ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ ИРЕНА РАЈЧИНОВСКА ПАНДЕВА• АНА ЧУПЕСКА ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ ПРОФ. Д-Р ИРЕНА РАЈЧИНОВСКА ПАНДЕВА ПРОФ. Д-Р АНА ЧУПЕСКА ЗА ИЗДАВАЧОТ Фондација„Фридрих Еберт“ канцеларија Скопје Бул. 8-ми Септември 2/2-5 1000 Скопје, Северна Македонија Oдговорно лице: René Schlee| Директор Тел.:+389 2 3093-181/-182 www.fes-skopje.org Контакт: contact@fes-skopje.org Ставовите изразени во оваа публикација нужно не ги отсликуваат ставовите на Фондацијата„Фридрих Еберт“. Се забранува комерцијално користење на сите изданија на Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) без претходна писмена согласност од ФЕС. Етнички конфликти во меѓународните односи Автори: проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева проф. д-р Ана Чупеска Уредник: Рене Шлее Директор на канцеларијата на Фондација Фридрих Еберт- Скопје Рецезенти: проф. д-р Сашо Георгиевски проф. д-р Јулија Брсакоска Базеркоска Лектура: Инда Костова Савиќ Корица: Фотографија од Настан I, 2021 видео-инсталација, "Глува Соба", Стојан Павлески(фото: Јелена Белиќ). Компјутерска обработка и печатење: Тираж: 200 Со Одлука на Наставно-научниот Совет на Правниот факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје број 02-509/11 од 09.05.2022 година се одобрува користењето на оваа книга како учебник по предметот Етнички конфликти во меѓународните односи. Сите права се заштитени. Ниту еден дел од овој учебник не може да биде репродуциран или користен во било која форма за умножување, фотокопирање или чување во информатички системи, без претходна согласност на авторите. ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ ПРОФ. Д-Р ИРЕНА РАЈЧИНОВСКА ПАНДЕВА ПРОФ. Д-Р АНА ЧУПЕСКА Скопје 2022 4 СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР 9 I  ПОГЛАВЈЕ 1 НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ И ТЕОРЕТСКА ЗАСНОВАНОСТ 11 1.1 ОПЕРАТИВНИ КОНЦЕПТИ 1.1.1 Култура 1.1.2 Идентитет 1.2 ИДЕНТИТЕТСКА ТЕОРИЈА (SOCIAL IDENTITY 1.3 РИЧИНИ И ТЕОРИИ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ЕТНИЧКИТЕ КОНФЛИКТИ 1.3.1 Причини 1.3.2 Теории II  ПОГЛАВЈЕ И ВИДОВИ НА ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ 37 2.1 СТРУКТУРА НА ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ 37 2.2 ВИДОВИ ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ III  ПОГЛАВЈЕ 3 НАЦИИ БЕЗ ДРЖАВИ 3.1(НАЈГОЛЕМАТА НАЦИЈА БЕЗ ДРЖАВА) 3.1.1 3 Курдите, курдското прашање и Република Турција 53 3 3.1.1.1 Историјат 55 3 3.1.1.2 на Турција и курдското прашање 57 3 3.1.1.3 Радикализација на односите IV  ПОГЛАВЈЕ 4 ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ, МИГРАЦИИ И БЕГАЛЦИ 67 4.1 МИГРАЦИИ И ВОЈНА 4.2 ПРИСИЛНА МИГРАЦИЈА 4.3 ПРЕДИЗВИЦИ И ОДГОВОРИ 73 5 V  ПОГЛАВЈЕ 5 Д ЕМОКРАТСКА ТРАНЗИЦИЈА И КОНФЛИКТИ 83 5.1 ТЕОРИИ И ДЕФИНИЦИЈА 5.2 И ЛИБЕРАЛНА ДЕМОКРАТИЈА 87 5.3 КОН АВТОРИТАРИЗМОТ И ПОПУЛИЗМОТ 5.4 ТРАНЗИЦИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 92 5.5 ПРЕДИЗВИЦИ 97 VI  ПОГЛАВЈЕ 6 И ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ 106 6.1 НА СЛУЧАЈ: УЛОГАТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ВО КИПАРСКИОТ КОНФЛИКТ 6.1.1 Позадина на конфликтот 6.1.2 Формирање на Република Кипар конфликт и улогата на трети субјекти 6.1.4  Нато, Русија и кипарскиот конфликт VII  ПОГЛАВЈЕ 7 И ПРЕВЕНЦИЈА НА КОНФЛИКТИТЕ 133 7.1(УПРАВУВАЊЕ) СО ЕТНИЧКИТЕ КОНФЛИКТИ И НИВНО РЕШАВАЊЕ 136 начини на решавање на конфликтите 7.1.2  Преговарање и превенција 142 7.1.3  Превенција 143 3 превенција (proximate 3 7.1.3.2  Структурна превенција(structural prevention) 148 3 Северна Ирска – прекугранично (cross border) споделување на моќта на еден трансграничен идентитет 149 VIII  ПОГЛАВЈЕ 8 САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ 8.1 И НТЕРНО САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ 8.2 ОНФЛИКТИТЕ И САМООПРЕДЕЛУВАЊЕТО 6 IX  ПОГЛАВЈЕ 9 МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ 9.1 КАКО СОЦИЈАЛЕН ФАКТ 9.2 НОРМАТИВЕН МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ 9.3 НА ПРВИОТ МУЛТИКУЛТУРАЛНО АКОМОДАТИВЕН СТОЛБ(ГРУПНИ ПРАВА И ГАРАНТИРАНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ) 9.4 МУЛТИКУЛТУРАЛНО АКОМОДАТИВЕН СТОЛБ: СПОДЕЛУВАЊЕ НА МОЌТА(POWER SHАRING) И КОНСОЦИЈАТИВНОСТ 9.4.1  Македoнската консоцијација 192 9.5 СТОЛБ – ТЕРИТОРИЈАЛНИ АРАНЖМАНИ – ФЕДЕРАЛИЗАМ И АСИМЕТРИЧНИ РЕЖИМИ 196 9.5.1 Културен(етнолингвистички) федерализам 9.5.2 Асиметрични територијални акомодации 199 9.5.3 услови за остварување на акомодацијата 200 X  ПОГЛАВЈЕ 10 (ПОМИРУВАЊЕ) 10. 1  ОДГОВОРНОСТ 214 10. 2  РЕСТОРАТИВНА ПРАВДА 221 10. 3  РЕТРИБУТИВНА ПРАВДА XI  ПОГЛАВЈЕ 11  СОВРЕМЕНИ ПРЕДИЗВИЦИ 227 7 8 ПРЕДГОВОР Учебникот„Етнички конфликти во меѓународните односи“ се заснова на интердисциплинарно проучување на научно поле кое ги опфаќа анализата на причините заради коишто настануваат етнич ките конфликти и начините како тие се интернационализираат. Во анализите понудени во оваа книга се пристапува од повеќе научни перспективи, и тоа: политологија, компаративна политика, меѓуна родни односи, сoциологија, психологија, безбедност, меѓународно јавно право, итн. Книгата е составена од единаесет поглавја кои теоретски и апли кативно го претставуваат наративот на етничките конфликти во меѓу народен контекст. Авторките посветија особено внимание на начинот на обработка на темите, особено во делот на практични и реални при мери, користена литература и одржување на современата димензија на полето на истражување како би се продуцирало соодветно и акту елно а не само инструктивно четиво. Учебникот е пред се наменет за студентите на постдипломските студии по предметот Етнички конфликти во меѓународните односи на Правниот факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, кој е задолжителен предмет. Убедени сме дека со оглед на темата и начинот на нејзина обработка, учебникот ќе има поширока употреба и покрај потенција лот за негово користење на сродните дисциплини од општествените науки при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, тој ќе биде прифатен и користен и од други научни и високо-образовни институ ции во земјата. Авторките изразуваат особена благодарност до рецезентите на учебникот – проф. д-р Сашо Георгиевски и проф. д-р Јулија Брсако ска Базеркоска за нивниот ангажман и совети кои придонесоа за до полнителен квалитет на текстот. 9 Во свое име и во име на Правниот факултет„Јустинијан Први“Скопје, авторките изразуваат благодарност до претставништвото на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје за поддршката и соработката во издавањето на овој учебник. Ирена Рајчиновска Пандева и Ана Чупеска 10 I  ПОГЛАВЈЕ 1  ПОДРАЧЈЕ И ТЕОРЕТСКА ЗАСНОВАНОСТ Во основа, а и во една најтесна смисла, полето на интерес на на учното подрачје посветено на етничките конфликти и меѓународните односи е насочено кон: прво, анализа на причините заради коишто настануваат етничките конфликти и второ, како тие се интернаци онализираат. Таквa интернационализација може да се актуализира, на пример, во моментов на пишувањето на овој учебник, а во врска со украинскиот конфликт, затоа што САД и Русија распоредуваат свои воени ресурси долж украинската граница и ситуацијата потсетува на состојба типична на Студената војна. Тоа резултира со, симболички кажано,„состојба на готовност“, при што целата меѓународна заед ница е во исчекување – дали ќе дојде до употреба на воена сила 1 . Во овој конфликт, не ретко се игнорира идентитетскиот расцеп којшто е важна варијабла на мобилизацијата. Имено, постои извесно несогле дување и идентитетска заснованост на конфликтот(меѓу оние коишто се идентификуваат како Украинци и оние коишто се идентификува ат како Руси). Консеквентно, и трето, полето на интерес на научното подрачје посветено на етничките конфликти и меѓунaродните односи е насочено и кон начините на коишто конфликтите може да се решат или, уште подобро – да се превенираат. Научното поле, за коешто ние тука зборуваме, е интердисципли нарно. Во анализите се пристапува од повеќе научни перспективи, и тоа: сoциологијата, психологијата, политологијата, компаративната политика, меѓународните односи, безбедноста, меѓународното јавно право, итн. Тука, интродуктивно, ќе се обидеме да ги покриеме тие димензии во еден базичен модус. 11 Иако во учебникот доминантно го употребуваме поимот„етнички конфликт”, сепак, должни сме да објасниме дека го сфаќаме во една поширока смисла – бидејќи, за етничките идентитети и поврзаните конфликти на идентитети сè уште не постои унисона и општопри фатена дефиниција. Па, така, кога зборуваме за„етнички конфликт” повеќе станува збор за оперативен термин. Тоа значи дека тој, во овој случај има поширок спектар на значење поврзан со културните иден титети – чиишто аскрипции ги вклучуваат и етничките атрибути на луѓето(како групно/социетално, така и индивидуално). Или, со дру ги зборови, наместо да зборуваме стриктно за етнички конфликти, предлагаме во фокусот да бидат конфликти на културните(групни) идентитети. Со тоа се овозможува и соодветна примена на терминот во однос на еден поширок спектар на употреба, а којшто е поврзан со културното референцирање на групите преку нивните различни идентитетски атрибути, како што се: јазикот, религијата, етницитетот, расата, националноста, и сл. Поаѓајќи, на пример, од оваа перспекти ва, многу поедноставно би можел да се анализира конфликтот поврзан со Северна Ирска 2 , којшто не може да се редуцира исклучително на не говата„етничка” димензија. Напротив, во овој случај би морало да се стави во фокусот неговата религиско- идентитетска референцијалност. Според Wolff, терминот„конфликт“ опишува ситуација во која двајца или повеќе актери се стремат да остварат инкомпатибилни цели, но тие цели од нивна индивидуална перспектива се сосема оправдани. Етничките конфликти, според тоа, се една форма на такви конфликти, т.е. каде целите на најмалку една од конфликтните страни се дефинирани во(исклучително) етнички термини, ќе укаже тој. Без оглед на конкретните прашања заради кои се јавува конфлик тот, барем една од страните во конфликтот, имено, ќе го елаборира своето незадоволство во етнички термини – односно, едната страна во конфликтот ќе тврди дека нејзиниот различен етнички идентитет е причината заради која нејзините членови не можат да ги остварат своите интереси, или затоа што ги немаат истите права, или затоа што нивните барања не се задоволени. Така, етничките конфликти се фор ма на групен конфликт во кој барем една од инволвираните страни го толкува конфликтот, неговите причини и потенцијалните решенија, преку постојна или воочена дискриминирачка етничка поделба 3 . Од социолошка перспектива, етницитетот или етничка та група, е таква референца за идентификација на индивидуата(и 12 групата) којашто, пред сè, укажува на заеднички споделени каракте ристики, а коишто, истовремено, се различни од другите колективи. Преку тие групно-карактеристични разлики, впрочем, се развиваат посебни културни однесувања на социеталните групи во рамките на културно-плуралните општества. Од политолошка перспектива, пак, етницитетот подразбира и свест за споделено потекло и традиција. Грчкиот збор ethnos, може да биде преведен на различни начини: како племе(tribe), или, пак, нација(nation), или како микс од двете. Кон секвентно, се чини дека една единствена дефиниција за етницитетот не постои, но тоа не го негира фактот дека луѓето во име на етничкиот идентитет може да извршат геноцид. За жал, геноцидите и етноцидите се случувале во текот на историјата на цивилизацијата, што говори дека културниот идентитет(вклучувајќи го и етничкиот) се независна варијабла на политиката и таа варијабла има мобилизирачки потен цијал до најнепосакувани размери, како што се: размена на население, протерувања, егзодуси, геноциди, етнички чистења 4 , па дури и теро ристички напади. Како и да е, тука е добро да се приклониме на забелешката пону дена во Оксфордскиот речник за политиката, според која етничкиот конфликт треба да се разбере во една поширока смила – кога тој може да се манифестира и како конфликт: помеѓу расите, помеѓу нациите (Турците и Курдите, на пр.), помеѓу различните јазични групи(во: Баскија, Велс, Грузија, итн.) или, пак, помеѓу религиските групи(про тестанти и католици во Северна Ирска; христијански Арапи и мусли мани во Либан, и сл.). 1.1  ОПЕРАТИВНИ КОНЦЕПТИ Самото човековото постоење има исклучително комплексна по врзаност како со внатрешниот персоналитет на личноста, така и со нејзиното опкружување и надворешните фактори. Имено, кај секој по единец постојат внатрешни процеси кои се под влијание токму на оние надворешните фактори – врз кои би можело да се каже дека влијае и културата. Па, токму така, би се рекло, се создава она нешто ко ешто го нарекуваме идентитет. Оттука, важни оперативни поими коишто мора да се разберат се токму културата и идентитетот. 13 1.1.1  Култура Бунтовите на угнетените нации низ светот; реанимациите на до мородните идентитети во Латинска Америка; зголемената важност на етнорелигиозните движења низ целиот свет; новоразбудените територијални и културни идентитети; афирмацијата на специфич носта на женските вредности, заедно со критиката на патријархатот од страна на хомосексуалното движење и креирањето нови форми на индивидуален и колективен идентитет, се процеси кои покажуваат дека културните вредности во поедини ситуации може да преовладу ваат над структурно-детерминираните економски интереси. Всушност, културниот диверзитет од неспорен факт станува политички видлив и тој создава ситуации кога малцинствата и мнозинствата може да се судираат околу прашањата за: јазикот, политичкото претставување, образовниот систем, имиграцијата, националните симболи, држав ните празници, распределбата на ресурсите и, воопшто, околу опре делувањето на приоритетите на политичките агенди. Територијални, автономни, јазични, специјални права на претставување, диферен цијален третман, мултикултурно граѓанство, посебни афирмативни акции и други барања на етнокултурните групи, се незаобиколните теми на денешнината. Во некои земји, како што е, на пример, Босна и Херцеговина, ваквите компетитивности придонесуваат за високи тензии и состојбите секогаш се на работ на насилство. Оттаму, нерет ко, културно-диверзитетните општества се соочуваат со можноста од граѓански војни, политички кризи или од блокади на политичкиот систем, а кохерентноста на општеството, речиси, секогаш е доведувана во прашање. Инаку, за културата постојат безбројни дефиниции, кои не е мож но да бидат целосно прегледани тука. Тој факт укажува дека поимот на културата е полифункционален. Култура, во најширока смисла, значи: целесообразна нега, преработка, обработка, оспособување и усовршу вање на една„ствар”. Во потесна смисла, културата значи: процес на човекова интервенција врз природно дадените предмети и објекти и нивно приспособување на човековите потреби. Културата е севкупност на човековите материјални и духовни остварувања и артикулации на неговите историски индивидуални и колективни – практични, естет ски, теориски, митски и религиозни облици на изразување. Тоа значи дека поимот ја опфаќа културата на создавањето(poiesis) и културата 14 на дејствувањето во етичка смисла(praxis). Или, културата е она што на човекот му овозможува да ги развие своите суштински способно сти, без кои човекот не би бил човек: способноста за комуникација со помош на јазикот, но и со другите видови артикулирани аудитивни и визуелни знаци и симболи, кои сите заедно го формираат неговиот микрокосмос или симболички универзум, би укажал Скаловски сле дејќи го Гриц 5 . По Втората светска војна поимот култура почнува да го губи тесно то значење, додека евроцентричното разбирање на културата се про ширува со: мултикултурност, интеркултурност и транскултурност, кои се резултат на миграционите движења(во, и надвор од Европа) и кои се израз на културните нееднозначности на различните: национал ни, етнички, расни, религиски и други корени на културата, и ова е на линија на Тејлор 6 . Подоцна, пак, во осумдесеттите години, улогата на културата почна да се менува, т.е. почнаа да експлодираат: наци онални, етнички, родови и регионални идентитети. Тие идентитети, всушност, се почувствува дека се наоѓаат под пресија на„централните култури“. Културата, последователно, наместо простор за нов консенз ус, стана место: на конфликт, на политичка борба, со еден збор, таа се политизираше и стана поизразен политички инструмент, за разлика од нејзиното класично значење, кога културата во своето битие се тре тираше како своевидна антитеза на политиката. Претходно, најопшта та дефиниција на културата беше: норми и правила, обичаи и модели на однесување заеднички за една определена група луѓе и беше нешто што хомогенизира, нешто што се поседува, сегмент кој има автоно мија, традиција на обичаи, различност од други култури(релационен феномен), ќе посочи Фрчкоски 7 . Од една хурселовско-феноменолошка перспектива, културата се сфаќа како динамична и интерсубјективно конструирана, но и како начин на објективација на животот којшто колективно се доживува од страна на луѓето од генерација, на генерација. За него, покрај оста натото, културата е отелотворена во сензибилните и во духовните ди мензии на живеењето. Нашата свест којашто оперира дијалектички, всушност, е културно оптоварена. Нашите перцепции се оптоварени со нашите културни вредности и со невредности(вклучувајќи ги и идеа лите). Ние ја конституираме културата, но исто така, од неа сме созда дени. Многуте нешта што ги вреднуваме или не ги вреднуваме, што ни се допаѓаат или не ни се допаѓаат, што ги сметаме за добри или лоши, 15 исправни или погрешни, убави или грди, се културно конструирани. Во зависност од нашиот културен бекграунд, чувството на припадност станува есенцијално за нашиот идентитет 8 . Културата е потврда за она што е човечкото битие, па затоа е исклу чително важно да се признае дека културата е: фундаментална, есен цијална, универзална, хумана потреба. За тоа колку е важна културата за колективните идентификации и нивната експресија и артикула ција, сведочат дури и најновите невробиолошки истражувања. Searle, невробиолoг од Колумбискиот универзитет, вели дека нашата само концепција произлегува во еден дел од нашето културно наследство. Имаме концепции за нас самите во форма на: свесност, интенционал ност, рационалност, општественост, институционалност, политичност, разговорни перформанси, етички агенти што се врзани за слободната волја. Но, посебната форма на интенционалност, карактеристична за сите човечки суштества е(дури и за животните), т.н., колективна ин тенционалност. Со таа колективност луѓето се способни за кооперација и дополнително делат заеднички форми на интенционалност, при што таквата интенционалност не се однесува само на прво лице еднина(јас имам намера, јас верувам, јас сакам), туку, пред сè, се изразува во прво лице множина(ние имаме намера, ние веруваме, ние сакаме). Searle вели дека како што човековата биологија е експресија на основната физика и хемија, така човековата култура, во сите нејзини манифе стации, е израз на нашиот основен биолошки капацитет за јазик, за рационалност, итн. Searle тврди дека за јазикот треба да се размислува како за манифестација и екстензија на биолошките примитивни фор ми на интенционалност, т. е. дека е погрешно јазикот да се третира како да не е дел од човековата биологија. Имено, употребата на јази кот ни овозможува да креираме волево независни причини за акција, вели Searle 9 . Од ваквите тврдења би можело, можеби, и да се заклучи дека политичкото барање за посебен јазик, неговото институциона лизирање и признавање од државата е сосема оправдано затоа што е инхерентно на хуманата природа, така што културните групи при поставувањето на ваквото политичко барање прават, а во исто време и бараат признавање на есенцијалната содржина на нивниот(севкупен) идентитет, т.е. нивната есенцијалност. Кога се зборува за колективните интенционалности и за групи рањата на луѓето, треба да се земе предвид и размислувањето на Gill за тоа дека конформизмот, како еден од основните облици на адаптивна 16 психолошка стратегија, ги прави луѓето етноцентрични. Според него, имено, етноцентризмот е сосема„природен”, бидејќи има нормална човечка психолошка функција. Кога луѓето пристапуваат кон оваа адаптивна стратегија, развојот на етничките организации е неизбежен. Така, Gill вели дека етницитетот претставува своевидна нормативна култура, а етникумот е збир на човечки суштества коишто повеќе или помалку се согласиле каков треба да биде нивниот начин на живеење. На пример: каква храна треба да се избегнува; на кој начин да се јаде и да се подготвува храната; кои начини на однесување се смешни, а кои се срамни; кои се офанзивни, а кои не се; какви специфични ритуали треба да се прават; каков треба да биде начинот на облекување, итн. Етницитетот, така, станува збир од нешта коишто треба и не треба да се прават, а коишто се пренесуваат повеќе или помалку како пакети заедно со поврзаните општествени етикети инхерентни на нашите ро дители 10 . Ова гледиште, во никој случај, од наша страна нема намера да го фаворизира од етноцентризмот, или, пак, да ги негира последи ците од него. Како што може да се забележи од претходно изнесените размисли – јасно произлегува дека една од функциите на културата е да го одржи витално општеството или партикуларниот социум кој е во прашање (како, на пример, нацијата, етникумот, и сл.), и ова може да се каже дека е универзална потреба – која, сепак, се рефлектира партикулар но – и, како посебен културен диверзитет. Затоа, впрочем, и тука се зборува за различните културни идентитети на групите. 1.1.2  Идентитет Како и за културата, така и за идентитетот, во науката сè уште не постои унисона дефиниција или, пак, една и единствена теорија којашто би го објаснила неговото значење и начинот за негово созда вање, туку во анализата се пристапува кон едно мултидисциплинарно разгледување, односно разгледување од ракурсите на: психоанали зата, психологијата, социологијата, политичката наука, историјата, филозофијата, итн. Како и да е, идентитетот на поединецот и на гру пите влезе во фокусот на истражувањата во општествено-политичките области под влијание на филозофијата на постструктурализмот, по стмодернизмот и по дебатите околу мултикултурализмот во доцните осумдесетти и деведесетти години на минатиот век. 17 Идентитетот игра централна улога во творештвото посветено на национализмот и на етничките конфликти. Во сферата на компара тивните политики, како што укажува Fearon, со овие прашања се за нимаваат: Horowitz, Smith, Deng, Laitin, и други. Во меѓународните односи, пак, идејата за државниот идентитет е основа на конструкти вистичките критики на реализмот и на анализите за државниот су веренитет. Во деведесеттите години со овие прашања се занимаваа: Wendt, Katzenstein, Lapid, Weber и др. Во политичките теории, пак, прашањата за идентитетот се отвораат околу: полот, сексуалноста, националноста, етницитетот, културата, и тоа во релација со либера лизмот и со неговите алтернативи. Промотори на овие последни теми се: Young, Connoly, Kymlicka, Taylor, Gray и др. 11 . Иако за идентитетот постојат мноштво дефиниции, сепак, тука ќе се апострофираат оние на: Wendt, Tajfel и Tilly. Според Wendt, идентитетите се врзани за когнитивните шеми ко ишто му овозможуваат на политичкиот актер да детерминира кој е, и кој не е тој самиот во ситуации и во позиции кога општествените улоги конструираат структура на заеднички разбирања и очекувања. Ова значајно становиште на Wendt за идентитетот се однесува и за начи ните на коишто индивидуите и колективите се разидуваат меѓусебно во нивните општествени релации 12 . Според Tajfel, пак, социјалниот идентитет е оној дел од индиви дуалниот концепт којшто го имаме за себе, а кој произлегува, пред сè, од знаењето на самата индивидуа коешто е поврзано со нејзиното членство во општествената група(или групи). Кон тоа се придодава и вредноста околу емотивното значење коешто е инхерентно на едно такво членување. Консеквентно, тука треба да се нагласи свесноста за групното членство и емоционалната приврзаност кон групата 13 . Tilly го карактеризира идентитетот како несфатлив, но и како„не опходен концепт“, кој е поврзан со искуственоста на актерот од некоја: категорија, врска, улога, мрежа, група или организација. Таа искустве ност е придружена со нејзината јавна репрезентација, при што претставувањето, најчесто, добива форма на заедничка приказна – нарација. Така, колективните идентитети во смисла на: расни, ре лигиски, етнички, национални, родови, сексуални и сите оние коишто произлегуваат од социјалните движења, се однесуваат на емоционал 18 ната смисла за припаѓање во различните и омеѓени групи. Тие вклу чуваат чувство за солидарност и за посебност кај членството, нo и чувство за различност, па дури и за антипатија кон надворешниот свет. Во овој контекст, терминот идентитет се користи за да се опреде лат: од една страна, силната групност, ексклузивноста, афективното саморазбирање; од друга страна, многу поотвореното саморазбирање коешто вклучува определено чувство за афинитети и поврзувања, блискост, заедништво, но и за поврзаност со„партикуларните други”, вели Tilly 14 . Терминот идентитет е специфично сфатен и како колективен фе номен, а со ова се укажува дека идентитетот е нешто што е: длабоко, основно, конститутивно или е долготрајно, а со самото тоа, секако, е нешто различно од она што е: случајно, вештачко или е контексту ално. На овој начин разбран, тој претставува нешто што треба да се: валоризира, култивира, поддржува, препознае, признае и да се за држи. Ваквата употреба е карактеристична за психолошката литера тура, особено онаа којашто е под влијание на Ерик Ериксон(познат психоисторичар). Меѓутоа, оваа употреба се јавува и во литературата за: расата, етницитетот и за национализмот, посочуваат Brubaker и Cooper. Идентитетот сфатен како продукт на општествената или на по литичката акција го нагласува процесуалниот интерактивен развој на колективното саморазбирање(self-understanding), солидарноста или групноста, кои, всушност, ја прават колективната акција возможна. Brubaker и Cooper разликуваат„тврди“ и„меки“ сфаќања за идентите тот.„Тврдите“ концепции за идентитетот ја потенцираат истоветноста низ времето и помеѓу личностите.„Меките“ концепции за идентите тот, пак, ја потенцираат карактеристиката на: нестабилноста, мулти плицирањето, флуктуирањето и на современото јас – себство(self) 15 . Во однос на употребата на поимот идентитет, интересна е и пози цијата, да се навратиме на Fearon, кој му припишува две значења – со цијално/општествено и персонално. Според него, поимот идентитет се користи за да се нагласи неинструменталната форма на дејствување, со што повеќе се фокусираме на саморазбирањето(self-understanding) от колку на личниот интерес(self-interest). Вака се открива истоветноста меѓу луѓето и константноста во однос на времето. Ова дава можност да се улови јадрото, основачкиот аспект на себството. Сите негови зна чења отвораат контрадикторни теоретски заплети и затоа Fearon се повикува на Клод Леви Строс, кој рекол дека идентитетот е своевиден 19 виртуелен центар(foyer virtuel) кон кој мора да се свртиме за да ги објасниме определените нешта, дури и кога реално не постои неговата егзистенција 16 . 1.2  ИДЕНТИТЕТСКА ТЕОРИЈА (SOCIAL IDENTITY THEORY) Tajfel и Turner се најрепрезентативните претставници на социјал ната идентитетска теорија, која датира од осумдесеттите години на XX век. Таа, главно, се занимава со внатрегрупните и вонгрупните антагонизми. Согласно со оваа теорија, секој член на групата има персонална слика за„Ние” или за„Нас”. Личноста нема само едно персонално себство(self), туку има повеќе такви себства и тие коре спондираат со распространетоста на круговите во групното членство. Различните социјални контексти можат да ја заинтригираат инди видуата да размислува, да чувствува и да дејствува врз база на нејзи ното: персонално, семејно или национално ниво на своето себство, смета Turner. Од, т.н., нивоа на себство(level of self), индивидуата има мултиплицирачки социјални идентитети. Оваа социјалната те орија на идентитет е дизајнирана за да објасни како луѓето разви ваат чувство за членство и за припадност во посебните групи и како функционира механиката на внатрегрупната дискриминација. По стојат неколку параметри преку коишто може да се утврди определен идентитет. Tajfel и Turner особено го нагласуваат признавањето (recognition), кој е најминималниот аспект на идентитетот. Тоа е важно за да се утврди: до кој степен членот на групата го прифаќа партикуларниот идентитет; до кој степен аутсајдерите го признава ат и препознаваат посебниот идентитет; а до кој степен државата ја признава посебноста и ексклузивноста, т.е. до кој степен ги исклучу ва другите. Друг важен параметар е примордијалноста, а тоа значи дека некои од идентитетите се интерпретираат како да се избрани, а другите како да се есенцијални и непроменливи. Теоријата го отво ра прашањето и за вистинитоста, односно за автентичноста. Во таа смисла се поставува прашањето како се восприемаат членовите на групата, колку се тие вистински различни, и тоа најчесто од страна на другите. Така се одговара и на прашањето колку е групата„при родна“. На ова се надоврзува и прашањето за статусот, т.е. дали е тој: 20 позитивен, негативен или е неутрален, нешто заради што членовите на групата се гордеат или се срамат. Дополнително, се анализираат внатрегрупниот фаворизам и вонгрупната нетрпеливост, а според оваа теорија, барањата се посебен пункт, бидејќи постојат барања кои самото членство ги поставува спрема индивидуите, на пример, барањата за суверенитет или барањата за афирмативни акции. Овие барања секогаш подразбираат жртвување на едни економски интере си во полза на други, а од друга страна, пак, општеството и државата, исто така, поставуваат барања наспроти групата. Така се доаѓа до разликата на индивидуално ниво помеѓу високи и ниски идентитети во групата. Имено, на пример, соочени со дискриминацијата, ниски те идентитети ќе настојуваат да излезат од групата, додека оние со високи идентификации ќе настојуваат да се борат против дискрими нацијата. Важни се и целите, бидејќи некој етнички идентитет би мо жел да имплицира верување во суверенитетот, а друг би се задоволил со некои поминимални форми на препознавање и на признавање, велат Tajfel и Turner 17 . 1.3  И ТЕОРИИ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ЕТНИЧКИТЕ КОНФЛИКТИ 1.3.1  Причини Пред да проговориме за тоа кои може да бидат причините за ет ничките конфликти, или конфликтите на идентитети, да разгледаме што е она што воопшто може да предизвика социјален/општествен конфликт. Според теоријата на конфликти, чиј претставник би може ле да кажеме дека е и Карл Маркс, повеќето општествени конфликти се засноваат врз нееднаквата распределба на ограничените ресурси. Макс Вебер слично ги идентификува таквите ресурси преку: класното прашање, статусот и моќта. Отттука, би можеле да зборува ме за постоење на цели структури на нееднаквост и да укажеме на нивното взаемно интерферирање. На пример, еден Афроамериканец/ црнец( black person) од работничката класа можеби нема да ги дели истите политички интереси како некој„белец” од работничката класа. Различните статусни позиции на овие две лица може да придонесат кон запоставување на нивните слични класни интереси. Така, она што 21 станува важно како извор на социјален конфликт е коваријантно ста на овие три Веберови системи на стратификација, ако може така да се изразиме. Ако јавноста сфати дека една иста група го контролира пристапот до сите три ресурси, веројатно и легитимноста на системот ќе биде доведена во прашање бидејќи луѓето сфаќаат дека нивната социјална мобилност е попречена. Со други зборови, причините за етничките конфликти се повеќе. Марксистичкиот пристап, на пример, како еден општ извор на конфликтите го поврзува со чувството на„депривација(deprivation)” на групата која, пак, е предизвикана од класната припадност. Ова чувство на депривација е она што ја води групата до класна свест и она што предизвикува конфликт, а потоа и социјални промени. Карл Маркс првенствено се занимавал со објаснување на структурните про мени или процеси кои ќе ја доведат работничката класа до ова созна ние(како самосвест и еманципација), а такви се нештата поврзани со зголемувањето на нивото на образование коешто капитализмот го бара како структурен предуслов. Современата теорија на конфликти ја модифицираше идејата за депривација, забележувајќи дека промената од апсолутна, во рела тивна депривација е значајна во создавањето на овој вид критичка свест. Апсолутна депривација се однесува на состојбата да се биде сиромашен, да се живее далеку под прагот на сиромаштија каде што животот е диктиран од несигурноста за најважните работи(храна, за солниште и облека). Во таква состојба, луѓето немаат ниту ресурси, ниту волја да се вклучат во конфликти и општествени промени. Но, релативната депривација, сепак, се однесува на чувството дека сте непривилегирани во однос на некоја друга личност или група. Ос новите на животот овде не се доведени во прашање; тоа, едноставно, е чувството дека на другите им оди подобро и дека ние губиме нешто. Овие луѓе и групи имаат и емоционални и материјални ресурси за да се вклучат во конфликти и во општествени промени. Но, она што ги мотивира луѓето не е самата релативна депривација по себе, туку тоа е промената од апсолутна во релативна депривација, а којашто може да предизвика„буре барут“ од револт, ќе ни укаже Coser 18 . Па, така, според Wolff: дискриминацијата, постојаното кршење на човековите права и намерното економско и социјално запоставување, од една страна, и способноста на водачите на засегнатите заедници 22 да капитализираат од нивните незадоволства, да ја фалсификуваат и да се жалат на нивната етничка посебност, од друга страна, се од суштинско значење во разбирањето на причините за етничките кон фликти. Тој смета дека иако етничката припадност и национализмот се непобитни факти, самото тоа што луѓето имаат етнички идентитет и што постои присуство на националистички идеологии, не мора само по себе неизбежно да доведе до конфликт, а уште помалку, пак, до: граѓанска војна, етничко чистење или, пак, геноцид. Покрај тоа, поб лиското преиспитување на многу конфликти означени како„етнички“ ги наведува некои автори да тврдат дека етничката припадност, по некогаш, не е ништо повеќе од пригоден механизам за организирање и мобилизирање на луѓето во хомогени конфликтни групи коишто се подготвени да се борат едни со други за ресурси кои, во најдобар слу чај, се индиректно поврзани со нивните етнички идентитети. Wolff смета дека при разгледувањето на причините за настанување на етничките конфликти, два фактора се особено важни – компа ративната вредност на групата и легитимноста. При тоа, разликите меѓу групите имаат големо значење за активностите на лидерите и за нивните следбеници. Разликите околу тоа што луѓето проценуваат како легитимно, на крајот доведува до тврдења за рела тивната вредност на групата: па така, припадник на една група доаѓа до размислувањето дека ако припадник на друга група не може да ја признае вредноста на неговите симболи, тогаш тој почнува да смета дека припадникот на другата група и неговата група се културно ин фериорни. Тогаш, дискриминираната група воочува дека е третирана инфериорно(на пазарот на трудот, во распределбата на јавните добра, во едукативните установи) и тоа ја наведува дискриминираната група да го доведе во прашање целиот политички систем кој дозволува таква дискриминација да се случи, па оттука и да развиваат алтернативен, според нив полегитимен, систем. Колку повеќе една група предизви кува status quo и колку другата е помалку подготвена да дозволи про мени во неа, толку е поголема веројатноста дека конфликтот бргу ќе ескалира во насилство. 19 На друго ниво, етничките конфликти вклучуваат и многу рацио нални избори направени од поединците, вели Wolff. Тој разликува ос новни(underlying) и проксимативни(proximate) причини за етнички конфликт. Слично, според него тие може да се категоризираат и како конфликти коишто се предизвикани од фактори на„ниво на елита” 23 или на„ниво на маса”; или дали тие се поттикнати од„внатрешни” или „надворешни” случувања. Основните причини – кои се неопходни, но не и доволни услови за избувнување на меѓуетничко насилство – опфаќаат четири различни типови на фактори: структурни, политич ки, економски и социјални и културни и перцептивни. Структур ните фактори се услови како што се: слаби држави, внатредржавни безбедносни проблеми и етничка географија. Политичките факто ри, коишто треба да бидат присутни за да избие етничкиот конфликт, вклучуваат: дискриминаторски политички институции, исклучувач ки националистички идеологии и спорни меѓу-групни(inter-group) и внатре-групни(intra-group) политики на масовно и на елитно ниво. Економските и социјалните фактори играат подеднакво важна улога во поставувањето на сцената за потенцијално насилни етнички конфликти. Економските проблеми, дискриминаторските економски системи и(нерамномерниот или преференцијалниот) економскиот развој и модернизацијата се фактори коишто можат да придонесат за мобилизација на етничките групи и за нивна трансформација во кон фликтни групи подготвени да се борат за еднаквост во економските можности, за прераспределба на ресурсите или за зачувување на при вилегираното status quo. Не смеат да се потценат ниту културните и перцептивните фактори: моделите на културна дискримина ција и проблематичните групни истории се фактори кои, исто така, имаат значително влијание врз развојот на етничките конфликти, ќе посочи Wolff. Освен основните услови, како што се: политичката, економската и културната дискриминација, потребна е втората група причини за да се создаде простор за избивање на насилни етнички конфликти. Озна чени како проксимативни причини, ова се фактори коишто ја зголе муваат веројатноста за конфликт во ситуација во којашто се присутни сите или некои од основните„состојки“. Во оваа категорија на прок симативни причини, може да се направи разлика помеѓу внатреш ни и надворешни фактори коишто дејствуваат на масовно ниво и на ниво на елита. Внатрешни причини на ниво на елита се, на пример, „лошите лидери”, а надворешни се, на пример,„лоши соседи”. Внат решни причини на масовно ниво се сериозни внатрешни проблеми, а надворешните се поврзани со„лошото опкружување”. Еден од при мерите кои Wolff ги посочува е поврзан и со македонското општество: „...Сместенa во‘лошо соседство’, коешто може да се спореди само со 24 регионот на Големите Езера во Централна Африка и Кавказ, со некол ку‘лоши соседи’ коишто го негираат името на земјата(Грција), нејзи ната етно-културна посебност(Бугарија) и ги доведуваат во прашање нејзините граници и нејзината државност(Косово). Oвие негативни надворешни услови беа усогласени со внатрешните услови, вклучу вајќи: висока невработеност, политичка и културна дискриминација и етничка географија според која поделбата на земјата можеше да се изврши без големи проблеми. Сепак, и покрај недостатоците и греш ките што доведоа до значително, иако кратко, меѓуетничко насилство во 2001 година, разумните и одговорни лидери, поддржани од НАТО и ЕУ, преовладаа и преговараа за договор во летото 2001 година, со кој беше ставен крај на насилството и започна реформски процес; овој процес до денес е бавен, но сепак, напредува и започна да се справува со некои од основните причини што придонесоа за насилна ескалација на конфликтот“ 20 . Според Wolff, со цел подобро да се разберат мотивациите на ли дерите и на следбениците, вреди да се разгледа и одреден, таканаре чен, рационален избор за објаснување на етничкиот конфликт – а тој се фокусира на, таканаречената, безбедносна дилема(security dilemma) и претпоставува дека поединците секогаш прават раци онални избори, мерејќи ги трошоците и придобивките од нивните постапки. Еден начин да се опише суштината на безбедносната ди лема, според Херберт Батерфилд, на пример, е дека зголемувањето на безбедноста на: една личност, група или држава, во исто време се перципира како закана или намалување на безбедноста кај другиот актер. Она што е заедничко за агентите коишто го преземаат овој курс на дејствување на три нивоа – како поединци, групи или држа ви – е цврстото верување дека преовладува состојба на анархија во која тие не можат, а да не се потпрат врз себе за да ја осигурат својата безбедност. Според тоа, дилемата за етничката безбедност вклучува и елементи на: физичка безбедност, политичка безбедност, економска и социјална сигурност, културна безбедност и безбедност на живот ната средина. Иако безбедносната дилема, несомнено, е многу ко рисна алатка за објаснување на појавата на насилство во етничките конфликти, важно е да се има на ум дека постојат уште две стратешки дилеми коишто можат да придонесат за насилна ескалација на ет ничките конфликти. Освен безбедносната дилема, неуспесите во информирањето(information failures) и проблемите со ве 25 родостојната посветеност(credible commitment) се важни за нашето разбирање за тоа како, и зошто лидерите се способни да ги мобилизираат своите следбеници и да ги радикализираат до точка кога употребата на насилство врз членовите на различна етничка група станува легитимна стратегија за опстанок на групата. За ли дерите да успеат да ги мобилизираат и радикализираат своите след беници на овој начин, следбениците треба да веруваат дека постои реална закана за нивната безбедност(која лидерите ја истакнуваат). Со други зборови, не само што треба да има доволно„веродостојни докази“ за намерите на ривалските групи дека нивните закани ќе ги претворат во реалност, туку и активно треба да учествуваат во извр шување акти на насилство 21 . 1.3.2  Теории Williams, разгледува три главни теории коишто се однесуваат на етничките конфликти – примордијализам, инструментализам и кон структивизам. Примордијализмот тврди дека етничкиот идентитет е ас криптивен и членството во одредена етничка група„се доделува” уште при раѓањето и затоа тешко се менува. Оваа перспектива претпоста вува дека етничките врски за човечките суштества се својствени сами по себе. Или, дека ние како луѓе имаме длабоки природни врски кои нè поврзуваат со„други, такви како нас луѓе”, а тие создаваат природ ни поделби со другите групи на луѓе – без разлика дали тие поделби се засновани на: раса, религија, јазик или локација. Затоа, членство то во етничките групи е„фиксно” и се пренесува од генерација, на генерација. Примордијализмот ја перципира етничката група како објективен ентитет, а етничкиот идентитет го разбира како: единствен, безвременски и фиксиран преку различните општествени норми и сфаќања. Етничките разлики се перципираат како: прастари, длабоки и непомирливи и, оттука, етничкиот конфликт произлегува природно и неизбежно како резултат на„древните омрази“ што постојат помеѓу етничките групи. Glazer вели дека стравот од: доминација, протеру вање и истребување лежи во основата на повеќето етнички конфлик ти 22 . 26 Слично, преку примордијализмот не ретко се објаснуваат пори вите што доведоа до масакрот на Бенгалците, инаку познат како еден од најстрашните геноциди во историјата на човештвото 23 , заедно со геноцидот во Руанда во 1994 година 24 . Williams вели дека актите на: силување(мажи, жени и деца), геноцид, масовно раселување, торту ра, брутални убиства и многу други форми на неискажливи ѕверства извршени во конфликти, како: Југославија, Руанда и Демократска Република Конго, можат да се опишат како емоционално поттикнати однесувања предизвикани од чувства на: страв, омраза и анксиозност. Но, Laitin и Sunny забележуваат дека оваа теорија има тенденција да ја нагласува„ирационалноста” кај етничкото насилство и се наклонува кон идејата за генетски индуцирано варварско однесување што про ектира слика на безнадежност и го перципира етничкиот конфликт како„постојан и неискоренлив“ 25 . Примордијализмот ги игнорира: структурните, економските и по литичките процеси во коишто избувнуваат овие конфликти и импли цира дека во етнички хетерогени општества природно и неизбежно ќе има насилни етнички конфликти. Но, тоа не е никаков факт – што може да се илустрира и со случајот на Боцвана, која е етнички хете рогена земја, а споредена со други африкански земји, има релативно мирни етнички односи. На пример, едно од објаснувањата за мирните етнички односи во случајот на Боцвана е дека има„уставно заснована етничка диференцијација“, која, иако не е совршена, дозволила„ре чиси целосно отсуство на дезинтегративна етничка припадност“, ќе посочи Mulinge 26 . Примордијалистичките аргументи, исто така, не го објаснуваат моментот или времето на избувнувањето на насилството. На пример, зошто конфликтите се случуваат токму тогаш кога се случуваат, а не порано или подоцна? Зошто арапско-африканските идентитети во конфликтот во Дарфур, во 2003 година 27 , станаа толку значајни негови одредници, а тоа не се случи за време на претходните конфликти во регионот? Оваа„генетски” заснована идеја за етничката припадност не одговара соодветно на ваквите прашања. Сепак, и покрај овие недо статоци, Williams вели дека примордијалистичката теорија е корисна во објаснувањето на емотивната димензија на етничките конфликти и нуди увид во однесувањето на етничките групи водени доминант но од„поривите”. Моќта на етничката припадност лежи во нејзиниот капацитет да разбуди страст и посветеност и штом тоа погрешно се 27 искористи, води до насилни конфликти 28 . Уште повеќе, тука сакаме да посочиме и на тоа дека според современите научни достигнувања самиот поим„етногенеза” е високо проблематичен за да може да има објаснувачко-интерпретативни својства затоа што освен што е анахрон – тој подлежи на сомнеж дека индуцира расистичко- еугенетички со држини. Инструменталистичката теорија, етничката припадност не ја третира„ниту како својствена за човечката природа, ниту како суштински вредна“, ќе рече Williams. Имено, етничката припадност се смета за стратешка основа за коалицирање на луѓето кои бараат поголем дел од ограничената економска или политичка моќ и затоа е алатка за ограничување на ресурсите и прави истите да бидат до стапни само за неколку поединци. Инструменталистичката теорија тврди дека е рационално страните да се организираат по етничка линија во зависност од користа што тоа им ја носи и дека алчноста е посилна од„поплаките/барањата”, а и дека е доволна причина за етнички конфликт. Следствено, етнички конфликт може да се јави меѓу„рационалните” агенти околу ограничените ресурси кога целите на политичките лидери се насочени кон стекнување со политички или економски придобивки, односно се јавува како намерна мани пулација заснована врз рационална одлука дека треба да се поттик не извесно етничко насилство. Затоа, етничкиот конфликт, според ова гледиште, се смета за резултат на рационалната активност од поширок интерес, како што се: просперитетот, моќта и безбедноста, на пример. Надвор од објаснувањето на улогата на манипулации те на елитата во етничките конфликти, полезноста на оваа теорија се поврзува со објаснувањето зошто некои етнички фрагментира ни општества ја избираат меѓусебната борба, а други, пак, избрале да соработуваат. Оваа одлука зависи од пресметките што ги прават групите околу трошоците и придобивките, па затоа, кога цената на соработката е поголема од перципираните придобивки, етничките конфликти имаат тенденција да бидат неизбежни. Инструментализмот, исто така, може да објасни зошто некои луѓе учествуваат во етничко насилство дури и тогаш кога не се длабоко убедени во тоа, туку ја следат толпата. Етничката мобилизација е координативна игра во која е рационално да се соработува сè додека гледате како другите соработуваат. Понатаму, ако целото однесување во етничкиот конфликт се објасни на индивидуално ниво како да е 28 доминирано од желбата за индивидуалистички материјални придо бивки на неколку елити, тогаш како злосторствата, на припадниците на овие етнички групи, придонесуваат за овие придобивки? Зошто е лесно да се мобилизира масовното учество коешто е привлечено по етничка линија? Како знае елитата дека може ефективно да ја користи етничката припадност за вакви придобивки? Овие чувства поврзани со етничкиот идентитет не се произведени од елитите, туку елитите само ги препознаваат тие чувства и се повикуваат на нив. Ова не значи дека манипулацијата на елитата или желбата за мате ријални придобивки не се важна причина за етнички конфликти, туку дека стратегиите на елитата за рационално зачувување на моќта сами по себе не се доволни за да се одговори на сложеноста на овој феномен, ќе нагласи Williams 29 . Конструктивистичката теорија го перципира етничкиот идентитет како општествено-конструиран и флуиден ентитет којшто може да се формира преку различни средства, вклучувајќи: освоју вање, колонизација или имиграција. Етничките групи се препознаваат како социјални конструкции со„препознатливо потекло и историја на експанзија и контракција, спојување или раздвојување“, вели Posner 30 . Тие се флуидни и потекнуваат од збир на: општествени, економски и политички процеси. Дополнително и важно е тоа што укажува дека конструктивистите тврдат дека секое општество има историски кон струиран главен расцеп и наратив со којшто политичките„претприе мачи” можат да манипулираат. Конструктивистите сметаат дека иден титетот е општествена категорија којашто се одликува со: правила на членувањето, соодветни карактеристики(прифатени како типични) или однесување коешто се очекува во одредени околности. Тие тврдат дека овие општествени категории: не се природни, неизбежни или непроменливи бидејќи не се гените тие што ја поттикнуваат конструк цијата на идентитетот и ги условуваат идентитетите на поединецот врзан со одредени групи, туку тоа е внатрешната логика на опште ствените дискурси. Kонструктивистите обрнуваат внимание на историската изградба и одржувањето на ексклузивните идентитети од страна на колонијал ните и постколонијалните владејачки елити, на пример, а со цел да се оствари политичка и општествена контрола. Улогата на: јазикот, историјата, симболите и културата, за конструктивистите е значајна во поттикнувањето и одржувањето на етничкото ривалство. Затоа, етнич 29 ката припадност е флексибилен феномен, субјективен, и се менува со меѓуетничката интеракција и неговата цел е да ги зајакне и овековечи социјалните разлики за конкретни цели. Следствено, етничкиот кон фликт е производ на конкретни историски процеси и овие влијанија во историјата делуваат врз односите меѓу етничките групи предизви кувајќи непријателство меѓу нив. На тој начин ја објаснуваат поли тизацијата на етничките идентитети предизвикани од комбинација на фактори кои се развиваат со текот на времето и создаваат погодна средина за насилство. Конфликтот врзан за Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Ерме нија 31 , кој започна кон крајот на 1980-тите, најчесто се опишува токму преку конструктивистички леќи. Ова е веродостојно затоа што нуди важен историски контекст и го објаснува централното прашање во овој конфликт, а тоа е влијанието на Советскиот Сојуз и политиките на гра дење на нации од XX век, што, впрочем, придонесе за политички и еко номски барања меѓу иредентистичките малцинства во Кавказ. Меѓу тоа, користејќи мапи и гранични дефиниции само за да ги оправдаат територијалните претензии, аналитичарите ја игнорираат важноста на исконските претензии за сопственост на определена територија, што претпоставува и воспоставување„историски легитимитет врз основа на владеењето на предците“ на дадена етничка група, на тој начин игнорирајќи ја значајната улога што ја има омразата и недовербата. Дополнително, со право забележува Kaufman„најопасните симболи што се користат во етничките војни се митовите коишто ја оправдуваат политичката доминација над одредена територија, која, можеби, била изгубена во минатото и митовите за минатите злосторства што можат да се користат за оправдување на стравот од иден геноцид“ 32 . Слично на тоа, Toft тврди дека примарната детерминанта на етничките војни е дали државните и потенцијалните сецесионистички малцинства ги гледаат нивните посебни претензии за територија како деливи или неделиви. Дури и ако се конструираат етничките идентитети, тие, исто така, би можеле да станат интернализирани и институционализирани на начин што ќе стекнат длабоко значење за таа група и ќе ги произве дат истите емоции што би ги создале„исконските идентитети” бидејќи етничките групи имаат тенденција да споделуваат постојано чувство за заеднички интереси и идентитет врз основа на: овие заеднички исто риски искуства, културните особини што ги негуваат, верувањата, ре лигијата, јазикот и заедничката територија/или„татковина” 33 . 30 Но, оваа теорија не објаснува зошто општествата со слични истори ски процеси и структурни карактеристики немаат слични конфликтни истории. Сепак, моќта на оваа теорија лежи во нејзината мултидимензи оналност со што ги рефлектира основните(underlying) и проксиматив ните(proximate) причини за конфликтите и ја покажува врската помеѓу интересите на актерите, социо-економската и политичката средина, нагласува Williams. На пример, Боцвана, опишана како„засолниште на етнички мир и хармонија во Африка“, од страна на Mulinge, е слаба држава, исто како и нејзиниот сосед Зимбабве – исто хетерогена земја, а сепак, ја нема истата историја на конфликти како што ја има Зимбаб ве 34 . Повторно, колку и да изгледа сеопфатна конструктивистичката теорија, таа не го зема предвид времето на избувнување на конфликтот. Зошто конфликтите избувнуваат во одредена точка од овие историски процеси? Токму знаењето за овие изоставени нешта може да помогне во превенцијата. Додека оваа теорија ги објаснува процесите на макрони во, тешко е да се објасни што се случува на ниво на„грасрут” и таа про изведува стратегии за разрешување коишто се премногу фокусирани на градење на државата додека го игнорира основното непријателство 35 . Карта на Украина Извор CIA- https://www.cia.gov/the-world-factbook/countries/ukraine/map 31 За размислување: 1. Зошто се важни културата и идентитетот во анализата на етничките конфликти? 2. Како ги разбирате културните идентитети?  Што значи коваријантноста поврзана со причините за настанувањето на етничките конфликти, и кои, всушност, се причините за настанувањето на етничките конфликти?  Кои се теориските обрасци преку коишто би можеле да ги анализираме конфликтите?  Обидeте се да ги утврдите идентитетските аспекти на украинскиот конфликт, како и причините заради коишто постои конфликт. БИБЛИОГРАФИЈА • Brubaker, R.,& Cooper, F., Beyond Identity, Theory and Society, Kluwer Academic Publishers, 2000 • Allan, K., The Social Lens – An Invitation To Social and Sociological theory (Conflict and Critical Theories), Third edition, SAGE Publications, 2014 • Dodeye, U. W., How Useful are the Main Existing Theories of Ethnic Conflict?, Academic Journal of Interdisciplinary Studies, Rome, 2015 • Fearon, D. J., What is Identity? As We Now Use the Word, Unpublished paper, Stanford University, Stanford, 1999 • Gill, F., How Conformism Creates Ethnicity Creates Conformism(and why this matters to lots of things), The Monist, vol. 88, Peru, 2005 • Glazer, N., Review: Understanding Ethnic Conflict, Columbia Law Review Association, Inc., 1986 • Hannush J. M., An Existential – Dialectical – Phenomenological Approach to Understanding Cultural Tilts: Implications for Multicultural Research and Practice, Rosemond College Journal of Phenomenological Psychology n.38, Brill, 2007 • Laitin, D and Sunny, R. G., Armenia and Azerbaijan: Thinking a Way out of Karabakh, Middle East Policy, New Jersey, 1999 32 • Mulinge, M. M., Botswana, Africa’s Haven of Ethnic Peace and Harmony: Status and Future Prospects, African Journal of Sociology, 2008 • Posner, D., The Political Salience of Cultural Difference: Why Chewas and Tumbukas Are Allies in Zambia and Adversaries in Malawi, American Political Science Review, 2004 • Searle, R. J., Freedom and Neurobiology, Reflections of Free Will, Language and Political Power, Columbia University Press, New York, 2010 • Stuard, K., Modern Hatreds: The Symbolic Politics of Ethnic War, Ithaca, NY: Cornell University Press, 2001 • Tajfel, H., ed. Social Identity and Intergroup Relationas, Cambridge University Press, 1982 • Tilly, C., Citizenship, Identity and Social History, Cambridge University Press, 1996 • Turner, J., A Theory of Social Interaction, Stanford University Press, 1988 • Uppsala Conflict Data Program, Department of Peace and Conflict Research https://ucdp.uu.se/ • Wendt, A., Collective Identity Formation and the International State, American Political Science Review, n.88, 1994 • Wolff, S., Ethnic Conflict: A Global Perspective, Oxford University Press, New York, 2006 • Гриц, К., Толкување на културите, Магор, Скопје, 1993 • Скаловски, Д., Во прво лице еднина, Азбуки, Библиотека Филозофија – Скопје, 2010 • Тејлор, Ч., Мултикултурализам – Огледи за политиката на признавање, ЕвроБалкан Прес, Скопје, 2004 • Фрчкоски, Д.Љ., Преговарање во конфликти на идентитети, Темплум, Скопје, 2010 • Чупеска, А., Културните идентитети во политиката – аспекти на мултикултурализмот, КАС – Скопје, 2011 1 Во март и април, 2021 година, Русија на границата со Украина распореди 100.000 војници придружено со масивна воена опрема што предизвика„меѓународна кри за” и генерираше загриженост за потенцијална инвазија. Во јуни, истата година, војниците беа делумно повлечени, за во декември повторно да бидат мобилизи рани на границата. Оваа криза е токму последица од долгогодишниот руско-укра ински конфликт, кој започна во 2014 година кога Русија го презема Крим. Овој конфликт, освен што има своја инструментална квалификација, ја отсликува и 33 важноста на културните идентитети – во смисла на нивен потенцијал да бидат мобилизирани во воени дејствија. 2 Уште од раните 1970-ти години, Северна Ирска се соочуваше со конфликтот по меѓу Ирската Републиканска Армија и Британската Влада заради неможноста да изнајдат заедничко решение за статусот на Северна Ирска, односно, со конфлик тот помеѓу протестантските унионисти(лојалисти) кои сакаа Северна Ирска да остане во Обединетото Кралство и римокатоличките националисти(републикан ци) кои сакаа Северна Ирска да стане дел од Република Ирска. 3 Wolff, S., Ethnic Conflict: A Global Perspective, Oxford University Press, New York, 2006, p. 3. 4 Етничко чистење подразбира систематска политика на пресметка со некоја ет ничка група преку: масовно убивање на нејзините членови, депортација, масовни силувања и други видови на нехуман третман и жестоко насилство. Распаѓањето на Југославија и етничките конфликти поврзани со тој процес, за жал, доведоа до такви масакри(на пр. во Сребреница), а слична епизода се случи и во конфликтот меѓу Тутсите и Хутите, во Руанда. 5 Скаловски, Д., Во прво лице еднина, Азбуки, Библиотека Филозофија – Скопје, 2010, и секако, види во: Гриц, К., Толкување на културите, Магор, Скопје, 1993 6 Тејлор, Ч., Мултикултурализам – Огледи за политиката на признавање, Евро Балкан Прес, Скопје, 2004 7 Фрчкоски Д.Љ., Преговарање во конфликти на идентитети, Темплум, Скопје, 2010 8 Mufid, Ј. H., An Existential – Dialectical – Phenomenological Approach to Understanding Cultural Tilts: Implications for Multicultural Research and Practice, Rosemond College Journal of Phenomenological Psychology n. 38, Brill, 2007 9 Searle R. J., Freedom and Neurobiology, Reflections of Free Will, Language and Political Power, Columbia University Press, New York, 2010 10 Gill, F., How Conformism Creates Ethnicity Creates Conformism(and why these matters to lots of things), The Monist vol. 88, Peru, 2005 11 Fearon, D. J., What is Identity? As We Now Use the Word, Unpublished paper, Stanford University, Stanford, 1999 12 Wendt, A., Collective Identity Formation and the International State, American Political Science Review, n.88, 1994 13 Чупеска, А., Културни идентитети во политиката – аспекти на мултикултурализмот, КАС – Скопје, 2011 14 Tilly, C., Citizenship, Identity and Social History, Cambridge University Press, 1996 15 Brubaker R.& Cooper F., Beyond Identity, Theory and Society n.29, Kluwer Academic Publishers, 2000 16 Fearon, оp. cit. 17 Tajfel, H., ed. Social Identity and Intergroup Relations, Cambridge University Press, 1982 и Turner, J., A Theory of Social Interaction, Stanford University Press, 1988 18 За анализите на Coser, поделтално види кај Allan, K., The Social Lens – An Invitation To Social and Sociological theory(Conflict and Critical Theories), Third edition, SAGE Publications, 2014 19 Види во Wolff, op. cit.; Инаку на иста линија би биле и размислувањата дека при систематската и системска дискриминација на определени немнозински групи е 34 токму таква ситуација која може да ги натера: дискриминираните, непризнаените, потпретставените да започнат вооружен конфликт – сфатен како акт на самоод брана од системска и систематска репресија. 20 Ibid., p.73 21 Ibid., p.78 22 Glazer N., Review: Understanding Ethnic Conflict, Columbia Law Review Association, Inc., 1986, p. 429. 23 Геноцидот во Бангладеш започна на 26 март, 1971 година, кога Западен Пакистан покрена воена акција против Источнопакистанското крило на нацијата за да ги потисне бенгалските повици за самоопределување. Владата на Бангладеш наведу ва дека 3.000.000 луѓе биле убиени. 24 Во октомври, 1990 година, бунтовниците Тутси започнаа вооружена борба против Хуту која кулминираше со геноцид и промена на власта во 1994 година. Загинаа околу 1.100.000 луѓе. 25 За повеќе, види кај: Laitin, D and Sunny, R. G., Armenia and Azerbaijan: Thinking a Way out of Karabakh, Middle East Policy, New Jersey, 1999, p. 153. 26 Mulinge, M. M., Botswana, Africa’s Haven of Ethnic Peace and Harmony: Status and Future Prospects, African Journal of Sociology, 2008, p. 63 27 Геноцидот во Дарфур е поврзан со систематско истребување на етникумот„дар фурски Суданци” што се случи за време на конфликтот во Западен Судан, започ нувајќи во 2003 година. Стана познат како првиот геноцид на XXI век. 28 Williams, D. U., How Useful are the Main Existing Theories of Ethnic Conflict?, Academic Journal of Interdisciplinary Studies, Rome, 2015, p. 147-148 29 Ibid, p. 148. 30 Posner, D., The Political Salience of Cultural Difference: Why Chewas and Tumbukas Are Allies in Zambia and Adversaries in Malawi, American Political Science Review, 2004, p. 2 31 Конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан поврзан со Нагорно-Карабах се сме та за етничко-територијален. По падот на Советскиот Сојуз и независноста на Азербејџан во 1991 година, конфликтот се интензивираше меѓу Република Нагор но-Карабах која е поддржана од Ерменија, и помеѓу Владата на Азербејџан. 32 Stuard K., Modern Hatreds: The Symbolic Politics of Ethnic War, Ithaca, NY: Cornell University Press, 2001, p. 6 33 За повеќе за Моника Тофт, погледни кај: Williams, U. D., How Useful are the Main Existing Theories of Ethnic Conflict?, Academic Journal of Interdisciplinary Studies, Rome, 2015, p. 149 34 Зимбабве доживеа внатредржавен конфликт кој заврши во 1979 година. Оттогаш немало друг државен конфликт во земјата. Организираното насилство во земјата, главно, одговара на, т.н., категорија„ еднострано насилство”, според квалифи кациите на конфликтниот дата програм на УПСАЛА, за повеќе, види на: https:// ucdp.uu.se/ 35 Williams, op. cit., p.149. 35 II  ПОГЛАВЈЕ СТРУКТУРА И ВИДОВИ НА ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ 2.1  СТРУКТУРА НА ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ Етнички конфликт е несогласување за значајни: политички, еко номски, социјални, културни или територијални прашања меѓу две или повеќе етнички заедници 1 . Научните студии посветени на при чините за појавување на етничкиот конфликт сугерираат три нивоа на анализа: 1) Системско објаснување(се фокусира на природата на безбед носните системи во кои оперираат етничките групи и на без бедносните грижи на тие групи; притоа, за појава на етнички конфликт неопходно е да постојат две претпоставки: а) две или повеќе етнички групи мораат да живеат во непосредна близина; б) националните, регионалните и меѓународните авторитети мора да бидат премногу слаби за да спречат судир меѓу групите и премногу слаби за да ја осигурат безбедноста на индивидуалните групи); 2) Внатрешно објаснување(се фокусира на факторите кои опери раат примарно на внатрешно ниво, како што се: ефективноста на државите во реализирање на барањата на избирачи, влија нието на национализмот во етничките односи и влијанието на демократизацијата во меѓуетничките односи); 3) Перцептивно објаснување(се фокусира на грешните истори ски претстави коишто етничките групи ги поседуваат како за себе, така и за другите, притоа се истакнува дека овие истории 37 не се предмет на непристрасна и научна анализа бидејќи, воо бичаено, усно се пренесуваат од колено, на колено) 2 . Во оваа смисла, според Brown, останува неодговорено прашањето за тоа кои услови се неопходни за појава на етничко непријателство, ниту, пак, е јасно зошто некои конфликти се повеќе интензивни од други, во услови кога нема теорија којашто сеопфатно би го дефи нирала етничкиот конфликт, притоа интегрирајќи ги овие три групи фактори 3 . Можно решение е да се прифати ставот дека појавата на етничкиот конфликт е резултат, најчесто, на заемно дејствување на сите наведени фактори. Во однос на фазите, или етапите на конфликтот, постои извесна неусогласеност на истражувачите, но таа се должи повеќе на неусо гласеноста на терминологијата што се користи при нивно опишу вање, како и на различна перцепција или објаснување на етапите и подетапите. Така, според Brahm 4 , постојат следните фази, или етапи на конфликтот: нулта фаза, латентна фаза, појава на конфликтот, ескалација на конфликтот, застој, деескалација, решавање или раз решување на конфликтот и постконфликтно градење на мир или помирување. Според Lund 5 , пак, конфликтите имаат своја динамика и пока жуваат тенденција кон ескалација и опаѓање со текот на времето. Во рамки на неговите истражувања, го воведува концептуалниот модел наречен„крива на конфликт“, со кој илустрира како конфликтот може да биде истовремено и насилен и ненасилен, но и како упо требата на сила во насилните конфликти може да расте и паѓа со текот на времето. Кривата, исто така, помага при организација на термини и концепти од страна на оние лица коишто се занимаваат со конфликтен менаџмент, покажувајќи на тој начин како различ ните фази на конфликтот се поврзуваат една на друга, но укажува и на различните видови на интервенција од трети страни. Според него, кривата е еден од начините со кој може да се деконструира динамиката на конфликтот, подобро да се разбере и поефективно да се управува. 38 „Крива на конфликт“ – Michael Lund 6 На сликата погоре е прикажана кривата на конфликт, при што вертикалната оска го покажува интензитетот на конфликтот, а хори зонталната оска го покажува времетраењето на конфликтот. Колоната на левата страна ги опишува односите меѓу страните на спорот и е по делена на различни фази на мир или конфликт(траен мир, стабилен мир, нестабилен мир, криза и војна) 7 . Фазите на понизок интензитет се карактеризираат со она што тој го нарекува интерактивно, заемно акомодирачко однесување, како што се дебати или преговори, додека, пак, фазите на повисок интензитет се карактеризираат со унилате рално, заканувачко однесување, како што се: ултиматуми, санкции и физичка сила. Првата фаза од кривата – траен мир, е токму тоа, мир кој трае. Вообичаено, тоа постои помеѓу две држави коишто имаат редовна комуникација, заемно разбирање и поддршка, реципроцитет, и применуваат разрешување на конфликти со употреба на политички средства(никако воени). Пример за оваа фаза може да бидат одно сите меѓу САД и Канада. Втората фаза на кривата – стабилен мир, всушност, е состојба на зголемена тензија во споредба со првата фаза. 39 Стабилниот, или студен мир, како што тој го нарекува, вообичаено постои како однос на две држави преку претпазлива комуникација и лимитирана соработка или трговија во рамки на поширок контекст на основен поредок или национална стабилност. Во оваа фаза, по тенцијалните конфликти, генерално, се разрешуваат доминантно на ненасилен начин, а можноста за војна е ниска. Пример за оваа фаза може да бидат моменталните односи меѓу Русија и Кина. Третата фаза од кривата – нестабилен мир, се јавува доколку споровите не се разре шени, а тензиите продолжуваат да растат. Во односите меѓу страните има висок степен на тензија и сомневање, но насилството е или отсутно или спорадично. Овој„негативен“ мир опстојува и покрај тоа што сè уште нема мобилизација на воени трупи, страните се согледуваат како непријатели и продолжуваат со подготовки. Пример за оваа фаза се односите меѓу САД и Иран во 1995 година и ситуацијата во Мијанмар во истата година. Четвртата фаза од кривата – криза се јавува кога превентивната дипломатија или напорите за превенција на криза се неуспешни, па тензиите растат. Страните на конфликтот може, преку различни видови на конфронтација, да стигнат до оваа фаза. Кризата е напната конфронтација на вооружени сили коишто се мобилизираат и се спремни за борба и може да се ангажираат во закани и повремени судири од понизок степен. Притоа, можноста за избивање на војна е висока. Пример за оваа фаза е Кубанската криза од 1962 година, одно сите во БиХ во 1996 година, и други. Петтата, последна фаза од кри вата на конфликтот – војна, се случува кога сите напори на кризната дипломатија се без успех. Војната може да биде со низок интензитет, но да има форма на продолжен конфликт или граѓанска анархија или, пак, војна во полна смисла на зборот. Терминот е широко користен, па како војна се означени и големите конфликти, како светските војни, но и помалите, како онаа во Чеченија од 1995 година. Според Alker, Gurr, и Rupesinghe 8 секој конфликт има шест фази: 1. Нормална политика или фаза на нормална дипломатија, која во себе вклучува стабилен мир(по примерот на САД и Кина, или траен мир по примерот на САД и Велика Британија); 2. Фаза на превентивна дипломатија, која е претконфликтно гра дење на мир(по примерот на Естонија и Русија), превентивни иницијативи(како Косово) или превенција на криза(по при мерот на случајот со Кашмир); 40 3. Фаза на конфликтен менаџмент, која вклучува кризна дипло матија или кризен менаџмент(по примерот на случајот со Се верна Кореја); 4. Фаза на застој, односно фаза во којашто има почеток и крај на војна, односно прекин на огнот, а подразбира конфликтна митигација. 5. Фаза на прекин на конфликтот, која води кон последната фаза; 6. Фаза на разрешување на конфликтот, кој може да донесе не стабилен или стабилен мир. Важно е да се забележи дека овие примери на структура или живо тен век на конфликтот, на некој начин се стандардни, но не смее да се претпоставува дека се линеарни. Имено, врз основа на истражувања и анализи, се согледани нивните разлики, што значи дека сите конфлик ти не ги поминуваат сите фази на подеднаков начин. Често, а особено кај долготрајни конфликти се случува некоја од фазите да се повтори. Така, на пример, фазата на ескалација може да се појави повторно дури и откако ќе започне фаза на помирување. Пример за конфликт со повторувачки фази е кипарскиот конфликт. Почнувајќи од 1955 па сè до 1974 година, на Кипар се случиле четири последователни етапи (или како што Kaufmann ги нарекува – рунди 9 ) на граѓанска војна, проследена со надворешна интервенција: I етапа: 1955 – 1960 година(кипарските Грци против Британците, и кипарските Турци; вкупно загинале 509 лица); II етапа: 1960 – 1967 година(кипарските Грци и кипарските Тур ци едни против други; загинале 550 лица, а 20.000-25.000 кипарски Турци биле раселени); III етапа: 1967 – 1971 година(кипарските Грци и кипарските Тур ци едни против други; интервенции и помош и од Грција и Турција; загинале околу 600 лица); IV етапа: 1971 – 1974 година(кипарските Грци и кипарските Тур ци едни против други; обид за воен удар помогнат од Грција и воена интервенција од Турција; непознат број на жртви) 10 . Жестоките судири меѓу припадниците на двете заедници и ин волвирањето на надворешни субјекти преку интервенциите го транс формираа внатрешниот спор во регионален конфликт, односно меѓу 41 народен конфликт бидејќи од самиот почеток екстернализацијата на конфликтот беше нагласена 11 . Кипар, заедно со историските случувања во: Ангола, Кашмир, Шри Ланка и Либан, припаѓа на етнички конфликти коишто преминале во status quo заради неможноста на ниту една страна да се наметне во конфликтот, па не само што политичко решение не е на повидок, туку и военото во оваа фаза од развојот се чини неверојатно 12 . Од овој аспект, кипарскиот конфликт често се означува како„замрзнат кон фликт 13 “ или место каде повеќе од четири децении функционира„сту ден мир 14 “. Разногласието што постои во литературата посветена на анализа на конфликтите, понекогаш се должи на козметичка и лингвистичка, но често супстантивна позадина. Сепак, анализата на конфликтите покажува дека во најголемиот број на модели, или листи на фази/ етапи, постои поклопување и согласност за најзначајните елементи (мир, ескалација, помирување/прекин на конфликтот). 2.2.  ВИДОВИ ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ Во најопшта смисла, конфликтот, според Yarn, се однесува на несо гласување, израз или манифестација на состојба на некомпатибилност. Во една потесна смисла, терминот конфликт се однесува на некомпати билност и дисхармонија. Но, во ситуација кога станува збор за разре шување на конфликт, според Yarn, покорисно е доколку конфликтот се концептуализира како состојба отколку како процес, имајќи во предвид дека на овој начин полесно се прави разлика помеѓу процесот на раз решување на конфликтот и самиот конфликт врз кој ваквиот процес треба да влијае 15 . Во оваа смисла, се прави и разликата меѓу терминот конфликт(како состојба) и спорот(како процес), односно спорот се тре тира како артикулација на конфликтот, повеќе како симптом одколку конфликт сам по себе. Конфликтот, според Yarn, може да егзистира без спор, но спорот не може да постои без конфликт. Тој подвлекува дека конфликтот којшто го предизвикува спорот е манифестен, додека кон фликтот којшто не предизвикува спор е латентен 16 . Наспроти ова е тврдењето, на пример, на Ортаковски кој го дефи нира конфликтот како„ситуација во која еден субјект е ангажиран во свесно спротивставување на друг субјект во меѓународната заедница 42 бидејќи тие имаат спротивни цели“, односно, според него,„конфликтот постои кога спротивставеноста се изострува до опасност од употреба на сила или нејзина употреба за разрешување на спорот“. Од наведената дефиниција јасно се согледува дека„конфликтот е оној дел од спорот во кој постои опасност од употреба на воена сила или, пак, таа е веќе употребена“. Притоа се прави јасна дистинкција меѓу термините спор и конфликт, подвлекувајќи дека„сите спорови не доспеваат до фазата на конфликт бидејќи можат претходно да се разрешат на некој друг начин додека, пак, сите конфликти се резултат на претходни спорови“. Поаѓајќи од претпоставката за извесно разногласие околу дефи ницијата на конфликтот по примерот погоре, во делот што се однесува на структурата и видовите на етничките конфликти ќе биде направен обид за приказ на сите позначајни дискурси, земајќи предвид различ ни дефиниции, односно согледувања на темата – етнички конфликти, кои, несомнено, се комплексен и динамичен феномен. Основната класификација на етничките конфликти зборува за раз ликување на: меѓународни, внатрешни и регионални конфликти. Спо ред Andrews, некои внатрешни конфликти се ограничени на определе на територија на една држава токму заради природата на конфликтот, а соодветен пример е случајот на Филипините и комунистичкото вос тание. Но, многу од современите конфликти добиваат меѓународна димензија којашто се должи на: економски причини(како случајот со Либија и снабдувањето со нафта), безбедносни причини(како слу чајот со Пакистан и внатрешните немири, но наоѓајќи се во„сендвич“ меѓу Индија и Авганистан неминовно се соочува со барања, интереси и интервенции), религиозни, етнички, политички, културни и други причини коишто имаат регионален или глобален импакт. Според степенот на употребено насилство, етничките конфликти се делат на насилни и ненасилни. Оваа класификација прави разли ка врз основа на: обемот, интензитетот, па дури и времетраењето на употребеното насилство. Разликувањето е клучно, согласно Cordell и Wolff 17 , и е основа на ставот дека самиот термин етнички конфликт е погрешен назив, односно дека укажува дека барем на едната страна во конфликтот целта и е дефинирана во(ексклузивно) етнички рамки и во кој примарната линија на конфронтација е онаа на етничко разли кување. Притоа, се земаат предвид конфликтите во: Северна Ирска, Косово, Кипар, Руанда, Демократската Република Конго, Кашмир и 43 Шри Ланка, како примери за насилни конфликти и примерите на: Естонија(односите меѓу Естонците и Русите), Канада, Белгија, Фран ција, како ненасилни или помалку насилни конфликти. Според Fisher et al. 18 , етничките конфликти може да се поделат на: отворен конфликт(особено видлив, но длабоко вкоренет конфликт), површински конфликт(видлив конфликт, но плиток по своите карак теристики или без никаква вкоренетост) и латентен конфликт(потпо вршински конфликт со потенцијал да исплови на површина). Пример за отворен етнополитички конфликт е збирот на прашања и спорови помеѓу Грција и Турција(вклучувајќи го Кипарското прашање, пра шањето за демилитаризација на островите и цела низа други отворени прашања), додека, пак, пример за латентен конфликт беа односите меѓу Русија и Украина сè до случувањата од февруари, 2022 година. Според темпоралната димензија, етничките конфликти се делат на: краткотрајни и долготрајни. Пример за краткотраен конфликт е Англо-Занзибарската војна од 27 август, 1896 година. Конфликтот тра ел некаде помеѓу 38 и 45 минути и сè уште важи за најкратката војна во историјата на човештвото. Пример за долготраен конфликт е изра елско-палестинскиот конфликт кој започна во 1948 година. Mitchell 19 зборува за разлика меѓу конфликти заради интерес и кон фликти заради вредносно несогласување, односно конкурентски и идео лошки конфликти(според класификацијата на Aubert, 1963) и за разлика меѓу атрибуциски и конфликти за средства. Ова разликување се заснова врз формулацијата на конфликтот како некомпатибилност на целите. Boal 20 смета дека најголемиот број етнички конфликти се терито ријално засновани. Така, доколку се примени територијалниот кри териум, според него, односно согледано од географска перспектива, постојат три скалила на конфликти, а со тоа и три вида конфликти: меѓудржавни, внатрешни и предоминантните микроурбани. Сепак, тој тврди дека конфликтите на овие скалила се интимно поврзани и имаат меѓусебна интеракција. Разрешницата на конфликтот може да продуцира: сецесија, сегрегација или, во најмала рака, одреден степен на одделување на групите. Врз основа на територијалниот принцип може да бидат засновани решенија или, барем, начини за регулирање на етнички конфликти, кои, според него, може да бидат: територијал ност, доминација и заедништво. Пример за етнотериторијална иден тификација како причина за конфликт се Палестинците 21 . 44 Од понудените класификации се согледува извесно несогласување околу: единствена, детерминирана и општоприфатена класификација. Но, ова, според Kriesberg et alia. 22 не е ни возможно имајќи предвид дека една димeнзија на конфликтот не може да даде адекватен сет на категории. Дополнително, тие подвлекуваат дека општествените конфликти се мултидимензионални и затоа треба да има категориза ции, но мора да се земат предвид карактеристиките на непријателите, општествениот систем во којшто се натпреваруваат и прашањата за кои се борат. Литературата изобилува со категоризации на конфлик тите коишто, во зависност од предметното истражување, имаат раз личен фокус. Во продолжение се два примера за таква класификација којашто има соодветно значење за истражувањата на кои се однесува: 1. Berman и Matanock 23 (врз основа на истражувањето на Kalyvas и Balcells) зборуваат за симетрични и нерегуларни конфликти. Нивната класификација се однесува на субнационални кон фликти, а разликувањето е според соодносот помеѓу бунтов ниците и владата – кај нерегуларните има сооднос, соодветно нееднаков сооднос на сметка на владата, но ги става бунтовни ците во предност бидејќи тие успеваат да се претопат со цивил ната популација отежнувајќи ѝ на владата воено да ги победи (примери: Авганистан, Ирак, Филипини, Алжир, Гватемала, Виетнам, итн.); кај симетричните конфликти, или често име нувани како конвенционални, постои симетрична или подед наква сила на двете страни(примери, граѓанската војна во: Либерија, Азербејџан, Босна, Конго, Грузија, Руанда, итн.); 2. Otterbein 24 зборува за конфликт на кланови и племиња коишто опфаќаат разидување во смисла на караница/расправија и војување во поедноставни општества. Притоа, идентифика цијата на овие видови конфликти тој ја прави врз основа на две категории општества – оние што имаат интересни групи засновани врз братствa, и оние кои немаат. Во делот на рази дувањето тој ги разгледува дефинирачките елементи, обемот, дали е платена компензација, кој е таргетот и дали постои ле гитимност за нападот. Војувањето, пак, го именува како дифе ренцирана форма на разидување, при што се нотира постоење на воени организации, со цели и основни обрасци на војување во поедноставни општества(како, на пример, заседа, и други). 45 Според Haider 25 , периодот после завршувањето на Студената војна покажа дека трендовите, како во праксата, така и во науката, покажу ваат сериозен развој на форми на насилни конфликти. Така, според него, современите конфликти се разликуваат: по обемот(повеќе се внатрешни, отколку меѓудржавни, и повеќе се субнационални, откол ку национални); по завојуваните страни(повеќе се недржавни акте ри, како: приватни армии, криминални банди, организирани крими нални групи, терористи или герила организации, наместо: држави, професионална војска или регуларна војска); по методите(зголемена употреба на насилство или герила акции и намерно таргетирање на цивили, наместо војување на конвенционални воени боишта) и во моделот на финансирање(повеќе екстерно, отколку интерно). Сите овие елементи придонесуваат за големо поместување на начинот на којшто еден конфликт може да се појави, развива и разреши и влијаат врз редефинирањето на постојната рамка на анализа на конфликтите. БИБЛИОГРАФИЈА • Alker, H. R., Gurr, R. T., and Rupesinghe, K., Conflict Early Warning Systems. A New Interdisciplinary, Multimethod, Globally Oriented, Research Programme, Paper prepared for the XVIth World Congress of the IPSA, Berlin, August 21–25, 1994. • Ba ḡ ci, H., The Situation During the Cold War. In Do ḡ ramaci, E., Haney, W. and König, G.,(ed.). Proceedings of the First International Congress on the Cypriot Studies held in Gazima ḡ usa on 20-23 November, 1996, Gazima ḡ usa: Centre for Cypriot Studies – Eastern Mediterranean University Press, 1997 • Berman, E and Matanock, M. A., The Empiricists’ Insurgency, Annual Review of Political Science, 2015 18:1, pp: 443-464 • Boal, W. F., Geography of Ethnic Conflict, in International Encyclopedia of the Social& Behavioral Sciences(Second Edition), editor(s): Wright, D. J., Elsevier, 2015, pp: 91-94 • Brahm, E., Conflict Stages, in Beyond Intractability, Burgess, G. and Burgess, H., Conflict Information Consortium, University of Colorado, Boulder. Posted: September 2003. • Brown, M. E., Causes and implications of Ethnic Conflict, in Brown, M. E., (ed.) Ethnic Conflict and the International Security, Princeton: Princeton University Press, 1993, pp. 3-27 46 • Cordell, K. and Wolff, S., The study of ethnic conflict: an introduction, in Routledge Handbook of Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, 2011, pp: 1-15 • Emerson, M., Europeanisation& Conflict Resolution- Testing an Analytical Framework, Brussels: CEPS(Center for European Policy Studies), Policy Brief, No. 59/December 2004 • Fisher, S., Ibrahim Abdi, D., Ludin, J., Smith, R., Williams, S., Williams, S., Working with conflict: skills and strategies for action, Zed books, 2000 • Haider, H., Conflict: Topic Guide, Revised edition with B. Rohwerder. Birmingham: GSDRC, University of Birmingham, 2014 • Kaufmann, C. D., When All Else Fails: Evaluating Population Transfers and Partition as Solutions to Ethnic Conflict, in Walter, B. F. and Snyder, J.(ed.) Civil Wars, Insecurity and Intervention. New York: Columbia University Press, 1999, pp: 221-261 • Kriesberg, L., Laue, J. H., Salem, A. R., Wahrhaftig, P. and Assefa, H, Editors, Section: Handling Deep-rooted and Protracted Conflict, Sociological Practice: Vol. 10: Iss. 1, Article 11, 1992, http://digitalcommons.wayne.edu/socprac/ vol10/iss1/11 • Lund, S. M., Preventing Violent Conflicts- A Strategy for Preventive Diplomacy, USIP, Washington, 1996 • Mitchell, R. C., The Structure of International Conflict, Palgrave, 1981 • Moore, А., Ethno ‐ Territoriality and Ethnic Conflict, Geographical Review, 2016, 106:1, 92-108, DOI: 10.1111/j.1931-0846.2015.12132.x • Otterbein, F. K., Clan and Tribal Conflict, in Encyclopedia of Violence, Peace,& Conflict(Second Edition), Edited by Kurtz, L., Academic Press, 2008, pp: 268-27 • Рајчиновска – Пандева, И., Улогата на меѓународната заедница во кипар скиот конфликт, Магистерска теза, Правен факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, 2006 година • Ruane, J. and Todd, J., Ethnicity and religion, in Routledge Handbook of Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, 2011, pp: 67-79 • Yarn, H. D(editor)., Dictionary of Conflict Resolution, Jossey-Bass Inc., Publishers, San Francisco, 1999 1 Brown, M. E., Causes and implications of Ethnic Conflict. In Brown, M. E.,(ed.) Ethnic Conflict and the International Security, Princeton: Princeton University Press, 1993, pp. 3-27, p. 5. 2 Ibidеm, p. 6-12. 3 Brown, p. 12. 47 4 Brahm, E., Conflict Stages, in Beyond Intractability, Burgess, G. and Burgess, H., Conflict Information Consortium, University of Colorado, Boulder. Posted: September 2003. 5 Lund, S. M., Preventing Violent Conflicts- A Strategy for Preventive Diplomacy, USIP, Washington, 1996 6 Ibidem. 7 Ibidem. 8 Alker, H. R., Gurr, R. T., and Rupesinghe, K., Conflict Early Warning Systems. A New Interdisciplinary, Multimethod, Globally Oriented, Research Programme, Paper prepared for the XVIth World Congress of the IPSA, Berlin, August 21–25, 1994. 9 Kaufmann, C. D., When All Else Fails: Evaluating Population Transfers and Partition as Solutions to Ethnic Conflict, in Walter, B. F. and Snyder, J.(ed.) Civil Wars, Insecurity and Intervention. New York: Columbia University Press, 1999, pp: 221-261, p. 243. 10 Ibid. p.243-244. 11 Види повеќе кај: Рајчиновска – Пандева, И., Улогата на меѓународната заедница во кипарскиот конфликт, Магистерска теза, Правен факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, 2006 година 12 Brown, op. cit., p. 16. 13 Emerson, M., Europeanisation& Conflict Resolution- Testing an Analytical Framework. Brussels: CEPS(Center for European Policy Studies), Policy Brief, No. 59/December 2004, p. 1. 14 Според Ba ḡ ci, H., The Situation During the Cold War, in Do ḡ ramaci, E., Haney, W. and König, G.,(ed.). Proceedings of the First International Congress on the Cypriot Studies held in Gazima ḡ usa on 20-23 November, 1996, Gazima ḡ usa: Centre for Cypriot Studies – Eastern Mediterranean University Press, 1997, p. 87; Студен мир е термин преземен и прилагоден од познатата изрека на Aндреј Козирев дека нема веќе студена војна туку има само студен мир. 15 Yarn, H. D(editor)., Dictionary of Conflict Resolution, Jossey-Bass Inc., Publishers, San Francisco, 1999, p.114 16 Ibidem. 17 Cordell, K. and Wolff, S., The study of ethnic conflict: an introduction, in Routledge Handbook of Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, 2011, pp: 1-15, p. 4. 18 Fisher, S., Ibrahim Abdi, D., Ludin, J., Smith, R., Williams, S., Williams, S., Working with conflict: skills and strategies for action, Zed books, 2000 19 Mitchell, R. C., The Structure of International Conflict, Palgrave, 1981, p. 35-41. 20 Boal, W. F., Geography of Ethnic Conflict, in International Encyclopedia of the Social& Behavioral Sciences(Second Edition), editor(s): Wright, D. J., Elsevier, 2015, pp: 91-94. За етнотериторијалноста види и кај Moore, А., Ethno‐Territoriality and Ethnic Conflict, Geographical Review, 2016, 106:1, 92-108, DOI: 10.1111/j.1931-0846.2015.12132.x 21 Ruane и Todd, зборуваат и за геополитички и геоисториски истражувања на формирањето на различни видови на историски заедници преку процесите на етногенеза/градење на нации, креирање на држави и други процеси. Види во: Ruane, J. and Todd, J., Ethnicity and religion, in Routledge Handbook of Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, 2011, pp: 67-79, p. 70, 71. 22 Kriesberg, L., Laue, J. H., Salem, A. R., Wahrhaftig, P. and Assefa, H, Editors, Section: Handling Deep-rooted and Protracted Conflict, Sociological Practice: Vol. 10: Iss. 1, Article 11, 1992, p. 124. Available at: http://digitalcommons.wayne.edu/socprac/vol10/iss1/11 23 Berman, E and Matanock, M. A., The Empiricists’ Insurgency, Annual Review of Political Science, 2015 18:1, pp: 443-464 24 Otterbein, F. K., Clan and Tribal Conflict, in Encyclopedia of Violence, Peace,& Conflict(Second Edition), Edited by Kurtz, L., Academic Press, 2008, pp: 268-27 25 Haider, H., Conflict: Topic Guide, Revised edition with B. Rohwerder. Birmingham: GSDRC, University of Birmingham, 2014. 48 III  ПОГЛАВЈЕ 3  Н АЦИИ БЕЗ ДРЖАВИ Пред скоро пет децении, Tilly 1 претпостави дека националната др жава минува низ процес во којшто ќе изгуби дел од своето значење, притоа алудирајќи на класичната дефиниција за национална држава (политички ентитет кој има: популација, територија, власт и меѓуна родно признание). Неговиот став беше одраз на можните последици по концептот на државата коишто денес се уште побројни, а еден од нив носи реална закана за системот на национални држави. Станува збор за фактот што постојат повеќе нации од држави бидејќи, како што посочува Nimni, поклопувањето на нацијата со државата неретко е проблематично, па многу често се случува територија окупирана од државите да биде дом на повеќе од една нација што имплицира дека само мал број држави претставени во ООН, всушност, се национални држави 2 . Така, бројни автори посочуваат дека бројот на нации е далеку, од носно повеќекратно поголем од бројот на државите. Nimni зборува за околу 3.000 нации, Brown, своевремено, во екот на третиот бран на демократизацијата, подвлекуваше дека само дваесеттина од земји те-членки на ООН може да се сметаат за етнички хомогени, во смисла на тоа дека имаат културни малцинства коишто не надминуваат 5% од вкупната популација, а Minahan смета дека само 3% од 6.000 на ционални групи во светот имаат постигнато државност 3 . Но, сето ова не значи дека државата, односно модерната држава како политичка институција, губи на значење. Напротив, таа сè уште претставува најзначајната форма на политичка организација во со времениот свет и нема изгледи дека тоа набрзо би било радикално пресретнато со други конкурентски концепти. 49 Постојат повеќе оперативни дефиниции за тоа што претставува на ција без држава. Терминот за првпат е употребен од страна на Leruez 4 , во 1983 година, во неговата книга:„L’Écosse, une nation sans État“, во контекст на односот на Шкотска со Велика Британија, а подоцна попу ларизиран од страна на влијателни истражувачи. Еден од нив, Keating, аргументира дека трите најуспешни, од аспект на изборен процес, на ционалистички движења во западниот свет – Квебек, Каталонија и Шкотска, всушност, не се класични националистички движења, туку проекти за градење на нации коишто ги препознаваат ограничувањата на формулата зад концептот нација-држава и се ангажирани во процес на градење на нација без држава 5 . Наједноставната дефиниција е дадена од Chouinard, која ја иден тификува нацијата без држава како нациja коja нема држава 6 . Факт е дека етницитетот сам по себе не е причина за насилен кон фликт бидејќи најголемиот дел на етнички групи, во најголем дел од случаите, се обидуваат да ги остварат своите интереси преку примена на мирни методи и преку востановени политички канали 7 . Во реално ста, според Newland, проблемот се јавува во моментот кога етницитетот се поврзува со акутна социјална несигурност, историја на конфликт/ судир и, се разбира, со страв од она што иднината може да го донесе 8 . Дополнително, постојат и низа други, не помалку значајни, при чини за етнополитички конфликти. На пример, суштинска улога во генерирањето на етнополитички конфликти во модерно време имаат политичките идентитети. Имено, според Gurr и Harff 9 , мапите на ко ишто светот е прикажан уредно поделен на држави со свои територии и граници, всушност, дава лажна претстава за политичките иденти тети на народите. Согласно нивната забелешка, иако постои големо поклопување на националниот со политичкиот идентитет кај граѓани те, сепак постои сериозен број на примери кога граѓаните наместо со рамката на националниот идентитет се определуваат согласно друга рамка, пред сè, онаа на етничка припадност. Имајќи го сето ова предвид, расправата за нациите без држави ста нува сè поважна и нужна како дел од современиот политички дискурс. Во нации без држави се вбројуваат: Курдите, Палестинците, Велша ните, Шкотланѓаните, Каталонците, и многу други, од Квебек до Шри Ланка, од Мијанмар до Нигерија, од Пуерто Рико до Андалузија, како и историскиот пример на Евреите пред 1948 година, но и многу други. 50 Во следниот дел од ова поглавје, посебно внимание ќе биде посве тено на Курдите, накратко, во воопштен контекст, а потоа конкретно во однос на нивната положба во Република Турција. 3.1 (НАЈГОЛЕМАТА НАЦИЈА БЕЗ ДРЖАВА) Курдите се етничка и јазична група која живее на планината Та урус во источна Анадолија, на планината Загрос во западен Иран, во делови на: северен Ирак, Сирија и Ерменија, и други блиски области. Поголемиот дел Курди живеат во ограничени области на: Иран, Ирак и Турција. Населуваат огромна територија чија политичка географија, пак, припаѓа на пет држави од евроазискиот континент: Турција, Ирак, Иран, Ерменија и Сирија. Оваа територија, главно, е планински реги он попознат како Курдистан, односно„земја на Курдите“. Соодветно, во секоја од погоре споменатите држави регионот доминантно населен со Курди се нарекува Курдистан. Оставајќи го на страна објаснувањето за специфичниот курдски национализам чии што премиси ги редефинираат доминантните тео ретски дискурси за национализмот како историски процес кој се врзу ва за географијата, односно територијата, неопходно е да се напомене дека Курдите, веројатно се најголемата нација без држава во светот. Како етничка група лоцирана на Блискиот Исток, иако се поделе ни со неколку државни граници, тие имаа споделен јазичен и културен идентитет. Населени се на територија којашто опфаќа околу 500.000 км² во петте споменати држави[ Турција(дел на југоистокот), Ирак (северен дел), Сирија(северен дел), Иран(северозападен дел) и Ер менија(западен дел)]. Конзервативната проценка, во недостаток на податоци од пописи, упатува на 20 милиони Курди во светот, додека според самите Курди – бројот е преку 40 милиони(често се оперира со следните бројки: околу 15 милиони во Турција; 7-8 милиони во Иран; 1-2 милиони во Сирија и околу 5 милиони во Ирак). Покрај тоа, Кур дите имаат голема и влијателна дијаспора низ светот, најголемата е во Западна Европа(околу 1.5 до 1.7 милиони). 51 Карта на области населени со курдско население 0 52 Интересно е да се забележи дека и покрај сериозно големиот број на припадници на оваа нација, последната вистинска шанса за реа лизација на идејата за слободен Курдистан, како национална држава на Курдите, се случила во далечната 1920 година 11 . Имено, со крајот на Првата светска војна и редефинирањето на границите во регионот, главно заради распадот на Отоманската империја и формирањето на новата Турска Република, во рамки на Договорот од Севр, од 1920 го дина, било предвидено формирање на три арапски држави, Ерменија и Курдистан. Со поставувањето на Ататурк на чело на новата воена сила на Турската Република, овој договор никогаш не беше ратифи куван, со што и никогаш не стапи на сила. Наместо тоа, во 1923 година беше потпишан нов договор – Договорот од Лозана, во рамки на кој беа потврдени заложбите за формирање на три арапски држави, но не и на Ерменија и Курдистан како посебни национални држави. Областа од најголем интерес во рамки на Курдистан – Мосул, беше изземена од било какви натамошни предвидувања, по што судбината на насе лението од тој регион беше префрлена пред Лигата на народите. Оваа организација го додели споменатиот регион на Иранска управа во 1925 година, а во 1926 година решението стана и официјално со Договорот од Анкара потпишан меѓу: Турција, Ирак и Велика Британија. Во рамки на регионот, кој денес е населен со мнозинско курдско население, во две од државите, споменати погоре, Курдите имаа воспо ставено различни и засебни форми на самоуправување. Така, во Ирак тие имаа de facto автономија од 1991 година, преку Курдската регио нална влада, а таа потоа беше признаена како полуавтономен регион со Уставот на Ирак од 2005 година. Некои Курди, сепак, населуваат територии во Ирак и надвор од овој регион, вклучително и делот на Киркук. Во Сирија, пак, тие се населени во два региона близу до грани ците со Турција и Ирак. Во екот на Сириската граѓанска војна, Курдите во Сирија прогласија самоуправување во 2012 година. 3.1.1  курдското прашање и Република Турција Турција е мултиетничка, мултикултурна земја во која живеат око лу педесет различни муслимански и немуслимански народи(Сунитски муслимани, Алеви Турци, Сунитски Курди, Алеви Курди, Черкези, Ер 53 менци, Грузијци, Евреи, Грци, Арапи, Асирци, и други) 12 . Од времето на основањето на Републиката, државата применува асимилаторски хомогенизирачки политики наменети кон ексклузија на нетурските карактеристики од јадрото на турскиот национален идентитет, што по вратно влијаело врз припадниците на останатите етнички и религиозни групи доброволно да се претопат во мејнстрим политичката култура на Турција обележана од сунитскиот ислам и турското етничко потекло 13 . Турската 14 националистичка доктрина – кемализмот се залагал за чист турски национален идентитет, во којшто немале место кон курентските концепти на други: национални, религиозни и лингви стички идентитети. Токму во оваа насока, кемализмот се обидел да се пресмета со: курдското движење, Алевите, исламските и други рели гиозни заедници, и етничките малцинства на немуслиманските наро ди. Сите заедно претставувале закана за монохроматскиот профил на модерниот Турчин, наследство коешто до денес ја детерминира тур ската политика. Обидите за асимилација како дел од идентитетската политика на кемализмот, освен негирање на посебноста вклучувале користење на репресивни методи и преселување заради потребата од територијална деконцентрација на моќ 15 . Курдското прашање, веројатно, е еден од најсериозните внатреш ни проблеми во историјата на Турската Република, коешто предолго го носи предзнакот на нерешлив и предизвикува морална дилема за земјата и претставува една од најпотенцираните пречки за евроинте грацијата на земјата 16 . За Западот, проблемот, генерално, се лоцира во угнетувањето и негирањето на правата на етничкото малцинство Курди од страна на мнозинската група – Турци 17 . За Турција, пак, курд ското прашање е социо-економски проблем во југоисточниот дел на земјата и проблем на тероризам којшто е асистиран од надворешни сили со намера да се ослаби Турција 18 . Cornell 19 тврди дека во реално ста, ниту едната, ниту друга позиција се коректни бидејќи подлабокото истражување на проблемот покажува екстремна комплексност со број ни компоненти и димензии коишто само го отежнуваат разбирањето на примарните белези на конфликтот. Иако Турција е само една од четирите држави кои имаа значи телна курдска популација, таа има најмногу причини за грижа би дејќи најголемиот дел од Курдите(околу 12 милиони), всушност, се населени на турско тло и сочинуваат скоро 15% од вкупната турска 54 популација 20 . Доколку на ова се додаде надворешната поддршка на Курдите, особено онаа од Сирија 21 , се добива сосема јасна слика за тур ската претпазливост и отпор кон разрешување на прашањето. Турција смета дека екстерната поддршка(вклучително и од силната курдска дијаспора) принципиелно не е насочена кон асистирање на нацио налната борба на Курдите, туку кон искористување на моментална слабост на турската држава и спреченост воено и/или политички да го реши проблемот заради будното око на западната јавност и заканата со отфрлање на евроинтеграцијата како перспектива 22 . Како такво, курдското прашање ја обележува една од централните карактеристики на Турција во XX век – балансот меѓу источното и за падното наследство. Курдите, генерално, ја одбиваат идејата за развој и модернизација на нивниот идентитет во рамки на турската држава. Во оваа насока, нивниот идентитет е дефиниран како: антитурски, ре волуционерен и примарно насочен против историската репресија и насилство на Турците врз нив. Релацијата турско-курдски идентитет е дијалектичка бидејќи историската социјализација на Турците и Кур дите природно ги условила едниот со другиот идентитет и рамковно го определува колективното разбирање на„другиот“ 23 . На Курдите им е неопходна турската референца за да се дефинираат самите себе, исто како што имиџот на Курд бил неопходен за детерминирање на турциз мот. Впрочем, досегашната историја покажува дека колку е посилна субординацијата на курдското малцинство од доминантниот турски режим, толку е појасен курдскиот идентитет за Курдите 24 . 3.1.1.1  Историјат Историски, причините за проблемот се вкоренети во идејата за неза висна курдска држава која била предвидена со Договорот од Севр, како компромис меѓу тогашната турска власт и големите сили во 1920 година, со член 64 25 . Но, со Договорот од Лозана во 1923 година, Турската држава добила нови граници и го вратила суверенитетот врз областите доми нирани од Курдите. Од тој момент, официјална Турција го започнала процесот на турцификација на населението со курдско потекло преку:  Забрана на курдскиот јазик во официјална употреба(вклучу вајќи ги и образовните институции) и забрана на традицио налната курдска облека и музика со закон(1924 година); 55  Нова територијална поделба на Турција на три дела и со закон овозможена релокација на населението од третата област(ју гоисточниот дел) за кое било проценето дека има потреба од асимилација(1934 година);  Неуспех за пробив на курдското прашање во време на поли тички плурализам во пораст во Турција, главно, заради репе титивното и силно влијание на војската како чувар на кема листичката доктрина и турцизмот(период по Втората светска војна);  Апсење и задржување на илјадници: студенти, интелектуалци, писатели и претставници на Курдите(1970-1980 година);  Забрана за официјална употреба на зборот Курд заедно со ја зикот, народните песни, или давањето курдски имиња на но вороденчиња(1983 година);  Донесување на фамозниот Декрет 413 со кој била наметната цензура на мејнстрим медиумите за употреба на зборот Курд или известување од регионот предоминантно населен со Кур ди(1989 година) 26 , итн. Освен политички, Турција се обидувала и воено да се пресмета со курдскиот национализам 27 . Но, сè до 1978 година, кога била формира на организацијата„Револуционери на Курдистан“, подоцна Курдска Работничка Партија 28 , од страна на Абдула Оџалан 29 , турската држава немала сериозен воен противник. Оваа Организација во 1984 година ја започнала вооружената борба која траела до 1999 година. Иако ни когаш не била регистрирана како политичка партија во Турција, ба рањата на курдските бунтовници скоро секогаш биле упатувани преку нејзините структури. Во поново време, активностите на оваа Органи зација се претежно терористички, на што Турција воено и политички реагира(донесен е зајакнат Закон за антитероризам), додека Западот, односно Европа, покажува поддршка(РПК е ставена на листата на терористички организации) и млако негодување 30 . Негирањето на посебниот етницитет на Курдите, како една од примарните закани за турскиот национален идентитет, придонело во текот на 1930-1940-тите години тие да бидат именувани не како Курди, туку како„планински Турци“, бидејќи најголемиот дел од таа популација ги населувала планинските региони на југоисточна Тур ција. Според Heper 31 , тоа биле моменти на навраќање кон етничкиот 56 национализам во Турција, што било резултат на неколкуте востанија на Курдите во периодот од 1925-1938 година. Yegen 32 аргументира дека официјалната турска политика се обидува да ја прикрие ексклузијата/ исклучувањето на Курдите како посебен идентитет заради убедување то дека курдското прашање се поврзува со: реакционерна политика, племенски отпор, регионална неразвиеност и исклучивoст во однос на курдскиот идентитет. Но, Kymlicka 33 смета дека проблемот не е во тоа што Турција одбива да ги признае Курдите како турски граѓани, туку во тоа што се обидува да ги присили да се гледаат како Турци. Насилството во Курдистан, како еден од најдолготрајните национа листички конфликти во светот, не е заради етничка исклучивост, туку заради присилна инклузија на национално малцинство во поголема национална група 34 . 3.1.1.2  на Турција и курдското прашање И покрај популарниот став дека Западот со симпатии гледа на курдското прашање и дека може да го искористи како аргумент за попречување на турската евроинтеграција, неопходно е да се забеле жи дека во Договорот за пристапување на Турција, Европската Унија формално не дава никаква референца во однос на курдското прашање и не ги споменува зборовите Курд или курдско прашање, ниту тер минот малцински права во однос на Курдите 35 . Во сите извештаи за напредокот, сè до почетокот на интензивните судири меѓу курдските бунтовници и Турската држава од 2015/2016 година, ЕУ зборуваше за културни права, културни права на Курдите и малцинствата генерал но, и посветуваше особено внимание на ситуацијата во југоисточниот дел од земјата. Според Gurbey 36 , овој елаборативен пристап во којшто се настојува да не се именува проблемот и индиректно да се напра ви референца, всушност, претставуваше сигнал за Турција дека ЕУ ги зема предвид турските интереси. Извештаите потоа, но и целокупниот дијалог меѓу ЕУ и Турција во однос на курдското прашање беа, главно, со смирувачка нота, односно со обиди покрај идентификација на про блемот на зголемено насилство во југоисточниот дел на Турција, и тоа особено во релација со влошената состојба во регионот, како резултат на војната во Сирија и големиот прилив на бегалци, да се нагласат 57 можни решенија. Имено, ЕУ пристапуваше кон ова прашање со обиди за митигација на конфликтот 37 . Инаку, унапредувањето на статусот на Курдите во Турција може да се трасира уште од 1990 години кога во знак на борба против дис криминацијата била подигната забраната за употреба на курдскиот јазик 38 , а вистинските промени се случиле со доаѓањето на власт на Партијата за правда и благосостојба. Интересно е да се забележи дека во периодот од 1998 до 2002 година значително се подобрила и без бедносната состојба во Турција бидејќи процентот на граѓани коишто сметаат дека теророт и безбедноста се најголеми закани за државата паднал од претходните 39%, на 5.5% 39 . Промената на политичката форма придонела Турција да почне да ги почитува меѓународно пре земените обврски 40 , особено почитувањето на одлуките на Европскиот Суд за човекови права, согласно кои на една третина од 350.000 расе лени Курди за време на судирите во 1990-тите, државата им доделила компензација и го овозможила враќањето во нивните домови 41 . Де лумно биле либерализирани рестрикциите на изразување на курд ската култура, со што била дадена извесна слобода во употребата на јазикот во образовниот систем и медиумите(државни и приватни) и можност за употреба да курдски имиња на новороденчиња 42 . Сепак, иако во минатото ЕУ признаваше извесен напредок во промоцијата на културните права на малцинствата, особено во делот на јазиците, турската политика, генерално, е оценета како рестриктивна, a после случувањата од последните неколку години, вклучително и заради пандемијата, степенот на загриженост за почитувањето и заштитата на правата на Курдите е особено висок(особено во делот на културните права). 3.1.1.3  Радикализација на односите Периодот од 1984 до 1999 година беше познат како првиот бунт. Вториот бунт траеше од 2004 до 2012 година што, во принцип, се по клопува со владеењето на Партијата на правдата и развојот(ППР) во стабилни мандати и влади. Објавата за помирување донесе релативно стабилен период, со повеќе обиди за надминување на разликите од 2013 до 2015 година. Имено, кон крајот на 2012 година беше објавен планот на Ердоган за разрешување на курдското прашање, именуван како Курдско-Турски мировен процес – Çözüm Süreci. Преговорите 58 резултираа со постигнување договор за прекин на огнот во март 2013 година 43 иако несогласувањата на различните групи во двата блока – Турски и Курдски, постигнаа климакс со низа организирани саботажи на процесот: егзекуцијата на три членови на Курдската работничка партија во Париз, објавувањето во јавност на снимки со разговорите меѓу Оџалан и членови на Партијата и бомбашкиот напад на Мини стерството за правда на Турција и канцеларијата на Ердоган во се диштето на ППР во Анкара 44 . Втората половина на 2014 и првата половина на 2015 година беа периоди на повторна ескалација на конфликтот, особено со низата протести и последователни нереди организирани од страна Курдите во повеќе градови во Турција, по повод несогласувањето за, наводната, поддршка на ИСИЛ од страна на Турската држава. Од 2015 година, Турција го доживува третиот бунт на Курдите. Судирите ја надминува ат политичката спротивставеност и сè повеќе станува јасно дека Тур ција влегува во граѓанска војна. Најсилните судири, всушност, следеа после јуни, 2015 година. Кулминација беше постигната во 2016 година, кога Турскиот Суд донесе одлука за притворање на Селахатин Демир таш и Фиген Јуксекдаг – копретседавачи на Народната демократска партија, заедно со уште девет членови на Турскиот парламент, под обвинение за соработка со сепаратистичката КРП(Курдска работнич ка партија). Притворањето беше овозможено со претходно одземање на нивниот пратенички имунитет врз основа на измена на законот предложена од страна на Ердоган, во мај, 2016 година. Ситуацијата дополнително се влоши по неуспешниот државен удар од јули, 2016 година, кога заради сомневање за соработка со Фетулах Ѓулен – оз начен како непријател број 1 на Република Турција и организатор на воениот удар, беа притворени, отпуштени од работа или суспендира ни повеќе од 130.000 лица. Во текот на месец ноември, 2016 година, Европскиот парламент со мнозинство гласови ЗА побара прекин на преговорите со Турција за членство во ЕУ, што само по себе нема моќ и да го цементира процесот на пристапување на Турција кон ЕУ, но испраќа значајна политичка порака до клучните институции и тела на ЕУ коишто одлучуваат за евентуален прекин на процесот. Од 1999 година, односно од кога беа започнати преговорите за членство на Турција, ЕУ има улога на примарен агент за поттикнување на промени во насока на демократизација на Турција. Во таа насока, неопходно е да се напомене дека изминатиот период беа спроведени низа реформи 59 преку законски предлози, но и зголемена почит кон културните права на етничките и религиозните малцинства во Турција, па оттука и на Курдите како најголемо малцинство во рамки на нејзините граници. Сепак, улогата на ЕУ во надминување на разликите меѓу две те страни и разрешувањето на конфликтот е лимитирана од повеќе причини. Унапредувањето на односите меѓу курдското население и државата мора да биде примарно во линија на постигнување мир би дејќи сосема извесно е дека при евентуален судир на курдските бун товници и Турската армија, исходот е предвидлив и поразителен и, веројатно, само ќе предизвикува поголемо и подлабоко незадоволство кај курдското население, ќе предизвика внатрешна војна која ќе има потенцијал регионално дополнително да дестабилизира, а Турција ќе ја однесе многу подалеку од ЕУ интеграцијата, во, и онака комплици раната ситуација, давајќи дополнителна сила на постојното status quo. За размислување:  Именувајте примери на нации без држави чиј статус и барања имаат потенцијал да предизвикаат етнички конфликти!  Опишете ја положбата на Курдите во сите области коишто ги населуваат на Блискиот Исток!  Кои се најзначајните предизвици со коишто се соочуваат нациите без држави?  Обидете се да ги утврдите релациите на курдскиот национализам и турскиот национален идентитет! БИБЛИОГРАФИЈА • Aral, B., Turkey’s Insecure Identity from the Perspective of Nationalism, Mediterranean Quaterly, Winter 1997, pp. 77-91 • Aytar, V., Ozkirimli, U., and Serri, R., Nationalism and the Turkey-EU Relations: Perspectives from both Sides, Heinrich Boll Stiftung Debate with guest speakers Volkan Aytar, Umut Ozkirimli and Riccardo Serri, http://www. boell.eu/downloads/Nationalism_Turkey.pdf 60 • Barkey, J.H., and Fuller, E. G., Turkey’s Kurdish Question, Rowman and Littlefield Publishers, Lanham, Maryland, 1998 • Brown, M. E., Causes and implications of Ethnic Conflict, in Brown, M. E., (ed.) Ethnic Conflict and the International Security, Princeton: Princeton University Press, 1993, pp. 3-27. • Chouinard, S., Stateless nations, in Routledge Handbook in Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, New York, 2nd edition, 2016, pp. 54-67 • Cornell, E. S., The Land of Many Crossroads: The Kurdish Question in Turkish Politics, Orbis, vol. 45, no. 1, 2001, pp. 31-46 • Cox., S. W., A Crisis‘in’ Conflict for International Relations- The Case of the Turkish/Kurdish War through Neogramscian Lenses, National Library of Canada- Bibliothèque Nationale du Canada, Ottawa, 2001. http://www.nlcbnc.ca/obj/s4/f2/dsk2/ftp03/NQ52815.pdf • Gurbey, G., The Urgency of Post-Nationalist Perspectives:„Turkey for the Turks” or an Open Society? On the Kurdish Conflict, in Turkey Beyond Nationalism-Towards Post-Nationalist Identities, edited by Kieser, H., I.B.Tauris, London, 2006, pp. 155-167 • Gurr, T. R. and Harff, B., Ethnic Conflict and the Changining World Order, in Gurr, T. R. and Harff, B.(ed.) Ethnic Conflict in World Politics. Oxford: Westview Press Inc., 1994 • Heper, M., Turkey between East and West, Institute of European Studies, UC Berkley, Working Paper AY0405-16, May 16, 2004 • Kaya, A., Ethnicity and Nationalism in Turkey Before and After 2002 Elections, Bulletin: Anthropology, Minorities, Multiculturalism, No. 5, January 2004 • Keating, M., Stateless nation-building: Quebec, Catalonia and Scotland in the changing state system, Nations and Nationalism 3(4), 1997, pp: 689-717. • Kurdish Institute of Paris, официјална интернет страница http://www.fikp.org • Kurdistan, Encyclopеdia Britannica. 2010. Encyclopеdia Britannica Online. 06 Dec. 2010. • Kymlicka, W., Misunderstanding Nationalism, in„Theorizing Nationalism”, edited by Beiner, S. R., State University of New York Press, Albany, pp. 131-141 • Lake, D.A. and Rothchild, D., The International Spread of Ethnic Conflict – Fear, Diffusion and Escalation, Princeton University Press, Princeton, 1998 • Mango, A., The Turks Today, John Murray, London, 2004 • Minahan, J., Encyclopaedia of stateless nations: S-Z, Greenwood Press, Westport CT and London, 2002 • Newland, K., Ethnic Conflict and refugees, in Ethnic Conflict and International Security, edited by Brown, M., Princeton University Press, Princeton, 1993 61 • Nimni, E., Stateless nations in a world of nation-states, in Routledge Handbook in Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, New York, 2011, pp: 55-67 • Öcalan calls on Kurdish militants to bid farewell to arms for a‘new’ Turkey, Hürriyet Daily News, 21.03.2013 http://www.hurriyetdailynews.com/ Default.aspx?PageID=238&NID=43373 • Second Report of the Independent Commission on Turkey, Turkey in EuropeBreaking the Vicious Circle, Open Society Foundation and British Council, September 2009 • Somer, M., Turkey’s Kurdish Conflict: Changing Context and Domestic and Regional Implications, Middle East Studies, Vol. 58, No. 2, Spring 2004, pp. 235-253 • Tilly, C., Western State-Making and Theories of Political Transformation, in The Formation of National States in Western Europe, edited by Tilly, C., Princeton University Press, Princeton, 1975 • Verdugo, R. R., and Milne A., National Identity : Theory and Research, Edited by Verdugo, R. R., and Milne., A., Charlotte, North Carolina: Information Age Publishing, Inc., 2016 • Watch List 2017, International Crisis Group, Special Report No.3, 24. February 2017 • Whitman, L., Destroying Ethnic Identity: The Kurds in Turkey, A Helsinki Watch Report, Human Rights Watch, New York, August 1990, pp. 13-19. • Yegen, M., The Turkish State Discourse and the Exclusion of Kurdish Identity, in„Turkey: Identity, Democracy, Politics”, edited by Kedourie, S., Frank Cass Publishers, London, 1998, pp. 216-230 • United States Central Intelligence Agency. Kurdish-Inhabited Area U. [Washington, D.C.: Central Intelligence Agency, 2002] Map. https://www. loc.gov/item/2008624764/ • Дел од предавањето на Gündüz Aktan – поранешен амбасадор на Турција во Грција и одговорен за подготовката на апликацијата на Турција за членство во ЕЗ во 1987 година, одржано на Меѓународниот летен курс на Правниот факултет при Универзитетот во Анкара, Република Турција, август, 2007 година • Рајчиновска – Пандева, И., Турција – евроинтеграцијата и националниот идентитет, Правен факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, 2013 година 1 Tilly, C., Western State-Making and Theories of Political Transformation, in The Formation of National States in Western Europe, edited by Tilly, C., Princeton University Press, Princeton, 1975, p. 638 62 2 Nimni, E., Stateless nations in a world of nation-states, in Routledge Handbook in Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, New York, 2011, pp: 55-67, p. 55. 3 Види повеќе кај: Brown, M. E., Causes and implications of Ethnic Conflict. In Brown, M. E.,(ed.) Ethnic Conflict and the International Security(pp. 3-27). Princeton: Princeton University Press, 1993; Nimni, op. cit., p. 55; Minahan, J., Encyclopaedia of stateless nations: S-Z, Greenwood Press, Westport CT and London, 2002 4 Види кај: Verdugo, R. R., and Milne, A., National Identity: Theory and Research, Edited by Verdugo, R. R., Milne, A., Charlotte, North Carolina: Information Age Publishing, Inc., 2016, p.81. 5 Keating, M., Stateless nation-building: Quebec, Catalonia and Scotland in the changing state system, Nations and Nationalism 3(4), 1997, pp: 689-717. 6 Chouinard, S., Stateless nations, in Routledge Handbook in Ethnic Conflict, edited by Cordell, K. and Wolff, S., Routledge, New York, 2 nd edition, 2016, pp. 54-67, p. 54 7 Lake, D.A. and Rothchild, D., The International Spread of Ethnic Conflict – Fear, Diffusion and Escalation, Princeton University Press, Princeton, 1998, p.7 8 Ibid. Види повеќе кај: Newland, K., Ethnic Conflict and refugees, in Ethnic Conflict and International Security, edited by Brown, M., Princeton University Press, Princeton, 1993, p.161. 9 Gurr, T. R. and Harff, B., Ethnic Conflict and the Changing World Order, in Gurr, T. R. and Harff, B.(ed.) Ethnic Conflict in World Politics. Oxford: Westview Press Inc., 1994, p. 1. 10 United States Central Intelligence Agency. Kurdish-Inhabited Area U.[Washington, D.C.: Central Intelligence Agency, 2002] Map. https://www.loc.gov/item/2008624764/. 11 Види повеќе во: Kurdistan, Encyclopеdia Britannica. 2010. Encyclopеdia Britannica Online. 06 Dec. 2010. 12 Kaya, A., Ethnicity and Nationalism in Turkey Before and After 2002 Elections, Bulletin: Anthropology, Minorities, Multiculturalism, No. 5, January 2004, p.1. 13 Ibid., p.1. 14 За пошироката расправа во однос на турскиот национален идентитет види повеќе кај: Рајчиновска – Пандева, И., Турција – националниот идентитет и евроинтеграцијата, Докторска дисертација, Правен факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, 2013 година 15 Ова се однесува на Алевите кои биле поттикнати да ја напуштат руралната средина и да се урбанизираат, Евреите кои со Законот за населување од 1934 година(Закон 2510) како историски заедници биле преселени од областите на Едирне и протоците, Курдите особено по бунтовите во 1920-1930-тите години, итн. 16 Cornell, E. S., The Land of Many Crossroads: The Kurdish Question in Turkish Politics, Orbis, vol. 45, no. 1, 2001, pp. 31-46, p. 31. Barkey, J.H., and Fuller, E. G., Turkey’s Kurdish Question, Rowman and Littlefield Publishers, Lanham, Maryland, 1998, p. xi. 17 Cornell, op. cit., p.31. 18 Ibidem, p.32. 19 Ibidem. 20 Second Report of the Independent Commission on Turkey, Turkey in Europe- Breaking the Vicious Circle, Open Society Foundation and British Council, September 2009, p. 21. 21 Сирија не само што ги поддржуваше курдските активности, туку и му овозможи безбедност на нивниот лидер – Оџалан, во Дамаск. Сирија ја има најмалата популација на Курди од сите земји во регионот и ефективно ја користи за да предизвика концесии кај турската страна за одредени прашања. Mango, A., The Turks Today, John Murray, London, 2004, p. 67, 215, 227. 22 Во оваа смисла, на пример, особено е силна курдската дијаспора во Франција(особено организацијата – Kurdish Institute of Paris) која не само што генерира финансиска асистенција за Курдите во Турција, туку и упатува политички барања за статусот на Курдите. Види повеќе на нивната официјална интернет страница: http://www.fikp.org 23 Cox., S. W., A Crisis‘in’ Conflict for International Relations- The Case of the Turkish/Kurdish War through Neogramscian Lenses, National Library of Canada- Bibliothèque Nationale du Canada, Ottawa, 2001. http://www.nlc-bnc.ca/obj/s4/f2/dsk2/ftp03/NQ52815.pdf 63 24 Ibidem 25 Според Договорот од Севр било предвидено формирање на независна Курдска држава во рок од една година од потпишувањето на Договорот. Но, заради промена на интересите на големите сили и стравот од советско влијание на новоформираната држава, поддршката била повлечена. Истовремено, Турција силно се противела на оваа идеја која, меѓу другото, била една од причините за започнувањето на национално-ослободителната војна која резултирала со значајни победи на турската страна и потпишување на нов договор – Договорот од Лозана. 26 За време на владеењето на Озал и предоминантното политичко влијание на Националниот Совет за безбедност кој, de facto, раководеше со Турција после третиот воен удар. Whitman, L., Destroying Ethnic Identity: The Kurds in Turkey, A Helsinki Watch Report, Human Rights Watch, New York, August 1990, pp. 13-19. 27 Уште во 1925 и 1930 година имало две востанија на курдските бунтовници кои биле крваво задушени а заради обезбедување на состојбата била наметната воена состојба и испратени околу 50.000 турски трупи во регионот. 28 Mango, op. cit., p. 215. 29 Абдула Оџалан е основач и долгогодишен водач на Курдската работничка партија. По воениот удар во 1980-тите за да ја избегне репресијата на војската, бега во Сирија каде обезбедува поддршка од тамошната власт и власта на Ирак за решавање на курдското прашање(поделба на Курдите кои и во двете земји имале голема популација и за ослабување на Турција). Во 1984 година преку ирачка територија ја лансира герилската војна против Турција. Во 1998 година турскиот премиер Еџевит ѝ се заканил на Сириската влада со употреба на сила доколку не го предаде Оџалан. Сирија ја укинала поддршката, па Оџалан патувал низ светот обидувајќи се да добие заштита(Италија и Русија го одбиле, но Грција ветила помош). По ефективната акција на турските командоси во февруари 1999 година, Оџалан беше уапсен во Кенија каде се криел под заштита на Грчката влада во нивното дипломатско претставништво, со пасош обезбеден од Република Кипар, и вратен во Турција. Голем дел од турската јавност повикувала на смртна казна бидејќи во текот на судирите загинале преку 5.000 членови на безбедносните сили и околу 11.000 биле ранети, а војната ја чинела Турција скоро 15 милијарди долари. Тој бил осуден на смрт, но смртната казна била одложена во очекување на пресуда од Европскиот Суд за човекови права. Во 2002 година, Турскиот парламент ја укинал смртната казна со што неговата казна била заменета со доживотен затвор. Ibidem. p.98, 219. 30 Aytar, V., Ozkirimli, U., and Serri, R., Nationalism and the Turkey-EU Relations: Perspectives from both Sides, Heinrich Boll Stiftung Debate with guest speakers Volkan Aytar, Umut Ozkirimli and Riccardo Serri, http://www.boell.eu/downloads/Nationalism_Turkey.pdf 31 Heper, M., Turkey between East and West, Institute of European Studies, UC Berkley, Working Paper AY0405-16, May 16, 2004, p. 17-18. 32 Турскиот државен дискурс го идентификувал курдското прашање: со минатото(чии претставници беа Султанатот и Калифатот), како опозиција на сегашноста(на пример, републиканскиот режим), со традицијата(на пример, постоењето на автономни политички структури), како опозиција на модерноста(централистичка републиканска историја), со политичкиот и економскиот отпор на периферијата(шверц и отпор кон оданочување и воена регрутација) и како опозиција на националната интеграција(интегрирана национална пазарна економија). Yegen, M., The Turkish State Discourse and the Exclusion of Kurdish Identity, in Turkey: Identity, Democracy, Politics, edited by Kedourie, S., Frank Cass Publishers, London, 1998, pp. 216-230, p. 226. Несомнено, голем дел од овие аргументи претставуваат проблем за турската држава. Aktan, на пример, подвлекува дека додека Западот во континуитет инсистира на решавање на курдското прашање одбива да ја согледа реалноста во која турската држава има проблем со имплементација на своите закони во региони каде живеат мнозинство Курди. На пример, законот со кој полигамијата е забранета покажува целосен неуспех во овие региони каде новите поколенија Курди рапидно се зголемуваат на сметка на турската етничка популација, која овој закон го прифатила уште од неговото 64 донесување. Дел од предавањето на Gündüz Aktan – поранешен амбасадор на Турција во Грција и одговорен за подготовката на апликацијата на Турција за членство во ЕЗ, во 1987 година, одржано на Меѓународниот летен курс на Правниот факултет при Универзитетот во Анкара, Република Турција, август, 2007 година. 33 Kymlicka, W., Misunderstanding Nationalism, in„Theorizing Nationalism”, edited by Beiner, S. R., State University of New York Press, Albany, pp. 131-141, p. 134. 34 Ibidem. 35 Gurbey, G., The Urgency of Post-Nationalist Perspectives:„Turkey for the Turks” or an Open Society? On the Kurdish Conflict, in Turkey Beyond Nationalism-Towards Post-Nationalist Identities, edited by Kieser, H., I.B. Tauris, London, 2006, pp. 155-167, p. 159. 36 Ibidem. 37 Watch List 2017, International Crisis Group, Special Report No.3, 24. February 2017, p. 30. 38 Aral, B., Turkey’s Insecure Identity from the Perspective of Nationalism, Mediterranean Quaterly, Winter 1997, pp. 77-91, p. 86. 39 Покрај безбедносната култура, напредок е регистриран и јавно-политичкиот дискурс. Види повеќе кај: Somer, M., Turkey’s Kurdish Conflict: Changing Context and Domestic and Regional Implications, Middle East Studies, Vol. 58, No. 2, Spring 2004, pp.235-253, p.236. 40 Иако во 2002 година Турскиот парламент го ратификуваше Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Турција стави провизии во кои беа изнесени резервации во однос на правото на образование и малцинските права и беше предвидено правото на: етничките, религиозните и јазичните малцинства да бидат определени согласно Уставот на Република Турција и Договорот од Лозана. Согласно овие два документа, Курдите не се признаени како малцинство, па оттука и неможноста за повикување на меѓународните обврска или пракса. Види повеќе кај: Gurbey, op. cit., p.161. 41 Second Report of the Independent Commission on Turkey, op. cit., p.22. 42 Gurbey, op.cit., p.160. 43 На 21 март, 2013 година, Оџалан писмено се обрати до Курдите и Турците со писмо во коешто повика на прекин на огнот и крај на вооружената борба, по што Курдската партија се огласи дека ќе го почитува договореното и дека 2013 година ќе биде година на решавање на проблемот преку употреба на воени или мирнодобски средства. Веќе на 25 април 2013 година, КРП објави повлекување на вооружените сили од Турција во Северен Ирак, како прв чекор кон нормализација на односите. Öcalan calls on Kurdish militants to bid farewell to arms for a‘new’ Turkey, Hürriyet Daily News, 21.03.2013 http://www.hurriyetdailynews.com/ Default.aspx?PageID=238&NID=43373 44 Настанот беше осуден од страна на претставници на двата табора кои ја искажаа својата посветеност и решителност за разрешување на проблемот. 65 IV  ПОГЛАВЈЕ ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ, МИГРАЦИИ И БЕГАЛЦИ Во последните неколку декади, светот претрпе исклучителни про мени под притисок на процесот на глобализација кој придонесе за поврзаноста на истиот на начини какви што претходно не постоеле 1 . Општествата низ светот мораа да поминат низ витални трансформа ции коишто резултираа од развојот на: социјалните, економските и политичките арени. Домашната политика, пак, мораше да се справу ва со ударни прашања коишто ги надминуваа државните граници и надлежности, а меѓународната политика се чини бавна, па дури и во одредена смисла застарена, бидејќи не успеа да ги антиципира клуч ните одлики на политичкиот универзум на денешнината. Една од тие одлики се миграциските текови и, особено, присилната миграција за ради конфликт или војна. Согласно Извештајот за меѓународна миграција на Генералниот секретар на ООН за 2020 година, бројот на меѓународни мигранти на светско ниво достигна 272 милиони во 2019 година, покажувајќи пораст за 119 милиони од 1990 година 2 . Истиот Извештај подвлекува дека во периодот меѓу 1990 и 2019 година, земјите коишто се наоѓаат во поразвиените региони добија 69 милиони меѓународни мигран ти, додека, пак, земјите од помалку развиениот дел од светот имаа 49 милиони, како и дека до 2019 година скоро 56% од вкупниот број на меѓународни мигранти, или 152 милиони, беа населени токму во овие вторите, помалку развиени региони 3 . Според UNHCR, на почетокот на 2020 година, околу 79.5 милиони лица беа принудени да ги напуштат своите домови како резултат на: 67 прогон, конфликт, повреда на човековите права или други причини, вклучувајќи ги 45.7 милиони внатрешно раселените лица, 29.6 ми лиони бегалци и други присилно раселени надвор од својата земја, како и 4.2 милиони баратели на азил 4 . Бројката за 2021 година е уште поголема и надминува 84 милиони, за првпат во човековата историја, а ситуацијата во последните две години дополнително е усложнета не само заради разгорувањето на нови конфликти и низа елементарни непогоди, туку и заради пандемијата Ковид-19 којашто драматично влијаеше од 2020 година. 4.1  МИГРАЦИИ И ВОЈНА Историски, миграцијата често била предизвикана од: воени деј ствија, креирање на нации, појава на нови држави или како потрага по економски можности 5 . Сите овие фактори се одговорни за доброволна или присилна ми грација низ вековите, а денес, главните мотиви и најчестите причи ни продуцираат неколку различни видови на миграциски категории коишто се врзуваат со: потрага по работа, студирање, семејно обеди нување, развој на бизнис, итн. 6 Иако доминира претставата дека ми грацијата е проблем, таа, всушност, има исклучителен придонес во напредокот на човештвото и поттикнала процеси коишто го транс формираа животот на човекот, како што се модернизацијата и инду стријализацијата 7 . Не постои унифицирана и универзално прифатена дефиниција за миграцијата бидејќи определувањето на тоа кој е мигрант е различно од држава, во држава и е поврзано со миграциското законодавство кое, пак, е засновано врз политички и социо-економски интереси. Така, на пример, King et al, ја дефинираат миграцијата(особено меѓународна та) како перманентна или долготрајна промена на животна ситуација 8 . Според Меѓународната организација за миграции(IOM – International Organization of Migration), миграцијата е движење на лица надвор од местото на живеење, или преку државната граница или во рамки на државата 9 . А, Lee ја дефинира како промена во постојаното или полу постојаното живеалиште, и како нешто што вклучува: потекло, дести нација и интервенирачки пречки, последователно земајќи ги предвид и темпоралната и просторната димензија на миграцијата 10 . 68 Миграцијата е релациона бидејќи ги зголемува надежите на една страна – надежите на мигрантите и ги продлабочува стравовите на друга страна – стравовите за општеството што ги прима 11 . Надежта може да донесе крај за: економските, политичките и други тешкотии на мигрантите, а стравовите се директно врзани со нагласената раз личност(етничка, расна, религиозна, и други) која миграцијата ја ге нерира и го афектира: социјалниот, културниот и политичкиот штоф на општествата во земјите на дестинација, особено на долг рок 12 . Како што Cantle подвлекува – конфликтите се неизбежни кога многу: култу ри, религии, вредносни системи и глобални системи заемно делуваат и се соочуваат 13 . Консеквентно, миграцијата е често опишана како ин херентно подвојувачка тема особено кога се во прашање: идентитетот, националната безбедност и суверенитетот 14 . А, во конфликтите коишто имаат тенденција да перпетурираат војна, влоговите се високи не само заради промената на балансот во смисла на политиката, туку и заради економијата во: национален, регионален и меѓународен контекст, и уште позначајно, во однос на човековата безбедност и сигурност. Листата на прашања коишто генерираат војна е екстензивна и вклучува: територијални барања; процеси на национално ослободу вање и креирање на држава; национално обединување или консоли дација; одржување на интегритет на државата; одбрана или поддршка на сојузник; етничко или верско обединување; заштита на национални и/или комерцијални интереси, итн. Според Holsti, анализата на вто рата половина на XX век вбројува дваесет и пет прашања, а составот на владата како прашање коешто генерира конфликт е на врвот на листата 15 . Неговото истражување на војните и прашањата коишто ге нерираат војни во периодот 1945-1989 година, детектира вкупно 58 војни или интервенции. Од нив, 22 беа војни во класична форма(две земји коишто користат воена сила меѓу себе), а останатите беа војни за национално ослободување покренато од нерегуларни сили, различни воени интервенции и неколку случаи кои може да бидат означени како peacekeeping, односно интервенции за одржување на мир 16 . Негово то натамошно истражување во делот на фреквенцијата на прашања коишто продуцираат конфликт за периодот од 1648 до 1989 година, покажува дека територијата е прашање коешто предводи и, иако со тек на време го губи значењето, има особена потентност. Влегувањето во војна не е лесна и очекувана одлука којашто ја носи некоја влада или група. Тоа, впрочем, е одлука којашто се темели брз 69 комплексна пресметка на: трошоци, предности, степени на закана, ризик и слично 17 . Исто така, доколку се погледне човековата историја ќе се нотира дека човештвото било изложено многу повеќе на војни, отколку на мир 18 . Оттука, со сигурност може да се смета дека мирот наликува на краток интервал во човековата историја исполнета со вој ни, особено: меѓудржавни, меѓународни и светски војни. Потврдата на овој став е дадена од страна на многумина(Wright, 1965, Singer and Small, 1972, Sorokin 1937, Richardson, 1960, Luard, 1988) и бројките пре зентирани во нивните студии се сериозни. На пример, Wright избројал 200 големи светски војни во периодот од 1480 до 1941 година, Singer и Small имаат наброено 90 големи светски војни во периодот од 1816 до 1965 година, Sorokin открил 862 големи национални војни во Европа во периодот од 1100 до 1925 година 19 , итн. Слични заклучоци може да се најдат и при поблиско истражување на историјата на граѓанските војни. Нивното појавување е особено често во изминатите неколку декади, или попрецизно во периодот после Студената војна. Всушност, Snyder и Jervis сведочат за тоа дека граѓанските војни имаат постигнато доминација на меѓународната безбедносна агенда, па меѓународната заедница се чувствувала за об врзана да интервенира 20 или преку употреба на сила, наметнување на мир, и мерки за градење или одржување на мир. Она што особено загрижува е тоа што прекинувањето на граѓанската војна воопшто не е лесно. Така, истражувањето покажува дека помирувањето како исход на граѓанските војни често и не го носи ветениот мир и дека од 1945 година дури 57% од ваквите разрешници на граѓански војни беа неу спешни во превенцијата на обновен конфликт 21 . Такви се случаите во: Колумбија, Кипар, Индија(Кашмир), Судан, Зимбабве, Либан, Уганда, Лаос, Ангола, и други, кои искусија обнова на насилство или обнова на граѓанска војна 22 . Сирија, за жал, е школски пример за граѓанска војна на модерно то доба 23 . Оваа земја има историско наследство, од околу 150 години, на вдомување на бројни групи, односно на лица кои биле протерани или раселени. Според Chatty, овие популациски движења од век и по ловина останаа вкоренети во психата на модерната Сириска држава, креирајќи уште поголема толеранција за: движење, мобилност и ми грација 24 . 70 Граѓанската војна во Сирија го носи предзнакот на една од најго лемите хуманитарни кризи во современата историја, но и како најло ша во модерниот Блиски Исток 25 . Од месец февруари, 2021 година, според UNHCR, има 5.588.012 вкупно регистрирани сириски бегал ци, од кои: преку 3 милиони се наоѓаат во Турција, преку 860.000 лица се во Либан, преку 660.000 во Јордан, преку 240.000 во Ирак, преку 130.000 во Египет, и преку 30.000 во Северна Африка 26 . Допол нително, околу 6.2 милиони, вклучувајќи и 2.5 милиони деца кои се раселени во рамки на сириската територија, креирајќи ја на тој на чин најголемата светска популација на внатрешно раселени лица 27 . UNHCR бележи и дека преку 1.8 милиони луѓе, од погоре наведената бројка, се раселени од 2017 година, а за многу од нив тоа се случува по втор или трет пат. Сирија има, и истовремено самата е синоним за меѓународна хума нитарна криза која изискува меѓународна соработка и споделување на товарот. Покрај: хуманитарниот, социјалниот и економскиот одговор на кризата, мора да има и политички одговор. Бидејќи, како што Betts и Collier прецизно подвлекуваат – тоа што се случи во 2015 година не треба да се смета за криза во бројки, туку политичка криза 28 . 4.2  ПРИСИЛНА МИГРАЦИЈА Присилната миграција е широк термин. Ги опфаќа: бегалците, ба рателите на азил, внатрешно раселените лица, лицата без државјан ство, и други 29 . Присилната миграција може да биде резултат на многу фактори или, т.н., двигатели на миграцијата. Овие фактори може да бидат единечни или многубројни и да претполагаат: индивидуална, семејна или колективна присилна миграција. Освен политичкото или етничко насилство или прогон, во фактори влегуваат и развојни про екти(како, на пример, изградба на брана), проекти за заштита од при родни катастрофи(поплави, земјотреси или урагани), итн. 30 Меѓутоа, предмет на наш интерес е присилната миграција заради конфликт или војна. Ben-Yehuda и Goldstein, изработиле особено вредно истражување за обемот на присилна миграција и насилство во меѓународните кризи. Тие презентираат индекс на степенот на присилна мигра ција преку идентификување на 229 кризи, кои се определени како 71 кризи со присилна миграција 31 . Преку анализа на однесувањето во 374 меѓународни кризи кои се случиле во периодот од 1945 до 2015 година, тие класифицирале 61% од нив како кризи со присилна ми грација и 39% како кризи кои не вклучувале присилна миграција 32 . Од 229 кризи кои се идентификувани како кризи со присилна мигра ција, само 14% воопшто не вклучувале насилство, додека, пак, 23% вклучувале војна. Во однос на територијалниот аспект, тие откриле дека: најголемиот број кризи со присилна миграција биле лоцирани во Африка, додека, пак, повеќето кризи кои не вклучувале присилна миграција се случиле на Блискиот Исток, Азија е идентификувана како територија на која се случиле и најголемиот број и двата под вида на кризи 33 . Бегалската криза во 2015 година која беше поттикната од граѓан ската војна во Сирија брзо беше забележана како еден од најважните настани во човековата историја, заради повеќе причини. Влијанието на кризата, не само во регионална, туку и во меѓународна смисла, беше огромно. Така, на пример, само во 2015 година Европа забележа огро мен број на бегалци и баратели на азил, кои пораснаа од 600.000 во 2014 година, до 1.3 милиони 34 . Сепак, Сирија не беше и не е изолиран случај. Има многу други наративи кои продолжуваат да опстојуваат и пркосат и покрај тоа што, можеби, конфликтот или војната одамна се завршени. Таков е примерот со Граѓанската војна во Шри Ланка која траеше дваесет и шест години(од 1983 до 2009 година) и резултираше со масовно раселување и бран на Тамилски бегалци 35 . Како што изве стува UNHCR, две години по завршувањето на војната, во 2011 година сè уште имаше 136.605 бегалци и дополнителни 136.617 кои се наоѓаа во слична состојба 36 . Во минатата декада, земјите кои имаат традиционален висок при лив на мигранти се соочуваат со зголемена гласност на десничарска и крајнодесничарска идеологија, придружена со антимигрантски и ксе нофобичен популизам 37 (како, на пример, Обединетото Кралство, но и на многу други места на глобалниот север и особено кај земјите-член ки на Европската Унија). Значајното влијание на присилната мигра ција како политичко прашање со глобални последици беше нотирано во студијата на Ben-Yehuda и Goldstein, погоре. Нивните заклучоци подвлекуваат дека тоа во последната декада се должи на Сириската граѓанска војна 38 . 72 4.3  ПРЕДИЗВИЦИ И ОДГОВОРИ Еден од најважните предизвици во справување со присилната миграција е споделениот товар, односно споделената одговорност 39 . Споделувањето на одговорноста се поврзува со влијанието на огромен прилив на бегалци во земјата домаќин и станува покомплицирано до колку земјата домаќин и земјите на транзит сносат несразмерен товар, споредено со другите земји. Поделбата на товарот може да се однесува на: материјална, техничка, финансиска помош и физичка релокација на лица преку хуманитарна евакуација или преселување 40 . Треба да биде направена на разумен и ефективен начин 41 , без разлика на тоа дали земјата домаќин има политика на отворени врати или се наоѓа во соседство или во близина на земјата на потекло на бегалците па на некој начин се наоѓа принудена да ги прифати. Како што Ineli-Ciger забележува, товарот станува дури и потежок во ситуации кои се оддол жуваат 42 , и решенијата овозможени со Конвенцијата од 1951 година не функционираат, па се појавува нормативна празнина која стои на патот на фактичко споделување на товарот меѓу државите, и обезбедувањето на одговорност од државите кон бегалците 43 . Меѓународните напори за пополнување на оваа празнина го иницираа Глобалниот Компакт за Бегалците во 2018 година како глобален механизам за мобилизација на меѓународна соработка 44 . Успехот на овој одговор допрва треба да се увиди, особено во однос на имплементацијата, но политичката волја и политичката реалност остануваат главни предизвици 45 . Друга сериозна грижа се врзува со односот помеѓу присилната миграција и безбедноста. Имено, како што Turk подвлекува, безбед носните прашања се јавуваат не само како причина за бегство, туку и како очигледен белег за време на бегањето(на пример, како резултат на небезбедни патни рути или напади од бандити или пирати, или војна која се одвива во гранични региони или заради немање избор па се прибегнува кон опцијата криумчарење) 46 . Согласно ова видување, и покрај фактот дека бегалците бегаат заради закана за нивната фи зичка безбедност(заради: политички, религиозни верувања, нацио налност, етницитет, итн.) тие, бегалците, може да бидат пресретнати од безбедносни закани дури и тогаш кога ќе пристигнат во земјата домаќин(вклучувајќи: злоупотреба, сексуална експлоатација, приси лен труд, итн.) 47 . 73 Еден од главните одговори на ваквите предизвици е интеграција та 48 . Споредбено, таа е и еден од најголемите предизвици бидејќи оп фаќа многу аспекти и побарува развој на специфични навигациски вештини и интеркултурни компетенции 49 . Интеграцијата на бегалците и имигрантите во новите општества е од витално значење во насока на кохезија и солидарност, и пошироко како потврда за нивната при падност кон човештвото. Ова е важно особено во контекст на мигра циското табу и одговорот(во политичка смисла, во смисла на полити ки и во морална смисла). Миграцијата како политичка тема е горливо прашање, додека, пак, како политика на одредена власт според Collier може да постулира решенија кои опфаќаат мерки од отворена врата која е фаворизирана од економистите, па сè до затворена врата која е фаворизирана од електоратите 50 . Во делот на моралниот одговор тој тврди дека е збунувачки поврзан со сиромаштијата, национализмот и расизмот, но и дека постојните перцепции за правата на мигрантите се обликувани од погрешната претстава за различни минати неправди 51 . Интеграцијата е редовно предизвикана од процеси кои се разви ваат надминувајќи ги државните граници па дури и рамката на наци оналните идентитети, па Cantle се чини сосема во право кога тврди дека инвестирањето во навигациски вештини кои им овозможуваат на граѓаните да стекнат способност за истражување на други иден титети и да градат способност за разбирање и прифаќање на други култури, е од клучно значење. Всушност, овој процес може да води кон развој на друг слој на идентитетот, космополитски слој или слој на глобален граѓанин, па според него тоа може да има ефект врз мини мизирањето на конфликтите доколку е градуално придодаден на веќе растечката комплексност на персоналниот идентитет 52 . Последново е значајно имајќи ги во превид денешните општества кои стануваат се покомплексни и крајно диверзифицирани и покрај многуте обиди на националните држави за заштита на нивните граници и отпорот кон миграцијата 53 . Еден од круцијалните чекори е да се преобмислат и реконстру ираат, т.н., трајни решенија(durable solutions). UNHCR долго време работи на востановување на овие решенија 54 , а сеопфатното решение коешто има: правни, економски, социјални и културни, политички и граѓански димензии, мора да ги адресира сите за да може да се смета дека е одржливо 55 . 74 Обмислувањето на решенијата, секако, бара време и инволви раност на многу партнери, но клучот е во поврзувањето на сите ди мензии. Патеките на заштита и решенија вклучуваат: доброволна ре патријација(како во случаите на Ангола, Руанда, и други), локална интеграција(како во случаите на Бразил, Уганда, и други), населување во трета земја(како во случаите на Египет и активностите на Syria Core Group) 56 . Сепак, истражувањето, и уште позначајно праксата, покажу ва дека овие традиционални трајни решенија не се доволно успешни, дека постојната рамка се соочува со низа ограничувања и дека бројките на лица кои се раселени на подолг временски период се во пораст 57 . UNHCR работи на проширување на решенијата, а еден од модусите е промоцијата на комплементарни патеки – како што е семејно обеди нување и издавање на хуманитарни визи, но и работа со државите за да се адресираат некои од бариерите што ги попречуваат бегалците во пристапот кон решенијата 58 . И, секако, можеби најголемиот предизвик се однесува на поврза носта помеѓу меѓународната безбедност и присилната миграција. Број ни истражувачи(Loesher 1992, 1993; Weiner 1993, 1995; Stedman and Tanner 2003; Salehyan and Gleditsch 2006) подвлекуваат дека постои причинско-последична врска помеѓу бегалците и конфликтите. Некои дури и ја пренагласуваат оваа релација(како, на пример, Weiner 59 ), но особено е важно да се истражат основните причини за војната или конфликтот, како би се добила вистинска претстава за карактеристи ките на насилството и како би можеле навремено да бидат преземени мерки за превенција и утилизирање на претпоставки за можна мигра циска криза, па сите решенија би се операционализирале на одржлив и ефективен начин. Предвидувањата за иднината во делот на миграцијата се нејасни, но доколку се суди според трендовите за кои зборуваат компетентни извори, како, на пример, IOM, бројките се во постојан пораст. Така, ако во 2010 година имало 214 милиони меѓународни мигранти, се очекува дека со иста стапка на раст до 2050 година оваа бројка да биде повеќе од 400 милиони 60 . Во Извештајот на UN DESA за 2019 година, бројот на меѓународни мигранти изнесува скоро 272 милиони споредено со 221 милион во 2010 година 61 . Според UN DESA, глобалната бројка на меѓународни мигранти расте побрзо од вкупната светска популација, па консеквентно од 2.8% во вкупната популација за 2000 година таа пораснала на 3.5% во 2019 година 62 . 75 Несомнено, секој миграциски бран има политички и економски набој пред сите други можни аспекти. Но, постојат различни имплика ции во делот на споделување на одговорноста кај земјите, во смисла на тоа дали станува збор за: земја на потекло, транзитна земја или земја на дестинација. Betts нагласува дека присилната миграција по дефи ниција е индикативна за распадот на системот на национални држави и дека сите форми на присилна миграција суштински го доведуваат во прашање државниот суверенитет и отвораат бројни други прашања коишто се однесуваат на безбедноста и меѓународната политичка еко номија 63 . Денес, светот сè уште е оној на националните држави, а многу од националните идентитети се исковани како резултат на војните и конфликтите кои се водени во нивно име. Оттука, сосема реално и миграциските политики и закони на државите го рефлектираат тоа, па политичките и економските резонанци артикулираат многу тесни и специфични национални интереси. Единствен начин на пресрет нување на последиците од, и справување со кризи кои се проследени со присилна миграција како резултат на конфликт или војна, е преку меѓународна акција и отелотворување на принципите на меѓународ ното право првично во насока на превенција и, доколку има потреба, и разрешување на причините за насилството. За размислување:  Од аспект на демократскиот развој, кои се најголемите предизвици за земјите во регионот на Западен Балкан?  Каква е поврзаноста на демократизацијата и етничките конфликти?  Кои се карактеристиките на транзиционата парадигма во современи услови?  Какви предизвици носат авторитаризмот и популизмот во однос на демократијата и либералната демократија? 76 БИБЛИОГРАФИЈА • Ager, A. and Strang, A., Understanding Integration: A Conceptual Framework, Journal of Refugee Studies 21(2), pp. 166-191 • Beaujouan, J., and Rasheed, A., Syrian Crisis, Syrian Refugees – Voices from Jordan and Lebanon, ed. by Beaujouan, J., and Rasheed, A., Palgrave Macmillan, 2020 • Ben-Yehuda, H. and Goldstein, R., Forced Migration Magnitude and Violence in international crises: 1945-2015, Journal of Refugee Studies, Vol. 33, No.2, 2020, pp: 336-358 • Bermúdez, S., Refugees welcome? Cross-European public opinion on asylum seekers following the 2015 crisis, Real Elcano Institute, 27.10.2020, http://www. realinstitutoelcano.org/wps/portal/rielcano_en/contenido?WCM_GLOBAL_ CONTEXT=/elcano/elcano_in/zonas_in/ari119-2020-bermudez-refugeeswelcome-cross-european-public-opinion-on-asylum-seekers-following-2015-crisis • Betts, A. and Collier, P., Refuge: Transforming a Broken Refugee System, UK: Penguin Random House, 2018 • Betts, A., International Relations and Forced Migration, in The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, pp. 60-74 • Bidandi, F, Understanding refugee durable solutions by international players: Does dialogue form a missing link?, Cogent Social Sciences, 4:1, 2018 • Cantle, T., Interculturalism – The New Era of Cohesion and Diversity, Palgrave Macmillan, London, 2012 • Chatty, D., Syria – The Making and Unmaking of a Refugee State, Hurst and Company, London, 2017 • Collier, P., Exodus – How Migration is Changing Our World, Oxford University Press, 2013 • Conclusion on Protracted Refugee Situations, UNHCR ExCom Conclusions, No. 109(LXI), 2009 • Fitzpatrick, J., Revitalizing the 1951 Refugee Convention, Harvard Human Rights Journal, 9, 1996, pp: 229-253 • Forced displacement passes 80 million by mid-2020 as COVID-19 tests refugee protection globally, UNHCR Press Release, 09 December 2020, https://www. unhcr.org/news/press/2020/12/5fcf94a04/forced-displacement-passes-80million-mid-2020-covid-19-tests-refugee-protection.html. • Frelick, B., Political Realities Challenge Refugee Reform, Open Democracy, 9 March 2016, available at: http://www.opendemocracy.net/openglobalrights/ bill-frelick/political-realities-challenge-refugee-reform 77 • Global Compact on Refugees, UNHCR, Annual Report to the United Nations General Assembly, UN DOC A/73/12. • Glossary on Migration, International Migration Law N°34, IOM, 2019, https://publications.iom.int/system/files/pdf/iml_34_glossary.pdf • Goodwin, М., Ford, R. and Cutts, D., From Euroscepticism to Islamophobia: The changing Face of UKIP, University of Nottingham Research Briefing, University of Nottingham, 2011. • Haas, D. H., Castles, S., and Miller, J.M., The Age of Migration – International Population Movements in the Modern World, The Guilford Press, New York, 2020 • Haer, R. and Hecker, T., Recruiting Refugees for Militarization: The Determinants of Mobilization Attempts, Journal of Refugee Studies, Vol. 32, No. 1, pp. 1-23. • Hathaway, C. J. and Neve, A. R, Making International Refugee Law Relevant Again: A Proposal for Collectivized and Solution-Oriented Protection, Harvard Human Rights Journal, 10, 1997, pp: 115-211. • Holsti, Ј. К., Peace and War: Armed Conflicts and International Order 16481989, Cambridge University Press, Cambridge, 1998 • Ineli-Ciger, М., The Global Compact on Refugees and Burden Sharing: Will the Compact Address the Normative Gap Concerning Burden Sharing?, Refugee Survey Quarterly, 2019, 38, pp. 115-138. • International Migrant Stock 2019, UN Department of Economic and Social Affairs, available at https://www.un.org/en/development/desa/population/ migration/data/estimates2/estimates19.asp • International migration and development: report of the Secretary-General, UN Secretary General, A/ 75/292, 5 August 2020, available at: https:// digitallibrary.un.org/record/3885869?ln=fr • King, R., Aija, L., Mueller, D. and Vathi, Z., Visiting friends and relatives and its links with international migration: a three-way comparison of migrants in the UK, Working Paper. Malmö University, Malmö, 2013 • Lee, S. E, A theory of migration, Demography 3, 1966, pp: 47–57 • Licklider, R., The Consequences of Negotiated Settlements in Civil Wars 19451993, American Political Science Review, vol.89, no.3(September 1995). • Lischer, K. S., Conflict and Crisis Induced Displacement, in The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, pp: 317-330 • Long, K., Rethinking‘Durable’ Solutions, in The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, pp. 475-488 78 • Мelko, М., The Remission of Violence in the West, International Journal on World Peace, Vol. II, No. 2, APR-JUN 1985: 48-55 • Moretti, S., The Challenge of Durable Solutions for Refugees at the Thai– Myanmar Border, Refugee Survey Quarterly, Volume 34, Issue 3, September 2015, pp: 70–94. • Poteet, M. and Nourpanah, S., After the Flight. Dynamics of Refugee Settlement and Integration, Cambridge Scholars Publishing: Newcastle Upon Tyne, 2018 • Sigona, N., Refugee Integration(s): Policy and Practice in the European Union, Refugee Survey Quarterly 24(4), pp. 115-122 • Snyder, J. and Jervis, R., Civil War and Security Dilemma, in Civil Wars, Insecurity and Intervention, ed. Walter. F. B., and Snyder, J., Columbia University Press, New York, 1999 • The 10-Point Plan in Action, 2016 Update, Chapter 7: Solutions for Refugees, UN High Commissioner for Refugees(UNHCR), December 2016, available at: https://www.refworld.org/docid/583714a44.html • The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. FiddianQasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016 • Turk, V., Forced Migration and Security, International Journal of Refugee Law, Vol.15, No. 1, Oxford University Press, 2002, pp: 113-125 • UNCHR Syrian Refugee Response, 28.2.2021, https://data2.unhcr.org/en/ situations/syria • UNHCR Internally Displaced People, 28.2.2021, https://www.unhcr.org/sy/ internally-displaced-people • UNHCR Statistical Yearbook 2011, 11th edition,(online), Annex, https:// www.unhcr.org/statistics/country/516282cf5/unhcr-statistical-yearbook2011-11th-edition.html • UNHCR Turkey: Working towards Durable Solutions- Fact Sheet, July 2019, available at: ttps://www.unhcr.org/tr/wp-content/uploads/ sites/14/2019/10/7.5-UNHCR-Turkey-Working-towards-Durable-SolutionsFact-Sheet-July-2019-FINALV22.pdf • Weiner, M., Bad Neighbors, Bad Neighborhoods: An Inquiry into the Causes of Refugee Flows, International Security 21(1)(Summer): 5-42. • World Migration Report 2010, International Organization for Migration, Geneva, 2010 79 1 Cantle, T., Interculturalism – The New Era of Cohesion and Diversity, Palgrave Macmillan, London, 2012, p.1 2 International migration and development: report of the Secretary-General, UN Secretary General, A/ 75/292, 5 August 2020, available at: https://digitallibrary.un.org/record/3885869?ln=fr 3 Ibidem. 4 Forced displacement passes 80 million by mid-2020 as COVID-19 tests refugee protection globally, UNHCR Press Release, 09 December 2020, https://www.unhcr.org/news/press/2020/12/5fcf94a04/ forced-displacement-passes-80-million-mid-2020-covid-19-tests-refugee-protection.html. 5 Haas, D. H., Castles, S., and Miller, J.M., The Age of Migration – International Population Movements in the Modern World, The Guilford Press, New York, 2020, p.93. 6 Ibidem, p.31 7 Ibidem, p.93 8 King, R., Aija, L., Mueller, D. and Vathi, Z., Visiting friends and relatives and its links with international migration: a three-way comparison of migrants in the UK, Working Paper. Malmö University, Malmö, 2013, p. 6. 9 Glossary on Migration, International Migration Law N° 34, IOM, 2019, https://publications.iom. int/system/files/pdf/iml_34_glossary.pdf, p.135. 10 Lee, S. E, A theory of migration, Demography 3, 1966, pp: 47–57 11 Haas et al, p.1 12 Ibidem, p.1 13 Cantle, p.1 14 Haas et al, p.2 and 3. 15 Holsti, Ј. К., Peace and War: Armed Conflicts and International Order 1648-1989, Cambridge University Press, Cambridge, 1998, p. 282. 16 Ibidem, p.274-279. 17 Holsti, p.17. 18 Постојат, се разбира, и други ставови. На пример, види кај: Matthew Melko според кој„мирот е далеку позастапен од војната”, во Мelko: М., The Remission of Violence in the West, International Journal on World Peace, Vol. II, No. 2, APR-JUN 1985: 48-55, p. 48. 19 Beer, p. 22-23. 20 Snyder, J. and Jervis, R., Civil War and Security Dilemma, in Civil Wars, Insecurity and Intervention, ed. Walter. F. B., and Snyder, J., Columbia University Press, New York, 1999, p. 15. 21 Ibidem, p. 306. See more in Licklider, R., The Consequences of Negotiated Settlements in Civil Wars 1945-1993, American Political Science Review, vol.89, no.3(September 1995). 22 Walter and Snyder, op. cit., p. 307. 23 Chatty, D., Syria – The Making and Unmaking of a Refugee State, Hurst and Company, London, 2017, p.245. 24 Ibidem, p.245 25 Beaujouan, J., and Rasheed, A., Syrian Crisis, Syrian Refugees – Voices from Jordan and Lebanon, ed. by Juline Beaujouan and Amjed Rasheed, Palgrave Macmillan, 2020, p. 2. 26 UNCHR Syrian Refugee Response, 28.02.2021, https://data2.unhcr.org/en/situations/syria 27 UNHCR Internally Displaced People, 28.02.2021, https://www.unhcr.org/sy/internally-displacedpeople 28 Betts, A. and Collier, P., Refuge: Transforming a Broken Refugee System, UK: Penguin Random House, 2018, p.2. 29 Ben-Yehuda, H. and Goldstein, R., Forced Migration Magnitude and Violence in international crises: 1945-2015, Journal of Refugee Studies, Vol. 33, No.2, 2020, pp: 336-358, p.337. 30 Haas et al, p.7. 31 Ben-Yehuda and Goldstein, op.cit. 32 Ibidem, p.350. 33 Ibidem, p.352 34 Bermúdez, S., Refugees welcome? Cross-European public opinion on asylum seekers following the 2015 crisis, Real Elcano Institute, 27.10.2020, http://www.realinstitutoelcano.org/wps/portal/ 80 rielcano_en/contenido?WCM_GLOBAL_CONTEXT=/elcano/elcano_in/zonas_in/ari119-2020bermudez-refugees-welcome-cross-european-public-opinion-on-asylum-seekers-following2015-crisis 35 Haas et al, p. 183. 36 UNHCR Statistical Yearbook 2011, 11th edition,(online), Annex, https://www.unhcr.org/ statistics/country/516282cf5/unhcr-statistical-yearbook-2011-11th-edition.html, p.66 37 Cantle, p.87. За ОК види кај: Goodwin, М., Ford, R. and Cutts, D., From Euroscepticism to Islamophobia: The changing Face of UKIP, University of Nottingham Research Briefing, University of Nottingham, 2011. 38 Ibidem, p. 352. 39 За деликатното разбирање на овие два термина види кај: Ineli-Ciger, М., The Global Compact on Refugees and Burden Sharing: Will the Compact Address the Normative Gap Concerning Burden Sharing?, Refugee Survey Quarterly, 2019, 38, pp. 115-138. 40 Ibidem. p. 123. 41 Ibidem. p. 118. 42 Ibidem, p. 119. Види повеќе во: Conclusion on Protracted Refugee Situations, UNHCR ExCom Conclusions, No. 109(LXI), 2009. За аргументите во врска со споделувањето на товарот меѓу државите види кај: Hathaway, C. J. and Neve, A. R, Making International Refugee Law Relevant Again: A Proposal for Collectivized and Solution-Oriented Protection, Harvard Human Rights Journal, 10, 1997, pp: 115-211. 43 Ibidem. See more in Fitzpatrick, J., Revitalizing the 1951 Refugee Convention, Harvard Human Rights Journal, 9, 1996, pp: 229-253, p.250. 44 Ibidem, Види повеќе во: Global Compact on Refugees, UNHCR, Annual Report to the United Nations General Assembly, UN DOC A/73/12. 45 Ibidem. Види повеќе во: Frelick, B., Political Realities Challenge Refugee Reform, Open Democracy, 9 March 2016, available at: http://www.opendemocracy.net/openglobalrights/billfrelick/political-realities-challenge-refugee-reform 46 Turk, V., Forced Migration and Security, International Journal of Refugee Law, Vol.15, No. 1, Oxford University Press, 2002, pp: 113-125, p. 113-114. 47 Ibidem. За мобилизацијата на бегалците види ја студијата: Haer, R. and Hecker, T., Recruiting Refugees for Militarization: The Determinants of Mobilization Attempts, Journal of Refugee Studies, Vol.32, No.1, pp. 1-23. 48 За општествените и систематски предизвици кои произлегуваат од интеграцијата види кај: Poteet, M. and Nourpanah, S., After the Flight. Dynamics of Refugee Settlement and Integration, Cambridge Scholars Publishing: Newcastle Upon Tyne, 2018; Sigona, N., Refugee Integration(s): Policy and Practice in the European Union, Refugee Survey Quarterly 24(4), pp. 115-122; Ager, A. and Strang, A., Understanding Integration: A Conceptual Framework, Journal of Refugee Studies 21(2), pp. 166-191. 49 Cantle, p.206- 212. 50 Collier, P., Exodus – How Migration is Changing Our World, Oxford University Press, 2013, p. 15. 51 Ibidem. 52 Cantle, p.207. 53 Ibidem, p.12 54 The 10-Point Plan in Action, 2016 Update, Chapter 7: Solutions for Refugees, UNHCR, December 2016, https://www.refworld.org/docid/583714a44.html 55 Ibidem. 56 Ibidem. 57 The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, p.11. Види повеќе во Long, K., Rethinking‘Durable’ Solutions, in The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, pp. 475-488. Види исто кај Bidandi, F, Understanding refugee durable solutions by international players: Does dialogue form a missing link? Cogent Social 81 Sciences, 4:1, 2018; и во Moretti, S., The Challenge of Durable Solutions for Refugees at the Thai– Myanmar Border, Refugee Survey Quarterly, Volume 34, Issue 3, September 2015, pp: 70–94. 58 UNHCR Turkey: Working towards Durable Solutions – Fact Sheet, July 2019, available at: ttps:// www.unhcr.org/tr/wp-content/uploads/sites/14/2019/10/7.5-UNHCR-Turkey-Workingtowards-Durable-Solutions-Fact-Sheet-July-2019-FINALV22.pdf 59 Цитирано по: Lischer, K. S., Conflict and Crisis Induced Displacement, in The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, pp: 317-330, p. 321. Види повеќе во Weiner, M., Bad Neighbors, Bad Neighborhoods: An Inquiry into the Causes of Refugee Flows, International Security 21(1)(Summer): 5-42. 60 Cantle, p.5. See more in World Migration Report 2010, International Organization for Migration, Geneva, 2010 61 International Migrant Stock 2019, UN Department of Economic and Social Affairs, available at https://www.un.org/en/development/desa/population/migration/data/estimates2/estimates19. asp 62 Ibidem. 63 Betts, A., International Relations and Forced Migration, in The Oxford Handbook of Refugee and Forced Migration Studies, ed. Fiddian-Qasmiyeh, Е., Loescher, G., Long, K., and Sigona, N., Oxford University Press, Oxford, 2016, pp. 60-74, p.60. 82 V  ПОГЛАВЈЕ ДЕМОКРАТСКА ТРАНЗИЦИЈА И КОНФЛИКТИ Големиот подем на демократски режими на планетарно ниво датира од седумдесеттите години на минатиот век кога, всушност, започнал и бранот на квантификација на изборни демократии. Па, така, само за период од четири децении бројот од 35 пораснал во 110 земји, истовремено предизвикувајќи енормни промени во економи ите, развојот и падот на екстремно сиромашната класа 1 . Процесот на транзиција, особено во земјите на Латинска Америка и Јужна Европа, во голем дел се вклопува во теориите за модернизација бидејќи степе нот на екстерно влијание е релативно низок, а во периодот меѓу двете светски војни, и особено по 1945 година, екстерната интервенција е дел од транзиционата парадигма или, како што Von Beyme ја нарекува, интервенциска варијабла 2 . Компаративно, особено во однос на Европа, во рамки на транзи ционата парадигма, при процената на системските промени од 1989 година(како година на падот на комунистичките режими) до денес, за релевантни се сметаат само оние процеси во кои промената на систе мот придонела и за промена на режимот, односно за демократизација на општествата 3 . Во таа смисла, Von Beyme(а претходно Huntington 4 ) зборува за четири бранови на демократизација во Европа: - Првиот бран се случува по 1918 година, односно по завршу вањето на Првата светска војна и опфаќа држави коишто преминуваат од уставни монархии во републики(Германија, Австрија, Финска и Шпанија), и тоа во две значајни групи – држави коишто се развиваат, условно речено, праволиниски, 83 односно воведуваат: соодветен правен систем, парламентарна контрола на власта и општо право на глас; и држави кои во голем дел настануваат заради дезинтеграција на мултиетнич ките империи во регионот на Централна и Источна Европа па ја воведуваат демократијата во рамки на уставните решенија, но сите(освен Чехословачка) во реалност опстојуваат како ав торитарни режими во периодот на двете светски војни. - Вториот бран се случува по 1945 година, односно по завршу вањето на Втората светска војна, и ги опфаќа сите погоре спо менати држави освен балтичките држави кои се дел од СССР во 1940 година. И повторно, според Бејме, се јавува дистинк ција на два блока, и тоа: држави кои беа поразени во Втората светска војна – Германија и Јапонија, па демократизацијата на нивните режими се одвиваше под закрила на сојузнички те интервенции; и држави кои самиот ги нарекува„гостински посетители“, а се однесува на Франција и Италија, кои беа по штедени од сојузничкото влијание и имаа можност сами да ге нерираат комплетно нови системи; и, секако, Австрија којашто имаше статус на ослободена, но и поразена земја, а одбра да го нагласи континуитетот на демократскиот систем од првата република. - Третиот бран на демократизација се однесува на спокојна, но радикална промена на режимите која започна како тивка и еволутивна социјална промена, а резултираше со мирен рас пад на стариот систем. Во таа смисла, секвенците на промена та, како што е: либерализацијата, демократизацијата и консо лидацијата, беа развиени врз основа на позадината креирана во седумдесеттите години на минатиот век. - Четвртиот бран на демократизација следеше по бурната 1989 година и падот на СССР, како голема светска сила, а со тоа и падот на социјализмот кој имаше глобален импакт. Овој бран имаше двојна задача – да ги трансформира општествата на политички и економски план, истовремено, и во таа насока тој беше уникатен, да донесе сосема нов вид на промена обре менета со симултани императиви непознати за дотогашната политичка историја и теорија. Дополнително, социјализмот имаше подолготрајно минато од било кој друг авторитарен ре 84 жим во првите три бранови на транзиција, па преминот беше особено тежок. 5.1  ТЕОРИИ И ДЕФИНИЦИЈА Транзицијата типично се дескрибира како интервал, односно премин од еден политички режим во друг 5 па, вообичаено, подраз бира трансформација од авторитарен во демократски режим. Таа е онтолошки поврзана со несигурност бидејќи прогресира од стабилен авторитарен режим во нестабилно„нешто друго“, што може да значи реставрација на политичка демократија или обнова на нова или, мо жеби, уште пожестока форма на авторитарно владеење. Но, според O’Donnell и Schmitter, исходот може да биде едноставна конфузија, односно ротација на моќ на сукцесивни политички власти кои не успеваат да обезбедат било какво трајно и предвидливо решение за проблемот со институционализација на политичката моќ 6 . Претпо ставката е дека во идеални услови, транзицијата треба да резултира со етаблирање на либерална демократија 7 . Но, транзицијата не е само општествена промена, туку и цел еден дискурс кој се однесува на: насоката, содржината и иднината на таа промена. Во современи услови на мултиплицирано и комплексно ко муницирање на различните идентитети(индивидуални и групни), сосема е сигурно дека ниту едно општество не може да биде имуно на промена(интерна и екстерна, волна или присилна, времена или трајна). Во таа смисла, и тврдењето на Георгиевски дека„онтолошки, општеството не е ништо друго освен промена, процес на: движење и трансформација, акција и интеракција, продукција и репродукција, постојано настанување, а не скаменето, статично постоење“ 8 . Теориите за транзиција имаат широк опфат во рамки на опште ствените науки таргетирајќи интердисциплинарен и мултидисципли нарен дискурс кој ги инкорпорира модерната транзициона парадигма и старата школа за развој/развојни студии: теорија на географски де терминизам – промовиран од повеќе автори и школи(Weber, Diamond, Guiso, Sapienza and Zingales, и други 9 ); теорија на економски развој – според која народите коишто имаат, затворени за учество, политички и економски институции, многу веројатно е дека ќе бидат сиромашни, додека, пак, они кои имаат инклузивни институции е поверојатно дека 85 ќе бидат богати(Acemoglu and Robinson, Przeworski, et alia, Kapstein and Converse, но и Lipset 10 ); теорија на модернизација согласно која транзицијата е премин кон прогрес(Epstein et alia, Parsons, Rostow, Almond and Coleman, Huntington, Inglehart, Eisenstadt, Buruma and Margalit, North et alia 11 ); теорија на еволуција/еволутивен модел во којшто преминот ќе го трансформира општеството во модерна заед ница на органска солидарност којашто имплицитно или експлицитно беше развиена од: Durkheim, Rostow и Lipset 12 ; и теорија на зависност, како варијација на теоријата за модернизација(Prebisch, Cardoso, and Faletto, Frank, Wallerstein) 13 . Во современи услови транзицијата, генерално, се поврзува со пре минот од еден политички режим, во друг, па оттука, транзиционата парадигма има вообичаено политички контекст и е препознаена како процес кој води кон: демократија, либерализам и глобализам, при тоа жестоко спротивставувајќи се на: авторитаризмот, трибализмот и локализмот. Транзицискиот наратив има далекусежна импликација врз сите делови на општествениот живот и, сосема очекувано, проце сот подеднакво влијае и врз: економијата, образованието, култура та и сите други сегменти на општественото живеење. Демократската транзиција, всушност, делумно се поклопува со социо-економските трендови и тоа најмногу со демографската транзиција и процесите на индустријализација и модернизација 14 , како процеси со кои е компле ментарна во својата природа. Huntington 15 , како и многу негови современици, беше пропонент на идејата дека она што ја прави демократијата возможна е економ скиот развој, а она што ја прави реалност е политичкото лидерство. Оттука, според него, за демократијата да стане реалност, политичките елити треба да веруваат дека демократијата е токму она владеење кое е најмалку лошо за нивните општества и за нив самите. Во суштина, транзициската парадигма во однос на Југоисточна Европа има далеку поголема содржина и импакт од само„демокра тизација“ или вообичаеното разбирање како премин во демократски режим. Ова особено имајќи ги предвид партикуларните примери на земји од Балканот кај кои транзицијата се врзуваше со градењето на државата(нова независна држава) и во таа насока, градењето на демо кратијата беше на моменти и места, целосно поклопено од овој процес. Според Carothers 16 , едниот од предусловите на транзициската пара 86 дигма – дека демократизацијата се одвива во постоечки и функцио нални држави, ја предизвика нејзината суштина, бидејќи Југоисточна Европа и Јужна Америка, кои претходно беа користени како модел за самото креирање на парадигмата, подразбираа појава и потреба за ета блирање на нови држави, односно имаше поклопување и со процесот на градење на држави, па дури и градење на нации. Дополнително, во реалноста, транзиционата парадигма во овој регион беше далеку по сеопфатна бидејќи инкорпорираше и деконструкција и конструкција на системот а не само премин од еден режим во друг. Во оваа смисла, транзиционата парадигма како класичен, традиционален модел во случајот на земјите од Југоисточна Европа понуди само делумни одго вори на бројните предизвици врзани со нејзината оригинерна теорија. 5.2  И ЛИБЕРАЛНА ДЕМОКРАТИЈА Либералната демократија беше промовираната како последна „најдобра“ идеја на политичката мисла 17 , па сите достигнувања и сиот развој се квантифицираат по теркот на овој западно-центристичен модел и, следствено, крајната цел на транзицискиот пат е мапирана преку постигнување на таа вредност. Дотолку повеќе што, растот на демократијата го обликуваше светот во текот на последниот век како водечки тренд, па сосема реално можеме да тврдиме дека живееме во, т.н.,„eра на демократијата“ 18 . Согласно апологетите на либералната демократија, демократијата е формата или процедурата додека, пак, содржината е политичкиот либерализам, односно сетот на вредности во кои влегуваат: владе ењето на правото, поделбата на власта, заштитата на основните пра ва и слободи на говор, здружување, религија и сопственост 19 . Притоа, Zakaria тврди дека овие два аспекта не се фундаментално поврзани и, уште позначајно, секогаш не одат„рака под рака“, дури и во најразви ените земји на Западот 20 . Постоењето на добри демократски резултати кои, од друга страна поседуваат сиромашна либерална содржина е она што Zakaria го нарекува илиберална демократија 21 . Примерите на: по ранешните југословенски републики, Турција, Унгарија, па дури и дел од западните општества во поново време, укажуваат на фактот дека либерализмот е неизбежен кога се зборува за: напредок, модерниза 87 ција, демократизација и европеизација на земјата. Оттука, сликата не е композит на црни и бели опции, туку постојат варијации на она што се нарекува демократски режим. Бројни анализи, како онаа на Dogan, зборуваат за: лимитирана, фасадна или ембрионска демокра тија 22 или консоцијална/консензуална демократија како решение за длабоко вкоренети конфликти по: етничка, културна, лингвистичка или религиозна природа, односно како квазиперманентна форма на демократско владеење 23 . Во оваа смисла е и ставот на Dogan 24 дека постои голема разновидност на демократски режими и дека зборот „демократија“ без придавка е двосмислен. Гласноговорниците на либералната демократија се резолутни во своите тврдења дека оптимизмот во врска со либералниот дел од оваа сложувалка е сосема оправдан. Имено, според нив, решението за про блемите во светот денес, е повеќе либерална демократија и повеќе ли берален поредок 25 . Согласно ова тврдење, либерализмот низ историја та на еволуција, кризи и громогласни промени успеа да се издигне на степен на норма токму благодарение на неговата способност успешно да се адаптира на турбулентни промени 26 . Долготрајниот демократски дефицит, според Laurence 27 , има раз бирливи историски корени, но несомнено, го наплати својот данок, па денес има европски политичари кои отворено ја пропагираат илибе ралната демократија како опција која ги поштедува сите од постојано и перманентно несогласување и расправа(Виктор Орбан). Несигурноста која ја следи либералната идеологија е есенцијална за нејзиното оп стојување и жилавост, наспроти компетитивните концепти од исто ријата на политичката мисла. Фишер Ејмс(1758 – 1808) одамна пре дочил за суштинската разлика меѓу автократската и републиканската власт:„Автократијата(монархијата) е трговски брод кој, вообичаено, плови добро, но понекогаш удира и во карпа и потонува, а републиката е сплав, кој никогаш не може да потоне, но затоа, пак, нозете секогаш ти се во вода 28 “. Еден од најважните аргументи кои одат во прилог на апологетски от став кон либералната демократија е фактот дека светот е сè поза висен од взаемната соработка на полето на: економијата, животната средина и безбедноста, и дека постои свесност дека изолационизмот и сепаратните проекти се осудени на неуспех. 88 Според Deudney and Ikenberry 29 , либерализмот останува да биде трајно и универзално примамлив бидејќи: почива врз посветеност кон достоинството и слободата на индивидуите; ја презервира идејата за толеранција која станува сè попотребна во современиот меѓузависен свет; промовира универзални вредности коишто се широко прифате ни; и ја промовира правдата како концепт кој историски ги надмина сите други конкурентски идеи. Либералната демократија во светот, 2021 година 30 5.3  КОН АВТОРИТАРИЗМОТ И ПОПУЛИЗМОТ Транзициската парадигма долго време претполагаше дека кога една држава ќе успее на патот на демократската транзиција со кре ирање на стабилни институции и постигнување на определено ниво на богатство, таа се соочува со низок степен на ризик од авторитарно навраќање 31 . Оваа претпоставка се базираше врз повеќедецениската идеја трасирана од претходните бранови дека демократизацијата е 89 природен и неповратлив процес(всушност, процес на пет етапи на трансформација: диктатура, диктабланда, демокрадура, демократска транзиција и консолидирана демократија 32 ), па преминот кон XXI век беше одбележан од триумфот на демократските режими. Развојот во последните скоро три децении доведоа до ситуација во која не само што демократските режими одолеваат на консолидацијата, туку наза дувањето се манифестира низ процедури кои беа дел од секуларната демократска литургија – слободните избори 33 . Напливот на: попули зам(или популистичката зараза, како што ја нарекуваат Archibugi и Cellini 34 ), национализам и идеи на крајната десница, го предизвикува тврдењето дека консолидираните демократии се имуни на недемо кратско навраќање. Во контекст на расправата за постсоцијализмот, Pletenac 35 ја отвора дилемата дали транзицијата е елемент на мимикрискиот дискурс што бројни земји го минуваат во обид да се приближат на високо разви ениот свет. Ова е особено валидно за режими кои имаат долготрајно искуство со: авторитаризам, тоталитаризам и диктатура и режими кои го немаат доживеано западното искуство со: просветителство, секу ларизам и либерализам, па во име на модернизација на општествата се обидуваат да имитираат систем кој е непознат и неприфатлив за поголем дел од популацијата. Horowitz 36 , пак, зборува за врската помеѓу процесите на демокра тизација и етничките конфликти, односно за фактот дека во многу земји главна причина за неуспехот на демократизацијата се врзува со етнички конфликт(земји од: Источна Европа, поранешниот Советски Сојуз, Африка и Азија). Преку анализа, пак, на примери во конкрет ни држави(Словачка, Србија, Бугарија, Турција) тој заклучува дека етничките конфликти го хранат авторитаризмот, односно авторитар ните тенденции. Авторитарните режими на денешнината се искучително примам ливи за земји во кои политичките елити се ослонуваат на идентитет ски политики и(на)враќање кон: популизмот, национализмот и три бализмот. Авторитаризмот зема замав во големи и значајни делови на светот, па дури и во Европската Унија, која, се чини, е заглавена во авторитарен еквилибриум 37 . Авторитарното навраќање е сè попри сутно во јадрото на демократското педигре – Европа и САД, а илибе ралните практики се вдомени во политичките системи на сè поголем 90 број држави. Повеќегодишната дебата за демократскиот дефицит на Европската Унија претполагаше дека самата Унија страда од недоста ток на демократија и дека нејзината моќ која е во пораст, всушност, ги подрива националните демократии. По корекцијата на политичкиот курс во некои земји-членки, беше детерминирано дека навраќањето кон недемократските режими може да се случи и на национално ниво, а Унијата може да има одговор и влијание 38 . Но, Европската Унија веќе подолго време егзистира под притисок на криза од различен вид и интензитет, па со оглед на развојот во последните неколку години, може и да тврди дека таа е во состојба на перпетуална криза. Особена енергија на навраќањето кон популизмот дадоа политиките на Доналд Трамп во Соединетите Американски Држави кој успеа„светилникот на демократијата да го претвори во моќ која опаѓа опседната од поли тичка стагнација, економска неефикасност и социјален неред 39 “. Мид дури и подвлекува дека за првпат по седум децении американскиот народ избрал претседател кој се потсмева на: политиките, идеите и институциите во срцето на повоената американска надворешна поли тика 40 . Предупредувањата за ова навраќање кон популизмот во САД беа видливи и гласни. На пример, Извештајот на Фридом Хаус, во кој се предупредуваат американските гласачи дека најзначајните инсти туции и воспоставените норми на етичко однесување се под закана, или изданието на влијателниот„Журнал за демократија“ посветено на САД, за првпат во неговата историја. Оттука, опасноста по либе ралната демократија како најиздржлив политички режим стана јасно артикулирана. Аналитичарите од двете страни на Атлантикот се согласни дека иницијалната каписла којашто го предизвика недемократскиот бран беше дополнително подгреана од незадоволството на граѓаните за порастот на трендовите на тероризам и имиграција. А, коренот на процесот на полнење на празнината во оската на идеолошки прет ставници која настана со поместувањето на централно-левите партии кон центарот, дефинитивно е поврзан со екот на финансиската криза во 2007 – 2008 година 41 . Според Lanni и Laurence 42 , овој политички стрес-тест покажа дека општествата поседуваат извесен степен на отпор, но и ранливост, а тоа се преслика и во нивните надворешнополитички одлуки и меѓу народна неодговорност, како, на пример, бавните и неодлучни чекори за справување со државните удари во Турција и Египет. 91 Krastev 43 тврди дека најзагрижувачка промена е онаа во постојни те етаблирани демократски режими, високо развиени земји, во кои либерализмот и демократијата се востановени и трајни вредности, но и онаа во срцето на Европа, каде земји, како Полска и Унгарија, кои важеа за пример на посткомунистичка демократизација a паднаа под ударот на конзервативните популисти. Популистичкиот тренд во реалност упатува на тоа дека илиберал ната демократија е нова форма на авторитаризам која е исклучително опака имајќи предвид дека таа е родена под закрила на демократија та 44 . Runciman смета дека коренот на постојната криза лежи во на малувањето на: демографската, културната и економската линија на разделување меѓу гласачите и избраните претставници 45 , додека, пак, Graziosi смета дека трендот се должи на демографската криза како детерминирачка особеност на кризата во европските демократии 46 . Новите популисти се далеку поразлични од оние кои егзистираа на средината на минатиот век, па и оние пред нив. Новите се инди ферентни кон: либералните востановени практики 47 , уставните огра ничувања, па дури и меѓународното право и правото на Европската Унија, каде се, или претендираат да станат членки. Имајќи го предвид порастот на тенденција на секлузија и изола ционизам во рамки на националните држави, се поставува прашањето дали Европската Унија ќе успее да го зачува единството и идејата за обединета Европа или ќе се претвори во поделен континент, конти нент кој ќе биде голема жртва на(на)враќањето кон конзервативиз мот? 5.4  ТРАНЗИЦИЈАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Препрочитувањето на минатото на државите од балканскиот ре гион, упатува на заклучокот дека транзицијата на Балканот во послед ната декада на минатиот век, всушност, не е нов, ниту, пак, оригина лен процес, туку поттекст на неговиот развој во многу подолг период. Всушност, политичката историја на Балканот покажува дека промени те се случувале често, па дури и премногу брзо. Па, оттука и ставот дека Балканот имал транзиционо искуство, репетитивно и во континуитет. 92 Падот на комунистичките(реал-социјалистичките) режими во: Централна, Источна и Југоисточна Европа донесе значајни и голе ми промени за државите кои беа лоцирани во овие региони. Сепак, развојот, како и степенот и обемот на демократизација, не беа воед начени дури и во рамки на еден регион. Централна Европа побрзо и полесно го помина овој предизвик, а Југоисточна Европа се соочи со оддолжена демократизација, меѓу другото, и како резултат на етнички конфликти. Па, така, на пример, во случаите на Бугарија и Романија, имаше отфрлање на режимите релативно скоро по падот на СССР(и непосредно по Источна Германија и Чехословачка), а СФРЈ помина низ еден продолжен процес кој траеше неколку години, иако расцепу вањето на федерацијата одеше по линија на границите на федералните единки. Нешто слична беше и ситуацијата со Албанија, каде, како и во СФРЈ, имаше почеток на протести уште во 1990 година, но таму поми наа две години пред да се организираат првите слободни и фер избори. Дополнително, демократизацијата во некои држави беше отежна та заради влијанието на одредена лидерска структура која претходно беше дел од комунистичката номенклатура, а со бранот на демократи зација имаше обиди(некаде особено успешни, како, на пример, Мило шевиќ) за престројување согласно носечките демократски трендови. Некаде, пак, се јавија засилени авторитарни тенденции, па одредени лидери успеаја да извојуваат победи под плаштот на„нови демократ ски“, иако во основа се работеше за авторитарни лидери(како Туѓман во Хрватска или Бериша во Албанија) кои сами по себе имаа огромна улога во разгорувањето на етнички конфликти во соодветниот регион. Соодветно важна улога во процесите на демократизација имаше и степенот и успехот на приближување и/или интегрирање со супра националните и меѓународни организации и институции. Така, на пример, европската интеграција имаше огромна улога во степенот на демократизација во земјите на Централна и Источна Европа, додека, пак, соодветно бавниот развој на интеграциите во Југоисточна Европа влијаеше и врз демократизацијата. Разликите лесно се воочуваат, па, така, Словенија(членка на ЕУ од 2004 година) и Романија и Бугарија (членки на ЕУ од 2007 година) се соочија со поголема стабилност и развој додека, пак, земјите на, т.н., Западен Балкан – термин со кој се означуваат: земјите на поранешната СФРЈ, минус Словенија, плус Албанија, со исклучок на Хрватска, беа долго време„заглавени“ во етнички и други конфликти. 93 Неопходно е да се нагласи дека демократизацијата за овој дел од светот не беше едноставен и брз процес, туку, честопати, реверзибилен и нестабилен. Имено, во првата деценија на новиот милениум во од редени држави имаше навраќање на авторитарни и полуавторитарни традиции, па некои од лидерите кои дојдоа на власт(како Груевски во Македонија или Додиќ во Република Српска) беа предводници на нова генерација на водачи кои имаа силно влијание врз назадувањето на демократиите во соодветните земји. Но, уште повеќе, навраќањето на авторитаризмот, всушност, не беше осамен процес, туку лесно и брзо се надоврзуваше со други комплементарни процеси, како: разгору вање на конфликти и спорови, проблематизирана безбедност(интер на, екстерна и, особено, регионална), забавен процес на интеграција (особено евроинтеграцијата) и економски прогрес и, секако, продол жена нестабилност во секоја смисла. Несомнено, огромна улога имаше и странското, надворешното влијание кое во различни делови на поширокиот регион на Југоисточ на Европа имаше различни формати. Така, надворешната интервен ција, или, т.н., екстерналии, придонесоа и за креирањето на нов дис курс кој се нарекува стабилитократија. Терминот за првпат е употребен во 2016 година од страна на Pavlovic, а подоцна опсежно елабориран од страна на BIEPAG, како термин со кој се опишува полуавторитарен режим во регионот кој добива екстерна поддршка(особено од ЕУ и земји-членки) во име на(лажно) ветување на стабилност 48 . Оттука, во изминатите декади стабилноста и безбедноста станаа примарни фактори на проценка на успехот на регионот и поединечните земји, наместо напредокот, потврдувајќи го уште еднаш ставот дека Балканот е мал, изолиран џеб на нестабилност во Европа, па соодветно на тоа е кроењето на односот на Европа кон регионот. Така и денес, и покрај огромниот напредок на регионот во целост, во споредба со раните 90-ти години на минатиот век, Западниот Бал кан останува да биде мегдан на бројни и непомирливи конфликти и спорови. Најголемиот дел од нив се однесуваат на конкурентски ба рања во однос на: територија, идентитет, статус на малцинства, па от тука и значаен број на ентитети во регионот остануваат поделени од тие фундаментални прашања кои се однесуваат на нивниот политички и територијален интегритет 49 . Taка, покрај сè поизвесното помирување меѓу Македонија и Грција во однос на проблемот со името, скоро не премостливи остануваат дијалогот Белград – Приштина и Кипарскиот 94 конфликт. Меѓународната политика и во современи услови го отсли кува традиционалниот реализам како доктрина, како за односите, така и за балансот/дисбалансот на моќ меѓу државите. Мултинационалните држави, во кои спаѓа и поранешната СФРЈ, не беа национални држави во вистинска смисла на зборот, на ист на чин како што и мултиетничките држави не може да бидат сметани за национални. Ова разграничување е значајно особено во делот на нив ното однесување при донесувањето на надворешнополитички одлуки. Па, така, оние држави кои се ненационални и, особено, мултинаци онални, се предмет на центрифугални политички сили на етничките заедници кои бараат национална сецесија или самоопределување од различен степен. Овие сили го прават одржувањето на либерално-де мократскиот режим особено проблематичен бидејќи демократските изборни процеси продуцираат етно-националистички лидери кои ги упатуваат споменатите барања, a земјите на поранешната СФРЈ се од личен пример за оваа матрица. Лидерите на овие земји во ситуација на меѓународна политичка криза, реагираат далеку поповолно во однос на надворешните влијанија, особено во делот на економски поттик и покажуваат поголема грижа за економските утилитарни интереси на одреден дел од популацијата. Sears подвлекува дека трагедијата во меѓународните односи е составен дел на класичната реалистичка тра диција, односно е поттекст на класичниот реализам 50 . Крунски доказ за патологијата во однос на процесот на донесување на одлуки во меѓу народните односи е компаративната тенденција кон стереотипизација и внесување на интензивни емоции, па пропустот во донесување или донесувањето на лоши одлуки во делот на надворешната политика, базирани врз стеротипи и национализам, всушност, е причина за исто риска и, многу веројатно, идна трагедија. Земјите од Западен Балкан нужно мораат да се соочат со предиз викот на нивните мултиидентитетски и крајнo диверзифицирани општества. Тие многу набргу ќе ја увидат потребата од прифаќање на мултикултурализмот како факт и, истовремено, од унапредување на своите јавни политики во полза на интеркултурализмот како предиз вик и идна задача. Мултикултурализмот се покажа како проблематична политика од аспект на фактот дека промовира постоење на повеќе од една различна култура, притоа изоставувајќи го фактот дека во некои(ако не и во 95 повеќето) општества има една доминантна култура, на локално/реги онално и/или централно ниво. Таков е примерот со Канада, па дури и: Германија, Велика Британија и Франција. Во случајот со земјите од Западен Балкан и, поконкретно – Македонија, било кој модел на менаџирање на различностите, мора да го има предвид овој факт. Еден од најгорливите проблеми, секако, се однесува на подобру вањето на социјалниот и економскиот статус на сите граѓани. Овој аспект ја детерминира подлогата за идниот развој во однос на демографската транзиција и сè поголемиот проблем со„одливот на мозоци“, статусот на мнозинската култура vis-à-vis сè поголемите барања за признавање и унапредување на малцинските култури и, конечно, тој е во директна релација со предизвикот на европска интеграција на регионот. Витал носта на културата е есенцијална за сите заедници/групи и директно се поврзува со нивниот социјален и економски статус, особено во делот на малцинските групи. Оттука, економскиот напредок е condition sine qua non за одржливост на општествата и нивната иднина. Патот кон полноправно членство во Европската Унија за земјите од Западен Балкан нема да биде ни најмалку лесен. Сериозна теш котија ќе биде задоволувањето на принципот за следење на импле ментацијата на законските акти и реструктурирањето на државните институции и јавната администрација во насока на обезбедување на институционален скелет за интеграција. Во најголемиот дел од земјите на регионот институциите постојат, но немаат никаков, или имаат без начаен импакт во делокругот на она за што се формирани, а правните прописи најчесто се совршени копии на оние во западните високораз виени земји, но имаат бедна или никаква имплементација. Спротивставувањето на националистичките идеологии, од дру га страна, пак, преку промоција на космополитизмот, не само што се чини неиздржано во современи услови, туку и неостварливо. На при мер, Appiah тврди дека човештвото како целина е премногу апстрактно за да генерира силно чувство на идентитет, а модерните национални држави се премногу големи како заедници, па општеството лице-в-ли це и буквалното познавање на секој нивни припадник, се нереални. Она што ги држи овие општества заедно е замислената идентифика ција 51 , и во таа смисла, националните држави остануваат замислени заедници по матрицата на Anderson 52 и се уште најзначајни актери во меѓународната политика. 96 Дебатата против идентитетската политика предводена од Fukyama 53 нагласува дека иако дистописката фикција на промоторите на триба лизмот е реална закана, добро е што таа фикција скоро никогаш и не се остварува. Идентитетите нема никогаш да ја изгубат својата важност, а нивната улога не се однесува само на детерминирање на она што нè дели, туку и на она што нè обединува, и во таа смисла оптимизмот за нивната улога се чини оправдан. Идентитетите не се фиксни, дадени засекогаш и непроменливи, туку напротив, тие се флуидни, опште ствени конструкти кои подлежат на бројни влијанија и често нивната содржина е моделирана согласно: потребата, околината или условите. Токму затоа Fukuyama полага голема надеж во нивното искористување како средство против популистичката политика во пораст 54 . 5.5  ПРЕДИЗВИЦИ Не така одамна Францускиот претседател Макрон го презентира ше она што веќе смело е означено како негов план за нова Европа 55 , па дури и изедначено со силата на говорите на Черчил од почетокот на Втората светска војна, но и именувано како проглас со идеја да по каже дека„L’Europe, c’est moi”, потенцирајќи дека ЕУ без Франција е невозможна и нереална 56 . Во обраќањето кон сите европски граѓани, Макрон промовираше ренесанса на Европа која би се темелела врз три амбиции: слобода, заштита и напредок. Во делот на првата амбиција, тој застана против популистите кои сакаат суверенитетот да го остварат внатре, во своите национални држави, и наспроти тоа повика на заедничка европска акција и заклучи дека не смее да се дозволи националистите да го искористат бесот на луѓето. Во однос на заштитата, тој зборуваше за потребата од заштитени граници на територијата на секоја заедница (реформа на Шенген зоната, поцврст надзор на границите, заедничка гранична полиција, воведување на европска канцеларија за азил). Но, уште позначајно, тој зборуваше за основање на европска агенција за заштита на демократијата која би овозможила секоја земја-членка да има пристап до стручни лица кои би ги штителе изборните процеси од сајбер-напади и манипулации, односно дезинформации и хакери, како и забрана за финансирање на политички партии во ЕУ од држави кои не се членки. Конечно, во делот на напредокот, Макрон зборуваше за 97 унапредување на одбраната(зголемен придонес во буџетот за одбрана, функционален и оперативен договор за заедничка одбрана и основање на европски совет за безбедност), унапредување на социјалната зашти та на работниците(воведување на иста плата за исто работно место, минимална плата на ниво на ЕУ) и заштитата на околината(климат ски промени, креирање на европска климатска банка и агенција за надзор на произведена и увезена храна во ЕУ). Сепак, во насока на иднината на ЕУ и проширувањето на Унијата, најзначајни беа повикот за организирање на конференција за Европа на крајот на 2019 година, на која би се разговарало за реформите во ЕУ, со идеја за„Европа на различни брзини“, но и измена на темелните документи на Унијата. Тоа имплицираше дека Франција и натаму ќе го предводи блокот на земји кои се залагаат за реформа на ЕУ, па беше очекувано дека отво рањето на прашањето на проширување и патот на земјите-кандидати за членство, нема да биде ни малку лесен. Од аспект на Балканот, суштествено прашање на долготрајната транзиција останува приклучување на земјите од регионот кон ЕУ и НАТО. Поддршката за овој чекор од страна на граѓанството во најго лемиот дел од балканските земји е стабилна и реална бидејќи интегра цијата во НАТО и ЕУ се доживува како финална етапа на транзицискиот процес. Многу често, интеграцијата е во релација со очекувањата за по добрување на економијата, а во некои случаи се оди дури и подалеку и се врзува со разрешувањето на некој конфликт или криза. Очекувањата дека интеграцијата ќе придонесе за економски прогрес на општествата, е сосема легитимна. Зачленувањето во НАТО и ЕУ треба да донесе ста билен сојуз на соседски ентитети во економска унија, но и економски просперитет за регионот во целост, како и промоција на: регионализа цијата, евроинтеграцијата и глобализацијата. Во таков контекст, наци оналните идентитети, преку помирување на екстремните разлики и ба рања, треба да дадат предност на подобрување на економската состојба на граѓаните. А, тоа, всушност, е транзиција од конфликт, до соработка преку трговија 57 . Во прашање се два концепта кои се наоѓаат на крајот на транзицискиот процес и се поврзани со интеграцијата – ново„нор мално“, кое во реалност се однесува најмногу на економскиот напредок, и – ново„несигурно“, кое се однесува на постигнување консолидирана демократија на општествата на Балканот. Но, без цврста гаранција за идна интеграција на земјите од регионот, ветувањето нема да може да продолжи да го поддржува процесот на транзиција. 98 Прогласот на Макрон беше јасно артикулиран став на сериозно влијателни членки на ЕУ, кој упатуваше на потребата од завршување на реформите(реформа на ЕУ и реформа на земјите-кандидати за членство) пред да започнат преговори за интеграција. Тој став беше одраз на по стојната состојба во Унијата, особено со напливот на популистички и на ционалистички идеи на тлото на стариот континент, но и на светско ниво. Предизвикот со кој е соочена меѓународната политика, според Mead, е помалку во делот на завршување на изградбата на либерaлниот светски поредок на конвенционален начин, отколку пронаоѓањето начин како да се запре ерозијата на либералниот поредок и да се втемели глобалниот систем врз поодржлива основа 58 . Балканот, неминовно, ќе биде дел од овој процес на сметка на долгоочекуваното окончување на транзицијата и премин кон стабилен и демократски консолидиран регион. За размислување:  Од аспект на демократскиот развој, кои се најголемите предизвици за земјите од регионот на Западен Балкан?  Каква е поврзаноста на демократизацијата и етничките конфликти?  Кое се карактеристиките на транзиционата парадигма во современи услови?  Размислете какви предизвици носат авторитаризмот и популизмот во однос на демократијата и либералната демократија! БИБЛИОГРАФИЈА • Acemoglu, D., and Robinson, A. J., Why Nations Fail: The Origins of Power, Prosperity and Poverty, 2012. New York: Crown • Almond, A. G., and Coleman, S. J., eds. The Politics of the Developing Areas, 1960, Princeton: Princeton University Press 99 • Anderson, B., Imagined Communities-Reflections on the Origin and Spread of Nationalism, Verso, London, 2006 • Appiah, A., K., The Importance of Elsewhere- In Defense of Cosmopolitanism, Foreign Affairs- March/April 2019. Vol.98, 20-26 • Archibugi D., and Cellini, M., What Causes the Populist Epidemic?, 27 March 2017, Reset DOC, https://www.resetdoc.org/story/what-causesthe-populist-epidemic/ • Bieber, F., What is stabilitocracy?, BIEPAG Blog, 5.05.2017, https:// biepag.eu/article/what-is-a-stabilitocracy/ • Buruma, I., and Margalit, A., Occidentalism: A Short History of AntiWesternism, 2002, London: Atlantic Books • Cardoso, H. F., and Faletto, E., Dependency and Development in Latin America, 1979, Berkeley: University of California Press • Carothers, T., The End of the Transition Paradigm, Journal of Democracy, Volume 13, Number 1, January 2002 • Deudney D. and Ikenberry, G. J., Liberal World- The Resilient Order, Foreign Affairs, 14.06.2018, http://www.foreignaffairs.com/articles/ world/2018-06-14/liberal-world • Diamond, J., Guns, Germs, And Steel: The Fates of Human Societies, Norton& Co., New York, 1997 • Dogan, M., Political sciences and other sciences in A New Handbook of Political Science, ed.by Robert E. Goodin and Hans_Dieter Klingemann, Oxford University Press, 1998, pp: 97-113 • Durkheim, E., The Division of Labor in Society,(G. Simpson, Trans.), 1893/1960. New York: The Free Press • Egon, R-W., Victory is not Enough: The Strategy for a Lasting Peace, 1942, New York • Eisenstadt, N., S., Multiple Modernities, in Shmuel Noah Eisenstadt(ed.), 2002, Multiple Modernities, New Brunswick: Transaction Publishers: 1-29 • Emerson, W., R., Essays, Second Series, chp. 7- Politics, Library of America, 1983 • Epstein, L. D., Bates, R., Goldstone, J., Kristensen, I., аnd O’halloran, S., Democratic Transitions, American Journal of Political Science, Vol. 50, No. 3, July 2006, pp: 551–569 • Fischer, I., i Trkanjec, Z., Makronov plan za Novu Evropu, Jutarnji List, 6.03.2019, print • Frank, G. A., Latin America: Underdevelopment or Revolution. Essays on the Development of Underdevelopment and the Immediate Enemy, 1969, New York: Monthly Review Press 100 • Fukuyama, F., Against Identity Politics-The New Tribalism and the Crisis of Democracy, Foreign Affairs, August, 18, 2018. http://www. foreignaffairs.com/articles/americas/2018-08-14/against-identitypolitics-tribalism-francis-fukujama • Fukuyama, F., Identity: The Demand for Dignity and the Politics of Resentment, Farrar, Straus& Giroux, 2018 • Graziosi, A., The Demographic Decline and the Crisis of the Western Model, Reset DOC, 11 March 2019, https://www.resetdoc.org/story/ crisis-western-model-demographic-decline/ • Guiso, L., Sapienza, P., and Zingales, L., Does Culture Affect Economic Outcomes? Journal of Economic Perspectives, American Economic Association, vol. 20(2), pp: 23-48, Spring • Horowitz, L. D., Democracy in divided societies, in Nationalism, Ethnic onflict and Democracy, edited by Diamond, L. and Plattner, F. Marc, John Hopkins University Press, Baltimore, 1994, pp: 35-56 • Huntington, P. S., Political Order in Changing Societies, 1968, New Haven: Yale University Press • Huntington, P., S., Democracy’s Third Wave, Journal of Democracy, Spring 1991, pp: 12-34 • Inglehart, R., The Silent Revolution in Europe: Intergenerational Change in Post-Industrial Societies, 1971, American Political Science Review 65(4): 991-1017 • Interview with David Runciman, Who Should we Blame if Democracy Ends?, Alessandro Lanni and Jonathan Laurence, Reset DOC, 11 March 2019, https://www.resetdoc.org/story/blame-democracy-endsinterview-david-runciman/ • Kapstein, B. E., and Converse, N., The Fate of Young Democracies, Cambridge University Press, 2008 • Kelemen, R. D., Europe’s Other Democratic Deficit: National Authoritarianism in Europe’s Democratic Union, Government and Opposition Journal, Volume 52, Special Issue 2(Democracy without Solidarity: Political Dysfunction in Hard Times) April 2017, pp: 211-238 • Krastev, I., Eastern Europe’s Illiberal Revolution-The Long Road to Democratic Decline, Foreign Affairs, April 16, 2018, http://www. foreignaffairs.com/articles/hngary/2018-04-16/eastern-europesilliberal-revolution • Laurence, J., Liberal Democracy and its Shadow, 11 March 2019, Reset DOC, https://www.resetdoc.org/story/liberal-democracyshadow/#sdendnote6sym 101 • Lijphart, A., Consociational democracy, World Politics, Vol. 21, No. 2, Jan. 1969, pp: 207-225 • Lipset, M. S., Politicki covek, Rad, Beograd, 1969 • Mead, R., W., The Jacksonian Revolt- American Populism and the Liberal Order, Foreign Affairs, March/April 2017, Edition: 2017, Volume 96, Number 2 https://www.foreignaffairs.com/articles/unitedstates/2017-01-20/jacksonian-revolt • Mujanovic, J., and Vracic, A., Political Trends and Dynamics- Bilateral Disputes in Southeast Europe, FES Briefing, August-September 2018 • Murtin, F., and Wacziarg, R., The democratic transition, Journal of Economic Growth, 2014, vol. 19: 141-181. • North, C. D., Wallis, J. J., and Weingast, R. B., Violence and Social Orders: A Conceptual Framework for Interpreting Recorded Human History, 2009, Cambridge: Cambridge University Press. • O’Donnell, G., and Schmitter, C. P., Transitions from Authoritarian Rule-Tentative Conclusion about Uncertain Democracies, John Hopkins University Press, Baltimore, 1986 • Parsons, T., Evolutionary Universals in Society, 1964, American Sociological Review 29(3): 339-357 • Pletenac, T., Od Morlaka do postsocijalizma. Tranzicija kao element mimikrijskog diskursa, Antropologija postsocijalizma, Vladimir Ribić (ur.). Beograd: Srpski genealoški centar, 2007, pp: 200-215 • Prebisch, R., Change and Development: Latin America’s Great Task, Praeger special studies in international economics and development, Inter-American Development Bank, 1970 • Przeworksi, A., Alverez, E. M., Cheibub, J. A., and Limongi, F., Democracy and Development: Political Institutions and Well-Being in the World, 1950-1990, 2000, New York: Cambridge University Press • Roser, М. and Herre, B.(2013)-“Democracy”, Published online at OurWorldInData.org, https://ourworldindata.org/democracy • Rostow, W., W., The Stages of Economic Growth: A Non-communist Manifesto, 1960, Cambridge: Cambridge University Press • Sears, A., N., The Neoclassical Realist Research Program: Between Progressive Promise and Degenerative Dangers, 2017, International Politics Reviews 5(1)(05): 21–31. • Tanter, R., and Psarouthakis, J., Balancing in the Balkans, St. Martin’s Press, New York, 1999 • Von Beyme, K., Transition to Democracy in Eastern Europe, Palgrave Macmillan, 1996 102 • Wallerstein, I., The Politics of the World-Economy: The States, the Movements, and the Civilizations, 1984, Cambridge: Cambridge University Press • Weber, M., The Protestant Ethic and the Spirit of Capitalism, London, G. Allen& Unwin, 1930 • Whitehead, L., Comparative politics: Democratization Studies, in A New Handbook of Political Science, eds, Robert E. Goodin and Hans Dieter Klingemann, Oxford University Press, 1998, pp: 353-372 • Woolf, S., L., How to Make the Next Peace, Political Quarterly, OctoberDecember, 1941, London • Zakaria, F., Populism on the March-Why the West is in Trouble, Foreign Affairs, October, 16, 2016, http://www. foreignaffairs.com/articles/ united-states/2016-10-17/populism-march • Zakaria, F., The Future of Freedom – Illiberal Democracy home and abroad, W. W. Norton and company, New York, 2004 • Георгиевски, Т. П., Социологијата како критика на општествената, образовната и културната промена, Матица Македонска, Скопје, 2012 • Фукујама, Ф., Крајот на историјата и последниот човек, Култура, 1994, Скопје 1 Fukuyama, F., Against Identity Politics-The New Tribalism and the Crisis of Democracy, Foreign Affairs, August, 18, 2018, http://www.foreignaffairs.com/articles/americas/2018-08-14/againstidentity-politics-tribalism-francis-fukujama 2 Von Beyme, K., Transition to Democracy in Eastern Europe, Palgrave Macmillan, 1996, p. 3. 3 Ibid. 4 Huntington, P., S., Democracy’s Third Wave, Journal of Democracy, Spring 1991, pp: 12-34 5 O’Donnell, G., and Schmitter, C. P., Transitions from Authoritarian Rule-Tentative Conclusion about Uncertain Democracies, John Hopkins University Press, Baltimore, 1986; Woolf, S., L., How to Make the Next Peace, Political Quarterly, October-December, 1941, London; Egon, R-W., Victory is not Enough: The Strategy for a Lasting Peace, 1942, New York. 6 O’Donnell and Schmittеr, op. cit. 7 Види повеќе кај: Фукујама, Ф., Крајот на историјата и последниот човек, Култура, 1994, Скопје. 8 Георгиевски, Т. П.: Социологијата како критика на општествената, образовната и културната промена, Матица Македонска, Скопје, 2012, стр. 4. 9 Види, на пример, кај: Weber, M., The Protestant Ethic and the Spirit of Capitalism, London, G. Allen& Unwin, 1930; Guiso, L., Sapienza, P., and Zingales, L., Does Culture Affect Economic Outcomes? Journal of Economic Perspectives, American Economic Association, vol. 20(2), pp: 2348, Spring; Diamond, J., Guns, Germs, And Steel: The Fates of Human Societies, Norton& Co., New York, 1997 10 Acemoglu, D., and Robinson, A. J., Why Nations Fail: The Origins of Power, Prosperity and Poverty, 103 2012, New York: Crown; Przeworski, A., Alverez, E. M., Cheibub, A. J., and Limongi, F., Democracy and Development: Political Institutions and Well-Being in the World, 1950-1990, 2000, New York: Cambridge University Press; Kapstein, B. E., and Converse, N., The Fate of Young Democracies, Cambridge University Press, 2008; Lipset, M. S., Politicki covek, Rad, Beograd, 1969. 11 Epstein, L. D., Bates, R., Goldstone, J., Kristensen, I., аnd O’halloran, S., Democratic Transitions, American Journal of Political Science, Vol. 50, No. 3, July 2006, 551–569. Parsons, T., Evolutionary Universals in Society, 1964, American Sociological Review 29(3): 339-357. Rostow, W. W., The Stages of Economic Growth: A Non-communist Manifesto, 1960, Cambridge: Cambridge University Press. Almond, A. G., and Coleman, S. J., eds. The Politics of the Developing Areas, 1960, Princeton: Princeton University Press. Huntington, P. S., Political Order in Changing Societies, 1968, New Haven: Yale University Press. Inglehart, R., The Silent Revolution in Europe: Intergenerational Change in Post-Industrial Societies, 1971, American Political Science Review 65(4): 991-1017. Eisenstadt, N. S., Multiple Modernitie, in Shmuel Noah Eisenstadt(ed.), 2002, Multiple Modernities, New Brunswick: Transaction Publishers: 1-29. Buruma, I., and Margalit, A., Occidentalism: A Short History of Anti-Westernism, 2002, London: Atlantic Books; North, C. D., Wallis, J. J., and Weingast, R. B., Violence and Social Orders: A Conceptual Framework for Interpreting Recorded Human History, 2009, Cambridge: Cambridge University Press. 12 Durkheim, E., The Division of Labor in Society.(G. Simpson, Trans.), 1893/1960. New York: The Free Press; Rostow, op. cit.; Lipset, op.cit. 13 Prebisch, R., Change and Development: Latin America’s Great Task, Praeger special studies in international economics and development, Inter-American Development Bank, 1970; Cardoso, H. F., and Faletto, E., Dependency and Development in Latin America, 1979, Berkeley: University of California Press; Frank, G. A., Latin America: Underdevelopment or Revolution. Essays on the Development of Underdevelopment and the Immediate Enemy, 1969, New York: Monthly Review Press; Wallerstein, I., The Politics of the World-Economy: The States, the Movements, and the Civilizations, 1984, Cambridge: Cambridge University Press. 14 Murtin, F., and Wacziarg, R., The democratic transition, Journal of Economic Growth, 2014, vol. 19: 141-181, 142. 15 Huntington, op. cit., pp: 12-34. 16 Carothers, T., The End of the Transition Paradigm, Journal of Democracy, Volume 13, Number 1, January 2002, 8-9. 17 Фукујама, op.cit. 18 Zakaria, F., The Future of Freedom – Illiberal Democracy home and abroad, W. W. Norton and company, New York, 2004. 19 Ibid. 20 Ibid. 21 Ibid. 22 Dogan, M., Political sciences and other sciences, in A New Handbook of Political Science, ed.by Goodin, E. R., and Klingemann, H. D., Oxford University Press, 1998, 97-113. 23 Lijphart, A., Consociational democracy, World Politics, Vol. 21, No. 2, Jan. 1969, 207-225; O’Donnell and Schmitter, op. cit. 24 Dogan, op. cit. 25 Deudney, D., and Ikenberry, J. G., Liberal World- The Resilient Order, Foreign Affairs, 14.06.2018, http://www.foreignaffairs.com/articles/world/2018-06-14/liberal-world 26 Deudney and Ikenberry, op. cit. 27 Laurence, J., Liberal Democracy and its Shadow, 11 March 2019, Reset DOC, https://www. resetdoc.org/story/liberal-democracy-shadow/#sdendnote6sym 28 Emerson, W. R., Essays, Second Series, chp. 7- Politics, Library of America, 1983, 97. 29 Deudney and Ikenberry, op. cit. 30 Kaрта на политички режими изработена според студиите на: Boix, C., Miller, М., and Rosato, S., A complete data set of political regimes, 1800–2007, Comparative political studies 46, no. 12 (2013): 1523-1554, 2013 и Lührmann, A., Tannnberg, М., and Lindberg, С., Regimes of the 104 World(RoW): Opening New Avenues for the Comparative Study of Political Regimes, Politics and Governance 6(1): 60-77, 2018, превземена од Roser, М. and Herre, B.(2013) –„Democracy“, Published online at OurWorldInData.org, https://ourworldindata.org/democracy 31 Archibugi, D., and Cellini, M., What Causes the Populist Epidemic? 27 March 2017, Reset DOC, https://www.resetdoc.org/story/what-causes-the-populist-epidemic/ 32 Ibid. Види повеќе кај Whitehead, L., Comparative politics: Democratization Studies, in A New Handbook of Political Science, eds, Goodin, E. R., and Klingemann, H. D., Oxford University Press, 1998, 353-372. 33 Ibid. 34 Ibid. 35 Pletenac, T., Od Morlaka do postsocijalizma. Tranzicija kao element mimikrijskog diskursa, Antropologija postsocijalizma, Ribić, V.,(ur.). Beograd: Srpski genealoški centar, 2007, 200-215. 36 Horowitz, L. D., Democracy in divided societies, in Nationalism, Ethnic onflict and Democracy, edited by Diamond, L. and Plattner, F. Marc, John Hopkins University Press, Baltimore, 1994, pp: 35-56. 37 Kelemen, R. D., Europe’s Other Democratic Deficit: National Authoritarianism in Europe’s Democratic Union, Government and Opposition Journal, Volume 52, Special Issue 2(Democracy without Solidarity: Political Dysfunction in Hard Times) April 2017, 211-238. 38 Kelemen, op. cit. 39 Krastev, I., Eastern Europe’s Illiberal Revolution-The Long Road to Democratic Decline, Foreign Affairs, April 16, 2018, http://www.foreignaffairs.com/articles/hngary/2018-04-16/eastern -europes-illiberal-revolution 40 Mead, R. W., The Jacksonian Revolt-American Populism and the Liberal Order, Foreign Affairs, http://www.foreignaffairs.com/articles/united-states/2017-01-20/jacsonian-revolt 41 Zakaria, F., Populism on the March-Why the West is in Trouble, Foreign Affairs, October, 16, 2016, http://www. foreignaffairs.com/articles/united-states/2016-10-17/populism-march 42 Interview with David Runciman, Who Should we Blame if Democracy Ends?, Lanni, A., and Laurence, J., Reset DOC, 11 March 2019, https://www.resetdoc.org/story/blame-democracyends-interview-david-runciman/ 43 Krаstev, op. cit. 44 Ibid. 45 Interview with David Runciman, op.cit. 46 Graziosi, A., The Demographic Decline and the Crisis of the Western Mode l, Reset DOC, 11 March 2019, https://www.resetdoc.org/story/crisis-western-model-demographic-decline/ 47 Krastev, op. cit. 48 Bieber, F., What is stabilitocracy?, BIEPAG Blog, 5.05.2017, https://biepag.eu/article/what-is-astabilitocracy/ 49 Mujanovic, J., and Vracic, A., Political Trends and Dynamics- Bilateral Disputes in Southeast Europe, FES Briefing, August-September 2018, 3. 50 Sears, A. N., The Neoclassical Realist Research Program: Between Progressive Promise and Degenerative Dangers, 2017, International Politics Reviews 5(1)(05): 21–31. 51 Appiah, A. K., The Importance of Elsewhere- In Defense of Cosmopolitanism, Foreign Affairs March/April 2019. Vol.98, 20-26. 52 Anderson, B., Imagined Communities – Reflections on the Origin and Spread of Nationalism, Verso, London, 2006. 53 Fukuyama, F., Identity: The Demand for Dignity and the Politics of Resentment, Farrar, Straus& Giroux, 2018. 54 Fukuyama, op. cit. 55 Fischer, I., i Trkanjec, Z., Makronov plan za Novu Evropu, Jutarnji List, 6.03.2019, print, 6-7. 56 Став на Миро Ковач, Fischer i Trkanjec, op. cit. 57 Tanter, R., and Psarouthakis, J., Balancing in the Balkans, St. Martin’s Press, New York, 1999, xix. 58 Mead, op. cit. 105 VI  ПОГЛАВЈЕ ЕКСТЕРНАЛИЗАЦИЈА И ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ Етничките конфликти се широко распространет и, како што ука жува Horowitz, глобален феномен. Државите кои опстојуваат на свет ската мапа во најголем дел се длабоко поделени и се помалку хомоге ни, а токму тука и лежи една од основните причини за меѓуетнички несогласувања, натпревар, па дури и судир. Постојано се јавуваат нови: сецесионистички, сепаратистички, па дури и терористички движења кои го исполнуваат несогласувањето со: одредени национални поли тики, конкретен политички идентитет, степенот на заштита на права во определена национална рамка и серија други незадоволства кои, сами по себе, може да генерираат конфликт. Дополнително, според Horowitz, има и далеку помалку драматични манифестации, па во голем број држави постои тенденција за организирање политички партии или синдикални организации врз: етничка основа, антими грантски отпори, политички протести, и други форми на искажување незадоволството, повици или акција за заштита на етнички права и слободи. Доколку се согледуваат етничките конфликти преку темпо ралната димензија, и тоа само онаа на минатиот век, се доаѓа до за клучок дека: одреден број конфликти биле резултат на национално самоопределување, други на деколонизација, трети на борби за не зависност, четврти на демократизација, итн. Имајќи ја предвид оваа перспектива, сепак, според Horowitz 1 , може да се каже дека овој раз вој имал влијание врз оформувањето на елементи на универзалност и униформност кај етничките конфликти кои не постоеле претходно, 106 па сеприсутниот карактер на етничките конфликти дава можност за групите или движењата да станат дел од широка и почитувана струја, притоа учејќи едни од други, и на тој начин станувајќи сè послични во барањата и аспирациите. Од друга страна, пак, истражувањето на Kuran во однос на етнич ката дисимилација и нејзината меѓународна дифузија покажува дека општественото значење на етницитетот е во постојан пораст, заедно со етничката хетерогеност на најголемиот број земји-членки на ООН; субнационалните групи зајакнато се асимилираат во географски де финирани популации кои упатуваат барања за: етнички базирани економски права, политичка моќ и општествена почит, а: изборите, стратегиите за развој, државните удари и меѓународните договори нагласено вклучуваат етнички димензии 2 . Овој процес, кога опште ственото значење на етницитетот станува акцентирано и етничките партикуларности се истурени напред, тој го нарекува етнификација. Резултатот од нејзиното делување е етничка дисимилација – ситуација кога групите сè помалку наликуваат едни на други во делот на однесу вањето, етничките антагонизми се зајакнати и има фасилитација на етничка колективна акција, а во нејзината екстремна форма може да предизвика„одлепување“ на државите и нивно претворање во плен на етничко војување 3 . Современиот свет нагласено е посветен на интегративните актив ности во рамки на меѓународната заедница кои, пак, се одвиваат, глав но, преку зголемувањето на меѓузависноста на нејзините членки. Таа меѓузависност ја има за главна носечка сила – порастот на густина на интеракциски мрежи коишто го држат меѓународниот систем како целина 4 . Политичката фрагментизација, на една страна, и напливот во пораст на заеднички консеквентни активности на меѓународните субјекти во повеќе области, на друга страна, креираат нешто што се нарекува заедничка судбина и безбедносна меѓузависност 5 . Во оваа смисла, ниту еден судир и конфликт, без разлика на нивната природа и актери, не можат да бидат набљудувани и изучувани изолирано и одвоено, а уште помалку, разрешени. Ова е уште поважно кога станува збор за, т.н., слаби држави 6 кои се сметаат за„проблематични во однос на меѓународниот поредок, главно, заради тоа што нивната внатрешна несигурност често се прелива нарушувајќи ја безбедноста на соседните држави и региони, па многу често и лесно привлекуваат компетитивна интервенција од надвор и служат како цел на надворешна агресија 7 “. 107 Импликациите на етничкиот конфликт врз надворешните сили и меѓународната заедница во целина, зависат од видот на конфликтот и неговиот тек. Ова поврзување го прави и Brown наведувајќи дека, генерално, постојат три најверојатни исходи на етнички конфликт: 1) Помирување(Групите се договараат да живеат заедно преку постигнување согласност за политичката и правната рамка и пронаоѓање нови уставни аранжмани за задоволување на по себните барања и потреби. Така, често, локалната автономија и поексплицитни гаранции за малцински права се инкорпо рираат во новата рамка); 2) Поделба(Групите се договараат да живеат одделено заради неможноста од пронаоѓање уставни аранжмани прифатливи за сите. Поделбата, притоа, е договорена со прекин на правни те врски меѓу групите, но„кадифениот развод“, сепак, е ретка појава бидејќи етничката географија, генерално, е комплици рана и групите ја доживуваат фрагментацијата како закана за: нивниот идентитет, нивната регионална важност и нивното место на светската сцена); 3) Војна(Групите се судираат меѓу себе за контрола врз ситуа цијата. Притоа, ниту помирувањето, ниту пронаоѓањето при фатливи уставни аранжмани не успеале, па етничкиот спор консеквентно ескалира во меѓуетничка војна. Постојат разли ки од еден случај, до друг, во зависност од сразмерот на групи те. а) Малцинската група може да бара: сецесија и формирање своја држава, формирање своја држава во рамки на идна кон федерација, независен политички ентитет во рамки на нова федерална структура, поголема политичка, социо-економска или административна автономија преку соодветни уставни аранжмани, и демократски реформи со примена на консо цијални елементи, етничко делење на власта, итн.; б) Групите имаат подеднаква големина и моќ па се судираат за слични прашања или за контрола во државата; в) Мнозинската група може да започне војна заради задржување или проширување на своето влијание и позиција во државата) 8 . Согласно со Brown, на секој од овие три можни исходи на етнич киот конфликт соодветствува импликација за надворешните сили и меѓународната заедница. Кога етничкиот конфликт завршува така што 108 етничките групи постигнуваат договор да живеат заедно, надворешни те сили имаат релативно мал проблем бидејќи меѓународното status quo е непроменето. Она што останува на меѓународната заедница е по процесот на постигнување договор да се креираат нови трговски аран жмани со новите автономни регионални актери. Кога, пак, етничкиот конфликт резултира со договор за одделување на етничките групи, меѓународната заедница има далеку посериозна задача бидејќи тоа имплицира потреба од активност во, најмалку, шест сегменти: - Претходно постоечките интерни граници, сега треба да бидат прифатени и меѓународно признати; - Надворешните сили мораат да донесат одлука дали, и кога ќе дадат меѓународно признавање на новите политички ентитети; - Надворешните сили мора да одлучат дали, и кога ќе го проши рат членството во регионалните и меѓународните организации со новите политички ентитети; - Меѓународните договори потпишани од нефункционалната држава мора да бидат реформулирани; - Новите ентитети мора да воспостават нови трговски и финан сиски односи; - Надворешните сили мора да направат проценка на тоа како сите овие импликации ќе делуваат врз регионалната стабил ност и меѓународниот баланс на моќ 9 . Кога етничкиот конфликт ескалира во насилство/војна, имплика циите за меѓународната заедница варираат. Ако групата која бара ав тономија е поразена, па победникот ја наметнува својата концепција, директниот ефект врз меѓународната заедница е минимален бидејќи меѓународното status quo останува. Кога сецесионистичките групи постигнуваат успех и добиваат своја држава, импликациите за меѓу народната заедница се слични со оние при помирување со неопход на надворешна асистенција, за закрепнување од ефектите на војната. А, кога ниту една од страните не може да издејствува победа на воен план, по што конфликтот доаѓа до„мртва точка“, кога ниту политичко решение не е можно(како, на пример, во Кипар), импликациите за меѓународната заедница се на линија на моралниот императив за ин тервенција и/или отстранување на заканата по стратешките интереси на надворешните сили и меѓународната заедница како целина. 109 Во оваа насока, според Brown, етничките војни влијаат врз надво решниот свет во најмалку седум аспекти: o Цивилните жртви(скоро и да не постои пример на етнички судир без цивилни жртви); o Бегалците и раселените лица(етничките конфликти генери раат неверојатен број на бегалци и раселени лица); o Оружјето за масовна деструкција(нуклеарното оружје и дру ги оружја за масовна деструкција додаваат нова димензија на етничкиот конфликт); o Домино ефектот(етничкиот конфликт може да се прошири на повеќе начини); o Соседните држави(соседите на државата во која има етнички кон фликт може да се инволвираат во конфликтот на повеќе начини); o Далечните интереси(во определени конфликти интересите на далечни сили може да бидат загрозени); o Меѓународните организации(етничките конфликти влијаат врз надворешните сили бидејќи можат да го поткопаат креди билитетот на регионалните и меѓународните организации) 10 . Најдобриот чекор што меѓународната заедница може да го напра ви при среќавање со етнички конфликт е раното реагирање, односно, превенцијата на судирот пред конкретниот спор да се материјализира и насилството да еруптира 11 . Превентивната дипломатија е првиот че кор кој меѓународната заедница треба да го преземе при појавата на први знаци на етнички судир. Имено, според скицата дадена во„Аген да за мир“ на ООН, од поранешниот генерален секретар Бутрос Бутрос Гали, во 1992 година, постојат четири видови одговор на: етнички, религиозни, социјални, културни и лингвистички судири: • Превентивна дипломатија; • Воспоставување на мир; • Одржување на мир; • Постконфликтно градење на мир 12 . Превенцијата според Gurr и Harff овозможува антиципација и ограничување на етнополитичките конфликти преку преземање со одветни чекори: 110 а) Испраќање мисии за утврдување на фактите на теренот и нив но публикување(рана фаза од развојот на конфликтот); б) Повик до властите и нивните опоненти да пронајдат решение и соодветна понуда за меѓународно посредување и арбитража, како и понуда за извесен материјален и политички поттик за охрабрување на страните да постигнат решение(рана и средна фаза од развојот на конфликтот); в) Осуда на претпоставеното кршење на меѓународното право, потоа испраќање формално предупредување за претстојните санкции и други симболични активности, чија цел е поставу вање на правната и политичката сцена за меѓународна акција (средна фаза од развојот на конфликтот); г) Повлекување на меѓународното признание, ефектуирање на санкциите, ставање ембарго на увозот на стоки кои го овозмо жуваат судирот како оружје, енергија, и друго(подоцнежна фаза од развојот на конфликтот); д) Ограничена употреба на сила, на пример, надлетувања со воени летала, стационирање на воени бродови во близина и испраќање на средно вооружени мировни трупи опремени доволно за соп ствена одбрана(напредна фаза од развојот на конфликтот); ѓ) Почеток на селективна примена на сила, како: забрана за во ени движења, воздушни напади на стратешки цели и заробу вање на борци, индивидуално или во мали групи(почеток на високо напредната фаза од развојот на конфликтот); е) Колективна воена интервенција, со цел: одделување на судре ните сили, разоружување на противниците, заштита на неу тралните области и воспоставување безбедносни процедури и зони за доставување и дистрибуција на хуманитарна помош (крајна фаза од развојот на конфликтот); ж) Воспоставување времено, меѓународно спонзорирано стара телство; повторна изградба на цивилната администрација и базичните сервиси, снабдување со материјална и техничка помош и супервизија на изборниот процес(фаза на окончани воени дејствија во конфликтот) 13 . 111 Логиката на горенаведените акции, имплицира дека воената ин тервенција мора да се покаже императивна па, оттаму, и потребата да се остави како последна при превенција на етнички конфликт 14 . 6.1  НА СЛУЧАЈ: УЛОГАТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ВО КИПАРСКИОТ КОНФЛИКТ 6.1.1  Позадина на конфликтот Постои широко распространета и популарна претстава дека ки парскиот конфликт се однесува на несогласувањата и спротивставени те позиции на двете заедници кои го населуваат островот – кипарските Грци и кипарските Турци, кои влијаеле на вовлекувањето на Републи ка Грција и Република Турција како нивни матични земји по потек ло, во истиот давајќи му силен предзнак на етнички судир. Ваквата перспектива во набљудувањето на конфликтот неминовно нè носи до заклучокот дека кипарскиот конфликт е чисто етнички по својата при рода, како што е и позадината на вмешувањето на Република Грција и Република Турција во истиот. Со оглед на историјатот и анатомија та на конфликтот во која постојаното присуство и влијание на трети (надворешни) фактори е вградено, неопходно е да се подвлече дека кипарскиот конфликт никогаш не бил„само“ етнички, односно, внат решен конфликт, иако во одредени моменти дел од актерите во истиот настојувале да го прикажат како таков, и иако во одредени моменти од неговиот развој ваквиот третман би му донел и конечна разреш ница. Сведувањето на кипарскиот конфликт на само една од неговите димензии е и главниот виновник за еднострано и ограничено негово разбирање, кое најчесто не нуди одговор и решение за долготрајното чекорење кон ќорсокак во кој се наоѓа Кипар изминатите три децении. На Кипар пред декларирањето на независноста, а особено за ра ните години на британската управа, нерешениот статус на островот имаше предзнак на проблем, односно, прашање. Приклучувањето на Кипар кон Комонвелтот предизвика несогласување кај домородното население(кипарски Грци и Турци во најголем број) со колонијалниот статус, па до појавата на првите знаци на насилство, кипарските случу 112 вања беа третирани како спор. Во таков контекст, беа и првите обиди за негова интернационализација пред ООН. Кипарскиот конфликт е идеална лабораторија за истражување на проблематиката поврзана со појавата и развивањето на етничкиот конфликт во неговата интерна(внатрешна) и екстерна(меѓународ на) димензија. Со оглед на анатомијата на конфликтот и изразеното странско присуство уште од раната историја, со голема доза на си гурност може да се тврди дека кипарскиот конфликт отсекогаш бил меѓународен 15 . Политичката димензија на поделбата на Кипар има интерна и екстерна форма 16 . Во својата интерна форма, политичката димензија се базира врз неуспехот во пронаоѓањето уставни аранжмани кои би ја признале длабоката различност на островот преку гарантиран ин ституционален израз. Во својата екстерна форма, пак, политичката димензија се базира врз неуспехот за пронаоѓање на адекватни аран жмани за осигурување на: мирот, безбедноста и просперитетот на островот. Кипар е формално поделен од 1974 година, односно, нешто повеќе од триесет години, а фактички од 1963 година. Сепак, имајќи ја во вид историјата на регионот, се чини дека вистинските корени на поделбата треба да се побараат во вековната спротивставеност на регионалните инволвирани сили – Грција и Турција. Овој аспект на конфликтот е дотолку позначаен што благодарение на високо разви еното(и долго негувано) чувство на припадност на еден од овие два народа, креирањето на поделен и заеднички кипарски идентитет било невозможно 17 . Токму непостоењето на: кипарски идентитет, кипарска нација, свест за кипарска заедница обединета под едно знаме и една химна, е и една од главните причини за неможноста да се постигне трајно решение за кипарскиот конфликт 18 . И, уште повеќе, силината и долготрајноста на потенцираното чувство на етничка дистинкција меѓу припадниците на двете заедници, како на копното, така и на островот во целина, го потврдува доследното следење на премисата на Бизмарк –„размислувај со својата крв 19 “, а не глава. 6.1.2  Формирање на Република Кипар Во декември 1958 година, претставници на Република Грција и Ре публика Турција на преговарачка маса за првпат разговарале за разре 113 шување на кипарскиот проблем преку концептот на независен Кипар, оставајќи ги настрана конкурентските идеи и барања за енозис и подел ба/таксим. Директните преговори меѓу Република Грција и Република Турција за статусот на Кипар продолжиле со средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во февруари, 1959 година, во Цирих, од која произлегол и текстот на Договорот за независност на Кипар. Процесот на преговори завршил истиот месец, во Лондон, кога прет ставници на: Велика Британија, Република Грција и Република Тур ција го потпишале Договорот од Ланкастер Хаус со кој биле регулирани нивните меѓусебни права и обврски во однос на новопрокламираната Република Кипар. Значајно е да се подвлече дека во Цирих и во Лондон биле присутни делегации од Кипар(претставници и на кипарските Грци и на кипарските Турци), но нивното учество било сведено на прифаќање на постигнатиот договор меѓу трите сили. Република Грција го одбила барањето на Макариос за измена на некои одредби, а имало таква ситу ација и кај турската страна. Токму заради фактот што вистинските стра ни на кипарскиот конфликт, кои требало да бидат,„во најмала рака“, консултирани, биле изоставени од конструирањето на крајно решение, аналитичарите, едногласно, подвлекуваат дека тоа било наметнато и неприродно. Еден месец по добивањето независност, Република Кипар станала полноправна членка на ООН. Во летото 1961 година, станала членка на Британскиот Комонвелт. Во декември, истата година, станал членка на ММФ и Светската банка. Договорот од Цирих бил основа за донесување на Уставот на Ре публика Кипар и трите договори – Договорот за основање, Договорот за сојузништво и Договорот за гаранции 20 . Документите биле доне сени на 16 август, 1960 година, кога и стапиле во сила. Сите четири документи биле замислени и отелотворени како една основа за ид ното функционирање на државата, па оттука произлегува и нивната меѓусебна поврзаност. Така, на пример, 48 од членовите на Уста вот биле инкорпорирани во текстот на Договорот за гаранции, а во членот 181 од Уставот стои дека Договорот за гаранции и Договорот за сојузништво имаат сила на уставни документи. Во Анексот кон Договорот за основање стои дека државните граници на Република Кипар не соодветствуваат на природните граници на островот имајќи предвид дека Велика Британија задржала апсолутен суверенитет на две енклави, на кои се стационирани воени бази на британската ар 114 мија – Декелија и Акротири, со вкупна површина од 256 км ² . 21 Покрај тоа, Велика Британија задржала определени права над 15 други обла сти, како: извори на вода, ексклузивната контрола врз аеродромот во Никозија во случај на вонредна состојба, радарски позиции надвор од воените бази, итн. Со договорите било предвидено правото на Ре публика Грција и Република Турција да задржат определен квантум на воени сили на островот, и тоа: Грција – 950 војници, а Турција – 650, како поддршка на гаранцијата за опстојување на независен Ки пар, односно, како помош при евентуална интервенција за заштита на постојниот уставен поредок 22 . Решението за кипарскиот проблем што било понудено со наведените документи, овозможувало перма нентно влијание на владите на: Грција, Турција и Велика Британија, со што, и покрај тоа што Кипар теоретски добил независност, сепак овие сили останале длабоко вмешани во политиката и иднината на Кипар 23 . Карта на Кипар и административната поделба на островот 24 115 6.1.3  конфликт и улогата на трети субјекти Иако историјата на кипарскиот конфликт покажува дека на остро вот странското присуство и интересите на бројни нации и империи не му биле непознати уште од најстари времиња, инволвирањето на меѓу народната заедница во конфликтот се поклопува со започнувањето на процесот на негова интернационализација 25 . Оттука, поставувањето на кипарското прашање пред ООН се смета за почетна дата во анализата на улогата на надворешните фактори во кипарскиот конфликт. Анализирајќи го историјатот на кипарскиот конфликт, многу историчари, но и аналитичари, заклучуваат дека истражувањето на улогата на трети субјекти во настанувањето и развојот на конфликтот е од фундаментално значење за разбирање на истиот. Покрај улогата на регионалните сили – Грција и Турција, во кипарскиот конфликт е најзначајна улогата на суперсилите кои, помалку, или повеќе, успешно го практикуваат методот на посредување врз основа на моќ 26 , кој, меѓу другото, се јавува како инструмент на нивната надворешна политика чија принципиелна цел, се разбира, е заштита и унапредување на нив ните интереси. Одреден број аналитичари ја пренагласуваат улогата на суперсилите, притоа истакнувајќи дека проблемите на островот по текнуваат од„сплеткарските аутсајдери, а не од етнички-поделените жители на островот кои, без оглед на разликата во бројност, опстојува ат едни покрај други со векови“ 27 и дека„влијанието на големите сили е круцијално за раѓањето и еволуцијата на кипарскиот конфликт 28 “. Во изминатите пет децении, меѓународната заедница користела, главно, два метода за разрешување на конфликтот: 1) Медијација(посредување) меѓу конфронтираните страни зара ди постигнување трајно и одржливо решение. Посредувањето се одвива, главно, преку ООН иако, исто така, определена уло га имаат и други субјекти, како: Велика Британија, САД и ЕУ; 2) Надворешна интервенција заради спречување на судир, однос но, спречување на ескалација на постојниот судир во судир од поширок размер. Кипар искусил воена и политичка надвореш на интервенција, и тоа од: Грција, Турција и ООН, односно: UNFICYP и САД и Русија. 116 Генерална оценка е дека и во првиот, и во вториот случај, меѓуна родната заедница постигнала релативен успех. Медијацијата помогна ла во одржувањето на стабилноста и„замрзнатиот“ мир на островот, меѓутоа тоа е и единственото нешто што го постигнала. Точно е дека бројот на жртви и директни конфронтации на двете заедници се на малија, или во одредени периоди скоро и исчезнаа, но Кипар и денес го живее своето status quo. Анализата на надворешната воена интервенција во кипарскиот конфликт покажува дека и во овој случај се постигнати скромни ре зултати. Од аспект на постигнување на декларираната цел на интер венциите на грчката армија во кипарскиот конфликт – енозис, тие беа целосно неуспешни. И уште повеќе, грчките интервенции немаа успех ни во поддршката на интересите на заедницата на кипарските Грци, туку напротив: - Бројот на жртви на припадници на оваа заедница продолжи да расте; - Бројот на бездомници од припадници на оваа заедница беше зголемен; - Сериозно беа нарушени можностите за постигнување решение според кое Кипар ќе биде обединет 29 . Ни турската интервенција во кипарскиот конфликт немаше цело сен успех. Иако со инвазијата на северниот дел од островот се спречи можноста Кипар да стане грчки и се создаде каква-таква заштита за правата на заедницата на кипарските Турци, сепак, островот остана поделен, Турската Република Северен Кипар(ТРСК) остана непри знаена, голем број на припадници на заедницата на кипарските Тур ци настрадаа, особено во текот на 1974 година, а и голем број станаа бездомници 30 . Интервенцијата на меѓународната заедница се врзува со форми рањето на UNFICYP – мировните трупи на ООН во 1964 година, чиј мандатот бил превенција на повторна појава на судири меѓу припад ниците на двете заедници, а не разрешување на конфликтот, што е оставено во надлежност на посредувачите на ООН и страните во кон фликтот. Меѓутоа, ни оваа интервенција не може да се смета за успеш на со оглед на тоа што судирите продолжија и по наведената година, иако: со помал размер, со помалку жртви и инциденти. Сепак, сосема 117 е сигурно дека мировните трупи на ООН помогнаа настаните од 1974 година да не се случат порано и во покрвава форма 31 . САД интервенираа на Кипар со преземањето на британската уло га на островот по неуспешните обиди на последната да се справи со опасната ескалација на судири, покажувајќи неспособност за враќање на мирот и помирување на спротивставените страни. Британскиот не успех за справување со кризата во 1963 година резултираше со поста вување на сцената за интервенција на суперсилите во конфликтот 32 . САД беа инволвирани на Кипар, главно, преку дипломатска интер венција, чии примарни цели беа: враќање на мирот, контролирање на конфликтот, превенирање на грчко-турска војна и постигнување ре шение коешто ќе соодветствува на западните интереси во регионот 33 . Руската, пак, интервенција во конфликтот датира од истиот период, со оглед на намерата да се попречи западното влијание на островот и регионот во целост. Советскиот Сојуз, всушност, одигра значајна улога во дипломатската и воена поддршка на кипарските власти во нивната борба за: назависност, територијален интегритет и приклучувањето на Кипар кон Движењето на неврзаните земји 34 . Инволвирањето на суперсилите во кипарскиот конфликт придонесе за неговото вплет кување во ривалството на САД и СССР за време на Студената војна и имаше значаен удел во развојот на идните настани и неможноста да се изнајде решение коешто ќе ги удоволи барањата и интересите на сите инволвирани субјекти. Кипарскиот конфликт е регионален конфликт во полна смисла на зборот 35 . Лоциран во крилото на источно-медитеранскиот регионален систем(често означен и како Блиски Исток или Левант), Кипар при паѓа на регионална заедница на држави чии главни карактеристики се детерминирани од: разликите и сличностите меѓу нив во географска, политичка и економска смисла, географската близина и регуларните и интензивни интеракции меѓу нив 36 . Доколку на ова се додаде фактот дека меѓународната заедница на еден друг начин има сериозен стаж на присуство на островот, кипарскиот конфликт во целост ги потврдува трите, т.н., општи нивоа во предизвикување на регионален конфликт: 1) Внатрешно ниво – етничката хетерогеност поттикнува дви жења за поделба кое, пак, се изразува преку граѓанска војна; 2) Регионално ниво – конфликтот меѓу регионални сили предиз викува внатрешни поделби преку поврзување на домашните 118 фракции со регионалните сили и често е разгорен од нивна директна интервенција; 3) Глобално ниво – самиот глобален систем, особено некои ре лации, како исток-запад, може да придонесат за регионален конфликт со самите обиди на големите сили за унапредување или заштита на нивните интереси во регионалниот контекст 37 . Наведените различни нивоа за предизвикување на конфликт и трендот на пораст на регионализацијата, придонесуваат за исклучи телната комплексност и отпорноста кон разрешување на регионалните конфликти и Кипар, како таков. Тие се резултат на интрарегионална хетерогеност и продукт на односите на доминација меѓу центарот и периферијата, а нивната формација е комплексна мешавина на: ин транационални, интрарегионални и екстрарегионални конфликти 38 . Кипарскиот конфликт е идеален пример за комплексен и тврдо глав регионален конфликт: • На внатрешно ниво ескалацијата на конфликтот била подгре ана од влошувањето на односите меѓу двете различни етнички заедници на островот; • На регионално ниво, пак, регионалните интереси на Грција и Турција и нивната наклонетост кон заштита и унапредување на интересите на заедниците на островот со етничка поврза ност, имаа улога не само во настанувањето, туку и во отпорот кон негово разрешување; • На глобално ниво, интересите на големите сили, и тоа, пред сè, на САД и Велика Британија(а со тоа и НАТО) и нивната грижа за гло балната безбедност, го сочинувале последниот слој на конфликтот. Имајќи го сето ова предвид не останува простор за чудење бидејќи Кипар е Гордиев јазол за толку многу, и толку различни: политичари, дипломати и мировници и толку многу, и толку различни предложени решенија 39 . 6.1.4  Нато, Русија и кипарскиот конфликт Во времето на Студената војна, коешто во целост се поклопува со историските моменти од формирањето на кипарската држава, по 119 стоеја два клучни надворешни фактори инволвирани во кипарското прашање – НАТО алијансата(предводена од САД) и Русија(СССР). За повеќето аналитичари моментот на инволвирање на овие две сили во кипарскиот конфликт е клучен за неговата интернационализација бидејќи од претходно регионален конфликт со препознатлив етнички предзнак, Кипар преминал во сосема друга лига, лига во која играат светските суперсили 40 . Во регионална смисла, НАТО димензијата, во Медитеранот го оп фаќа просторот покриен од членки на НАТО, како и бродовите и авио ните на членките на алијансата кои се наоѓаат во водите или небото на Медитеранот. Република Кипар не е земја-членка на НАТО, меѓутоа на островот легално се распоредени вооружени сили на три земји-членки на алијансата. НАТО ги оценуваше Грција и Турција како„тешки“, но значајни држави пред нивниот влез во алијансата 41 . Приемот и на двете во 1952 година, и настаните кои следеле, само го потврдиле овој став покажувајќи дека нивното ривалство и етничка спротивставеност имаат далеку посилни и подлабоки корени од предвидувањата. Уште во текот на 1950-тите години, со покренувањето на кипарската борба за независност од Велика Британија, грчко-турските односи се вло шиле до тој степен што Грција го повлекла целокупниот персонал од НАТО командата во Измир, упатувајќи јасна порака за претстојната опасност 42 . Реакцијата на НАТО била во согласност со идејата за поми рување меѓу двете нејзини членки и изнаоѓање решение за кипарско то прашање, па биле понудени неколку предлози: воспоставување на НАТО база на островот, трансформација на островот во територија под НАТО старателство, како и прием на островот во членство на НАТО 43 . Интернационализацијата на кипарското прашање и постигнувањето на договорите за воспоставување на Републиката значеле прифаќање на друга алтернатива којашто иако била широко поздравена во кам пусот на НАТО, не продуцирала траен мир и конечно решавање. Така, само за првата недела од избувнувањето на кризата од 1963 година, грчките и турските војски стационирани на Кипар се судриле озна чувајќи го првиот судир на членки на НАТО алијансата 44 . Реакцијата на НАТО била во„најмала рака“ панична и опфатила мобилизација и придвижување на голем број трупи на границата со Тракија 45 покрај интензивната дипломатска активност комбинирајќи: притисок, поли тичко нагодување и предлагање решение. Така, уште во јануари 1964 120 година, претставници на НАТО го изнеле Мировниот план за кипар скиот конфликт. Предлогот се базирал врз 4 точки: 1. На Кипар да бидат испратени мировни сили составени од нај малку 10.000 војници од земјите на НАТО заради враќање на редот и мирот. Притоа, грчките(950 лица) и турските(650 лица) контингенти веќе стационирани на островот би биле инкорпорирани во тие сили; 2. Грција и Турција да се обврзат за неинтервенција во пробле мите на островот сè додека на него се стационирани мировните сили на НАТО; 3. Политичката рамка за делувањето на силите на НАТО да биде обезбедена од меѓувладин комитет составен од претставници на земјите кои испратиле војници. Притоа, комитетот нема да има член – претставник на властите на Република Кипар; 4. За надминување на проблемот, на Кипар ќе биде испратен ме дијатор кој ќе потекнува од земја-членка на НАТО, но нема да доаѓа од ниту една од трите земји гарантори 46 . Планот на НАТО бил нападнат од Грција и Русија, и соодветно на тоа, одбиен од Макариос. Но, тоа било само почеток на влошувањето на односите внатре во НАТО и намалувањето на угледот и моќта за влијание на алијансата врз развојот на односите меѓу нејзините член ки. Дополнителен притисок во оваа смисла бил произведен од делум но ефективната медијација на САД во 1964 година, по што неуспехот на интервенцијата на НАТО на Кипар само доби сериозна потврда 47 . Инволвираноста, пак, на Русија во кипарската приказна може да се оцени како релативно значајна, пред сè, заради фактот што по својот интензитет и интерес е далеку помала и помалку важна од онаа на принципиелните надворешни актери. Сепак, островот Кипар се наоѓа на стратешки исклучително важна позиција во источниот Медитеран и никогаш не бил настрана од конфронтацијата исток-запад, па отту ка и изворите за интересот и инволвираноста на Русија. Но, за Русија ангажманот околу кипарското прашање нема предзнак на значајни економски интереси(иако Русија се јавува како повремен снабдувач со оружје на власта на кипарските Грци 48 ), ниту, пак, постојат меѓународ но преземени обврски како оние кај останатите меѓународни фактори. Оттука, единствената цел на руската политика кон кипарското пра 121 шање се врзува за односот Русија – НАТО, односно за рускиот пристап кон грчко-турските конфронтации. Така, во изминатите неколку деце нии Русија ја декларираше својата политика кон Кипар како политика на лимитирање, па и неутрализирање(доколку е можно) на значењето на островот како потенцијална база на НАТО 49 . Во екот на Студената војна ваквиот пристап, се чини, бил апсолутно разбирлив, а особено во контекст на примерите за употреба на островот Кипар како времена или логистичка база при операции на НАТО во регионот(Египет, Ли бан, Блискиот Исток и поширокиот регион). Впрочем, од 1974 година Русија силно инсистирала на„интернационализацијата“ на конфлик тот, наспроти„натоизацијата“ на истиот, притоа давајќи поддршка на напорите на ООН преку резолуции и други документи 50 . Историчарите забележале дека во очите на источниот блок, са миот независен Кипар беше производ на успешна координација во рамки на НАТО алијансата бидејќи формирањето на Кипар како не зависна држава беше резултат на трипартитните преговори(без уче ство на кипарските Грци и кипарските Турци) на: Грција, Турција и Велика Британија. Така, иако на прв поглед се чини дека Грција и Турција покажале заедничка детерминираност за конституирањето на Кипар како независна држава, сепак, анализата на поширокиот контекст на меѓународната сцена, особено во светло на тензиите во регионот како резултат на Студената војна, покажуваат дека тоа не било ништо повеќе од нивна согласност со британското настојување да се избегне раздор во рамки на солидарноста на НАТО 51 . Сè посилното руско влијание во регионот на источниот Медитеран и можноста за конфронтација на спротивставените страни во Студената војна токму на овој терен, имале поголемо влијание на истоветните грчки и турски ставови во однос на конституирањето на независна кипарска држава, отколку нивните реални интереси и политика 52 . Руското негодување околу кипарското решение во овој период се базирал и врз проценката дека Кипар може да стане членка на НАТО по примерот на Грција и Турција, со што јужното(односно југоисточното) крило на НАТО би било целосно и влијанието на западните сили во регионот трајно. Овој став на Русија, се разбира, не бил неоснован имајќи го предвид, т.н., џентлменски договор кој тајно бил склучен меѓу Караманлис и Менде рес во 1959 година, во Цирих, а според кој„Грција и Турција би ја под држале кипарската кандидатура за членство во НАТО и инсталацијата на база на НАТО, како и нејзиниот состав, би зависеле од договор меѓу 122 нивните влади 53 “. Руските стравувања дека Кипар ќе стане алатка на НАТО, ја поттикнале руската поддршка на Макариос по нередите од 1963 година, а особено во светло на заканите на Турција за инвазија на островот 54 . Во екот на Студената војна, давањето поддршка на Макари ос(Кастро на Медитеранот, како што го нарекувале Американците 55 ), кој се покажал како силен антизападен лидер(наспроти Гривас), под држан ефикасно од АКЕЛ – Реформската партија на работниот народ на Кипар(инаку сателит на Кремљ, на островот) била очекувана руска реакција. САД и Велика Британија за надминување на кризата по пр вичната реакција, согласно која требало да се испрати контингент од 10.000 – 15.000 војници на НАТО, предложиле заедничка акција на трите сили гарантори, па откако и таа била одбиена, решението било побарано во рамки на ООН и формирањето на UNFICYP. Со подобру вањето на руско-турските односи по падот на Хрушчов, во 1964 година, и консеквентните американски реакции, руската политика кон Кипар во голем дел се изменила. Така, додека до средината на 1964 година, турските воздушни напади на Кипар биле именувани како агресор ски 56 , турската воена акција во 1974 година не била воопшто спомената од руска страна 57 . Објаснувањето за отсуството на руска реакција лежи во верувањето дека турската интервенција е во полза на реставрација на привремено соборената неврзана власт на Кипар 58 . Веќе со почето кот на осумдесеттите години на XX век, Русија заземала проактивна улога кон кипарското прашање, предлагајќи одржување на меѓународ на конференција како механизам за постигнување на одржливо по литичко решение за Кипар 59 . Рускиот предлог со воодушевување бил прифатен од страна на кипарските Грци, меѓутоа откако бил поставен пред членките на Советот за безбедност на ООН и притоа одбиен од страна на: САД, Франција и Велика Британија, тој не доживеал успех. Така, иако во наредните неколку години Русија и кипарските Грци повремено го повторувале предлогот, тој го загубил меѓународното внимание особено откако САД и Русија одбиле да го стават во агендата на самитот Реган – Горбачов, во 1988 година, со образложение дека прашањето не е предмет на моментален централен интерес на двете земји 60 . По распадот на СССР(1989 година), околу 50.000, навистина бо гати, Руси привремено се населиле на Кипар, пред сè, заради добрите услови за работа. Голем дел од нив подоцна, со стишувањето на состој бата во Русија, се вратиле дома, но локалните статистики покажуваат 123 дека и во 2005 година на Кипар имаше блиску 35.000 Руси и голем број на регистрирани руски компании 61 . Освен финансиските импликации од ваквата соработка, особено значајни се политичките и геостратеш ките, согласно кои Русија ни оддалеку не„заминала“ од Кипар. САД и Русија во периодот на Студената војна 62 , а САД и потоа, главно имаат политичко влијание врз кипарските случувања(закани, предупредувања, советување и поттик), а не директно воено присуство на островот, иако во неговата околина тоа било повеќе од евидентно, како и нееднакво 63 . Покрај тоа, САД целисходно ги користеле постој ните британски инсталации на островот 64 . Западната политика кон Кипар се базира врз одржувањето на безбедноста и заштитата и подобрувањето на трговските интереси во регионот, како две принципиелни цели. Кон нив се надоврзуваат и индиректно ги поддржуваат факторите: заштита на човековите права, грижа за правдата и владеењето на правото и промоција на заемна та почит и разбирање меѓу народите 65 . Кипар е дел од безбедносниот круг на источниот Медитеран на кој се надоврзува и ситуацијата во: Ирак, Иран, Заливот, Каспискиот Базен, Блискиот Исток и, се разби ра, југоисточното крило на НАТО со членките Грција и Турција. Само стабилен Кипар може да придонесе за одржување и унапредување на западните трговски интереси во турбулентниот регион на кој припаѓа. Во пресрет на настојувањата за постигнување одржливо и правед но решение за кипарскиот конфликт, главните прашања што ја засе гаат НАТО алијансата се однесуваат на одржувањето на хармонични односи меѓу Грција и Турција, преку што се цели кон постигнување зајакната стабилност во Југоисточна Европа и источниот Медитеран, притоа задржувајќи ги британските воени поседи на островот заради нивното значење за САД и алијансата во целост 66 . Со проширувањето на НАТО во Централна и Источна Европа и инкорпорирањето на земји од тој регион во процесот на реконструкција на нивните воени сили и безбедносни претпоставки во една мултилатерална рамка, размис лувањето за вклучување на Кипар во семејството и не е така далечна и несфатлива можност. Ова, особено затоа што Грција и Турција веќе се членки на НАТО, а интеграцијата на Кипар може значајно да при донесе во промоцијата на размена на информации и соработка меѓу безбедносните системи на двете земји 67 . 124 Окончувањето на Студената војна го означи почетокот на нова ера во меѓународните односи, во кои: почитувањето и соработката меѓу на циите, посветеноста на човековите права, демократијата и владеењето на правото, се елементи од фундаментално значење. Во ваквата нова средина, кипарскиот конфликт не претставува само горлив антагони зам, туку продолжува да биде фактор на потенцијална нестабилност во југоисточниот Медитеран. Завршувањето на Студената војна донесе значајни промени во екстерната димензија на кипарскиот конфликт, но многу што остана исто на самиот остров 68 . А, меѓународната за едница, покрај моралната обврска, има и дополнителна причина да придонесе во напорите за постигнување на праведно и одржливо ре шение за Кипар. За размислување:  Кои се најверојатните исходи на етнички конфликт?  Какви импликации има екстернализацијата во етничките конфликти?  Која е улогата на регионалните, а која на меѓународните актери во кипарскиот конфликт?  Обидете се преку пример на современ конфликт да ја димензионирате улогите на меѓународната заедница и поедини сили во негово развивање и разрешување! БИБЛИОГРАФИЈА: • Analysis of the Cyprus Agreement, Intelligence Report No. 8047, Department of State, Bureau of Intelligence and Research, 1959, Government of the USA. • Attalides, M. A., Cyprus: Nationalism and International Politics, St. Martin’s Press, London, 1979 • Ba ḡ ci, H., The Situation During the Cold War, In Do ḡ ramaci, E., Haney, W. and König, G.,(ed.). Proceedings of the First International Congress on the Cypriot Studies held in Gazima ḡ usa on 20-23 November, 1996, Gazima ḡ usa: Centre for Cypriot Studies – Eastern Mediterranean University Press, 1997 125 • Bahcheli, T., Couloumbis, T. A. and Carley, P., Greek-Turkish Reations and the US Foreign Policy- Cyprus, the Agean, and Regional Stability, United States Institute of Peace, Peaceworks No.17, August 1997 • Ball, G., The Past Has Another Pattern: Memoirs, Norton, New York, 1982 • Blaustein, A. P. and Flanz, G. H.,(editors), Constitutions of the World, Oceana Publications, Dobbs Ferry, NY, 1972 • Brown, M. E., Causes and implications of Ethnic Conflict, In Brown, M. E., (ed.) Ethnic Conflict and the International Security, Princeton: Princeton University Press, 1993, pp. 3-27 • Cahill, K. M.,(ed.). Preventive Diplomacy-Stopping Wars Before They Start, A Joint Publication of BasicBooks and The Center for International Health and Cooperation, New York: BasicBooks, part 8(Early warning systems), 1996, pp. 123-144 • Conference on Cyprus: Documents signed and Initialled at Lancaster House on February 19, 1959, London, H.M. Stationery Office, 1964 • Connor W., A Nation Is a Nation, Is a State, Is an Ethnic Group, Is a …, In Connor, W. Ethnonationalism – The Quest for Understanding. Princeton: Princeton University Press. 1994, pp. 89-118 • Coper, R., and Berdal, M., Outside intervention in Ethnic Conflicts, in Brown, M. E.,(editor), Ethnic Conflict and International Security, Princeton University Press, Princeton, New Jersey, 1993, pp. 181-207 • Couloumbis, T. A., Defining Greek Foreign Policy Objectives, in Couloumbis, T. A. and Latrides, J. O.,(editors), Greek American Relations – A Critical Review, PellaPublishing Company, New York, 1980 • Dobell, W., Cyprus as a Regional Conflict, in Salem, N.,(editor), Cyprus – A Regional Conflict and Its Resolution, Canadian Institute for International Peace and Security, 1992, pp. 44-59 • Drath, V., The Cyprus Conundrum, American Foreign Policy Interests, No. 25, 2003, pp. 299-309 • Eden, A., The Eden Memoirs: Full Circle, London: Cassel, 1960 • Emerson, M., Europeanisation& Conflict Resolution- Testing an Analytical Framework, Brussels: CEPS(Center for European Policy Studies), Policy Brief, No. 59/December 2004 • Fisher, R. J., Introduction: Understanding the Tragedy of Cyprus, in Salem, N.,(editor), Cyprus – A Regional Conflict and Its Resolution, Canadian Institute for International Peace and Security, 1992 • Great Britain, Cyprus, Cmd. 1083, London, H.M. Stationery Office, 1960. • Güney, A., The USA’s Role in Mediating the Cyprus Conflict: A Story of Succes or Failure, Security Dialogue, Vol. 35, No. 1, March 2004, pp. 27-42 126 • Gurr, T. R. and Harff, B., Ethnic Conflict in World Politics, Westview Press, Boulder 1994 • Gurr, T. R. and Harff, B., Responding to International Crisis, In Gurr, T. R. and Harff, B.(ed.) Ethnic Conflict in World Politics. Oxford: Westview Press Inc., 1994, pp. 147-156 • Gϋrel, Ş., The Role of Third Parties in the Cyprus Problem, In Do ḡ ramaci, E., Haney, W. and König, G.,(ed.). Proceedings of the First International Congress on the Cypriot Studies held in Gazima ḡ usa on 20-23 November, 1996, Gazima ḡ usa: Centre for Cypriot Studies – Eastern Mediterranean University Press, 1997, pp. 339-347 • Horowitz, L.D., Ethnic Groups in Conflict, University of California Press, Berkley, 2000 • Joseph, J.S., Cyprus: Ethnic Conflict and International Politics- From Independence to the Threshold of the European Union, Macmillan Press Ltd., Great Britain, 1997 • Kaufmann, C.D., When All Else Fails: Evaluating Population Transfers and Partition as Solutions to Ethnic Conflict, In Walter, B. F. and Snyder, J.(ed.) Civil Wars, Insecurity and Intervention. New York: Columbia University Press, 1999, pp. 221-261 • King, G., Documents on International Affairs 1959, Oxford University Press, 1963 • Kuran. T., Ethnic Dissimilation and its International Diffusion, in Lake, D.A. and Rothchild, D., The International Spread of Ethnic Conflict – Fear, Diffusion and Escalation, Princeton University Press, Princeton, 1998, pp. 35-61 • Lane, C. B., Soviet-Middle East Relations,(Soviet-Third World Relations), vol. 1, Central Asian Research Centre, London 1973 • Milne, D., One State or Two? Political Realism on the Cyprus Question, Basingstoke: The Round Table, 2003, p. 1; Hugg, P. R., Cyprus Advances Towards Europe: Realism and Rationalism, Ankara: Perceptions. 6/3, 2001, pp. 92-112 • Nejatigil, Z. M., The Turkish Republic of Northern Cyprus in Perspective, Tezel Offset and Printing Co. Ltd., Nicosia, Northern Cyprus, 1985 • Norton, A. R., The Soviet Union and Cyprus, in Salem, N.,(editor), Cyprus – A Regional Conflict and Its Resolution, Canadian Institute for International Peace and Security, 1992 • Nugent, N., Cyprus and the European Union: The Significance of Being Small, Center for Small State Studies, Institute of International Affairs-University of Iceland, Occasional Paper 1-2003 • O’Malley, B. and Craig, I., Cyprus Conspiracy: America, Espionage and the Turkish Invasion, I. B. Tauris Publishers, New York, 1999 127 • Report of the Secretary General on His Mission of Good Officers in Cyprus, S/2003/398 • Stavri, G., An Economic Vision for Cyprus: The Greek Cypriot Experience, Turkish Policy Quaterly, Vol. 4, No. 4, Winter 2005 • Stephen, M., Greek Cypriot Military Build-Up, in Stephen, M., The Cyprus Question- A Concise Quide to the History, Politics and Law of the Cyprus Question, Northgate Publications, London, July 2001 • Stephen, M., The Cyprus Question- A Concise Quide to the History, Politics and Law of the Cyprus Question, Northgate Publications, London, July 2001 • Stern, L., The Wrong Horse: The Politics of Intervention and The Failure of American Diplomacy, Time Books, New York, 1977 • Stivachtis, Y. A, European Union’s Mediterranean Security Policy- An Assesment, Paper presented at the 16th Annual Graduate Students Conference: The Changing Face of Europe, at the Institute on Western Europe, Columbia University, New York, March 25-27, 1999 • Thompson, W. R., The Regional Subsystem. A Conceptual Explication and a Propositional Inventory, International Studies Quaterly, 1973/17/1, pp. 89-117 • UN Doc. S/PV 1153, 17 September 1964. • United States Central Intelligence Agency. Cyprus, Administrative Divisions. [Washington, D.C.: Central Intelligence Agency, 2010] Map. https://www.loc. gov/item/2010588616/. • Vayrynen, R., Regional Conflict Formations: An Intractable Problem of International Relations, Journal of Peace Research, 1984/21/4, pp. 337-359. • Veremis, T., Greek-Turkish Problems: An Inter-Alliance Conflict, Paper presented at the Conference: NATO and the EU: Confronting the Challenges of European Security Cooperation, Thessaloniki, 16-18.10.1997, organized by ELIAMEP and the American College of Thessaloniki, Published at Conference Papers Series at Lynn L. Leimnitzr Center, Kent State University, Vol. 1, 1999 • Wallace, W., Reconciliation in Cyprus: The Window of Opportunity, The Robert Schuman Centre for Advanced Studies, European University Institute, Policy Paper 2/10 • Waltzer, M. Kantowicz, E. T. Higham, J. and Harrington, M., The Politics of Ethnicity(Dimensions of Ethnicity), Hardvard Encyclopedia of American Ethnic Groups. Cambridge: Harvard University Press, 1982 • Xydis, S. G., Cyprus: Reluctant Republic, Mouton, The Hague, 1973 • Јелавиќ, Б., Историја на Балканот – Дваесетти век, НИК Лист, Скопје, том 2, 1999 128 1 Horowitz, L.D., Ethnic Groups in Conflict, University of California Press, Berkley, 2000, p.3-6 2 Kuran. T., Ethnic Dissimilation and its International Diffusion, in Lake, D.A. and Rothchild, D., The International Spread of Ethnic Conflict – Fear, Diffusion and Escalation, Princeton University Press, Princeton, 1998, pp.35-61, p.35, 36 3 Ibid. 4 Stivachtis, Y. A, European Union’s Mediterranean Security Policy- An Assesment, Paper presented at the 16 th Annual Graduate Students Conference: The Changing Face of Europe, at the Institute on Western Europe, Columbia University, New York, March 25-27, 1999 p.3 5 Ibidem., p.4 6 Станува збор за терминот„weak state”, односно слаба држава наречена според анализата за безбедноста на државата на Buzan, a цитирана по Ibidem., p.4. Според оваа анализа, државната безбедност може да биде анализирана внатрешно и надворешно. Непостоењето на безбедност од надвор, според Buzan, лесно се објаснува, за разлика од онаа од внатре која ја дели на безбедност од горе(репресивна или заканувачка владина иницијатива, политика или акција) и од долу(индивидуални или организациони притисоци на самиот режим). Овие слаби држави се соочуваат со безбедносен проблем во втората смисла, односно за слаба држава се смета онаа која има незадоволително ниво на: политички, социјален и економски развој, кои, пак, се значајни детерминанти во доминантната безбедносна структура. Пример за слаба држава(Кипар) во овој контекст, види кај: Nugent, N., Cyprus and the European Union: The Significance of Being Small, Center for Small State Studies, Institute of International Affairs-University of Iceland, Occasional Paper 1-2003. 7 Stivachtis, p.4 8 Brown, M. E., Causes and implications of Ethnic Conflict. In Brown, M. E.,(ed.) Ethnic Conflict and the International Security, Princeton: Princeton University Press, 1993, pp.3-27, p.12-16. 9 Brown, p.14 10 Види повеќе кај: Ibid. 11 Види повеќе кај: Cahill, K. M.,(ed.). Preventive Diplomacy-Stopping Wars Before They Start, A Joint Publication of BasicBooks and The Center for International Health and Cooperation, New York: BasicBooks, part 8(Early warning systems), 1996, pp.123-144 12 Gurr, T. R. and Harff, B., Responding to International Crisis, In Gurr, T. R. and Harff, B.(ed.) Ethnic Conflict in World Politics. Oxford: Westview Press Inc., 1994, pp.147-156, p.151 13 Ibid., p.152-153 14 Ibid., p.153 15 Eden, A., The Eden Memoirs: Full Circle, London: Cassel, 1960, p.401. 16 Milne, D., One State or Two? Political Realism on the Cyprus Question, Basingstoke: The Round Table, 2003, p. 1; Hugg, P. R., Cyprus Advances Towards Europe: Realism and Rationalism, Ankara: Perceptions. 6/3, 2001, pp. 92-112, p.103. 17 Види повеќе кај: Waltzer, M. Kantowicz, E. T. Higham, J. and Harrington, M., The Politics of Ethnicity(Dimensions of Ethnicity), Hardvard Encyclopedia of American Ethnic Groups. Cambridge: Harvard University Press, 1982, p.95-97. 18 Gϋrel, Ş., The Role of Third Parties in the Cyprus Problem, In Do ḡ ramaci, E., Haney, W. and König, G.,(ed.). Proceedings of the First International Congress on the Cypriot Studies held in Gazima ḡ usa on 20-23 November, 1996, Gazima ḡ usa: Centre for Cypriot Studies – Eastern Mediterranean University Press, 1997, pp.339-347, p.339 19 Connor W., A Nation Is a Nation, Is a State, Is an Ethnic Group, Is a …, In Connor, W. Ethnonationalism- The Quest for Understanding. Princeton: Princeton University Press. 1994, pp. 89-118, p.93 20 За договорите види повеќе во: King, G., Documents on International Affairs 1959, Oxford University Press, 1963 и Conference on Cyprus: Documents signed and Initialled at Lancaster House on February 19, 1959, London, H.M. Stationery Office, 1964. За Уставот види и кај: Blaustein, A. P. and Flanz, G. H.,(editors), Constitutions of the World, Oceana Publications, Dobbs Ferry, NY, 1972; и во Great Britain, Cyprus, Cmd. 1083, London, H.M. Stationery Office, 1960. 21 Согласно дел Б од Декларацијата на Владата на Велика Британија од 11.2.1959 година, од129 носно членот кој амандмански бил внесен во текстот на Договорот за гаранции. Областите кои биле предмет на уредување се: Akrotiri-Episkopi-Parmali i Dhekelia-Pergamos-Agios Nikolaos-Xylophagou. Види во King, op.cit. 22 Според член 4 од Договорот за сојузништво меѓу: Република Кипар, Република Грција и Република Турција. Види во: Ibid. 23 Јелавиќ, Б., Историја на Балканот – Дваесетти век, НИК Лист, Скопје, 1999, том 2, стр. 484 и кај Analysis of the Cyprus Agreement, Intelligence Report No. 8047, Department of State, Bureau of Intelligence and Research, 1959, Government of the USA. 24 United States Central Intelligence Agency. Cyprus, Administrative Divisions.[Washington, D.C.: Central Intelligence Agency, 2010] Map. https://www.loc.gov/item/2010588616/. 25 Види повеќе кај: Nejatigil, Z. M., The Turkish Republic of Northern Cyprus in Perspective, Tezel Offset and Printing Co. Ltd., Nicosia, Northern Cyprus, 1985, p. 53-55. 26 Се однесува на терминот power mediation, кој стои наспроти, т.н., чиста медијација, односно посредување и се користи од страна на големите сили. При овој вид посредување, големите сили ја додаваа употребата на сила преку ветувања за бенефиции или преку закана со казна во преговорите за разрешување, користејќи: повод, убедувања, контрола на информации и формулација на алтернативи. Види повеќе кај: Güney, A., The USA’s Role in Mediating the Cyprus Conflict: A Story of Succes or Failure, Security Dialogue, Vol. 35, No. 1, March 2004, pp. 27-42, p.27 27 Drath, V., The Cyprus Conundrum, American Foreign Policy Interests, No. 25, 2003, pp. 299-309, p.301 28 Güney, p.28 29 Види ја анализата кај: Coper, R., and Berdal, M., Outside intervention in Ethnic Conflicts, in Brown, M. E.,(editor), Ethnic Conflict and International Security, Princeton University Press, Princeton, New Jersey, 1993, pp. 181-207, p.184 30 Ibidem., p.184 31 Ibidem., p.185 32 Joseph, J. S., Cyprus: Ethnic Conflict and International Politics- From Independence to the Threshold of the European Union, Macmillan Press Ltd., Great Britain, 1997, p.61 33 Ibidem., p.61 34 Ibidem., p.62 35 За ова постои особено висок степен на согласност кај истражувачите. Види, на пример, кај: Bahcheli, T., Couloumbis, T. A. and Carley, P., Greek-Turkish Reations and the US Foreign PolicyCyprus, the Agean, and Regional Stability, United States Institute of Peace, Peaceworks No.17, August 1997, p.10 36 Цитирано по: Fisher, R. J., Introduction: Understanding the Tragedy of Cyprus, in Salem, N., (editor), Cyprus – A Regional Conflict and Its Resolution, Canadian Institute for International Peace and Security, 1992, p. 4. Види повеќе кај Thompson, W. R., The Regional Subsystem. A Conceptual Explication and a Propositional Inventory, International Studies Quaterly, 1973/17/1, pp. 89-117; и Vayrynen, R., Regional Conflict Formations: An Intractable Problem of International Relations, Journal of Peace Research, 1984/21/4, pp.337-359. 37 Fisher, p.5 38 Цитирано по: Ibidem., p.5 39 Ibidem, p. 5; Според зборовите на Кофи Анан, види во: Report of the Secretary General on His Mission of Good Officers in Cyprus, S/2003/398, p.62-63. 40 Така, на пример, Gϋrel, p.340. 41 Види кај: Joseph, p.80. 42 Ibidem., p.80. 43 Ibidem., p.80-81 44 Види во: UN Doc. S/PV 1153, 17 September 1964. 45 Според Joseph, структурите на НАТО стравувале од ослободувањето на југоисточното крило на НАТО заради потенцијалното избувнување на конфликт од поширок размер меѓу двете земји-членки, но и од фактот што Грција и Турција ги упатиле поголемиот дел 130 од своите флоти кон Кипар. Така, Турција ја поместила својата флота во пристаништата Iskenderum и Mesina. Грција, пак, ја поместила својата флота меѓу островите Крит и Родос, на 400 км од Кипар. Joseph, p.82 46 Ibidem, p.83 47 За причините за неуспехот на интервенцијата на НАТО, види: Ibidem, p.87-88. 48 За улогата и деталите, за Русија во добавувањето на оружје за кипарските Грци, види кај: Veremis, T., Greek-Turkish Problems: An Inter-Alliance Conflict, Paper presented at the Conference: NATO and the EU: Confronting the Challenges of European Security Cooperation, Thessaloniki, 16-18.10.1997, organized by ELIAMEP and the American College of Thessaloniki, Published at Conference Papers Series at Lynn L. Leimnitzr Center, Kent State University, Vol. 1, 1999 и кај Stephen, M., Greek Cypriot Military Build-Up, in Stephen, M., The Cyprus Question- A Concise Quide to the History, Politics and Law of the Cyprus Question, Northgate Publications, London, July 2001, p. 137-139. 49 Види кај: Norton, A. R., The Soviet Union and Cyprus, in Salem, N.,(editor), Cyprus – A Regional Conflict and Its Resolution, Canadian Institute for International Peace and Security, 1992, p. 101102. 50 Couloumbis, T. A., Defining Greek Foreign Policy Objectives, in Couloumbis, T. A. and Latrides, J. O.,(editors), Greek American Relations- A Critical Review, PellaPublishing Company, New York, 1980, p. 28. 51 Norton, p. 101. 52 Ibidem., p. 101-102. 53 Според тајните документи на грчкиот премиер Караманлис од средбите со турските и британските колеги за време на преговорите за основање на Кипар, во Цирих, во 1959 г. Цитирано по: S. G. Xydis кој имал увид во документите. Xydis, S. G., Cyprus: Reluctant Republic, Mouton, The Hague, 1973, p. 413. 54 Joseph, p. 66, 72; Stern, L., The Wrong Horse: The Politics of Intervention and The Failure of American Diplomacy, Time Books, New York, 1977, p. 84; Ball, G., The Past Has Another Pattern: Memoirs, Norton, New York, 1982, p. 341. 55 Joseph, p. 66, 74. 56 Lane, C. B., Soviet-Middle East Relations,(Soviet-Third World Relations), vol. 1, Central Asian Research Centre, London 1973, p. 25. Преземено од Norton, p.104. 57 Ibidem., p.106. Види повеќе кај: Attalides, M. A., Cyprus: Nationalism and International Politics, St. Martin’s Press, London, 1979, p. 177-179; Norton, p.104 58 Dobell, W., Cyprus as a Regional Conflict, in Salem, N.,(editor), Cyprus – A Regional Conflict and Its Resolution, Canadian Institute for International Peace and Security, 1992, pp. 44-59, p.45. 59 За деталите на предлогот види кај: Norton, p.108. 60 Ibidem., p.108. 61 Stavri, G., An Economic Vision for Cyprus: The Greek Cypriot Experience, Turkish Policy Quaterly, Vol. 4, No. 4, Winter 2005, p.2 62 За периодот по завршување на Студената војна, исчезнувањето на биполарноста и појавата на етничките конфликти, види кај: Gurr, T. R. and Harff, B., Ethnic Conflict in World Politics, Westview Press, Boulder 1994, p. 8-10. 63 Види повеќе кај: Dobell, p.45 64 Види повеќе кај: O’Malley, B. and Craig, I., Cyprus Conspiracy: America, Espionage and the Turkish Invasion, I. B. Tauris Publishers, New York, 1999, p.142. 65 Stephen, M., The Cyprus Question – A Concise Quide to the History, Politics and Law of the Cyprus Question, Northgate Publications, London, July 2001, p.6. 66 Wallace, W., Reconciliation in Cyprus: The Window of Opportunity, The Robert Schuman Centre for Advanced Studies, European University Institute, Policy Paper 2/10, p.9. 67 Ibidem., p.9. 68 Bahcheli, et alia, p. VI. 131 VII  ПОГЛАВЈЕ 7  И ПРЕВЕНЦИЈА НА КОНФЛИКТИТЕ Според Ross, постојат доминантно шест перспективи(или теории) коишто се занимаваат со начините за решавање на конфликтите: 1) Теории коишто обрнуваат внимание на односите меѓу заедниците(Community Relations) Согласно овој светоглед, основен принцип поврзан со ефективното разрешување на меѓугрупните конфликти бара да се случат значител ни промени во начинот на којшто луѓето од различните заедници ќе комуницираат едни со други на локално ниво. Па, така, се нагласуваат три клучни аспекти поврзани со односите во заедницата, а коишто се важни за решавањето на етничките конфликти: прво, подобрување на комуникациите и разбирањето меѓу заедниците; второ, промовирање на„толерантно прифаќање” дека постои разноликост на традициите и културите; трето, поддржување на структури коишто ги штитат пра вата на сите членови на општеството. Почетната точка на теоријата подразбира две фази. Прво – потребно е негување на локалните ор ганизации коишто можат да ги артикулираат потребите, а за нештата коишто се од интерес на заедницата треба да биде овозможено инсти туционално канализирање. Втората фаза се однесува на развивање на конструктивна интеракција на локално ниво, како и на кооперативни односи меѓу луѓето од различните групи. Иако специфичните инте ракции може да варираат во голема мера, основна претпоставка е дека функционалната соработка околу суштински работи може да придо несе за деградација на негативните слики, а со тоа би се намалило и меѓугрупното непријателство 1 . 133 2) Принципиелно преговарање(Principled Negotiation) Принципиелното преговарање е една специфична техника и, би се рекло, еден поопшт пристап кон решавањето на конфликти те. Станува збор за„методот на преговарање” кој, всушност, е мож на понудена алтернатива на позиционо преговарање( positional bargaining). Или, како што велат Fisher и Ury:„…експлицитно ди зајнирано да произведе мудри резултати на ефикасен и пријателски начин…“ 2 . Принципиелното преговарање подразбира одвојување на луѓето од самиот проблем и последователно фокусирање кон нивните интереси, а не кон нивните„позиции”; потем и генерирање на раз лични можности пред да дојде до конкретна одлука за тоа што треба да се направи; ова подразбира и инсистирање на тоа резултатот да се заснова на некој„објективен стандард”. Во основата на теоријата за принципиелно преговарање е хипотезата дека штом секоја страна ќе може да ги артикулира своите суштински интереси и да ги разбере оние на другите страни, ќе може да се генерира и креативно решение за премостување на разликите. Принципиелното преговарање бара договор којшто ги вклучува сите засегнати страни и има капацитет да ги реши клучните грижи што ги имаат засeгнатите страни. Susskind и Cruikshank, на пример, тврдат дека принципиелните преговори се осо бено релевантни во, т.н.,„дистрибутивни” спорови, а тoa се оние спо рови коишто се однесуваат, пред сè, на распределбата на ресурсите 3 . 3) Теорија за човековите потреби(Human Needs Theory) Ross вели дека во остар контраст со теоријата за принципиелни преговори e теоријата на човековите потреби. Па, така, реферира на Burton, во правец дека постојат такви видови на длабоко вкоренети конфликти, во кои:„...Под површината постојат такви фрустрации и грижи(concerns) за кои не може ниту да се преговара, ниту, пак, тие може да се потиснуваат, ниту да се осудуваат... 4 ”. Во осмислувањето на теоријата за човековите потреби, Бартон прави разлика меѓу потреби те коишто се универзални човекови мотивации и коишто се условени од биологијата; потем, зборува за вредности кои се: идеи, навики, оби чаи и верувања карактеристични за одредени општествени заедници; посочува и на интересите коишто, всушност, се аспирации на поедин ците или на идентитетски групи во рамките на општествениот систем. Тој нагласува дека е можно да се преговара само за интересите, додека „потребите ќе се остварат со сите можни средства 5 “! 134 4) Психоаналитички конципирана теорија на идентитет (Psychoanalytically Informed Identity theory) Според Ross, идентитетот е и индивидуален и социјален. Иден титетот го поврзува поединецот со поголеми општествени групи. Но, истовремено, идентитетот се доживува на најдлабоки емоционални ни воа. Социјалниот идентитет започнува да се развива во најраните фази од животниот циклус и неговиот интензитет е клучен за да се објасни зошто луѓето се подготвени да ги направат најголемите лични жртви во негово име. Луѓето со заеднички идентитет споделуваат и„ цели на екстернализација” – како, на пример, заеднички непријатели. Ви сокото емоционално значење е поврзано со групните разлики кои се зајакнати токму преку симболичните и ритуални однесувања што ги поврзуваат луѓето со нивните групи 6 . Од оваа перспектива, Volkan нуди значајни формулации, од кои од особено значење се, т.н., приказни за загубата(loss) и за страдањето(suffering), прераскажувани од групите. Тој нив ги нарекува избрани трауми(chosen traumas). Процесот на жалост(mourning) е нормална реакција на вистинската за губа или на заканата од загуба. Меѓутоа, кај загубите од големи размери, често постои неможност да се тагува и жали, или да се помири со загу бата, така што:„Во случај на голема група, неможноста да се жали може да стане политичка сила 7 “. Со други зборови, сугерира дека политичка та мобилизација околу акумулираните загуби од минатото, напорите за„прочистување“ на групата и поддршката за тероризмот и другите форми на насилство, поверојатно дека ќе се појават кога„историските загуби кои не се ублажуваат со завршената жалост ќе станат длабоко вкоренети во свеста на наредните генерации“. Оттука и мислењето дека дипломатите – и другите коишто се занимаваат со жестоките меѓугруп ни конфликти – мора да бидат обучени да ја разберат и оваа динамика. 5) Интеркултурно недоразбирање/мискомуникација(Intercultural Miscommunication) Кај оваа теорија, набљудувачите на етничките спорови упатуваат на тоа дека групите со многу различни културни верувања и практики влегуваат во конфликт заради нивната неспособност да комуницираат ефективно. Теоријата за интеркултурна мискомуникација нагласува дека тензиите почнуваат да се зголемуваат тогаш кога страните не се особено свесни за нивните разлики, или, во ситуации кога членовите на различни заедница не ги разбираат определените однесувања кај 135 другата заедница. Cohen анализирал, на пример, како интеркултурните комуникации можат да станат бариера за ефективно преговарање или за решавање на конфликти, и прави разлика меѓу нискоконтекстни, ин дивидуалистички(low-context, individualistic) и висококонтекстни, ко лективистички(high-context, collectivistic) култури. Висококонтекстните култури ја нагласуваат групната хармонија и експресивните елементи во комуникацијата, а кај нискоконтекстните култури комуникацијата е подиректна 8 . Следствено, на оваа линија, Ross укажува и на тоа дека меѓукултурната мискомуникација лесно ќе се појави, тогаш кога симбо лите и ритуалите коишто го означуваат и слават етничкиот идентитет за една група предизвикуваат закана или страв кај другата група. Кога меѓугрупната тензија е висока, дури и ненамерното повикување на моќ ните симболи може да биде проблематично во секојдневните односи. Онаму каде што лидерите свесно користат моќни симболи во јавните и политичките средини, културата станува клучен механизам за одр жување на разликите. Меѓукултурната мискомуникација е централна во интензивните етнички конфликти каде што културните ритуали и симболи ги нагласуваат разликите меѓу заедниците 9 . 6) Трансформација на конфликти(Conflict Transformation) За овој ракурс референтни се Bush и Folger, кои тврдат дека транс формативното разрешување на конфликтот е такво што, фактички, соз дава оснажување(empowerment) и признавање(recognition), а не е само решавање на проблеми и потпишување на договори меѓу спорните стра ни. Преку таков процес страните се способни да го сменат својот однос во релација која овозможува и извесен морален раст. Или, како што велат: „Во трансформативната ориентација, идеалниот одговор на конфликтот не е да се реши‘проблемот’. Наместо тоа, таа треба да помогне во транс формацијата на вклучените поединци од аспект на морален раст“ 10 . 7.1 (УПРАВУВАЊЕ) СО ЕТНИЧКИТЕ КОНФЛИКТИ И НИВНО РЕШАВАЊЕ Siniver смета дека на повеќето современи конфликти им е потребна „надворешна помош” за да бидат ставени под контрола и, соодветно на тоа, таквите стратегии за менаџирањето, или управувањето со конфлик 136 тите може да вклучуваат: дипломатија(на пример, кај преговарање и посредување), правни методи(со арбитража и пресудување/судско одлу чување), па дури и употреба на воена сила(на пример, со хуманитарна интервенција, м.з.). Меѓутоа, заради сложената природа на некои етнич ки генерирани конфликти, во најдобар случај, може да се надеваме на ме наџирање или регулирање, наместо на решавање 11 . Според тоа, менаџи рањето со конфликти може да се дефинира како: ограничување, ублажување и задржување на конфликтот без нужно тој и да биде решен. Поважно, менаџирањето со конфликти се разликува од разрешувањето на конфликтот, каде што акцентот е ставен на решавање на основните некомпатибилности што го предизвикале конфликтот. Менаџирањето и разрешувањето на конфликти се посебни, но меѓусебно поврзани ме ханизми, коишто треба да се користат во различни фази од„циклусот на конфликти“; менаџирањето со конфликтот може да потрае долго време и мора да поттикне услови што се подложни на успешно решавање на конфликтот, ќе рече Tanner 12 . Оттука, менаџирањето со конфликти се разбира повеќе како динамичен општествен процес, во кој надворешните и внатрешните актери користат низа стратегии за да ги намалат: економ ските, политичките и хуманитарните трошоци на ривалските страни и да ги подобрат нивните заемни придобивки преку соработка и компромис. Според сè ова, очигледно е дека материјата посветена на разрешување то и/или менаџирањето/управувањето на етничките конфликти е вистина содржајна и комплексна, заради што не ни може да биде детално елабо рирана тука. Па, така, од една посимплифицирана перспектива, важно за нас е да биде нагласено тоа дека, во суштина, етничките конфликти може да бидат решени, на институционален начин – преку изградба на такви институции коишто ќе имаат капацитет да го функционализираат конфликтот, или, пак, со преговарање – што подразбира, на пример, медијација или олеснување. Следствено, и превенцијата на конфлик тите, исто така, е клучна за остварување на мирна коегзистенција на раз личните етнички(или од друг вид културно идентитетски) заедници. 7.1.1  начини на решавање на конфликтите Етнокултурните групи(национални малцинства, религиски гру пи, имигранти, расни малцинства, и сл.), всушност, се составен дел 137 на меѓупросторот помеѓу индивидуата и апстрактниот концепт за на цијата, структуриран во државата, според Martinelo 13 . Речиси сите од овие групи поставуваат барања за јавно и за симболично признавање, т.е. бараат да им се признае дека се дистинктивни културни иденти тети и ентитети. Некои од етнокултурните групи се задоволуваат со тоа нивното културно наследство да биде заштитено и да можат да го пренесат на идните генерации, а нивните лидери, пак, бараат од др жавата да им обезбеди неопходни средства за да ги задоволат своите цели и потреби. Како и да е, останува фактот дека различните групи мораат да коегзистираат и да го делат животниот и урбаниот простор, да ја делат делиберативната јавност, да го делат: јавниот, политичкиот и економскиот простор. А, културните различности, кога делат еден заеднички општествено-политички простор, влегуваат и во зоната на конфликтот, па, оттаму, неопходно е да се канализираат општестве но-политичките тензии, да се спречат лажните еквилибриуми или неконзистентните консензуси, а сè со цел да се исклучи насилството од политичката арена. Имено, потенцијалните или евентуалните кон фликти, може да се канализираат низ институционалните патишта – за да немаат разорни последици по населението. Во таа смисла, вреди да споменеме дека конфликтниот потенцијал на„разликата” е најголем во длабокоподелените општества. Иако денес сите општества и држави се хетерогени, мултикултурни, сепак, не се сите длабокоподелени општества. Како категорија на по литичкото и на конституционалното анализирање, поделеното опште ство не е само општество кое е: етнички, лингвистички, религиозно или културно различно. Попрво би се рекло дека она што го маркира поделеното општество е тоа дека ваквите разлики се политички ис такнати и се политички мобилизирани. Овие разлики се едни упорни маркери на политичкиот идентитет и се примарната база за политич ка мобилизација 14 . Во поделеното општество, политичките барања се прекршуваат преку леќите на етничкиот идентитет, а политичкиот конфликт е синоним на конфликтот помеѓу етнокултурните групи. Голем дел од играта е во тоа како поделените општества одговараат на предизвиците покренати од изедначувањето на етнокултурниот иден титет со политичкиот интерес. Или, како што вели Lijphart во неговото дело:„Демократијата во плуралните општества“, основните претпо ставки на демократијата не важат во длабокоподелените општества. Во поделените општества, расцепите заемно се засилуваат, но не се 138 вкрстуваат. Резултатот од ова е еден систем на„сегментарни расцепи“ кога политичките поделби се исцртуваат врз„линиите на објектив ните социјални диференцијации 15 “. Генерално земено, постојат две доминантни школи коишто се за нимаваат со институционалните начини на решавање на конфликти те – интегративистичката/центрипеталистичката(под водство на Доналд Хоровиц) и консоцијативната школа(под водство на Арент Липхард). Па, така, консоцијалистите, следејќи го Липхарт, се залагаат за пакет на: пропорционалност, голема коалиција на комуналните лидери, автономија на групите и меѓусебно вето за заштита на виталните интереси. Основната филозофија е филозофија на: инклузија, репрезентација и споделување на моќта. Центрипета листите, следејќи го Хоровиц, се залагаат за институции кои обезбе дуваат поттик за изборен успех на меѓуетничките и мултиетничките партии и кандидати. Кај нив, целта е да се измени природата на ет ничката политика преку поттикнување на умереноста, вели Bogaards 16 . Но, меѓу нив има многу варијанти на темата, како што и во рамки те на самите школи се диференцираат специфични финеси кои пра ват клучни разлики. Како и да е, прашањето коешто и двете школи и нивните подваријанти се обидуваат да го одговорат е – на кој начин етничките конфликти може, и треба да бидат институционално кана лизирани, односно, да не завршат со насилство. И второ, на кој начин тие и такви институции ќе остварат етнокултурна правда. Трета тео рија, би можеле да кажеме дека е акмомодативната теорија, а таа ги комбинира и двете школи 17 . Акомодацијата, сфатена како приспособување на културните раз лики во едно општество, е една важна институционална стратегија за справување со етничкиот диверзитет во длабокоподелените опште ства. Таа, како што укажавме во енднота бр. 2, во научната литература, вообичаено, се поставува наспроти интеграцијата. Интеграциските по литики историски биле важни алатки за политичка консолидација на етнички различната популација во едно обединувачко(универзално) граѓанство на една единствена држава(и независно од тоа што не биле докрај успешни), и преку овие политики се настојува да се промовира еден општ јавен простор(при што, културни разлики се сместуваат во приватната, а не во јавната сфера, посебно преку индиферентноста во однос на таквите разлики), додека кај акомодацијата, од друга страна, 139 се настојува истовремено промовирање и на јавното, и на приватното одржување и негување на културната различност, според McGarry et alia. 18 . Кажано со други зборови, интеграцијата цели кон, т.н., еднак во универзално граѓанство и нејзината тема е„затворање на очите“ кога се во прашање разликите, посебно насочени кон јавните цели, промовирајќи еден сеопшт морал кој ќе се отслика во, т.н., право/или закон кој е слеп за разликите(blindness law), а тоа се остварува преку почитувањето на принципот за„слепоста“ за разликите, за разлика од акомодацијата кај која се промовира диференцијално(мултикулрно) граѓанство и моралот не се дели на приватен и јавен. Брајан Бери, кој патем е силен апологет на интеграцијата, ќе каже дека интеграцијата ја отсликува либералната филозофија на прива тивизам на: националните, етничките и културните разлики 19 . Инте грационистите, имено, се уверени дека политичката нестабилност и конфликтност се токму резултат од групно-втемелените припадности/ вредности во политичките институции, а оттука, и акомодацијата е понепопуларна помеѓу пропонентите на силната централна власт(и националистите). Како и да е, многу демократски држави практику ваат акомодација. Во последните 40 години: Шпанија, Белгија, Обе динетото Кралство, Италија, па дури и Франција, се придвижија кон системот на акомодирање на малцинствата преку автономија(и други режими за диференцијално граѓанство, м.з.), независно дали станува збор за плуралистичка федерација или за деволуција во рамките на унија на држави или за федерација, ќе речат McGarry et alia 20 . Спо ред акомодацистите, впрочем, интеграцијата, често, е„асимилација со добри манири”, односно некои мултикултуралисти каков што е, на пример, Tully, инсистираат дека интеграцијата е форма на западен ко лонијализам кој наметнува своја концепција на либерална култура 21 . Но, независно од овие размисли, ние тука во овој учебник, осно вано, ќе ја третираме акомодацијата како предворје на интеграцијата. Имено, сметаме дека акомодацијата и интеграцијата се двете страни на една иста паричка, во смисла на тоа дека акомодацијата, инхерент но ја вклучува интеграцијата во себе бидејќи целта на приспособу вањето, исто така, е интеграцијата, затоа што идејата е да не се загрози целосноста на системот и тој да се одржува витален. Всушност, фено менолошки гледано, секој систем тендира кон интеграција, а самото тоа бара извесно акомодирање. Така, општествата што прифатиле ако модација, всушност, јасно изразуваат желба дека сакаат да егзистираат 140 „заедно во својата различност“ и, оттука, острото разграничување меѓу интеграцијата и акомодацијата е неточно и води во погрешен правец. Дополнително, ова гледиште го сугерира и Kymlica, кој вели дека иако ја употребува дихотомијата интеграција – акомодација, на пример од McGarry et alia., таа потенцијално води во погрешна насока. Според него, она што тие го нарекуваат интеграциски модел, често вклучува определен степен на акомодација за културниот диверзитет во рам ките на заедничките институции, на пример,„обврската да се акомо дираат“ е дел од имиграциските политики на мултикултурализмот, типични за Канада, и покрај тоа што ова јасно се квалификува како една интеграциска политика во нивната типологија. Спротивно ова, исто така, она што овие автори го нарекуваат акомодациски модел, според него, може да се смета и како начин за обезбедување на тоа дека самоуправувачките групи се поврзани во пошироката држава, па во таа смисла тие се и интегрирани во неа 22 . Во длабокоподелните општества, многу е важно да исчезне безбед носната дилема во која групите често потпаѓаат. Овие две нешта под разбираат, пред сè, директно вклучување во процесот на донесувањето на политичките одлуки и пристап до ресурсите, а поспецифично во однос на безбедноста, исто така, се смета дека акомодацијата треба да обезбеди долгорочен мир. Овие очекувања се потпираат врз тоа дека ова е изводливо преку процедуралниот консензус што се преклопува, а ова, пак, поразбира многу повеќе од обична толеранција и бара до говарање врз секојдневна основа, и на крајот бара и проскрипција, а диференцијалното(мултикултурно) наместо универзално граѓанство. Посебно, одразот на инклузивноста, како и остварувањето на без бедноста, можат да се реализираат преку 3 основни столбови. Првиот институционален столб ги вклучува: групните права(самоуправување, партиципација, специфични права, и слично) и пропорционалното претставување. Вториот институционален столб ги вклучува: аранж маните на споделување на моќта од консоцијален вид(power sharing) и тоа на сите нивоа на власт(хоризонтално: извршна, законодавна и судска, и вертикално: локално, национално и наднационално). Тре тиот институционален столб ги вклучува: територијалните решенија – федерални/територијални акомодации. Во врска со институционал ните столбови на мултикултурното акомодирање, особено важно е да се забележи дека првите два столба подразбираат нетериторијал ни решенија, додека третиот столб нуди територијални реше 141 нија. За сите овие е битно да им овозможат на групите пристап до (и во) донесувањето на политичките одлуки. Ова е потребно бидејќи неинклузивноста во својата тврда верзија води кон загрозување на целосноста и безбедноста на поредокот –државата, а најилустративен пример за ова е ирското искуство 23 . Овие институционални столбови се понудени, како што кажавме, како можни институционални решенија на мултикултурното акомодирање. Во праксата тие се комбинираат на различни начини. Нив подетално ќе ги обработиме во главата посве тена на мултикултурализмот. 7.1.2  Преговарање и превенција Според Фрчкоски„...дефиницијата на преговарањето е дека тоа е финална фаза на разрешување на конфликтот. Преговарањето е про цес на конфронтирање и дискутирање на страните за нивните различ ни и спротивставени интереси и цели во процедурална постапка, низ која тие се обидуваат да постигнат заеднички прифатлив договор 24 ”. Тој вели дека преговарањето, вообичаено, се одвива во 3 фази: прет преговори, спорење и директно преговарање и имплементација. Или, пошироко земено, како што вели, тоа се: претпреговарачки активно сти; конципирање на можен договор и архитектурата на финалниот договор; дискусија за сите важни детали што би овозможиле финален биланс на договорот. Секако, при ова како посебна фаза се смета и фазата на имплементација на основниот договор, за која понекогаш е потребен и посебен договор. Низ овој процес на преговарање страните можат да постигнат финално решение на спорот или само да се обидат да ги прекинат непријателствата и можното ескалирање на конфлик тот. Или, пак, мотивот – исходот може да биде да ја потврдат асиме тричната состојба на силите во еден момент на спорот и таа состојба да ја капитализираат почнувајќи преговори. Ако го парафразираме професорот, можните причини што би ги имале страните во правец да започнат преговори за решавањето на конфликтот, се: когнитивно ра ционална(проценка дека понатаму не можат да ги остварат интереси те преку конфликт); страв од ескалација(до мера на екстерминација); промени во лидерствата на страните(на пример, извор на поумерени структури); промена на самите ставови кај страните – на едни спрема други(поумерени ставови за перспективите); тактичко добивање на време и простор за„одмор” од конфликтот и консолидирање на си 142 лите и опциите; интервенција од страна на меѓународната заедница со мерки за градење на доверба или со безбедносни мерки; процес на учење и реформирање на меѓусебните односи меѓу страните во нови, помирни контексти и со нови развојни перспективи(најчесто понуда за интегрирање во пошироки економски и безбедносни аранжмани, и сл.). При проучувањето на преговорите, страните може да комуници раат директно, писмено или преку трета страна: посредник, медијатор, вршител на добри услуги(bona fide). Олеснувањето/потпомагањето(facilitation) во прегова рањето, подразбира вклучување на трета страна во разрешувањето конфликтот. Станува збор за стручна политичка помош која им се нуди на страните како би дошле до заемно прифатливо решение. За разлика од медијацијата/посредувањето(мediation), олеснувањето е помалку амбициозна активност и вклучува помал дипломатски при тисок. Кај посредувањето, напротив, медијаторите дополнително им асистираат на страните самите тие да дојдат до решение, а имаат и право да предлагаат решенија и да им ги доставуваат на страните на разгледување. Познато е дека Метју Нимиц, на пример, беше долгого дишен медијатор во преговарањето помеѓу македонско-грчкиот спор за името, и кој успешно се реши со потпишувањето на Преспанскиот договор. Преговорите траеја 23 години. 7.1.3  Превенција Еден неизоставен дел којшто е поврзан со разрешувањето на кон фликтите и преговарањето, секако, е превенцијата на конфликтот. Имено, со цел да се спречи негова разорна манифестација или ескала ција. Игарапе Институтот(Igarape Institute) ja дефинира превенцијата на конфликти како комбиниран сет на: алатки, дејства и пристапи дизајнирани да го спречат почетокот на вооружениот конфликт и/или негово повторување преку справување со основните причини за кон фликтот и со неговите непосредни предизвикувачи. Во овој контекст, превенцијата на конфликти има три столба: оперативен, структурен и транснационален, вели Институтот. Целите на оперативната превенција се однесуваат на: управување со непосредна криза; избег нување на ескалација и на повторување – преку системи за рано преду предување и ран одговор; посредување и фасилитација; превентивна дипломатија. Целите на структуралната превенција се спра 143 вување со основните причини за конфликтот, вклучително и кога тие се однесуваат на неразвиеноста, за да се гарантира дека кризите нема да се појават или да се повторуваат во иднина. Тоа се прави преку: развој на доверливи национални статистики, развој на инклузивни политички институции, политики за инклузивен раст, одржлив развој, управување со природните ресурси, владеење на правото, правдата и безбедноста на граѓаните, добро владеење и силни институции, со цијалните политики. Целите на транснационалната превен ција се спречување на транснационалните текови и процеси коишто придонесуваат за конфликт и/или дизајнирање на транснационал ни процеси за соработка коишто помагаат да се спречи конфликтот. Тоа се прави преку: борба против организираниот криминал(перење пари, недозволена трговија со оружје, трговија со луѓе, пиратерија, екстремистичко насилство), зајакнување на регионалните/субреги оналните механизми, миграциска политика, политика за климатски промени, културни и образовни размени, политички мисии 25 . Концептот којшто е непосредно поврзан со превенцијата е и спре чувањето на конфликтите, и за него постои широк опсег на дефиниции, кои се движат од потесни – фокусирани на ограничените начини на превенција(како што е дефиницијата за превентивна ди пломатија на Lund, на пример), па сè до пошироките – како што е де финицијата за спречување конфликти на Carment и Schnabel. Lund ја дефинира превентивната дипломатија како„дејства преземе ни на ранливи места и времиња за да се избегне закана или употреба на вооружена сила и сродни форми на принуда од држави или групи за да се решат политичките спорови коишто можат да произлезат од де стабилизирачките ефекти на: економските, социјалните, политичките и меѓународни промени 26 “. Boutros-Ghali ја дефинира превентивната дипломатија како:„употреба на дипломатски техники за да се спречи појавата на спорови, да се спречи нивното ескалирање во вооружен конфликт… и да се спречи ширењето на вооружениот конфликт 27 “. Овие дефиниции, според Swanström и Weissmann 28 , се ограничени на дипломатските мерки и ги исклучуваат недипломатските мерки, како што се економскиот развој или воените мерки. Па, така, терминот на превентивната дипломатија е проблематичен затоа што се фокусира на дипломатските напори за спречување конфликти за време на ра ните фази на конфликтот, додека превенцијата на конфликт треба да дефинира поширок сет на превентивни мерки од кои дипломатијата 144 е само еден аспект. Поновите публикации за спречување конфликти секогаш не ја прават оваа поделба помеѓу превентивната дипломатија и спречувањето конфликти, но во исто време, многумина ја задржу ваат старата поделба. Ова, понекогаш, создава и реален проблем во комуникацијата кога актерите веруваат дека се разбираат, а всушност, зборуваат за различни видови превентивни мерки. Меѓу поинклузивните дефиниции за спречување конфликти, се смета онаа на Carment и Schnabel:„среднорочна и долгорочна проак тивна оперативна или структурна стратегија преземена од различни актери, наменета да се идентификуваат и создадат услови за стабилна и попредвидлива меѓународна безбедносна средина 29 “. Истите автори укажуваат на тоа дека после повикот за превентивна дипломатија од страна на поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Гали, во 1992 година, беше создаден меѓуагенциски аранжман за хуманитарно рано предупредување(humanitarian early warning – HEWS) од стра на на ОН, но сепак, тоа не беше успешно. HEWS не беше соодветно опремен за откривање или анализирање на политички и воени преду предувачки сигнали, a ОН го загуби капацитетот што го имаше да ги анализира политичките информации за рано предупредување кога ја распушти Канцеларијата за истражување и собирање информации – Office for Research and Collection of Information – ORCI 30 . Регионалниот центар за превентивна дипломатија за Централ на Азија на Обединетите Нации(United Nations Regional Centre for Preventive Diplomacy for Central Asia), ќе укаже дека терминот„пре вентивна дипломатија“(preventive diplomacy) влезе во политичка упо треба по објавувањето на извештајот под наслов:„Агенда за мир“, на генералниот секретар на ОН, Бутрос Бутрос-Гали на 47-та сесија на Генералното собрание на ОН, на 17 јули, 1992 година. Извештајот ги истакнува меѓународните операции и процеси поврзани со превентив ната дипломатија, и тоа, прво, создавање на мир(peacemaking): акција која подразбира договарање помеѓу непријателските страни по морен пат; второ, одржување на мир(peacekeeping): дефиниранo како распоредување сили на ОН на терен, обично со согласност на страните во конфликтот и може да вклучи: војска, полиција и циви лен персонал на ОН; трето, постконфликтно градење на мир ( post-conflict peacebuilding): дефинирано како акција за иденти фикување и поддршка на структурите коишто ќе имаат тенденција да го зајакнат и зацврстат мирот со цел да се избегне повторна појава на 145 конфликт. Превентивната дипломатија се поврзува со концептот на предвидливост, нагласувајќи дека нејзиниот успех зависи од иденти фикувањето на неизвесностите во иднина, кои доколку бидат успеш ни, никогаш нема да се материјализираат. 31 Nicolaides, пак, обезбедува корисна концептуална рамка за одреду вање како превентивната дипломатија се поврзува со превенцијата на конфликти 32 . Превентивната дипломатија, главно, е оперативен одго вор. Таа е заснована врз стимулативни структури обезбедени од надво решни актери за промена на одредени видови на непожелно однесу вање. Според тоа, превентивната дипломатија е насочена/таргетирана и краткорочна, а преземените превентивни активности директно се однесуваат на промените на ескалацијата на конфликтот и динамика та на конфликтот 33 . Во овој поглед, надворешните актери можат да се обидат да влијаат врз текот на настаните и да се обидат да го променат или поттикнат специфичното однесување преку принудни и оператив ни закани и одвраќање како и преку помалку принудни стратегии на убедување и поттикнување, како што вели Jentleson 34 . Имено, според него, превентивната дипломатија најдобро функционира кога зака ната е реална, кога постојат можности за акција, кога постојат точни информации за рано предупредување и истите се достапни, односно кога потенцијалот за регионална нестабилност е очигледен. Со оглед на тоа што референтната рамка за анализите на многу од денешните конфликти е фокусирана на рационалното и планирано однесување на елитите, мешаните стратегии, коишто би ги комбинирале поттик нувачките и принудните мерки што ги казнуваат или наградуваат лидерите, веројатно најдобро ќе функционираат во кризни услови. Тој тврди дека воената сила и другите присилни мерки се суштински елементи во репертоарот на превентивната дипломатија. Според него, дипломатските компоненти на превентивната стратегија треба да би дат поддржани со веродостојна закана за присилно дејствување преку: воена сила, економски санкции или други присилни стратегии 35 . Cockell 36 вели дека во рамките на ОН спречувањето на конфлик ти се провлекува низ шест основни категории на превентивни мерки. Три од нив се сметаат за повеќе краткорочни мерки насочени, првен ствено, кон проксимативни причини за конфликт: превентивно созда вање на мир(preventive peacemaking)(вклучувајќи ја и превентивната дипломатија); превентивно распоредување(preventive deployment); превентивна хуманитарна акција(preventive humanitarian action). 146 Останатите три се гледаат како долгорочни мерки дизајнирани да ги решат структурните причини за конфликтот: превентивно градење на мир(preventive peacebuilding); превентивно разоружување(preventive disarmament); превентивен развој(preventive development). 7.1.3.1  превенција (proximate prevention) Превентивно создавање на мир(preventive peacemaking) • Превентивна дипломатија: да се спречи можен колапс на не насилните начини на решавање на конфликтот преку употреба на индиректни и ад хок дипломатски контакти; • Консултации: да се спречи можниот колапс на ненасилните начини на решавање на конфликтот преку употреба на ди ректни и ад хок мисии во областа на конфликтот; • Посредување: да се спречи колапсот, или повторно да се воспостави стабилен политички процес и дијалог помеѓу спро тивставените актери, преку обезбедување на различни форми на посредување од трети страни. Превентивно распоредување(preventive deployment) • Военo: да се спречи заканата или потенцијалната употреба на вооружена сила или да се спречи ширењето на постојните во оружени судири на нови области, преку превентивно позици онирање на мировните и цивилните сили; • Политичкo: да се спречи заканата или потенцијалната употре ба на вооружена сила или да се спречи ширењето на постојните вооружени конфликти на нови области, преку превентивно позиционирање на политичките сили и/или набљудувачите на човековите права. Превентивна хуманитарна акција (preventive humanitarian action) • Бегалци: да се спречат причините за присилната миграција (со особен осврт на поддршката за националниот капацитет за заштита) во потенцијални или постојните кризни ситуации; 147 • Олеснување: да се спречи присуството на конфликт и на силство од предизвикување хуманитарни катастрофи и да се спречи натамошното кршење на хуманитарните норми во кон фликтни ситуации. 7.1.3.2  Структурна превенција(structural prevention) Превентивно градење на мир(preventive peacebuilding) • Управување: да се спречи парализа, или распад на политич киот процес и легитимното владеење во регулирањето на не насилната конфронтација и конфликтот меѓу групите; • Човекови права: да се спречи систематското кршење на чо вековите права(со особен осврт на граѓанските и политич ките права) како форма на ескалација на конфликтот и да се заштити и промовира почитувањето на човековите права во конфликтни ситуации; • Општествена стабилност: да се спречи поларизацијата на општествените односи меѓу различните групи во едно опште ство(особено меѓу етничкото/верското мнозинство и малцин ствата) за да не доведе до политичка криза и насилство; • Економски: да се спречи влијанието на економската криза и дислокацијата/транзицијата да придонесе за политичко на силство и пораст или враќање на вооруженото насилство; и да се спречи ескалација на конфликтот преку воените економии. Превентивно разоружување(preventive disarmament) • Да се спречи лесното прибегнување од страна на конфликт ните актери кон вооружено насилство преку намалување или ограничување на нивниот пристап до, и/или распоредување на оружјето. Превентивен развој(preventive development) • Социјално: да се спречи појавата на меѓугрупна поларизација и непријателство во општеството преку промовирање на нор ми и практики на толеранција за плуралните општествени идентитети; 148 • Економски: да се спречи влијанието на економската криза и дислокацијата/транзицијата кон придонесување за социјални немири и нестабилност 37 . 7.1.3.3  Северна Ирска – прекугранично (cross border) споделување на моќта на еден трансграничен идентитет Споделувањето на моќта кај длабоко поделените општества знае да зафати и меѓугранични размери со цел да се акомодираат разли ките. Акомодацијата, вообичаено, настојува да ги приспособи потре бите на малцинствата во рамките на самата држава, зачувувајќи го нејзиниот интегритет. Но, некои од научниците и некои од лидерите на етничките групи тврдат дека овој пристап е премногу ориентиран државно-центрично, и дека, впрочем, е интеграционен. Па, така, се смета дека конвенционалниот територијален плурализам не може соодветно да ги исполни стандардите за мобилизација на национал ните заедници кои се прелеваат преку државните граници, како е што случајот со: Баскијците, Ирците, Курдите, Унгарците, Србите, и други. Таквите заедници нема да се задоволат ниту со консоцијација та, а ниту со плуралистичкото територијално акомодирање. Тие се, таканaречени, трансгранични, или прекугранични идентитети, и не ретко ќе настојуваат да воспостават врски или одново да се поврзат преку државните граници. Со други зборови, тие ќе инсистираат на прекугранично поврзување на институциите – што има свој спектар долж линиите на функционалната федерација или кај конфедерал ните институции. Ирските националисти во Северна Ирска, на при мер, во времето на предбелфашките преговори, инсистирале токму на прекугранично институционално поврзување меѓу Северна Ирска и Ирската Република, потем, на автономија во рамките на Обединетото Кралство и на консоцијација со Северна Ирска. Унгарското малцин ство во Словачка, турското во Кипар, српското во БиХ, австриското во Јужен Тирол – Италија, бараат прекугранични поврзувања со нивните „сродни” држави, како и автономија, а можеби, и консоцијација во рамките на нивната домашна држава. Затоа, се смета дека една сеоп фатна акомодација би опфатила надворешни институции, исто како што ќе има и внатрешни институции 38 . Ваков пример е Северна Ирска. 149 Зошто Северна Ирска, и зошто посебно внимание се посветува на Договорот од Белфаст, кој донесе мир во едно длабоко поделено општество од специфичен вид? Северна Ирска е посебно интересна бидејќи, се чини, е најспецифична комбинација на споделување на моќта, посебно заради елементот кој ги надминува границите. Секако, постојат и држави во кои интеграцијата е посоодветна за решавање на конфликти отколку консоцијацијата, но Северна Ирска, како што велат едни од најтемелните нејзини проучувачи, не е таква земја, би дејќи ортодоксниот британски унионизам и радикалниот ирски наци онализам се во срцевината на северно-ирскиот расцеп 39 . Договорот од Белфаст е склучен меѓу овие два ентитета со цел тие да остварат сожи вот во Северна Ирска, и тоа по пат на стекната поддршка од соседните држави. Според McGarry и O’Liry, Договорот е конфедерален компро мис што ги поврзува двете власти на Ирска(северниот и јужниот дел) и сите автономни власти на островот, истовремено гарантирајќи ѝ на Северна Ирска дека може да биде независна во креирањето на своите политики на начин на кој таа смета дека треба. Овој комплексен кон социјален и територијално-плуралистички договор ги инвалидизира центрипеталистичките ставови дека консоцијацијата не е соодветна за длабоко поделените општества. Всушност, најзначајното достигну вање на Договорот од Белфаст е тоа што тој инвалидизира една важна критика на консоцијацијата(која, патем, потекнува од Horowitz) во врска со тоа дека таа е недостижна за длабоко поделените општества и може да биде практикувана само од оние каде поделбите се поумерени. За жал, искуството на Северна Ирска, исто така, ги нагласува некои од слабостите коишто се типични за класичната консоцијална теорија 40 . Споменатите автори сметаат дека трите делови на Договорот се поклопуваат со идеите што се дел од традиционалната консоцијативна теорија, и тоа: 1. Северно-јужен министерски совет и Британско-Ирска владина конференција; 2. признавање на ирското самоуправување; 3. признавање на принципот на согласноста(consent) и Британско-Ир скиот совет. Во однос на првото, со Договорот од Белфаст се предвиде ни политички институции коишто, едновремено, ги вклучуваат двата дела од Ирска и тие остваруваат надзорна улога над властите. Без оваа (сè)островска димензија, Договорот немаше да постои. Најважен таков (сè)островски елемент е институцијата Северно-Јужниот министерски совет – тело номинирано од Република Ирска и од новите северноир ски премиери. Ова тело се состанува најмалку двапати во годината, а 150 во помал состав, на редовна основа, дискутира за специфичните секто ри(земјоделство, образование, и сл.). Дополнително, Договорот пред видува и прекугранични тела за имплементација на(сè)островските работи. Такви тела имало шест и тие соработувале околу: островските води, безбедноста на храната, трговијата и бизнисите, посебните ЕУ програми, за ирскиот јазик и за Шкотите од Алстер, за пристаништата, и сл. Подоцна беа определени и други шест функционални области за соработка во сферата на: транспортот, животната средина, туризмот, и сл. Уште повеќе, Британско-Ирската меѓувладина конференција е наследничка на Англо-Ирската од 1985 година, а на ирската власт ѝ гарантира пристап до формулирањето на политиките за сите работи кои сè уште не се разработени и развиени од Собранието на Север на Ирска, или од Северно-Јужниот министерски совет. Ова тело ја промовира билатералната соработка помеѓу ирската и британската власт за сите нешта коишто се од заеднички интерес, во рамките на нивните јурисдикции. Во врска со второто, односно, признавањето на ирското самоуправување, авторите сметаат дека Ирската Република немаше да го прифати Договорот доколку Велика Британија со него не го признаеше правото на самоуправување на народот на Ирска, и тоа попрецизно на(сè)островска Ирска. Така беше и на Референдумот, кој истовремено се одржа и во двата дела, а за оваа одлука да стане дел од Договорот беше потребно да има конкурентна согласност од јурисдикциите на двете држави. Во однос на третото, доаѓа до израз признавањето на принципот на согласност(consent) и создавањето на Британско-Ирскиот совет. Имено, Северна Ирска не може устав но да стане дел од обединета Ирска доколку мнозинството граѓани на референдум не се согласат на тоа. Дополнително, Ирскиот устав беше сменет по пат на Референдум во двете јурисдикции, со цел да го рефлектира овој ист принцип. Како контратежа на ова, унионистите, исто така, осигураа формирање на институцијата Британско-Ирски совет со цел да се рефлектира нивната врска со Велика Британија 41 . Дополнително, се смета дека во срцевината на Договорот е бинацио нализмот 42 , а за да се одвива консоцијативната власт оперативно, во него се пропишува членовите на Собранието на Северна Ирска да се разликуваат меѓусебно не врз религиска основа, како католици или протестанти, туку како националисти, унионисти или како други. Сè до октомврискиот Договор од 2006, копремиерите, кои беа одговорни за извршната власт, требаше да бидат номинирани со двојно мнозинство 151 како од унионистите, така и од националистите, но и со мнозинството од целото Собрание. Слично е и со законодавното право на вето – го имаат и унионистите и националистите 43 . Базичната уставна рамка на Договорот од Белфаст има слично сти со некои договори од историјата на други земји, како, на пример, Холандија, кога била поделена помеѓу католиците и протестантите, или, пак, како кај етнички поделениот Либан, или по Привремениот договор за етнички поделената Јужна Африка. Но, овој Договор има и една дополнителна содржина што го прави различен од претходно наведените општества. Имено, Договорот за Северна Ирска предвиду ва национална поделба, т.е. национални заедници кои сакаат да бидат управувани од нивните соодветни нации-држави, бидејќи ако се фор мирале само внатрешни консоцијални аранжмани, тие би биле несо одветни. Така, двете влади се договориле дека правдата и стабилноста бара институционални аранжмани кои ги надминуваат границите на Обединетото Кралство и кои ќе ја вклучат и Република Ирска 44 . Критичките опсервации на овој Договор започнуваат со интегра тивните позиции на Horowitz, според кои, институциите на Северна Ирска треба да се редизајнираат со цел да се охрабри power sharing (споделување на моќта) меѓу умерените од секоја заедница, а наместо пропорционално претставништво, заговара алтернативно гласање коешто би имало за цел коалицирање на умерените, што, пак, би до вело до поголема стабилност отколку кај консоцијацијата. Понатаму, критиката на центрипеталистите вели дека минималната коалиција на умерените би донела поголема стабилност отколку консоцијал ното коалицирање на радикалите. Сепак, велат консоцијалистите, ако радикалите се остават надвор од институциите на power sharing, многу поголема е веројатноста дека тие ќе станат насилни, што уште повеќе би го усложнило постигнувањето на компромисите меѓу ко алиционите партнерства на умерените. Дека ова е точно покажува и претходното северноирско искуство на коалицирањето на умерени те, остварено со Sunningdale експериментот од 1973/74 година, кога целата коалиција беше нападната од радикалите на обете страни. Така, коалицијата комплетно колабираше по пет месеци, а на пла нините каде се преговараше, заради насилствата беше невозможно да се постигне било каков коалиционен договор. Тогаш, дури, и нају мерените инсистираа за инклузија и на најрадикалните. Имено, се сфати дека исклучувањето е причина за конфликтот. Оттука, се смета 152 дека соодветно структурирана консоцијативна егзекутива може да биде поттик за радикалите во насока тие да омекнат и да станат по умерени. Сепак, Договорот покажува дека консоцијативните инсти туции можат да бидат дизајнирани на тој начин што ќе ги ублажат проблемите што ги имаат радикалните ривали во власта. Во однос на праведноста, пак, критиките коишто доаѓаат од Horowitz и од не говите поддржувачи, велат дека Договорот е неправеден бидејќи ги привилегира само некои од групните идентитети и дека институци ите ги дискриминираат индивидуите коишто не поседуваат групни идентитети(слично е во БиХ заради неможноста да се кандидираат за функции во Претседателството оние кои не се: Срби, Бошњаци или Хрвати). Оваа„генерална” критика на консоцијацијата којашто вели дека таа ги привилегира посебните групни идентитети, не е не основана и многу од консоцијациите се далеку повеќе корпоративни, отколку што се либерални. Во Северна Ирска, кога станува збор за образованието, и тоа е од либерално консоцијативен вид, бидејќи на децата им е дозволено да се школуваат во: католички училишта, во државни(т.е. протестантски) или, пак, во училишта кои се интегра тивни, т.е. спонзорирани. Со Договорот се воспоставува и, таканаре чениот, Граѓански форум, кој треба да ги претстави сите оние коишто не се репрезентирани во конвенционалните политички институции – како паралела на парламентот, и тоа, всушност, се неизбраните „други” 45 . Специфична критика на Договорот од Белфаст се упатува и заради тоа што му недостасуваат демократски атрибути, прво, заради недо стиг на демократската одговорност. Имено, инклузивната егзекутива не му остава голем простор на Парламентот – тој да биде вистинска опозициона арена на спротивставените гледишта, како што е случајот со вестминистерскитот модел 46 . Врзано за ова, критика се изнесува и заради тоа што министерската дискреција не остава простор за ко лективна одговорност на власта. Второ, се забележува дека Договорот им ги ограничува изборите на гласачите и дека се намалува компети тивноста меѓу самите партии. Трета забелешка е дека договарањето се одвива тајно и недемократски меѓу етничките елити. Трансформа тивните социјалисти го додаваат и тоа дека на политичката агенда доминираат етничките теми, наместо темите што ги трансцентираат етничките атрибути, како што се прашањата за класната раздвоеност или за родот 47 . 153 Извор на картата https://www.britannica.com/place/Northern-Ireland За размислување: 1. Кои се теориите со коишто се објаснуваат начините за решавање на конфликтите? 2. Како може да се менаџираат и/или да се решаваат етничките конфликти? 3. Кои се спецификите на концептот за превенција на конфликтите? 4. Какво е искуството на решавањето на конфликтот поврзан со Северна Ирска? 154 БИБЛИОГРАФИЈА • Bhikhu, P., The Cultural Particularity of Liberal Democracy, Political Studies Xl, Special Issue, 1992 • Bogaards, M., Consociationalism and Centripetalism: Friends or Foes?, Swiss Political Science Review, 2019 • Brian, B., Culture and Equality: Аn Egalitarian Critique of Multiculturalism, Harvard University Press, Cambridge, 2001 • Burton, J., Conflict. Resolution and Prevention, St Martin’s Press, New York, 1990 • Bush, R.,& Folger. J., The Promise of Mediation: Responding to Conflict Through Empowerment and Recognition, Wiley, San Francisco, 1994 • Carment, D., Schnabel, A., Conflict Prevention- Taking Stock, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion?, eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003 • Carment, D., Schnabel, A., Introduction – Conflict Prevention: A concept in search of a policy, in Conflict Prevention. Path to Peace or Grand Illusion?, The United Nations University Press, Tokyo, 2003 • Choudhry, S., Bridging Comparative Politics and Comparative Constitutional Law: Constitutional Design in Divided Societies, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation?, Oxford University Press, Oxford, 2008 • Cockell, J., Early warning analysis and policy planning in UN preventive action, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion?, eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003 • Cohen, R., Culture and Conflict in Egyptian – Israeli Relations, Indiana University Press, 1990 • Duke, S., Regional organizations and conflict prevention: CFSP and ESDI in Europe, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion?, eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003 • Fisher, R.& Ury, W., Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In, Penguin Books, New York, 1983 • Hampson, F. O., Parent, Midwife, or Accidental Executioner? The Role of Third Parties in Ending Violent Conflict, in Turbulent Peace: The Challenges of Managing International Conflict, eds. Crocker, C., Hampson, F. O. and Aall, P., Institute of Peace, Washington, 2001 155 • Horowitz, D.L., Explaining the Northern Ireland Agreement: The Sources of an Unlikely Constitutional Consensus, British Political Science Journal, n.32, 193, 2002 • IGARAPÉ INSTITUTE, The Handbook of Conflict Prevention, 2018 • Jentleson, B., The Realism of Preventive Statecraft, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion?, eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003 • Kymlicka, W.,& Shapiro, J., Introduction, from Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Kymlicka, W., The Internationalization of Minority Rights, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation? ed. Choundhry S., Oxford University Press, Oxford, 2008 • Lijphart, A., Democracy in Plural Societies: A Comparative Exploration, New Haven, Yale University Press, 1977 • Martinelo, M., The State, The Market and Cultural Diversity, Immigrants and Minorities, vol.22., Taylor& Frances. Ltd. 2003 • Matthias, B., Managing Ethnic Conflict: The Menu of Institutional Engineering, GIGA German Institute of Global and Area Studies, Hamburg, 2011 • McCartney, R., Devolution is a Sham, Observer,2000; • McCartney, R., This is a Situation Hardly Calculated to Produce Either Clarity or Truth”, Belfast Telegraph, 2006 • McGarry, J.& O’Leary, B., Consociation and its Critics: Northern Ireland After the Belfast Agreement, in Constitutional Design in Divided Societies, ed. by Chaundry, S., Oxford University Press, 2008 • McGarry, J., O’Leary, B.,& Simeon, R., Integration or Accommodation? The Enduring Debate in Conflict Regulation, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation?, ed. Choundhry S., Oxford University Press, Oxford, 2008 • Michael, L., Preventing Violent Intrastate Conflicts: Learning lessons from experience, in Searching for Peace in Europe and Eurasia: An Overview of Conflict Prevention and Peacebuilding Activities, eds. Van Tongeren, P., Van de Veen, H.,& Verhoeven, J., Lynne Rienner, 2002 • Nicolaides, K., International Preventive Action: Developing a Strategic Framework, in Vigilance and Vengeance: NGOs Preventing Ethnic Conflict in Divided Societies, Washington, D.C.: Brookings Press, 1996 156 • O’Leary, B., Debating Consocial Politics: Normative and Explanatory Arguments, in From Power sharing to Democracy: Post conflict Institutions in Ethnically Divided Societies, eds. Noel, S. J. R., McGill-Queens University Press,2005 • OECD, The DAC Guidelines: Helping Prevent Violent Conflict, 2001 • Ross, H. M., Creating the Conditions for Peacemaking: Theories of Practice in Ethnic Conflict Resolution, Ethnic and Racial Studies, 2000 • Siniver, A., Managing and Settling Ethnic Conflict, in Routledge Handbook of Ethnic Conflict, Routledge, New York, 2011 • Susskind, L.,& Cruikshank, J., Breaking the Impasse: Consensual Approaches to Resolving Public Disputes, Basic Books, New York, 1987 • Swanström, N. L. P., Weissmann, M. S., Conflict, Conflict Prevention, Conflict Management and Beyond: a conceptual exploration, Central Asia-Caucasus Institute& Silk Road Studies Program, Upsala, 2005 • Tanner, F., Conflict Prevention and Conflict Resolution: Limits of Multilateralism, International Review of the Red Cross, 2000 • Tully, J., Strange Multiplicity: Constitutionalism in an Age of Diversity, Cambridge University Press, 1995 • United Nations Regional Centre for Preventive Diplomacy for Central Asia, Preventive Diplomacy and Mediation, 2020 • Volkan, V., The Need to Have Enemies and Allies: From Clinical Practice to International Relationships, Jason Aronson, New York, 1988 • Wilford, R.,& Wilson, R., From the Belfast Agreement to Stabile Power sharing, труд презентиран на PSA Territorial Politics Conference, Queen’s University Belfast, 2006 • Wolf.S., Context and Content: Sunningdale and Belfast Compared, in Aspects of the Belfast Agreement, n.11, ed. Wilford, R., Oxford University Press, 2001 • Фрчкоски, Љ., Модел на меѓуетничките односи во Република Македонија, Круг, 1999 • Чупеска, А. Kултурните идентитети во политиката – аспекти на мултикултурализмот, КАС, Скопје, 2013 1 Види во: Ross, H. M., Creating the Conditions for Peacemaking: Theories of Practice in Ethnic Conflict Resolutions, Ethnic and Racial Studies, 2000 2 Fisher, R.,& Ury, W., Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In, Penguin Books, New York, 1983, p. 10 3 Susskind, L.& Cruikshank, J., Breaking the Impasse: Consensual Approaches to Resolving Public Disputes, Basic Books, New York, 1987, p.245 157 4 Burton, J., Conflict. Resolution and Prevention, St Martin’s Press, New York, 1990, p.13 5 Burton, 1990, op. cit., p.36 6 Ross, H. M., 1990, op. cit., p.36 7 Volkan, V., The Need to Have Enemies and Allies: From Clinical Practice to International Relationships, Jason Aronson, New York, 1988, p.43 8 Cohen, R., Culture and Conflict in Egyptian-Israeli Relations, Indiana University Press, 1990, p.2527. 9 Ross, H. M., Creating the Conditions for Peacemaking: Theories of Practice in Ethnic Conflict Resolution, Ethnic and Racial Studies, 2000, p.1017- 1019 10 Bush, R& Folger. J., The Promise of Mediation: Responding to Conflict Through Empowerment and Recognition, Wiley, San Francisco, 1994, p. 82 или во Ross, H. M., Creating the Conditions for Peacemaking: Theories of Practice in Ethnic Conflict Resolution, Ethnic and Racial Studies, 2000, p. 1007-1021. 11 Види во: Siniver, A., Managing and Settling Ethnic Conflict, in Routledge Handbook of Ethnic Conflict, Routledge, New York, 2011 12 Види во: Tanner, F., Conflict Prevention and Conflict Resolution: Limits of Multilateralism, International Review of the Red Cross, 2000 13 Види во: Martinelo, M., The State, The Market and Cultural Diversity, Immigrants and Minorities, vol. 22., Taylor& Frances. Ltd. 2003 14 Види во: Choudhry, S., Bridging Comparative Politics and Comparative Constitutional Law: Constitutional Design in Divided Societies, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation? Oxford University Press, Oxford, 2008 15 Види во: Lijphart, A., Democracy in Plural Societies: A Comparative Exploration, New Haven, Yale University Press, 1977 16 Bogaards, M., Consociationalism and Centripetalism: Friends or Foes? Swiss Political Science Review, 2019, p. 519-537. 17 Инаку, не ретко во научната литература посветена на институционалните стратегии за справување со диверзитетот доминира дихотомијата: интеграција, наспроти акомодација. Или, се исцрува таков спектар на решенијата коишто на едната страна ги позиционираат стратегиите коишто имаат тенденција да го редуцираат етничкиот конфликт преку тоа што групите ќе бидат одвоени по пат на: етничко чистење, расна сегрегација, или, пак, со сецесија; на другата страна, пак, се стратегиите коишто настојуваат да го редуцираат етничкиот конфликт по пат на интегрирање на етнокултурните малцинства во поширокото општество преку различни форми на културна асимилација и изградба на нација. Од другата страна, пак, се нудат различни модели на акомодирањето(вклучувајќи ги и групните права), велат Kymlicka и Shapiro. За повеќе, види кај: Kymlicka,W.& Shapiro, J. Introduction, from Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 18 McGarry, J. O’Leary, B.& Simeon, R., Integration or Accommodation? The Enduring Debate in Conflict Regulation, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation?, ed. Choundhry, S., Oxford University Press, Oxford, 2008 19 Види во: Чупеска, А., Kултурните идентитети во полтиката – аспекти на мултикултурализмот, КАС, Скопје, 2013 20 McGarry et alia., 2008. 21 Види во: Tully, J., Strange Multiplicity: Constitutionalism in an Age of Diversity, Cambridge University Press, 1995 22 Илустративен пример за Кимлика во врска со ова е провинциската автономија на Квебек, која акомодира една аспирација кон автономија, но, исто така, ја интегрира потенцијално сецесионистичката група во поширокиот федерален политички поредок. Оттука и термините акомодација и интеграција, според Кимлика, треба да се сфатат во ова светло. Kymlicka, W., The Internationalization of Minority Rights, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation? ed. Choundhry, S., Oxford University Press, Oxford, 158 2008. 23 Имено, секогаш кога, т.н., радикали не се вклучени во власта и во институциите, конфликтот се прелева на улица, па, оттука, безбедноста секогаш е доведена во прашање. И, обратно. Имено, регистрирано е дека по Договорот од Белфаст значајно се намалило уличното насилство. Ако, на пример, во периодот од 1989 до 1997 година биле регистрирани 509 убиства, во дветте наредни години(1989 – 2006), регистриран е нивен пад за три четвртини(134 убиства). Слична е ситуацијата и со убиствата и на членовите на безбедносните служби – додека претходно бројот изнесувал 105, по Договорот се забележани само две убиства. Види кај: Чупеска, А, 2017, 284. 24 Фрчкоски, Д.Љ., Модел на меѓуетничките односи во Република Македонија, Круг, 1999, p.93 25 IGARAPÉ INSTITUTE, The Handbook of Conflict Prevention, 2018, p.6 26 Swanström, N. L. P., Weissmann, M. S., Conflict, Conflict Prevention, Conflict Management and Beyond: a conceptual exploration, Central Asia – Caucasus Institute& Silk Road Studies Program, Upsala, 2005, p.20. 27 Ibidem, p.20. 28 Ibidem. 29 Carment, D, Schnabel, A., Conflict Prevention- Taking Stock, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion? eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003, p.11. 30 Ibidem, p.11 31 United Nations Regional Centre for Preventive Diplomacy for Central Asia, Preventive Diplomacy and Mediation, 2020 32 Nicolaides, K., International Preventive Action: Developing a Strategic Framework, in Vigilance and Vengeance: NGOs Preventing Ethnic Conflict in Divided Societies, 1996, p. 23-72 33 Jentleson, B., The Realism of Preventive Statecraft, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion? eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003, p. 26-43 34 Jentleson, 2003, p.26-43 35 Ibidem. 36 Cockell, J., Early warning analysis and policy planning in UN preventive action, in Conflict Prevention: Path to Peace or Grand Illusion?, eds. Carment, D., Schnabel, A., United Nations University Press, Tokyo, New York, Paris, 2003 37 Ibidem, p.198-199 38 Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017, p. 125-128. 39 Според McGarry и O’Liry, имено, Липхарт иницијално го потценил фактот дека католичко-протестанскиот конфликт во Северна Ирска е втемелен на ривалските национални движења, третирајќи ги групите како да се само во религиозен конфликт, и покрај тоа што бил свесен дека како такви тие јасно биле профилирани во политичките партии како националисти, т.е. унионисти. Според Липхарт, како што авториве велат, главната тешкотија било тоа што не постоела поддршка кај протестантите за споделување на моќта(power sharing) и тоа, пред сè, бидејќи биле навикнати на хегемонската власт, а второ, заради тоа тие попрво биле предиспонирани за вестминитерските мајоризациски практики, а не се за континенталниот тип на норми за power sharing. За ова, авторите се повикуваат на делото на Липхарт: Lijphart, A., Rewiev Article: the Northern Ireland Problem: Cases, Theories and Solutions, British Political Science Journal, n.5/83, 1975). Но, како што велат, понатаму, сепак, ова не е сосема точно, бидејќи северноирските католици како националисти се противеле на внатрешниот power sharing во рамките на Обединетото Кралство, а радикалните ирски националисти – републиканците, сакале комплетно отцепување на Ирска од Британија, додека, пак, поумерените националисти сакале консоцијацијата да биде интернационализирана(со други зборови – power sharing аранжманите да имаат една(сè)ирска димензија). Затоа и се смета дека дури и да дале поддршка унионистите во 70-тите, таа немала да биде доволна за ирските националисти. Всушност, главната причина зошто унионистите се 159 спротивставиле на консоцијацијата е тоа што биле британски националисти, и биле многу загрижени околу инсистирањето на ирските националисти на врските со Ирска. Тие, исто така, немале мотив да ја делат моќта/властa во поголемиот период и по 1972 година, имајќи предвид дека вообичаен став бил директното управување од Велика Британија, т.е. нивната преференцијална нација-држава. Така, на крајот, излегува дека сите страни имале резерви и стравови. Тоа се нештата заради кои консоцијацијата не била прифатена пред 1998 година. Исто така, и заради прераното настојување во 1974 година за консоцијативно решение, коешто колабирало само 5 месеци по потпишувањето на Договорот, и тоа токму заради„хардлајнерите“ на ирскиот републиканизам и на британскиот унионизам(првите сметале дека ирското самоуправување не е комплетно остварено, додека другите сметале дека е поткопана унијата со Велика Британија). Консеквентните обиди за договор пропаѓаат сè до 1998 година, т.е. сè до Белфаст. Види во: Чупеска, А, 2017, стр. 330 40 Исто, види кај: Чупеска, 2017, стр. 131, каде се рефрерира на McGery, 2008 41 Ibid. 42 Северноирското граѓанско општество, исто така, ја рефлектира политичката арена, т.е. групирањето се одвива на бинационална основа – на унионисти и на националисти, иако постои определен број на мировни организации кои се обидуваат да промовираат трансцедентен идентитет. Како и да е, со Договорот не беше можно акомодирањето на британската и на ирската власт во еден трансдржавен институционален конструкт за споделување на моќта меѓу двата етнокултурни блока. Ibid. 43 Ibid. 44 Постбелфашкиот период сè до 2007 година бил и понатаму обременет со ривалските концепции за самоопределувањето меѓу унионистите и националистите. На унионистите им недостигал ентузијазам бидејќи Договорот го доживувале како пребрзо движење во националистичка насока, стравувајќи дека не е долгорочен, туку дека е само транзиција кон(сè) ирското обединување. Всушност, чекорите на националистите во насока на зајакнување на северно-јужните тела, како и отфрлањето на британските симболи од полицијата и од судовите, а особено одбивањето на националистите да се разоружат сè до 2005 година, но и политичките говори коишто повикувале на обединување, биле доволен мотив за ваквата интерпретација. Од националистичката страна, пак, воочените тешкотии се врзани за немањето волја да соработуваат со унионистите во рамките на политичките институции, вклучувајќи ја power shаring егзекутивата и северно-јужните тела. А, исто така, сметале дека британската власт несоодветно ги имплементира нормите на договореното самоуправување. 45 Ibid. 46 Horowitz, D.L., Explaining the Northern Ireland Agreement: the Sources of an Unlikely Constitutional Consensus, British Political Science Jоurnal, n.32, 193, 2002 47 Чупеска, 2017, p.136, каде се рефрерира на McGery, 2008 160 VIII  ПОГЛАВЈЕ 8  И ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ Денес, светот е пред искушението да ја посведочи зголемена та желба во насока да се поврзат со темите на самоопределувањето, како иден или перспективен доказ за појавата на еден меѓународен систем во кој ќе се управува на повеќе нивоа(International System of Multilevel Governance). Во таквиот систем, националните и меѓународ ните конститутивни закони би дошле во директен контакт, а оттука, со текот на времето, ќе биде сè потешко тие да се разликуваат. Во та ков универзален систем на јавно право, државата е само еден од мно гуте можни нивоа на јавен авторитет. Со други зборови, суверената власт/моќ може да биде пропишана на различни нивоа. Тие нивоа се рангираат: од локални општини, до региони, федерални ентитети, држави, субрегионални и регионални интегративни организации, па сè до глобални институции. Комплексните решенија, какво што е она за Северна Ирска, адресира: локален, регионален и државен автори тет, но и крос-бордер(прекугранична) кооперација, а и вклученост на меѓународните агенции во управувањето, вели Weller 1 . Ова е ветувачка перспектива. 8.1  ИНТЕРНО САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ „Не сите етнички конфликти имаат значајна територијална стра на“ – рекол Horowitz и токму врз оваа поента ја конципирал својата интегративна теорија, која во основа ја исклучува можноста самоопре 161 делувањето на групите да се оствари по пат на сецесија и која сугерира целосно зачувување на територијалниот интегритет, но сепак, остава можност за територијални акомодации во рамките на одредена држа ва. Како што вели тој, во некои земји групите не се територијални и се толку многу измешани што политичките барања рефлектираат аспи рации во однос на моќта во рамките на постојните територии и тоа многу повеќе отколку во однос на некое силно поврзување во движења коишто се залагаат за промена на државните граници. Соседството и изборните граници се сосема друга тема, според него. Како и да е, во многу делови од светот, групите креираат ставови во однос на таткови ните кои, пак, продуцираат барања за етнички индуцирани промени на границите. Конфликтите во: Босна, Чеченија и Нагорно-Карабах, а и оние во: Грузија, Абхазија, Молдавија, Транс Ниестрија, или во Крим во Украина, сите овие, ги актуaлизираа овие теми 2 . На оваа линија е и размислувањето на Addis, според кој, едни од најпроминентните примери на самоопределување во форма на сеце сија беа оние случаи кои завршија трагично и со деструктивни кон фликти што ги опустошија земјите-сукцесори на поранешна Југосла вија, особено БиХ и Хрватска. Етничките Срби кои живеат во овие две земји го покренаа истиот принцип на самоопределување, за да ги остварат своите желби за политичка сепарација, исто како што БиХ и Хрватска го покренаа тоа кога се сепарираа од Југославија. Но, ова не е типичен пример само за Балканот, туку е потенцијален за секој регион. Така, на пример, некои од членовите на англиското говорно население во Квебек – што се проценува дека изнесува околу 18% од вкупната популација во провинцијата, инсистираа на тоа дека доколку Канада може да биде поделена, тогаш и Квебек треба да биде поделен, па затоа тие ќе се борат за сепаратен ентитет во случај Квебек да се сепарира од Канада 3 . Слични аспирации за остварување на самоопределувањето во форма на сецесија се забележуваат и на многу други места(Северна Ирска, Баскија, Шкотска, Каталонија, а и други) 4 . Ограничувањето на територијалните етнички аспирации многу често беа маскирани бидејќи светот на почетокот од деведесеттите го дини од XX век само што излезе од фазата на стабилност на државни те граници. Денес, таквите територијални граници изгледаат на едно поопшто ниво поприспособливи – па, сега, стана посоодветно да се каже, смета Horowitz, дека треба да се расправа за намерите околу тоа кои граници треба да бидат променети. Поточно, смета тој, морал 162 ните и правните теории беа ставени на маса и нормите за етничкото самоопределување беа релативизирани по периодот на латентноста. Гледано од овој аспект, постојат две основни форми на етнички инду цирани територијални приспособувања – иредентизам и сецесиони зам, вели Horowitz. Сецесијата подразбира оттргнување на групата и на територијата од авторитетот на државата. Иредентизмот, пак, бара припојување со етнички сродните луѓе, народи, и територии, преку гранично, спојувајќи ги сите во една нова заедничка држава. Сецесија та е групно движење, иредентизмот, од друга страна, е државно ини цирано, иако групите, се разбира, лобираат за преземање на државата со цел да се презеде иредентистичката акција. Во периодот по Втората светска војна се случиле неколку активно остварени иредентизми, но имало и многу кои тендирале кон сецесијата. Во многу од овие случаи се разгореле оружени судири, како, на пример, во Бурма(1949) или во Јужен Судан, околу 1963 година. Во случај определен иредентизам да се реализира во целост, консеквенцата од тоа ќе биде промена на субетничките или на политичките баланси во рамките на сродните групи во новите држави, посочува Horowitz 5 . Сепак, постои и едно одвоено прашање поврзано со тоа дали гру пата што ќе биде припоена сака да биде припоена, а често, одговорот на ова прашање е негативен. Horowitz го дава примерот со Тајванците, кои јасно го имаат ова изразено во однос на Кина. Друг проблем што може да се јави е тоа што припоената држава може да биде: посиро машна, поавторитарна или на некој друг начин да биде непожелна. Па, така, групата што треба да биде припоена може да биде перципирана од страна на иредентистичкиот центар како да е составена од„про винцијалци“ или од луѓе коишто живееле предолго под коруптивни културни влијанија на„странскиот режим“. Имено, групата што треба да биде припоена, по дефиниција, е периферијална, па оттука се мисли дека треба да биде спасена од тоа да се наоѓа во погрешна држава 6 . До полнително, политичарите во регионите што треба да бидат припоени имаат свои сопствени резерви бидејќи многу лесно можат да замислат дека нивната позиција нема да се подобри доколку нивниот електорат и територија се трансферираат спрема нова, поширока држава 7 . Затоа, овие лидери се„ситна риба што скока во едно големо езеро“. Во тоа „езеро“ нивната клиентела е обезбедена, бидејќи тие дејствуваат како претставници на малцинствата(а таа група е веќе конституирана во постојната држава), но кога ќе се најдат во едно друго„големо езеро“, 163 таквата сигурност повеќе ја нема. Како резултат на сите овие ограни чувања, постоеле малку активни иредентизми, со оглед на мноштвото други можности што се покренуваат како резултати на дисонанците помеѓу територијалните и етничките граници. Иредентизмот, исто така, се смета за нелегитимен, ако се има предвид забраната во членот 2 на Повелбата на ОН, врзан за стекнувањето на територија по пат на сила 8 . Во однос на сецесијата, пак, Horowitz, го дава примерот на Биа фра и преку него илустрира дека консеквенците на територијалната поделба се врзани за настојувањата да се ограничи штетата направена од таквиот процес. Сепак, како што вели тој, доколку сецесијата е неиз бежна, односно доколку стане една„судбинска работа”, неподелената држава нема да биде неопходно заинтересирана за мултиплицирање на ефектите од сецесијата преку охрабрувањето на натамошните тери торијални поделби, со исклучок одново да го побара за себе делот од сецесионистичкиот регион. Со ова, поточно, преку идентификувањето на оние кои настојуваат да бидат исклучени, се обелоденува еден нов извор на конфликт. Дополнителна пречка по сецесијата произлегува од конфузијата закопана во концептот за самоопределувањето, кога самоопределувањето добива територијална форма. Ова е така бидејќи поентира овој важен промислувач, за разлика од самоопределувањето коешто се однесува на луѓето, сецесијата се однесува на територијата. Оваа конфузија е рефлекс на длабоко вкоренетата двосмисленост на западната политичка традиција. И покрај етничките извори на повеќе то сецесии, сецесионистите, вообичаено, бараат независност за целата територија и за секој што живее во неа, исто како што има направено и неподелената држава. Оттука, не може да постои сецесија од сецесија 9 . Оваа позиција беше јасно назначена при распадот на СФРЈ од страна на Арбитражниот комитет на Меѓународната конференција за бивша Југославија, со овластување да ја оценува законитоста на про цесот на сецесијата. Имено, Комитетот обзнани дека Југославија ќе биде федерација во процес на дисолуција, па оттука заклучи дека нови држави можат да произлезат само во рамките на претходните репу блички граници, но не и во рамките на некои други граници. Поната му, Босна и Хрватска можеа дополнително да се делат, но да останат целосни. На малцинствата во Хрватска и во Босна им беа атрибуирани малцински права, но не можеа законски да ги менуваат границите на државата во кои се наоѓаат, ниту да се одвојат, а ниту да се придодадат 164 кон сродните републики. Значи, една легитимна и либерално конци пирана сецесија на конституентните федерални единици би била усо гласена со стриктната забрана за било каква територијална промена. Еден од најпроминентните ефекти од сецесијата, или од размената на територии, би поставил меѓународна граница помеѓу бившите домаш ни антагонисти за да не го трансформираат нивниот внатрешен, во меѓународен конфликт. Таков случај беше предизвикан од поделбата на Индија и Пакистан 10 . Едно друго разгледување на самоопределувањето може да се конципира преку принципите врзани за ius sanguinis. Оваа основа за стекнување на државјанство ја нема за своја основа припадноста кон територијата, како што е случајот со ius solis. Напротив, потеклото, или крвната врска, се зема како атрибут доволен за реализирање на правото за самоопределување. Имено, до неодамна, државјанството во Германија, речиси, целосно беше подредено на ius sanguinis(на по теклото). Оттука, многу тешко беше некој да може да се натурализира. Иако и ова е своевидна ексклузивистичка концепција за самоопреде лувањето, сепак, се јавија и други алтернативни идеи за основата на заедницата, што се среќаваат и на некои други места. Самоопределу вањето, сфатено како принцип, а не како право, е едно од нив, вели Brubbaker 11 . Ова значи дека ставот за самоопределувањето којшто е врзан за идентитетот,„втемелен од раѓање”, создава такво јадро на политичката заедница којашто ќе продуцира држава со етнички ка рактеристики и со малцинско исклучување. Од друга страна, и ставот за територијалната блискост, исто така, продуцира етнички ексклузи вистичка држава. Така што, на крајот, резултатите на овие два става (solis и sanguinis), во својот идеален формат, би довеле до сличен ре зултат: етнички чиста нација-држава 12 . Фактички, постојат два вида на држави во светот, но постојат и многу хибриди. Често, самоопределувањето од Вилсонов вид(етнич кото), произведува држави коишто се наменети да припаѓаат на пар тикуларни народи, вели Horowitz. Според него, илустративен пример се оние кои Русите ги нарекуваат„титуларни националности“, бидејќи нивното име се рефлектира во името на државата: Татарци во Татар стан, Башкирци во Башкиристан, итн., па дури и кога тие се малцин ство во земјата, што и најчесто и се. Како што се смета дека Романија е на Романците, Фиџи на Фиџијците, Казахстан на Казахтанците. Вак вите поими го летимираат статусот на една група дека таа претендира 165 да биде јадрото на државата, но проблемот е дека другите, исто така, живеат во границите на таквата држава и нивната позиција е мно гу покревка, вели Hayden 13 . Од друга страна, во државите втемелени на„божемното” територијално растојание(главно кај африканските држави) произлегуваат поинакви проблеми. Слично, некои етнички групи можат да постават барања за приоритет во државата без оглед на нејзиниот инклузивен карактер. Во таквите случаи, поверојатно е дека конфликтот помеѓу компетитивните принципи на заедницата ќе биде поостар 14 . Инаку, важно е да се напомене дека самоопределувањето во док тринарна смисла, како што вели Фрчкоски, се развива низ три групи на теории, кои варираат во зависност од историските периоди на упо требата на поимот. Тие се: идеалистичка, реалистичка и, таканаре чената, радикална теорија. Тој се повикува на Померанс, според кој идеалистичкото толкување на самоопределувањето е карактеристично за периодот по Првата светска војна, реалистичкото меѓу двете свет ски војни, а радикалното е поствиетнамски феномен. Идеалистичката интерпретација го третира самоопределувањето како централен фак тор за мирот во светот и не го проблематизира елементот на доми но-ефектот или на атомизацијата на заедниците во кои се остварува принципот. Реалистичката теорија, пак, самоопределувањето како принцип не го третира како универзален, бидејќи доколку се приме нува универзално би довел до состојба на долгорочна нестабилност и до нарушување на меѓународниот поредок. Според оваа теорија, постои сериозна опасност од атомизирањето на огромниот број на мултиетнички држави, а исто така, се проблематизира и субјектот на самоопределувањето. Радикалната теорија, пак, самоопределувањето го врзува за идеологијата, имено, како идеолошки инструмент во бор бата за доминација на некоја голема сила(најчесто како„американски интерес во земјите од третиот свет“). Како и да е, овој принцип може силно да мобилизира на политички план. Но, истовремено, тој станува и политички контекстуален, со што навистина се доведува во прашање неговата универзалност, а оттука, и тешкотиите во неговото правно нормирање. Важно е, сепак, дека можат да се разликуваат два вида на реализација на самоопределувањето: екстерно, во вид на држава или, интерно самоопределување – кое се остварува и се изразува низ неколку разни форми во рамките на постојната држава. Ова второто, е посебен интерес за предметот на акомодирањето 15 . 166 Како што потсетува Фрчкоски, современите сфаќања за поимот 16 на самоопределувањето, т.е. денешната структура на поимот или не говата феноменологија, има две глобални рамнини: онаа за неговата екстерна и за неговата интерна форма, а вкупното пролистување на сите негови видови изгледа вака – право на создавање сопствена, неза висна, суверена држава(во форма на оригинерно создавање, сецесија од друга држава, фузија на повеќе држави или распаѓање на сложена држава); право на останување во зависна положба од друга држава (Порторико од САД); право на автономија во рамките на единствената држава; право на реализирање на самоопределувањето низ облици на поделба на власта и низ децентрализација во една унитарна држа ва 17 . Самоопределувањата во првите два вида припаѓаат на екстерната форма, додека преостанатите три се интерна форма на самоопреде лување. Всушност, интерното самоопределување е важно затоа што става акцент врз формите на споделување на моќта(power shаring) и на директното учество на индивидуите и на групите во одлучувањето на различни нивоа. Со други зборови, ако политичката клима е таква што не се преферира сецесија како форма на самоопределување или, пак, се избегнува територијална автономија, јасно е дека решенијата ќе се бараат во инструментите на внатрешното самоуправување и во споделување на моќта, т.е. во етнички хетерогените општества прин ципот на самоопределувањето ќе се смета за задоволувачки доколку власта го репрезентира целокупното население 18 . 8.2  И САМООПРЕДЕЛУВАЊЕТО Конфликтите врзани за самоопределувањето, посебно оние надвор од колонијалниот контекст, долги години изгледаа како нерешливи. Ваквите конфликти особено се јавија по Студената војна, а барањата за самоопределување варираа од сецесија, па сè до внатрешна автоно мија во рамките на територијалната унија на државата, според Weller 19 . Консеквентно, тој укажува дека гледано од класичната позиција, само определувањето било дефинирано како право на народите слободно да го определат својот политички статус и да тежнеат кон: економски, социјален и културен развој. Така е дефинирано во универзалната Де кларација за човековите права. Но, во практиката, апликацијата на 167 оваа одредба, често, била контекстуално редуцирана, како во однос на нејзината внатрешна, така и во однос на нејзината надворешна димензија. Впрочем, надворешното самоопределување во форма на сецесија се однесувало само на колонијалните народи, дефинирани од пролонгираните колонијални администрации во рамките на гра ниците на uti possidetis, додека внатрешното самоопределување би го адресирало и уставниот систем на јавниот авторитет, но и правото на демократското партиципирање во власта. Имајќи го предвид ова, Weller 20 воочува дека острото разграничување што постоело во класич ната доктрина за самоопределувањето во меѓународното јавно право полека почнува да избледува и дека се појавиле определени инова тивни решенија, односно спогодби. На тој начин, според него, субдр жавните населенија, кои имаат потреба за самоопределување, можат да се акомодираат на некој од споменатите девет решенија. Weller 21 , имено, го проблематизира класичното рестриктивно сфаќање на док трината за самоопределувањето, откако проучил околу 40 спогодби и драфт спогодби(settlement) со цел да идентификува еден во пораст постмодерен образец на практики за решавање на конфликтите што произлегуваат од барањата за самоопределувањето. Инаку, конфлик тите околу самоопределувањето се сметаат за најперзистентни и за најдеструктивни форми на војување. Се разбира, последицата од нив е сериозна дестабилизација на општествата и нивна дезинтеграција (најекспонентните примери се случаите во Шри Ланка и Судан). Тој наведува, на пример, дека во 2008 година постоеле 26 тековни, воо ружени конфликти за самоопределување(со различен интензитет), а во светот постоеле 55 кампањи за самоопределување кои можеле да се преобразат во насилни конфликти, доколку останале неадресира ни. Во тој период биле регистрирани уште петнаесеттина конфликти коишто се сметале за нерешени до крај 22 . Силната моќ на национализмот и на етничките мобилизирања, сами по себе не можат да ја објаснат експлозивната природа на ба рањата за самоопределувањата. Самоопределувањето како едно по зитивно назначување на право на сецесија, било аплицирано само во случаите на класичните колонијални ентитети и сличните аналогни случаи. Но, тие околности, во моментов, не постојат, односно веќе се надминати. Со други зборови, меѓународните норми коишто се одне суваат на правата за самоопределување се рестриктивни во однос на сецесијата, односно, сецесијата не се третира како израз на правото на 168 самоопределувања. Но, ваквата доктринарна поставеност на самоопре делувањето остава извесни недоречености во врска со: конфликтите што се појавуваат надвор од колонијалниот контекст; територијалното дефинирање на бившите колонијални ентитети; и имплентирањето на колонијалното самоопределување. Надвор од колонијалниот кон текст, примерите, како: Чеченија, Корзика, Баскија, Косово, и други, се случаи каде што концептите за самоопределувањето во смисла на сецесија воопшто не се аплицирале имајќи го предвид отсуството од колонијален нексус. Знамето на Баскија Преземено од https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Flag_of_the_Basque_ Country.svg) Во врска со територијалното дефинирање, пак, на бившите коло нијални ентитети, како: Шри Ланка, Филипини, Бурма, и сл., ситуа цијата укажува дека тоа се случаи кога бившата колонија практикува ла право на самоопределување, но етничките движења што се родиле во новата, независна држава, побарале сепарација. Третиот пример е врзан за случаите какви што се: Еритреја, Кашмир, Јужен Судан, и дру ги. Кај нив се тврдело дека доктрината на uti possidetis погрешно била аплицирана во времето на деколонизирањето, односно, определени ентитети на погрешен начин биле инкорпорирани во новите независ 169 ни држави во тој момент. Сè на сè, пристапот за„сè или ништо“ околу самоопределувањето наместо да помогне во решавање на конфликтот, спротивно, помогнал во неговото одржување. Инаку, постојат извесни пресметки дека тековните конфликти за самоопределувањето во про сек траеле по 27 години 23 . Но, имајќи предвид дека меѓународното јавно право, самоопреде лувањето како право на сецесија, не го верификува како такво, во игра та се вклучуваат некои други категории коишто повеќе се разгледуваат како принципиелни решенија. Според Weller 24 , постојат девет такви категории за решавање на конфликтите за самоопределување. Бидејќи овој труд не може детално да се занимава со нив, само накусо ќе бидат споменати. Тие се: 1. размена на самоопределувањето со автономијата или зајакната локална самоуправа; 2. регионализам, федерализација или унија со посебна потврда на територијалното единство; 3. одло жено супстантивно решение додека се договара механизам за спого дување; 4. балансирање на барањата за самоопределување; 5. догова рања околу самоопределувањето, но со одложена имплементација; 6. воспоставување на де факто држава; 7. независност под супервизија; 8. условено самоопределување; 9. уставно самоопределување, наведува Weller 25 . 1. Територијалната автономија е едно класично средство за спогодување околу самоопределувањето и тоа нагласува самоуправу вање на демографски различната територијална единица во рамките на државата. Широчината на гарантираната автономија се воспоста вува или со устав, или со автономен статут(што, вообичаено, легално се потврдува со специјален закон), а во насока на долготрајност на ваквиот аранжман. За разлика од тоа што автономијата оперира во рамките на целокупниот уставен поредок на државата, имплицирајќи автентична моќ за донесувањето на одлуките во однос деволуираните компетенции, децентрализацијата е сосема нешто друго. Децентра лизацијата им овозможува на локалните агенси определен простор за да ја имплементираат одлуката што веќе е донесена во центарот. Автономијата, сфатена на овој начин, им овозможува компетенции на локалните актери за да ги донесуваат самите таквите одлуки. Речиси сите договори во времето на Студената војна биле, всушност, спогодби за автономија, а најпознат пример од тоа време е Спогодбата за Јужен Тирол. Други примери се: Фарските Острови, Гренланд, специјалните аранжмани за Брисел и за определени делови на Белгија, Мадеира 170 и Азорските Острови во Португалија, и други. Сепак, на владите, че сто, не им е пријатна темата кога треба да договараат територијална автономија, бидејќи државата така губи контрола над важни јавни функции во области каде што малцинствата доминираат, а тоа ги пла ши владите дека безусловно ќе доведе до сецесија. Во периодот по Студената војна, како и да е, забележани се автономни аранжмани и во земји надвор од Западна Европа. Такви аранжмани се предвиде ни за: Курдите во Ирак, Касамачи во Сенегал, Кабиндани во Ангола, Морои во Филипини, Ачи и Папуа во Индонезија, Мискито Индијан ци во Западна Никарагва, и многу други. Во Европа: Белгија, Данска, Италија, Португалија, Шпанија, Велика Британија, и во други држави, веќе имаа позитивни искуства со аранжманите за самоуправувањето уште во времето пред, и за време на Студената војна. Тие со своите последователни спогодувања имаа тенденција и заложба да ја балан сираат автономијата со правно гарантирана заложба за целосност на територијалното единство. На пример, во автономниот статут за Јужен Тирол се гарантира автономија, но и„правен идентитет“ на регионот Трентино Алто Адиџе/Јужен Тирол, а„во рамките на политичкото единство на Република Италија, која е единствена и е неделива“. Слич ни решенија се применети и во Шпанија. Посебно е интересно што Велер потсетува дека со Охридскиот рамковен договор, зајакнатата ло кална самоуправа била супститут за формалната автономија. Имено, една од техниките за избегнување на статус кој, можеби, ќе ја нервира централната власт и, оттука, ќе ја натера да ги отфрла спогодбите за автономија, всушност, е трансферирањето на автономната моќ на едно друго ниво, а токму таков е случајот со Охридскиот рамковен договор. 2. Во врска со: регионализмот, федерализацијата или унијата со посебна потврда за територијалното единство, Weller 26 утврдил дека тоа се видови спогодби што се позиционираат отаде ав тономијата. Ова може да варира од лабави конфедерации, или унии на држави, па сè до целосни, или асиметрични федеративни решенија. Ова вклучува многу комплексни структури, како, на пример, што е слу чајот со: Судан или Бугенвил, неуспешните договори за Чеченија и за Кипар, или како што беше државната унија меѓу Србија и Црна Гора, но и многу други. Посебно е интересен примерот на Ирак кој промо вира една флексибилна федерална геометрија. Имено, федералниот систем е составен од: региони, гувернии и главниот град како посебна единица. Главниот град има посебна децентрализирана моќ. Региони 171 те, пак, можат да воспостават нивен сопствен устав и свои структури на регионален авторитет и можат да ја практикуваат целосно моќта без таа да им биде целосно припишана од центарот. Во суштина, тие самите можат да се конституираат како федерални единици, но само лабаво поврзани со уставниот систем. Уставот го признава регионот на Курдистан, заедно со неговите овластувања, и тоа во согласност со нивното постоење коешто е пропишано со уставот и тоа во фор ма на„федерален регион“. Како и да е, гуверниите имаат право да се преобразат во некои идни региони, доколку имаат желба за тоа. Ова, пак, може да биде направено самостојно од една гувернија или, пак, може да биде сторено од повеќе, откако, се разбира, ќе се одржи ре ферендум. Пропишаната униполарна асиметрија во Ирачкиот устав, според Weller 27 , со текот на времето, може да прерасне во една многу комплексна асиметрија или безусловно државата може да се транс формира во целосна федерација на региони. Друг пример за комплексна асиметрија е Молдавија, а пред сè, се однесува на областите на Гагаузија и на Транснистрија. Во Чеченија, пак, по конфликтите во деведесеттите, таа беше насилно инкорпори рана во Руската Федерација. Новиот Чеченски устав, кој беше усвоен по контроверзниот референдум, утврдил дека суверенитетот на Чече нија е изразен преку поседување на целосен авторитет: легислативен, егзекутивен и судски, но надвор од јурисдикцијата на Руската Федера ција и надвор од авторитетот врзан за објектите на споделената јурис дикција меѓу Руската Федерација и Чеченската Република, и тоа е еден неотуѓив дел од Чеченската Република. Навидум, изненадувачкото афирмирање на неотуѓивиот суверенитет со кој се стекнала Чеченија, можеби, било резултат на целокупната структура на Руската Федера ција и на претходната уставна историја на СССР, но како и да е, Че ченскиот устав многу јасно потврдува дека територијата на Чеченија е неделива и е неотуѓив дел од Руската Федерација, вели Weller 28 . 3. Во врска со одложеното супстантивно решение додека се дого вара механизмот за спогодување, Weller посочува дека во случаите кога федерацијата не е прифатлива за едната страна, а сецесијата е неприфатлива за другата, постои опција за одложување на супстантивното решение. Ова им овозможува на двете страни да ги задржат своите правни позиции, но во меѓувреме, тие можат да вле зат во преговори за супстантивна спогодба или да воспостават една interim фаза за автономна администрација, сè додека не почнат фи 172 налните преговори за спогодување. Така, на пример, а се разбира под меѓународен притисок, Литванија го суспендираше аплицирањето на нејзината декларација која се концентрираше на независноста да се олеснат преговорите во врска со договорената„разделба”. Слично, во таканаречениот, Брионски договор, Словенија и Хрватска требаше да ги суспендираат своите декларации за независност и тоа пет дена от како ги прогласија. Ваквата суспензија за период од три месеци беше наменета за да се овозможат преговорите за иднината на СФРЈ. 4. Кога постои конфликт околу самоопределувањето, исто така, иновативен начин за надминување на заемно ексклузивните позиции на двете страни може да биде балансирањето на барањата за самоопределување. Тоа им овозможува на двете страни да тврдат дека нивниот поглед преовладува и дека нивните правни позиции ќе бидат сочувани во договорот. Токму ова е тајната на успешниот Договор за Северна Ирска(Good Friday Agreement). Имено, Договорот започнува со признавање на димензијата за самоопределувањето и нејзиното аплицирање во случаите на Ирска и на Северна Ирска, а потоа, ги адресира мачните теми за идентификувањето на самоопределениот ентитет – дали тоа се островот Ирска како целина, или е тоа само не говиот северен дел. Оттука, фокусот изгледа е ставен на тоа дека наро дот на островот на Ирска е субјект на правото на самоопределување, при што се наведува дека Северна Ирска останува дел од Обединетото Кралство. Со други зборови, независноста на Ирска е невозможна. Ова се супституира со комплексни аранжмани на споделување на моќта, кои овозможуваат една повеќестепена власт – од локално ниво, до ниво на Северна Ирска, на ниво на авторитетот на Велика Британија, но и заемни англо-ирски механизми. 5. Постојат два начина да се одложи имплементирањето на самоопределувањето. Првиот тип вклучува случаи кога самоопре делувањето е гарантирано или е потврдено, но централната власт и раководството на сецесионистите имаат различни очекувања во однос на резултатот од самиот акт на самоопределувањето. Другиот вид, се однесува на ситуации кога е јасно дека по еден договорен период на застој, самоопределувањето, па и неизбежната сецесија, сепак, ќе се случат. Успешен пример за првиот вид на еден отворен interim период е привремената спогодба која довела до актот за самоопределување, т.е. Протоколот Мачакос од 2002 година. Овој рамковен документ, кој бил надограден со подетална спогодба, бил склучен меѓу Владата на 173 Судан и Суданската народноослободителна армија, а под меѓународен притисок. На прв поглед, преамбулата на Договорот изгледа дека има намера да ја интегрира земјата по конфликтот меѓу муслиманскиот се вер и христијанскиот југ, а надминувањето на поделбата е обмислено да се изведе преку коригирањето на историските неправди и нееднак вости во развојот на двата региона и преку воспоставување на рамка за управување преку која моќта и богатството подеднакво ќе бидат споде лувани, а и правата ќе бидат гарантирани. Во членот 1. се прокламира дека Унијата на Судан е, а и треба да биде, приоритет на страните и дека е можно да се надоместат неправдите направени спрема народот на Јужен Судан, но и да се земат предвид нивните аспирации. Како и да е, ваквите силни интегративни одредби добиваат своја котратежа во на редниот член, каде што недвосмислено и јасно е нагласено дека народот на Јужен Судан има право на самоопределување inter alia, но и можност преку референдум да го определат нивниот иден статус. Договорот, исто така, утврдува и еден процес на транзиција за аплицирање, во период од шест години, а кој, на крајот, треба да заврши со еден меѓународно мониториран референдум за Јужен Судан. Сето ова било во насока да се потврди единството на Судан преку гласање за усвојување на системот на власта предвиден со мировниот договор или, пак, да се гласа за сеце сија. Јужен Судан стана независна држава на 9 јули, 2011 година, откако на Референдумот за независност се изјаснија 98.83% од граѓаните. Одложувањето на имплементирањето на барањата за самоопре делување кои, вообичаено, биле прифаќани, не треба да се мешаат со одложувањето на самата имплементација на статусот по определен чин на самоопределување. Еден пример на одложување на статусот по комплетирањето на актот за самоопределувањето, бил забележан и во Источен Тимор. Но, уште поинтересно одложување од ваков вид беше случајот на одложената сецесија на Црна Гора од Унијата со Србија, а сè со цел да не се дестабилизира регионот, посебно во однос на ситу ацијата во Косово и во Босна и Херцеговина, и покрај тоа што сосема беше јасно и легитимно дека Црна Гора има право на своја држава. 6. Воспоставување на де факто држава, се разбира, е форма на самоопределување, но уште појасно е дека во определени констела ции тоа е проблематично. Најдобар пример за ова е косовскиот случај. Инаку, постојат два начина да се избегне де јуре државност. Еден е преку тоа што ќе се настојува на договор за една де факто конфигу рација на проектот на новата држава, а кој ќе потврди,„во најмала 174 рака“, потенцијална независност. Ова беше намерата на предлогот на Марти Ахтисари за финалниот статус на Косово, во 2007 година. Другиот начин, само би барал да се понуди територијална стабилност за некој де факто идентитет. Како пример за ова можат да се наведат аранжманите за Абхазија и за Јужна Осетија, кога Европската Унија гарантираше дека Грузија нема да употреби сила и нема номинално да ги контролира нивните територии. 7. Независноста под супервизија или надгледуваната независност може да биде супститут за меѓународното признавање на државотворноста, и тоа преку заложбата на новиот независен ентитет дека ќе направи определени долгорочни, или привремени ограничу вања на својот суверенитет, или на неговото практикување. Таков е примерот со супервизијата на Советот за безбедност при ОН во ини цијалната фаза на независноста на Република Македонија во деведе сеттите години од XX век, кога фокусот беше ставен на тоа Белград да ја прифати границата со Македонија. За вакви ситуации постојат и други долгорочни меѓународни механизми за супервизија, а меѓу нив можат да се вбројат: меѓународните претставници, мониторинг групи те, па и меѓународни управни системи. Косовските власти, на пример, според предлозите на Ахтисари, требаа да им дадат ефект на одлуките преку релевантните меѓународни тела, но таквиот пакет постојано го нагласуваше принципот дека косовските власти, кои управуваат со своите сопствени внатрешни работи, ќе можат да го остваруваат тоа во целост доколку привремено постои меѓународна супервизија врз определени специфични области. Ваквите аранжмани не се сметаат за неконзистентни со претпоставката за одржувањето на целосниот суве ренитет. По неуспехот на пакетот на Ахтисари, кој не беше прифатен од Србија, шемата за надгледуваната независност се соочи со неуспех, по што Косово унилатерално прогласи независност, во 2008 година. 8. Условено самоопределување е уште една од техниките за адресирање на самоопределувањето кое што може да се јави во ек стерен или во интерен облик. Екстерната условеност, на пример, се овозможува со автономен статут на Гаугазија во кој е наведено дека во случај на промена на статусот на Молдавија како независна држа ва, народот на Гаугазија ќе има право на надворешно самоопределу вање. Внатрешната условеност, пак, се однесува на прифаќањето и на ефективната имплементација на определени услови за управување. Ваквиот пристап беше најпрво применет преку условите(кондици 175 оналноста) за признавање на државите од источна Европа, како и за посебните пропишани критериуми за новите држави што произлегоа од бивша Југославија. Слично, политиките на Обединетите нации за т.н.„стандарди пред статус“ требаа да ја условат можната независност на Косово преку развивање на добро владеење и управување во рам ките на територијата, вклучувајќи и посебните одредби за заштитата на малцинствата. 9. Конституционалното самоопределување е последниот начин на заокружување на поставените барања за него. На пример, Уставот од 1947 година на Унијата на Бурма го овозможи тоа. Импли цитно конституционално самоопределување, пак, постои онаму каде што традиционалните уставни практики потврдиле дека референду мот за самоопределување може да биде покренат од центарот. На при мер, во Обединетото Кралство јасно е дека доколку се реализира еден успешен референдум за независност на Шкотска, тој нема да може да биде игнориран. Слично, канадскиот Врховен суд потврдил дека Канада нема да биде индиферентна доколку постои јасен резултат во полза на независноста на Квебек, а оттука, последователно, по ваквиот став на судот, донесен е и, таканаречениот, Појаснувачки акт(Clarity Act) кој го регулира процесот што се однесува на сецесија 29 . За размислување:  Разликите меѓу иредентизмот и сецесијата – кои се тие?  Самоопределувањето, и посебно интерното самоопределување – што подразбира тоа?  На што укажува Weller кога го анализира самоуправувањето и конфликтите поврзани со тоа? БИБЛИОГРАФИЈА • Addis, A., On Human Diversity аnd the Limits of Toleration, in Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and 176 Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Brubbaker, R., Citizenship and Nationhood in France and Germany, Cambridge: Harward University Press, 1992 • Hayden, M. R., Constitutional Nationalism in the Formerly Yugoslav Republic, The National Council for Soviet and East European Research, 1993 • Horowitz, D. L., Self-determination: Politic, Philosophy and Law, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Poltical and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Kirgis, F., The Degrees of Self-Determination in UN-era, AJIL, 1994 • Weller, M., Settling Self Determination Conflicts: Recent Developments, The European Journal of International Law, vol.20.no.1, EJIL, 2009 • Фрчкоски, Љ. Д., Меѓународно право за правата на човекот, Магор 2012 • Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017 1 Weller, M., Settling Self Determination Conflicts: Recent Developments, The European Journal of International Law, vol.20.no.1, 2009 2 Horowitz D. L., Self-determination: Politic, Philosophy and Law, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 3 Addis, A. On Human Diversity and the Limits of Toleration, in Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 4 Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017 5 Horowitz, op. cit., 1997 6 Овие карактеристики многу често продуцираат стигма, па, така, членовите на периферната група сигурно знаат дека стигмата постои(или ја почувствувале за време на посетите во иредентистичката држава), каде што тие, можеби, се изразилe со„погрешен” дијалект или манири, или, пак, се„истакнале” со некое несоодветно знаење за групната судбина или историја. Оттука, доколку се патронизирале како нешто рустикално, нивниот ентузијазам за повторно обединување може и да исчезне. Horowitz, 1997, op. cit. 7 Во таа нова ситуација, тие ќе треба да се„прекршат“ одвнатре, во една веќе кристализирана политичка ситуација во анектираната држава, од една едвај регионална база – а на многу начини сè уште многу странска. Нивната постојна клиентела ќе биде ранлива спрема апсорпцијата во пошироката политичка партија која и служи на целата етничка група, а посебно доколку сеопфатниот групен сентимент, со какво и да е„пан” значење, ќе произлезе претходно – и за време на транзитирањето(како што сигурно би се одвивало). Како и да е, тие би имале способност да го прошират нивното влијание спрема надвор, па ќе треба да се погрижат за одржувањето на поддршката што веќе ја имаат. Ibidem. 8 Ibidem. 9 Ibidem. 177 10 Ibidem. 11 Brubbaker, R., Citizenship and Nationhood in France and Germany, Cambridge: Harvard University Press, 1992 12 Види во Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017, p.161 13 Види во Hayden, M. R., Constitutional Nationalism in the Formerly Yugoslav Republic, The National Council for Soviet and East European Research, 1993 14 Horowitz, op. cit., 1997 15 Чупеска, op. cit., 2017, p.162 16 Фрчкоски, Љ. Д., Меѓународно право за правата на човекот, Магор 2012 17 Види во Kirgis, F., The Degrees of Self-Determination in UN-era, AJIL, 1994 18 Види кај Фрчкоски, 2012, op. cit. 19 Weller, M., Settling Self Determination Conflicts: Recent Developments, The European Journal of International Law, vol.20.no.1, 2009 20 Ibidem. 21 Ibidem. 22 Чупеска, op. cit., 2017, p.165 23 Ibid., p.166 24 Weller, op. cit. 25 Чупеска, op. cit., 2017, p.167 26 Weller, op. cit. 27 Ibidem. 28 Ibidem. 29 Чупеска, op. cit., 2017, p.175 178 IX  ПОГЛАВЈЕ 9  МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ 9.1  КАКО СОЦИЈАЛЕН ФАКТ Уште пред две децении беше потврдено дека во светот постојат околу 8 илјади различни културни групи кои се населени во повеќе од 180 држави-членки на ОН. Слично на ова, Lascko, Gurr, Nielson, и други, многу одамна, увиделе дека во 184 држави има преку 600 раз лични јазични групи и преку 5.000 етнички групи 1 . Со други зборови, повеќето нации се мултиетнички и се мултикултурни, а државите не се идентитетски хомогени. За некои земји, како што се повеќето земјите во развој, таквиот диверзитет најчесто е резултат на политичките гра ници што биле арбитрарно нацртани од бившите колонијални сили. За други, како што се бившите колонијални сили во Европа, мултиет ничноста, во голем дел, е резултат на присуство на граѓани од бившите колонии. Во Франција, на пример, прашањето за диверзитетот најче сто и најинтензивно се покренува во врска со културните активности на граѓаните од бившите француски колонии во северна Африка 2 . Независно дали разновидноста е ненамерна последица на колонија лизмот или е организационен принцип, дефинирачката содржина на партикуларната нација-држава, неспорен факт е дека најголемиот број нации се мултиетнички и мултикултурални. Имајќи го предвид овој факт, прашањето што си го поставуваат многуте етнички и културни групи, во многу држави во светот, се однесува на тоа – дали тие можат да постојат заедно како членови на една иста нација-држава и како би требало да биде институционалниот одговор на тензиите и судирите коишто се резултат на таквиот диверзитет 3 . Исто така, во политичката наука, а по драматичните конфликти што се случија кон крајот на XX и 179 почетокот на XXI век, се внесоа новини за идентитетот и културата(и културните идентитети) во насока на„верификување“ дека тие се по себна независна варијабла на научниот интерес за политиката. Имено, овие конфликти покажаа дека се предизвикани од конфронтацијата меѓу политичките мобилизирани„спротивставени култури“ – иденти тети, а не од рационално искалкулираните политички одлуки и дека културните вредности преовладуваат над структурно-детерминира ните економски интереси 4 . Се разбира, и глобализацијата придонесе кон измена на политичката призма во оваа насока, а посебно со реа нимацијата на разните аскриптивни идентитети(религија, етницитет, јазик, култура) 5 . Последица од ова беше и реконцептуализацијата на современата демократија и на современата политика, па и на совреме ната држава, бидејќи се сфати дека не постојат„природно“ хомогени општества. Или, со други зборови, во светот постојат повеќе народи одошто држави, а во однос на тоа, постојат и многу варијации за при способување, па државите можат да изберат разни опции. Консеквентно, како што многупати досега е кажано, мултикулту рализмот е општествен факт, а не е некоја посакувана или помалку посакувана политичка дестинација затоа што во светот не постојат културно-хомогени и идентитетско-еднозначни социеталности, но исто така, факт е дека, сепак, сè уште постојат такви држави коишто имаат тенденција да ја хомогенизираат културата по пат на норматив но-ексклузивистички и радикално-републикански решенија. Ние тука ќе се занимаваме со акомодацијата на социјалниот факт на мултикул туралноста – и начините на неговата нормативна експресија – или гаранција. Затоа што, како што кажавме претходно, еден од начините на институционалното решавање на етничките(или другите културно идентитетски) конфликти е токму акомодирањето, поточно мултикул туралната акомодација. 9.2  НОРМАТИВЕН МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ Нормативниот мултикултурализам или нормативната мултикул турна акомодација, се однесува на начините на коишто на нормативно и институционално ниво ќе се прилагодат културните групно-иденти тетски разлики во едно општество, а со цел да се спречи конфликт мо тивиран од тие и такви разлики и да се осигури безбедност за групите. 180 Мултикултурната акомодација може да има територијална или нетериторијалната форма. Нетериторијалното акомоди рање, треба да се нагласи, не му противречи на територијалното, од носно не постои причина за нивна взаемна исклучивост. Нетерито ријалното акомодирање, како што беше наведено во претходната глава, најприсутно е во првиот и вториот столб на институционални аранжмани кои се занимаваат со решавањето на конфликтите, и тоа преку: групните права, гарантираното претставување и аранжманите за споделување на моќта. Другото ниво на акомодација(третиот ин ституционален столб) се занимава со територијалните аспекти на акомодирањето, како што се федерализмот и другите видови, мешани или асиметрични форми на акомодирање. Во определени нор мативни мултикултурално акомодативни решенија, нетериторијално то акомодирање може да биде придружено и со територијално, како што е случајот со културниот(етнолингвистичкиот) федерализам, каде споделувањето на моќта во еден дел е и територијално. Но, ова не е нешто што нужно мора да се случи. Република Македонија(денес Република Северна Македонија), го докажува токму тоа, бидејќи, во нашата држава, нетериторијалното акомодирање преку своите спец ифични институти не резултираше со федерализам. 9.3  НА ПРВИОТ МУЛТИКУЛТУРАЛНО АКОМОДАТИВЕН СТОЛБ(ГРУПНИ ПРАВА И ГАРАНТИРАНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ) Современата политичка наука го апсолвираше прашањето дека за успешно акомодирање на разликите е потребно граѓанскиот сет на универзалните права(универзалниот граѓански статус) да биде на дополнет и со групно-специфичните права. Но, ова е полесно да се напише и морално/научно да се аргументира отколку да се спроведе. Групно-специфичните културни права, иако се наменети за колекти вот, нивната суштинска одредница е тоа што нема дилема дека нивен субјект, всушност, се индивидуалните права, односно, тие служат за нивно целосно остварување. Попрецизно, со групно-специфичните културни права, акцент се става врз ефективното остварување на веќе 181 гарантираните индивидуални права, какви што се: слободата, еднак воста или правото на културен идентитет, итн. За вистински да се по стигне целосен граѓански статус, некогаш е неопходно, имено, зајакну вање на индивидуалните гаранции, потребна и дополнителна заштита и промоција на посебните групи и посебна гаранција на нивните шан си да ги реализираат веќе пропишаните индивидуални права. За да се постигне, наводно, пропишаната„еднаквост меѓу индивидуите“, потребно е тие да бидат третирани различно преку тоа што ќе им биде овозможено да практикуваат различни права, а со цел да се компензи ра разликата којашто произлегува од статусот на групата на којашто ѝ припаѓа индивидуата. Со други зборови, потребно е припадниците на групите различно да се третираат за да се постигне ефективна еднак вост – како индивидуи. Поентата е дека групните права се наменети за ситуации кога индивидуалните права што имаат групен аспект, т.е. што се поврзани со определен специфичен културен-групен иденти тет, не можат во целост да се искажат/остварат преку универзалистич киот сет на основните човекови права и слободи. Токму овој различен третман подразбира пропишување на специфични групни права. На овој начин се стигнува до диференцијалниот граѓански статус. Затоа, се вели дека за успешно акомодирање на разликите во едно општество е потребно универзалниот граѓански статус да биде надополнет и со групно-специфичните права. Ваквите права, се разбира, варираат како контекстуално, така и во зависност од нивните носители – субјекти, но општата клима сугерира навистина еден широк спектар. Како и да е, се работи за едно сериозно преструктурирање на концептот за ци вилното, универзално граѓанство во мултикултурно граѓанство, или во, таканаречениот, мултикултурен граѓански статус 6 . Видовите права коишто групите ги бараат се навистина многу раз лични. Тие вклучуваат: права против геноцид, против насилна аси милација и етничко чистење, права за заштита од дискриминација, права врзани за споделувањето на моќта, посебно преку интерното самоопределување, групни права за контрола на ресурси(земјиште, води, шуми, и слично), за фер удел во јавните финансии, права за економски, образовни, културни можности(официјализација на ја зици, субвенции за културен развој, и сл.) – со еден збор, да парти ципираат во општеството и да имаат целосен статус на граѓани 7 . Со оглед на фактот дека една концизно-нормативна систематизација на културните права е многу тешко да се структурира на ограничен број 182 на страни, тука ќе посочиме на некои од нивните манифестации на културно-специфичните групни права:  Компензаторни права(или мерки) и специјална за штита Овие, вообичаено, се оправдуваат со компензаторните аргументи за потребата од лекување на историските грешки низ, т.н., парадигма заснована на„минатиот грев“(sin based paradigm 8 ). Имено, многу мал цински културни групи(расни, етнички, религиски, начин на живот, и други) во минатото страдале од системските дискриминаторски об расци, со што е извршено долгорочно осакатувања на одделни групи. Ваквите еклатантни дискриминаторски обрасци се закана за опште ствените права, па и за животот, и многу често генерирале конфлик ти со фатални последици. Овој тип на дискриминација подразбирал јасно исклучување на групите од партиципирањето во општествениот и во политичкиот живот, а исклучувањето, вообичаено, се остварувало преку забрани овие групи да остваруваат контакти со доминантната популација и преку ограничувањето на гарантираниот граѓански ста тус, како што била, на пример, забраната на„обоените“ да се возат во автобуси со„белите“. Исклучувачката(excluasary) дискриминација што ја до живеале црните Американци, коишто во рамките на американската политичка заедница претходно биле робови, а кои дури и по еман ципацијата имале проблем со правата, подразбирала исклучување од граѓанскиот статус – права и од достапноста до општествените бене фиции. Слична дискриминација доживеале припадниците и на други групи: американските Американци – Чиканосите, домородните Аме риканци, азиските Американци, како и други групи со расни каракте ристики(кои имале јасни и видливи разлики), а во оваа група можат да бидат вклучени и жените, кои како група претрпеле ваков вид на дискриминација врз основа на родот. Сепак, движењата за граѓански права и легислативата покрената во шеесеттите години на XX век, си зададоа задача да ја компензираат претходната дискриминација. Во таа насока беа донесени и уставни забрани против дискриминацијата, кои беа надополните со афирмативни акции, а сè со цел да се урнат бариерите спрема можностите, во насока на зголемена партиципа цијата на исклучените групи. Еден друг дискриминаторски образец бил културниот, со кој се настојувало да се репресираат културните 183 вредности и изрази на некоја недоминантна група, врз основа на пре мисата дека доминантната култура е супериорна култура 9 . Гледано од компензаторскиот ракурс, илустративен пример е и културното страдање на американските домородни Индијанци, но и на другите домородни народи во светот. Затоа, денес, постои и меѓународна за ложба за заштита на домородните народи, што е симболизирана преку меѓународната декада за светските домородни народи – поддржана од ОН и која настојува уште повеќе да ги заштитува нивните барања. Компензаторските мерки често се во форма на, т.н., специјални за штити за посебните групи 10 (Special Protection for Particular Group), а тие, историски гледано, биле присутни дури и во преговорите за тол кувањата на договорите меѓу европските сили по завршувањето на Првата светска војна 11 .  Асистенции(поткрепа) и исклучоци од општото право Асистирањата или помошните права, вообичаено се јазични, ресурсни, квоти или, пак, афирмативни акции. Тие с е бараат за да се надминат пречките во поврзувањето со заедничките (општите) практики, за разлика од исклучоците коишто им овоз можуваат на малцинствата да се ангажираат во практики што се раз лични од оние на мнозинската култура. Посебни одредби за помошни права се бараат бидејќи постојат културно-специфични недостатоци или заради тоа што посакуваната заедничка активност била на таков начин дизајнирана што членовите на недоминантната група биле исклучени. Најпроминентниот кластер на права на помош, според Levy 12 , се, на пример: јазичните права, правото на финансирање на етнокултурните уметности, здруженија, и сл., како и преференцијал ните политики при вработувањата или при приемот на факултетите. Овие права се критикуваат бидејќи„наметнуваат“ директни трошоци за членовите на мнозинската, доминантната култура. Сепак, се бара на малцинството или на субординарната култура да ѝ биде овозможено да ги прави оние работи кои мнозинската култура, наводно, веќе ги има направено. Кај јазичните права, на пример, оние коишто го збо руваат малцинскиот јазик бараат специјални одредби со коишто би им се овозможила интеракција со државата или, пак, бараат да добијат определени државни заштити и бенефити. Овие барања подразбираат: печатење на гласачки ливчиња на повеќе јазици, преводи во судовите 184 и во административните тела или, пак, именувања на билингвални судии и на државни службеници, одредби за двојазично или образо вание на малцинскиот јазик, како и можност за полагање на приемни испити на повеќе јазици. Гласањето, употребата на јазикот во судовите и во училиштата, пристапот до администрацијата, тие сите се општи активности на припадниците на малцинскиот јазик, кои, доколку не постојат, ефективно се оневозможува нивно вклучување и поврзу вање со поширокото општество 13 . Надминувањето на ваквата пречка бара специјални одредби коишто ќе наметнат и определен трошок за превод, за билингвалните обуки на судиите и на државните службе ници. Поборниците на правото на помош тврдат дека трошоците се помалку важни отколку неправдата со којашто би се соочиле оние кои зборуваат малцински јазик 14 . Специјалните државни мерки поврзани со правото на помош би можеле да вклучат: директни субвенции за етничките здруженија, определени одредби за даночни олеснувања и за кредитирања, делење ваучери, директни субвенции за културни ак тивности и приватни училишта, итн. 15 Kymlicka, вели дека поддршката за: етничките здруженија, списанија и фестивали се логична екстен зија на општото државно финансирање на уметноста и на културата и претставува можност за осигурување од дискриминација при алока цијата на таквите фондови 16 . Правата на помош можат да се јават и во форма на: преференцијални политики, или како афирмативни акции, преференцијални вработувања и уписи, квоти, издвојувања, итн. Тие можат да се сретнат на различни места: кај приватните вработувања, кај администрацијата, во банкарското кредитирање, во армијата, во универзитетите, при договорените владини наградувања или при до делувањето на земјиште. Овие помошни права имаат за цел да ги над минат недостатоците што ги создава културната доминација на мно зинството. Токму и од оваа перспектива треба да го толкуваме и, т.н., Закон на јазици во РСМ, кој, всушност, е и детализација на одредбите од Охридскиот рамковен договор, посебно, амандманот 5 од Уставот.  Правен плурализам Правниот плурализам е еден од најинтересните форми на нете риторијалните групни права за самоуправување. Б арањата за правен плурализам не вклучуваат неопходно и барање за територија, и не содржат барања за управување со, или владеење врз оние коишто не се членови на посебната група. Всушност, ова е поврзано со стекну 185 вањето признание од страна на општиот правен систем дека постои различен правен режим за групите, кои не припаѓаат на општото право, а најчесто се во врска со бракот, некои сопственички права, и друго. Уште повеќе, постојат случаи на спроведување и на традиционално то кривично право, што јасно укажува дека станува збор за форма на групно-самоуправно право. Сепак, најчесто, ваквите решенија бараат извесна авторизација од општите судови во насока на мониторирање и на ограничување. Некои поранешни или рудиментарни форми на пра вен плурализам се воочени во Отоманската Империја, каде што„луѓето од квартовите“, муслиманите, Евреите и христијаните, а понекогаш и зороастријците, имале можност да ги администрираат нивните сопстве ни: брачни, сопственички и наследни закони. Станува збор, како што велат многу автори, за вид на функционална автономија која освен што овозможува сепаратни едукативни системи и сепаратни јавно финан сирани медиуми, исто така, дозволува сепаратни персонални закони за бракот и за наследството. Па, така, честа појава е културните заедници да бараат на нивното традиционално право да му биде доделен статус на право на земјата и да бараат нивните членови да бидат обврзани кон традиционалното право на нивната заедница и тоа многу повеќе откол ку кон општото право на пошироката држава. Ова може да се изведе преку општ закон за признавање на културно-специфичниот начин на воспоставување на определени права, кои се воспоставени поинаку од страна на општото право. На пример, да им се гарантира авторитетот на религиозните заедници во некои држави правно да ги потврдуваат склучените бракови(како што е случајот во Франција и во Германија, при религиозната церемонија), при што не се создава обврска за допол нителна граѓанска церемонија пред секуларен граѓански орган 17 . Правниот плурализам, вообичаено, е врзан за признавањето на традиционалното право и тоа околу: земјишните права, семејното и кривичното право. Всушност, на едно општо ниво, легален статус може да му се додели на некој традиционален метод: на склучување брак, на самите правила во врска со остварувањето на бракот, на методите на извршувањето на разводот, на правилата во врска со релацијата меѓу поранешните сопружници, на начинот на кој се дефинира волјата или, пак, правилата во врска со алокацијата на сопственоста пост мортем, на очекувањата во врска со поддршката во случај на сиромаштија, на арбитрирањето во граѓанските спорови или, пак, на пресудите за кри вичните дела, кај методите за воспоставување на правото на сопстве 186 ност и правилата во врска со располагањето со сопственоста, околу ловните и риболовните права, на доказните прописи, како и на самите процедури, итн. Во некои држави, на пример, полигамните бракови, кои се во согласност со муслиманските закони, се признаваат и имаат целосно легален статус на брак. Аргументите во насока на тоа да се овозможува постоење правен плурализам, најчесто се однесуваат на наводната културна ненеутрал ност на општиот закон на државата. Имено, се вели дека обврската за покорност е нефер во однос на непознатото право или, уште полошо, дека членовите на некои групи се принудени да бидат обврзани на одго ворност и во однос на државното и во однос на традиционалното право. Судирот на лојалности во однос на два различни правни системи(тра диционалното и државното право) во голем дел е на штета на самите индивидуи, бидејќи се подложни на два различни видови санкции. Crawford, цитирајќи еден извештај на Комисијата за реформирање на австралиското право, забележал различни слабости врзани за прав ниот плурализам. И покрај тоа што тој безусловно ги поддржувал многу те такви барања за права, укажал дека признавањето на обичајното пра во, често, подразбира значајни ограничувања за членовите на групата, па и некои„чудни казнувања, затворања...” 18 . Затоа, повеќето аргументи против правниот плурализам се темелат врз овие стравови, односно на стравовите околу слободата на индивидуите, што се членови на некоја илиберална група, како и околу нивната немоќ да излезат од групата. Кога традиционалното право има ексклузивна јурисдикција врз чле новите на заедниците и доколку постои можност за избор кој правен систем ќе биде практикуван, тогаш се јавуваат различни легитимаци ски проблеми. Ексклузивната јурисдикција, на пример, во милетскиот систем на Отоманската Империја, значела дека грижите во врска со базичните права на членовите се нагласени, а доколку обичајното право било: реакционерно, репресивно, дискриминаторско, тогаш членовите немале можност да го избегнат или да го заобиколат. Во ситуации, пак, кога на членовите им е дадена можност да изберат, каков што е случајот со Абориџините или со Индијанците(а се претпоставува дека попрво ќе се определат за племенските, отколку за општите кривични санкции) – на овој начин се креира една нееднаквост во третманот. Проблемот е што членот на доминантната група, кој ќе изврши кривично дело, мора да се соочи со системски доминантната правна пресуда, додека членовите на недоминантната група би можеле да донесат една опор 187 тунистичка одлука – избирајќи го правниот систем којшто се очекува да биде попопустлив. Понатаму, постои и една друга компликација, а тоа е дека не може со сигурност да се предвиди дека сите странки во еден спор неопходно ќе го изберат истиот правен систем. Муслиманите можат да изберат помеѓу муслиманското семејно право и општото семејно право, или, едниот од сопружниците може да бара развод согласно шеријатот, додека другиот, може да бара развод врз основа на општото право. Ова ќе создаде дополнителен спор. Покрај ваквите ситуации на делумно признавање, можат да се создадат и други тешкотии, кои се од поли тичка или од теориска природа 19 . Сепак, постојат примери за тоа дека правниот плурализам е из водлив. Законот за Ачи, во Индонезија, на пример, го прошири ис ламското право и за религијата. На ачиската провинциска власт ѝ е доделена одговорност да го спроведува и да го имплементира, а се пак, централната власт сè уште ја има моќта да ги назначува судиите на исламскиот суд, па така, исламскиот суд е паралелно воспоставен наспроти секуларниот судски систем, но се аплицира на специфични области на исламското право. Претседателот на овој суд е назначен од Врховниот суд на Индонезија, а другите судии се именуваат од него, на предлог на Врховниот суд 20 .  Гарантирано претставување Културните групи, а особено етничките малцинства, многу често бараат определени форми на гарантирано претставување во држав ните тела коишто носат одлуки. Механизмите од овој тип варираат. На пример, можат да се јават во форма на едноставни квоти – како во Зимбабве за време на првата декада на владеењето на црнечкото мно зинство, кога дваесет проценти од парламентарните места беа резер вирани за белците или, пак, како што е случајот со канадскиот Врховен суд каде три од девет места се резервирани за Квебечаните, или, пак, како што е маорското претставување во Новозеландскиот парламент. Една специфична форма на групна партиципација е врзана за груп ните права околу изборната моќ, а непосредно се однесува на прин ципите на претставничката и на партиципативната демократија 21 . Се разбира, ова се поврзува со пропорционалните изборни системи. И македонскиот правно-политички поредок предвидува гаран тирано претставување и групно-специфични права. Освен што се ре ализираат преку пропишаната уставна неопходност за соодветната 188 и правична застапеност, преку квотите за уписи и за избори, тие се остваруваат и преку примената на Бадентеровиот принцип со кој се овозможува гарантирано присуство во гласањето при изборот на: уставните судии, Републичкиот судски совет, Народниот правобра нител, Советот за безбедност, итн. Како и да е, македонското иску ство е најпрепознатливо по иновативното решение за задолжителна примена на Бадентеровото мнозинство за сите области коишто се од исклучително значење за малцинските заедници. Во Уставот на Република Македонија од 1991 година, во член 8, беа набележани темелните вредности на устројството, меѓу кои беше и за ложбата за слободното изразување на националната припадност. Но, имајќи ја предвид недоволноста на овој концепт, заради принципот на неутралност кој промовира универзално граѓанство, се увиде дека заради целите на посоодветно мултикултурно акомодирање, потребно е збогатување на постојните принципи и режими. Ова е постигнато со шестата амандманска измена во 2001 година, односно со алинејата 2 на членот 8, од Уставот на Република Македонија, која се дополни со стипулирањето дека една од темелните вредности е и соодветна та и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и дру гите јавни институции на сите нивоа. Со оваа одредба, која имплицира гарантирано претставување, се отвори еден долг процес на решавање на проблемот поврзан со претходната несоодвет на застапеност на припадниците на немнозинските заедници. Имено, припадниците на малцинските заедници бараа, и добија, поголемо учество, присутност, односно инклузивност во процесот на донесу вањето на политичките одлуки, во органите на државната власт и во јавните институции. Во врска со споменатата иновативност, а врзана за Бадентеровото мнозинство, значаен е уставниот амандман 10, со кој се замени членот 69 од претходниот Устав 22 и се внесе иновацијата дека:„Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мно зинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.“ Исто така, уставната измена предвиде и дека„за закони кои директно ги засегаат: културата, употребата на јазиците, образо ванието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што 189 мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои при паѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.“ Доколку се јави спор во врска со примената, пак, на оваа одредба, спо ред Уставот, надлежен е Комитетот за односи меѓу заедниците. Уште повеќе, со амандманот 18, 23 прецизно се наведува кога ќе биде задол жителна примената на ова Бадентерово мнозинство 24 . Во однос на одредбите за гарантираното претставување, значајни промени се извршени и во сферата на правосудството, поточно, се га рантира задолжителен избор на претставници од немнозинската заед ница кај: Уставниот суд, Републичкиот судски совет и Народниот пра вобранител. Имено, со амандманот 15, Собранието избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а другите тројца судии ги избира со Бадентеровото мнозинство 25 . На овој начин, припадниците на немнозинските заедници добија гарантирани три места меѓу уставните судии. Слично, кај Републичкиот судски совет, тројца од седум членови мора да бидат избрани според Бадентер 26 . Со уставните измени кај Народниот правобранител, освен што се бара задолжително Бадентерово мнозинство при неговиот избор, зна чајна е измената којашто се однесува на проширувањето на неговите ингеренции. Народниот правобранител освен што има обврска да ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања, тој мора, како што е наведено во амандма нот 11, да:„посвети особено внимание за заштита на начелата на не дискриминација, соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.“ Обврска та за избор според Бадентер и споменатите проширени ингеренции претходно, не беа предвидени 27 . Гарантираното претставување во ма кедонски услови со помош на Бадентер, освен во наведените примери се среќава и кај Комитетот за односите меѓу заедниците, како и кај из борот на членовите на Советот за безбедност. Но, овие две институции имаат и значајни елементи на споделување на моќта(power sharing). Имено, Советот за безбедност, иако е советодавно тело со кое раководи претседателот на државата, во него членуваат и четворица министри, па оттука, се чини дека е поблиску до извршната власт. Со оглед на фактот што кај гарантираното претставување е важна намерата, кај споделувањето на моќта фокусот е ставен врз институционалната по 190 ставеност и резултатите во начинот на управувањето заради таквата поставеност. Оваа финеса е особено битна при објаснувањето на ин ститутот Бадентерово мнозинство, но и за Комитетот за односи меѓу заедниците, кои се клучни: за остварувањето, креирањето и за надзо рот во реализацијата на групното претставување и поврзаните групни специфични права. Бидејќи Комитетот за односи меѓу заедниците и Советот за безбедност се институции, а не се права, затоа, би рекле, тие се поблиски до консоцијативното споделување на моќта. Но, сепак, мора да сме свесни и дека самото групно-гарантирано претставување доведува до некои видови на споделување на моќта. Инаку, постои една генерална пречка при обидот многу прецизно да се разграничат институтите, столбовите, правата, бидејќи тие произлегуваат едни од други, т.е. затоа што егзистираат во дијалектичко единство 28 . 9.4  МУЛТИКУЛТУРАЛНО АКОМОДАТИВЕН СТОЛБ: СПОДЕЛУВАЊЕ НА МОЌТА(POWER SHАRING) И КОНСОЦИЈАТИВНОСТ Другиот вид на нетериторијално акомодирање е споделувањето на моќта преку нетериторијални консоцијативни аранжмани. Иако, не ретко, но не и неопходно, споделувањето на моќта може да резул тира и со територијални решенија(кои, патем, се надополнување на нетериторијалните, т.е. територијалниот елемент не е единствениот). Споделувањето на моќта може да се остварува во сите три власти(ле гислатива, егзекутива и судство) на: локално централно, регионално, па дури на наднационално ниво, како што е случајот со Северна Ирска. Но, консоцијацијата не значи само споделување на моќта, туку може да биде придружена и со дополнителни заштитни механизми, како што е, на пример, ветото. Како и да е, двата примарни елементи на кон социјацијата се – поделба на моќта која е составена од партиципирање на главните етнички групи во донесувањето на политичките одлуки, посебно, во егзекутивата; и второ, групната автономија, посебно во врска со образованието и со културата. А, кон овие, како секундарна надградба се додаваат пропорционалноста и малцинското вето и тие варираат во зависност од контекстот. Освен што консоцијацијата е 191 вид на мултикултурно акомодирање, се разбира, таа е и механизам за институционално решавање на конфликтите. Првиот и основен меха низам за регулирање на конфликтот кај неа е токму споделувањето на моќта во извршната власт од страна на заедниците, при што се очекува од претставниците на елитите од различните заедници здружено да го превенираат конфликтот 29 . Консоцијалната рамка може да биде исцртана во формален правен текст, но може да се најде и во непишаните правила на политичката пракса. Таков е случајот со македонското постизборно, како и поно виот неформален, а џентлменски договор – за 100 дена пред истекот на мандатот премиерската функција да биде доделена на Албанец 30 . Македонскиот акомодативен концепт е навистина оригинален, посеб но што применува ексклузивно нетериторијални акомодативни еле менти, со што директно придонесува кон интеграцијата на земјата и одржувањето на територијалниот интегритет во целост. Македонско то акомодирање вклучува и форми на гарантирано претставување, и групно-специфични права, и консоцијација од неформален, но и од формален вид. Но, најинтересниот и ексклузивно македонски инстру мент, е редуктивното вето, познато како Бадентеров принцип. 9.4.1  Македoнската консоцијација Една од најеклатантните примери на power sharing во Република Македонија(денес Република Северна Македонија) е постизборното коалицирање во извршната власт(и предизборното договарање за тоа) меѓу најголемата партија на етничките Македонци и најголемата пар тија на етничките Албанци, а моќта во извршната власт се споделува меѓу победничката партија на етничките Македонци и победничката партија на етничките Албанци 31 . Втор елемент на македонската консоцијативност е, т.н., Баденте ровиот принцип кој не е типично вето-право, но многу е блиску до овој институт, бидејќи ниту една одлука којашто ги засега немнозинските заедници не може да се донесе во Парламентот, без оваа„дополнител на потврда“. Оттука, може да се каже дека самиот Бадентеров принцип има двоен карактер: прво, тој е основа за гарантираното претставу вање и за остварувањето на некои групно-специфични права(кои беа разработени во првиот столб) и второ, самиот принцип претставува 192 нетипично вето-право, а тоа, се разбира, припаѓа на консоцијативно ста. Овој институт е многу близок на северноирското парламентарно потврдување, кога се бара мнозинство и од унионистите и од нацио налистите. Бадентеровото вето, всушност, е најоригиналниот инсти тут-право во македонската консоцијација, sui generis македонски, со своја differentia specifica во однос на другите примери на консоцијатив ни вето-решенија за акомодирање. Дури, би можело да се каже дека е best case exаmple во спектарот на сличните институти што постојат во светот, посебно заради фактот што никогаш не бил злоупотребен во насока на блокирање на системот. Имено, стравот, типичен за: интегративистите, центрипеталистите, националистите, дека консо цијацијата токму заради ветото доведува до блокада на политичкиот систем, процес, токму преку македонскиот пример се покажа како не основан. Напротив, искуството покажа дека игнорирањето на потреба та од инклузивност доведува до парализа на политичкиот живот. Ова е така, бидејќи овој вид на вето не е апсолутно, туку е редуктивно вето и како такво, тоа не може да доведе до блокада. Ваквиот ограничен дострел на овој вето-институт, со прецизно на ведените области за негова примена, е единствен во светот. Како таков, не остава простор за злоупотреба. Се разбира, ова не значи дека него вата примена нема да биде надоградувана, пред сè, заради динамика на политичкиот живот, која секогаш има свој рефлекс во правниот поредок. Во таа насока, потребата правото да ја изразува правдата, можеби ќе доведе до извесни промени, поточно, надополнувања. Една од потенцијалните области за проширување на неговата употреба, на пример, е евентуално при донесувањето на буџетот на РСМ, а друга можност е неговата примена во функционирањето на Уставниот суд. Како и да е, овој институт се однесува за донесувањето на одлуките кои, според немнозинските заедници, се од суштествено значење за нив. Овој вид на„дупло/двојно мнозинство“ придонесува за вистинска инклузивност во донесувањето на политичките одлуки и како редук тивно вето е наменето за заштита од мајоризација на секоја заедница што е малцинство во локалната самоуправа и, се разбира, може да се употребува и на национално, и на локално ниво. Со други зборови, до сегашното искуство покажа дека е полошо да не се применува, отколку што постои опасност од негова потенцијална злоупотреба, бидејќи, како што напоменавме, двете досега забележани блокади се резултат на непочитувањето на непишаното правило за постизборно коалици 193 рање меѓу двете водечки етнички партии, а не заради злоупотреба на овој институт 32 . Гарантот на power shаring акомодирањето, кој беше креиран со Рамковниот договор и по амандманирањето на Уставот од 1991 годи на, несомнено, е Комитетот за односи меѓу заедниците. Претходно, постоеше нешто слично, Советот за меѓунационални односи 33 , но но воформираниот Комитет на еден сосема друг начин дава придонес во акомодирањето на разликите. Комитетот, кој е основан од Собранието, може да се смета за македонска варијанта на споделување на моќта во законодавната власт која е резултат на гарантираното претставување на заедниците, но е и резултат на заложбите дека ќе се остварува ин клузивноста во јавната власт. Ваква институција не постои никаде во светот и оригиналноста на Комитетот за односи меѓу заедниците се огледа во тоа што тој е гарант за инклузија во рацете на сите заедници што живеат во РСМ. Комитетот има 19 члена, од кои Македонците и Албанците учествуваат со по седум члена, а со еден член партиципира ат: Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците. Така, малцинските заедници во РСМ имаат мнозинство во ова собраниско тело. Освен тоа, амандманот 12 предвиде дека доколку некоја од заедниците нема свои пратеници во Парламентот, Народниот правобранител, по консулта ции со релевантните претставници на тие заедници, ќе ги предложи нив. Главната функција на Комитетот е да ги разгледува прашањата за односите меѓу заедниците и да дава предлози за нивно решавање, а Собранието е должно да ги разгледува и да донесува одлуки во вр ска со нив. Комитетот, што е најважно, одлучува во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање според Бадентер во Собранието(член 69, став 2) со мнозинство гласови од членовите, поточно, во однос на тоа дали ќе се спроведе или нема да се спроведе постапката. Судскиот power sharing, како резултат на гарантираното групно претставување, е разработено во првиот столб, а истото важи и за функцијата Народен правобранител. Советот за безбедност, по измените на Уставот во 2001 година, исто така, може да се смета како една форма на консоцијативно спо делување на моќта. Тој е орган во кој партиципираат: претседателот на државата, премиерот, министрите коишто раководат со органите на државната управа во областите на: безбедноста, одбраната и над ворешните односи, но и тројца членови кои треба да го одразуваат составот на населението, а нив ги предлага претседателот на државата. 194 Советот разгледува прашања поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата. Иако нави дум има советодавна улога, Советот е многу важен орган, имајќи го предвид фактот дека во општествата на длабоки разлики, безбедноста секогаш е приоритетна тема. Ова може да се илустрира со неговата улога што ја имаше пред, за време, и по конфликтот во 2001 година, кога Советот за безбедност расправаше за предлози, каков што е, на пример, прогласувањето на вонредна состојба. Како втор столб на акомодирање, консоцијацијата, несомнено, е многу комплексна идеја и бара и ресурси, и ангажман. Иако консо цијацијата понекогаш, а не секогаш, има консеквенци на, т.н., етнофе дерализам или плуринационален федерализам, како во: БиХ, Белгија, Швајцарија, Либан, Кипар, и др. 34 , и тоа е, меѓу другото, причина за критика, токму спротивно, македонскиот случај, но и северноирскиот, покажуваат дека консоцијацијата може да има форма и на софисти цирано и, пред сè – нетериторијално решение за акомодирање. Па, оттука, стравувањата дека консоцијацијата е опасна, треба да се над минуваат преку нејзино детално проучување и разбирање. Фотографија од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Охрид, 2001 година Од лево кон десно: Арбен Џафери, Љубчо Георгиевски, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски 195 9.5  СТОЛБ – ТЕРИТОРИЈАЛНИ АРАНЖМАНИ – ФЕДЕРАЛИЗАМ И АСИМЕТРИЧНИ РЕЖИМИ Посебна тема претставува контрибуирањето на федерализмот во менаџирањето на етничкиот конфликт. Центрипеталистите, така ги нагласуваат идеите за помирливиот потенцијал на федерализмот – па се смета дека федерациите им овозможуваат на распрснатите мал цинства да станат регионални мнозинства, а на регионите со посебни проблеми, или кои имаат дистинктивни идентитети, може да им се от вори простор за асиметрични аранжмани на автономија, а токму овие концесии можат да ги задушат сецесионистичките аспирации. Феде рациите, исто така, се поддржуваат и заради тоа што ја дисперзираат моќта надвор од центарот и со тоа го потиснуваат авторитаризмот. На овој начин, конфликтот може да се стави во карантин на локално ниво – како што е случајот, на пример, со проблемот на шеријатско то право и конфликтот околу него меѓу муслиманите и христијаните во северна Нигерија. Федерализмот овозможува и еманципаторски аспекти за локалните политичари во насока да се поврзат преку ет ничкото преговарање на локално ниво, како и преку промовирањето на вкрстените политики 35 . Постојат различни облици на федерализам. На пример, нацио нални федерации. Тие се опишуваат од страна на нивните експоненти како„територијални“, заради тоа што споделуваат моќ меѓу регионал но дефинираните заедници, а не меѓу националните или етничките заедници. Но, терминот„територијалната федерација” е и плеоназам, а исто така, е и идеолошки конструкт, како што велат McGarry et alia 36 . Сите федерации, неизбежно, се територијални. Националната феде рација ги дезорганизира актуелните и потенцијалните национални малцинства, во полза на доминантната националност или во полза на изградбата на поширока граѓанска лојалност. На овој начин, федера цијата се третира како исход од: колективниот, унитарен, национален и суверен субјект, и тоа многу повеќе отколку како компактност на суверени држави на народи 37 . Друг вид на федерализам е, т.н., територијален плурализам, а овој термин често се меша со етнофедерализмот, со плуринационалниот федерализам и сличните кованици. Плуралистичката федерација, во 196 таа смисла, а спротивно на националната федерација, има внатрешни граници коишто ги респектираат: националноста, етницитетот, јази кот или религијата. Онаму каде што низ целата федерација, распро странетото мнозинство е мнозинство и во секоја федерална единица, таму, недвосмислено, постои национална федерација. Такви федера ции се: САД, Германија, Австралија и латинско-американските феде рации. Онаму, пак, каде што малцинството во федерацијата е ковер тирано во форма на мнозинство, коешто практикува самоуправување во рамките на единствена федерална единица, како што е во Белгија, станува збор за плуралистичка федерација 38 . 9.5.1  Културен(етнолингвистички) федерализам Швајцарија и Белгија се најстарите етнолингвистички федера ции. Но, бидејќи нивното создавање има специфичен историски тек, и процесот долго траел, а како резултат на војување и надворешни интервенции, деталните елаборации за нив ќе се разгледуваат во друга прилика, не затоа што не се добри примери, туку заради неопходната од извесен редукционизам. Истовремено, предноста тука се дава на поновите плуралистички федерации, кои, несомнено, искуствата ги црпеле токму од овие земји. Во таа смисла, Канада е пример од по следните декади на XX век, која го има употребено федерализмот за да го акомодира постоењето на регионално концентрираните нацио нални малцинства, и тоа преку креирање на политичките единици во рамките на кои лингвистички различните национални малцинства би формирале мнозинство и би се управувале самите себеси. Така, на ведува Kymlica, не само што Канада има најдолго искуство за врските меѓу федерализмот и малцинските права, туку ова искуство се покажа како позитивно, бидејќи Канаѓаните научија да живеат со енергичниот национализам, кој во многу држави би довел до граѓанска војна или до анархија. Заради овој евидентен успех, Канада служи како модел за земјите коишто мораат да се справат со притисокот од малцинскиот национализам, и тоа е тренд кој Kymlica искрено го поддржува, наве дено е кај Chaundry 39 . Канадскиот устав создава федерација во којашто границите на провинцијата Квебек биле исцртани на таков начин што Франко фоните конституираат мнозинство и не можат да бидат надгласани од канадското англофонско мнозинство. Дополнително, Квебек има 197 јурисдикција над политичките области за да го обезбеди преживу вањето на француското говорно општество, вклучувајќи го јазикот и образованието. Но, бидејќи провинциите имаат ограничена јурисдик ција, важните одлуки за интересите за граѓаните на Квебек лежат во рамките на федералната јурисдикција. Граѓаните на Квебек мораат да партиципираат во институциите на заедничката држава со цел да ги обликуваат важните политички одлуки коишто директно влијаат врз нив. Исто така, институциите на споделените правила кои важат на федерално ниво, и покрај тоа што покажуваат определени акомо дационистички елементи, тие, во голем дел, се интеграционистички. Обединетата провинција на Канада позајмила некои од карактери стиките на споделување на моќта кои би можеле да ги поврземе денес и со консоцијалните демократии, какви што се Северна Ирска и БиХ, според Chaundry 40 . Босна и Херцеговина, исто така, е еден еклатантен пример на ет нолингвистички федерализам како придружба на консоцијативните решенија предвидени во Дејтонскиот мировен договор, многу слично на: швајцарскиот, белгискиот и либанскиот консоцијативен модел. Ричард Пилдс смета дека со Дејтонскиот мировен договор се комби нираат два конфликтни елементи. Од една страна се воспоставува конфедерација меѓу Република Српска и Босна и Херцеговина, а се претпоставува дека секоја единица е централен дом на нејзините, т.н., конститутивни народи – Србите во РС, а Хрватите и Бошњаците во БиХ. Но, Дејтонскиот договор, исто така, ја инкорпорира Европската конвенција за човекови права во домашното право, а како консеквен ца, постои широк спектар на политики усвоени од секоја конститутив на единица во насока да се дефинира себеси со етничко-специфични термини. Но, според Уставниот суд на БиХ ова се смета како една неу ставна форма на дискриминација. Со други зборови, РС е дефинирана како држава на српскиот народ, а Хрватите и Бошњаците како кон ститутивни народи на БиХ, па оттука, новото именување на градовите има за цел да се конотира дека тие се ексклузивно српски, на пример. Истото е забележано и кај усвојувањето на етнички специфични ар миски униформи, а најекспонентен пример на етнофетишизмот беше отсликан преку случајот„Сефкиќ – Финци“ со кој Стразбуршкиот суд за човекови права ја проблематизираше темата дека само припадни ците на трите конститутивни народи(Срби, Бошњаци и Хрвати) можат да бидат кандидати за извршување на највисоките јавни функции 41 . 198 9.5.2  територијални акомодации Според Tierney 42 , постојат и други модели(освен федеративните аранжмани, м.з.), како што е деволуцијата на Обединетото Кралство или како што е квазифедерализмот на Шпанија. Кај овие недостасу ваат определени институционални заштити што ги овозможува феде рализмот, но независно од тоа, тие обезбедуваат силно плуринацио нално реструктурирање на еден друг начин. Плуринационалноста на Обединетото Кралство се карактеризира со асиметрични решенија, различни за: Шкотска, Велс и за Северна Ирска, кои се движат од фе дерализација, до административна децентрализација. Мапа на административната поделба на Северна Ирска Преземено од https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Northern_Ireland,_ administrative_divisions_-_de_-_colored.svg 199 Tierney 43 , на пример, вели дека Шкотска е интересен случај на деволуциски договор кој предвидува уставно имплементирање на „плуринационалниот модел“ на држава. Трите вектори на шкотска та уставна плуринационалност се: автономијата, репрезентацијата и симболичкото признавање. Определени елементи на шкотскиот дево луциски договор, како што е екстензивната листа на„девалвираната моќ”, по природа се асиметрични, додека експлицитните и импли цитните симболични признавања кои ги носи со себе, имаат посебен плуринационален шмек 44 . Асиметричната супстанцијална деволуција на Обединетото Кралство се отсликува со три елементи: прво, само те риториите кои можат да бидат окарактеризирани како субдржавни на ционални општества можат да се стекнат со деволуција(иако статусот на Северна Ирска е во форма субдржавно национално општество, а не е во форма на територија); второ, едно од субдржавните национални општества – Англија, нема воопшто никаква девалвирана власт; трето, секој од трите модели на деволуција меѓу себе се разликуваат перма нентно. Шкотска, Велс и Англија се третираат како нации. На планот на симболизмот, слични примери се: именувањето на Квебек како „дистинктивно општество”, или фактот дека со автономниот статут на Каталонија, таа се именува како„нација”. Сепак, признавањето не е еквивалентно на супстантивната уставна моќ, но тоа е многу важно за самодовербата на граѓаните во субдржавните национални општества, а посебно е клучно за нивното чувство за инклузија во плуринацио налната домашна држава 45 . 9.5.3  услови за остварување на акомодацијата Независно од видот на акомодативното решение што ќе се при мени во општествата со културен диверзитет, сепак, мора да постојат елементарни, базични услови за остварување на акомодацијата. Тие, без сомнение, се condition sine qua non на секој ваков чекор. Прв услов, несомнено, е демократијата. Но, притоа, треба да се нагласи дека се мисли на супстантивна демократија којашто од една вистинска либерална позиција ќе може да го апсолвира прашањето на„илиберализмот“. Со овие проблеми се соочуваат стабилните де мократии и овој проблем се акутизира преку проблемот на балансот 200 меѓу групните и индивидуалните права. И, од оваа позиција, системот ќе одговори на предизвикот за континуираното демократизирање, од носно посветено ќе ја демократизира демократијата. Но, во еден тран зициски амбиент, кога демократијата не е стабилизирана, а постои неопходност и ургентност за акомодирање, општествата се принудени „во ôд” да воспоставуваат и демократија, и акомодација. Ова воопшто не е лесна задача, и затоа е најважно политичките елити да бидат од говорни, а граѓаните да бидат респонзивни. Меѓу нив, пак, мора да постојат канали за одвивање на комуникацијата. Едноставно, мора да се воспостави демократија во нејзината фундаментална смисла, а тоа значи – владеење на правото, слободни избори, јасна поделба на власта, и нивна независност, слободни медиуми и развиено цивилно општество. Втор услов е инклузијата, односно системот да овозможи вклуче ност на сите културни идентитети, бидејќи исклученоста претставува мотивациска сила на конфликтноста. Во таа смисла, важно е да се кре ираат такви институции коишто ќе овозможат делиберативна распра ва, преговарања и договарања, дијалог меѓу различните. Дијалогот(па и преговарање/договарање) е една од најважните алатки за постигну вање консензус, а консензусот е една секојдневна тема во општествата на длабоките разлики. Затоа, дијалогот треба да одговори на потребата за инклузивност и да стане сеопшт принцип-норма. Реконсилијацијата и ретрибуцијата се трет нужен услов, посебно во трауматизираните општества. Таму каде што конфликтот на култур ните идентитети ја достигнал својата најгрозна кулминација(убивања, геноцид, етноцид, и друго), општеството има потреба од изложување и соочување со трауматските иксуства, бидејќи секој последователен ескапизам ќе биде пречка за акомодирање. Алатките за помирување и за ретрибутивната правда варираат контекстуално и може да под разбираат: симболички извинувања, меморијални обележја, комисии, трибунали, легализирање на борци, амнестија, и друго, и тие се при менуваат за да се спречи омразата, а пред сè, одмаздувањето, а сето тоа се прави за да се прости и одново да се изгради довербата. Безбедносните аранжмани и супранационалните гаранти(како ЕУ и НАТО) се четвртиот услов за одржувањето на акомодацијата, а посебно доколку станува збор за деволуирани субединици, кои под еден таков„чадор“ поедноставно ќе можат да го реализираат својот 201 субјективитет, независно од федералните врски. Супранационалната безбедносна гаранција, исто така, е од големо значење за младите де мократии, бидејќи транзиторните општества се нестабилизирани и оттука, чувството на сигурност е особено важно. Безбедносната дилема што ја имаат групите, едноставно, мора да ја снема. Уште повеќе, од супранационалното интегрирање на некосолидираните демократии, заради гравитационата снага на либералниот амбиент, се очекува нив но сè поголемо либерализирање. Отвореноста на општеството спрема„надворешниот фактор“, исто така, е исклучително важен услов за остварувањето на акомодацијата. Иако акомодацијата се изведува во согласност со спецификите на да деното општество, сепак, потребата за приспособување на разликите е секаде иста. Оттука, голема е важноста на меѓународната размена на информации и на сознанија во врска со акомодитивните искуства. Со други зборови, треба да постои отвореност за добрите политики и за добрите практики, кои дале, и сè уште даваат добри резултати кај приспособувањата. На пример, при склучувањата на: Договорот од Белфаст, Дејтонскиот, Рамковниот, и на други договори, надвореш ниот фактор имал значајна модерирачка улога. Оттука, се покажува дека отвореноста кон„третата страна“ е еден важен услов најпрво да се седне на преговарачката маса, што би резултирало со конкретен договор кој ќе ја нормира акомодацијата. Посебно е важна отвореноста и кон повеќестепеното акомодирање коешто би вклучило аранжмани што ги надминуваат државните граници, а ќе вклучат и медијација. За размислување: 1. Мултикултурализмот. Како би го објасниле? 2. Кои институти се поврзани со нетериторијалната мултикултурна акомодација, а кои институти се поврзуваат со територијалната мултикултурна акомодација? 3. Какви специфики има македонската мултикултурна акомодација? 4. Кои се основните услови за консензус во едно мултикултурно општество? 202 БИБЛИОГРАФИЈА • Addis, A., On Human Diversity аnd The Limits оf Toleration, in Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Anaya, J., O n Justifying Special Ethic Group Rights: Comments on Pogge, American Society for Political and Legal Philosophy, 1997 • Beer, S. H., To Make a Nation: The Rediscovery of American Federalism, Belknap Press Harvard University, 1993 • Bertnard, J., Indonesia‘s Quasifederalist Approach: Accommodation amid Strong Integrationist Tendencies, in Constitutional Design For Divided Societies: Integration or Accommodation?, ed. Choundhry S., Oxford University Press, Oxford, 2008 • Chaundry, S., Does the World Need More Canada? The Politics of the Canadian Model in Constitutional Politics and Political Theory, in Constitutional Design for Divided Societies, ed. Chaundry, S., Oxford University Press, 2008 • Crawford, J., Legal Pluralism and Indigenous Peoples of Australia, in The Rights of Subordinated Peoples, eds. Mendelsohn, O.& Baxi, U., Oxford, Oxford University Press, 1994 • De Witte, B., Conclusion: A Legal Perspective, in Ethnic Groups and Language Rights, Comparative Studies on Governments and Non-Discriminant Ethnic Groups in Europe 1850-1940, edited by Vilfan et al., vol. 3. New York University Press, European Science foundation, 1993 • Deskoska, R., Report on Legal and Institutional Framework for Inter-Ethnic Dialogue, UNDP, 2009 • Ejobowah, J. B., Integrationist Measures in Nigeria’s Constitutional Engineering, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation?, ed. Choundhry, S., Oxford University Press, Oxford, 2008 • Galeotti, E. A., Citizenship and Equality – The Place of Toleration, Political Theory n.21(1993) – 585, цитиран кај Addis, A., On Human Diversity and the Limits of Toleration in Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Horowitz, D. L., A Democratic South Africa, in Constitutional Engineering in a Divided Society, Berkeley: University of California Press, 1991 • Jeffery, C., The local and Regional Dimension in the European Constitutional Process, European Union Comm. Regions, 2004 203 • Kirk-Greene, A. H. M., Ethic Engineering and the Federal Character of Nigeria, n.6, Ethnic and Racial Studies, 1983 • Kymicka, W., Finding Our Way: Rethinking Ethocultural Relations in Canada, Oxford University Press 1998 • Kymicka, W., Multicultural citizenship: A Liberal Theory of Minority Rights, Oxford University Press, 1995 • Kymlicka, W., Multicultural Citizenship, Oxford University Press, Oxford, 1996 • Levy, T. J., Classifying Cultural Rights, from Ethnicity and Group Rights, in NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Ludwig, G., doctoral thesis- On The Theological Origins and Character of Secular International Politics-Towards Post-Secular-Dialog, Aberystwyth University, Department of International Politics, 2009 • McGarry, J., O’Leary, B. and Simeon, R., Integration or Accommodation? The Enduring Debate in Conflict Regulation, in Choudhry, S., Ed., Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation, Oxford University Press, Oxford, 2008, 41-88. • Pildes, H. R., Ethnic Identity and Democratic Institutions: A Dynamic Perspective, in Constitutional Design For Divided Societies: Integration or Accommodation? Choudhry, S., Ed., Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation, Oxford University Press, Oxford, 2008 • Pogge. W. T., Group Rights and Ethnicity, in NOMOS XXXIX, Yearbook of American Sociеty for Poltical and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I., and Кymlicka, W., New York University Press, New York and London, 1997 • Tierney, S., Giving With One Hand: Scottish Devolution within a Unitary State, in„Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation?” Choudhry, S., Ed., Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation, Oxford University Press, Oxford, 2008 • Von Hippel, K., The Resurgence of Nationalism and its International Implications, Washington Quarterly, Vol. 17: 4, pp: 185-200, DOI: 10.1080/01636609409443758 1994 • Сартори, Џ., Corriere della sera, Плурализмот ги валоризира различностите, идеологијата на мултикултурализмот е погрешна, 5. јануари 2010 година 204 • Фрчкоски, Љ. Д., Meѓународно право за правата на човекот, Магор, 2012 • Чупеска, А., Културни идентитети во полтиката – аспекти на мултикултурализмот, КАS, Скопје, 2013 • Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017 1 Види во: Чупеска, А., Културни идентитети во полтиката – аспекти на мултикултурализмот, КАS, Скопје, 2013, p. 8, каде се реферира на: Von Hippel, K., The Resurgence of Nationalism and its International Implications, Washington Quarterly, Vol., 17:4, 1994, pp: 185200, p. 185, и на Gurr, T., Minorities at Risk: A Global View at Ethnopolitical Conflict, Institute of Peace Press, Washington DC, 1993; како и на Lascko, L., Canada’s Pluralism in Comparative Perspective, Ethnic and Racial Studies n.17/1, 1994; Gunnar, N., States and Nation Groups: A Global Taxonomy, in Tiryakin, E. and Rogowski, R.,(eds.) New Nationalism of the Developed West, Allen& Unwin, Boston Press, 1985 2 Galeotti, E. A., Citizenship and Equality – The Place of Toleration, Political Theory n.21(1993), p. 585, кој е цитиран кај: Addis, A., On Human Diversity and the Limits of Toleration, во: Ethnicity and Group Rights, NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I.,(Yale University) and Кymlicka, W.,(University of Ottawa), New York University Press, New York and London, 1997, p. 585 3 Види во: Addis, op. cit. 4 Чупеска, op. cit., p.13 5 Ludwig, G., doctoral thesis- On The Theological Origins and Character of Secular International Politics-Towards Post-Secular-Dialog, Aberystwyth University, Department of International Politics, 2009 6 Постојат два јасни пункта каде се проблематизираат групните права. Прво, во западните либерални демократии определени групи имаат илиберални културни обрасци и кога тие бараат признавање на определени групно-специфични права, кои се во согласност со таквата илиберална содржина, се јавува проблем, бидејќи„етаблираната“ култура се соблазнува од некои„примитивни“ практики, што има свои реперкусии и во симболниот поредок, бидејќи, на овој начин се практикува еден вид на, т.н., симболичкото насилство. Но, поспецифично во непосредна врска со тензијата предизвикана од илебералноста, е проблемот на„излезот од културата“, кога членовите на определени групи се загрозени од нивните сопствени групи во насока на тоа што им се попречуваат индивидуалните права, што им го гарантира општото право(остракизам, договорен брак, обрежување, семејно насилство, и сл.). Втор пункт на проблематизирање постои околу дефинирањето на групниот идентитет, достоен да биде носител на право. Имено, индивидуите симултано припаѓаат на повеќе групи кои се преклопуваат, па оттука се проблематизира и фиксираноста на определен групен идентитет за сметка на неговите: динамички, контекстуални и флуктуирачки атрибути. Многумина сугерираат дека идентитетот е контекстуално реактивен и динамичен феномен, исто како што многумина докажале дека е и стабилен и е фиксиран феномен. Ваквиот факт прави проблеми кај групните идентификации, кај групните членства, па оттука, и кај групните права. Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017, p.232 7 Се разбира, многу од групите често посакуваат и да се одвојат од државата којашто ја сметаат за репресивна, па така, се среќава и идејата за правото на сецесија, но, тоа, нема статус на верификувано право според актуелните меѓународни стандарди. 8 Види во: Фрчкоски, Љ. Д., Meѓународно право за правата на човекот, Магор, 2012 205 9 Види во: Anaya, J., On Justifying Special Ethic Group Rights: Comments on Pogge, American Society for Political and Legal Philosophy, 1997; Pogge. W. T., Group Rights and Ethnicity in NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I.,(Yale University) and Кymlicka, W.,(University of Ottawa), New York University Press, New York and London, 1997 10 Такви се, на пример, меѓународните одредби за заштита на домородните народи. 11 Чупеска, А., Мултикултурна акомодација, Скопје, 2017, p.83 12 Види во: Levy, T. J., Classifying Cultural Rights, from Ethnicity and Group Rights, in NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Poltical and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I.,(Yale University) and Кymlicka, W.,(University of Ottawa), New York University Press, New York and London, 1997 13 Ibid. 14 De Witte, B., Conclusion: a Legal Perspective, in Ethic Groups and Language Rights, Comparative Studies on Governments and Non-Discriminant Ethnic Groups in Europe 1850-1940, edited by Vilfan et alia., vol. 3, New York University Press, European Science foundation, 1993 15 Levy, T. J. Classifying Cultural Rights, from Ethnicity and Group Rights, in NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Poltical and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I.,(Yale University) and Кymlicka, W.,(University of Ottawa), New York University Press, New York and London, 1997 16 Kymlicka, W., Multicultural Citizenship, Oxford University Press, Oxford, 1996 17 Види кај: Чупеска, кога реферира на: Levy, T. J., Classifying Cultural Rights, from Ethnicity and Group Rights, во NOMOS XXXIX, Yearbook of American Society for Political and Legal Philosophy, eds. Shapiro, I.,(Yale University) and Кymlicka, W.,(University of Ottawa), New York University Press, New York and London, 1997 18 Ibid, каде се реферира на: Crawford, J., Legal Pluralism and Indigenous Peoples of Australia, in The Rights of Subordinated Peoples, eds. Mendelsohn, O.& Baxi, U., Oxford, Oxford University Press, 1994 19 Чупеска, op. cit., p. 75 20 Види во: Bertnard, J., Indonesia‘s Quasifederalist Approach: Accommodation amid Strong Integrationist Tendencies, in Constitutional Design For Divided Societies: Integration or Accommodation? ed. Choundhry S., Oxford University Press, Oxford, 2008 21 Чупеска, 2017, p.93 22 Имено, предвидено е дека Собранието може да работи ако на седницата присуствува мнозинството од вкупниот број пратеници и дека одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. 23 Амандман 18: 1. Одлука за измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на припадниците на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите: 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие членови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија. 2. Со овој амандман се додава нов став 4 на член 131 од Уставот на Република Македонија. Види на: http://www.sobranie. mk/ustav-na-rm.nspx 24 Поточно, при одлучувањето за: измената на Преамбулата, изборот на членовите на локалната самоуправа, измената на Уставот, одредбите кои се однесуваат на јазикот, на темелните вредности од Уставот, на слободите и правната еднаквост на граѓаните, на слободата на вероисповед, одредбите за верските заедници, на слободата за изразување и унапредување на различните културни идентитети, на гаранцијата за унапредување, негување и развој на уметничкото и историското творештво на заедниците, на самата примена на Бадентерово мнозинство во Собранието, кај изборот на Народен правобранител, во однос на Комитетот за односите меѓу заедниците, при изборот на членовите на Советот за безбедност, при 206 изборот на членовите на Републичкиот судски совет и при изборот на уставните судии. 25 Со овој амандман се замени претходниот став 2 на членот 109 од Уставот, според кој Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Собранието ги избира судиите на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор. Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници. Види на: http://www.sobranie.mk/ustav-na-rm.nspx 26 Амандман 14 гласи:„1. Тројца од членовите се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. 2. Со овој амандман се дополнува ставот 2 на членот 104 од Уставот на Република Македонија“. Претходниот член 104 предвидуваше:„Републичкиот судски совет го сочинуваат седум членови. Собранието ги избира членовите на Советот. Членовите на Советот се избираат од редот на истакнати правници за време од шест години, со право на уште еден избор. Членовите на Републичкиот судски совет уживаат имунитет. За нивниот имунитет одлучува Собранието. Функцијата член на Републичкиот судски совет е неспојлива со вршење на други јавни функции и професии или со членување во политички партии“. Види на: http://www.sobranie.mk/ustav-na-rm.nspx 27 Претходниот член 77 гласеше:„Собранието избира Народен правобранител. Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор. Условите на избор и разрешување, надлежноста и начинот на работата на Народниот правобранител се уредуваат со закон”. Види на: http://www.sobranie.mk/ustavna-rm.nspx 28 Чупеска, 2017, p.101 29 Во Липхартовата изворна формулација, овој модел се состои од четири елементи: голем коалиционен кабинет кој ќе ги опфати претставниците на главните етнички сегменти; пропорционалност во легислативното претставување, претставување во кабинетите, администрацијата, полицијата, воените и јавните трошоци; заемно вето за виталните интереси, бидејќи независно од партиципирањето во големиот коалиционен кабинет, претставниците на етничките групи, сепак, можат да бидат надгласани; сегментарна автономија, која може да биде во форма на федерализам(каде територијалните граници ќе ги следат етничките) или, пак, во форма на нетериторијален федерализам што се однесува на политичките области кои се блиску поврзани со етничкиот идентитет. Овој модел, подоцна, Липхарт го поедноставил, па оттука двата примарни елементи на консоцијацијата се – поделба на моќта која е составена од партиципирање на главните етнички групи во донесувањето на политичките одлуки, посебно, во егзекутивата; и второ, групната автономија, посебно во врска со образованието и со културата. Во поновиот модел, пропорционалноста и малцинското вето се секундарни карактеристики кои ги зајакнуваат првите двe. Види во: McGarry, J., O’Leary& Simeon, R., Integration or Accommodation? An Enduring Debate, in „Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation?” ed. Choundhry S., Oxford University Press, Oxford, 2008 30 Оваа новина е резултат од коалиционото договарање на последните Парламентарни избори, одржани во 2021 година. 31 Овој принцип беше напуштен само еднаш, во периодот по изборите во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ одби да коалицира со победничката партија на Албанците, Демократската унија за интеграција и во Владата влегоа претставници на Демократската партија на Албанците, која беше второрангирана. Но, по предвремените избори во 2008 година, повторно се стабилизираше праксата Владата да ја формираат победниците на двете најголеми заедници во земјава, бидејќи се сфати дека спротивното доведува до парализа на политичкиот живот. 32 Илустративен пример за тоа е случајот од Општинскиот совет на Струга, во 2006 година, 207 кога се усвојувал Статутот на Општината без да се примени Бадентеровото правило. Тогаш, советниците Македонци – малцинска заедница во оваа општина, наместо да инсистираат на принципот во насока на целосна инклузивност, ја напуштиле седницата, а Статутот бил донесен во нивно отсуство, со што, практично, нивните интереси биле надгласани, односно не биле земени предвид. Доколку советниците биле присутни и инсистирале на Бадентеровото правило, немало да дојде до ваква ситуација, чија крајна консеквенца било прогласувањето на Статутот за неуставен од страна на Уставниот суд на РМ. Deskoska, R., Report on Legal and Institutional Framework for Inter-Ethnic Dialogue, UNDP, 2009. 33 Пред измените на Уставот, во член 78 беше набележано:„Собранието основа Совет за меѓунационални односи. Советот го сочинуваат: претседателот на Собранието и по двајца членови: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и двајца членови од другите националности во Македонија. Претседателот на Собранието е претседател на Советот. Собранието ги избира членовите на Советот. Советот ги разгледува прашањата од меѓунационалните односи во Републиката и дава мислење и предлози за нивно решавање. Собранието е должно да ги разгледа мислењата и предлозите на Советот и да донесе одлука во врска со нив”; Види на: http://www.sobranie.mk/ustav-na-rm.nspx 34 Слично, во Нигерија, по војната и по воспоставувањето на Втората република во 1979 година, уставниот аранжман предвидел разделување на моќта на субнационални арени(301 локална власт и 19 држави), отфрлање на вестминистерскиот систем, употреба на консоцијални алатки за справување со диверзитетот и делење на земјата на посебни геокултурни зони, со што се сакало да се обезбеди етнорегионална репрезентација на највисоките позиции во власта. Инаку, нафтените ресурси, пак, се врзани за програмата на, т.н., федерација преку редистрибуција. Ejobowah, J. B., Integrationist Measures in Nigeria’s Constitutional Engineering, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation? ed. Choundhry, S., Oxford University Press, Oxford, 2008 35 McGarry et alia, op. cit. 36 Ibidem. 37 Види во: Beer, S. H., To Make a Nation: the Rediscovery of American Federalism, Belknap Press Harvard University, 1993 38 Види во: McGarry et alia., op. cit. 39 Chaundry, S., Does the World Need More Canada? The Politics of the Canadian Model in Constitutional Politics and Political Theory in Constitutional Design for Devided Societies, ed. Chaundry, S., Oxford University Press, 2008 40 Ibid. 41 Чупеска, 2017, p.193 42 Tierney, S., Giving With One Hand: Scottish Devolution within a Unitary State, in Constitutional Design for Divided Societies: Integration or Accommodation? ed. Choundhry, S., Oxford University Press, Oxford, 2008 43 Ibidem. 44 Обединетото Кралство останува наклонето кон унитарно институционално уредување и остварува интегративни тенденции. Постојат специфично утврдени области на автономија од типот на ексклузивна компетенција на Шкотскиот парламент: да укине определени легислативни акти на Обединетото Кралство, фискална контрола и други деволвирани области. Шкотскиот случај на асиметричниот федерализам е воспоставен со Шкотскиот акт од 1998 година, и е„мешаното“ решение, акомодационистичко во однос на некои нешта, а во однос на други има централизирачки, односно интегративни тенденции. Види во: Jeffery, C., The local and Regional Dimension in the European Constitutional Process, European Union Comm.Regions, 2004. 45 Tierney, op. cit. 208 X  ПОГЛАВЈЕ 10  (ПОМИРУВАЊЕ) Реконсилијацијата/помирувањето(reconciliation) стана централен термин во политичкиот дискурс на поделените општества, од типот на: Јужна Африка, Чиле, Австралија, Северна Ирска и други слични на нив. Реконсилијацијата се промовираше во политиката како со очување со минатото насилство, а во правец да се отвори пат за ид нината, насочена кон остварување на хармонија и консензус. Рекон силијацијата, имено, предлага справување со грешките од минатото на таков начин што би можел да промовира национално единство и да го отвори патот за помирна иднина. Или, реконсилијацијата ста на термин којшто ја изразува желбата за конечно расчистување на проблемите во правец да ни овозможи да го оставиме минатото зад нас и да се соочиме со новиот милениум, со надеж за поинклузивно и поправедно општество, вели Schaap 1 . Но, ако го парафразираме овој промислувач, би рекле дека ваквото конципирање на реконсилија цијата(коешто тендира кон воспоставување на општествена хармо нија) е проблематично, затоа што политиката нужно не претставува „единство и хармонија”, туку подразбира„плуралност” на мислењата, па така, наместо да се бара„враќање кон единството” засновано врз заеднички идентитет, политичката реконсилијација би прет поставувала плуралност на потенцијално неспоредливи перспективи меѓу заедниците на кои им припаѓаат сторителите на злото, од една страна, и жртвите, од друга страна. Така, политичката реконсилијација би вклучила и подготвеност да се вклучат„другите” во агонистички дискурс за светот што го делиме 2 . 209 Инаку, кај Shaap, политичката реконсилијација се разгледува во однос на четири прашања: конституирање на држава; можноста за простување во политиката; колективна одговорност за погрешното постапување; и комеморација на болното минато. Од крајот на Студената војна, многу општества се трудат да го над минат наследството коешто произлегува од тешки државни грешки. Обидите за соочувањето со болното минато се поврзуваат, често, со транзиција кон демократија. За време на оваа транзиција достапни се низа официјални решенија во тој правец: амнестии, кривични судења, репарација и реституција, отстранување на соработниците на прет ходниот режим од јавни функции, официјални истраги за причините и последиците од државните грешки и донесување устав 3 . Oпштопо знато е дека само правните лекови не се доволни за решавање на по следиците од тешки државни грешки. Со оглед на персистентноста на болните чувства меѓу граѓаните, фокусирањето на институционалните реформи и правните лекови, во најдобар случај, може да го олесни по суштинското соочување со минатото. Зашто, во такви околности, обич ните граѓани на прво место треба да најдат добра основа за заеднички живот ако сакаат да ја потврдат легитимноста на заедничките институ ции. Ова фундаментално соочување е инхерентно политичко бидејќи се фокусира на можноста за повикување кон припадноста категоризи рана како„ние“(us), која би требало да ги вклучи обете страни од по ранешниот режим: и сторителите и преживеаните, т.е. и угнетувачите и угнетените. Реконсилијацијата е исклучително сложен внатрешен концепт затоа што се однесува на кластер практики коишто вклучуваат (меѓу другото): покајание, враќање, казнување, извинување, поправка, простување, откупување, заборавање, сеќавање, ветување и разбирање. Покрај тоа, тоа е концепт широко отворен за толкување, така што ак терите, веројатно, ќе се разликуваат во нивното разбирање за тоа што би вклучувала една„вистинска“ реконсилијација 4 . Помирувањето, на пример, по извршено масовно насилство и уби ства е многу тешко. И, иако помирувањето може да се дефинира како „заемно прифаќање од страна на групите, едни на други, суштината на помирувањето е променетата психолошка ориентација кон другиот“, вели Staub 5 . Слично, иако помирувањето и простувањето меѓусебно се поврзани, за разлика од помирувањето, простувањето се смета за еднострано со тоа што жртвата му простува на сторителот. Тој тврди дека простувањето без покајание од страна на сторителот може да има 210 штетни ефекти:„Виктимизацијата создава рани, како и нерамнотежа во односот меѓу жртвите и сторителите. Тоа го намалува статусот на првиот во однос на вториот, а исто така, и во односите со другите луѓе кои не биле жртви 6 “. Со други зборови, сторителот„се извлекува” од она што го сторил. Од друга страна, сепак, преку простувањето, на сторителите не им се даваат шанси да ги оправдаат повредите што им ги нанеле на другите луѓе, укажуваат некои автори 7 . По дефиниција: жртвите, сторителите и случајните минувачи мора да бидат вклучени во процесот на помирување. Секоја група има свои тешкотии да стиг не до точка каде што е подложна на помирување. Жртвите биле ис трауматизирани, напуштени и, често, брутализирани од луѓе коишто претходно ги сметале за: соседи, пријатели, дури и роднини. Многу жртви страдаат од хронични трауматски ефекти. Студиите за стресот предизвикан од траума покажуваат голем број различни модели на психолошки и бихејвиорални реакции. Траумата предизвикува: хи пербудност, хронична анксиозност, несоница, кошмари кога спиење то е можно, и различни физички проблеми поврзани со напнатоста 8 . Луѓето се отрпнати и разлутени од насилство, а двете реакции кога се персистентни може да доведат до посттрауматско стресно растројство (PTSD), вели Weingarten 9 . Животот е стегнат во смисла на тоа дека секојдневното преживување е во фокусот на жртвите на траума, а нив ното чувство за иднината„преживува“ до утре. Луѓето кои го прежи веале геноцидот, исто така, доживуваат и„загуба на своето минато (loss of their past)”. Изолацијата и стравот го прават признавањето на нивните минати животи неподносливо болно, па тие се оградуваат од нив 10 . Хроничната траума, исто така, ги обезвластува луѓето така што тие стануваат неспособни да планираат активности што би ги проме ниле нивните околности, да ги искористат можностите, да создадат можности и да понудат алтернативна иднина. Траумата од искусување насилство може да ја наруши меморијата до степен до кој искуствата се паметат„без упатување на времето и местото”. Така, кога мемори ите ќе испливаат на површина, се доживуваат како да се случуваат во сегашноста. Тие се доживуваат како актуелен терор, вели Weingarten 11 . Со оглед на овие рани, лесно е да се види дека жртвите не сакаат да влезат во контексти на помирување. Затоа, клучно е да постои силна институционална поддршка за да се чувствуваат безбедно. Во меѓувре ме, иако би се очекувало сторителите да се чувствуваат виновни, тие, често, не се чувствуваат така. Тие, честопати, продолжуваат да ги гле 211 даат своите жртви низ негативните, дехуманизирачки стереотипи што ги навеле на прво место да извршат насилство. Исто така, продолжу ваат да веруваат дека она што го направиле е„вистинската работа“ и го минимизираат страдањето на жртвите 12 . Иронично, сторителите на насилство, исто така, може да доживеат траума и да претрпат слични лоши ефекти 13 . Во постконфликтни ситуации, казнувањето за злостор ства против човештвото отсекогаш било дел од процесот на помиру вање. Судењата на нацистичкото раководство, идентификацијата на босанските Срби виновни за масовни убиства, судењата на убијците во Руанда и егзекуцијата на Тимоти Меквеј, сето тоа ја илустрира важно ста на казнувањето од меѓународната заедница и од жртвите на насил ството. Казната, исто така, треба да делува како пречка за другите кои би извршиле такви дела. Но, во одреден момент, казнувањето преста нува, а решавањето и помирувањето на конфликтот бараат враќање на изворот на конфликтот за почеток, вели Cottam 14 . Простувањето(forgiveness) има цел да стави крај на проце сот инициран од оригинална грешка(initial mistake), која, инаку, би можела да трае бесконечно. Сепак, можноста за помирување допол нително зависи и од подготвеноста за простување. Или, простувањето е соодветно само ако сторителот демонстрира искрено каење. Допол нително, иако: ретрибуцијата, каењето, репарацијата и реституцијата може да нè направат посклони кон простување, тие не можат да бидат неопходни услови за простување. Зашто, да се бараат причини зошто треба да се прости, всушност, значи да се преземе непростлива диспо зиција. Простувањето станува излишно кога го резервираме само за оние кои го заслужиле тоа од нас. Тогаш, тоа е едноставно признавање дека ние повеќе не сме жртва, дека повеќе не е оправдано да се навре дуваме со нашиот непријател, укажува Kolnai 15 . Во случај на кривични дела(на пример, извршени против човеш твото), казнувањето наместо простувањето е посоодветно. Казната би требало да„го поништи значењето на грешката” преку негирање на„доказите за супериорност имплицитна во првобитниот чин на сторителот“, посочува Hampton 16 , т.е. преку симболичниот пораз на сторителот казнувањето го поништува значењето на првобитниот чин како доказ за супериорноста на сторителот. Ја поништува навредли вата порака на неправдата дека сторителот и жртвата не се еднакви по вредност. Казнувањето ја поставува и остава неправдата во минатото во смисла дека тогаш погрешно го потврдувaла подредениот соција 212 лен статус на оние против кои се извршил првобитниот чин, а сега се препознава како нелегитимен чин на угнетување. Слично на тоа, извинувањето има за цел да го поништи значењето на навредата преку повлекување на одобрувањето на навредливата порака што чи нот ја соопштува 17 . Еден од најпознатите примери на јавно извинување е она на гер манскиот канцелар Вили Брант, кога, откако ги намести лентите на венецот, клечејќи се поклони пред споменикот посветен на варшав ското еврејско гето. Ова јавно извинување се случи на 7 декември 1970 година. Гестот, познат како„Kniefall von Warschau“, стана светски сим бол на помирувањето меѓу Германија со Полска. Во врска со казнувањето и простувањето е и прашањето на амне стијата на сторителите на неправдата. Имено, во одредени окол ности, подготвеноста за простување може да ја поддржи политиката на амнестија и, обратно, амнестијата може да придонесе за можноста за политичко простување. Но, сепак, сè додека државните злостор ства остануваат неказнети, она со што престапникот се извлекува е „тврдењето за релативна супериорност“ 18 . Неуспехот да се гони сто рителот на овој начин значи прифаќање на пораката дека неговото злосторство, фактички, го соопштува инфериорниот социјален статус на жртвите. Сепак, за време на транзицијата кон демократија, или на 213 крајот од некоја граѓанска војна, казнувањето на сторителите на не правдата, можеби, не е политички изводливо од причините што, на пример, ги нагласуваат реалистите: милитантните лидери може да се закануваат дека ќе ја соборат цивилната влада којашто се обидува да ги казни. Во таков случај, упорното инсистирање кон правда, може да биде само – поразно, бидејќи може да ја врати политиката во автори тарно владеење или повторно да настапи граѓанска војна 19 . 10. 1  ОДГОВОРНОСТ Со цел да се утврди степенот и границата на колективната одговорност, Jaspers ја разликува политичката вина(којашто може да настане како резултат на членството во група) од: кривична та, моралната и метафизичката вина(коишто се однесуваат строго на поединецот како автономен агент) 20 . Хана Арент се согласува со нејзиниот ментор(Јаспер) дека колективната одговорност треба јасно да се разликува од моралната и правната вина. И покрај тешкотиите поврзани со колективната одговорност во рамки на либе ралниот политички речник кој ја привилегира моралната автономија на поединците, вообичаено се претпоставува дека прифаќањето на колективната одговорност за минатите грешки, исто така, е еден не опходен услов за политичкото помирување. Со цел да се нагласи рас кинувањето со минатото и да се обезбеди иднина во којашто таквите грешки нема да се повторат, она што се чини дека е потребно е искрено јавно изразување на каење и широко распространето лич но сфаќање на колективната импликација на грешките од минатото. Сепак, како и многу Германци во 1945 година, граѓаните кои сметаат дека се идентификувани како„виновни“ во рамките на условите за политичко помирување, честопати одговараат со„неги рање” 21 . Токму според толкувањето на Меѓународниот центар за транзи циска правда(International Center for Transitional Justice), таа е вко ренета во одговорноста и обесштетувањето на жртвите. Имено, преку неа се признава достоинството на жртвите и како граѓа ни, и како луѓе. Транзициската правда ги поставува жртвите и нивното достоинство на прво место и го сигнализира патот напред за посветеност кон сигурноста дека обичните граѓани се безбедни во нив 214 ните земји – безбедни од злоупотребите на нивните сопствени власти и ефективно заштитени од прекршувањата од други власти. Масов ните злосторства и систематските злоупотреби ги уништуваат опште ствата и нивното наследство и ги прави условите на земјата ранливи – политичките и правните институции, како: парламентот, судството, полицијата и обвинителството може да бидат слаби, нестабилни, по литизирани и со недоволно ресурси. Самите злоупотреби сериозно ќе ја нарушат довербата во државата за гарантирање на правата и без бедноста на граѓаните. Целите на транзициската правда варираат во зависност од контек стот, но сепак, општите карактеристики на транзициската правда се: признавање на достоинството на поединците, обесштетување и при знавање на злоупотребите и вложување напори да се спречи нивното евентуално повторување. Дополнителните цели вклучуваат: воспоста вување одговорни институции и враќање на довербата во нив; овоз можување на пристапот до правдата за најранливите во општеството како последица на злоупотребите; сигурност дека жените и маргина лизираните групи ќе имаат ефикасна улога во стремежот за праведно општество; почитување на владеењето на правото; oлеснување на ми ровните процеси и поттикнување трајно решавање на конфликтите; воспоставување основа за решавање на основните причини за кон фликт и маргинализација; унапредување на реконсилијацијата. Кај транзициската правда, иако таа контекстуално е варијабилна, традиционално акцент се става на четири типа пристапи„како што е наведено кај меѓународниот центар за транзициска правда“: • Кривично гонење на најодговорните за најтешките кривични дела; • Процеси на„барање вистина“(truth-seeking) при злоупотреба на човековите права од страна на несудски тела; • Репарациите за злоупотребата на човековите права имаат раз лични форми: индивидуални, колективни, материјални и сим болични; • Реформа на законите и институциите, вклучително и: поли цијата, судството, војската и военото разузнавање. Овие различни пристапи не треба да се гледаат како меѓусебни алтернативи. На пример, комисиите за вистината(Тruth Commissions) 215 не може да бидат замена за органите за гонење – обвинителството (Prosecution). Тие се обидуваат да направат нешто поразлично од го нење/обвинение преку нудење на многу пошироко ниво на призна вање и во правец на ограничување на културата на негирање. Исто така, реформата на: уставите, законите и институциите не се алтерна тива за други мерки, туку директно имаат за цел враќање на довербата и спречување на повторување на злоупотребите. Во 1990-тите, со терминот транзициска се опишуваа различните начини на кои земјите пристапуваа кон проблемите на новите режими кои доаѓаа на власт, соочени со огромни злоупотреби од нивните прет ходници. И, не беше врзан за некој стандарден пристап или општи принципи, како што може да се види од огромната разновидност на начини на кои различните земји се обидувале да ги решат злоупо требите. Или, терминот првично опишуваше различни пристапи на различни места, а не кохерентен поим или практика. Во 1990-тите и 2000-тите, беа развиени пристапи врз основа на препознавање на чо вековите права и инсистирањето дека злоупотребените права не може да се игнорираат. Поврзано со ова беше идејата за одредени видови механизми, како што се: гонење, истраги за утврдување факти(или „барање вистина“), програми за репарации и иницијативи за рефор ми како најефективни средства за спроведување на тие принципи за човекови права. Денес, практикувањето на транзициската правда е обид да се соочиме со неказнивоста, да се бара ефективна отштета и да се спречи повторување, и тоа не во една рутинска примена на нормативните стандарди, туку во внимателно и свесно вреднување на контекстите каде што тоа треба да се направи. Но, транзициската прав да не е начин да се поправи сето она што не е во ред со општеството. Долгорочните општествени и политички борби за правда и еднакви можности може да бидат потпомогнати со мерка на транзициска прав да, но не и решени со неа. Тоа не е одреден тип на правда, како што е: ресторативната правда, дистрибутивната правда или ретрибутивната правда, туку е обид да се обезбеди најсодржајната можна правда во конкретни политички услови 22 . Eisikovits, ги поставува прашањата: Штом ќе стивне насилниот конфликт меѓу две групи, кој е најдобриот начин за транзиција во граѓанско општество? Дали поранешните непријатели треба„да се помират со своето минато“ ако сакаат да живеат мирно? Доколку е потребно такво пресметување, кои се стратегиите за транзиција на рас 216 полагање на страните? Тој вели дека областа на транзициската правда, која ги истражува ваквите прашања, вклучува: филозофска, правна и политичка анализа на последиците од војната 23 . Најпознатите и, веројатно, најзначајните судења за воени злостор ства во XX век се одржаа во Нирнберг, Германија, по крајот на Втората светска војна. Помеѓу 1945 – 1949 година, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници одржаа серија од 13 судења. Првиот, и најпознатиот од нив, вклучуваше гонење на високи преживеани наци стички функционери, вклучувајќи ги: Херман Геринг, Јоаким фон Ри бентроп, Јулиус Штрајхер, Рудолф Хес и Алберт Шпер. Обвинетите во другите 12 судења, што се одржаа меѓу 1946 – 1949 година, вклучуваа: лекари, правници, индустријалци, и други клучни чинители во наци стичката држава. По Нирнбершкиот процес, во пролетта 1946 година, се воспостави и Воениот трибунал за Далечниот Исток, со седиште во Токио. Дваесет и осум членови на военото и политичкото раководство на Јапонија, вклучително и: поранешни премиери, воени секретари и морнарица, генерали, дипломати и некои економски чинители, беа обвинети за злосторства против мирот. Загрижени дека гонењето на воените злосторства ќе стане уште една арена за политички конфлик ти, ниту Американците, ниту Русите, не ги следеа. Затишјето заврши со распадот на Советскиот Сојуз и крајот на Студената војна, а првите значајни воени трибунали потоа беа основани од Обединетите нации во 1990-тите – ад хок, Меѓународниот кривичен трибунал за поранеш на Југославија, во Хаг(ICTY), во 1993 година, и ад хок, Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда, во Танзанија(ICTR), во 1995 година, наведува Аисиковиц. ICTR, лоциран во Аруша, Танзанија, исто така, може да се пофали со значителни достигнувања. Судот ја понуди прва та пресуда за геноцид од страна на еден меѓународен трибунал, како и првата пресуда во којашто силувањето се смета за воено злосторство. Во поглед на геноцидот од страна на властите во Руанда, ICTR се фо кусираше, првенствено, на обвинението за„големите риби“ –осомни чени од повисоко ниво, вклучени во дизајнирањето и планирањето на геноцидот. Овие обвиненија резултираа со пресуди за геноцид на по ранешниот премиер на Руанда, Жан Камбанда, и на неколку членови на кабинетот. Покрај обезбедувањето значајни пресуди и поставување то правни преседани за практиката на меѓународното хуманитарно право, ICTY и ICTR беа успешни и во создавањето детални записи за злосторствата. Во ова, двата трибунали го продолжија наследството на 217 Нирнбершките трибунали, кои, како што беше споменато претходно, имаа за цел не само да ги осудат виновниците, туку и да придонесат кон веродостојно документирање на ужасите, вели Eisikovits 24 . Критиката којашто постојано се упатува против ICTY и ICTP е дека овие трибунали не работат на местата каде што се случиле злостор ствата. Овој факт, така гласи критиката, создава исклучување меѓу луѓето кои страдаа во текот на војната и процесот во којшто се реша ваат нивните страдања. Обидот да се одговори на таквите критики резултираше со создавање на прилично иновативна форма на меѓу народна правда, а тоа се, таканаречените – интернационализирани или хибридни судови. Овие тела, кои работат во Босна Херцеговина (од 2005 г.), Косово(од 2000 г.), Камбоџа(од 2003 г.), Сиера Леоне(од 2002 г.), Источен Тимор(помеѓу 1999 – 2005 г.) и Либан(од 2007 г.), вработуваат и меѓународни, и локални правници, и судат врз основа на комбинирање на националното и меѓународното право. За разлика од трибуналите во Нирнберг и Токио, ниту еден од ад хок трибуналите, како што се ITCY и ITCR, не е овластен да изрекува смртна казна, и не постои централизиран затвор за сместување на осудените 25 . Можеби најзначајниот развој во меѓународната кривична правда од судењата во Нирнберг е основањето, со Римскиот договор во 1998 година, на постојаниот Меѓународен кривичен суд(ICC), во Хаг. До 2011 година, 114 држави го ратификуваа Римскиот статут. Судот има надлежност за тешки злосторства(геноцид, злосторства против чо вештвото, агресија) извршени по 1 јули 2002 година(кога статутот стапил во сила), од државјанин на една од државите коишто се пот писнички на Римскиот договор. Тој, исто така, има јурисдикција за злосторства извршени на територијата на тие држави-членки, или кога Советот за безбедност на ОН упатува конкретен случај до него. Советот за безбедност на ОН е овластен не само да ги упатува слу чаите до судот, туку и да бара од неговиот обвинител да ја прекине постапката. Сепак, влијателните членки на Советот за безбедност – Русија, Кина и САД, не го ратификуваа статутот. Оваа позиција ја де лат неколку други големи земји, како: Индија, Индонезија и Израел. Во следните неколку години, трибуналите за: Сиера Леоне, Руанда, поранешна Југославија, Либан и Камбоџа, ќе се затворат, оставајќи го ICC како единствена институција за меѓународна кривична прав да, вели Eisikovits 26 . 218 Според Eisikovits, повеќето од случаите пред ICC вклучуваат те ковни конфликти. За ова беше потребно формирање на теренски канцеларии со цел да се помогне во истрагите и собирањето докази, како и да се спроведат операции за опфат на локалното население. Иако постојат огромни практични тешкотии во собирањето докази и спроведувањето налози за апсење во активните воени зони, висо ки претставници на ICC тврдат дека нивното вклучување во реално време го зголемило одвраќањето. Досега ICC има преземено случаи на воени злосторства извршени во: Уганда, Конго и Централноаф риканската Република. Сите три земји сами ги упатија овие случаи. Покрај тоа, Советот за безбедност на ОН го упати и случајот со Судан. По спроведувањето на истрагата за упатувањето, судскиот обвинител издаде обвинение против претседателот на Судан, Омар ал-Башир. Една деценија по формирањето на судовите, издадени се 22 налози за апсење, а петмина осомничени моментално се во притвор. Една од најиновативните карактеристики на ICC е фактот што во неговите постапки значајна улога им дава на жртвите. Жртвите можат: да ис пратат информации директно до обвинителот на судот, да побараат отворање на прелиминарна истрага, да се појават пред претходна по стапка на судот кога тој размислува дали да отвори целосна истрага за случајот, и што е најважно, тие можат да побараат да го претстават својот став во текот на самото судење. Членот 68(3) од Статутот на ICC гласи: кога се засегнати личните интереси на жртвите, Судот ќе дозво ли нивните ставови и грижи да се изнесат и разгледаат во фазите на постапката што Судот ги определи како соодветни и на начин што не е штетно или не е во согласност со правата на обвинетиот на правич но и непристрасно судење. Ваквите ставови и загрижености можат да ги изнесат правните застапници на жртвите кога Судот смета дека е соодветно, во согласност со Деловникот за работа и доказите. Сè уште се развива коректната јуриспруденција која го регулира вклучувањето на жртвите. Сепак, веќе е јасно дека Римскиот статут им дава многу поголема улога во меѓународниот кривичен процес, отколку што имаа во традиционалните трибунали 27 . Eisikovits вели дека и покрај фактот што Соединетите Американски Држави одиграа голема улога во преговорите околу создавањето на ICC, САД првично гласаа против Римскиот статут во 1998 година, пред на крајот да го потпишат во декември 2000 година. Претседателот Џорџ В. Буш го повлече потписот на Римскиот статут, наведувајќи ја загриже 219 носта дека Судот би можел да се користи за политичко гонење на аме риканските граѓани, особено на американските војници кои служеле во странство. Американскиот Конгрес усвои неколку нацрт-закони за време на администрацијата на Буш, дизајнирани да ги заштитат амери канските граѓани од гонење од страна на ICC. Сепак, администрацијата на Обама беше многу помалку непријателски настроена кон ICC, одејќи дотаму што коспонзорираше резолуција на Советот за безбедност на ОН којa го повика ICC да ги истражи наводните злосторства против чо вештвото извршени од Моамер Гадафи. Eisikovits, исто така, вели дека токму структурните и политичките недостатоци на судењата за воени злосторства ги наведоа креаторите на политиките во земјите зафатени од војна да се свртат кон други мерки на транзициска правда. Такви се несудските комисии за вистина(truth commission) 28 . Hayner, во нејзината значајна книга за комисиите за вистината, набројува четири карактеристики типични за овие тела: се занимава ат со минатото; истражуваат континуирани обрасци на злоупотреби, а не конкретни случаи; работат до две години, а потоа поднесуваат извештаи во кои се сумираат нивните наоди; вообичаено се тела кои се официјално формирани од државата. Комисиите, најчесто, имаат некои од следниве цели: откривање, разјаснување и формално при знавање на злоупотребите во минатото, одговор на потребите на жрт вите, помагање во создавање култура на одговорност, оцртување на институционалната одговорност и можни реформи, унапредување на перспективите на помирување и намалување на конфликтот заради минатото 29 . Комисиите не располагаат со принудни овластувања – како судовите, и тие не можат да ги принудат владите да ги извршу ваат нивните препораки, а ниту, пак, имаат овластување да казнуваат. Нивниот мандат за истражување на поширокиот модел на злоупотре би и нивната тенденција да ги стават жртвите во центарот на нивната постапка, им дава на овие тела голем степен на морален кредибилитет и легитимитет. Работата на Комисијата за вистина и помирување на Јужна Африка(во натамошниот текст TRC) предизвика голем интерес за употребата на комисиите за вистина по војната. Славниот лик на нејзиниот претседател Дезмонд Туту, огромниот обем на јавните рас прави што ги одржа, интензивното медиумско покривање и нејзиниот контроверзен механизам за амнестија за вистината, предизвикаа голе ма меѓународна љубопитност. Откако TRC ги заврши сослушувањата и го објави својот извештај, државите кои се соочуваат со транзиција 220 кон демократија постојано се прашуваа дали и тие треба да користат комисии за вистина, за да се соочат со злоупотребите од минатото. Некои научници дури одат дотаму што велат дека комисијата за ви стината сега го замени кривичното гонење, како најважна норма на меѓународната правда. Додека ТRC стана парадигматичен за комисии за вистина, вреди да се напомене дека тоа не беше првото такво тело. Аргентина, Чиле и Ел Салвадор, сите користеа релативно ефективни комисии за вистината во текот на 1980-тите и раните 1990-ти години 30 . 10. 2  РЕСТОРАТИВНА ПРАВДА Zehr, укажува дека р есторативната правда е збир на прин ципи и практики коишто создаваат поинаков пристап за справување со криминалот и неговите влијанија. Практиките на ресторативната правда работат на решавање на дехуманизацијата што често ја до живуваат луѓето во традиционалниот систем на кривичната правда. Наместо кривичното дело да се гледа како едноставно прекршување на некое правило или статут, ресторативната правда го гледа ова деј ство како непочитување на луѓето и односите. Ресторативната правда се обидува да го истражи штетното влијание на кривичното дело, а потоа одредува што може да се направи за да се поправи таа штета, додека лицето коешто го предизвикало да одговара за неговите или нејзините постапки. Одговорноста за сторителот значи прифаќање одговорност и дејствување за да се поправи нанесената штета. Резул татите се обидуваат и да ја поправат штетата и да ги решат причините за прекршокот, истовремено намалувајќи ја веројатноста за повторен прекршок. Наместо да се фокусираат на изречената казна, мерките за ресторативна правда резултираат со тоа колку успешно се санира штетата. Дополнително, ресторативната правда настојува да ги вклучи оние коишто се најдиректно погодени од кривично дело во судскиот процес, имено жртвите и преживеаните. Наместо процес фокусиран на сторителот, ресторативната правда се фокусира на оние коишто биле оштетени и на штетите што ги претрпеле. Во процесот на ресто ративна правда, жртвите се овластени да учествуваат повеќе отколку во традиционалниот систем. Слично на тоа, заедницата игра важна улога во процесот на реставрација преку воспоставување стандарди на однесување, помагајќи да се бара одговорност од сторителот и обе 221 збедувајќи поддршка на вклучените страни и можности да помогнат да се поправи штетата што се случила. Можноста да се изрази штетата што ја доживеала жртвата, целосното учество во донесувањето одлуки и поддршката од заедницата, сето тоа помага во заздравувањето после сериозно кривично дело. Според повеќе автори, постојат следните ос новни принципи на ресторативната правда: • Извршувањето на кривично дело е повреда на човекот и меѓу човечките односи. Тоа ги повредува како индивидуалните жртви, така и заедниците, на непосредно и посредно ниво, и создава обврски да се поправат работите. Ресторацијата значи поправка на направената штета и обнова на односите во заед ницата – принцип на персоналитет; • Жртвите и заедницата се централни во судскиот процес. Сите страни треба да бидат дел од процесот – принцип на партици пативност; • Примарниот фокус на судскиот процес е да им се помогне на жртвите и да одговори на потребите. Перспективата на жртвата е клучна за одредување како да се поправи штетата што произ легува од кривичното дело. Секундарниот фокус е обновување на заедницата до степен којшто е реално можен. Престапникот има лична одговорност за направените грешки кон жртвите и кон заедницата. Страните вклучени во процесот на ресторатив на правда ја делат одговорноста за поправка на штетата преку партнерства за акција. Заедницата има одговорност за благосо стојбата на сите нејзини членови, вклучувајќи ги и жртвите и престапниците – принцип на поправање на штетата; • Сите човечки суштества имаат достоинство и вредност. Жртва та и сторителот се способни да одат напред со почит и досто инство и да се реинтегрираат во пошироката заедница колку што е можно повеќе – принцип на реинтеграција 31 . 10. 3  РЕТРИБУТИВНА ПРАВДА За Wallen, концептот на ретрибутивна правда се користи на различни начини, но најдобро се разбира како форма на правда по светена на следните три принципи: 222 1. Оние коишто ќе извршат определени видови кривични де ла/т.е. злодела, или, парадигматски„тешки кривични дела”, заслужуваат да претрпат и пропорционална казна – и, таа каз на е морално оправдана; 2. Суштински е морално добро и е морално оправдано – таквата казна(којашто тие ја заслужуваат) да биде изречена од„ле гитимен казнувач”; 3. Морално е недозволиво намерно да се казнуваат„невини” или да се изрекуваат несразмерно големи казни за престапници те 32 . Како што објаснува Fassin: ретрибуцијата доаѓа од латинскиот збор retribuere[кој] е составен од префиксот re,„за возврат“, и tribuere, бук вално:„да се дели меѓу племињата“. Поентата на Fassin е дека корен ското значење доаѓа до идеја слична на деликти, дека кога членовите на едно племе им наштетуваат на членовите на другото, тие треба да платат компензација за да го задржат мирот. Согледувањето на оваа основна идеја, укажува дека постои нешто морално јасно во прастарата идеја дека ако членовите на една група им наштетуваат на членови те на друга, тогаш оштетената група може да бара компензација. Но, концептот на ретрибутивна правда еволуирал со текот на времето, па така оправдувањето на ретрибутивната правда мора да започне со ми слата дека суштината на концептот повеќе не се однесува на„отплата на долг”, туку на„заслужена казна” 33 . Ретрибуцијата посредува во праведното барање да се казни сторителот со интервенција на непристрасно трето лице, во форма на правни институции. Иако ретрибуцијата и одмаздата во пракса мо жат да одат заедно, ние, вообичаено, разбираме дека ретрибуцијата станува неправедна кога започнува да се претвора во одмазда. Bennett тврди дека правичната ретрибуција е исто толку фундаментална за ресторативниот идеал за помирување, како и простувањето. Bennett инсистира дека вистинското помирување бара отфрлање на грешките од минатото, а тоа треба да се изрази јавно и институционално преку казнување 34 . Како и извинувањето, помирувањето и репарацијата, под готвеноста да се прифати праведна казна, покажува дека сторителот се кае, што ја утврдува можноста за негово простување и враќање во „моралната“ заедница 35 . 223 За размислување: 1. Kонцептите на правда коишто се поврзани со реконсилијацијата(помирувањето)? Кои се нивните специфики? 2. Каква е разликата меѓу„комисиите за вистина” и „судовите”? 3. Кои се условите за успешно помирување? БИБЛИОГРАФИЈА • Baumeister, R.F., Evil: Inside human violence and cruelty, New York: Freeman, 1997 • Bennett, C., Is amnesty a collective act of forgiveness?, Contemporary Political Theory 2, 2003 • Cehajic, S., Brown, R. J.,& Castano, E., Forgive and forget: Antecedents and consequences of intergroup forgiveness in Bosnia and Herzegovina, Political Psychology, 2008 • Cohen, S., States of denial: Knowing about atrocities and suffering, Oxford: Blackwell, 2001 • Cottam, M., Mastros, E., Preston, T., Dietz- Uhler, B., Introduction to Political Psychology, Routlege, New York, 2016 • Eisikovits, N., Transitional Justice, The Stanford Encyclopedia of Philosophy, Fall 2017 Edition, edited by Zalta, N. E., 2017 • Fassin, D., The Will to Punish, New York: Oxford University Press, 2018 • Gilligan, J., Violence: Reflections on a national epidemic, New York: Vintage Books, 1997 • Hampton, J., The retributive idea, in Murphy, J., and Hampton, J., eds. Forgiveness and Mercy, Cambridge: Cambridge University Press, 1988 • Hayner, P., Unspeakable Truths: Facing the Challenges of Truth Commission s, London: Routledge, 2001 • Hermann, M. G., Advice and advisers in the Clinton presidency: The impact of leadership style, in S. Renshon(Ed.), The Clinton presidency, 1995 • International Center for Transitional Justice, What is Transitional Justice?, 2022 224 • Jaspers, K., The Question of German Guilt, New York: Capricorn Books, 1961 • Kolnai, A., Forgiveness, in Ethics, Value and Reality. London: The Athlone Press, 1977 • Kritz, N. J.,(ed.), Transitional Justice: How Emerging Democracies Reckon with Former Regimes, Vol. 1. Washington, DC: United States Institute of Peace Press, 1995 • MacNair, R., Perpetration-induces traumatic stress: The psychological consequences of killing, New York: Author’s Choice Press, 2005 • Minow, M., Between Vengeance and Forgiveness: Facing History after Genocide and Mass Violence, Boston: Beacon Press, 1998 • Schaap, A., Political Reconciliation, Routlege, New York, 2005 • Staub, E., Reconciliation after genocide, mass killing, or intractable conflict: Understanding the roots of violence, psychological recovery, International Society of Political Psychology, 2006 • Teitel, R., Transitional Justice, Oxford: Oxford University Press, 2000 • Walen, A., Retributive Justice, The Stanford Encyclopedia of Philosophy, Summer 2021 Edition, edited by Zalta, N. E., 2021 • Weingarten, K., Common shock: Witnessing violence every day, New York: New American Library, 2004 • Zehr, H., The Little Book of Restorative Justicе, Good Books, 2002 1 Schaap, A., Political Reconciliation, Routlege, New York, 2005, p.12 2 Според Shaap, имено, логиката на реконсилијација да се наклонува кон едно„конечно решение” би ја довело политиката до нејзиниот сам крај. Во морална смисла, реконсилијацијата се однесува на враќање на оној којшто погрешил во заедницата. Меѓутоа, ако сакаме политички да ја замислиме реконсилијацијата, не можеме да ја претпоставиме како последица на заедницата, туку мора да ја признаеме како непредвиден исход на политиката. Schaap, 2005, p.8. 3 Види кај: Kritz, N. J.(ed.), Transitional Justice: How Emerging Democracies Reckon with Former Regimes, Vol. 1. Washington, DC: United States Institute of Peace Press, 1995; кај Minow, M., Between Vengeance and Forgiveness: Facing History after Genocide and Mass Violence, Boston: Beacon Press, 1998; и кај Teitel, R., Transitional Justice, Oxford: Oxford University Press, 2000 4 Schaap, op. cit, p.9-11 5 Staub, E., Reconciliation after genocide, mass killing, or intractable conflict: Understanding the roots of violence, psychological recovery, International Society of Political Psychology, 2006, p.868 6 Staub, op. cit., p.886 7 Cehajic, S., Brown, R.J.,& Castano, E., Forgive and forget: Antecedents and consequences of intergroup forgiveness in Bosnia and Herzegovina, Political Psychology, 2008 8 Види во: Hermann, M.G., Advice and advisers in the Clinton presidency: The impact of leadership style, in S. Renshon(Ed.), The Clinton presidency, 1995; и во Gilligan, J., Violence: Reflections on a national epidemic. New York: Vintage Books, 1997 225 9 Види во: Weingarten, K., Common shock: Witnessing violence every day, New York: New American Library, 2004 10 Види во: Hermann, M.G., Advice and advisers in the Clinton presidency: The impact of leadership style, in S. Renshon(Ed.), The Clinton presidency, 1995 11 Види во: Weingarten, op. cit. 12 Види во: Baumeister, R.F., Evil: Inside human violence and cruelty. New York: Freeman, 1997; Cohen, S., States of denial: Knowing about atrocities and suffering, Oxford: Blackwell, 2001; и во Staub, op. cit. 13 MacNair, R., Perpetration-induces traumatic stress: The psychological consequences of killing, New York: Author’s Choice Press, 2005; Staub, op. cit. 14 Cottam, M., Introduction to Political Psychology, Routlege, New York, 2016, p. 418-419 15 Kolnai, A., Forgiveness. In Ethics, Value and Reality, London: The Athlone Press, 1977, p.217 16 Hampton, J., The retributive idea, in Murphy, J., and Hampton, J.,(eds) Forgiveness and Mercy, Cambridge: Cambridge University Press, 1988, p.129 17 Schaap, op. cit., p.102 18 Hampton, op. cit, p.134 19 Schaap, op. cit., p.105 20 Види во: Jaspers, Karl, The Question of German Guilt, New York: Capricorn Books, 1961 21 Schaap, op. cit., p.110 22 Види во: International Center for Transitional Justice, What is Transitional Justice? 2022, достапно преку: https://www.ictj.org/about/transitional-justice 23 Eisikovits, N., Transitional Justice, The Stanford Encyclopedia of Philosophy, Fall 2017 Edition, Zalta., Н. Е.,(ed.), достапно на: https://plato.stanford.edu/entries/justice-transitional/#WarCriTri 24 Ibidem. 25 Ibidem. 26 Ibidem. 27 Ibidem. 28 Ibidem. 29 Hayner, P., Unspeakable Truths: Facing the Challenges of Truth Commissions, London: Routledge, 2001, p.24 30 Eisikovits, op. cit. 31 Види во Zehr, H., The Little Book of Restorative Justicе, Good Books, 2002 32 Walen, A., Retributive Justice, The Stanford Encyclopedia of Philosophy, Summer 2021 Edition, Zalta, N. E.,(ed.), 2021, достапно на https://plato.stanford.edu/entries/justice-retributive/ 33 Fassin, D., The Will to Punish, New York: Oxford University Press, 2018, p.47 34 Види во: Bennett, C., Is amnesty a collective act of forgiveness?, Contemporary Political Theory 2, 2003 35 Schaap, op. cit., p.106 226 XI  ПОГЛАВЈЕ 11  СОВРЕМЕНИ ПРЕДИЗВИЦИ Современиот свет станува сè понагласено: комплексен, поврзан и променлив, па оттука и предизвиците се многубројни. Без посебна елаборација на овие атрибути само ќе посочиме дека случувањата од последните две години, впрочем, на најпластичен начин ги доловува ат неговите карактеристики – комплексно поврзан, меѓузависен свет, кој подлежи на промена доколку е соочен со соодветно значаен, или испровоциран од соодветно голем настан. Агендата на тие современи предизвици, особено во делот на меѓународните односи е огромна, по барува трансдисциплинарен приод и, во најголем дел, интернационален ангажман и вклучува прашања коишто се однесуваат на: развој, мир и безбедност, човекови права, економија, енергија, здравство, развој на технологија, сиромаштија, климатски промени, миграции, и уште многу други: национални, регионални и меѓународни предизвици од кои секој заслужува соодветна анализа и препораки. Со оглед на ограничениот простор и во насока на врамување на намената на учебникот – да послу жи за студентите за политички студии, одбравме да посветиме внимание само на неколку од најголемите, истовремено директно поврзани со ге незата, а често и самите како подлога за развој на етнички конфликти – идентитетите и демократијата(и со нив најтесно поврзани прашања). Во деновите коишто претходеа на издавањето на овој учебник, све тот сведочеше за реотворање на парадигмата за„голема војна“, рето рички иницирана од сериозни центри на моќ на планетата. Поводот за враќањето на оваа парадигма е руско-украинската војна, од февруари, 2022 година. Несомнено е дека прогресивни сегменти од светската ци вилизација редовно кокетираат со идејата за живот на други планети, дека националната идентификација(а со тоа и етничката) станува пре 227 тесна за истиот тој дел од човештвото коешто дури и претендира да биде согледано како планетарно, па дури и како граѓанство на галаксијата на Млечниот пат(Brian Cox 1 ), и дека дискурсот за луѓето како мулти планетарни битија е веќе тука 2 . Но, за жал, исто така, неспорно е дека националните и етничките идентитети се покажаа како далеку позна чајни и пожилави од претпоставките и предвидувањата за развојот на човештвото во новиот милениум. Па, одново се отворија сите дебати, истражувања и анализи за тоа: како би изгледала некоја идна голема војна, која е иднината на светскиот поредок и меѓународната политика, како да се премости разликата во пораст на глобалниот север и глобал ниот југ, како да се минимизира разликата во стапката на раст меѓу за падот и истокот, и низа други детерминирачки(во насока на конфликт) прашања и проблеми на современиот свет. Одеднаш, навидум како спо реден настан на пандемијата која сè уште беснее, светот почна да ја кон темплира идејата дека таа, големата војна, не е предвидување на некои изолирани центри на знаење или разузнавачки претпоставки. Одговорот со осуда на огромно мнозинство држави беше: очекувана, посакувана и неопходна реакција, но тој во овие моменти не ја попречува можноста за големата војна. Напротив, сведоци сме дека забрзано се прават под готовки и се носат одлуки за вооружување, испорака на оружје и помош во политичка и безбедносна, покрај економската и хуманитарна смисла. Потенцијалниот глобален конфликт – третата светска војна, беше спо мената во релација со: слободата, демократијата, самоопределувањето и низа други круцијални концепти, а самиот конфликт беше покренат во име на„демилитаризација и денацификација на Украина 3 ”, како по треба за обезбедување на безбедноста на Русија. Последното, колку и да потпаѓа под политички говор во очи на воена кампања и да има апсурден призвук во конкретните околности, покажува дека наративите поврзани со идентитетите сè уште се важни, и мобилизираат акција и реакција. На оваа линија, се чини, зборуваше и Fukuyama во 2018 година кога покажа дека идентитетите сè уште се важни и дека луѓето може да бидат заведе ни од водачи кои им кажуваат дека биле предадени и непочитувани од постојните структури на моќ, и дека тие(луѓето) се членови на значај ни заедници чија величина ќе биде повторно признаена 4 . Слично како Callahan, кога во 2002 година подвлече дека визијата за иднината, меѓу другото, е поврзана со признавањето на одлучната улога што движењата за самоопределување и етничките конфликти ќе ја имаат во обликување то на светската политика 5 . 228 На работ на погорниот дискурс се отвори и прашањето за ев ропскиот идентитет 6 , како идентитет во изградба, и тоа во релација со политиката на проширување од една, и одбранбената политика од друга страна. Проширувањето беше покренато во однос на итните апликации за кандидатски статус на: Украина, Грузија и Молдавија, а одбранбената„пресвртница 7 “ во преземените мерки кои вклучија (меѓу другото) за првпат во историјата на ЕУ да се финансира купување и испорака на оружје и друга опрема во земја која е нападната. Низ вековите, границите на Европа беа преиспитувани, главно, во однос на нејзината географија и геополитика, и двете поврзани со дилемите вградени во сржта на европскиот идентитет: каде завршува Европа и кои се тие што треба да се сметаат за Европејци? Првата дилема ја прогонува Европа со векови поврзана, главно, со одредени ентитети – како Русија, Турција, и други, и е тесно поврзана со втората. Така, де батата се сведува на тоа – кој се смета за Европеец, а сегашните членки на Европската Унија се претпоставува дека се, без никакво сомневање, Европејци 8 . Затоа, она што е доведено во прашање е членството на другите погранични народи во надворешните граници на европскиот идентитет 9 . Додека поголемиот дел од контурите на Европа се опре делуваат со нејзините обемни морски брегови, историчарите тврдат дека разграничувањето на нејзината копнена граница бил долготра ен процес 10 , особено нејзината источна граница – границата со Азија. Според историјата, идејата дека Европа може, и треба да се протега и подалеку од Дон, сè до планините Урал и реката Урал, била промови рана кон крајот на XVIII век и широко прифатена еден век подоцна како резултат на подемот на Руската империја. Сепак, според Дејвис, идејата беше, исто така, критикувана во голема мера, особено од ана литичките географи, како Рејнолд, кој зборуваше за Русија како гео графска антитеза на Европа 11 . Дејвис, исто така, посочуваше дека падот на руската моќ може да предизвика ревизија што ќе резултира со, т.н., „Европа на плима и осека“, чии граници се одливаат и протекуваат 12 . Европската историја е исполнета со наративи за војна и мир. Сепак, како никогаш досега, за време на Студената војна границите беа толку јасни, а бариерите, кои разграничуваа два различни дела на континентот, толку постојани 13 . Парадигмата на Студената војна доминираше во поли тичкиот простор на континентот, бидејќи, како што подвлекува Рејнолдс, повоена Европа стана арена на спротивставени идеологии, како и сили 14 . Со децении, Европа беше поделена на два блока коишто беа заглавени во 229 позиции на„одвраќање“ во недоглед 15 , а новоподигнатиот ѕид во градот Берлин стоеше како најодбивен симбол на поделбата на Европа 16 . Бер линскиот ѕид беше повеќе од архетипска претстава на политичка граница којашто одвојува два посебни ентитети и два различни идентитети. Тој беше дел од, таканаречената,„Железна завеса“ што беше повлечена од Балтикот, до Јадранското Море, како неприродна одбранбена бариера што ги дели капиталистичкиот Запад и комунистичкиот Исток. Ѕидот стоеше поставен од 1961 до 1989 година, а неговиот познат граничен премин на, таканаречениот, контролен пункт Чарли, стана симбол на високочуваната бетонска бариера што го делеше не само Берлин, туку и континентот, физички и идеолошки. Контролниот пункт се наоѓаше во американскиот сектор кај Берлинскиот ѕид во Западна Германија. Неговата ексклузивност беше заснована врз фактот дека тој беше един ствениот премин достапен за оние кои не се Германци и, истовремено, беше опремен и управуван од американската, британската и француската воена полиција. На некој начин, контролниот пункт Чарли беше оли цетворение на една видлива претстава за можен премин преку Ѕид кој еманираше политичка идеологија 17 . Потоа, во 1989 година, Европа до живеа„преродба на историјата“. Имено, според Рејнолдс, 1989 година и промената што ја донесе за континентот ја прават исто толку значајна во европската историја како 1789 година 18 . Ерата на Студената војна заврши со колапс на еден од блоковите и еден од протагонистите и повторно поч на да станува значајно да се зборува за Европа како единствен ентитет 19 . Денес, таа Европа се наоѓа соочена со најголемиот предизвик по нејзината безбедност од основањето, но и со видно реотворање на нај големата дилема од самиот почеток – каде се границите на Европа, или поконкретно – кој сè е дел од Европа? Последното, всушност, е исклучително важно прашање и процес што го следат низа потпредизвици, меѓу кои е и судбината на проши рувањето и, особено, интеграцијата на земјите коишто се веќе канди дати. Некои од нив имаат децениска посветеност на процесот, и сама та цел – евроинтеграцијата ја детерминира целокупната политичка динамика. Кај некои од нив, за жал, поддршката опаѓа и, всушност, прашање на време е, или клучен момент кога таа ќе стане незначајна. Во оваа смисла се и предизвиците поврзани со иднината на земји те-кандидати од Западен Балкан(особено што со Република Северна Македонија?), што со иднината на односите Турција – ЕУ, каква ќе биде релацијата Србија – ЕУ, дали БиХ и Косово може да се надеваат 230 на напредок во однос на евроинтегративниот процес, итн. Кај некои од овие држави, прашањето за евроинтеграција е во блиска релација и сооднос со националните идентитети и го допира проблемот на мошне специфичен начин – како кај Р. Северна Македонија и врзувањето на промената на името со ветување за отворање на преговорите, или како кај Турција 20 која после долги децении на републиканизам, неколку децении чекање пред вратата на европската заедница, сега под закри ла на авторитарен режим, е соочена со огромен предизвик за нејзината улога и место во Европа. Сама по себе политиката на проширување нема потенцијал за генерирање на конфликт, но нејзиното отсуство, или поконкретно отсуството на решенија за погоренаведените пра шања може да биде контекст којшто ќе генерира повод на потенција лен конфликт. Се разбира, потенцијалот за конфликти(ненасилни и насилни) како резултат на идентитети на европскиот континент се да леку побројни од споменатите. Тие вбројуваат и прашања поврзани со: безбедноста, стабилноста, економијата, и цела низа на други, од кои значаен дел беа елаборирани или споменати во претходните поглавја. Не толку одамна, Rosanvallon 21 зборуваше за годините на, т.н., прва глобализација(која траеше во периодот од 1880 – 1900 година, деце нии кои се поклопуваат и со еден од најголемите развојни периоди на САД, т.н., Gilded Age) и посочи дека растот на национализмот и про текционизмот проследени со ксенофобични ставови придонесе некои да ги понудат принципите на идентитет и хомогеност како одговори на социјалните прашања. Според него, сега се повторно со нас: на ционализмот, протекционизмот, ксенофобијата. Mendel 22 смета дека станува збор за навраќање(или вртење наназад, односно U-turn), што како теоретска расправа е застапена и кај Bauman 23 (како современо враќање наназад), кој смета дека влијанието на ова свртување е вид ливо и очигледно почувствувано на секое ниво на социјална кохаби тација. Опишувајќи го како парадигматичен принцип на модерниот свет, тој го нарекува ретротопија. Ретротопијата, всушност, е утописко согледување, но во обратна насока, бидејќи таа расте од утопијата, но се фокусира на минатото. Според Mendel, денес може да зборуваме за ретротопична структура на колективната меморија, меморија која е простор исполнет со сегашноста која ја фабрикува важноста на тоа што е минато 24 . Оваа продукција, може да валидира и донесе поглед раз личен од социјалните практики, вклучувајќи и деструктивни погледи кои можат да ги демонтираат демократските основи на општествено 231 то живеење. Се разбира, постојат низа примери и подеднаков број на предизвици коишто укажуваат на тоа. Низ страниците на овој учебник беше посветено соодветно внимание на сите позначајни аспекти на ет ничките конфликти. Во неколку наврати, преку различни контекстуа лизации беше елаборирана поврзаноста на демократијата и етничките конфликти. И, иако е непредвидлива иднината на демократијата, во онаа смисла во која Фукујама зборуваше во„Крајот на историјата и последниот човек“ 25 или, пак, кога Runciman зборуваше за тоа како де мократијата ќе заврши(а не за крајот на демократијата) 26 , таа сè уште ја има главната улога на политичката сцена во: вредносен, политички, социјален, економски, но и во специјален контекст. Еден од најголемите предизвици во оваа смисла е популизмот. Име но, во последните децении, повеќето од националистичките партии за зедоа етнопопулистичка форма – или она што популарно се нарекува популистичка радикална десница. Иако повеќето екстремно-десничар ски партии не го зголемија вкупниот дел од гласовите во нивните земји, тие, сепак, не ретко учествуваат во владите ширум светот. Дополнител но, се чини дека етнопопулистичките(или авторитарните популистич ки) дискурси се попривлечни токму во екот на глобални и национални кризи. Сепак, да ја парафразираме Jenne, етнопопулизмот не го зафаќа секое општество, ниту, пак, едно исто општество не може да биде зафа тено од популистички бран постојано 27 . Имено, за време на периоди на зголемена несигурност, се јавуваат токму такви политички агенти кои нудат политики на„групна пристрасност”, па така, политичките лиде ри кои се залагаат за исклучување на оние кои се перципирани како материјална или егзистенцијална закана за народот, имаат тенденција да уживаат значителна популарност во такви времиња. Или, како што велат Cheeseman и Larmer, етнопопулистичките стратегии се поодржли ви кога, меѓу другото, лидерите се способни да артикулираат заеднички наративи за исклучување(ексклузија) 28 . Консеквентно, етнопопулисти те кои ќе добијат пристап до државна власт, имаат и тенденција да пот тикнуваат параноја и дехуманизација насочена спрема надворешните групи(out groups) 29 . Според Jenne 30 , националистичките политичари користат симболи за да го мобилизираат населението против странски или домашни закани поврзани со етносот(на пример, поддршката на Москва за руските сепаратисти во Донбас и Крим; или поддршката на Белград за Србите во Косово и Босна во 1990-тите). Mendel, пак, ја на ведува антиисториската реторика како подбивање на конструктивното 232 историско знаење и продолжува да носи популарност на лидери, како: Трамп, Орбан, Качински. Првиот тоа успешно го правеше преку док трината за„Make America Great Again!” Вториот – Орбан оперираше преку стравови покренати од визии за имагинарното минато, а трети от Качински ги охрабруваше Полјаците да ја напуштат„националната микроманија“ и да бидат повеќе горди како Полјаци, кои се историски подготвени да направат големи работи 31 . Дополнителен предизвик, кој се надоврзува на претходниот, се од несува на медиумите, и особено на медиумската писменост и улогата на медиумите. Медиумите се комуникациски пунктови или алатки кои се користат за складирање и доставување: вести, информации или подато ци; тие се средства и канали за: општа комуникација, информации или забава во општеството. Но, неретко, популистите ширум светот ги осу дуваат независните медиуми коишто традиционално се сметаат за цен трални елементи на либералната демократија. Mazzoleni 32 наведува дека кај најпознатите случаи на популистички феномени во Европа, може да се воочи дека популистичките лидери и движењата често се потпираат и на некој вид„медиумско соучесништво“ во тој процес. Во многу случаи, европските медиуми се чини дека придонеле за легитимирањето на пра шањата, клучните зборови и стиловите на комуникација што се типични за популистичките лидери. Со други зборови, медиумите, намерно, или не, може да послужат како моќни алатки за мобилизација за попули стички цели 33 . Таков е примерот, за жал, и со Република Македонија (денес, Северна Република Македонија), која искуси авторитарно попу листичка епизода, која не ги изостави овие лукративни релации(меѓу медиумите и авторитарните популисти) 34 . Дополнително, Manucci 35 на ведува дека медиумите имаат капацитет да ги привилегираат конфлик тите и негативностите, кои, пак, поттикнуваат политичко отуѓување и цинизам, со што се обезбедува плодна почва за популистички пораки. Од друга страна, изолирањето на одредени медиуми од страна на постојниот претседател на САД – Обама, и случајот со Fox News, преку игнорирање на медиумот, беше, исто така, реалност цели две години. Или, исто така, беа реалност забраните проследени со повик за изола ција, односно прекин на употреба за социјални медиуми од страна на друг постоен претседател на САД – Трамп во однос на Твитер и Фејз бук – оценети како левоориентирани или продемократски, па дури и креирање на друга, нова, понаклонета платформа. Преференцијата на одреден сет, или конкретен медиум, е пракса дури и на најразви 233 ените демократии, што зборува многу и за самата улога на медиуми те, за политичката пракса, но и за кредото на демократијата. Тука не смее да се заборави и улогата на социјалните мрежи во политичка мобилизација која нужно не е покрената или поттикната од страна на политички актери или групи. Имено, Fukuyama 36 со право подвле кува дека е огромна нивната улога во фрагментацијата на либерал ните општества преку играње на картата на идентитетски групи. Тие, според него, успешно поврзуваат луѓе коишто слично размислуваат, ослободени од тиранијата на географијата во, т.н.,„филтер балони“. Поткопувањето на традиционалните уредувачки структури(уредници, проверувачи на факти, професионален код) фасилитира циркулација на лоши информации и намери за оцрнување на политички против ници. Анонимноста, според него, како да ја отстрани пристојноста, но уште повеќе, таа ги поддржа општествата да се согледаат во етничка смисла и промовираше нови идентитети преку онлајн заедниците. Последното се надоврзува со предизвикот кој произлегува од пан демијата. Таа, исто така, произведе исклучувачки етнонационализам, генерирајќи нативистички, медицински предрасуди кои ги оправдуваа ограничувањата, често упатени кон различни групи. Така, и Ковид-19 беше конфигуриран како странска закана, дури и во земји коишто веќе се соочуваат со широко распространето пренесување во внатрешноста на нивната заедницата. Според Dyer 37 , со самото појавување на вак цините порасна и„вакциналниот национализам“ бидејќи владите се натпреваруваа да бидат меѓу првите што ќе развијат вакцина што би можела да ја заштити нивната нација. Избувнувањето на Ковид-19, имено, послужи како плодна мобили зациска почва за етнонационалистичките популистички или етнопо пулистички движења. Етнопопулизмот ја привилегира политичката подгрупа на етнонационално доминантната група – која се претста вува како да е„вистинското“ национално јадро. Етнопопулистите ве туваат дека ќе го заштитат народот од непријателски елити и„непри падниците” на дадената нација, за кои се верува дека конспирираат во правец да го поткопаат етнополитичкото јадро. Во етнопопулистички от светоглед, вистинската„автентична“ суверена заедница се протега само, или првенствено на одредена политичка или социјална подгрупа од доминантната етнополитичка група –„народот“, кој е подгрупа на „нацијата“. И, не случајно, впрочем, конспиративните теории поврза ни со пандемијата беа топ тема последниве две години. 234 Доналд Трамп може да се смета за школски пример за етнопо пулизам за време на пандемијата со коронавирусот. Поранешниот претседател нагласено и постојано го нарекуваше Ковид-19 како„ки нески вирус“, а истовремено, го минимизираше ризикот и штетите од вирусот. Други слични примери посведочивме во: Бразил(со прет седателот Болсонаро), Италија, Франција, Германија и пошироко, каде десничарските лидери, партии или групи упатија низа критики против либералните националистички влади – повикувајќи на посил ни мерки за lockdown против недомородните групи(како лидерката на Националниот митинг, Марин Ле Пен), отфрлајќи ги советите на научниците, и инсистирајќи да се укинат мерките за lockdown и за должителноста за носење маски(Vox во Шпанија и Алтернатива за Германија во Германија), наведува Wojczewski 38 . А, бевме сведоци и на поинакви пристапи, како оние на германската канцеларка Меркел и премиерката на Нов Зеланд, Ардерн, кои применија либерален наци онализам, кој дава научно заснован, технократски, либерален пристап што ја проширува заштитата на целата нација. Се разбира, листата на предизвици не завршува тука, а последните случувања покажуваат дека некои концепти во однос на глобалниот светски поредок ќе треба одново да се: обмислат, балансираат и преоб ликуваат за да бидат соодветни на постојната, односно идната состојба. За многу нешта ќе треба да се најдат брзи и сеопфатни решенија, а некои расправи неминовно повторно ќе го окупираат светот. Едно е сигурно, светот не е, и нема веќе да биде ист после февруари, 2022 година. За размислување:  Наведете ги предизвиците на современото живеење кои може да имаат влијание врз меѓународните односи!  Обидете се да ја димензионирате улогата на идентитетите во меѓународните односи!  Постои ли потенцијал за промена на постојниот светски поредок под влијание на етнички конфликти?  Размислете кои се најсериозните предизвици поврзани со регионот на Западен Балкан! 235 БИБЛИОГРАФИЈА • Bauman, Z., Retrotopia, Cambridge-Malden: Polity Press, 2017. • Callahan, D., The Enduring Challenge: Self Determination and Ethnic Conflict in the 21st Century, Carnegie Corporation of New York, New York, 2002 • Cheeseman, N.,& Larmer, M., Ethnopopulism in Africa: opposition mobilization in diverse and unequal societies, Democratization, 2013 • Chupeska, S., A., Authoritarian Populism Mediated- The Case of Macedonia, Annuaire of the Iustinianus Primus Law Faculty, vol. 57, Skopje, 2018 • Davies, N., Europe-A History, London: Pimlico, 1997 • Dyer, O., Covid-19: Trump sought to buy vaccine developer exclusively for US, say German officials, BMJ 2020; 368: m1100, doi:10.1136/bmj. m1100 • Fukuyama, F., Identity: The Demand for Dignity and the Politics of Resentment, Farrar, Straus& Giroux, 2018 • Jenne, K. E., Is Nationalism or Ethnopopulism on the Rise Today?, Ethnopolitics, Taylor& Francis Group,2018 • Making Life Multiplanetary, SpaceX, 2017, https://www.spacex.com/ media/making_life_multiplanetary_transcript_2017.pdf • Manucci, L., Populism and the Media, in The Oxford Handbook of Populism, Oxford University Press, 2019 • Marshall, T., The Age of Walls: How Barriers Between Nations are changing or World, New York: Scribner, 2018 • Mazzoleni G., Populism and the Media, in: Albertazzi D., McDonnell D.(eds) Twenty-First Century Populism. Palgrave Macmillan, London, 2008 • Mendel, M., The spatial ways democracy works: On the pedagogy of common places. Why, why now?, Research in Education 2019, Vol. 103(1) 5–18 • Pavković A., Constructing a European Identity: Problems of Supranationalism. in Why Europe? Problems of Culture and Identity, edited by Andrew J., Crook M., Waller M., London: Palgrave Macmillan, 2000, https://doi.org/10.1057/9780333983065_10 236 • Rosanvallon, P., The Society of Equals(A. Goldhammer transl.), Cambridge, MA& London: Harvard University Press, 2013 • Runciman, D., How Democracy Ends, Profile Books, London, 2019 • Statement on further measures to respond to the Russian Invasion of Ukraine, Ursula von der Leyen, Twitter • Universe, Brian Cox, BBC Earth, https://www.bbcearth.com/shows/ universe • Wojczewski, T., Conspiracy Theories, Right-Wing Populism and Foreign Policy: The Case of the Alternative for Germany, Journal of International Relations and Development, 2021 • Рајчиновска – Пандева, И., Европскиот идентитет и парадигмата на Тврдината Европа, Политичка Мисла, број 63, јануари, 2022 година, Скопје • Рајчиновска – Пандева, И., Турција – националниот идентитет и евроинтеграцијата, Докторска дисертација, Правен факултет„Ју стинијан Први“ – Скопје, 2013 година • Русија ја нападна Украина, Путин започна војна за„демилита ризација“ на соседот, DW, 24.2.2022, http://www.dw.com/mk/ру сија-ја-нападна-украина-путин-започна-војна-за-демилитариза ција-на-соседот/a-60898121 • Фукујама, Ф., Крајот на историјата и последниот човек, Култура, 1994, Скопје 1 Види во научната серија: Universe на проф. д-р Брајан Кокс на BBC Earth, https://www. bbcearth.com/shows/universe 2 Making Life Multiplanetary, SpaceX, 2017, https://www.spacex.com/media/making_life_ multiplanetary_transcript_2017.pdf 3 Станува збор за обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин на 24.2.2022. Види кај: Русија ја нападна Украина, Путин започна војна за„демилитаризација“ на соседот, DW, 24.2.2022, http://www.dw.com/mk/русија-ја-нападна-украина-путин-започна-војна-за-демилитаризација-на-соседот/a-60898121 4 Fukuyama, F., Identity: The Demand for Dignity and the Politics of Resentment, Farrar, Straus& Giroux, 2018 5 Callahan, D., The Enduring Challenge: Self Determination and Ethnic Conflict in the 21st Century, Carnegie Corporation of New York, New York, 2002 6 Види повеќе кај: Рајчиновска – Пандева, И., Европскиот идентитет и парадигмата на Тврдината Европа, Политичка Мисла број 63, јануари, 2022 година, Скопје 7 Според зборовите на Фон дер Лајен при објавувањето на мерките, 27.2.2022 година, 237 Statement on further measures to respond to the Russian Invasion of Ukraine, Ursula von der Leyen, Twitter 8 Pavković A., Constructing a European Identity: Problems of Supranationalism, in Why Europe? Problems of Culture and Identity, edited by Andrew J., Crook M., Waller M.(London: Palgrave Macmillan, 2000). https://doi.org/10.1057/9780333983065_10 9 Ibidem. 10 Davies, N., Europe-A History, London: Pimlico, 1997, p. 8. 11 Ibidem. 12 Ibidem, p.9. 13 Reynolds, op. cit., 282. 14 Ibidem, p.284. 15 Ibidem, p.282. 16 Ibidem, p.301. 17 Marshall, T., The Age of Walls: How Barriers Between Nations are changing or World,(New York: Scribner, 2018), p.15. 18 Reynolds, op. cit., p.302. 19 Ibidem, p.302-303. 20 Види повеќе кај: Рајчиновска – Пандева, И., Турција – националниот идентитет и евроинтеграцијата, Докторска дисертација, Правен факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, 2013 година 21 Rosanvallon, P., The Society of Equals(A. Goldhammer transl.), Cambridge, MA& London: Harvard University Press, 2013, p.13 22 Mendel, M., The spatial ways democracy works: On the pedagogy of common places. Why, why now? Research in Education 2019, Vol. 103(1) 5–18, p.6. 23 Bauman, Z., Retrotopia, Cambridge-Malden: Polity Press, 2017, p.6-7. 24 Mendel, op. cit. 25 Фукујама, Ф., Крајот на историјата и последниот човек, Култура, 1994, Скопје 26 Runciman, D., How Democracy Ends, Profile Books, London, 2019 27 Jenne, K. E., Is Nationalism or Ethnopopulism on the Rise Today?, Ethnopolitics, Taylor& Francis Group, 2018 28 Cheeseman, N.,& Larmer, M., Ethnopopulism in Africa: opposition mobilization in diverse and unequal societies, Democratization, 2013 29 Jenne, op. cit. 30 Ibidem. 31 Mendel, op.cit. 32 Mazzoleni G., Populism and the Media, in: Albertazzi D., McDonnell D.(eds) Twenty-First Century Populism. Palgrave Macmillan, London, 2008 33 Ibidem. 34 Види повеќе кај: Chupeska, S., A., Authoritarian Populism Mediated – The Case оf Macedonia, Annuaire of the Iustinianus Primus Law Faculty, vol. 57, Skopje, 2018, каде се елаборирани формите на медиумското популистичко соучесништво. 35 Manucci, L., Populism and the Media, in The Oxford Handbook of Populism, Oxford University Press, 2019 36 Fukuyama, op. cit. 37 Dyer, O., Covid-19: Trump sought to buy vaccine developer exclusively for US, say German officials, BMJ 2020; 368: m1100, doi:10.1136/bmj.m1100 38 Wojczewski, T., Conspiracy Theories, Right-Wing Populism and Foreign Policy: The Case of the Alternative for Germany, Journal of International Relations and Development, 2021 238 CIP- Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека"Св. Климент Охридски", Скопје 316.48:323.1]:327(075.8) РАЈЧИНОВСКА Пандева, Ирена Етнички конфликти во меѓународните односи/ Ирена Рајчиновски Пандева, Ана Чупеска.- Скопје: Фондација"Фридрих Еберт"- канцеларија Скопје, 2022.- 238 стр.: илустр.; 24 см Фусноти кон главите.- Библиографија кон главите ISBN 978-608-270-005-2 1. Чупеска, Ана[автор] а) Етнички конфликти-- Меѓународни односи-- Високошколски учебници COBISS.MK-ID 57463045 Земајќи предвид дека етничките конфликти и меѓународните односи се меѓусебно испреплетени на повеќе нивоа и на повеќе локации, учебникот, вешто ги сублимира фундаменталните нивни точки на ко-егзистенција – како на академско, така и стручно ниво. Несомено, на студентите на политичките студии, ќе им понуди професионален и релевантен светоглед, ќе ги поттикне и на критичко промислување на стрварноста, а исто така ќе ги стимулира кон изнаоѓање на решенија за глобалните, регионалните, и националните состојби и предизвици. Убеден сум дека учебникот„Етнички конфликти во меѓународните однооси“ е еден еманципаторски подвиг, особено што е прв учебник од овој вид(наменет пред се за постдипломците на политичките сутудии), и дека како таков ќе поттикне и особен интерес како пред студентската и академската јавност, така и кон пошироката јавност. Проф. д-р Сашо Георгиевски Книгата„Етничките конфликти во меѓународните односи“ од авторките проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева и проф. д-р Ана Чупеска, претставува еден концизен, сеопфатен, модерен учебник, кој на вешт начин ги спојува теоретските и практичните аспекти на материјата. Книгата дава детален, а истовремено јасен увид во интернационализацијата на етничките конфликти, како и предизвиците кои тие ги претставуваат и за домашното и за меѓународното општество. Структуирана е на начин кој дава преглед на разновидната теоретска рамка, спојувајќи ја со бројни студии на случаи кои ги илустрираат, но и претставуваат основа на теоретските концепти. Проф. д-р Јулија Брсакоска Базеркоска ISBN 978-608-270-005-2