Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Набавки 3.3 Препораки за имплементација на C2C Што можат да направат вработените во сектори­те за јавни набавки при општините за да ги усо­гласат јавните набавки со принципите С2С? 3.3.1 Брзо и лесно за имплементација Стандардизирање на документите за набавки(на пр., со алатки за е ­набавки) , Интегрирање на C2C како карактеристика за квалитет во понудите , Потребни услуги за тендерот или права за долгорочно користење наместо стекну­вање сопственост со последователни тро­шоци , Спроведување на тендери со фиксна цена, при што најдобриот C2C квалитет ќе го добие договорот. Почеток со мали чекори. Не е потребно целата општина да се претвори во C2C на почеток, туку доволно е примена на овој концепт само кај поединечни групи произ­води со постепено преминување кон долго­рочни C2C набавки. Многу производи, како што се средствата за чистење, веќе се достапни со C2C квалитет(на пр. , средства за чистење од органско потекло) . 14 При истражување на пазарот да се бараат производи сертифицирани со C2C кори­стејќи ја базата на податоци на Институтот за иновации на производите одCradle to Cradle или производи со повисоки еколош­ки стандарди, доколку С2С не се достапни за увоз во С Македонија. Исто така, може да се користат онлајн алатки како што се пребару­вачот на ознаки за квалитет од Kompass Nachhaltigkeit, мапата на стандарди од Меѓународниот трговски центар или веб-страницатаLabel-Online за достапно­ста на вакви производи. Практичен пример: Услуга за изнајмување крпи за чистење од градот Лудвигсбург Не се користат плетени ткаенини кои мора да се отстранат како опасен отпад, Извалканите крпи се собираат и чистат, Водата за перење може да се рециклира и повторно да се употреби повеќе пати, Се горат само испраните остатоци, Се испорачуваат чисти крпи. 14 Види ја базата на податоци на Институтот за иновации на производи според принципот C2С: https://c2ccertified.org/certified­products 20