Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Доверба во Влада та Парламент от Политичките партии со пониско образование од 17 до 28 од 15 до 21 од 12 до 37 со повисоко образование од 27 до 29 од 27 до 31 од 22 до 29 просек 21.6 25.6 19.9 активни од 20 до 32 од 26 до 33 од 22 до 36 неактивни 18 14 13 Табела 2. Фактори кои ја условуваат довербата во политичките институции(во проценти) партиципативност и степенот на образование. Доколку ги земеме овие два заклучоци и ги тестираме во истражувањето на младите во Македонија, ќе видеме дека и двата фактори имаат значително влијание во формирањето на ставовите на младите. Имено, резултатите прикажани во табела 2 покажуваат дека младите со повисок степен на образование, дефинирано како виша школа или факултетско образование, имаат повисока доверба отколку оние кои се со ниско или без образование. Истиот заклучок важи и за младите кои се активни, односно младите кои се пасивни во јавниот живот- имаат пониска доверба во јавните институции. Се чини дека во однос на политичките институции ставовите на младите се во голема мера компатибилни со оние на нивните врсници од земјите на ЕУ и, како што заклучуваат тамошните аналитичари, пасивноста на младите се менува сопроцесот на нивното созревање... и со нивното активно вклучување во различни организации. 11 Ваков заклучок би бил попримерен и во нашиот случај, во врска со ставовите на младите. Истражувањето покажува дека најголем дел од младите во Македонија(64,2 проценти) немаат општествени активности, било да се тоа во сферата на политиката, спортот, економијата или нешто друго. Ваквата пасивна животна филозофија очигледно создава чувство на отуѓеност и одбивност од јавните институции. Но младите во Македонија се подложни и на влијанија од доминантната политичка култура и од општите перцепции на јавноста. Во табела 3 се споредени резултатите од истражувањето на младите со резултатите од Извештајот за предвремено предупредување, објавен во март 2006 година. Скоро и да нема поголеми отстапувања од ставовите на општата јавност кај дадените институции. Довербата е најниска во јавните институции на системот, но додека кај општата јавност довербата се движи помеѓу 22 и 35 проценти, кај младите таа е пониска и изнесува од 20 до 25 проценти. Полицијата и армијата имаат компаративно повисока доверба, отколку што е тоа случај со јавните институции. Сепак довербата во нив е пониска отколку онаа што ја има општата јавност во Македонија, а истото е случај и со религиските институции. Ваквата констелација на односи последователно упатува на три заклучоци: 1. Младите во Република Македонија се пасивни во однос на настаните од јавен карактер; 2.Младите се помалку милитантни и авторитарни, отколку општата јавност; 3. Младите се во поголема мера секуларни и не придаваат големо значење на религијата. Ако се има предвид и фактот дека младите имаат најголема доверба во банките, може да се извлече заклучок дека тие се ориентирани кон решавање и надминување на нивните секојдневни проблеми, претежно економски, а с é помалку се интересираат за политиката или религијата. Ако се има предвид дека за 44 проценти најголем проблем е невработеноста, станува појасна преокупацијата со личните практични проблеми. Сепак, во однос на ставовите кон јавните институции треба се имаат предвид и другите фактори на влијание, и тоа пред с é етничката припадност. Имено, постојат отстапувања во погоре поставените параметри и тоа во однос на довербата во полицијата, армијата и во религиските институции. Табела 4. Македонците имаат повисока доверба во армијата и полицијата, додека Албанците имаат Доверба во Влада Претседател Парламент Судство Армија Полиција Банки Локална самоуправа Религиски институции И OM- јуни 2006 21.6 25.6 20 24.1 57 48 60.6 37.8 45.2 EWR- март 2006 25.2 35.9 22.4 25.4 65.8 57 48.7 42.4 72.1 Табела 3. Споредба на перцепциите на младите со перцепциите на општата јавност(в о проценти) _____________________________________________________________ 11 Ибид, стр.36 Friedrich Ebert Stiftung 15