Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Најголемиот процент на млади во Република Македонија(42%) сметаат дека живеат во просечни услови, додека 29% проценуваат дека нивните услови за живот се добри. Овој збир на некој начин укажува на реалистичка перцепција на младите во Македонија, при што не може да се забележи дефетистичка реторика и претставување на својот животен простор во негативна конотација. Процентите на млади кои живеат во лоши (18,4%) и многу лоши услови(4%), и покрај тоа што се релативно високи, ја отсликуваат реалната состојба во државата. Податоците на истражувањето укажуваат на пропорционалност на квалитетот на животните услови со нивото на образование кај испитаниците, па така младите со завршено високо и вишо образование во поголем процент сметаат дека живеат во добри услови. Од друга страна, младите Албанци имаат значително повеќе позитивна перцепција за сопствените животни услови отколку нивните врсници од македонскиот етникум. Така, 13,8% од Албанците(наспроти само 3,6% кај Македонците) сметаат дека живеат во многу добри услови и дополнителни 42,8% кај Албанците(наспроти 24,8% кај Македонците) сметаат дека нивните животни услови се добри. Од друга страна, 20% од младите Македонци сметаат дека нивните животни услови се лоши. Индикативни се урамнотежените перцепции според категоријата место на живеење. И покрај тоа што постои генерална перцепција на помалку квалитетен живот во руралните средини и помали градови, сепак позициите на младите кои доаѓаат од овие средини не се во корелација со овие тенденции. Антиципацијата на подобра иднина и поквалитетен живот кај младите е релативно цврста категорија при што 55% од младата популација на определен начин очекува подобрувања на животниот стандард. Притоа, 13,2% од младите сметаат на многу подобрени услови, додека 41,7% очекуваат нивните животни услови донекаде да се подобрат. Имајќи предвид дека само 5,6% антиципираат влошување на условите, тогаш валидно е да се каже дека кај младите во Македонија отсуствува нагласена скептичност апропо сопствената иднина. Меѓутоа, доколку се споредат очекувањата со моменталната состојба на животните услови, може да се утврди дека позитивен поглед кон иднината има оној дел од младата популација кој веќе 1 живее во добри или просечни услови. Спротивно на ова гледиште, само 20% од испитаниците кои сметаат дека живеат во лоши услови очекуваат некакво подобрување. Аспектот на партиципативност на младото население во Македонија во политичко- економскиот систем и во цивилното општество укажува на загрижувачка летаргичност. Високи 64,2% од испитаниците не партиципираат во работата на ниту еден организациски модус, при што само 2% од младите се дел од некоја професионална организација. Податокот кој вели дека 15% од младите се членови на политички партии, а само 8% се членови на невладини организации, укажува на рудиментирана позиција на цивилниот сектор во Македонија. Дополнително, само 6% од младите активно се занимаваат со спорт. Притоа, во повеќето категории, најмал степен на партиципација се забележува кај младите кои живеат во Скопје. Нискиот степен на партиципација во политички партии е карактеристика и на другите балкански земји. На пример, во Босна и Херцеговина(БиХ) само 8% од 2 младите се членови на некоја политичка партија. Меѓутоа, доколку се споредат овие податоци со реалните интереси на младите, се добиваат на моменти обратнопропорционални тенденции, при што отсуството на активна партиципација уште повеќе доаѓа до израз. Така, најголем број на млади се интересираат за забава и спорт(по 23,2%), при што само 6% активно се занимаваат со спортски активности. Голем диспаритет кој укажува на недостаток на можности има и кај интересот за економски прашања и бизнис(19,7%) кој пак го спроведуваат во практика само 2% од младите. Финално, може да се утврди дека младата популација е релативно деполитизирана со оглед на тоа што ниски 7% од младите се интересираат за политика, што е пак за 8% пониско од членството на младите во политички партии. Ова укажува на слаба активност на младите во политичките партии кои реално немаат аспирации своето членство да го инструментализираат во посериозен политички ангажман. Ако е за утеха, ситуацијата е многу слична и во другите земји од Балканот. Некои истражувања покажуваат дека само една третина од младите во БиХ гласа за време на избори, додека само 3% од нив се членови во законодавните тела, исто така во Бугарија околу 50% од младите ја имаат предвид апстиненцијата од гласање за време на избори, а во Албанија помалку од 1% од младите сметаат дека политиката има влијание на нивните животи. 3 Перцепции за јавните институции и меѓународните организации Перцепцијата на младите во ова истражување се движи во рамките на веќе утврдените тенденции во однос на довербата во меѓународните институции и јавните политички институции, но со мали разлики во однос на приватните и организациите кои имаат поширок општествен карактер. Резултатите се јасно уочливи во графикон 1. Интересен е податокот дека најголем процент на доверба кај младите имаат банките. Банките се симбол на финансиска моќ и можностите за располагање со капитал. Како такви тие заедно со приватните фирми, ако не и повеќе, се симбол на пазарното општество. Фактот што младите имаат поголема доверба во симболите на приватниот сектор зборува дека се во поголема мера пазарно ориентирани и дека немаат големи очекувања од државата. Нивното незадоволство од јавните институции се надополнува, со поголемата доверба во меѓународните институции, што од своја страна може да се резултира со поголема поддршка на евроатлантските интегративни процеси, но и да биде мотив за емигрирање од Македонија. Иако локалната самоуправа има повисоко ниво на доверба во споредба со другите институции, факт што се објаснува со беневолентноста, но и со неиформираноста на граѓаните за локалната самоуправа, 4 изненадува фактот што армијата и _____________________________________________________________ 1 Така, 76,8% од испитаниците кои сметаат дека живеат во добри услови, очекуваат значително или некакво подобрување. Исто така, 77% од испитаниците кои сметаат дека живеат во просечни услови, очекуваат значително или некакво подобрување 2 UNDP. Human Development Report Bosnia and Herzegovina 2000: Youth, Independent Bureau for Humanitarian Issues(IBHI), Sarajevo 2001. 3 UNICEF and World Bank. Youth in South Eastern Europe: Report of the Rome Conference on Participation, Empowerement and Social Inclusion, Rome June 2002 4 ИСППИ. Политичката култура на граѓаните и нивното влијание на работата на органите на локалната самоуправа, Скопје 2005 година. Friedrich Ebert Stiftung 13