Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија Поддршка на членството во ЕУ Млада популација во ЕУ ( Eurobarometer, декември 2005) 63% Млада популација( ИОМ) 73,8% Табела 10 сите слоеви во општеството при што побогатите испитаници се со најпозитивна перцепција(77,8% кај оние со одлична финансиска состојба и 73,1% кај оние со добра финансиска состојба). Нешто поскептични се најсиромашните слоеви каде што 12,1% би се изјасниле против членство во ЕУ. Сепак, и кај оваа категорија поддршката се движи во рамките на општиот просек. Финално, доколку се направи една компарација на перцепциите на младите во Македонија со онаа на младите во Европската унија vis a vis поддршката кон ЕУ, индикативни се повисоки проценти на поддршка кај младите Македонци. Имено, наспроти поддршката на македонското членство во ЕУ која е процентуално изразена со 73,8%, 63% од младите во ЕУ сметаат дека членството на нивната земја во ЕУ е добра работа. 32 Табела 10. Перцепции за влијанието на ЕУ врз главните општествени параметри Доколку се погледнат ставовите на младата популација во Македонија во врска со влијанието на процесот на европска интеграција врз неколку значајни општествени чинители, очигледна е тезата дека Европската унија и пристапниот процес се перцепирани како извонредно значајни катализатори на определени проблеми во македонската социополитичка платформа. Поддршката на економската компонента е крајно очигледна при што трите главни параметри за економски раст: економскиот развој, директните странски инвестиции и технолошкиот развој се главната придобивка од процесот на европска интеграција за осум од десет млади Македонци. Доколку интегрирањето на Македонија во ЕУ се одвива со стабилно темпо, ваквите очекувања треба да се перцепираат реално и паралелно со генералните економски очекувања имајќи предвид дека 87,1% од оние испитаници кои сметаат дека процесот на евроинтеграција ќе има позитивно влијание врз економскиот развој истовремено се убедени дека економската ситуација во текот на наредните неколку години ќе биде подобра. Дополнително, 41,7% од младите сметаат дека нивните животни услови донекаде ќе се подобрат. Меѓутоа, ваквата перцепција не треба да предизвика забрзани заклучоци затоа што овие податоци не значат дека очекувањата за подобрување на економската ситуација се и причина за очекување на животен стандард кој е во согласност со посакуваните стандарди на младата популација. Самиот податок дека 74,7% од младите во Македонија размислуваат за можноста да емигрираат, при што 78,3% би емигрирале поради финансиски причини, укажува на резервираност. Од друга страна, 76,5% од младите препознаваат во ЕУ многу важен стабилизирачки фактор имајќи ја предвид улогата на ЕУ не само во македонското општество туку и во еден поширок регионален контекст. Ваквата перцепција е подеднакво дистрибуирана низ сите демографски категории, вклучувајќи ја и етничката. За разлика од перцепцијата за НАТО, 34 ЕУ како безбедносен и стабилизирачки фактор ужива подеднаква поддршка и кај двете најголеми етнички заедници, Македонците и Албанците. Очигледно е препознавањето и на улогата која Европската унија може да ја одигра во надградувањето на демократската свест, па така 75% од младите во Македонија гледаат во Со интегрирањето на Македонија во ЕУ, какво ќе биде влијанието врз следниве работи? ИОМ- Процент на млади луѓе кои што одговориле позитивно Истражување на ИДСЦС 33 Процент на испитаници кои одговориле позитивно Економски развој 82,7% 75,7% Странски директни инвестиции 85,1% 72,1% Домашна политика 58,9% 65% Стабилност 76,5% 75% Човекови права 75,1% 76,3% Технолошки развој 77,4% 77,2% Национални вредности/ Идентитет 56,9% / Табела 11 _____________________________________________________________ 32 Во“Youth takes the floor”-Young Europeans' concerns and expectations as to the development of the European Union(Background note based on relevant findings from Eurobarometer data) Publication: December 2005, стр. 2 33 Истражување спроведено од Институтот за демократија“ Societas Civilis“-Скопје за потребите на Секретаријатот за европски прашања, април 2006 34 Види страна 23-24 Friedrich Ebert Stiftung 28
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten