Druckschrift 
So konceptot "lulka do lulka" do klimatski i resursno-pozitiven pristap pri kreiranje na lokalnite politiki : priračnik za opštinite "Lulka do lulka"
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Eпилог 9. Eпилог " Сега мораме радикално да размислуваме поинаку, но и тука целосно се согласувам со Cradle to Cradle мораме тоа да го поврземе со квалитетот на животот. Дирк Меснер, претседател на Сојузната агенција за животна средина на Германија, на LAB Talk на 24.9.2020 г. Лулка до лулка не е утопија! Сите претходни примери покажуваат дека C2C веќе денес нуди многубројни практични можности за примена во општинската администрација. Благодарение на сеопфатниот пристап на C2C, постојат кон­кретни мерки за секое административно поле, кои можат да придонесат за унапредување на C2C на локално ниво . Оваа холистичност на C2C можеби на прв поглед изгледа обемно или комплицирано. Но, за почеток не мора веднаш целата администрација да се трансформира по C2C-принципите. Вреди да се започне со мали чекори, бидејќи и мали промени можат да пре­дизвикаат значајно влијание. Со C2C, општините можат да бидат пионери, да поттикнат иновации и, во контекст на идните политички регулативи, да се позиционираат како визионерски акте­ри во правец на циркуларна економија . Кога општините еднаш ќе започнат да го интегрираат C2C, следните чекори стануваат сѐ полесни. На тој начин, C2C може да прерасне во водечка на­сока за долгорочен и одржлив општински раз­вој . Општините кои сакаат да дознаат повеќе за C2C и се заинтересирани за размена на искуства со други ангажирани локални актери, се топло по­канети да се приклучат на мрежата C2C региони . Тимот за локален развој на C2C NGO е достапен за сите прашања и со задоволство ќе оствари контакт со општини инспирирани од C2C како и со оние што допрва сакаат да тргнат по тој пат . МРЕЖА C2C РЕГИОНИ Мрежата Cradle to Cradle региони е наменета за сите општински актери, претпријатија и организации кои сакаат да го воведат C2C како севкупен концепт и активно да придонесат за создавање на позитивен еколошки отпечаток во нивната општина. Мрежата го поттикнува активниот дијалог и размена на искуства меѓу членовите преку мрежни средби и работилници и нуди знаење и практична поддршка за примена на C2C во локалниот развој. Mehr Infos: c2c-regionen.org Kontakt: regionen@c2c.ngo 64