Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија Голема и делумна доверба Во кого имаат доверба младите во Македонија? 65 60.6 60 57 55 57 53 56 50 48 45 44.1 44.4 45.2 40 37.8 35 30 25.6 24.1 25 21.6 20 20 19.9 15 10 5 0 ада тел ент т во л да ам удс е иј а Арм ија ли ц уми ки ан ди Б ВО ти и Н ар ЕУ ТО НА ОН л на ва ка ра о п ски и иг и уци В тс рл С По Ме П ре Па Л оу сам Рел стит н П и Графикон 1. Степен на доверба на младите во Република Македонија( во проценти) полицијата имаат висока доверба кај младите во Република Македонија. Довербата во армијата е интересен феномен, посебно ако се имаат предвид дебатите и барањата за укинување на задолжителниот воен рок, што и беше сторено на радост на некои 1520.000 млади луѓе кои не само што го одбегнаа служењето во војска туку и казните кои им се закануваа заради претходното избегнување на воената обврска 5 . Ваквите одговори повеќе влегуваат во контекст на општите перцепции во Македонија, отколку што се рефлексија на потребата за лична безбедност и сигурност. Како и досега утврдените трендови кај општата популација, така и кај младите, Парламентот, Владата, Претседателот на државата, судството и политичките партии имаат најниско ниво на доверба. 6 Отсуството на доверба во јавните политички институции во земјите во транзиција генерално се објаснува преку два главни пристапа. Првото објаснување е во констелација со високата доверба во институциите кои го одржуваат мирот и стабилноста, армијата и полицијата, што се базира на авторитарната свест, како реминисенција на стариот режим, и потребата за“ цврста” рака во политиката. Второто објаснување се заснива на фактот што консолидацијата на демократските системи с è уште не е завршена и заради неможноста да се воспостави систем на“ добро владеење” не е можно граѓаните да имаат активно учество во политиката. 7 Заради тоа тие се чувствуваат отуѓени од политиката и имаат ниска доверба во јавните институции. Ваквите констатации се можеби точни за пошироките транзициони процеси, како и за влијанието што тие го имаат врз пошироката јавност. Но ако се погледнат истражувањата споредени во земјите на ЕУ за перцепциите на младите за политиката и за нивниот интерес за партиципација, ќе се забележат истите поразителни резултати како и истражувањата спроведени во Македонија. Така на пример, има корелации во однос на фактот што се очекува околу „60% од младите да не гласаат“ на парламентарните избори, 8 што резонира став што е присутен кај младите во ЕУ. Имено, во истражувањето спроведено од Институтот за општествени истражувања и анализи (СОРА) од Австрија во 8 земји членки на ЕУ на примерок од 8,030 млади луѓе, 9 резултатите покажуваат дека во просек 64 проценти од младите немаат интерес за политика. 10 Резултатите од ова истражување покажуваат дека младите во Европа имаат исклучително ниска доверба во јавните институции и во политичките партии. Компаративните резултати се прикажани во табела 1 . Анализата на СОРА покажува дека младите имаат ниско ниво на политичка социјализација, но и дека фактори на влијание се нивната политичка Доверба во Влада та Парламент от Политичките партии И OM- Македонија 21.6 25.6 19.9 SORA- ЕУ 8 земји од 12 до 19 од 18 до 24 од 13 до 18 Табела 1. Компаративна споредба на перцепциите на младите од Македонија и некои земји членки на ЕУ,( во проценти) _____________________________________________________________ 5 Сашко Димевски, во Утрински весник“Со закон ќе бидат амнестирани 15 илјади несудени регрути“ Http://217.16.70.245/?pBroj=1189&stID=3922&pR=2 6 За повеќе детали види Извештај за предвремено предупредување, UNDP, Скопје, март 2006. 7 Ибид, стр. 14 8 Според табелите и кростабулациите на Извештајот за предвремено предупредување од јуни 2006, види<< www.ewr.org.mk>> 9 Истражувањето е спроведено во периодот од 2003 до 2005 година во Германија, Италија, Австрија, Франција, Финска, Велика Британија, Естонија и Словачка. За повеќе информации види на веб страна www.sora.at 10 Westphal, Sabine. Political Participation of Young Europeans, Vienna: SORA, 2006. Friedrich Ebert Stiftung 14
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten