Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија големи разлики во перцепциите на младите луѓе во однос на различните групи во општеството имплицирајќи радикално различни ставови во однос на правата на петте групи на граѓани(и спектарот на истите) кои беа испитувани. Со цел прецизно да се утврди ставот на младите кон правата на жените, етничките заедници, хомосексуалната популација, хедикепираните лица и сиромашните, беа понудени одговори кои експлицитно го мерат социјалниот активититет(или пасивност) на младите во однос на практикувањето на правата на горенаведените групи на граѓани во Република Македонија. Резултатите се прикажани во табела 8. Од табеларниот приказ на ставовите на младите луѓе во Македонија во однос на правата на одредени социјални групи евидентна е разликата во перцепциите на различните општествени стратуми. Ова, од една страна, го одредува фокусот и ширината на јавната дебата во Република Македонија која очигледно селективно се води во однос на различните социјални сегменти(дебатата околу малцинските и женските права е далеку поприсутна во последните 16 години отколку да речеме правата на ЛГБТ популацијата), а, од друга страна, укажува на огромен волумен на предрасуди во однос на одредени прашања. Она што е евидентно е дека социјалната димензија на човековите права е мошне осетлива тема за младите луѓе во Република Македонија. Во оваа смисла, правата на сиромашните и хендикепираните лица се безусловно поддржани во секоја смисла, што е повторно на ниво на консензус кај младите луѓе без разлика на демографските обележја од каков било карактер. Високите 90% и 89,2% на млади луѓе кои се за зголемување на правата на хендикепираните и сиромашните лица укажува на голем степен на социјална солидарност, но веројатно(посебно ако се допре темата сиромаштија) на идентификација на голем дел од младата популација со овие групи(може да се заклучи дека ова е индицирано и во севкупноста на економските индикатори во ова истражување кои младите ги перцепираат како негативни). Во оваа смисла, димензијата на солидарност и социјална свест не е загрозена кај оваа популација, што укажува на долга традиција на постоење на социјална држава која се пренесува кон помладите. Овој првобитно позитивен впечаток веќе е доведен во прашање во однос на правата на женската популација каде степенот на поддршка рапидно опаѓа. Во овој случај, поддршка за зголемување на женските права изразиле половина од испитаниците, а 40,6% од нив сметаат дека жените имаат доволно права. Ако кон ова ова се придодадат 6,1% од младите кои сметаат дека овие права треба да се редуцираат, се добива процент од 46,7 на млади луѓе кои во најмала мера не би поддржале афирмативна акција во однос на женските права. Ова укажува на силен конзервативен капацитет во однос на оваа тематика, но и на постоење на пасивен отпор кон унапредување на улогата на жената кај голем дел од младата популација. Податоците на истражувањето индицираат и уште еден непобитен индикатор, а тоа е силната полова поларизираност кога се работи за женските права. Различните перцепции за женските права се факт во однос на половата перцепција, со оглед на тоа дека едната страна е директно засегната. Така, само 33,1% од младите мажи на возраст од 18 до 30 години сметаат дека женските права треба да се подобрат, додека овој процент кај жените изнесува 73,4%. Високи 53,7% од машките испитаници сметаат дека жените имаат доволно права. Овој процент кај женските испитаници е само 22,4%. Заклучокот е повеќе од очигледен. Склоноста кон конзервативни матрици на однесување е далеку поиразена кај младата машка популација што индицира силно дефинирани родови улоги во рамките на семејството и општеството, но и доза на наследени предрасуди кај оваа популација. Сепак, далеку поизразен капацитет на предрасуди постои во однос на прашањето на правата на хомосексуалната популација во Македонија. Ако во однос на женските права постоеше пасивен отпор кај одредена популација, во однос на хомосексуалните права постои активен отпор кај младите испитаници во рамките на ова истражување. Евидентно е дека во овој случај не можеме да зборуваме за поддршка(само 12,6% се изјасниле за зголемување на правата на хомосексуалната популација) кон правата на хомосексуалците, а отпорот е повеќе од евидентен(22% - имаат доволно права). Активниот отпор кон промовирањето на правата на геј-популацијата се рефлектира во дури 49% од испитаниците кои се изјасниле за редуцирање на правата на хомосексуалната популација. Иако женските испитаници се повторно за нијанса полиберални од мажите, и кај женската популација отпорот кон зголемувањето на правата на хомосексуалната популација е евидентен и високо присутен. Овие податоци стојат делумно во коинциденција, но и во делумен конфликт во однос на неодамнешната студија на Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација(МАССО) која се бави со проблемите на ЛГБТ популацијата 28 во Република Македонија. Од една страна, И OM истражувањето и анализата спроведена од страна на МАССО недвосмислено покажаа дека кај голем дел од популацијата темата на хомосексуалноста и правата на хомосексуалците предизвикуваат непријатност и се дел од едно пошироко општествено табу. Во однос на петте испитувани категории кај И OM истражувањето групата на оние кои не сакале да дадат одговор или не знаеле да одговорат е далеку поголема отколку во однос на другите испитувани социјални групи 29 (дури 16,5% од испитаните одговориле соне знам илинема одговор). Од друга страна, се поставува прашањето: дали е реална проценката на МАССО за процентуална застапеност од 10%(200 000 луѓе) на хомосексуална популација во ситуација на сериозен отпор кон феноменот на хомосексуалноста и промовирањето на геј-правата од страна на младата популација(кои по дефиниција би требале да бидат најлибералниот дел од општественото милје)? Односот кон правата на етничките заедници ја отсликува постконфликтната реалност на Република Македонија и кај младата популација. Иако постои голема поделеност во однос на ова прашање, јасно е дека рамката со која се дефинираа правата и обврските на поголемите етнички заедници Охридскиот рамковен _____________________________________________________________ 28 Се работи за студијатаИдентификување на ЛГБТ популација во Република Македонија 2004/2005 година достапна на www.masso.org.mk. 29 Посебно треба да се има предвид дека ова прашање не подразбира ниту минимум стручна експертиза, туку едноставно личен став кон одредено прашање. Friedrich Ebert Stiftung 22