Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Иако е можеби последен дел од анализата на истражувањето за очекувањата на младите(спроведено од Институтот за демократија од Скопје, во соработка со Friedrich Ebert Stiftung) економијата и миграциите претставуваат многу значајна компонента од животот на младиот човек, бидејќи економските процеси се основна детерминанта која го определува неговиот понатамошен развој во општеството, но и во семејството како основна клетка на човековата партиципација во заедницата. Како што е претставено и во самиот наслов, ова поглавје опфаќа две засебни теми кои сепак се со голема меѓузависност: Економија и миграции. Економија Во табелата 1 6 се претставени основните економски индикатори во Република Македонија. Иако, во некои економски категории се забележува определен пораст, сепак тој не е доволен за да предизвика стабилизирање на два исклучително важни економски компоненти, меѓу кои е можеби најгорливиот проблем во Македонија, невработеноста, 49 која е една од основните детерминанти на економскиот развој во Македонија со оглед на постојаниот дефицит на работни места, но и со покриеноста на увозот со извозот, односно големиот дефицит во надворешната трговија. Токму овие индикатори се причината скоро половината(44,8%) од испитаниците да ја потенцираат невработеноста како моментално најголем проблем во Република Македонија и во исто време 87,8% од младите во истражувањето, на прашањето: Според вас, каква е моменталната економска ситуација во државата, да одговорат лоша или многу лоша. Сепак, мора да се нагласи дека една третина од испитаниците сметаат дека ситуацијата ќе се подобри во следниот период, што претставува релативно оптимистички приод, во споредба со испитувањата кои ја опфаќаат целата популација, бидејќи кај испитаниците кои ги опфаќаат сите старосни групи само 18% сметаат дека ќе економијата ќе заживее во следниот период. 50 Оваа 2001 2002 2003 2004 БДП во тековни цени(милиони денари) 233. 841 243. 970 251. 486 265. 257 БДП во денари од 1995год.(милиони денари) Стапка на реален пораст на БДП БДП по жител во САД$ Население на средината на годината Економски активно население Број на вработени според АРС Број на невработени според АРС Лица вон работната сила Стапка на невработеност според АРС Стапка на ак тивност Стапка на вработеност 187. 342 4-.5 1. 830 2. 035 862 599 263 692 30.9% 55.5% 38.6% 188. 941 0.9 1. 859 2. 020 825 561 263 742 31.9% 52.6% 35.8% 194. 988 3.2 2. 230 2. 027 861 545 316 718 36.7% 54.5% 34.5% / 4.1 1) 2. 382 2 . 032 832 523 309 762 37.2% 52.2% 32.8% Стапка на пораст на номинални плати Стапка на пораст на реални плати Просечно исплатена нето плата по работник во САД$1 Увоз 2002 6.9 5.0 174 1. 962. 110 2003 4.8 3.6 218 2. 299. 921 2004 4.0 4.4 / 2. 931. 626 2005 2.5 2.0 256 3. 227. 998 Извоз 1. 115. 527 2002/2001 1. 363. 252 2003/2002 1. 675. 877 2004/2003 2. 041. 265 2005/2004 Индекс на трошоци на живот 101.8 101.2 99.6 100.5 Индекс на цени на мало 101.4 102.4 100.9 102.1 Индекс на цените на производителите на индустриски производи 99.1 Табела.16 48 99.7 100.9 103.2 _____________________________________________________________ 48 Извор: Завод за статистика на Република Македонија www.stat.gov.mk 49 Република Македонија има најголема стапка на невработеност во Европа, која според проценките се движи околу 38% www.intra.rbec.undp.org 50 Податоци преземени од последното истражување за Early Warning Report, март 2006, стр. 23 Friedrich Ebert Stiftung 41