Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија разлика во одговорите се должи на поголемиот оптимизам кај младите, иако сепак загрижува фактот што 2/3 од нив предвидуваат дека ситуацијата ќе остане иста или дури ќе се влоши. Во секој случај би требало да се нагласи дека половината од младите кои рекле дека моменталната ситуација е лоша или многу лоша, сметаат дека таа ќе се подобри во иднина. Како најодговорна институција за развојот на економијата, најголем дел од испитаниците ја посочуваат Владата, односно 63,1% од младите во Република Македонија сметаат дека токму Владата би требало да ги реши најгорливите економски прашања, како и корупцијата која има директно влијание врз економскиот развој. Имено, дури 72,4% од младите сметаат дека токму проблемот со корупција е виновник за слабиот економски раст, а исто толкав процент сметаат дека тоа се должи и на слабото работење на институциите, пред с è на Владата. Од ова може да се изведе заклучок дека корупцијата постои во голема мера и заради незаинтересираноста на Владата за нејзино сузбивање. Како поткрепа на оваа констатација можат да се наведат податоците од Извештајот за навремено предупредување 51 каде по невработеноста како најголем проблем(53%) следи токму корупцијата со 18%. Сепак, мора да се нагласи дека високи 87,1% од испитаниците се и самокритични бидејќи сметаат дека и слабите работни навики во голема мера влијаат на нискиот економски раст. Оваа констатација може да се потврди и со фактот дека 85,6% од младите сметаат дека токму со зголемен обем на личните работни ангажмани најбрзо можат да ги зголемат своите приходи во иднина. Многу важен сегмент кој придонесува за развој на економијата претставува квалитетното образование, како што покажуваат и резултатите од истражувањето. Во анкетата беа поставени две прашања кои го тангираат образованието и економскиот раст. Доколку се споредат одговорите на прашањето за важноста на квалитетното образование со прашањето за влијанието на неадекватното образование врз слабиот развој на економијата, се потврдува оваа меѓузависност на образованието и економијата. Имено, 56,9% од испитаниците кои го потенцирале како приоритетно влијанието на квалитетот на образованието во развојот на економијата, одговориле дека токму неадекватното образование е исклучително важна причина за спориот економски раст, што претставува 34,6% од вкупниот број на испитаници во истражувањето. Милиони $ 500 $ 449 104 000 450 400 350 300 250 200 150 100 $ 77 812 000 50 0 2001 2002 $ 139 460 000 $ 80 643 000 $ 120 000 000 2003 2004 2005 Графикон 4. 52 _____________________________________________________________ 51 Ibid 52 Извор: Завод за статистика на Република Македонија www.stat.gov.mk 53 www.cia.gov/worldfactbook/macedonia Еден од основните економски проблеми кој директно влијае врз стапката на невработеност и врз негативното салдо во трговската размена, претставува и нискиот обем на странски директни инвестиции(СДИ). Во графикон 4 се претставени вкупните средства кои се инвестирани во Република Македонија од странски компании на годишно ниво. Овој проблем го перцепираат и младите од кои 91% ги посочиле токму странските директни инвестиции како важни или многу важни за развој на економијата и намалување на невработеноста. Од младите чија главна преокупација е токму економијата или бизнисот овој процент е уште повисок и изнесува 94,1%, односно 18,5% од вкупниот број испитаници. Меѓу причините за ниската стапка на странските директни инвестиции е забавената реформа во администрацијата и судството. Ова претставува сериозен проблем, со оглед дека инвестициите се клучен фактор за намалување на невработеноста и зголемување на економскиот раст и бруто домашниот производ. Оваа констатација се потврдува и во истражувањето каде 55,9% од вкупниот број на испитаниците воопшто немаат доверба во судството, а 51,9% од младите во исто време смета дека реформата во администрацијата е највисок приоритет за да се постигне повисок економски раст. Еден од факторите кои влијаат на развојот на македонската економија претставува европската интеграција. Евроинтеграциските процеси придонесоа кон повисок раст на економиите во источноевропските држави и во исто време намалување на невработеноста, особено меѓу младите. Перцепцијата на младите во Република Македонија ја потврдува оваа состојба, односно 90,1% од испитаниците кои позитивно ја восприемаат интеграцијата на Република Македонија во Европската унија(ЕУ), сметаат дека таа ќе донесе поголем и побрз економски развој. Затоа може да се донесе заклучок дека основниот двигател на реформите во Македонија, кои се иницирани од страна на ЕУ и кои треба да го преструктуираат македонското стопанство, но и останатите сегменти на општеството, претставува оптимизмот за повисок економски развој преку бенефициите кои што ги нуди ЕУ. Во исто време кандидатскиот статус на Република Македонија и иницијативата за отпочнување на преговори за влез во ЕУ, може да ги привлече странските инвеститори кои би донеле свеж капитал и би придонеле за отворање на нови работни места, како и за побрз економски раст. Иако во вкупниот бруто домашен производ (БДП), земјоделството учествува со 9,7%, индустријата со 28,8%, а услугите со 61,5%, 53 најголем дел од испитаниците сметаат дека токму развојот на земјоделството треба да биде најголем приоритет (41,4%), потоа 34,8% го изјавиле истото за индустријата, а само 17,4% се одлучиле за услугите (21,3% кај Скопјани), иако тие најмногу придонесуваат во БДП. Од ова може да се извлече заклучок дека перцепцијата на младите во однос на секторскиот развој на економијата е во голема мера изместена во однос на модерните економски токови. Сепак, треба да се потенцира дека големо влијание врз ваквите перцепции имаат образованието, медиумите и општоприфатеното мислење дека земјоделството е најважната гранка на Friedrich Ebert Stiftung 42
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten