Градежно планирање и планирање на користење на земјиштето 4.1.2 Разбирање на колегите ШТО СЕ ГИ ЗАСЕГА СЕКТОРИТЕ ЗА УРБАНИЗАМ ИЛИ СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПЛАНИРАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО И ГРАДЕЖНИШТВО ВО ОПШТИНИТЕ? Општинските сектори за урбанизам се одговорни за градежни проекти на јавни згради(вклучувајќи училишта и административни згради), како и за изградба на патишта и канализации, зелени површини и управување со имот(отворени простори). Државните институции и локалните самоуправи се најголемите клиенти за целиот градежен сектор. Во Германија , на пример , дури 30 % од приходите на индустријата се генерирани од јавна градба. Поради високата потрошувачка на ресурси, потрошувачката на енергија и емисиите во градежниот сектор, општините имаат значителна предност при носењето одлуки за градба. На тој начин, наместо да предизвикуваат штета за животната средина и здравјето на луѓето, можат да создадат додадена вредност со јавните згради, особено ако претпочитаат високи еколошки стандадри како во случајот на С2С. ПРЕДИЗВИЦИ НА ОПШТИНСКИТЕ СЕКТОРИ ЗА УРБАНИЗАМ • Зголемена побарувачка на простор за домување и работа во урбаните средини , • Зголемени трошоци за набавка, материјали и изградба на згради , • Преоптовареност со разноразни регулативи (на пр., стандарди кои делумно се преклопуваат или се контрадикторни едни со други) , • Недостаток на јасност или споредливост на бројните постоечки сертификати(на пр ., во Германија тоа се DGNB, BNB или LEED) и применливи алатки(на пр., проценки на животниот циклус(LCA) или економски анализи на животниот циклус(LCC)) , • Еднодимензионални функционални цели . 4.1.3 Зошто C2C е убедливо значаен овде? Со следниве аргументи, може да се убедат вработените во секторите за урбанизам во општините за значењето на С2С концептот и неговата имплементација во нивната работа, а особено при носењето одлуки за користење на земјиштето и градба. ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКА ЗА ПРОСТОР ЗА ДОМУВАЊЕ И РАБОТА Со зголемената побарувачка за простор за домување и работа, како и зголемувањето на барањата за суровини, традиционалните мерки за ефикасност повеќе не се доволни. Во таков случај, модуларна конструкција со рециклирачки материјали е можниот одговор. Градежните материјали се користат на модуларен начин, што ги прави расклопливи и повторно употребливи. Особено во централните средини каде потребите и барањата за зградите брзо се менуваат. Модуларната конструкција лесно може да трансформира канцеларија во стан или училиште. Употребата на рециклирачки материјали значи дека не се трошат градежни материјали. 24
Druckschrift
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten