македонското стопанство која треба да се развива, со оглед на традицијата и поволните климатски услови. Секако дека е очекуван ставот на младите во однос на општата состојба во економијата, компарирано со нивната лична финансиска ситуација. Имено, кај младите кои изјавиле дека финансиски стојат лошо или многу лошо, резултатите се очекувани бидејќи огромното мнозинство од нив(93,5% оние кои стојат лошо и 96,2% од оние кои стојат многу лошо) изјавиле дека и општата економска ситуација не е на некое задоволително ниво или дека е многу тешка. Од определен аспект, изненадување претставува фактот дека 58,5% од младите кои имаат добра финансиска ситуација ја перцепираат општата економска состојба како нестабилна. Ова не наведува на заклучок дека иако дел од младите лично се задоволни од своите или приходите на своето семејство, сепак сметаат дека тоа се должи исклучиво на личниот труд или можеби среќните околности, а не на општиот економски развој. Со оглед дека 41,6% од младите кои земаа учество во истражувањето, изјавиле дека нивните финансиски состојби се лоши или многу лоши, а општиот процент на граѓаните во Македонија кои живеат под прагот на релативната сиромаштија според прифатените статистички податоци е 38%, 54 тогаш може да се прифатат претходно изведените заклучоци како релевантни за анализирање. Висок процент од испитаниците сметаат дека најдобар начин да си го зголемат приходот е да започнат свој сопствен бизнис(32,9%). Сепак, само 25,1% од младите кои го изјавиле ова мислат дека најдобро вработување е она кое самите ќе си го креираат. Од друга страна, високи 37% од оние кои изјавиле дека емигрирањето е најдобар начин за финансиска сигурност сметаат дека работата во јавната администрација е најдобро вработување. Сето ова резултира со поставување на неколку хипотези. Имено, младите пред се сакаат да се чувствуваат сигурни во економска смисла и како последица на тоа, тие иако имаат поставено определени хипотези за најдобриот начин да се дојде до пари, сепак се плашат да се обидат да тоа и да го реализираат. Самовработувањето и емигрирањето можат да донесат релативно висока финансиска корист, но од друга страна тие носат и високи ризици за нивната реализација. Токму затоа добар дел од младите сепак попрво би се определиле за слабо платена, но сигурна работа во државната администрација. Ова ја поставува и втората хипотеза која претпоставува дека во последите 16 години многу малку работи во свеста на луѓето се имаат изменето, особено во поглед на вработувањето. Условно кажано, „ државната работа“ с è уште има високи приоритети, иако гледано од материјална страна таа не носи голема финансиска добивка. Миграции Годишната стапка на емиграција од Македонија е 1,54 емигранти на 1000 жители. 55 Тоа значи дека над 3000 граѓани, претежно млади, секоја година ја напуштаат државата. Дури 60% од испитаниците сметаат дека оваа стапка е премногу висока, а _____________________________________________________________ 54 Ibid 55 www.worldpress.org/profiles/macedonia.cfm дополнителни 32,6% сметаат дека таа е висока. Само 2,4% од граѓаните сметаат дека таа е ниска. Очекувано, 82,4% од младите кои изјавиле дека најдобар начин за да ја поправат својата финансиска ситуација е да емигрираат, сметаат дека Македонците емигрираат исклучиво од економски причини. Доколку се погледнат општите табели, оваа бројка е 83,5%. Тоа е доволно за да се заклучи дека емигрантите од Македонија се предоминантно економски, додека другите причини се речиси маргинални. Оваа констатација може да се потврди и со податокот дека 46,8% од граѓаните чии животни услови се многу лоши и 47,3% од младите кои изјавиле дека условите се лоши, сериозно ја разгледуваат опцијата да емигрираат. Во општи бројки, сериозно размислуват да емигрираат 35,1% од испитаниците, но сепак мора да се нагласи дека најголемиот дел од нив остануваат да живеат во татковината. Со цел да се утврди процентот на потенцијалните емигранти од младата популација кои сериозно размислуваат да емигрираат и да не се вратат повеќе да живеат во Македонија, се направи кростабулација, односно вкрстување на прашањето дали планирате да емигрирате, со прашањето, колку би останале надвор, доколку емигрирате. На тој начин се утврди дека 42,6% од младите кои планираат да емигрираат, тие би емигрирале засекогаш, односно 15,7% од вкупниот број испитаници. Тоа е всушност процентот од младите луѓе во Република Македонија кај кои постои најголема шанса да заминат од државата. Ова го потврдува и фактот дека 44,4% од младите кои сметаат дека ќе им се подобрат условите за живот во иднина планираат да емигрираат засекогаш, односно заминувањето во странство го гледаат како опција за подигање на животниот стандард. Во однос на најпосакуваните подрачја во светот каде би емигрирале, се разбира доколку се решат на таков чекор, се забележува дека подалечните дестинации како Северна Америка или Австралија и Нов Зеланд, повеќе ја избираат младите кои доколку би емигрирале би останале таму засекогаш. Од друга страна, оние кои планираат да ја напуштат државата на пократок временски период повеќе ја преферираат Европската унија. Младите во Република Македонија ги делат и ги чувствуваат истите проблеми како и останатиот дел од населението, со напомена дека сепак определени проблеми и потреби се повеќе изразени. Основен проблем е невработеноста и се разбира дека на младите кои тукушто треба да станат дел од работната сила не им се допаѓа опцијата да се вклучат во армијата на невработени или, од друга страна, да работат за мала финансиска корист или работа која не им се допаѓа. Затоа еден дел од нив размислува и да ја напушти земјата во потрага по сигурна иднина. Сепак внимание заслужува фактот дека младите во голема мера знаат правилно да ги определат причините за високата невработеност, како и да ги лоцираат одговорните кои би требало да ги решат проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Основната причина за невработеноста тие ја препознаваат во ниската стапка на економски раст. Тоа е сепак само последица од малиот обем на странски инвестиции и забавената реформа во администрацијата, Friedrich Ebert Stiftung 43
Einzelbild herunterladen
verfügbare Breiten