Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија Вкупен број на студенти кои дипломирале по 3 години (предвремено дипломирани) Вкупен број на студенти кои дипломирале по 4 години (навремено) Вкупен број на студенти кои дипломирале по 5 години 1999 % 2000 % 2001 % 2002 % 2003 % 34 0,9 25 0,7 22 0,6 6 0,1 // 85 2,3 82 2,2 59 1,7 66 1,8 23 0,5 911 24,4 825 22 768 22 763 21,6 1. 028 23,3 Вкупен број на студенти кои дипломирале по 6 години 650 17,4 715 19 626 18 687 19 853 19,3 Вкупен број на дипломирани студенти 3. 735 3. 740 3. 480 3. 618 4404 Вкупен број на студенти кои дипломирале по 7 години или повеќе години 2. 089 55,9 2. 118 57 2. 027 58 2. 082 57,5 2. 500 56,7 Табела 15. Проодност на студентите во терцијарната едукација во Република Македонија во периодот 1999-2003 45 недостижни за голем број од испитаните млади луѓе во Република Македонија. Демотивираноста на голем дел на ученичката маса во овие услови е секако логична последица на дадените околности. Дека проблемите во образованието во Република Македонија се во голем дел лоцирани во повисоките степени на образование говори и еден друг факт. Имено, податоците на И OM истражувањето, но и податоците на Заводот на статистика на Република Македонија јасно индицираат дека повисоките степени на образование се проблематични во смисла на проодноста на студентите и тоа од повеќе аспекти. Табела 15. Не се работи само за неможноста да се оцени квалитетот на овие образовни степени(како последица на реален недостаток на партиципација во истите) или пак за намалувањето на позитивната слика кон терцијарното образование, колку што се работи за реалниот низок степен на проодност на студенти во терцијарното образование што е секако крајно демотивирачки и хендикепирачки фактор за младите луѓе во Македонија. Ова секако се одразува на капацитетот на државата на генерално ниво во однос на пазарот на труд во пошироки рамки, а состојбата во образовниот сектор повикува на темелни или делумни реформи, што е став на поголем дел од младите луѓе во Македонија. Но пред да се премине на прашањето за потребата од реформи во образовниот сектор, потребно е да се објаснат перцепциите на младите за два аспекти на образовниот процес кои се витални во економска смисла: стекнувањето на практични вештини во процесот на образование и вербата во наоѓање адекватна работа со степенот на образование стекнат во моментот на спроведување на истражувањето. Практичните вештини, пазарот на труд и образовниот процес Иако сликата за квалитетот на образованието во Република Македонија може да се оцени како средно задоволувачка со значителен процент на скептични млади луѓе, истото за жал не може да се каже за перцепциите на младите луѓе во однос на понудата на практични вештини од страна на образовниот процес. Генералната слика во однос на ова прашање може да се оцени како незадоволувачка со оглед на 72,5% од испитаниците кои одговориле дека образовниот систем во Република Македонија нуди ограничени или никакви можности за стекнување со практични вештини(36,9% ограничени можности, 35,9%- не нуди никакви можности за стекнување со практични вештини). Ова е висок консензус во однос на ова прашање ако се има предвид еднаквата дистрибуција кај сите етнички групи, образовни категории, како и кај останатите демографски стратуми на испитани млади луѓе од 18 до 30 години. Прашањето за понудата на практични вештини е тесно поврзано со перцепцијата на младите во однос на потенцијалот за наоѓање на работа по завршувањето на адекватните образовни степени. И во овој случај, во најмала рака може да се констатира скептичност, што дава поразителни индикатори за адекватноста на образовниот процес и неговата прилагоденост на пазарот на труд во Македонија и пошироко. Така, 54,7% од испитаните сметаат дека тешко ќе најдат работа, а 10,5% од нив се уште поскептични велејќи дека никогаш нема да најдат работа со адекватниот степен на образование. Ова доведува до 65,2% испитаници со негативен став кон ова прашање. Нормално, споредено во сите категории на испитаници, поскептични се оние со помал степен на образование(до основно, основно, средно), но скепсата не е рапидно намалена и кај категориите на млади испитаници со више и високо образование. Ова укажува _____________________________________________________________ 45 Извор: Министерство за образование и култура на Република Македонија Friedrich Ebert Stiftung 36
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten