на генерално разочарување во однос на потенцијалот за наоѓање работа кај сите категории на млади, што е секако сериозен економски индикатор пред с è. Овие два тесно поврзани индикатори укажуваат и на уште една димензија на работите во рамките на образовната тематика. Имено, само 13,2% од испитаниците одговориле дека треба да се дообразуваат со цел да најдат адекватна работа. Ова како податок сам по себе не значи ништо, но во констелација со други податоци добиени од И OM истражувањето индицира мошне сериозен феномен. Попрецизно, 60,75% од испитаните сметаат дека едукацијата е мошне важна за обезбедување на поголем економски развиток, а 30,2% истата ја сметаат за важна во оваа смисла. Ова укажува дека едукацијата се препознава како одговорен фактор во подобрувањето на сопствената позиција и како мошне влијателен чинител во економијата на една држава. Се поставува прашањето: зошто тогаш само 13,2% од испитаниците(поголем дел со пониско образование) би се одлучиле за дообразување со цел да најдат подобра работа? Дел од одговорот е очигледен: младите веруваат во едукацијата, но се скептични кон домашниот образовен систем, за кој не веруваат (или многу мал дел верува) дека реално ќе им ги зголеми шансите на отворениот пазар на труд. Ако кон ова се придодаде и значителната резерва на испитаниците кон понудата на практични вештини сликата за образовниот систем во Република Македонија во очите на младите луѓе е сериозно доведена во прашање. Во прилог на оваа теза говорат и други податоци од истражувањето. Студирање вон државата, посакуваните дестинации и феноменот на„brain-drain“ Во тесна констелација со сите досега изнесени аспекти на перцепциите на младите луѓе во однос на образовниот процес, стојат и ставовите во однос на студирањето вон државата и посакуваната дестинација за студирање. Поточно кажано, само 17,4% од испитаниците би одбрале да студираат во рамките на државата што отворено индицира на перцепција на младите во Република Македонија за суперирноста на (до)едуцирањето вон Македонија во однос на комплетното домашно образование. Секако, степенот на согласување во однос на потребата од странско едуцирање варира апропо стекнувањето на посакуваните степени, па затоа 45,6% од респондентите се одлучиле за комплетно образование надвор од Македонија, додека 31,2% од младите сметаат дека парцијално образование надвор е подобра солуција. Сепак, може со голем степен на сигурност да се констатира дека 76,8% од младите во Македонија можноста за стекнување на дел или комплетното образование вон државата ја перцепираат како посакувана опција. Дека емиграцијата на образовани умови, за која И OM истражувањето покажа дека постои адекватно расположение, е реалност во Република Македонија говорат и анализите на голем дел од експертите кои се занимаваат со ова прашање. Така во списанието Southeast European Politics се појави интересна анализа на младиот научник м-р Ведран Хорват која укажува(повикувајќи се на истражување направено од страна на Економскиот институт од Скопје) дека„во последната декада меѓу 12000 и 15000 млади, едуцирани, и високо остручени млади луѓе ја напуштиле државата“ 46 , а дека дури„85% од младите Македонци планираат или сакаат да ја напуштат државата по завршувањето на студиите“. 47 За мотивираноста на овој„brain-drain“ процес не се виновни исклучиво слабостите на образовниот процес, па во таа смисла не може да се заклучи со сигурност дали мотивите за едукативна миграција се секогаш комплетно од едукативна природа. Во оваа смисла, испитаниците во И OM истражувањето ја препознаваат високата емиграциона стапка, но мотивираноста за истата не ја гледаат во личните причини(во која би се вклучило и подоброто образование), туку најмногу ја лоцираат во неповолната економска ситуација во државата(83,5% одговориле дека причините за миграција од Македонија се од економска природа). Ова доведува до сомнеж за мотивираноста на едукативната емиграција од Македонија, но и покрај овие индикатори потребата за подобра едукација вон државата не може да се занемари во ниедна смисла. Како и да е, прашањето на посакуваната дестинација ги открива и аспирациите на младите граѓани на Република Македонија во однос на преферираните дестинации за(до)образување. Како најпопуларна дестинација се одвојуваат државите од Европската унија за кои се определиле нешто повеќе од половина млади Македонци(52%). Како исклучително популарна дестинација се појавуваат и Соединетите Американски Држави за кои се определиле 30,1% од испитаните. Земјите во регионот како пожелна дестинација за започнување или продолжување на образовниот процес се далеку понепопуларни со само 8,5% од одговорите. Реформата на образовниот систем, префериран систем на образование, приватни и државни универзитети За сериозноста на состојбите во образовниот сектор во Република Македонија говори и перцепцијата на младите ширум државата во однос на потребата за реформа на образованието. Во однос на ова прашање, кое на некој начин претставува сумирање на сите претходни ставови, постои јасен и прецизно дефиниран став на младите кој јасно повикува на (темелни) реформи на образовниот систем. Така статистички најголемата група на млади граѓани на Македонија(46,9%) се искажува за темелни реформи во образованието, додека 42,8% сметаат дека образованието во државата треба да помине низ одреден степен на реформи. Со оглед дека само 4,8% од младите сметаат дека на образовниот систем не му требаат реформи, пораката од младите до одговорните фактори задолжени за образованието е повеќе од јасна, и покрај тоа што младите не се изјаснуваат во голем дел негативно запрашани за квалитетот на образовниот систем. Во смисла на правецот на реформите кои сериозно и претстојат на Република Македонија, лоцирањето на најпосакуваниот систем на образование кај младите е од клучно значење. Токму затоа, а во светло на веќе континуираната _____________________________________________________________ 46 Horvat, Vedran.“Brain Drain Threat to Successful Transition in South East Europe”. Southeast European Politics. Vol. V. No.1. June 2004. стр.84. 47 Ибид. Friedrich Ebert Stiftung 37
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten