членството во НАТО до определен степен ќе ја зголеми нивната безбедност, истовремено го поддржуваат членството на Македонија во НАТО, што значи дека членството во НАТО не треба исклучиво да се врзува со подобрување на персоналната безбедност. Истовремено, релативно високата доверба во армијата и полицијата исто така придонесуваат за ваквата дисперзија на перцепции. Од друга страна, слично како и кај претходното прашање, постојат различни перцепции на двете најголеми етнички заедници виза ви влијанието на членството во НАТО врз личната безбедност. Така, високи 17,5% од Албанците(наспроти 7,2% од Македонците) сметаат дека членството на Македонија во НАТО алијансата во голема мера ќе ја зголеми нивната лична безбедност. Дополнителни 35% од Албанците(наспроти 20,8% од Македонците) одговориле дека членството во НАТО ќе ја зголеми безбедноста. Само 13,8% од Албанците не веруваат во зголемена безбедност како последица на членство во НАТО. Кај Македонците оваа бројка изнесува 32,6%. Перцепции врз улогата на агенциите на Обединетите нации Работата на агенциите на Обединетите нации на некој начин е во подредена улога во однос на улогата на ЕУ и НАТО кои медиумски многу повеќе се експлоатираат, па оттука се укажува потребата да се согледаат перцепциите врз овие тела кои непосредно се занимаваат со бројни егзистенцијални проблеми во руралните и во урбаните населени места. 49,7% од младите во Македонија гледаат придонес на агенциите на ОН во развојот на Македонија, додека релативно високи 28% не гледаат никаква специфична улога на овие агенции. Овој податок укажува на потреба од поинтензивен пристап до јавноста кој ќе резултира со поголем степен на информираност на младите во Македонија околу различните проекти кои се имплементираат од страна на агенциите на Обединетите нации. Меѓутоа, доколку се анализираат податоците кои доаѓаат од кростабулацијата по етничка припадност, се доаѓа до заклучокот дека работата на агенциите на ОН е многу поблиска до Албанците. Така, 22,7% од Албанците(наспроти 6% кај Македонците) сметаат дека агенциите на ОН во голема мера придонесуваат за развојот на Македонија. Следствено, 44% од Албанците сметаат дека агенциите на ОН до определен степен се фактор во развојот, што резултира со позитивен импакт на ОН кај близу 67% од младата албанска популација во Македонија. Од друга страна, придонесот во развојот на агенциите на ОН подеднакво се перцепира во сите типови на населени места и покрај тоа што овие агенции се најактивни во руралните и во помалите урбани средини. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ Заклучоци: Ÿ Трендот на висока поддршка на процесот на приближување кон ЕУ е индикативен и кај младата популација при што е воочлив благ диспаритет во споредба со поддршката кај општата популација, т.е. кај младата популација се манифестира понизок процент на поддршка. Ÿ Високата поддршка на процесот на приближување кон ЕУ доминира низ сите демографски категории без значителни процентуални флуктуации. Ÿ Младата популација во Македонија дава повисока поддршка на евроинтеграцискиот процес во споредба со перцепциите на младите во самата Европска унија. Ÿ Европската унија и пристапниот процес се перцепирани како извонредно значајни катализатори на определени проблеми во македонската социополитичка платформа. Постои општоприфатено уверување за процесот на европска интеграција како на процес кој во голема мера ќе ги решава егзистенцијалните проблеми на младите луѓе во Македонија. Ÿ Главните параметри за економски раст, т.е. економскиот развој, директните странски инвестиции и технолошкиот развој се перцепирани како главна придобивка од процесот на европска интеграција. Ÿ Младите препознаваат во ЕУ многу важен стабилизирачки фактор. Ÿ Половината од младите во Македонија сметаат дека евроинтеграцискиот процес ќе има позитивно влијание врз традиционалните вредности и националниот идентитет. Ÿ Младите во Македонија покажуваат силна лична афилијација со процесот на европска интеграција издвојувајќи го како многу битен чинител во нивната сопствена проекција за иднината. Очекувањата на младите околу евентуалниот влез на Македонија во Европската унија се реалистични и се поклопуваат со експертските мислења. Ÿ Членството на Македонија во НАТО ужива висока поддршка кај младите во Македонија што индицира на процес на поцврсто позиционирање на политиката на приближување кон НАТО Ÿ Постои повисока поддршка на овој процес кај етничките Албанци наспроти етничките Македонци Ÿ Младите Албанци имаат посилна афилијација кон членството во НАТО како гарант на личната безбедност, наспроти нивните врсници од македонската заедница. Ÿ Работата на агенциите на ОН во Македонија не е доволно позната помеѓу младата популација, при што висок процент од младите на препознаваат никакво влијание на овие агенции во македонското општество. Ÿ Работата на агенциите на ОН е многу поблиска до младите Албанци, наспроти нивните македонски врсници. Препораки: Ÿ Да се зајакне и интензивира информативната кампањата за процесот на приближување на Македонија кон ЕУ со посебен акцент на младите како Friedrich Ebert Stiftung 31
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten