѓа во неповолна ситуација, ја добива помошта која му е потребна. Што презема државата? Државата ретко распределува. Затоа социјалните разлики меѓу граѓаните се сè поголеми. Одредени социјални осигу рувања, како, на пример, здравственото осигурување, се организирани од страна на приватни фирми. За овие фирми единствено е битно да остварат приход. Социјални разлики Разлики во квалитетот на животот на граѓаните Дали имаат високи или ниски примања? Дали имаат високо или ниско ниво на образование? Дали живеат во добра или лоша населба? Дали имаат добро или лошо здравје? Дали постои соживот во кругот на семејството? 75 Пензија, здравство и образование Во САД постојат многу социјални осигурителни програми. Само за пензијата и за невработеноста постои државен систем. Само сиромашните граѓани можат да добијат некој вид социјална помош во вид на прехранбени купони, многу ретко парични средства. Во 2014 година дојде до подобрување во американската социјална политика. Претседателот Барак Обама ја вове де Медиакер. Станува збор за здравствено осигурување за сите. Резултати Платена работа имаат 67% од Американците(меѓу 15 и 64 години). Разликите во примањата во САД се многу големи. Најголем процент заработуваат помалку од просекот. Иако е Америка богата, граѓаните се сиромашни. Со можностите коишто ги имаат се задоволни 82%. 7.3. ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Социјална политика Велика Британија е кралство и функциони ра како демократија. Британската социјал на политика претежно е либерална. Уште во 18 и 19 век политичарите се согласни – Владата нема да се меша. Долго време за поддршката на сиромашните се грижеле црквата и приватните донатори. Во 20 век, конзервативците, заедно со социјалистите, вове дуваат скромна социјална политика. Најбитните животни ризици ги презема државата(здравство, невработеност). Тогаш, а и денес, надоместокот сè уште е многу низок. Граѓаните не добиваат доволно поддршка. Некои надоме стоци се во рацете на приватните фирми. 76 Во деведесеттите години се подобрува социјалната поли тика на Велика Британија. Но, во последните години голем дел од тие мерки се повлечени од страна на конзервативна та Влада. Што презема државата? Социјалната политика во Велика Британија е различна. Во некои области важи поделбата според придонесот, а во други според потребите. Државата детално проверува дали некому му е потребна помош. Многу граѓани оваа проверка ја сметаат за срамна и понижувачка. Социјалните разлики во Велика Британија се големи, а и натаму се зголемуваат. Пензија, здравство и образование За пензијата и здравството постојат национални програми. Пензискиот систем е едноставен – секој плаќа придонеси, чија висина зависи од висината на примањата. Основната пензија е многу ниска. Кој сака може дополнително да се осигури преку приватните осигурувања. Здравствениот систем важи за сите граѓани – сите плаќаат даноци и добиваат бесплатни услуги од државата. Британскиот образовен систем е неправеден – има др жавни училишта или(многу подобри) приватни училишта. Приватните училишта чинат многу пари и водат кон елити зам. Оние кои се поуспешни во училиште, добиваат повисок социјален статус. Резултати Платена работа имаат 71% од Британците(помеѓу 15 и 64 години). Разликите во примањата се големи. Многу граѓани заработуваат помалку од просекот. Иако земјата е богата, овие граѓани се сиромашни. Со можностите кои ги имаат, 88% од граѓаните се задоволни. 77 7.4. ГЕРМАНИЈА Социјална политика Социјалната држава во Германија е из градена уште во 19 и почетокот на 20 век. Конзервативците сакаат на тој начин да го пресретнат работничкото движење кое во тоа време е во пораст. По Втората светска војна двете партии, конзервативната SDU и социјалдемо кратската SPD, работат заедно на градење на социјалната држава. Што презема државата? Порано државата се грижела за тоа да не се зголемат раз ликите меѓу сиромашните и богатите. Но, во последните години социјалните разлики во Германија се зголемуваат повторно. Пензија, здравство и образование Постојат повеќе видови на социјално осигурување за граѓа ните од различните професии. Работниците мораат да бидат државно осигурени. Службениците и самостојните работни ци можат, пак, наспроти тоа, да се осигурат приватно. Оној кој плаќа придонеси подолго време, добива повеќе услуги. Тоа значи дека германскиот систем е добар за граѓаните кои се долго време во постојан работен однос. Германското задолжително здравствено осигурување функционира, но има простор за подобрување. Службени ците и самостојните работници можат да се осигурат при ватно. Но, неправедно е тоа што приватните осигуреници добиваат подобри и побрзи услуги од останатите. Образованието во Германија е во надлежност на покраини те. Квалитетот на училиштата и универзитетите не е секаде еднаков. Тоа значи – во некои покраини учениците се подо бри, во некои полоши. Успехот во училиштето во Германија 78 е тесно поврзан со социјалната припадност – децата од послабите социјални семејства имаат многу полоши шанси за успех. Резултати Платена работа имаат 73% од Германците(меѓу 15 и 64 го дини). Разликите во примањата не се толку големи како во САД и Велика Британија. Мал е процентот на граѓани кои се сиромашни во однос на другите. Но, поголем од Шведска. Со можностите кои ги имаат, 90% од граѓаните се задоволни. 7.5. ЈАПОНИЈА Јапонија е монархија која функционира како демократија. Конзервативната партија доминира во политиката долги години. Јапо нија има модерен Устав во кој се содржани бројни човекови права, како, на пример: правото на работа, правото на здравство и култура. Обезбедување на работните места е најбитната цел на јапонската социјална политика. Државата соработува со економијата и банките. Заеднички ги намалуваат живот ните ризици за Јапонците. Голем дел од граѓаните имаат долгогодишни стабилни вработувања. Што презема државата? Во Јапонија самите претпријатија ги обезбедуваат со цијалните услугите за граѓаните, а не државата. За да се користат социјалните услуги, потребно е работно место на неопределено време. Нееднаквоста во јапонското општество не е голема. На мажите им се дадени повеќе шанси, отколку на жените. Додека, пак, граѓаните кои немаат јапонско државјанство, немаат скоро никакви можности. 79 Пензија, здравство и образование Државата обезбедува ниска основна пензија. Но, повеќето Јапонци добиваат далеку поголеми пензии од претприја тијата во кои работеле. Здравствениот систем се финансира од државата. Тука спаѓа здравствената грижа за осигурениците(преку работ ното место) и за неосигурените лица. Во Јапонија важи и личен удел, во висина од 30%. Образовниот систем во Јапонија во споредба со останатите се смета за праведен. Скоро сите ученици(98%) по завршу вањето на задолжителното образование продолжуваат со своето образование. Резултати Платена работа имаат 72% од Јапонците(меѓу 15 и 64 годи ни). Разликите во примањата се поголеми од оние во Гер манија, но помали од оние во Велика Британија и САД. Иако земјата е богата, многу Јапонци се сиромашни. Само 70% од нив се задоволни со можностите што ги имаат. 7.6. ШВЕДСКА Социјална политика Социјалната држава во Шведска е изгра дена одамна од страна на социјалдемо кратската партија. Појдовните точки на социјалната демократија биле одлучувачки во овој процес – сите граѓани можат да учествуваат во општествениот живот. Долги години Швед ска беше пример за социјална политика, со функционален државен систем кој ги поддржува своите граѓани во сите животни сфери. 80 Заради економската криза и економските последици од неа, социјалната демократска држава во даден момент не е веќе привлечна за сите гласачи. Средната класа ги отфр ла социјалдемократите. Во 2006 година, за првпат власта ја преземаат конзерватив ците. Оттогаш се елиминирани делови од силната социјална држава. Во меѓувреме, повторно се враќаат на власт социјалдемо кратите заедно со зелената и левичарската партија. Што презема државата? Шведската социјална држава има две појдовни точки – Основно осигурување и обезбедување животен стандард. На пример, во случајот на пензиите: Сите Швеѓани добиваат иста гарантирана пензија. Покрај тоа, постои и дополнителна пензија, чија висина зависи од приходите. Пензијата, здравствената нега и образованието во Шведска се финансирани од даноците. Граѓаните кои заработуваат повеќе, плаќаат повисоки даноци отколку оние со пониски примања. Пензија, здравство и образование Пензијата во Шведска е иста за сите – правото се оствару ва во периодот меѓу 61 и 67 година од животот. Преку при ватното осигурување може секој да добие дополнителна пензија. Исто така и здравствениот систем се финансира од даноци те. Во Шведска се покриени сите трошоци за медицинска нега од страна на државата. Во некои делови граѓаните плаќаат медицински додаток. 81 Образованието е бесплатно, од основно, па сè до универзи тетско образование. До 16 години учениците посетуваат се опфатно училиште. Повеќето од нив продолжуваат подоцна со гимназиско образование. Високото образование, како и образованието за возрасни, е достапно за сите. Осигурувањето за невработените лица се одвива преку синдикатите. Во Шведска, синдикалните организации, тра диционално, имаат многубројно членство. Конзервативната Влада се обидува тоа да го смени, но без успех. Резултати Платена работа имаат 74% од Швеѓаните(меѓу 15 и 64 годи ни). Разликите во примањата се мали. Во овој дел, Швеѓаните имаат најдобри резултати во спо редба со другите земји. Во Шведска скоро и да нема сиро маштија. Со можностите за избор кои им се нудат во текот на животот, 93% од населението се задоволни. Исто и во овој дел Швеѓаните имаат најдобри резултати. 82 Осмо ПОГЛАВJЕ: СоциJалнаТА демократиJа во Иднина Во осмото поглавје станува збор за иднината на социјал ната демократија. Светот бргу се менува. Уште од сега ги препознаваме и се соочуваме со новите предизвици. Се поставуваат нови прашања. Како социјалната демократија ќе одговори на овие прашања? За проблемите и шансите во иднина може да се најдат раз лични решенија. Кои инструменти се најсоодветни? Станува збор за третото ниво. 8.1. НОВИ РАЗМИСЛУВАЊА Социјалната демократија е во постојан развој Социјалната демократија не е завршен процес. Таа се наоѓа во средиштето на општество то. Кога светот се менува, се менува и социјалната де мократија. И како учење, но и како политичко движење. За да се постигне социјална демократија, нејзината по литика мора постојано да се преиспитува, приспособува и повторно да се обмислува. 84 Како се постигнува тоа? Најпрво се следат случувањата во општеството. Потоа се поставува прашањето – Кои се можностите, а кои се ризи ците коишто постојат? Врз тоа се основаат размислувањата и делувањето. Социјалната демократија не сака да остане во минатото. Го прифаќа секој предизвик. 8.2. ГЛОБАЛИЗАЦИЈА Најголемиот предизвик во годините што доаѓаат е да се под готви општеството за последиците од глобализацијата. Глобализација Целиот свет е меѓусебно повр зан. Порано земјите имаа само трговска размена со нивните соседни земји. Денес, ширум светот постои поврзаност во об ласта на: културата, трговијата, животната средина и, секако, во комуникацијата. Сето тоа носи големи последици за нашата економија – национална и меѓународна. Глобализацијата нуди, истовремено, и шанси и ризици. Со цијалната демократија сака да одговори на предизвиците во сите области: • Трговија и економија • Финансиски пазар, меѓународни банки • Добри услови за работа, дома и во светот • Природа и животна средина • Култура и меѓународна соработка 85 Секако дека Интернетот игра голема улога во процесот на глобализацијата. 8.3. ДИГИТАЛЕН СВЕТ Какво значење имаат основните вредности: слобода, пра ведност и солидарност, ако се придвижиме на Интернет? Дигиталниот свет се развива рапидно. Сите граѓани имаат пристап на Интернет. Но, секое движење, секое делу вање во мрежата има свои после дици. Со секој клик се креираат податоци. Овие податоци во исти от момент се администрирани и употребени, пред сè, од страна на големите приватни претпријатија. И државата има пристап кон овие податоци. Слобода Граѓаните речиси и да не знаат кои од нивните податоци се преземаат и кој сè има пристап до нив. Во еден слободен свет треба секој да ја има слободата, самостојно да одлучу ва за сопствените податоци и информации. Секој мора да знае: • Кои податоци постојат за него/неа • Кој ги поседува податоците • Како се користат податоците • Како се бришат податоците Праведност • Пристап до мрежа – имаат скоро сите, но не со еднаков квалитет 86 • Оние кои имаат спор пристап, на пример, преку стар мо билен уред, имаат и многу полоши шанси од оние кои по седуваат подобра конекција и брзи уреди • Оние кои имаат познавање од користење на мрежата и се запознаени со сите новости, имаат подобри можности Затоа секој човек треба да има право на добар пристап и можности за градење на што е можно повеќе компетенции. Солидарност Што значи кохезија во дигиталниот свет? Пребарувачите, информативните страни и социјалните мрежи ги поврзуваат граѓаните според нивните интереси и желби. Добиваме по стојано нови информации за она што го сметаме за интерес но – и сè помалку информации за останатиот свет. Така се менува нашиот поглед кон општеството. И се мену ва и нашата подготвеност заемно да си помагаме. На оваа тема треба заеднички да размислиме. 8.4. ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ Социјалната демократија и натаму се движи. Во останатите делови од серијата Кратко и јасно ќе дознаете повеќе за предизвиците со кои се соочува нашето општество и ставо вите на социјалната демократија. На пример: Економија – Како да произведуваме доволно за сите, а притоа да не му наштетиме на општеството и животната средина? Социјална држава – Како да се поддржуваме меѓусебно? Европа – Како функционира Европската унија, како изгледа европската иднина 87