Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Образование и култура 6.2.2 Зошто C2C е убедливо значаен овде? Со следните аргументи може да се убедат прет­ставниците на секторот за култура дека вреди да го интегрираат C2C во нивната работа: ПРОМОВИРАЊЕ НА КУЛТУРНА РАЗНОВИДНОСТ C2C тргнува од претпоставката дека култура­та е неопходна за квалитетна и жива иднина, бидејќи културата е она што нè прави луѓе . Потребни ни се концерти, театарски претстави и настани во сета нивна културна разновид­ност . Промовирањето на оваа разновидност е суштински дел од C2C-филозофијата . C2C КАКО ПОЗИТИВЕН КУЛТУРЕН ПРИСТАП C2C не се стреми само конпомалку штетно влијание , туку напротив кон остварување на позитивно влијание. Ваков пристап совршено ѝ одговара на културната сфера: и C2C и културата влеваат радост, мотивираат и инспирираат луѓе на позитивни дејства . КУЛТУРАТА КАКО ДВИГАТЕЛ НА ПРОМЕНИ C2C и културата предизвикуваат промени: културниот сектор се одликува со креативност и иновативност идеални услови за поттикнување на трансформација.(Големи) културни настани имаат голем потенцијал да станат тест ­полиња за иновации со позитивен отпечаток и на тој начин да се претворат во реални лаборатории на иднината . 6.2.3 Препораки за делување според C2C БРЗО И ЛЕСНО ПРИМЕНЛИВИ ИДЕИ Печатење на материјали за јавни културни институции(библиотеки, туристички бироа, изложбени простори, музички/театарски/ танцови школи и сл.) според C2C-стандар­дот: набавка на постери, програми, влезни­ци, флаери и комуникациски материјали изработени по принципите на Cradle to Cradle. Промовирање на користењето јавен пре­воз : 𐄙 Организирање фестивали и настани на локации лесно достапни со јавен пре­воз , 𐄙 Вклучување бесплатен билет за јавен превоз во цената на влезницата(во соработка со железници или локални транспортни оператори) , 𐄙 Паркинг местата за автомобили да бидат резервирани само за лица со попреченост , 𐄙 Тестирање иновации за време на кул­турни настани . Вклучување социјални аспекти: Пристап­ност за лица со попреченост, достапна вода за сите,освестени-концепти за безбедност и благосостојба на сите присутни, промо­ција на социјална и културна разновидност . 50