ПРЕДГОВОР Со оваа студија за очекувањата на младата генерација на возраст помеѓу 18 и 30 години, Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот за демократија“Societas Civilis“ Скопје сакаат да пополнат една празнината што постои во научното истражување на јавното мнение во Република Македонија. Иако постојано се прават многу корисни испитувања за мислењето и за очекувањата на населението во Македонија, кои диференцираат според етничката припадност и полот, возраста и географската структура, сепак, досега не постоела репрезентативна анкета за очекувањата и за мислењето на младата генерација, односно на оние кои ја претставуваат иднината на Република Македонија. Зошто е важно да се прашаат токму претставниците на младата генерација како тие ги восприемаат состојбите и развојот во Република Македонија? Одговорите на прашањата за нивното восприемање на општата состојба, за економијата и миграцијата, за образованието и за меѓународните односи ја прикажуваат деталната слика за начинот како младата генерација ја гледа својата држава, прикажувајќи ги едновремено и можностите кои младите ги гледаат за својата иднина во дадените околности. Оваа возрасна група ја претставува генерацијата на оние кои особено го очекуваат спроведувањето на политичките, општествените и економските реформи, но и на оние кои најмногу и временски најдолго ќе бидат засегнати од нив – доколку останат во Република Македонија. Тоа значи дека стабилни меѓуетнички односи, добри регионални и меѓународни односи, конкурентно способен образовен систем и економски реформи, кои треба да гарантираат стабилен развој, ќе одлучуваат за тоа дали и колку млади и трудољубиви, но едновремено и сеуште идеалистички луѓе ќе сакаат и ќе можат да се ангажираат во својата земја за нејзиниот развојот. Очекувањата, прикажани во студијата, ќе бидат индикатор за политичарите од сите партии за она, што оваа генерација очекува од нив, во кои области гледа особена потреба од реформи и во која насока ќе треба да се оди. Покрај некои резултати што делумно беа очекувани, оваа студија открива и неколку неочекувани резултати, како позитивни така и негативни. Се надеваме дека резултатите од истражувањето внимателно ќе ги читаат претставниците на политиката и на економијата, како и претставниците на работодавачите, со цел да ги испитаат своите стратегии и програми од аспект на нивните идни перспективи, и, по потреба, да ги коригираат. Младата генерација е надеж на секоја земја, но таа е и најмобилната група на населението. Ако рамковните услови премногу се одалечат од нејзините очекувања, младите ќе ја бараат својата среќа во странство. Во иднина, тоа веќе не смее да биде моделот за Република Македонија. Штефан Денерт Фондација Фридрих Еберт Friedrich Ebert Stiftung 7
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten