Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Имајќи ја предвид комплексната констелација на домицилни и регионални односи во чии рамки функционира македонскиот општествен систем, неопходно е да се потенцира улогата и важноста на влијанието на меѓународните фактори врз Република Македонија. Тука несомнено приоритетни се двата паралелни процеси на интеграција во Европската унија и НАТО кои практично на долг рок ќе бидат едни од најважните чинители во политичко-економскиот развој на државата и нејзината идна позиција на меѓународната сцена. Овие два процеси претставуваат врвни државни интереси и се едни од главните стожери на дебатата околу иднината на младите во Македонија. Оттука, се јавува и потребата од подетално истражување на перцепциите и очекувањата на младата популација насочени кон евроатлантската иднина на Македонија. Следствено, се јавува и потребата од канализирање на перцепциите и за работата на Обединетите нации како уште еден значаен меѓународен фактор. мајќи ја предвид комплексната констелација на домицилни и регионални односи во чии рамки функционира македонскиот општествен систем, неопходно е да се потенцира улогата и важноста на влијанието на меѓународните фактори врз Република Македонија. Тука несомнено приоритетни се двата паралелни процеси на интеграција во Европската унија и НАТО кои практично на долг рок ќе бидат едни од најважните чинители во политичко-економскиот развој на државата и нејзината идна позиција на меѓународната сцена. Овие два процеси претставуваат врвни државни интереси и се едни од главните стожери на дебатата околу иднината на младите во Македонија. Оттука, се јавува и потребата од подетално истражување на перцепциите и очекувањата на младата популација насочени кон евроатлантската иднина на Македонија. Следствено, се јавува и потребата од канализирање на перцепциите и за работата на Обединетите нации како уште еден значаен меѓународен фактор. Перцепции врз процесот на приближување кон Европската унија Трендот на високо одобрување на процесот на приближување на Македонија кон Европската унија кој се транспонира во голема процентуална поддршка кај општата популација во текот на последните две години е индикативен и кај младата популација. Така, високи 73,8% од граѓаните на возраст од 18 до 30 години би гласале на референдум за членство на Македонија во Европската унија. Меѓутоа, и покрај тоа што аспирациите на младите за членство во ЕУ не можат да се доведат во прашање, сепак може да се потенцира помалиот процент на поддршка кај оваа целна група во споредба со општата популација во Македонија. Оттука, 87,2% граѓани од целокупната популација во Македонија би гласале за членство во ЕУ доколку следната недела се одржи референдум за влез на Република Македонија во ЕУ, 31 што претставува скоро 14,5% повисока инклинација кон ЕУ наспроти пониската афилијација кај младите. Табела 9 Покрај очекуваната трендовска деклинација на високата поддршка за членството во ЕУ која беше уочлива кај сите земји кандидати за членство во периодот по доделувањето на кандидатскиот статус, во случајот на Македонија се наметнуваат и поконкретни фактори кои не се директно поврзани со влијанието на реформскиот процес и проблемите кои произлегуваат од него. Очекуваниот пад на евро-еуфоријата која го забележа својот врв во двата најзначајни моменти, т.е. поднесувањето на апликацијата за членство и прогласувањето на кандидатскиот статус, на некој начин е подвлечен со два паралелни процеси кои се одвиваат во Македонија и во Европската унија. Од една страна, реално е да се очекува изборниот процес кој е централна општествена тема во првата половина од 2006 да го засени техничко­административниот дел на процесот на европска интеграција. На некој начин, и покрај тоа што приближувањето кон ЕУ е една од поважните теми во текот на кампањата, сепак таа игра споредна улога наспроти важноста на изборната победа. Од друга страна, од исклучителна важност е и состојбата во самата Европска унија и нејзината интерна дебата околу процесот на проширување и апсорбционата моќ на Унијата. Имајќи ја предвид широката медиумска покриеност на ова прашање при што не изостануваат и песимистички погледи на определени актери апропо европската иднина на Македонија, сосема реално е да се очекува и определен импакт врз перцепциите на младите луѓе во Македонија кој генерално земено се и најпогодени од проблемите кои произлегуваат од односите помеѓу ЕУ и Македонија. Во крајна линија, горенаведените тенденции во никој случај не би требало да се толкуваат како сериозно намалување на поддршката на македонското членство во ЕУ кај младата популација. Имено, степенот на поддршка е значително висок, а фактот што само 5,8% од младите се против, во секој случај оди во прилог на оваа теза. Притоа, оваа висока поддршка доминира низ сите демографски категории без значителни процентуални флуктуации. Во прилог на ваквата интерпретација одат и податоците доколку статистички се кростабулираат податоците со финансиската состојба на испитаниците. Тука, уочлива е високата поддршка кај Општа популација истражување на ИДСЦС, април 2006) Млада популација( ИОМ) Доколку наредната недела се одржи референдум за прием на Република Македонија во Европската У нија, како ќе гласате(% позитивно) 87,2% 73,8% Табела 9 _____________________________________________________________ 31 Истражување спроведено од Институтот за демократија Societas Civilis- Скопје за потребите на Секретаријатот за европски прашања, април 2006 Friedrich Ebert Stiftung 27