Основно Средно Додипломски студии Последипломски студии Одлично 15,1% 9,9% 9,9% 10,1% Добро 54% 53,7% 42,4% 29,9% Лошо 24% 28,1% 20,6% 15,3% Многу лошо 6,1% 7,6% 12% 7, 6% Не знам/ нема одговор 0, 81% 0, 7% 7, 2% 37, 1% Табела 13. Перцепција на младите за квалитетот на образованието во Република Македонија Перцепции за квалитетот на образовниот процес Третиот дел на Истражувањето на очекувањата на младите ги опфати перцепциите на младите во однос на квалитетот на образованието, нивните преференци во однос на типот на образовниот систем, перцепциите во однос на образованието и пазарот на труд во Република Македонија, како и потенцијалот за студирање во странство. Податоците од испитувањето покажаа трендови и перцепции кои се во рамките на очекуваното, но и нови развојни моменти во одредени сфери на образовните аспекти опфатени со испитувањето. Првиот дел на испитувањето се однесува на оценката на квалитетот на образованието во Република Македонија и тоа во сите образовни степени: примарно(основно), секундарно(средно), додипломски студии(високо) и последипломските студии. Респондентите беа запрашани да дадат оценка во рамките на четири опции кои им беа на располагање и тоа: одлично, добро, лошо и многу лошо. Табеларно прикажано податоците за перцепциите на младите во Македонија во однос на квалитетот изгледаат позитивно. Табела 13. Она што е евидентно од табеларниот приказ е дека младите луѓе во Република Македонија се претежно задоволни од квалитетот на образованието иако може да се констатира дека постои силен одиум на негативно расположение во однос на одредени образовни степени. Овој негативен одиум е најизразен кај средното образование(35,7% од испитаниците имаат негативен став), но не е значајно помал и кај перцепцијата за додипломските студии(изнесува 32,6%). За присуство на скептичност кон квалитетот на образованието кај младите луѓе говори и релативно нискиот процент на испитаници кои се одлучиле понудените образовни категории да ги оценат како одлични. Евидентна е и тенденцијата според која младите луѓе се поскептични кон повисоките образовни степени, а оценката за квалитетот опаѓа како што се оди од основното кон последипломското образование. Така позитивна перцепција за основното образование имаат 69,1%, за средното образование 63,6%, за додипломските 52,3%, а за последипломските студии само 22,9%. Едно од објаснувањата за оваа ситуација е можеби степенот на предрасуди кои младите луѓе го имаат кон повисоките степени на образование со оглед дека многу мал процент на млади во Македонија се запишуваат на факултетите во државата, уште помалку го завршуваат, а бројот на последипломци (специјализанти, магистри и докторатни) е во загрижувачки рамки. Податоците на Заводот за статистика на Република Македонија 43 го потврдуваат ова тврдење со оглед на рапидниот пад на запишаните ученици со секој нареден степен на образование. Така, на пример, во 2005 година податоците се мошне интересни. Табела 14 . Овој загрижувачки индикатор покажува дека од оние млади луѓе кои започнуваат основно образование помалку од 0,1% стигнуваат до последипломски степен на образование, а само 2,4% успеваат да дојдат до факултетска диплома. 44 Ова секако нуди делумно објаснување и за опаѓачката тенденција во способноста да се оцени квалитетот на образованието со оглед дека 7,2% од испитаниците не знаеле да го оценат квалитетот на високото, а дури 37,1% на последипломското образование во Македонија. Ова може да индицира дека и оние оценки кои се дадени за повисоките степени на образование (додипломски и последипломски) се сведени на површен впечаток и дека овие степени на образование се чинат Број на запишани/ завршени ученици Основно овразование(запишани) Средно овразование(запишани) Додипломски студии(запишани) Додипломски студии(завршени) Магистри и специјализанти(последипломски студии- завршени) 218. 935 95.867 48.368 5.397 198(189+ 9) Табела 1 4. Вкупен број на запишани/ завршени ученици по образовни степени во 2005 година Извор: Завод за статистика на Република Македонија _____________________________________________________________ 43 Податоците се достапни на www.stat.gov.mk. Напомена: податоците не ги вклучуваат статистиките на Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тие немаат доставено податоци до Заводот за статистика за 2005 година. 44 Соодносот се однесува на 2005 година Friedrich Ebert Stiftung 35
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten