Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија опсервација. Поточно е да се каже дека различните перцепции во зависност од етничката припадност беа тестирани во однос на другите фактори на условување. И покрај стабилизацијата по конфликтот во 2001, парадигма за меѓуетничките односи е тоа дека најголемите етнички заедници( Македонците и Албанците) имаат различни, дури спротивни погледи за нивните меѓуодноси. 18 Но дали овие констатации важат и за најмладите и кои фактори влијаат на нивните ставови? Ако се погледне графиконот подолу, ќе видиме дема младите сметаат дека образованието, меѓународните организации и НВО имаат во поголема мера позитивно влијание на меѓуетничките односи. И тоа во однос на образованието постои конзенсус кај младите, што е само надополнет со фактот што високи 42 проценти од општата јавност во Македонија смета дека образовниот систем не придонесува кон создавање на етнички тензии. 19 Младите кои се вклучени или до скоро биле вклучени во образовниот систем го оценуваат образованието како позитивно за меѓуетничките односи. Иако е нејасно дали се мисли на квалитетот на наставата или на аранжманите за учење и студирање на различните етнички групи, останува беневолентниот став за образовниот систем. Образованието е симбол на спознанието и на откривањето, прифакајќи го како позитивен момент, младите испраќаат порака дека преку запознавање едни со други се подобруваат етничките односи, но и дека тие самите не се плашат да ги научат разликите коишто постојат помеѓу етничките заедници. Конзенсусот којшто постои за образовниот систем не е толку видлив кога се во прашање меѓународните институции и НВО. Додека за НВО Албанците во поголема мера имаат мислење дека тие имаат позитивно влијание на меѓуетничките односи (46,5 проценти), голем дел од Македонците не дале одговор на ова праш a ње(25,6%), а ставовите за негативно влијание се слични кај двете групи. Значи, во поглед на влијанието на НВО, Македонците и Албанците имаат различни, а не спротивставени ставови. Овој факт најверојатно се должи на тоа што најголем дел од НВО кои се во контакт со Албанците се занимаваат со меѓуетничките проблеми, додека само Македонците коишто живеат во мултиетнички средини доаѓаат во допир со тој тип на НВО. На тоа се должи беневолентноста на Албанците, но и незапознаеноста на Македонците. Други фактори коишто влијаат на одговорите се степенот на образование и местото на живеење. Младите со повисоко образование, коишто живеат во урбаните средини, во поголема мера веруваат во позитивното влијание на НВО, додека оние со пониско образование и кои живеат во руралните средини во помала мера се убедени во тоа. Вербата во позитивното влијание на НВО се зголемува со неактивноста на испитаниците. Се чини дека ниските можности и квалификации заедно со неактивноста на младите се причина за песимизам кон обидите на единките на цивилното општество да посредуваат во меѓуетничките односи. Ситуацијата е донекаде инвертна кога се во прашање меѓународните организации. Резултатите се компаративно прикажани во долната табела 5. Имено, младите кои живеат во урбаните средини во помала мера сметаат дека меѓународните организации имаат позитивно влијание по меѓуетничките односи, што е во корелација со пониското образование. Додека младите што живеат во руралните средини сметаат во поголема мера дека меѓународните организации имаат позитивно влијание, што е во корелација со повисокото образование што го имаат. Друг фактор што ја поддржува перцепцијата на позитивно влијание на меѓународните организации во меѓуетничките односи е поддршката која младите ја искажуваат за влез во НАТО и ЕУ. Имено, 46 до 48 проценти од оние кои би се изјасниле позитивно при гласање за влез во ЕУ или НАТО сметаат дека меѓународните организации имаат позитивно влијание. Заклучокот што се изведува е дека младите со повисоко образование, кои веќе генерално ја поддржуваат идејата за членство во евроатлантските структури, сметаат дека меѓународните организации имаат позитивно влијание на меѓуетничките односи. Сепак, предоминантен фактор кој ја условува перцепцијата за улогата на меѓународните организации во меѓуетничките односи е етничката припадност на испитаниците. Албанците во поголема мера сметаат дека влијанието е позитивно(62,5%), отколку Македонците(36,2%), од кои една четвртина или 25 проценти сметаат дека влијанието е негативно, што е случај со 15 проценти од Албанците. Во овој случај погледите на Македонците и на Албанците се во одредена мера спротивставени. Како што веќе беше истакнато, тоа најверојатно се должи на различните перцепции за улогата на меѓународните организации во кризата од 2001, но и во процесот на имплементација на Охридскиот договор. Во поглед на позитивните влијанија во меѓуетничките односи постојат извесни поклопувања, но и различности во ставовите, како и извесни спротивставувања. Но што се случува кога се во прашање перцепциите за негативното влијание на меѓуетничките односи? Според младите, политичките партии имаат во најголема мера негативно влијание на меѓуетничките односи. Тоа го сметаа дури 52 проценти од испитаниците. Втори по ред се медиумите, со 38 проценти, и блиску до нив е Владата со 36. Овие Позитивно влијание пониско образование повисоко образование просек урбани средини рурални средини НВО Меѓународни организации 31 45 37.7 39 36 40 50 42 39 50 Табела 5. Фактори ко и ја условуваат позитивната перцепција за влијанието на НВО меѓународните организации на меѓуетничките односи(во проценти) _____________________________________________________________ 18 UNDP. Извештај за предвремено предупредување, Скопје, март 2006, стр. 39 19 Ибид. Friedrich Ebert Stiftung 18