8.3 Позитивен пристап во комуникацијата Комуникацијата е клучна за: • Да се направат видливи локалните иницијативи и акции за климатска и ресурсна заштита , • Да се вклучат граѓаните и да се направат политичките мерки разбирливи и транспарентни . Маркетинг-алатки како логоа или слогани можат да помогнат во комуникацијата и да го направат општинскиот ангажман и вмрежувањето со други општини и организации повидливо. Позитивниот пристап на Cradle to Cradle нуди одлична можност за позитивна јавна комуникација на климатската и ресурсната заштита, без морализирање. 8.4 Вклучување на врвот на администрацијата Вклучувањето на општинското раководство и политичарите(на пр. членови на општинскиот совет, градоначалникот и сл.) е клучно, зашто тоа дава политичка поддршка на административниот кадар. Особено при изработка на стратегија за одржливост или одржлив буџет, политиката мора да биде вклучена од самиот почеток. Политичари од сите демократски партии треба да бидат дел од управувачката група, а стратегијата треба да биде вградена во официјални одлуки, за да може реално да се спроведе. 63
Druckschrift
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten