најодговорни за бавниот економски раст, но и одговорни за состојбата со застапеноста на корупцијата, која феноменолошки очигледно следи еден октроиран образец на рефлектирање( top to bottom). Младите луѓе во Македонија ја перцепираат корупцијата како проблем кој е прецизно лоциран во одредени државни органи. Во овој контекст тие многу малку инклинираат во однос на националниот просек во смисла на одредена специфична популација компарирана со генералните ставови на популацијата во Република Македонија кои во последниот период достигнуваат плафонски вредности(заклучно со март 2006, според податоците на United Nations Development Programme- Македонија). 25 Компарацијата во оваа смисла е мошне индикативна и во однос на издвојувањето на најкорумпираните органи на власта каде што националниот просек и истражувањето за очекувањата на младите индицираат скоро идентична ситуација. Очигледно е дека инклинациите кај севкупната популација и кај младите луѓе се незначителни, а дека рангирањето на најкорумпираните институции е слично. Кај младите ова рангирање од најкорумпирани до најмалку корумпирани институции е по следниот редослед: министерства, судство, здравство, полиција, образование, локална самоуправа, парламент. Кај генералната популација истото рангирање е на следниот начин: министерства, царина, судство, здравство, парламент, полиција, образование. Со мали разлики очигледно е дека министерствата и судството во обата случаја го задржуваат непопуларниот примат на најкорумпирани институции. Табела 7. Иако корупцијата се посочува како очигледно деструктивен проблем, истражувањето во рамките на Youth Aspiration Project покажува една друга загрижувачка димензија на работите. Имено, прашањето на примање и земање мито кај младата популација од 18 до 30 години е позастапено во однос на националниот просек. Како што покажуваат резултатите, високи 37,9% од младите биле сведоци на примање мито или директно им биле побарани противуслуги за завршување на одредена работа која законски им следува. 26 Ова укажува дека младите луѓе почесто се среќаваат со коруптивни практики, веројатно поради степенот на социјален активитет на оваа специфична група, што секако загрижува и создава чувство на перпетуација на негативните навики и нивен трансфер од постарите кон помладите. Дека културата на корупција се перпетуира Женски права Правата треба да се подобрат 50% Права на малцинства 21,5% Права на хомосексуална популација 12,6% Права на хендикепирани 90% Права на сирома шните 89,2% и пренесува како традиционална форма на однесување во Република Македонија говори и фактот дека 23,1% од младите испитаници одговориле дека би земале мито доколку имаат прилика истото да го сторат. И покрај севкупниот негативен одиум кон корупцијата, кој е на ниво на општествен консензус, и свесноста за неговото штетно влијание врз економијата, скоро една четртина од младите испитаници не би ја избегнале оваа штетна практика и покрај с é. Ако кон ова се придодаде и групата од 19% испитаници кои немале одговор или не сакале да одговорат на ова директно, ситуацијата добива демагошки димензии, што е навистина поразителен факт земајќи предвид дека се работи за група на млади луѓе од 18 до 30 години. Ова не укажува само на силата на традицијата во пренесувањето на матриците на општественото однесување туку и на безизлезноста на голем дел на младите луѓе во Македонија. Да не заборавиме дека 22,3% од младите во Македонија сопствените услови за живеење ги оцениле како лоши или многу лоши, а дури 87,8% сметаат дека економската ситуација во Македонија во моментот е лоша или многу лоша. Линијата на помал отпор кај дел од младата популација под овие околности е очекувано однесување. Севкупноста на податоците во врска со коруптивните практики во Република Македонија говори за потреба од организиран и кохерентен пристап за соочување и борба со неа, со оглед дека досегашниот пристап очигледно не дава видливи резултати, а посебно кај младата популација. Поголемиот процент на млади луѓе ја перцепираат корупцијата како дел од нивното секојдневие, но и како потенцијално профитабилна практика, а за сериозноста на ситуацијата говори и фактот дека не постојат разлики во перцепцијата на корупцијата кај младите луѓе кои својата финансиска ситуација ја оцениле како добра или одлична, во однос на(условно кажано сепак се работи за индивидуална перцепција) посиромашните слоеви. 27 Корупцијата е проблем за економскиот развиток подеднакво дури и за оние кои се добро или одлично ситуирани што корупцијата ја легитимира како една од канцерогените точки на македонската економија. Перцепции за правата на одредени социјални групи Степенот на свест во однос на човековите права и правата на маргиналните групи кај младата популација беше дел од фокусот на истражувањето на очекувањата на младите. Следствено на ова, испитувањето покажа Имаат доволно Правата треба да Не знам/ Нема права се редуцираат одговор 40,6% 6,1% 5,3% 47,4% 25,6% 5,6% 22% 49% 16,5% 7,4% 0,9% 1,7% 6,3% 1,4% 3% Табела 8: Ставови на младите луѓе кон правата на одредени социјални групи _____________________________________________________________ 25 Оваа ситуација на зголемување на перцептивната маса апропо корупцијата во државата ја потврдува и падот на Република Македонија на Ранг-листата на Transparency International за 5 места. Види табела 6. 26 Националниот просек според податоците на Извештајот за навремено предупредување на UNDP во март 2006 изнесува 18, 1%. 27 Од оние испитаници кои одговориле дека финансиската ситуација им е одлична, само 2,2% одговориле дека корупцијата не е толку важна за слабиот економски развој, а ниту еден не одговорил дека таа е неважна. Кај оние кои се изјасниле дека финансиската ситуација им е добра, адекватните проценти се 2,9'% и 1,1%. Friedrich Ebert Stiftung 21
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten