видувања во однос на повеќе прашања од оваа сфера. Така, прашањето на интеграцијата во Европската унија на Република Македонија не е доведено во сомнеж од страна на младите луѓе и претставува точка околу која постои максимално согласување кај младите во однос на сите демографски категории. ЕУ се препознава како стабилизирачки фактор и агенс на евентуалниот економски прогрес на Македонија, без чувство на загрозување на идентитетот и традициите присутни кај заедниците во државата. Што се однесува на останатите перцепции на тема меѓународни односи, младите во државата позитивно гледаат на НАТО алијансата и зачленувањето на Република Македонија во неа, и покрај малите разлики во перцепциите кај испитаниците од различни етнички заедници. Што се однесува на перцепциите на младите кон работата на Обединетите нации и нивните специјалнизирани агенции, се добива впечаток дека е потребно потемелно запознавање на младите во Македонија со нивната работа и улога со цел поголема популаризација. Испитаниците во рамките на ИОМ во Република Македонија покажуваат реално критички однос и кон третата тема на интересирање на анализата образованието. И покрај релативно добрата оценка која младата популација ја дава за македонскиот образовен систем, одговорите на другите прашања од оваа тема укажуваат на недвосмислена скептичност која владее кај младите во однос на образовниот систем. Ова посебно оттаму што перцепциите за квалитетот на образованието кај испитаниците на ИОМ опаѓаат со секој нареден образовен степен, а релативно лоша оценка младите искажуваат и кон практичните вештини кои образовниот систем во Република Македонија ги нуди, како и кон можноста за наоѓање работа со конкретниот едукативен степен кој тие го поседуваат. Од ова јасно може да се види од каде потекнува перцепцијата кај младата популација дека на македонскиот образовен систем му е потребна темелна реформа. Од друга страна пак, кај младите во Република Македонија евидентна е желбата за доедуцирање во странство со акцент на земјите на ЕУ и САД. Покрај ова, во делот на образованието, младата популација искажува поделени мислења околу преферираниот систем на образование, а очигледно е дека постојат поделени мислења и околу преференците на државните или приватните универзитети како терцијарни институции одговорни за високо образование. Конечно, економијата и миграциите како последна, четврта тема на ИОМ се рефлектира во секојдневниот живот на младите на најдиректен начин и со самото тоа предизвикува интересни перцепции во однос на повеќе прашања. Младите во Република Македонија ги перцепираат невработеноста и корупцијата како најголеми проблеми од сферата на економијата и ја лоцираат одговорноста за справување со нив кај државните институции. Покрај тоа испитаниците сметаат дека дел од одговорноста лежи и врз нереформираниот образовен систем, а процесот на евроинтеграција го гледаат како можен излез од овие состојби. Перцепциите на тема миграции кај младите индицираат голем потенцијал за емигрирање надвор од државата како резултат на незадоволството од економската ситуација, но сепак емигрирањето се перцепира како последна алтернатива. Голем дел од младите покажуваат желба да емигрираат трајно, а оние кои би емигрирале привремено ја преферираат ЕУ како посакувана дестинација. Friedrich Ebert Stiftung 9
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten