Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија либерализација на образовниот пазар, се чини дека постои сериозна инклинација од моделот на државно спонзорирано образование кај младите во РМ. Во оваа смисла, 31,8% од младите се определиле за приватно образование како посакуван модус наспроти 27,3% кои с è уште сметаат дека државниот систем е подобра солуција. За компромисно решение се одлучиле 26,7%, т.е. тоа е статистичката маса на млади луѓе која се залага за мешан систем на образование. На ова прашање се надоврзува и дилемата за преференците и аспирациите на младите во однос на типот на универзитет за кој сметаат дека нуди подобар квалитет. Во однос на с è поприсутната приватна иницијатива во сферата на високото образование, може да се констатира поларизираност во однос на изборот на високообразовна институција. Така, 25,3% од испитаниците сметаат дека приватните универзитети нудат подобар квалитет, наспроти 18% од младите кои компаративните предности ги лоцираат на државните универзитети. Ова веројатно стои во корелација со личните можности за студирање и е резултат на достапноста на приватното школување кое е далеку поскапо во однос на државните уписни квоти. Не помалку внимание привлекуваат и 26,1% од испитаниците кои сметаат дека приватните универзитети нудат лесен пристап до дипломи што сериозно влијае врз перцепцијата за квалитетот на приватното високо образование. Но иако ова е сериозен процент на испитаници, доколку треба да се изведе заклучок од севкупната слика јасно е дека приватните универзитети с è повеќе пенетрираат во свеста на младите луѓе како опција за студирање(за сметка на државните универзитети), но и дека с è уште постои голема скептична маса кај младите во однос на квалитетот на услугите кои тие ги нудат. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ Заклучоци: Ÿ Младите во Република Македонија го перцепираат образовниот систем во Република Македонија како релативно добар Ÿ Оценката за квалитетот на македонското образование опаѓа со секој нареден степен на образование Ÿ Младата популација во Република Македонија е незадоволна од практичните вештини кои ги нуди образовниот систем. Поврзано со ова, постои и скептичност околу можноста за наоѓање на работа со постојниот степен на образование. Ÿ Младите не веруваат дека со доедуцирање во образовниот систем во Македонија би им овозможил подобра позиција на пазарот на труд. Ÿ Кај младите во Република Македонија постои желба за стекнување на едукација вон државата. Ÿ Младите во Македонија се согласуваат околу потребата за темелна реформа на образовниот систем. Ÿ Постојат поделени мислења кај младата популација околу преферираниот систем на образование. Иако приватните универзитети во Република Македонија заземаат се посериозна позиција, постои голема доза на скептичност кон нивниот квалитет. Препораки: Ÿ Да се воспостави систем за евалуација на квалитетот на образованието во Република Македонија во однос на земјите на Европската унија Ÿ Да се стави повеќе акцент на практичните вештини во образовниот процес во Македонија Ÿ Да се воспостават врски помеѓу високообразовните институции и работодавците на пазарот на труд Ÿ Потемелно да се анализираат причините за скептичноста на младите кон образовниот систем во Македонија Ÿ Да се направи анализа за образовна реформа посебно во високото образование и да се продолжи со досегашните реформи врзани со Болоњскиот процес. Friedrich Ebert Stiftung 38