Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

% 55 50 Кој има негативно влијание на меѓуетничките односи? 52.5 45 40 36.9 35 38.9 30 26.3 25.9 25 22.6 20 15 14.1 16.5 10 5 0 Владата Партиите НВО Локалната Медиумите Религиските Меѓународни те Образованието самоуправа Институции организации Графикон 3. Перцепциите на младите за негативното влијание на меѓуетничките односи(во проценти) резултати ги резонираат општите ставови дека граѓаните ги сметаат политичарите за одговорни за меѓуетничките односи, како и дека граѓаните сметаат дека медиумите се виновни за состојбата на меѓуетничките односи. 20 Покрај влијанието на пошироката јавност, што ќе рече доминантната политичка култура ги дефинира ставовите на јавноста во оваа смисла, извесно влијание има и етничката припадност на испитаниците, посебно кога се во прашање политичките партии. Политичките партии во повеќе наврати имаат користено реторика на етничка мобилизација за да остварат некоја своја цел. 21 Но додека 53 проценти од Македонците сметаат дека тие имаат негативно влијание на меѓуетничките односи, 48 проценти од Албанците го делат тој став, додека 32 велат дека влијанието е позитивно, што е случај само со 18 проценти од Македонците. Во поглед на влијанието на политичките партии на меѓуетничките односи, постојат извесни различни и спротивни ставови во однос на етничката припадност на испитаниците. Соодносот на Македонци и Албанци кои се изјасниле дека се членови на политички партии е скоро ист, така што објаснувањето треба да се бара во начинот на којшто младите Албанци и Македонци ги доживуваат политичките партии, како и вредностите кои им ги припишуваат. Оставајќи ги настрана различните ставови, во однос на увереноста на негативното влијание коешто го имаат медиумите и Владата на меѓуетничките односи, скоро и да не постојат големи разлики во одговорите во однос на етничката припадност на испитаниците, или другите фактори на влијание. Се чини дека медиумската презаситеност, како и користењето на меѓуетничките односи од страна на Владата како призма низ која се прекршуваат коалиционите договори, но и користењето во дневно-политички цели, носи данок во однос на перцепцијата на младите. Овој сериозен проблем што го детектираат и другите анализи на ставовите на општата јавност укажува дека медиумите и јавните политички институции не ги извршуваат доволно добро некои од нивните општествени функции. Имено наместо да обезбедат општестена кохезивност, посебно Владата, тие се посматрани како агенси на негативно влијание во општествените односи. Сепак, најголем дел од младите(47 проценти) сметаат дека меѓуетничките односи се подобрени во однос на минатата година, а повеќе од една третина(37 проценти) сметаат дека истите и ќе се подобрат во идната година. А додека 10 проценти сметаат дека етничките односи се влошиле во споредба со минатата година, само 8 проценти очекуваат влошување во идната година. Македонците се во извесна мера поголеми песимисти во однос на меѓуетничките односи. 11 проценти од нив, за разлика од 6 проценти Албанци, сметаат дека односите се влошени во однос на минатата година, а 10 проценти очекуваат тие да се влошат и во идната година, што е случај само со 4 проценти кај Албанците. Ова укажува дека кај мал дел од младите Македонци постои страв од развојот на меѓуетничките односи. Сепак е нејасно дали тој страв е поврзан со некое лично чувство на загрозенот или е реакција на зголемените права на етничките заедници по имплементацијата на Рамковниот договор. Она што е јасно е дека постои корелација помеѓу испитаниците кои сметаат дека Македонија оди во погрешна насока и дека меѓуетничките односи се влошени во однос на минатата година(17 проценти), односно дека тие ќе се влошат во идната година(13 проценти). Иако на прв поглед се чини дека песимистите си остануваат песимисти, вреди да се потенцира фактот дека тоа се само 30 до 50 проценти од одговорите на испитаниците кои сметаат дека Македонија оди во погрешна насока. Близу 30 проценти од младите кои сметаат дека одиме во погрешна насока, очекуваат подобрувања во меѓуетничките односи, т.е 35 проценти од нив рекле дека меѓуетничките односи се подобрени во однос на минатата година. Младите генерално сметаат дека меѓуетничките односи се подобрени, односно дека и во иднина ќе се подобруваат, што е во целосна согласност со ставовите и очекувањата на пошироката јавност во Република Македонија. 22 Перцепции за корупцијата во Македонија Корупцијата во Република Македонија претставува еден од најгорливите проблеми во _____________________________________________________________ 20 UNDP. Извештај за предвремено предупредување, Скопје, март 2006. стр 37-38. 21 Види поопширно кај Daskalovski, Zhidas, Walking on the edge: Consolidating multi-ethnic Macedonia, Skopje, 2005. 22 UNDP. Извештај за предвремено предупредување, Скопје, март 2006. стр. 3 Friedrich Ebert Stiftung 19