ЕУ позитивен фактор кој ќе придонесе во развитокот на човековите права во Македонија. Практично, ваквото гледање на еден од најважните политички критериуми може сугестивно да помогне во надминување на проблемот со негативниот одиум кон правата на некои општествени групи. 35 Табела 11. Компаративна анализа на перцепциите на младите споредени со перцепциите на општата популација укажува на поголем оптимизам кај младата популација особено кога станува збор за позитивната улога на интеграцискиот процес врз економскиот развој и директните странски инвестиции. Ваквиот тренд е сосема во согласност со тенденциите кај младите во самата Европска унија апропо важноста на интеграцискиот процес за јачината и развитокот на економијата. Така, 68% од младите во ЕУ(наспроти 56% од целокупната популација) се оптимистички расположени за перспективите на економскиот развој. Овој оптимизам е уште поголем кај младата популација која доаѓа од новите 10 држави членки(75%). 36 Кај останатите параметри постои скоро идентична перцепција помеѓу младите и целокупната популација во Македонија. Единствено мал диспаритет во ставовите е присутен кај влијанието на процесот на европска интеграција врз домашната политика што укажува на перцепција која не гледа преголема зависност на домашната политичка сцена од притисокот на процесот на приближување на Македонија кон Европската унија. Притоа, имајќи го предвид опаѓачкиот тренд кај целокупната популација(со исклучок на периодот непосредно по позитивното мислење на Европската комисија), 37 може да се очекува и понатамошно намалување на позитивната перцепција околу влијанието на евроинтеграцискиот процес врз домашната политика. Финално, фокусот на ова истражување беше насочен и кон перцепциите на младите во однос на влијанието на приближувањето кон ЕУ врз нивниот идентитет и националните вредности на Македонија. Интересно, ова е еден од пионерските обиди да се истражат перцепциите на младите кон ова прашање кое пак претставува мошне актуелна тема во рамките на дебатата околу иднината на Европа. Во просек, половината од младите во Македонија сметаат дека евроинтеграцискиот процес ќе има позитивно влијание врз традиционалните вредности и националниот идентитет. Од друга страна, 12,4% сметаат на негативно влијание. Оваа слика укажува на определена поделеност, при што позитивното влијание врз идентитетот и вредностите повеќе би требало да се интерпретира како кохезивна материја насочена кон зајакнување на идентитетот преку идентификација со Европска припадност, меѓутоа не и прифаќање на првенство на европскиот идентитет на сметка на националниот. Во прилог на оваа теза одат и податоците од самата Европска унија каде што само 3% од младите се чувствуваат само како Европјани, при што оваа бројка кај младата популација што доаѓа од новите десет држави членки е уште помала и изнесува само 1%. 38 Од друга страна, европското со националното го делат 58% од младите што е тенденција слична со перцепцијата на позитивниот импакт на евроинтеграцискиот процес врз идентитетот и традиционалните вредности кај младите Македонци. Притоа, треба да се напомене дека позитивното влијание на европската идеја врз сопствениот идентитет и вредности е повеќе антиципирано кај младите од албанската заедница (67,3%), наспроти релативно пониската поддршка кај младите Македонци(54,1%). Евентуален континуиран процес на информирање на младите околу начинот на организација и функционирањето на ЕУ, како и околу самите вредности поврзани со европската идеја, во крајна линија би резултирал со зајакнат и растечки процес на градење на европски идентитет. Личните очекувања од процесот на приближување на Македонија кон Европската унија се исто така многу високи. Така, 72% од младите во државата сметаат дека овој процес ќе обезбеди повеќе можности во нивната лична проекција за иднината. 15% пак сметаат дека нема да има влијание врз нивната понатамошна кариера. Вака високиот процент укажува на силна лична афилијација со процесот на европска интеграција кој налага и позитивни очекувања за можностите кои тој процес ги отвора. Притоа, 44,6% од испитаниците кои сметаат дека нивните услови за живот ќе се подобрат во иднина ваквото подобрување го гледаат како последица на влијанието на пристапувањето кон ЕУ врз обезбедувањето повеќе можности за младите. Проценките на младите во однос на реалната временска рамка во која Македонија би станала членка на Европската унија се во определена мера во согласност со експертските предвидувања. Оттука, 33,2% од младите испитаници во Македонија сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ во период од следните десет години. Сличен процент, 29,4%, ја гледаат Македонија во ЕУ по 2016 година. Доколку се направи компарација со перцепциите на општата популација за истата проблематика, може да се увиди помалку оптимистички и можеби пообјективен став на младите околу темпото на реформскиот процес и исполнување на критериумите за членство. Така, 26,7% од општата популација смета дека Македонија ќе биде членка на ЕУ во текот на следните пет години што е за 10% повисока инклинација отколку кај младите испитаници. Од друга страна, нешто повисок процент млади испитаници сметаат дека реалистична препоставка е дека на Македонија ќе í требаат повеќе од пет години за евентуално членство во Европската унија. Во оваа насока, индикативна е и перцепцијата на двете најголеми етнички групи, Македонците и Албанците. Така, кај младите испитаници од албанската заедница постои поголем оптимизам виза ви _____________________________________________________________ 35 Види страна 2 0 36 Во“Youth takes the floor”-Young Europeans' concerns and expectations as to the development of the European Union(Background note based on relevant findings from Eurobarometer data) Publication: December 2005, стр.9 37 Доколку се направи еден компаративен преглед на испитувањата на јавно мислење насочени кон оваа проблематика, забележлив е пад на позитивната прецепција кон влијанието на македонската интеграција во ЕУ врз домашната политика. Така, во мај 2004, на прашањето“Со интегрирањето на Македонија во ЕУ, какво ќе биде влијанието врз следниве работи: домашна политика“, 79% се изјасниле позитивно; во декември 2004 на истото прашање позитивно се изјасниле 67,3%, за во декември 2005 поддршката да порасне на 78%, па повторно да падне на најниски 65% во април 2006. Истражувања спроведени од Институтот за демократија“ Societas Civilis”-Скопје за потребите на Секретаријатот за европски прашања, мај 2004, декември 2004, декември 2005, април 2006 38 Во“Youth takes the floor”-Young Europeans' concerns and expectations as to the development of the European Union(Background note based on relevant findings from Eurobarometer data) Publication: December 2005, стр. 8 Friedrich Ebert Stiftung 29
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten