ГРАДОТ ВО ТРАНЗИЦИЈА – ОД EКОЛОШКИ, СОЦИО-ПРОСТОРНИ И АРХИТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ ДО ОДРЖЛИВ ГРАД: СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Ива Петрунова Емина Рустемоска Скопје, 2019 Ива Петрунова Емина Рустемоска Градот во транзиција – од eколошки, социо-просторни и архитектонски промени до одржлив град: СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Скопје, 2019 д-р Ива Петрунова д-р Емина Рустемоска ГРАДОТ ВО ТРАНЗИЦИЈА – ОД EКОЛОШКИ, СОЦИО-ПРОСТОРНИ И АРХИТЕКТОНСКИ ПРОМЕНИ ДО ОДРЖЛИВ ГРАД: СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Издава: Фондација„Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје Лектор: м-р Лилјана Јовановска Графички уредник: Филомена Дода, Контура Печати: Контура Тираж: 200 CIP- Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека“Св. Климент Охридски”, Скопје 711.432(497.711) ПЕТРУНОВА, Ива Градот во транзиција- од еколошки, социо-просторни и архитектонски промени до одржлив град: Скопје помеѓу теоријата и можностите/ Ива Петрунова, Емина Рустемоска.- Скопје: Фондација“Фридрих Еберт”, Канцеларија во Македонија, 2019.- 68 стр.: илустр.; 30 см Фусноти кон текстот.- Слика и белешка за авторките: стр. 67. Библиографија: стр. 61-65 ISBN 978-9989-109-94-2 1. Рустемоска, Емина[автор] а) Скопје- Трансформација и развој COBISS.MK-ID 111554314 СОДРЖИНА 7 ПРЕДГОВОР 9 РЕЗИМЕ 11 ВОВЕД 11 МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП 12 ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ 12 ЦЕЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО И ОЧЕКУВАН НАУЧЕН ПРИДОНЕС 13 ГРАДОТ СКОПЈЕ 13 КРАТКО ИСТОРИСКО РЕЗИМЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ 13 СКОПЈЕ ВО XX ВЕК 14 ГРАД ВО ТРАНЗИЦИЈА 14 ПОСТМОДЕРЕН ИЛИ БАРОКЕН ГРАД? 15 ПРИРОДНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКОПСКАТА КОТЛИНА ОД ВАЖНОСТ ЗА УРБАНОТО ПЛАНИРАЊЕ 16 ВРНЕЖИ 16 ВЕТРОВИ 16 ТЕМПЕРАТУРА 17 ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ 17 СОСТОЈБАТА НА ГРАДОТ 17 КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ 19 ПРИЧИНИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ 23 НАЧИН НА ЖИВОТ 25 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД 28 СОСЕДСТВО 28 Секојдневни потреби 29 Јавен простор и слободно време 33 Меѓусебни врски 33 Врската помеѓу граѓанинот и просторот 35 ЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ 35 Центар 36„Скопје 2014“: форма – градилиште – идентитет 38 Свесноста на граѓанинот за просторот во градот 39 ИДНИНА 39 Досегашен развој на градот 41 Иднина 41 ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ 43 ИНФОРМИРАНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 44 ИЗВОРИ НА ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ 47 НАСОКИ ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ НИЗ ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ 47 Еколошки развој на Град Скопје 51 ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА 53 НОВИОТ НАРАТИВ ЗА СКОПЈЕ 53 Од најзагаден град и метропола на кичот кон метаболитички град 55 Конкретни предлози за Скопје 55 Препораки за одржливо еколошко планирање 58 ЕКОЛОШКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПАРК ШУМА ГАЗИ БАБА 58 ЕКОЛОШКО-КУЛТУРНА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА СКОПСКО КАЛЕ, РИМСКИ АКВАДУКТ И СКУПИ 58 УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСЕЛБИ И СОСЕДСТВА ВО ГРАД СКОПЈЕ 59 ДОБРО УПРАВУВАЊЕ 59 ОДРЖЛИВО УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ 61 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 67 БЕЛЕШКА ЗА АВТОРКИТЕ ПРЕДГОВОР Последните неколку години, светот забележа значителен број движења и трендови поттикнати од глобалните предизвици со кои се соочува нашето време и кои ја изменија сликата за градовите во традиционална смисла. Поттикнати од екстремните временски услови под влијание на климатските промени, аерозагадувањето и урбаната миграција, сѐ повеќе градови и општини ширум светот преземаат иницијативи со цел да се придвижат чекор понапред кон градење на одржливо општество. Градови како Хамбург, Фрајбург и бројни други европски метрополи станаа лидери во креирањето на амбициозни климатски политики, транзиција кон CO 2 неутрален јавен транспорт, како и промовирање на алтернативни системи за производство на храна. Следени од активните кампањи и поттикнувањето на свеста преку промовирање на Целите за одржлив развој 2030 на Обединетите нации, овие европски градови умешно и успешно ги интегрираат своите одржливи решенија и во националните легислативи, што ja jакне уште повеќе нивната улога и моќ за делување на европско ниво. Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочува градот Скопје, како и потребата и можностите за социо-еколошка транзиција и градење одржливи решенија, во јуни годинава Фондацијата„Фридрих Еберт“ во соработка со Град Скопјеја организираше првата не-конференција на тема„Град кој се (ре)обмислува себеси“. Преку избор на ваков концепт, во кој самите учесници се ко-организатори на настанот, тие добија можност да бидат значително инволвирани во процесот на креирање на иновативни предлози за нови социо-просторни и еколошки решенија за градот. Студенти, претставници на граѓански оргаизации, политички подмладоци и активисти, работејќи со претставниците на Град Скопје и општините, ја препознаа улогата и иднината на партнерството помеѓу државните институции и граѓаните. Промовирање на принципите на демократско управување со градот кое подразбира и активно носење на одлуките одоздола-нагоре значи отворање на широк консултативен процес со граѓаните, нивната креативност и експертиза во процесот на(ре)обмислување на градот во одржлива средина за сите. Кои општествени процеси влијаат врз промената на градот, односно трансформацијата на градот во период на транзиција? Како тие промени го менуваат идентитетот на градот? Како правилно да се измерат потребите на модерниот град и тој да се модернизира зачувувајќи ги своите традиционални и автентични вредности? Овие и многу други прашања ќе претставуваат стимул за изработка на студијата која стои пред вас. Составена од две истражувања како дел од две докторски дисертации на авторките Ива Пертунова и Емина Рустемоска, а збогатена со предлог-решенијата и заклучоците од не-конференцијата, студијата„Градот во транзиција – од еколошки, социо-просторни и архитектонски промени до одржлив град: Скопје меѓу теоријата и можностите“ претставува една широка рамка која ги опфаќа сите теоретски и практични аспекти за градот во транзиција. Секојдневните потреби на граѓаните од инфраструктурни предизвици, па сѐ до културни и рекреативни можности, засегнати од брзите и нагли промени на транзицискиот период како и поставувањето на нови општетствени вредности, ќе ги инспирираат авторките да се осврнат на можностите за изградба на Скопје во метаболички град кој е димензиониран на времето во кое постои и приспособен на потребите на граѓаните. Следејќи ги европските примери на градење на модерни и одржливи градови, а преку тоа и јакнење на нивната улога во социо-еколошката транзиција која ни претстои, е начин на кој Скопје може да се(ре)обмисли и адаптира на потенцијалите и ресурсите на просторот, кои не се само наши и не припаѓаат само на сегашноста, туку истите треба да се зачуваат за идниот развој на градот од идните генерации. Како што ќе потенцираат и самите авторки, во одржливот град видливи се духот и традицијата на времето во просторот, присутна е природата како неотуѓив дел од човечкотопостоење, а градот кој се развива во хармонија со природата ги интегрира сите потенцијали за економски развој, поттикнува комуникација и социјална кохезија, како и ингратирање на маргинализирани групи. Тоа е град за кој може да се каже дека се развива во духот на одржливоста и во кој еколошките и социо-просторни промени се во чекор со модерните трендови, а во согласност со потребите на граѓаните. Ивана Вучкова, Фондација„Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје 7 РЕЗИМЕ Градот како носител на целата човекова историја, го отсликува човековиот однос кон времето, местото, природата и генерално, животот. Претставува еволутивен механизам на човекот за зачувување на развојот, достигнувањата, историјата, културата и сл. Градот не е конечна форма, таа се темели на животните процеси на урбаниот развој, а обликот е секогаш дел од вкупната култура на една средина, настанат низ времето. Историските и социјалните секвенци ја одредуваат урбаната морфологија. Физичката структура на градот ја рефлектира идејата на социјалните, економските, природните, техничките и технолошките структури, таа е израз на урбаниот живот. Градовите во дваесеттиот век беа градови кои беa продукт на брзиот развој на технологијата и економијата на светот пo Втората светска војна. Утопистичките идеи за развој на градови одеа во насока на намалување на влијанието и присутноста на природата во градовите,заедно со идејата на сѐ поголемата надмоќ на луѓето врз природата. Сѐ поголемиот број луѓе кои се слеваa во градовите,претставуваа моќност за развој на големи градски агломерации дотогаш несвојствени за урбаниот развој на планетарно ниво. Симбол на новото време беа големиот број автомобили, облакодерите. Градовите стануваа сѐ повеќе автоцентрични. Природата сѐ помалку беше перципирана како урбан елемент кој ја дефинира урбаноста. Природата беше резервирана за надвор од градовите, перципирана како нешто кое би требало да биде надминато,оставено надвор од урбаниот раст со исклучок на посебно избраните површини на зеленило кои повеќе имаа естетска,отколку еколошка или социјална функција. Урбаните шуми требаше да бидат заменети со бетонски шуми на висококатници во кои секоја индивидуа е микрокосмос сам за себе и го избира својот начин на живот исклучиво врз личните преференции. Градовите од тој период се карактеризираа со разбивање на традиционалната кохезија и воспоставување на нов начин на живот во кој групите се формираат на бази на личен интерес и групирање. Сите историски, политички, научни, општествени случувања се огледуваат во просторот. Постмодернизмот повикува на навраќање кон историјата и преземање елементи од неа и нивно индивидуално реинтерпретирање. Државите каде модернизмот бил посебно нагласен поради неговата идеолошка поврзаност со социјализмот и комунизмот, по паѓањето на Берлинскиот ѕид, започнуваат процес на транзиција. Тоа е процес во кој општеството минува од еден систем на уредување во друг, т.е. од социјалистички кон капиталистички. Оваа промена остава огромни промени врз градот и неговиот изглед. Социјалистичките градови со модерни блокови се отвораат за новата пазарна економија и глобализацијата, што придонесува до поинакви концепти на градење кои со себе носат сосема поинакви вредности. Скопје е град кој има турбулентна историја и во својот изглед содржи форми и слоеви од многу различни времиња и народи. Сите овие слоеви придонесуваат за неговата комплексност. Во последниве дваесет години Скопје претрпува брзи и нагли промени кои се водени од транзицискиот период и поставувањето нови општествени вредности, со побрзиот начин на живот, новата технологија, глобализацијата и некои постмодерни струења. Ваквите услови овозможуваат специфична подлога за понатамошен развој на градот и се појавува криза на културниот идентитет, архитектонските форми и вредности. Промените се случуваат многу брзо, но делови од централното градско јадро го одржуваат идентитетот на градот со својата структура и покрај промените кои и самите ги претрпуваат. Плоштадот Македонија претставува обележје на Скопје и го дефинира неговиот нуклеус. Тие секојдневно се адаптираат на новите времиња и новите животни стилови. Ако пред започнување на проектот„Скопје 2014“ како главна забелешка е дека плоштадот е празен простор само со големи зелени површини пред зградата на Т Мобиле и Македонски пошти и дрворедот на истата површина без посебна естетска вредност,за само неколку години истиот стана градежен полигон на кој се мешаат стилови, епохи неповрзани со овој простор, уште помалку со времето во кое се создаваат. Плоштадот години наназад е постојано во процес на градење и доградување на објекти кои одат во спротивни насокиод сѐ она што беше напишано како постулат за развој на модерните градови. Овие процеси како еколошка последица ги имаат зголеменото присуство на прашина во воздухот, зголемувањето на температурата, затво9 рањето на протокот на воздух, загадувањето од бучава. Покрај тоа зафатите во самото корито на реката Вардар дополнително ја влошуваат оваа слика бидејќи со градбите кои се директно во самото корито, значително е намалена пропусната моќ на истото. Ако сите овие сегменти се стават во еден социолошки ракурс,како заклучок може да се изведе дека ова однесување кон градот е последица на општествените нарушувања во македонското општество во подолг временски период. Плоштадот„Македонија“ е микрокосмос или одраз на целата социјална аномалија која владее во Северна Македонија. Клучни зборови: архитектура, јавни површини, град, одржлив град,општество, транзиција,развој 10 ВОВЕД Македонското општество во почетокот на XXI век се соочува со долга низа проблеми. Едно од најважните прашања, а можеби и најзанемарените е прашањето за градскиот простор и неговите вредности. Република Северна Македонија се соочува со масовно иселување од градовите од внатрешноста на државата и вселувањте во главниот град – Скопје. Скопје станува загаден, пренаселен со опаѓачки квалитет на живот. Непромисленото градење на празните и/или зелените простори во градот придонесува за влошување на урбаниот живот. Градењето на центарот на градот со контроверзниот проект„Скопје 2014“ придонесува до поделба во општеството и ја зголемува културолошката, идентитетската и политичката криза во државата. Се појавува потреба општеството разумно да дејствува во просторот со цел да се подобри животот во градот Скопје. Еден од главните проблеми е одвоеното гледање на архитектурата, единствено како физичка структура во просторот, без голема свесност за нејзиното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните. Непризнавањето на општествената и политичката страна на архитектурата и градот придонесува до низок квалитет на живот. Градење без почитување на физичкиот и општествениот контекст го загрозува градот. Надоврзувајќи се на архитектонскиот аспект на интервенирање во просторот, се отворија предизвици со кои се соочува Град Скопје во последните години, во сферата на урбаното планирање и еколошките услови на живеење. Иако на ниво на држава процесите на урбанизција се засилени преку силно изразено градење на станбени објекти кои отстапуваат од принципите на добро осмислено урбано планирање на просторот, тоа е најизразено и евидентно во случајот на Град Скопје. Делумно експанзијата на градењето е резултат на силната миграција на население од останатите делови на државата во градот Скопје, што го отвора проблемот на силен моноцентричен развој на државата, кој го нарушува системот за рамномерен развој на национално ниво. Приливот на сѐ поголем број луѓе во градот врши притисок врз сите потсистеми во градот од инфраструктура, како што се сообраќајот, снабдувањето со вода, енергетската стабилност, управувањето со отпад и сл., па сѐ до преку задоволување на низа други потреби за секојдневно функционирање, како што се рекреативни и културни потреби на населението. Мануел Кастелс(Manuel Castells) го објаснува градот како општествена проекција и одредба на социјалните процеси. Ако овој исказ го сместиме во денешниот контекст на Скопје, би ни се отвориле повеќе прашања. Кои општествени процеси влијаат врз промената на градот, односно трансформацијата на градот во период на транзиција? Како централното градско јадро во Скопје ја преживува транзицијата? Како општеството во транзиција се однесува кон објектите кои се наследство од друг период и какви промени им се случуваат? Како тие промени го менуваат идентитетот на градот? Како правилно да се измерат потребите на модерниот град и тој да се модернизира зачувувајќи ги своите традиционални и автентични вредности? На кој начин архитектурата влијае врз општествените вредности? На кој начин општествените вредности ја создаваат архитектурата? Како политиката влијае врз развојот на градот и неговата морфологија? Дали соодветно планиран социјален простор може да ги зголеми демократските вредности на едно општество? МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП Истражувањето обединува две научни дисциплини – социологија и архитектура и нивно меѓусебно испреплетување и дополнување. Затоа целта на истражувањето е анализа за севкупната трансформација на градот Скопје и да обезбеди резултати и препораки кои се релевантни, како за теоретичарите, така и за локалните власти, но и за невладиниот сектор во областа на урбанизмот, животната средина и одржливиот развој преку перцепциите на граѓаните за еколошките состојби, урбаното планирање,но и да обезбеди мислење во која насока треба да се движи идниот развој и планирање на градот Скопје. Во насока на постигнување на поставените истражувачки прашања, беа применети квалитативни методи, како и техники на истражување и прибирање податоци(теренско анкетирање на граѓани). Покрај тоа истражувачки цели беше употребен метод на квалитативна анализа на содржина на документи, како поткрепа и појдовна точка од 11 аспект на документи кои се важни за еколошкото планирање и живеење. 1 Популацијата врз која е направена анкетата е од општините Аеродром(Ново Лисиче), Центар (строг Центар и Маџир Маало), Чаир и Сарај. Истражувањето е спроведено во период 2017 и 2018 година. Поделени беа околу 550 прашалници од кои валидни се 460. Од вкупниот број прашања, во трудот се издвоени теми кои се однесуваат на загадувањето во градот, транспорт, информираноста на граѓаните, вклученоста на граѓаните во процесите на урбано планирање и насоките за иден зелен развој, како и развој на ниво на соседство и градот во целина. При изборот на испитаници земени се предвид бројот, структурата(образовна/ полова) и територијалната дистрибуција на испитаниците што ни дава продлабочен увид за размислувањата на граѓаните за својот град. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ Истражувањето се однесува на градот Скопје со процесите кои се случуваат во него од социолошка, од морфолошка и од архитектонска смисла и како сите тие се меѓусебно поврзани и зависни. Дел од прашањата во студијата се однесуваат на трансформацијата на градот Скопје и го опфаќа централното градско ткиво. Трансформацијата во градот се забележува на многу различни фронтови, меѓутоа новите трендови најмногу се забележуваат во центарот на градот. Другиот дел на прашањата кои беа истражувани, се фокусираат во која мера моделот на одржливиот град е применлив и можен во случајот на град Скопје, како и каков е ставот на граѓаните во однос на еколошките состојби, еколошкото планирање, но и перцепциите за иден развој на градот Скопје. Студијата, покрај горенаведените, обработува и прашања кои се однесуваат на социологија, урбано планирање и добро владеење. Ова произлегува од самата комплексност на проблемот на еколошко живеење кои не може да бидат објаснети само од еден аспект, туку секогаш се резултат на преплетување на низа социјални појави и практики, па оттаму и потребата од интердисциплинарен пристап во истражувањето. грамата на просторот и неговото прилагодување во период на транзиција, т.е. во период од социјалистичко во капиталистичко општество. Оваа студија би ги поттикнала позитивните вредности во просторот, а би ги препознала и критикувала негативните. Со тоа во идните истражувања би помогнала во препознавање на одредени квалитетни, трајни вредности и нивна трансформација низ времето. Исто така би ги дефинирала промените во просторот и на објектите кои се случуваат во период на транзиција, односно на промена од социјалистички општествен систем во капиталистички општествен систем и би помогнала во формирање на новите идентитети во градот и зачувување на веќе потврдените референтни места и соодветна адаптација за иднината. Заклучоците од оваа студија би можеле да се применат во подигнување на јавната свест за архитектурата и просторот, да се подобрат и актуализираат квалитетите на просторот, да се вреднуваат објектите кои се докажале како трајни квалитети и во корист на градот и неговите жители. Истражувањето би можело да поттикне социолошки студии и архитектонски проекти кои би го подобриле квалитетот на просторот во градот Скопје, а со тоа би го подобриле и квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните. Воедно истата обезбедува зголемување на знаењето од областа на одржливи градови, за локалните власти, но и за невладиниот сектор во областа на урбанизмот, животната средина и одржливиот развој. Ова истражување би можело да се користи како компарација за останати истражувања со слична тема или за останатите балкански градови кои минуваат во сличен период и како насока за идните проектанти, урбанисти и социолози кои се занимаваат со градот и просторот.Понатаму добиените податоци укажуваат на тоа дека идниот развој на град Скопје мора да се базира на принципите на одржлив развој. Урбанистички решенија кои ги синтетизираат од една страна архитектонските решенија кои соодветствуваат на времето, а воедно почитувајќи ги принципите на кои се планираат модерните градови во еколошка смисла, очекувано е во иднина да произведуваат позитивни општествено-социјални промени. ЦЕЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО И ОЧЕКУВАН НАУЧЕН ПРИДОНЕС Оваа студија во еден дел ја прикажува архитектурата и физичките промени во просторот, не само како материјални форми, туку и како носители на подлабоки општествени значења во една заедница. На овој начин се потврдува функцијата и про1 Г енерален урбанистички план на град Скопје 2012 – 2022, Студија за озеленување и пошумување на град Скопје, Студија за воспоставување зелени коридори, Отпорно Скопје, Стратегија за климатски промени. 12 ГРАДОТ СКОПЈЕ ГРАДОТ СКОПЈЕ КРАТКО ИСТОРИСКО РЕЗИМЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ Скопската Котлина уште од праисторијата ги привлекувала луѓето како значајна точка меѓу Истокот и Западот. За еволуцијата на градот низ вековите, доказ ни е и името кое претрпувало прилагодување со секоја нова култура: Скупи(антика), Скопиа(Византија), Скопње(во словенскиот среден век), Искуб, Ускуп(турскиот период). – – Современ град: На 13 ноември 1944 година, Скопје бил ослободен од окупаторот и почнува нова ера, како модерен и современ главен град на Македонија. Се зголемува бројот на населението, се намалува слободната површина и околните ливади, а се градат нови индустриски и други објекти. Новата архитектура во Скопје е модерна и му дава сосема нов и поинаков лик по осамостојувањето на Р. С. Македонија. – – Неолит: Остатоци од неолитски населби во Скопскиот Регион потекнуваат од раниот неолит,т.е. од почетокот на урбаната револуција. – – Aнтика: Скупи првпат се спомнува од Птоломеј во II век пр.н.е. Почнува да слабее во V век поради нападите од варварските племиња. Во 518 година катастофален земјотрес го разурнал до темел. – – Среден век: Со формирање на феудалниот систем, во Скопската Котлина има повеќе мали утврдени гратчиња. Во 527 година се подигнал нов град – Јустинијана Прима, типичен провинцијалски византиски град со мистична и аскетска атмосфера. – – Османлиски период: На 6 јануари 1392 година Скопје паѓа под Турците Османлии и под нивна власт останува пет века. Турците на Скопје му дале изразито турски-ориентален карактер. Просторната организација ги следела основите на стариот утврден град, но ја акцентирала ориенталната архитектура. Во почетокот на XIX век, Скопје има околу 5.000 жители, но повторно почнува да се развива кога неколку паши почнале повторно да градат во Скопје. Со градење на важната железничка линија се добива непосредна врска со Белград и со Средна и Западна Европа. – – Балкански и светски војни: На 13 октомври 1912 година Скопје го окупираат српските војски со прекин од 1914 до 1918 година, кога градот бил окупиран од германски, австриски и бугарски војски. По Првата светска војна, Скопје е главен центар на целата моравско-вардарска област сè до 6 април 1941 годна. Во Втората светска војна, Скопје бил окупиран од бугарските трупи, а градот повторно изгубил дел од својата вредност. СКОПЈЕ ВО XX ВЕК Низ градот Скопје минале многу различни народи, племиња, освојувачи и секој од нив оставил свој печат, и културолошки и морфолошки, врз обликувањето на градската структура. Ова го прави Скопје традиционален балкански тип град, во кој се преклопуваат остатоци од повеќе временски етапи, култури и обичаи. Планот на Скопје од 1899 година, претставува почеток на идејата за поголема европеизација на градот, негово урбанизирање и планиран развој. Овој облик ја зачувува меморијата и ја надоградува духовната и урбаната слоевитост преку континуитетот на стари и создавање на нови симболи, митови, значења и вредности. Скопје во овој период се состои од: домување, чаршија, деловни подрачја и улична и комунална мрежа. Првиот регулационен план бил направен во 1914 година од Димитрије Т. Леко во класицистички стил, кој ги отфрла сите османлиски традиции во урбаниот простор и ги внесува европските трендови преку академизмот. Планот го воведува Рингот во Скопје, кој останува главна тема во сите следни планови и го дефинира плоштадот како јавен простор. На почетокот на 1929 година, Јосиф Михајловиќ го направил Генералниот регулационен план на Скопје според идејниот план од 1914 година, кој е развиен со комбинирање на стариот ориентален карактер на градот на левиот брег со нови форми и содржини со цел да се добие нов и современ израз.Во 1931 година бил изработен друг регулационен план кој бил синтеза од двата претходни и кој го менува описот на градот: го чини помалку ориентален, а повеќе европски град. 13 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Скопје продолжува да расте и има потреба од изработка на нов план во 1947 година од Лудјек Кубеш во кој се предвидува проширувањето на градот и зонирање, план базиран на основните постулати на модернизмот. Генералниот регулационен план на Скопје од 1948 година е основата за повоената обнова на градот во нов политичко-општествен систем(социјализам) и радикално го менува градот. Планот е развиен како функционален град со урбани зони: зони за домување, индустриска зона, деловна зона, административна зона, зона со зеленило и со линеарна дистрибуција на зоните во градот. Овој план ги поставува контурите на модерниот лик на Скопје. Во средината на XX век, во Скопје се случуваат две поголеми природни катастрофи: поплава во 1962 година и катастрофален земјотрес во 1963 година, кој речиси го уништи градот. Во духот на тогашната социјалистичка идеологија, пристигнува помош од многу земји, а новите планови кои тогаш се креираат, се светски тренд во тој период. Во ноември 1965 година е усвоен новиот Генерален урбанистички план, кој содржи: три главни станбени зони, индустриски и деловни зони, како и зона за масовна активна рекреација. Планот на центарот е во основа успешна композиција што се карактеризира со смислено нагласување на градските содржини и оформувањето на комплексни урбанистичко-архитектонски структури и мегаструктури. Новиот план, покрај јасната просторна огранизација, предложи нови градски симболи, кои денеска се делумно остварени и уште повеќе ја потенцираат неговата специфичност. ГРАД ВО ТРАНЗИЦИЈА На 8 септември 1991 година, Република Северна Македонија на референдум ја изгласа својата независност, по што започнаа низа реформи во сите аспекти на општеството, т.е.процесот на транзиција. Процес, кој е значително отежнат од соседските односи на земјите на Балканот, бегалци, меѓуетнички конфликт во 2001 година, внатрешни конфликти, длабока политичка и демократска криза... Текот на приватизацијата е проследен со многу грешки што води до големи последици. Периодот на транзиција ги влоши демократските вредности и придонесе до осиромашување на граѓанското општество, појава на многу негативни вредности и девијантни промени. Ова го отвора прашањето што се случува со главниот град во вакви бурни и непостојани периоди? Се чини дека Скопје тукушто закрепна од земјотресот и почна да се гради во духот на модернизмот и модерното време, а процесот мораше да биде прекинат поради распадот на СФРЈ и создавање на ново општество. Најголемиот дел од Скопје е изграден по земјотресот во 1963 година, објектите припаѓаат на архитектура типична за тој период и идеологија. Новото општество ги става во прашање сите вредности од минатиот систем, вклучувајќи ги и архитектонските и просторните. Градот станува агломерат на различни егоцентрични, индивидуални објекти, кои изгледаат празно и бездушно и го прават градот без пријатна градска атмосфера. Скопје се наоѓа во фаза на започната модернизација, но не завршена, туку прекината од процесот на транзиција кој сам по себе носи низа промени. Државното земјиште се приватизира и новите сопственици градат онака за да имаат најмногу профит, апсолутно занемарувајќи ги сите други вредности. Големите јавни објекти кои припаѓале на некои општествени институции или претпријатија, или се напуштени и пропаѓаат или се пренаменети и не се води многу грижа за нив. Ова ги остава објектите изградени во претходниот период во многу лоша состојба. Целосната слика во градот почнува да се менува. Историската слоевитост која ја има Скопје и неколкуте различни принципи по кои се модернизира(Леко, Михајловиќ, Танге) се занемаруваат и се добива нов слој во градот кој претставува колаж од различни приватни лица кои имаат различни идеи за просторот и се оддалечува од дотогашниот континуитет на градење. Братството, единството и колективната сопственост се заменуваат со приватизацијата и национализмот,т.е. од еден социјалистички модел на општество,се преминува во капиталистички модел. Ова носи промени во секој општествен аспект и Скопје влегува во групата на постсоцијалистички градови. Појавата на нови капиталисти кои преку ноќ се збогатиле и урбаната мафија, ја диктираат новата економија што силно се одразува на просторно-архитектонските и урбанистичките аспекти во Скопје. Оние граѓани кои не можеле да ја прифатат модерната архитектура, носталгично евоцираат слики на Скопје пред земјотресот во 1963 година и се трудат истите да ги оживеат. Во транзициското Скопје повторно нема никаква почит кон објектите изградени во минатото и градот повторно ја повторува својата историја на градење, не во хоризонтала, туку во вертикала, т.е. рушење или игнорирање на објектите од претходното општествено уредување и наместо до нив, градење врз нив. ПОСТМОДЕРЕН ИЛИ БАРОКЕН ГРАД? На почетокот на XXI век, во светот се глобализира, а Република Северна Македонија сѐ уште се бори со транзицијата, криминалот од приватизацијата и нерасчистените меѓуетнички односи. Во 2006 година на власт доаѓа десничарската влада. Во потрагата во идентитетот, владејачкиот политички врв се навраќа на антиката, посебно периодот на владеењето на Александар Македонски и многу агресивно го истакнува патриотскиот, традиционалниот и националниот дух кој сега го поставува во современ контекст. Во 2008 се појавува контроверзниот проект„Скопје 2014“ кој предлага обнова на централното градско подрачје во таканаречен „барокен“ манир. Македонското општество секојдневно се соочува со многу нелогичности, но една од највпечатливите е обидот да се„барокизира“ главниот 14 ГРАДОТ СКОПЈЕ град во првата деценија на XXI век, под изговор на воздигнување на македонската нација. Апсурдна е идејата за доловување на барокното минато на западноевропските градови, кое Скопје никогаш го немало, не водејќи сметка дека барокот не е само естетско обликување, туку опфаќа општествени реалции кои траат и по неколку векови. Денес се соочуваме со некои слични аспекти како криза во идентитетот, потребата да се дефинираме и докажеме со декорации, орнаменти, споменици, потребата да сезајакне национализмот, корумпирани и тривијални општествени односи, комплициран бирократски систем, развојот само на еден единствен град(Скопје) во кој се доселуваат жителите од цела држава и оттука стилскиот и естетскиот израз наликува на барок, бидејќи се повторуваат некои општествени(не)вредности, но основните принципи на барокното обликување на градот се далеку од денешното Скопје. Структурата на градот си останува како во претходните планови, меѓутоа се препокриваат фасадите на објектите во центарот, т.е. се облекуваат или маскираат во т.н.„барокно“ руво и се зафаќа јавниот простор и зоните за рекреација и/или за инфраструктура, кои припаѓаат на граѓаните, преку поставување на споменици и градење на големи несоодветни објекти од јавен карактер. Ова подразбира целосно напуштање на сите принципи и традиции на градење во градот. Периодот кога во светот се појавува и развива барокот, Скопје е под власт на Османлиите и се развива како ориентален, а не како западноевропски град. Кон крајот на XIX век и почетокот на XX век македонската интелигенција патува на запад и оттаму носи западноевропски вредности. Историските циклуси на урбаното планирање на Скопје, резултираат во фрагментарната основа на современиот град со многу сложена стратификација на физичката структура. Во град како Скопје, со толку богата структура, во период од само неколку години(2008–2016) се градат големи, капитални објекти и споменици во централното градско подрачје кои се повикуваат на некој неокласицистички, необарокен стил, но со мотиви извадени од македонската историја и кој многу е тешко и комплексно да се дефинира. На овој начин Скопје од град со авангардна и модерна архитектура изградена врз традиционални основи, станува град кој во XXI век гради квази необарокни или неокласицистички споменици, не сосема дефинирани, а на постојните објекти од времето на Југославија им„лепи“ некласицистички/необарокни фасади со орнаменти и столбови од стиропор и гипс картон. Цел град станува парадоксален, исполнет со фасади на кои преовладуваат носечки, конструктивни(греди, столбови) елементи кои всушност се лажни и треба да претставуваат само орнамент. Скопјаните не ја прифаќаат позитивно оваа промена, додека останатите жители на Република Северна Македонија имаат поделени ставови. Скопје од современ и модерен град, станува град чиј изглед е дефиниран од владејачкиот врв, а не од неговите жители и архитектите. Соочени со едно преиспитување на социолошки, социо-просторни и архитектонски вредности и промени во градот, мора да се направи длабока анализа со цел Скопје да го зачува достоинството на живеење кое е многу нарушено и конечно да биде град според мерка на своите жители. ПРИРОДНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКОПСКАТА КОТЛИНА ОД ВАЖНОСТ ЗА УРБАНОТО ПЛАНИРАЊЕ За да се разбере сегашноста на еден град,посебно кога зборуваме за неговото урбанистичко планирање во еколошка смисла, неопходно е да ги земеме предвид природните карактеристики на просторот во коjе сместен градот,како и политичко-социјалните односи кои го обликувале градот низ историјата и денес. Голема улога во развојот на градот имаат природните услови, како што се релјефот, климатскиот режим, водните и останати природни ресурси. Природните фактори во голема мерка го детерминираат урбаното планирање на градот, бидејќи претставуваат материјална база врз која понатаму се создава социјалниот материјал на градот. Од еколошка гледна точка, познавањето на природните особини на градот е неопходност за урбаните планери за да може правилно да ги согледаат ризиците, а кои може да имаат последици во случај на погрешно планирање и проектирање. Сето ова е потребно бидејќи недоволното познавање на овие елементи можеда доведе до зголемени ризици по здравјето и животот на жителите во градот. Посебно е важно да се има познавања од овие области, бидејќи моментално светот се соочува со заканите на климатските промени, со што овие елементи добиваат уште поголема тежина. Во продолжение накратко ќе бидат прикажани природно-географските карактеристики на Скопската Котлина кои понатаму ќе ни послужат и како добра основа за разбирање на некои од еколошките состојби ипроблеми со кои се соочува главниот град. Скопската Котлина е сместена помеѓу планините Водно(со врвот Крстовар, 1066 мнв),масивот Јакупица Караџица со врвот Солунска Глава (2450мнв),Осој(1506 мнв),Жеден(1260мнв) и Скопска Црна Гора(1561мнв). Скопската Котлина е затворена од јужната страна, што спречува директни влијанија на медитеранска клима,додека отвореноста кон север и северозападовозможуванепречено влијание на континентални воздушни маси кои во ладниот дел на годината условуваат ниски температури. Скопската Колина се простира во правец одсеверозапад кон југоисток, со должина од 47км. Ширината варира од 28 до 50 км, а површината изнесува 2.100км 2 . Релјефот е елементарна компонента на природната средина и како таков заедно со останатите елементи во просторот, како што се врнежите, ветровите и температурата, вршат директно влијание врз планирањето и севкупното живеење во просторот. 15 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ ВРНЕЖИ Просечните врнежи во Скопската Котлина изнесуваат 525 мм и, според тоа, спаѓа во посушните предели на државата. Врнежите се нерамномерно распределени: како најврнежлив период е мај, потоа ноември,додека најсушни се јули и август. Друга карактеристика на режимот наврнежи е појавата на поројни дождови во потоплите месеци на годината. Познавањето на интензитетот и распоредот на врнежите е од важност при подготвување на активности за канализациска мрежа и капацитети за прием и управување со води од дождовница во урбаните средини, како и заштита од поплави, плавење на улици и нанесување на штета на објекти. ВЕТРОВИ Режимот на ветрови во Скопската Котлина е директно под влијание на распоредот на планини и клисури. Во Скопската Котлина се разликуваат два режими на ветрови. Во градскиот дел на Котлината со најголема зачестеност е западниот ветер, додека во отворениот источен дел на Котлината, најголема зачестеност има северниот ветер. Тоа што е посебно важно да се нагласи, а е од важност и за темата на овој труд, е зачестеноста на тишини (периодот од крајот на октомври до почетокот на февруари, во кој нема поголеми струења на воздухот, Лазарески,1993). Оваа климатолошка појава е позначително зачестена во западниот, односно градскиот дел на Котлината, отколку во источниот дел. Просечната годишна зачестеност на тишини изнесува 438%промили, односно од 1.000 мерења во 438 случаи било без воздушни струења. Најголем обем на денови со ветровни тишини е концентриран во месеците октомври, ноември, декември и јануари. Источниот дел на Котлината е значително поветровит, со ветровни тишини од 294% промили, со максимум на присутноство декември (418%),ноември(396%) и јануари(380%). стрирани во повисоките делови. Температурната разлика, во услови на инверзија помеѓу ниските делови од Котлината и околните делови, може да биде и поголема од 10ºC, во зависност од интензитетот на инверзијата. Познавањето на температурниот режим, посебно во летниот период е од значење за детектирање на т.н„топлотни острови“ со цел на проектирање на зелени решенијаза урбано зеленило кои би придонеле за ублажување на температурите во овие периоди. Од дадените параметри може да се извлечат два главни заклучока: –– Градскиот густо населен дел на Котлината има помал процент на проветреност во зимскиот дел на годината, кога концентрацијата на население е поголема, со што се создаваат„поволни“ услови за повисока концентрација на честички во воздухот и прилики за висока загаденост. Ветровите што се јавуваат во овој дел од Котлината, се исто така со помала брзина од западен правец и значително послаби, како резултат на релјефната конфигурација. –– Источниот дел на Котлината има поголема проветреност, ветровите се позачестени. Воздушните континентални влијанијаод север и северозапад, во топлиот дел од годината, донесуваат сув и топол континентален воздух, што има директно влијание врз температурите и вегетацијата во градот. ТЕМПЕРАТУРА Највисоката средномесечна температура на воздухот обично се регистрира во месец јули, додека најниската во јануари. Средногодишната температура на воздухот за мерната станица Скопје – Петровец изнесува 12,2ºC, додека за станицата Скопје – Зајчев Рид изнесува 12,6ºC. Температурните параметри во Скопската Котлина, параметрина температурни екстремиво Котлината, има вкупно температурноколебање од 67,1 С.(А. Лазаревски,1993). Како уште една карактеристика на климата во Скопската Котлина се температурните инверзии. Температурните инверзии на воздухот најзастапени се за време на зимскиот период. Најниските температури во зимскиот период на температурните инверзии се во нискиот дел на Котлината, а високите температури се реги16 ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ Слика 1. Плоштадот во Скопје во XX век. СОСТОЈБАТА НА ГРАДОТ Американскиот политичар Хуберт Хамфри 2 рекол дека има опасност да ги направиме градовите место каде се случува бизнисот, но каде животот во својата вистинска смисла е загубен. Сè поретки се малите антропоморфни градови, со улици наменети за пешаци. Денешната слика за град е огромна метропола, мегалополис како Њујорк, Лондон, Пекинг итн., градови кои нудат премногу можности и исто толку опасности. Дали човековата мерка во градовите која во XX век беше толку занемарена, ќе биде повторно цел во XXI век? Соочени со проблеми како пренаселеност, сообраќаен хаос, пораст на криминал и девијација, загадување итн, идејата за град кој нуди квалитетен живот, се менува. КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ Да се започне од моменталното задоволство на граѓаните од некои важни аспекти на градот Скопје. Сите овие аспекти го чинат градот пријатен за живеење, т.е. ја креираат атмосферата во градот и влијаат многу врз психолошката и здравствената состојба на граѓаниот без разлика дали тој е свесен за тоа. На прашањето:„Колку сте задоволни од решавањето на следните прашања и проблеми на градот?“ од вкупно 213 испитаници, 54% се многу незадоволни од заштитата на животната средина, додека 41% се малку задоволни, многу задоволни се само 3%, што покажува на катастрофалната состојба на животната средина во градот. За уредувањето на кејот на реката Вардар, 51% се малку задоволни, додека 35% се многу незадоволни. Во однос на изградбата на улици 52% се малку задоволни, а 35% се многу незадоволни. Од изградбата на паркиралишта, 45% се малку задоволни, додека 40% се многу незадоволни. За опремување на градот со комунална опрема, водовод, канализација, асфалт, малку задоволни се 56% од граѓаните, додека 26% се многу незадоволни. Во однос за грижата за културното наследство 46% од граѓаните се малку задоволни, а 40% се многу незадоволни. Од содржините во градот како што се културни, здравствени објекти, училишта и градинки 60% од граѓаните се малку задоволни. Од архитектонското обликување на зградите 45% се малку задоволни, а 43% се многу незадоволни. Од уредувањето на центарот на градот 49% се малку задоволни, а 32% се многу незадоволни. Од заштитата на сигурноста на граѓаните од криминал, тероризам и сл. 52% се многу незадоволни. Ова прашање кое го мери задоволството на граѓаните од неколку важни аспекти за животот на граѓаните и за состојбата на градот, покажува дека граѓаните на Скопје не се задоволни од ниту еден аспект. Тие се или малку задоволни,или многу незадоволни. 2 Hubert Horatio Humphrey Jr. 17 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Заштита на сигурност на граѓаните од криминал,тероризам и сл. Уредување на центарот на градот Архитектонско обликување на зградите Содржини во градот како што се: културни, здравствени објекти, училишта, градинки Грижа за културното наследство Опремување на градот со комунална опрема, водовод, канализација, асфалт Изградба на паркиралишта Изградба на улици, уреден сообраќај Уредување на кејот на Вардар Заштита на животната средина 0 10 20 30 40 50 60 70 многу незадоволен малку задоволен многу задоволен Дијаграм 1. Колку сте задоволни од решавањето на следните прашања и проблеми на градот? Во континуитет со претходното прашање за задоволството на градот, се поставува и прашањето за приоритетен квалитет во градот. На прашањето:„Што за Вас е најважно за добар градски живот?“ од вкупно 213 испитаници, 38% одговориле дека чистотата на градот е најважна, за 33% е најважен сообраќајот, а за 15% е јавниот превоз. Оттука произлегува дека градот Скопје е загаден и валкан, а на граѓаните им недостигаат најелементарните аспекти за здраво живеење, како чист воздух, здрава животна средина и чиста околина. На аспекти како добро осветлување, пространост, отвореност или убави објекти никој не обрнува внимание, бидејќи загаденоста е најдоминантна и по неа сообраќајниот хаос. Двата аспекта се меѓусебно поврзани. Може да се направи паралела со загаденоста на индустриските градови во раниот капитализам кои ги инспирирале модерните архитекти да создаваат концепти градови-градини со брзи и ефикасни сообраќајници. Скопје од модерен град со многу зеленило во периодот на СФРЈ, денес е еден од најзагадените градови во Европа и пошироко. Периодот на транзиција низ кој минува Скопје, како приоритет го постави профитот, а не квалитетното и здраво живеење. Земајќи ги предвид одговорите на граѓаните во делот на животната средина, во натамошниот дел подетално ќе се осврнеме на размислувањата и елаборација на ставовите на граѓаните за прашањата поврзани со загадувањето на животната средина и сообраќајот во град Скопје. 0 33 38 3 15 7 Сообраќај Јавен превоз Соодветна естетика Убави објекти Чистота Пространост Отвореност Дијаграм 2. Што за Вас е најважно за добар градски живот? 18 ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ ПРИЧИНИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ Првиот корпус прашања се однесувана утврдување на главните извори на загадување во град Скопје, според граѓаните,во нивната непосредна околина. Како карактеристики според кои се издвоени групите, се земени општината на живеење и возраста. На прашањето„Што сметате дека најмногу придонесува за загадувањето на животната срединаво град Скопје?“, како можни одговори беа дадени опциите: Намалување на зелени површини; сообраќај; индустриски капацитети; несоодветно затоплување на домот и несоодветно управување со отпад. Како најголеми причини за загадување граѓаните, независно од возраста,ги сметаат сообраќајот(89%) и индустријата(71%). Намалувањето на зелените површини е на трето место(69%), а како најмали причинители се перципираниуправувањето со комунален отпад(53%) и несооветното затоплување на домот со најнизок процент(42%). Несоодветно 0% затоплување на домот 12% Намалување на зелени површини 27% Индустриски капацитети 28% Сообраќај 33% Перцепциите за изворите на загадување се идентични, независно од возраста и општината во која живеат испитаниците. Единствена отстапка има во одговорите на жителите на Општина Центар за прашањето за затоплување на домот. Имено,само 4% од вкупниот број испитаници сметаат дека несоодветното загревање на домот е најголем причинител за загадување, односно 26% дека има средно влијание врз загадувањето. Ова може делумно да го припишеме на фактот дека во Општина Центар, како една од најурбанизираните општини, речиси сите домови се поврзани на централно греење, па оттаму веројатно и произлегува ваквиот став на испитаниците за изворите на загадување од затоплување на домот. Меѓутоа, перцепциите на граѓаните се речиси спротивни во одредени одговори со податоците на Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопскиот плански регион(изработен од страна на Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање), според кои како најголеми извори на загадување се загревањето на домовите со 32%, а потоа доаѓа сообраќајот со 20%, прашината од градежните активности и прашината создадена од неуредените површини(19%), индустријата(18%). 3 Со оглед на тоа што испитаниците сметаат дека сообраќајот има наголемо влијаните врз загадувањето, ќе ги презентираме добиените резултати за навиките кој вид на превоз користат граѓаните. Испитаниците одговараа на прашањата: користам јавен превоз и користам сопствено возило. Причини за загадување 3 https://bit. ly/2nnWP4J*период од крај на октомври до февруари –март кој се карактеризира со отусуство на ветер Чаир/Бутел Аеродром Сарај Центар Затоплување на домови Несоодветно затоплување на домови Најголемо влијание 27% Сред. влијание 12% Мало влијание 8% 45% 44% 9% 40% 26% 13% 4% 26% 40% Нема влијание 2% % 2% 28% 19 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Ако се земе предвид дека најголем број од луѓето кои користат јавен превоз, најчесто се превезуваат сами, тогаш може да се заклучи дека голем процент од аерозагадувањето отпаѓа на користењето приватни возила. Земајќи ги предвид климатолошките услови на самата Скопска Котлина, посебно во периодот на„тишини“* од месец октомври до февруари, бројот и староста на автомобилите, станува очигледно зошто нивото на аерозагадување во Скопје покажува енормни вредности во овој период од годината. Секако, како причини за ваквата искористеност на јавниот превоз може да се наведат дека: Скопје има само еден вид јавен превоз, понатака недоволната покриеност на градот со автобуски линии до подалечните делови на градот, како и бројот на сообраќања до одредени подалечни делови на градот, почитувањето на возниот ред и сл. Различните групи испитаници различно гледаат на тоа кои се причинителите за нарушувањата на квалитетот на животната средина, зависно од општината во која живеат или возраста. Како причини кои воопшто речиси немаат влијание врз состојбите, се увозот на половни возила со низок еколошки стандард, немањето долготрајни програми од страна на Министерството за животна средина и Градот Скопје/општините на кои начини да се намали загадувањето во градот Скопје. Користам јавен превоз Секогаш Понекогаш 18 – 29 59% 25% 30 – 45 58% 15% 46 – 65 55% Користење јавен превоз–корелација со возраст 22% Ретко 7% 11% 0% Никогаш 6% 13% 22% Користам сопствено возило 18 – 29 30 – 45 46 – 65 Секогаш 26% 47% 25% Понекогаш 34% 28% 12% Користење на сопствено возило –корелација со возраст Ретко 10% 8% 0% Никогаш 27% 15% 62% Кои сѐ причини влијааат врз моменталната состојба со животната средина Отсуство на одговорност кај граѓаните Отсуство на ефикасни мерки за заштита Слабата активност на инспекторите за животна средина Неспроведување на законски мерки за казнување Одложување на роковите за прилагодување. Чаир/Бутел Аеродром Сарај Центар 65% 37% 48% 24% 15% 25% 29% 18% 17% 19% 17% 22% Причини за состојби со животната средина по општини 1% 11% 4% 12% 0% 6% 0% 14% 20 ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ 21 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ 22 ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ НАЧИН НА ЖИВОТ Начин на живот, или стил на живеење, се интересите, мислењата, однесувањето на поединецот или однесувањето на групата или културата. Тоа е комбинација од детерминирани материјални или нематеријални фактори. Секој град има одреден животен стил кој би бил типичен и автентичен само за него, но кој се трансформира со текот на времето. Се анализираат одредени аспекти од животот во Скопје, колку се тие карактеристични или не се карактеристични за скопјани. На прашањето: „Според Ваше мислење колку некое од следните обележја е карактеристично за начинот на живот во Скопје?“ од вкупно 213 испитаници, 50% сметаат дека скопјани многу се приврзани за својот град, додека 44% сметаат дека се малку приврзани. 62% мислат дека мала е улогата на локалните традиции за живот во градот. Карактеристично е што 50% од оние кои одговориле дека локалните традиции воопшто немаат улога за животот на градот, се на возраст од 46 до 60 години. За 43,1% многу е карактеристично мешањето на различни животни стилови, додека за 46% е малку карактеристично истото. За 55% скопјани се малку отворени кон новото и современото. За 39% малку е карактеристична изразената склоност на имитирање на нивото на живот од другите градови, за 33% тоа е многу карактеристично, а за 27% воопшто не е. Од оние кои сметаат дека воопшто не е изразена склоноста на имитирање на нивото на животот, 40% се до 29-годишна возраст, 29% се од 30 до 45 години, а 24% се од 46 до 60 години. За 45% малку е карактеристично вклопувањето на поединецот во масата, губењето на посебноста и автентичноста. За 37% оваа карактеристика е многу застапена, од кои 40% се од 46 до 60 години. 57% од испитаниците сметааат дека граѓаните се многу отуѓени, од кои 26% се на возраст до 29 години, 33% се на возраст од 30 до 45 години, додека 40% се од 46 до 60-годишна возраст. Од оние кои сметаат дека малку е застапена меѓусебната отуѓеност, 46% се до 29 години, а од оние кои сметаат дека воопшто нема отуѓеност 43% се исто на возраст до 29 години. За 49% малку е карактеристично да се стекне добар стандард за кратко време, додека за 36% не е воопшто карактеристично. 57% сметаат дека малку е сигурен секојдневниот живот, а за 26% воопшто не е сигурен. За 55% мала е можноста да се живее по сопствен избор. Младите до 29 години се оние кои најмногу веруваат дека голема е можноста да се живее по сопствен избор, односно тие се 53% од вкупниот процент на испитаници кои сметаат дека многу е карактеристично да се живее по сопствен избор. Она што се издвојува со резултатите во ова прашање е тоа што 62% од испитаниците мислат дека карактеристично за Скопје е загрозеноста на животот од загадената животна околина. Нивната процентуална застапеност по возраста е 30% се на возраст до 29 години, од оние кои сметаат дека многу е загрозен животот од животната околина, 35% се на возраст од 30 до 45 години, додека 33% се на возраст од 46 до 60 години. Дали преку ноќ, поради неводење сметка за чистиот воздух и здравиот живот, загаденоста стана препознатлива, симбол за Скопје? Можноста да се живее по сопствен избор Сигурен секојдневен живот Можност за кратко време да се стекне добар стандард Загрозеност на животот од загадената околина Меѓусебна отуѓеност на граѓаните Вклопување на поединецот во масата, губење на посебноста и автентичноста Изразена склоност на имитирање на нивото на живот од другите градови Отвореноста на скопјаните кон новото и современото Мешање на различни животни стилови и навики Големата улога на локалните традиции во животот во градот Приврзаноста на скопјани кон својот град 0 10 20 30 40 50 60 70 воопшто малку многу Дијаграм 3. Според Ваше мислење колку некое од следните облежја е карактеристично за начинот на живот во Скопје? 23 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Низ историјата имаме бројни примери на градови кои биле познати по одредена дејност. Она што се случува и што се работи во градот, во голема мера може да влијае врз неговата препознатливост, на неговиот развој и на реализирање на одредени потенцијали кои ги има местото. Некои од поважните дејности во Скопје би биле: индустрија, угостителство, сообраќај, образование, култура, услужни дејности, спорт, здравство, екологија. На прашањето:„Колку внимание е посветено од страна на градската и централната власт последните десетина години на следните активности?“, 55% од испитаниците сметаат дека малку внимание е посветено на индустријата, 50% сметаат дека малку внимание е посветено и на угостителството, 64% сметаат дека малку внимание е посветено и на сообраќајот. За образованието 46% сметаат дека е посветено малку внимание, додека 39% сметаат дека воопшто не е посветено внимание. Слично е и за културата, 50% велат дека малку е посветено внимание. За услужните дејност 64% сметаат дека малку е посветено внимание. За спорот 53% сметаат дека малку е посветено внимание. Во однос на здравството, 48% сметаат дека воопшто не е посветено внимание, а 42% дека е посветено малку внимание. За екологијата 59% сметаат дека воопшто не е посветено внимание. Всушност, од одговорите на анкетите произлегува дека во Скопје речиси на ништо не се посветува многу внимание или пак се посветува многу малку внимание, не само што нема доминантна дејност или активност, туку ниту една дејност не е на задоволително ниво. Екологија Здравство Спорт Услужни дејности Култура Образование Сообраќај Угостителство Индустрија 0 10 20 30 40 50 60 70 воопшто малку многу Дијаграм 4. Колку внимание е посветено од страна на градската и централната власт последните десетина години на следните активности? 24 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Според некои автори, во модерниот свет, градот е поважен од нацијата, а градската припадност е поважна од етничката. Tрадицијата на вистински начин пренесена, секогаш нуди одредена стратегија на стабилност и чувства, желби и ставови. Доколку во Скопје не препознаваме одредени квалитети како традиционални и карактеристични, тоа покажува дека градот се соочува со сериозна идентитетска криза и разнебитување. Сите историски слоеви кои се полни со симболи и значења, претставуваат контакт со историјата и минатото. Губејќи ги овие слоеви, како што се случува во Скопје, губиме дел од колективната меморија и градската идентификација. Во недостиг на позитивна вредност која претставува или би станала традиционална во градот, кај граѓаните се намалува чувството на поврзаност со самиот град. Градот е состојба на духот, збир на обичаи и традиција, воспоставени ставови и чувства кои се нераскинливо поврзани. Според одговорите на граѓаните – духот на граѓанинот во Скопје е во лоша состојба. Главното прашање со кое се соочуваат денешните градови е како да се постигне еден град да стане пофункционален, со цел да бидат задоволени потребите на жителите, како што се здрава животна средина, вработување, пристап до јавни услуги, па сѐ созадоволување на културни потреби, во услови на ограничени ресурси и можности. Исто така не помалку важно е да се определат кои особености еден град го карактеризираат како одржлив, односно неодржлив и кои се можностите за понатамошен развој на градот. Градовите, односно градските власти, излезот од проблемите со кои се соочуваат, неопходно е да го бараат во креирање интегрални политики и програми кои се базираат на холистичкиот пристап на решавање на проблемите, наместо досегашните сегментарни кои за последица имаат голем број негативни последици во самото функционирање на градот и севкупниот социјален амбиент. Исто така градовите се главни генератори на отпад. Сето ова претставува предизвик за градските власти како да осмислат програми преку кои ќе се урамнотежат потребата на консумеристички насоченото општествокое има потреба од сѐ повеќе енергија и производи, автомобили, електронски уреди и слично, а од друга страна сето ова да не доведе до трајна дегенерација на околината и нарушување на квалитетот на живеење во еколошка смисла. Во таа насока беа анализирани ставовите на граѓаните за тоа колку се запознаени со моделот на одржлив развој и како тој може да биде ставен во функција на одржлив град во случајот на град Скопје. Понатаму ќе анализираме во која мера граѓаните се запознаени и заинтересирани за овој модел. Прво испитаниците беа прашани;„Дали сте заинтересирани за моделот на одржлив/зелен град?“ Ова прашање беше анализирано врз база на нивото на образование, општина на живеење и возраст. Овие карактеристики се земени имајќи го предвид фактот дека моделот на одржливост е релативно понова идеја за поголем број граѓани во Северна Македонија. Во однос на заинтересираноста на испитаниците, забележливо е дека таа расте праволиниски со степенот на образование. Ова се должи делумно и на фактот што самиот модел е посложени бара одредени предзнаења, но ако се земе во генерален контекст во општества кои се оптоварени со егзистенцијални проблеми, а кои во најголема мерка влијаат врз населението со ниски примања или понизок степен на образование, разбирливо е дека определен процент граѓани не ги доживуваат овие прашања како особено важни во нивниот секојдневен живот. По возрасни групи моделот исто така е интересен за испитаниците. Околу ¾ од испитаниците до 45 години и 2/3 од испитаниците над оваа возраст се изјасниле дека би сакале да имаат повеќе информации за моделот. Ваквиот процент покажува дека Град Скопје би требало да се посвети повеќе на програми кои во себе имаат компоненти на одржливост при планирањето,но воедно и да го зголеми обемот на информирање на граѓаните за предностите на одржливото живеење, преку кои не само Град Скопје како управа, туку и граѓаните би можеле да почнат да применуваат поодржливи практики и навики во секојдневното живеење. 25 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ За да можат градските власти да подготват информативни содржини за моделот, во прв ред мора да имаат информација до кој степен граѓаните се заинтересирани и/или имаат познавања за моделот на одржливост, но и преку кои форми би можело да се постигне поголема запознаеност за истиот. Овие прашања се следните кои им беа поставени на испитаниците. Како прво прашање кое беше поставено,е прашањето колку испитаниците го разбираат концептот на ОР? Забележително е дека кај испитаниците има голема разлика во одговорите, зависно од степенот на образование, односно оние со повисоко образование се запознаени со овој концепт. Истата тенденција се забележуваи во следното прашање кое се однесува заинтересот кој испитаниците го покажуваат. Имено, се забележува зголемувањето на интересот за концептот на ОР како што се зголемува степенот на образование. Оттука може да заклучиме дека во постојниот образовен курикулум отсуствуваат содржини кои се однесуваат на содржини ододржливиот развој, посебно во основното образование. Оттаму се појавува и потребата за содржински измени и дополнувања на образовните програми во Република Северна Македонија, со целобезбедување базични знаења за животната средина и одржливиот развој. 100% 80% 60% 40% 20% 0% 52% 47% 75% 24% 81% 18% Основно Средно Високо образование образование образование Заинтересираност на граѓани за модел на ОГ по образование Дали сте заинтересирани за моделот на одржлив град Да Дали сте заинтересирани за моделот на одржлив град Не 80% 70% 60% 50% 40% 30% 20% 10% 0% 73% 26% 18- 29 73% 26% 30- 45 66% 33% 46- 65 Дали сте заинтересирани за моделот на одржлив град Да Дали сте заинтересирани за моделот на одржлив град Не Заинтересираност за моделот одржлив град(по возрасни групи) 81% 38% 28% Целосно го разбирам 38% 38% 13% Делумно го разбирам 19% 16% 3% Малку го разбирам 14% 6% 1% Воопшто не сум запознаен/а Основно обр. Средно обр. Високо обр. Колку го разбирате моделот на одржлив развој?(според степен на образование) 26 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Запрашани за тоа како најефективно концептот на одржлив развој би можел да се доближи повеќе до граѓаните, различните старосни групи имаат различно видување преку кои форми би можело тоа да се постигне. Анализата на добиените податоци покажа дека испитаниците во првите две возрасни групи претпочитаат да се информираат за ОР преку локален центар за ОР, кој континуирано би се бавел, како со промовирање на концептот, така и со истражување и следење на индикаторите на одржливост на микро ниво. Исто така, повеќе медиумските содржини би биле еден од начините овој концепт да стане поразбирлив за граѓаните. Повозрасната група граѓани смета дека училиштата и трибините се поадекватни форми за информирање. Фактот што поголем број испитаници од помлада популација се определиле за одговорот дека локален центар би бил подобра форма, укажува на тоа дека граѓаните не само што би биле информирани за концептот, туку преку таквата форма и директно би можеле да учествуваат во планирање на активностите во нивната непосредна околина, на ниво на месна заедница или општина, што ни го потврдува и фактот дека соседствата во елементарен облик во градовите се од особено значење за урбаниот живот, од каде започнуваат да се формираат перцепциите на граѓаните за припадност кон градот. Ова е важен показател за тоа дека граѓаните пројавуваат интерес за учество во процесите на урбано планирање кое директно ги засега. Дали сте заинтересирани за концептот за одржлив развој Да Дали сте заинтересирани за концептот за одржлив развој Не 47% 52% 75% 24% 81% 18% Основно образование Средно образование Високо образование Заинтересираност за концептот на ОР(по степен на образование) 100% 80% 60% 69% 60% 55% 40% 20% 0% Локален центар 61% 66% 43% Настава 87% 60% 41% Трибини 59% 50% 50% Медиумски содржини 18-29 30-45 46-65+ Начини преку кои би се зголемила разбирливоста на концептот на ОР 27 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ СОСЕДСТВО Секојдневни потреби Планирањето на населбите подразбира и задоволување на сите секојдневни потреби на граѓаните во кратко пешачко растојание. Живеење во една урбана средина значи дека жителите на кратко пешачко растојание од својот дом би имале градинка или училиште каде би ги носеле своите деца, пазар или маркет за секојдневни прехранбени намирници, амбуланта, парк со спортски игралишта за рекреација и сл. Зонирањето на градот, кое е посебно актуелно во градските концепти на модернизмот,т.е. функционалниот град, го дели градот на зона за живеење, зона за работење и зона за рекреација поврзани меѓусебно со ефективен транспорт. На прашањето:„Дали во непосредна околина Ви се достапни секојдневните потребни градски елементи(пр. амбуланта, училиште, градинка, парк, пазар, верски храм итн.)?“ 81% одговориле дека ги имаат речиси сите елементи. Овој голем резултат ни покажува дека Скопје сепак ги задоволува секојдневните потреби на граѓаните и има потенцијал да биде одличен град. 12% 5% 0% Да, има скоро сѐ Има нешто од тоа 83% Имам сосема малку Нема ништо Дијаграм 5. Дали во непосредната околина Ви се достапни потребните секојдневни градски елементи? Една личност во голема мера се формира од околината, а релациите меѓу работните места и семејството, го помагаат животот. Фактот дека фамилијата и работата се делови од еденконтинуиран тек, помага кој било да се развива. Децата гледааткако се случува работењето, тие учат што е тоа што го праватвозрасните за да функционира светот, тие добиваат еден вкупенскладен поглед на нештата; човекот е способен да ги поврзе можностите за работа и веселба и вниманието кон децата,без да мора да ги дели остро од работата. Се отвора прашањето колку во градот Скопје е овозможена рамнотежата помеѓу приватниот и професионалниот живот на граѓаните? Град во кој работата и домувањето се во непосредна близина, е многу побезбеден, има поголема живост и помалку сообраќај. Скопје се претвора во град во кој од понеделник до петок се работи, додека за викенди е празен, бидејќи сите заминале надвор од градот. Ова покажува дека секојдневниот живот во градот е строго поделен на работа–задоволство. Во иста насока во однос на непосредната околина,како и на достапноста на различни содржини, истражувањето се насочи и како поврзаноста на различни делови на градот со јавен превоз може во голема мера да влијае и да го обликува животот на ниво на поединец и/или група. Ефикасноста и достапноста на јавниот превоз е од витално значење за функционирањето на еден град.Исто така, овој вид сообраќај е поефикасен во поглед на тоа дека во ист временски период и дистанца може да превезе поголем број лица кои имаат влијание врз густината на сообраќајот и загадувањето на воздухот. Оттаму, редовноста и достапноста на истиот може да придонесе кон поголемо користење од страна на поголем број граѓани. Ако ги погледнеме добиените одговори на испитаниците по населби, може да се види дека кај сите населби ова прашање е од висок приоритет, но Општина Сарај отскокнува со дури 75% од вкупниот број испитаници, за кои ова прашање е од највисок приоритет. Кога истото прашање го поставуваме во поинаква форма, односно кога ефикасноста на јавниот превоз ја ставаме во корелација со користење на истиот за други цели, како што се посети на паркови, музеи и слично, забележуваме релативна изедначеност на процентите кај останатите општини. Исклучок повторно е драстичната разлика во однос на Општина Сарај. Ако во претходното прашање ефикасниот јавен транспорт беше од највисок приоритет за решавање за 74% од испитаниците, истото за користење за превоз во слободно време или активности од културен или забавен карактер процентот изнесува само 8%. Ефикасен и достапен јавен транспорт(по населби) Чаир/Бутел Н. Лисиче Сарај Центар Висок приоритет 42% 51% 74% 45% Среден приоритет 46% 31% 14% 30% Ефикасност и достапност на јавен транспорт 28 Низок приоритет 6% 16% 8% 17% СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Ефикасност при патување до точки кои се користат во слободно време(паркови,музеии др.) Висок приоритет Среден приоритет Чаир/Бутел 34% 52% Н. Лисиче 44% 52% Сарај 8% 21% Центар 53% 30% Ефикасност и достапност на јавен транспорт за користење на слободно време Низок приоритет 6% 1% 17% 14% Ова може да се протолкува дека најголем број испитаници јавниот превоз го користат за обавување активности кои се од секојдневно значење за нив, патување до работно место, извршување административни потреби, образование, здравствени потреби и слично. Оттаму се наметнува потребата од поефикасно организирање на јавниот транспорт, посебно во деловите на градот кои се најоддалечени од центалното градско подрачје, а во кое се сместени најголем број институции од кои граѓаните имаат потреба(средни училишта, болници, административни институции). Ова е од витално значење за рамномерен развој на квалитетот на живеење на територијата на град Скопје. Воедно би придонесло кон поголемо користење на јавниот превоз. Нискиот процент на користење на јавниот превоз за други рекреативни или културни потреби само го потврдува фактот дека за голем број жители од пооддалечените населби јавниот транспорт е од големо значење врз секојдневниот живот, но во еден поширок контекст може да се опсервира како луѓето го поминуваат слободното време. Времетраењето на патувањето за обавување секојдневни потреби, во услови на недоволно добро организиран превоз, одзема од слободното време на граѓаните кои истото не може да го користат за задоволување на останатите потреби, како што се посети на културни настани или рекреативни цели, како што и од самите беше посочено во одговорите на испитаниците од Општина Сарај. Овие показатели укажуваат на тоа дека граѓаните во голема мера јавниот превоз го доживуваат како неминовна потреба за исполнување на секојдневните потреби, односно најголем дел од нив не го перципираат транспортот како начин преку кој, покрај секојдневните обврски, истиот може и треба да биде користен и за останати активности. Ова, анализирано на едно подлабоко ниво, може да укаже на квалитетот на севкупното живеење на граѓаните. Доколку граѓанинот не покажува интерес за останати активности освен базичните, тоа на пократок рок доведува до намалување на квалитетот на живеење на поединецот, додека на подолг рок произведува општествена апатија, намалување на социјалната кохезија. Секако, ова не може да се анализира надвор од општествениот економски контекст на економската состојба на општеството, во кое голем број граѓани не се во можност да обезбедат и минимални пристојни услови за живеење, за понатака да може да размислуваат за останатите аспекти на живеење, што воедно и ни го покажуваат добиените одговори. Јавен простор и слободно време На прашањето:„Што најчесто работите на отворените простори во Вашата населба?“ 48,1% одговориле дека често се шетаат, а 45% дека понекогаш се шетаат и понекогаш спортуваат. 51% понекогаш разговараат со пријателите и соседите, а 56% никогаш не излегуваат на отворен простор за да читаат весник или слична рекреативна активност. Овде може да се забележи дека нема некоја карактеристична активност која се случува на отворен простор. На прашањето:„Според Вас, што им недостасува на слободните простори во Вашата населба?“ 58% сметаат дека многу им недостига зелена површина, паркинг – 54% и простор погоден за прошетка и рекреација – 44%. Делумно недостигаат спортски терени според 52%, простори за детска игра – 45% и според 43% од испитаниците делумно им недостига простор погоден за разговор, средба и социјализација на соседите. Слободните површини во Скопје не се соодветно уредени, најчесто претставуваат занемарени зелени површини како последица од периодот на модернизмот и чекаат да бидат изградени. За жал, од досегашното искуство по периодот на транзицијата до денес, ретко кога слободните простори во градот се уредуваат како простор за прошетка, рекреација, спорт или детска игра. Најчесто секој слободен простор се користи како нова градежна парцела од која и општината и инвеститорот би имале најголем моментален профит, не грижејќи се многу за како тој потег би се одразил во иднината. Надоврзувајќи се на одговорите на испитаниците за потреба од поголема застапеност на зелени површини, истраживме кои се ставовите на граѓаните во различни населби за регенерација за одредени јавни зелени површини во различни делови на градот. 29 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Излегувам на отворен простор за да прочитам весник или нешто сл. Разговарам со пријателите, соседите Спортувам, трчам, играм фудбал и сл. Се шетам 0 10 20 30 40 50 60 никогаш понекогаш често Дијаграм 6. Што најчесто работите на отворените простори во Вашата населба? Погоден простор за средба, разговор, собирање на жителите од населбата и сл. Погоден простор за прошетка и рекреација Паркинг Простори за детска игра Спортски терени Зелени површини 0 10 20 30 40 50 60 70 Присутно Делумно Многу Дијаграм 7. Според Вас, што им недостасува на слободните простори во Вашата населба? Имајќи го сето ова предвид, реката Вардар е од големо значење за градот Скопје и како таков природен елемент е важен од повеќе аспекти кои беа погоре споменати. Нејзината важност се зголемува дотолку што линискиот тек на Вардар поминува низ самото градско подрачје, а во определен дел и низ централните делови на градот. Не помалку е важно како се третирани и другите зелени елементи, како што се големите зелени површини, во случајов парк шумата Гази Баба и Водно. Со оглед на тоа дека и двата природни комплекси се наоѓаат во самиот град, несомнено е дека тие имаат голема важност и влијание врз квалитетот на животната средина. Ова побено е важно за парк шумата Гази Баба, околу која гравитираат поголем број населби, а и плановите за натамошна урбанизација на просторот на Скопски саем укажува на фактот дека улогата и потребите од јавни зелени површини ќе се зголемуваат. Планината Водно својата еколошка функција ја добива во периодот на 60-тите годпини, по периодот на интензивно пошумување кое има за цел да се намалат процесите на ерозија и да се заштити појасот под самото подножје од поплави. Со тек на време, неговата функција се надополнува со социјалниот аспект и станува комплекс кој е важен, не само од еколошки аспект, туку и еден вид на идентитет на градот Скопје. Како не помалку важен е, секако, Спортско-рекреативниот центар„Сарај“, лоциран помеѓу реките Вардар и Треска. Ако ја разгледаме поставеноста на споменатите локации, може да се увиди дека Скопје има извонредни услови за развој на функционален систем на зелени површини во вид на паркови или урбани шуми на територијата на целиот град, со оглед на тоа дека споменатите елементи имаат поставеност која ја прати линијата на урбаното ширење на градот, а како оска на поврзување е реката Вардар(со исклучок на Водно), земено по општини, ова прашање е од висок приоритет за жителите на општина Сарај, каде што 80% од испитаниците сметаат дека еколошката реставрација ќе има позитивен ефект, со оглед на тоа дека СРЦ„Сарај“ во минатото има повеќе функции. Според нив,тоа не само што ќе ја подобри состојбата со зелените површини на ниво на општината, туку позитивно ќе влијае и за останатиот дел на град Скопје, а воедно истото може да има и позитивни економски ефекти врз микроекономијата. 30 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Во односна возразните групи,како што се зголемува возраста, така расте и процентот на испитаниците кои сметаат дека е потребна опсежна програма, со која посочените локации ќе добијат соодветен третман и истите ќе бидат ставени во функција на подобрување на еколошките аспекти на живеење. И според двата параметри, процентот на оние кои сметаат дека приоритет на градот Скопје, во соработка со општините, треба да се ангажира во изготвување и спроведување на програмски активности е висок и изнесува над 50%, а речиси околу 40% од среден приоритет укажува на тоа дека на граѓаните им се потребни вакви површини како интегрален дел на урбаниот простор во градот во нивна непосредна околина, но и на ниво на град. Непобитен е фактот дека природата и зеленилото имааат позитивни ефекти врз човековото здравје и психолошка состојба. Овие површини влијаат и врз намалувањето на нивото напсихолошки стрес, односно имаат позитивно влијание врз невролошкиот систем подобрувајќи ја состојбата преку намалување на стресот и релаксирање. Резултатите укажуваат на потребата од реосмислување на зелените и јавните простори на територијата на град Скопје, согласно локалните карактеристики, односно оптимално планирање на сите параметри во просторот, со запазување на потребите на граѓанинот на ниво на пристапност до зелени простори во непосредна близина на живеење, со цел постигање подобри еколошки услови на живеење и елиминирање на негативните појави, како што се аерозагадувањето, бучавата и потребата од поголема изложеност на природни елементи. На прашањето:„Кога останувате во населбата попладне или за празници, каде најчесто го поминувате времето?“ 37% често остануваат во домот, а 31% најчесто останува во домот. 53% ретко одат кај соседите или пријателите во населбата. 37% ретко или 34% понекогаш се шетаат, дружат или спортуваат на отворените простори во населбата. 39% ретко одат во кафеана или кафетерија, а 47% ретко посетуваат каков било културен настан. Низ развојот на градот Скопје, она што е карактеристично во неговото градско ткаење низ вековите е маалото, како континуирана градска типологија. Во последните две децении маалски живот, кој е карактеристичен начин на живеење во Скопје, е напуштен. Брзата и непромислена урбанизација и градењето на место каде што во минатото била едносемејна куќа, згради со десетици станови, сериозно го нарушува квалитетот на живот. Може да се забележи дека граѓаните ретко контактираат со своите соседи, ретко се шетаат низ населбата, ретко одат во кафеана или кафетерија и уште поретко посетуваат било каков културен настан. Останува прашањето како граѓаните го поминуваат слободното време и дали воопшто го имаат? Кои можности ги нуди Скопје на своите жители за квалитетно поминато слободно време? На прашањето:„Како го поминувате времето во неделите и празниците?(прашањето се однесува на целото семејство)“ 45% понекогаш остануваат дома, а 42% често остануваат дома. 67% понекогаш одат на викенд во околина на Скопје, 65% понекогаш одат на викенд и надвор од Скопје, на 69% понекогаш им одат или им доаѓаат гости, а 57% понекогаш одат во парк. Еколошка реставрација на коритото на Вардар/Сарај/Гази Баба/Водно/ Висок приоритет Чаир/Бутел 36% Н. Лисиче 54% Сарај 80% Центар 36% Приоритет еколошка реставрација Среден приоритет 46% 44% 15% 34% 12% 2% 2% 24% Еколошка реставрација на коритото на Вардар/Сарај/Гази Баба/Водно/ 18–29 30–45 46–65+ Висок приоритет 49% 50% 75% Среден приоритет 38% 34% 25% Низок приоритет 8% 11% 0% Приоритет еколошка реставрација по старосни групи 31 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Како дополнителен интерес на одговорите на граѓаните за поминување на своето слободно време беше истражувано кои се размислувањата на граѓаните за ревалоризација на одредени јавни простори кои се еден вид на идентификациони точки на градот.Во таа насока беше поставено прашањето за потребата за еколошко-културна ревалозирација на Скопско Кале, Римски аквадукт и Скупи. Имајќи предвид дека тенденцијата на големите градови најчесто јавните простори ги планираат како полифункционални простори кои покрај еколошката, имаат и културна димензија. Овие простори во Скопје имаат огромен потенцијал да се планираат како јавен простор кој на граѓаните ќе им обезбеди престој на отворен простор,како и место за задоволување на културните потреби, новоедно ќе биде простор на интеракција помеѓу граѓаните. 60 50 40 30 20 10 0 Останувам во домот Кај соседите На отворените или пријателите простори во во населбата населбата (се шета, спортува, дружи и сл.) Одам во кафеана кафетерија Посетувам културен настан(кино, театар, опера, балет, изложба и сл.) Најчесто Често Ретко Никогаш Дијаграм 8. Кога останувате во населбата попладне или за празници каде најчесто го поминувате времето? Одиме во парк Одиме или ни доаѓаат гости Викенд вон Скопје Викенд во околината на Скопје Останува дома 0 10 20 30 40 50 60 70 80 никогаш понекогаш често Дијаграм 9. Како го поминувате времето во неделите и празниците? Има мала потреба 2% 4% 12% Низок приоритет Среден приоритет 12% 16% 25% 33% 30% 46-65+ 30-45 18-29 Висок приоритет 35% 50% 46% Потреба од еколошко културна ревалоризација на Скопско Кале, римски Аквадукт и Скупи 32 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Меѓусебни врски Во градскиот начин на живеење преовладуваат секундарните врски, а слабее улогата на семејството, исчезнува соседството и традиционалните односи, а на нивно место доаѓаат интерперсоналните односи. На прашањето:„Какви се Вашите односи со соседите?“ 36% само се поздравуваат, а 33% си прават услуги, но не се посетуваат и дружат. Од оние кои само се поздравуваат 41% се на возраст до 29 години, 31% се на возраст од 30 од 45 години, додека 27% се на возраст од 46 до 60 години. Од оние кои си прават услуги, но не се посетуваат и дружат, 26% се млади на возраст до 29 години, 30% се од 30 до 45 години, додека 42% се на возраст од 46 до 60 години. Од оние кои се дружат и се посетуваат,често 35% се до 29-годишна возраст и 35% се на возраст од 46 до 60 години. Колкаво е влијанието за обезбедување на простор за комуникација со соседите,може да се заклучи на база на истражување кое беше спроведено само на територијата на општина Центар*, а се однесува на еколошки и социјални ефекти на урбано регенерирање на зеленилото. Од вкупниот процент на анкетираните, 47% се на став дека програмата ја зголемила естетиката на просторот, а истиот процент испитаници велат дека со обновата на малите паркови се добиле места за дружење. 100% од испитаниците одговориле дека ова има позитивно влијание врз животот во соседството. Според тоа, за граѓаните е важно да имаат естетски простор близу до своите домови, а во исто време, со вакви мали простори, се зголемува интеракцијата на граѓаните, што води до подобрување на друга состојба како социјална стабилност, безбедност, свест за припадност исл. Исто така, она што е позитивно, е дека децата добиле повеќе простор за игра. Ова е особено важно за семејствата, бидејќи на овој начин децата поминуваат повеќе време надвор во активност и дружење, отколку вокористење компјутери или трошење време гледајќи телевизија. Во однос на одржливоста и квалитетот на животот, социо-културните аспекти на урбанистичкото планирање се подеднакво важни како еколошките и економски аспекти. Локалните жители беа запрашани што треба да направи Општината за подобрување на социјалниот и културниот живот на ниво на Општина Центар? Одговорите беа дека локалната власт треба да создаде повеќе простор, културни настани кои би биле слободни да ги користат уметници(61%) и повеќе програми за активно вклучување на граѓаните(фестивали, проекции, спортски настани), 50% се за урбана опрема и поголем ангажман на граѓаните во планирањето на активности на локално ниво(планирање на просторот,културни и спорстки активности) – 50%. Овие бројки покажуваат дека граѓаните ги препознаваат јавните отворени простори, не само како простор во кој може да пешачат или одмараат, туку и како простори каде што можат да уживаат во културни активности. Понатаму, бевме заинтересирани да дознаеме што ќе се промени ако се преземат овие мерки. Затоа,на прашањето:„Што мислите, како ќе ги подобриме животите на жителите на Центар ако се преземат овие активности?“ 66% од испитаницитесе на мислење дека ќе го охрабри културниот развој меѓу младата популација и 50% дека ќе поттикне поголем интерес кај граѓаните за вклучување во активности од јавен интерес. Културниот развој и посетеноста на повеќе културни активности, посебно за младите луѓе, доведува до културен развој и поблиска заедница, исто така, повеќе граѓани ќе бидат повеќе заинтересирани да се вклучат во комуналната активност. Врската помеѓу граѓанинот и просторот На прашањето:„Дали би издвоиле некој објект или простор кој посебно Ви се допаѓа или сметате дека има посебна вредност во Вашата околина?“ 39% одговориле дека нема, а 32% одговориле дека има, но не можат конкретно да наведат. Ова покажува дека објектите или просторот не се планираат и проектираат според желбите и потребите на граѓаните и дека ниту оние кои веќе постојат, не се според желбите на граѓаните. Граѓанинот во Скопје се чувствува исклучен од можноста да влијае во обликувањето и уредувањето на сопственатаоколина, населба или град поради лошата услуга на локалната власт, но и поради сопствениот недостиг на иницијатива и активност, како и лесното прифаќање на волјата на власта. На прашањето:„Дали Ви се допаѓа естетскиот изглед на градот?“,на само 13% им се допаѓа, од кои 48% се на возраст од 30 до 45 години. На 49% им се допаѓаат делумно, а на 32% воопшто не им се допаѓа естетиката на градот, од кои 40% се до 29 години, а 31% се од 46 до 60 години. Од оние на кои им се допаѓа, делумно 47% се со средно образование, 39% се со завршен факултет, додека 11% се магистри или доктори на наука. Од оние кои не им се допаѓа 39% се со средно образование, 52% се со завршен факултет, а 7% се магистри или доктори на наука. Ова повторно покажува дека градот Скопје не е создаван по мерка на неговите жители. Колку повеќе граѓанинот лично може да влијае на нештата околу себе, толку повеќе станува емоционално поврзан со нив и колку повеќе им посветува внимание, толку повеќе е наклонет да се грижи и да ги сака нештата околу себе. Граѓанинот развива љубов за нештата со кои може да се поистовети и идентификува. Колку повеќе граѓаните се вклучени во формата и содржината на своето опкружување, толку повеќе тој простор станува дел од животот на граѓанинот и дел од неговата личност. Ваквиот резултат на ова прашање покажува дека граѓаните во Скопје не се вклучени во процесот на формирање на просторот кој е нивна животна средина. 33 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ 6% 23% 37% 34% Дијаграм 10. Какви се Вашите односи со соседите? Се посетуваме често и се дружиме Си правиме услуги, но ретко се посетуваме Само се поздравуваме Соседите не ги познавам доволно 40% 27% 33% Да, има објекти Да има, но не можам ниеден да наведам Нема Дијаграм 11. Дали би издвоиле некој објект или простор кој посебно Ви се допаѓа или сметате дека има посебна вредност во Вашата околина? 33% 4% 13% 50% Да Има по нешто Не Не знам Дијаграм 12. Дали Ви се допаѓа естетскиот изглед на градот? 34 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД ЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ Центар Скопје како главен град на Република Северна Македонија претставува и главен административен, политички, трговски и културен центар во државата. Во однос на другите градови, Скопје драматично се издвојува: премногу и пребрзо се гради на сметка на парковите и зеленилото, најголемиот дел од жителите на државата се преселуваат во Скопје, во потрага по вработување и подобри услови за живот(поголем избор на професии, образование, и сл.). Ова придонесува главниот град на некој начин да биде повеќе од половина држава, не во физичка големина, туку во број на жители и дејности. Центарот на Скопје е слика за македонското општество во почеток на XXI век во целосен хаос. Центарот на градот има низа промени во XX век, секоја соодветна со моменталното општество. На прашањето„Мислите ли дека Скопје може да обезбеди подобри или полоши услови за живот од другите градови во Македонија?“, 75% од испитаниците одговориле позитивно дека може да даде повеќе можности за живот од другите градови во Македонија. Ова е показател на запоставеноста на останатите градови во однос на главниот град. Скопје има огромен потенцијал да се уништи себеси. По низата промени на самиот центар на Скопје, на прашањето:„Дали Ви се допаѓа центарот на градот?“, на само 14% им се допаѓа. На 45% им се допаѓаат само некои делови, од кои 44% имаат завршено средно образование, 44% имаат завршено факултет, 10% се магистри или доктори на наука. На 33% воопшто не им се допаѓа центарот на градот, од кои 41% се со средно образование, 47% се со завршен факултет и 10% се магистри или доктори на наука. Центарот на градот опишан во планот од 1929 година е со следните содржини: на десната страна, на Плоштадот Слобода е сместен државниот административен центар со ансамбл на објекти од државната администрација. На левата страна на реката Вардар на подрачјето на Бит-пазар е поставен Општинскиот центар како централна фигура на оската на авенијата Генерал Херис која ги поврзува двата главни плоштади на двете страни на реката Вардар. Главен елемент на овој центар е зградата на Општинскиот дом. 4 Во планот од 1948 година центарот на градот претрпува радикални промени во морфологијата на новите објекти и во воведување на нови содржини. Одредени делови од градот се оставени како урбани блокови од постоечката урбана структура. Јавните содржини се дефинирани како функционални целини наменети за администрација, култура, трговија и друго, организирани во Републички и Градски центар со нагласена линеарност во нивната просторна конфигурација со извесна доза на монументалност. 5 Во 1965 година се прави нов урбанистички проект на центарот на Скопје. Хуман размер на ансамблите, чиста и племенита форма на просторот, чист сообраќаен систем и племенити размери на центарот. Развитокот на Скопје по ослободувањето го карактеризира тенденција на ширење на градот долж текот на Вардар, посебно кон југоисток. Се предвидува елементите кои ќе го дефинираат Центарот во просторот на целиот град, да се природните чинители, на левиот брег – Кале и Гази Баба и систем високи станбени објекти, околу јадрото на центарот(Градски ѕид) на десната страна. Се смета дека просторот на левиот брег, поради својата конфигурација и постоечките историски структури, не треба да се оптоварува со големи објекти кои би внеле ново, наметнато мерило, кои би ги довело во прашање постоечките вредности и убавите визури во тој простор. 6 4 О. Марина, Б. Каранаков, 2014 5 О. Марина, Б. Каранаков, 2014 6 извадок од Скопје проект на центарот – Завод за урбанизам на Скопје – Група Центар, 1966 7% 6% 11% 76% Може да даде повеќе можности за живот од повеќето други градови во Македонија Дава слични можности како и другите градови во Македонија Дава полоши услови за живот од другите градови во Македонија Не знам Дијаграм 13. Мислите ли дека Скопје може да обезбеди подобри или полоши услови за живот од другите градови во Македонија? 35 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ 6% 14% 34% 46% Да Некои делови ми се допаѓаат Во целина не ми се допаѓа Не можам да проценам Дијаграм 14. Дали Ви се допаѓа центарот на градот? Во 1997 година, се прави детален урбанистички план„Мал Ринг“. Анализата на постојаната состојба покажува дека центарот на Скопје изобилува со неповолни урбанистички показатели, како што се недоволен процент на изграденост, мал индекс на искористеност на земјиштето, неповолен однос на развиената бруто-градежна површина и бројот на места за паркирање и сл. Воочлива е и нерамномерната изграденост на центарот, недооформеност на основните потези, оски и простори што резултира со губиток на сликата и идентитетот на центарот, како и ниското општо ниво на уредност на сообраќајниот систем, пешачките површини и комуналните супра и инфраструктури. Од ваквата состојба произлегуваат непосредните цели на планот: поврзување на левиот и десниот брег од центарот во кохерентната целина, реинтеграција на Скопското Кале и Старата чаршија во ткаењето на центарот, изградбата на просторот на подградието како основен елемент на поврзувањето на градот и тврдината, дооформување на главните градски плоштади, затворање на сегментираните градски блокови и оформување на уличните фронтови, искористување на неизграденото градско земјиште, градежно обликување на пешачките потези и површини и реконструкција и дооформување на сообраќајниот систем на центарот. 7 „Скопје 2014“: форма – градилиште – идентитет На прашањето:„Дали Ви се допаѓаат објектите од проектот„Скопје 2014“на само 7% им се допаѓа во целина, на 39% им се допаѓаат само некои делови. На 40% воопшто не им се допаѓа центарот на градот, од кои 41% имаат до 29 години, 25% имаат од 30 до 45 години, а 32% имаат од 46 до 60 години. 12% не знаат или воопшто не размислувале за тоа. Од оние на кои им се допаѓаат само некои објекти, 48% имаат завршено средно образование, 43% имаат факултетско образование, 8% се магистри или доктори на наука. Од оние на кои речиси ништо не им се допаѓа, 35% се со средно образование, 52% се со факултетско образование, 10% се магистри или доктори на наука. На прашањето:„Дали тоа што се изгради последните години со проектот„Скопје 2014“Ви предизвикува чувство на припадност кон македонскиот идентитет?“ 53% одговориле дека тоа е сосема промашено, додека 32% одговориле малку. На прашањето:„Кој историски период го гледаат како дефинирачки во националниот идентитет?“ 35% одговориле дека тоа е од независноста (периодот од 1991 година до денес), а 22% одговориле дека тоа е почетокот на XX век. За само 9% дефинирачки е античкиот период, а токму тој преовладува во проектот„Скопје 2014“. Историско-уметничките поимања на стилот се потребни и неизбежни, но речиси секогаш се идентификуваат со владејачките друштвени облици кои одговараат во тоа време. Секоја епоха од минатото претставува историска целина кој е логична сама по себе, а која не може по желба да се распарчува и меша со елементи од друга епоха. Секоја епоха од историјата на уметноста се развива постепено од оние кои ѝ претходеле на неа, преработува познати елементи на функција и облик. За стилот меродавни се следните податоци: естетиката, уметникот, нарачателот, задачата, општествениот амбиент, просторот за игра на уметничкиот израз, обликовното барање на нарачателот на задачата, обликовното барање на општествениот амбиент, модата, менаџментот, состојбата на цивилизацијата, техниката и нејзините можности, општата состојба на културата, науката, просветувањето, природата, околината, климата итн. Од мрежата на овие зависности може со поприлична сигурност да се заклучи дека ниту еден од овие фактори не може да се набљудува одвоено. 8 7 извадок од публикацијата: Детален урбанистички план на централното градско подрачје на Скопје-„Мал Ринг“, Општина Центар – Скопје, 1997 8 36 Krier, 1999 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД 12% 7% 41% 40% Да, во целина Некои ми се допаѓаат Скоро ништо не ми се допаѓа Не знам, не сум размислувал/а Дијаграм 15. Дали Ви се допаѓаат објектите од проектот„Скопје 2014“? 13% 54% 33% Да, ми предизвикува чувство Малку, по нешто Не, тоа е сосема промашено во тој поглед Дијаграм 16. Дали тоа што се изгради последните години со проектот„Скопје 2014“Ви предизвикува чувство на припадност кон македонскиот идентитет? 40 35 30 25 20 15 10 5 0 Независност (од 1991) Просветителскиот Револуционерен период(19 век) период(почетокот на 20 век) СФРЈ Антички период (1945-1991)(време на Александар Македонски) Дијаграм 17. Кој историски период го гледате како дефинирачки во националниот идентитет? 37 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Свесноста на граѓанинот за просторот во градот На прашањето:„Дали се идентификувате со градот во кој живеете?“ 44% градот го сметаат за дел од својата личност, додека 35% делумно се идентификуваат. На прашањето:„Дали мислите дека архитектурата и просторот можат да поттикнат некои позитивни или негативни општествени вредности?“ 48% сметаат дека можат, а 30% сметаат дека можат делумно.Во дизајнот на секој објект архитектот мора постојано да има на ум дека корисниците мора да имаат слобода да одлучат сами за себе, како сакаат да го употребуваат секој дел од просторот. Во рамката на важноста која ѝ е дадена на формата, корисникот добива слобода да одбере за себе кој образец најдобро му прилега, да го одбере сопствениот избор по кој би бил верен на себе си, а неговиот идентитет би бил зголемен. 9 На прашањето:„Колку сте свесни за влијанието на објектите врз колективната свест и обратно?“ 24% мислат дека тоа е многу важно од кои 37% се на возраст до 29 години, 13% се на возраст од 30 до 45 години, а 49% се на возраст од 46 до 60 години. 25% се свесни од кои 32% се до 29 години, 33% се на возраст од 30 до 45 години, а 33% се на возраст од 46 до 60 години. Од 17% кои се делумно свесни, 27% се до 29 години, 41% се од 30 до 45 години, а 30% се од 46 до 60-годишна возраст. 9 Hertzberger, 1991: 170–171 9% 6% 4% 36% 45% Да, тука сум роден/а и пораснат/а, тој е дел од мојата личност Делумно, во некоја смисла Не, тука сум само за подобра кариера Не, не планирам да останам тука Не знам, не сум размислувал/а Дијаграм 18. Дали се идентификувате со градот во кој живеете? 13% 8% 30% 49% Да, можат Делумно, во некои сфери Не, нема врска едното со другото Не знам Дијаграм 19. Дали мислите дека архитектурата и просторот можат да поттикнат некои позитивни или негативни општествени вредности? Не знам Нема тука никаква поврзаност Не знам што прашувате? Каква врска има едното со другото? Делумно сум свесен/а Свесен/а сум Тоа е многу важно, така може многу да се влијае на граѓанското општество 0 10 20 30 Дијаграм 20. Колку сте свесни за влијанието на објектите врз колективната свест и обратно? 38 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД ИДНИНА Досегашен развој на градот Скопје во последниве десетина години се претвори во едно големо градилиште. Во центарот на градот се реализира контроверзниот проект„Скопје 2014“, но се изградија и многу станбени објекти во сите населби поради тенденцијата на граѓаните од помалите градови да го напуштаат родниот рад и да се доселуваат во Скопје во потрага по подобра работа и егзистенција. Скопје е хаотично, загадено, пренаселено, нервозно и со сериозно загрозени градски аспекти. На прашањето:„Според Вашето мислење каква корист имаат граѓаните на Скопје од досегашниот негов развој?“ 29% одговориле дека се создадени многу можности за секој да си одбере начин на живот кој најмногу му одговара, но само 9% сметаат дека сесоздадени услови за подобра иднина кај младите луѓе. Од сите понудени одговори: Скопје се разви во сигурен град и удобен за живот; создадено е градско стопанство со многу понуди за работни места и добра можност за заработка; создадени се услови за подобра иднина кај младите луѓе; Скопје се поврза со развиениот свет и стана дел од него; Скопје стана значајна културна и интелектуална средина во Северна Македонија; создадени се многу можности за секој да си одбере начин на живот кој најмногу му одговара, најголем процент има последната која може да се поврзе со индивидуализмот, кој е многу позастапен во поголемите градови отколку во помалите. Со други зборови, досегашниот развој не изобилува со многу од понудените квалитети, но нуди можност за избор кој го нема во помалите места. На прашањето:„Каква корист или штета сте имале од досегашниот развој на градот?“, 32% одговориле дека развојот на градот нема значајно влијание врз нивните животи, а само за 9% развојот на градот има позитивно влијание врз животот на семејството. На 23% развојот им ги отежнува условите, додека за 18% влијае неповолно што е контрадикторно, бидејќи секој развој би требало да биде прогресивен и да биде во служба на подобрување на животот во граѓаните. Ова упатува дека досегашниот развој на градот Скопје не е соодветно испланиран според потребите на градот и граѓаните, туку некој трет одлучува како би се развивал градот. На прашањето:„Дали сметате дека градот се развива во правилна насока?“ 50% одговориле дека градот делумно, само во некои сфери се равива во правилна насока. Од нив 45% се со средно образование, 46% се со факултетско образование, 7% се магистри или доктори на наука. За 32% се развива во многу погрешна насока од кои 39% се со средно образование, 45% се со факултет, 13% се магистри или доктори на наука. Оние кои сметаат дека правилно се развива градот, се само 4% и се занемарливи. На прашањето:„Со кои проблеми се соочува досегашниот развој на Скопје?“ 29% сметаат дека реката Вардар е загадена и уништен е животот во неа, на 22% најмногу им пречи сообраќајниот хаос. Ова е доста контрадикторен резултат, вообичаено е развојот да се однесува на некоја позитивна промена која го унапредува животот во градот. Во градот Скопје, развојот предизвикува проблеми од различен карактер. Брзите промени на градската слика и панорама, карактеристични за денешната урбанизација,можат да ја изместат внатрешната матрица на личноста, што може да предизвика некој вид несигурност. 30% 18% 14% 12% 16% 10% Скопје се разви во сигурен град и удобен за живот Создадено е градско стопанство со многу понуди за работни места и добра можност за заработка Создадени се услови за подобра иднина кај младите луѓе Скопје се поврза со развиениот свет и стана дел од него Скопје стана значајна културна и интелектуална средина во Македонија Создадени се многу можности за секој да си одбере начин на живот кој најмногу му одговара Дијаграм 21. Според Вашето мислење, каква корист имаат граѓаните на Скопје од досегашниот негов развој? 39 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ 15% 9% 19% 33% 24% Позитивно влијае на мојот живот и животот на моето семејство Неповолно влијае на мојот живот и животот на моето семејство Ми ги отежнува условите за животот на мене и на моето семејство Нема значајно влијание врз мојот живот и моето семејство Не знам, не можам да оценам Дијаграм 22. Каква штета или корист сте имале од досегашниот развој на градот? 4% 13% 32% 51% Да, оди во вистинска насока Делумно, само во некои сфери Одиме во многу погрешна насока Не знам Дијаграм 23. Дали сметате дека градот се развива во правилна насока? 0% 18% 15% 10% 30% 23% 4% Запуштено е градското зеленило и градската околина Загаден е Вардар и уништен е животот во него Се развиваат индустрии кои штетат на развојот и просперитетот на градот Создаден е сообраќаен хаос, отежнато се одвива градскиот сообраќај Уништен е традиционалниот скопски начин на живот Нарушен е изгледот на градот со лошите урабнистички и градежни зафати Има премногу опасности и ризици за животот на граѓаните Дијаграм 24. Со кои проблеми се соочува досегашниот развој на Скопје? 40 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД ИДНИНА На прашањето:„Дали и во иднина се гледате себеси во Скопје?“ од вкупно 213 испитаници, 72% одговориле со да и 47% дека не планираат да се селат. 16% би се преселиле надвор од државата, а 11% не знаат сè уште каде би се преселиле. 37% не знаат дали нивните деца би останале да живеат во Скопје, додека 19% мислат дека нивните деца би останале да живеат во Скопје. 80 60 40 20 0 Да Не Дијаграм 25. Дали и во иднина се гледате себеси во Скопје? Човекот во градот се чувствува како точка во координатен систем. Ритмите на големите градски блокови, големите површини на нивните строго групирани бели бетонски кутии – најверојатно би требало да воодушеват. Но, сепак, тој ритам и тие површини не воодушевуваат, бидејќи плашат. Во просторот на паралелен паралопипед човекот не сфаќа како да се постави и каде да побегне; тој се губи, тој се вознемирува, себеси не се констатира, недефиниран е ако не се согласи сам со себе, од време на време да се постави како точка во просторот. 10 Токму ова ни отвора прашање за како човекот да се чувствува удобно во градот во кој живее. Кои мерки да се преземат за улиците да се полни со граѓани и живост? Како човекот да не се чувствува како точка во координатен систем? Денес во светот се воведуваат најразлични методи за од градот и неговиот простор да се направи т.н.„место“. Тоа подразбира јавен простор во кој граѓаните би се чувствувале безбедно и сигурно, би поттикнувал социјализација и интеракција помеѓу ралични групи граѓани и би бил безбеден и сигурен. За да се идентификуваат граѓанитесо својот град и да може да влијаат врз неговиот развој, од голема важност е колку истите се вклучени во неговото обликување и можноста да влијаат врз промените кои се случуваат во него. Во таа насока следниот дел беше фокусиран на прашањата и одговорите од истражувањето на ставовите на граѓаните за можностите тие да влијаат на овие процеси. ВКЛУЧЕНОСТ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ Вклучувањето на локалната заедница во процесите на урбано планирање има повеќе позитивни страни. Поголемата партиципација придонесува кон поголема легитимност и ефективност на планираните активности. Урбаното планирање, посебно на јавниот простор, ги засега сите жители подеднакво,па оттаму и прашањето за вклучување 10 Богдановић, 1982: 423–424 Не планирам да се селам Да, во странство Да, во некој друг дел на Македонија Да, во истиот град 0 5 10 15 20 25 30 35 40 45 50 Дијаграм 26. Планирате ли во блиска иднина да се преселите? 40 30 20 10 0 Верувам дека ќе останат Мислам дека ќе се отселат Веќе едно дете или повеќе се отсели Не знам Немам деца Дијаграм 27. Дали мислите дека Вашите деца би останале да живеат во Скопје? 41 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ на граѓаните во процесите на одлучување и вклучување во истото. Често се случува граѓаните да се противат на одредени планови кои се изготвени од градската администрација, па оттаму во голем број случаи доаѓа до спротивставеност помеѓу изготвеното решение од страна на градската администрација и граѓаните. Исто така е важно да се анализира во која мерка граѓаните сметаат дека нивното активно вклучување би влијаело врз самиот процес на планирање, односно колку институциите се подготвени да ги вклучат забелешките кои би ги имале граѓаните на предложените планови. Добиените одговори ни покажуваат дека лицата кои имаат понизок степен на образование,имаат помала верба во можноста дека преку сопствено ангажирање може да придонесат кон промени во својата непосредна околина, или би се вклучиле во активности кои предвидуваат поттикнување активизам или прашања кои ја засегаат локалната заедница. Процентот расте паралелно со степенот на образование. Истата тенденција се појавува и кај прашањето за покренување иницијативи на социјални промени, како што се регулативи или идеи за подобрување на условите за живеење. Ова секако, спаѓа во делот на урбаното планирање кое, како што погоре изложивме, ги засега подеднакво сите жители на локалната заедница. Ваквите одговори делумно може да ги припишеме на недоволните информации кои ги имаат граѓаните преку кои сѐ форми може да се вклучат во планирањето или активностите на локално ниво. Исто така институциите често јавните дебати кои ги организираат, ги сметаат за формалност која произлегува од законската регулатива. Процесите на граѓанско учество подразбираат засегнатите страни да ги почитуваат принципите на меѓусебно почитување, отворена комуникација, институционална ангажираност за приближување на администрацијата до граѓаните преку различни облици на информирање, за што стана збор во претходниот дел. Чувството дека граѓанинот нема влијание врз процесите на одлучување, остава простор за општествено незадоволство, апатичност и чувство на исклученост од процесите, што, пак, е во спротивност со моделот на одржлив развојкој како еден од клучните фактори ги смета вклученоста на граѓаните во општествените процеси. Воедно пасивноста во однос на случувањата повлекува и планирање кое можеби не соодветствува со потребите на граѓанинот во одреден момент. Секој може да направи промени во својата непосредна околина(поттикнување на граѓански активизам, подигнување свест за одредени прашања од јавен интерес) Основно обр. Средно обр. Високо обр. Целосно се согласувам 42% 60% 84% Делумно се согласувам 47% 31% 11% Воопшто не се согласувам 10% 4% 3% Граѓански активизам – според степен на образование Секој може да направи социјални промени(покренување иницијативи за подобрување на регулативи, поднесување идеи за подобрување на условите за живеење) Целосно се согласувам Делумно се согласувам Воопшто не се согласувам Основно обр. 47% 36% 15% Средно обр. 56% 36% 4% Високо обр. 76% 20% 3% Можност за социјални промени Секој може да направи промени во својата непосредна околина(поттикнување на граѓански активизам,подигнување на свест за одредени прашања од јавен интерес) Целосно се согласувам Делумно се согласувам Воопшто не се согласувам Чаир/Бутел 58% 30% 4% Аеродром/Н. Лисиче 82% 17% 0% Сарај 34% 56% 6% Центар 74% 17% 8% 42 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Секој може да направи социјални промени(покренување иницијативи за подобрување на регулативи, поднесување идеи за подобрување на услови за живеење) Целосно се согласувам Делумно се согласувам Воопшто не се согласувам Чаир/Бутел 63% 28% 2% Аеродром/Н. Лисиче 74% 24% 1% Сарај 26% 60% 10% Центар 67% 27% 5% Во однос одговорите на испитаницитепо општини по истите прашања, забележлива е разликата во одговорите по општини во кои граѓаните сметаат дека граѓанските иницијативи и активизам може да влијаат врз промена на планирањето и предвидените активности на локалните власти. Разликата е речиси двојно поголемаво одговорите дека секој може да направи промена во непосредната околина во општините Аеродром и Центар, за разлика од одговорите на испитаниците во општините Бутел/Чаир и Сарај. Речиси истиот сооднос се задржува и кај прашањето за можноста на граѓанинот да покрене прашања за социјални промени. Познавањето на процедурите и начинот на кој локалните власти ги вклучуваат граѓаните во своето работење, се еден од факторите кои влијаат врз ваквите перцепции на граѓаните. Транспарентното работење на локалните власти, постојната и точна информираност, проактивните начини преку кои би ги стимулирале граѓаните да се вклучат во работата на локалните власти, од една страна, но и желбата на граѓаните и нивната свесност за своите можности за влијание врз работењето на истите, ни покажуваат дека во различни делови на Скопје граѓаните различно ги практикуваат или се подготвени да ги практикуваат своите граѓански права и да се вклучат во креирање на урбаните политики. Кога вклученоста на локалната заедницата е силна, како резултат на тоа жителите ја разбираат и веруваат во работата на локалната управа;жителите имаат чувство дека имаат своја улога во донесувањето одлуки, врската помеѓу советот и жителите е заедничкаи динамична. Наместо жителите да се чувствуваат како пасивни приматели, голем број луѓе кои се заинтересирани за промените што треба дасе направат и кои сакаат да ни помогнат да ја обликуваме таа промена, новите идеи и промени се одвиваат преку акција во заедницата. Доколку на ова се додаде и вклучување на локалната бизнис-заедница, тогаш може да се очекува дека развојот на локалната заедница е планиран во насока на одржлив раст, во кој се запазени еколошките,социјалните и економските потреби на жителите. Претходната дискусија го отвора прашањето за активен граѓанин,меѓутоа активен граѓанин кој може да учествува во општествени активности преку кои може да влијае на збиднувањата околу него, може да биде оној на кој му се достапни релевантни информации.Во овој дел се поместени прашања кои се однесуваат на информираноста на граѓаните и важноста од истото кога станува збор за прашања од животната средина. ИНФОРМИРАНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Масовните медиуми се еден од најважните сегменти на модерните општества. Оттука многу е важно како прашањата на животната средина се третираат во медиумите. Медиумите во модерните општества ја имаат моќта за насочување на важни теми во општествата, а со тоа од една страна да ја исполнуваат улогата на информирање, а од друга граѓанитепреку овие информации формираат ставови и мислење во однос на одредени прашања кои се во нивен интерес. Новите медиуми поттикнаа трансформација на начинот на кој се пренесуваат и формираат вестите. Новите технологии и мрежното поврзување придонесоа вестите да се прошируваат во моментот на нивното случување, размената на информации да биде на ниво кое досега вочовековата историја не е забележано. Која е улогата на медиумите кога станува збор за теми од животната средина? Телевизијата, радиото,печатените медиуми,како и интернет медиумите се повикани не само да ги информираат граѓаните за состојбите со животната средина, туку воедно и да промовираат еколошки и одржливи начини на живот. Преку тоа директно може да се влијае врз создавањето јавно мислење кое во голема мерка би имало и влијание врз тоа како градските власти ги креираат политиките поврзани со урбаното планирање и подигањето на квалитетот на животната средина. Преку комуникацијата граѓаните,исто така, може не само да се информираат еднонасочно, туку можноста за меѓусебна размена на мислења и идеи може да генерира нова општествена клима, во која промените се базираат на размена на искуства,знаења и идеии од нив да произлезат нови начини на разрешување на определени ситуации. Во натамошниот дел ќе ги анализираме прашањата кои се однесуваат како граѓаните се информираат за прашања од животната средина, колкав е интересот за истите,во која мера граѓаните се запознаени со концептот на одржлив град и преку кои 43 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ форми на информирање сметаат дека може да се подобри информираноста на граѓаните како за состојбите со животната средина, но и за изнаоѓање нови решенијаза подобрување на квалитетот со животната средина во Град Скопје. ИЗВОРИ НА ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ Во овој дел се поместени одговорите на испитаниците за изворите на информирање кои ги користат, но и како во иднина може да бидат искористени новите можности за информирање и доближување на идеи за поодржливо живеење. Првото прашање кое беше поставено, беше преку кои медиуми граѓанитенајчесто се информираат за животната средина. Телевизијата сѐ уште е медиум кој широко се користи од страна на граѓаните за информирање од доменот на животната средина. Предноста на телевизијата како медиум е во тоа што телевизиските куќи располагаат со ресурси кои може да креираат медиумска содржина, не само од информативен карактер, туку и од едукативен или дебатен карактер. Телевизиите имаат огромно влијание врз формирањето на јавното мислење и расположение, но воедно може и да поттикнат промени во начинот на живеење кај луѓето доколку, преку промотивни медумски формати, укажат на позитивните промени кои ќе ги имаат граѓаните со промена на своите навики, присвојување на поздрави навики за живот. Со оглед на тоа дека интернетот сѐ повеќе станува интегрален дел од животот,како и релативно достапните уреди, овој медиум сѐ повеќе ги заменува останатите медиуми како извор за информирање, посебно кај првите две старосни групи. Северна Македонија се вбројува во земјите кои имаат релативно висок процент на покриеност со интернет конекција и со постојано зголемување на процентот на население кое има пристап до интернет во својот дом(70% во 2016г.) 11 , додека 85% од населението имаат свои налози на некоја социјална мрежа. 12 Имајќи го ова предвид, заедно со брзината со која се разменуваат информациите и вестите по електронски пат, треба да се очекува во иднина процентот на лица кои се информираат преку веб-платформи или специјализирани апликации кои се наменети за следење на квалитетот на воздухот и другите еколошки параметри, да се зголемува. Друга предност на интернетот е што дава можност за интерактивност помеѓу корисниците, така што случувањата и информациите се достапни на голем број луѓе во моментот на случување. Често се случува граѓаните, преку користење на социјалните медиуми, да покренат иницијативи или да го свртат вниманието на јавноста кон одредени прашања од животната средина токму со помош на социјалните мрежи. Неретко исто така во последно време и останатите медиуми ги користат социјалните мрежи како извори на информирање и цитирање. По старосни групи, како медиуми од кои секогаш или често граѓаните се информираат, телевизијата останува како примарен медиум за информирање кај групите над 30 години,додека кај младата популација интернетот е главен извор на информирање. Следно прашање, кое произлегува од претходниот корпус прашања, беше:„Дали сакате да сте поинформирани за состојбите со квалитетот на животната средина во градот? Не 25% Да 75% 11 http://www. internetlivestats. com/internet-users/macedonia/ 12 https://www. statista. com/statistics/708775/social-network-penetration-in-macedonia/ Извор на информирање – телевизија Секогаш Често 18 – 29 40% 20% 30 – 45 53% 31% 46 – 65 50% 11% Извори на информирање по старосни групи – телевизија 44 Ретко 27% 8% 11% Не се информирам 6% 6% 22% СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД 3/4 од граѓаните сметаат дека треба да бидат поинформирани за состојбите во квалитетот на животната средина. Ако ова го ставиме во корелација со медиумите за информирање, тогаш може да заклучиме дека граѓаните имаат потреба од подлабинско информирање за животната средина и во таа насока медиумите треба да креираат повеќе содржини кои би се однесувале на животната средина. Соодветни медиумски содржини, во кои стручно би биле образложени причинителите на загадувањето, поткрепени со научни истражувања, потоа последиците од изложеноста на загадување, се еден од начините преку кои граѓаните можеда формираат личен став во однос на овие прашања. Како се информирате за состојбите со животната средина – интернет Секогаш Често 18 – 29 49% 28% 30 – 45 40% 24% 46 – 65 25% 0% Извори на информирање по старосни групи – интернет Ретко 16% 19% 0% Не се информирам 5% 15% 75% 18 – 29 30 – 45 46 – 65 Најчесто користени медиуми за информирање по старосни групи Телевизија Радио 60% 52% 84% 54% 61% 50% Најчести извори на информирање по старосни групи – интернет Интернет 77% 64% 25% 45 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ 46 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД НАСОКИ ЗА ИДЕН РАЗВОЈ НА ГРАД СКОПЈЕ НИЗ ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ Во насока на тоа како би требало да се развива градот Скопје во иднина, во овој дел ќе ги анализираме одговорите на граѓаните токму во врска со прашањата кои се однесуваат на делот на урбаното планирање на град Скопје. Поточно, кои активности би требало да ги преземе градот Скопје со цел подобрување на квалитетот на живеење во него. Темите кои ќе бидат анализирани, се поделени во три подрачја кои се однесуваат на еколошкото планирање на градот, и тоа: екологија, транспорт и урбанистичко планирање. На крајот ќе дадеме сублимат во кој ќе укажеме на неопходноста од поврзување на овие сегменти во една интегрална целина. Еколошки развој на Град Скопје Со оглед на тоа дека фокус на студијата е еколошкото планирање на градот, важно е да ги анализираме потребите на граѓаните во однос на еколошкото живеење, односно кои се нивните ставови во однос на тоа како треба да биде планиран Град Скопје во еколошка смисла. Во неколку наврати беше спомената важноста на еколошката димензија во планирањето на градовите денес, па оттаму и треба да се очекува дека граѓаните,исто така, ќе бидат заинтересирани за квалитетот на еколошкото планирање во средините во кои живеат. Низа истражувања покажуваат дека добро димензионираните зелени површини на јавни зелени површини имаат повеќекратен позитивен ефект. Како позитивни ефекти може да ги издвоиме: подобрување на естетиката на просторот, зголемување на социјализацијата на ниво на соседство, зголемување на физичката активност на детската популација и сл. Односно, ефектите од добро осмисленото еколошко планирање имаат импакт и врз социјалната димензија на живеење. Како прво прашање кое се однесува на еколошкото планирање упатено кон испитаниците беше за потребата за заштита на урбаното зеленило на ниво на општината во која што живеат. Имајќи ги предвид високите концентрации на загаденост на воздухот низа години, прашањето за подигање на квалитетот на воздухот е од највисок приоритет кај повеќето граѓани. Зависно од населбата, овој процент се движи помеѓу 51%, па сѐ до 75%. Со оглед на тоа што граѓаните сѐ повеќе се информираат за здравствените ефекти од изложеноста од аерозагадување, ова прашање за нив станува едно од најважните што треба да биде разрешено од страна на градската управа. Негативните ефекти кои се бележат како последица од аерозагадување,укажуваат дека во изминатите години, како последица на аерозагадувањето,регистрирани се 1.351 смртен случај и економска загуба од 253 милиони евра, или нешто над 3% од вкупниот бруто-домашен производ(според анализите на Светска банка, 2014 г.). Ако на ова се додаде и влијанието кое загадувањето го има кај детската популација и болестите кои се предизвикани како последица на истото(Институт за јавно здравје,2015г.), тогаш станува јасно дека проблемот со аерозагадувањето треба да биде примарен за решавање, со оглед на тоа дека истото отвора долгорочни последици по населението во целина кои се од здравствен, а понатаму и економски карактер. На ова прашање се надоврзува и следното кое се однесува на заштитата на урбаното зеленило. Подигање на квалитет на воздух Висок приоритет Чаир/Бутел 51% Н. Лисиче 75% Сарај 65% Центар 53% Приоритет квалитет на воздухот Среден приоритет 31% 23% 34% 30% Низок приоритет 6% 1% 0% 13% Заштита на урбанотоз еленило Висок приоритет Чаир/Бутел 46% Н. Лисиче 76% Сарај 63% Центар 44% Приоритет урбано зеленило Среден приоритет 34% 23% 28% 40% 47 Низок приоритет 12% 0% 4% 10% Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Урбаното зеленило, во делот на еколошкото планирање, би требало да претставува неизоставен дел со оглед на мултифункционалноста која ја има. Имајќи ги предвид сите позитивни ефекти, треба да се очекува во процесот на урбанистичко планирање на просторот да се води сметка за тоа граѓаните да имаат пристап до зелени површини во непосредната околина, со цел задоволување на нивните потреби од одмор, рекреација и престој во природа. Имајќи го предвид горенаведеното, резултатите добиени од истражувањето го потврдуваат тоа дека граѓаните, како еден од приоритетите во урбаното планирање, ги потенцираат и заштитата на урбаното зеленило. Процентот на граѓани кои сметаат дека заштитата на урбаното зеленило е еден од највисоките приоритети, се совпаѓа со процентите од претходното прашањекое се однесувана подигањето на квалитетот на воздух. Оттука може да заклучиме дека граѓаните ги поврзуваат квалитетот на воздухот и јавните зелени површини. Ова е посебно важно да се има предвид, со оглед дека процесите на урбанизација во главниот град кои не покажуваат знаци на намалување, туку обратно, што пак ќе доведе во зголемување на урбаната густина на објекти кои ќе придонесат за намалување на јавните достапни зелени површини, односно со тоа целосно се губи и можноста тие површини да бидат уредени како јавни зелени површини. Во изминатите неколку години евидентно е дека голем дел од зелените површини во централното градско подрачје беа пренаменети, со што беше изгубен голем процент од нив. Како еден поевидентен пример е„Мал Ринг“. Промените на Деталниот урбанистички план во Општина Центар доведоа до тоа просторот кој претходно беше отворен и со релативна застапеност на зелени површини, денес да е густо изграден. За анализа само на зелените површини на„Мал Ринг“ за изминатите години, се користени ГИС системите, како и Google Earth алатката. 13 Овие податоци укажуваат на тоа дека во 2002 година зелените површини изнесувале вкупно 75.649 м 2 ,додека во 2013година –34.994 м 2 ,за во 2017годинада се симнат на 18.680 м 2 . Ова изнесува намалување на зелените површини за околу 75%. Од предочените податоци може да се забележи дека фокусот 13 http://gradzasite. mk/%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d 0%bd%d0%b5%d0%bc%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b4%d1%80%d0%b2%d1%98%d0%b0/ на еколошка деградација на зелените површини е концентриран и во центарот на град Скопје, во кој се изградени речиси сите објекти од проектот„Скопје 2014“. Градежните зафати директно влијаат на намалување на зелените површини во т.н.„Мал Ринг“. Ако пред започнување на проектот„Скопје 2014“ како главна забелешка е дека плоштадот е празен простор само со големи зелени површини пред зградата на„Македонски пошти“ и дрворедот на истата површина, без посебна естетска вредност, за само неколку години истиот стана градежен полигон на кој се мешаат стилови, епохи неповрзани со овој простор, уште помалку со времето во кое се создаваат. Плоштадот, години наназад, е постојано во процес на градење и доградување на објекти кои одат во спротивност од сѐ она што беше напишано како постулат за развој на модерните градови. Овие процеси, како еколошка последица, ги имаат зголеменото присуство на прашина во воздухот, зголемувањето на температурата и формирање на „топлински острови“ во централното градско подрачје, затворањето на протокот на воздух, загадувањето од бучава. Покрај тоа, зафатите во самото корито на реката Вардар дополнително ја влошуваат оваа слика, бидејќи со градбите кои се директно во самото корито, значително е намалена пропусната моќ на истото, а исто така е оштетен одреден дел на брегот како последица на механизацијата која се користи за реализација на овој проект. Како еден не толку еколошки елемент во просторот, но кој меѓутоа суптилно влијае врз психолошката состојба на човекот, е и прашањето на визуелното и светлосното оптоварување. Градовите имаат и свое психолошко влијаније врз поединецот, од кои некои се поочигледни, додека некои се посуптилни. Ова прашање беше поставено со цел да се увиди како граѓаните го перципираат просторот на градот во една поширока еколошка смисла, имајќи предвид дека урбаниот пејзаж е сочинет од бројни елементи како што се градби, патна и светлосна сигнализација, агресивен визуелен маркетинг и слично, што често свесно и не го перципираме како причина која влијае како се чувствуваме во еден простор. Ова прашање ќе го анализираме во однос на општини и возрасни групи. Ова е направено со цел да се увиди дали во општините во кои се сместени поголем број економски субјекти, перцепцијата за визуелно оптоварување се смета како прашање од поголема важност за решавање, а во вториот случај дали возрасната граница визуелното оптоварување го восприема како оптоварување врз психолошката состојба или како„природна“ состојба на функционирање на организмот. Намалување на визуелно оптоварување(светлосно, реклами,билборди) Висок приоритет Среден приоритет Низок приоритет 18–29 46% 29% 19% 30–45 38% 35% 16% 46–65+ 75% Приоритет намалување на визуелно оптоварување 12% 12% 48 СКОПЈЕ И МОДЕЛОТ НА ОДРЖЛИВ ГРАД Ако се погледнат добиените одговори по возрасни групи, тогаш може да утврдиме дека повозрасните жители на град Скопје во поголема мера се подложни на визуелното оптоварување, меѓутоа и кај двете помлади возрасни групи процентот на перцепција за визуелно оптоварување е релативно висок. Во воведниот дел укажавме на влијанијата кои ги има ова врз организмот, па оттаму и потребата во иднина поголемо внимание при урбаното планирање да им се посвети на овие елементи, со цел постигнување попријатни јавни простори кои ќе придонесат за поздраво, но воедно поестетско ипоурбано доживување на јавниот простор на градот. Во однос на истото прашање, но по општини, одговорите на испитаниците го имаат следниот распоред. подеднакво за разлика од некои други прашања. Оттаму може да заклучиме дека постои реална потреба од спроведување на програми и законски регулативи кои ги регулираат прашањата за оптоварување со бучава во населените средини. Последното прашање на кое ќе се осврнеме во овој дел, се однесува на ставовите за заштита на културните обележја на територијата на град Скопје. Ова прашање го поставуваме во еден поширок контекст надвор од строго дефинираната културна или историска вредност на самите обележја.Овие обележја покрај својата културна функција, имаат вредност на јавни простори кои може да бидат оформени како простори кои покрај својата функција на културно обележје, може да имаат и еколошка и социјална функција на културно офорЧаир/Бутел Н. Лисиче Сарај Центар Намалување на визуелно оптоварување (Светлосни реклами,билборди, ел. инсталации) Висок приоритет Среден приоритет 29% 39% 56% 29% 26% 28% 50% 36% Низок приоритет 9% 12% 39% 13% Приоритет намалување на визуелно оптоварување по населби Овој распоред на одговори за приоритетноста на ова прашање може да го протолкуваме низ призмата на економска активност на општините. Ако земеме предвид дека општините како што се Аеродром и Центар, се претежно општини во кои се концентрирани комерцијални и објекти од угостителска дејност(локали,трговски центри и сл.), како и главните сообраќајници во градот, тогаш станува јасно дека концентрацијата на визуелни знаци, било во форма на билборди, светлосни реклами, како и сообраќајна сигнализација, е застапена во повисок процент во однос на останатите општини. Оттаму и жителите кои живеат во овие општини, во поголем процент се изложени на последиците и влијанијата на овој вид оптоварување. Како што беше напоменато во првиот дел,во спектарот на загадување на простор спаѓа и загадувањето, односно оптоварувањето со бучава во просторот. Во однос на ова прашање испитаниците го сметаат како високо или средноприоритетно за решавање. Распоредот на одговори упатува на тоа дека овој вид оптоварување ги засега сите возрасни групи мен простор во кој луѓето може да го поминуваат своето слободно време, а во економска смисла да бидат осмислени како места вредни за посета од страна на туристи. Во однос на возрасните групи, ова прашање се препознава како прашање од висок или среден интерес за развој на градот,односно дека постои потенцијал за развој на овие обележја како места преку кои Скопје може да стане препознатливо во културолошка смисла во поширок контекст, но и во смисла на добивање на јавни простори за користење на граѓаните. За разлика од одговорите по возрасни групи, распоредот на одговори по населби е поинаков. Приоритетноста се менува зависно од населбата. Во случајот на Општина Сарај, ова прашање не е од висок или среден приоритет, но во прашањето поместено подолу во текстот кое се однесува на еколошка реставрација на определни јавни простори, процентот е од висок приоритет(80%, стр. 40) 18–29 30–45 46–65+ Заштита од бучава Висок приоритет 45% 56% 44% Среден приоритет 47% 28% 33% Низок приоритет 7% 7% 11% 49 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Ова нѐ наведува на заклучок од една страна дека определен број граѓани својата перцепција за градот ја дефинираат на просторот кој се однесува на нивната населба и она што им е во непосредна близина. Од друга страна, распоредот на одговорите укажува на потребата од дефинирање на различни карактеристики на населбите(претежно еколошки, културни или комбинирани) кои понатаму би претставувале основа за развој на идентитет на населбата во склоп на градот, а понатаму и обележје на самиот град. Ова од една страна претставува искористување на ендогениот потенцијал на локално ниво ставен во контекст на полицентричен урбан раст на градот. 18–29 30–45 46–65+ Подобрување на заштата на културни обележја Аквадукт /Скупи/Кале Висок приоритет 46% Среден приоритет 30% Низок приоритет 16% Има мала потреба 4% 35% 33% 13% 2% 50% 25% 12% 12% Нема потреба 1% 0% 0% Подобрување на заштита на одредени културни обележјаАквадукт/Скупи/Кале Чаир/Бутел Н. Лисиче Сарај Центар Висок приоритет 27% 56% 17% 48% Среден приоритет 52% 31% 13% 31% Низок приоритет 8% 11% 30% 14% 50 ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА „Градот е пред сè состојба на духот, збир на обичаи, традиција и утврдени ставови и чувства кои се неодделиво поврзани со овие обичаи и се пренесуваат со традицијата.“ Роберт Езра Парк(Park, 1988:115) Градот настанува како потреба на човекот да го заштити својот живот од природните неприлики и да воспостави свој ред во космосот, да се спротивстави на моќта на природата. Оттогаш тој постојано се трансформира, но сепак во себе ги содржи елементите на прастарото и исконското. Античкиот град е колепка на политиката и трговијата, средновековниот на понизниот човечки живот пред религијата, ренесансниот на повторното откривање на науката и уметноста, барокниот на моќта, тривијалноста и редот, индустрискиот на човековиот злочин кон природата и хаосот, а модерниот на надежта за светла иднина. Сите овие фази низ кои минуваат и се трансформираат урбаните места, го сочинуваат денешниот град во кој живее современиот човек. Трансформацијата, минливоста и променливоста се клучните зборови за континуиран развој на едно урбано ткиво. Ваквите промени не подразбираат губење на градските вредности и на автентичноста на урбаното место, туку нивно унапредување и адаптирање за во иднината. Промената не значи рушење и повторно градење отпочеток, туку континуирано надградување на постојното. Скопје е град кој во себе содржи многу слоеви, како рефлексија на богатата историја. Со осамостојувањето и започнувањето на периодот на транзиција, Скопје, иако се зголемува и претрпува промени, неговиот развој не е позитивен. Денес Скопје е на листата на најзагадени градови во светот, пренаселен и со конфузен градски идентитет. Тоа е предизвикано од повеќе фактори, од кои најдоминантни се лошата политика во државата и пасивниот однос на граѓаните. Република Северна Македонија е во групата на мали држави со мала популација, па секоја политичка постапка брзо се одразува на сите останати општествени аспекти. Власта во последните дваесетина години градењето во градот го гледа исклучиво како профит и начин за богатење, притоа не водејќи сметка за потребите и здравјето на граѓаните, ниту пак за стилот на живот, автентичноста и културното наследство. Ова достигнува кулминација со реализирањето на проектот„Скопје 2014“, каде покрај финансиската штета од нереално скапиот проект и материјалната штета, се појавува и конфузија на симболи и елементи кои многу сериозно го загрозуваат градскиот идентитет. Проектот предизвика непотребно оптоварување на јавниот простор и/ или уништување на дел од постоечките елементи во градот како фасадите на модерните станбени објекти во центарот на градот, градење на простор наменет за инфраструктура и зеленило, уништување на дел од зелените простори, загадување на реката Вардар, градење несоодветни објекти на самиот раб на коритото на реката, претварање на центарот на градот во едно повеќегодишно големо градилиште. Ваквиот просторен хаос неизбежно носи нарушување на секојдневниот живот на граѓаните. Наглото наметнување на орнаменти и симболи, навраќање кон историското минато преку„облекување“ на центарот на градот во еклектичен стил, сосема несоодветен за времето во кое се гради и за материјалите со кои се гради, предизвикува најразлични емотивни реакции кај граѓаните. Ваквиот однос кон просторот може да се смета како манипулативна алатка на власта, која тежнее кон одредена идеологија и истата ја наметнува на широката маса народ. Ако го земеме градот, меѓу другото, и како збир од симболи од секое општество кое градело таму, имаме физички остатоци од различни политички времиња, идеологии, стремежи и сл. Наглото препокривање на сите веќе постоечки симболи/објекти/елементи, по одредена иста препознатлива матрица и градење нови во истиот манир во краток временски период, испраќа јасна порака за недемократско општество кое се стреми кон едноумие. Ваквата агресивна нарација всушност ја негира реалната историја и идентитет на градот и создава паралелни, во кои граѓанинот треба да биде асимилиран. Голем дел од архитектурата е дефинирана од владејачкиот врв во општеството како стилот во Франција за време на владеењето на Луј XIV, или проектите на Алберт Шпер 14 , архитектот на Адолф 14 Albert Speer 51 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Хитлер 15 , проектите за Букурешт на Чаушеску 16 , но проблемот на„Скопје 2014“, меѓу другите, е стилската импровизација, недореченост, нецелосност и комплетно несоодветните материјали. Планот на центарот во Скопје во основа си останува ист, единствено на празните или зелените простори се градат нови објекти со орнаментирани фасади кои би требало да се од камен или мермер, меѓутоа овие се од стиропор. Се поставуваат набрзина направени споменици од историски личности,дури и од некои спорни историски личности, а на веќе постоечките објекти изградени по принципите на модерноста, им се заменуваат само фасадите, повторно со евтина фасада од гипс картон и набрзина направена орнаментика од гипс и стиропор. Сето ова нема ниту уметничка, ниту естетска вредност, туку потсетува на тематски забавен парк или студио за снимање филм. Скопје од град на солидарноста, за само неколку години е нарекуван„престолнина на кичот“. А бидејќи градот е огледало на општеството и на граѓаните во него, хаосот на денешново Скопје, не кажува многу позитивни работи ни за општеството во кое живееме. Физичката пренатрупаност на центарот со елементи на проектот„Скопје 2014“, градењето на секој празен простор поради профит, сообраќајниот метеж, пренаселеноста (бидејќи жители од цела држава се доселуваат во Скопје) и загаденоста креираат загушен град, тмурна, летаргична атмосфера, незадоволни граѓани и нездрава животна средина. Слободното пешачко движење е отежнато поради лошото сообраќајно решение, новите градилишта кои се чини никнуваат преку ноќ, лошата инфраструктура и сл. Целата слика на застоеност симболично ја дополнуваат галиите поставени во реката Вардар, со бетонски темели како парадокс на општествената динамика на почетокот на XXI век во градот Скопје. Јавниот простор во градот е од исклучителна важност, бидејќи го определува градот, меѓу другото и како културно место. Феноменот град, како простор за културно творештво и културен живот воопшто, е потиснат од институционализацијата, односно од затворање на културата во наменски, јавни, општествени објекти, изградени специјално за него во XIX и XX век. Така, уметничкото творештво станува издвоено од секојдневието и врамено во работно време и одреден простор – театар, музеј и сл. Пред тоа во градот, на неговите отворени простори: улица и плоштад, се случувала комуникација, а просторот бил медиум. Улицата и плоштадот не претставуваат само простор, туку и можност за комуникација, размена на информација и творештво. Улицата и плоштадот биле/се институции на културата, единствени простори наменети за културно-уметнички дејности, на кои се одржувале најразлични театарски и музички претстави, религиски спектакли, панаѓури и циркуси, официјални и неофицијални преноси на информации. Богатството на случувањата на улиците и плоштадите е последица на одредени општествени околности во кои се развива градскиот живот и кој има потреба од пошироко образование и интензивна меѓучовечка комуникација воопшто. На овие простори се случувале и погубувања, демонстрации, револуции и има политичка и социјализаторска функција, како и функција за јакнење на идентитетот или ширење на некоја идеологија. Користењето на улицата како простор за спектакл во револуционерни движења, демонстрации, манифестации и сл., создава чувство на заедништво. 17 Јавниот простор претставува демократски елемент на градот, со негово запоседнување или запоставеност се нарушуваат сериознитеаспекти од градскиот живот. Сегашната конфузија од елементи на Плоштадот Македонија, строгиот центар на Скопје е последица од долгата транзиција низ која минува земјата, политичките кризи, недомаќинската економија, колапсот на вредности на секое поле во општеството. Истражувањето покажа дека граѓаните се незадоволни од речиси секој аспект на градот, иако ги имаат сите потребни градски елементи и институции. Тоа е показател дека Скопје до периодот на транзицијата се развивал плански, според потребите на граѓаните. Основната инфраструктура поставена во минатото и потребните објекти како: градинки, болници, училишта, трговски објекти, културни објекти се солидно планирани, меѓутоа нивното одржување, користење и развивање се сосема запоставени и/или злоупотребени. Мешаницата од нови национални симболи кои си поигруваат со колективната меморија и колективната свест, само ја отежнуваат атмосферата во градот. Истражувањето покажа дека новото градско обликување со евтини орнаменти, не е по желба на граѓаните и дека тие не се идентификуваат со него и сметаат дека градот се развива во погрешна насока. Наместо да се решаваат градските проблеми, да се унапредат неговите традиционални белези и автентичност, да се охрабрат потенцијалите на градот, властите изгубија години во тривијално и парадоксално „маскирање“ на градскиот центар кој се промени естетски, но не и суштински. Дел од граѓаните сметаат дури дека развојот на градот им го влошува квалитетот на живот. Скопје забрзано ги губи своите градски карактеристики и се стекнува со нови, кои не се позитивни – како на пример: загрозеноста на животот од нездравата животна средина, отуѓеност на граѓаните или бучава и сообраќаен метеж. Еклектизмот, кој е присутен во новото обликување на градот Скопје, е една од карактеристиките на постмодернизмот и не ретко екритикуван: „Еклектизмот во сите периоди и на сите простори се смета за надмоќен од минатите учења, бидејќи последен доаѓа на сцена, секогаш ги наоѓал и најоддалечените хоризонти веќе отворени зад себе, но таа непристрасност само ја докажува немоќта на еклектиката. Луѓето, кои имаат толку 15 Adolf Hitler 16 Nicolae Ceaușescu 17 Sestic, 2002:175-177 52 ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА слободно време за размислување, не се целосни луѓе: им недостасува страст. Колку и да е паметен, еклектикот е сепак слаб човек, бидејќи тој е човек без љубов. Затоа тој нема идеал...; нема ни ѕвезда, ни компас. Сомнежот ги завел некои уметници да бараат помош од сите други уметници. Експериментирањето со спротивставени медиуми, зграбување на средства за друга уметност, внесување на поезија, духовност и чувства во сликарството – тоа се тие модерни проблеми и пороци кои се својствени за еклектизмот.“ Шарл Бодлер 18 обединување на централната и локалната власт со соодветните стручни лица и граѓаните, за да се постигне целовитост и во планирањето и во дејствувањето. Доколку граѓаните бидат лично вклучени во одлуките кои се носат за градот, тие во иднина би покажале поголем интерес и грижа за развојот на општината или градот. Истражувањето покажа дека граѓаните и покрај тоа што се незадоволни со состојбата на градот Скопје, тие сепак го сакаат својот град и се идентификуваат со него. Ваквиот резултат остава простор за оптимизам дека состојбата на градот би се подобрила. Скопје на почетокот на XXI е загаден како индустрискиот град во XIX век и се навраќа на стилови од XVII век, како барокот. Ова се случува додека во глобални рамки се дискутира за намалување, па дури и исфрлање на моторниот сообраќај и претворање на градовите во еколошки и енергетски ефикасни градови. Сè позастапени се новите програми за одржлив и паметен град. Скопје е град кој се сведува на недостиг на задоволување на основните човекови потреби како сонце и воздух. Во него можат да се пронајдат елементи од сите претходно наброени историски фази на град, како имитирање на некои барокни принципи, спонтани народни маала, загадување како во индустрискиот град, обликување и урбанистички планови од модерниот период и слоевитост и колаж како во постмодерен град. Идејата за идеален град или идеално општество е стара колку човештвото. Според Платон, секоја реална форма потекнува од светот на идеите, во кој се наоѓа совршениот архетип на сите нешта. Целта е да се стремиме реалната форма, колку што може, да ја приближиме до оригиналната, т.е. до идејата за таа форма. Совршен град не постои, меѓутоа искуствено се покажало кои градски карактеристики се позитивни. Антропоморфните урбани јадра се здрави за живеење, градот треба да биде пешачка зона, човекот не би требало сосема да се одделува од природата... Ова се некои историски лекции кои Скопје ги има во своите слоеви, но се заборавени под притисок на транзицијата и испревртените вредности. Скопје како град со многувековна традиција, има богата основа за унапредување на просторот и квалитетот на животот во него. Направени се огромни и непромислени штети не само во просторот и урбаното ткиво на градот, туку и во колективната свест на граѓаните. Потребни се сериозни интердисциплинарни истражувања кои би ја дале насоката во која би требало да се движи архитектурата и урбаната социологија во градот Скопје, со цел градот повторно да стане град со здрави и среќни жители. Треба повторно да се воспостави солиден систем на вредности кој би бил карактеристичен за начинот на живот во градот и би го дефинирал просторот во него. Ваквиот пристап бара 18 Charles Baudelaire НОВИОТ НАРАТИВ ЗА СКОПЈЕ Од најзагаден град и метропола на кичот кон метаболитички град Развојот на Скопје треба да ја трансформира моменталната состојба во нов наратив, во кој градот ќе треба да ги изнајде своите запоставени вредности и истите да ги втемели во својот иден развој. Преобразбите низ кои денес поминува градот,се многу покомплексни, можеби во однос на оние од минатото, под влијание на глобализацијата, миграциите, развојот на технологиите.Теориите за урбано планирање, од една страна и практиките на урбаното планирање и урбаните решенија, од друга, ни укажуваат на тоа дека парцијалното планирање, без почитување на принципите на одржливост, доведуваат до тоаградовите да заостануваат во својот развој. Одржливите градови се моделот преку кој овие предизвици кои ги перципираме како иднина,но несомнено се случуваат во сегашноста, побаруваат сѐ повеќе развојот на градските средини да се преориентира кон одржливост.Одржливиот развој на урбаните средини претставува постојан процес на дополнување, адаптирање, реосмислување на идејата за градот, притоа имајќи ги предвид потенцијалите и ресурсите на просторот кои не се само наши и припаѓаат на сегашноста, туку истите треба да се зачуваат за идниот развој на градот од идните генерации. Секој еден град, почитувајќи ги принципите на одржливост, земајќи ги предвид потенцијалите и ресурсите, сам треба да го изгради моделот на одржливост. Планирањето и„градењето“ на одржливиот град е резултат на меѓузависноста помеѓу луѓето и природата. Моделот ги вклучува луѓето како клучен фактор во осмислувањето на градот, ги моделира процесите согласно потребите на луѓето. Во одржливиот град видливи се духот и традицијата на времето во просторот, присутна е природата како неотуѓив дел од човечкотопостоење.Градот кој се развива во хармонија со природата, ги интегрира сите потенцијали за економски развој, поттикнува комуникација и социјална кохезија, како и интегрирање на маргинализирани групи, е град кој може да се каже дека се развива во духот на одржливоста. Исто така, не помалку важна карактеристика на ваквите градови е културна53 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ та димензија, негувањето натрадиционалните културни вредности, но истовремено, препознавајќи ја важноста на културата, дава и поттикнува развој на нови културни форми кои на градот ќе му донесат нов слој на културна препознатливост и ново урбано доживување. Слоевите на култура кои се таложеле во него, создале уникатен културолошки простор. Неговата географска положба исто така во голема мерка го дефинирала неговото живеење и раст како во минатото, така и денес. Граѓаните кои го населуваат, на градот Скопје му го даваат духот на градот кој е сосем поинаков со секој дел на градот. Многупати, поради начинот на кој градот е третиран, се споменува дека градот нема идентитет. Можеби тоа треба да се преформулира во обратна насока, дека Скопје има онолку идентитети колку што има населби, соседства, улици. Секој дел на Скопје има своја специфика, која, поради општествените трауми, хаосот во урбаното градење, темпото на живеење, веќе не ја препознаваме како вредност. Процесите на трансформации изминатите децении го „уморија“ јавниот простор на Скопје. Евидентна е отсутноста на институционална меморија, па секоја нова промена на администрацијата се обидува да постави свои симболи и да се запише во историјата на градот. Односот кон природните елементи во градот исто така е еден од факторите кои Скопје го карактеризираат како нелагоден, тежок за живеење. Отсуството на еколошка етика направи од Скопје еколошки неподобен град за живот кој им го уништува здравјето на своите жители. Ако сите овие сегменти се стават во еден социолошки ракурс, може да се каже дека ова однесување кон градот е последица на општествените нарушувања во македонското општество во подолг временски период. Недоволно дефинираното законодавство, постојаните упади и набрзина донесени измени во деталните урбанистички планови, без вклучување на сите засегнати страни, за последица го имаат трајното еколошко обезвреднување на централното градско подрачје на главниот град. Граѓаните, генерално, ги перципираат еколошките услови за живеење како недоволно добри. Како главни извори на загадување ги посочуваат индустријата, сообраќајот, но и намалувањето на зелените површини. Ова, според нив, е резултат на неколку фактори, како што се отсуството на ефикасни мерки за заштита на животната срединаи слабата активност на инспекторите за животна средина, како и отсуството на грижа за околината кај населението. Со оглед на високиот процент на заинтересираност за моделот на одржлив развој, го сметаат овој модел како начин преку кој може да се разрешат низа еколошки проблеми, но и генерално да се подобрат условите за живеење во градот Скопје. Ако на ова се додаде дека најголем дел од нив би сакале да имаат локален центар на ниво на општина, преку кој редовно би се информирале за начините за поодржливо живеење, може да се заклучи дека овој пристап би можел, на определен рок, да донесе позитивни промени во начинот на живеење на населението, односно да се отпочне со процеси на локално ниво кои понатаму ќе резултираат со одржливи решенија на подолг рок. Прашањата за активно граѓанско учество во процесите на донесување одлуки и учество во работата на локалните власти, ни покажуваат дека постојат одредени општини каде што граѓаните сметаат дека може да влијаат врз одлуките кои се однесуваат на урбаното планирање, додека во другиопштинивладее уверувањето дека влијанието на граѓаните нема поголем импакт врз процесите на планирање. Тоа укажува на одредено ниво на дистанцираност помеѓу граѓаните и институциите, што не оди во насока на развој на отворени и одржливи градови, ако земеме предвид дека една од основните идеи за развој е активното граѓанско учество. Ова понатаму треба да биде насоката во која општините треба да работат за надминување на оваа состојба. Како еколошки приоритети за решавање за граѓаните се подобрување на квалитетот на воздухот и заштитата на урбаното зеленило. Меѓутоа, фактот што и визуелното загадување беше земено како висок или среден приоритет, упатува на заклучок дека граѓаните имаат потреба не само од заштита на елементарните медиуми во градот, како што е воздухот, туку воедно и од естетизација на просторот преку уредување на јавните простори – парковите, преку кои би се зголемило чувството на пријатност во просторот. Уредувањето на јавните простори,односноеколошко и урбано уредување на коритото на Вардар, ревитализацијата на СРЦ „Сарај“, зачувувањето на Водно и поголема рекреативна искористеност на потенцијалот на парк шумата Гази Баба, се перципирани од страна на граѓаните како еден од начините преку кои ќе се зголеми квалитетот на живеењето во градот. Граѓаните, исто така, сметаат дека треба да се повеќе информирани за состојбите со квалитетот на животната средина и можностите за одржливо живеење, а притоа локалните власти треба да изнајдат соодветни начини преку кои треба да ги пренесат овие информации до пошироката јавност. Исто така транспарентноста и вклученоста за работата на локалните власти се битни за граѓаните, со оглед на тоа што локалните власти одлучуваат како ќе се управува со ресурсите во локалната заедница, како ќе се решаваат одредени прашања од сообраќајот, зелените површини и слично. Со оглед на тоа дека овие решенија директно влијаат врз секојдневниот живот, треба да се очекува дека овој вид вклученост на граѓаните, но и отвореност на работата на локалните власти, е важен за граѓаните. За граѓаните на ниво на населба битни се и пристапот до отворенитеи јавните површини кои обезбедуваат доволно зеленило, но и до јавните површини, како плоштади, паркови, детски и рекреативни игралишта. Генерално земено, граѓа54 ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ните на Град Скопје имаат познавања од тоа што се подразбира под квалитетноеколошкоживеење,свеснисезареалнитееколошкисостојби,ноистовремено, според резултатите, покажуваат волја за промени кои би довеле до подобрување на состојбите и воедно детектираат кои се прашањата на кои треба да работат градската управа на ниво на Град Скопје и општините, како би се подобриле условите за квалитетно живеење како на ниво на Град Скопје, така и на непосредни нивоа на соседства или населби. Конкретни предлози за Скопје Решенијата за многуте проблеми во градот Скопје би требало да сеодвиваат паралелно и да се делува на повеќе аспекти истовремено. Основно е да се мапираат слободните градски простори и да се исполнат со содржини потребни и корисни за граѓаните, како и паркови со зеленило кое соодветно би влијаело на климата и загадувањето во градот. Овие простори би требало меѓусебно да се поврзани со пешачки патеки со зеленило кои би биле соодветно проектирани за да вклучуваат инклузивна мобилност. На овој начин веќе имаме пешачка мрежа на улици која поврзува креативни јавни простори. Ова би имало многу позитивни аспекти: би го поттикнало пешачкото движење кај граѓаните со што би се намалил сообраќајот, индиректно би се зголемила демократијата во градот, би се создале јавни простори кои би поттикнале социјализација помеѓу граѓаните, би се зголемила безбедноста и би се намалил криминалот... Ова се само дел од ефектите на создавање ваква градска пешачка зелена мрежа. Понатаму би можеле да се направат пешачки градски квартови, на пример, во старите урбани јадра како старите скопски маала(Дебар Маало, Маџир Маало, Ново Маало...) кои би биле исполнети, покрај домување и со различни културни содржини. На овој начин културата и уметноста повторно би се вратиле на улиците во Скопје. Како мерка може да се воведе и реорганизирање на вработените во државните институции – секој вработен да работи на место најблиско до неговата адреса на живеење, секако доколку соодветствува на неговата работна позиција. Со ова повторно се намалува сообраќајот, посебно во периодите на најголема гужва и повторно се поттикнува пешачкото движење кај граѓаните. Но, не се работи само за метежот и сообраќајот, туку и за идентификување на поединецот со својата непосредна околина, забележување на актуелните проблеми во населбата и дејствување. Исто така вака би се зголемила фреквенцијата на движење во самите населби што директно влијае врз намалување на криминалот во населбите и би поттикнала и социјализација кај граѓаните. Препораки за одржливо еколошко планирање Екологијата на урбаното живеење ги користи природните елементи на градот(езерца, реки, урбани шуми) со цел да обезбеди социјален развој на истиот.Со оглед на тоа дека Скопје располага со доволен број природни елементи кои може да бидат ставени во функција на подобрување на еколошкото живеење, се предлагаат следниве идеи за урбано планирање. Текот на реката Вардар низ градот Скопје да прерасне во носечкиот еколошки проект кој на град Скопје ќе му даде нов наратив и лик на трансформативен град кој има заложби да стане еколошки град. Еколошко урбаната трансформација на р. Вардар преку уредување на кејот со различни содржини зависно од околината на течението –– акцентирани еколошки елементи/целини во вид на локално зеленило; –– во централните делови на градот кејовите, покрај присуство на зеленило, треба да се организирани и како јавен простор со мултифункционална намена кои покрај еколошката, би имале и културна и социјална функција на собирни места; –– Намалување на оптовареноста на просторот со маркетинг елементи и нивна замена со микро или мобилно зеленило ,како и локални украсни видови зеленило. 55 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Заштита на зеленило Простор за седење Осветлување Појас за заштита од поплави Осветлување Простор за седење 56 ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА Урбана опрема за седење Локални видови зеленило Амбиентално осветлување 57 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ ЕКОЛОШКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПАРК ШУМА ГАЗИ БАБА Со оглед на местоположбата што ја има парк шумата Гази Баба и нејзиниот потенцијал, потребно е да се изготви програма за активно користење на овој зелен простор. Земајќи ја предвид локацијата и опкружувањето на истата, овој простор не е препознаен како простор кој има еко-социјална функција. Во непосредна близина се наоѓаат поголем број факултети, но и локално население. Ако на ова се додаде и градењето на предвидениот комплекс„East Gate“, за очекување е дека во наредниот период ќе се јави потреба од уредување на зелен простор во непосредна близина кој би обезбедил подобри еколошки услови на искористување на овој простор како јавен простор. Подигањето на безбедноста преку поставување на урбаната опрема, осветлени патеки, како и организирање на активности исл. Може овој простор да го трансформира во активна зона за користење на различни групи(студенти, училишта во непосредна близина, локално население). ЕКОЛОШКО-КУЛТУРНА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА СКОПСКО КАЛЕ, РИМСКИ АКВАДУКТ И СКУПИ Во теоријата се прави разлика помеѓу поимите на простор и место. Просторот се сфаќа во смисла на физичка одредница без посебно значење, додека место претставувапростор на кој луѓето му определиле некаква социјална функција и значење. Секое едно место својата социјална и општествена функција ја врзува за одреден временски или културолошки период. Престојувањето во одредено место претставува согледување на културниот супстрат на сите културни групи и периоди на истото. Колку е подолго опстојувањето и постоењето на еден град, толку повеќе вредности тој продуцира и толку се повидливи интервенциите во урбаниот простор од страна на луѓето. За идентитетот на градот можеби е подобро да се зборува како динамичка категорија, во која идентитетот на градот додава слој врз слој во своето битисување и секој период на негово постоење и секоја генерација додава нешто во истиот. Идентитетот на градот го создаваат и различните групи кои со своите различни национални, верски и културолошки обележја и јавното покажување на овие особености во урбаниот простор, преку архитектура или други културни форми му даваат специфика на еден град. Потенцијалот кој го имаат Скопското Кале, Римскиот аквадукт и Скупи, би можел да биде искористен преку креирање на културно еколошки простори/паркови кои во прв план ќе ги имаат историско-културолошките вредности на локалитетите, но воедно може да претставуваат нови зелени јавни површини со што градот Скопје ќе ги зголеми и парковските површини, а воедно ќе се зголемат и јавните простори кои имаат и социјална функција на територијата на град Скопје. –– Креирање програма за отпочнување на еколошко-културолошка реставрација на локациите Кале, Аквадукт, Скупи. УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСЕЛБИ И СОСЕДСТВА ВО ГРАД СКОПЈЕ За човекот кој живее во градот, тој е перципиран на ниво на лична околина, на ниво на улица или соседство, многу повеќе отколку на градот во неговата севкупност. Чалдаровиќ градот го опишува како целина која постои само како симболичка екстерна презентација, додека за Пушиќ градот се доживува на ниво на апстракција на целината или симболички. Симболиката на градската средина, претставена преку различни елементи било тоа да се природни елементи или создадени низ времето, претставуваат вредности кои имаат значење за оние кои живеат тука, симболичката идентификација воедно претставува и социјална интеграција на поединецот. Преку таа идентификација поединецот се идентификува во културолошка и/или социјална припадност кон одредена група. Јавните простори им припаѓаат на сите граѓани, па оттаму и треба да бидат соодветно планирани, со цел истите да служат како комуникациски коридори кои треба да го изразуваат идентитетот и културните одлики на населбата во градот и градот во целина. Во однос на препораките за планирање на ниво на соседство* синтетизирано тоа би можело да се сведе на: –– Намалување на бројот на фреквентни улици низ самите населби во густите изградени делови и релокација на истите на надворешните граници на соседствата(road dieting); –– Зголемување на просторите за социјална интеракција на различни возрасни групи; –– Зголемување на површините за детски игралишта достапни соодветно опремени и безбедни за користење; –– Обезбедување на простор за културно изразување и културни настани кои би биле слободни да ги користат уметници; –– Зголемување на програмите за активно вклучување на граѓаните(фестивали, проекции, спортски настани на локално ниво); –– Отворање на локални центри за одржлив развој со вклучување на информативни и активности за планирање на локално ниво; –– Широка програма за информирање и едукација на граѓани; –– Формирање на поврзани дрвореди кои би обезбедиле зголемување на зеленилото и намалување на временските влијанија во летниот период. 58 ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ Доброто управување подразбира и консултации со цел да бидат слушнати и вградени различните интереси на засегнатите страни, со цел да се постигне широк консензус за тоа што е во најдобар интерес на целата заедница ина засегнатите страни и како тоа може да се постигне на одржлив начин. Доброто управување подразбира дека процесите кои ги спроведуваат, имаат за цел да се постигнат поволни резултати кои ги задоволуваат потребите на сите засегнати страни, притоа оптимално искористувајќи ги човечките, финансиските,природните и еколошките ресурси. Учеството на граѓаните, било директно или преку легитимни претставници, е клучен елемент на доброто управување. Учеството треба да биде информирано и организирано, вклучувајќи слобода на изразување и грижа за интересите на општеството во целина. Сублимирани врз основа на одговорите на испитаниците главни за постигнување на добро управување, потребно е: –– Поголема вклученост на граѓаните во процесите на урбаното планирање со вклучување уште во фазата за дефинирање на функции на јавните простори, намена на земјиште и објекти. –– Зголемување на информирањето на населението за темите и предвидените активности, но и преку локални центри за информирање на граѓаните за поеколошки начини на живеење. –– Зголемување на интерактивноста преку изработка на веб-платформи за комуникација на граѓаните на ниво на општини и град Скопје за континуирана размена на информации. –– На ова би можело да се додаде и создавање на интеропштинско тело за усогласување за спроведување на мерки на територија на град Скопје,бидејќи досегашните анализи укажуваа на тоа дека општините независно подготвуваа и спроведуваа одредени програми кои се однесуваа на екологијата. –– Со формирање на тимови за усогласување на еколошките програми би се зголемил и рамномерно би се одвивал севкупниот еколошки развој на градот преку размена на идеи,ресурси и практики. ОДРЖЛИВО УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ Како сублимиран заклучок за идеен одржлив развој на Скопје може да се заклучи дека истиот мора да се базира на почитување на севкупноста на неговото физичко опкружување, архитектонско наследство и културен супстрат. Креативноста на програмите со почитување на постојните вредности со вклучување на широк спектар на групи во процесите на одлучување може да му обезбедат на Скопје развој и вбројување на прогресивни и модерни градови кои имаат моќ да се трансформираат врз база на сопствен потенцијал согласно со потребите на граѓаните. Еколошки аспект –– Ублажување на климатски промени. –– Намалување на појава на„топлински острови“. –– Намалување на последици одпоплави. Економски аспект –– Поттикнување на креативни индустрии. –– Поттикнување на зелени бизниси. –– Намалување на нееколошки начин на живот. Културолошки аспект –– Креира простори за културна интеракција. –– Зголемување на социјалната вклученост. –– Создавање на нови култни предности. Добро владеење –– Зголемување на довербата во институциите. –– Изнаоѓање на форми за вклучување на што поголем број интересни групи во планирање на просторот. –– Зголемување на граѓански активизам. 59 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ 60 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 1973. Modern Movements in Architecture. NY: Anchor Press. Canniffe, Eamonn. 2006.Urban ethic: design in the contemporary city. 1977. The Language of Post-Modern Architecture. NY: Rizzoli. Argan, Giulio Carlo. 1982. Studije o Modernoj Umetnosti. Beograd: Nolit. Alexander, Christipher. 1979.The timeless way of building. New York: Oxford University press. Alexander, Jeffery 2004. Cultural Trauma and Collective Identity. Berkeley: University od California Press. Carothers, Thomas. 2002.“The end of the transition paradigm” Journal of Democracy Volume 13. Number 1 January. Cullen, Gordon. Gradski Pejzaz. Beograd: Gradzevinska knjiga. Curtis, William. 1986. Le Corbusier: Ideas and forms. NY,London: Phaidon. Dženks, Čarls. 2000. Moderni pokreti u arhitekturi. Beograd: Građevinska kniga. Andrusz,Gregory, Harloe,Michael, Szelenyi, Ivan. 1996. Cities After Socialism: Urban and Regional Change and Conflict in Post-socialist societies. Andrusz. The built environment in Soviet theory and practice. Aureli, Pier Vittorio. 2011.The possibility of an absolute architecture. Bogdanović, Bogdan. 2008. Platonov tajni roman: platonov gradoslovni nauk. Novi Sad: Mediterran. Dragićević Sesić, Milena. 2002. Javna i kulturna politika. Beograd. Eko, Umberto. 2014. Istorija mitskih zemalja. Beograd: Vulkani. Frampton, Kenneth. 2001. Le Corbusie. London: Thames& Hudson. French, Hamilton. 1979. The Socialist City: Spatial Structure and Urban Policy. Chichester, New York, Brisbane, Toronto. Bogdanović, Bogdan. 2008. Tri ratne knjige. Novi Sad: Mediterran. Bogdanović, Bogdan. 2009. Zelena kutija: knjiga snova. Novi Sad: Mediterran. Bogdanović, Bogdan. 2011. Ukleti neimar. Novi Sad: Mediterran. Branzi, Andrea. 1971.“No-Stop City, Residential Parking, Climatic Universal System”Domus 496. Brenner, N. 1999. Globalisation as Reterritorialisation: TheRe-scaling of Urban Governance in the European Union. Garnier, Tony.1918. Une cite industrielle. Gehl, Jan. 2011.Life between buildings: using public space. Island Press: Washington. Glassie, Henry. 1990. Architects, vernacular tradition and society. Halbwachs, Maurice, 1980. The collective memory, New York, Harper& Row Colophon Books. Hamilton, Dimitrovska Andrews, Pichler-Milanovi. 2005. Transformation of cities in centraland Eastern Europe: Towards globalization. United Nations University. Busbea, Larry. 2007.Topologies: the urban utopia in france 1960-1970. Hays, K. Michael. Ed. 1998. Architecture. Theory since 1968. Cambridge: MIT Press. Čaladrović, O. 1985.Urbana Sociologija. Zagreb: Globus. Hertzberger, Herman. 1991. Lessons for students in architecture. Rotterdam: Uitgeverij 010. Čaldarović, O. 2008. Socijalna važnost prirode u urbanom kontekstu. Zagreb: Filozofski fakultet. Howard, Ebenezer. 1902. Garden cities of tomorrow. 61 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Jacobs, Jane. 1965.The death and life of great american cities. Janson H.W., Janson Anthony F. 2005. Povijest Umjetnosti dopunjeno izdanje. Varazdin: Stanek. Jencks, Charles and Kropf,Karl. 1997.“The Volcano and the Tablet” p. 312 in Theories and manifestoes of contemporary architecture.Sussex: Academy editions. Jencks, Charles. What then is Post – Modernism? Jovanovic, M. Urbanisticki koncepti razvoja gradova: komparativna analiza. Katz, Peter. 1993.The new urbanism. Kišjuhas, A. 2007. Dinamika društva kao urbana dinamika: ka obnovi urbane sociologije. Koolhaas, Rem. 1978. Delirious New York. Koolhaas, Rem. 1995.“What Ever Happened to Urbanism?” pp. 959/971 in S,M,L,XL. New York: The Monicelli Press. Koziura, K. 2014. The struggle over memory hidden in the contemporary cityscape: the example of Skopje 2014, Macedonia. Kostic, Svetko. 1982.Grad i vreme – osnovi sociologije grada. Beograd: Vuk Karadzić. Kopp,Anatole. 1970.Town and revolution: soviet architecture and city planning 1917-35. Krier, Rob. 1979. Urban space. Krier, Rob. 1999.Gradski proctor u teoriji I praksi. Banja Luka: Građevinska knjiga. Le Corbusier. 1925.The City Of To-morrow and It’s Planning. Le Corbusier. 1929.Urbanisme. Le Corbusier. 1986.Towards a new architecture. New York: Dover Publications. Le Corbusier: Oeuvre Complète. Leach, Neil. 1997. Rethinking architecture: A reader in cultural theory. London: Routlage. Lehnerer, Alex. 2009. Grand urban rules. Lin, Zhongjie. 2010. Kenzo Tange and the Metabolist Movement: Urban Utopias of Modern Japan. Loos, Adolf. 1908.Ornament and crime. Lynch, Kevin. 1960. The image of the city. Marinetti, Filippo Tommaso. 1909.The Futurist Manifesto. Paris. Miller, Quintus. 2012.“City Thinking and Collective Memory” pp. 31–44 in And Now the Ensemble. Switzerland: Lars Muller Publishers. Miletić, M. Uršić, S. Mišetić, A. 2011. Socijalna održivost i procesi urbane transformacije uhrvatskim malim gradovima: pogled odozgo. Mitchell, W.J. 1996. City of bits: space, place and the infobahn. Moore, Wilbert. 1967. Social Change. Morales, Manuel de Sola. 2008. A matter of things. MVRDV. 2012. The vertical village. Roterdam: NAi Publishers. Mumford, Lewis. 1988.Grad u Historiji.Zagreb: Naprijed. Mumford, Eric. 2000. The ciam discourse on urbanism. Murray, Pearse, Szelenyi, Ivan. 1984.The city in the transition to socialism. Nad, Erika. Dobitnici i gubitnici u transformaciji maloprodajne mreže u gradovima centralne i istočne Evrope. Neducin, Dejana. 2014.Postsocijalisticki grad – promena društvene i prostorne structure Novog Sada u period tranzicije. Doktorska disertacija. Novi Sad. Noev, Igor. 2013. The phenomenon of spontaneity in urban city realm: Recongnition, Understanding and Interpretation. Milan. Park, Robert Ezra. 1988.“Grad: predlozi za istraživanje ljudskog ponašanja u gradskoj sredini” str. 115 u: Sociologija grada(priredio Sreten Vujović). Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva. Petrović, Mina. 2007. Istraživanje socijalnih aspekata urbanog susedstva: percepcija stručnjaka na novom Beogradu. Petrovic, M. 2004. Globalizacija i gradovi. Pikvens, Kris. Drzavni socijalizam, postsocijalizam i njihovi urbani modeli: teorijsko razmatranje iskustva centralne i istočne Evrope. Pipes, Richard. 2015.A Concies History of the Russian Revolution. (http://chagala.com/russia/pipes.htm) Potkonjak, S, Pletenac, T. 2007. Grad i ideologija: “kultura zaborava”na primjeru grada Siska. Pope, Albert. 1996.Ladders: architecture at rice 34. Pusic, Ljubinko. 2013.Pisanje grada. Novi Sad: Prometej. Ramoneda,Josep. 2003.“A philosophical idea of the city”. Conference lectured at Yale University.(http:// www.ancient.eu/city/ 16.10.2016 16:00). Rosi, Aldo. 1966. Arhitektura grada. Beograd: Gradževinska knjiga. 62 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА Rowe, Colin, Koetter, Fred. 1978. Collage City. Cambridge, Massachusetts, London: The MIT Press. Rudofski, Bernard. 1976.Arhitektura bez arhitekta. Beograd: Gradževinska knjiga. Sadler, Simon. 1999. The situationist city. Sant’Elia, Antionio. 1909. Manifesto of Futurist Architecture. Sassen, S. 2005.The Global City: introducing a Concept. Sesić, Milena Dragićević. 2002. Javna i kulturna politika – socio – kulturološki aspekti. Beograd. Sitte,Camillo. 1889.City planning according to artistic principles. Smith, David. 1996.“The Socialist City” in Cities After Socialism: Urban and Regional Change and Conflict in Post-socialist societies. Smithson, Alison, Peter. 2004.The charged void: urbanism. Stark, D. 1996,“Recombinant Property in East European Capitalism” pp. 993–1027 inAmerican Jurnal of Sociology. 101. Stojkov, Borislav. 2013.Grad između politike, finansija i kulture. Tilly, Charles. 1988. From Mobilization to Revolution. New York: Random House. Unwin, Raymond. 1909.Town planning in practice. Veber, Maks. 2014. Grad. Novi Sad: Mediterran. Vidler, Anthony. The Idea of type:The transformations of the Academic Ideal, 1750–1830. Vidler, Anthony.The Third Typology.New York:Princeton Architectural Press. Vujović, Sreten. 2002. Urbana svakodnevnica devedesetih godina. Vujović, Sreten,Petrović, Mina. 2005.Urbana Sociologija. Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva. Williams, Peter. 1978.“Urban Managerialism: A Concept of Relevance?” pp. 236–240 in journal articleArea Vol. 10, No. 3. Tange,К.”From Architecture to Urban Design,” Japan Architect , May 1967: 23–27. Taylor, D. E.(2000) The Rise of the Environmental Justice Paradigm:Injustice Framing and the Social Construction of EnvironmentalDiscourses. American Behavioral Scientist, 43(4),508–580. Тaylor,P.(1986)Respect for nature A theory ofenviro mentalethicsnPrinceton,Princeton Unv.Press Ulrich, Roger.(1993). Biophilia, biophobia, and natural landscapes. Biophilia, Biophobia, and Natural Landscapes.73–137. Urbinati, N.(2003) Can Cosmopolitical Democracy beDemocratic?. YoungR. F.(2011) Planting the Living City, Journal of the American Planning Association, 77:4,368–381 Xu, L. et al.(2008) Modelling the Carrying Capacity of Urban Ecosystem. Conference Paper, 2008 2nd International Conference on Bioinformatics and BiomedicalEngineering Žižek, S.(1999) The Ticklish Subject – The Absent Centre of PoliticalOntology. New York:Verso. 2010. Маргина 87. Скопје: Темплум. 2014. 111 тези за ГТЦ. Битола. 50 години од земјотресот во Скопје. Скопје. Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX до крајот на ХХ век – книга 14. МАНУ. Гилгамеш. Скопје. 1976. Љубљана: Младинска книга. Алфиревић. 2011.Визуелни израз у архитектури. Арсовски, Тихомир. 1988. Еволуција на урбаните форми во скопскиот простор(прилози за урбаната историја на Скопје од 5 200 г.пр.н.ера до XIX век)- книга I. Скопје: Градски комитет за урбанизам и заштита на човековата околина – Скопје. Арсовски, Тихомир, Ташковска-Арсова, Нада. 1988. Прилози за урбаната историја на Скопје: од XIX и почетокот на XX век –книга II. Скопје: Градски комитет за урбанизам и заштита на човековата околина – Скопје. Ацески, Илија. 1995.Социологија на градот. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 1996.Скопје визија реалност. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 1997.Општеството и човекот во транзиција – втор дел. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2002. Општеството и човекот во транзиција – трет дел. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2003.Човекот и градот. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2005.Градот знаци во времето и просторот. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2012. Дизајнирање на социјалните истражувања. Скопје: Филозофски факултет. 63 Фондација„Фридрих Еберт“ – СКОПЈЕ ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА И МОЖНОСТИТЕ Ацески, Илија. 2012. Социо-просторни и социолошки перспективи на развојот на Скопје. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2013. Социологија. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2013.Општеството и човекот во транзиција. Скопје: Филозофски факултет. Ацески, Илија. 2015. Културна антрополгија. Скопје: Филозофски факултет. Бакалчев, Минас. 2004. Домување како урбан графмент на примерот на Скопје. Докторска дисертација. Скопје: Архитектонски факултет. Бакалчев Минас, Тасиќ Саша. 2014.„Заборавајќи го градот: тактики на трансформирање на градот“. Култура. бр. 8. Скопје: МИ-АН. Башлар, Гастон. 2002. Поетика на просторот. Скопје: Табернакул. Богдановић, Богдан. 1982.Градословар. Београд: Вук Караџић. Богдановиќ, Богдан. 2011. Градот и иднината. Скопје: Темплум. Гел, Јан. 2017. Градови за луѓе. Скопје: Магор. Гелевски, Никола. 2014. 1963–2014:Скопје – античко или модерно. Скопје: Темплум. Грчев,М. 1987. Теорија за урбаната форма – прилог кон воспоставување наука за градот. Докторска дисертација. Скопје. Диркем, Е. 1972.„Механичка и органска солидарност“ стр. 154–162 и“Подела изнуђеног рада” стр. 363–373 у О подели друштвеног рада. Београд: Просвета. Кадијевић, Александар.„Улога идеологије у новој архитектури и њена схватања у историографији“. Камџијаш, Светлана. 2015. Шест Упанишади. Скопје: Три. Каранаков, Бојан, Марина, Огнен. 2014.Скопје модели на град.Скопје: Град Скопје. Кахун, Лоренс. 2006.Од модернизам до постмодернизам. Скопје: Темплум. Кокович, Драган. 1997. Пукотине Културе. Београд: Просвета. Константиновски, Георги. Градителите на Македонија XVII–XX век. Скопје: Табернакул. Константиновски, Георги. 2014.„Орнамент и злосторство“ во Утрински весник. 04.03.2014. Кристофер Александер, Ишикава Сара, Силверштајн Мјуреј, Јакобсон Макс, Фиксдал-Кинг Ингрид, Ејнџел Шломо. 2010. Јазик на обрасци. Скопје: Академски печат. Маркс, К., Енгелс, Ф. 1987.Mанифест на Комунистичката партија. Скопје: Комунист. Маркс, К., Енгелс, Ф. 2008. Манифест на Комунистичката партија. Скопје:„Аз-Буки“. Милетић, Р, Mиљановић, Д, Тодоровић, М. 2009. Индустријски градови у транзицији: проблемска подручја. Муличкоски, Петар. 2000. Духот на македонската куќа. Скопје: АЕА издавачи. Муличкоски, Петар. 2002. Култура на просторот. Скопје. Пајванчић, A. 2015. Јавни простори града као предуслови одрживог урбаног развоја: Случај новосадских паркова. Паласмаа, Јухани. 2016. Очите на кожата. Скопје: Икона. Пенчиќ, В. Влијанието на урбанистичките планови врз дисконтинуираната просторна транзиција на градот Скопје во XX-от век. Докторска дисертација. Пушиќ, Љубинко. 2002. Урбана култура: основа одрживе мултикултуралности. Радовић, Ранко. 2009. Форма града. Београд: Грађевинска књига. Танизаки, Јунихиро. Во слава на сенките. Скопје: Икона. Тасиќ, Саша. 2009. Модели и постапки за осовременување на архитектонските станбени целини од периодот на модерната на примерот на Скопје (1945–1965). Магистерски труд.Скопје: Архитектонски факултет. Хејз, Мајкл К. 2011. Теорија на архитектурата од 1968 година. Скопје: Три. Хилман, Џејмс. 2009. Градот и душата. Скопје: Нампрес. Христова-Поповска, Анета, Батакоја, Мери. 2017. На Скопје, со љубов! Архитектонската мисла на Живко Поповски. Скопје: Приватен принт. Цумтор, Петер. Атмосфери. Скопје: Икона, 2012. Чаусидис, Никос. 2013. Проектот„Скопје 2014“ – скици за едно наредно истражување. Скопје. Чипан, Борис. 1978. Македонските градови во XIX век и нивната урбана перспектива. Скопје. Чипан, Борис. 1986. 111 тези за архитектурата. Скопје. Чипан, Борис. 1998. Текстови за архитектурата. Скопје. Чипан, Борис. 2008. Моето време во македонската архитектура. Скопје. 64 Лазарески,А.(1993) Климата во Македонија , Култура,Скопје Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Северна Македонија„Сл. весник на Р Македонија“ бр. 55/04 од 16. 08. 2004 година ЗАКОН ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ„Сл. весник на Р Македонија“ бр. 55/04 од 16. 08. 2004година ГУП Скопје 2012–2022( http://www.skopje.gov.mk/ DesktopDefault. aspx?tabindex=0&tabid=594 ) Основен урбанистички план на Скопје(1965), Завод за урбанизами архитектура,Скопје. Основен план на град Скопје(1985), Завод за урбанизами архитектура, Скопје. Генерален урбанистички план на Скопје(2001), Завод за урбанизами архитектура,Скопје. Хаџи Пецова, С.(1996): Состојби на јавните зелени површини во Скопје и основи на планирање, Симпозиум, Земјоделски факултет,Скопје. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 65 БЕЛЕШКА ЗА АВТОРКИТЕ Емина Рустемоска е родена на 27.9.1980 година во Струга. Основно и средно гимназиско образование завршува во Струга. По завршувањето на средното образование, своето школување го продолжува на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за географија, наставна насока. Понатамошното образование го продолжува на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет при УКИМ, на студиите за евроинтеграција и комуникација. Во 2012 годинабрани магистерски труд од областа Политики на ЕУ за заштита на животната средина. Во мај 2019 ја одбранува дисертацијата, под наслов„Одржливите градови помеѓу теоријата и практиката. Еколошки компоненти на урбано планирање на град Скопје“, под менторство на проф. д-р ИлијаАцески. Учесничка е и на повеќе домашни и меѓународни конференции. Покрај ова се бави и со анализирање на јавни политики и, како резултат на тоа, авторка е на студии кои се однесуваат на рамномерниот развој во Македонија(2017), како и студија за подготвеност на локално ниво за имплементирање на обврските од поглавје 27(животна средина и климатски промени за општините Охрид и Струга(2018). Ива Петрунова е родена во Скопје, каде завршува основно и средно образование. Во 2008 година се запишала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2011 година ја посетува летната школа за архитектура при Фирентинскиот интернационален институт за дизајн(The Florence Institute of Design International) во Фиренца. Во 2014 година го одбранила магистерскиот труд со наслов:„Тактики на трансформација на станбената структура кон нова колективна форма: Линеарно маало – нова колективна форма за Ново маало“ и се стекнала со стручен назив: магистер инженер архитект. Работното искуство го започнува во 2014 година, во градежната фирма Промонтинг ДООЕЛ – Скопје. Од 2015 година до 2019 година работи како асистент по предметите Јавни објекти и Стопански објекти на Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет. Од 2016 година активно учествува на неколку средби за вмрежување со граѓански организации, обуки, форуми, панел дискусии и сл. Учесник е во поголем број меѓународни научни конференции, изложби, работилници, обуки. Во 2019 година ја одбранува докторската дисетација со наслов:„Градот во транзиција – социолошки, социо-просторни и архитектонски промени (примерот на Скопје)“ при Филозофскиот факултет при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“. 67 Фондација Фридрих Еберт канцеларија Скопје ул. Борка Талески 42/6 1000 Скопје www.fes-skopje.org Дизајн и печат: КОНТУРА