Druckschrift 
Istražuvanje za očekuvanjata na mladite vo Republika Makedonija
Entstehung
Einzelbild herunterladen
 

Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија која би требало да го подигне нивото на инвестициите. Друг проблем со кој се соочуваат е корупцијата и затоа сметаат дека токму Владата е одговорна за решавање на горенаведените пречки кои би овозможиле отворање на поголем број работни места. Иако младите како најодговорен за развој на економијата и со тоа намалување на невработеноста ја посочуваат власта, сепак тие лоцираат и други причинители на ваквата состојба. Меѓу нив е неадекватното образование, но и слабите работни навики, со што дел од одговорноста тие ја преземаат врз себе. Затоа голем дел од нив се подготвени исклучиво со личен труд да ја поправат својата финансиска ситуација, без притоа да чекаат некој друг да го направи тоа, што претставува многу значаен напредок во промената на свеста на луѓето каде претходните генерации обично очекуваа државата или некој друг систем да им ги решат проблемите. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ Заклучоци: Ÿ Општите економски проблеми се рефлектираат и врз младата популација во Р. Македонија Ÿ Основни проблеми за младите се невработеноста и корупцијата Ÿ Најодговорни за решавање на економските проблеми во земјата според младите се државните институции Ÿ Државните институции според нив се и најодговорни за слабиот економски раст и невработеноста Ÿ Сепак тие дел од одговорноста лоцираат и врз други фактори, вклучително и врз себеси Ÿ Голем проблем претставува и застарениот образовен систем кој се реформира, но според нив недоволно Ÿ Процесот на евроинтеграција го гледаат како можност за побрз економски развој и со тоа отворање на повеќе работни места Ÿ Според нив најмногу треба да се инвестира во земјоделството Ÿ Определен дел од младите размислува и за емигрирање како начин за побрзо решавање на економските проблеми, односно начин побрзо да најдат работа и средства за живот Ÿ Сепак голем дел од нив миграцијата ја гледа како последна алтернатива Ÿ Најголем дел од младите кои би емигрирале на пократок период ја преферираат ЕУ, додека оние кои би емигрирале на подолг период или засекогаш, ја преферираат Северна Америка или Австралија Препораки: Ÿ Намалувањето на невработеноста на младите да се постави како врвен приоритет во економската политика на државата Ÿ Намалување на придонесите за плати за сите млади кадри до 30 години, особено доколку тоа е нивно прво вработување Ÿ О б е з б е д у в а њ е н а б е с п л а т н и к у р с е в и з а преквалификација и доквалификација на младите со цел тие полесно да најдат работа Ÿ Промоција наpart-time job, како начин за зголемување на вработеноста кај младата популација и начин за самоиздржување за време на студиите Ÿ Промотивна кампања преку која би се подигнала Самосвеста кај младите во Република Македонија за: Ÿ прифаќање на дел од одговорноста за економскиот развој на државатa Ÿ поголем личен ангажман за зголемување на сопствените приходи Ÿ а к т и в н о у ч е с т в о в о р е ф о р м и т е в о образованието и економијата како предуслов за поквалитетна лична надоградба и поголеми шанси за успех на деловен план Ÿ намалување на степенот на барање одговорност за личниот деловен неуспех кај државните институции Ÿ активна промоција на разни можности за деловен напредок на младите, кои би имале за цел да покажат дека миграцијата не треба да биде приоритетна алтернатива Friedrich Ebert Stiftung 44