Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија РЕЗИМЕ Истражувањето за очекувањата на младите претставува еден од првите проекти од овој карактер кој во целост ги опфаќа перцепциите на младите во Република Македонија во однос на виталните социоекономски, внатрешно и надворешнополитички прашања, како и прашања од сферите на образованието, миграциите, човековите права итн. Истражувањето е реализирано од страна на Фридрих Еберт Македонија, а спроведено во партнерство со Институтот за Демократија“ Societas Civilis” Скопје. Истражувањето се состои од два дела: испитување на јавното мислење кај младата популација и анализа на податоците врз база на добиените резултати. ИОМ беше спроведено во периодот a прил-j уни 2006 година на национално ниво. Истражување на јавното мислење- користена методологија Испитувањето на јавното мислење за потребите на Истражувањето за очекувањата на младите(ИОМ) беше направено врз основа на стандардизиран и стратификуван примерок, кој репрезентативно ја отсликува младата популација во Република Макеоднија од различни аспекти. Во примерокот без запазени демографските специфики на младите(половата структура, старосните групи, степенот на образование, занимање и етничка припадност) и беше направена соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење(урбана или рурална средина и градот Скопје како посебна целина заради своите специфики). Исто така, во примерокот се застапени испитаници од сите региони во Македонија, каде што секоја општина, вклучително и руралните средини кои ги опфаќа, беше процентуално застапена според бројот на жители во неа во сооднос со вкупната популација. Со испитувањето беа опфатени вкупно 1197 испитаници. Од нив 697 или 58,2% се мажи, а 500 или 41,8% се жени. Во однос на старосни te групи младата популација беше поделена на три старосни интервали. Врз основа на оваа поделба беа испитани 456 или 38,1% од младите на возраст од 18 до 22 години, 452 или 37,8% на возраст од 23 до 26 години и 289 или 24,1% од младите кои беа испитани припаѓаат на интервалот од 27 до 30 години. Најголем дел од нив имаат завршено средно образование и тоа 62,1%, додека најмалку испитаници или 0,7% се со незавршено основно образование. Останатите категории учествуваат во испитувањето со 3,8% со основно образование, 4,7% вишо и 28,8% со завршено високо образование. Во однос на занимањето на испитаниците најголем процент 35,8% се студенти, по што следуваат вработени во приватен бизнис 19,8% и невработени со 19,1%, додека најмалку се застапени земјоделците со 1,4%. Според етничката припадност испитани се 74,8% Македонци, 22,5% Албанци, 1,4% Турци, 0,8% Срби, 0,1% Роми и 0,3% Власи. Според местото на живеење, 25,7% живеат во селата, 19,2% во помалите градови, 30,1% во поголемите градови и 25% се населени во главниот град Скопје. Испитаната млада популација релативно сразмерно беше распределена, врз основа на изборните единици во коишто припаѓа и тоа: 16,5% во Изборна единица(И.Е.) 1, 16,4% во И.Е. 2, 17,1% во И.Е. 3, 14,5% во И.Е. 4, 18% во И.Е. 5 и 17,5% во И.Е. 6. Анализата на податоците од спроведеното истражување на јавното мислење е направена во однос на добиените одговори на испитаниците кои понатаму се вкрстени според демографските карактеристики, населеното место и изборната единица на која & припаѓаат. Испитувањето на јавното мислење беше спроведено од 10 до 28 мај 2006 година, а супервизијата на тимовите, обработката на податоците и анализата врз база на добиените резултати ја изготви стручниот тим на Институтот за демократија“ Societas Civilis” Скопје. Перцепции на младите во Република Македонија краток преглед Вториот дел на Истражувањето за очекувањата на младите(ИОМ) во Република Македонија опфаќа анализа базирана на добиените податоци од истражувањето на јавното мислење, како и други извори кои служат како компаративна база во однос на испитуваните теми. Што се однесува на самите теми, анализата опфаќа четири подрачја и тоа: внатрешнополитичка ситуација во земјата и општи перцепции, меѓународни односи, образование и дел кој се однесува на економијата и миграциите. Секој од овие делови е проследен со адекватни заклучоци и препораки до засегнатите чинители во Република Македонија, од Владата и останатите„policy-makers“, па с è до медиумите и невладиниот сектор. Покрај овие социјални актери, самата целна група на млади од 18 до 30 години ја претставува основната публика на која оваа анализа е наменета. Како прва тема во анализата од ИОМ се јавуваат општите перцепции на младите, како и перцепциите за внатрешнополитичката ситуација во Република Македонија. Во оваа смисла ИОМ јасно покажува една летаргична слика кај младата популација проследена со недоверба(или многу мала доверба) кон државните институции. Покрај ниското ниво на социјален активитет, постои и позитивна перцепција за равитокот на меѓуетничките односи што укажува на бавна, но постепена консолидација на оваа сфера од општественото живеење. Од друга страна кај младите постои голема доверба кон третиот сектор и религиозните институции. Што се однесува до останатите перцепции врзани за општите перцепции и внатрешнополитичката ситуација, јасно е и евидентно дека постои консензус кај младите луѓе дека корупцијата е најгорливиот проблем на македонското општество и најзагрозувачки фактор за македонската економија, но загрижува процентот на млади кои и покрај ова би ја прифатиле корупцијата како профитабилна практика. Што се однесува пак на сферата на човековите права, евидентна е ситуацијата на социјална сензитивност и солидарност кај младите кон хендикепираните и кон социјално загрозените лица, но загрижува недовербата и отпорот кон подобрувањето на правата на жените и хомосексуалната популација. Перцепциите на младите за меѓународните односи индицираат мошне интересни и позитивни Friedrich Ebert Stiftung 8
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten