Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија Доверба во Армија П олиција Религиски институции Македонци 62 49 41 Албанци 49 40 55 Вкупно 57 48 45.2 Табела 4. Етничката припадност и довербата на младите во институциите(в о проценти) повисока доверба во религиските институции. Овој податок упатува на фактот дека етничката припадност исто така е фактор кој ги условува ставовите на младите во однос на довербата во некои од институциите. Покрај горенаведените институции, разлика во ставовите во однос на етничката припадност постои кај меѓународните институции. Од Албанците, 80 до 85 проценти имаат доверба во ЕУ, НАТО и ОН, додека кај Македонците довербата се движи помеѓу 40 и 50 проценти. Како што покажуваат други анализи, ваквите ставови се директно условени од различните перцепции на моделот на меѓуетнички односи кој се воведе со Охридскиот договор и улогата на различните институции во тој процес. 12 Сепак, треба да се потенцира дека и покрај различните етнички ставови, младите имаат релативно висока доверба во меѓународните институции, и тоа повеќе од пола од испитаниците кај сите институции. Компаративно гледано, ставот за повисока доверба во ЕУ отколку во домашните институции се истакнува и во заклучоците од испитувањето на младите во 8 земји членки на ЕУ. Освен кај овие институции, безбедносни, религиозни и меѓународни кои имаа извесна улога во кризата од 2001 и по неа, етничката припадност не игра голема улога во ставовите на младите за другите институции. Ставовите за меѓуетничките односи ќе имаат посебно место во анализата, но за момент треба да ја видиме перцепцијата на младите за влијанието на институциите во решавањето на проблемите со кои тие се соочуваат. Перцепции за општествениот ангажман и институционална инволвираност Интересен е фактот дека најголемиот дел од испитаниците најмногу очекуваат токму самите да ги подобрат своите животни услови, без притоа да бараат помош од некој друг. Еден определен дел смета и на помошта на своите најблиски, а само 6,6% очекуваат тоа да го стори државата. Најголем дел од оние кои одговориле дека исклучиво самите ќе ја преземат одговорноста за унапредување на условите за живот, тоа сметаат дека ќе го постигнат со ново, подобро платено вработување(32,7%) или со отворање на свој сопствен бизнис(34,7% или 20% од вкупниот број на испитаници). Според овие податоци се добива впечаток дека с è поголем дел од младата популација ја зголемува својата самодоверба и ги намалува очекувањата дека нивните проблеми ќе бидат решени од некој друг. Со оглед на проблемите со кои се соочуваат младите, поголем дел од нив сметаат дека Македонија оди во погрешна насока. Во исто време тие го лоцираат и најголемиот проблем, поради кој според нив државата оди во погрешна насока во обидот за негово решавање. Најголем дел од младите кои рекле дека Македонија оди во погрешна насока како најголем причинител за оваа состојба ја сметаат невработеноста и неуспехот за нејзино намалување(40%). Исто така висок процент се определиле за корупцијата(32,3%), а 20,6% од оваа група на испитаници сметаат дека сиромаштијата е основниот проблем во Македонија. Интересен, но и загрижувачки е фактот дека дури 32,4% од младите не можеле да се определат за насоката во која се движи државата во поглед на решавање на најгорливите проблеми. Сепак, поголем дел од оваа група на испитаници го лоцирале, според нив, најгорливиот проблем во моментот, а тоа е повторно невработеноста, но и сиромаштијата. Во секој случај, сиромаштијата е последица и во обидот за нејзино намалување, најголем напор треба да се посвети на решавање на причините поради кои таа зафаќа с è поголем слој од населението, а тоа е намалување на корупцијата и отворање нови работни места. Во најголема мера младите сметаат дека владата ја сноси одговорноста за решавањето на тие проблеми(48 проценти), а потоа следат политичките партии со 33 проценти, додека за меѓународните организации и приватните фирми се определиле подеднакво по 22 проценти од испитаниците. Оваа ситуација искажува еден парадокс на општеството во Македонија. Имено, младите сметаат дека може да им помогне институција во која немаат доверба, а на второ место исто така е институција во која имаат уште помала доверба отколку во Владата. Овој податок може да служи како индикатор за објаснување на фактот што повеќе од 60 проценти од младите се искажале дека не се активни во јавниот живот. Очекувањето на помош од некој во кого првостепено немаат доверба, ја засилува пасивноста и неактивноста на младите во Република Македонија. Ако се погледнат поблиску резултатите, ќе видиме дека фактор на условување на ваквите ставови е пред с è возраста. Младите помеѓу 26 и 30 години во поголема мера се оние коишто сметаат дека најголемо влијание во решавањето на проблемите имаат Владата или партиите. Додека тие имаат ниска доверба во Владата и партиите, како и другите групи, најголем дел од младите кои се изјасниле дека се членови на политички партии (21 процент, во споредба со 11 и 15 кај другите две групи) се во таа категорија. Од досега кажаното може да ги извлечеме следните заклучоци: 1.Политичката социјализација на младите зависи од нивната возраст; но и дека 2.Повозрасните, а со тоа и политички повеќе социјализирани млади луѓе, во поголема мера очекуваат помош од посредничките и јавните институции во политичкиот систем. _____________________________________________________________ 12 Taleski, Dane. Images of Macedonia: Model of inter-ethnic relations and public perceptions, Paper delivered at the Nation States and Xenophobias: In the ruins in ex-Yugoslavia conference, Piran 13-14 May 2005 Friedrich Ebert Stiftung 16