Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија Година на испитување 2003 2004 Corruption perception index score(CPI score) 2.3 2.7 Рангирање на Република Македонија 108 99 Вкупен број на рангирани држави 133 145 Табел a 6. CPI score на Република Македонија во периодот 2003-2005 23 2005 2.7 104 158 изминатите 16 години на транзициони реформи и усилби за демократска и економска консолидација на државата. Во оваа смисла, податоците на голем број меѓународни организации меѓу кои се истакнува CPI(corruption perception index на Transparency International) укажуваат на фактот според кој граѓаните на Република Македонија во голема мера ја перцепираат сопствената држава како мошне корумпирана. Во прилог на ова говори и рангирањето на Република Македонија во истражувањата спроведени од страна на оваа организација според кои Македонија се наоѓа во долниот дел на табелата во однос на перцепцијата на сопствените граѓани во врска со степенот на корупција. Табела 6. Дека овој тип на перцепирање на корупцијата не е ништо поразличен кај младата популација покажуваат и резултатите од истражувањето спроведено од страна на Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот за демократија“ Societas Civilis“. Запрашани да го лоцираат најголемиот проблем во Македонија, корупцијата го зазема високото второ место(26,7% од испитаниците се одлучиле за корупцијата како најголем проблем во РМ) и се рангира веднаш зад невработеноста (невработеноста е најголем проблем за 44,8% од популацијата). Еднаквата дистрибуираност на коруптивната перцепција укажува на тоа дека кај младите луѓе во Македонија постои општ консензус околу ова прашање без разлика на пол, етничка припадност, место на живеење, образование или професија. Ова не би бил толку загрижувачки факт доколку корупцијата недвосмислено не се перцепира како крајно детерминирачки фактор апропо слабата економска состојба во која се наоѓа Република Македонија. Запрашани да ги рангираат причините за бавниот економски развиток на Република Македонија, младата популација истакнува два проблема како водечки во овој контекст: корупцијата и слабото менаџирање од страна на Владата. Корупцијата како хедикепирачки фактор за економијата е многу важен проблем за 72,4% од испитаниците, а важен проблем за 21,1% од нив. Ова укажува на огромен процент од 93,5% од младите респонденти кои сметаат дека корупцијата веќе со години го разградува економското ткиво на Република Македонија и како таква е присутна и одговорна за бавниот економски раст. Она што е интересно да се потенцира во однос на гореспоменатите статистики е и комплетното коинцидирање во однос на двата најодговорни фактори за бавниот економски раст во перцепциите на младите луѓе. Имено, лошото менаџирање од страна на Владата е мошне важен фактор за 72,4% од испитаниците, а важен фактор за 21,4% од нив(93,8% вкупно). Оваа застрашувачка коинциденција помеѓу неефикасноста на Владата и корупцијата(93,5%) може да индицира само едно нешто: младите луѓе во Македонија корупцијата во најголем степен ја лоцираат во највисоките органи на власта и со тоа ги сметаат за ИОМ- Процент на млади луѓе кои се изјасниле дека постои корупција во Извештај за навремено предупредување- UNDP 24 Процент на испитаници кои се изјасниле дека постои корупција во Министерства 89,7 88,7 Парламент 80,5 83,9 Полиција 84 79,2 Судство 89,6 87,8 Здравство 88,3 84 Образование 82,9 77,3 Локална самоупра ва 81,2 / Царина / 88,2 Табела 7. Компаративна анализа на перцепциите на младите луѓе во врска со корупцијата во државните органи во однос на националниот просек _____________________________________________________________ 23 Извор: Transparency International 24 Податоците се преземени од Извештајот за навремено предупредување на UNDP( март 2006) достапни на www.ewr.org.mk. Friedrich Ebert Stiftung 20
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten